267

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

267 АПРИЛ 2018

Долго патување до хотелот „Хилтон“ Шест чекори поблиску до почиста отпадна вода iSaloni 2018 - Ренесанса и спектакл!



ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ

ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA

ПОРТА


ПОРТА


ГОДИНА XII

БРОЈ 266 ПЕТОК 27.4.2018 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Миланскиот саем за мебел и дизајн iSaloni отсекогаш предизвикувал големо внимание за трговци, новинари, колекционери, дизајнери, интелектуалци, критичари, архитекти, трагачи по знаење и негувачи на убавото. Така беше и оваа година. Ренесанса и спектакл! Одржливиот дизајн никогаш досега не бил толку во центарот на вниманието. Компаниите се потрудија да ги покажат своите афинитети кон одговорноста кон природата како и кон целокупниот процес на дизајнот. Сезоната на работа во домашните градини е во полн ек. Се разрешуваат дилеми кое и какво цвеќе да се насади во градината. Се креираат оптички илузии во неа. Во овој број на Порта 3 пишуваме за примената на декоративните треви. Многу од нив се идеални за уредување на отворен простор или на тематски градини. Со комплетирање на шест нови пречистителни станици за отпадни води, вкупниот капацитет на пречистителни станици во Македонија ќе достигне околу 27 отсто од потребниот капацитет во државата. Во „Програмата за сектор животна средина и клима“ за периодот 2014-2020 година се предвидени уште две пречистителни станици за отпадни води со кои капацитетот ќе биде околу 37,3 отсто

од потребниот. Изградбата на сите овие пречистителни станици е предизвик за стабилно и сигурно управување со објектите не само од техничка туку и од финансиска гледна точка. На почетокот на март 2018 година во Белград е отворен хотелот „Хилтон“. Објектот се наоѓа на мошне значајна локација за Белград во линија која ги спојува „Теразије“ и „Славија“. Приказната која ја следи историјата на овој објект е мошне интересна, бидејќи многу зборува за тоа колку можат околностите да се сменат во едно општество за некои десетина години, од моментот кога бил распишан конкурсот, до моментот кога во присуство на гости свечено е отворен објектот. Ретроспективата на делата на таткото на ангажираната уметност, францускиот уметник Ежен Делакроа, меѓу кои е изложено и неговото најпознато дело „Слободата го води народот“ е поставена за прв пат во Лувр. „Слободата го води народот“ на дивиот и романтичен Делакроа ја одбележува епохата на романтизмот и новата сликарска поетика, но можеби со оваа слика е многу поважна појавата на големата ангажирана уметност, која со подеднакви паѓања и успеси, ќе продолжи да живее сè до денес.

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ

Насловна страница ВРАТИ LUALDI PORTE

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

267 АПРИЛ 2018

Долго патување до хотелот „Хилтон“ Шест чекори поблиску до почиста отпадна вода iSaloni 2018 - Ренесанса и спектакл!

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.

90 ДЕНАРИ

ДИЗАЈН KOKAISTUDIOS

ОД РЕДАКЦИЈАТА

Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

ГРАДЕЖНИШТВО 10

Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје

ДОСЕГА НАЈГОЛЕМ ИЗГРАДЕН ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ ВО МАКЕДОНИЈА

АРХИТЕКTУРА 20

ПРОГЛАСЕНИ ПОБЕДНИЦИТТЕ НА CIVIC TRUST AWARDS 2018

АРХИТЕКТУРА 24

24

ДОЛГО ПАТУВАЊЕ ДО ХОТЕЛОТ „ХИЛТОН“

СТАДИОНИ 32

44

32

„СПАРТАК“ МОСКВА – ГОРДОСТ НА НАВИВАЧИТЕ САМАРА - „АРЕНА КОСМОС“ „ВОЛГОГРАДСКА АРЕНА“ – „ПОБЕДА“

Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ЕНТЕРИЕР 38

ISALONI 2018 - РЕНЕСАНСА И СПЕКТАКЛ!

ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 44

ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО ИСПИТУВАЊЕ НА УНИПОЛ АРЕНА НА ВИБРОПЛАТФОРМАТА ВО ИЗИИС СКОПЈЕ

62

ЕКОЛОГИЈА 50

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

АШЕСТ ЧЕКОРИ ПОБЛИСКУ ДО ПОЧИСТА ОТПАДНА ВОДА

Датум на печатење: 26.4.2018 Број на примероци: 800

УМЕТНОСТ 62

РЕТРОСПЕКТИВА НА ЕЖЕН ДЕЛАКРОА: ТАТКО НА АНГАЖИРАНАТА УМЕТНОСТ

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Андреј АНДРЕЕВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Соња ТАНЕСКА Филип ФИЛИПОСКИ

48

Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Пуштена во сообраќај делницата Демир Капија - Смоквица

оследниот дел од Европскиот коридор 10, кој минува низ Македонија, сообраќајната делница од Демир Капија до Смоквица со свечена церемонија во понеделникот на 23 април беше пуштена во употреба. Се работи за последните 28 километри од автопатот „Пријателство“, чија изградба започна во септември 2012 година. Во Република Македонија оваа делница е означена како пат М-1 со вкупна должина од околу 174 км и со неа се поврзува македонската патна мрежа со Србија и Грција. Освен скратување на должината од постојната траса за пет километри, новиот автопат е особено атрактивен. Отсега до Грција ќе се патува по сосема нова траса која пробива ридови, наместо да го следи Вардар во

П

6

ПОРТА

27 април 2018


клисурата. Стариот автопат од Демир Капија до Смоквица, изграден некаде во шеесеттите години од минатиот век со помош на војската, ќе остане во употреба за поврзување на останатите региони кон Удово и Валандово. Неколку варијанти на идејни и главни проекти за оваа делница се правени уште од 2000 година. Откако е донесена конечна одлука која од понудените варијанти на проектот за делницата е најсоодветна, конечното решение во форма на главен проект го изработи грчката компанија „Актор“, која е и изведувач на делницата во соработка со домашната фирма „Чакар партнерс“. Тунелите и мостовите со своите инженерско-технолошки решенија се новитети во македонското градежништво. По шест години изградба делницата Демир Капија-Смоквица влегува во сообраќаен промет со две клучки, два тунела долги по околу 1.200 метри, шест моста, шест потпатници и два натпатника.

ПОРТА


Тунелот Т1 е двојна цевка со еднонасочен сообраќај. Должината на јужната цевка (десна гранка) е 1.214,00 метри, а пак должината на северната цевка (лева гранка) е 1.274,75 метра. Тунелот Т2 се наоѓа на северниот дел од патната делница и поминува под планински гребен со две цевки. Должината на јужната цевка (десна гранка) е 1.295 метри, а пак должината на северната цевка (лева гранка) е 1.155 метри. Мостовите во првиот дел на патот се релативно ниски мостови на реката Вардар, но затоа пак оние што се во вториот дел се доста високи, реализирани се со посебен начин на изградба. Станува збор за конзолно градење на мостови. Еден од трите високи мостови има распон меѓу два столба 120 метри. Другиот мост има највисок столб 80 метри, а дополнителни 20 метри е вкопан во земја. На автопатот ќе има и две патарини, кај Гевгелија и кај Демир Капија. Сообраќајот по новиот автопат Демир Капија – Смоквица ќе се набљудува од контролен центар кај Неготино. Овој контролен центар, располага со четири системи за надгледување на автопатот. Автопатот на ралацијата Демир Капија – Смоквица чини 288 милиони евра. Граден е со 130 милиони евра средства од Европската инвестициска банка, со кредит од 107 милиони евра од Европската банка за обнова и развој, со 45 милиони евра грант од Европската комисија и шест милиони евра од Буџетот на РМ.

ПОРТА


ПОРТА


градежништво

Досега најголем изграден православен храм во Македонија Под платото на црквата, постои и подрумски дел, кој се предвидува да биде музеј на Македонската православна црква - Охридска архиепископија

Влатко КОЦЕВСКИ, магистер по градежништво равославниот храм „Св. Константин и Елена“ се наоѓа во средиштето на најпознатата улица „Македонија“ во строгиот центар на Скопје и истиот во моментот е во завршна фаза на изградба. Овој храм е со брутоповршина од околу 2.000,00 м2 и е досега најголемиот изграден православен храм во Македонија. Храмот го сочинуваат истоимената црква

П

10

ПОРТА

27 април 2018


ПРАВОСЛАВЕН ХРАМ „СВ. КОНСТАНТИН И ЕЛЕНА“, УЛИЦА „МАКЕДОНИЈА“ ВО СКОПЈЕ

„Св. Константин и Елена“, подрумскиот дел (музеј) како и нејзината камбанарија. Црквата е со „мешовит“ конструктивен систем и има една главна централна армирано-бетонска купола со дијаметар од 11.00 м, која е со дебелина од 20 см и други 4 помали куполи со дијаметар од 8.00 м и нивна дебелина од 15 см. По висина на /црквата, постојат 5 нивоа и тоа: ниво „0“(+0.00м), ниво „1“(+4.26м), ниво „100“(+10.05м), ниво „200“(+15.00м), ниво „300“(+19.95м) и ниво „400“(+25.86м). Најголемата висина на црквата во внатрешноста е 30.00 м. Конструктивните елементи на црквата ги

сочинуваат а.б. столбови со димензии 100/100 см, а.б. платна со дебелини од 15 см, 30 см и 55 см, како и а.б. греди со различни димензии и тоа: 30/100 см, 50/50 см, 30/40 см, 40/60 см, 80/60 см и 100/100 см, а сето ова во зависност од геометриската форма на самата црква. Хоризонталните плочи се со дебелина од 20 см, додека подрумските надворешни ѕидови се изведени како армирано-бетонски со дебелина од 62 см и 80 см, заради овозможено налегнување на камениот дел од фасадните ѕидови. Вертикалната комуникација низ објектот се обезбедува преку коса скалишна плоча која е со дебелина од 20 см.

Под платото на црквата, постои и подрумски дел, кој се предвидува да биде музеј на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, па затоа приземната меѓукатна плоча од црквата е изведена како армирано-бетонска касетирана конструкција со распони 13 х 13 м. Во овој објект, а.б. столбовите се со димензии 30/30 см, а.б. гредите се со димензии 30/40 см и 50/50 см, а.б. плочата е со дебелина од 20 см, додека подрумските ѕидови се со дебелина од 30 см. Фундирањето на црквата заедно со подрумскиот дел е спроведено на заедничка армирано-бетонска темелна плоча со 27 април 2018

ПОРТА

11


дебелина од 80 см. Сите армирано-бетонски конструктивни елементи се проектирани со марка бетон МБ30, додека за арматура е предвидена ребраста арматура, тип РА400/500-2. За целата црква потрошени се 288 тони арматурно железо. Камбанаријата на црквата, сама по себе, е исто така специфична како конструкција, затоа што нејзините пропорции на базисот (7 х

12

ПОРТА

27 април 2018

7 м) во однос на висината (49 м) се 1:7 и истата е доста флексибилна конструкција, подложна на извивање, но и на превртување од хоризонталните земјотресни сили, како и од силите на ветерот. По висина постојат 8 нивоа и тоа: ниво „0“(+0.00 м), ниво „1“(+7.00 м), ниво „100“(+14.00 м), ниво „200“(+21.00 м), ниво „300“(+28.00 м), ниво „400“(+35.00 м), ниво „500“(+42.00 м) и ниво „600“(+49.00 м).

Во статичка смисла, камбанаријата претставува армирано-бетонски масивен конструктивен систем од а.б. ѕидови (платна) со


дебелина од 45 см. Таа се одликува исто така и со исклучително сложена геометрија, затоа што во приземјето камбанаријата во основа започнува како квадрат со страни 7 х 7 м, па потоа како се зголемува нејзината висина, овој квадрат преминува во еден неправилен 5аголник, па потоа во неправилен 6-аголник и 7-аголник, за да финално на кота +43.00 м, таа заврши во еден правилен 8-аголник. Последната кровна плоча е проектирана како а.б. сферна плоча - купола со дебелина од 20 см. Вертикалната комуникација низ објектот се обезбедува преку спирални челични скали околу лифтот, чија пак конструкција на лифтот е челична и истата е во вид на саќе. Фундирањето е изведено со армиранобетонска темелна плоча со дебелина од 80 см.

27 април 2018

ПОРТА

13


Инаку специфично од конструктивна гледна точка е и тоа што врвот на камбанаријата е оптоварен со товар од едно главно ѕвоно и повеќе помали камбанариски ѕвона со нивна вкупна тежина од 16,5 тони, кое оптоварување од сеизмички аспект познато како „клатно“, претставува најнеповолно можно сценарио за сеизмички хазард на еден објект. Православниот храм „Св. Константин и Елена“, со специфичната архитектура и конструкција како и местоположба во срцето на Скопје секако ќе биде духовно свртилиште и туристичка атракција во периодот пред нас. 14

ПОРТА

27 април 2018


ПОРТА


ин мемориам

КЛИМЕНТ ЗАРОВ (1930-2018)

Македонската архитектура треба да проговори со

универзалниот јазик Заров е поборник на модерната, самиот вели дека е воспитуван во духот на Баухаус. Тој вели: „Во Институтот работевме на тоа Охрид да го направиме град на современа архитектура во време кога се имитираше старата охридска архитектура, што за мене не е некоја креативност. Старата архитектура треба да се чува и да се негува, таа е историјата на градот, но никој во светот не прави имитација на барок“. Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл.ихж..арх. очина еден од доајените на современата архитектонска мисла, архитект Климент Заров. Заров е роден во 1930 година во Охрид. Се школувал на Техничкиот факултет во Загреб и на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Својот работен век го почнал во 1963 година во Заводот за заштита на спомениците во Охрид,

П

каде меѓу петмината вработени само тој бил архитект. Тогаш црквата „Св. Јован Канео“ била во очајна состојба. Заров работи на нејзината реставрација, по што црквата е обновена и станува бренд на македонскиот туризам. Во Заводот работел и на снимање на целиот простор на стариот дел на Охрид, врз основа на која професорот Чипан направил документација која претставувала база за понатамошната ревитализација на Самоиловата тврдина. Во 1964 година преминува во тогашниот Завод, подоцна Институт за урбанизам и архитектура на Охрид,

каде работи како проектант, а во 1970 година станува директор на Институтот. Кон крајот на 60-тите години на охридското крајбрежје бил изграден само хотелот „Палас“. Заров и неговите соработници добиваат задача да го проектираат хотелот „Горица“. Објектот е пуштен во употреба на 2 август 1970 година и до ден денес е еден од најубавите хотелски комплекси во Македонија. За овој објект прво ја добива Наградата за архитектура на град Охрид, а потоа и наградата „11 Октомври“. Додека работел во Институтот покрај хотел „Горица“ ги проектирал и

Хотел „Инекс Горица“, Охрид

ПОРТА


Реставрација „Св. Јован Канео“, Охрид

Разделбата со благородните луѓе не ја прекинува нишката на натамошно дружење затоа што тие не умираат. Се населуваат во некои други светови, па така и нашиот драг и почитуван колега Климент ќе се насели во кругот на познатите по род охриѓани, од нашата поширока заедничка сфера, каде се заминати и го чекаат: Борис Чипан, Петар Серафимов, Цветан Грозданов, Тодор Паскали, Љубен Најденов, Крсто Даниловски, Павел Балабанов, Владимир Симонче, Нико Нестор... Архитект Трајко Димитров на испраќањето на архитект Климент Заров во името на Архитектонската Акедемија АА при Асоцијацијата на архитекти на Македонија - ААМ хотелите „Силекс“, „Св. Илија“, скоро сите одморалишта, работел на реконструкција на поштата и аеродромот во Охрид. Покрај стариот дел на градот, ова е највпечатливата, највистинската архитектура на Охрид. Архитектура која умее да го почитува стариот

дел на Охрид, не му се наметнува, а воедно е функционална, препознатлива и современа. Архитектурата на Заров го прави Охрид современ град кој држи чекор со светот. Таа го отсликува неговиот став дека секоја епоха има своја архитектура. Тој е поборник на модерната, самиот вели дека е воспитуван во духот на Баухаус. Тој во едно интервју дадено во 2009 година за Порта 3, по повод добивањето на наградата „Андреја Дамјанов“ вели: „Во Институтот работевме на тоа Охрид да го направиме град на современа архитектура во време кога се имитираше старата охридска архитектура, што за мене не е некоја креативност. Старата архитектура треба да се чува и да се негува, таа е историјата на градот, но никој во светот не прави имитација на барок“. За Климент Заров може да се каже и дека е основоположник на Летната школа за архитектура. Во 1971 година тој на професорот Живко Поповски му предложил да се отвори Летната школа во Охрид. Школата била финансирана од Институтот за урбанизам и архитектура на Охрид и била посетена не Хотел „Инекс Горица“, Охрид

само од скопскиот Архитектонски факултет, туку и од факултетите од цела тогашна СФРЈ, а ментори биле професорите од тие факултети. На студентите им биле давани задачи за Охрид. Целта била да се види како другите го гледаат градот. Школата се одржувала три години, а поради немање доволно средства таа замрела. Но за тие три години направени се многу проекти за Охрид кои се чуваат во Архивот. Како и да е Школата ја одиграла својата улога, а Архитектонскиот факултет подоцна ја продолжи во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ кај Крива Паланка. Последен проект на Заров е конкурсот за Плаошник. Крај во кој тој растел, ја познава неговата анатомија, знаел што точно треба и тоа е презентирано во неговиот проект, кој освои трета награда. „Направив современ прoект, не имитација. Поставив објект во средината како пандан на црквата и плоштадот што ја обликува. Горе го ставив Богословскиот факултет кој според програмата требало да биде во Охрид“, - вели Заров за својот последен проект. По пензионирањето Климент Заров ја продолжува својата борба за квалитетна архитектура. Доаѓа во Скопје и до 2002 е директор на Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање. Неговата основна цел и идеја, прифаќајќи ја оваа раководна функција, била од едно централно место да се држи и организира квалитетот на урбанистичките решенија. Смета дека треба да се постави квалитетен систем за урбанизам, затоа што тој што го нарачува и изработува урбанизмот носи и политичка и општествена и стручна одговорност. Климент Заров додека е директор на ЈП за просторно и урбанистичко планирање е организатор на Конкурсот за социјални станови. Дефинитивно тој конкурс е последниот конкурс за архитектура во Македонија направен по пропис. Во составот на жирито, објавено со име и презиме се реномирани архитекти, експерти за станбена архитектура: Александар Серафимовски, Георги Константиновски и Александар Смилевски. Такви конкурси денес веќе нема, главно се сведени на јавни набавки или состав 27 април 2018

ПОРТА

17


Реконструкција, аеродром во Охрид

на жири со сомнително архитектонско реноме. Затоа после добиваме недоречени проекти кои не можеме да ги сработиме. Што би рекол славниот Едо Равникар: „додека не прочитам состав на комисија не учествувам на конкурс“. Климент Заров како и секој вистински творец, најмногу жали за своите нереализирани проекти. Особено за два проекта кои ги смета за значајни. Едниот е хотел за ЈНА во Охрид и вториот за објект во Струмица на местото на сегашниот „Глобал“, проект со еден сосема поинаков концепт. Како круна на својата професионална кариера Климент Заров во 2009 година ја добива дваесеттата по ред награда „Андреја Дамјанов“ за животно дело и особени достигнувања од областа на архитектурата и градителството, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, а истовремено е член на Архитектонската академија на ААМ. На свеченото доделување ќе изјави: „Македонската архитектура треба да проговори со универзалниот јазик на архитектурата без притоа да стравува дека во глобалниот свет на идеи би го изгубила својот идентитет. Мојот личен придонес, како и придонесот на Институтот за урбанизам и архитектура во Охрид, кој имав чест да го водам три децении заедно со моите талентирани и безусловно предадени на професијата колеги и соработници е обидот во Охрид да ја запалиме искрата на современиот архитектонски израз. Со помалку или повеќе успех на почетокот на втората половина на минатиот век ги реализиравме речиси сите туристички, станбени и јавни објекти кои го издржаа судот на времето“. 18

ПОРТА

27 април 2018

Хотел „Силекс“ Охрид

Позначајни реализирани дела: 1964 Реставрација на црквата „Св. Јован Канео“, Охрид 1964 Станбен објект за поштата, Охрид 1964 Станбени објекти во низа на ул. „Галичица“, Охрид 1970 Хотел „Горица“, Охрид 1972 Станбен блок (П+3+Пк) и станбена кула (П+9) на ул. „Партизанска“ во Охрид 1978 Зградата на Институтот за урбанизам и архитектура на Охрид 1979 Хотел „Св. Илија“ кај месноста Св. Стефан, Охрид 1983 Хотел „Силекс“ во Охрид (со арх. Р. Наумовска) 1985 Реконструкција на поштата во Охрид 1990 Реконструкција на охридскиот аеродром 1995 Станбени блокови (П+М+4+Пк) на ул. „Партизанска“ во Охрид (со арх. В. Снегар) 1996 Две станбени кули (П+М+6+Пк) на ул. „Партизанска“ во Охрид (со арх. П. Манев)

Награди и признанија: 1970 „11 Октомври“ – за хотел „Горица“, Охрид 1971 Награда на Град Скопје, за урбанистичко творештво 1972 Признание на Сојузот на урбанистите на Југославија „СУЈ“ 1985 Специјална награда на „БИМАС“ за хотел „Горица“ 2009 „Андреја Дамјанов“, награда за животно дело, доделена од од ААМ


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


архиктекура

Прогласени победницитте на едесет и деветтата годишна церемонија Civic Trust Awards 2018 се одржа на 9 март на Олд Трафортд, домот на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед. Од 234 апликации на 60 национални и меѓународни проекти им беше доделена награда или пофалба за граѓанска доверба во кои беа вклучени ProTem, за привремени проекти или инсталации, категорија AABC Conservation и Selwyn Goldsmith Awards за универзален дизајн. Civic Trust Awards е основана во 1959 година, се доделува во Британија, целта на наградите е да го охрабрат најдоброто во архитектурата, да ја подобрат изградената средина, но и да се наградуваат проекти кои нудат позитивни социјални, културни, еколошки или економски придобивки за локалните заедници. На церемонијата меѓу останатите беа презентирани три специјални награди за проекти кои „покажаа извонредни ингеренции во одредени специфични области“.

П

СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ВЛИЈАНИЕТО И АНГАЖМАНОТ НА ЗАЕДНИЦАТА Културен центар, Storyhous во Честер Архитект: Bennetts Associates Клиент: Cheshire West и Chester Council Фото: Marc Karlin

ПОРТА


Civic Trust Awards 2018 СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА НА НАЦИОНАЛНАТА КОМИСИЈА Централноевропски универзитет во Будимпешта, прва фаза Архитект: O'Donnell + Tuomey Локален архитект: Teampannon Клиент: Central European University Фото: Tamas Bujnovszky

27 април 2018

ПОРТА

21


СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ЗА ОДРЖЛИВОСТ Трансформација на Sydney Park, Австралија Урбанисти: Turf Design Studio & Environmental Partnership Клиент: City of Sydney Фото: Ethan Rohloff

ПОРТА


info@abix.mk 02.30.91.005

ПОРТА


архитектура

ИНТЕРВЈУ СО АРХИТЕКТ Д-Р ИГОР МАРИЌ

Долго патување до хотелот „Хилтон“

м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (Србија) а почетокот на март 218 година во Белград е отворен хотелот „Хилтон“. Објектот се наоѓа на аголот на улиците „Крал Милан“ и „Крал Милутин“, мошне значајна локација за Белград во линија која ги 24

Н ПОРТА

27 април 2018

спојува „Теразије“ и „Славија“. Приказната која ја следи историјата на овој објект е мошне интересна, бидејќи многу зборува за тоа колку можат околностите да се сменат во едно општество за некои десетина години, од моментот кога бил распишан конкурсот, до моментот кога во присуство на гости свечено е отворен објектот. Инвестицијата чини околу 70 милиони долари. Претставува хотел со 5 ѕвезди на околу 30.000 квадратни

метри, содржи 242 соби, 19 апартмани, балска сала, спа-центар, конференциски сали, подземна гаража на четири нивоа, чиј еден дел служи и како јавна гаража. Проектот за објектот на денешниот хотел „Хилтон“ во Белград поминал повеќе фази на менување на намената, изгледот на фасадите и други сегменти, а на сето тоа влијаела и промената на инвеститорот на објектот. Во непосредна близина на плоштадот


Основниот проект се Игор Мариќ, Божидар Маниќ, Бојан Забуловец, Александар Суџуковиќ и Зоран Мрваљевиќ. Основниот проект е изработен во проектантското биро „ЗАП ДОО“ од Белград. Ентериерот е проект на студиото „Cristiano Gatto Design“ од Италија. За самиот објект, борбата за струката и конкурсното решение за Порта 3 говори еден од коавторите на награденото решение, архитект д-р Игор Мариќ, научен советник во Институтот за архитектура и урбанизам на Србија.

На конкурсот распишан во 2007 година освоивте прва награда заедно со архитектот Божидар Маниќ, што можете да ни кажете за тоа? n Се работеше за јавен, урбанистичкоархитектонски конкурс на кој учествуваа 15 тимови. Во жирито помеѓу останатите беа и академик Милан Лојаница и тогашниот градски архитект Ѓорѓе Бобиќ. Ние добивме прва награда, според образложението на жирито, благодарение на тоа што нашето решение најдобро одговорило на барањето,

Основа на приземје

„Славија“, кој бил реконструиран скоро во исто време се наоѓа хотелот кој со својот изглед придонесува за одреден архитектонски квалитет на околината. Зградата е со едноставна геометрија со динамични елементи на сегментираната фасада и посебно нагласен остар агол, поддржан со столб кој се расчленува во триделен столб по вертикала. Автори на конкурсното решение се Игор Мариќ и Божидар Маниќ, а автори на ПОРТА

Љ


објектот да се прилагоди на матрицата и на духот на градот. Фронтот на објектот на улицата „Крал Милан“ има околу 80 метри, додека фронтот на улицата „Крал Милутин“ околу 60 метри. Со оглед на тоа ние држевме ритам од околу 20 метри. Идејата беше објектот да се расчлени на помали сегменти, бидејќи во тие две улици поголем дел од фронтовите на фасадите се од 15 до 20 метри. Се трудевме нашиот објект да биде вклопен во околниот изграден контекст. Од друга страна, бидејќи фасадата на улицата „Крал Милан“ е на јужна страна, предвидовме дупла фасада, како заштита од бука и сонце. Според конкурсот зградата прво беше предвидена да биде деловностанбен објект. Според тоа решение на улицата „Крал Милан“ беше сместен деловниот дел, додека на улицата „Крал Милутин“ имаше мешана намена, деловен дел и околу 3.000 метри квадратни домување. Што се случуваше потоа? n На основа на конкурсното решение добивме Одобрение за градење во 2008 година. Комплексот опфаќа и јавен двор, мал базар, реминисценција на белградскиот Безистен. Потоа, тогашниот инвеститор воспоставува контакт со претставници на „Хилтон“ и ние работевме дополнителни варијанти на решение за хотел. Во одреден 26

ПОРТА

27 април 2018


Основа на кат

момент инвеститорот заедно со „Хилтон“ избира потенцијален изведувач, но тој изведувач бара прилагодување на објектот на нивната технологија и изведбата на проектираното решение од овие причини се стопира. По некое време, тогашниот инвеститор ја продава локацијата на друг инвеститор кој си зема други проектанти со кои работи веќе подолго време. Тие изработуваат нов проект, но не воочуваат дека според урбанистичката дозвола постои услов дека проектот мора да биде изработен врз основа на првонаградениот конкурсен труд и во соработка со авторите. Тогаш нас нè контактираат. Во тој период јас бев претседател на Здружението на архитекти на Србија и директор на Институтот за архитектура и урбанизам на Србија, а мојот колега исто така беше член на претседателството на Друштвото на архитекти на Белград и на републичката Комисија за планови и со оглед на наведеното бевме активно вклучени во работата на струката, а тие тогаш бараа од нас да го прифатиме нивното побарување за фасада која битно се разликуваше од конкурсното решение. Ние, Божидар и јас, не можеме и не прифативме да потпишеме согласност. Како некој кој ја штити професијата и како личност, а и врз основа на моите тогашни функции, јас тоа не можам да го прифатам, исто така и мојот колега. Тогаш доаѓа до договор ние да ја проектираме фасадата која ќе биде во духот на првонаградениот труд. На крајот колегите од бирото ЗАП тоа го прифатија со тоа што тие ја разработуваат функцијата и корпусот на објектот. Габаритот на објектот е проширен кон внатрешниот двор, а објектот во дворот се изоставува. По добивање на Одобрение за градење, инвеститорот повторна бара да го менуваме нашиот авторски концепт и го менува проектот за изработка на изведбен проект. Ние повторно не сакаме да се откажеме од нашето решение и во еден момент бараме мислење од „Хилтон“. Претставниците на „Хилтон“ го поддржаа концептот на нашиот 27 април 2018

ПОРТА

27


проект за фасадата за разлика од другото понудено решение, чиј автор никогаш не дознавме кој е. Проблемот беше околу цената на фасадата, инвеститорот тврдеше дека нашата фасада е поскапа од предвиденото со буџетот. На тој начин сакаа да не одоброволат да изработиме друга фасада, но не беа во можност да го документираат својот став. На крај може да се каже дека успеавме да го одбраниме концептот на проектот и материјализацијата која ја замисливме. Фасадата има одредена динамика со своите елементи? n Нашата желба беше објектот да биде архитектонски, што подразбира вклопување во простор, структура и материјализација. Тоа е она што ја прави архитектурата. Изразениот конструктивен растер претставува одредено транзитирање на архитектурата на објектите од шеесеттите години од околниот контекст. Ние некои елементи пренесовме на овој објект. Тој сегмент додатно е расчленет со минуциозна пластика и се наоѓа на споевите со постоечките згради на улиците „Крал Милан“ и „Крал Милутин“. Останатите сегменти од едната и од другата страна на улицата означени се со поголеми рамки на фасадата кои се поврзуваат со транземи со трапезна форма. На овој начин основните сегменти на фасадата со материјал и ритам се спојуваат без буквална поделба. На аголот е поставен стаклен, остар кубус. За жал, тој аголен мотив требаше да се издигне до врвот на зградата, но во тек на изградбата тој последен дел на катот не е застаклен. Кога ќе нè прашаат, дали сме на крај задоволни, ние обично велиме околу 90 %, токму поради тој недовршен аголен мотив. Мошне сме задоволни од изведбата и од тоа што во сите останати делови е почитуван проектот и материјализацијата за која се залагавме. Идејата на аголот постои, каде се разликува фасадата? Што можете да ни кажете за тоа? n Ние на аголот имавме три столба, а уште од самиот конкурс сметавме дека тука треба да се направи нешто. Во новото решение тој проблем е решен така што конструктивецот трите столба ги сведе на еден столб со неправилна форма. Столбот е направен од бетон и обложен е со метал. Сепак можеше да биде потесен за некои 10-15 % и со самото тоа поелегантен, а здебелувањето е направено при изведбата, без статичка потреба. Понекогаш не успевам да им објаснам на колегите архитекти дека е важно да се најде мерката, дека некогаш 10 28

ПОРТА

27 април 2018

сантиметри се битни, а некогаш два метри не се битни, сè во зависност од положбата и карактерот на тој елемент од објектот. Во архитектурата суштината е да се најде мерката, како и да се најдат материјали кои одговараат. Кога на некое лице ќе ја промените веѓата за некој милиметар тоа го менува лицето, истото важи и во архитектурата кога ќе се смени нешто, тоа го менува карактерот на објектот. Каков беше односот на инвеститорот и струката? n Нивната желба беше архитектите со кои веќе соработуваат да ја проектираат фасадата, па така го бранеа проектот на сменетата фасада. На крајот, на градилиштето, во завршна фаза на изградбата инвеститорот ни кажа дека сме биле во право и дека нашето решение за изгледот на објектот е одлично. Тоа претставува сатисфакција за сè она на што инсистиравме и направивме.

Во исто време е работена реконструкцијата на „Славија“, кое е вашето мислење за тоа? n Да се реконструира еден таков плоштад на делчиња, без целосно согледување не е добро. Исто така не е добро и да се уреди еден таков сообраќаен јазол без подземни премини. Според мене зградата на банката не требаше да биде на тоа место, тоа се аутистични куќи, некомуникативни со околината. На толку прометен плоштад кој нема значајна содржина од јавна намена зошто му е потребен празен простор за пјацета? Фонтаната можеше да биде на таа пјацета со што можеби би станала мотив за собирање. Покрај тоа една од можностите е и да се креира некој скулптурален ансамбл кој би привлекувал посетители и минувачи. Иднината на просторот „Славија“ е да се изградат објекти на слободните простори лево и десно од улица „Белградска“. Објекти кои содржајно, особено во партерот ќе ја направат„ Славија“, освен сообраќаен јазол и целна точка за собирање.


урбанизам

ГРАДИТЕЛСКИ ПОГЛЕД НАНАЗАД

Тука нацртај композиција како ѓерданче Големите луѓе имаат многу димензии, па така незаборавни се и вечерите по попатните македонски кафеани, кога се враќавме од терен, каде Кубеш им го рецитираше Мајаковски на кафеанските пеjачки Кензо Танге со тимот

Душанка ШУЛОВИЌ , дипл.ихж..арх. енес кога стоиме пред секојдневната материјализација на архитектурата и урбаниот простор во нашето опкружување, збунети или восхитени, се наметнува потребата да погледнеме наназад како градители, сведоци и современици.

Д

Музејот МОМА во Њујорк подготвува изложба „Бетонска утопија – архитектурата во Југославија помеѓу 1948 и 1980“. Една од клучните тези на изложбата е дека југословенската повоена архитектура не била периферна, туку напротив, се наоѓала во самата срж на модерната архитектура. Посебна тема на изложбата е урбанизмот на новите градови. Македонија ќе биде застапена со „бруталистичката“ архитектура на архитектот Јанко Константинов и „метаболизмот“ на Кензо

Танге. Низа прашања за архитектурата и урбанизмот во Македонија во тој период се чини бараат констатации и одговори. Низ мои лични автобиографски рефлексии ќе се обидам да потсетам што се случуваше на нашите простори во тој период. Од педесеттите години наваму почнува период на динамичен и содржаен развој на македонската урбана околина. Генерацијата архитекти од педесеттите години го претпочиташе „интернационалниот стил“, кој во овој период 27 април 2018

ПОРТА

29


го достигна својот највисок подем. За своите проекти бараа потпора во делата на Корбизије, Мис Ван де Рое, Гропиус, Нимаер. Овие македонски архитекти по војната дипломираа на архитектонските факултети во Белград и Загреб. Дополнително, одреден број други југословенски архитекти дојдоа во Скопје од Белград и Загреб како помош на малубројниот домашен архитектонски кадар. Во овој период покрај архитектурата, урбанизмот стана неодложна потреба. Во почетокот на 60-тите години веќе се појавува генерација архитекти школувана на Факултетот за архитектура и градежништво при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Сето ова резултира со брз напредок и се појавуваат нови трендови на македонската архитектонска сцена во рамките на Југославија. Некои од новите македонски архитекти, по своите престои во Америка и Европа, во согласност со новите стремежи во современата архитектура во светот, ќе го донесат во Македонија брутализмот (градење во натур бетон). По земјотресот во 1963 година, Скопје ќе се најде во средиштето на архитектонско урбанистичка активност. Проектот за разрушениот град под покровителство на Обединетите нации ќе претставува нешто невообичаено. На архитектонската сцена владее посебно расположение поради присуството на реномирани екипи на архитекти за изработка на идејно решение на центарот на Скопје. Во 1964 година се работи Генерален урбанистички план на Скопје од страна на Заводот за урбанизам и архитектура на Скопје, Doxiadis Associates од Атина и Полсервис од Варшава. Кензо Танге дојде неколку пати во Скопје да ја надгледува работата на тимот што изработуваше варијанти од конкурсното решение за центарот на градот. Паралелно со изградбата на Скопје во скоро цела Македонија се одвиваше урбанистичко – архитектонска активност. По епохалниот миг на национална и социјална слобода, урбанизмот стана неопходност. Моите професионални почетоци се случија во оваа динамична и развојно ориентирана атмосфера. Тие се врзани за институцијата Републички завод за урбанизам и станбенокомунална техника, во кој се изработуваа урбанистичките планови за Република Македонија. Републичкиот завод го водеа двајца големи архитекти и урбанисти, Лудјек Кубеш и Звонко Никуљски. Архитект Лудјек Кубеш, од Чешка, беше повикан од Владата на Народнa Република Македонија да дојде во Скопје и да помогне во создавањето и обуката на урбанистичкиот кадар. Тој е водечки проектант на првиот урбанистички план на град Скопје по војната во 1947 година. Мојот прв голем предизвик во кој се втурнав 30

ПОРТА

27 април 2018

Генерален регулационен план на Скопје 1947 (арх. Лудјек Кубеш)

со голем ентузијазам е работата на Урбанистичката студија за долината на реката Радика, која ја работеше тимот раководен архитект Кубеш, во кој бев распределeна. Подоцна, како проектант соработник во тимот на Кубеш работев на основните и детални урбанистички планови на Кичево, Гостивар, Дојран, Маврово, Кавадарци , Неготино, Автокоманда. Основен урбанистички план на еден град е документ во кој се внесени верифицирани податоци, кои, по сила на законот, ги утврдуваат начинот и условите за употреба на земјиштето, за точно дефиниран временски период. Овие планови се резултат на тимска работа на урбанисти-планери, консултанти од разни области, соработници за начелни инфраструктурни решенија и технички персонал. Деталните урбанистички планови на станбени заедници и карактеристични комплекси се изработуваат врз база на програмски основи, кои пак, се базирани на основниот урбанистички план. Покрај сите упатства што се црпеа од основните урбанистички планови на поединечните

градови, за изработка на деталните планови требаше да се познава просторот, теренската конфигурација, постојната состојба на објектите и начинот на живеење на локалното население. Овој комплексен процес несебично ни го откриваа Кубеш, Никуљски и другите поискусни колеги. Лудјек Кубеш беше образован и талентиран архитект и урбанист. Импонираше неговиот професионализам, начинот на работа и посветеноста, но и неговата култура и боемштина. На многу едноставен и лежерен начин нè воведуваше во тајните на урбанизмот. Нашето знаење стекнато на факултет беше скромно. Урбанизмот го учевме на работна маса и на терен низ цела Македонија, во директен контакт со луѓето и просторот. На терен, во соработка со општинските служби, се евидентираа сите постојни објекти што претставуваше обемна мануелна работа. Тогаш немаше компјутери и дигитална технологија, но затоа имаше технички персонал за поддршка на процесот. Се работеше според сите прописи на модерниот урбанизам, водејќи


строго сметка за инсталациите, проветрувањето, нужните растојанија меѓу објектите, видиците и избалансираноста на потребните придружни содржини. Атмосферата во ателјето беше релаксирана, интересна и креативно насочена. Од секој разговор со Кубеш се учеше. Беше одличен познавач на македонскиот простор, менталитет и фолклор. Ако дојдеше на маса да ти помогне ќе ти кажеше: „Тука нацртај композиција како герданче“. Архитект Звонко Никуљски, по едногодишниот престој и работа во Перу на изработка на урбанистичкиот план на Лима во состав на тимот формиран од ОН, се враќа во Скопје и го презема раководењето со Републичкиот завод. Никуљски беше интересен на свој начин. Духовит, добар цртач, на цел еден ѕид имаше исцртано карикатури од сите вработени. Решенијата што ги работевме се дискутираа на стручен колегиум на кој често беше повикуван и архитектот Љубе Пота. Овие состаноци претставуваа своевидна можност за размена на идеи, учење и интелектуална интеракција на посветени професионалци. По шест години работа во тим, ние, младите архитекти добивавме право да водиме и потпишуваме проекти. Со голема благодарност се сеќавам на овие архитекти, кои ги одбележаа почетоците на мојата кариера и ми помогнаа да ги научам концептите и структурата на урбанистичкиот процес и да ги поставам професионалните принципи и постулати на кои подоцна ќе ја градам мојата кариера на архитект и урбанист. Но големите луѓе имаат многу димензии, па така незаборавни се и вечерите

по попатните македонски кафеани, кога се враќавме од терен, каде Кубеш им го рецитираше Мајаковски на кафеанските пеjачки. Од 1971 година како самостоен проектант почнав да работам детални урбанистички планови во Заводот за урбанизам на Битола. Во Битола работев со прекрасни колеги, го запознав одблиску градот на конзулите, градот со најубавата планина, и со најградските луѓе во Македонија. Со веќе изградена професионална самодоверба на искусен урбанист, влегував во битолските чикмаци, евидентирајќи стара градска архитектура, се одушевував од историјата на градот, низ кој врвел патот Виа Игнација, ги слушав носталгичните приказни за 40-те кафеани што постоеле покрај реката Драгор, за трговските карвани со камили што носеле стока за Солун. За сето тоа ќе останев посиромашна ако не го живеев урбанизмот во овој прекрасен град. Во тој период беше распишан конкурс за Домот на културата на локација на која постоеше стариот Битолски театар. Интересна е анегдотата што ни се случи додека ја спремавме локацијата за конкурсот. Како урбанисти, со мојот колега Љубиша Новаковиќ, отидовме кај претседателот на градот (пандан на сегашен градоначалник) да го убедиме да не се руши

Карикатури - Ѕвонко Никуљски

Душанка Шуловиќ

театарот. Сметавме дека општината треба да додели друга локација бидејќи постоечката зграда на стариот театар има историја, во него пеела Сара Бернар и таквите театри во светот се чуваат и санираат. Одговорот беше: „Што ќе ви е тоа? Тоа е објект од турско време.“ Подоцна се реализираше првонаградениот труд на словенечкиот архитект Марко Мушич, којшто е бездруго одличен објект, но можевме да ги имаме и двата. Урбанизмот секогаш бил во зависност и од владеjачките структури и од нивното разбирање на нештата, но сепак, стручните институции во ова време во најголем број случаи наоѓаа начин да се справат со проблемите. Сето ова покажува дека по земјотресот Македонија се урбанизираше по сите правила на модерниот урбанизам, а Скопје беше поприште на светската архитектонска елита. Денес светот ја актуaлизира нивната работа. Главниот кустос на Одделот за архитектура на музејот МОМА, Мартино Стиерли го посетил Скопје. Запрашан што мисли како Кензо Танге би гледал на новото уредување и новото лице на центарот на Скопје одговорил: „Веројатно се превртува во гробот“ . Последните дваесет години Скопје и скоро сите наши градови доживуваат деградација или маргинализација во секоја смисла. Архитектите констатираат: Скопје е деградиран град; бетонска џунгла демне од скопските ДУП-ови итн. Урбанистичките институции во кои работев во своето време на делување, ја играа својата улога извонредно добро, одлично се справува со проблемите, стручно се занимаваа со урбанистичкото обликување на градовите и го следеа процесот на урбанизација. Во денешните нови општествени прилики неопходно е да се изнајде модел за такво делување, доколку навистина сме општество кое се стреми кон развој и унапредување на квалитетот на животот на своите граѓани. 27 април 2018

ПОРТА

31


стадиони

ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО РУСИЈА (2)

„Спартак“ Москва

– гордост на навивачите Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл.ихж..арх. осковскиот стадион на фудбалскиот клуб „Спартак“, „Откритие Арена“ ќе биде домаќин на пет натпревари од Светскиот куп во 2018 година, помеѓу 18 јуни и 3 јули. И покрај тоа што бил најуспешен тим во историјата на рускиот фудбал, „Спартак“ никогаш немал свој стадион. Во пролетта 2010 година, на брегот на реката Москва на место на поранешниот аеродром во областа Тушино, „Спартак“ започна да гради сопствен стадион кој се отвори во септември 2014 година со мечот помеѓу „Спартак“ Москва

М

32

ПОРТА

27 април 2018

и збратимениот клуб од Белград „Црвена ѕвезда“. Стадионот во почеток беше изграден за 35.000 гледачи, а сега има капацитет од 45.360 места. Дизајнот е економично решение, кое е ефикасно, брзо и лесно изградено. Обезбедени се голем број ВИП-места и голем број седишта за навивачите на клубот, кои се едни од најфанатичните фанови на светот. Овие места се одвоени од останатите места за седење и јавната циркулација што претставува единствено решение кое овозможува и фантастична навивачка атмосфера. Изгледот на стадионот е прашање на голема

гордост на неговите навивачи. Првичниот концепт го направија архитекти на AICOM, но конечната документациј и проектот за фасадата е изработен од тимот на компанијата Dexter Moren Associates. Фасадата ја одразува традицијата и историјата на московскиот фудбалски клуб. Преку 600 гигантски стаклени парчиња во форма на дијамант ја сочинуваат обвивката на фасадата инспирирани од дијамантските знамиња на „Спартак“ со идеја да се реплицира формата на амблемот на клубот. „Дијамантите“ ја следат кривата на објектот во секоја насока, создавајќи севкупен изглед кој евоцира на обоените и текстурни куполи од


Обезбедени се голем број ВИП-места и голем број седишта за навивачите на клубот, кои се едни од најфанатичните на светот. Овие места се одвоени од останатите места за седење и јавната циркулација што претставува единствено решение кое овозможува и фантастична навивачка атмосфера

„СПАРТАК“ МОСКВА ПРЕКУ БРОЈКИ • Капацитет од 45.360 места • Преку 600 гигантски стаклени парчиња во форма на дијамант ја сочинуваат обвивката на фасадата • Паркинг за 7.500 автомобили • Изградбата чинела 430 милиони долари традиционалната московска архитектура. Обликот ја обвиткува фасадата на стадионот во конзистентна решетка со проѕирни панели. Бојата на фасадата може да се промени во зависност од тоа кој тим игра. За натпреварите на „Спартак“, арената се капе со црвено-бела боја, а кога игра националниот тим се префрла на боите на руското знаме. Изградбата чинела 430 милиони долари, а главното финансирање е од директорот на клубот Леонид Федун. Гладијаторската статуа, тракиецот Спартак, симболот на клубот го чува влезот во арената. Карактеристично е и што внатре во арената се поставени статуите на основачите на клубот, браќата Старостин. На стадионот е сместен музеј на клубот Спартак и клупска продавница. Во близина на стадионот пуштена e метро станица и паркинг за 7.500 автомобили. Планирано е да се изградат и две арени за хокеј, тениска академија, спортски центар за спортови на вода, неколку училишта, две детски градинки и станбена населба. 27 април 2018

ПОРТА

33


стадиони

ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО РУСИЈА

Самара - „Арена Космос“ Темата „Космос“ која е прикажана низ архитектурата на арената не е случајна - Самарската Област е срцето на руската авијација и вселенската индустрија. Фасадата на идниот стадион е транспарентна купола која ја прави арената да изгледа како објект од вселената, сличен на летечка чинија рвите планови за новиот стадион во Самара „Арена Космос“ се направени околу 2010 година, а се конкретизирани во 2012 година, кога Самара е избран како еден од градовите домаќини

34

П ПОРТА

27 април 2018

на Светското првенство во фудбал 2018. За време на првенството, „Арената Космос“ ќе биде домаќин на четири натпревари од групната фаза, вклучувајќи го и мечот на рускиот национален тим со репрезентацијата на Уругвај и едно четвртфинале. Стадионот по првенството ќе стане нов дом на локалниот клуб

„Крилја Советов“. Во почетокот е планирано стадионот да се гради на устието на реките Самара и Волга, но е преместен на локација на север од градот поради недостиг на инфраструктура. Стадионот е сместен во регионот Радиоцентар. Според плановите на регионалните власти, новата локација овозможува развивање на локалната инфраструктура, обезбедувајќи пристап до транспорт, како и нов поттик за развој на северниот дел на градот. Темата „Космос“ која е прикажана низ архитектурата на арената не е случајна Самарската Област е срцето на руската авијација и вселенската индустрија. Фасадата на идниот стадион е транспарентна купола која ја прави арената да изгледа како објект од


вселената, сличен на летечка чинија. Куполата на стадионот е висока 65,5 метри исто како и московската црква Христос Спасителот. Се состои од 32 радијални конзоли, и секоја од нив вклучува три монтажни блокови. Една конзола тежи 277 тони. Сите конзоли се монтирани на пирамидални потпори со височина од 21,4 метри. Конзолите ја формираат површината на делумна сфера со дијаметар од 612 метри. Овој дизајн е единствен во согласност со Кодексот за урбанистичко планирање на Руската Федерација, бидејќи има конзолен дел со должина над 90 метри. Според проектот, над 13 илјади тони челик се користени за склопување на конструкцијата на главниот покрив на стадионот. Површината на покривот е повеќе од 76 илјади квадратни метри, што е повеќе од 10 фудбалски игралишта. Во ноќните часови, целата структура ќе биде осветлена, нагласувајќи го експресивниот дизајн на стадионот. Транспарентната купола овозможува публиката да гледа во небо. Трибините се поставени на две нивоа и се со капацитет 44.198 седишта. Во ВИП-зоната предвидени се 1.200 луксузни седишта, двојно повеќе од очекувањата на ФИФА. Изградбата на стадионот предвидено е да чини 320 милиони долари. Фитнес-центар, училиште за танц, забавен центар, ресторани, фан зона и други содржини предвидени се во поттрибинскиот простор. Стадионот покрај за фудбал ќе се користи и за атлетски натпревари, концерти и изложби. Градот Самара кој се наоѓа на брегот на реката Волга, најдолгата река во Европа, може да се пофали и со плоштадот Кујбишев, најголем во Европа кој за времетраење на Мундијалот ќе биде домаќин на ФИФА-фан фестот. Посебна трамвајска линија ќе го поврзе стадионот со железничката станица. Четири нови пристаништа, како и обновена флота на бродови ќе им овозможат на туристите да поминат пријатно време, како и да ги надминат значителните растојанија помеѓу некои клучни точки во градот.

САМАРА- „АРЕНА КОСМОС“ ПРЕКУ БРОЈКИ • Куполата на стадионот е висока 65,5 метри • Капацитет 44.198 седишта • конзолен дел со должина над 90 метри • Површината на покривот е повеќе од 76.000 м2 • Цена 320 милиони долари 27 април 2018

ПОРТА

35


стадиони

ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО РУСИЈА

„Волгоградска арена“ - „Победа“

Првичниот проект е менуван неколку пати, но задржана е главната естетска карактеристика, фасада која изгледа како да е плетена. Челични греди на фасадата се преплетуваат и пресекуваат и создаваат модел на ромбоидни форми од различни големини

С

тадионот во Волгоград е проектиран за Светското фудбалско првенство во 2018 година. За времетраење на Мундијалот ќе го носи името „Волгоградска арена“. Сместен е на живописниот брег на реката Волга во близина на брдото Мамајев Курган. Мамајев Курган е свето место за Русија, но и за светот, бидејќи таму се наоѓа меморијалниот комплекс изграден во чест на Битката за Сталинград. По завршувањето на Светското првенство стадионот ќе го носи името „Победа“ во знак на сеќавање на херојската битка. Арената го заменила Централниот стадион на фудбалскиот клуб Ротор – Волгоград, кој бил изграден во 1962 година, на кој Фидел Кастро одржал говор во 1963 година пред 60.000 луѓе. Стариот стадион е срушен во 2014 година за на негово место да се изгради „Волгоградската арена“ со 36

ПОРТА

27 април 2018

капацитет од 45.568 гледачи. За време на Мундијалот на овој стадион ќе се одиграат четири натпревари од групната фаза, а по првенството стадионот ќе биде дом на ФК Ротор. При отпочнување на изградбата во ноември 2014 година биле откриени остатоци од човечки коски и 20 неексплодирани гранати. Но тоа не е изненадување во Волгоград. Речиси секоја изградба на нов објект во градот носи откривање на муниција и човечки коски од Втората светска војна. „Секој милиметар од оваа земја е натопен со крв“, изјави гувернерот на Волгоград, Андреј Бочаров во едно интервју. Проектот за стадионот е изработен од германското биро GMP Architekten, првичниот проект е менуван неколку пати, но задржана е главната естетска карактеристика, фасада која изгледа како да е плетена. Челични греди на фасадата се преплетуваат и пресекуваат и создаваат модел на ромбоидни форми од

различни големини. Формата на стадионот е превртен, пресечен конус со висина од 49.5 метри и со дијаметар од 303 метри. Стадионот со својата големина, изграден на 20.22 хектари со вкупна површина од 123.000 м2 и интересна фасада се истакнува во пејзажот, но не повеќе од колосалната статуа на „Мајката татковина“, на скулпторот Јевгениј Вучетиќ, која се гледа одзади. Процесот на градење се одвивал по фази. Првата, клучната фаза се трибините поставени на две нивоа, достапни од огромното шеталиште околу стадионот. Во фазите 2 и 3 направен е голем челичен прстен преку трибините, внатре исполнет со затеги. Кровните плочи се состојат од мембрана, додека потесниот внатрешен прстен е покриен со стакло со што е обезбедена сончева светлина. Фазите 4-6 во изградбата се однесуваат на најпрепознатливиот дел од стадионот, фасадата. Големата „плетена“ фасада го


опкружува стадионот, но е одвоена од објектот, оставајќи простор за дополнителни објекти зад трибините. Објектот е препознатлив по својата фасада и кога ќе биде целосно осветлен и исполнет со бучни навивачи ќе започне нова ера во животот на Волгоград и рускиот фудбал. По завршување на Светското првенство стадионот ќе биде отворен за јавноста, за локалните жители и за туристите. Освен за фудбал, објектот ќе се користи и за други спортови, но и за одржување на големи концерти. Стадионот чини 270 милиони евра, точно онолку колку изнесувал буџетот доделен од Руската Федерација. Главниот инженер Виктор Батур оди со гордост околу стадионот, бидејќи целата работа е ефектно и квалитетно направена и вели „Сега можете тука да играте фудбал“. (Продолжува) „ВОЛГОГРАДСКА АРЕНА“ ПРЕКУ БРОЈКИ • Изграден на 20.22 хектари • Вкупна површина 123.000 м2 • Формата на стадионот е превртен, пресечен конус со висина од 49.5 м • Цена 270 милиони евра

ПОРТА


ентериер

ISALONI 2018, МИЛАНСКИОТ САЕМ ЗА МЕБЕЛ И ДИЗАЈН

Ренесанса и спектакл!

Ова не е само саем! iSaloni е систем на поврзувања, креативност и иновации. Во период од недела повеќе од 400.000 луѓе конвергираат во Милано: трговци, новинари, колекционери, дизајнери, интелектуалци, критичари, архитекти, трагачи по знаење и негувачи на убавото. Одржливиот дизајн никогаш досега не бил толку во центарот на вниманието. Компаниите се трудат да ги покажат своите афинитети кон одговорноста кон природата како и кон целокупниот процес на дизајнот Иван МИРКОВСКИ, дипл.ихж..арх. (специјално за Порта 3 од Милано)

38

ПОРТА

27 април 2018


прил е вистинскиот месец, си помислувам… додека природата се буди и буричка по човековите хормони, се рестартира себе си и нашата мисла. Во април може да се прочитаат сите оние скриени желби, пориви, склоности, кои длабоко во себе ги чува творецот, свесен или несвесен за нив. Текот на мислата и на обликовниот процес како чиста кинетчка енергија е спремна да се престори во форма и да ги нападне човековите сензори, да предизвика емоции, да предизвика спектакл.

А

Во април! И како и секогаш, не сме изненадени бидејќи сме свесни дека на нашите сетила им треба простор и време за адаптација на сета таа агресивна имплозија од убави нешта. Сето она што се случува пред нас во рамкте на iSaloni 2018, миланскиот саем за мебел и дизајн го преобликува градот во светски центар од областа на креативната мисла. Битно е да забележиме: ова не е само саем! iSaloni е систем на поврзувања, креативност и иновации. Во период од недела повеќе од 400.000 луѓе конвергираат во Милано: трговци, новинари, колекционери, дизајнери,

интелектуалци, критичари, архитекти, трагачи по знаење и негувачи на убавото. iSaloni исто така претставува простор на чиста емоција, еманира позитивна енергија и ентузијазам, иновативност и среќа! Целата слика се добива од интеракцијата помеѓу компаниите и дизајнерите, таа симбиоза создава тренинг центар каде очите на светот се вперени и воедно доживуваат предизвици и впиваат знаења. Трендсетери и тренсикери, секој сака да биде дел од ова случување, барем за ден или два да се најде во Милано, бидејќи вистинскиот термин за сѐ ова е „глобално доживување“. После април, очите на светот

ПОРТА


појасно гледаат! Но тоа што годинава најмногу нѐ предизвика и си поигра со нашите сетила се концизните тематски концепти, односно акцентите кои оваа година прецизно се насочени. Го насетуваме повторното будење на творците, нивната свесност за сѐ она што се случува денес, суптилно го преточува нивниот креативен порив низ принципи кои се исполнети со одговорност кон природата. Одржливиот дизајн никогаш досега не бил толку во центарот на вниманието. Компаниите се трудат да ги покажат своите афинитети кон одговорноста кон природата како и кон целокупниот процес на дизајнот. Јасно беше потенцирано, да се размислува за дизајн е да се размислува за иднината! Времето е дојдено кога дизајнот излегува од клишето и престанува да биде само алатка за производство на објект. Еден од клучните акценти е ставен токму врз тие предрасуди, утилитарноста на тој мисловен процес е повеќе од креација на објект. Тоа е целокупен процес и соработка помеѓу најразлични актери, тоа е тимска игра каде секој го има својот дел; и токму тој процес ги преразмислува методите кои се одговорни за создавањето. Дизајнот оди подалеку од предметите, се доближува кон човекот и неговите скриени желби, трага по бездните полни емоции и ги инјектира во нашето секојдневие, во светот кој се менува. Технолошкиот напредок беше еден крупен сегмент од тие тематски концепти, строго изострен, поставен во рамката на дизајнот, технологијата е составен дел од мисловниот процес. Производителот на современи кујни Valcucine (Валкучине), според многу критериуми најдобрите кујни на светот, на спектакуларен начин ја претставува таа симбиоза помеѓу високата технологија и 40

ПОРТА

27 април 2018


современиот врвен дизајн. Во разговор за компанијата доаѓаме до детали кои го објаснуваат нивниот мисловен метод. Габриеле Центацо (Gabriele Centazzo), претседателот на компанијата и воедно и главниот дизајнер го води комплетниот процес, од идеја до реална состојба. Студирал како млад хемија која понатаму ретроспективно се покажала како основна нишка во неговиот креативен домен. Преку хемијата и технологиите Габриеле почнал да ги разбира материјалите од еден сосема поинаков агол. Тактилноста на стаклените површини, која преку специјален процес Валкучине ја менува,

го прави стаклото да биде топол материјал, не повеќе ладен! Како производители се први кои го употребуваат стаклото како материјал за третман на хоризонтални површини во кујните. Но и повеќе е од јасно, додека со мојата архитектонска логика се обидувам да ги уловам мааните и да забележам клише, Габриеле во еден миг ги расчистува сите мои предрасуди и вели: мојата инспирација за материјалноста доаѓа пред сѐ од Јухани Паласма и неговото дело „Очите на кожата – Архитектурата на сетилата“ (The Eyes of the Skin – Architecture and the Senses by Juhani Pallasmaa). Се обидувам целиот мој креативен

моментум, вели Габриеле, да го гледам преку концептите на Паласма. Гледајќи ги одблизу и доживувајќи ги дизајните на Валкучине не можев, а да не се согласам целосно со цела нивна филозофија! Но тука не заврши, Габриеле продолжува да го толкува Гастон Башелар со сегменти од „Поетика на просторот“ (La Poétique de l'espace by Gaston Bachelard) и да навлегува интимно и длабоко со принципите на архитектурата при што вели: „Мојата лична наобразба никогаш не престана, читам стотици книги од областа на архитектурата и естетиката, се обидувам да навлезам во несвесниот човеков порив кон

ПОРТА


убавото и да разберам како таа перцепција функционира“. Тоа е кујна! Талкајќи низ дваесетте павиљони на комплексот Ро (Rho) се обидуваме да испливаме од морето емоции со кои сме сатурирани. Да земеме воздух и со чиста мисла, рационално да ги разбереме сите оние различни контексти во кои бевме веќе длабоко нурнати. Опасно е човек да се предаде на толку силен наплив на креативна енергија, опасна е таа сила, која влече и го турка умот во некоја друга состојба од која не е едноставно да се вратиш во реалноста. Сѐ ни се допаѓа, критериумот се подигнува, расте неконтролирано. Одненадеж нашето око станува критички настроено, Полиформ веќе не изгледа примамливо, му недостасуваат детали, Чекоти не бевме ниту да ги посетиме, некои дански компании навлегле во досадна репетиција... Очигледно е дека сме загубени во преводот, тој опасен моментум веќе нѐ внел во сосема различен реал. Земаме воздух и за миг сфаќаме дека сме претерале. Со ист сигурен чекор, но со појасна мисла, прочистена од благата шизофренија која за момент не зафати, одненадеж се наоѓаме пред павиљонот на Дитре Италија. Производителот на култура на живеење и рафиниран дизајн нѐ пречекува со своите гламурозни призвуци на современиот лајфстајл. Софите кои со мало движење на раката може да се преуредат во централен елемент или пак да формираат композиции на ентериерот му даваат неодолив рафиниран вкус. Има некој специфичен допир со кој Дитре Италија пристапува кон својот дизајн. Доменот на оваа компанија излегува од рамките на еклектиката, а длабоко во себе крие модерен дух. Борбата помеѓу тие два џина е вечна, а енергијата произведува севременски дизајни! И најверојатно тоа е најискрениот пристап, кој фасцинира и не може ученото око да го остави рамнодушно. Но во исто време претставува и проблем, ги подигна критериумите за она што значи заокружен 42

ПОРТА

27 април 2018

дизајн, од сите аспекти. Оттука и произлегуваат фантастичните податоци кои ги добивме од официјалниот press release. Претседателот на Saloni del Mobile господинот Клаудио Лути изјави: „Во последните неколку денови бевме сведоци на најдоброто од областа на креативноста, иновациите и нарацијата – сето тоа прикажано со театрална

умешност. Ова означува дека сме спремни да го обмисуваме следниот настан, со уште поголема посветеност за да го задржиме приматот на лидери во овој сегмент од индустријата!“ Од сите материјали кои ни беа поделени од прес-ценатрот можеме да сублимираме една голема цел кон кој овој настан се стреми! Близу половина милион посетители и 26% зголемен обем од претходната година, настанот чекори напред со неверојатна брзина. Промоторот на целата оваа глобална манифестација е самата држава. Обединувањето на сите институции во воздигнување на нивото на глобалниот тренд кој Италија како држава го сервира пред сѐ е успехот на соиграта и почитта меѓу сите инволвирани актери. Овој саем претставува глобален бенчмарк и како таков веќе се прошири со организација на iSaloni во Москва и Шангај. Клаудио вели понатаму: „Оваа едиција демонстрираше успех во бизнискултурата и тимската работа, кои се основни драјвери на нашата економија!“


ПОРТА


земјотресно инженерство

Експериментално испитување на Унипол Арена на виброплатформата во ИЗИИС Скопје Во рамки на соработката меѓу Универзитетот во Болоња и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС, а со цел да се определи динамичката стабилност на конструкцијата, извршени се експериментални испитувања како на реалната конструкција, така и на физички модел во смален размер

Слика 1. Унипол Арена (Unipol Arena), Болоња, Италија (извор на слики: http://www.unipolarena.it/en/agencies/structure/)

И

зградена во 1993 година во Болоња, Италија, Унипол Арената (Unipol Arena) или претходно позната како PalaMalaguti (1993-2008) и Futureshow Station (2008-2011), претставува една од најрепрезентативните спортски и концертни сали во Италија. Со елиптична форма во основа (117.4/79.4 m), конструктивен систем од армирано-бетонски столбови со челични косници и атрактивна покривна конструкција од лепено ламелирано дрво, оваа арена претставува импозантно архитектонско и конструкторско дело на познатиот италијански архитект Мауро Чеколи (Mauro Checcoli). Во рамки на соработката меѓу Универзитетот во Болоња и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија – ИЗИИС во Скопје, а со цел да се определи динамичката стабилност на конструкцијата, извршени се експериментални

44

ПОРТА

27 април 2018

испитувања како на реалната конструкција, така и на физички модел во смален размер. За определување на динамичките карактеристики, непосредно по изградбата на арената, со примена на методите на принудни и амбиент-вибрации извршено е испитување на реалната конструкција од страна на тим од ИЗИИС. Потоа, на сеизмичката платформа во лабораторијата за динамички испитувања на ИЗИИС извршени се низа експерименти на физички модел во смален размер, со цел да се

истражи сеизмичката стабилност на конструкцијата. МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊАТА Со цел да се дефинираат реалните динамички карактеристики – сопствени фреквенции и облици на вибрации на дрвената кровна конструкција на објектот, измерени се амбиенталните вибрации, а генерирани се и принудни хармониски вибрации во ортогоналните правци со мал Слика 2. Приказ на местоположба на електродинамички пистон кај мерењата на лице место (извор на графички прилог: архива на УКИМ ИЗИИС)


Параметри Димензии во основа (m) Висина на столбови (m) Висина на покривна конструкција (m) Висина на комплетната конструкција (m)

Прототип 80/120 15.0 14.0 29.0

Модел 2.60/3.90 0.50 0.47 0.97

Табела 1. Геометриски вредности на конструктивните елементи прототип/модел генератор на вибрации, чија местоположба е прикажана на слика 2. Со добиените податоци од овие мерења подоцна се оценува и веродостојноста на проектираниот физички модел на конструкцијата за испитување на сеизмичката платформа на дејство на земјотрес. За сеизмичкото испитување на виброплатформа конструирани се два физички модела. Имајќи ги предвид

карактеристиките на сеизмичката платформа и расположливиот простор од 5 х 5 m во основа, за моделите усвоен е геометриски размер 1:30. Дефинирањето на димензиите и физичко-механичките карактеристики на конструктивните елементи на моделите за испитување се извршени согласно теоријата за сличност на прототип и модел базирана на Бакингемовата теорема (Bucкingham theorem).

Табела 1. Геометриски вредности на конструктивните елементи прототип/модел Првиот физички модел е изграден од исти материјали како прототипот - бетон, челик и дрво со соодветни карактеристики, со реално поврзување на елементите од дрвената конструкција. За да се исполнат во целост потребните услови за сличност предвидена е дополнителна маса на моделот. Тоа е постигнато со додавање на концентрирани оловни маси во јазлите на дрвените конструктивни елементи. Изградениот модел е прикажан на слика 3 лево, а детали од изградбата се дадени на слика 4. Кај вториот физички модел наместо кровна конструкција проектирана е лушпеста плоча изработена од специјален композитен материјал - мешавина од гипс, оловна

Слика 3. Приказ на двата физички модела на „Унипол Арена“ поставени на сеизмичка виброплатформа (извор на слики: фотоархива на УКИМ ИЗИИС)

прашина, дијатомејска земја и вода, слика 3 десно. Со испитувањето на овој модел целта е да се согледаат разликите во однесувањето на два различни типа на кровна конструкција, т. е. да се согледаат предностите на едната од нив. Детали од изградбата на овој модел се дадени на слика 5. Двата модела се испитувани под два различни услови од аспект на дополнителни товари, и тоа, еден случај во кој покрај гравитационите стандардни оптоварувања предвид е земено и влијанието од снег како дополнителен товар кој е физички нанесен на кровната конструкција и еден случај во кој влијанието од оптоварување од снег е занемарено.

Слика 4. Приказ на изградба на првиот модел со дрвена кровна конструкција (извор на слики: фотоархива на УКИМ ИЗИИС)

ЛАБОРАТОРИСКИ МОДЕЛИ Изработката на моделите во лабораторијата претставува еден исклучително специфичен, а воедно и интересен дел од експериментот каде сите аналитички пресметани минијатурни детали и врски, споредено со прототипот, 27 април 2018

ПОРТА

45


Слика 5. Приказ на изградба на вториот модел со кровна конструкција од лушпеста плоча (извор на слики: фотоархива на УКИМ ИЗИИС)

потребно е да се изработат со голема прецизност и точност. За таа цел, процедурата за изработка во овој случај се одвива во неколку фази. Првата фаза опфаќа изработка на челична основа која има можност да се прицврсти на платформата, а на неа да се постават елементите од моделот. Изработени се вкупно 26 темели од микробетон со димензии од 7/12 cm кои се поставени на челичната основа. Педесет и два столба со димензии на напречен пресек од 2/2 cm и висина од 50 cm се прицврстени на подлога пред темелите. Потоа, 52 челични косници, Ø16, долги 55 cm се косо поставени од темелите кон врвот на столбовите кои формираат основа за поставување на дрвената кровна конструкција (слика 3 лево и слика 4). Дрвените елементи, меѓусебно и со столбовите се поврзани со специјално дизајнирани челични поврзани елементи. За потребите на вториот модел,

потконструкцијата од столбови и косници се задржува, додека дрвените елементи се користат како оплата на која се поставуваат обликувани картонски плочи и тенка арматурна мрежа кои подоцна се залеваат со гипсената мешавина во слој од 2 cm. Откако се постигнува соодветна јакост на притисок, дрвената оплата се ослободува и се спушта на платформата како не би имала физички допир со моделот и останува заробена до завршување на тестирањето (слика 3 десно и слика 5). По изградбата и фиксирањето за сеизмичката платформа, пристапено е кон поставување на мерни инструменти кои ќе ги мерат величините од интерес потребни за евалуација на сеизмичкото однесување. Земајќи ја предвид комплексната геометрија на моделите, проектот за инструментација е конципиран на начин да се добијат што поголем број на корисни експериментални

Слика 6. Графички приказ на инструментацијата на физичките модели во попречен и подолжен правец (извор на графички прилог: архива на УКИМ ИЗИИС)

46

ПОРТА

27 април 2018

резултати. Со цел да се добијат информации за забрзување, поместување и напрегање во одредени точки, моделот е инструментиран со акселерометри, мерачи на поместување (LVDT), линеарни потенциометри (LP) и мерни ленти (strain gauges) (слика 6). РЕЗУЛТАТИ И ЗАКЛУЧОЦИ Многубројните тестови и опсежните анализи на двата физички модели тестирани во лабораторијата на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, како и испитувањето на реалната изградена конструкција (прототипот) ги потврдуваат првичните претпоставки околу типот на одговор при сеизмичко дејство. Како дополнителна потврда, несомнено е и верификацијата на формата на основните тонови на осцилации во вертикален и хоризонтален правец на двата физички модели и на реалната конструкција, прикажани на слика 7. Во поглед на заклучоците кои произлегуваат како резултат на експерименталните тестови, главно може да се каже дека: • Врз основа на фреквентниот одговор на конструкцијата, моделите, а со тоа и прототипот се значително чувствителни на дополнителни товари како што е оптоварувањето од снег, особено во случајот на несиметрично товарање кое има неповолно дејство за динамичката стабилност. • По испитаниот широк спектар на фреквенции, при сеизмичко дејство, доминантни се првите три тонови форми во сите три ортогонални правци. • Со оглед на високите периоди на осцилирање на кровната конструкција, далечните долгопериодични земјотреси


Слика 7. Компаративен приказ на измерените тонови форми на физичките модели и реалната конструкција, во попречен и подолжен правец (извор на графички прилог: архива на УКИМ ИЗИИС)

имаат негативно дејство, за разлика од блиските нископериодични земјотреси кои имаат многу мала веројатност да предизвикаат резонантен одговор на кровната конструкција. • Моделот со дрвена кровна конструкција има значителни оштетувања при забрзувања од 0.6 g, но не и колапс на системот со што се потврдува неговата стабилност на сеизмичко дејство далеку поголемо од проектното забрзување за предметната локација. Моделот со цврста композитна мешавина се руши на забрзување од 0.32 g, очигледно доведувајќи го овој концепт инфериорен во однос на одговорот на сеизмичко дејство. • Што се однесува до механизмот на Слика 8. Приказ на комплетно срушената кровна конструкција со лушпеста плоча лом на конструкцијата, вториот (извор на слики:фото-архива на УКИМ ИЗИИС) модел покажува пореална слика на повредливоста на системот, додека првиот модел пореално го прикажува механизмот на штета на конструктивните елементи и врските. Автори: м-р Филип МАНОЈЛОВСКИ, м-р Ангела ПОПОСКА, Антонио ШОКЛАРОВСКИ, дипл. град. инж., проф. др Зоран РАКИЌЕВИЌ, проф. д-р Лидија КРСТЕВСКА, доц. д-р Александра БОГДАНОВИЌ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Реализација на проект: Димитар ЈУРУКОВСКИ, Љубомир ТАШКОВ, Методи БОЈАЏИЕВ, Димчо МАМУЧЕВСКИ Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје 1993 година ПОРТА


eнергетска ефикасност

Научно објаснување: Зошто ветерните турбини имаат по три лопатки?

Д

енес производството на електрична енергија од ветерот е една од најбрзорастечките индустрии на глобално ниво, но познато е дека човекот ја искористува енергијата од ветерот со години. Во последните години, енергијата на ветерот добива сè поголема популарност како ефикасна и одржлива алтернатива на фосилните горива. Ширум светот расте бројот на офшор ветерни паркови, а моќноста на турбините станува сè поголема. Но, нивниот специфичен дизајн со три лопатки се задржува. Се поставува прашањето, зошто токму три? Тоа се разбира не е случајност, а одговорот лежи во инженерингот на енергијата од ветерот, односно како да се добие максимална енергија. Со цел да се

48

ПОРТА

27 април 2018

произведе максимално количество енергија, постојат многу фактори кои треба да се земат предвид. Ветерните турбини за производство на електрична енергија се многу постари отколку што се мисли. Првата таква турбина е откриена во 1888 година од страна на Charles F. Brush. Таа имала дури 144 дрвени лопатки и можела да произведе скромни 12 kW електрична енергија. Сè до средината на 30-тите години од минатиот век, многу рурални жители од американскиот континент зависеле од енергијата на ветерот како единствен извор на електрична енергија. Турбините биле достапен и трошковно ефективен начин за обезбедување електрична енергија за места кои се надвор од опфатот на електричната мрежа. Принципите на проектирање на

производството на електрична енергија од ветерни турбини не се смениле многу до денес. Ветерните турбини се проектирани така што ќе претставуваат бариера за кинетичката енергија складирана во ветерот, конвертирајќи ја истата во електрична енергија. Бариерара доаѓа во форма на лопатките од турбината кои се специјално изведени со цел добивање на најголемо можно количество на енергија. Како и да е проектирањето на лопатките е деликатна наука и се потпира на многу фактори поврзани со аеродинамиката и отпорот на воздухот. Токму поради ова не е случајно што лопатките на ветерните турбини многу потсетуваат на крилјата на авионите. Поради отпорот од лопатките ветерот има поголема брзина зад лопатката отколку пред неа. Тоа овозможува ротација на лопатките, што е предуслов за генерирање на електрична енергија. Но тоа, само по себе не е доволен услов. Инженерите мора да ги земат предвид сите параметри поврзани со брзината и отпорите со цел да обезбедат што е можно поефикасно производство на енергија. Од друга страна пак, една од најголемите предности на ветерните турбини е во намалувањето на бучавата, што е исто така предизвик за проектантите. Турбините кои работат со пониска бучава се разбирливо секогаш поприфатливи. Значи, имајќи ги предвид сите фактори, денес ветерните турбини со три лопатки се стандард. Тоа всушност е еден вид на општо прифатен компромис. Ако станува збор само


за максимално производство на енергија, тогаш една лопатка би била оптимум. Но, тогаш турбината нема да биде балансирана, па тоа не е практичен избор по однос на стабилноста. Слично на тоа, две лопатки би овозможиле поголемо производство на енергија отколку три, но со тоа ќе се појави феномен кој предизвикува тресење и вибрации, односно повторна нестабилност. Од друга страна, секој број на лопатки поголем од три, ќе предизвика поголем отпор на ветерот и пониска ефикасност. Од овие причини, турбините со три лопатки се идеален компромис помеѓу производството на енергија и стабилноста и издржливоста на турбината. Но, науката смета дека ова нема засекогаш да биде така. Инженерите постојано работат на нов, поефикасен дизајн за идните постројки. Една од најпопуларните концепции е т.н. турбина без лопатки. Овој концепт има многу бенефити, меѓу кои трошоците и

одржувањето. Компанијата Vortex Bladeless веќе има создадено прототип на ваква турбина која го користи жироскопското движење за добивање енергија. Во старт

трошоците за една ваква изведба се проценети на околу 50 % од класичната, со очекување да се намалувааат со текот на времето.

Египет наскоро ќе биде домаќин на најголемиот соларен парк во светот

B

enban Solar Park е името на новиот мегаинфраструктурен проект во Египет и новиот најголем соларен парк во светот, со инсталиран капацитет помеѓу 1.6 - 2.0 GW, кој се очекува да биде завршен до средината на 2019 година. Проектот ќе има можност да ја продава енергијата по цена од 7.8 ¢/kWh на државната електроенергетска компанија Egyptian Electricity Transmission Company (EETC). Во моментот, 29 централи во овој парк се предмет на јавно финансирање во вредност од околу 1.8 милијарди долари. Паркот е проектиран да има 32 централи. Се очекува дека со оваа инвестиција Египет ќе обезбеди чиста енергија за наредниот период, задвижување на економскиот раст и намалување на сиромаштијата во оваа земја со 90 милиони жители. Египетските власти сметаат дека земјата може да произведува 20 % од обновливи извори до 2022 година. Источниот регион на пустината Сахара е познат по интензивното соларно зрачење во светски размки. Рангиран е пред пустината во западниот дел на САД и Мексико, но малку зад најдоброто место во светот од овој аспект – пустината во Чиле. Моделот на финансирање овозможува добри услови за инвеститорите. Агенцијата MIGA (Multilateral Investment and Guarantee Agency), организација во рамките на Светска

банка, обезбедува 210 милиони долари осигурување од политички ризик за инвеститорите вклучени во соларниот парк. International Finance Corporation (IFC) и конзорциумот составен од 9 меѓународни банки обезбеди заем од 653 милиони долари, што е најголем одобрен заем на приватниот сектор за финансирање на фотоволтаични централи во Северна Африка и Средниот Исток.

27 април 2018

ПОРТА

49


екологија

ИЗГРАДЕНИ НОВИ ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ

Шест чекори поблиску

до почиста отпадна вода ПС во Радовиш

Во Македонија постои Национална стратегија за води 2011-2041 која го регулира управувањето со водите и влијае врз институциите од областа на управувањето со водите. Еден дел од таа стратегија е и прочистувањето на отпадните води. Решенијата опфаќаат пречистителни станици Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

С

о комплетирање на шест нови пречистителни станици за отпадни води, вкупниот капацитет на пречистителни станици во Македонија ќе достигне околу 27 отсто од потребниот капацитет во државата. Во „Програмата за

50

ПОРТА

27 април 2018

сектор животна средина и клима“ за периодот 2014-2020 година се предвидени уште две пречистителни станици за отпадни води со кои капацитетот ќе биде околу 37,3 отсто од вкупниот потребен капацитет. Изградбата на сите овие пречистителни станици е предизвик за стабилно и сигурно управување со објектите не само од техничка туку и од финансиска гледна точка.

Првите пречистителни станици во Македонија се изградени во 1985 и 1988 година во Враништа и тоа за реоните Охрид, Струга, Трпејца, Пештани и Лагадин за над 90 илјади население, а процесот на прочистување е механички и биолошки. Втората пречистителна станица е изградена во 1989 година во Дојран и ја прочистува водата механички, биолошки и


хемиски. По неколку години пауза, изградбата продолжила во 2000 година во Свети Николе и Македонски Брод, потоа во 2005 година е изградена во Ресен за реонот на Јанковец, Царев Двор и Езерани, која водата ја прочистува само механички и биолошки. Во 2007 година се изградени пречистителни станици во Куманово и Кривогаштани, а во 2010 година во Берово. На листата на градови со пречистителни станици сега се и Струмица, Радовиш, Кичево , Прилеп / во завршна фаза на изградба /. Во Македонија постои Национална стратегија за води 2011-2041 која го регулира управувањето со водите и влијае врз институциите од областа на управувањето со водите. Еден дел од таа стратегија е и прочистувањето на отпадните води. Системите за прочистување на отпадните води се особено значајни за човештвото бидејќи постои голем здравствен ризик од енормно дневно производство за отпадна вода. Решенијата опфаќаат пречистителни станици. Министерството за животна средина и просторно планирање преку ИПАпрограмата на Европската Унија ги реализира голем дел од овие пречистителни станици. Јадранка Иванова, ИПА-координатор од Министерството за животна средина и просторно планирање објаснува кои се најголемите предизвици при изградбата на пречистителна станица за отпадни води.

„Најпрво треба да се вклучи администрацијата на општината каде што се гради станицата, потоа да се соберат сите градежни доволи, навремено ангажирање на работници за работа на пречистителна станица за отпадни води и примена на новата тарифа за отпад. Проблеми со кои се сретнуваме е недостатокот на информации за подземни инсталации, ниската јавна свест за пречистителните станици и нивната корист за животната средина, како и немањето искуство на многу македонски компании во изградбата на пречистителни станици“, објаснува Иванова. Изградбата на пречистителните станици била и одлично училиште затоа што во овој процес надлежните научиле многу лекции кои би требало да бидат корисни за понатамошните активности. „Неопходно е долгорочно планирање, што понавремено вклучување на општините и јавните комунални претпријатија и нивно образование за обезбедување документација за проекти финансирани од ЕУ и за нивните обврски пред и по завршувањето на изградбата, како и да се подготват документи за неколку проекти и да се подготват за финансирање во согласност со меѓународните стандарди“, нагласува Иванова. Таа додава дека исто така е потребно и навремено имплементирање на тарифите за вода за да се постигне одржливост на пречистителните станици за отпадни води, потребна е и подобра инволвираност и соработка на другите

министерства, јавни тела и Владата. Она што е важно е и прилагодување на Законот за градежништво и подзаконските акти со постапките на ИПА, додава Иванова. За да се воспостави ефикасно и одржливо завршување на секој ИПА-проект, Министерството за животна средина и просторно планирање има преземено неколку мерки како потпишување на договор со општините и комуналните претпријатија за ИПА-проектот, опишувајќи ги правата и обврските меѓу нив во текот на секоја фаза од спроведувањето на проектот, формирана е единица за имплементација на проектот составена од претставници од МЖСПП, општините и комуналните претпријатија. Иванова објаснува што сè е постигнато во секторот води според ИПА. Во Куманово се реновирани и реконструирани 25.743 метри цевки, има нови 839 шахти и 1.132 нови приклучоци за домаќинство. Во Берово поправени се 27.600 метри цевки, има 791 нова шахта и 181 нов приклучок на домаќинства, а направени се и 3.622 метри нови полимерни бетонски канали за атмосферска вода. Во Прилеп, пак, се реновирани и реконструирани 63.650 метри цевки. Инсталираните капацитети во пречистителната станица која е сместена во селото Сачево на површина од 55 илјади метри квадратни , го опфаќаат градот Струмица со 53.419 жители и 12 населени места, со дневен капацитет на отпадни води од 9.458 кубни метри.

ПС во Кичево

27 април 2018

ПОРТА

51


ПС во Струмица

„Учевме многу, некои работи не ги предвидовме, а се случуваа, но сепак проектите се веќе готови и пречистителните станици за кратко време сите ќе функционираат. Сега треба подобра вклученост на сите институции за нивно успешно одржување“, вели Иванова. Според неа сега во Македонија има 13 пречистителни станици, но државата има потреба од 87 со секундарен карактер и 16 со терцијарно лекување. „Реално до 2041 година овие пречистителни станици би биле готови“, додаде Иванова нагласувајќе дека околу 90 отсто од средствата кои ќе се потрошат за пречистителните станици ќе завршат во рацете на јавните комунални претпријатија и затоа сега е време да се почне со нивно оспособување за да управуваат со таква инфраструктура. Важноста од постоењето на пречистителни станици ја истакнува и Торстен Фриман од првото формирано здружение за водостопанство во Есец, Германија. Тој заедно со свои колеги од Германија, професори од Универзитетот во Дуизбург-Есен од Катедрата за води во урбани средини и Одделот за процесно инженерство, како и од истражувачкиот Институт за управување со вода и отпад при Техничкиот факултет во Ахен, РајнаВестфалија беа гости на првата конференција за одржливост на пречистителните станици во Македонија, 52

ПОРТА

27 април 2018

ПС во Прилеп

која беше организирана од Здружението за третман на вода и отпадна вода, а во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање, делегација на Европската Унија, Градежниот факултет од Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и АДКОМ - Здружение на даватели на комунални услуги. Професорите говореа за историјатот и искуствата на Германија во третманот на

води и отпадни води и за пречистителните станици. Фриман објаснува дека неговото здружение е надлежно за 58 пречистителни станици кои целосно го покриваат реонот на реката Емшер кај Дортмунд. „Освен за отпадната вода се грижиме и за дождовницата и за атмосферските води. Имаме над 300 пумпни станици за заштита од поплави, а на годишно ниво третираме околу


800 милиони метри кубни отпадна вода“, вели Фриман. Тој ја објаснува пречистителната станица Ботроп која е изградена во 1929 година - 230 милиони евра со денешна вредност. „Станува збор за станица со три линии во која дотокот на вода при дожд е 8,5 кубни метри во секунда. Тука имаме класично механичко филтрирање, активно заживување со бактерии и финална седиментација. Имаме резервоари за мил и гасот го користиме за производство на струја со која покриваме четири милиони жители, додаде Фриман. Како што нагласија германските професори, често онаму каде што има многу штетни испусти треба да има и посебен третман пред тие води да се испуштат во пречистителната станица. „Индустриските фирми плаќаат по оптовареност на водата што ја испуштаат и затоа најчесто ги

присилуваме да имаат самите систем на оптимизација“, објасни Фриман. Ваквиот третман постои и во Македонија. Јадранка Иванова вели дека кај нас комуналните претпријатија се тие што одлучуваат дали ќе ја прифатат индустриската отпадна вода во станиците. Најчесто индустриските капацитети се здружуваат и самите ја третираат отпадната вода до фаза таа да може да се испушти во пречистителната станица. Даниел Мертенс од компанијата за работа со пречистителни станици за отпадна вода ВТЕБ вели дека вкупната потрошувачка на пречистителна станица за 10 илјади жители не смее да биде повеќе од 30 киловат часови по жител. „За успешно управување со пречистителните станици многу е важно да се обезбеди квалитетен персонал и добра технологија. Со одржувањето на

Пречистителна станица на Емшер кај Дортмунд

пречистителната станица се оптимизираат трошоците, а нивното намалување доведува до заштеда. Во една пречистителна станица за 10 илјади жители треба да има најмалку четири вработени, а во станица што опслужува 50 илјади жители потребни се најмалку седум вработени во смена, кои се добро обучени“, нагласува Мертенс. Она што германските експерти го препорачаа е дека треба да се води енергетска политика, да се прават акциони планови, да се организираат тимови кои постојано ќе се усовршуваат за работа во пречистителните станици и ќе ги следат новите технологии.

Скопје - метропола без пречистителна станица За Скопје сакаме да зборуваме дека е метропола, но е град без пречистителна станица. Редакцијатa на „Порта 3“ во 2015 година пишуваше дека Скопје ќе ја добие својата пречистителна станица во 2020 година, но од тоа нема никакви резултати и веројатно за да добие главниот град ваков објект ќе треба да чека уште најмалку пет години. Кон крајот на минатата година градските власти потпишаа анекс на Меморандумот на разбирање за студијата за финансирање, изградба и работа на централната станица за третман на отпадни води. Потписници на овој анекс се и Министерството за животна средина и просторно планирање, амбасадорот на Франција во Македонија, Христијан Тимоние и компанијата „ЕЖИС“. За реализација на овој проект француската влада има обезбедено дополнителни 197.863 евра со што вкупниот грант сега изнесува 927.182 евра. По завршувањето на изградбата Скопје ќе добие пречистителна станица во согласност со европските директиви, а и контрола и третман на водата што се испушта во реката Вардар. Локацијата на пречистителната станица е дефинирана во ГУП за Град Скопје и се наоѓа по должина на левата страна на коритото од реката Вардар во Општина Гази Баба, во Трубарево, што е до источната граница по урбанистичкиот план за Град Скопје.

27 април 2018

ПОРТА

53


хортикултура

ПРИМЕНА НА ДЕКОРАТИВНИ ТРЕВИ

Креирање на оптички илузии во градината

Комбинирањето на декоративните треви може да му даде природен изглед на вашиот пејзаж. Многу од нив се идеални за уредување на отворен простор или на тематски градини (каменести градини, медитерански градини и сл.). 54

ПОРТА


Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж Биро Проект

Д

екоративните треви претставуваат големо семејство на убави трајни растенија кои додаваат текстура, боја и движење во градината. Со своите бои и форми му даваат разновиден изглед на просторот. Комбинирањето на декоративните треви може да му даде природен изглед на вашиот пејзаж. Тие се повеќегодишни растенија, кои се доста едноставни за одржување. Некои од нив доколку се насадат на поголем простор може да бидат инвазивни, па затоа се користат за озеленување на поголеми површини. Во случај површината каде што се насадени, да е лимитирана, потребно е повремено да се прави контролирање на нивното ширење. Постојат треви за влажна или сува почва, како и сончеви и засенчени експозиции. Многу од нив се идеални за уредување на отворен простор или на тематски градини (каменести градини, медитерански градини и сл.). Каскадните тревести растенија создаваат илузија на водопад, особено кога се поставуваат на врвот на ѕидовите, каде што со нивното полегнување може да се долови одличен ефект. Во изборот на видови погодни за постигнување на ваков ефект може да се искористат видови како

ПОРТА


Dichondra argentea, Nolina texana, Rosmarinus officinalis Prostratus и сл. Освен декоративни треви за постигнување на водопад може да се користат и некои сукулентни растенија како Senecio rowleyanus, Senecio radicans или Sedum morganianum. Декоративните треви може да се искористат за да се создаде ефект на водено бранување. Ова е особено изразено за време на ветровити периоди и месторастења. Сите сме го осетиле ефектот на големите затревени пространства покрај железничките пруги, каде што ветерот создава специфична игра со растенијата. За ниски бранувања најдобро е да се насадат видови од родот Carex spp. За постигнување на повпечатлив ефект најдобро е да се користат повисоки декоративни треви како што се Muhlenbergia dumosa, Eragrostis spectabilis или Muhlenbergia capillaris. Поради нивната виталност декоративните треви можат да се искористат за постигнување на ефекти со смирувачко дејство како што е бранувањето. Тие може да се комбинираат со поголеми растенија или едноставно да претставуваат фокус на градината. Декоративните треви може да се користат и за создавање на ефект на фонтана. Овој ефект може да се долови со засадување на повисоки декоративни треви во високи саксии или на отворен простор. Во вториот случај со добра имагинација може да се формира ефект на фонтана во сува градина. Засадени поединечно или во групации растенијата како оние од родот Pennisetum spp. може да создадат одличен ефект. Освен тие за постигнување на ефект на фонтана може да се користат и Sporobolus heterolepis или Molinia spp. Со садење на одредени декоративни треви во групации на поголеми површини може да се создаде ефект на отворено водено пространство или имитација на одреден водотек. Во овој случај се комбинираат растенијата со природен

ПОРТА

камен во различни гранулации за да се оформи коритото на водотекот, а тревите се садат по неговото течение. За постигнување на вакви ефекти се користат

некои видови со сино-зелена боја кои се ниски по раст како што се некои видови од родовите Festuca spp, Carex spp, Stachys byzantina или Stemodia lanata.


ПОРТА


репортажа

ЕРУСАЛИМ – ЦРКВАТА НА СВЕТИОТ ГРОБ

Жив споменик на движечката Црквата на Светиот гроб се наоѓа во северозападниот дел на стариот град во Ерусалим. За разлика од она што сме навикнале да го гледаме, нема голема дворна површина, нема паркови, нема одморалишта, клупи, бехатон и слично. Втемелена, со камен влез и стара и дотраена дрвена врата, овој сакрален објект е суштинска спротивност на раскошот на црквите кои сме навикнале да ги гледаме

Драган РИСТОВ, (Специјално за Порта 3 од Ерусалим)

С

ум видел многу цркви и манастири во животот. Но ниту една го нема тој мистицизам како црквата на Светиот гроб во Ерусалим. Иако однадвор многу не потсетува на класична црква, чувството на возбуда можеби најдобро го објаснува растот на адреналинот кога низ ум ви поминува дека пред вас е локацијата на која е распнат Исус Христос и во која е сместена малата т.н. „Едикула“ во ПОРТА


сила на христијанството

која според преданијата било положено неговото мртво тело од каде и воскреснал. Речиси ништо не ви остава впечаток на некаков луксуз, возвишеност или посебен третман, иако станува збор за најсвето место во христијанството. И покрај толку многу луѓе, чувствувате безбедност и нема никакви турканици. За волја на вистината, мислам дека во нашите цркви правиме поголеми циркузи и можеме да се испокараме и за обични свеќи, но не и тука. Најверојатно стравопочитта го прави своето, но не треба да се заборават ниту тајните израелски служби кои следат сè,

иако навидум сè е мирно. Црквата на Светиот гроб се наоѓа во северозападниот дел на стариот град во Ерусалим. За разлика од она што сме навикнале да го гледаме, нема голема дворна површина, нема паркови, нема одморалишта, клупи, бехатон и слично. Втемелена, со камен влез и стара и дотраена дрвена врата, овој сакрален објект е суштинска спротивност на раскошот на црквите кои сме навикнале да ги гледаме. Од левата страна на секоја врата има неколку мермерни столбови, при што до израз доаѓа средниот од лева страна, низ чија

основа се гледа вдлабеност, како лузна. Разбрав дека пред повеќе од еден век, на дочек на Нова година... гром удрил во столбот при што го расцепил. Знак божји, или природна појава која додава уште еден елемент на севкупниот мистицизам кој ве чека при правење на првиот чекор внатре. По влегувањето, на само десетина метри е т.н. „Камен на помазанието“. Тоа всушност е камена плоча на која според кажувањата било положено телото на Христос кое го подготвил Јосиф од Ариматеја. Во подземните пештери под самата црква се наоѓа и неговото вечно 27 април 2018

ПОРТА

59


КИПАР

Авион / 29/4 – 2/5

ОД

385 €

Русија - Москва и Санкт Петербург Авион / 6 ноќевања 27.4-3.5.2018 од 699

+389 2 32 32 234 почивалиште. Плочата речиси и да нема рабови. Мазно е. Од допирите на стотина, илјадници... милиони аџии, таа нема раб. Од десна страна, водат скалила до вториот кат каде се наоѓа карпата позната како „Голгота“ каде е кренат крстот со распнатиот божји син, додека лево се наоѓа местото на кое стоеле неговата мајка, Марија Магдалена и преостанатите од семејството и апостолите кои биле сведоци на чинот на распнувањето. Верувањето има силна пресија врз верниците. Врз каменот на помазанието ќе видите луѓе кои се молат, ставаат предмети кои ги благословуваат, но и такви кои имаат проблеми со нозе или раце, па ги допираат до каменот во надеж дека истите ќе бидат излекувани. Над самиот камен на помазанието, се наоѓа огромен мозаик кој го илустрира чинот на распетието. Верници, туристи, љубопитни луѓе го допираат мозаикот и изговараат молитви. Нивните лица се

ПОРТА

сериозни. Некои дури имаат и солзи, најверојатно поистоветувајќи се со болката која ја поминувал синот божји на патот кон распетието, некои пак само немо набљудуваат. Нивните лица зборуваат за многу раси. Ги има црни, бели, жолти... од сите можни краишта на оваа планета. Веднаш на ум ми паѓа дека ова е единственото место на кое можат да се видат многу нации во толку голем број, а сепак сè да биде мирно и одмерено. Од каменот на помазанието, лево се наоѓа големата „Ротонда“ и во неа малата „Едикула“. Во неа се наоѓа мала просторија во која е Светиот гроб. Бројот на туристи и верници постојано расте. Околу неа стотина лица кои трпеливо чекаат да влезат. Стуткани околу „Едикулата“ изгледаат како опаш, како каиш кој е послан околу објектот. Трпеливо, еден по еден, влегуваат прво во малото ходниче во кое единствениот осветлен предмет од светлоста на свеќите е светиот камен на кој слетал ангелот.

Редот мора да се зачува, и еден по еден, човек се наведнува и влегува во малото одајче кое има само два метри. Имате време колку за една молитва, а веднаш потоа строго ќе ви се обрати грчко свештено лице во улога на редар. Да... за волја на вистината, нашиот јужен сосед го има главниот збор во ова мистично сакрално место, и заедно со претставници на останатите верски заедници, еврејската, католичката и други, секое утро ја отвораат тешката дрвена врата од црквата на Светиот гроб, која потоа 12 часа ги собира во себе сите верници на овој свет. Така е уште од 4 век кога царот Константин ги открил металните клинови со кои бил распнат Христос и Светиот крст кој сега се чува во посебна просторија, но и низа други елементи кои укажувале на тоа дека се работи за Голгота и за локацијата каде се наоѓа гробот на Христос. По распетите, како што кажуваа водичите, Римската Империја го затрупала местото и на него изградила храм во чест на божицата


Венера. Според записите, околу 135 пр.н.е. Римјаните на ова место започнале да градат комплекс од храмови. Писателот од периодот на крстоносните војни Ориген оставил пишана трага дека гробот на првиот човек на светот, Адам, се наоѓа токму на местото каде што Исус Христос бил распнат, односно на Калварија, но секако цврсти научни докази за тоа нема. Константин не се двоумел, па веднаш паднала наредба да се изгради црква која ќе биде посветена на Светиот гроб и на христовите страдања. Од 327 до 335 година биле изградени три делови од црквата во најразлични периоди, вклучувајќи ја и големата базилика, затворениот атриум и „Ротондата“ со „Едикулата“. Секој сегмент е заштитен, вклучително и остатокот од камениот столб на кој наводно седел Исус да се одмори, камената зандана во која бил чуван за судењето и низа други елементи од финалниот чин на синот божји. Сите тие ги гледам со стравопочит. Ретко гледате толку стари предмети, а кои ви се на дофат на рака и никој не ве спречува во тоа, за разлика од една Мона Лиза која во Лувр е заштитена со стакла и сензори. Тука сè ви е на дофат, а сепак вреди многу повеќе од една Мона Лиза. За изградбата на базиликата на Светиот гроб биле потрошени големи пари и многу време, вели израелскиот водич. Самата црква била завршена во 1048 година од страна на Константин IX. Се градела речиси седум векови, иако попатно имало турбуленти периоди како оној од 1099 кога крстоносците пристигнале во одбрана на христијанството од исламот, па дури и кога била рушена па обновувана. Но, тоа се историски патеки кои не допираат до мене, бидејќи очите го впиваат секој сегмент од мистичната „Едикула“ и „Ротондата“ која се простира над неа.

Зракот светлина кој паѓа од врвот на куполата додава дополнителна мистерија на Светиот гроб. Како некоја слика од филм, надрелано, светлоста како божја рака го гали местото каде бил распнат и погребан светиот син. Црквата низ историјата неколку пати била на праг на рушење, но како таинствена сила да ја сочувала од сите налети. Од човечките, но и природните. По реконструкцијата во 1555 година, првиот поголем потрес бил во минатиот век, во 1927 година кога земјотрес со сила од 6,3 степени по Рихтер го разрушил купето. Во периодот од 1931 до 1933 година црквата била реновирана со финансиски средства на грчката држава. Во 1958 година, со договор помеѓу трите цркви на Ерусалим (грчката, ерменската и католичката) започнала реставрацијата на црквата. Последната обнова се случи непосредно пред моето доаѓање, кога биле откриени подземни води па се презела акција на спасување на „Едикулата“ што пак беше овековечено од страна на ТВ-екипа на „Национална географија“ кои го снимија кревањето на плочата од гробот по повеќе од 500 години. Десно од каменот на помазанието се наоѓа

амбулатор, односно скала која води кон Голгота, кое е истовремено и најукрасениот дел од црквата. Основниот олтар овде припаѓа на грчката православна црква. Овде може да се види расцепената карпа по распнувањето и раздвојувањето на Голгота, со симболично поставен крст и распнатиот Исус. Веднаш под него се наоѓа мал олтар, со мала дупка, во која ако протнете рака можете да ја почувствувате карпата со т.н. локација каде бил поставен крстот. Во подземниот дел од оваа локација се наоѓа долниот дел на Голгота кој де факто бил затрупан од страна на Римјаните, а кој Константин го откопал. Погледот нагоре, открива три правоаголни дупки кои укажуваат на локации каде биле поставувани крстовите за распнување. Речиси на секој ѕид, можат да се забележат крстови издлабени во дебелите ѕидови на црквата на Светиот гроб, кои сведочат за милиони кои продефилирале низ неа. Од обичните верници и смртници, па сè до војските кои сакале да ја присвојат. Секој камен има историја... толку многу да се зборува, а толку малку време и место...

ПОРТА


уметност

РЕТРОСПЕКТИВА НА ЕЖЕН ДЕЛАКРОА ВО ЛУВР, ПАРИЗ

Татко на ангажираната уметност Текст и фото, Дејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз)

Р

етроспектива на дела на францускиот уметник Ежен Делакроа, меѓу кои е изложено и неговото најпознато дело „Слободата го води народот“ е поставена за прв пат во Лувр. Директорот на „Лувр“, Себастијан Алард, по повод отворањето на изложбата, истакна дека Делакроа е најголемиот сликар на романтизмот и дека на изложбата прв пат по 1963 година се поставени и дела кои не се целосно завршени. Неговите дела засекогаш го промениле светот на визуелната уметност, а неговото творештво имало силен одраз врз оформувањето на импресионизмот и постимпресионизмот. Неговата страст по егзотичното и недопирливото биле идеи што ги воспримиле идеолозите на симболизмот. За оние кои не знаат, покрај славната „Мона Лиза“, на Леонардо да Винчи, револуционерката на Делакроа со разголени гради од делото „Слободата го води народот“ која го носи француското знаме и пушка со бајонет, е една од најпосетуваните слики во овој светски музеј. На изложбата се прикажани околу 200 дела вклучувајќи и акварели, литографии и религиозни дела, како и списанија во кои има статии за влијанието што Делакроа го има врз сликарството. Ретроспективата на делата на Ежен Делакроа ќе биде отворена до 23 јули, а потоа неговите дела на есен ќе бидат претставени во музејот „Метрополитен“ во Њујорк. Фердинанд Ежен Виктор Делакроа (Ferdinand Victor Eugène Delacroix, 26 април 1798 – 13 август 1863) е француски ликовен уметник, кој извршил огромно влијание врз романтичарското движење во Европа. Тој е роден во Париз во старо и отмено француско семејство. Неговиот татко, Шарл Делакроа, во тоа време бил вршител на должноста министер за надворешни работи на младата Француска Република, а подоцна добил титула амбасадор во Холандија. Ова отмено и благородно потекло е подеднакво судбоносно за сликарот, за кого велат дека „неговата

„Слободата го води народот“ на дивиот и романтичен Делакроа ја одбележува епохата на романтизмот и новата сликарска поетика, но можеби со оваа слика е многу поважна појавата на големата ангажирана уметност, која со подеднакви паѓања и успеси, ќе продолжи да живее сè до денес

Портрет на Делакроа од Фелис Надар 62

ПОРТА

27 април 2018

личност удрила печат на целиот век“. Младиот Ежен завршил кралски лицеј, а неговата првобитна желба била да стане музичар, зашто свирел виолина многу добро. Сепак, неговиот вујко, кога Делакроа имал 15 години го испратил во сликарското студио на големиот Пјер Герен. Паралелно, својот првобитен ликовен јазик го формирал копирајќи ги и студирајќи ги делата на старите мајстори во Лувр: Рафаел, Тицијан, Веронезе, Рембрант, Вато, а особено Рубенс. Сепак, иако бил голем почитувач на старите мајстори, тој никогаш не станал роб на кој било од нив, ниту имитатор на која било сликарска школа. Кога имал дваесет и четири години, Делакроа ја претставил една од неговите први слики: „Данте и Вергилиј во пеколот“, која веќе поседува карактеристики на вистински мајстор. Таа година во парискиот Салон ја изложил и сликата „Масакрот на Хиос“, која наиде на отпор меѓу сликарите на т.н. класична школа. Големиот уметник Жан Огист Доминик Енгр ќе ја нарече сликата „обична мачканица“ и масакр на сликарството. Спротивно на овој став, младите сликари биле воодушевени, јасно сфаќајќи дека таа претставува една сосема нова вредност. СЛОБОДАТА ГО ВОДИ НАРОДОТ Во Салонот во 1827 година, тој ја изложил „Смртта на Сарданапал и Марино Фалиеро“. Делакроа е волшебник на боите. Чудесен, длабок, мистериозен, сензибилен. Во 1830 година, тој го насликал едно од неговите најпознати платна. Тоа е сликата „Слободата го води народот“, инспирирана од настаните за време на Јулската револуција во 1830 година. Оваа темна, но убава, воздушеста и смирена слика, претставува импресија која засекогаш се населува во вашата меморија кога ќе ја погледнете. Делакроа тука се претставил како совршен колорист. Насликана е во многу детали, особено се реалистично погодени ликовите, а извонредната инспирација генијално ја претставува атмосферата на тие турбулентни и трагични денови. Композицијата е организирана динамично, движењето во неа е изречно нагласено, светлите, темните и


површините кои се во сенка сугерираат длабочина и постигнуваат целосна илузија на просторот. Главното изразно средство е бојата и на неа се подредени линијата и формата. Фигурите се алегорични, секоја од нив претставува социјален и општествен сталеж, додека во центарот на оваа пирамида е „мајка Франција“ - млада девојка со разголени гради која решително и со сета страст го носи и вее француското знаме. АФРИКА Во јануари 1832 година, се случил вистинскиот пресврт кај сликарот Ежен Делакроа. Со поштенски автомобил заминал во

Тулон, и таму се качил на палуба на бродот кој пловел за Тангер, Мароко. Само неколку дена по неговото доаѓање на тлото на вжештената Африка, Делакроа, подеднакво талентиран и како писател и уметнички критичар, запишал во својот дневник: „Стигнавме меѓу прекрасни луѓе, а пашата, командант на градот, нè дочека на чело на неговите воини. Овдешните Еврејки се прекрасни. Се плашам дека ќе биде многу тешко да се надмине незадржливата потреба да се насликаат. Тие се вистински бисери на Едемската градина“. Со таквата импресија, овој сликар го започнал своето уметничко откритие на Африка. 27 април 2018

ПОРТА

63


„Дозволете ми да ги нацртам вашите прекрасни жени во нивните одаи“, замолува Делакроа еден од алжирските благородници. - „Доколку тие се облечени и носат фереџе!“ „Облечени, но без фереџе“, му одговора Делакроа. „Ние сликарите, и онака, насетуваме што се крие зад секој превез“. Неверојатно, но сликарот добива одобрение, и така настанува познатата слика „Алжирки во нивните одаи“. Раскошна и сензуална, сликата има опојна моќ на африканските приказни. Таа ве носи во сон, во лудило. Сликите „Мароканка“, „Еврејска свадба“ и многу други предизвикуваат восхит. „Цела Франција завидува на вашите модели“, му рекол неговиот пријател Шарл Бодлер. „Тие не се модели, туку диви, оригинални убавини на Африка“, му одговорил Делакроа. МОДЕЛИ Ежен Делакроа бил еден од најрепрезентативните сликари на XIX век, на кого може да му се заблагодарат импресионистите за најсилните импулси, и тој е еден од ретките уметници кои со своите модели не одржувал интимни односи. Меѓутоа, во историјата на уметноста, се споменуваат две жени - мадам Далтон и мадам Дефорже, како пријателки на сликарот. За волја на вистината, тој нив двете ги имал насликано неколку пати, но поголемиот дел од неговите модели не може 64

ПОРТА

27 април 2018

да се идентификува, бидејќи нив Делакроа, буквално ги „собирал“ од улица. Никој не е во можност да каже кои се жените кои му позирале како модели за сликите исполнети со опојна сензуалност, како што се, на пример, „Заспаната одалиска“ или „Орфеј и Евридика“. За сликарството, велел дека е неговата „единствена љубов“ и дека во него постои „сосема посебен вид на емоции“. Затоа тој работел секој ден, неуморно, посветено, што било сосема во спротивност со неговиот кревок, слаб изглед. Тој зборувал дека „чувствува потреба да има повеќе животи за да го реализира сето она што врие во него“. НОВИ ОТКРИТИЈА Целокупното дело на Ежен Делакроа ги содржи во себе почетоците на нови откритија кои подоцна ќе ги искористат некои познати и непознати уметници. Тој е првиот кој го применил дивизионизмот на тонови, кој потоа импресионистите го довеле до крајните граници на можностите. Ежен Делакроа го зазема централното место во уметноста на XIX век и зрачел на сите страни; тој сликарски, композициски и колористички владеел максимално; близок на Камиј Коро, на сликарите на Барбизонската школа, и пред сè, тој гледал кон иднината, односно кон импресионизмот. ФРАНЦУСКИ РУБЕНС Негови ликовни идоли биле Петар Паул Рубенс и претставниците на Венецијанската ренесансна школа. Тој како „француски Рубенс“ со своето


грандиозно дело отворил нови, неочекувани можности во областа на сликарството. Див и романтичен во најдобрата смисла на зборот, ентузијастички занесен од своите копнежи, опиен од соништа и мисли, тој одел пред своето време. Тој е најсугестивниот од сите уметници, оној чие дело, наведува на размислување и најмногу повикува на чувства и нивно сеќавање, и на веќе познатите поетски мисли за кои се верувало дека биле закопани засекогаш во ноќта на заборавот. Обработувал сцени кои изобилувале со крв и насилство, притоа употребувајќи силни и впечатливи бои. Таа негова определба наишла на негодување во одредени кругови, но ги придобила симпатиите на сите останати. Имал работна навика да ги илустрира познатите творби на великаните како Вилијам Шекспир, Валтер Скот и Волфганг Гете. На Светската изложба во Париз во 1855 година, Делакроа имал изложено 36 платна во една просторија. Неговата богата кореспонденција и дневник со белешки претставуваат врвен историски преглед за општествениот, интелектуалниот и уметничкиот свет на Париз во првата половина на деветнаесеттиот век. Ја пропатувал речиси цела Европа, но сепак Мароко останува земјата која најмногу го воодушевила. Уживал голема популарност во текот на неговата долга и успешна кариера. Добил многубројни награди и признанија од Академијата и Владата во неговата татковина. Освен за сликарите, Делакроа со својот раскошен талент и генијална умешност бил инспирација и за книжевните уметници токму поради својот вроден вкус за естетика. Неговите мајстории на платното се пример на кој се угледуваат многумина и од современите сликари.

Прва урбана револуција и уметнички ангажман Познатата слика „Слободата го води народот“, настаната во 1830 година, е директно инспирирана од Јулската револуција во Париз (27 – 30 јули, 1830), и обично во Франција настанот се нарекува Trois glorieuses, „Три славни (денови)“. Со тој бунт, Бурбон династијата (односно кралот Шарл X) е заменета со династијата Орлеан (Луј-Филип). Следниот напад врз монархијата се случил во 1848 година, исто така, во Париз, и конечно, во 1871 година, Париската комуна. Треба да се истакне дека во многу аспекти, „Три славни денови“ била првата модерна урбана револуција. Истата година, истата се раширила низ цела Европа, сè до Полска и Русија. Важноста на сликата е токму во претставувањето на различни класи, обединети со иста политичка цел - еднаквост не само политичка, туку исто така и во однос на социјалните права. Дали „Слободата го води народот“ е првата претстава на општите човекови права? Би можела да биде, бидејќи алегориската женска фигура не лебдее над луѓето, туку живее и умира заедно со него. Со други зборови, секој може да биде симбол на најголемите идеи, без оглед на потеклото и социјалниот статус. Метафоричната привилегија на благородништвото и свештенството е засекогаш уништена. Телото на жената во сликата веќе не означува нешто сосема апстрактно, нешто што не постои социјално, нешто безимено - туку која било жена од крв и месо, и похрабра од сите. Сликата на Ежен Делакроа, секако, означува нова ера на романтизмот и нова сликарска поетика, но можеби уште поважно е појавата на големата ангажирана уметност, која со подеднакво големи успеси и падови, продолжува да живее до денес. Од денешен аспект, комбинацијата на уметничкиот ангажман и медиумската брзина е нешто што веднаш го препознаваме во „Слободата го води народот“.

27 април 2018

ПОРТА

65


SONICBOARD Ɂɚ ɧɨɜ ɩɨɜɢɫɨɤ ɠɢɜɨɬɟɧ ɤɨɦɮɨɪ 6RQLFERDUG ɟ ɩɨɫɥɟɞɧɚɬɚ ɧɨɜɨɫɬ ɨɞ Ʉɧɚɭɮ ɩɪɨɢɡɜɨɞɫɬɜɨɬɨ ɜɨ Ⱦɟɛɚɪ ɬɟɲɤɚ ɝɢɩɫɟɧɚ ɩɥɨɱɚ ɫɨ ɤɨɧɬɪɨɥɢɪɚɧɚ ɝɭɫɬɢɧɚ ɨɞ ɬɢɩ ' ɫɩɨɪɟɞ ɆɄɋ (1 ɤɨʁɚ ɜɨ ɫɟɤɨʁ Ʉɧɚɭɮ ɫɢɫɬɟɦ ɜɨ ɤɨʁɚ ɭɱɟɫɬɜɭɜɚ ɞɨɧɟɫɭɜɚ ɩɨɜɢɫɨɤɚ ɡɜɭɱɧɚ ɢɡɨɥɚɰɢʁɚ ɂɫɤɨɪɢɫɬɟɬɟ ʁɚ ɜɨ ɩɪɟɝɪɚɞɧɢ ɾɢɞɨɜɢ ɜɨ ɫɬɚɧɨɜɢ ɡɚ ɡɚɲɬɢɬɚ ɧɚ ɫɩɚɥɧɚɬɚ ɫɨɛɚ ɨɞ ɡɜɭɰɢɬɟ ɤɨɢ ɞɨɚɼɚɚɬ ɨɞ ɞɧɟɜɧɚɬɚ ɩɨɦɟɼɭ ɫɬɚɧɨɜɢ ɤɚɤɨ ɡɚɲɬɢɬɚ ɧɚ ɫɜɨʁɚɬɚ ɢ ɩɪɢɜɚɬɧɨɫɬɚ ɧɚ ɫɨɫɟɞɢɬɟ ɤɚɤɨ ɾɢɞɧɚ ɨɛɥɨɝɚ ɡɚ ɫɚɧɚɰɢʁɚ ɧɚ ɫɥɚɛɚ ɡɜɭɱɧɚ ɡɚɲɬɢɬɚ ɜɨ ɫɩɭɲɬɟɧɢ ɬɚɜɚɧɢ ɤɨɢ ɬɪɟɛɚ ɞɚ ɧp ɡɚɲɬɢɬɚɬ ɨɞ ɱɟɤɨɪɢɬɟ ɧɚ ɝɨɪɧɢɬɟ ɫɨɫɟɞɢ ɜɨ ɾɢɞɨɬ ɤɨɧ ɛɚʃɚɬɚ ɡɚ ɞɚ ɫɟ ɡɚɲɬɢɬɢɦɟ ɨɞ ɲɭɦɨɬ ɢ ɡɜɭɤɨɬ ɧɚ ɜɨɞɚɬɚ ɢɬɧ ɂɫɬɢɬɟ ɫɢɫɬɟɦɢ ɢɫɬɚɬɚ ɩɨɬɤɨɧɫɬɪɭɤɰɢʁɚ ɢɡɨɥɚɰɢʁɚ ɢɫɬɢɬɟ ɢɫɤɭɫɧɢ ɪɚɰɟ ɧɚ ɦɨɧɬɟɪɢɬɟ ɢ Ʉɧɚɭɮ 6RQLFERDUG ɡɚ ɫɨɫɟɦɚ ɧɨɜ ɩɨɜɢɫɨɤ ɠɢɜɨɬɟɧ ɤɨɦɮɨɪ

621,&%2$5' ПОРТА

621,&%2$5'


ПОРТА



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.