262

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

262

НОЕМВРИ 2017

На моќта единствено можеме да се спротивставиме со знаење Архитектура во допир со природата Гранит рамо до рамо со гигантите од градежништвото

90 ДЕНАРИ


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA




ГОДИНА XII

БРОЈ 262 ПЕТОК 24.11.2017 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Архитектот Билјана Филиповска е добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2017 година, која неодамна ѝ беше врачена во Музејот на современа уметност пред голем број пријатели, колеги и други почитувачи на нејзиното дело. Во интервјуто таа вели дека: „На моќта единствено можеме да се спротивставиме со знаење“. Според неа: „Нема поголем загадувач на околината од погрешно поставените градби, од погрешна архитектура. Тие неповратно го уништуваат просторот, ја менуваат климата и ја разградуваат околината што е наше заедничко добро“. Во овој број го пренесуваме вториот дел од рекапитуларот на вистините и сомнежите, на нашиот соработник, сообраќајниот инженер Ненад Тониќ, кој низ неговото сведоштво пишува за замаглувањето на стратешката важност на сообраќајот во нашиот главен град. Тониќ вели дека: „Јавниот градски превоз никогаш не бил сурова грутка од хаотични тежи и противтежи. Особено не во современиот свет на општествена и социјална коректност и одговорност. Нормално, таму каде на тоа се внимава и за кое се полага сметка...“ Во земјава во тек е изградбата на Коридор 8, Автопат Кичево-Охрид. Една делница гради и компанијата Гранит. Станува збор за голем предизвик за секоја компанија. Изведбата на конструкциите

може да биде користена од сите наредни генерации, а нашата земја ќе има стручни и обучени кадри за работа со најсовремена технологија на градба. Кај нас многу малку се посветува внимание на архитектурата на индустриските објекти. А дека таа е значајна покажува проектот МЛ Гари - MAYA. Архитектура која е во допир со природата. Фабриката за полнење природна изворска вода, што се наоѓа во близина на село Гари, е објект којшто пред сè има нагласена цел и идеја да ги задоволи сите потребни функции и потреби, но да ги задоволи и потребите на локацијата, да се грижи за своите вработени, да овозможи еден хуман простор за работа, да ослободи од стегите на класичната поделба на внатре и надвор. Во рамките на Интернационалниот форум за архитектура и инженерство SHARE Скопје 2017 година што се одржа во септември, најголем интерес побуди специјалниот гостин Маурицио Меоси, постар соработник во бирото Zaha Hadid Architects, UK. Архитектот Меоси посебно ја истакнува колективната работа, па ќе рече: „Во нашето студио секогаш му дозволуваме на секој член од тимот да придонесе според неговата стручност, а во исто време во текот на целиот процес да се стекне со нови знаења и искуство, како и да ги унапреди веќе стекнатите знаења, работејќи со поискусните колеги“. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница KОНЗОЛЕН МОСТ АВТОПАТ, КИЧЕВО ОХРИД

ПОРТА

262

НОЕМВРИ 2017

На моќта единствено можеме да се спротивставиме со знаење

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Архитектура во допир со природата Гранит рамо до рамо со гигантите од градежништвото

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.

90 ДЕНАРИ

ИЗВЕДБА ГРАНИТ, СКОПЈЕ

Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

ГРАДЕЖНИШТВО 8

24

ГРАНИТ – РАМО ДО РАМО СО ГИГАНТИТЕ НА ГРАДЕЖНИШТВОТО

ГРАДЕЖНИШТВО 14 ОТВОРЕНА НАЈВИСОКАТА ТЕСТ КУЛА ЗА ЛИФТОВИ НА THYSSENKRUPP ВО СВЕТОТ

ИНТЕРВЈУ 18 38

АРХИТЕКТУРА ВО ДОПИР СО ПРИРОДАТА

АРХИТЕКТУРА 38 СТИРЛИНГ ЗА ПРОМЕНАДАТА ВО ХЕЈСТИНГС

18

СООБРАЌАЈ 46

КАДЕ НИ ИСТЕКУВААТ ПАРИТЕ И НЕ’ НАПУШТА ЗДРАВЈЕТО

ЕКОЛОГИЈА 58 ЗАРОБЕНИ ВО СОПСТВЕНИОТ ДВОР

Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

АРХИТЕКТУРА 24

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 54

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

БИЉАНА ФИЛИПОВСКА: НА МОЌТА ЕДИНСТВЕНО МОЖЕМЕ ДА СЕ СПРОТИВСТАВИМЕ СО ЗНАЕЊЕ

ЗАМАГЛУВАЊЕ НА СТРАТЕШКАТА ВАЖНОСТ

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Maрина ВЕРУШЕСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Петар НИКОЛОВСКИ Филип ФИЛИПОСКИ

50

66

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.07.2017 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

БИМ - Револуција во комуникацијата во градежната индустрија Користа од БИМ-моделот не завршува со градењето на објектот, туку идејата е тој да се применува и во фазата на користење на објектот, односно при неговото одржување и управување преку апликациите за управување на објектите (Facility Мanagement) како што се тоа ArchiFM или пак Archibus Трајче СТОЈАНОВ, архитект и БИМ консултант

В

о Македонија, презентации, конференции или пак воопшто настани со тематика информатички технологии во архитектурата и градежништвото не се случуваат често. Затоа беше важно, но пред сè интересно, да се присуствува на настанот со наслов БИМ – Револуција во комуникацијата во градежната индустрија кој се одржа на 15ти ноември во конференциската сала на хотел ТЦЦ Гранд Плаза во Скопје. Организатор на настанот беше компанијата Смарт Солушнс од Скопје, со своите партнери: Хикад од Србија, регионален дистрибутер на софтвери во градежништвото и Графисофт од Унгарија, производител на првиот БИМ-софтвер во светот, Архикад. Пред околу 40-тина присутни, настанот го отвори Жолт Ивановиќ, менаџер на Хикад, кој даде вовед во БИМ-технологијата и темите кои ќе бидат презентирани, а се во врска со неа. Потоа, Владимир Крстиќ, менаџер на

Смарт Солушнс, кратко се осврна на портфолиото на софтверски апликации и услуги кои ги нуди компанијата на домашниот пазар, а го потенцираше застапништвото на Архикад за територијата на Република Македонија, како и поддршката што ја имаат македонските архитекти. Ласло Теке од Графисофт Унгарија елаборираше на тема БИМ на глобално ниво. Говорникот ја објасни кованицата БИМ (Building Information Modeling) како израз кој подразбира дигитално креиран модел на виртуелен објект кој содржи и е опишан со мноштво информации концепт на кој функциoнира Архикад, првенецот на Графисофт. За разлика од традиционалните 2Д КАД-софтвери, во кои исцртаните 2Д линии даваат штури информации за тоа што тие претставуваат, БИМапликациите тежнеат да примат и да предадат што е можно повеќе информации за елементите од кои е составен моделот. Интересно, временски развојот на овие две технологии – 2Д КАД и БИМ се одвива практично истовремено. Во недостиг на персонален компјутер со добра графика и пред сè, добра цена, БИМтехнологијата со децении ги чека своите пет минути. Напредокот на хардверот и

ПОРТА


опаѓањето на неговата цена овозможи брзо прифaќање на БИМ-апликациите и нивна надмоќ над 2Д КАД-апликациите. Во светот денес, БИМ-апликациите се влезени во националните регулативи како мандаторен софтвер при изработка на проекти при јавни набавки. Таков е случајот со Велика Британија, која изразито преднични во

воведот на БИМ во сите пори во процесот на проектирање, градење и одржување на градбите. Меѓу напредните се и

скандинавските земји, Холандија, Ирска, Германија, Австрија, Канада, САД, Нов Зеланд, Австралија, додека земјите од Јужна и Источна Европа, сè уште не залечени од неодaмнешната финансиска криза заостануваат. Земјите кои предничат во имплементацијата на БИМ-технологијата во процесот на проектирање и градење, поради комплексноста на технологијата тоа го вршат во фази од по неколку години, врзани со конкретни акциони планови и очекувани резултати. Конкретно, Велика Британија, е во фаза на имплементација на БИМ ниво 2 кое треба да биде подигнато на ниво 3 почнувајќи од 2020 година. Согласно владината стратегија за градење, до 2025 година поради имплементација на БИМтехнологијата, се очекува редукција на трошоците за изградба од 33 %, намалување на времето потребно за изградба за 50 %, намалена емисија на СО2 за 50 %. Следејќи ги позитивните сигнали од употребата на БИМ-софтверите, Европскиот парламент, уште во 2014 година побара од земјите членки во своите национални регулативи за јавни набавки, да ја земат предвид БИМ-технологијата со цел унапредување на јавните набавки до 2016 година. Покрај влезот на БИМ како технологија за изработка на проекти во законската регулатива на многу земји низ светот, сè позабрзано се донесуваат национални БИМ-стандарди и препораки кои не се задолжителни, но се доста користени. Но самиот процес на усвојување на БИМтехнологијата не е едноставна работа, па стандардите и препораките се многу битни. Со оглед дека имплементацијата на БИМтехнологијата во ЕУ се врши самостојно од

секоја ЕУ-членка, потребно е усогласување на стандардите и дефинирање на заеднички препораки. Со таа цел, во 2016 година беше формирана т.н. ЕУ БИМ Таск Груп со задача да предложи рамка во која ќе се унифицира БИМ-примената во земјите членки на ЕУ. Се чини дека примената на БИМсофтверите никогаш не била поактуелна. Технологијата го трансформира начинот на кој индивидуалците и компаниите работат. Сега кога светот е поврзан повеќезначно (телекомуникациски, транспортно, културно...) потребата од тимска работа „ја менува играта“. БИМ-софтверите тоа го овозможуваат. Во презентацијата која ја одржа Гордана Радониќ од Графисофт, токму акцент беше ставен на тимската работа и на апликациите и алатките кои тоа го овозможуваат. Презентирајќи од својот ајпад, преку БИМџ-апликација која служи за прегледување на БИМ-модели креирани во Архикад, Радониќ ни покажа како може еден модел да се истражува во 3Д кога сме во движење, во авион, градилиште и слично. Тимската работа во Архикад овозможува работа на еден фајл, еден модел преку користење на БИМ-сервер, модул во Архикад. Со користење на опциите за тимската работа, која Графисофт ја претстави уште во 1995 година, секој член на тимот добива дел од моделот кој има дозвола да го менува, а низ модулот за комуникација се разменуваат пораки за подобра координација. За крај, корисно е да се спомне и за некои очекувања во иднината. Жолт Ивановиќ имаше и интересен осврт на животниот циклус на БИМ. Потенцираше дека користа од БИМ- моделот не завршува со градењето на објектот, туку идејата е тој да се користи и во фазата на користење на објектот, односно при неговото одржување и управување преку апликациите за управување на објектите (Facility Мanagement) како што се тоа ArchiFM или пак Archibus. Ако се погледнат трошоците генерирани од објектот, ќе се заклучи дека трошоците за проектирање на даден објект учествуваат со 2 % од вкупните генерирани трошоци, самата градба учествува со 34 %, додека остатокот, односно најголемите трошоци се однесуваат на одржување на објектот, односно 64 %. Токму БИМ-моделите поврзани со најразлични сензори, а управувани во ФМ-апликациите придонесуваат за огромни заштеди при користењето на објектот. На тој начин БИМтехнологијата е врзана за еден објект за целиот негов животен циклус од идеја до користење, односно рушење. Импресиите од настанот беа навистина позитивни. Учесниците имаа можност да разменат искуства и мислења во неофицијалниот дел. 24 ноември 2017

ПОРТА

7


градежништво

КОРИДОР 8, АВТОПАТ КИЧЕВО-ОХРИД

ГРАНИТ рамо до рамо со

Изведбата на еден ваков значаен автопат е за гордеење. Особено поради изведбата на конструкции и патот кој ќе биде користен од сите наредни генерации и ќе покажеме дека можеме да се носиме рамо до рамо со сите останати гиганти од градежништвото и оваа мала земја ќе има стручни и обучени кадри за работа со најсовремена технологија на градба.

Ц

Ивана ДИМИТРОВА, д. г. и. - раководител на објект фото, PERI ( Германија)

елта на изградбата на автопатот од Кичево до Охрид е да се скрати времето потребно за патување. Ова е од огромно значење за Република Македонија, бидејќи Охрид е најголемиот туристички центар во Републиката. Делницата е со вкупна должина од 65 километри поделена во неколку секции. Главен изведувач на работите е кинеската компанија „Синохидро корпорејшн лимитед“, а најголемиот дел од работите ги изведуваат наши домашни компании.

8

ПОРТА

24 ноември 2017

Најголемата градежна компанија во Македонија, Гранит е задолжена за изведба на првите 10,42 км од овој патен правец, односно Секција 1 која се протега на делот од Кичево до Подвис. Географската поставеност на овој дел од трасата резултира со потреба од ангажирање на сериозна градежна механизација, како и голем број работници и инженерско-технички кадар. За изведба на оваа секција потребно е да се изврши ископ од 3.712.709 м3 земја, да се насипат 286. 101 м3 материјал. Конструкциите го заземаат најзначајниот обем на работа на оваа секција. Тие влегуваат со вкупно учество од 60 % од трасата. Предвидено е да изведат 14 вијадукти, 13 потпорни ѕидови, како и неколку

клучки, потпатници и натпатници. За нивна изведба потребно е да се вградат 15.000 тони арматура, 150.000 м3 бетон и асфалт од 213.893м2. Со еден збор изведбата на оваа траса укажа на потреба од ангажирање на најдоброто од градежништвото во Македонија како од најсовремена механизација, така и од употреба на најсовремена технологија на изведба на објектите. Согласно последните преговори и разговори со надзорниот орган утврдена е нужна потреба од проектирање на нов

ПОДВИС ЛАВЧАНИ


И

гигантите од градежништвото Виадукт на км 9+105, Лавчани

метри. Темелите се армирано бетонски. Квалитетот на арматурата која се употребува е В500. Бетонот што е предвиден да се користи во зависност од статичката пресметка е од МБ30 до МБ45. Средните столбови најчесто се со правоаголен попречен пресек, но има и столбови со сандачест пресек. Крајните столбови или абатментите се изведуваат како армирано бетонски (а.б.) платна со паралелни а.б. крила. За изведба на овие бетонски конструкции е набавена најсовремена опрема и оплата. Имено за нашите потреби е набавена оплата од реномираната германска компанија ПЕРИ. Таа на светско ниво е една од најголемите производители на оплатни системи. Во соработка со стручниот тим на КИЧЕВО ПЕРИ оплата Србија е констатирано дека најоптимални системи за изведба за потребите на Гранит се системот „ТРИО“ и „ВАРИО“ кои значително го скратуваат времето потребно за

изведба и го

тунел на потегот од вијадукт на км 6+024 и вијадукт на км 6+860, кој доколку се одобри и е изведуван од Гранит ќе биде исто така голем предизвик за секој поединец ангажиран на работа на проектот. Меѓутоа засега од особено значење е изведбата на вијадуктите. Во двата патни правци е предвидено да се изведат 12 вијадукти со пренапрегнати носачи,

ДОБРЕНОЕЦ

како и изведба на два вијадукти со конзолен начин на градба. Просечната широчина на коловозот е предвидена да биде 11,75 метри. Фундирањето на вијадуктите е извршено на темелни плочи со висина до 2

подобруваат квалитетот на изведените работи. За совладување на висината на изведба на столбовите се користат системските платформи CB 240 како и ЅВ-2 рамките кои воедно се и носиви рамки и овозможуваат безбедна и сигурна работа на височина. Пристапот за изведба на столбовите чија висина е до 42 метри е решена со скелето ROSSET на кое се вградуваат скалила и пристапот значително се олеснува. На горниот строј е предвидено да се изработат 400 носачи со распони од 30 до 43 24 ноември 2017

ПОРТА

9


метри кои се поставени на належни греди по 4-5 носачи за совладување на распоните. Носачите се поставуваат со помош на лансирна решетка која е со најголем капацитет во Македонија и може да монтира носачи со должина до 43 метри и вкупна тежина до 120 тони. Над носачите се поставуваат а.б. плочи со дебелина од 7 сантиметри и врз неа се лие а.б. плоча со вкупна дебелина од 22 сантиметри. За изведбата на а.б. гредни носачи се изработени три типа на челична оплата кои овозможуваат лиење на носачи на секои 2-3 дена. За пренапрегање се користат 4 кабли составени од 13 јажиња со дијаметар од 15,2 милиметри“. Квалитетот на челикот за јажињата е s02/sk = 1670 / 1860МРа. За производство на овие пренапрегнати носачи

е потребно вкупно 2.280 тони арматура тип В400/500-2 и 12 800 м3 бетон. Вкупната количина на сајли за пренапрегање изнесува 950 тони. Ослонувањето на носачите на средните и крајните носачи е на еластомерни лежишта со димензии 400х300х85 милиметри. Потпорните ѕидови кои ќе се изведат се со вкупна должина од 1,35 километри поставени во подножјето на насипите. Вкупно на трасата на Гранит е предвидено да се изведат 13 ѕидови на различна стационажа со должини од 20 м до 380 м. Досега се завршени поголемиот број потпорни ѕидови и се планира до крајот на следната година да бидат завршени сите 13 потпорни ѕидови. Сепак најзначајна е изведбата на вијадуктите

со конзолен начин на градба поради сложеноста на изведбата како еден од најсложените конструктивни објекти кои досега се изведени на нашите простори. Особено поради фактот што Гранит е единствената градежна компанија во Македонија која е со сопствени ресурсни пристапи кон изведба на овој комплексен објект. Референцата која Гранит ќе ја добие по завршување на овие два вијадукти значително ќе ја зголеми конкурентноста не само на домашниот, туку и на меѓународниот пазар. Имено ангажираниот инженерско-технички кадар ќе биде првиот кадар во Македонија обучен за работа и изведба на вакви специфични објекти. Во моментов се работи на изведба на

Капацитетот на скелето е 250 тони

ПОРТА

Стартер (PIER HEAD)


Средни столбови со сандачест пресек вијадуктот на км 9+105 кој воедно и претставува вијадукт со најголем среден распон помеѓу средните столбови досега изведуван на овие простори односно 164,5 м. Вијадуктот е со вкупна должина од 385,51 метри на левиот коловоз додека десниот е нешто пократок. Вијадуктот има два крајни столба А0 и А3 и два средни столба со полн пресек П1 и П2 одделно за лев и десен коловоз. Темелењето на а.б. колови ф120 сантиметри и различна должина е во зависност од тлото. На крајниот столб А0 се изведени 24 а.б. колови со длабочина од 12 метри. Темелот во основа е со димензии 9 м х (12,89 м+12,39 м). Средниот столб е фундиран на 56 а.б. колови со Н=24 метри. Димензиите на темелот се 23,6 м

х 31 м х 5 м+18,2 м х 25,6 м х 3 м. Исти димензии има и темелот на средниот столб П2 со тоа што единствената разлика е во длабочината на коловите кои за овој темел се 16 метри. Вториот краен столб А3 е темелен на 16 а.б. колови со длабочина на коловите од 17 метри. Димензиите на темелот се исти како и на А0. Средните столбови имаат форма на два правоаголника, кои на самиот врв се спојуваат со стартерот од горниот строј на конструкцијата, единствено на првите 10 метри од средниот стојб П2 двата правоаголника се споени и има форма на буквата I. Највисокиот столб има вкупна висина од 37 метри. Долниот строј, како и на останатите вијадукти

е изведуван со помош на оплатните системи ТРИО и ВАРИО. За совладување на висината на оплатирање на столбовите се користени носивите работни платформи тип-ЅСЅ на ПЕРИ. Горниот строј започнува со изведба на стартерот (PIER HEAD) со висина од 9 метри. Севкупно во стартерот се вградуваат 367 м3 бетон со МБ45. За потребите на овој вијадукт се набавени 3 „крлетки“ – конзолно подвижно скеле со цел навремено завршување на вијадуктот во предвидениот временски рок. Капацитетот на ова скеле е 250 тони од кои има сопствена тежина од 90 тони. Конзолното подвижно скеле исто така е од ПЕРИ оплати .Специфичноста на изведба на горниот строј кој е претходно напрегнат сандачест пресек се состои од работата на подвижното конзолно скеле. Имено овој систем работи на принципот на балансирана конзола која е прикачена на претходно избетонираниот сегмент кој со помош на анкер штрафови ф40 на 4 места кои го прераспределуваат товорот од целата конструкција од секој следен такт на бетонирање, и која овозможува подеднакво товарање од двете страни на столбот. Оплатата за бетонирање на плочите (долна и горна) од сандачестиот пресек како и на ѕидовите е предвидена да се изведува со системската оплата ВАРИО како најсоодветно решение за ваков систем на градба. Бетонирањето на горниот строј се состои од бетонирање на 16 тактови (сегменти) со распони од 3,3 м до 5 м, истовремено од столбот П1 и П2. Значајно е да се напомене дека временски левиот и десниот пар „крлетка“ мора да бидат завршени со бетонирање во максимален рок од 24 часа за да не се јават дополнителни ексцентрични оптоварувања на столбот. Со секој следен такт на бетонирање се смалува висината на а.б. ѕидови и висината на плочата во долниот дел на конструкцијата. За да може конструкцијата да ги прими сите предвидени 24 ноември 2017

ПОРТА

11


товари во горниот дел на плочата во секој такт се пренапрегаат од 4 до 6 кабли во зависност од должината на конзолата. По завршување на 5-тиот такт на бетонирање на горниот строј се додаваат и кабли во долниот строј на конструкцијата кои својата функција ќе ја добијат по спојување на „крлетките“ на средина од распонот кога статичкиот систем на вијадуктот од конзола ќе премине во континуален носач согласно конструктивниот систем. Товарите од конструкцијата се пренесуваат со помош на 2 х 80 рамни кабли кои се вградени во горната плоча и ѕидовите како и дополнителните 28 кабли во долната плоча над П1 и П2 додека над А0и А3 има 24 кабли во долна плоча, кои својата фунција ќе ја добијат по спојување на двете конзолни скелиња од П1 и П2 и ќе ги примат сите оптоварувања од фаза експлоатација. Со еден пар на подвижно конзолно скеле треба да се вградат 2072 м3 бетон како и 152 тони кабли за пренапрегање. По завршување на последниот такт на бетонирање се пристапува кон демонтажа на подвижното скеле од едниот столб и негово монтирање на левиот коловоз. Со вториот пар конзолно скеле се завршува средниот сегмент и потоа се врши и негова демонтажа и префрлување на следниот , односно на левиот коловоз. По завршување на изведбата на делот од вијадуктот со конзолното подвижно скеле се отпочнува со изведба на делот од крајниот столб и делот кој е изведуван со конзолното подвижно скеле. Должината на делот кој ќе

12

ПОРТА

24 ноември 2017

се бетонира под скеле е речиси 30 метри. Наредната година веќе ќе бидат завршени бетонските работи на овој вијадукт и активно ќе се работи на изведба на вториот конзолен вијадукт на км 6+860 по ист систем.

потребите на ПЕРИ оплати Германија и како репрезентативен објект ќе биде прикажуван со видеа и слики на следниот Светски саем за градежништво во Минхен - Германија во 2019 година.

Гранит како компанија која за првпат започнува со изведба и работа со вакво специфично скеле за многу краток временски период ја Технологија на подвижно постигна бараната брзина на скеле BCC {Balance изведба на работите. Како cantiliver carriage} потврда за ваквиот успех е и фактот што ова градилиште веќе двапати е снимано за


Можно е во наредниве месеци ова градилиште да биде прогласено за градилиште на месецот на официјалната страница на ПЕРИ што на глобално ниво Гранит ќе ја издигне како една од најквалитетните компании во областа на градежништвото. Рокот на завршување на градбата е 38 месеци, и покрај тоа што големиот број на неусогласености на проектната документација ќе го одложат крајниот рок на завршување на работите, но се надеваме дека по завршување со изведба ќе можеме да се гордееме со изведба на еден ваков значаен автопат. Особено поради изведбата на конструкции кои ќе бидат користени од сите наредни генерации и ќе покажеме дека можеме да се носиме рамо до рамо со сите останати гиганти од градежништвото и оваа мала земја ќе има стручни и обучени кадри за работа со најсовремена технологија на градба.

24 ноември 2017

ПОРТА

13


градежништво

ОТВОРЕНА НАЈВИСОКАТА ТЕСТ КУЛА ЗА ЛИФТОВИ НА THYSSENKRUPP ВО СВЕТОТ

Одлика на модерното инженерство, прогресот и иновацијата

Заедно со фабриката за производство на лифтови во Нојхаузен (Neuhausen) и како дел од центрите за истражување и развој во универзитетските градови во Цирих, Минхен, Штутгарт со повеќе од 10.000 студенти, тест кулата е најголемиот иновативен центар за лифтови во Германија и Европа

Љупчо ГРУЈОВСКИ

М

ултинационалната компанија ThyssenKrupp ја отвори кулата за тестирање на лифтови во Ротвајл, Германија. Моментално ова е највисоката кула од ваков тип во светот со висина од 246 метри, уникатен истражувачки центар и интересна атракција за жителите и туристите. Објектот е долгорочна инвестиција на ThyssenKrupp, најголемиот иновативен центар за лифтови во Германија, како и во Европа.

14

ПОРТА

24 ноември 2017

Инженерите тестираат високобрзински и безжични лифтови во новата спектакуларна зграда. Во 246-метарската кула сместени се 12 различни лифтовски окна, каде ќе се тестираат и потврдат иновативни решенија за развивање на лифтови за сѐ повисоките облакодери кои се градат низ светот, со услови за тестирање кои не се достапни на ниедно друго место. Во окната се тестираат решенија за лифтови на иднината со максимална брзина од 64,8 км/ч. Три окна се резервирани за MULTI системот (безжичен систем кој отстапува од стандардните шеми на лифтот и нуди неколку

кабини кои ротираат во круг, овозможувајќи да се движат хоризонтално и вертикално). Дел од окната завршуваат на половина од висината на кулата. Горната половина од кулата се користи како воздушна ќелија: целата топлина генерирана од уреди како што се моторите и компјутерите се складира таму, а потоа се пренесува преку разменувачи на топлина во просториите за кои е потребно греење. Модерната архитектура, која ја претставува уметноста на нашето инженерство, ѝ дава на кулата едноставен и елегантен изглед. Објектот ќе им овозможи на посетителите прекрасен


панорамски поглед од 360 степени со поглед дури до швајцарските Алпи. Патувањето во стаклениот панорамски лифт ќе биде уште едно прекрасно искуство. Кулата тежи неверојатни 40.000 тони. Од свечената церемонија во октомври 2014 година, за изградба на кулата беа користени околу 15.000 кубни метри бетон и повеќе од 2.640 тони челик. За изградба на оваа кула биле инвестирани околу 40 милиони евра. Заедно со фабриката за производство на лифтови во Нојхаузен (Neuhausen) и како дел од центрите за истражување и развој во

универзитетските градови во Цирих, Минхен, Штутгарт со повеќе од 10.000 студенти, тест кулата е најголемиот иновативен центар за лифтови во Германија и Европа. Футуристичките технологии кои се тестираат во Ротвајл, ја вклучуваат последната генерација на лифтови – MULTI. Новиот MULTI систем е инсталиран во 3 од 12 окна во кулата, во кои се користи магнетна левитациска технологија од Transrapid како погон. Ова има различни предности: благодарение на уникатната безжична конструкција, неколку кабини на лифтот може да се управуваат во една

вертикала и хоризонтала. Ова не само што го зголемува транспортниот капацитет до 50 проценти, туку исто така го намалува потребниот простор за лифт во зградата. Освен тоа, лифтовите можат да се движат и во две насоки без висински ограничувања, што овозможува безброј невидени можности во архитектурата на зградите. Д-р Хајнрих Хисинџер, извршниот директор на ThysssenKrupp AG, Андреас Ширенбек, извршниот директор на ThyssenKrupp Elevator и Ралф Брос, градоначалникот на Ротвајл на отворањето го претставија панорамскиот поглед од 360 степени на височина од 232 метри со познати гости како Винфрид Кречман (премиер на Баден-Виртемберг), Вокер Каудер (член на Бундестагот) и познати архитекти како што се Вернер Собек и Хелмут Јан. „Ми претставува особено задоволство и ми буди неверојатно чувство отворањето на тест кулата. Во текот на целата фаза на изградба, речиси сѐ помина во најдобар ред, и јас сум многу горд што кулата беше завршена во рамките на планираниот буџет и определениот временски период. Нашите вработени веќе започнаа со истражување на високобрзинските лифтови” – вели Андреас Ширенбек. Тој исто така нагласи дека кулата е симбол на напредокот во секој поглед, која помага на ThyssenKrupp Elevator да ја револуционизира индустријата на лифтови на глобално ниво. Хајнрих Хисинџер, извршниот директор на ThyssenKrupp AG, ја претстави кулата како „идна лабораторија за новата ера во технологијата и импресивен пример за иновативната моќ и инженерски вештини на ThyssenKrupp.” „Тест кулата покрај главната намена што ја

ПОРТА


има, претставува и вистинска туристичка атракција. Многу луѓе овде се идентификуваат со неа. Од самиот почеток, јавноста изрази интерес за посета на кулата. Токму затоа, ThyssenKrupp ја изгради платформата за гледање. Отвореноста на компанијата и силното учество на јавноста беа клучни за овој успех. Оваа кула за тестирање го позиционираше Ротвеил како прогресивна бизнислокација, истовремено зголемувајќи ја туристичката привлечност” – изјави Брос, градоначалникот на Ротвеил. Мултинационалната групација ThyssenKrupp веќе 9 години е присутна на македонскиот пазар преку својата подружница НОВАКО, ексклузивен дистрибутер за Македонија и Косово и членка на германската групација. Нивна основна дејност е производство, продажба, монтажа и одржување на лифтови, ескалатори, подвижни траки, авиомостови, како и други транспортни и индустриски системи. ThyssenKrupp е светски лидер во производство на лифтови и ескалатори и еден

ПОРТА

од најголемите производители на челик во светот, со годишни приходи од околу 40 милијарди долари, со повеќе од 160.000 вработени, присутни во 80 земји, а во својот состав има 670 помали компании. ThyssenKrupp континуирано развиваат

производи ориентирани кон иднината кои се со врвен квалитет, функционалност, дизајн и одржливост. Без разлика дали е за патници или товар, дали со стандардни или со нови иновативни лифтови, со ThyssenKrupp, секогаш патувате кон иднината.


ПОРТА


интервју

БИЛЈАНА ФИЛИПОВСКА, AРХИТЕКТ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2017 ГОДИНА

На моќта единствено можеме да се спротивставиме со знаење

Архитектите како припадници на јавна професија пред сè треба да бидат максимално одговорни и како творци-проектанти и како создавачи на градби реализатори и како едукатори кои ја читаат и толкуваат архитектурата, тоа е нивната најважна општествена активност. Но, и освен тоа, тие како индивидуалци-интелектуалци и низ професионалните здруженија сметам дека е нужно да застанат во одбрана на вредниот простор за човековото живеење и да застанат во одбрана на својата професија, така се остварува и нивниот контакт со граѓанството и се создаваат услови да се дебирократизираат и деполитизираат активностите околу формирањето простор кој сите го користиме. 18

ПОРТА

24 ноември 2017


Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.

Д

обитник сте на повеќе награди и признанија за вашето творештво, но наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ е како круна на целиот Ваш професионален ангажман во сите сфери на архитектурата. Дали наградата ја сфаќате како завршеток на една плодна кариера или поттик за понатамошното творештво? Се вели дека вистинскиот творец создава сè додека живее. -Кога ќе се најдете во друштво на македонски творци од кои сте учеле и чии дела сте ги набљудувале со страст за непрочитана книга, ви станува јасно кон каде оди вашата приказна. Не можам да се пофалам со некое хоби, освен страста кон патувањето кое пак е поврзано со истражување на градителско наследство или откривање на нова архитектура. Најверојатно и понатаму ќе се занимавам со aрхитектура, прашање е само во кој облик. Секогаш постои време и за „лебедова песна“. Kaкo ja доживувате вашата кариера, во која група творци би се вброиле? n Последниве години на светската архитектонска сцена се актуелни „stars architects“ кои создаваат „masterpieces“ на архитектурата со нив одбележуваат градови на светската мапа како одредници на масовно посетување. Од друга страна истиве автори влегоа во сериозни конфликти со своите инвеститори поради тешкотиите на одржливост на овие градби. Овие автори нормално имаа влијание и во нашата средина, па и кај нас се појави група архитекти, кои се обидуваат да творат ексклузивни архитектонски решенија кои често не можат да се преточат во проекти, или уште помалку да се реализираат. Се појави архитектура со изразена естетска намера, архитектура често сфатена како маркетинг и дизајн-тура. Јас не сум во таа група творци. Своето образование сум го стекнала на Љубљанската школа за архитектура позната по својот рационален пристап. Заради големото влијание на професорот Равникар во наставната програма во тоа време, седумдесеттите години, скандинавските влијанија беа доминантни. Но воедно тоа беше и Плечникова школа каде што односот кон архитектонските елементи и кон архитектонскиот детал беше многу ценет. Во годините на оформување како творец работев во проектанско биро на голема градежна фирма која воведуваше нови технологии на градење и воедно ги филтрираше нашите

Кулите во Капиштец

проекти. Иако во тоа време ние бурно реагиравме на какви било интервенции во нашите проекти, од денешен агол тоа го гледам како значајно надополнување на нашите знаења како проектанти-неимари. Интервенциите секогаш биле во надополнување на обмисленоста на градбата и нејзината финансиска рамка прифатлива за инвеститорот. Јас сум некаде тука помеѓу. За мене секогаш бил многу важен односот кон локацијата, опкружувањето, поставување на чист и јасен концепт кој овозможува негово повеќенаменско користење, да не се испушти ни по некој симбол и архитектонски детал. Естетиката сум ја барала во проценката каде е потребно да поставите гласна архитектура која ќе биде репер во просторот, а каде треба да бидете сиво камче во мозаикот кој претставува надополнување во создавање улица, кварт, град. Функционалната вредност на објектот во двата случаи се подразбира. Во Вашата биографија е наведено дека кога сте пристигнале на студии во Љубљана, во 1968 година во една зовриена атмосфера на промени и студентски демонстраци, тоа влијаело на Вас да се формирате како личност со либерален дух. Сметате ли дека архитектите имаат обврска како припадници на една јавна професија да бидат општествено активни? n Архитектите како припадници на јавна професија пред сè треба да бидат максимално одговорни и како творци-проектанти и како создавачи на градби - реализатори и како едукатори кои ја читаат и толкуваат архитектурата, тоа е нивната најважна општествена активност. Но, и освен тоа, тие како индивидуалци-интелектуалци и низ професионалните здруженија сметам дека е нужно да застанат во одбрана на вредниот

простор за човековото живеење и да застанат во одбрана на својата професија, така се остварува и нивниот контакт со граѓанството и се создаваат услови да се дебирократизираат и деполитизираат активностите околу формирањето простор кој сите го користиме. Активностите на младите колеги од Архибригада, на активистите од Плоштад слобода, активностите околу спасот на ГТЦ мислам дека почнаа да ја менуваат свеста за поврзувањето на граѓанството со професијата и заедничката борба во реализирање на околината како подобро место за живеење. Дел сте од, како што сами го нарековте на врачувањето на наградата, „женскиот“ проектантски тим за рекреативниот центар „Езеро Треска“. Го истакнавте како мошне значаен проект и за Вас и за државата. Сметате ли дека постои начин и дека треба да се вложат максимални напори да заживее тој одличен комплекс? n Рекреативниот центар „Езеро Треска“ беше култно место за скопјани и околните населби. Тој простор доби и додадена вредност со поставување на камп- приколки, па граѓаните го користеа многу интензивно. При ревитализација на тој комплекс потребно е да се решат неколку клучни проблеми, најнапред филтрирање на водата која со влева од реката Треска, возобновување на угостителските објекти и нешто што е можеби најважно интегрирање на комплексот со околните населби. Околното население треба да почувствува дека активирањето на комплексот носи и економска добробит. Претходните обиди пропаѓаа поради тензиите во тој нереално убав простор. Мислам дека сега сме во фаза на остварливост на заживување на комплексот и силно го поддржувам тој проект. 24 ноември 2017

ПОРТА

19


Рекреативен цетар „Eзеро Треска“

На обраќањето го спомнавте и вашиот објект Поштата на плоштадот во Неготино изграден во 1979 година. Истакнавте дека заедно со Стоковната куќа во Неготино е пионер на урбанизацијата на градот и формирање на една градска слика која во тој период била мошне важна за модернизација и урбанизација на нашите градови. Каде оди урбанизацијата на нашите градови, особено на Скопје? n Интензивната урбанизација на повеќето помали места се одвиваше во седумдесеттите години, кога од полурурални средини израснуваа во градови. Тоа беше политички проект. Кога се формираа централните градски простори се поставуваа значајни јавни објекти, пошти, културни домови, стоковни куќи и по некој хотел. Урбанизацијата на градовите поприми друг тек со наплив на првобитен облик на либералниот капитализам кој никој не го именува како таков, туку се зборува за транзиција. Не сум специјалист во областа на урбанизмот, но сум заговорник на полиберален пристап кон урбанизацијата. Архитектурата и потребите на животот го градат просторот, а не кабинетскосмислени планови. Огромниот број дивоградби тоа го потврдува, а за жал проектот „Скопје 2014“ го демантира овој мој став. Како понатаму? Очигледно е дека во рамките на големите урбани целини во Европа и светот постојат квартови. Тие често се и самоодржливи, тука се одвива домување, работа, забава, спортски, културни активности... Мислам дека овој принцип може да важи и за Скопје, градот веќе и живее на тој начин и јас не гледам ништо лошо во тоа. Аеродромци да си имаат свои култни места на социјален живот, чаирчани свои... Со развојот на локалната самоуправа се разви и некоја конкуренција во развојот на општините, па тоа потпомогна за порамномерен развој на целиот простор, тука пред сè мислам на Скопје. 20

ПОРТА

24 ноември 2017

Урбанизмот треба да го регулира сообраќајот, да ги заштити јавните простори за потребите на граѓаните (зеленило, пешачки зони, плоштади) да се обиде да ја регулира густината на градбата и да се обиде да овозможи што полиберални услови за реализации на градби. Потребата од намената на изградениот простор ја одредува пазарот, односно потребата на граѓаните. Во такви услови на урбанизам општините треба да ги регулираат и да ги штитат потребите на граѓаните, да не прават директни спреги со бизнисот во реализација на профити. Конечно мора да се најде рамнотежа помеѓу тие два интереса, наместо во конфликт да бидат во корелација. Што се однесува конкретно за урбанизацијата на помалите места, кои можат да овозможат многу квалитетен начин на

живеење, таа е директно врзана со економскиот развој. Раселувањето е присутно насекаде во бившите ЈУ-простори, присутно е во помала мера дури и во поразвиените средини како што се Хрватска и Словенија. Светот е глобално село и секој си го бара своето место каде што мисли дека најуспешно ќе се реализира. Но, по онаа народната „секој петел на свое буниште пее“ можеме да очекуваме ренесанса на помалите македонски градови дури откако ќе се оствари позначаен економски развој. Да се надеваме дека еден ден и ќе се успее во тоа, бидејќи нашиот целокупен простор со својата погодна клима и со своите богати природни ресурси овозможува квалитетни услови за живот. Една сте од ретките архитекти која активно, без прекин, се занимава со проектирање повеќе од 40 години. Како ја оценувате ситуацијата во областа на проектирањето денес? n Тоа искуство од 40 години ми дава за право да ја искоментирам моменталната состојба во проектирањето со ризик да се замерам со мноштво помлади колеги кои ја развиле својата професија во овие транзициони услови. Воведувањето на компјутерите во процесот на проектирање и достапноста на информациите преку интернет за сите кои се заинтересирани за градба, од една страна е многу корисна алатка, а од друга страна сè повеќе ја деградира нашата професија. Притоа мислам на две многу негативни појави. Денес лесно доаѓате до готови проекти Пошта во Неготино


Пошта во Штип

во dwg формат, што би се рекло лесно употребливи за компилација и плагијат, мноштво колеги проектирањето го практицираат не како обмислен и креативен процес во рамките на конкретна задача, туку како copy paste активност. Тоа во некои случаи би било и корисно доколку имате селективен однос кон елементите што ги употребувате, но најчесто тоа е грубо задирање во туѓо авторско право. Сè повеќе се губи задоволството кога седнувате сами пред празен лист хартија и изнедрувате максимум од себе. Втората појава се однесува на комуникација инвеститор–проектант. Инвеститорите веќе ретко се впуштаат во „авантурата“ креирање на градба од страна на претходно внимателно одбраниот проектант, туку доаѓаат со готови слики и решенија кои вие треба само да ги преточите во техничка документација. Каде е вашата улога? Тука нема игра, тука нема креација, тука нема вистина. Сè е преточено во лага на погрешно место и во погрешно време. Сепак пазарот за проектирање има потреба од добри проектантски тимови. Потребни се мултидисциплинарни фирми каде има кадар од повеќе генерации и можност за преточување на искуства и знаења кои можат сериозно да се справат со подготовка на техничка документација на сложени објекти и комплекси и да создаваат кадри за одржување

на професијата проектант во сите сфери, не само во архитектурата. Таквите фирми можат успешно да се пласираат и во меѓународни услови, тоа е шема што функционира во светот. Фирмите во кои работев тоа го можеа, се работеше за Ирак, Либија, Русија и низ просторите на бивша Југославија. Добредојдени се и помали проектантски бироа, спремни за помали проектантски задачи кои често и полесно комуницираат со инвеститорите, овозможуваат креативна атмосфера за негување на проекти за ентериери и помали проектни задачи. За жал во моментов проектирањето во Македонија е дејност која е расцепкана и се одвива индивидуално или во мали тимови од една генерација, со исклучок на неколку бироа кои едвај преживуваат. Посериозен проект скоро и не можете да реализирате ниту на ниво на архитектура, ниту мултидисциплинарно. Голем проблем претставуваат и новоформирани градежни фирми кои градат станови за пазар и вработуваат по еден проектант со минимален личен доход кој ги сервисира нивните желби. Можеби добрата страна на оваа состојба е поголемата конкурентност поради постоење на многу мали фирми, па испливаа некои млади креативни творци. Но, истовремено нелојалната конкуренција овозможи сериозно деградирање на критериумот што значи

сериозно подготвен проект, кој ќе овозможи и квалитетна градба. Што е тоа што треба да го сториме за да го вратиме достоинството на професијата и да можеме да живееме од проектантската работа? n Нашата професија е од понов датум за разлика од европските традиции. Андреја Дамјанов е прв персонализиран творец–неимар на овие простори од 19 век, затоа сум и горда на наградата. Кај нас сè уште е моќно вградена свеста за мајсторски тајфи градители, па често архитектот во процесот на градење е нужно зло, дотолку и нашата улога е поодговорна и потешка. Таа професија во светот е помеѓу петте најреспектабилни професии. Проектантите беа почитувани во социјалистичкиот период кога беа доста цврсто одредени правилата на игра при реализација на секоја инвестиција. И сегашниот Закон на градење е во корелација со европските стандарди и има добро дефинирани правила на игра, но нашиот балкански талент да ги изиграме правилата на игра, нè доведе до ситуација каде сè е можно и ништо не е можно. Како прв чекор е нужно дефинирање и заштита на цената на проектирање за да не замре професијата проектант во сите дисциплини, инаку ќе дојдеме во ситуација да увезуваме проектанти. Навредливо ми е кога 24 ноември 2017

ПОРТА

21


странски инвеститори кои доаѓаат во Македонија ми носат готови проекти за заверка. Во мојот работен век сум работела за странство многу сериозни комплекси, би сакала и понатаму да се негува кадар кој ќе се пласира на меѓународен пазар. Со децении сте активно присутни во ААМ, дали како претседател на Собрание, член на комисии, селектор на БИМАС. Дали Асоцијацијата на архитекти и Комората на овластени архитекти и инженери имаат доволно капацитет и моќ да влијаат на позицијата на архитектите во општеството и во подобрување на условите за работа? n ААМ, Комората на овластени архитекти и инженери се здруженија на професионалци. Најмногу што можат да помогнат е да ја подигнат свеста за значењето на професијата, доедукацијата и да се изборат како учесници во процеси на донесување одлуки од доменот на професионалното делување, односно да ја вратат институцијата „Конкурс за идејно решение“. Непримерно ми е веќе да ја повикувам Комората да си ја заврши својата обврска околу ценовникот за проектирање.

ПОРТА

За постземјотресната обнова на Скопје, објектите на модерната и брутализмот е зборувано многу. Излегува како да немаме што повеќе да кажеме за нашата архитектура или дека повеќе зборуваме за архитектура отколку што ја создаваме. Кои објекти според Вас изградени во нашиот град последниве 20тина години заслужуваат особено внимание? n Периодот после земјотресот беше период на обнова, интензивна градба и многу ентузијазам. Тогаш се појавија извонредни архитектонски решенија кои го одбележаа градот на светската мапа на креативни архитектонски творби, и почна да се реализира урбанистичкиот концепт на Кензо Танге. Такви периоди тешко се повторуваат во историјата на еден град. За жал кога секнаа финансиските средства почна да настанува и застој во развојот на градот, а особено на неговиот центар. И покрај сите критики последниве дваесет години градот сè повеќе добиваше урбан карактер. Се направија значајни булевари, кружни текови, се проширија многу сообраќајници. Некои делови од градот покрај значајните

сообраќајници се реурбанизираа со нови градби на местото на старите, често супстандардни или напуштени куќи. Јас не сум од тие носталгичари кои тажат по скопските маала, иако сум родена и израсната во Скопје. Јас повеќе тажам што при реурбанизацијата на тие маала се дозволи преизграденост, нерегулиран сообраќај и необновена комунална инфраструктура. Урбанистичките планови не го предвидоа градежниот бум во првото десетлетие на 2000– тите години како резултат на големата потреба од нови станови и решавање на станбените проблеми на староседелците на тие маала кои немаа економска моќ сами да ги возобноват своите семејни куќи, ниту го зедоа предвид фактот дека се работи за централно градско подрачје, а уште помалку се предвиде и економската оправданост при трансформацијата на градбите. Париз го добива својот денешен обожуван изглед со рушење на преку 20 илјади постојни објекти. Мислам дека требаше да се искористи тој период на концентрација на поголеми парични средства и порадикално да се реурбанизираат некои делови на градот Скопје од централното градско подрачје.


Олимписки базен во Скопје

После земјотресот во Скопје се реализираа некои извонредни архитектонски остварувања како Универзитетскиот центар, објектот на Македонската опера и балет, комплексот на Поштата и телекомуникациите и слично, но, едновремено не се решија проблемите на одржливост на овие градби во прагматична смисла. Јас не сакам да ги гледам објектите сами по себе вон контекстот. Ако ги гледате како посебни градби има успешни градби низ Скопје со современ израз и со употреба на нови технологии, тоа е групацијата на објекти зад Хотел „Мериот“, но тие делуваат како макети во просторот, не влегуваат во градското плетиво. Поуспешно решение ми се чинат деловите од блоковската изградба покрај булеварот „Партизански одреди“ пред пазарот „Буњаковец“ кои започнаа со ткаење на модерно градско ткиво. Јас повеќе би сакала да ја гледам архитектурата која создава здрав амбиент, отколку како процес на создавање на ексклузивни градби. Зошто ни се случи „Скопје 2014“? Можевме ли, требаше ли да направиме повеќе да го избегнеме? n „Скопје 2014“ ни се случи зашто предолго се остави централното градско подрачје надвор од секакви градежни активности, иако Републиката и Градот имаа потреба од јавни и административни објекти кои, ако сакате, требаа да бидат и неизбежно поврзани со осамостојувањето на државата. Како симбол на нејзиното осамостојување не се изгради ниту еден објект. Имаше потреба од нов Парламент, нова Претседателска палата, објект на нова Влада, а немаме ни ден денес Градска куќа на

Да се сруши барем еден објект кој уништил јавен простор

престолнината на Републиката. Проектот „Скопје 2014“ влезе да го пополни тој простор на сосема погрешен начин, и од урбанистички и од архитектонски аспект. Од урбанистички аспект, наместо да се пополнат црните дупки во централното градско ткиво, со повеќе урбанистички планови наменети за јавни и административни функции, мислам пред сè на просторот спроти Хотелот Холидеј Ин и просторот спроти Народна банка, со градбите се газеше врз улици, кејови, врз со години востановени паркови и зелени површини, врз јавни површини. Се брзаше со реализацијата на однапред востановената замисла, без да се искористат инвестициите, да се расчистат со години напуштените локации на градот. Од архитектонски аспект, се случи бришење на историјата на архитектурата на градот со преобликување на постојните објекти во некои замислени стилови по нарачка. Дали можеше да се спречи ? Не можеше. Тоа беше политички проект на влада која не соработуваше со граѓанството. Сè додека таа се одржуваше на власт со голем интензитет го реализирше тој проект. Залудни беа сите граѓански иницијативи, кога неколку последователни избори беа во полза на реализаторите и тие ја толкуваа таа ситуација како потврда во исправноста на тој проект. Верувате ли дека архитектурата може да го направи светот подобро место за живеење? n Мојот одговор е апсолутно, да. Градејќи куќи ние создаваме простор за живеење кој нè брани од надворешни влијанија, но истовремено комуницира со тоа што е надвор. Секоја куќа учествува во заедничката слика на

Со промената на власта многу се очекуваше за архитектурата, како да „Скопје 2014“ ќе исчезне само од себе. Сега има некои срамежливи најави, но повеќе за спомениците, дека ќе се отстрануваат, што реално е и најлесниот дел од проблемот. Според Вас што треба да се направи со објектите од „Скопје 2014“? За нас архитектите кои со години укажувавме на погрешноста на тој проект би било важно, да се сруши барем еден објект кој уништил јавен простор, да се симне лажното руво барем на еден објект кој го изгубил својот идентитет, и да се расчистат спомениците кои го загадуваат просторот. Тоа е важно како симбол на борбата на архитектите и граѓанството кое сакаше да го спаси градот, и како порака на секоја следна власт за потребата од заемна соработка помеѓу власта, консументите на просторот и професионалците во градење на заеднички простор за сите. нашето опкружување, учествува во создавање на меѓупростори, во создавање на населени места, во создавање на градот. Архитектурата по своето значење е длабоко поврзана со човечкиот живот и извира од потребите на човековиот живот, таа исто така е поврзана и со естетиката низ развојот на сите цивилизации. И во најстарите живеалишта, пештерите, човекот го естетизирал својот простор со цртеж. Добрата обмислена архитектура поврзана со природата и нејзините закони, поврзана со потребите на животот, поврзана со потребите за естетика создава простор на сигурност, но и простор за радост и задоволство. Ако човекот и заедницата се таргет во архитектурата и светот станува подобро место за живеење. Нема поголем загадувач на околината од погрешно поставените градби, од погрешна архитектура. Тие неповратно го уништуваат просторот, ја менуваат климата и ја разградуваат околината што е наше заедничко добро.

ПОРТА


aрхитектура

ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ МЛ ГАРИ - MAYA

Архитектура во допир со Фабриката за полнење природна изворска вода е објект кој пред сè има нагласена цел и идеја да ги задоволи сите потребни функции и потреби, но да ги задоволи и потребите на локацијата, да се грижи за своите вработени, да овозможи еден хуман простор за работа, да ослободи од стегите на класичната поделба на внатре и надвор.

Александар КАРАНГЕЛОВ, дипл. инж. арх. фото , Александар ВРЖАЛСКИ

Л

окацијата (околу 25.000м2) се наоѓа во близина на с.Гари, на надморска височина од 905 метри, и претставува дел од природното планинско обликовно опкружување и како таква беше комплетно изолирана од какви било урбани или современи услови за градење. Индустрискиот објект МЛ ГАРИ - MAYA претставува фабрика за полнење на природна изворска вода што се црпи од извори оддалечени на 4 километри од самата локација. 24

ПОРТА

24 ноември 2017

Поради изразито косиот, стрмен терен предизвикувачки беше осмислувањето на поставеност на објектите (во делот на изработка на Архитектонско- урбанистичкиот проект) како и самото сообраќајно и функционално решение на целата парцела каде се планирани четири објекти со слична намена. Ова е првиот од таа низа. Објектот МЛ ГАРИ – MAYA својата основна функција полнење на природна изворска вода во шишиња, својата основна суровина, водата ја добива по пат на цевковод во должина од 3,5 километри. Бунарите се поставени во непосредна близина на селото Гари, поточно близу Гарските Водопади, па сè до месноста

Висок Камен. Локацијата пејзажно гледано е планинска, целата во зеленило и шума. Поради ваквата конституција на теренот таа ниту нудеше добар пристап, ниту водоводна или канализациона мрежа, ниту пак достапност на доволно електрична енергија. Но, уште во самиот почеток на фазата проектирање и планирање се водеше сметка за сето ова, пред сè проектански, а подоцна и градежно, и се обезбедија условите, па дури и повеќе од вообичаените. Поради стрмниот терен и поголемите висински разлики на теренот, направени се неколку каскадни тераси со потпорни конструкции кои се разработени како објект со што истите добија и


природата

своја функционалност, пред сè како додатни простории потребни за самиот технолошки процес. Локацијата е решена каскадно на неколку нивоа и тоа: - Најдолно ниво, кота 894 метри, или ниво на пристап на локацијата со исклучување од регионалниот пат; - Долна сутеренска платформа, кота 899 метри, со портирница, излезни магацини каде се товара готовиот производ; - Горна платформа, кота 905 метри, каде се сместени производната хала со влезниот магацин, лабораторија и слично и административниот блок на објектот. На оваа платформа урбанистички е планиран уште еден објект во некоја наредна фаза;

- Топ-платформа, кота 909 метри, каде ќе бидат поставени наредните еден или два објекти со слична содржина, но концепциски на друг начин. На горната платформа (905) како и топ-платформата сообраќајот е решен еднонасочно. Исто така посебна нагласка и внимание во решавањето на комуникациите се дадени на делот за користење на објектот со сите придружни објекти и самата локација од страна на луѓе со посебни потреби

особено со физички хендикеп за нивно непречено движење и функционирање. Во однос на самото производство се внимаваше посебно на што е можно полесен пристап на дотур и одлив на материјали и готов производ. Технолошкиот процес е сместен во 24 ноември 2017

ПОРТА

25


околу 3000 м2, на две нивоа односно влезен магацин и самото производство (дување на репроматеријалот, полнење, етикетирање и слично) на приземјето и сутеренски простор каде со спирала се симнуваат веќе спакуваните амбалажи и се палетизираат па складираат во излезниот магацин. Објектот е осмислен како два кубуса кои навлегуваат, допираат и продираат еден во друг, секој со својата одредена функционалност. Ова преплетување на волумените е запазено и на ниво на продирање на кубуси, отворање и затворање на простори, но истото е целосно траснпарентно без некои видливи пречки. Објектот обликовно е осмислен како еден бран кој почнува, извира од теренот со сета своја магична енергија и полека вертикално се издигнува додека не премине во кровната брановидна конструкција, како некоја блага падина која на крај завршува со вертикално нагласениот административен блок. Конструкциски, објектот е пред сè армиранобетонски, освен кровната конструкција на халата која е изработена како челична просторнолинеарна решетка со распон од 32,50 метри. При употребата на завршните материјали за надворешниот изглед на објектот во најголема мера и најдоминатна улога има дрвото (природен материјал) и истото се користи без никаков прекин и во внатрешноста на објектот. Користено е дрво, тип сибириски ариш (кој е доволно издржлив за локации со поекстремни временски услови) со дебелина на штицата од 22 26

ПОРТА

24 ноември 2017


милиметри, а ширина од 14 до 15 сантиметри. Вториот доминантен материјал е црниот рамен лим, користен како покривен материјал за самата хала, со чија употреба е нагласена брановидната форма. Трет користен материјал е природниот камен (во групата на користени природни материјали) и тоа како надворешно-обликовен материјал кој продира со својата присутност внатре во објектот оформувајќи цели кубуси изработени завршно со природен камен. Идејата за присуство на ваквиот материјал односно изгледот на каменот (набавен локално) и асоцијацијата на природата е користена и за сите надворешни пешачки комуникации, како тротоари и слично кои се изработени во принтан бетон со завршна структура на камен без фуги како цели камени грамади во темна боја. Секако последен во овој список, но далеку од небитен (напротив) е присуството и употребата на транспаретното стакло за фасадното обликување како на халата така и на административниот блок, а и внатре низ објектот. Производната хала е застаклена со големи стаклени портали од под до плафон, заштитени од кршење, со што просторот во халата е отворен кон надвор, а погледот кон природата од внатре кон надвор е непрекинат. На овој начин производната хала станува навистина многу попријатно и посветло место за работење. На повеќе нивоа постојат различни отворени или полуотворени атриумски простори кои се пред сè наменети за одмор и релаксација на вработените. Во целост е применет ХАССП стандардот соодветен за ваков тип на објекти, но

во исто време е водено грижа за што е можно похуман пристап и подобар престој на самите вработени, како и овозможување на нивна меѓусебна интеракција во периодот на пауза или одмор. Содржински самиот административен блок, кој има вкупно околу 1200 м2 отворени и затворени простори, има повеќе функции соодветни на спецификата на локацијата и потребите на објектот. Во овој блок на приземјето веднаш до вториот влез (економски) се сместени гардеробите и санитариите за вработените како и контролираниот пристап кон производство преку тампон-зоната. На приземјето се наоѓа и трпезаријата како и неколку канцеларии, секако и влезниот хол на главниот влез. На првиот кат се распределени главните канцеларии, како и сала за состаноци, а во анекс-делот над самите гардероби и санитарии се сместени просториите за одмор и преспивање на вработените во лоши временски услови (една машка и една женска спална) со свои сопствени санитарни јазли. Веќе на вториот кат се оформени три менаџерски апартмани, секој е своја целина со свој тоалет и други придружни содржини. Ваквата сместувачка содржина ја има како придружен елемент и во склопот на самата портирница, во чиј блок е оформен еден посебен простор за одмор на возачите на шлеперите додека тие се товарат. На најгорното ниво на административниот блок е оформена една отворена кровна тераса, со средишен застаклен дел која пред сè ја има функцијата за одмор и релаксација по 24 ноември 2017

ПОРТА

27


напорната работа како и за презентациски, коктел-настани, односно едно целосно едноставно уживање во амбиентот на природата и погледите кои се отвораат од ова ниво. Влезниот хол кој пред сè е дефиниран со главниот влез во приземјето, како волумен (физички не докрај дефиниран) пенетрира на сите страни во сите правци и се шири низ целиот објект низ целиот блок, низ сите спратни висини, менувајќи го правецот, а следејќи ги хоризонталните и вертикални главни комуникации со што создава еден флуиден простор кој на прв поглед иако има почеток (влезот) и крај (кровната тераса) сепак е ослободен од стегите наречени граници. За него не постојат никакви граници и пробива насекаде особено надвор преку големите стаклени површини. Овој хол живее насекаде. Тој ја има целата енергија и душа на оваа локација и во кратки црти ја искажува целата приказна и идеја на објектот. Да нема граници, да продира надвор и внатре, да живее, да допира и разговара со

ПОРТА

природата. Тоа е основната идеја и на холот и на објектот и на целата локација. Овој процес на допирање и продирање, повикување и одговарање, немање граници се забележува низ целиот овој блок, па и низ целиот објект. Низ овие простори продираат различни кубуси однадвор, исто обликовно изразени како надвор така и внатре, преку завршница во дрво и камен, а стаклото се појавува само како една транспарентна завеса меѓу „внатре“ и „надвор“. Ова поврзување на надвор и внатре е обид да се направи една единствена целина на просторот без граници. Идејата за уживање и работење на нашите стари тремови и чардаци овде е раскажана во една нова интерпретација при што се користат сите благодети на самата локација особено прекрасните погледи кон Бистра и самото природно опкружување. Комуникациите во административниот и производствениот дел се целосно ослободени од каков било физички хендикеп. Посебен елемент на акцентирање е даден и на главното

скалишно јадро во администрацијата кое е оформено со едни слободни, флуидни скали, изработени со челична и инокс конструкција и завршно газиште од стакло со ефект на кршено стакло. Во средината на ова јадро е поставена челична конструкција која е 3/4 затворена во стакло, а остатокот во фурниран дабов медијапан со што го оформува јадрото за централниот панорамски лифт, кој преку сите отворени флуидни простори овозможува уживање во скриените, а отворени погледи кон надвор од различна висина. Навидум слободно оформените скали, лифтот и централните слободни „водопади“ (фонтаната поставена слободно во просторот на влезниот хол) кои течат низ двете спратни висини повторно овозможуваат флуидност на просторот, течење, асоцирајќи не само на самите извори и Гарски Водопади туку и во исто време симболички претставувајќи го просторот онаков како кога и самата изворска вода во природата ќе си создаде свои природни текови.


Карактеристика на објектот, и однатре и однадвор, претставува непостоење односно одбегнување на каква било граница. Овој објект нема за цел само да ја задоволи основната функција на сите простории внатре низ објектот. Овој објект нема за цел ниту да ја задоволи само основната функција на еден индустриски објект за полнење вода. Овој објект има пред сè нагласена цел и идеја да ги задоволи сите функции и потреби, но да ги задоволи и потребите на локацијата, да се грижи за своите вработени, да овозможи еден хуман простор за работа, да ослободи од стегите на класичната поделба на внатре и надвор. Архитектурата изградена и присутна со овој објект допира и ја нагласува природата, а не ја нарушува само ја надополнува природната линија. Можеби објектот е нетипичен за нашата средина, но во исто време тој е и целосно типичен во своите интерпретирани детали за овој предел, а во исто време е типичен и модерен во целост за своето време и јасен достоен претставник на едно современо хумано архитектонско видување на еден ваков индустриски објект. Објектот како и концептот на целата локација е дело на архитектот Александар Карангелов, и претставува плод на тригодишна не само проектанска работа, туку и работа на самата локација како супервизор за градбата и консултат за проект-менаџментот од страна на инвеститорот.

ПОРТА


архитектура

ХОТЕЛ БЕЛВИ, МАЛИ ЛОШИЊ, ХРВАТСКА

Разбирање за вредноста на архитектурата

Овој проект претставува една успешна реализација на реконструкција на хотел и претворање на еден објект во нов современ хотел што ги исполнува сите барања на современиот туризам. Исто така со паметното проектирање се користат сите предности на стариот објект и се надоградуваат функциите коишто го прават целокупниот простор употреблив и пријатен. 30

ПОРТА

24 ноември 2017


м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (СРБИЈА)

П

овеќе од педесет години на оддалеченост од само еден километар од центарот на Мал Лошињ, на истоимениот остров, се наоѓа хотел којшто во 1966 година го проектирал Здравко Бреговац, архитект кој во текот на својот 25-годишен

работен стаж проектирал повеќе од 30 хотели од кои повеќето се на јадранскиот брег, како потреба од зголемениот број домашни и странски туристи. Хотелот се наоѓа во заливот Чикат, на самиот брег на морето, а од трите страни е опкружен со борова шума. Изграден е како атриумски објект со изразен хоризонтален карактер. Промените што се случуваа во општеството во последните

педесетина години не го заобиколија ни туризмот како една млада, но многу значајна економска гранка како за островот Мал Лошињ, така и за Хрватска во целина. Како што барањата за комфор и пристапот кон туризмот се променија, се јавија идеи за реконструкција на голем број значајни туристички објекти кои се наоѓаат на јадранскиот брег. Таков е примерот со 24 ноември 2017

ПОРТА

31


ПОРТА


хотел Белви, којшто во текот на 2013 и 2014 година е реконструиран во прв хотел со 5 ѕвезди на островот. Реконструкцијата за рекордни 7 месеци ја направи студио Русан од Загреб. Атриумот како интересен и корисен отворен простор остана, додаден е премин што води од влезниот хол што се наоѓа на север до јужниот дел на зградата и додадени се скали што водат сè до брегот на морето. На тој начин остварена е поврзаност меѓу деловите на објектот, коишто дотогаш не беа поврзани. Освен влезниот хол со рецепција, на приземјето се наоѓаат повеќе делови што се визуелно поврзани преку атриумот како што се ресторан, лаунџ бар, конференциски сали и лоби. Хотелот има отворен и затворен базен, спа-центар и

фитнес-зона. На спратовите се наоѓаат простории за сместување коишто се разликуваат во зависност од опременоста и квадратурата. Архитектонскиот израз на хотелот е дефиниран пред сè со намалена употреба на материјали и бои. Хотелот е во бела боја, со јасни хоризонтални елементи, коишто му даваат карактер на целиот објект. Одредени делови на приземјето се обложени со камен во светла боја, којшто не го нарушуваат впечатокот за чистиот, едноставен, бел објект. Ентериерот од друга страна е прилично живописен и во зависност од функцијата е впечатлив на друг начин. Многу амбиенти се намалени, но со употреба на камен или дрво на подот, како и со употреба на темен мебел во релативно

ПОРТА


светлите простории се прави одредена контрасна слика. Ентериерот е прилично намален, елегантен и ненаметлив. Еден од елементите што не е дел од ентериерот, но сепак влегува во целокупната слика е

34

ПОРТА

24 ноември 2017

уредениот парк во самиот атриум, којшто преку големи стаклени површини на приземјето се гледа од внатрешноста на хотелот. Со тоа не само што е постигната визуелна комуникација меѓу деловите што се

лоцирани на приземјето, туку и визуелна едноставност на целокупниот простор на приземје. Еден од големите квалитети на ова архитектонско решение е поврзаноста на приземјето на хотелот со морето. Преку


ПОРТА


изградениот премин на приземјето, којшто минува низ атриумот се доаѓа до дел од каде што низ скали се доаѓа до брегот на морето. Проектот за уредување на овој дел исто така го изработи студио Русан, а е реализиран во 2015 година. Дефиниран е со каскадна организација на просторот, којашто претставува повеќенаменски јавен простор. На тој начин проектот за реконструкција на хотел Белви претставува единствена целина што го поврзува хотелот, просторот пред него, плажата и морето. Овој проект претставува една успешна реализација на реконструкција на хотел и претворање на еден објект во нов современ хотел што ги исполнува сите барања на современиот туризам. Исто така со паметното проектирање се користат сите предности на стариот објект и се надоградуваат функциите коишто го прават целокупниот простор употреблив и пријатен. Истовремено само со минимална измена на изгледот на објектот се покажува разбирање за вредноста на архитектурата на првобитниот објект и за околината во којашто објектот се наоѓа.

ПОРТА


ПОРТА


aрхитектура

ПО 22 ПАТ ВРАЧЕНА СТИРЛИНГОВА НАГРАДА

Доказ како на напуштен и оштетен објект од градителското културно наследство може да му се даде нов одржлив живот соодветен за потребите на 21виот век, но без враќање на изгледот на објектот на времето од неговите викторијански почетоци. Остатоци од оригиналната променада не само што опстојуваат во рамките на новиот објект, туку и се вградени во рамките на новите интервенции со што дополнително го зачувуваат историскиот континуитет на објектот.

38

ПОРТА

24 ноември 2017


Променадата во Хејстингс – најдобар нов објект во Британија д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ (Aнглија), дипл. инж. арх.

Н

а 31 октомври се одржа свечената церемонија на доделување на годишната Стирлингова награда (Stirling Prize) на Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects) спонзорирана од Алмакантар (Almacantar). Со оваа награда се оддава признание на најдобриот нов објект во Обединетото Кралство. Оваа 2017 година беше доделена 22-рата по ред Стирлингова награда која во конкуренција на шест објекти влезени во најтесниот избор, наградата ѝ припадна на променадата во Хејстингс (Hastings Pier) на дРММ Архитектс (dRMM Architects). Променадата во Хејстингс е несомнено невообичаен градителски потфат со оглед на тоа што станува збор за реконструкција на променада која била предводена од локалната заедница. Се вели дека станува збор за седум години долга херојска соработка помеѓу локалната заедница, општината, инженерите и

архитектот при што преку визија на архитектот од пепелта на постојниот кеј и пропаѓањето на локалитетот успеало да се дојде до раздвижен јавен простор којшто локалната заедница го чувствува како свој. Целиот процес бил потпомогнат со исклучително обемен процес на јавна консултација којшто покажал дека новата променада треба да може да поддржи различни сценарија за да се задоволат потребите на локалната заедница. Историјата на променадата во Хејстингс ја споделува судбината со други променади во Обединетото Кралство коишто беа делумно или трајно изгубени во неколкуте изминати декади. Променадата во Хејстингс ја отпочнала својата историја пред 145 години во 1872 година и била популарна променада за забава со години и особено се истакнувала преку музичките изведби коишто се случувале на неа. За жал подемот на пакет-аранжманите и желбата за повеќе сонце и потопло море во медитеранските дестинации довел до постепено пропаѓање на повеќето променади од овој вид во земјата. Во случајот на Хејстингс по повеќе години запуштеност, променадата била затворена во 2008 година кога била оштетена во невреме, за потоа во 2010 година да биде дополнително оштетена кога целиот комплекс бил зафатен од пожар. Пожарот од 2010 година и реалната можност променадата засекогаш да биде

загубена се појавиле како катализатори за определбата на локалното население и пријателите (поддржувачите) на променадата тоа да се искористи како можност за нејзино ново обмислување. Тие со финансиска помош на Фондот за лотаријата за (културното) наследство (Heritage Lottery Fund) организирале меѓународен урбанистичкоархитектонски конкурс на којшто британското архитектонско биро дРММ од Лондон ја освоило првата награда. Она што е исклучително значајно во овој проект е пристапот кон реконструкцијата на променадата. Наместо традиционалниот пристап во којшто променадата би се реконструирала според архивските записи за оригиналната променада од 1872 година, тука само е задржана идејата за променада со што е дадена можност не само за нејзина повторна употреба туку и можност одново да се обмисли концептот на променадата со цел да се помогне во дефинирањето на нејзината иднина која ќе биде радикално поразлична од оригиналните викторијански зачетоци и посоодветна за потребите и очекувањата во 21-виот век. Преобмислувањето на концептот на променадата резултирало во напуштање на „традиционалниот“ пристап, каде постојан објект вообичаено се поставувал на крајот од променадата којшто најмногу се протега во морето. Во овој случај крајот на променадата

24 ноември 2017

ПОРТА

39


резултирал во создавање на голем отворен простор за којшто се смета дека од една страна нуди чувство на смиреност и пријатност, додека од друга страна овозможува силна поврзаност помеѓу морето и крајбрежјето нагласени преку убаво испроектираната ограда и квалитетот на дрвената подна површина. На најоштетениот дел од пожарот од оригиналната променада сега е лоциран новиот центар за посетители, карактеристичен по својата релативно едноставна дрвена конструкција, завршно обложена со спасени и повторно употребени штици од оригиналната оштетена од пожар променада. Кровот на центарот за посетители е искористен за поставување на видиковец (белведере) каде што

ПОРТА

може да се појде на кафе или на супа додека се ужива во прекрасните погледи кон морето и крајбрежјето. Како и облогата на центарот за посетители, така и мебелот на променадата е сработен од спасено дрво од опожарениот објект. Во рамките на изградбата на објектот била покрената иницијатива за локално вработување која резултирала во изработката на применетиот мебел од рециклираниот материјал. Се смета дека симболичното лоцирање на центарот за посетители на местото на најголемото оштетување од пожарот и примената на спасениот материјал од оригиналниот објект придонеле за создавање на силно чувство на место и припадност на обновената променада.

Преку овој градителски потфат создадена е нова и силна променада со површина од над 11.700 м2 предводена од и во сопственост на локалната заедница (преку добротворното друштво Hastings Pier Charity) која резултирала во употреблива платформа способна да овозможи широк дијапазон на можни примени од музички концерти до меѓународни панаѓури, која во периодот од завршувањето на проектот покажала дека навистина функционира во секојдневната употреба којашто е исклучително за пофалба. Новосоздадената, исклучително пријателска променада, ги повикува посетителите преку својот дизајн и е отворена за нив со оглед на тоа што не се наплаќа влезница. Таа истовремено нуди не само


флексибилност, материјална и функционална одржливост, туку и непречени визури кон природната и изградената средина со што станала катализатор за урбана регенерација на овој дел од градот. Од аспект на заштита на градителското наследство преку овој проект даден е нов живот на од пожар оштетена историска градба со што е овозможена современа и за овој век примерна употреба на овој објект. Дополнително во рамките на проектот била искажана грижа да се примени материјал од оригиналната променада во новиот дизајн, а самиот процес на обнова да се искористи како можност за обука на новата генерација на занаетчии специјалисти. Особено се одбележува ентузијазмот на архитектот којшто пред да отпочне со проектирањето на променадата морал не само да ја изготви деталната проектна програма, туку и да помогне во собирањето на финансиски средства за реализацијата на проектот со што се овозможило овој градежно и социјално одржлив проект навистина да се реализира во услови на отсутен сопственик кој не одговорил на повиците за поправка на опасна градежна конструкција и непостоење на буџет за обнова на платформата во рамките на пропаднат приморски град. За претседателот на Кралскиот институт на британските архитекти, и претседавачот на жирито за доделувањето на Стирлинговата награда, Бен Дербишајар (Ben Derbyshire), „Променадата во Хејстингс е ремек-дело во доменот на регенерацијата и инспирацијата. Архитектот и локалната заедница ја трансформирале незгрижената руина во зачудувачки, флексибилна нова променада за да ги воодушеви и инспирира како посетителите така и локалното население“. За претседавачот на Добротворното друштво Хејстингс променада, Марија Ладкин (Maria Ludkin), променадата е „симбол на обнова“ која резултирала во „Променадата во Хејстингс да ги покани заинтересираните посетители, да стимулира разговори, и да ги вклучи и пречека сите оние коишто ја користат и ја поддржуваат. Пристапна и одржлива, таа го врамува спектакуларниот приморски пејзаж и овозможува неограничени варијации за релаксација, размислување и игра.“ Пошироко, овој проект покажува како на

напуштен и оштетен објект од градителското културно наследство може да му се даде нов одржлив живот соодветен за потребите на 21виот век, но без враќање на изгледот на објектот на времето од неговите викторијански почетоци. Остатоци од

оригиналната променада не само што опстојат во рамките на новиот објект туку се и вградени во рамките на новите интервенции со што дополнително го очувуваат историскиот континуитет на објектот.

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


сеизмологија

ПОГОЛЕМИ ЗЕМЈОТРЕСИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНАТА ОКОЛИНА (3)

Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година НЕОТЕКТОНСКИ И СЕИЗМОТЕКТОНСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ Сеизмичноста на територијата на Македонија и околните блиски региони е поврзана за вертикални и делумно хоризонтални поместувања на тлото, долж гравитациони (нормални) раседи. Овие раседи се формирани со неотектонските процеси на вертикални диференцијални движења, кои отпочнале пред околу 18 милиони години, a во некои предели и денес се јавуваат како современи тектонски движења. Тектонските процеси на раседнување имале променлив карактер, при што се менувале периоди на поинтензивна тектонска подвижност со периоди на слаба активност, односно мирување на терените. Се издвојуваат 5 такви етапи на интензивна тектонска активност со кои се образувале издигнати блокови (хорстови) претставени со денешните планини и тектонски депресии (потонати блокови) исполнети со средно и горно миоценски и плиоценскоквартерни седименти. Многу од раседите, кои ги ограничуваат депресиите (грабените) и хорстовите и денес покажуваат мобилност и предизвикуваат сеизмичка активност. Валандовската Депресија е млада и создадена е во последната, односно во квартерната неотектонска етапа. Тоа го потврдува податокот, дека во Рабровско-Валандовската Котлина неогенските седименти отсуствуваат, а истата е исполнета со наталожена маса дебела околу 7080 метри од квартерен речен, пороен и падински материјал. Депресијата, со форма на полуграбен, е формирана со квартерен наложен расед (Валандовски Расед) со исток-запад ориентација и пад кон север под агол од 65 ° ‡ 75 °. Овој расед, контрастно изразен во релјефот, го ограничува грабенот од јужната страна, додека северната страна на депресијата не е тектонски лимитирана. Валандовскиот Расед почнувајќи од коритото на Вардар кај селото Марвинци продолжува на исток преку селата Брајковци ‡ Честово до Башибос и натаму на територијата на Грција. Јужно од раседот се издига понизок хорст, изграден од геолошки единици од прекамбриска, палеозоиска и мезозоиска старост. Сеизмотектонски, Валандовскиот Грабен е дел од сеизмотектонската зона Валандово-Гевгелија. Во зоната се јавуваат млади раседи со различна ориентација од правец исток-запад, североистокјугозапад и север-југ до северозапад-југоисток. Но, од сеизмички аспект најважни се раседите со правецот исток-запад. Валандовската Депресија маркантна со Валандовскиот Расед е сеизмички најактивен дел во поширокото подрачје. Кај селото Марвинци, во коритото на реката Вардар, Валандовскиот Расед се сече со друг расед со 42

ПОРТА

24 ноември 2017

Слика 1: Епицентрална карта на земјотресите од валандовското епицентрално подрачје за периодот 1900–2016 година ИИзвор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје Изработила: Д. Черних-Анастасовска

север-југ протегање каде и се лоцирани епицентрите на двата деструктивни валандовски земјотреса (СО/ПМФ-Скопје, 2016) случени во 1931 година (7 март ML=6.0 и 8 март ML = 6.7). Земјотреси долж раседот се јавуваат и на територија на Грција, но со пониски магнитуди. Сеизмичката активност во зоната ВаландовоГевгелија продолжува и денес, а најголем потенцијал за повторување на нов разурнувачки земјотрес има Валандовскиот Расед. СЕИЗМИЧНОСТ НА ВАЛАНДОВСКОТО ЕПИЦЕНТРАЛНО ПОДРАЧЈЕ Слика 2: Епицентрална карта на земјотресите од Валандовското епицентрално подрачје за периодот мај-јуни 2009 година Извор на податоци: Сеизмолошка обсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје. Изработила: Д. ЧернихАнастасовска

Сеизмичноста на валандовското епицентрално подрачје и активноста како на Валандовскиот Расед така и на околните, се гледа од големиот број на случени земјотреси во период од 1900 до 2016 година, прикажани на епицентралната карта (слика 1). Ова епицентрално подрачје се карактеризира со честа појава на слаби земјотреси со магнитуда ML<3 и ретка појава на умерени до силни, како што е земјотресот од 1931 година. Карактеристично за валандовското епицентрално подрачје е појавата на релативно временски долгата серија на афтершокови кои го


Слика 3: Епицентрална карта на најсилните земјотреси од валандовското епицентрално подрачје од серијата од 1931 година Слика 4. Карта на изосеисти на главниот удар од 8 март 1931 година

Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје Изработила: Д. Черних-Анастасовска

следат секој силен земјотрес, која на пример после земјотресите од 1931 година траела неколку години проследена со голем број на слаби и умерени земјотреси. Според досегашните проучувања на ова сеизмичко подрачје, силните земјотреси настапуваат ненадејно, со многу мал временски интервал помеѓу форшоковите и главниот удар. По серијата на земјотреси од 1931 година, досега се случил само еден умерен земјотрес со магнитуда ML =5.2, после кој серијата на земјотреси кои следела траела неколку месеци, нормално за земјотрес со ваква магнитуда (слика 2). Табела 1: Земјотреси од серијата од 1931 година со магнитуда ML > 4 Датум h:min:s ML I0 7.3.1931 00:16:44.8 6.0 VIII 7.3.1931 01:50:00.0 5.0 VII 8.3.1931 01:50:24.0 6.7 X 8.3.1931 02:11:00.0 4.7 VII 8.3.1931 02:26:00.0 4.7 VII 8.3.1931 02:30:00.0 4.6 VII 8.3.1931 02:39:00.0 4.6 VII 8.3.1931 05:03:00.0 4.6 VII 8.3.1931 06:28:00.0 4.3 VII Деветте земјотреси со магнитуда 4.0<ML<6.7 (табела 1) од кои два со магнитуда ML>6 се случиле во ова епицентрално подрачје за само два дена, на 7 и 8 март 1931 година (слика 3). Едниот од нив воедно е и најсилниот досега познат земјотрес во овој регион, со магнитуда од 6.7 степени и длабочина на хипоцентарот од околу 16 km. Силината на овој земјотрес имала разурнувачка моќ на релативно голема површина, што може нагледно да се види и од картата на изосеисти (слика 4). Интензитет од VIII степени бил почувствуван дури на 50 километри од епицентарот, а во потесното епицентрално подрачје земјотресот е почувствуван со интензитет од IX и X степени според Европската макросеизмичка скала. Досегашните сеизмолошки истражувања, укажаа на некои специфични сеизмолошки карактеристики на ова епицентрално подрачје. Од картата на изосеисти на валандовскиот земјотрес од 8 март 1931 година со магнитуда ML=6.7 и интензитет Io=X (слика 4) може лесно да се забележи неправилна форма на изосеистите

Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје Изработил: Д. Хаџиевски, Графичка обработка: Моника Андреевска

што укажува на сложените сеизмотектонски услови во регионот. Хипоцентрите на земјотресите се концентрираат на длабочини од 10 до 25 km. За време на земјотресот од 1931 година биле оштетени околу 45 населени места, од кои 29 во најтесното епицентрално подрачје (претежно регионот на Валандово, слика 5) и 16 во неговата непосредна околина (претежно регионот на Струмица, слика 6). Во самото епицентрално подрачје скоро целосно биле уништени 89 % од севкупниот градежен фонд, додека во непосредната валандовска околина се уништени 39 %. Најтешко погодени, односно срамнети со земја биле селата: Пирава, Јосифово (Караѓорѓево), Валандово, Балинци, Брајковци, Грнчиште, Удово, Градец, Миравци (Миронче), Милетково, Ѓавато, Демир Капија, Давидово, Благуш и Смоквица. Голем број села во тогашните срезови: Неготински, Дојрански, Струмички и Гевгелиски биле тешко оштетени. Посебно тешко биле оштетени селата Богородица, Стојаково, Богданци, Негорци, Моин, Кованци, Коњско, Серменин (Терменин) и Хома во кои сите објекти биле напукнати, а имало и доста срушени. Земајќи ја предвид големината и просторната дистрибуција на оштетувањата, бројот на човечки жртви и повредени не бил сразмерно висок. Во овој земјотрес загинале 31, а биле повредени 82 лица. Малиот број на човечки жртви и повредени се должи на двата помали земјотреси кои му претходеле на главниот удар алармирајќи му на

Слика 5. Валандово, 1931 година Фото-документација, Михаиловиќ, 1936

населението да ги напушти објектите, овозможувајќи поголемиот дел од населението да го дочека главниот земјотрес надвор од објектите. Најголема смртност (19 лица) е предизвикана во селото Пирава. Критичната ноќ, почувствуван е прилично јак потрес, кој ги натерал селаните да ги напуштат своите домови. После еден час под ведро небо, започнува силен дожд кој ќе ги натера да се вратат назад во своите домови, каде ги затектува катастрофалниот земјотрес. Во Валандово, најтешко оштетениот град (штета оцената на 16 милиони динари, (Политика 16 март 1931 година) и најголемо населено место во регионот, регистрирани се само две жртви и двајца повредени. Едната жртва е козар, кој ноќевал на отворено, под карпа која од земјотресот се руши и го усмртува заедно со 260 кози. Втората жртва е воденичар, кој го губи животот поради уривање на воденицата (Политика, 11 март 1931 година). Силниот удар бил причинител и на оштетувања на теренот и природната околина, јасно изразени преку деформации на железничката пруга (слика 8), значајни површински пукнатини во земјиштето (слика 7), рушење на карпести маси (слика 9), појава на подземни води – извори (слика 10) и на места значајни денивелации на теренот. Железничката пруга претрпела големи оштетувања на повеќе места во должина од 59 km, како последица на денивелацијата и бочните поместувања на теренот, но и избивања на топла подземна вода. На некои места железничката

Слика 6. Струмица, 1931 година Фото-документација, Михаиловиќ , 1936 24 ноември 2017

ПОРТА

43


Слика 8. Достава на вода и храна за погоденото население во село Пирава Преземено од: Јосимовска, 2015

Слика 7. Привремена телефонска централа во Валандово, 1931 Фото-документација, Михаиловиќ, 1936

Слика 9. Подигната привремена здравствена станица во село Пирава Преземено од Јосимовска, 2015

пруга била деформирана во вид на цик-цак линија со амплитуда од 40 до 50 cm. Поради оштетување на железничките мостови, прекината е железничката комуникација помеѓу Скопје и Солун, која повторно е воспоставена на 10 март (Политика 11 март 1931 година). Појавени се големи одрони и свлечишта долж патната инфраструктура. На патот за Лисине, околина на Босилеград (Бугарија), поради одрон на „два огромни брега“ затрупан е самиот пат и прекинат е сообраќајот на тој правец (Политика, 8 март 1931 година). Најголемите пукнатини на теренот биле забележани помеѓу Валандово и селото Пирава. Во просек овие пукнатини биле широки околу 20 сантиметри од кои избивала топла вода и густ талог. Најголемата забележана пукнатина била широка 2 метри и долга скоро 1 километар. Во епицентралното подрачје скоро сите бунари со питка вода се наполниле со жолтеникава и матна вода. Нивелманот извршен во 1933 година укажа дека, освен наведените површински терестријални промени, котлината на Валандово е спуштена за 40+ сантиметри. Силниот удар бил причинител и на оштетувања на теренот и природната околина, јасно изразени преку деформации на железничката пруга, значајни површински пукнатини во земјиштето, рушење на карпести маси, појава на подземни води – извори и на места значајни денивелации на теренот. Најголемите пукнатини на теренот биле забележани помеѓу Валандово и село Пирава. Во просек овие пукнатини биле широки околу 20 cm од кои избивала топла вода и густ талог. Најголемата забележана пукнатина била широка 2 m и долга скоро 1 km. Во епицентралното подрачје скоро сите бунари со питка вода се наполниле со жолтеникава и матна 44

ПОРТА

24 ноември 2017

Слика 10. Пункт на Црвениот Крст во село Пирава Преземено од: Јосимовска, 2015

вода. Забележано било преполнување на базените во Негорските бањи за време на главниот удар, но и покачување на температурата на водата за 4 степени (од 36 на 40 °C), која се вратила на својата нормална температура дури после 10-12 дена. За разлика од оваа бања, бањата кај Струмица после главниот удар скоро целосно пресушила. После скоро 5 недели водата повторно почнала да се враќа во бањата. Главниот удар од 8 март 1931 година е регистриран од бројни сеизмолошки станици ширум светот, од кои најоддалечената е на 18.000 километри од Валандово, станицата во Велингтон (Нов Зеланд). Сите операции на спасување, пружање на медицинска помош на загрозените, снабдување и друго, изведувани се во изразито лоши метеоролошки услови. По серијата на последователни земјотреси во текот на ноќта, на 12 март утрото започнува да дува силен ветер кој ги разнесувал керамидите од крововите, шаторите на настраданите дури и соборува неколку телеграфски столбови. Долж целиот свој тек, Вардар бил многу надојден и се излива кај Гостивар и на други места. По валандовската катастрофа од сите страни на Кралството Југославија започнала да пристигнува помош за настраданите. Покрај помошта, стигнале и голем број телеграми во кои се изразува жалење поради несреќата која го погодила јужниот дел на Кралството. Помошта и телеграмите се примени со благодарност; меѓутоа со оглед дека Кралската влада (слика 16) донесе одлука за непримање на прилози од земјата и од странство, сите прилози пристигнати по одлуката на Кралската влада ќе бидат вратени „на благородните луѓе, кои ги пратиле, со

благодарност и наведено образложение“ (Политика, 14 март, 1931). На 16 март (понеделник), Управата на „Шипад“ од Бања Лука одлучува да донира бесплатно готова граѓа за домовите на настраданите од земјотресот. Во врска со одлуката, наложено е сите работилници на „Шипад“ во Добриље и Дрвар да работат со „полна пареа“ за да првата пратка може да биде пратена до крај на тековната недела (Политика, 17 март 1931). Главниот одбор на Црвениот крст (Белград), освен помош во намирници, облека, шатори, ќебиња и друго, определи кредит од 300.000 динари за прва помош, додека Скопскиот обласен одбор подели 400.000 динари „таму каде помошта е најпотребна“ (Политика, 11 март 1931). Веднаш после големата катастрофата и државата презела итни мерки за помош на настраданиот регион (слики 7-10). Донесена е одлука да им се помогне на жителите, првенствено на економски понемоќните во епицентралното подрачје во градба, санација и реконструкција на оштетените објекти за домување. Државата во голема мерка ги поддржала и работите околу реконструкцијата на оштетената патна инфраструктура. Санирани се оштетените патишта, мостови и железници. Постои податок дека се реконструирани повеќе од 4.283 (од вкупно 7.163) објекти за домување од кои за обнова на половината средствата ги обезбедила државата. Заедно со поправките на инфраструктурните и други јавни објекти, овој земјотрес го чинел Кралството Југославија околу 30 милиони динари. Во најтешките моменти, највисоките државни претставници го посетиле погодениот регион во знак на поддршка на настраданото население (слика 11). За да се оцени обемот на проблемите и


Слика 12. Извадок, Политика, 10 март 1931 година

Слика 11. Извадок од весникот Политика, 10 март 1931 година Документаристичка архива на проф. д-р Зоран Милутиновиќ

Слика 13. Извадок, Политика, 16 март 1931 година

самопромотивни или спектакуларни теми, било коректно и обезбедувало двонасочен проток на информации од настраданото подрачје до државата и од државата до настраданите. Главен национален медиум Слика 14. Сеизмограм, компонента NE, снимен во е Политика, меѓутоа има и други весници. Освен дневните станицата во Белград, 7 Март 1931 г. Фото документација, Mihailovic, 1936 информации за настанатата штета, потребите на населението и преземените мерки, дадени се и штетите, димензионираат соодветни мерки за итно сместување и планираат соодведни мерки за описи на реакциите и оценките на психо-физичката реакција на ревитализација и реконструкција на регионот населението изложено на биле формирани комисии за процена на штети. континуирано дејство на голем број Комисиите, во чиј состав биле началникот на последователни земјотреси во срезот, еден инженер и еден лекар хигиеничар, изразито лоши метеоролошки услови (формирани се за најпогодените срезови (јаки дождови, силни ветрови, дури и Неготински, Дојрански, Гевгелиски и Струмички) снег), наслови како „Морничави слики во со задача да ги обиколат сите села во своите разрушените села“ (Политика, 10 март 1931), или срезови, да ги прегледаат урнатите и оштетените „Урнатини од Демир Капија до Гевгелија“ објекти, да ги сослушаат кажувањата на сите (Политика, 14 март 1931), се секојдневни теми селани, во специјално изготвени обрасци точно стандардно присутни во сите изданија од 8 март да ги забележат сите теренски наоди, да 1931 година. На обемот на катастрофата подготват и достават сумарен извештај за настраданиот регион (слика 13), со посебен осврт внимание му посветуваат и странските медиуми чии дописници или новинари го посетуват на бројот на куќи и згради кои: 1) со мали настраданото подрачје (Журнал, Луи „преправки“ можат веднаш да се стават во Комбализијас, Париз; Чикаго Трибун, САД, Густав функција, 2) после детални преправки можат да бидат ставени во функција, и 3) не можат да бидат Свансон, дописник од Париз; Елефтерон Вима, Атина, Хамијотис, главен уредник и други). ставени во функција, односно мора да бидат повторно изградени. Првата изјава на сочувство (Политика, 11 март 1931 година) пристигнува од, претседателот на Грчката Република господин Заимис кој изразува длабока емпатија за настраданите од земјотресот. Сочувства пристигнуваат и од голем број европски земји (по азбучен ред: Белгија, Велика Британија, Германија, Италија, Полска, Унгарија, Чехословачка, Швајцарија, Шпанија и други). Земјотресот, страдањето на народот и напорите на државата за санација на настанатите состојби биле медиумски одлично покриени. Информирањето ослободено од сите

За филмување на деструкцијата предизвикана од земјотресите од 7 и 8 март, интерес покажуваат виенски и париски кинооператори. На 13 март 1931 година во погодениот регион пристигнуваат Ади Мајер (Виена) и Сантион Сазио (Paramount Pictures, Париз) со посебен интерес за филмување на „опустошените места“ Пирава, Валандово, Јосифово (Караѓорѓево) и Струмица. Сеизмичка опасност за поширокиот регион на Валандово Потесниот регион околу Валандово според најновите карти на сеизмичко зонирање (слика 19) припаѓа во зона со највисока сеизмичност во Македонија (Z-5). Оттаму, објектите кои ќе се градат во овој регион според европските прописи ќе бараат највисоко ниво на сеизмичка заштита. Автори: проф. д-р Зоран Милутиновиќ1, д-р Драгана Черних-Анастасовска2, проф. д-р Никола Думурџанов3, доц. д-р Радмила Шалиќ1, м-р Катерина Дрогрешка2, д-р Вера Чејковска2, м-р Јасмина Најдовска2, Даниел Томиќ.1 1

Слика 15. Карти на сеизмичко зонирање на Македонија за повратен период од 475 години, изработени според барањата на стандардот МКС EN 19981:2012 - Еврокод 8

Извор на податоци: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ -ИЗИИС, Скопје Автори: З. Милутиновиќ, Р. Шалиќ; Соработници: Н. Думирџанов, В. Чејковска, Л. Пекевски, Д. Томиќ Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). 2 Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ во Скопје, Природноматематички факултет, Сеизмолошка опсерваторија. 3 Рударско-геолошки факултет во Штип.

ПОРТА

45


сообраќај

РЕКАПИТУЛАР НА ВИСТИНИТЕ И СОМНЕЖИТЕ (2)

Замаглување на стратешката важност

Речиси сè што во овој град се изнедри за последните десетина години, по својата суштина и ефекти оди во полза на автомобилскиот сообраќај. И во главите и на хартија и на терен. Скопскиот сообраќаен брод сè уште како да се врти во место, барајќи каде може да пристане. м-р Ненад ТОНИЌ, дипломиран сообраќаен инженер

А

ко јавниот превоз со стари автобуси имаше вкус на маштеница оној со подновен возен парк може највеќе да наликува на павлака. Простото подигнување на еволутивниот лимес „на кат“ повеќе ја бетонира отколку разјадува окаменетата матрица па овој превоз ги губи шансите за премин од тенката „млечна“ во висококалоричната „месна“ група. Едноставно, фрикцијата на услугата со реалните потреби игра пресинг контра ефективноста и ефикасноста, правејќи од стратешката насока што повеќе автомобилски возачи во јавниот превоз, анегдотска епизода наместо акциски 46

ПОРТА

24 ноември 2017


стожер. Љубоморна посесивност јавниот превозник покажа и кон персоналот на Градот Скопје кому не му беше овозможено, преку поповолна достапност барем до службени билети, да даде свој полн придонес кон погорната насока. Бесплатниот и неограничен паркинг е само втората страна на политичко-управната „искреност“ која требаше да креира и води развојна политика. Ќе остане вечна тајна како се случи од популаризациските мерки насочени кон идната академска и сегашната пензионерска популација, низ процес на неразумна и неприродна сегрегација, Градот да ги изостави студентите на приватните факултети!?! Јавниот градски превоз никогаш не бил сурова грутка од хаотични тежи и противтежи. Напротив, отсекогаш имал своја макар и

базична форма, како граничник кон тоталната произволност. Но тоа не е доволно. Особено не во современиот свет на општествена и социјална коректност и одговорност. Нормално, таму каде на тоа се внимава и за кое се полага сметка. Тоа „таму“ не трпи градоначалници-воини, како проектни

Хадријан

олицетворенија на бесмртниот бог Марс, туку „градски татковци“ - мудреци кои цивилизираат наместо да освојуваат. Цареви Хадријани, наместо цареви Трајани. Токму затоа, на дланката на секој град јавниот градски превоз може да заплови по две линии: едната, по која ќе остане самодоволно крут, затворајќи го постојано и постојано кругот на инерциските сили и другата, по која ќе прерасне во сервис кој ослушнува, се повива и суштински еволуира. Првиот удобно опстојува прикачен на јаслите на Градот, не кршејќи глава околу „ситници“ од типот квалитет на приградскиот превоз или транспортна покриеност на егзистенцијалнокритичните урбани функции (Клиничкиот центар на пример). Вториот пак не толерира т.н. „приватници“ четврт век да функционираат според најсебични економски узуси и со навредлив квалитет, пред да се обиде да ги втера во лабава и сè уште бесполезна организациско-функционална матрица која трпи предолги породилни болки. И секако нема да дозволи „развојната компонента“ во неговите официјални планови за работа да се сведе на просто набројување на субвенциските „порции“ од Градот за истите непроменети услуги. Простачката грижа за жителите на градот Скопје немаше проблем ниту да го одмолчи конечното трамвајско адактирање. Со оглед на важноста и долготрајноста на тоа прашање како и брановите кои повторно ги подигна и средствата кои ги извлече наместо тишина моравме да добиеме подготвен одговор. „Закрпата“ од електрични автобуси, најавени во бројка на која и далеку побогатите и поорганизирани градови не се осмелуваат, носи многу повеќе „украински“ популизам отколку што зрачи добра намера. Тупаницата со која може ефикасно да се замавне кон локалната автомобилска експанзија треба да содржи широк и шаренолик избор на услуги надвор од предолгата автобуска клаустрофобија, а натстрешниците и дигиталните информативни табли можат да бидат само украси на современиот системски бон-тон.

способност да го издвои стратешки неопходното од естетското и популистичкото. Децениското инвазивно бавење со скопската сообраќајна инфраструктура како да беше обид од неа и од нејзиниот сообраќај да се извлече најголемата жртва – масовно прилагодување. Потрошувачката власт стана расипничка тогаш кога реши да ги игнорира стратешките инфраструктурни насоки и градежниот полет наместо и кон експресните магистрали (булевар „Крушевска Република“, булевар „Македонија“ алиас Јужен булевар) целиот да го втурне кон второкласната улична мрежа. Поимот второкласна овде не задира во нормативната категоризација туку прави функционална дистинкција на коридори наменети за локално, меѓузонско сообраќање и оние кои транзитниот градски сообраќај можат да го издвојат од сегашните и идни заглавени крстосници и без слични запирања да го пропуштат на поголеми градски растојанија. Делува можеби нејасно, но ако на вашето најмило, кое своите први чекори ги прави во Автокоманда, сте решиле да му обезбедите претпладневна нега во Карпош, тогаш ќе знаете за што овде станува збор. Шокот кој Вашиот автор го доживеа соочен со лаконската ароганција на бившиот секторски министер, булеварот „Крушевска Република“ едноставно „да се избрише од ГУП-от“ во отсуство на здраворазумска или каква било друга логика која човекот, според Дарвин, го двои од мајмуните, сè уште ги влече своите траги. Леснотијата и несериозноста на пристапот кон најкрупните сообраќајно-

Бул. Крушевска Република

ИНФРАСТРУКТУРЕН ОДЕК Умешноста на прилагодувањето претставува способност да се прифати она што на глас се извикува. За среќа, постои и нешто што наликува на внатрешен компас кој има ПОРТА


Керамидница - алтернативен коридор инфраструктурни визии, кои никој претходно не се осмели да ги доведе во прашање, а камоли негира, претставува еден од еталоните за мерење на дефектната институционална грижа за овој град и неговите жители. Наместо решенија кои доаѓаат од зад хоризонтот градската власт се одлучи за проектни екстракти кои дофрлаат само до следниот агол. Стратешката димензија не кохабитира со ваквиот манир на задоволување со неопходниот минимум, лимитиран на оние 20-30 години проектен дострел (па и тие можат да се доведат во прашање во невозможни статистички и непредвидливи градежни услови). Последичните креации во форма на три па дури и четиринивојски крстосници за некои хронично невралгични јазли (Судска палата), во изнегуваната тарапана аминувани дури и од страна на академски авторитети, се надевам ќе останат таму каде што се и породени – на хартија! Општата маѓепсаност со инфраструктурни проширувања не го претвора денот во ноќ. Вистина е дека откривањето на кружните текови делуваше убиствено врз некои здодевни автомобилски колони. Но исто така е вистина дека секој нареден метар додадена улична ширина претставува нова покана за автомобилскиот сообраќај и при одредени коридорски корелации – на пример улицата „Теодосиј Гологанов“ како сервисна на неизградениот експресен булевар „Македонија“ – врши замаглување на стратешката важност и неопходност на повисокиот. Од друга страна пак, некои метафизички градски загуби доаѓаат до израз тогаш кога, со тивка дозвола на локалната самоуправа, приватниот интерес ќе се наложи над јавниот. Користољубието на поединецот издигнат над системските законитости и ограничувања не дозволува инфраструктурно деблокирање на локалитетот Ќерамидница со изградба на 48

ПОРТА

24 ноември 2017

„алката која недостасува“ на лонгитудиналата булевар „Илинден“ – булевар „Гоце Делчев“ – булевар „АСНОМ“. Над утврдената потреба, планското решение и студиската оправданост која остана забункерирана во некоја фиока во Општината Гази Баба стои по сè изгледа некоја невидлива, толерирана сила. Исклучивата дихотомија помеѓу стратешкото и секојдневното во полза на второто нема здраворазумски основ ниту може да има стручна поддршка во услови кога во овој градски „гранап“ немате поим со колку „стока“ располагате, колку во иднина ќе ви биде „доставена“, каде таа ќе се насели, што ќе вози, какви навики ќе има и колку ќе патува. Оние 90 и кусур илјади студиски проценети возила кои во 2009-та секое утро се појавуваа на приодите на градот, изгледа, не алармираа доволно гласно. По цели 8 години тој аларм, изгледа, уште потивко се слуша. Политиката која го овозможи системскиот инстинкт секоја набабрена институција крваво да се бори за правото на своите вработени на бесплатно и неограничено паркирање, а секој „покрупен“ инвеститор телефонски да нарачува прилагодување на урбанистичко-градежната регулатива според сопствената финансиска алчност, поседува органска инфекција која тешко може поинаку да се манифестира. НА КРСТОСНИЦАТА... Бродејќи низ океанската магловитост морнарот прво го насетува, наслушнува, па дури потоа го здогледува копното на својата конечна дестинација. Денешниот скопски сообраќај овие десетина години на сличен начин се појавуваше низ скопскиот смог. Само што наместо крици од галеби во оваа котлина одекнува несмалено октанско дрндање. Односот кон него наликува на децениско негување на ексклузивна енклава погодна за

експериментирање (последните предизборни кампањи не најавуваа отклон од таа девијација – се истакнуваа аутистични проекти кои како да се цел самите на себе, а не алатка на сеопфатна стратегија која, според изостанокот, како да не постои; се најавуваа локал-општински политики кои се во тежок судир со современите урбани сообраќајни трендови). Митохондрирањето во своите административни граници без поширока просторно-планска поддршка го принудува на ослушнување на сопствените одеци во ера во која локалната грижа е незамислива без стратешко-планско делување кон припаѓачкиот регион. А капиларното пропуштање на влијанијата на државните и партиските органи му ја рони ранливата функционалност зацврстувајќи го во простата бихроматска (автомобил-автобус) констелација. Хендикепот кој го профилира овој град е повеќеслоен, но токму заради неможноста егзактно да се согледаат расположливите резерви стратешките проекти не смее лаконски да се „дриблаат“ заменувајќи се со леснотијата на градежните зафати. Скопје штедро ја троши предноста на својата трендовска заостанатост упорно инсистирајќи да ги направи истите грешки на напредните градови. Нерезонските проектни излети од типот Social Car го градат сумарумот на таквиот трошок, докажувајќи дека жабата нема да биде поткована само затоа што го здогледала коњот во дворот на ковачот (наместо да се сврти кон разработка на модел кој поприродно ќе налегне на локалниот менталитет и навики на Градот, трошејќи ресурси, се „залепи“ за изворниот, неспоив со природата на локалните патувања, игнорирајќи ги струковните предупредувања и сугестии). Човечкото око и уво се лажливи. Најчесто го ценат она што добро се одвива, а не што тоа навистина значи. И тоа е погрешно, бидејќи она што се одвива е само процес кој треба да доведе до одржлив резултат. Заводливоста на огледалцето кое ни вели дека сме најубави и најумни е искривена до мерка до која не можеме на правнуците да им оставиме полезен производ. Ставањето на проектите во офанзивна зона, а јавноста и стратегиите во зона на изолација колективниот механизам го слабее веќе во изохроната на синовите. Нагласената метрика помеѓу скопскиот сообраќај и еколошките ефекти кои ги произведува, која со години есенцира во статистики и декларации, не укажува на нешто друго (упорното мерење на загадувањето и шупливата еколошка декларативност не се „овновите“ со кои може да се пробие бедемот на градската сообраќајна политика, во која моторните возила се чувствуваат како преслечени и нахранети бебиња). Градежниот дискурс може на сила да


Белина на непознатото

прерасне во платформа бидејќи кога еден системски сегмент ќе стане преоптоварен лесно може да се оди во изградба на друг, но тоа нема позитивно влијание на самото оптоварување. Пресинг со него се игра во присуство на напредно изградени „играчи“ (јавен градски превоз, велосипедски сообраќај, алтернативни превозни модели) па и тогаш градежните интервенции треба да се прифаќаат повеќе како нужно зло, наместо како безобразно експонирани панацеи. Речиси сè што во овој град се изнедри за последните десетина години, по својата суштина и ефекти оди во полза на автомобилскиот сообраќај. И во главите и на хартија и на терен. Скопскиот сообраќаен брод сè уште како да се врти во место, барајќи каде може да пристане. Тој мора да се лиши од своите тајни за тоа каде точно оди и како мисли до таму да стигне, бидејќи со нив ќе остане да пулсира налик на обичен административен податок. *************************** Престојот на овој свет претставува премрежие од случајности, необјасниви врски и таинствени симболи од кои секој од нас се обидува да ја естрахира сопствената животна смисла. Следејќи ги знаците кои нему му се важни Вашиот автор одлучи да ја напушти крајно сомнителната метафизика на „нишанот“ од овој меридијан и паралела, која се обидува да го потопи. Разочарувањето и згаденоста од сè поголемиот број сè потешко видливи интерпункциски знаци во животната партитура го принуди на географска храброст при која белините на непознатото мирисаат попривлечно од аромата на родното и вроденото. Старата персиска поговорка подучува дека кога кралот на пладне ќе каже дека е ноќ поданиците треба да се потрудат да гледаат ѕвезди. Вашиот автор, непогоден за слепо лепење на надворешни „вистини“, е принуден на отфрлање на конкубинатскиот однос со системот заснован на голтање и премолчување на она што

нив им одговараше. Убиствениот промискуитет од полувистини и лаги, благодарение на кој многумина се снаоѓаа и комотно напредуваа, за мене претставува стапица исполнета со страв и неизвесност кои не можат да се проголтаат ниту во сопствената интима. Убеден сум дека таа вулгарна криенка може да се истрпи единствено ако се канализира во основен животен избор и се претвори во залог зад границите на овдешната исплатливост. Приказната вели дека, пресекувајќи го разговорот во текот на еден состанок на кој присуствуваа и надворешни лица, досегашниот градоначалник на Град Скопје го испраша Вашиот автор дали тој е „оној“ кој ги пишува „оние“ текстови. Следуваше прикриено предупредување да внимава бидејќи испаѓа како да ги пренесува во јавноста разговорите кои тој со своите раководители ги води на работното место. Воспитанието не ми дозволи надмудрување со работодавецот пред ушите на „надворешни лица“, но апсолутната констатација за која во тој момент единствено имаше место остана да лебди во воздухот: јас не правев репортажи од нивните спални соби, туку градба за текстовите црпев од разговори поврзани со прашања од широк јавен интерес, па оттаму дилемата дали воопшто треба на нив да се повикувам кај мене не постои.

*************************** Со благодарност до целокупната редакција на „Порта 3“ за укажаната доверба и простор, ми беше чест да соработувам и да се дружам со група луѓе која размислуваше и делуваше слободно тогаш кога вербалната слобода во оваа земја во услови на демократија никогаш повеќе не наликуваше на крута бирократска процедура. „Принудното молчење понижува, а доброволното... убива.“ – М. Данојлиќ, српски писател (прев. ав.). - крај Ова е последниот текст на нашиот соработник Ненад Тониќ објавен во Порта3 пред неговото заминување од земјава. Нам ни беше мило што имавме соработник кого читателската публика веднаш го препозна како автор. Неговиот оригинален стил на пишување, изборот и обработката на темите се неповторливи. Редакцијата на Порта3, на Тониќ и неговото семејство, кои ја повторуваат судбината на илјадници млади од државава им посакува поспокоен живот и самореализација. На авторот му заблагодаруваме за досегашната соработка, а секако очекуваме таа да продолжи.

ПОРТА


eнтериер

ФИЗИЧКИОТ ПРОСТОР И ЛИДЕРИТЕ

Еколошки систем

Бизнис-лидерите на брзорастечките компании можат многу да добијат доколку знаењата од биoлогија ги користат во секојдневните бизнисодлуки. Ако имате за цел да бидете успешна компанија, денес однесувањата сè повеќе се како комплексен прилагодлив систем пронајден во природата и сè помалку како организации со хиерархија со милитарна команда и структури за контрола, како што раководеле директорите од минатато. 50

ПОРТА

24 ноември 2017

Венцо ГЕОРГИЕВСКИ

П

ред 30-тина години на предавањата на Eкономскиот факултет во Скопје нас, студентите кои почнавме со слушање на првата програма за менаџмент во Македонија ни беше залепена како шлакaница идејата дека

економијата е природна наука. Во мојата глава почнаа да се рушат многу ѕидови, како и погледите кон современиот бизнис. Ми требаше многу време да се соземам од шлаканицата. Во меѓувреме ширум светот поминав многубројни семинари и тренинзи како модерните компании да се адаптираат на новонастанатите бизнис-услови кои од 2008 наваму драматично се променија, но


процесот е уште недовршен. Најголемо влијание врз мојата перцепција дека економијата е природна појава покрај професорите Ѓоргиоски, Шуклев, Фити... како и многубројни светски автори преку нивните книги, имаше и мојот втор дом компанијата Steelcase. Бизнис-лидерите на брзорастечките компании можат многу да добијат доколку знаењата од биологија ги користат во секојдневните бизнис-одлуки. Ако имате за цел да бидете успешна компанија, денес однесувањата сè повеќе се како комплексен прилагодлив систем пронајден во природата и сè помалку како организации со хиерархија со милитарна команда и структури за контрола како што раководеле директорите од минатато. Системите во природата се направени од високоиспреплетени и меѓусебно зависни делови кои се приспособуваат и адаптираат на условите кои се менуваат со цел да преживеат. Тие се справуваат со непредвидлив феномен, да добијат повратна информација од нивната средина и потоа да извршат промена за да ги пресретнат новите услови со кои треба да се справат. Дали денешните менаџери можат да се препознаат во овие констатации? Ризиците и наградите кои се својствени во време на промени им се добро познати на искусните лидерите, кои треба да ги зграпчат мoжностите за раст додека ги избегнуваат стапиците. Како што бизнис-лидерите бараат нови

начини кои ќе им помогнат на нивните бизниси да бидат пожилави, многу од нас сè уште ја немаме разбрано или пак прифатено биологијата на нашите компании. И многумина од нас немаат воочено дека една од работите во нивниот комплексен систем е физичкото работно место, кое покрај тоа што го формира физичкото однесување се користи за оформување на нов начин за размислување. Што би рекле младите менаџери поставување на нов MINDSET. Преку 15 години ги следам истражувањата на Steelcase, за промените во природата на работата. Steelcase ги користи сопствените канцеларии како лабораторија. Тие се дизајнирани како прототипови да тестираат теории и да ги шират границите на тема како работата се случува во улога на бизнислидер (менаџер), но и во улога на работник. Последните истражувања покажаа како физичкото работно место може да влијае врз лидерите исто колку што влијае и на вработените и нивното однесување, ангажман и прифаќање на компаниските цели за свои лични цели. Денес бизнис-лидерите се трудат да направат екосистем од компаниите. Додека овој глобален тренд креира и отвора големи можности, ги внесува организациите во

комплицирана и опасна пајакова мрежа од закони, јазици, обичаи, регулативи и култури. Мрежа која може да се искористи за развој, но од друга страна и да го доведе во прашање опстанокот на компанијата. Овој нов глобален пејзаж бара организациите да бидат креативни во наоѓањето нови можности, но за да се случи ова неопходно е вработените да бидат релевантен фактор. Тие се ставени во позиција да учат, да имаат интеракција, секојдневно да се адаптираат на непознати ситуации и да креираат промени. Сепак, лидерите се соочуваат со голема бариера – работна сила во која 32 проценти од вработените имаат сериозни проблеми со мотивацијата или се високо неангажирани. Оваа третина од вработените се смета за токсично ткиво во компаниите. На спротивната страна 34 проценти од вработените се високо ангажирани, бараат работа и компании кои имаат и во кои тие лично ќе играат важна улога. Од сето ова лидерите треба да ја најдат мудроста како да го извлечат максимумот од вработените и да ја однесат својата компанија на повисоко бизнис-ниво. Додека сè се менува околу лидерите, дали по избор или пак такви се околностите, еден

ПОРТА


детал е константа која е непроменлива, тоа е физичкиот простор или нивните канцеларии. Поголемиот дел од лидерите работат во традиционални, приватни канцеларии. Според Steelcase global report 58 проценти од менаџерите работат во приватни канцеларии наспроти 23 проценти кои работат во океански простор. Иако и не е толку изненадувачко, прашањето е дали лидерите се свесни дека нивното работно место односно физичкото опкружување може да биде катализатор на промените кои тие сакаат да ги имплементираат. Односно дали разбираат дека работното место кое не ги респектира новите технологии не им дозволува на луѓето лесно да ги користат нив. Доколку пак не ги користат, како новите знаења брзо ќе стигнат до нив? Од тоа пак зависи како ќе се развие екосистемот наречен компанија. Многу лидери веруваат дека традиционалните приватни канцеларии се основни за нив за да ја работат својата работа. Тие треба да работат со доверливи документи и информации. „Мојата канцеларија е место каде што луѓето доаѓаат и работиме заедно“ е најчестиот изговор на топ-лидерите. „Има политика на отворена врата, така што луѓето секогаш знаат каде може да ме најдат и каде јас можам да најдам други лидери“. Додека лидерите се групираат во канцеларии со административни асистенти, се оддалечуваат од изворот на информацијата и од тоа што всушност се случува во нивните компании. Вработените се грижат за прекинување на зафатените извршители и се чувствуваат некомфорно, дури и недобредојдено во овие канцеларии. Сепак лидерите се трудат да бидат сè

ПОРТА

поблиску до своите вработени. Знаат дека не можат да си дозволат да бидат исклучени од вработените кои се пулсот на

организацијата. Во минатото, канцелариите на лидерите се гледаа како статус и постигнување во


Д О Х А 29.12 - 3.1 авионски аранжман од 599

ИСТАНБУЛ НОВА ГОДИНА Авион / 3 дена / 2 ноќевања 30.12 – 1.1.2018

299 €

+389 2 32 32 234 хиерархијата. Сега и во иднина е јасно дека мора да се работи на физичкиот простор за да им даде поддршка на лидерите да бидат главниот генератор на успех во компаниите. Физичкиот простор (канцеларијата) е јазик на телото на организацијата. Тоа е начин на комуникација и начин да провоцирате посакувана акција од луѓето, вработени или не сеедно. Менаџерите можеби не помислиле дека нивниот простор комуницира со компанијата, со потенцијалните вработени, надворешните партнери и посетители. Но е јасно дека кај некои компании канцелариите им делуваат како да имаат говорна маана во комуникацијата со луѓето со кои се поврзани. Организацијата на физичкиот простор покажува што мислиме за однесувањето на луѓето поврзани со компанијата. Однесувањето пак на луѓето најчесто е директно поврзано со тоа како изгледа физичкиот простор. Неопходно е креирање нов лидерски простор кој ќе има статус на икона во културната промена што се случува во лидерскиот тим и во целата организација.

Тоа треба да биде место што ќе ја слави отвореноста и соработката во екосистемот наречен компанија. Почитувани менаџери негувајте го индивидуалецот, тој е основната клетка на вашиот екосистем - компанија. Поврзаноста помеѓу физичкото здравје,

менталното здравје и когнитивното извршување е неверојатна. Физичкиот простор и тоа како им помага на лидерите да го контролираат стресот и да промовираат подобро извршување на задачите кои ги поставуваат брзите промени и пазарот.

24 ноември 2017

ПОРТА

53


енергетска ефикасност

ПРОБЛЕМИ КАЈ ГРАДЕЖНИТЕ ОБЈЕКТИ

Низ топлинските мостови ни истекуваат парите и не напушта здравјето Замислете го вашиот дом или работен простор и обидете се да се сетите колку агли има на фасадата, колку стреи, колку прозорци и колку балкони имате. Сите тие претставуваат топлински мостови низ кои течат вашите пари, низ кои се губи вашето здравје и сите тие се места каде постои опасност од појава на мувла или влага. А зачудувачки е дека со децении ваквите појави се занемаруваат.

С

м-р Андреј АНДРЕЕВ, дипл. град. инж.

è почесто сретнувам избезумени луѓе поради мувлата што им се појавува во домот. Други, мака мачат да го загреат просторот, иако греењето им е „одвртено до максимум“, трети пак имаат кондензација на прозорците или ѕидовите. Ама речиси сите се незадоволни од висината на трошоците за загревање. ШТО СЕ СЛУЧУВА? Кога мувлата и влагата се појавуваат, кога 54

ПОРТА

24 ноември 2017

тешко се загревате и кога сметките се високи, не се случува ништо ново и спектакуларно. Случувањата биле при изградбата, а многу често уште при

проектирањето на објектите. Сè уште и ден денес, топлинските мостови кај нас, најчесто се комплетно занемарена проблематика. Не ретко топлинските мостови воопшто не се пресметуваат, туку загубите на енергија низ нив се усвојуваат како 30 % од вкупните загуби во објектот. Но, дали е тоа толку едноставно? Кај објект, кај кој изолираноста на обвивката е многу ниска (пример со Uwall > 0,5 W/(m2K) и Uwindow > 3 W/(m2K), топлинските мостови како процент од


т

вкупните загуби на енергија, се занемарливи и не влијаат во голема мерка. Но, што се случува кога се работи за добро изолиран објект, со на пример Uwall = 0,25 W/(m2K) и со добри прозорци со Uwindow = 0,85 W/(m2K)? Дали и тогаш загубите низ топлинските мостови се само 30 % од вкупниот проток на енергија низ обвивката? И доколку, ете како за чудо, некој пресметал колкави се топлинските загуби низ топлинските мостови, дали пресметал колкава ќе биде температурата на ѕидните површини, од внатрешната страна? За да дојдеме до одговори на овие дилеми, а со тоа да видиме дали можеме да им помогнеме на сите оние кои имаат мака со мувлата и влагата, со удобноста, но и со големите трошоци за греење, најважно е да го разбереме механизмот на топлинските мостови. Круцијално е да го запознаеме „непријателот“ за да можеме успешно да го совладаме. ШТО СЕ ТОА ТОПЛИНСКИ МОСТОВИ? Го знаете ли она чувство кога околу прозорците дува, а тие се нови и убави? Сте го почувствувале ли подот колку е студен во близина на балконите? Дали некогаш Ви се случило прозорците или ѕидовите да кондензираат вода, дури и да се прашате дали можеби протекуваат? Сте се соочиле ли со неверојатно ладни места на ѕидовите, иако убаво греете? Имате ли мувла или влага по аглите? За сите овие појави, главен „виновник“ се токму топлинските мостови. Топлинските мостови се „слаби места“ во топлинската изолација на објектот, каде поради разни причини таа го менува правецот, се намалува, се прекинува, воопшто ја нема или има премин од еден во друг тип материјал. Причините кои доведуваат до топлински мостови се: геометриски места каде изолацијата го менува својот правец, состав или дебелина (агли, слемиња, стреи, греди и столбови, монтажа на прозорците во ѕидовите и слично) или конструктивни места каде конструктивни елементи од објектот ја пробиваат изолацијата (најчест случај се балконските конзолни плочи и греди, но

често и разни столбови и ѕидови кои заради потребите од стабилност на конструкцијата не смеат да се прекинат). Сега кога малку подобро го запознавме „непријателот“, може да разбереме дека по ваквите мостови, топлината непречено патува. И тоа колку е поголема температурната разлика помеѓу внатре и надвор, толку сообраќајот низ овие мостови е погуст и се одвива со поголеми брзини. Колку мостовите се пошироки, толку и протокот низ нив е поголем, идентично како и кај сообраќајните мостови. Негативните ефекти од топлинските мостови се далеку поголеми во ладните отколку во топлите периоди, бидејќи во зима температурната

разлика внатре/надвор може да достигне и преку 40 оС, додека во летните периоди ретко надминува 13 оС. Геометриските топлински мостови најчесто се места со намалена топлинска изолација, додека конструктивните топлински мостови по правило се целосно неизолирани места. И кај едните и кај другите, резултат се ниски температури од внатрешната страна на елементите. Секој познавач на термодинамиката, со низа од неколку калкулации, а во зависност од надворешната и внатрешната температура, како и од топлинскиот коефициент на материјалите, може брзо и лесно да пресмета колкава ќе биде температурата на тие елементи од внатрешната страна. Оние кои не ја владеат термодинамиката, тоа може да го направат со некој од многуте достапни софтверски пакети. Последен можен начин е да се измери температурата на тие површини со помош на термометар. Но тогаш веќе е многу доцна за да се преземат мерки, а тие да не чинат енормно скапо. Како и да е, по кој метод и да работите, изненадувачки е дека во зимскиот период температурите на внатрешните површини, онаму каде што се појавуваат топлинските мостови, паѓаат и под 13 оС. Во некои поекстремни случаи температурата на ѕидот од внатрешната страна може да се симне и до неверојатни 3 оС. Сега замислете го вашиот дом или работен простор и обидете се да се сетите колку агли има на фасадата, колку стреи, колку прозорци и колку балкони имате. Сите тие претставуваат линиски топлински мостови низ кои течат вашите пари, низ кои се губи вашето здравје и сите тие се места каде постои опасност од појава на мувла или влага. А зачудувачки е

ПОРТА


дека со децении ваквите појави се занемаруваат. Тука и сега е вистинско место и точно време да разбиеме уште една голема заблуда која гласи: „просториите под земја не треба да се изолираат бидејќи земјата е најдобар изолатор“. Ако знаеме дека за нашите климатски услови, температурата на земјата на длабочини до 10 метри варира од 9 оС до 12 оС, ќе заклучиме дека загубите кон земјата се незанемарливи. Посебно ако веќе сте успеале да постигнете добра изолираност и ако сте ги елиминирале или до максимум сте ги намалиле топлинските мостови кон воздухот. Сега кога го разбравме механизмот на топлинските мостови, кога го запознавме „непријателот“ на нашиот џеб и на нашето здравје, се наоѓаме на половина пат од победата над него. Победата над топлинските мостови е единствен начин до навистина удобен и енергетски ефикасен објект и само тогаш има смисла инвестицијата во добра изолација и квалитетни прозорци. КАКО ДА СЕ ПОБЕДАТ ТОПЛИНСКИТЕ МОСТОВИ? Само со добро планирање, со употреба на вистински материјали и со прецизно изведени детали, може да извојуваме победа. При решавањето на топлинските мостови, пристапот е различен и зависи од

Важно е уште при проектирањето, со разни архитектонски и конструктивни мерки, долгите линиски топлински мостови да се сведат на што пократки или дури и на т.н.

видот на проблемот. Досегашното мое искуство со работењето во оваа проблематика, покажало дека решавањето на топлинските мостови е толку поевтино и поедноставно, колку што порано ќе се пристапи. Уште од самата идеа да се изгради некаков објект. точкасти топлински мостови. Со тоа е направен најголемиот и најевтин чекор до надминувањето на проблемот. Но тоа не секогаш е можно, поради конструктивни причини, но и поради естетски барања од инвеститорите. Следниот чекор е решавање на деталите за оние линиски топлински мостови, кои и покрај големата желба да ги отстраниме, сепак останале да пркосат. Праксата ми покажува дека не постои топлински мост кој не може да се „сруши“. Решавањето на геометриските топлински мостови, како што се аглите на фасадните ѕидови или бетонските греди и столбови, е за нијанса поедноставен проблем отколку проблемите кај конструктивните топлински мостови. Со употреба на „мали мајстории“ и изолациони материјали со енормно високи изолациони својства (и до 15 пати повисоки од стандардните изолации), во моето секојдневно работење ги санираме, превенираме или елиминираме ваквите проблеми. Но што да се прави со конструктивните

56

ПОРТА

24 ноември 2017


топлински мостови, како што се балконите и разни настрешници или стреи? Навидум ваквите топлински мостови се нерешливи, бидејќи секаков прекин на конструкцијата ја загрозува стабилноста. Сепак, за секој технички проблем, секојдневно изнаоѓаме и техничко решение. Постојат елементи кои се вградуваат во бетонот или челикот, кои во целост ја преземаат конструктивната носечка улога, а притоа се изработени од материјали кои имаат висока моќ на топлинска изолација. Со тоа, што би рекол нашиот народ, „и волкот е сит и овците се на број“. И на крај, посебно внимание посветуваме на прозорците. Сите мерења кои ги правиме при дијагностицирањето, покажуваат дека сериозни топлински мостови доаѓаат токму од прозорците и тоа од две причини. Првата е од монтажата на прозорците во ѕидот, а втората е од изработката на стаклото. И за едното и за другото, неопходно е да се постигне потребната топлоизолираност, но и воздухонепропустливост. А со монтажата на прозорецот во „тврдиот дел“ од ѕидот, со т.н. пур-пена околу прозорецот, со метални дистанцери меѓу стаклата од стаклопакетот

и поставувањето на стаклото со т.н. пакни или подметки, повеќе од сигурно е дека се оставаат големи топлински мостови и парите за квалитетни прозорци се бесполезно потрошени. Иако на прв поглед овие проблеми изгледаат ненадминливи,

располагаме со знаење, материјали, елементи и методологии кои овие проблеми ги надминуваат во целост. Ете, сега сме само на чекор од победа над топлинските мостови. Останува само навремено да им објавите „војна“.

ПОРТА


екологија

ОДРЖЛИВИ РЕШЕНИЈА ЗА ПОКВАЛИТЕТЕН ЖИВОТ ВО ГРАДОВИТЕ

Гетеборг

Со ретроградни политики - заробени во сопствениот двор Неодамнешните мерки на нашите власти за ублажување на загадувањето (иако во основа препораки) мора да нè освестат дека секој поединец не смее да избега од сопствената одговорност

Г

Даниела МЛАДЕНОВСКА реењето на домаќинствата и сообраќајот, кај нас веќе се идентификувани како најглавните причинители за алармантното загадување на воздухот во зимските месеци. Секако, тука се и нашите депонии кои го дополнуваат доживувањето. Особено лоша е состојбата во Скопје, каде граѓаните сосема оправдано бараат нови и одржливи решенија за почист воздух, а со тоа и поквалитетен живот. За жал, многу пати сме констатирале дека развиениот свет е далеку пред нас не само во однос на применетите технолошки концепти и решенија туку и според свеста и совеста во однос на прашањата од областа на урбаното планирање и развој. Мотивирани токму од актуелните состојби во нашето секојдневие, во продолжение Ви презентираме неколку примери на организирани градови (некои дури и во нашето соседство) кои се грижат за животната средина. Иако често ги користиме Скандинавија и Балканот кога 58

ПОРТА

24 ноември 2017

алудираме на некаков антипод, на спротивставеност на нештата, сепак од приложеното може да се заклучи дека во некои аспекти и Балканот има прифатено многу добри практики. Можеби е веќе крајно време и ние да фатиме приклучок. Неодамнешните мерки на нашите власти за ублажување на загадувањето (иако во основа препораки) мора да нè освестат дека секој поединец не смее да избега од сопствената одговорност. Како што некој од активистите за почиста животна средина неодамна објави на социјалните мрежи: „ние сите би сакале да бидеме Холанѓани (во смисла на чиста животна средина и квалитет на живот), но ако може тоа да се случи без никаков личен придонес“. Оттука, како автор на овие редови не можам да останам рамнодушна на негативните коментари и бранот негодувања на пошироката јавност во врска со покачувањето на акцизата за дизелот. Без намера да бидам нечиј гласноговорник сакам да запрашам: „зарем не се чувствувате одговорни пред фактот што неодамна го објави СЗО дека во Македонија годишно умираат 540 деца како последица од загадениот воздух?“ Само за илустрација,

вреди да се посочи дека дизел-возилата се сериозен емитер на ПМ честички, а особено е важен фактот дека емисијата на овие честички кај стандардот евро 3 (2000) е дури 10 пати повисока отколку кај евро 5 (2009), додека ПМ честичките кај евро 4 (2005) се 5 пати повисоки отколку кај евро 5. Речиси сите големи градови имаат забранети зони за дизел-возилата, со амбиција во иднина целосно да се забранат дизел-возилата. Во изминатиов период ние не знаевме или не сакавме да ги препознаеме и имплементираме примерите на добра практика. Напротив со ретроградни политики останавме заробени во сопствениот двор. Ако студиите недвосмислено покажуваат дека греењето кај домаќинствата и сообраќајот се најголемите загадувачи на Скопје, тогаш чекорите што треба да се преземат се повеќе од јасни, и што е уште поважно одамна прифатени и применувани во светот. СИСТЕМ ЗА ТОПЛИФИКАЦИЈА ВО ГЕТЕБОРГ, ШВЕДСКА Преминот на Шведска од нафта и други фосилни горива кон целосно свртување на


атмосферата. Гетеборг е втор по големина град во Шведска, кој има вкупна должина на дистрибутивната топлификациска мрежа од 1.200 километри и која покрива со енергија за греење над 90 % од вкупниот резиденцијален потенцијален конзум во градот. Градот е еден од водечките партнери во иницијативата FED (Fossil Free Energy Districts) започната во јули 2017. ЉУБЉАНА - ЈАВНИТЕ УСЛУЖНИ КОМПАНИИ ВО СКЛАД СО ЦИРКУЛАРНАТА ЕКОНОМИЈА  Јавната енергетска компанија „Енергетика Љубљана“, која е одговорна за снабдувањето на градот со топлинска енергија за греење, произведува истовремено електрична и топлинска енергија преку когенерација во комбиниран циклус. На тој начин, се овозможува висок степен на ефикасност на процесот на производство. Во моментот 74 % од домаќинствата во Љубљана се приклучени на топлификацискиот систем за греење. На овој начин, загадувањето на воздухот со сулфурен диоксид е дури 40 пати пониско отколку пред 20 години. Дополнително, природниот гас е одамна достапен енергент како за бизнис-секторот така и за резиденцијалниот сектор.  Со користењето на гасот кој се создава преку третман на биолошкиот отпад, компанијата „RCERO Ljubljana“ произведува 17.000 MWh електрична енергија и 36.000 MWh топлинска енергија. Биогасот, во овој случај се создава по пат на анаеробна ферментација на биоразградлив отпад.  Во депонијата Barje, јавната компанија за управување со отпад Snaga го зафаќа во

централизирани системи за топлификација во 1990 година, можеби е најважниот поединечен фактор кој може да го објасни драстичното намалување на емисиите на стакленички гасови, како во секторот домаќинства така и во секторот услуги. Денес, над 80 % од топлинската енергија за греење и топлината за санитарна топла вода во резиденцијалните објекти во Шведска, се обезбедува од системи за централно греење. Централизираното снабдување со топлинска енергија за греење, во исто време значи и поголема можност за поодржливи и почисти форми на горива кои ќе се користат во централната постројка. Многу топлани користат и отпадна топлина од индустриите во близина и на тој начин се рекуперира топлинска енергија која инаку би завршила во Постројка за третирање на отпад во Љубљана Љубљана, центарот без автомобили

резервоари отпадниот гас кој се генерира во процесот на распаѓање на отпадот. Главно, гасот се состои од метан и јаглерод диоксид. Биогасот се насочува кон постројка за производство на енергија и се користи за производство на електрична енергија. Постројката за третман на отпад во Љубљана е една од најмодерните во Европа.  Што се однесува до рестрикциите во сообраќајот, и нашата јавност имаше можност да ја слушне заменик-градоначалничката на Љубљана на Самитот „Македонија 2025“ во Скопје која поентираше со изјавата: „ го затворивме центарот на градот за сообраќај и станавме Зелена престолнина на Европа за 2016 година“. Се разбира ова не е единствената и ад хок мерка која го обезбедила ова признание, туку тоа е резултат на систематска и посветена работа, како и политички непопуларни мерки преземани уште од 2007 година.

Хаг

ХАГ, ХОЛАНДИЈА – ЧИСТА ЕНЕРГИЈА ЗА ЦЕНТРАЛЕН СИСТЕМ ЗА ГРЕЕЊЕ Кога во Дуиндорп, мало место во близина на Хаг, риболовот како една од главните индустрии започнува да пропаѓа, по периодот на голем процут, локалната власт во тоа видела можност за реизградба на резиденцијалните објекти од 30-тите години на минатиот век во модерни објекти за домаќинства со пониски приходи. Притоа, жителите јасно истакнале дека преферираат топлификациски систем базиран на обновлива енергија, па тимот кој работел на развивање на можните концепти видел одлична можност во близината на морето. Така, во 2008 24 ноември 2017

ПОРТА

59


Копенхаген

енергија). Во некои случаи, попустот достигнува и до 50 %. Ова пак, од

година се изградил првиот топлификациски систем во светот кој како топлински извор за 800 домаќинства во местото, ја користи енергијата од морето. Овој концепт до денес е реплициран на повеќе локации ширум Европа. Се разбира, во основа системот се базира на концептот на топлинска пумпа за која топлински извор може да биде и вода од езеро или река како и почвата. Интересен пристап кон чистата енергетска транзиција кој е применлив за помал топлински конзум, односно за помали места. КОПЕНХАГЕН – НАЈСТАР, НАЈГОЛЕМ И НАЈУСПЕШЕН СИСТЕМ ЗА ТОПЛИФИКАЦИЈА Топлификацискиот систем на Копенхаген, покрај тоа што е еден од најголемите и најстарите, тој истовремено е и еден од најефикасните во светски рамки. Овој систем обезбедува чиста, доверлива и достапна енергија за греење за над 97 % од жителите на градот. Овој иновативен систем ја зафаќа отпадната топлина која се генерира при производството на електрична енергија и на тој начин придонесува за намалување на емисиите на стакленички гасови во Копенхаген за 665.000 тони (CO2eq). Попрецизно кажано, топлификацискиот систем на Копенхаген ја користи отпадната топлина од постројки за спалување на отпад, односно комбинирани постројки за производство на електрична и топлинска енергија (CHP – Combined Heat and Power Plant). Процесот е истовремено енергетски ефикасен и ја заштитува 60

ПОРТА

24 ноември 2017

животната средина. Дистрибутивниот топлификациски систем има должина од 1.300 километри, обединува пет општини, а како топлински извори се користат четири когенеративни постројки (CHP), четири постројки за спалување на отпад и повеќе од 50 котли за покривање на врвното оптоварување. Вкупно генерираната топлинска енергија на годишно ниво е околу 8.300.000 MWh. Овде треба да се истакне дека когенеративните постројки користат исклучиво природен гас или пак биогориво базирано на биогас или биомаса од слама и дрвен отпад. Уште во 80-тите години на минатиот век, Федералната влада на Данска има воведено даночни повластувања за горивото за постројките за производство на електрична енергија. Тие плаќаат пониски даноци за гориво доколку работат во комбиниран циклус (производство на електрична и топлинска

своја страна им овозможува на компаниите да ја продаваат топлинската енергија по пониски цени и да бидат конкурентни во однос на другите енергенти и технологии на греење. Друг, исто така поттикнувачки момент се измените во законската регулатива. Уште од 1979 година, бил имплементиран нов акт за снабдувањето со топлинска енергија, со кој стартувал сериозен процес на планирање на снабдувањето со топлинска енергија во општините. Овој акт им овозможил на општините да ги испланираат зоните за греење на топлификациски систем и да им наложат на домаќинствата задолжително да се приклучат на топлификациската мрежа. На тој начин, освен придонесот за животната средина, 100 % искористеност на капацитетот на топлификацискиот систем овозможила и намалување на трошоците за корисниците.

Метробус во Истанбул


Постројка за третман на отпад ИСТАНБУЛ – СООБРАЌАЈНО РЕШЕНИЕ СО МЕТРОБУС Метробус-системот во Истанбул е проектиран со цел да обезбеди ниски трошоци, брза услуга за жителите на градот кои патуваат во правец исток –запад и обратно. Првиот ваков систем на брз автобуски превоз во Турција е всушност прв трансконтинентален BRT (Bus Rapid Transport) во светот. Овој концепт на сообаќај ги обединува позитивните страни на превоз со автобус и метро (брзина и ефикасност, наспроти ниска инвестиција и ниски трошоци). Истанбул успева за кратко време со ова свое решение да го ублажи сообраќајниот метеж, да го подобри квалитетот на јавниот транспорт, и најважно од сè – да го намали загадувањето на воздухот. Се проценува дека намалувањето на емисиите на CO2 во градот изнесуваат 167 t/дневно со значително намалувања на потрошувачката на гориво поради помалите застои и поефикасниот сообраќај, споредено со ситуацијата претходно. Во комбинација со флотата од електрични автобуси како и трамваите, ова е добро решение за подобар квалитет на воздухот. Ова е добар пример и за другите градови, преку кои може да се влијае на подобрување на квалитетот на животот, јавното здравје и сл. Сите овие фактори треба сериозно да се земат предвид при одлучувањето за каква било инвестиција поврзана со јавниот транспорт особено во големите градови. ТОПЛИФИКАЦИЈА СОФИЈА – НАЈГОЛЕМАТА КОМПАНИЈА ЗА ТОПЛИФИКАЦИЈА НА БАЛКАНОТ И топлификацискиот систем на Софија е

Метро во Софија

многу развиен, ефикасен и има околу 410.000 корисници од кои 365.000 домаќинства. Со оглед на фактот што Софија има двојно повеќе жители од Скопје, а топлификациската мрежа на нашата метропола има едвај над 50.000 корисници, доволно зборува за искористеноста на топлификацискиот систем кај нас и огромниот процент домаќинства кои се грејат со разни фосилни горива (најчесто со таков квалитет кој е сериозна закана за здравјето). Должината на топлификациската мрежа на Софија е околу 900 километри. Градот има и метро како и електрични автобуси во флотата на јавниот превоз. И покрај сите овие показатели, градот и натаму води борба со загадувањето, кое е особено изразено во своевидното предградие, т.е градчето Перник – редовно високо на листата на најзагадени градови во Европа.

Модерното управување со отпад во Софија преку ЕУ-финансирање веќе се практикува. Имајќи предвид дека отворените депонии исто така се извор на загадување на воздухот, но и почвата и подземните води, неодамна Софија со помош на европските фондови направи исчекор во оваа сфера. Проектот е завршен во 2015 година, со што е овозможено третирање на отпадот (механичко и биолошко), генерирање на гас од отпад како гориво за поддршка на постројките за топлификација на градот и фабриките за цемент. Органската фракција од отпадот се користи за добивање на компост со кој се врши ремедијација и подобрување на квалитетот на почвите. Проектот овозможува и подобрување на локалната екомонија преку отворање на 71 директни и уште 102 индиректни нови работни места.

ПОРТА


www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


ПОРТА


најчудни градби

НОВ ОБЈЕКТ ОД СТУДИОТО НА ЛЕГЕНДАРНАТА ЗАХА ХАДИД

Хотел „Вазна“ во Мелбурн

А

Драган РИСТОВ

рхитектите од студиото на славната Заха Хадид објавија нов визуелен концепт за конструкција на 185 метри висок облакодер во Мелбурн, Австралија кој ќе биде направен од четири делови, сместени еден во друг, со бела фасада. Дизајнот на објектот беше објавен уште во 2015 година од студиото на Хадид во Лондон. Тој ќе се гради на локација на улицата „Колинс“, во срцето на бизнис-дистриктот во Мелбурн. Предвидено е објектот да биде завршен во 2023 година, а со него ќе стопанисува „Мандарин ориентал хотел груп“. Она што го прави објектот посебен е конструкцијата, имајќи предвид дека четирите делови се еден во друг и имаат облик на вазна. Поради тоа проектот веќе е познат како хотелот „Вазна“ што се нуди и како маркетингтрик за привлекување туристи и клиентела. Освен вазноликиот облик, екстериерот односно фасадата има исто така уникатна форма, поточно мрежеста обвивка која е комбинирана со стакло. - Хотелот содржи историски аспекти со некои традиционални солуции па воспоставува деликатна, односно нежна форма на структура која е важечка само за

64

ПОРТА

24 ноември 2017


овој хотелски комплекс и за нас е најважна – вели Мајкл Паска, проект-директор на Заха Хадид студиото во Лондон. Хотелот според техничките параметри ќе има 196 соби и 148 апартмани кои ќе се простираат на највисокиот кат од каде се пружа најубавата глетка на Мелбурн. Гостите од овој дел ќе имаат посебни привилегии како што се посебни простории, лифтови, пристапи, а пред сè бар и ресторан на самиот врв со совршен поглед од летна тераса. Секако, соодветно на намената и на цената, за задоволството да биде комплетно планирани се и фитнес-сали, базени и спацентар на самиот врв. Според образложението на Паска, секој од четирите сегменти овозможува физичка одвоеност на објектот, при што секоја од четирите вазни (објекти) ќе има своја намена и во поглед на конфигурацијата на внатрешноста и таргетираната клиентела. Најгорната, или врвот е предвиден за најбогатите класи. Засега проектот е во надлежност на компанијата „Ландрим“ која ќе го изгради облакодерот-хотел и потоа ќе ѝ го предаде на користење на Мандарин ориентал групацијата. Она што е особено важно е што студиото на Заха Хадид во Лондон сака да воспостави нови стандарди кога е во прашање хотелиерството, а пред сè да остави можност за збогатување на наследството на архитектката Хадид која почина лани.

24 ноември 2017

ПОРТА

65


уметност

Седум музеи на иднината Избравме фасцинантни светски музеи кои се веќе отворени или кои се во тек на изградба и кои со своите концепти не се плашат да ги преминат стандардните граници подготви: Дејан БУЃЕВАЦ

Т

ехнологијата влезе речиси во сите сфери на нашиот живот, а нејзиното влијание е видливо и во културата и во уметноста. Најновите технолошки откритија, кои се појавуваат на неделно ниво, полека, но сигурно се спроведуваат на нашите работни места, во приватните животи и останатите сфери, а доминантен императив станува

MUSE, ИТАЛИЈА

држењето чекор со забрзаниот развој. Овој пат решивме да издвоиме неколку музеи кои се водени токму од овој принцип: максимално користење на технологијата за да своето позиционирање на светската музејска мапа го направат што повпечатливо и поинтересно за публиката и јавноста. Од Сингапур до Валенсија, информативно овие се тие музеи кои провоцираат со своите концепти.

Овој за нас најблизок музеј се наоѓа во Италија, односно во градот Тренто. Целото име му е Museo delle Scienze, и е посветен на истражување на односот меѓу човекот и природата, за што секако придонесува и уникатната архитектура на објектот. Имено, славниот италијански архитект Renzo Piano, направил големи стаклени ѕидови наместо обични ѕидови, преку кои пробива природното светло. Посетителите можат да научат сè за тековните предизвици на човештвото, да научат сè за геномот и да ја проучат структурата на ДНК. Музејот за јавноста е отворен во 2013 година.

66

ПОРТА

24 ноември 2017


што сакаме да ги посетиме МУЗЕЈ ЗА НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА, КИНА Музејот беше официјално отворен во 2001 година и се наоѓа во деловната област на Шангај. Експонатите прикажани овде можат да се поделат на пет главни области: небо и земја, живот, иновација, иднина и разбирање. Во зависност од она што ве интересира, можете лесно да дознаете за геолошката структура на земјата или да проверите што е ново во областа на роботиката.

МУЗЕЈ ARTSCIENCE, СИНГАПУР Отворен во 2011 година, ова беше првиот музеј кој директно ги комбинира науката и уметноста. Архитектот Моше Сафди е заслужен за изгледот на зградата, којашто изгледа како луксузен лотос во цут. Музејот се состои од 21 соба, од кои секоја носи различни содржини, па можете да проверите како големиот Леонардо да Винчи го замислил авионот или проверил што ги поврзува индивидуалните предмети со човечката еволуција. 24 ноември 2017

ПОРТА

67


CIUTAT DE LES ARTS I LES CIÈNCIES, ШПАНИЈА

Лоциран во Валенсија, овој музеј, односно културноархитектонски комплекс, чие име (Ciutat de les Arts i les Ciències) доволно зборува дека се работи за „градот на уметноста и науката“, е уште едно спектакуларно здание на архитектот Santiago Calatrava во соработка со архитектот Félix Candela. Задачата на комплексот е подеднакво да ги едуцира луѓето од сите генерации во науката, технологијата и уметноста. Комплексот се состои од неколку објекти: L'Hemisfèric (1998), El Museu de les Ciències Príncipe Felipe (2000), L'Umbracle (2001), L'Oceanogràfic (2003), El Palau de

MIRAIKAN, ЈАПОНИЈА Со полно име National Museum of Emerging Science and Innovation (Nippon Kagaku Miraikan), овој јапонски музеј во Токио е неизбежна станица за сите оние кои сакаат да бидат упатени во најновите достигнувања во развојот на роботиката, вештачката интелигенција и низа други области на технологијата. Музејот едноставно препознатлив како Miraikan (Future Museum), посебно се истакнува по тоа што има

68

ПОРТА

24 ноември 2017

les Arts Reina Sofia (2005), El Pont de l'Assut de l'Or (2008), L'Àgora (2009 и Torres de València кој сè уште не е завршен. На првиот кат на музејот се наоѓа постојана поставка, која може да се погледне бесплатно, вториот кат е резервиран за интерактивни изложби, додека третиот кат е посветен на творештвата на некои од најдобрите шпански научници.

цел оддел посветен на образованието на децата, а целата поставка на музејот е дизајнирана така да ги заинтригира и најмладите. Музејот е креиран од јапонската Science and Technology Agency, а отворен е во 2001 година. Архитект на објектот е јапонскиот архитект Hajime Narukawa.


MUSEUM OF THE FUTURE, ОБЕДИНЕТИТЕ АРАПСКИ ЕМИРАТИ Овој технолошки музеј во Дубаи свечено треба да биде отворен во 2019 година. Во неговите простории ќе можете да видите ѕидови на сензори, асистенти кои всушност се роботи или специјални капсулни лифтови. Неговата цена на реализација е отприлика околу 200 милиони долари. Архитектот Shaun Killa е автор на музејот. Музејот се занимава со испитување на можните граници на вештачката интелигенција и технолошките иновации, а исто така содржи и лабораторија која им служи на научниците кои сакаат да работат на решавање на проблемите на глобалното затоплување.

MUSEU DO AMANHÃ, БРАЗИЛ Овој „музеј на иднината“ се наоѓа во Рио де Жанеиро, отворен е во месец декември во 2015 година, а го проектирал големиот шпански неофутуристички архитект Santiago Calatrava. Како што самиот архитект изјавил, изгледот е инспириран од брод кој плови

по површината на водата, нормално со сите неизбежни футуристички моменти. Главната мисија на овој музеј е да ги истражува, замислува и да ги промислува сите опции за градење на иднината. Поточно, посетителите ќе можат да проверат како изгледа спојот на научните факти со уметничка визија. 24 ноември 2017

ПОРТА

69


ПОРТА


ПОРТА



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.