252

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

252

ЈАНУАРИ 2017

Интервју се Мартин Пановски, архитект, претседател на ААМ Импресии од архитектурата во Јапонија Куќа со посебен режим на живеење

90 ДЕНАРИ


ПОРТА


градежништво

ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ

Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014

4


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 252 ПЕТОК 27.1.2017 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Архитектот Мартин Пановски од неодамна е претседател на Архитектонската асоцијација на Македонија. Од интервјуто со него ќе дознаете за неговото видување на иднината на ААМ, за соработката со Комората на овластени архитекти и инженери на Македонија, за Скопје 2014, за македонската архитектура денес... Тој, меѓу другото, ќе рече: „Зачмаеноста во регионот не мислам дека е на исто ниво како кај нас. Со зачмаеноста ќе мораме самите да се избориме. Во моментов, реализација на Балканско биенале не би ни било нам во прилог бидејќи, гледајќи ги нашите биеналиња во изминативе години, јасен е трендот на сѐ помалку пријавени трудови. Едноставно, во моментов архитектурата кај нас е во криза. Јапонија на подруг начин. Репортажа од Јапонија од човек кој по образование нe е архитект, но е вљубеник во архитектурата. Дејан Колевски, за импресиите од архитектурата во Јапонија, за споевите меѓу традиционалното и модерното и сето тоа со фотографии на кои можат да им позавидат многу автори специјализирани за архитектонски фотографии. Автономните возила се во фаза на експерименти. Апологетите на футуризмот, концентрирани

првенствено во и околу ИТ секторот, немаат дилема – автономните возила масовно ќе ги „параат“ градските улици веќе до 2030-та од две причини: мерливост на иницијалниот бенефит и промптна употребливост кај групите корисници или пак во форма на јавен сервис. Големата годишна награда за архитектура на ААМ за 2016 година ја доби тимот на „Радо инженеринг“. Станува збор за семеен дом, кој тие го насловуваат - Куќа со посебен режим на живеење. И нагласуваат дека: „За успешно дело, покрај архитект, треба да имате нарачател на проект кој знае што сака, како да го добие тоа што го сака и од кого“. Ексклузивно за „Порта3“, интервју со либанскиот архитект Бернард Кури. Тој престојуваше во Загреб во текот на манифестацијата „Денови на Орис“, каде ѝ се претстави на локалната публика со своите проекти. Посматрајќи ги неговите проекти, а пред сè неговиот архитектонски пристап, би можело да помислиме дека се работи за самоук архитект. „Без логика“ е мислата што се наметнува во првиот момент. Сепак, Бернард Кури го завршил факултетот на престижната Rhode Island school of design. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница ОБЈЕКТ - ЛАУРЕАТ НА ГОЛЕМАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА НА ААМ ЗА 2016. ГОДИНА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Темната страна на сопирањето Катна гаража „Смилевски конгрес“ функционален и рационален објект

ǿȞȓȹțȖ ȝȞȎȕțȖȤȖ

графички уредник: Порта3 фоторепортер: Порта3 лектор: Костадинка СОЛЕВА

90 ДЕНАРИ

ПРОЕКТАНТСКО БИРО РАДО ИНЖЕНЕРИНГ ФОТОГРАФИЈА АДРИЈАНА ТИЛИЌ

АРХИТЕКТУРА 12 ИНТЕРВЈУ 18

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

МАРТИН ПАНОВСКИ: СИГУРНО ГУБИТЕ АКО САМО „ПРОТИВНИКОТ“ ВИ ГИ ОДРЕДУВА ПРАВИЛАТА НА ИГРА

БЕРНАРД КУРИ: РЕАЛНОСТА НЕ Е АПСТРАКНА РАБОТА

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

34 26

Печати:

АРХИТЕКТУРА 26

Маркетинг:

СПОЕВИ И СУДИРИ МЕЃУ ТРАДИЦИОНАЛНОТО И МОДЕРНОТО

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ЕНТЕРИЕР 40 КАНЦЕЛАРИЈАТА ТРЕБА ДА ПРЕТСТАВУВА СТИМУЛАТИВНА СРЕДИНА

СООБРАЌАЈ 44 АВТОНОМНИ ВОЗИЛА: УТОПИСКА ДИСТОПИЈА

РЕПОРТАЖА 56

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

КУЌА СО ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ЖИВЕЕЊЕ

АРХИТЕКТУРА 22

251

ДЕКЕМВРИ 2016

Радован Раѓеновиќ, добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за 2016 година

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ

22 50

56

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

БАНКОК, БЕЈБИ!

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 64 ХОТЕЛОТ „ЊУЈОРКЕР“ КАКО ДОМ НА НИКОЛА ТЕСЛА КРИЕ МНОГУ ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо градежништво

Голем проект за реновирање на Ајфеловата кула

А

јфеловата кула ќе претрпи сериозно реновирање преку огромен проект кој ќе трае 15 години, а ќе чини 300 милиони евра. На тој начин, ова здание треба да биде заштитено во децениите што доаѓаат. Изградена пред 128 години како привремена структура за потребите на Светската изложба во Париз во 1889 година, Ајфеловата кула прерасна во глобална икона која секоја година ја посетуваат околу седум милиони луѓе. Но, пред сè, кулата стана симбол на француското единство и во славни времиња и во времињата на големите трагедии.

6

ПОРТА

27 јануари 2017

Проектот вклучува комплетна анализа на структурата, замена на целосното осветлување и лифтовите. Особено внимание ќе се посвети на подобрување на системите за безбедност. Проектот треба да добие согласност од Советот на Париз кон крајот на јануари. Секоја година за редовно одржување на кулата се трошат 13,7 милиони евра, а секоја седма година се врши комплетно бојадисување кое трае 20 месеци и се трошат 66 тони боја. Во јавноста веќе се објавени кандидатурите на Париз за Олимписките игри во 2024 година и Светската изложба во 2025 година. n


инфо градежништво

Прва деловна зграда од дрво во Австралија

В

о рамките на главниот деловен кварт во Сиднеј, реномираната австралиска архитектонска компанија Tzannes and Associates одговорна за проектирање и изградба на седумкатната комерцијалноделовна зграда, неодамна ја комплетирала целокупната конструкција од дрво. Главната носечка конструкција се состои од дрвена рамка и ламелирани греди, а спојните елементи се од челик и претходно се изработени во фабриката „Hess Timber“ во Германија и испорачани директно на градилиштето. Она што ја карактеризира оваа конструкција се композитните носачи направени од три блока залепена ламелирана смрека и внатрешни слоеви од ламелирана дрвена граѓа, кои се специјално развиени за овој проект. Комплексот има вкупна површина од 7900 m². Катовите што се наменети за издавање имаат флексибилни планови на просториите со височина од 2,7 метри. Целта на авторот на овој проект е Ниво 5 од стандардот на одржливост NABERS (National Australian Built Environment Rating System). n ПОРТА


инфо градежништво

2016 година рекордна за високите згради

В Највисока зграда е финанскискиот центар во Гуанжу, Кина

о својот годишен извештај посветен на високите згради, Советот за високи згради и урбани живеалишта Council on Tall Buildings and Urban Habitat (CTBUH) соопшти дека во 2016 година се завршени рекордни 128 згради повисоки од 200 метри. Оваа бројка го надминува претходниот рекорд од 114 згради завршени во 2015-та. Осумнаесет од овие згради станале највисоки во своите градови, земји или региони, а десет згради го добиле епитетот „супервисоки“ со височина од над 300 метри. Најголем број од зградите, дури 107 се наоѓаат во Азија, која ја зацврстува својата позиција на епицентар на облакодерите. Само во Кина има 84 новоизградени високи згради во 2016 г., а највисоката од сите е зградата на финанскискиот центар во Гуанжу (Guangzhou CTF Finance Centre). Облакодерот висок 530 метри е втора највисока зграда во Кина, и петта највисока зграда во светот. n

Објект Eton Place Dalian Tower 1, Далиан, Кина

8

ПОРТА

27 јануари 2017

Кула на федерацијата во Москва, Русија


инфо градежништво

Турција гради тунел кој ќе ги спои Кавказ, Блискиот Исток и Иран со Анадолија

Н

а патот помеѓу Трабзон и Гумшане, Турција гради двоцевен тунел наменет за патен сообраќај низ планината Зигане. Овој тунел ќе биде втор по должина меѓу тунелите од ваков вид во светот, јавува агенцијата „Анадолија“.Yeni Zigane се долги по 14,5 километри и се наоѓаат на историската рута на Патот на свилата, а ќе ги спојува Анадолија, Блискиот Исток, Кавказ и Иран.. Подолг е само тунелот во Кина со долшина од 18 километри. Работите на изградбата на тунелот започнати с ево април 2016, а

првите бушотини од страната на Трабзон започнати се во август мината година. Досега веќе се ископани 1,5 километри од тунелот. Со изградбата на тунелот Yeni Zigane ќе се избегне сообраќај низ речиси 100 километри долг и напорен планински пат, што ќе донесе голема заштеда во времето за патување, но и сериозно подобрување на сигурноста во сообраќајот во овој регион. Дополнителен бенефит за развојот на регионот носи и поврзувањето на Гумшане со аеродромот и пристаништата во Трабзон. Инвестицијата се проценува на 160 милиони долари. . n Подготви Даниела МЛАДЕНОВСКА

27 јануари 2017

ПОРТА

9


градежништво

Безбедност и здравје при работа Мирјана КОВАЧЕВА НАЈДОВА, дипл.зем.инж. Јасмина АЦКОВСКА, дипл.инж.тех. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

Р

аботата во градежништвото е една од најризичните дејности во поглед на повреди и загрозување на здравјето на работникот. И покрај тоа што законската легислатива постои веќе неколку години, повредите при работа се зголемуваат се повеќе од година во година. Зголемување на квалитетот на безбедното работење и здравјето на вработените во градежништвото, и воопшто на работните места, треба да биде примарна цел на секој работодавач. Имајќи ги предвид тешките услови на работа и ризиците со кои се соочуваат вработените во градежништвото, треба да се преземат релевантни активности од страна на носителите на проектите, изведувачите на градба, надзорните органи и воопшто сите вклучени страни, за успешно завршување на секој проект без повреди и инциденти - како заедничка цел на сите инволвирани страни. Според ова, потребно е да се направи План и програма за целосно спречување и избегнување на ризиците при работа, со помош на законската регулатива донесена во РМ. Како главна алатка со која треба да се започне од аспект на безбедност и здравје при работа е Законот за безбедност и здравје при работа, донесен во 2007 година, објавен во Сл. Весник на РМ бр.92/2007 и подзаконските акти со кои се доуредува законот, од кои како важни во областа на градежништото, ќе бидат наведени следните: - Правилник за минималните барања за безбедност и здравје при работа на привремени и мобилни градилишта (објавен во Сл. Весник на РМ бр.105/2008); - Правилник за безбедност и здравје при употреба на опрема за работа (објавен во Сл. Весник на РМ бр.116/2007); - Правилник за знаци за безбедност и здравје при работа (објавен во Сл. Весник на РМ бр.127/2007); - Правилник за личната заштитна опрема која вработените ја употребуваат при 10

ПОРТА

27 јануари 2017

работата (објавен во Сл. Весник на РМ бр.116/2007); и низа други правни акти кои го уредуваат процесот на работа. Специфичноста на дејноста бара и организирање и спроведување на специфична заштита, особено во градежништвото каде најчесто истовремено се изведуваат работни активности од страна на повеќе изведувачи со присуство на голем број вработени од различни профили и стручност. Во согласност со постоечката законска регулатива, во спроведувањето на мерките за безбедност и здравје при работа во градежништвото, потребно е да се пристапи со огромна сериозност и детално да се дефинираат одговорностите на сите субјекти во оваа дејност. Основни ризици со кои се соочуваат вработените на градилиште се следните:

• Работа на височина; • Опасност од затрупување и од обрушување; • Вртливи или подвижни делови; • Пад на предмети од височина; • Неповолни атмосферски влијанија (работа на отворено); • Влажни и лизгави површини; • Рачно пренесување на товар; • Работа со опрема под напон; • Управување со градежни машини. Како најчести причини заради кои се случуваат несреќи во градежништвото се наведуваат: • Неприменување на основните правила и процедури на работа; • Отстапување од пропишаниот и утврден процес на работа; • Работа на необезбедена висина;


градежништво

во градежништвото • Работа на необезбедени рабови на објектите од кои може да се падне во околниот простор; • Работа на непрописно монтирани скелиња; • Некористење на ЛЗО (особено на заштитен појас при работа на висина и заштитен градежен шлем); • Непрописно користење на опремата за работа; • Недоволна обученост на вработените; и • Невнимание и недоволна концентрација при извршување на работните активности. За да се предвидат ризиците во градежништвото, потребно е да се дадат насоки на вработените, да се проверат условите во кои се извршуваат работните задачи и опремата со која се извршуваат работните задачи. Во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа се одредуваат следните принципи: 1. Избегнување на ризици. 2. Проценка на ризик кој не може да се избегне. 3. Елиминација на изворот на ризикот преку имплементација на современи технички решенија. 4. Приспособување на работните места на вработените, особено со избирање на соодветни технолошки процеси, избегнување на монотонија на работната активност со цел смалување на негативните ефекти на здравјето на вработените.

5. Замена на опасните технолошки процеси или методи со безопасни или помалку опасни. 6. Давање на приоритет на колективните над индивидуалните мерки за безбедност при работа. 7. Соодветна обука на вработените (општа обука за безбедност и здравје при работа како и насочени обуки, специфични за секое работно место) и изработка на упатства за безбедна работа. Како компанија со добиено овластување од Министерството за труд и социјална политика на РМ, ДГПУ „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др.“ ДОО, ги врши следните услуги во спроведување на законската обврска и превентивното дејствување при работа: - Проценка на ризик на работни места, со концепт за изјава за безбедност; - Редовно тестирање и контрола на опрема за работа; - Мерење на микроклиматски услови и физички штетности во работна средина; - Изработка на упатства за безбедна работа; - Обуки на вработените за безбедно извршување на работата, според сопствена програма, насочени обуки, специфични за секое работно место; - Планови за безбедност и здравје при работа; и - Консултантски услуги на стручно лице за БЗР. n

ПОРТА


архитектура

ГОЛЕМАТА ГОДИШНА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА ВО 2016 ГОДИНА

Куќа со посебен режим на живеење

Проектантско биро:

„Радо инженеринг“ Автори Пако РАДОВАНОВИЌ, дипл.инж.арх. Арсенија ПОПОВСКА РАДОВАНОВИЌ, дипл.инж.арх. Ѓоко РАДОВАНОВИЌ, дипл.инж.арх. Фотографија: Адријана Тилиќ

12

ПОРТА

27 јануари 2017


архитектура

Архитектура која антиципира радост на живеење, неприкосновена удобност и хармонија помеѓу човекот и природата

27 јануари 2017

ПОРТА

13


архитектура Ниво 0,00

А

рхитектот отсекогаш морал да биде поливалентен, водејќи се од принципите на својата професија, кои влегуваат во сите пори на човековото живеење. Со други зборови, архитектот мора да се информира и да информира за што поголем број аспекти кои ќе влијаат врз квалитетот на проектот. За успешно дело, покрај архитект, треба да имате нарачател на проект кој знае што сака, како да го добие тоа што го сака и од кого. Формата на објектот е детерминирана со контекст, начин на функционирање и формирана функционална шема на користење, создавајќи на тој начин современ израз. Објектот е концепиран како скулптура, а композицијата се заснова на дефинирани форми, промислени во пропорциски систем. Главната композициона игра се наоѓа во контраст на содржини, контраст на материјали, игри на сенки и судир на полно и празно. Централен ѕид обложен со травертин ја дели куќата по вертикала на дел за приватно користење и дел кој е достапен, како на домаќинот така и на гостите. Покрај тоа, во проектниот процес се користени и други елементи, како што се акцентно дејство на дрвени ламелирани носачи, кои овозможуваат јасен систем на контролирани визури, претопување на екстериер и ентериер и воведување на слободна организација на објектот во систем кој содржи елементи на органска архитектура. Современиот концепт на материјализација на објектот, укажува дека обвивката на објектот, од пасивна заштитна обвивка се претвора во активен енергетски филтер. Во таа смисла кровот се издвојува како значаен елемент и добива нова улога на зелен кров.

