254

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

254 МАРТ 2017

Оливија Мојсова: Архитектурата е одраз на општеството во кое живееме Антенска кула на Водно ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА 2017

Бескомпромисна архитектура на поетско ниво

90 ДЕНАРИ


ПОРТА


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 254 ПЕТОК 31.3.2017 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, На 1 март годинава, во Чикаго беa прогласени добитниците на Прицкеровата награда за архитектура за 2017 година. Тоа се архитектите Рафаел Аранда, Карме Пигем и Рамон Вилалта. Станува збор за тројца архитекти кои заедно работат од 1988 година во архитектонското биро RCR Arquitectes, кое го основале во нивниот роден град Олот, Шпанија. За првпат во историјата на оваа награда, таа се доделува на тројца архитекти како резултат на нивниот интензивно кооперативен пристап кон заедничкото работење, каде што креативниот процес, посветеноста кон визијата и сите одговорности подеднакво се споделени, што било пресуден фактор архитектите да бидат селектирани за наградата. Ова е вторпат за 39 години наградата да им биде доделена на шпански архитекти. За нивната архитектура велат дека е бескомпромисна и на поетско ниво. Оливија Мојсова е еден од најпознатите архитекти во нејзината генерација во Македонија. Професорот Георги Константиновски, во книгата „Градителите во Македонија“ за Мојсова ќе напише: „Таа припаѓа на онаа млада генерација која по дипломирањето се најде во исклучително креативна архитектонска средина од која можеше да се црпи вредно знаење и архитектонска практика. Таа доследно ја искористи таа шанса која беше надополнета и

со искуството од своите родители – архитекти“. За неа архитектурата е одраз на општеството во кое живееме. Во моментов во Скопје се гради најсложен и најкомплексен објект. Станува збор за Антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Република Македонија, лоциран на врвот на Водно. Сложеноста на објектот, со вкупна висина од 155 метри и екстремните услови во кои се изведува, а секако и условите во кои треба да се експлоатира, наметнаа потреба во фазата на проектирање и фазата на изведба да се направат повеќе испитувања на експериментални модели кои треба да ја потврдат стабилноста и карактеристиките на конструкцијата. Испитувањата беа направени во Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Испитувањето беше направено и успешно завршено во 2016 година во лабораторијата за динамички испитувања на УКИМ – ИЗИИС, Скопје. Испитувањата покажаа дека постои добра корелација помеѓу експерименталните и аналитичките резултати, што укажува дека објектот, така како што е проектиран, со голема веројатност би се однесувал како физичкиот модел испитан на сеизмичката платформа во лабораторијата на ИЗИИС.

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница SOULAGES MUSEUM, РОДЕЗ, ФРАНЦИЈА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА 2017

Бескомпромисна архитектура на поетско ниво

графички уредник: Порта3 фоторепортер: Порта3 лектор: Костадинка СОЛЕВА

90 ДЕНАРИ

АРХИТЕКТОНСКО БИРО RCR ARQUITECTES, ШПАНИЈА

ОД РЕДАКЦИЈАТА

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ИНТЕРВЈУ 20

АРХИТЕКТУРА 26

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

20 40

Печати: Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

АРХИТЕКТУРА 36 СЕ ГРАДИ „СИРИУС“ ВО НОВ БЕЛГРАД

СООБРАЌАЈ 50 ЕКОЛОШКИ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ИДНИТЕ ПАТИШТА

ЕКОЛОГИЈА 54 БЕА ЏОНСОН - ВИСТИНСКО ГУРУ ЗА НУЛА ОТПАД

АРТ ДИЗАЈН 64 АИ ВЕЈВЕЈ СО ИМПРЕСИВНА ИНСТАЛАЦИЈА И СИЛНА ПОРАКА

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

КУЛАТА НА АЕК НА ВОДНОНАЈСЛОЖЕН И НАЈКОМПЛЕКСЕН ОБЈЕКТ КОЈ МОМЕНТНО СЕ ГРАДИ

ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА 2017 ГОДИНА- БЕСКОМПРОМИСНА АРХИТЕКТУРА НА ПОЕТСКО НИВО

МАРТ 2017

Антенска кула на Водно

ГРАДЕЖНИШТВО 10

АРХИТЕКТ ОЛИВИЈА МОЈСОВА: АРХИТЕКТУРАТА Е ОДРАЗ НА ОПШТЕСТВОТО ВО КОЕ ЖИВЕЕМЕ

254 Оливија Мојсова: Архитектурата е одраз на општеството во кое живееме

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ

62 54

64

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

САЕМ ЗА МЕБЕЛ 2017, СКОПЈЕ

Враќање кон природните материјали и масивното дрво

подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Т

радиционално, и оваа година, по 43. пат, се одржа Меѓународниот саем на мебел, опрема за домаќинства и јавни објекти, репроматеријали и машини за индустријата на мебел „Мебел 2017“, што траеше од 21 до 26 март. На овогодишниот Саем на мебел, учествуваа повеќе од 400 домашни и странски изложувачи од земјава, Србија, Хрватска, Грција, Италија, Босна и Херцеговина, Словенија... , а изложбениот простор на Скопски саем опфаќаше 11 хали со мебел и опрема за домаќинства, како и една хала наменета за машини и репроматеријали за индустријата за производство на мебел. Она во што сите се согласуваат е дека е намалена побарувачката за мебел во Македонија поради актуелната политичка состојба во државата, а проблеми на компаниите од дрвната индустрија им прави и нелојалната конкуренција. Самиот саем понуди дизајни за уредување на домот и на посетителите им овозможи да се запознаат со одредени трендови за модерните кујни и елегантни бањи, осветлување, подови и ѕидни декорации, материјали за тапацирање, канцелариски мебел, мебел за јавни објекти, како и новите технички и технолошки достигнувања на репроматеријали, машини и опрема за обработка на дрво. Она што може генерално да се каже за годинешниот Саем на мебел во Скопје, е дека има скромен, но сепак квалитативен скок во споредба со претходните години. За жал, продолжува како и изминатите години, неинвентивниот пристап во начинот на изложување на експонатите од страна на изложувачите. Од друга страна, во однос на изложените

6

ПОРТА

31 март 2017

производи, забележлива е тенденцијата на враќање на природните материјали и масивното дрво во проектирањето на мебелот и производството на домашните додатоци како осветлување и слично. Може да се рече дека одредени изложувачи, полека но сигурно фаќаат чекор со одредени светски трендови во дизајнирањето на мебелот. Ретки, срамежливи, но се случуваат одредени раздвижувања. Исто така, она што е видливо, е дека одрдени технолошки светски достигнувања во производството на мебел полесно стигнуваат до нашите штандови, отколку естетските и дизајнерските достигнувања. Така, на саемот можеше да се најдат најнови достигнувања од областа на функционалните механизми за мебел, како и широк асортиман на плочести материјали и разни апликации и дезени, но во делот на машините за производство на мебел се чини дека е значително намален бројот на изложувачи. НАГРАДИ Традиционално, во Управната зграда на саемот, беа доделени признанија на најдобрите експонати изложени на саемот од страна на Комисија за оценување во состав: проф. д-р Ѓорѓи Груевски (Факултет за дизајн и технологија на мебел, претседател на Комисијата), проф. д-р Влатко Каранаков (Факултет за дизајн и технологија на мебел), проф. д-р Митко Хаџи Пуља (Архитектонски факултет, Скопје), Душица Диновска-Пановска, дипл.инж.арх. (Асоцијацијација на архитекти на Македонија), Таки ХаџиЛега, дипл.економист (Кластер на дрвна индустрија на РМ), Милија Бјекич (Министерство за економија на РМ) и Рада Спасовска, дипл.инж.арх., координатор на комисија, претставник од Скопски саем.


инфо

„МОНОЗЕРО“ „ДРАМА КВИН“

смета дека нивната работа не заслужува внимание само од естетски туку и од еколошки аспект. „Секако дека формите, линиите, материјалите и начинот на изработка нè мотивираа да редизајнираме стари парчиња мебел. Македонската јавност нема многу искуство со ваков вид мебел, но реакциите на посетителите на Саемот за мебел беа многу позитивни“, смета Огњановска. „Уште при изборот на парчињата се раѓа идејата за нешто поинакво. Тоа значи дека парче мебел кое долги години служело во спална соба или кујна, сега може да добие нов лик и нова функција, истовремено задржувајќи го стариот шарм“, констатира Огњановска.

Меѓу наградените е и производителот „МОНОЗЕРО “ од Скопје, кој доби Специјална диплома за оригинален дизајн на парче мебел „ДРАМА КВИН“. Како што вели Дарко Христов од „МОНОЗЕРО“ за „Порта3“, софата „ДРАМА КВИН“ ја презентира филозофијата и вредностите на фирмата, а тоа значи едноставни форми, изразена функционалност и особено внимание на материјалите. „Трпезариските маси ни се главен фокус, додека правењето софа го разбравме како tour de force/non plus ultra концептуален производ под претпоставка, како кога ресурсите и нивната ограниченост не би нè тангирала. Бидејќи нашата специјалност е дрвото, императив беше дрвото да доминира и затоа страните и заднината се изработени од најубавото дрво кое можевме да го најдеме - 250 години стар брест со ширина од 60 см и должина од 4 метри“, истакнува Христов. „УРБАН ОЛД“ од Скопје доби Специјална награда за оживување и редизајн на користен мебел. Орхидеја Огњановска од „УРБАН ОЛД“

„УРБАН ОЛД“

„ЈУМИС ДИЗАЈН“

Во категоријата „Мебел за кујни“, добитник за најдобра кујна е производителот „ЈУМИС ДИЗАЈН“ од Скопје, кој на овогодишниот саем се претстави со најнова колекција на ексклузивни парчиња мебел, односно со концептот на комплетно уреден луксузен дом (luxury home), а наградената кујна остави позитивни импресии кај посетителите. „Конкретна идеја и мотивација за креирање на наградената кујна ни беше новиот современ начин на живеење на младите луѓе во комбинација со луксузот“, вели сопственичката и дизајнерката Јулија Арсовска Илиева. „Главна дизајнерска карактеристика на овој модел беше спојот меѓу природните дрвени материјали и футуристичките елемементи од стакло, огледало, метал и природна кожа. Главен момент дава ексклузивниот бар за алкохол изработен од ореово дрво и бронзеното огледало, коешто дава непроценлив луксус на целата кујна“, вели Арсовска Илиева за „Порта 3“. n

ПРИЗНАНИЈА Статуетка и диплома во класа на производители Категорија „Мебел за пpетсобје'' на „АКРОН“ - Скопје за плакар „АЛТО“ Категорија „Мебел за дневен престој мебел на парче“ на „ТЕХНОКООП ТЕХНОМЕБЕЛ“ – Скопје за маса „ФЛОРЕС“ Категорија „Мебел за дневен претстој тапациран мебел“ на „ЗОНАТЕКС“ Скопје за софа „ВЕНИТИ“ Категорија „Мебел за трпезарии“ На „ИНТЕР ЕКСПОРТ “ – Струмица за трпезарија „ЛОДА“ Категорија „Мебел за спални соби“ На „ИНТЕР ФАНТАЗИЈА“ – Тетово за спална соба „ЛУИЗА“ Категорија „Мебел за јавни објекти“ на „СОФА СТУДИО“ – Скопје за тросед „ВИКТОРИЈА“ Категорија „Мебел за детски соби“ на „КАРАТ М“ – Скопје за детска соба „РАГАЦА“

Категорија „Мебел на парче“ на „ВАСЕ УРДИН - Ателје УРДИН“ за комплет огледало и лампа

Категорија „Мебел за кујни“ На „КУЛТ ДИЗАЈН ГРУП“ - Скопје за кујна „АЗИЈА ТЕЛАО“

Категорија за „Репроматеријали“ на „ФОКУС НИКОЛА“ - Скопје за производот мебел штоф „РОСАНА“

Категорија: Мебел за кујни на „ЈУМИС ДИЗАЈН“ - Скопје

Категорија „Мебел за трпезарија'“ на „ЈУГОЕКСПОРТ“ - Скопје за маса „АЛИНА“

Диплома за „ВАРДАР МЕБЕЛ - Скопје“ за огледало „МИСТИК“

Категорија Дополнителна опрема на „МЕБЕЛ АЦЕВСКИ“ - Скопје за безбедносна врата Категорија Репроматеријали на „РИВЕДИЛ“ - Гостивар за материјал за изработка на када од декоративен бетон Специјална диплома за производители Категорија „Мебел за дневен престојкорпус“на „РОЈАЛ ХАУС“ - Скопје за програма „КАСПИАН“ Категорија „Мебел за дневен престојтапациран мебел“ на „КАРЕС“ - Скопје за мебел „ДЕНВЕР“

Категорија „Мебел на детска соба“ на „ДОМА МЕБЕЛ“ - Скопје за детска соба „КИКИ ЏОЈ“ Категорија „Мебел за спални соби“ на „ТЕЛЕСЕТ МАКЕДОНИЈА“ за спална соба „ЕЛЕНА“ Категорија „Мебел на парче“ на „ШИПАД“ - Скопје за кревет „БЕНФ“ Категорија „Јавни објекти“ на „КРИСТИНА ДАМИЛ“ - СКОПЈЕ за гарнитура „У233“ на производител „НАТУЦИ“ Категорија „Дополнителна опрема'“ на „ТЕКСТИЛ“ АД - Скопје за производот душек „ТРЕЗОР СФ“ од брендот „Дорелан“

Специјална диплома и статуетка за трговци на „НОВОМАК“ - Скопје за идејно решение на штанд Специјална награда и статуетка за производители на „УРБАН ОЛД“ - Скопје за оживување и редизајн на користен мебел Специјална диплома и статуетка за производители на „МОНОЗЕРО“ - Скопје за оригинален дизајн на парче мебел за „ДРАМА КВИН“ Диплома за трговци на „ЈУГОЕКСПОРТ-СТИЛ“, Скопје за маса „БИБИАНА“ од производител „МИОТО“

31 март 2017

ПОРТА

7


инфо

ЕВРОАЗИСКИ САЕМ ЗА ПРОЗОРЦИ, СТАКЛА И ВРАТИ, ИСТАНБУЛ 2017

Успешната традиција продолжува

Даниела МЛАДЕНОВСКА

Н

е случајно, Истанбул веќе е етаблиран домаќин на саеми кои, без сомнение, се меѓу најграндиозните и најмасовните во регионот. Градот, кој прегрнува два континенти и плени со своите широко отворени порти на традиционалното гостопримство, толку типично за овие простори, уште од дамнешни времиња е познат како дом на вештите трговци и занаетчии. „Alışveriş“ (алишвериш), турскиот збор за шопинг веќе долго е одомашен и кај нас во архаичниот говор. Денес, овој мегалополис ги следи модерните бизнис трендови и новите технологии, и е домаќин на бројни енергетската ефикасност, компаниите мора да бидат ефикасни, ефективни и саемски манифестации под префиксот „Eurasia“. Секако, специфичната еколошки свесни, а тоа е навистина тешко секогаш да се постигне. Кога геостратешка положба е речиси идеална за вакви интерконтинентални настани. станува збор за ефикасноста во поглед на трошоците за производство, Претприемачи, производители, бизнисмени од над 112 земји присуствуваа кинеските компании можеби беа меѓу најфаворизираните и најзастепените на Саемот за прозорци, стакла и врати во Истанбул, кој се одржа во на саемот, нудејќи различни нумерички управувани машини за сечење, периодот од 8 до 11 март годинава, во организација на компанијата TŰYAP. транспорт и складирање на стакла, како и машини за изработка на Оваа турска компанија има традиција од 36 години, а меѓу шесте повеќеслојни стакла со PVB (polyvinyl butyral) спојувачки слоеви. претставништва кои ги има во странство (Иран, Египет, Русија, Грузија, Технологијата CAD CAM и во оваа индустрија веќе не е иновација туку Бугарија и Македонија), се вбројува и канцеларијата во Скопје, која во текот вообичаен бизнис. на годината ги организира посетителите од Што се однесува до делот на саемот каде земјава за петнаесетина саеми во Турција од 603 изложувачи од 26 земји беа претставени производители на врати, се различни области. На предметниов саем, всушност, 288 изложувачи на саемот за прозорци чини дека иновациите во овој сегмент беа интегрирани три засебни саемски целини во 85 изложувачи на саемот за врати продираат нешто побавно, а од друга страна, еден простор, односно 18. Eurasia Window (саем за 230 изложувачи на саемот за стакла пак, и бројот на излагачи во овој дел беше прозорци, технологии и машини за производство и Над 50.000 посетители од 112 земји најмал во споредба со останатите. Овде помошни материјали) 7. Eurasia Glass (саем за 110.000 m2 изложбен простор фокусот повеќе беше ставен на естетиката, стакла, технологии и машини за производство и квалитетот во смисла на механичка помошни материјали), и 9. Eurasia Door (саем за издржливост, и цената. Перформансите во поглед на енергетската врати, технологии и машини за производство и помошни материјали). ефикасност не беа доволно експонирани, или пак она што беше Парадигмата на одржливиот развој, која во последниве години е присутна презентирано во сегментот стакла ги подигна очекувањата. Во секој случај, во сите аспекти на глобално ниво, особено влијае и во оваа индустрија со посетителите на саемот имаа добра можност да се запознаат со оглед на фактот што производството на стакла, прозорци и врати сериозно портфолијата на многу компании. Конечно, време е и кај нас, се испреплетува со енергетската ефикасност и влијанието врз животната инвеститорите од градежниот сектор, но и купувачите на станбен или средина. Од друга страна, пак, одамна поминаа времињата кога од еден деловен простор повеќе да се заинтересираат за тоа какви врати и производ се бараше само функционалност, естетика и ниска цена. Денес, прозорци се вградени во еден објект, бидејќи тоа директно влијае на соочени со немилосрдната компетитивност на пазарот, но и легислативата енергијата што тој објект ќе ја троши во текот на експлоатацијата. n во однос на минималното негативно влијание врз животната средина и 8

