ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
255
АПРИЛ 2017
Локациска деменција на еден клинички центар Најголем градски проект за урбан развој во Европа О, Миокази куќо на еден дирек
90 ДЕНАРИ
ПОРТА
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 255 ПЕТОК 28.4.2017 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Изградбата на нов Клинички центар одново е актуелна. Со оглед на контроверзиите околу целиот проект, „Порта 3“ ја отвора оваа тема со надеж дека во отворената дебата ќе се вклучи јавноста и стручните лица од повеќе области. Со Генералниот урбанистички план на Скопје од 2012 година се потврди, веќе и во претходниот ГУП, избраната локација за новиот клинички центар. Агенцијата за планирање на просторот, со стручна помош на експерти од повеќе области, како и експерти од Франција кои беа ангажирани од Владата на РМ, по долгогодишна работа финализираше со изработена студија, во која со прилично детали е проектирано урбанистичкото решение во реонот на Бардовци. Избраната локација е утврдена со Генералниот урбанистички план на град Скопје, а допрецизирана со урбанистичкиот план за четврт, кои се основа за изработка на детален план за новиот универзитетски клинички центар. Со новиот ГУП на Скопје, постоечкиот универзитетски клинички центар добива комерцијална намена. Но некој, или поточно речено политиката, реши - НЕ! Одиме со нов клинички центар во кругот на постојните клиники! И проектот тргна во друг правец. Локациска деменција на еден клинички центар. Уште еден текст на истата тема. Овој пат сообраќајно-урбанистичка. Авторот вели: „Развојното занимавање со еден клинички центар бара задача и висина на која таа задача ќе се постави.
И, секако, антрополошки фактор кадар и за таа задача и таа висина. Во спротивно, на листата дефекти повеќето ќе останат „нештиклирани“, не дозволувајќи девастирачкото сетилно да премине во цивилизирано медицинско искуство“. „Порта 3“ Ве води на Саемот за мебел и осветлување во Милано. Саемскиот комплекс Ро повторно како и секој април е под палката на организаторот Космит и случувањето iSaloni – Salone Internazionale del Mobile, Euroluce, Workplace3.0 како и SaloneSatellite. Како и во некои од минатите броеви, и овој пат се потрудивме да Ви претставиме македонски компании кои се успешни во странство. Новиот мегапроект на германски железници HOCHBAHN во HafenCity, во Хамбург, Германија, претставува и најголем градски проект за урбан развој во Европа. Како дел од овој мегапроект е вклучена и македонската фирма „Стокуќа“ ДООЕЛ – Скопје, како посредник на германската фирма SEH Engineering GmbH, во изработка на проектот за челичниот дел од железничката станица. Секоја стогодишна куќа има убави и тажни години во животот. Сретсело стари подгрбавени куќи, градени од кал, слама и речен камен. Куќа со пондила за стоката и две соби на кат со чардак. Преобразбата на старата куќа во ново живеалиште траеше едно лето со непроспани ноќи. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница СЕЛСКА КУЌА „ФИТКО“ СЕЛО МИОКАЗИ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Најголем градски проект за урбан развој во Европа О, Миокази - куќо на еден дирек
графички уредник: Порта3 фоторепортер: Порта3 лектор: Костадинка СОЛЕВА
90 ДЕНАРИ
ФОТО МИЛОВАН НОВЕСКИ
ГРАДЕЖНИШТВО 10
УРБАНИЗАМ 16
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ИЛИ ПОВТОРНО БИТ ПАЗАР
ЛОКАЦИСКА ДЕМЕНЦИЈА НА ЕДЕН КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
34 30
38
АРХИТЕКТУРА 34
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
УРБАНИЗАМ 42 КОМПЛЕКС MARIGONA RESIDENCE, ПРИШТИНА, КОСОВО
ДИЗАЈН 50
TEХНОЛОГИИ 60 ИЛОН МАСК - ОСТВАРУВАЊЕ НА ДЕТСКИТЕ СОНИШТА
РЕПОРТАЖА 70 О, МИОКАЗИ КУЌО НА ЕДЕН ДИРЕК
Печати: Маркетинг:
ВАСТУ, ФЕНГ ШУИ, ГЕОМАНТИЈА...
ЗАСИТЕНОСТ НА СИТЕ СЕТИЛА
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
НАЈГОЛЕМ ГРАДСКИ ПРОЕКТ ЗА УРБАН РАЗВОЈ ВО ЕВРОПА
АРХИТЕКТУРА 20
255 АПРИЛ 2017
Локациска деменција на еден клинички центар
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ
50
60
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
КРУШЕВО 2017 – ИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ НА ФАД / УАКС И ОПШТИНА КРУШЕВО
„Young @ heart & Простор на слобода“
С
оработката помеѓу Факултетот за архитектура и дизајн и општините во Македонија е повеќегодишна практика, вклучена во образовниот процес на додипломски и постдипломски студии. Преку дефинирање, истражувањеанализа и реализација на проекти, студентите, во зависност од годината на студии и предметната област, длабоко навлегуваат во реалните потреби и потенцијали на предметниот град. Финалниот производ се идејни проекти кои се презентираат и подаруваат на Општината. Тие се визии за иден општествен и економски развој на градот во контекст на современите одржливи принципи на урбаниот макро и микро план. Градот Крушево, еден од незаборавните предели на Македонија, со семестралниот проект под име „Young @ heart & Простор на слобода“ е тема на студентите од шестиот семестар на додипломски студии по предметот Проектирање на објекти за колективно домување (доц. м-р Виолета Бакалчев). Темата е актуелна: Како да се одговори на потребите на третото животно доба денес? Од една страна е глобалното стареење на светската популација, но од друга страна се поизразитата различитост на потребите поврзани со различните социо-културни модели? Дали е одговорот само прашање на квантитет или обнова на личносниот однос кон староста? Како на децата од Крушево да се понуди Простор на слобода? Каков е прототипот на детска градинка во 21 век? Проектот на интегративното живеење треба да овозможи заживување на делот од градот, како еден животен простор со силен препознатлив карактер. Обединувачкиот простор на новопроектираниот комплекс и
6
ПОРТА
28 април 2017
блиското соседство се зелените површини проектирани со чистата функционалност, хуманата скала, богата палета на активности и стимулативен избор на бои (не е битна големината, колку што е мноштвото на искуства кои ги нуди). Визитинг професорот на ФАД, архитектот Винко Пенезиќ, од архитектонското биро „Пенезиќ & Рогина“ од Загреб, Хрватска, ја водеше архитектонската работилница со студентите во период од 2 до 7 април. Во прилог се неговите видувања на текот и резултатот од исклучително работната недела: „Неочекувано спојување на толку различни две програми, како што се дом за стари и детска градинка во единствена проектна задача за студентите од VI семестар, духовито наречен „Young @ heart & Простор на слобода“, така изгледа само на прв поглед. Имено, се работи за истражување на можната интеграција помеѓу двете генерации, денес актуелна тема, со оглед на загрижувачко демографско стареење на популацијата во повеќето од западноевропските земји, од една страна, а од друга страна, негативен прираст со рапидно опаѓање на наталитетот. Заради тоа избор на таква тема за студентска проектна задача е не само потребна туку и задолжителна, за архитектурата да се насочи кон важната животна реалност. Архитектонската работилница во траење од една недела се случи на средина од семестарот, кога студентите веќе ги имаа дефинирани идејните рамки на своите проекти, но сè уште на време за да се упатат во вистинска насока како до крајот на семестарот би одговориле со успех на поставеното прашање. Работата се одвиваше низ вежби/консултации со студентите (вкупно шест), низ кои постапно се развиваше зададената тема, почнувајќи од дефинирање на основната идеја/концепт на проектот, преку просторна организација и функционална диспозиција на поединечни сегменти и детали, односот кон контекстот и сликата на градот до промислување на идејата за форма и нејзина материјализација низ работен модел и завршна презентација. n
ПОРТА
инфо
Борис Чипан – вистинскиот модернист на македонската архитектура
В
о Музејот на град Скопје изминатиот период беше одржана изложба посветена на архитектот и професор Борис Чипан (27 март 1918 - 31 март 2012), еден од најзначајните автори на архитектонската модерна во Македонија. Куратор на изложбата беше архитект Фросина Зафировска, кустос советник во Музејот на град Скопје. Според организаторите, концептот на изложбата беше да ја проследи и презентира професионалната и животната патека на архитектот Борис Чипан, творец кој подеднакво и суверено се реализираше во областа на архитектонското проектирање, заштитата на градителското наследство, архитектонското образование и архитектонската публицистика. Користените материјали на изложбата беа дел од неговата професионална оставина, донирана од семејството Чипан на Музејот на град Скопје, а сублимирана во „Збирка на архитект Борис Чипан“. Збирката содржи над петстотини предмети, меѓу кои: оригинални проекти, цртежи, скици, студии, ракописи, белешки, фотографии, исечоци од весници, дигитални записи, награди, плакети, книги и други предмети, кои Борис Чипан педантно ги собирал и чувал, а кои се сведоштво на неговото долгогодишно, богато професионално дејствување. Борис Чипан е роден и израснат во Охрид, спрема кој чувствува огромна љубов, од кој ја црпи инспирацијата и на кој ќе му се навраќа целиот свој живот. Средно образование завршил во Белград (1932 - 1936). Студирал архитектура на Техничкиот факултет, Архитектонски отсек, во Белград (1936-1941). Во 1949 година, тој станува прв директор на тогаш
ПОРТА
основаниот Републички завод за заштита на културно-историски споменици. Од овој период посебно треба да се издвои неговата пионерска работа на конзервација на Св. Софија, катедралниот храм на Охридската архиепископија, кој ќе остане негова трајна професионална преокупација и личен предизвик. Oд 1959 година тој целосно се посветил на наставната дејност како доцент, а потоа и редовен професор на Архитектонскиот факултет по предметот проектирање на општествени згради. Во периодот 1969-1971 година, тој бил декан на факултетот. Својата професионална кариера тој ја завршил на Архитектонскиот факултет воведувајќи генерации студенти во тајните и предизвиците
на архитектонското творештво. Проектантската дејност на архитект Борис Чипан е подеднакво импресивна. Тој е автор на многубројни архитектонски објекти низ Македонија од кои ги издвојуваме: Студентско летувалиште на Феријалниот сојуз, Охрид (1954); Судските згради во Штип, Велес и Битола (1956); Заводот за социјално осигурување во Охрид (1955); Фабриката за фротир во Делчево (1959). Круна на неговото проектантско дејствување е објектот на Македонската академија на науките и уметностите за што, во 1977 година, ја има добиено највисоката југословенска награда за архитектура на весникот „Борба“. Во текот на целиот живот, архитектот Борис Чипан своите гледања на архитектурата воопшто, а особено на односот помеѓу современата и традиционалната архитектура, ги обликува во текстови кои континуирано ги објавува во дневниот печат и периодиката, но и во повеќе книги издадени во периодот од 1955, кога е печатена неговата книга „Старата градска архитектура во Охрид“ (второ издание 1983), до 2007 година кога излезе од печат „Моето време во македонската архитектура“. За својата работа, тој има добиено голем број награди, признанија, плакети, меѓу кои: наградата „7 Ноември“, Охрид во 1977 година, за животно дело, „11 Октомври“ за годишно остварување во 1977 година и „11 Октомври“ за животно дело во 1983 година и наградата „Андреја Дамјанов“, за животно дело во 1990 година од Сојузот на архитекти на Македонија.
ДОКОЛКУ РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СТАНБЕНОТО ПРАШАЊЕ
Станбени кредити на КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА АД СКОПЈЕ
З
а решавање на едно од најзначајните животни прашања, а тоа е секако станбеното прашање, од особена важност е изборот на доверлив и долгорочен финансиски партнер. Кај нас постојат голем број понуди и банки кои нудат станбени кредити, но понудата на Комерцијална банка АД Скопје за станбени кредити секако ќе ги исполни условите за ваш доверлив и долгорочен партнер. Банката обезбедува посебни поволности доколку се определите за станбен кредит со евро клаузула, бидејќи каматната стапка за него е екстремно ниска и изнесува 2,9 отсто на годишно ниво и истата е фиксна за првите три години. За остатокот на периодот на отплата каматната стапка изнесува 5,9 отсто годишно и истата е променлива. Банката нуди и промотивен денарски станбен кредит до 31.12.2017 година, со фиксна каматна стапка од 4,5% годишна за првите 3 години и 6,5 % годишна променлива за останатиот период на отплата. Во промотивниот период до 31.12.2017 година, сите новоодобрени барања за станбен кредит се одобруваат без надомест за одобрување и администрирање на кредитот и без трошоци за процена на вредноста на инструментот за обезбедување. Сумата што на овој начин ќе ја заштедите секако не е занемарлива, ако се земе предвид дека регуларно Банката наплатува 1 отсто надомест од износот на кредитот за одобрување и администрирање и 2.000,00 денари за процена на вредноста на хипотеката. Рокот на отплата е до 30 години, за купување, изградба или реконструкција на стан или куќа, и до 18 години за купување, изградба или реконструкција на деловен простор. За купување недвижен имот од градежни фирми со кои Банката склучила Договор за деловна соработка*, доколку истиот е и предмет на
обезбедување (хипотека), се предвидува сопствено учество од минимум 15% од купопродажната цена на станот, а за сите останати предвиденото сопствено учество изнесува минимум 30% од купопродажната цена на станот. При доспевање на последниот ануитет, возраста на кредитобарателите не треба да надминува 70 години, што укажува на фактот дека Комерцијална банка постојано се труди да ги подобрува условите за кредити за своите клиенти. Станбениот кредит е наменет за кредитоспособни физички лица во редовен работен однос или пензионери кои примаат плата/пензија на трансакциска сметка во Банката. Како месечни примања се сметаат и други годишни или месечни примања што подлежат на оданочување и кои можат да се документираат. Во кредитот може да се вклучат уште двајца кредитобаратели кои не мора да се во роднинска врска, но треба да се кредитоспособни. Mесечниот ануитет треба да се покрие со 1/2 од месечните нето-примања на кредитобарателот. Кредитот се отплаќа во еднакви месечни ануитети со административна забрана од плата или со траен налог од трансакциска сметка. Во секое време може да се направи предвремена целосна или делумна отплата на кредитот без надомест. „Понудата на станбени кредити ќе остане стабилна и во идниот период, а трендовите ќе бидат во согласност со пазарните услови, побарувачката од страна на клиентите и понудата од страна на градежните компании. Убедени сме дека оваа понуда ќе ги оправда очекувањата на нашите клиенти, со оглед на успешната финансиска година зад нас и лидерската позиција на Банката на пазарот“ вели директорката на Секторот за работа со население во Комерцијална банка АД Скопје, Габриела Миленковиќ.
*Листата со градежни фирми со кои Банката има склучено договор за деловна соработка, може да се најде на веб-страницата на Банката www.kb.com.mk
stanbeni.krediti@kb.com.mk Контакт-телефони за филијали на Банката на следниот линк:
http://www.kb.com.mk/Default.aspx?sel=2361&lang=1&uc=1
ПОРТА
градежништво
НОВА ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА ВО ХАМБУРГ
Најголем градски проект за урбан развој во Европа Железничката станица е предвидена да се заврши и пушти во употреба во декември 2018 година, со капацитет да прифаќа 18.000 патници дневно.
Подготви: „Стокуќа“ ДООЕЛ – Скопје Драган ПРАСТОВ , дипл.град.инж., Ненад СТОЈЧЕВСКИ , дипл.град.инж., Катерина ЃОРЃИЕВСКА , дипл.град.инж., м-р Марија Стокуќа ТЕРЗИЕВСКА , дипл.град.инж., ПОРТА
градежништво
Н
овиот мегапроект на германски железници HOCHBAHN во HafenCity, во Хамбург, Германија, претставува и најголем градски проект за урбан развој во Европа. Како дел од овој мегапроект е вклучена и македонската фирма „Стокуќа“ ДООЕЛ – Скопје, како посредник на германската фирма SEH Engineering GmbH, во изработка на проектот за челичниот дел од железничката станица. Моментално овој проект е главен инфраструктурен проект во Хамбург и е во процес на изградба. Железничката станица се состои од три целини: кровна конструкција, два пешачки моста и скалишен дел со платформа. Кровната конструкција е со должина од 136 метри, ширина од 31,7 метри и висина од 15,85 метри. Вкупната тежина изнесува 440 тони. Во попречен пресек, кровот е дефиниран како лак на два зглоба со два радиуса, но во основа носачите се поставени дијагонално во двата правци, со што се испреплетени, создавајќи полиња во форма на делтоид. Со вака дефинираната геометрија, се добиваат сложени торзирани главни носачи. Конструкцијата е составена од кровни носачи со променлив I пресек, >>
28 април 2017
ПОРТА
11
градежништво кои се со зададен радиус и поради сложената геометрија на објектот се торзирани во подолжната оска. Вкупно се изработени 224 кровни носачи, кои се спојуваат на градилиште со заварување. Под нив се прикачуваат рожници изработени од заварени кутијасти пресеци со вкупен број од 442 елементи, четири влезни портали и еден портал на кров, излез на мост во наредна фаза за поврзување со друг објект. Монтажата на рожниците е предвидена на едната страна со штрафење, а на другата со заварување. Целиот објект е покриен со стакло поставено врз рожниците, така
12
ПОРТА
28 април 2017
што кровните носачи се на надворешниот дел од објектот. Мостовите се со должина од 39,5 метри и ширина од 8,0 метри. Вкупната тежина изнесува 222 тони. На нив се предвидени да се постават шалтери и дуќани. Во работилница за еден мост беа
градежништво
направени два сегменти од 39,5 m должина и 4,0 m ширина и така транспортирани до објектот. Монтажата е изведена со заварување. На надворешните делови од мостовите е предвидено да се потпрат дел од кровните носачи. Во делот за вертикална комуникација,
освен скалите и платформите, постојат и два лифта со висина од 12,1 метар, изработени од челични носачи и стакло. Скалишниот дел со платформата е потпрен на два столба со сложена геометрија, од кои едниот е симетричен во двете оски, а другиот не е. Вкупната тежина на овој дел изнесува 115 тони.
Во моментот се монтирани двата моста и скалишниот дел со платформата, а кровната констукција е во тек на монтажа. Железничката станица е предвидена да се заврши и пушти во употреба во декември 2018 година, со капацитет да прифаќа 18 илјади патници дневно. n
28 април 2017
ПОРТА
13
ПОРТА
ПОРТА
урбанизам
АРХИТЕКТ ВЛАДИМИР ПОТА
НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР, ИЛИ ПОВТОРНО БИТ ПАЗАР Безрезервно ја поддржувам одлуката да се изгради нов клинички центар, но не на избраната микро локација во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Инвестирањето во изградбата на нов клинички центар не е само капитална инвестиција, таа е и столетна инвестиција за македонското здраство.
16
ПОРТА
28 април 2017
урбанизам
К
Љупчо АТАНАСОВСКИ , дипл.инж.арх.
ога со Генералниот урбанистички план на Скопје од 2012 година се потврди, веќе и во претходниот ГУП, избраната локација за новиот клинички центар, во стручните фели од повеќе области се сметаше дека Скопје и Македонија добија идеална предиспозиција за решение на еден голем проблем за развој на високото државно здраство. Долгогодишната работа на Агенцијата за планирање на просторот, со стручна помош на експерти од повеќе области, како и експерти од Франција кои беа ангажирани од Владата на РМ, финализираше со изработена студија, во која со прилично детали е проектирано урбанистичкото решение во зона ССЗ 01 во реонот на Бардовци. Избраната локација е утврдена со Генералниот урбанистички план на град Скопје, а допрецизирана со урбанистичкиот план за четврт ССЗ 01, кои се основа за изработка на детален план за новиот универзитетски клинички центар. Со новиот ГУП на Скопје, постоечкиот универзитетски клинички центар добива комерцијална намена, со што се става под знак прашање законитоста за водење управна постапка за издавање градежна дозвола за изградба на зацртаниот универзитетски клинички центар на сегашната локација. Новата локација се лепи од североисточната страна на комплексот на болницата за душевни болести во Бардовци. Универзитетскиот клинички центар е планиран на чист простор во кој нема надземни градби, што значително ја поевтинува изградбата. Особено се водело сметка за микроклиматските услови на избраната парцела, сообраќајното решение со лесен пристап до брзите сообраќајници и железничката пруга која ја допира локацијата. Практично, локацијата во реонот на болницата Бардовци, дозволува лесен пристап од сите страни на Скопје, од цела Македонија па и пошироко (Косово, Србија, Албанија, Бугарија). Во денешно време, здравствените услуги се и голем бизнис, што не смее да се игнорира, а тоа секако бара и поголем простор за организација на многу придружни содржини. Избраната локација била едногласно поддржана од сите страни и се сметало дека тоа е веќе апсолвирана тема за блиска иднина. Но некој, или поточно речено политиката, реши - НЕ! Одиме со нов
клинички центар во кругот на постојните клиники? И проектот тргна во друг правец. Со оглед на застојот во неговата реализација, можеби ова е, сепак, последна можност да се спречи и исправи нелогичното решение. „Порта 3“ ја отвора оваа тема со надеж дека во отворената дебата ќе се вклучи јавноста и стручните лица од повеќе области, а со единствена цел да се докаже и потврди правилниот избор за локација на нов клинички центар на Македонија. Почнуваме со иницијаторот на оваа дебата, архитектот Владимир Пота. Архитектот Пота, кој неодамна јавно се огласи за ова прашање, вели дека се чувствува повикан, како стручен во областа на архитектурата, да предложи, уште еднаш, аргументирано аналитички да се размисли за избор на друга локација за изградба на новиот клинички центар. - Секако дека безрезервно ја поддржувам одлуката да се изгради нов клинички центар, но не на избраната микро локација во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Инвестирањето во изградбата на нов клинички центар не е само капитална инвестиција, таа е и столетна инвестиција за македонското здраство. Токму затоа, повикувам уште еднаш да се размисли за изнаоѓање на друга соодветна локација, - вели Пота. Според него, долгонајавуваната изградба на новиот клинички центар сè уште е во неодредена опиплива реална фаза, која не навестува почеток на изградбата со оглед на контроверзиите со неговата реализација. - За „среќа“, овој непредвидлив тајминг дава можност да укажам на низа меѓусебно поврзани факти кои аргументирано укажуваат дека избраната локација не е соодветна за изградба на новиот клинички центар во јадрото на комплексот клиники ,,Мајка Тереза“. Убеден сум, и немам дилема, дека изградбата дополнително ќе ја следат непредвидливи, тешко промостиви проблеми од траен карактер, особено кога се предвидува и инкорпорирање на постоечките објекти во состав на новиот клинички центар тврди Пота. Тој смета дека тие објекти кај неупатените, создаваат лажна слика за некаква рационална оправданост, да се инкорпорираат во новиот клинички центар. Инкорпорирањето, според него, наметнува нивна реконструкција која ќе се соочи со нарушување на нивната функција, истовремено ќе значи и дополнителни финансиски вложувања за непредвидливи дополнителни работи, кои со проектната документација, кога се работи за реконструкција, објективно не е можно да се согледаат. >> 28 април 2017
ПОРТА
17
урбанизам Кои се светските и регионални искуства при проектирање на вакви големи клинички центри? n Практиката е здравствени комплекси од ваков вид да се градат надвор од урбаните градски простори, според принципот „доволно блиску и доволно далеку“. За пример може да послужи ВМА во Белград. За стручната јавност (уште од периодот после земјотресот 1963 г.) не е непозната и нова намерата за изградба на Клиничкиот центар, во просторот зад Зајчев рид на потегот село Злокуќани - село Бардовци. Колку што имам сознанија, овој простор урбанистички (во поново време) е опсервиран, согледан и препорачан како погодна локација за изградба на нов клинички центар со сите придружни содржини. Определбата на планерите за оваа локација е плод на стручни урбанистички анализи во изминатиот период. Недвосмислено, таа била и е единствена логична исправна одлука за изградба на новиот клинички центар. Локацијата овозможува ефикасно урбанистичко архитектонско планирање, проектирање и изградба, што во комплексот клиники ,,Мајка Тереза“ не е можно успешно да се реализира и да се постигнат посакуваните ефекти. Кои се предностите и бенефитите на просторот зад Зајчев рид, за изградба на новиот клинички центар? n Прво, слободна локација, неоптоварена од дополнителни непредвидливи зависности кои се појавуваат кога се гради во изграден простор. Потоа, комплексот ќе се наоѓа во поволна позиција во однос „ружата“ на доминатниот ветер и ќе биде природно аериран и изолиран од контаминација со загадениот воздух (утврден постојан ветер). Постои можност за реално ефикасно поврзување со магистралните, транзитните и новопроектираните правци со постоечката сообраќајна инфраструктура, булеварот „Словенија“, собраќајниот магистрален пат кон северната граница, непосредна врска со обиколницата и железничката пруга итн. Може да се планираат ефикасни, прегледни, интерни сообраќајни врски за пристапи и комуникации во новиот комплекс на Клиничкиот центар од повеќе страни, влезови и излези. Исто така и планирање на внатрешниот сообраќај, со сепарирање на сообраќајот по вид и намена, приоритети и значење, посебно сообраќајот во мирувањепаркирање. Може да се планира и изградба на објекти кои ќе бидат функционален придружен сервис, како хотел - дневна болница, хотел за постоперативен престој на пациентите и нивните роднини, кои веќе се 18
ПОРТА
28 април 2017
применуваат во светот со цел поевтинување на болничкиот ден. Не помалку важно е планирање на функционирањето на Медицински факултет, медицински кампус во комплексот на новиот клинички центар. Како и лоцирање и капацитет на инфраструктурни сервисни објекти (гасна енергана, термотехнички објекти, сончева електро централа, електрогенератори, копресиони станици, производство на медицински гасови, хидротехничка станица, пречистителни системи, системи за прифаќање на медицински отпад итн.). И што е многу важно, овозможено е ефикасно двострано електро
напојување. Истовремено и елиминирање на бучавоста и локално загадување на воздухот и спроведување на пејзажно осмислено озеленување. Изработката на техничката документација, кога се работи на ,,чиста локација“, дава реални ефекти на добро осмислен проект со минимални отстапувања без градежно и градежно-занаетчиски предмерни количини кои не смеат да бидат повеќе од два отсто. Искажавте многу предности на локацијата кај Зајчев рид, а што е се постојната локација? n Ако се направи едновремена
урбанизам компаративна анализа помеѓу предложената локација за изградба (зад Зајчев рид) и избраната локација за изградба на новиот клинички центар, во клиничкиот комплес „Мајка Тереза“, ќе се констатира дека последнава во многу нешта е дискутабилна. Претходно цитираните бенефити за новата ликација не е можно да се применат во постоечкиот комплекс на клиники. Едновремено се наметнуваат нејасности во сегментот за ефикасно функционирање на клиниките во услови на градење во период од четири до пет години
Плацот на кој што „треба“ да се гради Клиничкиот центар
услови на изградба на објектот на новиот клинички центар. Истовремено, се наметнува потреба за реконструкција и доградба на постоечките технички придружни капацитети за новите потреби. А што де се каже за спроведувањето реконструкција на постоечката подземна инсталациона нфраструктура, како што се канализација, водоснабдување, електро снабдување, медицински гасови, топловодни водови и слично, што ќе предизвикува неочекувани испади и исклучување на останатите клиники при овие интервенции.
Кои се негативните моменти од евентуалната изградба на нов клинички центар на локацијата на постојниот комплекс клиники ,,Мајка Тереза“, денес и во услови за периодот на идната изградба? n Најнапред би го споменал постојниот секојдневен сообраќаен метеж на улицата „Водњанска“ пред зоната на влезот во комплексот „Мајка Тереза“. Со несоодветен влез и несоодветни излези. Со постоечкиот, фреквентен, секојдневен, внатрешен сообраќаен метеж кој во постоечката просторна можност не може успешно да се
сепарира, селектира и регулира според намена - ургентни медецински возила, возила за посебни намени, цивилни возила. Дополнително оптоварување на внатрешниот сообраќај ќе претставуваат возилата на градежната механизација. Нејзиното движење и нејзината работа при изведба на градежните активности, ќе создаваат дополнителна бука и загадување на воздухот во период на градење од четири до пет години. Посебно сериозно прашање е, како ќе функционира објектот на хирушките клиники при негова реконструкција и инкорпорирање со новиот објект, како и функционирањето на другите клиники во
Што би требало да биде идната процедура за реализација на овој проект? n Сметам и очекувам констатираните стручни, аналитички факти и аргументи да поттикнат на размислување, уште еднаш да се ревидираат ставовите на стручните лица и на тие што одлучуваат, да донесат правилна и единствено реална одлука за местото на градење. Реализацијата на овој значаен капитален објект заслужува многу посериозен пристап за да се постигнат очекуваните ефекти во нашето здравство. За реализирање на целокупниот проект по евентуално донесената одлука за прелокација, нужно е да се формира: озаконето стручно правно тело, некој вид институција, составено од компетентни стручни профили кои ќе ја спроведат целокупната постапка од програмирање, проектирање, ревизии, по сите фази, како и на изградбата до предавање во употреба според предвиден канонски ред, во согласност со Законот за градење. Секој друг пристап би бил палијатив и волунтаристички за ваков значаен капитален медицински објект од завидна финансиска вредност. n 28 април 2017
ПОРТА
19
сообраќај
Локациска деменција на еден клинички центар
Г
мр Ненад ТОНИЌ , дипл. сооб. инж.
убитокот на меморијата, пореметената просторна ориентација и отежнатата комуникација се чести следбеници на лицата што заоѓаат во осмата деценија од животот, принудувајќи ги на постепено чаурење во едно време и во еден простор. Неразбирливо е кога класичните манифестации на антрополошката деменција се вткаени во просторно-урбанистичкиот статус на тежишните содржини на еден главен град. Реметењето на неговата историска траекторија, ваквите содржини може да ги доведе во состојба на функционално растројство, девастирајќи ја логиката за системска решливост на затекнатата локација, со наследената организациска матрица и придружната инфраструктура. Квалитетното транспортно опслужување и
20
ПОРТА
28 април 2017
Развојното занимавање со еден клинички центар бара задача и висина на која таа задача ќе се постави. И, секако, антрополошки фактор кадар и за таа задача и таа висина. Во спротивно, на листата дефекти повеќето ќе останат „нештиклирани“, не дозволувајќи девастирачкото сетилно да премине во цивилизирано медицинско искуство. А највисоката установа која ова општество ја поседува, ќе остане да функционира како ономатопеја на трговски центар во време на новогодишни празници. интерна сообраќајна организација на универзитетско-клиничките кластери, има потреба од почитување на сознанијата од пошироката искуствена еволуција. Во развоjна
смислa, овој приод може да даде оптимален резултат низ анализа на функционалните ограничувања на тековната локација, односно на интерните и екстерните факторски влијанија кои
предизвикуваат деградирање на сообраќајнотранспортните аспекти на терцијалните медицински установи. Отсуството на слична аналитичка постапка, отвора пат за деменциско изолирање во постоечкиот функционален (не)квалитет, без можност за позначаен исчекор од дефектните услови во кои таквата институција опстојува. УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“ СКОПЈЕ (УКЦС) „Калкута ефектот“ на неконтролирано, стихијно мешање на пешачкиот и моторниот сообраќај е темелниот показател дека со локациските предиспозиции и внатрешната организација на оваа установа нешто дебело не е во ред. Но, во отсуство на сериозна наменска аналитика, искуственото сознание и сообраќајнотранспортна карактерологија остануваат единствена подлога за структурен претрес на објективните локациско-функционални недостатоци и потреби. Намерната семиотичка грубост која произведува знак на еднаквост помеѓу деменцијата и една тежишна урбана функција, произлегува од лажниот сообраќајнотранспортен имунитет на УКЦС во однос на планските флуктуации во неговото опкружување. Апологетите на сегашната локација треба да ги имаат предвид подолу наведените сегашни и идни влијанија. НЕПОВОЛНИ СООБРАЌАЈНО-УРБАНИСТИЧКИ ЛОКАЦИСКИ ФАКТОРИ Потпирањето на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во улица „Водњанска“ е класичен сообраќаен хендикеп за медицинска установа од терцијален карактер. Хендикеп зајакнат со ниската функционалност на северната улица „Белградска“ (слика 1, позиција 1) и инфраструктурниот атавизам на јужната улица „Елисие Поповски“ (слика 1, позиција 2). На овој начин сообраќајното опслужување на УКЦС е концентрирано кон кластерскиот фронт на улица „Мајка Тереза“, како екстерно навестување на интерниот „Калкута ефект“. Апсолутно нехумана димензија е содржана во принудата на влезно мешање на возилата на Итната медицинска помош со >>
Слика 1. Тековна тангентна инфраструктура
Слика 2. ДУП Клинички центар
28 април 2017
ПОРТА
21
сообраќај Слика 3 ДУП Геолошки завод
оние на посетителите што имаат иста цел но честопати различна итност и интерна дестинација на патувањето. Полната функционалност на населбата „Сончев град“ подразбира моторизираност на нејзините жители сосема веројатно над градскиот просек. Заедно со моторниот сообраќај од други локалитети (Сопиште, на пример), ова ќе произведе сообраќајна главоболка која на прво место ќе ја почувствува токму УКЦС. Комуникацискиот коридор на овие локалитети со централното градско подрачје води директно низ улицата „Мајка Тереза“, но слевањето на дополнителен корпус од возила во утринската „поплава“ кон влезот на клиничкиот центар нема да биде ниту привлечна, ниту лесно решлива состојба. Регулациските ограничувања ја доведоа улица „Мајка Тереза“ до својот развоен „плафон“. Дополнителните интервенции можат да бидат строго наменски и со ограничен ефект. Вакво решение за олеснување на приодот кон УКЦС е вградено и во важечкиот ДУП за градска четврт „Капиштец“, локалитет „Клинички блок“ (слика 2 , позиција 1), но изостанува од планскиот акт кој е 22
ПОРТА
28 април 2017
во постапка за донесување – ДУП за градска четврт „Ј 21“! Наспроти претходното решение, идниот ДУП жонглира со единствената влезноизлезна позиција изместувајќи ја од улицата „Мајка Тереза“ на улицата „Елисие Поповски“. Овој класичен манир на туркање „под килим“ се коси со темелната инженерска етика која не познава решавање на проблемот, ако тој се измести на помалку видливо место. Улицата „Елисие Поповски“ (слика 2, позиција 2), која треба да претставува сервисна врска со улица „Павел Шатев“ (поранешна улица „Бихаќка“), овозможувајќи приод до УКЦС од насока на Кисела Вода без заобиколување по трауматичната улица „Кирил и Методиј“ (поранешна „Мито Хаџивасилев – Јасмин“), несомнемно поседува развојна компонента. Но, коридорското задирање на оваа сервисна врска во инфраструктурниот комплекс на Министерството за внатрешни работи (слика 3, позиција 1) носи опасност од нејзино скратување и предвремено слевање во еднонасочноста на улицата „Железничка“ (слика 3, позиција 2), односно комплетно анулирање на наведениот развоен квалитет. На овој начин, приодниот
локациски хендикеп на УКЦС Крупното планерско рекомпонирање на булеварот „Македонија“ и неговите јазлени врски со булеварот „Св. Климент Охридски“ и булеварот „Кочо Рацин“, нема да предизвикаат суштинска промена во начинот на сообраќајно опслужување на УКЦС. Но, иако креирано за потребите на транзитните токови на релација исток-запад ја носи со себе опасноста наречена генериран сообраќај во форма на дополнителни „порции“ од возила кои, „намирисувајќи“ ја проширената и за возење побрза инфраструктура, ќе се слеваат кон комплексот на Центарот. Згуснувањето на станбениот кластер алоциран источно од УКЦС (слика 2, позиција 3) може да иницира дополнителен притисок врз коридорското дуо, улицата „Елисие Поповски“ – улица „Мајка Тереза“, како психолошки најкус „канал“ за движење кон западните градски зони, било по улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“, било по булеварот „Партизански одреди“. За жал, отсуството на студиска аналитика на пониско, ДУП-овско ниво, апсолутно неопходна кога се тргнува во планерско поигрување со највисоката
сообраќај медицинска установа, цврсто нè држи во зоната на грубите претпоставки и прогнози. СООБРАЌАЈНО-ТРАНСПОРТНИ РЕПЕРИ НА ИДНАТА ЛОКАЦИЈА Бројот на примарни сообраќајници кои е пожелно да го тангираат локалитетот на еден клинички центар не е нормативна категорија, туку прашање на здравата логика и рамковен услов при трагање по нова локација. Со секој нареден собирен или магистрален рабен коридор расте потенцијалниот број на влезни пунктови, т.е. можноста за порамномерно распределување на моторниот сообраќај кој цели кон центарот од различни просторни насоки. На овој начин се избегнува концентрација на возила кон само еден кластерски фронт, предвидените влезни точки трпат помало и порамномерно оптоварување, а приватните и возилата на Итната медицинска помош добиваат засебни приоди (па и секундарен приод за возилата на Итната помош, кој истовремено ќе се одржува и како влез за противпожарни возила!). Позитивната меѓународна пракса потенцира барем две примарни, висококапацитативни рабни сообраќајници, кои во идеален случај би тангирале два соседни кластерски фронта. Системското канализирање на линиите и стојалиштата на јавниот градски превоз долж или во зоните на примарните сообраќајници, е втората тежишна причина за штедрост во делот на тангентната инфраструктура. Оперативната флескибилност на градските автобуси кои се во состојба да опслужат улици од пониска категорија е ограничена кога се во прашање идните трамвајски и/или тролејбуски подсистеми, а станиците на метро-превозот во принцип тешко „виреат“ далеку од примарните улични коридори и крстоснички јазли, освен во случај на наменска изградба за потребите на посетителите на клиничките центри.
Безбедноста и удобноста на пешачките движења поврзани со функциите на клиничките центри растат со порастот на категоријата на улиците по кои се одвиваат, а коректната деловна пракса на конкурентско немешање на јавниот градски со такси превозот единствено е можна низ обезбедување на доволно долга примарна тангентна сообраќајна инфраструктура.Темелната предност на една „непотрошена“ локација претставува можноста за зонско кластерирање и засебно решавање на поединечните сообраќајно-транспортни аспекти. Ваквиот приод, поединечните прашања ги релаксира од тмурната комплексност на целината, ширејќи го изборот на потенцијалните решенија. Политичко-планерските гуруа кои еднаш ќе мораат да ги боцнат прстите на градската мапа посочувајќи нова локација за УКЦС, ќе мора да водат сметка за следното: неспорноста на регионалниот карактер на Центарот и потенцијалната желба за привлекување на поголем број посетители од најблискиот север, не го брише фактот што Скопје не е реализирано за доминација на моторните возила, па секое изместување на една функција со силна привлечност на локација потполно некомпатибилна со линискиот систем на јавниот градски превоз налага малку пошироки планерско-сообраќајни размислувања и согледувања. СООБРАЌАЈНО-ТРАНСПОРТНО ОПСЛУЖУВАЊЕ Природата на услугите што ги нуди една медицинска установа од терцијален карактер, налага поширок спектар од можности за патување и пристап кон нив. Притоа, ниту еден сегмент не смее да биде одложен како прашање кое ќе го „наследи“ установата, туку мора од самиот почеток да опстане како дел од
Слика 4 Организација на еден УКЦ
координатниот систем за проценка на компатибилноста на потенцијалните локации. Самата медицинска установа единствено може однапред да биде анимирана да даде свој придонес во целокупноста на услугата, дури и пред пречекорување на клиничките прагови. Оперативниот лимит на автобускиот сообраќај добро се „разбива“ со т.н. шатл-превоз во или без содејство со наменски набавени комби/мини-бус возила на медицинскиот центар (за центарот ова е маркетиншки онолку колку што е и транспортен потег). Шатл-флексбилноста да покрива и провизорни стојалишта кои генерираат превозна потреба вон од редовните стојалишта, ќе ја „згусне“ основната мрежа на линии и ќе ги „допокрие“ приградските подрачја природно ориентирани кон приватните автомобили. Основното улично движење на посетителите и економско-сервисните возила треба да се одвива по рабната кластерска зона (сервисен коридор), со пропорционална рабна дисперзија на наменските клинички паркиралишта (слика 6, позиции и „Р“). Од разбирливи причини не е упатно обезбедување на паркинг-места за целокупниот, туку единствено за високо позиционираниот управен и медицински персонал (паркирниот хендикеп на понискиот персонал лесно се амортизира со групен превоз или субвенции за користење на јавниот). Пристапот до објектот за ургентна медицинска помош треба да биде директен и непопречен, и изведен по принципот drop-and-go (истовари-изамини) до најблиското рабно, никако централно развиено паркиралиште! Дисперзниот пристап не смее да ги занемари велосипедските, добро обезбедени, наткриени и, секако, бесплатни паркиралишта како за персоналот така и за посетителите. Внатрешната меѓуклиничка комуникација треба да е максимално приспособена на пешачките движења со два-три добро осенчени, илуминирани и за оптимална ориентација квалитетно означени спинални пешачки коридори (димензионирани не за поединечно, туку за движење во група и со инвалидски помагала!), кои, по принципот на најкусо растојание, истовремено ќе овозможат меѓуклиничко сообраќање на клиничките (зошто да не!) електрични возила за транспорт на пациенти и медицинска опрема. Развојното занимавање со еден клинички центар бара задача и висина на која таа задача ќе се постави. И, секако, антрополошки фактор кадар и за таа задача и таа висина. Во спротивно, на листата дефекти повеќето ќе останат „нештиклирани“, не дозволувајќи девастирачкото сетилно да премине во цивилизирано медицинско искуство. А највисоката установа која ова општество ја поседува, ќе остане да функционира како ономатопеја на трговски центар во време на новогодишни празници. 28 април 2017
ПОРТА
23
ПОРТА
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
aрхитектура
ШВАЈЦАРИЈА ГО ИЗБРА ОБЈЕКТОТ НА ГОДИНАТА 2016
Затворен базен во подземно засолниште!
Проектантите ги искористиле сите предности на локацијата и умешно го пренамениле постојниот подземен систем за воена заштита во поинаков простор, покриен базен исполнет со светлина. Во секој случај, необично, функцонално и рационално решение, на многу мал и ограничен простор. Натка ЌОСЕВА (специјално од Швајцарија) дипл.инж.арх. радиционално на 1 февруари во Швајцарија се објавува добитникот на Годишната награда за најдобар објект за изминатата година. Добитник на ова призна26
Т ПОРТА
28 април 2017
ние за 2016 година е Затворениот базен за пливање во склоп на училишниот кампус во делот Ерленбах во Цирих. Објектот е одбран помеѓу 50 конкуренти. Меѓу кандидатите што се натпреваруваа за објект на годината, има објекти со различни функции и за различни корисници, и тоа објекти за
домување, индивидуални и колективни, јавни објекти како административни објекти, училишта и градинки, објекти од културата, меѓу кои е и доградбата на Музејот за современа уметност во Базел, објекти за спорт и рекреација, повеќето во зимските центри во Швајцарија, а секако и објекти за угости-
aрхитектура
телство, хотели и ресторани. Накратко, една широка лепеза од различни објекти според нивната намена. Проектот за Затворениот базен за пливање е изработен во проектантското биро „Illiz-Illiz architektur“ од Цирих, а автори се Petra Meng и Stefanie Wograth. Кога ќе го видите објектот, секако ќе се запрашате, што го прави посебен и со што се издвојува
од останатите 49 објекти. Се работи за адаптација и пренамена на подземен систем за воена заштита (засолниште), адаптирано и пренаменето во затворен базен за пливање во склоп на училишниот двор на основно училиште во Ерленбах, Цирих. Заедницата на Ерленбах и училиштето решиле постоечкото подземно засолниште во склоп на локацијата, да го пренамени во затворен базен за учење пливање и рекреативно пливање на учениците. Локацијата на објектот е на блага косина, затревена, со отворени и широки погледи кон Циришкото езеро. Постоечкиот подземен систем за воена заштита бил одамна напуштен и надвор од секаква употреба. Се наоѓа на границата на локацијата на училиштето, во делот организиран со спортски терени. Овој простор е искористен и пренаменет за поставу-
Внатрешните ѕидови и подовите во гардеробите, како и санитариите, се обложени со керамички плочки во различни бои: зелена, сина, розова и сребрена, и кога се влегува во овој простор се добива впечаток дека сте во школка во подводниот свет на езерото. Со еднокраки скали или со лифт од влезната партија се доаѓа во просторот со базенот. Просторот на базенот претставува еден светлечки стаклен павилјон поставен на постоечката бетонска структура на подземниот систем. Конструкцијата на базенот е бетонска со столбови и касетирана покривна плоча. Просторот на затворениот базен е застаклен од сите страни, и кога пливате ве облева светлина и сонце од сите страни, а имате и прекрасни погледи кон Циришкото езеро. Околу објектот, на коси-
вање на базенската бетонска школка и помошните технички и енергетски простории. На ниво на подрум, доградена е влезната партија со санитарии и гардероби. Влезната партија е целосно застаклена.
ните на малото брдо, е интервенирано за да се овозможи пристап до базенот. Затоа, од долната страна е оформено плато пред влезниот хол на ниво на подрумот, а од горната, спотивна страна, изведена е пешачака патека за влез–излез директно во и од базенскиот простор. Самата локација, косиот терен со широки погледи кон Циришкото езеро и постоечкото подземно засолниште, влијаеле на дизајнот на покриениот базен.>>
28 април 2017
ПОРТА
27
aрхитектура
Проектантите ги искористиле сите предности на локацијата и умешно го пренамениле постојниот објект во поинаков простор, покриен базен исполнет со светлина. Во секој случај, необично, функцонално и рационално решение, на многу мал и ограничен простор. Вкупниот волумен на објектот е 5500 м3 со површина од 833 м2. Објектот е проектиран и граден две години. n
28
ПОРТА
28 април 2017
ПОРТА
aрхитектура од дрво
КАКО ДА СЕ ПРОЕКТИРА БРОД ОПИШАН ВО БИБЛИЈАТА, А ДА СЕ ЗАДОВОЛАТ СОВРЕМЕНИТЕ СТАНДАРДИ
НОЕВАТА АРКА
– реплика во САД
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инж. по дрвна индустрија
А
рхитектите од проектантското биро Troyer Group, предводени од главниот архитект и сопственик Terry Troyer, пред себе имале, можеби, најнеобична проектантска задача во нивата кариера. Задачата се состоела во исполнување на визијата на инвеститорската компанија Answers in Genesis од Кентаки, САД, да изградат реплика на Ноевата арка во вистинска големина. Со висина од 32 метри и должина од 155 метри, Арката во себе содржи седум илјади кубни метри дрво. Ова инженерско чудо се отвори на 7 јули 2016 година. Тимот проектанти имале многу предизвици во планирање и изведување на градбата заради нејзината уникатност,
30
ПОРТА
28 април 2017
Ова инженерско чудо се отвори на 7 јули 2016 година. Тимот проектанти имале многу предизвици во планирање и изведување на градбата заради нејзината уникатност, големина и, секако, локацијата на која е изградена. големина и, секако, локацијата на која е изградена. Првата сериозна пречка биле оскудните извори на информации за структурата на оригиналната Ноева арка. Архитектите ја прифатиле визијата на инвеститорот, но секако, потоа следело обемно истражување преку кое стигнале до финалниот дизајн, за кој архитектите побарале помош кај експерти како што е професорот Tim Lovett од Австралија, историчар и експерт за дрвени бродови.
Топографијата на градежната локација, исто така била голем предизвик. Арката е лоцирана во долината на реката Охајо во североисточен Кентаки. Кога тимот започнал со проектирање на арката, градбата на локацијата била невозможна. Подготвителните работи за градба на локацијата биле огромни. Приближно 1,3 милиони метри кубни камен и земја се ископани, додека 5000 метри кубни бетон се излеани за стабилизирање на почвата и обезбедување на фундаменти.
Локалната инфраструктура исто така предвидувала и водоводна мрежа, канализациска мрежа, подобрување на автопатот за пристап до локацијата,
изградба на пат до самата локација, како и изградба на 40-метарски мост за пренесување на посетителите од паркингот со 4000 паркинг места до самата арка. Сè
ова требало да се изведе без нарушување на микро еколошкиот систем, минимизирање на исечените дрвја, еколошка заштита и заджување на природниот тек на реката, >> 28 април 2017
ПОРТА
31
позиционирање на градбата за максимално искористување на ветерот и сонцето за загревање и ладење на објектот, и искористување на дрвото од одржлива сеча на шуми. Дрвото е основниот конструктивен и декоративен материјал кој се користи во Арката. Со прецизно проектирање на конструктивните детали, убавината, раскошот и потенцијалот на дрвото се забележува во целиот објект, од надворешната фасада преку подовите, ѕидните облоги и видливите конструктивни елементи во ентериерот. За подигнување на градбата се повикани дузина амишки столарски дружини од
32
ПОРТА
28 април 2017
Кентаки и соседните држави. Дрвните видови смрча и дуглазија се искористени за конструктивниот дел и специјално се избрани заради својата конструктивна јакост и издржливост. Големата висината од 32 метри од земјата до врвот на дрвеното едро, и должина од 155 метри, создава проблеми при јаки ветрови. За стабилизирање на објектот се поставени шест дијагонални држачи кои се зацврстени на бетонски потпорни столпчиња. Главните конструктивни носечки елементи во вид на ребра на бродот се со димензии на пресекот од 18x56 см и со висина до самиот врв. Овие огромни елементи се изработени од лепено ламелирано дрво со дополнителна површинска обработка со средство за заштита од пожари за да се достигне стандардот за заштита од пожари. Овие конструктивни елементи се поставени на основа од бетонски столбови за максимална стабилност и добро фундирање. Во атриумскиот простор видлива е конструкцијата изработена од 120 масивни балвани, од кои 64 со дијаметар од 80 см и висина од 15 метри, и 56 со дијаметар од 50 см и висина од 8 метри. Арката е изградена за 54 недели. Додека траела нејзината изградба, во исто време архитектонскиот тим проектирал и изградил и прирдужни објекти како ресторан за 1200 гости, исто така од масивна конструкција од дрво, и дополнителни помошни објекти кои го комплетираат комплексот. n
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
aрхитектура
ДРЕВНИ ЗНАЕЊА ЗА АРХИТЕКТУРАТА И НИВНАТА ПОПУЛАРНОСТ ВО СВЕТОТ ДЕНЕС (2)
Васту, фенг шуи, геомантија... Во васту и фенг шуи се применуваат истите принципи кои се однесуваат како на животната сила во телото така и во куќата, бидејќи куќата се смета за тело на нашето тело. Секоја куќа или човечко тело, низ главниот влез „вдишува“ одреден квалитет на „животна сила“ или „животен простор“ кој понатаму окупира, дава енергија и создава простор со добар, лош или помешан енергетски квалитет на живеење. Шенџен, Кина
ПОРТА
aрхитектура
К
Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.
олку повеќе се проучуваат културите на Индија и Кина, сè повеќе се воочува дека кинеската произлегува од ведската култура на Индија. Откако е пренесена во Кина, кинеската таоистичка традиција ја вклопила науката на васту во својата култура, приспособувајќи ја, додавајќи и одземајќи ѝ по нешто, сè додека во тој дел на светот не станала позната под името фенг шуи. Ако ги споредиме овие две знаења, древната индиска наука васту и кинеската фенг шуи, тие се слични, со разлика како помеѓу голем и мал речник. На пример, во васту петте елементи се: земја, вода, оган, етер и воздух. А во фенг шуи се:
земја, вода, оган, метал и дрво. И во двете, нивното влијание се комбинира со физичките закони и космичките сили во природата. Слични паралели се наоѓаат помеѓу древната индиска и кинеска медицина. Во васту и фенг шуи се применуваат истите принципи кои се однесуваат како на животната сила во телото така и во куќата, бидејќи куќата се смета за тело на нашето тело. Секоја куќа или човечко тело, низ главниот влез „вдишува“ одреден квалитет на „животна сила“ или „животен простор“ кој понатаму окупира, дава енергија и создава простор со добар, лош или помешан енергетски квалитет на живеење. ШТО Е ФЕНГ ШУИ? Фенг шуи во суштина е умеење да се посматраат природните форми во просторот,
Пекинг, Кина
(планините, водните текови) и да се препознае квалитетот и енергијата (наречена „чи“ или „ки“) што тие ја испраќаат. Терминот фенг шуи има пошироко значење. Фенг ги опфаќа ветерот, воздухот, гасовите, облаците, зраците, радијацијата, бурите, тајфуните и енергетските полиња. Со фенг се интерпретираат оние елементи кои влијаат на струењето на ветерот: брда, планини, карпи, згради и објекти кои ги изградил човекот. Шуи ги вклучува: езерата, реките, потоците, водопадите, сите проточни води, бари, мочуришта, дождови, патишта, улици, лед, снег, билки и сите останати живи суштества кои пијат вода. Зборовите фенг шуи, во превод значат „воздух и вода“. Во кинеската култура ветерот и водата се поврзани со добро здравје, добар фенг шуи значи добра среќа, а лош фенг шуи значи лоша среќа. Фенг шуи се базира на таоистичката визија и разбирање на природата, особено на идејата дека земјата е жива и полна со енергија (чи). Фенг шуи е комплексен корпус на стари знаења кои откриваат како да се балансираат
енергиите на секој простор за да се обезбеди здравје и среќа на луѓето. Некои од учителите на фенг шуи велат дека тоа е наука за практикување на природни науки, други велат дека е за правилно сместување, но сите се согласуваат дека целта на фенг шуи е создавање на здрава и хармонична средина за живот и работа, која придонесува за подобрување на здравјето и обезбедување на изобилство и просперитет на семејството. Класичниот фенг шуи, за време на древна Кина бил грижливо чувана тајна која се пренесувала само со учител на внимателно одбрани ученици, кои ги изучувале овие знаења и повеќе од 15 години. Мајсторите на фенг шуи морале добро да познаваат повеќе дисциплини, посебно космологија, астрономија и географија. Тие биле многу почитувани и ценети. Биле задолжени за среќата, здравјето и просперитетот на царевите и царските династии, за што гарантирале со своите животи. Со раселувањето на Кинезите низ светот во минатиот век, тајните на овие учења излегоа надвор од Кина. Во последните триесетина години почнаа да се пренесуваат и станаа популарни скоро во целиот свет. Напишани се многу книги. Организирани многу инстант курсеви за обука... многу луѓе низ светот, повеќе или помалку, сериозно ги сфаќаат и проучуваат. Меѓу нив има архитекти, екологисти и луѓе од други различни професии. Сите објекти во фенг шуи се анализирани според нивната форма, материјал, боја, петте елементи и принципите на јин и јанг. Правецот во кој зградата стои, како и околната структура, определува дали е успешна и во хармонија со околината. Целта на фенг шуи е да се постават објектите онаму каде што поминува добра енергија. Постојат места кои не се добри за домови на луѓето и подобро е тие да бидат оставени во природната состојба. Во рамките на самиот објект, позицијата на архитектонските карактеристики, како што се врати, прозорци, ходници или стилот, декорацијата и мебелот што се користи, треба да бидат во хармонија. Еве неколку примери на градови и на понови објекти, изградени во светот, кои според мајсторите на ова древно знаење имаат добар фенг шуи: Пекинг се смета за идеален избор за главен град на државата во согласност со теориите на фенг шуи. Тоа е град опкружен со планини, што е критериум број еден во фенг шуи. Се наоѓа помеѓу двата крака на планината Кунлун (Kunlun), лево и десно. Теоријата на фенг шуи смета дека планините симболизираат луѓе низ целата земја кои се поддршка на градот. Водниот систем, исто така, совршено одговара на стандардите на добар фенг шуи. Уште императорот Qianlong од династијата Qing (1644 – 1911) утврдил дека најсветлата и најслатката вода од цела Кина е во Пекинг. >> 28 април 2017
ПОРТА
35
aрхитектура Шенџен (Shenzhen) е главен град на јужниот дел на Кина, во провинцијата Гуандунг. Се наоѓа северно од Хонгконг со кого го дели Бисерната река. Областа е прва во Кина. Една од најуспешните специјални економски зони. Шенџен е прекрасен град со добар фенг шуи и убав поглед. Со добра местоположба. Тој е успешен град кој игра важна улога во развојот на кинеската економија. City Hall, Лондон, Англија, е објект на Администрацијата на Големиот Лондон. Проектот е изработен во 1998 година, изградбата траела околу пет години и чинела околу 65 милиони фунти. Архитект е Норман Фостер, а реализацијата е на „Фостер и партнери“. Радикалната форма ја минимизира површината изложена на директна сончева светлина (приближно 25% помалку од еквивалентна правоаголна зграда) и заштедува енергија. Од чиста перспектива на школата на формата, лебдечкиот дизајн е идеално поставен на јужниот брег на реката Темза. Во однос на фенг шуи елементот е метал, што е добро за градско собрание, општинска зграда. Бурџ Ал Араб, Дубаи, Обединети Арапски Емирати е четврти највисок хотел во светот,
Бурџ Ал Араб, Дубаи, Обединети Арапски Емирати
висок 321 метар. Проектот е на англискиот архитект Том Рајт. Изграден е во периодот 1994 1999 година. Овој уникатен објект, изграден на свој остров во форма на едра, како еден вид Арапски брод, е интересен пример на ветер и вода. Од гледна точка на фенг шуи тоа е тип на зграда на елементот на дрво, што значи дека добива поддршка од својата водна средина. Операта во Сиднеј, Австралија, е објект кој
стана архитектонски белег на 20 век. Данскиот архитект Јорн Утзон (Jorn Utzon, 1918-2008) во 1957 година, го доби овој проект на конкурс. Објектот е започнат во 1957 година, а завршен е дури во 1973 година. Во 2003 година ја доби Прицкеровата награда, која е најголемата награда за архитектура. А во 2007 година е прогласен за дел од светското наследство на УНЕСКО. Според фенг шуи, неговиот аголен дизајн го класифицира како објект од типот на оган. Совршен е за објект наменет на уметноста. Сепак, неговата водна околина може да доведе до несогласувања, посебно помеѓу вработените. Аеродром Кансаи во Осака, Јапонија. Кон крајот на 1960 г., регионот на Кансаи согледал дека му е потребен нов аеродром блиску до Заливот Осака. Поради вревата, одбрано е да се изгради на вештачки остров во самиот залив. Островот (кој е најголем вештачки City Hall, Лондон, Англија
ПОРТА
aрхитектура Во Европа била пренесена од арапските трговци. Последните траги се наоѓаат во средниот век, кога се користела како знаење како да се постави град, црква или објект. Рамнотежата во природата била примарна, а земјата се доживувала како живо битие. Се практикувала со векови. Таа е западен еквивалент на фенг шуи. Знаење со кое чекор по чекор се доведува во рамнотежа нашиот простор, станбен или деловен, нашиот парк, шума, планина, со изворните енергии на Земјата. Геомантијата се проучува во повеќе земји, посебно во Словенија, Австрија и Германија.
Операта во Сиднеј, Австралија
Аеродром Кансаи во Осака, Јапонија
остров, 4 км/1 км), се градел во период 19871991 година. Изградбата на терминалот почнала во 1991 а завршила во 1994 година. Проектот е на италијанскиот архитект Ренцо Пиано кој победил на меѓународен конкурс. Со должина од 1,7 км тој е најдолг објект во светот. Конечната цена на островот и терминалот е 14 милјарди $. Интересно е дека од големиот земјотрес во Кобе во 1995 година, терминалот нема претрпено никаква штета. Според фенг шуи, овој објект е од типот на вода, поставен во водна животна средина и е совршен за патување и комуникација. Kingdom Centre (или Burj Al- Mamlaka) изграден е во престолнината на Саудиска Арабија, во Ријад, во периодот 1999 - 2002 г. Проектот е на американската компанија Ellerbe Becket. Објектот има 99 ката. Содржи апартмани, деловен простор, трговски центар, хотел, џамија и опсерваторија, сместена на висина од 297 метри. Со висина од 302 метри, тој е втор највисок облакодер во Саудиска Арабија и трета највисока зграда во светот со празен простор. Во 2002 г. објектот ја доби наградата „Emporis Skyscraper“ како облакодер со најубав дизајн во светот. Според мајсторите на фенг шуи, зградата е од метален тип во зона на оган и земја, а се базира на историски геомантички принципи.
суптилните димензии во просторот. Знаење кое е готово исчезнато од свеста на европската традиција и култура и кое сега повторно се појавува во вид на холистички пристап на Земјата, природата и околината. Тоа се знаења и вештини како да се воспостави рамнотежа во нас самите и во нашиот простор. Геомантијата како целосна екологија ја проучува природата холистички, како целосен екосистем, препознавајќи го протокот на енергиите во просторот. Истражува подземни води, раседи, го чита магнетското поле на Земјата.
КАКО ДА СЕ ЖИВЕЕ ЗДРАВО ВО СОГЛАСНОСТ СО ПРИРОДАТА? Дури и пред илјадници години било вообичаено да се гради и живее во склад со природните принципи. Човештвото, посебно во минатиот век, ги прекрши законите на природата. Дозволи да управуваат непромислените економски и прагматични одлуки. Сега законите на природата се светат. Наградуваат или казнуваат. Глобално загревање, непогоди, многу неприродни болести... Надежта е во растот на трендот за заштита на животната средина. Појавениот интерес за древните знаења за архитектурата како васту, фенг шуи, геомантија, треба да се анализираат и во тој контекст. Бројот на објавени книги, организирани семинари и обуки во светот, што е сè поголем, зборува за тоа. Покажува дека посензитивниот и поразумен дел на човештвото сака повторно да ги освои своите природни врски и знаења со природата. Убаво е да се знае дека сè повеќе луѓе ја почитуваат природата... Меѓу нив има екологисти, инженери, некои школи за архитектура и луѓе од различни други професии. Нив ги обединува иста цел, да се пронајде и сочува балансот со светот што нè опкружува, преку универзалните закони на природата и правилата на градба кои носат хармонија помеѓу човекот и природата, кои носат здравје и просперитет. n
Kingdom Centre (или Burj Al- Mamlaka) , Ријад , Саудиска Арабија
ГЕОМАНТИЈА - ДРЕВНИ ЕВРОПСКИ ЗНАЕЊА ЗА АРХИТЕКТУРАТА Геомантија е древно знаење за Земјата, вештина како да се комуницира и соработува со ПОРТА
архитектура
Лебдечки музеј обложен
П
подготви: Дејан БУЃЕВАЦ рвиот објект на славниот архитект Ренцо Пијано во Шпанија ќе биде отворен на 23 јуни годинава. Centro Botin е импресивен музеј на десет илјади квадрати, кој од неодамна го краси брегот на северениот шпански град Сантандер. Зградата на столбови е проектирана така што е издигната над теренот, па од морето изгледа како да лебди. Футуристичкиот објект е поделен во две структури во облик на буквата „D“, кои конзолно излегуваат на море. Фасадата на музејот е обложена со 270 илјади керамички дискови кои 38
ПОРТА
28 април 2017
архитектура
со керамички дискови
рефлектираат бои на небото и морето. Фондацијата „Ботин“, што ја финансирала изградбата на овој музеј, сакала современо обликувана зграда која ќе привлекува внимание. Можеби токму од таа причина, Пијано одлучил нејзината фасада да ја обложи со керамички дискови кои ги рефлектираат боите на небото и морето. За да се искористи максимално погледот на море но и на историскиот парк Переда, кој од неодамна е обновен и проширен од страна на пејзажниот архитект Фернандо Карунчо, зградата има прозорци од подот до плафонот. Centro Botin располага со 2500 квадрати изложбен простор, аудиториум од 300 места, училници, >> 28 април 2017
ПОРТА
39
архитектура
работилници, два ресторани, продавница и кровна тераса. Галериите се сместени во поголемиот волумен на двата ката, а во помалата структура се наоѓаат образовните простории.
ПОРТА
Музејот ќе биде отворен со три изложби. Првата ќе биде посветена на Carsten Höller, втората на цртежи од Гоја, а третата ќе биде од постојаната поставка на фондацијата „Ботин“. n
ПОРТА
урбанизам
КОМПЛЕКС MARIGONA RESIDENCE, ПРИШТИНА, КОСОВО
Остварување на американскиот Сместен во непосредна близина на Приштина, на само осум километри од автопатот Приштина – Скопје, овој комплекс е сочинет од седум типови на едносемејни станбени куќи кои им нудат на своите жители целосно современо живеење во претежно зелено и мирно опкружување
м-р Енис ХОЏА, дипл.инж.арх. (Германија)
С
екоја средина во која живее одредено население има тенденција за менување, реорганизација, модернизација и приспособување кон новите и современи начини на функционирање и живеење. Така, промените, проширувањата како и надоградувањата на градовите воопшто, што претставуваат жива материја со сите свои особини и потреби за мутации, но истовремено и задржување на својот сопствен лик и карактер, се очекувани и на одреден начин посакувани и добредојдени. Ваков пример на осовременување, проширување и додавање на нови квалитети се случуваат во моментов во Приштина, Косово, каде се изгради нов станбен комплекс кој во сите аспекти е нов квалитет на целиот град. Тоа 42
ПОРТА
28 април 2017
е станбениот комплекс Marigona Residence, кој е приватна инвестиција и замисла. Модерното живеење во близина на Приштина сега е овозможено со новоизградениот приватен станбен комплекс кој се простира на 32 хектари, а се состои од 150 индивидуални станбени куќи и околу 1000 станови во повеќе повеќесемејни станбени блокови. Замислата на овој голем проект е на тројца успешни бизнисмени од Косово, кои одлучиле да ги здружат своите средства и да ги инвестираат во овој комплекс, кој е досега невиден ниту во Косово ниту во целиот регион. Иако нивните главни дејствувања се во козметичката, керамичката и прехрамбената индустрија, тие имаат и скромно искуство во осовременување на одредени станбени парцели и објекти. Еден од инвеститорите е и Еролд Белегу, човек со богато искуство, кој е „мозокот“ на овој „американски сон“. Покрај својот приватен бизнис, тој е и претседател на Косовската кошаркарска федерација, а во
периодот 2010-2014 година бил претседател на Американската стопанска комора на Косово. Сместен во непосредна близина на Приштина, на само осум километри од автопатот Приштина – Скопје, во овој комплекс освен станбените објекти составен дел се и основно училиште, детски игралишта, спортски терени, трговски центар, хотел, угостителски и услужни единици, изобилство на зелени и паркинг површини и се она што на еден центар му ги дава особините на модерен, мултифункционален и независен станбен комплекс. Сочинет е од седум типови на едносемејни станбени куќи, кои им нудат на своите жители целосно современо живеење во претежно зелено и мирно опкружување. Marigona Residence нуди одлични услови за велосипедистите и пешаците, кои во овој комплекс ќе се чувствуваат безбедни и ќе можат непречено да се движат во кој било дел од него. Исто така, овој комплекс може да се пофали и со одличната улична мрежа која е изградена >>
урбанизам
т сон во Приштина
ПОРТА
по најсовремени европски и светски стандарди. Сите објекти во новата резиденција се изградени на начин кој им овозможува рамномерен и непречен пристап кон природно осветлување и проветрување, така што објектите не си пречат еден на друг. Релаксацијата и удобноста на семејствата што живеат тука е овозможена со тоа што оваа нова населба ги ужива благодетите на сепарираноста од градскиот метеж и гужва и поголемата сигурност и грижа за најмладите, но истовремено и лесна, брза и непосредна поврзаност со градот. Центарот за семејна медицина, кој е сместен во овој комплекс, е причина плус за безгрижно живеење тука. Тој е проектиран по сите современи медицински и технолошки принципи. Исто така, основното училиште овозможува современо следење на настава за децата од овој комплекс и околината. Опремено е со современи информатички кабинети, лаборатории за хемија, физика и биологија, кои само го надополнуваат современиот образовен процес на децата. Marigona Residence, исто така, изобилува и со зелени и рекреативни површни. Дури 70% од нејзината површина е прекриена со зеленило, што нè уверува дека оваа средина е чиста и здрава за живеење, а истовремено како рекреативни содржини тука се јавуваат базени, спортски терени, детски игралишта, спортска сала, пешачки и велосипедски патеки кои му овозможуваат на секој жител широк избор за водење на здрав живот. Овдешните жители можат да пазаруваат во секој момент и тоа без да ја напуштаат оваа нова и модерна населба. Во нејзини рамки е изграден и модерен трговски центар во вид на чаршија, во кој се сместени голем број трговски и услужни единици кои го олеснуваат нормалното функционирање и независноста од патување до градот. 44
ПОРТА
28 април 2017
Баровите и рестораните во овој комплекс, пак, им овозможуваат на луѓето да се дружат и социјализираат во рамките на својата населба, а истовремено можат да посетат и вкусат квалитетни и вкусни специјалитети и ретки и карактеристични пијалаци од овој регион. Исто така, оваа населба е отворена и за надворешни гости кои можат да ја посетат за кратко или, пак, да отседнат во хотелот со пет ѕвезди, кој е отворен и за бизнис и деловни конференции и настани. Деловниот и бизнис простор во оваа населба не изостанува. Безбедноста тука е гарантирана од стана на приватно обезбедување кое 24 часа во денот го надгледува и осигурува овој простор. Инвеститорите имале желба да изградат еден современ, безбеден, технолошки софистициран и развоен комплекс кој ќе го живее „американскиот сон“ во Приштина. Предел на кој му треба осовременување, модернизација и добивање на нови квалитети на живеење и функционирање, како впрочем
и на целиот регион во кој влегува и нашата држава и опкружување. Како дополнување на „американскиот сон“ и стил, покрај архитектурата и начинот и стилот на живеење во овој комплекс, се јавуваат и имињата на
улиците што носат имиња на некои од американските држави. Овој пример на архитектонско, урбанистичко, инфраструктурно, концептуално и стилско решение, во секој
случај се јавува како позитивен пример на развој на една средина и добивање на нови квалитети на живеење во неа. Интересно е да се напомене дека ова и не е единствениот пример на модернизација и следење на новите светски трендови во областа на архитектурата во Косово, со што може да се заклучи дека Косово во поглед на архитектурата е многу напред во следењето на новите архитектонски трендови, но исто така и во придонесот во современата и модерната архитектура на времето во кое ние припаѓаме и живееме. Во ваквата анализа неизбежна е споредбата со ситуацијата кај нас и тоа што кај нас се гради. За разлика од Косово, Македонија вложува огромни средства за изградба на јавни, општествени објекти кои имаат потенцијал и на кои може да се имплементира современа, модерна, технолошки софистицирана градба, со што би се дало печат на нашето време. Но, за жал, тие средства се искористуваат за изградба на архитектура која во никој случај не нè претставува нас нуту како култура, ниту пак остава печат од времето во кое живееме, и е изградена без архитектонска и уметничка вредност. n 28 април 2017
ПОРТА
45
ентериер
РАБОТЕН ПРОСТОР ВО БАНКАРСКИТЕ ИНДУСТРИИ ВО МАКЕДОНИЈА (1)
Фактор за
задоволство од работата Истражувањата спроведени во компаниите од Европската Унија, откриваат дека иако односот помеѓу работниот простор и задоволството од работа е истражуван од аспект на социологија, психологија, менаџмент и медицина, сепак недостасуваат истражувањата од становиште на архитектура и дизајн на ентериери проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС
Р
аботната средина, како физички, социјален и културен реалитет, во голем број случаи поврзани со работењето, претставува една од најважните средини на работниот човек во однос на дневниот живот. Затоа, канцеларијата како просторно-функционална единица на административниот простор, претставува важен фактор кој го одредува однесувањето
46
ПОРТА
28 април 2017
на вработените, нивниот здравствен статус, степенот на извршување на работните задачи, мотивацијата, за најпосле да резултира во задоволство од работата и севкупна физичка и психичка благосостојба. Интересот на организациите за ваков исход треба да е примарен, при што не станува збор само за индивидуална перспектива на просторот на канцеларијата, туку и за организациска и општествена. За организацијата, архитектурата, како целокупност на комплексниот процес на дизајн, претставува буквално платформа за поддршка на работните процеси и медиум за зајакнување на лојалноста кај вработените
преку потврдување на нивната идентификација со производот или услугата што тие ја испорачуваат. Организацијата ова го остварува со нудење можност кај вработените да доживеат соодветно задоволство од работата, што не е директно врзана за финансиските фактори. Оттука, мотивацијата и задоволството кај вработените, како и нивните детерминанти, претставуваат глобален истражувачки предизвик и во бизнис и во академските заедници ширум развиените економии. Еден дел од академската средина го нагласува паричното наградување како споредна мотивациска алатка, додека другиот дел
ентериер вели дека тоа има ограничен ефекет врз работата на вработените, и дека добро дизајнираниот работен простор покажува подобри резултати што се однесува на задоволството од работа и работните перформанси на вработените. Меѓутоа, истражувањата спроведени во компаниите од Европската Унија откриваат дека, иако односот помеѓу работниот простор и задоволството од работа е истражуван од аспект на социологија, психологија, менаџмент и медицина, сепак недостасуваат истражувањата од становиште на архитектура и дизајн на ентериери. А она што е евидентно во нашата стручна и научна средина, е отсуството од истражувања кои ги тангираат физичките карактеристики на работните простори од аспект на архитектура и дизајн на ентериери, и нивното влијание врз однесувањето на вработените. Треба и да се напомене дека, можноста за организација и извршување на научни истражувања од оваа област во нашата средина се извонредно тешки, дури и невозможни. Отвореноста на организациите кон науката е запрепастувачки ниска. Како резултат на несоработката, вработените се обременети со предрасуди од типот дека некој истражува за да на културен или агресивен начин некој биде исфрклен од работа. Ова
го напоменуваме заради нашето настојување да се надмине состојбата „фала-богу-имамработа“, и вработените да разберат дека нивно право е да имаат содветен и кавалитетен работен простор, чии карактеристики детално ги прикажавме во овој труд. Aко работниот простор правилно се дизајнира, со учество на сите заинтересирани страни: менаџери, социолози, психолози, лекари, архитекти,
естетичари и, најважно, самите корисници на просторот – ќе биде простор кој ќе придонесе кон задоволството од работата и ќе создаде одржливи работни места, и од аспект на енергија и ресурси, и од аспект на социјална одржливост. Не случајно, во организациските науки се вели дека човекот е најскапиот елемент на една организација, а после него доаѓа просторот. Во западните економии просторот, а посебно работниот простор, е под постојана опсервација, >>
28 април 2017
ПОРТА
47
ентериер
анализа и евалуација на разни научни области. Резултатите на овие научни и стручни активности се парадигматични за сите заинтересирани страни, а посебно за архитектите и дизајнерите. Условите под кои се програмираат и дизајнираат административните или општо кажано канцелариските функции, се карактеризираат, главно, со сепарирани експертски области, со независни и автономни барања и потреби, кои на крајот се вообличуваат во простори според финансиските можности на инвеститорите и вештината на дизајнерите. Влијанието што просторот го пренесува врз неговите корисници, исто така останува неистражено од аспект на ентериер и дизајн. Во овој текст е презентирано научното истражување спроведено во текот на 2013 и 2014 година, од страна на тим составен од истражувачи од Факултетот за архитектура и дизајн и 48
ПОРТА
28 април 2017
Факултетот за деловна економија и организациски науки на Универзитетот Американ колеџ Скопје од Скопје (Ralev, M., Eremeeva, V., and Krleska, A., 2014). Трудот со наслов „Работниот простор како фактор за задоволство од работата во банкарските индустрии во Mакедонија“ (Workspace as a Factor of Job Satisfaction in the Banking Industries in Macedonia) беше презентиран на 9. Меѓународна конференција за европска интеграција „Европа на утрешнината: Креативна, дигитална,
интегрирана“, во организација на Универзитетот Американ колеџ од Скопје, 2014 (the 2014 Ninth Annual International Conference on European Integration „The Europe of Tomorrow: Creative, Digital, Integrated“, University American College Skopje). Македонскиот банкарски систем до овој момент - 2014 г. , се состои од 18 приватни банки, девет штедилници и државната Македонска банка за развој. Повеќе од 60% од сите пазарни активности се водени од три големи банки. Друга каркатеристика е дека локалните банки, од неодамна, се во странска сопственост. Како што тоа беше случај и во многу други земји во светот, трендот на глобализација, либерализација и други фактори, ги натераа банките да креираат многу покомпетитивен пристап во нивните секојдневни бизнис активности. Ова вклучува претставување и на новите технологи, какви што се е-
ентериер банкарството, АТМ- машините и други технолошки промени кои, исто така, резултираа во промени во шемите на типичниот банкарски службеник. Во светлина на горе споменатото, ова истражување има за цел да ја истражи релацијата помеѓу задоволството од работа на вработените во банкарската индустрија и карактеристиките на работниот простор. Задоволството од работењето е најистражуван предмет во областа на организациското однесување. Зголеменото академско внимание кон задоволството на вработените е резултат на префрлувањето од мануфактурната во сервисна индустрија, во развиените земји во последните 20 години, оттука се случува трансформација на фабричките работници во работници со знаење. Според авторот Енди Лејк , задоволството од работата се дефинира како „пријатна емотивна состојба како резултат на проценката на нечија работа како постигнување или олеснување на постигањето на нечии вредности на работата“ (1969). Истражувачите Робинс и Џаџ тврдеа дека задоволството од работата е повеќе став отколку однесување, и тие го дефинираат како „позитивно чувство за нечија работа, што резултира од евалуацијата на карактеристиките на истата“ (Robbins & Judge, 2009). Исто така се претпоставува дека задоволството од работата е многу повеќе под влијание на: - Личните особини кои работникот ги носи
со себе на работа. - Надворешните вредности кои доаѓаат надвор од индивидуалните, физичките и финансиските ресурси и други услови кои влијаат врз средината во која луѓето работат. - Внатрешните вредности кои се структурирани од елементи како што се работна одговорност, чувство за постигнувања, потенцијал за раст, самодоверба, работа која предизвикува, чувство за припадност. - Работните услови го претставуваат
квалитетот на работната средина каде што вработените го поминуваат поголемиот дел од своето време покрај домот. Ова вклучува и други работни состојби кои се користени за да се детерминира задоволството од работа како интеракција помеѓу менаџментот и вработените, снабденост и достапност на работни алатки и други ресурси за да се одвиваат работните задачи, отсуство заради болест, итн. (Продолжува) Фотографиите за темата се од Delight оffice solution - Скопје
ПОРТА
дизајн
SALONE DEL MOBILE.MILANO 2017
Саемски комплекс Rho od Massimiliano Fuksas
Заситеност на сите сетила м-р Иван МИРКОВСКИ, дипл.инж.арх. (специјално за Порта3 од Милано) ФОТО: ИВАН МИРКОВСКИ
„Ќ
е се јаде ли нешто?“, неколку дена по враќањето од Милано, сè уште како ехо ја слушам таа реченица, која беше составен дел од уште едно убаво
патување... ... , и уште еден кружен тек, а само што помислив дека е последниот во низата од стотици, или беа повеќе? Минувавме низ широки појаси природа која длабоко ја минува црвената линија на градот, обидувајќи се на сите начини да го скроти, да го смири тој наплив на креативна енергија. На само неколку километри од зоната Брера, низ која веќе пулсираа реки од луѓе незаситни од дизајнерската сатурација која владееше низ 50
ПОРТА
28 април 2017
Живи сицилијански диви ракови
сите пори на Милано, ние бевме во потрага по нашето добро заслужено pranzo (ручек, во строго определен дел од денот). И како вистински локалци, токму навреме го откриваме скриениот влез во Grass De Rost (најверојатно строго чувана тајна) во миланското предградие Locate di Triulzi. Тоа е мало незабележително локалче кое токму за време на ручек, строго од 12 до 14 часот, се трансформира од безличен кафе бар во
дизајн
Штандот нa Vibia lighting
гастрономска палата вредна за „мишелин“ капи. Неколку вина подоцна и неколку километри подалеку, природата конечно е измамена, човековиот потег е јасен и силен, архитектонскиот печат на Масимилијано Фуксас ѝ опонира на природата што подмолно го заобиколува. Саемскиот комплекс Ро повторно како и секој април е под палката на организаторот Космит и случувањето iSaloni –
Salone Internazionale del Mobile (интернационален саем за мебел), Euroluce (саем за осветлување), Workplace3.0 (саем за канцелариски мебел) како и SaloneSatellite (саем за млади креативци и креативни индустрии). Господинот Клаудио Лути, претседател на оваа интернационална манифестација која собира рекордни бројки на изложувачи, на затворањето кажа: „Специјален момент во кој
културата и индустријата заедно формираа интернационален бенчмарк, а воедно и модел на Италија која навистина функционира! Ова беше многу возбудлива недела, полна позитивна енергија и ентузијазам. Од самите производители кои се светски тренд сетери, архитектите што ја движат оваа машинерија, па сè до посетителите од цел свет кои дојдоа да го искусат сето тоа и да го осетат бруењето на Милано со сите свои паралелни случувања“. >> 28 април 2017
ПОРТА
51
Саемот за мебел и осветлување во Милано 2017 низ бројки: 4-9 април, 343.602 посетители, 165 земји. Целокупниот спој од дизајн, наплив од идеи, фантастични архитектонски простори, зачинети со динамично па сè до меланхолично осветлување, фасцинираше во сите домени. А ние го дегустиравме токму така: како гурмани, посетители, професионалци, пријатели, архитекти, новинари... Не можевме да најдеме маана, напротив, ни недостасуваа перцептивни капацитети за целата таа крпеница од новитети. Како некоја традиција, а можеби и судбина, најинвентивната компанија за осветлување во светот „Инго Маурер“ (Ingo Maurer) секогаш нè пречекува при првиот наш чекор во престолнината на дизајнот. Во една од халите на Euroluce, која секогаш по некој случај ни е прва на нога, се протега импресивната поставка на германскиот дизајнер на светло. Додека нашата имагинација талкаше по формите на светилките, додека повторно бевме импресионирани од моделот Porca Miseria и од
Porca Miseria - Инго Маурер 52
ПОРТА
28 април 2017
Tимот на Порта 3 со Инго Маурер моделот Flying Flames, го забележувам лично господинот Инго Маурер, мојот идол, како стои токму таму. Веднаш сум до него, Инго е расположен за разговор, па тоа, со мојата сопруга и партнер Бојана Мирковска, го користиме на прав начин, брзо и експедитивно. ИМ: „Господине Маурер, многу ми е драго што лично Ве запознавам, ние сме од Македонија и пишуваме за списанието ’Порта 3‘,
и таму го претставуваме вашиот бренд во нашата продавница ’Смарт Ливинг‘“. Инго Маурер: „Па тоа е фантастично, отсекогаш сум сакал да ја посетам Македонија, мислам дека ќе биде одлична инспирација за мојот дизајнерски процес“. ИМ: „Во тоа сум сигурен, Ве чекаме на гости. Вашиот креативен процес е уникатен, на што се должи?“ Инго Маурер: „Предметот и неговата морфологија се круцијален сегмент, голата сијалица е мојот лајтмотив. По еден оброк шпагети и едно шише вино во Венеција, се вратив во мојот мал апартман, помалку пијан, и смртно се вљубив во таа обична сијалица. Одеднаш ја видов поезијата и чистата функција како виси од таванот... како вам ви се допаѓа саемот во целост?“ ИM: „Па според мене, саемот треба да биде некое интимно претскажување на иднината на дизајнот“. Инго Маурер: „Тогаш навистина сме осудени на пропаст, ова лудило и какофонија
Маса од карбонски влакна
дизајн
Ditre Italia1 на дизајни, проституирање на сетилата, не води кон ништо... “. И навистина, помалку меланхолични со дефокусиран поглед продолжуваме понатаму, гледајќи не во туку низ останатите дизајни и производители на убави нешта. Нешто во зборовите на Инго ја отвори пандорината кутија преку чија леќа многу повидливи станаа комерцијалните елементи, репетицијата и агресивната сетилна заситеност на дизајнот во добата на капитализмот. МИТ И СЕНЗАЦИЈА Но имавме и ние свои асови во ракавот, свои пречистителни станици, како гладни патници застанувавме да ги корегираме перцептивните дисторзии, да ги изостриме повторно нашите сетила. Panzeri - фантастичниот производител кој од светлосниот круг и линија направи мит и сензација во исто време. Oty Light, пак, изненадија со својата нова чиста архитектонска форма. Шпанските Vibia, кои го предводат архитектонскиот моментум и заедно со италијанските Flos покажаа што значи вистинска
архитектура. Во нејзиниот контекст, сплотени со просторниот дизајн на нивните павилјони, доминираа минималните форми на нивните светлечки тела, лесни, невидливи, нежни... Vibia одржа пристојна лекција по архитектура, урбан дизајн и боја, покажа дека ја познаваат работата многу подобро од нивните соиграчи, архитектите. Нивниот павилјон беше учебник за јавен простор и просторни димензии, кои на моменти ги засенија своите дизајни. Flos, пак, еден од најстарите и најмоќните играчи во доменот на професионално и декоративно осветлување, во преден план ги покажа своите фронтмени: Сарфати, Вандерс, Грчич и Старк. Formafantasma, студио за осветлување од Амстердам, се претстави во соработка со Flos преку нивната инсталација на кабли за струја, кои според нив треба да се потенцираат а не да се прикријат. Целиот павилјон наликуваше на архитектонски амалгам помеѓу Тадао Андо и метаболистите, кои материјализацијата ја користеа со многу префинет јазик. Нивниот павилјон, целиот излеан од бетон беше вистински храм на
Концептуално разбивање на класичниот кристален лустер
светлото. И оттука со притаен чекор, кој во неколку наврати прескокнуваше павилјони кои не успеаа да го надразнат нашето архитектонско либидо, се движевме во потрага по нови возбуди. Со суптилен темен тон, стакло и префинетост, му се доближуваме на павилјонот на Ditre Italia, италијанскиот производител на софи, кој зрачи со ексклузивност, но во исто време и смиреност на дизајнот. Прикриениот ретро изглед претопен со мистериозен елегантен манир, оддава дека токму комплексноста на бесконечните искушенија е двигателот, односно инспиративната патека преку која се презентира стилот и дизајнот. Веднаш е јасно дека се работи за привилегиран и ексклузивен вкус! Денот одминува со некое чудно темпо, човек многу лесно се губи во тие просторновременски инстанци кои павилјоните сами по себе во меѓусебна соигра ги креираат. И додека да трепнеш, додека да мине твојот израз во огледалото од Филип Старк или, пак, во водната површина на хоризонталната фасада на објектот на Фуксас, го напуштаме Ро упатувајќи се назад кон Тортона и Брера. Небаре таму ќе доживееме уште посилни сетилни дразби, назад во центарот на Милано, каде што наидуваме на генијални инсталации, поп-ап галерии, штандови за весници кои се трансформирани во барови на отворено. Токму на местото каде локалниот миланез токму вчера во мир го читаше својот утрински весник, сега стои ДЈ и забавува улична маса со даунтемпо звуци. Ова случување е вистински конгломерат на различни урбани процеси и хармонизирана соигра помеѓу компании, уметнички галерии и улични инсталации, кое го посетуваат огромен број луѓе, не само со цел да го видат саемот за мебел и осветлување, туку и да го доживеат градот со целата своја аура, која благодарејќи на инклузивноста на сите градски институции ја претвора ломбардиската престолнина во светска престолнина на дизајнот. n
Archibone 28 април 2017
ПОРТА
53
екологија
ДОАЃААТ РЕФОРМИ ВО СЕКТОРОТ ЗА ВОДА
Подобра услуга, помалку загадување и потенцијално повисоки цени
Водата за пиење во Македонија има прилично високо ниво на покриеност (~ 90%); но во исто време, постои високо ниво на исчезнатата вода (некаде помеѓу 30% до 75%, најмногу поради ненаплатена потрошена вода, протекување на мрежите и неовластено конектирање на водоводниот систем). Комуналните отпадни води постигнуваат само умерено ниво на покриеност. Од вкупниот број на 697.529 живеалишта (според пописот во 2002 година), 65% се поврзани со системот за јавна канализација, додека 21% од домаќинствата имаат септички јами, а другите имаат систем на неконтролирано испуштање на отпадните води. 54
ПОРТА
28 април 2017
С
ветот се соочува со криза за квалитетна вода како резултат на постојан раст на населението, урбанизацијата, промената на користењето на земјиштето, индустријализацијата, зголеменото производство на храна, зголемување на животниот стандард, климатските промени, лошите практики на користење на водата и испуштањето на непречистени отпадни води. Состојбите со животната средина, настанати како последица на несоодветно или непостоечко управување со отпадните води, претставуваат значителни закани за
здравјето, благосостојбата и економската активност. Водата за пиење во Македонија има прилично високо ниво на покриеност (~ 90%); но во исто време, постои високо ниво на исчезнатата вода (некаде помеѓу 30% до 75%, најмногу поради ненаплатена потрошена вода, протекување на мрежите и неовластено конектирање на водоводниот систем). Комуналните отпадни води постигнуваат само умерено ниво на покриеност, каде што сè уште постојат многу урбани средини кои немаат целосна канализациона мрежа. На национално ниво, канализационата мрежа се состои од 1.239 километри на гасоводи. Од вкупниот број на 697.529 живеалишта (според
екологија
пописот во 2002 година), 65% се поврзани со системот за јавна канализација, додека 21% од домаќинствата имаат септички јами, а другите имаат систем на неконтролирано испуштање на отпадните води. Комуналните отпадни води се голем прeдизвикувач за загадувањето на нашите водни токови. Тие носат големи количини од домашните отпадни води (од домашните активности), санитарни отпадни води од комерцијалните и индустриските објекти, заедно со атмосферската вода, водата што се излива како резултат на земјоделски активности и голем дел од нетретираните индустриски отпадни води. Ваквиот, мешан канализациски систем доведува до зголемени водни нивоа, кои во време на зголемени врнежи водат кон поплавени улици. Општинските отпадни води, пред да се испуштат, треба да се третираат во соодветни пречистителни станици за отпадни води. Доколку тоа не се стори, се нарушуваат водотеците каде што се испуштаат загадувачки супстанции, кои влијаат и врз површинските и врз подземните води (овие води се важен извор на питка вода). Загадувањето на општинските води го зголемува ризикот по здравјето на луѓето од инфекции и пренос на водни болести. Сепак, постигнат е мал напредок во општинскиот третман на отпадните води во изминатите неколку години. Постојат осум оперативни пречистителни станици во земјата, односно помалку од 15% од урбаното население е поврзано со соодветни капацитети за третман на отпадните води. Само две од овие (Струга и Куманово) служат на заедници со повеќе од 50.000 жители. Од десетте најголеми (> 50.000 p.e.) агломерации надвор од Скопје, само три се поврзани со соодветни ПСОВ: Куманово (100.000 p.e.), Струга и Охрид (120.000 p.e.).
ПРЕЗЕМЕНИ АКТИВНОСТИ ВО СЕКТОРОТ ЗА ВОДА Нашата земја како кандидат за членство во ЕУ презема мерки за постигнување на согласност со барањата на ЕУ во секторот за вода, особено во постигнување на согласност со барањата на Директивата за вода за пиење и Директивата за третман на урбани отпадни води. Барањата на ЕУ се целосно транспонирани во националното законодавство. Најновите проценки на потребите за инвестиции потребни за усогласување со барањата за собирање и третман на отпадните води се значително високи. Потребни се инвестиции од околу 750 милиони евра, со цел да се имплементираат националните и барањата на ЕУ во секторот за води (околу 530 милиони евра за системи за третман на собирање на отпадните води и 220 милиони евра за системи за снабдување со вода за пиење). Идните приспособувања на овие бројки е во тек во моментот, во рамките на проектот
финансиран од ЕУ „Развој на национална студија на води“. За потребните инвестиции, потребна е надворешна и национална поддршка. Надворешната поддршка ќе го намали почетниот товар на државата и индиректно на општините и комуналните претпријатија. Сепак, понатамошниот товар од работењето и одржувањето на системите за собирање и третман на отпадните води нема да биде предмет на надворешна поддршка, и комуналните претпријатија ќе треба да бидат во состојба да генерираат приходи за покривање на овие трошоци. Законот за води предвидува усогласување со транспонираните барања на ЕУ до 2030 година. Поддршката е преку Министерството за животна средина и просторно планирање, преку финансирање од ЕУ ИПА, за реформи во секторот води. Реформскиот процес започна во 2013 година со проект финансиран од ЕУ „Развој на национална студија за водни тарифи“. Еден од главните проблеми во секторот е фактот што, и покрај тоа што постои методологија за пресметување на тарифа за вода, поголемиот дел од комуналните претпријатија не ги пресметуваат нивните цени врз основа на тарифната методологија, главно поради недостаток на легислатива која ќе направи оваа методологија да стапи на сила. Наместо тоа, се практикуваат широко прифатени компромиси за утврдување на цените, резултирајќи со слаби резултати на водостопанските претпријатија и недостаток за покривање на трошоците. Функционирањето на давателите на водни услуги не се базира на економски принципи резултирајќи со тарифи кои не ги покриваат сите трошоци, особено во однос на собирање на отпадните води и нивно прочистување. Како водоводните компании можат да одржат добро ниво на услуги и да инвестираат во подобрување на системите ако приходот од надоместоците не е доволен? Тарифите треба да се базираат >>
28 април 2017
ПОРТА
55
екологија врз основа на финансиските и економските проекти со цел да се зголеми капацитетот на идниот развој на одржливи инвестициски услови, а не да се користат како политички сите засегнати страни кои се вклучени во проекти за вода, со цел да се инструмент. секторот за вода (вкл. Давателите на услуги имплементираат барањата на Директивата за Развиен е Акциски план за дефинирање на за вода и регулаторот) за задоволување на урбани отпадни води и Директивата за вода следни чекори во процесот на реформи. новите барања: 1) „Реформи во системот за за пиење, и да се подготви Владата на Акцискиот план предвидува: водоснабдување, собирање и третман на Република Македонија за процесот на • Донесување нов закон за утврдување на локално ниво“, спроведуван од Ептиса; 2) преговори со ЕУ за овој сектор; 3) „Реформи цените за вода (кој е веќе донесен во „Развој на Националната студија за води“, на централно ниво“, спроведуван од Niras, јануари 2016 година). имплементиран од страна на Ептиса, проект проект кој треба да го зголеми капацитетот • Воспоставување на регулатор во кој треба да развие пакет на на регулаторот. постојната Регулаторна комисија за инструменти за Проектот „Реформи во системот за енергија (2016) и јакнење на капацитетите водоснабдување, собирање и третман на на давателите на водни локално ниво“ ги поддржува ̞ ̤ Ø Õ услуги во текот на 2016 националните власти, градот Скопје и ̡ ̡Õ ̧ ̧̣̞̩ ̨ Ø̟̥ñ̯̩̬õ̤ḭ̞̀ò̬ðì ë̫è̫é̱ç̫ā̬ò̮ ̩̞ Ö ̥ÝØéį̀ ̰̬̩̞ W RRDLAYD ̦ ð̬ година, вклучувајќи и Ø општините Тетово, Гостивар, Битола, Õ Y ̥ ̰ṉ̃öò̫̫ò ì ̟ ̡ ̩ ̮ Ø ç ATE WAT ̡ ̨ò̥̮̫ ̥̬ ̩Õ̦̫̞îìÕ ëð̫̤̬ò̬̬ ̯ é̬̬̰í̱̫̯ ̰éì̮ ̬í ̮̮îèí̯̱̮ ï̮òðñ̮̫!é ̩ð̮ì̫ò ñ̬̯̬éìëçìí̱̬çï̫ изготвување на процедури, Кавадарци, Струмица, Дебар, Радовиш, Ú̟̞̱ç̫Ñ ̟ ̞ ̧ ̦ Ú ̰ò ̫ ìò í ì ð ̬ ̰ ̥ é é ̮ ̫ ̮ ̬ ̧ ç ̮ í ï ò ̬ ̫ Ô ð ̫ ò ̦̥òÕ̫ é̴̥̮̫̫ ̮é ñ̯ì̯̮é̫òíî̫î ̱ ḛ̫̈ ǫ̮̬̫̀ñ ç̫̬í̯ ò̮̫ ̰̬ ̮êéìðç̬̬̰̬̱āç̫̬ ̫é̱ç̫ā̬ ð̫ ̯̬íìò̬ï ìð ìðò̫̬ ð çì̮çéðìì ̮ì í̫í̮ ñ̮̰î̬éìô̫ ð ì ð̫ ̰̮̰̬éðìò̬ ë̬ï̸ì насочување, бизнис Кичево, Берово и Куманово, во ̮ è ì ̬ ò ð ̫ ë ô ̫ ̫ ë ̫ é æ ̴ ð ̟̮é̫ ̮ ̯ ̬ ̫ ̱ ñ ò̫ ̫ā̬ ð̫ ̰òìò̬ ð̫ é̮ï ð ñ̯ì̯̮é ìï ñ̯ìñ ̬éð̮̰ò̫ç̬ ̯̮é̫ò̫ ð̬ ì ð̫ ̮æî̫ ì̯̬íòòð̮ é̮ ç̫öì̮ò ̬ò̮ ë̫è̫é̱ç ò̮ ̯̫̰ò̬ ̮é ë̬ï̸̫ ðìò̬ ̯̬̰̱̯̰ì í̮ì ì ö é é ā ̰̫ï̮ ð̫ ñ̯ ̮é̫ò̫ ̰̬ é̮̰ò̫ç̱ç̫ ̫ ñì̬ā̬ ì ̮é̯ê̱̱ç̫ ìí̫ ð̫ ò̮̫ ̫ ñ̮ç̯ë̫ðì ̰̮ ç̮ планирање и планирање за реформирањето на даватели на ë ò ç ñ̯̫ö̫ā í̫é̬ öò̮ ā̬ò̮ ̰̮ õḭ̀ò̫ ç̮é̫ ð̫ ̬ ̮̯è̮ïð̫ î̮èḭ̀ ̫ æ ×̫ ̰ð̫æé̱ç ̮ò ð̫ ç̮é̫ò̫ ñ̮ò̯̬ òñ̫éðìò̬ ç̮éì ò ̮ приспособување на услуги кон ефективно и ефикасно ð̫ íç̫îìò̬ ë̫ ̱ñ̯̫ç̱ç̫ā̬ò̮ ̰̮ ì ḭ̀ò̮ í̫í̮ тарифите. управување на снабдувањето со вода, • Воведување нова тарифна собирање на отпадните води и ̬ ̮ö̱ç̫õìò методологија од страна на прочистување. За повеќето јавни ̟ì̬ ñ̮ò̯ ̫îí̫ ç̮ ̫ ̰ò̬ ç̫êð ò ë̫ ò̫ Úðì̸̫ ̡ç̯̮ñ̰í̫ ̫õìò̬îðì ñ̯̮ô̬̰̮ ð̫ ̮ï̱ð̫îðì ð Регулаторот (2016-2017) комунални претпријатија ова е ̫̚çðìò̬ íòì̸̫ ̸̫ ìï̫̫ò é̯öí̫ò̫ ̮ò ëæ̬é̱ç̫ ë ò̯̬æðìò̬ é ̬ ̮ æ ñ ̮ ̫ ̸ ì ̯ ñ ò ñ̯̬ ë̫ ñ̮ ̱íò̱̯ðì î̮è̫ ç̮ ̰̯̬ḛ́òç̫ ìì ì ñ̯̬í̱ èî̫çð̫ò̫̮ ̱ ̰̮ ̮òñ̫éðìò̬ ìðó̯̫̰ò̯ ̫̹̫ā̬ ð̫ ̬ò ̰òç̮ò̮ ë̫ ñî ìðç̬̰òìô éé̯ê̱ç̫ земајќи го предвид нивото на голем предизвик. Затоа, потребни ̸̯̫ ̱ñ̯̫ç̱ç̫ā ̣ìðḭ̀ò̬̯ ̯̬éìð̫ ì ̯̫ëç̸̮ ̨̮ ñ̯̫çìò̬ ç̮éì ̦̮̫íò̫ ï̯̬ê̫ ì èì ñ̮ ̬ ò ̫ ̰ ò í ò ì ̬ ̫ í ̮ ð ò ̯ ò ̬ ñ ̮ ð ï ç ̮ ̰ ̫ ì ì ì ̮ ë ê ̬ò ā̬ è òìò̬ í̫ð̫îìë̫ôò ̰̮ ñ̮̰ò̸̮ðìò̬ ̰̮ëé̫ç̫ā ̮ ñî̫ðì̯̫ ̫íòìçð̮̰ ç̮òð̫ò̫ ïð̮è̱ ë̫ êìç̮òð̫ ñ̯̮̰ò̮̯ð ðç̬̰òìôììò̬ òì̬ ̯̫æ̮òò̫̬îðì ̰ò̫ðìôì èì достапност и првиот се реформи за поддршка на ð̫ êì ̫ ̫ ò ò ì ̰ ì ò ì ì ò õ ̫ ö ̰ ̮ ̯ ̫ ì ñ ë ì õ ð̫ ñ̯̬ ñî̫ð ò ì ̰̬ ̰̮ ̫ ç̫̰ ì ë̫ ̰̯̬éìð̫ ̮é̯ê̱ç̫ò̫ ë̫ ð̮çìò̬ ñ̮ç̯ë̫ðì ìò̬ ̰̯̬éìð̫ ë ̬̯̫ôìì ̫̫ ð ñ̮éè̮òç̱̬ç̰òìôìì ç̮ ò̬îð регулаторен процесен циклус подобрувањето на финансиската и ìéðìò̬ è̬ ñ̯̬õḭ̀òì ̸̫̹ì è̮ ìðç ̫ðìôì ì ò ̰ ï ì ̬ ð ë î ̬ ò ì ì ô ̰ò̫ðì ñ̯̬õḭ̀ò ë̫ôì̮ðì ï̯̬êì ò ̬ò̮ ì çîì̸̫ðì í̫ð̫îì ñ̫í ̱õ̬̰òç̱ç̫̫ ñ̯̬éçìé ò̫ ̰̯̬éìð̫ ̬ (поднесување план за тарифно оперативната ефикасност, и да се òð̫ ̥ñöòìðì̮ò̮̯éìð̫ôì̸̫ ð̫ ç̯ë êìç̮ ç̮ í ̬ ò ì ì ô ìðç̬̰òì приспособување и барање за осигура дека ЈКП се во можност одобрение на тарифи) во текот истовремено да ја одржуваат на 2017 година. постојната мрежа и да ги • Новите тарифи стапуваат на сила: имплементираат и одржуваат на 1 јануари 2018 година за новите инвестиции кои се областите со повеќе од 10000 потребни за усогласување. ā жители (~ 90% од населението); на Јавните комунални 1 јануари 2019 година за области претпријатија во моментов со помалку од 10000 жители (~ 10% функционираат со ниско ниво од населението). на ефикасност. Реформите ќе ̧ØÖ ̨ Предложената реформа е базирана водат кон поголема Ø ̤ ̛̥̞ Ø̟ ÔØÕ ̧̦ на најдобрите искуства и практики од ефикасност, особено во Ø ̤ ̨ ÔØÕ ̨̟ ЕУ земјите, со соодветно однос на: приспособување на националниот • намалување на неконтекст. Активно вклучување на приходата вода; избраните водоводни претпријатија и • подобрување на стапката на наплата; други релевантни институции ќе • одржување на трошоците за Проектите се финансирани од обезбеди дека резултатите и структурите инфраструктурата за оптимално ниво; Европската Уни а се одржливи – односно веродостојни, реални • намалување на трошоците поврзани со и одговараат на локалните услови, ресурси и човечки ресурси како процент од вкупните можности. трошоци; Спроведувањето на реформите во овој • задржување на достапните тарифи; сектор се очекува да резултира со: • мотивирање на ефикасно користење и • На национално ниво: одржливост на намалување на загадувањето. инвестициите во секторот за вода, кои Сите три проекти се дизајнирани со цел да „Реформи на системот за овозможуваат да се генерираат доволно донесат значителни промени во начинот на водоснабдување собирање и приходи за финансирање на државните кој давателите на водни услуги работат и пречистување на урбаните обврски (8 милиони евра годишно). придонесуваат за подигање на јавната свест, отпадни води на локално ниво“ • На локално ниво: да се обезбеди прилив перцепција, став и волја да се плати за „Разво на национална студи а за на приходи кои можат да ги покријат подобрувања. Јасно е дека управувањето со трошоците за работење, одржување и води“ водите во земјата минува низ фундаментална амортизација и, каде што достапноста промена. Вклученоста на сите институции, Проектите се имплементирани дозволува, отплата на кредити (главно за даватели на услуги за вода и јавноста е од од Ептиса големите градови). клучно значење за постигнување на целите. Трите проекти ќе работат заедно за да МЖСПП, со поддршка на ЕУ, во 2016 обезбедат основа за постојан дијалог меѓу година започна со имплементација на три властите и јавноста. n ̬éìð̫ ìç̮òð̫ ̰̯̬ ̰òç̮ ë̫ ê ā ̣ìðḭ̀ò̬̯̮̰ò̮̯ð̮ ñî̫ðì̯̫ ì ñ̯
̫ ̱î̮è̫ ̫̫ò ç̫êð ̯ìíî̱õ̬ðì ì ç̮éì ìï ñ ë̫ ̮òñ̫éð ìôìò̬ ìòð í̮ì ̰̬̮ò̰ò̯̫ð̱ç̫ ̰ò̫ðìôì î òìò̬îðìò̬̬ í̫ðô̬î̫̯ììò̬ ̱ î í̸̮ æ̬ëæ̬éð̮ ̰̬ ò̮ ñ̯̬õḭ̀ ìò ïì ̮éì ñ̯ì ö̫çðìôìò̬ ó̫æ̯ìí ̱öò̫ ç̮ ̯̬íìò̬ ì ç ̬ ò ì ð é ̫ ̮ ̮òñ ñ̯̮é ̰̬ ḭ̀ñ ̱ç̫ā̬ò̮ ̰̮é é̮ï̫̹ìð̰òç̫ò̫ ò õḭ̀ò̫ ç̮é̫ í̸̮̫ ì ð̫ ̱ñ̯̫ç ̫ ̫̫ ̱ ̰̬ ̯̫æ̮òò̫ò ̮òñ̫éð̫ò̫ ç̮é̫ðìôì ñ̯̮ìëç̬é̱ç ò̮ç ïð̮è ò ̰ ̟̮ ï̮ï̬ðó̫æ̯ìíì í̮ì ̸̫ õì ̯̬õḭ̀òìò̬îðìò̬ ̰ ̦ îì ̩ì̬ ̰̬ ï̫ ìë̫ôḭ̀íì̮ò ̰ḭ̀ò̬ï ð̫ í̫ð̫î
+
6
8
56
ПОРТА
28 април 2017
ПОРТА
хортикултура
ЗЕЛЕНА ИНФРАСТРУКТУРА
ПОТРЕБА ЗА ПОЗДРАВ ЖИВОТ
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум. инж. Биро проект, Скопје
З
елената инфраструктура претставува релативно нова тема и за неа сè уште нема широко прифатена дефиниција, како и податоци и сеопфатни анализи. Подржувачите на оваа тематика во развиените држави се борат на секој начин да ги внесат нивните норми во проектирањето на урбаните средини, со цел исползување на голем број придобивки кои 58
ПОРТА
28 април 2017
зелената инфраструктура ги носи сама по себе. Финансискиот аспект на оваа тематика е доста сложен, но придобивките се далеку поевтини и поефикасни, на пример - од решенијата со формирање на атмосферска канализација. АСЛА (Американско здружение на пејзажни архитекти) има објавено податоци од преку 450 студии во кои се опишани успешни примери за примена на техниката на „зелена инфраструктура“, кои ја прибираат и преработуваат дождовницата по природен пат, пред таа да истече во канализација во форма на загадена вода. Нивните испитувања се насочени кон спречување на загадувањето
на урбаната средина со помош на примена на потполно природните процеси назад во урбаните средини. Еден од најважните предизвици за заштита на животната средина со кои се соочуваат градовите во развиените земји, е одводнувањето на загадената дождовница од изградените површини како што се патиштата, паркинзите, крововите од објектите и сл. Според проценката на Американската агенција за заштита на животната стредина (Environmental Protection Agency), во САД годишно повеќе од десет милијарди галони нетретирана вода ја контаминира природата.
хортикултура Овој проблем е особено изразен во градовите во кои на ист начин се дренира канализацијата и атмосферската вода. Во случај на големи порои, овие системи се со преполн капацитет, а како резултат на тоа настанува преливање на канализацијата. Со примена на зелената инфраструктура како мал дел од урбаното проектирање, со едноставно пресликување на начинот на кој природата се однесува со третирање на дождовницата, со нејзино филтрирање со помош на моќта на растенијата и земјината
површина, како средина која ја апсорбира целокупната вода, овие проблеми може да бидат решени, наместо секоја вода да се третира преку систем на цевки и резервоари. Филаделфија, како еден од градовите во САД кој мака мачи со преоптовареноста на атмосферската канализација, од оваа година започна со примена на мерки за трансформација на 30% од непропустливите површини кои го оптоваруваат канализациониот систем на градот. Според очекувањата, таа површина е доволна да сочува околу 80% од водата. Елементите што се дел од зелената инфраструктура познати како Bioswales, кои имаат за цел да ја дренираат атмосферската вода, се најчесто застапени елементи заедно со дождовните градини и зелените кровови. Во нивниот случај станува збор за озеленети канали и површини кои ја апсорбираат атмосферската вода која се филтрира на природен начин преку зеленилото. Зелената инфраструктура подразбира примена на зелени кровови, зголемено блоковско зеленило, зеленило вдолж патиштата, дождовни градини, вертикални градини, се со цел третирање на дождовницата не само како потенцијален загадувач, туку како ресурс за во иднина. Добро испланирана зелена инфраструктура претставува зелен пејзаж, заштета на енергија, чист воздух, регулирање на температурните разлики во урбаните средини, намален степен на заболувања, отворање на работни места. n
ПОРТА
технологии
ЗОШТО „ТЕСЛА“, „SPACE X“ И „SOLARCITY“ СЕ ТОЛКУ УСПЕШНИ?
Илон Маск остварување на детските соништа Свесен дека на светот му се потребни радикални промени, засегнат и загрижен за уништувањето на животната средина од фосилните горива, како и фактот што Земјата станува претесна и со лимитирани ресурси за брзорастечката популација, Маск се чувствува повикан и одговорен да преземе нешто големо Даниела МЛАДЕНОВСКА
К
реативен „работохоличар“ со огромна страст да го спаси светот. Тоа е накратко описот за еден од најгенијалните инженери и претприемачи на денешницата – Илон Маск, човекот што стои зад компаниите „Тесла“, „Space X“ и „SolarCity“. Секоја од овие
ПОРТА
технологии
b3
компании гради индустриска револуција, а сите заедно ја пишуваат историјата. Биографијата на Маск и успехот на неговите компании е предмет на интерес на многу експерти од областа на менаџментот. Речиси сите се сложуваат со следната констатација – тој е осуден на успех затоа што неговите фабрики се остварување на неговите детски соништа. Детето со канадски корени родено во Јужноафриканската Република во 1971 година, уште на своја 12-годишна возраст добива награда за компјутерска игра која самиот ја креирал. Свесен дека на светот му се потребни радикални промени, засегнат и загрижен за уништувањето на животната средина од фосилните горива, како и фактот што Земјата станува претесна и со лимитирани ресурси за брзорастечката популација, тој се чувствува повикан и одговорен да преземе нешто големо. Се враќа во Канада, земјата на своите претци, каде завршува факултети по физика и бизнис, а потоа за земја каде ќе ја гради својата кариера ја избира САД, Калифорнија, односно познатата Силиконска долина. Првата голема успешна приказна е „Тесла“ - сонот за електричен автомобил. Фабриката „Тесла“ во Фримонт, Калифорнија, е една од најмодерните и најиновативните фабрики за
автомобили во светот. Комплетниот простор „Тесла“ го купува од друга автомобилска компанија во 2010 г. (General Motors и Toyota New United Motor Manufacturing, Inc NUMMI), но комплетно го реконструира според својот производствен процес и потреби. Првиот модел на Tesla S се појавува во 2012 година, и претставува возило за кое претставниците на џет-сетот чекале ред за нарачка, а денес
фабриката има капацитет да произведе 100.000 возила годишно. Интересен е фактот што првите прототипови на ова возило, кои требало да се тестираат низ улиците на градот, имале вграден лажен ауспух, со цел да не се предизвикува конкуренцијата и вниманието на јавноста. Производот бил навистина перфектен, но секојдневно се усовршувал. Најмодерна технологија, беспрекорен >>
28 април 2017
ПОРТА
61
технологии
компјутер, сензори кои ги следат сите функции. Свесни за одредени „недостатоци“ на првите веќе продадени возила, тимот без никави поплаки или барања од клиентите пристапува софтверски во компјутерот на возилото, и буквално преку ноќ му додадава дополнителни опции. Сопственикот веќе следното утро го чека изненадување за кое не е свесен како се случило. Затоа, многумина со право велат дека Маск комплетно ја смени
нашата претстава за автомобил – онаков како што отсекогаш сме го знаеле. Дека соништата можат да станат стварност, зборува и самиот ентериер на фабриката и заштитните бои на компанијата кои не случајно се црвената и белата. Причината е едноставна – Маск едноставно замислил дека фабриката треба да изгледа како работилница на Дедо Мраз. Компанијата „SpaceX“, основана во 2002 година, е втемелена на неговиот сон да се
освои вселената, поточно да се пронајде алтернативно живеалиште за Земјата. Познато е дека во реализацијата на оваа своја идеја, Маск безрезервно се вложил не само како менаџер и претприемач туку и како физичар. Постојано учи и истражува за технологијата на материјалите, термодинамиката и сл., заедно со својот најдобар тим инженери. По милијарди вложени средства, многу неуспешни обиди за лансирања, состојби на работ на банкрот за компанијата и сл., тој успева да се издигне како Феникс и да ги забележи првите но навистина револуционерни успеси со својата вселенска програма. Станува единствена приватна компанија во светот која лансира комерцијални сателити во вселената. На почетокот на годинава, поточно во февруари, компанијата за првпат лансираше своја ракета од комплексот за лансирање 39А на Вселенската станица Кенеди на Флорида, кој првобитно бил изграден за вселенската програма Аполо во 60-тите години на минатиот век. Дестинацијата беше Вселенската станица Мир, а мисијата успешно завршена. Набрзо потоа, на прес-конференција, компанијата објави дека 2020 гдина е нивниот таргет за мисијата Red Dragon (црвениот змеј), односно патувањето на Марс.
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
ПОРТА
Иако досега многупати компаниите на Маск ги пробивале роковите, кои за своите следни достигнувања ги ветиле пред јавноста, сепак мора да се признае дека секогаш ја исполниле целта и никогаш не потфрлиле со ниту еден проект. Во биографијата за Маск напишана од Ешли Ванс во 2015-та, опишан е неговиот карактер и неговиот однос кон соработниците. Особено е интересен фактот што тој директно ги интервјуира не само кандидатите за клучните позиции, бидејќи смета дека секој член на тимот е важен. Неговата база на регрутирање кадри се потпира, главно, на два извори – конкуренцијата и најпрестижните универзитети каде главни предмети се физиката и аеронаутиката. Многу способни инженери од НАСА, тој успеал да ги земе во својот тим поради креативноста и иновациите
што тој им ги нуди (или исполнување на соништата) наспроти крутите строго пропишани, тешко менливи процедури во националната вселенска агенција полна со бирократија. Секој новопримен инженер добива буџет за самиот да ја опреми и уреди својата канцеларија (вклучувајќи и монтажа на канцеларискиот мебел и сл.), со цел секој поединец да работи во пријатна и персонализирана работна средина. Сепак, ако треба да се дефинираат условите за работа, притисоците, роковите, тогаш во компаниите на Маск „спартански“ е можеби благ збор. Интересна е приказната на Гвин Шотвел, госпоѓата која е CОO (Chief Operating Officer) и претседател на компанијата „SpaceX“. Оваа исклучителна жена чија специјалност се машинството и применетата математика, за моментите кога ѝ
било јавено дека ја добива работата во компанијата на Маск вели: „Веднаш откако ми беше кажано дека сум ја добила работата, прво што направив беше реконструкција на бањата во мојот стан, бидејќи ми беше јасно дека треба да се збогувам со мојот приватен живот“. Таа е најзаслужна за подемот на компанијата и за развојот на ракетите Falcon. Денес, оваа 54-годишна госпоѓа се наоѓа на листата на Forbes меѓу најмоќните жени на светот. Приказната за „SolarCity“, барем засега е последна во оваа низа. Првиот револуционерен е соларниот покрив за кој веќе во оваа година е најавена комерцијалната продажба. Тоа не значи само револуција во градежништвото, туку и многу повеќе од тоа. Се создава еден нов концепт за домот, сосема различен од традиционалниот. Домот веќе не е само комфорен и функционален објект за едно семејство, туку истовремено и постројка за производство на електрична енергија. Веројатно, сосема за крај, најприкладна е девизата што веќе звучи излитено и ја употребуваат многу претприемачи кога го опишуваат својот пат до успехот - идејата е на прво место, а парите доаѓаат на крајот. Можеби во примерот на Маск најсликовито се гледа значењето на една идеја, а уште повеќе силната посветеност таа да се реализира. n
28 април 2017
ПОРТА
63
eнергетска ефикасност
ПАСИВНО КОРИСТЕЊЕ НА СОНЧЕВАТА ЕНЕРГИЈА ВО АРХИТЕКТУРАТА (2) СЕДУМ МЕТОДИ ЗА ЗАШТИТА ОД СОНЧЕВОТО ЗРАЧЕЊЕ ВО ЛЕТО
Слика 10 - Надворешна подвижна завеса д-р Петар НИКОЛОВСКИ, дипл.инж.арх. АДАПТАБИЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ Локација на адаптибилни и подвижни елементи за засенчување може да биде однадвор (Слика 10), однатре (Слика 11) или помеѓу стаклата на двослојни или трослојни стакло-пакети. Особината за адаптибилност најчесто се користи во внатрешните системи за засенчување, кадешто манипулацијата е веднаш применлива и релативно ефтина. Но, во одредени случаи може да се примени и во надворешни системи. Надворешната адаптибилност овозможува, кога тоа е потребно, да се исклучи или дозволи влез на сончевата светлина и особено е ефикасна во случаите со ниско-аголната директна, дифузна и рефлектирана сончева светлина. Со мали прилагодивања може да се употребува во повеќето европски климатски региони. Сепак, успешноста зависи од 64
ПОРТА
28 април 2017
Слика 11 - Внатрешна подвижна завеса правилната употреба. Доколку системот е автоматизиран, тој може да биде скап. Автоматизација на надворешните адаптабилни системи за засенчување, за да бидат енергетски ефикасни, главно зависи од климатските услови и зачестеноста на прилагодувањата. Наполно автоматизирани надворешни адаптабилни системи за засенчување може да ги намалат сончевите топлински добивки низ прозорците за 10% од доспеаните на фасадата. Основниот проблем кај овие системи е нивната трајност: тие бараат повеќе одржување и поправки отколку фиксните или внатрешните системи. ЕЛЕМЕНТИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ ВО СРЕДИНА НА СТАКЛО-ПАКЕТ Овие елементи за засенчување може да бидат монтирани меѓу стаклата на двослојни стаклопакети. Вакви елементи во комбинација со
Слика 12 - Засенчување во средина на стаклото ефикасна вентилација кон надвор ги обединуваат предностите на надворешното и внатрешното засенчување. Топлинските добивки се расејуваат кон надвор, а елементот за засенчување е заштитен од сериозни надворешни климатски услови. Засенчувањето во средина на стакло-пакетите особено ефикасно го контролира сончевиот сјај (Слика 12). Обично во употреба се хоризонтални рефлектирачки жалузини или ролетни. И двата елемента го контролираат сјајот, но рефлектирачките жалузини се поефикасни во превенција на сончевите топлински добивки. ЕЛЕМЕНТИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ НА ВОВЛЕКУВАЊЕ Вовлекувачките елементи за засенчување може да бидат вовлечени во горниот или страничниот дел на прозорец или целосно деактивирани. Внатрешните ролетни и завеси
eнергетска ефикасност спаѓаат во оваа категорија, како и надворешните елементи како што се тенди, жалузини и ролетни. Овие елементи ја исклучуваат контрадикторноста помеѓу одбрана од сончевото зрачење во лето со засенчување и пристапот на сонцето во зима. Нивната употреба единствено може да биде компромитирана со барање за проветрување во периодот на прегревање, кога постои потреба од целосно засенчување. Сепак, овие елементи може да бидат дизајнирани на начин со кој се минимизира овој конфликт. ВЕГЕТАЦИЈА Ефектот од засенчување со вегетација во голема мера зависи од видот на растенијата (дрвја, грмушки или винова лоза), типови, како и староста на вегетацијата. Овие фактори зависат од видот на листовите и густината на вегетацијата. Во случај на листопадните растенија, густината се менува од сезона до сезона. Според истражување на Givoni, вегетацијата влијае на внатрешната температура и ладилниот товар на зградите на различни начини, односно: 1. Високите дрвја и перголи на мало растојание од ѕидовите и прозорците ќе обезбедат сенка, но без значително намалување на вентилацијата. 2. Виновата лоза на ѕидовите и високите грмушки во близина на ѕидовите ќе обезбедат сенка но и ќе ја намалат брзината на ветерот кон ѕидовите. 3. Температурата на воздухот во близина на надворешноста на фасадата на зградата е намалена, со што се намалуваат и кондукцијата и инфилтрацијата на топлинските добивки. 4. Теренот околу зградата засаден со вегетација го намалува рефлектираното сончево зрачење и долгобрановото зрачењето од теренот кое се емитира кон ѕидовите, а со тоа се намалуваат и сончевите и долгобрановите топлински добивки. 5. Вегетацијата околу кондензатор на клима уред за ладење во зграда може да ја намали температурата на околината, подобрувајќи ја ефикасноста на системот, така што се троши помалку електрична енергија за ладење, испорачана на зградата. 6. вегетацијата на источна и западна страна на зградата може да обезбеди ефикасна заштита од сончевите добивки во текот на летото. Во текот на шпицевите во летните денови, средната температура на ѕидовите засенчени од дрвја или комбинација на дрвја и грмушки може да се намали до 15°C. Виновата лоза искачена на фасаден ѕид може да ја намали температурата и до 12°C. Но, под одредени услови изолацискиот ефект на вегетацијата може да ги неутрализира ладилните ефектите од нејзината функција за засенчување. Во
регионот на Медитеран просечната надворешна површинска температура на бел ѕид е до 2°C пониска од просечната температура на воздухот. Затемнување на ѕидот со зеленило може да биде контрапродуктивно, бидејќи долгобрановите топлински загуби на ѕидот ќе бидат редуцирани. Еве зошто е од голема важност бојата на ѕидот, како и растојанието помеѓу ѕидот и вегетацијата. НАПРЕДНИ СИСТЕМИ ЗА ЗАСТАКЛУВАЊЕ Сите напредни системи за застаклување на некој начин влијаат на минувањето на светлината и топлината низ стаклото. Нивните перформанси се оценуваат во однос на рефлексијата, aпсорпцијата, пренесувањето и емисијата. Aпсорпцијата се однесува на способноста на некој елемент да го апсорбира сончевото зрачење, а рефлексијата да го рефлектира зрачењето. Емисијата сe однесува на емитираното зрачење и таа е исто што и апсорпцијата на зрачењето за иста бранова должина (температура). Овие својства се однесуваат на површината на некој елемент, транспарентен или нетранспарентен. Пренесувањето (во градежна физика познат термин: коефицент на пренос) се однесува на способноста на телото да го пренесе зрачењето и е во функција од дебелината како и од квалитетот на површината. Тоа се однесува само на транспарентните или проѕирните елементи. Коефициентот на пренесувањето низ елементот за застаклување е од основно значење за пресметка на ладилниот товар. Тој се состои од три компоненти: пренесувањето топлина, пренесувањето светлина и вкупното сончево пренесување. Коефициентот на пренесувањето (често се нарекува Соларен фактор, Слика 13), е долгобраново зрачење емитирано од објекти и дифузно зрачење од
небескиот свод и земјата, кое минува низ застаклениот елемент. Пренос на светлината се однесува на видливата компонента на спектарот на сончевото зрачење кое минува низ застаклениот елемент и го одредува количеството на пренесената дневна светлина. Вкупното сончево пренесување се однесува на директната компонента на сончевото зрачење и на апсорбираното и реемитираното долгобраново зрачење низ застаклениот елемент кон внатрешноста (g - вредност). Напредните системи за застаклување се користат како топлинска изолација за намалување на топлинските загуби во грејната сезона но и како заштита од топлинските добивки во лето, како елемент за засенчување. Може да бидат соодветна алтернатива на традиционалните техники за засенчување или како опција за подобрување на случаи на згради со недоволно или никакво засенчување. Со примена на надворешни стакла обоени во целата маса или од надворешна страна третирани со филмови или премази, добиваат можност за селективно пропуштање на сончевото зрачење. Надворешната површината на селективното застаклување на различни начини одговара на зрачењето на различни делови од спектарот. Во зависност од потребите за греење или ладење, ултравиолетовиот, инфрацрвениот и видливиот дел од сончевиот спектар реагираат секој одделно. Селективноста може да се однесува на пренесувањето, апсорпцијата и рефлексијата на зрачењето. Во стаклопакетите се вклучени обоени (затемнети) стакла, стакла со рефлектирачка површина, со нискоемисивни премази, “сензитивни“ и призматични, со холографски филм итн. Технологијата за натамошно усовршување на системите за застаклување се развива брзо со развој на науката за материјали, но многу >>
Слика 13 - Соларен фактор
28 април 2017
ПОРТА
65
eнергетска ефикасност обезбедување засенчување или да ја рефлектираат светлината која паѓа под екстремен агол, како што е сончевото зрачење под низок агол на западната фасада. Дифракција на светлината во холографските оптички елементи е предизвикана од мрежни зони вградени во стаклото кои работат само под избраниот агол на сонцето, на тој начин овозможувајќи селективно пренасочување на светлината.
Слика 14 - Надворешен елемент за засенчување (десно) со призматична компонента (детал лево) напредни видови стакло сеуште се во фаза на испитување а нивната примена е ограничена. На пример, фотохроматско стакло интензивно се користи за очила за сонце но речиси воопшто не и за градежни цели. Прв начин на застаклување, развиен за контрола на засенчувањето, се затемнети стакла, кои имаат можност само минимално да го намалат продорот на сончевите топлински добивки. Од една страна значително го намалуваат интензитетот на дневната светлина, но истовремено го менуваат и колоритот на визурата од внатрешноста. Рефлексивното застаклување ефикасно ги намалува сончевите топлински добивки, но исто така ја намалува и видливата светлина. Застаклувањето со ниска емисија (“Low E” стакло) пренесува до 80% од светлината падната врз него, во споредба со еднослојното застаклување со прозрачно рамно стакло кое пренесува 85%. Првенствено се користи во згради каде постои проблем со топлински загуби. Стаклата со ниска емисија имат висока апсорпција на сончевата бранова должина, особено во видливиот дел од спектарот, но истовремено и ниска емисија на долгобрановото инфрацрвено зрачење. Сензитивни стакла или “хромогени стакла“ (наречени и “паметни стакла“) се селективни во пренесувањето на зрачењето. Постојат три основни вида: оние кои реагираат на температурни промени (термохромни), оние кои реагираат на светлински промени (фотохромни) и оние кои се менуваат како одговор на електричен сигнал (електрохромни). Електрохромните стакла може да се приклучат во систем на управување со енергија на зграда. Фотохромните стакла може да се користат за целите на соларна контрола (на пример, за дневна светлина), но не и за термичка контрола, бидејќи тие реагираат само на зрачење во видливиот дел на спектарот. Не може да се 66
ПОРТА
28 април 2017
произведуваат во процесот кој користи стандардно рамно стакло, и затоа се скапи. Призматичното застаклување може да ја прекршува, исто така и да ја рефлектира светлината, па според тоа може да се користи за дневна светлина, за засенчување, или и за двете. Ова застаклување е повеќе полупроѕирно отколку транспарентно, и главно се користи во случаи каде дневната светлина има приоритет над непречен поглед. Значи, станува збор за најсоодветно високо ниво на застаклување. Неговата главна функција е пренасочување на влезната светлина кон таванот или кон задниот дел на собата, но може и да го намали сјајот, па често е дел од двослојното застаклување (Слика 14). Трошоците за производство на призматични стакла се високи, но истите имаат тенденција да паѓаат со нивната сè поширока примена и достапност. Холографските оптички елементи (Holographic optical elements - HOE) не го попречуваат сончевото зрачење туку го расејуваат (дифракција) и затоа главно се користат за потребите на дневна светлина. Сепак, тие може да бидат дизајнирани за
ДОПОЛНИТЕЛНО ВГРАДУВАЊЕ НА СИСТЕМИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ ВО ПОСТОЕЧКИ ЗГРАДИ Системите за засенчување често дополнително може да се монтираат во постоечки згради, особено кога постои програма за комплетно енергетско санирање. Постоечките згради со прекумерно застаклување и слаба изолација против сончеви топлински добивки ќе добијат најмногу корист од ваков приод. Бидејќи на располагање постои широк спектар и обем на системи за засенчување, за секој посебен случај може да се најде соодветен систем. При санирањето може да се употребат повеќе типови засенчување, внатрешни или надворешни. Најчесто се употребуваат внатрешни елементи, како што се ролетни и завеси, но и холографски и призматични филмови и премази. И покрај тоа што надворешните системи за засенчување се поефикасни кога се составен дел на проектот уште во градбата, тие можат да се вградуваат и во постоечките објекти. Во многу случаи се користат за подобрување на термичките својства на прекумерно застаклените згради. КОНТРОЛА НА СОНЧЕВОТО ЗРАЧЕЊЕ СО ЕЛЕМЕНТИ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ Со цел да се контролира продорот на зрачењето во внатрешноста на зградите, важно е да се обезбеди засенчување однадвор, како дел од архитектонски проект (Слика 15). Овие елементи за засенчување може да се монтираат за време на градбата или дополнително, при
Слика 15 - Извори на сончево зрачења кои имаат потреба од засенчување
eнергетска ефикасност
Слика 19a - Засенчување со листопадно дрво во лето
Слика 16 - Добивки и загуби во зависност од местоположби на разни фиксни начини на засенчување објектот бара различит пристап кон дизајнирање на засенчувањето. Северната ориентација (на северната хемисфера) всушност не бара засенчување, со исклучок во летните месеци, во раните утрински часови и доцна во ноќта, кога нападниот агол на сонцето е толку мал што елементот за засенчување би бил бескорисен. Колку што е можно подобро е да се намали бројот и големината на прозорците кон север, бидејќи во грејаната сезона загубите низ застаклувањето далеку ги надминуваат можните соларни добивка. Ако се потребни прозорци за природна светлина, важно е да се изберат високо ефикасни стакла за да се намалат топлинските загуби. Јужната ориентација (на северната хемисфера) овозможува лесна контрола на Слика 17 - Основна стратегија за засенчување сончевата енергија. Елементите за засенчување на јужна ориентација обично се дизајнирани како хоризонтална финализирање на зградата. проекција на прозорците - должината на Пожелно е засенчување однадвор, бидејќи е проекцијата се определува како геометриска важно сончевото зрачење да се задржи функција од висината на прозорецот и аголот надвор. Традиционалните внатрешни ролетни на сонцето (елевација), на пладне. Овие (венецијанери, вариолајт и сл.) или обични елементи за засенчување може да се зелени завеси само го блокират сончевиот сјај, дизајнираат за целосно да се елиминира но не го блокираат продорот на топлината во продорот на сончевите зраци во лето но и да внатрешниот простор (Слика 16). се овозможи нивниот целосен продор во текот на зимата, кога се бара пасивна добивка на РАЗЛИЧИТ ТРЕТМАН НА ФАСАДИ топлина (Слика 17). Изложеност на сонце на секоја фасада е Источната и западната ориентација се различна и варира во зависност од тешки за засенчување на “архитектонски начин“ ориентацијата. Затоа секоја ориентација на (вообичаени конструктивни елементи). Аглите
Слика 18 - Засенчување на источна и западна фасада
Слика 19b - Засенчување со листопадно дрво во зима на сончевите зраци наутро и попладне се доста мали за да може да се примени засенчување со помош на натстрешници (Слика 18). Се чини дека утринското сонце е помалку жешко (“постудено“) и помалку свети отколку попладне. Во вакви случаи, најдоброто засенчување е со вегетацијата и зеленилото. Листопадните дрвја се ефикасни затоа што го блокираат сонцето во текот на летото, но овозможуваат продор на сончевите зраци во текот на зимата (Слика 19а и 19б). Природната околина може да се користи за сенка на ниски згради. Листопадните дрвја прават ефикасна сенка на фасадите кога е пожелно да се избегне топлината, а овозможуваат продор на сонцето кога се бараат пасивни соларни добивки. Решеткасти конструкции од дрво може да се користат на ист начин (Слика 20а и 20б). Во пролетта, >>
Слика 20a - Засенчување со пергола
Слика 20б - Решеткста конструкција од дрво ПОРТА
67
eнергетска ефикасност
Слика 21 - Период на засенчување
Слика 22 - Основни типови на хоризонтална заштита од сонце за јужна ориентација
кога најчесто греењето сеуште е пожелно а вегетацијата сеуште не озеленела, овозможено е да се продолжи со пасивното соларно греење. Во есента, кога продолжуваат топлите денови, па дури има и потреба за ладење, растенијата сеуште не ги загубиле своите лисја. ВРЕМЕ ПОТРЕБНО ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА ЗАСЕНЧУВАЊЕТО Елементите за засенчување за заштита од сончевата топлина треба да бидат дизајнирани на таков начин, да бидат ефективни не само во времето на летната долгоденица кога сонцето на небото е највисоко, туку многу пред и потоа. Во зависност од локалните климатски услови, потребата од ладење може да биде приоритет уште од средината на пролетта па дури до доцната есен. За јужната ориентација времетраењето на заштитата од сонцето треба да се димензионира за целата сезона (Слика 21). Горната шема дава фиксни и мобилни типовите на заштита од сонцето. Мобилните елементи може да вклучат тенди за засенчување и вегетација. Ако се применат механички решенија, уредот треба биде дизајниран за долготрајна издржливост. ТИПОЛОГИЈА НА СИСТЕМИТЕ ЗА ЗАСЕНЧУВАЊЕ Основните видови на надворешните уреди за засенчување може да се идентификуваат како хоризонтални, вертикални и со закривена форма. При дизајнирање на уредите за засенчување за заштита од топлина, важно е да се процени степенот на продорот на сончевите зраци во грејната сезона. Во студените климатски подрачја, каде степен денови за греење се многу повисоки од степен денови за ладење, потребно е големо внимание да не се загрози потенцијалот за сончевите добивки во зимските месеци. Спротивно на ова, каде степен денови за ладење ги надминуваат 68
ПОРТА
28 април 2017
Слика 23 - Елементи за засенчување за источна и западна ориентација степен деновите за греење (топла клима), засенчувањето мора да биде ефикасно за подолг период. Во некои подрачја со жешка клима ова може да биде оправдување за виртуелна елиминација на јужната ориентација на прозорците, а насочувањето на природното осветлување со северно ориентирани прозорци. Елементите за хоризонтално засенчување се
Слика 24 - Ролетни во St. John Ambulance, Edmonton (можно отпаѓање на мраз и снег)
прилагодени за јужна ориентација (Слика 22). Стреите и натстрешниците може да бидат многу погодни да дадат сенка во ниски згради ориентирани на југ. Ова е можеби најекономично решение и, потенцијално, во естетски поглед, најприфатливо за објекти за станбена намена. За фасади ориентирани кон југоисток или југозапад вертикалните елементи делумно може да ги блокираат сончевите зраци и да бидат прифатени како решение на проблемот (Слика 23). Но, за фасади со ориентација блиска кон југ, често се употребуваат елементи со закривена форма. Постојат различни конфигурации за техники за засенчување на источна и западна ориентација. Со цел да се овозможи засенчување при крајот на утринските и раните попладневни часови, кога сонцето не е во својата највисока точка, заштитата од сонцето може да се прошири и од двете страни на прозорецот. Бидејќи надворешните елементи за засенчување може значително да ги зголемат инвестициските трошоци, императив е правилно да се проектираат, за да бидат трајни и добро интегрирани во основниот дизајн за заштита од сончевото зрачење. При дизајнирањето на елементите за засенчување на јужна ориентација, изборот треба да биде од цврсти материјали или ролетни (Слика 24). Но, во зима на нив може да се задржи снег и мраз, поради што тие не се адекватни за објекти во студени климатски краеви. Треба да се внимава уредите да бидат лесни за чистење но и да не го попречуваат чистењето на прозорците. Во високите згради неопходна е специфична опрема за чистење на стаклата. n
ПОРТА
репортажа
СЕЛСКА КУЌА „ФИТКО“
О, Миокази куќо на еден дирек
ФОТО: МИЛОВАН НОВЕСКИ
Секоја стогодишна куќа има убави и тажни години во животот. Сретсело стари подгрбавени куќи, градени од кал, слама и речен камен. Куќа со пондила за стоката и две соби на кат со чардак. 70
ПОРТА
28 април 2017
репортажа
М Живко НОВЕСКИ
ојот брат Микша, многу одмна посака да си замине од Скопје. Тој млад и зелен направи кружно патување околу светот. Децата пораснаа и одлетаа. Со нив остана само сугарето што сонува вработување со години. Многу вода протече низ Вардар, а Скопје се измени и нарасна без квасец. Одамна секна бизнисот, ги снема пријателите што секој ден идеа на кафе. Откако ги подмири долговите, ги врати кредитите, еден убав ден ја затвори фирмата и сети олеснување на душата. И додека како пензионер седеше на троножник на балконот, убава мисла го однесе во родното место. Пред очите му се мрешкаа спомените од старата куќа и воздишка му се откорна од душата. Кичево, каде што ги помина безгрижните години на младоста, го довикуваше да му се врати. Тие денови сонуваше со отворени очи. Можеше да изгради или да купи куќа во пазувите на планината на светулките, родното место на неговата мајка. Внатрешниот глас му шепотеше да се врати во питомото полско село на татко му. Во Миокази, таму каде што скришум како дете идеше, да ги види своите претци... Секоја стогодишна куќа има убави и тажни години во животот. Старата куќа, памети еден маж, трудна жена и дете на пат кон градот. По преселбите градот растеше, а селото осамено згасна во сенката на двата мермерни ридови. Сретсело стари подгрбавени куќи, градени од кал, слама и речен камен. Куќа со пондила за стоката и две соби на кат со чардак. Зимата јаде и остава длабоки бразди врз лицето на
напуштените куќи. Доволно е да напукнат неколку ќерамиди, да протече вода по ѕидовите и куќата умира простум со немушта молитва во слепи прозорци. Тажно и грдо е лицето на куќите осудени на забот на времето. Штом падне ѕид, се гледа утробата на куќата. Дрвен кревет кој крцка на ветар, ношви, тарун, разбој со пајажина, дулиња подадени за душа и слики без рамка. Огништето гасне последно, а од него никнува тажна врба за свирче што расте низ каменот. Гнездата во куќите на една нога, птиците ги напуштаат последни. Во нив остануваат песните, приказните и чудата од детството. Му се допадна куќата на крстопат, на западната порта од селото. Наблизу самува куќата на татко му, со дрвена ограда, катанец,
ружи и камен за молитва. Куќата што молчи, пуста, празна без живот, се смалува нагризана од забот на времето... Мајстор Мевљудин од Челопеци има златни раце и големо срце. Доста е да кажеш што сакаш, а тој ќе се подума и почнува со работа од утро до мрак. Полека, мекам, со муабет и бесконечна милост, со денови висеше врзан со јаже на покривот, додека ги смени ќерамидите. Откако тури капа на куќата и заштита од дождиви, тргна со обнова на фасадата. Секоја куќа си има лице и опачина, велеше мајстор Мевљудин. Мистријата во неговите раце беше волшебна. Тој му спремаше и додаваше малтер, за побрзо да оди работата. Мајсторот како да ги читаше неговите мисли и однапред знаеше што треба да направи. Тие денови се заврза здраво пријателство меѓу двајцата возрасни мажи. И пред нивните очи почна да расте убава, современа и модерна куќа, што не оставаше рамнодушен минувач. Застануваа намерници да кажат аирлија работа, ама никој не фати лопата или копач да помогне. Сите се огледуваа во старата куќа како во огледало и расправаа како би ги обновиле фасадата, баџата, ѕидовите. И тогаш, мајстор Мевљудин раскажа приказна за човекот, детето и магарето, со наравоучение дека на луѓето никогаш не може да им се погоди и точка. Преобразбата на старата куќа во живеалиште траеше едно лето со непроспани ноќи. Беспарицата како сенка секогаш одеше пред него и зад него. Мажите како возрасни деца, градат куќа или кокошарник за да се додворат на сопствената жена. Тоа значи исконска потреба за докажување и градење на гнездо за себе и семејството. Куќа за внуците, роднините>>
28 април 2017
ПОРТА
71
репортажа
многу денови што ги преспа во нивната куќата, капнат од умор, му се виде незаборавна. И сонуваше чуден сон во кој татко му Фитко, го поздрави со обете раце од мермерниот рид над село. И ден-денеска тоа место го викаат Фитков рблак во спомен на татко му и побратимот Турче од преку река, што оставиле трага во животот. И Силјан Штркот на пролет се враќа во Миокази без деца. Штрковите од Африка носат ситни сипаници само за малата Марија, единствено дете во Миокази. И секој ден овде личи како јајце на јајце под небескиот вршник Фитков рид
и пријателите. Еднаш во живот правиш куќа и треба да ја споделиш радоста. Тој е своетлија, не е дивјак како други, напротив, сака да му дојдат гости, да ги нахрани, напие, дочека и испрати со здравје и со добро. Братучедот им го даде клучот од неговата куќа. Жената му, што и овде ја викаа на машко име, од првиот ден се запрета во кујната покрај огнот. Низ куќата што растеше летаа лебови, зелници, питулици, погачи, манџи, грав и прочуен компир од Миокази, прсти да изедеш. Првата вечер, по 72
ПОРТА
28 април 2017
на тишината. Одамна се затвори рудникот за мермер, наблизу до селото. Додека работеше рудникот, црвениот мермер од Миокази патуваше по светот. И поновите куќи во селото ѕидани се од тајфите од Гари со мермер. Одамна овде нашите печалбари, фурнаџии од рамна Војводина, донесоа ѕидани амбари, налик на кули за одбрана на селото. Амбарите на два ката во основата се ѕидани од камен, четири дебели ѕидови без врата со око, светларник и камени скали одвнатре. Над камената основа од дрво и цигла, соба со поглед на сите четири страни, налик на
репортажа пушкарница. Покривот на амбарот на четири стреи и подвижни дрвени скали за качување во амбарот. Навечер скалите се креваат на кат за сигурност од натрапници. Во амбарот може да се преспие после работа со сладок сон како ливадски мед. Братучедот имаше најубав амбар во Миокази, арно ама го сруши и си изгради гаража за колата од сто коња. На чардакот под сенката на црвени пиперки се пие најубаво кафе. Под ведрото небо на двете мермерни планини летаат птици. Во селото под сенките, седат последните селани и го превртуваат векот од лице и опачина. Жените си имаат вечна тема за муабет, дали ливадите се стрижени или бричени. Овде на пладневната жега штурците пејат бесконечна песна. Во подрумот на летната кујна секогаш е свежо за пладневна дремка пред телевизор. Помладите штом дојдат од работа во градот, трчаат низ дабовата шума и збираат вргањи, јајчарки и лисичарки за продажба. Секој пред себеси има желка на која е врежана мапата со скришните места на печурките. Дангараџија дедо Зоре порано скришум им ставал камчиња во џебот на децата додека им раскажувал приказна за змејот и невестата. Еден камен белутрак во Џумбулец, молитвеник за младешки желби. Ноќеска пак лајат кучињата што ја бркаат дивината и за сува корка леб го чуваат Миокази. На белиот ѕид од обновената куќа, тој напиша СЕЛСКА КУЌА „ФИТКО“. Утрово виде и пресече дренов бастум за трета нога на старост...
ПОРТА
МИОКАЗИ ... И Римјаните со големите тела дошле овде по трнливи стази и мудро запишале - tera est stela од камен миљоказ до Миокази Низ црвена пирамида мермер како забот умник расте зборот во пештерата спие змејот звер што ги краде невестите од оро О Миокази куќо на еден дирек ѕидана од ума, мермер и слама низ огниште расте жилав пиреј догорува коренот, жива гламна Татко ми издлаби рблак за вода за жеден пастир човечка трага а јас сакав со македонски збор да најдам утеха во човечка тага Глуво штркоцвеќе врти на ветар песочната тврдина тече низ река во прегратка од црвен мермер Миокази стрпливо чека...
Живко НОВЕСКИ *Објавена во книгата „Ума земја“
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА