ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
250
НОЕМВРИ 2016
Македонија нема да ја спаси планетата, но мора да се спаси себеси Каде колва „жолтата пајка“ Урбан објект кој ги поместува границите и во поширокиот регион
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 250 ПЕТОК 25.11.2016 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Пред Вас го имате 250. број на „Порта 3“. Бројка за почит. Некаде во ноември пред 12 години, кога беа во тек подготовките за првиот број на списанието, не ни размислувавме колку долго ќе го издаваме нашето и Ваше списание. Целта ни беше да пополниме една празнина во медиумскиот простор. Надвор од дневнополитичките известувања. Да издадеме специјализирано списаниение за градежништво, архитектура и екологија. Без лажна скромност, сметаме дека успеавме на тој пат. Двесте и педесетте броја се една од потврдите за тоа. Ви благодариме на поддршката како читатели и рекламодавачи. Благодарност до стотиците автори на прилозите во списанието. Посебна благодарност до оние што нè поддржаа и веруваа во овој проект уште од првиот ден. На левиот брег на Вардар во Скопје, никнува една нова градба која ќе внесе светлина во депримирачката архитектура во последниве десетина години во главниот град. Градбата на новиот објект „Филхармонија“ во Скопје е ретка можност да се види како постепено никнува еден од најубавите објекти на современата македонска архитектура и едно од најатрактивните конструкторски остварувања, при што во овој објект не импонираат количините вграден материјал, ниту пак големината во километри или квадратни метри, туку формата и начинот на кој е вграден секој кубик бетон, секој килограм челик или квадратен метар кров и фасада. Семиотички, пребројувањето на куќичките и
шупите на локалитетот „Ќерамидница“ што треба да се срушат пред неговото (ново) булеварско „височество“, беше сигнал дека она што му е дозволено на популизмот не му е дозволено на ГУП-от! Од неоправданото држење на локалитетот „Ќерамидница“ во сообраќајно-транспортен „ќош“, повеќедецениската прашина пред околу две години повторно беше симната. Нивото на политичко-извршна решителност која го иницираше отпрашувањето, укажуваше дека „хигиенскиот зафат“ овој пат ќе произведе проектно-финансиска интерпретација после која инфраструктурното згрижување на ова локалитетско „сираче“ ќе биде не повеќе од чиста инерција. Пред една година, активисти за чист воздух организираа протести апелирајќи дека во Македонија веќе не се дише. Но, протестите останаа забележани само од оние што секојдневно се трудат да преживеат во отровите. Надлежните останаа без зборови и конкретни дела. Затоа по социјалните мрежи почна секојдневно изнесување на податоци за загадувањето. Загаденоста со ПМ 10 честички не се симна од трицифрен број, а во одредени денови во Тетово беше многу поблиску до валканата илјадарка. Скопските Центар и Карпош речиси секогаш беа над 292, па дури и 483, 534, 553, 696 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. Ништо подобра не е и состојбата во Аеродром и Ново Лисиче. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница: НОВИОТ ОБЈЕКТ НА „ФИЛХАРМОНИЈА“ ВО СКОПЈЕ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
250 OKTOMВРИ 2016
Македонија нема да ја спаси планетата, но мора да се спаси себеси Каде колва „жолтата пајка“ Урбан објект кој ги поместува границите и во поширокиот регион
графички уредник: Порта3 фоторепортер: Порта3 лектор: Костадинка СОЛЕВА
90 ДЕНАРИ
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
ИДЕЈНО РЕШЕНИЕ ВИКТОР МИХАЈЛОВ, ДИПЛ.ИНЖ.АРХ.
ФОТО: КИРО ПОПОВ
ИНФО 06
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ИЗБЕГНУВАЊЕ, НАМЕСТО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
ГРАДЕЖНИШТВО 12
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
ПРИВРЕМЕНА ЗАШТИТА НА КОСИНИ НА ПРИСТАПНИОТ ПАТ ДО БРАНАТА СВ. ПЕТКА
ГРАДЕЖНИШТВО 16 УРБАН ОБЈЕКТ КОЈ ГИ ПОМЕСТУВА ГРАНИЦИТЕ И ВО ПОШИРОКИОТ РЕГИОН
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
30 38
Печати:
AРХИТЕКТУРА 24
Маркетинг:
АРХИТЕКТУРАТА ЗАПОЧНУВА СО ЦРТЕЖ biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ЕКСПЕРТ 38 ОБЈЕКТ КОЈ ГИ НАДМИНА ОЧЕКУВАЊАТА
СООБРАЌАЈ 48
24
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
КАДЕ КОЛВА „ЖОЛТАТА ПАЈКА“?
ЕКОЛОГИЈА 58 62 МАКЕДОНИЈА НЕМА ДА ЈА СПАСИ ПЛАНЕТАТА, НО МОРА ДА СЕ СПАСИ СЕБЕСИ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
АРТ И ДИЗАЈН 66
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
ДИЗАЈНОТ Е СЕ ПОВЕЌЕ ПРОФЕСИЈА НА МАСИТЕ
66
инфо
ОДРЖАНА ПРВАТА ОБУКА ЗА FIDIC ДОГОВОРИ ВО МАКЕДОНИЈА
Избегнување, наместо решавање на спорови Клучот за успехот на овие договори во интернационални рамки е во балансираниот пристап кон улогите и одговорноста и обврските на главните страни на договорите, како и алокацијата и менаџирањето на ризиците Денис РИЗАОВ
Г
радежното друштво Гранит АД Скопје на 20 октомври ја организираше првата обука за FIDIC договори во Македонија. Идејата за организација на ваков настан, ja добив на универзитетот во Кембриџ пред една година. Како вработен во Гранит, имав можност да посетувам повеќе обуки, конференции и работилници во странство за FIDIC договорите. На овие обуки се запознав и со некои од авторите на самите договори. Во септември 2015 година учествував на Летната школа за градежно право на Универзитетот Кембриџ во Велика Британија. Во Кембриџ програмата беше пет дена интензивни обуки за FIDIC, меѓународно право, решавање на спорови, меѓународни арбитражи, оштетни побарувања, варијации, интернационално градежно право, интернационални договори и преговори итн. На универзитетот во Кембриџ го запознав и Charles Blamire-Brown од интернационалното адвокатско друштво Pinsent Masons од Лондон, кој заедно со неговиот колега Mark Harris и Georgina Reynard ја одржаа првата обуката за FIDIC договори во Скопје. 6
ПОРТА
25 ноември 2016
Pinsent Masons е интернационално адвокатско друштво со над 2400 вработени, од кои 1800 адвокати кои работат на сите континенти и правни јурисдикции. Специјалност им е градежно право. Mark Harris, Charles Blamire-Brown и Georgina Reynard се едни од најдобрите адвокати во областа на градежништвото. Обуката во Скопје беше поделена на шест сесии. 1. Вовед и запознавање со FIDIC договорите; 2. Време и пари; 3. Оштетни побарувања; 4. Суспензија и раскинување; 5. Решавање на спорови; 6. Панел дискусија со учесниците. Одговор на прашања. Насловот на обуката беше „FIDIC Виножито на договори“ бидејќи со обуката беа опфатени сите видови на Општи услови на FIDIC договори: 1. Општи услови на Договор за градење по проект обезбеден од страна на Нарачателот, прво издание 1999 - популарно наречена црвена книга; 2. Општи услови на Договор за градење по проект обезбеден на Нарачателот – хармонизирано издание од страна на Мултилатералните банки за обнова и развој, јуни 2010 година – популарно наречена розова книга; 3. Општи услови на Договор за проектирање и градење, прво издание 1999 – популарно наречена жолта книга; 4. Општи услови на Договор за градење по принцип клуч на рака, прво издание 1999 – популарно наречена сребрена книга; 5. Општи услови на Договор за градење, проектирање и употреба на објект, прво издание 2008 година – популарно нречена златна книга. 6. Општи услови на Договор за градење кратка форма, прво издание 1999 – популарно наречена зелена книга.
инфо На обуката учествуваа 90 делегати, претставници на градежната индустрија на Македонија и регионот, преставници на државни институции и органи на државната управа, инвеститори, надзори, како и претставници од Градежниот факлутет Скопје. Покрај тоа што учесниците на обуката имаа можност да добијат совети и одговор на своите прашања од врвни експерти од оваа област, учесниците на оваа обука имаа екслузивна можност да се запознаат и со некои од измените што е можно да станат дел од новите изданија на FIDIC договорите, кои е најавено да се објават во 2017 година. Првите измени на FIDIC договорите ќе бидат објавени како ново издание на Условите на договорот за проектирање и градба (популарно наречена жолта книга). Денес, меѓу големите градежни компании, широко е прифатен принципот на „избегнување на спорови“ наместо „решавање на спорови“, колку што е можно повеќе. Избегнување на спорови, значи и ангажирање на професионалци за администрација и менаџирање како на тендерската постапка, така и на договорите во текот на изградбата на големите проекти, а не ангажирање на професионалци по ескалација на спорот. Секој градежен проект содржи потенцијални економски ризици за оштетни побарувања. Но исто така постојат и мерки кои учесниците во изградбата може да ги имплементираат со цел да се намалат овие ризици или да се елиминираат во целост. Во текот на изградбата на секој градежен проект, без оглед на тоа дали се работи за голем или мал проект, техничкото и правното искуство се клучни за да се постигне целта на изградбата во предвидениот рок и во предвидениот буџет. Во секоја од овие задачи или цели, водењето и советувањето од искусни адвокати и правници од областа на градежништвото, може да ја направат секоја фаза од процесот релативно без преземање на непотребни ризици, дополнителни трошоци и емоции. Клучот за успехот на овие договори во интернационални рамки е во балансираниот пристап кон улогите и одговорноста и обврските на главните страни на договорите, како и алокацијата и менаџирањето на ризиците. Ако во текот на изградбата дојде до дисбаланс на веќе прифатената поделба на ризиците помеѓу договорните страни, постојат механизми во договорот, кои доколку договорните страни правилно ги применуваат, може да ја вратат претходно договорената распределба на ризиците во тендерската постапка. Големите инфраструктурни проекти во себе носат и голем ризик од појава на спорови во случај на неисполнување или ненавремено исполнување на некои одредби од договорот. Општите услови на овие договори предвидуваат и механизам за првостепено решавање на споровите, но ако не се решат првостепено, надлежни за решавање на
овие спорови се меѓународните трговски арбитражи, како Меѓународниот арбитражен суд при Меѓународната стопанска комора во Париз. Од оваа причина, фундаменталниот принцип на FIDIC договорите е во користењето на Општите услови на FIDIC договорите онака како што се издадени од Меѓународната федерација на инженери консултанти, основана во Женева – FIDIC, како одговарачки во сите случаи, врз основа на илјадници успешно завршени градежни проекти во светот. n (Авторот е дипломиран правник, менаџер за FIDIC договори и оштетни побарувања во Гранит)
25 ноември 2016
ПОРТА
7
инфо
НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 25 ГОДИНИ ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ ПРИ УКИМ
За учењето архитектура и славење на знаењето
доц. д-р Слободан ВЕЛЕВСКИ, член на Организациониот одбор на научната конференција Учење Архитектура
В
о првата половина од месец јули оваа година, како и дваесет и пет пати претходно во непрекинат континуитет, Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ ја одржа својата Летна школа за архитектура во манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Летната школа во вака долготраен и компактен формат е единствена во дисциплинарниот дискурс на архитектурата во нашата земја и пошироко. Нејзината важност може да се потврди со фактот што во нашата земја не постојат многу други манифестации кои можат да се пофалат со зрелост од четврт век. Ако ова се дополни со еден базичен статистички преглед кој вели дека во нејзиното опстојување досега се вградени енергиите на стотина ментори и предавачи и повеќе од седумстотини студенти, на виделина излегува големата педагошка и креативна вредност на овој по многу нешта единствен настан. Ваквото изучување архитектура надвор од востановената рамка на академската
8
ПОРТА
25 ноември 2016
Летната школа не е догма, напротив, таа претставува мноштвен систем на искуства во кој се преплетува личното и колективното знаење. Таа, пред сè, претставува идеја, идеја за учење архитектура и како таква останува да биде место каде предизвикот, да се експериментира, менува и преиспитува постојното, е единствен начин на комуникација со архитектурата.
наобразба, беше повод кон крајот на минатиот месец во амфитеатарот на факултетот да се одржи конференција на тема Учење Архитектура на која свое учество земаа гостипредавачи од Архитектонскиот факултет и од странство. Конференцијата како и прославата на јубилејот 25 години интернационална Летна школа за архитектура беше уште еден од низата успешни обиди на факултетот за славење на Архитектурата и нејзините вредности. Како и секојпат до сега, напорите на факултетот не беа толку во формата, колку што тие беа насочени кон самата содржина на настанот, односно кон суштината на архитектонското образование. Оттаму, прославата беше процес на авто-рефлексија, а конференцијата намерно избран формат на комуникација, кој пред сè подразбира и преферира работен наспроти чисто фестивен, а уште помалку себепромотивен карактер на настанот. Архитектонскиот факултет е најстарата и најголема високообразовна институција во нашата држава. Како таква таа е носител на оној седимент на знаења кој се врзува за искуството во процесот на образование, но исто така и за
обврската него да го држи на неприкосновено највисоко квалитативно ниво, независно од потребите и побарувањата на тековните општествени амбиции, а некој пат и заблуди. Ваквиот став и гледање на нештата произлегува од единствена причина што образованието не е материјално добро, ниту пак бизнис асет, туку пред сè културолошки ресурс со чиј квалитет не треба и не смее да се манипулира. Затоа секој настан кој произлегува од факултетот, грижливо се обмислува да одговори на ваквата задача секојпат преферирајќи го само знаењето и образованието. Од таа причина и конференцијата која за својата иницијација го имаше токму славењето на јубилејот на летната школа, него го поврза со процесот на учење архитектура преку таму стекнатите искуства, за повторно во спиралата на архитектонското образование да ја стави исклучиво важноста на архитектурата како единствен референт. Овој пат тоа беше во ревијалниот дел од конференцијата во кој свое излагање имаа Александар Бродски, Хан Тумертекин и Хрвоје Њирич, тројца исклучително етаблирани архитекти учесници на досегашните сесии на Летната школа и искрени пријатели на факултетот, кои со своето творештво активно учествуваат во создавањето на тековните архитектонски дискурси, односно влијаат на архитектонската продукција на европската архитектонска сцена. Самиот настан беше организиран во два сегмента. Првиот се однесуваше директно на искуството на учење архитектура како главна тема на конференцијата, тема преку која може да се направи паралела помеѓу алтернативниот метод на колективно учење архитектура кој го заговара Летната школа, и главниот тек на архитектонското образование со кој студентите се здобиваат на Архитектонскиот факултет. Задоволство е да се заклучи дека излагањата на учесниците во овој претпладневен дел претставуваа компактна целина во контекст на дефинирање на процесот на учење архитектура како главна тема на конференцијата. Преплетот на излагања на наставници од различните
генерации на факултетот, даде можност да се направи фин спој на искуства. Па така, на самиот почеток на публиката и беше претставен концизен преглед, своевиден омаж на досегашните 25 школи и обработувани теми и се оддаде почит кон аспектот на личносното, односно кон професорите што ја имаат воспоставено школата и кои беспоштедно се вградиле во нејзиното структурно опстојување низ годините. Понатамошните согледувања го проверуваа моделот на алтернативно образование кое го заговара Школата, односно перспективите на ваквиот навидум мек, но суштински радикално различен пристап кон учењето архитектура со можностите искуствата од ваквото учење да бидат вратени назад во основниот образовен курикулум. Овој дел беше заокружен со излагање за убавото како карактеристика инхерентно вткаена во дискурсот на архитектурата, која во себе ги преплетува и интегрира корисното и доброто во етичка целина на творењето. Во попладневниот дел од конференцијата имавме можност да се запознаеме со рецентната работа на архитектите Александар Бродски, Хан Тумертекин и Хрвоје Њирич. Во овој дел присутните добија увид во најновата продукција на тројцата архитекти. Нивниот различен фокус и поле на архитектонско
дејствување, отвори можност да видиме проекти кои се различни по многу нешта: од размерот и природата на задачите, се до проектниот пристап, а со тоа и проектна супстанца која во себе носи различен креативен седимент. Како финална рефлексија од овој еднодневен настан на Архитектонскиот факултет во Скопје, што интегрираше излагања како од академскиот така и од професионалниот аспект на архитектурата, е дека учењето архитектура е процес кој никогаш не застанува независно од формалниот статус и добиени звања. Архитектонските знаења се жива и скоро недофатлива материја, а конференцијата беше одлично потсетување на ваквата дискурзивна природа на архитектурата. Летната школа која се негува на Архитектонскиот факултет при УКИМ, во процесот на своето траење на различен начин го третирала учењето архитектура. Таквата практика верувам ќе остане и понатаму бидејќи Летната школа не е догма, напротив, таа претставува мноштвен систем на искуства во кој се преплетува личното и колективното знаење. Таа, пред сè, претставува идеја, идеја за учење архитектура и како таква останува да биде место каде предизвикот, да се експериментира, менува и преиспитува постојното, е единствен начин на комуникација со архитектурата. n
ПОРТА
градежништво
РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ДИВИТЕ И НЕСТАНДАРДНИ ДЕПОНИИ ВО МАКЕДОНИЈА Слика 1 - Локација на нестандардни депонии оценети според ризик по животната средина (Извор: Градење на капацитетите за имплементација на ЕУ Директива за депонии -затворање на нестандардните депонии и инспекции, 2011, МЖСПП)
Александра КАРАКАШОВА САЧКАРСКА, дипл. инж. за животна средина м-р Емилија БОЖИНОВСКА, дипл. еколог (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)
В
о Република Македонија, управувањето со отпадот е дефинирано според законската регулатива, но сепак има појави да немаме целосно, ефикасно и еколошко управување како на пример кај дивите депонии и дел од општинските комунални депонии, кои се затекнати од минатото и не ги задоволуваат критeриумите и стандардите на ЕУ Директивaтa за депонирање на отпад. Несоодветното депонирање на отпадот и големиот број нестандардни депонии, ја загадуваат животната средина и влијаат негативно врз здравјето на луѓето преку:
- Загадување на подземните води преку инфилтрирање на „исцедок“ од отпадот; - Загадување на околното земјиште преку инфилтрација на дождовницата; - Загадување на површинските води во близина, преку директно испуштање на вода или контакт/размена со контаминираните подземни води; - Загадување на воздухот од неконтролирано горење на отпадот, како и емисија на непријатна миризба; - Предизвикување на ефект на стаклена градина, како резултат на депониски гас со висока концентрација на метан. Во Македонија се евидентирани 54 комунални депонии и стотици нелегални или „диви“
1 Контролирана депонија е локација која исполнува минимални технички услови и се врши одреден третман на самата депонија. Контролираната депонија е оградена, што значи дека пристапот на лица и животни е ограничен, со што се намалува можноста од заболувања. Исто така, по депонирањето на отпадот се врши препокривање, со што се намалува ризикот од прашина, испирање на отпадот, пренос на болести преку животни, инсекти итн. Како пример за контролирана депонија е„Дрисла“ во Скопје, која исполнува минимални технички услови (оградена, се врши прием и мерење на отпадот,
10
ПОРТА
25 ноември 2016
депонии, од кои 16 се со висок ризик по животната средина, 16 со среден и 19 со низок ризик. Според начинот на отстранување на отпадот и операциите за отстранување, општинските депонии не ги исполнуваат минималните технички услови според кои би се класифицирале како контролирани1 или пак санитарни депонии2 според Законот за управување со отпад и подзаконските акти, како и ЕУ Директивата 1999/31/EC за депонирање на отпад. Националниот план за управување со отпад предвидува затворање на сите постоечки депонии и нивна замена со Регионални депонии кои ќе бидат изградени и со кои ќе се оперира според стандардите наведени во Директивата за отпад, односно ќе биде заснован на хиерархијата во управувањето со отпадот. Притоа, отпадот ќе се селектира, рециклира, преработува и од него ќе се произведува енергија. Затворањето, санирањето и рехабилитација на нестандардните депонии е од големо значање бидејќи претставува огромен чекор кон намалување на влијанијата врз животната средина од неправилното постапување со отпадот преку: - намалување на влијанијата врз воздухот и водите предизвикано од непрописните депонии и други начини на неправилно отстранување на отпадот; - намалување на емисиите на стакленички гасови од депониите; - намалување на потенцијалот за здравствeн ризик од инфективниот медицински отпад и животинските нус-производи; - намалување или ублажување на влијанието врз животната средина што го предизвикуваат нестандардните депонии за комунален цврст отпад и оптоварувања на животната средина со индустриски и рударски отпад; - можност за пренамена на просторот и користење како место за рекреација (изградба на паркови или спортски објекти), доколку анализите покажат дека почвата и околното
отпадот се препокрива итн.). 2 Санитарна депонија е локација за финално складирање на отпадот која исполнува максимално технички услови со највисоките норми за заштита на животната средина и природата и заштита на човековото здравје, во чиј склоп се одвиваат и пропратни активности како што се селекција на отпадот, рециклирање, третман на отпадните води, решавање на депонискиот гас итн., за време на работата и по затворањето. Во Р. Македонија не е идентификувана таква локација.
