ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
257 ЈУНИ 2017
„МЕГАРОН Инженеринг“: Примерок соодветен на карактеристичните локални форми и материјали Зграда како град, град како зграда Најголемиот пасивен објект во Обединетото Кралство
90 ДЕНАРИ
ПОРТА
Дa му дадееме на светот малкку боја www.zorkacolor.com
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 257 ПЕТОК 30.6.2017 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Како да се подобри функционално, програмски да се збогати и осовремени објект, а истовремено да се задржи и испочитува неговата постоечка обликуваност, материјалноста и архитектонската естетика. Одговорот на ова прашање се обидуваат да го дадат архитектите од „МЕГАРОН инженеринг“. Тие се зафатија со проектирање на доградба, надградба на делови и внатрешна реконструкција на хотелот „Панорама“ во Крушево. Хотелот е изграден во седумдесеттите години од минатиот век. Примената на новите трендови во градежништвото е условена, пред сè, од изведбата на сè покомплексни градежни објекти во овој регион. Следствено на тоа, за првпат во Македонија, RCS C самоподигнувачкиот систем на носиво скеле со оплата е применет при изградбата на објектот „Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Република Македонија“, кој се изведува на врвот на планината Водно. Во денешно време, индустриските објекти не треба да претставуваат само простор за машини, прав, загадување и бучава. Тие може и треба да бидат попријатно место за работа и деловни состаноци. Имиџот и сопствената промоција секоја компанија го спроведува преку маркетинг, но исто
така и хортикултурното уредување и одржување на сопствениoт двор во голема мера влијае на целокупната слика за сериозноста на компанијата. За пример може да го земеме дворот на фабриката „Адинг“, која долги години наназад инвестира во поздрава и еколошка средина. Спој на утопија и традиција. Изведениот проект на Вила Маиреа на финскиот архитект Алвар Алто, е збир на повеќе проекти кои се засноваат на неколку концепти во архитектонското проектирање: надворешен дел – двор, кој се граничи со природната борова шума, здружени повеќе поврзани резиденцијални простори, социјални и приватни аспекти на објектот и интегрирање на уметничката изложба со просториите за секојдневно живеење. Пренамената на индустриски објекти веќе е практика во светот, за разлика од кај нас. Така е и со млекарницата „Тони“ во Швајцарија. Се работи за уникатен проект кој фасцинира со својата физичка големина, комплексност на функциите и содржините, но истовремено претставува и една од најголемите трансформации на постоечки објект. Млекарницата е пренаменета во современ универзитетски кампус „Тониареал“, мултифункционален објект каде се обединети функциите образование, култура, домување, угостителство и трговија. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница ЦЕНТАР ЗА МЕДИЦИНА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЛЕСТЕР, АНГЛИЈА
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА
90 ДЕНАРИ
АВТОР ASSOCIATED ARCHITECTS
ГРАДЕЖНИШТВО 18
АРХИТЕКТУРА 24
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
24 28
34
АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 34
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ЕНТЕРИЕР 48 БЛАГОСОСТОЈБА - ПРАШАЊЕ КОЕ СЕ OСТАВА ЗА КРАЈ
ЕКОЛОГИЈА 52
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 54 TEL AVIV NON-STOP CITY
ХОРТИКУЛТУРА 62 ПЕЈСАЖНО УРЕДУВАЊЕ НА ИНДУСТРИСКИТЕ ОБЈЕКТИ
Печати: Маркетинг:
СПОЈ НА УТОПИЈА И ТРАДИЦИЈА
ПЕТ НАЈПЛАТЕНИ ЕКОЛОШКИ ПРОФЕСИИ НА ИДНИНАТА
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
„МЕГАРОН ИНЖЕНЕРИНГ“: ПРИМЕРОК СООДВЕТЕН НА КАРАКТЕРИСТИЧНИТЕ ЛОКАЛНИ ФОРМИ И МАТЕРИЈАЛИ
ЗГРАДА КАКО ГРАД, ГРАД КАКО ЗГРАДА
MAJ 2017
Миле Димитровски: Ниедна состојба не се поправа само со наоѓање маaни и со критика Архитектурата и станбениот живот во Јапонија по 1945
САМОПОДИГНУВАЧКИ СИСТЕМ НА НОСИВО СКЕЛЕ СО ОПЛАТА
АРХИТЕКТУРА 28
256
Бесиан Мехмети: Секој наш проект е истражување за себе
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Сашо КУЗМАНОВСКИ Сузан ЛАМБЕРТ (Италија) Филип ФИЛИПОСКИ
48
54
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
Т
ПОВТОРНО ИСТОТО ПРАШАЊЕ: ШТО ПОСЛЕ СКОПЈЕ 2014?!
И би нова влада
оа што во цивилизираниот свет е нормална и по два мандата на секоја влада и ПОЖЕЛНА смена на власта, кај нас се претвори во драма со предолго траење и остави неверојатнo големи последици по вкупното живеење. „Порта 3“ не е политичко списание и немаше и ниту ќе има желба да влегува во политички дебати и оценки за владењето на која било власт, но секако силно и недвосмилено ќе се бори за афирмација и унапредување на трите основни постулати заради кои и постоиме како редакција - Градежништво, Архитектура, Екологија... Ќе истрајуваме на основната идеја за висока и стручна професионалност во нашите области на дејствување. Во изминатите години беа направени многу, премногу грешки токму во овие три области, кои дирекно влијаеја врз нашите животи во секоја смисла на зборот и допрва ќе се носиме со последиците што ќе влијаат на функционирањето на нормалниот живот во Македонија и особено во главниот град, особено преку проектот „Скопје 2014“. И во времето на изминатото страховладеење, ние од „Порта 3“ преку нашите теми јасно укажувавме на лошите решенија, извршеното насилство врз централниот простор на главниот град, грдата квази архитектура, вулгарниот кичерај со јавните скулптури и обнова на фасадите во центарот... Сакаме да веруваме и сигурни сме дека во наредниот период ќе се разоткриваат сите небулози во постапките за реализацијата на овој монструозен проект со сите учесници, особено тие што ја претставуваа архитектонската и градежната фела, кои си ја продадоа „душата“ за да го имаме ова денес за кое ни се потсмева целиот нормален, пред сè архи-
ПОРТА
тектонски свет. И што после ова. Има ли некакво решение кое би го „ублажило“ или завек би го тргнало ова недело. Најстрашно е што урбанистичките промашувања од левата страна на Вардар се непоправливи, секако ако евентуално ја исклучиме страшната и единствена можност - рушењето. Се надеваме со помош на сите, вклучувајќи и странски експери, архитекти и урбанисти пред сè, дека се можни нови интервенции во просторот со цел да се поправат донекаде визуелните, естетски елементи на квази дизнилендовската слика на центарот на Скопје. Секако, бар за некои проекти кои беа симболи на современо Скопје, а пред сè објектите на Владата на РМ (како еднo од најзначајните зданија симбол на модерната во балкански рамки) и стоковната куќа НАМА, не би требало да има дилема да се вратат во првобитна состојба, како објекти од посебна културна вредност. Цената за оваа интервенција не треба и не смее да биде пресудна и одлучувачка во можните идни решенија. Следуваат бурни месеци пред нас и секако ќе ги следиме процесите, дебатите и решенијата што, се надеваме, ќе произлезат. „Порта 3“ и натаму , особено во новиот слободарски медиумски амбиент, поактивно ќе се бори да не се повторат вакви големи промашувања. Особено ќе се бориме да ги разоткриваме и сите аномалии со станбената политика (особено со пренаселувањето на Скопје) и последиците од таа ненормална експанзија, како и еколошките проблеми кои во Македонија се ТОТАЛНО и НЕДОЗВОЛИВО маргинализирани. Во оваа борба за враќање на стручната фела на СВОИТЕ одлучувачки позиции, ја очекуваме и вашата активна и благодарна помош, почитувани читатели на „Порта 3“. Редакција на „Порта 3“
