ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
271
АВГУСТ 2018
Прирачник за намалување на ризиците Од напуштен железнички коридор до омилена зелена патека за парижаните (Не)реализирана утопија на една држава и нејзиниот народ
90 ДЕНАРИ
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ
ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
ПОРТА
ГОДИНА XII
БРОЈ 271 ПЕТОК 31.8.2018 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Во њујоршката МоМА се отвори изложбата „Toward a Concrete Utopia - Architecture in Yugoslavia 1948-1980“, наслов кој е двосмислен, но не саркастичен, може да значи и бетонска и конкретна утопија, а двата поима заедно може да претставуваат реализирана утопија која вистински ја живееше една цела држава и нејзиниот народ. Во овој број на Порта 3 имаме интервју со кураторите на изложбата од Македонија, архитектите Владимир Десков, Ана ИвановскаДескова и Јован Ивановски. На темата ангажирана уметност во различни насоки работеле уметници од различни генерации, кои биле независно творечки мотивирани, но исто така и по некој друг повод и детерминираност. Висока ангажираност може да биде и една автентична реакција против силно изразената потрошувачка (примитивна како и сè друго) како и материјалистичка култура на „новите диви“ кои не бираат средства за брзо богатење. Проектот „Променада Планте“ во Париз претставува храбар и визионерски план за регенерација на маргинализирани простори во развојни проекти и е пример како идејата за обнова преминува во врвен креативен
резултат од страна на градските власти, архитектите, пејзажните архитекти, инженерите, дизајнерите и самата заедница. Овој поранешен напуштен железнички коридор сега е омилена зелена патека за парижаните. Свеста за собирање, селектирање и рециклирање на отпадот во Македонија од година во година расте. Стаклото сè повеќе го снемува од депониите, се селектира и 100 отсто се преработува и што е најважно притоа не го губи квалитетот и се користи како вредна суровина за производство на нова стаклена амбалажа. Во Црна Гора привршува изградбата на приоритетната делница од новиот автопат. Колку е специфичен теренот на автопатот говори и податокот дека на должина од 41 километар автопатот од 63 метри надморска висина кај Смоквац, кај Матешево се качува на висина од преку 1100 метри. Порта 3 во наредните броеви во неколку продолженија ќе ви ги претстави FIDIC- договорите чија суштина се состои во пропишување стандардизирани модели на договори за различни типови инвестициски проекти, договори во кои ризиците за проектите се намалени, а интересите на сите учесници во проектот заштитени.
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ новинар: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница ГЕНЕКС БЕЛГРАД, СРБИЈА
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
271 АВГУСТ 2018
Прирачник за намалување на ризиците Од напуштен железнички коридор до омилена зелена патека за парижаните (Не)реализирана утопија на една држава и нејзиниот народ
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж.
90 ДЕНАРИ
ОД РЕДАКЦИЈАТА
Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.
ГРАДЕЖНИШТВО 6
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје
ПРИРАЧНИК ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИЦИТЕ
АРХИТЕКТУРА 18 ПРИЈАТНА И ОРГАНИЗИРАНА СРЕДИНА ЗА РАБОТА
АРХИТЕКТУРА 24 (НЕ)РЕАЛИЗИРАНА УТОПИЈА НА ЕДНА ДРЖАВА И НЕЈЗИНИОТ НАРОД
АРХИТЕКТУРА 30 НЕ ПОСТОЈАТ СТАНДАРДИ ЗА ПРОЕКТИРАЊЕ НА ОБЈЕКТИ ЗА АУТИСТИЧНИ ПОТРЕБИ
24 30
34
ЕКСПЕРТ 34
ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 38 СКОПСКИОТ ЗЕМЈОТРЕС ПОБУДИЛ ВИСОКО НИВО НА ЈАВНА СВЕСТ
ЕКОЛОГИЈА 42 УМЕТНОСТ 54 РЕАЛНА МОЌ И КИЧ РЕАЛИЗАЦИИ
РЕПОРТАЖА 58 ОД НАПУШТЕН ЖЕЛЕЗНИЧКИ КОРИДОР ДО ОМИЛЕНА ЗЕЛЕНА ПАТЕКА ЗА ПАРИЖАНИТЕ
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
АРХИТЕКТУРА ОД БАЈКИТЕ
ОТПАДНОТО СТАКЛО СÈ ПОМАЛКУ Е ЃУБРЕ
соработници: Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (Србија) Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Филип ФИЛИПОСКИ
54
58
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 30.8.2018 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
градежништво
Прирачник за намалување на ризиците FIDIC е „одговорен“ за производство на едни од најупотребуваните стандардни форми на договори за интернационални градежни проекти во светот. Клучот за успехот на овие договори во интернационални рамки е во балансираниот пристап кон улогите и одговорноста и обврските на главните страни на договорите, како и алокацијата и менаџирањето на ризиците
Денис РИЗАОВ, член на Управен одбор на Асоцијацијата на инженери консултанти на Македонија – АЦЕМА
П
орта 3 во наредните броеви во неколку продолженија ќе ви ги претстави FIDIC- договорите. Суштината на FIDIC се состои во пропишување стандардизирани модели на договори за различни типови инвестициски проекти, договори во кои ризиците за проектите се намалени, а интересите на сите учесниците во проектот заштитени. Fédération Internationale des IngénieursConseils (FIDIC) е организација основана во 1913 година од Франција, Белгија и Швајцарија. Велика Британија се приклучила на организацијата во 1949 година. Денес членки на FIDIC се 97 земји, 60.000 градежни компании и над 1.500.000 професионалци. Од неодамна и
6
ПОРТА
31 август 2018
Асоцијацијата на инженери консултанти на Македонија – АЦЕМА е членка на FIDIC, како и членка набљудувач на Европската федерација на асоцијациите на инженери консултанти – EFCA со седиште во Брисел, која е единствена европска федерација на асоцијациите на инженери консултанти во Европа. Во моментов таа претставува 26 професионални асоцијации од 26 европски земји и е официјален претставник на FIDIC во Европа. Индустријата на инженери консултанти на „стариот континент“ вработува околу еден милион професионалци и генерира повеќе од 150 милиони евра годишен обрт на средства. FIDIC е „одговорен“ за производство на едни од најупотребуваните стандардни форми на договори за интернационални градежни проекти во светот. Клучот за успехот на овие договори во интернационални рамки е во балансираниот пристап кон улогите и одговорноста и обврските на главните страни на договорите, како и алокацијата и
менаџирањето на ризиците. Условите на договорите за изградба кои ги публикува ФИДИК се базирани на тоа кој го изработува проектот врз основа на кој треба да се изведат работите, а меѓу корисниците популарно се познаваат по бојата на кориците. FIDIC првото интернационално издание на условите на Договорот за изградба го публикува во август 1957 година. Со оглед на бојата на кориците ова издание понатаму се препознава како „Црвена книга“, чии услови се базирани на изведбен проект доставен до изведувачот од страна на инвеститорот. „Црвената книга“ е најсоодветна за градежни работи и изградба на инфраструктурни проекти како патишта, автопатишта, мостови, брани, тунели и пречистителни станици согласно изведбениот проект доставен од страна на инвеститорот. Но, овие услови не се покажале соодветни за изградба на инсталации и механички работи од што произлегло првото издание на „Жолтата книга“ во 1963 година за
КРАТКА ИСТОРИЈА НА FIDIC механички и инженерски работи. Второто издание е објавено во 1980 година. И Црвената и Жолтата книга се ревидирани од FIDIC во 1987. Новите изданија се објавени во 1987 година. Клучниот момент на овие изданија на Црвената книга е запознавањето со фактот дека надзорот треба да делува независно кога носи одлуки или презема мерки кои може да влијаат на договорните страни. Иако, за ова се зборува и во изданијата на условите на договорите на ФИДИК од 1999 година, изданието на FIDIC Црвената книга од 1987 година, сè уште е договор кој има најголема примена при изградба на објекти на Средниот Исток, односно Обединетите Арапски Емирати. Во 1995 година, се објави сосема ново издание (познато како Портокалова книга), која е наменета за проектирање и изградба по принципот „клуч на рака“. Со ова издание надзорот се исклучува целосно и се предвидува постоење на претставник на инвеститорот кој, кога одлучува за вредност, цени и продолжување на рок, мора да одлучува фер, разумно и во согласност со договорот. НОВИТЕ FIDIC-ДОГОВОРИ 1999 Во 1994 година ФИДИК формираше работни групи за надоградување на Црвената и Жолтата книга во светло на достигнувањата на интернационалната градежна индустрија, вклучувајќи и развој на Портокаловата книга. Главните прашања ги вклучуваа: (i) Улогата на надзорот и посебно барањето тој да делува независно во услови кога е вработен и платен од инвеститорот; (ii) Желбата за стандардизација со ФИДИКформите на договорите; (iii) Поедноставување на формите на ФИДИКдоговорите во насока на фактот што истите се објавени на англиски јазик, но најмногу се
користат во земји каде англискиот јазик не е основа на официјалниот јазик; (iv) Новите книги да бидат компатибилни за употреба и во правните системи кои се засноваат на обичајно право (common law) како и во правните системи кои се засноваат на континентално право (civil law jurisdictions). Ова доведе до публикација на четири нови договори во 1999 година: (i) Conditions of Contract for Construction for Building and Engineering Works Designed by the Employer: The Construction Contract (the new Red Book) – Услови на договор за изградба и градежни работи проектирани од инвеститорот: Договор за градење (новата Црвена книга); (ii) Conditions of Contract for Plant and DesignBuild for Electrical and Mechanical Plant and for Building and Engineering Works, Designed by the Contractor The Plant and Design/Build Contract (the new Yellow Book) – Услови на Договор за опрема и проектирање – изградба на електрични и механички објекти и за изградба на електрични работи, проектирани од изведувачот (новата Жолта книга); (iii) Conditions of Contract for EPC/Turnkey Projects: the EPC Turnkey Contract (the Silver Book) - Услови на Договор за изградба клуч на рака (Сребрена книга); (iv) A short form of contract (the Green Book) – Кратка форма на договор (Зелена книга);. Содржина на условите на ФИДИКдоговорите од 1999 година Новите ФИДИК-форми на договори од 1999 година имаат 20 клаузули кои се поделени по поглавја. Клаузула 2 се однесува на инвеститорот. Има две интересни подклаузули. Првата е 2.4 според која инвеститорот, пред започнување
на изградбата, е должен да достави докази до изведувачот дека обезбедил соодветни финансии со кои ќе му плати на изведувачот за изградбата. Покрај ова, инвеститорот е должен согласно оваа подклаузула да обезбеди и доставува редовно докази дека за цело време на изградбата има пристап до финансии за исплата на извршените работи. Инвеститорот не смее без согласност на изведувачот да ги менува аранжманите и договорите склучени за обезбедување на финансиските средства потребни за изградба. Доколку инвеститорот не успее да обезбеди вакви докази, изведувачот може да го намали темпото на работи или да ги суспендира работите, додека не добие разумни докази дека инвеститорот има пари да плати за изградбата. Ова е сосема нова одредба во изданијата од 1999 година и обезбедува механизам каде што изведувачот може да обезбеди потврда дека инвеститорот има обезбедено доволно пари за да ја плати изградбата, вклучувајќи и ситуација кога во тек на изградбата постојат големи измени, кои имаат големи влијанија на цената за изградба. Инвеститорот и за тие измени мора да достави разумни докази до изведувачот дека има на располагање средства со кои ќе плати за изведување на истите. Второ, воведена е и нова подклаузула 2.5, според која, доколку инвеститорот смета дека има право на какво било плаќање по која било клаузула од договорот или на друг начин во врска со договорот, може да достави побарување – claim за истото. Клаузула 3 се однесува на надзорот. Има една значајна измена во однос на изданието од 1987. Со новотo издание од 1999 година, се наведува дека секогаш кога надзорот ги извршува работите, специфицирани во договорот, надзорот ќе се смета дека делува во име на инвеститорот. Согласно подклаузулата 3.5, предвидено е дека надзорот ќе се консултира со секоја страна, пред да донесе одлука, со цел да се постигне договор. Доколку договор не може да се постигне, надзорот ќе донесе фер одлука во согласност на договорот, имајќи ги предвид сите релевантни околности. Клаузулата 4 е најдолга и ги покрива генералните одговорности на изведувачот, вклучувајќи и ситуација кога изведувачот и ќе проектира. Клаузулата 6 и 7 се однесува на персоналот, опремата, материјалите и работната сила. Клаузулата 6 има посебно значење за персоналот на изведувачот. Изведувачот нема само обврска да ангажира персонал и работна сила, туку и да обезбеди соодветни аранжмани за истите согласно важечките закони, плати, сместувања, исхрана, безбедност и здравје при работа и друго. 31 август 2018
ПОРТА
7
Клаузулата 8 се однесува на започнување, доцнења и суспензија. Подклаузулата 8.3 уредува правила според кои изведувачот треба да изготви програми со кои предлага како ќе ги изведува работите. На пример, програмата мора да биде поддржана со извештај кој ги опишува методологиите и методите кои изведувачот ќе ги применува. Клаузулата 8.4 за продолжувањата на рокот за изградба е јасна: Изведувачот ќе има право на продолжување на рокот за изградба доколку изградбата, односно комплетирањето на работите е или ќе биде одложено од наведените причини. Подклаузулата 8.7 ги уредува пеналите за доцнење со изградба. За да може инвеститорот да ги наплати мора да ја следи процедурата согласно подклаузулата 2.5 на договорот. Клаузулата 13 се однесува на регулирање на измените во тек на градба, односно варијациите. Без разлика на истите, доколку изведувачот извести дека не може да ги набави бараните добра потребни за измените кои ги бара инвеститорот, односно надзорот, варијациите во тој случај не се обврзувачки. Договорната цена и начинот на плаќање се уредени со клаузулата 14 на договорот. Клаузулите 15 и 16 го регулираат раскинувањето на договорот од страна на инвеститорот и суспензија и раскинување на договорот од страна на изведувачот. Клаузулата 17 ја регулира поделбата на ризикот и одговорностите помеѓу договорните страни. Новина во клаузулата 17 е уредување на лимит на одговорност на договорните страни. Клаузулата 19 регулира виша сила, која може да се применува и во земјите со common law и civil law. На крајот, клаузулата 20 ги регулира побарувањата – claims. ХАРМОНИЗИРАНО ИЗДАНИЕ НА НОВАТА ЦРВЕНА КНИГА Хармонизираното издание на ФИДИК Црвената книга еволуираше од фактот дека светските банкарски системи тежнееја да ги прифатат условите на ФИДИК-договорите како нивни стандардни тендерски документи. Но, правејќи го ова, банките направија измени на договорите. Овие измени се разликуваат од стандардните услови на ФИДИК-договорите. Ова резултираше со издавање на „Хармонизирано издание“ кое е производ на
ПОРТА
комитетите на ФИДИК и работни групи на светските банки кои учествуваа. Првото хармонизирано издание на Условите на Црвената книга од 1999 година, беше објавено во мај 2005 година, а потоа изменето во март 2006 година, а ново издание се издаде во 2010 година. Хармонизираното издание, меѓу корисниците е познато како „Розова книга“, по бојата на кориците. Постојат одредени разлики меѓу стандардните услови на ФИДИК-договорите и хармонизираното издание, од кои највпечатливи се измените на клаузулата 3 со кои се додава дополнителна подклаузула според која надзорот мора да обезбеди специфично одобрение од инвеститорот пред преземање на која било активност согласно подклаузулите кои се однесуваат на продолжување на рокот за изградба, издавање на варијација, одобрување на предлогваријација, дефинирање на износ кој е наплатлив согласно применливите валути на плаќање итн. Изведувачите ширум светот тврдат дека ова се најконтроверзните измени бидејќи истите при примена во различни јурисдикции се покажаа како отежнување на работите за изведувачите. Согласно изданијата на ФИДИК од 1999
година, инвеститорот не може да го промени авторитетот на надзорот без согласност на изведувачот, а со хармонизираното издание е наведено дека инвеститорот има право да го промени авторитетот на надзорот, но за тоа мора само да го информира изведувачот. Од гледиште на изведувачите, ова е ретрограден чекор кој дозволува еднострана измена на авторитетот на надзорот. Европското здружение на интернационални изведувачи – EIC, како и други реномирани здруженија, правници и инженери го критикуваа ова „хармонизирано издание“, како тешко спроведливо во пракса и главоболка за изведувачите, бидејќи го нарушува балансот на ризикот помеѓу договорните страни и повеќе личи на изданието на ФИДИК „Сребрена книга“ – клуч на рака, каде скоро сите ризици се на страна на изведувачот, отколку на изданието на Црвената книга на ФИДИК од 1999 година. ФИДИК во декември 2017 година на конференцијата во Лондон, објави нови изданија на Црвената, Жолтата и Сребрената книга. За овие изданија се водеше голема расправа и во комитетите и во работните групи на ФИДИК, но и на социјалните мрежи. Во наредните неколку изданија на ова стручно и реномирано списание ќе има повеќе за балансот на ризикот на изданијата од 1999 година, превентивни мерки кои се на располагање за враќање на нарушениот баланс на ризик, со посебен осврт на Црвената и Жолтата книга од 1999 година, како најупотребувани, при изградбата на значајни инфраструктурни објекти во земјава и регионот, со практични искуства од реномирани домашни и светски стручни лица.
ПОРТА
инфо
НОВ АВТОПАТ ВО ЦРНА ГОРА
Привршува изградбата на приоритетната делница Колку е специфичен теренот на автопатот говори и податокот дека на должина од 41 километар автопатот од 63 метри надморска висина кај Смоквац, кај Матешево се качува на висина од преку 1100 метри
В
ладата на Црна Гора во 2014 година потпиша договор со кинеската компанија CRBC (China Road and Bridge Corporation) за изградба на автопатот Бар – Бољаре. Владејачкото мнозинство кон крајот на 2014 година изгласа Закон за автопат Бар-Бољаре. Во 2015 година отпочна изградбата на автопатот, кој е планирано да биде завршен во 2019 година. Овој автопат е дел од автопатот Белград – Бар. Просечната дневна фреквенција на сообраќај на магистралниот пат Белград – Бар изнесува помеѓу 5,1 и 8,3 илјади возила, додека во сезона таа бројка надминува и 20 илјади. Планираната должина на автопатот Бар – Бољаре на кој ќе има 48 тунели и 107 мостови и вијадукти е 167,2 километри. Во моментов привршува изградбата на приоритетната Делница 3, Смоквац – Увач – Матешево. Делницата е со должина од 41 километар, а на неа се предвидени 45 мостови и вијадукти и 32 тунела.
10
ПОРТА
31 август 2018
Колку е специфичен теренот на автопатот говори и податокот дека на должина од 41 км од 63 метра надморска висина кај Смоквац автопатот кај Матешево се качува на висина од преку 1100 метри. Проектираната брзина на оваа делница е 100 км/час. Времето на патување помеѓу Подгорица и Колашин се скратува од сегашните 1 час и 30 минути на 25 минути. Договорената вредност на Делницата 3 изнесува 809.6 милиони евра и се финансира 85 % од кредит и 15 % од Владата на Црна Гора. Кредитните средства на 20 години, обезбедени се од кинеската банка Exim со каматна стапка од 2 % на годишно ниво и грејс период од шест години. Но на крајот оваа делница може да чини и 1.2 милијарди евра, откако претседателот на Комисијата за ревизија, професор Младен Улиќевиќ соопштил дека клучката кај Смоквац не била во идејниот проект, па не ни можела да биде опфатена со договорените 809.6 милиони евра за оваа делница. Тој навел дека во оваа цена нема ни трошоци за изградба на водоводни и електромрежи како и пристапни патишта до други клучки. МОСТ МОРАЧИЦА На оваа делница никнува и „чудо“. Тоа е грандиозниот мост „Морачица“, најобемниот објект на Делницата 3. Го премостува регионалниот пат Подгорица – Колашин, реката Морача и платото Морачица, по кое мостот и го добил името. Мостот е фасцинантен со своите пет столбови и е највисок мост во бивша Југославија. Мостот е со должина од 960 метри и со вкупна ширина од 23,4 метри. Висината на највисокиот столб изнесува 180 метри, заедно со темелот и конструкцијата, односно висината на самиот столб е 161,5 метри. Максималниот распон меѓу столбовите е 190 метри. Главниот проект за мостот го изработила кинеската компанија CRBC според идејниот проект на професор Младен Улиќевиќ, кој изјави дека основната идеја била мостот „Морачица“, иако грандиозен, да биде што поедноставен и на „безболен“ начин да се стопи со амбиентот. ТУНЕЛ ВЈЕТЕРНИК Пред околу еден месец пробиен е и тунелот Вјетерник со должина од 3.000 метри, еден од најсложените објекти на Делницата 3. Двете компании, „Бемакс“ од Подгорица од северна страна и кинеската CRBC, како главен изведувач од јужната страна се сретнале под карпите и заеднички го прославиле подвигот.
Вјетерник е само еден од 16 тунели на делницата од Смоквац до Матешево и најдолг. Поради конфигурацијата на теренот работата била отежната. На изведувачите проблем им претставувале подземните пештери, околу стотина. Шефот на Одделот за инженеринг на компанијата CRBC, Wang Xinwei изјавил: „ Додека го пробивавме тунелот наидовме на околу 100 пештери. Поради тоа моравме да ангажираме стручен тим од Кина кој успешно го реши проблемот“. Токму поради геолошката ситуација тунелот Вјетерник е најобемен објект. Левата должина на цевката на тунелот изнесува 3.039 метри, а десната 2852 метри. Средната должина на цевката е 2945.5 метри. Како главна корист од автопатот, Владата на Црна Гора наведува дека тој значително ќе ја зголеми безбедноста и ќе го намали бројот на несреќите, пред сè во кањонот Морача. Ќе го приближи северот на Црна Гора на централниот и јужниот дел, ќе ги поврзе пристаништата на Јадран со пристаништата на Дунав и ќе овозможи побрз проток на туристи. Но, изгледа дека во регионов имаме многу нешта заеднички, па и кога се автопатиштата во прашање, комплетноста на проектите и студијата за одржливост. Владата на Црна Гора вели дека патот е стратешка цел и дека ќе пружи долгорочна економска и општествена корист. Според неа автопатот ќе биде одржлив, но студија за одржливост никогаш не е објавена. И бидејќи никогаш не е сè онака како што изгледа, инженерот Иван Клековиќ, кој бил вклучен во проектот, подоцна објавил отворено писмо, опомена до парламентот на Црна Гора. Тој вели дека според вистинска, стручна студија за одржливост неопходен е промет од 22.000 до 25.000 возила дневно како би се оправдал автопатот. Денешната статистика укажува дека дневниот сообраќај на најпрометниот дел на патот од Подгорица до Бар изнесува помалку од 6.000 возила. Кинескиот кредит го зголемил јавниот долг и ја присилил Владата на Црна Гора да ги качи даноците, делумно замрзне платите во јавниот сектор и укине мајчиниот додаток. И покрај тоа се очекува долгот на земјата да се приближи на 80 % од БДП, а ММФ опоменува дека државата не може да си дозволи понатамошно задолжување за да го заврши автопатот. Во меѓувреме САД и Брисел не гледаат благонаклоно на кинеските вложувања во регионот. И тоа сè погласно и го кажуваат на земјата која е најновата членка на НАТО. 31 август 2018
ПОРТА
11
НАЈАВУВАМЕ: ПРВ ЗАЕДНИЧКИ БРОЈ НА
ПОРТА 3 и ПРЕСИНГ
ВО ПОСЛЕДНАТА НЕДЕЛА ОД СЕПТЕМВРИ l СО ТИРАЖ ОД 4.300 примероци l ДИСТРИБУИРАН ДО ИНЖЕНЕРСКАТА ФЕЛА (поединечно), во КОМПАНИИТЕ, ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА и ОПШТИНИТЕ l ИНТЕРЕСНИ ТЕМИ НА ПОВЕЌЕ ОД 100 страни l ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ЗА ВАША РЕКЛАМА (прием на решенијата до 20.09.) l
02 3109 311
12
ПОРТА
31 август 2018
l
porta3.mk
l
porta3@porta3.com.mk
ПОРТА
градежништво
Геотехнички истрaжувања за конзерваторско-реставраторски работи на Акрополот на Тврдината Исар во Штип
Изработил: Данче ТОДОРОВА, дипл. инж. геол.
Т
врдината Исар се наоѓа на доминантното возвишение помеѓу реките Брегалница и Отиња, со правец на простирање север-југ во должина од околу 350 m, а од коритото на Брегалница се издига на околу 100-150 m. Оваа тврдина потекнува од 14 век. Целосната површина во оквирот на градските ѕидини изнесува 16 600 m2. Највисоките делови на тврдината Исар опколени се со ѕидните платна кои ја следат конфигурацијата на теренот простирајќи се речиси по една иста изохипса, со висинска разлика помеѓу западната и источната страна од околу 15 метри. Јужната и северната половина на тврдината се разликуваат по концепцијата на утврденоста. Јужниот дел е изграден од широки и цврсти ѕидови кои во југозападниот дел се вовлекуваат еден во друг сливајќи се во целина на тврдината. Средишниот дел на западниот ѕид е најдобро сочуван и дел од него се одликува со најголема масивност, т.е. ширина до 2.70 метри. Издадениот северен дел од тврдината исто така има континуален ѕид. Главниот влез за наоѓал на источната страна спрема источното предградие каде се наоѓала и масивна кула која 14
ПОРТА
31 август 2018
делумно и денес е сочувана. Завод и Музеј на Град Штип покрена постапка за изведба конзерваторско-реставраторски работи на Акрополот на Тврдината Исар во Штип за чии потреби од страна ГЕИНГ КУК беа изработени геотехнички истражувања. Овие геотехнички истражувања
вклучуваа соодветен обем на истражни работи кои овозможуваат во доволна мера да се дефинира литолошката градба на теренот и неговите физичко механички карактеристики со цел стабилна конзервација и реконструкција на објектите на тврдината. За подетално прикажување на литолошкиот состав на локацијата, применети се следниве теренски истражни работи: инженерскогеолошко картирање на теренот, изведба на геофизички сеизмички испитувања, изведба и картирање на истражни бунари, картирање на отворени профили и земање оптимален број на непореметени, полупореметени и пореметени примероци од истражните бунари и отворените профили. На предметната локација изведени се вкупно 4 (четири) истражни бунари со поединечна длабочина од 1.00 ÷ 1.20 m’ изведени во рамките на делувијалните седименти и регистрирани се 4 (четири) отворени профили во рамките на цврсти карпести маси- Штипски гранити кои се протегаат по целата должина на тврдината. Истражните бунари се изведени со рачен ископ, додека од отворените профили се фотографирани и се земени примероци за испитувања на јакосните карактеристики на карпестите маси. Геофизичките истражувања се изведени со цел да се
дефинираат сеизмолошките карактеристики на теренот како и детерминирање на евентуалните локални демормации, аномалии и дисконтинуитети. Поточно со геофизичките истражувања е направен скениран литолошки столб на теренот во длабина а со што се регистрирани Vp и Vs брзините на слоевите како и нивната дебелина. Истражувањата се изведени со примена на сеизмички рефракциски профилирања. Изведени се 2 сеизмички профили, еден надолжен со должина од 80 и длабина од 20 m и еден попречен профил со должина од 64 m и длабина од 20 m. За интерпретација на податоците од истражувањата се користени податоци од постојните инженерско-геолошки истражувања. Со геофизичките истражувања е овозможено прелиминарно дефинирање на истражните профили и аквизација на податоците, поставен е распоред на истражните точки за генерирање на сеизмичка енергија, овозможување на процесирање на регистрираните податоци со колерација со регионалната геологија и деталната геологија на микролокацијата како и интерпретација на резултатите. Како резултат на геотехничките истражувања и испитувања и геофизичките истражувања направена е интерпретација на литологијата на теренот со дефинирање на слоевите, евентуалната појава и ниво на подземна вода, структурно – тектонските карактеристики, стабилност на теренот, неговите физичко – механички карактеристики како и јакосно – деформабилните карактеристики. Сумарно од сите изведени истражувања, испитувања и анализи може се добиe јасна слика за моменталнатата геотехничка состојба на теренот, како и квалитетна подлога за натамошни истражувања и испитувања и идни градежни активности – во конкретниот случај реални подлоги за Основен проект за конзерваторскореставраторски работи на Акрополот на Тврдината Исар во Штип.
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
архитектура
GENTHERM – ФАБРИКА ЗА ГРЕЈАЧИ ЗА СЕДИШТА ЗА АВТОМОБИЛИ, ТИРЗ АЛИНЦИ - ПРИЛЕП
Пријатна и организирана средина за работа
Современата фабрика со современа технологија е проектирана во 2015 година од проектантската куќа ДСЦ ДИЗАЈН – ДООЕЛ Скопје, а градена е од 2015 до 2018 година. Инвеститор е ГЕНТЕРМ Македонија ДООЕЛ Натка ЌОСЕВА, дипл. инж. арх.
К
омпанијата ГЕНТЕРМ е основана во 1991 година во Јужна Каролина со еден производен погон и истражувачки центар. Мотото на компанијата од основање па сè до денес е: ,,Работиме со најсовремени технологии и врвни производи, применуваме технологија до следното скалило“. Денес таа е една од водечките компании за управување со
18
ПОРТА
31 август 2018
топлина. Почнала со производство на термички електрични уреди за авијација, а во 1996 година го претставува новиот производ првото седиште за автомобили со греење и ладење базирано на нивната нова револуционерна термоелектрична технологија со што се овозможува поголем комфор во возилата. Компанијата од основање до денес расте со примена на иновации во термичката технологија, следејќи ги брзите промени и барањата на пазарот. Компанијата продолжува да
истражува, да произведува и да расте и денес има 13.000 вработени во производните погони во 13 земји во светот и тоа во САД, Европа и Азија. Во Република Македонија компанијата ГЕНТЕРМ изгради фабрика за производство на грејачи за седишта на автомобили во ТИРЗ Алинци - Прилеп. Целта на изградбата на оваа фабрика е развој на компанијата Гентерм и приближување на пазарот во Европа. Фабриката е проектирана во 2015 година од проектантската куќа ДСЦ ДИЗАЈН
– ДООЕЛ Скопје, а градена е од 2015 до 2018 година. Инвеститор е ГЕНТЕРМ Македонија ДООЕЛ. Локацијата на фабриката се наоѓа во Технолошко-развојната индустриска зона во Прилеп, Блок 6, КО Алинци. Површината на локацијата на која е изградена фабриката е П=37.497,00 м2. Вкупната изградена површина е П=22.000,00 м2. Според намената објектот спаѓа во категорија „Г“- објект за производство, трговија и сервиси односно „Г2“ лесна и
незагадувачка индустрија. Локацијата на ТИРЗ Прилеп КО Алинци како и фабриката на ГЕНТЕРМ се наоѓаат покрај експресниот пат Прилеп-Битола. Фабриката е проектирана и градена согласно барањата на инвеститорот ГЕНТЕРМ Македонија ДООЕЛ, важечката законска регулатива за ваков вид објекти во РМ и стандардите на компанијата кои важат во сите нивни фабрики. Врз основа на дадената функционална технолошка шема од страна на
инвеститорот за главните производни линии со нивна потребна површина и минимална висина и сите потребни комуникации во производниот погон и комуникациите со секундарните функции, магацини, енергетски блок и административен дел изработена е проектната документација за истиот. Дадено е барање за сите инсталации и енергетски потреби на објектот согласно технолошкиот процес за непречено одвивавње на производниот процес 24 часа 31 август 2018
ПОРТА
19
во денот. Дадено е и посебно барање, за да се нагласи архитектурата на административниот дел, а останатите простории и блокови да ги задоволат барањата за непречено одвивање на производниот процес со функционална едноставна архитектура. Во комплексот изградени се повеќе функционали целини поврзани меѓусебно и тоа производен погон со магацин за готови
ПОРТА
производи, магацин за суровини, енергетски блок, административен дел и портирница до главниот влез како посебен објект. Главниот влез во фабричкиот комплекс е од северозападната страна, улица 1 која е и главна сообраќајница во ТИРЗ Прилеп.Тоа е влез за сите вработени, за лесни коли, и дотур на производи за кујната и ресторанот. Контролата на главниот влез е преку портирница и со електронски и
видеонадзор. Уште еден влез е проектиран на североисточната страна од улица 2, а истиот се користи за влез на товарни возила и е контролиран само електронски и со видеонадзор. Паркирањето е решено во склоп на локацијата и тоа обезбедени се 10 паркинзи за товарни возила, 92 паркинзи за лесни возила и простор за паркирање велосипеди со П=160м2.
Основна функција на објектот е производство на грејачи за седишта за автомобили. Производниот процес се одвива во една производна хала, приземна со висина Н=8,0 м до под кровната конструкција. Површина на халата е П~9.000,00м2. Производната хала е во централниот дел на локацијата и целиот комплекс. Истата не е природно проветрена и осветлена. Тоа е затворен простор кој се осветлува и проветрува вештачки, а температурата се одржува постојано 22 оЦ во зима и 26 оЦ во лето. Производната хала е со минимален ред на столбови внатре заради непречено одвивање на процесот. Транспортот на суровини, готови производи и отпаден материјал се транспортира со виљушкари и транспортен воз „milk road“. Подот во производниот погон е епоксиден лиен под на кој се обележани правците на движење на транспортните средства. Конструкцијата на халата е со армиранобетонски столбови и челични решеткасти носачи врз кои е поставен кровниот покривач, сендвич панели, два лима со термоизолација меѓу нив.Фасадните ѕидови се исто така од панели со два лима и термоизолација меѓу нив, со ш=1,0 м и д=10 см. Магацинот за готови производи е во склоп на производната хала, но одделен е од неа со пожарен ѕид и пожарни роло врати 3,0/3,5 м со брзина на отворањезатворање 3 м/сек. Истиот има еден фасаден надворешен ѕид преку кој е поврзан со бетонска истоварна рампа. Магацинот за репроматеријали е посебен блок поврзан со магацинот за готови производи со една роло ПП врата 3/3,5 м со брзина на отворање 3 м/сек. Со пократката фасадна страна е поврзан со бетонска истоварна рампа. На југозападната страна, директно поврзан со магацинот за готови производи се наоѓа енергетскиот блок со П=430 м2. Во него е сместена целата опрема за снабдување на фабричкиот комплекс со потребна енергија како трафостаница, клима-комори, пумпи за спринклер системот за ПП-заштита. Непосредно до енергетскиот блок на отворено, сместени се подземни резервоари за нафта, надземен резервоар за вода за спринклер системот со зафатнина В=1.230 м3, чилери, дизел-агрегат и др. Во енергетскиот блок проектирана е и просторија за инженери од каде се следи целокупната потрошувачка на енергија во целиот комплекс, а исто и исправноста на сите вградени системи во објектот. Тоа е т.н. БМС (Building Management System).
За потребите од топла вода на рамниот кров на административниот објект поставени се соларни панели. Изградена е и пречистителна станица за отпадни води. Управувањето со отпадот е контролиран процес во целиот комплекс. Во склоп на енергетскиот блок е проектирана просторија за балирање и складирање на отпадот. Отпадот во производната хала се селектира во самата хала и се пренесува во оваа просторија каде се балира и складира. Отпадот се селектира по тип текстил, хартија, металжици, машинско масло, батерии и др. Одовде отпадот се носи во посебен простор на отворено кој служи за складирање отпад, а кој има површина во која може да се сместат 6 контејнери со зафатнина В=6 м3, 15 контејнери со тркалца и зафатнина В=1 м3 и преса за балирање стиропор.
Отпадот во сите останати простории во комплексот се собира селектиран во посебни корпи и канти и тоа посебно хартија, посебно пластика и посебно комунален отпад. Во склопот на фабричкиот комплекс проектиран е и блок за администрација и вработени. Овој блок е со катност П+1. Површината на административниот блок е П= 2.300 м2. На приземјето се сместени следните содржини: влезен хол, една училна за континуирана обука на вработените, гардероби и санитарии за вработените, кујна со трпезарија, а на катот се канцелариите и сали за состаноци. Гардеробите се димензионирани за вкупниот број на вработени, кои работат во три смени, додека санитариите се димензионирани спрема бројот на вработени во една смена. Односот на вработени мажи : жени е 30 % : 70 %.
ПОРТА
Вкупниот број на вработени во фабриката е 1.500 луѓе. Работат во три смени. Во административниот дел на приземјето е предвидена кујна и ресторан кој ќе ги опслужува сите вработени. Ресторанот е со П=369,50 м2 и во исто време може да прими 225 вработени. Ресторанот има топла врска со производната хала, администрацијата на првиот кат и влезниот хол. На катот се проектирани канцеларии за вработените, сали за состаноци, една мала училна за 8-10 луѓе, чајна кујна, санитарии за вработени и простории за раководството. Бројот и големината на канцелариите е во согласност со проектната програма и барањата на инвеститорот. Канцелариите од ходникот се преградени со стаклени ѕидови. Подот во администрацијата е линолеум во светлосива боја, а ѕидовите и плафоните се бели. Канцелариите се природно вентилирани и осветлени. Салите за состаноци и другите помошни простории се вештачки осветлени
ПОРТА
и вентилирани. Салите за состаноци визуелно, со фиксен прозорец, се поврзани со производната хала. Греењето и ладењето во административниот дел е со фенкојлери. Административниот блок e дизајниран како современа административна зграда и тој прв се гледа од главната улица и од главниот влез во фабричкиот комплекс. Во ентериерот на административниот блок преовладуваат исто така боите на ГЕНТЕРМ сино, портокалово и бело. Термичките барања за енергетски ефикасна фасада се температура од 22 о Ц зиме и 26 о Ц во лето. Административниот блок според изведените мерки за енергетска ефикасност е категоризиран во категорија Б. Непосредно до административниот блок поставена е настрешница, каде што вработените може да користат одмор на отворено или да пушат. Сите простории во фабричкиот комплекс зрачат со една пријатна и организирана средина за работа.
Секако вреди да се спомене и да се нагласи што го одвојува овој фабрички комлекс од другите објекти, пред сè функционалноста на целиот комплекс, кратките комуникации, задоволување на сите енергетски потреби за објектот, естетиката и едноставноста, начинот на работа и грижата за вработените, околината и екологијата. Фасадата е застаклена со повеќеслојно термопан стакло, а затворените ѕидни површини се обложени со панел од лим со термоизолација. За заштита од сонце поставени се алуминиумски жалузини, во боја како фасадата. Бојата на фасадата е во боите на ГЕНТЕРМ сино и портокалово, со нагласени коси елементи, портал кај главниот влез и настрешница во портокалова боја. Фасадата на административниот блок е изведена од компанијата Торакс од Скопје.
ПОРТА
архитектура
(Не)реализирана утопија на една држава и нејзиниот народ
ВИП отварање во дворот на МоМа Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.
За оваа значајна изложба разговараме со архитектите Владимир Десков, Ана Ивановска Дескова и Јован Ивановски, кои велат: „Откако историјата на „Западот“ е веќе напишана, денес во круговите на истражувачите сѐ повеќе расте интересот за помалку познатите и истражени подрачја“ 24
ПОРТА
ИЗЛОЖБАТА „TOWARD A CONCRETE UTOPIA - ARCHITECTURE IN YUGOSLAVIA 1948 -1980“, ВО ЊУЈОРШКАТА МоМА (1)
В
о њујоршката МоМА на 15 јули годинава се отвори изложбата „Toward a Concrete Utopia - Architecture in Yugoslavia 1948-1980“, наслов кој е двосмислен, но не саркастичен, може да значи и бетонска и конкретна утопија, а двата поими заедно може да претставуваат реализирана утопија која вистински ја живееше една цела држава и нејзиниот народ, Изложбата ќе трае до 13 јануари идната година и е прво опсежно излагање на архитектурата од подрачјето на поранешна Југославија во Соединетите Американски Држави. Ова е значајно за нас и затоа што нашата архитектура е претставена, вреднувана, а сме ја имале привилегијата да ја живееме, а некој од нас и да ја создаваат. Значајна е дека вреднува, но опасно и нè опоменува, каде бевме, а каде сме сега. За проектот кој е огромен по обем и организациски исклучително сложен, МоМА формира таканареченo кураторско советодавно тело (curatorial advisory board), во кое беа поканети десетина истражувачи од просторот на поранешна Југославија, кои веќе години наназад се занимаваат со собирање, истражување, толкување, вреднување..., а во некои случаи и извлекување од заборавот на вредните архитектонски реализации и нивната документација. Во ова тело од Македонија беа вклучени Владимир Десков, Ана Ивановска-Дескова и Јован Ивановски, архитектите со кои разговараме за оваа значајна изложба. Мартино Стиерли од 2015 година е главен кустос на Одделот за архитектура и дизајн на њујоршкиот Музеј на модерна уметност (МоМА). Но кој е всушност Мартино Стиерли? n Да, од март 2015 година Мартино Стиерли ja презема улогата на главен куратор на Филип Џонсон, Одделот за архитектура и дизајн во МоМА и е задолжен за широкa програмa на специјализирани изложби, инсталации, како и проширување на колекцијата на артефакти во сопственост на Одделот за архитектура и дизајн. Инаку Мартино Стиерли е швајцарец, историчар на архитектура и уметност кој студиите по историја на архитектура и уметност, како и германска и компаративна книжевност ги завршил на Универзитетот во Цирих во Швајцарија. Магистрирал во 2003 година и докторирал во 2008 година на ЕТХ во Цирих, каде подоцна работи како професор на Институтот за историја на уметност. Во едно свое интервју Стиерли вели дека во неговиот дел од светот за архитектурата создадена во поранешна Југославија многу малку се
Прес конференција: директорот на МоМА, Глен Лоури со кустосите Кулиќ и Стиерли знаело. Дека се запознал со нашата архитектура преку новоиздадени публикации на Запад и преку социјалните мрежи и дека едноставно созреало времето за да се занимаваат со оваа тема. Мислите ли дека многу време им било потребно за да ја осознаат нашата архитектура? n Тоа и не е за изненадување. Архитектурата од поранешните југословенски простори отсуствува од познатите истории на архитектура, на сличен начин како што отсуствувала и архитектурата создадена во Латинска Америка, како што извесен период отсуствувала и руската авангарда. Во таа смисла, човек и не можел случајно да налета на неа прелистувајќи општи истории на модерната архитектура и патем да се запознае. Од друга страна, до неодамна отсуствуваа и меѓународно достапни публикации кои попродлабочено се занимаваат со темата, а во
Kураторско советодавно тело , истражувачи од просторот на поранешна Југославија ПОРТА
голема мера и сè уште недостасува соодветно локално вреднување на оваа архитектура. Во таа смисла, освен преку темелно патување низ поранешните југословенски простори како резултат на некаков индивидуален истражувачки напор, како и контакт со локални архитекти и познавачи на овој период и архитектура не гледам како поинаку би биле информирани. Откако историјата на „Западот“ е веќе напишана, денес во круговите на истражувачите сѐ повеќе расте интересот за помалку познатите и истражени подрачја. Паралелно на ова и модернизмот на повоените години минува низ еден процес на (пре)вреднување. По некогашната силна критика, по која следува трагање по нови патишта, историјата се зафаќа со вреднување и одредување на вистинската позиција особено на архитектурата на 1960-тите и 1970-тите години. Сведоци сме на сеприсутната фасцинација со бетонските, т.н. „бруталистички“ градби кои полека добиваат иконичен статус. На социјалните мрежи и преку различните групи на љубители на архитектура сѐ почесто се појавуваат слики од Нов Белград, Скопје, спомениците од НОВ и сл. Веројатно во истото интервју кое го наведувате, Мартино Стиерли говори за неговиот интерес за бруталистичката архитектура (која апсолутно не недостасува на овие простори), како и за впечатливите слики од спомениците кои го привлекле неговото внимание. Поттикнат од ваквиот интерес, тој се зафаќа да ја гради мрежата од луѓе кои истражувале различни аспекти на архитектурата од поранешните југословенски простори. Дали им било потребно многу време за да ја осознаат „нашата“ архитектура? Би рекле не, со оглед на тоа дека и за нас тешко може да се каже дека сме ја осознале архитектурата од поранешните југословенски простори. Се надевам дека вреднувањето кое доаѓа однадвор, од институција која учествувала во испишувањето на архитектонската историја, конечно ќе нè убеди во вредноста на оваа архитектура и ќе придонесе во иднина на поинаков начин да се однесуваме со ова наследство. Покрај Мартино Стиерли изложбата ја потпишува и Владимир Кулиќ кој предава на архитектонската школа на Флорида и Ана Катс од МоМА. Дали Кулиќ, бидејќи е белградски ученик, има влијание на одлуката да се реализира токму оваа изложба? n Идејата за претставување на архитектурата на поранешна Југославија потекнува од Мартино Стиерли; интересно е дека токму оваа изложба е неговиот прв голем проект по доаѓањето на позицијата во МоМА. Првичниот концепт за изложбата во тек на работата се менуваше и значително се прошири под влијание на Владимир Кулиќ и останатите членови на тимот. Секако, позицијата на Владимир Кулиќ како кокуратор на поставката воопшто не е случајна; тој е еден од најголемите познавачи
ПОРТА
Хотел „Златибор“, Светлана Кана Радевиќ на архитектурата на територијата на поранешна Југославија и на процесите кои воделе до нејзиното создавање. Почнувајќи од неговата докторска дисертација: Land of the in-between: Modern Architecture and the State in Socialist Yugoslavia (2009), преку истражувачкиот проект Unfinished Modernizations: Between Utopia and Pragmatism (2012) кој го води заедно со Мароје Мрдуљаш, теоретичар и критичар на архитектура од Загреб, книгата Modernism In-Between (2012), повторно заедно со Мрдуљаш, како и бројни објавени трудови. Во едно интервју на архитект Драгољуб Бакиќ, тој вели „интересно е како сега има љубопитност за она што го направивме во ерата на социјализмот. Ова откритие започна со Рем Колхас, кој го видел она што го изградил „Енергопроект“ во Лагос, Нигерија. Има ли Колхас некое влијание за да се случи оваа изложба? n Дел од истражувањата на Колхас честопати одат и во насока на истражување на неистраженото, на она што западната историја го пропуштила (случајно или намерно) да го појасни и вреднува. Познат е неговиот интерес за делата на руската авангарда; а по објавувањето на книгата „Project Japan, Metabolism talks“ се чини дека светското внимание
го заврте кон јапонскиот метаболизам и неговите протагонисти и одново на сцената ги врати нивните цртежи и текстови. Темата на југословенскиот „експорт“ во земјите од т.н. „Трет свет“, а особено на градежниот гигант „Енергопроект“ е интересна од повеќе аспекти; не само поради проектите и архитектонските реализации (кои и не секогаш се успешни или особено чувствителни кон локалниот контекст), туку и поради политичката позадина врз која се развиваат. Работата на „Енергопроект“ може да послужи како илустрација за специфичната позиција на Југославија на меѓународната политичка сцена, за движењето на „неврзаните“ и релациите кои се воспоставувани во рамки на самото движење, за создавањето на инфраструктура која директно влијаела врз геополитичкиот развој на помалку развиените земји итн. Лагос е само еден сегмент од оваа приказна. До 1980-тите „Енергопроект“, а и другите градежни претпријатија низ Југославија значително придонесуваат за стопанството на земјата, остварувајќи инфраструктурни и воени проекти на Блискиот и Средниот Исток, Африка итн. Дали и колку интересот на Колхас за „Енергопроект“ имал влијание врз Мартино Стиерли и конципирањето на изложбата во Њујорк е веројатно прашање што треба да се упати директно до Мартино Стиерли. Изложбата вклучува цртежи, макети, фотографии, исечоци од филмови, предмети од ентериер и технолошки производи (телефони, телевизори) од кои некои за прв пат се во јавност. Како е поделена изложбата и кои се доминантните теми? n Изложбата не претставува единствен наратив, туку има комплексна структура, поделена во неколку тематски целини кои дофаќаат важни аспекти од Југославија: „Модернизација“, „Глобални мрежи“, „Секојдневен живот“ и „Идентитети“. Темата „Модернизација“ се однесува генерално на силните модернизациски процеси во Југославија во повоените години и улогата која архитектурата и урбанизмот ја одигруваат во сеопштата трансформација на општеството и на „работниот човек“ во него. Овој дел говори за дострелите во различни области - од една страна за политиките на планирање на просторот, покажани преку големите урбанистички и архитектонски зафати како Нов Белград, Нов Загреб, но и интерполациите во историските ткива на Сплит, Задар итн. Од друга страна делот „Модернизација“ се однесува и на квалитативниот скок во доменот на јавните згради, особено на инсистирањето на темелна културна и едукативна трансформација на општеството реализирана преку бројните објекти од т.н. „општествен стандард“ – детски градинки, училишта, културни домови, библиотеки, работнички универзитети итн., во рамки на поставката претставени преку исклучителни примероци како што се: Музејот на современа уметност во Белград на Иван Антиќ и Иванка Распоповиќ, градинката „Млади Род“ во Љубљана на Станко Кристл, Библиотеката во Приштина на Андрија Мутњаковиќ итн. Посебен сегмент во делот „Модернизации“ зафаќаат структурално експресивните објекти кои ги поместуваат границите во доменот на современите конструкции и изградбата во бетон. Во овој дел се прикажани кулата на Авала, стадионот Пољуд во Сплит на Борис Магаш итн. Вториот дел од изложбата – „Глобални мрежи“ е врзан со архитектурата која се развила како резултат на специфичната, независна позиција на Југославија во рамките на тогаш, драматично поделениот свет. Во овој дел е прикажан „извозот“ на градежните фирми кон земјите од т.н. „трет свет“ (преку дел од работата на „Енергопроект“ од Белград), а обезбедени со позицијата на Југославија во рамки на „неврзаните“. Свој дел тука наоѓа и темата на туризмот и изградбата на хрватското крајбрежје со градби со висок архитектонски квалитет. Се чини дека сѐ појасно станува дека луксузните хотели, своевремено отворени за туристите и од Истокот и од Западот, иако големи во своето мерило нудат подобар модел за развој од сето она што како алтернатива доаѓа по нив во годините што следуваат. Во темата на глобалните поврзувања неизоставно спаѓа и нашата
Споменик Битка на Сутјеска, Миодраг Живковиќ
Кула на Авалон тема - обновата на Скопје по земјотресот. Катастрофалниот настан кој безмалку го уништил градот поттикнува акција од невидени размери. Вклучувањето на Обединетите нации во координацијата на активностите и во процесот на планирање, формирањето на меѓународни тимови на експерти, учеството и улогата во планирање на градскиот центар на Кензо Танге, како и специфичниот и во голема мера експресивен архитектонски производ се теми кои привлекоа доста внимание и на Скопје му обезбедија значителен простор во рамки на целата поставка. Делот „Секојдневен живот“ говори за темата на домувањето во рамки на социјалистичкото општество, прикажувајќи ја во различни мерила. Станот, како загарантирано право на секој граѓанин, бројните истражувања кои имаат за цел да обезбедат домување со релативно висок стандард, 31 август 2018
ПОРТА
27
начинот на кој станбените згради формираат конфигурации во урбаното мерило. Од друга страна бројни производи, мебел и електрични уреди (се разбира југословенски дизајн и производство) кои ги опремувале просторите внатре – столицата на склопување Rex на Нико Краљ или искрините телефони и телевизори. Последниот дел „Идентитети“ е врзан со Југославија како простор кој обединува различности. Различни во своето минато и наследство (култура, наследство, влијанија, степен на образование и сл.), секоја од поранешните југословенски републики развива своја архитектонска линија, во извесна смисла и сопствена архитектонска школа. Таа врска е веројатно најочигледна ако се погледне Словенија и силното потпирање на наследството на Плечник или пак читањето на традицијата во Босна и Херцеговина во делото на Јурај Најдхарт. Тука исчитувањето и интерпретацијата на минатото се зема како основа, појдовна позиција за современото. Дел од темата „Идентитети“ претставуваат и спомениците. Темата на антифашистичката борба била еден од обединувачките елементи во поранешна Југославија, а овие објекти или повеќе архитектонскоурбанистички и пејзажни целини подигнати во чест на жртвите, многу повеќе претставуваат симбол на заедничката борба, победата, слободата.
ПОРТА
Дали макетите прикажани во МоМА се нови, наменски направени токму за оваа изложба? n Поголемиот дел од моделите прикажани на изложбата се оригинали, позајмени од различни институции или приватни збирки. Ние имавме среќа, благодарение на одличната соработка со Музејот на град Скопје да ја однесеме оригиналната макета од конкурсниот труд на Кензо Танге, како и макетата од комплексот на Културниот центар на „Биро 71“. Во делот посветен на спомениците своето место го најде и оригиналниот модел на „Македониумот“ од Искра и Јордан Грабул, сопственост на семејството. За објектите за кои не постојат оригинални модели, моделите ги изработија студенти од неколку школи во Америка, според претходно испратени цртежи. Во таа смисла, фасцинантно беше да се види интересот за темата и посветеноста на студентите во изработката. Новите модели се изработени со употреба на современи технологии: сечени на cnc, 3D печатени и сл. Така во поставката паралелено се поставени оригиналните модели кои веќе претставуваат вредни историски артефакти и новосоздадените артефакти кои ја збогатуваа со содржина веќе и онака сложената поставка.
Павиљон Експо 1958, Вјенцеслав Рихтер Стиерли споменува четири архитекти за кои вели дека биле не само исклучително квалитетни автори, туку и клучни јавни фигури, интелектуалци. Вјенцеслав Рихтер, Богдан Богдановиќ, Јурај Неидхард, Едвард Равникар. Дали се тие посебно и повеќе претставени од останатите архитекти? n Да, тие се посебно издвоени во рамките на поставката. Всушност, другите архитекти не се издвоени како посебни автори, туку нивните реализации влегуваат во рамките на темите за кои зборувавме претходно. На пример, во просторот посветен Скопје кој е дел од темата „Глобални мрежи“ се прикажани во поголем или помал обем извадоци од проектната документација на Историскиот архив и Студентскиот дом на Георги Константинов, Телекомуникацискиот центар на Јанко Константинов, Културниот центар на „Биро 71“ итн. Тука нагласокот не е на поединечните автори, туку на темата. Од друга страна, споменатите четворица автори: Рихтер, Равникар, Најдхард и Богдановиќ се издвоени во засебни простори, секој од нив тематски нагласен на специфичен начин. Како што веќе напоменавте, кураторите сметаат дека секој од овие четворица автори преку своето творештво, публикации, учество во архитектонското образование и јавниот живот силно влијаел во рамките на локалната, но и на пошироката југословенска средина. Големо внимание предизвикуваат и спомениците посветени на НОБ и антифашистичката борба. Како се тие претставени? n Како што веќе споменавме, меморијалните споменици посветени на антифашистичката борба припаѓаат на делот од изложбата насловен како „Идентитети“. Токму сликите од спомениците, со своите апстрактни и впечатливи геометрии, поставени во еднакво впечатлив пејзаж се и оние кои започнаа да го привлекуваат поширокото, меѓународно внимание, најпрво крајно површно, на ниво на слика и испразнети од секакво значење. Имајќи ја пред себе темата на славење на антифашистичката борба (и заеднички извојуваната победа) тие претставуваат „семејство“ од поединечни споменици, односно споменички комплекси кои се крајно
разнородни во однос на концептот, формата и материјалноста и во таа смисла претставуваат автономна архитектонска, архитектонскоурбанистичка и уметничка тема. Во рамки на поставката, темата на спомениците е поставена во последниот дел од изложбата, пред самиот излез. Тука ќе ги најдете споменикот на Сутјеска на Миодраг Живковиќ, споменикот на Козара на Душан Џамоња, на Петрова Гора на Војин Бакиќ, Камениот цвет на Богдановиќ во Јасеновац и др., но и „Македониумот“ во Крушево, кој иако не припаѓа сосем на темата (подигнат е во чест на Илинденското востание), веројатно не можеше да биде заобиколен, заради својата експресивност и висока уметничка вредност. Повеќето од споменичките комплекси во поставката се застапени со оригиналните модели, цртежи и фотографии – историски или нови, изработени од страна на швајцарскиот фотограф Валентин Јек. Најексплоатирана слика за најава на изложбата е меморијалниот споменик посветен на битката на Сутјеска на вајарот Миодраг Живковиќ, а на самиот крај, последна сцена од изложбата е Камениот цвет во Јасеновац на Богдан Богдановиќ. Опоменува ли ова, испраќа ли некаква порака во смисла никогаш да не се заборави и што е тоа што треба да го помниме? n Меморијалните споменици изградени на територијата на поранешна Југославија содржат длабока симболика во себе. Тие се во суштина двозначни – од една страна претставуваат меморија на нешто што е неповратно изгубено и најчесто врзано со искуството на страдање (индивидуално или колективно), но истовремено се и симбол на колективната победа и силната верба во подобра иднина. Во новиот, современ контекст овие монументални споменици се убави и трагични, тажни, импресивни, моќни, чудни, напуштени и запуштени, некогаш безмалку непостоечки. Како и да е, за оној кој ќе наиде на нив, тие сè уште будат имагинација, сè уште носејќи го капацитетот да остварат релација, да се поврзат со некои нови генерации, дали како носители на меморијата за одреден историски настан, меморијата за едно одминато историско време и политички систем или како високо вредни архитектонски и уметнички дела кои просто не можат да бидат одминати. Со неодамнешното „археолошко“ навраќање кон модернизмот и архитектурата на меморијалните споменици постепено се враќа назад во фокусот на интерес што може да биде клучно за нивното хронолошко, просторно и симболичко (ре)дефинирање и суштинско за спас од комплетно девастирање. (Продолжува)
ПОРТА
архитектура
Не постојат стандарди за објекти за аутистични потреби Дизајнот треба да биде инспиративен, креативен и да им понуди на корисниците чувство на сигурност, а на вработените услови за максимална продуктивност и задоволство во работата Невена ГЕОРГИЕВСКА, дипл. инж. арх.
Е
дна статија, резултат на еднодецениско истражување сумирана во „Архитектура за аутизам: Концепти на проектни интервенции за аутистични корисници“ на д-р Магда Мустафа, е најпреземаната статија на списанието ArchNet-IJAR: International Journal of Architectural Research, во 2012 година. Се проценува дека едно на секои 150 деца спаѓа во аутистичниот спектар, без оглед на социо-културните и економските аспекти. И покрај оваа висока инциденца на аутизам, сѐ уште не постојат стандарди за проектирање на објекти за аутистични потреби. Архитектурaта, како професија, е одговорна за создавање на простори за разни видови на корисници и лицата со посебни потреби не треба да бидат изземени од можноста за користење на овие простори. Примарната цел на истражувањето на д-р Магда Мустафа е да се поправи ова исклучување преку поставување на прелиминарна рамка на насоките за архитектонски дизајн за аутизам. Во развиените земји сѐ повеќе се издвојуваат проектантски фирми кои се занимаваат со дизајн на објекти за лица со посебни потреби. Искуствата се движат од куќи за квадриплегични лица до училишта, дневни центри за лица со посебни потреби, објекти за сместување, рана интервенција, детски градинки, главно според сопствени истражувања. Архитектура за ASD (autistic spectrum disorder) – САН (спектар на аутистични нарушувања) Архитектите веруваат, и со право, дека играат голема улога во создавањето на простори кои можат да им помогнат на овие лица подобро да го разберат нивното место во светот. Но, постојат конфликтни ставови
30
ПОРТА
31 август 2018
ОБЈЕКТИ ЗА ЛИЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ
во однос на осмислувањето и осветлувањето на просторот за лица со аутизам. Некои мислат дека волумените треба да се мали, со интимно скроени простори. Други, пак, веруваат дека голем простор за секое дете ќе ја намали вознемиреноста околу перципираната инвазија на личниот простор. Архитектот Сајмон Хемфрис, тврди дека наместо учениците да се ограничат на мали простори, треба да им се додели многу личен простор. Тој, при проектирање на училишта за деца со аутизам, бара во програмата минимум 40 м2 по ученик. Покрај ова, се развива и дебата за разновидност и флексибилност на просторот. Некои тврдат дека флексибилните простори може да ги направат сите посигурни и посреќни, подготвени на сѐ. Други пак, сметаат дека за лицата со САН е важна предвидливоста на просторот. Така, сите ние, кои ја следиме оваа проблематика со нетрпение очекуваме повеќе истражувања и долгорочни резултати од дебатата за мали наспроти големи простори, предвидливи наспроти флексибилни простори. Осветлувањето на објектите за лица со САН исто така ги подели професионалците. Едни се залагаат и советуваат во проектите да вклучиме ограничена дневна светлина и надворешни визури, низок плафон и мали простори. Многумина веруваат дека сјајот, сонцето и прозорците со поглед кон надворешноста предизвикуваат непотребно одвлекување на вниманието. Други, пак, пристапуваат малку поинаку, со дизајнирање на широки прозорски портали на високи парапети, за намалување на
директната сончева светлина, притоа овозможувајќи доволна природна светлина и погледи кон небото и дрвјата. Тие веруваат дека средината треба да ја
рефлектира реалната ситуација што е можно повеќе, без безбедни засолништа, кои промовираат поголемо повлекување. Денес, дизајнот за аутистични индивидуи се гледа повеќе преку призма на дарба отколку на попреченост. Листата на критериуми кои треба да се почитуваат при проектирање на училишта за деца со аутизам се главно елементи на проектирање, кои архитектите треба да ги избегнуваат. Секој од овие критериуми се фокусира на попреченоста поврзана со аутизмот. Наместо тоа, овие критериуми треба да се преработат и да се земат предвид способностите. Autism ASPECTSS™ Design Index е првиот сет на упатства со седум критериуми, за проектирање базирано на докази ширум светот, а во веќе изградени објекти за лица со САН. Го постави д-р Магда Мустафа и го развиваше во текот на една деценија на истражување. 1. Акустика – контролирано акустично опкружување за да се минимизира бука во позадината – потребно за фокусирање на корисникот на просторот 2. Просторно зонирање – просториите да се
31 август 2018
ПОРТА
31
надоврзуваат од една активност во друга со еднонасочна шема, преку транзициони зони 3. Простори за изолација – за корисниците со аутизам од прекумерната стимулација 32
ПОРТА
31 август 2018
во нивното опкружување. Може да бидат мали одвоени површини во дел од просторија. 4. Оддели – во една училница или во целиот објект. Секој оддел треба да вклучува
една, јасно дефинирана функција. Раздвојувањето на овие оддели треба да биде преку уредување со мебел, различни подови, различни нивоа или дури и различно осветлување. 5. Транзициони зони – му помагаат на корисникот да ги рекалибрира своите сетила, додека се движи од едно ниво на стимул до друго. Може да имаат различни форми или ознаки. 6. Сензорно зонирање – на просторите според сензорниот квалитет на корисниците, а не со типично функционално зонирање 7. Безбедност – точка која никогаш не треба да се занемари при проектирање на средини за деца, а особено за деца со аутизам, кои можат да имаат изменето чувство за нивната околина или со проектантски речник: - основа – без ходници; да се оформи простор за движење со места за седење и дружење или седење сам; едноставна просторна ориентација; заоблени ѕидови - бои и шари – смирувачки ентериер, без комплицирани и пренатрупани шари; да се избегнува црвена и портокалова боја
и рефлексни површини - акустика – да се обезбеди чувство на смиреност; буката предизвикува нервоза - здравје и безбедност – доволно природно осветлување и вентилација; интегрирани ролетни; да се намалат можностите за скокање и трчање - осветлување – да се избегнуваат остри и треперливи флуоресцентни светилки; индиректно светло каде е можно; употреба на димери - можност за промена на интензитет на осветлувањето и промена на расположението - греење – подно или плафонско; без радијатори заради редуцирање на можноста за скокање; контрола на греењето зона по зона - личен простор – проксемија; адекватен личен простор кој ќе ја намали нервозата од близината на другите; без големи простори со многу луѓе без можност за „бегство“ - надзор – обезбедување на чувство за слободно изразување без константен надзор; добриот проект пак, може да помогне и во несметан надзор Креативноста на лицата со посебни потреби треба да се негува со особена љубов и просторот само треба да помогне во нивниот развој, а не да прерасне во институција каде процесот на растење е запоставен. Дизајнот треба да биде инспиративен, креативен и да им понуди на корисниците чувство на сигурност, а на вработените услови за максимална продуктивност и задоволство во работата. „Кога градиме, треба да градиме за секого“ - Ari Daniel Ne'eman, активист за правата на аутистите и коосновач на Autistic Self Advocacy Network.
ПОРТА
експерт
Архитектура од бајките Дали станува збор за „кралот на бајките“, „кралот лебед“, или пак дури и за „лудиот крал“ веројатно е прашање на лично видување. Едно е сигурно, дека неговата визија и изградбата на палатите и дворците дури создала трајни споменици од градителското наследство коишто претставуваат своевиден туристички магнет и придонесуваат континуирано кон туристички приходи на Баварија 132 години по неговата смрт д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон)
О
ва лето, 132 години по загубата на еден од најголемите покровители на уметноста во Европа, а веројатно и во светот, документарен филм во неговата татковина се обидува да ги разјасни мистериозните околности коишто резултирале со згаснување на животот на оваа исклучителна личност и тоа во 40-тата година на неговиот живот. Оставајќи ги настрана дебатите помеѓу историчарите и поддржувачите на теориите на заговор, се Палатата Линдерхоф во југозападна Баварија
34
ПОРТА
чини дека најдобро е да се фокусира на неговиот живот и покровителско дело коишто оставиле трајно културно и градителско наследство коешто долги години претставува и исклучителна туристичка атракција. Станува збор за Лудвик Втори (Ludwig Otto Friedrich Wilhelm, 25.8.1845 – 13.6.1886), крал на Баварија од 1864 до неговата смрт во 1886 година. Покрај своите други официјални грофовски и војводски титули, тој популарно бил нарекуван и како „кралот лебед“, „кралот на бајките“, па дури и „лудиот крал“. Овие се веројатно резултат на популарното видување на неговото владеење. Тој го наследил својот татко кралот Максимилијан Втори, како крал на Баварија на 18 годишна возраст.
Почетокот на неговото владеење бил проследен со војни. Првин, во 1866 година Баварија и Австрија влегле во војна со Прусија од која излегле како губитници. Неколку години подоцна Баварија како сојузник на Прусија учествувала во Франкопруската војна во 1870 година во која Прусија излегла како победник. За жал да се биде дел од победничката страна во овој случај покажало дека станува збор за своевидна „пирова“ победа. Имено, победата на Прусија резултирала со формирањето на новата германска империја на чело со Прусија. Како резултат на ова Баварија станала дел од империјата, со одредено ниво на самостојност. Се чини дека ваквиот исход, иако можеби не најповолен за Баварија како
ЛУДВИК ВТОРИ, КРАЛ НА БАВАРИЈА, ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПОКРОВИТЕЛИ НА УМЕТНОСТА ВО ЕВРОПА Палатата Линдерхоф во југозападна Баварија
кралство, му овозможил на кралот Лудвик Втори во голема мерка да се повлече од секојдневните државнички работи во раните 1880 години и скоро целосно да се посвети на својата животна пасија покровителството на музиката, уметноста и архитектурата, сфера на делување на која тој во толкава мерка се посветил што веројатно и својот живот го дал за неа. Имено тој сите свои кралски приходи (но не и државните) ги потрошил на покровителство во толкава мерка што оваа негова екстравагантност и посветеност биле искористени од влијателните во земјата за тој да се прогласи за умоболен на 10 јуни 1886 од страна на панел на лекари. Како резултат на тоа нему му била одземена кралската власт која била пренесена на неговиот вујко принцот Луитполд, додека кралот Лудвик Втори бил отстранет во Палатата Берг на брегот на езерото Штранбергер каде само три дена подоцна го загубил својот живот под мистериозни околности. Во зависност на која верзија верувате, според едни тој се самоубил со давење во езеро, според друга тој бил удавен во езерото, според третата тој се удавил обидувајќи се да го преплива езерото со цел да избега од заточеништво, а според последната верзија тој бил најден со прострелна рана во грбот!? Заедно со него животот го изгубил и неговиот психијатар Бернхард вон Гуден, за кој се смета дека се удавил во обидите да го спаси својот крал. Оттука се чини дека неговиот „грев“ било наводното запоставување на државничките обврски и секако покровителството на музиката, уметноста и архитектурата. Последниов аспект од неговиот живот веројатно треба да се согледа во контекстот на периодот и околностите во коишто тој
растел и се развивал. Тој бил роден во барокниот Дворец на нимфите во предградие на Минхен, а и редовно поминувал дел од летото во дворецот Хохеншвангау на Алпското Езеро во близина на градот Фусен (Füssen) и на границата во Австрија. Последниот, во превод „Палата на земјата на горните лебеди“ бил реконструиран од неговиот татко во возобновен готски стил и украсен со фрески на коишто биле прикажани викиншките саги и илустрации на животот на германските легенди како Дитрих вон Берн и епот Нибелунзите (Nibelung) коишто по сè изгледа оставиле големо влијание врз него.
Кралот Лудвик Втори бил голем покровител на театарот и операта и е познат по своето покровителство на германскиот композитор Рихард Вагнер, без коешто, творечкиот опус на контроверзниот Вагнер, веројатно ќе бил значително помал. Од друга страна се смета дека делата на Вагнер одиграле значително влијание во младоста на идниот крал и го продлабочиле неговиот романтичарски дух.
Во текот на своето владеење кралот Лудвик Втори особено се истакнал преку своето покровителство во доменот на архитектурата. Оформен во романтичарскиот дух на времето, поткрепен со викиншките саги, германските легенди и творбите на Вагнер, во архитектонска смисла тој бил инспириран од дворците на Виолет ле Дук, Версајската палата и слични дела коишто во голема мерка го оформиле неговиот архитектонски вкус. Ова најдобро може да се види преку веројатно трите најзначајни творби коишто тој како покровител ги оставил на следните генерации. Палатата Линдерхоф во југозападна Баварија е единствената од трите најзначајни архитектонски творби под негово покровителство којашто била завршена за време на неговиот живот. Оригинално, кралот во 1869 година нарачал проект за изградба на Нов Версај на оваа локација, за година подоцна да нарача проект за Византиска палата. Но ниту еден од овие амбициозни проекти не бил реализиран. Наместо нив новата палата во неорококо стил била оформена околу шумарската куќа која припаѓала на неговиот татко кралот Максимилијан Втори. Преку низа на доградби, облагање на фасадата со камен и други градежни активности алпската ловечка колиба била трансформирана во кралска вила и потенцирана преку реализацијата на формална градина и парк коишто ја опкружуваат. Иако се говори за палата станува збор за релативно мал по големина објект. Надворешноста на објектот е на вила со симетрична основа на која се истакнати дострелите на баварското кралство додека внатрешноста е на раскошна палата во која влезниот хол е посветен на кралот Сонце Луј XIV, и со скали коишто се мини реплика на скалите во Версај. Централно место во палатата зазема спалната соба со големина од 30 на 27 метри и поглед на водоскок во паркот, а којашто била зголемена во периодот пред неговата смрт, така што кралот Лудвик Втори никогаш не ја видел реализирана. До спалната соба може да се дојде од две страни коишто водат од просторија до просторија. Едната рута води преку виолетовиот кабинет до собата за прием и преку жолтиот кабинет до собата со западната таписерија. Другата рута води низ розовиот кабинет до трпезаријата, а оттаму преку синиот кабинет во собата со источната таписерија. Од двете соби со таписерии се оди или кон влезниот хол или кон собата со огледала. Во рамките на големиот парк со површина од 50 хектари меѓу другите знаменитости се наоѓа и вештачката пештера на Венера изградена како илустрација на првиот чин на Вагнеровата опера Танхојзер. Восхитувањето на францускиот крал Сонце 31 август 2018
ПОРТА
35
Херенчимзее палатата на островот Херенинсел
Луј XIV продолжило и во рамките на Херенчимзее палатата лоцирана на најголемиот остров Херенинсел на езерото Чимзее во јужна Баварија. И оваа палата била конципирана да биде намалена верзија на Версај, но со цел клучните простории во објектот да ги надминат барем малку големините на сличните простории во Версај, а со определба да стане баварски Версај. Во објектот најзначајни се големите државнички простории како Државните скали, Државната спална и Големиот дом на огледала. За 36
ПОРТА
31 август 2018
разлика од објектот кој главно бил замислен во стилот на необарокот, неговиот личен апартман бил испроектиран во францускиот неорококо стил. Изградбата на објектот отпочнала во 1878, но никогаш не била завршена со оглед на немање на финансиски средства за да се заврши комплексот по смртта на кралот Лудвик Втори. Слична судбина доживеала и формалната градина која никогаш не била завршена, а делови од самата палата биле и срушени по смртта на кралот. Самиот крал поминал само околу десет
дена во комплексот додека палатата била во изградба. Како врвен дострел на покровителството на кралот Лудвик Втори се смета Новиот дворец на лебедите од камен – Шлос Нојшванштајн, изграден во непосредна близина на дворецот Хохеншвангау коешто му овозможувало од својата спална соба со телескоп да ја надгледува изградбата на новиот дворец во неороманески стил. Овој дворец е изграден во период кога голем број на дворци биле градени или реконструирани за да станат поживописни и претставуваат романтичарско видување на кралот за средниот век, германската митологијата и оперите на Вагнер. Изградбата на дворецот отпочнала во 1869 година на локацијата на два руинирани дворци од минатото, а со цел да се изгради нов во стилот на дворците на германските рицари. Кралот успеал да поживее неколку години во овој дворец додека неговата изградба сè уште се завршувала. Со оглед на намалените овластувања на кралот на Баварија во рамките на германската империја, дворците и палатите на кралот Лудвик Втори ефективно станале неговото кралство каде што тој владеел постепено повлекувајќи се од јавниот живот. Ова придонело дел од гостинските простории да бидат пренаменети со оглед на намалените државнички обврски коишто се спроведувале во рамките на дворецот. Инспириран од скиците на сценограф дворецот Нојшванштајн се смета за пример на историцизам во архитектурата, но којшто не
секогаш бил доследен туку подложен на интерпретации со цел да стане поживописен. Според кралот Лудвик Втори „се разбира, дека неопходно е да се создадат такви оази, такви поетички неба, каде што лице ќе може накратко да ги заборави лошите времиња во коишто ние живееме“. Оттука дворецот Нојешванстен и другите негови дворци и палати станале негово прибежиште од суровата реалност и можност за опстојување во доменот на неговите романтичарски фантазии за некои подобри изминати времиња. И покрај тоа што неговата екстравагантност го довела скоро до лично банкротство, симнување од престолот и раната смрт, во веројатно сè уште не разјаснети околности, неговото покровителство оставило траен белег не само врз Баварија туку и пошироко. Со 1,5 милион посетители годишно во 2013 година дворецот Нојшванштајн е петтата по ред туристичка атракција во Европа по Лувр, Ајфеловата кула, Колосеумот во Рим и Кулата во Лондон според бројот на посетители врз основа на истражувањата на Bayerische Schlosserverwaltung, а коешто во голема мерка придонесува за зголемувањето на придобивките од туризмот во рамките на
Баварија. Дворецот Нојшванштајн исто така послужил како инспирација за дворецот во рамките на Дизниевата заспана убавица, коешто веројатно добро го отсликува едно од видувањата дека кралот Лудвик Втори бил кралот на бајките. Дали станува збор за „кралот на бајките“, „кралот лебед“, или пак дури и за „лудиот крал“ веројатно е прашање на лично
видување. Едно е сигурно, дека неговата визија и изградбата на палатите и дворците дури создала трајни споменици од градителското наследство коишто претставуваат своевиден туристички магнет и придонесуваат континуирано кон туристички приходи на Баварија 132 години по неговата смрт. Дворецот Нојшванштајн во Баварија
31 август 2018
ПОРТА
37
земјотресно инженерство
ИЗИИС и ГЕРБ – успешна приказна во проектирањето на сеизмички отпорни објекти Една успешна репрезентативна соработка на ИЗИИС во областа на развојот, примената и однесувањето на управуваните конструкции претставува серијата на реализирани проекти со германскиот производител ГЕРБ проф. д-р Роберта АПОСТОЛСКА (УКИМ-ИЗИИС)
З
базираат на нивната деформабилност. Така, во втората половина од минатиот век, пред сè благодарение на развојот на компјутерската техника, била воведена динамичка анализа со која ветерот, земјотресот и други временски зависни товари се земани како динамички товари. Воведена е нелинеарната теорија на однесување, проектирање на елементите според нивниот капацитет и деформабилност со што критериумот на потребен дуктилитет е воведен во скоро сите прописи за асеизмичко проектирање. Во последните три декади, односно со премиерното интегрирање на системот за контрола на конструкции на зградата Kyobashi Seiwa Building во 1989 година низ инженерската и научната фела сè почесто се споменуваат и проектираат управувани конструкции со што може да се окарактеризира третиот период. Познати уште како „интелигентни конструкции“, основна цел е нивното однесување под дејство на земјотреси, ветер или
технолошки вибрации да биде строго контролирано преку регулација на основните конструктивни карактеристики. Генерално, во поглед на намалување на негативното дејство од сеизмичките сили во модерната пракса постојат два концепта. Првиот, со кој влезната енергија во системот значително се намалува преку базна изолација на конструкцијата, применлив за ниски и крути објекти. Вториот, со кој дозволен е условно кажано влез на енергијата, но истата да се дисипира преку додавање на соодветни уреди во рамките на примарниот конструктивен систем. Со цел за утврдување на однесувањето на овој тип на конструктивни системи, како и нивен развој и оптимизација, несомнено се потребни експериментални лабораториски испитувања. Тие верно треба да ги репродуцираат природните услови на дејство на земјотрес, па за таа цел се испитуваат на сеизмички вибро платформи. Од друга страна, ограничената
емјотресите како природна појава се несомнено едни од најголемите причинители на штети на конструкциите. Последиците најчесто претставуваат оштетувања на конструктивните системи, неконструктивните елементи, како и опремата која во некои случаи е со вредност далеку поголема од самата конструкција. Неретко, во прашање се доведуваат и човечки животи како последица од комплетен колапс на објектите. Затоа начинот на проектирање на сеизмички отпорни конструкции постојано еволуира, а истиот е во постојана спрега со технолошкиот напредок. Историски гледано конструктивното инженерство може да се подели на три главни периоди. Во периодот од 1900 до 1950 година дејството на земјотресот, ветерот и другите динамички товари во проектирањето биле земани како статички товари. Недоволното познавање на карактеристиките на земјотресите како и на параметрите за нелинеарното однесување на вградените материјали биле причина за примената на концептот на „дозволени напрегања“ при димензионирањето на пресеците на конструктивните елементи. Меѓутоа за релативно краток период се покажало дека ваквиот пристап е многу конзервативен, а самото тоа води кон значително поголеми пресеци на елементите. Токму со развојот на земјотресното инженерство во овој период согледано е дека преку нелинеарното однесување на конструктивните елементи при сеизмички дејства се развиваат механизми на Слика 1. а) Супстандардна градба, б) Сеизмички отпорна градба, в) Градба со вградени уреди за апсорпција на влезната енергија кои се намалување на вибрациите, г) Базно изолирана градба (извор на слики: https://www.fotolia.com) 38
ПОРТА
31 август 2018
ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ИСТРАЖУВАЊА ВО ОБЛАСТА НА ПАСИВНО УПРАВУВАНИТЕ КОНСТРУКЦИИ застапеност во правилниците за проектирање е уште едно дополнување на потребата за сериозен и научен пристап кон секој нов начин и модел/систем на управувани конструкции. На слика 1 илустративно се прикажани различните концепти на проектирање на објекти од високоградба и принципот на справување со дејството на хоризонталните сили. Експериментални испитувања на пасивни системи за управувани конструкции Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, со неговата висококвалитетна опремена лабораторија како и стручен кадар во неговото повеќедецениско континуирано функционирање има извршено низа на експериментални испитувања од различен тип на конвенционални и авангардни решенија за намалување на влијанието на сеизмичките сили врз конструкциите, а во рамките на бројни меѓународни научноистражувачки и апликативни проекти. Една успешна репрезентативна соработка во областа на развојот, примената и однесувањето на управуваните конструкции претставува серијата на успешно реализирани проекти во соработка со германскиот производител ГЕРБ (GERB). Именувана по младиот германски инженер Вилијам Герб, кој во 1908 година развил иновативен начин на намалување на вибрациите на машините преку поставување на федери на нивната основа, денес е лидер во светот во својата дејност. Долгата листа на објекти во кои се вградени овие системи е доказ за квалитетот и функционалноста на истите, а како позначајни може да се издвојат хотелот Burj Al Arab во OAE, мостот North Trondelag во Норвешка и Millennium Bridge, London, изложбениот простор Millennium Dome во Лондон и многу други. Серијата на опсежни и комплексни експериментални испитувања имале за цел да се оцени ефикасноста на системите за пасивна контрола на одговорот на конструкции од производителот ГЕРБ како и нивната предност во однос на останатите системи. Во основа испитувани се различни уреди за управување на конструкции кои се вградени на хипотетички физички модели на челични рамовски конструкции. Истите се состоеле од пет ката со по три модули во подолжен и еден модул во попречен правец. За потребите на испитувањата на уредите на секое од нивоата додавани биле
Слика 2. Модел за испитување на систем за базна изолација поставен на вибро платформа (извор на слики: архива на УКИМ ИЗИИС [1], [2]) дополнителни товари во вид на додадена маса од метални инготи. Првиот од серијата испитувања е проектот со кој е пуштена во употреба сеизмичката вибро платформа во ИЗИИС, во 1982 година. За потребите на компанијата ГЕРБ испитувано е однесувањето на конструкцијата без и со вграден систем за базна изолација. Моделот, вклучително и додадената маса се прикажани на слика 2. Иновативната комбинација од четири федери и четири односно осум придушувачи, поставени на нивото на темелната конструкција имале за цел да ја изолираат конструкцијата од темелите и со тоа значително да ја намалат влезната енергија во примарниот конструктивен систем [1], [2]. Со извршени повеќе од 70 тестови со варијација на условите на потпирање, ефикасноста на концептот е докажана, односно влезната
енергија во конструктивниот систем била значително намалена заради карактеристиките на системот на потпирање. Заради спецификите на уредите, нивната осетливост на амбиенталната температура, конкретно, придушувачот, испитувањата се извршени за време на зимски и летен период каде температурната разлика е 10 Целзиусови степени. Вториот проект во 2004 година претставува опсежно истражување на два различни типа на сеизмичка заштита односно контрола на однесување на конструкцијата. Имено, едната фаза опфаќа испитување на одговорот и ефикасноста на базно изолиран систем (base control system BCS) кој се состои од флексибилни потпори, федери и напреден тип на придушувачи чија цел, исто како претходно, била да се ограничи енергијата
Слика 3. Модел за испитување на систем за базна изолација поставен на вибро платформа (извор на слики: архива на УКИМ ИЗИИС [3]) 31 август 2018
ПОРТА
39
Слика 4. Модел за испитување на систем со апсорбери од типот на прилагодена/додадена маса поставен на вибро платформа (извор на слики: архива на УКИМ ИЗИИС [4]) која се предава на примарната конструкција [3], [5]. Моделот, додадената маса како и системот за базна изолација и контрола се прикажани на слика 3. Како што може да се забележи, целта е да се овозможи значително контролирано хоризонтално поместување на нивото на потпорите односно на федерите, а придушувачите да ја дисипираат енергијата и да го ограничат поместувањето на целиот систем. На тој начин меѓукатните поместувања биле значително намалени, во
споредба со класично потпрена (вклештена во основа) конструкција, и воедно елиминиран ризикот од оштетување на конструктивните и неконструктивните елементи. Втората фаза опфаќа испитување на концептот на прилагодена/додадена маса на најгорното ниво на конструкцијата (слика 4). Овој тип на уреди овозможува подесување на сопствените динамички карактеристики така што при дејство на сеизмички инерцијални сили временскиот
Слика 5. Модел за испитување на систем со имплементиран систем нa апсорбери по висина на конструкцијата поставен на вибро платформа (извор на слики: архива на УКИМ ИЗИИС [7], [8]) 40
ПОРТА
31 август 2018
одговор би бил фазно поместен во однос на одговорот на примарната конструкција [4], [6]. На тој начин поместувањата на конструкцијата значително се намалени во однос на моделот без додадени системи за контрола на конструкции. Со ова опсежно истражување била потврдена ефикасноста на двата различни системи и биле дадени препораки за нивно понатамошно усовршување. Третиот проект имал за цел да ја испита ефикасноста како и оптималната местоположба на претходно напрегнати вискозни уреди за дисипација на енергија (pre-stressed damping devices PDD) [7], [8]. Истите се поставени во склоп на главните подолжни модули, во правец на побудата (слика 5) и имаат за цел да ја дисипираат влезната енергија од дејство на земјотрес преку локално преземање на секој уред поединечно во рамките на конструктивниот систем. Биле реализирани повеќе од 250 тестови на пет различни конфигурации. На слика 6 е прикажана временската историја на забрзување на конструкцијата со и без имплементиран систем за базна изолација. Јасно може да се воочи дека одговорот е значително намален во текот на целата временска историја. На слика 7 пак, прикажан е одговорот, односно неговата редукција на системот со прилагодена/додадена маса во однос на систем кој не е имплементиран систем за контрола на конструкции, каде јасно се воочува неговата ефикасност.
ЗАКЛУЧОЦИ Сите досегашни опсежни истражувања со сигурност ги потврдуваат позитивните аспекти од вградување на системи за базна изолација, или системи за дисипација на енергија во рамките на конструктивните системи. Несомнено модерните уреди за контрола на однесување на конструкциите се доверливи (голем број на практична примена) и нудат можност за значително подобрување на сеизмичкиот одговор на конструкциите (докажани при реално дејство на земјотреси). Имајќи предвид дека можните технички и технолошки решенија се безбројни, забрзаниот развој на новите технологии, материјали, инженерски дисциплини само по себе наметнува дека е неопходно континуирано да се продолжи со експериментално испитување и истражување на овие системи како би можеле да се испитаат што е можно поголем број на конфигурации и различни типови за дисипација или базна изолација. Меѓународната соработка, учеството во реализацијата на меѓународни научноистражувачки проекти и реализација на апликативни проекти со странски партнери, во областа на пасивно управуваните конструкции, и не само во таа, создале и создаваат одлични услови за изработка на бројни магистерски и докторски дисертации во Институтот и развој на научната мисла во Македонија. Од друга страна, повеќекратното навраќање на високореномирани странски компании, за реализација на заеднички проекти или нарачани испитувања, само по себе зборува за квалитетот кој го поседува и услугите кои ги нуди ИЗИИС, како во научноистражувачката така и во и апликативната, односно применувачката дејност од доменот на својата работа и интерес. Авторите на текстот се заблагодаруваат за достапноста на библиотеката на УКИМИЗИИС во поглед на споделување на извештаите кои се изработени низ годините на неговото функционирање, а со цел преглед и увид на извршените експериментални испитувања.
Слика 7. Временска историја на забрзување на последното ниво со имплементиран систем апсорбери од типот на прилагодена/додадена маса (црна боја) и без имплементиран систем за апсорбери од типот на прилагодена/додадена маса (црвена боја) (извор на слики: архива на УКИМ ИЗИИС [4])
Подготвиле: м-р Филип МАНОЈЛОВСКИ, доц. д-р Александра БОГДАНОВИЌ, проф. д-р Зоран РАКИЌЕВИЌ, м-р Ангела ПОПОСКА, Антонио ШОКЛАРОВСКИ, дипл. град. инж., проф. д-р Лидија КРСТЕВСКА Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) - Скопје ПОРТА
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
SONICBOARD Ɂɚ ɧɨɜ ɩɨɜɢɫɨɤ ɠɢɜɨɬɟɧ ɤɨɦɮɨɪ 6RQLFERDUG ɟ ɩɨɫɥɟɞɧɚɬɚ ɧɨɜɨɫɬ ɨɞ Ʉɧɚɭɮ ɩɪɨɢɡɜɨɞɫɬɜɨɬɨ ɜɨ Ⱦɟɛɚɪ ɬɟɲɤɚ ɝɢɩɫɟɧɚ ɩɥɨɱɚ ɫɨ ɤɨɧɬɪɨɥɢɪɚɧɚ ɝɭɫɬɢɧɚ ɨɞ ɬɢɩ ' ɫɩɨɪɟɞ ɆɄɋ (1 ɤɨʁɚ ɜɨ ɫɟɤɨʁ Ʉɧɚɭɮ ɫɢɫɬɟɦ ɜɨ ɤɨʁɚ ɭɱɟɫɬɜɭɜɚ ɞɨɧɟɫɭɜɚ ɩɨɜɢɫɨɤɚ ɡɜɭɱɧɚ ɢɡɨɥɚɰɢʁɚ ɂɫɤɨɪɢɫɬɟɬɟ ʁɚ ɜɨ ɩɪɟɝɪɚɞɧɢ ɾɢɞɨɜɢ ɜɨ ɫɬɚɧɨɜɢ ɡɚ ɡɚɲɬɢɬɚ ɧɚ ɫɩɚɥɧɚɬɚ ɫɨɛɚ ɨɞ ɡɜɭɰɢɬɟ ɤɨɢ ɞɨɚɼɚɚɬ ɨɞ ɞɧɟɜɧɚɬɚ ɩɨɦɟɼɭ ɫɬɚɧɨɜɢ ɤɚɤɨ ɡɚɲɬɢɬɚ ɧɚ ɫɜɨʁɚɬɚ ɢ ɩɪɢɜɚɬɧɨɫɬɚ ɧɚ ɫɨɫɟɞɢɬɟ ɤɚɤɨ ɾɢɞɧɚ ɨɛɥɨɝɚ ɡɚ ɫɚɧɚɰɢʁɚ ɧɚ ɫɥɚɛɚ ɡɜɭɱɧɚ ɡɚɲɬɢɬɚ ɜɨ ɫɩɭɲɬɟɧɢ ɬɚɜɚɧɢ ɤɨɢ ɬɪɟɛɚ ɞɚ ɧp ɡɚɲɬɢɬɚɬ ɨɞ ɱɟɤɨɪɢɬɟ ɧɚ ɝɨɪɧɢɬɟ ɫɨɫɟɞɢ ɜɨ ɾɢɞɨɬ ɤɨɧ ɛɚʃɚɬɚ ɡɚ ɞɚ ɫɟ ɡɚɲɬɢɬɢɦɟ ɨɞ ɲɭɦɨɬ ɢ ɡɜɭɤɨɬ ɧɚ ɜɨɞɚɬɚ ɢɬɧ ɂɫɬɢɬɟ ɫɢɫɬɟɦɢ ɢɫɬɚɬɚ ɩɨɬɤɨɧɫɬɪɭɤɰɢʁɚ ɢɡɨɥɚɰɢʁɚ ɢɫɬɢɬɟ ɢɫɤɭɫɧɢ ɪɚɰɟ ɧɚ ɦɨɧɬɟɪɢɬɟ ɢ Ʉɧɚɭɮ 6RQLFERDUG ɡɚ ɫɨɫɟɦɚ ɧɨɜ ɩɨɜɢɫɨɤ ɠɢɜɨɬɟɧ ɤɨɦɮɨɪ
621,&%2$5' 621,&%2$5'
ПОРТА
екологија
ПОДИГНАТА СВЕСТА ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ШИШИЊА И ТЕГЛИ ВО ДОМОТ
Отпадното стакло се помалку е ѓубре Во 2017 година Пакомак има собрано над 2.100 тони стаклена амбалажа, а за оваа година се очекува таа бројка да порасне до 2.400 тони
Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
С
веста за собирање, селектирање и рециклирање на отпадот во Македонија од година во година расте. Како хартијата и пластиката така и стаклото е материјал кој е драгоцен за рециклирање. Стаклото е единствено. Ова е единствен материјал кој може 100 отсто да се рециклира. Старото стакло може да се преработи безброј пати, а притоа не го губи квалитетот и тоа се користи како вредна суровина за производство на нова стаклена амбалажа. Од еден тон старо стакло, со додаток на енергија, се добива еден тон нова стаклена амбалажа. Што повеќе стакло се рециклира тоа значи дека се троши помалку енергија и суровина, а со тоа се намалува и емисијата на СО2. Со рециклирање на стаклото се придонесува кон заштита на околината од што сите имаат корист. Пакомак во Македонија има поставено контејнери за собирање на стаклена амбалажа на над 650 локации во повеќе од 15 градови, а бројката постојано расте како што потребата на граѓаните се зголемува. „Во 2017 година Пакомак има собрано над 2.100 тони стаклена амбалажа, а за оваа година очекуваме таа бројка да порасне до 2.400 тони. Пакомак постојано работи на подигнување на свеста кај луѓето преку различни активности. Со оглед на фактот дека се собрани над 2.100 тони стаклена амбалажа можеме да кажеме дека 44
ПОРТА
31 август 2018
свеста е подигната, но има уште многу да се работи на оваа тема“, велат од Пакомак. Од оваа компанија велат дека стаклената амбалажа која ја собираат ја носат на рециклирање во Бугарија. Од Пакомак велат дека подигнувањето на свеста за собирање на стаклена амбалажа е напредната со собирање од над 700 угостителски објекти, ресторани и кафулиња. Од овие објекти Пакомак месечно успева да
собере над 80 тони стаклени шишиња чија крајна дестинација се фабриките за рециклирање на стакло. Тоа значи над 200 илјади шишиња месечно кои повторно ќе се преработат и ќе станат амбалажа, со минимална можна потрошувачка на енергија и загадување на околината. Оваа активност досега се покажала како многу ефикасна иако од самите угостители не бара голем ангажман, освен високо ниво на еколошка култура која
треба да ја има и кај секое домаќинство во државата. Во Македонија од компанијата АКРОН велат дека се единствени кои се занимаваат со третман на отпадното стакло. „Ние ги следиме светските стандарди за искористување на отпади и преку нивно имплементирање во процесите на работа правиме чекор напред во управувањето со отпад во Македонија. Тоа е пример што треба да го следат сите компании што се занимаваат со некаков вид на производство“, велат од АКРОН. Над 40 илјади тони отпадно стакло завршува во депониите низ Македонија секоја година. Стаклото е единствен амбалажен материјал што може неограничено да се рециклира и притоа да го задржи истиот квалитет. Рециклирањето на еден тон отпадно стакло спречува да бидат ослободени четири килограми издувни гасови во атмосферата. Еден тон рециклирано стакло заштедува 42 киловат часови електрична енергија, 19 литри нафта, два кубни метри депониски простор, 603 килограми песок, 196 килограми сода, 196 килограми варовник и 70 килограми фелдспат. Луѓето во Македонија сè уште не се целосно запознаени со рециклирање на стаклото. Сè уште не знаат за процесот и придобивките, но сепак, се шири интересот и граѓаните ја поддржуваат иницијативата. Приказната за рециклирање на стакло почнува од селектирање на стаклени шишиња и тегли во домовите. Сортирањето и одвојувањето на материјалот се одвива во контејнери, а потоа се селектира по боја. Необоено, зелено и кафеаво стакло. Потоа се
врши третман на стаклото и се ситни на помали честички, гранули и се пакува. Компанијата АКРОН засега прави само механички третман на стаклото. Не се топи, туку се дроби и пакува и се извезува надвор од Македонија. Примерите од повеќе земји покажуваат дека обработеното стакло, познато како „крш“, многу зависи од бојата. Затоа се прави претходна селекција по боја. Откако „кршот“ ќе пристигне во фабриката за стакло, се меша со суровински материјал за да може да почне обработката во стаклото. Тој материјал е песок, инаку познат како силикат, натриум
карбонат и калциум карбонат. Стаклениот крш во производството на амбалажно стакло е многу важна секундарна суровина. Во последниве години примената на кршот има сè поголема важност заради зголемените напори за заштита на околината. Уделот на кршот во суровинската смеса може да биде во различни масени проценти. Во смесата на основни суровини може да се додаде и до 70 отсто, па и повеќе крш (кафено и зелено стакло), додека кај белото стакло тој процент е помал до 40 отсто. За употреба на стаклениот отпад во производството на амбалажа особено е важно стаклениот крш од рециклажа да биде поделен по боја, да биде чист од несакани примеси и исклучиво мора да биде од амбалажа. Процентуалното учество на стаклото како фракција од комуналниот отпад, согласно со податоците од Националниот план за управување со отпад, е околу 3,5 отсто, па оттука направен е напор за изнаоѓање на решение и негова повторна примена. Стаклото е невозможно да се разгради по природен пат, но во технолошка постапка стаклото може 100 отсто да се рециклира без губиток на масата и квалитетот во интерес на заштита на животната средина и заштеда на енергијата. Според податоците една фамилија просечно користи 500 стаклени шишиња и тегли. Стаклото може да се рециклира сто отсто повторно и повторно. Ако се фрли стаклено
ПОРТА
М
на
шише и заврши на отпад, тоа нема никогаш да се разложи. Но, со рециклирање на едно стаклено шише се заштедува енергија која е потребна за една светилка од 100 вати да работи еден час, компјутерот да работи во тек на 25 минути, ТВ-приемникот да работи во тек на 20 минути, машината за перење на алишта да работи во тек од 10 минути. Освен за повторна употреба стаклото може да се користи да замени некои од агрегатите кои се користат во производството на бетон. Бетонот што содржи стаклен крш како агрегат понекогаш се нарекува „стаклен бетон“ (glasscrete). Ситно дробеното стакло (< 5 mm) може да се користи како замена за песок за подлога (или прав од дробилка), за апликации како што се бехатон и цевки.
ПОРТА
најчудни градби на светот
Агора градина ќе почне да јаде смог во Тајпеј Официјалното име на кулата е Тао Жу Јин Јуан или скратено Агора градина и се очекува оваа есен да биде отворена Драган РИСТОВ
К
улата „Агора градина“ (TAO ZHU YIN YUAN TOWER) во Тајпеј е дизајнирана од француската фирма за архитектура на Винсент Калебоут и до крајот на оваа есен таа ќе биде ставена во функција. Тоа ќе биде еден од најмодерните градежни екообјекти што светот некогаш ги видел. Се наоѓа во срцето на растечката урбана зона Хинјин и истата се смета за важен исчекор во екоструктурите. Инспирацијата за формата на објектот се две сплотени раце,
48
ПОРТА
31 август 2018
што е одраз во архитектонска смисла на овој облакодер, во комбинација со зелените површини. На површина од околу четири хектари, што воедно била последната расположлива парцела, светот ќе ја види со сиот свој сјај најсовршената градба со ниска потрошувачка на струја. Зградата е екодизајнирана, извлекува максимум од природно осветлување и вентилација. Има систем за рециклирање на дождовна вода и соларни панели. Таа ги интегрира не само рециклирањето на органскиот отпад и вода, туку и сите обновливи извори на енергија и друга нова
современа нанотехнологија како што се сончеви фотоволтаични панели. Истата е работена според најстрогите критериуми на Министерството за животна средина на Тајван. Кулата вертикално вклучува големи балкони конфигурирани како вистински висечки градини, органски, ароматични и други градини за лековити растенија. Со еден збор, растителен рај за љубителите на природата. Иако објектот има 21 кат, има уникатен облик и форма. Поделена е на две крила, кои се закосени едно кон друго, секој кат има отклонување од 4.5 степени при што
НАЈМОДЕРЕН ГРАДЕЖЕН ЕКООБЈЕКТ на врвот вкупната разлика е 90 степени. Долгите балкони се опремени со фотоволтаични модули како и системи за филтрирање и обновување на дождовница и фитопрочистувачи. Целиот објект секоја година ќе може да апсорбира 130 тони јаглероден диоксид, благодарение на 23 илјади дрвја. Конечно, според концептот C2C (Cradle 2 cradle), сè се трансформира, вклучитлено и внатрешните елементи, како што е мебелот, кои ќе бидат од рециклиран материјал со можност и по неговата употреба да се замени со ист функционален принцип на мебел. Сите овие компоненти како принцип на градба, имаат за цел да му донесат посебен статус за „зелена зграда“ на објектот. Архитектонскиот концепт освен само како екодизајн на енергетска самодоволна зграда, чија енергија е електрична и топлинска подразбира исто така и прехранбена компонента, бидејќи вишокот на храна ќе оди во специјална централа која ќе прави биогориво, кое пак до
31 август 2018
ПОРТА
49
последен атом ќе се разградува за различна намена. Кулата Агора е директно инспирирана од структурата во двојна спирала на ДНК како извор на живот, динамизам и збратимување. Секоја двојна спирала е претставена во проектот од страна на две станбени единици кои формираат целосно ниво, а изгледот потсетува и на две исправени поврзани дланки. Од друга страна, според гледна точка на пешакот од околните улици, оваа кула го менува лицето и предлага нови профили, па како што се движите
ПОРТА
имате впечаток дека и самата зграда се движи со вас. Покрај оваа подвижна геометрија дополнително видикот е разубавен со екотерасите полни со дрва. Во внатрешноста, по нивоа, централното јадро собира две скалила, четири лифтови со 24 брзини и носивост од 1.800 килограми, еден лифт за автомобили, но и за други масивни предмети и друго. Сите овие вертикални текови се покриени со огромен егзоскелет со лого во армиран челик. Апартманите се во просек од од 540 квадратни метри и се околу централното јадро. Сите нивоа се поврзани на двата краја со две спирални мега колони покриени со зелени ѕидови. Овој структурен концепт овозможува максимална флексибилност во смисла на внатрешен распоред. Обезбедува и оптимална визуелна пропустливост кон суспендираните градини на балконите во преден план и урбаната панорама на позадината.
Кулата е покриена со линеарни кристални фасадни компоненти кои се повторуваат на секое ниво. Идентичните фасади во секој стан ќе бидат претходно произведени во фабрика за да се забрза нивното поставување за време на внатрешните работи. Секој апартман ќе
има двослојни фасади со интегрирани ролетни со цел да се заштитат внатрешните простори од сончевото зрачење во лето и да се ограничи калориската загуба во зима. Применет е концептот на пејзаж за да се изгради каскада на суспендирани градини кои ја
покриваат целата зграда. Кулата на тој начин е еден вид на вистински вертикален населен парк. Објектот има фотоволтаичен покрив на височина од 100 метри, и таа огромна фотоволтаична површина од илјада квадратни метри ги преобразува сончевите зраци во електрична енергија која директно се враќа во мрежата на зградата. Кулата ќе има и голем паркинг-простор кој овозможува место за 230 автомобили и 500 скутери на четири подземни нивоа со висина од 3.10 метри. Инаку, дизајнот ја доби првата меѓународна награда во ноември 2010 година како највлијателен екообјект.
ТЕХНИЧКИ ПАРАМЕТРИ
АРХИТЕКТИ: Винсент Калебоут Архитектури, Париз КЛИЕНТ: БЕС Инженеринг корпорација, Тајпеј ИЗВЕДУВАЧ: Тајван Кумагаи Ко, ООД СОДРЖИНА: 42 одржливи апартмани + други капацитети ПОВРШИНА: 42.335,34 квадратни метри ВИСОЧИНА: 21 кат во две крила ПОДГОТВЕНОСТ: ноември 2018 година ЗЕЛЕНА СЕРТИФИКАЦИЈА: Совет на зелената градина на САД, LEED Gold + Алијанса за ниско ниво на јаглерод, дијамантско ниво ЛОКАЛЕН АРХИТЕКТ: ЛКП Дизајн, Тајпеј ЛОКАЛЕН МЕП ИНЖЕНЕРИНГ: Сине и соработници, Тајпеј МЕЃУНАРОДЕН ВНАТРЕШЕН АРХИТЕКТ: Вилсон и соработници (ВА), Лос Анџелес ЗЕЛЕН КОНСУЛТАНТ: Енертек, Тајпеј 31 август 2018
ПОРТА
51
хортикултура
Успешна борба со ерозијата предуслов за интересни градини
Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж.
Е
ден од најголемите предизвици со кои се соочуваат градинарите претставува хортикултурното уредување на стрмните терени. Тие се доста непријатни за обработка, бидејќи пристапот до нив е доста тежок. Освен постигнување на естетски ефект, како главен предизвик кој треба да се реши со конкретното уредување на теренот е борбата со ерозијата. Доколку теренот не е соодветно третиран во периодите со обилни врнежи од дожд, може целосно да дојде до измивање на горниот слој на почвата. Потоа одржувањето станува уште потешко, така што резултатот е понижувачки. Сепак, со добра анализа и избор на добри видови борба со ерозијата, овие површини можат да станат навистина динамични и интересни градини. 52
ПОРТА
31 август 2018
ХОРТИКУЛТУРНО УРЕДУВАЊЕ НА КОСИ ТЕРЕНИ Формирањето на каскади на местото каде што теренот е во пад е една од најдобрите и најинтересните мерки за борба против ерозијата. Во тој случај со формирање на повеќе каскадни ѕидови од бетон обложен со плочки, природен или вештачки камен или сува ѕидарија може да се формираат рамни површини за одгледување на голем број видови кои не е потребно да имаат предиспозиции за борба против ерозијата. Самите потпорни ѕидови би го регулирале земјиштето, а растенијата со својот коренов систем би ја укрутиле земјата и првенствено би служеле како декорација. Главниот предизвик се јавува на места каде што нема можност или простор за подигнување на потпорни ѕидови. Во тој случај потребна е системска анализа при изборот на видови за уредување на косини. Затревувањето на ваквите
терени е добра мерка за борба со ерозијата. Самата операција за затревување е отежната поради косиот терен, а ерозијата во прво време би се јавувала додека не се оформи компактен тревник. За вакво затревување најдобро е да се изврши со хидросеење со машини под притисок кои користат тревно семе, вода и органски мучл со цел подобро прилепување на семето за почвата. Најдобрите растенија за оплеменување на коси терени се видови кои растат приземно и имаат способност за вкоренување преку своите гранчиња. Такви видови се видовите од родот Cotoneaster spp. Lonicera spp. Hedera spp. Myoporum parvifolium, Rosmarinus officinalis "prostratus", Fragaria chiloensis, Доколку сакаме да направиме комбинација од пониска и повисока растителност може да се користат
грмушести видови со кои би се формирал интересен пејзаж. Такви видови се Forsythia spp. Spirea spp. Hypericum fron-dosum, Liriope spp, Euonymus spp. Кактусите и суккулентите исто така се добри видови за уредување на косини кои се со сончева експозиција. Вакви видови е погодно да се користат на месторастења со мала количина на годишни врнежи затоа што во спротивно растенијата би скапувале при поголемо количество на вода. За формирање на рустикален доем секогаш најдобро е да се земат растенија од околната природата, па така теренот би бил комбинација на дрвја, грмушки вклопен во локалниот пејзаж. На тој начин не само што визуелно би изгледале попривлечни, туку растенијата ќе привлечат повеќе локални птици и инсекти.
ПОРТА
уметност
Реална моќ и кич реализации
Очигледно е дека еден несреќен народ сè уште нема јасна претстава како треба да изгледа националниот „Пантеон“ во една трагично поделена и конфликтна мала земја. За жал сè уште чувствуваме како тешко нè притиска историјата која има нерасчистени поглавја Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ
В
о рамките на македонската ликовна и визуелна практика забележани се мал број дела (слики во комбинирана техника, просторни решенија, видеа итн.) кои се однесуваат на теми од кризната 1999 и особено на 2001 година, време на внатрешни воени конфликти проследени со криза, страв и несигурност (на пример изложбите во Музејот на современата уметност на Кале се отвораа во присуство на војска итн.), без позначителни уметнички остварувања. Велешката еколошка катастрофа (се протестира против отворање на рудниците како потенцијални загадувачи на средината), зачудувачки, но сепак помина уште полошо што се однесува до уметничка реакција за оваа актуелна проблематика (освен некои изведени акции и дела, меѓу нив и каталогот кој опфаќа различни искажувања објавен во градот Велес). Не се случи
54
ПОРТА
31 август 2018
ништо позначајно ниту подоцна со активноста на помали групи млади уметници ориентирани кон „(нео)концептуалистички“ искажувања (тие излагаа во 2014 година, едни во мобилната монтажна галерија, како и во приватни станови). И тогаш не се случи ништо позначајно на уметнички план. Сепак, токму заради немуштиот глас на протест и заради извесната изолираност од јавноста неколку од авторите не се двоумеа да учествуваат на изложби организирани од страна на државните институции против чија активност протестираа (за директори беа поставувани партиски кадри). Меѓу реакциите на протест против „груевизмот“ се издвојува темата на замолчување претставена на колажирани слики и видеодела со исцртување на знакот на поништување - X или со бришење на цртите на устата. Во постмодернизмот, пишува Мишко Шуваковиќ во неговиот појмовник „не постои и буквално политичка уметност туку постполитичка уметност која ги отфрла големите логоцентрични проекти на промени во
ЗА АНГАЖИРАНОСТА НА ЛИКОВНАТА УМЕТНОСТ - СКИЦА рамките на општеството, културата и уметноста. „Тоа значи дека „постмодерната уметност спроведува симулација и деконструкција на политичкото, а не критичко, ангажирано и аналитичко делување. „Всушност, сè потекнува од власта и за власта поврзано со реална моќ и кич реализации. Ќе укажам, хронолошки на уште неколку текстови и изложби кои резултираа со мала и бледа ликовна продукција што се однесува на нивната „ангажираност“. Жанета Вангели во списанието Арт Република во 2005 година објави текст (со репродукции) насловен: „Отворен крај, интердисциплинарен проект за градот“ во кој се залага за создавање „монументален национален музеј“ како и за „разубавување“ на градот со дела од автори кои припаѓаат на нејзината генерација или непосредното опкружување. Покрај имиња на вајари авторката наведува и имиња на сликари на кои требало, иако без искуство ниту талент за монументализам да им се даде шанса да го украсат Скопје за да добие „европски изглед“. Сликарот Александар Станкоски во еден разговор изложи слична идеја, меѓутоа изработи и проект во кој предложи зградата на републичкото Собрание да се претвори во музеј. Идеи и предлози и кога се изложени на хартија, но без конкретизирање и теориска поткрепа немаат никакво значење. Остварување на една таква замисла, без основни претпоставки и пресметки можела да резултира само со фијаско. Можеби и не е толку необично и несфатливо што истите автори го поддржаа и афирмираа проектот „Скопје 2014“. Во 1989 година (кога падна комунизмот и Берлинскиот ѕид одбележани со концертот насловен „Ѕидот“ на „Пинк Флојд“) во Сараево се одржа втората и последна изложба „Југословенска документа“, ориентирана кон плуралистичката сцена во уметноста во духот на тогашното сфаќање на „постмодерната состојба“ (Лиотар). Сараево за жал стана симбол на трагичниот крај на еден политички и културен проект. На изложбата земаа учество повеќе македонски уметници кои за десетина години ќе бидат заборавени или нема да бидат во редот на значајни уметници во бившиот „југословенски уметнички простор“. Во 2005 година ја разгледав изложбата: „За нормалноста, уметноста во Србија 1989-2001 година“ отворена во белградскиот Музеј на современата уметност. Изложбата, како и каталогот со студиозни текстови ми оставија силен впечаток („Последната деценија: уметноста, траумата и нормалноста“). Подоцна, во истиот музеј во 2014 година беше организирана изложбата „100 дела од збирките на музејот во Белград“, со тема „Југословенската уметност на 20 век“. На изложбата немаше изложено ниту спомнато во каталозите ни едно дело од македонски уметник. Една година порано во 2013 година, но со значително задоцнување, а во рамки на една манифестацијата наречена „Бела ноќ“ беа организирани неколку изложби и објавен весник наместо каталог посветен на тематскиот блок „Уметникот и политиката“. Станува збор за вистинско промашување на темата во објавените текстови и приредените изложби без доволно познавање и проучување
на оваа актуелна проблематика. На пример во текстот „Транзициска авторитарност“ (автор Ана Франговска) неочекувано бесмислено таа вели: „Колку односот на уметникот кон самоволието на властодршците е отворен, директен, разговорен, активен, прогресивен?“ Или нешто кое личи на некаква констатација: „тие (уметниците) се обраќаат кон аспекти кои, како авторитарни во кој било сегмент од општествено-политичкиот живот ги фрустрираат и уметнички поттикнуваат од дневно политички, локални, еснафски, па сè до поглобални“. За каков вид „уметност“ всушност тука станува збор? Дали станува збор за поновата македонска уметност или за нешто друго? Каде е тука улогата и ангажираноста на кустосот? Ќе го прескокнам примерот со дело во кое „другарот Тито“ е претставен како „сексуален манијак“. Зачудува како е можно делото „Ерос и Танатос“ од Анета Светиева, кое се карактеризира со пластична експресија и потврдени архајско-митолошки содржини, да се поистоветува (со одобрение на вајарката) со „една бајковита визуелна еманација на диктаторот и на потчинетиот“? Дали станува збор за „збогатување“ на содржината на едно дело или е очигледна неподготвеноста да се прочита едно дело? Кому таквиот пристап надвор од контекстот може да му користи? Или примерот со минимализмот на Исмет Рамиќевиќ, кој користел весници од редакцијата на весникот „Бирлик“ (каде што работеше овој скулптор) за изработка на делата (покрај другите „Инфотекстили“) кои претставуваат низок брановиден релјеф кој ја нагласува површината на подот од изложбените простори. Неговото дело, со чисто пластични и просторни преокупации неаргументирано се поврзува со режимското цензурирање на медиумите и притисокот врз нив од актуелната диктаторска власт. Очигледно некој сака да употребува силни зборови кои лебдат во воздух. Ќе потсетам на уште едно дело. Цитирам: „Благоја Маневски автор на перформансот Парада кој работел „со два аспектаневработеноста и Први мај како реминисценција од еден диктаторски систем-комунизмот“. Станува збор, за волја на вистината за Македонија во рамки на социјалистичка Југославија. Наместо избор и толкување на некое друго посоодветно дело за темата кураторката го опишува, од нејасни причини споменикот 31 август 2018
ПОРТА
55
„Паднатите херои за Македонија“ од вајарот Томе Аџиевски изведен за проектот „Скопје 2014“. Чудно, меѓутоа не е јасно дали споменикот ја слави, исмева или критикува актуелната авторитарна власт: имајќи ја предвид неговата формална страна особено оддавањето на одбојна студенина и испразнетост од хумани содржини и конотации. Споменикот со неговиот невешт еклектицизам и псевдо(критичка) „ангажираност“ го потврдува единствено, иако во друг контекст и со други значења трагизмот на хаосот од 19 век. Тоа е уште еден пример на незнаење и невкус што се актуелизира како (не)култура во едно време кое ќе се препознава по низа деструктивни потези и решенија со лоши последици за градот и еден трагичен настан во најновата историја на македонскиот народ. Скулптурата-монумент (контрастирачки дел од споменикот) посветен на „Прометеј“, кој има значење на еден силен митолошки лик добил крут израз со белези на соцреалистичко-нацистичко клише и карактеристики на женската фигура. Во текстот се спомнува маниристички претставениот „Сатир“ на Аџиевски кој (по нечија одлука) е применет како заштитен знак на Националната галерија? Аџиевски, меѓу другото не умееше да смисли барем неколку добри реченици за да го претстави или објасни своето дело. Не случајно, и токму заради овој габаритен споменик, притиснат со други кич споменици во просторот на Жена парк, проектот „Скопје 2014“ доби мачна слика на грда (но цврсто градена) сценографија (која на писателот Јерофеев му заличи на московски гробишта) духовито наречен непромислен „Хеленски Дизниленд“. Новата власт брзоплето ветуваше: „По Ќосето, ќе паднат 56 56
ПОРТА ПОРТА
31 24 март aприл2017 2015
и Александар Велики, Филип Втори и Мајка Тереза“, а нема да куртули ниту еден споменик од Скопје 2014“. Освен „Ќосето“ ниту еден споменик не е тргнат од своето место. Тешко е впрочем (не само од материјални причини) да се интервенира (исто така непромислено) во еден амбиент во кој царува „тотален кич“. Колку да се знае: за подигање само на еден монумент во развиени средини се води јавна дебата, што кај нас сè уште не може да се замисли (покрај некои јавни протести и објавени текстови). Уште еден комплементарен пример за нашиот споменички Ел Дорадо и пословична негрижа или меѓупартиска „игра на интереси“; не требаше да нè потсети ниту Американец ниту Норвежанец пред ние да забележиме дека, исто така своеволно можат да бидат подигнати „монументи“ посветени на балисти или на борци, кои порано беа идентификувани како терористи, а сега се „борци за слобода“. Очигледно е дека еден несреќен народ сè уште нема јасна претстава како треба да изгледа националниот „Пантеон“ во една трагично поделена и конфликтна мала земја. За жал сè уште чувствуваме како тешко нè притиска историјата која има нерасчистени поглавја. Ни го загадија регионот со фрлање бомби со т.н. „осиромашен ураниум“, а културата и уметноста (што е наша слабост) ни ја наметнуваат според туѓите западни модели, како и идејата за прогрес и рационализирана култура на материјалистички и прагматички сфаќања. Потсетувајќи се на размислувањата на Леополд Сенгор (пренесени од Андре Малро) и ние можеме да кажеме вака: Добро, не постоиме како нација, но ние ќе ја создадеме, поточно ние веќе ја создадовме со народната традиција и модерната култура и уметноста. Неопходно е да се води дијалог со светската уметност, но на свој начин и по свои патишта. Да не зборуваме за продолжениот варваризам спрема спомениците, особено оние посветени на НОВ и Илинден во Тетово и други градови. На тој начин се верификуваме како длабока провинција и земја на работ на Европа. Микел Дифрен смета дека „уметничката практика по никоја цена не треба да се подредува на политичката практика, како безусловна приврзаност кон една партија“, притоа не исклучувајќи ја можноста да добие значење на „одлука за ангажирање во политичка акција со цел таа да се естетизира. Ние дозволивме токму тоа нам да ни се случи со примената на ретроградна недомислена замисла на т.н. „антиквизација“, „барок“ и „неокласицизам“, дрско реализирана узурпација на јавен простор, надвор од сите правила и закони; проект кој стана симбол на систематски спроведувана корупција и патолошка омраза спрема градот и модернизмот. Вера Хорват Пинтариќ пишуваше за уметноста и политиката (за нацистичката и соцреалистичка уметност), разработувајќи ја тезата за кичот како стил на живот, за постоењето на кич-човек и сите негови карактеристики. Милан Кундера во романот „Неподносливата леснотија на постоењето“ напиша: „кичот е естетски идеал на сите политичари и на сите политички партии и движења“. Покрај сè, пишува тој „сè уште може да се избегне инквизицијата на кич-поединецот“ при што „поединецот може да ја сочува посебноста, а уметникот да создава неочекувани творби“ забележува писателот. Протестите на „Шарената револуција“ во почетокот оставија впечаток дека се автентични движења на борба за
смена на авторитарниот режим, меѓутоа набрзо се виде дека всушност станува збор за борба за фотелја и привилегии. Беа објавени и неколку „стручни“, но и коректни текстови за симболиката на боите кои со уживање, веројатно и со револт беа плискани или катапултирани врз фасадите на одбраните згради и споменици од проектот. Уметниците, кои зедоа учество во овој несреќен проект даваа нејасни и куси изјави за својата работа ставајќи акцент на својата аполитичност. За волја на вистината уметниците речиси немаат можност да учествуваат во вакви државни нарачки, кои по ниту една основа не може да се споредуваат со други квалитетни проекти во светот (на пример американскиот федерален проект во 1933). Наместо работа и творечки заложби луѓето се борат за брза и лесна заработка, развивајќи ја старата вештина на себеприкажување како „револуционери“ (кои главно вербално секојдневно шират „говор на омраза“) или како „жртви на режимот“ заради некој личен интерес. Ние за жал, сè уште не знаеме ништо за себе, за тоа кој е вистински предавник, а кој патриот. Брзите промени, всушност значат дека ништо не се менува. Само уште неколку примери од „теоријата“ и доменот на претпоставената „ангажираност“ во уметноста. Двајца автори објавија текст насловен „Инвентар на прашања и одговори: уметник - институција - држава, разговор меѓу уметниците Лилјана Ѓузелова и Сашо Станојковиќ (објавено во „Слободен печат“ на 31 јули 2015). Станува збор за протест против директното мешање на државата (партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ) во работата на Музејот на современата уметност и за евидентниот расчекор меѓу мислењето на кустосите и одлуката на директорката, скулпторката Љиљана Ѓузелова објаснува: „Делата ги отстапувам за поставката, но не се согласувам да бидат изложени сè додека оваа гарнитура е на власт бидејќи не се согласувам со нејзината културна политика, особено во сферата на современата уметност“. Тоа е повеќе приватна реакција која доби публицитет одошто каков било вид на „уметност“. Кај нас, освен тоа треба да се внимава во кој весник нешто се објавува затоа што царува пристрасност, заземање страна, лоши енергии кои ја загадуваат средината). Од друга страна Сашо Станојковиќ предлага во рамките на својот нов (документаристички) проект преостанатите траги од т.н. „Шарена револуција“ да се стават под заштита и да се прогласат за културно наследство критички забележувајќи дека во времето на наметнатата т.н. „антиквизација“ и барок, по брза постапка и без критериум разни нови-стари објекти (меѓу нив и „Триумфалната порта“) беа ставени под заштита како споменици на културата. Големите рок и поп музичари кои се синоними за протестна уметност и борба за слобода (Боб Дилан, Леонард Коен, Дејвид Боуви, Џон Ленон и други) се предмет и на ликовна обработка. Како може да се објасни еден друг грд пример; некој решил да подигне куќарче од стари
кревети и фотелји, и други предмети од отпад (еден вид објект - старежна скулптура) и го поставил до фреквентна улица (дали е тоа случајно?), во близина на Транспортниот центар (недовршено дело на Кензо Танге). Факт е дека низ градот се посеани повеќе слични картонски „кутии“ за живеење) кои се недвосмислен знак за реалната состојба во земјата. Своевидна потврда е скулптурата -монумент „Св. Климент Охридски“ поставен на работ на булеварот кај Соборниот православен храм. Се поставува едно многу сериозно прашање, а тоа е, како да се обнови енергијата, како да се опорави паднатиот дух и морал, сеприсутната општествена и егзистенцијална рамнодушност? Тема со висока ангажираност, покрај војните, посттрауматските состојби, гладот итн. може да биде и една автентична реакција против силно изразената потрошувачка (примитивна како и сè друго) како и материјалистичка култура на „новите диви“ кои не бираат средства за брзо богатење. Убаво се чувствувате кога некој сликар, како на пример Ѓуро Седер ќе изјави дека му е најважна радоста на самиот сликарски чин без оглед каков мотив обработува. На темата ангажирана уметност во различни насоки работеле уметници од различни генерации (некои спомнати во текстот), кои биле независно творечки мотивирани, но исто така и по некој друг повод и детерминираност (активноста на Музејот на современата уметност и Сорос центарот за современа уметност). Автентичен придонес кон оваа тема, бунтовно и ангажирано е остварено во низа графити остварувања на ѕидовите низ Скопје. Сите тие внесоа нов сензибилитет со забележително влијание на западните уметнички струења на некои домашни теми.
31 август 2018
ПОРТА
57
репортажа
ЗЕЛЕН ПРОЕКТ PROMENADE PLANTÉE ВО ПАРИЗ
Од напуштен железнички коридор до омилена зелена патека за парижаните Проектот „Променада Планте“ во Париз претставува храбар и визионерски план за регенерација на маргинализирани простори во развојни проекти и е пример како идејата за обнова преминува во врвен креативен резултат од страна на градските власти, архитектите, пејзажните архитекти, инженерите, дизајнерите и самата заедница Текст и фотоДејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз)
Н
апуштените железнички коридори во последните децении претставуваат ексклузивни просторни ресурси на градовите со значителни потенцијали на инфраструктура, градежно
58
ПОРТА
земјиште и зеленило. Така, просторот што тие го заземаат може да прифати различни функции и содржини, пред сè, од рекреативен, забавен, културен и друг карактер. Ефикасното користење на градежното земјиште, што е од стратешко значење за секоја локална заедница, може да создаде услови за економски развој и подобрување на квалитетот на животот во
градот. Социјалниот, еколошкиот и економскиот потенцијал на ваквите локации укажуваат на нивното значење како за урбаната заедница, така и на потребата од нивно обновување. Еден таков реализиран потенцијал е проектот Promenade Plantée („Променада Планте“) односно le Viaduc des Arts во Париз, кој претставува светски врвен резултат од
креативни пристапи од страна на градските власти, архитектите, пејзажните архитекти, инженерите, дизајнерите и самата заедница. Исто така, ова шеталиште познато меѓу парижаните и како Coulée Verte, е прекрасен пример за регенерација на маргинализирани простори во развојни проекти и покажува како идејата за обнова од потполна визија може да стане реалност и модел за повторно инспиративен сегмент од еден град. НОВ ЖИВОТ Повеќе од еден век, една од главните артерии која го хранела срцето на францускиот главен град била железничката линија на возот што доаѓал од источниот Париз и стигнувал до својата цел на славниот „Плас де ла Бастилја“. Изграден во 1859 година, овој сообраќаен проект барал изградба на монументален вијадукт низ 12тиот арондисман во Париз, кој е составен од 64 прекрасни заоблени сводови. На оваа железничка линија, возниот сообраќај се одвивал точно 110 години, сè до моментот кога во 1969 година креирањето и пуштањето во сообраќај на RER A (Réseau Express Régional d'Île-de-France, експрес железничка линија од 617 км и 257 станици, која го поврзува Париз со својот регион „Ил-деФранс“) не ја претвори оваа „стара“ линија за излишна. Потоа, вијадуктот со време станувал напуштен објект и во 70-тите години на 20 век, овој некогаш горд пример на француската индустрија станал само уште еден пример на урбаното распаѓање во источниот Париз. До 80-тите години на минатиот век, многумина повикувале на уривање на вијадуктот, но градот Париз наместо тоа избрал храбар и визионерски план. Како дел од огромната урбана програма за обновување, визијата била на напуштената возна линија на возот да му се даде нова можност за животот, а запоставеното соседство да добие нова виталност од друг вид. Така, горе, на пругите на вијадуктот, каде што локомотивите биле оставени на распаѓање, ќе бидат засадени илјадници дрвја, цвеќиња, грмушки и треви во рамките на зеленото шеталиште. Под него, 64 сводови ќе бидат претворени во le Viaduc des Arts, односно ќе станат работилници, уникатни продавници и галерии за рачни уметности и применети занаети, кои инаку, со текот на времето полека исчезнуваат од главната француска метропола. Стаклари, чевлари, „кутуриери“, златари, графичари, дизајнери за ентериери, креатори на инструменти, метални ковачи и галеристи, како и ресторани, кафулиња и други гурмански засолништа... Овој дел, кој е во должина од 1,4 километри и ПОРТА
е паралелен со авенија „Думенил“ создава нова неверојатна динамичност во овој дел од Париз. Во последните 20 години, Promenade Plantée, е омилена зелена пешачка патека за парижаните „гладни“ за природа и зеленило. „ПРОМЕНАДА ПЛАНТЕ“ „Променада Планте“ е делумно „висок“ зелен коридор долг 4,7 километри, кој се наоѓа во 12-тиот арондисман во Париз. Тоа е 60
ПОРТА
31 август 2018
голем зелен појас што ја следи старата „Винсен“ железничка линија (се простирала од Бастилја до Венсен), која била затворена во 1969 година. Железницата го продала имотот на градот Париз во 1986 година, а во 1987 година агенцијата за урбанизам Париска канцеларија за урбанизам смислила мастер план, според кој железничкиот вијадукт, тунелите и насипите се трансформираат во шеталиште. Имено, според планот на пејзажниот
архитект Жак Вергели и архитектот Филип Mетјук отстранет е сообраќајот и дизајниран е зелен коридор/линеарен парк. Изградбата на шеталиштето траела од 1988 до 1994 година, и била завршена под покровителство на Одделот за паркови, градини и отворени простори на градот Париз. „Променада Планте“ се протега источно од Опера Бастилја преку Вијадукт на лакови (Viaduc des Arts, долг е 1,4 километри со 64
донесе вистинска транзиција на околните населби, адаптација на напуштените простори и изградба на нови станбени и деловни објекти (овој дел од Париз добил повеќе од 200 илјади квадратни метри канцелариски простор, а станбениот простор се зголемил за 10 отсто). Вредноста на имототот, исто така се зголемила што воопшто не е за потценување, ако се земе предвид дека цената за еден квадратен метар станбена површина во Париз се движи од девет до 15 илјади евра. Со приходите од автентичните продавници и ресторани под Viaduc des Arts се плаќаат трошоците за одржување на паркот.
лакови и реновиран е во текот на изградбата на паркот), паралелно со авенија Daumesnil, на чијшто крај се наоѓа Jardin de Reuilly (кружен тревник со големина од 1,5 хектари на местото на поранешна товарна станица), па преку алеја „Вивалди“, обрабени со модерни блокови, по што нивото на улицата расте, а „Променада Планте“ продолжува
под нивото на улицата и поминува низ неколку тунели сè до спирални скалила кои водат повторно до нивото на улицата до булеварот „Карно“, близу Боа де Венсен (Bois de Vincennes, еден од двата најголеми градски паркови, кој покрива речиси илјада хектари). Регенерацијата на „Променада Планте“
ГЛОБАЛЕН ПРОЦЕС Соодветната реставрација и конзервација, го задржува и одржува единствениот идентитет на самата област, а напуштениот железнички коридор истовремено прераснува во споменик на индустриското општество и во експериментална лабораторија на природата на отворено. Благодарение на овие проекти како што е „Променада Планте“ или „Хај Лајн“ во Њујорк, регенерацијата на напуштени железнички коридори е прифатена на глобално ниво како процес, кој има за цел да се зачува железничката инфраструктура, да се разубави јавниот простор, да се креираат нови зелени коридори со различни цели, а пред сè, да се поврзе заедницата и да се создаде социјална кохезија во често многу „суровите“ населби.
ПОРТА
УРБАНА ОБНОВА Урбаното обновување (Urban Renewal) е еден од основните принципи на одржливиот развој. Во литературата, многу автори го дефинирале концептот на урбана обнова. Изразите како што се рехабилитација, регенерација и реконструкција најчесто се користат во англосаксонските земји и во САД. Во Обединетото Кралство често се користи терминот „урбана ренесанса“. Во Франција, Шпанија и Италија чест наслов е ремоделирање, а со наведените мали разлики на глобално ниво се мисли на истото: заживување на градот. Урбаната обнова се однесува на интервенција на ниво на целиот град и подразбира „различни методи заедно спроведени во процесот на заштита“. Методите на интервенција од која се состои урбаната обнова се реконструкција, регенерација, ревитализација, рехабилитација, реставрација, конзервација и „џентрификација“ (gentrification). ЗЕЛЕНИ КОРИДОРИ Регенерацијата на железничките коридори во развиениот Запад претставуваат проекти за јавно добро, бидејќи обично припаѓаат на непрофитабилни проекти, со кои напуштените железнички коридори се трансформираат во зелени коридори (greenways). Зелените коридори вклучуваат широк спектар на зелени површини како линеарни отворени простори воспоставени по должината на самиот постоечки коридор и кои се претворени во рекреативни цели, потоа природни или уредени правци за пешачење или возење велосипед, конектирани отворени простори кои поврзуваат паркови, природни резервати, културни добра или историски локалитети со постоечката населена област. Тука се и линеарните паркови (linear park) идентификувани како широк сценски пат со зеленило (parkway) или зелен појас (greenbelt). Како извонредни примери на зелени коридори и индустриски паркови, кои се развиени во САД и Европа, а кои се вистински репер за останатите слични проекти се сметаат „Променада Планте“ во Париз (Promenade Plantée), „Хај Лајн“ во Њујорк (High Line), „Емшер парк“ во Дуизбург (Emscher Landscape Park) и „Парк на природата Шенебергер Зидгеленде“ во Берлин (Natur-Park Schöneberger Südgelände). Избраните примери се различни меѓусебно во однос на контекстуалните карактеристики и нивните структури на 62
ПОРТА
31 август 2018
содржини, (почнувајќи од идејата за ревитализација до сама реализација). Првиот голем и значаен европски пример на трансформација на напуштени железнички коридори во зелени коридори е „Променада Планте“ во Париз, а американски пример е „Хај Лајн“ во Њујорк. Овие две трансформации се покажале како инспиративни катализатори за вградување на стратегии за регенерации на напуштени железнички коридори и како тие влијаат на развојот и обновата на градовите низ целиот свет. Поточно, овие проекти го поттикнале трендот на трансформација на напуштени железнички коридори во зелени коридори и влијаеле врз имагинацијата на планерите, дизајнерите и граѓаните да се развиваат во оваа насока во многу земји во светот, па така и други градови се обиделе овие конверзии да ги вметнат, како што, меѓу другото е, проектот „Блумингдејл Трејл“ во Чикаго. Овие три примери претставуваат „високи“ урбани зелени коридори кои ја дефинираат урбаната типологија заедничка за многу градови - зелениот коридор поминува низ пејзажот и лебди над нивото на улицата. Обновената железничка пруга лежи фиксирана како пејзаж, но исто така и како постојан потсетник на индустриското минато на железничкиот коридор и на градот воопшто. Од друга страна, постојат примери на регенерација на напуштени железнички станици и индустриски комплекси со железнички сообраќај во неговиот состав. Тие дефинираат поинаква урбана типологија, бидејќи вклучуваат и одделни физички
структури и изградени отворени простори како артефакти од индустриската ера, кои паднале во застареност и неупотребливост. Многу од овие објекти се премногу скапи за да се отстранат, така што тие се менуваат на самото место и акумулираат патина од старост и напуштеност. Примери за такви локации се „Емшер парк“ во Дуизбург и „Паркот на природата Шенебергер Зидгеленде“ во Берлин. ЛАБОРАТОРИЈА ЗА ХОРТИКУЛТУРА Сите наведени примери во себе ги содржат клучните карактеристики на постиндустрискиот пејзаж. Изградбата и повторното освојување на железничките пруги ги одразува последователните фази на капиталистичкиот развој. Железничките коридори порано биле дел од една мрежна инфраструктура изградена за движење на луѓе и стоки, како и врски помеѓу различни дестинации. Денес, тие произведуваат едно ново искуство на современ градски живот кое претставува „лабораторија“ за хортикултура и место за бавност, релаксација и размислување. Помеѓу овие две крајности, овие простори постоеле како напуштени и заборавени и претставуваат место за фрлање на отпад, но исто така и за растот на дивата вегетација, имале негативно влијание врз животната средина и на околната заедница. Тие, исто така, претставуваат дел од културното наследство, и затоа урбаната регенерација е призната како неизбежен начин за враќање и зачувување на нивниот идентитет.
ПОРТА
ПОРТА