градежништво
Слика 2 - Шематски приказ на затворена депонија земјиште не е загадено со опасни материи. Затворањето на нестандардните депонии опфаќа покривање и заптивање (еден вид пломбирање) на депонијата, преку нанесување на водонепропустлив заштитен слој од глинабентонит и геотекстил (по потреба геокомпозит, геомембрана), воспоставување на мерки за управување со исцедокот и депонискиот гас и примена на современи технологии за да се обезбеди стабилност на косините, со користење на гео-мрежи. За видот на техниката на затворање на депониите, предложени се три типови на модели за чистење и затворање на депониите: 1. Модел „А“ (надвор од локацијата): овој модел на затворање се предложува за малите илегални депонии или диви депонии каде отпадот ќе се отстрани и транспортира до постојна комунална депонија во близина со поголем капацитет. Малите илегални депонии ќе
се рехабилитираат и рекултивираат со засадување на тревна вегетација на површината од каде е отстранет отпадот. 2. Модел „Б“ (безбедно отстранување на самото место, без систем за одведување на биогасот): овој модел на затворање се предложува за депонии кои имаат депонирано до 3000 m3 отпад и се релативно плитки, со мал до среден ризик по животната средина. Опфаќа покривање на отпадот со слој од инертен материјал, како што е долниот слој на почва и финален горен слој на почва или хумус. 3. Модел „В“ (безбедно отстранување на самото место, со систем за одведување на биогасот): овој модел на затворање се предложува за депонии кои имаат депонирано до 500000 m3 отпад, со висок ризик по животната средина. Главната разликата помеѓу моделите „Б“ и „В“ е количината на депониран отпад, и во моделот
„В“ се предвидува инсталирање на систем за одведување на биогасот со пасивно одведување на гасот. За начинот на затворање на постоечките нестандардни депонии во Македонија предложени се две сценарија: 1. Сценарио 1: Затворање во еден чекор (во една фаза) Со ова сценарио депониите ќе се затвораат во еден чекор, односно ќе се санираат без можност за понатамошно депонирање. Додека не се отворат регионалните центри за управување за отпад, собраниот отпад од Сценарио 1 депониите ќе биде транспортиран до Сценарио 2 депонија во непосредна близина. 2. Сценарио 2: Преодни депонии (во две фази) Со ова сценарио депониите ќе се затвораат во два чекори или фази. Со цел непречено одвивање на процесот на депонирање на отпад во преодниот период помеѓу двете фази, дел од телото на депонијата ќе биде затворен, а другиот дел ќе остане отворен за прием на отпад и од други општини чии депонии ќе бидат веќе затворени со концептот од Сценарио 1. Сценарио 2 депониите финално и комплетно ќе се затворат кога регионалните центри ќе станат оперативни. Со затворањето и санацијата на постоечките општински депонии за комунален отпад и малите диви депонии, ќе се надмине моменталната состојба на животната средина во насока на намалување на негативните влијанија од неправилното управување со отпад врз воздухот, водата, почвата, природата, како и врз здравјето на луѓето. Ова е првиот чекор кон успешно создавање на современи и интегрирани регионални системи за управување со отпад во Македонија. n
ПОРТА
градежништво
Привремена заштита на косини на пристапниот пат до браната Св. Петка
Овој проект кој го изведува „Октопус“ Ријека, заедно со Градежниот институт „Македонија“, претставува исклучително сложен градежен зафат, имајќи ги предвид објективните геолошки услови, екстремните геометриски параметри на попречниот пресек (високи засеци до 50 м висина), како и потребата за работа во услови на активен сообраќај 12
ПОРТА
25 ноември 2016
Ф
ирмата „Октопус“ Ријека во 2014 година започнува со интернационални активности преку отворање на своја подружница во Скопје, и во 2015-та започна проектот Заштита на косини на пристапниот пат на браната Св. Петка. Овој проект, кој се изведува заедно со Градежниот институт „Македонија“, претставува исклучително сложен градежен зафат, имајќи ги предвид објективните геолошки услови, екстремните геометриски параметри на попречниот пресек (високи засеци до 50 м висина), како и потребата за работа во услови на активен сообраќај. Сето ова бара ангажирање на специфична механизација и специфичен профил на работна сила. За овој проект, од фаза на изведба, пуштање и самата експлоатација познати се чести појави на одрони и осипување на одредени делови. Делницата на која се одвиваат работите е долга околу шест километри, и за санацијата е предвидено вградување на 58000 м2 заштитна мрежа, 18000 м’ анкери во должина од три до осум метри и 2500 м3 прскан бетон. Проектот предвидува повеќе видови
активности, во зависност од конфигурацијата на теренот и потребите за санација: опшивање на косините со заштитни мрежи и/или аплицирање на прскан бетон - во двата случаи со претходно поставување на анкери; санирање на сипари, поставување на габионски ѕидов итн. Поставувањето на анкери е од пресудно значење за стабилност на косините: должините ги дефинира проектот, а вградувањето се врши преку машинско бушење со висинска дупчалка, поставување на анкер изработен од RA∅25 и негово залевање со брзостегачки бетон. Во случај на поставување на заштитна патарска мрежа, дел од анкерот се остава
ПОРТА
инфо
„Октопус“ Ријека Фирмата „Октопус“ Ријека е основана 1989 година и специјализирана е за геотехнички работи на висина и непристапни места. Членови на управата на „Октопус“ се Ерис Мароти и Борис Чок, алпинисти и градежници кои го препознале пазарот со се поголема потреба за изведување градежни работи на висина и непристапни места користејќи алпинистички техники. Таа е прва фирма која во Хрватска го “проби ледот” користејќи специјални вештини при работа на висина, а денес е водечка фирма во таа работа. Компанијата се менува и приспособува со секоја нова работа на барање на нарачателот низ воведување на нови работни технологии, набавка на нова и прилагодување на веќе постоечката опрема. Целта на компанијата е да се прошири на странскиот пазар и со квалитетни услуги да го постигне и задржи водечкото место како специјализирана фирма за работа на висина и на тешко достапни места како и геотехнички работи. Високите стандарди за квалитет јасно им се пренесени на сите нивоа на вработени во фирмата, како би можеле со заеднички сили да ги исполнат и надминат очекувањата на инвеститорот. Фирмата со текот на годините се разви во една од водечките во нашето подрачје во изведување на геотехнички работи, особено во заштита на косини и санација на клизишта со поставување на поцинкувана челична мрежа, вградување на млазен бетон, геотехнички анкери, габиони, бариери за заштита од одрони покрај постоечки или нови сообраќајници или железнички пруги и градежно-темелни јами. Предноста на „Октопус“ се состои во изведување на специјални работи и користење на специјална опрема и техника за работа на висина и непристапни места и се наоѓа на самиот врв на изведувачи од овој вид на исклучително комплицирани работи. Фирмата изведува и градежни работи на висина, како што се: санација на бетонски и челични конструкции, мостови, оџаци, бунари, резервари за вода и тенкови, облакодери и згради како и индустриски објекти. Компанијата е оценета како многу квалитетна и сигурна од сите инвеститори за кои има работено. До сега нема поднесено никакви рекламации за квалитет на изведените работи, за кои дава гаранција во гаранциониот период.
14
ПОРТА
25 ноември 2016
надвор од теренот, и мрежата се прицврстува со плочка поставена директно преку анкерот, затегната со навртка на самиот анкер. Во случај на потреба од аплицирање на млазен бетон, се поставува Q мрежа преку порамнувачки слој млазен бетон, се прицврстува со плочка (на сличен начин опишан погоре), и се аплицира завршен слој торкрет преку целиот систем. Финално, се поставува и систем на соодветно перфорирани дренажни цевки. Детаљ од решението со млазен бетон е прикажано на слика.. Постои и можност за заштита преку систем од две мрежи (патарска мрежа притегната со систем од вкрстени челични јажиња) решение кое овозможува далеку подобри перформанси од стандардното поставување на патарски мрежи, дури и споредливо со млазен бетон - секако ако условите тоа го дозволуваат. Ова решение е применето во Куманово при заштита на косините на новопроектираниот тунел, како дел од проектот за изградба на железничка пруга, секција Куманово-Бељаковце, Коридор VIII. Работите за инвеститорот АД ЕЛЕМ (Електрани на Македонија) се започнати во декември 2015 година. Вредноста на проектот е 133,2 милиони денари, а предвидениот рок е април 2017 година. n
ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ - КРУШЕВО 2016/2017
инфо
Општествено корисно поврзување со градовите од Македонија
С
оработката помеѓу Факултетот за архитектура и дизајн (ФАД) при Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАЦС) и општините во Македонија е повеќегодишна пракса, вклучена во образовниот процес на додипломски и постдипломски студии. Преку дефинирање, истражување-анализа и реализација на проекти, студентите во зависност од годината на студии и предметната област, длабоко навлегуваат во реалните потреби и потенцијали на градот и општината. Финалниот производ се проекти кои се презентираат и подаруваат на општината, како визии за иден општествен и економски развој на градот во контекст на современите одржливи принципи на урбаниот развој на макро и микро план. Посетата на oпштината Крушево на студентите од школската 2016/2017 година е реализирана на почетокот на есенскиот семестар (14 и 15 октомври). Преку презентација на урбанистички планови и план за развој на Крушево од стручно лице од страна на Општината, дводневно теренско запознавање и снимање на предментите локации, програмата на развој презентирана од страна на претседател на Собрание на градот, утврдени се методи и цели за заедничка соработка помеѓу ФАД и oпштината Крушево. Истражувањата и очекуваните резултати се водат преку следните проекти: Есенски семестар 2016/2017 - ФАД при УАЦС *студенти од третиот семестар (додипломски студии) работат на: 1. Предмет: Арх.проектирање 3 (III семестар)
Станбена низа или група, едносемејно домување, на сложената топологија на Крушево/ запознавање на просторните и архитектонските особености на крушевската куќа и нивна интерпретација во современиот контекст на домувањето. 2. Предмет: Арх.проектирање 5 (V семестар) Хотел во Крушево, тема актуелна за идниот развој на градот како регионален центар за екстремни спортови, центар со богата културна понуда, како и можност за пренамена на постојните напуштени објекти во бутик хотели (полетувалиштето за параглајдери кај Мечкин камен, објектот на некогашната фабрика „Илинденка“, како и повеќе микролокации низ самиот град). 3. Предмет: Дизајн на урбана опрема (V семестар) Уредување на дел од платото на меморијалниот центар Македонијум и
полетувалиштето за параглајдери кај Мечкин камен, како и повеќе микролокации низ самиот град / Дизајн на урбана опрема. *студенти од седмиот семестар (постдипломски студии) работат на: 4. Предмет: Брендирање на ентериери (VII семестар) Проект: Брендирање на хотел „Илинден“ Семестралната задача е брендирање на хотел „Илинден“ во Крушево. Овој брендконцепт треба да се прикаже преку дизајн на ентериер на хотелското лоби, како простор на директна комуникација со клиентите. Идејата на задачата е да се препознаат карактеристичните елементи на локалниот контекст – историјата, архитектурата и природата - и истите да се интерпретираат во дизајнот на ентериерот. Целта на задачата е да се дизајнира бренд ентериер преку кој ќе се презентира градот Крушево на корисниците на овој хотел. n 25 ноември 2016
ПОРТА
15
градежништво
ИЗВЕДБА НА КРОВНАТА И ФАСАДНАТА КОНСТРУКЦИЈА ЗА НОВИОТ ОБЈЕКТ
Урбан објект кој ги поместува границите и во поширокиот регион
Градбата на новиот објект „Филхармонија“ во Скопје е ретка можност да се види како постепено никнува еден од најубавите објекти на современата македонска архитектура и едно од најатрактивните конструкторски остварувања, при што во овој објект не импонираат количините вграден материјал, ниту пак големината во километри или квадратни метри, туку формата и начинот на кој е вграден секој кубик бетон, секој килограм челик или квадратен метар кров и фасада. 16
ПОРТА
25 ноември 2016
градежништво
„ФИЛХАРМОНИЈА“ ВО СКОПЈЕ
Објектот „Филхармонија“
Локација: Платото меѓу МОБ и МБУЦ во центарот на Скопје Идејно решение: Виктор Михајлов, дипл.инж.арх. Проектант: Македонијапроект АД, 2008/2009 Ревидент: ИН Пума - Скопје Надзор: Градежен Институт Македонија Изведувач - прва фаза: Алпине Бау, 2009-2013 Изведувач - втора фаза за кров, фасади, партер: ГД Гранит АД, 2014-2017 Изведувач - втора фаза за ентериер: Страбаг АГ - Македонија, 2015-2017 Површина во основа: 3.200 м2 Корисна површина: 8.800 м2 Волумен под кров заедно со подрум: 48.000 м3 Површина на развиен кров систем Kalzip: 4.300 м2 Површина на фасада во алкобонд: 1.700 м2 Површина на фасада во стакло систем Jansen: 3.500 м2 Површина на фасада во камена облога: 800 м2 проект на Владата на Република Македонија и Министерството за култура на Република Македонија
Никола СТОЈЧЕВСКИ, дипл.инж.арх., ГД Гранит АД Скопје Горан ТОДОРОСКИ, дипл.инж.арх., Вирендел ДОО Скопје
Г
радењето на атрактивен објект во урбана зона е редок момент и воедно привилегија за демонстрација и афирмација на она што сме го научиле и што сме во можност да го реализираме. Особено ако
постои конструкторски исчекор напред и еден нов урбан објект ги поместува границите, не само кај нас, туку во поширокиот регион. Градбата на новиот објект „Филхармонија“ во Скопје се одвива пред очите на секојдневието, во самиот центар на градот, единствена можност да бидеме отворена сцена за луѓето што пијат кафе на Кеј или пак возат по најпрометниот булевар под стоковната куќа Мост. Ретка можност да видат како постепено никнува еден од најубавите објекти на современата македонска архитектура и едно
од најатрактивните конструкторски остварувања, при што во овој објект не импонираат количините вграден материјал, ниту пак големината во километри или квадратни метри, туку формата и начинот на кој е вграден секој кубик бетон, секој килограм челик или квадратен метар кров и фасада. Компанијата „Гранит“ ги доби на изведба токму кровот, фасадите и партерното уредување, односно деловите од градбата што се визуелно најекспонирани и се пред очите на милиони луѓе. Фактот што овој објект е јавен, >> 25 ноември 2016
ПОРТА
17
и многумина кои посакуваат ќе можат да го видат одблизу, па и одвнатре, сигурно ќе ги поттикне на подлабоко размислување за големината, времето и начинот на кој е граден објектот, и кои се имињата на творците. Токму како да се двете кровни куполи на Филхармонија, две египетски пирамиди. Иако започнат како објект од исклучителна важност и приоритет, со јасна визија за голема потреба и неговото значење за културниот живот на државата, сепак него го следат големи тешкотии од самиот почеток, уште од фазата на проектирање. На отворениот конкурс за идјено решение победува една атрактивна закривена форма која последично бара специјален кровен систем и оригинално конструктивно решение на кровот и ободот. Деталите на разминување на главните кровни решетки стануваат многу комплексни, генерално, како и целата геометрија на двете куполи, а изработената работилничка документација во практичните услови за работа беше тешко применлива. Северната фасада е импозантна, но и меѓу највисоките проектирани застаклени фасади кај нас. Законот за градба не остава можност проектантите да посочат комерцијален добавувач па оставени се докрај нерешени деталите за премин од кровот кон атиката, од атиката кон стаклениот дел од фасадата, од стаклената фасада кон камената облога на фасадата и за крај, поврзувањето на камената облога со партерното уредување. Тоа се токму позициите што ги работи „Гранит“, и кои позиции всушност се опфатени со овој текст. Народот рекол: „кога не оди, не оди“. И онака бавната градба кулминира во 2013 година со целосно повлекување на 18
ПОРТА
25 ноември 2016
дотогашниот главен изведувач „Алпине Бау“, кој објектот го напушти со речиси комплетирана АБ конструкција, во најголем дел завршена ѕидарија, делумно монтирана кровна челична носечка конструкција, а дел немонтирана и складирана на градилиште. Година дена подоцна, како второрангирани понудувачи, фирмите „Гранит“ Скопје и „Страбаг“ подружница Скопје, ја продолжуваат натамошната изведба на објектот. „Страбаг“ го презеде ентериерот, кој сега е во завршна фаза и за што наскоро ќе следи и посебен
прилог во „Порта 3“. „Гранит“ ги презеде позициите на кровот, фасадите и партерот, од кои започната беше само носечката челична конструкција на кровот, но продолжението на градбата беше во многу тешки услови поради целосно прекинатата конекција со „Алпине Бау“, отежната или оневозможена комуникација со „Македонијапроект“,со нецелосно јасен обем и квалитет на извршените работи, некомплетна изведбена документација и со непотврдена геометрија на изведените работи за кровот.
градежништво
НОСЕЧКА КРОВНА ЧЕЛИЧНА КОНСТРУКЦИЈА Од вкупно предвидените 210 тони кровна конструкција, монтирани беа околу 70 тони, околу 60 тони беа немонтирани и ставени во кругот на градилиштето, додека 70-ина тони не биле воопшто изработени. Но на ваквиот конгломерат од изведбата на челичната конструкција се надоврзаа редица неочекувани технички пречки поврзани со неа, како што се: изменети детали кај „разминувачките“ јазли на главните решетки, изменети детали за налегање и воочени геометриски отстапувања во просторните координати кај монтираната конструкција. Ненадејниот прекин на работите на објектот се рефлектирал во редица недовршени работи кај монтажните подврски, недовршено заварување и недовршена антикорозивна заштита, не се поставени дел од монтажните, има недовршени анкерни склопови и оштетени анкери. Резултатите од две независно спроведени 3Д мерења на геометријата на бетонските лежишта и челичната конструкција, укажаа дека делови од монтираните решетки ќе мора геометриски да се корегираат, како би го фатиле правецот кон лежиштата на спротивната страна од куполата. Дигиталните копии од 3Д моделите за статичка пресметка и изработка на конструкцијата не беа компатибилни со нашиот софтвер. Во еден ваков сплет на околности, со голема поддршка на инвеститорот и надзорниот орган, „Гранит“ ги носи двете круцијални одлуки за кровот. Првата, самостојно да изврши комплетно повторена 3Д статичка пресметка на куполите, за која цел е ангажирана проектантската фирма „Вирендел“ од Скопје. Втората одлука е за подизведувач на кровната челична конструкција да биде назначен „Факом“ од Скопје, фирма со најголем производствен капацитет, најголемо искуство и сопствена логистика за производство и монтажа на специјални и габаритни метални конструкции.
Новоформираниот тим мораше да изработи и тестира нови нумерички модели за своите потреби, но поучени од претходното искуствo, ни стана јасно дека сите изведбени работи на куполите мора да се приспособат кон ефикасна, брза и безбедна монтажа на челичната конструкција, со што е можно повеќе работа во фабрика и на земја отколку на градилиште и „во воздух“, со императив на користење на сите расположливи ресурси за монтажа на кровната конструкција во и онака тесното градилиште. Како резултат на голем заеднички ангажман и хармонизација, во многу краток рок постигнат е виден напредок: = На располагање е ставен софистициран 3Д модел за статичка пресметка како и 3Д модел за производство и монтажа на челичната конструкција. = Донесена е цврста одлука постоечката кровна конструкција да се демонтира и сите доработки да се направат во фабрика, со исклучок на централната четирипојасна
решеткаста конструкција која ќе се санира на самото место. = Изработени се десетина елаборати со пресметки и детали од кои најважните се однесуваат на разминувањето на главните решетки, реконструкција на постоечките анкерни плочи и поедноставен детаљ за неизведените лежишта. = Монтажата би се одвивала во големи конструктивни склопови кои ќе бидат формирани на земја, составени од две главни соседни надолжни решетки меѓусебно поврзани со соодветните попречни елементи, односно со деловите од попречните главни решетки. Конечно се најде излезот од лавиринтот, и градбата можеше да продолжи. Од конструктивен аспект, кровната носечка конструкција претставува спој на две куполи, од кои северната - голема купола претставува 2/3 од вкупната кровна површина и е со форма на неправилна потпрена сферна апсидна лушпа со радиус од 40 метри, додека јужната мала купола е произволно дефинирана двострано закривена лушпа, без точна математичка формулација, и со геометрија која може да се реплицира во простор исклучиво со современа дигитална технологија. Куполата е всушност мрежа од голем број вертикално поставени рамнински решетки кои во основа формираат квадратна шема со точен растер од 4,00 х 4,00 метри. Висина на решетките е константно h = 2,50 метри, сите појаси се од кутијаст профил 150/150/6, а појасите на главните решетки теоретски формираат сложен просторен продор кој во пракса мора да се поедностави. Притоа, во континуитет се конструираат подолжните решетки, додека попречните решетки се испрекинати. >>
25 ноември 2016
ПОРТА
19
градежништво
Комплексноста на геометријата кулминира кај малата купола каде не постојат две идентични дијагонали, ниту две идентични вертикали. Од статички аспект, големата купола е потпрена на три страни врз АБ фасадни лачни греди, а четвртата страна врз просторната челична решетка, додека подолжните решетки (правец север-југ) се потпираат на уште една средишна АБ лачна греда која го скратува нивниот распон, ги прави покрути и ги промовира во главен носечки правец. Малата купола исто така лежи врз три АБ фасадни лачни греди и врз просторната челична решетка, при што овој пат распоните север-југ се пократки, така што правецот на главните решетки е истиот од големата купола. Продорот на малата во големата купола се случува врз четирипојасна крута лачна решетка. Сите појасите се кутијасти профили 200/200/8 , висината на решетката е константни h = 2,50 m, а ширината се менува од bs=1,00 до be=2,50 m. Од статички аспект, централната решетка е континуална лачна греда потпрена на три зглоба, а куполите налегнуваат врз горните појаси. Еден од најкомплексните детали кои требаше да се редизајнираaт е всушност разминувањето или попрецизно да се каже „просекувањето“ на подолжните и попречните решетки. Статички гледано, при разминувањето клучно е јазелот од подолжната решетка која е изведена во континуитет, да овозможи соодветна локална крутост и трансфер на силата од појасот на попречната решетка. Монтажата започна од големата купола и тоа 20
ПОРТА
25 ноември 2016
со средниот, најтежок склоп од преку 17 тони, едноставно како да сите имаа желба за верификување на етаблираниот нов концепт за производство и монтажа на кровната конструкција. И успеавме. Полесно од очекувањата. Неколку месеци подоцна започна монтажата и на малата купола. Иако со многу стекнато искуство, охрабрени и полни со самодоверба, со целосно концентрирани ресурси, нејзината монтажа траеше подолго споредено со големата купола.
- Парна брана со дебелина од 1 мм - Термичка и звучна заштита со 12 см тврдо пресувана камена волна 120 кг/м3 - Закривени алуминиумски цевки ф=80 мм - Исполна со камена волна со 40 кг/м3 - Монтажа и фалцување на канали од алуминиумски лим t=1,0 мм Целиот кровен пакет овозможува носивост и до 200 кг/м2, а звучната заштитa е 43 Db. Шемата за кроење и виткање на алуминиумските канали е генерирана компјутерски и виткањето е потполно
КРОВЕН ПОКРИВАЧ СИСТЕМ Kalzip Кровниот покривач е систем Kalzip GmbH Германија, модификација на познатиот Bemo систем, специфичен по возможноста за профилирање на закривени и со променлива широчина алуминиумски канали за фалцување, кај нас познати како „шорни“. Кровниот пакет е прикажан на сликата од примерокот на Kalzip и се состои од: - Носечки челичен перфориран лим TR106/250, со дебелина од 0,88 до 1,25 мм автоматизирано. За да се постигне бараната двојна закривеност на кровот, потребни се многу прецизни податоци, поради што 3Д геометријата за двете куполи претходно е скенирана со специјални камери носени од дрон. Олуците, снегобраните, разни кровни држачи, отвори на кровот и скали за ревизија се дадени како системни решенија. Неофицијално, малата купола е најсложениот кров во Европа покриен со системот Kalzip. Монтажата ја изврши фирмата „Прототип“ од Скопје.
ОБЛАГАЊЕ СО КОМПОЗИТЕН ПАНЕЛ Краевите на кровот се обложени со алуминиумски композитен панел од проиводителот Alubond – САД, со дебелина 4 мм и дебелина на алуминиумските лимови од 0,5 мм. Облогата е изведена по целата обиколка на кровот, во три независни равнини, а со цел да се сокријат олуците, да се обложи атиката, и да се обложат стреите од долната страна. Облагањато со композитен панел како и фасадите ги изработи „Торакс“ Скопје. СТАКЛЕНА ФАСАДА СИСТЕМ JANSEN Над кота 4,8 метри, фасадата на објектот по целата обиколка е стаклена, со најголема висина од 21,5 метри мерана на северната страна. Фасадите се класично конструирани со носечка потконструкција, дихтунзи и потисни профили, со хоризонтален растер од 2,0 метри, со носечки профили и фиксирање на стаклата со фасаден систем Jansen - Швајцарија. Вертикалните носечки профили претставуваат наменски дизајнирани челични правоголни цевки 60 х 150 мм со жлеб, со носивост до распони (висина) од 6,50 метри. Хоризонталните системни пречки се приспособени кон распоредот на меѓукатните конструкциии по височина на објектот, а на потезите со голема слободна висина, изведени се атрактивно дизајнирани челични виренделови носачи заради прифаќање на
вертикалните челични профили. Најголемиот дел од стаклената фасада е транспарентна. Пакетот е составен од надворешно калено стакло Stopray Vision60T дебело 8 мм, 20 мм простор исполнет со Argon 90%, а од внатрешната страна ламинирани се две стакла Planibel Clear од по 5 мм со две фолии Stratophone помеѓу нив. Од поважните технички карактеристики за транспарентното стакло се: = Светлосна пропустливост – tv (%) 57 = Светлосна рефлексија – ρvi (%) 14 = Термички својства Ug вредност W/(m2 K) 1,0 = Пропустливост на UV зраци - UV (%) 0 = Звучна и воздушна изолација - dB 44 = Тежина на пакет стаклото 39 мм – кг/м2 46 Кај деловите од фасадата со парапетно стакло, непровидноста е обезбедена со дополнителен премаз од емаил. КАМЕНА ОБЛОГА И ЖАЛУЗИНИ На поголемиот дел од објектот под кота 4,8 м се монтира самовентилирачка фасада со надворешна облога од природен гранит d = 2,0 см и со текстура „Imperial white“. Фиксирањето на камената облога е се системот Vario на производителот Etem – Грција. Жалузините се изработени по точна мерка од префабрикувани алуминиумски профили.
се копираат врз капиталните градби. Голем дел од тешкотиите при градењето на објектот, односно многуте недоречености и изнудени измени, се последица на законската пречка во проектирање на деталите со конкретен добавувач, при што се пропушта можноста сите суштински детали да бидат решени уште во самиот проект. Вака проектантот се потпира на нему познато системско решение кое го смета за најсоодветно, и според него ги дефинира техничките услови и технологијата за градба. И сето за миг знае да отпадне со ангажирање на друг добавувач кој со себе ќе донесе свои, сосема други системни решенија. Овој објект ни ги разбуди со носталгија сеќавањата на минатото и некогашното големо значење на „надзорниот“ инженер, чиј стручен кредибилитет во минатото придонесуваше кон ефикасна и брза градба, а денес е претворен во „администратор“ без ингеренции, па макар да се работи и за ситница. „ФИЛХАРМОНИЈА“ Е ПРИ КРАЈ Планирано е објектот да биде завршен во почетокот на 2017 година, и од бината на големата сала да потечат првите тонови под диригентската палка на маестрото. Несебично, согласни сме во тие долгоочекувани два часа, инженерското достигнување да ја подели славата со музичкото дело. n
ГОЛЕМ ОБЈЕКТ И ИСКУСТВО, ГОЛЕМА ПОУКА Објектот „Филхармонија“ покажа дека пишаните правила и усталената практика за малите објекти, едноставно, не може само да 25 ноември 2016
ПОРТА
21
градежништво
Најдобро решение за зимско бетонирање и до -20°C
В
о случаите кога амбиенталната температура се спушта пониско од 5°C, вообичаените методи за бетонирање не можат повеќе да се применуваат. Ниската температура го спречува нормалниот процес на хидратација на цементот, што како последица го спречува зацврстувањето на бетонот. Дополнително, при мрзнењето водата го зголемува волуменот предизвикувајќи пукнатини во структурата на бетонот. Од тие причини, во случаите кога температурата е пониска од 5°C, неопходно е да се применуваат специјални методи за зимско бетонирање кои вклучуваат: l Греење на една или повеќе компоненти на бетонот (водата, агрегатот и цементот) l Поставување на површинска термоизолација на оплатата на бетонот l Користење на адитиви за зимско бетонирање Во својата производствена програма АДИНГ нуди повеќе докажани адитиви за бетонирање во услови на температури до 20°C: ХИДРОЗИМ-Т - Адитив наменет за бетонирање во зимски услови. Ја регулира хидратацијата на цементот при ниски температури и го спречува замрзнувањето на водата во бетонската мешавина, елиминирајќи ја опасноста од деградирање на бетонот. ХИДРОЗИМ ФЛУИД – Комплексен адитив наменет за зимско бетонирање со дополнително дејство како пластификатор. Како и ХИДРОЗИМ-Т, наменет е за бетонирање во зимски услови, при што овозможува дополнително зголемување на јакосните карактеристики и олеснето вградување на бетонот. Адитивите се дозираат во свежата бетонска мешавина, а дозирање зависи од амбиенталната температура, температурата на свежиот бетон и димензиите на пресекот што се бетонира. При амбиентална температура од +5°C до -10°C препорачуваме користење на адитив ХИДРОЗИМ-Т или 22
ПОРТА
25 ноември 2016
ХИДРОЗИМ ФЛУИД во количина од 0,5 до 1,0% од масата на цементот во бетонската мешавина.За стандарден бетон МБ30 пумпан тоа значи дозирање од 2,0 до 3,5 kg/m3. Кога бетонот се произведува во мала бетонска мешалка (фундерка) вообичаено бетонирањето се одвива побавно и потребно е да се примени повисока доза на адитив (3,0-4,0 kg/m3). Тоа значи дека за една вреќа
цемент од 50 кг, потребната количина на адитив изнесува од 0,3 до 0,5 kg (0,25 до 0,4 литри) . Напомена: Специфичната тежина на Хидрозим-Т и Хидрозим Флуид изнесува околу 1,30 kg/dm3 (1 литар Хидрозим-Т или Хидрозим Флуид тежи приближно 1,30 kg). Соодветно, доколку одмерувањето на адитивот се врши во литри, треба да се
внимава дека 1 kg адитив е соодветен на 0,75 литри. Доколку за подготовка на бетонот се користи ХИДРОЗИМ ФЛУИД, при наведената доза треба да се изврши намалување (редукција) на водата во свежата бетонска мешавина за околу 10% (додека не се добие саканата конзистенција за вградување на бетонот). При бетонирање на температури помеѓу -10°C и -20°C, потребно е да се користи повисока доза на адитив ХИДРОЗИМ-Т или ХИДРОЗИМ ФЛУИД од 1,0 до 2,0% од масата на цементот во бетонската мешавина. Дополнителни препораки: Температурата на свежата бетонска мешавина во моментот на вградување мора да биде повисока од +5°C (за пресеци потенки од 10 cm повисока од +10°C) и вградувањето на бетонот да се одвива колку што е можно побргу (да се намали губењето на топлина во текот на производството, транспортот и вградувањето на бетонот). Површината на свежиот бетон мора термички да се изолира (да се користат дрвени или пластични оплати, како и да се изврши покривање на свежиот бетон и обложување на оплатата со најлони, минерална волна, експандиран полистирен, геотекстил итн.). Во зависност од бараната класа и јакост на бетонот, при бетонирање во зимски услови од особена важност е да се запазат предвидените односи на цемент и фракции на агрегатот, како и предвидениот однос на вода и цемент (W/C-фактор). n
ПОРТА
aрхитектура
КРИСТИЈАН ДЕ ПОРТЗАМПАРК - НАД 40 ГОДИНИ ТВОРЕЊЕ
Архитектурата започнува со цртеж
Патот е непознат, разумот и сонот се одговор и провокација на решението што секој сам го носи. Долго време тоа е фикција, фантастичен роман кој се разработува во детали за да се докаже дека може да се изгради. А понекогаш и се гради. Но најголем дел од проектите не ја надминува фазата на цртежи. Замислени и пресметани за одредена програма, одредено место, тие се како музички партитури кои никогаш нема да бидат отсвирени.
Љупка ДУКОВСКА дипл. инж. арх.
Е
дна посета на „работилница“ низ времето, една величествена медитација на уметност и архитектура, една монографија за познатиот архитект
24
ПОРТА
25 ноември 2016
Кристијан де Портзампарк, првиот добитник на Прицкеровата награда во Франција (1994), беше промовирана минатата пролет во Париз. Збир на нешто повеќе од илјада и двесте цртежи, фотографии, дадени преку процесот на развој, низ извонредната монографија „Цртежи и денови“, ја
покажува генезата на неговите планови. Проект по проект, изграден или не, студии по хронолошки редослед од неговото богато творештво, цртежи, модели, слободни акварели кои инспирираат и мотивираат.
aрхитектура
Филхармонијата во Луксембург
ПРВИОТ ЦРТЕЖ Пред да стане реалност, архитектурата почнува со цртеж. Сите проекти почнуваат со првите линии повлечени со рака. Потоа, компјутерот и 3Д ги прави возможни и најсмелите идеи. На крај, се раѓа саканата форма и естетика. Кристијан де Портзампарк вели: „Патот е непознат, разумот и сонот се одговор и провокација на решението што секој сам го носи. Долго време тоа е фикција, фантастичен роман кој се разработува во детали за да се докаже дека може да се изгради. А понекогаш и се гради. Но најголем дел од проектите не ја надминува фазата на цртежи. Замислени и пресметани за одредена програма, одредено место, тие се како музички партитури кои никогаш нема да бидат
отсвирени“. Но, многу од неговите проекти среќно го видоа денот. Се појавија или наскоро ќе се појават. Меѓу најновите проекти на Кристијан де Портзампарк, кој успешно го виде денот, е бутикот на „Диор“ во Сеул, Кореја, отворен во јуни 2015 година. Објект со изглед на нежен бел цвет, со волуменски набори на фасада, инспириран од материјалите, формите и движењата создадени во ателјето на Диор. „Сакав зградата да го претставува ’Диор‘, да одговара на работата на Кристијан Диор. Тоа ме натера да барам мек изглед на надворешните површини, како белиот памук со кој дизајнерот работи“, вели архитектот. Овие површини, брановидно раздвижени, се подигаат кон небото. Се сечат во неколку линии, како долги лушпи формирани од
фиберглас, собрани со прецизна точност. Во Сеул, каде во четириаголни згради се наредени познатите модни светски брендови, зградата на „Диор“ го редефинира пејзажот. Се издвојува како една голема бела скулптура во просторот, во која секој е поканет да влезе. Објектот со шест ката и површина од 4408,57 м², содржи нов продажен салон, делови за накит, часовници, чевли, женска и машка облека, ВИП салон, галерија и на покривот кафуле. Ентериерот е изработен од американскиот архитект Питер Марино (Peter Marino 1949), кој со вешта комбинација на текстури за тавани, ѕидови и подови создава целокупна префинетост во сè. Од 2013 година, Кристијан де Портзампарк работи на еден друг грандиозен проект, кој наскоро ќе го види денот, на културниот центар на новиот град Суджоу (Suzhou) во Кина, како дел од генералниот план за Wujiang Lakefront. Престижен проект на сосема нов локалитет на градот кој се развива на извонредна локација, на едно од најубавите кинески езера. Во проектот на културниот центар, со форма на осмица, вклучени се следните објекти: Опера со 1600 седишта, Модуларна сала со 600 седишта, Музеј (24000 м²), Изложбен центар (18000 м²), Конференциски центар (14000 м²), кафулиња, ресторани, кина, како и трговски центар (14000 м²), на вкупна површина од 202000 м². Концептот на дуалност на формата на комплементарност е повикување на кинескиот филозофски принцип на јин и јанг, кој се базира на идеи истражени во претходни проекти. Зградата идеално се вклопува во пејзажот, вклучувајќи ги водата и небото во играта на светкавата рефлексија создадена од дупли метални ленти кои се приклучуваат кон објектите во кривини и контра кривини. >> 25 ноември 2016
ПОРТА
25
Бутик „Диор“ во Сеул, Кореја ДОАЃАЊЕ ВО АРХИТЕКТУРАТА „Кога имав околу 13 години, веќе бев заинтересиран за уметноста. Се сеќавам дека видов неколку скици од Ле Корбизје и тоа го стимулираше мојот интерес и за архитектурата“, вели Портзампарк. Не е чудно, најпознатиот француски архитект влијаел врз голем број архитекти од целиот свет, вклучувајќи и некои други добитници на Прицкеровата награда како Ричард Маер, Кензо Танге или Тадао Андо. Портзампарк почнал да студира архитектура во 1962 година. „Архитектурата ми се чинеше многу бирократска, помалку слободна од уметноста, а модернистичките идеали пред кои се поклонував, мислев дека не можат да стигнат до богатството на вистинскиот живот. Почнав да го критикувам моето прво влијание на Ле Корбизје“, вели тој. Уште како студент по сликарство и архитектура на Beaux-Arts во Париз, ја доведува во прашање доминантната Културниот центар на новиот град Суджоу во Кина
26
ПОРТА
25 ноември 2016
модернистичка доктрина, верувајќи дека не може да се избрише минатото. По дипломирањето, Кристијан де Портзампарк почнува да работи на неколку јавни проекти и го потпишува своето прво архитектонско дело, кулата за вода во Marne-la-Vallée (19711974). Како градител, архитект, урбанист и сликар, Кристијан де Портзампарк ги истражува формите и нивното значење. До 1980-та, негова главна преокупација е клучното прашање за урбана трансформација, нова визија на „отворен блок“, контра на Османовиот блок на големи ансамбли. Во 1980 година формира ателје со седиште во Париз, Франција. Создава тим од 110 луѓе, организирани во неколку „студија“, кои работат на различни амбициозни проекти со меѓународна димензија. Активностите на Ателјето Кристијан де Портзампарк се фокусираат на сите нивоа на згради и на различни програми. Секој нов проект е предизвик за истражување и експериментирање. Барање на технички решенија за изградба. Ателјето може да се дефинира како „урбана лабораторија“ врз основа на урбаните и структурни анализи, развиени од страна на Кристијан де Портзампарк во 70-тите, преку јасни проекти, конкурси и студии, кои довеле до измена на методите, дозволувајќи мноштво на практични апликации на неговите теоретски истражувања и принципиелни анализи. Градот е една од основните теми на неговата работа, која се развива паралелно и се сече на три основни теми: згради симболи, кули и развој на населби, острови на големите градови. Зградите често стануваат симболи, градски ориентири, референтни точки во урбаниот пејзаж каде што внатрешните и
Cidade da Musica, Рио де Жeнaиро, Бразил надворешните простори се преплетуваат. Кристијан де Портзампарк има вистинска страст за музика. Тој учествува во серија конкурси за изградба на објекти за музика и танц во 80-тите, кои станале симболи, како школата за танц на Париската опера во Нантер, Франција (1983-1987), Градот на музиката во Париз, Франција (1984-1995), Филхармонијата во Луксем концертна сала, кино и школо за музика Cidade da Musica, Рио де Женaиро, Бразил (2003-2013) ... На Портзампарк е исто така возбудливото кафе Бобур во Париз (1985-1987) со површина од 530 м², Nexus II, Фукуока, Јапонија (19891994), винаријата на Шато Шевал Бланк во Сент-Емилион, Франција (2006-2011). Портзампарк ги разви своите идеи за „Високи форми“ („Hautes Formes“) со проектот за ансамбал од шест објекти со 209 социјални станови, во XIII арондисман во Париз, добиен
на конкурс во 1975 година (1975-1979). Неговата скулптурална кула (Tour de Lille, 1991-1995) е еден посебен објект изграден во населбата „Euralille“ на Рем Колхас. Кулите се резултат на неговото проучување на вертикалната скулптуралност и призматичните форми, како кулата LVMH (1995-1999) во Њујорк, САД, кулата Prism на Менхетен, Њујорк (2002-2014), кулата One57 на Менхетен, Њујорк (2005-2014) со станови и хотел, висока 306 м, со 75 ката, со прекрасен поглед на Централ Парк и панорама на Њујорк. Гранитна кула на Дефанс во Париз (2001-2008) седиште на Сосиете Женерал, висока 184 м со 45 ката, прва висока зграда со сертификат за одржлив развој во Франција (HQE француски еквивалент на LEED сертификат во Северна Америка). Интересот за станбените реони и градовите се негова главна тема, главен практичен и интелектуален
придонес. Признавање на централната важност на бескрајно тенкиот човеков контекст кој во локалните услови со своите интервенции дејствува на различни нивоа на квалитетот на просторот. Во својата обновена визија за урбана структура која ја нарекол „отворен блок“ („îlot ouvert“), неговата работа е фокусирана на истражување и ориентирана на квалитетот на просторот за живеење и разбирање на градот. Секогаш истражувајќи практично и теоретски, тој работи на урбанистички решенија за населби во Франција, Холандија, Либан или Кина. STARCHITECT, СЛАВА И ПРИЗНАНИЈА Кристијан де Портзампарк, роден 1944 година во Казабланка, Мароко, на својот педесетти роденден, на 5 мај 1994 година, беше прогласен за лауреат на престижната награда Прицкер. Тој беше прв Француз, шести Европеец и седумнаесетти човек кој ја доби оваа славна награда по нејзиното востановување од Фондацијата Хајат (The >>
Винаријата на Шато Шевал Бланк во Сент-Емилион, Франција
ПОРТА
Кулата Prism на Менхетен, Њујорк
Кулата One57 на Менхетен, Њујорк
Гранитна кула на Дефанс во Париз
Hyatt Foundation) во 1979 година. Во споредба со славата на други добитници на Прицкеровата награда, Портзампарк ја прими тивко и воздржано, како нешто што одговара на неговиот постепен развој кој беше фален за разбирање и успешно интегрирање во суштината на просторот. Тој само ја зголеми својата работна активност со дела како што се француската амбасада во Берлин (1997-2003), музејот Hergé, Белгија (2007-2009), и многу други. Портзампарк е добитник и на многу други високи признанија, како што се Витез на редот на Легијата на честа, Гранд при за архитектура на град Париз (1990), Сребрен медал на Француската академија за архитектура (1992), Гранд при за националната архитектура (1992), почесен член на Американскиот институт на архитекти (AIA, 1998), Гранд при за урбанизам (2004). Денес, тој изведува проекти низ целиот свет, во кои ги изразува својата свежина и страст низ перфекцијата карактеристична за него уште од најрани остварувања. „Открив
дека секој нов проект е збир на сите мои претходни дела. Нема нов работен извор во животот без некоја поврзаност со мината инспирација“, вели Портзампарк. Во низата од денови и години, конкурси и истражувања, модерно трансформирање на минатото во иднината ... тој создава архитектура повеќе од четириесет години. n
Музејот Hergé, Белгија
ПОРТА
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
ПОРТА
aрхитектура од дрво
УМЕТНИЧКА ГАЛЕРИЈА ВО ОНТАРИО
Најкомплексна структура од дрво на северноамериканскиот континент Проектантскиот тим дизајнираше исклучителни конструктивни елементи од дрво, кои истовремено ја зголемуваат и естетската вредност на објектот
ПОРТА
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, дипл.инж. по дрвна индустрија
У
метничката галерија во Онтарио е основана во 1900 година под името Арт Музеј Торонто. Во 1919 година го менува името во Арт галерија Торонто за подоцна, во 1966 година, да го добие името што сега е во употреба - Арт галерија во Онтарио. Во 2008 година, Галеријата го доби својот најголем публицитет по отворањето на реновираниот уметнички центар, проектиран од светски познатиот архитект Френк Гери. Обновувањето на комплексот вклучува реновирање на стариот објект како и изградба на нов дополнителен објект од 9016 м2 галериски простор. Неколку предизвици се издвојуваат како главни во проектирањето и изведбата на објектот. Како прво, мора да се напомене потребата да се унифицира и подобри постоечкиот објект, кој веќе неколкупати е реновиран, во 1918 г., 1929 г. и во седумдесеттите и осумдесеттите години од минатиоит век. >>
aрхитектура од дрво
т
ПОРТА
aрхитектура од дрво Проектантскиот тим дизајнираше исклучителни конструктивни елементи од дрво, кои истовремено ја зголемуваат и естетската вредност на објектот. И како еден од најголемите предизвици, е тоа што објектот за време на својата реконструкција треба да остане функционален или секојдневните активности во галеријата да продолжат за одреден период. Лепени ламелирани носачи се употребени во три главни делови на објектот, фасадата кај главниот влез на галеријата, нова дрвена конструкција која се издига над познатиот Walker Court, просторија која го претставува срцето на целиот музеј, и јужниот ѕид односно јужната фасада. Фасадата на главниот влез, што е воедно и најкомплексната дрвена структура во објектот, се протега во должина од 200 метри и се состои од 1800 дрвени носачи и сите се различни меѓусебе. Галерија Италија се наоѓа во затворениот дел на оваа фасада која е составена од два слоја. Внатрешниот слој се состои од 47 закривени носачи. Над главниот влез на галеријата тие се вертикални, додека источно и западно од вертикалните елементи се менува аголот на искривување и лакот на секој елемент. Ова резултира со различна димензија, различен агол и различен радиус на лак кај секој елемент. Конструктивно, овие носачи ја вршат функцијата на потпора за вториот слој од фасадата, кој е надворешен и е составен од дрвени носачи, метални профили и стаклена завеса. Заради различниот коефициент на ширење на дрвото и металот, проектирани се движечки лежишта кои овозможуваат флексибилна врска која дозволува слободно движење на материјалите за време на промена на температурата за да не се оштети стаклената завеса. Еден од архитектонските проблеми поставени пред архитектите беше барањето за максимална транспарентност на новата фасада. Овој проблем резултираше со потреба да се намалат димензиите на носачите во попречен пресек, но сепак да бидат доволно големи конструктивно да ги издржат сите притисоци и товари. Сите носачи меѓусебно се поврзани со метални конектори. Вкупно за фасадата се направени 2500 метални конектори кои заради различните агли и димензии на секој носач и самите метални конектори се различни. Секој метален конектор има уникатна геометриска форма за да се вклопи во своето лежиште и правилно да ја извршува својата функција. Дизајнот на конекторите и на дрвените носачи
32
ПОРТА
25 ноември 2016
дополнително се усложнува со следењето на архитектонскиот дизајн, каде тие треба да бидат скриени, односно да не се гледаат од посетителите. Сепак, проектантите се соочиле со
aрхитектура од дрво можат беспрекорно да се вклопат во текот на градбата. Овие модели подоцна биле искористени за изработка на работилнички детални цртежи, додека некои од податоците се искористени за директно внесување во ЦНЦ опремата за обработка на дрвените елементи. Како надоврзување на импресивните конструктивни елементи од дрво, новиот објект на Галеријата е збогатен со дрвени површини на повеќе места во ентериерот. Скали, ѕидни облоги, мебел и многу други елементи се направени од фурнирани медијапан плочи или фурнирани плочи премачкани со високосјаен завршен лак. Завршниот декоративен фурнир е од видот дуглазија кој природно расте во околината. Подот, пак, во новиот објект е направен од дабови елементи кои се залепени директно на бетонската подлога со специјално лепило. n фактот дека не е возможно сите конектори да бидат скриени, а тоа се забележува на хоризонталните греди кои не дозволуваат извртување на главните носачи. Сите овие комплицирани елементи и детали со кои се соочиле дизајнерите при конструктивното решение на Галерија Италија, ја прави едно од најкомплексните структури од дрво на северноамериканскиот континент. Заради комплексноста на конструктивните елементи од дрво, од пресудно значење за успешната изведба на објектот било употребата на 3Д софтвер за моделирање (Building Information Modeling - BMI). На овој начин се визуелизирани, анализирани и проектирани сите комплексни форми на фасадата и спиралните скали за на крај да
ПОРТА
aрхитектура
АРХИТЕКТОНСКИ НАТПРЕВАР, КАКО БИ САКАЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ?
Берлински универзитетски Минас БАКАЛЧЕВ, Саша ТАСИЌ, Викторија БОГДАНОВА, Александар ПЕТАНОВСКИ, Гордан ПЕТРОВ, (педагошки тим на Студио 8/1, Архитектонски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје)
На конкурсот за Берлински универзитетски резиденции, организиран од АрхМедиум, пристигнаа 285 проекти, доделени се три први места и 10 пофалници. Проектот на студентите Синиша Павловски, Илија Мирчески (SP!M) од Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје, е добитник на една од почесните пофалници.
34
ПОРТА
25 ноември 2016
К
Како би сакале да живеете? е прашањето кое го постави архитектонскиот натпревар БЕРЛИНСКИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ РЕЗИДЕНЦИИ, кое се однесува на редефинирањето на колективните модели на времено живеење во квартот Кројцберг (Kreuzberg), Берлин. Квартот Крoјцберг е место на алтернативната младинска култура, a самиот град Берлин денес бездругоe е ден од светските културни метрополи. И покрај мачното минато во дваесеттиот век, градот Берли, денес е пример на религиозна толеранција и мултикултурна коегзистенција, универзитетски град каде младите луѓе од Германија и целиот свет доаѓат да учат, да создаваат и да се дружат. АрхМедиум (ArchMedium) е организатор на архитектонскиот натпревар за студенти и млади архитекти. Од 2009, АрхМедиум создава една дигитална платформа на архитектонските академските натпревари, како едно место каде школите од целиот свет се претставуваат, воспоставувајќи различни пристапи за секој проект. Тоа им овозможува на студентите и младите архитекти да го покажат Сл1. Локацијата на Берлинските универзитетски на практичен пример, на различните резиденции која граничи со калканите кои се предметр избрани локации, она за што тие на артистички графити интервенции, Кројцберг, теоретски учат во текот на студиите, Берлин. следејќи ги зборовите на Патрик Гидс (Patrick Geddes) „Мисли глобално , делувај локално“. Предлагајќи ја програмата, за овој архитектонски натпревар, на архитектонското студио 8/1 (2015-2016) на Архитектонскиот факултет -Скопје, прво, сакавме темата на архитектурата на студентските домови да ја изучиме во еден специфичен контекст,
резиденции
второ, посредно да ја актуелизираме темата на колективното домување и креативното согледување на студентското домување и во нашите социо-културни услови. На границата кон реката Шпре, помеѓу западната и источната страна на Берлин, помеѓу урбаното ткаење и екцесите на инфраструктурните продори, помеѓу старите згради и новите архитектонски креации, помеѓу мултикултурната сцена на Кројцберг и знаците на ксенофобијата, понудената локација на конкуросот за студентските резиденции нуди мноштво интерпретации. Токму затоа избравме три проекти, три елементарни концепти од три студентски тимови кои на специфичен начин одговорија на поставеното прашање, Како сакате да живеете? Проектите на трите тимови ( Синиша Павловски, Илија Мирчески; Тамара Симјановска, Елена Сотировска; Ирина Цоневска, Марија Гелмановска, Александар Кочовски, Лилјана Јанкова,) секој на свој начин ја покажа провокацијата на темата Берлински универзитетски резиденции како место за средба на студенти, млади дипломирани студенти, семејства и туристи кои сакаат поинакви искуство во еден од најкарактеристичните квартови на Берлин. На конкурсот за Берлински универзитетски резиденции, организиран од АрхМедиум, пристигнаа 285 проекти, доделени се три први места и 10 пофалници. Проектот на студентите Синиша Павловски, Илија Мирчески (SP!M) од Архитектонскиот факултет во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, е добитник на една од почесните пофалници. Ова е секако успех на младите колеги Синиша Павловски и Илија Мирчески, но и промоција на Архитектонскиот факултет, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на меѓународната архитектонска сцена.