Пресек 3-3

14

ПОРТА

27 јануари 2017

Внатрешноста на куќата се одликува со флуидност на просторот, кој почива на систем од стаклени прегради. Целиот простор се бања во светлина со помош на голема стаклена градина. Ваквата архитектура антиципира радост на живеење, неприкосновена удобност и хармонија помеѓу човекот и природата.


архитектура Ниво -3,40

Синергија од добро искомбинирани разнородни материјали Конструкција: (Статика 001- Скопје) Соработници: Персида ПАНДИЛОСКА, дипл.град.инж. Катерина МИЛЕНСКИ, дипл.град.инж. Влатко КОЦЕВСКИ, дипл.град.инж.

К

онструкцијата на објектот претставува една синергија од добро искомбинирани разнородни материјали, како што е комбинацијата од армиран бетон, челик и ламелирано дрво. Армирано-бетонската скелетна конструкција е основна-носечка, и се состои од греди, столбови, ѕидови и темели. Челичната конструкција е применета за изведба на настрешницата кај главната влезна партија, како и кај дел од терасите. Исто така, применета е и челична потконструкција за прифаќање на надворешната фасада, која во еден дел е изработена од травертински плочести елементи со релативно голема специфична тежина. Специфично за овој објект е и примената на лепени ламелирани дрвени носачи (ЛЛД) за совладување на распон над дневниот престој од околу 12,5 метри. ЛЛ носачите се со правоаголен попречен пресек со димензии 16/60 см, поставени на меѓу-осовинско растојание од 210 см. Ваквата комбинација и сложеност на конструкцијата во потполност ги задоволи однапред наметнатите строги архитектонски побарувања, како и очекувања за овој објект. 27 јануари 2017

ПОРТА

15


Геотермални топлински пумпи Машински инсталации: (Паксон доо - Скопје) Соработник Бојан ВЕЛКОВСКИ, дипл.маш.инж.

О

бјектот е составен од неколку целини во однос на системот за греење и ладење. Основниот извор за греење и ладење се топлински пумпи вода– вода или познати како геотермални топлински пумпи со соодветен капацитет. Внатрешната инсталација во објектот се состои од: l подно греење на целиот објект, со соодветна автоматика, и секоја просторија посебно контролирана; l подни конвектори во дневниот престој покрај големи стаклени површини; l вентилоконвектори во сите простории, во различна изведба, во зависност од намената на просторот и ентериерните можности; l над одредени простории, над плочата има изведено и free-cooling

16

ПОРТА

27 јануари 2017

l l

l l

систем; над галеријата има изведено плафонско ладење односно греење; за покривање на потребите за санитарна топла вода има и централен бојлер од 1000 литри и соларни панели со површина од околу 40 м2 греење на вода во базенот и просторот околу базенот; просторија–винотека, ладење во тек на цела година со посебен клима уред за таа намена.

Еден дел од водата од резервоарот, преку изменувач, во зимски режим на работа, поминува низ систем на цевки кои се наоѓаат на пристапната патека пред влезот во гаражата, и со тоа се спречува замрзнување на истата. Во однос на топлинските пумпи и предвидениот систем за ладење и греење, сакаме да нагласиме дека топлинските пумпи се предвидени за работа, пред сè, на евтина струја, во ноќните часови. За таа намена, постојат два резервоари на топлина, еден од 30 м3 а другиот од 100 м3. Топлинските пумпи навечер ја загреваат водата во резервоарите (во режим на греење), а преку ден таа загреана вода се користи за греење на објектот. Топлинските пумпи само во ретки случаи би работеле директно за загревање во тек на денот.


Најнови трендови Електрични инсталации: (Електрофокус – Скопје) Соработник Божидар ПЕТРОВСКИ, дипл.елек.инж.

К

ога станува збор за електричната инсталација, можеме да кажеме дека е проектирана и изведена во согласност со најновите трендови за ваков тип на објекти. Помеѓу стотици струјни кола, автоматски осигурувачи, контактори, контролери, засилувачи, приемници, сервери, сите лоцирани во една посебна просторија наречена електро соба, направен е систем за управување, кој му овозможува на корисникот лесно управување на опремата преку соодветни контролни панели или преку апликација на екран на допир или на паметен телефон. Осветлувањето во просториите за комуникација и краток престој се вклучува и исклучува автоматски преку детектори на движење. Во собите за престој може да се избере пресетирана сцена во зависност од активноста, како на пример сцена за вечера, гледање ТВ, забава. Надворешното декоративно и сигурносно осветлување се вклучува автоматски по однапред утврден временски режим на работа. Управувањето на ролетните е автоматизирано и има можност по однапред утврден режим да го обезбеди саканото ниво на осветленост во просториите или да изврши засенување на сончевите зраци за непотребно загревање на просториите во летниот период. Контролата на температурата во просториите е преку собен термостат на кој може да се прочита температурата во собата и да се изврши подесување доколку е потребно. Системот за аудио и видео е конципиран така што во

просториите за престој се лоцирани телевизорите и звучниците, а избирањето на содржината што ќе се емитува на телевизорот и аудио системот е преку далечински управувач или паметен телефон. За безбедноста се грижи системот за детекција и дојава на пожар и кражба, како и видео надзорот. n

Проектот е добитник на Големата годишна награда за архитектура во 2016 година за најдобро изведен објект во Македонија. Покровител на наградата е Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов 27 јануари 2017

ПОРТА

17


интервју

МАРТИН ПАНОВСКИ, АРХИТЕКТ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ААМ

Сигурно губите ако само „противникот“ ви ги одредува правилата на игра

А

Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

рхитектот Мартин Пановски, пред крајот на минатата година беше избран за претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Тој е роден во Скопје во 1975 година. Високото образование го стекнува на Архитектонскиот факултет при универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што дипломира во 2000 година. Докторски студии завршува на Универзитетот во Загреб во 2011 година. Професионалната кариера ја започнува во 1998 година како генерален координатор на Македонскиот павилјон на ЕКСПО ’98 во Лисабон, Португалија. Потоа работи во МЕБИУС ГРУП, па „Студио 2000“, а во моментов е еден од партнерите во „Радиус архитекти“. Дополнителни професионални ангажмани има во Инженерската институција на Македонија и Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Учествува на многу изложби и конкурси, а на некои од нив освојува и награди. На 16. Биенале на македонска

ПОРТА

архитектура како дел од проектантскиот тим ја освои наградата за најдобар проект од област на архитектурата за Трговски центар „Сити Центар“ Прилеп. Истата награда ја има освоено и на 13. БИМАС за Деловниот центар Скопски саем. Трета награда има освоено на јавниот натпревар за „Воен станбен комплекс“ во 2010 година, а во 2007 година втора награда освои на меѓународниот натпревар „Зграда на Македонска Филхармонија“. Десетици проекти на Пановски направени со негови

колеги во студијата каде што работел и работи се реализирани, меѓу нив деловни објекти, станбени објекти, семејни куќи и ентериери. Пред вашето доаѓање на чело на ААМ, aрхитект Сања Раѓеновиќ беше претседател во едно неверојатно тешко време за одржување на каква-таква верба во подобро утре на архитектонската фела... n Да, Сања беше на чело на ААМ во исклучително тешко време за македонската

Зачмаеноста во регионот не мислам дека е на исто ниво како кај нас. Со зачмаеноста ќе мораме самите да се избориме. Во моментов, реализација на Балканско биенале не би ни било нам во прилог бидејќи, гледајќи ги нашите биеналиња во изминативе години, јасен е трендот на сѐ помалку пријавени трудови. Едноставно, во моментов архитектурата кај нас е во криза.


интервју

архитектура. Можеби и најтешко. Во овој период не само што се реализираше Скопје 2014, туку и се прошири на поголема територија од најавената. ААМ во овој период направи сѐ што можеше во одбрана на архитектурата на Скопје. Како што е познато, и покрај сите конструктивни критики на проектот, не се успеа во стопирање на градбите. Но она во што ААМ успеа е подигнувањето на свеста кај граѓаните за архитектурата општо. За жал, економската состојба во овој период доведе и до опаѓање на инвестициите од приватниот сектор. Можеби ќе кажете дека во овој период се гради, но факт е дека поголемиот дел од овие градби се инвестиции во станбени згради на големите градежни фирми. Од овие проекти, само мал дел од архитектите имаат бенефит, бидејќи станува збор за проекти работени во самите градежни фирми и проекти кои се повторуваат од локација на локација. Мартин Пановски. Нов Дон Кихот во борбата за идеалите на фелата, менаџер кој ќе мора да се бори за опстанок, но и за рапиден напредок во зголемувањето на активното членство, обезбедувањето на нови партнери и сојузници, или.. nДобро, и не е толку нов. Моите активности во ААМ одат паралелно со мојата проектантска кариера. Сум бил член на Управниот одбор на ААМ, член на неколку Организациони одбори на БИМАС и Претседател на БИМАС во 2014 г. Членството на ААМ е стабилно, со нормални осцилации. Во идниот период,

еден од приоритетите ќе биде подмладување на членството. Ова е можеби најбитната активност која ни претстои. Со интегрирање на млади членови, ќе се зголеми и активното учество на членството во работата на Асоцијацијата. Но, за жал, сѐ уште кај дел од архитектите постои некакво очекување дека ААМ треба да направи нешто за нив. Лично. Мислам дека добар дел од нив ја немаат сфатено идејата за здружување и заеднички настап во име на архитектурата. Единствено заеднички може да креираме опкружување во кое ќе можеме достоинствено да ја работиме нашата работа. Впрочем, ААМ е место во кое се разговара за архитектурата и за проблемите со кои секојдневно се среќаваат архитектите. Но, за жал, никого не можете да го натерате да се заинтересира за сопствената професија! Или го носи тоа во себе, или не. Ставот на чекање некој да направи нешто за нас и да ни ги креира правилата на „игра“ нѐ доведе во оваа состојба во којашто се наоѓаме. Сигурно губите ако само „противникот“ ви ги одредува правилата на игра. Еден од ефектите кои ги имаше Скопје 2014 е и комплетното губење на интересот кај дел од архитектите за општото добро што, иако не го оправдувам, сепак го прифаќам како некоја нормална, човечка реакција на сѐ што се случуваше и се случува околу нас. Ќе мораме да се оттргнеме од Скопје 2014 и да почнеме да разговараме и за други проблеми од наш интерес што останаа во сенката на овој небулозен градежен зафат.

Македонската архитектура денес... nНе знам кој може да одговори на ова прашање. Ова е период на сѐ и сешто во архитектурата. Од антиархитектурата на Скопје 2014 до станбените комплекси без идентитет, за кои не знаеме кој ги проектирал, неизбежните неинвентивни доградби и надградби, но и сѐ почестите објекти и урбани интервенции каде што може да се види проектантска посветеност. Можам да кажам дека ни недостасува вистинско разграничување што е архитектура, а што градежништво. Не значи дека ако зградата е квалитетно изградена, по правило станува збор за квалитетна архитектура. Сѐ почесто се зборува за архитектурата од аспект на енергетската ефикасност, вградените системи за ладење или вградените квалитетни материјали. Не кажувам дека ова не се битни елементи во еден објект, но сепак претставуваат само елементи чијашто имплементација не значи дека по правило станува збор за добра архитектура. Архитектурата во себе има многу повеќе од она што е физички вградено во еден објект. Затоа мора да се потрудиме вистински да ја вреднуваме архитектурата, и тоа оваа што се случува сега. Од друга страна, квалитетната архитектура во добар дел и денес, како и во изминативе 20 години, останува на хартија. Она што се гради во голем број случаи не е она што архитектите го испроектирале. Затоа мораме итно да се зафатиме со измени во законите и во подзаконските акти за да овозможиме точни и прецизни правила кои ќе им обезбедат поголема креативна слобода на архитектите, но и ќе ги заштитат проектите од измените кои настануваат при изведбата. ААМ во изминатиот перид не беше во милост на државата и на ресорното министерство /кое, впрочем, и дали беше тоа/. Сѐ погласни се барањата на градежната фела, вкупно, за враќање на оригиналното Министерство за >> 27 јануари 2017

ПОРТА

19


интервју градежништво и урбанизам, со многу поблиски, реални врски со матичната фела. nЗнам дека голем број од колегите го бараат проблемот за состојбата во која се наоѓаме во промената од 2000 година, кога Министерството за урбанизам и градежништво беше преиначено во Министерство за транспорт и врски. Мојот личен став е дека не е битно како се нарекува надлежното министерство, туку е битно дали тоа добро ја работи својата работа, дали работи во служба на граѓаните и дали е отворено за соработка со фелата. Тоа што имаме Министерство за здравство не значи дека лекарите немаат проблеми и дека здравството ни е на високо ниво. Или дека, ако го преименуваме Министерството за животна средина во Министерство за екологија, ќе имаме почист воздух. Важно е министерството, како и да се вика, да сфати дека е сервис на граѓаните, а особено на граѓаните што се занимаваат со дејноста која е во домен на тоа министерство. Министерството треба да е отворено кон архитектите и да ја респектира архитектурата како струка. Треба да има тесна соработка со ААМ, пред сѐ, во носењето на законската регулатива. Сепак, ако веќе архитектурата и урбанизмот се ставени во некое министерство заедно со други области, тоа треба да се области кои имаат тесни меѓусебни врски, како што е екологијата и слично, а не како што е во моментов, каде што единствената допирна точка меѓу поштенските услуги и архитектурата ја гледам кај поштенските сандачиња. Односите со Комората на овластени инженери и архитекти во последните години во најмала рака не беа добри. Беа нови избори, нови надежи. Дали архитектонската фела, како најбројна во членството на Комората, ќе успее да се избори за многуте запоставени права, нормативи...? nДа. ААМ и Комората не беа во добри односи во изминатите години, пред сѐ, во првите неколку години од основањето на Комората, кога Комората беше едно големо „непознато“, коешто само собираше пари од овластувања и толку. Немаше никаков отчет каде се отидени тие пари, во ниеден случај Комората не реагираше на скандалозните законски измени кои овозможија да се реализира Скопје 2014, ниту реагираше на низата законски измени од тој период, кои на архитектите и на инженерите им наметнаа дополнителни обврски и давачки. Сите со нетрпение очекувавме Комората да го донесе Правилникот за минимален надоместок на 20

ПОРТА

27 јануари 2017

услугите на архитектите и инженерите, но тоа не се случи. Оттука, сосема нормален беше револтот на архитектите кон комората. ААМ во тој период во неколку наврати официјално бараше соработка, но од Комората немаше никаков одговор. Мислам дека работите во Комората почнаа да се менуваат во насока на отвореност и комуникација со членството уште со претходното раководство. Со новото раководство се дојдени и нови луѓе кои активно се вклучени во проектирањето и во изведбата. Впрочем, Комората е таа што дава овластувања за проектирање, а оттаму ги собира главните средства за функционирање. Ова значи дека, пред сѐ, треба да е одговорна кон проектантите. Искрено се надевам дека ААМ и Комората во иднина ќе имаат тесна соработка и во поглед на итната потреба од редефинирање на законската регулатива и во поглед на заедничката реакција каде што ќе се појавиме како вистински и творечки коректор

на потезите на ресорното министерство. Соработката со регионалните асоцијации на архитекти – само добра желба и идеја, или неопходна реалност за заеднички излез од балканската зачмаеност. Можеби реализација на едно Големо балканско биенале? nААМ ќе се стреми кон соработка не само со регионалните асоцијации туку ќе се стремиме кон унапредување, општо, на меѓународната соработка. Овде, пред сѐ, се надевам на излез на нашите архитекти во меѓународни рамки. Гостување на наши архитекти надвор. Најреално, сепак, е дека тоа прво би се отпочнало во соработка со земјите од регионот. Зачмаеноста во регионот не мислам дека е на исто ниво како кај нас. Со зачмаеноста ќе мораме самите да се избориме. Во моментов, реализација на Балканско биенале не би ни било нам во прилог бидејќи, гледајќи ги


интервју нашите биеналиња во изминативе години, јасен е трендот на сѐ помалку пријавени трудови. Едноставно, во моментов архитектурата кај нас е во криза. Неминовно прашање за проектот Скопје 2014. Фелата многупати гласно го кажа своето негативно мислење. Но реализацијата не сопре до ден-денешен. На последните собири на архитектите сѐ повеќе се отвора темата – Што по Скопје 2014. ААМ ќе има своја програма на активности, или...? nЕдна од активностите што ни следуваат во наредната година е подготовка на низа

работилници на кои ќе се проучи Скопје 2014 од сите аспекти и ќе се дадат конкретни предлози што по Скопје 2014. Да се разбереме, Скопје 2014 не направи само упад во градското ткиво на Скопје со своите градби, туку и упад во системот и процедурите на нашата професија, а направи и лажна, површна слика кај голем број граѓани за тоа што претставува архитектурата. Соработката со „Порта 3“, како списание кое е носител на промоцијата на сите активности на ААМ? Можеби се потребни и нови начини на соработка во вид на редовен прилог – билтен во списанието...? nДолги години во нашата фела преовладува ставот дека архитектите се изразуваат со цртеж или со друг графички приказ, што е тотално погрешно и мислам дека овој став е едно од нештата кои нѐ доведоа во оваа состојба во која се наоѓаме. Мораме да научиме да се изразуваме со зборови, инаку ќе си се разбираме само самите со себе. Потоа не треба да нѐ чуди што секој друг, кој е вон фелата, не нѐ разбира и архитектурата ја гледа на ниво на „ми се допаѓа“ и „не ми се допаѓа“. Мораме да почнеме уште од образовниот процес да го негуваме пишаниот збор, а уште повеќе усното искажување. Доколку, како архитект, не знаете да се искажете, може да останете суперталентиран архитект, но не и проектант. Така што, еден билтен на ААМ во рамките на „Порта 3“ е одлична идеја. Овде морам да му се заблагодарам на списанието „Порта 3“ за несебичната поддршка на ААМ во сите овие години и се надевам на понатамошна долга и пријатна соработка. Биеналето, па и другите годишни

промоции на архитектите, беа со многубројни недоразбирања при рангирањето на трудовите. Секако се потребни промени и во омасовувањето на пријавувањето, но и при самиот избор на наградените. nПромени не се потребни само во Правилникот на БИМАС, туку и во Статутот на ААМ. Застареноста на Статутот е констатирана уште од претходното раководство. За да може ААМ да функционира, овие промени ќе мора да ги направиме многу итно. – Колку активностите во Асоцијацијата ќе влијаат на секојдневните обврски во проектанското биро „Радиус“? n„Радиус архитекти“ е партнерска фирма. Нам ни е јасно дека архитектура е тешко да се практицира како единка и дека е потребен тим во кој ќе има различни мислења, луѓе кои имаат различни искуства и различни контакти. На овој начин имате шанса да создадете добра архитектура. Во „Радиус“ ни е сосема јасно дека, доколку се затворите во себе и се посветите само на изработка на конкретни архитектонски проекти и немате размена на искуства, размена на идеи, а на крајот на краиштата и блиска дружба со другите архитекти, престанувате да сте архитект во вистинската смисла на зборот. Тогаш почнувате на архитектурата да гледате само како на занает, а архитектурата е многу повеќе од занает. Таа е идеја, приказна. Така ја сфаќаат архитектурата и моите партнери Наумчески, Гугуловска и Диновска, кои се активно вклучени во работата на ААМ, така што можам да кажам дека мојот нов ангажман нема да предизвика некоја сериозна промена во секојдневните работни обврски. n

Ìîñò ïðåä Ñòðàæà

ɋɚɧɚɰɢʁɚ ɧɚ 0ɨɫɬ ɛɪ ɧɚ Ɇɚɝɢɫɬɪɚɥɟɧ ɩɚɬ Ⱥ ɩɪɟɞ ɋɬɪɚɠɚ ɧɚ ɤɦ

ПОРТА


aрхитектура ИНТЕРВЈУ СО AРХИTEKT

БЕРНАРД КУРИ ЛИБАН

Реалноста не е апстрактна работа

Либанскиот архитект Бернард Кури престојуваше во Загреб во текот на манифестацијата „Денови на Орис“, каде ѝ се претстави на локалната публика со своите проекти. Посматрајќи ги неговите проекти, а пред сè неговиот архитектонски пристап, би можело да помислиме дека се работи за самоук архитект. „Без логика“ е мислата што се наметнува во првиот момент. Сепак, Бернард Кури го завршил факултетот на престижната Rhode Island school of design. Неговиот однос кон архитектурата е, пред сè, промислен и истовремено ослободен од повеќето ограничувања кои ги наметнува струката. Тој, пред сè, е слободен човек, а дури потоа еден несекојдневен творец. Познат по своите несекојдневни дела, тој создава нова архитектонска реалност во светот што го познава. Уште од првиот проект, подземната дискотека Б018 која стана еден од најпознатите објекти во Бејрут, па се до најновите проекти на архитектот Кури, се гледа дека се работи за еден автентичен творец, што не е лесно во глобализираниот свет. Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА)

22

Г ПОРТА

ледајќи ги Вашите проекти, некој би можел да каже дека се „без логика“, макар на начин на кој ја гледаме денешната архитектура? 27 јануари 2017

n Зависи од тоа како ја дефинирате логиката. Јас мислам дека сме многу прагматични во она што го работиме, наметнатите уверувања што претендираат да поставуваат норма, што е логично а што не е, се неуспешни кога ќе се најдат во одредени околности. Верувам дека еднаш кога ќе имате

храброст да ги преиспитате најосновните правила кога ќе се најдете во таква ситуација, со храброст и искреност можете да воспоставите нов вид логика. Оној вид логика кој е повеќе приспособлив и кој е поспонтан, поповрзан со реалноста со која манипулирате. Реалноста не е апстракна работа, не се апстрактни дефинициите бидејќи секоја реалност е исклучок. Секоја ситуација е

Tumo Center for Creative Technologies Когхб, Ерменија


aрхитектура

Plot 1072, Бејрут, Либан

исклучок. Така што, да, ако ги посматрате воспоставените норми кои ги наметнува професијата и учесниците во оваа индустрија, тогаш би можеле да заклучите дека мојот пристап е „без логика“. Се работи за перцепција, на пример масата каде што се келнерите внатре во периметарот на масата, може да биде несекојдневен, но во тоа нема ништо погрешно? n Нема обиди нешто да биде нелогично или ирационално само за да биде нелогично и ирационално. Тоа е многу специфичен проектен пристап кој доаѓа од многу специфична стратегија, за многу посебни настани, во специфична ситуација и во времето и во просторот. Исто така и клиентот беше многу специфичен, зашто бараше од нас да создадеме таква реалност. Од каде доаѓа таквиот пристап? n Не верувам и искрено се надевам дека не постои единствен пристап. Не постои еден >> 27 јануари 2017

ПОРТА

23


пристап кој го повторуваме. За среќа, постои тренд во светот да се наоѓаме во посебни околности со кои се соочуваме. На кои проекти моментално работите? n Најмногу работиме на станбени проекти, но покрај тоа имаме и два технолошки центри во Ерменија. Работиме на неколку станбени објекти во Бејрут и на проекти со различни намени во Казабланка.

b018, Бејрут, Либан

Колкаво е Вашето архитектонско студио? n Имаме горен лимит од 25 луѓе, кој никогаш не го надминуваме. Во последно време нè има околу 15-ина, заедно со администацијата. Можете ли да ни кажете нешто повеќе за архитектонската сцена во Либан? n Мошне е шаренолика, има и добри и лоши примери. Тое е еден интересен простор каде доаѓа новата млада генерација. Многу работа нè чека. За време на предавањето покажавте многу слики од срушени згради, како влијаеше војната врз Вашиот поглед на опкружување? n Не можам да кажам дека сум трауматизиран од војната, иако има многу траги од конфликтите помеѓу 1975 и 1990 година, иако е многу што обновено. Не верувам дека рушењето е поим кој може да биде издвоен феномен, светот не почна таа, 1975 година, нити заврши во 1990-та. Обновата на Бејрут е полна со незгоди, секако, не можеме да ја изолираме војната како феномен и да ја ставиме во заграда, бидејќи не постои прав

24

ПОРТА

27 јануари 2017


aрхитектура ib3, Бејрут, Либан

период на обнова. Затоа што не е во прашање само обнова на зградите туку обнова на целата нација низ постоењето на заедничката историја, консензус, реконструкција на институциите, нешто како постоење на заедничкиот идентитет и заедничкото сфаќање на проблемите што ги имаат жителите. Ништо од тоа не се случи, така што сметам дека војната не е завршена, бидејќи не можам ни војната да ја дефинирам на едноставен начин. На некој начин, многу повеќе е направена штета во текот на реконструкцијата отколку во самата војна. Последните неколку децении на обнова донесоа многу штета, можеби и повеќе отколку самото рушење во текот на војната.

Значењето не е врзано со големината на објектот.

Како ја гледате архитектурата од пред десет години? n Се надевам дека се менува, секој проект е поинаков. Сакам да верувам дека ја имам истата љубопитност, ако не и повеќе, како пред 10 или 20 години кога почнав да градам помали проекти, во помало студио. Важно е дека постои транзиција од мали кон големи проекти на паметен начин, да не ве повлечат прерано големите проекти. Идејата дека нешто е подобро затоа што е поголемо, е сосема погрешна. Сега градиме повеќе, имаме пристап кон поголеми проекти бидејќи повеќе ни веруваат. Битно е дека постои дистанца. Некогаш можете многу повеќе да постигнете со помал проект.

Студиравте на „Rhode Island school of design“. Што „земавте“ од таму? n Тоа е една добра школа, повремено се враќам таму, главно заради предавањата што ги држам. Освен тоа, брат ми живее во Америка.

Каде ја гледате архитектурата за десет години? n Немам идеја и добро е што ја немам. Кога сфативте дека ќе бидете архитект? n Тоа го сфатив кога бев дете бидејќи гледав во татко ми кој беше архитект и уметник. Изгради многу интересни работи. Најголем дел од својот живот живеев во простор кој го проектираше тој, го користев мебелот што тој го направи, така што и не размислував за тоа. Да размислував, можеби и не би станал архитект.

На предавањето зборувавте за проектите на западните архитекти

на Блискиот Исток, кои обично се многу безлични без посебен архитектонски идентитет. Зошто во тие земји ангажираат архитекти кои главно не знаат ништо за просторот каде треба да проектираат? n Верувам дека тоа е резултат на културниот и политичкиот банкрот. Арапскиот свет не успеа да произведе нов и релевантен модернизам. Посебно мислам на заливските земји. Тажно е да се каже, барем што се однесува на архитектурата, бидејќи таа ме интересира, резултатот е таков што никако не можеме да бидеме горди, а причината е наведениот „културен и политички банкрот“. Тие земји увезуваат школи, и тоа е истата глупост што ја прават со планирање на градовите и примената на архитектурата. Мислат дека можат да ја купат Сорбона или Лувр и ги применуваат тие западни модели во социјалното, културното и економското опкружување каде што тие институции не припаѓаат. Имате ли совет за младите архитекти? n Се надевам, тие имаат совети за мене. Секогаш барам совети. Имате ли желба да направите нешто што сè уште не сте? n Сè што не сум досега. Многу што не сум направил. Животот е многу краток. Учестувате во работата на Арапскиот центар, што е тоа? n Не работам многу, освен што помагам колку можам. Главно, тоа го води мојот колега Жорж Арбид, тој е професор. Заедно создаваме импресивна база и архива на модерната архитектура од арапскиот свет. Од раниот период на модернизмот до современиот период. Не е врзано исклучиво за Либан, тоа е центар за истражување, архива и база. n

Plot # 4371 Бејрут, Либан

ПОРТА

25


aрхитектура

ИМПРЕСИИ ОД АРХИТЕКТУРАТА ВО ЈАПОНИЈА

Споеви и судири меѓу

традиционалното и модерното

Првите поимпозантни објекти се прават пред 1964 година, кога градот Токио е организатор на олимпијада. Се чини дека оваа олимпијада и подготовките за неа значително ќе го сменат изгледот на Токио, но потоа и на цела Јапонија. Во разговор со постари Јапонци дознав дека тогаш ќе бидат започнати повеќе кампањи за разубавување на градот. Ќе се промовира јавната хигиена, чистењето и одржувањето на улиците и зеленилото.

Токио, National Art Center A

Дејан КОЛЕВСКИ, 7електро инженер

Ј

апонија е земја која за секој посетител е интересна и привлечна од повеќе аспекти. Една од особеностите на јапонската култура е и специфичната архитектура која може да се види во оваа земја. Најпрвин да кажам дека не сум архитект и дека не се сметам себеси за некој особен познавач на аритектурата и нејзините достигнувања низ историјата и сега. Можам и да забележам дека многу често не ја разбирам архитектурата, особено онаа модерната. Веројатно за такво нешто е потребно потемелно образование, долгогодишно искуство и следење на разните правци во архитектурата. Не ја познавам ни историјата ни теоријата на 26

ПОРТА

27 јануари 2017

архитектурата, ниту пак нејзините најголеми достигнувања низ вековите. Па сепак, и покрај ова што веќе го наведов, се осмелив да напишам текст за моето доживување на архитектурата во Јапонија и желбата неа да ја фотографирам. Јапонија ја посетив како турист и без некоја однапред подготвена агенда за посета на тамошните најпознати архитектонски достигнувања. Впечатоците од посетата на Јапонија и јапонската култура се позитивни и изненадувачки од повеќе аспекти, секако во позитивна смисла. Една од највпечатливите импресии беше и допирот со јапонската архитектура. Јапонија е земја на контрасти, а споевите или судирите меѓу традиционалното и модерното можеби најдобро се отсликуваат во архитектурата. Во земјата има голем број

совршено сочувани и заштитени стари историски објекти, пред сè замоци, палати и шинтоистички и будистички храмови кои се обележје на доминантните религии во Јапонија. Овие две религии на инетересен начин се машаат и коегзистираат во секојдневниот живот на повеќето Јапонци. Односот кон природата на шинтоизмот и едноставноста на будистичката Зен филозофија се длабоко вткаени и во јапонската естетика и воопшто, во јапонската култура. Веројатно најважната фундаментална карактеристика на старата јапонска архитектура е употребата на материјали од дрво. Низ вековите наназад, вулканската природа на јапонските острови овозможувала само лимитирани количини на камен за градба. Освен тоа Јапонија била во вековна самоизолација, па


ФОТО: ДЕЈАН КОЛЕВСКИ

Токио, Sky Tree

Kjoto, Fushimi Inari Shrine B

во градбите се користени само локални материјали. Лимитираната трајност на дрвото како материјал и пожарите условиле честа потреба за реконструирање, но јапонското почитување на традиициите не дозволило позначаjни промени во изгледот на градбите. Притоа, дрвото, најчесто, ја задржало природната боја, а во формите доминираат прави линии. Препознатливи се и лизгачките врати кои овозможуваат лесна промена на просторот. Интересно е што повеќето странски туристи се помалку или повеќе разочарани од посетата на старите градби и храмови. Веројатно од причина што во нив доминира едноставноста и употребата на празни простори со многу малку декорации. Овие елементи се преземени од Зен филозофијата која е дел од будистичката култура и тие се неизоставен >> 27 јануари 2017

ПОРТА

27


aрхитектура

дел и во повеќето модерни објекти во Јапонија. Кога Јапонија ќе почне да се отвора кон останатиот дел од светот по 1868 година, западната архитектура и дизајн ќе почнат да се мешаат со јапонската. Тоа ќе услови и употреба на нови материјали за градба вклучувајќи бетон и челик. Сепак, поголемиот дел од модерните градби од тоа време, особено во Токио, веќе ги нема. Голем дел од нив се уништени во катастрофалниот земјотрес од 1923-та. Токио е повторно обновен и изграден, но само дваесетина години подоцна, во текот на Втората светска војна, градот е речиси целосно разурнат од американските бомбардери. По војната, Токио ќе почне постепено да се обновува, но поразената и финансиски исцрпена Јапонија ќе нема сила за поголеми и повпечатливи архитектонски дела. Првите поимпозантни објекти се прават пред 1964 година, кога градот е организатор на олимпијада. Се чини дека оваа олимпијада и подготовките за неа значително ќе го сменат изгледот на Токио, но потоа и на цела Јапонија. Имено, во разговор со постари Јапонци дознав дека тогаш ќе бидат започнати повеќе кампањи за разубавување на градот. Ќе се промовира јавната хигиена, чистењето и одржувањето на улиците и зеленилото. Како резултат на тоа, Токио ќе стане еден од најчистите градови во светот, а тој имиџ беспрекорно се одржува и сега. Нешто подоцна, во текот на раните седумдесетти години ќе почнат да се градат првите облакодери во Токио. Ова ќе биде 28

ПОРТА

27 јануари 2017

Oсака, поглед од Umeda Sky Building

Oсака, Umeda Sky Building

овозможено од употребата на најсовремените материјали и техники кои обезбедуваат стабилни градби и во услови на доста чести и силни земјотреси. Јапонија се наоѓа во зоната на Огнениот прстен и е на едно од најактивните трусни подрачја. Јапонските инженери неуморно ќе креираат и применуваат најразлични техники за заштита од земјотреси, кои подоцна ќе најдат примена и во градбите ширум светот. И денес Јапонија е водечка земја во развојот на анти-земјотресните техники. Следуваат годините на економскиот бум, кога Јапонија ќе стане втора најмоќна економија во светот. Астрономски високите цени на градежното земјиште, особено во центарот на

Токио, ќе условуваат негово ефективно искористување, што ќе доведе до густа градба на високи облакодери. Тоа пак ќе доведе до брза промена на урбаниот пејзаж. Економскиот бум ќе згасне во раните деведесетти, но градбата на високите згради ќе продолжи. Сепак, облакодерите не се единствено архитектурно обележје на Токио и на другите поголеми градови во Јапонија. Јапонските архитекти ќе развијат уникатни архитектонски стилови и дизајн кои ќе бидат вметнати во најразлични градби како музеи, деловни и станбени објекти итн. Тоа ќе ја направи јапонската архитектура препознатлива, а најпознатите јапонски архитекти ќе бидат


Oсака, Umeda Sky Building D

канети да дизајнираат објекти ширум светот. Во исто време и најпознатите светски архитекти ќе имаат можност да градат во Јапонија. Автентичен стил на модерна архитектура, под влијание на тогаш најпознатите архитекти како Френк Лојд Рајт, а потоа и Ле Корбизје, во Јапонија ќе почне да се развива уште од почетокот на минатиот век. Јапонските архитекти, како Арата Изосаки и Кензо Танге, ќе креираат сопствени стилови на модерен меѓунардно прифатен дизајн со традиционални јапонски карактеристики. За нас е особено инетересен Кензо Танге чии градби сè уште доминираат во многу делови од Токио. Веројатно Tokyo Metropolitan Government Building (или Tocho, како што скратено ја викаат жителите на Токио) е појдовна точка за посета на градот и едно од најпрестижните предградија на овој град – Shinjuku. Зградата е едно од главните обележја на градот и подолг период била највисока зграда во Јапонија. По формата потсетува на средновековните готски катедрали, но во исто време и на компјутерски чип. Оваа 243 метри висока зграда се состои од две кули, чии 45 катови се отворени за посетителите и нудат прекрасен поглед на Shinjuku и околните облакодери на висина од 202 метри. Една од импозантните згради кои може да се видат од овој видиковец е Mode Gakuen Cocoon Tower, која се одвојува од околината со својата овална форма. Проектирана е од Tange Associates која пак е основана од Кензо Танге, а градбата била завршена три години по неговата смрт во 2008

година. Во Токио вреди да се посети и телекомуникациската кула Tokyo Skytree, која со својата висина од 634 метри е втора највисока градба во светот. Градбата била инспирирана од древните јапонски пагоди. Изградена е од причина што старата телекомуникациска кула Tokyo Tower (висока 332,9 м и изградена во 1958ма) се наоѓа во зона во која се изградени повеќе високи згради па ефектот од нејзиното користење се намалил. Во близина на Tokyo Skytree се наоѓа зградата на туристичкиот инфо центар Asakusa, проектирана од Кенго Кума, која изгледа модерно, но е со многу традиционални елементи и материјали, како на

пример дрвото. Недалеку е еден од најголемите будистички храмови Sensoji, кој е типичен пример за традиционалната архитектура. Накусо, предградието Асакуса го нуди она по што веројатно и е најпозната јапонската архитектура, а тоа е спојот помеѓу модерното и традиционалното. Во Осака, пак, најпрепознатлив облакодер е Umeda Sky Building. Зградата е висока 173 метри и се состои од две кули кои се поврзани со кружна платформа на 39-от кат. Ова место нуди отворен панорамски поглед на Осака. Еден од највпечатливите објекти кои може да се видат од тука, е зградата Gate Tower низ која буквално минува улица/автопат. >>

Токио, Shinjuku C

ПОРТА


aрхитектура Модерната архитектура во Токио и воопшто во Јапонија, знае да изненади со некои необични форми на малечки куќи во станбените населби, невообичаено дизајнирани храмови и цркви, музеи итн. Јавниот превоз во Јапонија е од витално значење за функционирањето на економијата и е извонредно добро организиран и ефикасен, особено железничкиот превоз. Секако, вреди да се посетат главните жечезнички станици во поголемите градови дури и ако не планирате патување со воз. Тоа особено важи за железничките станици во Осака, Кјото и Каназава. Се работи за огромни мултифункционални објекти кои нудат најразлични содржини, кои не нужно се поврзани само со железничкиот транспорт. И во секој од нив се „спакувани“ повеќе архитектурни изненадувања. Музеите се исто така одлични архитектурни градби. Интересно е што во голем дел од зградите на музеите во Јапонија влезот не се наплаќа и тие се отворени за посетители. Потребен е билет само за посета на галериите и нивната цена зависи од видот и големината на поставките. Тоа остава простор да се ужива во прекрасните објекти. Таков е на пример National

ПОРТА

Art Center, кој го има најголемиот изложбен простор во Токио и Јапонија. Пред влезот на зградата е поставен кружен павилјон кој всушност им служи на посетителите да ги остават и безбедно заклучат своите чадори (а во Јапонија често врне дожд и во речиси сите јавни институции има посебно место на кое може безбедно да се остават и заклучат чадорите). Влезот во централниот атриум, кој е прекриен со огромна закривена стаклена фасада, е бесплатен, а во внатрешноста доминираат два огромни превртени бетонски конуси кои одлично се вклопуваат со закривените форми на фасадата. Музејот е проектиран од познатиот архитект Kisho Kurokawa. Негово дело е и Nakagin Capsule Tower во Токио, едно од најпознатите дела на архитектурното движење Метаболизам. Друг музеј кој вреди да се посети независно од поставките во галериите, туку пред сè заради прекрасните архитектурни идеи кои се вметнати во неговата градба, е Hyogo Prefectural Museum of Art во Кобе. Проектиран е од Тадао Андо, кој е еден од водечките и најпознати јапонски архитекти на денешнинава. Изграден е како дел од напорите за обнова на градот после >>


Joкохама, Minato Mirai

National Art Center B

Кјото, железничка станица Е ПОРТА


Каназава, 21st Century Museum F

катастрофалниот земјотрес од 1995 година. Листата на музеи ќе ја завршам со 21st Century Museum of Contemporary Art во Каназава, проектиран од архитектите Казујо Сеџима и Рјуе Нишизава. Однадвор музејот изгледа како скромно по габарит здание со кружна форма, но се покажа како еден од најинтерсните објекти кои некогаш сум ги посетил. Наспроти надворешната кружна форма, внатре доминираат правоаголните форми на галериските простори. Сите поголеми градови во Јапонија имаат современи квартови во кои може да се видат најновите дострели на модерната архитектура. Исклучок не претставува ни Јокохама, каде што Minato Mirai 21 е типичен пример за модерно урбано планирање. Изградбата на овој кварт е започната во 1983-та и е лоциран на местото на некогашна индустриска зона. Јокохама со векови била едно од најважните пристаништа во Јапонија, а името на овој кварт значи „Пристаниште од иднината“ (името е одбрано кога 21-от век сè уште бил далечна иднина). Кога веќе споменав пристаниште, во Јокохама се наоѓа и патничкиот пристанишен терминал Osanbashi, чиј кров е претворен во огромно шеталиште со дрвени и тревни провршини. Се разбира, градбите во Јапонија не се

Хуого Prefectural Museum B направени ексклузивно само од јапонски архитекти, туку напротив, таму може да се видат дела на речиси сите архитекти и компании кои негокаш и сега нешто значеле во светската архитектура, како на пример Ле Корбизје, Френк Лојд Рајт, Рафаел Вињоли, Херцог и Де Мурон, Жан Нувел итн. Дури и во далечните предградија на Токио, Miraikan Museum B

ПОРТА

јапонските градови каде што преовладуваат постари дрвени куќи, може да се најдат вистински архитектурни чуда, кои заради усогласување со околните градби останале со минијатурни димензии. Има многу такви примери на зачудувачки експерименти и иновативни форми. Најчесто се работи за модерни станбени објекти, но и музеи како на пример Shiba Ryotaro Memorial Museum во Осака проектиран од Тадао Андо, за кој веќе пишував во годинешниот јулски број на ПОРТА 3. Секако дека има уште многу да се пишува за јапонската архитектура, но да се навратам повторно на почетокот од текстов кога нагласив дека ова е само опис на моето доживување на оваа тема. Подготвувајќи го текстот прочитав повеќе написи за оваа тематика, но тоа секако не ме направи експерт во оваа област. Нештата кои не ги разбирам, не сакам ни да ги препишам од друго место за овој текст да добие на широчина или привид за лажна упатеност во тајните на архитектурата. Нека фотографиите што се во прилог кажат нешто повеќе. n


ПОРТА


aрхитектура од дрво

ГРАДСКА АКАДЕМИЈА НОРВИЧ

Хибрид од дрвeни и челични Градската академија Норвич, претходно средно училиште Earlham, е проектирана и изградена по сите највисоки стандарди. Во идејното решение архитектот Шепард Робсон, како главни атрибути на објектот ги издвојува: флексибилен простор за седење, одлична термичка изолација, природна дневна светлина во секој дел од објектот и овозможен пристап со помагала за инвалидизирани лица. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, дипл.инж. по дрвна индустрија

В

о мај 2012 година, градежната компанија Kier го отвори објектот за новото училиште со големина од 10.500 м2, проект со три ката на кое работеше 16 месеци и кое се наоѓа во Норвич, Обиденетото Кралство. Градската академија Норвич, претходно средно училиште Earlham, е проектирана и изградена по сите највисоки стандарди. Во Академијата се сместени пет училишта - Откривање, Лидерство, Креативност, Вредности и Пионери (Discovery, Leadership, Creativity, Values, Pioneers). Секое од овие училишта образува млади надежни ученици, кои треба да се развиваат во лидери кои ќе го придвижуваат општеството во блиска иднина. Во Академијата се запишани 1100 ученици на возраст од 11 до 19 години. Архитектонски најистакнатиот дел од новото училиште е секако големиот атриум во задниот дел, кој има поглед во

34

ПОРТА

27 јануари 2017

прекрасната шума во непосредна близина. Атриумот е целосно осветлен со природна светлина од високите прозорци кои се протегаат по целата висина на објектот.

Најзабележливи се закривените коридори кои водат до училниците до првиот и вториот кат. Овие коридори конструктивно се поддржани од разгранети масивни >>


aрхитектура од дрво

конструктивни елементи

27 јануари 2017

ПОРТА

35


aрхитектура од дрво

дрвени носачи кои имаат форма на дрво. Во идејното решение архитектот Шепард Робсон, како главни атрибути на објектот ги издвојува: флексибилен простор за седење, одлична термичка изолација, природна дневна светлина во секој дел од објектот и овозможен пристап со помагала за инвалидизирани лица. Конструктивно објектот е проектиран како хибрид од дрвни и челични конструктивни елементи кои се надополнуваат. Еколошките и естетските карактеристики на дрвото го надополнуваат челикот, кој пак со својата јакост може да овозможи долги распони. Дрвото, исто така, значително ја намалува вкупната тежина на објектот. Конструктивниот дел од објектот е издигнат за 17 недели, благодарение на одлично планирање и висок степен на префабрикување на конструктивните елементи. Сите сервисни и инсталациони отвори се направени во фабрика, како за 36

ПОРТА

27 јануари 2017


aрхитектура од дрво дрвото така и за челикот, со што се намалува времетраењето на монтажа на самата локација и се зголемува квалитетот на изработените отвори. Градската академија Норвич доби пофалба за акустичните својства на големиот атриум од Асоцијацијата на звучни инженери на Архитектонските награди за акустичност (Awards for Architectural Acoustics), настан кој се организира секоја година. Асоцијацијата ги предочи техничките и проектантските предизвици на амбициозниот проект и упати пофалница за консултантскиот тим на WSP Group, одговорни за делот на акустиката. Покрај високите акустични својства, објектот е проектиран и по највисоките стандарди за енергетска ефикасност со што го постигнува стандардот за пасивни објекти. Повеќенаменскиот простор се употребува за многу различни настани, училишни или настани организирани од други страни. Настаните се од различна природа, од детски квизови и најразлични училишни активности до музички перформанси, конференции и друго. Секое од спомнатите пет училишта има свој посебен дел. Секој од овие делови е соодветно проектиран и изработен за научната програма која се предава во училиштето. Дворот на објектот е проектиран да има мало езерце, соодветни места за настава во природа и паркинг за 120 возила. n

ПОРТА


CONO - идеалeн спој

на архитектурата и природата Ирена Димовиќ ДАНИЛОВСКА, дипл.инж.арх. Горан СПИРОСКИ, дипл.инж.арх. (Конструкта, Скопје)

И

талијанскиот бренд Gessi секогаш се стреми кон соединување на природата со архитектурата во приватните простори за живеење, а бањите не само како простор за регенерација и уживање но и како вистинско природно засолниште. Идеите ги црпи од Југоисточна Азија каде според античката култура, природата влегува во просторот за живеење и континуирано се поврзува со надворешниот простор. Инспириран од овие простори, италјанскиот дизајнер и скулптор Просперо Расуло, ја зграпчува конусната форма формирана од светлината што поминува низ бујната вегетација, како мотив за новата колекција Cono. Архитектонската форма го опишува неговиот идеален спој на архитектурата и природата. Посветеноста на Gessi за креативно експериментирање и иновација повторно се манифестира во создавањето на Cono серијата, за комплетно опремување на бањата. Уникатната остра линија станува икона во дизајнот, спој на органски и геометриски линии, комбинација од смирени и благи форми од Истокот и модерни примеси од Западот. Cono создава идеален простор за релаксација. Како и во сите колекции, Gessi базирајќи се на моќта на основните форми, ги претвора секојдневните предмети во парче уметност. Клучот на дизајнот, скулптуралната форма на конус е дел од сите елементи во бањата, дефинирајќи го комплетно ентериерот во стилот на Gessi. Cono дава комплетен идентитет на просторот и го претвора во сопствено катче со стил за одмор и уживање. 38

ПОРТА

27 јануари 2017


eнтериер

ПОРТА


eнтериер

Канцеларијата треба да претставува стимулативна средина Просторот не е веќе статичен, и како таков мора да води сметка за реакциите на неговите корисници. Просторот кој ја подобрува човековата благосостојба, кој ги стимулира и ги изострува неговите сетила, треба да се карактеризира со таков ентериерен дизајн кој ќе предизвика суптилна и избалансирана стимулација на секој аспект на човековата сетилна организација. проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

К

ПОРТА

лучната улога на канцеларијата како ентериерно дефиниран простор (од аспект на организација на ентериерните елементи, опремен со техничко технолошки уреди) е да ја поддржи организацијата и нејзините вработени во изведувањето на нивните работни задачи. Иако, канцеларијата веќе не претставува

единствен можен простор каде што би се одвивала работата, на неа често се гледа како на еден вид средиште на организациите кое се менува во чекор со технолошкиот напредок и со барањата на структурните финансиски редефиниции на глобалните економии, што во крајна линија се сведува на постојани промени во новите начини на работење. Просторот е тој што треба да ги поддржи овие промени и да стане простор кој се менува. Ако некогаш формата ја следеше функцијата, сега формата го следи перформансот што означува многу подинамична категорија од поимот функција. Просторот не е веќе статичен, и како таков мора да води сметка за реакциите на неговите корисници. Просторот кој ја подобрува човековата благосостојба, кој ги стимулира и ги изострува неговите сетила, треба да се карактеризира со таков ентериерен дизајн кој ќе предизвика суптилна и избалансирана стимулација на секој аспект на човековата сетилна организација. Повеќе автори ги посочуваат следниве фактори кои се однесуваат на секое поединечно сетило за кое треба да се води сметка во сите развојни етапи на дизајнот: сетилото за допир, мирис, вкус, слух, вид, говор, осетот за комфор, подвижност, топлина, мисла и чувство за его. Така на пример, да се стимулира: - осетот за допир, значи дека се употребуваат голем број различни видови на материјали со различни површински обработки, но и форми кои


обезбедуваат тактилна стимулација, а се пријатни на допир; - осетот за комфор е позитивно стимулиран од изворите на светлина, соодветни материјали со бои чија композиција создава пријатна атмосфера; - осетот за подвижност се подобрува преку колористичната динамика и контрасти во простори и просторни контексти. Ова е исто важно и за флексибилен мебел и опрема кои промовираат движење и социјална динамика; - осетот за рамнотежа го воочува како позитивен секој визуелно избалансиран аранжман и состојба на еквилибрум помеѓу различните стимулативни впечатоци, ефикасна ориентација и просторно димензионирање во мерката на човекот - осет за пропорција. Сите овие стимули се важни за психолошкото здравје на луѓето; - кога осетот за мирис се доведува во врска со материјалите од кои се изградени просторите и неговите елементи, се мисли тие да бидат од природно потекло што е можно повеќе и да не мирисаат; - осетот за вкус е стимулиран преку висококвалитетни материјали, комплетни и естетски композиции кои суптилно ги отелотворуваат потребите на корисникот како поединец, или на заедницата воопшто; - осетот за вид опфаќа комплексни физиолошки, психолошки, ергономски и естетски аспекти на забележаниот простор; - осетот за топлина претпоставува потреба од специфично својство, атмосферата во просторот да е креирана спрема барањата за баланс помеѓу физички „топли“ и „ладни“ елементи кои зависат од употребениот материјал, светлина и боја; - осетот за слух бара здрава акустичност на просторот која произлегува од намената на просторот, од неговите димензии и капацитет, а се остварува преку применетите материјали и усогласените пропорции на просторот. При споменувањето на потребата од надразнување на сетилата на човекот преку визуелно-аудитивно-тактилни перформанси на материјалите од кои се гради ентериерот на ниво на елемент и на ниво на целина, како краен ефект се добива атмосфера која човекот ја осознава преку манифестирање на одредено расположение. Значи,

една од целите на тридимензионална манипуалција со елементите и просторот, покрај утилитарноста или функционалноста, е и креирањето на атмосфера како конечен ефект на употребените средства во процесот на дизајнот. Истата се смета дека е состојба која се наоѓа во просторот помеѓу концептуалното и перцептуалното, онаму каде што архитектурата доаѓа до полн израз како производ на интелектуалниот и уметничкиот капацитет на дизајнерот - творец. Таквата состојба, која се повикува на разумот и на сетилата истовремено, е позиција на вистинитост која произлегува од суштествените значења на нештата што се појавуваат како карактеристика на целината, повеќе отколку на нив како делови посебно. Атмосферата е таа што единствено може да комуницира помеѓу концептуалното и перцептуалното, помеѓу материјалното и нематеријалното, што ниедно друго средство на дизајнот не може да го оствари. Во горе споменатите фактори кои влијаат на човековите сетила, во делот на атмосферата на свесно создадениот простор, сепак во добар дел се ликовните елементи на дизајнот или просторот, какви што се формата, обликот, материјалот, бојата, текстурата и просторната композиција. Како илустрација на наведените елементи кои ја креираат визуелната рамка на канцеларискиот простор може да послужи „Хибридната канцеларија“ на бирото „Едвард Огоста Архитекти“ од Лос Анџелес, во која авторите преземаат доста синоними и метафори од природната, но и од артифициелната средина, играјќи се со форми, бои и состојби. Канцеларискиот простор го третираат како артифициелен пејзаж во кој се преплетуваат природните елементи и архитектонскоурбаните типологии. Физичката средина човекот ја доживува и проценува на сетилен, емотивен и мисловен начин преку перцепција, која се базира на импресиите што тој ги добива преку видот, слухот и допирот, како и преку интелектот. Интелектот ја евалуира средината преку когнитивност која е базирана врз знаењето и преку меморијата, односно искуството. Како резултат на евалуацијата посматрачот креира слика или популарно наречено „имиџ“ на средината. Ваквата слика претставува двонасочен процес помеѓу набљудувачот и набљудуваното. >> 27 јануари 2017

ПОРТА

41


Кога набљудувачот внимателно го фокусира погледот врз одреден предмет или простор, тој го воочува неговиот специфичен облик, неговата големина, пропорција, боја, текстура и материјал. Ваквата можност за воочување на она што е над обичното препознавање на нештата е од големо значење и важност за дизајнерите. Затоа, ваквите способности неопходно е дизајнерите постојано да ги развиваат за да се видат нештата преку нивните суштествени визуелни карактеристики, и да се биде свесен за тоа на кој начин тие нешта меѓусебно дејствуваат. Притоа, тие воспоставуваат релации кои, од друга страна, ги формираат естетските квалитети на физичката средина. Но, за да се види или воочи еден предмет битна е оптичката можност на средината за тоа да се оствари, поточно да се направи разлика помеѓу

предметите и физичката поставеност на просторот. За тоа е потребен контраст, за да се направи дистинкција помеѓу предметот или композицијата што се посматра и неговата физичка заднина. Според тоа, елементите што се појавуваат надвор од нивната заднина можеме да ги наречеме „фигури“. Во оваа релација предмет - заднина важна е пропрцијата помеѓу нив, зашто ако односот е на страната на предметот тогаш заднината станува одреден облик кој е во рамноправен однос со предметот на посматрање. Во ентериерите како визуелни ентитети континуирани се смените на односите помеѓу фигурата и заднината, „игра“ со која дизајнерите го одредуваат карактерот на визуелната композиција преку истакнување или вклопување во просторната слика на физичкиот простор. n

www.atrium.mk studio@atrium.mk

ИНЖЕНЕРИНГ, ПРОЕКТИРАЊЕ, УРБАНИЗАМ, НАДЗОР, РЕВИЗИЈА И ДИЗАЈН ПОРТА


ПОНЕДЕЛНИК и СРЕДА

од 21:00 до 22:00 часот на КАНАЛ 77

ПОРТА


сообраќај

АВТОНОМНИ ВОЗИЛА

УТОПИСКА ДИСТОПИЈА

Moжен изглед на автономно возило

мр Ненад ТОНИЌ, дипл. сооб. инж.

Автономните возила кои сообраќаат без директна помош на возачот, се оној тековен хоризонт чија извесност ги крши како лаичките, така и копјата на докажаните авторитети во автомобилската индустрија и науките што ја третираат современата урбана мобилност. Притоа, цврстината на аргументите и резонската конзистентност не недостасуваат ниту на една страна. 44

ПОРТА

27 јануари 2017

Homo viator


П

римирувањето на еуфоријата предизвикана од дометите на технолошкиот развој (т.н. „III технолошка револуција“, „трет бран“, „дигитално општество“, ...), сепак не е доволно да ги приземји очекувањата од новите технологии, било да ги гледа како извор на нови утопии или пак на поквалитетен живот. Технолошкиот развој на современата цивилизација се наоѓа во фаза на драматично вкрстување на објективните човекови потреби и развојните цели, при што нивните конфликтни жаришта истовремено претставуваат криптограм за толкување на степенот на нивната хомогеност. Иако притоа неопходно, економското односно квантитативното проектирање на

сообраќај мобилност. Притоа, цврстината на аргументите и резонската конзистентност не недостасуваат ниту на една страна. СЕКАКО И ВО СЕКОЈ СЛУЧАЈ Апологетите на футуризмот, концентрирани првенствено во и околу ИТ секторот, немаат дилема – автономните возила масовно ќе ги „параат“ градските улици веќе до 2030-та од две причини: мерливост на иницијалниот бенефит и промптна употребливост кај групите корисници или пак во форма на јавен сервис. И покрај несомнената полезност, немерливоста на ефектите од некои претходни иновации во автомобилската индустрија ја условила нивната масовна употреба со падот на цената на чинење. На пример, пред да стане глобален стандард, системот за спречување на

институционалната подготвеност да се изврши замена на конвенционалните возни паркови со флоти од автономни возила, треба конечно да ја докаже и запечати нивната неопходност. Било да се работи за јавен превоз, било за службени возни паркови, „флотниот пристап“ е посакуван од две причини: краткотрајното поединечно користење ќе овозможи психолошко привикнување „во мали порции“, а флотната контрола од страна на еден оператор ќе го олесни периодот на „детските болести“ и почетните техничко-оперативни потешкотии. Главната офанзива која им претстои на автономните возила е онаа против поседувањето на патнички автомобили. Способноста на возилото да се врати на домашната адреса за да изврши превоз на друг член на домаќинството, се толкува како

Пре-канцеларија на иднината

ефектите од новата технологија може до некаде да ги прикрие или „заборави“ страничните факторски влијанија кои, во форма на емпириски input, претставуваат резултат на длабинската трансформација на современиот човек. Следејќи го својот всаден инстинкт, човекот, тој вечен homo viator, континуирано се обидува да го унапреди начинот на кој го совладува просторот. Урбаните патувања, како повеќеслојна општествено-социјална компонента која одзема непотребно време и енергија, се во фокусот на неговите напори за минимизирање на интеракцијата човек-возило, а се во име на непресушниот комфор, финансиската заштеда и трендовите за заштита на човековата околина. Автономните возила кои сообраќаат без директна помош на возачот, се оној тековен хоризонт чија извесност ги крши како лаичките, така и копјата на докажаните авторитети во автомобилската индустрија и науките што ја третираат современата урбана

блокирањето на тркалата при сопирање бил првенствено ексклузивитет за возачите со подлабоки џебови. Парадоксално, но автономните возила поентираат токму во зоната на апстрактното: му го враќаат на возачот времето потрошено во возење. Доколку истото се искористи за работа, денешниот систем за евалуирање на трудот лесно ќе ја пресмета подарената финансиска добивка. Дополнителното опуштање пред да се пристигне на работното место е само додадена вредност на веќе споменатата. Јавните урбани транспортни сервиси се вториот „столб“ врз кој почива футуристичкиот оптимизам. Замената на конвенционалните такси-возила со автономни, се набљудува како прва имплементациска станица, а воведувањето на капацитативно поблагодарни превозни единици (комбиња, минибуси) во комбинација со веќе разработените car-sharing, lift-sharing и слични модели, значително ги проширува употребните граници. Корпоративната т.е.

директен удар на потребата за поседување на 2+ семејни возила, што во продолжение треба да резултира со драстично намалување на бројот на возила во сообраќајот. Овој потенцијален тренд латентно е посакуван од градските власти ширум светот, а равенката е прилично едноставна: возилата што немаат потреба од возачи немаат ниту потреба за „трошење“ на градскиот простор заради паркирање, со што првенствено пред централните градски зони се отвораат сосема нови урбано-планерски хоризонти во смисла на постигнување на повисоки квалитативни стандарди. Од социјален аспект, автономните возила можат да прераснат во благослов за категориите граѓани кои поради најразлични физички или ментални недостатоци не се во состојба да користат конвенционални возила. Сообраќајните инженери имаат посебен мотив за задоволно триење на дланките. Барем зад грб. Исклучувањето на возачкиот фактор, >> 27 јануари 2017

ПОРТА

45


сообраќај Ретро утопија

Look mama, no hands

потенцијалот за автоматизација на сообраќајните токови и нивно Wi-Fi поврзување со непосредната инфраструктура го води кон ниво на екстаза! Наместо „распашани“ колони длабоко зависни од навиките и каприците на возачите, улиците би ги краселе филигрански низи од автономни, меѓусебно комуникативни возила (platoons), совршено синхронизирани со семафорските системи. Освен редукција на времињата на патување, возачката грубост која троши непотребна енергија и емисиите на загадувачки материи, вака поставената мобилност ќе овозможи максимално искористување на алтернативните коридори, односно далеку порамномерно оптоварување на расположливата улична мрежа. МОЖЕБИ, НО СЕПАК ТЕШКО Доколку автономните возила се потчинат макар и на рамковните развојни законитости во автомобилската индустрија – а во моментов баш и нема многу показатели кои би наведувале на спротивното – оваа технологија првично ќе биде онолку скапа колку и несовршена, за која ќе бидат неопходни и посебни услови за функционирање во денешните автомобилски зависни градови (на пример, засебни сообраќајни ленти, налик на т.н. „жолти“ автобуски). Половината на овој век е најсмелиот временски хоризонт за релативно омасовување на овие транспортни средства во гаражите на западната средна класа. Сè пред тоа ќе биде 46

ПОРТА

27 јануари 2017

дел од играта наменета за добростоечката клиентела и нејзините непишани статусни правила. Е сега, зад прашањето колку остатокот од јавноста ќе биде толерантен на резервирање на дел од сообраќајниот простор не само за една категорија возила, туку и за еден и тоа највисокиот социјален слој, може да се крие крајно нетолерантна дебата. Во овој случај една чисто сообраќајна мерка (засебни ленти) добива силна и, како резултат на глобалните кризи, непопуларна димензија. Поради наведеното, истата може и за очекување е во праксата да стане предмет на засилена злоупотреба од страна на возачите на

конвенционалните возила, што само ќе придонесе за продлабочување на јазот помеѓу нивната оперативна неопходност и јавна прифатливост. За волја на вистината, еден дел од сообраќајно-инженерската струка сè уште се воздржува од загревање на дланките со она задоволно триење. Урбаниот сообраќај поседува внатрешни законитости на одвивање, па намалувањето на бројот на возила во сообраќајот како производ на намалената потреба за поседување, односно ослободувањето на сообраќајниот простор како резултат на зголемување на ефикасноста


сообраќај на токовите возила, претставува одлична подлога за виреење на ефектот на т.н. индуциран сообраќај. Чиста транслација на една економска законитост која вели дека она што станува подостапно станува и поевтино, а со самото тоа и повеќе барано и користено. Потенцијалот на автономните возила за независно транспортирање на членовите на секое семејство во сообраќајно-инженерскиот речник, се преведува како зголемување на бројот на поминати километри т.е. постојаност на овие возила на градските улици. Ударот на нивната ефикасност во овој случај, потекнува од втмелената претпоставка дека, за да секој член од семејството биде независно транспортиран секое второ возење на автономното возило треба да биде празно т.е. без патници. На овој начин, автономните возила ќе генерираат далеку повеќе празни патувања отколку што тоа денес го прават конвенцоналните возила зависни од возачите. Со оглед на фактот што исплатливоста на оваа технологија во основа се гледа во нејзиното омасовување, останува нејасно како идниот број и зачестеност на автономните возила по улиците ќе се усклади со темелниот аксиом кој вели дека, најдобар лек за сообраќајно преоптоварените градови на денешницата е намалување на бројот на возила кои се во употреба. Битна ставка во овие струковни размислувања претставува и потенцијалната судбина на конвенционалните системи за јавен

градски превоз (на пример, автобуски). Можноста за широка употреба на еден продукт по правило ја намалува потребата од користење на друг, што звучи крајно едноставно, но само и единствено во случај кога не се однесува на комплексни системи чие урбано еволуирање веќе се мери со векови, и кои и самите поседуваат софистицирани системи за напредно функционирање. Исклучувањето на возачкиот персонал од конвенционалниот такси-превоз, како резултат на продорот на автономните возила во овој сегмент, би резултирало со два за системот несакани, а за корисниците непопуларни ефекти. Возачите на такси-возилата автоматски би преминале во регистарот на бироата за работа, со што во потполност би се изгубила социјалната димензија на овој јавен вид превоз, кој, не само во Македонија, претставува последна сламка на спасот за многу професионално унесреќени индивидуи. А еден дел од патниците трајно би биле лишени од асистенцијата на возачите при влегување/излегување од возилата и утовар/истовар на нивниот багаж, со што овој вид превоз за нив ќе изгуби на привлечност. Омасовувањето на која било технологија зад себе секогаш влече и прашања за нејзината замена и ослободување од застарените или искористени производи. Современите возила чинат во просек 50 пати повеќе и траат до 10 пати подолго од квалитетните мобилни

телефони, па возачите многу поретко набавуваат нови возила само да бидат во тек со новите технологии. Па сепак, сегашниот систем на трансфер на искористените возила кон географските региони со полабави прописи и грижа за животната околина, нема да биде во потполност функционален од едноставна причина што автономните возила, за чие оперирање и одржување првично бил надлежен еден специјализиран оператор (институционални/корпоративни возни паркови и такси-флоти), сега треба да преминат во рацете на поединци потполно необучени за нивно одржување. На начин на кој во моментов е замислено нивното користење, автономните возила многу повеќе претставуваат транспортно средство за добро испланирани патувања. Сегашната флексибилност во патувањето и вршењето на секојдневните активности која ја нудат конвенционалните возила, или нема повеќе да биде достапна или пак тркнувањето до пазарчето во зона со редуцирано паркирање може да резултира со празни автномни возила кои кружат околу блокот чекајќи ги своите „сопственици“. Високото технолошко ниво зачинето со комплексни хардверско-софтверски решенија ќе ги исклучи автномните возила од групата user-friendly производи, за кои резервни компоненти се достапни во секој гранап, а може да ги вгради и автомеханичарскиот чирак. >>

Wi-fi интеракција на возилата

ПОРТА


сообраќај Сега е и повеќе од сигурно дека омасовувањето на една софтверски вака комплексна технологија, ќе бара и комплексни сигурносни мерки и процедури недостапни за субјектите што нема да бидат специјализирани за таа цел. Врз база на искуствата со тековните софтверски решенија и мрежни архитектури, рационалните скептици во прв план ја туркаат и доверливоста на целокупната технологија, отворено прашувајќи какво ќе биде доживувањето на опуштените и безгрижни патници во колоната во случај на пад, пореметување или отказ на целокупниот систем („компјутерите работат одлично, се до оној момент кога ќе престаната да работат!“). Доколку за момент замислите дека на повеќе нивоа умрежените автономни возила треба да претставуваат окосница на транспортот на утрешните паметни градови (smart cities), тогаш од морниците долж ’рбетот ве дели само една секунда. Бијхевиоралната компонента, изградена со децениско профилирање на навиките на урбаниот човек, нема да остане рамнодушна. Чувството на лична слобода, благодарение на

Контролни системи на автономните возила

достапноста на конвенционалните возила, и можноста да се оствари потполна контрола врз нив претставува темелен запис во антрополошката потсвест. Упадот во воспоставената автомобилска култура, кој автномните возила несомнено ќе го предизвикаат, ќе изврши поништување на припадноста кон еден систем (сообраќајниот) во кој ги бараме и препознаваме акциите и потребите на другите учесници, и за истите сме подготвени на

системски уредено договарање (на пример, толеранција при вкрстување врз основ на правилото на десна страна). Вака соголеното согледување асоцира на повисоко ниво на потчинетост на човекот на машините, кое холивудските сценаристи веќе го имаат искарикирано до максимум. А крикот на автоентузијастите, подготвени за жртвување и на последната пара, само за да се извлече макар уште една коњска сила од моторот, допрва треба да се слушне! n

ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

ПОРТА


ПОРТА


најчудни градби

ТОП ДИЗАЈНИ КОИ ЌЕ БИДАТ ЗАВРШЕНИ ВО 2017 ГОДИНА Драган РИСТОВ

Г

одината само што почна, но кога е во прашање архитeктурата, дизајнот и конструкцијата на нови објекти… светот е неуморен. Оваа година ќе никнат

можеби стотина нови облакодери, нови мостови или ќе се направат дузина чудни градби, а од таа група на конструкции се потрудивме да ви претставиме неколку, кои со нетрпение се очекуваат да финишираат токму годинава. Изборот го направија светски архитекти а внимание им посвети дури и водечкиот CNN.

ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА „АФРАГОЛА“ ВО НЕАПОЛ (ИТАЛИЈА) Станицата е дел од новиот железнички систем за брзи возови кои сообраќаат на релација Рим-Неапол. Креатор на дизајнот е славната Заха Хадид, која уште во ноември 2003-та го предложила дизајнот. Тој предвидува станицата да се конструира на мост, над самите железнички шини, на височина од 25 метри и со површина од 20000

ПОРТА

метри квардатни. Станицата почнала да се гради во 2009 година, но заради проблеми со трошоците, конзорциумот што ја правел бил принуден да се откаже и да го продаде целиот проект на групацијата „Асталди“ во 2015 година. Инвестицијата е проценета на околу 60 милиони евра. Според техничките карактеристики, структурата е направена од комбинација на стакло и бетон. Дизајнот е со искривени елементи како и со издигнувања и спуштања на самите краеви. Главната галерија на објектот ќе има 500 метри квадратни на соларни панели кои ќе го рефлектираат светлото и секако ќе акумулираат сончева енергија. Сончевите зраци на долните прозорци ќе ги затоплуваат патниците во зима, додека оние на јужната страна на лето ќе имаат заштита со која ќе рефлектираат и ќе ја намалуваат топлината. При дизајнот особено внимание е посветено на патниците што ќе чекаат. По купувањето на билетите, тие ќе можат да го поминат времето во многуте ресторани и продавници во атриумот на станицата. Освен тоа, имајќи предвид дека станицата е изградена на мост и е над самите шини, патниците ќе имаат панорамски поглед на траките и возовите. Станицата на располагање ќе има 1400 паркинг места, автбуска станица, природен парк, спортски терени па дури и експериментални зони за растенија.


најчудни градби

МУЗЕЈОТ „ЛУВР“ ВО АБУ ДАБИ И арапскиот свет ќе добие свој музеј „Лувр“, благодарение на инвестицијата на ОАЕ во метрополата Абу Даби. Проектант и дизајнер е познатиот архитект Жан Нувел. Самиот автор вели дека станува збор за комбинација на модерната архитектура со традиционалните вредности, со цел овој „Лувр“ да им припаѓа само на луѓето од арапскиот свет. Музејот се наоѓа на островот Саадијати и претставува мала оаза во текот на денот и своевидна светлечка точка во песокот за време на ноќта. Две третини од музејот се покриени со бела купола од 180 метри во дијаметар, и таа претставува синоним за џамиите што имаат соодветни куполи. Куполата е инспирирана од листовите на палмите, а нивната испреплетеност ќе влијае и на зрачното осветлување на внатрешноста. Што се однесува до надворешноста, куполата и објектите се опколени со вода, имајќи ја предвид важноста на овој елемент во исламската религија и животот. И надвор а и внатре ќе има елементи со вода. Исто така, галеријата ќе биде со традиционални елементи, големи холови, стриктна геометрија и високи тавани за да може уметноста да дојде до израз. Благодарение на куполата, која ќе биде практично „прошарана“ и светлоста ќе има свои различни падови, што дополнително ќе внесува атмосфера.

Проектот е под закрила на туристичко-инвестициската компанија на Абу Даби. Објектот почнал да се гради во 2013 година, а се очекува да биде пуштен во употреба во текот на 2017-та. Вредноста на арапскиот „Лувр“ е околу 650 милиони долари.

27 јануари 2017

ПОРТА

51


најчудни градби

ПЛАНИНСКОТО СЕЛО „ХУАНГШАН“, КИНА Како и во секоја научно-фантастична слика или сцена, ова село е еднакво на фантазија. Се наоѓа над езерото Таипинг. Куќите или мини-зградите изгледаат како вселенски капсули бидејќи се изградени од метал. Нивниот дизајн е еднаков на хоризонталните

линии на планините, па одлично се вклопуваат во нив. Гледано од далеку, секој од објектите изгледа како мала планина. Констуркцијата подразбира релјефно издигнување на катовите, секој погоре има помала површина како се наближува кон врвот. Секој кат, надворешно е опколен со стаклена ограда. Според дизајнот, има место за 700 апартмани од кои некој од објектите ќе има функција на помала зграда со неколку резиденти но, планирани се и поединечни локации за индивидуални семејства. Проектот го гради архитектонското студио МАД кое е и сопственик и инвеститор на проектот. Конструкцијата на локацијата на езерото, кое во комбинација со планините Хуангшан (Жолтите планини) е инаку и под заштита на УНЕСКО, веќе е туристичка атракција а изградбата на зградите само дополнително ќе внесе комерцијален елемент. Инаку т.н. „Жолто село“ почна да се гради во 2013 година и до средината на 2017 година веќе треба да биде вселиво.

МУЗЕЈ НА СОВРЕМЕНАТА АФРИКАНСКА УМЕТНОСТ „ЗАЈТ“ (КЕЈПТАУН, ЈУЖНА АФРИКА)

52

ПОРТА

27 јануари 2017


Орстад колеџ „ЦЕНТРО БОТИН“ (КАНТАБРИА), САНТАНДЕР Станува збор за уникатен објект кој влегува во завршна фаза и се гради на место кое порано било обично паркиралиште во шпанската метропола Сантандер на север. Го носи името Центро Ботин и алудира на место кое треба да биде центар на културни збиднувања, но и своевидно место за релаксација и уживање. Проектот е соработка со студиото „Ренцо Пијано“ и мадридскиот конзорциум „Луј Видрал“. Самиот објект има изглед на пеперуга, секако делумно, и претставува комбинација од две структури кои се градени на земја но со дел од просторот ќе бидат и над самата вода. Имајќи предвид дека се два објекта, западната ќе има површина од околу 2500 метри квадратни и ќе биде наменета исклучиво за уметнички настани и збиднувања. Источната страна ќе биде наменета за образование и култура и ќе вклучува аудиториум со 300 седишта, четири соби за семинари и работни простории. На источната зграда ќе има и тераса на врвот со спектакуларен поглед кон Сантандер и кон портовите и брегот. Приземјето на западната зграда ќе вклучува јавна површина со

неколку барови и ресторани. Објектите се градат на неколку челичнобетонски основи, со што луѓето ќе можат слободно да се движт под нив и да влегуваат во парковата површина со придружни елементи кои се градат зад самите згради. Двете згради се поврзани со поголем стаклен ходник со што ќе се овозможи лесно преминување од западното во источното крило и обратно. Објектот се очекува да биде готов на лето.

Овој музеј се смета за еден од најмодерните што се гради, и ќе биде завршен во текот на 2017 година. Тој се гради на историска локација од 1921 година. Станува збор за инвестиција на непрофитната В&А ватерфронт и Јохан Зајт, кои во чест на колекцијата Зајт ја обновуваат некогашната зграда на локацијата Гран Сило во Кејптаун во Јужна Африка, која е изградена во далечната 1921 година. Со проектот, не само што ќе се обнови зградата што е висока 57 метри, туку таа ќе добие уникатен дизајн, поголема употребна вредност и ќе стане можеби еден од најголемите музеи во Африка. И досега, објектот бил со голема посета, со околу 24 милиони посетители годишно, што ја става на врвот на музејски локации. Објектот има 9500 метри квадратни површина, од кои површината за музејски поставки е околу 6000 метри квадратни и се простира на цели шест катови. Објектот ќе биде отворен на 23 септември 2017 год. со гала вечер на која ќе се собираат добротворни донации. Што се однесува до објектот, тој се менува од корен со нови и модерни елементи и материјали со што внесува свежина во овој дел на Кејптаун. Конструкцијата ќе биде збогатена со фантастичен влез кој

се состои од гигантски кружни цевки кои се само дел од вкупната конструкција која е во основата на објектот. Освен музејот, се градат и неколку згради до него, кои се наменети за станбени единици со што дополнително се уредува целиот простор. 27 јануари 2017

ПОРТА

53


екологија

Секоја парцијална мерка нема да доведе до сериозно подобрување

Марина ВЕРУШЕСКА фото: Скопје Смог Аларм

С

екоја година ни се повторува приказната за штурецот и мравката. Мерки против загадувањето не се преземаат во текот на годината, а кога ќе дојде зима, сите започнуваат да си ја префрлаат вината едни на други. Статистиките ни се веќе добро познати, а Македонија е во одбраното злогласно друштво на земји со високо ниво на смртност (66 на 100.000 жители), со главна причина – загадување. Институтот за јавно здравје на Република Македонија, секоја година изготвува истражувања за ефектите на аерозагадувањето врз здравјето. Според нивните проценки, на годишно ниво се губат повеќе од 1000 животи (бројот од година во година варира, но се движи од 800 до 1200 смртни случаи). „Нашите истражувања покажуваат дека поради аерозагадувањето, Македонците во просек живеат 3-4 години покусо и дека во причините за прерана смртност, односно болестите во кои како причина учествува и аерозагадувањето, претставуваат 45-50 % од причините“, истакнува проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје. „Во текот на зимскиот период, над 50% од причините за 54

ПОРТА

27 јануари 2017

Непреземањето акции за справување со загадувањето е меѓугенерациски криминал

проф.д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје

детските заболувања се белодробните болести каде аерозагадувањето е сериозен фактор кој ја намалува белодробната функција кај децата, го успорува растот на нивните бели дробови, ги стеснува дишните патишта и го намалува имунитетот. Кај возрасните пак, аерозагадувањето, покрај белите дробови ги напаѓа срцевите и мозочните крвни садови, ја пореметува автономната регулација на срцевата работа, а се смета дека дури е можно да учествува во појавата на шеќерната болест“, вели д-р Ѓорѓев. Познавајќи ги статистиките но и последиците од загадувањето, македонските граѓани, оваа година можеби најревносно досега, реагираат и се активираат, барајќи начин да го зачуваат своето здравје. Револтот на граѓаните е погласен на социјалните мрежи а поскромен на собирите, но постојат голем број неуморни еко-активисти коишто бараат решенија и одговори од надлежните. На протестите, екоактивистите нагласуваат дека надлежните мора да го стават чистиот воздух како приоритет при креирање на јавниот буџет. „Аерозагадувањето не е само проблем на Скопје туку е национален проблем. На пример, во Битола во последните шест месеци пет деца заболеле од рак, и според граѓаните тоа се должи на загадениот воздух. Исто така, Тетово е неславен рекордер со преку 250 денови во


екологија годината со надминати дозволени граници за канцерогени PM10 честички. Кичево е на врвот во загадувањето со скоро 150 денови со надминати дозволени просечни дневни вредности на PM10 честички“, вели Игор Новески од заедницата на екоактивисти „Скопје Смог Аларм“. Пред крајот на годината, тие, заедно со НВО Еко-Свест и колектив Ветерница, направија детски мјузикл „Градот моли: ме угушивте, ме боли!“, кој го обработува проблемот со аерозагадувањето на сликовит и интересен начин. Новевски вели дека тие и понатаму ќе продолжат со своите еко-иницијативи за подигање на свеста кај граѓаните и надлежните за аерозагадувањето. „Проблемот мора да се решава сериозно, посветено и со креирање на посебни политики и буџети за таа цел. Би нагласил дека некои врвни научници и експерти за екологија како др Давид Сузуки, предупредуваат дека непреземањето акции и мерки за справување со загадувањето е меѓугенерациски криминал и надлежните функционери може да одговараат кривично за свесно игнорирање на проблемот или за криминал од небрежност“, истакнува Новевски. Чекаме природата да ни го реши проблемот снегот да го покрие, а ветрот да го исчисти, но нема волшебна мерка која преку ноќ ќе го смали аерозагадувањето. „Мерките што треба да се преземат се интерсекторски и на повеќе нивоа“, вели д-р Ѓорѓев. „Граѓаните мора максимално да ја редуцираат употребата на приватни возила. Ако имаат можност и тие што ја имаат веднаш да ги сменат своите печки за домашно греење и

l Имаме најголемо аерозагадување од

канцерогени PM2,5 честички во Европа (39.4 mg/m3 годишен просек), според Светска банка. Максималната граница пропишана од ЕУ за PM2,5 во една календарска година е 25 mg/m3. l Четворица македонци умираат во просек дневно заради загадениот воздух (1350 годишно), според Светска банка. l Во 2015 година, секое второ болно дете се лекувало од респираторни здравствени проблеми според Институтот за јавно здравје. l Загадениот воздух има ризици врз репродуктивниот систем кај жените: дефекти при раѓање, смрт на новороденчиња, ризик од канцер, според Светската здравствена организација. l Кај возрасните граѓани (над 60 години), загадениот воздух предизвикува мозочни оштетувања и„тивок“ мозочен удар што може да предизвика вистински мозочен удар, деменција, депресија и други негативни здравствени ефекти, според Универзитетот во Бостон.

да набават енергетски ефикасни печки на почисто гориво (на пр. пелети). За другите да се обезбедат субвенции. Греењето мора да биде или гасифицирано или енергетски ефикасно. Градот мора апсолутно да обезбеди доволно евтин или бесплатен еколошки чист јавен превоз, но и да ги одржува беспрекорно чисти улиците и под строга контрола или забрана на бројните локации каде се вршат градежни работи. Ако сето тоа се коси со надлежностите, државата да ги смени законските прописи и да обезбеди спроведување на сите овие мерки без одлгагање. Секоја парцијална мерка нема да доведе до сериозно подобрување“, заклучува д-р Ѓорѓев. Крајот на месец ноември 2016 година (29-30 ноември) во Виена, проф. Ѓорѓев учествуваше на конференција на земјите членки на Светската здравствена организација за европскиот регион од областа на здравје и животна средина. Собир на преку 150 уесници од земјите и меѓународни невладини организации кои разговараа за здравствено еколошките приоритети во европските земји. „Покрај отпадот, безбедноста на водата за пиење, климатските промени и хемикалиите, борбата против аерозагадувањето е посочена како топ приоритет. Во земјите на ЕУ загадувањето со ПМ честичките е причина за околу 500 000 смртни случаи годишно и економски штети од 330-940 милијарди евра“, истакнува д-р Ѓорѓев. Сето ова ќе биде предмет на разговор на министерската Конференција за здравје и животна сердина во јуни 2017 во Острава, Чешка. n (Податоците се од Скопје Смог Аларм)

27 јануари 2017

ПОРТА

55


репортажа

ƶƬƻƬưƺƶƴƤƬ ǢǑǙnj Ǜǚ ǗǔǢǑ Ó

ƻƺƼƾƿƯƬƷƴƤƬ ǢǑǙnj Ǜǚ ǗǔǢǑ Ó

ƴƳƼƬƱƷ ǢǑǙnj Ǜǚ ǗǔǢǑ Ó 7 $ 1(: :$<6 2) 75$9(/

Банкок, бејби! Александра ПЕТРОВСКА, дипл.инж.арх.

„Тоа што сме, е производ на нашето сопствено размислување Со нашите мисли го креираме светот“. – БУДА.

Б

анкок. Далечна, но одамна посакувана дестинација. Во денешно време далечината е само бројка која лесно и брзо се совладува со авион, а патот до Банкок го скратувам со неопходни информации и мапи за градот преземени од Интернет, трудејќи се да запомнам неколку најосновни зборчиња на тајландски јазик, како: Добар ден, Благодарам, Довидување - за соодветно да одговорам на надалеку познатата љубезност на Тајланѓаните. Тајланд е единствена азиска земја која никогаш не била колонија. Државата ја води воена хунта која е на власт од 2014 година, а Тајланд е монархија со кралска династија. До пред неколку месеци на власт беше повеќе од половина век Рама IX, кој го наследи неговиот ексцентричен син, принцот Маха Ваџиралонгкорн, за чие владеење Тајланѓаните не се многу оптимистички настроени, иако монархот нема никава политичка моќ, но населението во кралот гледа фактор на обединување на

ПОРТА

државата. Сфаќајќи дека некогашните големи светски сили Британија и Холандија сакаат да стигнат до тајландското богатство, Тајланѓаните изиграле многу паметно со спогодба за слободна трговија и така го избегнале губењето на суверенитетот. Нивната вештина за политика и одлично одбирање на сојузници, ја покажале и после Втората светска војна кога станале партнери со Соединетите ФОТОГРАФИИ: АЛЕКСАНДРА ПЕТРОВСКА


репортажа Американски Држави, а благодарение на тоа пријателство, во Тајланд пристигнале инвестиции кои добро ги искористиле и станале една од најразвиените земји во Азија и рекордери во извоз на техничка роба, ориз и облека. Авионот лета и ги менува временските зони, за конечно да го допре тлото на Банкок. И, азиската авантура може да започне. Првиот впечаток за Банкок е при возењето од аеродромот до хотелот, каде не може да се избегне сообраќајниот метеж и во очи паѓаат стотина кабли за електрична енергија кои се развлечени на бандери паралелно со улиците. Тоа е така изведено бидејќи каблите за струја не смеат да се стават под земја, зашто во период на монсунски дождови се случува некои делови од Банкок да бидат поплавени. Банкок е познат и како Азиска Венеција или Венеција на Истокот. Градот е подигнат на брегот на реката Чао Прај, недалеку од нејзиното слевање во Тајландскиот Залив. Банкок е на само два метри надморска височина и има мочуриштен терен, а неговите жители со векови го претворале во место погодно за живеење, во што несомнено и успеале, за денес да брои околу седум милиони жители. Автомобилот во движење одминува многу тезги со евтина храна. На тротоарите на улиците има тезги на кои се продава пржено и печено месо, зеленчук и овошје. Погледот ми го привлекуваат и безброј светлечки реклами од ресторани, продавници за сè и сешто и големи трговски центри. „Тук-тук“ такси возила распоредени по краевите на улиците, чекаат туристи за да ги повозат до некоја туристичка атракција во градот. Пред мене се отвора урбана џунгла.

ГРАДОТ НА ХРАМОВИТЕ ВО БАНКОК

Храмот Ват Арун (Wat Arun)

Банкок е дом на 400 храмови, а делот каде што се сместени е познат и како „Градот на храмовите“. Тој зазема една петтина од вкупната површина на Банкок. Градот на храмовите со кралската палата го изградил кралот Рам I околу 1785 година. 95% од Тајланѓаните се будисти, 4,6% се муслимани, а 0,75 % се христијани. Влезот во некои од храмовите е бесплатен, а таму каде што се наплаќа, парите од влезниците се наменети за хуманитарни цели. При посета на храмовите, посетителите мора да ги остават чевлите на влезот и низ храмот се шета бос. Исто така, облеката треба да го покрива целото тело – долги панталони или долго здолниште и покриени рамена. Пред влезот на секој храм може да се изнајми наметка и непречено да се влезе во храмот. Најпознати и најубави храмови кои се издвојуваат за посета се: Храмот Ват Арун (Wat Arun) Храмот Ват Арун или Храм на Зората, името го добил по Хинду Богот Арун – Заштитник на зората, а изграден е во XVIII век. Претставува цел комплекс од храмови, составен од мали и поголеми храмови, кули, капели, испреплетени во лавиринт низ кој се шета покрај 49 статуи на Буда и галерија со 394 слики од Буда. Главната пагода е висока 79 метри и има уште четири помали. Впечатливи се и 33 статуи на слонови, како и главна статуа на Буда, а комплексот го чуваат статуи на кинески стражари. >> Статуи на Буда в0 Храмот Ват Арун

ПОРТА


репортажа

Храмот на Златниот Буда ( Wat Trai Mit)

Храмот Ват По (Wat Po) - Храмот на лежечкиот Буда

Храмот Ват По (Wat Po) Храмот Ват По или попознат како Храмот на лежечкиот Буда, е спектакуларен храм во кој е сместена најголемата статуа на лежечки Буда, долга 46 метри и висока 15 метри! Овој храм е најголем и најстар, изграден во XII век. Статуата е импозантна, огромна и ми го опфаќа целиот видокруг, а златото ми ги заслепува очите. Не постои добар агол од кој може да се фати со поглед целата статуа. Лежечкиот Буда е прекриен со златни ленти во комбинација со бисери и седеф. Огромните стапала на Буда се покриени со цртежи од 550 реинкарнации на Буда додека стигнал до нирвана состојба. Околу статуата има 101 метален сад, за кои постои верување дека ако барем во еден од садовите фрлите паричка, некоја желба ќе ви се оствари или ако ништо друго – барем ќе ви се подобри кармата.

Храмот на Златниот Буда (Wat Trai Mit) Храмот Ват Траи Мит или многу попознат како Храмот на Златниот Буда, не е изграден многу одамна, но е познат по статуата што е изработена од чисто злато и е тешка 5,5 тони, а висока околу три метри. Интересна е приказната за оваа статуа: Во 50-тите години на минатиот век било одлучено една од гипсаните статуи на Буда кои се наоѓале во Храмот Ват Траи Мит да биде пренесена во друг храм во северниот дел на земјата, но при товарење на статуата за нејзин транспорт, била оштетена и под слојот на гипсот се појавило чисто злато. Потоа е откриено дека златната статуа била покриена со гипс пред два века за да ја заштитат од заплеменување од страна на Бурманците. Во храмот сè уште се чуваат остатоци од гипсениот слој. И во овој храм, исто како и во претходните, влегов боса и со наметка, а на влезот на храмот може да се купи венец исплетен од свежи цветови кој се положува пред статуата на Златниот Буда.

Храмот од мермер ( Wat Benchamabophit)

58

ПОРТА

27 јануари 2017


репортажа Храмот од мермер (Wat Benchamabophit) Изграден во 1899 година од бел мермер, овој храм е еден од најубавите во Тајланд, а во неговиот изглед се помешани тајландскиот етницитет и напредната Европа. Блесокот од белата мермерна фасада го заслепува видот, а храмот го чуваат два мермерни лава кои се сместени во влезната партија. Во центарот на внатрешниот простор се наоѓа златна статуа на Буда, а по должина на ѕидовите се наредени 52 статуи кои ги прикажуваат фазите на формирањето на будизмот.

Храмот на Смарагдниот Буда (Wat Phra Kaew)

Храмот на Смарагдниот Буда (Wat Phra Kaew) Изграден е во 1782 година со цел да се зачува многу важна света реликвија – скулптура на Смарагден Буда, долга 66 см, која има најважна улога во верскиот живот на Тајланд. Скулптурата го претставува Буда седнат на престол во лотос положба, целата изработена од едно единствено парче жад. Во текот на годината, за различни верски пригоди, Смарагдниот Буда три пати годишно го облекуваат во златна облека. Правила за почитување на Буда При влезот на секој храм, наидовме на брошура со совети за почитување на Буда, каде љубезно се замолува Буда да не се третира лошо: - Ликот и телото на Буда не треба да се поставува (принта/наслика) на под и да се гази врз него. - Апликација од Буда не треба да се печати на облека и обувки. - Слика од Буда не треба да се тетовира по тело. - Буда не е мебел или декорација и не треба да се користи за таква намена. - Името Буда не треба да се користи како име за домашен миленик или име на кафе- бар, ресторан, хотел и сл. - Скулптура на Буда не треба да се оштетува, да се гази или да се седнува врз неа.

Пловечки маркет – Damnernsaduak Уште едно несекојдневно искуство во Банкок – пловечки маркет, најверојатно е најнеобичниот маркет кој сум го посетила досега. Има повеќе пловечки маркети во близина на Банкок, но вработените во хотелот каде престојувавме нè советуваа да го посетиме најголемиот од сите нив – Damnernsaduak, лоциран на околу час и половина возење од Банкок, а за превозот не моравме многу да мислиме, бидејќи од хотелот се понудија да нè однесат до таму и назад. Нетрпеливо се возевме низ сообраќајниот метеж, спремни да видиме дали маркетот со причина е една од работите што не смеат да се пропуштат кога сте во Банкок. Пловечкиот маркет е составен од многу водни канали од чии страни се наоѓаат бетонски платформи изградени на колци, на кои има наредено тезги кои нудат свежо овошје и зеленчук, како и сувенири и традиционални конусовидни шапки од трска. Низ каналите се возиме во дрвен чун со мотор, а возачот забавува до секоја тезга и остава простор да разгледаме што се нуди. Ценкањето е неизбежно овде, впрочем како и низ цел Банкок и Тајланд, а освен статични тезги има и чамци-тезги кои нè пресретнуваат преполни со свежа и вкусна храна. Нè пресретнува чамец со најразновидни капи, шешири, шапки. Пробувам традиционална конусовидна шапка, која воопшто не е скапа, а е драгоцен спомен. Се отпоздравуваме со чамци со туристи кои нè одминуваат во спротивен правец, уживајќи во моментот. Како и на секое останато интересни место во светов, и тука во себе водам борба дали комплетно да се препуштам на уживање во моментот или да се фатам за фотоапаратот и бесконечно да шкрапам, обидувајќи се да го зачувам секое делче во фото меморијата. Впрочем, фотографиите многу подобро го доловуваат маркетот, отколку сите овде напишани зборови. Уживање е возењето низ каналите, пејзажот што се отвора од двете страни на чамецот го одзема здивот. Прекрасна зелена природа, палми со банани и кокосови ореви, а во таа џунгла има и дрвени куќички на луѓето што работат и живеат во пловечкиот маркет. Повеќето од куќите се мали и изгледаат прилично бедно и навистина е чудно како некој воопшто може да живее во такви услови, а сепак да е среќен.

Тајланѓаните се најверојатно најгостопримливите луѓе на светов, сериозно – заборавете на нашата македонска гостопримливост, Тајланѓаните дефинитивно нè надминуваат! Попозитивен народ од нив сè уште не сум сретнала. И не мислам на богатите Тајланѓани, туку на средната и ниската класа – сопственици на ресторани, келнери, персонал во хотел, таксисти, улични продавачи и продавачи во маркет. Не сретнав ниту еден Тајланѓанец кој зрачеше со негативна енергија. >> 27 јануари 2017

ПОРТА

59


Панорамата на Банкок е полна со облакодери со убава архитектура, а погледот од височина на градот може да се доживее во видиковците што се наоѓаат на највисоките катови од облакодерите. Најчесто, на највисоките катови од облакодерите има барови (sky bars) од каде може да се ужива во панорамата на градот и сите барови изгледаат одлично и супермодерно, и тешко е да се одлучиме кој облакодер да го посетиме. Сепак, преовладува архитектонската професионална деформација и изборот паѓа на највисокиот хотел во Банкок, воедно и највисока зграда во Тајланд – Бајоке хотел (Baiyoke Tower II). Највисоката зграда во Тајланд (сè до отворањето на облакодерот Maha Nakhon во октомври 2016) е висока 328 метри, распоредени на 84 ката, а зафаќа вкупна површина од 179.400 м² или вкупно 673 соби. Изградбата на облакодерот Бајоке започнала во 1990 година, а била завршена во 1997 година, како замислен проект од страна на Khun Panlert Baiyoke во доцните 80-ти години од минатиот век. Во објектот се вградени 60.000 м³ бетон, а темелите се вкопани 50 метри под нивото на теренот, и во тоа време била највисоката армирано-бетонска кула во светот. Бетонот се пумпал на висина од 300 метри со користење на Putzmeister пумпа - пумпа со која претходно бил поставен светски рекорд во високо пумпање на бетон, на висина од 532 метри за време на изградба на брана на Riva dil Garda во Италија. Проценета вредност на Бајоке е 3,4 милијарди бахти (тајландска валута). Од 84-тиот кат на Бајоке целиот Банкок ми е на дланка. Не е највисок кат на кој сум се искачила досега, бидејќи не го надминува 124-от кат на Бурџ Калифа во Дубаи (која моментално го држи рекордот на највисока зграда во светот), 60

ПОРТА

27 јануари 2017

но секако е спектакуларен поглед кој не треба да се пропушти. Се гледаат кровови на пониски облакодери, чија височина исто така не е за занемарување. Нивната архитектура е убава и ненаметлива. Од горе, погледот на Банкок покажува убаво урбанистичко решение, каде не е занемарено и зеленилото, градот е голем и функционален. А, сето ова го впивам со свеж пијалак, послужен во ресторанот на 320 метри височина. Градот оправдано е светска метропола. Банкок - шарен свет на контрадикторности: премногу богати и премногу сиромашни квартови, луксузни шопинг центри и улица на проститутки, модерни ресторани и улични тезги со храна. Банкок, бејби! n Бајоке највисокиот хотел во Тајланд


ПОРТА


хортикултура

ДОДЕЛЕНА EUROPEAN GREEN CAPITAL AWARD 2017

Германски Есен најзелен град во Европа

Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум. инж. (Биропроект ДOOEЛ, Скопје)

Г

ерманскиот град Есен е добитник на наградата Европски зелен град за 2017 година. Наградата беше доделена од страна на Кармену Вела, комесарот на ЕУ за животна средина, поморски прашања и рибарство, на церемонијата во Бристол. Оваа престижна европска награда градот Есен ја добива по Љубљана, Словенија, која ја понесе оваа награда за 2016 година. Есен е деветиот по големина град во Германија со вкупно 574.000 жители, позициониран во Рур во сојузната држава Северна Рајна – Вестфалија. Ииндустриската историја на градот е поврзана со подземни операции и експлоатација на јаглен која започнала во почетокот на 19 век. Последниот рудник за вадење јаглен е затворен во 1986

ПОРТА


хортикултура

година и од тогаш Есен се развива во финансиски центар кој обезбедува вработување за околу 80% од работната сила и носи дополнителни 140.000 патници во градот секој ден. Со оглед на своето индустриско минато и големиот број индустриски капацитети кои се дел од градот, Есен претставува првиот „рударски град“ кој ја добива оваа награда. Есен го добива ова признание за своите применети практики за заштита и унапредување на природата и биодиверзитетот, како и напорите за намалување на потрошувачката на вода. Исто така, Есен учествува во различни семинари и иницијативи за намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување и зголемување на издржливоста на градот во борба со климатските промени. Со цел да ја заштити природата и биодиверзитетот, Есен има изградено „зелени коридори“ по должина на реката Емшер. Градот, исто така, прави напори да се претстави како „Град во трансформација“, со преодот од индустриски во финансиски центар. Есен, заедно со сите претходни добитници треба бидат пример за другите градови кои се стремат да ги подобрат своите еколошки перформанси, охрабрувајќи ги во поглед на примената на иновативни решенија во полето на екологијата.

САЕМ ЗА ХОРТИКУЛТУРА Секоја година кон крајот на јануари, во Есен се одржува водечкиот саем за хортикултура во светот. На површина од преку 10 хектари се изложуваат најголемите компании од областа на хортикултурата со презентација на растенија, иновации во производството, одгледувањето и уредувањето на зелените површини. Европската награда за „најеколошки град“ се доделува врз основа на иницијативата и придонесот на локалната самоуправа на европските градови во унапредување на животната средина. Наградата за првпат се воведува на 22 мај 2008 година, а како прв добитник на оваа награда е Стокхолм во 2010 година. Целта на ова

признание е да се наградат оние градови кои посветено работат на оваа проблематика, а од друга страна да ги иницира останатите за да преземат нешто во поглед на квалитетот на живеење. Во суштина, за доделување на ова признание се води сметка на три параметри во работењето и тоа: да се води конзистентна евиденција за постигнување на високи стандарди за животната средина, да се има посветеност и амбициони цели за унапредување и одржлив развој, како и да претставува инспирација за другите градови, споделувајќи ги своите искуства во практика. На овој конкурс, за веќе европско престижно признание, може да учествуваат сите европски градови кои имаат повеќе од 100.000 жители кои се дел од Европската Унија како и земјите што се кандидати за влез во ЕУ. Во случај одредена држава да нема град со повеќе од препорачаниот капацитет, како кандидат се зема најголемиот град. Конечната одлука се донесува врз основа на дванаесет точки и тоа: локален придонес во глобалните климатски промени, транспорт, зелени урбани подрачја, производство и управување со отпад, природата и биодиверзитетот, воздух, потрошувачка на вода, третман на отпадни води, еко-иновации и одржливо вработување, управување со животната средина на локалната власт, како и енергетската ефикасност. Наградата се доделува од страна на меѓународно жири составено од експерти во различни области на животната средина. n

ПОРТА


културно наследство

Хотелот „Њујоркер“ како дом на Никола Тесла крие многу интересни факти

П

Даниела МЛАДЕНОВСКА

ознатиот хотел „Њујоркер“, една од иконите на Менхетн, има долгогодишна историја во која бил сведок на многу значајни настани и угостил видни личности кои обележале една епоха. Прекрасниот објект изграден во арт деко стил во 1930 година, освен што бил дом и последна станица на славниот Никола Тесла, крие и многу други интересни факти. „Њујоркер“ била една од најубавите згради во Њујорк. Чинела 22

милиони долари, имала 2500 соби, најголем фризерски салон, најголема кујна, перална, телефонска централа во светот. Целиот систем бил поддржуван од тогаш најголемата електрична централа која била изградена во подрумот на облакодерот. Никола Тесла во хотелот се преселил од луксузниот „Валдорф Асторија“, на чие место една година по „Њујоркер“, е изграден „Емпаер стејт билдинг“. Денес, „Њујоркер“ е хотел од средна класа во кој доаѓаат просечни туристи. Секој што на време направил резервација и платил околу 200 долари, може да отседне во собата 3327 и да се обиде да ги повика духовите на големиот Никола Тесла.

Под хотелот има тунел кој води директно во метро станица Хотелот бил директно поврзан со метрото (Penn Station). Една од првите реклами за овој хотел гласи: Вашата соба се наоѓа на само три минути од возот, алудирајќи на станиците Пенсилванија и Лонг Ајленд. Овој тунел функционирал од 1932 до 1960 година, а по неговото затворање влезот кон тунелот е блокиран и денес се користи како магацин. 64

ПОРТА

27 јануари 2017


културно наследство Хотелот имал сопствена енергана Енерганата на хотелот изградена уште во 1929 година била многу пред своето време. Се смета за една од првите когенеративни постројки во светот, и за една од најголемите централи за еднонасочна струја во тоа време. Познатиот Институт за инженери по електротехника и електроника (IEEE), го вбројува овој капацитет меѓу авангардните, како што се водопадите на Нијагара и лабораториите на Бел. Енерганата имала капацитет да снабдува со енергија 35.000 домови. Пареата со висок притисок која ја генерирале котлите, се претворала во механичка а потоа во електрична енергија преку генератор на едноснасочна струја. Отпадната топлина била користена за греење, овозможувајќи го уште во тоа време когенеративниот концепт на производство на електрична и топлинска енергија. Во периодот кога хотелот се соочувал со сериозни проблеми на финансиски план, високопритисните котли биле заменети со котли на низок притисок и со тоа се оствариле оперативни заштеди од околу три милиони УСД на годишно ниво.

Во визбата на хотелот постои сеф на некогашна банка Хотелот е изграден врз темелите на објектот на некогашната дирекција на банка, поточно „Manufacturer’s Trust Company Bank“. Управата на банката се согласила да го отстапи просторот но под услов да биде обезбедено непречено одвивање на некои за нив клучни операции и во натамошниот период. Сефот бил во употреба сè до 1980 година без притоа банката да плаќа надомест. Денес овој простор е преуреден во интересен бар ресторан.

Сопственик на хотелот е црква Од 1976 година, хотелот е во сопственост на Унификационата црква, религиозна група која е во голем подем во САД во текот на 60-тите и 70тите години од минатиот век, под влијание на мисионери од Јапонија и Јужна Кореја. Хотелот е купен за пет милиони УСД, откако во 1972 година бил затворен поради финансиски проблеми.

Најновата технологија секогаш достапна Уште во 1930 год. кога хотелот почнал со работа, секоја соба била опремена со радио. Во 1948 година, пак, хотелот бил единствена зграда во светот според бројот на ТВ приемници.

Хотелот има сопствена архива За своето постоење од речиси еден век, собрани се над 4000 фотографии од најразлични настани и личности. На видно место во холот, оваа вредна документација е внимателно изложена и подредена во посебни секции: за Никола Тесла, за славните бендови кои гостувале, Мохамед Али и други славни гости, оригинални менија низ времињата итн.

Никола Тесла живеел и починал во овој хотел Од 1933 година па до неговата смрт во 1943-та, Тесла живел во овој хотел во собите 3327 и 3328 на 33-тиот кат. Се разбира, денес собата е реновирана, но поставени се слики и детали во чест на големиот научник. ПОРТА


Подиум со мраз за лизгање Меѓу познатите музичари кои ги забавувале гостите во овој хотел бил и Бени Гудман. Токму во тој период, непосредно до подиумот за бендот постоел и дел претворен во лизгалиште, на кој настапувале танчерките, што било вистинска атракција за гостите.

Таен излез кон 34-тата улица Преку еден отвор за воздух во делот на енерганата, се гледа долж просторот под тротоарите на 34-тата улица.

Скриени мурали – закопано богатство или засекогаш изгубено? Унгарскиот емигрант и уметник Luis Jambor, насликал 26 мурали во хотелското лоби и во големата сала за балови, кои се оценети со висока уметничка и историска вредност. Денес тие или се покриени или целосно уништени со бројните реновирања на хотелот. Сепак, со сигурност се смета дека барем два од нив се неоштетени под новите слоеви на ѕидовите.

(Од серијата текстови посветени на Њујорк во избор на главниот уредник) ПОРТА


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


арт и дизајн

Цепелин во Прага како место

за љубителите на уметноста подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Прага стана побогата за еден одличен наменски простор, а се работи за цепелин кој служи за собирање и одржување на работилници за љубителите на книжевноста 68

ПОРТА

27 декември 2016


П

арт и дизајн

рага доби предимензиониран објект во центарот на градот. На кровната тераса на Dox Center Contemporary Art, поставен е дрвен цепелин кој, многу веројатно од очигледни причини, никогаш нема да се издигне до небото бидејќи се работи за уметнички проект. Објектот е наменет за јавноста, поточно како простор за собирање на уметниците, литературните здруженија, дебатирање за книжевноста и разни работилници. Се работи за иновативно и креативно здание кое може да прими до 120 луѓе, а настанало во соработка со основачот на споменатиот центар и архитектот Мартин Рајнис. „Овој наш придонес во современата уметност е всушност начин за нашето поврзување во деменот на книжевноста“, изјави Рајнис. Инаку, објектот цепелин има и назив Gulliver, според фиктивниот протагонист од познатото дело „Гуливеровите патувања“ од авторот Џонатан Свифт. n

www.fabrikakarpos.com.mk

28 октомври 2016

ПОРТА

69


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.