ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
268 МАЈ 2018
Исклучително префинет урбан кампус Новороденче што почнува да умира Најубава зграда во Нови Сад во последните 25 години
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ
ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 268 ПЕТОК 25.5.2018 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Може ли да се спаси нешто што почнува да умира? А причина за тоа да е (не) одржливото урбано планирање. На сите граѓани на Општина Аеродром, па и пошироко на градот Скопје, треба да им е јасно. Ова што се случува годиниве во Стар Аеродром, е уништување на животните услови на подолг рок, што многу брзо ќе се одрази како цунами и тоа многу пошироко. Населбата Аеродром како сè уште да не е свесна за својата иднина. Во Комората на архитектите и на инженерите во тек е работата врз Тарифникот за минимални цени на инженерско-архитектонски услови, како некаква непазарна мерка за делување во пазарно општество. Борбата за регулирани цени во пазарна економија е борба на апсурдот. Дури и појмовно гледано, инженерите и архитектите, како една од движечките сили во секое општество и цивилизација, не смеат да се стремат кон и да се задоволуваат со некаков вид минимум. Напротив. Тие треба и мора постојано да тежнеат кон повеќе, кон поквалитетно, кон максимум кој, се разбира, никогаш не може да биде достигнат. Објектот на банката МЕТАЛС во Нови Сад е пуштен во употреба пред неколку години. Тој се смета за најубава зграда во Нови Сад во последните 25 години. Дело е на двоецот архитекти и професори на Архитектонскиот факултет
во Белград Миленија и Дарко Марушиќ. За успешно реализираниот објект, освен проектантите со нивната оригинална идеја придонес имаат и изведувачите. За нас интересно е што во нејзината изведба учествуваше и компанијата „ТОРАКС“ од Скопје која ги изведе сите застаклени површини, настрешници и алуминиумски работи на екстериерот и ентериерот на објектот за што се посебно горди. Македонија на Биеналето за архитектура во Венеција. Темата е Ослободување на просторот или во потрага по архитектурата на „Слободниот простор“ Поради комплексноста на задачата, но и преплетот на емоции и спротивставени мислења во врска со состојбите во Скопје и „Ск 2014“, во процесот на создавање на содржината, проектот користи типично архитектонски пристап за делување со ваквата сложена општествена и просторна реалност. Во „Гран Пале“ во Париз во тек е ретроспективната изложба на делата на Франтишек Купка. Таа претставува одлична можност да се види и разбере зошто овој чешки сликар се вбројува меѓу татковците на апстракцијата заедно со Василиј Кандински, Џино Северини, Пит Мондриан, Казимир Малевич, Огист Ербан и Роберт Деланеј. И зошто го викаат - поет на боите! ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ
Насловна страница БАНКА МЕТАЛС НОВИ САД, СРБИЈА
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
268 МАЈ 2018
Исклучително префинет урбан кампус Новороденче што почнува да умира Најубава зграда во Нови Сад во последните 25 години
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
90 ДЕНАРИ
АРХИТЕКТИ ДАРКО И МИЛЕНИЈА МАРУШИЌ
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ИНФО 6
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
МАКЕДОНИЈА НА БИЕНАЛЕТО ЗА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА
СТАВ 12
ТАРИФНИК ЗА ОДГОВОРНОСТ
АРХИТЕКТУРА 16
НАЈУБАВА ЗГРАДА ВО НОВИ САД ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ
АРХИТЕКТУРА 22
22 34
28
ИСКЛУЧИТЕЛНО ПРЕФИНЕТ УРБАН КАМПУС СО НЕКОЛКУ КОМПРОМИСИ
УРБАНИЗАМ 28
СТАДИОНИ 34
„РОСТОВ АРЕНА“ - РЕКА, ВОТКА, КОЗАЦИ И ФУДБАЛ
62
ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 46
НАЈВИСОКИОТ ХОТЕЛ ВО СЕВЕРНА КОРЕЈА ТЕСТИРАН ВО ИЗИИС
Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
ТЕХНОЛОГИИ 52
Датум на печатење: 24.5.2018 Број на примероци: 800
СО НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИ ПАРКОВИ ДО ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
КУПКА, ПОЕТ НА БОИТЕ!
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
НОВОРОДЕНЧЕ ШТО ПОЧНУВА ДА УМИРА
УМЕТНОСТ 62
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Андреј АНДРЕЕВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Соња ТАНЕСКА Филип ФИЛИПОСКИ
52
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
Ослободување на просторот или во потрага п Поради комплексноста на задачата, но и преплетот на емоции и спротивставени мислења во врска со состојбите во Скопје и „Ск 2014“, во процесот на создавање на содржината, нашиот проект користи типично архитектонски пристап за делување со ваквата сложена општествена и просторна реалност, односно создава проекти, визии за просторот кои носат идеја за простор кој обединува, кој ослободува и кој во моментов во Скопје не постои Слободан ВЕЛЕВСКИ, дипл.инж. арх. Марија Мано ВЕЛЕВСКА, дипл.инж. арх.
О
ваа година Биеналето за архитектура во Венеција, под насловот „Слободен простор“ (Freespace), ги истражува архитектонските интерпретации на тема која во себе носи етички, социјални, но и техничко-инженерски квалификации. Проектот „Ослободување на просторот“ (Freeingspace) со кој Република Македонија се претставува на 16-тата изложба La Biennale di Venezia е силно поврзан со концептот на слободата. Всушност, овој проект ја проширува основната тема на Биеналето „Слободен простор“ со глаголската форма на „ослободувањето“ со што архитектурата се опишува и дефинира како чин на делување, но и како искуство „кое ослободува“, и со тоа покажувајќи го потенцијалот на просторот како физичка, но и како чувствена практика. Темата „Ослободување на просторот“ е инспирирана од честите просторни трансформации кои се реалност во многу градови денес. Скопје секако претставува пример каде промените на градското ткиво се неделиви од неговата историја. Оттаму, проектот „Ослободување на просторот“ се занимава со една од нив, предизвикувајќи ја екстензивната градежна активност во централното градско јадро прозаично кодирана под името „Скопје 2014“ (Ск 2014). Биеналето во Венеција, негува и се темели на проекти кои ги испитуваат контрадикциите во тековната архитектонска продукција осврнувајќи се на теми кои одат преку физичката појава на архитектурата па ваквите состојби иако „локални“ сепак даваат можност за плоден придонес во содржината на главната тема „Слободен простор“. Поради комплексноста на задачата, но и преплетот на емоции и спротивставени мислења во врска со состојбите во Скопје и „Ск 2014“, во процесот на создавање на содржината, нашиот проект користи типично архитектонски пристап за делување со ваквата сложена општествена и просторна реалност, односно создава проекти, визии за просторот кои носат идеја за простор кој обединува, кој ослободува и кој во моментов во Скопје не постои. Затоа преку самоповикан „архитектонски конкурс“, проектот се обраќа до четири тима на млади архитекти од кои бара да дадат свое видување за тековните состојби на зададените локации - при што главна задача за секој од проектите е воспоставување на просторна вредност која се темели на квалитетот и содржината на јавниот градски простор како носечки атрибут на современиот град. Тие ја репроектираат постојната состојба на четири просторни асемблажи (објектот на Владата на РМ, платото пред МОБ и кејот на реката Вардар, стоковната куќа на плоштад Македонија, објектот на поштата и МЕПСО) и нудат концепти кои го обединуваат значењето на јавниот објект и јавниот заеднички простор. 6
ПОРТА
25 мај 2018
Проект: ПОВЕЌЕ ОД ФАСАДА – КОН ОПШТЕСТВЕНО СПОДЕЛЕНО ПРИЗЕМЈЕ Beyond The Façade. Towards Civic Ground Floor Автори: Гордан Витевски, Владо Данаилов и Мила Димитровска Целта на оваа интервенција е проект за просторно сценарио каде архитектурата се перципира како машина која создава релации на заемност помеѓу социјалните и политичките ентитети во општеството.
МАКЕДОНИЈА НА БИЕНАЛЕТО ЗА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА
а по архитектурата на „Слободниот простор“ Проектот се темели на програмско и просторно преосмислување на слободниот простор околу објектот на Владата на РМ вклучително и самиот објект. Во својата автентична конфигурација објектот - дело на архитектот Петар Муличковски, не претставува масивен монумент на политичката моќ односно својата архитектонска присутност ја гради врз уникатниот конструктивен склоп кој се темели на носечки јадра. Преку ваквата архитектонска диспозиција приземјето значително „лебди“ и на тој начин меко се поврзува со непосредното опкружување кое се интегрира со архитектурата, односно надворешниот, слободен јавен простор навлегува во габаритот на овој објект-комплекс. Последните трансформации на објектот со таканаречениот проект „Скопје 2014“ ја менуваат неговата автентична транспарентност. Промените на објектот на Владата на РМ во периодот 2009-2014 година се темелат врз идејата за репрезентирање на богатството на државата и нејзината моќ, во кој процес јасно се поставува граница помеѓу територијата која е јавна и онаа „државната“. „Ослободувањето“ кое го предлагаат авторите започнува со бришење
на сите неконструктивни архитектонски елементи (ѕидови) на приземјето на објектот, односно трансформација која создава низа внатрешни дворови-паркови и наткриени тремови-плоштади. Во вака поставената просторна диспозиција, администрирањето на „официјалниот“ владин дел на објектот е кренат на мезанинот и горните катови со независни влезови и излези, додека приземјето интегрира дел од „внатрешните“ простори (салите), и станува градски простор кој слободно се поврзува со урбаното опкружување и парковската сцена долж кејот на реката Вардар. Проектот ги предвидува новите промени како процес со отворен крај, каде идејата за просторот се гради во неопределен временски рок. Ваквата промена подразбира делумно враќање на објектот во првична состојба, менување на приземјето и „паралелен живот“ на делови од оригиналната архитектура на објектот и извесни фрагменти од трансформациите направени со „Ск 2014“. Всушност предвидената интервенција не претставува проект за „фасада“ (псевдокласична наспроти автентично модерна) туку истата ја кодира вредноста на архитектурата како јавно добро, каде транспарентноста и пристапноста ја артикулираат архитектурата како искуство кое ја негува личната слобода на индивидуата во рамките на општеството.
Проект: #ОТВОРАЊЕ #ПОВРЗУВАЊЕ #ОТКРИВАЊЕ #РЕПРОГРАМИРАЊЕ #Opening #Connecting #Uncovering #Reprogramming Автори: Дејан Ивановски и Филип Јовановски Идејата за Културниот центар во Скопје зачната од групата 25 мај 2018
ПОРТА
7
Проект: ДЕСТРАТИФИКАЦИЈА ’29 ’65 ’14 ’20 DESTRATIFICATION ’29 ’65 ’14 ’20 Автори: Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Џуса и
однесуваат на општата функционалност на внатрешниот простор кој се приспособува на потребите на продажбата, овој пат истиот се остава за сметка на потполно менување на фасадата. Промените се радикални и тие ги менуваат основните композициски елементи кои ја дефинираа фасадната детерминираност на автентичниот објект. Концептуалната вредност на проектот Дестратификација ’29 ’65 ’14 ’20 лежи во фактот дека авторите не започнуваат да ја градат својата идеја со менување на новата фасадна состојба (Ск 2014), туку идејата за трансформација ја градат преку јавниот простор со кој е обиколена стоковната куќа. Преку внимателно читање на историските урбани слоеви на градската текстура на Скопје (29-та, 65-та година и интервенциите направени со проектот „Скопје 2014“), се дефинира новиот карактер на просторот околу. Истиот (малиот плоштад од јужната страна) се внесува во внатрешноста на објектот менувајќи го неговиот „трговски“ и приватен карактер во нов јавен простор и наткриен плоштад лоциран на подрумското ниво на оригиналниот проект. Во однос на фасадата, авторите го враќаат оригиналниот монолитен изглед на горниот дел од тело на објектот, а фасадната прекривка на средишниот конзолен дел ја отсекуваат до оригиналниот волумен на објектот (на тој начин се пресекува декорацијата и нејзината логика). „Лушпата“ од „Ск 2014“ останува одвоена за 1.5 м пред автентичниот волумен на објектот – истата е бојадисана во црна боја згаснувајќи ја фасадната пластика и означувајќи ја нејзината лажна вредност (барокот не може да биде црн!). Внатрешниот „контејнер“ добива нова структурна диспозиција потполно во релација со новата состојба на фасадата. Во програмска смисла објектот претставува „културен дом“ со што оваа важна урбана функција се носи во средиштето на градскиот простор.
Алесандро Де Лука Со проектирањето на стоковната куќа на главниот градски плоштад во 1958 година позната како Нама (денес Сити галери), архитектот Славко Брезовски ги поставува основите на модерниот начин на трговија. Стоковната куќа долги години потоа претставува комерцијален модел кој има големо влијание во создавањето на културата на градското живеење и го гради модерниот животен стил. Во архитектонско-урбанистичка смисла станува збор за цврст монолит кој со својот периметар излегува на два плоштади (запад и југ) при што фасадите го дефинираат неговиот архитектонски идентитет на репрезентативна надворешност и внатрешност организирана како рационален „контејнер за продажба на потрошувачки добра“. Низ годините објектот во повеќе наврати ја менува својата внатрешна организација задржувајќи го притоа трговскиот карактер (и административен на горните катови) како и трипартитната композиција на фасадното обликување која останува непроменета. Апсурдноста на рецентните трансформации (Ск 2014) се највидливи токму во тој домен – додека сите претходни менувања на објектот се
Проект: НОВИ ПОВРЗУВАЊА RE-CONNECTING Автор: Александра Шулевска Објектот на Телекомуникацискиот центар, нешто подоцна шалтерсалата на ПТТ (1972-1981) на архитектот Јанко Константинов и објектот на ЕСМ на архитект Зоран Штаклев во архитектонска смисла имаат јасна композициска поставеност и артикулација во пејзажната топографија создавајќи полузатворена блок-машина кон кејот на реката Вардар и историските референци кон север. Главната просторна девастација со која „Ск 2014“ ја промени вредноста на оваа локација не е толку во менување на појавноста на објектите (нова фасада со лажни столбови) колку во вметнувањето на два нови објекта со кои се нарушува композициската целокупност на овој комплекс - објектите имаат непримерна димензија, погрешен волумен, програмска безидејност и никаков однос кон граничните објекти и слободниот простор. Проектот „Нови поврзувања“ ја менува „наследената“ просторна
архитекти Биро 71 е просторна конфигурација составена од седум објекти што формираат полуотворен јавен простор (плоштад) кој е во директна релација со кејот на реката Вардар. Проектот никогаш не е завршен во целост односно изградени се само четири сегменти со плоштадот како средишен дел на овој урбан проект. Изградбата на низа нови објекти во рамките на „Ск 2014“ формира нов фронт на реката Вардар, кој го растура архитектонското единство на постојниот простор, го руши плоштадот-плато пред објектот на МОБ и притоа не воспоставува ниту просторна, ниту програмска релација со постојното урбано ткиво. Проектот #Отворање #Поврзување #Откривање #Репрограмирање го користи јавниот карактер на овој комплекс како идеја преку која повторно се формира целината на Културниот центар и се регенерира овој јавен градски дел. Архитектонските тактики со кои се проектира се дел од самиот наслов и тие јасно ги отсликуваат просторните намери на авторите. Имено проектот најпрво отсекува просторни волумени од „новите“ објекти на „Ск 2014“ и на тој начин визуелно го отвора погледот на градот кон историското јадро. Потоа преку внимателно интерполирани платформи - јавни простори ги интегрира сите објекти во рамките на комплексот односно го поврзува кејот и плоштадот со „ослободените“ нивоа на новите објекти на приземје и на горните катови. Ваквото програмско и просторно интегрирање е последната „физичка“ тактика на проектот (откривање) со која се соголува лажната монументална матрица на објектите-кулиси изградени со „Ск 2014“, а репрезентативната моќ се реконфигурира во перформативна содржина својствена за јавниот градски простор.
8
ПОРТА
25 мај 2018
состојба на овој комплекс следејќи ги функционалните потреби и промени на објектите низ годините, како и рецентните физички оштетувања на дел од нив (пожарот во 2013 година). Па така, процесот на репроектирање не инсистира на создавање на нови склопови, туку кохерентноста на интервенцијата ја гради врз база на постојниот моќен просторен контекст на авентичните објекти. Најпрво, се вметнува нова платформа, како функционална протеза со што се потенцира подолжната оска низ комплексот како линија на движење и потоа се длаби во постојното ткиво со вадење на волуменски фрагменти од објектите (катната гаража) и нивна програмска адаптација како дел од процесот за просторна интеграција на објектите. Објектот на шалтерсалата во целост ја менува својата функција и станува повеќенаменски простор предвиден за различни културни настани. Тој се соголува до основната конструктивна структура, а внатрешниот простор се интегрира во единствен функционално-флексибилен волумен. На ниво на приземјето се јавува систем од фрагментирани секвенцијални отсечоци, нивелмански различни платформи-плоштади кои визуелно се отворени кон кејот на реката, со што само се потврдуваат контекстуалните вредности кои ги има оваа локација. *** Сите горенаведени проекти ја трансформираат постојната состојба на просторот, но нивната цел не е еднозначна сензационалност и
ексклузивност (впрочем исклучивоста на постојното беше тактика на „Ск 2014“) туку е критичко преосмислување како на автентичното градителско наследство така и на ефектите од рецентните промени. Сите четири проекти се идејно зачнати од авторите како синхронично следење на промените низ ракурсот на активен учесник во професионалниот и општествениот живот и иако се специјално изработени за овогодинешното претставување на Република Македонија на архитектонското Биенале во Венеција нивната цел е да отворат професионална дискусија како за квалитетот на архитектурата така и за позицијата на архитектите во општеството и процесот на создавање на просторот. *** Македонското претставување на 16-тата Меѓународна архитектонска изложба - la Biennale di Venezia 2018 е организирано од Музејот на современа уметност – Скопје, со поддршка на Министерство за култура на Република Македонија. Комесар: Зоран Петровски Куратори: Слободан Велевски, Марија Мано Велевска Автори: Дејан Ивановски, Филип Јовановски, Благоја Бајковски, Марина Торнатора, Лучија Ла Џуса, Алесандро Де Лука, Владо Данаилов, Мила Димитровска, Гордан Витевски, Александра Шулевска, Слободан Велевски, Марија Мано Велевска
ПОРТА
инфо
БЕЛГРАДСКА ИНТЕРНАЦИОНАЛНA НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРА - БИНА
Иван Антиќ – „Архитектонично“ Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Белград)
О
вие денови се одржува тринаесеттата белградска Интернационална недела на архитектура БИНА (10.5.2018 31.5.2018) „Од Communis до Комуникација“. Communis значи „заедничко, заедница, делење“, а Комуникација „нешто да се направи заедничко“. Темата е посветена на комуникацијата во архитектурата, комуницирање со архитектурата и ширењето и размената на идеи за просторите на градовите и нивното користење. БИНА со бројни активности и програма се труди да ги подобри условите за живот и односот кон опкружувањето. Програмата е распоредена на повеќе локации низ градот и опфаќа изложби, предавања, дебати, работилници за деца, прошетки низ архитектурата на Белград. Меѓу позначајните случувања се поставката на изложбата „Домување- Hоusing 2017“ чија тема е домување во постсоцијалистичките земји на Европа на уредникот д-р проф. Александар Кековиќ. Во ликовната галерија на Културниот центар поставена е изложбата „Лисабон настапува“ каде е претставена актуелната архитектонска сцена на градот во организација на Триеналето на архитектура – Лисабон и секако изложбата „Архитектонично“, посветена на еден од најпрочуените српски архитекти на ХХ век, Иван Антиќ.
Музеј на современа уметност во Белград 10
ПОРТА
25 мај 2018
Изложбата „Архитектонично“ е отворена на 17 мај во холот на Радио-телевизија Србија, РТС. Архитектот Иван Антиќ е најпознат по зградата на Музејот на современа уметност во Белград на која е коавтор заедно со архитектката Иванка Распоповиќ, Спортскиот комплекс 25 Мај во Белград, како и Споменмузејот „21 Октомври“ во Крагуевац и базенот „Пољуд“ во Сплит. Автори на изложбата се историчарката на уметност Дијана Милашиновиќ-Мариќ и архитектот Игор Мариќ. Прикажани се на панели голем број
реализирани објекти и нешто помал број нереализирани проекти, дела на архитект кој го обележал дваесеттиот век на српската и југословенската архитектура. За работата и значењето на архитектот Иван Антиќ (19232005) зборувано е во повеќе прилики, неговиот авторски опус претставува синтеза на рационален и прагматичен пристап, примена на современи технички можности, што создава експресивни архитектонски форми, како и грижа за архитектонските визури низ пропорција и хармонија. Во рамките на изложбата организирани се и придружни
Спомен-музеј „21 октомври“ во Крагујевац
случувања, разговори за архитектурата. Прво е воден разговор под наслов „Архитектура и медиуми“, каде учесниците истакнаа дека е значајно медиумите да ја популаризираат архитектурата што е можно повеќе, дека е важно на факултетите да се воведе предмет на кој студентите ќе учат како да се претстават и да го бранат својот проект. Истакнато е дека архитектурата не е доволно застапена во медиумите , пред сè поради тоа што уредниците не го препознаваат значењето на архитектурата.
Базен „Пољуд“ - Сплит
На централниот дел на панелот се зборуваше за современата архитектура низ темата „Мерка на современост во српската архитектура и влијанија“, каде учесниците, главно низ призмата на ликот и делото на архитектот Антиќ се сеќаваа на архитектот кој им бил професор на факултет. Архитектот Горан Војводиќ раскажа анегдота како студентите на професорот Иван Антиќ му се обраќале со Иво, бидејќи тој тоа го барал од нив, зборуваше дека тој сакал да поминува со студентите време во разговори за архитектурата и за животот,
водејќи ги разговорите како на факултет така и во кафеаната „Домовина“. Се истакна дека Кензо Танге за време на својот престој во Белград, Музејот на современа уметност го издвоил како најдобар објект во градот. Архитектот Владимир Лојаница го истакна и тоа дека во тој период положбата на архитектот била на многу високо ниво, бидејќи архитект Антиќ стоел покрај самиот инвеститор, претседателот на Југославија, додека денес архитектите не се во положба да имаат директен пристап до високи функционери. Се изнесе и една занимливост дека архитектурата на Иван Антиќ не секогаш била прифатена. Во стручните кругови постоеле одредени резерви за неговата работа. Иако денес делува дека неговите објекти се ремекдела на своето време, тоа не било секогаш прифатено, за современоста на неговите објекти било потребно и време. Сепак, неговите објекти архитектонски и конструктивно биле модерни и пред 40 години кога се изградени, современи се и денес и ќе бидат и за 50 години, согласни се учесниците на дискусијата. Покрај тоа, изнесено е и едно интересно становиште кое го застапувал Иван Антиќ, а тоа е Genis Loci, т.е. на простор на кој постои феномен на природата многу е тешко да се направи феномен на архитектурата. Кога ќе се случи архитектурата да биде современа, некогашните студенти и почитувачи прават изложба со име кое означува точно каква треба да биде архитектурата „архитектонична“. 25 мај 2018
ПОРТА
11
став
Тарифник за одговорност Борбата за регулирани цени во пазарна економија е борба на апсурдот. Дури и појмовно гледано, инженерите и архитектите, како една од движечките сили во секое општество и цивилизација, не смеат да се стремат кон и да се задоволуваат со некаков вид минимум. Напротив. Тие треба и мора постојано да тежнеат кон повеќе, кон поквалитетно, кон максимум кој, се разбира, никогаш не може да биде достигнат
д-р Горан МАРКОВСКИ, дипл. град. ихж.
П
ерфорирани кровови, прокиснати подруми, потфрлени бетони, нерамни асфалти, сомнителни лифтови, лажни геомеханики, нефункционални инсталации, не(до)решени детали, урбанистички садизам, инвеститорски садомазохизам... Импровизации, дерегулации, политизации, шпекулации. Струкова депресија, општествена шизофренија. Маѓепсана спирала на континуираното уривање на инженерскиот идентитет. И архитектонскиот, се разбира. Истовремено, еден долготраен меланхоличен крик за регулирање на цената на инженерско/архитектонските услуги. Попрецизно – за усвојување на тарифник за нивните минимални цени. Како некаква непазарна мерка за делување во пазарно општество. Како одбрана од сопствената
12
ПОРТА
25 мај 2018
недоследност. Духовна причест по налетот на моралната хипокризија. Како своевиден инженерски дефетизам. Пораз без борба. Задоволување со малку. Со најмалку. Не успеа градителството да го издржи транзицискиот земјотрес. Како впрочем и сите други дејности. Во новото општествено уредување, во кое капиталот, поточно личниот интерес покажа завидна умешност во поткопувањето на општествените темели, влеговме целосно неподготвени. Со застарена регулатива, мисловни грешки, дезориентирани. Податливи за (себе)манипулации. Во такво опкружување, притиснати од суровата борба за опстанок, градителите продолжија да се движат по патеката со најмал отпор. Да паѓаат слободно удолу. Без влог во нови знаења, со релативизирање на сопствената одговорност останаа да егзистираат само на локалниот пазар, без амбиција, а објективно, со таков однос, и без реална можност за натпревар на глобалниот. Започнаа САМИ да си ги уриваат цените на услугите кои при тоа опсесивно го следеа падот на квалитетот на градителските дела. И обратно. Неквалитетот стана стандард, ниските цени алиби, очекувањата за квалитет сѐ помали, а инженерите и архитектите податлива жива мета за разноразни надмудрувања, поткусурувања, попувања... Затоа, наместо за минимални цени, поцелисходно е да биде донесен тарифник за одговорност. Единствено воведувањето конкретна, правно прецизно регулирана одговорност за неквалитет на извршените услуги може да доведе до реално зголемување на цените на инженерскиот труд. Со ова би се елиминирал голем дел од импровизациите, натрапниците, незнаењето,
формалните договори, виртуелните заверки на проекти и ревизии, copy-paste техничките услови и многуте други девијантни, веќе одомаќени, појави. Проектанските и ревидентски тимови би биле побројни, знаењето конкурентно, а со тоа и можностите за грешки и пропусти помали.
Борбата за регулирани цени во пазарна економија е борба на апсурдот. Дури и појмовно гледано, инженерите и архитектите, како една од движечките сили во секое општество и цивилизација, не смеат да се стремат кон и да се задоволуваат со некаков вид минимум. Напротив. Тие треба и мора постојано да тежнеат кон повеќе, кон поквалитетно, кон максимум кој, се разбира, никогаш не може да биде достигнат.
ПОРТА
градежништво
M-Box бариери за заштита од поплави
Б
Душан ЃУРОВИЌ
окс бариерите практично до вчера беа поим којшто го познавале само специјализирани инженери по градежништво, но во последниов период, благодарение на нивното користење во одбраната на градот Карловац и неколкуте населени места од поплави, влезени се во секојдневна употреба. Истите во неколку наврати ги спомнуваа и политичарите од Хрватска, премиерот Андреј Пленковиќ и претседателката Колинда Грабар Китаровиќ, а зад ова ефикасно и практично решение за заштита од поплави стои Далибор Удович, магистер по градежништво од Ријека и неговата компанија Монтера. Работата на одбрана на карловачкото подрачје, вредна речиси милион и пол куни, на компанијата Монтера и е доделена по пат на јавен натпревар на Хрватските води, а бокс бариерите се поставени во вкупна должина од пет километри, со што во голема
14
ПОРТА
25 мај 2018
мера се спречени големи штети од надојдените карловачки реки. Се работи за вид на елементи резервоари кои се плетени со двојно плетени хексагонални метални мрежи, кои се обложени со геотекстил и истите се полнат со песок. Голема предност им е што, за разлика од класичните зајачки насипи, кога опасноста ќе помине можат да се испразнат, спакуваат и кога ќе има потреба повторно да се користат. M-Box бариерите кои се користени во Карловац се производ на компанијата Монтера. M-Box бариери е производ кој претставува повеќекоморна структура изработена од двојнонавртена челична мрежа со дебелина од 3 мм, отвор на окце од 8 х10 цм, обложена со геотекстил од минимум 250 гр./м2. Повеќе единици можат да бидат надоврзани една на друга со метални прачки кои имаат дебелина од 4,9 мм. Овој производ наоѓа намена при поплави, итни зафати околу реки, свлечишта и ерозии, крајбрежни ерозии и сл. Предноста на M-Box бариерите е во тоа што лесно и брзо се расклопуваат на местото каде што треба да се постават
(една петкоморна единица се поставува за 30 секунди со 2 луѓе ), исполната се врши со локален материјал (песок, земја или камења, машински или рачно) и по употребата производот се крева и одложува во депо за понатамошна употреба. Покрај овие поволности кои ги нудат M-Најголемиот бенефит од овој производ е разликата во ефикасност наспроти класичните вреќи за песок кои се употребуваат за истата намена. Следува споредба со истите: Традиционални вреќи со песок: • - 3 часа • - 30 луѓе • - 10 метри насип M-box бариера • - 3 часа • - 5 луѓе • - 60 метри насип Од погорната споредба може да се види дека M-Box бариерите се за 6 пати поефикасни од конвенционалниот начин во однос на човечка логистика и поставен насип во должни метри, референци кои се многу важни за итни интервенции при поплави, ерозии и свлечишта. Овој производ освен што може да се употребува повеќекратно исто така може и да се употреби трајно како елемент за стабилизирање на почва кој по поминување на водната стихија може да биде потрупан со земја и ревегетиран. „M-Box бариерите се дел од палетата на производи кои ги нуди компанијата Ерго Ком Дооел од Скопје за територијата на Република Македонија”.
ПОРТА
архиктекура
БАНКА МЕТАЛС, НОВИ САД НА АРХИТЕКТИТЕ ДАРКО И МИЛЕНИЈА МАРУШИЌ
Најубава зграда во Нови Сад
16
ПОРТА
25 мај 2018
во последните 25 години За успешно реализираниот објект, освен проектантите со нивната оригинална идеја придонес имаат и изведувачите, компании од Нови Сад и Белград, а секако треба да ја споменеме и компанијата „ТОРАКС“ од Скопје која ги изведе сите застаклени површини, настрешници и алуминиумски работи во екстериерот и ентериерот на објектот за што се посебно горди Натка ЌОСЕВА, дипл.ихж..арх.
А
рхитектите Дарко и Миленија Марушиќ со својата стручна и професионална работа во последните педесет години на посебен начин ја одбележаа архитектонската сцена во Србија. Зад себе оставиja многу изведени прокти, особено во областа на станбената изградба, а за нивната заедничка
25 мај 2018
ПОРТА
17
18
ПОРТА
25 мај 2018
работа добиja највисоки професионални и општествени признанија и награди. Од многуте реализирани проекти треба да се споменат станбената населба Церак - лозови насада и цвеќарница во Белград, станбениот објект на булеварот Крал Александар во Белград, станбено-деловниот објект на булеварот Ослободување во Нови Сад, детската градинка Сина птица, а посебно треба да се спомене објектот на Металс Банката во Нови Сад. Со проектот за објектот на Металс Банката во Нови Сад ги освоиле сите награди кои може да се освојат, а секако треба да се спомене признанието и прогласувањето на објектот за најубава зграда во Нови Сад во последните 25 години, ремек-дело на современата архитектура во Нови Сад. Што ќе се изгради следните 25 години во Нови Сад, ќе видиме. Во 1998 година Друштвото на архитекти на Нови Сад (ДАНС) распишува конкурс за анонимен отворен републички конкурс за идејно архитектонско решение за објектот на Металс Банка во Нови Сад. Во вториот круг на конкурсот жирито го вреднува за најдобар конкурсен труд проектот на архитектите Дарко и Миленија Марушиќ. Во рецензијата на жирото меѓу другото напишано е и ,,...Објектот се вклопува во околината ненаметливо и не конкурира на висококатницата на Работничкиот универзитет непосредно до него и ниските објекти во околните улици. Архитектонско просторниот концепт се карактеризира со транспарентност и прозрачност на клучниот дел – влезот во банката кој ги спојува и раздвојува двата кубуса на објектот со главната пешачка комуникација, со отворени визури кон надвор и внатре и го спојува ентериерот и екстериерот. Таквата транспарентност дава смисла на спојот на двата различни кубуси во една целина. Изборот на различни племенити и одржливи градежни материјали стакло, алуминиум, камен и нивната комбинација го потенцира концептот на објектот – транспарентност...“ Банката претставува повеќенаменски комплексен објект. Објектот е со катност П+4 и П+5. Во приземјето на објектот се проектирани главниот влез со централен хол, шалтер-сала, сала за корпоративно банкарство, клуб за читатели и службен влез. На првиот кат се проектирани кабинети за Извршниот одбор, а на вториот и третиот кат канцеларии за останатите вработени. На четвртиот кат е салата за конференции и изложбена галерија. На последниот петти кат е проектиран ресторанот со покриена тераса со пергола и дел тераса зелена градина. Ресторанот и терасата имаат широки визури кон градот Нови Сад. Специфичноста на објектот е во неговиот концепт каде ентериерот се надоврзува на екстериерот. Екстериерот и ентериерот ПОРТА
создаваат меѓусебе обединета, преклопена целосна архитектура на објектот. Решението на ентериерот не е посебно работено, туку се надоврзува на решението на екстериерот односно претставува негово продолжение. Вкупното решение на објектот е направено како тотален дизајн. Ова е постигнато со централниот хол воздушен простор кој оди низ сите катови и покриен е со стаклен рамен кров кој придонесува за поголемата транспарентност и осветленост на целиот објект. Во објектот може од централниот хол да се види која било просторија во објектот освен просториите кои се посебно заштитени, а исто така има и застаклени продори со поглед кон околните улици. Настрешницата на терасата над четвртиот кат со нејзината брановидна форма му дава посебен завршеток на целиот објект. На делови настрешницата продолжува и како да го сече со својата површина последниот (5-ти) кат на објектот. Настрешницата е изведена од алуминиумски лим и соодветни профили. За успешно реализираниот објект, освен проектантите со нивната оригинална идеја секако придонес имаат и изведувачите, компании од Нови Сад и Белград, а секако треба да ја споменеме и компанијата „ТОРАКС“ од Скопје која ги изведе сите застаклени површини, настрешници и алуминиумски работи во екстериерот и ентериерот на објектот за што се посебно горди. Отворена банка, транспарентна, проѕирна, а всушност затворена. Современ објект и концепт кој заслужува големо внимание.
ПОРТА
Специфични стаклени конструкции
Значајно е да се забележи дека сите системи за застаклените конструкции се специјално проектирани (и од технички и од дизајнерски аспект) од ТОРАКС само за овој објект. Изведените конструкции не можат да се сретнат на ниту еден објект. Една од тие конструкции е стаклениот кров кој го покрива атриумскиот дел од објектот. Согласно проектантските барања, стаклото и кровната конструкција треба да издржат товар од 400 килограми на метар квадратен, што претставува носивост на стандардна меѓукатна армиранобетонска конструкција. Со посебно проектирана конструкција и технологија на монтажа успешно се обезбедени проектните барања за носивост со дебелеина на стакло од само 20 милиметри (ламинат од две стакла дебели по 10 милиметри).
Поради задоволување на потребите за енергетска ефикасност, непоходно беше да се направи термоизолационен панел (термопан), при што внатрешното стакло е со дебелина од само осум милиметри (ламинат од две стакла со дебелина четири милиметри). Ова наизглед мошне слабо стакло потребно беше да обезбеди товар од 400 килограми на метар квадратен. Кога ќе се земат предвид димензиите на стаклото (едно стакло има повеќе од пет квадратни метри и треба да носи најмалку 2000 килограми), може само да се претпостави каков беше инженерскиот предизвик да се совладаат проектните барања. После изведбата се направи испитување на Машинскиот факултет во Нови Сад, на примерок 1:1 на кое се потврди бараната носивост на целиот систем, а од инвеститорот македонската компанија доби посебна благодарност. Влатко ВАСИЛЕСКИ, дипл. маш. инж.
ПОРТА
архитектура
ЦЕНТРАЛНО ЕВРОПСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ВО БУДИМПЕШТА ДОБИТНИК НА СПЕЦИЈАЛНАТА НАГРАДА НА ЦИВИК ТРАСТ ЗА 2018 ГОДИНА
Исклучително префинет урбан кампус со неколку компромиси д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон)
Г
одинашнава 59-та по ред награда Цивик Трaст (Civic Trust Awards) 2018 година беше одбележана со силната конкуренција и значителниот број на пријавени проекти. Од 234-те пријавени проекти 60 национални (британски) и меѓународни проекти беа наградени со Цивик Трaст награди и пофалници вклучително со ПроТем (Pro-Tem) наградата за времени проекти и инсталации, ААБЦ (AABC) наградите во категоријата за заштита на градителското наследство и Селвин Голдсмит (Selwyn Goldsmith) наградите за универзален дизајн спонзорирани од Глобал дисабилити иноватион хуб (Global Disability Hub). По 59 години континуитет наградата Цивик Траст се смета за најдолгата програма за награди во доменот на архитектурата и изградената средина во Европа што говори за значењето и престижот на истатата, а која сè повеќе го зголемува својот меѓународен опсег евидентен и по бројот на награди за реализирани проекти во странство. Од 60-те наградени проекти оваа година по еден награден проект е од Австралија, Бразил, Јужна Африка, Канада, Кина, Унгарија, Република Ирска и САД, а дури три од Данска. Географски најблискиот проект добитник на оваа награда до Република Македонија оваа година е проектот на првата фаза на Централно Европскиот Универзитет (Central European University Phase 1) лоциран во Будимпешта, Унгарија. Проектот е добитник и на специјалната награда, но и на специјалната награда на Националниот панел преку која се оддава признание на најомилениот од наградените проекти за членовите на жирито. Првата фаза на Централно Европскиот Универзитет е дело на високонаградуваното архитектонско биро на О’Донел и Туоми (O’Donnell + Tuomey) од Даблин, Република 22
ПОРТА
25 мај 2018
Проектот за кампусот на Централно Европскиот Универзитет се фокусира на радикална интервенција врз пет постоечки соседни, но меѓусебно неповрзани објекти и два нови објекти со определба во нив да се смести целиот универзитетски кампус. Оваа прва фаза на Централно Европскиот Универзитет вредна околу 21 милиони евра, резултирала во внатрешна површина од 15.638 м2 и вклучува делумно нов објект, а делумно реконструкција на постоен објект.
Љ
ПОРТА
Ирска и локалното унгарско архитектонско биро Тимпанон (M-Teampannon Kft) од Будимпешта. Станува збор за проект лоциран во рамките на заштитен локалитет на светското културно наследство на УНЕСКО (UNESCO World Heritage Site), но вмешан во локалната унгарска политика. Имено, унгарската влада ја има навестено
ПОРТА
намерата да го затвори Универзитетот, како одговор на несогласувањето со г-динот Џорџ Сорос (George Soros) и Институтот за отворено општество (Open Society Institute) коишто ја финансираат работата на Универзитетот. Како резултат на ова сè уште не е познато дали овој проект целосно ќе биде реализиран.
Кампусот на Централно Европскиот Универзитет опфаќа површина од 35.000 м2 и се наоѓа во централното подрачје на градот. Истиот е лоциран на источниот дел (Пешта) во рамките на квартот Липотварош (Lipotvaros). Објектот е приближно подеднакво оддалечен од зградата на унгарската Академија на науки на запад и Базиликата „Св. Стефан“ (St. Stepehen’s Basilica) на исток. Урбаната структура на квартот е карактеризирана со ортогонална сообраќајна мрежа која ги дефинира урбаните блокови со различна големина во коишто ефективно биле формирани интерни подблокови коешто резултирало во повеќе интерни дворови во рамките на основниот блок. Како резултат на ова квартот го карактеризираат формални улици со солидни фасади од камен и секундарна мрежа од понекогаш меѓусебно поврзани дворишта со фасади од камен и тула кои создаваат поинтимни, пристапни и потопли комуникациони рути низ дворовите. Во една ваква од една хиерархиски организирана структура на формални блокови дефинирани со уличната мрежа, но испреплетени со неформална мрежа на патеки коишто меѓусебно ги поврзуваат внатрешните дворови во рамките на
блоковите „исткаени“ во времето на АвстроУнгарското Царство авторите успеале да реализираат висококвалитетен објект кој истовремено е и скромен и не се обидува да се натпреварува со своето опкружување. Проектот за кампусот на Централно Европскиот Универзитет се фокусира на радикална интервенција врз пет постоечки соседни, но меѓусебно неповрзани објекти и два нови објекти со определба во нив да се смести целиот универзитетски кампус. Оваа прва фаза на Централно Европскиот Универзитет вредна околу 21 милиони евра, резултирала во внатрешна површина од 15.638 м2 и вклучува делумно нов објект, а делумно реконструкција на постоен објект. Фокусот на оваа фаза бил меѓусебно да се поврзат два од четири објекта на Универзитетот во рамките на еден подблок. Овој нов објект е еден од ретките поново изградени во оваа заштитена зона на градителско наследство. Новиот објект во
рамките на комплексот го опфаќа влезот на Универзитетот и како таков го претставува јавното лице на Универзитетот. Влезот е оформен преку фасада во комбинација од камен и стакло која во принцип ја следи градежната линија на блокот, но истовремено делумно е повлечена да овозможи повеќе простор пред влезот со оглед на малата широчина на тротоарот на
улицата. Со оглед дека влезната фасада се наоѓа во оската на потесна уличка која излегува на источниот брег и кеј на реката Дунав оваа фасада овозможува визуелно поврзување со реката Дунав, особено од повисоките катови, но и кон спротивниот брег на реката на која се наоѓа Будим во насока на Квартот на тврдината и Будим тврдината. Нивото на застакленост на влезната фасада овозможува визуелно поврзување помеѓу внатрешноста и надворешноста на објектот. На уличните минувачи им се овозможува визура кон внатрешниот аудиториум за 400 лица лоциран во подрумот на објектот и релативно тесниот влез во објектот, а којшто води кон тесен и долг атриум кој вертикално ги опфаќа сите седум нивоа на објектот. Првите три нивоа се достапни за јавноста вклучително со аудиториумот и колоцираната кафетерија. Достапни на јавноста се и собите за состаноци и читалните до коишто се доаѓа преку спирални скали. Оваа достапност е поддржана и со над 700 јавни настани коишто се одржуваат во рамките на Универзитетот, а коишто вклучуваат многу културни настани, концерти и изложби. Универзитетската библиотека ги опфаќа последните четири нивоа на новиот објект и е карактеристична со примената на „акустично лавиринтно“ решение спроведено во рамките на скалишниот простор за да се намали нивото на бучава на преминот од бучните универзитетски простори кон тивките простории на библиотеката. Во рамките на библиотеката оформен е атриум со кровно и странично осветлување од погорните нивоа коешто овозможува пристап на природно осветлување во зоната на читалната сместена во основата на овој атриум. Вештото проектирање на застаклувањето во објектот овозможило значителен пристап на природна светлина во рамките на објект со ограничена фасада, а преку кој
25 мај 2018
ПОРТА
25
пристап се создадени бројни природно осветлени ниши и простори со човечка мерка во рамките на објектот, а којшто можат да послужат како простори за индивидуално учење. Во реконструираниот дел на комплексот главно се сместени канцелариските простории ориентирани кон уште еден природно осветлен атриум „нарушен“ со цревни скали кои одат по фасада на атриумски ѕид или пак се јавуваат како мост кој ги поврзува двете спротивни страни на атриумот. Канцелариите преку едноставни прозорци лоцирани во рамките на дебелите ѕидови визуелно се поврзани со овој атриум. Со ваквиот архитектонски приод се нагласува функционалноста и неформалноста на објектот. Со овој проект се овозможило неколку соседни објекти, но минимално меѓусебно поврзани објекти, со сопствени влезови да се трансформираат во отворен кампус во кој преку читлива низа на поврзани дворови меѓусебно се поврзани старите и новите простори. На овој начин овозможена е функционална и лесна комуникација помеѓу сличните содржини и нивно пошироко поврзување со социјалните простори со коешто е промовирана меѓусебната интеракција и соработка помеѓу академските единки во рамките на Универзитетот. Влезната фасада на објектот исто така ја карактеризира примената на перфорирана фасада која дава особен карактер на
26
ПОРТА
25 мај 2018
објектот, тема со која авторите О’Донел и Туоми, инаку професори по архитектура на Универзитетскиот колеџ во Даблин, се надоврзуваат со својот повеќекратно награден објект на Центарот за студенти (Students Centre) при Лондонската школа за економија (London School of Economics) во Лондон каде што медиумот беше црвена тула наспроти белиот камен применет во овој случај. Истовремено, примената на камен се надоврзува не само на локалната традиција на цврстината и трајноста на архитектурата во камен на Будимпешата, туку исто така се истакнуваат геометриските квалитети на решението на фасадата. Покрај локалниот камен користен за изработка на главната фасада и други делови на објектот, во рамките на објектот користени се дрво, бетон и челик во комбинација со специјално дизајниран мебел. Изборот на материјалите бил подреден на определбата да се изберат квалитетни, трајни и природни материјали коишто даваат карактер и придонесуваат кон квалитетниот изглед на објектот. Реализацијата на објектот била поддржана со екстензивна вклученост на клиентот и проектантскиот тим во дискусии на политичко, национално и локално ниво вклучително со јавни дискусии за предложеното решение, определување на фазите, подобрувањата за јавните простори, околните бизниси, како и за придобивките на заедницата. Во рамките на овој проект исто
така треба да се истакне не само егалитарниот начин на работење, туку и улогата и придонесот на локалното архитектонско биро Тимпанон кое овозможило да се изберат локални материјали со артистички квалитет и деталите за изведба на истите да се прилагодат кон способностите на локалните градежни фирми. За жирито на Цивик Траст наградата, наградениот објект претставува „исклучително решение, коешто прекрасно е деталирано и изработено, е сензитивно кон својата локација, и супериорно е интегрирано со соседните објекти“. Ова само се надоврзува на претходното мислење за објектот кога истиот беше прогласен како еден од 20-те најдобри нови објекти во светот, а коешто беше поткрепено со добивањето на Меѓународната награда на Кралскиот институт на британските архитекти во 2018 година (RIBA International Prize 2018). За жирито на Кралскиот институт на британските архитекти „Ова е исклучително префинет урбан кампус со неколку компромиси коешто овозможува прекрасна сцена за Универзитетот и за градот. Објектот станал архитектонска платформа за заштита на вредностите на Универзитетот – транспарентност, заедница, високо образование и демократија. Просторите како аудиториумот ја имаат преземено симболичната јавна улога во битката за зачувување на Универзитетот“.
ПОРТА
урбанизам
ОДРЖЛИВО УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ
НОВОРОДЕНЧЕ ШТО ПОЧНУВА ДА УМИРА На сите граѓани на Општина Аеродром па и пошироко на градот Скопје, треба да им е јасно. Ова што ни се случува годиниве во Стар Аеродром, е уништување на животните услови на подолг рок, што ќе се одрази како цунами многу пошироко Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх.
О
ва е приказна за една населба, која недородена тивко умира, сè уште несвесна за својата тажна иднина.
НОСТАЛГИЈА Постземјотресниот период го поминав во мојот Аеродром. Бараките беа крајот на Скопје, од каде натаму почнуваше бескрајната зелена ливада на скопскиот аеродром. Бевме деца, сите исти, среќни во еднаквоста која доминираше во тогашниот систем. Имавме премногу простор и слобода за детски игри.... Минуваа години. Аеродромот се пресели во Петровец. Населбата растеше... Се направи урбанистички план со сите стандарди и
ПОРТА
нормативи за урбано, градско живеење. Се создаде населба проектирана и градена од врвните македонски градежни компании и проектанти кои оставиле значаен белег во нашата архитектура. Урбаизмот на населбата се изучуваше како позитивен пример во сите архитектонски школи на тогашната држава,со сите потреби за едно развиено урбано живеење. Аеродром стана населба, пример за цела тогашна Југославија, па и пошироко. Беше привилегија да се живее тука, (со исклучок на црната точка – ѓубриштето Вардариште и долгото траење на неговото лечење) ПОЛИТИКА И ПРОФИТ Кон крајот на минатиот и почетокот на новиот век, дојдоа времиња кога политиката и профитот
преку градењето се споија. Урбанистите заради политички притисок и „преживување“ евтино си го продадоа своето знаење и за жал моралот пред сè. Стручната фела беше тотално поразена. Нормативите за нормално урбано живеење, потребен станбен простор, зеленило, улици, паркинзи, детски градинки, игралишта и други јавни потреби на жителите, се заборавија. Кулминацијата во уништувањето на урбанизмот во Скопје се случи во последните 1015 години. Ни се случи Дебар Маало, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Маџар Маало / најново станбено „урбано гето“ во зародиш / ....Бескрупулозно, немилосрдно уништување на просторот. Бетонската џунгла го уништи зеленилото, игралиштата, убавите скопски маала,
седенките пред куќите и станбените згради во урбаните населби, проектирани и изведени по мерка на човекот и тогашното градско живеење. Струењето на воздухот од Водно и Сарај запре. Скопје стана најзагаден главен град во Европа, а и врв во светски рамки. А власта без никаков план и стратегија за
развој на целата државата дозволи и стимулираше со непланско градење и кредитирање, купување супстандардни станови под мотото „ексклузивност“. Граѓаните од немање избор ги направи заложници и зависници на нејзините политики и ги насели во „големиот град“. Се случи масовно населување
од внатрешноста во Скопје, без никаква контрола. Следуваат години на пропаст на малите места, особено од истокот на Македонија. Над 60 % од новите станови во Скопје ги купуваат луѓе од провинција!!! И без никого да навредам општо е познато дека феноменот на населување во градот е носење
ПОРТА
Во
„свежа крв“ и е добро. Како што тврдел Жак Превер „Најубавите работи во Париз доаѓаат од провинција. Сена на пример“. Но, проблем е во масовноста. Масовноста е „бомбашки напад“ на градското живеење. И да биде уште пострашно нападот го направи државата плански со неплански урбанизам. Словенечкиот главен град Љубљана остана – идеал, само еден дамнешен сон за тоа како требаше да биде нашето Скопје. Тие успеаја, Скопје галопира кон својата катастрофа. Со голо око е видливо дека Скопје ова насилие во урбанизмот не може да го издржи. И скопјани се тие кои масовно низ сите населби се собираат и апелираат. И сега за урбаната единица Стар Аеродром на почетокот на населбата, тоа што некогаш беа стотина бараки во кои живееја околу 1800 жители, со сета потребна инфраструктура и јавни површини.Кон крајот на минатиот век се пристапи кон правење на нов ДУП за ревитализација на веќе руинираната урбана единица. / Во канцеларијата на градоначалникот на Аеродром и денес постои макета направена по ДУП од почетокот на 2000 година, на која се гледа како висината на сите станбени единици, на место на бараките се до 5-6 ката максимум. Така требаше да биде. Следуваа години во кои ДУП-от се ревидираше неколку пати, со постепено подигање на катноста, за да во 2014 стигнеме до П + 9 + ПП и за потребите на градоначалникот и
неговите планови до сума од 700 до 900.000 евра за комуналии по една зграда, односно приход за општината од неверојатни 40 милиони евра / за предвидените 50 згради /.
Забрането движење на деца
ПОРТА
Под лажното мото на бившиот градоначалник Коневски „да се задоволат потребите на граѓаните што живеат во бараките во нестандардни услови“ (тоа значи 10 фамилии во две бараки), се преиначи
Во моментот се градат 10 згради со над 1.500 стана
Плански концепти кои демнат м-р Ненад ТОНИЌ, дипл. сооб. инж
ДУП-от, преку ноќ, па овозможи на таа иста површина , но сега без зеленило и иста сообраќајна инфраструктура да се проектираат станбени блокови од по 10 ката, со по над 130 стана . Во чиј интерес. На тие 10 фамилии, што добија по 2-3 стана премија?? На градоначалникот што од комуналиите од таа небулоза на градби наплати комуналии за да гради прескапи фонтани, црквички или и плус нешто за ??.... Резиме за новата населба во раѓање. 15 пати се зголемува бројот на жители на истата парцела од 30 ха !! Добиваме „град во град“ со над 30.000 жители. Сообраќајните решенија се едноставно нерешливи и за неколку години сегашниот утрински колапс ќе стане целодневен и неподнослив. Каде е интересот за нормален простор за живеење. Каде е воздухот, детските градинки и игралишта, училишта... Во чиј интерес се случува ова силување на просторот. На аеродромци, скопјани или на некои поединци од политиката, градежништвото... И уште малку политика, што за жал кај нас е СÈ. Со голем ентузијазам аеродромци ја избраа новата локална власт и новиот градоначалник господинот Златко Марин, очекувајќи брзи и драстични промени во урбанизмот. Ги очекувавме новите решенија веднаш. Но првичниот став беше: Не може ништо да се промени. Десетина години се менуваше сè преку ноќ, против наш интерес. А сега ни требаат нови години за да се прекине нешто лошо, ужасно лошо.Карванот врви, кучињата
Тестирајќи ја во еден период „строгоста“ на одредбите и параметрите на ГУП-овскиот акт населбата со планска одредница локалитет „Црква“, урбана единица „Б“ (кодно име „Стар Аеродром“) покажа амбиција да вдоми повеќе од 26.000 жители, на површина од 30 и кусур хектари. Во форма на основни општественосоцијални ќелии 26-те илјади посакувани резиденти можат да се впросечат во околу 7.400 домаќинства, кои, низ призмата на степенот на моторизација, продуцираат возен парк од околу 6.000 возила. Овој локалитет по сè изгледа елегантно би се вклопил во статистичкиот профил на општината со најголема застапеност на семејства со три и четири членови, најголем број вработени во јавниот сектор и домаќинства со едно и две возила . Останатото ќе го направат фокалните гравитациски сили на квартетот Плоштад „Македонија“ – ТЦ „Мавровка“ (со својата трговска заднина) – Клинички центар – Универзитетски комплекс „Св. Кирил и Методиј“. Јасна подлога за доктринарна доминација на приватните автомобили и најобемни патувања во правец на строгиот градски центар. Појавата на овој урбанистички типикон требаше самата по себе да претставува аларм за „систематски преглед“ на критичните точки на непосредната транспортна инфраструктура. Вгнездена во „цветната ложа“ од бул. „Јане Сандански“, бул. „Кузман Јосифовски - Питу“ и ул. „Фрањо Клуз“, резултантната плима од утрински патници, во контекст на сето претходно наведено, би се потпирала на два крстоснички „вентили“: крстосница бул. „Јане Сандански“ – бул. „Кузман Јосифовски - Питу“ – ул. „Фрањо Клуз“ и крстосница ул. „3-та Македонска бригада“ – ул. „Фрањо Клуз“. Притоа, три од горепосочените гравитациски центри се достапни првенствено преку првонаведениот „вентил“! А возачката психологија е една те иста, секаде во светот, најкусиот пат е секогаш и најбрзиот пат! Под претпоставка дека само 60 % од вкупниот број на возила во утринскиот врвен час ќе се отиснат кон работ-
ните места на своите сопственици, на излезните пунктови на локалитетот се добива маса од 3.600 возила. Таа маса, поделена во груб сооднос 70 % - 30 % на крстосницата бул. „Јане Сандански“ – бул. „Кузман Јосифовски Питу“ – ул. „Фрањо Клуз“ ќе „дотера“ 2.520 лимени статусни симболи, или колона од возила долга 15,1 километри! „И што сега...?“ фотка од раскрсница Насладувајќи се на сопствената важност, еден сообраќаен инженер може да замолчи и да ужива во постигнатиот ефект. Поискрениот ќе признае дека оваа плима од возила ниту ќе се појави во ист момент на приодите на крстосницата ниту пак ќе заземе иста насока. Најискрениот ќе опомене дека е рано да се здивне. Онаа мистерија од врвен час одржува тесни врски со професионалниот ангажман на утринските патници. Сместете го мнозинството од нив по административните храмови и тој час почнува да губи на должина временски збивајќи го истото количество од возила. Развлечете го тој „час“ на 90 минути и на секои пет крстосницата во просек ќе треба да пропушти 140 возила. Скусете го на 45 и семафорскиот план ќе „зоврие“ од просечните петминутни „порции“ од 280 возила. Доделете му на секое возило ниту теоретски возможни три секунди за поминување на крстосницата, 280-тото ќе ја помине за 14 континуирано „зелени“ минути; 2.520-тото тоа ќе го направи за 2,1 часа! И сето ова од еден крстоснички приод. А секоја крстосница има и други приоди, со свои транзитни оптоварувања. И некој друг тек кој вообичаено е доминантен и кој диктира и бара подредување. Некои, претежно, вонинженерски подметнувања дека сообраќајот е кочничар на просторниот развој, од кој и самиот животно е зависен, се недостојни интенции за еродирање на почитта, што ѝ ја должиме на целината на просторот во кој егзистираме. Доколку е ставен во функција на тоа, ресетирањето на кој и да било локален концепт е и повеќе од пожелно! Целиот текст е објавен во бројот од октомври 2015 година
25 мај 2018
ПОРТА
31
лаат... Уште малку и ќе нема што да се менува. ЌЕ НЕМА ПРОСТОР ЗА НЕКОЈА СЕРИОЗНА ПРОМЕНА. Не можело вака, не можело онака. Не било по закон. А по кој закон се уништуваше урбанизмот. По кој закон ни го уништуваат живеењето во населбата. Во постојниот ДУП не е предвиден простор за нови градинки, кои и сега се со капацитет критични, нема простор за нови детски игралишта, јавни површини и објекти од јавен интерес, а се претпоставува дека огромен процент од новодоселените се млади фамилии кои треба да се шират.Тие и не се свесни што сè ги чека во наредниот период. Најважно им беше да дојдат во големиот град. Утре за сите овие небулози ќе им биде крива државата во тој момент, а не лошата политика во денешното време. На сите граѓани на Општина Аеродром, па и пошироко на градот Скопје, треба да им е јасно. Ова што ни се случува годиниве во Стар Аеродром, е уништување на животните услови на подолг рок, што ќе се одрази како цунами многу пошироко. Каде е животот? Што им нудиме во оставнина на идните генерации? Уште фали постојната касарна да се узурпира во нова населба, не дај боже слична на сегашниов Стар Аеродром, при постојните сообраќајни решенија за излез од општината (впрочем и некои нови можности не постојат во догледна иднина). НАДЕЖ Наравоучение. Скопје одамна го изгуби правецот на развој што објективно го имаше како 32
ПОРТА
25 мај 2018
Последната оаза во Стар Аеродром
нов град после земјотресот од 1963 година, град планиран за 300 илјади жители. Но никогаш не е доцна да се рече ДОСТА Е со ваков неконтролиран раст, без попис на жители и состојби со број на станови, фамилии... До политичарите, до градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините. Менувајте ги лошите урбанистички планови веднаш. Дозволете архитектонско урбанистичката фела да го каже своето, за доброто на Скопје, без притисок. Не смеете
да дозволите развојот на Скопје зависи само од комуналиите од „контролираната“ неконтролирана станбената изградба. Знам дека е тоа макотрпен и долготраен процес, урбанизмот е наука, бара многу стручност и време за реализација. Не тактизирајте, немате време за купување, нарачајте планови по сите стандарди, повикајте на одговорност, не само политичка, него што е многу важно и стручна. Спасете го она што преостана да се спаси.
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
стадиони
ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО РУСИЈА (3)
„Крестовски“ - eдна од најмодерните и најудобните арени во Европа
Освен за фудбал предвидено е стадионот во Санкт Петербург да се користи и за други спортови и за културни манифестации. Поради тоа постои можност фудбалскиот терен од 10.750 м2, привремено да се премести надвор од стадионот и да „одмора“ покрај реката Малаја Нева 34
ПОРТА
25 мај 2018
Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл.ихж..арх.
В
о 2004 година Санкт Петербург ја донесе одлуката за нов стадион на фудбалскиот клуб „Зенит“ на местото на стариот стадион „Киров“ на Крестовскиот Остров. Распишан е меѓународен архитектонски конкурс на кој победил реномираниот јапонски архитект Кишо Курокава со еволуцијата на неговата идеја за јапонскиот стадионот „Тојота“. Кон крајот на 2006 година е урнат фудбалскиот стадион и на негово место е започната изградбата на „Крестовски“. Стадионот е еден од последните проекти на Курокава, кој почина во 2007 година, набрзо по отпочнувањето на изградбата. Неговата идеја била стадионот да потсетува на вселенски брод кој се спуштил на брегот на Финскиот Залив. Предвиден е да биде домаќин на натпреварите во групната фаза, полуфиналето и мечот за трето место. Стадионот долго се градел,
претрпел неколку измени на проектот и контроверзии околу цената на чинење, наводно неговата цена изнесува 1,2 милијарди долари што го прави најскап стадион на светот. Првиот официјален натпревар е одигран во април 2017 година, кога фудбалскиот клуб „Зенит“ беше домаќин на „Урал“ за натпревар во лигата. Но како и да е, сите квалитетни нешта се проследени со многу приказни и имаат своја висока цена, а стадионот „Крестовски“ е еден од најсовремените и најиновативните стадиони во светот. Проектот е повеќепати менуван и прилагодуван, а во 2010 година руското проектантско биро Моспроект- 4, кое има долгогодишно искуство во проектирање на спортски објекти, го изработува конечниот проект и го усогласува со стандардите и барањата на ФИФА. Стадионот претставува синтеза на најсовремени архитектонски и технички решенија. Покривот е направен од комбинација на стакло и титаниум носен од 8 закосени
СТАДИОНОТ „КРЕСТОВСКИ“ ПРЕКУ БРОЈКИ • Највисоката кота на кровот е 79 метри • Висината на закосените армиранобетонски столбови е 110 метри • Игралиштето тешко 8.400 тони се преместува со помош на роло платформа • Претпоставената цена на чинење е 1,2 милијарди долари
армиранобетонски столбови, високи 110 метри, налик на јарболи, кои продираат низ трибините, го надвишуваат покривот и прават да изгледа дека речиси лебди во воздухот. На столбовите се поставени челични затеги кои ја носат покривната конструкција. Највисоката кота на покривот е 79 метри и во делот над спортскиот терен е отворен, но е подвижен, така што го
претвора стадионот и во затворен простор, што во климатските услови на Санкт Петербург е голема предност. Тоа овозможува да се одржуваат настани преку целата година, бидејќи температурите во стадионот ќе останат умерени. Исто така, опремен е со мембранска структура наполнета со топол воздух која ќе го топи снегот во текот на зимата. Подвижното поле на
покривот е со димензии 120/80 метри и се движи преку електрични мотори со помош на воздушни перничиња. Освен за фудбал предвидено е стадиониот да се користи и за други спортови и за културни манифестации. Поради тоа постои можност фудбалскиот терен од 10.750 м2, привремено да се премести надвор од стадионот и да „одмора“ покрај реката Малаја Нева. Теренот е тежок 8.400 тони и се преместува со помош на роло платформа. Капацитетот на стадионот кога се играат фудбалски натпревари е 68.000 гледачи, а може да прими 82.000 гледачи за време на театарски претстави или концерти. Седењето е организирано во две нивоа, долно ниво со 22.000 места и горно ниво со капацитет од 46.000 гледачи. Вкупно 14.270 седишта се резервирани за навивачите, 560 седишта за гледачи со ограничена подвижност, како и 104 луксузно дизајнирани ВИП-ложи. Во склоп на стадионот има и осум барови и осум ресторани во кои се обезбедени 4.962 седишта за гостите. Површината на стадионот не сметајќи го теренот изнесува 166.300 м2. Конструкцијата на стадионот тежи 32.000 тони, што е еквивалентно на тежината на четири Ајфелови кули. Количината на бетон што е користена за изградбата е пет и пол пати повеќе од онаа за градење на стадионот Вембли. Фасадата на стадионот има сребрено-сива боја постигната преку алуминиумски композитни панели. Во внатрешноста на стадионот постои паркинг за 240 возила, додека има дополнителни 2.732 паркинг-места во рамките на локацијата на стадионот. И покрај голем број контроверзии за време на изградбата на стадионот, Санкт Петербург доби една од најмодерните, најубавите и најудобните арени во Европа. Гостите на Светското првенство несомнено ќе уживаат во посетата на стадионот, но и во посетата на Санкт Петербург воопшто. 25 мај 2018
ПОРТА
35
стадиони
ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО РУСИЈА
„Ростов арена“ - река, вотка, Козаци и фудбал
Ростовскиот стадион се издвојува меѓу останатите со оригинално архитектонско решение. Северната трибина е отворена, а зад неа се отвора прекрасен поглед на реката Дон. Стадионот ги исполнува сите барања на ФИФА, има квалитетен безбедносен систем, места за гледачи со специфични потреби, ВИП ложи со 754 места, места за медиумите итн.
Г
радот Ростов на Дон е сместен на југоисточниот дел на Источноевропската Низина и со најголемиот свој дел лежи на десната обала на реката Дон. Југозападната периферија на градот се граничи со делтата на реката и нешто повеќе од 40 километри го раздвојуваат градот од Азовското Море. Ростов на Дон е град кој има пристап на пет мориња: Азовско, Касписко, Црно, Балтичко и Бело. Стадионот „Ростов арена“ е дом на ФК Ростов, сместен е на левиот, јужниот брег на реката Дон, област на градот која забрзано се развива и е позната по своите патеки за шетање, кафулиња и вештачки плажи.
36
ПОРТА
25 мај 2018
Ростов на Дон ќе биде домаќин на пет натпревари од Светското првенство 2018 година, четири натпревари од групната фаза и едно осмина финале. Плановите за новиот стадион станаа конкретни кога Русија го доби Светското првенство 2018 година и Ростов на Дон беше избран за град домаќин. Проектот беше избран во декември 2012 година, кога беше одлучено интернационалното архитектонско биро со седиште во Лондон „Populous“ да биде проектант. Ова биро е специјализирано за проектирање на спортски објекти. Меѓу другото проектанти се и на Олимпискиот стадион во Лондон 2012 и на Олимпискиот стадион во Сочи 2014, „Ростов арена“ и на уште два
стадиони во Русија, Казан и Саранск. Првата верзија на идејниот проект на „Populous“ е малку модифицирана за да се добие порационално и попрагматично решение со цел да се намалат трошоците за изградбата. Таа верзија не била конечна поради високата цена на инсталирање на покривот и многу скапиот материјал. Конечната цена на чинење на стадионот е нешто помалку од 300 милиони евра. Дејмон Лавел, директор на „Populous“, ќе искоментира: „Задоволство е да се работи со градот и гувернерот на Ростов на Дон, на промоција на проектот. По нашето искуство на Светското првенство во 2010 и Лондон 2012, ние сме сигурни дека стадионот ќе биде
одличен катализатор за градот и овој дел од реката“. Проектот е инспириран од праисториските кургани кои се наоѓаат долж бреговите на реката Дон. Кургани се вид на земјени могили, кои биле користени за погребни пагански ритуали, создавајќи специфични форми по контурите на хоризонтот и во пејзажот на крајбрежјето. Изградбата на стадионот е започната во 2013 година, но запрена е кога при почетокот на ископувањето пронајдени се пет совршено сочувани гранати од времето на Втората светска војна. По нивното деактивирање и расчистување на теренот започната е интензивната изградба и стадионот е официјално отворен на 15 април 2018 година со натпревар од лигата помеѓу ФК Ростов и ФК Хабаровск. Стадионот е со капацитет од 45.000 места за Светското првенство, но ќе биде намален на 37.868 места по завршување на првенството. Овој капацитет е доволен за градот и е одржлив. Стадионот претставува јадро на зелениот град кој ќе се развива околу арената кој воедно и ќе ја штити мочурливата почва од реката. Ростовскиот стадион се издвојува од останатите со оригинално архитектонско решение. Северната трибина е отворена, а зад неа се отвора прекрасен поглед на реката Дон. Стадионот ги исполнува сите барања на ФИФА, има квалитетен безбедносен систем, места за гледачи со специфични потреби, ВИП ложи со 754 места, места за медиумите итн. Патувањето во Ростов на Дон ќе биде сосема ново и интересно искуство за фудбалските навивачи. Градот е познат од времето на Херодот како град на воинствени Скити, бескрајните степи на
сливот на Дон и дом на храбрите Козаци. Козачката култура е сè уште распространета во Ростов и навивачите ги чекаат коњи, вотка и фан зоната за 25 илјади навивачи, сместена на Театарскиот плоштад.
„РОСТОВ АРЕНА“ ПРЕКУ БРОЈКИ • Капацитет - 45.000 седишта • ВИП ложи со 754 места • Деактивирани пет гранати од Втора светска војна • Цена околу 280 милиони евра
ПОРТА
стадиони
ВО ПРЕСРЕТ НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ФУДБАЛ ВО РУСИЈА
„Мордовија Арена“ – „портокал“ обесен во воздух
Изгледот на стадионот е директно инспириран од сончевата црвена топка, симболот на Мордовија, која е насликана на нивното знаме. Неговата светла палета на бои, комбинирајќи портокалова, црвена и бела боја, директно е поврзана со традиционалните бои на мордовскиот народ Саранск е главен град на автономната Република Мордовија и најмалиот град домаќин на Светското фудбалско првенство, Русија 2018. Се наоѓа во басенот на реката Волга, на устието на реките Саранка и Инсар. Во градот со околу 300 илјади жители во јуни ќе се одиграат четири натпревари од групната фаза на Мундијалот. Работата на стадионот „Мордовија Арена“ започна во 2010 година на 1000-годишнината од обединувањето на Мордовијците со другите етнички групи на Русија. Арената која чини 230 милиони евра се наоѓа во центарот на градот, сместена на десниот брег на реката Инсар. Саранск не е голем град, нема метро, „Мордовија Арена“ е блиску до пешачката зона во центарот, сместена помеѓу улиците „Волгоград“ и „Севастопол“ на пет километри од аеродромот и 2,5 километри од железничката станица. Во меѓувреме за потребите на првенството во градот се вложени околу 700 милиони евра за обнова на инфраструктурата, автопатот, железничката станица, нов терминал на аеродромот за проток на 1.000 патници на 38
ПОРТА
25 мај 2018
час и направени се нови надвозници над реката Инсар. Првиот дизајн на стадионот е идејното решение од германскиот архитект Тим Хуп,
меѓутоа подоцна проектот е преработен од руското проектантско биро „Граждан Проект“ со што е создаден објект кој ги исполнува сите стандарди и нормативи на
ФИФА. Стадионот е со капацитетет од 44.442, но само за време на Мундијалот. По завршување на првенството со отстранување на горниот дел од трибините ќе се намали капацитетот до 25.000. Ова ќе ја направи арената одржлива и поефикасна во иднина. Просторот помеѓу покривот и останатиот дел од стадионот ќе се користи за шеталиште со продавници и простори за одмор, а стадионот ќе биде дом на ФК Мордовија. Стадион е со овална форма, поставен е на платформа преку двокатен подрум со што делува лесно, некого го потсеќа на портокал обесен во воздух, а некому личи на воздушен балон кој се спуштил да одмора покрај реката Инсар. Но, неговиот изглед е директно инспириран од сончевата црвена топка, симболот на Мордовија, која е насликана на
нивното знаме. Неговата светла палета на бои, комбинирајќи портокалова, црвена и бела боја, директно е поврзана со традиционалните бои на мордовскиот народ, а ги одликува и карактеристичните бои на уметноста и занаетите на Мордовија. Проектантите покрај инспирацијата од традицијата, согледале и дека оваа форма е најдобра за удобноста на гледачите. Арената е покриеана со челична решетка со блага кривина засводена кон внатрешноста на стадионот, а воедно е овозможено на теренот да паѓа максимална светлина. За да се обезбеди добра видливост, оптималното растојание од центарот на фудбалскиот терен до гледачите не надминува 90 метри, максималното растојание од кој било агол од полето до спротивната трибина е 190 метри.
Перфорирани панели во три различни бои ја обложуваат фасадата до иста висина околу целиот периметар, додека покривот и ѕидовите се направени од една обвивка од перфорирани метални панели со светли бои. Тревата за теренот е увезена од Канада, поставени се грејачи под теренот во должина од 37 километри, како и надземни грејачи. Работите се комплетирани во април 2018 година и Светското фудбалско првенство може веднаш да почне во мирниот и пријатен Саранск кој во 1785 година со одобрување на урбанистичкиот план од страна на Катарина Велика од место со хаотично распределени населби станал град со правоаголна мрежа на улици со квартови и плоштади. Навивачите ќе се најдат во пријатна атмосфера на градот чиј заштитник и небески покровител е Адмирал Фјодор Ушаков (1744–1817), командант на Црноморската руска флота и воената морнарица во Средоземно Море. Фудбалските фанови ќе бидат пречекани со воодушевување од локалните жители кои едвај чекаат да почне првенството и се една од главните атракции на градот, бидејќи ги негуваат традициите и начинот на живот на автохтоните народи на Мордовија, Мокшани и Ерзјани. Веднаш до градот се наоѓаат неколку села чии жители ги чуваат обичаите на предците, носат народни носии, ги почитуваат народните обреди од кои некои се и пагански. „МОРДОВИЈА АРЕНА“ НИЗ БРОЈКИ • Капацитет - 44.442 гледачи • Цена - 230 милиони евра • Грејачи за трева - должина 37 км • Вложено во градот - 700 милиони евра 25 мај 2018
ПОРТА
39
архитектура од дрво
FORT MCMURRAY АЕРОДРОМ ВО АЛБЕРТА, КАНАДА
М со „з одерна елен град и“ ст ба
анда рди
Објектот има три спрата кои се протегаат на 15.000 m2, обезбедува безбеден и брз транспорт на патниците и поседува дел за пријавување, најсовремен безбедносен скрининг систем, домашни и интернационални летови како и работни канцеларии за вработените на аеродромот Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, дипломиран инженер по дрвна индустрија
Н
овиот Fort McMurray аеродром е дизајниран да создаде еден релевантен и значаен портал за посетителите и жителите на регионалната општина Wood Buffalo во северна Алберта. Регионот се карактеризира со спектакуларна географија и природна убавина, вклучувајќи
40
ПОРТА
25 мај 2018
ги бореалната шума, прериите и северните соларни светлини Аурора Бореалис. Сезонските температури на регионот се движат од минус 40 во зима до плус 30 Целзиусови степени во летните периоди. Највпечатлив дел од оваа градба е секако кровот кој целосно е направен со вкрстено ламелирани плочи (ВЛП) од дрво и оваа конструкција претставува една од најголемите со влп на северно американскиот континент. Аеродромот е проектиран да ги искористи термалните квалитети на дрвото и да одговори на
студените северни зими. Далечната локација, лимитираната работна сила и големите сезонски промени, исто така се дел до целосната проектна задача и биле обработувани од проектантското биро McFarlane – Biggar Architects + designers, уште во почетниот идеен проект. Овие параметри биле додадени на желбата да се изгради објект кој ги достигнува најстрогите стандарди за „зелена“ градба Објектот има три спрата кои се протегаат на 15.000 m2, обезбедува безбеден и брз транспорт на патниците и поседува дел за
пријавување, најсовремен безбедносен скрининг систем, домашни и интернационални летови, како и работни канцеларии за вработените на аеродромот. Аеродромот е дел од еден поширок развоен план за регионот како резултат на порастот на бројот на жители, каде има такси станица, приклучни патишта, аеродромски хотел и други содржини. Проектантското биро McFarlane – Biggar Architects + designers предлага концепт за аеродром со отворени и експанзивни површини што не е својствено за аеродроми од ваков тип. Преку големите фасадни прозори, од надвор, може да се види екстензивната употреба на дрво на таванот. Ламелирани дрвени греди ги поткрепуваат големите ВЛП-плочи кои се протегаат по целата должина на објектот. Најчести дрвни видови за ваков вид на плочи се смрчата, борот и елата. Во овој 25 мај 2018
ПОРТА
41
проект се употреуваат сите три видови слепени во супер конструктивни елементи со високи естетски квалитети. Дизајнот на покривот дозволува да се инсталираат прскалки за противпожарна заштита во малите процепи помеѓу плочите. Овој дизајн ги акцентира јасните
ПОРТА
архитектонски линии и го минимизира визуелниот неред во просторот. Панели за абсорпција на звукот се дискретно поставени под перфорирана дрвена облога од даб, кои дополнително го збогатуваат просторот. Надворешните ѕидови се специјално
проектирани со повеќеслојна дебела изолација за да ја издржи долгата и студена зима и да се намалат загубите на топлина од ентериерот. Објектот се карактеризира со неколку одржливи елементи, како на пример, подно греење, пасивна вентилација за ладење, повраток на дел од топлината
назад во внатрешноста преку свежиот воздух и високи прозори за влез на сончева енергија за греење и светлина. Употребата на дрво како конструктивен материјал исто така има значајни еколошки и термални предности во однос на челикот. Бидејќи ВЛП-плочите се кроени и обработени на точни димензии, конструктивните врски се вклопуваат со висока точност со што се добива подобра енергетска ефикасност. За произвоство на кровната конструкција се употребени приближно 635.000 килограми дрво кое е обезбедено од пошумени предели на Британска Колумбија. Употребата на дрво исклучиво од сертифицирани шуми, исто така го намалува негативното влијание врз животната средина.
ПОРТА
43
ПОРТА
ПОРТА
земјотресно инженерство
ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ИСПИТУВАЊА ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА СЕИЗМИЧКАТА ОТПОРНОСТ НА 105- КАТНИОТ ХОТЕЛ RYUGYONG ВО ПЈОНГЈАНГ
Највисокиот хотел во Северна Кореја тестиран во ИЗИИС Според добиените резултати од испитувањата на моделот, првите поголеми оштетувања се очекуваат да се појават за земјотреси со интензитет два пати поголем од проектниот
Слика 1. Хотел Ryugyong во Пјонгјанг, Северна Кореја
О
(Извор на слики: http://raredelights.com/unusual-buildings-across-world/ryugyong-hotel-pyongyang-north-korea-interior/
пределувањето на сеизмичката стабилност на високите објекти под дејство на земјотрес е од голема важност како за самиот објект, така и за околината. За определување на сеизмичката стабилност на Хотелот Ryugyong, кој е еден од највисоките и најспецифичните објекти во Северна Кореја, реализирана е соработка помеѓу Paeck Du San Institute во Пјонгјанг, Северна Кореја и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија ИЗИИС Скопје, во рамките на која се изведени експериментални испитувања како на реалната конструкција, така и на физички 46
ПОРТА
25 мај 2018
модел во смален размер. За определување на реалните динамички карактеристики, во првата фаза од реализираните активности применети се методите на амбиент и принудни вибрации на реалната конструкција, а потоа изработен е физички модел во смален размер и истиот е испитуван на сеизмичката платформа во лабораторијата за динамички испитувања во ИЗИИС, со цел определување на сеизмичката отпорност и стабилност на конструкцијата. ОПИС НА КОНСТРУКЦИЈАТА Изградбата на овој објект e започната во 1987 година, но била запрена во 1992 година, во фаза кога бил изграден само конструктивниот систем. Потоа, во 2008
година продолжено е со изведба на неконструктивните елементи и истиот е завршен со градба во 2011 година. Oбјектот претставува мешовит конструктивен систем составен од високојакостни армиранобетонски ѕидови и монолитни меѓукатни плочи. Се состои од три крила, секое со должина од по 100 метри, ширина 18 метри и наклон од 75 степени, а над трите крила, зградата е надградена со скратен конус широк 40 метри, кој се состои од осум катови коишто имаат можност да се ротираат. Врвот на конструкцијата е комплетиран со шест статични катови. Вкупната висина на објектот е 321.3 m (105 катови), а вкупната маса е 559,770.0 t.
Слика 2. Изградба на Хотел Ryugyong во Пјонгјанг, Северна Кореја (Извор на слики: http://raredelights.com/unusual-buildings-across-world/ryugyong-hotel-pyongyang-north-koreainterior/)
Слика 3. Амбиент вибрации, поставеност на инструменти (Извор на слики: Computational Structural Dynamics: Proceedings of the International Workshop, IZIIS, Skopje, Macedonia, 22-24 February 2001)
Слика 4. Принудни вибрации, поставеност на иструменти (Извор на слики: Computational Structural Dynamics: Proceedings of the International Workshop, IZIIS, Skopje, Macedonia, 22-24 February 2001)
МЕТОДОЛОГИЈА НА ИСТРАЖУВАЊАТА Во периодот од 1989 до 1992 година од страна на ИЗИИС овој проект е реализиран во четири фази, и тоа: • Испитување на објектот во природна големина со методите на амбиент и принудни вибрации (1990) • Анализа и дефинирање на сеизмичките параметри на конструкцијата (1990-1991) • Квазистатички тестови за определување на јакостните и деформабилните карактеристики на армиранобетонски сегменти од конструкцијата (1990-1991) • Испитувања на сеизмичка платформа на смален модел на конструкцијата во размер 1/40 (1991-1992) Со испитувањето со методите на амбиент и принудни вибрации, добиени се динамичките карактеристики (сопствени фреквенции, тонови форми и придушување) на конструкцијата во линеарно еластично подрачје, во два ортогонални правци и за торзијата. Тестот со амбиент вибрации е реализиран со користење на „Ranger“- сеизмометри поставени во одбрани точки по висина и на врвот на конструкцијата. Предноста на овој метод е тоа што се користи опрема која е лесна за транспорт и за употреба, како и можноста за непречена експлоатација на објектот кој се испитува. Во рамките на испитувањето со принудни вибрации реализирани се два одделни теста, и тоа: • Прв тест во кој се задаваше сила преку генератор на вибрации поставен на 94 кат во центарот на објектот и се мереше одговорот на конструкцијата во хоризонтален правец. • Втор тест во кој се задаваше сила преку генератор на вибрации поставен на 25 кат на крајот на едно од крилата и се мереше одговорот на конструкцијата по должина на крилото, на секој 10-ти кат. Податоците кои се добиени во првата фаза од проектот се искористени во втората фаза при избор на тип на земјотрес на кој ќе биде испитуван моделот (локален, средно далечен или далечен) кој е основен фактор при дефинирање на сеизмичките параметри (интензитет на земјотрес и фреквентен состав). Резултатите кои се добиваат од втората фаза се од голема важност, бидејќи записот на земјотрес кој е дефиниран во оваа фаза е влезен параметар на сеизмичката платформа во понатамошното експериментално испитување. Третата фаза опфаќа квазистатички тестови за определување на јакостните и деформационите карактеристики на армиранобетонски сегменти од 25 мај 2018
ПОРТА
47
Параметри Висина Број на катови Тежина Материјал
Прототип
Модел
321.3
8.03
105
22
470 000 t
14.6 t Mешавина од малтер со зголемена тежина со песок
Армиран бетон
Јакост на притисок Модул на еластичност Густина на материјал
40 MPa
2.0 MPa
35000 MPa
1750 MPa
2.5 t/m3
2.4 t/m3
Слика 5. Геометрија, прототипмодел (Извор на слики: Research study for evaluation of seismic resistance of 105 – storey Ryugyong hotel in Pyongyang)
Табела 1. Карактеристични параметри, прототип-модел конструкцијата. Со овие тестирања добиени се информации за линеарното и нелинеарното однесување на одредени елементи и врски, кои се искористени при дефинирање на математичкиот модел за нелинеарна анализа. Во четвртата фаза изработен е физички модел за дадената конструкција во соодветен размер и истиот е испитуван на сеизмичката платформа. Оваа фаза поопширно е опишана во понатамошниот дел од текстот. МОДЕЛ НА СЕИЗМИЧКА ПЛАТФОРМА За сеизмичкото испитување проектиран и изработен е физички модел во соодветен размер согласно условите и капацитетот на сеизмичката платформа во лабораторијата за динамички испитувања во ИЗИИС.
Дефинирањето на димензиите и физичкомеханичките карактеристики на конструктивните елементи на моделот е извршено согласно теоријата за сличност на прототипот и моделот базирана на Бакингамовата теорема (Buckingham theorem). За задоволување на горенаведените услови, изработен е модел со размер 1/40 изграден од мешавина од малтер, дијатомејска земја и оловна прашина. Дебелината на ѕидовите и меѓукатните плочи е 3.0 cm, додека арматурата е претставена со мрежа (10/10 mm) со дебелина на жица од 1.0 mm. Со цел да се постигнат бараните динамички карактеристики кои одговараат на прототипот, моделот кој е изработен на сеизмичката платформа претставува комбинација од вистинско репрoдуциран
Слика 6. Приказ на изградба на модел (Извор на слики: Research study for evaluation of seismic resistance of 105 – storey Ryugyong hotel in Pyongyang) 48
ПОРТА
25 мај 2018
модел (true replica model) и модел со додатна маса (artificial mass model). Некои карактеристични параметри модел-прототип прикажани се во табела 1 и на слика 5. Платформата на која е испитуван моделот е двокомпонентална сеизмичка платформа со димензии во основа 5.0/5.0 m, со сопствена тежина од 30.0 t и капацитет на носивост од 40.0 t, фреквентниот опсег е од 0-50 Hz, максималните хоризонтални поместувања се од 12.5 cm и максималните вертикални поместувања се од 6.5 cm. Детали од изградбата на моделот и комплетниот модел се прикажани на слика 6. Испитувањето на сеизмичката платформа е реализирано во два дела, и тоа: • Испитување за определување на динамички карактеристики Ова испитување опфаќа серија на тестови
Слика 7. Оштетувања на модел (Извор на слики: Research study for evaluation of seismic resistance of 105 – storey Ryugyong hotel in Pyongyang) преку кои се добиваат динамичките карактеристики (сопствени фреквенции, тонови форми, придушување) пред и после испитувањето на моделот од дејство на земјотрес. За таа цел користени се неколку методи и тоа: хармониска побуда со фреквентен опсег 0-30 Hz преку електродинамички побудувач поставен на врвот на моделот, генерирање на случајни побуди од сеизмичката платформа и тест со удар од чекан. • Испитување за определување на
глобалниот сеизмички одговор на конструкцијата Ова испитување опфаќа тестови каде што на моделот се задава земјотресна побуда со постепено зголемување на интензитет до проектно ниво и над него. Прво се извршени неколку тестови со мал интензитет на побуда, каде конструкцијата на моделот работи во линеарно подрачје. Потоа, извршен е еден тест со интензитет на побуда еднаков со проектното ниво на забрзување (0.2 g), после кој визуелно не се
забележани никакви пукнатини. Испитувањето потоа е комплетирано со неколку тестови со интензитет од 0.3 до 0.9 g, каде конструкцијата има нелинеарен одговор (слика 7). Со цел да се добијат потребните податоци од испитуваниот модел, како што се поместувањата, забрзувањата и напрегањата во дадени точки, моделот е инструментиран со 9 акцелерометри (ACC), 8 мерачи на поместување (LP) и 15 мерни ленти (strain gauges - SG). (слика 8).
Слика 8. Копмпаративен приказ на измерените тонови форми на физичкиот модел и реалната конструкција ( Слика 8. Модел на сеизмичка платформа, поставеност на инструменти (Извор на слики: Shaking table test of 1/40 scale model of 105-storey Ryugyong Hotel)
Извор на слики: Shaking table test of 1/40 scale model of 105-storey Ryugyong Hotel) 25 мај 2018
ПОРТА
49
Слика 9. Oпаѓање на фреквенцијата на моделот (Извор на слики: Shaking table test of 1/40 scale model of 105-storey Ryugyong Hotel)
РЕЗУЛТАТИ И ЗАКЛУЧОЦИ • Со оглед на резултатите кои се добиени од испитуваниот модел на сеизмичката платформа, се дојде до заклучок дека е изграден физички модел кој точно го симулира како линеарниот, така и нелинеарниот одговор на прототипот. Еден од главните показатели за ова е одличното совпаѓање на фреквенциите и тоновите форми меѓу прототипот и моделот (слика 8). • За интензитет на земјотреси до 0.25 g (проектниот интензитет на земјотрес е 0.2 g) не се регистрирани никакви оштетувања на моделот и истиот е во линеарно подрачје. • Првите пукнатини се појавиле на земјотрес со интензитет 0.35 g. Пукнатините се регистрирани на две од крилата, дијагонално поставени во однос на делувањето на земјотресната побуда. Нелинеарниот одговор на моделот потоа е испитуван за земјотрес со интензитет од 0.3 g до 0.7 g. Опаѓањето на фреквенцијата на конструкцијата, односно нејзината крутост, со зголемување на интензитетот на земјотресот е претставено на слика 9. • Ако се земе предвид дека најсериозните оштетувања на конструкцијата се снимени за земјотрес со интензитет од 0.44 g, додека проектниот интензитет е 0.2 g, може да се дојде до заклучок дека факторот на сигурност е 2.20. • Според добиените резултати од испитувањата на моделот, првите поголеми оштетувања се очекуваат да се појават прво на крилата, а потоа во централниот дел, помеѓу 50-тиот и 70тиот кат, но за земјотреси со интензитет два пати поголем од проектниот. Автори: Антонио Шокларовски, дипл. град. инж., м-р Филип Манојловски, м-р Ангела Попоска, проф. д-р Лидија Крстевска, проф. д-р Зоран Ракиќевиќ, доц. д-р Александра Богдановиќ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) Реализација на проект: Љубомир ТАШКОВ, Михаил ПЕТКОВСКИ, Лидија КРСТЕВСКА, Димчо МАМУЧЕВСКИ Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, Скопје 1992 година
ПОРТА
ПОРТА
технологија
СО НАУЧНО-ТЕХНОЛОШКИ ПАРКОВИ ДО ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ
Има ли регионот потенцијал за „Балканска силиконска долина“? Во Македонија веќе функционира еден научнотехнолошки парк во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Неодамна Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за администрација и информатичко општество, а со поддршка од Европската Унија, најави дека до крајот на годинава ќе биде отворен научно-технолошки парк со сериозни капацитети и можности
52
ПОРТА
25 мај 2018
З
Даниела МЛАДЕНОВСКА
а научно-технолошките паркови, во последно време сè почесто се зборува. Се работи за една од институциите на т.н. „концентриран технолошки развој“, каде уште припаѓаат и иновациските инкубатори, деловни иновациски центри, претприемачки инкубатори, центри за трансфер на технологии и други. Технолошките паркови опфаќаат услуги и активности за оспособување на претприемничките компании, во вид на потребна инфраструктура и интелектуална поддршка на таквите новоотворени компании т.е. „станари“ на паркот. Во суштина се работи за компании ориентирани кон развој на нов производ или технологија, за што ваквите паркови пружаат идеални услови. Посебно е значајна улогата на технолошките паркови во создавањето на врски и контакти помеѓу членките и деловното опкружување. По правило, технолошките паркови имаат силна развојна функција со сопствени истражувачки центри, работилници и лаборатории. Компанијата членка се издвојува од технолошкиот парк по три до четири години од основањето, но често останува во контакт со останатите компании членки и по нејзиното осамостојување. Од друга страна пак, научните паркови се насочени на научни проекти и применети истражувања, односно првенствено служат за организирање и трансферирање на знаењата од научните и високообразовни институции кон индустријата и стопанските субјекти. Според тоа, научно-технолошките паркови се една комплексна организација која ги спојува придобивките и предностите од научните и технолошките паркови во една целина, односно во еден субјект. Додека во регионот, а особено во Македонија овие концепти се новина и во зародиш, светските искуства се разбира се многу поинакви. Првиот технолошки парк во светот е организиран во педесеттите години на минатиот век недалеку од Сан Франциско, во подрачјето кое денес е познато како „Силиконска долина“. Тој назив настанал во седумдесеттите години како резултат на силната концентрација на водечки светски компании кои го развивале и произведувале најпознатиот хардвер и софтвер како Adobe, Apple, Symantec, Hewlett-Packard, Assus, Western Digital, и десетици други, подеднакво познати (You Tube, Facebook). Токму во седумдесеттите години
создавањето на институции за концентриран технолошки развој зема широки размери во САД и Јапонија. Постојаното генерирање на нови иновативни компании со помош на ваквите паркови е одговор на кризните периоди во кои затворањето на големите компании односно индустриски погони сериозно ја зголемило невработеноста. Една од главните цели на националните стратегии на развиените земји е организирано развивање на нови производи, најчесто од високата технологија, преку масовна продукција на мали компании кои истите ќе ги произведуваат. Се разбира, конечната цел е зголемување на вработеноста, економско закрепнување и раст. Успешните земји се одликуваат со стабилно и отворено стопанство, како и со натпросечна иновациска способност, базирана на високото и континуирано
вложување во знаење, образование, развој и истражување низ солидни национални стратегии. Генерално, Европа бележи постојан пораст на бројот на малите компании со неколку вработени кои се занимаваат со софтвер, инженеринг и слични интелектуални услуги. Успешните и претприемнички ориентирани стопанства не можат да се замислат без субјектите на концентриран деловно-технолошки развој. Германија уште во 1992 имала 32 технолошки паркови, а веќе во 1994 нивниот број пораснал на 50, со вложувања од околу 1 милијарда тогашни германски марки. Франција, го отвора својот прв технолошки парк во 1983 година (Centres Regionaux d'Innovation et de Transfer de Technologie). Имајќи ги предвид овие факти, воопшто не треба да сме изненадени зошто овие земји се водечки европски
25 мај 2018
ПОРТА
53
економии. Овде секако голем удел има и фактот колкав дел од БДП се одвојува за наука. Додека успешните земји одвојуваат над 3 %, Хрватска, Србија и Бугарија околу 0.8 %, Македонија за жал издвојува скромни 0.2 %. Ако го анализираме регионот на некогашната заедничка држава, најмладата членка на Европската Унија, Хрватска е несомнено лидер во оваа сфера. Вложувањата во технолошки паркови во оваа земја започнуваат во 1998 година, во Загреб, Вараждин, Чаковец и Кутина. Подоцна отворени се технолошки центри и во Риека, Сплит, Осијек, Дубровник, Нова Градишка и други градови. Неодамна научно-технолошкиот парк во Загреб е модернизиран со што условите и капацитетите за работењето на малите компании во склоп на центарот се сериозно подобрени. Добар пример е и Србија. Научнотехнолошките паркови во Белград и Нови Сад имаат одлична инфраструктура и услови кои овозможуваат создавање на нови производи и патенти. Во Белград во прекрасен објект со површина од 11.000 метри квадратни, работат над 60 компании од областа на информатичката технлогија, нанотехнологии, енергетска ефикасност, биомедицина, заштита на животната средина и други. Партнери основачи на овој центар се Владата на Република Србија, Град Белград и Универзитетот во Белград. Во Нови Сад објектот наскоро се очекува да биде завршен (средината на годинава), за да вдоми околу 3.000 инженери на површина од 29.000 метри квадратни. Научно-технолошки центар веќе е во функција и во Чачак. Во Босна и Херцеговина технолошкиот парк INTERA во Мостар работи одлично и првенствено е фокусиран на компании од ИТ-секторот. Црна Гора сè уште нема ниту еден ваков субјект, но во актуелниот период постои иницијатива за стартување со првиот ваков проект. Во Македонија веќе функционира еден научно-технолошки парк во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Неодамна Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за администрација и информатичко општество, а со поддршка од Европската Унија, најави дека до крајот
54
ПОРТА
25 мај 2018
на годинава ќе биде отворен научнотехнолошки парк со сериозни капацитети и можности, кој се очекува да ги задвижи позитивните промени во оваа сфера и во нашата земја. За пофалба е и иницијативата на ФЕИТ, кој во април годинава отвори Центар за трансфер на технологии и иновации – ИНОФЕИТ. „Наша идеја е компаниите, професорите и студентите во овој Центар да развиваат нови производи и услуги и да вршат трансфер на знаење од научни и истражувачки резултати во прототип кој индустријата може да ги доработи до ниво
на производ со минимален технолошки ризик. На овој начин може да се создадат нови производи и услуги со значителна додадена вредност, кои ќе бидат конкурентни на меѓународниот пазар“, рече во своето обраќање по повод отворањето на Центарот деканот на ФЕИТ, Ташковски. Да се биде конкурентен на меѓународниот пазар е императив на новото време на глобализацијата. Многу пати досега наместо да учиме од позитивните примери, учиме од сопствените грешки. Честопати дури и ги повторуваме грешките, а лекцијата останува ненаучена.
КРАЛСКИ ГРАДИНИ
хортикултура
Беспрекорност и моќ Низ годините се покажало дека и покрај нивната позиција членовите на кралските лози се големи љубители на градинарството, па не се плашат и да ги извалкаат рацете, придонесувајќи во работата во градината од нивниот дом
У
Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж. ште во минатото се покажало дека кралските семејства воделе грижа за уредувањето и одржувањето на нивните градини. Нивните градини, најчесто се изработени во геометриски стил, ја прикажуваат својата беспрекорност и моќ. Низ годините се покажало дека и покрај нивната позиција членовите на кралските лози се големи љубители на градинарството, па така и принцот Чарлс за кој се смета дека е страствен љубител на градините не се плаши да ги извалка рацете, честопати придонесувајќи во работата во градината од неговиот дом. Во продолжение неколку зборови за некои од најубавите кралски градини. 25 мај 2018
ПОРТА
55
ГРАДИНАТА НА ПРИНЦОТ ЧАРЛС ВО ХАЈГРУВ Ова е една од најголемите градини со површина од околу 15 хектари, во која се среќаваат диви градини, формална градина и отворена кујна која ги одразува интересите на принцот Чарлс во органски и одржливи принципи на производство на храна.. Во оваа градина има голем број видови дрвја меѓу кои и националната колекција на букови дрвја и други листопадни видови, како и дива цветна ливада со повеќе од 30 видови локални растенија. Гигантските камени садови од земјите како што се Јордан, Јужна Африка и Италија – коишто најчесто му се даваат на принцот како подароци - служат како домови за голем број на цвеќиња, додека бистите на Чарлс, исто така подароци, ја красат оградата во градината во близина на Хајгров дом, изградена во 1796 година. Градината изобилува со делфинииуми, омилени цветови на Чарлс, како и голем број перени и сезонски цвеќиња, вклучувајќи лилјани, рози и хортензии. 56
ПОРТА
25 мај 2018
ГРАДИНАТА НА КРАЛИЦАТА БАКИНГАМСКАТА ПАЛАТА Градината во Бакингамската палата, официјално лондонска престолнина и работен штаб на британскиот монарх, е оаза од 39 акри сместена во средината на градот и воедно најголема приватна градина. Уште се нарекува и градина на кралицата. Таму е местото каде што кралицата Елизабета II ги одржува своите летни прослави. Централната карактеристика на градината е езеро кое датира од 19 век. Тука се вклучени зимскиот летен дом, розариумот и еден од
најголемите градинарски орнаменти во Велика Британија - Ватерло вазна од 15 метри издлабена од едно парче мермер кое тежи околу 20 тони. За одржувањето на градината се грижат осум редовни градинари. Најчести видови кои се среќаваат во оваа градина се индиски костен, сребрен јавор, мочуришен чемпрес итн. ГРАДИНИТЕ САНДРИНГЕМ Имотот Сандрингем е приватна сопственост на кралицата и се наоѓа на 20.000 хектари земјиште во близина на селото
Сандрингем во Норфолк. Овие градини се сметаат за едни од најдобрите од сите кралски градини и со мирни шумски прошетки се доаѓа до драматични каменести градини. Од растителните видови има голем број на рододендрони, азалеи, лаванди и рози. Во оваа градина има и формална градина, летувалиште над езерото со голем број каскадни потоци, голем број видови на даб и комеморативни дрвја. Секое кралско семејство кое живее тука низ генерациите додава нешто свое за да остави печат на градината.
ПОРТА
уметност
СОСТОЈБИ И СТРУЕЊА ВО ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ
Дали е можно творештво во земја во која царува незнаење и негрижа? Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ , историчар на уметност
С
овремената уметност и теорија покрај одделни вредности што претставува симптом и последица на една долготрајна криза се наоѓа на маргините на македонската култура отсликувајќи ја општата летаргија во општеството. Дали е можно уметничко творештво во беда и сиромаштија, во земја на хаос и безнадежно општествено раслојување? Дали е можно творештво во земја во која царува незнаење и негрижа? Лошата кадровска политика има катастрофални последици и во институциите за современа уметност. Културата и уметноста се последна грижа на која било власт. Во време кога ништо битно не се менува, и кога прагматичните цели доминираат над духовните, што воопшто може да биде важно? Со новите историски услови и состојби се менуваше концептот на визуелните уметности, разбирливо под влијание на светските уметнички движења добивајќи информации за нив преку брзиот интернет, по некоја книга или каталог. Покрај тоа се востанови практика која се објаснува со синтагмата „диктат на кураторите“ метода на работа која се провлекува триесетина години. Сорос центарот за современи уметности, со финансиската и материјална помош привлече одреден број уметници од помладата
ПОРТА
генерација кои скршнаа од својот творечки пат. Веднаш потоа згасна последната надеж дека ќе фатиме чекор со светските уметнички движења, илузија која се одржува до најново време без оглед што по престанување со работа на Центарот следеше период на крајно анемичен ликовен живот. Словенечкиот критичар Клемен Филе, за разлика од критичарите (од Центарот за современи уметници и Музејот на современата уметност) кои имаат позитивно мислење ќе забележи:„неоекспресионизмот и Сорос уметноста во голема мера се
генератори за уметноста на ѓубрето“. Нашата критика, без оглед на создадениот дисконтинуитет има позитивна оценка, со мал број исклучоци. Токму таков лош пример е луксузно опремената книга „Мултимедијална уметност во Македонија“ („Остен“,2017) која не е базирана на научни сознанија и критички пристап во обработката на разновидниот материјал. Меѓу авторите кои се игнорирани се наоѓа и Сашо Станојковиќ кој учествувал на белградскиот „Октомвриски салон“ и на други селектирани изложби во Австрија, Шпанија итн. Со нагласена екстремност се
Во Музејот на современата уметност на Кале, една по друга се отворија две изложби конципирани од млади куратори, дел од нив гости на оваа институција, долги години обележена со неактивност
претставени примери на „женското писмо“. Втор бран на отклон и обезличување се случи во 2010 година кога уметниците, од помладите генерации (од финансиски и други причини) почнаа да работат на слики и скулптури, особено на нашиот невешт „монументализам“ по државна нарачка. Деновиве во Музејот на современата уметност на Кале, една по друга се отворија две изложби конципирани од млади куратори, дел од нив гости на оваа институција, долги години обележена со неактивност. 12-тото Биенале на млади уметници остави општ впечаток на извесна свежина на одреден број автори, при што преовладуваат авторки кои своите дела ги изработиле во репродуктивни техники (главно базирани на фотографија) и со употреба на нетрајни материјали и готови предмети. Тие своето внимание го насочиле на идеја, добиена патем и можеби најмногу со симнување материјали од интернет, од некоја книга, каталог или списание. Темите се локално, некаде со призвук на универзално значење „загадувањето во широк спектар“. На тој начин се потврдува нашето истрајно „Трчање по Запад“, како и тврдењето на критичарот Лео Стајнберг дека „секоја уметност е под влијание на друга уметност“. Младите автори сакаат досетка, малку иронија и „умување“, дела кои констатираат, или документираат одредена општествена појава или аномалија, постфестум, што меѓу другото значи брзо застарување на информацијата во делото. Нивната постапка
се карактеризира со примена на колажирање или монтажа на разни материјали, во коректно „спакувана“ форма (како за изложба) со елементи распоредени на ѕидна површина или во просторот. Минимализмот и бестрасната дистанцираност од темата бараат текст или дополнително објаснение што во ова време на незаинтересираност за читање и образование може да ни се види апсурдно. По тој повод, за еден дел ни изгледа уверливо мислењето на критичарот Хилтон Крамер, а тоа е: „колку што е поминимална уметноста, толку помаксимално треба да се објаснува.“ Во ниедно дело не може да се почувствува гласот на автентична побуна и израз, дело кое ќе биде еманципирано од она што се нарекува „веќе видено“. Би укажал на минималистичките дела , еден вид „чиста“ ликовност на Анастасија Пандиловска и Јана Луловска („Аликвоти“,2017). Текстот по повод изложбата има општ карактер, со елементи на збрканост и нејасна претстава за тоа што во иднина треба да се прави. Секако,треба да се земат предвид претходните искуства, да се оствари добар увид и знаење за ликовната уметност ,а содржината на концептот да не биде резултат на следење на некаква апстрактна идеја од теоријата туку базирано на вредноста на создадените дела. Би укажал на следните остварувања: Никола Радуловиќ („Книгата на Склавин“), Зоран Шекеров („Титоизам; помеѓу носталгија и желба“), Игор Таневски („Релацијата помеѓу можностите на
љубовта“), Дарко Алексовски („Пеперутки фатени нежно“), Ана Лазаревска („Пронаоѓање на единство во место на константна дуалност“), Ана Јовановска со инценираниот домашен амбиент итн. Насловот на изложбата „Сè што ни е заедничко“, што опфаќа дела од повеќе автори од соседните земји, има општ карактер и малку конкретна поврзаност со изложените дела. Изложбата делува попречистено додека уметниците од странските земји, како и дел од нашите се познати како учесници на селектирани изложби во други центри. Во просторот доминира ред и прегледност со континуирано емитување на репетирани звуци и зборови кои со својата придушеност и монотонија потсетуваат на некое многу порано организирано Венециско биенале. Се издвои песната на детскиот хор „Колибри“од бивша Југославија, претставен визуелно на три вертикални паноа на авторката Ана Адамовиќ. Подиректен впечаток ми остави просторниот колаж составен од проекти на градот изработени по 1962 година на минатиот век и од подгорени листови кои преживеале пожар или друга непогода. Уништените материјали, што ги изложи Јане Чаловски го поставуваат прашањето на минливоста како и за грижливо чување на материјали кои сведочат и по нив се чита и препознава идентитетот на една култура и нација. Посебен впечаток ми остави насликаното платно, единствено 25 мај 2018
ПОРТА
59
на изложбата на Билјана Ѓурѓевиќ. Станува збор на фигура на старец , со затворени очи и изнемоштен, ставен во количка од продажен центар насликан во стеснет клинички студен простор со плочки каде што висат црни каиши. На прецизен начин претставена е состојба на малку живот, но повеќе со здив на смрт што создава подалечно сеќавање на Ван Гог, како и на Жил Делез кој по повод сликарството на Френсис Бејкн забележал дека секоја фигура е „акумулиран“, „коагулиран“ впечаток (израз кој го употребил Сезан). На изложбата се застапени дела на познатите автори и авторки: Маја Бајевиќ, Шејла Камериќ, Албан Муја, Ахмет Огут, Мариа Пападимитриу, Рената Пољак, Анри Сала, Флака Халити, Ибро Хасановиќ, Иштван Ист Хузјан, како и на Жанета Вангели, Велимир Жерновски, Христина Иваноска, Славица Јанешлиева и Ѓорѓе Јовановиќ. Покрај одделни примери на ланд арт и на објектна уметност вниманието го привлекува низата „кабини“ во кои се одвива претставување на видеодела со различна тематика. Тоа се творби проследени со текст и опис, со карактеристики на контролирани или естетизирани форми на претставување одбрани „сцени од животот“ во кои се следат елементи на „сопствена сликовна логика“ (израз на Б. Бем). Повторувањето на сегменти од нарацијата и звуци создава впечаток на монотонија на воедначеност што го предизвикува медиумскиот филтер. Не постои напнатост меѓу сцените од суровата стварност и медиумската проекција, при што постои степен на тага и
60
ПОРТА
25 мај 2018
убавина, на дистанцираност и општо познати симболи на притаен немир. Поголем предизвик на моменти може да биде самиот чин на приоѓање и влез во полутемната просторија. Уште неколку моменти од ликовниот живот во нашата туѓа средина. Само прашање е како е можно еден да гради, а друг да руши?! Зошто имаше неспоредливо побројна публика на изложбата на сликарот Петар Мазев (кој почина во 1993 година, на други познати сликари како и на Блаже Конески) отколку на изложби од овој тип за кои се вели дека поуспешно кореспондираат со сензибилитетот на денешниот човек?! На ѕидовите на Архитектонско-градежниот факултет се испишани или отпечатени следните вербални и сликовни графити,одлево надесно:„Улица зелка“,
„Студентски пленум“, „Шарена револуција“, потоа „Еден бубрег-еден семестар“ и на крајот лик на поетот „Караманов протестира“ итн. Факт е дека не успеавме да пронајдеме техника со која би ја неутрализирале омразата и загадувањето од секаков вид. Големиот Блаже Конески, од некои вистински џуџиња наречен „џуџето“ од Небрегово видовито ќе ги испее следните стихови: „Штом бунтот ќе го изобличи власта Бунтовникот за почести се граба“ (од песната „Че Гевара“) „Ќе дојде време на лажни пророци Што божем во наше име Ќе ве збираат по плоштадите, Ќе креваат врева до небеси Ќе се бувтаат во градите Немојте да им верувате! (од песната „Лажни пророци“ (по евангелието)
ПОРТА
уметност
ФРАНТИШЕК КУПКА ВО „ГРАН ПАЛЕ“, ПАРИЗ
Купка, поет на боите! Дејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз)
Ретроспективната изложба на делата на Франтишек Купка во „Гран Пале“ претставува одлична можност да се види и разбере зошто овој чешки сликар се вбројува меѓу татковците на апстракцијата заедно со Василиј Кандински, Џино Северини, Пит Мондриан, Казимир Малевич, Огист Ербан и Роберт Деланеј
А
ко се видат реалистично насликаните дела на младиот Франтишек Купка (1871-1957) исполнети со историски сцени и патриотски теми, тешко кој можел да предвиди дека само неколку децении подоцна, овој чешки сликар ќе биде еден од пионерите на раната апстрактна уметност и кубизмот (орфизмот). Во суштина, ова важи за речиси сите оние модернисти кои ја измениле класичната уметност на почетокот на 20 век и ја одвеле во различни непредвидливи визуелни и теориски правци и состојби. ПИОНЕР Овој чешки зачетник на апстрактното сликарство, во овој период е претставен со голема ретроспективна изложба во „Гран Пале“ во Париз, насловена „Купка: Пионерот на апстракција (1871-1957)“. На
ПОРТА
изложбата може да се видат околу 300 дела кои го претставуваат целиот сликарски развој на Купка. Како врвен сликар и графичар, тој во својот опус тргнал од реализмот и на крајот завршил во потполна апстракција. Поголемиот дел од својот живот го поминал во Франција. Тој исто така бил графичар-илустратор, а неговото дело е дел од чешката и светската графичка уметност. Франтишек Купка е роден во 1871 година во Опочно, во тогашна Бохемија, денешна Република Чешка. Тој бил роден како петто дете на административен работник во Општината Опочно. Тој уште како дете бил многу талентиран во сликарството и тоа
било забележано од нивен семеен пријател кој го испратил најпрво во занаетчиско училиште во Јаромеж во 1886 година. Помеѓу 1889 и 1892 година, тој почнал да студира на Академијата за уметност во Прага и во тоа време сликал историски и патриотски сцени. Во 1892 година, тој го продолжил своето школување на Академијата за изведувачки уметности во Виена, каде што во целост се фокусирал на симболични и алегорни теми, што било во согласност со тогашните тенденции на сецесијата. Тој во 1894 година изложувал во Kunstverein во Виена, и оттогаш започнал неговиот интерес за источната филозофија и теозофија. ПАРИЗ Како и за многу визионерски уметници од тоа време, клучен потег за Купка била преселбата во Париз, каде што во пролетта 1894 година тој ги продолжил понатамошните студии во сликарството. Најпрвин кратко ја посетувал Académie Julian, а потоа заедно со неговиот колега Jean-Pierre Laurens и славната École des Beaux-Arts. Во тој период, Купка работел како илустратор на корици за книги и за постери, а во првите години од својот живот во Париз, тој станал познат преку неговите сатирични цртежи за весници и списанија. ФУТУРИЗАМ Во 1906 година, тој се преселил во Puteaux, предградие на Париз, каде што и починал на 24 јуни 1957 година. Инаку, во 1906 година, тој изложувал за првпат и во Салонот на независни. Следната пресвртна точка во неговото уметничко формирање била „контактот“ со првиот футуристички манифест, кој бил објавен во 1909 година во весникот „Фигаро“. Во следните две години, неговите слики сè повеќе се приближувале кон апстракцијата, во која тој наоѓал одговори за неговата теорија за движењето и боите и за врската помеѓу музиката и сликарството (т.н. орфизам). Така, неговата слика од 1909 година „Пијано тастатура/Езеро“ означила пресвртница и раскин со неговиот реалистичен стил, односно неговото сликарство станало сосема апстрактно околу 1910/1911 година. „Креативната моќ на уметникот се манифестира само ако тој успее да трансформира природен феномен во „друга стварност“. Овој дел од ПОРТА
креативниот процес како самостоен елемент кога е свесен и остварлив, ја означува можноста за создавање на слики“, сметал тој. Во 1912 година во Салон на независни, тој изложувал заедно со кубистите, иако тој не сакал да се идентификува со кое било уметничко движење. ПРВА СВЕТСКА ВОЈНА Во 1914 година доброволно заминал на фронтот и во битката на реката Aisne во северна Франција бил ранет и добил одликување, а за неговите заслуги му бил доделен чин капетан. Тој помагал во организирање на чехословачки легии во Франција и по враќањето во Париз, тој ја основал т.н. Чешка колонија, чиј претседател бил. По војната, тој бил назначен за професор на Академијата за ликовни уметности во Прага каде што предавал во 1920 година. Потоа предавал и во Париз, каде што ги подучувал чехословачките стипендисти. Теоретската книга „Создавање пластична уметност“, Купка ја завршил во 1913 година и ја објавил во Прага во 1923 година. Купка за првпат самостојно излагал во 1921 година во Париз во галеријата Povolozky. Во 1936 година, негово дело било вклучено во изложбата Cubism and Abstract Art во Музејот на современа уметност во Њујорк. Потоа, тој исто така, излагал и со тогаш мошне славниот чешки сликар Алфонс Муха во галеријата Jeu de Paume во Париз. Голема ретроспективна изложба му била организирана во Galerie Mánes во Прага во 1946 година и имал неколку самостојни изложби во педесеттите години на минатиот век во Њујорк. Помеѓу 1919 и 1938 година, Купка бил финансиран и поддржан од неговиот добар пријател, уметнички колекционер и индустријалец Jindřich Waldes, кој главно станал и сопственик на повеќето дела на Купка. ОСЛОБОДУВАЊЕ НА БОИ Целото творештво на Франтишек Купка во својот финален изглед се создавало од почетниот описен реализам низ влијанијата на уметничките тенденции кои биле на залез, кон конечниот настап на 64
ПОРТА
25 мај 2018
апстракцијата која кај него имала специфичен израз и законитост. Купка преку апстрактното сликарство ја развивал темата за движење. На почетокот, тој имал во своите нефигуративни слики и натаму „реални подлоги“, сè додека не дошол до „чистата апстракција“. Важен елемент бил неговиот однос кон музиката, кој го водел до формирање на орфизмот. Купка, исто така, покрај движењето, најмногу го интересирале боите, а начинот на нивното физичко толкување и перципирање, го довеле во 1910 година тој да почне да развива свој сопствен круг на бои, притоа користејќи го и прилагодувајќи го делото на научниците Исак Њутн и Херман фон Хелмхолц. Оваа студија резултирала со низа слики што Купка ги нарекол „Плочи на Њутн“ (1911-1912). Купка бил особено заинтересиран да ги ослободи боите од нивната дескриптивна улога. Неговата работа на ова поле особено влијаела на Роберт Деланеј. Во Јапонија во 1994 година бил организиран голем преглед на неговата уметност, додека во 1998 година, во Прага, била
организирана ретроспективна изложба на Купка во Националната галерија. Изложбата „Купка: Пионер на апстракцијата“ во „Гран Пале“ е организирана во соработка со Центарот Помпиду во Париз, Националната галерија во Прага и Музејот Ateneum во Хелсинки. Изложбата е отворена до 30 јули. 25 мај 2018
ПОРТА
65
SONICBOARD Ɂɚ ɧɨɜ ɩɨɜɢɫɨɤ ɠɢɜɨɬɟɧ ɤɨɦɮɨɪ 6RQLFERDUG ɟ ɩɨɫɥɟɞɧɚɬɚ ɧɨɜɨɫɬ ɨɞ Ʉɧɚɭɮ ɩɪɨɢɡɜɨɞɫɬɜɨɬɨ ɜɨ Ⱦɟɛɚɪ ɬɟɲɤɚ ɝɢɩɫɟɧɚ ɩɥɨɱɚ ɫɨ ɤɨɧɬɪɨɥɢɪɚɧɚ ɝɭɫɬɢɧɚ ɨɞ ɬɢɩ ' ɫɩɨɪɟɞ ɆɄɋ (1 ɤɨʁɚ ɜɨ ɫɟɤɨʁ Ʉɧɚɭɮ ɫɢɫɬɟɦ ɜɨ ɤɨʁɚ ɭɱɟɫɬɜɭɜɚ ɞɨɧɟɫɭɜɚ ɩɨɜɢɫɨɤɚ ɡɜɭɱɧɚ ɢɡɨɥɚɰɢʁɚ ɂɫɤɨɪɢɫɬɟɬɟ ʁɚ ɜɨ ɩɪɟɝɪɚɞɧɢ ɾɢɞɨɜɢ ɜɨ ɫɬɚɧɨɜɢ ɡɚ ɡɚɲɬɢɬɚ ɧɚ ɫɩɚɥɧɚɬɚ ɫɨɛɚ ɨɞ ɡɜɭɰɢɬɟ ɤɨɢ ɞɨɚɼɚɚɬ ɨɞ ɞɧɟɜɧɚɬɚ ɩɨɦɟɼɭ ɫɬɚɧɨɜɢ ɤɚɤɨ ɡɚɲɬɢɬɚ ɧɚ ɫɜɨʁɚɬɚ ɢ ɩɪɢɜɚɬɧɨɫɬɚ ɧɚ ɫɨɫɟɞɢɬɟ ɤɚɤɨ ɾɢɞɧɚ ɨɛɥɨɝɚ ɡɚ ɫɚɧɚɰɢʁɚ ɧɚ ɫɥɚɛɚ ɡɜɭɱɧɚ ɡɚɲɬɢɬɚ ɜɨ ɫɩɭɲɬɟɧɢ ɬɚɜɚɧɢ ɤɨɢ ɬɪɟɛɚ ɞɚ ɧp ɡɚɲɬɢɬɚɬ ɨɞ ɱɟɤɨɪɢɬɟ ɧɚ ɝɨɪɧɢɬɟ ɫɨɫɟɞɢ ɜɨ ɾɢɞɨɬ ɤɨɧ ɛɚʃɚɬɚ ɡɚ ɞɚ ɫɟ ɡɚɲɬɢɬɢɦɟ ɨɞ ɲɭɦɨɬ ɢ ɡɜɭɤɨɬ ɧɚ ɜɨɞɚɬɚ ɢɬɧ ɂɫɬɢɬɟ ɫɢɫɬɟɦɢ ɢɫɬɚɬɚ ɩɨɬɤɨɧɫɬɪɭɤɰɢʁɚ ɢɡɨɥɚɰɢʁɚ ɢɫɬɢɬɟ ɢɫɤɭɫɧɢ ɪɚɰɟ ɧɚ ɦɨɧɬɟɪɢɬɟ ɢ Ʉɧɚɭɮ 6RQLFERDUG ɡɚ ɫɨɫɟɦɚ ɧɨɜ ɩɨɜɢɫɨɤ ɠɢɜɨɬɟɧ ɤɨɦɮɨɪ
621,&%2$5' ПОРТА
621,&%2$5'
ПОРТА