ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
253
ФЕВРУАРИ 2017
Се гради основно училиште во населбата Капиштец Жан Иванов - менаџер за европски проекти Куќата Tugendhat во Брно од Мис ван дер Рое
90 ДЕНАРИ
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 253 ПЕТОК 24.2.2017 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Требаше да поминат 40 години за работите да се променат. Во седумдесеттите години на дваесеттиот век, во општина Центар во Скопје започнува да се реализира густа структура за домување на локалитетот Капиштец и неговата околина. Денес, тоа се населби со голема густина на населеност, многу жители, но и многу нови генерации деца - основци. До денес, децата од овој дел на центарот на Скопје останаа без свое училиште во нивната непосредна околина. Од неодамна, во населбата Капиштец се гради основно училиште. Проектантите успеале многу оригинално и креативно да ги имплементираат бараните содржини во нивното идејно решение и да испроектираат современо училиште, со надворешни чисти форми и функционална и флуидна поврзаност на сите целини во внатрешноста на објектот. Еден млад македонски градежен инженер замина од земјава, своето образование и знаење стекнато во државава да го практикува во странство. Жан Иванов веќе добива меѓународни признанија. „Special Engineеring Award 2016“ by ECCS – European convention for constructional steelworks е наградата што ја доби проектот
каде што работеше тој. Станува збор за новиот мост Ботлек во Ротердам, кој е подвижен и е изграден за да го замени постоечкиот мост Ботлек, како дел од голем проект во Холандија. Чувањето на културното наследство е предизвик за секоја држава која го цени своето минато. Во светот има мноштво такви примери. За разлика од кај нас, каде што сме сведоци на своеволен приод кон оваа материја. Би рекле, уништувачки. Куќата на фамилијата Tugendhat во Брно, Чешка, е само еден пример, како во светот се приоѓа кон она што значи традиција во архитектурата и како после десетици години се враќа сјајот на минатото. Во наредните броеви на „Порта 3“ ќе направиме обид да се каже нешто и за нашите „блескави“ примери. Практичните и прецизни Швајцарци уште одамна разбрале дека отпадот не е отпад, туку со собирање и класифицирање на отпадните работи може да се заштеди многу енергија а истовремено и да се подобри домашниот буџет, и со тоа да се придонесе за зачувување на здрава и чиста животна средина.
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница КУЌАТА TUGENDHAT ВО БРНО ОД ЛУДВИГ МИС ВАН ДЕР РОЕ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Жан Иванов - менаџер за европски проекти Куќата Tugendhat во Брно од Мис ван дер Рое
графички уредник: Порта3 фоторепортер: Порта3 лектор: Костадинка СОЛЕВА
90 ДЕНАРИ
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 12
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ЖАН ИВАНОВ - МЕНАЏЕР ЗА ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
ГРАДЕЖНИШТВО 20 ПРЕЧИСТИТЕЛНИТЕ СТАНИЦИ ПОРТА КОН ПОЗДРАВА ИДНИНА
АРХИТЕКТУРА 26 СЕ ГРАДИ ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО НАСЕЛБАТА КАПИШТЕЦ
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
12 26
Печати: Маркетинг:
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 38
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
BERLINER STADTSCHLOSS ПОВТОРНО ЌЕ БЛЕСНЕ
EНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 48 ЦВРСТИ ВЕТУВАЊА ИЛИ ПРАЗНА РЕТОРИКА?
РЕПОРТАЖА 52 52 ПОРТУГАЛИЈА СÈ ПОПОСАКУВАНА ДЕСТИНАЦИЈА
УМЕТНОСТ И ДИЗАЈН 60 СПЕКТАКУЛАРЕН ОБЈЕКТ КАКО СУПТИЛНА КРИТИКА НА ДЕНЕШНAТА УМЕТНОСТ
253 ФЕВРУАРИ 2017
Се гради основно училиште во населбата Капиштец
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ
38 58
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо архитектура
Калатрава го обелодени проектот за Лондон тежок милијарда фунти
Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
О
вој мегаломански проект на Темза, предвидува и изградба на три кули кои заедно формираат облик налик на круна. Прославениот Сантјаго Калатрава го презентираше проектот на новиот комерцијален комплекс во Greenwich Peninsuli во источен Лондон, кој ќе се простира на 130.000 квадратни метри и ќе се потпира на позната Арена О2. Со проектот, вреден милијарда фунти, вклучена е и изградба на нова метро станица, театар, кино, концертна сала, а сите нив ќе ги крунисаат три кули во облик на, што друго ако не, круна. Иако Калатрава не потврдил дека инспирацијата за креирање на формата на кулата бил знакот на кралското достоинство толку
6
ПОРТА
24 февруари 2017
инфо архитектура препознатлив во британската монархија, повеќе од јасно е дека овие три објекти заедно изгледаат како круна. Овој комплекс е само еден дел од големиот развоен план за Greenwich Peninsula кој го финансира Knight Dragon. Планот тежок 8,4 милијарди фунти има за цел ревитализација на целиот овој крај на британската престолнина, а во проектот ќе учествуваат и други големи архитектонски компании, како што се SOM, Marks Barfield, DSDHA, Alison Brooks и Duggan Morris. Целта е да се направат 15.720 нови домови како и придружни содржини за сите луѓе кои ќе живеат овде. Новата капија на овој дел од Лондон ќе ја сочинува зимската градина висока 25 метри, и таа прва ќе им посака добредојде на сите патници кои ќе излезат на новата метро станица. Пешачкиот мост понатаму ќе ги одведе до комплексот што, освен трите кули, ќе има и 800 домови од кои 200 ќе бидат за оние со помали примања. Иако буџетот е поставен на милијарда фунти, сите веќе се прашуваат колку навистина ќе чини изградбата на вака голем комлекс. Калатрава знае да ги промаши буџетот и роковите, а најсвеж пример е метрото Окулус во Њујорк, што чинеше двојно од планираното. Наместо две милијарди, конечната цифра беше четири милијарди долари со хонорарот за Калатрава во иснос од 82 милиони евра. n
ПОРТА
инфо архитектура
АРХИТЕКТОТ ЈАН ГЕЛ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ
Доајен на проектирањето на јавни простори
Многу генерации ќе живеат посреќно во градов ако се слушаат и послушаат советите на Јан Гел. Се надеваме дека тие ќе бидат инспиративни за многу граѓани, урбанисти, архитекти, политичари, функционери... Даница Павловска ЦИГИ а први март е најавена посета на данскиот архитект, професорот Јан Гел, вистински доајен на проектирање јавни простори и незаменлив филозоф кој се занимава со градовите, а неговите извонредни дострели се навистина глобални. Тој најдобро го проценува квалитетот на живот во градовите, поставува предизвици за нивната иднина, извонредно брзо помага во кризите со кои се соочуваме. Во настанот е вклучена Комората на овластени инженери и архитекти на РМ со започнување на проектот: издавање на книгата на Јан Гел „Градови за луѓето“ на македонски јазик, како уште една придобивка на добрата волја и симпатиите на авторот кон нас. За време на неговиот краток престој, професорот Гел на први март ќе одржи две предавања: едно, за студентите на Архитектонскиот факултет, УКИМ, во 10 часот и едно отворено, за граѓаните на Скопје, во Холидеј Ин во 14 часот. Многу генерации ќе живеат посреќно во градов ако се слушаат и послушаат советите на Јан Гел. Се
З
8
ПОРТА
24 февруари 2017
инфо архитектура надеваме дека тие ќе бидат инспиративни за многу граѓани, урбанисти, архитекти, политичари, функционери... Професорот Јан Гел, освен што предавал на Данската
Кралска Академија тој е во фирмата Gehl Architects-Urban Quality Consultants, твори и пишува книги, меѓу попознатите „Градови за луѓето“, „Живот помеѓу згради“, „Нови градски простори“, „Јавни простори – јавен живот“ и многу други. Работел за Копенхаген, Ротердам, Стокхолм, Лондон, Аман, Мелбурн, Сиднеј, Сан Франциско, Сиетл, Њујорк и др. (а би можел и за Скопје!). Инаку е почесен член на Кралскиот институт на Англија - RIBA, на Американскиот институт - АВА, на Канадскиот институт RAIC, Институт за архитектура на Преторија PIA. Ги следи и анализира развојните патишта на градовите повеќе од 50 години, и ја смета својата работа за привилегија, а начинот на планирање на градовите и начинот на кој тие се развиваат радикално се сменија во тој половина век. Некаде до 1960 година градовите се развиваа врз стекнатото искуство низ вековите и се подразбираше дека тие се создаваат за луѓе. Професорот Гел вели дека во моментот кога дојде до нагласен урбан раст, развојот на градот е доверен на профсионалците - урбанистите. Теории и идеологии, постепено ја презедоа улогата што дотогаш ја имаше традицијата. Настана силно влијание на модернизмот, во смисла градот да се гледа како машина со јасна поделба на функции. Освен тоа, сообраќајните инженери станаа значајна група која почна да изнесува теории и прописи за најдобри услови за автомобилскиот сообраќај. Во текот на сите овие години, ни урбанистите ни сообраќајните инженери не придаваа голема важност на градскиот простор, на градскиот живот, а скоро ништо не се знаеше за влијанијата на физичките структури врз однесувањето на луѓето. Многу подоцна се препознаа драстичните последици врз луѓето, што ги овозможи и остави овој вид на планирање на градскиот простор. Начелно гледано, урбанистичкото планирање беше проблематично, а фактот што виталните функции на градот бараат внимание и грижа на професионалци, не беше прифатен. Со време стекнатите знаења за врските помеѓу физичките структури и човековото однесување овозможија да знаеме што, како примарно, треба да се направи. Емотивните врски со просторот станаа важни, а кај нас културата на протести овозможи гласно спротивставување на некои непромислени одлуки. Едноставно, градот и неговите жители бараа гласно, урбанистичкото планирање да се фокусира на луѓето и нивните искази. Денес, сепак е јасно дека во 21-от век, како нова насока е грижата за луѓето, а поставените цели од пресудно значење се градовите да бидат што поживи, побезбедни, поздрави и поодржливи. n 24 февруари 2017
ПОРТА
9
инфо
ПРЕЗЕНТИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ НА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ПРИ УАКС
Трансформирање на локацијата на поранешната фабрика „Треска“ На дводневниот настан, студентите имаа можност да ги презентираат своите проекти, како и да добијат мислење за нив од гостите критичари Боштјан Вуга, партнер во студиото „Садар+Вуга“ од Љубљана, Словенија, и Тило Херлах, партнер во студиото „ХХФ архитекти“ од Базел, Швајцарија. проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС
Н ПОРТА
а втори и трети февруари, во Концепт 37 во Скопје, студентите од Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје, јавно ги
презентираа проектите работени во рамки на Студио 1 во есенскиот семестар од академската 2016/2017 година. На дводневниот настан, студентите имаа можност да ги презентираат своите проекти, како и да добијат мислење за нив, од гостите критичари Боштјан Вуга, партнер во студиото „Садар+Вуга“ од Љубљана, Словенија, и Тило Херлах, партнер во студиото „ХХФ архитекти“ од Базел, Швајцарија.
Раководител на Студио 1 беше визитинг професорот на Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС, архитект Симон Хартман, партнер во студиото ХХФ архитекти од Базел, Швајцарија. Покрај архитект Хартман, во педагошкиот тим беа и Владимир Десков, Виолета Бакалчев и Силвија Шалева. Овогодишната тема на која работеа студентите од 4-та година беше насловена „Grand XYZ“. Целта на задачата беше да се проектира објект со комплексна просторна конфигурација во која е заматена границата помеѓу архитектонското и урбанистичкото размислување. Зададената локација се однесува на поренешната фабрика „Треска“, простор во градот Скопје кој многу пати бил тема на разговор, критика, но и инспирација на студентски проекти. На презентацијата, студентите успешно одговорија на зададените архитектонски предизвици. Преку предлoжените архитектонски идеи се прикажаа можностите за трансформација на локацијата. Студентите се претставија со проекти кои опфаќаат, од реконструкција и адаптација на некои од постоечките објекти на фабриката „Треска“, до креирање проекти за монументални мегаструктури како обележја на тој дел од градот Скопје. n
BAU 2017 - МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА АРХИТЕКТУРА И ГРАДЕЖНИШТВО ВО МИНХЕН
инфо градежништво натамошно унапредување во градежната индустрија. На саемот, исто така, се појавиле голем број излагачи кои своите решенија ги покажале директно во рамките на својот изложбен простор, па посетителите и експертите имале можност да дискутираат и дебатираат на различни теми кои се однесуваат на иднината на градењето. Биле презентирани модуларни објекти изградени за еден ден, зелени структурни елементи за вертикални фасадни градини, комплетни решенија за зелени кровови, материјали за санации, висококвалитетни хидроизолациони системи, термоизолациони материјали, епоксидни и полиуретански смоли наменети за изработка на индустриски подови... На крајот, во рамките на саемот бил организиран специјален настан кој во целост го заокружил овогодишниот саем, т.н. Долга ноќ на архитектурата.
Собиралиште на светската градежна фела ознатиот меѓународен саем за архитектура и градежништво во Минхен - BAU 2017, се одржа од 16 до 21 јануари. На овој саем, кој се одржува на секои две години, биле презентирани материјали, технологии и системи за градежниот сектор, како за комерцијална изградба така и за изградба на куќи, внатрешни работи, но и за модернизација и адаптација на разни простори. На саемот, кој бил посетен од преку 300.000 посетители од 156 држави, имало околу 2.120 изложувачи од 45 земји, а изложбениот простор се состоел од 17 хали на површина од околу 183.000 метри квадратни, и бил опфатен комплетниот асортиман на градежна опрема и производи. Како што знаеме, BAU е водечки светски саем кој поставува стандарди во градежништвото и ги собира најзначајните компании и експерти од целиот свет. На овогодишниот саем, акцентот бил ставен на иднината на градењето: интелигентни фасади, дигитално проектирање, изградба и управување со вмрежени згради и цели урбани дистрикти кои овозможуваат одржливост во своето функционирање. Биле претставени конкретни и иновативни решенија кои обезбедуваат инспирација за
П
24 февруари 2017
ПОРТА
11
современи македонски градители
ЖАН ИВАНОВ, ГРАДЕЖЕН ИНЖЕНЕР 1
Mенаџер за европски проекти Новиот мост Ботлек е подвижен и е изграден за да го замени постоечкиот мост Ботлек, како дел од големиот проект автопат А15 - Maasvlakte - Vaanplein (MaVa) во Холандија. Проектот е награден со „Special Engineеring Award 2016“ by ECCS – European convention for constructional steelworks.
4 12
ПОРТА
24 февруари 2017
современи македонски градители
Н
Љупчо АТАНАСОВСКИ , дипл.инж.арх. осталгијата умее да боли, особено ако сфатиш дека некои убави времиња и успеси од минатото се неостварливи во ова или некое блиско идно време. Нас, генерациите што учествуваа во градежништвото во Македонија, кога тоа беше во европски рамки ГОЛЕМО, тоа особено нè боли. Проектите што се градеа по светските меридијани со незамисливи вредносни големини за денешни времиња, од по неколку стотини милиони долари вредност, беа гордост за Македонија и бивша Југославија во која бевме на самиот врв... Дојдоа други времиња. Станавме свои на своето, особено со својата беда во секој поглед... Меѓу најголемите жртви на тие времиња на транзиции, блокади, политички игри, градежни мафии и што уште не, беше и нашето големо градежништво. И, денес сме на дното, особено во правење нови високостручни кадри, способни за големи проекти. Затоа особено се радуваме на успесите на поединци кои успеваат таа наша традиција барем на момент да ја продолжат преку сопствениот успех на големиот светски пазар. „Порта 3“ има задоволство одвреме- навреме да презентира такви убави
Жан Иванов (десно) заедно со Улрих Едер, главен статичар на проектот Botlek Brücke приказни, како што е за нашиот градежен инженер Жан Иванов. Од повеќето проекти на кои тој успешно се докажува надвор од Македонија, ви го презентираме овој за мостот Ботлек во Ротердам, за кој има добиено Speciјal Enginеering Award. За повеќе детали видете http://steelbridgeawards.com/ >> 24 февруари 2017
ПОРТА
13
Новиот мост Ботлек е подвижен и е изграден за да го замени постоечкиот мост Ботлек, како дел од големиот проект автопат А15 - Maasvlakte - Vaanplein (MaVa) во Холандија. Целта на овој голем проект е да се справи со најавеното зголемување на
14
ПОРТА
24 февруари 201727 јануари 2017
сообраќајот по изградбата на новите бродски терминали на пристаништето во Ротердам. Новиот мост, еден од најголемите подвижни мостови во Европа и светот, е изграден во непосредна близина на постоечкиот мост Ботлек, по течението на
реката Оуде Мас. Изградбата започнала во средината на 2011 година и завршила во декември 2015 година. Големиот проект А15 Ma Va вклучува и изградба на околу 47 км од автопатот помеѓу Maasvlakte и Vaanplein. Со проектот за замена на мостот се решава
современи македонски градители
Кој е Жан Иванов? Градежниот инженер Жан Иванов е роден во Струмица во 1978 година. Високото образование го стекнал на Градежниот факултет во Скопје во 2002 година, а во 2008 година магистрирал на Економскиот факултет во Скопје. Исто така се има стекнато и со IWE Hannover 2011 (International weelding engineer). Работното искуство Иванов го стекнува во инженерското биро „Констат“, фирмата за монтажа ФАМ, како и инженерското биро „Стокуќа“ во Скопје. Во 2005 година, тој е водител на градилиште во Германија. Од 2007 година па сè до денес, тој работи како технички, а потоа и како финансиски менаџер - инженер во SEH Engineering GmbH (поранешен Eiffel Stahltechnologie). Во реализацијата на проектот за изградба на мостот Ботлек, Иванов е задолжен за финансиски и технички менаџмент поврзан со челичната конструкција на мостот, од планирање, производство, транспорт, монтажа, инсталација и hand over на инвеститорот. Комуницира со инвеститорите и подизведувачите во поглед на реализацијата според договорите. Целта е да се оствари финансиски бенефит за фирмата. Од техничките задолжувања, тој води грижа за организација на планирањето, за производството, транспортот и монтажата. Во досегашната работа има работено на повеќе проекти, но омилени му се Klimahaus Bremerhaven 2006-2008 г., ZOO Gondwanaland Leipzig 2009-2010 г., Botlek bridge (NLRotherdamm) 2012–2015 г. и во моментов „Neue Kattwyk Brücke“ Hamburg. Сите проекти се на SEH Engineering GmbH.
проблемот со тесното грло со кое се соочуваат бродовите, предизвикан од постоечкиот, низок и тесен подвижен мост кој има ограничена подвижност, а воедно и ќе се подобри протокот на возила во патниот сообраќај, кој моментално е попречен поради честото подигнување на постоечкиот мост. Проектот вклучуваше изградба на нов мост, реновирање на тунелите Botlek и Thomassen, реновирање на 36 постоечки објекти, изградба на 12 нови објекти и инсталација на нов Вкупната должина на сите мостови на оваа релација изнесува 1.243 метри, додека челичниот мост Ботлек има должина од 2 х 92 м како и четири коловозни ленти со ширина од 28,40 м, две посебни ленти за бавен сообраќај и железничка пруга во двата правци со ширина од 19,05 м. Импозантно кај овој мост не се двата распони од по 92 метри, колку што е ширината со странични конзоли од 56,35 м и ширината помеѓу пилоните од 48,95 метри. Слободната висина за пловидба во спуштена положба на мостот изнесува 14 метри NN (средна надморска висина) над нивото на водата. Челичната конструкција се состои од три паралелни решетки (А,Б и Ц) со помеѓу нив
поставени коловозни плочи на попречни носачи. Вкупната висина на мостот е 16,85 метри. Интересно е да се напомене дека појасите на решетките се со затворени кутијасти пресеци со димензии 1,5 м и 2,5 метри ширина, во кои се поставени инсталациите за движење и контрола на мостот. Инсталацијата на двата челични моста со нето тежина од по 3750 тони е завршена во септември 2014 година. Овие два моста висат на шест 64 метри високи подигнувачки лифтовски пилони на кои се инсталирани по два кабловски
барабани на кои се намотуваат челичните сајли и имаат функција на баланс помеѓу вкупната тежина на мостот од околу 5.000 тони (челик + асфалт + бетонски прагови и шини, механика...) и контра теговите од другата страна со единечна течина од 2500. Контра теговите се направени од преднапрегнати бетонски греди долги 45,5 и високи 8 метри. Предвидената просечна висина на кревање на мостот е 32 метри, максимална висина на кревање е 45 метри, а вкупната тежина што може да се подигне на секоја страна е 4850 тони. >> 24 февруари 2017
ПОРТА
15
современи македонски градители Времето потребно за кревање и спуштање на мостот е 120 секунди, што е еквивалентно на еднаш во еден час или 9000 пати годишно. Одделните компоненти на двете палуби беа произведени во Хановер, Германија, и составени во Ротердам. Целокупната инвестиција за проектот A15 MaVa е околу 1,5 милјадри евра, додека најскапиот дел претставува подигнувачкиот мост Ботлек, со приближно 200 милиони евра севкупно за фундамет, бетонски работи, челична конструкција и механиката на мостот.n
16
ПОРТА
24 февруари 2017
Сопственик Архитект Конструктивно биро Изведувач на челични конструкции Машинство и електроника Главен изведувач
Заштедете и претплатете се на
ПОРТА ГРАДЕЖНИ Ш Т В О АРХИТЕКТУР А ЕКОЛОГИЈА
та 3, ја на Пор рт: о р б 2 1 а ма аз претплат на месец Годишна на цена до крајот промотив 0 денари 0 6 а ц и л и к изич l за ф 0 денари 0 8 а ц и л и н за прав
Што добивате со годишна претплата на печатеното издание на Порта 3? l 12 броеви
годишно
l Бесплатна достава
на списанието до вашата адреса l Заштедувате!
Редовната цена на списанието е 90 денари за еден број!
l
Податоци за претплата: Жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје, ЕДБ 4030004528485 Доколку имате потреба од про фактура контактирајте нè на: info@porta3.com.mk Напомена: На уплатницата задолжително наведете ја точната адреса каде сакате да ви пристигнува списанието.
ПОРТА
градежништво
ШТИП
По повеќе од половина век, нов мост на река Брегалница? Драган РИСТОВ пштина Штип влегува во финална фаза на реализација на изградбата на нов мост на реката Брегалница. Мостот и пристапните сообраќајници до него, треба да поврзат два дела oд градот, индустрискиот и долниот дел на населбата Сењак, со што ќе се овозможи олеснување на сообраќајот. Ваквото решение се наметна само по себе, поради преоптовареност на главната сообраќајница, булеварот „Гоце Делчев“, посебно во утринските и попладневните часови. Името на проектот е „Изградба на врска помеѓу улиците Гоце Делчев и Партизанска“ и одговорен субјект за негова реализација е ЈП „Стипион 2011“. Неофицијално се нарекува „Обиколница Баргала-Сењак“, а проектанти на основниот проект се Силвана Пејева, Кристина Деспотовска и Диме Доневски, а одговорно лице е Сашко Протогеров од споменатото претпријатие. Според техничките параметри, мостот ќе биде со должина од 56 метри, со широчина на коловозот од седум метри, потоа пешачки дел од двете
О
18
ПОРТА
24 февруари 2017
страни, секој со широчина од 1,5 метри и банкини и риголи од еден метар. Притоа, крстосницата со улица „Партизанска“ ќе се решава со посебен проект. За горниот строј на констукцијата е усвоено решение на спрегната конструкција меѓу коловозните носачи и армиранобетонска плоча. Заедно со лакот се усвојува конструктивно решение на Лангерова греда, со крута коловозна конструкција, лак и висулки. Коловозната конструкција е челична, составена од два главни носачи, вклештена во лак со попречен пресек 60/100 см и со висина на стрела од осум метри. Поставен е подолжен носач ИПЕ500 на средина меѓу двата главни носачи. Попречните носачи се поставени на 3,5 метри. Висулките се поставени исто така на 3,5 метри. Поставени се попречни секундарни носачи на 1,16 метри, а над носачите поставен е профилиран лим кој служи како оплата за спрегање на челичните носачи со
армиранобетонската плоча на мостот со дебелина од 20 см. Над бетонската плоча се поставува хидроизолација од 5 мм и асфалтна подлога од 7 см. Долниот строј е составен од крајни столбови, кои се на растојание од 56 метри. Вкупно, мостот ќе има 16 сегменти додека финалните, главните столбови кои ќе бидат вкопани од обете страни на реката ќе бидат со височина од осум метри, од кои еден метар ќе биде во самата земја. Со максималното ниво на вода на река Брегалница, во услови на поплави или зголемен водостој, слободното ниво помеѓу мостот и водата би било над 3,5 метри.
градежништво
Мостот ќе има 15 висулки кои ќе бидат спој или врска помеѓу боковите на мостот и полукружниот лак над него, со цел стабилност.
Предвидена е монтажна пешачко одбојна ограда од метални профили по целата должина на мостот од двете страни. Одводнувањето е предвидено со типски одводни сливници во најнискиот дел (левиот дел) од мостот, поставени на секои 10 метри. Армирано-бетонските површини на мостот се заштитени со хидроизолација по целата должина на мостот и на контактот меѓу крајните столбови и темели со земјата. Според пресметките, мостот би чинел околу 57,8 милиони денари или околу 932.000 евра, додека дополнително за сообраќајница која од двете страни ќе се вкрсти со делот кај „Баргала“ и оној на спротивната страна кај булеварот „Партизанска“, треба да се издвојат уште 29,7 милиони денари или 480.000 евра, со вклучен ДДВ. Мостот, според информациите од локалната самоуправа, веќе е во фаза на конструкција, а проектот за улицата се разработува. Целиот проект веќе е во финална фаза, пред издавање на градежно одобрение. Доколку постојат средства, проектот ќе се реализира за неколку месеци, во спротивно ќе се оди фазно, со констуркција на улицата по што ќе следи и поставувањето на мостот. n
24 февруари 2017
ПОРТА
19
градежништво МАКЕДОНИЈА ЌЕ ГИ ЗАШТИТУВА ВОДОТЕЦИТЕ, ЕЗЕРАТА, ВЕШТАЧКИТЕ АКУМУЛАЦИИ
Пречистителните станици порта кон поздрава иднина
П
оглавјето за животната средина е едно од најкомплексните и најскапите поглавја за пристапување кон Европската Унија и бара големи финансиски средства за достигнување на поставените стандарди. Но, од целото поглавје најскапи се областите за управување со отпадот и управување со водите. Во Македонија постои национална стратегија за води 20112041, која го регулира управувањето со водите и влијае врз институциите од областа на управувањето со водите. Еден
дел од таа стратегија е и прочистувањето на отпадните води. Се очекува наскоро државата да добие уште неколку пречистителни станици, и тоа во Радовиш, Кичево, Струмица и Кочани, кои се прават делумно со финансиските средства преку неповратен грант од Европската Унија. Токму поради големото значење на пречистителните станици кои се градат во Македонија, редакцијата на „Порта 3“ во наредните неколку изданија ќе ги пренесе и детално ќе ги обработи проектите за овие објекти.
Избор на материјали и ситеми при изведба на армирано-бетонски објекти и нивна надворешна и внатрешна површинска заштита кај постројки за прeчистување на отпадни води Дончо КАРАТУКОВ, дипл.инж.арх. Mирко БАТЕВ, дипл.инж.арх. Врз основа на искуствата во изведба на нови и санација на веќе постоечки армирано-бетонски објекти за пречистување на отпадни води, примарно е да се потенцира важноста при изборот на материјали и системи кои употребени како додатоци во бетонот или како завршни покривни слоеви, ќе овозможат од надвор и внатре комбиниран систем од хидроизолациона – хемиска заштита на бетонските подни и ѕидни површини. Со ваков комплетен пристап и третман на заштита на армирано20
ПОРТА
24 февруари 2017
бетонските конструкции од хемиски и биолошки материи присутни во отпадните води, значајно се придонесува во намалување од загадување на животната средина (почва и подземни води). Секојдневни сведоци сме на опасностите што нè демнеат и имаат моќ за уништување на природната средина, а потекнуваат од отпадните води испуштени при технолошко индустриските производствени процеси како и отпадни води испуштени од административно – станбени единици. Степенот на уништување на природната средина ја има достигнато границата што сериозно го загрозува човековиот
градежништво опстанок, ја загрозува меѓузависноста на човекот и природата, па е животно важен пристапот во заштитата на загрозената животна средина. Во тој правец е усмерен и човечкиот ангажман околу пронаоѓање адекватни решенија при изборот на материјали и системи во процесот на проектирање и изведување на градежни објекти кои служат за складирање, депонирање, транспортирање или физичко, хемиско и биолошко пречистување на отпадните води. Армирано-бетонски објекти за пречистување на отпадни води Објектите за пречистување на отпадните води како градежни објекти изведени од армиран бетон, ќе ги разгледуваме од три аспекти во однос на бетонот што се вградува, како и во однос на надворешната и внатрешната обработка на површините. 1. Квалитет на бетонот и примена на адитиви – додатоци во составот на бетонската мешавина. 2. Избор на материјали и системи за надворешна и внатрешна хидроизолација со претходно изведени подготвителни работи. 3. Заштита на надворешните и внатрешните бетонски површини од хемиско- биолошки материи прусутни во отпадните води, како и во почвата. Квалитет на бетонот и примена на адитиви – додатоци во составот на бетонската смеса при изведба на армирано-бетонски конструкции Прв и основен услов при изведба на објекти од бетон и армиран бетон за пречистување на отпадни води е квалитетот на бетонот. Квалитетот на бетонот, покрај основните состојки цемент, агрегат и вода, се добива и со дозирање на додатоци – адитиви. Со додаток на адитиви во бетонската смеса се добиваат високовредни бетони со следните карактеристики: - водонепропустлив бетон; - бетон со редуцирана количина на вода без промени во обработливоста на бетонот, со непроменети и подобри физичко-механички карактеристики на бетонот; - отпорен на мраз со зголемена компакност; - сегрегацијата на бетонот сведена на минимум; - отпорен на лесни биолошко–хемиски агресии; - со додаток на адитиви се одржува конзистенцијата на бетонот до потребно време за транспорт и вградување.
Tипови на профили:
Место на поставување
Спречување продор на вода со експандирање
-Детали на можни споеви и прекини на бетонирање:
Избор на материјали и системи при изведба на надворешна и внатрешна хидроизолација со претходно изведени подготвителни работи Во тек на изведба на бетонските работи, покрај основниот услов за добивање квалитетен водонепропустлив бетон, потребно е да се внимава во обработката на сите прекини на бетонирање, споеви помеѓу: темелни траки, континуирана темелна плоча со вертикални ободни и преградни бетонски подрумски ѕидови, како и на сите продори низ подни и ѕидни бетонски површини. На овие места во текот на бетонирање се вградуваат: 1. водонабубрувачки траки на полихлоропенска основа, (Hydrotite, Hydroseal и др.) >> 24 февруари 2017
ПОРТА
21
градежништво 2. Водонепропустливи, ПВЦ, гумени и метални профили, познати како фугебанд траки А. ПВЦ и гумени профили: Типови на профили:
Монтажа на ПВЦ профили:
Б. Метални профили и метални профили во комбинација со водонабубрувачки полихлоропен ленти, залепени по рабовите на металната трака. Типови на метални профили:
Пред вградување на полихлоропенските траки, потребно е хоризолнталните спојни површини со вертикалните бетонски ѕидови да се премачкаат со водонепропустлив цементно-полимерен премаз за да се спречи капиларно качување на подземните води и влага по вертикалните ѕидови. 3. Врз бетонските ѕидови пред изведба на надворешната и внатрешната хидроизолација, потребни се дополнителни подготвителни работи како: обработка на продори од стегачи на оплата, дрвени пакници – распонки од оплатата, пвц дистанцери и површински сегрегации.
22
ПОРТА
24 февруари 2017
Монтажа на метални профили:
градежништво 4. машинско површинско порамнување на бетонските ѕидови од истечен бетон помеѓу споевите од оплатата
5. Бандажирање на хоризонталните и вертикалните споеви, како и прекини на бетонирање од надворешна страна на бетонските ѕидови. Начинот, изборот на материјали и системи при обработка на овие споеви, како и прекини на бетонирање, зависи од тоа дали се споевите за обработка во подземна вода или се само под дејство на атмосферска вода.
Монтажа на proofmate fd foil:
6.Обработка на продори на цевки низ армирано-бетонски ѕид и под, и изведба на кос холкер од водонепропустлив малтер спој ѕид-под
Детали на обработка на можни споеви и прекини на бетонирање со proofmate fd foil заптивна фолија.
А. Надворешна изведба на хидроизолација на ѕидови, под и темели За правилен избор на надворешната хидрозаштита над бетонските површини, од примарно значење се податоците за присутство и квалитетот на подземните води како и составот на теренот. Во пракса се среќаваат три случаи: - Терен без присутство на подземни води (само атмосферски) и хемиски незагаден. - Терен со подземна чиста вода, без хемиски и биолошки агресивни материи. - Терен каде се присутни хемиски и биолошки агресивни подземни води. На основа на оваа поделба, според видот на почвата и присутството на подземни води, уште во фаза на проектирање, врз база на гео-механички испитувања на теренот, како и при процесот на изведба, поребно е да се применат адекватни хидроизолациони системи. а) Објекти кои се изведуваат во терен без присутство на подземни води, хемиски незагаден, само со присутство на био маса во горниот слој, може да се применат следните хидроизолациони материјали и системи при изведба на хоризонтална хидроизолација помеѓу подложниот бетон над >> 24 февруари 2017
ПОРТА
23
градежништво тампонот и применетите темелни конструкции: - еднокомпонентна хидроизолација од полимер цементни премази во комбинација со безалкална стаклена мрежичка или стаклен воал.
полиестерски филц; - армирани и неармирани едно и двослојни пластифицирани поливинил – хлорид мембрани (ПВЦ).
- двокомпонентна еластична изолација на цементно-полимерна основа во комбинација со безалкална стаклена мрежичка или стаклен воал. - комбинација од полимер цементни и акрилатни водонепропустливи премази. - сите видови ладни и врели битуменски и полимер-битуменски смеси и битуменски траки. - водонепропустливи мембрани на база пластифициран поливинилхлорид, неармиран и армиран со полиестерска мрежа. - акрилатни и полиуретански премази, самостојно или во комбинација со стаклен воал или стаклена мрежичка. Вертикални хидроизолации од надворешна страна на бетонските ѕидови се истите што се применети и за хоризонтална изолација. Како заштита на изведените хидроизолации од механички оштетувања во зависност од изборот на хидроизолацијата може да бидат: - заштитен слој од цементен малтер (хоризонтални хидроизолации); - полипропиленски (РР) или полиестерски (РЕЅ) геотекстил; - полиетиленски мембрани со висока густина (HDPE) познати како гута бета, терамембрана или тефонд кои имаат и дренажна функција; - за заштита од механички удари, се поставуваат – лепат и табли од стиропор. б) Објекти кои се изведуваат во терен со подземни води со ниска или висока хемиска загаденост. Правилниот избор за надворешна хидроизолација е многу значаен бидејќи избраниот систем на хидроизолација во исто време претставува и хемиска заштита на бетонот. Кај овој вид хидроизолациони системи важно е завршните слоеви – премази, или облоги да бидат отпорни на хемиски и биолошки материи присутни во подземните води, како и во почвата. Над сите видови изведени еднокомпонентни и двокомпонентни еластични цементно полимерни хидроизолациони системи, потребни се дополнителни премази, кои се хемиски отпорни. Тоа се материјали – премази на акрилатна, епоксидна, полиуретанска, епокси-катранска основа и сл. Како независни хидроизолациони системи можат да бидат и: - битуменски полимер и битуменски премази; - битуменски траки со вметнат стаклен воал, стаклена ткаенина или
Б. Внатрешна обработка на бетонски ѕидови и под Завршната внатрешна обработка на армирано-бетонските ѕидови и под кај објекти за пречистување на отпадни води има двојна улога. - Спречување, губење на хемиски загадена вода низ конструкцијата на објектот, ѕидови и под, што би предизвикало загадување на почвата и подземните води. - Заштита на самата армирано-бетонска конструкција од хемиски загадената вода. Пред донесување одлука за изборот на системот за заштита на внатрешните бетонски површини од објектот, потребно е да се добијат следните податоци: - вид и концентрација на хемиски материи присутни во водата; - температура на отпадните води кои се пречистуваат; - можни механички оптоварувања на обработените површини. Во зависност од овие параметри се избира системот за хидро и хемиска заштита на бетонските површини. Пред нанесување на хемиски заштитните премази, од внатрешна страна мора да се изведат комплетни хидроизолациони зафати, со претходни припреми и обработка на бетонските површини, опишано во делот за надворешна хидроизолација. Хидроизолационите зафати од внатрешна страна се изведуваат од материјали на цементна, цементно–полимерна или цементно-епоксидна основа. Заштитата на бетонските површини кај хемиски загадени отпадни води може да биде: 1. За послаби хемиски агресии и температура на водата до 60 0С се применуваат синтетски премази на епоксидна основа, епоксид–катран, полиуретанска и друг вид синтетски смоли. 2. Кај повисоки концентрации на хемиски агресивни материи и повисоки температури на отпадните води се применуваат комбинирани системи од синтетски малтери (епоксиден малтер), со завршно нанесени синтетски премази (епоксиден, полиуретански и др.) за да се добие затворена структура на изведената заштита. За заштита се применува и комбинација од киселоотпорна керамика положена во цементен или киселоотпорен малтер со исполна на спојниците помеѓу киселоотпорната керамика со киселоотпорен кит (епоксиден, полиуретански и др.) n
24
ПОРТА
24 февруари 2017
ПОРТА
aрхитектура
ПО 40 ГОДИНИ РАБОТИТЕ СЕ МЕНУВААТ
Се гради основно училиште во населбата Капиштец Проектантите успеале многу оригинално и креативно да ги имплементираат бараните содржини во нивното идејно решение и да испроектираат современо училиште, со надворешни чисти форми и функционална и флуидна поврзаност на сите целини во внатрешноста на објектот
Натка ЌОСЕВА , дипл.инж.арх. о седумдесеттите години на дваесеттиот век, во општина Центар во Скопје започнува да се реализира густа структура за домување на локалитетот
26
В ПОРТА
24 февруари 2017
Капиштец, локалитетот Завод за медицинска рехабилитација, Водно, Мало курил. Денес, тоа се населби со голема густина на населеност, многу жители, но и многу нови генерации деца основци. До денес, децата од овој дел на центарот на Скопје останаа без свое училиште во нивната непосредна околина. На огромниот
простор од ОУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ на север, до ОУ „Кочо Рацин“ на југ, планираната локација за изградба на основно училиште на аголот меѓу улиците „Васил Ѓоргов“ и „Адам Мицкиевич“ повеќе од 40 години остана нереализирана. Планирата локација до скоро беше користена од различни институции и
организации сместени во привремени монтажни објекти (бараки) изградени после катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Локација, грда неорганизирана и запуштена. Но работите се менуваат и поместуваат. Реализацијата на долго очекуваното училиште во населбата Капиштец започна. Во 2013 година
општина Центар распиша анонимен архитектонски конкурс за идејно решение за основно училиште во населбата Капиштец, за кој архитектите покажаа голем интерес и во голем број зедоа учество во него. Од пристигнатите 20 трудови најдобар и воедно добитник на првата награда беше идејното решение на
авторите Бесиан Мехмети, Стефан Атанасовски, Никола Кунгуловски и Арменд Хебипи. Компанијата „ИНКОМ – инженеринг“ ја изработи проектната документација - Основен проект за основно училиште во населбата Капиштец во 2015-2016 година, а изградабата започна во 2016 година. Училиштето ќе се >> 24 февруари 2017
ПОРТА
27
гради две години, а инвестицијата изнесува шест милиони евра, средства кои ги обезбедува општината Центар како инвеститор на целата градба. ОУ Капиштец ќе има капацитет за 500 ученици кои ќе се школуваат во основното образование од својата шеста година, започнувајќи со подготвителна настава па сè до завршување на основното образование на 15 години. Барањата на инвеститорот се усогласени со новите училишни програми за основно образование – деветолетка, но дадени се и посебни критериуми на кои треба да се придржуваат проектантите и изведувачите, а тоа се: - Целосна застапеност на програмските содржини. - Училиштето треба да се конципира како т.н. „школа–парк“, која максимално ќе го искористи школското земјиште за надворешна едукација преку формални и неформални системи на учење во секое време. - Поддржување на јавниот карактер на локацијата. - Примена на современ архитектонски израз и градежни материјали. - Овозможување посебен пристап до објектот и движење во неговата внатрешност за лица со посебни потреби. - Постигнување квалитетна рамнотежа со околните објекти и воспоставување органска рамнотежа со природата. - Економичност на решението. - Почитување на важечката законска регулатива за ваков вид објекти до добивање дозвола за градење. Секако дека овие почетни барања влијаеле и 28
ПОРТА
24 февруари 2017
на концептот на училиштето, кои проектантите успеале многу оригинално и креативно да ги имплементираат во нивното идејно решение и да испроектираат современо училиште, со надворешни чисти форми и функционална и флуидна поврзаност на сите функционални целини во внатрешноста на објектот. ОУ Капиштец е лоцирано на аголот меѓу две сообраќајници, улицата „Васил Ѓоргов“ и улицата „Адам Мицкиевиќ“, и се граничи со локациите на објектите Завод за вработување на запад, и Завод за медицинска рехабилитација на југ. Фреквентноста на постојните сообраќајници и крстосницата меѓу нив го одредуваат и пристапот до училиштето. Главниот влез за учениците е од улицата „Адам Мицкиевиќ“, пред кој е проектирано училишно плато. Уште еден влез е проектиран од улицата „Васил Ѓоргов“, кој ќе може да го користат учениците и вработените. Пристапот за возила е од улицата „Васил Ѓоргов“ со кој е поврзан паркингот на терен со капацитет
16 + 2 паркинзи од кои две се за паркирање на лица со посебни потреби. Паркингот на терен може да го користат родителите што ги носат своите деца со возила до училиште. Овој пристап за моторни возила води и до рампата за подрум каде се проектирани 95 паркинг места и економски простории. Паркингот на терен преставува и тампон зона помеѓу фреквентната улица „Васил Ѓоргов“ и училишниот двор, но не преставува безбедносна опасност за учениците бидејќи движењата на моторни возила и пешаци во локацијата се раздвоени. Во објектот се проектирани сите барани содржини дадени во Проектната програма дадена од инвеститорот, и тоа: А. Група простории за престој и настава на учениците Б. Група простории за наставници В. Група простории за рекреација и физичка активност на учениците Г. Група економски простории и простории за
aрхитектура активност на учениците, аула, внатрешен двор (пацио) и спортска сала. Во приземјето на објектот со јужна ориентација, проектирани се училниците за ученици кои посетуваат подготвителна настава и се на возраст од шест години. Санитариите за овие ученици се поврзани директно со училницата, заради поголема контрола. На северната страна се проектирани кабинетите за ликовно и музичко образование и мала сала за гимнастика со придружни гардероби и санитарии. На првиот кат се проектирани седум училници со ориентација на јужна страна, а со северна ориентација се дистрибутивната кујна и трпезарија со капацитет за 220 места. Веднаш до трпезаријата е и библиотеката со читална. На првиот кат се сместени и дел од просториите за
одржување на училиштето Д. Училишен двор Е. Училишно земјиште Објектот е конципиран со два подолжни
кубуси со ориентација север –југ, во кои се сметени просториите за настава, а во средишниот дел меѓу овие кубуси се сместени заедничките простории за престој и физчка
наставнци. На вториот кат се проектирани шест училници и кабинет за ОТП, со ориентација на јужната страна, а кабинетите за физика, хемија, биологија и фотографија се со ориентација на северната страна. На источната страна се наоѓа кабинетот со компјутери. И на овој кат има простории за наставници. Во средишниот дел на училиштето, во продолжение на главниот влез - ветробран, проектирана е аула со две нивелации во подот кои ќе се користат како аудиториум –седишта за заеднички настани во училиштето. Во продолжение на аулата е внатрешниот двор, со што се овозможува природно осветлување на средишниот дел од училиштето, но може да се користи и како простор за одмор на учениците. А во продолжение на внатрешниот двор е спортската сала. Сите овие простори меѓусебно се преградени со стаклени прегради, физичка и звучна преграда. Излезот до надворешните спортски терени е непосредно до спортската сала и гардеробите. Во подрумот на објектот, освен 95 паркинг места, сместени се групата економски простории и простории за одржување. >> 24 февруари 2017
ПОРТА
29
Вертикалната комуникација во училиштето е со два пара скали, еднокраки кои се граничат со аулата и едни двокраки. За лица со посебни потреби проектиран е лифт со почетна станица од подрум до вториот кат. Лифтот е во непосредна близина на просториите за наставници за подобра негова контрола. За дистрибутивната кујна проектиран е посебен лифт со почетна станица од подрум до првиот кат каде се наоѓа и кујната и трпезаријата. Училиштето има 20 училници од кои седум се за ученици за подготвителна настава и осум кабинети. Ходниците пред училниците се со поголема ширина, така што се формираат ниши за дружење во помали групи и користење на одморот. Ходниците се галериски поставени во однос на централниот дел на објектот - аулата, со што визуелно се поврзува целиот простор во еден. Површината над терен е Пнет=8130,30 м2 и површина на објектот под земја е Пнет=3755,76 м2. При изработка на основниот проект, проектантите одбрале и примениле современи и еколошки материјали кои се достапни на нашиот пазар, и тоа бетон, гипс, челик, алуминиум и стакло. Изборот на градежните материјали и
30
ПОРТА
24 февруари 2017
нивната комбинација се со цел да се создаде пријатен внатрешен простор и комфор за учениците и вработените. Сите простории се добро осветелени, со природна вентилација, термички и акустично добро изолирани и заштитени. Исто така се преземени и сите мерки за противпожарна заштита. Изборот на градежните материјали ќе овозможи и побрза и „почиста еколошка“ градба, бидејќи многу конструктивни елементи се монтажни. Конструкцијата е армирано-бетонска и се состои од столбови, греди и плочи. За кровната конструкција одбрани се челични решетки. Покривачот е ребраст лим. Објектот ќе биде приклучен на централно градско греење со можност во иднина да се изгради гасна централа и да се приклучи централно греење на гас, што ќе биде многу поекономично и поеколошко решение. Греењето е предвидено како подно, дополнето со радијатори, според направените пресметки. Според Елаборатот за енергетска ефикасност и сите анализи и пресметки и применетите мерки за ЕЕ, објектот ОУ Капиштец според нашата законска регулатива е во енергетската класа помеѓу C-D. Надворешното обликување на објектот
произлегува од самиот концепт, два правоаголни кубуси малку смакнати поставени од двете страни на централниот кубус со заедничките простории. Обработката на фасадите е со стакло систем полуструктурална фасада, вентилирана. Прозорците за заштита од сонце имаат хоризонтални жалузини –брисолеи. Калканските полни ѕидови се повеќеслојни, а завршната облога е од композитни и фиберцементни плочи со завршна обработка „натур бетон“. Секако, и училишниот двор е организиран за пријатен и безбеден престој на учениците надвор и можност за настава на отворено. Слободните површини се обработени со високо и ниско зеленило или трева. Во дворот е проектирана ботаничка градина, спортски терени за мали спортови и други простори за настава на отворено. И на крај, после многу години чекање да се изгради училиште во населбата Капиштец, жителите и основците сепак ќе добијат едно ново современо училиште кое, веруваме, со задоволство и радост ќе го посетуваат и ќе се здобиваат со своите први знаења и вештини, ќе стекнуваат и многу другарчиња и ќе имаат убави и среќни детски денови. n
www.atrium.mk studio@atrium.mk
ПОРТА
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
ПОРТА
светско културно наследство
КАКО СЕ ЧУВА НАЦИОНАЛНО АРХИТЕКТОНСКО НАСЛЕДСТВО
Куќата Tugendhat во Брно од Mies van der Rohe Душанка БАЛАБАНОВСКА, архитект о мај 2016 година, имав шанса да ги гледам фотографиите од куќата Tugendhat, проект на Mies van der Rohe, во Брно, Чешка Република, снимени од мојот пријател и колега Wolfgang Pfeifer, познат архитект и урбанист од Минхен. Добитник е на повеќе урбанистички и архитектонски конкурси. Во 1970 година го работеше урбанистичкиот план за централното подрачје на Amberg, средновековен град. Во завршната фаза на проектот се вклучив и јас. Конкурсно решение за урбанистички план центарот на Bayreuth, град познат по фестивалот посветен на Richard Wagner. Градот го имам посетено и бев водушевена од реализираниот проект на централното подрачје. На мое барање, колегата Wolfgang Pfeifer, љубезно ми испрати инфо материјал и сопствени фотографии од куќата Tugendhat, за читателите на списанието ПОРТА 3. Редакцијата и јас му благодариме. Куќата Tugendhat е прогласена за светско културно наследство од страна на УНЕСКО во 2001 година.
В 34
ПОРТА
24 февруари 2017
светско културно наследство
Чувањето на културното наследство е предизвик за секоја држава која го цени своето минато. Во светот има мноштво такви примери. За разлика од кај нас, каде што сме сведоци на своеволен приод кон оваа материја. Би рекле уништувачки. Куќата на фамилијата Tugendhat е само еден пример, како во светот се приоѓа кон она што значи традиција во архитектурата и како после десетици години се враќа сјајот на минатото. Во наредните броеви на „Порта 3“ ќе направиме обид да се каже нешто и за нашите „блескави“ примери. Хронологија на индивидуална куќа на Margarete и Friedrich, архитект Tugendhat, проект на Mies van der Rohe (Од оригиналните податоци од Градската архива на Брно) Берлин 1927 година. Прва заедничка средба на фамилијата Tugendhat со архитектот Mies van der Rohe. Брно, септември 1928 година. Разгледување на градежната парцела од M.V. Rohe. Берлин, 31 декември 1928 година. Архитектот го претставува планот од куќата на нарачателите. Брно, јуни 1929 година, почеток на градба преку фирмата на Moritz Eisler. Декември 1930 година, вселување на сопствениците во готовата куќа. 1938 година, бегство на Margarete и Friedrich, со нивните деца за Венецуела. Насилно влегување во празната куќа, крадење на една оригинална столица. Четврти
октомври 1939 година, конфискација на куќата од Гестапо. Запишување на 12 јануари 1942 година, како сопственост на германскиот Reich. Опремување на главниот станбен простор според плановите на едно конструктивно биро од авиоконструктори на Messerschmitt. Продадени или пренесени голем дел од столиците. Заоблениот ѕид од опал стакло, го обзидуваат со цигла. Доградба на еден простор меѓу влезот и терасата. 20 мај 1944 година, детонација на една бомба во градината на куќата при еден артилериски напад. Уништување на сите стаклени површини во долниот станбен простор, со исклучок на еден засилен прозорец. Февруари 1945 година, заминување на германскиот окупатор, пљачкосување на напуштената куќа. 28 април 1945 година, вселување на еден дел од Советската коњица, главниот станбен простор служел како коњушница. По заминување на Советите кражба на Makassar-Ebenholcwand, Есен 1945 година, почнуваат потребните поправки на тешко оштетените куќи. 30 октомври 1950 година, пренос на правото на сопственост на Чехословачка Република. 1955 година, адаптација на оддел за рехабилитација од Универзитетската детска клиника. Шестти декември 1963 година, прогласување на куќата за културен споменик (регистарски број 0098). Берлин, 15 септември 1968 година, разговор на архитект Dirk >> 24 февруари 2017
ПОРТА
35
светско културно наследство
Lohan околу учеството на ателјето на Mies van der Rohe од Чикаго за обнова на куќата. За разлика од кај нас, каде што значајните архитектонски дела на Mодерната и после неа се „пресоблекуваат“ во некој измислен стил без да се прашаат авторите на тие дела. Брно, 16 јануари 1969 година. Советување на Margarete Tugendhat и Dirk Lohan во хотел Интернационал и на 18 јануари во куќата Tugendhat, на ул. Schwarzfeldgasse 45. Крај на 1969 година, преместување на одделот за рехабилитација на детската клиника во друга зграда. Од 1970 година, управување со куќата преку национална заштита од градот Брно. Од 1980 до 1985 година, реставрација: повторно зглобување на закривените "Makassar" ѕидови во една од оригиналните изведби. 36
ПОРТА
24 февруари 2017
Реконструкција на стаклените површини. Замена на оригиналниот систем за загревање од виенската фирма Бакон. Повторно поставување на првобитниот камин. Рушење на доградбата од времето на национал-социјализмот. Обнова на електро инсталацијата. Во 1992 година е обезбедена една реплика на оригинал Хененсе ламба. Во купатилата се инсталирани карактеристичните дупли лавабоа. Мал дел од
преостанатиот оригинален мебел: едно бифе, една х–маса, една столица за одмор се наоѓаат во галерија Мериш, Брно. Од 1998 година, куќата се користи како репрезентативен простор, гостинска куќа и конференциски простор на Градот Брно. Реконструкцијата на зградата стриктно изведена според оригиналната градба, веројатно и со средства на ЕУ, изнесува 8,5 милиони евра!!! n
ПОРТА
културно наследство
Градската палата ќе блесне повторно во својот некогашен сјај во 2019 година. Но, наместо симбол на некогашниот пруски милитаризам и моќ, новиот објект ќе ја слави модерната уметност од негермански автори и космополитизмот на модерна Германија. Даниела МЛАДЕНОВСКА радската палата на Берлин (Berliner Stadtschloss), некогашната кралска и империјалистичка палата во центарот на градот датира од 15 век. Била домаќин и на пруските кралеви и на германските императори, имала многу подеми и падови, била сериозно разрушена во текот на Втората светска војна, и како иронија на судбината плански срушена од страна на властите на Германската Демократска Република во 1950 година. Но, години по падот на Берлинскиот ѕид, поточно во 2013 година, Градската палата повторно воскреснува како симбол на градот. Како точна година на нејзината изградба стои 1443 година, но нејзиниот надворешен изглед доминантно е преобликуван во 18 век со сите елементи на барокот од тој период. Во 1848 година Палатата била средиште на познатата Револуција во тогашна Прусија, кога огромна толпа народ се собрала за да упати барање до кралот за создавање на Устав, либерална реформа и унификација на Германија. По унификацијата на Германија, која се случува во 1871 година (дотогаш територијата била поделена на градови - држави), Палатата станува централна резиденција на германските императори. По падот на Империјата во 1918 година, дел од зградата
Г
38
ПОРТА
24 февруари 2017
ГЕРМАНИЈА ГО ОБНОВУВА КУЛТУРНО-ИСТОРИСКОТО НАСЛЕДСТВО
Berliner Stadtschloss повторно ќе блесне
културно наследство
се претвора во музеј, а во ноември истата година, Карл Либкнехт ја прогласил Германската Социјалистичка Република токму од балконот на овој објект. За време на владеењето на нацистите во предвечерјето на Втората светска војна, Палатата главно била игнорирана, но кон крајот на војната, во текот на бомбардирањето на Берлин од страна на сојузничките сили, претрпува сериозни оштетувања. Во 1950 година властите на тогашната ГДР одлучуваат целосно да ја срушат оваа зграда. Конструкцијата била толку солидна и цврста што рушењето траело цели четири месеци и потрошени биле 19 тони динамит. Дури во 2016 година на јавноста и станаа достапни тајните документи на Министерството за градежништво на ГДР од тоа време, според кои реконструкцијата на оштетениот објект била проценета на тогашни 32 милиони ГДР марки (просечната плата на еден жител на источен Берлин била 265,25 марки). Во 1964 година ГДР гради нов објект на градското Собрание (Staatsrat) во кој е инкорпориран дел од балконот со легендарниот говор на Либкнехт, постапка која е мотивирана од желбата да се глорифицира социјалистичкото минато, а целосно да се раскрсти со објектот што е симбол на империјализмот. Денес, во тој објект е сместен ЕСМТ (ESMT-European School of Management and Technology). Дополнително, во периодот >> 24 февруари 2017
ПОРТА
39
културно наследство
1973 -1976 година, токму на местото на срушената Палата, изградена е огромна зграда во модерен стил наречена Палата на Републиката (Palast der Republik) а која била седиште на парламентот на ГДР (Источна Германија), позната под името Volkskammer (Народно Собрание). Во објектот од челик и рефлектирачки стакла во бронзена боја, имало и простории за различна културна намена. Во оваа Палата се одржале многу приеми на тогашниот државен врв, културни настани, концерти и сл. Главното фоаје на влезот од Палатата било украсено со впечатливи светилки во голем број, па оттука и меѓу многубројните прекари за Палатата популарни кај источногерманците, бил и прекарот "Erichs Lampenladen" (Продавницата за ламби на Ерих - Хонекер лидерот на Источна Германија н.з). Непосредно пред обединувањето на двете Германии, во 1990 година, откриено е дека објектот е исклучително контаминиран со азбест како резултат на употребените азбестни материјали во неговата изградба и
40
ПОРТА
24 февруари 2017
уредување. Во текот на целата 2003 година азбестот е безбедно „заробен“ во објектот или отстранет, така што е овозможена негова понатамошна реконструкција па дури и уривање без последици за околината и човековото здравје. Новото време барало нови симболи. Палатата на Републиката изградена со цел да го замаскира империјалистичкото минато, почнала да им пречи на многумина кои се залагале за тоа на ова место повторно да се врати раскошниот симбол на Берлин во вид на Градскиот дворец. Иако многумина се противеле и на рушењето на социјалистичката палата, сепак тоа започнало во 2006 во долга постапка која траела до 2008 година и која чинела 12 милиони евра. Над 35.000 тони челик во вид на градежен отпад од рушењето на оваа зграда се транспортирани во Обединетите Арапски Емирати и употребени се во изградбата на кулата Бурџ Калифа. Празниот простор привремено е претворен во паркинг, со
оглед на фактот што дебатата долга речиси 20 години, за тоа дали да се реобнови Градскиот дворец сè уште траела. Конечно, во истата година кога завршува рушењето, постигнат е договор во Бундестагот во врска со отпочнувањето на градбата на Дворецот, и веднаш е распишан конкурс на кој е избран италијанскиот архитект Franco Stella. Проектот ги следи вистинските дебелини на ѕидовите на оригиналниот објект, но ќе биде употребен и слој за изолација во согласност со новите прописи за градење. Внатрешноста на објектот ќе содржи модерен музеј, театар, два рeсторани и конференциска сала. Изградбата е започната во 2013 година, а вредноста на инвестицијата се проценува на 590 милиони евра. Градската палата ќе блесне повторно во својот некогашен сјај во 2019 година. Но, наместо симбол на некогашниот пруски милитаризам и моќ, новиот објект ќе ја слави модерната уметност од негермански автори и космополитизмот на модерна Германија. n
ПОРТА
сообраќај
КАКО ДА СЕ ПРОМЕНАТ ВКОРЕНЕТИТЕ НАВИКИ ЗА ПАТУВАЊЕ
CARPOOLING: (НЕ)ДОВЕРЛИВ ВОДИЧ ЗА ЕДЕН ГРАД Тврдина
„Туркањето“ на недокажаното некогаш носи со себе и други пораки. Порака дека можеби и не е сè во проретчувањето на возилата, за што впрочем постојат и други механизми. Но дека можеби нешто има во подготвеноста на системот и граѓаните за цивилизациски отклон од стекнатото право и вкоренетите навики во корист на личното, но и општото добро. 42
ПОРТА
24 февруари 2017
П
мр Ненад ТОНИЌ, дипл. сооб. инж.
овеќедецениското автомобилско „потквасување“ на урбаните средини, некаде и со епидемискa динамика, породи нова дисциплина на агендите на локалните самоуправи во чии статуси воспитувањето на граѓанството се провлекува како пејоративна сенка помеѓу полујасните надлежносни дефиниции: карантинско изолирање на вкоренетите навики за патување. Овој неизвесен зафат подразбира прокламирање на масовни рецептури против имунолошките „тврдини“ на редовните урбани патувања, особено контра мизантропијата како пречест и единствен совозач во неприкосновените патнички автомобили.
Сите напори во горенаведената насока резултираа со суштински слични форми на алтер-мобилност, кои од закоравените градски возачи требаше да направат кротки и толерантни патници. Шансите за (не)успех кој би можел да се оправда се бараа во разблажената комбинација од привлечности која ниту за промил не смееше да ја замагли демократичноста на генералната намера: трансфер на што поголем број секојдневни утринско-попладневни возачи/патници во возилата на други. На тој начин, капка по капка, се цедеше единствен еликсир пакуван под разни имиња кои беа само маркетиншка обланда за неговата основна функционалномирисна нота. Лајтмотивот на приватните автомобили, институционалното дејствување го црпи од феноменот на нивното користење познат како еден
сообраќај човек на едно возило, што степенот на нивната реална искористеност упорно го врзува за коефициентот 1 (1,1–1,3). Па така, базичната склоност кон сопствениот волан во крајно индивидуализирана форма прераснува во архипричина за офанзива против овој вид вкоренета возачка „себичност“. Новоосмислениот модел за урбана мобилност имаше потреба и од кованица која ќе го брендира во океанот од концептуализирани и импровизирани градски транспортни подмодели, а во конкретната англо-саксонска лексика се чини дека за тоа не постоеја подобри термини од car (автомобил) и pool (заеднички потфат, здружување). CARPOOLING МОДЕЛ ЗА ДЕЛИВО ПАТУВАЊЕ Наспроти недемократските мерки за грубо ретчење на моторните возила од улиците (пар-непар на пример), овој мек приод го усвои капацитетот на патничките автомобили како основна алатка за работа. Тој капацитет треба да биде пополнет од страна на други индивидуи – возачи или не – со изразена наклоност кон дневни патувања со автомобил. Простата математика ваквиот трансфер на дел од автомобилските патници во други автомобили го преведува како намалување на вкупниот број возила во сообраќајот. Овој социјално-транспортен модел првенствено се однесува на оние патници кои редовно гравитираат кон ист коридор и имаат слични навики т.е. карактеристики на патување (време, насока, мотив, целна зона). Спротивно на скокнувањето во сопствените автомобили, тие патници на неколку, обележани или не, попатни локации би можеле да се групираат во возилото на еден од нив (формирајќи т.н. pool група), кој истата услуга би им ја понудил и при враќањето дома. Шоферската улога притоа може да остане негов ексклузивитет или пак да прерасне во ротирачка функција. И додека во првиот случај, макар и симболичната финансиска партиципација на останатите патници претставува етичкa категорија, во вториот таа е непотребна со оглед на тоа што и финансиското оптоварување (гориво, амортизација на возилото, потенцијални оштетувања) по принципот на ротирање се распределува помеѓу членовите на групата. Стабилноста на pool групите е клучот за успешноста на овој транспортен модел, па заради тоа тој е наменет за лица со мали варијации во дневните, работа-дома патувања, кои можат однапред да се здружат за одреден период. Нив може да ги поврзува
Carpool инка
сосетско познанство или пак припадност кон иста фирма. Меѓутоа, цената на таа стабилност е патувачката флексибилност на самите патници. Однапред договореното време, почетна локација и дестинација на патување ја отфрлаат можноста за скокнување до попатниот гранап на патот кон дома (освен, се разбира, во случај кога сите сопатници не изразат желба во истиот момент да пазарат на истото место). Сите активности кои можат да се завршат во оној меѓупериод од напуштањето на работното место до стапнувањето на домашниот праг, на овој начин стануваат неприфатливи. Дури и помалите дневни варијации во патувачките распореди на членовите на групата во практика стануваат пречка за поголем успех на овој модел, со што неговиот потенцијал да придонесе во намалувањето на вкупниот број возила во сообраќајот неповратно се губи. >>
Carpooling реалност
Carpooling лента
24 февруари 2017
ПОРТА
43
сообраќај
Smartphone апликација
АЛТЕРНАТИВА НА ОСНОВНИОТ МОДЕЛ Динамичката деливост на автомобилскиот капацитет или т.н. договорен превоз на ниво на едно патување, претставува алтернатива на овој нискофлексибилен модел. Основната предност на ваквата моделска екстензија претставува можност превозот да се договори „на самото место“ т.е. „на улица“, за што е секако неопходна соодветна софтверска платформа и лесно достапна smartphone апликација, но и подготвеност на потенцијалниот возач да го пријави во системот своето скоро поаѓање (оваа софтверска алатка е применлива и потребна и во претходната, „нефлексибилна“ варијанта!). За љубов на општата ефикасност, мотивот за патување мора да се премести во втор план, а учесниците треба да се подготвени на одредена толеранција во однос на локациите и времињата на поаѓање и симнување (динамичката деливост најчесто не го дели и мотивот на патување на претходните однапред интересно 44
ПОРТА
24 февруари 2017
здружените единки, кои целат кон истата дестинација). Ахиловата слабост на овој модел се јавува во делот на меѓучовечката недоверба, сосема разбирлива доколку и при двете варијанти треба да се влезе во возилото на комплетен странец. Можен начин за нејзино премостување претставува формирањето на информациска база од корисници, каде, со дискрециони ограничувања, ќе бидат складирани и достапни нивните навики и склоности па дури и проценките од претходните сопатници. Бидејќи е логично да се претпостави дека дел од патувањата би се извршувале од страна на лица со слични работа-дома просторно-локациски карактеристики, зацрвстувањето на познанските врски во западната хемисфера се форсира и низ формирање на зонски carpool клубови со постојано членство. Важноста на овие мерки претставува резултат на досегашните анализи на ефектите од carpool-ингот, кои укажуваат дека наклоноста на корисниците кон овој модел опаѓа со намалувањето на чувството на безбедност при здружувањето со комплетни странци односно лица од спротивен пол. Факторот привлечност кај овој модел се форсира во три насоки: - Безбедност на корисниците – опремување на carpool возилата со RFID (Radio Frequency IDentification) уреди кои во потполна
Изглед на carpool шема дискреција ќе ги отчитуваат личните податоци од посебните, наменски идентификациони картички на возачот и патниците и via крајпатните мерни станици ќе ги емитуваат до податочната база; - Олеснето патување – користење на
Krajpaten RFID скенер
засебни сообраќајни ленти (High Occupation Lanes), локации за утовар/истовар и слободен влез во градските зони и паркиралишта со ограничен пристап; - Финансиски бенефиции – „простени“ патарина, паркинг-тарифа и надомест за влез во зони со ограничен пристап, додатоци на плата, субвенции за вградување на плински уреди, даночни олеснувања. НА ПРАГОТ НА НОВИТЕТОТ Во основата на изворниот carpool-инг се наоѓа тенденцијата градската мобилност да се третира, меѓу останатото, и како резултанта на припаѓачкиот регион, а моделот да се комбинира со постоечките градски превозни подсистеми (на пример, јавниот градски превоз, по принципот carpool-инг пристигнување до периферискиот автобуски/трамвајски/метро терминус). Од тие причини тој вообичаено се конфигурира за патувања со должина 80-100 km, а како развојна стратегија промовиран e во рамките на европскиот Social Car проект чиј придружен член од 2015 година е и Градот Скопје.
сообраќај тврдина на редовните автомобилски патници. Спуштањето на организацискиот хоризонт на ниво на работни организации, можеби е оној иницијален чекор за кој треба да се размислува. Колегијалните односи и меѓусебното познавање на патувачките Договор на навики можат да прераснат во самото агресивно корозивно место средство за стартното чувство на небезбедност, а организацискиот напор би бил лесно поднослив со ограничен број луѓе. Вака модификуваниот пристап кон овој модел би ја исклучил потребата за скапи софтверски решенија и повеќекратно би го зголемил бројот на самоиницијативните групни превози. Но, би почнал и да емитува неопходна порака на загриженост и подготвеност на институциите на системот за конкретно дејствување врз база на личен пример, создавајќи легитимен основ во наредната фаза да се изврши притисок и да се понуди неопходната асистенција за идентична имплементација во стопанскиот сектор.
Искуственото сознание на градовите кои пред повеќе децении го имаат поминато истиот развоен пат (carpool-инг моделот бил предмет на сериозна аналитика уште во 70тите години од минатиот век) е компаративната предност на Скопје во поглед на изборот на соодветни модели за унапредување на мобилноста на граѓаните. Carpool-инг оринетацијата токму од тие причини може да зачуди: ниту Скопје од својот јавен градски превоз има создадено оптимален транспортен стожер околу кој алтернативните модели фино дополнувајќи ќе орбитираат, ниту пак има јасно сознание во која форма овој модел би можел да го примени. Сведувајќи ја својата планерска политика на ниво на административно подрачје, овој град е принуден или на слабо видлива, ориентациона, или пак на модификувана варијанта на таа изворна форма. Дотолку повеќе што придавката принудност барем за сега има латентно и несигурно упориште во сигналите што ги емитува пазарот, но речиси никакво во автохтоните социо-културолошки карактеристики и феномени. Проектната
квантофренија маскирана со желбата да се биде современ е, ми се чини, единствениот spiritus movens на актуелниот обид на Градот Скопје за вака насочена урбанотранспортна мимикрија. Овој превозен модел во Македонија им е добро познат на лицата што преку здружување во еден автомобил успеваат да стигнат до работното место или студентскиот амфитеатар во друг град. Но, сите тие микро-иницијативи се исклучиво од изолиран карактер, па планерското манипулирање со нив не може да се води на интегрално ниво. Градот кој својата политика не ја води според регионална просторно-планска матрица, а „поседува“ Park&Ride капацитети заборавени помеѓу планските смерници на ГУП-от, тешко може да размислува за интегрирање на патувањата што би ги опфатиле урбаните подрачја на Велес, Куманово или Тетово. А патувањата во рамките на административното градско подрачје, поради малата должина, не поседуваат потенцијал за моделски организирана деливост односно за разбивање на самоизолациската психолошка
ПА СЕПАК... Транспортната мапа на еден град е доволно широка за секоја модална иницијатива без интенција за пореметување на скелетната оперативна хиерархија (тежината на секој урбан транспортен подсистем делумно може да биде пасивизирана само и единствено од повисок – на пример, онаа на автобускиот од страна на метро превозот). Дотолку повеќе во случај на детектирана модификација за која постојат цврсти претпоставки дека ќе има можеби ограничен ефект, но и оптимално налегнување врз локалната менталнокултуролошко-социјална матрица, а ќе повлече ненаметлив организацискофинансиски напор. Дури и во случајот на carpool-инг искусните средини, неговиот основен бенефит – осетно намалување на бројот на приватни возила во сообраќајот – и покрај достигнатото ниво на омасовеност сè уште чека на конечна потврда. Па сепак, „туркањето“ на недокажаното некогаш носи со себе и други пораки. Порака дека можеби и не е сè во проретчувањето на возилата, за што впрочем постојат и други механизми. Но дека можеби нешто има во подготвеноста на системот и граѓаните за цивилизациски отклон од стекнатото право и вкоренетите навики во корист на личното, но и општото добро. n 24 февруари 2017
ПОРТА
45
екологија
ЕКОИСКУСТВА - АЛЕКСАНДАР ДИНЕВСКИ, АКТЕР КОЈ ЖИВЕЕ И РАБОТИ ВО ШВАЈЦАРИЈА
Швајцарија - земја на рециклирањето
Ш
Соња ТАНЕСКА
вајцарија е една од водечките нации во Европа по рециклирање отпад. Сортирањето на отпадот не само што ја подобрува и намалува употребата на природните ресурси, туку и има огромно значење за заштита на човековата околина. Практичните и прецизни Швајцарци уште одамна разбрале дека отпадот не е отпад, туку со собирање и класифицирање на отпадните работи може да се заштеди многу енергија а истовремено и да се подобри домашниот буџет, и со тоа да се придонесе за зачувување на здрава и чиста животна средина. ЕКОЛОГИЈАТА СЕ УЧИ ОД МАЛИ НОЗЕ Спроведено во пракса сите инфрмации околу екологијата се учат уште од мали нозе, почнувајќи прво од домот на живеење. Во секој дом, семејствата имаат различни канти за складирање на домашниот отпад. Покрај големата канта за отпад, има и 46
ПОРТА
24 февруари 2017
Практичните и прецизни Швајцарци уште одамна разбрале дека отпадот не е отпад, туку со собирање и класифицирање на отпадните работи може да се заштеди многу енергија а истовремено и да се подобри домашниот буџет, и со тоа да се придонесе за зачувување на здрава и чиста животна средина
екологија Притоа, треба да се напомене дека енергијата што се добива од согорувањето на отпадот се употребува за затоплување на многу згради, а притоа се заштедува употреба на нови енергетски извори.
најмалку уште две помали канти каде се собираат органски остатоци од храната, а исто така има посебно место за собирање на алуминиумски отпад (лименки). Во подрумските простори кај Швајцарците ќе најдете и простор за складирање на весници, картонски кутии, стаклени и пластични шишиња и стара облека. ДРЖАВАТА ОРГАНИЗИРАНО СОБИРА ОТПАД Ист е принципот на складирање и во секоја компанија, институција и буквално на секој чекор во секој град и општина. Државата го стимулира собирањето на отпадот со тоа што во одредени денови во неделата, целокупниот домашен отпад може бесплатно да се депонира на различни пунктови. Сето тоа се собира и се носи во специјални депонии каде сите тие работи се сортираат за различни потреби, така што сè што може повторно да се употреби, се сортира на страна, а оној мал дел што ќе остане а е неупотреблив, се согорува во специјални печки, каде од целокупното согорување на отпадот, две третини од согорувањето е со нула проценти емисија на јаглерод диоксид. Вакви печки се наоѓаат во повеќе населени места во големите градови во Швајцарија, но никогаш не можете да почувствувате непријатна миризба од тие депонии.
Кои се бенефитите на земјата од рециклирањето
Од целокупната функционалност на швајцарскиот систем за рециклирање, се добива енергија за 790.000 жители, а тоа е всушност целокупното население на Цирих, Берн, Басел и Луцерн. Од рециклирањето на алуминиум, пластични шишиња, текстил, батерии, стакло и од електрични апарати, во цела Швајцарија на годишно ниво е намалена продукцијата на штетни гасови за 680.000 тони, а тоа пресметано изнесува 280 милиони литри гориво. Прецизните Швајцарци пресметале дека, во колку поздрава природна средина живеат, имаат толку поздав народ, а поздрав народ значи помалку социјални давачки, а тоа пак значи повеќе радост и пари во паричникот на сите граѓани. ЗДРАВА МАТЕМАТИКА !!!
ШВАЈЦАРИЈА ПРОИЗВЕДУВА БИОДИЗЕЛ Покрај произведувањето и употребата на рециклирана енергија, во Швајцарија од органскиот отпад се произведува биодизел. Ова гориво го користат сите автобуси од градскиот превоз во Цирих, и многу товарни возила во целата земја. Мора да се напомене и тоа дека, покрај рециклирањето на отпадот, во Швајцарија се води и голема грижа за пречистувањето на отпадните води. На пример градот Цирих има околу 370.000 жители и има спроведено систем од секоја куќа отпадните води (тука спаѓаат само употребената вода од домаќинствата, а не водата од атмосферските води), мора да се приклучи на посебна канализациска
мрежа, која директно е поврзана со пречистителна станица за вода. Целата таа вода, се пречистува и 100% чиста повторно се пушта во реката Лиммат, и притоа не постои никаква шанса да се загрозат и загадат природните извори и атмосферски води. За таа цел градот Цирих има направено посебна канализациска мрежа во должина од 4.000 километри. Колку за споредба, тоа е како да одите од Скопје до Хамбург и назад. n
24 февруари 2017
ПОРТА
47
eнергетска ефикасност
ДОНАЛД ТРАМП И НЕГОВАТА ПРОГРАМА ВО ОБЛАСТА НА ЕНЕРГЕТИКАТА И ЕКОЛОГИЈАТА
Цврсти ветувања или празна реторика? Многумина укажуваат дека претворањето на зборовите во дела во оваа област, сепак ќе оди многу потешко отколку што можеби и самиот Трамп очекува, имајќи предвид дека индустријата на обновливи извори е веќе добро етаблирана, па меѓу многуте пречки тој ќе се соочи и со отпорот од еден глобално многу силен пазар Даниела МЛАДЕНОВСКА
С
о оглед на предизборната програма и првите чекори на претседателот на САД Доналд Трамп, во областа на енергетиката и екологијата, сосема е извесно дека борбата против климатските промени на глобално ниво ќе претрпи сериозни турбуленции. Неговите ветувања, меѓу другото, вклучуваа „откажување“ на Парискиот договор за
48
ПОРТА
24 февруари 2017
климата, „демонтирање“ на престижната Агенција за заштита на животната средина на САД (US Environmental Protection Agency – EPA), како и ограничувања во енергетскиот развој на земјата преку фаворизирање на фосилните горива меѓу кои и јагленот. Преку Twitter Трамп „се прослави“ со својата изјава дека глобалното затоплување е „трик“ на Кинезите. Неговиот план за енергетски развој „Америка на прво место“ го враќа јагленот на голема врата, во името на посилна национална
eнергетска ефикасност економија, но сосема занемарувајќи ги еколошките аспекти од овој потег. Во најава се и неговите планови за откажување на финансирањето во Фондот за климата на Обединетите Нации (United Nations Green Climate Fund). Тој дури и ветува дека голем дел од ветеното ќе го оствари уште во 100-те дена на власт. Но, дали тој навистина има овластувања да го стори тоа? За повеќето од неговите планови, неопходна е поддршка во Конгресот. Упатените велат дека неговите ветувања во голем дел ќе се сведат на празна реторика, но сепак e јасно дека ќе влијаат на успорување на активностите за борба против климатските промени. Ветувањето за откажување на Парискиот договор, преговаран и одобрен од глобалната заедница, потпишан од 193 земји и ратификуван од 113, е тешко остварливо, но стручњаците велат дека Трамп веројатно само по ова прашање има моќ да деjствува самостојно. Неговиот претходник Обама го ратификуваше Договорот за климата без сенатот, па по аналогија и Трамп би можел него да го повлече на идентичен начин. Експертите тврдат дека на САД ќе им требаат најмалку четири години за целосно да се
повлечат од договорот. Но, тие исто така велат дека постои и друг начин доколку Трамп не сака да чека четири години, а тоа е повлекување на САД од Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (U.N. Framework Convention on Climate Change -UNFCCC) преку извршна наредба, со што автоматски се активира повлекување на САД од Договорот за климата. За оваа процедура би требало една година, иако се работи за многу драстичен чекор. Администрацијата на Трамп, исто така, има можност едноставно да ги игнорира квантифицираните обврски за намалување на емисиите дефинирани со
Енергетската политика на Трамп - десет големи промени
1. Збогување со„Планот за чиста енергија“ на Барак Обама 2. Зголемено производство на енергенти (нафта, гас) од федерално земјиште 3. Јагленот се враќа на голема врата 4. Ветерните централи ќе плаќаат ист еколошки надомест како останатите (за заштита на птиците) 5. Укинување на субвенционирањето за енергијата од ветер и соларната енергија 6. Употребата на етанолот како гориво ќе биде построго контролирно 7. Складиштето за нуклеарен отпад„Yucca Mountain“ конечно ќе започне со работа 8. Истражувања во нова генерација нуклеарно гориво 9. Изградба на нови хидроцентрали 10. Зголемување на извозот на природен гас
Парискиот договор. Во ваков случај договорот не предвидува некакви формални казни за државите што нема да ги остварат целите. Но, сепак, на крајот на денот останува заклучокот дека сето ова би предизвикало сериозни последици и штета врз односите на САД со меѓународната заедница. Повлекувањето од Парискиот договор ќе предизвика дипломатски и економски реперкусии, а во таа насока некои земји, како Мексико и Канада, веќе размислуваат за воведување на т.н. „јаглероден“ данок за производите од САД. По однос на претседателските планови за откажување на финансирањето во Фондот за климата на Обединетите нации, со образложение дека тие средства во иднина ќе бидат користени за обнова на инфраструктурата за води и заштита на животната средина во САД, исто така има бурни реакции од стручната јавност. Имено, овој Фонд на ОН е наменет за поддршка на земјите во развој во нивните активности за намалување на емисиите и борба со климатските промени, и тоа се средства без кои овие земји не би можеле да си дозволат реализација на такви проекти. Во времето на Обама, САД се обврзаа да донираат дури три милијарди УСД во овој Фонд. Во една ваква констелација на драстична промена на курсот во однос на амбициозните планови на Обама во оваа област, Европската Унија е свесна дека во иднина ќе мора да го носи најголемиот товар и да го преземе лидерството во глобалната борба со климатските промени. Генерално, токму запирањето на голем дел од заложбите на Обама е клучот за новиот енергетски план на Трамп за охрабрување на експлоатацијата на фосилните горива. Тоа го оправдува со отворање на нови работни места и раст на домашната економија преку експолатација на резервите на фосилни горива на САД, јаглен, природен гас и гас од шкрилци. Се разбира, ова е во целосна котрадикција со т.н. „План за чиста енергија“ (Clean Power >> 24 февруари 2017
ПОРТА
49
eнергетска ефикасност Plan) на Обама, па токму затоа Трамп е со намера него да го отповика, но и да измени добар дел од регулативата (барем за делот за кој не му е потребна согласност од Конгресот), особено во однос на офшор бушењето и ограничување на емисијата на метан од активностите на индустријата за нафта и гас. На ваков евентуален потег, сигурно би се спротивставила Агенцијата за заштита на животната средина на САД, популарната EPA која e немилосрдна кога се во прашање интересите на граѓаните на САД за чиста животна средина, и досега успеала да им застане на пат на многу глобални корпорации. Последниот случај во низата е скандалот со емисиите на дизел возилата од „Фолксваген“, по кој EPA му нареди на автомобилскиот гигант исплаќање на оштета во милијарди долари. Но, Трамп има план и за „скротување“ на оваа институција. Тој има намера да ја намали нејзината моќ. Формално, тоа не може да го направи преку регулативата бидејќи е јасно дека во ситуација кога му е потребна поддршка од Конгресот, упатените велат дека тој нема да го добие потребниот број гласови, дури и кај неговите републиканци. Но реално, тој може да ја намли моќта на Агенцијата преку редуцирање на расположливиот буџет, што ќе предизвика лавина реперкусии и во квалитетот на истражувањата и во кадровскиот потенцијал. Едно од главните ветувања во предизборието се однесуваше на воведувањето на нова легислатива под името „Акт за американската енергија и инфраструктура“ (American Energy and
50
ПОРТА
24 февруари 2017
„Мали трампчиња“
Ако се осврнеме на состојбите во Македонија, јасно е дека сме далеку од модерниот свет кој креира одржливи енергетски политики и се грижи за квалитетна животна средина. Кога станува збор за последново, не смее да има компромис. Очигледно, актуелниве состојби, посебно со загадувањето на воздухот, се резултат на долгогодишните кусогледи и себични политики на нашите „мали трампчиња“, нашите моќници, кои заробени во сопствените интереси не се потрудија барем малку да поработат и за општото добро. Токму затоа, централното греење кај нас е привилегија на одвај 10% од населението, а електричната енергија безмилосно се троши за греење. И додека во развиените земји граѓаните размислуваат за нов модел на електричен автомобил и одржливи домови кои генерираат енергија, нашиот просечен граѓанин купува дизел возило старо 10 години, се грее на дрва и верува дека за квалитетот на животната средина и промените на климата е виновен Господ Infrastructure Act), и тоа во првите 100 дена. Се работи за десетгодишен план во кој е планирано да се потрошат огромни средства за нова енергетска инфраструктура преку стимулации за јавно-приватни партнерства и
приватни инвестиции. Повеќе детали за планот не се познати, но извесно е дека голем дел од инфраструктурата би третирале фосилни горива со оглед на скептицизмот кон обновливите и свртувањето кон „традиционалните“ енергенти. Иако досега нема конкретни акции во однос на прашањата што ги елабориравме и можеме да заклучиме дека сè уште сме во сферата на празна реторика, досега барем две работи укажуваат дека наскоро ќе бидеме сведоци на првите турбуленции. Прво, затоа што во првите денови на власт претседателот потпиша повеќе укази со кои го навлече гневот на домашната, но и на меѓународната јавност, а многумина веќе го прозваа за грубо кршење на човековите права. Второ, затоа што во истиот овој период тој целосно го измени веб сајтот на Белата куќа бришејќи ги сите вести и документи кои имаат врска со климатските промени и плановите на Обама за чиста енергија. Последново, може да се толкува како прв чекор пред преземање на конкретна акција, но од друга страна пак, многумина укажуваат дека претворањето на зборовите во дела во оваа област сепак ќе оди многу потешко отколку што можеби и самиот Трамп очекува, имајќи предвид дека индустријата на обновливи извори е веќе добро етаблирана, па меѓу многуте пречки тој ќе се соочи и со отпорот од еден глобално многу силен пазар. Остануваат многу неодговорен прашања околу можните сценарија. Но, едно е сигурно – светот повеќе нема да биде ист. n
ПОРТА
репортажа
СОНОТ НА ЗИМСКАТА НОЌ
ƶƬƻƬưƺƶƴƤƬ ǢǑǙnj Ǜǚ ǗǔǢǑ Ó
ƻƺƼƾƿƯƬƷƴƤƬ ǢǑǙnj Ǜǚ ǗǔǢǑ Ó
Португалија
сe попосакувана дестинација Во услови на глобална компетитивност кога земјите, правните и физичките лица се борат за опстанок, се чини дека политиката и определбата на една земја можат во добра мерка да помогнат во исполнувањето на туѓите и сопствените желби. Португалија не е исклучок во оваа смисла.
52
ПОРТА
24 февруари 2017
ƴƳƼƬƱƷ ǢǑǙnj Ǜǚ ǗǔǢǑ Ó 7 $ 1(: :$<6 2) 75$9(/
репортажа
З
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. имата и зимските празници отсекогаш биле период кога, веројатно, повеќето луѓе, во сè поретките мигови на спокој и одмор, успеваат да мечтаат по малку и за некое подобро утре, кое годината што почнува ќе им го донесе – долг живот, добро здравје, и многу радост, успех и среќа. Веројатно, тоа е нешто што и нè поттикнува да истраеме во најтешкиот месец во годината – јануари, по прекумерното трошење за подароци
и уживање во пребогатата новогодишна трпеза. За жал, исполнувањето на желбите, определбите и новогодишните резолуции секогаш е индивидуално, но не секогаш е загарантирано. Се разбира, умешноста на добар претприемач е да ги исполни соништата на своите идни клиенти и на тој начин да овозможи реазлизација не само на нивните, туку и на сопствените желби. Во услови на глобална компетитивност кога земјите, правните и физичките лица се борат за опстанок, се чини дека политиката и определбата на една земја можат во добра мерка да помогнат во исполнувањето на туѓите и сопствените желби. Португалија не е исклучок во оваа смисла. Како и повеќето земји во светот, земјата беше серизоно погодена во периодот на глобалната економска криза, од крајот на првата декада на 21-от век, и беше вклучена во групата на најмногу задолжени земји во рамките на Европската Унија (Португалија – Ирска – (Италија) – Грција – Шпанија). Со приближно 10,6 милиони жители, ова земја на Иберискиот Полуостров во 2010 година се најде со очекувано бруто задолжување од речиси 85
проценти од бруто домашниот производ, над 10-процентна невработеност и пад на вредноста на берзата од скоро 10 проценти. Но, Португалија не е и без свои компетитивни предности. Во услови на глобални политичкоекономски превривања и несигурност, Португалија се смета за петтата најбезбедна земја во светот. Станува збор за земја која била првата глобална империја во светот во текот на 15-от и 16-от век, со длабоко восопоставена независност и континуитет коишто датираат од 1139 година со прокламирањето на Алфонсо Хенрикес за Крал на Португалија, со јасно дефинирани граници, без внатрешни етнички или политички превирања, стабилен систем на управа, долгогодишна членка на Европската Унија и на шенгенскиот визен режим. Ако кон ова се додаде солидната инфраструктура и систем на здравствена заштита, богатото културно наследство и природни убавини, како и прекрасната клима, без сомнение може да се заклучи дека станува збор за атрактивна дестинација за оние што сакаат да најдат некое поспокојно место за добар живот. Се чини дека политиките и програмите на португалската влада во изминатите години >> 24 февруари 2017
ПОРТА
53
репортажа
се потрудиле атрактивноста на Португалија како дестинација значително да се зголеми, а со тоа и приходот во државната каса преку кој властите малку полесно можат да се справат со последиците од глобалната економска криза од крајот на првата декада на 21-от век. Во оваа смисла, веројатно најзначајни се две програми: програмата за „златна виза“ и програмата за невообичаени жители. Програмата за „златна виза“ била промовирана во октомври 2012 година и е
ПОРТА
насочена кон привлекување на добростоечки приватни инвеститори кои потекнуваат надвор од границите на Европската Унија, а на кои преку инвестирање во земјата им се овозможува брзо стекнување на жителство, а со тоа и легален пристап до најголемиот број на земји во ЕУ и безвизно патување во земјите членки на шенгенскиот систем. Дополнително, по шест години, носителите на „златна виза“, доколку сакаат, можат да се стекнат и со португалско државјанство. Како резултат на
ова, во периодот 2012 - 2016 година биле издадени нешто помалку од 3.200 „златни визи“ на инвеститори и нешто повеќе од 4.800 „златни визи“ за членови на нивните семејстава, при што скоро 78 проценти од нив се со потекло од Кина. За набљудувачите од надвор, во моментов е тешко да се каже со сигурност во колкава мерка овој интерес на Кинезите е резултат на
репортажа административните промени во Макао кон крајот на минатиот век. Имено, од изнајмувањето на овој пристанишен град од Кина во далечната 1557 па сè до неговото враќање во 1999 година, Макао бил под португалска управа. При ова, од 1557 до 1887 градот бил суверена кинеска територија под кинеска власт но управувана од Португалската империја, за од 1 декември 1887 година да биде Португалска колонија се до официјалното враќање на сувереноста на градот на Кина на 20 декември 1999 година. Слично на Хонг Конг, Макао во рамките на Кина најмалку до 2049 година ќе има високо ниво на автономија. Со оглед на одреденото ниво на неизвеснот околу тоа што ќе се случи при враќањето на Хонг Конг од Обединетото Кралство на Кина, во период на транзиција во Обединетото Кралство беше забележан зголемен интерес за инвестиции во недвижности од жителите на Хонг Конг, така што интересот за инвестирање во Португалија можеби има слична мотивација, или пак може да биде одраз на формирање на економски подобростоечки слој во Кина со аспирации за инвестирање и/или населување во Европската Унија. Без оглед на мотивите, воведувањето на
системот на „златна виза“ во изминатиот период ѝ има донесено на Португалија нешто помалку од две милијарди евра, од кои над 1,7 милијарди биле инвестирани во имоти. За стекнување со „златна виза“ преку инвестирање во имот, потребно е да се купи недвижен имот кој чини најмалку 280 до 500 илјади евра, во зависност од тоа дали станува збор за нов или објект стар најмалку 30 години, како и од густината на насленост во местото во кое се купува имотот. Притоа, најмалиот износ на инвестирање е во објект постар од 30 години лоциран во делови на земјата со ниско ниво на населеност (помалку од 100 лица на квадратен километар). Во однос на инвестирање во недвижен имот, аналитичарите ја сметаат Португалија за релативно сигурна и стабилна дестинација, со оглед на тоа што не е дестинација на прекумерна градба каде има огромен вишок на имоти, како на пример со Шпанија каде во екот на голобалната економска криза на преминот на првата и втората декада на 21-от век се зборуваше за над еден милион непродадени станбени единици, коишто доведоа до енормни намалувања на цените на недвижниот имот. За разлика, се смета дека во Португалија побарувачката е поголема од понудата,
вработени во земјата, за околу 150 евра месечно може да се обезбеди пристап до државниот систем за социјална и здравствена заштита. Втората програма воведена во 2009 година се однесува на невообичаените жители и првенствено е наменета за лицата од земјите на Европската Унија. Според оваа програма, пензионираните лица од ЕУ можат под одредени услови да живеат или во свој или пак во изнајмен имот во Португалија, и во првите 10 години воопшто да не плаќаат данок на пензијата што ја примаат од земјата на своето потекло. Дополнително, евентуалните приходи оставрени во Португалија се подложни на данок по намалена стапка од само 20 проценти. На овој начин се привлекуваат лицата од земјите на ЕУ со високи даночни стапки, барем дел од својот живот да го поминат во Португалија под поволни даночни услови. Се разбира, секогаш кога станува збор за вклучување во вакви или слични навидум атрактивни финансиски можности, треба да се бара соодветен стручен совет. Покрај престолнината Лисабон, провинцијата Алгарв се смета за најпопуларната дестинација во Португалија. Лоцирана на најужниот дел од државата, провинцијата Алгарв е
особено во најатрактивните локалитети за инвеститорите, како на пример Лисабон и Алгарв, при што цените на недвижниот имот се значително пониски од оние во Шпанија и Франција, но истивремено може да се добие до 15 процента добивка од инвстирање во имот во најатрактивните региони, особено за оние што ги рентираат своите имоти по ден. Дополнително, за оние што имаат имот, а не се
најјугозапданиот дел на Европа со 150 километри долг атлански брег, добра клима и прочуени терени за голф, но сепак во близина на Лисабон, но исто така и до Севиља во Шпанија, а преку аеродромот Фаро поврзана со клучните дестинации во Европа и светот. Веројатно, една од најзначајните туристички дестинации во провинцијата Алгарв е Виламура, која се смета за еден од најголемите >> 24 февруари 2017
ПОРТА
55
репортажа единствени туристички комплекси во Европа. Станува збор за старо рибарско место прочуено по прозиводството на рибја паштета, но и со значителна историја која оди до римскиот период, познатата римска бања којашто била користена од морепловците, и која до ден-денес е сочувана преку археолошкото наоѓалиште и придружен музеј. Ова рибарско место се истакнувало со добра лагуна која денес е прерасната во една од најпознатите марини во земјата и пошироко. Самиот колмпекс на Виламура се наоѓа на 28 километри оддалеченост од аеродромот во Фаро, и се протега на површина од околу 2.000 хектари збогатена со зимзелена шума и исушени мочуришта, и е со капацитет од 35 илјади легла за туристите и локалното население сметсени во вили, апартмани, како и хотели со 4 и 5 звездички. Покрај големата марина, Атлантскиот Океан и долгите песочни плажи, одморот и рекреацијата ги поткрепуваат четири голф клубови, куглана на трева, стрелиште, школа за јавање, но и приватна писта за оние со сопствен
авионски превоз, како и меѓународно казино со неколку ноќни клубови. Виламура е туристичка дестинација, а не типично португалско место, каде странските јазици повеќе ќе ги слушнете отколку португалскиот, и каде што, како што вели локалното население, Португалците главно доаѓаат само на прошетка и на кафе. Ова е веројатно одраз на локалните цени кои се „приспособени“ на економската моќ на подобростоечките голфери од поразвиените земји на Европската Унија, веројатно на чело со
Британците, за коишто провинцијата Алгарв е особено популарна дестинација не само за годишен одмор, туку и за пензионирање или пак за втор дом. Виламура особено е позната по виската еколошка совест и определба на компанијата што е сопственик на комплексот. Само на стотина метри од брегот на Атланскиот Океан и долгите песочни плажи отпочнува невообичаената комбинација на палми и борови, која се протега низ градот. Добро
одржуваните објекти од разни епохи со гордост ги покажуваат своите години и укажуваат дека ваков комплекс не може да се создаде преку ноќ. Она што го поврзува постарото и поновото е искрената архитектура, добриот детаљ и егземпларното партерно уредување, и тоа особено она на јавните сообраќајници карактеризирани со едносмерен сообраќај во крајбрежниот дел, вешто интегрирано паркирање и видно внимание кон урбаната опрема. Се разбира, за оние што сакаат да инвестираат во Португалија за да се стекнат со жителство или да уживаат во придобивките од својата пензија без да плаќаат данок барем за 10 години, провиницијата Алгарв и Виламора, веројатно се многу интересна и посакувана дестинација. За нас другите, веројатно најдобар е португалскиот пристап да се дојде на прошетка и на кафе, а за архитектите и урбанистите и да се види особено убавото партерно уредување.. n 56
ПОРТА
24 февруари 2017
ПОРТА
хортикултура
ВО ПРЕСРЕТ НА ПРОЛЕТТА
ПОДГОТОВКА НА ГРАДИНАТА
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум. инж. („Биро проект“ ДOOEЛ, Скопје)
П
ред почетокот на пролетта, потребно е големо внимание да се посвети на подготовка на градината за почеток на вегетативниот период. Во тој поглед треба да се посвети внимание на обработка на почвата, чистење на органскиот и неорганскиот отпад, садење на луковичести растенија доколку временските услови се поволни, подготовка и репарација на тревниците, кроење на проблематичните, несаканите и оштетените гранки од дрвјата, кроење на оштетените делови од грмушките од зимските ниски температури. Почвата е од суштинско значење во поглед на обезбедување оптимална влага, воздух и хранливи состојки на растенијата. Добро подготвена земја пред почетокот на пролетта дава гаранција за одлични резултати во текот на целата сезона. Горниот слој на почвата е богат со хранливи материи од органско потекло кои се распаѓаат со текот на времето, па затоа е потребно да се обработи на одредена длабочина за да се збогати
58
ПОРТА
24 февруари 2017
Шафран
хранливата вредност во нејзините подолни слоеви. Освен збогатување со хранливи материи се подобрува и капиларниот систем како и воздушниот режим на поголема длабочина. Со обработка на почвата, исто така, се отстрануваат остатоци од плевели. Периодот пред почеток на пролетта е совршен за набавка и садење на луковичести растенија. Со добра подготовка може да се направи одличен цветен арамнжман од цветни видови како зумбули, нарциси, лалиња, гладиоли и слично.
Мулчирање
Расчистување на деловите каде што има насадено цветни аранжмани од целокупниот органски и неоргански отпад кој се собрал преку зимата. Ова е од витално значење од причина што при распаѓање на органскиот отпад се создава голема топлина, што е поволна средина за формирање на габични и бактериски инфекции. Ѓубрењето во овој период не е исклучено, по можност ѓубривото да е од органско потекло во форма на добро прегорен стерилизиран компост. Во тој случај
би имал двојна функција, покрај прихрана на растенијата, би послужил и како материјал за мулчирање, односно прекривање на земјата со органски отпад. Во овој период е поволно да се направи кроење на оштетените делови и несаканите гранки од дрвјата. Обликувањето на декоративните грмушки, исто така треба да се направи во овој перидот, особено кај оние видови кои први процветуваат на почетокот на пролетта, како што се форзиција, јапонска
дуња, вигела и други. При нивно кроење треба да се постапи стручно за да не се искројат сите пупки па цветањето да отсустува во тековната сезона. Чистењето на тревниците и репарација на оштетените делови од ниските температури е многу поволно пред почетокот на сезоната, со цел подобрување на бујноста и квалитетот на тревникот во текот на сезоната. Покрај чистењето, пожелно е и прихрана со азотни ѓубрива. n
ПОРТА
уметност и дизајн
THE NEW MUSEUM OF CONTEMPORARY ART, ЊУЈОРК
Спектакуларен објект како суптилна критика на денешнaта уметност По отворањето на новата зграда во 2007 година, проектот бил оценет како исклучителен успех на повеќе нивоа – како непретенциозно место каде што уметничките дела можат на несекојдневен начин да се гледаат и доживуваат
60
ПОРТА
24 февруари 2017
уметност и дизајн
М Дејан БУЃЕВАЦ
Бовери
едиумите што го следат културниот живот на Њујорк, константно го поставуваат прашањето што се наметнува секогаш кога се работи за Њујорк, а тоа е каде се прикажуваат новите предизвици на „стариот“ естаблишмент на современата уметничка сцена? Бидејќи честа појава е талентите, кои на почетокот биле спремни на офанзива против културните клишеа, да се задоволат со своето место во системот - кога конечно ќе го добијат. Во „туристичка“ смисла на зборот, секоја посета на Њујорк, би требало да значи и посета на т.н. „музејска милја“ (Museum Mile). Се работи за еден дел од њујоршката улица Пета авенија, каде што се концентрирани голем број музеи. МУЗЕЈСКА МИЛЈА Оваа „милја“ се простира од 82 до 105 улица, на Горната источна страна на Њујорк. Во оваа област се наоѓаат едни од најголемите збирки на
Delancey до Grand street за ламби и сијалици. Денес, отмени бутикхотели, како и раскошни тренди ресторани се замена за некогашните хотели за бездомници, „диви“ барови (во кои, според градските легенди, муштериите пиеле пиво директно од црева). THE NEW MUSEUM OF CONTEMPORARY ART Точно на 235 Bowery улица, познатите архитекти Казуо Сеима (Kazuyo Sejima) и Рјуи Нишизава (Ryue Nishizawa) од архитектонското студио Sejima + Nishizawa/SANAA со седиште во Токио, заедно со колегите од архитектонско-дизајнерската фирма Gensler во Њујорк, дизајнирале здание на Новиот музеј на современа уметност (The New Museum of Contemporary Art). Зданието претставува низа галерии-коцки кои се „нерамномерно“ поставени една врз друга во една вертикална целина од шест ката.
уметнички дела во светот. „Музејската милја“ во реалноста се протега на малку повеќе од една милја должина. Тука се сместени девет музеи: Метрополитен, Гете институт - културен центар во Њујорк, Нова галерија, Гугенхајм, Музеј на Национална академија и Школо на убави уметности, Копер-Хјуитов музеј на националниот дизајн, Еврејски музеј, Музеј на градот Њујорк и Ел музео дел Баријо. Десеттиот со наслов Музеј на африканската уметност станува дел од „милјата“ во 2009 година. Овој музеј се наоѓа нешто подолу, односно на 110 улица, и е првиот новоизграден музеј после „Гугенхајм“ во 1959 година. Од друга страна, тука се и огромниот број галерии сконцентрирани претежно во западниот дел од Менхетен и елитниот кварт Челзи. БОВЕРИ Bowery e улица и област во долниот дел на Менхетн, Њујорк. Бовери има фасцинантна историја и е дел од Њујорк за кој многумина сметаат дека има доживеано најголема урбана трансформација. Во 40-тите па се до 70-тите години на минатиот век, Бовери бил познат како Skid Row, односно како место со најголема концентрација на бездомници во градот. Бездомници во Бовери Исто така, во оваа њујоршка авенија во во 70-тите години на последниот пола век живееле повеќе од минатиот век стотина уметници, поети, музичари и сликари. Бовери е дом на Bowery poetry, а тука во четвртата и петтата деценија од 20 век се снимале познати B-movie серии. Во Бовери, од Houston street до Delancey street се наоѓа главниот пазар во Њујорк за ресторанска опрема, а од
КРИТИКИ Локалните критичари сметаат дека културното и урбаното наследство на боемскиот кварт – улица Бовери, каде што се наоѓа музејот, полека но сигурно губи од својата автентичност. Процесот што носи нов прилив на пари и нови богаташи во овие делови на Њујорк трае и ден-денес, почнувајќи од стабилизацијата на градот кон средината на деведесеттите години >> 24 февруари 2017
ПОРТА
61
уметност и дизајн Библиотека на музејот
на минатиот век. Како и да е, по отворањето на новата зграда во 2007 година, овој проект бил оценет како спектакуларен успех на повеќе нивоа – од самиот проект како суптилна критика на денешниот свет на уметноста, до тоа дека претставува непретенциозно место во кое уметничките дела можат убаво да се гледаат и доживуваат. Овој музеј е меѓу неколкуте современи уметнички музеи во светот, кој е ексклузивно посветен на презентирање на современата уметност од целиот свет. Во него се изложени дела на уметници од Аргентина, Бразил, Бугарија, Камерун, Кина, Чиле, Колумбија, Куба, Германија, Полска, Шпанија, Јужна Африка, Турција, Велика Британија и од многу други земји. Во 2003 година, музејот формира поврзаност со Rhizome, една од водечките онлајн платформи за глобална уметност на новите медиуми. Преместувањето на ваква значајна институција како што е Новиот музеј на современа уметност, го следат и отворање на уште 20 и повеќе галерии за современа уметност, кои свои адреси добиле во Manhattan's Lower East Side. Зградата на Музејот се наоѓа меѓу два света – еден со блескави нови хотели, бутици и клубови, и другиот – со нечистите фасади на старите индустриски згради. Нејзината фасада од алуминиумска мрежа одлично ги балансира овие поларни спротивности, и во последните десет години од кога е отворен претставува прекрасна и иновативна база за визуелниот и културниот идентитет на вечно променливиот градски пејзаж на Њујорк. На работ на борбата Њујорк да оствари креативен моментум, ова здание претставува симболичко упориште за оптимизам кој не е едноставен во глобалната атмосфера на цинизмот, а која диктира голем прилив на пари во сите сфери на уметноста.
62
ПОРТА
24 февруари 2017
Ресторанот во музејот
ПОЧЕТОЦИ The New Museum of Contemporary Art, кој е основан во 1977 година од кустосот и историчар на уметност Марсија Такер (Marcia Tucker, 1940 2006), првично бил сместен во простор на Graduate Centre of the New School for Social Research на 65 Fifth Avenue. Таму бил сè до 1983 година, кога бил преместен на првите два и пол ката од Astor зградата на 583 Broadway во квартот Сохо (SoHo). Но и тука музејот ги затвори вратите, бидејќи во Сохо победи моќта на парите и комерцијализмот на трговските центри и банки. Во 1999 година, Марсија Такер на местото директор била заменета со кустосот Лиза Филипс (Lisa Phillips), која претходно работела 25 години како куратор во Витни (Whitney) музејот на американската уметност. Во 2001 година, музејот зеде под кирија 7000 метри квадратни простор на првиот кат на Chelsea Art Museum на West 22nd Street. Во 2005 година, музејот добил дел од 20-милионскиот доларски грант од Carnegie Corporation, кој бил овозможен преку донација од градоначалникот на Њујорк, Мајкл Блумберг (Michael Bloomberg). НОВА ЗГРАДА На 1 декември 2007 година, Новиот музеј ги отвори своите врати за посетителите како објект со 58700 метри квадратни на 235 Bowery, помеѓу улиците Stanton и Rivington. Во април 2008 година, новата зграда на Музејот била прогласена за едно од новите архитектонски седум чуда на светот од страна на влијателното глобално списание Conde Nast Traveler. На проектот за новата зграда, која чинела релативно скромно во однос на другите музеи (50 милиони долари), се работело неколку години. Внатрешните галерии на катовите овозможуваат голем изложбен простор. И, Музејот ја оствари својата намера да остане врзан за алтернативните почетоци и полемичкиот став. Идејата на Марсија Такер како нејзин основач била да се отвори институција во која се негува современата уметничка практика спротивна на буржуаскиот вкус кој бил наметнуван на големите музеи и институции. Така, изложбата „Unmonumental, објект во дваесет и први век“ во 2007 година, со која новата зграда на музејот била свечено отворена, претставува заедничка работа на трите главни Од првата изложба „Unmonumental, кустоси на Новиот музеј – објект во дваесет и први век“ во 2007 Ричард Флуд (Richard Flood), Лора Хоптман (Laura Hoptman) и Масимилијано Ѓиони (Massimiliano Gioni). Прикажувајќи 80 дела на повеќе од 30 уметници, коишто настанале после 2000 година, кустосите биле усредоточени на уметност која нема обележја на современата висока технологија или компјутерска технологија. Уметниците што учествувале на оваа изложба се, пред сè, повеќе деца на Раушенберг (Rauschenberg), отколку наследници на Ворхол (Warhol): Иса Генцкен (Isa Genzken), Манфред Пернис (Manfred Pernice), Џон Бок (John Bock), Џим Лемби (Jim Lambie), Сара Лукас (Sarah Lucas), Сем Дурант Sem (Sam Durant), Нејт Лоуман (Nate Lowman), Шинк Смит (Shinique Smith), Рејчел Харисон (Rachel Harrison), Тибијас Буше (Tobias Buche), Карол Буве (Carol Bove)... >> 24 февруари 2017
ПОРТА
63
Визуелно намерно разместена, оваа поставка во следните години била репер и предизвик за кустосите од другите институции да заземат сличен став како што тоа го направиле кустосите на Новиот музеј. Темата на оваа изложба – Unmonumental – е дека скулптурата од типот на асемблаж е форма која најдобро ја изразува денешната уметност. Таа е low-tech, релативно мали димензии, направена од најдени материјали, фрагментирана и е во состојба на дезинтеграција. Таа негува незавршен изглед, естетика на грдо, чудна јукстапозиција и, пред сè, се спротивставува на логиката на уметничкиот пазар кој нуди изгланцани објекти, згодни за продажба. Во исто време, ваквата скулптура го рефлектира денешниот историски миг – полн со конфликти, сомнежи и стравови – од тероризам, преку еколошки катастрофални последици до сурови глобалистички економски текови. Новиот музеј во текот на последните години покренал неколку програми, бидејќи сакал да воспостави однос со својата околина, но и да се поврзат со другите институции кои делат слична визија за положбата на современата уметност денес во светот. Проектот Museum as a Hub, поврзува неколку институции кои директно влијаат врз урбаниот развој на своето опкружување, додека проектот Museum Night School, ја поврзува идејата за вечерни школи достапни за сите, во кои образованието во
ПОРТА
сферата на соврмените уметности е бесплатно. Проектот Bowery Artist Tribute имал за цел да покаже како Новиот музеј е совесен нов сосед на улицата Бовери. КОЛЕКЦИЈА Кога го формирала музејот, Марсија Такер одлучила дека треба да се купуваат дела кои после десет години ќе се продаваат, па така колекцијата секогаш ќе биде нова. Во 2000 година, музејот ја прими нејзината прва корпорациска донација на уметнички дела. Музејот сега има околу 1000 дела во разни медиуми. Во 2004 година, заедно со Museum of Contemporary Art во Чикаго и Hammer Museum во Лос Анџелес зеле 110 000 долари од две фондации за да можат да купат и изложат дела на млади уметници. АРХИВ Дигиталниот архив на Новиот музеј е онлајн ресурс, кој обезбедува пристап до најважните извори од музејските изложби, публикации, како и програми. Архивата има база на податоци која содржи преку 7500 пишани и визуелни материјали за уметниците и истражувачите. Базата на податоци на дигиталниот архив секојдневно ја пребаруваат преку 4000 уметници, куратори и организации кои се поврзани со овој музеј. n
ПОРТА
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА