ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
261
OKTOМВРИ 2017
Човекот како хазард Рекапитулар на вистините и сомнежите Поетиката на едноставноста како неминливост
90 ДЕНАРИ
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
Geon Office Furniture МОДЕРЕН И МАГИЧЕН ДОПИР за вашите канцеларии
Бул. Партизански одреди бр.102‐2/лок.3 Скопје Кaрпош Тел: 071208150 ; 075/308640
ГОДИНА XII
БРОЈ 261 ПЕТОК 27.10.2017 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нашиот долгогодишен соработник Ненад Тониќ наскоро заминува од Македонија. Во својот последен текст, кој ќе го објавиме во две продолженија, тој прави своевиден рекапитулар на вистините и сомнежите врз основа на искуството како вработен во Градот Скопје. Според него, политиката која го овозможи системскиот инстинкт секоја набабрена институција крваво да се бори за правото на своите вработени на бесплатно и неограничено паркирање, а секој „покрупен“ инвеститор телефонски да нарачува прилагодување на урбанистичко-градежната регулатива според сопствената финансиска алчност, поседува органска инфекција која тешко може поинаку да се манифестира. Неодамна во Охрид се одржа 17 Симпозиум на ДГКМ. На него беа презентирани многу интересни и квалитетни теми. Во овој број ви го пренесуваме прилагоденото за печат излагање на професорот Горан Марковски, на темата Човекот како хазард. Инженерот е и социјално битие кое битисува и делува во своето микро и макро опкружување опирајќи се или приклонувајќи се кон одредени општествени тенденции. Оттаму менаџирањето со природните хазарди подразбира квалитетно осмислен и координиран мултидисциплинарен
пристап кој може да биде реализиран само во едно добро организирано, сериозно, здраво општество. Општество со јасно вградена самосвест во својот генетски код. Општество без импровизации, со цврсто изграден систем кој без исклучок ќе обезбедува услови за реализација на квалитетни објекти. Впрочем и затоа, не може да се очекува точен автопат во промашено општество. Точно 52 години по основањето на Музејот на современа уметност во Белград и 10 години по неговото затворање заради реконструкција, еден од најважните чувари на културата во Србија и пошироко повторно ги отвори своите врати за посетителите. Музејот е отворен на 20 октомври во 1965 година, а колекцијата на музејот се формира уште од 1958 година, од времето на основањето на Модерната галерија, со цел што подобро да се претстават најважните уметници, движења и тенденции на современата уметност во 20 век на Балканот, Србија и пошироко. Денес, колекцијата на музејот се состои од повеќе од 8.000 дела и претставува единствен поглед на развојот на уметноста на 20 и 21 век во споменатите региони. Зградата на МСУ е дело на архитектите Иван Антиќ и Иванка Распоповиќ.
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница ДВОЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ БЕЛГРАД, СРБИЈА
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Поетиката на едноставноста како неминливост
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА
AРХИТЕКТ ГОРАН ВОЈВОДИЌ, МИЛЕНА КАТИЌ
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
ИНФО 10
24
ГРАДЕЖНИШТВО 12 ЧОВЕКОТ КАКО ХАЗАРД
ПОЕТИКАТА НА ЕДНОСТАВНОСТА КАКО НЕМИНЛИВОСТ
АРХИТЕКТУРА 24 30
РЕНЦО ПИЈАНО - ТВОРЕЦ НА СИМБОЛИ НА МОДЕРНАТА И ПОСТМОДЕРНАТА АРХИТЕКТУРА
56
СЕИЗМОЛОГИЈА 36
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 48
УМЕТНОСТ 58 МСУ ВО БЕЛГРАД РЕНОВИРАН СПОРЕД СВЕТСКИТЕ МУЗЕОЛОШКИ СТАНДАРДИ
Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ЗЕМЈОТРЕС ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ ОД ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - НАЈСИЛЕН ВО ЕПИЦЕНТРАЛНОТО ПОДРАЧЈЕ
ГРАДЕЖНИОТ ОТПАД КАКО ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
АРХИТЕКТУРА 18
ЕКОЛОГИЈА 52
Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
90 ДЕНАРИ
НАЈОДРЖЛИВА ЗГРАДА ВО СВЕТОТ
ГРЕШКИТЕ СО ПРОЗОРЦИТЕ СЕ КЛУЧНИ ЗА УДОБНОСТА, ЗДРАВЈЕТО И ТРОШОЦИТЕ
261 OKTOМВРИ 2017
Човекот како хазард Рекапитулар на вистините и сомнежите
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Филип ФИЛИПОСКИ
44
58
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.07.2017 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
17 МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ НА ДГКМ - ПРИРОДНИ КАТАСТРОФИ И КОНСТРУКЦИИ
Предизвик за градежните конструктори Конструкцијата не треба да се поврзува само со нејзината цена или со очекуваните загуби на материјалните добра. Посебен аспект за конструкторите треба да биде нивото на заштита на луѓето, без оглед на веројатноста за појава на факторите кои ги предизвикуваат катастрофите.
Н
а почетокот на месецов Охрид беше домаќин на 17 Меѓународен симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Темата на симпозиумот беше „Природни катастрофи и конструкции“. Симпозиумот го поздрави и го отвори министерот за транспорт и врски Горан Сугарески. Симпозиумот беше посветен на тема која
6
ПОРТА
27 oктомври 2017
отсекогаш била предизвик за градежните конструктори, а тоа е влијанието на природните катастрофи врз конструкциите. Природните катастрофи, како: земјотреси, цунами, лизгање на земјиште, поплави, суши, вулкански ерупции и сл. се предизвикани од природни сили. Предизвиканите катастрофи, како: истурање на опасен материјал, експлозии, пожари и сл. се резултат на човечки активности. Тенденциите на градежните конструктори, во случај на природни
катастрофи, се да се минимизираат ефектите, а во случај на предизвикани катастрофи, со внимателно планирање и превенција, да се избегне можноста од нивно случување. За жал природните и предизвиканите катастрофи се тесно поврзани и испреплетени и најчесто една катастрофа е следена од друга, но тука е улогата на градежните конструктори да ги дефинираат можните сценарија и да преземат соодветни мерки за да ја обезбедат сигурноста на објектите.
На отворањето на симпозиумот, Мери Цветковска, претседател на ДГКМ истакна дека: „посебна карактеристика на природните и предизвиканите катастрофи е тоа што тие практично не можат да се избегнат, зашто природните катастрофи се карактеризираат со моќ и неконтролираност. Типично за настаните предизвикани од човекот е тоа што тие произлегуваат од брзиот развој на модерните технологии и производството, чие управување содржи слаба алка, односно човек е способен да направи нешта со трагични последици, како што беше Чернобил“. Оттука, според Цветковска, „нашата намера е да ги предвидиме можните катастрофи, да ги локализираме и да ги ублажиме можните последици. Пред проектирање на секоја конструкција треба да претходи анализа на сите можни видови природни или човечки катастрофи во однос на веројатноста за настанување, можноста за иницирање на некои секундарни катастрофи, можноста за локализација, превентивните мерки кои не се поврзани со методите на проектирање, и конечно, штетите во случај на настанување“. Цветковска нагласи дека: „предвидувањето на видот, времето и големината на очекуваната катастрофа, дури и ако е можно, може да биде базирано само на веројатност. Нивото на развој на многу проблеми во врска со разбирањето на потеклото на природните катастрофи, па оттаму и на нивото на ефикасност во предвидувањето на времето, условите и карактерот на настанот, како и развојот на мерките за превенција и ублажување на загубите, е следено и од потребите на националната економија“. Затоа, рече Цветковска, „земајќи ја предвид безбедноста од аспект на животите и здравјето на луѓето, конструкцијата не треба да ја поврзуваме само со нејзината цена или со очекуваните загуби на материјалните добра. Оттука, посебен аспект за нас треба да биде нивото на заштита за луѓето, без оглед на веројатноста за појава на факторите кои ги предизвикуваат катастрофите, како: функцијата и големината на разгледуваниот објект, карактерот на производство, итн.“ Целта на 17 Меѓународен симпозиум, на кој присуствуваа над 250 стручни лица од земјата и странство, беше токму тоа, градежните конструктори да дискутираат за можностите за предвидување, превентива и намалување на негативните ефекти од природните и предизвиканите катастрофи. Презентирани беа 112 научни и стручни 27 oктомври 2017
ПОРТА
7
Признанија
Традиционално, на симпозиумот беа доделени признанија на ДГКМ за најдобри остварувања во областа на градежното конструкторство во 2015 и 2016 година, во три категории: теориско и/или експериментално истражување на конструкции, проектирање на конструкции и градење на конструкции. Добитници на наградите се: Јулијана Бојаџиева за „Анализа на динамичко однесување на водозаситени некохерентни почви врз основа на елемент и 1-г експерименти“. Стевчо Митовски за „Моделирање на конструктивните фуги кај брана „Св. Петка“. Денис Поповски за „Експериментално и теориско истражување на ефектите од спрегањето на челикот и бетонот кај континуирани носачи од меѓукатни конструкции“. Радмила Шалиќ за „Современ пристап за определување на сеизмичкиот хазард во Република Македонија“. Марта Стојмановска за „Експериментално и аналитичко истражување на динамичкиот одговор на дрвени конструкции составени од вкрстено ламелирани дрвени панели“. Марија Витанова за „Оценка на сеизмичката повредливост на типични армиранобетонски мостовски конструкции со повеќе распони во Република Македонија“. Денис Поповски, Миле Партиков, Владимир Дамјановски и Петар Цветановски за „Основни проекти за објекти на комплексот на индустриските капацитети на Техникал текстил во ТИРЗ Штип“. Никола Стојчевски, Мирко Малински, Андреа Серафимовски и Виктор Митевски за „Изведба на објект Државен архив на Република Македонија, Уставен суд на Република Македонија и Археолошки музеј“ – Скопје“. Соња Черепналковска за „Клучни индикатори за ризик и за перформанси за намалување на ризикот при испитување на јакост на притисок на бетонот“. Горан Јекиќ за „Детектирање на оштетувања на конструкции од високоградбата преку експериментална идентификација на еден сет модални параметри“. Зоран Милутиновиќ и Радмила Шалиќ за „Регионални хармонизирани карти на сеизмички хазард“. Емил Кочовски, Елена Поповска, Љупче Колев и Денис Поповски за „Погон за производство на елементи за модуларно домување“. Томе Тромбев, Љубиша Чаушевски, Златко Самарџиоски и Тони Јовановски за „Изработка и монтажа со лансирање на челичната конструкција на три спрегнати мостови во рамките на хидротехничкиот проект devol hydro power, Република Албанија“. 8
ПОРТА
27 oктомври 2017
трудови од истакнати поединци од 12 земји и три континенти, и тоа: Канада, Кина, Данска, Германија, Италија, Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Грција, Бугарија и Македонија. Своето искуство во процена на ризикот, посебно при сеизмички влијанија, пожар, ветер и екстремни климатски влијанија, го презентираа повикани предавачи од Канада, НР Кина, Данска, Италија, Србија и Македонија. Во рамките на симпозиумот се одржаа и две тркалезни маси. Првата тркалезна маса беше посветена на Законот за градење и потребите од негови измени и дополнувања, додека втората тркалезна маса беше посветена на имплементацијата на Регулативата за градежни производи CPR 305/2011. Симпозиумот беше поддржан од генералните спонзори АД БЕТОН и АД ГРАНИТ, како и од голем број градежни компании кои имаа можност да ги презентираат своите производи и активности. Редакција на„Порта3“
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
инфо
Најодржлива зграда во светот
Драган РИСТОВ овата централа на Blumberg во Лондон е така изведена, да и вработените имаат што да напишат на тема работни места. Имено, овој објект во кој работат новинари, финансиски аналитичари и банкарски експерти, изведен е по проектот на реномираното архитектонско биро Foster + Partners и има намалена потрошувачка на вода за 73 %, а електрична енергија за 35 % во однос на потрошувачката на стандардни деловни згради. Иновативните технологии кои помагаат на одржливоста на објектот, видно се интегрирани и во самата конструкција на објектот, вклучувајќи и интересни повеќенаменски плафонски панели, како и бронзени брисолеи на фасадата. Веројатно најинтересниот систем во објектот се 4.000 интегрирани плафонски панели со комбинирана функција на греење, ладење, осветлување и звук. Во плафонските панели вградени се пола милион LED светилки кои користат 40 % помалку енергија од класичното неонско светло, кое е вообичаено во деловни простори.
Н
10
ПОРТА
27 oктомври 2017
Ништо помалку интересна не е и фасадата, која е изведена од 117 масивни бронзени брисолеи кои се поместуваат во зависност од положбата на Сонцето со што се овозможува природна вентилација на објектот, а воедно и создаваат ладовина во внатрешноста. За време на шестгодишното градење на
објектот се постигнало нивото на рециклирање на отпад да биде 95 %. Практично, речиси на целиот отпад му е најдена нова примена. Комбинираната топлотна и електрична централа генерира топлина и електрична енергија низ еден систем со што заштедата на
годишно ниво е помеѓу 500 и 700 тони јаглерод диоксид. Дека ништо не е оставено на случајноста, говори и податокот за вградени системи за собирање на дождовница и за собирање на отпадни води од тоалетите, кои се прочистуваат и се враќаат во системот како техничка вода. Во внатрешниот простор се протегаат големи, вертикални градини, кои го оплеменуваат просторот, но и го прават воздухот во внатрешноста пријатен. Покривот прекриен со соларни панели, исто така, придонесува на позитивните енергетски биланси на оваа импресивна зграда. Новата зграда на Blumberg во Лондон е само една од 34 објекти на овој медиско финансиски гигант ширум светот со престижни LEED и BREEAM сертификати.
27 oктомври 2017
ПОРТА
11
градежништво
ЧОВЕКОТ КАКО ХАЗАРД Ние, за среќа, немаме нуклеарка, но затоа пак, за жал, имаме т.н. ,,цунами урбанизам“ кој безмилосно ги урива сите архитектонски, инженерски, социолошки, хумани па ако сакате и природни нормативи, овозможувајќи реализација на ризични градби на уште поризични локации. Урбанизам кој од моќна, сериозна и одговорна дејност, која во себе треба, пред сѐ, да содржи визија, се претвори во сурова шпекулативно-административна процедура.
проф.д-р Горан МАРКОВСКИ
Б
ууум! Рускиот рулет со природата завршува фатално. Сѐ почесто. Впрочем, како и секое поигрување со среќата. Краткорочно или долгорочно.