инфо
Јавен конкурс за признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство
П
ретседателството на Друштвото на градежните конструктори на Македонија, врз основа на одредбите на Статутот на ДГКМ и Правилникот за доделување на годишно признание за најдобро конструкторско остварување, распишува Јавен конкурс за доделување на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2015 и 2016 година Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2015, односно 2016 година, за секоја од следните три категории: - Теориско и/или експериментално истражување на конструкции; – Проектирање на носечки конструкции, – Градење на носечки конструкции. Поединостите околу Јавниот конкурс и подготовката на предлозите за доделување на највисокото признание на ДГКМ се регулирани со Правилникот на ДГКМ и Одлуката на Претседателството на ДГКМ. За сите потребни информации, заинтересираните можат да се обратат до Преседателството на ДГКМ. Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конст¬рукторски остварувања во 2015 и 2016 година треба да бидат доставени најдоцна до 30 август 2017 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет – Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1001 Скопје.
ПОРТА
градежништво
ɂɧɫɩɢɪɚɰɢʁɚ ɢ ɟɞɭɤɚɰɢʁɚ ɧɚ ɉɪɜɚɬɚ ɤɨɧɮɟɪɟɧɰɢʁɚ ɧɚ ³ȼɢɧɟɪɛɟɪɝɟɪ´ ɡɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢ ɜɨ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ
ɇ
Ȏ ȵȡțȖ ȐȜ ȣȜȠȓșȜȠ ´ǮșȓȘȟȎțȒȎȞ ǽȎșȎȟµ ȐȜ ǿȘȜȝȵȓ ȟȓ ȜȒȞȔȎ ǽȞȐȎȠȎ ȘȜțȢȓȞȓțȤȖȵȎ țȎ ´ǰȖțȓȞȏȓȞȑȓȞµ ȕȎ ȎȞȣȖȠȓȘȠȖ Ȗ ȖțȔȓțȓȞȖ ȐȜ ǺȎȘȓȒȜțȖȵȎ ǿȜ ȟȐȜȖ ȜȏȞȎȹȎȷȎ ȘȜțȢȓȞȓțȤȖȵȎȠȎ ȵȎ ȜȠȐȜȞȖȵȎ ȒȖȞȓȘȠȜȞȜȠ ȕȎ ȝȞȜȒȎȔȏȎ Ȗ ȚȎȞȘȓȠȖțȑ țȎ ´ǰȖțȓȞȏȓȞȑȓȞ ȀȜțȒȎȣµ ȐȜ ǺȎȘȓȒȜțȖȵȎ ǰșȎȒȖȚȖȞ ǵșȎȠȘȜȐȟȘȖ ȘȎȘȜ Ȗ ȝȞȓȠȟȓȒȎȠȓșȜȠ țȎ ǸȜȚȜȞȎȠȎ țȎ ȎȞȣȖȠȓȘȠȖ țȎ ǺȎȘȓȒȜțȖȵȎ ǺȖșȓ DzȖȚȖȠȞȜȐȟȘȖ ǻȎ ȘȜțȢȓȞȓțȤȖȵȎȠȎ ȟȓ ȟȜȏȞȎȎ ȝȜȐȓȹȓ ȜȒ ȎȞȣȖȠȓȘȠȖ Ȗ ȑȞȎȒȓȔțȖ ȖțȔȓțȓȞȖ ȖțȒȖȐȖȒȡȎșțȖ ȝȞȜȢȓȟȖȜțȎșȤȖ ȘȎȘȜ Ȗ ȥșȓțȜȐȖ țȎ ȠȖȚȜȐȖȠȓ țȎ ȎȞȣȖȠȓȘȠȜțȟȘȖȠȓ ȏȖȞȜȎ țȖȕ ȕȓȚȵȎȐȎ ɇɚ ɧɚɫɬɚɧɨɬ ɛɟɚ ɩɪɟɡɟɧɬɢɪɚɧɢ ɧɚʁɧɨɜɢɬɟ ɬɪɟɧɞɨɜɢ ɜɨ ɝɪɚɞɟʃɟɬɨ ɫɟ ɡɛɨɪɭɜɚɲɟ ɡɚ ɬɭɥɚɬɚ ɤɚɤɨ ɧɚʁɜɚɠɟɧ ɝɪɚɞɟɠɟɧ ɦɚɬɟɪɢʁɚɥ ɡɚ ɟɧɟɪɝɟɬɫɤɚɬɚ ɟɮɢɤɚɫɧɨɫɬ ɧɚ ɝɪɚɞɛɢɬɟ ɢ ɡɚ ɩɪɟɞɧɨɫɬɢɬɟ ɢ ɪɚɡɥɢɤɢɬɟ ɧɚ ɤɨɫɢɨɬ ɢ ɪɚɦɧɢɨɬ ɩɨɤɪɢɜ ȅȓȠȖȞȖ ȐȞȐțȖ ȝȞȓȒȎȐȎȥȖ ȟȜ ȥȓȠȖȞȖ ȖțȟȝȖȞȎȠȖȐțȖ ȝȞȓȕȓțȠȎȤȖȖ ɉɪɜ ɩɪɟɞɚɜɚɱ ɛɟɲɟ ɩɨɡɧɚɬɢɨɬ ɯɪɜɚɬɫɤɢ ɚɪɯɢɬɟɤɬ Ⱥɧɞɪɢʁɚ Ɋɭɫɚɧ ɤɨʁ ɡɛɨɪɭɜɚɲɟ ɧɚ ɬɟɦɚ ³Ɍɭɥɚɬɚ ɜɨ ɚɪɯɢɬɟɤɬɭɪɚɬɚ´ Ɍɨʁ ɢɡɥɨɠɢ ɧɢɡɚ ɭɧɢɤɚɬɧɢ ³ɚɪɯɢɬɟɤɬɨɧɫɤɢ ɩɪɢɤɚɡɧɢ´ ɩɪɢɦɟɪɢ ɨɞ ɧɟɝɨɜɚɬɚ ɩɪɚɤɫɚ ɡɚ ɪɚɡɜɨʁɨɬ ɧɚ
4
4
ПОРТА
25 јули 2014
ɩɪɨɟɤɬɢɬɟ ɨɞ ɢɞɟʁɚ ɞɨ ɪɟɚɥɢɡɚɰɢʁɚ ɜɨ ɤɨɢ ɝɥɚɜɧɚɬɚ ɭɥɨɝɚ ʁɚ ɢɦɚ ɬɭɥɚɬɚ ɉɨ ɧɟɝɨ ɢɡɥɚɝɚɲɟ Ɇɚɪɬɢɧ ɉɚɧɨɜɫɤɢ ɜɪɜɟɧ ɚɪɯɢɬɟɤɬ ɞɟɥ ɨɞ ³Ɋɚɞɢɭɫ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢ´ ɢ ɩɪɟɬɫɟɞɚɬɟɥ ɧɚ Ⱥɫɨɰɢʁɚɰɢʁɚɬɚ ɧɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢ ɧɚ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ ɇɟɝɨɜɨɬɨ ɢɡɥɚɝɚʃɟ ɧɚɫɥɨɜɟɧɨ ³Ɍɪɟɧɞɨɜɢ ɜɨ ɚɪɯɢɬɟɤɬɭɪɚɬɚ´ ɛɟɲɟ ɧɚɜɢɫɬɢɧɚ ɢɧɫɩɢɪɚɬɢɜɧɨ ɫɜɪɬɭɜɚʁʅɢ ɝɨ ɜɧɢɦɚɧɢɟɬɨ ɤɨɧ ɨɧɚ ɲɬɨ ɬɪɟɛɚ ɞɚ ɛɢɞɚɬ ɬɪɟɧɞɨɜɢ ɜɨ ɚɪɯɢɬɟɤɬɭɪɚɬɚ ɜɨ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ ɩɨɝɨɥɟɦɚ ɨɞɝɨɜɨɪɧɨɫɬ ɧɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢɬɟ ɤɨɧ ɩɪɢɪɨɞɚɬɚ ɨɤɨɥɢɧɚɬɚ ɢ ɨɩɲɬɟɫɬɜɨɬɨ ɝɪɢɠɚ ɡɚ ɟɤɨɥɨɝɢʁɚɬɚ ɩɪɟɤɭ ɡɚɥɨɠɛɢ ɡɚ ɟɧɟɪɝɟɬɫɤɚ ɟɮɢɤɚɫɧɨɫɬ ɢ ɩɨɝɨɥɟɦɚ ɤɨɦɭɧɢɤɚɰɢʁɚ ɦɟɼɭ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢɬɟ ɧɨ ɢ ɤɨɦɭɧɢɤɚɰɢʁɚ ɧɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢɬɟ ɫɨ ɤɨɪɢɫɧɢɰɢɬɟ ɧɚ ɬɨɚ ɲɬɨ ɬɢɟ ɝɨ ɩɪɨɞɭɰɢɪɚɚɬ Ɍɪɟɬɨɬɨ ɩɪɟɞɚɜɚʃɟ ɛɟɲɟ ɧɚ ɞ ɪ Ȼɨʁɚɧ Ɇɢɥɨɜɚɧɨɜɢʅ ɩɪɨɮɟɫɨɪ ɧɚ Ƚɪɚɞɟɠɧɢɨɬ ɮɚɤɭɥɬɟɬ ɩɪɢ ɍɧɢɜɟɪɡɢɬɟɬɨɬ ɜɨ Ɂɚɝɪɟɛ Ɍɨʁ ɡɛɨɪɭɜɚɲɟ ɡɚ ɟɧɟɪɝɟɬɫɤɚɬɚ ɟɮɢɤɚɫɧɨɫɬ ɫɨ ɧɢɡɚ ɩɪɢɦɟɪɢ ɨɞ ɪɟɝɢɨɧɨɬ ɡɚ ɟɧɟɪɝɟɬɫɤɚɬɚ ɟɮɢɤɚɫɧɨɫɬ ɧɚ ɧɨɜɢɬɟ ɧɨ ɢ ɡɚ ɭɧɚɩɪɟɞɭɜɚʃɟ ɧɚ ɟɧɟɪɝɟɬɫɤɚɬɚ ɟɮɢɤɚɫɧɨɫɬ ɧɚ ɩɨɫɬɨɟɱɤɢɬɟ ɝɪɚɞɛɢ ɋɟɩɚɤ ɨɧɚ ɲɬɨ ɬɨʁ ɝɨ ɩɨɬɟɧɰɢɪɚɲɟ ɟ ɧɟɨɩɯɨɞɧɨɫɬɚ ɨɞ ɩɨɫɬɨʁɚɧɨ ɢɦɚʃɟ ɩɪɟɞɜɢɞ ɧɚ ɞɪɭɝɚɬɚ ɫɬɪɚɧɚ ɨɞ ɩɚɪɢɱɤɚɬɚ ɨɞɧɨɫɧɨ ɧɚ ɥɟɫɧɚɬɚ ɡɚɩɚɥɢɜɨɫɬ ɧɚ ɮɚɫɚɞɢɬɟ ɲɬɨ ɢɦɚɚɬ ɜɢɫɨɤɚ ɟɧɟɪɝɟɬɫɤɚ ɟɮɢɤɚɫɧɨɫɬ ɩɪɟɤɭ ɧɢɡɚ ɩɪɢɦɟɪɢ ɧɚ ɩɨɠɚɪɢ ɧɚ ɜɚɤɜɢɬɟ ɝɪɚɞɛɢ ɜɨ ɫɜɟɬɨɬ ɢ ɜɨ ɪɟɝɢɨɧɨɬ ɧɨ ɢ ɜɨ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ
градежништво
1
3
4
ɉɨɫɥɟɞɟɧ ɩɪɟɞɚɜɚɱ ɧɚ ɤɨɧɮɟɪɟɧɰɢʁɚɬɚ ɛɟɲɟ ɩɪɨɮ ɞ ɪ Ɍɨɞɨɪɤɚ ɋɚɦɚɪʇɢɨɫɤɚ ɨɞ Ƚɪɚɞɟɠɧɢɨɬ ɮɚɤɭɥɬɟɬ ɜɨ ɋɤɨɩʁɟ Ɍɚɚ ɡɛɨɪɭɜɚɲɟ ɡɚ ɤɨɫɢɬɟ ɢ ɪɚɦɧɢɬɟ ɩɨɤɪɢɜɢ ± ɪɚɡɥɢɤɢɬɟ ɢ ɩɪɟɞɧɨɫɬɢɬɟ ɦɟɼɭ ɧɢɜ Ʉɚɤɨ ɲɬɨ ɤɚɠɚ ɜɨ ɫɜɨʁɚɬɚ ɩɪɟɡɟɧɬɚɰɢʁɚ ɬɚɚ ɥɢɱɧɨ ɟ ɩɪɢɜɪɡɚɧɢɤ ɧɚ ɤɨɫɢɬɟ ɩɨɤɪɢɜɢ ɨɞ ʅɟɪɚɦɢɞɚ ɤɨɢ ɫɩɨɪɟɞ ɧɟɚ ɫɟ ɞɟɥ ɧɚ ɧɚɲɚɬɚ ɬɪɚɞɢɰɢɨɧɚɥɧɚ ɦɚɤɟɞɨɧɫɤɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɭɪɚ ɫɨ ɱɟɬɢɪɢɜɨɞɧɢ ɤɨɫɢ ɩɨɤɪɢɜɧɢ ɤɨɧɫɬɪɭɤɰɢɢ ɢɦɚɚɬ ɜɢɫɨɤɚ ɟɧɟɪɝɟɬɫɤɚ ɟɮɢɤɚɫɧɨɫɬ ɜɨ ɫɦɢɫɥɚ ɧɚ ɩɨɬɪɨɲɭɜɚɱɤɚɬɚ ɡɚ ɝɪɟɟʃɟ ɩɨɩɨɝɨɞɧɢ ɫɟ ɡɚ ɧɚɲɢɬɟ ɜɪɟɦɟɧɫɤɢ ɭɫɥɨɜɢ ɢ ɧɟ ɬɚɥɨɠɟʃɟɬɨ ɧɚ ɫɧɟɝɨɬ ɧɨ ɢ ɨɞ ɚɫɩɟɤɬ ɧɚ ɝɪɢɠɚ ɤɨɧ ɨɤɨɥɢɧɚɬɚ ± ɧɚɩɪɚɜɟɧɢ ɫɟ ɨɞ ɟɤɨɥɨɲɤɢ ɩɪɢʁɚɬɟɥɫɤɢ ɦɚɬɟɪɢʁɚɥ ɢ ɫɟ ɩɨɞɥɨɠɧɢ ɧɚ ɪɟɰɢɤɥɢɪɚʃɟ ǶȕșȜȔȏȎ țȎ ȒȓșȎ țȎȑȞȎȒȓțȖ țȎ %ULFN $ZDUG ȼɨ ɪɚɦɤɢ ɧɚ ɤɨɧɮɟɪɟɧɰɢʁɚɬɚ ɛɟɲɟ ɨɬɜɨɪɟɧɚ ɢ ɢɡɥɨɠɛɚ ɧɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɨɧɫɤɢ ɞɟɥɚ ɧɚɝɪɚɞɟɧɢ ɧɚ %ULFN $ZDUG ɚ ɧɚʁɫɪɟʅɧɢɬɟ ɞɟɫɟɬ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢ ʁɚ ɞɨɛɢʁɚ ɧɚ ɩɨɞɚɪɨɤ ɟɤɫɤɥɭɡɢɜɧɚɬɚ ɩɭɛɥɢɤɚɰɢʁɚ Brick Award ’16 ɤɚɤɨ ɢ ɜɥɟɡɧɢɰɢ ɡɚ ɫɥɟɞɧɢɬɟ ³Ⱦɟɧɨɜɢ ɧɚ Ɉɪɢɫ´ ɤɨɢ ʅɟ ɫɟ ɨɞɪɠɚɬ ɜɨ ɨɤɬɨɦɜɪɢ ɜɨ Ɂɚɝɪɟɛ ǽȞȖȒȜȏȖȐȘȖ ȕȎ ȤȓșȎȠȎ ȎȞȣȖȠȓȘȠȜțȟȘȎ ȢȓșȎ ɋɩɨɪɟɞ ɜɩɟɱɚɬɨɰɢɬɟ ɧɚ ɩɪɢɫɭɬɧɢɬɟ ɧɚɫɬɚɧɨɬ ɛɟɲɟ ɭɧɢɤɚɬɧɚ ɦɨɠɧɨɫɬ ɡɚ ɟɞɭɤɚɰɢʁɚ ɢ ɢɧɫɩɢɪɚɰɢʁɚ ɧɨ ɢ ɡɚ ɞɪɭɠɟʃɟ ɢ ɪɚɡɦɟɧɭɜɚʃɟ ɢɫɤɭɫɬɜɚ ɡɧɚɟʃɚ ɢ ɫɨɡɧɚɧɢʁɚ
1
Ɇɚɪɬɢɧ ɉɚɧɨɜɫɤɢ ɩɪɟɬɫɟɞɚɬɟɥ ɧɚ Ⱥɫɨɰɢʁɚɰɢʁɚɬɚ ɧɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢ ɧɚ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ
Ⱥɧɞɪɢʁɚ Ɋɭɫɚɧ ɰɟɧɟɬ ɚɪɯɢɬɟɤɬ ɨɞ ɏɪɜɚɬɫɤɚ
3
Ⱦɨɞɟɥɭɜɚʃɟ ɧɚ ɟɤɫɤɥɭɡɢɜɧɚɬɚ ɩɭɛɥɢɤɚɰɢʁɚ %ULFN $ZDUG µ
4
Ⱥɧɞɪɢʁɚ Ɋɭɫɚɧ Ɍɨɞɨɪɤɚ ɋɚɦɚɪʇɢɨɫɤɚ Ɂɜɨɧɤɨ Ʉɨɫɬɚɞɢɧɨɜ ȼɥɚɞɢɦɢɪ Ɂɥɚɬɤɨɜɫɤɢ Ɇɨɧɢɤɚ Ȼɚɱɢʅ ȼɥɚɯɨɜɢʅ Ȼɨʁɚɧ Ɇɢɥɨɜɚɧɨɜɢʅ Ɏɢɞɚɧɱɨ ɉɚɜɥɨɜ Ɏɢɬɢɦ Ȼɪɢɦɚ Ɇɚɪɤɨ ȳɨɜɚɧɨɜɢʅ Ƚɡɢɦ Ⱥɬɢɩɢ
ɧɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢɬɟ ɢ ɝɪɚɞɟɠɧɢɬɟ ɢɧɠɟɧɟɪɢ Ɉɧɚ ɲɬɨ ɛɟɲɟ ɢɫɬɚɤɧɭɜɚɧɨ ɡɚ ɜɪɟɦɟ ɧɚ ɤɚɮɟ ɩɚɭɡɢɬɟ ɢ ɫɜɟɱɟɧɚɬɚ ɜɟɱɟɪɚ ɨɞ ɫɚɦɢɬɟ ɭɱɟɫɧɢɰɢ ɟ ɞɟɤɚ ɜɚɤɜɢɬɟ ɧɚɫɬɚɧɢ ɨɫɜɟɧ ɟɞɭɤɚɬɢɜɧɚɬɚ ɢ ɢɧɫɩɢɪɚɬɢɜɧɚɬɚ ɮɭɧɤɰɢʁɚ ʁɚ ɢɦɚɚɬ ɢ ɧɚʁɛɢɬɧɚɬɚ ɮɭɧɤɰɢʁɚ ± ɫɩɥɨɬɭɜɚʃɟ ɧɚ ɮɟɥɚɬɚ ɢ ɢɡɞɢɝɧɭɜɚʃɟ ɧɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɨɧɫɤɢɨɬ ɞɢɫɤɭɪɫ ɧɚ ɟɞɧɨ ɩɨɜɢɫɨɤɨ ɧɢɜɨ ɂɦɚʁʅɢ ɝɨ ɩɪɟɞɜɢɞ ɬɨɚ ɨɞɝɨɜɨɪɧɢɬɟ ɨɞ ³ȼɢɧɟɪɛɟɪɝɟɪ Ɍɨɧɞɚɯ´ ɩɪɟɞ ɫɟɛɟ ɢɦɚɚɬ ɧɚɜɢɫɬɢɧɚ ɝɨɥɟɦ ɩɪɟɞɢɡɜɢɤ ɤɨɝɚ ʅɟ ʁɚ ɨɪɝɚɧɢɡɢɪɚɚɬ ɫɥɟɞɧɚɬɚ ɜɬɨɪɚ ɤɨɧɮɟɪɟɧɰɢʁɚ ɡɚ ɚɪɯɢɬɟɤɬɢ ɫɨ ɨɝɥɟɞ ɧɚ ɬɨɚ ɲɬɨ ɭɲɬɟ ɜɨ ɩɪɜɚɬɚ ɥɟɬɜɢɱɤɚɬɚ ʁɚ ɩɨɫɬɚɜɢʁɚ ɧɚɜɢɫɬɢɧɚ ɜɢɫɨɤɨ 25 јули 2014
ПОРТА
5
5
ин мемориам
ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ (1942 - 2017)
Цртам, значи живеам м-р Наташа МИЛОВАНЧЕВ , aкад.сликар, дипл.инж.арх.
Г
олема е празнината што остана зад академскиот сликар, професор Владимир Георгиевски, со неговото заминување од овој свет. Неговиот удел во педагошкиот процес на Архитектонскиот факултет во Скопје е од особено значење. Со професор Георгиевски, предавањата по предметите Ликовно изразување и Пластично обликување станаа дел од редовната наставна практика: предавања за кои секогаш се бараше столче повеќе. Неговиот чудесен интелект, неговите широки познавања и духовен багаж, долгите и темелни разговори и анализи што со вонредна леснотија ги водеше, ги осветлуваа сè уште неразјаснетите загатки и патишта на студентите, наведувајќи ги постојано да длабат по сопственото духовно битие. Неговите продлабочени познавања од областа на Уметноста, Естетиката и Филозофијата, беа секогаш бескрајно инспиративни за студентите - идни архитекти. Бројните сеќавања од страна на студентите, само потврдуваат колку Георгиевски бил редок и почитуван Учител, од кој може бескрајно многу да се научи. Ги учеше што значи да се носи во себе таа мудрост за откривање на убавото во секојдневните нешта, за жестоката спротивставеност низ која опстојува Божествената хармонија, за единството на спротивностите што водат до вечната убавина, како единствена смисла на човековото постоење. „Убавината, онаа живата, може да го распрсне срцето и да го просветли умот“, велеше. Веруваше дека Убавината може да го препороди Човештвото. Архитектурата ја разбираше, пред сè, како уметност, уметност на просторот. Им говореше за чудесните димензии на композицијата, линијата, бојата, ритамот, светлото и темното во градењето на Просторот. Велеше дека секој ден носи во себе нови содржини, кои треба да се откријат и разјаснат, и дека секој Човек за себе е вистинско богатство и вистинска различност. Ги учеше како се слави Личноста на творецот и нејзиниот најголем идеал Слободата. Вистинскиот Творец е затвореник на сопствената бескрајна 10
ПОРТА
30 јуни 2017
Слобода! Творечкиот чин е најдлабокиот облик на живеење, мислење и бележење на вистината од другата страна на привидот. Творечкиот чин е од Бога всаден во човека, и тој е должен низ него да создава, а не да руши, да раѓа, а не да убива! Сметаше дека цртежот, пастелот, сликата и скулптурата се само привидно различни ликовни дисциплини. Тоа што ги обединува е секако напорот во нив да се втисне Душата. Без неа тие би биле само обична вештина! Седнат на своето троножно столче во ателјето, во својот син работен мантил, со слоеви боја на рацете, со звуците на Моцартовиот Реквием, кои допираа од старото радио, секој ден и во секој миг црташе и сликаше со чувство како да е последен, неповторлив и недофатлив.
Ученикот и учителот Тој ден Ученикот и Учителот беа загледани во Пролетта... Ученикот: Како да се наслика дрвото расцветено, Учителе? Учителот: Отвори ја душата и оттаму нека излезе бојата и нека расцвета! Ученикот: Колку вода да ставам во неа? Учителот: Точно толку колку што имаш солзи во тебе... Ученикот: Зошто солзи, Учителе? Учителот: Убавината на цветањето, за оној што сака да ја наслика, е длабок потрес – солзите сами доаѓаат и плават... (Во чест на Љубомир Белогаски, мојот почитуван учител), Владимир Георгиевски, академски сликар
Безброј цртежи, слики, картони и записи во неговите блокчиња, исцртани, како што умееше да каже, со Умот и Срцето, кои восхитуваат со магијата и убавината во нив – онаа што во себе ја носи нејзината онтолошка и вонвременска димензија! Умееше со неверојатна прецизност и виртуозност да ги пресоздаде и оживее нештата пред нас. Човекот, цветот, дрвото, птицата, реката, ѕвездите, облаците и небото! „Сè е ЕДНО и сè е во нас!“ И радоста и тагата, и убавото и грдото, и ведрината и страдањето, и ангелското и демонското во човека, тука добиваат својa најдлабокa смислa… Видени со проникливото, продорно око на професор Владимир Георгиевски и оживеани низ силната имагинација, фантазија и интелект на неговата Личност, тие директно допираат до нас и нашето Духовно око. И навидум обичните и на прв поглед реалистични мотиви, тука се само појдовна точка за една длабока, цртачка контемплација, која низ нив секогаш одново ја промислува човековата егзистенцијална драма. Творештво исполнето со пораките на христијанската идеја за спасението, за чистината на постоењето и покајанието... Сечовечка ода на страдањето. Силно впечатливата индивидуална ликовна експресија со богата емотивна доживеаност, втиснува низ нив уште една неизбришлива трага во македонската современа уметност. „ЦРТАМ, ЗНАЧИ ЖИВЕАМ“ беше вистински начин на постоење, комуницирање и творечко кредо на Маестро Владимир Георгиевски! И токму кога снагата повеќе не му го дозволуваше тоа, Тој не напушти. „Спомените, доколку се живи, не се раскажуваат докрај... Нивната целост е потребна кога човек ќе отпатува од другата страна на Сонцето!“, имаше забележано... Верувам дека професор Владимир Георгиевски, ќе отслика и раскаже уште многу свои нераскажани слики и спомени во Небесното царство! Нека му е вечна слава! n
ин мемориам
Во сеќавање на Драгослава Томова Серафимова (1924 – 2017) проф. д-р Влатко КОРОБАР, дипл.инж.арх.
Н
а почетокот на јуни се збогувавме со професорката Серафимова. Полека заминуваат и последните протагонисти на самите почетоци на образованието по архитектура на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кои зад себе оставија значајни дела вградени во основите на Архитектонскиот факултет. Серафимова ги завршила студиите по архитектура на Архитектонско-градежно-геодетскиот факултет во Загреб. По дипломирањето во 1954 година кај проф. Стрижиќ, таа се вработила како асистент на предметот Проектирање на општествени згради на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје, за една година подоцна да се префрли на предметот урбанизам кој потоа останал нејзина животна професионална определба. Во 1967 година, таа била избрана за доцент по предметот урбанизам на Катедрата за урбанизам, комунална техника и општествени науки, во 1972 година за вонреден професор, а од 1978 беше редовен професор на Архитектонскиот факултет. Преку пристапот што го негуваше во предметите од областа на урбанизмот, таа се легитимираше како посветен и компетентен едукатор. Таа умееше кај студентот да го разбуди и поттикне интересот за материјата што ја предава. Во времето кога на урбанизмот во голема мера се гледаше како на исклучиво техничка дисциплина, таа постојано ја предочуваше интердисциплинарната суштина на прашањата со кои тој се занимава, воведувајќи во предавањата аспекти поврзани со урбаната социологија и урбаната психологија. Таа ги отвораше вратите на различните проблемски подрачја врзани за урбанизмот, суптилно насочувајќи ги натамошните истражувања на студентите. Педагошката дејност професор Серафимова ја реализираше не само на студиите од втор и трет степен на Архитектонскиот факултет, туку и на Градежниот факултет и во Институтот за социолошки истражувања на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Листата на нејзините творечки достигнувања е исклучително богата и вклучува урбанистички планови, архитектонски дела, експертизи, научни и стручни трудови. Таа работела на многубројни урбанистички планови, при што остварила соработка со значајни претставници на урбанистичката професија. На Урбанистичкото решение за дел од општина Идадија работела со проф. Драгољуб Јовановиќ, а на урбанистичките планови за Гевгелија работела заедно со Федор Венцлер. Изработила урбанистички решенија за Ваташа и Крива Паланка, а за подоцнежниот период се карактеристични бројните урбанистички планови работени со професор Андреј Токарев и другите членови на катедрата за урбанизам. Списокот на проекти и изведени архитектонски објекти е исто така импресивен и опфаќа станбени, општествени и индустриски објекти и особено објекти за детска заштита. Обемната листа на нејзините творечки достигнувања, заедно со нејзината долгогодишна успешна образовна дејност, ја легитимира не само како протагонист туку ја вбројува меѓу основоположниците на урбанизмот во Македонија од втората половина на дваесеттиот век. n 30 јуни 2017
ПОРТА
11
eнергетска ефикасност ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ 2016/2017 НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН ПРИ УАКС
Доаѓаат нови креативни архитектонски генерации
Паолина МИЛУШЕВА , архитект Максим НАУМОВСКИ , архитект
„А
рхитектурата пред сè“ е мотото коешто секоја година служи како инспирација да се направи нешто ново и креативно во презентирање на студентските трудови собрани во текот на една учебна година. Така и оваа година, на 1 јуни во Националната галерија Чифте амам, беше отворена осмата по ред годишна изложба на студентите од Факултетот за архитектура и дизајн при УАКС, кој оваа година одбележува 10 години од своето постоење. Годишната изложба ја претставува работата на студентите од сите пет академски години.
ПОРТА
Направена е поделба на проектите по групи на предмети (архитектонски конструкции, визуелни уметности, проектирање), секоја група сместена во посебна просторија. Во главната сала се поставени и просторни инсталации од скеле, кои дополнително прават просторна поделба на предметите по години и со својата висина и длабочина овозможуваат дополнителен простор за изложување на цртежи и просторни модели. Карактеристично за оваа академска година, за првпат на предметот Студио 1 во 4-та година е соработката со визитинг професорот Симон Хартман, партнер во студиото ХХФ архитекти од Базел, Швајцарија. Студентите работеа на локација на поранешната фабрика „Треска“, со цел да се проектира објект кој со својата просторна конфигурација се испреплетува во постојната архитектонско-урбанистичка слика на зададената локација. Исто така, во соработка со општина Крушево произлегоа повеќе предметни задачи работени во Крушево и околината, како и работилница во склоп на предметот Архитектонско проектирање 6-Колективно домување со хрватскиот архитект Винко Пенезиќ. Резултатите од работата на предметот Македонска архитектура и уметност 19-20 век, каде секоја година се обработуваат објекти од современата македонска архитектура, сега беше претставена како „Отворена архива“, која ја дополни поставката на изложбата преку интеракција помеѓу посетителот и изложените
трудови. Студентите со тоа што ги поставија нивните цртежи, со можност секој да скине по еден лист од изложбеното пано, придонесуваат во архивирање и запознавање на пошироката јавност со вредни објекти од еден значаен период. Како и претходните години, изложбата е можност за претставување на студентските идеи и погледи, кои докажуваат дека доаѓаат прогресивни и креативни архитектонски генерации. n
ПОРТА
градежништво
Изложеност на бучава во работната средина
Подготвиле: Саша ПЕТРУШЕВСКА, дипл.инж.технолог Мирјана КОВАЧЕВА НАЈДОВА, одговорен инж. за БР Јасмина АЦКОВСКА, одговорен инж. за БР (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)
З
вукот се дефинира како промена на притисок кој човечкото уво може да го регистрира. Звукот се изразува со децибел (dB) што претставува логаритамска единица која се користи за да го покаже односот меѓу две величини со физичка количина, најчесто моќност или јачина. Непријатната звучна сензација која во организмот создава штетни ефекти се нарекува бучава. Изложувањето на високо ниво на бучава која може да биде постојана (континуирана), импулсивна и дисконтинуирана, може да има бројни
14
ПОРТА
30 јуни 2017
физиолошки и психолошки влијанија на вработените. Доколку изложеноста на бучава е на високо ниво подолг временски период, може да доведе и до трајно губење на слухот. Правилникот за безбедност и здравје при работа на вработените изложени на ризик од бучава (Службен весник бр. 21 од 2008 год.) ги посочува минималните барања за заштита на вработените од ризици по нивното здравје и безбедност кои можат да настанат од изложеност на бучава. Граничните вредности на изложување и акционите вредности на изложување во однос на дневните нивоа на изложување на бучава и максималниот притисок на звукот, се утврдени на: 1. Гранични вредности на изложување L ex, 8 h=87 dB, односно Ppeаk - 200 Pa; 2. Горни акциони вредности на изложување L ex, 8 h= 85 dB, односно Ppeаk
- 140 Pa; 3. Долни акциони вредности на изложување L ex, 8 h= 80 dB, односно Ppeаk - 112 Pa; Заштитата на вработените од физички штетности како што е бучавата, треба да ја обезбеди секој работодавец. Потребно е да бидат идентификувани сите извори на бучава во работната средина. За секое работно место работодавачот е должен да направи проценка на ризик. Според извршената проценка се спроведуваат мерења на изложеност на бучава. Проценката на ризикот и мерењата се вршат во соодветни интервали, според прописите за вршење на повремени прегледи и испитувања, од страна на организации со добиено овластување од Министерство за труд и социјална политика на РМ за вршење на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа.
градежништво Се вршат периодични мерења според стандардите МКС ISO 1999:2010 и МКС EN ISO 9612:2010 со цел да се идентификува дневно ниво на изложување на бучава и средно измерено време на нивоа на изложување за номинален осумчасовен работен ден. Постојат повеќе методи со кои може да се дејствува за да се намали нивото на бучава и изложеноста на бучава. За подобрување на условите во однос на висока изложеност на бучава можат да се преземат следните мерки: • Примена на софистицирана опрема кај која емисијата на бучава е сведена на минимум; • Соодветна реконструкција на работниот простор и инсталирање на материјали кои ја апсорбираат бучавата и овозможуваат подобра акустика во просторот; • Приспособување на начинот на работа при којшто се создава најмалку бучава; • Редовно одржување на машините и опремата; • Изворот на бучава како машини, мотори и опрема да се обложи со обвивка или заштитно куќиште од изолациони материјали или да се замени со опрема која не создава голема бучава. Директивата 2006/42/ЕС на Европскиот парламент и Советот за машини, измените на Директивата 95/16/ЕС и Актот 1974 ги дефинираат потребните услови за набавка на соодветна опрема и машини од аспект на безбедност и здравје при работа; • Да се лимитира престојот на луѓето во простории каде нивото на бучава е
високо и да се лимитира работата со опрема која предизвикува високо ниво на бучава. Максималното дозволеното дневно време на континуирана изложеност на одредено ниво бучава на вработените: ниво од 90 dB до 8 часа, ниво од 92 dB до 6 часа, ниво од 95 dB до 4 часа, ниво од 97 dB до 3 часа, ниво од 100 dB до 2 часа, ниво од 110 dB до 30 минути, ниво од 115 dB до 15 минути; • Да се врши ротација на вработените на работни места со висок интензитет на бучава; • Вработените што се изложени на бучава е потребно да бидат задолжени со лична заштитна опрема за заштита од бучава. Заштитна опрема како што се тампоните и антифоните имаат определен рејтинг на намалување на нивото на бучава, Noise Reduction Rating (NRR) која што може да го ублажи штетното дејство. Само со прописно наместени штитници се постигнува максимална редукција на бучавата. Од тој аспект потребно е да се
посвети максимално внимание на обуките на вработените за правилна употреба на антифоните, односно, тампоните. Во продолжение е посочен пример колку се намалува нивото на изложеност на бучава со употреба на одредена заштита од бучава со посочена вредност за NRR. Доколку изложеноста на бучава изнесува 93 dB а NRR на заштитата е 29 dB. Вредност на изложеност со заштита NRR (29) = 93 – [(29-7) x 50%] = 82 dBA. Друштвото за градежништво, промет и услуги „ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др“. ДОО е овластена компанија од Министерството за труд и социјална политика на РМ за вршење на стручни работи од областа на безбедност и здравје при работа, во чиј склоп функционира и акредитарана Лабораторија за мерења во работна средина, врши мерења на изложеност на бучава во работна средина според акредитирана метода, МКС ISO 1999:2014 Акустика - Процена од оштетување на слухот од бучава. n
ПОРТА
градежништво
RSC СИСТЕМ НА НОСЕЧКИ ШИНИ
Самоподигнувачки систем на носиво скеле со оплата
Стеван МИТРЕВСКИ, дипл.град.инж. НИКОЛА РАДОВАНОВИЌ, дипл.град.инж.
Примена на RCS C системот во Македонија
Примената на новите трендови во градежништвото е условена, пред сè, од изведбата на сè покомплексни градежни објекти во овој регион. Следствено на тоа, за првпат во Македонија, RCS C самоподигнувачкиот систем на носиво скеле со оплата е применет при изградбата на објектот „Антенски систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територија на Р.Македонија“, кој се изведува на врвот на планината Водно. Системот RCS и за оваа комплексна конструкција која има одреден наклон по висина, специфична геометрија во основа, промена на димензиите во основа на горните нивоа итн., се покажа како идеално, мултифункционално и технички издржано решение. Исто така, практичноста, ефикасноста и безбедноста при работата на ситемот RCS C, овозможи овој објект да се изведува според предвидената динамика и покрај екстремната висина и тешките временски услови на самата локација ПОРТА
ПОРТА
градежништво PERI RCS (Rail Climbing System) Mодуларен систем за различна примена во технологијата на самоподигнувачки работни платформи
стандарден елемент на системот PERI VARIOKIT, и благодарение на дефинираните отвори на секои 125 мм, платформите од RCS системот можат да се приспособуваат на секоја катна висина на објектите.
Конус, анкер плоча, висококвалитетна завртка, папуча и носечка шина (од лево кон десно)
Самоподигнувачки механизам
Примена на PERI RCS системот како носиво скеле (лево) и заштитни панели при работа (десно) PERI RCS (Rail Climbing System) е производ на фирмата PERI-Германија. Фирмата интензивно работи и инвестира во иднината, ги запазува сите нови трендови за изведба на градежни објекти со сè покомплицирана геометрија и, секако, е фокусирана на изнаоѓање најдобри решенија за проектите по целиот свет. Системите на подигнувачки скелиња, гранка од производствената програма во која фигурира системот RCS, значајно го подобруваат квалитетот на изградбата, ги намалуваат трошоците и истовремено го зголемуваат нивото на сигурност при зравјето и работата на сите инволвирани во изведбата на објектот. PERI RCS (Rail Climbing System) претставува систем кој е комплетиран со комбинација на различни поволни страни на повеќе системи на лизгачки платформи кои наоѓаат широка примена во градежништвото. Прилично е широк спектарот на проектите во кои ситемот RCS претставува најекономичното решение во поглед на тоа што е доста флексибилен и може лесно да се приспособува на специфичните побарувања при изведбата на градежните објекти. Системот на подигање (лизгање) по шини може да се користи како носиво скеле при подигање на оплата за армирано-бетонски ѕидови кај екстремно високи објекти или како заштитни панели за обезбедување на работните површини при изведбата на нивоата кај високите објекти.
RCS систем на носечки шини Системот PERI RCS најширока примена има 18
ПОРТА
30 јуни 2017
кај високите објекти, било да се работи за повеќекатници, пилони на мостовски конструкции или телекомуникациски кули. Принципот на работа на системот во основа функционира така што во текот на подигнувањето постојано е врзан за бетонската конструкција преку подигнувачки „папучи“. Подигнувачките „папучи“, во зависност од конструкцијата, може да бидат поставени на армирано-бетонските ѕидови или во дебелината на плочата од меѓукатните конструкции. „Папучата“ е со висококвалитетни завртки фиксирана за конус и анкер плоча кои се вградени во армирано-бетонската конструкција според проектот за оплата од претходното ниво на бетонирање. Пред сè, благодарение на шините што служат како водилки при подигнувањето, истото се одвива доста брзо и сигурно како во поволни временски услови така и во услови на засилен ветер. Притоа, покрај тоа што служат како водилки за подигнување на комплетниот систем, носечките шини го пренесуваат корисното оптоварување на ѕидот, а во одделни случаи овозможуваат премостување на отворите во ѕидовите со цел да имаме непречено подигнување на самото скеле. Носечката шина е основата на RCS системот, во попречен пресек е двоен U 200 профил, а се произведува со стандардни должини од 1,48 м до 9,98 м. Специјално изработени конектори овозможуваат доста едноставно наставување на носечките шини во должина, со што се постигнува проектираната должина на самите платформи. Шините се
PERI RCS - системот за подигање на шини во секој момент може да се направи мобилен со самоподигачки механизам, при што се елиминира потребата од користење на кран при самото подигање на работните платформи. Хидрауличните цилиндри за подигање на скелето тежат по 25 кг, според што тие се лесни за пренесување и многу брзо се монтираат на потребното место. Контролата на подигањето се врши преку оперативна табла која заедно со моторот и пумпата е интегрирана во вид на количка, а со цел нивниот транспорт по скелето да е лесен и едноставен.
RCS C систем на носиво скеле за оплата на армирано-бетонски ѕидови Во пракса, најчеста апликација на системот RCS е неговата верзија RCS C, односно систем од носиво скеле за оплата на армиранобетонски ѕидови во кој е интегриран механизмот за лизгање на оплатата. Притоа, самиот систем кој е дефиниран на претходно наведениот начин, претставува целосно сигурен концепт за бетонирање на екстремни висини. Механизмот за лизгање ја држи ѕидната оплата во работна положба и овозможува истата лесно да се поместува во хоризонтален правец, со што се обезбедува и до 90 см простор за армирачките работи. Самата оплата за ѕидовите исто така функционира како заштитна бариера на нивото кое се изведува, а со самото тоа обезбедува здрава и потполно безбедна работна површина. Системот е така осмислен, што работната платформа има можност да се монтира од првото избетонирано ниво додека долните „помошни“ платформи се додаваат после постигнувањето на доволна висина од армирано-бетонската конструкција. Независно дали при оплатирањето на армиранобетонските ѕидови се применува композитната
градежништво
Оперирање (подигање) со хидраулика оплата PERI VARIO GT24 или панелната оплата PERI TRIO, подесувањето во сите правци се обезбедува преку главните профили со кои оплатата е поставена на носивото скеле. Поместувањето на оплатата во хоризонтален правец се врши преку хоризонтални лизгачи, додека подесувањето на оплатата во попречен правец на армиранобетонскиот ѕид се обезбедува преку косник кој го потпира главниот Елементи за поместување на оплапрофил. Подесување на оплатата е тата во сите правци овозможено и во паралелен правец на армирано-бетонскиот ѕид со стандардни елементи за фино подесување. Гледано во попречен пресек, системот RCS C претставува рамовска конструкција со три работни нивоа. Секоја платформа се држи на две такви рамки (СЛИКА 1). Комуникацијата помеѓу нивоата е овозможена преку отвори во самите платформи и скали со заштитни огради. На најгорното ниво или ниво „0“ се наоѓа оплатата и тоа служи за армирање и оплатирање на армирано-бетонските ѕидови. Висината на долните нивоа од системот е условена од катната висина на обејктот, меѓутоа благодарение на претходно наведените карактреистики на носечките шини може да се изврши приспособување Слика 1. според која било потребна висина. Средното Изглед на RCS ниво или ниво „-1“ служи при подигнување на C системот
работните платформи. На ова ниво е поставен хидрауличниот механизам, а хидрауличните цилиндри се монтираат на носечките „папучи“. Хидрауличната преса (количката) има можност симултано да контролира и управува со 4 цилиндри односно истовремено може да се подигнуваат два сета платформи. Подигнувањето се врши во чекори од по 50 см, што е максимално извлекување на клипот на хидрауличниот цилиндар. Механизмот на автоматско заклучување кое го има носечката „папуча“ овозможува платформите да се ослонат на истата за времето кога клиповите на цилиндарот се враќаат во првобитната положба и се припремаат за нов циклус на подигнување од 50 см. Подигнувањето на платформите од 50 см во просек трае помалку од 1 минута (СЛИКА 2). После подигнувањето на еден пар платформи, хидрауличните цилиндри се префрлаат на следниот пар и на тој начин сукцесивно се врши подигнувањето на платформите по целиот обем на конструкцијата. Најдолното ниво или ниво „-2“ е ниво од кое се врши демонтажа на цилиндрите после завршеното подигнување и нивно префрлање на нивото „-1“ од платформите кои треба да се подигнуваат поради тоа што во дадениот момент тие се наоѓаат на иста работна висина (СЛИКА 3). Исто така, од нивото „-2“ се врши демонтажа на најдолната „папуча“ која повеќе нема статичка улога во системот, се отстранува металниот конус од бетотнот (носивиот дел за „папучата“) и се врши затворање на отворот во армирано-бетонскиот ѕид со стандардни бетонски чепови. Сите завршни работи како евентуално молерисување, санација или затворање на отворите од анкер штрафовите кои ја држат оплатата, исто така се изведуваат од нивото „-2“, притоа непопречувајќи ги армирачките и бетонските работите кои се изведуваат на горните нивоа. Секако, многу е важно да се напомене дека сите нивоа на платформите имаат од надворешната страна ограда во висина од 2 м, изработено од цевки со пречник 48,3 мм. Притоа, со поставување на заштитна ограда по целата висина на работните платформи се обезбедува сигурна и здрава работна средина која значително може да придонесе да се зголеми продуктивноста на самите вработени. Комфорот и безбедноста при работата можат дополнително да се зголемат доколку работните платформи се обложат со метални или дрвени панели, што од надворешна страна често може да се користат за маркетингшки цели. >> 30 јуни 2017
ПОРТА
19
градежништво Слика 9. Префрлањето на работниците и хидрауличниот механизам на следниот сет платформи е целосно безбеден
Техничка подршка во текот на изведбата на објектот Правилната примена на системот RCS на градежните објекти во голема мера зависи од добрата соработка на стручниот кадар на PERI со изведувачот на самиот објект, и таа е неопходна уште од најрана фаза, фазата на проектирање на техничкото решение, понатаму продолжува со испораката на потребната опрема, техничката поддршка во текот на монтажата и се до завршетокот на проектот. Проектот за оплата која го вклучува системот RCS, мора да ги согледа сите специфичности на градежниот објект до самиот врв, со цел да се предвидат сите препреки при подигнувањето на носечките шини. Техничката документација од проектот за оплата ги содржи сите упатства за предмонтажа на сегментите, нивното укрупнување и склопување во системот. Притоа, за цело време на изведувачите на објектот на располагање им е квалификуван PERI инструктор за системот RCS, кој асистира околу ефикасна и безбедна имплементација на системот. n
Слика 8. Работа и распоред на работниците при подигнување на RCS C системот со хидраулика 20
ПОРТА
30 јуни 2017
ПОРТА
архитектура
„МЕГАРОН ИНЖЕНЕРИНГ“ ПРОЕКТИРАШЕ ДОГРАДБА, НАДГРАДБА НА ДЕЛОВИ И ВНАТРЕШНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОБЈЕКТОТ ХОТЕЛ „ПАНОРАМА“ ВО КРУШЕВО
Примерок соодветен на карактеристичните локални форми и материјали Целта на проектот е објектот да го трансформира во хотел од јавен тип, функционално да го подобри, да го збогати програмски и осовремени, а истовремено да ја задржи и испочитува постоечката обликуваност, материјалноста и архитектонската естетика
Х
Подготвил: „MEГАРОН ИНЖЕНЕРИНГ“
22
ПОРТА
отелот „Панорама“ во Крушево е изграден во седумдесеттите години од минатиот век како одморалиште од затворен тип на „Технометал Вардар“. Објектот се наоѓа
30 јуни 2017
на планината над градот Крушево и со својата местоположба овозможува прекрасни погледи кон амфитеатралната организација на градот Крушево и богатата живописна вегетација околу него. До хотелот се пристапува по калдрма. Пристапното плато пред хотелот се користи како паркинг за возила, а заради топографијата и стрмноста на теренот, до
влезот на објектот се пристапува преку неколку каскадни платоа поврзани меѓусебно со широки еднолиниски скали. Постојниот објект се состои од приземје и две нивоа и со применетиот обликуван архитектонски концепт на сите содржини, овозможува убави визури кон градот Крушево. Со новиот проект на архитектонското
биро „МЕГАРОН Инженеринг“ за хотелот „Панорама“ во Крушево, предвидена е доградба и надградба на делови од објектот и утврдување на изгледот на фасадата како објект од значење на општина Крушево. Со оглед на тоа што хотелот е изграден како одморалиште од затворен тип, врз основа на барањата на приватниот инвеститор, господинот Кочо Стојчевски, проектот има цел објектот да го трансформира во хотел од јавен тип,
функционално да го подобри, да го збогати програмски и осовремени, а истовремено да ја задржи и испочитува постоечката обликуваност, материјалноста и архитектонската естетика. Со доградбата и надградбата на источната страна на хотелот, во приземното ниво се проширува постоечкиот хотелски ресторан, а на првото ниво се воведуваат два нови апартмани, истовремено се зголемува и проширува постоечката конференциска сала. Се прави целосна реконструкција, реорганизација и осовременување на сместувачкиот капацитет, а се предвидува инсталирање на два патнички лифта со кои се подобрува пристапот до хотелот и внатрешната комуникација. Како нова програмска целина со проектот се воведува целосно нов, современ СПА центар со базенска зона и соодветна придружна содржина. Со оглед на тоа што пристапното плато пред хотелот се користи како паркинг за возила, а заради топографијата на теренот до влезот на објектот досега се
пристапуваше преку неколку платформи поврзани меѓусебно со скали, воведувањето на надворешен патнички лифт значително ја подобрува пристапноста на посетителите до хотелот. Од платото за паркирање со лифтот гостите се носат до нивото на хотелот и преку топла врска се водат во внатрешноста на хотелот до хотелското лоби и рецепцијата, додека внатрешениот лифт е во знак на подобрување на внатрешната вертикална комуникација на посетителите во хотелот од приземјето до второто ниво. Сместувачките делови во хотелот целосно се реконструираат, реорганизираат и осовременуваат. Со предвидената доградба се воведуваат два нови апартмани и со реорганизација на постоечките соби, хотелот „Панорама“ доби вкупно осум лускузни апартмани и 12 хотелски соби со
извонреден поглед кон градот Крушево. Хотелските соби и апартмани целосно се реконструираат во современ архитектонски израз, но истовремено задржувајќи ја употребата на дрвото и каменот како материјал во ентериерното естетско обликување. Доградбата предвидува и проширување на постоечкиот хотелски ресторан. Со неа, новиот хотелски ресторан се димензионира со максимален капацитет од 90 места, а соодветно и во склоп на ресторанот се модернизира и постоечката хотелска кујна која треба да воведе новини во локалната гастрономија. По иницијалните разговори со инвеститорот како соодветен проектантски одговор на неговите барања, во хотелот како нова програмска и функционална целина предвидовме целосно нов современ СПА центар кој досега не постоеше. Во СПА центарот се сместени базенски дел, соодветни гардероби, сауна, соба за >>
30 јуни 2017
ПОРТА
23
Индивидуална станбена зграда, Скопје (проектирање)
Општинска зграда во Грачаница, Косово (проектирање)
Реконструкција на Музеј на Современа уметност, Скопје (проектирање)
масажа, топли и хидро масажни лежалки, како и независни санитарии за корисниците на СПА центарот. Воведувањето на СПА центарот како нова содржина ја збогатува атрактивноста како на хотелот така и на туристичката понуда на градот Крушево.
Административен објект „Фармахем“, Скопје (проектирање)
Проектот на „МЕГАРОН Инженеринг“ за објектот хотел „Панорама“ во Крушево и изгледот на фасадата, пристапува кон естетско–обликувана и функционална реконструкција и интервенција во ентериерот и екстериерот на објектот, со
цел тој да претставува соодветен примерок на карактеристичните локални форми и применети материјали. Обликувано со доградбата и надградбата на хотелот се внимава да се следи архитектонскиот проектантски концепт, модулите и ритамот на архитектонските волумени, каскадното решение на нивоата, визурите кон Крушево, како и надворешната материјализација на фасадата. Отворите на фасадата и во приземјето и на катовите остануваат непроменети, се задржува истиот ритам како во оригиналниот проект, но се заменуваат со поквалитетни, со кои се подобруваат енергетските и акустичните карактеристики. Целосната обработка на фасадата е со примена на термоизолација како современ пристап на општа прифатена заштеда на енергија. Формата на кровот е задржана како во оригиналниот проект, расчленета соодветно на архитектонските волумени. Постоечкиот кровен покривач од дрвена шиндра се заменува со камени шкрилци за да се задржи архитектонскиот концепт и автентичниот изглед на објектот, што претставува продолжување и задржување на локалната градителска традиција. Посебно внимание е посветено на употребата на локалните градителски
Реконструкција и адаптација на НУ Албански театар, Скопје (проектирање)
Детска градинка „Кочо Рацин“ Општина центар, Скопје (проектирање) ПОРТА
Регионална јавна библиотека, Гнилање (проектирање)
материјали, каменот и дрвото, во естетското обликување на ентериерот. Употребата на каменот и дрвото преку современа обработка се среќаваат во јавните простори за посетители (лобито, ресторанот) и во ентериерната обработка и опрема на собите. Нивната употреба ја
Административен објект, Куќа на футбалот, Скопје (проектирање)
дополнуваат постоечката ентериерна обработка, посебно во делови на лобито, која е задржана како елемент и претставува врска на стариот оригинален проект со новиот проект на архитектонското биро „МЕГАРОН Инженеринг“. Употребата на локалните
Футбалски стадион, Локалитет „Тумбе кафе“, Битола (проектирање)
материјали во надворешното и внатрешното обликување, хотелот го задржува во планински контекст, а самата примена на материјалите директно асоцира на природната околина на непосредното планинско опкружување кое изобилува со борова и букова шума. >>
Катна гаража „Биљанини извори“, Охрид (конкурсно решение, 2 место)
ПОРТА
Хотел Парк и Спа, Скопје (надзор на изградба)
Спортски комплекс „Јане Сандански“, Скопје (надзор на изградба)
Мегарон - 25 години на архитектонската сцена
Фудбалска академија на ФК Вардар, Скопје (надзор на изградба)
Тренинг центар на ФК Вардар, Хиподром, Скопје (надзор на изградба)
ПОРТА
Вeќе дваесет и пет години на овдешната архитектонска сцена опстојува и работи скопското архитектонско проектантско биро „МЕГАРОН Инженеринг“. Формирано во 1992 година од архитектите Бујар Муча и Предраг Андонов, сè уште, успешно и креативно, функционира со над стотина авторски проекти во Македонија и надвор од неа. Еден од последните проекти на кои работи архитектонско биро „МЕГАРОН Инженеринг“ е проектирање на доградба, надградба на делови и внатрешна реконструкција на објектот хотел „Панорама“ во Крушево, со цел да го подобри функционално, програмски да го збогати и осовремени. Проектната документација која доби и валидно одобрение за градба, веќе се наоѓа во поодмината фаза на изградба. Проектант автор на оригиналниот проект за хотелот „Панорама“ во Крушево е професор доктор Благоја Колев, архитект. Како проектантско биро се залагаме за почитување, зачувување на проектантскиот авторски интегритет и авторските права врз еден архитектонски проект. Во овој случај, пред отпочнување на проектантскиот процес, се обративме и го консултиравме авторот Благоја Колев кому му беше презентирана идејата за интервенцијата на објектот. По неколку одржани креативни разговори и размисли за објектот, од него добивме целосна поддршка и авторска согласност за реализирање на интервенцијата. Можеме да потврдиме дека професорот Благоја Колев беше позитивно изненаден за нашата професионална и етичка постапка. Ваквата практика досега неколкупати сме ја повторувале. За проектот за реконструкција и адаптација на НУ Албански театар во Скопје, побаравме и добивме согласност од авторката, архитектката Вера Ќосевска, за проектот за реконструкција на кровот на НУ Музеј на современа уметност во Скопје, побаравме и добивме согласност од Полската комора на архитекти. Горенаведените случаи се само потврда за заложбата на „МЕГАРОН Инженеринг“ за почитување на професионалниот интегритет на архитектонската професија и авторските права врз еден архитектонски проект, нешто што ќе го практикуваме и во иднина.
ПОРТА
архитектура
ПРЕНАМЕНА НА ОБЈЕКТ - ОД МЛЕКАРНИЦА ВО СОВРЕМЕН УНИВЕРЗИТЕТСКИ КАМПУС
Зграда како град, град како зграда
28
ПОРТА
30 јуни 2017
архитектура Се работи за уникатен проект кој фасцинира со својата физичка големина, комплексност на функциите и содржините, но истовремено претставува и една од најголемите трансформации на постоечки објект. Млекарницата „Тони“ е пренаменета во современ универзитетски кампус „Тониареал“, мултифункционален објект каде се обединети функциите образование, култура, домување, угостителство и трговија.
С
Натка ЌОСЕВА, дипл.инж.арх. о општествените промени, многу често се јавува и потреба од промена на објектите. Со текот на времето објектите не може повеќе да се користат за намената за која биле изградени, а сепак се во добра состојба и не се за рушење. Овие објекти може да се трансформираат (пренаменуваат) во нови содржини и функции, да добијат нови корисници и така да го продолжат постоењето во сосема ново „руво“. Еден од многуте такви објекти е и „Тониареал“, новиот универзитетски кампус во Цирих, објект со повеќе функции за различни корисници. Се работи за уникатен проект кој фасцинира со својата физичка големина, комплексност на функциите и содржините, но истовремено претставува и една од најголемите трансформации на постоечки објект. Млекарницата „Тони“ е пренаменета во современ универзитетски кампус „Тониареал“, мултифункционален објект каде се обединети функциите образование, култура, домување, угостителство и трговија. Објектот на поранешната млекарница „Тони“ е изграден и пуштен во употеба во 1977 годинаа. Таа била една од најголемите во Европа, со еден милион литри млеко дневно производство. Во 1999 година млекарницата била затворена, а објектот бил напуштен и неколку години стоел празен. Објектот бил во добра состојба и градот Цирих решил објектот да не се руши, да се зачува, но да се пренамени во современ универзитетски кампус, а истовремено и мултифукционален културен центар. >> 30 јуни 2017
ПОРТА
29
архитектура
30
ПОРТА
30 јуни 2017
архитектура
Во 2005 година бил распишан анонимен архитектонско-урбанистички конкурс, на кој прва награда добиле архитектите од проектанското студио ЕМ2N од Цирих. Проектната документација е работена од 2005 до 2009 година. Објектот е граден од 2008 до 2014 година и пуштен е во употреба на почетокот на учебната 2015 година. Мултифункционалниот објект „Тониареал“ треба да внесе нов живот во областа Цирих – Запад (поранешната индустриска област на Цирих) која со реурбанизацијата се гради
повеќе од 10 години и веќе се оформува во нов современ тренди дел на градот Цирих. Во објектот се сместени две високообразовни институции кои немаат врска една со друга, Циришката академија за уметност (ZHDK) со скоро сите оддели - театар, музика, филм, дизајн, балет и ликовни уметности; и Циришкиот факултет за применети науки (ZHAW) со два оддели психологија и социолигија. Објектот има корисна површина од 108 илјади метри квадратни, и со димензии во
приземјето 170/90 метри. Волумен на објектот е 491 илјада метри кубни. Највисокиот дел на објектот, новата станбената кула е 75 метри, а другиот дел, делот на старата млекарница е со висина од 25метри. Најголемиот дел од објектот, повеќе од половина е наменет за двете образовни институции, со површина од 58 илјади метри квадратни. За културни и други различни настани, проектирани се повеќе простори, како повеќенаменски сали, концертни сали, кино, камерен театар, музеј за дизајн и други, со површина од 6500 метри квардатни. За угостителски, трговски услуги и клупски простории проектирана е површина од 3500 метри квардатни. За домување е проектирана нова кула во која има и мали и големи станови кои може да ги користат и студентите и вработените во „Тониареал“. Корисна површина на станбениот дел е 13 илјади метри квадратни. Во станбената кула е проектирана и градинка. Останатата површина отпаѓа на простор за паркирање и простории за техника и енергетски простории. Цена на чинење на објектот е 450 милиони швајцарски франци. Проектантите со нивниот концепт се обиделе физичката големината на објектот, неговата комплексност и мултифункционалност (комбинација на разнородни функции и корисници), да ја решат внатре како еден мал внатрешен урбанизам. Нивната идеја при проектирање на објектот била „зграда како град, град како зграда“. На северната страна на поранешниот објект, постоела бетонска рампа која е задржана и во новиот објект, само е редизајнирана и служи како вертикален булевар преку кој со возило или пеш од улицата доаѓате до катовите. На јужната страна е проектирана нова станбената кула. Главниот влез во објектот е од јужната страна. Во објектот се влегува преку надворешни скали. Главниот влез е на >>
ПОРТА
aрхитектура Македонско искуство
Пишувањето на овој текст ме врати повеќе години назад, во 90-тите години од минатиот век, кога група проектанти од поранешниот Завод за урбанизам на РМ и Институтот за студии и проектирање при ГП Бетон работеа реурбанизација на дел од Кисела Вода во Скопје , просторот околу поранешните магацини на „Славија“. Просторот треабаше да се трансформира, според проектната програма, во локален центар со повеќе намени како администрации, култура, првиот кат. Проектиран е огромен јавен хол – влезен хол на пресекот помеѓу новата станбената кула и понискот дел на објектот (поранешната млекарница). Овие два елементи, рампата и јавниот хол, поврзани се каскадно со скали и помали холови кои се наоѓаат на средишната подолжна симетрала на објектот, т.н. главната улица. Главната комуникација е во овој средишен дел, а лево и десно се организирани просториите. Овој распоред создава внатрешни адреси-места на различните простори групирани по функции, исто како што објектите во градот се редат долж улиците и плоштадите и имаат свои адреси. Околу јавниот хол се распоредени
32
ПОРТА
30 јуни 2017
занаети, трговија, станбени објекти и простор за омор и рекреација. Проектите се завршија, се одбранија пред нарачателот Главниот архитект на град Скопје, но никогаш не се реализираа. Денес на тој простор сè уште постојат старите магацини на „Славија“, но во многу лоша и руинирана состојба, а околу се изградени нови станбени згради. Просторот изгледа многу несредено и хаотично. Дали треба така да изгледа или можеше поинаку и подобро? ресторан, кафетерија, две сали за различни настани и музејот за дизајн. Од холот со еднокраки скали се оди кон погорните катови. Лево и десно се распоредени просториите за факултетите, предавални, работилници, ателјеа, кабинети за наставниот кадар, сала за балет, сали за вежбање музика, библиотека со читална, концертна сала, сала за вежбање и одржување концерти итн. На последното ниво на северната страна се наоѓа киното и мала концертна сала, а до нив може да се дојде дирекно преку рампата на северната страна од објектот. Од последниот кат со еднокраки скали се излегува на равната кровна тераса. Таа е делумно
поплочана, а делумно е зелена градина. Терасата е организирана за одмор, учење или читање, за повремени изложби и различни настани на отворено, а еден дел се користи како детско игралиште за градинката во станбениот објект. Заради големите димензии на објектот, проектирани се повеќе дворови кои се поставени на различни нивоа, така што се овозможува сите простории да имаат природно осветлување и вентилација. Во приземјето на објектот, на ниво со околните сообраќајници, сместени се бистро, продавници и клупски простории. Фасадата на објектот е делумно застаклена, делумно бетонска обложена со алуминиумска брановидна мрежа, што можеби асоцира на фасадата на поранешната млекарница обложена со брановиден лим. Капацитетот на факултетите што се сместени во „Тониареал“ е за 3500 студенти, а во целиот објект се вработени околу 1600 луѓе. „Тониареал“ е најголем објект во делот Цирих запад или поранешната индустриска област. Со неговата трансформација, се очекува да внесе нов живот во областа, а неговите нови функции нема со ништо негативно да влијаат на околните објекти за домување и административни објекти. Објектот „Тониареал“ се интегрира во новиот концепт на областа Цирих Запад. n
ЛЕАРНИЦА КРАНФИЛД ПРОБИШТИП 2016
ГРДОВЈАНКА-ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР-ШТИП 2011
„СТУДИО АТРИУМ“ - ШТИП
Архитектурата најобјективно го одразува времето во кое се создава АГРОФИЛА ИНДУСТРИСКИ КОМПЛЕКС ШТИП 2014
ХОТЕЛ ПЕКОМ-ШТИП 2017
СРЦ БРЕГАЛНИЦА ШТИП 2014
АРЦ ИНДУСТРИСКИ КОМПЛЕС ТИРЗ СКОПЈЕ 2015
Т
очнo пред 15 години, на штипската и македонската архитектонска сцена беше поставено „Студио Атриум“, предводено од архитектите Весна Василева и Павле Петрушев. Основната идеја, во тоа време, беше да се создаде тим од сите сфери на проектирањето под мотото: Да работиме, да се дружиме остварувајќи пат во прилог на творечките мисли и дела. И денес по 15 години може слободно да се каже дека идејата е остварена и се надградува. Зборувајќи во една пригода пред 10 години, архитектката Василева истакна: „За нас архитектурата е мистерија на убавината и техника на градењето која ја создава човекот за своите потреби. Во денешниот свет се создава многу архитектура и кога ќе го загледаш делото ќе го познаеш и инвеститорот, неговото културно рамниште и неговата способност за избор на соработник. Архитектурата најобјективно го одразува времето во кое се создава“. На оваа изјава дадена пред деценија, не може ништо да ѝ се додаде или да ѝ се одземе. Архитектурата што нè опкружува е само потврда на ова искажување. „Студио Атриум“ води многу сметка за сорабтката со инвеститорите. Според главните актери во него, соработката со инвеститорите се темели на заемно разбирање, толеранција и заемна целосна доверба која резултира со успешна реализација на обострано задоволство. Деловната соработка и „дружење преку работење“ се претвора во пријателска врска и соработка, а дружбата трае и понатаму.
НЕТ ЕЛЕКТРОНИКС ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ СКОПЈЕ 2011
МИН. ЗЕМЈОДЕЛИЕ ШУМАРСТВО И ВОДОСТОПАНСТВО СКОПЈЕ 2010 КОНФЕКЦИЈА СЕМАК - ШТИП 2016
ВИНСКИ КОМПЛЕКС ДЕМИР КАПИЈА 2015-2
ПОРТА
архитектура од дрво
ВИЛА МАИРЕА ОД АЛВАР АЛТО, ФИНСКА
Спој на утопија и традиција Изведениот проект на Вила Маиреа е збир на повеќе проекти кои се засноваат на неколку концепти во архитектонското проектирање: надворешен дел – двор, кој се граничи со природната борова шума, здружени повеќе поврзани резиденцијални простори, социјални и приватни аспекти на објектот и интегрирање на уметничката изложба со просториите за секојдневно живеење
Ф
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, дипл.инж. по дрвна индустрија инскиот архитект Алвар Алто се издвојува како еден од водечките модернисти со силен персонален стил кој ги спојува историското и модерното. Неговите први објекти во архитектонска смисла влегуваат во 34
ПОРТА
30 јуни 2017
доменот на нордискиот класицизам, но набрзо го напушта тој правец и се фокусира на функционализмот, или скандинавски модернизам. Но сепак, и покрај своите модернистички видици, Алто својата инспирација ја влечел од финската историја и финската природа. Изведениот проект на Вила Маиреа е збир на повеќе проекти кои се засноваат на неколку концепти во архитектонското проектирање: надворешен дел – двор, кој се
граничи со природната борова шума, здружени повеќе поврзани резиденцијални простори, социјални и приватни аспекти на објектот и интегрирање на уметничката изложба со просториите за секојдневно живеење. Основната работа веќе била започната врз основа на некои претходни дизајни кои датираат од 1938 година, кога Алто незадоволен од дизајните одеднаш ги променил, и ги убедил клиентите Хари и
архитектура од дрво
Маире Гилушсен да го прифатат новиот дизајн и покрај веќе започнатите градежни работи. Со новите дизајни, Алто конечно ги задоволил своите аспирации за артикулација на повеќенаменска употреба на просториите за живеење и интеграција на уметничката изложба во секојдневната рутина на клиентите. Додека претходните проекти обезбедувале посебна соба за секоја намена, финалниот дизајн на вила Маиреа е базиран на концепт на континуирани 250 >> 30 јуни 2017
ПОРТА
35
архитектура од дрво метри квадратни простор за живеење, во кој се сместени сите основни функции на куќа. Со отворениот простор на луксузната вила, Алто се навраќа на идејата за повеќенаменски и флексибилни простории на финската селска куќа. Но во исто време успева да создаде шема каде ќе може да ги реализира сите свои варијации и импровизации. Од самиот почеток, и од архитектот и од клиентот, куќата била перцепирана како експеримент за реализирање на идеи кои можат да се применат и во масовно производство на типски куќи, нешто што многу архитекти го истражувале во периодот меѓу двете светски војни. Алто добил одврзани раце во однос на неговите концепти и дизајни, но исто така за овој објект немал никакви лимити во буџетот. Вакви услови тешко се добивале тогаш, исто како што тешко се добиваат во денешно време. При првиот поглед на куќата забележувате бела кутија во шумата, но слоевитоста на различните елементи видени одблизу го променува едноставното читање. И едноставното завртување зад аголот некогаш открива уште нешта кои се случуваат, сите движејќи се во ист контекст. Дрвениот
ПОРТА
простор во дневната соба, всушност, има база од темен камен, а на врвот е пергола за тераса во функција на спална соба. Во
темниот, закривен дрвен ѕид на горниот кат е сместено студиото на Маире, волумен кој, исто така, се изразува посебно на задната
архитектура од дрво
фасада. Дневната соба има големи прозорци со дрвени рамки и облоги над камената основа; челичните прачки ги прицврстуваат ролетните за заштита на стаклото. Заоблените прозорци кои чинат мал залив им служат на детските спални. Дрвената декорација е дел од Алтовата метафора за шумата, за која вертикалите на дрвјата се отсликани во столбови и други површини, внатре и надвор. Дизајнот на задната страна на куќата е уште порелаксиран отколку на предната
страна, со многу помалку случувања. Претежно бели и цврсти површини се поткрепа на големи стаклени површини кои им служат на дневниот простор и трпезаријата, како и на студиото на Маире од темно дрво што го видовме од предната страна. Во ентериерот, шумската метафора е уште поизразена, особено со столбовите и неструктурните вертикали кои не само што личат на дрвја, туку се групирани на начин што дефинираат простори и влијаат врз >>
ПОРТА
архитектура од дрво перцепцијата кога се движите низ инаку отворени простори. Затоа просторот е исткајан од линии и површини, наместо да претставува градба од вообичаени столбови и греди како во другите модерни дизајни. Ова произлегува од Алтовото метафорично испреплетување на старото и новото, и неговата неформална манипулација на столбови и други архитектонски елементи. Еден добар начин на опишување на куќата е како серија на „епизоди“. Иако голем број простори (особено на приземје) се континуирани, се среќаваат посебни материјали, текстури, конструкции, отвори и други детали кои не се повторуваат, но кои се вклопуваат заедно на едно подлабоко ниво.
Вградување на народни елементи во рамките на модерна куќа е еден начин на зајакнување на кохезијата на минатото и иднината. Уште неколку непознати детали се рачката и стакленото прозорче во главната влезна врата, и она што техничарите го нарекле „ушите на Алто“ – издлабен отвор на каминот во дневната соба. Овие два детали го илустрираат влијанието на уметноста, но и способноста на Алто да состави различни површини и детали (многу од нив како самостојни појави) во кохезивен дизајн, кој сè уште го покажува патот како архитектурата да биде модерна, без да биде идеолошки пропишана. n
38
ПОРТА
30 јуни 2017
ПОРТА
архитектура
ЦЕНТАР ЗА МЕДИЦИНА ПРИ УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЛЕСТЕР, АНГЛИЈА
Најголемиот
пасивен објект во Обединетото Кралство д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Велика Британија)
О
ваа година се наврши првата годишница од отворањето на Центарот за медицина при Универзитетот во Лестер, а кој се смета за најголемиот пасивен објект во Обединето Кралство. Станува збор за објект во кој ќе се одвива и наставниот процес и апликативните истражувања во доменот на медицината, а со цел не само да се оспособат новите генерации на лекари туку и преку истражувачката работа да се подобри борбата против хроничните заболувања. Објектот вреден 42 милиони фунти, се смета исто така за најголема инвестиција во доменот на медицинското образование и апликативно истражување во земјата во последната деценија. Притоа, 32 милиони фунти биле одвоени од страна на универзитетот за изградба на објектот, додека преостанатите 10 милиони фунти се собрани преку апел за донации. Центарот за медицина е испроектиран на површина од 13000 метри квадратни и обезбедува сместување за 2000 студенти и 400 вработени. Архитектонскиот концепт на објектот е базиран на двокатен објект во кој се сместени главните простори за образование: два амфитеатри, поголемиот со капацитет од 300 лица и помалиот со капацитет од 150 лица, во комбинација со простори за неформално учење. Рамниот кров на двокатниот објект претставува своевиден подиум од кој се издигаат три меѓусебно поврзани „кули“ со различна височина, во коишто се наоѓа комбинација од лаборатории, наставни простории и канцеларии. 40
ПОРТА
30 јуни 2017
Во согласност со барањата на стандардот „пасивхаус“, објектот побарува само 15 kWh/m2 годишно за
згревање и 116 kWh/m2 за годишна потрошувачка за примарна енергија. Со оглед на тоа што стандардот е базиран на
eнергетска ефикасност
Архитектонскиот концепт е базиран на двокатен објект во кој се сместени главните простори за образование: два амфитеатри, поголемиот со капацитет од 300 лица и помалиот со капацитет од 150 лица, во комбинација со простори за неформално учење
концептот за намалување на термичките загуби преку обвивката на објектот, конструкцијата на објектот го отсликува
овој пристап. Како резултат на ова, првите два ката на објектот што го формираат подиумот, главно, се изведени како
традиционален надворешен сендвич ѕид со надворешен ѕид од тула, меѓупростор исполнет со 30 см термоизолционен >> 30 јуни 2017
ПОРТА
41
архитектура материјал и внатрешен ѕид од бетонски блокови. Надворешниот и внатрешниот ѕид меѓусебно се поврзани со ниско кондуктивни спојници, со цел да се намалат термичките мостови, додека од внатрешната страна ѕидовите се измалтерисани со гипсан малтер како би се подобрила воздушната непропустливост на опшивката на објектот. За разлика од ова, „кулите“ се изведени по принципот на висечка фасада при што како фасадна обработка се користени плочки од тула. За да се намалат термичките загуби низ отворите на објектот, прозорците се со тројно застаклување. И покрај различниот пристап во обработката на надворешните ѕидови, објектот го задоволил стандардот „пасивхаус“, при што надворешните ѕидови постигнале У-вредност од 0,13 W/m2K. Квалитетот на испроектираната и изведената фасада, исто така, овозможил објектот да го помине и тестот за воздушна непропустливост на објектот, при што биле измерени загуби од 1 м3 на час по 1 м2 од површината на објектот при притисок од 50 Паскали. Концептот „пасивхаус“ е базиран на примената на механички систем за вентилација кој исто така се користи за загревање на објектот. Свежиот воздух од надворешноста на објектот поминува низ
42
ПОРТА
30 јуни 2017
eнергетска ефикасност
изменувач на топлина кој ја користи топлината на загадениот воздух што се исфрла од објектот за примарно загреавање на свежиот воздух од надвор, за потоа тој дополнително да се догрее до
бараното ниво пред да се дистрибуира низ објектот за загревање на просториите. Како резултат на ова, во зимскиот период објекот функционира како затворен објект со механичка >>
30 јуни 2017
ПОРТА
43
aрхитектура
Проектантски тим:
Клиент: Универзитет во Лестер (University of Leicester) Архитект: Associated Architects Инженер за инсталации: Couch Perry Wilkes Консултант за воздушна непропустливост: HRS Services Консултант за Пасивхаус: WARM Градежен инженер: Ramboll
вентилација. Дополнително, на приземјето е вградено подно греење, за кое топлината се добива од градскиот систем за греење на Лестер. Во другите периоди на годината, корисниците на објектот можат да ги отворат вентилационите панели лоцирани до прозорците и со тоа да овозможат природна вентилација на просториите. Отворањето на вентилационите панели се регистрира од системот за управување во објектот којшто го сопира системот за механичка вентилација и греење. Во текот на летото објектот е заштитен од прекумерно загревање и преку термичката маса на конструкцијата на објектот, при што армирано-бетонската носива конструкција и долната страна на меѓукатните плочи се оставени видливи за да ги намалат промените во внатрешната температура на објектот. Притоа, акумулираната топлина во овие конструктивни елементи се црпе во текот на ноќта преку уредите за контрола на 44
ПОРТА
30 јуни 2017
воздухот. Дополнително, долната страна на меѓукатните плочи на првиот и вториот кат во просториите со најголемо ниво на користење, во себе содржат седум километри вградени цевки за ладење низ кои тече студена вода за да се извлече топлината од нив. За дополнително намалување на потрошувачката на примарна енергија, под објектот е вграден 1,6 километри долг систем за црпење на топлинска енергија од почвата, кој функционира по принципот земја–воздух и се користи за загревање и ладење на објектот. Потрошувачката на електрична енергија е потпомогната преку инсталација на 115 м2 соларни ќелии за производство на електрична енергија. Софистицираниот пристап кон градежните инсталации на објектот, примената на концептот „пасивхаус“ и примената на обновливи извори на енергија, придонеле за создавање на еден исклучително комплексен, но еколошки објект. Еколошките аспекти на објектот дополнително се потенцирани преку примената на зелен кров и зелен ѕид, сертификатот „пасивхаус“, А класа сертификат за енергетско однесување на објектот (EPC) и одлична оценка, според Методологијата за еколошко оценување на Заводот за градежно истражување (BREEAM). Варен Џукс (Waren Jukes), директор на Jaпонска куќа од Atelier Bow Wow
Асоцијацијата на архитектите за реализацијата на овој проект истакна: „Стекнувањето на пасивхаус акредитацијата е исклучително достигнување за објект од оваа големина и комплексност. Ова е кулминација на петгодишната работа на нашиот тим, и ние сме многу горди дека успеавме да реализираме објект од овој вид со најмала потрошувачка на енергија во земјата. Она што ние успавме да го постигнеме, укажува дека е можно да се достигнат предизвиците за намалување на потрошувачка на енергија во рамките на изградбата на комплекс“. Центарот за медицина при Универзитетот во Лестер претставува исклучителна архитектонска реализација во доменот на објектите наменети за терцијално образование, кое ќе биде запаметено според достигнатото ниво на енергетска ефикасност, а и ќе послужи за споредба на успешноста на сите оние слични објекти коишто ќе следуваат не само во Обединетот Кралство, туку и пошироко. Преку овој објект, универзитетот во Лестер не само што придонел кон развојот на архитектурата, туку создал просторни предуслови во коишто ќе се оспособат и идните генерации на лекари, но и ќе се подобри борбата против хроничните заболувања преку истражувачката работа која ќе се одвива во него. n
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
ПОРТА
ПОРТА
ентериер
Благосостојба
- прашање кое се oстава за крај Благосостојбата е компаративна предност во однос на конкуренцијата во денешниот бизнис свет. Всушност, за да се поттикне благосостојба на работните места, вработените треба да имаат избор и контрола. За да се случи тоа, неопходна им е помош од нивните лидери/менаџери на кои, пак, им е неопходен консалтинг од страна на архитектите.
В Венцо ГОРГИЕВСКИ
о современи услови, менаџмент тимовите на лидерските компании во светот се судираат со реалноста, дека човечкиот потенцијал е најскапиот капитал на компаниите. Да се дојде до тие сознанија помага и истражувањето спроведено од GALLUP, кое покажува дека само една третина од вработените се високо ангажирани на своите работни места, додека две третини
48
ПОРТА
30 јуни 2017
ентериер едноставно чекаат работното време да помине. Третината од вработените се отворени за соработка бидејќи се комуникативни, креативни и флексибилни, и најмогу се ценети. Лидерите сфаќаат дека за да го поттикнат ангажманот, треба да се фокусираат на благосостојбата на вработените. Благосостојбата на луѓето на работното место денес е од есенцијално значење, кое место на пазарот една компанија ќе го заземе во следниот среднорочен (1-3-годишен) период. За полесно да осознаеме што значи благосостојба на работното место, потребно е да ја расчлениме на нејзините составни елементи: • Физичка благосостојба • Когнитивна благосостојба • Емоцијална благосостојба
ФИЗИЧКА БЛАГОСОСТОЈБА Во блиското минатото, фокусот бил првенствено на ергономските/физичките потреби на вработените, поради долгиот временски период кој луѓето го поминувале во седечка позиција. Денес, движењето на луѓето во канцелариите во текот на работниот ден добива ново значење. Со имплементирање на новите технологии во секојдневната канцелариска работа се овозможува, а и неопходна е мобилност луѓето. Ангажирањето на телото при секое движење е од суштинско значење за физичката и
менталната енергија на работното место. Истрaжувањата на институтот „Gallup“, покажуваат дека 96% од високо ангажираните работници имаат можност слободно да се движат и да ја менуваат својата работна позиција во текот на денот. КОГНИТИВНА БЛАГОСОСТОЈБА Административната работата денес е напорна, подеднакво од физички и ментален аспект. Повеќе од кога било во историјата, до нас секоја секунда, дали од претпоставените или пак од соверемните медиуми за комуникации (компјутери, таблети, телефони...), доаѓаат милиони бајти информации, а нашиот мозок е дизајниран да обработи само 40 бајти. За тоа со каков квалитет ќе ја завршувате вашата работа, пресудено е за кои 40 бајти ќе одлучите да ги обработите во следната секунда. Во една таква констелација на односи направена е глобалната студија на „Gallup“ за благосостојба, која ја истражува моќната конекција тело-ум, што ќе рече ангажираноста на поединецот во модерниот офис. Истражувањето на „Gallup“ покажува дека неангжираните вработени не се македонски изум. Глобалното истражување ја соголува вистината, дека и најголемите светски корпорации се судираат со проблемот дека физичките тела на вработените се присутни во канцелириите, но не и нивниот ум, срце и дух. Алармирачки е тоа што повеќе од 2/3 од вработените во целиот свет едноставно чекаат работниот ден
да заврши. Високо неангажираните вработени (32 % до 39% од вкупниот број на вработени) не само што се непродуктивни, туку се и трујачи на работната околина, а поради физичката и менталната здравствена состојба која ја носат со себе предизвикуваат и дополнителен стрес кај останатите. Истото истражување покажува дека во Македонија ситуацијата буквално се преклопува со светскиот просек. За да се подобри ангажманот, неопходно е на луѓето односно вработените во канцелариите да им се помогне да се справат со когнитивното преоптоварување на нивниот секојдневен живот, и да им се даде можност да се фокусираат или да најдат одмор во текот на денот. Првиот чекор да се постигне тоа е да се интервенира во архитектурата на деловните згради и дизајнирање на внатрешниот простор, респектирајќи ги сите промени кои ги носат современите технологии. Денес, архитектите и дизајнерите при екипирањето на работното место доаѓаат во прв план. Канцеларискиот простор треба да биде дизајниран на начин кој ќе им помогне на луѓето да го контролираат работното окружување, што ќе рече поединецот да може да влијае на него според дневната динамика на работата и неговиот личен дневен биоритам. Целта е да се намали стресот и да се покрене креативноста кај луѓето. ЕМОЦИОНАЛНА БЛАГОСОСТОЈБА Истражувачите на глобалниот лидер во >>
30 јуни 2017
ПОРТА
49
ентериер производство на канцелариски мебел Steelcase, неодамна фокусот го ставија на еден аспект на благосостојбата, за која на компаниите им е непријатно да разговараат емоциите. Како луѓето се чувствуваат е од големо значење за нивното здравје, така и за нивната работа. А тоа пак зависи од тоа колку архитектите на деловните простори / дизајнерите се респектирани од менаџмент тимовите на компаниите при донесување на одлуките околу редизајнирање на постоечките или преселување во нови
место, наместо чувството дека работното место ги контролира нив. На тој начин вработените реално го чувствуваат брендот што го претставуваат. Совесност: целосна поврзаност со брендот Работниците имаат потреба од физички простор кој ќе им помогне да го менаџираат секојдневниот стрес и менталната преоптовареност. Компаниите што им го овозможиле ова на своите вработени, за возврат добиваат лојаност.
простории. Консалтингот што треба архитектите да го дадат на топ менаџментот во компаниите при овие одлуки, индиректно влијае каде една компанија ќе се позиционира на пазарот во следниот среднорочен период од една до три години. Овие консултации, пак, директно влијаат дали најталентираните луѓе ќе останат или ќе ја напуштат компанијата, како и тоа дали ќе се привлечат талентирани луѓе на новоотворените или испразнети работни места. Невролозите независно осознале дека квалитетот и количината на социјалните интеракции имаат значително влијание врз благосостојбата на луѓето, односно во случајов на вработените. Во време кога работниот ден трае 10-12 часа на ден, бројот на социјалните интеракции вон работа е сведен на минимум. Затоа социјалните интеракции кои се случуваат во компаниите стануваат уште позначајни. Неопходно е компаниите да имаат еден или повеќе неформални простори каде ќе се случат доволен број на социјални интеракции. Компаниите што немаат 50
ПОРТА
30 јуни 2017
соодветни дизајнери при средувањето на просторите, имаат сериозни проблеми како да пронајдат простор за work caffe кое во модерното време станува позначајно од работното место. Кога луѓето немаат доволно квалитетни интеракции, тие стануваат исклучени, со што се „потешки“ за соработка, за иновации, решавање на проблеми и транспарентност за промени. За да ја промениме моменталната ситуација, да постигнеме максимален ангажман на вработените и поддржување на благосостојбата, неоходно е да ги покренеме следните работи: Оптимизам: будење на креативноста и иновацијата Вработените имаат потреба да се чувствуваат самостојни на работа и да го сочуваат правото да донесуваат одлуки каде и како ќе ја завршат работата. Самостојното работно место го поттикнува вработениот да експериментира, да се чувствува како дел од решението наместо како дел од проблемот. Неопходно е работниците да почувствуваат дека ја контролираат околината/работното
Автентичност: вистинскиот „ти“ Луѓето имаат потреба од простор каде што можат да се чувствуваат како дел од организациската култура, задржувајќи ја персоналноста и личниот интегритет. Ако тоа се постигне, во меѓувреме спонтано ќе се разбуди нивната кративност за да ги изразат нивните сопствени идеи и вредности. Лидерите (менаџерите) ги поставуваат стратегиите и целите, додека индивидуализираните работни простори и социјалните средини олеснуваат тие да се спроведат на дело. Припадност: поврзување со другите Како што работата станува сѐ помобилна и поглобална, така создавањето на чувство на припадност е поголем предизвик за компаниите од кога и да било порано. Со самото тоа, припадноста добива на уште поголемо значење. Лидерските компании стануваат свесни дека неопходно е нивните работни места да бидат мотив за луѓето да работат таму, олеснувајќи ја соработката помеѓу колегите и поврзувањето на луѓето со технологиите. Тие силно се трудат да создадат канцеларии кои лесно се приспособуваат на луѓето што 100% од
своето време го поминуваат во канцелариите, како и на вработените кои поголем дел од работното време го поминуваат надвор од канцелариите. Намера: смисла за цел Кои пораки ги носат компаниите, дали ги прават исправните работи на исправен начин, може силно да влијае на нашата благосостојба. Работните места за коишто е потрошено време и ангажман од страна на менаџментот, да бидат креирани да им помогнат на луѓето да ги остварат своите и компаниските цели и задачи, можат да ја створат суштинската разлика во индивидуалната изведба, а со тоа да влијаат и на целокупните компаниски резултати.
Виталност: стани и почни Покренувајќи го телото да биде во движење, ја покренуваме неопходната физичка и ментална енергија на работното место. Движењето е јазикот на идеите. И ако успеете на вработените да им овозможите да заземаат различни работни позиици во текот на работниот ден, ќе успеете да го стимулирате нивниот ум. Во исто време ќе постигнете да креирате една здрава канцелариска средина. А здравите средини ги поттикнуваат луѓето да создадат здрави навики како што се движењето, здравото хранење и вежбањето. Благосостојбата е компаративна предност во однос на конкуренцијата во денешниот бизнис свет. Всушност, за да се поттикне благосостојба на работните места,
вработените треба да имаат избор и контрола. За да се случи тоа, неопходна им е помош од нивните лидери/менаџери на кои, пак, им е неопходен консалтинг од страна на архитектите. Ова е моментот што покажува колкаво е значењето на архитектите за иднината на целокупната македонска економија. Од едуцираноста и лидерските вештини на македонските архитектите, зависи во какви простори ќе работи македонската економија. Од тоа, пак, зависи каде ќе биде нашата економија во следните три до пет години. Доаѓаме до клучниот момент, зависи од комуникациските, преговарачките и продавчките знаења и вештини на архитектите многу повеќе отколку што самите се свесни. n
ПОРТА
екологија
Пет најплатени еколошки
професии на иднината
Според истражувањата, во наредните неколку години ќе се појават повеќе од 20 нови еколошки професии, но ќе настане промена и во образовниот процес бидејќи ќе се воведуваат сѐ повеќе предмети што ќе имаат цел промена на свеста кај луѓето и на нивните навики, пред сѐ, а потоа и ќе се почне со отворање нови работни места
В Соња ТАНЕСКА
о светот, пред сѐ во Европа, каде што еколошката свест е на многу повисоко ниво од балканските земји, постојат голем број еколошки професии, кои за нас не се познати, а се нарекуваат и зелени професии. Некои од нив се урбани одгледувачи на градини на покривите, луѓе што рециклираат, инженери за еколошки градби, дизајнери на зелени градби, специјалисти за искористување на енергијата на ветрот и сл. Знаеме дека тука работите се многу поинакви кога станува збор за екологија, но за неколку години ќе се сменат. Според истражувањата, следниве пет професии ќе бидат водечки еколошки професии на иднината. 1. Екоремедијатор, аналитичар за заштита на животната средина и специјалист за екоремедијација, со плата од 2.000 до 10.000 евра. Оваа професија ќе има цел отстранување на загадувачите со помош на билки, бактерии и на други корисни микроорганизми. Исто така, екоремедијаторот може да изработува планови и програми за унапредување на квалитетот на животната средина, координација и реализација на проекти во областа на ремедијацијата, мониторинг на земјиштето, подземните води, седиментите, како и дизајнирање, инсталирање и тестирање на овие системи. За оваа професија е потребно соодветно образование како дипломиран биолог-еколог или аналитичар за заштита на 52
ПОРТА
30 јуни 2017
животната средина со можност за постдипломски студии и специјализација во областа на екосистемските технологии, инженерство, екодизајн и екоремедијација. Идеално место за вработување и за воведување на оваа професија се јавните служби и установи, општините, агенциите и дирекциите за животна средина, министерствата, факултетите,
истражувачките институти и многу други места. 2. Аналитичар или менаџер за управување ризици во животната средина како што се пожари, поплави и различни видови загадување, месечна плата од 1.500 до 12.000 евра. Луѓето што ќе се занимаваат со оваа професија ќе прават анализи за влијанието на климатските промени, како и изработка на планови за нивно приспособување, ќе прават процени за влијанието на животната средина, процени за ризик и за управување на ризиците во случај на еколошки катастрофи и сл. За оваа професија се потребни најмалку постдипломски студии за управување ризици во животната средина, интегрално управување на ресурсите, економија на животната средина и на климатските промени, еколошка безбедност. Професијата ќе биде популарна и во државните и во приватните институции.
екологија 5. Економист за заштита на животната средина месечна плата од 2.500 до 12.000 евра. Главна задача на тие што ќе ја работат оваа професија е истражување на економските и на еколошките теми за алтернативна употреба на горива,
загадување на водата и на воздухот, како и контрола и заштита на загрозените видови. Исто така, ќе се занимава и со процена на трошоците и на користа од различни еколошки активности, прописи што влијаат на животната средина, анализи на податоците врзани со животната средина, развивање програми за принципите на зелената економија, одржливост и заштита на животната средина. За оваа професија е потребна специјализација во насоката економија на животната средина, еколошка економија, како и економијата и климатските промени. n
3. Менаџер за отпад, ќе управува надгледување, транспорт и складирање на отпадот, како и организирање на неговото рециклирање. Месечната плата за оваа професија ќе се движи меѓу 1.000 и 8.000 евра. Личноста што ќе ја работи оваа професија ќе биде одговорна за изработка на планови за целосно организирање на процесот на собирање, складирање и на преработка на отпадот, склучување договори и реализација на соработка меѓу примарните, секундарните субјекти во собирањето на отпадот, јавните комунални претпријатија, како и компаниите за преработка на отпад, развој, промоција и спроведување нови техники за складирање на отпадот, како и анализи за ризици од неправилно складирање на отпадот. За оваа професија е потребна специјализација и постдипломски студии за управување отпад. 4. Аналитичар за интегрално управување на ресурсите, месечна плата од 2.000 до 10.000 евра. Главните задачи на оваа професија се управување на природните ресурси на систематски начин, проекти за заштита и за зачувување на животната средина, заштита на шумите, земјиштата, водите, дивите животни. Во описот на работа влегуваат и надзор и спроведување на плановите за јавна и за приватна сопственост на земјиштата како што се парковите, природните добра, историските локалитети итн. Потребно образование ќе биде аналитичар за животна средина, интегрално управување на ресурсите, дипломирани биолози и еколози, како инженери за шумарство.
30 јуни 2017
ПОРТА
53
културно наследство
КАКО СЕ ЗАШТИТУВА СВЕТСКОТО НАСЛЕДСТВО УНЕСКО ВО „БЕЛИОТ ГРАД“?
Tel Aviv Non-Stop City
Kikar Dizengoff; Architect: Genia Averbuch (1934)
Rehov Shenkin; Architect: Lucian Korngold (1935) ПОРТА
Германската Баухаус школа за архитектура и дизајн, основана врз принците на модернизмот, за време на наци-режимот беше под силен притисок. Многу архитекти кои студирале таму, морале да ја напуштат Европа. Тие што дошле во Тел Авив, брзо се вклопиле во локалниот конструктивен бум, а резултатот е висока концентрација на објекти од Баухаус стил, наречен „Бел град“.
културно наследство
Орстад колеџ
Rehov Idelson; Architect: Dov Carmi (1936)
Душанка БАЛАБАНОВСКА, архитект
Т
ел Авив бил основан во 1909 година, како предградие на Јафа. Легендата вели дека се доделувале градежни парцели во тогашната пустина. Првите 63 фамилии доселени во песочниот
простор обележале парцели, а на школки од Средоземното Море испишале броеви од 1 до 63. Секоја фамилија влечела школка и ја добивала парцелата од бројот на школката. Овие податоци околу настанокот на Тел Авив ми ги пренесе стручната водичка за време на мојот минатогодишен престој во израелската >> 30 јуни 2017
ПОРТА
55
културно наследство Charles Bronfman Auditorium; Architect: Ze'ev Recheter and Dov Carmi (1951)
метропола. Таа дополни дека Евреите се мошне горди на својата демократска постапка при доделувањето на парцелите. Изградбата на Тел Авив цвета за време на Британскиот мандат од 1920 до 1948 година. Германската Баухаус школа за архитектура и дизајн беше основана на принците од модернизмот, но за време на наци-режимот беше под силен притисок. Многу архитекти кои студирале таму,
морале да ја напуштат Европа. Тие што дошле во Тел Авив, брзо се вклопиле во локалниот конструктивен бум, а резултатот е висока концентрација на објекти од Баухаус стил, наречен „Бел град“. Во најголема мера бил изграден од 1930 до 1948 година, врз база на плановите град-градина од Sir Patrick Geddes, пионер на модерното урбанистичко планирање на 20 век. Rothschild Boulevard Engel House by David Shankbone (1933)
56
ПОРТА
30 јуни 2017
Покрај плановите на Geddes, големо влијание дал и Ya’akov Beasirа, градски инженер кој го заштитувал интернационалниот стил и придонел за формирањето на „Белиот град“, град со над 4000 објекти проектирани во единствениот Баухаус стил. Благодарение на овој уникатен податок, во 2003 година, УНЕСКО го прогласи за светско наследство. Прилогот на мапата од „Белиот град“, јасно го покажува обемот на ова светско наследство. Градската управа на Тел Авив, препознавајќи го архитектонското и националното значење, неуморно работи да го заштити „Белиот град“. Таа има изработено сестрана програма која ги поттикнува сопствениците да ги заштитат своите згради. Во 2018 година, градската управа планира да го отвори единствениот Центар за наследство на „Белиот град“ во зградата Liebling, како заеднички проект со Германското федерално министерство за околина и заштита на природата. Ова е само еден пример како градските власти се однесуваат со УНЕСКО наследство. За време на моите посети на Тел АвивЈафа, забележав брз развиток со многу современи објекти, облакодери, ресторани, кафеани, клубови, театри, сопственици со кучиња, ноќни трки со велосипеди, среќни луѓе и рекламни материјали под мотото „Tel Aviv Non-Stop City“. Тел Авив брзо расте во метропола од светски рамки и од година во година привлекува сè поголем број туристи и полека, но сигурно, преминува во една од најпопуларните туристички дестинации. n
културно наследство
Како се заштитува светското наследство на УНЕСКО во Охрид
м-р Зоран ПАВЛОВ, историчар на уметност
О
хридско Езеро до 1912 година било заштитено со правни прописи на Османлиската империја, а од 1912 до 1941 година од Кралството Југославија. Првото решение за заштита на Охридско Езеро по Втората светска војна е донесено во 1944 година на Првото заседание на АСНОМ. Собранието на Социјалистичка Република Македонија во 1977 година донесе Закон за заштита на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро (Сл. весник на СРМ бр.45/77) со кој Охридско Езеро беше прогласено за заштитено подрачје во категорија Споменик на природата со површина од 200 квадратни километри. Поради исклучителната вредност и, пред сè, поради концентрацијата на културните добра, старото градско јадро на Охрид е ставено под режим на заштита како споменичка целина со решение бр.07-57/1 од 28.03.1968 година, донесено од Завод за заштита на спомениците на културата - Охрид. Елаборираните карактеристики придонесоа Охридскиот регион, вклучувајќи го и езерото, да биде впишан на Листата на светско наследство на УНЕСКО, под името Охридски регион со неговите културни и природно-историски аспекти и неговата еколошка средина, под број МК-99 во 1979 година, како културно наследство. На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за култура, предложен е нов назив за доброто Природно и културно наследство на Охридскиот регион, и тоа е прифатено на 30. заседание на Комитетот за светско наследство во јули 2006 година во Вилнус, Литванија. На 33. седница на Комитетот на светско наследство на УНЕСКО, која се одржа од 21 до 30 јуни 2009 година во Севиља , Шпанија, а поаѓајки од евалуационите извештаи на ИКОМОС и ИУЦН, донесена е и одлука за прифаќање на предложената модификација на границите на природното и културното наследство на Охридскиот регион. Охридскиот регион претставува и дел од Прекуграничниот биосферен резерват Охрид-Преспа. Номинацијата на ОхридПреспа за биосферен резерват официјално беше разгледана на состанокот на МАБ Комитетот на УНЕСКО во јуни 2014 год. и со едногласна одлука, регионот Охрид-Преспа беше прогласен за
прекуграничен биосферен резерват. Пристап кон конзервација на објектите во Охрид, направена е наменска поделба. Објекти од: профана архитектура, староградска архитектура и сакрална архитектура. Во „Порта 3“ планираме да реализираме неколку продолженија, на тема конзерваторски активности во стариот дел на Охрид. Во првиот дел, опфатени се објекти од профаната архитектура. 30 јуни 2017
ПОРТА
57
најчудни градби
Пет инфраструктурни проекти - градежна револуција во 2017 година
Драган РИСТОВ
Метро систем во Ријад, Саудиска Арабија (The Riyadh Metro) Ова е проект на Суадиска Арабија вреден 23,5 милијарди долари, кој ќе овозможи конструкција на метро систем во метрополата и главниот град Ријад. Околу 120 километри метро тунели ќе бидат изградени, вклучително и главна метро станица чиј творец е Заха Хадид. Имено, за период од десет години се очекува популацијата на Ријад да се зголеми од 6 на 8,5 милиони луѓе. Ова бара комплетно функционален метро систем за подобро сообраќајно функционирање. Проектот започнал да се реализира во јуни 2013 година од три глобални конзорциуми од кои главниот е од САД и тој доби 10 милијарди долари за реализација на проектот. Официјалниот старт на градежните активности почна една година подоцна. Проектот се предвидува да заврши во декември 2017 година, а веќе од новата 2018 и официјално да започне користењето на проширениот метро систем со новата хаб станица. Метро системот ќе се состои од шест линии, а ќе се воведе и автобуски превоз како дел од новото транспортно претпријатие кое ќе го презеде функционирањето на јавниот превоз во Ријад. 58
ПОРТА
30 јуни 2017
најчудни градби Нанхуи нов град (Nanhui new city) Ова е уште едно кинеско градежно мегадело и најимпресивен проект, бидејќи подразбира изградба на нов град од темел во радиус од околу 120 километри, при што е предвидено да се вдомат 800.000 луѓе и да се привлечат годишно околу 10 милиона туристи. Овој град кој се конструира од нула, е сместен околу вештачко кружно езеро во областа Пудонг која е нов дел на Шангај. Претходно бил познат како Линганг нов град, но во април 2012 г. е преименуван во Нанхуи нов град. Конструкцијата на овој кружен град започнала во 2013 година и официјално треба да биде завршен во 2020 година, но со оглед на развојот на работите, оваа година се очекува прво придвижување односно вдомување на првите станари на мега-градот. Целиот град, од куќа до куќа, од зграда до зграда и останати содржини, е дизјаниран од германскиот архитект Геркан, од студиото „Марг и партнерите“. Градот е сместен на полуостров во заливот Хангзу, помеѓу реките Јангце и Киантанг. Затоа и најголем дел од градот гледа кон океанот. Овој град се смета за мини Хонг Конг и за да се разбере комплетно неговата големина,
треба само да се каже дека се развиваат и градат осум универзитетски кампуси на западниот дел кои ќе донесат повеќе од 100.000 студенти. За завршување на изградбата на новиот град, Кина издвоила 5,6 милијарди долари. Според дизајнот, градот се прави во три концентрирани
кругови од кои најинтересен е оној до брегот, кој вклучува и вештачко езеро околу кое оди патна обиколница од 2,5 километри. За потребите на проектот, раселени се два милиони луѓе од кои 70.000 фармери, а креирана е голема градежна површина во самиот океан.
града на делтата на реката. Последниот тунел е завршен на 2 мај годинава. Врската која е долга 50 километри се очекува на крајот да чини 10,6 милијарди долари или над три македонски национални буџети. Најдолгиот дел од мостот е 29,6 километри со три столбови на растојание од 280 до 460 метри. Конструкцијата на мостот официјално започнала на 15 декември 2009 година, а
последната кула за мостот била подигната на 2 јуни 2016 година. Последниот сегмент од 4 километри долгиот тунел бил инсталиран на 12 јули 2016, а во октомври годинава мостот ќе биде отворен за сообраќај, додека официајлната промоција ќе биде во декември 2017. За време на неговата изградба која трае 8 години, загинаа девет лица, а околу 600 лица беа полесно или потешко повредени.
Мост „Хонг Конг-Зухаи-Макао“ (The Hong Kong-Zhuhai-Macau Bridge) Ова е еден од најамбициозните проекти на Кина во која партнер е Макао, а обединува три града во Кина, на реката Перл. Мостот е главниот фактор кој овие три града ќе ги обедини во еден мегаград од неверојатни 42 милиони жители. Проектот се состои од серија мостови и тунели кои ќе го премостат каналот Лингдигјанг со што ќе се поврзат Макао, Хонг Конг и Зухаи кои се три главни
30 јуни 2017
ПОРТА
59
Пловечки тунели во Норвешка (Floating tunnel) Станува збор за уникатен проект за изградба на комплетна структура и систем на пловечки тунели во Норвешка. Западната страна на оваа земја се состои од 1190 фјордови кои се прекрасни, еден вид нациоанлно богатство, но и доста тешки за патување. Заради конфигурацијата, за патување од Кристинасанд до Трондхајм потребни се 21 час и дури седум преминувања со фериботи. За да се олесни патувањето, Норвешки патишта лани почна
проект за изградба на пловечки тунели под водата, кои ќе бидат потопени во Норвешкото Море и ќе чинат 25 милијарди долари. Веќе се коснтруирани првите адаптивни-закривени тунели во должина од 1300 метри кои ќе бидат потопени 20 метри под нивото на морето. Во основа, секоја од овие закривени тунелски цевки ќе се постават и спојат помеѓу фјордовите, со што ќе се овозможи комплетно подводно поврзување на споменатата релација. Ваков тип на пловечки тунели за првпат се градат во светот. На двете страни ќе влегуваат и
излегуваат од карпите под водата, а преку специјални пловечки конструкции, овие цевки ќе бидат придржувани и балансирани. Според студијата, нема да има никаков проблем при патувањето, бидејќи за возачите ќе биде исто како да возат низ обичен тунел. Доколку се појават проблеми и преголеми зони, предвидено е и конструкција на мостови со цел да се даде цврстина и стабилност на пловечките тунели. Првите пловечки тунели се инсталирани на почетокот на оваа година, а завршувањето на проектот ќе биде во следните неколку години.
квадратен метар од деловниот простор во новиот обновен дел на Истанбул ќе чини 7.500 долари. Секако, тоа можеби изгледа скапо за нас, но според статистиката, оние што ќе купат ќе можат да се пофалат дека имаат имот кој вреди злато, бидејќи просечниот квадрат во Истанбул е 6.500 долари, што значи ова е прилично ниска
цена за еден таков модерен проект. Од сите содржини, 10 проценти отпаѓа на деловниот простор, а ќе може да се закупи површина од 63 до 630 кавдратни метри. Најударна е авенијата Тарлабаси, која ќе биде комплетно нова и модерна улица по теркот на Париз или Њујорк, со модерни транспортни решенија, ресторани, бутици, хотели и друго.
Обнова на Истанбул (Turkey Urban Renewal Project). Проект за урбана модернизација на Истанбул (Turkey Urban Renewal Project) е идеја, процес или проект, што се реализира веќе 20 години во метрополата Истанбул заради што беа срушени околу седум милиони градби со цел да се изгради комплетен дел од градот, кој ќе ги спои старото и новото, но и ќе овозможи нивна издржливост од земјотрес. Проектот официјално ќе заврши на крајот на 2017 година, досега лапна 400 милијарди долари и е можеби најскапиот проект во историјата на Турција. Иако вредноста е голема, заради распонот од две децении, овозможува државата да не чувствува толку голем финансиски товар за реализација на проектот. При крај е изградбата на околу 790 нови објекти, згради, куќи, канцеларии и друго на површина од 25.000 м/2 која покрива девет блокови на Истанбул. Со оглед на вложеното, цената на еден 60
ПОРТА
30 јуни 2017
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
хортикултура
ПЕЈЗАЖНО УРЕДУВАЊЕ НА ИНДУСТРИСКИТЕ ОБЈЕКТИ
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.
В
(БИРО ПРОЕКТ, ДООЕЛ Скопје)
о денешно време, индустриските објекти не треба да претставуваат само простор за машини, прав, загадување и бучава. Тие може и треба да бидат попријатно место за работа и деловни состаноци. Имиџот и сопствената промоција секоја компанија го спроведува преку маркетинг, но исто така и хортикултурното уредување и одржување на сопствениoт двор во голема мера влијае на целокупната слика за сериозноста на компанијата. Хортикултурното уредување и одржување на дворовите од индустриските објекти освен од декоративна страна имаат и практична страна, пред сè во поглед на борба против загадувањето и бучавата. Ваквите објекти во суштина се
62
ПОРТА
30 јуни 2017
категоризираат во две групи и тоа: прва група објекти од полесна индустрија каде што при преработка на репроматеријалите нема испуштање на штетни гасови и прашина, и втората категорија се фабрики кои емитуваат многу прашина, чад и штетни хемикалии. Примарната цел во дворовите од фабриките е да се насадат растенија кои најдобро би ја намалиле појавата на прашина, чад и бучава. Друга важна цел е да се обезбедат доволно позиции за сенка и свежина, така што вработените во одредени моменти од работниот ден ќе може да ги искористат. Покрај тоа, високите дрвја обезбедуваат значително намалување на температурите во погоните и канцелариите, со тоа што го спречуваат нивното директно загревање. Во фабриките од тешката индустрија на поголеми површини се врши пошумување >>
ПОРТА
со брзорастечки видови како што се брези, каталпи, багреми, јавори и платани. Многу важно во уредувањето на објекти кои при својот производствен процес во голема мера испуштаат штетни гасови при уредувањето да не се користат зимзелени видови. Тука, пред сè, се мисли на видови од родот на ели кои своите иглички ги менуваат на секои осум до 12 години. Обично кога станува збор за индустриски комплекси се работи за површини и од неколку хектари, од кои и до 40 % се под зеленило. Кај ваквите површини тревниците заземаат најголем дел, а воедно тие го даваат основниот тон на целиот пејзаж. Затоа е многу важно тревниците редовно да се полеваат, да се искосени и 64
ПОРТА
30 јуни 2017
хортикултура
прихранети. За таа цел, на големи површини за да се добие убав и негуван тревник во текот на целата вегетација, вклучително и во најжешките месеци, неопходно е поставување на систем за наводнување. Дворовите од фабриките што во својот круг имаат и административни објекти, покрај садењето на високи дрвја, може да се уредат и со алпинетуми, статуи, водни објекти и слично. Освен големите дрвја кои се садат, пред сè, од практична причина, задолжително се користат декоративни грмушки и сезонско цвеќе. Секогаш најбогато уреден двор кај ваквите објекти е влезот, од причина што при посета на
странки најважен е првиот впечаток. Како и кај многу други комерцијални објекти, влезот покрај убаво уредениот партер секогаш се збогатува со сезонско цвеќе, убаво оформени грмушки и редовно косени тревници, што јасно ќе ги води посетителите кон административниот објект. Во Македонија за поздравување е се поголемата заинтересираност на комерцијалните и индустриските капацитети за вложување во почиста околина, со што директно инвестираат во поздрава иднина. Како еден од позитивните примери е дворот на фабриката „Адинг“ која долги години наназад инвестира во
здрава и еколошка средина. Со повеќе од 30% најразновидна зелена површина, компанијата заслужено има добиено повеќе награди и признанија од областа на екологијата – меѓу кои: наградата за најеколошка компанија - фирма со успешна примена на ISO 14001 и придонес за зачувување на животната средина во 2010 година и наградата за најдобро уреден двор на стопански објект во град Скопје во 2013 година. Од 2014 година компанијата има добиено А - интегрирана еколошка дозвола за усогласување со оперативен план издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р.Македонија. n
30 јуни 2017
ПОРТА
65
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska ПОРТА bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
Geon Office Furniture МОДЕРЕН И МАГИЧЕН ДОПИР за вашите канцеларии
ПОРТА
Бул. Партизански одреди бр.102‐2/лок.3 Скопје Кaрпош Тел: 071208150 ; 075/308640