КАКО БИ САКАЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ? Синиша Павловски, Илија Мирчески - SP!M:
В
о однос на различните урбани фрагменти ние ги дефинираме елементите на проектот како почетна точка за креирање на еден просторен концепт на ново искуство на живеење. Квалитетите на околното урбано ткиво дефинирани преку основните елементи како, активно приземје и внатрешни џебови/дворови во самите згради ги препознавме како битен елемент во пронаоѓањето на нови решенија и одговори. Самиот објект интегрира во себе активно приземје со можност на различни алтернативни активности (јавен дел ,,дневна соба‘‘), и внатрешни дворови околу кои се групирани заедничките содржини. Програмската структура е поделена на два основни дела, отворен простор од јавен карактер и затворен простор кој останува приватен за самите >>
ПОРТА
aрхитектура
корисници на студентскиот дом. Релациите помеѓу двата вида на простори, отворен јавен и затворен -станбен дел е направен преку заедничките содржини групирани околу внатрешните дворови. Приватниот простор ги вклучува сите типологии на соби кои се развиени од еден просторен модул и поставени на платформа која е подигната од тло. Овој приватен простор и начинот на кој е издвоен/издигнат и поврзан со околината, дозволува подобри квалитети за живеење, студирање и социјализирање. Проект на Синиша Павловски и Илија Мирчески (SP!M) на натпреварот организиран од страна на ARCHmedium. Barcelona, España (archmedium.com) под наслов BERLIN UNIVERSITY RESIDENCES (БЕРЛИНСКИ УНИВЕРЗИТЕТСКИ РЕЗИДЕНЦИИ) беше награден со почесна пофалница (HONORABLE MENTION).
КАКО БИ САКАЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ? Тамара Симјановска, Елена Сотировска: Локацијата се наоѓа во град на кој му е позната поделбата и уништувањето, истовремено во област која зборува на јазикот на толеранцијата и мултикултурализмот, каде што највлијателниот симбол е преостанатата лузна и силни мисли за Берлинскиот ѕид – обележје кое сведочи за едно време кое носи ужасни сеќавања. Нашата интенција е да создадеме нов симбол на Берлин кој ќе внесе нов начин на живот, истовремено обидувајќи се да ја
36
ПОРТА
25 ноември 2016
избрише меморијата за еден ѕид кој одвојува, напротив, создавајќи нови, позитивни мемории за живеење во извонреден транспарентен „ѕид“ кој ќе соединува. Овој пат, гледањето низ ѕидот и престојувањето во зоната помеѓу ќе биде повеќе од дозволено и ќе биде сечија желба да биде дел од новите среќни сеќавања создадени тука. Објектот одговара на концепт кој ја зачувува локацијата позната на жителите по својата пространа, зелена површина и отворен поглед кон река – создавајќи приватни и колективни простори во подземјето, комбинирано така што генерира јавен, социјален комплекс во зоната помеѓу нашиот „ѕид“ и „графити“ ѕидот наспроти, кој е од посебно значење за жителите на Кројцберг.
На прашањето: „Како би сакале да живеете?“, нашиот одговор е: „Во силна структура која е транспарентна но цврста, тесна но пространа, одвоена но обединета, индивидуална но јавна – со визија дека во еден момент секоја од вратите ќе биде отворена и целиот простор ќе се трансформира во пространа заедничка „куќа“ за сите станари.“ Проект на Тамара Симјановска и Елена Сотировска е добитник на наградата за особен успех Едвард Равникар, која ја доделуваат Архитектонски Факултет - Скопје и Амбасадата на Република Словенија.
КАКО БИ САКАЛЕ ДА ЖИВЕЕТЕ? Ирина Цоневска, Марија Гелмановска, Александар Кочовски, Лилјана Јанкова:
Одговорот на нашиот тим на оваа комплексна задача беше да се распрсне програмата на индивидуални ќелии за живеење, кои ќе бидат поврзани во органски, нехиерархиски систем, кој би создал еднаквост помеѓу сите кои живеат во него. Ќелиите се поставени во решеткаста структура која, и по хоризонтала и по вертикала, ја имитира мрежната структура на голем град, создавајќи состојба на тридимензионален микро-град на локацијата во Кројцберг. Проектот предлага една колективна форма/мегаформа навраќајќи се на архитектонските идеи и градски референци на Берлин од 60-тите и 70-тите (Free University of Berlin, Candilis, Josic, Woods and Schiedhelm). Но за разлика од прогресистичките визии на радикалните мегаформи од минатото, предлогот се однесува на едно локално место, на една градска парцела. Преку ортогоналната решетка која постапно се полни со станбени единици, се создава нестабилна порозна структура на
ситуации, програми, материјали. Се чини, типологијата на берлинските блокови со внатрешни дворови се дисперзира во еден тридимензионален бран. Станбените ќелии се нееднакво распределени низ структурата, создавајќи неколку внатрешни дворови кои го олеснуваат влегувањето на светлината низ порозната форма на објектот. Непостоењето на јасна хиерархија во структурата создава состојба на просторно поле – архитектонска демократија. Распределбата на ќелиите во просторната и конструктивна мрежа генерира градини и простор за средба и социјализирање со соседите, со што просторот за домување ефективно станува вертикална градина. Овој систем е кренат од земјата, создавајќи слободно приземје кое функционира како парк, задржувајќи го отворениот зелен простор кој е еден од ретките такви простори во Берлин.
25 ноември 2016
ПОРТА
37
eксперт
„ХЕРЦОГ И ДЕ МУРОН“ ОТВОРИ НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА „ТЕЈТ МОДЕРН“ ВО ЛОНДОН
Објект кој ги надмина очекувањата
38
ПОРТА
25 ноември 2016
Преку реализација на доградбата на „Тејт модерн“, созададени се добар дел од предусловите за континуиран успех и подем на галеријата, не само како центар за промовирање на модерната уметност, но и како уште еден исклучителен објект за истражување на современата архитектура, каде архитектите со респект го третирале оригиналниот објект од Сер Гилберт Скот, но истовремено го збогатиле со доградба која е одраз на 21 век, со што оставиле трајно обележје за културното наследство на овој дел од Лондон д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В. Британија) дипл.инж.арх.
Ш
еснаесет години по отворањето на галеријата „Тејт модерн“ во Лондон во мај 2000 година, годинава во јуни таа одбележа уште едно отворање. Овој пат беше отворена најновата доградба на галеријата, испроектирана од меѓународно признатото архитектонско биро „Херцог и Де Мурон“ (Herzog & de Meuron) од Базел, Швајцарија, кое беше и авторот на првиот проект за галеријата по добиениот меѓународен архитектонски конкурс во 1995 година.
Најновата доградба на оваа галерија е одраз на нејзиниот успех во изминатиот период, со оглед на тоа што постојниот објект на галеријата испроектиран за капацитет од два милиони посетители годишно, веќе не може да ги задоволи потребите на сегашните пет милиони. Дополнително, сегашните изложбени простори во рамките на галеријата не ги задоволуваат потребите за презентација на модерните форми на уметничко изразување во доменот на уметничките колекции за филм, видео, фотографија и перформанс. Сегашната галерија „Тејт модерн“ е сместена во реконструираниот објект на Bankside Power Station во Лондон, на брегот на реката Темза. Оргиналниот објект на електричната централа од 50-тите години, бил испроектиран од познатиот британски >> 25 ноември 2016
ПОРТА
39
eксперт
архитект Сер Џајлс Гилберт Скот (Sir Giles Gilbert Scott), кој исто така е познат по дизајнот за британските улични црвени телефонски кабини. Во својот оргинален концепт, архитектите Жак Херцог и Пјер де Мурон го фокусирале своето внимание врз реконструкција и пренамена на централата во галерија, во рамките на просторот во кој биле сместени турбините и придружните соседни простори, но не ги опфатиле напуштените резервоари за нафта и преклопната станица во употреба, сместени на јужната страна од објектот на електричната централа. Токму овие два простори станале предмет на најновата доградба на галеријата. Притоа, значително влијание одиграл технолошкиот развој кој овозможил оперативната преклопна станица, која сè уште поврзува делови на Лондон со националната мрежа за електрична енергија, да биде сместена во помал простор, за во преостанатиот дел да може да се реализира доградбата на галеријата. За разлика од познатата оригнална реконструкција и пренамена на објектот во галерија која предоминантно се фокусирала на внатрешните простори на постојниот објект, новата доградба е одраз на умешна скулптурална надградба и обликување на надворешен волумен. Притоа, напуштените резервоари за нафта послужиле како темели од кои ќе се издигне 64,5 метри високата 40
ПОРТА
25 ноември 2016
eксперт
десеткатна нова доградба на објектот со пирамидална форма, при што некои од површините на пирамидалниот волумен се изместени. Новата доградба визуелно се надоврзува, но без да го потцени 99 метри високиот постоечки оџак на електричната централа на Сер Гилберт Скот, кој од 50-тите години претставува значаен и препознатлив репер во силуетата на крајбрежното подрачје на реката Темза во Лондон. Новата доградба, исто така, се надоврзува со постојниот објект и преку примена на материјалот за завршна обработка на фасадата – тулата. Архитектите ја имаат применето тулата преку радикално нов пристап базиран на чипка, каде преку изработка на перфорирана фасада од тула, овозможено е внатрешното осветлување на објектот да се манифестира на неговата фасадата, со особен ефект во текот на вечерните часови кога ова осветлување избива низ фасадата и му дава специјално присуство на објектот. Наспроти ова, внатрешниот простор е
изработен од природен бетон „превиткан“ со драматични агли кои ќе создадат исклучителни внатрешни простори во кои ќе се доживее уметноста. Внатрешниот простор дополнително е збогатен со „церемонијалниот булевар“, кој се протега вертикално низ објектот како своедвидно сврдло со широките скали и малите одморишта и проширувања за одмор и приватни состаноци. За архитектот Жак Херцог, формата на објектот е нешто помеѓу многу рационално и многу ирационално, со форма на пирамида, а што не е само резултат на парцелата, но и на аглите што ќе ги водат посетителите кон галериите. Со новата доградба на галеријата „Тејт модерн“, ќе се создадат дополнителни простори за задоволување на потребите на пет милиони годишни посетители. Во рамките на доградбата, создадени се нови изложбени простори за уметничките колекции, уметнички перформанс и инсталации, како и образовни простори кои ќе овозможат подлабоко доживување на
уметноста. Истовремено се создадени и дополнителни социјални простори за одмор и релаксација, кои се сконцентрирани на најгорните три нивоа на објектот. Најмногу се истакнува највисокиот кат со терасата достапна за публиката и со спектакуларен поглед кон реката Темза и опкружувањето на објектот, додека под овој кат е лоциран ресторан за посетителите. Во рамките на доградбата, сместена е и новата клупска соба за членовите на „Тејт“, чиишто број постојано се зголемува, со простор кој е поделен во повеќе помирни и поактивни зони, вклучително со простори за јадење кои исто така се збогатени со добри панорамски визури од опкружувањето на објектот. Во рамките на проектот е направено и збогатување на партерните содржини преку новата патека која поминува низ објектот, а го поврзува деловниот дел на Лондон (City) со Southwark. Од двете пејзажно обработени површини на двете страни од објектот се очекува дека ќе прераснат во спокојни простори за посетителите, >> 25 ноември 2016
ПОРТА
41
eксперт надополнети со елегантен плоштад со кафетерија и книжарница, а на кои од западната страна ќе се надоврзе зелена оаза со дрвја. Озеленетите површини на источната страна се наменети за користење од локалната зедница, додека делот со поглед на реката е резервиран за одржување на поголеми манифестации на отворено. Според галеријата „Тејт модерн“, новата доградба претставува маркантна комбинација на груби индустриски простори и префинета архитектура на 21
век. Се чини дека оргиналната соработка помеѓу клиентот и архитектите резултирала во објект кој ги надминал очекувањата, но ги има промовирано и архитектите во глобална смисла. Преку реализација на доградбата на „Тејт модерн“, во соработка со оргиналните учесници во проектот, создадени се добар дел од предусловите за континуиран успех и подем на глаеријата, не само како центар за промовирање на модерната уметност, но и како уште еден исклучителен
објект за истражување на современата архитектура, каде архитектите со респект го третирале оригиналниот објект од Сер Гилберт Скот, но истовремено го збогатиле со доградба која е одраз на 21 век, со што оставиле трајно обележје за културното наследство на овој дел од Лондон. n
www.fabrikakarpos.com.mk
42
ПОРТА
25 ноември 2016
ПОРТА
ентериер
ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ДИЗАЈНОТ И НИВНИТЕ СВОЈСТВА
Како да се измери ефективноста на решението?
Студентска вежба по Ентериер
проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС
На секое ниво, елементите на дизајнот се разликуваат по многуте свои карактеристики, како формални и функционални, така и според својствата на ликовноста што ја поседуваат, а кои покрај визуелни, поседуваат и утилитарни квалитети 44
ПОРТА
25 ноември 2016
П
римарната шема на внатрешниот простор е формирана од конструктивниот систем на зградата, додека крајниот облик на архитектонскиот внатрешен простор го дефинираат елементите на дизајнот на ентериерот. Структурата, или архитектурата на внатрешниот простор, доаѓа како резултат на селекцијата и аранжирањето на овие елементи, така што нивните визуелни релации ќе дефинираат и организираат ентериерен
ентериер простор. На секое ниво, елементите на дизајнот се разликуваат по многуте свои карактеристики, како формални и функционални, така и според својствата на ликовноста што ја поседуваат, а кои покрај визуелни, поседуваат и утилитарни квалитети. При дизајнирање на ентериерните простори и простории се користиме со три основни типа на елементи на дизајнот: линеарни елементи, површински елементи и волуменски елементи. Линеарните елементи се дел од архитектонската структура - тие ја нотираат структурата на зградата или структурата на функционалните елементи (конструктивните делови на мебелот), претставувајќи се во вертикална или хоризонтална позиција; Ентериерните простори се креирани (дефинираат или модифицираат простор) со помош на површински рамнини. Основно три типа на површински рамнини играат улога во создавањето на просторот: ѕидот, подот и плафонот. Во архитектурата, површинските рамнини ги ограничуваат тридимензионалните форми и простори. Својствата на просторната форма се дефинирани преку формалните карактеристики на површинските рамнини (големина, пропорција, боја, материјал, текстура) исто како и преку нивните тополшки релации меѓу себе. Подната површина е физички и визуелно базична рамнина на архитектонските форми. Таа треба да биде конструктивно безбедна зашто се смета како платформа на човековите активности во зградата. Формата, бојата, текстурата и шарата одредуваат дали подот се појавува како сигурна, просторна граница, како
Студентска вежба по Ентериер
заднина на другите просторни елементи. Текстурата и цврстината ги регулираат сензациите додека се чекори по подната површина. Ѕидните рамнини визуелно се најактивните рамнински творби на просторот. Ентериерните ѕидови го дефинираат просторот. Нивните оптички карактеристики, какви што се бојата, текстурата и материјалот, нивниот меѓусебен однос, исто како и нивната големина, дистрибуција, како и отворите во нив, сите го одредуваат квалитетот на просторијата или просторот и неговиот/нејзиниот однос со другите простории. Тие можат да стојат самостојно или да делуваат како неутрална заднина за другите просторни елементи. Ѕидните површини можат да бидат масивни или транспарентни, акцент на просторот или извор на светлина. Физички контакт со подовите и ѕидовите е остварен, додека плафоните се доживуваат само визуелно заради нивната дистанцираност од нас. Тие се чадорите на архитектонскиот простор. Плафоните можат да бидат рамни како и исто или слично обликувани, можат да ја следат конфигурацијата на кровните рамнини, или можат и да висат како слободни форми во просторот, придонесувајќи во визуелноста на внатрешниот просторен волумен. Волуменските елементи се појавуваат како простори дефинирани од површинските елементи, но се доживуваат однадвор, од некој друг простор поставен хиерархиски супериорно. Инаку, често како волуменски елементи се појавуваат елементи од мебел или композиции од мебел. Во поголеми
простори, формата и распоредот на мебелот можат да го поделат просторот на делови со ограничена функционална и визуелна сувереност. РЕЛАЦИИ ПОМЕЃУ ЕЛЕМЕНТИТЕ НА ДИЗАЈНОТ Релациите помеѓу елементите на дизајнот се условени од позициите што ги зафаќаат во просторот, а тоа може да биде: Уредување (аранжирање) - претставува едноставно додавање на елементи во лабави, слободни врски: еден до друг, под или над, соседни, поставени во близина, групни формации и др. Ваквите релации можат да се мултиплицираат сè до исполување на капацитетот на просторот. Пенетрација - претставува блокирање, растопување, поврзување, преклопување, така што волумените меѓусебно се преплетуваат; Оградување - значи да се содржи во, да се биде елемент од, да се биде опкружен со. Овие релации можат квалитативно да се опишат како позициски односи кои можат да бидат евалуирани според нивните димензии, дистанци, агли и радијуси. Односите помеѓу елементите во просторот се детерминирани со нивната позиција внатре во видното поле. РЕЛАЦИИТЕ ПОМЕЃУ ЕЛЕМЕНТИТЕ И ЛУЃЕТО Релацијата на луѓето кон значењето на елементите на дизајнот на ентериерот во просторот е во согласност со нивното сопствено просторно искуство. Тоа е појдовниот аспект кој ја одредува апсолутната или релативната маса на овие елементи во однос со нивната површинска обработка во просторот што е во врска со квалитетот на менталните концепти. Елементите кои всушност се и предмети во визуелното поле на посматрачот, поседуваат релативни димензии и пропорции, зашто се условени од начинот на кој се појавуваат во тоа поле, фронтално или латерално. Луѓето ги забележуваат елементите движејќи се во просторот, при што секогаш го менуваат визуелниот фокус. На тој начин патеката на движење се претвора во серија од места набљудувани и доживеани секвенционално, што резултира во нивна субјективна интерпретација од страна на набљудувачот, а со тоа нивната апсолутна карактеристика и позиција се претвора во релативни и постапни - бавни или брзи - доживувања. Влијанијата помеѓу елементите на дизајнот на ентериери односно на просторот, е во доменот на визуелната тежина или детерминирање на нивната хиерархија, додека релациите помеѓу >> 25 ноември 2016
ПОРТА
45
ентериер
Студентска вежба - Просторна композиција
елементите и луѓето - корисниците го прават просторот утилитарен, а со тоа и егзистенцијален. Структурата на односите помеѓу елементите на дизајнот, помеѓу елементите и просторот од една страна и човекот од друга, секако ќе зависат од примарното прашање за постоењето на дизајнот, а тоа е: кои се човековите потреби во врска со дизајнот на ентериерите и дизајнот на сите индустриски предмети кои се во врска со работниот простор? Освен задоволување на физиолошките потреби, какви што се светлината, воздухот, храната, спиењето и сексуалноста, луѓето имаат и додатни барања, односно потреби кои се во врска со дизајнот на ентериерите. Еден од најфундаменталните од нив се однесува на доживувањето на нечија сопствена егзистенција, доживувањето на „ЈАС СУМ“. Преку чувството за допир, за контакт, луѓето учат како да направат разлика помеѓу сопствените тела и надворешниот околниот свет, а правејќи го тоа се доживуваат самите себе. Доживувањето е 46
ПОРТА
25 ноември 2016
поткрепено со границите, предметите и употребените материјали на архитектонскиот простор. Друга човекова потреба е потребата за ориентација: било да е тоа нечија околина или пак планирање и обликување на нечиј живот, во смисла ориентација во простор и време. Потребата за ориентација исто така ја вклучува и потребата од контрола, што значи ориентираниот човек е способен да се справи со ситуациите на кои наидува и е способен да ги исполни целите. Човековата желба за контрола е во врска со желбата за простор(ија), за концентрација и непреченост, за да може успешно да ги изврши акциите. Дизајнираната средина може да креира важна рамка која им помага на луѓето да се справат со нивните состојби. Следна човекова потреба е потребата за комуникација. Таа ја опфаќа потребата за социјално врзување кое може да се поистовети со потребата за идентитет. Постои уште едно поле на интерес кога станува збор за начинот на користењето на
просторот и човековите потреби врзани за него, а тоа се разликите помеѓу мажите и жените. Авторот Џема Бурџес (Gemma Burgess, 2008) потенцира дека постојат повеќе родови модели во користење на просторот и неговите содржини. Но, она што е индикативно е податокот дека во севкупното планирање на просторот се пренебрегнува фактот што мажите и жените различно го користат просторот. Според Бурџес, треба да се земат за сериозно импликациите во сите аспекти на планирањето на просторот и во дизајнот на изградената средина, почнувајќи од дизајнот на ентериерите на станбените и работните простори, па се до планирањето на цели градови. Родовите студии, по сè изгледа, се неопходни да се земат предвид при истражување на физичките карактеристики на работните простори. Во дефинирањето и анализирањето на проблемот на дизајнот, можат да се развијат цели и критериуми преку кои ефективноста на решението може да биде измерено. Без оглед на природата на проблемот што се однесува на ентериерниот дизајн, постојат неколку критериуми за кои треба да се води грижа: функција и цел - основната задача на дизајнот е да ги задоволи предвидените функции и да ги исполни неговите цели; корисност, економичност и одржливост дизајнот мора да покаже корисност, чесност, економичност и одржливост при неговата селекција и употреба на материјалите; форма и стил - дизајнот треба да биде естетски пријатен за окото на човекот како и за неговите сетила; и на крај, „имиџ“ и значење - дизајнот треба да прикаже слика или „имиџ“ и да промовира асоцијации кои носат значење за луѓето што го користат и го доживуваат. n
ПОРТА
сообраќај
КАДЕ КОЛВА „ЖОЛТАТА ПАЈКА“? Семиотички, пребројувањето на куќичките и шупите на локалитетот „Ќерамидница“ кои треба да се срушат пред неговото булеварско „височество“, беше сигнал дека она што му е дозволено на популизмот не му е дозволено на ГУП-от!
О
м-р Ненад ТОНИЌ, дипл.сообр.инж.
д неоправданото држење на локалитетот „Ќерамидница“ во сообраќајнотранспортен „ќош“, повеќедецениската прашина пред околу две години повторно беше симната. Нивото на политичко-извршна решителност која го иницираше отпрашувањето, укажуваше дека „хигиенскиот зафат“ овој пат ќе произведе проектно-финансиска интерпретација после која инфраструктурното згрижување на ова локалитетско „сираче“ ќе биде не повеќе од чиста инерција. „Атомската маса“ на ова прашање произлегува од магистралниот комуникациски наратив на градскиот простор. Полната функционалност на лонгитудиналата бул. „Илинден“ (1) – бул. „Гоце Делчев“ (2) – бул. „АСНОМ“ (3) блокирана е токму во зоната на
48
ПОРТА
25 ноември 2016
ова инфраструктурно гето, запишувајќи, во комбинација со оној анксиозен by-pass од ул. „Беласица“ (Скопски Саем), уште еден крупен поен на листата градски комуникациски хендикепи. Со оглед на сегашното и идно напрегање на бул. „Кузман Јосифовски Питу“ (4) иницијативата беше на пат да стане кореспондент со сообраќајните потешкотии и потреби на дел од источните и североисточните урбани структури. DE IURE СОСТОЈБА Неизбалансираниот просторно-демографски притисок централно-радијалната типизација на градот со години, упорно ја поместува во зоната на т.н. линеарни градови. Знаејќи го тоа, Генералниот урбанистички план го става аксијалното комуникациско тежиште на лонгитудиналната улична формација, односно примарните сообраќајници на правецот истокзапад. Ефикасната организација на сообраќајот, подигањето на квалитетот на урбаната инфраструктура и пристапноста како
методолошки фокуси на највисокиот плански акт, ја бришат сета нејаснотија од неговата магистрална мантра. Нејзината материјализација е предвидена како имобилизатор на ефектите на внатреградските миграции и дисбалансот помеѓу транспортната побарувачка и инфраструктурната понуда. Премостувајќи го речното корито во costefective манир коридорот на бул. „АСНОМ“, во нешто поскромен габарит, меандрира паралелно со железничкиот колосек комплетирајќи го крстосничкиот јазол со бул. „Гоце Делчев“, ул. „Беласица“ и ул. „Никола Карев“. Ниската вредност на постоечкиот станбен фонд во зоната на локалитетот „Ќерамидница“, на прв поглед овозможува полна ГУП-овска слобода за планиметриско позиционирање на магистралната делница. Ваквиот маневар подразбира „жртвување“ на станбениот субстандард за доброто како на неговите абоненти, така и на транзитните патници на релација населба „Јане Сандански“ – локалитет „Крњево“.
сообраќај
Орстад колеџ
Прекината магистрална лонгитудинала
ГУП-овско решение
DE FACTO СОСТОЈБА
Семиотички, пребројувањето на куќичките и шупите кои треба да се срушат пред неговото булеварско „височество“, беше сигнал дека она што му е дозволено на популизмот не му е дозволено на ГУП-от! Лицитирањето со нивната вредност беше увод во партнерската неподготвеност на Градот и Општината во булеварскиот „пакет“ да се смести и квалитетот на домување на староседелците. На тој начин, расположливиот простор за одмотување на асфалтните ленти почна да губи на ширина. Притиснато од северната страна со благо сламовска структура, а од јужната со сервисната улица „518“ и наследените индустриски и пропратни капацитети, ГУП-овското решение почна да губи здив и да се повлекува во сопствената сенка. Меката моќ на незадоволните граѓани кои, во општата депресија, лесно можат да го изумат сопствениот бенефит доколку баш тој не е и фокус на делувањето и тврдата на индустријалецот, кој нема намера да глуми
апологет на девалвираниот јавен интерес, ГУП-овската интерпретација ја срамнија со егзистенцијалната дилема „да се биде или не“. Со оглед на праксата на Градот повремено да тргува со тој интерес заради „повисоки цели“, критичната маса која како магла се згуснуваше околу локалитетот „Ќерамидница“ се закануваше со одлагање на оваа тема до 2022 година, односно до новиот, можеби посреќен ГУП. DILEMMA СОСТОЈБА Именките победа и пораз се спротивставени – антоними, а глаголските именки победување и поразување се синоними – имаат исто значење. Би било секако подобро да сме постојани победници, ама тоа е невозможно ... Пред сообраќајно-инженерската стручност таков избор не беше ставен. Во овој случај победата немаше алтернатива, што исправените пред проектната задача ги вцица во драмска дилема која требаше да породи задоволување на двата краја – планскиот, диктиран од самиот ГУП, кој предвидуваше
булевар породен низ „булдожер интервенција“ и политикантскиот, кој инсистираше на максимум резултат со минимум финансискополитички консеквенци. Влечејќи се како сенка зад сето ова, трасирањето на процедурална девијација со питка легислативна „натстрешница“ прерасна во не помалку комплексно прашање во услови кога ГУП-от не остава можност за планиметриско поместување на примарните улични коридори (сите попатни повикувања на неговите фамозни Член 34 од Општите односно Член 66 од Посебните услови за реализација на сообраќајната инфраструктура не беа од полза. Планирањето на градскиот простор на ова ниво не трпи минуциозност од проектен карактер, но ништо повеќе ни мистификација во оние текстуални делови кои се легислативни носители на Генералниот урбанистички план. А таму на примарните сообраќајници им беше обезбеден планско-проектен „вентил“ по вертикала, не и по хоризонтала. Но, и условена можност за интевенирање во сообраќајната инфраструктура по пат на темелно студиско елаборирање). СТУДИСКО-ПРОЕКТЕН „СТЕНТ“ Правото и слободата на делување се врвни константи во идеологијата на домашните сообраќајни инженери. Разбирлива е од таму фрустрацијата од неинженерската калибрација на поставената задача, која, наместо на бришан простор, беше осудена на „иглени уши“. Специфичната нејзина и проектна и процедурална тежина произлегуваше од цврстата намера добиеното решение да поседува геометриско-оперативни карактеристики најмалку на собирна улица, кои ќе му обезбедат препознавање и долгорочна заштита веќе во наредниот ГУП. Во превод, стручните лица кои низ >> 25 ноември 2016
ПОРТА
49
сообраќај
ДУП „Ќерамидница“ поедините фази беа ангажирани, требаше да овозможат промптна изградба на колекторска делница без упориште во ГУП-от – кој форсира просторно фиксирано магистрално решение – и без поддршка на ДУП-от – кој не поседува моќ било што автономно да измени во делот на примарната улична мрежа во таа смисла. Кога сте соочени со претерано одземање, најдобар начин да продолжите е инвентаризација на она со што располагате. И што во овој случај не нудеше ништо посебно: сервисна ул. „518“, како неприродна конкавност за комуникациски продор кон јужниот дел од локалитетот. Навидум недоволно за булевар од магистрален калибар, сосема солидно за кубење на инженерските коси. Па сепак, патот до задоволството водеше низ клисурите на една комплетна метаноја. Со други зборови, разџвакувањето на осветленото ГУП-овско решение требаше да се замени со аналитичко пипање во мрак во кој, освен атрофијата на сервисната ул. „518“, немаше ама баш ништо! Меѓутоа, повеќекратните теренски увиди и мерења индицираа потенцијал на нејзиниот потенцијален коридор кој важечкиот ДУПовски акт одбиваше да го препознае. Појдовната теза на среќното решение, кое ќе го натераше дури и Dart Vader на нежна
50
ПОРТА
25 ноември 2016
насмевка, беше поставено: искористување на планираниот коридор на ул. „518“ низ аналитичко потврдување и проектна надградба на неговите сервисни предиспозиции до ниво на собирна улица. Тука работите почнаа малку да се компликуваат ... Неможноста за мерења на сообраќајните токови кај непостоечка сообраќајница, врз основа на кои се поставува темелна анализа, беше амортизирана со користење на референтното ниво на оптоварување на бул. „АСНОМ“ за 2015 година, предвидено со Транспортниот модел за градот Скопје.
Dart Vader
Проценет како „релативно близок“ на реалниот обемот на булеварски патувања за таа година беше експандиран во „порции“ од 2% на годишно ниво, за период од наредните 20 години (2035). Аналитичката резервираност, секогаш присутна и упорна, ја наметнуваше непостоењето на крстоснички јазол помеѓу бул. „АСНОМ“ и ул. „Индустриска“, со што проценката на приливот и редистрибуцијата на сообраќајот на источниот „влез“ на локалитетот – од насоките населба „Јане Сандански“ и од дел од Источната индустриска зона (ФОН, погони на МЗТ,
сообраќај
Алтернативна траса „Комуна“, „Гоце Делчев“) – влезе во сферата на погрубите претпоставки. Таквата констелација овој јазол го претвора во потенцијално ранлив елемент чиј капацитет во најхрабрите визии би требало да се спасува со трансформација на класичната четирикрака во кружна крстосница! Ослободен од естетика за сметка на перспективната функционалност, финалниот производ ја запазува тематската окосница за комплетирање на една важна градска примарна лонгитудинала. Посебен успех стручниот труд рефлектира во делот на речиси потполното избегнување на постоечките станбени и производствени објекти, со што е задоволено основното барање кое го „чуваше“ влезот во оваа мала авантура. Крстосничката Хидра на левиот брег на р. Вардар претставува резултантна неминовност на преклопувањето на ГУПовското и алтернативното решение. Овој невозможен јазол, секако ќе биде прочистен од страна на наредниот ГУП (2022, отпаѓа зелениот коридор), но до тој момент ова коридорско дуо ќе мора да стане составен дел на планските акти од пониско ниво, блокирајќи ја на тој начин можноста за догледен плански развој на резиденцијалниот субстандард кој, со ваквата
планско-проектна кристијанија, останува, нели, „спасен“ ... И ПОСЛЕ ПАЈКАТА – ПАЈКА? Во пространите сленговски лавиринти поимот пајка („патка“) претставува синоним за измама, а најчестата форма за нејзина визуелизација како предмет достапен за сите е токму жолтата пајка. Лицемерието би било на слатка добивка доколку не признаеме дека овој орнитолошки примерок и предолго колва јалови ветувања удобно вгнезден во осојните Ќерамидници, Маџир и останати маала. Преземениот студиско-проектен мултитаскинг претставуваше шанса за пресврт во судбината на овие непрежалени урбани легенди. И сè уште претставува, под услов да собере сили и да се измолкне од кабинетската фиока во која, заради „повисоки
Жолта пајка
цели“, некаде од јуни 2015 година е забункериран! Селективниот третман на просторот на градот Скопје при кој поедини, па дури и централни зони со децении се фиксирани на развојните маргини, поседува црти на детериторијалност која врши дерогирање на дел од виталните транспортни сегменти. Ретроградната мешавина од исклучиви т.е. подложни на интензивен планерски третман и ини зони се сведува на долгогодишно копирантско мултиплицирање на делови, па дури и цели примарни сообраќајници без нивна соодветна операционализација. Овој долгогодишен однос е предворје за ликвидација на соодветните содржини во соодветниот простор, која токму во случајот на локалитетот „Ќерамидница“, градскиот хоризонт, наместо со елегантна супраструктура приспособена на современото урбано егзистирање, го „закити“ со индустриски оџаци. n 25 ноември 2016
ПОРТА
51
енергетска ефикасност
ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО АРХИТЕКТУРАТА (6)
Надворешна транспарентна топлинска изолација нема разлика во температурата на околината споредена со онаа на крзното на мечката. Значи, крзното на Слика 6: поларните мечки не ја зрачи телесната топлина и Поларна апсолутно ги штити од студ. Овој феномен се должи на мечка структурата на влакната: тие се шупливи, со микрошуплини исполнети со воздух, но, исто така, влакната на крзното се речиси апсолутно транспарентни и лесно ја спроведуваат сончевата светлина до темната кожа под крзното и го загреваат. Значи, краткобрановото сончево зрачење се претвора во долгобраново топлинско зрачење и ја грее мечката. Ова сознание е основа за креирање на транспарентна топлинска изолација која всушност го имитира она што природната еволуција и го подарила на поларната мечка. Соларната транспарентна топлинска изолација е варијанта на КСиНТИ, која покрај функцијата за топлинска заштита, дизајнирана е и за користење на сончевите топлински добивки. Со употреба на оптимална топлинска изолација, енергетски ефикасна зграда има намалени потреби од топлинска енергија, но истовремено и потреби од максимално пасивно користење на сончевата енергија. Транспарентната топлинска изолација ги има и двете овие функции: ги намалува топлинските загуби низ фасадните ѕидови но истовремено служи и како „извор“ на топлинска енергија за греење. Работи на сличен начин како голем соларен колектор: црниот слој за апсорпција во директен контакт со ѕидот ја претвора сончевата енергија во топлина и ја пренесува понатаму низ ѕидот. Значи, во случајот, надворешниот ѕид под изолацијата служи како акумулатор на топлината. За д-р Петар НИКОЛОВСКИ, изолацискиот ефект се грижи проѕирен слој од многу тенки акрилни дипл.инж.арх. цевчиња, меѓусебно компактно хоризонтално поврзани и секое од нив асадните композитни системи за надворешна при врвот кон надвор е затворено со стакласто тело. Зад целиот овој транспарентен систем се наоѓа црниот апсорпциски слој (Слика 7). топлинска изолација (КСиНТИ) имаат ефикасна улога во намалување на топлинските загуби во зима. Меѓутоа, Слика 7: Соларни тие немаат можност да ја користат интервали на соларната топлинска енергија, северна бидејќи како што во зима го хемисфера попречуваат протокот на топлината од внатре кон надвор, исто така во лето го попречуваат и сончевиот топлински проток кон внатре. Постои ли начин да се најде компромис помеѓу овие две барања? Решение на ова контрадикторно барање го понудила природата. Долгогодишно сознание е дека поларната мечка (Слика 6), чија животна средина е многу сурова, со зимски температури неколку десетици степени Целзиусови под нулата, никогаш не трепери од студ ниту може да замрзне. На инфрацрвени фотографии направени со термографски камери, освен мал дел од муцката, телото на мечката не зрачи никаква топлина и
Ф
52
ПОРТА
25 ноември 2016
енергетска ефикасност
Слика 9: Фасада со транспарента топлинска изолација
Слика 8а Ефекти од транспарентна изолација
Слика 8б Температурен дијаграм на транспарентна изолација
површини со транспарентна изолација во однос на целиот ѕид. Така на пример, ѕид со 50% транспарентна изолација и со западна ориентација, годишно може да има топлински добивки од околу 70 kWh по квадратен метар од транспарентната површина, а со јужна ориентација околу 120 kWh/m2. Јужните фасади со вградена транспарентна изолација на површини со различна форма и големина може да имаат интересни архитектонски ефекти, кои на ваквите објекти им даваат специфичен изглед (Слика 9). >>
Слика 8в Температурен дијаграм на нетранспарентна изолација
За сметка на оваа функција, намалена е изолациската моќ на транспарентната изолација, односно коефициентот λ има вредност околу 0,08 W/(m•K), што е за два пати повисока од вредноста за стиропор, т.е. изолациската моќ е два пати послаба. Основните ефекти од транспарентната изолација се манифестираат со апсорпција на топлината во апсорпцискиот слој со црна или темна боја од задната страна на изолацијата и натамошно акумулирање на сончевата топлина во ѕидот на кој таа е монтирана. Од тие причини, температурниот дијаграм на транспарентната изолација значително се разликува од дијаграмот на нетранспарентната (Слика 8а, 8б и 8в). Транспарентната изолација во летниот период има несакани последици заради прегревање на основниот ѕид. Компромис помеѓу позитивните зимски и негативните летни ефекти се постигнува со надворешно механичко засенчување во зависност од упадниот агол на сончевите зраци, со намалување на интензитетот на затемнетоста на апсорпцискиот слој и со намалување на процентот на ѕидните
Слика 10: Модифициран Тромбеов ѕид (F. Koester) 25 ноември 2016
ПОРТА
53
енергетска ефикасност
Слика 11: Зимски солариум
Слика 12:Ултра нискоенергетска куќа во Дурбах, Германија (Durbach, Germany)
Од напред изнесеното, следи логичен заклучок дека транспарентната изолација нема ефекти ако е поставена на ѕидови со северна ориентација. Максимални ефекти со транспарентната изолација се постигнуваат на јужните фасадни ѕидови и делумно на ѕидови со источна и западна ориентација.
користи водата. Водата има неколку пати повисок топлински капацитет од, на пример, бетонот како материјал за акумулација на топлината, и поради интензивната конвекција во водата, пренесувањето на топлината е многу побрзо.
ТРОМБЕОВ ЅИД Францускиот инженер Félix Trombe во 1965 година изгради куќа со темен ѕид на јужната страна, кој го доби името Тромбеов ѕид. Со помош на ваков ѕид Тромбе ја демонстрираше можноста за ефикасно претворање на пасивното сончево зрачење во топлинска енергија за греење на внатрешните простории. Принцип на кој функционира Тромбеовиот ѕид е прикажан на Слика 10. Сончевите зраци минуваат низ стаклото, паѓаат на термичкиот ѕид кој го загреваат и неговата топлина минува во внатрешноста. Всушност, Тромбеовиот ѕид претставува сончев колектор кој ја апсорбира и акумулира топлината, бидејќи тој се изведува од материјали со голем капацитет за апсорпција на топлината (камен, бетон), којашто преку систем канали се спроведува во внатрешните простории како дополнение на топлината добиена од други извори. На сличен принцип функционираат и течни колектор-акумулирачки ѕидови, каде како средство за акумулација на топлината обично се Проект ИНТЕГЕР Maidenhead, Обединето Кралство INTEGER Project, Maidenhead, UK
54
ПОРТА
25 ноември 2016
ЗАСТАКЛЕНИ ПРОСТОРИ (ЗИМСКИ ГРАДИНИ, СОЛАРИУМИ) Ефектот на стаклена градина, којшто во летниот период е непожелен, во зимскиот период може да придонесе за пасивно користење на сончевото зрачење преку топлински добивки и намалување на потребите за греење. Зимските застаклени градини од монтажно-демонтажен тип, кои се интегрален дел од куќа, даваат големи можности за пасивно користење на сончевата енергија и истовремено претставуваат тампонски простор во зимскиот период, поради големите температурни разлики помеѓу ниските надворешни и високите внатрешни температури. Во летниот период, кога обично нивната функција не е потребна, лесно се демонтираат или отвораат за проветрување (Слика 11). Веќе опишаните својства на различните типови на енергетскоефикасни застаклувања кај прозорците, со оптимални резултати може да се применат и кај зимските застаклени градини. Ова особено е практика кај нискоенергетските и пасивните згради (Слика 12 и Слика 13). n
Имајте доверба во Кнауф. Чувствувајте се заштитен. ǁDzǦǣ ȒǨ ǬǫǤǬǨ dzDzǪǣǴ, ǵǨǮDzȋǣ ǵǨǮǷDZǧǣ Ǩ ǧǴǣǦDzǺǨDZǣ. ƾǣǶDzǣ dzǴǨdzǷǼǶǨǶǨ ȋǣ ƸǣǼǣǶǣ ǧDzǥǨǴǤǣ ǥDz DZDzǥǣǶǣ dzǴDzǦǴǣǰǣ dzǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǴDzǬǫǥDzǧǬ Dzǧ ǨǥǴDzdzǵǮǬDzǶ ǥDzǧǨǻǮǬ ǤǴǨDZǧ ǫǣ dzǴDzǬǫǥDzǧǵǶǥDz DZǣ ǦǴǣǧǨǪDZǬ ǰǣǶǨǴǬȋǣǯǬ: Knauf FireWin. ƾǦDzǯǨǰǨǶǨ ȋǣ ǤǨǫǤǨǧDZDzǵǶǣ DZǣ ǯǷȐǨǶDz Ǭ DzǤȋǨǮǶDzǶ. z z z z z
70
70
ПОРТА
26 декември 2014
džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ dzǯDzǻǬ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ ǥDZǣǶǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴǨDZ ǰǣǯǶǨǴ ǫǣ DZǣǧǥDzǴǨǼDZǣ ǷdzDzǶǴǨǤǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǣ ǤDzȋǣ džǴDzǶǬǥdzDzǪǣǴDZǬ ǰǣDZǪǨǶDZǬ
www.knauf-firewin.com
ПОРТА
екологија
PRONASEM 2016, БУКУРЕШТ
Науката од регионот наспроти еколошките предизвици Во настојувањето да се најдат одржливи решенија за еколошките проблеми, најважно е проблемот да се идентификува во неговата вистинска светлина, без маска
В
Даниела МЛАДЕНОВСКА о првата половина од ноември, Букурешт беше домаќин на шесттата по ред меѓународна Конференција за заштита на природните ресурси и управување со животната средина PRONASEM 2016 (Protection of Natural Resources and Environmental Management: The Main Tools for Sustainability). Конференцијата е во организација на Балканската асоцијација за заштита на животната средина B.EN.A (Balkan Environmental Association), романската Академија на науките (Romanian Academy) и Политехничкиот универзитет од Букурешт (Polytechnic University of Bucharest - UPB). Свеченото отворање се одржа во грандиозната сала на Академијата (Aula Magna), додека сите тематски сесии беа во конференциската сала на библиотеката во рамките на Академијата (Romanian Academy Library), сместена непосредно до седиштето на Академијата. Уште од 1867 година (самата Академија е основана во 1866 година), библиотеката е ризница на околу седум милиони книги, над 4,5 милиони документи на микрофилм, голем број калиграфски и уметнички збирки, стари
56
ПОРТА
25 ноември 2016
ракописи од византиско време и сл. Во збирката дела со уметничка вредност се вбројуваат и оние потпишани од Рембрант, Делакроа, Гоја и др. Асоцијацијата B.EN.A е непрофитна и невладина научна организација формирана во Солун 1998 година, со цел развивање научен пристап во решавање на еколошките проблеми на Балканот и предлагање на одржливи решенија за поквалитетна животна средина во регионот. Во рамките на B.EN.A, а секако и на конференциите што асоцијацијата ги одржува, учесниците се организирани во секции според специјалноста (инженери, лекари и сл.), но преку заедничка соработка сите се стремат кон истата цел - одржливи технички решенија и одржливи политки за подобра животна средина и подобро здравје на луѓето. Издава и свое научно списание со импакт фактор. На овогодишната конференција, покрај присуството на голем број научни работници од балканските земји (Бугарија, Романија, Македонија, Србија, Грција, Албанија, Хрватска и Турција), со свои трудови земаа учество и научници од Чешка, Унгарија, Молдавија и Словенија, а особено треба да се истакне дека меѓу поканетите предавачи беше и Emmanuel Tsesmelis, физичар од престижниот ЦЕРН (CERN - the European Organization for Nuclear Research) од Женева и визитинг професор на Универзитетот Оксфорд. Имено, токму лабораторијата на ЦЕРН претендира да стане модел за истражувачки центар со највисока еколошка свесност, преку бројните одржливи решенија кои ги имплементира. Се разбира, најголем број трудови беа презентирани од учесници од земјата домаќин, а се однесуваа на штетното влијание на поморскиот транспорт (загадувањето со јаглеводороди) по делтата на Дунав и Црно Море, квалитетот на водата во Дунав, решенија за одржлив риболов во Црното Море, користењето на тињата во земјоделството од постројката за третман на отпадни води во Галати, како и загаденоста на почвата со тешки метали во индустриските области во Романија. Опасностите од
екологија
азбестот беа тема на интерес на романскиот медицински тим преку анализата на инциденцата на мезотелиома во југоисточна Романија. Турските учесници, исто така, посебен акцент обрнаа на ризиците во Црноморјето и Мермерното Море, со осврт на присуството на тешки метали во рибите од овој регион, што завршуваат како храна на трпезите. Интересно беше и излагањето на тимот од Техничкиот универзитет Карадезниз од Турција, кои претставија студија на случај која ги антиципира ризиците од поплави. Ризиците по биодиверзитетиот во Солунскиот залив и промените во видовите од рибниот фонд, беа тема и во презентираните истражувања од страна на грчките претставници. Истражувачите од Бугарија беа фокусирани на одржливите практики во земјоделството и заштитата на здравјето на потрошувачите преку анализата на влијанието на пестицидите врз промената на некои протеини, како и важноста на балансираното ѓубрење на земјоделските површини. Беше акцентирана и важноста на квалитетот на внатрешниот воздух во објектите, преку анализа која е спроведена во југоисточниот дел на Бугарија (влијанието на индустријата во тој дел посебно рафинеријата во Бургас). Квалитетот на воздухот беше тема и на истражувачите од Хрватска, кои ги претставија резултатите од спроведениот биомониторинг на квалитетот на воздухот во универзитетскиот кампус во Осијек, со користење на лишаи како индикатор,
Во излагањето на проф. д-р Даме Димитровски од Машинскиот факултет во Скопје, беше даден осврт на проблемите со загадувањето на воздухот во Тетово. Индиректно, на квалитетот на воздухот беше посочено и во трудот за еколошките индикатори важни за оценка на опциите за снабдување на природен гас во Македонија (д-р Даниела Младеновска, проф. д-р Ана Лазаревска, проф. д-р Михаил Кочубовски). Група автори од Машинскиот факултет во Скопје и Факултетот за електротехника и информатички технологии - ФЕИТ, се осврнаа на варијациите на сончевото зрачење на балканскиот регион, како и оптималното конципирање на комбиниран систем за греење со максимално учество на соларната енергија. Проф. д-р Зоран Шапуриќ и Филип Ивановски од Универзитетот Американ колеџ во Скопје, претставија предлог решенија за поефикасно третирање на отпадот во депонијата „Дрисла“. Приоритетот на Албанија е заштита на биодиверзитетот во Скадарското Езеро, при што беше анализирано влијанието на фосфорот и фосфорните соедниненија врз намалувањето на концентрацијата на кислород, додека српските научници од Универзитетот во Белград, со посебно внимание ги анализирале концентрациите на штетните елементи во јагленовата прашина од активните рудници во Србија, како и нивното влијание врз човековото здравје. Зелените паметни градови како и зеленото урбанистичко планирање, исто така беа предмет на интерес на овој настан, а како посебно интересно излагање во овој дел треба да се истакне Студијата за ефектот врз животната средина од илуминацијата на историските објекти во Турција. Во фокусот беше и прашањето на одржливо архитектонско планирање во чекор со негативните ефекти од климатските промени, оптималниот број на население како услов за одржлив град, како и концепти за одржлив туризам. На крајот, наместо заклучок, веројатно најсоодветна е следната констатација: Во настојувањето да се најдат одржливи решенија за еколошките проблеми, најважно е проблемот да се идентификува во неговата вистинска светлина, без маска. Не само што така работи светот, туку ете и регионот веќе се приклучува. Оваа конференција беше можеби редок пример, но одличен доказ за поткрепа на тврдењето. n
25 ноември 2016
ПОРТА
57
екологија
ДРЖАВАТА НЕ Е ДАЛЕКУ ОД ПОДАТОЦИТЕ НА СВЕТСКАТА МЕТЕОРОЛОШКА ОРГАНИЗАЦИЈА
Македонија нема да ја спаси планетата, но мора да се спаси себеси Од Светската метеоролошка организација велат дека јаглеродниот диоксид е „проблем број еден“ затоа што се задржува илјадници години во атмосферата и уште подолго во океаните, а тенденцијата на пораст ќе продолжи и оваа година
В
Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА оздухот никогаш не бил позагаден со јаглерод диоксид, главниот гас што го предизвикува ефектот на стаклена градина, отколку во 2015 година. Концентрацијата на јаглерод диоксид и претходно ја достигнувала горната граница на некои локации и само во некои месеци од годината, но никогаш досега тоа не било на светско ниво и во текот на целата година, соопштуваат од Светската метеоролошка организација во својот годишен извештај за стакленичките гасови за 2015 година. Дали ваквата ситуација му се повторува на светот и оваа година? Според информациите што секојдневно се појавуваат во медиумите, дека повеќето држави бараат можни решенија за намалување на загадувањето, затвораат
58
ПОРТА
25 ноември 2016
училишта, забрануваат возење автомобили, се укажува дека ситуацијата во 2016 година може да биде дури и полоша. Според извештајот на Светската метеоролошка организација, во 2015 година просечното рекордно ниво на јаглерод диоксид во атмосферата ја надминало
симболичната граница. Каде е Македонија во оваа приказна? Како што објаснуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање, поради статусот на земја во развој и поради многу малиот удел во испуштање стакленички гасови
eкологија во атмосферата на светско ниво, државата нема никакви обврски да ги намалува емисиите. Сепак, бидејќи земјата се соочува со големо загадување, особено во градовите што секоја зима потонуваат во смог, како Скопје, Тетово, Битола и Кичево, таа мора да се обиде да ја запре, колку што е можно, употребата на фосилни горива, како нафта и јаглен, за да се подобри состојбта. „Како држава во развој, Македонија нема обврска да ги намали емисиите на стакленички гасови, вклучувајќи го и јаглерод диоксидот, како и еквивалентните емисии на јаглерод диоксид. За договорот од Париз, државата подготви детална анализа за можниот придонес кој може да го даде, меѓутоа, додека Владата не го ратификува него, државата нема обврски. Република Македонија ги достави своите Национални придонеси кон климатските промени, во согласност со Одлуката на Владата на 28 јули 2015 година, како 23-та земја во светот“, информираат од МЖСПП. Од Светската метеоролошка организација велат дека јаглеродниот диоксид е „проблем број еден“ затоа што се задржува илјадници години во атмосферата и уште подолго во океаните. Тенденцијата на пораст ќе продолжи и во 2016 година, наведуваат од организацијата врз основа на информациите од најстарата станица за мерење на гасови со ефект на стаклена градина која се наоѓа на Хаваи. Според наодите од таа станица, концентрацијата на јаглерод диоксид ќе остане
над горната граница во текот на целата оваа година и нема да се спушти под тоа ниво и во наредните години. Од македонското Министерство за животна средина и просторно планирање велат дека и покрај тоа што немаат обврска, тие веќе имаат планови за намалување на емисиите на стакленички гасови. „Заради изразената употреба на фосилни горива, пред сè доминантното учество на домашниот лигнит за производство на електрична енергија, во земјата постои значителен потенцијал за намалување на емисиите на стакленички гасови. Токму заради тоа, фокусот на македонскиот ИНДЦ е ставен на ублажувањето на климатските промени, односно на политиките и мерките што водат до намалување на емисиите на стакленички гасови. Според инвентарот на стакленички гасови, скоро 80 отсто од вкупните емисии на стакленички гасови се јаглерод диоксид емисии од согорувањето на фосилни горива, со доминантно учество на секторите снабдување со енергија, згради и транспорт“, објаснуваат од МЖСПП. Меѓутоа, додаваат од таму, тоа не значи дека адаптацијата кон климатските промени е помалку важна. Ранливите сектори и адаптацијата кон климатските промени ќе бидат предмет на подетални анализи во иднина од аспект на ИНДЦ потребите. Македонија, според одлуката на владата, има намера да го даде својот придонес во >>
ПОРТА
глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови. Според надлежните, треба да се намалат емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива за 30, односно за 36 отсто при повисоко ниво на амбиција, до 2030 година во однос на референтното сценарио. Емисиите на јаглероден диоксид од согорувањето на фосилни горива покриваат речиси 80 отсто од вкупните емисии на стакленички гасови, со доминантно учество на секторите снабдување со енергија, згради и транспорт. Од МЖСПП велат дека постои и план како сето тоа да се направи. Документот „Национални придонеси кон климатските промени“ е заснован на сите постоечки планови во земјата кои водат до намалување на емисиите на стакленички гасови. Како таков, тој мора да е усогласен со постојните стратешки и плански документи и ги одразува моменталните политики во релевантните сектори, главно во секторот енергетика како највлијателен сектор во овој поглед. Со имплементација на мерките што се анализирани, ќе се постигнат планираните намалувања на емисии на јаглерод диоксид“, додаваат од МЖСПП.
ПОРТА
Тие велат дека во периодот 2015-2030 година, за реализација на сценариото за ублажување на климатските промени, потребните дополнителни инвестиции се проценети на 4,2 милијарди евра, додека за реализација на поамбициозното сценарио за ублажување на 4,5 милијарди евра. „Освен од сопствени вложувања, реализацијата на националните политики и мерки за ублажување на климатските промени ќе зависи и од вклучувањето на домашниот и странскиот приватен сектор, и од пристапот до нови извори на финансирање и зголемена меѓународна поддршка кои би се мобилизирале преку нови финансиски механизми за климатските промени, како што е Зелениот климатски фонд. Македонија ги следи преговорите во Помошното тело за научни и технолошки совети при УНФЦЦЦ за рамката за воспоставување на Нов пазарен механизам, како и на не-пазарни пристапи. Откако тие ќе бидат усвоени, Македонија ќе ги разгледа можностите за нивно користење за реализација на своите цели за ублажување на климатските промени“, велат од Министерството.
ПМ 10 ЧЕСТИЧКИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ПОБЛИСКУ ДО ВАЛКАНАТА ИЛЈАДАРКА Пред една година активисти за чист воздух организираа протести апелирајќи дека во Македонија веќе не се дише. Но, протестите останаа забележани само од оние што секојдневно се трудат да преживеат во отровите. Надлежните останаа без зборови и конкретни дела. Затоа по социјалните мрежи почна секојдневно изнесување на податоци за загадувањето. Загаденоста со ПМ 10 честички не се симна од трицифрен број, а во одредени денови во Тетово беше многу поблиску до валканата илјадарка. Скопските Центар и Карпош речиси секогаш беа над 292, па дури и 483, 534, 553, 696 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички. Ништо подобра не е и состојбата во Аеродром, Ново Лисиче и Автокоманда. Најгорната препорачана вредност на Светската здравствена организација на ПМ 10 честичките е 50 микрограми на метар кубен, а за ПМ 2,5 е 10 микрограми на метар кубен. Бројките од извештајот на СЗО за минатата година покажаа дека во Лондон ПМ 10 се 22, во Ливерпул 14, во Тирана 32, а во Софија 43. Најзагаден град во светот е нигериското пристаниште и транспортен центар Онтиша, каде се достигнати 594 милиграми ПМ 10 честички и 66 милиграми ПМ 2,5. А, во меѓувреме народот во речиси сите градови ќе се гуши од загадувањето. Облаците чад од оџаците ќе бидат секојдневие, издувните гасови од автомобилите се зголемуваат, градилиштата се „расфрлаат“ со прашина по сообраќајниците, а Македонија го чека моментот на ратификација на договорот за климатски промени, за да почне да дејствува. од дното и да го намалува загадувањето. n
ПОНЕДЕЛНИК и СРЕДА
од 21:00 до 22:00 часот на КАНАЛ 77
ПОРТА
инфраструктура Драган РИСТОВ 8.ЕШИМА-ОХАШИ ПАТ - ЈАПОНИЈА Иако е долг пет километри, сепак постои една делница која поминува преку мост кој го прави патот Ешима-Охаши еден од најтешките на светот. Таа делница е само 1,2 километри, но поминува преку мост кој можеби е најопасниот, и најчуден за возење. На едната страна има искачување (нагиб) од 6,1 %, додека на спротивната страна има спуштање под агол од 5,1%. Тоа практично значи, без добри очи и сопирачки тешко дека ќе се помине овој дел од патот без да се удри во автомобилот пред себе или неконтролирано да се слета по него. Причината поради која патот оди низ вака есктремно лаково-зголемување е за да се овозможи непречено поминување на бродовите и чамците под него. Патот а и мостот ги поврзуваат градовите Матсуе и Сакаиминато во Јапонија.
ОВА СЕ ОСУМТЕ НАЈОПАСНИ ПАТИШТА НА СВЕТОТ Велат, патиштата се крвотокот меѓу државите па и во една држава. Без нив, нема комуникација, нема економија, нема успех. Но, кога се патува по безбедни патишта, тоа е можеби најголемото задоволство за секој возач, но често пати од објективни причини, инженерите и градителите не можеле да ги исполнат комплетно безбедносните мерки и услови. Таков е примерот со овие осум патишта кои според „Порта 3“ можат да се сметаат за најопасните во светот.
ПОРТА
инфраструктура
6.ПАСАЖ ДЕ ГУА (ПРЕМИНОТ ДЕ ГУА) - ФРАНЦИЈА Овој пат во должина од 4,3 километри го поврзува копното со островот Нориматур во Фрнација на Атлантскиот брег. На почеток кога ќе го видите патот, ќе помислите и дека не е толку лош, но почекајте да дојде плимата па ќе видите што е суштината. Едноставно, половина од патот го голта океанот. Двапати во денот овој пат е под вода, така што може да се помине исклучиво ако налетате во време кога плимата сè уште не дошла. Ако почнала а вие веќе сте на патот, лесно може да ви се случи додека да дојдете до крајот, возилото да ви биде во вода до врата. Што се однесува до зимскиот период, лесно може да се случи да заглавите во мраз, а тоа значи лизгање и излетување од патот.
7.СТЕЛВИО ПАС - ИТАЛИЈА Лоциран во Италија, „Стелвио пас“ се смета за најопасниот пат со должина од 18 километри кои поминуваат како змија низ стрмен планиски предел. Патот има дури 48 остри свиоци од кои некои имаат дури и агол од 180 степени. Највисокиот дел на патот избива на височина од 9000 стапки или 2,7 километри и поминува низ источните Алпи. Ако не се внимава добро, лесно може да се случи на овие остри свиоци да се пробие бетонската ограда и да се излета од патот. Сообраќајницата е отворена само во периодот од јуни до септември, значи само 4 месеци, имајќи предвид дека со есента доаѓа и дождот а коловозот е влажен, што уште повеќе го зголемува ризикот од излетување. Затоа и возењето во зима се смета за потпишување на сигурна смртна казна кај возачите.
5.ТАРОКО ЏОРЏ - ТАЈВАН Овој пат е дел од автопатот број 8 и се смета за најсмртоносниот пат во Тајван. Патот буквално е издлабен низ планината во еден вид на пештерски дупки за да има потпора и стабилност од самата планина. Од друга страна, самиот пат е стрмен а поројните дождови честопати предизвикуваат лизгање на земјиштето. Но тоа не е сè. Самиот пат има многу остри кривини од 90 степени кои се укажуваат ненадејно, па ако имате неприспособена брзина лесно може да излетате од патот. Тоа многу пати се случувало и било не толку опасно кога лево или десно имате блокада или рамен дел, отколку ако налетате на острите кривини во делови над клисурата, па имало случаи кога возилото буквално летало во реката од 15-ина метри височина. 25 ноември 2016
ПОРТА
63
инфраструктура
4.ХАЛСЕМА АВТОПАТ - ФИЛИПИНИ Сместен на надморска височина од околу 2000 метри се смета за најризичен, посебно во март и април. Тоа е затоа што тешките дождови предизвикуваат лизгање на земјиштето во кое освен камења честопати се случува да се лизгаат и карпи тешки десетици тони, кои буквално кинат парчиња од патот како да се од лист хартија. Она што се јавува како предизвик за возење по овој пат е фантастичниот поглед кој се пружа кон долината. Но малкумина знаат дека на автопатот Халсема проблем е кога ќе се сретнат два автобуса, па заради нивната тежина комбинирано со ослабувањето на делници од патот, лесно може да се случи едиот да „потоне“ и да се стрмоглави стотина метри низ провалијата.
Impatiens bequaertii 3.ТИЈАНМЕН ПЛАНИСКИ ПАТ - КИНА Овој пат можеби и треба да биде на врвот на листата, но се наоѓа некаде на средина, пред сè заради безбедносните мерки кои властите ги имат преземено. Патот е долг 11 километри, но од почетокот до крајот има искачување на нивото на самиот пат од неверојатни 1100 метри! Ова посебно доаѓа до израз за болните од срце, кои ја чувствуваат нивелацијата и промената на притсокот не само во главата туку и во градите. Второ, мошне важно е што патот нема класични заоблувања, туку остри свртувања кои, верувале или не, се вкупно 99 на број. Заради тие екстремни свиоци, се случува возачи кои лесно притискаат на педалата за гас да направат судир или, иако се поставени тешки граничници долж целиот пат, се случува надгледување на околината и уживање во погледот да предизвика излетување од патот. 64
ПОРТА
25 ноември 2016
инфраструктура 2.ЗОЏИ ЛАПАС - ИНДИЈА Ова не може ниту да се нарече пат, со оглед на состојбата во која се наоѓа, но имајќи предвид дека нема друга сообраќајница која ги поврзува градовите Ладах и Кашмир во Индија, тогаш мора да се прифати фактот дека ова е пат, макар што нема асфалт. Патот е долг 9 километри и се простира 3,5 километри над нивото на морето, низ опасна стрмна планина. Временските прилики се најопасниот противник на возачите на овој пат, бидејќи како пречка може да бидат и силните ветрови и високиот снег исто како и одроните на гломазните карпи. При возење низ овој пат, на возачите им се препорачува да користат возила со погон на четири тркала, но дури и кога се тие во прашање, ретката кал може да биде кошмар и да заглавите со часови. Замислете што би се случило со возила на погон на само две тркала и тоа во периоди кога имате дебел снег или тенка кал. Но, не залажувајте се дека убавото време и сонце ќе ви го олеснат патувањето. Напротив, кривините и нивелацијата посебно при средба со тешки возила, можат да значат опасност по животот бидејќи патот нема заштитни браници, па лесно може да се случи при разминување да паднете во клисурата со малите одрони предзивикани од вас.
1.АТЛАНТЕРХАВСВЕИН - НОРВЕШКА
Во превод, ова значи „Океанско-атлантски пат“ и се наоѓа на самиот брег на Норвешка. Низ туристичките магазини, пишува дека овој пат е нешто неверојатно за да се види или да се вози по него, заради убавината и изненадувањата што ги нуди, но од безбедносен аспкет, тешко дека може да се даде таков совет. Возењето по патот за време на немирно море е исто како играње по ивица на вулкан. Лесно може да се падне секој момент од десетина причини. Патот се простира низ неколку помали островчиња кои се поврзани токму благодарение на овој пат кој е во должина од над 6,5 километри. Значи, ако излетате заради лизгав коловоз, неминовно завршувате во океанот, а во зависност од делницата ќе зависи и висината од која ќе паднете. Уште поопасно е што високите бранови честопати се прелеваат или удираат на патот, што значи лесно може да се случи да бидете исфрлени од мост или од самиот пат, и директно да слетате во океанот или на карпи!
ПОРТА
aрт и дизајн
ИЗЛОЖБА UNDER 35 ITALIAN DESIGN, БУЕНОС АИРЕС
Дизајнот е се повеќе професија на масите Дизајнерите застапени на изложбата UNDER 35 italian design, веќе не го сметаат дизајнот и архитектурата како политички манифест, туку поддржуваат модели и техники кои се чувствителни на темите за еколошка и економска одржливост, и вложуваат многу во самите себе и сопственото формирање. И покрај цврстата вкоренетост во италијанската традиција, тежнеат да комуницираат со светот и во поголема мера ја усвојуваат глобалната отколку локалната димензија
(Специјално за Порта3 oд Буенос Аирес)
Силвана АНИКЈАРИКО, директор и куратор на Triennale Design Museum, Милано
66
ПОРТА
25 ноември 2016
В
о новоизградениот павилјон на музејот за архитектура MARQ во Буенос Аирес, поставена е изложбата UNDER 35 italian design, посветена на младите италијански дизајнери на возраст под 35 години. Организатори на изложбата се Triennale Design Museum во Милано, Музејот за архитектура MARQ во Буенос Аирес, Италијанскиот институт за култура во Буенос Аирес и Италијанската амбасада во Буенос Аирес. Изложбата трае во периодот ноември-декември 2016, а нејзин куратор е Силвана Аникјарико, директор и куратор на Triennale Design Museum во Милано. Италија не е земја на младите, или подобро кажано поголемиот дел од минатиот век, Италија не беше наклонета кон младите. Пред 10 години, поточно во 2007 година, кога ја подготвував изложбата The New Italian Design во рамките на Триеналето во Милано, таа беше посветена на новиот и младиот италијански дизајн, сфатив дека поголемиот дел од историјата на италијанскиот дизајн на минатиот век, беше поправо историја на Татковците а не на Децата, односно беше повеќе историја на Мајсторите, отколку историја на Учениците, историја на Старите а не и Младите. Кажано уште порадикално, се работеше за историја на Татковци без деца, за Мајстори без ученици, и за Старите без генерациска смена. Дизајнерските мајстори родени пред Првата светска војна (Каца, Доминиони, Кастиљони, Манѓароти,
Џуљелмо Брамбила, 2015
Маѓистрети, Занусо, Ауленти) немаат образувано (свои) ученици. Овие мајстори повеќе претпочитале да креираат една нова столица отколку да образуваат еден нов ученик. Дури и ретките дизајнери кои помеѓу 60-тите и 70-тите години на минатиот век се обидувале да ја „нападнат“, макар и само теориски, хегемонијата на мајсторите и да го нападнат нивниот евидентен индивидуализам, пред сè, со креирањето на групни експерименти во колективното проектирање (притоа тука мислам на искуствата на групите како „Мемфис“ или Arkizoom), на крајот не успеале да создадат никаков генерациски премин. Ниту Еторе Сотсас, ниту Алесандро Мендини, без оглед што ги имаат втемелено студиите, не успеале да генерираат „сопствени“ деца. >>
Џакомо Мор, 2016
ПОРТА
aрт и дизајн
Музејот за архитектура MARQ во Буенос Аирес
Томасо Калдера, 2015
68
ПОРТА
Сето тоа, во продуктивниот систем, нужно испровоцирало вртење кон странците за да се избегнел ризикот со новите генерации. Подобро „легија на странци“ отколку автохтони сили – така, италијанските дизајнери од средната генерација повеќе се насочиле кон истражувањето, а не кон самата продукција, како што впрочем имаат направено секој од нив на свој начин Улиан, Јакети, Дамиани, Контин, Пецини, Доната Перучини... Изложбата The New Italian Design тргнуваше токму од тука - од анализата на оваа историски одредена состојба, како и од фактот што до одредена точка, крајот на генерацијата на учителите се совпаѓа со преобликувањето на дизајнот како професија на масите. Од оваа истргната слика произлегуваат многуте јазици и спротивставени однесувања. Но, исто така, од овие различности произлегува и еден единствен и оригинален став. Јасно е дека оваа генерација одлучила да работи предмети кои се лесни, рафинирани, иновативни, со низок експресивен профил - неинванзивни и често со нејасна стилистичка и употребна дефиниција. Тоа се проекти осудени да бидат на неистражените маргини од оваа економија на домаќинствата, целосно игнорирана низ целиот 20 век, но со големо значење во дефинирањето на квалитетот на домувањето, вон системите на уредувањето. Не се работи за една дефетистичка стратегија, туку за сведоштво на превладување на старите митови на големосериското производство,
25 ноември 2016
Лучија Масари, 2014
специјализираниот функционализам, во доменот на високата технологија, во полза на еден повеќе провизорен универзум, реверзибилен и ироничен. Изложбата The New Italian Design беше всушност изложба која сведочеше за доаѓањето на нова економија, која можеби е помалку индустриска, а повеќе релационистичка и динамична. Современиот дизајн е ситуиран и оперира во една парадигма потполно различна од онаа од времето на Мајсторите, каде што културата на проектирање била насочена кон реализација на довршен производ, функционален и дефинитивен. Денес, меѓутоа, дизајнот на одреден начин станал - професија на масите - каде се генерираат процеси и иновација повеќе од самите прозводи. Предметите реализирани од Мајсторите беа неспорни - на довршен и перфектен начин ги остваруваа големите потреби на Модерната. Наспроти нив, денешниве дизајнери се повеќе необврзувачки, емоционални, изненадувачки. Огледало се на нашето време, во кое потребите се опишуваат на променлив начин, ликвиден и недопирлив. Иронијата што превладува кај поголемиот дел од изложените парчиња на изложбата произлегува токму од ова сознание. Се работи за артефакти мислени и претпоставени за заситен и зрел општествен простор. Мајсторите работеле во општество во растеж, кое
aрт и дизајн постепено се обидувало да ги задоволи сопствените потреби. Денес, тие примарни потреби се совладани, така што на нивно место се појавува потреба за ширење, за воспоставување на релација, линк, потреба да се комуницира. Дизајнерите застапени на изложбата UNDER 35 italian design, веќе не го сметаат дизајнот и архитектурата како политички манифест, туку поддржуваат модели и техники кои се чувствителни на темите за еколошка и економска одржливост, и вложуваат многу во самите себе и сопственото формирање. И покрај цврстата вкоренетост во италијанската традиција, тежнеат да комуницираат со светот и во поголема мера ја усвојуваат глобалната отколку локалната димензија. Прашањето за естетиката станува битно прашање. Новите проектанти се често означувани како генерација на млади политички неоптоварени хедонисти. Во стварноста, младите дизајнери гледаат еден грд и погрешен свет и бараат начин да го променат, па и со едноставни гестови, проектирајќи една столица или една играчка. Во оваа смисла, нивната многуструка, независна и очигледно ненасочувана работа, всушност е резултат на еден спонтан политички проект, кој настојува да ги активира реформаторските стратегии. Друга особеност на оваа генерација е во фактот што преминала од дизајн типично маскулински, логичен и функционален кон дизајн повеќе женствен, независно од полот на проектантите, кој отелотворува деликатност, сензибилност, суптилност и недостижност, најчесто остварено во хармонични и лежерни форми. Се приклонува
повеќе кон Федерика Кастањо и Сара Петручи, 2011 отфрлување на разликите на видовите, а во прилог на дифузен сензибилитет. Младите дизајнери се афирмираат, пред сè, преку сопствена продукција, но не како средство за прикажување на сопственото истражување, туку како пат за формирање на сопствено претпријатије, најчесто преку Интернет и поврзување со Франческо порталите за продажба Меда, 2014 он лајн. Новите дизајнери не се само дизајнери, умеат да дизајнираат во 3Д, познаваат графика, фото, стајлинг, блог, со што се развиваат сè повеќе автономни фирми. Работата на дизајнерите се наоѓа пред една панорама на индустриски претпријатија во криза, особено во областа на секторот за мебел, пазар кој во последните пет години 70 отсто од прометот ја има сменето сопственоста. Ниската рентабилност го насочува вниманието на дизајнерите кон интернационални дизајн галерии и кон мрежите со е-трговија. Федерико Се наоѓаме пред една смела, неинхибирана и љубопитна Анѓи, 2014 генерација. Ослободени од инхибиции, без страв од фантазмата на таткото, проектира не водејќи сметка за преегзистенцијата, без неопходноста да ги цитира претходниците, во еден вид магма каде победува тој што успева да приложи поголем естетски учинок на концептот или кој успева подобро и посилно да искомуницира. А сето тоа придружено со падот и самракот на критиката. Тоа е свет каде сите проектираат. Не се само дипломираните од Политехниката во Милано, туку и графичари кои одлучиле да станат дизајнери на мебел, дипломци од економските факултети, и дури психолози кои се занимаваат со дизајн. Понекогаш изгледа дека е доволно да имаш добар вкус и на дофат еден занаетчија, па да реализираш нешто. Маестро Андреа Бранци веќе има кажано, дека дизајнот е сè повеќе професија на масите. n Превод од италијански јазик: Миро Поповиќ, истoричар на уметност 25 ноември 2016
ПОРТА
Ка
м
69
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА