ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
259
АВГУСТ 2017
Aрхитектонската креација усогласена со желбата на инвеститорот Дом на иднината Ќе научиме ли конечно дека отпадот е ресурс?
90 ДЕНАРИ
Geon Office Furniture МОДЕРЕН И МАГИЧЕН ДОПИР за вашите канцеларии
ПОРТА ПОРТА
Бул. Партизански одреди бр.102‐2/лок.3 Скопје Кaрпош Тел: 071208150 ; 075/308640
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 259 ПЕТОК 25.8.2017 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Летото по обичај е повод дел од студентите по архитектура да излезат подалеку од студентските клупи. Тоа е веќе традиција кај нас. Манастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски” во Крива Паланка по 26-ти пат беше домаќин на Летната школа по Архитектура во организација на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. На почетокот од јули студентите и педагошкиот тим со гости од странствои имаa можност да разменат знаења и искуства, но и да стекнат нови, во инспиративниот амбиент на манастирскиот комплекс. Малку порано во Охрид се одржа петтата по ред Меѓународната летна школа за архитектура во организација на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ колеџ Скопје. И на оваа школа неизбежни беа архитекти од странство. Архитектот Предраг Андонов е дел од архитектонското студио „Мегарон“. Негов директор и косопственик.. Како човек кој речиси триесетина година е во струката со него разговараме за сите оние работи кои задираат во аритектурата денес кај нас. За нејзината сегашност, но и иднина. Додека светот веќе создаде цела индустрија која се базира на отпадот, од селектирање и рециклирање, до производство на енергија (топлинска и електрична) од отпад, за жал нашиот однос кон отпадот (чест на исклучоците)
сè уште се сведува на прашањето каде да го одложиме? Ќе научиме ли конечно дека отпадот е ресурс? Кралскиот институт на британски архитекти (RIBA) ги објави финалистите на овогодинешното натпреварување за Stirling Prize, најпрестижната награда за архитектура во Велика Британија. Избрани се шест проекти меѓу кои пристаниште, фотографско студио и привлечна станбена зграда. Процесот на градење на еден објект опфаќа повеќе од 100.000 активности и повеќе од еден милион операции, па кога на тоа ќе се додаде и огромниот избор и достапност на материјали, апарати и опрема, јасно е дека се работи за навистина сложен процес. Секоја и најмала грешка или недоследност, доведува до понатамошна низа од импровизации, кои на крајот резултираат со разни дефекти и проблеми со кои сите ние се соочуваме. Од овој број на „Порта3“ почнуваме нова серија написи посветена токму на овие теми. Деловниот објект - Мак Ауто Стар, претставува компактна поставка која овозможува рационална искористеност на земјиштето со отворени зелени урбани површини и рационализација на самата градба и инфраструктура. Истовремено и архитектонска креација усогласена со желбата на инвеститорот. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница CITY OF GLASGOW COLLEGE – CITY CAMPUS ГЛАЗГОВ, ШКОТСКА
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Дом на иднината Ќе научиме ли конечно дека отпадот е ресурс?
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА
90 ДЕНАРИ
ПРОЕКТ REIACH & HALL ARCHITECTS И MICHAEL LAIRD ARCHITECTS.
ИНФО 8
16
NATURAL SYSTEMS
АРХИТЕКТУРА 16 AРХИТЕКТОНСКАТА КРЕАЦИЈА УСОГЛАСЕНА СО ЖЕЛБАТА НА ИНВЕСТИТОРОТ
30
54
АРХИТЕКТУРА 24
ЕКСПЕРТ 30 АРХИТЕКТУРАТА НА СЕДМИОТ КРУГ НА ПЕКОЛОТ
ДОМ НА ИДНИНАТА
ЕКОЛОГИЈА 44 ЌЕ НАУЧИМЕ ЛИ КОНЕЧНО ДЕКА ОТПАДОТ Е РЕСУРС?
ХОРТИКУЛТУРА 54 ДЕКОРАТИВНИ ЕФЕКТИ ВО ГРАДИНИТЕ
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
RIBA 2017 - НАЈДОБРИ АРХИТЕКТОНСКИ ОСТВАРУВАЊА НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 40
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
ИНТЕРВЈУ 22 ПРЕДРАГ АНДОНОВ: ОПШТА ДЕВАЛВАЦИЈА НА ЗНАЕЊЕТО, ТРУДОТ, КАКО И МОРАЛНИТЕ НОРМИ
259
АВГУСТ 2017
Aрхитектонската креација усогласена со желбата на инвеститорот
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Филип ФИЛИПОСКИ
44
58
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.07.2017 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
ЕДУКАЦИЈАТА основа за квалитетно изведени работи
Дончо КАРАТУКОВ, дипл. инж. арх
О
снова за секој инженер – изведувач, кој доверените работи сака и тежи да ги изведе квалитетно, навремено, е добрата организација и неговото континуирано учење, надградување. Секој што работи во изведување, а тоа важи и за секоја друга работна обврска, потребно е, покрај основното, базно знаење, стекнато преку школската наобразба во текот на својот работен век, дополнително, континуирано, да учи и да го проширува своето знаење во делот на: • Примена на нови материјали; • Користење нови технологии, системи и постапки на изведба кои се пофукционални, поекономични, со максимален краен ефект. За постигнување на максимален ефект во изведбените постапки, клучен елемент е и користењето на адекватни, квалитетни, со добри технички перформанси и лесни за ракување, машини, опрема и алат. За правилна употреба и ракување на машините и опремата, исто така е потребно перманентно учење, усовршување и следење на новитетите што се нудат на пазарот. Изведувачите што постојано со години го надоградувале своето знаење, инвестирале во машини, опрема и алат, воведувале нови поусовршени методи и системи, ги подобрувале своите вештини во изведбата, секогаш ќе бидат барани, секогаш ќе имаат работа, ќе бидат ценети во групацијата, ќе постигнуваат добри резултати и ќе стекнат доверба кај нарачателите. Сите овие работи го прават ликот на секој квалитетен изведувач. Квалитетните и докажани изведувачи секогаш го почитуваат правилото „Никогаш не зборувај лошо за конкуренцијата“. Најлош тип на изведувачи се оние што имаат релативно долг работен стаж во изведувањето, но никогаш не навлегле во суштината на тоа што го работат, работеле, па во изведбите го применуваат само тоа што виделе или слушнале како тоа другите го прават. Систем на копирање и 6
ПОРТА
25 aвгуст 2017
искуствено дополнување без комплетен длабинско аналатички пристап кон доверената задача. Секоја техничка промена, нови материјали, постапки на изведба, употреба на машини и опрема, нив ги носи во безизлезна, заглавена состојба, без адекватно решение. Бидејќи немаат континуирана надградба и усовршување, секоја новонастаната ситуација која треба да ја решат ја одолговлекуваат, бидејќи не знаат и не виделе како тоа другите го прават, и ако почнат со изведба импровизираат, со што губат време, роковите не ги запазуваат, а крајниот ефект од таквото работење е со многу пропусти, грешки, некомплетно, за чие корегирање се потребни дополнителни финансиски средства и време. Затоа сите што се спремни да учат и тоа го прават континиурано во областите што ги работат, на пазарот имаат поволна позиција, своите понуди и решенија можат полесно да ги продадат. Нарачателите имаат целосна доверба кон овој тип изведувачи. Да бидеш квалитетен во она што го работиш, изведуваш, покрај наследените базни традиционални постапки, како почетни но и ограничувачки фактор, за да
ги надминеш и надополниш, мора континуирано да внесуваш нови сознанија како би се постигнал потполниот ефект. Најголем дел од грешките што се јавуваат во изведбата е празнината, јазот во знаењето, што се појавува помеѓу производителите, изведувачите и крајните корисници, нарачателите. Со добра соработка, разбирање, координација и усогласување, барањата што ги имаат нарачателите и можностите тие барања да се реализираат во бараната форма, финално, ќе придонесат да се избегнат непријатни ситуации помеѓу изведувачите и нарачателите. За да се постигне вистински напредок, квалитетна изведба, потребно е организирање повремени, а по потреба и континуирани инструкции, курсеви и оперативни обуки од страна на производителите, со што изведувачите, покрај теоретски, би добиле и практични знаења. Вакви соработки за сите оние што сакаат да го збогатат своето знаење, ќе значат и за нив но и за нарачателите заштеда на пари, избегнување стресни ситуации, задоволство од сработеното „Задоволни корисници, задоволни изведувачи“. Битна улога во целата работа има и нарачателот, кој треба да има, генерално, точно дефинирани барања, обезбедени финансиски средства, со што би оневозможил изведувачот да импровизира, да крати на материјали, да спроведува неадекватни ефективни решенија, како би заштедил на материјал и работна рака.
Интернационален форум за архитектура и инженерство SHARE
А
социјацијата на архитекти на Македонија-ААМ упати отворена покана за Интернационалниот форум за архитектура и инженерство SHARE Skopje 2017. Настанот е во организација на Pro Event Cultural Association и Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Форумот ќе се одржи на 5 септември 2017 во Хотелот Мериот во Скопје. За разлика од другите вакви настани, овој настан има мултинационален пристап. На форумот ќе земат учество и Асоцијацијата на Архитекти на Република Албанија, Асоцијацијата на Архитекти Косово, како и Комората на архитекти на Р.Бугарија. Со ова се надеваме дека ќе ги зајакнеме врските и соработката помеѓу архитектите во Европа. Презентациите во програмата се фокусирани на употребата
на иновативни материјали и револуционерни технологии и системи. На форумот ќе има можност за средби со одбрана публика составена од архитекти, претставници од научни и стручни установи, инженери и претприемачи од повеќе држави. Како специјален гостин архитект се најавува Maurizio Meossi од познатото архитектонско биро Zaha Hadid Architects, кој ќе го презентира познатиот проект во Милано: The City Life. Учеството за членови на AAM е бесплатно. Заинтересираните колеги можат да го потврдат своето присувство со регистрација на следниот линк. http://skopje.ieriff.eu/2017-register/
25 aвгуст 2017
ПОРТА
7
инфо
МЕЃУНАРОДНА ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА – ОХРИД 2017
Natural Systems
Американ колеџ Скопје. Како потсетување, Владимир ДЕСКОВ, раководител на Меѓународната летна школа за архитектура во претходните сесии гости раководители беа архитектите Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина (Penezić & Rogina architects, о периодот од 27 јуни до Хрватска), Јошихару Цукамото и Момојо 2 јули во Охрид се одржа Каиџима (Atelier Bow Wow, Јапонија), Тило петтата по ред Херлах, Симон Хартман и Симон Меѓународната летна Фроменвилер (HHF Architects, Швајцарија). школа за архитектура во Летната школа за архитектура е организација на образовен проект на факултетот, која им Факултетот за овозможува на студентите работа во архитектура и дизајн при Универзитетот 8
В ПОРТА
25 aвгуст 2017
услови кои се помалку временски и просторно ограничени во споредба со „традиционалниот“ образовен процес. На овој начин, студентите, имаат повеќе контрола врз своите активности, активно учествуваат во процесот на својот развој и бараат мотивација и искуство надвор од институцијата - факултет. На Летната школа, гостите раководители од странство предлагаат тема и методологија на работа, за потоа низ седумдневната работа со
студентите да ги пренесат своите различни педагошки и практични искуства. Како продолжение на праксата на учество на докажани гости, тутори од странство на овогодинешната Летна школа раководител беше архитектот Деан Лах, партнер и основач на познатото архитектонско биро Енота, од Љубљана,
Словенија. Во работата со студентите учествуваа и архитектите Винко Пенезиќ и Крешимир Рогина, визитинг-професори на УАКС и архитект Јуриј Личен од Енота. На Школата учествуваа 15 студенти по архитектура од универзитетите во Македонија. Енота се основани во 1998 година од
Аљоша Деклева, Деан Лах и Милан Томац со амбиција да создадат современа и критичка архитектонска практика од отворен вид која се базира на колективен пристап кон развој на архитектонски и урбани решенија. Низ годините, Енота, константно се развива и од самиот почеток служи како креативна платформа за повеќе од 50 архитекти. Од 2002 година, партнери во фирмата се Деан Лах и Милан Томац. Константните промени и новите комплексни ситуации во светот, поттикнуваат на размислување околу новите начини на архитектонско и урбано организирање. Со цел да може да се добијат одговори на овие прашања, Енота веруваат дека е време да се надминат границите на дисциплината, поставени пред сè од културното опкружување. Решенијата на Енота се под силно влијание на истражувањето, реинтерпретацијата и развојот на социјални, организациски и проектантски алгоритми што произлегуваат од природата. Резултатот е секогаш силно поврзување на објектите со околината која што ги опкружува. Од основањето, Енота, имаат реализирано голем број проекти за кои добиваат голем број награди и нивните дела се презентирани на бројни изложби и во професионални публикации.
25 aвгуст 2017
ПОРТА
9
Најзначајните реализации ги вклучуваат „Променада Велење“ (2014), Птуј Перформанс центар (2013), Спортска сала Подчетртек (2010), Велнес Охриделија (2009), Терми Тухељ (2007), Станбен комплекс Јурчкова (2007), Хотел Сотелија (2006), Велнес центар Термалија (2004) и многу други. +++ Темата под која работеа студентите на овогодинешната сесија на Летната школа гласеше Natural Systems (Природни системи). Во неа беше вклучено сè она претходно наведено како начин на работа во Енота. Предмет на работа беше крајбрежниот појас на населбата Св. Стефан, која се наоѓа во непосредна близина на градот Охрид, населба каде што се наоѓаат некои од најстарите хотели на охридското крајбрежје. Шеесетина години после создавањето на населбата, туризмот има потполно поинаква улога во општеството. Работилницата го зеде предвид фактот дека како резултат на трансформацијата на населбата во последните години и агресивната урбанизација на околината, крајбрежниот појас се трансформира во мноштво недоволно искористени простори, кои привлекуваат посетители претежно во летниот период, како и тоа дека во последните неколку години се создаваат повеќе мали, сместувачки капацитети, при што единствена мерлива компонента во планирањето бил само бројот на кревети во населбата, без планирање и додавање дополнителни содржини. Низ анализата се потврди туризмот како економски
ПОРТА
потенцијал на населбата и потребата од нови програмски содржини како еден вид дополнување на постојната економија и кои ќе овозможат користење на населбата во текот на целата година. Задача на еднонеделната работилница беше да се разберат минатата и сегашната состојба на локацијата и нејзините врски со непосредното опкружување и со градот Охрид. Во втората фаза од работилницата, студентите изработија предлог-решенија, со кои се подобрува квалитетот на населбата преку надополнување и
надоградување на постојните содржини со комплементарна програма, кои го поттикнуваат нејзиниот иден развој. Во времетраењето на школата беа одржани неколку предавања од гостите, како и повеќе нивни презентации со цел насочување на работата на студентите. Работата на школата беше организирана во групи и крајниот резултат беше прикажан на јавна, отворена презентација на која студентите ги образложија своите проекти.
ПОРТА
инфо
„ЛЕТНА ШКОЛА ЗА АРХИТЕКТУРА-2017“ НА АРХИТЕКТОНСКИОТ ФАКУЛТЕТ- ПРИ УКИМ СКОПЈЕ
Чувство за дом доц. д-р Димитар ПАПАСТЕРЕВСКИ
М
анастирскиот комплекс „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка по 26-ти пат беше домаќин на Летната школа за архитектура во организација на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје. Во периодот од 1 до 8 јули студентите и педагошкиот тим имаa можност во инспиративниот амбиент на манастирскиот комплекс да разменат знаења и искуства, но и да стекнат нови. Оваа година дополнителен предизвик беше изнаоѓањето на нов простор за работа на школата поради тековната реконструкција на чардакот во стариот конак на манастирот, кој досега беше просторно обележје на летната школа. За таа цел беше испроектиран и реализиран нов, модуларен склоп во дрво, кој ги обедини сите квалитети на контекстот и овозможи соодветен простор за реализирање на активностите на школата. Воспоставената практика на учество на реномирани архитекти и едукатори како гости-тутори на Летната школа продолжи со Алеш Водопивец, редовен професор на Факултетот за архитектура во Љубљана. Водопивец дипломирал во студиото на Едвард Равникар, а во текот на својата кариера соработувал со значајни архитекти и теоретичари на архитектурата како Петер Цумтор, Јухани Паласма и други. На меѓународната Летна школа за архитектура земаа учество дваесет и шест студенти предводени од педагошкиот тим, кој покрај проф. д-р Алеш Водопивец (гостинтутор од Р Словенија) ги вклучуваше: доц. д-р Димитар Папастеревски (раководител на Летната школа), доц. д-р Михајло Зиноски, Никос Цимас (Р Грција), м-р Дарко 12
ПОРТА
25 aвгуст 2017
Драгановски и м-р Павел Вељаноски. Темата која гостинот-тутор ја зададе гласеше „Чувство за дом“. Нејзина цел беше низ еден поинаков методолошки пристап да ги воведе студентите во процесот на
создавање на „домот“, поаѓајќи од емоционалното искуство како примарно, наспроти вообичаеното, каде „домот“ се појмува како физичка структура подредена на претходна програмска зададеност.
Тијана Мојсовска, Марија Петрова, Елена Петроска (трета година) ,,Домот е место каде што припаѓаме. Тој е место на приватност, мир и сигурност. Тој е остров, одвоен од остатокот на светот, каде што времето забавува, дури и запира. Домот е место каде што можеме да сонуваме и да ги обновиме нашата снага
Милка Манева (трета година)
и расположението. Тој е просторната рамка на нашите сеќавања, но и појдовната точка на нашето гледање и разбирање на светот.“ -АЛЕШ ВОДОПИВЕЦ
Во рамките на Летната школа професорот Алеш Водопивец одржа и серија предавања во кои низ примери на референтни архитекти и уметници, како и примери од неговата авторска работа и искуство со студентите, даде осврт на 25 aвгуст 2017
ПОРТА
13
Процесот на работа беше заокружен со организирање изложба, на која беше презентиран работниот материјал во неговата изворна форма создаден низ сите развојни фази на проектот. Меѓународната Летна архитектонска школа се одржа со поддршка од Ректоратот при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во соработка со Македонската православна црква, манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ и Општината Крива Паланка.
ЈосифНиколовскии Вања Трајковски(трета година)
Мартина Пенева, Калина Трајановска, Елена Стефановска (прва година) суштествени аспекти корисни за истражувачкиот и практичниот дел на проектот. Карактеристичниот методолошки пристап, професорот Водопивец го пренесе низ процесот на работа со студентите конципиран во три последователни чекори, пропратен со редовни презентации и дискусии. Процесот започна со „сеќавање на место“ врежано во меморијата на студентите, негово именување, и претставување на неговите емоционални аспекти преку изработка на апстрактен модел. Задачата продолжи со избор на конкретна локација и истражување на тактилните аспекти на локацијата, со цел да се препознаат карактеристиките на природниот и артифициелниот пејзаж, изразени низ скици, цртежи, фотографии и модели.
14
ПОРТА
25 aвгуст 2017
Поаѓајќи од личното чувствување на темата, студентите понудија различни предлог-решенија. Резултатот од работилницата беа проекти на рационални, едноставни и скромни куќи, насочени кон менталниот и емотивен квалитет на архитектурата поврзана со атмосферата на „домот“.
Даниела Матеска (петта година)
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
ПОРТА
aрхитектура
ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ - МАК АУТО СТАР, СКОПЈЕ
Aрхитектонската креација усогласена со желбата на инвеститорот
ПОРТА
Проектот претставува компактна поставка која овозможува рационална искористеност на земјиштето со отворени зелени урбани површини и рационализација на самата градба и инфраструктура Aна РАДОЊИЌ, дипл.инж.арх. Дамјан ХРИСТОВ, дипл.инж.арх.
И
нвеститорот, Мак Ауто Стар со намера да ја дооформи локацијата во рамките на својот салон и деловните простории, во втората половина од 2015 година распиша конкурс за идејно решение за деловен објект на кој беа повикани неколку реномирани архитектонски бироа. Првата награда на распишаниот конкурс ја добија архитектите Максим Наумовски, Оливер Илиевски, Моника Новковиќ и Владо Данаилов. Во периодот кој следуваше, инвеститорот кој уште во пропозициите на повиканиот конкурс имаше наведено дека го задржува правото да избере проектантско биро, кое ќе ја изработи целокупната техничка документација, преговараше со повеќе учесници на конкурсот и го избра Ателје Ајвар за изработка на идеен и основен проект за деловниот центар на Мак Ауто Стар.
Проектантскиот тим на Ателје Ајвар: Миодраг Радоњиќ – Бато, Ранчо Христов, Ана Радоњиќ и Дамјан Христов во текот на изработката на идејниот проект изврши усогласување на проектната програма во склад со барањата, потребите и визијата на инвеститорот во кои беше и барањето да се задржи глобалниот концепт на фасадата од првонаградениот труд од повиканиот конкурс, се разбира применет во склад со новопредвидените програмски барања и во склад со новото функционално и конструктивно решение. До крајот на февруари 2016 година беше изработен идејниот проект и прифатен од страна на инвеститорот и општината со што понатаму следуваше изработката на основниот проект кој беше завршен во средината на јуни 2016 година и кон крајот на јули 2016 година добиено е одобрение за градба со што инвеститорот можеше да започне со изградба на деловниот објект. Деловниот објект е на градежна парцела од 5.060 м2, со површина за градба од 1.733 м2 и максимална дозволена височина на венец од 30 метри, со што вкупната развиена површина за градба изнесува 12.131 м2. Намената на објектот е Б2 (големи трговски единици 60 %) и Б4 (деловни дејности 40 %). Со предложеното решение предвидено е формирање на еден современ трговскоадминистративен објект во кој странките и вработените на едно место, во модерна
ПОРТА
18
ПОРТА
25 aвгуст 2017
урбана структура ќе можат да извршуваат повеќе активности: посета на автосалоните во приземјето и деловни активности на катовите. Целиот просторен концепт на урбан мултифункционален комплекс се базира на современите постулати за високо енергетски одржлив објект со примена на современи материјали и технологија. Со тоа е овозможено утилитарност при користење, рационалност во одржувањето, заштеда на енергија и еколошка одржливост на целиот комплекс. Ваква компактна поставка овозможува и рационална искористеност на земјиштето со отворени зелени урбани површини и рационализација на градба и инфраструктура. Предвидено е формирање на пристапна сообраќајница од новопроектираната улица која колскиот сообраќај го сепарира и насочува кон паркинг-просторот на отворено и во подземните нивоа. Во трите подземни нивоа предвидено е паркирање на возила за посетители, вработени, паркинг за службени возила и технички простории за комплетно одржување и функционирање на комплексот. Вработените и посетителите преку две вертикални јадра од подземните нивоа можат директно да влезат во урбаниот хол во
приземјето и контролирано да пристапат до своите канцеларии и салони распределени од првиот до шестиот кат. Исто така организиран е паркинг на отворено од кој посетителите и гостите имаат директен пристап до урбаниот хол, односно автосалоните во приземјето. Пешачката променада која е конзолно испуштена од основниот кубус, се протега по целата должина на објектот и го обединува партерот на приземјето. Поставката на објектот овозможува и пешачки пристап во објектот од булеварот „Киро Глигоров“. Поделбата на функциите на објектот, во склад со програмските барани содржини, е
извршена повеќеслојно по вертикала и хоризонтала. Со поставеноста на двете идентични јадра кои се составени од скалиште, кое е едновремено и противпожарно и два лифта, обезбеден е брз пристап до сите катови. Во секое јадро предвидени се санитарни простории со кабина за хендикепирани, како и помошни простории. Поврзаноста на двете јадра преку централен катен хол, овозможува добра контрола, едноставен и брз пристап до секое работно место. Во зависност од потребата на корисниците работниот простор може да се организира на еден цел кат како салон - голема трговска содржина, можност за поделба на катот на два идентични дела, но различни по организација или поделба на катот на помали работни единици кои можат да се користат независно од повеќе корисници. Во конструктивна смисла, објектот претставува армирано–бетонска конструкција со скелетен систем составен од столбови, армирано-бетонски плочи и греди ободно поставени по целиот периметар на објектот и околу скалишните јадра. Со примена на безгредниот систем во внатрешниот простор се овозможува флексибилност на функционалната организација и непречено водење на инсталациите. Со оглед на димензијата на
ПОРТА
објектот, во попречниот правец предвидена е дилатација во средина на објектот. Сите бетонски конструктивни елементи е предвидено да бидат изведени од МБ 40. Конструктивните распони се утврдени врз основа на анализа за рационално искористување на подземниот паркинг и флексибилна организација на комерцијалните и административни содржини со лесни прегради и стакло. Објектот е проектиран во склад со важечката регулатива за заштита од надворешни влијанија, бучава и противпожарна заштита. Со архитектонското решение и примена на пожарно-стабилни материјали од кои е предвидено да бидат изведени фасадата, ѕидовите, меѓукатните конструкции како и вратите во посебните пожарни сектори, обезбедена е примарна заштита од пренос и ширење на пожар по хоризонтала и вертикала, како и брза евакуација на корисниците. Стаклениот дел од фасадата е обработен со структурална алу фасада и двоен изолиран стакло-пакет со коефициент 1.1 и 0.4. Полните површини завршно е предвидено да бидат обработени по принцип на вентилирана фасадна облога. Предвидено е современо обликување на комплексот како одраз на времето во кое е проектиран, како високоенергетски и еколошки одржлив објект. Примената на современите материјали и адекватниот ликовен јазик нудат комплекс кој обединува повеќе различни функции. Примарниот кубус е расчленет на чисти геометриски форми кои во ритамот стакло-конструкција-стакло го 20
ПОРТА
25 aвгуст 2017
обединуваат волуменот по вертикала и хоризонтала, создавајќи единство на функции и простори. Поврзувајќи се со блиското зеленило покрај кејот и водената површина на Вардар, преку визуелен контакт со станбениот дел, отворениот поглед кон Водно и Скопска Црна Гора, вметнување на зеленило во партерот како и кровната градина, во комплексот се создава јавен и работен простор полн со позитивна атмосфера, светлина и зеленило. Вака обликуваниот објект се вклопува во урбаната средина и кореспондира со соседните објекти на булеварот.
Покрај задоволување на сите барања зададени со проектната програма, објектот се вклопува во новите трендови на архитектурата, притоа овозможувајќи пријатен работен простор во внатрешноста. Вака конципиран, објектот прикажува некарактеристична префинетост во
обликувањето и го истакнува напорот на проектантот да ја усогласи креацијата со желбата на инвеститорот за што попријатен простор за вработените и препознатливост за посетителите. Во изработка на комплетната техничка документација, освен Ателје Ајвар како
носител, учествуваа и соработниците: Конструкција - Виадукт ДООЕЛ, Скопје Електротехнички инсталации – Трејдинг системс ДООЕЛ, Скопје Термотехнички инсталации – БАРС Инженеринг ДООЕЛ, Скопје Ревизија на проектите – Тагора, Скопје n
ПОРТА
интервју
ПРЕДРАГ АНДОНОВ, АРХИТЕКТ
Општа девалвација на знаењето, трудот, како и моралните норми
Конкурсот е богатство на идеи и објективна потреба за добивање квалитетни, иновативни и оригинални решенија. Секогаш кога тоа е можно е добро да се практикува 22
ПОРТА
25 aвгуст 2017
А
Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
рхитектот Предраг Андонов е дел од архитектронското студио „Мегарон“. Негов директор и косопственик. Тој дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1990 година. Првата работа му била во компанијата за производство на мебел „Копинг“, за набрзо во 1992 година да се одлучи да сооснова свое архитектонско студио, каде што работи до ден денес.Во изминатиот период Андонов учествувал во проектирање значајни, повеќе од стотина, образовни, општествени, станбени, партерни и инфраструктурни објекти во Македонија и регионот. Исто така учествува и во разработка на ентериерни проекти, како и вршење надзор на повеќе изведени објекти. Како човек кој речиси триесетина година е во струката со него разговараме за сите оние работи кои задираат во аритектурата денес кај нас. За нејзината сегашност, но и иднина. Долга низа години македонската архитектура е во надолна линија. Лошо архитектонско образование, немање на поголеми проекти и квалитетни инвеститори, или..? n Пред сè како еден од најважните моменти за вашата точна констатација за надолната линија на македонската архитектура можам слободно да кажам дека е општата девалвација на знаењето, трудот, како и моралните норми во целокупното општествено живеење кое во минатите единаесет години се воспостави како стандард на успешност и етаблирање во општеството. Се случуваше традиционални големи манифестации како Биеналето, Големата награда на Град Скопје да останат сиромашни за квалитетни дела, па дури и без награди. Беше присутен и бојкот на одредени конкурси... n Сите овие констатации се директна последица на погореизнесеното мислење како и директниот државен интервенизам и контрола со апсолутно
канализирање на архитектонската мисла од страна на власта во изминатите единаесет години. Архитектонската фела не се снајде во борбата за својот опстанок и обезбедување на основни услови за работа, натпревар и сл. Комората на овластени инженери и архитекти требаше да биде стожерот и институцијата преку која се изборувааат правилата и законите. Фелата остана разочарана со досегашните ефекти. ААМ е асоцијација каде архитектите се на своја територија. Место за нови идеи за функционирање, натпревар. Сепак и тука не се стигна далеку... n Имајки ја предвид структурната и институционална поставеност на ААМ во однос на законската регулатива новите идеи за функционирање, натпревари и можноста за заслуженото позиционирање на архитектонската фела во општеството се работи кои ќе се валоризираат во системот на општественото живеење само преку Комората на инженери и архитекти која е инкорпорирана во законската регулатива од областа на архитектурата и градежништвото. Како да се подобрат состојбите заради доброто на архитектурата, но и за доброто на градежништвото и државата вкупно? n Несомнено е потребна измена во законската регулатива. Постојат повеќе аномалии кои ја девалвираат архитектонската мисла како и дигнитетот и достоинството на професијата архитект. За почеток елиминирањето на административната мерка ЕЛЕКТРОНСКА НЕГАТИВНА АУКЦИЈА при проектирањето е основата на сите проблеми кои подоцна го следат реализирањето на проектот. Со неа се намалува квалитетот на проектот и се девалвира трудот на архитектот. За зачувување минимум дигнитет и достоинство на професијата неспорна е потребата од донесување ценовник на архитектонски услуги преку Комората на архитекти и инженери кој истовремено ќе послужи како документ за контрола на прометот со проектна документација од што секако би имале корист и архитектите и државата. Секако во делот на зачувување на дигнитетот и достоинството на архитектонската
мисла задолжителна е промената на административната мерка, донесена пред промената на власта во државава, а за потребите на истата, за одземање на авторските права на архитектот и слободната измена и поигрување со проектите од страна на инвеститорите. Улогата на конкурсот како објективен филтер за проценка на квалитетот на еден проект. Последните години тоа беше мислена именка. Што се случува во стварноста? n Конкурсот е богатство на идеи и објективна потреба за добивање квалитетни, иновативни и оригинални решенија. Секогаш кога тоа е можно е добро да се практикува. Имаме ли архитекти и особено подмладок за излез од Македонија и докажување на регионалните простори? n Денешната можност и достапност на информации во светот од областа на архитектурата отвораат перспективи за младите архитекти професионално да се докажат на регионалните простори. Ваши видувања за некои добри проекти во Македонија во последните години. n Многу е тешко да се посочи конкретен објект за издржано архитектонско дело кога во изминатите единаесет години ги имавме сите погореспоменати аномалии во архитектонското творештво. Се надевам дека со поставувањето на општите архитектонски норми за зачувување на дигнитетот и достоинството на професијата во иднина нема да зборуваме за еден или неколку добри проекти, туку за издржана архитектонска доследно реализирана мисла. Можете ли да наброите некои помлади надежни архитекти перспективата на нашата фела? n Голема е одговорноста и тежината на ова прашање што кореспондира со моето работно искусто кое е безмалку три децении во архитектонското творештво. Секојдневно се сретнувам со помлади колеги кои се навистина големо освежување во нашата сфера, но коректно е кон сите одговорот да дојде со нивната работа и резултати. 25 aвгуст 2017
ПОРТА
23
архитектура
RIBA 2017
Финалисти за Stirling Prize 2017 – Најдобри архитектонски остварувања на Велика Британија
К
Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
ралскиот институт на британски архитекти (RIBA) ги објави финалистите на овогодинешното натпреварување за Stirling Prize, најпрестижната награда за архитектура во Велика Британија. Избрани се шест проекти меѓу кои пристаниште, фотографско студио и привлечна станбена зграда. Стерлинговата награда, официјално се
доделува на „архитектите на градби, кои го имаат направено најголемиот придонес во британската архитектура во изминатата година“. Архитектите мора бидат членови на RIBA, а градбата може да биде каде било во Европската Унија. Добитниците на наградата добиваат и стипендија, во износ од 20.000 фунти. Како и минатата година, пет од шестте финалисти се наоѓаат во јужна Англија, а еден во Глазгов во Шкотска. На учесниците можеби им недостасува wow-faktor во однос на изминатите години, но квалитетот е на завидно ниво.
HASTINGS PIER Oригиналниот Hastings Pier во Хастингс отворен е во 1872 година, а неговата долга историја вклучува место каде што се обучувале војниците во Втората светска војна, но служело како домаќин на бендовите како The Rolling Stones и Sex Pistols. Местото било во мошне лоша состојба поради што било затворено во 2008 година, но потоа претрпело пожар во 2010 година, кој го докрајчило. После оваа катастрофа, локалната заедница се ангажирала и го купила пристаништето, а потоа собирала финансии и ги ангажирале архитектите од фирмата dRMM за да го проектираат „наследникот“ на објектот. Покриен со дрвен градежен материјал сочуван од првобитното пристаниште, отворен е пријатен простор со релативно мал број згради, кои ги охрабруваат посетителите да уживаат во погледот на морето.
ПОРТА
„Овогодишната листа од шест финалисти покажува исклучителни креативни градби со внимателни детали кои го „покриваат секое вложено пени“, изјави претседателката на RIBA, Џејн Данкан. „Пуштени во работа на крајот од рецесијата, тие се признание за креативната професија. Секој од овие извонредни проекти ја трансформира областа во која се наоѓаат и ги воодушевува сите оние кои живеат во близина на нив и ги чини среќни сите оние кои имаат можност да ги посетат овие објекти или да работат во нив“. Победникот ќе биде објавен на 31 октомври оваа година.
THE BRITISH MUSEUM WORLD CONSERVATION AND EXHIBITIONS CENTRE The British Museum World Conservation and Exhibitions Centre е проект на фирмата Rogers Stirk Harbour + Partners и се наоѓа во северозападниот агол на музејскиот кварт во Блумсбери, во централен Лондон. Проектот се состои од пет поврзани павилјони, од кои еден е подземен. Во него покрај магацинските и логистичките објекти се сместени и нови изложбени галерии, лаборатории и конзерваторско студио. Новата зграда е вистинско решение за музеј кој треба да ја зголеми својата флексибилност во однос на времињата кои доаѓаат.
PHOTOGRAPHY STUDIO ЗA JUERGEN TELLER Ова фотографско студио изградено е за врвниот уметник и фотограф Juergen Teller, а го проектирало бирото Ba architects. Студиото се наоѓа на долгата и тесна индустриска парцела во западниот дел на Лондон. Студиото се состои од три објекти, додека три градини кои се дело на пејсажниот архитект Dan Pearson обезбедуваат отворен простор и дневна светлина. Покрај тоа, мрежа на тенки бетонски греди ги држи покривните светилки на север кои го исполнуваат просторот со исфилтрирана светлина. Во внатрешноста доминира бетонот, кој убаво се спротивставува на бакарните балустради, на рамките на дрвените прозорци и на зеленилото во градините.
ПОРТА
архитектура BARRETT'S GROVE Оваа атрактивна мала станбена зграда се наоѓа во Лондон и е проект на фирмата Groupwork + Amin Taha. Нејзината фасада од тули е „разбиена“ од тераси кои изгледаат како големи плетени „корпи“ кои на секој стан му обезбедуваат отворен простор. Зградата е со површина од 635 квадратни метри и е поделена на шест пространи станови кои се мошне осветлени и уредени со вкус.
ПОРТА
CITY OF GLASGOW COLLEGE – CITY CAMPUS Одредени метрополитански и наутички колеџи во Глазгов се споени, при што е формиран еден поголем колеџ кој се состои од две згради. На тој начин, се поврзани расфрлени објекти во Глазгов кои се наоѓале во рамките на 11 засебни згради. City Campus е втората зграда која се привршува и е масивна зграда, во чии рамки се шест главни факултети, 300 високотехнолошки училници, амфитеатри и специјализирани наставни простории. Проектот е на компаниите Reiach & Hall Architects и Michael Laird Architects.
COMMAND OF THE OCEANS Command of the Oceans се наоѓа во Кент и е проект на фирмата Baynes and Mitchell Architects. Го проектирале за Chatham Historic Dockyard и на посетителите им овозможува да уживаат и да го „вкусат“ животот кога Велика Британија владеела преку морските и океански површини. Покриена со црн цинк, зградата им остава силен впечаток на посетителите кога тие влегуваат во објектот заради самиот влез, кој наликува на портите на катедралите и е како ходник кој е фокусиран на погледот кон пристаништето. 25 aвгуст 2017
ПОРТА
27
eнтериер
Како BMW ја развива иновативноста
Како најдобар светски производител на луксузни автомобили, креативноста е важна за успехот на BMW групацијата. Како фирма која постои цел век, има постигнато импресивна традиција на иновативност. Сега, секако, бранот на промени поминува низ индустријата, потребата за брза иновација во BMW e поголема од кога и да е . На пример, како резултат на автономното возење, тие очекуваа нивниот бизнис да се промени во следната декада отколку во следните 30 години. Се поблиската реалност со автомобили без човек возач значи дека условите се менуваат со промените на навиките и очекувањата на купувачите, промена на глобалните пазари и нови конкуренти, компаниите кои се занимаваат со техника и технологија навлегуваат во оваа индустрија. За да останат напред, BMW ја сфати важноста на забрзувањето на иновативниот процес во повеќе систематски приод, исто така брзо сфатија дека работното место исто така може да игра клучна улога. Одделот за иновации на BMW, се наоѓа 28
ПОРТА
25 aвгуст 2017
северно од седиштето во Минхен, тоа е нов центар каде иновациите и новите технологии се случуваат. Со помош на нивниот дизајн партнер за простор Die Planstelle, Steelcase и IDEO, темелно испланираа простор за тимови кои се испреплетуваат со нивната работа во истражувањето за автомобилите на иднината. Овде, основните видови на креативна работа – фокусирање, соработка, социјализација и одмор – се оптимално поддржани. „Сакавме да креираме посебно место за иновации со корисници на центарот за поддршка на процесот. И токму тоа и го прави просторот,” вели Sebastian Schelper, кој бил главен на Одделот за иновации за BMW групацијата од 2013 до 2016. МЕСТО ЗА ЛУЃЕ Според Sebastian Schelper, главен на Одделот за иновации na BMW, за да се стави повторно во сила важноста на флуидното мислење, не постојат прави агли на ѕидовите во Одделот за иновации.
Природни материјали како дрвени ѕидови кои се претопуваат со бетонски подови. Мебелот беше внимателно избран и допринесува со неговата боја и текстура. Најважно, Одделот за Иновации беше дизајниран за поддршка на креативниот процес на целокупната работа, „Тоa е место за луѓе,” вели Schelper со наједноставно објаснување зошто Одделот за иновации работи толку добро Срцето на установата се 3 големи тимски соби. Тие основните работни простории за тимовите кои работат на проект од неколку месеци до година. Интегрираните големи табли даваат визуелност за слики, белешки, скици, мислења и идеи – богаство на информации и инспирација која се добива преку истражување. Таблите стануваат опиплив, извонреден контекст за работата на тимовите.Тие исто така служат како интерактивна платно каде што тимовите може да ги сублимираат информациите и да ги преточат во акција. Во близина, малечката “tinker lab” им
овозможува на тимовите брзо да направат прототип од своите концепти, како што и со собата за видео конференција која им овозможува лесна комуникација со луѓе надвор од установата.
„Сакавме да креираме посебно место за иновации со корисници на центарот за поддршка на процесот. И токму тоа и го прави просторот” SEBASTIAN SCHELPER, главен на Одделот за иновации, BMW ПОДДРШКА ЈАС И НИЕ Надвор од тимските простории е големиот отворен простор каде што помали групи можат да се распрскаат и да се фокусираат на одредени проблеми. Како алтернатива, целиот тим може да го користи просторот како втора фокус соба ако нивната работа ја има надраснато нивната просторија, или ако сакаат да ја постават нивната работа во друг контекст за да добијат друга перспектива. Има многу простор за прототипи, дури и место и за цел автомобил. Доста помал простор кој што е подеднакво важен за креативниот процес и е собата за медитација која нуди инспиративни погледи на дрва и полиња кои се во близина. „Кога се справувате со многу информации, лесно е да се чуствувате поразен,” објаснува Schelper. „Можете да одите во собата за медитација да земете пауза, да ги средите мислите или
пак да се конектирате со вашата интуиција. Дури може и да задремете. Дел е од целиот екосистем на просторот кој ги поддржува потребите на луѓето.” Близу влезот се наоѓа отворена кујна и зона за опуштање. Ова е место за неформално комуникација и социјализација, со партнерите од тимот или колегите од BMW Минхен, од други места кој го користат Одделот за иновации понекогаш како работно место. На овој начин, установата е „уникатен магнет”, вели Schelper, место каде ненајдените интеракции често резултираат со добивање на корисно знаење и перспектива. Како што е важен секој простор поединечно за креативниот процес, исто се
важни непосредните околности кои обезбедуваат холистичко решение. Кога просториите се предалеку една од друга, Schelper забележува, тогаш не се користат често. Како резултат, некои важни аспекти на креативната работа се недокажани. Хранејќи ја креативната работа значи поддршка на повеќе мислења и потреби, без приоритизација на една работа врз друга. „Клучна работа која ја научив од овој проект е дека креативноста е вистинска комбинација на аналитичко размислување на проблем како и допуштање на инспирацијата и интуицијата да се развива,” Schelper заклучува. „Тоа е комбинација на двете помогната од овој простор и прави успех.” Подготви: Порта 3
ПОРТА
eксперт
АРХИТЕКТУРАТА НА СЕДМИОТ КРУГ НА ПЕКОЛОТ Турбулентната историја на средниот век во Велика Британија веројатно, барем во одредена мерка, придонела и резултирала со една од најголемите и најзначајните катедрални цркви во земјата – Катедралата во Линколн, за која еминентниот викторијански писател Џон Раскин напишал дека станува збор за едно од највредните архитектонски творби на територијата на британските острови.
П
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ дипл. инж. арх.
оемата „Комедија“, попозната по подоцнежниот наслов „Божествена комедија“ се смета за ремек-дело на светската литература, најголемата поема на средниот век и најголемата литературна творба напишана на италијански јазик. Истата го има прославено својот автор, поетот од доцниот среден век, Дуранте де (Данте) Алигиери [Durante degli (Dante) Alighieri, c.1265–1321]. Оваа епска поема е составена од три дела: „Пекол“, „Чистилиште“ и „Рај“ коишто алегориски го прикажуваат патувањето на душата кон Господа. Во ова творба особено се истакнува литературниот опис на пеколот прикажан преку „патување“ на авторот предводено од староантичкиот римски поет Виргил, а коешто алегорично го опишува признавањето и отфрлањето на гревот. Пеколот е прикажан како девет концентрични кругови на измачување лоцирани во внатрешноста на (планетата) Земја, при што седмиот круг е посветен на насилството и овој круг е поделен на три 30
ПОРТА
25 aвгуст 2017
прстени. Првиот е посветен на оние коишто биле насочени против своите соседи и ги вклучува убијците, предизвикувачите на војни, ограбувачите и тираните коишто вечно се потопени во реката на зовриената крв. Вториот прстен е посветен на оние коишто кренале рака на себе чиишто души се трансформирани во деформирани бодликави дрва, коишто ги хранат страшни птици со клунови и лица на жени. Последниот, третиот прстен е посветен на оние коишто биле против Господ, уметноста и природата, коишто вечно се сместени во голема рамнина од врел песок и постојано изгорувани од „снегулките“ на оган коишто бавно паѓаат од небото. Лихварите се оние коишто биле против уметноста (внуката на Господ), коишто плачат клечејќи стуткани. Во минатото лихварството во многу религии се сметало, а во некои сè уште се смета за голем грев затоа што ја искористува несреќата на другите и неетички или неморално го збогатува заемодавачот на сметка на заемоземачот преку наплаќањето камата. Оттука во минатото, стравот за тоа што ќе се случи со нивната душа по смртта резултирал во невообичаени пристапи, како резултат на кои човештвото станало вековно збогатено со исклучителни уметнички и архитектонски творби. Една од најпознатите цркви во Велика Британија е Катедралата во Линколн (Lincoln Cathedral), официјално Катедралната црква на благословената дева Марија од Линколн (Cathedral Church of the Blessed Virgin Mary of Lincoln). Станува збор за 148 метри долга и 83 метри широка црква, која е трета по големина во Велика Британија по оние на Св. Пол (St. Paul) во Лондон и Јорк Минстер (York Minster) во Јорк. Веројатно таа е најпозната во поново време по тоа што во неа се снимени делови од филмот „Кодот на Да Винчи“. Во зависност од изворот, изградбата на црквата започнала во 1088 или во 1092 година и продолжила во повеќе фази во текот на средниот век. Во 1311 година врвот на централната шилеста купола на црквата се смета дека се издигал 160 метри над почвата, со што објектот станал највисок објект во светот и по скоро четири милениуми го преземал приматот на 146 метри високата Голема (Кеопсова) пирамида во Гиза, Египет. Катедралата го задржала својот примат цели 238 години сè до 1549 година кога централната шилеста купола била уништена во големо невреме, а потоа никогаш не била обновена. Сите катедрални цркви коишто го носеле
приматот на највисоки објекти во светот по катедралата во Линколн всушност не успеале да ја надминат оригиналната висина на катедралата од 1311 година сè додека во 1884 година не бил изграден 164 метри високиот камен обелиск на Споменикот во Вашингтон, САД (Washington Monument). Со оглед дека лихварството и позајмувањето пари било забрането за
христијаните, на евреите им било дозволено да се доселат во земјата и да се занимаваат со оваа професија. Притоа евреите биле сопственост (кметови) на кралот и биле заштитени од него во извршувањето на оваа професија, додека кралот вообичаено го одредувал нивото на каматата која ќе биде наплатена за позајмицата. Линколн, бил еден од најпознатите градови со еврејско население во кое особено се истакнувал Арон, којшто специјализирал во позајмувањето пари за изградба на манастири и други верски објекти. Како резултат на своите финансиски активности се смета дека тој бил најбогатото лице во земјата, дури и побогат од кралот, и се споменува како првото лице, кое не е благородник, да живее во куќа изградена од цврст материјал, во овој случај камен. Сè уште постои жива дебата дали и во која мерка изградбата на Катедралата во Линколн била потпомогната со позајмица од еврејската заедница, но се смета дека поверодостојно е тврдењето дека палатата на бискупот на Линколн била изградена со една ваква позајмица. Се разбира дека благородниците, повисоките свештеници и обичните луѓе биле заинтересирани да позајмат пари и да си го подобрат својот живот, но се чини дека не биле толку среќни нив да ги вратат. Се смета дека ова довело до настан пред 762 години којшто
25 aвгуст 2017
ПОРТА
31
се случил на 25 август 1255 година во Линколн и трајно ги променил односите меѓу верските заедници во градот. На тој ден осумгодишното детенце Хју (Hugh) исчезнало додека си играло, за подоцна да биде пронајдено мртво во бунар. Пронаоѓањето на телото на детенцето резултирало во гласини дека тоа било отепано во рамките на ритуално убиство од припадниците на тамошната еврејска заедница за тие наводно да ја користат неговата крв во своите верски обреди, коешто се разбира не било точно. Истражувачите укажуваат дека уште во раниот XIII век високите христијански свештеници вклучително со некои од папите укажувале дека не станува збор за ваква религиозна пракса во рамките на еврејската заедница. Во Линколн ваквите обвинувања резултирале со затворање на 90 припадници од еврејската верска заедница коишто биле однесени во Лондон во притвор во очекување на судскиот процес. Резултатот од вака исконструираното обвинение и 32
ПОРТА
25 aвгуст 2017
судскиот процес бил очигледен: 18 од затворените евреи биле осудени на смрт и погубени со бесење додека преостанатите биле задржани во затвор повеќе месеци додека еврејската заедница во земјата да собере огрома сума пари за откуп на преживеаните затвореници. Ова не бил единствен случај од овој вид. Така на пример, претходно на 16-ти март 1090 година во Јорк, седиштето на Јорк Минстер, втората најголема црква во Британија, се случил масакар во кој скоро целото еврејско население на градот
(околу 150 лица) било запалено живо додека барало засолниште во кралската палата. Ним не им помогнал фактот дека тие биле кметови на кралот и како резултат на тоа ја уживале неговата заштита. Овие незамисливи настани се случувале во периодот на крстоносните војни кога еврејското население во Европа било подложено на големи антисемитски чувства, малтретирање и прогон. Истражувачите сметаа дека вистинската причина за судењето на 90 евреи од Линколн, веројатно како и секогаш била
парите. Со оглед дека евреите биле кметови на кралот, сите долгови кон нив, технички биле долгови кон кралот. Во тој период кралот Хенри III (Henry III) имал голема потреба од пари, така што тој ги продал своите права врз евреите на војводата од Корнвол (Duke of Cornwall). Во тоа време законот бил таков да секое лице кое е осудено и погубено го губи правото на целиот свој имот којшто автоматски станува сопственост на кралот. Така ова случајно или намерно овозможило имотот и исплатата на долговите кон евреите повторно да се пренасочат кон кралот наместо кон војводата од Корнвол. Се разбира дека кралот не бил единствениот добитник во овој случај. Со оглед дека затворениците поминале месеци во затвор, тоа овозможило не само нивните имоти да бидат ограбени, туку и записите за долговите да исчезнат, што секако било во интерес на должниците. Она што е фасцинантно е дека христијаните повеќе се плашеле од тоа што ќе се случи со нивната душа во задгробниот живот доколку се занимаваат со лихварство, отколку што ќе се случи со нивните сограѓани евреи коишто биле подложени на лажни обвинувања, егзекуција, ограбување и прогон. Се разбира ова е краток приказ за турбулентната историја на средниот век во Велика Британија која веројатно барем во одредена мерка придонела и резултирала со една од најголемите и најзначајните катедрални цркви во земјата – Катедралата во Линколн, за која еминентниот викторијански писател Џон Раскин напишал дека станува збор за едно од највредните архитектонски творби на територијата на британските острови. Во оваа катедрала позната по своите „луди“, оригинални и експериментални, сводови се чувала една од трите преостанати копии на Магна Карта. (Продолжува) 25 aвгуст 2017
ПОРТА
33
арт и дизајн
Напуштен дворец како прекрасен уметнички проект Шпанскиот уметник Okuda San Miguel напуштен дворец искористил како платно, кое го украсил со светли бои
П
Подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
ознато е дека уметниците го гледаат светот со други очи. Секојдневните објекти и предмети покрај кои останатите само би поминале, уметниците ги гледаат како потенцијал за настанување на некое нивно ново дело. Всушност ова се случи и со шпанскиот уметник Okuda San Miguel. Последниот проект на Okuda San Miguel 34
ПОРТА
25 aвгуст 2017
ги разбранува социјалните мрежи и ја воодушеви стручната јавност. Имено, тој во склоп на неговата интервенција која ја
нарекол Skull in the Mirror одбрал еден напуштен дворец, којшто го трансформирал на свој специфичен начин.
Станува збор за дворецот La Valette u Pressigny-les-Pins, во Франција, кој датира од 19-тиот век и кој според визијата на младиот уметник едноставно плени со својот нов изглед. Претходно се користел како одморалиште за деца, но не бил користен триесетина години. Веднаш штом градското собрание го одбрало овој дворец за централно место каде што се одржувал еден „street art“ фестивал, San Miguel можел да почне со работа. Дворецот го украсил со светли бои, точки и други мотиви, а ако добро се загледате може да забележите и две костурски глави коишто ја украсуваат фасадата. Преливањето на боите на виножитото и точките кои го разигруваат пејзажот на прекрасниот француски имот се резултат на четиридневна акција што ја спроведе Okuda San Miguel и неговиот тим. Дворецот овој јуни оживеа под идејно водство на инвентивниот Шпанец, во рамките на фестивалот LaBel Valette во организација на Urban Art Paris. n
25 aвгуст 2017
ПОРТА
35
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
ПОРТА
енергетска ефикасност
ПРОБЛЕМИ ВО ГРАДЕЖНИТЕ ОБЈЕКТИ Процесот на градење на еден објект опфаќа повеќе од 100.000 активности и повеќе од еден милион операции, па кога на тоа ќе се додаде и огромниот избор и достапност на материјали, апарати и опрема, јасно е дека се работи за навистина сложен процес. Секоја и најмала грешка или недоследност, доведува до понатамошна низа од импровизации, кои на крајот резултираат со разни дефекти и проблеми со кои сите ние се соочуваме. м-р Андреј АНДРЕЕВ , дипл. град. инж.
О
ткога постои човештвото, постои и потребата да се пронајде затворен простор, како заштита од временските услови и од опасностите кои демнеат во надворешниот свет. Од населувањето на пештерите, преку прaвeњето на импровизирани засолништа, колиби, па сè до денешните современи и технолошки напредни градби, целта и мотивот остануваат исти: безбедно, заштитено од атмосферски влијанија и удобно место за престој или работа. 38
ПОРТА
25 aвгуст 2017
Сведоци сме на секојдневен напредок на архитектурата и градежништвото сè со цел да се задоволат прво основните потреби, а потоа и естетските. Сè поголем е стремежот кон зголемување на комфорот во објектите, а во изминатите 20-тина години и кон намалување на енергетските потреби за функционирање и комфорност на објектите. Со напредокот на технологијата, како и со сѐ поголемите барања и потреби на корисниците, градењето станува сѐ посложено. Самиот процес на градење на еден објект опфаќа повеќе од 100.000 активности и повеќе од еден милион операции, па кога на тоа ќе се додаде и огромниот избор и достапност на материјали, апарати и опрема, јасно е
дека се работи за навистина сложен процес. Секоја и најмала грешка или недоследност, доведува до понатамошна низа од импровизации, кои на крајот резултираат со разни дефекти и проблеми со кои сите ние се соочуваме. Што е тоа проблем во еден градежен објект? Kако можеме да го дефинираме проблемот? Сѐ она што го нарушува нашиот комфор и мир, што штетно влијае на нашето здравје, сè она што од нас бара дополнителен ангажман и дополнителни финансиски средства за да ја добиеме потребната функционалност, може да се нарече проблем во градежниот објект. Овие проблеми можеме да ги поделиме по неколку основи, недоследностите можат да бидат конструктивни или естетски, видливи или скриени, проблеми со термичка, звучна или хидроизолација, проблеми во инсталации, провев, инсекти, штетници, глодари... Факт е дека намерните или ненамерните грешки при изградбата и одржувањето на објектите можат и тоа како сериозно да влијаат врз здравјето, буџетот, работоспособноста и мирот, па токму заради ова ќе посветиме еден серијал текстови на проблемите во објектите, како тие да се избегнат, како да се препознаат и како да се санираат. Македонија и балканските земји се апсолутни лидери на европскиот континент со проблемите и со негрижата околу решавање на проблемите во објектите. Врз основа на сознанијата и искуствата од секојдневното дијагностицирање и лекување на проблемите во објектите, добиени од секторот Градежни доктори од фирмата Цивкон АГИ, може да се направи прецизна анализа на проблемите. Со сигурност може да се констатира дека протекувањето низ крововите, рамните покривни тераси и во подрумите се најчестите видливи проблеми кај нас. Токму поради овој факт, како и поради лошата термичка изолираност, за разлика од атрактивноста која ја имаат во напредните земји, потпокривните простори во Македонија се најнепожелните места за живеење или работа, а сутеренските простории најчесто се неупотребливи за живеење и работа. Што е причината за ваквиот поразителен резултат? Одомаќинето е мислењето дека големите дневни температурни разлики и високите подземни води, се причини за уништување на хидроизолацијата, на олуците, опшивките и на останатите покривни елементи. Меѓутоа, ова се случува бидејќи се користат несоодветни материјали и технологии. Наједноставно е овие проблеми да се избегнат уште во текот на проектирањето и градењето, следејќи ги новитетите, употребувајќи материјали и технологии соодветни за нашето климатско подрачје и ангажирајќи квалификувана работна сила. Најважно од сè е инвеститорите, проектантите и изведувачите да не „штедат онаму каде што не смее да се штеди“. Продорот на вода е еден од најсложените проблеми, бидејки местото на кое ќе се појави водата, ретко кога се поклопува со местото каде водата продира низ обвивката на објектот. Поради ова постои современа и техолошки напредна
дијагностичка опрема, со која се лоцира местото и причината за продор на водата. Со ваква опрема располагаат компании и институции кои се занимаваат со градежна дијагностика и за среќа истите веќе се достапни и се користат и во Македонија. Откога ќе се лоцира причината, постои широк спектар на материјали и технологии со кои е можна санација на проблемот и тоа локално на местото на продорот, наместо интервенции „на слепо“ од голем размер. Најчестата и најголема грешка која се прави при појава на вакви проблеми е претпоставувањето на причината и локацијата на протекување и преземањето мерки, врз основа на некој „со долгогодишно искуство“ во оваа област. Ваквиот пристап најчесто резултира со залудно потрошени пари и време. А влагата е еден од најопасните фактори по здравјето на човекот. Следни по застапеност се проблемите со ладни ѕидови, подови и плафони, како и мувлата, влагата и кондензацијата. Мувлата и кондензацијата се температурен феномен и токму незнаењето на методологијата на создавање на мувлата и влагата често пати нè носи до погрешни закучоци. Сите овие проблеми често се последица на лоша топлинска изолација. Друга можна причина за ваквите проблеми е лошата херметизираност на објектот од надворешната страна. Разни пукнатини, споевите на прозорците со ѕидовите, неприменувањето на никакви мерки за воздухонепропустливост на крововите, продори на инсталации и други аномалии, овозможуваат ладниот воздух да влезе под топлинската изолација на објектот и да се движи низ кровната конструкција, под подовите и низ ѕидовите. Превенирањето на овие проблеми повторно лежи во едукацијата на сите учесници во процесот на градење и примената на најновите материјали и технологии. Но дали постои решение кај веќе изградените објекти? Секако дека постои. Најнапред се прави дијагностицирање и лоцирање на местата каде има протекувања на воздух, се врши мерење на топлинската изолациона моќ и топлинскиот капацитет на елементите од обвивката на објектот, а потоа се пристапува кон санирање на проблемите. Топлинските мостови се исто голем и чест проблем. Тоа се места каде и покрај добрата изолираност на обвивката на објектот, енергијата го напушта објектот без никаква пречка или преку сосема малку изолација. Низ нив истекуваат парите и здравјето и затоа се тежнее тие да се елиминираат. Онаму каде тоа не е можно, потребно е или да се
сведат на точкасти топлински мостови, или загубите на енергија низ нив да се сведат на минимум. Последици од топлинските мостови може да бидат појава на мувла, кондензација, низок комфор и големи трошоци за загревање, аномалии често присутни кај нас. Проблемот е посебно изразен кај објектите каде фасадните ѕидови се „сендвич“ и кај објектите направени од готови монтажни бетонски елементи (како на пример кај т.н. руски згради). Со топлински мостови најчесто се соочуваме на местата каде се наоѓа бетонската конструкција, околу прозорците, во подовите кај терасите, на слемињата и настрешниците во крововите и уште многу други места кои претставуваат неизбежни или ненамерно оставени „слаби места“. За избегнување на ваквите аномалии многу е важно при проектирањето и изградбата на објектите да бидат вклучени стручни лица кои вистински ја познаваат оваа проблематика. Но и откога објектите се завршени, можно е дијагностицирање и санирање на топлинските мостови, иако секогаш е поедноставно и поевтино тоа да се направи во текот на градењето. Прозорците се честа тема од различни аспекти. Подолг период наназад се наметнати како важен дел од објектите, како од естетски, така и од енергетски аспект и тоа е сосема точно. Но за жал, прозорците се и тема на која најмногу се „сее магла“. Производителите на прозорците неретко се „расфрлаат“ со неиздржани физички карактеристики за рамките, со извртени вистини за типот и квалитетот на стаклата, а монтирањето на прозорците во најголем број случаи е нестручно и неправилно направено. Најголем дел од проблемите се врзани токму со прозорците: големи топлински мостови и провев на споевите со ѕидот, алуминиумски дистанцери на стаклопакетите, неправилна поставеност во однос на тврдиот дел од ѕидот, монтажа со „пур пена“, непоставување на дихтунг траки на споевите со ѕидот, неправилно оформени отвори на ѕидот, затнати или непостоечки отвори за одводнување на прозорецот, неправилно монтирани стакла. А грешките со прозорците се честа причина за појава на мувла, влага, провев, намалена удобност, за големи трошоци за загревање, а често предизвикуваат и прегревање на просториите и огромни трошоци за ладење. Затоа при набавката на прозорци или стаклени фасади, а посебно при монтажата, треба да се обрне големо внимание. И за овие проблеми, денес дијагностицирањето и
лекувањето е брза и едноставна постапка. Теоретски, провевот се појавува само доколку отворите прозорци на две спротивни страни од објектот. Но во пракса не е така. И покрај затворените врати и прозорци и без разлика на ветровитоста, надворешен воздух низ некои места се инфилтрира кон внатре, а низ други места иста количина на воздух се ексфилтрира кон надвор. Овие феномени најчесто се случуваат низ несакани пукнатини, микропукнатини и дупки, околу прозорците, околу влезните врати, низ отворите за инсталации, во ѕидовите, а посебно низ крововите. Проблемите кои се јавуваат како последица на лошата воздухонепропустливост на обвивката на објектот се манифестираат со големи загуби на енергија, со прегреани горни етажи и студени долни етажи (во лето е обратно), со појава на кондензат и мувла на местата каде внатрешниот воздух го напушта објектот (дури и низ микропукнатини), со сериозно намалена удобност и со влошено здравје и намалена работоспособност. Не ретко се случува, посебно кај големите деловни објекти, ова да е причина за неможност да се постигне саканата температура и покрај многуте преземени мерки и огромните трошоци за загревање или ладење, а притоа често системите се во дефект (поради големата преоптовареност). Како и за сите погоре спомнати проблеми, така и лошата воздухонепропустливост на објектите може да се дијагностицира и да се лоцираат сите места низ кои протекува воздух. Наједноставно е проверките да се вршат во текот на градбата и во таа фаза да се поправат недостатоците, но и во вселени објекти може да се направи истото. Чести се и проблемите со ниска енергетска ефикасност, дупнати цевки од инсталации кои се скриени во ѕидови или подови, со стаклени, структурални или панелни фасади кои протекуваат при врнежи и силен ветер, со преоптоварени електрични и машински инсталации и системи, со лоша звучна изолација, па сè до конструктивни проблеми. Важно е дека постои софистицирана мерна и дијагностичка опрема со која сите споменати и неспоменати недостатоци можат точно да се дијагностицираат и лоцираат, но постојат и материјали и технологија истите да се избегнат или дополнително санираат. Во овој број го објавуваме првиот текст на оваа тематика. Станува збор за Дом на иднината изграден во близината на Софија, Бугарија. 25 aвгуст 2017
ПОРТА
39
енергетска ефикасност
ДОМ НА ИДНИНАТА м-р Андреј АНДРЕЕВ , дипл. град. инж.
В
о соседството, во околината на Софија, е изградена куќа која со сигурност може да се нарече дом на иднината. Во целиот процес, од проектирањето, преку изградбата, па сè до контролните мерења беше вклучен и тим од компанијата Цивкон АГИ од Скопје, предводен од сертифицираниот дизајнер за пасивни куќи, град. инж. Андреј Андреев. Пасивната куќа во селото Војнеговци e дизајнирана да троши 10 пати помалку енергија отколку една стандардна куќа и три пати помалку од еден стандарден стан. Во исто време обезбедува одличен комфор во сите сезони, благодарение на добрата изолација, висококвалитетните прозорци со правилна ориентација, внимателно пресметаното засенчување, непостоењето на топлински мостови, системот за вентилација со високоефикасна топлинска рекуперација и искористувањето на енергијата од сонцето и подземната вода. Куќата е цврста градба и има голем топлински капацитет, што овозможува зачувување на постојана комфорна температура во куќата дури и до 200 часа (доколку се исклучат сите системи). Куќата има сопствен извор на вода за дневни потреби, што ја прави независна од флуктуациите во централното водоснабдување. Поставен е и соларен систем за загревање вода и тој обезбедува целосно жешка вода во поголемиот дел од годината. Подземната вода се користи за ладење на објектот во летните месеци. Машините за перење садови и облека користат топла вода од системот за греење, а шпоретот е на гас. Целото осветлување е лед технологија, а останатите куќни апарати се со А+++ енергетска ефикасност. Согледувајќи ги малите потреби од енергија, сопственикот покажа интерес, на што во моментот се работи, за поставување на фотоволтаици и мини ветерници, со што не само што објектот ќе стане комплетно независен и самоодржлив, туку ќе има можност да заработува од продажба на вишоците на струја, но и да наплаќа субвенции поради произведената 40
ПОРТА
25 aвгуст 2017
енергија од зелени извори. Пасивната куќа во село Војнеговци е исклучително погодна за живот на едно семејство, бидејќи е лоцирана во природа и тишина, во близина на големиот град, а е во комбинација со висока удобност и екстремно ниски трошоци за одржување. Ова е дефинитивно домот на иднината, а радува фактот што токму наши експерти учествуваа од идеја до реализација на овој проект. Куќата е сместена меѓу живописната природа на јужната падина на Стара Планина, во село
Војнеговци, на 2 километри од обиколницата околу Софија. На југ и исток се наоѓаат ниски куќи, кои не предизвикуваат несакано засенчување на објектот. Од терасата на куќата се открива прекрасен панорамски поглед, како кон градот Софија и планината Витоша, така и кон ливадите и мешаните шуми на падините на Стара Планина. Локалитетот на кој се наоѓа куќата е опкружен со прекрасна природа, и пружа исклучителен мир и тишина. Пристапот до објектот е од јужната страна, во близина на покриениот паркинг и улицата.
Приземно ниво - влезна партија, дневна со трпезарија и кујна, отворен тип на организација, тоалет, остава, ходник и скалиште
Вт со
С го об ко и и пр ка
енергетска ефикасност на секој кат, кој обезбедува светлина во текот на денот. Скалишната конструкција е висечка на не’рѓосувачки фини јажиња. Втор кат - двојна спална тип „родителска“ со бања/тоалет и плакари, самостојна еднокреветна спална соба со гардеробер, самостојна еднокреветна спална соба, заедничка бања/WC, скалиште и ходник На третиот кат се наоѓаат кабинетот, техничката просторија и голема покривна и проодна тераса. Кабинетот има голем аголен прозорец кој обезбедува величествена глетка, а исто така и пристап кон пространата тераса (36 м2) обложена со талпи од вакуумски импрегниран сибирски бор. Од терасата има прекрасен поглед во сите правци. Во јужниот дел е опремена со автоматска натстрешница.
Втор кат - двојна спална тип „родителска“ со бања/тоалет и плакари, самостојна еднокреветна спална соба со гардеробер, самостојна еднокреветна спална соба, заедничка бања/WC, скалиште и ходник
Се влегува низ пространо фоаје, во кое има големо осветлено огледало, голем плакар за облека и обувки. Влезната партија има пристап кон ходникот кој води до дневната соба, кујната и трпезаријата, до тоалетот и голема остава, но и до скалите за горните катови. Дневниот престој, трпезаријата и кујната се организирани како еднен отворен простор, што создава
чувство на удобност и интегритет. Во дневната соба има два големи француски прозорци и врати за директен пристап до пространата веранда, а во кујната и трпезаријата по еден стандарден прозорец, кои обезбедуваат светлина и глетка кон Стара Планина. Во пространиот тоалет се наоѓаат и машините за перење и сушење. Скалите се со еден прозорец
Трет кат - кабинет со катче за самостојна работа и одмор, тераса и техничка просторија.
СЕРТИФИКАТ „PASSIVE HOUSE“ Куќата во село Воjнеговци поседува сертификат „Пасивна куќа“, издаден од „Институтот за пасивни куќи“ од Дармштат, Германија, кој потврдува дека таа ги исполнува сите критериуми за Пасивна куќа. Ова e прва сертифицирана Пасивна куќа во Софија и околината и втора таква куќа во Бугарија. За издавање сертификат беше потребно да се добие позитивна оценка на финалниот тест со диференцијален притисок за утврдување на степенот на воздухонепропусност на објектот и интегритетот на системот за вентилација. Елементи кои го овозможија достигнувањето на стандардот Пасивна ќуќа: ИЗОЛАЦИЈА Под темелната плоча е поставен 20 см
ектрудиран полистирен (XPS), на ѕидовите се поставени 25 см експандиран полистирен (EPS), а на терасата и покривот по 30 см ектрудиран полистирен (XPS). Конструкцијата на објектот е армирано-бетонска, а ѕидаријата е од тули POROTHERM N 25. 25 aвгуст 2017
ПОРТА
41
ТОПЛА ВОДА Инсталацијата за топла вода се состои од два соларни колектори и 300-литарски комбиниран бојлер, со систем за рециркулација. Сите цевки се изолирани со 40 мм изолација. ЛАДНА ВОДА Системот за ладна вода се состои од бушотини на 60 метри, пумпа со електронски пресостат, резервоар од 1000 литри, хидрофорен систем со електронски пресостат и контролни табли. Сите цевки се изолирани со 9 или 40 милиметри изолација. Оваа вода, во летниот период се доведува и до топлинскиот изменувач и се употребува за ладење на објектот.
ФАСАДНА СТОЛАРИЈА Прозорците на куќата се направени според сертифицираниот алуминиумски систем S91 од Институтот за Пасивни куќи, ALUMIL и стакло 6 + 16 + 4 + 16 + 6 90 % Argon, на Guardian. СИСТЕМ ЗА ВЕНТИЛАЦИЈА Вентилацискиот систем вклучува вентилацискиијата блок со исклучително високотоплинска рекуперација (92 % според сертификатот на PHI), модел ComfoAir 200, Zehnder и канален клима уред класа А+ на Mitsubushi Electric 9000Btu кој ја обезбедува потребната топлина за куќата. Сите спиралновидни канали се изолирани со 5 см минерална волна и заштитени се со фолија. За ладење во летниот период се употребува подземната вода, која до изменувачот доаѓа со температура од 13 оС и со тоа се
42
ПОРТА
25 aвгуст 2017
задоволува целата потребна енергија за одржување на температурата. ВОЗДУХОНЕПРОПУСТЛИВОСТ Сите фасадни прозорци и врати се монтирани со надворешни и внатрешни дихтунг ленти и без употреба на т.н. пурпена. Ѕидовите од тули се измалтерисани однадвор и одвнатре. Постигнатата и подоцна со со мерење докажана воздухонепропусност (позната како Blower Door Test) изнесува ƞ50= 0.23 h-1 ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ При дизајнирање на зградата обрнато посветено е посебно исклучително внимание на топлинските мостови, а посебно се внимавашже при изведбата на објектот. Пресметката на топлинските мостови покажа дека низ нив не само што нема загуби, туку средната вредност на сите топлински мостови е со негативна вредност од -0.01 W/mK. На сите потенцијални места каде се очекувани топлински мостови, преземени се мерки за нивно елиминирање.
СЕРТИФИКАЦИЈА Сертификација е извршена од овластен сертификатор на Пасивни куќи од Институтот за Пасивни куќи во Дармштадт, Германија. ЗОШТО Е ДОБРО ДА СЕ ЖИВЕЕ ВО ВАКОВ ОБЈЕКТ? Целосната независност и самоодржливост на објектот дава прекрасно чувство кај корисниците. Дом без прашина, алергени, со константна влажност и воздух кој целосно се менува на секои 3 часа, е идеално место за живеење. Удобноста во Пасивната куќа е постојана, независно од годишните времиња и климатските услови. Во просториите можете да одржувате постојано удобна температура, а вкупните трошоци за електрична енергија, вклучувајќи и топла вода, осветлување и други електрични апарати се тројно пониски, споредено со трошоците на еден стан од 150 м2 во новоизградена и вистински енергетски ефикасна станбена зграда. Животот во ваков објект е идентичен како живот на 1400 метри надморска височина во исклучително еколошка животна средина.
ПОРТА
екологија
Ќе научиме ли конечно дека отпадот е ресурс?
Мегленци, Битола
Додека светот веќе создаде цела индустрија која се базира на отпадот, од селектирање и рециклирање, до производство на енергија (топлинска и електрична) од отпад, за жал нашиот однос кон отпадот (чест на исклучоците) сè уште се сведува на прашањето каде да го одложиме? Даниела МЛАДЕНОВСКА
О
пшто познат факт е дека човекот е единственото живо суштество кое генерира отпад што ја загрозува животната средина. Додека светот веќе создаде цела индустрија која се базира на отпадот, од селектирање и рециклирање, до производство на енергија (топлинска и електрична) од отпад, за жал нашиот однос кон отпадот (чест на исклучоците) сè уште се сведува на прашањето каде да го одложиме? Просто одлагање на отпадот, и ништо повеќе. Третманот на отпадот кај нас, сè уште е само на хартија, во убаво спакувани стратегии, планови и други документи во бирократијата на општините, но и во министерствата надлежни за оваа проблематика. Настаните од јуни годинава со депонијата во Струга, односно пожарот
44
ПОРТА
25 aвгуст 2017
кој со денови го гушеше градот во чад, а и уште го гуши, иницираше многу расправи и полемики во јавноста, но на крајот, аргументите не излегоа подалеку од сферата на дневната политика. Сепак, ако се знае дека во земјата има уште 53 депонии чиј начин на експлоатација не е докрај регулиран (освен Дрисла), а се шпекулира и со бројка од околу 1.000 диви депонии, тогаш за волја на вистината треба да се признае дека проблемот не е ниту од вчера, ниту од минатата година, туку негрижата за системско решавање на управувањето со отпадот се провлекува со години, односно децении. Затоа и не треба да изненадува податокот дека 90 % од емисиите на стакленички гасови од отпадот во Македонија потекнуваат токму од депониите. Струга е само повод за овој текст, но Струга не е единствена причина за да се иницира преземање на конкретни активности, бидејќи градот на поезијата не е осамен случај. Дотолку повеќе што Општина Струга, на 25.7.2016 доставила до МЖСПП, „Известување за намера за изведување на проектот: Изградба на времена депонија за неопасен отпад во
Струшка депонија
Општина Струга“ (документ кој е јавно достапен на веб-страницата на ова Министерство). Во документот се вели дека се работи за депонија од привремен карактер, опишани се сите мерки кои ќе се преземат за намалување на нејзиното влијание врз животната средина (воздух, води и почва) и се наведува дека ќе бидат преземени мерки за заштита од пожари. Во тој контекст, навистина е индикативен периодот на појавување на пожарот на оваа депонија. Дали некој сакаше да ја испровоцира немоќта на надлежните во акутното справување со овој проблем? Николина Велкоска од Струга, член на Советот на Општината од 2013 година вели: „Овој проблем не е од денес. Стружани со нелегалната депонија и последиците од нејзиното постоење се соочуваат повеќе од деценија. Интересен е фактот што проблемот се актуализира со смената на власта, иако дел од струшките еколози изминативе години излегуваа со свои реакции во јавноста. Во Советот на Општина Струга, исто така последниве четири години имаше дебата и апел за изнаоѓање решение, но сè се сведуваше на формирање комисии кои за жал никогаш не профункционираа. Жалам што невладиниот сектор речиси десет години не собра храброст да проговори за проблемот со струшката депонија. Од кого стравуваше, навистина не е јасно. Сега сите станаа душегрижници за граѓаните на Струга. Но, ова не е политичко, туку навистина комплексно прашање и бара вклучување на сите надлежни институции, како и експерти со цел да се најде квалитетно и одржливо решение, а не парцијално и на краток рок“ - потенцира Велкоска. Одржливото решение за проблемот е во изградба на регионална депонија за Југозападниот Плански Регион. Меѓу потенцијални 12 локации избрана е локацијата во Општина Дебарца, во селото Годивје, како најпогодна за регионална депонија.
Но, веднаш по одржаната јавна расправа во средината на јули 2017 за Студијата за влијанието врз животната средина, локалната управа се спротивстави на овој концепт и испрати порака дека нема да се дозволи депонијата да се гради во Општина Дебарца. Вториот повод за овој текст е дивата депонија во Тетово. Рак-рана на овој град веќе долги години. Не помогнаа ниту многубројните протести, ниту гласот на ревносните еколошки активисти од градот кој заедно со Скопје се рекордери според загаденоста на воздухот не само во земјата туку во поширокиот регион. Палењето на депонијата кое се случуваше во повеќе наврати, уште повеќе ја влошува состојбата. Како да се спречи понатамошното депонирање отпад на ова место лоцирано само на еден километар од градскиот пазар? Нема концепт, нема интегриран пристап, ниту какво било солидно односно одржливо решение на повидок. За поздравување е изградбата на т.н. претоварна станица во средината на јули годинава, преку која отпадот ќе се собира и ќе се транспортира на депонијата Дрисла, но се чини дека овој потег е само краткорочно ублажување на проблемот, а идеја за трајно решение не е на повидок. Вакви проблеми како во Струга и Тетово има речиси во секој град во земјата, но веројатно не толку драстични и можеби не толку третирани во пошироката јавност. Ќе си признаеме ли конечно како општество дека сите сме одговорни за неефикасноста во креирањето на политиките од областа на животната средина, а уште повеќе за неефикасноста во нивната имплементација? Или пак, веројaтно најлесно ни е ѓубрето да го криеме под тепих? Во однос на легислативата за отпад и управување со отпад, во Македонија на сила е Законот за управување со отпад (Службен весник на Република Македонија бр. 68/2004, 107/2007, 102/2008 и 143/2008), понатаму, изработена е Стратегија за управување со отпад на Република Македонија 2008-2020, а за оваа тема од особено значење е Правилникот за условите кои треба да ги исполнуваат депониите (Службен весник на Република Македонија бр. 78 од 22.6.2009 година). Планови, проекти, студии, работилници за зајакнување на институционални капацитети за управување на отпадот итн. Но, за жал сериозно се доцни со реализацијата на проектите кои се однесуваат на изградба на регионални депонии со одржлив систем на управување со отпад, како и затворање на постоечките депонии кои (освен Дрисла) не ги исполнуваат условите од претходно наведениот Правилник. На слика 1 е прикажано како треба да изгледа еден интегриран систем за управување со отпад во согласност со најдобрите практики на ЕУ.
Депонија во Тетово
Слика 1: Интегриран систем за управување со отпад во согласност со најдобрите практики на ЕУ Ваквиот интегриран систем посветува огромно внимание на механичко-биолошки третман и сортирање и рециклирање на материјалите, додека само еден дел на крајот се одлага на депонијата. Третманот на отпадот на овој начин овозможува производство на биогас како и употреба на комуналниот отпад како гориво за генерирање на топлинска и електрична енергија и сл. Овој процес накратко е прикажан на слика 2. 25 aвгуст 2017
ПОРТА
45
екологија
Слика 2: Основни принципи на шемата за управување со комунален отпад Што се однесува до структурата на отпадот кој на годишно ниво се генерира во целата земја, комуналниот отпад зафаќа само еден дел. Отпадот од индустријата, рударството, земјоделството, градежништвото овозможува многу голем потенцијал за повторно искористување преку рециклирање. Рециклирањето е посебна индустрија во развиениот свет и многу вносен бизнис. Структурата на отпадот во Македонија во 2008 година е прикажана на слика 3.
Слика 3: Учество на различните категории отпад во Македонија во 2008 година Согласно со европското законодавство, современиот пристап на проблемот на отпад (начело на хиерархија) подразбира систем на 46
ПОРТА
25 aвгуст 2017
управување, кој се состои од намалување (избегнување, минимизирање), искористување (рециклажа), повторна употреба, обработка и отстранување на отпадот на начин безбеден за околината. Системот на управување на отпадот, исто така подразбира одржлив развој, претпазливост, начело на близина и регионален пристап на управувањето со отпад, одговорност на создавателот на отпад, односно секој да се однесува етички, но и материјално да одговара за отпадот кој го произведува (принцип: „загадувачот плаќа“). Всушност, еден од главните предизвици на Република Македонија е токму квалитетно и одржливо управување со цврст комунален отпад, за да се овозможи пристапување во ЕУ. Токму затоа меѓу приоритетите, треба да биде не само креирањето квалитетни стратегии и планови за управување со цврст комунален отпад, туку и да се овозможи нивно реално имплементирање во практика. Самото финансирање, пак, на проектите од овој домен, потребно е да се темели на добро менаџирани соодноси помеѓу инволвираните стани, без оглед дали станува збор за јавна, приватна, или јавно - приватна соработка. Законодавството за отпад на ЕУ, доживеа интензивен развој во последните триесет години и го третира отпадот како економска можност и како ресурс за индустријата. Во ЕУ, составена од дваесет и осум земји, само во секторот рециклажа функционираат 1,5 милион вработувања, без Бугарија и Романија, со вкупен промет од околу 100 милијарди евра. Врз основа на искуството на земјите од ЕУ, во Македонија е потребно да се направат итни активности со цел подобрување на состојбите. Имено, инвестициите во секој од регионите во врска со подобрување на постоечките услови за управување со цврст комунален отпад потребно е да опфатат: изградба на регионална санитарна депонија во согласност со Директивата за депонии; организација на процес на селекција на компонентите на комуналниот отпад таму каде што е можна преработка на посебните компоненти од отпадот; собирање и транспорт/трансфер на остатоците од измешаниот отпад; санација на дивите депонии. Република Македонија има пристап до претпристапната помош на ЕУ преку IPA и исполнува услови за добивање помош во рамките на сите пет компоненти од програмата. Фондовите за инвестиции во инфраструктурата за животна средина бараат значително кофинансирање (од околу 30 % од вкупната цена на чинење на проектот), кои треба да се обезбедат од различни извори – државниот буџет, кредити и сл. Но, за жал, веќе долги години се одвива неуспешна реализација на изградба на регионални депонии. Имено, со измените и дополнувањата на Законот за управување со отпад, од октомври 2012 година, опфатени се и надлежностите коишто ги преземаат општините при управувањето со комуналниот цврст отпад. Суштинските измени на Законот се однесуваат на воведување на регионално управување со отпад, односно на обврската на општините да формираат регионален центар за управување со отпад, поточно воспоставување на регионален систем за управување со отпад со акцент на формирање регионална депонија за отпад и/или други објекти и инсталации за постапување со отпад. Според експертите, на Североисточна Македонија најмногу ѝ е потребна изградба на регионална депонија која би требало да ги услужува граѓаните од општините Куманово, Крива Паланка, Старо Нагоричане, Кратово, Ранковце и Липково, и истата треба да биде лоцирана во близина на местото Доброшане. Но, иако изградбата на оваа регионална депонија е ветувана со години наназад, а Куманово влезе во проектот на ЕУ за изградба на
Дрисла
пет регионални санитарни депонии во земјава уште во 2006 година, досега изведбата на работите не е започната. Не само за депонијата во Североисточна Македонија, туку за ниту една од планираните пет регионални депонии. Југоисточниот Регион во 2012 година преговараше со австриската компанија АСА, но дијалогот пропадна поради разликите околу цената што требаше да ја плаќаат граѓаните за собирање на ѓубрето. Австријците побарале месечно домаќинствата од руралните подрачја да плаќаат по 300 денари, а од урбаните средини по 600 денари. Па така, денес овој регион постапката ја почнува од нула, односно врз база на регионалниот план за управување со отпад, бараат нов концесионер. Структурата на отпадот од овој регион е особено интересна бидејќи има голем процент на земјоделски отпад, односно околу 50 проценти од отпадот е биоразградлив. Но, во ниту една од 10-те општини нема целосна селекција на отпадот ниту компостери, а праксата покажува дека земјоделците неретко остатоците од зеленчук ги оставаат по патишта, канали или селски депонии. Што се однесува до изборот на локацијата за регионална депонија во овој регион, утврдено е тоа да биде во атарот на Добрашинци во Општина Василево. На ниво на Македонија, единствено Градот Скопје и Општина Прилеп имаат во план реализација на комплекси во кои нема само да се депонира, туку и ќе се преработува отпадот. Локалните власти од Прилеп ја добија неопходната опрема за селекција на отпадот уште во 2013 година, и истата е во функција. Но, во рамките на прилепската депонија Алинци треба да се гради фабрика за преработка на комунален биоразградлив отпад, и создавање на компост, за која веќе е потпишан договор за реализација. Пред два месеци во медиумите локалните власти презентираа дека проектот чини 60 милиони денари, и се очекува да се заврши до крајот на 2018 година. Додека овој проект е во фаза на изведба, депонијата „Дрисла“ за која во 2014 година, по повод 20-годишнината од постоењето, на големи ѕвона се најавуваше сериозна модернизација преку
италијанскиот партнер – конзорциумот „ФЦЛ Амбиенте“ и „Униеко“, досега не видовме ништо друго освен ветувањата.“ По повод споменатиот јубилеј во јавноста беше испратено следното известување: „Дрисла 2014 - Депонија само за складирање отпад од Скопскиот Регион. Дрисла 2018 - Една од најчистите, најбезбедните и најекономичните депонии во регионот, во која собраниот отпад се селектира, третира, максимално искористува и само мал дел се депонира.“ Како би требало да работи „Дрисла“, во која италијанскиот конзорциум има удел од 80 % а Градот 20 %, согласно физибилити студијата подготвена уште во 2011 година? Одговорот накратко е презентиран во следните 11 точки: 1. Запечатување на постоечкото тело на депонијата со капацитет: 2,7 милиони тони депониран отпад. Инвестиција 14.900.000 евра. Краен рок за изведба - не подоцна од крајот на 2016 година. Експлоатација на депониски гас од депонијата. 2. Изградба на ново тело на депонијата со капацитет од 14 секции со 5 милиони тони отпад. Инвестиција 12.000.000 евра. Краен рок за изведба - не подоцна од крајот на 2016 година. 3. Изградба на систем за црпење и согорување на депониски гас. Капацитет: 70 бунари. Инвестиција 1.500.000 евра. Краен рок за изведба - не подоцна од крајот на 2017 година. Во телото на депонијата ќе се вгради систем за црпење на депонискиот гас, во најголем дел метан кој ќе се транспортира до електраната со инсталиран капацитет од 2 MW електрична енергија (со повластена тарифа) и околу 2 MW топлинска енергија. 4. Изградба на фабрика за прочистување на отпадни води. Инвестиција 2.650.000 евра. Краен рок за изведба - не подоцна од крајот на 2017 година. 5. Фабрика за селекција на отпад и создавање на алтернативно гориво со капацитет од 250.000 тони годишно. Инвестиција 21.400.000 евра. Краен рок за изградба - не подоцна од крајот на 2017 година.
25 aвгуст 2017
ПОРТА
47
Малме, Шведска 6. Постројка за третман на инертен (градежен) отпад со капацитет од 90.000 тони годишно. Инвестиција 1.800.000 евра. Краен рок за изградба - не подоцна од септември 2018 година. 7. Постројка за третман на опасен и неопасен индустриски отпад со капацитет од 150.000 тони годишно. Инвестиција 7.900.000 евра. Краен рок за изградба - не подоцна од септември 2018 година. 8. Постројка за третман на медицински отпад со капацитет од 1.600 тони годишно. Инвестиција 3.000.000 евра. Краен рок за изградба не подоцна од крајот на 2015. Новиот инсенератор е планирано да има значително поголем капацитет од постоечката печка за спалување на медицински отпад. Во него на температура од 1650 степени Целзиусови, покрај медицински отпад ќе се согоруваат опасни масла и пакувања од пестициди и хербициди. Од процесот на согорување ќе се добиваат 500 КWh електрична и топлинска енергија. 9. Автоматизирана перална за комунални возила со капацитет од 800 Постројки за третирање на отпад во Љубљана
48
ПОРТА
25 aвгуст 2017
возила дневно. Инвестиција 200.000 евра. Краен рок за изградба не подоцна од крајот на 2016. 10. Постројка за третирање на отпад од зеленило, шуми и слична биомаса со капацитет: 20.000 тони годишно. Инвестиција: 1.000.000 евра. Краен рок на изградба - не подоцна од крајот на 2018. Во оваа постројка отпадот од зеленило, шуми и слична биомаса ќе се компостира дел со аеробна, а дел со анаеробна технологија. Краен производ на процесот ќе биде природно ѓубриво. 11. Механизација, опрема и нови работни и административни згради во вредност од околу 6.500.000 евра. Краен рок за набавка и изградба - не подоцна од крајот на 2016 година. Според тоа, со крајот на 2018 год. вкупната инвестиција во „Дрисла“ на италијанскиот конзорциум предводен од „ФЦЛ Амбиенте“ е планирано да изнесува 73 милиони евра. Убави планови, но за жал со пробиени рокови по речиси сите точки. Генерално, изградбата на секоја од предвидените регионални депонии ќе се соочува со сериозни проблеми не само од институционална и финансиска природа, туку веќе станува извесно дека отпорот од страна на локалното население и локалната власт ќе биде сериозна пречка. За жал, токму поради фактот што во овој вид инфраструктурни проекти се гледа само проблем, а не и можност за сериозен локален економски развој, за нивната реализација ќе треба уште да чекаме, а дотогаш ќе се воодушевуваме од одржливите практики на другите земји и нивните модерни постројки за енергија од отпадот. Не мора да одиме подалеку од регионот за да се увериме во успешноста на овие проекти. Како пример може да ја земеме Љубљана, каде постои една од најмодерните постројки за третирање на отпад и генерирање енергија од отпад во Европа, според најсовремените еколошки стандарди. Одржливо и профитабилно решение. Но, додека во Европа отпадот веќе од поодамна е сериозен ресурс, кај нас и натаму останува само олицетворение на нашата негрижа (индивидуална, колективна и институционална) и најпластичен визуелен приказ на детериорацијата на нашата еколошка свест.
Дa му дадеме Д е наа светот малкку бојаа www.zorkacolor.com ПОРТА
најчудни градби
Музејот на Лукас
за наративни уметности
Н Драган РИСТОВ
еговото име е синоним за успешни научнофантастични филмови. Но, иако Џорџ Лукас, креаторот на „Војна на ѕвездите“, на единствениот негативец во светот на филмот Дарт Вејдер или џедајот Скајвокер и принцезата Леа се повлече од светот на филмот, тој сѐ уште не е истрошен лик кој треба да се испрати во пензија.Тој сѐ уште го живее својот сон и сѐ уште има што да му подари на светот како оставина на неговиот минат филмски труд. Тој проект кој веќе е во фаза на реализација се вика „Музејот на Лукас за наративни уметности“ и истиот ќе се состои од сите историски предмети кои биле дел од светот на креирање на „Војна на ѕвездите“, а ќе се наоѓа во Лос Анџелес. Лукас првично објави дека музејот ќе биде изграден во Сан Франциско, но набргу се предомисли па целиот проект предвиди да
50
ПОРТА
25 aвгуст 2017
Режисерот Џорџ Лукас се зафати со градежништво, гради уникатен музеј вреден над 1.5 милијарди долари го гради во убав дел на Чикаго со опција за музејска испостава и во Лос Анџелес. Четири години преговараше со градските власти на Сан Франциско за на крајот сепак да се префрли во Чикаго.Но, развојот на околностите не му беше во полза. Музејот беше
предвидено да се гради на локацијата „Криси филд“ и истиот беше проценет на вредност од една милијарда долари! Во договор со властите на Чикаго на чело со
градоначалникот Рам Емануел, донесена е одлука да му се додели локација покрај езерото Мичиген што целата област на Чикаго ќе ја претвори во атрактивна зона. Градските власти биле толку расположени за проектот што целото земјиште му го изнајмиле за само 1 долар годишно! Но, не одело сѐ како подмачкано, па главниот весник „Чикаго трибјун“ се побунил на големината на објектот за градба сметајќи дека тој повеќе внимание му придава на Лукас отколку на музејот поради што морало да се намалат пропорциите на објектите. Друга важна страна поради која се критикувал проектот е еколошката, бидејќи постоел став дека големината на проектот ќе го уништи крајбрежјето на езерото. По неколку години натегање во кои случајот стигнал и пред тамошните судови, објектите пропорционално се намалени со цел секому да му се удоволи. Архитектите од студиото МАД предводени од Ма Јансонг беа задолжени за изготвување на дизајнот за објектот во Чикаго додека студиото ВОА се ангажирани за објектите од музејот во Лос Анџелес. Студиото „Ганг архитектс“ беше задолжено за изготвување на проектот за околината на музејот. Но, и тука архитектите се соочиле со проблеми кога новинарите на „Чикаго трибјун“ пак нашле забелешки на висината на објектот. Во септември 2015, на 25 aвгуст 2017
ПОРТА
51
Лукас му дошло преку глава по што одлучил целиот проект да го пресели во Лос Анџелес каде градските власти се полиберални и добро знаат дека ваков музеј ќе донесе многу посетители, многу профит за сопственикот, а со самото тоа и данок за градот. Затоа на 10 јануари годинава, Лукас почнал со преговори со властите на Лос Анџелес за изградба на музејот кој е вреден над една милијарда долари. Музејот ќе се гради на локација близу Универзитетот на Јужна Калифорнија и според проценките ќе генерира заработка за Лос Анџелес во форма на даноци во висина од 43 милиони долари, како и креирање на илјадници работни места и урбанизирање на цела една зона која ќе стане градска одлика. Како што кажал и самиот Лукас, овој музеј ќе гради урбани митови и приказни кои ќе го дефинираат интересот за посета на музејот.
52
ПОРТА
25 aвгуст 2017
Од градежен аспект, музејот на Лукас ќе се состои од овален објект со пет ката на површина од околу 300.000 м2 и ќе има голема градина и јавен парк. Музејот ќе вклучува и театри, кино сали, предавални и образовни зони, јавна библиотека за истражување и комерцијални објекти од типот на ресторани, кафулиња и продавница за подароци од култните филмови. Градот со задоволство три раце бидејќи најновата вредност на проектот е 1.5 милијарди долари и дека конечно е дом на еден од клучните инвестиции на Лукас за кој бил во потрага цели 8 години. Според последните проценки, освен отворањето на постојани работни места, за време на конструкцијата ќе бидат ангажирани над 6000 градежни работници. Според претседателот на Советот на градот, Карен Прајс, музејот на наративна уметност на Лукас е најдобриот приватен подарок што Лос Анџелес некогаш го добил.
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
хортикултура
ПРИМЕНА НА ГАБИОНИТЕ ВО ПАРТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ
Декоративни ефекти во
градините Во денешно време примената на ваквите системи е сè поголема во партерното уредување на јавните и приватните објекти. Покрај основната функција, тие многу често се среќаваат изработени со далеку помали димензии од оние кои имаат практична примена, пред сè за постигнување на одредени ефекти во градината. 54
ПОРТА
25 aвгуст 2017
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум. инж.
З
(БИРО ПРОЕКТ, ДООЕЛ Скопје)
борот „габиони“ потекнуваа од стар италијански збор Gabbione што значи „голем кафез“. Габионите се модули со правоаголна форма во различни големини, а може да се исполнат со каков било вид неоргански материјали: камен, тула или бетонски остатоци при изработка на габиони за стабилизирање на земјиштето, како и со органски материјали во случај да сакаме да постигнеме
естетски ефект. Кафезите се во правоаголна форма, изработени од поцинкуван не’рѓосувачки челик, обложен со поцинкувана исполна. Во зависност од ефектот што треба да се постигне се одредува и големината на отворот од исполната. Габионите имаат практичната употреба поради нивната лесна монтажа, а придобивките од нив се големи како што стабилизирање на почвата покрај патишта, водотеци, зајакнување на насипи, спречување на ерозија, непречено дренирање на земјиштето и сл. Габионските ѕидови се многу издржливи и отпорни на атмосферски влијанија, не
ПОРТА
бараат многу средства за одржување, но потребно е да се обезбеди одвод за дренажа. При употреба на габионите, исполната со камења се врши на лице место. При исполна со камења треба да се внимава големината на камењата да не е помала од отворите на жицата. Габионите се користеле многу одамна уште пред 7.000 години кога наоѓале примена при заштита на бреговите на реката Нил. Подоцна нашле примена и за поставување воени тврдини. Во денешно време примената на ваквите системи е сè поголема во партерното уредување на јавните и приватните објекти. Покрај основната функција, денес многу често се среќаваат изработени со далеку помали димензии од оние кои имаат практична примена, пред сè за постигнување на одредени декоративни ефекти во градината. Така на пример сè почесто се употребуваат за изработка на огради, каде ширината на кошницата може да биде и 20 см, а функцијата е само да се направи параван кон надворешниот свет. Исполната во тој случај може да биде од еден или повеќе типови камења во различни бои со што се постигнува многу естетски ефект. Исто така како исполна може да се користат и необработено дрво и друг органски материјал. Многу силен ефект се постигнува кога оградите се изработуваат од габиони во комбинација со дрвени прегради. Освен како огради може да се среќаваат и како дел од градинарски мебел, преградни ѕидови во градините за одделување на одредени делови, скари, огништа, жардиниери. Креативноста
56
ПОРТА
25 aвгуст 2017
на дизајнерите е отидена до тој степен што габионите покрај стандардната форма почнуваат да се изработуваат по мерка во различни форми. При изработка на жардиниери многу важно е одвнатре странично да биде поставен водонепропустен материјал за да не дојде до мешање и валкање на камењата со земјата, додека дното да остане пропустно за дренажа на вишокот вода.
ПОРТА
МАЛТА 08.09 - 11.09 авионски аранжман
350 € MAРОКО 03.10.2017 авионски аранжман
650 € +389 2 32 32 234
ЏАМИЈАТА HASSAN II ВО КАЗАБЛАНКА
Највисокото минаре во светот со француски потпис
58
ПОРТА
25 aвгуст 2017
репортажа Благодарение на филмот „Казабланка“ истоимениот град станува еден од главните туристички адути на Мароко. Сепак, од пред дваесетина години, градот станува уште поатрактивна дестинација поради една монументална градба која доминира во панорамата на градот. Џамијата Hassan II, една од најголемите и најубави џамии во глобални рамки.
Даниела МЛАДЕНОВСКА
К
азабланка - еден од бисерите на Медитеранот, стекна светска популарност преку истоимениот култен филм снимен во 1942 година. Продуцентите веројатно не ни помислувале дека обидувајќи се да прикажат љубовна приказна во вртлогот на борбата против нацизмот, ќе создат ненадминлива филмска класика. Меѓу другото, благодарение и на филмот, чија реплика „Свири го тоа повторно Сем“ и денес е општо позната, Казабланка станува еден од главните туристички адути на Мароко. Пристанишниот град има одлични конекции со остатокот од Африка, километарски долги јавни плажи, но го има и најголемиот трговски центар на континентот. Сепак, од пред дваесетина години, Казабланка станува уште поатрактивна дестинација поради една монументална градба која доминира во панорамата на градот. Станува збор на џамијата Hassan II, една од најголемите и најубави џамии во глобални рамки која има највисоко минаре во светот. Издигнувајќи се над океанот, изградбата на храмот ја иницирал кралот Hassan II на 9 јули 1980 година (роденденот на кралот) како своевидна негова задужбина, а комплетно била завршена во 1993 прокнижувајќи огромни трошоци и ресурси во материјали и број на работници (35.000 работници, 50 милијарди работни часови). Проектот е дело
ПОРТА
на францускиот архитект Michel Pinseau (1926-1999), кој дипломирал на престижната Ecole Nationale Superieure des Beaux Arts во 1956 година и имал среќа да твори во периодот на т.н. „30 златни години“ кога во Париз имало огромна потреба од деловен и резиденцијален простор. Неговото познанство со мароканскиот крал кој дошол во седиштето на УНЕСКО да бара финансии за ревитализација на старите заштитени градби првенствено во Фес, драматично ќе ја смени неговата кариера. Оди во Мароко како кралски архитект, соочувајќи се со три предизвици односно проблеми. Прво, тој имал задача да работи на заштита на историските објекти во Фес, вклучувајќи ја тука и најстарата медина во Африка и водниот часовник од 14-тиот век, второ - старото јадро на Фес било во опасност од брзорастечката популација, па морало да се изгради нов резиденцијален дел на градот на нова локација, и трето и можеби најпроблематично - големите амбиции на кралот да остави свој белег во архитектурата на земјата. Кралот сакал да покаже престиж и моќ пред светот со изградба на нови објекти, а бил добро запознаен со потезите на француските претседатели Pompidou и Giscard d'Estaing кои на сличен начин си обезбедиле место во историјата. Како кралски архитект, Pinseau изработил урбанистички планови за квартови 60
ПОРТА
25 aвгуст 2017
кој на земјата гради храм во чест на Алах, Алах ќе му изгради дом во рајот“. Речиси сите материјали вградени во објектот се од Мароко, со исклучок на увезениот бел гранит и мурано стакло од Венеција. Мермерот е од Агадир а дрвото од кедар е обезбедено од планината Атлас. Преку 6.000 мајстори занаетчии и уметници од Мароко биле ангажирани во обликувањето на овие материјали со декорации (мозаици, резби во камен и дрво и сл.) кои ја обвиткуваат целата структура на објектот. Кога крајниот рок за изградба бил пробиен, околу 1.000 од овие
во Фес, Казабланка и Маракеш, а проектирал и кралска резиденција во Агадир. Во 1992 година тој е автор на Мароканскиот павилјон на Светската изложба во Севилја. Сепак, неговото најпознато дело е токму џамијата Hassan II денес позната како едно од модерните чуда на исламскиот свет. Изградбата започнала во јули 1986 година и планирано било да се заврши во 1989 во чест на 60-тиот роденден на кралот, но изградбата се оддолжила до август 1993 година. Се проценува дека изградбата чинела 800 милиони американски долари, а финансирањето во значителен дел било обезбедено од донации од самите верници. Кралот сметал дека сите Мароканци треба да учествуваат во финансирање на изградбата, водејќи се од изреката на пророкот: „За оној
искусни мајстори работеле и ноќна смена. Грандиозниот објект и опкружувањето имаат навистина спектакуларни димензии. Зафаќаат површина од 12 хектари, при што внатрешноста на џамијата може да прими до 25.000 верници, а заедно со опкружувањето (дворот) таа бројка достигнува до 80.000 луѓе. Целата базилика Свети Петар во Рим може да биде сместена во внатрешноста на овој храм. Непосредно до џамијата се издигнува минарето со височина од 210 метри - највисокото минаре на светот, а воедно и највисок објект во Мароко. Во текот на ноќта, сноп светлина од ласер се
пробива низ небото 35 километри и е насочен кон Мека. Сепак, една од најзначајните особености на џамијата е нејзината спектакуларна локација, која во најголем дел се издигнува над самиот Атлански Океан. Токму затоа, импресивна е изведбата на еден дел од подот на џамијата изработен од стакло низ кое се заплискуваат водите на океанот. Изборот на локацијата е исто така во контекст на Светата книга на пророкот: „Престолот на Алах е на вода“. Долу е океанот, а над подвижниот покрив (кој се отвора во посебни прилики) чистото небо. Уште поважен е фактот дека објектот е граден со исклучително внимание во однос на сеизмиката и е извонредно отпорен на земјотреси, предодреден да му одолее на времето. Има подно греење и два амами, но и бројни технолошки достигнувања во однос на управувањето со енергијата во објектот. Џамијата има посебен дел изрезбан во темно дрво, наменет за религиозни обреди на жените вернички. Посебен куриозитет е фактот што оваа џамија е единствената во светот каде посетите од немуслимани се дозволени секој ден и во секое време од денот. На тој начин, се покажува дека исламот е флексибилна и универзална религија, која е способна да ги прифати различностите, а Мароко се промовира како дом на духовноста и гостопримливоста. Со изградбата на џамијата, Hassan II сакал да ја демонстрира својата моќ и да ја реафирмира својата посветеност на исламот. Но, колосалните димензии на објектот како и огромните трошоци предизвикале полемики и осуда во јавноста,
а во тоа особено бил гласен Abderrahmane Youssoufi, социјалист кој станал премиер на Мароко во 1998. Во настојувањето самиот да се оправда, да го смири револтот на новата влада, и да префрли дел од вината кај својот архитект, кралот го отпушта Pinseau. Неговото враќање дома било тешко и тажно. Умира во Париз во 1999 година. И на крајот на оваа приказна, ќе се навратиме повторно на нејзиниот вовед, со следниот заклучок: можеби Казабланка се прослави со истоимениот филм, но денес џамијата Hassan II е вистинската ѕвезда на овој град. 25 aвгуст 2017
ПОРТА
61
Нови скопски сокаци
ПОРТА
фото Киро ПОПОВ
И ова е Скопје...
ПОРТА