ПОРТА

31 март 2017


ИН МЕМОРИАМ СЛАВКО БРЕЗОСКИ (1922 – 2017)

Тектонското и апстрактното како spiritus movens на автентичната архитектура во творештвото на Брезоски

О

пусот и авторското дејствување на еден од најзначајните претставници на првата повоена генерација македонски архитекти, Славко Брезоски, се поврзува со пошироката архитектонска сцена на мултикултурниот контекст на поранешна Југославија во децениите после Втората светска војна, која произведе силни и критички ставови кон прашањето на урбаната архитектура како одредница на модернизмот. Како еден од основоположниците на групата „Денес“ (1953), авторскиот идентитет на Славко Брезоски првенствено се поврзува со заложбите за дефинирање на експлицитен, синтетски, архитектонски јазик како еквивалент на визиите за ново, прогресивно и еманципирано општество. Брезоски ја обележа естетската и социјалната практика во архитектонската продукција во доцните педесетти и во шеесеттите години од минатиот век, во која се вбројуваат неговите ремек-дела: амбасадата на СФРЈ во Бразилија, стоковна куќа НА-МА, Работнички дом, Комунална банка, Средно балетско училиште и ред други објекти во Скопје и други градови на Македонија. Меѓутоа, од самиот почеток во слоевитиот концептуален апарат на архитектурата на Славко Брезоски се открива и длабоката испреплетеност и преточување на уште една траекторија, онаа на неговата непрекината врска со градителската традиција на Реканскиот регион и неговиот роден Галичник, којашто за него претставува изворна лексика на тектонската култура и креативен импулс во градењето на автохтон архитектонски јазик како заложба, или еден вид самосвесен консензус за пронаоѓање на елементите на изворност во универзалниот вредносен систем на модернизмот. Универзалната вредност на архитектурата, која трансцендентира низ времето, стиловите и идеологиите, и опстојува како суштинска вредност и како идентитетски став, тој ја пронаоѓа во базичните принципи коишто произлегуваат од концептот на местото: дека зградата е истовремено искуство на онтолошкото и репрезентативното, дека таа ги инкорпорира мета-лингвистичките форми и просторно-временските ритми во актот на градењето, и дека нејзината врска со теренот и контекстот е исто толку тектонска и тактилна колку што е визуелна и сценографска. Акцентирајќи

ја примарноста на просторно-пластичното единство на зградата и пејзажот, каде објектот претставува првенствено конструктивно искуство, а потоа апстрактен дискурс, Брезоски ја одржува константната дихотомија на тектонското и апстрактното како spiritus movens на автентичната архитектура. Претпочитајќи ги секогаш специфичните морфолошки услови и контекст наспроти спектакуларните солуции, тој изгради дисциплиниран, рационален пристап во креирањето на изградената форма, било да е таа апстрактна, симболична или поттикната од вернакуларни референци. Во неговите толкувања, архитектурата претставува тектонски феномен кој ја добива својата смисла во релација со местото, луѓето и настаните. Од неговата прва публикувана студија „Мијачки тип куќа“ од 1951 година, до последната интегрална студија за регионот на долината на Радика и Мала Река „Реканска куќа“ од 1993 година, истражувачкиот ракурс на Славко Брезоски ќе биде фокусиран врз културната и социјалната функција на архитектурата како суштинска за разбирање на процесот на традиционалното градење куќи и населби, и процес на сукцесивна акумулација на ова социјално знаење во просторните обрасци кои трансцендентираат низ времето. Денес, кога идентитетските одредници на македонскиот модернизам се бришат од колективната и општествена меморија, кога физички и идеолошки се дерогира не само нивниот идентитетски предзнак, туку се компромитира легитимитетот на архитектурата како интелектуална дисциплина, културолошкото прашање за суштествувањето на македонската архитектура кое го поставуваа македонските модернисти, добива ултимативно, самобитно значење. Застанувајќи отворено и бескомпромисно во одбрана на вистинската архитектура и нејзините изворни принципи коишто ги вградуваше безмалку седум децении во сопствениот архитектонски опус, како архитект – педагог, Славко Брезоски ни ја одржа последната и најважна лекција, онаа за човечкиот и професионален интегритет кој е бесценет и кој ќе опстојува докрај како архитектонска хипотека за идните генерации. n

Анета ХРИСТОВА, архитект

31 март 2017

ПОРТА

9


градежништво

ИСПИТУВАЊЕ НА ЕКСПЕРИМЕНТАЛЕН МОДЕЛ НА АНТЕНСКИОТ СИСТЕМ ЗА КОНТРОЛА И МОНИТОРИНГ НА РАДИОФРЕКВЕНЦИИ НА МАКЕДОНИЈА

Најсложен и најкомплексен објект кој моментно се гради

Постои добра корелација помеѓу експерименталните и аналитичките резултати, што укажува дека објектот, така како што е проектиран, со голема веројатност би се однесувал како физичкиот модел испитан на сеизмичката платформа во лабораторијата на УКИМ - ИЗИИС Стеван МИТРЕВСКИ, дипл. инж. град. Љубомир КИТАНОВСКИ, дипл. инж. град. Зоран РАКИЧЕВИЌ, проф. д-р

10

ПОРТА

31 март 2017


градежништво платформи во соодветен проектиран размер требаше да се постават по висината на „стеблото“. Применетите материјали на самиот модел беа со точно дефинирани карактеристики, карактеристики кои кореспондираат со материјалите што се користат во изведба на самиот објект. Аплицирањето на товарите на меѓукатните конструкции и челичните платформи беше предвидено да се изврши дополнително, после изведбата на целиот модел.

О

бјектот Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територијата на Република Македонија, е еден од најсложените и најкомплексните градежни објекти кои во моментов се изведуваат во Р. Македонија. Објектот, што се изведува на врвот на планината Водно во Скопје, е со вкупна висината од 155 метри (37 нивоа) и во конструктивна смисла се состои од повеќе функционално-естетски целини. Сложеноста на објектот и екстремните услови во кои се изведува, а секако и условите во кои треба да се експлоатира, наметнаа потреба во фазата на проектирање и фазата на изведба да се направат повеќе испитувања на експериментални модели кои треба да ја потврдат стабилноста и карактеристиките на конструкцијата. Според претходно наведеното, во фазата на изведба како дел од договорените обврски беше наметната потребата од експериментално испитување на физички модел на сеизмичка виброплатформа во просториите на реномираниот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Испитувањето беше направено и успешно завршено во 2016 година во лабораторијата за динамички испитувања на УКИМ – ИЗИИС, Скопје. ПРОЕКТНА ЗАДАЧА Проектната задача дефинираше изработка на модел на објектот во геометриски размер 1:16. „Стеблото“ на моделот беше со висина од седум метри, односно нивоата одговараа на три нивоа од прототипот. Геометријата на „стеблото“ беше со неправилна форма која соодветствуваше на формата од прототипот,

каде една страна е вертикална, а останатите три страни се со проектиран наклон по висина. Дебелината на ѕидовите од „стеблото“ на моделот беше четири сантиметри. Во внатрешноста имаше 12 меѓукатни конструкции (нивоа) со дебелина од пет сантиметри, поставени на висина од 57 см. Четирите челични конзолни

ЛАБОРАТОРИСКИ ИСПИТУВАЊА Проектирањето на бетон-малтер кој се вградуваше во ѕидовите и плочите на моделот на „стеблото“ се базираше на проектните барања за задоволување на дефинираните физичко-механички карактеристики. Покрај физичкомеханичките карактеристики, потребно беше малтерот да има течна конзистенција за да може да се обезбеди вградување без примена на средства за збивање. Во лабораториски услови беа направени 5 (пет) варијанти, a како еден од условите што требаше да биде задоволен, беше обработливоста на свежата маса мерена преку мерката на распростирање. Од секоја варијанта се земани примероци за испитување јакост на притисок и свиткување при старост од два и 28 дена. Од добиените резултати на испитувањата, избран е составот на оптималната рецептура. ИЗВЕДБА НА МОДЕЛОТ Физичкиот модел на Антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Р. Македонија, поради својата висина и геометрија претставува можеби еден од најмаркантните воопшто изведени модели во лабораторијата за динамички испитувања на УКИМ - ИЗИИС. Поради големата висина, а за сметка на малата габаритност во основа на самиот модел, немаше услови, првенствено од капацитетот на кранот во халата, тој да биде изведен надвор од виброплатформата, што претставува вообичаена практика при моделските испитувања на Институтот. За таа цел, уште од самиот почеток моделот беше поставен и изведуван на самата платформа, под услови испитувањето да се изврши во краток временски период и под строго дефинирани услови за работа, со цел да не се оштети виброплатформата. После изведбата на темелната конструкција и нејзиното поставување на виброплатформата, беа извршени геодетски мерења и поставување на оплатата за „стеблото“. Бетонирањето на нивоата >> 31 март 2017

ПОРТА

11


градежништво на товарите, тој беше финално спремен за следната фаза, фазата на испитување, обработка на експерименталните податоци и споредбата на резултатите од моделот со проектните параметри од прототипот.

Изведба на моделот на платформата

беше на седум дена, со етапно геодетско проверување на димензиите на „стеблото“, кои на секое ниво беа различни. Бетонирањето на сите нивоа беше испратено од страна на лабораториски надзор околу точното дозирање на компонентите во мешавината, мерење на обработливоста на свежата маса и земање на испитни тела за проверка на јакоста на притисок на два и 28 дена. Првичните податоци на два дена беа

12

ПОРТА

31 март 2017

Монтажа на челичните платформи

од елементарно значење за продолжување на текот на работите и изградбата на моделот. Секако, како што беше и претходно наведено, поради малите пресеци на ѕидовите и меѓукатните конструкции, како и од густиот распоред на „арматурните“ жици, од големо значење беше изведбата со саморазливна смеса која целосно ги пополнуваше конструктивните елементи. По изведбата на моделот и аплицирањето

ИСПИТУВАЊЕ НА МОДЕЛОТ Имајќи ја предвид сложената геометрија на физичкиот модел, проектот за инструментација на физичкиот модел во обем и содржина беше конципиран на начин да се добијат што поголем број валидни експериментални резултати. Изработката на проектот за инструментација опфати дефинирање на типови мерни инструменти, местоположба и оптимален број мерни точки на моделот, според расположливиот капацитет на мерни инструменти и системите за аквизиција во лабораторијата за динамички испитувања во УКИМ - ИЗИИС. Вкупно 22 акцелерометри и 4 (четири) линеарни потенциометри беа поставени по висината на моделот. За определување на динамичките карактеристики на моделот, беа применети методата на амбиент вибрации, како и методите со принудни вибрации со случајна (random) побуда и хармониска (sinesweep) побуда генерирани со сеизмичката платформа. Со обработката и анализата на добиените резултати, се констатираше дека динамичките карактеристики на моделот, односно фреквенциите и тоновите форми во голема мерка се совпаѓаат со соодветните на прототипот. Беа реализирани 11 тестови со симулација на проектниот земјотрес, со генерирање на биаксијални побуди истовремено во двата правци, Y и Z. Тестовите беа реализирани со постепено зголемување на интензитетот на побудата до ниво на проектниот земјотрес и над него. Како одговор на симулираните земјотресни побуди беа регистрирани временските истории на поместувања и забрзувања по нивоа во правец на дејство на побудата. Исто така беше добиен и одговорот на временските истории на забрзувања во вертикален правец на платформите од вертикална побуда на физичкиот модел. Со реализацијата на експерименталната програма беа добиени голем број податоци временски истории на одговор за зададените динамички побуди при резонантните тестови и тестовите со симулација на земјотресните побуди. За да се оцени веродостојноста на реализираните експериментални испитувања и добиените резултати, извршена е споредба на експерименталните резултати на моделот


со аналитички добиените резултати за прототипот. Аналитичките резултати за прототипот беа добиени од линеарна динамичка анализа со користење на компјутерскиот програм SAP2000. Генерален заклучок е дека постои добра корелација помеѓу експерименталните и аналитичките резултати, што укажува дека, објектот Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Република Македонија, така како што е проектиран, со голема веројатност би се однесувал како физичкиот модел испитан на сеизмичката платформа во лабораторијата на УКИМ - ИЗИИС. n Изглед на моделот со платформите

ПОРТА


градежништво

СЕ ГРАДИ ПРЕЧИСТИТЕЛНА СТАНИЦА ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

Високи технологии за почиста вода во Радовиш

Со цел да се намали притисокот врз околината на реката Радовишка, се гради пречистителна станица за отпадни води во областа на Воиславци, надвор од урбаната средина, а при нејзината изградба се преземаат мерки за надградба на постојната канализациона мрежа, што ќе придонесе за подобрување на хигиенските стандарди на населението 14

ПОРТА

31 март 2017


градежништво

Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА

С

истемите за прочистување на отпадните води се особено значајни за човештвото бидејќи постои голем здравствен ризик од енормно дневно производство за отпадна вода. Водата се

користи интензивно во сите урбани центри во државата и во речиси сите поголеми и погусто населени рурални населби во домаќинствата, за индустриски и за други потреби. Тоа што останува од неа по човековата експлоатација, и што се враќа во природата, најчесто е со крајно незадоволителен квалитет. Во Македонија има голема потреба од прочистување на овие води. Пречистителните станици во Македонија веќе се надоградуваат, а наскоро се очекува да добие и три нови. Една од нив е пречистителната станица во Радовиш, која ќе го покрие градот, но и населбата Раклиш. Градот Радовиш има добро развиена канализациона мрежа, но нема постројка за третман на отпадни води. Сегашната покриеност на градот со канализациона мрежа е 90 отсто. Само нелегалните населби се изоставени од канализационата мрежа. Со цел да се намали притисокот врз околината на реката Радовишка, се гради пречистителна станица за отпадни води во областа на Воиславци, надвор од урбаната средина. Агломерацијата за отпадни води во Радовиш нема никакви големи индустриски објекти. Снабдувањето со вода се врши во рамките на системот за снабдување со вода на Радовиш, која ги вклучува, во прилог на градот Радовиш и населбата Раклиш, исто така и селата Сулдурци, Воиславци и Ињево. Системот се снабдува со вода од две страни и тоа од север, по пат на гравитација од пречистителната станица „Трска“ и од стариот зафат на вода „Градски водовод“. Втората страна е од југ, со пумпање на вода преку две пумпни станици, „Индустрија“ и „Куклевица“. Врз основа на планската документација и увидот во постојната ситуација на терен, утврдено е дека постојат пет сливни подрачја на отпадни води, вклучувајќи ја и населба Раклиш. Канализацијата во Радовиш првично била планирана како сепарационен систем. Атмосферската канализација е слабо развиена. Во меѓувреме била претворена во фекална канализација поради нејзиното честото запушување, во која се собирале отпадните води, заедно со дождовницата од дворовите и крововите на куќите. При изградбата на станицата за прочистување на отпадните води се преземаат мерки за надградба на постојната канализациона мрежа, што ќе придонесе за подобрување на хигиенските стандарди на населението и помалку проблеми во нејзино одржување. Објектот е организиран на таков начин што, механичкиот третман ќе го прифати пик протокот при влажно време, заедно со внатрешно рециклираните отпадни води, а остатокот на довод ќе биде преку прелив испуштен во реципиентот, без понатамошен третман.

