263

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

263

ДЕКЕМВРИ 2017

Zaha Hadid Architects ја редефинираше архитектурата на 21 век Архитектонска презентација на casual friday dress code Динамичност и необичност што провоцираат

Среќни празници

90 ДЕНАРИ


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA


ГОДИНА XII

БРОЈ 263 ПЕТОК 29.12.2017 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Во строгиот центар на Скопје помеѓу згради со класичен изглед, главно изведени со армирано-бетонска конструкција и фасада со класични апликации и декорации, со светли бои на завршната фасада сместен е објектот Chelsea business center. Поради самата локација, објектот е замислен како контраст на околината со цел да отскокнува од неа. Се карактеризира со динамичност и необичност што провоцираат. Минатиот месец во Порта 3 пишувавме за архитектурата на индустрискиот објект на МЛ ГАРИ – MAYA. Овој пат станува збор за ентериерот на објектот. Комплексен простор, со доста различни функции, кој на крај постигнува максимален обилен ентериерен волумен кој е пријатен, топол и близок до човекот, до самиот вработен. Овој ентериер допира и гали, разбудува некоја страст и возбуда, раскажувајќи најразлични просторни приказни (spacious stories) исполнети со енергија и емотивност. Во овој број на списанието го објавуваме првиот текст на нашиот соработник од Париз, Дејан Буѓевац. Станува збор за изложба посветена на Андре Дерен на која може да се видат сите оние елементи што се суштински обележја на неговото творештво: специфичен однос кон реализмот, длабок интерес за таканаречената

„примитивна“ уметност и потрага по современиот класицизам. Во рамките на Интернационалниот форум за архитектура и инженерство SHARE Скопје 2017 година што се одржа во септември, најголем интерес побуди специјалниот гостин Маурицио Меоси, постар соработник во бирото Zaha Hadid Architects, UK. Го искористивме неговиот престој во Скопје да поразговараме за неговото искуство во тимот на Хадид. Миша Витзман е еден од партнерите во архитектонското студио Каравиц во Париз. Заедно со својата сопруга, исто така архитект, Милена Каранешева го води студиото над десет години. Нивниот фокус е ставен пред сè на квалитетни и одржливи станбени објекти. За неговите погледи на архитектурата разговаравме во текот на дводневната конференција САЕЕ која се одржа во Белград, во текот на месец октомври. „Во Шпанија отпад се селектира веќе неколку децении и луѓето веќе имаат создадени навики. Мислам дека и свеста е на високо ниво и сите размислуваме каков свет сакаме да им оставиме на нашите деца. Не можам ни да го замислам мојот град полн со отпад, за мене нема таква опција“, вели ракометарот на „Вардар“ Хуан Кањељас. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница CHELSEA BUSINESS CENTER СКОПЈЕ

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

263 ДЕКЕМВРИ 2017

Zaha Hadid Architects ја редефинираше архитектурата на 21 век Архитектонска презентација на casual friday dress code Динамичност и необичност што провоцираат

ǿȞȓȹțȖ ȝȞȎȕțȖȤȖ

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.

90 ДЕНАРИ

ПРОЕКТАНТ ЃОРЃИ МОЈСОВ

Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

ФОТО КИРО ПОПОВ

АРХИТЕКТУРА 12

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ДИНАМИЧНОСТ И НЕОБИЧНОСТ ШТО ПРОВОЦИРААТ

ЕНТЕРИЕР 18 АРХИТЕКТОНСКА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА CASUAL FRIDAY DRESS CODE

АРХИТЕКТУРА 30

18

ZAHA HADID ARCHITECTS ЈА РЕДЕФИНИРАШЕ АРХИТЕКТУРАТА НА 21 ВЕК

42

ИНТЕРВЈУ 36 АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 42 НОВ ЖИВОТ ВО ОДАМНА ЗАБОРАВЕН ДЕЛ НА ПАРИЗ

30

СЕИЗМОЛОГИЈА 48 ЕКОЛОГИЈА 54 ШПАНИЈА СО ДЕЦЕНИИ ГО НАДГРАДУВА СИСТЕМОТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАД

УМЕТНОСТ 74 РАДИКАЛНАТА ДЕЦЕНИЈА НА ДЕРЕН ИСПОЛНЕТА СО ИНВЕНТИВНОСТ И СМЕЛОСТ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

АРХИТЕКТУРАТА Е МНОГУ ПОВЕЌЕ ОД СОЗДАВАЊЕ ЗАСОЛНИШТА

ЗЕМЈОТРЕСOТ ВО СКОПЈЕ ОД 26 ЈУЛИ 1963 ГОДИНА НАЈСМРТОНОСЕН НА БАЛКАНОТ

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Андреј АНДРЕЕВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Соња ТАНЕСКА Филип ФИЛИПОСКИ

54

74

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.07.2017 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


градежништво

ГЕОРЕКС 2017

РЕГИОНАЛЕН КОНГРЕС НА СТУДЕНТИ ОД ГЕОТЕХНОЛОШКИ ФАКУЛТЕТИ

Учесници на ГЕОРЕКС 2017 ако секојдневно користена, најверојатно малку е познато дека солта била применувана како платежно средство во времето на Римското Царство, а можеби дури и при размена на скапоцени камења во неолитската ера. Секако, денес таа има речиси занемарлива „валутна“ вредност, па како „константа“ е останата нејзината неопходност за човечкиот организам. Во светот постојат голем број рудници за сол, а меѓу најблиските до Република Македонија е оној во Тузла (Б и Х), град кој дури и името го добил од зборот кој во Отоманската Империја се користел за неа. Првите документи за нејзините природни депозити на сол и нивната експлоатација датираат од средниот век, иако има индикации дека со

И

4

ПОРТА

29 декември 2017

тоа се започнало уште во Илирскиот период. Студентите од Градежниот факултет во Скопје имаа можност оваа година да го посетат и градот и рудникот, во рамките на активностите реализирани во тек на јубилејниот X меѓународен конгрес на студентите од геотехнолошките факултети што се одржа токму во Тузла. Конгресот, како и низата претходни, ги собира на едно место одбраните студенти по рударство, геологија, градежништво, геотехника, геодезија и архитектура од регионот и пошироко. Тој се одржа во периодот од 13 до 16 јули со учество на над 50 студенти од регионот, коишто имаа можност да ги презентираат своите трудови изработени под менторство на наставниот кадар, каде се опфатени многу актуелни стручни аспекти и проблеми, анализирани и обработувани во тек на неколкумесечна работа. Покрај домаќините од Рударско-

геолошко-градежниот факултет (РГГФ) во Тузла, на ГЕОРЕКС 2017 учествуваа и претставници од: Градежноархитектонскиот факултет во Ниш, Рударско-геолошкиот факултет во Белград, Градежните факултети (ГФ) во Сараево, Осијек и Скопје, а за првпат свои претставници имаше и Природноматематичкиот факултет од Тузла. Конгресот започна со свечено отворање во амфитеатарот на РГГФ и посета на лабораториите на факултетот, а чинот беше збогатен со литературна вечер кога беа читани одбрани стихови на неколкумина поети. Како што е и вообичаено за конгресите, во работниот дел следеа излагањата на научните и стручните трудови на учесниците, меѓу кои и рефератот подготвен од страна на студентите при скопскиот ГФ на тема: Компаративна


Приказ на брана „Лисиче“ со акумулација (2) и на алтернативен истражуван профил (1) анализа за избор на преградно место на брани низ пример на брана „Лисиче“ – Велес. Во него е разработен процесот на селекција на преградно место за брана, односно нејзиното позиционирање во просторот од геолошко-геотехнички аспекти. Притоа, за компаративна анализа е избрана локацијата на насипната брана „Лисиче“ со глинено водонепропусно јадро. Имено, за неа, покрај сегашниот

профил на браната, во одредени фази на проектирање истражуван е уште еден алтернативен профил којшто подоцна бил напуштен. Компаративната анализа е направена за двата профила со цел да се илустрира постапката за избор на преградно место. Така, на преградното место 2 каде, всушност, е изградена браната, застапени се: цврсто сврзани карпести маси (гнајсеви,

мермери, микашисти); слабо сврзани (псевдокохерентни) средини; несврзани (растресити средини). Освен што профилот има форма на несиметрична слика на буквата V, за него е значајно дека на десната страна од профилот е карпа, додека на левата преовладуваат обработливи земјени површини. Од друга страна, преградното место 1, кое примарно било разгледувано за

Приказ од инженерско-геолошкиот профил на сегашното преградно место 29 декември 2017

ПОРТА

5


градежништво

изведба на браната, се наоѓа низводно од сегашната акумулација, но во меѓувреме е напуштено. На таа локација застапени се цврсто сврзани карпести маси и слабо сврзани средини, додека воопшто нема нерастресити. Карактеристично е дека основната карпа гнајс на десниот брег е застапена до одредена висина, а над неа се наоѓаат мермери и покрупнозрни материјали низ плиоценските седименти. Станува збор за бели сахароидни мермери кои се доста кавернозни, не се целосно заполнети со глина црвеница или друг пукнатински заполнител, што кај истражувачите од тој период предизвикувало сомнеж за вододржливоста на акумулациониот простор на овој профил. Но, резултатите од компаративната анализа укажуваат дека напуштеното преградно место покажува за нијанса подобри услови за изведба на браната во однос на сегашното преградно место.

6

ПОРТА

29 декември 2017

Причината за тоа се поповолните водонепропусни и геолошки услови на напуштеното преградно место. Сепак, конечниот избор на локација на некоја преграда зависи и од серија на други фактори, како: услови за експропријација, потопување на корисно земјиште, зафатен простор за наводнување и слично, што е предмет на други анализи кои, во конкретниот случај, ги надвладеале геолошко-геотехничките фактори, а извори од литературата укажуваат дека сличен бил случајот и кај некои други брани. Во преостанатиот дел од конгресот, сите учесници имаа можност да ги посетат интересните Панонски Езера во Тузла, а исто така се реализираше и посета на рудник за магнезит во Кладањ, каде што имаше можност да се види организацијата, начинот на работење и експлоатација на рудникот. При посетата на овој рудник, кој се наоѓа на педесетина километри од Тузла,

од страна на организаторите беше обезбедено и ноќевање во идилично планинско место кое овозможи услови за продолжување на добрата дружба и другарска атмосфера помеѓу учесниците. Ова одлично доживување комбинирано од научен, стручен, едукативен и социјален дел, без какви било финансиски учества од страна на учесниците, како и претходните години, резултира со позитивни импресии и незаборавни моменти, а дополнително и со стекнато драгоцено и значајно – како сол – искуство. Со надеж дека оваа прекрасна традиција ќе продолжи и понатаму, авторите изразуваат голема благодарност до сите коишто го овозможија ГЕОРЕКС 2017. Александра НИКОЛОВСКА Васко ГАЦЕВСКИ Константин БОЖИНОВСКИ Учесници на ГЕОРЕКС 2017 од Градежен факултет – Скопје


НЕВИДЛИВ ГРАД Магла... Депресивна и тегобна, смрдлива и здодевна Над градот распослана Со честички збогатена Маглата скопска Магла... Застој и зачмаеност, недвижење, закоравеност Чиниш годиништа натежнала Чиниш времиња непознати врежала Магла... Сончеви зраци ко за инат не пушта, го притиска градот без трунка душа. Како станува сè погуста и погуста надежта за светлина од пуста е попуста Магла... Мемориски слики таа трајно збриша знајни силуети безмилосно ничкоса Скри зад себе познати простори грди сништа во јаве престори Магла... За миг ја измамив тажно Водно искачив Низ сиво море запловив над градот, на дното послан, невидлив Магла... Сè стана невидливо и Калето отспротива и мостот камен под него и Вардар наш тегобен в густа магла заробен Магла... Со наметки туѓи прекри таа ѕидој градски И зад себе задскри безброј фаци Навлезе без обзир во простори тесни И изгради таму магловити кули бесни Магла... Бунило в мисли таа трајно ни врачи Бескрајно долго градот ќе го мачи Замаглени прозорци исправи пред нас Шепот тивок е нашиот бунтовен глас Магла Лутам низ умот и ноќ и ден Заробен во себе се прашувам везден Дал пролетен ветер некогаш ќе дувне маглата скопска в неврат да ја турне Горан МАРКОВСКИ

29 декември 2017

ПОРТА

7


инфо

ДЕСЕТ ГОДИНИ КОМОРА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ

Активен чинител во развојот на инженерската струка Наградата од Одделението на градежни инженери именувана „Професор д-р Александар Цане – Ангелов“ ја доби дипломираниот градежен инженер м-р Влатко Коцевски. За архитектура, наградата именувана „Професор Борис Чипан“ ја поделија дипломираните инженери архитекти Миодраг Радоњиќ – Бато и Ранчо Христов од „Атеље Ајвар“. Инженерот по електротехника Дејан Петковиќ ја понесе наградата именувана „Професор д-р Станимир Јовановски. Дипломираниот машински инженер Алекса Томовски ја доби наградата именувана „Професор д-р Илија Черепналковски“

Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија на 18 декември, одбележа 10 години од своето постоење. На свечената прослава присуствуваа околу 200 гости – архитекти, инженери и соработници на Комората. „Архитектите и инженерите треба да создаваат иднина преку креирање нов технолошки поефикасен свет, но и да создадат подобри услови за работа и живот на граѓаните. Затоа, глобална водилка на понатамошниот развој е создавање автономна, модерна и ефикасна Комора, базирана на најдобрите искуства, традиција и стандарди на европските комори“, во своето обраќање порача претседателот на Комората, проф д-р Миле Димитровски. Според него, Комората веќе ужива голема почит во опкружувањето преку соработка во регионални, европски и пошироки рамки, но таа соработка постојано треба да се унапредува. Всушност, тоа е визијата на Комората, да се позиционира како рамноправен и релевентен член на меѓународната инженерска заедница, да биде активен чинител во развојот на 8

ПОРТА

29 декември 2017

инженерската струка и да ја зајакне улогата на инженерите во општеството. „Светот е во фаза на почеток на Четвртата индустриска револуција (или INDUSTRY 4.0). Зад сцената на водечките светски индустриски и производствени компании во тек е длабока дигитална трансформација. Градежниот сектор не е исклучок и компаниите ги дигитализираат своите основни функции. Освен ова, го зголемуваат и своето портфолио на производи

со дигитално функционирање со воведување на иновативни бази на сервиси“, порача претседавачот на Собранието на КОАИ, професор д-р Миле Станковски. За професор д-р Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија, инженерите и архитектите даваат значен придонес во економскиот развој на државата преку нивната стручност, креативност и инвентивност. Комората на овластени архитекти и овластени инженери додели четири именувани награди за 2017 година. Носител на наградата од Одделението на градежни инженери именувана „Професор д-р Александар Цане – Ангелов“ ја доби дипломираниот градежен инженер м-р Влатко Коцевски. За архитектура, наградата именувана „Професор Борис Чипан“ ја поделија дипломираните инженери архитекти Миодраг Радоњиќ – Бато и Ранчо Христов од „Атеље Ајвар“. Инженерот по електротехника Дејан Петковиќ ја понесе наградата именувана „Професор д-р Станимир Јовановски“. Дипломираниот машински инженер Алекса Томовски ја доби наградата именувана „Проф. д-р Илија Черепналковски“. На прославата се доделија и други награди и плакети за заслужни инженери и архитекти, кои оставиле белег во својата професија изминатава декада.


Голема годишна награда на ААМ 3. ФАБРИКА за производство на греачи за седишта за автомобили „ГЕНТЕРМ“, Прилеп Автор: Звонко Тасевски, диа Светлана Цветковиќ-Ангеловска, диа Соработник: Александар Симјаноски, диа Проектанска организација ДСЦ ДИЗАЈН, ДООЕЛ, Скопје година на изведба 2015 - 2017

Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ традиционално организира доделување на Голема годишна награда за најуспешен реализиран објект за 2017 година под покровителство на Претседателот на Република Македонија, спонзорирана од Македонска авторска агенција и поддржана од Министерство за Култура на РМ. Свеченоста ќе се одржи на 27.12.2017 г. (среда) во Музеј на Град Скопје со почеток во 20 часот. Воедно свеченоста претставува и новогодишна средба на архитектите. Објектите кои конкурираат за наградата се следните: 1. ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ за полнење на природна вода „МАYА“ Автор: Александар Карангелов, диа година на изведба 2014 - 2017 2. ЧЕЛЗИ БИЗНИС-ЦЕНТАР, Скопје Автор: Ѓорѓи Мојсов Проектанска организација: ГМС ПРОЕКТ година на изведба 2017

4. ИНДИВИДУАЛНА КУЌА П+1, Скопје Автор: Филип Марјановиќ, диа Проектанска организација: ЕТАПА ПРОЕКТ година на изведба 2015 - 2017 5. ИНДИВИДУАЛНА КУЌА П+2+Пк, Скопје Автор: Филип Марјановиќ, диа Проектанска организација: СТАТИКА 001 година на изведба 2016 - 2017 6. БЕНЗИНСКА СТАНИЦА СО ПРИДРУЖНИ ОБЈЕКТИ, Општина Желино Автор: доц. д-р Енис Јакупи, диа Соработник: Рафет Јакупи, диа Проектанска организација: NAER PROJEKT BB година на изведба 2016 - 2017 7. ПЛОШТАД „СКЕНДЕРБЕГ“ ,Скопје Автор: Бетим Зеќири, диа Бекир Адеми, диа и Бесиан Мехмети, диа Проектанска организација: Урбан Стил Инженеринг, Скопје година на изведба 2015 - 2017

Сања РаѓеновиќЈовановиќ нов главен уредник на Порта 3 Архитектот Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ е новиот главен и одговорен уредник на Порта 3. Уредничката палка во своите раце таа ќе ја преземе веднаш по Нова година. Сања Раѓеновиќ е родена во Скопје, дипломирала на Архитектонскиот факултет на УКИМ. Работела во повеќе проектантски бироа во Скопје. Во периодот од 2013 до 2016 година беше претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Дејан Буѓевац, досегашниот главен уредник, замина на подолг престој во Париз. Но нашата соработка продолжува. Читателите ќе имаат можност и задоволство да ги читаат неговите текстови од главниот град на Франција. Редакцијата на Порта 3 му е благодарна на Буѓевац за досегашната соработка и неговиот придонес во растот на Порта 3 како списание кое информира и едуцира, списание посветено на фелата и со душа и со дела.

ПОРТА


инфо

И Ниш пред Скопје

есетици години, генерации медицинари и пред се пациенти од Скопје и Македонија, па и пошироко, сонуваат за нов Клинички центар кој ќе ги подигне условите и услугите на многу повисоко ниво од ова сегашното. И десетици години се водат расправи за избор на локација со основна дилема: - 1. Да се остане во просторот на сегашниот Клинички центар со сите ограничувања за развој, проблеми со инфраструктура и самата изведба во период од 5 до 7 години; - 2. Нов Клинички центар на локација во реон Бардовци со дефиниран ДУП и одлични можности за изведба на содржини, кои покрај медицинските ќе ги задоволи и останатите услужни, комунални и бизнис-услови. - И додека ние со месеци се мачиме со избор на министер за здраство и се уште далеку од решението што со НКЦ, соседниот „провинциски“ Ниш го изгради долгоочекуваниот нов современ

Д

10

ПОРТА

29 декември 2017

Клинички центар. Со пригодна свеченост по повод завршувањето на работите на комплексот на новиот Клиничкиот центар во Ниш, беше пуштена во употреба оваа

најмодерна медицинска установа во Србија. Градежните работи на новиот КЦ Ниш завршени се пред два месеци, по што е комплетно опремен со најмодерна опрема.


Во објектот се вложени 50 милиона евра – околу 35 милиони за градежни работи и 15 милиона за купување на опремата. Кредитот за изградба на овој центар е обезбеден преку Европската инвестициона банка. Во објектот од 50.000 метри квадратни, изграден по моделот на „паметни згради”, по највисоки стандарди, опремен е еден од најголемите операциони блокови во Србија и на Балканот, со 16 најсовремени хируршки сали и три ангиосали, интензивна и полуинтензивн нега. Во комплексот има и два ургентни центри, дневни болници и повеќе дијагностички центри, и модерен центар за трансплантација на органи.

Скопската пречистителна станица за отпадни води ќе чини 120 милиони евра копскиот градоначалник Петре Шилегов, министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, амбасадорот на Република Франција во нашата земја Христијан Тимоние и претставникот на компанијата „ЕЖИС“ Мирослав Влахов потпишаа анекс на Меморандумот на разбирање за студијата за финансирање, изградба и работа на Централната станица за третман на отпадни води за град Скопје. Со потпишувањето на овој анекс се одредува временската рамка за преостанатите активности и зголемувањето на грантот за финансирање на овој проект. Министерот Садула Дураки изјави дека капиталниот инфраструктурен објект за Скопје ќе чини 120 милиони евра, a договорот за неговата изградба треба да се склучи најдоцна до 2020 година. Градоначалникот Петре Шилегов истакна дека со пречистителната станица ќе се врши контрола и третман на водата што се испушта во реката Вардар. Со проектот ќе се влијае на заштитата на подземните води во Скопската Котлина, но и на целокупната животна средина во градот. Владата на Република Франција обезбеди дополнителни 197.863 евра, со што вкупниот износ на грантот сега изнесува 927.182 евра.

С

29 декември 2017

ПОРТА

11


архитектура

CHELSEA BUSINESS CENTER, СКОПЈЕ

Динамичност и необичност што провоцираат Објектот е сместен помеѓу згради со класични апликации и декорации. Избрани се материјали како темни и транспарентни стакла за да се добие контраст на околината, но и да се отсликуваат објектите во непосредна близина

ПОРТА


Објект: Chelsea business center Проектант: Ѓорѓи Мојсов Проектантска куќа: ГМС проект Инвеститор: СМС ШОП Година на проектирање: 2014 Година на изведба: 2017

Ѓорѓи МОЈСОВ, дипл. инж. арх. еловниот објект се наоѓа во централното градско подрачје на Скопје, во областа позната како „Јадран сквер“ на улица „27 Март“ број 11. Овој кварт во центарот на Скопје е познат по неколкуте современи деловни и комерцијални објекти кои се изградија во последнава деценија и му дадоа урбан и автентичен лик на градот. Во 2014 година „Јадран сквер“ стана една од најголемите пешачки зони во центарот на Скопје и тоа му даде посебен шарм. Објектот

Д

„Челзи бизнис-центар“ е проектиран во 2014 година, и е залепен до Турскиот културен центар „Јунус Емре“, а е наспроти познатата Арапска куќа. Површината за градба е 240 м2, додека вкупната бруто-површина изнесува 1.200 м2. Висината на венецот е 16,20 метри, односно приземје и 4 ката. Паркирањето е обезбедено во склоп на катната гаража во непосредна близина, бидејќи самата локација е премногу мала за да овозможи паркинг во подрумските простории, па дури и со употреба на автолифтови. ФУНКЦИЈА Објектот е предвиден за деловна и комерцијална намена. Горните катови имаат 29 декември 2017

ПОРТА

13


деловна намена со можност секој кат да функционира посебно, додека приземјето и подрумот може да имаат деловна или комерцијална употреба и може да функционираат како една целина. КОНСТРУКЦИЈА Конструкцијата ја сочинуваат армиранобетонски столбови со кружна основа и греди со распон од 6 до 8 метри. Темелењето е решено со армирано-бетонска плоча со дебелина од 100 см, додека кровната конструкција е решена како рамен кров со кровна градина. Конзолните неправилни испусти кои ја обликуваат фасадата се со дебелина од 20 см и без ободна греда поради естетскиот облик на објектот. Поради укрутување на објектот на калканите кон соседните објекти се предвидени и армиранобетонски платна со дебелина од 20 см.

ПОРТА

КОНЦЕПТ НА РЕШЕНИЕ НА ПРОСТОРОТ Влезот во објектот се наоѓа странично со цел да се добие голема и компактна просторија во приземјето. Тој е потенциран со ѕид од стара цигла на едната страна и стаклена натстрешница. Веднаш води до централно фоаје со пулт за информации, како и до вертикалните комуникации. Лифтот и скалите се модерни и комотни, но и природно осветлени и вентилирани. Секој кат може да функционира како посебна единица и може независно да се користи. Распоредот на канцелариските простории е конципиран соодветно на фасадното обликување. Во задниот дел се наоѓаат помошните функции како санитарии, кујна, но и посебна директорска канцеларија, кои се исто како и скалишниот простор природно осветлени. Предниот дел кој се наоѓа кон главната фасада на објектот е слободен и отворен и

фукционира како океанска канцеларија. Стаклената фасада овозможува доволно природно светло во објектот и тераси за користење од страна на вработените. Распоредот на вертикалните поделби на стаклото како и прозорците кои се отвораат овозможуваат лесна поделба на океанската канцеларија на повеќе помали единици во зависност од желбите на клиентот. Приземјето заедно со подрумските простории можат да функционираат како посебен ентитет со сопствен влез од надворешната страна и внатрешното поврзување со скалиште. ИДЕЈА И КОНСТРУКЦИЈА НА ФАСАДАТА Бидејќи објектот е лоциран на мала пешачка улица која засега е слабо фреквентна поради недостиг на објекти со комерцијална намена, концептната идеја беше да се создаде


динамична разиграна фасада, којашто ќе биде примамлива од повеќе агли и ќе ги привлекува минувачите да дојдат кон самиот објект. Ова беше појдовната точка за дизајнирање на формата на објектот, при што секој кат е формиран со различна прекршена полилинија со остри агли. Силуетата на секој кат е различна и дава особена динамика на објектот. Местата каде овие полилинии се прекршуваат на еден кат се искористени за натстрешници на катот под него и за тераси на катот над него. Фасадата е изведена од два типа стакло, транспарентно и темно рефлектирачко, кои се поставени така да ги следат прекршувањата на фасадата и дополнително придонесуваат за нејзината разиграност и динамичност. Материјалите кои ја сочинуваат фасадата се структурално стакло со алуминиумска потконструкција и употреба на два типа на стакло со највисок коефициент на термичка заштита. Вертикалниот фасаден носач кај спојот помеѓу аголните прекршувања е избегнат и поместен кон внатре за да се добие убаво и елегантно спојување на стакло со стакло. Терасите се конципирани со гелендер од структурално транспарентно

стакло кое ги следи линиите на долниот кат. За да се добие контраст со стаклената фасада детали од објектот се обликувани со топли материјали. Конзолните делови од фасадата се обложени со природно дрво за надворешна употреба кое е заштитено од вода поради самата положба, додека околу влезната партија на објектот се употребува стара цигла, која го потенцира влезот во објектот и продолжува во ентериерот на фоајето. Задната фасада е темно сива, „демит“ фасада со прозорци кои се големи и соодветни на

предната структурна фасада. ВИЗУЕЛНО ПОВРЗУВАЊЕ СО ОКОЛНИТЕ ОБЈЕКТИ Објектот е сместен помеѓу згради со класичен изглед, главно изведени со армирано-бетонска конструкција и фасада со класични апликации и декорации, со светли бои на завршната фасада. Поради самата локација, објектот е замислен како контраст на околината со цел да отскокнува од неа. Избрани се материјали како темни и

29 декември 2017

ПОРТА

15


транспарентни стакла за да се добие контраст на околината, но и да се отсликуваат објектите во непосредна близина. Со самата разиграна фасада тој контрира на останатите објекти, кои се класични и смирени. ОСВЕТЛУВАЊЕ Осветлувањето на објектот е дискретно и ненападно со неколку различни типови на осветлување. Самите канцеларии имаат плафонски линеарни светла кои се поставени под различни агли и ја дополнуваат динамичноста на самиот објект. Деловите од објектот кои се обложени со топли материјали како цигла и дрво се дискретно осветлени и само ја потенцираат разиграноста на објектот во вечерните часови. ЕНТЕРИЕР Ентериерот исто како и фасадата на објектот е спој помеѓу индустриски дизајн и топли детали. Дизајнот е неутрален во однос на материјали и бои со цел да се прилагоди на идните клиенти и да им овозможи понатамошни интервенции во просторот. Подот е изведен со крената конструкција под која се спроведени сите кабли и цевки со што се овозможува поголема флексибилност на просторот во зависност од потребите на клиентот. Завршницата е теписон бидејќи е

16

ПОРТА

29 декември 2017

неутрален и лесен за одржување. Плафонот е оставен во бетонската контрукција со видливи кабли и надградни светла за осветлување и вентилациони канали. Внатрешните прегради се секогаш во стакло со дискретни апликации за да се дозволи транспарентност и осветленост на целата просторија. Употребата на топли детали како дрво, цигла и зеленило се мал, но битен дел од ентериерот кои овозможуваат пријатна работна атмосфера.

Објектот „Челзи бизнис-центар“ претставува детал во квартот во кој се наоѓа, кој плени со својата оригиналност, разиграност, контрастност и транспарентност. Отскокнува од целата околина и секогаш провоцира со својата динамичност и необичност. Со современиот дизајн и квалитетните материјали претставува автентичен белег на едно време.


ПОРТА


ентериер

ПО 22 ПАТ ВРАЧЕНА СТИРЛИНГОВА НАГРАДА ИНДУСТРИСКИ ОБЈЕКТ НА МЛ ГАРИ – MAYA

Архитектонска презентација

Овој комплексен простор, со доста различни функции на крај постигнува максимален обилен ентериерен волумен кој е пријатен, топол и близок до човекот, до самиот вработен. Овој ентериер допира и гали, разбудува некоја страст и возбуда, раскажувајќи најразлични просторни приказни (spacious stories) исполенти со енергија и емотивност 18

ПОРТА

29 декември 2017


на casual friday dress code Александар КАРАНГЕЛОВ, дипл. инж. арх. бјектот на МЛ ГАРИ – MAYA со својата програмска содржина претставува синтеза од повеќе различни функции кои поради самата местоположба на објектот (длабоко вон урбана средина во близина на село Гари) беа неизбежни да се воспостават. Иако пред сè станува збор за индустриски објект со функција полнење на природна изворска вода со административен блок, сепак во негов склоп се обезбедени и повеќе други функции. Објектот е поделен на неколку функционални зони и тоа производствен дел со свои магацини и придружни елементи, простории за вработени потребни во, пред и после процесот на производство (гардероби, санитарии, трпезарија и слично) потоа административен блок, дел за презентации, и на крај дел за привремено сместување на вработените и дружење. Внатрешниот простор архитектонски е дефиниран со своите волумени преплетени меѓу себе и со непостоење, односно одбегнување на каква било граница меѓу надвор и внатре. Објектот и екстериерно и ентериерно е во допир со природата што го опкружува и инспирацијата ја црпи од неа во голема мера. Трендот во архитектурата и ентериерите за целосно отворање на просториите за работа и престој, како и трендот за целосна транспарентност (наместо рефлектирачко стакло на пример) и тука е достигнат со целосно провидно стакло и надоврзување на просторите кои само ја менуваат својата функција со одредени ентериерни детали. Влезниот хол беше центар на просторниот интерес и фокален просторен елемент, а со тоа доби можеби најдоминантен акцент во ентериерот на целиот објект. Тој се развива низ неколкуте нивоа со што чувството дека си внатре во затворен простор е делумно избришано. Оформен е со различни волумени, а само надополнет со мал број парчиња мебел. На холот се надоврзуваат главните скали кои се оформени слободно во просторот каде доминира присуството на стакло (со ефект на кршено стакло) и тие флуидно се движат низ објектот повеќе како некоја стрмна улица отколку како скали. Во нивното јадро е сместен и стаклениот лифт.

О

Влезен Хол

29 декември 2017

ПОРТА

19


Движењето по скалите и со лифтот овозможува чувство дека секој присутен таму е дел од една филмска лента на која се менуваат и надополнуваат од момент во момент различни сцени. Секој учесник во ова не е само актер во сцените, туку и нивен творец, постојано менувајќи слика со слика, сцена со сцена, вистинско архитектонско филмско уживање и редок момент на успешно ентериерно архитектонско решение, кое во ниту еден момент не е статично, туку пред сè динамично и променливо. Во процесот на дизајн на мебелот се водеше сметка за употреба и комбинација на топли и ладни материјали и тоа дрво (во случајот фурниран медијапан или масивно дрво тип даб) како природен материјал и контра него избор на материјали со сјајна и мазна завршница (како стакло во боја или фарбан медијапан во сјајна завршница или сјајна керамика). Во изборот на материјалот за подовите се присутни брилијант завршницата на плочки и дрвените подови (дабово дрво), а преодните материјали се со лапато завршница. Обработката на ѕидовите е поделена во две групи и тоа: основни ѕидни површини со мазна еднобојна завршница и ѕидни декор површини (специфични техники на обработка и тапети) во сјајна, но полуструктурирана завршница со одредени текстури. Ваквиот избор на материјали надополнет со изборот и поставеноста на светилките придонесува кон постојана игра на светлината и рефлексија како на самите површини (мини алтер-сцени) така и во меѓусебната спрега создавајќи нови треперливи моменти. Ова е надополнето со присуството на „висечката ѕид-завеса-фонтана“ во влезниот хол која со ефектот на постојано течење на водата низ две катни висини рефлектира и дава чувство на слобода. Изборот на материјалите, боите како и самиот дизајн, пред сè на мебелот, даваат тон на еден модерен, но топол простор далеку од стерилен со што само ја надополнува идејата дека работниот простор не е само затворена канцеларија, туку пред сè претставува простор каде вработените поминуваат еден добар дел од животот и тој треба да овозможи пријатен хуман простор за работа и интеракција меѓу вработените. Тој е ослободен од стегите на униформност и претставува архитектонска репрезентација на casual friday dress cod-ot. Крајната слика на ентериерот е смирен, модерен, светол, релаксиран простор за работа. Оваа слика, ова чувство е надополнето и во другите простории низ објектот. Така самата лабораторија освен со својата вообичаена стерилност во изборот на 20

ПОРТА

29 декември 2017

Производство


Кабинети

материјали и белата боја е надополнета со транспарентност меѓу содржините и делумно присуство на уште неколку акцент-бои. Самиот производствен дел - погонот е дизајниран така да ја долови и нагласи чистината на природната вода и технолошкиот процес со употреба на белата боја за подот со полусјајна завршница надополнета со изборот на плочки за ѕидните површини со светли сино-бели тонови подредени во апстрактна брановидна форма. Транспарентноста на

стаклото како доминантен дел од внатрешната страна на екстерните ѕидови ја надополнува оваа идеја за чистина со тоа што целосно го отвора погледот и допирот кон природата, надвор различна со своите слики во зависност од годишното време. Ваквиот допир со природоата е нагласен во сите простории низ објектот, а посебно во трпезарискиот дел каде што дури и самите столчиња, иако во повеќе нијанси, се транспарентни. Организацијата на овој простор е надополнета со дрвените ѕидни

површини и плафони и стаклена фасада со што трпезаријата добива елементи и чувство на близина и пријатен простор за оброк, на моменти дури како да станува збор за трпезарија на отворено, една современа архитектонска интерпретација на појадокот на трева ослободен од какви било стеги. Канцелариите обилуваат со присуство на истите материјали: дрво, стакло, сјајни површини, рефлексија, транспарентност, блиска колегијална комуникација и допир со надворешноста. Единствена работна 29 декември 2017

ПОРТА

21


Апартман

просторија која малку е изолирана е директорската канцеларија, но сепак е делумно отворена кон внатрешноста на производствениот погон. Нивото на опременост на оваа канцеларија е нешто 22

ПОРТА

29 декември 2017

повисоко во однос на луксузноста на изборот на материјали, но и оваа просторија како и целиот ентериер има за цел да го направи попријатен и поблизок просторот за работа. На вториот кат се


решени три двокреветни апартмани. Холот пред апартманите е осмислен, со изборот на светилки, бои и декорации, како малку поинтимен согласно на функцијата на просториите односно апартманите. Секој апартман е со посебна приказна, посебна тема во однос на дизајнот и изборот на бои и специфики, но за сите важи истото правило, пријатен простор отворен кон надвор, употреба на современи материјали, комбинација на топли и ладни материјали. Ентериерот на овој објект не се дефинира стилски, најмалку со своите елементи. Едноставно овој ентериер е емотивен приказ на една долга приказна и работа, пред сè волуменски оформен во еден богат простор кој сам по себе е апстрактно богат и голем. Мебелот на моменти е незабележителен, се стопува во целиот амбиент, а во друг момент само пополнува функција или нагласува. Деталите на декор (колку и малку да ги има сепак се присутни) само ја надополнуваат оваа слика ненаметливо. Добиениот простор – ентериер се граничи со емотивност на апстрактно ниво. Овој комплексен простор, со доста различни функции на крај постигнува максимален обилен ентериерен волумен кој е пријатен, топол и близок до човекот, до самиот вработен. Овој ентериер допира и гали, разбудува некоја страст и возбуда, раскажувајќи најразлични просторни приказни (spacious stories) исполенти со енергија и емотивност.

Ресторан

ПОРТА


aрхитектура

УАКС - ФАКУЛТЕТ ЗА АРХИТЕКТУРА И ДИЗАЈН, МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Современ регионален центар за ортопедија, физикална терапија... Kонцептот за спојување на спортско-рекреативен простор и болница за физикална терапија и рехабилитација го менува класичниот модел на болничка институција

Фотографија од модел

Фасада Исток Изработи: Силвија ШАЛЕВА Ментор: проф. м-р Викторија ЕРЕМЕЕВА а Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје под менторство на проф. м-р Викторија Еремеева од страна на м-р Силвија Шалева беше изработен магистерски труд на тема: Современ регионален центар за ортопедија, советување и научно истражување во Република Македонија. Станува збор за актуелна тема во 21 век. Од една страна болниците за

Н 24

ПОРТА

29 декември 2017

рехабилитација, наспроти зголемената потреба од физикална терапија и медицина од друга. Да се покаже како нивната архитектура и опкружување директно влијаат врз човекот и човековото тело. При проектирање на болници, како институции кои служат за подобрување на човековото здравје, она што е важен фактор е како преку создавање одредени простори или атмосфери се влијае на значително побрзо закрепнување на пациентите. Со тоа се поставува прашањето, како архитектурата всушност влијае, или кои се принципите според коишто треба да се проектира болница? Опкружувањето, односно природата и

амбиентите со зеленило се нераскинлив дел од концептите на болници за физикална терапија, кои притоа се примарен фактор при процеси на рехабилитација и терапија. Kонцептот за спојување на спортско-рекреативен простор и болница за физикална терапија и рехабилитација го менува класичниот модел на болничка институција. Се создава социокултурен модел кој дозволува посетителот на спортскорекреативната зона и пациентот во болничкиот комплекс да осознаат, совладаат или да научат начини за заемен соживот, интеграција и да надминат одредени пречки. Инволвирањето на повеќе функции со


Основа -ниво +4.70 едукативен, научно-образовен, комерцијален и спортско-рекреативен карактер, покрај основната односно покрај здравствената функција придонесува за поголем број на посетители и корисници. Со таквата постапка креираме хибридни простори. Места кои се производ од спојување на повеќе функции кои овозможуваат различен спектар на доживувања. Потребите на пациентите и останатите корисници на спортско-рекреативната зона преку социолошко-културните фактори задаваат позиција која ги обединува. Што значи долгорочен престој на пациенти во болничка институција, и како со помош на опкружувањето и архитектурата тој процес значително се намалува. Архитектурата или изградената структура е нешто што влијае на исцелителниот процес. Создавањето на одредени амбиенти или атмосфери се стимулирачки фактор за пациентите. Употребата на одредени бои и количеството на дневна светлина преку игра со сенки е дизајнерски пристап, но и стимулирачки фактор во ентериерот, кој влијае на одредени индивидуи. Поставувањето на одредени архитектонски елементи, пред сè треба да нуди безбедност при движењето на лицата со телесни пречки и дисфункции. Воедно е и важен фактор кој може да придонесе и влијае за побрзо закрепнување или заздравување на одредени психолошки или физички состојби. Архитектурата дефинира простори за одредени намени, дизајнот креира можност за доусовршување на тие простори со цел да се формираат места кои поттикнуваат, стимулираат и помагаат на заздравувачките процеси. Предвидената локација на овој објект е во реонот на Општина Гази Баба во Скопје, од левата страна на реката Вардар, со контекстуално опкружување од истоимената парк- шума Гази Баба. Периферно на локацијата има веќе постоечка мрежа на трим-патека како дел од спортско-рекреативната зона, а при проектирање на овој објект не се нарушува нејзината функционалност. Изборот на локација е спроведен според клучни аспекти кои се карактеристични за ваков вид на објекти. Тие се:

опкружувањето со високо и ниско зеленило како постулат за креирање атмосфера за пократок болнички престој, пристапност до локација како фактор и парк-шумата која претставува спортско- рекреативна зона која создава можност за надоврзување со болничкиот комплекс. Покрај тоа што навидум се работи за две неспоиви функции според намената и корисниците, при процесот на анализа и проектирање согледано е дека она што претставува простор за спорт и рекреација и она што претставува простор за рехабилитација на моториката на човековото тело се во тесна корелација, и не случајно е направен изборот на локацијата. Обезбедувањето на три простори на интервенција на локацијата е одговор на можната интеграција меѓу нив.

Во првата зона се врши интервенција со тоа што покрај спортски терени за кошарка, одбојка и бадминтон се поставуваат и детски игралишта со тематски зони на рекреација. Предвидено е оваа зона да биде отворена и со можност за пристап на инвалидизирани лица кои секако го користат спортско-рекреативниот дел од локацијата. Во втората средишна зона на локацијата според утврдените параметри, односно природно-географските карактеристики на локацијата, предвидено е структурално решение кое се развива низ повеќе нивоа, но е делумно вкопано во терен. Она што е примарно како постулат во овој труд е тоа објектот со својата архитектура да се интегрира и вклопи во природниот амбиент и топографијата. Следејќи го теренот во пад формиран е блоковски систем

Пресек

29 декември 2017

ПОРТА

25


на објекти кои се ротирани под одреден агол за да формираат затворена целина која од север и запад е вкопана, додека од источната страна, каде што се наоѓа и главниот влез во објектот се прави надоврзување на објектите преку мост кој го надвисува влезниот простор и ги поврзува Секторот за физикална терапија и Секторот за ортопедија, а пак од јужна страна формирана е променада на ниво на терен која само ја дефинира структурата на објектот и воедно ги поврзува блокот за администрација и ортопедија со блокот за ресторан. Притоа како доминантен елемент кој е видлив во просторот е стационарниот блок кој визуелно лебди во просторот оформувајќи слободна површина под него, која е дел од зоната за рекреација. Според предвидената дисперзија на функции и создавање блокови се оформуваат два внатрешни двора од кои според корисниците предвидено е едниот да е јавен со оглед на тоа дека јавните функции се ориентирани кон него, а кој покрај тоа што ги опфаќа корисниците на болничкиот центар ги опфаќа и корисниците на спортско- рекреативната зона или Научноистражувачкиот центар при што се врши интеграција на корисници. Додека, пак, кон вториот внатрешен двор ориентирани се дел од терапевтските простории за рехабилитација и простории од научно-истражувачкиот блок, со што е формиран мирен и интимен простор за корисниците на болничкиот центар. Третата горна зона на локацијата е мирна зона. Каскадно поставени во однос на теренот се предвидени градини за терапија, и практично парковски простор за одмор кој е дел од болничкиот стационар, но е отворен и за корисниците од спортско-рекреативната зона. Архитектонското и функционалното решение на објектот е дефинирано како периматрален блок составен од повеќе независни блокови. При процесот на проектирање дефинирани се пет блокови кои се разликуваат според функцијата и типологијата. Пристапот за пациенти и корисници се одвива преку новопредвидена улица од источната страна за автомобилски и пешачки пристап со влезови во првиот и вториот блок. Периферно на објектот Фасада Север

26

ПОРТА

29 декември 2017

Основа -ниво +28.40

проектирана е подземна сервисна улица за економско-технички потреби. Оваа улица служи на третиот блок каде е влезот за вработени, влезот кон кујна и останатите економскотехнички простории. Проектот за центар за рехабилитација опфаќа концепти на простори за исцелување односно закрепнување, создавање на слободни простори за терапија, кои се дел од зоните за циркулација во објектот сè со цел да се добие динамична, но и поразлична перцепција за начините на третман при терапевтските методи. Функционалната програма во објектот и спортско-рекреативната зона е спој од повеќе функции како директно применета физикална терапија со движење, терапија преку рекреација, акупунктура, масажа, но и преку процесите на советување, нутриција и социјално-интегративни процеси. Секако со нивно групирање и поврзување се прикажува одразот врз пациентот за потребното ниво на терапија и временски рок за заздравување, од оние на кои им е потребна постојана помош и физикална терапија, до оние кои примаат повремено одреден вид на терапија,

но се фокусирани на враќање мобилност и физички капацитет и оние кои се подготвуваат за независен живот како дел од одредена заедница. Со цел да се промовира што повеќе движење, во зоните за комуникација се предвидени дополнителни простори кои се соодветно опремени за да стимулираат поттик за одредено движење или пак извршување на некоја вежба. Како спојувањето на функции влијае на архитектурата, односно како различноста на просторите и атмосферите се преклопуваат прикажано е во идејното проектно решение со кое се заклучува процесот на истражување и проектирање. Одговорот за тоа како се воспоставуваат врските кои се зададени, карактеристиките на локацијата кои треба да се проучат, негата на пациентите и односот кон останатите корисници се препознава преку архитектонската целина која нуди различни атмосфери, дефинирани отворени простори, јасно дефинирани влезни партии и скулптурална архитектура која нуди искуство, и поинаков начин на перципирање на здравствените објекти.


ПОРТА


Клубот на пријатели на ПОРТА и убавата архитектура Г Р АДЕЖ Н И ШТВО АР Х И ТЕКТУ Р А ЕКО ЛО Г И Ј А

Г

Ви ја честита Новата 2018 година

stokuca.com.mk

gms.com.mk

biroproekt.mk dscdesign.com.mk

28

ПОРТА

29 декември 2017


facebook: Megaron Engineering

ajvarhrrm.com.mk

rado.com.mk

formikaplus.mk

syndicatestudio.mk

29 декември 2017

ПОРТА

29


aрхитектура

ИНТЕРВЈУ СО МАУРИЦИО МЕОСИ, АРХИТЕКТ ОД БИРО ZAHA HADID ARCHITECTS, ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Zaha Hadid Architects ја редефинираше архитектурата на 21 век Во нашето студио секогаш му дозволуваме на секој член од тимот да придонесе според неговата стручност, а во исто време во текот на целиот процес да се стекне со нови знаења и искуство, како и да ги унапреди веќе стекнатите знаења, работејќи со поискусните колеги

Ана РАДОЊИЌ, дипл. инж. арх.

о рамките на Интернационалниот форум за архитектура и инженерство SHARE Скопје 2017 година што се одржа во септември, најголем интерес побуди специјалниот гостин Маурицио Меоси, постар соработник во бирото Zaha Hadid Architects, UK. Архитектот Маурицио Меоси дипломирал архитектура на Universita degli studi во Фиренца, а магистрирал на Design Research Laboratory на Architectual Association во Лондон. Тој првично се придружил на бирото Zaha

В 30

ПОРТА

29 декември 2017

Hadid Architects во 2002 година и работел како 3D дизајнер за неколку конкурси (BMW Лајпциг, Железничка станица во Фиренца и други). Во истата година го напуштил бирото и се вратил во Италија за да се придружи на инженерскиот тим MAXXI за работа на проект во 2003 година. Повторно се враќа во Zaha Hadid Architects во 2006 година и работи како проектант на Citylife Housing – станбен комплекс во Милано кој е завршен во 2013 година. Во истата година се сели во бирото во Лондон, а во 2014 година станува постар соработник во Zaha Hadid Architects, UK. Маурицио Меоси од 2004 година е предавач на Universita degli studi во Фиренца, а држел предавања и на други универзитети во Италија и Америка.


За почеток едно општо прашање: Кои Ви беа мотивите да станете архитект и дали имате идоли во архитектурата? n Во времето кога требаше да се запишам на студии најмногу ме интересираше музиката, но се запишав на студии по архитектура бидејќи во тоа време ми изгледаше дека така најдобро можам да избалансирам помеѓу уметничките амбиции кои ги имав и желбата на моите родители да се стекнам со некаква диплома, иако верувам дека тие ќе беа посреќни ако завршев фармација како мајка ми. Во текот на првата година од студиите имав среќа да се запознаам со еден одличен професор – вистински инспиративна индивидуа – кој придонесе да се вљубам во архитектурата. Покрај него ја открив ЗАХА, чии рани слики и архитектонски цртежи имаа

големо влијание на моето формирање како архитект. Кои се предностите да се работи во едно такво големо архитектонско биро (Zaha Hadid Architects), а кои се мааните со оглед на тоа дека работите со голем тим и сте дел од екипата, па постои опасност индивидуалноста да дојде во втор план? n Заха и Патрик (Patrick Schumacher) нè научија колку е важно да ја споделуваш работата. Да се биде дел од тимот не треба да биде нешто на што се гледа негативно. Во нашето студио секогаш му дозволуваме на секој член од тимот да придонесе според неговата стручност, а во исто време во текот на целиот процес да се стекне со нови знаења и искуство, како и да ги унапреди веќе стекнатите знаења, работејќи со

поискусните колеги. Во нашата фирма имаме јасна политика за вреднување на заслугите на секој член од тимот поединечно што не е честа пракса во други архитектонски фирми. Според Вас, што го разликува студиото Zaha Hadid Architects од останатите архитектонски бироа, освен се разбира, славната Zaha Hadid? n (Zaha Hadid Architects) ја редефинираше архитектурата на 21 век со имагинативни објекти насекаде на земјината топка. Нашите проекти извираат од нивната околина и поврзуваат различни концепти во едно. Нашата архитектура се дефинира со демократски став кој нуди вистински јавен простор однатре и однадвор. Идеологијата на секој наш дизајн има леснотија, но

ПОРТА


воедно и принципиелна дисциплина, со што објектите го разубавуваат градот, но не со претерана наметливост. Кој е најкрупниот проект или проекти (ако можете да издвоите) на Zaha Hadid Architects, а во кој од проектите вие лично сте биле најмногу инволвирани? (по една слика) n Имав среќа да работам на MAXXI Музејот во Рим еден од највлијателните проекти на Заха Хадид, културен центар каде ентериерот и екстериерот се преплетуваат еден со друг. По отворањето, локалното население од сите генерации го користи и како нов римски плоштад, така што она што за нас е исклучително возбудливо е дека може да се каже дека музејот MAXXI стана дел од урбанизмот на градот Рим. Јас лично се сметам за исклучително среќен што имав прилика да учествувам и во фазата на креирањето, како и во фазата на изведбата на овој проект. Проект кој особено сакам да го наведам е конкурсот за BMW Central Building во Лајпциг. Тоа беше првиот проект во кој 32

ПОРТА

29 декември 2017

учествував откако започнав со работа во студиото на Заха Хадид во 2002 година и навистина беше одличен начин да се започне! На проектот City life Residencies во Милано го водев тимот сè до пуштање на комплексот во употреба. Моментално сум вклучен во резиденцијални проекти во Австралија и Мексико. Што е моментално најактуелно во Zaha Hadid Architects и кои се плановите за во иднина? n ZHA (Zaha Hadid Architects), моментално работи на повеќе од 60 културни, академски, спортски и инфраструктурни проекти во шест земји. Нашата цел е со страст и посветеност, под водство на Patrick Shumacher и нашите директори да го продолжиме наследството на Заха Хадид со кое се подигаат стандардите и сите имаат општествен бенефит. - Овој септември имавте прилика кратко


Citylife Housing complex - Милано -Станбениот комплекс City life во Милано е дел од проектот за реутилизација на просторот на стариот саем во Милано. По изградба на новиот саемски комплекс од Massimiiano Fucksas, градот Милано реши да го даде на откуп овој простор и заедно со понудата да се даде и архитектонски проект за пренамена на просторот. Ние зедовме учество заедно со група инвеститори, изведувачи и архитектите Arata Isozaky и Daniel Libeskind. Урбанистичкиот план се носеше во две фази, во 2005 и 2007 година, а нашиот резиденцијален проект започна прв со реализација, за да биде завршен во 2013 година. Станбениот комплекс содржи седум згради поделени во два дела со голем пешачки булевар кој визуелно и физички го спојува комплексот со City life паркот и кулата Хадид која во иднина треба да биде изградена. Синусоидните кровни профили кои се повторуваат на целиот комплекс, но варираат со висините, од пет на најнискиот објект до четиринаесет ката на највисокиот го обединуваат целиот комплекс и формираат единствена петта фасада. Диспозицијата на зградите дефакто формира типологија на внатрешен двор од што произлегува дуалитетот во комуникацијата на станбениот комплекс со останатото урбано ткиво. Надворешните фасади каде што се дневните соби, се со широки отвори и пространи тераси што овозможува непречена комуникација со градот, додека внатрешните фасади кон дворот, кој зградите го формираат и каде се сместени кујните и спалните соби се со помали отвори и дрвени ролетни, така што овозможуваат чувство на интимност. Учесници во проектот Автори: Zaha Hadid, Patrick Shumacher Директор на проектот: Gianluca Racana Главен архитект: Maurizio Meossi Надзорен тим: Cristina Capanna, Veronica Erspamer, Stefano Iacopini, Florindo Ricciuti, Giulia Scaglietta. 29 декември 2017

ПОРТА

33


да престојувате во Скопје. Какви се вашите впечатоци и дали пред вашето доаѓање имавте некакви сознанија за тековите во архитектурата во Македонија и Скопје? n Бев импресиониран од градот и навистина уживав во посетата на Старата чаршија и тврдината Кале. Искрено сметам дека градот има големи потенцијали и ние како студио би биле многу среќни ако добиеме шанса да дадеме придонес во изгледот на градот. - Какви се вашите впечатоци од SHARE Skopje International Architecture and Engineering Forum? Сметам дека SHARE е одлична платформа за архитектите, дизајнерите и инженерите да разменуваат мислења и идеи. Инаку покрај тоа, ако повторно се одржува во Скопје го гледам како добра шанса повторно да го посетам вашиот град.

ПОРТА


ПОРТА


интервју

МИША ВИТЗМАН, АРХИТЕКТОНСКО СТУДИО КАРАВИЦ ВО ПАРИЗ

Архитектурата е многу повеќе од создавање засолништа Многу архитекти веруваат дека архитектурата е професија што изумира. Јас верувам во спротивното, верувам дека ќе стане сè позначајна и поважна бидејќи секогаш е потребен некој кој ќе одлучи како нешто да се направи. Компјутеризацијата е важна, но секогаш ќе има потреба некој да одлучи што да се направи и да му се даде смисла на тоа м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (СРБИЈА) иша Витзман е еден од партнерите во архитектонс кото студио Каравиц во Париз. Заедно со својата сопруга, исто така архитект, Милена Каранешева го води студиото над десет години. Нивниот фокус е ставен пред сè на квалитетни и одржливи станбени објекти. За неговите погледи на архитектурата разговаравме во текот на дводневната конференција САЕЕ која се одржа во Белград, во текот на месец октомври.

М

ПОРТА


Како го опишувате Вашиот архитектонски пристап? n Ние имаме прилично прагматичен пристап. Сакаме едноставни мисли и сме под влијание на традиционалната архитектура, што доведува до тоа да се обидуваме да ги разбереме едноставните принципи на градба. Дали Вие влијаете на клиентите за архитектурата да биде одржлива или тие доаѓаат кај Вас со барање – проектите што ги работите да имаат одржливи својства? n Нашите клиенти главно знаат многу за концептот на одржливост, а кај нас доаѓаат бидејќи знаат што е тоа што ние го работиме и дека знаеме многу на оваа тема. Кога ќе видат како ние работиме голем број од нив сакааат ние да им ја

проектираме куќата. Денес многу се зборува за одржливост на архитектурата, тоа е нешто што го „продава“ проектот, иако сите не пристапуваат кон тоа со сериозност. Која е придобивката од учество на настани како што е конференцијата SAEE? n На вакви настани имам можност да видам архитекти од целиот свет и како тие успеваат да создадат одлична архитектура. Тоа е секогаш добра работа. n Можете ли да ни кажете нешто за Вашите тековни проекти? Во текот на моетото предавања покажав многу мали проекти, ние сме мало, младо архитектонско студио кое расте. Најмногу работиме станбени објекти, семејни куќи, но сега добиваме и поголеми проекти како

станбени згради со околу 100 единици. Исто така почнавме да работиме и деловни објекти. Како ја доживувате архитектонската сцена во Франција? n Верувам дека се работи за богата средина за архитектите, особено во Париз каде што има многу работа. Нивото на конкуренција е многу високо. Сепак да се гради во Париз не е лесно, бидејќи тој е густо населен град, така што има многу работа за реконструкција и реставрација, што е сепак тешко бидејќи архитектурата е заштитена со закон. Колку можеме да ја разбереме состојбата на архитектурата во општеството? n Архитектурата е поврзана со

ПОРТА


општеството. Луѓето сакаат да имаат добра архитектура под која се подразбира и одржлива архитектура, но тоа што често го гледаме не припаѓа во таа категорија. Особено масивните градби ширум светот не спаѓаат во одржлива архитектура. Постои контрадикција што се однесува на економските аспекти. Компаниите во потрага за профит сакаат многу да градат и тие градби да ги продаваат како зелени. Градбите имаат одредени одржливи аспекти, но можат да бидат далеку од вистинската одржлива архитектура. Какво е Вашето мислење за стандардите за зелена градба како LEED, Bream или HQE? Овие стандарди беа потребни на почетокот, и денас се потребни за да направат разлика помеѓу обичните згради и градбите што имаат сегменти на одржливост. Денес ги има премногу, тешко е да се разберат и кои од тие стандарди треба да се следат. Сè се сведува на тоа дека сите ги сакаат тие сертификати, но 38

ПОРТА

29 декември 2017

забораваат што е важно. Вистинската зелена архитектура може да има одредени сертификати, но таа е тоа и без нив. Што е архитектурата за Вас? n Пред сè, таа е потребна за основната потреба да се овозможи живот на земјата. Исто така, архитектурата има врска и со филозофијата и со религијата. Архитектурата е много повеќе од создавање засолништа. Како ја гледате архитектурата за десет години? n Мислам дека архитектурата доцни во технолошка смисла во однос на другите индустрии, како на пример автомобилската индустрија. Верувам дека архитектурата оди во правец на компјутеризација и автоматизација. Архитектурата е класична професија, многу архитекти веруваат дека таа е професија што изумира. Јас верувам во спротивното, верувам дека ќе стане сè позначајна и поважна бидејќи секогаш е


Кога не сте архитект, со што се занимавате? n Чувствувам дека сум секогаш архитект, мојот семеен живот е поврзан за архитектурата. Мојата сопруга е исто така архитект и ние постојано разговараме за архитектурата, живееме во куќа која сами ја направивме. Така што е многу тешко да се направи разлика помеѓу работата и животот. Особено ме интересира музиката, и многу други нешта коишто верувам дека се дел од архитектурата. Имате ли некој неостварен архитектонски сон или желба? n Секако, работиме мали проекти, а јас би сакал да работиме поголеми проекти како училишта или музеи, како и тоа да градиме во други земји. Учествуваме на конкурси и се трудиме. Проблемот со архитектурата е што главно мора да имате изграден пример на нешто што сте работеле за да добиете сличен проект. Така што е многу тешко да го добиете првиот проект. Кој е Вашиот совет за младите архитекти? n Работете заедно со други архитекти и учествувајте во проекти бидејќи така ќе можете да кажете дека сте работеле на тие проекти. потребен некој кој ќе одлучи како нешто да се направи. Компјутеризацијата е важна, но секогаш ќе има потреба некој да одлучи што да се направи и да му се даде смисла на тоа. n Кога одлучивте да бидете архитект? Јас не бев сигурен дали да студирам архитектура. Барав нешто што е општо. Верувам дека тоа беше вистинска одлука, како архитект се занимавате со многу животни аспекти. Додека студирав не бев сигурен околу својата одлука, но на крај сфатив дека јас сакам тоа да го работам. Студирав во Виена. n Каков бевте како студент? Бев малку добар и малку лош студент во исто време, секогаш се сомневав во себе. Мојата дипломска работа беше многу добра, на крај јас бев тој што одлучи што сакам да бидам и од тој момент добив многу самодоверба. ПОРТА


ПОРТА


Сте работеле во студиото на Масимилијан Фуксас? n Работев во неговото студио во Париз, тоа беше многу добро искуство, по завршувањето на моите студии. Пред тоа работев во помалку познато студио и тоа искуство толку не ми се допадна, бев фрустриран да ја видам реалноста. Имав

пријател кој работеше во студиото Фуксас и јас дојдов таму. После три дена видов дека архитектурата може да биде многу поинакво искуство од тоа што го имав во студиото каде што претходно работев. Денес, кога мора да се борам за себе и за своето студио гледам колку е битно да се одржи квалитетот.

n Вие сте од Австрија, а Вашата сопруга е од Бугарија, зошто отидовте во Париз? Ние сакавме да патуваме и да го видиме светот. Првата идеја беше да одиме во Америка и таму да работиме, но добивме стипендија за работа во Франција за шест месеци. Отидовме и сега сме веќе седумнаесет години во Франција.

29 декември 2017

ПОРТА

41


архитектура од дрво

LA SEINE MUSICALE, МУЗИЧКИ ЦЕНТАР ВО ПАРИЗ NA SHIGERU BAN ARCHITECTS

Нов живот во одамна заборавен дел на Париз

Во поголемиот дел од 20 век, на просторот каде што е музичкиот центар се наоѓала голема фабрика на автомобилскиот гигант Рено. Кога Рено ја затвори својата фабрика во 1992 година, објектите останале неискористени сè до нивното уништување во 2005 година. Во 2009 година, францускиот архитект Жан Нувел (Jean Nouvel), го претстави својот урбанистички предлог-проект за островот на реката Сена со големина од 11 хектари.

42

ПОРТА

29 декември 2017


Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инж. по дрвна индустрија

П

ознатиот јапонски архитект Шигеру Бан, кој е добитник на престижната архитектонска награда Притзкер, годинава го заврши проектот за музичкиот центар La Seine Musicale во Париз. Овој објект се карактеризира со јајцевидна форма која е направена од масивна дрвна конструкција и еден комплексен подвижен надворешен „ѕид“ со соларни панели, кој се движи следејќи го сонцето. Париското седиште на архитектонското биро Shigeru Ban Architects победи на интернационалниот конкурс за идејно решение на музички центар со повеќенаменска содржина кој се одржа во 2013 година. За проектирањето на овој музички центар, Шигеру Бан соработуваше со познатиот француски архитект Жан Де Гастинес (Jean de Gastines). Во срцето на објектот се наоѓа голема повеќенаменска концертна сала која има 6.000 седишта во која се организираат најразлични настани како музички концерти, мјузикли, балети и слично. Покрај големата концертна сала во комплексот има уште еден помал аудиториум со 1.150 седишта, која е дом на оркестарот Инсула, и која повеќе се користи за класични

концерти или поточно кажано концерти за кои не треба озвучување. Помалиот аудиториум е сместен во јајцевидната дрвна конструкција која е типична за експерименталните дрвни конструкции на Бан. Овие експериментални и комплексни конструкции можат да се видат во многу дела на Бан, како што се главната зграда на медиумската компанија

Тамедиа за која во Порта 3 пишував пред една година. Покрај дрвните конструкции, Бан е препознатлив и по своите експериментални конструкции од картонски туби, кои ги користи за засолништа во региони погодени од временски катастрофи или војни каде има многу раселени лица. Подвижниот соларен кров, покрај својата

29 декември 2017

ПОРТА

43


главна намена да произведува струја од сончевата енергија, има и функција да ја заштитува отворената дрвна конструкција од ултравиолетово зрачење од сонцето и исто така да прави сенка во лобито на концертниот аудиториум, со што може индиректно да се регулира внатрешната температура. Триаголното едро како што популарно се нарекува е монтирано на големи шини преку кои може да се движи и да овозможува максимално искористување на сончевата енергија во текот на целиот ден. Поради дизајнот на големиот соларен панел кој е директно инспириран од формата на едро, можеме La Seine Musicale да ја претставиме како пловечки брод, односно еколошки пловечки брод кој плови по реката Сена и треба да биде новиот симбол во западен Париз. 44

ПОРТА

29 декември 2017

Ентериерот на главниот аудиториум е дизајниран да создаде топла и интимна атмосфера за време на концертите, со

седишта кои ја заокружуваат централната сцена. Акустиката во салата се контролира со подвижни панели од дрво и со картонски туби кои се прицврстени на таванот. Посетителите влегуваат во лобито на објектот преку огромни подвижни врати кои вертикално се подигаат и се спуштаат. Во лобито се предвидени и продавници каде посетителите ќе можат да ги набават сите реквизити поврзани со концертите кои се одржуваат. Покрај продавниците во продолжение има и џезклуб, пет студија за снимање и соби за вежбање за музичарите, а сите овие содржини можат да се видат однадвор низ фасадните стаклени ѕидови. Кровот на големиот аудиториум е покриен со таканаречен зелен кров со трева до кој може да се стигне преку големите скали на почетокот од објектот.


29 декември 2017

ПОРТА

45


Во поголемиот дел од 20 век, на просторот каде што е музичкиот центар се наоѓала голема фабрика на автомобилскиот гигант Рено. Кога Рено ја затвори својата фабрика во 1992 година, објектите останале неискористени сè до нивното уништување во 2005 година. Во 2009 година, францускиот архитект Жан Нувел (Jean Nouvel), го претстави својот

46

ПОРТА

29 декември 2017

урбанистички предлог-проект за островот на реката Сена со големина од 11 хектари. Овој урбанистички план претрпел повеќе промени низ годините сè додека се отвори концертната сала, која претставува прва културна институција на островот. Покрај La Seine Musicale, урбанистички се проектирани и други културни содржини како уметничкиот центар проектиран од

каталонското архитектонско студио RCR Arquitectes, како и други станбени и хотелски објекти. Со изградбата на La Seine Musicale се дава нов живот на еден дел од Париз кој одамна беше заборавен. Просторот каде претходно се наоѓаа напуштените фабрички хангари сега живее нов живот, живот полн со музика и уметност.


ПОРТА


сеизмологија

ПОГОЛЕМИ ЗЕМЈОТРЕСИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И НЕЈЗИНАТА ОКОЛИНА(4)

Земјотресoт во Скопје од 26 јули 1963 година најсмртоносен на Балканот Затекнати на спиење или бегајќи панично животот го загубиле 1.070 жители на Скопје, 3.330 биле тешко повредени, а околу 200.000 останаа без кров над глава. Директните штети предизвикани од земјотресот пресметани се на околу 980 милиони американски долари, односно 15% од вредноста на бруто националниот производ (БНП) на СФРЈ за 1962 година

Н

а 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути скопското епицентрално подрачје генерираше силен земјотрес со магнитуда ML = 6.1 природна стихија, која предизвика големо разурнување на градот Скопје и однесе бројни човечки жртви. Тој бил почувствуван на целиот Балкански Полуостров. Картата на изосеисти е прикажана на слика 1. Последиците по жителите и на градбите во Скопје беа катастрофални. Затекнати на спиење или бегајќи панично животот го загубиле 1.070 жители на Скопје, 3.330 биле тешко повредени, а околу 200.000 останале без кров над глава. Според пишаните документи, скопскиот земјотрес од 26 јули 1963 година, во кој градот загуби 82,4 % од својата административна вредност, е најсмртоносниот земјотрес кој се случил на Балканскиот Полуостров. Директните штети предизвикани од земјотресот се пресметани на 980 милиони американски долари, односно 15 % од вредноста на бруто-националниот производ (БНП) на СФРЈ за 1962 година. Со оглед дека учеството на Македонија во БНП на СФРЈ беше околу 7 %, директните штети предизвикани од скопскиот земјотрес се нешто поголеми од два БДП на Македонија за 1962 година. Првиот странски новинар кој пристигна во Скопје беше Дејвид Биндер од Њујорк Tајмс. Додека го гледал Скопје од авионот, тој прокоментирал дека „градот изгледа како да е бомбардиран“. Неколку дена по земјотресот, 35 нации побараа од Генералното собрание на Обединетите нации помошта за Скопје да биде ставена на дневен ред на првата наредна седница на Генералното собрание. Помош за Скопје, во форма на парични средства, монтажни куќи и градежни материјали, медицински, инженерски и градежни тимови и 48

ПОРТА

29 декември 2017

Слика 1. Карта на изосеисти за земјотресот од 26 јули 1963 година Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје

други материјали беше понудена од 78 земји. Тогашниот американски претседател Џон Ф. Кенеди му нареди на Министерството за одбрана и на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) да преземат активности за укажување на помош на Скопје со испраќање персонал, монтажни куќи, градови и други форми на помош. Голема помош пристигна и од Советскиот Сојуз. Нивниот лидер, Никита Хрушчов, дури и лично го посети Скопје во август 1963 година. За првпат по нивната историска средба на Елба во 1945 година, американските и советските трупи стационирани во Скопје можеа слободно повторно да си подадат рака.

НЕОТЕКТОНСКИ И СЕИЗМОТЕКТОНСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ Во неотектонскиот развој на територијата на Македонија Скопската Депресија е најстара, и почнала да се формира во првата етапа на неотектонските процеси, односно во почетокот на среден миоцен (баден). Во услови на екстензија, во првиот стадиум од генезата на депресијата, создена е напречната раседна зона Куманово-Скопје-Гостивар. Во натамошниот развој зоната се продолжила кон исток и запад, а се образувале и други гравитациони раседи, со кои се издвоил хорстот Скопска Црна Гора на север и североисток, хорстот Водно-Mатка-Осој и хорстот Јакупица-Караџица од јужната и


југозападната страна на депресијата. Со овие раседнувања меѓу хорстовите се формирал типичен грабен, издолжен во правец истокзапад (И-З) до северозапад-југоисток (СЗ-ЈИ) правец, кој постепено преминал во слатководно езеро, кое со прекини егзистирало сè до квартер. Остатоците од езерската седиментна маса укажуваат дека Скопската Депресија кон исток била поврзана со Кумановската, а таа натаму со Пробиштипската и Кочанската тектонска Депресија, сите, според староста на седиментите зародени во среден миоцен. Многу од неотектонските раседи, особено наложените, со ориентација И-З и СИ-ЈЗ, кои напречно пресекуваат повеќе геолошки единици, се носители на доминантната современа сеизмичка активност во Македонија. Така епицентрите на повеќетo силни земјотреси се лоцирани долж овие раседи. Скопското епицентрално подрачје е дел од раседна зона која се протега од исток кон запад на потегот Ќустендил-Крива Паланка-Куманово-СкопјеГостивар-Дебар и Елбасан (Албанија). Со должина од околу 220-240 km таа е најдолга раседна зона во Македонија. Одделните раседни сегменти од зоната претставуваат гравитациони (нормални) раседи со пад кон север под агол 70-75о. Главниот расед е проследен со помали паралелни и дијагонални раседи. Покрај вертикалното поместување на раседните блокови се јавува и лево (западно) хоризонтално поместување по целата должина на зоната. СОВРЕМЕНА ТЕКТОНСКА И НЕОТЕКТОНСКА АКТИВНОСТ ВО СКОПСКОТО ЕПИЦЕНТРАЛНО ПОДРАЧЈЕ Епицентралното подрачје - Скопје е поврзано со современата тектонска активност на Скопската неотектонска Депресија наложена преку постарите структури од вардарската зона, а делумно и преку Пелагонискиот Хорстантиклинориум и западномакедонската зона. Во целост, таа зазема површина од преку 400 km2. Според морфолошките карактеристика Скопската Депресија се дели на три сегмента, претставени со: l Современото Скопско Поле – современа алувијална рамнина, што продолжува релативно да тоне; l Подрачјата изградени од неогени седименти (мио-плиоценски моласни наслаги), кои ги градат слабо издигнатите ритчести терени, со натамошна тенденција на слабо издигање; l Околните планински терени, изградени од преднеогени комплекси, издигнати од 1.000 до 1.500 m и повеќе. Овие морфоструктурни целини се издвоени со системи на гранични раседи од вардарска и напречна насока. Меѓу раседните дислокации се разликуваат раседи кои се различно изразени во

Табела1: Параметри на силниот земјотрес од 26 јули 1963 година Датум Време ϕ(о) λ(о) h(km) ML 26.07.1963 05:17:11.7 42.01 21.42 15 6.1 релјефот, а голем број од нив, внатре во депресијата, се констатирани со геофизички методи. Меѓу контрасно изразените реактивирани раседи, кои се изразити и вон депресијата, е Скопско-црногорскиот Расед, долж западната граница на Скопско Поле е Драчевскиот Расед, долж паралелата 42°, јужниот дел на депресијата е одделен од северниот со регионалниот Скопскоќустендилски Расед. Во северниот дел на депресијата постојат бројни геолошки податоци за нејзиното поместување во правец западсеверозапад. Ова поместување предизвикува латерално смолкнување од лева (западна) насока дoлж Скопско-ќустендилскиот Расед. Современата неотектонска активност е посебно изразена долж реверзниот Браздински Расед, кој на север, на територијата на Косово (кај Генерал Јанковиќ), претставува современа навлака, каде што неогените седименти се покриени од постарите формации. НАСТАНУВАЊЕТО НА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ ОД СКОПСКОТО ЕПИЦЕНТРАЛНО ПОДРАЧЈЕ Целокупноста од сеизмолошките, геодетските и тектонските истражувања околу катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година и другите земјотреси од скопското епицентрално подрачје укажуваат дека овие

Io IX

земјотреси настануваат во услови на меѓусебна тектонска поврзаност на планините Скопска Црна Гора и Водно. Скопска Црна Гора, под дејство на постојаните регионални тектонски сили на напрегања во насока западсеверозапад, сè уште се развива, за разлика од стабилното Водно. Поради ова, на подземниот контакт на овие две планини (над којшто се наоѓа Скопската Котлина и градот Скопје) постојано дејствуваат и се акумулираат тектонски напрегања. Кога силите на овие напрегања ја надвладуваат силата на триење на блоковите на Скопска Црна Гора и Водно, овие блокови претрпуваат нагло релативно придвижување долж нивниот контакт, предизвикувајќи земјотреси. На 26 јули 1963 година во 5 часот и 17 минути, градот Скопје и околината го потресе силен земјотрес со магнитуда ML = 6.1 и интензитет од I0 = IX степени според EMS-1998 (Европска макросеизмичка скала). Епицентарот на земјотресот бил во близина на скопското село Бразда со длабочина на хипоцентарот од 15 km (табела 1). Во текот на истиот ден, Сеизмолошката опсерваторија во Скопје регистрира уште 122 земјотреса од кои два со епицентрален интензитет од I0=VII EMS-1998 степени, а останатите со епицентрален интензитет од I0=III

Слика 2. Епицентрална карта на историските (518 и 1555 година) и на земјотресите на територијата на скопското епицентрално подрачје случени во периодот 1963 – 1970 година Извор на податоци: Сеизмолошка опсерваторија при УКИМ-ПМФ, Скопје 29 декември 2017

ПОРТА

49


до VI EMS-1998 степени. До крајот на 1963 година во скопското епицентрално подрачје биле регистрирани уште 411 земјотреси со епицентрален интензитет од III до VI EMS-1998 степени, а во текот на 1964 година уште 49 земјотреса со EMS-1998 епицентрален интензитет од III до V-VI степени или вкупно 582 дополнителни земјотреси од главниот земјотрес до крајот на 1964 година. Понатаму сеизмичката активност се намалува и скопското епицентрално подрачје преминува во режим на нормална сеизмичка активност. Распределбата на епицентрите во периодот од 1963 година до 1970 година лоцирани во скопското епицентрално подрачје е Слика 3. Евакуација на постари лица, мајки со прикажана на слика 2. деца и деца (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС) Земјотресот од 26 јули 1963 година е еден од трите нам досега познати катастрофални земјотреси од скопското епицентрално подрачје (слика 2): првиот е земјотресот од 518 година, кој го зафатил византискиот град Скупи кој се наоѓал во близина на сегашно Скопје и вториот земјотрес од 1555 година за којшто за жал не постои оригинален пишан документ, чијшто предмет би биле токму ефектите од земјотресот, како што е тоа случај со земјотресот од 518 година. Според досегашните интерпретации и реинтерпретации на описите на овие два историски земјотреси, утврдено е дека и Слика 5. Народна кујна за исхрана на населедвата се со EMS-1998 епицентрални нието згрижено во камповите интензитети од IX степени, врз основа на (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС) што се претпоставува дека и нивната магнитуда е околу 6,1 степен според Рихтеровата скала. во Скопје или околните градови: Куманово, Споредувајќи ги локалитетите на најсилните Тетово, Велес и други; макросеизмички ефекти на земјотресите од 518, - Организација на кампови во парковите и 1555 и 1963 година заклучено е дека сите три другите зелени површини во градот (слика земјотреса се генерирани долж истиот, скопско4) за згрижување на преку 40.000 жители и ќустендилски ешалон на раседи. нивните семејства; - Организирање на народни кујни за исхрана ЕФЕКТИ НА ЗЕМЈОТРЕСОТ на населението згрижено во камповите Уште правот не бил слегнат, кога започнала (слика 5); процената на сеизмичката стабилност, - Евакуација на медицински центри, болници, сигурност и употребливост на објектите за да се центри за снабдување, лесни индустрии проценат итните потреби за згрижување на (текстилна индустрија), локална, републичка населението и ревитализација на сите и државна администрација во привремени административни и социјални сервиси. префабрикувани згради и шатори во градот Сознанијата биле поразителни – градот бил или соседните градови; уништен, и овој факт ги изнуди следните итни - Изградба на населби (17) од мерки и решенија (наведени само најважните): префабрикувани монтажни објекти, за - Евакуација, во рок од една недела, на индивидуално домување, со комплетна приближно 140.000 постари лица, мајки со инфраструктура, за дислокација на 70.000 мали деца и деца (под 15 години). жители на градот пред започнување на Згрижувањето на населението било зимата. обезбедено во одмаралишните капацитети во Републиката, поголемите градови на Поголемиот дел од населението, трговијата, Македонија и другите Југословенски индустриските активности, администрацијата Републики (слика 3); итн., биле вратени назад во Скопје после 3 до 6 - Сместување на населението во месеци, во нови префабрикувани населби и неоштетените објекти кај нивните роднини зајакнати постојни објекти. 50

ПОРТА

29 декември 2017

Слика 4. Населба со шатори (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС) Оштетувањата на фондот на постојните објекти биле огромни. Од вкупната брутостанбена површина, вклучувајќи ги и индивидуалните станбени објекти (1.630.609 m2), 80,7 % биле уништени или тешко оштетени поради што околу 75,5 % од жителите останале без своите домови. Само 19,7 % од објектите останале неоштетени или лесно оштетени кои според применетата методологијата за процена за штети и употребливост биле класифицирани како употребливи. Веднаш после земјотресот започна и систематска процена на оштетувањата на објектите којашто ја извршија инженерите од Македонската градежна оператива потпомогната од специјализирани тимови составени од стручњаци од Заводот за испитување на материјали (ЗИМ) при Техничкиот факултет во Скопје, Zavod za reziskavo materijala in konstrukcij (ZRMK) од Љубљана, Institut gradjevinarstva Hrvatske (IGH) од Загреб, Завод за испитивање материјала и конструкција (ЗИМК) при Градежниот факултет во Сараево и Институт за испитивање материјала и конструкција (ИИМК) СР Србије, од Белград. Степенот на оштетување и употребливоста на објектите е оценет согласно критериумите прикажани во табела 2 и истите се одбележувани со линии (црти) во три бои: црвена (тешко оштетени или делумно до тотално срушени објекти, објекти за рушење и/или отстранување), жолта (објекти со оштетен конструктивен систем, несигурни за употреба, привремено неупотребливи, за иселување) и зелена (лесно оштетени објекти, употребливи). Утврдено е дека од вкупно 36.578 станбени единици, повеќе од 67,4 % (75,1 % од станбената површина) биле неупотребливи за наведената функција, од кои 11,3 % (9,2 % од вкупната станбена површина) била целосно или делумно уништена, наметнувајќи итна потреба за згрижување на 65,8 % од жителите на Скопје кои останале без своите домови (слика 7). Јавните објекти, училиштата и болниците, претрпеле тешки оштетувања, слични на оние кај


Табела 2.Опис на степенот на оштетување и употребливост на објекти во постземјотресни услови Неупотребливи, за рушење (една или две црвени линии): тешко оштетени, делумно или целосно срушени објекти. Привремено неупотребливи, за санација и зајакнување (една до три жолти линии): објекти со значителни конструктивни и големи и масовни оштетувања на неконструктивните елементи.

Употребливи, неоштетен или лесно оштетен конструктивен систем (една до три зелени линии): објекти со незначителни оштетувања на носечкиот конструктивен систем и мали оштетувања на неконструктивните елементи. станбениот фонд. Основни училишта: 8 целосно (17.298 m2) и 13 тешко оштетени (50.000 m2); средни училишта: 11 целосно уништени (31.110 m2); универзитетски објекти: сите; спортски објекти: сите 32 објекти (9.185 m2) и тешко оштетени 42 единици (155.850 m2); здравствени објекти: 9 поликлиники, 3 објекти за хирургија и фармација како и сите останати објекти; социјална и детска заштита: 12 објекти целосно уништени (6.300 m2) и 37 потешко или полесно оштетени (12.621 m2); јавни и државни објекти: 9 целосно уништени (45.433 m2) и 25 тешко оштетени (42.2015 m2). Многу значајни, репрезентативни и монументални објекти биле целосно или тешко оштетени. Тука треба да бидат споменат: Народната банка, Македонскиот народен театар, Централниот комитет на македонската Комунистичка партија, Градското собрание, Офицерскиот дом (слика 8), општинската зграда Идадија, Секретаријатот на македонската Влада и други. Штета претрпеле и културно-историските објекти. Значителен број џамии, минариња и објектот на Куршумли-ан биле целосно уништени. Релативно тешки оштетувања претрпеле Мустафа пашината џамија, Саат кулата и други објекти на културно-историското наследство. Штетите во индустријата биле значително помали бидејќи индустриските објекти биле лоцирани во предградието на Скопје, подалеку од епицентралното подрачје, и конструкцијата на индустриските објекти, проектирани за поголеми експлоатациони оптеретувања, подобро ги издржала сеизмичките сили генерирани од земјотресот. Високите армирано-бетонски скелетни објекти, модерните инженерски конструкции (фабрики, млинови, мостови, брани, подземни инсталации, насипи на автопати, железници и други) и сите оние кои кои не беа проектирани да ги издржат земјотресните сили,

Слика 6. Означување на степенот на оштетување (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС)

но проектирани за нормални експлоатациони услови, претрпеа мала штета. Двете бетонски брани во околината на Скопје немаа скоро никаква штета. Во однос на другите типови на конструктивни системи, објектите со масивни ѕидови од (масивна ѕидарија) и објектите со мешани системи настрадале најмногу. Дури и старите бондрук систем-објекти далеку подобро го издржале земјотресот во споредба со објектите од масивна ѕидарија. Армирано-бетонските скелетни објекти проектирани според прописите (ПТП-2 и ПТП-3) од 1948 година се покажале исклучиво сигурни. Само два објекта од овој тип биле уништени, од кои едниот е главната хала на Скопскиот саем – комплетно уништена поради колапс на кровната лушпа. Високите скелетни армирано-бетонски објекти

добро се покажале поради спецификите на фреквентниот состав на земјотресот, меѓутоа и фактот дека, поради нивната висина, биле проектирани со повеќе грижа, а во некои случаи и со земање предвид на силите од ветар (објектот на Работнички дом, хотелот Гранд (сега Холидеј Ин), кулите во населбата Карпош I). Преднапрегнатите конструкции претрпеле изразито тешки оштетувања поради рушењето на потпорните столбови. Истражувањата покажале дека локалните почвени услови во Скопје не се примарен фактор за настанатата штета. Проектирањето на тогаш модерните конструкции, со исклучок на објектите од масивна ѕидарија, во основа било адекватно, иако во одреден мал број случаи малку потценето и со несоодветна изведба на определени детали. Исто така е утврдено дека екстремно варијабилниот квалитет на градежните материјали и неадекватните методи на градба на објектите се повеќе „одговорни“ за настанатата штета и предизвиканата смртност отколку непостоењето на асеизмички прописи за проектирање. При разгледувањето на „Информацијата за првичните резултати од истражувањето за последиците од земјотресот врз градежните објекти во Скопје“, Одборот за комунални работи на Сојузното собрание на СФРЈ заклучува дека „не биле преземени организирани мерки за постигнување повисока безбедност на изградените објекти, иако подрачјето на нашата земја е трусно. Резултатите од истражувањето во Скопје покажуваат дека во изградбата имало субјективни пропусти и недостатоци, особено во

Слика 7. Населба Карпош I (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС) ПОРТА

51


Слика 8. Објектот на Офицерскиот дом (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС) Слика 9. Посета на највисоки државни претставници во погоденото Скопје. Претседателот на СФРЈ Тито и Крушчев (фото-архива на УКИМИЗИИС)

однос на недоследното применување на техничките норми и прописи“, фактори кои покрај употребата на многу неквалитетни материјали, неефикасна градежна инспекција, неадекватен стручен надзор при изведувањето на градежните работи и формално-административен технички прием на објектите, доминантно придонеле последиците од земјотресот – несразмерно големата штета, катастрофалните рушења и предизвиканата смртност – да бидат значително поголеми и потешки, отколку кога постземјотресно воочените слабости би биле навреме отстранувани. ОБНОВА И РЕКОНСТРУКЦИЈА Веднаш после катастрофата, граѓаните заедно со припадниците на Југословенската народна армија, милицијата, како и припадниците на цивилната одбрана, презеле итни мерки за извлекување на населението заробено под урнатините (слика 10). Итно биле организирани и центри за укажување на прва помош. Многу брзо стигнала и неопходната помош во храна, шатори, ќебиња, лекови, крв, здравствена нега, тимови за спасување и друго. Како никогоаш дотогаш светската солидарност била покажана на дело. Преку 80 земји, многу граѓани и хуманитарни организации придонеле во намалувањето на последиците од земјотресот. Меѓународната помош, реализирана преку „Фондот за солидарност“ изнесувала 37 милиони тогашни динари во готовина, 121 милион динари во материјална помош и 1.244 непроценливи уметнички предмети. Сè заедно, биле изградени 914 станови, повеќе од 50 52

ПОРТА

29 декември 2017

училишни објекти, болници, амбуланти, дневни центри за детска нега, фабрика за млеко, фабрика за префабрикувани објекти и друго, донирани како дел од меѓународната помош која за период од 10 години стигнала до 539 милиони тогашни динари, односно 69 % од средствата реализирани преку Фондот за солидарност. Преостанатите 31 % се донации од другите федерални единици на СФРЈ (Србија, 32 %; Хрватска, 26,9 %, Б и Х, 13,4 %; Словенија, 9,6 %; Црна Гора, 2,3 %), Македонија (8,4 %) и Сојузното собрание (7,2 %). Веднаш по итните мерки за спасување и расчистување на урнатините, на 22 ноември 1963 година, Собранието на Град Скопје ја усвоило „Привремената програма за реконструкција на градот“ за реализација на која во периодот 19631973 СФРЈ обезбедува 885 милиони американски долари (6.190 милијарди динари) за урбана реконструкција на градот. Паралелно со

неа, извршени се обемни истражувања направени во доменот на геологијата, сеизмологијата и урбанистичкото планирање за да се обезбеди правилна и одржлива реконструкција и обнова на градот. Врз основа на препораката на Меѓународниот консултативен одбор на Обединетите нации за обнова и реконструкција на Скопје, како и Одлуките на Владата на Република Македонија и на Градот Скопје, во склоп на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, формиран е Институт за инженерска сеизмологија, земјотресно инженерство и урбанистичко планирање, односно сегашниот Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС – прва европска институција од овој вид задолжена за помош и надзор на реконструкцијата на Скопје по земјотресот од 26 јули 1963 година. Главни цели на Програмата за реконструкција биле обезбедување на живеалишта за бездомното население и обнова на економијата. Во првите 10 години од земјотресот биле изградени вкупно 35.500 нови станови, 16.000 станови биле санирани (слика 11) и зајакнати и 4.250 изградени нови објекти за индивидуално домување. Во тој период, во кој што Скопје беше „Град без Центар“, била докомплетирана инфраструктурата на 17-те нови станбени населби (сликa 12). Глобалниот раст на економијата бил евидентен. Социјалниот продукт на економијата во првите 10 години пораснал за 713 %, националниот приход пораснал за 677 %, нето-платите пораснале за 827 %, фондовите пораснале за 100 % и економијата пораснала за 153 %. Првичните трошоци потребни за реконструкција на градот Скопје се пресметани на 980 милиони односно 1,2 милијарди американски долари (вклучувајќи ги и индиректните трошоци), односно 15 % од вредноста на бруто-националниот доход на СФРЈ за 1962 година. Вкупните реституциони трошоци за реконструција на градот Скопје се пресметани на 2,5 – 3 милијарди американски долари. Благодарејќи на домашните и светски напори и солидарноста, денеска градот Скопје е модерен индустриски, социо-економски и културен


Слика 12. Префабрикувана населба Драчево (1.965 станови) (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС) Слика 10. Извлекување на повредени и затрупани (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС)

Слика 13. Јапонскиот архитект Кензо Танге со својот тим за изработка на Генералниот урбанистички план на Скопје (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС) Слика 11. Санација и зајакнување на ѕидана станбена зграда (фото-архива на УКИМ-ИЗИИС) центар на Македонија и е град на повеќе од 650.000 жители. СЕИЗМИЧКА ОПАСНОСТ ЗА ПОШИРОКИОТ РЕГИОН НА СКОПЈЕ Потесниот регион околу градот Скопје според најновите карти на сеизмичко зонирање (слика 16) припаѓа во зона со изразито висока сеизмичност во Македонија (Z-4). Оттаму, објектите кои ќе се градат во овој регион според европските прописи ќе бараат највисоко ниво на сеизмичка заштита. Автори: проф. д-р Зоран Милутиновиќ1, д-р Драгана Черних-Анастасовска2, проф. д-р Никола Думурџанов3, доц. д-р Радмила Шалиќ1, м-р Катерина Дрогрешка2, д-р Вера Чејковска2, м-р Јасмина Најдовска2, Даниел Томиќ1, Христина Ристовска1. 1 Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) 2 Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Природно-математички факултет, Сеизмолошка опсерваторија 3 Рударско-геолошки факултет во Штип

Слика 14. Карти на сеизмичко зонирање на Македонија за повратен период од 475 година, изработени според барањата на стандардот МКС EN 1998-1:2012 - Еврокод 8 Извор на податоци: Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, УКИМ-ИЗИИС, Скопје Автори: З. Милутиновиќ, Р. Шалиќ; Соработници: Н. Думирџанов, В. Чејковска, Л. Пекевски, Д. Томиќ

ПОРТА

53


екологија

ХУАН КАЊЕЉАС, РАКОМЕТАР НА ВАРДАР

Гетеборг

Шпанија со децении го надградува системот за селекција на отпад Во резиденцијалните делови од шпанските градови има локации каде што се поставени по три или четири контејнери за селекција на различни видови отпад

Л

Соња ТАНЕСКА

уѓето во Шпанија сакаат да селектираат и да рециклираат отпад, навиките се веќе создадени бидејќи системот постои и постојано се унапредува веќе неколку децении, вели Хуан Кањељас, ракометар на нашиот шампион Вардар и на шпанската репрезентација. Кањељас живеел во Барселона, каде што системот на селекција на отпадот го уредува каталонската власт, а не централната власт на Шпанија. Сепак, тој вели дека третманот на отпадот е сличен насекаде во земјата. Во резиденцијалните делови од шпанските градови има локации на кои се поставени по три или четири контејнери за селекција на различни видови отпад. Жолтите контејнери се 54

ПОРТА

29 декември 2017

за пластика, сините за хартија, зелените за стакло, а четвртиот контејнер е за органски отпад. Овие локации се позиционирани многу блиску до домовите, за речиси никој да нема повеќе од пет минути одење. Тоа е и потребно и практично, објаснува Кањељас, бидејќи секој треба да ги донесе вреќите со селектиран отпад од дома, а сакаме тоа да го прави што почесто и да не му претставува мака ниту губење време.

ЗА ФРЛАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ШПАНИЈА СЕ ПЛАЌА ТАКСА Покрај тоа, секој град во Шпанија има и голем центар за кабаст отпад, каде што може да се остави стар мебел, електрични апарати, батерии, масло за готвење и сѐ што не ни треба, а може да се рециклира. За тоа се плаќа такса, но тоа е многу мала сума, во споредба со казната што може да се добие ако отпадот се остави на улица. Ова лето бил воведен и нов систем во еден од градовите во близина на Барселона, сличен на скандинавската практика. Секое


семејство дома селектира органски отпад, а кантата еднаш неделно ја празнат јавните комунални претпријатија. Ова е сосема нов начин на собирање на отпадот во Каталонија, но е дел од постојните напори нешто да се подобри или унапреди. Во Германија, пак, каде што ракометарот живеел неколку години, има систем во кој за секое вратено пластично шише во супермаркет се добиваат пари. Таква практика имало и во Шпанија пред неколку децении, но сега веќе не се применува. „Системот во Шпанија постои веќе неколку децении и луѓето имаат создадени навики за селектирање отпад. Мислам дека и свеста е на високо ниво и сите размислуваме каков свет сакаме да им оставиме на нашите деца. Не можам ни да го замислам мојот град полн со отпад, за мене нема таква опција“, вели Кањељас. ДЕЦАТА ВО ГРАДИНКИТЕ ЗНААТ ДА СЕЛЕКТИРААТ ОТПАД На улиците во градовите има големи контејнери, но само на пофреквентните места има канти во различни бои за селекција на пластика, стакло или хартија. Кањељас нагласува дека во Шпанија акцентот на селекцијата е повеќе ставен на домаќинствата, што, според него, можеби

треба да се смени, да се унапреди системот и да има повеќе контејнери и на улиците. Во градинките и во училиштата најмалку еднаш неделно децата разговараат или слушаат предавање на теми од екологијата, рециклирањето, отпадот, загадувањето. Секое дете уште во градинка мора да научи за каков отпад се наменети контејнерите во различни бои. Има и денови на екологијата

во кои децата се запознаваат со природата или на училиште одат со велосипеди или пеш. „Системот на селекција на отпадот постојано се подобрува и се проширува. Кога јас бев дете моето семејство не селектираше органски отпад, а сега тоа е вообичаено и нормално за секое семејство“, вели Кањељас.

29 декември 2017

ПОРТА

55


картонска кутија од автомобил и ја фрла во Вардар. „Ова за мене беше шок кога дојдов во Македонија бидејќи бев навикнат да селектирам сѐ. И сега се трудам да најдам начин отпадот што го одвојувам да дојде до вистинскиот контејнер и да оди на рециклирање. Мора да признаам дека е многу покомпликувано, отколку во Шпанија или во Германија“, вели ракометарот. Тој вели дека ги забележал и неформалните собирачи како вадат

МАКЕДОНИЈА ИМА ПРЕКРАСНА ПРИРОДА, НО МОРА ДА СЕ ЧУВА ЧИСТА Во маркетите за секоја пластична кеса се плаќа по пет центи и многу малку се користат. Секој од дома си носи платнена торба. Тоа е една од разликите со Македонија, вели ракометарот, бидејќи тука за сѐ што ќе купиш ти даваат пластична кеса. На крај дома имаш една голема кеса полна со кеси, кои не знаеш каде да ги фрлиш. „Во Македонија кога ќе видам контејнер не знам дали, навистина е за пластика или за стакло бидејќи многу често внатре има секакво ѓубре. Не знам дали, ако јас оставам пластика, таа ќе отиде на рециклирање“, вели Кањељас. Тој вели дека не среќава на многу места вакви контејнери, а сигурно знае дека нема во близина на неговата куќа. Заклучил дека проблемот е и во свеста на луѓето бидејќи фрлаат сѐ и сешто во кантите за селекција што ги има во трговските центри. Тој раскажува дека првите денови кога дошол во Македонија бил сведок како жена вади полна

ПОРТА

пластика од контејнерите и претпоставува дека тоа им е начин на заработка. Од една страна, тие прават добра работа и ги одвојуваат шишињата од другиот отпад, но од друга страна и ги кршат пластичните контејнери и оставаат многу ѓубре околу нив. „Можеби некој треба да им даде работа и тоа да го прават на правилен начин. На тој начин ќе ги нема овие слики во градот, а и економијата ќе има придобивки“, смета Кањељас. Во Скопје има прекрасни места, вели тој, со прекрасна природа, како Матка и Водно, и нема многу градови што имаат привилегија да имаат толку близу планина и природни убавини за рекреација и уживање. „За жал, има многу ѓубре, а тажно е што луѓето не се загрижени за тоа, напротив многумина и сега фрлаат ѓубре на земја“, вели тој. За тоа, смета ракометарот, мора да се стави акцент на едукацијата на луѓето, на подигнување на свеста, тоа ќе создаде поинаква слика за земјата, ќе привлече повеќе туристи и ќе отвори повеќе работни места.


ɭɥ ɇɨɜɨɫɟɥɫɤɢ ɩɚɬ ɭɥ ɛɪ ɋɤɨɩʁɟ Ɋ Ɇɚɤɟɞɨɧɢʁɚ Ɍɟɥɟɮɨɧ Ɏɚɤɫ inYHVWD#LQYHVWD FRP PN ZZZ LQYHVWD FRP PN

ƏƏƙǪNjǏǨǔƙǒnjƣǏƏ ǪnjƏǑƦǨǪnjǔƙǪƙ ƏƏƏƏƏƏƏƏƚnjƘǏǍnjƣǏƏǪnjƏ ƏƏƏƏƏƏǨǒnjǪǓǨƙƏǎǒǏƛƙ ƏƏƏƏƙƏǕƦǪƛnjǐǏǪǔƙ ƏǪnjƏǐnjƜƙǪƙƏ ƛƙƘnjǔnjƗƙǫǪƙƏǕƦǎƙ

ƚǏƘǏǪƙƏǨǒǫǍǫǍƙ ǖƙƛǒǫƙƚǫƘnjƗƙƙ ǏǑǫǨǓƙƛǪƙƏǓƙǓǔǏǐƙ ƙǪƛƦǓǔǒƙǓǨƙƏǑǫƛǫǍƙ ǑǒǫǔƙǍǑǫơnjǒǪƙƏǓƙǓǔǏǐƙ

Среќни празници!

ПОРТА


технологии

AUTODESK UNIVERSITY 2017 – КРАТОК ВОВЕД ВО ИДНИНАТА НА КРЕИРАЊЕТО НА СТВАРИТЕ

„Информациите во центарот“ на вниманието на кориснците

Autodesk University 2017 беше јубилеен, 25-ти, и важен особено по неколку работи: дебитантскиот настап на новиот извршен директор на Autodesk, Ендрју Анагност и прикажаната цврста определба на компанијата да ги воведе и развива во своите апликации новите технологии како што се Artificial Intelligence, Machine Learning, Internet-of-Things

A

Трајче СТОЈАНОВ, дипл. инж. арх. utodesk University (AU) е најголемиот и најважниот настан во годината кој ја третира проблематиката на информатичката технологија во АИГиндустријата во светот. Се одржува еднаш годишно, во месец ноември, трае 3-4 дена, го посетуваат неколку илјади посетители кои за нешто над 2.000 долари (колку што чини целосната влезница) имаат можност да одберат помеѓу неколку стотини презентации, работилници, курсеви и слично. Присутните имаат можност од прва рака да слушнат за новите технологии кои

58

ПОРТА

29 декември 2017

се „крчкат“ во лабораториите на Autodesk, да научат нови вештини или пак да се дружат со колеги од индустријата. А интересот е навистина голем. На овогодишниот AU 2017 кој се одржа од 14ти до 16-ти ноември во Лас Вегас, САД, присуствуваа околу 10.000 посетители, додека веб- страницата (http://au.autodesk.com) која го покрива настанот има околу 2.5 милиони регистрирани корисници. Битно за спомнување е и трендот на одржување на локални Autodesk University конференции низ целиот свет (на пример, во Лондон и Минхен во Европа и уште 12 низ целиот свет). За „закоравените“ корисници на Autodesk-овите апликации, Autodesk University се третира на ниво на аџилак.

Autodesk University 2017 беше јубилеен, 25-ти, и важен особено по неколку работи: дебитантскиот настап на новиот извршен директор на Autodesk, Ендрју Анагност и прикажаната цврста определба на компанијата да ги воведе и развива новите технологии како што се Artificial Intelligence, Machine Learning, Internet-ofThings во своите апликации. Ендрју Анагност е новиот извршен директор на Autodesk кој ја презеде диригентската палка од Карл Бас во јуни годинава. Како наследник на еден легендарен визионер кој успеа да го збогати портфолиото на Autodesk на 140 апликации и ја „турна“ компанијата кон новите технологии (БИМ пред сè), Ендрју има сериозна задача „да се раскрили“ и да ја оправда довербата кај


инвеститорите, но и кај корисниците. Нималку воздржано, Ендрју, го стави акцентот на Autodesk University на информациите во центарот на вниманието на корисниците, одејќи неколку чекори напред во напредните технологии, а тотално „заборавајќи“ некои проекти во развој кои пред година-две беа најавувани како технологии на иднината. Новата визија на Autodesk за информациите во центарот на случувањата подразбира напуштање на традиционалната поделба на апликации, верзии и платформи од типот AutoCAD или Revit, или пак, Windows, Mac или Linux. Како што е тоа случајот со BIM 360 платформата, се очекува во блиска иднина, корисниците да работат на веб-платформа базирана на облак (cloud-based web platform) со тоа што податоците ќе се движат без пречки без разлика дали ни требаат ГИС или БИМподатоци. Ендрју најави блиска соработка и партнерство со Esri, компанија која е лидер на полето на ГИС-системите. Во визијата на Autodesk, проектантите ќе можат своите БИМ-модели на објекти да ги постават во функционален ГИС-модел од кој подоцна ќе можат да се извлечат и употребат мноштво анализи и заклучоци корисни при оптимизација на трошоци или превенирање на незгоди. Од останатите партнерства и соработки, треба да се спомене и онаа со Dropbox. Најавено е дека наскоро корисниците ќе можат да прегледуваат и коригираат dwg (AutoCAD) фајлови во самиот Dropbox дури и да немаат инсталирано AutoCAD. Во однос на претходно најавуваната технологија со кодно име Project Quantum, која треба да ја замени Revit

платформата, беше само штуро најавено дека дел од истата ќе биде вклучена во следната генерација на BIM 360 платформата. Очигледно дека токму BIM 360, но и Fusion 360 технологиите како Software-As-A-Service (SAAS) ќе ја предводат новата револуција во инженерските апликации. А причините за тоа се многу. SAAS-апликациите се базирани на облак, па лиценцирањето е по принцип на изнајмување на

апликацијата (временски ограничена претплата). Корисниците би пристапувале на апликациите преку интернет без разлика дали станува збор за работна станица, лаптоп, таблет или мобилен. Не би постоеле (или барем би се свеле на минимум) локални инсталации на софтверите. Не би постоеле верзии, ниту пак одвоени апликации. Фајлот нема да патува од една до друга апликација, туку сите алатки/апликации би биле достапни преку една платформа која всушност би била предмет на изнајмување. Податоците во таков „екосистем“ на софтверски можности би се користеле во сите фази на еден животен циклус на објектите. Токму терминот „екосистем“ беше употребен за да се заменат софтверските пакети кои некогаш се викаа Suite, а денес Collections. Апликациите базирани на облак, се чини дека се дотолку погодни за воведување на нови технологии, што Autodesk планира на голема врата да ги воведе технологиите како Artificial Intelligence, Machine Learning, Internet-ofThings со цел да се добијат 29 декември 2017

ПОРТА

59


најнапредни технолошки алатки. Во своето мошне интересно излагање, Ејми Буншел, потпретседател на „Дизајн и креативни продукти“, направи паралела помеѓу проектантите од една и пилотите од друга страна. Очигледно и двете групи на професионалци имаат одговорни задачи и раководат со нешта кои вредат милиони, односно милијарди долари. Сепак, пилотите се тие кои имаат на располагање исклучително напредна технологија, како што е тоа автопилот кој е способен да го донесе и слета авионот на посакуваната дестинација. Autodesk, рече Ејми, е решена да воведе слични state-of-art технологии во своите продукти на бенефит на корисниците. Времето е зрело за тоа бидејќи се создадени услови за новите технологии. Пример за тоа е ЕВА (AVA – Autodesk Virtual Agent). Ева е софтвер/услуга наменета за корисничка поддршка. Во случај на проблем, наместо контакт со човек, Autodesk ја нуди Ева. Ева разговара со нас, поставува прашања кои се битни за да го лоцира проблемот, а потоа дава и одговори, т.е. решенија на проблемот. Ејми Буншел ја пофали дека за еден месец, Ева помогнала при неверојатни 35.000 барања за корисничка поддршка. Ова е пример како уште една професија наскоро ќе замине во историјата (телефонски оператор за корисничка поддршка). Ова исто така е пример за воведување на вештачка интелигенција во ИТ. Вештачка интелигенција, упростено, е наука која се труди да ги

60

ПОРТА

29 декември 2017

прилагоди машините да извршуваат задачи и да носат одлуки како луѓето. Учење на машините, како технологија пак, претставува напор да се испрограмираат машините да можат самите да извлечат заклучоци од стекнатите искуства и истите да ги искористат при носење независни одлуки. Ананд Раџагопал, пак објасни дека е дојдено времето за рапиден напредок во областа на учење на машините, бидејќи се развиени потребните техники и алатки за

програмирање на машините, да научат нешто за што не биле програмирани. Како пример го наведе фактот што пред две години, оваа технологија срамежливо се спомнуваше додека денес е главна тема на развој на апликации на многу компании. Autodesk оваа технологија ја развива со кодно име Project Discover и веќе е употребена успешно во неколку наврати. Конкретно, во рамки на Generative Design алатките, употребена е технологијата учење на машините за дизајнирање на сала при Autodesk University 2017, при што софтверот генерирал околу 30.000 можни решенија. Подоцна преку нивна евалуација, софтверот предложил најприфатливо решение, кое било применето, а значајно се разликувало од решенијата од претходните години. Учење на машините како технологија во Autodesk-овите продукти е употребена и за уредување на Autodesk-овите канцеларии во Торонто, земајќи предвид критериуми како природно осветлување, стандардни димензии, потребна канцелариска опрема, најкратки растојанија, логични комуникациски врски итн. Во случајот на Van Wijnen компанијата, истата технологија е употребена за развој на градска четврт во Холандија, при што со избор на најоптималното решение се заштедени 50 % од предвидените средства и 15 % од предвиденото време за изведба. Конечно создаден е софтвер кој ја решава зададената програма, колку и да е комплексна, за најкратко време и со


БАРСЕЛОНА - МАЛАГА ГРАНАДА - КОРДОБА - СЕВИЉА Авион / 07 – 11 МАРТ 2018

499 €

ИНДОНЕЗИЈА - БАЛИ Авион / 5 ноќевања 31.01-08.02 2018

490 €

+389 2 32 32 234

најоптимално решение. Од останатите технологии и платформи презентирани на Autodesk University 2017,

треба да се спомне и Autodesk Forge платформата која на корисниците, односно на софтверските инженери им

дава околина за развој на апликации и додатоци на Autodesk-овите веббазирани апликации во една униформирана средина без разлика за која апликација се работи. И навистина податоците се во центарот на вниманието. Колку и да се држеа говорниците до тоа дека Autodesk ги слуша корисниците и прави апликации согласно нивните барања и очекувања, што дефинитивно е точно, сепак мислам дека исто толку корисниците го слушаат Autodesk во она што компанијата ни вели дека е корисно за нас. Доказ? Длабоко верувам дека Autodesk-овите стратези и инженери, фантазираат повеќе од самите проектанти во однос на она што технологијата може да го направи за нас. Иако од далечина, сепак поради достапните видеа од презентациите, Autodesk University 2017 покажа како во блиска иднина ќе ги креираме работите.

www.atrium.mk studio@atrium.mk

ИНЖЕНЕРИНГ, ПРОЕКТИРАЊЕ, УРБАНИЗАМ, НАДЗОР, РЕВИЗИЈА И ДИЗАЈН ПОРТА


најчудни градби

АРХИТЕКТИТЕ НАЈАВУВААТ ЕРА НА ДРВЕНИ ОБЛАКОДЕРИ

Добре дојде за новата ера на дрвото Со векови, дрвото беше главен градежен материјал за изградба на куќи, станови, продавници, па дури и катедрали и фабрики. Суровото дрво од шумите се смета за доста отпорен материјал. Доколку се одржува суво, без многу влага, тоа ќе трае со векови велат експертите Т3 дрвена зграда во Минеаполис, САД

ПОРТА


„Hoho“ дрвена зграда во Виена, Австрија

К Драган РИСТОВ

ога облакодерот „Ингалс“ во Синсинати во Охајо (САД) беше изграден и пуштен во употреба во 1903 година, никој не верувал дека тој ќе стои еден век подоцна. Всушност, најголем дел биле на мисла дека нема да ја преживее ни ноќта. Но, 16-катната зграда која била и прва изградена од бетон во историјата покажала издржливост, бидејќи претходно бетонот бил само експериментален материјал, а челикот бил доминантен при конструкцијата на згради. Медиумите во тоа време, биле едногласни дека зградата ќе се сруши, па само шпекулирале што би било причината. Дека ќе се сруши од сопствената тежина, па дури и тврделе дека ќе биде „оддувана“. Легендата вели дека кога конструкцијата за поставување на бетонот била ставена, сите очекувале дека по отстранувањето, бетонските платформи ќе паднат. Еден новинар дури не спиел, цела ноќ бил дежурен покрај објектот очекувајќи да биде

првиот кој ќе има ексклузивни снимки од промашувањето на векот и рушењето на објектот. Сега, во 2017 година, во време на секаква техничко-технолошка револуција се појавува концептот за дрвени облакодери. Ваквата идеја, нè навраќа на моментите за зградата од пред еден век. Исто како и тогаш, многумина денес овој концепт за дрвени облакодери го сметаат за смешен, неиздржан, банален или историска грешка. Во стилот на приказната за трите прасиња, многумина веќе кажуваат дека ваков облакодер или ќе биде дувнат, или ќе изгори или просто кажано ќе изгние. Но, дали е навистина така? Ола Џонсон од компанијата „Молер архитектс“ која го предложи првиот дизајн на дрвен облакодер вели дека дрвото како градежен материјал има свои предности и погодности. Всушност, нивниот дизајн за облакодер од дрво на 34 ката доби и престижна награда. - За почеток, брзо ќе се гради имајќи предвид дека челичните облакодери и ден 29 декември 2017

ПОРТА

63


денес се комбинираат со бетонски подови кои се сушат со недели. Тоа се неколку недели по кат. За разлика од ова, дрвените подови можат прецизно да се направат во фабрика и да се монтираат за само неколку часови - вели таа. Како втора погодност, се посочува проблемот со тежината. За изградба на зграда од челик и бетон потребни се дузина машини, и тоа за обична неколкукатна зграда. Колку повеќе катови, толку повеќе машини, а со тоа и повеќе тежина која треба да се балансира и поставува со секој кат нагоре. Тука спаѓа и оксидацијата и реакцијата на железото со кислородот и емисијата на јаглерод на која во светски рамки на годишно ниво отпаѓа најмалку 5-8 %. За разлика од ова, дрвото е прочистувач на јаглеродот и го враќа назад како кислород кој му е потребен на живиот свет за дишење. Денес полека и скромно, дрвени облакодери никнуваат низ целиот свет, од Норвешка до Нов Зеланд. На пример, постои зграда од 18 ката која е наречена T3 во американскиот град Минеаполис, а која е изработена од борово дрво, и во нејзината кора дури има и мали бубачки, мал штетник на инсект кој живее во нивната кора. Тука е „HoHo“ кулата од 60 милиони евра, елегантен објект од смрека кој во моментов се гради во Виена, а вреди да се спомене и возвишената 133 метри висока кула „Trätoppen“ која ќе се гради во Стокхолм. Преведено од шведски, тоа значи „седнати на дрво“, бидејќи објектот ќе се гради на поранешен паркинг-плац кој датира од 1960 година. Секако, оваа идеја за промовирање на дрвото како градежен елемент за облакодери, не им се допаѓа на осигурителните друштва кои сметаат дека ќе имаат многу проблеми. Но архитектите кои ја застапуваат оваа идеја, велат дека новите форми на иверици од дрво, стануваат сè поавтентични и прават специјални групи на дрво кои нудат капацитет и безбедност за ваквите проекти. Архитектите потсетуваат дека со векови наназад, дрвото и каменот биле основните елементи за градба при што го посочуваат кинескиот „Сакјамуни Пагода“ храмот кој е еден од најстарите градби од дрво. Тој не само што е направен од дрво, туку нема ниту еден клинец или завртка што би ја држеле целата структура. Тој е доказ за едно градежно чудо од дрво. Вештите дизајнери ја креирале оваа 67 метри висока пагода која сè уште стои без проблем по цели 900 години од градењето. Таа сè уште се смета за највисоката дрвена структура во светот, барем до изградбата на „HoHo“ кулата во Виена. Таа преживеала вековни потреси како што се земјотресите. Успеала да преживее седум земјотреси од кои најсилниот бил во 1556 година кој убил близу милион луѓе во Кина. Кога земјотресот почнува, кулата се ниша што води до балансирање на 64

ПОРТА

29 декември 2017

Sakyamuni Pagoda of Fogong Temple

катовите па токму од тие причини, речиси сите куќи во земјотресно подрачје какво што е на пример Нов Зеланд се направени од дрво. Архитектите посочуваат и потсетуваат дека со векови, дрвото беше главен градежен материјал за изградба на куќи, станови, продавници, па дури и катедрали и фабрики. Суровото дрво од шумите се смета за доста отпорен материјал. Доколку се одржува суво, без многу влага, тоа ќе трае со векови - велат експертите. Доказ за тоа се бројни објекти од дрво кои денес имаат карактер на историски споменици. Од куќите на семејството Тудор во Британија, па сè до првите цркви од бор направени во Норвешка од типот на дрво кој се вика „малмфуру“. Тие не само што се изградени и стојат, туку со древни материјали се заштитени од влага и дожд. Се користел измет од животни, кал или дрвена смола која и ден денес успешно ги штити од гниење и распад. Засега еден од највисоките објекти е „Брок Комонс“, станбена зграда на Универзитетот во Британска Колумбија. Просторот за лифт е

направен од бетон, но сите греди, столбови и подови се направени од дрво. Додека влегувате во зградата, воопшто не го гледате дрвото, а тоа е поради безбедносни причини и избегнувње на пожар, но целото дрво е покриено со огноотпорни гипскартони. Главната грижа за повеќето облакодери е нивната чиста тежина. Материјалот од кој се изградени мора да биде доволно силен за да ја поддржи сопствената основа или структурата ќе се распадне. Токму поради тоа сите беа толку загрижени за зградата „Ингалс“ во почетокот на 20 век. Но, дрвените згради се толку лесни, па главниот предизвик не е да ги задржат надолу, туку да не „одлетаат“. Додека се искачувате повисоко, ветерот станува побрз и посилен на врвот. На пример, на највисоката зграда во светот, „Бурџ Калифа“ во Дубаи, ветрот може да достигне 150 километри на час. Овие странични сили со години се водечки фактор во нивниот структурен дизајн. Колку е потешка зградата, толку подобро. При посилни ветришта, „Трамп кулата“ во Њујорк имала голем степен на нишање, но таа иако е совршено безбедна,


Дрвена црква во Норвешка

сепак морале да ја засилат со бетонски столбови во 1995 година. Еден начин да се надмине ова во дрвените згради е да се направи бетонско јадро, но некои архитекти на ова гледаат како на мамење. Во тој случај, немаме дрвени облакодери. - Ова нè доведува до вториот проблем. Иако панелите од дрво се извонредно силни поединечно, има голем предизвик за тоа како да ги закачите заедно. На овие катови од дрво, клинците и завртките не ја вршат комплетно работата. За да се спречи дувањето на градбата, ви требаат многу ѕидови и подови, вели Џонсон. Во станбените згради, ова не е проблем, бидејќи таваните не треба да бидат толку високи и архитектите може да ја издвојат зградата во соби и посебни простории. Но, отворен план како што се канцеларии и продавници се вистински тест. На одредена висина, овие згради имаат потреба од уште

посилно зацврстување, како што се челични шипки што се протегаат од дното до врвот на објектот. Да не зборуваме дека просторот е поотворен, без соби, честопати со големи ходници и простории кои имаат и над 100 квадрати во кои се сместени одделенија со десетина вработени. Ова се само некои од причините поради кои технички сè уште не постојат дрвени облакодери. Комитетот за стандарди врз база на податоците за градба вели дека облакодерите треба да бидат најмалку 100 метри високи и тоа е далеку над висината на која било дрвена зграда која во моментов се планира. За некои дизајнери, обидот за градење облакодери од дрво како материјал се третира како еден вид на покажување мускули, храброст или снобовско истакнување. „Треба да градиме со дрва поради еколошки причини“, велат тие, но други тврдат дека потребата да се изгради највисока кула од дрво

е само манифестација на егото на архитектот. Освен намалувањето на CO2, дрвените објекти имаат многу подобри еколошки квалификации низ целиот круг. Според Murray Grove групацијата во градот Хакни, луѓето не користат загревање, бидејќи дрвото е многу добар изолатор. Некои и го потврдуваат тоа и нагласуваат дека затоа би било прекрасно да се направи една 100 метри висока зграда од дрво. Тие направиле пресметки и тоа е теоретски можно, има некои големи предизвици коишто треба да се решат, но од еколошки аспект најважно е што само еден кубен метар дрво задржува еден тон CO2. Дваесеттиот век беше ера на бетонот и челикот, сето тоа беше доминација на човекот над природата. Сега е потребна транзиција, различен став, поинаков пристап кој ќе ја негува природата. Тоа значи, добре дојде за новата ера на дрвото.

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

29 декември 2017

ПОРТА

65


хортикултура

ГРАДИНИТЕ ЛОНГВУД –

Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж.

Г

радините Лонгвуд претставуваат ботаничка градина која се наоѓа во сојузната американска држава Пенсилванија. На површина од 436 хектари (4.36 км2) таа е една од најголемите ботанички гардини во САД, отворена за посетители преку целата година, со голем број на автохтони и алохтони видови кои се одгледуваат на отворено или во затворен простор под строго контролирани услови. Таму се организираат предавања за професионалци и аматери од областа на хортикултурата, курсеви, тематски сезонски атракции и голем број работилници. Ботаничката градина се состои од голем број пејзажни остварувања во формален и неформален стил, како и 20 градини од затворен тип во форма на стакленици и пластеници со вкупна површина од околу 2

66

ПОРТА

29 декември 2017

хектари. Во оваа градина може да се сретнат повеке од 4.500 различи растителни видови, како и голем број архитектонски

остварувања. Приоритетот во оваа градина е ставен на одредени колекции на растенија. За секоја колекција има план за нејзино


НОВОГОДИШНА БАЈКА развивање во етапи. Основни колекции кои може да се сретнат во оваа ботаничка градина се: австралиската колекција, која вклучува изворни растенија со потекло од австралискиот континент, колекцијата на азалеи, бонсаи колекцијата во која се застапени голем број на бонсаи стилови, колекцијата на родот Buxus spp. – зеленики, колекцијата на хризантеми, папрати, јорговани, махонии, орхидеи, лилјани, јужноафриканска колекција, дабова колекција и многу други. Во оваа ботаничка градина има пракса да се изработува и чува хербариум, како начин на документирање на колекцијата на живи растенија кои се одгледувале или се одгледуваат, а би послужиле за понатамошно таксономско истражување на идните генерации. Хербариумот освен за потребите на ботаничката градина е достапен за целокупната научна заедница во САД. „Божиќ во Лонгвуд“ е една од сезонските атракции кои се случуваат секоја година. Тоа претставува празник на хортикултурата со кој

се означува и почеток на сезоната на тематски атракции. Стартот е на 24 ноември и трае до 8 јануари. На отворениот простор од градините може да се видат повеќе од

500.000 светилки со кои се украсени повеќе од 120 дрвја. Највисокото украсено дрво во оваа ботаничка градина е околу 90 метри. Освен дрвјата осветлени се и фонтаните во

ПОРТА


градината во најразлични бои. Освен украсениот отворен простор посебна атракција за време на овој настан претставуваат трите најголеми стаклениците кои се специјално украсени во духот на божиќните и новогодишните празници. За таа цел се искористени повеке од 50 новогодишни елки украсени со црвени, златни и зелени стаклени украси, околу 15.000 сезонски растенија, вклучувајќи божиќни ѕвезди, циклами и антириуми. Во еден дел е изработено цветно дрво од 10 метри височина од божиќна ѕвезда и орхидеи. Централно е поставена елка со висина од околу седум метри. Во музичката просторија има елка со висина од 5 метри која е украсена со декоративни елементи и венци, која се ротира. Елката е дел од музичка кутија која постојано се ротира во 360о. Една од атракциите кои се јавува за време на овој период во градината е минималистичката железница која се состои од пруга во должина од околу 120 метри. 68

ПОРТА

29 декември 2017


ПОРТА


уметност

450 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ЗА „САЛВАТОР МУНДИ“ НА ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ

Продадена слика или бренд?

Успехот на неодамнешната аукција упатените го сметаат за маркетиншки триумф, но тој говори и за апетитите на самиот пазар Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.

С

ликата „Салватор Мунди“ (Спасител на светот) од неодамна припишана на Леонардо да Винчи е масло на дрво. Сликата е со димензии 65.6 х 45.4 сантиметри и го прикажува Исус Христос кој во левата рака држи кристална топка, додека десната рака му е подигната и благословува. Велат дека „Салватор Мунди“ е сликана некаде околу 1500 година во Франција за кралот Луј XII. По неодамнешното проверување на авторството, утврдено е дека во 1649 година сликата ја поседувал 70

ПОРТА

29 декември 2017

англискиот крал Карло I, а потоа ја откупил војвода од Бакингем во 1763 година. Сликата повторно се појавува во 1900 година, ја купува британскиот колекционер Франсис Кук. Сликата била оштетена од реставрации и нејзиното авторство не било јасно. Наследниците на Кук ја продаваат во 1958 година за 45 фунти. На сликата ѝ се губи трагата сè до 2005 година, кога е пронајдена на аукција на недвижности во Њу Орлеанс и купена за помалку од 10.000 долари од конзорциум на колекционери предводени од Роберт Симон, специјалист за стари мајстори. Симон ја носи во Њујорк како подарок на своите пријатели, реставратори на уметнички слики, Дајана и Марио

Модестини. Сликата била многу оштетена од невешти реставрации, префарбана и темна. Но, Марио бил импресиониран, сметал дека сликата може да е дело на некој Леонардов ученик. Се согласила и Дајана и почнала да ја чисти сликата. Додека ја отстранувала бојата на маскираната слика на Исус Христос, не можела да знае дека го обновува последното познато на светот дело на Леонардо да Винчи. Сликата била пресликана од некој друг и значително оштетена, па затоа барала обемна, а некои велат, прекумерна реставрација. Досега е објавена една единствена фотографија од сликата пред реставрацијата во Dailymail. Приказната за


реставрацијата вели дека по обновувањето на сликата, се појавила нејзината вистина. Со отстранување на косата и веѓите кои биле додадени, се појавила Леонардовата слика. Голем дел од генијално деликатните детали и сложеното моделирање на Леонардо низ годините се распаднале и морале да бидат пресоздадени преку информативните претпоставки на Модестини. Ако се суди по оваа стара фотографија, отстрането, додадено и досликано е многу повеќе. Со право можеме да се запрашаме колку е „Салватор Мунди“ реставрација, а колку е нова креација? Што навистина се наоѓало под слоевите боја од претходните реставрации? Од имагинацијата, уметничката и техничката вештина на реставраторот зависи што гледа публиката денес. Реставрацијата на ренесансни дела е мошне деликатна и макотрпна работа. И најмала промена на тоналитетот на сенката носи потполно различен израз на лицето и остава различен впечаток. Реставраторката Дајана Модестини, професорка на Конзерваторскиот центар во Њујорк, мајсторски ја завршила својата шестгодишна работа. Кога завршила рекла дека паднала во депресија и дека имала чувство дека болно се распаѓа. По завршувањето на реставрацијата Модестини изјавила: „Сакав да бидам сигурна дека мојата реставрација не влијае на оригиналот, дека не направив премногу, бидејќи старите слики треба да изгледаат старо, ако ја отстраните секоја пукнатина, секоја точка, секоја аномалија, многу лесно може да се случи да личат на репродукција“. Најинтересно би било да се видат и фазите на реставрацијата, за кои досега никаде не е зборувано. Можеби ќе

се појават сега откако сликата е продадена. Авторството на ренесансните слики не е баш кристално јасно. Во работилницата на Леонардо работеле шест сликари кои не подавале само четки и ситнеле пигмент. По завршување на реставрацијата во 2011 година, авторитетите со консензус на чело со директорот на Националната галерија во Лондон Николас Пени, потврдиле дека сликата е на Леонардо да Винчи. Салватор Мунди е споредувана со други слики од истиот период и утврдено е дека оваа е посупериорна. Пронајдени се и траги од притискање со долната страна на дланката при сликање, што е познато и на други дела на Леонардо. Утврдено е дека и начинот на сликање на косата и пигментите на подлогата одговараат на стилот на Леонардо. Сликата конечно е изложена во Националната галерија во Лондон во

периодот од ноември 2011 до февруари 2012 на изложбата „Леонардо да Винчи – сликар на миланскиот двор“. Сликата подоцна е продадена на рускиот колекционер Димитриј Риболовљев за 127,5 милиони долари. Потоа во 2017 година сликата е изложувана во Хонг Конг, Лондон, Сан Франциско и Њујорк, дигајќи така голема прашина. За конечно во ноември 2017 да се продаде на аукцијата на „Кристи“ во Њујорк, после 20 минути, за фантастични 450.312.500 долари, нова рекордна цена за уметничко дело (самата слика 400 милиони плус 50,3 милиони долари за данок). Аукциската куќа „Кристи“ наведува дека до денес се сочувани помалку од 20 платна на ренесансниот гениј Леонардо да Винчи, чиј опус бил ценет уште за време на неговиот живот. „За експертите на аукции, оваа слика претставува Свет грал“, изјави на медиумското претставување на сликата Лоик Гоузер од куќата „Кристи“. Британски „Телеграф” прашува дали едно уметничко дело може да има толкава цена. „Њујорк тајмс” се занимава со прашањето дали Мунди е „машка Мона Лиза” и дали „непознатиот“ купувач купил „слика или бренд”. Слични теми отвора и „Гардијан“, како едно дело успеало да достигне трипати повисока цена од проценетата, 120 милиони долари. Успехот на неодамнешната аукција упатените го сметаат за маркетиншки триумф, но тој говори и за апетитите на самиот пазар. Интересно е што аукциската куќа „Кристи“ делото не го ставила во одделот стари мајстори, туку во современи дела. Тој потег сликата им ја наметнал на најбогатите купувачи. Аукцијата е најавувана како „единствена продажба“, бидејќи е една од десетте Леонардови

29 декември 2017

ПОРТА

71


слики за кои се знае дека постојат. Не е познато кој ја купил сликата, се претпоставува дека е купувач од Азија или од Блискиот Исток. Но, околу еден месец по аукцијата, угледниот The New York Times ги разгледувал документите од продажбата кои го идентификувале анонимниот купувач. Тоа бил далечен роднина и близок пријател на саудискиот Принц и престолонаследник Mohammed ben Salman. По повод пишувањата, саудиската амбасада во Вашигтон понудила објаснување, оспорувајќи дека саудискиот Принц ја купил сликата преку својот роднина. Тие велеат дека роднината всушност бил агент на Министерството за култура на Обединетите Арапски Емирати и дека сликата ќе биде изложена во Лувр, Абу Даби. Тоа го потврди и музејот на својот твитер профил, велејќи дека очекува да ја добие „Салватор Мунди“, но не наведе дали сликата е поклонета, позајмена или изнајмена. Поменувањето на името на Принцот Salman доаѓа во незгодно време, кога тој води голема акција против корупција во која се уапсени и затворени голем број негови роднини и припадници на саудиската елита. И покрај тоа што се шпекулира и околу автентичноста на сликата, сите написи само правеа бесплатен маркетинг на делото. Но, не е само тоа клучот на успехот на аукцијата, оценуваат медиумите, туку и убавината на самата слика. 72

ПОРТА

29 декември 2017

„Во прашање е мошне секуларен приказ на Исус. Нема крст, нема ореол, но има некоја двозначност во неговата појава која го изразува духот на времето“ - изјави за „Гардијан“ трговецот со уметнички дела Филип Молд, додавајќи дека оваа слика комотно може да се најде рамо до рамо со дела на некои импресионисти како Џексон Полока или Енди Ворхол. Томас Кембел, некогашниот директор на Метрополитен музејот, смета дека постигнатата цена е изненадувачка, но тоа не треба да чуди на пазар каде „шпекулациите и маркетингот ја замениле Музеј Лувр, Абу Даби

стручноста како мерка на вредност“. Без оглед на сè, самата бројка на пари на сликата ѝ гарантира „слава“. Ако некогаш се најде во некој музеј ќе биде „лепак“ за посетителите, каков што е случајот со Мона Лиза во Лувр. Кембел иронично се пошегува „конзерваторката Дајана Модестини мора да биде меѓу најценетите живи уметници во светот!“ Спротивно на некои извештаи, Салватор Мунди не е последното Леонардово дело во приватни раце. Војводата од Buccleuch ја поседува Леонардовата „Мадона со вретено“, а уметничкиот дилер Филип Мулд изјави дека нема да биде изненаден ако војводата сега размислува да ја продаде на аукција. Молд предвидува дека ако тоа го направи, тоа би можело да биде и првата слика продадена за милијарда долари. По откривањето на идентитетот на купувачот се појавува уште една контраверза. Сликата на Леонардо „Спасител на светот“ би можела да биде незгодна во ултраконзервативното кралевство и поради тоа што го прикажува Исус Христос. Муслиманите веруваат дека Исус бил пророк, а не спасител. Исто така саудиските верски лица инсистираат дека исламот забранува уметнички дела кои претставуваат луѓе, додека претставувањето на пророкот е посебно забрането. Како и да е, патот на сликата од атељето на италјанскиот сликар до ѕидот во Абу Даби не бил лесен. Останува времето да покаже дали дошла до крајот на своето патување и дали е помалку арт, а повеќе бизнис.


www.fabrikakarpos.com.mk

ПОРТА


уметност

Радикалната деценија на Дерен исполнета со инвентивност и смелост

На оваа изложба може да се видат сите оние елементи што се суштински обележја на неговото творештво: специфичен однос кон реализмот, длабок интерес за таканаречената „примитивна“ уметност и потрага по современиот класицизам 74

ПОРТА

29 декември 2017


Г

Дејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз) оген во Гран пале, Монеовата колекција во Мармотан, Рубенс во музејот Луксембург, Андре Дерен во Бобур - се само дел од атрактивната зимска понуда во париските музеи, во кои, како и секогаш, редиците за влез се константно долги. Текстот што следува се однесува на значајната изложба во Центарот Помпиду, која ни ја открива првата деценија (1904 - 1914) од работата на влијателниот француски сликар Андре Дерен (1880 - 1954), насловена како André Derain 1904 - 1914. La décennie radicale. Уметноста на Андре Дерен не била во фокусот на големите монографски изложби уште од ретроспективата во 1994 година во Musée d’Art Moderne de la Ville de Paris - со други зборови, повеќе од дваесет години. По неговата смрт во 1954 година, тој оставил зад себе богато, разновидно и парадоксално творештво, обележано со силни авторски искуства, но сепак длабоко под влијание на старите мајстори. ВРАЌАЊЕ КОН РЕАЛИЗМОТ Како таков, овој француски сликар одиграл клучна интелектуална улога во појавата на две големи авангардни движења во почетокот на 20 век: фовизмот и кубизмот. Во тоа време, во кое експериментирањето почнува да добива силна развојна улога во ликовната и визуелната уметност, Дерен кaко еден специфичен вид на самотник, барал враќање кон раниот реализам, најавувајќи ги фигуративните движења на магичниот реализам, почнувајќи од „Енгризмот“ на Пикасо до метафизичкото сликарство на Де Кирико и германската Нова објективност. Изложбата се осврнува на работата на овој важен уметник од 20 век, следејќи ги различните фази од неговата кариера пред

Првата светска војна, кога тој бил вклучен во најрадикалните авангардни движења. Некои од неговите највпечатливи дела беа собрани за изложбата: така, тука меѓу останатите дела што се презентирани е и неговото „Летно дело“ од 1905 година кое било насликано во Кољур; тука се серијата лондонски сцени, како и неговите алегориски платна во големи димензии кои како композиции се посветени на танцот и на капачки. Изложени се седумдесет слики, бројни скулптури, цртежи... Кога станува збор за слики, неговите првични дела се морски пејсажи, рибарски чамци, капачки, мотиви од Лондон (како сликата „Биг Бен“), како и портрети („Г-ѓа Дерен во зелено“). Творештво на Дерен од пред Првата светска војна е исполнето со голема инвентивност и смелост. На оваа изложба може да се видат сите оние елементи што веќе се карактеризираат како суштински обележја на неговата уметност: специфичен однос кон реализмот, длабок интерес за таканаречената „примитивна“

уметност и потрагата по современиот класицизам. Дерен, кој бил близок со Морис де Вламинк и Анри Матис, а потоа и со Жорж Брак и Пабло Пикасо, активно поврзувајќи ги и соочувајќи ги фовизмот и кубизмот, развил мошне автентично творештво уште веќе до Првата светска војна. Тој визуелно експериментирал на многу полиња, справувајќи се со сликарството, цртежот, резбарството, скулптурата, керамиката и филмот, а исто така, ја практикувал фотографијата низ текот на целиот свој живот, паралелно со неговото сликарство. Изложбата е фокусирана на истражување на досега необјавени архивски материјали на Дерен - негови фотографии, колекции на принтови и репродукции на уметнички дела, списи и текстови како и кореспонденции - и за првпат фрла значително и поинакво светло на некои од неговите најважни дела преку силни визуелни контрапункти: фотографиите што тој ги фотографирал и неговите атипични уметнички референци како што се „Епинал“

ПОРТА


гравурите, предметите на Маорите што тој ги копирал во Британскиот музеј во 1906 година, и африканските скулптури од неговата колекција. На изложбата се претставени околу седумдесет слики, голем број дела на хартија (акварели, цртежи, скици и гравури), скулптури и околу педесет фотографии на Маори, африкански скулптури и керамики. Изложбата се отвора со раните дела на Дерен, кои биле многу закотвени во реалниот свет. Под влијание на неговото читање на Зола, како и од анархистичките кругови, во кои тој се движел со својот пријател Вламинк, Дерен ги сликал кафулињата, булеварите и борделите со една прониклива и сурова линија. Од самиот почеток, тој ја практикувал фотографијата што

ПОРТА

му служела како модел на одредени платна. Исто така, во овие години, следејќи ја пејзажната традиција на импресионистите, тој заедно со Вламинк почнале да ја посетуваат истата страна на Сена, каде што сликале некогаш импресионистите, за да го сликаат прединдустриското предградие. Дерен бил фасциниран и од Ван Гог, па како и него, и тој ја фаворизирал употребата на светла и неизмешана боја. ПРВА ДЕЦЕНИЈА Таа прва деценија на која се однесува изложбата, во неговото творештво е клучна, бидејќи во 1904 година на Парискиот есенски салон се сретнал со делата на Сезан, кои врз

него извршиле силно влијание и го обележале неговото подоцнежно творештво. Во текот на таа деценија, кога се создадени делата кои може да се видат на актуелната изложба во Бобур, Дерен запознал многу сликари и соработувал со нив (Пикасо, Брак, Матис) и поети чии лирски дела тој ги илустрирал (Аполинер, Јакобс, Бретон). Иако, тој имал силно истражувачко искуство во раниот развој на кубизмот, тој повеќе бил обземен од реализмот на свој начин, за разлика од својот пријател Пикасо кој докрај продолжил по својот пат на аналитичкиот кубизам. Во тој период, Дерен ентузијастички бил инспириран како од детските цртежи, така и од


таканаречените „ренесансни примитивци“ и од незападната уметност. Во 1911 година, тој се свртел кон „неоархаичната“ стилизација инспирирана од Italian Primitives и од поетскиот универзум на Пол Клодел во хиератичките портрети и во сликите исполнети со мистериозни и симболично набиени сцени како што е Samedi. Постепено, Дерен се исклучувал себеси од кои било „доминантни“ случувања на уметничката сцена во тоа време. Неговото дело станувало „магично реалистично“, чудно и меланхолично. Исто така, во овој период, тој ја открил и почнал да собира дела од таканаречената примитивна африканска уметност.

Во 1914 година, тој се преселил на Монмартр. КОЛАБОРАЦИОНИСТ Во текот на војната, а и подоцна, тој веќе бил познат во уметничките кругови во кои се движел. За рускиот балетски импресарио Сергеј Павлович Ѓагилев, тој работел на сценски уредувања во театарот. Во тоа време, тој станува многу меѓународно познат и неговите дела биле изложувани не само во Франција, туку и во Лондон, Берлин, Франкфурт, Дизелдорф, Њујорк и Синсинати. За време на окупацијата на Франција во текот на Втората светска војна, тој живеел во Париз и како претставник на француската

култура бил поддржуван од власта, а во 1941 година дури и патувал во Германија во организација на власта. По ослободувањето, за многумина тој бил сметан за колаборационист и по војната немал никакви изложби на своите дела. Умрел во департментот Горна Сена, во Париз. Куратор на изложбата е Cécile Debray, конзерваторка и врвна познавачка на творештвото на Анри Матис, а од оваа година и директорка на Мusée de l’Orangerie во Париз. Изложбата André Derain 1904 - 1914. La décennie radicale во Бобур трае до 29 јануари 2018 година.

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.