Сеедно. Паника! Кај оние кои преживеале. А сèуште исполнети со (само)убиствени страсти. Притоа свесни за кабаетот. За ризикот кој го зголемуваат со ненаситното грабање на сето она што овозможува нормална животна рамнотежа. Чувствуваат дека адреналинската ротација на буренцето сѐ почесто ќе завршува токму во таа позиција. Чувствуваат, но не сопираат. Вистински ко(ш)мар. Природата почна да го возвраќа ударот. 12
ПОРТА
27 oктомври 2017
Сведоци сме на сѐ поразорни природни дејства со сѐ покатастрофални последици. Многу подрачја во светот се погодени од низа разновидни природни екстремни дејства со помали, но и со страотни последици. Ниту Македонија не останува поштедена. Само во една година ни се случија поплави во Скопско и Тетовско, предупредувачки земјотрес во Скопје, екстремно ниски температури, низа пожари, серија земјотреси во Охридско, Пехчевско... Природата како да сака да нè опомене дека несреќите не им се случуваат само на другите. ХАЗАРД – ЧОВЕК - КАТАСТРОФА Природните непогоди (земјотресите, цунами брановите, поплавите, силните ветрови, вулканските ерупции, лавините,
свлечиштата, пожарите како специфична категорија и сл.) отсекогаш претставувале и ќе претставуваат сериозен ризик фактор (хазард) по носивоста, употребливоста, трајноста и одржливоста на конструкциите, а со тоа и сериозна потенцијална опасност за загуба на голем број човечки животи и причина за огромни материјални штети. Тригер механизмот за појавата на некои од нив лежи исклучиво во природните процеси врз кои човекот не може да влијае, додека во појавата на другите, тој може да биде сериозен соучесник во своевидно непријателско здружување со природата. Но затоа пак токму тој, човекот, наоѓајќи се во просторот помеѓу хазардот и катастрофата, има ексклузивна можност, но и одговорност за делување во насока на целосно или делумно елиминирање на
катастрофалните последици. Се разбира тука, улогата на градежните инженери и на инженерите воопшто, како и на сите останати непосредни и посредни учесници во процесот на градење, е суштествена. Зародишот на делувањето треба да биде во процесот на изработката на просторните, генерални и детални урбанистички планови. Во брзиот индустриски развој, бескомпромисната трка по сѐ поголем профит, желбата да се зграби сè повеќе од секаде и секого, човекот сѐ почесто влегува во хазардерски однос со природата. Форсирањето објекти или несоодветни објекти од каков било вид и намена во подрачја со висок ризик, непочитувањето на природните закономерности и игнорирањето на историските искуства можат да доведат до проблеми со несогледливи последици. Примерот со земјотресот од 2011 год. во кој настрада и јапонската нуклеарна централа Фокушима, лоцирана во подрачје за кое постоеле записи за претходно иницирани огромни цунами бранови (високи и по 38 m) го потврдува токму тоа. Ние, за среќа, немаме нуклеарка, но затоа пак, за жал, имаме т.н. ,,цунами урбанизам“ кој безмилосно ги урива сите архитектонски, инженерски, социолошки, хумани, па ако сакате и природни нормативи, овозможувајќи реализација на ризични градби на уште поризични локации. Урбанизам кој од моќна, сериозна и одговорна дејност, која во себе треба, пред сѐ, да содржи визија, се претвори во сурова шпекулативно-административна процедура.
Редовното обновување и осовременување на стандардите и прописите во соодветните области претставува уште еден значаен фактор во одбраната од екстремните природни дејства. Особено е битно одредени делови, како на пример вредностите на национално
дефинираните параметри НДП во Еврокодовите ЕC, да бидат усогласени и прилагодени на инженерско-општествените услови на државата (присутно ниво на знаење и вештини, технологија, човечки ресурси, одговорност, контрола и др.). Оттаму, поедноставеното, некритичко усвојување на сите предложени вредности на НДП (она што кај нас се направи) претставува несериозен пристап со висок ризик кој може да има големо влијание врз доверливоста на конструкциите. Мерките за намалување на ризиците треба да бидат составен дел и на секоја фаза од градењето. Почнувајќи од истражните работи, преку проектирањето, ревизијата, изведбата, надзорот, контролата на материјалите, па сѐ до одржувањето. Бројни се дефектите кои се присутни во сите наведени фази. Сѐ побројни. Во повеќе децениската битка за опстанок во едно матно транзициско, самоуништувачко опкружување чиниш полека стануваат нормални, вродени, стандардизирани, живото-одржувачки инженерски геноми. ЗНАЕЊЕ И ОДГОВОРНОСТ Единствено квалитетните конструкции можат да бидат успешна одбрана и заштита од природните хазарди. Имајќи ги предвид
ПОРТА
актуелните состојби во домашното градежништво и сето она што со него е поврзано, квалитетот на конструкциите (SQ), а и на објектите воопшто, односно степенот на доверливост кој во себе го содржат може да се претстави како едноставен производ од степенот на знаење (KNOW) и степенот на одговорност (RES): SQ = KNOW * RES ≤ 1 Вредностите на параметрите КNOW и RES се движат во границите од 0 до 1, при што секој од нив засебно претставува сума од неколку поодделни фактори. Нивото на знаење KNOW се добива како сума од: ЕDU - квалитетот на личното образование, LLL - имплементацијата на процесот на постојано лично учење, NKN вложувањaта на компанијата во нови знаења (литература, софтвер, стручни собири, едукации) и SKL - размената и трансферот на знаења и вештини во и надвор од компанијата.
културолошка матрица на опкружувањето CUL, важечката законска и стручна регулатива LAW и контролните механизми во процесот CON. RES = COG+CUL+LAW+CON ≤ 1 Имајќи го предвид развојот на состојбите во македонското градежништво и општество воопшто, на дијаграмот се прикажани движењата на квантумите на знаење и одговорност во тек на одреден временски период, при што како нулта точка е земен скопскиот земјотрес од 63тата година кој по многу нешта претставува пресвртница во нашето градежништво.
KNOW = EDU+LLL+NKN+SKL ≤ 1 Одговорноста е мошне специфична категорија која е поврзана со когнитивниот процес на поединецот COG, доминантната
14
ПОРТА
27 oктомври 2017
Загрижувачка е опаѓачката тенденција на двата чинители кои влијаат врз квалитетот
на градбите. Колку и за овој тренд да постојат објективни причини, сепак тежиштето на проблемот треба да се бара во когнитивниот (мисловен) процес на човекот (инженерот), кој секако не може да биде имун на многубројните мутирачки вируси присутни во неговото опкружување. КОГНИТИВНИ ИНЖЕНЕРСКИ ДИСТОРЗИИ Когнитивниот процес претставува група мисловни процеси со кои влезот (информацијата) се трансформира, редуцира, елаборира, зачувува, обновува и понатаму употребува. Не ретко, во овие процеси човекот прави мисловни грешки (дисторзии) со кои самиот се саботира и кои го водат кон погрешни одлуки. На пример менталниот филтер низ кој се филтрираат само оние информации кои ни одговараат, претставува основа за субјективизмот односно за мислата ЈАС сум добриот, квалитетниот, тој што знае, а ДРУГИТЕ се тие што грешат и не знаат. Тој е широко распространет во нашата дејност и претставува сериозна пречка за менување на работите кон подобро. Колку свеста за неопходноста од започнување со личните промени стане поприсутна, толку побргу ќе се подигне и општиот
квалитет. Обвинувањето други заедно со она дека јас сум секогаш во право, произлегува и е последица од правно недефинираната одговорност, непостоењето банкарски гаранции, осигурувања од штети и сл. и најважно од сѐ изграден правен систем кој ќе гарантира брза, правна и правична разрешница на евентуалните спорови. Културолошката матрица на малата средина дополнително придонесува за воспоставување причинско-последични врски кои уште повеќе ја отежнуваат состојбата. Контролната мисловна грешка – според која надворешните фактори се повеќе влијателни отколку внатрешните (човечките), можеби најмногу се огледува во честото наведување на ниските цени како оправдување за испорачан (по)лош квалитет. И покрај тоа што потценувањето на инженерскиот труд недвосмислено има индиректно влијание врз квалитетот (помали работни тимови – помал квантум на знаење – помало или никакво ниво на контрола), сепак не може и не смее да биде причина за
ПОРТА
испорачување неквалитетен производ. Особено што инженерите се тие кои ,,де факто“ ги диктираат цените и кои често се подготвени да ги спуштаат до непристојно ниско ниво. Сè уште, најмногу поради слабата организација на процесот, не сме во можност да определиме колку реално чини инженерскиот час и колку такви часови се потребни за завршување определена работа. Оттаму и безграничното релативизирање на реалната вредност на трудот. Префрлањето на топката, односно префрлање на одговорноста на други или друго (политички притисоци, финансиски причини, кратки рокови и др.) заедно со себеманипулацијата како уште една карактеристична мисловна грешка се исто така чести изговори за оправдување за неквалитетот. ИНЖЕНЕРОТ Е И ОПШТЕСТВЕНО БИТИЕ Но, инженерот не е само природна творба. Тој едновремено е и социјално битие кое битисува и делува во своето микро и макро опкружување опирајќи се или приклонувајќи се кон одредени општествени тенденции. Оттаму менаџирањето со природните хазарди подразбира квалитетно осмислен и координиран мултидисциплинарен пристап кој може да биде реализиран само во едно добро организирано, сериозно, здраво општество. Општество со јасно вградена самосвест во својот генетски код. Општество без импровизации со изграден систем кој без исклучок ќе обезбедува услови за реализација на квалитетни објекти. Впрочем и затоа, не може да се очекува точен автопат во промашено општество.
16
ПОРТА
27 oктомври 2017
ПОРТА
aрхитектура
ДВОЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ ВО БЕЛГРАД
Поетиката на едноставноста како неминливост
Двојниот станбен објект всушност е двојна вила изградена во текот на минатата година во Белград. Објектот е реализиран од Биро Виа и претставува добар пример колку куќата истовремено може да биде атрактивна и квалитетна во својата едноставност. Двојниот станбен објект би можел да се наоѓа во Белград, Осло, Мадрид или Париз и со својата форма секаде би се вклопил. Би можел да се реализира и пред дваесет или после дваесет години и тогаш би бил атрактивен со својата форма. Поетиката на едноставноста е неминлива и во тоа е нејзината убавина. 18
ПОРТА
27 oктомври 2017
м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (СРБИЈА) фото: Реља ИВАНИЌ
К
ако и за повеќето нешта и за архитектурата може да се каже дека мора да почитува одредени правила. Објектите коишто ги гледаме околу себе честопати се компромис меѓу архитектите и инвеститорите. Покрај средствата што се потребни за нешто што е архитектонски проект да стане архитектонски објект, неопходно е да постои разбирање за значењето што објектот ќе го има за начинот
на живот на своите корисници, како и за значењето колку тоа што нè опкружува влијае на целокупното општество. Објектите имаат поголемо влијание од она што изгледа на прв поглед, па задачата што ја имаат архитектите на овие простори честопати е потешка од таа на архитектите во општества каде што постои поизразена свест за значењето на архитектурата. Пред сè архитектот мора да биде доволно упорен за да не се задоволи само со исполнување на дадената програма за одреден објект, туку да тежнее кон тоа самиот објект да носи одредена вредност. За тоа дека е така можеме да се увериме шетајќи низ улиците на нашите градови. Секаде па и на овие
ПОРТА
20
ПОРТА
27 oктомври 2017
простори можат да се најдат примери дека можат да се направат добри архитектонски објекти. Ако општеството повеќе ја цени архитектурата сигурно би имало повеќе добри објекти, па и критериумите би биле повисоко поставени какви што се во некои архитектонски посреќни средини. Со години веќе архитектонското Биро Виа водено од Горан Војводиќ и Јелена Ивановиќ-Војводиќ проектираат и реализираат објекти од кои не би се срамеле ни архитектонски богатите средини. Летото 2013 година архитектот Горан Војводиќ даде интервју за Порта 3 (број 213) каде што го изнесе своето мислење за актуелните архитектонски теми, своите гледишта за архитектурата и ги претстави најзначајните објекти. Тоа беше период помеѓу проектирањето и почеток на реализацијата на објектот кој носи наслов „Двоен станбен објект“. Објектот е реализиран во 2016 година, и на традиционалната и најважната манифестација „Салон архитектуре“ доби признание за ентериер. Автори на објектот од 1000 м2 се арх. Горан Војводиќ и арх. Милена Катиќ. Двојниот станбен објект во основата има форма на латиничната буква Л, додека во внатрешноста е поделен на две независни станбени единици со посебни влезови. Во подрумот се наоѓа заеднички простор во вид на гаража со по две паркинг-места, влез во посебни простории каде што се наоѓа остава и сервисни простории. Од подрумот може да се дојде директно до приземјето на
ПОРТА
21
станбениот објект којшто е организиран на начин да ги задоволи сите потреби на дневната зона, а тоа е пред сè простор за дневен престој, кујна и трпезарија, влез, тоалет и излез на трем пред самиот објект. Дневниот престој се карактеризира и со двовисински волумен којшто на просторот му дава додатна вредност. На катот се наоѓаат родителските соби коишто имаат гардеробер и купатило, како и детските и гостинските соби и отворен простор наменет за библиотека. На повлечениот кат се наоѓаат тераси од секој стан. Терасите се добро вклопени во волуменот на објектот на начин што не ја нарушува неговата форма. Изгледот на објектот е едноставен и монолитен, пред сè благодарејќи на правилната форма на кубусот којшто има чисто геометриски облик каде што доминира интересна натстрешница во висина на првиот кат којашто му дава карактер на објектот. Истовремено изгледот на објектот се карактеризира со контраст на бели ѕидови и темни големи високорефлектирачки стаклени површини, така што во зависност од аголот, временските прилики и годишните времиња, околната вегетација и небото стануваат дел од фасадата. Изгледот на објектот е таков што тој би можел да се вклопи во богатите станбени делови во многу побогати градови од Белград. Тоа не претставува недостаток на гледање на контекстот во кој се наоѓа објектот, туку квалитет дека објектот не носи одредени дефекти што честопати се забележливи на ова архитектонско поднебје.
ПОРТА
Ентериерот којшто е награден на „Салон архитектуре“ може да се окарактеризира како „чист“ и транспарентен. Тоа се епитети што го карактеризираат. Чистиот израз го сочинуваат доминантно белата боја на ѕидовите, плафонот и скалите, дрвото на подот и на оградата на скалите, којашто ги поврзува приземјето и првиот кат, и со додаток на темните прозорски рамки го прават изразот на ентериерот едноставен што всушност претставува негов квалитет. Висока транспарентност е постигната со употреба на стаклени парапети и огради, како и со големи стаклени површини на фасадата коишто овозможуваат комуникација со околината и продор на дневна светлина. Со употреба на стаклата за парапети и огради практично не постои визуелна бариера во отворените делови што го прави просторот светол и поголем. Двојниот станбен објект претставува одличен пример за тоа како е можно да се изгради современ објект што има квалитетен архитектонски израз, да се почитуваат правилата и барањата што постојат во нашето општество, барањата на идните корисници, околината во којашто се наоѓа објектот, но пред сè да се почитува архитектурата како струка.
ПОРТА
aрхитектура
ВЛИЈАТЕЛНИ АРХИТЕКТИ - РЕНЦО ПИАНО
Творец на симболи на модерната и постмодерната архитектура Извонредната работа на Ренцо Пиано е признаена преку доделување на најпрестижните награди на полето на архитектурата. Тој е добитник на многу награди, меѓу кои: Притцкерова награда за архитектура, Кралски златен медал на РИБА во Лондон (1989), награда на Кјото во Кјото, Јапонија (1990), Preamium Imperiale, Токио, Јапонија (1995), Златен лав во Венеција (2000), Златен медал АИА во Вашингтон (2008) како и многу други.
И
Љупка ДУКОВСКА, дипл. инж. арх. талијанскиот архитект Ренцо Пиано е човек кој создава објекти кои стануваат симболи на архитектурата на нашето време. Тој е еден од најпознатите и најзначајните автори на современи архитектонски дела, изградени низ цел свет. Врвен архитект на модерната и постмодерната високо технолошки развиена (хај-тек) архитектура.
ПРОЦЕС НА ИЗУЧУВАЊЕ НА СЛОЖЕНОСТА НА АРХИТЕКТУРАТА Роден е во Џенова (14.9.1937) во фамилија на градители. Дипломирал на Миланскиот политехнички универзитет. Првиот период по неговото дипломирање го посветил на истражување на нови градежни материјали и технологии. Користењето на овие сознанија и искуства му овозможило да создава модерни, стабилни, удобни и еколошки објекти. Користи иновативни конструктивни техники, високи технологии за анимирање на светлината, почитување на околината и интеграција 24
ПОРТА
27 oктомври 2017
на објектите со природата. Развива структури, кои користат нови нетрадиционални градежни материјали, како и нивна изработка и монтажа. Друга важна област на неговите истражувања е концептот „отворен план“ на просторот. Простор кој може да се модулира, без преградни ѕидови, да одговара на разни намени и потреби. Овие истражувања дадоа исклучително широки можности за примена, како во станбените, деловните објекти, изложбените простори... (Културниот центар Жорж Помпиду во Париз беше целосно проектиран како „отворен план“). Процесот на изучување на сложеноста на архитектурата го продолжил преку патувања, разгледување и осознавање на важноста на врската помеѓу структурата и функцијата. На едно студиско патување во Англија и САД, го запознал славниот архитект Луис Кан (Louis Kahn). Од 1965 до 1970 работел како приправник во неговото архитектонско биро. Во овој период се запознал и спријателил со британскиот архитект Ричард Роџерс (Richard Rogers), со кого формирале заедничка фирма „Пиано и Роџерс“. Со неа учествувале и
Облакодер „THE SHARD“ во Лондон, Англија
„Добрата работа доаѓа од тимовите каде никој не го објаснува потеклото на идејата“ вели Ренцо Пиано. Работата во RPBW е тимска на секој проект. Заедничката работа носи повеќе идеи, културна и генерациска разновидност, повеќе искуство, знаење и креативност, повеќе очи за точно да се реализира секој детаљ од проектот. Се верува дека подобрите згради создаваат подобар свет. Успешна зграда е онаа која го подобрува секојдневниот живот на луѓето, кои живеат и работат, во и околу неа. ИНТЕРНАЦИОНАЛНА ПРАКСА Поради ограниченоста на просторот, ќе се осврнам само на неколку од неговите извонредни проекти, кои се вбројуваат во врвот на светската модерна архитектура. Облакодер „THE SHARD“ во Лондон, Англија Изграден 2000-2012 година, со висина 309 м се смета за втор највисок објект во Западна Европа. Има 72 ката и пирамидална форма со повеќе намени, (станбени, деловни, малопродажни простори) што создаваат зграда која се користи 24 часа на ден. Најголемите основи на долните катови се наменети за деловен простор. Рестораните, јавните површини и хотелот се лоцирани во средината, а на горните нивоа на зградата се сместени приватни станови. Обложен е со 11000 стаклени панели (еквивалентно на осум фудбалски терени). Објектот стана еден од главните симболи на Велика Британија и нејзината престолнина. Филмско студио „PATHE“ во Париз, Франција Неверојатниот објект на фондот на филмската индустрија Pathe, изграден е во период од 2006 до 2014 година. Според авторот објектот ги содржи во себе историското минато и футуристичката иднина на Париз. Од предната фасада тој не се разликува од соседните објекти од 19 век. Но од задната фасада тој претставува монолитна конструкција, која потсетува на задниот дел на џиновски оклопен брод. Од соседните улички не може ни да се претпостави дека зад него се крие „organic creature“ (термин на Ренцо Пиано), се гледа само стаклена купола.
победиле на конкурсот за изградба на Културниот центар Жорж Помпиду (1971-1977). Нивната соработка резултираше со проект кој ги смени архитектонските конвенционални погледи во тоа време. Париз доби објект кој и покрај „шокот“ во прв момент, стана архитектонска икона на градот. А неговите автори, релативно млади и непознати во тоа време, си обезбедија успех во старт. Нивните идни кариери се вивнаа кон висината и светлината на архитектонските ѕвезди. (за Културниот центар Жорж Помпиду, кој оваа година прославува 40 годишнина од неговото постоење, подетално пишувавме во претходниот 260-ти број на Порта 3). Од 1977 до 1981 година со инженерот Питар Рајс, работи во „Ателје Пиано и Рајс“. УСПЕХ ВО СТАРТ Ренцо Пиано создаде извонредна интернационална кариера и пракса. Тој е основач, заедно со уште 11 други партнери, на студиото Renzo Piano Building Workshop (RPBW), со канцеларии во Џенова, Париз и Њујорк, со 150 вработени. Од своето основање во 1981 година, RPBW има завршено над 120 проекти низ Европа, Северна Америка, Австралија и Источна Азија. Филмско студио „PATHE“ во Париз, Франција
27 oктомври 2017
ПОРТА
25
Музеј на современа уметност „ASTRUP FEARNLY“ во Осло, Норвешка
разликува по формата, висината на плафонот и по употребата на различните завршни материјали. Музеј на современа уметност „ASTRUP FEARNLY“ во Осло, Норвешка Изграден од 2006 до 2012, се состои од три одделни објекти, поврзани со стаклена натстрешница. Еден од објектите е наменет за деловен простор и сликарски изложби, а другите два објекта се наменети за културен центар. Во комплексот има мал парк каде може да се ужива во убава шума и морски бранови. Главен архитектонски елемент на комплексот претставува покривот, со закривена површина, кој ги опфаќа сите три објекти, потенцирајќи ја нивната поврзаност и континуитет. Музејот вклучува 10 изложбени сали, од кои секоја се
NEW YORK TIMES BUILDING, Њујорк, САД Објектот со висина од 228 м (со антена 319 м) и 52 ката, добиен преку конкурс во 2000 година, а завршен во 2007 година, го зазема третото место во списокот на високи објекти во Њујорк и 7 во цела Америка. Искористени се многу енергоштедливи материјали. Надворешните ѕидови се покриени со специјални стакла кои пропуштаат поголемо количество на сончеви зраци. Овој раскошен деловен објект на најпознатиот печатен весник во светот, станува нов симбол на градот.
Музеј „PAUL KLEE“ во Берн, Швајцарија Музејот на германско - швајцарскиот уметник Paul Klee изграден е во период од 1999 до 2005 година. Во неговата колекција влегуваат 2600 дела. Тоа е една од најобемните монографски збирки во светот. Поради чувствителноста на неговите слики на светлина, основниот дел на културниот центар е сместен под земја. Музејот е поставен на ридски предел и се вклопува во природниот пејзаж на околината на Берн. Тишината тука не е само акустична, таа е визуелна и фундаментална цел на оваа структура.
26
ПОРТА
27 oктомври 2017
CALIFORNIA ACADEMY OF SCIENCES, Сан Франциско, САД CALIFORNIA ACADEMY OF SCIENCES, Сан Франциско, САД Главен елемент на овој проект е неговиот уникатен „зелен“ кров. Целиот комплекс од 37 000 м², е како дел од паркот, кој е отсечен и кренат 10 м над земјата. Овој „жив покрив“ е покриен со 1 700 000 избрани автохтони растенија, засадени во посебно замислени биоразградливи контејнери со кокосови влакна. Покривот е рамен по својот периметар и како природен пејзаж постепено почнува да формира серија куполи со различна големина кои се подигаат, автоматски се отвораат и затвораат и кои се модел на прозорци за вентилација. Со фотоволтаични келии, поставени по периметарот на кровот, се обезбедува повеќе од 5 % од електричната енергија. Преку овој проект, изграден во период од 2000 до 2008 година, Академијата на науки користејќи ја архитектурата ја пренесе својата порака
за страста кон познавање на природата и фактот дека земјата е кревка. Зградата има LEED Платиниум сертификат. PARCO DELLA MUSICA, Рим, Италија Музички комплекс со втор назив AUDITORIUM, изграден во период од 1994 до 2002 година. Центар на класична музика. Аудиториумот обезбедува три сали со различни големини и акустичен квалитет, меѓу кои и концертна сала, резервирана за симфониски концерти, со 2800 луѓе. Полукружниот распоред на салите, создава отворен амфитеатар, како четврти простор во центарот. Тука често се одржуваат светски настани, самити, концерти на познати групи. Вкупно во трите сали има место за 4 750 гледачи. Вегетацијата што ги опкружува зградите е продолжување на паркот Вила Глори. PARCO DELLA MUSICA, Рим, Италија
ПОРТА
истражувачки области, конференциска сала и библиотека и третата содржи студија за музика, танц, сликарство и скулптура.
JEAN - MARIE TJIBAOU CULTURAL CENTER, Noumea, Нова Каледонија
Национален центар за наука и технологија „NEMO“ во Амстердам, Холандија Изграден во период од 1992 до 1997 година, овој зелен објект претставува брод висок 30 метри чија половина е потопена. Внатре во музејот, во стил на Пиано се гледа конструкцијата, инсталациите и други технички детали. Посебен интерес предизвикува терасата на кровот на објектот и прекрасните погледи кон Амстердам. Тимот на RPBW со Ренцо Пиано, интензивно работи на многу други проекти низ цел свет. Ова се некои од проектите, неодамна завршени или во фаза на нивно финализирање: WITNEY MUSEUM во Њујорк завршен 2015 година, (за кој Порта 3 пишуваше во број 249); Културен центар STAVROS NIARCHOS FONDATION во Атина, Грција (2016); CENTRO BOTIN во Satander, Шпанија (2017); GES 2, Москва, Русија. Проект со кој до 2019 година треба да се реализира реконструкција и адаптација во културен центар, на просторот на старата, главна, електроцентрала на градските железници на Москва, изградена на почетокот на 20 век. Со примената на различни иновативни технолошки решенија, зградата треба да биде модел на локална енергетска ефикасност.
JEAN - MARIE TJIBAOU CULTURAL CENTER, Noumea, Нова Каледонија Културен центар подигнат во период од 1991 до 1998 година, базиран на локалните градежни традиции, со преплетување на древното и модерното. Користени се современи градежни материјали како што се стакло, алуминиум, челик и модерна технологија на светлина, заедно со традиционалното дрво и камен. Центарот е составен од група на „колиби“, поставени на полуостров, опкружени со вода од три страни. Постојат десет „колиби“, со различни големини и висини (од 20 до 28 метри), меѓусебно поврзани со пешачки патеки и бујна вегетација. „Колибите“ служат за различни функции. Во првата група „колиби“ се сместени изложбени простории, втората опфаќа
МЕЃУ НАЈДОБРИТЕ... Во 1998 година Пиано ја освои престижната Притцкерова награда за архитектура. Жирито го споредуваше со Микеланџело и да Винчи. Беше кажано дека ја „редефинирал модерната и постмодерната архитектура“. Извонредната работа на Ренцо Пиано беше признаена преку доделување на најпрестижните награди на полето на архитектурата. Тој е добитник на многу награди, меѓу кои се следните: Кралски златен медал на РИБА во Лондон (1989), награда на Кјото во Кјото, Јапонија (1990), Preamium Imperiale, Токио, Јапонија (1995), Златен лав во Венеција (2000), Златен медал АИА во Вашингтон (2008) како и многу други. Во 2004 година беше основана Фондација Ренцо Пиано, непрофитна организација посветена на промоција на архитектонската професија, преку едукативни програми и образовни активности. ТИМЕ во 2006 година, го избра Пиано како еден од 100 највлијателни луѓе во светот. А во категоријата на „уметност и забава“ влезе меѓу 10 највлијателни личности. Во 2013 година беше избран во Националната академија за дизајн во Њујорк. Тој е амбасадор на добра волја на УНЕСКО.
Национален центар за наука и технологија „NEMO“ во Амстердам, Холандија
ПОРТА
ПОРТА
TILEZZA: Бренд премиум – керамички плочки што освојуваат
Е
динствен претставник од нашиот регион во областа керамика на годинешниот саем „CERSAIE 2017“ беа brend gres porecellanato ректифицираните плочки „TILEZZA“. Не само што го привлекоа вниманието на посетителите од нашиот регион, туку ги воодушевија и посетителите од другите земји од светот. Колекцијата плочки од овој бренд, којашто ја краси препознатливиот италијански дизајн покажа дека и домашните производи можат да им конкурираат на светски водечките производители на керамика. Штандот изгледаше импресивно, како и енергијата на тимот што е заслужен за првиот успех на овој бренд на болоњскиот саем. Посетителите не го криеја задоволството од појавата на нашиот бренд на овој престижен саем, но и поради тоа што тоа што
30
ПОРТА
27 oктомври 2017
со години беше „резервирано“ само за Италија и Шпанија, конечно ќе биде достапно и на домашниот пазар. Познато е дека таквите примери секогаш ги мотивираат и другите производители да произведуваат квалитетна керамика по ниски цени, достапна за домашните купувачи. Еден од оние кој го посети штандот „TILEZZA“ и се запозна со колекцијата на овој бренд, којашто се произведува во рамките на „Зорка Керамика“ беше и Бобан Јокиќ, сопственик на студиото за проектирање и опремување ентериери „Спектар ентериер дизајн“. Позитивните импресии не изостанаа, а трудот, темелната и квалитетна работа на домашниот тим што е заслужен за создавањето на овој бренд, направија како што вели тој да им конкурираме дури и на Шпанците и Италијанците. Особено го пофали
изборот на прикажаните колекции и формати, коишто иако беа мали во однос на италијанските, изгледаа особено убаво и многу лесно се вклопуваат во секој ентериер. Слични впечатоци има и Ненад Танасковиќ, архитект од Белград и сопственик на фирмата „Nesh projekt“, кој се занимава со проектирање на станбени комерцијални објекти, но и со изведба на ентериери. Тој особено ја истакнува можноста за користење на „TILEZZA“ плочките во голем број проекти. Како што вели тој брендот поседува голем комерцијален потенцијал и е погоден за широка употреба, што е од пресудно значење за конкурентност на домашниот, но и на странскиот пазар. Една од многубројните дизајнери на ентериер од нашиот регион кои посветија големо внимание на единствениот бренд од Србија на саемот „CERSAIE 2017“ беше Јелена Радовиќ која се занимава со сценографија и сликарство. Всушност низ призма на сликарството ги оцени прикажаните колекции коишто како што таа истакна се „поинакви“ и „различни“ што и не е чудно бидејќи се создадени во соработка со италијански дизајнери. Судејќи по првите впечатоци „Зорка Керамика“ со програмата „TILEZZA“ на голема врата тргна да го освојува пазарот, а што сè нуди, односно целиот асортиман можете да го видите на: www.tilezza.com. Ексклузивен дистрибутер за Македонија е компанијата Балканија.
27 oктомври 2017
ПОРТА
31
aрхитектура
Алвар Алто и Финландија
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инж. по дрвна индустрија
Финландија е проектирана во 1962 година, а изградена помеѓу 1967 и 1972 година. Финландија во себе ги содржи сите идеи со кои Алто експериментирал во својата животна пасија да проектира монументални објекти. 32
ПОРТА
27 oктомври 2017
кои, концертна и конгресна сала, библиотека, музеј и други. Алто своите први цртежи за плоштадот ги претставил во 1961 година, но подоцна во 1964 и 1971 година оригиналните цртежи подлежеле на модификација заради критики од различни субјекти. Финландија е проектирана во 1962 година, а изградена помеѓу 1967 и 1972 година. Конгресното крило е проектирано во 1970 додека изградено е помеѓу 1973 и 1975 година. По завршувањето на целиот објект Алто имал чувство на триумф. Финландија во себе ги содржи сите идеи со
Кога Хелскинки стана главен град на новоформираната монархија Финска, во почетокот на деветнсести век, германскиот архитект Карл Лудвиг Енгел проектирал монументален централен плоштад, денес познат како плоштад на Сенатот. Алвар Алто верувал дека новата независност на Финска заслужува свој плоштад проектиран по мерка на финската естетика и функционалност кој треба да се наоѓа во тогашниот нов центар во близина на парламентот, симболот на независноста. Алто ја поддржал идејата на неговиот колега Елиел Саринен за изградба на нова сообраќајница позната како Авенија на Слободата која ќе се протега од северното предградие до срцето на градот. Алто во своето творење ги истражувал можностите за проектирање на голем плоштад во форма на вентилатор кој ќе се протега до заливот Тоолонлахти. Плоштадот покрај својата форма треба да биде на три нивоа и да заврши во вид на тераса над заливот, а во негово продолжение предложени се повеќе јавни објекти меѓу
кои Алто експериментирал во својата животна пасија да проектира монументални објекти. Салата не е финкционална креација, ако функционалносте се разбира како објект чии форми се диктирани исклучиво од практичната функционалност и соодветните конструктивни решенија. Напротив, објектот е естетска композиција со кубистички форми создавајќи повеќе степена целина. Но елементите не се целосно декоративни, Алто остана верен на функционалноста со својата потрага по практична причина за своите форми. Главната идеја на Финландија се централните “кули” со закривен кров кои биле проектирани за подобрување на акустиката во главната концертна сала. Публиката нема да може да ги види заради спуштениот плафон, но овие издигнувања ќе треба да овозможат акустичен ефект кој што го поседуваат високите цркви. Сепак, за жал, оваа идеја во праксата се покажала како неуспешна. Однадвор пак тие се осветлуваат навечер, кога салата работи, со светлина која ја симболизира поларната светлина
27 oктомври 2017
ПОРТА
33
аурора бореалис. На прв поглед веднаш се забележува дека и ентериерот и екстериерот е облечен во бел мермер. Алто го избрал овој материјал бидејќи за него претставувал важен линк со културата на Медитеранот, која сакал да ја претстави во Финска. Ентериерот исто така изобилува со бројни мотиви и белези на проектантот. Асиметричниот аудиториум е речиси без ниеден прав агол, но сепак одлично контролиран со хармонични и акустични ѕидни рељефи и силно отцртани контури на балконите. Главното фоаје се наоѓа помеѓу главниот аудиториум проектиран за 1700 гости и помалиот за 340. На овој простор за дизајнирање на плафонот Алто црпи инспирација од неговата црква во Детморде, Германија, каде сака да претстави отворен простор, пејзаж, во присуство на повеќе моќни елементи, симбиоза која Алто ја совладал до совршенство. Фоајето Oтвори за дневна светлина
34
ПОРТА
27 oктомври 2017
продолжува до Конгресното крило, каде највпечатливиот архитектонски елемент е ѕидот, кој се свива навнатре во помали делови. Со ова Алто сакал да ги искрши ригидните униформни карактеристики на правите ѕидови. Во ентериерот исто така мора да се спомне и вниманието на секој детал. Секоја светилка, целиот мебел како и сите уидни облоги, плафони и подни материјали се специјално дизајнирани за објектот. Сите материјали и бои зборуваат на јазикот на природата без никакви вештачки елементи да го одвлекува вниманието.
Скица за сала Овој начин на проектирање во суштина ја потенцира филозофијата на Алто дека
архитектурата треба да биде позадина на човекот. Не треба нападните форми или ентериерите со блескави бои да го привлекуваат вниманието, туку луѓето и изведувачите треба да бидат во центарот на вниманието. Гостите во Финландиа не мора да бидат блескаво облечени како во другите традиционални позлатени оперски сали, туку треба да бидат природни и искрени во својот изглед како и околината.
ПОРТА
сеизмологија
ПОГОЛЕМИ ЗЕМЈОТРЕСИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНАТА ОКОЛИНА (2)
Земјотрес во јужниот дел од Охридското Езеро - најсилен во епицентралното подрачје Ноќта помеѓу 18 и 19 февруари 1911 година, во јужниот дел на Охридското Езеро се случил силен земјотрес со магнитуда ML=6.7 и епицентрален интензитет од Io=IX степени. Земјотресот најсилно бил почувствуван во околината на селата Старово и Поградец во Албанија, како и во село Љубаништа во Македонија. Силината на земјотресот била почувствувана и во поширокиот регион, сè до Скопје и Скадар. Слика 1. Каталог на земјотреси за Македонија и блискиот соседен регион (1900 – 2015 г.) Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје Изработиле: Д. Черних, К. Дрогрешка
С
еизмичката активност на територијата на Република Македонија и пограничните региони е поврзана со деструктивните процеси во земјината кора, односно тектонските движења кои се манифестираат и денес, во издигањето или тонењето и латералното поместување на одделните блокови. Доказ за тоа се големиот број земјотреси случени во минатото како и во поновата историја. Земјотресите случени во периодот 1901 – 2015 година прикажани се на слика 1. Регионот околу Охридското Езеро е еден од сеизмички најактивните, со висок 36
ПОРТА
27 oктомври 2017
потенцијал за генерирање на силни земјотреси. Од расположливите историски податоци, освен за разурнувачкиот земјотрес од 527 г. н. е., постојат и податоци кои говорат за случување на силни земјотреси со магнитуда ML≥6 (1906, 1911 и 1912 г.). Карактеристична е серијата на земјотреси кои се случиле во јужниот дел на Охридското Езеро во периодот 1896 - 1912 г. (слика 2, табела 1) која резултирала со сериозни оштетувања во регионот. Ноќта помеѓу 18 и 19 февруари 1911 г., во јужниот дел на Охридското Езеро се случил силен земјотрес со магнитуда ML=6.7 и
епицентрален интензитет од Io=IX степени. Земјотресот најсилно бил почувствуван во околината на с. Старово и Поградец во Албанија, како и во с. Љубаништа во Македонија. Силината на земјотресот била почувствувана и во поширокиот регион, сè до Скопје и Скадар (слика 3). После случувањето на овој силен земјотрес, сеизмичката активност која следела по силниот земјотрес била во времетраење повеќе од една година, а се карактеризирала со низа последователни сеизмички настани од кои десетина биле со магнитуда ML помеѓу 5 и 6 степени од Рихтеровата скала (слика 2).
Слика 2. Сеизмичка активност во епицентралното подрачје јужен дел на Охридското Езеро за периодот пред и по 1900 г. со магнитуда Mm ≥ 5.0. Mm- магнитуда според макросеизмичките податоци, Ioепицентрален интензитет Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје Изработиле: Д. Черних, К. Дрогрешка
Табела 1: Најсилни земјотреси од епицентралното подрачје јужен дел на Охридското Езеро за периодот пред и по 1900 г. со магнитуда Mm ≥ 5.0. Датум
h:min:sМагнитуда (Mm) Интензитет (Io)
11.2.1896
21:36:00 5.2
VII
28.9.1906
02:30:00 6.0
VIII
18.2.1911
21:35:00 6.7
IX
18.2.1911
21:38:00 5.9
VIII
18.2.1911
22:58:00 5.9
VIII
18.2.1911
22:59:00 5.9
VIII
18.2.1911
23:53:00 5.9
VIII
20.2.1911
03:45:00 5.3
VII
20.2.1911
15:15:00 5.3
VII
21.2.1911
13:46:00 5.4
VII-VIII
22.2.1911
02:08:00 5.9
VIII
5.3.1911
00:40:00 5.1
VII
9.3.1911
00:00:00 5.6
VIII
11.3.1911
21:00:00 5.1
VII
1.6.1911
14:37:00 5.1
VII
13.2.1912
08:04:00 6.0
VIII
Слика 3. Карта на изосеисти за земјотресот од 18 февруари 1911 г. Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје Изработил: Д. Хаџиевски; Дигитализација: Р. Шалиќ, З. Милутиновиќ 27 oктомври 2017
ПОРТА
37
НЕОТЕКТОНСКИ И СЕИЗМОТЕКТОНСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ Во крајниот западен дел на Македонија со неотектонските процеси, во режим на екстензија била формирана низа од тектонски депресии (грабени). Од југ кон север тоа се Преспанската, Охридската, Пискупштинската и Дебарската. Спрема запад Охридската има продолжение во Албанија во депресиите Малиќи-Корча, а Пискупштинската и Дебарската во Пешкопеа. Сите овие депресии претставуваат тектонски грабени формирани со млади гравитациони (нормални) раседи, од кои некои се активни и денес, и акумулираната енергија долж нив се ослободува со појави на земјотреси, често и со катастрофален карактер. Според флористички фосилни остатоци во седиментите кои ги исполнуваат овие неогенски грабени, истите како тектонски потонати блокови биле создадени во најгорен миоцен, пред околу 6 – 8.6 милиони години. Грабените постепено преминувале во слатководни езера, од кои Преспанското, Охридското и некои плитки езерца во Албанија и денес егзистираат. Притоа најстари фосили се пронајдени во Пискупштинскиот и Преспанскиот седиментен грабен, додека Охридскиот и Дебарскиот се јавуваат како помлади структури. Според Думурџанов, Милутиновиќ и Шалиќ (2016) сеизмотектонското охридско епицентрално подрачје влегува во охридско-струшката сеизмотектонска зона. Зоната е дефинирана со Охридскиот Грабен, ограничен со систем на паралелни гравитациони раседи, контрастно изразени во релјефот со протегање северјуг спрема издигнатиот блок (хорст) Галичица - Петрина Планина на исток (ПештанскоПетринските Раседи) и хорстот Мокра Гора - Јабланица на запад (Јабланички Расед). На север, грабенот е лимитиран со раседи слабо изразени во релјефот спрема планините Славеј и Слатински Планини. Јужното крајбрежје на Охридското Езеро (Албанија), како дел од Охридскиот Грабен, каде се јавува најсилна сеизмичка деструктивност, претставува ридесто возвишение со нејасно дефинирани гравитациони раседи од исток - запад, североисток - југозапад и 38
ПОРТА
27 oктомври 2017
северозапад – југоисток. Исклучок е јасно изразениот расед, кој се протега од северозапад кон југоисток и кој го ограничува грабенот спрема хорстот Галичица (Галички Расед). Поместувањата долж јужните краеви на Пештанско - Петринските и Јабланичкиот Расед, како контрасно изразени раседи во релјефот, но и како рабни раседи на Охридската Депресија, продолжуваат и денес, условувајќи висока сеизмичка активност во јужниот дел на Охридското Езеро. ЕФЕКТИ ВРЗ ИЗГРАДЕНАТА ОКОЛИНА И ПРИРОДНАТА СРЕДИНА Земјотресот од 1911 г. предизвикал целосно уништување на многу станбени објекти во Поградец, но и во селата Старово, Тучемишт и Загорчан во Албанија. Големите оштетувања биле пропратени и со бројни човечки жртви. Сите станбени објекти кои го преживеале земјотресот биле сериозно оштетени. Сите села во околината на Поградец биле целосно уништени. Сериозни оштетувања имало во градовите Корча и Билишти во Албанија, но и Битола, Прилеп и Дебар каде постојат податоци за оштетувања на ѕидовите и рушења на оџаци. Сериозни биле оштетувањата и во градот Охрид, каде покрај оштетувањето на многу станбени објекти постои и податок за
целосно рушење на три џамии. Исто така сериозни биле оштетувањата и на верските објекти во с. Старово каде постојат податоци за рушење на минарињата на постојните џамии. За време на овој земјотрес нивото на водата во Охридското Езеро пораснала за 50 cm. Пропратен со помали оштетувања овој земјотрес е почувствуван и во градот Елбасан во Албанија, Кичево и Гостивар. Со послаб интензитет е почувствуван и во градот Лече во Италија и на грчкиот остров Крф. Главниот земјотрес е регистриран од повеќе сеизмолошки станици во Европа во тоа време. СВЕДОШТВА Бурните историски настани кои се случувале во периодот 1911-1912 г. на територијата на овој дел на Балканскиот Полуостров, во одредена смисла го засениле публицитетот на овој земјотрес, како последица на што податоците кои денес можат да се најдат во историските архиви се изразито лимитирани. Едни од расположливите историски податоци кои се навистина вредни, се макросеизмичките податоци кои ги поседува Сеизмолошкиот завод во Белград, Србија, во рамките на кои се дадени описи за распространетоста и типот на штетите кои се предизвикани во серијата земјотреси од 1911 до 1912 г. (слика 4).
Слика 4. Извадок од макросеизмичкиот каталог на земјотреси за 1911 г. Извор на податоци: Сеизмолошки завод, Белград, Србија
Слика 5. Карти на сеизмичко зонирање на Македонија за повратен период од 475 год., изработени според барањата на стандардот МКС EN 19981:2012 - Еврокод 8 Извор на податоци: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС, Скопје Автори: З. Милутиновиќ, Р. Шалиќ; Соработници: Н. Думирџанов, В. Чејковска, Л. Пекевски, Д. Томиќ
СЕИЗМИЧКА ОПАСНОСТ ЗА РЕГИОНОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО Регионот околу Охридското Езеро во Република Македонија според најновите карти на сеизмичко зонирање (слика 5) припаѓа во зони со изразито висока
сеизмичност во Македонија (Z-4 и Z-5). Оттаму, објектите кои ќе се градат во овој регион според европските прописи ќе бараат највисоко ниво на сеизмичка заштита.
Автори: проф. д-р Зоран Милутиновиќ1, д-р Драгана Черних-Анастасовска2, проф. д-р Никола Думурџанов3, доц. д-р Радмила Шалиќ1, м-р Катерина Дрогрешка2, д-р Вера Чејковска2, м-р Јасмина Најдовска2, Даниел Томиќ1.
Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, Природно-математички факултет, Сеизмолошка обсерваторија. 3 Рударско-геолошки факултет во Штип. 1
2
27 oктомври 2017
ПОРТА
39
сообраќај
РЕКАПИТУЛАР НА ВИСТИНИТЕ И
Политиката која го овозможи системскиот инстинкт секоја набабрена институција крваво да се бори за правото на своите вработени на бесплатно и неограничено паркирање, а секој „покрупен“ инвеститор телефонски да нарачува прилагодување на урбанистичко-градежната регулатива според сопствената финансиска алчност, поседува органска инфекција која тешко може поинаку да се манифестира. м-р Ненад ТОНИЌ, дипломиран сообраќаен инженер
40
С ПОРТА
удбинските надеж и скепса лансирани од националниот политички вител предизвикаа демисионирање на дел од секојдневните прашања од егзистенцијалниот ракурс.
27 oктомври 2017
За Вашиот aвтор пишувањето на теми од урбаниот сообраќај и транспорт никогаш досега не делувало толку јалово. Едноставно, густината на плетката од шокови и дилеми, во распон од фекалиите на „длабоката држава“ до лавиринтите на блиската иднина, не оставаат доволно простор за ментална гимнастика од таков вид. Од друга страна пак, процесот на рекапитулација на ефектите од една
катарзична „политичка непогода“ дава на некој начин и обврска за пошироко раслојување на нејзините седименти, па и оние во сообраќајно-транспортниот сектор на главниот град. Би била ноторна невистина тврдењето дека за последните десетина и кусур години на она што се подразбира под поимите сообраќај односно транспорт во Скопје не му е посветено доволно внимание. Овој сектор можеби како никогаш досега не бил предмет на „о-рук“ третман кој му го ретушираше изгледот, како последица на придвижувањето на речиси секој негов сегмент кон нова ренесанса која на градскиот профил требаше да додаде и по
Е И СОМНЕЖИТЕ
Карактеристична управно-политичка свест
некоја метрополска црта. УПРАВНО-ПОЛИТИЧКА БАЗА Интенционалните акти на исклучивата политичко-управна свест ја одредија во изминатиов период иманентната суштина на скопскиот транспорт. Но, апсолутното рекапитулациско прашање кое треба да се апсолвира е колку целокупниот вложен труд, енергија, време и парични средства го извлекоа градскиот сообраќај и транспорт од Гордиевиот јазол во кој повеќе или помалку е вплеткан? Или, попровокативно, дали делот од нас самите кој потеклото на националниот корпус го „сади“ во aнтиката, ги поседуваше храброста и прагматиката на усвоениот „прататко“ при неговата средба
со митолошката задача над задачите?? Со други зборови, дали општата контрола и „суперменската“ динамика дегенерираа во сопствена цел или до крај останаа во функција на разрешување на нараснатите проблеми во определен рок??? Потребата за рекапитулациска опсервација произлегува од уште еден ноторен факт: во последните два мандати Градот Скопје на позицијата градоначалник доби навидум силна личност подготвена работите да ги држи во свои раце и ефикасно да ги решава проблемите. Заглушувачката партиска контрола над сè и притисок над секого не овозможи пошироко сознание дека силниот лидер може да е вистина онолку колку што може да е мит, а преголемото концентрирање на моќ во само две раце и една глава лесно поплочува пат за крупни промашувања. Токму поради раширеното уверение дека партиската позиција и моќ се доволен „материјал“ за солиден градоначалник неговата улога треба да се стави во поширок контекст. Но, ако контекстот претставува менлива категорија подложна на субјективно резонирање, постои и список од пожелни и постојани лидерски особини поважни од неговата сила (која како атрибут повеќе им доликува на маратонците!): интегритет, интелигенција, артикулираност, колегијалност, емпатија, визија, флексибилност, подготвеност да се сослушаат другите и прифати поинакво мислење, но и одбие ретроградното. Сите овие атрибути не може да се најдат во иста личност во исто време (повеќето не, за што и Вашиот автор како вработен во Градот Скопје беше повеќе пати сведок), па токму заради тоа проценката низ призмата на карактеристичниот контекст станува рамковна неопходност. Приказната вели дека прочуениот белградски градоначалник Бранко Пешиќ в
лице му ја треснал вратата од неговиот кабинет на Едвард Кардељ, по непријатниот разговор во текот на кој политичарот барал од архитектот автопатот кој требало да се гради низ Белград да се сведе на габарит речиси на обична градска улица. Храброста да му се спротивстави на вториот човек на тогашната „голема“ држава за идното, денес докажано добро на градот со кој управувал му обезбедила место на Б. Пешиќ во легендите. НЕОПХОДНОСТА КАКО ВОДИЛКА Бајковитите почетоци на повеќето проекти, иницијативи и политики не мора да се во принцип негативна појава доколку една градска власт се стреми исклучиво кон задоволување на јавните потреби, а не и барабар на тесните партиски интереси кои, по пат на спинување, преку тие проекти се прогласуваат за општи. Веќе на ова место
Бранко Пешиќ 27 oктомври 2017
ПОРТА
41
иницијалниот рекапитулациски сомнеж се разлистува на три гранки: во партизираните држави нагласениот партиски интерес има далеку поизразена тенденција да го омаловажува јавниот интерес, добар дел од реализираните односно проектите во реализација не ги ни „помирисаа“ демократските механизми на навремена стручна односно јавна расправа и како последица на претходното, целокупната пракса на Градот Скопје не се ни обиде да развие и воведе соодветни алатки за испитување на јавноста и ослушнување на нејзините потреби и интереси, а секоја гласно искажана стручна скепса се потруди доволно грубо да ја задуши. Ваквиот манир доживеа успешно „размножување“ благодарение на една темелна поволност – трендовското заостанување на градот Скопје зад развиените градови нудеше илузија за неопходност и успешност на кој било проект. Праксата сепак демантираше дека желбата и потребата резултираат со сигурен успех во услови на игнорирање на автохтониот менталитет и културолошка особеност, како и јавното и особено мислењето на струковните експоненти. Текстот што се одвиткува пред Вас претставува обид за сведување на ефектите од преземените мерки во некои сообраќајно-транспортни сегменти на градот Скопје, врз база на теориски постулати и авторовите струковни согледувања. СО ВЕЛОСИПЕД Е ВО РЕД, НО... „Никој не е закинат. Секому му се случува, помалку или повеќе, она што му приличи по склоностите и моќите.“ – Д. Великиќ, српски писател (прев. ав.). 42
ПОРТА
27 oктомври 2017
Порастот на изградената километража до бројката од 22 претставува сертификат за вредноста на вело-патеката во мајоркоритото на р. Вардар како форма и функција, односно мразокршач на претходната велосипедска стерилност. Во современо Скопје таа природна лонгитудинала се здоби со потврдена вредност несвојствена за многу други градови, која и заради тоа треба да се чува и наменски надоградува. За жал градската власт не се ни обиде низ процес на мониторинг да воспостави периодична комуникација со корисниците, со цел материјализирање на нивните поплаки и сугестии во квалитативна надградба. Наместо тоа, страста за квантитетска оригиналност ѝ „прилепи“ банални содржини од импровизирани кафулиња, плажи и одбојкарски терени игнорирајќи ги базичните просторно-функционални параметри: ширината на мајор-коритото не нуди комодитет за некомпатибилно функционално раслојување, а велосипедскиот ентузијазам како суштински вредносен генератор не е споив со прегласна музика од неугледни шанкови и концентрација од натрапници со мотив да се види и биде виден. Омаловажувањето на она за кое граѓаните јасно покажаа дека им се допаѓа и дека им е потребно е силна порака која се надвива и длабоко навредува! Подоцнежната интенција оваа вредност да добие уличен пандан со нагласена транспортна наспроти рекреативната функција е олицетворена во обидот за реконструктивно реанимирање на неколку лонгитудинални и трансферзални коридори во концепт на основна мрежа од улични
велосипедски патеки во Скопје. Недискутабилното резервирање на велосипедски простор долж бул. „А. Македонски“ или бул. „П. одреди“ го дијагностицираат велосипедот како здрава градска појава. Но, сличниот зафат долж бул. „Илинден“ повторно го потенцира талентот за дефектно делување наместо согледување на целокупниот контекст: дополнителниот велосипедски простор не е обезбеден на сметка на моторниот туку на сметка на подеднакво закинатиот пешачки сообраќај, чија безбедност поради неадекватното улично осветлување и отсуството на каква било корисничка норма (брзина на возење и осветленост на велосипедите) во текот на вечерните часови е доведена во прашање. Апсурдноста на булеварското решение без обезбеден велопростор долж двата коловозни раба и сомнителното делување за граѓанитевелосипедисти ги изгуби од предвид граѓаните-пешаци и нивните деца, за кои пешачката патека долж бул. „Илинден“ (особено во делот на населбата „Карпош 3“) со децении претставува незаменлива летна, вечерна променада. Кампањската еуфорија на градската власт целеше четирите метри децениска пешачка ширина да ги сведе на шокантни 1,5 метри, што, благодарение на навремената надворешна реакција, беше проектно коригирано и до некаде ублажено. Тежинската вредност на велосипедскиот сообраќај е еталонизирана и низ мерките за негово омасовување, пред сè помеѓу институционалниот персонал. Но, етиката на Градот Скопје, која преку однесувањето на своите вработени треба да ја нормира етиката на жителите на градот, немаше потенцијал да се издигне над бедните „наградни“ 3 % на само еден личен доход за користење велосипед при доаѓањето на работа на релација подолга од 3 километри?! Кои Вашиот автор не ги доби бидејќи беше егзактно утврдено дека неговата утринска велосипедска траекторија не е подолга од 2,9 километри!!! Маневарското задржување во зоната на уличните вело-патеки ја задржува и велосипедската подреденост кај секое вкрстување односно слевање со моторниот сообраќај, како основен лимитер на повисоката психолошка прифатеност (градските дистанци не се тие кои го прават велосипедот бавен т.е. неупотреблив, тоа се пречките кои пред него ги поставуваме, првенствено моторниот сообраќај и семафорите). Градот немаше желба струковното размислување да го ослободи во насока на
наменети за патување) можеле далеку попаметно да се искористат. Дефектниот концепт на скопскиот Bike-sharing можеше дополнително да се оздрави и низ контактите со поблискиот Торино, што е од неразбирливи причини пропуштено, а струковните забелешки и сугестии на Вашиот автор како нивен директен учесник се вулгарно игнорирани! Оld vs New физички потполно сепарирани артеријални вело-коридори (на пример, во коридорот на неизградениот бул. „Македонија“, на релација Студентски дом „Г. Делчев“ – Мал ринг) со керозински ренесансен потенцијал. Исто како и паркинзите за велосипеди кои, размножени како амеби, внимателно лоцирани и мутирани од обични штангли до обезбедени кафези и нивојски стационари, би продреле до секоја јавна функција. И не помалку важно, со истовремено сослушување наместо игнорирање на искуствата на поразвиените каде негувањето на велосипедот се бара и низ претресување на неговата феноменологија на психолошки и социјален план. Но, современите урбани координатни системи налагаат нивните сообраќајно-транспортни нарации да поседуваат и покомплексни системски сидришта... Заронувањето во скопскиот bike-sharing не зрачи со комплексност, од едноставна причина што во таа мала етида сочинета од заплет, очекување, директиви и ситни лаги комплексност не постои. Приказна конкретна онолку колку и случајна, за чие „расклопување“ шестото сетило е повеќе од излишно. Пишувањето за скопскиот bike-sharing не
Easy Money
претставува ништо друго туку антиципација на една аутистична сенка на урбаниот транспортен систем, усидрена во својата немоќ да прерасне во алтернатива која привлекува. Bike-sharing-от не е метафизика туку феномен со јасни рубрики чие планско пополнување претставува единствен залог за сигурна „читаност“. Необорив постулат на една современа урбано-транспортна филозофија која спуштена во овој град не си го дозволи она во што требаше да прерасне. Нереализираното, длабоко потиснато во нашата површност, со време се гаси оставајќи зад себе безвредно наследство кое пулсира, наместо да живее. Приказната вели дека урнек за скопското вардарско панорамско тркало претходниот градоначалник лично и „на лице место“ нашол во Севилја. И тоа е вистинска штета бидејќи овој шпански град важи за еден од најуспешните градови на „новиот велосипедски бран“ во Европа што значи дека времето и парите (не само тие
ЈАВНАТА ПРИРОДА НА ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ „Секое враќање е илузија, сеедно дали во меѓувреме се поминати години или само едно попладне.“ – Д. Великиќ, српски писател (прев. ав.). На светот не постои град кој барем еднаш не се обидел да измисли приказна без грижа на сопствената совест, која лесно се прелева во урбана легенда доколку доаѓа тивко и ненаметливо, како да промрдува од сенките на градскиот живот слевајќи се со текот на времето со него. Во спротивно израснува во парадокс како производ на човековата немоќ да постигне дуализам: на пример, обидот да се оживее едно сентиментално искуство запретано во „горниот кат“ на повоените автобуси и декларативната ориентација за трансфер на што поголем број автомобилски патници во возилата на јавниот превоз. Темелна парадоксалност изнегувана во комесарските кабинети која одлучи да форсира сентимент без задршка дали жителите на овој град се подготвени за него. Опасноста јавната расправа да отвори простор за соочување на концептуалните сенки и осои со однапред одлучениот успех не смееше да се дозволи. Ни по цена на оној милионски куп од европски банкноти кои во „два ката“ требаше да ги зацрвенеат улиците на градот. Токму затоа патниците денес наместо кинеските „етажни“ интимно повеќе ги милуваат украинските нископодни галии, за кои резервни делови веќе не можат да се набават од причина што фабриката „не е достапна“!? Последниот скопски произведен автобус значеше и катанец на капијата на украинскиот добавувач. Некои тврдат дека заради првиот таа капија била и отклучена. Сенишна тајна од јавен интерес која веројатно никогаш нема да биде отпакувана. (Продолжува) 27 oктомври 2017
ПОРТА
43
eнтериер
PRIVE COFFEE JUICE BAR, ТЕТОВО
Поинаков локал со поинаков е
Арта ХУСЕИНИ, дипл. инж. арх.
П
оинаков локал со поинаков ентериер, неодамна се отвори во центарот на Тетово. Станува збор за еден од најсимпатичните koffee juice барови којшто им нуди удобност и опуштање на љубителите на кафе и свежи овошни сокови. ПОРТА
в ентериер
Невозможно е да се движите во тој дел на градот, а вашето око да не го забележи локалот, лоциран на аголот на булеварот. Особено, ако сте со добро друштво само
посетете го и уживајте во прекрасниот амбиент. Овој проект е дело на младите тетовски архитекти од студио „Аtelie Artarkitekt“,
кое го сочинуваат архитектите Арта Хусеини и Енес Колашинац. -Концептот се формираше, пред сè, според барањата на инвеститорот, кој сакаше функционален, атрактивен, современ и пред сè уникатен дизајн. Просторот зафаќа површина од 97 м2, а е наменет за млади и возрасни. Идејата беше да се следи радијалниот облик на аголот од улицата каде што е лоциран самиот локал. Личи на четвртина од круг, во центарот е поставен шанк, а влезот е во средината на лакот, вели Арта Хусеини основач на студио „Аtelie Artarkitekt“. Првиот дел од лакот е целосно обложен со дрвени штици од даб кои радијално се следат едни со други од подот преку ободните ѕидови, па сè до плафонот. Тој изгледа како лушпа на орев, каде што во внатрешноста се поставени правоаголни дрвени маси со метални ногалки и софи во сива боја, која е спротивна на топлината на дрвото што ги опкружува. Софите им нудат целосен комфор на посетителите. Освен на софите, на посетителите им се дава можност да седат и на дрвената линија којашто ја следи флуидноста на дабовите штици, а спротивно на неа се поставени табуретки во форма на куб од истиот материјал како софите. Плафонот е потонат во црна боја, 27 oктомври 2017
ПОРТА
45
делува како црн покрив кој е осветлен со топли бели Едисон светилки, челични лустери во разни форми: правоаголни, квадратни, триаголни и кружни кои се спуштат од високиот плафон и висат на одредени височини давајќи чувство на ѕвездено небо. Најголемиот дел се концентрирани над шанкот. Индустрискиот под е од сив бетон над кој се поставени кружни маси направени
46
ПОРТА
27 oктомври 2017
од дрво и метални жици околу кои се поставени столици исто така направени од дрво и штоф, комбинирани со пастелни бои како црвена, жолта, зелена и сина. Негде во средина се поставени два мали шанка, исто така комбинирани од дрво и метални жици. За да се стигне до главниот шанк и да се направи нарачката неопходно е да се помине меѓу нив. Како продолжение на дрвениот
преграден ѕид, којшто не е само декор, туку преграда пред двата тоалета и кујната, којашто е поставена над тоалетите, следува шанкот обложен исто така со дрвени дабови штици каде што централно е оставен отвор полн со свежи овошја кои чекаат да бидат исцедени за клиентелата. Целиот овој простор кој е изграден од бетон, дрво и железо се опкружува со зелен појас -жива ограда од чемпреси засадени во долги дрвени корита, додека спротивно е ѕидот со светла зелена боја која е компатибилна со природниот амбиент на просторот. Минималистичките цртежи, обесени околу вертикалните површини ја рушат монотонијата на едноставноста на површините и дават друга димензија на перцепција. Црните завеси се тие кои го делат внатрешниот амбиент од надворешниот. Додека се спуштени, однадвор екстериерот личи на ЛЦД екран, а кога се подигнати, од сите гледни точки се отвораат визури кон надворешниот амбиент преку стаклениот ѕид што во лето се отвора и се претвора на лоѓија, со парапет којшто е поставен на самиот лак. Се потенцира силно екстравертниот елемент што овозможува директен контакт меѓу внатре и надвор, без да им ја руши интимноста на посетителите, а кој овозможува да се привлече вниманието на тие што поминуваат да ѕирнат и да се решат да влезат внатре за да уживаат во овој топол амбиент.
ПОРТА
енергетска ефикасност
ПРОБЛЕМИ КАЈ ГРАДЕЖНИТЕ ОБЈЕКТИ
Грешките со прозорците се клучни за удобноста, здравјето и трошоците
На балканските простори монтажата на прозорците најчесто е сосема погрешна, па колку и скапи прозорци да купите, колку и да им се високи изолационите својства, вие буквално сте ги фрлиле парите. Топлинските мостови и провевот се толку големи што вложените пари во прозорците нема да ви се исплатат никогаш, а удобноста во објектот ќе биде многу мала. м-р Андреј АНДРЕЕВ, дипл. град. инж.
С
коро секој од нас се соочил со проблеми предизвикани од прозорци. Сигурно сте направиле многу обиди да се санира состојбата, сте размислувале што да правите, дали да ги промените. Голем е и бројот на оние кои набавиле нови прозорци при реновирање на просторот или за потребите на нов објект. При купувањето, секој се соочил 48
ПОРТА
27 oктомври 2017
со дилемите, кои прозорци да ги одбере, како да одлучи што е најдобро за најдобрата цена, какво стакло да се постави, кој бренд е подобар, кој и како да ги монтира и уште многу други прашања. Но, најважно од сè е дали сме го добиле квалитетот за кој сме платиле, дали сме го добиле она што сме го посакувале и дали воопшто сме задоволни. Најважното прашање е дали поставените прозорци се соодветни на големината на изолација на објектот и дали ќе ја завршат својата функција. Или поточно дали ќе се добие точно она за што е платено и дали прозорците ќе бидат соодветни баш за тој
објект. Погрешно избраните прозорци, но и нивната несоодветна монтажа можат да доведат до голем број проблеми во објектите. Од големи загуби на енергија, преку прегревања во летниот период, провев низ прозорците или околу нив на спојот со ѕидот, па сè до протекување на вода, создавaње на мувла и кондензат. Ниту еден од овие проблеми не е мал, ниту наивен. Покрај тоа што ги зголемуваат трошоците за греење и ладење, сериозно негативно влијаат врз здравјето, удобноста и работоспособноста. На балканските простори монтажата на прозорците најчесто е сосема погрешна, па колку и скапи прозорци да купите, колку и да им се високи изолационите својства, вие буквално сте ги фрлиле парите. Топлинските мостови и провевот се толку големи што вложените пари во прозорците нема да ви се исплатат никогаш, а удобноста во објектот ќе биде многу мала. Од моето секојдневно работење со контрола, дијагностицирање и решавање на проблеми поврзани со прозорците, можам да заклучам дека во огромен процент прозорците не ги
задоволуваат барањата кои погоре ги наведов. Зошто е тоа така треба да биде предмет на поопсежна анализа, но според мене најголемите проблеми потекнуваат токму од продавачите кои им „сеат магла“ на клиентите, но и во неедуцираноста на клиентите што е она што треба да го побараат. Како да знаете дали прозорците мора да се заменат или проблемите може да се санираат? За среќа денес веќе постои апаратура и има постапки со кои може да се провери состојбата на прозорците, квалитетот на нивното монтирање, дали да се заменат или само да се санираат проблемите. Во текот на секојдневното работење и од искуството што сум го стекнал, често се покажува дека нема потреба од менување на прозорците, туку грешката е во монтажата, или во стаклата, а понекогаш и во оковот. Со тоа се заштедуваат големи пари на клиентите, но и нервоза и не мали градежни зафати. Еден од најчестите проблеми кои ги дијагностицираме е поврзан со монтажа на прозорците. Најчесто тоа се прави со експандирачка пена (пурпена), која после извесно време ги губи својствата и испарува. Тогаш се случува провев помеѓу прозорците и ѕидот, без разлика дали е причина ветер или таканаречениот внатрешен STACK PRESSURE предизвикан од движењето на топлиот воздух нагоре. Овој провев носи големи проблеми, од типот на енергетски загуби, непријатно чувство, но и мувла и кондензат. Неретко воздухот кој продира од надвор кон внатре, не продира внатре веднаш покрај прозорецот, туку се движи низ ѕидот (под
гипскартонот или низ циглите) и навлегува низ прекинувачи, утичници, покрај цевки и други продори. Со тоа доаѓа до ладење на голем дел од фасадните ѕидови што уште повеќе го усложнува проблемот. Со помош на мултифункционални мерачи на топлинскиот проток и со т.н. Blower Door Test и Air Leakage Inspection, многу ефикасно и брзо ги дијагностицираме проблемите и им препорачуваме на клиентите, дали да ги санираат прозорците или е неопходно да ги заменат со нови. Како да се одберат вистинските прозорци? Најнапред е многу важно да се има предвид за каков објект тие се наменети. Да се направи мерење на изолационата моќ на фасадните ѕидови, доколку е објектот веќе постоечки, или да се констатира каков тип на изолација ќе се постави на фасадните ѕидови кај новите објекти. Изборот на прозорци, мора да биде последица на направени пресметки, а не да се
базира на маркетиншка пропаганда. Бидејќи за вложените пари треба да добиете прозорци кои точно ќе се вклопат во енергетскиот биланс на објектот. Ниту повеќе, за да преплатите нешто што нема да ви користи, ниту пак помалку за да заштедите во моментот, а во иднина да ве чини прескапо. Оттука произлегува и изборот на изолационата моќ која треба да ја задоволи прозорецот или таканареченото UW треба да се движи од 0,8 w/(m2K) до 1,4 w/(m2K). Иако според нормите за енергетски ефикасни прозорци се препорачува дека UW≤ 1,1 w/(m2K), од секојдневното искуство, често пати таквите прозорци нема ништо да придонесат, бидејки изолацијата на фасадните ѕидови не е на потребното ниво за да се вложат пари во таков тип на прозорци. Изборот на стаклата е исто така клучен, при изборот на прозорците. Тука е можеби и најголемото „сеење на магла“ од продавачите. Сите тие зборуваат за топлинската изолација на
27 oктомври 2017
ПОРТА
49
стаклото, па ќе ви кажат дека стаклото т.н. „четири сезони“ е најдоброто кое можете да го добиете. Вистината и тука е дека изборот на стакло е исто така предмет на анализа и пресметка. Не е исто дали стаклото е поставено со јужна или северна ориентација. Два многу важни фактори при изборот на стаклата се: дистанцерите на стаклопакетот и т.н. светлопропустливост на стаклото „g“. Дистанцерите не смеат да бидат алуминиумски, туку силиконски или пластични, со што би се избегнал топлинскиот мост. Светлопроводливоста треба да биде поголема од 50 %, а во светот веќе постојат и стаклопакети кои достигнуваат и g до 60 %. Ова е клучно за да ја примите енергијата од сонцето во зимските периоди, која е потполно бесплатна. Сигурно ова ви звучи дека во лето ќе има големо прегревање во објектот преку стаклата, но и за тоа постојат решенија и тоа ќе биде тема во некој од следните броеви. Неретко нашите „сеачи на магла“ ќе ви продаваат стакло со извонредно високи топлоизолациони карактеристики, но нема да ви кажат дека дистанцерите на стаклопакетот се алуминиумски и дека светлопропустливоста е на многу ниски 35 %. Ова се состојби со кои се соочувам секојдневно, со клиенти кои се буквално измамени. Од сè ова можеме да заклучиме дека изборот на прозорци е комплексна и важна работа и дека треба да се препушти на стручни лица. Квалитетот на прозорецот треба да ги засега топлоизолационите својства на рамот и е комбинација на топлоизолационите својства на стаклата, типот на дистанцери и светлопропустливоста. Само тогаш ќе го добиете она што ви треба и она за што реално плаќате. Како да се монтираат? Погрешната монтажа на прозорците е уште една аномалија со која секојдневно се соочувам при контрола и дијагностицирање. Причините за ова се исто така најразлични, па се движат од незнаење на монтерите, преку брзање на инвеститорите, па сè до неодговорност на сите вклучени во процесот. Основни услови кои треба да бидат задоволени при монтажа на прозорците се: стабилност, избегнување на топлински мостови 50
ПОРТА
27 oктомври 2017
на споевите со ѕидот, обезбедување на воздухонепропустливост помеѓу ѕидот и прозорецот, како и водонепропустливост низ и околу прозорецот. Нормално не треба да се запостават и естетските вредности. Позицијата на прозорецот во ѕидот е клучна за да се избегнат топлинските мостови околу прозорецот. Сосема е логично дека прозорецот е најлесно да се монтира во тврдиот дел на ѕидот, во тула или бетон, бидејки наједноставно се прицврстува. Но тоа е првата грешка која се прави. Прозорецот треба да биде монтиран
така што да „виси“ надвор во изолацијата, но тука веќе се појавува друг проблем. Често дебелината на изолацијата која се поставува на фасадата во Македонија изнесува 5 см, 10 см или најмногу 15 см. Како прозор со дебелина од 7 до 9 см да го наместите да виси во изолација со толку мала дебелина? И за ова постојат решенија и технологии, кои секојдневно ги применуваме за нашите клиенти, но истите треба да се направат уште при ѕидањето на фасадните ѕидови. Трошокот воопшто не е поголем од стандардното ѕидање, туку тајната е во решавањето на деталите. Со ваквиот начин на монтажа на прозорците, воопшто не се употребува експандирачка пена. Кај старите објекти, каде што се менуваат стари прозорци, ваквата монтажа не е можна, но постојат специјални материјали кои ги употребуваме, за намалување или елиминирање на топлинските мостови. Дихтувањето на прозорецот, на спојот со ѕидот, и тоа како е важен услов за правилна монтажа. Ова се постигнува со помош на дихтунг ленти, со посебни својства во однос на воздухонепропустливоста, паропермеабилноста и еластичноста. Правилно е
поставување на дихтунг ленти и од внатрешната и од надворешната страна на прозорецот, на спојот со ѕидот, но онаму каде што тоа не е можно, се поставува само внатрешната лента. Со ова се постигнува потполно дихтување на спојот меѓу прозорецот и ѕидот, а трајноста е сè додека стојат и прозорците. Еден многу банален проблем, кој многу често го среќавам во секојдневното работење е кај промената на стари прозорци. Несфатливо е дека после вадењето на старите прозорци, не се пристапува прво кон оформување на правилни отвори во кои би се монтирале новите прозорци. Туку под изговор на некакво брзање, новите прозорци се монтираат на отвори кои на одредени места можат да бидат и по дваесетина сантиметри поголеми од прозорецот. Тие отвори се пополнуваат со пур-пена или малтер, што е апсолутно неприфатливо. Согласно извршените мерења кај вака монтираните прозорци, сум дошол до заклучок дека замената на прозорците е беспредметна. Вложени се пари, а загубите на енергија остануваат огромни. Отворот за монтажа на прозорецот треба да биде поголем 2 до 4 см, од димензиите на прозорецот и истиот мора да се оформи пред монтажата на новите прозорци. Водонепропустливоста низ самиот прозорец, во најголемиот дел е добра. Но чести се проблемите со продори на вода околу прозорците, под дејство на силни врнежи и ветер. Тестирањето на овој проблем се работи со т.н. Spray Bar Test и секојдневното искуство кажува дека протекувањето на вода околу прозорците е исто така честа аномалија. Со поставувањето на дихтунг лентите за кои погоре зборував, се решава и овој проблем,
бидејќи лентата за надворешна намена, покрај воздухонепропустливите својства има улога и на запечатување против протекувања. Извршените мерења кај прозорци кои се монтирани согласно ваквите правила и препораки, покажале дека до максимум се искористени својствата на прозорците во кои вложувате пари. Во спротивно, инвестицијата е залудна. Како може да се провери состојбата на веќе монтираните прозорци? Во денешно време дијагностицирањето на состојбата и ефективноста на прозорците е брза и едноставна работа. Постојат методи и апаратура за тестирање на сите важни карактеристики на прозорците како што е водонепропусноста, воздухонепропусноста, мерење на топлинскиот коефициент, на топлинските мостови, но и дали се
соодветни за постоечките фасадни ѕидови. Во тековното работење со контрола, дијагностицирање и лекување на проблемите кај прозорците, употребувам голем број мерни инструменти и опрема, како што се мултифункционални мерачи на проток на топлина, софистицирани фенови за Blower Door Test и Air Leakage Inspection, Spray Bar опрема, длабински влагомери, разни димогенератори и инфрацрвени камери. Сите процедури се точно дефинирани со ENстандардите и ги спроведуваме согласно нив. Добиените резултати се анализираат во софтверски пакети и се прават пресметки за потребите и типовите на проблеми и можни решенија. Ваквите контроли и дијагностицирањето се вршат брзо и ефикасно, а воедно се потполно недеструктивни и безопасни за здравјето на луѓето и опремата. Со оглед дека прозорците можат да учествуваат и до 30 проценти во загубите на енергија од објектите, но можат да обезбедат и до 30 % од потребната енергија за загревање во зимскиот период, се наметнуваат како навистина важен дел од објектите. Покрај тоа, аномалиите кои би предизвикале мувла, кондензат и провев, веќе сериозно го загрозуваат здравјето и удобноста. Затоа при изборот на прозорци и при нивна монтажа, посветете сериозно внимание и искористете го знаењето на стручни лица за таа проблематика. И што е најважно од сè, после завршената монтажа, најдобро е да се направи контрола и тестирање на сите важни карактеристики кај прозорците. Моето секојдневно работење со оваа проблематика, покажува дека таквиот пристап им овозможува на клиентите да го добијат најдоброто за вложените пари.
27 oктомври 2017
ПОРТА
51
екологија
УРБАНО РУДАРСТВО
Градежниот отпад како
градежен материјал
Имајќи предвид дека традиционалните материјали во градежништвото се прават од суровини кои се природни ресурси, кои се конечни и кои веќе долготрајно се исцрпуваат, веќе одамна е јасно дека во многу скора иднина мора темелно да се смени перцепцијата за градежните материјали какви што отсекогаш ги познаваме. Алтернативните рециклирани материјали ќе мора час поскоро да станат стандард, зaшто во спротивно ќе немаме алтернатива.
Г
Даниела МЛАДЕНОВСКА лобалниот пазар на индустриски отпад во последните години бележи сериозен раст првенствено поради брзата индустријализација. Аналитичарите предвидуваат раст на овој пазар од 11 % за периодот 2016-2020, а денес во светот се генерираат повеќе од 11 милијарди тони индустриски отпад, кој неопходно е правилно да се управува, бидејќи во спротивно ќе се надминат капацитетите на депониите што би резултирало во многу нови нелегални депонии. Но, многу поважен чекор кон одржливо управување со овој вид отпад, е пронаоѓање начини за негова повторна употреба. На тој начин се заштитува животната средина, се заштедува време и други ресурси, од кои најважни за економијата несомнено се финансиските заштеди. Имајќи предвид дека во
ПОРТА
земјите од ЕУ28 (вклучувајќи ја и Норвешка), учеството на отпадот од градење и рушење е повисоко од учеството на кој било друг вид отпад (34 %), разбирливо е дека неговата повторна употреба има голем потенцијал и тоа повторно во градежниот сектор. На глобало ниво пак, во 2015 година, сегментот отпад од градење и рушење исто така доминира со 28 % удел на пазарот. Се прогнозира раст на овој удел во наредниот период, што секако поволно ќе се одрази на пазарот со отпадни материјали, чија сериозна движечка сила се заострените еколошки ограничувања како и бројните иницијативи за рециклирање и одржливо управување со отпадот. Секако, еден од најважните двигатели во оваа насока, е веќе зацртаната цел на ЕУ за претворање на отпадот во ресурс до 2020 година (Roadmap to a Resource Effiecient Еurope 2020). Што се однесува до Македонија, статистички нема прецизни податоци и категоризација на овој вид отпад. Според податоците од 2008
година, каде е класифициран и индустрискиот и комуналниот отпад, градежниот отпад е издвоен како посебна категорија (надвор од индустрискиот отпад) и неговиот удел е помал од 2 %. Но, мора да се напомене дека голем дел од градежниот отпад завршува на диви депонии или пак е измешан со комуналниот отпад. Во една од поновите студии (2016) која е подготвена за Југоисточниот плански регион се потенцира дека градежниот отпад и шутот претставуваат сериозен проблем затоа што ги има во големи количини, и со ретки исклучоци (градовите Струмица и Гевгелија), отпадот неселективно се фрла на диви депонии, по долови, покрај патиштата, па дури и во реки. Не се спроведуваат законските одредби во смисла на изрекување казни за компаниите кои постапуваат на овој начин. На годишно ниво, количината на овој вид отпад е детерминирана од обемот на градежните активности, но авторите на студијата проценуваат дека се работи за количини од околу 41.702t/годишно.
ReWall - материјал за обложување ѕидови од картонска амбалажа Градежниот отпад се генерира во различни количини и видови во текот на целиот животен циклус на еден објект (овде не се мисли на отпадот кој го создаваат луѓето во објектот низ различните секојдневни операции), но разбирливо е дека доминира отпадот при фазите на изградба и рушење на објектот. Во таа смисла, најголемиот предизвик на поборниците за кружна економија (circular economy) и заштита на животната средина, е количината на така создадениот отпад кој ќе заврши на депониите да се сведе на минимум. Генерално, проблемот треба да се фокусира на материјалите и процесите кои создаваат проблеми во одлагањето (опасен отпад), употреба на материјали кои немаат потенцијал за рециклирање, употреба на неефикасни материјали, како и во примената на проекти, но и детали кои резултираат во вишок отпад на самото градилиште. Во стручната терминологија, отпадот од градежните активности се дефинира како отпад од градење и рушење (Construction/Demolition - C&D Waste). Составот и количината на овој вид отпад го дефинираат неговиот квалитет, односно можностите за негова повторна употреба. Во продолжение, дадени се компонентите на отпадот од градење и рушење во зависност од неговото потекло: Изградба и реконструкција на патишта –
асфалт, бетон, земја, метал. Подготовка на градилиште – земја, дрво (вклучувајќи дрвја и грмушки), органски материи, песок, камен, бетон, цевки. Рушење – Мешан шут, кој вклучува дрво, бетон, тула,челик, цевки, сегменти од машинска опрема и сл. Градење – Дрво, сегменти од покрив, делови од панели за ѕидови, термичка изолација, делови од подови, бетон, лимени канали, цевки, амбалажа, челик. Реновирање – Дрво, сегменти од покрив, делови од панели за ѕидови, термичка изолација, делови од подови, бетон, лимени канали, цевки, амбалажа, челик. Вистински одржливите градови на иднината нема да прават разлика помеѓу отпадот и ресурсите, туку ќе го прифатат отпадот како појдовна точка за креирање на нешто ново. ПРЕТВОРАЊЕ НА ГРАДЕЖНИОТ ОТПАД ВО ГРАДЕЖЕН МАТЕРИЈАЛ - УРБАНО РУДАРСТВО Градовите постепено стануваат рудници на иднината, напоредно со исцрпувањето на традиционалните класични рудници. Природните ресурси кои се барани заради производство на градежни материјали, како Oдржливост на процесот на производство на изолација од природни материјали
Материјал налик на дрво од рециклирана хартија
песокот и чакалот, забрзано се исцрпуваат, но ги има во изобилие во нашето урбано опкружување. Професорот Thomas Graedel од Yale School of Forestry and Environmental Science, потенцира дека зградите покрај тоа што се огромно складиште на материјали, кои може да се рециклираат, овозможуваат заштеда на огромни количини енергија потребна за процесирање на нови материјали. Повторното користење на алуминиумот, кој може да се рециклира од објектите, троши само 5 % од енергијата која првично е потребна за негово производство. Алуминиумот е широко користен материјал во зградите, но честите реконструкции и реновирања воведуваат нови поефикасни материјали, па потенцијалот за повторна употреба на алуминиумот е значителен. На Академијата за дизајн во Ајндховен, Холандија, развиен е метод со чија помош се пулверизира рециклираниот материјал од рушењето на објектите, во нов тип на камен кој може да се трансформира во производи за фино обложување на површини. На друга локација пак, исто така во Холандија, дизајнерот Mieke Meijer и дизајнерското студио Vij5 креирале посебен вид рециклирано „дрво“, т.н „NewspaperWood“, кое како што кажува и неговото име претставува материјал налик на дрво, но е добиен од рециклирана хартија. Други производители, како на пример компанијата ReWall од САД, 27 oктомври 2017
ПОРТА
53
Градежен шут по региони
Согласно мерењата извршени за време на подготовката на регионалните планови за управување со отпадот, градежниот шут во нашата држава учествува со следните удели: - во Источниот Регион: удел од 1,39 % во вкупниот отпад или 628,7 тони годишно или 3,5 кг/жител/годишно; - во Североисточниот Регион: удел од 2.61 % во вкупниот создаден отпад или 1286 тони годишно или 7,3 % кг/жител/годишно - во Вардарски Регион уделот на отпадот од градење и рушење е 3,2 % во вкупниот создаден отпад од 280 кг/жител/годишно - во Скопски Регион уделот на отпадот од градење и рушење е 1,7 % во вкупниот создаден отпад од 262 кг/жител/годишно - во Пелагониски Регион уделот на отпадот од градење и рушење е 1 % во вкупниот создаден отпад од 305 кг/жител/годишно - Во Југозападен Регион уделот на отпадот од градење и рушење е 1,2 % во вкупниот создаден отпад од 251 кг/жител/годишно. имаат развиено материјал направен од 100 % повторно употребена картонска амбалажа за пијалаци, третирана во процес кој не користи вода. Овој рециклиран материјал првично бил наменет за обложување на внатрешните преградни ѕидови, но со негово пресување и зајакнување на механичките особини може да послужи и како конструктивен градежен материјал.
Троската од скопска Железарница се користи во градежништвото Веројатно еден од најинтересните примери на генерирање, а потоа и користење на отпад од рушење, е рушењето на Градската палата во Берлин (некогаш замок, потоа социјалистичко партиско седиште, срушена во 2008 за повторно да се изгради некогашниот замок). Рушењето на оваа зграда создало отпад од околу 56.000 тони бетон, 20.000 тони челик и железо, 500 тони стакло, како и други материјали. Проценето е дека и покрај огромните трошоци за рушење и изградба на новиот објект, само од продажбата на металниот отпад биле инкасирани над 10 милиони евра. Отпадниот метал се транспортирал до Рослау на Елба каде што металот бил рециклиран и испорачан во Дубаи за изградбата на Бурџ Калифа, но и во Турција за изработка на моторите на автомобилскиот бренд Volkswagen. Меѓу најимпозантните градби кои исто така имаат вградено рециклирани материјали, секако
мора да се споменат и облакодерите на Њујорк. Генерално, овие зданија многу полагаат на енергетската ефикасност и одржливоста преку разни решенија, и тоа од фотоволтаици и мали ветерници, до зелени покриви и фасади и систем за собирање на дождовницата. Но, меѓу сите нив особено се издвојува Њујорк Тајмс облакодерот (The New York Times Building) дело на Ренцо Пиано. Одржлива и енергетски ефикасна зграда, вклучува сет од зелени технологии кои овозможуваат заштеда на енергија од 30 %. Речиси половина од потребната енергија за зградата потекнува од сопствена когенеративна постројка, но најважно е дека над 95 % од конструктивниот челик вграден во објектот е рециклиран. Во Македонија има примери на користење на отпадни материјали, но тоа е главно за груби работи во градежништвото и во догледно време не можеме да зборуваме за некаква
Oтпадот од рушењето Градската палата во Берлин - материјал за изградба на Burj Khalifa во Дубаи 54
ПОРТА
27 oктомври 2017
индустриски објекти, мостови и брани, асфалтирани се автопати. Од отпад таа станува призната суровина за градежната индустрија. Кај нас погоните на поранешна Железарница имаат троска како отпад којашто ја пласираат на пазарот и се користи како тампонски материјал, за изведба на декоративни огради, тротоарни плочки и за други помалку одговорни намени.
Објект од природна тула - Ecovative i studio The Living воспоставена практика. Добар пример е секако користењето на отпад од секторот рударство и вадење камен. Како резултат на металуршките процеси, добиената троска може да послужи како солиден материјал. Троската е производ на високотемпературна реакција на компонентите на суровините - гориво, руди и гас. Оваа суровина има многу уникатни својства, меѓутоа многу долго време го пробиваше патот до широка примена во градежништвото. Во многу земји, со примена на градежни материјали од троска изградени се: висококатни згради,
ЕКСПЕРИМЕНТИРАЊЕ СО БИОЛОШКИ МАТЕРИЈАЛИ Сите претходно наведени и опишани можности, дополнително можат да бидат проширени односно дополнети со употреба на уште еден одржлив концепт, а тоа е примената на биолошки материјали, како на пример материјали добиени од бактерии или габи, понатаму, сè пошироката примена на волната за термичка изолација и сл. Во Њујорк, компанијата Ecovative „одгледува“ материјали направени од нуспродуктите на земјоделското производство и мицелиум од габи. Мицелиумот има особено голем потенцијал, при што при посебни услови овозможува добивање на материјал кој има структурни параметри споредливи со каменот и бетонот. Овој вид материјал веќе го имаше и своето деби како конструктивна компонента на една зграда во летото 2014, како резултат на соработката на
Ecovative со архитектонското студио The Living од Њујорк. Употребата на отпадот од текстилната индустрија (памук, отпад од погоните за душеци, рециклирани влакна и сл.) или пак природната волна, исто така забележува раст. Добрите својства на внатрешна изолација од волнените влакна се слични со оние на минералните и стаклените влакна и има коефициент на топлинска спроводливост од ~ 0,04 W/mK. Таа има одличен специфичен топлински капацитет, добра способност за апсорпција на влага и други гасови и е класифицирана како Euro Class E, според способноста за заштита од оган (стандард EN 13501-1:2002). Во Македонија има околу 1 000 тони неискористена волна што претставува добар извор за производство на изолациски материјал на база на волна. Имајќи предвид дека традиционалните материјали во градежништвото се прават од суровини кои се природни ресурси, кои се конечни и кои веќе долготрајно се исцрпуваат, веќе одамна е јасно дека во многу скора иднина мора темелно да се смени перцепцијата за градежните материјали какви што отсекогаш ги познаваме. Алтернативните рециклирани материјали ќе мора час поскоро да станат стандард, зашто во спротивно ќе немаме алтернатива.
27 oктомври 2017
ПОРТА
55
најчудни градби
БИТКА НА АРХИТЕКТИТЕ ВО ЊУЈОРК
Кој ќе ја направи најтенката станбена зграда?
Н
Драган РИСТОВ
ема крај на предизвиците кога е во прашање престижот меѓу архитектите и дизајнерите. Ова важи за елитниот Менхетен во Њујорк каде владее безмилосна битка помеѓу различните групи на архитекти и инвеститори кои сакаат да се наметнат како сопственици на најтенката, но и највисока зграда на светот. Во моментов, на Менхетен, една од најпознатите бетонски џунгли, се градат шест облакодери од кои дури три ја посакуваат оваа престижна титула: најтенки и највисоки. Едната 56
ПОРТА
27 oктомври 2017
се гради на „Осмата авенија“, втората на авенијата „Медисон“ и третата пред Централниот парк. Но, по сè изгледа, онаа на „Осмата авенија“ лоцирана на спојот на 225тата и 47-мата улица ќе го однесе победничкиот трофеј. Не само во Њујорк или САД, туку воопшто ќе ја презеде титулата од кулата „Вилис“ во Чикаго и кулата „Уан тауер“ во Мумбаи во Индија и ќе стане официјално „најтенко-највисока“ резидентна кула на светот. Официјалното име на проектот е „Нордстром кула“. Ја гради компанијата „Екстел развој“ во соработка со инвестициска група од Шангај во Кина. Облакодерот ќе биде висок 1550 стапки или 472 метри, а ако се додаде и антенскиот столб, тогаш комплетната височина ќе биде
541,3 метри што е буквално за една педа повисоко од облакодерот кој ги замени двете срушени кули близначки. Облакодерот ќе има 131 кат, од кои првите седум ќе бидат за инвеститорите, од седмиот до 12-тиот ќе бидат техничко-логистички катови, а оттаму до врвот ќе бидат станбени eдиници. Оние почетни седум ката делумно ќе бидат под земја, а делумно на ниво на улицата и ќе содржат меѓу другото огромен маркет, а над него ќе има хотел кој ќе вклучува огромна хала за церемонии од различен тип, детски игротеки и сали за кино- проекции. Подрумскиот дел е искористен за голем паркинг-простор. Проектот за градење на кулата е одобрен во април 2015 година од кога почнува и изградбата на облакодерот. Повеќе од половина од кулата веќе се издига на авенијата и може да се види тенката конструкција која е доста интересна за њујорчани, но и за туристите. Облакодерот има неколку катови во основата кои се пошироки, и кои се во основа еден вид стабилизатор за тенкиот дел на кулата за следните 90-тина катови. Надворешноста е составена од класична стаклена фасада. Зад официјалниот дизајн на кулата кој неколку пати бил изменуван, стои студиото Адријан Смит + Гордон Гил. Тие изработиле и 3Д модел на надворешноста и внатрешноста која покажува доста луксузни апартмани и станбени единици за купувачите. За тоа впрочем најдобра потврда се цените на становите според кои најниската цена ќе биде околу 6000 евра за м2 додека најлуксузниот апартман ќе се продава по единична цена од неверојатни 95 милиони долари! Кулата официјално ќе биде завршена во 2019 година. ПОРТА
57
уметност
МСУ во Белград реновиран според светските музеолошки стандарди Точно 52 години по основањето на Музејот на современа уметност во Белград и 10 години по неговото затворање заради реконструкција, еден од најважните чувари на културата во Србија и пошироко повторно ги отвори своите врати за посетителите со изложбата „Секвенци. Уметноста на Југославија и Србија од збирките на МСУ“.
Р
подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
еновираната зграда на Музејот на современа уметност (МСУ) во Белград, која 10 година била затворена за јавноста заради реконструкција, се отвори со изложбата „Секвенци. Уметноста на Југославија и Србија од збирките на МСУ“. Првите седум дена од отворањето публиката била во можност во секое време да ја посети изложбата. По ова, музејот работи со вообичаено работно време. Музејот е отворен на 20 октомври во 1965 година, а колекцијата на музејот се формира уште од 1958 година, од времето на основањето на Модерната галерија, со
58
ПОРТА
27 oктомври 2017
цел што подобро да се претстават најважните уметници, движења и тенденции на современата уметност во 20 век на Балканот, Србија и пошироко. Денес, колекцијата на музејот се состои од повеќе од 8.000 дела и претставува единствен поглед на развојот на уметноста на 20 и 21 век во споменатите региони. Зградата на МСУ, дело на архитектите Иван Антиќ и Иванка Распоповиќ, за публиката била затворена во 2007 година, кога започна првата фаза на реконструкција и реновирање. Обновата на оваа репрезентативна зграда подразбирала уредување на подрумските простории (депоа, работилници, ателјеа за конзервација... ), уредување на покрив, преместување на енергетскиот блок од музејот во посебен објект, комплетно уредување на ентериерот, замена на
инсталацијата и обнова на фасадите. Музејот по изведените работи доби простор и опрема за изложувања и презентација на уметнички дела во согласност со меѓународните музеолошки стандарди. За две години, Владата на Србија и Министерството за култура за реконструкција на МСУ одвоиле околу 680 милиони динари. Претходно, за реконструкција на покривот се дадени околу 400 милиони динари, а вкупната сума издвоена во изминатите 10 години за реконструкција на Музејот е околу една милијарда динари. „СЕКВЕНЦИ... “ Изложбата „Секвенци. Уметноста на Југославија и Србија од збирките на МСУ“, како што објаснува нејзиниот автор и кустос Дејан Сретеновиќ, има функција на
постојана поставка, но не и таков статус. „Имено, кога станува збор за ваквите потфати во историјата на уметноста, го избегнуваме терминот „трајна поставка“, изјавил Сретеновиќ. „Оваа изложба не претендира да канонизира уметници и нивни дела, таа се обидува преку слики и нарации да претстави различни уметнички движења и тенденции. Ова е само едно можно читање на историјата на уметноста на Србија и Југославија на 20 век, чии дела се наоѓаат во колекцијата на Музејот“. Поставката е поделена на 16 секвенци, од кои секоја за себе е посебна приказна и зборува за одредена поетика, проблеми, уметнички феномени или други појави. Овие секвенци се распоредени во пет наративни текови и ја следат архитектурата на зградата. На приземјето може да се види и предвоената уметност, која е поделена во две секвенци – „Граѓански модернизам“ и „Социјална уметност“. На второто ниво се „Историски авангарди“, „Неоавангарда“, „Концептуална уметност“, „Нови уметнички практики“ и „Ретроавангарда“. Изложбата е дидактички ориентирана и свртена кон најшироката публика, а според организаторите, „целта не е само да се промовира колекцијата и реновираната зграда на музејот, туку, исто така, да ја
вратиме и публиката. Пред сè, најмладата, односно оние генерации кои стасале, но немале можност да влезат во оваа зграда и да се запознаат со она што е заедничко уметничко наследство“. На третото ниво е повоената уметност на високиот модернизам и постмодернизам и фотографии, а на четвртото ниво е уметноста на осумдесеттите години на 20 век, постмодернизмот, „новата предметност“. На петтото ниво изложбата завршува со уметноста на деведесеттите години на минатиот век и современата уметност денес. Тимот на авторот Дејан Сретеновиќ го сочинуваат кустосите Зоран Ериќ и Мишела Блануша кои заеднички ја осмислувале поставката креирана од богатата историја на уметноста на Југославија и Србија во 20 и 21 век. Свое место во поставката нашле и делата на Надежда Петровиќ, Петар Добровиќ, Сава Шумановиќ, Јован Бијелиќ, групата надреалисти „Белградски надреализам“, движењето „Зенитизам“,Мангелос, авангардните уметници од Горгона… Посетителите ќе имаат можност да ги видат и делата на познати концептуалисти како што се Марина Абрамовиќ, Раша Tодосијевиќ, Зоран Поповиќ, како и дел од творештвата на најзначајните имиња на
27 oктомври 2017
ПОРТА
59
Д О Х А 29.12 - 3.1 авионски аранжман од 599
€
COSTA NEOCLASSICA 15.12.2017 8 ноќи/ 10 дена
1059 € +389 2 32 32 234 повоената сцена на високиот модернизам како Миодраг Протиќ, Петар Омчикус, Стојан Челиќ, Милорад Бата Михајловиќ. „Постои еден сегмент и со странски уметници. Тука е и угледниот уметник Дан Пержовски и руската група „Што дјелат“, како и интересната скулптура на Конрад Карстен. На последното ниво на музејот е уметноста на деведесеттите години на 20 век и современата уметност - делата на Билјана Ѓурѓевиќ, Здравко Јоксимовиќ, Милица Ружичиќ, Владимир Миладиновиќ, Синиша Илиќ... ИСТОРИЈА Дејноста на Музејот започнала во 1958 година, кога со акт на Сојузот на култура на народниот комитет на Белград била донесена Одлука за основање на Модерна галерија, институција чија задача била да го
60
ПОРТА
следи развојот на југословенската и српската модерна и современа уметност во 20 век. Основач и прв управник на Модерната галерија, која започнала со работа во 1959 година, е Миодраг Б. Протиќ (1922- 2014), сликар, теоретичар и ликовен критичар. Истата година, Извршниот совет на Србија одлучил за целите на оваа галерија да се изгради зграда што ќе ги задоволи современите музеолошки принципи и да се одреди локација во Нов Белград, на сливот на реката Сава, спроти Белградската тврдина. Конкурсот за изработка на идејниот проект бил завршен во 1960 година. Било избрано делото на архитектите Иван Антиќ и Иванка Распоповиќ. Зградата е изградена од 1960 до 1965 година. Новата зграда на Музејот на современа уметност е едно од најзначајните достигнувања на повоената југословенска архитектура и еден од најзначајните
примери на музејските објекти на територијата на поранешна Југославија. Зградата на Музејот на современа уметност со своите извонредни обликовни квалитети, единствена форма, со задоволување на функционалните барања и
квалитетното вклопување во непосредното природното опкружување, е вброена во антологиските архитектонски дела на овие простори. Ова е прва зграда изградена наменски за музеј во Белград. Архитектурата на Музејот сведочи за
27 oктомври 2017
ПОРТА
61
преплетувањето на разновидните влијанија, уметнички и културни тенденции, како и општествените и економски сили. Објектот е конципиран како оригинална просторна композиција, која формира единствен изложбен простор без внатрешни прегради, поделен на неколку нивоа. Во внатрешноста, оригинален придонес е каскадното решение на полукатови и меѓунивоа. Така, на посетителите им е овозможено лесно движење, а исто така, остварени се простори со различни катни височини, а внатрешниот простор е дополнително збогатен со сукцесивни панорамски визури кон опкружувањето. Со надворешниот изглед на објектот доминира форма од шест засечени двокатни коцки со изедначена горна кота на покривот. Советот на Модерната галерија во 1965 година го усвои новото име - Музеј на современата уметност. Колекцијата на Музејот, основана во 1958 година, денес брои повеќе од 8.000 дела и го претставува развојот на уметничкото творештво на 20 и 21 век на Балканот, Србија и пошироко. Колекцијата се состои од Збирка на слики од 1900 до 1945, Збирка на слики по 1945 година, Збирка на скулптури, Збирка на графики и цртежи и Збирка на нови уметнички медиуми (фотографија, филм, видео, итн.). МСУ има богата библиотека, со повеќе од 5.700 книги и 26.000 каталози на изложби од земјата и странство.
62
ПОРТА
27 oктомври 2017
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
хортикултура
ПОЛЗЕЧКИ РАСТЕНИЈА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДИНИТЕ
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум. инж.
Л
(БИРО ПРОЕКТ, ДООЕЛ Скопје)
ијаните или народно познати како ползавци, претставуваат ползечки растенија кои имаат способност да растат во височина и при тоа одредени видови имаат способност да се врзуваат за одредена подлога со помош на т.н. воздушни корења, додека за други треба дополнително да се потрудиме да им обезбедиме цврста подлога за раст. Овие растенија многу често се користат во уредувањето на зелените површини, поради тоа што со редовно одржување може да се постигнат голем број форми со садење на ваквите растенија во комбинација со одредена конструкција. На ползечките растенија им е потребна потпора по која ќе се приврзат, во спротивно би се развивале приземно, во форма на зелен килим или како грмушести растенија. Изборот на конструкција по кои би се развивале овие растенија во градините е доста голем, каде само креативноста е граница за изработка на крајниот производ. Освен класичните потпори 64
ПОРТА
27 oктомври 2017
изработени од најразлични материјали, постојат и доста креативни решенија во форма на перголи, лакови и креативни конструкции. Многу често овие растенија се користат за обраснување на фасади од постари објекти, а како потпора се користат жичени конструкции. Со употребата на овие растенија може да се постигне одличен ефект доколку имаме некое изумрено дрво во градината, па во негова непосредна близина може да се насадат ползечки растенија кои би се развивале по неговото стебло. Wisteria spp. - вистерија претставува ползечки вид со крупни гроздести цветови со
нијанси на сина, розова, виолетова, жолта или бела боја. Станува збор за вид кој е доста агресивен и за таа цел потребно е високо ниво на одржување, тука пред сé се мисли на кроењето, бидејќи вистеријата за краток период може да порасне во несакан правец доколку редовно не се контролира. - Bougainvillea spp. - претставува ползечки вид кој цвета преку лето и во есен. Цветаат на овогодинешните ластари, така што кроењето е најдобро да се прави по прецветувањето, доцна на зима или во рана пролет. Цвета многу густо со многу силни и изразени бои. - Ползечките рози (Rosa sp.) се класика. Тие се фаворите кај голем број градинари. Ползечките рози имаат крупни цветови, во голем спектар на бои, едноставни се за одржување, а како потпора задолжително е потребно мануелно да се подврзуваат затоа што немаат способност како некои лијани да се прицврстуваат самостојно за потпората. Станува збор за вид кој одлично се вклопува во голем број градинарски стилови доловувајќи носталгија, романтика и среќа. Грижата за ползечките растенија се сведува пред сé да се обезбеди стабилна конструкција, бидејќи некои видови како вистеријата и розите во позрели години знаат да бидат многу
тешки. Сезонската грижа на овие растенија се сведува на рутинско одржување во поглед на полевање прихрана и доколку има потреба подврзување на некои од потешките ластари. Најважно од сé е кроењето со цел да се задржи саканата форма на растенијата. Различни типови на ползечки растенија се кројат во различен период годината и на различен начин. Овде пред сé се мисли на разлика во кроењето на лиснодекоративните со цветнодекоратините видови.
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА