266

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

266 МАРТ 2018

Нов клинички центар Секоја цевка поставена во земја не е гасовод Животот прославува кога ќе се спојат начинот на живеење и архитектурата



ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ

ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA

ПОРТА


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 266 ПЕТОК 30.3.2018 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Владата на Република Македонија пресече. Новиот Универзитетски клинички центар ќе се гради на нова локација. Со тоа падна во вода одлуката на претходната влада Клиничкиот центар да се гради на постојната локација. Актуелноста на одлуката е повод во овој број на списанието да посветиме повеќе текстови на оваа тема. Сообраќајниот колапс пред Клиничкиот центар што го гледаме денес ќе продолжи и во наредните години, но тоа ќе се издржи, кога знаеме дека нè очекува спас од пеколот. Државата ќе добие „медицински град“. Тој би претставувал „град во градот“ - кој ќе ги вклучи околните простори и населби, преку создавање на нови градски ткива со пропратни содржини и намени и ќе предизвика интерес кај сите чинители кои ќе сакаат да партиципираат во неговото создавање и живеење. Најзагадени региони во државава се тие каде што имало рударство и металургија, вели д-р Трајче Стафилов, професор на Институтот по хемија на Природноматематичкиот факултет во Скопје. Според него, најкарактеристичен пример претставува загадувањето на почвите во градот Велес и неговата околина како резултат на работата на Топилницата за олово и цинк. Резултатите покажуваат загадување на почвите на простор од околу 100 km2 од кои почвите на површина од околу 15 km2 се екстремно загадени и потребна е интервенција за нивно санирање. Гасификацијата кај нас не се симнува од дневниот ред. Мирко Стојановски,

директор на „Филбис“ и експерт за гасификација смета дека не е успешна гасификација ако ставиме неколку километри магистрални и дистрибутивни гасоводи и ако овозможиме негова инсталирана моќ со некој квантум, а трошиме 5 до 10 проценти од него.Тоа не е успешна приказна. Градот Скопје и општините во 90-тите изгубија волја да го следат патот на постземјотресната обнова и насоките која таа ги даде. Се променија деталните урбанистички планови, се дозволи експанзија на изградба и одеднаш насекаде во организираните градски средини се појавија „тумори“. Естетски и функционален хаос кој го претвори Скопје во деградиран град. Индискиот архитект Балкришна Доши е добитник на Прицкеровата награда за 2018 година. Она коешто особено се истакнува во творештвото на професорот Доши е дека тој успеал влијанијата на врвните архитекти на минатиот век како што биле Ле Корбизиер и Луис Кан да ги интерпретира и трансформира во изградени објекти коишто не само што ја почитуваат источната култура, туку и го надградуваат квалитетот на живот во Индија. Порта 3 во наредните неколку броја ќе објави серија написи посветени на стадионите изградени во Русија по повод Светското првенство во фудбал. Прв го претставуваме стадионот Лужники во Москва. ОД РЕДАКЦИЈАТА

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница ДОМУВАЊЕ СО НИСКИ ТРОШОЦИ ARANYA, ИНДИЈА

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

266 МАРТ 2018

Нов клинички центар Секоја цевка поставена во земја не е гасовод Животот прославува кога ќе се спојат начинот на живеење и архитектурата

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.

90 ДЕНАРИ

АРХИТЕКТ БАЛКРИШНА ДОШИ

Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

ОТВОРЕНО ПИСМО 9

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ЗА САЕМ. ЗА СКОПЈЕ КОЕ ПОЛЕКА ГО СНЕМУВА

НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР 12

СКОПЈЕ ЌЕ ДОБИЕ „МЕДИЦИНСКИ ГРАД“

АРХИТЕКТУРА 20

ПРИЦКЕРОВА НАГРАДА ЗА 2018 – БАЛКРИШНА ДОШИ

СТАДИОНИ 26

ЛУЖНИКИ – НАЈГОЛЕМИОТ СТАДИОН ВО РУСИЈА

12 34

26

ДЕГРАДИРАН ГРАД

ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 38

УПРАВУВАНИ КОНСТРУКЦИИ

ИНТЕРВЈУ 42

62

НАЈЗАГАДЕНИ РЕГИОНИ СЕ ТИЕ КАДЕ ШТО ИМАЛО РУДАРСТВО И МЕТАЛУРГИЈА

Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ЕНЕРГЕТИКА 48

СЕКОЈА ЦЕВКА ПОСТАВЕНА ВО ЗЕМЈА НЕ Е ГАСОВОД

РЕНОВИРАЊЕ НА „ГРАН ПАЛЕ“ ВО ПАРИЗ

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

УРБАНИЗАМ 34

УМЕТНОСТ И АРХИТЕКТУРА 62

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Андреј АНДРЕЕВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Соња ТАНЕСКА Филип ФИЛИПОСКИ

Датум на печатење: 29.3.2018 Број на примероци: 800

48

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

ПРВА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА FIDIC-ДОГОВОРИ

Запознавање со основите на FIDIC-договорите Клучот за успехот на овие договори во интернационални рамки е во балансираниот пристап кон улогите, одговорноста и обврските на главните страни на договорите, како и алокацијата и менаџирањето на ризиците, велат во Асоцијацијата на инженери консултанти на Македонија – АЦЕМА

А

социјацијата на инженери консултанти на Македонија – АЦЕМА на крајот од минатиот месец ја организира првата Конференција за FIDICдоговори. Конференцијата беше отворена од страна на Горан Сугарески, министер за транспорт и врски на Република Македонија, а свое обраќање имаа и Михајло Михајловски, претседател на АЦЕМА, Енрико Винк, извршен директор на FIDIC, Андреа Шехич, извршен директор на Асоцијацијата на инженери консултанти на Србија, Денис Ризаов, менаџер за ФИДИК-договори и оштетни побарувања во АД Гранит и член на Управен одбор на АЦЕМА. Повеќе од триста гости, претставници на градежната индустрија, државните институции и органите на локалната самоуправа имаа можност да се запознаат со основите на FIDIC- договорите, кои ќе продолжат да бидат промовирани преку активностите на АЦЕМА, а кои ќе вклучуваат: поддршка при имплементација на FIDIC стандардите преку следење и стимулирање на услогласувањето на релевантните регулативи со регулативите и стандардите на Европската Унија и информирање на членовите за истото, организација на едукативни и информативни настани: работилници, панел-дискусии и предавања од страна на експерти во областа, лиценцирани FIDIC- обуки со официјален меѓународен FIDIC-сертификат - модули 1, 2, 3 и 4, продажба на сертифицирани FIDIC-книги на македонски јазик, генерални и детални консултации за теренски FIDIC -проблеми. Инаку АЦЕМА е основана од седум реномирани компании од градежната

6

ПОРТА

30 март 2018

Извршен директор на FIDIC, Enrico Vinc индустрија: Бетон АД Скопје, ФЕГО Инженеринг ДОО Скопје, Гранит АД Скопје, Жикол ДООЕЛ Струмица, ТЦС Билдинг Аутоматион Скопје, Сириус Консултинг ДООЕЛ Скопје и Градежен институт Македонија АД Скопје. Влегувањето на АЦЕМА во големото FIDICсемејство е од огромно значење за градежната индустрија во Македонија. FIDIC, Федерација на инженери консултанти е основана во Женева во 1913 година и во моментов има 97 земји членки, 60.000 градежни компании и над 1.500.000 професионалци. FIDIC е „одговорна“ за производство на најупотребуваните стандардни форми на договори за интернационални градежни проекти во светот. Клучот за успехот на овие договори во интернационални рамки е во балансираниот пристап кон улогите, одговорноста и обврските на главните страни на договорите, како и алокацијата и

менаџирањето на ризиците. Една од специфичностите на општите услови на овие договори е тоа што постои рамноправност помеѓу учесниците. Доколку во текот на реализацијата на договорот дојде до дисбаланс на веќе прифатениот ризик пред започнување на изградбата, постојат механизми во договорот кои ќе ги нивелираат ризиците. Пред одржувањето на оваа Конференција, Европската федерација на асоцијациите на инженери консултанти, предводена од претседателот Kevin Rudden, го одржа својот Управен одбор во Скопје на 23 февруари 2018 година, на покана на Асоцијацијата на инженери консултанти на Македонија. Една од главните цели на EFCA е промоција на фер натпревар и транспарентни процедури за јавни набавки, како и вмрежување и бизнисплатформи за членовите на асоцијациите членки и европските компании.


полемика

COMMENT 30 – ЦРНАТА КРАЛИЦА СО ЦРВЕН КАРМИН 9.3.2018 – реакција на напис во Порта3 Во бројот 265 на ПОРТА 3 главниот и одговорен уредник ни го Честиташе јубилејот 10 ГОДИНИ на Комората на овластени архитекти и овластени инженери со написот „Господа, кармин на крај се става“, алудирајќи на издавање на МОНОГРАФИЈА 10 години Комора, без во дессете години на пoстоењето комората на денесување ценовник на инженерските услуги. (според неа – главната шминка – кармин) Благодарам на честитката во име на нашето членството. Ако заличивме на господа,.... ме радува. Архитектите и инженерите сепак не се господа туку се работниците кои треба да подготват проекти за некои други, кои врз нивниот грб ќе заработуваат и ќе содаваат екстрадобивка. Ние, архитектите и инженерите во струката не се сметаме за господа. Не, не можеме да бидеме господа со овие цени со кои се валоризира нашиот труд. Можеби господа се само некои бизнис-архитекти, бизнис-инженери, бизнис-универзитетски професори. Останатите сме работници. Сега малку за мојата алузија од насловот во врска со мојата омилена игра ШАХ . Делувањето во инженерската професија е слично на играњето шах. Ги редите фигурите, потоа по некои правила ги движите по шаховското поле и на крајот од играта го имате резултатот. Ама треба да бидат наредени сите фигури, и црните и белите и да играте осмислено и по правила. Ние, бидејќи сме работниците, играме како црни фигури. Играта може да заврши со МАТ на конкурентот, со загуба на партијата или со поделба на поените РЕМИ (но може и да застане во ПАТ позиција), а одвреме навреме може да се најдете во ШАХ позиција. Брзајќи да започне една важна шаховска партија, уредничката уште во преходниот број на ПОРТА, но и на твитер заедицата и соопшти дека кралица од црните фигури (архитектите) се нашминкала со црвен кармин, ја започнала играта и го повлекла првиот потег (предложила - ценовник). Кралицата е навистина најсилната фигура во шахот. Може да прави што сака, да се движи каде што сака по целата шаховска табла и скоро нема ограничување за движење. Но на шаховската табла се наоѓаат и други фигури: Топови (урбанисти) кои цврсто ја ограничуваат играта, Ловците (градежници) кои динамично ја градат и ја контролираат играта, Скокачите (електро и машински) кои со прескок ги решават ситуаците и многу војници кои се од голема корист во играта на шаховската табла. Без заедничка игра со сите фигури, црната кралица со црвен кармин не може да се надева на голема победа бидејќи на другата страна на шаховската табла се добро распоредени БЕЛИТЕ фигури. Белата кралица (инвеститорот), белите топови, белите ловци и скокачи од бизнис заедницата, и крајните корисници кои ја играат улогата на бели војници кои играат за да ја заштитат својата позиција. Шахот не е игра во која само ќе ги мрдате фигурите, туку во себе содржи

стратегија за игра. Треба да ги осмислиме нашите потези неколку чекори нанапред, но да ги предвидиме и потезите на конкурентот и заканите неколку потези однапред. Да не се брза, но да не дозволи да падне знаменцето и играта да заврши заради истечено време. Имам впечаток дека црната кралица предвреме стави црвен кармин и ја започна играта пред да бидат наредени другите фигури, и дека така започнатата игра може да трае до бесконечност. Не сум сигурен дека можеби шаховската табла ќе остане истата (ќе се донесе нов Закон за градба). Некои од играчите на шаховската табла уште во текот на играта покажаа дека еднаш се црни фигури – архитекти-инженери а веќе за следиот потез стануваат бели фигури – бизнис заедница. Секундантите, консултанти во играта исто така имаат важна улога бидејќи анализираат слични шаховски партии и го знаат исходот на некои потези уште предвреме, па ќе не советуваат да играме поинаку. Постојат игри со агресивни напади, игри со жртвувани фигури (па дури и тешки фигури може да бидат жртвувани во интрес на победа на шаховската табла), игри на пасивна одбрана, и игра со осмислени “меки“ потези кои ќе дадат резултат во финишот на играта. Движење на фигурите по шаховската табла, само заради движење, без да се почитуваат паралелните потезите на инвеститорите, бизнис заедницата и позициите на крајните купувачи на нашите услуги и без да се вложи напор во квалитетно осмислена и чесна игра која ќе биде препознаена од јавноста можеби ќе резултира со брза ПАТ позиција. Честото, многукратно прозивање на Комората во последните месеци од 2017 и во почетокот на 2018 во врска со недонесениот ценовник, (како да е тоа обврска од вчера, а не од создавање на комората пред десет години), а при тоа истите играчи кои прозиваат да не помрднале на ниедна фигура на таблата во последните десет години (во кои главни шахисти во комората беа архитектите и урбанистите) и повикување на сега и веднаш донесување на експресно решение, „па макар и само на ниво на комората“ е симптоматично и покажува дека „некои шахисти“ станале многу нервозни и нестрпливи, па потезите што ги повлекуваат се недоволно осмислени и површно подготвени. Донесување на ценовник за минималните цени – брзото движење на црната кралицата напред на шаховската табла, може да се квалификува како фаќање за последна сламка за спас-опстанок во шаховската партија, во која сите фигури долго време мируваа. Шаховската игра започна со храбар потег и станува се посложена. Се раздвижија сите фигури на нашата страна од шаховската табла. Се очекува брзо отворање на играта. Ако изиграме мудро и осмислено, можеби сите учесници заедно, кармин на крај ќе ставиме. Проф-д-р Миле ДИМИТРОВСКИ Претседател КОМОРАОАИ 30 март 2018

ПОРТА

7


инфо

МЕЃУНАРОДЕН САЕМ ЗА ПРОЗОРЦИ, ВРАТИ И СТАКЛО – ЕВРОАЗИЈА ВО ИСТАНБУЛ

Стаклото – одржлив и паметен материјал Над 60 илјади посетители имаа можност за комплетно запознавање со најновите производи и технологии за производство на прозорци, врати и стакло Натка ЌОСЕВА, дипл. инж. арх.

О

д 7 до 10 март Истанбул беше домаќин на Меѓународниот саем за прозорци, врати и стакло – Евроазија. На саемот имаше 585 излагачи – компании од 24 земји, кои своите производи ги изложуваа во сите 14 хали на површина од 110 000,00м2. Застапени беа компании од Турција, Европа и Азија. Над 60 илјади посетители имаа можност за комплетно запознавање со најновите производи и технологии за производство на прозорци, врати и стакло. Од нив над 7500 беа од странство. Од Македонија саемот го посетија претставници од 40 компании кои се занимаваат со производство, монтажа и продажба на прозорци, врати и

ПОРТА

стакло. Во деновите на саемот се одржаа многу предавања и презентации од излагачите. Најмногу посетители привлекоа панелите на тема „Стакло за архитекти и дизајнери“ и „Додадена вредност на стаклото“. Овие панели испратија порака дека стаклото има сè поголема примена во градежниот сектор, а новите технологии и производи овозможуваат стаклото како градежен материјал да стане одржлив и паметен материјал. Голем број излагачи имаа изложено прозорци од различни материјали како пластика, дрво и алуминиум, заштита за прозорци, фасадни системи и аксесоари, профили, најнови производни технологии и машини, материјали за заштита од сонце, суровини, изолациони

материјали, различни панели и натстрешници. Имаше и многу нови производи, за прв пат изложени на саемот, нови форми на прозорци, прозорци со големини различни од досегашните и многу нови начини на отворање. Изложени беа и нови фасадни системи за облакодери, со алуминиумски профили многу полесни од досегашните, естетски префинети и со модерен нов дизајн. Беа изложени и врати, надворешни и внатрешни, изработени од дрво, пластика алуминум и стакло, системи за заклучување, системи за безбедност, аксесоари, системи за отворање и затворање и автоматика за отворање и затворање на вратите. Меѓу новините беше прикажана метална врата што може да се контролира (отвора и затвора) со Bluetooth. Третиот дел од саемот беше отстапен на стаклото, производи од стакло, производствени технологии за стакло и машини за технолошкиот процес, помошни производи, хемикалии и други суровини потребни за производство на стакло. Меѓународниот саем за прозорци, врати и стакло е најголем во секторот прозорци, врати и стакло во Евроазија, а втор по големина во светот. Тој се одржа во саемските простории на компанијата TUYAP во делот Кучукчекмеџе во Истанбул. Саемот се организира во месец март секоја година. Компанијата TUYAP се занимава со организирање саеми и конгреси во повеќе градови во Турција, кои се одржуваат преку целата година. Темите на саемите се различнии и се од различни сектори.


ОТВОРЕНО ПИСМО ОД ГРУПА ГРАЃАНИ И САЕМ Е СКОПЈЕ

За Саем. За Скопје кое полека го снемува

Г

рупа граѓани И САЕМ Е СКОПЈЕ достави до нашата редакција отворено писмо упатено до премиерот Зоран Заев, градоначалниците Шилегов и Георгивски, како и до сопственикот на Скопски саем, г-дин Папранику. Во писмото се вели: Ви се обраќаме со отворено писмо по повод уривањето на Скопскиот саем, кое треба да започне за неколку месеци. Од достапни информации во електронските медиуми, дознавме дека на местото на Скопски саем наесен ќе почне да се гради трговски центар и за таа цел ќе бидат урнати и халите на саемот. Ви се обраќаме НИЕ, ГРАЃАНИТЕ на овој град, од сите професии и возрасти, претставници на архитектонската фела, членови на семејствата на проектантите на Саемскиот комплекс, пријатели на Скопје, поддржани од низа организации и компании. Сите обединети во крикот да се сочуваат саемските хали како еден од стожерните бранители на идентитетот на постземјотресно Скопје. Како непобитен дел од историјата на македонската архитектура и македонското стопанство. Ниту една култура, ниту еден сериозен општествен конституент не може да опстојува доколку не го разбере значењето на зборот континуитет. Архитектонската мисла на 20-тиот век ја обележува модерната, која глобално е вреднувана како културна традиција. Во делата на модерната во Скопје се чувствуваат ликовни белези инспирирани од градителската традиција на ова поднебје. Прочистена од декоративност, со совршена функционалност, хумана во својата природа, модерната очигледно живееше во Скопје додека не се посегна по неа со проектот „Скопје 2014“. Со исчезнувањето на Скопскиот саем, ќе исчезне уште една трага на модерното Скопје, кое во чекор ги следеше светските архитектонски текови. Изграден во 1972 година, како дело на четворица врвни домашни архитекти Димитар Димитров, Живко Гeлевски, Благој Мицевски и Славко Ѓуриќ, Скопскиот саем е распослан на 25.000 квадратни метри, од кои 16.000 се затворен простор во шест саемски хали, функционално и архитектонски обликувани и поврзани во оригинална целина, во духот на периодот на којшто припаѓа, модерната. Почетоците на функционирањето на Скопскиот саем се поврзани со многу значаен настан за историјата и културата на Скопје, а тоа е одржувањето на Светската шаховска олимпијада. Подоцна, Скопски саем беше дом на исклучителни фестивали, саемски манифестации:

Саем за мебел, Саем на книгата, Инфоком, Балканска туристичка берза, Саем на градежништво, Модна недела, Вински фестивал... Тука се правеше преглед на развојот на македонската економија, но се следеа и книжевните и културни трендови. Денес на овој објект му е пресудена егзекуција без притоа да се прашаат ГРАЃАНИТЕ и стручната јавност. Ние архитектите, градители по вокација, веќе половина година во затворени кругови дебатираме, емотивно се поддржуваме и се обидуваме да создадеме стратегија како да го заштитиме единствениот Саемски комплекс во земјава, кој ги одбројува последните денови на живот. Како да го спречиме натамошното исчезнување на примерите на расната архитектонска практика на постземјотресно Скопје. Овој објект е дел од тој смел проект на постземјотресно Скопје, во кој домашните творци и архитекти ги прифатија сите современи текови во архитектурата и создадоа вредни обрасци, не само за домашната, туку и за светската архитектонска продукција. Тој е дел од таа значајна архитектонска целина во градот и дел од идентитетската рамка во која делува архитектурата како дел од културата. Ние, децата на проектантите, едноставно не можеме да се помириме со фактот дека културното, историското, професионалното, па и емотивното, како дел од творештвото на нашие татковци, може за секунда да се претвори во прашина и да се заборави. Нашите татковци, Димитар Димитров и Живко Гелевски, можеби тивки, молчаливи, но преполни со оригинални идеи и решенија, тие двајца кои не се двоеја, неразделно заеднички молчеа, заеднички работеа, тивко решаваа во договор и најголемо почитување и другарство, професионално и човечки, кое денес ретко го гледаме околу нас. Бајо - Благоја Мицевски, добивањето на

наградата за животно дело Андреја Дамјанов, го означи со говор во негов стил: „...Големо задоволство ми беше кога еден обичен човек, гледајќи во фотографија од Сајмиштето на ѕидот зад моето биро ме праша: Зошто олку цркви на мала близина? - Да ви кажам нешто, тие павилјони се места за медитација. Тука истражував со формата на кровот, со начинот на продирање на светлината за да се приближам кон таа цел. И уште се приближувам.“ Зошто токму овој објект, со толкаво значење и вткаени траги од знаењето и создавањето на НАШИТЕ претходници, да се урне за да се изгради уште еден трговски центар и деловностанбени згради во Скопје? Ќе го нема она Скопје кое нам лично ни значи нешто. Повеќето објекти кои ни значат, повеќето простори кои, какви и да биле, сме ги сакале и сакаме да ги паметиме. Тие се дел од колективната меморија. Убавото време ни ја зголемува неизвесноста околу иднината на просторот на Скопскиот саем. Затоа дозволете ни, НИЕ ГРАЃАНИТЕ да бидеме вклучени во донесувањето на вашата конечна одлука. Просторот на Саемот е ваш. Објектите се ваши. Но дозволете ни нашите сеќавања да останат поврзани со таа форма. Не го рушете. Задржете ја уникатната флуктуирачка и повеќенаменска моќ на просторот. Начинот на кој се планира Саемот да исчезне од градот ѝ штети на иднината и на државата, на неговиот специфичен архитектонски идентитет, идентитет кој исчезнува. Затоа вам ви се обраќаме. Да ги прифатите нашите причини. Да бидат и ваши причини. За хармонија на градот со нас граѓаните, на градот и содржината на објектите во него, бидејќи судбината на човекот се едначи со судбината на градот. „Животот е краток, Скопје е вечно“ - Гане Тодоровски 30 март 2018

ПОРТА

9


градежништво

Рај за технологијата на 3D печатењето До 2030 година, 25 % од новите згради ќе бидат „отпечатени“ со користење на модерните технологии, во обид да се намалат трошоците и времето за изградба

Даниела МЛАДЕНОВСКА

Н

ајголемиот град во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Дубаи, во наредните два месеца ќе биде подготвен да ги претстави првите вили кои ќе бидат отпечатени сo 3D печатач. Целокупната неопходна опрема и алат, веќе се наоѓаат во Дубаи. Една од поновите компании во Дубаи, уште во февруари минатата година најави дека ќе го изгради првиот облакодер на светот кој ќе биде направен со помош на 3D печатач. Дубаи е град на иднината. До 2030 година, 25 % од новите згради ќе бидат „отпечатени“ со користење на модерните технологии, во обид да се намалат трошоците и времето за изградба. Изградбата на вилите е всушност само еден сегмент од „Стратегијата за 3D печатење на Дубаи“ која е усвоена од страна на властите на ОАЕ и Дубаи, и претставува единствена иницијатива во светски рамки која има за цел користење на оваа технологија во служба на потребите на човештвото, но и промовирање на ОАЕ и Дубаи како водечки центар на 3D печатењето до 2030 година. Стратегијата планира усвојување и

10

ПОРТА

30 март 2018

ДУБАИ


имплементирање на оваа технологија не само во градежништвото, туку и во медицината. Технологијата ќе овозможи реструктуирање на економијата и пазарот на трудот, особено во градежниот сектор и ќе ја редефинира продуктивноста. Врз основа на градските прописи на Дубаи, во 2025 година, секоја нова зграда во Дубаи треба да биде изведена во најмалку една четвртина со новата 3D технологија, а овие активности е планирано да започнат од 2019 година, со скромни 2 % и со постепено приближување кон зацртаната цел. Од друга страна пак, здравствените власти на Дубаи се посветени на креирање на регулативата и стандардите за користење на технологијата во овој сектор, преку изработка и користење на 3D печатени протези за ектремитети, 3D печатени заби и други медицински помагала. Според тоа, постојат три клучни сектори и пет столбови по однос на оваа Стратегија. Клучните сектори се:

• градежништво • медицински производи • добра за широка потрошувачка Петте главни столбови на Стратегијата се:

• инфраструктура • легислатива • финансирање • талент и иновативност • барањата на пазарот

30 март 2018

ПОРТА

11


НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

На повидок спас од пеколот

С

Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх ликата од сообраќајниот колапс пред Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе ја гледаме уште долго. Таа ќе стане уште пострашна со пуштањето на проблематичниот регионален пат од Сончев Град и Општина Сопиште преку зелените падини на Водно, од каде како цунами ќе се слеваат нови илјадници возила кон улицата „Мајка Тереза“ (Водњанска) и центарот на Скопје. Веројатно нема фамилија од Скопје, па и Македонија, која не доживеала шокови при доаѓањето за медицински услуги и посета во болниците на Клинички центар, минувајки низ сообраќајниот хаос на влезот, битпазарскиот амбиент по сокаците, калкутската нехигиена, турканиците по ходниците, чекалните и здравствените единици. За загадениот воздух / на врвот во светски размери / па и за медицинските услуги кои многу често се под можните европски критериуми, нема потреба од коментар. Во светски рамки, непишано / некаде и пишано / правило е по педесетина години користење, медицинските центри од овој карактер да се затвораат и целиот тој простор да се ДЕКОНТАМИНИРА и пренаменува. После седумдесетина години нашиот Клинички хорор центар е вистински срам за држава што претендира да биде дел од Европа и европскиот здравствен систем. Кога на сè ова ќе се додадат проблемите со изведба на нов КЦ во кругот на постојниот, со неизбежна голема интервенција на седумте постојни болници и инфраструктурата, особено подземната, која е пред распад, единствен

12

ПОРТА

30 март 2018

е заклучокот. НЕ Е МОЖНА изведба на нормален нов КЦ на постојната локација. Изведбата би била скоро невозможна мисија. Стотиците градежни машини, миксери, кранови, ужасот од прашината и буката при изведбата би довело до многу нови предвреме изгубени животи , нови НЕУСЛОВИ за пациентите и пеколна атмосфера на целата околина на Клинички во тек на наредните 5, 6... години изведба. И повторно сообраќајното решение и проблемот со паркиралишта останува постојана рак-рана, бескраен нерешлив јазол. Ова е за прв пат после многу години стручната фела (архитектонскоурбанистичка, сообраќајна, медицинска, па и од други области) да ги наметне СТРУЧНИТЕ ДОМИНАНТНИ аргументи од потребата за бегство од постојниот КЦ, пред политикантските, но и други интереси. И сигурни сме дека овој пат сиромавиот ќе плати само еднаш за да го добие вистинското за овој милениум. И конечно и не така неважно, ова треба да биде гринфилд инвестиција и можност нашето градежништво заедно со светското (проектантско, технолошко и медицинско), да биде во игра да го подигне своето запоставено ниво на технолошки развој. Ова е огромна шанса на оваа генерација политичари, проектанти, градежници, медицинари, машински инженери и сите други од технички, но и од хумани науки, да направат нешто трајно за сегашниве, но и идни генерации. Ова е шанса Скопје да стане и регионален медицински центар што е еден од најголемите бизнис-предизвици за државата. На наредните страници Порта 3 ви ги претставува ставовите на стручната фела која учествуваше во разработка на досегашните, се надеваме и идни решенија за новиот КЦ.


Локациски фајронт на еден клинички центар м-р Ненад ТОНИЌ, (Специјално за Порта 3 од Сиднеј, Австралија)

Л

егендарната мисла на Леонардо да Винчи за луѓето кои понесени од повисока цел забораваат да погледнат зад себе на парадоксален начин се пресликува на реконструктивно-развојната сторија на скопскиот Универзитетски клинички центар. Девалвирана во праксата онолку колку што и воздигнувана во теоријата оваа иституција прерасна во тажен репринт на системското „разбирање“ и „грижа“ за покровните медицински установи. Макар колку и да била заводлива, идејата за концентрирање на поголемиот дел од клиничкото наследство на истото место неповратно е нагризена од струковните црви на сомнежот. Дел од репрезентите на исполитизираните и кастрирани струковни

еснафи се спротивставија на опсервацијата на ова прашање низ тесни прорези, упорно инсистирајќи на она што со дилемата не смееше да дојде во допир: длабинско преиспитување на оперативиот капацитет и можности како темел за издржана локациска одлука. Искрениот осој на сообраќајното инженерство во наметнатата стапица не можеше да падне. Како ударно влијание врз појавата на секој посетител начинот на кој овој здравствен комплекс сообраќајно е организиран и опслужуван апострофира неопходност за раслојување на децениските проблеми и потешкотии до ниво до кое и самите ќе возвратат со употребливи насоки. Предолгото експлоатирање на базичната сообраќајна матрица, нејзината аутистична надградба игнорантски настроена кон рамковните урбано-сообраќајни, медицински случувања и трендови и потполната немарност во зајакнувањето на непосредната инфраструктурна поддршка ги дезавуираа потенцијалните локациски предности.

Отсуството на намера за сообраќајна анализа, како иницијален лакмус за оправданоста на одреден вид и обем на просторен развој, објективната техничка јавност само ја зацврсти во ужасот од уште една обемна и неоправдана инвестиција. Гласот подигнат против комбинацијата од нова идеја и стара локација е крик против егзактното нумеролошко отсуство незамисливо дури и за изградбата на минорни просторни форми кои од националниот интерес ги делат светлосни години. (Системот во кој Вашиот автор одлучи да ја продолжи својата кариера негува изготвување на детална, суштински фокусирана сообраќајна анализа за сите градби над оние наменети за индивидуално домување, како составен дел од документацијата за добивање на одобрение за градба). Во такви услови принципиелното произнесување против поседува далеку поголема етичка специфична маса, особено во систем во кој омилената загатка „каде тоа го пишува“, однегувана како лакрдијашка тупаница контра здравиот разум, нема милост ниту за највисоките здравствени храмови. Кафезот на нашиот планерски резон, а со самото тоа и на планерско-градежната пракса, има пирамидална форма во која леерите на донесување одлуки (оној при врвот) и најголемата стручност и демократичност (оној при дното) ги „спојува“ дијаметралност и потполно пореметена комуникација. Да не е така не би протекле толку години и толку истурени зборови пред недвосмислениот заклучок дека локацискиот кредитен рејтинг на таква една установа каква што е Универзитетскиот клинички центар не се презервира со нејзино упорно децениско гетоизирање. Non si volto chi a stella è fisso изреката на големиот ренесансен мајстор можеби звучи патетично за дадениот контекст, но пак за неговата суштинска важност, за дадената локациска шанса и особено за системот кој сето тоа треба на вистински начин да го артикулира не повторувајќи ги добро познатите грешки треба да има сила на прометејска опомена. 30 март 2018

ПОРТА

13


НОВ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Скопје ќе добие „Медицински град“ Реализацијата на новиот УКЦ- ќе создаде еден нов „Јавен центар“ од петти степен во град Скопје, а со државно значење. Тој би претставувал „град во градот“ кој ќе ги вклучи околните простори и населби, преку создавање на нови градски ткива со пропратни содржини и намени (домување, деловно-комерцијални намени, зелени и рекреативни зони) и ќе предизвика интерес кај сите чинители кои ќе сакаат да партиципираат во неговото создавање и живеење.

П

Иван АРСОВСКИ, д.и.а. /Планер урбанист/ ред да започнам со историјатот на планирање на локацијата за НУКЦ - Скопје, најнапред би сакал да направам еден вовед генеза на настани и факти коишто имале влијание врз планирањето на овој комплекс. Стартот за започнување со реализација на идејата за нов Универзитетски клинички центар – Скопје е во 2010 година, со потпишаната проект-иницијатива од страна на Министерството за здравство, а со тоа и донесување на Одлука од страна на Владата на Република Македонија за дислокација на постојниот УКЦ, на локација предвидена со стратешкиот план (ГУП на Град Скопје 20012020 година). Заради сериозноста на темата од стручен аспект, во активностите за нејзина реализација беа вклучени експерти и стручни лица од повеќе домашни и странски институции со цел координираност на процесот, како и размена на знаења и искуства од повеќе области. Од голема помош во процесот на подготвителни работи имаше и изработената Физибилити студија за дислокација на постојниот УКЦ – Скопје (Општина Центар), која беше помогната од Европската инвестициска банка, како и посетата на работната група на планери урбанисти на Папскиот универзитетски клинички центар во Рим – „Policlinico Agostino Gemalli“. Сите овие подготовки придонесоа за изработката на планската програма за започнување со изработка на план од пониско ниво ДУП за нов УКЦ Скопје (2010 година) во Општина Карпош. Но, од непознати и неразбирливи причини истата 14

ПОРТА

30 март 2018

е прекината (2011 година), а понатаму во 2014 година е предложено решение во кругот на постојниот УКЦ - Скопје, коешто не кореспондира со светските стандарди за планирање на вакви здравствени комплекси, но најнапред со потребите на граѓаните на Рeпублика Македонија. Решението и содржините предложени на постојната локација на УКЦ „Мајка Тереза“ во Општина Центар, дополнително го проблематизираа сообраќајното функционирање на некротичното градско ткиво, имплицирајќи понатамошни проблеми не само кај него, туку и надвор од неговите физички граници, односно во соседните населби, како и содржините во нив (сообраќајна и комунална инфраструктура, домувањето, комерцијалните и деловни намени, дипломатските претставништва и резиденции, градбите од државно и сигурносно значење – претседателска и премиерска вила итн.). Среќна околност е враќањето на „вистинскиот пат“ преку влијанието на стручната фела (архитекти, лекари, граѓани), а со тоа и донесувањето на одлуката од страна на Владата на Република Македонија, во месец март оваа година, за дислокација на постојниот УКЦ „Мајка Тереза“ на нова локација во Општина Карпош (Злокуќани) и напуштање на проблематичното решение за доградба и надградба на постојниот УКЦ „Мајка Тереза“. Ваквата генеза на настани, за жал имаа влијание од негативен аспект, односно здравје, време и пари, но од урбанистичка гледна точка предизвикаа дегенеративно менување на концептот за развојот на градот и урбанизацијата на просторот, а со тоа и поткопување на стратегиите за развој во ГУП на Град Скопје 2012-2022 година (пример: Олимписко Село – Водно).

Одговорот на прашањето, зошто последната одлука на Владата на Република Македонија (март 2018 година) е на „вистинскиот пат“, е бидејќи произлегува од основната идеја за нов здравствен систем – комплекс, која е анализирана и развиена од неколку генерации претходно (архитекти и планери) кои се занимавале со оваа тема, гледајќи визионерски за развојот на градот, во интерес на граѓаните и потребите на општеството. Од нивна страна, одредувањето на нова локација за УКЦ - Скопје (во Општина Карпош, Бардовци-Злокуќани), за прв пат е направено со донесувањето на ГУП на Град Скопје во 2001 година, а понатаму и потврдена со ГУП на Град Скопје во 2012 година. Со овие стратешки документи од областа на урбанистичкото планирање се дефинирани првите проекции за новиот здравствен систем во Република Македонија, позициониран во границите на планскиот опфат на град Скопје. Поврзаноста и брзиот пристап до локацијата од населбите во рамки на град Скопје, но и сите други населени места во РМ е основниот предуслов за планирање на нов центар од овој тип. Притоа во анализата за избор на локацијата со тие стратешки плански документации, најнапред е размислувано макролокациски и микролокациски од аспект на можната пристапност до локацијата од сообраќаен аспект (пат, железница), воздух, неизграденоста на локацијата, географската поставеност со доминантен правец на движење на ветерот – аерација, изградената околна структура, инфраструктурниот потенцијал, како и вредноста на локацијата од економски, еколошки и културолошки аспект. Конкретно зацртаната локација во


стратешките плански документи се наоѓа заедно со Психијатриската клиника Бардовци на север од село Злокуќани, на територијата на Општина Карпош во Скопје и е со површина од околу 94 ха. Погодностите кои произлегуваат од изборот на локацијата од стратешките плански документи се: • Географска поставеност (макролокациски) на ниво на Република Македонија и регионот, • Релјефната конфигурација, • Струењето и циркулацијата на воздушните маси (доминантен правец и јачина), • Близината на централното градско подрачје на град Скопје и неговата структура и инфраструктура, • Сообраќајната (патна и железничка) поврзаност и проточност: - Северна обиколница – автопат, - Градска магистрална улица „Словенечка“ и Собирна улица „Љубљанска“, - Железничката пруга Скопје – Кичево, која е поврзана со локалната линија „Скопски јазел“ и со Транспортниот центар – Скопје, а со тоа и со целокупната железничка мрежа во

• • • • • • • • •

Република Македонија: Кочани - Скопје, Битола - Скопје, Гевгелија - Скопје и Кичево - Скопје, како и Приштина Скопје (од Република Косово) и Ниш Скопје (Република Србија), Можност за брз пристап до новиот Универзитетски клинички центар за специјалните возила, јавниот градски превоз и приватните корисници, Можност за планирање на брза железница, Можност за поврзување на новиот Универзитетски клинички центар по воздушен пат (хелидром), Зголемување на стандардите и нормативите во планирање на стационарниот сообраќај (паркирањето), Можност за поврзување на инфраструктурните водови за снабдување со електроенергија, телекомуникации и гас, Можност за поврзување на системот за водоснабдување, Можност за изнесување на отпадните води од локалитетот, Добри микроклиматски услови и чиста еколошка средина, Погодност од економски аспект и

реализација како GREENFIELD инвестиција, • Чиста, брза и сукцесивна (фазна) дислокација на постојниот Универзитетски клинички центар според зацртана динамика на дислокација, со што ќе се овозможи непречено функционирање на постојниот сè до комплетното оформување на новиот Универзитетски клинички центар. Понатаму, избраната локација е разработувана и со планска документација од пониско ниво со што детално (микролокациски) е разработуван урбанистичкиот концепт. Тие плански документации се изработени во 2010 година со изработката на ДУП за нов УКЦ-Скопје и во 2013 година со изработка на Урбанистички план за четврт ССЗ 01, каде што при планирањето се формирани урбани блокови во кои би биле стационирани сите медицински, научно-едукативни и пропратни содржини кои би го оформиле овој комплекс во целина. Помош во деталното планирање за новата локација за УКЦ – Скопје даде и изработената Физибилити студија за дислокација на постојниот УКЦ – Скопје во 30 март 2018

ПОРТА

15


ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА „НОВ УНИВЕРЗИТЕТСКИКЛИНИЧКИ ЦЕНТАР - СКОПЈЕ

ПЕШАЧКИ НАДВОЗНИК

НИЦА

ЖЕЛЕЗ

ПЕШАЧКИ НАДВОЗНИК

ГЛАВЕН КАНАЛ ПРЕЧИСТИТЕЛНА

ЕНЕРГЕТСКИ БЛОК

УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР СО МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ И И НСТИТУЦИИ

ПРЕЧИСТИТЕЛНА

СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА

КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЗА НЕРВНИ И ДУШЕВНИ БОЛНИ

2010 година, помогната од Европската инвестициска банка, давајќи ги стандардите и потребните капацитети кои треба да бидат испланирани и преточени во планска програма за детално планирање. Притоа преку студијата и планската програма за детално планирање се утврдени програмските содржини со своја капацитативност, а со тоа и потребните површини кои се потребни за планирање на комплексот. Пред крај би сакал да дадам едно гледиште од аспект на идниот развој на локацијата за УКЦ-Скопје и околните простори кои тангираат до неа, но и развојот на локацијата каде што е стациониран постојниот УКЦ „Мајка Тереза“. При реализацијата на новиот УКЦ - Скопје ќе започне еден инвестициски циклус којшто ќе има влијание на сите сфери од општествено-економското дејствување. Притоа ќе произлезе создавање на еден нов „јавен центар“ од петти степен во град Скопје, а со државно значење. Тој би 16

ПОРТА

30 март 2018

претставувал „град во градот“ или „медицински град“ кој ќе ги вклучи околните простори и населби, преку создавање на нови градски ткива со пропратни содржини и намени (домување, деловно-комерцијални намени, зелени и рекреативни зони) и ќе предизвика интерес кај сите чинители кои ќе сакаат да партиципираат во неговото создавање и живеење. Дислокацијата на постојниот УКЦ „Мајка Тереза“ најнапред ќе предизвика позитивни ефекти од аспект на намалување на бројот на возила и интензитетот на сообраќајот долж примарната градска мрежа булевар „Теодосиј Гологанов“ и улица „Мајка Тереза“. Понатаму, постојната „стара“ локација и градбите кои егзистираат на тој простор ќе добијат соодветна пренамена (деловни намени, намени од областа на културата и сл.), а во согласност со ГУП на Град Скопје 2012-2022 година. Ќе се придонесе и кон подобрување на животната средина преку деконтаминација на земјиштето и создавање

СУДСКА МЕДИЦИНА

на можност за нови зелени и рекреативни содржини со што ќе бидат вклучени и потребите на околните населби. Истовремено, промената на содржини на двете локации ќе придонесе до создавање на нови урбани средини со нов квалитет и вредносно значење. За крај би потенцирал дека урбанистичкото планирање е мултидисциплинарна професија, со учеството на експерти и стручни лица од различни професии (архитекти, сообраќајни инженери, градежни инженери, електроинженери, машински инженери, шумарски инженери, географи, археолози, инженери за заштита на животна средина, економисти итн.) кои при изработката на овие стратешки документи (ГУП-ови), како и планови од пониско ниво (ДУП и УПЧ), придонесоа за оформување на една сеопфатна анализа од која произлезе современ плански концепт за планирање на нов УКЦ - Скопје, а со тоа дадоа придонес и за создавање на нови центри на Град Скопје.

З


АЦИЈА

ПРЕЛИМИНАРНИ СОДРЖИНИ НА НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР - СКОПЈЕ РЕКАПИТУЛАЦИЈА НА ВКУПНИ ПРОГРАМСКИ ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ВО ПЛАНСКИОТ ОПФАТ ЗА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН (ДУП) НА НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР I.

ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА НОВ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР (НУКЦ) СО МЕДИЦИНСКИ ФАКУЛТЕТ И УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

НЕТО 102 050м2

БРУТО 166 317м2

II.

ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР(СКЦ) СО СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

НЕТО 10 275м2

БРУТО 13 700м2

ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА ИНСТИТУТ ЗА СУДСКА МЕДИЦИНА И КРИМИНАЛИСТИКА (ИСМК)

НЕТО

7 389м2

БРУТО 10 113м2

ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ЗА ДУШЕВНИ БОЛЕСТИ (КЦНДБ)

НЕТО 42 663м2

БРУТО 56 883м2

ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА ГРУПНО ДОМУВАЊЕ ЗА СТУДЕНТИ И СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ

НЕТО 16 146м2

БРУТО 21 528м2

ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА ВРЕМЕНО ДОМУВАЊЕ –ХОТЕЛ ВО ФУНКЦИЈА НА НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР (НУКЦ) СО ПРИДРУЖНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ СОДРЖИНИ И КАТНА ГАРАЖА

НЕТО 14 415м2

БРУТО 19 220м2

VII. ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА МАЛИ КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ НАМЕНИ СО КАТНА ГАРАЖА

НЕТО

6 288м2

БРУТО

8 384м2

VIII. ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА СПОРТ И РЕКРЕАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ

НЕТО

7 425м2

БРУТО

9 900м2

ПОТРЕБНА ПОВРШИНА ЗА СООБРАЌАЕН ТЕРМИНАЛ

НЕТО

4 840м2

БРУТО

6 454м2

X.

ПОТРЕБНА ПОВРШИНА ЗА ХЕЛИДРОМ

НЕТО

2 910м

2

БРУТО

3 880м2

XI.

ПОТРЕБНА ПОВРШИНА ЗА ЕНЕРГЕТСКИ БЛОК

НЕТО

4 412м2

БРУТО

5 883м2

III. ВРЕМЕНО ДОМУВАЊЕ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ СО ПРИДРУЖНИ КОМЕРЦИЈАЛНИ СОДРЖИНИ

IV. V. VI.

СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР СО СТОМАТОЛОШКИ ФАКУЛТЕТ

ГРУПНО ДОМУВАЊЕ ЗА СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ И СТУДЕНТИ

IX.

АРХЕОЛОШКИ ПАРК ЗАШТИТНА ЗОНА НА СКУПИ

XII. ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА ОТВОРЕНИ ПАРКИРАЛИШТА

НЕТО 20 660м

БРУТО 20 660м2

XIII. ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА ЗЕЛЕНИЛО И РЕКРЕАЦИЈА - ПАРКОВИ И СКВЕРОВИ

НЕТО 471 005м2

БРУТО 471 005м2

XIV. ПОТРЕБНИ ПОВРШИНИ ЗА СООБРАЌАЈНИЦИ ВО ПЛАНСКИОТ ОПФАТ

НЕТО 135 860м2

БРУТО 135 860м2

НЕТО 846 338м

БРУТО 949 787м2

ВКУПНО:

2

2

д-р Маја МОЈСОВА-МИЈОВСКА (раководител на КАРИЛ) Клиничкиот центар како најголем и најзначаен медицински центар во државава, кој всушност го покрива лекувањето на целото население во Македонија дневно се соочува со огромен број проблеми. Покрај недостаток на просторни капацитети и персонал, дневното работење на клиниките се судира со еден огромен проблем, а тоа e пристапот до комплексот и внатрешната комуникација, како пешачка така и сообраќајна. Многу е зборувано за развојот на медицината на светско ниво и високите стандарди на болничките комплекси, но ништо не е направено. Во нашиот болнички комплекс секојдневно се судираме со најосновни, најелементарни проблеми кои го нарушуваат функционирањето на клиниките и се дополнителна опасност за здравјето на веќе болните. Нашиот Клинички центар едноставно е недостапен. Недостапен е за персоналот, недостапен е за пациентите,

недостапен е за посетителите, недостапен е за амбулантни возила кои секаде во светот имаат предност. Брз и адекватен транспорт до влезот на клиниката, а и во самиот центар е невозможен. Тоа е недозволиво во комплекс каде секоја минута е драгоцена и може да биде пресудна за животот на пациентот. Внатрешната комуникација помеѓу клиниките

е невозможна. Транспортот на пациенти од една до друга клиника се одвива многу тешко во еден сообраќаен и пешачки метеж, каде неретко се транспортираат болни, тукушто оперерина со колички, надвор на отворено од една до друга клиника. Сè ова е производ на децениското запоставување на центарот и неминовна е негова дислокација. 30 март 2018

ПОРТА

17


НАЦРТ НА ДУП ЗА НОВИОТ УНИВЕРЗИТЕТСКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР

Недвосмислена потврда на локацијата утврдена со ГУП на Скопје од 2002 година За содржините на просторот може опширно да се зборува, но собрано во една реченица тој нуди можност за изградба на најсовремен универзитетски клинички центар со содржини за врвна здравствена дејност и нејзин развој. Сето ова плански поставено во композиција којашто ќе изгради амбиент со естетски вредности, со исклучително внимание за квалитетот на животната средина, просторниот амбиент и особено заштитата на културното наследство

В

Мирко АНДОВСКИ-ВАЛАИЧАРСКИ, архитект и урбанист* о својот зрел период на творење Агенцијата за планирање на просторот, во 2010 година, доби предизвикувачка и инспиративна задача - да се изработи Детален урбанистички план (ДУП) за нов Универзитетски клинички центар (НУКЦ), на простор утврден со Генералниот урбанистички план (ГУП) на Скопје донесен во 2002 година, а со плански период од

ПОРТА

20 години. Нарачател беше Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски и Министерството за здравство. Предизвикувачка задача – затоа што со ДУП, врз основа на методологијата за планирање на просторот, одново длабоко се анализира (афирмира или негира) изборот на локалитетот за НУКЦ (утврден со ГУП на Скопје), а инспиративна задача – затоа што локалитетот има експонирани, крајно специфични карактеристики со бројни лимити кои директно влијаат на планскиот концепт. Секако најспецифичен е лимитот којшто го наложува

просторот на Скупи, со неговите заштитни зони, но не помалку се близината на железничката пруга и трасата на булеварот „Словенија“, како и реката Лепенец со каналите за наводнување на земјоделските површини. Локалитетот го сече главната водоводна инфраструктура што го напојува Скопје - север, уште еден елемент повеќе којшто го обременува просторот. Локацијата се наоѓа меѓу селото Бардовци од север, поточно железничката пруга Скопје Кичево и новата траса на булевар „Словенија“, болницата за душевни болести од запад и југозапад, патот за село Бардовци од исток и


населбата Злокуќани од југ, југоисток. Направени се повеќе варијанти за утврдување на планскиот концепт, темелени на сообраќајната анализа и програмските барања, за конечно да се добие урбанистичка матрица којашто ја потврдува исправноста за изборот на локацијата, односно предложениот простор од ГУП на Скопје, во функционална, еколошка, сообраќајна и развојна смисла, со голема капацитативност на просторот. Значи нацртот на ДУП за НУКЦ ја афирмира, недвосмислено ја потврдува локацијата утврдена со ГУП на Скопје донесен во 2002 година . Оваа констатација е потврдена и со студијата изработена од страна на странски експерти, а којашто беше нарачана од Владата на Република Македонија. Одредени елементи од студијата беа користени во изработка на ДУП за НУКЦ. Во оваа студија постоеше и алтернативна локација, северозападниот дел од касарната „Илинден“. Исто така во оваа студија беше јасно претставено дека не треба да се даде ни денар за реконструкција или обнова на некој од градбите во сегашниот Универзитетски клинички центар, туку сите одвоени сретства да се насочат кон новата локација, уште повеќе што таа има карактер на greenfield. Студијата препорачуваше јавно-приватно партнерство во финансирање на изградбата на центарот. Сето ова плански поставено во композиција којашто ќе изгради амбиент со естетски вредности, со исклучително внимание за квалитетот на животната средина, просторниот амбиент и особено заштитата на културното

наследство (допир со границата на заштитеното подрачје на археолошките остатоци од Скупи). Изборот на оваа локација го прави НУКЦ конкурентен и надвор од државата со просторен капацитет за давање врвни услуги, а со тоа и самофинансирање како дел од неговата одржливост. Изборот и квалитетот на оваа локација за потребите на новиот Универзитетски клинички центар се потврдени и дообработени во новиот Генерален урбанистички план на Скопје 2012 2022 година како и во Урбанистичкиот план за четврт ССЗ 01. Значи Советот на Град Скопје, оној во 2002 и оној во 2012 година, без забелешки (мој впечаток со благонаклоност) го донесе ГУП на Скопје, а со тоа и ја утврдија локацијата за НУКЦ. Не знам од кои причини советниците на Општина Карпош сè уште не го донеле ДУП за НУКЦ, а можноста да го донесат е отворена. Со донесувањето на ДУП за НУКЦ ќе се отворат законските порти да може да се реализира ваков исклучително потребен здравствен комплекс, не само од аспект на врвната професионална здравствена фела, туку уште повеќе од аспект на граѓаните, како потенцијални пациенти. Не требаше да се има дилема - каде да се гради комплексот на новиот Универзитетски клинички центар. Изборот на локацијата неколку месеци ја брануваше јавноста и професионалната фела. Сметам дека бранување немаше да има доколку оние што се надлежни да одлучуваат (извршната власт) се придржуваа одлуките да ги носат почитувајќи ги и

Грешките во урбанизмот не се поправаат Корисно би било проектирањето на новиот Универзитетски клинички центар на новата локација да се одвива во корелација со урбанистите од Агенцијата за планирање на просторот, изработувачи на нацртот на ДУП за НУКЦ, за да не се направат грешки, бидејќи грешките во урбанизмот, генерално, не можат да се поправат. спроведувајќи ги законите и подзаконските акти коишто ги носат оние од законодавната власт, во овој случај советниците на Градот Скопје, бидејќи урбанистичките планови претставуваат подзаконски акти. Со новиот ГУП на Скопје со важност од 2012 до 2022 година локацијата за сегашниот Универзитетски клинички центар е пренаменета за градби од комерцијален карактер или алтернативна намена за јавни установи (може и здравствени установи, но не за нов Универзитетски клинички центар, бидејќи со истиот план е утврдена негова нова локација). *(Авторот е поранешен раководител на Одделението за урбанизам во Агенцијата за планирање на просторот (1998-2015 и раководител на ДУП за новиот Универзитетски клинички центар, како и раководител на работниот тим за изработка на новиот ГУП на Скопје 2012-2022 година)

ПОРТА


архитектура

БАЛКРИШНА ДОШИ ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА 2018 ГОДИНА

Животот прославува кога ќе се спојат начинот на живеење и архитектурата

Домување со ниски трошоци, Aranya

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон)

Н

а почетокот на месецов претседавачот на Хајат Фондацијата Том Прицкер , го прогласи овогодишниот добитник на Прицкеровата награда за архитектура Балкришна Витхалдас Доши Професорот Доши е 45-тиот по ред добитник на

20

ПОРТА

30 март 2018

највисоката светска награда за архитектура, а која по прв пат е доделена на архитект од Индија. Професорот Доши е роден во Пуне, Индија во 1927 година. Поширокото Хинду семејство во кое растел веќе две генерации било вклучено во индустријата за производство на мебел коешто веројатно придонело тој од најраната возраст да покажува интерес за уметност и разбирање за пропорција. Тој, дополнително поткрепен со вовед во архитектурата за време на своето основно и средно образование во 1947 година се

запишал на најстарата и една од најеминентните индиски образовни институции во доменот на архитектурата Сер Џ. Џ. школата за архитектура во тогашен Бомбај, а денес Мумбаи. Патеката на неговиот професионален развој од Мумбаи првин го довела во Лондон во желбата да стане член на Кралскиот институт на британските архитекти за потоа да замине во Париз за да се придружи на проектантското биро на Ле Корбизје и таму работи без оглед на тоа што не го владеел францускиот јазик кога дошол


Љ

Домување со ниски трошоци, Aranya

во Франција. Професорот Дoши, одговорил на обврската и можноста да придонесе кон обновата на својата татковина која се стекнала со независност во 1947 година кога тој ги почнал своите студии во Мумбаи. По враќањето во Индија во 1954 година тој ја преземал обврската да ја надгледува реализацијата на проектите на Ле Корбизие во Чандигар и Ахмедабад . Од овој период особено се истакнува објектот на Асоцијацијата на сопственици на мелници во Ахмедабад од 1954 година. Соработката со врвните архитектите од почетокот на втората деценија на минатиот век продолжила со Луис Кан во 1962 година преку изградбата на Индискиот институт за менаџмент во Ахмедабад, соработка која продолжила цела деценија. Објектот на Институтот инспириран од

традиционалните лавиринти на индиските градови и храмови се развивал во фази коишто биле завршени во периодот помеѓу 1977 и 1992 година. При ова комплексот бил организиран како низа на меѓусебно поврзани објекти, дворови и галерии коишто создаваат различни простори заштитени од жешката клима, додека пропорциите на ѕидовите од тула и големите коридори надополнети со зеленило им даваат чувство на посетителите дека тие истовремено се и внатре и надвор од објектот. Преку овој пристап се смета дека професорот Доши ги повикува посетителите да го доживеат своето опкружување кое се трансформира како тие минуваат низ објектот и просторите. Во меѓувреме, 1956 година го одбележала основањето на сопственото проектантско биро

Вастушилпа кое од скромните почетоци со два архитекти коишто професорот Доши ги вработил при основањето на бирото со време прераснало во Вастушилпа консултантс кое денес има пет партнери и 60 вработени. Во изминатиот период бирото реализирало над 100 проекти, коишто вклучуваат јавни објекти, повеќенаменски комплекси, јавни простори, галерии и индивидуални станбени објекти. Еден од најличните проекти за професорот Доши е проектот за неговото архитектонско студио Сангат во Ахмадабад од 1980 година за кое вели: „Сангат ги спојува перцепциите и асоцијациите на индискиот начин на живеење. Кампусот го интегрира, но и се судира со спомените на посетените места, со што едновремено и повикува и се поврзува со 30 март 2018

ПОРТА

21


Неговото архитектонско студио Сангат (Sanghat), Ахмадабад

заборавените епизоди. Сангат е континуирано училиште каде лицето се учи, обучува и преобучува. Тоа станало прибежиште на култура, уметност и одржливост каде се нагласени истражувањето, институционалните можности и максималната одржливост“. Се смета дека во рамките на своето студио професорот Доши ја нагласил неговата определба за потребата од соработка и општествена одговорност преку

вклучувањето на заеднички простори како градина и амфитеатар на отворено. И тука тој одговорил на жешката клима во која се наоѓа објектот преку цилиндрични кровови, примената на мозаик од порцелански керамички плочки, озеленети површини и вкопани простори за да се намалат влијанијата на исклучителната топлина. Професорот Доши во 1978 година ја основал Вастушилпа фондацијата за студии и

истражувања во проектирањето на животната средина со мисија да се развијат локални стандарди за планирање и проектирање на изградената средина, а коишто ќе бидат соодветни за индиската социо-културна и животна средина. Оваа фондација и денес претставува значајна врска помеѓу академијата и праксата во земјата. Во периодот од 1966 до 2012 година, професорот Доши бил основачот, поранешен директор и поранешен претседавач на Школата за архитектура и планирање (од 2002 година преименувана во ЦЕПТ универзитет) во Ахмедабад каде сè уште е декан емеритус. Објектот на центарот развиен во фази во периодот помеѓу 1996 и 2012 година е едно од неговите значајни реализации карактеризиран со скулптуралните скали коишто се стеснуваат, и ефективно намалуваат во висина, како се оди по нив и го даваат чувството на движење од еден јавен и монументален во друг приватен и поинтимен и скромен простор. Исклучително е тешко и несоодветно во неколку пасуси да се сублимира творечкиот опус

Универзитет, Центар за животна средина и просторно планирање (CEPT), Ахмедабад

ПОРТА


Куќа во Камала

Спомен сала на поетот Тагоре (Tagore Memorial Hall), Ахмедабад

PremabhaiHall, Ахмедабад

на архитект, урбанист и едукатор којшто активно делува во период од над 60 години и којшто несомнено влијаел врз развојот на архитектонската мисла како во неговата татковина, така и на меѓународно ниво. Она коешто особено се истакнува во творештвото на професорот Доши е дека тој успеал влијанијата на врвните архитекти на минатиот век како што биле Ле Корбизиер и Луис Кан да ги интерпретира и трансформира во изградени објекти коишто не само што ја почитуваат источната култура, туку и го надградуваат квалитетот на живот во Индија. Како други позначајни објекти од неговиот творечки опус се наведуваат Спомен салата на Тагоре во Ахмедабад од 1967 година, Институтот за индиологија во Ахмедабад од 1962 година и Премабхаи салата во Ахмедабад од 1976 година. Во доменот на домувањето се истакнуваат објектите на Камала куќата во Ахмадабад од 1963 година и Бима Нагар Домувањето на Корпорацијата за животно осигурување од Ахмедабад од 1973 година. Урбанистичкиот план и решение за Видхиадар Нагар во Џајпур од 1973 година е значаен пример кој го поврзува урбанистичкото планирање и проектирање со домувањето. За професорот Доши неговото творештво е доградба на неговиот живот, филозофија и соништа во обидите да создаде вредно богатство од архитектонскиот дух. Тој го истакнува придонесот на неговиот „гуру“ Ле Корбизје за оваа исклучителна награда со оглед на тоа дека Ле Корбизје го поттикнал да го земе предвид идентитетот и ја посочил потребата од откривање на нов регионално адаптиран современ израз, а со цел да се создаде одржлив холистички хабитат. Доделувањето на наградата професорот Доши го доживува како реафирмација на неговите верувања дека „животот прославува кога ќе се спојат начинот на живеење и архитектурата“. Во своето образложение жирито нагласува дека „во текот на изминатите години, Балкришна Доши секогаш создавал сериозна архитектура, која никогаш не била блескава или пак ги следела трендовите. Со длабоко чувство на одговорност и желба да се придонесе на својата земја и нејзините жители преку висококвалитетна, естетска архитектура“ со „акутно познавање на контекстот во којшто неговите објекти се лоцирани. Неговите решенија ја земаат предвид социјалната, енвироменталната и економската димензија, како резултат на што неговата архитектура целосно е вклучена со одржливоста“. Веројатно не е можно, а да не се биде восхитен од органските, како пештера, форми на подземната изложбена галерија Амдавад ни Гуфа во Ахмедабад од 1994 со кров инспириран од „куќата“ на желките и завршно обработен како мозаик од порцелански плочки. Веројатно едно 30 март 2018

ПОРТА

23


од врвните достигнување на професорот Доши е урбано-архитектонската структура на огромниот, како град по големина, Арања комплекс за домување за лица со ниски приходи во Индоре од 1989 година каде 80.000 лица се сместени во систем на куќи и дворови проткаени со лавиринт од внатрешни комуникации. Тука лица со ниски и средни примања се сместени во над 6.500 станбени единци со дијапазон од индивидуални соби до пространи домови. Слоевите коишто меѓусебно се преклопуваат во комбинација со преодните простори промовираат флуидни и адаптабилни животни услови вообичаени за индиското општество, коишто истовремено се надоврзуваат на социјалните обврски на архитектурата промовирани кон средината на минатиот век. Последниве две реализации претставуваат добар приказ за поетското и функционалното во неговата архитектура и само ја потврдуваат оценката дека „неговото творештво во доменот на архитектура која влијае врз човештвото е длабоко лично, соодветно и значајно“. За професорот Доши „проектирањето е она што ги трансформира засолништата во домови, домувањето во заедници, а градовите во магнети на можности“. Значајни објекти на Доши • Спомен сала на поетот Тагоре (Tagore Memorial Hall),Ахмедабад • Универзитет, Центар за животна средина и просторно планирање (CEPT), Ахмедабад • домување со ниски трошоци Aranya • Индиски институт за менаџмент Бангалор • неговото архитектонско студио Сангат (Sanghat), Ахмадабад • уметничка галерија Amdavad ni Gufa , Ахмедабад • Куќа во Камал

Индиски институт за менаџмент, Бангалор

Награди

Националните и интернационалните признанија за долгогодишниот придонес кон архитектурата на професорот Доши се многубројни и вклучуваат: Офицер на редот за уметност и литература на Франција (2011), Глобалната награда за животни постигнувања во доменот на одржливата архитектура на Францускиот институт за архитектура (2007), Националната награда од премиерот на Индија за постигнувања во урбанистичкото планирање и проектирање (2000), Ага Кан наградата за архитектура за проектот за Комунални домување во Арања (1993-1995), Златен медал на Академијата за архитектура на Франција (1988), Златен медал на Индискиот институт на архитекти (1988), и Националната награда Падма Шри на Владата на Индија (1976). Тој исто така е Заслужен член (Фелоу) на Кралскиот институт на британските архитекти и на Индискиот институт на архитекти и Почесен заслужен член на Американскиот институт на архитекти.

Уметничка галерија Amdavad ni Gufa , Ахмедабад

24

ПОРТА

30 март 2018


ПОРТА


стадиони

ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО РУСИЈА (1)

Лужники

– најголемиот стадион во Русија При реконструирањето спуштен е теренот со што капацитетот на трибините од 78.000 се зголеми на 81.000 гледачи, а публиката сега е поблиску до теренот. Трибините се поделени во различни зони, во зависност од барањата и спецификите на спортот или друг настан. Стадионот има ВИП-трибина за 2.000 гости и гостинска зона за 4.500 луѓе. Медиумската зона може да собере околу 2.500 луѓе, а предвиден е и простор за 300 лица со посебни потреби

П

Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл.ихж..арх.

одготовките за 21 Светско првенство во фудбал 2018 година (FIFA World Cup 2018) кое ќе се одржи од 14 јуни до 15 јули во Русија се во завршна фаза. Toa за прв пат ќе се одржи на два континента. Русија е најголемата земја која била домаќин на мундијалот. На турнирот ќе има 32 национални тимови, вклучувајќи го и домаќинот. Вкупно 64 натпревари ќе се одиграат нa 12 стадиони лоцирани во 11 градови. Почнувајќи од овој број на списанието и во наредните броеви ќе Ви ги претставиме стадионите на кои ќе се играат натпреварите. Големата спортска арена на Олимпискиот комплекс Лужники (Большая спортивная арена Олимпийского комплекса Лужники) или кратко Лужники е најголем стадион во Русија со капацитет од 81.000 гледачи. На Летните олимписки игри во 1952 година кои се одржале во Хелсинки советскиот

26

ПОРТА

30 март 2018

спортски тим освоил 71 медал од кои 22 злата. Тоа бил огромен успех кој бил повод за изградба на нов спортски комплекс. Неопходно било комплексот да ги почитува сите современи светски стандарди, а истовремено да служи и како база за обука на олимпискиот тим и арена за големи домашни и меѓународни натпревари. На 23 декември 1954 година, Владата на СССР одлучи да изгради голем московски стадион во Лужники. Првиот проблем со кој се сретнале проектантите, архитектите Рожин и Улас под водство на Власов и инженерите Насонов, Резников и Поликарпов била локацијата. Требало да се најде голема локација, по можност во зеленило, во близина на центарот на градот и да се вклопи во транспортот и сообраќајот. Лужники ги исполнувал сите услови има и близина на река, многу зеленило и чиста околина. „... Ги насликав идните локации на централната арена, базенот и терените за играње. Мислев дека го слушнав ударот на боксовите, истрелот на пиштолот за старт,

прскањето со зеленикава вода и затегнати фудбалски удари. ...) Извадив еден лист хартија од мојата папка и потпирајќи се на камен, ги скицирав контурите на идните структури. Некој, ѕиркајќи над моето рамо, свечено изјави: - Ќе се формира град тука! - И каков град! - Извикав. - Град на спортот!“ (од книгата „Народниот најголем стадион“ од В. П. Поликарпов, еден од творците на Централниот стадион во Лужники) Во јануари 1955 година, градот на спортот Лужники почнал да се проектира. Проектот бил завршен за 90 дена, а во пролетта 1955 година започнала изградбата. Централниот стадион во тоа време наречен, Стадион Ленин (Центральный стадион имени В. И. Ленина) го градела целата земја. Градители, волонтери и градежни материјали пристигале од сите краеви на големиот СССР. Почвата на која е изграден комплексот создавала дополнителни проблеми, бидејќи се работело за мочурливо земјиште со слаба носивост, носени се милиони кубни метри земја, а целиот комплекс е подигнат за половина метар.


„ЛУЖНИКИ“ ПРЕКУ БРОЈКИ: • Вкупна површина на реновирање со трибини: 221.000 м2 • Вработува 2100 работници и 29 видови градежни машини • Системот за надгледување 1.500 безбедносни камери • Паркинг за 4000 автомобили • Настрешницата продолжена за 11 метри • 30.000 луѓе можат да користат Wi-Fi истовремено • металните конструкции за кровот тешки вкупно 460 тони • цена на реконструкција преку 440 милиони евра

Спортскиот центар се состоел од стадионот, спортска арена, мала арена, спортска палата, базен и голем број отворени спортски терени. На 31 јули 1956 година свечено е отворен централниот стадион изграден во рекордно време - за само 450 дена. Комплексот е од огромно значење за спортот

во СССР и денеска за Русија. Одржани се многу значајни спортски манифестации, од нивниот локален спортски настан Спартакијада (со поголем број учесници од Олимписките игри), светски и европски првенства во хокеј, Летни олимписки игри 1980, финале на Купот на УЕФА 1999, финале на Лигата на шампионите 2008,

Светско првенство во атлетика за денес подготовките на стадионот да се во завршна фаза за отворањето на Светското првенство во фудбал 2018. Стадионот претрпел неколку реконструкции, пред Олимписките игри во 1980, и во раните 90-ти години, но најголема е онаа отпочната во 2014 година, која е скоро завршена и летово стадионот ќе ја дочека најспоредната најважна работа на светот. Примарна цел на последната реконструкција е да се создаде модерна арена од светска класа која ги задоволува сите стандарди на ФИФА, истовремено зачувувајќи ја историската фасада на стадионот што ја симболизира архитектурата на Москва и рускиот спорт. Околу Лужники постоела дилема. Едната била дали стадионот да се сруши и изгради нов (ова е поевтината варијанта) или да се задржи историскиот надворешен изглед, а да се менува однатре. Втората варијанта победи „Стадионот Лужники е историски и архитектонски симбол на спортот за Москва и за цела Русија“, рече Мурат Ахмадиев, кој ја предводи канцеларијата за надзор во големата спортска арена. „Проектот за реконструкција на Лужники е еден од најефектните реконструкции во светот“ - изјави Марат Хуснулин, заменик-градоначалник на Москва задолжен за политиката за развој на целата градба во главниот град. Новиот Лужники е опремен со супер софистицирана опрема, во многу нешта за прв пат видена во светот. Реконструкцијата започна во 2014 година, кога работниците ги демонтираа сите неносиви елементи, останаа само ѕидовите, надградбата на покривот, лежиштата и некои делови од трибините кои помагаат за стабилноста на објектот. Новите метални конструкции за кровот се превезувани од Чељабинск, каде што биле произведени од локална фабрика, а тешки се вкупно 460 тони. За споредба, најголемиот камион во светот, BelAz-75710, е 100 тони полесен. При реконструирањето спуштен е теренот со што капацитетот на трибините од 78.000 се зголеми на 81.000 гледачи, а публиката сега е поблиску до теренот. Трибините се поделени во различни зони, во зависност од барањата и спецификите на спортот или друг настан. Стадионот има ВИП- трибина за 2.000 гости и гостинска зона за 4.500 луѓе. Медиумската зона може да собере околу 2.500 луѓе, а предвиден е и простор за 300 лица со посебни потреби. Седиштата се во две бои црвена и беж. Оваа комбинација беше избрана на онлајн гласање на 137.000 жители на градот. Вкупната ширина на излезите од стадионот е зголемена за 100 метри (од 144 до 249 метри) поради поголема безбедност, што овозможува де се избегне метеж и долги редици. Бројот на главните излези е зголемен од 13 на 16. На 30 март 2018

ПОРТА

27


публиката ѝ се потребни 15 минути за да ја напушти арената. Стреата на покривот по периметар е проширена за 11 метри за да може да се заштитат гледачите од врнежи. Површината на покривот е заменета со најсовремен полупроѕирен поликарбонат како заштита од врнежи и сонце. Во покривот се вградени светилки и LED-диоди кои за време на натпревари и други настани го претвораат во 28

ПОРТА

30 март 2018

огромен екран со површина од 40.000 квадратни метри. На екранот може да се прикажат знамиња на тимовите, резултати, емитуваат видеа или прикажуваат други информации. Постојат три режими на осветлување на фасадата, рутинско дневно осветлување, рутинско ноќно осветлување и свечено осветлување за време на големи спортски настани, случувања и празници. Платформата на покривот за набљудување е

дополнителна карактеристика. Обезбедува извонреден поглед на центарот на Москва, Новодевичниот Сабор, облакодерите на Московскиот меѓународен бизнис-центар, кон реката Москва и Московскиот државен универзитет Ломоносов. Фудбалскиот терен е единствен и ги задоволува сите највисоки барања на ФИФА. Теренот е слој со дебелина 1,5 метри кој се состои од систем за греење, наводнување, системи за аерација и системи за следење на агротехничките спецификации на тревата. Цевки со должина 35 километри поставени се под фудбалското игралиште. Системот за полевање има 35 прскалки, а техничкиот објект располага со шест цистерни за вода од по 8.000 литри. Природната трева беше засадена минатиот август. Потребни беа 410 килограми семе, посебен вид кој ќе одговара на неповолната московска клима. Системот за греење одржува стабилна температура (+ 15 С), со посебен систем кој симулира сончева светлина, што овозможува да се одржи тревата и во зима. Покрај единствениот тревник, фудбалското игралиште има контролен систем кој ќе им овозможи на судиите прецизно да го видат моментот кога топката со целиот свој обем ја преминува линија, која во тие моменти живот значи, многу радост или тага. Неколку видеокамери ќе ги набљудуваат головите, а судиите навремено ќе добиваат податоци преку специјални нараквици. Освен големата спортска арена, 19 објекти со вкупна површина од 50.300 квадратни метри ќе бидат изградени или


надградени во комплексот Лужники. Центарот за акредитација, три фудбалски тренинг-терени, три инфраструктурни објекти, пет безбедносни влезови за скрининг на посетители, три улични спортски сервисни центри, две канцеларии за билети и два други павилјона за услуги. За времетраење на Светското првенство, комплексот ќе располага со привремени шатори со вкупна површина од 116.000 квадратни метри, во кои ќе бидат сместени разни објекти, вклучувајќи ги и канцелариите на Организацискиот комитет на ФИФА и Русија 2018, центарот за билети, ТВ-билтенот и коментаторските кабини, волонтерите, безбедносните служби и др. Системот за надгледување на стадионот ќе има околу 1.500 безбедносни камери. Олимпискиот комплекс „Лужники“ е обновен и е главен спортски парк во Русија.

Во спортскиот комплекс комплетно е среден и реновиран и паркот, насипот на реката Москва, направени се нови дополнителни пешачки зони. На насипот сега се наоѓаат велосипедски, пешачки патеки и шеталишта. Водата се претвори во еден огромен јавен простор. Косиот насип што води кон реката е заменет со дрвен, изработен од специјално третиран ариш. Луѓето можат да вежбаат, да се сончаат, читаат, релаксираат и уживаат на реката Москва. Фонтаните се реновирани и надградени. За крај на прошетката посетителите можат од покривот на стадионот да се спуштат до кејот користејќи „зиплајн“. Спуштањето трае околу 3 минути, а должината на челичниот кабел е 170 метри. Стадионот Лужники е најсовремен стадион на светот. Според престижниот спортски портал stadium db.com Лужники е прогласен за

најдобар стадион на свет за 2017 година. Порталот составува жири од архитекти кои ги бираат стадионите според критериуми во три категотии: архитектонска вредност (макс. 4 поени), функционалност (макс. 4 поени) и иновации (макс 2 поени). Според жирито „Лужники“ доби за архитектонска вредност 3.00, функционалност 3.16 и иновација: 1.68, што го става на прво место, пред стадионот Nanterre во Париз и Mercedes-Benz Stadium во Атланта. (продолжува)

ПОРТА


архитектура oд дрво

НОВА ДЕЛОВНА ЗГРАДА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИОТ ГИГАНТ WASHINGTON FRUIT & CO

Настрана од бетонскиот индустриски пејзаж

Менаџерскиот тим на компанијата посака седиште изградено со природни материјали, без бетон и асфалт, со форми кои не се строго коцкести, заштитено од бучните автопати и светлина, и акустика како едни од главните приоритети на ентериерот Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, дипл. инж. по дрвна индустрија

З

емјоделството е доминантна гранка во Јакима, регион што се наоѓа во сојузната држава Вашингтон, САД. Плодната вулканска почва, сончевите денови и наводнувањето од реката Јакима, се одлична основа за бројните овошни насади во овој дел. Семејната компанија Washington Fruit основана во далечната 1916 година, прерасна во еден од лидерите за производство, пакување и испорака на овошје во светот. Компанијата поседува приближно 365.000 m2 индустриски круг каде се наоѓа една од најсофистицираните технологии за сортирање и пакување на овошје. Во околината на постоечката централа, која се состои од рамни предели,

30

ПОРТА

30 март 2018


преовладуваат коцкести структури кои се опколени со асфалтирани површини, камиони и големи системи за смрзнување на овошје. Менаџерскиот тим на компанијата посака ново главно седиште кое ќе биде настрана од бетонскиот индустриски пејзаж. Тие посакаа седиште изградено со природни материјали, без бетон и асфалт, со форми кои не се строго

коцкести, заштитено од бучните автопати и светлина, и акустика како едни од главните приоритети на ентериерот. Оваа задача ја доби архитектонското студио Graham Baba Architects, кое е проектант на идејното и главното решение на новата централна деловна зграда. Пристапот на архитектите кон новиот деловен објект бил со креирање на работна

Награди: AIA Institute Honor Award German Design Award WoodWorks Wood Design Award - Low Rise Comercial Wood Design & Building Honor Award Gray Award for Commercial Architecture Architizer A+ Award Chicago Athenaeum: Architecture Award AIA Seattle Merit Award AIA Northwest & Pacific Region Honor Award WASLA Merit Award Best of the West Honorable Mention

30 март 2018

ПОРТА

31


оаза во внатрешноста, односно средината на објектот. Градбата е обиколена со вештачки земјени насипи со што се создава визуелна и звучна бариера со индустиската околина и бучните автопати. Со самата визуелна бариера погледот го привлекуваат околните ридови и природа, кои се наѕираат над преградата. Во срцето на објектот се наоѓа отворен двор кон кој се свртени сите внатрешни работни простории. По целата должина на објектот кој гледа спрема дворот, фасадата е проектирана со стаклена површина која покрај тоа што ги осветлува работните простории, визуелно го поврзува ентериерот со дворот создавајќи здрава и пријатна работна средина. Во целиот ентериер се користени топли и природни бои и материјали, а најчесто дрвото. Отвореноста на просторот и нискиот мебел креира голем и светол внатрешен волумен кој создава чувство на слобода и ПОРТА


ненаметливост. Напуштена стара дрвена плевна била единствената архитектонска естетска насока која им била дадена на проектантскиот тим. Дијагоналните структурни елементи на плевната биле видливи, а останатите дрвени ѕидни облоги биле оштетени од атмосферските влијанија. Но оваа структура претставувала метафора за новиот објект. Новиот дизајн е замислен како плевна која се наоѓа во фаза на распаѓање додека природата создава процес на обнова. Делови од ѕидните површини се „отстранети“, и се пополнети со стаклени површини. Конструктивнот систем е откриен и видлив и е изразен во дијагонали. Согласно овој концепт и столбовите се благо закосени. Фасадата на јужниот дел е обложена со стари дрвени елементи рециклирани од стари плевни од околниот регион. Објектот има посебна просторија за приготвување на храна, исто така и менза за 30 лица која обезбедува неделни собирања на теренските работници од овоштарниците. Овој настан овозможува дружење на работниците од полињата

кои ги растат овошјата и луѓето кои ги продаваат. Менаџерите сметаат дека оваа врска е многу значајна за понатамошно развивање и растење на компанијата. Главната стратегија за одржливо функционирање на објектот била минимизирање на загревањето и ладењето на објектот и намалување на потребата за

електрична енергија за осветлување. Ориентацијата на отворената стаклена фасада е на североисток. Регионот Јакима просечно има 290 сончеви денови годишно така што високите стаклени прозорци во голема мера ја намалуваат потребата за осветлување на ентериерот. Фотокелии ја балансираат светлината во ентериерот за време на потемни денови.

30 март 2018

ПОРТА

33


урбанизам

ЕСТЕТСКИ И ФУНКЦИОНАЛЕН ХАОС ВО СКОПЈЕ

Деградиран град

Градот Скопје и општините во 90-тите изгубија волја да го следат патот на постземјотресната обнова и насоките која таа ги даде. Се променија деталните урбанистички планови, се дозволи експанзија на изградба и одеднаш насекаде во организираните градски средини се појавија „тумори“. Филип КОНЕСКИ, дипл. инж. арх.

В

о Скопје и Македонија после ослободувањето, започнува организирано и урбанистичко делување во градските и приградските средини. Особено по скопскиот земјотрес од 1963 година се издигнаа многу станбени населби, во кои колективните вредности беа на прво место. Плански се градеа комплекси со дефинирана композиција, естетика и однос помеѓу објектите (проветрување, осончување, погледи), предвидени јавни површини и зеленило, подземни и надземни паркинзи, слободни проодни тераси и простор за рекреација. На последниот кат беа сместени заедничките простории за перење, сушење, куќен совет,

ПОРТА

подготовка на зимница, одложување и сл. Во периодот по распадот на Југославија и целосното осамостојување на Република Македонија, системот многу немарно тргна во транзиција кон капиталистичко општество, каде приватната сопственост стана примарна. За жал тоа значеше и полесна поткупливост на локалните власти, во знак на бизнисот и развојот на индивидуалното богатење на штета на социјалните вредности. Истото се случи со урбанистичките планови, кои станаа манипулативен фактор во планирањето на градот. Лесно се заменија парковите и јавните површини со градежни парцели. Градот Скопје и општините во 90-тите изгубија волја да го следат патот на постземјотресната обнова и насоките која таа ги даде. Се променија деталните урбанистички

планови, се дозволи експанзија на изградба и одеднаш во организираните градски средини се појавија „тумори“ насекаде. Се дозволи изградба на нови катови, архитектонски несоодветни кровови врз објекти со рамна и проодна тераса, потоа преградување балкони и нивно претворање во соби и летни кујни, менување боја на фасада, различни прозорци и материјали со кои се направи естетски и функционален хаос. Повеќето од нив на почетокот беа и со сомнителна статичка и сеизмичка сигурност. Така почна да се распаѓа градската слика и градот почна да станува „село“. Доградби и надградби никнаа насекаде, со амин на општинските власти, додека објектите повеќе немаа заедничка слика, ниту нудеа еднакви услови за живеење. Индивидуалното го надмина колективното.


Развојот на „демократијата“ многу повеќе луѓето ја разбраа како „анархизам“ каде секоја лична желба е над секоја друга бидејќи сè ти е дозволено. Вината може да се адресира на страна на властите, но не е така едноставно бидејќи жителите станаа соучесници во злоделото. Општината дозволува, граѓаните ја злоупотребуваат можноста, а потоа секој секому вперува прст и така во кругот сите подеднакво генерираме хаос. Наместо да делуваме по законите (кои и онака се конфузни) ние трагаме по нивната порозност како би ги изиграле на легален начин. Најпогодени населби во главниот град се 11 Октомври - згради, Чаир, Пролет, Мичурин, Автокоманда и Карпош кои веќе наликуваат на бразилските фавели. За разлика од оригиналните фавели, каде бездомните и сиромашни сталежи самостојно се обидуваат да се снајдат и да подигнат дом во предградието, ние добивме обратен процес. Од уредено и организирано живеење на некогаш средната класа, постепено преминавме во деградирано живеење. Големиот проблем во целиот процес започна со третирањето на станбените единици како индивидуално домување. Се изгуби перцепцијата дека становите се обединети во еден колективен објект и за истите сликата е една и заедничка. Секој сопственик, може да поднесе одобрение за реконструкција и доградба на живеалиштето, без притоа да внимава на оригиналниот изглед на објектот, распоредот на прозорците, бојата на фасадата, материјализацијата итн. Купувањето стан претставува личен избор. Во случај да не ви се допадне распоредот, сметате дека станот е премал и несоодветен, не ви се допаѓа бојата, тогаш тој стан не го ни купувате. Тоа не е куќа ниту е место каде можеме да интегрираме неограничена индивидуалност во 30 март 2018

ПОРТА

35


надворешната слика, бидејќи е несоодветно. Таа фасада е одлика за сите во објектот. Тука доаѓаат до прашање и градските манири, кои недостасуваат кај повеќето жители. Вистинскиот корен на деградирањето на просторот е начинот на кој се полнат буџетите во општините. Тие доминантно собираат средства од комуналии, што значи константно треба да се стимулираат новоградбите, доградбите и надградбите. Со помал дел учествуваат средствата од нискиот данок на имот и процент од општото даночење на трговијата. Кога говориме за Скопје, дополнителен проблем е паралелното функционирање на Градот и општините во него. Но, што ќе се случи кога сè ќе биде изградено, кога нема да остане парк, ниту балкон да се соѕида? – е прашање со естетика на колабиран град од некој апокалиптичен холивудски филм. Покрај буџетот на општините, проблемот се развива и со немањето интерес да се набљудува контекстот на просторот во микро и макро погледот на градот. На локалните власти не им е забрането 36

ПОРТА

30 март 2018

да се грижат за општата слика, но за истото треба посериозен менаџмент за кој очигледно не постои капацитет. Законските рамки мораат да опфатат дефиниција за колективен станбен објект, во кој крајниот изглед не е возможно да се редефинира со доградба и надградба според индивидуални желби и интерес на жители поединци. Во деловите на градот каде објектите се повторуваат и создаваат композитна целина не би смеело да се интервенира на еден објект ниту поединечно. Тоа значи во случај на потреба за подобри услови или пак проширување на објектите мора да се делува организирано, преку јавен конкурс за истото за целиот потег, блок, населба. Развојот на градот и подобрувањето на условите за живеење е добар наслов за секоја интервенција, но праксата не смее да излезе од урбанистичките и архитектонските стандарди за живеење. Тие се базирани на човековите потреби и мораат да ја делат заедничката слика. Со цел да ја претставиме сликата на градот

(говорам во име на тимот на МАРХ/Македонска архитектура) во склоп на БИМАС 2016, под наслов „Скопје- Невидлив урбанизам“ презентиравме еден процес на деградиран станбен објект и фазите помеѓу. Покрај мапирањето на „фавелизацијата“ на Скопје, ја реконструиравме оригиналната слика на објектот преку остатоците од оригиналните сегменти на истотипските згради, движејќи се од последната интервенција наназад кон оригиналот. На изложбата можеа да се детектираат сите промени, кои освен фасадни се суштински во целосната организациска и функционална внатрешност. Разговарајќи со локалните жители, констатиравме општо незадоволство за изгледот на населбата, но никој не помисли на сопствениот удел во истото, бидејќи е легално дозволено од општината. За да се најде решението за овој проблем најпрвин треба да се воведе целосна забрана за индивидуални интервенции врз колективните објекти, а потоа и да се размисли што со „израстоците“ создавани повеќе од 25 години. Архитектурата секогаш е инспиративна и од несекојдневните примери умее да создаде нови решенија и развојни концепти. Светот веќе размислува за мобилната архитектура и нејзината променливост или адаптивност, но единствено преку професијата и организираноста на процесот. Дискусијата мора да се води помеѓу архитектите, локалните власти и Министерството за транспорт и врски, но да не заборавиме, архитектурата ја создаваме за жителите на овој град. Доколку тие се вклучени на соодветен начин во процесот, преку јавните презентации на проектите и притоа им посветиме доволно внимание како фела, успехот би бил заеднички. Време е да согледаме што сме му сториле на градот и да го реобмислиме следниот чекор јавно и транспарентно. (Авторот е основач и уредник на www.marh.mk)


ПОРТА


земјотресно инженерство

КАКО ДА СЕ СПРАВИМЕ ОД ДЕСТРУКТИВНИОТ ЕФЕКТ НА ЗЕМЈОТРЕСИТЕ?

Управувани конструкции – сегашност и иднина во конструктивното инженерство Професорот Takuji Kobori од Универзитетот Кјото во Јапонија смета дека градeжните инженери треба да го совладуваат дејството на земјотресот или ветрот преку контрола на силите, а не преку нивните конструктивни елементи што во конструкцијата би се развиле мехадоц. д-р. Александра БОГДАНОВИЌ, низми за дисипација и апсорпција на влепроф. д-р Зоран РАКИЌЕВИЌ, м-р Ангела ПОПОСКА зната сеизмичка енергија. Овој начин на проектирање, под дејство на јаки земјото последниве години све- реси, може да резултира со оштетувања доци сме на големиот како на конструктивните така и на неконброј природни катаструктивните елементи, кои од економски строфи кои се причина аспект може да бидат приближно исти како за загуба на материјални и при рушење на конструкцијата. За редуцидобра и човечки животи. рање на овие непосакувани појави како и за Сето тоа се должи на невоведување на контрола врз однесувањето моќта на конструкцијата да се справи со на конструкциите при дејство на сили од природните феномени и да ја дисипира земјотрес, развиен е нов концепт на провлезната енергија со претрпување на неектирање на сеизмички отпорни конструкеластични деформации кои во голем број ции – концепт на проектирање на случаи се проследени со локални или цеуправувани/интелигентни конструкции. лосни рушења. Пристапот во проектираСогласно овој принцип, во конструкцијата њето на конструкции отпорни на земјотрес се вградуваат додатни уреди – системи за доживувал постојан развој во текот на вреконтрола, чија цел е да ја изолираат конмето, од концептот на дозволени напреструкцијата од околната подлога или преку гања, според кој товарот од земјотрес бил соодветни механизми да обезбедат дисипаземан како редуциран еквивалентен стација на влезната енергија. Овие конструктички товар, па сè до дефинирање на поции во зависност од технолошките имот дуктилност и нелинеарно однесување решенија имаат контролирана состојба на на конструкциите односно проектирање сигурност како за постојаните така и за според капацитетот на носивост. При сите подвижни и дополнителни оптоварудејството на земјотрес, овој концепт предвања предизвикани од дејството на ветрот, видува, одредени конструктивни елементи земјотресите или технолошките вибрации. да доживеат пластични деформации така Според начинот на кој работат системите

В

Слика 1. Системи за базна изолација (а и б) и метални придушувачи (в) 38

ПОРТА

30 март 2018

се делат во три групи и тоа: n Системи за пасивна контрола - работат без примена на дополнителна надворешна енергија. Кај овие системи контролата на одговорот се врши преку потенцијалната енергија генерирана од самиот динамички одговор на конструкцијата. n Системи за активна контрола - каде контролното дејство е остварено преку користење на надворешен извор на енергија поради што овие системи се сметаат за поефикасни од пасивните. n Хибридни системи – комбинација на претходните два система кои за различни нивоа на побуди се однесуваат како пасивни или активни системи. Пример, системот е пасивен сè додека не се надмине одредено ниво на побуда/одговор, односно системот е активен сè до евентуален прекин во снабдување со енергија кога почнува да работи како пасивен. Во секоја од овие категории се развиени, а воедно и применети во праксата, голем број различни механизми за дисипација на влезната енергија и контролиран одговор на конструкциите при дејство на различни динамички товари. Пасивните системи


Сила од земјотрес или друга побуда Редуцирана сила на одговор Слика 2. Апсорбери од типот на подвижна маса

главно се делат на две групи и тоа пасивни системи за сеизмичка (базна) изолација и системи за пасивна дисипација на енергијата. Во првата група спаѓаат голем број различни решенија со кои објектот се изолира од основата преку лежишта од разни материјали (природна гума, метали итн.), слика 1, а и б. Втората група ги опфаќа динамичките апсорбери и системите за дисипација на влезната енергија. Динамичките апсорбери на вибрации се подесени на фреквенција блиска на одреден тон на осцилирање и придонесуваат да се зголеми пригушувањето во тој тон како резултат на пренесување на кинетичката енергија помеѓу различните форми на осцилирање. Во оваа група спаѓаат апсорбери од типот на подвижна маса/прилагодена маса (TMDTuned Mass Damper – слика 2) или подвижна течност (TLD – Tuned Liquid Damper). Системите за дисипација на влезната енергија се претставени преку металните придушувачи (слика 1-в), придушувачи на триење, вискозноеластични придушувачи и вискозноеластични течни придушувачи. Металните придушувачи работат на принципот на пластично деформирање на металите и легурите додека придушувачите на триење работат на принципот на суво триење помеѓу две крути тела. Вискозноеластичните системи енергијата ја дисипираат преку деформации на смолкнување на кополимери или стаклести супстанции. Системите за активна контрола генерално може да се поделат во две основни групи и тоа системи со контролни сили и системи со активна промена на карактеристиките на конструкцијата. Кај првите контролното дејство се состои од генерирање на сили кои дејствуваат на конструкцијата и

Слика 3. Активен систем за дисипација на енергија

на тој начин го контролираат нејзиниот одговор (системи со активна маса, активни затеги и дијагонали – слика 3) додека кај вторите контролното дејство се состои во активна промена на крутоста или придушувањето на конструкцијата. Овие системи наоѓаат помала практична примена во споредба на пасивните што се должи на нивната комплексност, недостатоците при проектирање, одржувањето и економската оправданост. Семиактивните системи, како најнов тип на системи за управување ги обединуваат позитивните страни на пасивните и активните системи. Овие системи, според многу експерти од областа на управуваните конструкции, имаат најголема перспектива за масовна практична импеданција во 21 век. Како пример за практична примена ќе биде посочен системот со семиактивна променлива крутост што е инсталиран во зградата на Истражувачкиот центар Кобори во Јапонија во 1990 година. УПРАВУВАНИТЕ КОНСТРУКЦИИ НИЗ МИНАТОТО ДО ДЕНЕС Во 1955 и 1956 година, Prof. Takuji Kobori (Кјото Универзитет во Јапонија) ја објавува

(на јапонски) првата базична студија на концептот за контролиран сеизмички одговор на конструкциите (Kobori, 2002). Овој концепт во основа го открива принципот дека дисипацијата на енергијата преку нелинеарно однесување на конструкциите и варијацијата на периодите на вибрација во конструкциите го намалуваат одговорот на конструкцијата кога таа е изложена на дејство на силни земјотреси. Во САД, Prof. J.T.P. Yao од Пурду Универзитетот, во 1972 година објавува реферат во кој поставува нов теоретски концепт за анализа на градежните конструкции. Имено, тој смета дека градeжните инженери треба да го совладуваат дејството на земјотресот или ветрот преку контрола на силите, а не преку нивните конструктивни елементи. Ваквото размислување во областа на градежното конструкторство претставува основа за современата теорија за управување. Овие истражувања остануваат пионерски сè додека Yang и Soong во САД, во 1988 година аналитички и експериментално не ја промовираа идејата за контролирано однесување на конструкциите. Веднаш по ова, во 1989 година компанијата Kajima во Јапонија изгради експериментална зграда Kyobashi Seiwa Building каде што е имлементирана активна контрола според проектот на Kobori (слика 4). Применетиот систем се состои од два активни дампери каде што првиот ги редуцира транслаторните поместувања додека вториот торзионите. Две години подоцна, во 1991 година, на зградата Sendagaya INTES во Токио, упо-

Слика 4. Kyobashi Seiwa Building и систем за активна контрола 30 март 2018

ПОРТА

39


Слика 8. Комуникациска кула Nanjing

сивна дисипација на енергијата преку апсорбер од типот на прилагодена маса (TMDTuned Mass Damper), слика 9. Најголемиот дел од овој систем ѝ припаѓа на челична сфера која тежи 660 тони и е поставена во центарот на 86-тиот кат. Околу концентрираната маса поставени се 8 дампери за да се спречи прекумерно поместување на масата. Во изминатите години повеќе пати ваквите системи биле активирани при дејство на земјотреси со магнитуди помеѓу 5.0 и 6.0, при што е демонстриран ефектот на ефикасна конструктивна контрола на одговорот на конструкцијата изложена на дејство на умерени земјотреси.

Слика 5. Sendagaya INTES – хибридни дампери

Слика 6. Примена на хибриден систем на 70-катната зграда Yokohama Land Mark Tower

требен е хибриден систем за контрола. Пасивниот систем е реализиран преку 2 апсорбери од типот на прилагодена маса, поставени на 11-ти кат додека со хидраулични побудувачи се остварува активната контрола на системот (слика 5). Во 1993 година, во Јапонија, на 70-катната зграда Yokohama Land Mark Tower е инсталиран

Слика 7. Примена на систем за базна изолација 40

ПОРТА

30 март 2018

хибриден систем со прилагодена маса составен од два пендел-системи за контрола на вибрациите од ветар во два ортогонални правци (слика 6). После катастрофалниот земјотрес во Кобе во 1995 се појавува нов тренд во примената на системите за пасивна контрола со посебен акцент на имплементација на системи за базна изолација на објектите од прва категорија во Јапонија (слика 7). Во Кина, во 1999 година, е завршена изградбата на комуникациската кула во Нанјинг, висока 310 m, на која е инсталиран систем со активна прилагодена маса во форма на прстен со три хидраулични побудувачи поставени под агол од 120 °, за контрола на вибрациите од ветар во два ортогонални правци и торзија (слика 8). Во 2003, при изградбата на Taipei 101 Tower во Тајван, употребен е систем за па-

ИДНИНАТА И ПОЗИТИВНИТЕ СТРАНИ НА УПРАВУВАНИТЕ КОНСТРУКЦИИ Практичната примена на управуваните конструкции е можна на речиси сите градежни конструкции од високоградбата, мостовите и флексибилните линиски системи. Пасивните системи од сите категории и типови ќе бележат сè поголема и поинтензивна примена особено во земјите во кои веќе има и техничка регулатива за нивна примена, како што се САД, Јапонија и земјите од Европската Унија (Еврокодовите ги покриваат само системите за базна изолација). Технолошките иновации, денес, многу брзо се менуваат во сите инженерски дисциплини, вклучувајќи го и градежништвото кое спаѓа во категоријата на конзервативни инженерски дисциплини. Благодарение на имплементацијата на новите технологии, градежништвото, а посебно конструктивното инженерство сè повеќе го губи овој епитет на конзерватизам и сè повеќе станува дел од современите технологии. Преку примената на принципот на интелигентни конструкции, конструктивното инженерство денес, а повеќе утре, ќе биде поврзано со развојот на технологиите на новите материјали,


компјутерската техника, роботиката и останатите сродни инженерски дисциплини. Градежните конструктори треба навремено и сестрано да бидат информирани за сите напредни технологии. Тоа е обврска на професионалните здруженија и асоцијации, на научните и високообразовните институции во Република Македонија кои секоја во својот домен треба објективно и навреме да организираат и да реализираат програми за трансфер на знаења и информации наменети за градежните конструктори. Продолжува

Слика 9. Примена на апсорбер за контрола на конструкцијата-Taipei 101 Tower

ПОРТА


интервју

Д-Р ТРАЈЧЕ СТАФИЛОВ, ПРОФЕСОР НА ИНСТИТУТОТ ПО ХЕМИЈА НА ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Најзагадени региони се тие каде што имало рударство и металургија Има малку објавени резултати од истражувања за влијанието на контаминираноста на почвата со појавите на одредени заболувања. Досега ни се познати резултатите од истражувањата на професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје за поврзаноста на загадувањето на воздухот во Скопје и други градови во Република Македонија со појавата на одредени заболувања, вклучувајќи ја и проценката за бројот на смртни случаи. Во секој случај овие податоци се многу загрижувачки Најкарактеристичен пример претставува загадувањето на почвите во градот Велес и неговата околина како резултат на работата на Топилницата за олово и цинк. Резултатите покажуваат загадување на почвите на простор од околу 100 km2 од кои почвите на површина од околу 15 km2 се екстремно загадени и потребна е интервенција за нивно санирање

ПОРТА


А

Даниела МЛАДЕНОВСКА

ерозагадувањето како горлив проблем на нашето секојдневие, неминовно стана дежурна тема во јавноста. Дебатите, критиките до индустријата и до надлежните органи, па дури и шпекулациите за тоа кој е главниот виновник, особено се разгоруваат секоја зима. Но, иако несомнено, загадувањето на воздухот е еден од приоритетите кога станува збор за квалитетот на живот, сепак се чини дека останатите аспекти од заштитата на животната средина се во втор план, односно за нив во јавноста не се презентираат доволно информации. Еден од овие аспекти е секако загадувањето на почвите. Со цел запознавање на пошироката јавност со состојбите по однос на ова прашање, како и подигање на свеста за потребата од активно делување во оваа сфера, Порта 3 имаше задоволство да разговара со проф. д-р Трајче Стафилов, професор на Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Проф. Стафилов е еминентен научник со над 200 објавени трудови, кој дел од својата професионална кариера поминал и во нашите индустриски капацитети - ФЕНИ Кавадарци и РЖС Скопје, и тоа во нивните „златни“ години. Негова долгогодишна научна преокупација е загадувањето на почвите во Македонија со тешки метали, а резултатите од своите истражувања ги има сублимирано и во првиот геохемиски атлас на Македонија. Професорот Стафилов и покрај своите бројни ангажмани, љубезно одговори на нашата покана за ова интервју, за што Редакцијата на Порта 3 најсрдечно му се заблагодарува.

сериозно ја контаминираат почвата. Особено е индикативно дека кај капацитетите што одамна не се во функција демнат можеби најопасните загадувачи. ОХИС со депонијата на линдан и Лојане со отпадот кој содржи висока концентрација на арсен го потврдуваат ова. Какви се последиците за почвите, но и за здравјето на

населението во овие подрачја? n Студијата која ја наведувате овозможи да се дефинираат 16-те т.н. „жешки точки“ во Република Македонија. Притоа, со прелиминарни истражувања добиени се основни податоци за обемот на загадувањето на животната средина во околината на овие локации. По нивното дефинирање, Европската Унија, УНДП и Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) финансираа изработка на претпроектни (физибилити) студии за одредени локации со депониран опасен отпад (ОХИС, Топилницата за олово и цинк во Велес, Југохром, Лојане, Железарницата во Скопје, Пробиштип) во кои подетално е истражувана

Професоре Стафилов, уште во 20042005 година, преку Студија финансирана од ЕУ идентификувани се 16 еколошки жешки точки во Македонија, меѓу кои се Бучим, Железарница, ОХИС, Топилница „Злетово“, некогашниот рудник и флотација во Лојане Кумановско, термоцентралите и др. Депонирањето на пепел, троска, но и опасни хемикалии 30 март 2018

ПОРТА

43


состојбата со загадувањето и предложени се повеќе варијанти за делумно или целосно решавање на проблемите кои произлегле во однос на загадувањето на животната средина. За некои од овие локации се преземени и одредени мерки за намалување на нивното влијание врз загадувањето на животната средина. Таков е примерокот со делумното санирање на депонијата на троската од поранешното производство на ферохром и хромни соединенија во топилницата „Југохром“ Јегуновце, рудникот и флотацијата за бакар „Бучим“ и други. Меѓутоа, за поцелосно решавање на проблемите со овие депонии потребни се дополнителни проекти и средства за решавање на проблемите со загадувањето на непосредната животна средина, но во некои случаи и на пошироката област од овие локации. За Скопје од особена важност е санирањето на депонијата со линдан во ОХИС, со оглед дека оваа точка е рангирана како број 1, но и со оглед на близината до градот. Кои се спецификите на линданот и најголемите опасности од линданот по човековото здравје? Дали е на повидок скоро решение? n Пред 40-тина години во фабриката ОХИС престанато е со производството на пестицидот линдан. Линданот претставува еден од изомерите на хексахлороциклохексанот (HCH), неговиот гама-изомер (γ-HCH). При неговата синтеза паралелно се добивани и другите изомери на HCH: алфа (α-HCH), бета (β-HCH), делта (δHCH) и епсилон (ε-HCH). Овие изомери по

44

ПОРТА

30 март 2018

сепарирањето на линданот биле депонирани во дворот близу до погонот за неговото производство. Исто така депонирано е и извесно количество од самиот линдан. Така, во фабриката ОХИС сега имаме депонирано околу 15.000 тони од сите изомери на HCH. Дополнително, овие депонии биле покриени со околу 15.000 тони почва па сега имаме депонија со над 30.000 тони опасен отпад. Линданот, како и другите изомери се токсични хемиски супстанци и предизвикуваат нарушување на здравјето на луѓето предизвикувајќи различни заболувања во зависност од внесеното количество во организмот. Поради неговата токсичност линданот во 2009 година е ставен на листата на опасни токсични супстанци кои тешко се разградуваат во животната средина (POPs Persistent Organic Pollutants) според Скокхолмската конвенција на Обединетите нации. Поради ова Министерството за животна средина и просторно планирање преку Канцеларијата за POPs му придава големо значење на овој проблем и бара негово решавање. Во тек е реализација на проект за решавање на овој проблем финансиран од Глобалниот еколошки фонд на ООН (GEF). Резултатите од овој проект ќе дадат поточни информации за обемот на контаминацијата на сите медиуми на животната средина во тој дел на Скопје, како и мерки за негово решавање.

n Секако. Прелиминарните испитувања покажуваат високи концентрации на овие изомери (вклучувајќи го и линданот) во почвите и подземните води, а детектирано е и нивно присуство во воздухот во Скопје преку дисперзија на честичките со овие супстанци во животната средина.

Депонијата со линдан постои веќе неколку децении. Дали со оглед на долгиот временски период на изложеност на почвата и подземните води, ситуацијата станува уште посериозна?

– По завршувањето на оперативниот век на еден индустриски капацитет, соодветното декомисионирање е обврска на компанијата. Веројатно, само кај нас последиците се на товар на државата и

И рудникот и флотацијата Лојане во Кумановско беше предмет на претпроектна Студија за санација подготвена од страна на УНДП. Се чини дека активностите запираат по изготвувањето на студии и акциони планови. Кои се според Вас клучните системски недостатоци поради кои реализацијата на ваквите проекти постојано се одолговлекува? n Во просторот помеѓу Лојане и Ваксинце постојат 2 депонии. Едната која е поголема (околу 450.000 тони) содржи од 1-2 % арсен и антимон, а втората претставува арсенски концентрат со околу 50 % арсен (околу 5.000 тони). Студијата покажала загрижувачко загадување на почвите и подземните води во тој регион, а нашите испитувања покажаа и присуство на честички со арсен и антимон и во воздухот. Не ми е познато зошто се одолговлекува нејзиното санирање, но знам дека од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање се преземаат мерки за обезбедување на средства за решавање на проблемот.


граѓаните. Од друга страна пак, активните индустриски капацитети постојано се трудат да ги одложат своите обврски по однос на вложувања во заштитата на животната средина, правдајќи се со економскиот опстанок. Можеме ли да следиме некој позитивен пример во регионот, поврзан со санација на жешки еколошки точки? n Поголемиот број од депониите кои се вклучени во листата на „жешки точки“ се создадени во минатото (т.н. историско загадување) во време кога сопственик на фабриките била државата. Поради тоа, обврска на државата е да презема мерки за нивно санирање. Секако, имаме и позитивни примери на преземање на мерки за решавање на проблемите со депониите, и мерки за намалување на загадувањето на животната средина од страна на некои компании кои ги преземаа фабриките. Таков пример е рудникот „Бучим“ кој вложи големи средства посебно за решавање на загадувањето на подземните води, но и преку користење на отпадната рудничка јаловина за дополнително хидрометалуршко производство на бакар. Има и други примери, како што е тоа случајот со рудникот „Саса“ со изградбата на нови јаловишта за флотационата јаловина, потоа фабриките Макстил и Фени со изградба на филтри за намалување на загадувањето на воздухот со прашина. Секако на ова влијае и зајакнатата контрола од страна на Инспекторатот при Министерството како и воведувањето на новите законски мерки кои се однесуваат на спречување на загадувањето на животната средина од страна на производните погони. Како креатор на првиот геохемиски атлас во Македонија, сте испитале огромен број примероци од нашите почви. Во кои делови од земјата контаминираноста е најсериозна, како според концентрација, така и според вид на загадувачи? n За изработка на геохемискиот атлас на Република Македонија беше изготвен план за земање на примероци со мрежа од 5 × 5 km со што беа дефинирани 1025 локации од

кои беа земени по 2 примерока почва од длабочини до 30 cm, што значи дека вкупно беа земени 2050 примероци. Дополнително во одредени региони каде се очекуваше одредено загадување на почвите, како и за изработка на посебни атласи за тие региони (Велес, Скопје, Кавадарци, Битола, Кичево) земени се уште околу 2000 примероци. Од добиените резултати како и од картите на просторна дистрибуција на 40 хемиски елементи може да се заклучи дека генерално застапеноста и дистрибуцијата на хемиските елементи во почвите ја следи литологијата (геологијата) на Република Македонија. Сепак, во одредени региони, посебно во оние каде имаме рударски и металуршки активности, има и делови кои се загадени со тешки метали, како резултат на депонирање на отпадни материјали или отсуство на системи за спречување на загадувањата. Најкарактеристичен пример претставува

загадувањето на почвите во градот Велес и неговата околина како резултат на работата на Топилницата за олово и цинк. Резултатите покажуваат загадување на почвите на простор од околу 100 km2 од кои почвите на површина од околу 15 km2 се екстремно загадени и потребна е интервенција за нивно санирање. Во овој простор освен високите содржини на олово и цинк, присутни се и високи содржини и на други тешки метали, како што се кадмиум, арсен, антимон, талиум, индиум и други. Исто така, поради големите количества на флотациона јаловина од флотацијата на олово-цинковата руда од рудникот „Злетово“ депонирана на отворен простор близу Пробиштип, утврдено е загадување на почвите со слични метали на поголем простор. Во одреден дел од Скопје, посебно во делот на источната индустриска зона, забележани се загадувања на почвите со цинк и кадмиум како резултат на

ПОРТА


индустриски и урбани активности. Дали одредени резултати и сознанија биле дури и за Вас фрапантни, но и разочарувачки од аспект на нашата негрижа за животната средина? nЗа мене најфрапантни се резултатите добиени за загадувањето на животната средина во градот Велес и неговата непосредна околина од работата на Топилницата. И покрај тоа што Топилницата не е во фунција од 2002 година загадените почви и понатаму претставуваат проблем како во загадувањето на храната која се произведува во таа област така и во загадување на воздухот со честички со висока содржина на тешки метали. Дополнителен извор на прашина со висока содржина на тешки метали претставува депонијата на троска која се наоѓа во непосредна близина на Топилницата од околу 1,5 милиони тони со висока содржина на цинк (околу 8-9 %) и на олово (околу 1 %). Нашите истражувања покажуваат зголемени содржини на олово, цинк, кадмиум, индиум, арсен и други метали во куќната прашина во куќите во Велес. Колкаво е влијанието на депониите врз загадувањето на почвите, кои за жал кај нас се речиси без исклучок нестандардни? n Индустриските депонии кои потекнуваат од рударските и металуршките активности се

ПОРТА

секако извор на загадување на животната средина (почвите, водите и воздухот). Обемот на ова загадување е дефиниран, на некои локации веќе се преземаат одредени мерки, но за другите потребни се дополнителни мерки. Секако, за ова се потребни огромни финансиски средства. Во последниот период стручната, но и пошироката јавност е поделена во врска со отворањето на нови рудници во Југоисточниот Регион. Кои би биле опасностите за почвата со отворањето на ваквите капацитети и особено користењето на арсен односно цијанид, како што се посочуваше од страна на екоактивистите? n Во последно време постојат многу современи технологии за добивање на метали со хидрометалуршки постапки. При евентуално отворање на рудници и производни погони за ваква намена неопходна е примена на вакви најсовремени технологии. Освен тоа потребен е и континуиран мониторинг и контрола на работата и преземање на мерки за спречување на загадување на животната средина во тој простор. Имате ли соработка со Институтот за јавно здравје или други релевантни институции, со цел поставување на одредени корелации помеѓу контаминираноста на почвата и

инциденцата на одредени заболувања во критичните региони? n Колку што ми е мене познато има малку објавени резултати од истражувања на влијанието на контаминираноста на почвата со појавите на одредени заболувања. Досега ни се познати резултатите од истражувањата на професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје за поврзаноста на загадувањето на воздухот во Скопје и други градови во Република Македонија со појавата на одредени заболувања, вклучувајќи ја и проценката за бројот на смртни случаи. Во секој случај овие податоци се многу загрижувачки. За жал, сè уште сме во фаза кога наместо сеопфатно и одржливо индустриско планирање се бориме со последиците од исклучиво економски мотивираните активности. Кои се според Вас главните предуслови за една вистинска индустриска транзиција и одржлив развој, и дали сметате дека науката е доволно вклучена и консултирана во процесите на донесување стратешки одлуки? n Познато е дека во Република Македонија се изработени неколку стратегии за економскиот развој, но проблемите со кои се соочувавме (економски, но и политички) не дозволуваат тие стратегии да се спроведуваат целосно и со предвидената динамика.


ПОРТА


енергетика

МИРКО СТОЈАНОВСКИ, ОСНИВАЧ НА „ФИЛБИС“ И ЕКСПЕРТ ЗА ГАСИФИКАЦИЈА

Секоја цевка поставена во з Не е успешна гасификација ако ставиме ние неколку километри магистрални и дистрибутивни гасоводи и ако овозможиме негова инсталирана моќ со некој квантум, а трошиме 5-10 % од истиот. Тоа не е успешна приказна. Успешна приказна е ако од инсталираниот квантум 100, потрошиме 70 % или повеќе и тогаш таа инвестиција ќе биде профитабилна и рентабилна.

М

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

акедонија веќе 25 години ја гасифицира својата територија,но од сето тоа граѓаните во поголемиот дел од државата не ги почувствуваа бенефитите. Гасификацијата практично ја нема, бидејќи тоа ќе се случи кога граѓаните во домовите ќе го користат гасот за затоплување, во домаќинствата и во сообраќајот. Но, сепак Македонија 20 години тапка во место со гасификацијата, а причините за тоа се многу. Мирко Стојановски од фирмта „Филбис“ и експерт за гасификација говори за дел од проблемите со кои државата се соочува на ова поле. Ќе може ли да ни дадете краток историјат на гасификацијата во Македонија и во колкав процент е реализирана досега. Зошто толку малку го користиме гасот, а присутен е на нашата територија веќе 20 години? n Прв носител на гасификацијата во Македонија беше Дирекцијата за гас во рамките на „Макпетрол“ - Скопје. Почетокот на Студијата за гасификација беше во 1985 год, а целиот процес на проектирање и изведба на првата фаза на гасификација траеше до некаде 1995 год. За овој период беа изградени 92 километри магистрални цевоводи во Македонија, а во пет градови беа поставени главни мерно регулациони станици. Во Скопје беа направени две ГМРС и тоа една кај ОХИС и другата во Скопје Север. Во оваа прва фаза на

48

ПОРТА

30 март 2018

Магистрален гасовод на РМ - прва фаза

гасификација во сите градови по долижната на магистралниот цевовод беа приклучени првите 21 индустриско претпријатие. Мора да кажам дека во првата фаза од гасификацијата државата имаше политика и стратегија за овозможување на побрза имплементација на гасот, дозволено беше да се внесе опремата за гас без плаќање ДДВ, се овозможија поволни кредити од банките и сл. За жал, широката потрошувачка тогаш не беше прифатена да влезе во гасификација и тоа според мене беше голема грешка. Еден дел од проектантите ја заговаравме уште тогаш како неопходен контрабаланс на индустријата, чијашто динамика на трошење е многу нерамномерна. Во изминатите 15 години ГАМА остана главно да работи на одржување на тоа што беше направено во првиот бран. Немаше развојна политика,

ниту соодветна развојна стратегија, не се инвестираше и тоа доведе до 10 % просечна потрошувачка на количините на гас што можеме реално да ги транспортираме преку тој систем, а 15 % по изградбата на ТЕ-ТО Скопје. Не смееме да бидеме задоволни од ваквите резултати. Гасот е и од енергетски и од еколошки и од економски аспект извонредно гориво и мораме да се потрудиме тој да стане наше секојдневие. Како ќе го тоа направиме, за колку време, со каква стратегија зависи од политиката на Владата и МЕР, но зависи и од сите нас како можни потрошувачи. Без 15 до 20 % учество на гасот во скора иднина во вкупниот енергетски биланс на Македонија, таа ќе се гуши и еколошки и енергетски, нема да има можност за сериозен исчекор кон побрз и одржлив индустриски развој и подобар стандард на населението.


земја не е гасовод Каква е состојбата со гасификација низ градовите во нашата земја? Како тоа се одвиваше? n Гасификацијата во Македонија е процес кој трае повеќе од 20 години. Во овие години беа направени многу малку работи, а како најважна веројатно можеме да ја сметаме делумната изградба на гасоводниот прстен во Скопје со кој беше опфатена дистрибутивна градска мрежа со притисок од 10 – 12 бари. Остана уште многу мал дел од овој прстен да се доврши, што на сите скопски општини ќе им овозможи лесно и непречено приклучување кон овој систем. Во останатиот дел од државата дури пред неколку години почнаа да се случуваат некои нови работи. Прво Куманово го проби мразот со проширување на гасификацијата и развој на градската дистрибутивна мрежа со која се овозможуваше приклучување на т.н. широка потрошувачка, односно домаќинствата, но заради одредени грешки во постапката и концептот и без доволно финансиски средства, релативно лошо помина целата таа идеја која беше никулец на едно ново гледање на гасификацијата. Потоа дојде гасификацијата на Струмица, при што се направи квалитетен концепт и се коригираа претходно направените грешки и истата ги покажа бенефитите од користењето на гасот во широката потрошувачка и во неиндустрискиот сектор. За разлика од сите дотогашни искуства во Струмица се направи уште нешто сосема ново, односно се примени компримиран природен гас или т.н. „виртуелен гасовод“ преку кој без цевки гасот беше донесен од Петрич до декомпресорската станица во Струмица. Од Гасна станица во Струмица

оваа станица во градот беше изведена диструбутивна мрежа до потрошувачите. Таа еве веќе пет години се развива, надоградува и Струмица сега има околу 40 километри градска гасоводна мрежа, што е навистина респектабилно. И покрај тоа што цената на компримираниот гас што таму го користат е скоро два пати повисока од цената „од цевка“, луѓето и фирмите наоѓаат интерес и пројавуваат желба и иницијатива за користење на истиот. Струмица е прототип како треба да ги правиме работите при гасификација на урбаните средини.

Велите Струмица е успешна приказна. Зошто тогаш останатите градови не го следат нејзиниот пример? Каде е проблемот? n Проблемот е во односот на државата кон гасификацијата. Ова особено се однесува на промената на концептот што претходната Влада го направи, а со кој на општините им се одзема правото сами да прават развој на гасоводните дистрибутивни мрежи. На тој начин се запре овој процес, иако имаше готови проекти за Крива Паланка и за Кратово. Требаше веднаш и тогаш да се отпочне со тие проекти и досега тие ќе беа активни и успешни приказни и гасот ќе придонесуваше во побрзиот развој и почистата животна средина во тие региони. Вториот фактор е што изградбата на гасната мрежа во вакви средини, иако е евтина, не е исплатлива барем во првата развојна фаза и треба да се поддржи од државниот буџет. По надминување на првичната инвестициска фаза, кога ќе се постигне поголем процент на приклученост на потрошувачи кон системот, се очекува и

значително зголемување на рентабилноста и економичноста на гасификацијата, што ќе има одлично влијание врз севкупниот развој на регионот. Овој проблем ќе биде присутен кај поголем дел од урбаните региони кои сега се спремаат да влезат во интензивен процес на гасификација. Третиот проблем поради кој недоволно прогресираше развојот и примената на природниот гас е колизијата на интерес на најголемиот дистрибутер на природен гас кај нас, Макпетрол. Од една страна течни горива со голем профит, од друга страна гасификација со нерасчистени имотноправни состојби и недоволно дефинирани државни интереси доведе до комплетен застој на развојот на гасификацијата во период од скоро 15 години. Ќе може ли да ни објасните како се одвива целокупниот процес за да се реализира гасификацијата? Што се и кој се треба да биде вклучен во овој процес? n Гасификацијата е процес сам по себе многу сложен, комплициран, со повеќе субјекти кои се дел од тоа. Тука се присутни неколку групи на учесниси кои можеме да ги групираме како: - инвеститори - проектанти и ревиденти - надлежни државни или општински органи и институции - изведувачи и надзорни органи, сервисери, оператори, одржувачи и сл. - инспекциски органи, акредитирани фирми Сите овие претходно наведени субјекти, во овој заеднички процес на содејство и реализација на гасификацијата ги спојува една заедничка компонента, а тоа е законската легислатива или прописите за гас. Првиот проблемот тука е што во Македонија има навистина многу мал број на активни проектанти кои во моментот се способни и можат да издржат проект за гасификација на една општина или поголем индустриски потрошувач. Вториот голем проблем претставуваат прописите и луѓето што треба да ги бранат и застапуваат тие прописи, а тоа се инспекциите во надлежните институции, а во прв ред тука е МВР која според нашиот закон за градба е надлежна за таа област. Таму имаше порано одлични експерти и познавачи на материјата и прописите. Но за последните 10 години голем дел од овие стручни луѓе отидоа во заслужена пензија, а на нивно место не беа донесени соодветни кадри ниту по број, ниту по структура. Луѓето што се таму се навистина 30 март 2018

ПОРТА

49


редуцирани и не само со своето знаење, туку и чисто физички не можат да задоволат една ваква експанзија на проектирање и градење во оваа област. Потребно е нивно екипирање и соодветни обуки и оспособување за гасната техника. Со почетокот на овој процес ќе излезат на виделина сите овие недостатоци. Јас не сум песимист, туку се сметам за реалист. Во овој синџир на парципиенти во процесот на гасификација секој треба да го даде својот полн учинок. Недостатоците и грешките мораат брзо и правовремено да се решаваат и да се овозможи активна динамика на процесот на гасификација. Тоа значи дека процесот на гасификација треба да се води од силна, компетентна екипа, со соодветно претходно искуство, способна да одговори на предизвиците. Треба многу работа, создавање сопствен кадар и доверба во сопствените способности и вредности. Гасот е добар пријател особено во зима, пријател на којшто треба да му се отвори вратата од домот, канцеларијата, погонот и со него ќе ви биде топло, удобно, чисто и економично. Но, тој може да биде и голем непријател, ако не сте едуцирани и ако не знаете со него да работите. Тој е полесен од воздухот и се извлекува од просториите со што и опасноста од него престанува. Статистиката вели дека експлозиите од природен гас се поретки од паѓање на авион и ако ја почитуваме оваа статистика

ќе видиме дека тој е многу сигурен за работа, но за истото ни треба во прв ред компетентна изведба, квалитетна опрема, проверено исполнување на барањата од прописите за гас и добра обука за манипулација и користење на гасот. Споменавте дека голем проблем во Македонија е немањето добро обучени кадри кои би сакале да работат со гасот. Каде лежи проблемот за ова? n Гасификацијата е паралелен систем на Електростопанство и ако таму работат околу 1.500 инженери кои го градат, развиваат и одржуваат системот, не може гасификацијата да опстои, да се изгради и развие со помалку од 300 до 500 инженери. Создавањето на инженерски кадар специјализиран од областа на гасификацијата е процес што требаше да почне пред четири - пет години, кога почнаа сите тие процеси околу магистралните гасоводи, но за жал тогаш никој не му обрна внимание на тој процес и изостана навремен прием и обука на ваков вид кадри на факултетите. Ни требаат млади обучени кадри кои ќе ја носат гасификацијата на грб. Имаме многу работи што треба да ги направиме и добро е што во буџетот се ветуваат доволно пари за оваа цел и тоа треба да ги овозможи сите други процеси. Треба најитно да се заокружи Стратегијата и да се излезе со јасен концепт за сите овие

Слика 1 Приказ на планирана и изведена магистрална гасоводна мрежа - Виолетова боја – изведена магистрална мрежа - Зелена боја – во изведба - Кафена боја - планирана 50

ПОРТА

прашања, за добробит на сите, а особено за добробит на гасификацијата која треба да ни донесе почиста животна средина, подобрена економичност, повисока енергетска ефикасност. Повеќето општини најавуваат гасификација, но има ли услови таа да се реализира како што е замислено и кои се можностите? n Согласно Стратегијата за развој на енергетиката во Македонија до 2030 година, развојот на гасификациониот систем во делот на магистралните правци, е утврдено приоритетно да се одвива на правците од Клечовце, Свети Николе, Штип, Радовиш, Струмица, Гевгелија и правецот од Скопје преку Тетово до Гостивар. Согласно планот за развој, обнова и проширување на постојната преносна мрежа во периодот 2017-2020 година, предвидени се проширувања на градската гасоводна мрежа, затворање на гасниот прстен во Скопје, систем за следење и откривање на истекување на гас од гасоводна мрежа, телеметриски систем на објектите на гасоводот, приклучување на ТИРЗ Ранковце кон преносната гасоводна мрежа, изградба на нов високопритисен гасовод за ТЕ-ТО АД Скопје. МЕР АД Скопје, од страна на Владата е назначен за потписник на Меморандумот за разбирање на новиот гасен проект „Тесла“, проект кој предвидува поврзување на земјите од Југоисточна Европа, Грција, Македонија, Србија, Унгарија и Австрија со гасоводниот систем на Турција. Сегашната Влада гасификацијата ја стави на високо место во нејзините приоритети и она што е многу важно е дека веќе обезбеди дел од потребните средства за тоа. Минатата година гасификацијата мируваше, затоа што за неа немаше доволно пари во претходниот буџет. Кои се реалните можност за реализација на гасификацијата?! n Првата можност е развој со приклучување кон магистралните гасоводи кои се веќе изградени или се во градба. Со оглед на веќе обезбедените финансиски средства и одредени правилно усмерени напори на изведувачите, надзорите и другите вклучени во овој процес можни се и веројатни роковите кои се дадени за завршување и ставање во функција на овие гасоводи. Зборувам за новите магистрални гасоводи што се под МЕР, не под ГАМА, значи од Клечовце до Неготино – Прилеп – Битола, а се надевам и зошто да не и до Тетово и Гостивар. Тоа значи дека на скоро


Среднопритисен гасоводен прстен во Скопје, p = 10 – 12 bar

една половина од државата до 2020 година ќе имаме можност за поврзување „на цевка“. Тоа е добар период да се подготват проекти, одобренија и да се отпочне со градба на дистрибутивни градски мрежи и адаптации на потрошувачи. Значи реално е да се очекува 2021 год во поголем дел од територијата на нашата земја да можеме да го користиме природниот гас. Кога сите овие елементи ќе се состават, магистрални цевководи, дистрибутивни мрежи, адаптација на потрошувачи, е тогаш може да се пушти гас и велиме дека имаме гасификација. Втората варијанта е гасификација преку „виртуелни гасоводи“, односно со компримиран гас (CNG). Овој начин е погоден за региони во кои треба да се приклучат потрошувачи со капацитет до 3.000 кубни метри на час или одредени локални региони, но тоа е само една меѓу варијанта до пристигнување на магистрален огранок. Третата варијанта е гасификација преку „виртуелни гасоводи“, но овој пат со течен природен гас (LNG) кој може да одговори на побарувачка од околу 10 илјади кубни метри на час. Тоа е пример по којшто можат да се направат сателитски станици на разни локалитети во државата каде што нема цевка и со криогени резервоари да се носи течниот природен гас до такви потрошувачи

или од станицата да се испарува течниот природен гас па истиот преку локална дистрибутивна мрежа да се води до потрошувачите. Во досегашниот развој на гасификацијата во РМ сите овие варијанти се веќе применети и имаме автентични искуства со истите, а преку нив се обезбедува гасот да може да се користи на целата територија во државата. Каква е ситуација во Скопје со можност за гасификација? И колку ние како народ и поедници сме подготвени да го прифатиме тоа? n Во Скопје постојат одлични можности за гасификација. Тука е прстенот кој треба да биде основен приклучен сегмент на кој што сите потрошувачи, без разлика дали се индустриски или неиндустриски ќе можат да се приклучат, а кој е притисок од 10 бара и е скоро завршен, па останува уште мал сегмент што треба да се доврши од касарната Илинден до Александар Палас и да се затвори преку Митрополит Теодосиј Гологанов. Десет барската мрежа е само за до мерно регулационите станици (МРС). Сега преку проектите што треба да се направат по општините ќе се изгради и направи и концептот за широка потрошувачка во градот. Во Скопје треба да има блоковски (регионални) станици и четири барска

мрежа за дистрибуција на гас до потрошувачите низ градот. Треба да се води сметка дека во регионите во Скопје каде што има високи градби и каде што има Топлификација не треба да се дава приоритет на гасифицирањето. Тоа се двојни трошоци и нема потреба да се прават со оглед на тоа што ние не сме толку богати за да вложуваме толку многу во две мрежи за покривање на исти потреби. Треба нагласокот и динамиката на градба да се насочи кон другите области во Скопје, а особено периферните региони на градот. Исто така треба да се продолжи и интензивира градбата на компресорски станици за воведување на природниот гас во сообраќајот кој претставува еден од поголемите загадувачи на воздухот во градските урбани средини, а особено во Скопје, Битола, Тетово. Ако оваа Влада сака да направи успешна приказна од гасификацијата таа мора да има стратегија како идниот потрошувач, идниот купувач на гас да го стимулира и да го користи истиот. Мора да спроведе организиран и осмислен сеопфатен процес на едукација, да престанеме да се плашиме од природниот гас и да станеме свесни за користа од неговата употреба. Втора работа е субвенционирање или подобрување на условите за купување, да се даваат евтини кредити за гасификација. 30 март 2018

ПОРТА

51


НАЈНОВО

l Согласно мерките за градење доверба

Тоа е стратегија која државата, банките и локалните управи треба да ја спроведуваат и тоа пред, за време и после извршување на овој процес на гасификација. Кога гасот ќе дојде до обичниот граѓанин колку тоа ќе го спаси домашниот буџет? Која би била разликата процентуално? n Не е успешна гасификација ако ставиме ние неколку километри магистрални и дистрибутивни гасоводи и ако овозможиме негова инсталирана моќ со некој квантум, а трошиме 5-10 % од истиот. Тоа не е успешна приказна. Успешна приказна е ако од инсталираниот квантум 100, потрошиме 70 % или повеќе и тогаш таа инвестиција ќе биде профитабилна и рентабилна. Значи мора да разбереме дека за да се постигне привлечност за употребата на гас државата мора да изгради инструменти, да изгради и спроведе стратегија со која ќе се привлече крајниот потрошувач без разлика дали е индустриски или неиндустриски потрошувач, или домаќинство. Секој ќе си најде свој материјален интерес, а покрај тоа имаме и еден навистина длабок општествен интерес, а тоа е екологијата, која ни вели дека најеколошкото гориво кое може да го користиме во овој момент и со кое ќе придонесеме кон подобра и поздрава животна средина е токму природниот гас. Според тоа како ќе биде приклучувањето на домаќинствата и колку тоа ќе чини ќе зависи и од стратегијата што државата ќе ја избере и спроведе. Дали тоа ќе се даде како кредит или ќе се исплаќа преку цената на гасот, се е отворено. Цената на приклучокот можам да кажам дека според искуството што го носиме од Струмица е некаде околу 600 до 650 евра приклучокот, а цената на целата адаптација што треба да се направи во домаќинствата, ако нема 52

ПОРТА

30 март 2018

ништо претходно од инсталација како што се радијатори, котел или печка, ќе зависи од тоа што сакаат корисниците. Ако е со печки тоа е поевтино и не би требало да биде повеќе од 1.000 евра за еден просечен стан од 80 квадрати, а доколку е системот со котел тогаш тоа е околу 2.500 евра. Треба да се знае дека гасот не служи само за греење, тој се користи и за готвење, подготовка на санитарна топла вода и сл. Кога сега ќе ги погледнете трошоците за струја ќе видите дека 65 % отпаѓа на СТВ, а само 10 до 15 отсто е за готвење, а другите се за останатите трошоци. Кај гасот нема губење на енергија, тој во комплексното задоволување на сите енергетски потреби во домаќинството ќе даде врвни и конкурентни резултати, а во однос на електричната енергија заштедите кои можат да се направат се 30 – 40 %. Неколку пати споменувате дека нема прописи. Како тогаш вие проектантите, бидејќи од вас почнува целиот процес, го надминувате истото? Законот за градба е фундаментален закон со кој се регулира областа на градење, доградување или адаптација на објектите. Но истиот е веројатно најменуваниот закон во нашето законодавство. Во просек во изминатите 10 години тој се менувал на секои 3-4 месеци. Ако некој помисли дека овие чести измени и дополнувања од овој закон направиле совршен документ, навистина тешко се измамил, затоа што во истиот се измешани „жаби и баби“ и е направен конгломерат на прописи и закони кои го прават целосно неефикасен, нецелисходен и непрактичен. Со овој закон се чудесно измешани две дејности кои една со друга не треба воопшто да се мешаат, туку секоја од нив да претставува една целосно независна и посебно

помеѓу Р Македонија и Р Грција и интензивирање на билатералната соработка меѓу двете земји, договорено е да низ Македониоја транзитира природен гас за развој на инфраструктурата во Западен Балкан. Со овој проект ќе се изградат по околу 60 км. гасовод на македонска и грчка страна. Со овој договор се создаваат услови за приклучување кон проектот ТАП и користење на течниот природен гас / ТПС / од резервоарите во Грција. За почеток е предвидено гасоводната линија да има технички проектни перформанси од 2-3 милијарди кубни метри гас. Р Македонија и Р Грција за реализација на овој проект ќе аплицираат заедно за финансиски средства во меѓународнитге институции.

l Владата во рок од 30 дена преку

Министерството за економија ќе формира Работна група за кординација и следење на процесот на реализација на сите проекти од примарната како и секундарната гасификација на државата. Во работната група освен претставници од Кабинетите на премиерот и заменикот за економски работи, ресорни Министерства , ќе бидат вклучени АД МЕР Скопје, АД ГА – МА Скопје , Заедницата на локална самоуправа и Регулаторна комисија за енергетика.

l Од МЕР информираат дека за најдоцна 2

месеца треба да протече гас низ делот на магистралниот гасовод Клечовце до Штип по што дел од фабриките од Штипската индустриска зона, ќе можат да го користат гасот како енергенс.

регулирана целина и процедура, а тоа се планирањето и урбанизмот од една страна и проектирањето и градбата од друга страна. Планирањето и урбанизмот го практикуваат фирми кои имаат соодветна лиценца за истото, а проектирањето го практикуваат фирми кои пак имаат соодветни лиценци за проектирање. Таму кај што завршува планирањето и урбанизмот, а тоа е со усвојување на маркица за градба и дефинирање на условите за градење, отпочнува процесот на проектирање. И додека процесот на урбанизација и планирање е општествен , процесот на градба е индивидуален и се


спроведува од страна на приватни или посебни инвеститори и посебно овластени проектанти. Овој процес се состои од изработка на идејни и основни проекти и ревизија и завршува со добивање решение за градење. Додека планерските процеси можат да трајат повеќе месеци и години, проектанскиот процес е релативно краток и брз и трае неколку месеци. Одговорност за планските документи имаат обично општинските совети или државните органи, а кај проектирањето проектантите и ревидентите. Ова накратко се најбитните разлики кои го оневозможуваат правилното функционирање на сегашниот Закон за градба и поради кој тој најитно треба да се преуреди. Вториот конкретен проблем кој треба да го решаваме е застареноста на добар дел од постојните и недостатокот на една дузина закони, а со кои се регулира работењето со природниот гас. Како го надминуваме ова? Тешко!! Прво, процесот на вадење решение за градба трае со месеци, а некогаш и повеќе од 1 година што многу негативно влијае на желбата на инвеститорите во ваква ситуација да инвестираат кај нас. Второ, непостоењето на домашни важечки прописи од некоја област досега парцијално се решаваше со цитирање на европски прописи од оваа област. Но оваа прифатена пракса во последните 1-2 години се одбиваше од страна на надлежните служби со што проблемот станува непремостив и претставува голема кочница во процесот на проектирање и добивање потребни согласности и решенија за градба. Поради оваа појава

повторно многу инвеститори се откажаа од своите намери за инвестирање во РМ. Во оваа прилика не е можно да не се спомне уште еден голем проблем во проектирањето, а тоа е начинот на функционирање на Комората за овластени архитекти и овластени инженери. Комората постои повеќе од 9 години и за тоа време се уште не е направен најважниот документ поради кој се потегна иницијативата за нејзино основање, а тоа е Ценовник за проектирање. Таа беше планирана како еснавско здружение, но сега е се друго само тоа не! Јас за сите овие години не

почувствував дека оваа и ваква Комора го штити проектирањето и ми помага во работењето и егзистенцијата. Комората дефинитивно треба да се престрои и треба да почне да работи во интерес на тие за коишто постои, да понуди вистински програми и цели. Сметам, процесот на преуредување на Законот за градба и донесување на потребните закони и правилниците од областа на гасификацијата се секако доволно предизвикувачки да го дадат својот целосен придонес и секако Ценовникот кој живот ни значи!.

ПОРТА


градежна физика

ГРАДИНИ НА ПОКРИВИТЕ И НИВНАТА КОРИСТ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Повеќе потреба отколку луксуз

В

Јана МИЛИСАВЉЕВИЌ , ЗЕП ЕКО МАК о денешно време кога имаме сè поголем степен на загаденост на воздухот и сè повеќе се гради во централното подрачје, градините на покривите не се повеќе луксуз туку потреба. Со градење на објектите се одземаат површини кои треба да се (или се) зеленило. Затоа тие одземени површини потребно е да се надокнадат. Успешноста на заменување на природната улога на почвата од зелените површини е во техничкото решение на системите кои се вградуваат во зелените покриви. Со надокнадување на изгубените зелени површини, правиме нови услови на покривите. Затоа и доаѓаме до заклучокот дека градините на покривите не се повеќе луксуз туку потреба. Она што го добиваме дополнително од овој тип на покрив, е следново: ЕКОЛОШКИ БЕНЕФИЦИИ Задржување на дождовница (од рамниот покрив целата дождовница 100 % се слева во атмосферската канализација), но со системот на зелениот покрив во зависност од типот се задржува 50-90 % со што се овозможува истовремено раст на вегетацијата.

Подобрување на микроклимата. 54

ПОРТА

30 март 2018

Прочистување на воздухот - зелените покриви прочистуваат 10-20 % прашина од воздухот.

Подобрување на звучната изолација - го намалуваат одразот на звукот до 3 dB и ја подобруваат звучната изолација на покривот до 8 dB. Овие предности се појавуваат на објекти кои се наоѓаат на побучни места.


Овозможување на ново живеалиште на растенија и инсекти.

Подобрување на животната средина.

ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИЦИИ

Високо ниво на задржување на дождовницата – веќе спомнавме дека од рамниот покрив целата дождовница се слева во атмосферската канализација која понатаму придонесува до големи проблеми како поплави, додека со системот, количеството на вода која се слева во атмосферската канализација е многу мало и притоа не придонесува до преоптоварување на канализацијата.

Дополнително искористливо место за поквалитетно живеење – рекреативни градини на покривите, кафулиња на покривите, спортски активности итн. Овие бенефиции можат да се постигнат со различни типови на системи: екстензивен, семи-интензивен и интензивен. Екстензивен Семи-интензивен Интензивен зелен покрив зелен покрив зелен покрив Одржување

Ниско

Наводнување Не

Продолжува векот на траењето на покривот. Заштита на кровната конструкција и хидроизолација од : УВзрачење, студ , топлина, град, па и од механичко оштетување.

Периодично

Високо

Периодично

Редовно

Вегетација

Седум, зачини Трева, зачини и треви и грмушки

Тревник, повеќегодишни растенија, грмушки и дрвја

Висина на систем

60 - 200 мм

120 - 250 мм

150 - 400 мм на подземни гаражи > 1000 мм

Тежина

60 - 150 кг/м2

120 - 200 кг/м2

180 - 500 кг/м2

Трошоци

Ниски

Средни

Високи

Употреба

Еколошки слој Дизајниран за заштита зелен покрив

Парк како градина

Топлинска изолација - намалување на трошоците за ладење и греење. 30 март 2018

ПОРТА

55


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


ба

0

ПОРТА


уметност

РЕТРОСПЕКТИВАТА НА БОРКО ЛАЗЕСКИ ВО НАЦИОНАЛНАТА ГАЛЕРИЈА „ДАУТ-ПАШИН АМАМ“, СКОПЈЕ

Илинден и НОБ – идеен идентитет на сликарот Стилот на Борко Лазески е изведен од Лотовиот посткубизам со елементи на социјалниот реализам карактеристичен со хероизам на изразот на робусните стилизирани фигури, со иконографија и нарација кои недвосмислено претставуваат сообразеност со идејниот и политички императив на тогашниот еднопартиски систем

Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ

Б

орко Лазески е роден во1917 година во Прилеп, град во кој меѓу двете светски војни се одвивал разновиден ликовен живот. Неговото дело, создадено кон крајот на 30-тите сè до почетокот на 90-тите години на 20 век е вградено во темелите на македонската уметност и култура. Во тој период тој се испробал во разни сликарски техники и правци посветувајќи се на својата прва определба. Еве неколку податоци за неговото школување. Во 1937 година завршува Уметничка школа, а студии во Белград меѓу 1939 и 1941 година. Професорот Мило Милуновиќ го насетил идниот монументалист. Лазески продолжил да учи. Од 1941 до 1943 година студира на Ликовната академија во Софија. Следува усовршување во професијата. Оди во Париз, светски центар на уметноста. Во 58

ПОРТА

30 март 2018

периодот 1946-1948 година студирал ѕидни техники и сликарство кај Андре Лот, кубист од втората генерација и познат педагог (кратко во неговото ателје учел Лазар Личеноски и други сликари). Во ателјето на Лазески постојано беше закачена фотографијата на неговиот мудар учител. Секој период на неговото школување е означен со дела кои го отсликуваат актуелниот момент во уметноста. Во предвоениот период тоа е социјалниот реализам, а кон крајот на војната, во 1944 година тој се вклучува во работата на агитпропот на народноослободителната војска ангажиран за изработка на пропагандни материјали. Од тој период се датирани серија линеарни цртежи со тема бегалци, партизани и „чистење вошки“. По војната Лазески изработи серија платна со париски мотиви во манир на суптилен протоимпресионизам покрај студиите во темпера со заоблени и меки аглести форми (акт, мртва природа) од ателјето на Андре Лот.

Забележлив е основниот белег: тоа е линеарната обработка на цврста форма и нејзина геометризација. По враќањето од Париз Лазески активно се вклучува во ликовниот и културен живот на Република Македонија како дел од втора Југославија. Во 1953 година (период по официјалното отфрлање на соцреалистичките догми од советски тип во Југославија) учествува на изложбите на групата „Денес“ која се залага за осовременување на уметноста (преземајќи некои идеи од загрепската авангардна група „Егзат 51“). Во истата година (покрај Димче Протуѓер и Киро Хаџи Василев) учествува во полемиката (единствена по обем) за модерната (апстрактната) уметност и традицијата (фолклорната уметност). Паралелно со овие активности Лазески работи на скици и на картоните (донирани на Музејот на Град Скопје) за фреската на НОБ која ќе биде изведена во 1956 година на горната зона во шалтерската


сала во старата железничка станица (денес Музеј на Град Скопје). Фреската остави силен впечаток на луѓето, кои дотогаш немале можност да видат дело со такви монументални димензии (на вкупно 225 м2), уметност изведена во фреквентен јавен простор, дело во кое, на симболичен начин е претставена блиската тематика од НОБ. Стилот на Борко Лазески е изведен од Лотовиот посткубизам со елементи на социјалниот реализам карактеристичен со хероизам на изразот на робусните стилизирани фигури, со иконографија и нарација кои недвосмислено претставуваат сообразеност со идејниот и политички императив на тогашниот еднопартиски систем. Сликарот работел со ентузијазам, но методично и со емоција следејќи ги принципите на монументализмот и сликарството на рамни форми во дводимензионален простор. Притоа, може да се укаже на можни релации и сродност со одделни слики со ангажирана тематика на Гоја и универзалниот симболизам на Пикасо, особено со раскажувачките дела на славните мексикански муралисти Диего Ривера, кој започнал со кубизмот, Хозе Клементе Ороско и Давид Алфаро Сикеирос кој земал учество во мексиканската револуција. Лазески добро го познавал јазикот на монументализмот и заедно со него говорот на линијата (која заедно со плошните форми претставува основен ликовен елемент и изразно средство на неговото сликарство). Фигурите се крупни предадени во синтетизирани форми со прецизен цртеж и обоеност, како и во комбинирање на плановите. Косите или дијагоналните линии сугерираат динамика и сила, вертикалните стабилни линии значат одлучност и отпор, а хоризонталните смрт или мотив на убиен борец. Цврстите геометризирани форми се распоредени по логиката на рамнината, како и поврзувачкиот систем на агли и деформации на

одделни линии на прекршување на формата и нејзиниот ритам во дводимензионалниот простор. Решенијата на формите се движат од типизирани реалистички црти на ликовите „од народот“ до апстрактни монохромно решени апстрахирани површини на облеката. Ликовите и фигурите на окупаторот се јасно и силно спротивставени (со нивните помали димензии) во однос на фронтално поставената маса народни борци симболизирајќи ја победата и ослободувањето. Целината делува со својот драматизам и епски хероизам на борба за слобода. Не случајно познатиот критичар Ото Бихаљи Мерин својот осврт за фреската го наслови „Кубистички ораториум“ што претставува значајно признание за Лазески. Покрај некои различни решенија (како што е преодниот или интермецо мотив „дрво“ кој добил надреални белези) употребен е редуциран хроматизам со доминантни кафеави тонови кои ѝ даваат обединувачки, заеднички тон на композицијата. Сликовната претстава, развиена како фриз по хоризонтала е заснована на доследно спроведените

обликувачки размислувања на сликарот, кој го преферирал правилото и правилното, крутата и робусна форма, а не каприците и непредвидливите ефекти на спонтаниот израз, на вехементната ослободеност на изразот. Во делото се внесени мотиви од народната традиција (шарите или орнаментиката) и на суптилен начин сеќавање на средновековната фрескотрадиција во Македонија (драматизмот и мотивот на Пиета). Таквите белези се уште еден квалитет на фреската што придонесува за добрата комуникација со публиката, со уметничко дело кое е актуелно и кое остварува ангажиран однос спрема историјата, традицијата и стварноста. Остана, во една историска перспектива значењето на темата, како и на социјалната функција и комуникативноста на јавната уметност, посебно вредноста на занаетот и цртежот, меѓутоа со значително редуцирање на она што се нарекува „внатрешна стварност“ или метафизичка содржина на делото. Следува реализација на муралот во СОКбанките од 1976 година (денес оштетена со некои функционални адаптирања на просторот, што не е единствен случај), што се одбележи со текст од мислењето за прием на делото. Авторот го примени својот препознатлив концепт давајќи нагласка на закосените форми и динамични линии. Македонската критика, во 1980 и 1982 година укажа на прагматизмот и истрошеноста на творештвото на Лазески („Немоќта на еден историски концепт“, Нова Македонија, 24.2 1982 муралите во Поштата на кејот кои се уништени во пожар). Таквиот пристап, повеќе формалистички отколку емотивно поттикнат се потврди со ѕидната слика во новиот Mузеј на НОВ во Крушево, 1988 година (проследено со критички осврт) и делото со нагласена фигуративна нарација „Битола, бабам Битола“, изведено во Главната пошта во Битола (што ја промовираше актерот Илија Милчин). Во него доминира приказната за еден поранешен град на конзули, одбележана со пригоден текст 30 март 2018

ПОРТА

59


(1992). Една година порано, во 1991 година Лазески, според сочуваните картони ја обнови фреската за НОБ, на двата ѕида во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, меѓутоа без силата, уверливоста и комуникацијата со публиката што ја оствари оваа фреска во 1956 година (уништенa во земјотресот во 1963 година). Тоа се последните зафати на овој значаен монументалист, остварени по државното осамостојување на Македонија, кога се одвиваше континуирано нагрдување и вандализам врз монументите и спомениците посветени на НОБ, во кои, не ретко се симболизирани двата Илиндена. Борко Лазески со своите мурали доживеа успех во поранешниот „југословенски уметнички простор“, потоа со престојот во Багдад (1959-1967) како професор на тамошната ликовна академија кога изработи циклус слики со „егзотични“, геометриски стилизирани мотиви со иконовидни белези. Следеше реализација на два монументални мурали (изведени во акрилни бои) во Сиудад Мексико (1985 година) во кои со нагласена густина симболично е претставен напредокот на модерната цивилизација (решенија кои потсетуваат на делата на Фернан Леже) и во слава на движењето на неврзаните (Нехру, Тито, Насер). Ќе се потсетиме дека Давид Алфаро Сикеирос умира во 1974 година за кого Борко Лазески објави текст во списанието „Културен живот.“ Лазески во 70-тите години создаде серија слики со поедноставени 60

ПОРТА

30 март 2018

апстрактни форми (можеби изведени според мотиви од облеката на борците од фреските). Тој се доближи до апстрахираните форми во темперите од ателјето на Андре Лот (во вид на ликовна вежба, меѓутоа секогаш бил доследен на својот фигуративен и монументален концепт, вклучително во малите формати. Лазески имаше обичај да ја испитува трајноста на боите (од германската фабрика „Шминке“) изложувајќи ги на сончева светлина, што е уште една потврда за неговиот професионализам во работата. Тој беше добар ликовен педагог, автор на учебник и образован сликар (двотомниот

Невешт скулпторски „монументализам“ Во најново време датира проектот (некој го нарекува движење) „Скопје 2014“, кој со својот, крајно невешт скулпторски „монументализам“ и дилетантски архитектонско-урбанистички решенија, без концепт и визија направи Скопје да стане лошо место за живеење, срам пред светот, но веројатно не за сите туристи. Организираните млади автори, со концептуалистичка (вербална) определеност го истакнуваа својот ангажиран став против диктатурата на претходниот режим без некоја посебна сила и уверливост. Биеналето на млади поминува мошне скромно во знакот на глобалната и локална загаденост.

Дневник на германски јазик на Паул Кле беше една од поновите книги во неговата библиотека). Не се оствари неговиот предлог за основање школа за фрескосликарството во манастирот Трескавец. Неговото творештво го следев одблизу (со објавени текстови), често разговаравме и остваривме блиска соработка (тој беше промотор на монографиите за „Атанас Мучев“ од 1993, првиот образован сликар во Струмица, потоа инспиратор за монографијата за „Саздо Хаџи Петрушев“, што тој го нарече „Велешкиот Ван Гог“, објавена во 1994, што јас ги подготвив, како и учебникот по историја на уметноста „Ликовна култура“ од 1989 година). Во монографијата, објавена по повод изложбата публикувани се текстови кои ги изнесуваат или прераскажуваат порано веќе објавените содржини и мислења без никаков напор да се предложи барем минимум ново истражување и поцелосно толкување на ликовните факти. Паралелно со геометризмот на Лазески во македонската уметност од 60-тите до 80-тите години ќе бидат остварени споменички комплекси (симболична синтеза на целокупната историја на Македонија) од Богдан Богдановиќ во Прилеп и Штип (европски познат автор), Јордан Грабуловски (споменикот во Крушево 1974 година), Петар Мазев и Глигор Чемерски автори на пространи мозаици (спомениците во Велес и Кочани) изработени во експресионистички дух и со богат колорит.


ПОРТА


архитектура и уметност

РЕНОВИРАЊЕ НА „ГРАН ПАЛЕ“ ВО ПАРИЗ

Фараонски проект од 466 милиони

Овој симбол на архитектонски иновации од почетокот на 20 век во Париз ќе биде реновиран и обновен во периодот од 2020 до крајот на 2024 година Текст и фото, Дејан БУЃЕВАЦ (специјално за Порта 3 од Париз)

„Г

ран Пале е во опасност“, неодамна предупреди Франсоаз Нисен, францускиот министер за култура, пред да го претстави на јавноста проектот за реновирање на еден од најубавите музеи во Париз и во Европа. Бидејќи голем дел од објектот на „Гран Пале“ не е во согласност со современите стандарди за безбедност, во моментов музејот не е во функција каква што се очекува и најголемиот дел од него е затворен за јавноста. Планот е од 2020 година, овој „стогодишен“ споменик, да доживее огромна промена на реставрација и развој. Според министерот за култура, се работи за историски проект, бидејќи истиот ја изразува големината и важноста на очекуваниот потфат. „Проектот треба да помогне овој историски споменик да добие максимална безбедност, а истовремено, да се обнови неговата волуменозност, максимално да се стави во функција неговата циркуларност и мобилност, како и 62

ПОРТА

30 март 2018


и евра за Олимпијадата во Париз

Ваквата грандиозна трансформација, која бара целосно затворање на локацијата помеѓу декември 2020 и средината на 2023 година, проценета е на 466 милиони евра, вклучувајќи 288 милиони евра кои ќе бидат инвестирани од француската држава. Покрај тоа, нема да се толерира никакво одлагање, бидејќи „Гран Пале“ е избран да биде официјален објект домаќин на повеќе настани за време на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

повторно да се истакне и открие неговата изворна светлина. „Ќе бидат обновени сите стаклени простории, покрај главниот стаклен покрив на кој се работело последните девет години. На тој начин, ќе обезбедиме сигурна зграда,

особено од поплави, и секако, од безбедносни причини“, изјави Силви Убак, претседател на „Големото Пале“. Овој потфат е доверен на агенцијата Lan Architecture во соработка со дизајнерот Mathieu Lehanneur.

ИДНИНА Според проектот, во иднина „Гран Пале“ ќе биде отворен од двете страни, односно почнувајќи од „Авенијата на Елисејски Полиња“ на север, па до реката Сена на југ, преку Rue des Palais, идната главна сообраќајна и културна артерија на новата локација и на Париз воопшто. Од секоја страна, големите галерии, чија големина ќе се зголеми за 30 %, ќе бидат опслужени со огромни рампи поставени под природна светлина. Од секоја страна, големите галерии, чии големини според планот, просторно ќе се зголемат за 30 %, ќе бидат поврзани и опслужени со огромни рампи поставени под природна светлина. Надворешните градини, исто така ќе бидат ревитализирани за да им обезбедат на посетителите поголеми зелени површини кои ќе бидат достапни и за лицата со ограничена подвижност. 30 март 2018

ПОРТА

63


Конечно, главната тераса од страната на Сена како и другите балкони кои досега биле недостапни, ќе бидат отворени за јавноста, заедно со новиот луксузен ресторан и приватизирана зона. Ќе бидат обезбедени највисоките меѓународни стандарди за национални изложбени галерии, а исто така, се планира и проширување на просториите за наем, кои ќе се зголемат од 18.000 до 23.000 м2. Со проектот ќе се решат два главни технички проблеми, метеоролошки и практични: „Термичка регулација на главниот простор, во кој температурата може да се движи од -5 °C до 40 °C, и создавање на голема логистичка платформа под него, бидејќи денес објектот нема свои простории за испорака. Исто така, дигиталните технологии ќе бидат користени наголемо во

64

ПОРТА

30 март 2018

новиот „Гран Пале“. Според Убак, на посетителите треба да им се обезбеди да можат во живо да ги гледаат најсовремените случувања од областа на науката, уметноста и технологијата во Тулуз или во Бруклин... Панорамското читање и тематските изложби во „Гран Пале“ како дел од историјата на уметноста ќе бидат фокусирани на сите значајни и анонимни социолошки, филозофски или политички настани во општеството. „Новиот „Гран Пале“ како институција мора да биде подобра и во согласност со сегашното време“. ИСТОРИЈА Grand Palais des Champs-Élysées, обично позната како Grand Palais („Гран Пале“), претставува врвна историска знаменитост, изложбена сала и музејски

комплекс сместен на Champs-Élysées во 8. арондисман во Париз, Франција. Изградбата на „Гран Пале“ започнала во 1897 година на местото на срушената Palais de l'Industrie од 1855 година, а во рамките на припремите за Светската изложба во 1900 година, која подразбирала и градење на дополнителни градби како што се Petit Palais и Pont Alexandre III. „Гран Пале“ изворно претставувал „Споменик посветен на славата на француската уметност од страна на Републиката“, и неговата улога била да биде домаќин на сите големи уметнички настани во главната француска метропола. По редица неизвесни настани и жестоки расправии меѓу претставниците на тогашната власт, медиумите и јавноста во однос на тоа кој да биде главен архитект на целиот проект меѓу архитектите избрани на националниот конкурс во 1896 година, конечно било одлучено авторите Henri Deglane, Albert Louvet, Albert-Félix-Théophile Thomas и Charles Girault да ги синтетизираат меѓусебно своите предлози и да работат заедно на проектот. Конструкцијата е градена во стилот на Beaux-Arts архитектурата, креирана на École des Beaux-Arts во Париз. Зданието со своите камени и стаклени фасади, со формалноста во планирањето на основата и со употребата на техниката го одразувало вкусот на декоративност која во тоа време била иновативна. Такви се стаклениот покрив и неговата конструкција од железо, врамувањето од лесен челик и употребата на армирачки бетон.


Главниот брод, долг речиси 240 метри, се состои од импресивен простор и надмоќен стаклен покрив, кој заедно со стаклените врати и куполи тежи околу 8.500 тони челик, железо и стакло. Вкупната тежина на употребениот метал е 9.057 тони (наспроти

12.000 на станицата Орсеј и 7.300 за структурата на Ајфеловата кула). Врвот на главната купола кулминира на надморска височина од 45 метри. Изграден од железо, челик и стаклен покрив, „Гран Пале“ е последен од

импресивните проѕирни градби инспирирани од лондонската „Кристална палата“ (Crystal Palace), кои биле градени за потребите за одржување на масовни настани и собири пред ерата на електричната енергија. Главниот простор на „Гран Пале“ првично бил поврзан со останатите делови на палатата долж оската исток-запад со големи скалила во стил кој ги комбинира класицизмот и ар нуво, но оттогаш па досега внатрешниот изглед веќе бил модифициран неколку пати. Големата инаугурација била одржана на 1 мај 1900 година, а од самиот почеток палатата била место на одржување на различни видови на настани покрај предвидените уметнички изложби. Тоа вклучувало натпревари во јавање коњи кои се одржувале еднаш годишно од 1901 до 1957 година, но главно просториите на „Гран Пале“ биле посветени на иновациите и модернизмот: автомобили, воздухопловство, апарати за домаќинство и така натаму. Златната ера на ликовни изложби како таква траела 30 години, додека последната се случила во 1947 година. Првата голема ретроспектива на Анри Матис после неговата смрт била одржана токму во „Гран Пале“. Во првата половина на шеесеттите години на 20 век, архитектот Ле Корбизије сакал да

Шанел – ексклузивен спонзор на реновирањето Како куќа посветена на креативноста и свртена кон иднината, модната империја „Шанел“ стана ексклузивен спонзор на проектот на реновирање на „Гранд Пале“ зданието. Со оглед на фактот дека славната Габриел (Коко) Шанел давала силна поддршка на културната и уметничка сцена на Париз, нејзините активности како основач на брендот „Шанел“ ќе бидат продолжени со овој грандиозен проект. Куќата „Шанел“ ќе обезбеди 25 милиони евра за реконструкција и рехабилитација на „Гранд Пале“, како симбол на архитектонски иновации во Париз од неговото создавање, а во кој со години се организираат ревиите на оваа модна куќа. „Гранд Пале“ како еден од најубавите историски споменици во Европа, со години е поврзан со „Шанел“. Од 2005 година, музејот е главната сцена за исклучителните поставки и декори креирани од страна на уметничкиот директор на „Шанел“, Карл Лагерфелд за своите Ready-to-Wear и Haute Couture ревии. „‘Шанел’ и ‘Гран Пале’ развиле блиска врска иницирана од Карл Лагерфелд во 2005 година. За ‘Шанел’, ‘Гран Пале’, каде што се одржуваат нашите модни ревии, е многу

повеќе од едноставен споменик во срцето на Париз. Неговата исклучителна архитектура претставува вистински извор на инспирација

и творење за Карл Лагерфелд“, објаснува Бруно Павловски, моден претседател на куќата „Шанел“. 30 март 2018

ПОРТА

65


КИПАР

Авион / 29/4 – 2/5

ОД

385 €

Русија - Москва и Санкт Петербург Авион / 6 ноќевања 27.4-3.5.2018 од 699

+389 2 32 32 234 се урне „Гран Пале“ и на негово место да се втемели нов музеј на 20 век – улога која Андре Малро му ја доверил за реализација. Смртта на славниот архитект во 1965 година ја прекинала можноста за реализација на овој радикален проект. Со одлука во 1975 година, објектот е класифициран како историски споменик. А со новиот декрет во 2000 година, „Гран Пале“ е на листата на историски споменици на француското Министерство за култура, со што е заштитен во целост.

ПОРТА

ДЕНЕС „Гран Пале“ како еден од најважните изложбени зданија во светот со своите 77.000 м2, во коишто редовно се изложуваат престижни изложби, има голема полициска станица во подрумот, чии службеници помагаат да ги заштитат изложбените дела, особено сликите што припаѓаат на „салоните“: Salon de la Société Nationale des Beaux Arts, Salon d'Automne и на Salon Comparaisons. Западното крило на Френклин Д. Рузвелт,

исто така, го содржи научниот музеј - Palais de la Découverte. Одредени делови на обновениот стаклен покрив се користат за затворени ВИПроденденски забави, а целиот спектакуларен амбиент на зданието секоја година покрај важните изложби е исполнет со разни настани почнувајќи од познатиот уметнички саем - Foire internationale d'art contemporain (Fiac) во месец октомври, па сè до разни екстравагантни модни и други спектакли.


SONICBOARD Ɂɚ ɧɨɜ ɩɨɜɢɫɨɤ ɠɢɜɨɬɟɧ ɤɨɦɮɨɪ 6RQLFERDUG ɟ ɩɨɫɥɟɞɧɚɬɚ ɧɨɜɨɫɬ ɨɞ Ʉɧɚɭɮ ɩɪɨɢɡɜɨɞɫɬɜɨɬɨ ɜɨ Ⱦɟɛɚɪ ɬɟɲɤɚ ɝɢɩɫɟɧɚ ɩɥɨɱɚ ɫɨ ɤɨɧɬɪɨɥɢɪɚɧɚ ɝɭɫɬɢɧɚ ɨɞ ɬɢɩ ' ɫɩɨɪɟɞ ɆɄɋ (1 ɤɨʁɚ ɜɨ ɫɟɤɨʁ Ʉɧɚɭɮ ɫɢɫɬɟɦ ɜɨ ɤɨʁɚ ɭɱɟɫɬɜɭɜɚ ɞɨɧɟɫɭɜɚ ɩɨɜɢɫɨɤɚ ɡɜɭɱɧɚ ɢɡɨɥɚɰɢʁɚ ɂɫɤɨɪɢɫɬɟɬɟ ʁɚ ɜɨ ɩɪɟɝɪɚɞɧɢ ɾɢɞɨɜɢ ɜɨ ɫɬɚɧɨɜɢ ɡɚ ɡɚɲɬɢɬɚ ɧɚ ɫɩɚɥɧɚɬɚ ɫɨɛɚ ɨɞ ɡɜɭɰɢɬɟ ɤɨɢ ɞɨɚɼɚɚɬ ɨɞ ɞɧɟɜɧɚɬɚ ɩɨɦɟɼɭ ɫɬɚɧɨɜɢ ɤɚɤɨ ɡɚɲɬɢɬɚ ɧɚ ɫɜɨʁɚɬɚ ɢ ɩɪɢɜɚɬɧɨɫɬɚ ɧɚ ɫɨɫɟɞɢɬɟ ɤɚɤɨ ɾɢɞɧɚ ɨɛɥɨɝɚ ɡɚ ɫɚɧɚɰɢʁɚ ɧɚ ɫɥɚɛɚ ɡɜɭɱɧɚ ɡɚɲɬɢɬɚ ɜɨ ɫɩɭɲɬɟɧɢ ɬɚɜɚɧɢ ɤɨɢ ɬɪɟɛɚ ɞɚ ɧp ɡɚɲɬɢɬɚɬ ɨɞ ɱɟɤɨɪɢɬɟ ɧɚ ɝɨɪɧɢɬɟ ɫɨɫɟɞɢ ɜɨ ɾɢɞɨɬ ɤɨɧ ɛɚʃɚɬɚ ɡɚ ɞɚ ɫɟ ɡɚɲɬɢɬɢɦɟ ɨɞ ɲɭɦɨɬ ɢ ɡɜɭɤɨɬ ɧɚ ɜɨɞɚɬɚ ɢɬɧ

ФОТО: АНГЕЛ СИТНОВСКИ

ɂɫɬɢɬɟ ɫɢɫɬɟɦɢ ɢɫɬɚɬɚ ɩɨɬɤɨɧɫɬɪɭɤɰɢʁɚ ɢɡɨɥɚɰɢʁɚ ɢɫɬɢɬɟ ɢɫɤɭɫɧɢ ɪɚɰɟ ɧɚ ɦɨɧɬɟɪɢɬɟ ɢ Ʉɧɚɭɮ 6RQLFERDUG ɡɚ ɫɨɫɟɦɚ ɧɨɜ ɩɨɜɢɫɨɤ ɠɢɜɨɬɟɧ ɤɨɦɮɨɪ

621,&%2$5' 621,&%2$5'

ПОРТА



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.