256

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

256 MAJ 2017

Бесиан Мехмети: Секој наш проект е истражување за себе Миле Димитровски: Ниедна состојба не се поправа само со наоѓање маaни и со критика Архитектурата и станбениот живот во Јапонија по 1945

90 ДЕНАРИ


ПОРТА


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 256 ПЕТОК 26.5.2017 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Архитектот Бесиан Мехмети е основач на студиото БМА во 2012 година, како плод на неколкугодишна соработка и freelance искуствa во областа на архитектурата, урбанизмот и дизајнот. Откако дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, тој е ангажиран во бројни проекти и наградени конкурсни решенија, меѓу кои и проектот за Плоштад Скендербег во Скопје, Театарот и библиотеката во Тетово, и неодамна првонаградениот проект за новото основно училиште во Капиштец, Скопје. Во последно време, повикан е како гостин предавач на симпозиуми, формални и неформални средби за архитектура. Покрај праксата, со години е активен и како асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје, Одделот за архитектура при Државниот универзитет во Тетово и Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС. Во ексклузивното интервју за нашето списание тој ќе рече: „Секој наш проект е истражување за себе“. Може ли Македонија да стане еколошка држава? Патот е отворен, но експертите велат дека нема да биде лесно. Зашто не може на кус рок да се отстранат последиците од долгогодишната деградација на животната средина, а со голем дел од нив, како што се последиците од неодржлива и нехумана градба, последиците ќе

ги чувствуваме уште долго време. Новиот претседател на Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Миле Димитровски, излезе во пресрет на нашиот интерес, читателите на „Порта 3“ да се запознаат со неговите гледања на сè она што е актуелно во работата на Комората. Според него, ниедна состојба не се поправа само со наоѓање маaни и со критика. Со него разговаравме и за ценовникот за инженерски, проектантски услуги, за животните прашања на фелата, за „богатството“ на организацијата, за соработката со нашето списание и списанието на Комората „Пресинг“... Во Barbican Art Gallery во Лондон е отворена изложбата The Japanese House: Architecture and Life after 1945. Ова е прва голема изложба во светот со деликатно претставување на јапонската архитектура од Втората светска војна до денес. По завршувањето на Втората светска војна, настапил период кога настанале некои од највлијателните и највредните примери на модерната и современа архитектура. Поставката содржи 200 дела на преку 40 јапонски архитекти, познати мајстори на 20 век и меѓународно признати современи архитекти, како што се Tadao Ando, Toyo Ito, Kazuyo Sejima (SANAA), Kiyonori Kikutake, Kenzo Tange... ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница ЈАПОНСКА КУЌА (HOUSE NA), 2010

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Архитектурата и станбениот живот во Јапонија по 1945

графички уредник: Порта3 фоторепортер: Порта3 лектор: Костадинка СОЛЕВА

90 ДЕНАРИ

АВТОР SOU FUJIMOTO ARCHITECTS

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ГРАДЕЖНИШТВО 16

НАЈСАКАНИОТ ОД СИТЕ НАГРАДЕНИ ПРОЕКТИ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

32 22

26

biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

АРХИТЕКТУРАТА И СТАНБЕНИОТ ЖИВОТ ВО ЈАПОНИЈА ПО 1945

ЕНТЕРИЕР 40 ОГРОМНО ВЛИЈАНИЕ НА БЛАГОСОСТОЈБАТА НА ЛУЃЕТО

ИСТА МЕТА, ИНОВАТИВНО ОТСТОЈАНИЕА

ЕКОЛОГИЈА 52 ЗА ЗАЕДНИЧКА ЕВРОПА И ПОЧИСТА ЕНЕРГИЈА

ДИЗАЈН 60 ЕРОТИКА, ЕМОЦИИ И ДИЗАЈН

Печати: Маркетинг:

АРТ И АРХИТЕКТУРА 32

СООБРАЌАЈ 44

Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

БЕСИАН МЕХМЕТИ: СЕКОЈ НАШ ПРОЕКТ Е ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА СЕБЕ

АРХИТЕКТУРА 22

MAJ 2017

Миле Димитровски: Ниедна состојба не се поправа само со наоѓање маaни и со критика

СОВРЕМЕНИ МАКЕДОНСКИ ГРАДИТЕЛИ 12

МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ: НИЕДНА СОСТОЈБА НЕ СЕ ПОПРАВА САМО СО НАОЃАЊЕ МАAНИ И СО КРИТИКА

256

Бесиан Мехмети: Секој наш проект е истражување за себе

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ

60

52

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Наградата „Мис ван дер Рое“ оваа година во Амстердам

Н

аградата на Европската Унија за современа архитектура „Мис ван дер Рое“ за 2017 година, отиде во рацете на холандските студија NL Architects и XVW Architectuur за иновативното реновирање на оштетена и дотраена станбена зграда од 60-тите, во Амстердам. Со својот проект наречен deFlat, тие го спасиле од рушење еден од најголемите холандски станбени блокови. Со слични проблеми се соочуваат и други

6

ПОРТА

26 мај 2017

објекти од тој период. Зградата Kleiburg е со должина од 400 метри, 11 ката и вкупно 500 станови. DeFlat славеше во конкуренција на пет проекти кои се најдоа во најтесниот избор. Оваа награда која го носи името на германско-американскиот архитект Лудвиг Мис ван дер Рое, е најпрестижно признание на европската архитектура. Наградата од 60.000 евра се доделува на најдобриот проект изведен во последните две години, кој е дело на европски архитекти. n


Менхетен на вода: за 50 километри шеталиште одвоено 100 милиони долари

Г

радоначалникот на Њујорк Бил дел Блазио, најави изградба на систем од пешачки патеки и зелени површини, кои ќе го направат овој дел од градот уште поатрактивен. Има ли подобро место за живот од Менхетен? Овој најпознат дел од Њујорк, кој можеме да го

видиме во секој втор американски филм или тв серија, наскоро ќе стане уште попримамлив за живот. Имено, градските татковци најавија изградба на шеталиште долго 50 километри, за чија изградба ќе бидат издвоени околу 100 милиони долари. Во последните пет години, бројот на

велосипедисти во Њујорк порасна за 80%. Заради тоа проектот Greenway е повеќе од добредојден. Градското одделение за транспорт истакна дека овој проект значително ќе влијае на зголемено користење на велосипедот како превозно средство во Њујорк, а ќе го зголеми и бројот на оние што ќе одлучат да се прошетаат наместо да седнат во автомобил или да се превезат со метро. „Сакаме сите жители на Менхетен да имаат еднакво достапни велосипедски патеки, со шеталишта и игралишта покрај вода“, истакнал градоначалникот на Њујорк. Градските татковци го одобриле идејниот проект, а проектот за изградба се очекува до крајот на годината. Работите би требало да почнат во 2019-та, а новото крајбрежје на Њујорк ќе биде готово до 2022 година, пишува Inhabitat. n подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

ПОРТА


градежништво

УПОТРЕБА НА ГЕОЛОШКИ СОФТВЕР ПРИ СТЕРЕОГРАФСКА АНАЛИЗА НА СТРУКТУРНО–ГЕОЛОШКИ ЕЛЕМЕНТИ Слика 1. Инженерско-геолошко картирање на терен

Изработил: Игор МИТЕВ, дипл.инж.геолог (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)

О

пределувањето на теренот како потенцијална зона на интеракција, односно зона во чии рамки во иднина ќе се врши или веќе се врши определена инженерско-градежна дејност, претставува доста сложена и комплексна геотехничка задача. Геотехничките карактеристики на еден геолошки медиум претставуваат вредносни параметри кои се директна последица на заемното дејствување на минеролошкопетрографскиот, инженерско-геолошкиот, структурно-геолошкиот, физичко-механичкиот и тектонскиот склоп, сврстени во една целина. Таквата целина, пред каква било градежна активност од човекот, во основа претставува природно напрегната карпеста средина,

8

ПОРТА

26 мај 2017

односно средина која се наоѓа во т.н. природно напонска состојба во чии рамки владеат примарни напони кои влијаат врз физичкомеханичките својства, карактеристиките и однесувањето на карпестите маси во природата. Градежната дејност на човекот, било да се тоа геолошко-геотехнички истражувања, изградба на одреден објект, рударство и сл., има тенденција на нарушување и дисбаланс на таа природно напонска рамнотежа, која во природата се манифестира на различни начини и тоа преку појава на нестабилни зони, одрони, свлечишта, ерозија и сл. Сето ова наметнува потреба од изнаоѓање на практични решенија за нејзино повторно воспоставување. Токму во овој сегмент од геотехниката и градежништвото, науката секојдневно се занимава со изнаоѓање на најсоодветна методологија преку која се изнесуваат решенијата на ваквите проблеми и задачи. Меѓу другото, во геотехничката практика свое место

сè повеќе заземаат геолошките и геолошкогеотехничките софтверски програмски пакети, каде како најупотребувани се издвојуваат следниве: DIPS, SWEGDE, GEO 5, PLAXIS, ROCK LAB и други.

СТЕРЕОГРАФСКА ПРОЕКЦИЈА НА ГЕОЛОШКИ СТРУКТУРИ СО УПОТРЕБА НА ГЕОЛОШКИ СОФТВЕР „DIPS, ver. 6.014“ Употребата на геолошки софтвер во геотехничката проблематика се сведува на решавање на комплексни геотехнички задачи при проектирањето, експлоатацијата или одржувањето на разновидни градежни објекти, каде преку внесување на влезни параметри (инпути) се добиваат корисни и, пред сè, практични решенија за оној што проектира, експлоатира или одржува одреден градежен објект. Општо прифатена практика во светот, па и кај нас, е дека пред изведба, одржување или санација на каков било градежен објект (пат,


градежништво

Слика 2. Анализа на податоци ( излезни параметри, графици, дијаграми, розети ) железница, брана, свлечиште и др.) треба да бидат извршени соодветни геолошки, инженерско-геолошки и геотехнички истражувања во обем и вид како што наметнува потребата за дадениот проблем. Овие истражувања опфаќаат: проспекција на теренот што е предмет на работа, со дефинирање на вид и обем на истраги, изведба на истрагите (истражни ископи, истражно дупчење, инженерско-геолошко картирање „in situ“ итн.), лабораториски испитувања, анализа на податоците, употреба на геолошки софтвер, сублимирање и елаборирање во соодветна техничка документација. Ваквиот концепт на истражувања е применлив во сите сфери на геотехничко дејствување (проектирање, санација, експлоатација, одржување) на градежни објекти и тоа: • Свлечишта и нестабилни зони (одржување,

санација); • Косини на патишта, железници, цевководи (проектирање, изведба, одржување, санација); • Брани и други хидротехнички објекти (проектирање, изведба, одржување, санација); • Патишта (проектирање, изведба, одржување, санација); • Железници (проектирање, изведба, одржување, санација); • Тунели (проектирање, изведба, одржување, санација); • Рудници (површинска и јамска експлоатација); • Далеководи, трафостаници (проектирање, изведба, одржување, санација) • Пречистителни станици, цевководи, канали (проектирање, изведба, одржување, санација) и др. Целта на програмскиот пакет DIPS е преку стереографска проекција и анализа на

различни геолошки структури да ги посочи и ограничи критичните точки со сите значајни параметри и елементи кои претставуваат предмет на истражувања. Како најзначајни геолошки структури кои најчесто се предмет на мерења и анализи се планарните и руптурните структурни облици и форми застапени во рамки на различни карпести средини и тоа: елементи на пад на слoевитост/фолијација/залегање, пукнатини и пукнатински системи, наборни (моноклинални,антиклинални,синклинални) структури, раседни структури, кливаж и др. При обработка на податоци за стереографска анализа на геолошки структури со програмскиот софтверски пакет DIPS, ver. 6.014, неопходно е да се спроведат следниве неколку постапки: • Детално инженерско-геолошко картирање на теренот што претставува предмет на истражување кое опфаќа собирање на доволен фонд на структурно-геолошки податоци за потребната анализа; • Внесување на влезни параметри (инпути); • Обработка на податоци; • Излезни параметри, вредности, графици, дијаграми, розети; • Анализа на податоци; • Предлог-препораки и предлог-решенија. Ваквиот методолошки пристап на истражувања, кој меѓу другото опфаќа и употреба на геолошки софтвер, дава значителен придонес во решавање на најкомплесните задачи во градежната и геотехничката практика, со зголемена доверливост и детерминирање на инженерските проблеми, односно нивно разрешување и имплементирање во инженерската практика при реализација на објектите. n

ПОРТА

ам по лу ан го сè м

св из р о се ш од и со ка вр си

ко ко о о иа н


ПОРТА


ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba

ПОРТА


современи македонски градители

БЕСИАН МЕХМЕТИ, АРХИТЕКТ

Секој наш проект е истражување за себе Во принцип, заработуваме доволно да може да правиме архитектура, а не сме правеле архитектура за да ќариме, без разлика дали се работи за комерцијални, приватни или општествени проекти

Б

есиан Мехмети е основач на студиото БМА во 2012 година, како плод на неколкугодинишна соработка и freelance искуствa во областа на архитектурата, урбанизмот и дизајнот. Откако дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, тој е ангажиран во бројни проекти и наградени конкурсни решенија, меѓу кои и проектот за Плоштад Скендербег во Скопје, Театарот и библиотеката во Тетово, и неодамна првонаградениот проект за новото основно училиште во Капиштец, Скопје. Има учествувано на неколку изложби, вклучувајќи го Венециското биенале во 2012 година. Во последно време повикан е како гостин предавач на симпозиуми, формални и неформални средби за архитектура. Покрај праксата, со години е активен и како асистент на Архитектонскиот факултет во Скопје, Одделот за архитектура при Државниот универзитет во Тетово и Факултетот за архитектура и дизајн на УАКС. Љупчо АТАНАСОВСКИ , дипл.инж.арх. Со десетина години работно искуство, а толку многу проекти. Ретко кој во Македонија па и пошироко во регионот, може да се пофали со ваков резултат? n Имав среќа и можност да се внесам во професионалниот живот уште во студентските години. На почеток бев соработник на мои професори, потоа се охрабривме заедно со неколку колеги самостојно да се нафатиме на значајни проекти, за да на крај се формализира ангажманот преку основањето на студиото БМА во 2012 година. Проектите се во повеќе области од станбени куќи, ентериери, комерцијални и јавни објеки, плоштади... Дали е тоа фаза на себе истражување и барање на свој архитектонски стил, борба на пазарот за профит или нешто трето? n Ве уверувам дека не се работи за профит, да беше до тоа сигурно ќе се занимававме со други дејности. Признавам дека секој наш 12

ПОРТА

26 мај 2017

проект е истражување за себе, не со цел на пронаоѓање на некој стил, туку на разбивање на конвенционалните стереотипи на проекти и развивање на алтернативни визии, со цел да влијаеме позитивно во животите на луѓето. Кој е Вашиот прв изведен проект, и дали од тогаш чувствувате растеж на архитектонската идеја кај себе и екипата со која работите? n Интересно е што уште како студентапсолвент, прво се испробав на свој терен, во нашата фамилијарна куќа. Ми се пружи можноста да се искажам при потребата да се догради и целосно реорганизира куќата, и верувам дека таа интервенција беше белег за тоа што можеше да се направи, во тие околности. Со време, се разбира дека созреваме; креативните капацитети се сразмерно подигнати со организационите способности во студиото. Обично за јавноста најзабележливи се објектите од јавен карактер и интерес.

PHOTO (C) АНДРЕЈ ГИНОВСКИ

Плоштадот „Скендербег“ со сите политички контроверзии е една од поголемите слики за вас. Која е основната идеја и кои се главните содржини на овој проект чија конечна реализација, архитектонската и

Комерцијален објект BFM Тетово (2014- )


Плоштад Скендербег Скопје (2009-1 ) пошироката јавност со нетрпение ја очекуваат? n Конкурсното решение за Плоштадот Скендербег во Скопје, кое го изработивме заедно со група колеги (Бетим, Беќир и Никола) безмалку пред една деценија, во 2009 година, во споредба со решението кое се конкретизира има

квалитативни промени, но сепак идејата за добивање нов кохерентен и инклузивен јавен простор остана непроменeта. Плоштадот ќе биде место во кое сите ќе се чувствуваат слободни да го користат просторот, место кое ќе овозможува луѓето да се однесуваат и да се опкружуваат едни со други. Тој треба да биде отворен простор, така што голем број луѓе и групи можат да дојдат и да разговараат, да поддржуваат и да протестираат, да се организира широк спектар на други манифестации и културни настани: eден трансформабилен простор, зависно од потребите. За кратко време, со привршување на втората фаза, верувам дека и граѓаните ќе можат да ги почувствуваат овие

квалитети на јавниот простор. Имате неколку проекти од индустрискокомерцијална природа. Таму е, претпоставувам, ќарот во проектантскиот бизнис? n Во принцип, заработуваме доволно да може да правиме архитектура, а не сме правеле архитектура за да ќариме, без разлика дали се работи за комерцијални, приватни или општествени проекти. Во последно време сме се соочиле со неколку индустриски објекти, и како предизвик ни беше како од објекти кои треба да се, пред сè, економични и рационални, да додадеме и нота на иновативност и идентитет, и мислам дека кај повеќето од нив сме ја постигнале целта. Во Македонија цената на проектирањето е депримирачки ниска. Дали БМA ја има веќе својата пазарна цена која ѝ овозможува пристојно функционирање на фирмата и нејзин понатамошен развој? n Како повеќето архитектонски бироа,

ПОРТА


Комерцијален објект Фриготекника Анекс Тетово (2016)

Административен објект - Ајнтховен Холандија (2016- )

така и ние се соочуваме со проблемот на оформување на цена. Потребно е институционално да се реши ова прашање, затоа и дејствуваме во таа насока заедно со колегите од ААМ. Инаку, нашите искуства се различни; со некои клиенти трошиме повеќе време во преговарање на паричната вредност на проектот отколку за концептуалните или естетските вредности на објектот. Но за среќа, сè почести се клиентите што нè ангажираат не заради нашата цена, туку НБ Хотел Тетово (2013- )

ПОРТА


Конкурсен проект Универзална Сала Скопје (2013)

заради нашите вредности. Контроверзниот проект „Скопје 2014“ остави длабоки негативни траги кај архитектонската фела. Огромните потрошени пари на измислен „барок“ во кој учествуваа неколкумина „квази“ архитекти, не оставија простор и пари за нормален развој и докажување на генерации добри архитекти!? n Не би навлегол да коментирам за тој зафат во градот, само жално може да констатирам дека како општество и генерација испуштивме шанса со наши знаења и можности да оставиме умен белег на нешето време. n Конкурсот како основно

мерило за квалитет, тотално е девалвирано кај нас. Речиси, не постои. Какво е вашето искуство на овој план? -Сме работеле на голем број конкурси, на некои од нив сме биле наградени, а бројни се и трудовите што воопшто не биле вреднувани,

сметаме не по наша вина. Иако тоа било обесхрабрувачки за нас, сепак чекаме некој сериозен архитектонски конкурс тука кај нас, но за жал во последно време сè помалку ги има таквите. Тоа нè однесе во потрага по други можности, во соседството и во странство.

- BMA team -

PHOTO (C) ЕЛЕНА ФИДАНСКА

БМА - Студио отворено за амбициозни и посветени архитекти и дизајнери BMA (Besian Mehmeti Architects - основано во 2012) е креативно студио отворено за амбициозни и посветени архитекти и дизајнери кои се подготвени да откријат нови можности. Нашиот спектар на работи ги допира полињата на архитектурата, дизајнот и урбанизамот. Проектираме јавни и станбени згради, културни и образовни установи, комерцијални и јавни просотори, урбанистички планови и ентериери, мебел и продукти. Развојот на моќни и иновативни концепти кои се совпаѓаат со техничка стручност и супериорна услуга спрема клиентот, отсекогаш била наша движечка сила зад секој проект. Преку внимателна интеграција на иновативноста и експериментот, нови форми и перформанси, кон-

текстот и одржливата архитектура, стимулираме дела кои ќе ги инспирираат луѓето и ќе влијаат на урбаниот живот. Бројот на тимот постојано расте, денес студиото брои седум архитекти, и активно работиме паралелно на повеќе проекти и реализации, не само во нашата земја туку и надвор. Стефан беше прв што се приклучи уште од првите проекти, а паралелно ни помагаа и надворешни соработници. После една година тимот ни се засили со Арменд и Никола. Потоа се приклучи и Христијан и Бисера. На припомош ни доаѓаат и практиканти, како што се Теута и Насуф. Отсекогаш сме биле отворени за амбициозни и посветени нови членови кои се подготвени да откријат нови можности. 26 мај 2017

ПОРТА

15


одвоил три периоди. Постземјотресната архитектура со нејзиниот опус ни била секогаш инспиративна. Мило ми е што сум можел да разменам мислења со некои од дејците на таа архитектура. Генерацијата на моите професори која е исто толку плодна, преку нивните лекции и дела лично ни го трасираа патот кон суштината на архитектурата, особено професорите со кои директно соработував. Имам убедување дека на архитектите од поновата генерација сè уште не им е пружена можноста да се искажуваат, иако имаат креативен потенцијал. Ентериер - Barcode Тетово (2014) Албанија има прилив на прогресивни архитектонски идеи преку меѓународните конкурси, но интересно е што странските архитектонски студио се обврзани да најдат локално студио и при тоа тие се здобиваат со одлично искуства, практика која за жал кај нас фали. Имаме ли знаења и можности за продор на надворешниот пазар. Присутни сте во Албанија, Косово, Холандија... Кои се вашите искуства? n Ја имавме таа среќа, на неколку наврати да ни се пружи можност да работиме од тука за во странство. Освен на конкурси, сме работеле и на директни нарачки. Во моментот се привршува изведбата на еден наш проект во Холандија. Размената на прфесионални искуства е бесценета. Feedback-oт што го добиваме од таму и фактот што нашите локални соработници се промовираат со тоа што сме креирале, нè охрабрува да не запираме тука. Најзначајни и највлијателни архитекти од современата светска архитектура? n Морам да признаам дека уште од студентските години, мислата и делата на Рем Колхас од ОМА сум ги следел со фанатизам. Неговите книги ги сфатив дури после две-три години откако ги прочитав, уште во втора Комерцијален објект Алдако-Кипер - Тетово (2015- )

ПОРТА

година. Инспиративни ми беа и делата на неговите ученици - протежисти како Бјарке, Заха и mvrdv, меѓу другите. Тој дух несомнено влијаел во моето оформување, се разбира и во тоа што твориме и во нашето студио. Најзначајни архитекти од современата македонска архитектура? n Тешко би ми било да одвојам имиња. Би

Највпечатлив објект од модерната кај нас? n Објектот на Македонската опера и балет, на кејот на реката Вардар во Скопје, отсекогаш ми бил фасцинантен. Од надвор ме привкелот со формата уште пред да се внесам во архитектурата, а просторната композиција внатре со играта на маси и светло е возбудлива сама по себе. Слични импресии добив при посета на исто толку омилена градба - Casa da Musica во Порто од

Семејна Куќа - Х Тетово (2016- )


современи македонски градители Семејна Куќа - БН Скопје (2014-2016)

Рем Колхас. Интересно е што временскиот јаз помеѓу двата објекта е 30-40 години, и ова искуство лично за мене е показател на вонвременскиот карактер на градбите од постземјотресниот период. Ваш омилен, а нереализиран проект? n Би го издвоил конкурсниот проект за Универзална сала во Скопје. Тоа е првиот конкурсен проект кој го работевме како тим во БМА преку кој се стремивме да приложиме едно поинакво видување не само на објектот туку воопшто и пристапот и обликувањето. Без разлика што тој проект нема да се реализира, поуките од тој проект и процес на спремање ни служел како платформа за доста други значајни проекти. На кои проекти работите во овој период? n Работиме и во студио и на терен; проектите што ги конципираме се грижиме да се реализираат што подобро. Архитектурата, не само кај нас, се конкретизира неверојатно бавно во споредба со бескрајно брзиот технолошки развој кој го доживуваме. Голем дел од проектите што сме ги почнале пред три-четири години, дури сега се во завршна фаза на реализација.

ПОРТА


градежништво

МИЛЕ ДИМИТРОВСКИ, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА КОМОРАТА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Ниедна состојба не се поправа само со наоѓање маaни и со критика

Флоскулата „членството за сите овие незавршени теми ја обвинува Комората“ е добра за општо обвинување на правниот субјект - Комора. Но вистинската вина ја имаат избраните носители на функции во Комората, одделенијата и комисиите. И секој од нив има име и презиме. Исто така и оние што ги усвојувале извештаите за работа, а не биле задоволни со завршената работа. Љупчо АТАНАСОВСКИ , дипл.инж.арх.

К

омората брои над 3100 активни членови, организирани во повеќе професионални одделенија. Колку се тие реално активни? -На крајот на минатата година, за потребите на завршниот извештај, подготвена е статистичка информација дека во комората има 3152 членови кои ја платиле членарината и ја продолжиле важноста на своите овластувања. Тие се нарекуваат членови со важечки овластувања, додека во информационата база постојат уште 3900 членови кои од разни причини задоцниле со уплата на членарината и според законот не можат активно да ги употребуваат овластувањата. Сите членови се зачленети во професионални одделенија зависно од професионалната определба, и такви има вкупно 12 одделенија. Одделение со најголем број активни членови е професионалното одделение за градежништво со 1073 членови, а потоа архитектура 719, електротехника 502, машинство 448, урбанизам 219, геодезија 57, геотехника 44, ЗПР/ППЗ 16, животна средина 27, сообраќај 43, технолози металурзи 5, енергетска ефикасност 120, но исто така и 83 (од 445) странски државјани со потврдени различни овластувања. Секое одделение има свој Одбор составен од седум до 11 членови, кој има задача да се грижи за потребите на струката, и да промовира, предлага и да организира активности неопходни за членовите на таа струка. Одборите се состануваат по потреба и доколку нема новини во законската и подзаконската регулатива, се обидуваат да ги освежат знаењата на своите членови преку организирани предавања, или истакнати членови од струката преку свои написи во ПРЕСИНГ да ги заинтересираат членовите за некоја проблематика. Поимот 18

ПОРТА

26 мај 2017

Миле Димитровски е професор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој после 38 години работа на Универзитетот се откажа од работното место редовен професор со втор реизбор на Машинскиот факултет на Институтот за термичко инженерство, и после изборот за претседател се вработи со постојано работно време во Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија. Во својата кариера има бројни научни достигнувања, но и стручни и

публицистички. Автор е на десет универзитетски учебници, за додипломски и последипломски студии. Акредитиран ментор на магистерски и докторски студии при УКИМ и ментор на 10 магистранти и четворица докторанти кои ги завршиле своите трудови и дисертации. Шеснаесет години бил главен и одговорен уредник на списаниe за машинство, уредувал неколку броја на ПРЕСИНГ, а сега е гавен и одговорен уредник на ИНЖЕНЕРСТВО. Напишал повеќе од 120 написи во дневни и неделни весници во врска со екологијата, инженерството, сообраќајот и образованието. Бил проектант на проекти од термичко инженерство, главен ревидент за машинство на проектите за гасификација на РМ, и главен надзор на изведбата на сценски технологии на стариот нов театар во Скопје. Во Комората е од нејзиното формирање, учествувал во нејзината работа во одбори, комисии и тела. Активно соработувал со претходните претседатели за сите прашања од интерес на комората. Член е на одборот за меѓународна соработка и претставник во ЕЦЕЦ, и член на комитетот за образование во светската инженерска федерација (WFEO). Соработува со претседателите на коморитe од Европа и Балканот, а со многу од нив е и личен пријател. По негова иницијатива и лобирање, 14. Генерално собрание на европскиот совет на Комори ќе се одржи во октомври во Скопје, а е под покровителство на Претседателот на Република Македонија. Бил активен учесник во подготвката на договорите за заемно прифаќање на овластувањата со соседните инженерски комори.


градежништво но водењето сметка за различни видови на соодветна и правична застапеност е правило кое Комората и во иднина ќе се труди да го запази.

реална активност е дека секој член на одделение активно го користи своето овластување за стручно и професионално извршување на работите поврзани со овластувањата. n Приходите се над 400.000 евра!! Прилично богата организација. Меѓу членството е општо прифатена тезата дека комората е само ефикасна во „собирање“ на парите... На што се трошат парите? Секоја година, па и оваа 2017, Управниот одбор на Комората поднесува финансиски извештај и завршна сметка до Собранието на комората за приходите и расходите, и за видот-начинот на реализација на расходите. За 2017 година, по барање на претседателот на комората, поканета е меѓународна ревизорска куќа да поднесе извештај за финансиското работење во 2014 и 2015 година и да ја контролира завршната сметка за 2017 година, а тој материјал заедно со финансискиот извештај е поднесен до Собранието кое едногласно го прифати. Особено констатацијата на надворешната ревизија дека со средствата и со парите се ракувало одговорно и домаќински. Целокупниот финансиски извештај, завршната сметка, се наоѓаат на веб страницата на комората како материјали од собранието 2017 година, и од него може да се види кои се расходите (трошоците) на комората за тековната 2016 година. Секое симплифицирање од типот се потрошило повеќе за ова помалку за она, е некомплетна констатција и ново прашање за детална елаборација. Дополнително за трошењето на парите, по барање на член на Управниот одбор, направена е ревизија на трошоците за реконструкција на новиот простор на Комората, и на УО е констатирано дека реконструкцијата ја изведувала фирма (фирми со најповолни понуди, за секоја фаза посебно: ентериер, столарија, електрика, машинство, мебел) и дека има минимално пречекорување од 2,9% за непредвидени работи во ентериерот кои пректантот не успеал да ги предвиди во предмерот. Инаку, долги години наназад Комората се однесувала многу штедливо и рационално и како резултат на тоа во 2016 година инвестираше во купување на сопствен простор во самиот центар на градот ( Буњаковец), кој целосно го реконструираше и го опреми, но и натаму се однесува многу рационално со сите расходи.

n Кој е соодносот на членови од јавниот сектор/државна администрација, факултети.../ и оператива, приватен сектор, а каков е соодносот во управувачките структури? Вкупниот број на членови на Собранието (највисок орган на управување во комрата) изнесува 75. Од нив 10 се универзитетски професори (13%) од три универзитети во Македонија (градежни 4, архитекти 2, електро 2, урбанизам 1, животна средина 1), од државниот сектор вкупно 4 (5%), бизнисмени сопственици на фирми 12 (15%), сите други членови се вработени во приватни и државни фирми и носители на овластувања. Дали овие бројки укажуваат на некој несразмер? Програмата на одделенијата ја реализираат самите одделенија преку Одбор на професионалното одделение кој брои од 7 до 11 членови. Претседател на одборот е и претседателот на професионалното одделение избран на напосредни јавни избори. Одборот се избира со јавно гласање од избраните делегати во собранието и најчесто е составен со внимание за територијален, родов и национален принцип за да има претставници од сите структури. Листите се наоѓаат на веб страницата и во неа не може да се забележи некој несразмер за кој се инсинуира во прашањето. Внесување на разни клучеви за избор „статутарно определување на квоти...“ е застарена методологија кога се работи за јавни транспарентни избори (во секоја смисла). На изборите победуваат оние со најмногу гласови и тие во кои членството има најголема доверба. Никој не станал член на Комората затоа што е само од реалниот сектор, или од универзитет или дека е жена, туку заради тоа што е архитект или инженер со важечки овластувања и така е и избиран во раководните структури на комората,

n Инженерската фела од градежништвото сè уште има едно единствено овластување иако постојат различни смерови: хидросмер, патишта, конструктивен. Не е ли крајно време да се регулира со соодветно овластувањe? -Доколку одборот на одделението за градежништво, делегатите на Собранието и членството, најдат за потребно да покренат таква измена во Законот, ќе биде добро да поднесат предлог за издавање овластување со ограничување за насоката на која завршил инженерот, кој Комората би го поднела во Министерството и собранието со соодветно образложение. Треба да се има предвид дека решението може да има и други импликации (можеби формирање посебни одделенија) и треба да ги земе предвид и завршените инженери на сите високошколски установи во Република Макеоднија, и можноста и тие да добијат некое од нововоспоставени овластувања. Исто така ќе мора да се разгледа и можноста за замена или поништување на веќе издадените општи овластувања на градежните инженери со кои се стекнале во минатите години. Комората е подготвена да ги поднесе и да ги брани сите логични и конструктивни предлози на одделенијата, кои ќе придонесат за олеснување на нивната работа или поголем ред и квалитет во работата. Доколку тоа се случи во одделението за градежништво, можеме да очекуваме слични иницијативи и од архитектите, машинците, електроинженерите, техннолозите итн. n Ценовникот за инженерски, проектантски услуги никако да се донесе, што директно влијае на тоталното деградирање на цените на услугите во пракса и работењето за без пари. Сите нормални држави го имаат тоа регулирано, а кај нас тоа е оставено на „дивиот пазар“ и нелојалната конкуренција во која сите се губитници (освен инвеститорот). До кога? -Работна група од првиот состав на Собранието на комората изготвила Ценовник (тарифник) за инженерските услуги и го поднела на разгледување во Министерството за транспорт и врски. Работната група ја раководел претседателот на комората, кој и директно потекнувал од Министерството, а му помагале дел од потесното раководство на Комората (архитекти, урбанисти, планери и инженери). Нема многу документирани записи за 26 мај 2017

ПОРТА

19


градежништво постапката, но е познато дека Министерството инсистирало поднесениот документ да се приспособи кон категоризацијата на објектите од Законот за градење, што работната група го сметала за несоодветно. Министерството побарало и други измени и дополнувања на кои не добило одгвор. Материјалот што е поднесен претставува скоро целосен превод на хрватскиот тарифник, приспособен на законот за градење во Хрватска, а нашиот требало да биде приспособен на нашиот Закон за градење (кој исто така е пресликан од хрватскиот). Вториот состав на Собранието не се занимаваше со тарифникот, освен што добиваше информации дека нешто се чека, дека некој нешто кочи итн. Неколку пати работната група беше замолена писмено да продолжи со работа и да реферира за сработеното, но тое не се случило. Јас затекнав статус кво. Од една страна, дека Комората презела активности и дека материјал постои, а од друга страна, дека секојдневно членството, приватниот сектор, ААМ и други опоменуваат дека комората тоа не го направила. Сепак, тарифникот - ценовникот не е донесен. Во меѓувреме во Европа сите ценовници се оспорени со Директивата за слободен проток на пари, идеи и луѓе, и се смета дека ценовникот создава монополска положба и незаконски пречки на примената на директивите на Европската Унија... Во исто време Хрватската комора е казнета заради објавување на ценовник (со 10% од вкупниот годишен приход на Комората). Инженерските комори кои имаат ценовници бргу ги транформираат во нешто друго - нормативи за проектирање и надзор, утврдување на обемот на работите како основа за цена, изразена во поени и слично. Во годишната програма за 2017 г. експлицитно е најавена активност на анализа на досегашните активности, и подготовка на материјал за тарифник. Првата фаза покажа дека ништо не е направено, дека нема корекции на доставениот предлог во Министерството, дека министертвото чека, дека нема работна група... За нов почеток, поканета е Хрватаската комора да го презентира важечкиот успешен модел на Нормативи за утврдување на вредноста на работите..., придружен со компјутерска програма за пресметка на цените на услугите. Се очекува нивно дводневно гостување со целодневни практични примери, а потоа создавање на тим за нов почеток, со куси рокови за завршување на работите. Во меѓувреме се усложнува состојбата во Европската Унија, која не е заинтересирана за инженерскиот труд и утврдување на неговата цена, туку со други сосем спротивни принципи кои ја форсираат најниската цена на услугите занемарувајќи го квалитетот... 20

ПОРТА

26 мај 2017

Што е тоа што тотално ги деградира цените, немањето ценовник или нелојалната конкуренција на инженерите меѓу себе? Проектирањето за без пари и порано беше пракса, но во големите фирми кои вработуваа стотици инженери, се работеше „гратис проектирање“, кое потоа во договорната економија се наплаќаше преку изведбата на проектираните објекти од истата фирма. На тој начин инженерите работеа за плата, које се остваруваше од целиот завршен проект. Денес секој го гледа својот интерес па затоа проектантите понекогаш за да преживеат ги спуштаат цените под подносливото ниво (само за да преживеат и не само во Македонија...) исто е и со надзорните органи, а и со ревидентите. Можно е дека и тарифник и правилник со сериозни санкции кон прекршителите нема да го решат прашањето, туку само добра и здрава економија и квалитетни инженерски услуги. До кога? До стабилизација на економијата на државата, но тоа не е прашање што може да го реши Комората, мислам на стабилизација на економијата. n Членството за сите овие незавршени теми ја обвинува Комората. Колку е за сето ова виновна и самата фела со својата неактивност, но и државата која во сиве овие години само ветуваше, го менуваше Законот за градење десетици пати? -Флоскулата „членството за сите овие незавршени теми ја обвинува Комората“ е добра за општо обвинување на правниот субјект КОМОРА. Но вистинската вина ја имаат избраните носители на функции во Комората, одделенијата и комисиите. И секој од нив има име и презиме. И треба да се именуваат тие што не инсистирале на донесување на програма за работа која во себе ги содржи најважните

животни прашања за фелата. Исто така и оние што ги усвојувале извештаите за работа, а не биле задоволни со завршената работа. Државата само ветувала. Кому и што ветила со законот за градење? Имавме ли ние колеги пратеници кои ќе се заложеа во парламентот за важните прашања на комората? Има ли такви во министерствата? Создадовме ли ние лоби-групи и пријатели на комората кои ќе ги каневме да ги разберат нашите барања? Или само преку критики и обвинувања наоѓавме маани на сè што не ни се допаѓаше или не ни се чинеше правилно. Па и констатацијата „само ветуваше, го менуваше законот за градење десетици пати, но за фелата никаков плус“. Како да не става нас на другата стана од барикадата, а се наоѓаме во „истиот брод“. Дали законот ги фаворизираше инвеститорите, или нечии роднини, или пријатели, или беше подеднакво корисен или штетен за сите. Ниедна состојба не се поправа само со наоѓање маaни и со критика. Треба помош на сите инстанци, никој не е толку паметен да знае сè. И на претседателот на одделението му треба стручна помош, и на претседателот на Комората, и на претседателот на собранието и на надлежниот службеник во министерството и на министерот... а ние сме тие што треба да ги измериме предностите и недостатоците, и аргументирано да ги бараме правата и да ги почитуваме обврскте. n „Пресинг“ е списание на Комората со посебен стил на презентација, поприлично различен од изданијата на „Порта 3“. Идејата за соработка на двете списанија постои повеќе години… Дали може да се очекува поинтензивна соработка на списанијата во интерес на поширок круг на читатели?


градежништво -Точно е дека во Република Македонија постојат три списанија кои се наменети за читатели од инженерска провиниенција. Тоа се „Порта 3“, „Пресинг“ и „Инженерство“. Тие се сосема различни и според уредувачката политика и според целната група на која се наменети. На пример „Инженерство“ излегува два пати годишо и е наменето најчесто за средношколци кои треба да се привлечат за запишување на техничките факултети и за нивните родители. „Пресинг“ е гласило на Комората, го добиваат членовите на домашна адреса и содржи стручни и научни написи за подигнување на знаењата, или студии на прашања од интерес на научно и стручно информирање на членството. Има и мал дел информации за работата на Комората, Собранија, одлуки и слично. Излегува пет до шест пати годишно. Уредувачкиот одбор е само од членови на Комората. „Порта 3“ е универзално списание за подигнување на информирањето на стручната јавност за стручни и популарни содржини од областа на архитектурата, градежништвото и животната средина, излегува секој месец, и е во јавна продажба и поголем тираж. Уредувачкиот одбор е од афирмирани инженери од различни структури и може да е интересен и за поголем круг читатели кои се интересираат за техниката и инженерството. Соработка е секогаш можна, и на двете и на трите списанија. Одговорните уредници треба да се сретнат и да најдат заеднички содржини и форми на соработка, која ќе ја спроведат и ќе продуцираат интересни технички содржини за целните групи од двата или трите часописи. Комората ќе биде отворена да ги прифати сугестиите од заедничкиот состанок на

уредниците и да поддржи издание или повеќе изданија на часопис од заеднички интерес. n Дали членовите треба да очекуваат позитивни промени во водењето на Комората, имајќи го предвид Вашето богато професорско искуство, искуството во менаџирање во високошколска установа и учество во работата на сложени административни системи? -Изборот на претседател од различни професионални одделенија треба да биде знак дека сите струки треба да имаат правично учество во највисоките раководни структури на комората, но изборот треба секогаш да биде првенствено врзан со стучноста и компетентноста на кандидатот што се избира. Доколку е можно, при изборот се води сметка за струката, родот, националноста или територијата на дејствување, и за тоа треба да се има предвид во поплонувањето на управувачка структура на Комората. Проценувам дека долгогодишното искуство

во работата во слични организации, соработката со законодавството, работата со луѓе и одличниот состав и професионалното однесување на членовите на Управниот одбор (кој фактички ја управува Комората) се добра основа за позитиви промени. Досегашната работа е охрабрувачка и се надевам дека Управниот одбор кој во наредните четири години ќе го менаџирам, ќе ја реализира програмата што ја поднесе на усвојување до Собранието, и која со акламација беше усвоена. Се надевам на целосна соработка и помош од Собранието на Комората и на избраните членови на надзорниот одбор, дисциплинската комисија и второстепената дисциплинска комисија, како и од сите членови на Собранието. Се разбира и енергичноста, способноста за медијација, упорноста и соработката со членството и со надлежните министерства ќе продуцираат решавање на најголем број од сложените барања на членовите на Комората и на инженерската заедница во целина.

ПОРТА


архитектура

SACRED HEART CATHEDRAL OF KERICHO, КЕНИЈА, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА CIVIC TRUST ЗА 2017 ГОДИНА

Најсаканиот од сите наградени проекти Катедралата Кeричо, која се наоѓа во далечната Кенија 250 километри југозападно од престолнината Најроби, е лоцирана во планиски предел западно од долината Great Rift, што овозможува прекрасни погледи врз плантажите за чај и околните брда

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (В.Британија)

Н

а 10 март, со поддршка на Советот на град Винчестер, во Еснафската куќа на Винчестер беа доделени 58. по ред годишни награди на организацијата „Civic Trust“. Преку овие награди се одбележува исклучителната архитектура и проектите во доменот на изградената средина. Оваа година биле пријавени вкупно 247 реализирани објекти за оваа престижна награда, од кои 47 национални и меѓународни проекти биле наградени или со наградата

22

ПОРТА

26 мај 2017

„Civic Trust“ или со „Признание“ (Commendation), а кои ги вклучиле и наградите на „Pro-Term“ за времени проекти или инсталации, и награда за Конзервација (Заштита на градителското наследство) на Регистерот на акредитирани архитекти во конзервација на објекти (Register of Accredited Architects in Building Conservation - AABC). Дополнително, оваа година пет Специјални награди биле доделени на проекти кои особено се истакнале во специјализирани области. Овде ви го претставуваме добитникот на Специјална награда на Националниот панел. Членовите на Националниот панел го бираат добитникот на оваа специјална


архитектура награда од веќе наградените проекти за овогодишната награда. Најсаканиот проект од сите наградени проекти, оваа година е Катедралата Свето срце во Кeричо, Кенија (Sacred Heart Cathedral of Kericho, Kenya), на Џон МакАлсан + Партнерс (John McAslan + Partners) и Триад (Triad). Проектот ги освои срцата на членовите на Националниот панел. Катедралата Кeричо, која се наоѓа во далечната Кенија 250 километри југозападно

од престолнината Најроби, е лоцирана во планиски предел (Highlands) западно од долината Great Rift, што овозможува прекрасни погледи врз плантажите за чај и околните брда. Архитектите успеале да создадат исклучително и свето место каде на верниците им стојат на располагање 1500 седишта за тие да ја следат литургијата под еден огромен кров кој покрива подна површина од 1375 метри квадратни. Кровот на

црквата е клучниот елемент на концептот за проект на црквата. Двоводниот кров полека се искачува од влезот кон олтарот во надолжна линија, додека истовремено вертикално во внатрешноста се спушта од врвот кон надворешните ѕидови. Преку овој пристап во проектирањето на кровната конструкција, проектантите сакале да ја исполнат својата желба да создадат објект кој естетски и функционално, беспрекорно ќе се интегрира

26 мај 2017

ПОРТА

23


во рамките на своето пејзажно опкружување. Катедралата Керичо е завршена во ноември 2015 година, а денес претставува забележителна силуета во брановидната панорама на брдата и долините на Керичо. Внатрешниот волумен под огромниот кров ги поврзува и афричките и црковните историски референци. Внатрешниот простот во катедралата искрено ја искажува конструкцијата на објектот – базата од камен, едноставно артикулираните армирано-бетонски рамки во форма на лаци и ребрастите сводови од дрво коишто исклучително се изарботени. Едноставната палета на објектот, базирана врз природни материјали, ѝ оддава почит не само на вербата туку и на рационалното на оваа рурална заедница во Африка. При реализацијата на објектот, големо внимание било посветено на вклучување на искусни занаетчии во процесот на изградба, но изградбата била искористена како можност и за подобрување на локалните 24

ПОРТА

26 мај 2017


архитектура градежни вештини. Со исклучок на стаклото, што било употребено од страна на уметникот за изготвување на витражи, сите градежни материјали, вклучително со дрвената граѓа користена при изработката на плафонот, вратите, мебелот и ќерамидите за кровот, се локално набавени од локално достапното производство. Гранитот бил донесен од град лоциран јужно од Керичо. Во рамките на објектот бил користен и син камен Најроби (Nairobi Blue Stone). Леснотијата на изградба и искористувањето на постојните ресурси биле клучни определби при изградбата на катедралата, којашто била испроектирана да биде употребувана со скромна потрошувачка на енергија и минимално одржување. Дополнителна определба при проектирањето и изградбата на објектот била да се намали не само потрошувачката на енергија туку и да се намалат идните обврски и трошоци за одржување на објектот. Организацијата „Civic Trust“ (www.civictrust.org.uk) е основана во 1957 година од британскиот политичар Данкан Сандис (Duncan Sandys), бивш зет на Сер Винстон Черчил (Sir Winston Churchill) кој се залагал за создавање на подобри места за луѓето да живеат во нив. Наградите Civic Trust (www.civictrustawards.org.uk) се основани во 1959 гидина и претставуваат една од најстарите награди за реализирани објекти во доменот на изградената средина во Европа. Со благодарност до орагнизацијата Civic Trust Awards за пристапот до илустративните материјали за овогодишните награди.

26 мај 2017

ПОРТА

25


древна aрхитектура

ЗАБРАНЕТИОТ ГРАД, КИНА

Траен симбол на

традиционална Кина Помеѓу планината Jingshan и реката Jinshui во самиот центар на Пекинг, со концепција на идеален баланс помеѓу јин и јанг, бил изграден и опстојува повеќе стотици години Забранетиот град, дворецот на Синот на Небото на кинеските императори, симболот на традиционална Кина

Д

Љупка ДУКОВСКА, дипл.инж.арх.

ревната палата на кинеските императори Забранетиот град, сместен во центарот на Пекинг, со неговата величествена архитектура се смета за најимпозантно архитектонско ремек-дело, траен симбол на традиционална Кина. Неговата изградбата е еден од најголемите подвизи во човечката историја. Подвиг кој може да се спореди со изградбата на пирамидите или на големиот кинески ѕид. 26

ПОРТА

26 мај 2017

Прогласен е за светско културно наследство на УНЕСКО во 1987 година, како „Царски дворец на династиите Минг и Чинг“. Претставува најголема збирка на најдобро сочувани стари дрвени структури во светот. Им служел на кинеските цареви од 1421 до 1911 година. Во него престојувале 24 кинески императори. Четрнаесет од династијата Минг и десет од династијата Чанг. Со абдикацијата на последниот кинески цар Пу Ји, во 1912 година, Забранетиот град престанал да биде политички центар. Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот град е симбол на кинеската државност. Денес, тој е една од најголемите туристички

атракции во светот. Познат е како музеј – дворец. Посетен е од околу 10 милиони луѓе годишно. Според официјалните податоци за овој исклучителен комплекс од минатото, неговата изградба, како остров на луксуз, далеку од обичните луѓе, започнала во 1406 година. Се проценува дека околу еден милион работници учествувале во изградбата и комплетирањето. Денес има постојана екипа која е ангажирана на негово обновување. Неговото комплетно реновирање, трае околу 10 години. По завршувањето на последниот реновиран дел, повторно се почнува со првиот, кој бил реставриран пред 10 години.


древна aрхитектура на сите четири страни. На јужната страна се наоѓа Меридијанската порта (А). Северно е Портата на Божествената сила (B). Растојанието помеѓу овие две порти е 960 метри, а растојанието помеѓу источната (D) и западната порта (C) е 750 метри. На секој агол од ѕидот се наоѓа по една уникатна кула (E), од кои може да се види дворецот и градот надвор. Забранетиот град се дели на два дела: - надворешен дел, во кој спаѓаат јужниот и централниот двор, три церемонијални сали кои се користеле за крунисувања, венчавки, наименувања. Тука се величествената Сала на врховната хармонија (G), пред која се наоѓа Портата на врховната хармонија (F), Салата на военото достоинство (H) и Салата на книжевната слава (J). Во надворешниот двор се наоѓаат архиви, библиотека, магацини за складирање на фенери; План на Забранетиот град Линија на поделбата на надворешен (јужен) и внатрешен (северен дел)дел

Поставен е на локација со правоаголна форма која зафаќа површина од 720 илјади метри квадратни. Изграден е билатерално симетрично. Осната линија на основата е во правец север – југ. Најголемите конструкции внатре се поставени симетрично на двете страни. Другите структури вклучувајќи ги и најголемите, како и престолите во нив, се преполовени од оската. Исто така и двата најважни архитектонски комплекси на стариот град Пекинг, Храмот на небото и Олтарот на земјоделството, иако надвор од Забранетиот град, биле поставени симетрично на двете страни од оската во палатата. Ограден е со високи ѕидови кои имаат порти

Легенда: А. Меридијанска порта B. Порта на божествената сила C. Западна славна порта D. Источна славна порта E. Аголни кули F. Порта на врховната хармонија G. Сала на врховната хармонија

H. Сала на военото достоинство J. Сала на книжевната слава K. Јужни три дворци L. Дворец на божествената чистота M. Царска градина N. Сала на умствената култивација O. Сала на спокојната долговечност 26 мај 2017

ПОРТА

27


древна aрхитектура Жу Ди (Zhu Di), четвртиот син на царот Zhu Yuanzhang, оснивачот на династијата Минг, кога го презел тронот, ја преселил својата нова престолнина во Пекинг. При планирањето на дизајнот на новиот дворец, тој ги замолил фенг шуи мајсторите да потврдат дека неговото владеење е навистина небесен декрет. Изградбата на Забранетиот град била внимателно разработена. Сите позитивни елементи биле максимално искористени. 1. Според доктрината на фенг шуи, географските карактеристики на локацијата влијаат на објектите. Забранетиот град бил

- и внатрешен дел кој ги опфаќа северниот, источниот и западниот дел од Забранетиот град. Во внатрешниот двор живеел и работел царот со неговото семејство, евнусите и слугите. Исто така има три сали кои се користеле за секојдневни намени. Најважната е Дворецот на божествената чистота (L). Тука се дворците Слава на умствената култивација (N) и на спокојната долговечност (O). Главната порта на Забранетиот град е Меридијанската порта (A). Таа гледа на плоштад на кој некогаш се извршувале смртни казни по царска наредба. Поединечните згради во рамките на Забранетиот град биле дом на многу важни членови на аристократијата. Во него се сместени огромни колекции на бесценети реликвии, вклучувајќи древна керамика, бронзени

ПОРТА

скулптури и слики. Целиот комплекс е украсен со прекрасни статуи од мермер, дрво и бронза. ИСТОРИЈА, ДРЕВНИ ТАЈНИ, ФЕНГ ШУИ… Историјата на Забранетиот град е богата и мистериозна. Како центар на моќ со векови бил сведок на многу предавства, убиства и борби за власт. Колку повеќе се проучува, се доаѓа до сè поинтересни податоци за древните знаења на старите мајстори. За неговата интересна градба и за нивните објаснувања на преземените активности за добивање на, според нив, подобар фенг шуи. Идеологијата била дека императорот на Кина е Божји син, кој требало да владее вечно. Задача на архитектурата била да ја потврди оваа идеја, што е видливо во секој негов дел.


древна aрхитектура

поставен во географскиот центар на Кина. Но неговата природна местоположба не задоволувала. За да се постигне совршенството на локацијата, бил искористен човечкиот труд. Било изградено вештачко брдо (Jingshan) на северната страна, зад објектите, и вештачка река (Jingshui) која течела напред, од запад кон исток. За реката бил ископан специјален канал, а планината била формирана од ископаната земјата за реката и од градежниот материјал од стариот дворец на династијата Yuan, кој бил срушен. Планината и реката го смениле целото магнетно поле на локацијата. Формирале многу важни елементи. Ја поврзувале јин и јанг енергијата со околните планини (Tianshou, Yanshan, Taihang, Kunlun), кои дејствувале заедно.

Чи енергијата од дворецот, сега можела да патува непречено и преку систем на реки и планини да стигне до огромната планина Kunlun, за да се поврзе директно со енергијата на самото небо. 2. Објектите во градот биле поставени строго според принципите на фенг шуи, по оската север – југ, бидејќи се сметало дека балансот помеѓу јин (север) и јанг (југ) ќе донесе универзална хармонија во царството. Забранетиот град е разделен со централна оска, која оди од север кон југ, и го дели дворецот на источен дел кој претставува јанг и западен дел кој е јин. Сите сали по должина на оската се свртени на југ, така што на лево е јанг, каде што сонцето изгрева, а на десно јин каде што сонцето заоѓа. Јин и јанг

се сметаат за извор на животот од времето на Qin Shi Huang (260-210, пр.н.е.), прв император на династијата Qin. Во совршена симетрија, изградени се повеќе сложени палати поврзани со огромни плоштади, дворови и вештачки езера. 3. Концептот на петте елементи го формира јадрото на традиционалната кинеска култура и се базира на идејата дека сè во универзумот е создадено со акција и реакција помеѓу петте елементи на метал (злато), дрво, вода, воздух и земја. Овој концепт често се смета како основа на „симплифициран материјализам“ на филозофијата на древна Кина. Ако се вели дека јин и јанг се потекло на целата материја, тогаш петте елементи се целата материја која се реализира за да продолжи да егзистира. Затоа во дизајнот на Забранетиот град се наоѓаат безброј траги од петте елементи. Во традиционалната кинеска филозофија, материјата почнува да се формира откако нејзината душа е формирана со енергиите на јин и јанг, односно пете елементи кои ги составуваат телото и крвта на сè на земјата. Во теоријата на петте елементи, центарот на која било област има квалитет на земја. Бојата на земјата е жолта, боја која е резервирана како кралска боја. Покривите на најважните објекти на комплексот се со жолти плочки и укажуваат на физичкиот центар на целото царство. Југот е со квалитет на оган. Портата во јужниот дел на палатата е направена со слики од пет феникси и пет камени мостови. Надвор од портата врежани се моделите на страшен бесен оган. Елемент на северниот дел е водата, што одговара на легендарната црна желка. Xuanwu е бог на водата на север. Одговорен е за прашањата на животот и смрта и има способност да избрка лоши духови. За да се признае неговата заштита, источните и западните палати имаат кров од црни кровни плочки. Металот (или златото) е елемент на западот. Според теоријата на фенг шуи металот создава вода. Тоа е причината зошто реката околу палатата почнува од запад и се нарекува Jinshui („Златна вода“). И конечно, истокот припаѓа на дрвото, што означува раст и промена на сите нешта во светот. Истокот е полн со енергија и е идеална локација за живеалиште на принцот. Бојата што одговара на дрвото е зелена. Крововите на просториите каде престојувале принцовите на династиите Минг и Чинг биле покриени со зелени плочки, аналогија дека принцот треба да биде вечно млад, полн со енергија и неограничен потенцијал. 4. Древните Кинези, при креирањето на идеалистички комплекси се придржувале до принципот дека небото и земјата директно кореспондираат еден со друг. Со други зборови, изгледот на ѕвездите може да се поврзе со лицето на земјата, создавајќи огромен симболичен систем. Дизајнот на Забранетиот град е директна проекција на концептот на „мапа на универзумот“. Но наместо да направат копија на соѕвездијата, 26 мај 2017

ПОРТА

29


тие се рефлектирани на многу погенијален начин. Со компас се определува локацијата на Северната ѕвезда. Се определува северниот правец и оската што поминува од север на југ, која е главна оска на комплексот. Реката Jinshui симболизира „Небесна река“ (Млечен пат). 5. Во внатрешноста, секоја архитектонска карактеристика, боја и декорација има симболично значење... На секој агол од покривите

30

ПОРТА

26 мај 2017

наоѓаме мали статуетки, фигури на легендарни животни, чиј број ја означувал моќта на лицето што живее внатре. Бројот 9 бил за царот. Само една зграда има 10 статуетки на секој агол. Анализите на мајстори на фенг шуи, го објаснуваат интересниот дизајн на Забранетиот град кој ги вклучува во себе распоредот на соѕвездијата, јин и јанг, петте елементи, имињата на портите, правците, патиштата, симболите…

кои му обезбедуваат позиција, како најневеројатно архитектонско ремек-дело од минатото, инспирирано од древните знаења на архитектурата. Изграден пред повеќе стотици години, помеѓу планината Jingshan и реката Jinshui, со концепција на идеален баланс помеѓу јин и јанг, до денес опстојува дворецот на Синот на Небото на кинеските императори, Забранетиот град. n


ПОРТА


арт и архитектура

ИЗЛОЖБА THE JAPANESE HOUSE: ARCHITECTURE AND LIFE AFTER 1945. ВО BARBICAN ART GALLERY ВО ЛОНДОН

Архитектурата и

станбениот живот во Јапонија по 1945

Ова е прва голема изложба во светот со деликатно претставување на јапонската архитектура од Втората светска војна до денес. Поставката, исто така, содржи филмови и фотографии кои фрлаат сосема ново светло на улогата на семејната куќа во јапонската култура од секој аспект, а не само од историски, традиционален и социјален момент.

Jaпонска куќа - канцеларија, архитект Ryue Nishizawa

ПОРТА


Детал од изложбата подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

П

о завршувањето на Втората светска војна настапил период кога настанале некои од највлијателните и највредните примери на модерната и современа архитектура. Изложбата „Архитектура и живот во Јапонија по 1945“ е отворена во престижната Barbican Art Gallery во Лондон. Таа содржи 200 дела на преку 40 јапонски архитекти, познати мајстори на 20 век и меѓународно признати современи архитекти, како што се Tadao Ando, Toyo Ito, Kazuyo Sejima (SANAA), Kiyonori Kikutake, Kenzo Tange... На изложбата се претставени возбудливи работи и на малку познати архитекти вон Јапонија, вклучувајќи ги Osamа Ishiyama, Kazunari Sakamoto и Kazuo Shinohara, како и дела на млади архитекти во подем, како што се Hideyuki Nakayama и Chie Konno. Jапонската куќа го претставува најголемиот број на пионерските архитектонски проекти во последните 70 години, од кои многу од нив никогаш не биле изложувани. Изложбата,

исто така, содржи филмови и фотографии кои повторно фрлаат ново светло на улогата на куќата во јапонската култура. ПРОБЛЕМ НА ДОМУВАЊЕ Во пресрет на војната, големите разурнувања во Токио и други градови во Јапонија, донеле итна потреба за нови облици на домување и сместување, а семејната куќа наскоро станала најистакнатиот предмет на архитектонски експериментирања и дебати. Во обидот да се воспостави нов архитектонски јазик, кој се однесува на овој поствоен период во јапонската историја, архитектите како Kenzo Tange и Seiichi Shirai ги истражувале начините за можната синтеза меѓу традицијата и модернизмот. Во годините по војната, јапонските архитекти константно го користиле дизајнот за радикална критика на општеството, пронаоѓајќи неверојатни но вистински иновативни решенија за промена на јапонскиот животен стил. Во текот на седумдесеттите години на минатиот век, архитектите биле концентрирани на анализа и обликување на куќи кои стоеле како одбранбен бедем против загаденоста и 26 мај 2017

ПОРТА

33


пренаселените градови; а во текот на осумдесеттите години на минатиот век, економскиот бум ги натерал да ги прифатат и применат почетоците на информатичката технологија, и да осмислат решенија за дизајн на куќи кои би биле лесни и отворени за надворешниот свет. Од една страна, новата јапонска станбена архитектура, особено во Токио, предлагала генијални решенија за зголемување на квалитетот на животот во оваа најголема светска метропола; од друга страна, паралелно со оваа тенденција постоел и континуиран обид за разбирање на (јапонската) куќа како привилегиран простор за имагинација и креативно изразување.

КУЌА ВО РАЗМЕР 1:1 Во срцето на изложбата е секако амбициозниот проект без преседан, куќата изградена во полна големина - Moriyama House (2005), објект изведен според проектот на добитникот на Прицкеровата награда за архитектура, архитектот Ryue Nishizavа (SANAA). Оваа куќа се смета за една од најважните куќи од 21 век. Посетителите можат да се движат низ комплетно опремената единица со градина и така да ја доживеат оваа извонредна куќа во непосредна физичка смисла - замислувајќи како би било да се живее во неа. Објектот претставува радикално разложување на конвенционалната куќа, и се 34

ПОРТА

26 мај 2017

состои од десет поединечни просторни единици (некои единици се големи како

купатила), раздвоени со надворешна градина. Специјално дизајнирана во соработка со


арт и архитектура

Јапонска Чајџилница проект на Terunobu Fujimori

документирале личната и спонтаната средба со господинот Moriyama, овозможувајќи им на гледачите привилегиран пристап во секојдневието на овој урбан пустиник на 21 век.

ЈАПОНСКА ЧАЈЏИЛНИЦА

архитектот Nishizavа за оваа изложба, реконструкцијата на куќата се испреплетува и со самата филозофија на галеријата Barbican која го слави брутализмот. Стотици предмети, вклучувајќи книги, музика и филмови, го опишуваат творечкиот свет на сопственикот на куќата Jasuo Moriyama и вдахнуваат живот во оваа прекрасна конструкција. Повеќе од само

архитектонски модел, оваа интерпретација на оригиналната куќа во сооднос 1:1 формира портрет на Moriyama - повлечениот колекционер на уметнички предмети и дела, кој никогаш не ја напуштил Јапонија. На изложбата премиерно е претставен филмот Moriyama-san, на брачниот и филмски пар Ila Bêka и Louise Lemoine, кои ја

Пониското ниво на галеријата, односно зад куќата на Moriyama, е исполнето со подеднакво амбициозен проект на Terunobu Fujimori, архитект и високо почитуван историчар на јапонската архитектура. Fujimori е познат по своите ексцентрични, прецизни и со љубов изработени конструкции. Специјално за галеријата и изложбата, тој ја проектирал досега најголемата чајџилница со исклучителна градина. Екстериерот на чајџилницата е обложен со рачно изгорено дрво, а ентериерот е обработен со бел гипс, и на тој начин прави контрапункт на современиот минимализам на куќата на Moriyama, откривајќи го значењето на рачно изработените материјали во фантастичниот јапонски дизајн. Двесте дела колку што содржи изложбата, вклучувајќи и ретко видени архитектонски модели и цртежи, фотографии и филмови, на исклучителен начин ги рефлектираат случувањата во станбената архитектура во светло на најзначајните промени во јапонската

Јапонска куќа на Sou Fujimoto

ПОРТА


проектот на нејзината куќа во Plum Frove (2013); потоа познатата вила на Kazuо Shinoharа во Takanawa (1974); градбата Arimston во Токио (2005) - извонреден објект на Keisuke Ока кој рачно е направен во последните 15 години; Ateiler Bow - Wow се претстави со шармантната куќа Pony (2008); а тука е и радикалната градба и триумфот на архитектонскиот постмодернизам Anti – Dwelling Box (1972) на архитектот Kiko Mozuna во Hokkaido, посветено на неговата мајка; и Sky House (1958) на Kiyonori Kikutake (еден од основачите на архитектонското движење Metabolism) еднособна бетонска конструкција која виси во воздух. Во рамките на изложбата се осмислени низа архитектонски и уметнички работилници во кои публиката може да учествува: „Уметност на архитектурата од бетон“, „Kage – техника на светлост и сенки“, „Куќа која живее“, „Како да се дизајнира чајџилница“... Амбиентот на галеријата се менува од час во час со помош на осветлувања кои имитираат изгрејсонце и зајдисонце, така што секој посетител може да ја доживее магијата на овие објекти во текот на еден ден. Изложбата „Јапонска куќа: Архитектура и животот по 1945“ ќе трае до 25 јуни. n

економија, на промените во урбаниот пејзаж и во семејната структура. Тематски поделената изложба во секции како што се: „Куќа уметничко дело“, „Земја и Бетон“, „Домување и Експеримент“, „Семејството и Иднината“... , обезбедуваат исклучително визуелно патување во однос на специфичната јапонска архитектонска култура. АРХИТЕКТОНСКИ РАБОТИЛНИЦИ Треба да се нагласат и други дела, како што се просторната инсталација на архитектката Kazuyo Sejima базирана според 36

ПОРТА

26 мај 2017

Jaпонска куќа од Atelier Bow Wow


архитектура

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


Влада на Република Македонија Автор: Архитект Петар Муличковски 1970 година

Проект „Скопје 2014“

Стоковна куќа НАМА, Скопје Автор: Архитект Славко Брезовски 1959 година

Проект „Скопје 2014“

ШТО Е СЛЕДНО? ПОРТА


ПОРТА


ентериер

РАБОТЕН ПРОСТОР ВО БАНКАРСКИТЕ ИНДУСТРИИ ВО МАКЕДОНИЈА (2)

Огромно влијание на благосостојбата на луѓето Според многуте научни и професионални автори, работниот простор и понатаму ќе претставува место од непроценливо значење за современите општества и нивните економии. Зашто и покрај многуте технолошки иновации во областа на информатиката и комуникациите, директните контакти на вработените, разменувањето на идеи и искуства, и понатаму ќе се одвиваат во ентериерни простори дизајнирани во склад со современите потреби и барања на нивните корисници 40

ПОРТА

26 мај 2017

проф. д-р Мишко РАЛЕВ, Факултет за архитектура и дизајн при УАКС

К

онфигурацијата на силуетата на современиот град е структурирана главно од модерните деловни згради кои доминираат врз урбаниот пејзаж, меѓу кои доминираат зградите на банките, осигурителните компании и слични на нив згради на финансиските индустрии. Тие ја манифестираат економската моќ и вербата во иднината, презентирајќи се себе како институционални симболи и урбани икони. Вообичаено, тие во себе ги отелотворуваат најразвиените градежни технологии во специфичен архитектонски


ентериер јазик, позиционирајќи се како најпрогресивните деловни згради на денешнината. Внатрешниот работен простор на овој тип згради се каректеризира со богата и комплексна структура на просторот за задоволување на комплексните потреби на организациската разноликост на работната сила на банките поделена во бројни оддели, при што креираат богат социјален живот. Истражувањето на влијанието на просторот врз задоволството од работа во банкарскиот сектор во Македонија, започна со одредување на детерминантите на истото при што беа анализирани во смисла на демографски карактеристики на вработените. На пример, многу истражувања спроведени во Европа низ различните индустрии најдоа дека работниците од женски пол намераваат да доживеат повисоки нивоа на задоволство од работа во споредба со работниците од машки пол. Еден друг тек на академско истражување најде дека мажите се позадоволни од жените од своите работи. Меѓутоа, овие разлики во половата сегрегација која се однесува на задоволството од работа може да биде резултат на различни фактори кои произлегуваат од културните услови (рестрикција на пристап кон пазарот на трудот од полов аспект) до можностите на работното место (како што е работната

флексибилност, породилното отсуство итн.). Истражувањето исто така пронајде дека задоволството од работа расте со возраста и сталното место во организацијата. Постарите вработени и вработените што поминале подолго време во организацијата, тежат да доживеат повисоки нивоа на задоволство од работа во споредба со помладите вработени и вработените што се нови во организацијата. Што се однесува до

релациите помеѓу задоволството од работа и величината на компанијата, истражувањето сугерира дека задоволството од работа е пониско кај вработените што работат во поголемите компании. Ова може да му се припише на послабите односи помеѓу вработените и менаџерите, исто како и на нефлексибилноста во работната средина која ги карактеризира поголемите работни простори. Некои истражувања укажуваат дека

26 мај 2017

ПОРТА

41


ентериер

повеќето европски и светски организации потврдуваат дека работниот како и домашниот простор, може да има огромно влијание на благосостојбата на луѓето. Условите на зградата се однесуваат на термичкиот комфор, квалитетот на воздухот, осветлувањето (природното и вештачкото), влага, бука. Условите на дизајнот на ентериерот се однесува како на примарните ентериерни елементи (структурата на архитектонските елементи, обликот на канцелариската основа, канцеларискиот распоред) така и на секундарните ентериерни елементи (дизајн на системите на мебел, бојата на ентериерниот простор и нејзините елементи). Исто така и елементите на архитектонскиот декор играат важна улога во дизајнот на целината. Главната цел на ова истражување беше да се анализираат детерминантите на задоволството од работата помеѓу вработените во неколку банки во Реублика Македонија, а се однесуваат на архитектонските карактеристики на нивните работни средини. Користениот прашалник беше само администриран и комплетиран од страна на 179 вработени во банките. Пополнувањето на прашалникот беше анонимно, а банките беа информирани дека информациите ќе бидат искористени исклучиво за научни цели. Целото испитување беше спроведено за време од три месеци. При компаративната анализа, заклучено е дека нашите резултати не отскокнуваат драстично од резултатите на истражувањата спроведени во некои од земјите на Европската Унија, дури се заклучува дека се слични. Но, ако се знае колку и како му посветуваме време на 42

ПОРТА

26 мај 2017

дизајнот на ентериерот на работните простори, секако ќе се согласиме дека банкарската индустрија и не е карактеристична средина за воспоставување на просечни проценки за позицијата на нашите вработени од аспект на физички услови за работа. Имено, вработените во банкарската индустрија се карактеризираат со низок степен на автономност на своите работни места, од причина што во ваквите институции се воспоставени безбедносни хиерархии кои произведуваат строги организациски правила, кои имаат конкретен ефект врз архитектонско-функционалниот план на зградите. Но, сепак и во вакви услови, вработените имаат потреба од добро организиран и допадлив физички и социјален здрав простор за работа, што го искажаа преку одговорите во анкетата. Она што е хендикеп на ова истражување (за банкарскиот сектор) е неможноста да се анализираат архитектонските и ентериерните технички документи кои би биле од голема корист во донесувањето на заклучоците. Целта на оваа студија беше да се анализира како дизајнот на работниот простор го детерминира нивото на задоволството од работа помеѓу вработени во македонската банкарска индустрија. Истражувањето покажа дека не постои значајна разлика во нивото на задоволство од работа помеѓу мажите и жените вработени во банкарската индустрија во Македонија, додека значајно ниво на разлика беше пронајдено во нивото на пријавено задоволство од работа помеѓу вработените на кои им беше овозможено да

учествуваат во дизајнот на нивните работни простори и оние што беа прашани за нивното мислење. Понатаму, студијата покажа значајна разлика во нивото на пријавено задоволство од работа помеѓу вработените банкарски работници и времето што тие го поминале работејќи на иста работна станица. Вработените што биле во компанијата помеѓу една и пет години, демонстрираат највисоко ниво на задоволство од работа. Анализите на работниот простор детерминирани од задоволството од работа, сугерираат дека факторите што го намалуваат фокусот на внимание кај вработените (како што се буката и визуелното вознемирување) го намалуваат нивото на задоволството од работа; додека можностите на работниот простор за неформални и формални средби го подигнуваат нивото на задоволството од работа, беше пријавено од вработените во банките. Овие наоди беа во линија со другите студии направени низ различните индустрии во Европа. Ова истражување е прво од овој вид направено во Република Македонија, и


ентериер следните истражувачки обиди би требало да обезбедат информации кои ќе придонесат во разбирањето на детерминантите на работниот простор, што креира највисоко ниво на задоволство од работа. Ваквите истражувања се во насока на воспоставување на основи на разбирањето на работниот простор како комплекс од интердисциплинарни дејствувања. Притоа, архитектурата, дизајнот и нивната ликовна и естетска компонента се врзните полиња кои медиумски ќе ги транскрибираат различните жанрови во заеднички и разбирлив физички медиум за реализација на социјалните цели на глобалниот свет. Конечно, според многуте научни и професионални автори, работниот простор и понатаму ќе претставува место од непроценливо значење за современите општества и нивните економии. Зашто и покрај многуте технолошки иновации во областа на информатиката и комуникациите, директните контакти на вработените, разменувањето на идеи и искуства, и понатаму ќе се одвиваат во ентериерни простори дизајнирани во склад со современите потреби и барања на нивните корисници. И понатаму „канцеларијата“ ќе биде основна просторно-функционална единица на работниот свет. Човековата потреба за социјализација сè уште e негова вродена карактеристика, без која неговиот живот би немал смисла. Фотографиите за темата се од Delight оffice solution - Скопје

ПОРТА


сообраќај

ИСТА МЕТА, ИНОВАТИВНО ОТСТОЈАНИЕ Иновативноста на транспортните политики може да стане рамна на казна во отсуство на оптимизација на конвенционалните системи

П

мр Ненад ТОНИЌ , дипл. сооб. инж.

44

ПОРТА

рашањето зошто некои метрополи по својата погодност за живеење отскокнуваат од глобалното „ресто“, произлегува, меѓу другото, и од решенијата

26 мај 2017

Мелбурн

за справување со притисокот на урбаниот сообраќај и транспорт. Квалитетот на тие решенија во основа претставува автономна одлука, но, поради комплексноста на урбаните „организми“, се ползува во зоната на максимумот само и единствено во комбинација со други решенија. Фронталниот пласман на тенденцијата сообраќајните метежи да се стават под

контрола, мора да произлезе од оптимална комбинација на политики, приоди и мерки кои истовремено ќе се адресираат на кус, среден и долг рок. Навигацијата низ нив не би смеела да биде под исклучива јурисдикција на еден инструмент – буџетот т.е. партиската послушност – туку и на храбрата иновативност која подразбира поинакво моделирање на политиките и

Лондон, врвен час


сообраќај глобалната економска утакмица: „Добар дел од компетитивноста на една земја и нејзините градови зависи од транспортните системи, од тоа колку лесно луѓето можат да се движат“ – Anne Berner, министер за транспорт на Финска. Ако е точен податокот според кој обемот на патниот и железничкиот транспорт во глобалните метрополи се зголемил за 40% во период од само 10 години (2000-2010), со тоа што оној во 2050-та ќе биде двојно поголем од споредбениот во 2010-та, станува белки појасна намерата на градските власти ширум светот со максимална иновативност, отвореност, кооперативност, конзистентност и раскин со партиските стеги да им доакаат на сообраќајните метежи: „Метежите се проблем број 1 со кој развиените градови на денешницата се борат“ – Ken Small, професор по економија на Универизитетот на Калифорнија, Ирвин.

инволвирање на засегнатите субјекти. Од проста причина што иновативноста не е атрибут „венчан“ со техниката, туку се повеќе и се поважно со приодот, резонот, планскиот и процесот на финансирање. ОНА ШТО (НЕ) ГО ЗНАЕМЕ Темелната разлика помеѓу метрополите (на пример Лондон, Њујорк, Париз, Мелбурн) и градовите што таа одредница некритички ја прикачуваат (на пример Скопје), претставува мерниот систем за успешност во поединечните урбани сегменти. Глобалните економски, финансиски и индустриски центри ја користат транслацијата на секторските потешкотии во изгубено време, намалена продуктивност и

финансиска загуба која соодветствува со нивното значење во планетарната хиерархија. Оваа постапка не крие дека времињата потребни за совладување на градскиот простор во Лондон на пример, повеќе од двојно се зголемуваат во метежите на т.н. врвни часови, што поединечно пресметано води кон дополнителни 100 часа поминати во возилата на годишно ниво. Кумулативната финансиска рефлексија на оваа појава студиски е проценета како загуба од ~380.000.000.000£ (бројот на нули не е грешно наведен) во периодот 2013-2020! Ваквите прогнози се дијаметрално спротивни на тежнението за максимална конкурентност во

ПОЛИТИКИ ПРЕД ПРОЕКТИ Стеснувањето на локалните и националните буџети, како директна рефлексија на негативните економски трендови, условува изместување на тежиштето на развојните урбано-транспортни парадигми од зоната на проектите кон зоната на политиките. Финансиската логика на ваквата девијација е сосема едноставна: во споредба со скапите градежни зафати, имплементацијата на иновативни политики чини далеку помалку, нема потреба од скапа и габаритна инфраструктурна поддршка и дава брзи резултати. Одржливиот карактер на оваа констелација може, но и не мора да поседува популистички „бои“ доколку позитивните резултати уживаат недвосмисленост. Економистите вообичаено го препорачуваат таксирањето како „ударна тупаница“ против сообраќајните метежи. Добро познатата congestion charging мерка идеално налегнува на оваа парадигма. Градот Лондон како прва асоцијација на споменот на оваа мерка се јавува од чисто географски причини, иако за него во јавноста се врзува една нејзина варијанта – кордонска (зонска) наплата за колски приод кон градското јадро, во периодот помеѓу 7 часот наутро и 18 часот навечер. „Шаренилото“ на оваа мерка потекнува од можноста за градација на тарифата во зависност од временската близина во однос на врвниот час или наплата за користење на засебни, т.н. НОТ (High Occupation Lanes) сообраќајни ленти. Упливот на еколошката свест „породи“ и трета нијанса т.е. LEZ (Low Emission Zones) со единствена или 26 мај 2017

ПОРТА

45


сообраќај градирана тарифа за возила со различно ниво на емисија на штетни материи во градската атмосфера, на кои, категорија по категорија, со текот на времето трајно би им се забранувал пристап во таа зона. Глобален лидер во практикувањето на мерката congestion charging е всушност градот Сингапур со својот иницијален ALS (Area Licence System) од 1975-та. Промптната успешност мерена со 44% намален обем на сообраќај во централната градска зона, најпрвин ги охрабри градските власти на премин на ERP (Electronic Road Pricing) во текот на 90-тите, а потоа и на примена на високотехнолошка аналитика во 2008 година, со цел нивелирање на висината на таксата во реално време, во зависност од напливот на возила кон централните делови од градот. ИНОВАТИВНОСТ ВРЗ СИСТЕМСКА ОПТИМИЗАЦИЈА Иновативноста на транспортните политики може да стане рамна на казна во отсуство на оптимизација на конвенционалните системи. Секоја мерка воведена во насока

на намалување на бројот на приватни возила во сообраќајот, мора да почива на фон од понудена алтернатива које ќе поседува изнијансиран сенс за шаренилото од потреби на крајните корисници. Во спротивно, преминува во ризична акробатика која директно ќе се ефектуира низ погоре споменатата времепродуктивност-губиток метрика. Во стандардните урбани средини на денешницата, иновативната успешност се гради врз стожерната улога на јавниот градски превоз. Неговата стожерност не почива врз простиот факт за неговото постоење, туку врз капацитативниот потенцијал кој го става на располагање на градот: „Колку повеќе луѓе ќе насочиме кон јавниот градски превоз, толку подобро нашите улици ќе функционираат“ – Brooks Rainwater, директор на Националната лига на градови на Америка (NLC). Диверзитетот на подмоделите (автобуски, трамвајски, тролејбуски, метро), соодветниот избор на возни единици, густината и наменските градации на мрежата од линии (на пример, основна и micro мрежи), зачестеноста на

возилата долж нив, алтернативните превозни услуги воведени да се затворат мрежните gap-ови (shuttle или first-last mile превоз), придружната информациска услуга и дистанцирањето од ограничувачката оперативна економика која произлегува од ограниченото субвенционирање, ја сочинуваат арматурата на секој квалитетен јавен превоз. Токму ова е појдовна констелација од која се еликсира иновативната грижа за граѓаните и градските посетители. Градежните градски флуктуации за кои постои основана претпоставка дека ќе наметнат потреба за парцијална системска интервенција, треба да бидат вклучени во неа. Од тој аспект, парадигмата дека инвеститорите во една градска зона не треба да сносат ниту дел од одговорноста за тоа како нивните посетители ќе пристигнуваат до зоната, излегува сосема погрешна. Принудното кофинансирање при ревитализација на пристапните комуникации кон еден трговски центар на пример е исправен потег, но насочен повторно и исклучиво кон културата на Public transport

46

ПОРТА

26 мај 2017


сообраќај Congestion charge

приватните возила. Иновативноста во овој сегмент треба да се бара во легислативнофинансиските модалитети за пренасочување на монетарните ефекти од зголемената економска активност кон потребите на јавниот градски превоз. Инфраструктурните проекти како песна на сирените за политичкото уво можат да бидат и еутанастично средство во однос на одржувањето на постоечкото од претходните реализациски циклуси. Управно-кабинетската свест често пати одбива да разбере дека поимот одржување не подразбира само послеполноќна мобилизација во случај на дефект, туку и проактивни, ниско-буџетни оперативни унапредувања кои имаат посреден ефект на квалитетот на излезната системска услуга. Добар пример за ова претставува техничко-технолошкото интервенирање во сигналниот систем на лондонската Victoria метро-линија кое овозможи пад на доцнењата на композициите за цели 40% во периодот 2010-2015 г., зголемување на нивната фреквенција особено во текот на врвните часови т.е. зголемување на привлечноста на целата линија. Од планерско-политичката визура често пати изостанува поимот за нивото на конзервативност на јавниот урбан транспорт. Имплементацијата на новите мерки и придружните технологии зачекорува кон невозможното во услови кога транспортните оператори

располагаат со затворени апликациски интерфејси (API’s), алатки, протоколи, процедури и рутини. Нивната интроверзност во оваа смисла го спречува меѓусебниот, но и протокот на информации кон приватниот сектор како носител на изработката на иновативните алатки и решенија. Ова „автоимуно заболување“ е основната причина за нискоквалитетната услуга на јавниот урбан транспорт која ги одвраќа корисниците не нудејќи им ги посакуваните информации, а со тоа и превозни алтернативи. Иновативноста во овој сегмент треба да исчекори на легислативен план дерегулирајќи го јавниот транспорт на начин кој ќе го направи технолошки неутрален и отворен.

Smart phone transport app

СОРАБОТКА И ЈАВНА ПОДДРШКА Продорот во иновативната сфера не може да се постигне во изолација. Лидерската одважност секако е неопходна во „прекршување“ на ригидните легислативи или туркање на непопуларните такси. Но, генераторот на напредните и иновативни технички решенија се крие во соработката со приватниот сектор како носител на креативната енергија и јавноста, како непресушен емитер на потреби кои таа креативност треба да поттикнат. Реализиран „пешки“ или високотехнолошки манирот на континуирано ослушнување на јавноста е основната одлика на локалните самоуправи чија развојно-иновативна ориентација е ослободена од мимикрија. Сензорски генерираните податоци за моменталната сообраќајна на потесното подрачје на Чикаго (AoT – Array of Things иницијатива) достапни се за широката јавност во реално време и потполно бесплатно. Тенденцијата на оваа градска власт максимално да се искористи креативноста на приватниот сектор, пред сè во доменот на smart phone апликациите и софтверските решенија само така и може да се постигне. Освен осознавање на нејзините моментални потреби, ослушнувањето на јавноста е важно и за профилирање на потенцијалните трендови кои можат да прераснат во темелни смерници на развојните сообраќајно-транспортни стратегии. „Помладите генерации веќе не изгледаат така заинтересирано за поседување на автомобил, што политиките на градските власти треба да ги дивергира во малку поинаква насока“ – Brooks Rainwater. Во спротивно, „развојното“ место на еден град во спиралата од инфраструктурно и автомобилски ориентирани, неинвентивни и на безтежински смерници и декларации изградени планови и политики, е речиси загарантирано.

26 мај 2017

ПОРТА

47


екологија

На патот кон еколошка држава

П

д-р Зоран ШАПУРИЌ, редовен професор при УАКС

очетокот на шесеттите години од минатиот век е обележан со јакнење на свеста за потребите за многу поинтезивна грижазаштита на животнатa средина. Во овој период се појавуваат силни еколошки организации кои вршат огромен притисок на националните и на меѓународните институции и организации, да отпочнат со подетално регулирање на мерки и активности во областа на заштита на животната средина. Стокхолмската конференција одржана во 1972 година, која е прва голема меѓународна конференција целосно посветена на проблематиката на животна средина, означува почеток на институционализација на оваа

48

ПОРТА

26 мај 2017

Не може на кус рок да се отстранат последиците од долгогодишната деградација на животната средина, а со голем дел од нив, како што се последиците од неодржлива и нехумана градба, последиците ќе ги чувствуваме уште долго време проблематика на национално, регионално и на глобално ниво, а малку подоцна и на локално ниво. Оваа Конфереција продуцираше јакнење на државни институции кои се посветени на еколошката област. Оттогаш па до денес, постојано јакне свеста дека квалитетот на здравјето и на животот на човекот зависат во огромна мера од квалитетот на животната средина. Терминот еколошка држава, започна да се применува за државата што континуирано се грижи не само за заштита, туку и за

унапредување на животната средина – држава во која сите активности во разни области, како што се економската, просторно урбанистичката, транспортно сообраќајната, земјоделската, енергетската, здравствената, како и многу други сфери, мора да ги земе предвид еколошките аспекти. Кај нас во Македонија, денес зачекорени во дваесет и првиот век, стануваме конечно свесни дека нашето здравје е условено од севкупните еколошки состојби, и се


екологија прашуваме како дојде до тоа да ни е нарушен квалитетот на животната средина и како дојде до загрозување на нашето здравје. Република Македонија има статус на земја кандидат за членство во ЕУ од 2005 година. Оттогаш поинтезивно започнавме да ја усогласуваме нашата еколошка регулатива со регулативата и стандардите на ЕУ. Донесени се низа закони и стратешки и плански документи во оваа сфера, но нивната практична имеплементација е сосема друга работа. Наспроти законодавството и докуменетите, ни се случува перманентна деградација на животната средина и влошување на квалитетот на животната средина, посебно во урбаните населби. Квалитетот на амбиентниот воздух е на катастрафално лошо ниво, особено во поглед на концентрацијата на ПМ 2.5 и ПМ 10 честички, која во голем дел од годината е и повеќе од десет пати над максимално дозволените гранци, со што Скопје и Тетово се најдоа на

врвот на листата на европски градови со лош квалитет на воздух. Слично е и во Битола, Кавадарци и во некои други градови. Масовната и неодржливата градба надвор од сите добри практики и несоодветното просторно планирање, доведе до енормно уништување на повеќедецениски дрвја и зеленило, сообраќаен метеж и непроточен сообраќај, недостиг на паркинг-плацови (во одделни делови во Скопје бројот на возила на квадратен километар достигнува преку 600). Понатаму, неподносливата густина во просторот на повеќекатни станбени објекти, доведе до нехумани и неодржливи услови за живот и до спречување на циркулација на воздухот, како и до проблемите во водоснабдување во високите станбени зони. Бучавата од сообраќајот и од другите извори на бучава во урбаните делови е веќе неподнослива. Градежните активности се вон секаква контрола на локалните и на државните власти, па и тие сериозно влијаат на загадување на воздухот. Во услови кога во

Европската Унија е воведен Еуро 6 стандард, ни се случи масовен увоз на застарени возила со Еуро 1 и Еуро 2. Уделот на дизелот во вкупната потрошувачка на горивата, во последниве десетина години порасна од 30 до фрапантни 65 проценти. Непланската и незаконската сеча на шумите доведе до нивна деградација. За жал, неповоланата еколошка состојба, освен во воздухот е присутна и во другите сектори на животната средина. Отпадот во развиените земји на ЕУ е ресурс и голем економски потенцијал, кај нас отпадот е вистински проблем. Деведесет и девет одсто од отпадот завршува на 55 депонии во државата, и тоа најчесто како мешан отпад и без никаков предтретман. Згора на тоа, ниту една од овие 55 депонии не ги исполнува во целост стандардите утврдени во регулативата на ЕУ и на државата. Ако се земе предвид дека голем дел од отпадот се фрла и вон овие депонии, на т.н. целосно диви депонии, станува јасно дека ситуацијата е уште

поалармантна. Изнесеното покажува дека само еден процент од отпадот се рециклира или е подложен на другите форми на преработка. Само минимален дел од отпадните води се пречистува. Загадувањето од индустрискиот сектор е и понатаму доста високо. Но мора са се запрашаме дали е можно да се отстранат сите овие неповолни еколошки состојби наеднаш, и дали може многу брзо да се приближиме кон стандардите на еколошката држава. Одговорот е јасен, дека не може на кус рок да се отстранат последиците од долгогодишната деградација на животната средина, а со голем дел од нив, како што се последиците од неодржлива и нехумана градба, последиците ќе ги чувствуваме уште долго време. Но на среден и на долг рок, можно е значајно да се подобрат состојбите во животната средина. 26 мај 2017

ПОРТА

49


екологија

Најпрвин е потребен комплетно нов пристап преку мултидимензионален и мултисекторски пристап на проблематиката на животната средина. Сите сфери на општественото и на економското дејствување мора да бидат целосно усогласени со стандардите и потребите на висок степен на заштита на животната средина. Но се разбира, не може да се ослониме исклучиво на среднорочни и долгорочни мерки и активности. Потребно е итно донесување на правна регулатива која ќе го запре урбаниот хаос и ќе утврди хумани аспекти, односно услови за градба и интезивирање на подигање на нови зелени површини. Потребно е итно да се донесе регулатива која ќе дозволува увоз на возила со минимум еуро 5 стандард и која ќе го дестимулира натамошното зголемување на употребата на дизел горивата, а ќе биде стимулативна за широк спектар на возила кои ќе користат алтернативна еколошка енергија. Мора да се зајакне инспекцискиот надзор за да се спречат сите видови на деградација на животната средина. Користењето на обновливите извори на енергија, пред сè на

50

ПОРТА

26 мај 2017

ветровита и на сончева енергија, итно треба да се стимулира. Користењето на биомасата како еколошки енергенс не може повеќе да се третира исклучиво како користење на дрва за огрев. Понатаму, неопходна е изградба на минимум пет регионални депонии каде ќе се третира отпадот, чија количина ќе биде намалена преку сет на мерки и активности за примарна селекција, а понатаму и на рецилирање и на други видови на преработака на отпадот. Искористување на ресурсите на отпадот ќе доведе не само до подобрување на состојбите во животната средина, тоа ќе произведе економски бенефити и ќе овозможи отворање на нови работни места. Треба да се стимулира воведување на чисти и современи технологии во индустрискиот сектор. Активностите во областа на заштитата на природата треба да се интензивираат. На среден и на долг рок, мора да се стимулира еколошки и попроточен јавен превоз и да се подобри инфраструктурата, и да се отпочне со подземни сообраќајници во урбаните средини. Гасификацијата во

државата треба да се интензивира. Изградбата на системи за пречистување на отпадните води, исто така ќе влијае на подобрување на еколошките состојби. Се разбира, сето ова бара и инвестиции од централната и од локалната власт, но и од бизнис секторот. Притоа, се разбира, не треба да се заборават ни потенцијалите за подобро искористување на средствата од предпристапни фондови на ЕУ, за што е потребна сериозна и макотрпна работа. Ако постои силна волја и силна свест, и ако сериозно и темелно се пристапи на проблематиката на животната средина, можно е чекор по чекор да се приближиме до стандардите на еколошка држава. Патот кон стандардите на еколошка држава е мошне тежок и напорен, но ако сите инволвирани субјекти континуирано работат и ги користат искуствата и практиките на еколошки развиените земји на ЕУ, можно е Македонија да стане еколошка држава, во која заштитата и унапредувањето на животната средина ќе стане врвен приоритет.


ПОРТА


eнергетска ефикасност

ЕМАНУЕЛ МАКРОН – НОВИОТ ФРАНЦУСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

За заедничка Европа и почиста енергија Економската програма на Емануел Макрон во поглед на прашањата за енергијата и климатските промени, ја води земјата во драматична енергетска транзиција која се темели на принципите на одржливост и визијата за модерна Европа

П

Даниела МЛАДЕНОВСКА

ретседателската трка во Франција го привлече вниманието на јавноста низ целиот свет. Ако по изборот на Трамп во САД коментиравме дека светот повеќе нема да биде ист со оглед на ретроградните ставови на новоизбраниот претседател по однос на енергетиката и прашањата за климата, тогаш во случајов на Франција мора да истакнеме дека исходот од последниве избори сериозно ќе ја профилира идната енергетска политика на оваа земја, но и на Европа. Дотолку повеќе што претседателскиот кабинет на француската република има многу поголема моќ отколку оној во САД, а можеби и најголема воопшто во демократскиот свет. Од друга страна, пак, земјата има силна економска моќ и претставува вистинска енергетска велесила, особено во областа на нуклеарната енергетика. Да потсетиме, Франција има удел од над 70% електрична енергија која ја произведува во нуклеарни централи, по што е прва во светот. Земјата е најголем извозник на електрична енергија во Европа, а енергетскиот сектор е доминантно во државна сопственост. Во тој контекст, ставот на десничарката Ле Пен за напуштање на Европската Унија, секако ќе значеше, меѓу останатото, и сериозен удар за енергетската сигурност на Унијата како целина. За среќа, и на голема радост на прогресивниот свет, Французите со големо мнозинство го избраа Макрон, центристот што формира своја 52

ПОРТА

26 мај 2017


eнергетска ефикасност партија пред само една година. Во последниот период, медиумите кај нас повеќе пишуваа за неговиот брак и возраста на неговата сопруга отколку за неговата силна економска програма. Но неговата економска програма во поглед на прашањата за енергијата и климатските промени, ја води земјата во драматична енергетска транзиција која се темели на принципите на одржливост и визијата за модерна Европа.

Во продолжение Ви ги презентираме неговите ставови за некои од главните енергетски и еколошки прашања. Зошто ова би требало и нас да нè интересира? Затоа што како една од најмоќните земји во ЕУ, Франција активно учествува во креирањето на европската енергетска политика и легислатива, а нам како земја кандидат важно ни е (или барем треба да ни е важно) кои се нашите обврски и во кој правец треба да ги креираме нашите политики во оваа сфера.

• Намалување на уделот на нуклеарната

енергија и затворање на термоцентралите на јаглен

Во делот на нуклеарните енергетски капацитети, Макрон ќе ја продолжи заложба на неговиот претходник за редуцирање на уделот на произведената нуклеарна енергија во земјата од 75% на околу 50% до 2015 година. Некои од француските реактори (денес се активни 58 нуклеарни реактори во земјата) ќе треба да се затворат во најскоро време, со оглед на нивниот период на експлоатација и потенцијалната закана за безбедноста. Дополнително, Макрон најави и постапно затворање на термоцентралите на јаглен во наредниот период од пет години. • Зголемување на капацитетите на

обновливи извори на енергија

На сметка на редукцијата на произведената енергија од нуклеарки, претседателот планира вистински инвестициски бум во сферата на обновливците. Според програмата, до 2030 година уделот на обновливата енергија во крајната потрошувачка треба да достигне 32% (од сегашните 15%), додека во производниот микс да изнесува 40% (од сегашните 18%). Всушност, овие таргети не се никаква новост, туку се дел од т.н. Закон за енергетска транзиција кој Франција го донесе во 2015 година, а Макрон беше дел од Владата на социјалистите како министер за економија. Во тој контекст, Макрон уште во февруари најави пред претставници на НВО од областа на екологијата, дека до 2022 година ќе го удвои инсталираниот капацитет на енергетски постројки на ветер и фотоволтаични централи. Постапките за градење на новите капацитети од вкупно 26 GW, тој вети дека ќе бидат објавени уште на почетокот од неговиот мандат. • Збогум на дизелот Иако во времето на своето министерување тој беше „заштитник“ на дизел возилата, па дури имаше и конфликт со градоначалникот на Париз по тоа прашање, сметајќи дека најпопуларното гориво за автомобилите во Франција, а со тоа и француските автомобилски брендови не треба да бидат „предмет на организиран лов“, во својата предизборна кампања тој сепак ретерираше во своите ставови. Макрон ќе ја намали поддршката за дизел горивото преку зголемување на данокот, но најави и амбициозна цел за целосно прекинување на продажбата на возила со мотори со внатрешно согорување во Франција до 2040 година. Бројот на станици за полнење на електрични возила ќе биде зголемен за поголема стимулација на експанзијата на 26 мај 2017

ПОРТА

53


eнергетска ефикасност електрични возила. Инаку, како резултат на напорите за подобар квалитет на воздухот, Франција ги укина даночните поволности за дизелот уште во 2015 година. Само за илустрација, да споменеме дека популистичката програма на ултрадесничарката Ле Пен, чиј слоган беше „во името на народот“ (au nom du people), овој потег на владата го оквалификува како „предавство на работничката класа“. • Инвестиции во енергетската ефикасност Инвестициите во енергетската ефикасност се во фокусот на економската програма на Макрон, поранешниот банкар. Тој вели дека ќе обезбеди фонд од четири милијарди евра државни пари, со кои на најсиромашните семејства ќе им се овозможи енергетски ефикасна реконструкција на домовите, но уште дополнителни четири милијарди евра за енергетска реконструкција на јавните

ПОРТА

згради. „Тоа не само што ќе биде добро за развојот на националната економија, туку ќе обезбеди енергетски заштеди од 400 милиони евра на годишно ниво“, вели претседателот. • Такси за загадувачите на

емисијата на јаглерод диоксид

Минатата година, Франција се наметна како лидерски глас во ЕУ во борбата за зголемување на таксите за емисија на јаглерод диоксид, но подоцна ретерираше поради можните правни компликации во спроведувањето на оваа цел, и во Брисел и на национално ниво. Тогашниот министер Макрон беше и тогаш дел од овие заложби, но и денес тој се држи до таргетот поставен во Законот за енергетска транзиција што ќе овозможи пенализирање на загадувачите со 56 евра/тон CO2 до 2020 г., односно со 100 евра/тон CO2 до 2023 година. Колку од овие ветувања ќе се оставарат во Франција и колкаво ќе биде влијанието на новиот лидер врз политиките на ЕУ, останува да видиме во наредниот период. Но, судејќи според фактот што својата победа ја прослави со звуците на химната на Европа, односно „Одата на радоста“, неговиот оптимизам за обединета, успешна и прогресивна Европа е повеќе од очигледен. n


ПОРТА


најчудни градби

Уривање на стереотипот за

А Драган РИСТОВ

рхитектите на американските амбасади ширум светот, во последно време се заглавени помеѓу опсесијата и отвореноста, пред сè заради опасноста од тероризам. Тоа беше главна пречка што дизајнирањето на американските амбасади ширум светот беше 56

ПОРТА

26 мај 2017

заглавено во еден востановен блок на сиви фасади и бункерски изданија. Тие концепти на тврдини освен заштита и безбедност, не можеа да се адаптираат на модерниот свет, посебно во архитектурата каде веќе се прават чуда. Но, новата Американска амбасада во Лондон во Британија отвора нова страница во спојот помеѓу архитектурата и безбедноста. Да се разбереме, Американците и понатаму се грижат некој да не ги нападне, но затоа со концептот на амбасадата, проектиран од

американскиот архитект Киран Тимберлејк, тие знаат како да го „фасадираат“ изгледот со одбраната. И самиот автор вели дека се држи до рецептот за спој помеѓу урбаното но и оддржливоста во поглед на модерните технологии. Зад тие две квалификации, сепак се крие безбедноста и стравот од најлошото, што, пак, со дизајнот убаво е сокриено. Така од надворешен аспект, техничките параметри покажуваат дека објектот ќе има 12 катови, но сите обвиткани со непробојно


најчудни градби

бетонски тврдини

стакло, значи во прашање е стаклена конструкција. Таа се наоѓа во предградието Вандсворт на јужниот брег на Темза во Лондон. Сегашната амбасада на САД во Британија кај Мејфер стана премала за илјада вработени и веќе е продадена на владата на Катар, која планира да ја преадаптира во комплекс на луксузни станови и хотел. Визуелно, на прв поглед објектот плени со стаклениот изглед, бидејќи ретко можете да најдете толку ултра-модерна амбасада,

посебно кога станува збор за САД. Речиси и да не забележувате дека станува збор за обична коцка, која нема никакви дополнителни екстраваганции кои би ја сместиле во категоријата на нешто невидено, но ете, таа просто пленува со надворешноста. На некој начин, основната асоцијација на САД во светот се моќта, оружјето, војните и мускулите. Па според самиот архитект, овој дизјан ја претставува Америка во едно ново светло, модерно, но и далеку од перцепцијата на

забарикадирана сила зад дебели бетонски ѕидови, зад кои се донесуваат страшни одлуки за светот. Со овој дизајн, новата амбасада на САД во Лондон ја менува комплетната перцепција и за самата земја, иако зад таа стаклена структура од непробојно стакло, повторно се наѕира безбедноста и заштитата, но и стравот од надорешни последици. Она што е особено важно, е што амбасадата концептуално беше избрана на почетокот на вториот мандат на претседателот Барак 26 мај 2017

ПОРТА

57


најчудни градби

Обама, но, за жал, тој не успеа да биде прв кој ќе стапне во неа. Таа чест веројатно ќе ја има актуелниот Доналд Трамп бидејќи амбасадата ќе биде отворена во текот на оваа година. Нејзината изградба помина во тензична атмосфера и во самата Англија, бидејќи се гради во зоната позната како „Најн елмс“, каде била старата амбасада на Еро Сааринен од 1960 год., на т.н. Грозвенор плоштад. Објектот имал култна вредност па со грдни маки е срушен, по многу протести и апели за сочувување на објектот, што најверојатно уште долго време ќе ја поврзува новата модерна американска амбасада со сила и демонстрација на моќ и покрај новиот модерен дизајн. Новата американска амбасада ќе биде трета најскапа амбасада на САД во светот, по оние во Багдад и Исламабад. Зградата во Вандсворт ќе биде опкружена со 30-метарска безбедносна зона, од која едната половина насочена кон Темза ќе има мало полукружно езеро, додека задниот полукруг нивелиран на две нивоа ќе биде паркова површина, но и место на кое ќе почива целата структура и нејзината стабилност. Колку и да го претставуваат како модерно, сепак зад ова надворешно уредување се крие повторно безбедноста преку т.н. „импакт зона“, која овозможува заштита од најтешки експлозии и заштита токму во радиус од 30 метри. Коцкестата амбасада ќе биде од трите страни „облечена“ во специјално транспарентно полимер стакло, како она од 58

ПОРТА

26 мај 2017

Олимпискиот базен во Пекинг, што значи дека ќе има можност за впивање на соларна енергија, додека четвртата страна која е свртена кон реката ќе има обично непробојно стакло. За „заокружување“ на дизајнот на коцката, вреди да се спомене уште кровната конструкција која е направена комплетно од соларни панели, зад која се крие целата механика за одржување на објектот. Од друга страна, акумулирањето на сончева енергија ја става во класата на зелени објекти кои не ја загадуваат животната средина. Што се

однесува до внатрешноста, факт е дека контролата ќе биде прв елемент за одржување на сигурноста и на вработените, но и на посетителите. Токму тоа и ги плаши жителите на Лондон, што повеќе нема слободно да шетаат по плоштадот, туку секогаш ќе бидат на „штрек“ дека нешто може да пукне. На крајот, останува само да се каже дека новата американска амбасада во Лондон ќе чини една милијарда долари, или во превод речиси половина буџет на Република Македонија! n


www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


дизајн

САЕМ ЗА ДИЗАЈН MAISON&OBJET: THE SILENCE, ПАРИЗ

Еротика, емоции и дизајн м-р Иван МИРКОВСКИ, дипл.инж.арх. (специјално за Порта3 од Париз)

К

онечно одишка од напливот на гласови и слики… , тишината го намалува интензитетот на разулавената ера, ерата на презафатеност и бучавост. Токму домот е местото каде што си ја пронаоѓаме тишината, што на секој од нас интимно му недостасува. Талкаме и се обидуваме да ја изгаснеме жедта, да постигнеме умереност. Лајфстајлот и трендовите тежнеат по третманот на тишината. Убавината одамна ги раскина врските со отежнатоста и бескорисноста на орнаментиката и во својот центар трага по есенцијалното. Оттука, наративот во есејот на Адолф Лос „Орнаментиката е криминал“, како ехо одѕвонува низ моите мисли додека се обидувам да го разберам лајтмотивот на овогодишната прва од две изложби на парискиот салон за дизајн Maison&Objet: The Silence. Според Лос, човечкиот ембрион минува низ целиот еволутивен процес на животните во утробата на својата мајка; веднаш по своето раѓање новороденчето има сензорни способности на мало кученце. Низ детството ја преживува фазата на целокупниот човеков прогрес: на двегодишна возраст е на ниво на Папуански дивјак, на четири на ниво на луѓето од келтските племиња од први век. На шестгодишна возраст го достигнува нивото на Сократ, на седум на Волтер. Токму на таа возраст човекот почнува да ја разликува виолетовата боја која е откриена во осумнаесеттиот век. Токму во напливот на размислувања за поврзаноста на еволутивниот процес и процесот на дизајнот, настанот Maison&Objet: The Silence ни додава нови есенции како би го дооформиле тој 60

ПОРТА

26 мај 2017

Maison Objet e „карневал“ не само на бои, туку и на емоции кои го пленат дизајнерското око, го дисциплинираат нескротениот дух и го подучуваат аутсајдерот

Eichholtz - модерна класика од Холандија


дизајн

Релаксирање за време на саемот

AP Collection, Flamingo Chairнајфотографираното парче мебел на MO 2017

Misoka-компанија од Јапонија за четка за заби без вода мозаик на интерпретации. Полесни материјали, геометриски апстракции, транспарентност, хало патерни, природни текстури, деликатни меѓунијанси, црно и бело; тоа се формалните правила на просторната тишина. Ослободени, едноставни, архетипски форми дозволуваат на нашиот ум да заталка во длабоко размислување и да го најде својот мир. Оваа манифестација, која се одржува два пати годишно во саемскиот комплекс Villepinte Nord во Париз, може да биде опишана со различни епитети: салон за дизајн и објекти, изложба на трендови, саем за мебел, осветлување, аксесоари за домот и облека, но и како концептуални изложби на инспирации и простори. Токму овие епитети се предмет на општиот дискурс кој саемот „Мезон Обже“ го поставува пред генералната публика и професионалците. Хајлајт на целокупните случувања беше претставен во седмата хала, инсталација од Елизабет Лериш токму на темата „Тишина“. Архитектката Лериш од истоимената агенција од Париз вели: „Мојот пристап е базиран врз чувство и приврзување. Јас работам со емоционални реакции. Додавам 26 мај 2017

ПОРТА

61


дизајн DutchBone -компанија од Холандија за vintage мебел и светло

феминистички елементи со разиграни перспективи. Мојата цел е секогаш да изненадувам!“ И така, нашата дестинација Париз во јануари, најверојатно имаше за цел комплетно да не задржи под покривот на Villepinte Nord и непрестано да ни одржува лекции по хаптичност на текстили, сензорни перцепции и хало ефекти на боја и простор... Во целиот амалгам се обидуваме да проникнеме и распознаеме, со дедукција да си расчистиме пред себе кои се основните компоненти на тие просторни колажи. Се движиме низ простори и хали кои повикуваат со различни тенденции и концепти: Cook + Design, па се до Текстили и „must-have-products“. Изложбата What’s New е исечок од најдобрите предмети е елементи кои се дел од саемот. Поставката е наместена на нов простор со фантастична сценографија потпишана од Франсоа Делкло, основоположник на агенцијата Un Nouvel Air, изложба која ги истакнува најкреативните концепти 62

ПОРТА

26 мај 2017

FatBoy- outdoor концепт


дизајн

Porada Italia - компанија за мебел од масивно дрво Glass Italia - еден од најпровокативните брендови за дизајн од стакло

на овогодишниот асемблаж. Вистински метод за инспирација! А од инспирација никогаш доволно, да се биде во Париз е доволнo оправдување за емоционално опивање со дизајн. Но како што улично се вели: „на кој колку му држи“ е единствената премиса, иако вулгарна, премногу апликативна за она што фактички го доживувавме во контекст на саемот, но и во контекст на градот. Тесните и провокативни улички на квартот Le Marais на места пренатрупан со туристи, но и места со суптилни париски ентериери кои се лакмус на трендовите во зародиш. Пред многу години, додека спонтано талкав низ улиците на „Ле Маре“, по улицата Rue Vielle Du Temple, случајно налетав на Дејан Дуковски како седи во едно мало кафе. Токму на истото место, јануари 2017 година, излезени од „Мезон Обже“, се потсетувам на таа чудна ноќ која ми го покажа Париз во својата вистинска боја. Ентериерот на кафулето Au Petit Fer à Cheval во превод „Малата потковица“, најверојатно не е променет уште од неговото отворање во 1903 година, современик на виенскиот „Лос Бар“, ова кафуле односно комплетен микро ресторан служи одличен избор на вино како и париските супа од моркови и тартар бифтек. Мал рај на вистинските познавачи на француската кујна, а одличен стартап за новодојденците кои по одлична препорака би влегле во ова мало безвременско место. Ентериерот е она што окото на познавачот го плени, тлото е суптилен мозаик и орнаментиката што како критика на зборовите на Лос, ја пренесува станцата на португалските мајстори од лисабонскиот плоштад или шеталиштата на Ле Блон и Ипанема во Рио. Се е одлично поставено, просторот за седење во внатрешноста е трансцедентна на фактичките димензии - поголемо е одвнатре (репликата од BBC серијалот „Доктор Ху“).

ПОРТА


Zuiver- компанија од Холандија зa vintage мебел и стакло Pierre-Emmanuel Vandeputte Design Studio - Nascondino столица Познатото кафуле Au Petit Fer à Cheval се занимава со производство на мебел, плени со својата поставка - љубов на прв поглед. Тематски совршено се поставени и токму во духот на темата Тишина. Меките штофови и длабоките бои кои го впиваат погледот, невидливо ткаат врска со набљудувачот, го обземаат и му наметнуваат носталгичен вкус. Парчињата мебел носат со себе mid-century-touch, но во исто време потенцираат современа нота. Maison Objet e карневал не само на бои, туку и на емоции кои го пленат дизајнерското око, го дисциплинираат нескротениот дух и го подучуваат аутсајдерот. Ништо не е во стилот на другото, а сепак перфектно сè се вклопува едно со друго токму како Џинџер и Фред. Има нешто романтично кога е дизајнот во прашање, нешто интимно кое зборува за нашите скриени копнежи и тајни. Париз во јануари и септември е местото каде може да бидете на чисто сами со себе. Како што напишал Адолф Лос: „Уметноста е еротика, дизајнот е чисто канализирање на енергијата“. n

Назад низ халите на саемскиот простор, наредени во форма на потковица (како макро омаж на малото кафуле во „Ле Маре“), пронаоѓаме реликти од сегашноста, артефакти од човековото стремење кон убавиот живот. Како археолози, внимателни да не пропуштиме ниту едно делче, навлегуваме во приказните што компаниите изложувачи од цел свет се обидуваат да ни ги пренесат. Полската компанија SITS, која 64

ПОРТА

26 мај 2017

SITS oд Полска со својот фантастичен нов модел HUGO


Geon Office Furniture МОДЕРЕН И МАГИЧЕН ДОПИР за вашите канцеларии

Бул. Партизански одреди бр.102‐2/лок.3 Скопје Кaрпош Тел: 071208150 ; 075/308640 ПОРТА


Дa му дадееме на светот малкку боја www.zorkacolor.com ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.