ТРЕТМАН НА ОТПАДНИ ВОДИ И ТАЛОГ Концептот на третман за Радовиш се базира на технологија за третман на отпадни води за отстранување на биоразградлив органски јаглерод. По завршувањето на сите делови на постројката, линијата на пречистување на отпадните води ќе вклучува и механички третман без примарна седиментација, едностепен процес на активна мил, вклучувајќи и отстранување на јаглерод. Линијата за третман на мил вклучува згуснување на мил, аеробна стабилизација на мил, стабилизирано згуснување на мил, одводнување на мил. Врз основа на овој концепт ќе се идентификуваат неколку елементи на пречистителната станица. Тоа ќе бидат конекција од главната градска гравитациона канализација до Станицата, груба решетка на влез и влезна пумпна станица, влезна фина решетка, аерациона комора за песок и маслофаќач, резервоар за изедначување и средна пумпна станица, секвентен сериски реактор, (SBR) резервоари, контактен и испусен резервоар и дезинфекција на испуст, мерење на проток на довод и на одвод, аераторна станица, пумпна станица 1, резервоар за задржување на мил и пумпна станица 2, механичко згуснување на мил, пумпна станица за згуснат мил, одводнување на мил, системи за кондиционирање на мил, систем за контрола на мирис, систем за повторна употреба на вода, контролен центар со администрација, сите цевки за интерконекција и други хидраулички приклучоци, пристапни патишта и партерно уредување и stand-by дизел генератор. Новите објекти за механички третман, потребно е да вклучуваат неколку процесни единици. Тоа се поврзување на главната градска гравитациска канализација, влезни груби решетки, влезна пумпна станица, влезни фини решетки, вклучувајќи ги и оперативните автоматски решетки и мерење на квалитетот на доводот, аерациона комора за песок, вклучувајќи класификатор на честици и собирање и отстранување на масла и друг отпад, мерење на проток на довод, во рамките на објектот за фина решетка под станица за електрична енергија, аераторна станица за комората за песок и локална контрола на процесот, снабдување со електрична енергија и поврзување со главниот контролен центар, соодветни инфраструктурни врски, интерконекција на цевковод и кабли. Прелиминарните капацитети за третман ќе бидат обезбедени со локален систем за контрола на процесот и под-станица за електрична енергија, кои ќе бидат поставени во објектот со решетките, а кои се меѓусебно поврзани со контролата на процесот на Станицата. Отпадните води од проектираната област ќе бидат спроведени до Станицата во >> 31 март 2017

ПОРТА

15


градежништво

D>$+$ *E " / , ' & '$,

1$,&' 4

" $& &# %-$'

9 $ &# %-$'

B

A

" ',$ ,&'$$ 6 9 $ 4 %4 + , D $ 8 5%$ $' $&# & '$ %$ DF $ ,&'$$ .' '$ %$ ! D> 5 / +$ ' %

2 , 4 4 0 ' 1(

2

1(

+ & '$ %$ D G$&# & - * +

*

& # $

'

8 5$ /$ '

$ ' ,, 5 6 17 4' &$ 1!

3

3

8 5$ /$ ' '

.' &# %-$'

2 , 4 4 0 ' 1(

! 8$$* + 4 %4 + , ! 5$' ' % *+$ # & $ + D , *+$ # * + *+$ , - , *+$ *$5 $' + > 5 / +$ ' % ( )" * , + , $& ' & 5 ' ,# 4 ! , +$

" & D 1 ,&# '+$

" & ) $ 8 5%$ $' :H$ ' ; , $' , 8 ' G

# D" ' &$ $' D> - ' '0 $ % @ ' ,# 4 D ' +$

!

" D7*% , ' - * +

!

' 1(

& "#$% ' % ( )"

' ( 8 $'

' ( 8 $'

" $& &# %-$' 4 - $ 5 $'

) $ , ' & '$ $%$'+$ &0 /$'8 5 & ',$ ,&'$$

, $ , *+

& ' + 4 &$ * /$# & $ 5 ,# '$

0 + .' / $ , *+$ # &

) ( DG' ,8 '%$'

C

C

* 9 $ &# %-$' 4 - $ 5 $'

$ %4 + , ! ,#

<

+ , '$%$ $/$ %$

<

<

<

) 6

1(

) ( DG' ,8 '%$' * $* % / +$ ' % " .$ $' '

) 6 91

1(

%4 $'

+ 4'$,, '$ ,$ , ' 9 < $' $ 5 $' %$ ' & 5 # $ $&

, $' ,

3

( ; ' 4 4$ :% , $5 $ ; 1 5

9( @ " < 6 ? :=> ) ' /$,,$ :< &%;

Радовиш преку главната градска гравитациска канализација, која ќе ги транспортира до локацијата на станицата сите собрани комунални отпадни води, како и претходно третирани индустриски ефлуенти од областа. Исто така, бидејќи главната градска гравитациска канализација се соочува со прилив на атмосферски води и инфилтрација на подземни води, канализацијата ги собира отпадните и подземните води. Максималниот 16

ПОРТА

31 март 2017

проектиран капацитет на градската гравитациска канализација е 6.010 метри кубни на час. Поради тоа, шахтите на влезот се изведени како преливни објекти за заштита на станицата од хидрауличко преоптоварување. Отпадните води кои треба да се собираат во пумпната станица на влезот од оваа точка ќе се пумпаат во Станицата за третман. Ова е сценарио во период на екстремни дождови. Влезниот проток на пречистителната станица

ќе поминува преку груби екрански единици. Ќе има вкупно два канали со паралелна работа опремени со груби решетки кои ќе бидат со повеќе гребла. Сите остатоци отстранети од механичките решетки ќе се транспортираат до површината со чистење, со помош на елементите на греблото на решетката и по миењето и набивањето ќе се испуштат директно во контејнер. Препумпната станица ќе се гради и целосно ќе се опреми за максимален проектиран капацитет, односно за крајниот експлоатационен период до 2044 година. Пумпната станица треба да биде опремена со три потопни пумпи за отпадна вода


градежништво

за пренесување на влезните отпадни води кон понатамошна машинска обработка. Двете пумпи ќе бидат активни и една пумпа ќе биде резервна. Пумпната станица треба да биде во можност за транспорт на максималниот проток при влажни временски услови, односно на механичкиот третман. Покрај редовното снабдување со електрична енергија, во случај на прекин на електричната енергија, пумпната станица потребно е на влезот да има обезбедување со резервен генератор, така што ќе ја снабдува со електрична енергија пумпната станица за половина од оперативниот капацитет. Вентилација на препумпната станица е предвидена со цел да се отстрани воздухот во системот за контрола на мирис. Отпадната вода ќе тече низ влезните фини решетки, но секоја решетка во каналот е димензионирана на таков начин што, доколку е потребно, еден екран може да го прифати вкупниот довод во постројката. Просторот над отпадните води во каналот е покриен и загадениот воздух од овој простор ќе биде евакуиран за третман на воздух. Делот за решетката ќе се состои од канал за примање и дистрибуција. Дојдовните отпадни води треба да бидат насочени во каналите за примање и дистрибуција и рамномерно распоредени во одделните комори на решетките, кои ќе бидат во отворен канал. Каналите ќе бидат како отворени бетонски и се димензионирани на таков начин, седиментацијата на крупни остатоци да биде спречена. Во просорот за третман и складирање на цврст отпад, треба да се земат предвид барањата за уредување на просторот за контејнерите со остатоци, како и за класификатор и контејнери за песок. Потребно е да се предвиди шински систем или превозници на контејнери со одобрени услови за безбедна работа. Посебните услови од животната средина од третман на сурови отпадни води бараат изградба на бетонски работи отпорни на сулфат, завршен слој на подовите и ѕидовите со керамички плочки до два метри над готовото ниво на подот, завршниот слој на сите внатрешни челични

работи и на цевките треба да биде од не’рѓосувачки челик. Со оглед на можните емисии на водород сулфид, лоши мириси и класификација на работната хала, треба да се обезбеди доволно проветрување на објектот со решетката. Контролата на pH-вредноста и температурата ќе се наоѓа низводно од фините решетки. Покрај тоа, треба да се инсталира и автоматската единица за земање примероци. Објектите за мерење на квалитетот на доводот треба да бидат дизајнирани и изградени за крајниот период. Апаратите за мерење треба да бидат микропроцесорски контролирани со компензација на температура, предвидени во водоотпорно куќиште, со локален дисплеј и далечински пренос до PLC или центар за контрола на работата. Коморите за песок и отстранување на масла треба да се надолжни комори со странични фаќачи на масла и преодни мостови за вшмукување и стругање. Коморите за песок и масла треба да се надолжно аерирани. Прашината и песокот, што се наталожиле на дното на коморите, ќе се евакуираат со потопни пумпи. Евакуираниот песок ќе биде испуштен во класификатор на песок, каде што ќе се мие, одводни и конечно ќе се испразни во контејнер. Станицата за внес на воздух треба да биде дизајнирана и изградена за крајниот период до 2044. За целта на процесот на аерација во СБР резервоарите, предвидено е станица за внес на воздух. Објектот е опремен со најмалку два воздушни компресори од кои еден компресор е активен, а еден резервен. Компресорите ќе бидат обезбедени со фреквентен изменувач, што ќе овозможува приспособување на реалниот капацитет на секој од компресорите. Сите компресори се опремени со мотор, фреквентен изменувач, влезен филтер за воздух, потпора, акустична хауба, неповратен вентил и флексибилен испусен приклучок, сигурносен вентил и манометар, помош на електрични грејачи. Предвидено е греење и вентилација на станицата за внес на воздух. Контактен / испусен резервоар е предвиден

заради изедначување на излезните води, како и за дезинфекција на излезните води, пред да се испуштат во Радовишка река. Предвидено е единица со автоматски вентил за испуштање на излезните води од резервоарот. Таканаречениот „мртов волумен“, односно количината на вода во резервоарот која не е можно да се прелие од него, треба да се минимизира колку што е можно повеќе. Автоматска станица за земање примероци треба да се инсталира за припремање на композитни примероци. Станица за земање мостри е предвидена со 24 шишиња за земање примерок со автоматска тест пумпа, таа ќе биде инсталирана на сервисна платформа во близина на шахтата за излезни води, и треба да биде во затворена кабина со вклучена доволна заштита од мрзнење и вентилација. Пумпната станица треба да се постави што е можно поблиску до овие СБР резервоари. Пумпната станица ќе биде опремена со завојни пумпи за трансфер на дојдовен талог од СБР до резервоарот за задржување на мил. Објектите за згуснување и одводнување на мил се наоѓаат во оперативната зграда. Зградата се состои од два дела за инсталација на машините со помошна опрема и локалните контролни панели и локалната под-станица за електрична енергија и контролна соба. Пристапот до машините, пумпите и компонентите треба да биде безбеден и непречен. Контрола на работата и низок напон за напојување на механичките објекти за згуснување и одводнување, треба да се предвиди во посебна контролната соба која ќе биде со доволна големина за инсталирање на сите електрични уреди. Зградата треба да биде проектирана, изведена и опремена за номиналниот капацитет на станицата. Овој објект се состои од сите неопходни објекти и инсталации за згуснување на мил и одводнување и враќање на исцедената вода на почетокот на линијата, односно на внатрешната канализација на фабриката. Исто така е предвидена за сместување на опрема за систем за повторна употреба на вода. Електрично управуван кран треба да биде инсталиран во зградата и ќе се користи за монтажа и демонтажа и транспорт на делови од опремата. Опремата ќе се транспортира од камион приколка на локацијата за инсталација. Во Станицата за прочистување на отпадни води во Радовиш задоволени се и сите останати барања за емисија на бучава и мирис, за снабдување со вода за пиење, сервисна вода и противпожарна вода и хидранти. Конзорциумот ВТЕ - Вардарградба ќе управува со постројката и ќе ги надгледува перформансите во тек на пробната работа. По успешно извршените тестови, конзорциумот ВТЕ Вардарградба ќе го информира надзорот дека може да се изврши предавање на постројката. n 31 март 2017

ПОРТА

17


градежништво

АКРЕДИТИРАНА МЕТОДА ЗА

Mартина ЈОСИФОВСКА, дипл. геотех. инж. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

П

окрај стисливите и деформабилните карактеристики на почвата, како уште позначајни, а можеби и најважни, се нејзините јакосни параметри, односно јакоста на смолкнување на почвите. Јакоста на смолкнување, всушност, го претставува најголемото напрегање на смолкнување што во услови на одредено нормално напрегање, може да се нанесе врз почвата во одреден правец. Јакосните параметри, како параметри што ја отсликуваат почвата, се употребуваат при решавање на речиси секаков вид проблеми

18

ПОРТА

31 март 2017

во геотехничката пракса и при определување, усвојување и анализирање на истите неопходно е да се посвети посебно внимание. Во лабораториски услови, јакосните параметри можат да се определат со помош на Триаксијален опит. Триаксијалниот апарат е најсложениот апарат за испитување, во споредба со сите останати апарати во геомеханичка лабораторија. Пред сè, самиот апарат бара многу внимателно и прецизно ракување. Сложеноста на самата опрема, како и прецизноста при самата подготовка и вградување на материјалот значајно влијае при точноста на резултатите. Токму заради неговата сложеност, како и значајност на резултатите од истиот, од особена важност за една акредитирана

геомеханичка лабораторија е поседување на опрема за триаксијални испитувања и акредитација на методот. Во Македонија постојат само неколку триаксијални апарати, од кои три се во Лабораторијата за испитувања за геомеханика, градежни материјали и животна средина ,,ГЕИНГ КУК’“, која прва го има акредитирано овој метод уште во 2012 година. Триаксијалниот опит се изведува најчесто на непореметени почвени примероци, но исто така и на пореметени и вештачки вградени примероци во ќелиите. Исто така, триаксијалниот опит може да се изведе како дрениран опит - за крупно зрнести материјали, и недрениран опит - за ситнозрнести материјали. Се испитуваат најмалку три примероци кои


градежништво

ТРИАКСИЈАЛНИ ИСПИТУВАЊА се оптоваруваат со различни притисоци, најчесто 100 kPa, 200 kPa и 400 kPa. Може да се примени и друга низа на оптоварување, доколку за тоа бидат наведени конкретни причини. Во текот на опитот при различни услови се регистрираат притисоците и деформациите на примерокот, врз чија основа се пресметува јакоста на смолкнување. Главната предност на опитот на триаксијална компресија, во однос на опитот на директно смолкнување е можноста за мерење на порниот притисок или промената на волуменот во процесот на деформирање. Впрочем, покрај вкупните, односно тотални напрегања, може да се мери и порниот притисок, така што преку разликата на тоталните напрегања и порниот притисок се определуваат ефективните напрегања. Според начинот на испитување во триаксијалниот апарат, се разликуваат четири стандардизирани постапки: l Недрениран опит l Консолидирано недрениран опит l Консолидирано дрениран опит l Едноаксијална јакост на притисок Резултатите се презентираат графички преку дијаграми со соодветни зависности. Истите наоѓаат широка примена при решавање на различни проблеми од областа на геотехниката и воопшто во градежништвото, бидејќи нивното определување, усвојување и понатамошна употреба е прва појдовна точка за реализација на каква било конструкција. n

ПОРТА


интервју

АРХИТЕКТ ОЛИВИЈА МОЈСОВА

Архитектурата е одраз на општеството во кое живееме Меѓу многубројната плејада на македонски архитекти, постојат умови кои би можеле да парираат на светските имиња, но треба да има и инвеститори кои би го препознале тоа и би инвестирале, односно финансирале. Тоа веројатно и понатаму ќе остане за некои побогати и поразвиени општества.

О

ливија Мојсова е еден од најпознатите архитекти во нејзината генерација во Македонија. Дипломирала на Архитектонскиот факултет во Скопје 1980 година. Непосредно по дипломирањето се вработува во „Македонија проект“, каде што е автор и коавтор на голем број проекти во земјава и странство. Во 2003 година ја напушта „Македонија проект“ и формира

Љупчо АТАНАСОВСКИ , дипл.инж.арх. Препознатлива сте по станбената архитектура, но и по проекти за јавна општествена намена. Каде е предизвикот поголем? n Во период на повеќегодишна експанзија на станбени објекти во Македонија, логично е станбените објекти да се најзастапени во творештвото на едно архитектонско студио. Меѓутоа, се пронаоѓаме и во сите останати проекти со јавна општествена намена, како комерцијални и деловни објекти, катни гаражи 20

ПОРТА

31 март 2017

студио за проектирање ГМС ПРОЕКТ, кое егзистира веќе 14 години и има изработено над стотина проекти. Професорот Георги Константиновски, во книгата „Градителите во Македонија“ за Мојсова ќе напише: „Таа припаѓа на онаа млада генерација која по дипломирањето се најде во исклучително креативна архитектонска средина од која можеше да се црпи вредно знаење и архитектонска практика. Таа доследно ја искористи таа шанса која беше надополнета и со искуството од своите родители – архитекти“.

Комерцијална банка

итн. Постои мислење дека станбените објекти се стереотип кој не дозволува многу креативни можности, и токму заради тоа и предизвикот е голем, бидејќи треба од една, да ја наречеме, стандардна шема, во секој нов објект да се внесе нешто ново, креативно, различно од претходното. Архитектурата е одраз на општеството во кое живееме, и постојат промени и усовршување во согласност со социјалните навики на современиот човек, нови технологии, што повлекува воспоставување на нови архитектонски концепти. Предизвикот е голем со секој нов проект од каков и да е вид, почнуваш


интервју од бел лист и треба да добиеш краен производ модел во размер 1:1, кој ќе живее во просторот со години. Денешната архитектура на домување се сведе на проектирање по желба на инвеститорите, каде е најважен бројот на станови и што помали супстандардни станови, со уништен урбанизам. Архитектурата ја нема, најсурово издание во примерот со населба „Стар аеродром“. Може ли оваа состојба да се промени? n Отсекогаш се проектирало по желба на инвеститорот, на крајот, инвеститорот е тој што поставува програмски барања, а програмските барања ги диктира пазарот. Тоа што денес се проектираат станови со намалена површина од стандардната (двособен до 45 м2 и трисобен до 65 м2) е диктирано од куповната моќ на граѓаните, коишто со ограничен буџет и минимален личен приход сакаат да си обезбедат живеалиште. Оваа состојба може да се промени со пораст на стандардот на граѓаните, што не

верувам дека ќе се случи во блиска иднина. Точно е дека и урбанизмот е уништен во многу населби, не постојат веќе урбанистички потези со препознатлива идеја, и ова што се случува кај нас не може да се нарече урбанизам, туку бизнис и менаџирање со маркици за градба, борба за кат повеќе и поголема површина за градба. Сето тоа е последица на промена на системот, односно на приватизацијата што се рефлектираше и во урбанизмот. Но и во ваков хаос, улогата на архитектот е да се справи со сите предизвици и да извлече максимум од објектот во функционална, естетска и амбиентална смисла. Да се биде проектант во овие услови, треба да се биде, на некој начин, магионичар. Проектиравте неколку банки. Таму ли е ќарот во професијата? n Ако се проектира банка не значи дека ќарот е поголем отколку ако се проектира станбен објект, бидејќи цената на проектот не зависи од инвестиционата вредност на објектот како што е

во европските земји. Некои од објектите што сега се банки, не беа банки кога ги проектиравме, подоцна се пренаменија, на пример: УНИ банка, за која добивме Гранд при на Биеналето на архитектура, е работена преку „Македонија проект“ со колешката Душанка Шуловиќ; Инвест банка (Шпаркасе банка) е работена заедно со архитект Милчо Мојсов; зградата на Телеком (сагашна Комерцијална банка) добиена на конкурс - прва награда, работена е заедно со архитект Милчо Мојсов; Комерцијална банка, која исто така доби награда како изведен објект, е работена со архитект Ѓорѓи Мојсов. Архитектонската фела е во длабока криза во секој поглед, а цената на трудот е тотално обезвреднета. Комората на овластени архитекти и инженери е институционалната организација задолжена да ги исправи неправдите...? n Комората на овластени архитекти постои повеќе од 10 години, и досега најголема (да не кажам единствена) ажурност покажува во собирање членарина. Цената на трудот на архитектот е под секакво човечко достоинство. Многу архитекти сфатиле дека е порентабилно да бидеш плочкар на дневница отколку архитект, и се откажале од архитектурата за да преживеат. Имам впечаток дека Комората работи на тоа и останатите да се откажат од архитектурата, но нема да го убијат нашиот ентузијазам, оптимизам и љубов кон професијата. Ќе ја победиме Комората, ќе ја фатиме на кондиција (ха,ха,ха), еден ден ќе мора да попушти и да формира ценовник. За контроверзниот Скопје 2014, архитектонската фела кажа едно големо НЕ. Но тоа се стори. Можно ли е нешто да се поправи и како? n Бидејќи нема враќање назад, што е сторено сторено е, мислам дека треба да се размислува за реанимирање на постојните фасади, ревитализирање со цел амбиентално да се валоризира просторот. Но, за тоа повеќе кога ќе дојде прашањето на дневен ред. Можно ли е од проектирање на архитектура да се живее пристојно. Каде сме, барем во однос на балканските состојби? n Се зависи што се подразбира под „пристојно“. Се разбира, може, прашање е со колкави жртви и со кои стресови. Во однос на балканските земји, мислам дека сме на дното, а далеку сме од тоа да се споредуваме со европските држави. ГМС е ваша фамилијарна фирма. Секој родител би посакал неговите наследници да го надминат во занаетот. Каде се движат „вашите архитекти“? Дали воопшто младите со светски погледи имаат шанса да се реализираат во Македонија или..? >> 31 март 2017

ПОРТА

21


Шпаркасе банка

n Фирмата е формирана во 2003 година, во меѓувреме „наследниците“ дипломираа, магистрираа и се вклучија во работата. Фирмата има и други вработени кои активно учествуваат во проектите. Многу од проектите се работат заеднички, со меѓусебни консултации и со голема посветеност. Се трудиме секој нов објект да биде подобар и поатрактивен од претходниот, следејќи ги новите трендови во архитектурата. Една јапонска поговорка вели: не треба на Станбено деловен објект Тетрис во Дебар Маало

детето да му дадеш риба, туку да го научиш да лови риба. Најголема награда за родителот е кога наследниците ќе се формираат и осамостојат во занаетот и ќе ги надминат родителите, мислам дека моите деца се на добар пат да го направат тоа. Мислам дека мал број од младите со светски погледи имаат шанса да се реализираат во Македонија, а пак на Македонија ѝ требаат млади таленти со светски погледи кои ќе придонесат за квалитетни промени и нови идеи.

Најдобрите резултати се добиваат кога ќе се спојат повеќегодишно искуство со младешки ентузијазам, креативност и енергија. Секогаш се трудиме да излеземе од просекот. Имаме и среќа да работиме со референтни инвеститори кои сакаат да бидат препознатливи по објектите кои ги градат и за кои профитот не е предоминантен, туку пред сè сакаат да направат квалитетен и атрактивен објект. Кои три работи најмногу ги цените кај вработените, дисциплина, стручност, креативност? n Лојалност, лојалност и лојалност. Не дака не ги ценам другите особини, но сè друго станува небитно ако не постои лојалност кон фирмата. Тројца најзначајни архитекти од современата македонска архитектура? n За станбена архитектура, би ја издвоила Василка Ладинска, која ги работеше проектите до ниво на филигран и остави белег во македонската станбена архитектура. За хотелска архитектура Климе Заров, кој во проектирањето хотели постигна совршенство. Од помладата генерација архитекти, би го издвоила архитектонското студио СТОУН ДИЗАЈН, кои успеаја да изградат препознатлив стил и внесоа свежина во македонската архитектура. Три највпечатливи, изведени архитектонски проекти на модерната кај нас? n Македонска опера и балет, како

ПОРТА


Станбена зграда „кино Карпош“

скулптурален пристап во решавање на архитектурата. Комплекс универзитети „Св. Кирил и Методиј“, како концепција на објекти околу простор (плоштад) кој ги интегрира. Музеите на Македонија, модерен објект со смела Уни банка

Станбено деловен објект во Дебар Маало

конструкција, кој успешно се вклопува во старото јадро на Старата скопска чаршија. Ваш нереализиран, а драг проект? n Има повеќе нереализирани трудови, ќе набројам неколку: архитектонско урбанистичко решение на улица „Максим Горки“, за кое добивме прва награда на конкурс со архитект Душанка Шуловиќ. Тоа требаше да влезе како сегмент во Деталниот урбанистички план за Мал

ринг и да се реализира како пешачка зона, замислена архитектонски како реминисценција на старите објекти и со суптилен урбан мебел со кој ќе заживееше целата улица. За жал, професорите што го работеа планот за Малиот ринг тоа не го испочитуваа и мислам дека градот изгуби еден урбан простор кој ќе ја имаше душата на старо Скопје. Исто така и станбеноделовниот објект во Гевгелија, којшто инвеститорот немаше сила да го доврши. >>

Станбено деловен објект во Гевгелија 31 март 2017

ПОРТА

23


Станбено деловен објект на улица „Лондонска“

Станбено деловен објект кај Сити Мол

24

ПОРТА

31 март 2017

На кои проекти работите во овој период? n Во моментов се реализира еден голем станбено-деловен проект, комплексот „Гарден Сити“ во населбата Карпош 3, кој го проектиравме со колегите Ѓорѓи Мојсов, Сандра Мојсова и Ана Митрушевска, каде што идејата е да се оплемени еден станбен комплекс со зеленило (дрвја), односно вертикални градини кои ќе дадат нов квалитет на живеење кај станарите во оваа бетонска џунгла. Во почетна фаза на изградба е станбеноделовен комплекс во населба Тафталиџе, на ул. Лондонска, кој го работевме со колешките Сандра Мојсова и Ана Митрушевска. Се реализира станбено-деловен проект во центарот на Скопје, на ул.27 Март, на архитект Ѓорѓи Мојсов. Се изработува проект за станбен објект на ул. Елисије Поповски, кој го работи архитект Ана Митрушевска. Останатите проекти кои се изработуваат сега нема да ги откривам, можеби во некоја друга прилика. Наша најголема мотивација е да создадеме објекти со кои ќе се гордееме, да го разубавиме и оплемениме просторот, да оставиме трајни вредности. Бетонот и циглите намаат душа, но ние се трудиме и ќе се трудиме во нашите објекти да внесеме душа. n


www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


aрхитектура

ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА 2017 ГОДИНА

Бескомпромисна архитектура на поетско ниво Овогодишни добитници на наградата „Прицкер“ се архитектите Рафаел Аранда, Карме Пигем и Рамон Вилалта. Според претседателот на жирито Глен Маркат, тие демонстрирале дека унифицираноста на материјалот можe да донесe исклучителна сила и едноставност на објектот. Градинка El Petit Comte д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В. Британија) дипл.инж.арх.

Н

а 1 март годинава, во Чикаго беa прогласени добитниците на Прицкеровата награда за архитектура за 2017 година. Тоа се архитектите Рафаел Аранда (Rafael Aranda, 1961), Карме Пигем (Carme Pigem, 1962) и Рамон Вилалта (Ramon Vilalta, 1960). Станува збор за тројца архитекти кои заедно работеле од 1988 година во архитектонското биро RCR Arquitectes, кое го основале во нивниот роден град Олот, Шпанија. Господинот Том Прицкер (Tom Pritzker), претседавач на фондацијата „Хајат“ која е спонзор на наградата, ги прогласи овогодишните добитници, a официјалната церемонијата за доделување на наградата ќе се одржи на 20 мај во палатата Акасака во Токио, Јапонија. Оваа награда е воспоставена во 1979 година од семејството Прицкер во Чикаго преку нивната фондација „Хајат“. Станува збор за интернационална награда која секоја година се доделува на архитект или архитекти коишто се живи, а со која се оддава почест на оние архитекти „чиишто творечки опус покажува комбинација на талент, визија и посветеност, кои резултирале во континуиран и значаен 26

ПОРТА

31 март 2017


Атлетска патека Tossols-Basil придонес кон човештвото и изградената средина низ уметноста на архитектурата“. Наградата „Прицкер“ се смета за „Нобелова награда за архитектура“ и „најголема почест во струката“, а се состои од парична награда во износ од 100 илјади американски долари и медалја од бронза. Преку официјалната церемонија за доделување на наградата, дополнително се прославува архитектурата, со оглед на тоа што овој свечен чин се одржува во рамките на значајна архитектонска локација ширум светот. Наградата се доделува без оглед на националноста, расата, верските или идеолошките убедувања на кандидатот, а преку процес на номинации кои треба да се поднесат најдоцна до 1 ноември секоја година. Номинираните кандидати коишто нема да ја добијат наградата, автоматски се пренесуваат за повторно разгледување во следната година. Независното жири е составено од пет до девет експерти, кои се признати во својата област, а која може да биде архитектура, бизнис, образование, публицистика или култура. Членовите на жирито служат повеќе години за да се одржи рамнотежа помеѓу изминатите и новодојдените членови на жирито. Овогодишното жири било составено од девет члена, а со него претседавал прочуениот австралиски архитект и добитник на Прицкеровата награда за 2002 година, Глен Маркат (Glenn Murcutt). Прицкеровата награда по првпат во историјата се доделува на тројца архитекти, како резултат на нивниот интензивно колаборативен пристап кон заедничкото работење, каде што креативниот процес, посветеноста кон визијата и сите одговорности подеднакво се споделени, што било пресуден фактор архитектите Рафаел Аранда, Карме Пигем и Рамон Вилалта да бидат селектирани за наградата. Ова е вторпат за 39 години 31 март 2017

ПОРТА

27


Винарија Bell-Lloc

наградата да им биде доделена на шпански архитекти. Во 1996 година наградата ја доби архитектот Рафаел Монео (Raphael Moneo). Според објавата за наградата, овие тројца локални архитекти евоцирале универзален идентитет преку нивната креативна и интензивна примена на современи материјали, 28

ПОРТА

31 март 2017

вклучувајќи рециклирано железо и пластика. Претседателот на жирито Глен Маркат изјавил: „Тие демонстрирале дека унифицираноста на материјалот можe да донесe исклучителна сила и едноставност на објектот. Сорабoтката на овие архитекти резултирала во бескомпромисна >> архитектура од поетско ниво, а која претставува безвременско творештво кое отсликува големa почит кон минатото додека проектира јасно дека е од сегашноста и иднината“. Oва добро е илустрирано преку проектот за Барбери лаборатори, (Barberi Laboratory, 2007), каде што тие избрале објект на леарница од почетокот на дваесеттиот век за своето биро. Во овој проект многу од остатоците на оригиналниот објект биле сочувани и комбинирани со многу контрастни нови елементи, коишто биле додадени само каде што тоа било неопходно. Од 1989 година, овогодишните добитници се архитекти консултанти за Националниот парк во вулканската зона Ла Гароткса (National Park of the Volcanic Zone of La Garrotxa), а како нивни најзначајни објекти се сметаат: Атлетската

Куќа Row


aрхитектура Музеј Soulages

патека Тосол-Басил во Олот (Tossol-Basil Athletics Track, 2000), Шпанија; Библиотеката Свети Антони-Хуан Оливер, центарот за возрасни и градината Кандида Перез (Sant Antoni – Joan Oliver Library, Senior Citizen’s Centre and Cándida Pérez Gardens, 2007) во Бареселона; Винаријата Бел Лок (Bell-Lloc Winery, 2007) во Паламос (Palamos), Шпанија; Градинката Ел Петит Компте (El Petit Compte Kinbdergarten, 2010) во соработка со Ј. Пуигкорбе (J. Puigcorbé) во Бесалу (Besalú), Шпанија; Шаторот за Лес Колс ресторанот (Les Coles Restaurant Marquee) во Олот; Јавниот отворен простор на театарот Ла Лира (La Lira Theatre Public Open Space) во соработка со Ј. Пуигкорбе во Риполи (Ripoli), Шпанија; Музејот Соулагес (Soulages Museum) во соработка со Г. Трегует (G. Trégouët) во Родез (Rodez), Франција, и Уметничкиот центар Ла Кусине (La Cuisine Art Center) во Негрепелис (Nègrepelisse), Франиција. Преку своите проекти тие го оставиле својот творечки белег низ Каталонија, Шпанија, и пошироко во Европа. Покрај својата творечка работа како архитекти, во 2013 година господинот Аранда, госпоѓата Пигем и господинот Вилалта ја основале фондацијата РЦР БУНКА (RCR BUNKA Foundation) со цел да се поддржи архитектурата, пејзажната архитектура, уметноста и културата во општеството преку која тие даваат дополнителен придонес во овие области. Во извештајот на жирито, меѓу другото, >> 31 март 2017

ПОРТА

29


Ресторан Les Cols Marquee се вели: „Ние живееме во свет кој е глобализиран и се потпираме на меѓународните влијанија, трговија, дискурси, трансакции и др. Но сè повеќе и повеќе лица стравуваат дека заради меѓународните влијанија... , ние ќе ги изгубиме нашите локални вредности, нашата локална уметност и нашите локални обичаи. Рафаел Аранда, Карме Пигем и Рамон Вилалта ни кажуваат дека можеби е можно да ги имаме

обете. Тие ни помагаат да видиме, во најубавиот и најпоетичниот можен начин, дека одговор на прашањето не е ‘или едното или другото’ и дека ние, барем во архитектурата, може да посакуваме да ги имаме обете; со нашите корени цврсто на место и нашите раце испружени кон остатокот на светот“. Господинот Прицкер изјавил: „Жирито селектирало тројца архитекти кои работеле

заедно скоро три децении. Господинот Аранда, госпоѓата Пигем и господинот Вилалта имаат оставено белег на својата струка, кој се протега многу подалеку од нивното непосредно опкружуавње. Нивното творештво се протега од јавни и приватни простори до културни центри и образовни институции, и нивната способност интензивно да се надоврзат на опкружувањето спцифично за секоја локација, е доказ за нивниот процес и длабокиот интегритет“. Добитниците на овогодишната Прицкерова награда за архитектура Рафаел Аранда, Карме Пигем и Рамон Вилалта, укажуваат на можноста на помалку експонирани архитекти кои оперираат од своето родно место во провинција на својата земја, а не од некоја светска метропола, преку квалитетот на своето творештво и посветеност кон уметноста на архитектурата, да се искачат до највисокиот пиедестал на светската архитектура. За нив, пејзажната архитектура и архитектурата се споени за да создадат објекти кои интимно се поврзани со местото и времето. Театар La Lira

ПОРТА


ПОРТА


архитектура

Прогласени победниците на Civic trust awards 2017 Педесет и осмата годишна церемонија на Civic Trust Awards се одржа на 10 март во The Guildhall Winchester, поддржана од Градскиот совет на Винчестер. Од 247 апликации, 45 национални и меѓународни проекти беа наградени со Civic Trust Award или Commendation, во која се вклучени ProTem, за привремени проекти или инсталации, и AABC Conservation category.

Civic Trust Awards е основана во 1959 година и е единствената архитектонска награда која внимателно и актуелно се однесува на естетиката, одржливоста, инклузивниот дизајн и влијанието на заедницата. На церемонијата, меѓу останатите биле презентирани пет Специјални награди за проекти кои „покажале извонредни ингеренции во одредени области“. Специјална награда за одржливост, спонзорирано од Derwent London Bombay Sapphire Distillery and Visitor Centre, Whitchurch, Hampshire, South East Aрхитект: GWP Architecture Клиент: Bombay Sapphire Фото: GWP Architecture

32

ПОРТА

31 март 2017

Специјална награда за влијанието на заедницата и ангажман Greenwich Housing, Greenwich, Greater London Aрхитект: Bell Phillips Architects Клиент: Royal Borough of Greenwich Фото: Edmund Sumner


архитектура Голдсмит награда Селвин за универзален дизајн: спонзорирани од Queen Elizabeth Olympic Park HOME, Manchester, North West Aрхитект: Mecanoo architecten Клиент: Manchester City Council фото: Mecanoo architecten

Специјална награда Pro Tem за привремена градба или структура Serpentine Pavilion 2016, City of London, Greater London Aрхитект: BIG - Bjarke Ingels Group Клиент: Serpentine Galleries фото: Credit: BIG - Bjarke Ingels Group

31 март 2017

ПОРТА

33


инфо архитектура Специјалната награда National Panel - избрана од членовите на Националниот совет како нивен омилен објект од овогодишните победнички проекти Sacred Heart Cathedral of Kericho, Kenya Aрхитект : John McAslan + Partners and Triad Клиент: George Patterson Фото: Edmund Sumner

ПОРТА


ПОРТА


архитектура - урбанизам

И

Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (СРБИЈА) згледа како во Белград никогаш да нема доволно современ деловен простор, како завршува еден така се најавува нов проект. Без разлика на големиот број најавени и никогаш нереализирани објекти, Белград стана побогат за не мал број нови современи деловни објекти. Нов Белград стана современа деловна зона на Белград, а со самото тоа и на Србија. Не се во прашање само флоскули, туку тоа може да се види по утринскиот и попладневниот шпиц во сообраќајот. Денес, за разлика од порано, наутро има колони на мостовите и патиштата, кои од другите делови на градот водат кон Нов Белград, а истата слика само во спротивен правец се повторува секое попладне. Причините се многу, а некои од најзначајните се добрата инфраструктура на тој дел од градот, секако најдобрата сообраќајна мрежа на патиштата, големиот број непополнети а веќе дефинирани градежни парцели, доволната површина и близината на автопатот и белградскиот аеродром. Трендот на пополнување на тие парцели со деловни згради не е завршен. Има многу незавршени деловни објекти во кои со години никој не се вселил. Истовремено, новите инвеститори, макар што белградскиот пазар на деловен простор главно е поделен на компании од две земји – Израел и Австрија, вложуваат во нови деловни објекти. Таков е и објектот „Сириус“, деловен комплекс кој се наоѓа на аголот на булеварот „Милутин Миланковиќ“ и улицата „Атифашистичка борба“. Недалеку се наоѓа железничката станица „Нов Белград“, а на само 500 метри е излезот на автопатот, главниот друмски коридор кој поминува низ Србија. Од другата страна на улицата „Антифашистичка борба“ се наоѓа парцела на која е предвидена нова главна автобуска станица, за која беше распишан конкурс пред неколку години. Освен поделените награди, ништо не се случи во тој дел на градот, автобуската чека некое подобро време или никогаш нема да биде реализирана, што е тажна судбина со голем број конкурси за јавни објекти во Србија. Проектот „Сириус“, моментално во фаза на изградба, претставува деловно-хотелски комплекс од две згради со заеднички плоштад кој е лоциран кон раскрсницата на споменатите улици, и заедничка гаража на две подземни нивоа. Вкупно, проектот има околу

36

ПОРТА

31 март 2017

Се гради „Сириус“ во Нов Белград Помеѓу пругата и прометниот булевар во Нов Белград, никнува еден нов деловен комплекс. Едноставен по својата форма, „Сириус“ по ништо посебно не се разликува од сличните објекти во Европа. Во тоа е и неговиот квалитет, бидејќи Белград сè повеќе добива објекти кои можат да се најдат и на други места, што во последните десетина години во архитектонската практика на Србија беше редок случај.


архитектура - урбанизам 30000 метри квадратни бруто површина на парцела од 9000 квадрати, сето тоа распоредено во два објекти со висина пр+9 ката. Градбата опфаќа две фази. Подземната гаража е предвидена за приближно 400 автомобили. Формата на објектот се базира на едноставна кубична геометрија со изразени хоризонтални стаклени површини. Архитектонските решенија во вакви случаи често се многу едноставни, што би можело да биде барање на инвеститорот кој очекува да добие што повеќе квадрати, па архитектите честопати се одлучуваат за едноставна архитектонска форма. Истовремено, поради ублажување на монотонијата на ваквите објекти, честопати се користи и употребата на фасадни панели во различни бои. Ако се верува на визуелизациите, овие два објекти ќе имаат фасада на која ќе се наоѓаат панели во розова, кафена, сива и бела боја, распоредени така што ќе креираат одредено чувство на динамика на самата фасада. Просторната организација на деловниот објект се базира на употребата на слободниот план, носечките столбови во просторот, просторните целини што ги прават просторите за

вертикална комуникација и сервисните простори. Влезот во објектот е нагласен со двојна висина во приземјето, во делот каде може да се забележат носечките столбови. Проектот е дело на австриското архитектонско студио „Ефстудио“ и архитектот Јирген Едлингер, додека изработката на главниот проект е доверена на компанијата „Пројметал“ од Белград. Завршувањето на првата фаза и отворањето е предвидено за првиот квартал од оваа година, макар што поверојатно е дека тоа ќе се случи во текот на првата половина од годината. Моментално, објектите од првата фаза сè уште се во сива фаза на градба, макар што целокупниот структурален скелет е завршен. Во околината на „Сириус“ се наоѓаат објекти како што се приватни болници, продавници за домашни миленици, хотел и голем број деловни

згради. Овој простор долж пругата, бил предвиден за изградба на високи објекти до 150 метри висина. Воедно, таа била највисоката висина што е дозволена во Белград. Минатата година оваа студија и уредбата што ја следела, е укината. Сепак, на овој простор не никнуваат објекти со таа висина. Недалеку од пругата, целиот потег на парцелата долж булеварот „Милутин Миланковиќ“ не е доволно атрактивен за објекти од таков габарит. Не постои доволно голем број јавен простор во опкружувањето, ниту доволно голема флуктација на луѓе за да биде оправдан еден таков проект. За таков простор, изгледа дека е најдобро она што може да се види долж пругите на некои европски градови – едноставни и архитектонски пристојни деловни згради во кои се наоѓаат големи компании, доволно >> 31 март 2017

ПОРТА

37


блиску до постојната инфраструктура. За создавање на нов деловен центар кој се карактеризира со високи згради, а Белград таков простор никогаш и немал, потребно е нешто повеќе од желба на градските власти, на некој начин да ги тргнат високите згради од најатрактивните зони, и доста добра инфраструктура во околината. Потребно е тоа

38

ПОРТА

31 март 2017

„нешто“ што Белград сè уште го нема, барем не на овој простор. Додека тоа не се случи, веројатно во другиот дел на градот, ќе изгледа дека Белград нема доволно деловен простор, ќе се градат објекти како „Сириус“, а колоните луѓе секое утро ќе одат кон Нов Белград на работа во една од новите, многу квалитетни деловни згради. n


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


aрхитектура

ДРЕВНИ ЗНАЕЊА ЗА АРХИТЕКТУРАТА И НИВНАТА ПОПУЛАРНОСТ ВО СВЕТОТ ДЕНЕС (1)

ВАСТУ, ФЕНГ ШУИ, ГЕОМАНТИJA... Најстарите познати записи за архитектонски дисциплини базирани на универзалните закони на природата, се наоѓаат во индиските Веди, во списи за Васту, од пред 5000 години, а најсочувани ги сретнуваме кај далекоисточните земји, како Индија и Кина

Г

Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.

лобален проблем на светот денес е нарушувањето на природната средина, која е резултат на големиот индустриски и технолошки развој во 20 век. Сè поголем број архитекти, инженери, екологисти, луѓе со различни професии, на разни страни во светот, бараат решение за овој проблем. Направените грешки во минатото сите ги „плаќаме“ сега. Нивното санирање е неопходно и ургентно. Како да се живее здраво во согласност со природата? Како да се подобри животниот простор? Решавањето на овој проблем се насочува кон пронаоѓање на природни извори на обновлива енергија, кон сонцето, ветерот, дождот, но и кон проучување на универзалните закони на природата, и кон сè поголемиот интерес за знаењата на древните народи за природата, космосот, архитектурата... При посетата на старите споменици на архитектурата, каде било во светот, многу од нас почувствувале некоја посебна енергија, хармонија, склад... Се прашуваме која е тајната на овие стари градби? Можеби одговорот е сосем едноставен, а тајната е скриена во нив. А тоа е, дека сите тие се изградени во совршена согласност со универзалните закони на 40

ПОРТА

31 март 2017

природата. Се забележува дека во основите на древните архитектонски стилови на индискиот васту, кинескиот фенг шуи, европската геомантија, на градбите на стариот средноамерикански народ на Маите, лежат истите универзални закони на природата, кои древните мајстори ги познавале добро. Различни култури, развиени на различни точки на земјата, делеле слични вредности, слични знаења за животот и градбата во хармонија со природата. Најстарите познати записи за архитектонски дисциплини базирани на универзалните закони на природата, се наоѓаат во индиските Веди, во списи за Васту, од пред 5000 години. Овие древни знаења, најсочувани ги сретнуваме кај далекоисточните земји, како Индија и Кина.

архитект Витрувиј (1 век пр.н.е.) ги познавал древните индиски списи за Васту. Доказот е во неговото легендарно дело „Десет книги за архитектура“ („De architectura libri decem“), позната и како „За архитектурата“, кое е единствено сочувано дело за архитектурата од антиката, а чиј редослед точно одговара на Manasara*, класичен запис на индискиот Васту. Витрувиј живеел пред повеќе од 2000 години. Во основата на неговите ставови лежи идејата за универзалното објективно значење на нумеричката закономерност и пропорционалните соодноси во структурата на вселената и на човекот, кои треба да се следат при изградбата на објекти и машини. Подоцна ова дело станало инспирација на ренесансната, барокната и неокласичната архитектура. Витрувиј е автор на систем на пропорции, прифатени во визуелната уметност и архитектура („Vtruvian Man“ познатата скица изработена околу 1490 година, од Леонардо да Винчи).

ВИТРУВИЈ Интересно е дека славниот римски АНДРЕА ПАЛАДИО Многу векови подоцна, Витрувиј го инспирирал познатиот италијански архитект Андреа Паладиo (Andrea Palladio,1508 - 1580). Во неговите фирентински палати, во познатата архитектура на ренесансата, можат да се најдат и начелата на Васту. Тој проектирал многубројни вили, цркви и палати во Венеција и во Виченца. Неговите дела, како споменици на светското наследство, денеска се под заштита на УНЕСКО. Во 1570 година објавил трактат „Четири книги за архитектурата“, кои ги продолжуваат


градежништво Santa Maria della Salute во Венеција

идеите на Витрувиј. Идеи базирани на класично - римски примери на архитектура, основана на прецизни точни геометриски пропорции и универзалните закони на природата, кои доминирале во европската архитектура во следните три века. Создале паладијански стил кој бил посебно популарен во почетокот на 18 век во Англија и Ирска. Меѓу познатите англиски архитекти, следбеници на овој стил биле Иниго Џонс (Inigo Jones 1573-1652), Кристофер Рен (Christopher Wren 16321723), како и првата жена архитект Елизабет Вилбрахам (Elizabeth Wilbraham 1632-1705). Влијанието на Паладио се раширило дури до Северна Америка, каде станал популарен во 18 век. Меѓу архитектите што го сакале овој стил, е и третиот американски претседател Томас Џеферсон (Thomas Jefferson 1743-1826), чии интереси и знаења

Белата куќа во Вашингтон

биле разновидни (архитектура, археологија, агрономија, палеонтологија, писателство). Меѓу неговите проекти се универзитетот во Вирџинија, сопстевениот дом на имотот во

Монтичело во Вирџинија и други. Интересно е дека и Белата куќа во Вашингтон е дизајнирана во малку изменет паладијански стил. >>

Имотот во Монтичело на Томас Џеферсон

ПОРТА


aрхитектура Андреа Паладио често се опишува како еден од највлијателните и најпознатите копирани архитекти во западната цивилизација по средниот век. Со неговите идеи за прецизни, точни геометриски пропорции и универзалните закони на природата, ја трансформирал архитектурата не само за време на неговиот живот. Неговото влијание продолжува до денес. ВАСТУ - ДРЕВНИ ИНДИСКИ ЗНАЕЊА ЗА АРХИТЕКТУРАТА Знаењето за Васту, древна уметност на градење во склад со универзалните закони на природата, доаѓа од Индија. Васту е традиционален систем за дизајн кој главно се применувал во архитектурата, посебно во изградбата на Хинду храмовите. Опфаќа пет области: поезија, музика, танц, скулптура и архитектура, регулирани во науките за енергија и материја, простор и време, и ритам и форма. Хинду митологијата за предок на оваа древна наука и технологија го смета митскиот мудрец Mamuni Mayan (околу 10 000 год. пр.н.е.) голем научник и уметник, со потекло од легендарното кралство Кумари Кандам (Kumari Kandam), на Лемурија

Храмот Аngkor Wat

ПОРТА

Васту Шастра


aрхитектура (Lemurian Continent). Континент кој според митологијата (не и науката) постоел во Јужниот Океан, подолу од Индија а бил потопен со топењето на поларниот лед. Но најстарите записи, кои претставуваат основни извори за овој традиционален Хинду систем се трактатите на древните мудреци на Васту Шастра, Васту Веда и Спахатја Веда. Зборот „Веда“ значи потполно знаење. Ведите се најстарите записи за древната индиска историја, филозофија и култура. Пред 5000 години, големиот мудрец Srila Vjasadeva составил четири Веди, кои содржат милиони стихови. Изворната Веда, според верувањата, ја изговорил Бог пред многу милијарди години, во време на материјалното создавање. Според ведската историја на светот, до пред 5000 години книги не биле потребни, бидејќи луѓето можеле да запаметат сè што ќе чујат во животот. Книгите станале неопходни на почетокот на железното доба (пред 5000 години), кога паметењето кај луѓето почнало да слабее. Во тој период биле напишани и Ведите. Суштината на Ведите е да ги подучуваат луѓето за полесен духовен развој и подобрување на нивните материјални потреби.

Васту на санскрит значи „природа и околина“. Тоа е знаење како бесконечната енергија Васту (Vastu) се претвора во материја или форма Ваасту (Vaastu). ШТО Е ВАСТУ ШАСТРА? Тоа е знаење и уметност за архитектура, за проектирање на објекти во хармонија со универзалните закони на природата. Наука за времето и просторот, вибрациите и ритамот, пропорциите и формите. На основа на тие знаења се формираат законите на музиката, поезијата, танцот, песните, скулптурата и архитектурата. Целта на овие древни знаења била да се исполни животот на луѓето со убавина, сила, здравје, со радост и изобилство на долг период. Да се подобри средината што нè опкружува со помош на благопријатна природна енергија, која се создава со урамнотежување на петте првоелементи. Васту Шастра, покрај тоа што е наука за архитектура, може да се нарече и наука за енергија. Космичките енергии се претвораат во енергии кои даваат материјална корист за жителите во Васту структурите и на некој начин теоријата на Ајнштајн за еднаквост на масата и енергијата (E=mc²) се рефлектира во оваа стара наука. Воспоставува рамнотежа помеѓу космичките енергии и луѓето што живеат во одреден простор. Васту создава ритам и баланс во една зграда или во изгледот на градот, за да обезбеди квалитетно подобрување на животот на неговите жители. Традицијата на Васту во Индија се одржала до денешен ден и моментално нуди

најтемелно старо знаење за архитектурата поврзана со човекот. Васту куќата се смета за микрокосмос во кој се содржани сите енергии и сили кои дејствуваат во космосот. Во нашата околина се наоѓаат изразити позитивни и многу негативни влијанија. Бидејќи секоја личност е единствена, обликувањето на станбениот простор е индивидуално. Зграда со исправен распоред, според Васту, може да спречи разни негативни влијанија и да создаде животен простор кој своите станари ги носи во состојба на рамнотежа, и дава позитивен пристап кон материјалните и духовните енергии. Безвременските природни закони мора да се применат за секоја личност посебно, за да се создаде простор во резонанса со природата и нејзините жители. Васту е интегрално поимање на архитектурата на база на универзалните природни закони. Веќе илјадници години, куќи, храмови и цели градови се градат во склад со Васту. Куќата се смета за тело на нашето тело. А квалитетот на животниот простор влијае на здравјето, на психата и емоционалната стабилност на луѓето. n * Manasara и Mayamata се стандардни текстови на Васту Шастра, кои ги кодифицираат теоретските аспекти на сите видови објекти, конкретно на изградбата на храмови. Се занимаваат со цел спектар теми на архитектонската наука, како теми за тестирање на земјиштето, мерките, пропорциите... но и со астрологија и обреди поврзани со изградба на објекти.

Васту Архитектура

31 март 2017

ПОРТА

43


Силос систем за добивање машински малтер

С

ИЛОТЕР е современа компанија за производство на градежни материјали, која во континуитет ги следи модерните текови на градежната индустрија во делот на имплементација на нови видови еколошки производи. Компанијата има капацитет на два микро млина за производство на производи од калцит и доломит. Во моментов располага со низа производи и тоа: готови малтери за ѕидање и малтерисување, малтери за порамнување, декоративни малтери со разни структури и гранулации, репаратур малтери, градежни лепила и повеќе видови хидроизолација. Нашите производи ги исполнуваат и најсовремените нормативи, а поседуваат сертификати за квалитет од реномирани градежни лаборатории. Република Македонија полека но сигурно го следи екот на модерната технологија, што впрочем е визија на СИЛОТЕР. Мисијата на компанијата е континуирана имплементација на нови технологии кои нудат ефикасни решенија во градежната индустрија. ЅИДАЊЕ СО МАЛТЕР НА ДОСЕГА ПОСТОЕЧКИОТ НАЧИН Користењето на ѕидарскиот малтер на досега постоечкиот начин е многу бавно, делува исцрпувачки за работниците, а и воопшто не е еколошки. Главната компонента песок, кој се користи за добивање малтер, се остава да стои на тротоари или градилишта и така оставен 44

ПОРТА

31 март 2017

подлежи на секакви временски непогоди (дожд, ветер) со што се разнесува по улиците и се загадува воздухот. Многу често се случува материјалот да исчезне од градилиштето или да дојде до мешање со други компоненти, со што се губи квалитетот на ѕидарскиот малтер. Квалитетот на имплементираниот ѕидарски малтер на досега постечкиот начин зависи и од човечки фактор, односно не постои константен квалитет од причина што не секогаш се користат исти мери. СИЛОС СИСТЕМ СИЛОМАТ Р3 Силомат Р3 е подвижен силос систем за складирање и преработка на ѕидарски малтер - ECOTER. Овој наш силос систем е дизајниран да може да се транспортира на најлесен начин до одредената дестинација. Целиот процес на работа на силос системот ја поедноставува работата за градежните работници ,односно цела стара технологија и алатки се непотребни (мешалка, лопати итн). Исто така, физичката работа е драстично намалена. Нашиот систем може да биде поставен каде и да има потреба, бидејќи за него не е потребно каква било градежна дозвола. Овој силос е во комбинација со континуиран миксер со регулирана количина вода за добивање на готов влажен малтер. Целиот процес од производство до складирање во силосот, е во затворен систем односно користиме „NO DUSТ‘‘ - технологија без прашина.


MASONRY MORTAR ги има поминато сите тестови во градежна лабораторија која има акредитација и работи според нормативи на EU и има сертификат за квалитет според класа CS1 по ЕN10 15 стандард. ECOTER MASONARY MORTAR досега го имаме имплементирано на повеќе објекти (станбени згради, повеќекатници) и тој покажува одлични перформанси и економичност. ECOTER MASONRY MORTAR се пакува во натрон вреќи од 30 кг. кои се практични за мали објекти и за домашна употреба . Бидејќи ѕидарскиот малтер се користи во големи количини на градежните објекти, предлагаме ,,Силос техника‘‘ за да се избегнат непотребни трошоци како натрон вреќи, дрвени палети и термофолија, кои дополнително ја загадуваат животната средина и ја зголемуваат цената на чинење. СИЛОМАТ Р25 Силомат Р25 работи на истиот принцип како силосот Р3, но Силомат Р25 е така дизајниран што може лесно да се транспортира односно да се превезува во автомобил (караван) . Силомат Р25 е исто така многу корисен за да хомогенизира материјал во помали простории. Силомат Р25 има опција да се приклучи на 30-тонски силос, со што се решава најголемиот проблем во градежната индустрија - вертикален транспорт до 45 м со капацитет од 2,5 тони на час. Силомат Р25 е дизајниран да работи при тешки услови и е лесен и економичен за одржување. Со нашата технологија и досегашно искуство системот функционира беспрекорно. ПРЕДНОСТИ НА СИЛОС СИСТЕМОТ ЗА ГОТОВ ЅИДАРСКИ МАЛТЕР - Целиот процес на работа на силос системот ја поедноставува работата за градежните работници односно цела стара технологија и алатки се непотребни (мешалка,лопати итн), а физичкиот ангажман е сведен на минимум. - Процесот на хомогенизирање на материјалот преку силос системот нуди континуиран квалитет на материјал. - За поставување на силос систем за производство на готов малтер на градилиште или во негова близина НЕ Е потребна градежна дозвола. - Нема никаков вид на загуба на материјал ниту пак никаков вид отпад (вреќи, дрвени палети, најлон итн.) - Градежната компанија која користи силос систем е заштитена од секаков вид прирородни непогоди ( дожд ,снег , сонце , влага) како и од кражба на материјалот. - Силос системот нуди комотност на работа и нема никаков вид на прашина т.е од производство па се до складирање на

материјалот се работи со „NO DUST“ технологија. - Најважно за овој систем е дека е решен проблемот со вертикалниот транспорт на малтер до 45 м. ECOTER MASONRY MORTAR „Силотер“ како општествено одговорна компанија си имаше поставено задача да најде замена на постоечкиот ѕидарски малтер. По две години истражување имаме добиено производ ECOTER MASONRY MORTAR, кој по сите перформанси е компактибилен на постоечкиот ѕидарски малтер кој се користи во Македонија . ECOTER

Испорачувањето на материјалот се врши во 30 кг натрон вреќи, big-bag од 1500 кг и со автоцистерна Р3 со капацитет на складирање од 4500 т. Да се потрудиме Македонија да биде модерна, креативна, успешна и еколошки чиста држава.

31 март 2017

ПОРТА

45


архитектура - урбанизам

МАГИСТЕРСКИ ТРУД - МОДЕЛ НА ИНТЕГРИРАЊЕ НА ПОСТИНДУСТРИСКИТЕ ОБЈЕКТИ ВО СОВРЕМЕНОТО ГРАДСКО ТКИВО

Велешката топилница дел од урбаната целина на градот

Фигура3

П

Марија Н. ДИМИТРИЕВСКА рашањето на интегрирање (реинтегрирање) во актуелните глобални и општествени рамки е од суштинско значење. Го согледуваме преку односот на градот како целосна структура и неговите расчленети урбани елементи. Градот како важен елемент на урбаните и територијалните градби е општествен и културолошки модел на оние што го населуваат. Изборот на темата на овој магистерски труд, изработен под менторство на доц. м-р Виолета Бакалчев, произлегува од искрената потреба за справување со болните точки од биографијата на градот Велес, моменти кои претставуваат несреќни околности за заедништвото на урбаната структура. Резултатите од трансформацијата на градот од земјоделски во индустриски капацитет, од минатиот век оставаат делови од градската структура дезинтегрирана (во

46

ПОРТА

31 март 2017

Фигура1


архитектура - урбанизам

Фигура2 физичка и економска смисла), каде лесно може да се прочита што е град, а што неград, што е резултат на природно ткаење, а што на промена предизвикана од вметнување на новоформирани индустриски зони (фигура 1, однос фабрика- град). Оттука, овој труд има за цел преку различни пристапи да ги истражи и осознае просторните и социо-културните перформанси на девастираните објекти на Велешката топилница преку модел на архитектурата од XXI век. Предмет на ова истражување е откривање на потенцијалите на новосоздадените прекини во континуитетот на физичката структура на градот и структурата на Велешката топилница. Овој труд се занимава со наоѓање модел преку кој просторот одново функционално и физички би се интегрирал во урбаната целина на градот. Постапката кон наоѓање можности (функции) за повторно интегрирање на структурата на фабриката и припојување на нејзината форма кон градската композиција, вклучува три фази на разгледување на случајот.

Процесот на проектирање започнува со отстранување, не создавање. Првата фаза е анализа на постоечките објекти и нивна валоризација, утврдување на архитектонската вредност на објектите. Втората фаза подразбира отворање на структурата преку отстранување на одредени објекти (усвоени од првата фаза) и директно (физичко) поврзување со градот. Третата фаза вклучува проектирање на обединувачки концепт интерполиран во старата структура, кој претставува премин од нешто што било, кон нешто што ќе биде.

ОПИС НА КОНЦЕПТОТ Градот е појдовна точка од која започнува формирањето на концептот за архитектонска интервенција. Ваквите широко поставени граници наложуваат дедуктивен метод на истражување, при кој границите постапно ќе се стеснуваат, со што доаѓаме до конкретни решенија. Тргнуваме од три концепти кои меѓусебно се преклопуваат и ја создаваат теориската подлога за новата интервенција. Првиот аспект е разбирање на

градот како систем од артефакти кои се поврзани и ја даваат јасната композиција на градот. Градот Велес го разложуваме на основните урбанистички елементи и ги утврдуваме принципите на неговото функционирање. Во оваа слика, комплексот на фабриката ја издвојуваме како јасен артефакт за кој е потребно да се изнајде структурно, програмско, технолошко, еколошко решение и начин на одново квалитетно интегрирање на овој фабрички комплекс во современиот живот на градот (фигура 2, ситуација). Разбирањето на колективната меморија како витална материја го формира вториот аспект на набљудување на случајот каде заклучуваме дека е потребно отворање на простор за нови случувања, платформа која ќе донесе нови можности за социјализација и креативно користење на отворениот простор. Отворањето на нов простор се случува и теоретски и физички. Со поставување на нова линиска структура која го следи правецот на постоечките објекти, се создава средишен простор чии силуети се дефинирани од архитектурата на фабриката (фигура 3, платформа). Третиот аспект на концептот претставува обид за создавање на простор со променлива типологија, променлив размер и стил. Структурата на фабриката со својата егзистенционалистичка природа и став, кој е целосно конструктивистички, дозволува такво разгледување на случајот. Оформена според технолошките барања, таа нема однос кон физичката човечка димензија, но од друга страна, му дозволува на човек присуство со својата апстрактна величественост. Новопроектираната структура ја следи логиката на постоечката конструкција. Во обид да се создаде заробен празен простор се преплетуваат полното и празното, внатрешното и надворешното. Постоечките структури се ослободени од неупотребливата технологија и се соголени до својата конструкција. Овие простори заедно со новоформираната >>

Фигура5

ПОРТА


архитектура - урбанизам структура се поврзани со платформата што секогаш протекува низ нив (фигура 5, пресек). ОДНОС МЕЃУ ПОСТОЈНОТО И НОВОПРОЕКТИРАНОТО Најсилната врска помеѓу постоечките објекти и новопроектираната интервенција е преку предвидената програма. Размислувањето за сместување на универзитет и дел за студентско домување во рамките на градот, во структурата на фабричкиот комплекс, отвора можност за економско и социјално издигнување на градот. Истовремено, просторите што постојат во рамките на комплексот на фабриката, дозволуваат неверојатна флексибилност во насока на создвање на простор по мерка на корисниците (фигура 6, внатрешност). Постоечките објекти се анализираат како обвивка која има потенцијал да заштити, да вдахне живот на нов потенцијален простор со одредена функција. При проектирањето, материјал за работа претставува празниот простор. Преку постапно разгледување на проблемот, на овој начин се овозможува систематско разгледување на фабричкиот комплекс како структура која е поврзана со историјата на модерен Велес, која е поврзана со колективната меморија и

Фигура 7

ПОРТА

Фигура 6

свесноста за љубовта кон својот град. Разгледувањето на нови можности за читање на градските артефакти преку современиот архитектонски принцип на додавање на сосема нови функции, нè носи до одреден модел за интегрирање на

постиндустриските објекти во структурата на градот. Започнатата интервенција се одликува со незавршеност и можност за насочување на проектантскиот тек кон уште поконкретни архитектонски решенија (фигура 7, поглед кон „границата“). n


ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

ПОРТА


сообраќај

ЕКОЛОШКИ ПОТЕНЦИЈАЛ НА ИДНИТЕ ПАТИШТА

Масовноста на еден материјал во производите за широка, секојдневна потрошувачка, ги комплицира прашањата за негово складирање како отпад и преработка за иста или други намени. Особено кај оние чие отпадно третирање во која било форма поседува изразена контрапродуктивна еколошка димензија. 50

ПОРТА

31 март 2017

Н

мр Ненад ТОНИЌ, дипл. сооб. инж. еверојатно или не, но ефективноста на дебатата на тема заштита на животната средина се крие во типот на органот, или групата органи, од кои се води. Емотивно ослободена од утробата, што за ratio не е природно живеалиште, речиси да останува без шанси за отворање на кутивчето со панацеја по која напатената Планета одамна запомага. Форсирана разумно и од глава го подрасчистува патот за практични иницијативи кои можат да прераснат ако не во самата панацеја, тогаш секако во

нејзина носечка компонента. Зората на новиот милениум е дефинитивниот пункт на преплетување на висините на еколошките сметки, кои индустриската и неколкуте технолошки револуции со децении ги испорачуваат. Антрополошкото воодушевување од сопствената умешност во самонаметнатата трка за што повисок животен квалитет, уживаше речиси аутистичен ексклузивитет сè до шокантното сознание дека кон природата не е доволно да сме добри, туку е неопходно да сме крајно понизни. И доколку овие тешки зборови и дијагнози асоцираат на нуклеарен отпад, забавете и отворете шише со „кисела“ вода. Одговорот ви се наоѓа токму под прстите ...


сообраќај

Пластичен отпад

Производство на пластика на глобално ниво

ЦИВИЛИЗАЦИЈА НА ПЛАСТИКАТА Индустриската револуција и масовното производство се прародителите на пластиката за широка потрошувачка. А таа како благодарно потомство штедро „возвраќа“. Се чини дека ниту еден витален стопански сектор не останал имун на можностите што употребата на пластичните маси ги отвора. Агрономијата, автомобилската и прехрамбената индустрија, градежништвото, комуникационата и

информатичката технологија, ја омасовија оваа био-недеградабилна материја чиј период на распаѓање се движи во класата 4500 години! Степенот на алармирање е подигнат на највисоко ниво, благодарение на студиски докажаните врски помеѓу несоодветното складирање на пластичниот отпад и здравствените аномалии кај современиот човек, кои се развиваат во лепеза од канцер на градите, репродуктивни потешкотии, гентални абнормалности, па сè

до опаѓање на квалитетот на машката семена течност. Поставувањето на оваа проблематика на емоционална подлога, носи опасност од пародиско витоперење на проблемската суштина и посегнување по конвенционални забрани. Рационалната причинскопоследична семиотика почива на пошироко и пообјективно согледување. Не воведувајќи ја во дилема потребата за итно дејствување, таа оправдано ги рефундира стравувањата од зголемувањето на негативните еколошкоздравствено-финансиски ефекти во случај на фронтална забрана на широката употреба на пластиката и производите од неа. Ваквиот однос продолжетокот на напуштањето на кризната состојба го изместува од неизвесниот приод со пластика vs без пластика, претпоставувајќи му ја разумната варијанта за нејзино рециклирање и малку поинаква, а со тоа и поширока реупотреба. Масовноста на еден материјал во производите за широка, секојдневна потрошувачка, ги комплицира прашањата за негово складирање како отпад и преработка за иста или други намени. Особено кај оние чие отпадно третирање во која било форма поседува изразена контрапродуктивна еколошка димензија. Вклучувањето на индустриски гранки во рециклажниот процес, кои со тој материјал немаат изворна >> 31 март 2017

ПОРТА

51


сообраќај - површински карактеристики на рециклираните пластични партикули (погруба површина – побрза деградација); - големина на пластичните партикули (помалите деградираат побргу но и помалку); - периодот на чување на композитот на температура при која е извршено полимерно-битуменското мешање (подолга изложеност – поинтензивна деградација). Бидејќи степенот на вака постигнатата хомогеност на полимерно-битуменската смеса и понатаму останува во граничната зона на експериментално поставената цел, целокупната постапка е поведена во алтернативна насока, со замена на рециклираниот пластичен отпад со иситнета отпадна гума.

Иситнета пластика односно традиционална врска, понекогаш претставува јасен показател за компликациското ниво. Продорот на текстилната индустрија на полето на повторната употреба на преработениот пластичен отпад на одреден начин тоа го потврдува, поместувајќи ја целата проблематика во насока на „конечното решение“. Овој пример, од друга страна, покажува дека носечка филозофија во спротивставувањето на отпадното складирање на еден материјал, треба да биде неговата масовна реупотреба, односно детектирањето на масовните продукти во чиј состав истиот масовно и на научна база би можел да се вклучи.

„ПЛАСТИЧНИ“ ПАТИШТА Појавата на силно експериментално тежиште на Индискиот потконтинент има логично објаснување: екстремно топлата и влажна клима наметнува потреба за модификација на составот на индиските патишта, со цел зголемување на нивната физичка резистентност и долготрајност. Постоечките студии укажуваат дека додавањето на рециклиран и обработен пластичен отпад – полимер – во битуменската смеса за идниот пат, го намалува процентот на трајни деформации на патниот застор во форма на колотрази, пукнатини и ломови. Убавината на приказната се крие во докажаната можност за реупотреба на масовниот домашен пластичен отпад од типот пластични кеси и друга ПЕТ амбалажа. Таа претходно се измива, иситнува и агломерира до одредена 52

ПОРТА

31 март 2017

густина на гранулите. Експерименталните напори се движат во две насоки одредени од „влажноста“ на постапката за инкорпорирање на рециклираниот отпад, т.е. процесниот чекор на додавање на полимернот материјал во битуменската маса.

„ВЛАЖНА“ ПОСТАПКА Овој приод подразбира мешање на рециклираниот полимер со битуменот, на температура од 180ºС, пред додавањето на минералниот агрегат како врзивен материјал. Токму поради тоа, добивањето на високо компактна смеса е од особена важност, што се постигнува со употреба на наменска апаратура при температура од 130-150ºС. Веќе во следниот чекор, на вака подготвената смеса се додава минералниот (камен) агрегат заокружувајќи го процесот на добивање на т.н. пластично-битуменски композит, кој е подготвен за теренска употреба на нешто пониска темпераура од 110-130ºС. Вообичаеното количество на полимер кое притоа се користи, се движи во „троскок“ од 6%-8%-10% од вкупната битуменска маса. За да приказната не остане без нуспојави, се погрижил токму користениот пластичен отпад кај кого е забележана појава на апсорпција на дел од испарливите битуменски материи, но и хемиска деградација како резултат на следните фактори: - температура при полимерно-битуменското мешање (повисоки температури – поинтензивна деградација);

„СУВА“ ПОСТАПКА Во овој случај, рециклираниот и иситнет (1,18-4,36 mm) полимер се додава во минералниот агрегат кој претходно е загреан на температура од 170ºС, пред нивното конечно соединување со битуменската смеса. На овој начин, гранулите на агрегатот во период од 30-45 секунди буквално се обложуваат со омекната пластична маса која овозможува нивно


сообраќај

Орстад колеџ

пластичен отпад во овој случај е срамнето со агрегатот наместо со битуменот, и изнесува 10% односно 15% од масата на употребениот минерал.

ПОЛИМЕРНА БАЗА

Додавање на пластика на камениот агрегат подобро врзување со битуменскиот материјал, а со тоа и зголемена механичка отпорност на патниот застор. Вака „кристализираниот“ агрегат се меша со битуменската маса, која

претходно е загреана на слична температура од 150-165 ºС. Поради „рокадата“ на процесните чекори, експерименталното количество од употребен

Изградба на „пластичен“ пат

Почетниот обем на полимерната база сосема логично произлегува од доминантните типови на пластичен отпад во рециклажните процеси застапени на територијата на Индија, при што детектирањето на потенцијалните полимерни „кандидати“ е сведено на: - полиетилен со ниска и висока густина (LDPE – Low Density Polyethylene & HDPE – High Density Polyethylene), од пластична амбалажа, особено од пластични шишиња; - полипропилен (PP), од пластични сламки и амбалажа за кондиторски производи; - поливинил-хлорид (PVC), од водоводна инсталација и опрема; - полиетилен терефталат (PET – Polyethylene Terephthalate), од амбалажа за вода и негазирани пијалаци; - акрилонитрил бутадиен стирен (ABS – Acrylonitrile Butadiene Styrene), од електронска опрема, особено преносни компјутери и мобилни телефони. Комерцијалната изводливост на полетиленската база, дополнително е „цензурирана“ врз основа на физичките и хемиските карактеристики на полимерите од готовите производи, првенствено во однос на нивната густина и точка на топење. Од тие причини, постапките за експериментално добивање на полимерно модификуван битумен (РМВ – Polymer Modyfied Bithumen) водени се исклучиво со полиетилен со ниска и висока густина (LDPE & HDPE) и полипропилен (PP), како и со веќе споменатата иситнета отпадна гума. Изворната предност на оваа постапка ја дава нејзината достапност со веќе постоечката технологија. Тоа не е пречка полимерниот новитет да дозволи зголемување на точката на омекнување на битуменот, неговата растегливост и општата носивост на конечниот патен застор. Констелацијата од подобрувања е заокружена со намалената оксидација како последица од редукцијата на порите во битуменската маса и чувствителноста на атмосферските води. Доколку на ова се додаде и финансискиот фактор – зголемување на вредноста на отпадната пластика, која за многу средини има и социјална димензија, и задржување на конструктивните и трошоците за одржување на патот - мини-револуцијата на патиштата на иднината може, по сè изгледа, да почне. n 31 март 2017

ПОРТА

53


екологија

БЕА ЏОНСОН - ВИСТИНСКО ГУРУ ЗА НУЛА ОТПАД

Само една тегла отпад годишно! Соња ТАНЕСКА

Б

еа Џонсон е една од најгласните поборнички за ослободување од стегите на консумеризмот и за поедноставно живеење. Оваа Французинка, која живее во Калифорнија, денес ја сметаат за вистинско гуру за нула отпад! Од 2008 година таа успева, заедно со своето семејство, да произведе само една тегла ѓубре годишно! Преку својата веб-страница и исклучително продаваната книга „Дом без ѓубре“ (Zero Waste Home), која досега е преведена на 14 јазици, таа почна глобално движење и неуморно ги инспирира луѓето низ светот да му се спротивстават на непотребниот отпад и така да живеат поедноставно. Нејзиното начело гласи „речи не, редуцирај, реупотреби, рециклирај, направи компост, и тоа само по тој редослед“. Џонсон ги поткопува предрасудите покажувајќи преку сопствениот пример дека живеењето без отпад не само што може да биде живеење со стил, туку и носи значајни здравствени придобивки, како и заштеда на време и на пари. За живеењето во духот на „нула отпад“ зборувала во многубројни телевизиски емисии, како и на универзитети, корпоративни настани и ТЕДх и конференции низ целиот свет, вклучувајќи ги „Гугл“, „Епл“, Европскиот парламент и ООН. ПРЕДАВАЊА ВО МАКЕДОНИЈА Беа Џонсон деновиве гостуваше во Македонија во рамки на нејзината европска турнеја, која се надоврзува на досегашните 54

ПОРТА

31 март 2017

Преку својата вебстраница и исклучително продаваната книга „Дом без ѓубре“ (Zero Waste Home), која досега е преведена на 14 јазици, таа почна глобално движење и неуморно ги инспирира луѓето низ светот да му се спротивстават на непотребниот отпад и така да живеат поедноставно


екологија пет, односно на низата од повеќе од 150 говори во повеќе од 20 земји на пет континенти. Таа одржа две предавања на Универзитетот Американ колеџ во Скопје и во „Јавна соба“. Настанот „Беа Џонсон во Скопје: Како до една тегла ѓубре годишно?“ е осмислен како прв во низата активности, што ќе имаат цел да го доближат концептот „нула отпад“ до просечниот македонски потрошувач и да охрабрат негова практична примена во овдешниот контекст. Концептот „нула отпад“ му пркоси на систематизираниот процес на произведување, консумирање и фрлање отпад. Живеењето со една тегла ѓубре годишно се чини како идеално решение за ѓубрето, со чиешто намалување, сигурно, би се намалиле алармантното загадување на почвата, водата и на воздухот и исклучително високите стапки на малигни и респираторни заболувања. Гостувањето на Џонсон е во организација на неформалната група граѓани „Од нула до нула“, потпомогнато од „Пакомак“, Асоцијацијата за развој на нови опции – АРНО, Здружението за креативно талкање „Самоник“ и на креативниот колектив „Ококори“.

ИНТЕРЕСНИ ФАКТИ ЗА БЕА ЏОНСОН И НЕЈЗИНОТО СЕМЕЈСТВО l живеат според принципот „животот е искуството, а не материјалните работи“ l купуваат само second hand облека, чевли и мебел l целиот гардеробер им го собира во еден куфер за рачен багаж l Беа на лицето става руменило од какао во прав l не купуваат храна спакувана во амбалажа, туку само рефус l со животниот стил „нула отпад“ штедат 40 проценти од семејниот буџет l користат само 25 проценти вода во споредба со просечната потрошувачка во регионот l наместо паста за заби употребуваат сода бикарбона l секој член на семејството има по еден комплет постелнина и по два пешкири. n

31 март 2017

ПОРТА

55


eнергетска ефикасност

ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО АРХИТЕКТУРАТА СЕДУМ МЕТОДИ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЧЕВОТО ЗРАЧЕЊЕ ВО ЛЕТО

П

д-р Петар НИКОЛОВСКИ, дипл.инж.арх. ри креирањето на стратегијата за ефикасно ладење на зградите, најважен фактор е сонцето. Правилно дизајнирани системи за засенчување можат ефикасно да го контролираат директното сончево зрачење и делумно да го блокираат дифузното и рефлектираното зрачење. Директното зрачење од сонцето доаѓа во паралелни зраци кои фрлаат остри сенки: ова е најважната компонента врз која треба да се дизајнира системот за засенчување. За разлика од тоа, дифузното зрачење доаѓа од целата небеска сфера како и од сите агли во однос на хоризонтот. Соларна геометрија По однос на соларната геометрија, сè што е потребно проектантот да знае е да го разбере привидното движење на сонцето (екоцентричен аспект) за разлика од реалната орбита на Земјата околу Сонцето (хелиоцентричен аспект). Хелиоцентричниот аспект точно го објаснува орбиталниот однос помеѓу Сонцето и Земјата и ја анализира орбитата на Земјата, нејзиниот елиптичен отклон и аголот на деклинација. Локоцентричен аспект е упростен модел во кој Земјата е претставена како рамнина а небото како полукружна сфера. Позиција на Сонцето на оваа имагинарна хемисфера се дефинира според географската ширина (азимут) и аголот во однос на височината (елевација), користејќи го соларното време. Елевацијата се мери од хоризонтот (највисоката точка е зенитот, 90°), а азимутот се одредува во хоризонтална рамнина почнувајќи од север (0°), преку исток (90°), југ (180°) и запад (270°) (Слика 1). СОЛАРНО ВРЕМЕ Поради различити локации на зградите во однос на латитудата (географска ширина), лонгитудата (географска должина) и референтните временски зони, соларното време не е автоматски исто со локалното време во секоја временска зона. Само во референтната лонгитуда на секоја временска зона тие се совпаѓаат. Обемот на Земјата од 360° претставува 24 часа во однос на времето. Значи, 1 час е еквивалент на 15° лонгитуда, или 4 минути се еквивалент на 1° лонгитуда. Според тоа, референтната должина 120° е 8 часа пред универзалното време, познато како време по Гринвич. Сончевото време на оваа должина се поклопува со локалното време. 56

ПОРТА

31 март 2017

СИСТЕМИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ Рефлектираното зрачење ги содржи и двата типа на зрачење, директното и дифузното, кое е вратено од тлото и зградите. Затоа, тоа доаѓа под мал нападен агол. На интензитетот на рефлектираното зрачење директно влијаат својствата на озрачените површини: на пример, тревата рефлектира 20-30% од сончевата светлина, а снегот повеќе од 70%. Природното ладење се однесува на техники кои ги превенираат или редуцираат топлинските добивки, преку анализи на: n формата на зградата, положбата и Слика 1 нацртот; Соларна n соларната контрола; геометрија n проектираната микроклима n топлинската изолација; n контролата на топлинските добивки од внатрешни извори; n внатрешниот распоред во зградата. Контрола на сончевото зрачење може да се постигне со: n елементи за засенчување; n ориентација и геометрија на отворите; n контрола на оптичко - соларните својства на нетранспарентните и транспарентните површини; n урбанистички елементи – засенчување од соседните згради; n вегетација – засадени дрвја, грмушки. Засенчувањето против сончеви топлински добивки претставува најлесен и најфлексибилен метод за намалување на потребите за ладење, метод кој може да се применува во сите климатски подрачја каде влијанието на сонцето е значително, речиси кај сите модерни згради, независно од географската ширина. Клучот за добра дневна светлина и добри топлински карактеристики лежи во дизајнот на обвивката на зградата. Елементите за засенчување може да бидат составен дел на обвивката на зградата со што влијаат врз нејзините топлински и светлински перформанси. Може да бидат лоцирани од надворешната или од внатрешната страна на фасадата, или внатре во дво- или трослојно застаклени прозорци како и во системи со висечка фасада. Во секој случај, сончевото зрачење се превенира за да не навлезе во зградата, било целосно,


eнергетска ефикасност било делумно. Целосниот потенцијал на засенчувањето често пати не може наполно да се искористи, кога засенчувањето не е вклучено во раната фаза на проектирањето, односно кога проблемот се решава на постоечка зграда која веќе е во функција (Слика 2). За жал, големата употреба на застаклени површини во комерцијални и други слични објекти создава потреба од сложени и скапи софистицирани уреди за засенчување. Ваквите прекумерно застаклени згради интензивно се изложени на сончево зрачење што резултира со зголемена топлина и сјај во внатрешноста. Ефикасно може да се засенчат само со значителни финансиски трошоци за дополнително монтирање на автоматска опрема. Меѓутоа, ако потребите за засенчување се решат во раната фаза на проектирање, едноставни елементи за засенчување од внатрешна и од надворешна страна може да бидат ефикасни дури и кај интензивно застаклени фасади. Доколку дизајнот е наменет и за прием на светлина, може да ја подобри и внатрешната осветленост. Примена на системите за засенчување има за цел да го подобри внатрешниот комфор преку намалување на прегревање и прекумерен сјај, како и да обезбеди приватност на корисниците. Елементите за засенчување може да имаат улога во исполнувањето на едната или на сите три цели. Елементите за засенчување се дизајнирани со цел да го ограничат влезот на директното сончево зрачење во зградата со мерки за заштита на транспарентните и нетранспрентните површини, но исто така и да го ограничат влезот на дифузното и рефлектираното зрачење. Сончевото зрачење доаѓа од три извори: директно зрачење од сонцето (краткобраново зрачење), дифузно зрачење од небеската сфера и рефлектирано зрачење од околните површини и згради. Надворешните елементи за засенчување можат да ја блокираат најсилната, директната компонента и да го намалат влијанието на дифузната и рефлектираната компонента, но, исто така, позитивно може да влијаат и на дневната светлина, сјајот и вентилацијата внатре во зградата. Овие фактори се релативни и зависат од климатските услови и типот и намената на зградата. Директните сончеви добивки за време на грејната сезона се добредојдени во станбени објекти, но, на пример, не и во болници, во текот на секој период во годината. ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ЗА ЛАДЕЊЕ Природна вентилација е од голема помош при проектирање на пасивно ладење на одржливи згради поради тоа што ја намалува зависноста од фосилни горива за нивно ладење. Како што веројатно не е можно со помош само на пасивна вентилација да се одржува некој дефиниран репер за топлински комфор, треба да се прифати поширок дијапазон на толерантна температура.

Слика 2 - Зградата на ЕУ во Брисел со дополнително монтиран софистициран систем за засенчување

Во земјите со топла и влажна или топла и сува клима, начинот на живот еволуирал заедно со елементите на локалната архитектура, што резултира со бавно темпо на активности во текот на топлите денови. Постапен приод кон пасивно ладење значи обезбедување максимум со овој систем, но истовремено и минимум потреби за ладење со употреба на обновливи извори на енергија. Првата линија на одбраната е да се избегне топлината. Ова се постигнува во голема мера со засенчување и на тој начин се осигурува дека несакани соларни топлински добивки нема да навлезат во зградата. Откако се исклучи влез на топлина, се користи пасивното ладење. Важно е да се земе предвид дека пасивното ладење многу повеќе зависи од климатските услови отколку пасивното греење. Физички е многу полесно да се користи сончевата топлина за да се покачи температурата и зголеми комфорот во внатрешниот простор, отколку на пасивен начин да се намали температурата и релативната влажност во просториите.

Слика 3 - Чекори во процесот на проектирање пасивно ладење (според Лехнер) Во многу случаи пасивното ладење всушност не го одразува вистинското намалување на температурата по сув термометар, туку дава чувство на свежина кое се постигнува преку движење на воздухот или додавање или одземање на влага во воздухот. Целта, да се создаде топлински комфор во текот на летото (или во жешкиот период), се реализира со: n ладење на просторот со отстранување на топлината со помош на вентилатор; n зголемување на подрачјето на комфор коешто поднесува повисока внатрешна температура, со помош на забрзана циркулација на воздухот. Пасивното ладење во основа има две стратегии: 1. Најнапред, да се спречи продор на топлината во зградата. Со овој чекор проблемот е решен до половина. - во топли и суви региони фасадните отвори да бидат мали; - во топли и влажни (спарни) региони фасадните отвори да се поголеми, но со елементи за засенчување; - користење на вегетација за да се обезбеди сенка на надворешноста на зградата; - со избор на материјали за намалување на акумулација на топлина, да се обезбеди ладна микроклима. 2. Да се обезбеди вишок на топлина да не влезе во зградата: - во топли и суви региони преку дневен циклус на темепратурата, со помош на материјали за топлинска инерција; - во топли и влажни региони, пред сè, со проветрување. Пасивното ладење е спротивно на системите за пасивното греење. Додека пасивното греење зависи само од сонцето, за намалување на топлината пасивното ладење може да користи различни климатски и временски моменти. Пасивното ладење со природна вентилација зависи од разликата на притисок при влез и излез од обвивката на зградата, како последица на брзината на воздухот. Од суштинско значење е ориентацијата на >> 31 март 2017

ПОРТА

57


eнергетска ефикасност отворите, за да се искористат предностите на локалната роза на ветрови. Влезовите и излезите треба да се лоцираат на таков начин, да може пропорционално да се обезбеди вкрстено (надолжно и напречно) вентилирање, со оптимална дистрибуција на воздухот. При ладење со зрачење несаканата топлина се насочува кон студеното ноќно небо со специјален т.н. систем за “понор“ на топлината. Методот на ладење со испарување ја користи специфичната топлина на воздушниот флукс за размена на температурата во интеракција со капки вода или влажни површини. Ладење со топлинска инерција базира на принципот несаканата топлина да се пренесе кон постуден “понор“. Ова се постигнува со пренасочување на топлината кон подот, односно со помош на истата топлинска инерција користена и за пасивното сончево греење. Честопати топлинската инерција на материјалите се користи за ноќна вентилација со насочување на ладниот надворешен воздух кон самиот материјал, со што се елиминира дел од внатрешната топлина во зградата. Најочигледна улога на системите за засенчување е заштита од директното сончево зрачење, со што се намалува несаканата акумулација на топлината во внатрешноста на зградата. Додека со засенчување може да се намали ладилниот товар, секое намалување на нивото на природната светлина во просторот може да доведе до зголемување на енергијата за вештачко осветлување, со што делумно се негираат придобивките од намалувањето на енергијата за ладење. Обично ова најдобро се постигнува со подвижни надворешни елементи – хоризонтални полици со рефлектирачка горна површина (Слика 4). КЛАСИФИКАЦИЈА НА СИСТЕМИТЕ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ Системите за засенчување може да бидат надворешни или внатрешни, сезонски, фиксни или подвижни, дури и некои елементи за изолација може да се вклучат во оваа типологија. Некои системи може да имаат двојна улога. На пример, изолирани внатрешни ролетни и жалузини, кога во текот на ноќта се затворени, претставуваат топлински отпор кој значително ги намалува топлинските загуби кон надвор. Жалузини со рефлектирачка површина обезбедуваат селективно засенчување и пренасочување на светлината. Одлука за избор на приодот кон засенчувањето зависи од зградата и локацијата, ориентацијата, типот и намената на зградата, елементите на сончевото зрачење (директно, дифузно и рефлектирачко) и другите извори на светлината. Усвоената стратегија за вкупното ладење, греење и дневна светлина во фазата на проектирање исто така влијаат на изборот на системот на засенчување.

Слика 4 Светлинска полица

58

ПОРТА

31 март 2017

Количеството сончево зрачење што влегува во зградата зависи од степенот на рефлексијата и апсорпцијата на нејзините надворешни површини. Бојата и материјалот на елементите за засенчување влијаат на нивната ефикасност. Најприфатливи се фиксните елементи, поради нивната едноставност, робустност и мали трошоци за инвестиција и одржување. Тие добро функционираат во лето како и во зима, кога сонцето е со мал нападен агол. Но, во услови на облачност сериозно ја намалуваат дневната светлина, освен ако не се користат материјали со рефлектирачка површина. Подвижни елементи за засенчување се пофлексибилни. Тие подобро го следат движењето на сонцето и овозможуваат подобра контрола на дифузното зрачење и сјајот. Освен тоа, лесно се манипулира со подвижните елементи или уреди кои се вовлекуваат, така да пристапот на светлото во облачните зимски услови не е попречен. За оптимален ефект потребно е правилно функционирање на подвижните елементи за засенчување. Треба да се напомене дека во некои региони, поважно е да се обезбеди сенка во лето отколку сончеви добивки во зима. НАДВОРЕШНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ Од различните типови системи за засенчување, надворешните се најефикасни за намалувањето на топлинските добивки, бидејќи тие ја попречуваат и растураат (во голема мера со конвекција) топлината од сончевото зрачење, пред тоа да допре до површината на зградата. Но, обично тие се поскапи за инсталирање и одржување и во голема мера влијаат врз естетиката на зградата, во позитивна или во нагативна смисла. Сезонско надворешното засенчување може да се обезбеди со вегетација, обично со листопадни и зимзелени дрвја, винова лоза и грмушки. Фиксно надворешно засенчување обично има форма на хоризонтални натстрешници, вертикални ламели и фиксирани тенди или ролетни. Подвижно надворешно засенчување применува системи прилагодливи на различни климатски услови, ролетни или жалузини, коишто се автомазирани и целосно се вовлекуваат. Многу се ефикасни за контрола на директната, дифузната и рефлектираната светлина, а со тоа се во можност да ги регулираат топлинските добивки, како и нивото на дневната светлина. Исто така може да обезбедат непречена вентилација низ отворите и фасадата, а кога се вовлечени, не ја попречуваат виделината во услови на облачно небо. Но, ако функционираат со помош на серво-уреди, треба да имаат можност за рачна манипулација во случај на дефект или прекин на електрична енергија. ВНАТРЕШНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ Внатрешните елементи за засенчување речиси секогаш се прилагодливи и со можност за намотување, во форма на ролер или ролетна “венецијанер“ или завеса. Лесно се прилагодуваат и одржуваат, а преку ноќта може да бидат блокирани. Обично се поевтини и особено ефикасни за контрола на дифузната и рефлектираната светлина, кои се главни причинители на заслепувачки сјај. Завесите и ролетните може да ја намалат осветленоста, а жалузините да ја пренасочат светлината. Ако правилно се наместат, “венецијанер“ ролетните ја пропуштаат дифузната сончева светлина без директната компонента. Исто така може да делуваат и како елемент за пренасочување на светлината кон таванот. Но, потребно е рачно да бидат манипулирани од корисниците, што може да значи и дека не се доволно ефикасни. Во големи згради, финансиското вложување во автоматизацијата може да биде рентабилно. Внатрешните елементи ги штитат корисниците од ефектот од директната сончева светлина и сјајот, но поголемиот дел од апсорбираната топлина влегува во просториите и мора да се отклони со вентилација или вештачко ладење. Рефлектирачките ролетни го намалуваат овој ефект со рефлектирање на сончевото зрачење кон надвор. И покрај тоа, ако рефлектирачките стакла се користат во комбинација со рефлектирачки ролетни, тие можат дел од рефлектираната топлина да ја вратат внатре.

С


eнергетска ефикасност примарна употреба е на јужните фасади. На малите географски ширини се користи и на источните и на западните фасади (Слика 5а и 5б), Во регионите со топла клима, како што е Медитеранот, кадешто ладењето е императив, натстрешница често е перфорирана за да се овозможи на воздухот слободно да струи преку целата фасада (Слика 6). Основа за проектирање на засенчувањето е ориентација на фасадните отвори. Кога коректно е проектирана и употребана на јужната фасада, хоризонталната натстрешница може да обезбеди комплетно засенчување во време на летната сезона и да дозволи продор на сонцето во зима. За да бидат најефикасни (т.е. за подобра контрола на нискоаголното сонце наутро и попладне), натстрешницата треба доволно да се прошири од двете страни на отворот на прозорецот. Должина на натстрешницата се дефинира во зависност од ширината на отворот и географската ширина

Слика 5а и 5б Засенчување со фиксни елементи

Слика 7 - Димензионирање на фиксна хоризонтална натстрешница на фасади со јужна ориентација

Слика 6 - Перфорирана натстрешница ФИКСНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ Фиксните елементи за засенчување обично се надворешни и видливи и може да обезбедат интересни архитектонски ефекти. Обично тие се во форма на хоризонтални натстрешници, вертикални ламели или комбинација од овие две. Вовлечен прозорецот во однос на надворешната рамнина на ѕидот исто така претставува еден вид фиксен елемент за засенчување. Монтажа на ваков прозорец релативно е едноставна и евтина и особено ефикасна во попречување на директната сончева светлина, но истовремено е помалку ефикасна против дифузната или рефлектираната светлина. Хоризонтална натстрешница е најчестата форма на фиксно засенчување и наједноставен елемент за контрола на директното сончево зрачење со висок нападен агол. На северната хемисфера нејзината

на локацијата. Распонот се одредува од географската ширина, висина на прозорецот и вертикалното растојание помеѓу прозорецот и натстрешницата (Слика 7). На Слика 8 е даден одличен пример за ефикасна заштита од сонцето на проектиран и изведен објект, со почитување на претходно опишаните принципи. Хоризонталните фиксни елементи за засенчување на фасади со источна и западна ориентација обично не даваат ефикасна заштита од утринска и попладневна нискоаголна сончева светлина. Вертикални фиксни ламели може да овозможат делумна заштита, но по цена на намалена внатрешна осветленост (Слика 9). Внимателно планирана

Слика 9 - Вертикални ламели

Слика 8 - Архитект George Watt Eagle Place in Layefeyette, Colorado

вегетација или подвижни надворешни елементи за засенчување овозможуваат подобра контрола на нискоаголната директна сончева светлина. n (Продолжува) 31 март 2017

ПОРТА

59


ПОРТА


Заштедете и претплатете се на

ПОРТА ГРАДЕЖНИ Ш Т В О АРХИТЕКТ У Р А ЕКОЛОГИЈА

, а Порта 3 н ја о р б 2 а за 1 : претплат на април Годишна на цена до крајот промотив денари 0 0 6 а ц и л изички l за ф денари 0 0 8 а ц и л авни l за пр

Што добивате со годишна претплата на печатеното издание на Порта 3? l 12 броеви годишно l Бесплатна достава

на списанието до вашата адреса l Заштедувате!

Редовната цена на списанието е 90 денари за еден број!

Податоци за претплата: Жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје, ЕДБ 4030004528485 Доколку имате потреба од про фактура контактирајте нè на: info@porta3.com.mk Напомена: На уплатницата задолжително наведете ја точната адреса каде сакате да ви пристигнува списанието.

ПОРТА


најчудни градби

КИНА

Десетици реплики на познати градби,

меѓу нив и

Тауер бриџ од Лондон

Драган РИСТОВ

К

олку поголемо, толку подбро. Ова очигледно е најважното мото за Кина кога е во прашање архитектурата и градежништвото. Судоху, град кој се наоѓа западно од Шангај, може да се пофали со нова верзија 62

ПОРТА

31 март 2017

на култниот „Тауер бриџ“ во Лондон (Tower Bridge), само што кинеската верзија е двојно поголема од оригиналот, и наместо две има четири кули. Не е првпат Кина да гради веќе постоечки архитектонски чуда, без оглед дали се од историски или модерен карактер. Може да се потсетите на примерот кога изгради цел град базиран на архитектура на веќе постоечки

град кој сè уште ги чека првите жители. Тоа за Кинезите не е пречка, важно е да се покаже дека може и повеќе и помоќно од оригиналното здание. Што се однесува до репликата на „Тауер бриџ“ од Лондон, според љубителите на архитектурата, кинеската верзија е далку подобра од оригиналниот дизајн. Освен како


најчудни градби градба, објектот стана хит локација и за свадбени фотографии. Репликата на Тауер бриџ е изградена во 2010 година, по течението на реката Yuanhetang. Oригиналот во Лондон е направен во периодот 1886–1894 година. Новата верзија има четири одбранбени кули од која секоја има 40 метри во височина. Наместо еден, мостот има дупли сегменти, односно наместо две кули како во Лондон, има четири кои се поврзани меѓу себе. Со тоа гради концепт на квадрат во чие средиште е мостот. Сите останати содржини на кулите се верна копија на оригиналот. Она по што се разликуваат проектите, освен по големината, а е недостаток на кинеската верзија, е тоа што патните сегменти не можат да се кренат и отворат за сообраќај на бродови под мостот, за разлика од лондонската верзија која го може тоа. Секако, една од разликите е и големината на реката на која се изградени тие, бидејќи распонот на оригиналниот Тауер бриџ на Темза е далеку поголем од оној во Кина. Според пишувањата на кинеските весници, репликата на Тауер бриџ чинела околу 80 милиони јуани или близу 9,6 милиони евра. Taa е дел од поголем проект на властите на Судоху, да изградат култни и музејски градби на секоја од водните површини низ градот. Секако, и во Кина постои поделеност околу изградбата на лондонската реплика. Некои велат дека е ремек-дело, други тврдат дека е само кичерајска содржина која ги потиснува традиционалните кинески вредности во архитектурата и дизајнот. Лондон не е единствениот град кој поттикна градби во Судоху бидејќи на околу 200

километри северозападно од Шангај, оваа област стана позната по еден вид градежно клонирање на други светски познати знаменитости. На пример, во 2008 година градските власти најавија дека ќе изградат 56 примероци на познати обележја или мостови од целиот свет на реките во и околу градот. Како резултат на тоа, градот исто така има копија на пристанишниот мост од Сиднеј, копија на мостот Александар III кој постои во Париз и дузина други реплики. Згора на тоа, оваа област може да се пофали и со конструкција на

еден цел холандски град полн со ветерници и домови во холандски стил. Судоху, град со 6,6 милиони жители, често е нарекуван и „Венеција на истокот“, и бил важен центар на Кина за време на индустријата на свила речиси 1000 години. Наместо свила, денес овој град станува архитектонско седиште на славните градби и нивните реплики. Наместо да одите во секоја земја поединечно, доволно е да се посети Судоху и да почувствувате како на едно место се здружиле неколку десетина градови и држави со свои знаменитости. n

31 март 2017

ПОРТА

63


арт и дизајн

Аи Веивеи со импресивна инсталација и силна порака „Нема бегалска криза, туку само човечка криза... , соочувајќи се со бегалците ние ги изгубивме нашите основни вредности. Во ова време на неизвесност, ни треба повеќе толеранција, сочувство и доверба едни за други, бидејќи сите ние сме едно. Поинаку, човештвото ќе се соочи со уште поголема криза“, изјави Аи Веивеи по повод изложбата во Прага

64

ПОРТА

31 март 2017


подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Н

ајпознатиот современ кинески уметник, повторно ја воодушеви јавноста со свое ангажирано дело, а овој пат во фокусот ја стави мигрантската криза. >>

31 март 2017

ПОРТА

65


арт и дизајн

Аи Веивеи е кинески уметник познат по своите контроверзни дела, а својата последна значајна инсталација ја постави во Националната галерија во Прага. Се работи за голем гумен чамец во кој се наоѓаат двеста мигранти без лица. Оваа инсталација е дел од неговата самостојна изложба која била отворена во Прага на 15 март. Целта на оваа конкретна инсталација е да се потенцира на европските политики во врска со мигрантите. Според моментално достапни податоци, повеќе од 1,5 милиони луѓе ги

66

ПОРТА

31 март 2017

ризикувале своите животи во небезбедни чамци со кои требало да пристигнат во Европа. Чешка е една од земјите со најостра миграциона политика, па затоа оваа инсталација е повеќекратно важна. Изминатот период, Аи Веивеи изведе многу впечатливи инсталации инспирирани од судбината на мигрантите, како што беше онаа кога уметникот ги покри столбовите на зградата на Konzerthaus во Берлин, со 14.000 портокалови спасувачки елеци од

Лезбос. Тој, исто така, 2016 година ја помина посетувајќи околу 40 бегалски кампови и премини – во САД, Мексико и турскосириската граница, каде го снимаше документарниот филм Human Flow. Филмот премиерно ќе биде прикажан во текот на летото, 2017 година. Аи Веивеи и во последните неколку дела укажуваше на овој проблем, па така и во Палата Строци во Фиренца постави дваесетина слични гумени чамци. n


Фото: Hufton + Crow

ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.