ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
273
ОКТОМВРИ 2018
Фасада разиграна и привлечна од повеќе агли По 18 години нова пруга од 18 километри Мораториум како инструмент за контрола на изградбата
ПОРТА
ИНФО 6 ГРАЃАНИТЕ НА АЕРОДРОМ ВО БОРБА ЗА ПОДОБАР УРБАНИЗАМ
10
ИНФО 7 ИЗЛОЖБА НА „ЈУГОСЛОВЕНСКАТА ЗБИРКА“ ВО ЧИФТЕ АМАМ
ИНФО 8 САЛОНИ ЗА АРХИТЕКТУРА ВО БЕЛГРАД, НОВИ САД И НИШ
ИНФО 9 18
ОДБЕЛЕЖАНИ 80 ГОДИНИ ОД ИНЖЕНЕРСТВОТО ЗА БРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА
28
ГРАДЕЖНИШТВО 10 ПО 18 ГОДИНИ НОВА ПРУГА ОД 18 КИЛОМЕТРИ
УРБАНИЗАМ 18 МОРАТОРИУМ КАКО ИНСТРУМЕНТ ЗА КОНТРОЛА НА ИЗГРАДБАТА
СТАВ 24 ШЕМАТА НА СТАНОТ Е КОНФЕКЦИСКА И ФИНАНСИСКА
ИНТЕРВЈУ 28
ФАСАДА РАЗИГРАНА И ПРИВЛЕЧНА ОД ПОВЕЌЕ АГЛИ
ЕКСПЕРТ 32 УПРАВНА ЗГРАДА НА БЛУМБЕРГ ДОБИТНИК НА СТЕРЛИНГОВАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА
36
АРХИТЕКТУРА 36 НОРМАН ФОСТЕР - ФУТУРИСТ ВО ПРОСТОРОТ И ВРЕМЕТО (2 ДЕЛ)
АРХИТЕКТУРА 42 БЕСТРАШНА АРХИТЕКТУРА КОЈА СОДРЖИ ФИЗИЧКИ АПСОРБИРАНА МУДРОСТ
ЕНТЕРИЕР 48
42
СПАРТАНСКИ ВОЛУМЕН
ЕКОЛОГИЈА 52 МАЛИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ – БИЗНИС-ИНТЕРЕСИ ИЛИ ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ?
48
52
ХОРТИКУЛТУРА 58 ЖИВОПИСНА ЕНЕРГИЈА ВО СЕКОЈА ГРАДИНА
УМЕТНОСТ 62 НЕИСЦРПЕН ИЗВОР НА ИНСПИРАЦИЈА - ГЕНИЈОТ И МУЗАТА
52 ПОРТА
25 јули 2014
ГОДИНА XII
БРОЈ 273 ПЕТОК 26.10.2018 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Ставање ред во урбаниот хаос и подобрување на квалитетот на живот за граѓаните е она што „Порта 3“ постојано го третира сè со цел да укажеме на лошиот урбанизам и проблемите со кои се соочуваат жителите на секоја општина. И во овој број ги обработуваме главните теми во Скопје. Мораториумот за ДУП-ви во Општина Центар, како и стопирањето на изградбата на деветкатницата во Општина Аеродром. Мораториумот дава време за стабилизација на состојбите и смирување на интензивното и хистерично пополнување на „секоја дупка“ со објект. Дава време за сериозна анализа, проценка на досегашните штети и намалување на штетите кои новите понудени решенија ќе ги создадат. Ваква штета се појави во Општина Аеродром, кај Мајчин дом, но граѓаните не молчеа и излегоа да се борат за своето парче зелена земја. Здравјето пред профитот е девизата на граѓаните за што добија поддршка од општинските власти. Има ли простор и во Аеродром да се стави мораториум за ДУП-ови? Ова е прашањето чиј одговор најмногу ги засега граѓаните. Но, она што сега се чека е решение кое или ќе биде добро за граѓаните и деветкатницата ќе ја нема, или пак, инвеститорот ќе си ја сочува локацијата и ќе продолжи со градежни активности. Урбанизмот низ очите на стручни лица. Современата станбена архитектура и проблемот на домување. Нормативниот сегмент на денешното проектирање виси како меч над главата на проектантот и начинот на неговото позиционирање кон инвеститорот. Затоа неопходно е да се размислува за промена на нормативите во согласност со потребите на денешниот човек и денешниот начин на живеење, со што ќе се обезбеди поквалитетно домување. Минатиот месец во Скопје се одржа БИМАС, а Гран-при наградата отиде кај Ѓорѓи Мојсов од проектанското биро „ГМС“ за објектот Челзи бизнис-центар. Пренесуваме интервју со Мојсов во кое се објаснува како Челзи бизнис-центарот е објект со само една фасада, но многу разиграна. Фасада која го тера минувачот да сврти и од предната страна. Реализирана е идејата фасадата да се менува како се движите, да ја менува сликата, да се случи доживување на малата пешачка улица, да провоцира и кога само се надзира. Годинава жирито за Стерлинговата награда (Stirling Prize) за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти едногласно одлучило овогодишната награда да му се додели на управниот објект на Блумберг во Лондон на архитектите Фостер и Партнерс. Блумберг е приватна компанија со седиште во Њујорк, САД, која делува во областа на финансиите, компјутерски софтвер, обработка на податоци и медиуми, а која сакала нова управна зграда за Европа во која ќе ги смести на едно место сите свои вработени и дејности. Проектот на Фостер и Партнерс го овозможил ова. Преку фотографии и опис нудиме можност сите да се запознаат како на површина од 66.354 квадратни метри во која се сместени четири илјади вработени во централното подрачје на Лондон и во близина
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
на Катедралата „Сент Паул“ изникнал новоизградениот објект кој всушност зафаќа еден цел урбан блок, а во чија надворешна обработка доминираат каменот и стаклото. Во овој број е вториот дел од серијалот за Норман Фостер футуристот во просторот и времето. Човекот кој создава објекти и симболи во светските мегаполиси, кои го надминуваат времето. Железничката траса од Битола до Кременица веќе 18 години тапка во место, но до крајот на оваа година по тие 18 километри конечно ќе помине воз. Од почетокот на оваа година компанијата STRABAG AG почна со изградба на оваа железничка пруга. Проектот се финансира од ЕУ-фондови за ИПА-програма, а условите за изведување на работите се според FIDIC-црвената книга. Од областа на екологијата ја обработуваме темата за малите хидроцентрали и за тоа дали станува збор за бизнис-интереси или одржлив развој. Земјите кои ја разгледуваат оваа технологија треба да инвестираат и во истражувањето на потенцијалните проблеми и да бидат претпазливи и во планирањето и во самата изградба, придржувајќи се кон принципите на одржливиот енергетски развој. Генерално, хидроенергијата се апострофира како еден од најчистите и најсестрани обновливи извори на енергија. Но, искуствата покажуваат дека изразениот оптимизам за потенцијалот на хидроенергијата не е сосема издржан. Ретроспектива на Тадао Андо во Центарот Помпиду во Париз. Нашиот дописник од Париз ја пренесува изложбата. Тоа е бестрашна архитектура која содржи физички апсорбирана мудрост. Архитектурата на Андо е едноставна, силна и исклучително нежна. На комплексноста на просторот, тој секогаш ја придодава едноставноста на обликот. Користи голи материјали кои се чувствителни на допир. Пред сè, тој изразува јасна слика на животот која е предложена од едноставниот облик. Како таква, неговата архитектура секогаш содржи смел предлог за животот или елемент на остра критика на општеството. За љубителите на творештвото на Пабло Руиз Пикасо пренесуваме како поминаа изложбите „Матис и Пикасо комедијата на моделот“ и „Пикасо 1932: Љубов, слава, трагедија“. Внатрешното уредување на стан во Италија е интересна можност да се види еден спартански волумен. Станува збор за мал двособен стан во северната периферија на Милано, а е проект на македонски архитект. Апстрактно е замислен како бела матрица, ментално присутна во нашето секојдневно постоење. Секако за да се адаптира на реалноста се склопува во упростени елементи, затоа што домот на денешното време најмногу пати од пренатрупаност и манијакалната пристрасност да се пополни секое слободно ќоше. Во рубриката Хортикултура може да се прочита која е вистинската комбинација на дрва и грмушки кои можат да внесат живописна енергија во секоја градина.
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Андреј АНДРЕЕВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Соња ТАНЕСКА Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани
ОД РЕДАКЦИЈАТА Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
273 ОКТОМВРИ 2018
Фасада разиграна и привлечна од повеќе агли По 18 години нова пруга од 18 километри Мораториум како инструмент за контрола на изградбата
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
ПРОЕКТ FOSTER + PARTNERS
Насловна страница УПРАВНА ЗГРАДА НА БЛУМБЕРГ ЛОНДОН
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 28.6.2018 Број на примероци: 800
90 ДЕНАРИ
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
Граѓаните на Аеродром во борба за подобар урбанизам
Г
раѓаните на Општина Аеродром го кренаа својот глас откако на ред дојде изградба на станбената зграда на градежна парцела 5.51 од ДУП за градска четврт И10, пред „Мајчин дом“на аголот на бул: „Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“. ДУП-от изработен од бирото „Билд Урбан“ ДООЕЛ, Скопје, предвидува објект со бруто развиена површина за градба од 20.006 квадратни метри, дозволена висина 30 метри, П+8+Пк и основна класа на намени А2 – домување во станбени згради, но дадена е можност за 40 % компатибилни класи на намени Б5, Б1, Б2, Б4,В3,В4 и Д3. И како по обичај во ДУП-овите, со напомена дека „бруто развиената површина е презентирана без површините од можни конзоли и еркери и сл.“, што значи дека вкупната површина на објектот ќе биде уште поголема. Одобрението за градење издадено на 19.9.2018 предизвика огромен револт кај граѓаните, особено затоа што сегашниот градоначалник на општинтата, а тогашниот кандидат, стоејќи пред поменeтата локација ветуваше дека ќе се справи со лошиот урбанизам и дека никогаш нема да дозволи на таа парцела да се изгради објект. По протестот, општината организираше отворена седница на
6
ПОРТА
26 октомври 2018
Советот на која присуствуваа граѓаните кои откако мораа да ги слушнат меѓусебните политички препукувања меѓу
советниците од позицијата и опзицијата го искажаа својот револт поради изградбата на поменетиот објект. Градоначалниот изјави дека во изминатата година се поднесени 13 претставки за ДУП И10 до Уставниот суд, којшто до денес нема донесено одлука за овој случај. Заклучокот на седницата е дека градоначалникот на Општина Аеродром, иницира формирање на партиципативно тело, во кое претставници од месните заедници, здруженија на граѓани и стручни лица од областа на урбанизмот директно ќе учествуваат во урбанистичкото планирање на општината. Во меѓувреме, градежната инспекција ја стопираше изградбата на деветкатницата поради недостатоци на градилиштето, а градоначалникот Златко Марин најави дека во рок од 15 дена, колку што е стопирана градбата ќе се бара решение за трајно стопирање на објектот. Како можни решенија се навестени обештетување на сите трошкови на инвеститорот, без претпоставен профит или барање на алтернативна локација за градба во корелација со Град Скопје која би му се понудила на инвеститорот во замена за предметната. Се надеваме дека сепак во интерес на житилете и воопшто на квалитетното урбано живеење во целиот град ќе успее градоначалнокот да го исполни своето ветување за што и ја доби поддршката од голем дел од јавноста.
инфо
Изложба на „Југословенската збирка“ во Чифте амам
В
о Националната галерија на Македонија во објектот Чифте амам, во среда на 17 октомври, беше отворена изложбата со наслов „Дела од словенечки, хрватски, српски, црногорски и босанско-херцеговски автори“ од колекцијата на галеријата. Изложбата се реализира во рамките на одбележувањето на јубилејот „Седумдесет години Национална галерија на Македонија“. Изложените дела кои се сопственост на Националната галерија припаѓаат на „Југословенската збирка“, чија историја е тесно поврзана со историјата на Националната галерија. Формирањето на збирката почнало во првите години од основањето на галеријата, а временскиот период на создавање на делата се движи од почетокот на XIX до средината на XX век. Збирката за прв пат се изложува после 20 години, а изложени се околу 110 дела – слики и скулптури. Претставени се многу значајни имиња
од тој период како: Влахо Буковац, Мирослав Краљевиќ, Урош Предиќ, Целестин Медовиќ, Паја Јовановиќ, Петар Добровиќ, Петар Лубарда, Зора Петровиќ, Ѓорѓе Андреевиќ – Кун, Крсто Хегедушиќ, Омер Мухаџиќ, Тома Росандиќ, Иван Мештровиќ, Антун Августинчиќ и уште многу други. На изложбата е презентиран и дел од оригиналната архивска документација која е поврзана со збирката. За изложбата е издаден извонреден каталог во кој се претставени сите дела поставени во галеријата Чифте амам. На отворањето на изложбата се обратија директорката на Националната галерија на Македонија, д-р Дита Старова-Ќерими, амбасадорот на Р Словенија во Македонија, Неговата Екселенција господинот Милан Јазбец, како и академик Газанфер Бајрам. Куратори на изложбата се Татјана Бундалевска и Славица Алексоска и истата ќе биде поставена до 18 ноември 2018 година.
ПОРТА
инфо
Салони за архитектура во Белград, Нови Сад и Ниш
З
а разлика од годинешниот Белградски салон за архитектура, случувањата од оваа област кои беа во Нови Сад и Ниш врз основа на селекциите кои ги имаат прикажано подеднакво го имаат привлечено вниманието на домашните и странските учесници со што ја имаат докажано својата вредност и привлечност. Во Нови Сад, заврши салонот за архитектура, а во Ниш до крајот на овој месец трае архитектонското триенале. Двата настани имаат покажано голем број документи, од Србија и од регионот, а според проектите кои имаат добиено награди слободно може да се каже дека двата настани во голема мера го имаат ставено во сенка Белградскиот салон за архитектура. Без разлика дали станува збор за имплементација, недеривативни решенија или за внатрешни работи, во Нови Сад и Ниш, тоа беше многу возбудливо. Гран-при на Белградскиот салон за архитектура зеде проектот за реконструкција на Музејот на современата уметност во Белград, на архитект Дејан Тодоровиќ. Во категоријата на изведена архитектура наградата ја доби трговскиот и хотелски центар „Rajićeva“, на архитектите Милан и Владимир Лојаниќ. Во категоријата гости на салонот од странство победник е дизајнот на хотел во Црна Гора, на архитектот Бранислав Митровиќ, додека во категоријата за внатрешни работи победи реализацијата на штанд за Саемот на книгата - 4 земји 1 јазик, на архитектите Бојана Марковиќ и Дејвид Билобрк. За да се добие подобар избор, новосаѓани ги имаат променето правилата на фестивалот, дозволувајќи им на странските решенија рамноправно да се натпреваруваат за награди. Слично на Балканското архитектонско биенале добиени се решенија од регионот, а доминираат хрватските и словенечките архитекти. Во категоријата на имплементирана архитектура, награда доби проектот на црквата „Св. Јанез Бошка“ во Марибор, на архитекти на ДАНС. Во категоријата урбанизам наградата е за Плоштадот и игралиштето под замокот „Zamorc“ на проектната канцеларија Ravnikar Potokar од Словенија. Наградата за најдобар ентериер е за проектот Garderoba concept store, на тимот на БИРО од Загреб. Во категоријата публикации, наградата ја доби монографијата наречена Eternal Architect Животот и работата на Јоже Плечник, модернистички мистик, од Ное Чарни. На Нишкиот салон за архитектура наградата за најдобра реализација ја доби проектот „Бранковиќ Монтејн“ на Стара Планина, канцеларијата АЛБЕРНО во Ница. Наградата за најдобар нереализиран проект е за решението на архитектите Саша Буџевац и Милјана Игњатовиќ. Наградата, пак, за најдобар внатрешен ентериер е исто така за архитектот Буџевац, овој пат во соработка со колегата Душан Коциќ. Во категоријата на студентски проекти, наградата ја доби Немања Ранѓеловиќ, на тема на станбена зграда со станови за студенти, додека во категоријата на публикации наградата е за монографијата „Изградба на студентски домови во Србија на почетокот на 21 век“ од страна на Никола Цекиќ и Миомир Васова. 8
ПОРТА
26 октомври 2018
Одбележани 80 години од инженерството за брани во Македонија
В
о организација на Здружението Македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ) се одржа трибина на тема: 80 години од инженерството за брани во Македонија. Поводот за одржувањето на научниот собир е одбележувањето на значајниот јубилеј: 80 години од изградбата на првата брана во Македонија - лачната брана „Матка“, која беше изградена во 1938 година. Проектот за браната „Матка“ бил изработен од академик Миладин Пеќинар, еден од пионерите во развојот на модерната хидротехника и хидроенергетика во поранешна Југославија. Со изведбата на браната со придружните објекти, на излезот од кањонот на реката Треска во близина на Скопје, беше формирана акумулацијата Матка. Со комплетирањето на крајбранската хидроцентрала Матка, започнало енергетското користење на водите на реката Треска. „Денес со гордост се констатира дека градителите на брани во Македонија се достојни наследници и продолжувачи на благородното дело на академик Пеќинар од 1938 година. Потврда е фактот дека во Македонија се изградени 45 брани со регионално значење, од кои четири се јаловишни брани, и околу 110 пониски насипни брани со локално значење. Бројот од околу 150 изградени брани, практично од сите видови (насипни и бетонски, гравитациски и лачни), кои според критериумот на ICOLD се
во категоријата на ’големи брани’, покажува дека пропорционално на капацитетот и големината на државата, Македонија е позиционирана на врвот на инженерството за брани во Европа“, вели Љупчо Петковски, претседател на ЗМКГБ. Тој додаде дека најзначајните водостопански објекти се проектирани и изградени од домашни компании, што е најдобра потврда дека во периодот од осум децении е создадена препознатлива и респектирана македонска хидротехничка школа. Во годината кога со гордост се прославува
значаен јубилеј беше дадено признание на личноста која оставила најдлабоки траги во градителството на брани во изминатите осум децении. Од ЗМКГБ, во оваа пригода, беше доделена Плакета за животно дело на проф. Михајло Серафимовски, за огромниот научен и практичен придонес во проектирањето и градењето брани и развојот на хидротехниката и водостопантвото во Македонија. За трибината пристигнаа одреден број реферати, од кои 14 беа прифатени од меѓународниот редакциски одбор да бидат отпечатени во Зборникот посветен на оваа трибина. Рефератите беа подготвени од експерти од Македонија, Србија, Словенија и Бугарија и беа презентирани во две пленарни сесии. На трибината имаше околу 100 учесници, кои активно ги следеа презентациите на рефератите. Професионалната презентација на рефератите и бројните дискусии, беа најдобра потврда за квалитетот на трибината, чија основна причина за одржувањето беше продолжување на активностите на ЗМКГБ од изминатиот период. Основната цел на овие активности беше да обезбеди размена на искуства и трансфер на знаење на неговите членови, со една и единствена цел – напредок на хидротехниката во Македонија. Покрај теоретскиот дел на трибината, успешно беше спроведен и практичниот дел, со стручна посета на хидроцентралата Матка и браната со придружните објекти Матка. 26 октомври 2018
ПОРТА
9
градежништво
По 18 години нова пруга од 18 километри Изградба и реконструкција на железничката пруга, делница Битола – Кременица, дел на кракот Xd, коридор X – STRABAG Rail G.m.b.H. in consortium with STRABAG AG
Јасмин БИРНО, дипл. град. инж. (Strabag-Подгорица)
И
дејата за развиток на железничката мрежа на просторот на денешна Македонија се јавила кон средината на XIX век, за конечно да биде прифатена околу 1860 година со формирање на посебна комисија. Железничката линија Солун Битола во должина од 219 километри почнала да се гради во 1891 година и завршена е и отворена на 14 јуни 1894 година. Во склоп на оваа линија е и 10
ПОРТА
26 октомври 2018
станицата Кременица. До 1913 година пругата главно се користела за патнички и тoварен сообраќај, а во периодот помеѓу двете светски војни најмногу се користела во воени цели. По пругата се превезувале воена опрема и луѓе. Од 1945 до 2000 година, односно од изградбата на пругата не е извршена ниту една реконструкција на делницата Битола – Кременица, освен во 1988 година кога е реконструирана на железничката станица Кременица. Тогаш се реконструирани сите колосеци, скретници, триангли и станичната зграда. Сите работи кои се изведувале на
Железничка линија Солун - Битола
ЖЕЛЕЗНИЧКАТА ТРАСА БИТОЛА-КРЕМЕНИЦА ВО УПОТРЕБА ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА
Ситуација, пруга Битола - Кременица отворената пруга биле со помал интензитет, како што е замена на прагови, шини и сл., а сè со цел да функционира и да се одржи железничката линија. Од 2000 година, поради лошата состојба на колосекот, трасата на пругата и потребата од реконструкција, железничката пруга Битола – Кременица во потполност е
затворена за сообраќај. На тендерот распишан во 2017 година за изградба и реконструкција на железничката пруга, делница Битола – Кременица, дел на кракот Xd од коридорот X како најповолен понудувач избрана е компанијата STRABAG Rail G.m.b.H. in consortium with STRABAG AG. Проектот се финансира од ЕУ-фондови за
Замена и појачување на поттло
Изработка на завршен слој против занрзнување
ИПА-програма, а условите за изведување на работите се според FIDIC-црвената книга. На почетокот на 2018 година работите на изградбата на делницата Битола – Кременица отпочнаа со воведување во работа на компанијата STABAG AG, а завршувањето на работите се очекува кон крајот на 2018 година. Рокот за изведување на работите е 9 месеци, односно 270 календарски денови. Постоечката траса на пругата е предпетља на одредени нивелетски измени, односно висински и осовински. Просечната висина на новоизградениот насип е cca 3,5 метри, поради исклучително високото ниво на подземните води, додека во круната широчината на насипот е до 6,5 метри. Со новиот проект се укинува железничката станица Кременица и се гради нова станица во индустриската зона Жабени. Должината на трасата е cca 18 km, вклучувајќи ги станичните колосеци во Жабени. Колку станува збор за комплексност во изградбата и реконструкцијата на пругата, говори и фактот дека со проектот е предвидена изградба на: l насип на целата траса на пругата l замена и појачување на поттлото во должина од cca 400 m l 9 мостови l 38 пропусти l 30 премини за животни l cca 10 km L-канали – заштита на ножиците на насипот l 3.805 m2 звучни бариери l стојалиште Кравари l нова станица Жабени со комплетна инфраструктура l изградба на безбедносна ограда од околу cca 11 km l 8 патни премини l полагање на нов колосек од cca 18 km, вклучувајќи ги и станичните колосеци l 8 нови скретници R200 и R300 l поставување на cca 18 km оптички кабел l комплетно нови SS и TK-инфраструктури 26 октомври 2018
ПОРТА
11
Во периодот од I квартал 2018, извршена е мобилизација на опремата и организација на градилиштето, изработка на пристапни патишта, како и набавка на материјали за да отпочнат работите со полн интензитет кон крајот на I квартал 2018 година. Свесни за фактот дека се работи за краток рок и проект кој бара комплексност во изведбата, работите почнаа паралелно да се изведуваат на повеќе делници, како на трасата на пругата така и на останатите позиции од бетонирање на L-канали, односно заштита на ножиците на насипот до работи на формирање на платото на станицата Жабени. Работите на изградба на насипот почнаа кон крајот I квартал 2018 година и завршени се кон крајот на III квартал 2018 година. Вклучувајќи ја и замената и појачувањето на поттлото на подрачјето на Кисела Вода. Замената и појачувањето на поттлото на подрачјето на Кисела Вода мораше да се изведе поради многу лошата постоечка земјена траса на пругата поради нивото на подземните води. Замената на поттлото е направена пред и зад мостот бр. 8 во вкупна должина од cca 400 метри, со почетна длабочина на ископ од cca 0,40 метри до споевите пред и зад мостот бр. 8, додека во делот околу мостот длабочината на ископот и замената е направена и до 1.8 метри, со Поставување на колосек на отворена траса
12
ПОРТА
Товарање на чакал во Facc-вагони
Машинско регулирање на колосекот по насока и ниво
уфрлање на камени блокови од 60 до 300 милиметри, а преку камените блокови е направен слој од насипот со гранулација 0-63 милиметри. За кој обем и интензитет на работа станува збор, говори и фактот дека е вграден околу 140.000 кубни метри материјал со завршниот слој на насипот. Во периодот од II квартал 2018 година, поради големиот број дождливи денови и порастот на нивото на подземни води, се правеше деноноќно црпење на водата со пумпи за да се овозможи непречено изведување на работите. Досега се завршени сите работи на изградба на мостовите, пропусти, премини за животни и L-канали – заштита на ножици на насип. Вграден е околу 13.000 кубни метри бетон. Од пуштање прв пат во сообраќај на пругата Солун – Битола и затворање на делницата во 2000 година, користејќи конвенционална метода на градење на почетокот на август 2018 година, положени се првите метри на новиот шински колосек UIC 60E1 и бетонски прагови B70 со SKL 14 еластичен прибор. Работите на поставување на колосекот се одвиваа со планираниот интензитет. Досега се поставени 11.5 километри колосек, вклучувајќи и станични колосеци во новоизградената станица Жабени, како 26 октомври 2018
ПОРТА
13
Патен премин Страил
Систем на контрола во станицата Жабени и осум нови скретници тип R200 и R300. Паралелно со работите на поставување на колосекот се изведува и машинско регулирање на колосекот и истовар и вградување на чакал. Досега е извршено трето машинско регулирање на колосекот врз основа на правец и нивелета во вкупна
14
ПОРТА
26 октомври 2018
должина од 10 километри, како и вградување на 30.800 кубни метри чакал на секцијата од Битола до станицата Жабени. На секцијата од станицата Жабени до грчката граница се изведува и истовар и вградување на чакал, полагање на
колосекот. По завршеното полагање на колосекот наизменично ќе се врши машинско регулирање на колосекот, ЕТзаварување на колосекот со специјална машина PRSM 3-046 во отсеците и отпуштање во DTS. Пред и после DTS ќе се изврши стабилизација на колосекот со машина DGS 62N. По завршување на втората стабилизација на колосекот ќе се изведе завршно машинско регулирање на колосекот и дополнување со чакал со профилирање на засторната призма и вградување на опремата на пругата. Работите на новоизградената станица Жабени, односно станицата и магацинските објекти, паркингот како и инфраструктурата се одвиваат со планираната динамика како би биле завршени до средината на IV квартал 2018 година. Почитувајќи ги највисоките стандарди на изградба STRABAG AG ќе ги изведува работите на патните премини користејќи гумени панели на фирмата Strail од Краибург, во моментов најсовремен и најквалитетен систем во Европа. Покрај тоа сите патни премини на делницата Битола – Кременица ќе бидат прописно сигнално и звучно осигурани и во заемна зависност. По завршување на работите на делницата Битола – Кременица – грчка граница, пругата ќе биде во ETCS L1систем. Во новоизградената станица Жабени ќе биде инсталиран комплетно нов сигнален и interlocking систем, додека во станицата Битола ќе мора да се замени и прилагоди постоечкиот систем со нови релејни групи, телекомуникациски уреди и сл. На овој начин системот на станицата во Битола ќе биде во спрега со системот во станицата Жабени. Ќе се вградат нови бројачи на осовини, како и нов LX- систем. Досега се завршени околу 70 % од работите на изградбата и реконструкцијата на колосеците на делницата Битола – Кременица. До средината на IV квартал 2018 година, преостанати се околу 30 % од работите за да се заврши проектот и да се комплетираат сите работи, а делницата да се предаде во употреба на Македонски железници. Со завршување на проектот за изградба и реконструкција на железничката пруга, делница Битола – Кременица, дел од кракот Xd на коридорот X, Република Македонија ќе добие една од најсовремените делници на пруги од категорија D4 со комплетно нова инфраструктура за брзина до 100 km/h и осовинско оптоварување од 22.5 t/осовини.
ПОРТА
ПОРТА
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ
ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
урбанизам
ОЦЕНУВАЊЕ НА ПЛАНИРАНИТЕ УСЛОВИ ЗА ИДЕН ПРОСТОРЕН РАЗВОЈ
Мораториум како инструмент за контрола на изградбата За жал, мораториумот има и свои непријатели, а тоа се: незнаењето, несфаќањето, неправењето разлика што е тоа „квалитетен животен простор“, шпекулантско и примитивно урбанистичко планирање, притисоците од т.н. „урбана мафија“, која за жал не е мит, поплаките од граѓани и сл.
Вонр.проф. д-р Дивна ПЕНЧИЌ, дипл.инж.арх.
М
ораториумот на градење во Општина Центар е една од смелите одлуки на Советот на Општината, иницирана од градоначалникот Саша Богдановиќ и претседателката Јана Белчева-Андреевска. Тоа и беше предизборното ветување до граѓаните – ставање ред во урбаниот хаос и подобрување на квалитетот на живот за граѓаните во Центар. Но, „Зошто мораториум?, „Што значи мораториумот?“, „Која е неговата цел?“ и „Какви се неговите реперкусии?“, се само дел од прашањата кои си ги поставуваат многу од заинтересираните чинители. Кога се вели „чинители“ се мисли на сите кои некако ги засега одредена одлука или акција, независно дали се пасивни или активни, директни или индиректни учесници. Во овие чинители се многу субјекти и тоа: - секој жител на Центар, но и секој корисник на тој простор; 18
ПОРТА
26 октомври 2018
- секој што сака да гради како сопственик на некоја парцела, но и секој во чија околина ќе се гради; - секој заинтересиран инвеститор, но и секој кој сака да го види бенефитот од таа инвестиција; - секој вклучен во изработка на проектна документација за идните градби, но и тој што треба да изврши контрола и да даде одобрение; - секој вклучен во планирањето на просторот, но и тој што треба да изврши контрола и да даде мислење; - секој што треба да донесе одредена општинска политика, но и тој што треба да ја спроведе; но, и многу други. Имајќи го ова предвид, објаснувањето и одговорите на актуелните прашања не се едноставни. Уште повеќе е тешко да се дадат едноставни и јасни одговори и поради немањето на целосна претстава, на скоро сите чинители, за сложениот процес на креирање на квалитетен живот и соодветен просторен развој.
ПРЕДЛОГ-ПЛАН ВРЗ КОЈ Е ПРАВЕНА КВАЛИТАТИВНА ЕВАЛУАЦИЈА
ПРЕДЛОГ-ПЛАН ПО КОРЕКЦИИ ОД КВАЛИТАТИВНА ЕВАЛУАЦИЈА
„Зошто мораториум?“ Мораториумот го бараа граѓаните, првично граѓанската иницијатива „Во одбрана на Дебар Маало“, станувајќи свесни за постојаното загрозување на условите и квалитетот на живот во делови од Општина Центар. Нивната здружена акција на запознавање со она што се планира, какви тоа проблеми може да изнедри и зголемувањето на свесноста дека сепак како граѓани секој има право да се вклучи во следење на креирање градски политики и иден просторен развој. „Што значи мораториумот?“, основниот и единствен одговор е дека тој значи ургентно запирање на градењето и замрзнување на состојбата. Оттука мораториумот е инструмент со кој можеше да се обезбедува време за да се согледа состојбата на терен, но и да се прегледаат планските документи кои ја овозможуваат градбата. „Која е неговата цел?“ - станува јасно кога длабински ќе се навлезе и осознае состојбата со условите за живот и загрозениот квалитет на живот во секој дел од Центар. Но, уште појасно кога темелно ќе се прегледаат важечките планови, како и во процес на донесување урбанистички планови. Инстинктивното размислување дека нешто не е во ред со урбанистичкото планирање и донесувањето одлуки за иден просторен развој, базично потекнува од неудобното чувство на секојдневно отежнување на животот и постојаното зголемување на проблемите со загадувањето, сообраќајниот колапс, загрозеното здравје, немање место во градинките и училиштата, немање здравствени установи на лесно достапни локации, губење на зеленилото, узурпирани и оградени простори и многу други. Досега, не разбирајќи го мораториумот најмногу се алудира на „одземена можност за градење“, но всушност на прашањето „Какви се неговите реперкусии?“, одговорот е дека тој е добра почетна позиција за едно поинакво, похумано, пограѓанско, подемократско, потранспарентно, постручно, поетично согледување на вистинските состојби и планирање на идниот развој на Центар. Ова сè може да се илустрира со досегашното искуство на Општина Центар и работата на градоначалникот, советниците и службите во локалната самоуправа. Имено, формиран е тим за евалуација на урбанистичките планови, формиран од надворешни експерти, членови на Советот, службеници од Општината одговорни за планирањето, млади 26 октомври 2018
ПОРТА
19
архитекти и сл., кои на увид ги имаат сите документи кои се однесуваат на планирањето. Тимот за евалуација интензивно работи на согледување на состојбите на терен и споредување и оценување на планираните услови за иден просторен развој на секој активен детален урбанистички план кој е ставен под мораториум. Изготвена е методологија за евалуација, која постојано се тестира и се усовршува, имајќи предвид дека досега ваква евалуација не е спроведена и е нова иако се состои од познати и стандардни урбанистички алатки и инструменти. Евалуацијата се презентира во извештај и истиот се доставува и презентира на градоначалникот и претседателката на Советот. Евалуацијата главно служи како основа за доработка, корекција, но и за одбивање на планови кои не соодветствуваат на квалитетен урбан развој. За да се појасни зошто беше потребна ваква евалуација и со тоа да се покаже зошто беше потребен мораториумот како инструмент, ќе се илустрира со неколку клучни сознанија од досега направените евалуации на десетина детални урбанистички планови. Генералните заклучоци се дека при изработка на планските документи: l Не се почитуваат Законот за просторно урбанистичко планирање и правилниците кои произлегуваат од него како Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и Правилникот за поблиска содржина, форма и начинот на обработка на урбанистичките планови. Се работи за сериозно нарушување и на професијата и низок квалитет на плановите дури ниту од технички аспект. За сериозноста на планерскиот аспект како одговорен акт, не може ниту да се разговара и етиката е сериозно нарушена. l Не се почитуваат ниту, со закон пропишани, стандарди и нормативи од областите: заштита и спасување, заштита на животната средина, сообраќај и безбедност во сообраќајот, комунални услуги, заштита на културно наследство и сите останати кои се дел и ги опфаќаат сите 20
ПОРТА
26 октомври 2018
l
l
l
l
аспекти на квалитетно живеење. Со ова директно се влијае на нарушување на условите како и квалитетот на живот. Постојната состојба, односно состојбата на терен не е ниту оддалеку доволно антиципирана и ажурирана. Најчесто планот се изработува врз претходен план, со најчесто непознат степен на реализација. Се повикува во голем обем и на сомнително „стекнато право“, притоа не земајќи го со закон заштитеното јавно добро. Параметрите зададени во ГУП-от на Скопје, селективно се исполнуваат или не исполнуваат, со најголеми дискрепанци во бројот на предвидени жители. Во некои планови тоа е надминато дури девет пати. Надминување во планираниот број на жители според ГУП-от е евидентирано во сите прегледани планови, под изговор дека „Гуп-от е лош! и Тоа сите го знаат!“. А всушност се нема поголемата слика од демографскиот развој на градот, кој има негативни тенденции во однос на тоа што во дуп-овите се планира. Не се прави напор за добивање на сите потребни мислења од субјекти, повикувајќи се на пропишаното со закон „Ако не одговорат во даден рок, се смета за позитивно“. Со немањето мислење, на пример за прашања од областа на заштита и безбедност, директно се влијае на можноста од губење човечки животи и големи материјални штети. Во најмала рака, со недобивањето мислење за инфраструктурата, директно на граѓаните им се нанесува штета во смисла на создавње услови за немање вода, струја, одведување на отпадни води и отпад и сл. Тука е и нетретирање на мислењето врзано за обезбедени градинки, училишта, амбуланти, услови за заштита на животната средина. Одлуки за користење на земјиштето кои се во корист на инвеститори, на сметка на квалитетот на живот на граѓаните. Често земјиштето кое е на Република Македонија „лесно“ се „доделува“ на навидум непознати субјекти, со образложение дека така наложуваат законите или пак креативниот акт на планерот.
l
l
l
l
Сите планови се соочени со добивање повеќекратни забелешки од релевантните тела и институции (Комисија за урбанизам при Општина Центар, Комисија за урбанизам при Град Скопје, Министерство за транспорт и врски). Планерите не одговараат на забелешките, не прифаќаат, но не постапуваат. Тука спаѓаат и неусогласености со Агенцијата за катастар на РМ. Решенијата, односно понудените плански решенија, се проблематични од разни аспекти и тешки за согледување. Обременети се со спротивности со ГУП-от, исполнување на поединечни желби на сопственици, но попроблематични се решенијата во корист на „моќни“ инвеститори. Недостаток на издржани инвентаризации, анализи, заклучоци, јасно поставени плански програми, оценки на капацитетот на планските опфати, оценка на можности, проверка на варијанти и барање најдобро решение. Планските документи обилуваат со небулози во овие делови и се препишува од план во план, без притоа да се воочи специфичноста на секој поединечно. Често невнимавањето оди дотаму што информациите се однесуваат на некој друг град. Ваквите случаи упатуваат дека иако планските документи поминуваат низ повеќе филтри, често не се проверуваат во целост, а ова пак упатува на лошо поставен процес на донесување планови, немање јасни процедури и декларирани одговорности. Планирањето на просторниот развој на Општина Центар е нерамномерен и со тоа нерамноправен. Граѓаните не се со еднакви позиции и можности. Некои четврти се заложници на наследени одлуки, но за жал и новите решенија не го решаваат проблемот. Други пак, се препознати како атрактивни и дополнително се натрупуваат, а тоа во иднина ќе се врати со намален квалитет на живот. Недостига сериозна економска анализа, но оваа алка во урбанистичкото планирање не само што е слаба, туку и ја нема. Урбанистите сосема паушално проценуваат што е економски бенефит.
l
За правото на достојно живеење и зголемување на квалитет на живот, во плановите ниту се размислува, ниту е предмет на сериозна професионална работа. „Квалитетот на живот“, според вклучените во процесот на изготвување урбанистички планови е категорија која ја нема доволно објаснето законодавецот и не обврзува. Животот, правото на лесна достапност, сонце, чист воздух, слободен поглед кон околината, каде да се фрли домашниот отпад, не се предмет за работа на планерите???? Секако секој план има свои специфики и не сите од генералните
26 октомври 2018
ПОРТА
21
забелешки се однесуваат на секој, но со длабинска анализа, за секој план посебно, дополнително се покажува кој план со што се соочува. Но, забелешките покажуваат една исклучително алармантна состојба со планирањето, но и со креирање на политики за просторен развој. Како што може да се види, „мораториумот“ е корисен и треба да се поддржи. Дава време за стабилизација на состојбите и смирување на интензивното и хистерично пополнување на „секоја дупка“, со објект. Дава време за сериозна анализа, проценка на досегашните штети и намалување на штетите кои новите понудени решенија ќе ги создадат. Секој детален план треба да се евалуира
ПОРТА
и да се пренасочи во правец на поквалитетно изработен документ за поквалитетен и достоен за граѓаните живот. За жал, мораториумот има и свои непријатели, а тоа се: незнаењето, несфаќањето, неправењето разлика што е тоа „квалитетен животен простор“, шпекулантско и примитивно урбанистичко планирање, притисоците од т.н. „урбана мафија“, која за жал не е мит, поплаките од граѓани и сл. Но, за среќа совеста и моралот на поддржувачите на мораториумот и оние кои го одржуваат, е на високо ниво и се истрајни во заложбите за „ЗДРАВЈЕТО ПРЕД ПРОФИТОТ!“ и Општина за граѓаните!
ПОРТА
став
Шемата на станот е конфекциска и финансиска Нормативниот сегмент на денешното проектирање виси како меч над главата на проектантот и начинот на неговото позиционирање кон инвеститорот. Затоа неопходно е да се размислува за промена на нормативите во согласност со потребите на денешниот човек и денешниот начин на живеење, со што ќе се обезбеди поквалитетно домување
24
ПОРТА
26 октомври 2018
СОВРЕМЕНАТА СТАНБЕНА АРХИТЕКТУРА И ПРОБЛЕМОТ НА ДОМУВАЊЕ Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.
Г
радот Скопје ја менува сликата, претворајќи се во милионски град. Со стапување на сцена на пазарната економија и приватната иницијатива во Скопје почнува трескавична станбена изградба. Постојните индивидуални куќи ги заменија станбени висококатници. Со богатиот избор на материјали и новите технолошки достигнувања се создадоа и можности за нова архитектура. Евидентни се напорите да се оди во чекор со светот, но паралелна е и појавата на современа еклектичка архитектура за профит и лична презентација. Од уредено и организирано живеење постепено се помина на деградирано живеење. Намерата не ми е да се впуштам во анализа на урбанистичките и архитектонски промашувања, девастацијата на просторите и негативните последици во домувањето за кое е доста пишувано. Намерата ми е да ја видам сликата на она што е добро од многу аспекти и што му дава нова димензија на градот. Од аспект на струка сакам да го поставам
прашањето каде се движиме и има ли напредок во она што се вика филозофија на домување? Ако се следат случувањата во станбената архитектура на глобално ниво, во современи општествени околности и брз технолошки напредок, незаобиколен е впечатокот дека се поместени сите досегашни граници. За тоа зборуваат трите основни фактори што ја дефинираат изградбата на станбени објекти: функција-конструкција-форма. Значајни промени на формата се случија во периодот на модерната. Денес во новата електронска ера се трага по нова естетика поддржана со технолошкиот напредок. Во процесот на обликување приматот го презема визуелниот впечаток и артистичкиот пристап. Многу се зборува за одржлива архитектура и зелена градба. Предмет на опсервација ми се изградени објекти во градот Скопје, кои се темелат на квалитет и иновативност. Евидентни се напорите за следење на светските трендови во квалитетот на градење, технолошките погодности за удобност на станот, употреба на современи материјали. Со скромни чекори имаме појава на внесување зеленило во зградите по ЛЕЕД-стандардите, зеленило на кровови и фасади. Забележлива е артистичка вештина во компонирање на фасадни елементи и употреба на боја со сугестивен ликовен сензибилитет. Но што се случува со станот? Тој е многу повеќе од засолниште. Денес се гради објект по објект, а не станбени комплекси и проектирањето на становите е дефинирано со изразена индивидуалност. Затоа сакам да ги ставам на
26 октомври 2018
ПОРТА
25
увид сите елементи кои го чинат квалитетот на станбениот простор и станбените објекти. Тоа се: конструкција, употреба на материјали, филозофија на живеење, функција на стан, уредување на околниот простор и урбан склоп на локацијата. Конструктивните системи и употребата на материјали подлежат на контрола од стручни институции, а за нив постојат пропишани упатства и прописи. Се надевам дека компаниите што држат до својот углед и реноме совесно ги спроведуваат. За мене есенцијално прашање што сакам да го поставам е дали денес постои филозофија на домување која произлегува од културата на живеење¬? Во минатото, стилот на живот ја налагал формата, потоа со развојот на архитектонската наука се пропишале нормативи и прописи за проектирање, а денес се чини дека тие или не се почитуваат или се почитуваат селективно, по потреба делумно. Со други зборови владее хаос. Денес во Македонија, како израз на финансискиот норматив, единствена мерка е квадратурата на станот. Тука не влегуваат влезови, заеднички и околни простори. Прописите од минатиот век до денес не се менувани. Тие димензиите на станот го сведуваа на минимални рационални мерки. Начинот на живот се менува, а димензиите останале исти. Во сите новоизградени станбени објекти, типологијата на становите е иста како во претходниот век. Кој денес ги креира и пропишува нормативите и дали воопшто треба да ги има? На прашањето што е тоа добар стан, во смисла на организација, ќе го цитирам одговорот на архитект Миленија Марушиќ , со кој наполно се сложувам: „За сите времиња тоа е стан кој е удобен, тоа е стан кој може да се организира за потребите на едно семејство кое се менува и расте. Добар стан е кога ќе влезете во ходникот на пладне да немате потреба да вклучите светло, туку да ве дочека дневна светлина која влегува низ двокрилна или еднокрилна стаклена врата од дневната соба. Исто така, добар стан не може да биде ориентиран на една страна на светот, туку мора да гледа на две страни, од кои барем една е сончева. Никогаш не треба да биде ориентиран на топлиот запад и ладниот север. Добар стан мора да има лоѓија (која е денес главно затворена или заѕидана) за да го внесе надворешниот простор во станот. Тој мора да биде негов дел и тука мора да има барем две столици на кои може да се седне. Прозорецот во која било соба мора да гледа во небо или дрво, никако во соседен ѕид. Тоа е тоа што е битно за секој стан, тоа се непишани правила кои се пренесуваат од генерација на генерација и за тоа не се потребни нормативи.“ За жал, денес има многу мал број станови во кои барем делумно се испочитувани овие постулати. Нормативниот сегмент на денешното проектирање виси како меч над главата на проектантот и начинот на неговото позиционирање кон инвеститорот. Затоа неопходно е да се размислува за промена на нормативите во согласност со потребите на денешниот човек и денешниот начин на живеење, со што ќе се обезбеди поквалитетно домување. Тоа е сложена тема која заслужува опширна стручна расправа при што ќе се согледаат сите сегменти на домувањето како: куповната моќ на нашите луѓе, потребите на различните структури, структурата на становите во различни типови објеки, димензиите кои ја одредуваат типологијата на станот итн. Во станбените згради кои сега се градат, забележувам дека следните елементи скоро во сите станови се исти: висината на станот е 2,90 м (од плоча до плоча) според сè уште 26
ПОРТА
26 октомври 2018
важечкиот норматив; кујната најчесто е во состав на дневната соба и е со иста димензија и за трособен и за еднособен стан, и најчесто не го исполнува ни минималниот пропишан стандард за должина на кујнските елементи од 3.60 м, природна вентилација нема, а вештачката е проблематична вентилација, неретко кујните се составен дел од и онака минималните дневни соби. Купатилата се со мали димензии и без природна вентилација и светлина. Дневните соби многу често не го исполнуваат ни минималниот стандард, најтесната страна на дневната соба да е 3.60 м. До становите се стигнува преку тесен скалишен простор и долги и мрачни ходници, низ кои во поголемите згради се наредени повеќе станови со различна структура. Лоѓиите се сведени на минимални димензии. Постои и инвеститорски тип на стан, кој произлегува од желбата на инвеститорот и купувачот. Во овие станови во текот на градбата се прават многу промени и отстапки од проектот, при што се случува изместување на мокри чворови и вертикали, што е погубно за понатамошното функционирање на целата зграда. Не е ретко да сретнете зграда каде не може да се најде ист тип на станови по вертикала, што неминовно доведува до изместување на водоводните вертикали. Па така „среќно“ ќе си живеете во стан каде над вашата дневна или спална соба соседот има купатило, бидејќи тој распоред него повеќе му се допаѓал. Ако сакаме да обезбедиме квалитетно домување во современи услови на живеење, сите претходно наброени елементи треба да подлежат на нормативна корекција. Согласно денешните потреби купатилата треба да имаат поголеми димензии, кујните исто така. Можеби треба да се зголеми и висината на станот на 3.10 м (од плоча до плоча), што би овозможило
поголема флексибилност и мултифункционалност на просторот. Тоа ја поскапува градбата, но носи квалитет. Денес побарувачката на мали станови на пазарот е поголема. Многу е битно како малиот стан е организиран и како е позициониран. И гарсониера од 25 квадратни метри може да ги задоволи сите животни потреби ако е добро организирана, што подразбира влезна зона, повеќенаменска просторија од минимум 16 квадратни метри, чајна кујна и купатило од минимум 3.3 квадратни метри, добро вклопена во објектот, ако има добро греење и светло, широк зелен простор пред зградата и сите заеднички простори да бидат квалитетни за да ги надоместат минималните егзистенцијални стандарди. Ако зборуваме за одржливост на објектите морам да напоменам дека употребата на нови материјали и нови технологии е позитивна и добредојдена. Но, притоа мора да се води сметка да се обезбеди и соодветно обучен кадар кој ќе знае правилно да ги вгради и аплицира тие технологии. Сите наведени забелешки, кои се само дел од она што треба да подлежи на анализа, се во насока на тоа со професионален кредибилитет да се натера инвеститорот да размислува на друг начин. Архитектот како поединец мора да се избори за сопствената позиција визави инвеститорот, а со едукација на нашиот купувач да го натера да почне да распознава кој простор и стан е најдобар за да ги вложи своите пари. Тоа ќе може да го направи само тогаш кога зад неговата работа ќе стојат добро обмислени и јасно дефинирани нормативи, во согласност со специфичните потреби на населението во ова време и на овој простор. Во многу од објектите низ градот се рекламираат елитни станови, што подразбира луксузно живеење. Но, епитетот „луксузен“ не може да го понесе стан во зграда каде структурата на становите е од 25 до 150 квадратни метри и каде придружните елементи на околниот амбиент не се на задоволително ниво. „Нашата архитектура се дефинира со демократски став кој нуди вистински јавен простор однатре и однадвор“, ќе рече арх. Маурицио Маоси од бирото на Заха Хадид, кое проектира луксузни и елитни станови. Битни елементи за квалитетот на живеењето кој би го понудил еден луксузен стан, освен квалитетот на градбата, функцијата и употребата на скапи материјали, се и локацијата, уредувањето на јавните простори во зградата и надвор од неа. Вкупниот впечаток го чинат и ликовните и естетски аспекти на околниот простор. Овие елементи се најчесто занемарени во најголем број од новите градби во Скопје, а веројатно и во цела Македонија. Само еден од многуте пример е објектот „Флатирон - Адора“ во Кисела Вода, кој стои осамен во просторот, опкружен со ќепенци и мали, трошни дуќанчиња, а претендира да биде обележје на градот. Се прашувам обележје на што? Минималниот стандард и обврска за тоа што треба да се инвестира во опкружувањето и зоната која е јавна (без оглед кој е надлежен за тоа), денес е занемарен. Урбаниот склоп подразбира некаква униформност и тој е дефиниран со урбанистички план. Објектот не постои сам за себе, тој мора да биде во контекст на околината. Меѓутоа мерката за целовитоста на градскиот простор и изгледот ми се чини дека е веќе загубена. Тенденцијата на секоја зграда да го искаже своето его и да биде поинаква, не го дефинира просторот како целина, ниту може да формира урбан склоп и силуета на градот. Станбената архитектура низ историјата била претежно уедначена како макроструктура. Тоа јасно го дефинира Камило Зите кој вели: „Градот е едно хомогено тело, составено од домување, а се издвојуваат поединечни простори и објекти како што се плоштади паркови и палати“.
Таков пристап се применуваше и во Скопје, чии населби се одликуваа со јасно изразени макрострукури, односно хомогените целини на градот создадени во постземјотресно Скопје. Во последните 20-тина години на интензивна градба, создадена е нова слика на градот, во која голем дел сочинуваат станбените објекти. Компактните станбени структури се нарушени или го менуваат изгледот и функцијата. Шемата на станот е конфекциска и финансиска. Нови промислувања за функцијата на станот и домувањето во нови услови на живеење и нови потреби на разните структури на населението, за жал не се забележуваат. Позитивните обиди на градба на станбени објекти се само мал процент од архитектонската реалност. Светот веќе размислува за мобилна архитектура, зелена архитектура, замена на фосилни горива. Ако констатирам дека кај нас нивото на квалитетот на проектирање е доста низок, алармот треба да се запали. Со поголемо ангажирање на струката, низ научно-стручни студии и организација на процесот на проектирање и градење, мора да се најде патот кон поквалитетно домување во согласност со трендовите во развиените европски градови.
ПОРТА
интервју
ГРАН-ПРИ НА БИМАС 2018 ЗА АРХИТЕКТ ЃОРЃИ МОЈСОВ
Фасада разиграна и привлечна од повеќе агли Оваа награда многу пријатно ме изненади бидејќи ме израдува тоа што Комисијата препознала колкава енергија имаме вложено јас и целиот мој тим почнувајќи од моето биро па сè до инвеститорот да се изведе овој објект со сите свои детали до перфекција Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.
В
ашето проектантско биро ГМС, секогаш учествува на БИМАС и мислам дека е биро со наjмногу пријавени трудови. Колку колеги брои вашето биро? Кој е
главен? Ние сме мало архитектонско биро кое постои од 2009 година и моментално броиме 5 вработени. Обично за секој проект одредуваме кој ќе биде „главен“ и ќе го менаџира проектот од почетокот до крајот. Меѓутоа, главен менаџер на сите проекти е мојата мајка Оливија, која секогаш ни дава насоки по кои треба да се движиме и ја надгледува нашата работа низ целиот процес. Какви видови објекти најмногу проектирате? Највеќе проектираме станбено-деловни објекти, но неретко и само деловни, комерцијални, катни гаражи, ентериери како и индивидуални куќи. Можете ли нешто повеќе да кажете за себе, за своето образование и работа? Роден сум во 1982 година во Скопје во семејство каде буквално сите со генерации се архитекти. Почнав да студирам архитектура во Скопје и после две години ги продолжив студиите во Виена каде дипломирав и магистрирав на Техничкиот универзитет во Виена – отсек Архитектура во 2009 година. Во меѓувреме во 2007 година бев и на студентска размена на Тонгџи Универзитет Шангај во 28
ПОРТА
26 октомври 2018
Кина. Во Виена работев во архитектонските бироа Kiekenap и Lorenz und Partner, а по доаѓањето во Скопје во проектантското биро ГМС каде сум и коосновач. Работиме на голем број проекти во Македонија, но како биро соработуваме и со колеги од регионот, бироа од Израел и Виена. Со мојата работа во ГМС добитник сум на наградата 13 Ноември за деловниот објект Сан Марко во 2011 година, Признание во рамки на Големата годишна награда на ААМ за станбено-деловниот објект Боними во 2016 година и оваа година добитник на Гран-при на БИМАС 2018 за објектот Челзи бизнис-центар. Што мислите за урбанизмот во главниот град? Преголемиот број станбени згради кои
вешто манипулираат и импровизираат со функциите и квадратурите на станот, паркирањето, поткровјата, сè во интерес на профит, а не на квалитетна функција и архитектура? Проектите за во општина се едни, изграденото неретко е различно. Мислам дека во градот повеќе не постои урбанизам во вистинска смисла на зборот како што тоа беше случај во годините после земјотресот, кога професионалци од целиот свет ги поставуваа контурите на идното Скопје. Тогаш се гледаше големата слика и откако таа ќе беше дефинирана се одеше кон детална обработка на посебните објекти како целини во склоп на урбанистичката матрица. Погледнете ги само комплексите на градски ѕид, каде се внимавало и на зелените
Челзи бизнис-центар, 2017 автор: Ѓорѓи Мојсов, фото: Васе Аманито
Сан Марко, 2010 автор: Ѓорѓи Мојсов, Оливија Мојсова
површини, и на пешачките зони помеѓу зградите, и на подземниот паркинг кој денес за жал не е во функција, и на визурите на самите згради и нивната ориентација во просторот со цел да се добие квалитетен животен простор. Или пак новопроектираните населби како Карпош или Аеродром кои пливаат во зеленило, каде објектите се поставени на соодветно растојание од улицата и самите од себе, со место за пешачки површини и паркинг доволен за сите. Денес имаме само една креатура од урбанизам со тотален хаос. Сообраќајно лудило, улици без никаков ред, хаотично паркирање, распаднати тротоари, згради напикани на секој чекор со една единствена цел – профит. Кој објект на кој сте работеле го сметате за најзначаен? 26 октомври 2018
ПОРТА
29
Боними, 2012. автор: Ѓорѓи Мојсов, Елизабета Дурлевиќ Немам посебен објект кој ми е најзначаен, но има неколку што ми се најомилени и ги сметам за најуспешни. Сите нив ги поврзува беспрекорната соработка со инвеститорот со цел да се добие успешна реализација. Имам и објекти кои биле со одличен дизајн меѓутоа поради непочитување на инвеститорот на крајот се добила некаква импровизација и тие воопшто не ги сметам за дел од моето творештво. Од моите студентски денови во Виена би издвоил еден проект на универзитетски комплекс во срцето на градот на којшто работевме со двајца мои колеги од Македонија и за кој добивме посебно признание и од самите професори. Потоа следуваше мојот прв проект во Скопје Сан Марко, во кој се наоѓа седиштето на Комерцијална банка на самиот плоштад, за кој ја добив и првата награда. Следуваа уште неколку објекти, од кои најзначаен би го спомнал станбено-деловниот објект Боними во Дебар Маало, катна гаража 6.7 и уште неколку, а од поново време би ги издвоил Скопје Сити Гарден и секако Челзи бизнис-центар, добитникот на Гран-при наградата на Биенале 2018. Вашата мајка е веќе добитник на голема награда на БИМАС. Дали архитектурата и проектирањето се семејна традиција во вашето семејство? Да, јас потекнувам од семејство со повеќе генерации на архитекти, почнувајќи од прадедо ми Глигорие Томиќ, автор на станбената зграда Ибни Пајко во центарот на Скопје. Потоа следуваат дедо ми Љубомир Томиќ, професор на архитектонскиот факултет како и баба ми Мимоза Томиќ добитник на повеќе награди меѓу кои и онаа за животно дело „Андреја Дамјанов“ која ја 30
ПОРТА
26 октомври 2018
Скопје сити гарден, 2017 автор: Ѓорѓи Мојсов, Оливија Мојсова
Vienna university campus, 2007 автор: Ѓорѓи Мојсов, Јасна Георгиевска, Дамјан Кокалевски доделува ААМ. Татко ми и мајка ми се исто така архитекти кои најмногу ми помогнаа во моите студии и работа, како и двете мои помали
сестри кои исто така работат во нашето студио ГМС. Сето тоа многу ми помогна уште на почетокот да можам да се пронајдам себеси во
Железничка, 2018 автор: Ѓорѓи Мојсов, Оливија Мојсова
оваа професија и да оформам некој свој препознатлив стил. Ми се чини дека во последно време наградата како за малку да ви избегнуваше. Што значи оваа награда за вас? Да, на повеќето изложби во последните неколку години учествував со повеќе трудови, но повеќе за да ја споделам својата работа со остатокот од граѓаните отколку со желба да освојам некаква награда. Оваа награда многу пријатно ме изненади бидејќи ме израдува тоа што жири-комисијата препознала колкава енергија имаме вложено јас и целиот мој тим почнувајќи од моето биро па сè до инвеститорот да се изведе овој објект со сите свои детали до перфекција. Бидејќи без добар инвеститор нема добар објект, каква беше вашата соработка со инвеститорот и неговото влијание во изработка на проектот „Челзи бизнисцентар“? Соработката со инвеститорот и неговото почитување на идејата во текот на целата реализација на проектот се клучните услови за успешен објект. Во овој случај соработката со инвеститорот беше одлична и тоа се гледа на самиот објект. Веднаш препозна дека се работи за исклучително разигран објект со детали кои се комплицирани за изведба и дека доколку се прават импровизации може да се добие многу лош резултат. За секој детал се консултиравме, дури и направивме некои измени во текот на градбата за дополнително да се потенцираат некои детали на фасадата. Сè на сè, инвеститорот на Челзи ја носи истата заслуга за успешноста на овој објект како и
проектантот. Ова укажува на фактот дека без квалитетен инвеститор кој умее да почитува и препознае квалитет невозможно е добра архитектура. „Челзи бизнис-центар“ е мал објект во центарот на Скопје. Објект со само една фасада, но мошне разиграна. Таа е контраст на околината. Намерен ли е односот кон околината на тој начин? Главната идеја за фасадата дојде токму од локацијата на овој објект. Ситуиран на мала пешачка улица со слаба фреквенција на луѓе и залепен помеѓу стари објекти со класичен израз, требаше да се најде начин како да биде привлечен од повеќе агли, особено од страната на булеварот... како и од страната на плоштадот. Затоа и фасадата е разиграна и привлечна од повеќе агли, како на пример има
еден детал од фасадата којшто се гледа од задниот дел на фасадата и го тера минувачот да отиде и да ја види и од предната страна. Идејата беше фасадата да се менува како се движите, да ја менува сликата, да се случи доживување на малата пешачка улица, да провоцира и кога само се надзира. Дали повеќе сакате да размислувате за архитектурата како процес кој се вклопува во градското плетиво и создава една цела поширока слика и здрав амбиент или како процес за создавање маркантни, ексклузивни градби сами за себе? Секако дека мора да се земат и двата аспекта предвид, но тоа највеќе зависи од типот и локацијата на објектот кој се проектира. Во случајот со Челзи на пример беше неизбежно да се размислува за вклопливоста на архитектонскиот израз во централното гратско јадро бидејќи е опкружен со значајни објекти со одреден архитектонски израз и урбанистичка структура. Меѓутоа во случај кога се работи за објект во средина која допрва треба да се урбанизира или да се дооформи урбанистички понекогаш е убаво да се создаде маркантен објект којшто треба да ги постави контурите на урбанистичкото дообликување на просторот и да служи како патоказ како да се обликуваат останатите објекти. Сигурно сте меѓу помладите добитници на Гран-при на БИМАС, ако не и најмладиот. Што би им порачале на младите архитекти? Би им препорачал секогаш да бидат современи и креативни и секогаш да се стремат да останат доследни на своите идеи и квалитетната архитектура. Меѓутоа за да се добро запознаени со стандардите и пазарот тука, желбите и можностите на инвеститорите за кои ќе работат, треба вешто да умеат да ги вклопат овие фактори и преточат во добра архитектура, бидејќи крајниот исход секако ќе зависи од нив.
ПОРТА
експерт
ФОСТЕР И ПАРТНЕРИТЕ НАЈДОБРИ СПОРЕД ROYAL INSTITUTE OF BRITISH ARCHITECTS - RIBA
Управна зграда на Блумберг добитник на Стерлинговата награда за архитектура Новоизградениот објект зафаќа еден цел урбан блок, а во неговата надворешна обработка доминираат каменот и стаклото
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон)
Г
одинава жирито за Стерлинговата награда (Stirling Prize) за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects - RIBA) во состав Сер Дејвид Аџаје (претседавач) (Sir David Adjaye), Бен Дербишајар (Ben Derbyshire), Алекс де Ријке (Alex de Rijke), Катрин Херсел (Kathrin Hersel) и Џуд Кели (Jude Kelly) имаше
32
ПОРТА
26 октомври 2018
шест кандидати во најтесниот избор за наградата, и тоа: 1. Управниот објект на Блумберг (Blumberg) во Лондон на Фостер и партнерите (Foster + Partners); 2. Еврејските Буши гробишта (Bushey Cemetery) на Вог Тистлетон архитектс (Waugh Thistleton Architects); 3. Студентскиот дом Чадвик хол (Chadwick Hall) во Роехамптон (Roehampton) на Хенли Хеилеброун (Henley Halebrown);
4. Уметничката галерија Њу Тејт (New Tate) во Сент Ајвс (St. Ives) на Џејми Фоберт архитектс (Jamie Fobert Architects) со Еванс и Шалев (Evans & Shalev); 5. Сторис филд центарот на заедница и градинката Едингтон (Storey’s Field Centre and Eddington Nursery) во Кембриџ од МУМА ЛЛП (MUMA LLP); и 6. Султан Назрин Шах образовен центар (The Sultan Nazrin Shah Centre) во Оксфорд на Ниал Мак Лохлин архитектс (Niall McLaughlin
Architects). Во исклучително силна конкуренција жирито едногласно одлучило овогодишната Стерлингова награда за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти да му се додели на управниот објект на Блумберг во Лондон на архитектите Фостер и Партнерс. Блумберг е приватна компанија со седиште во Њујорк, САД, која делува во областа на финансиите, компјутерски софтвер, обработка на податоци и медиуми, а која сакала нова управна зграда за Европа во која ќе ги смести на едно место сите свои вработени и дејности. Проектот на Фостер и Партнерс го овозможил ова. На површина од 66.354 квадратни метри во која се сместени четири илјади вработени во централното подрачје на Лондон и во близина на Катедралата „Сент Паул“ (St. Paul’s Cathedral) изникнал новоизградениот објект кој всушност зафаќа еден цел урбан блок, а во чија надворешна обработка доминираат каменот и стаклото. Нивото на примена на камен во рамките на објектот е во толкава мерка што се смета дека ова е најголемиот изграден објект во најтесното централно градско подрачје на Лондон по изградбата на Катедралата „Сент Паул“ во 1675 година. Објектот се протега на 10 нивоа над земјата и три нивоа под земјата, а по однос на своите пропорции и катност се надоврзуваат и воспоставуваат соодветни односи со своето опкружување во коешто се среќаваат и некои
многу постари објекти. Урбаниот блок на којшто изникнал објектот е со неправилна полигонална форма, а објектот на Блумберг е составен од два меѓусебно поврзани блокови со мост на повисоките катови. Двата блока се со различна големина и неправилна полигонална форма. Поголемиот блок се протега на североисточниот дел на блокот, додека помалиот на југозападниот дел на блокот. На ниво на теренот приземјето е во најголема мерка посветено на комерцијални содржини и е повлечено од улицата на три агла на парцелата коешто овозможило да се создадат отворени простори во рамките на блокот. Два од овие простори меѓусебно се поврзани со покриена
улица којашто приближно се протега во насоката исток-запад, а во рамките на која се наоѓаат мостовите на погорните катови коишто ги поврзуваат двата блока. За разлика од горните катови на блоковите коишто се со неправилни полигонални форми коишто главно ја следат формата на блокот, приземјето е со брановидна форма со којашто авторите сакале да го потенцираат движењето кое се случува во рамките на јавниот домен по обиколката на објектот. Повлекувањето на приземјето во однос на повисоките катови овозможило да се создаде наткриена пешачка зона околу двата блока, со којашто објектот значително придонесува кон квалитетот на
ПОРТА
јавниот простор. Оваа улица – аркада всушност се наоѓа на местото на некогашната римска улица Ватлинг стрит (Watling Street). Во рамките на јавниот домен на комплексот се наоѓа и пристап до станица на лондонското метро и Музеј посветен на римското светилиште на Митрас (Roman Temple of Mithras), а коешто било откриено пред 60 години на оваа локација. При проектирање на внатрешноста на објектот особено внимание било посветено не само на безбедноста на објектот, коешто е разбирливо кога ќе се земат предвид дејностите на Блумберг, туку и особено на патувањето на вработените и посетителите до својата крајна дестинација во рамките на објектот. Ова патување го вклучува „вортексот“, уметничко дело, кое наликува на своевидно материјализирано торнадо коешто вертикално се протега низ објектот и преку систем на закривени рампи и патеки ја овозможува вертикалната комуникација низ објектот, а околу која во помали групи се распоредени работните простори за вработените. Специјално испроектираните лифтови ја овозможуваат брзата вертикална комуникација со „главна“ дестинација на 34
ПОРТА
26 октомври 2018
шестиот кат каде што се наоѓа кафетеријата. Архитектите успеале во својот стремеж да создадат исклучително активни и несекојдневни работни простори преку примена на иновативни детали, како на пример алуминиумски розети на плафоните, и пристапи коишто особено ги истакнуваат квалитетите на внатрешноста на објектот поддржани со квалитетот на вградените материјали и реализација. 2,5-те милиони полирани алуминиумски цветови во рамките на плафонот на објектот ја регулираат акустиката, температурата и осветлувањето во објектот и
овозможуваат наспроти вообичаените деловни објекти да ги лоцираат деловните простори во центарот на објектот, а сервисните зони на периферијата. Објектот се истакнува по својата одржливост и се смета за најодржлив деловно-административен објект во светот, којшто е заслуга на долгогодишна истражувачка работа во ова поле на архитектонското биро на Фостер и Партнерс. Исто така особено треба да се истакне и двојноста на објектот окарактеризирана преку смирената, сензитивна и елегантна фасада и динамичната внатрешност на објектот со океански канцеларии испроектирани да го поддржат колаборативниот начин на работење на глобална компанија специјализирана во доменот на финансиските информации. Според жирито станува збор за објект којшто е „уникатен во својата генерација“, а за претседателот на институтот, Бен Дербишајар, станува збор не само за „монументално достигнување“ туку за објект „којшто не само што го искачил нивото за проектирање на канцелариски простор и урбанистичко
планирање, туку и го пробил плафонот“. Овој исклучителен проект укажува на тоа што може да се постигне во услови на тесна соработка помеѓу вешт и иновативен архитект и софистициран инвеститор кој се грижи за јавниот простор. Последново особено се истакнува доколку се земе предвид дека архитектите оригинално добиле урбанистичка согласност за објект со двојно поголема катност, но дека инвеститорот се одлучил да изгради многу
поскромен и посоодветен по волумен објект којшто полесно ќе воспостави соодветен дијалог со своето опкружување. Не е можно, а да не се восхитуваме на овој реализиран објект, и без да го споредиме со нашиот локален контекст во Република Македонија, каде немаме инвеститори од калибарот на Блумберг, но поуки од овој проект има многу коишто локалните форми коишто покажуваат обзир кон своето опкружување можат да ги применат во своите идни проекти.
ПОРТА
архитектура
УБАВИ ГРАДОВИ... ГОЛЕМИ АРХИТЕКТИ... ЗНАЧАЈНИ ОБЈЕКТИ...
Норман Фостер - футурист во просторот и времето (2 дел) Човек кој создава објекти симболи во светските мегаполиси... кои го надминуваат времето
Љупка ДУКОВСКА , дипл. инж. арх.
Н
а почетокот на 21-от век, Норман Фостер и неговата фирма „Фостер + Партнери“, како едно од најуспешните архитектонски глобални студија во светот за одржлива архитектура, урбанизам и дизајн, работат интензивно на разновидни објекти низ целиот свет. Изработуваат архитектонски решенија за проблеми за кои другите фирми само теоретизираат. Постојано предлагаат практични и иновативни решенија, кои го прошируваат и подобруваат човечкото искуство. Во ова продолжение ќе се осврнам уште на неколку од неговите многу значајни објекти кои се создадени на почетокот на овој век. - Почеток на 21 век... Мостови... едни од најголемите инженерски достигнувања на сите
36
ПОРТА
26 октомври 2018
времиња... Обично се смета дека мостовите се во доменот на инженерите, а не на архитектите, но архитектурата на инфраструктурата има силно влијание врз животната средина. Тесната соработка со градежните инженери илустрира како архитектурата може да игра интегрална улога во дизајнот на мостовите. Мостовите Вијадуктот Мијо во Јужна Франција и Милениумскиот мост во Лондон, кои „Фостер+Партнери“ ги работеа на почетокот на векот, се пример за успешна структурна форма, со функција, технологија и естетика, која во многу параметри е единствена во светот. 1. 1993- 2004, Millau Viaduct, France Вијадуктот Мијо е признат како едно од најголемите инженерски достигнувања на сите времиња. Тој е највисок патен мост во светот. Висок е 343 метри, а долг 2,5 километри. Лоциран е во јужниот дел на Франција, на Автопатот А75 кој обезбедува директен пат од Париз до медитеранскиот брег и до Барселона. Поминува над реката Тарн, и низ спектакуларна клисура меѓу две високи платоа. Изработен е во соработка со францускиот градежен инженер Dr. Michel Virlogeux (1946). Неговата конструкција собори неколку светски рекорди. Мостот е деликатен, транспарентен и има оптимален распон меѓу столбовите. Тој е највисок патен мост во Европа, има највисоки столбови во светот и ја надвишува Ајфеловата кула како највисока градба во Франција. Највисокиот од седумте огромни носечки столбови е висок 343 метри, (23 метри повисок од Ајфелова кула). Секој од неговите делови се протега на 342 метри, а столбовите се со висина од 75 метри и 245 метри, при што
26 октомври 2018
ПОРТА
37
се издигаат уште за 87 метри над патот. Конусната форма на столбовите ги изразува нивните структурни оптоварувања и го минимизира нивниот профил во височина. На мостот му дава драматична силуета и создава минимална интервенција во пејзажот. Бившиот француски претседател Жак Ширак за мостот Мијо изјави: „Вијадуктот Мијо е прекрасен пример на долгата и голема француска традиција, на храбри уметнички дела, која е започната на крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век со големиот Густав Ајфел“. 2. 1996-2000, Millennium Bridge Мостот Милениум е резултат на креативната соработка меѓу уметноста, архитектурата и инженерството. Проектот е добиен на меѓународен натпревар во соработка со скулпторот Ентони Каро (Anthony Caro, 19242013) и инженери од Аруп (Arup Group). Структурно мостот ги надминува границите на технологијата. Опфаќа 320 метри и има уникатно тенок профил, кој формира тенок лак над водата. Мостот на Темза беше отворен во 2000 година. Во текот на првиот викенд го поминале сто илјади луѓе. Под овој товар мостот покажал неочекувано поголемо странично движење, поради што беше привремено затворен. Со опсежно истражување откриено е дека ова е предизвикано од синхронизирани пешачки стапки, феномен кој претходно беше малку познат во инженерскиот свет. Решението се покажа како многу успешно и ги смени кодовите за изградба на мостови во целиот свет. Мостот ја доби наградата RIBA. По тој повод беше кажано дека тој е прекрасен збир на речиси органски компоненти. Извонредно дополнување на оваа историска река и град. - Почеток на 21-ви век... Објекти симболи... икони на хоризонтите на најголемите градови низ светот... 3. 1998-2002, City Hall, London Објектот на Градското собрание е еден од најзначајните симболи на Лондон. Се наоѓа на извонредна локација на Темза, покрај Tower Bridge. Обезбедува 12 илјади квадратни метри, на девет нивоа, во кои се сместени градоначалникот и службите на Градското собрание. Објектот е дизајниран така што нема конвенционални фасади (предна, задна…). Неговата форма е изведена од геометриски модифицирана сфера, со компјутерско моделирање. Формата со минимизирање на површината изложена на директна сончева светлина, дозволува да се постигнат оптимални енергетски перформанси. Употребени се низа 38
ПОРТА
26 октомври 2018
активни и пасивни уреди за засенчување, а системите за ладење на зградата користат подземна вода преку бунари. Зградата користи само една четвртина од енергијата која е потребна за типична климатизирана деловна зграда. 4. 1997-2004, 30 St Mary Axe, London Деловен објект, популарно наречен „Корнишон“ на швајцарската осигурителна компанија Swiss Re, со површина од 64.469 квадратни метри и висина од 180 метри. Симбол по кој се препознава хоризонтот на Лондон. Прва еколошка висока зграда во градот, со радикален технички, архитектонски и просторен пристап. Со кружна форма, радијална геометрија, висина од четириесет и еден кат, зградата обезбедува канцеларии, продавници и кафулиња. Преку енергетски свесен концепт авторот ги решава ѕидовите и покривот со континуирана триангуларна форма. Ја намалува зависноста на зградата од климатизација и заедно со други одржливи мерки користи само половина од енергијата која се троши во конвенционална климатизирана кула. 5. 2000-2006, Hearst Headquarters, New York, USA Фостер со неколку свои проекти даде придонес кон зачувување и адаптација на историски објекти. Од проектите со кои тој интервенира во историски структури, најдраматичен е проектот на кулата Хеарст, која се наоѓа на југ од Columbus Circle, на 8-та авенија на Менхетен во Њујорк. Новата кула на Хеарст, поставена е над оригинална основа на стара зграда, проектирана од Џозеф Урбан (Joseph Urban, 1872-1933), која поради Големата депресија во1928, била оставена недовршена. Новата кула изработена е од челик и стакло, комплетно контрастни материјали на постојната база. Двете структури ги дели постојна аголна Арт Деко основа, која создава хармонија помеѓу старото и новото. Кулата Хеарст, поставена над постојна база е 44-катен облакодер со триангуларна фасада, со површина од 79 500 квадратни метри и висина од 182 метри. Овој објект е прв облакодер започнат после 11 септември 2001 година и прва градба во Њујорк со LEED Gold стандард. Дождовницата се собира и користи во системот за ладење. Челикот што се користи е 85 отсто од рециклирани материјали. Дентални сензори го контролираат осветлувањето, а 95 отсто од структурата е природно осветлена. Дијагрид методот користи 20 отсто помалку челик, а профилите на триагоналните пресеци ја прават зградата уникатна. Хеарст кулата е една од иконите на хоризонтот на Њујорк. Има добиено многу награди, како интернационална RIBA... 26 октомври 2018
ПОРТА
39
6. 2003-2008, Beijing Capital International Airport, Beijing, China Најголема аеродромска зграда во светот, со површина од 1.300 000 квадратни метри, капацитет од 50 милиони патници годишно. Меѓународниот терминал во Пекинг е објект со најнапредна технологија, оперативна ефикасност, одржливост... Завршен е во 2008 година, за дваесет и деветтите Светски летни олимписки игри. Неговиот зголемен аеродинамичен покрив и форма налик на змеј, со традиционални кинески бои и симболи, го прави објектсимбол на местото, на градот. Додека патниците навлегуваат во зградата, бојата во ентериерот се менува, од црвена до жолта. Терминалната зграда е една од најодржливите во светот. 7. 2004-2011, The Troika, Kuala Lumpur, Malaysia Проектот се состои од три станбени кули од триесет и осум, четириесет и четири и педесет и еден кат, кои заедно го сочинуваат највисокиот станбен комплекс во Малезија. Комбинира апартмани, канцеларии, продавници и ресторани, со цел да промовира густо планиран пристап за живеење и работа во градот од дваесет и први век. Извртената геометрија на трите кули, преку детална анализа на моделирање, дава извајани форми кои одговараат органски на соседството и овозможуваат драматични погледи на кулите Петронас и градот. Небески мостови ги поврзуваат кулите на 24то ниво.Трите кули го опкружуваат паркот кој е лоциран во средината. (Продолжува во следниот број) 40
ПОРТА
ПОРТА
aрхитектура
РЕТРОСПЕКТИВА НА ТАДАО АНДО ВО ЦЕНТАРОТ ПОМПИДУ ВО ПАРИЗ
Бестрашна архитектура која содржи физички апсорбирана мудрост Архитектурата на Андо е едноставна, силна и исклучително нежна. На комплексноста на просторот, тој секогаш ја придодава едноставноста на обликот. Користи голи материјали кои се чувствителни на допир. Пред сè, тој изразува јасна слика на животот која е предложена од едноставниот облик. Како таква, неговата архитектура секогаш содржи смел предлог за животот или елемент на остра критика на општеството
Тадао Андо (1941) е добитник на Прицкеровата награда за архитектура во 1995 година. Светската слава како архитект ја стекнал со спојување на традиционалните минималистички форми на Далечниот Исток со модерните изрази на западната култура, стил кој италијанскиот историчар на архитектура Франческо Дал Ко го нарекол „критички регионализам“. Андо е самоук архитект кој најпрво живеел мошне живописно како возач на камион и професионален боксер. Но, кога имал десет години започнал да го изучува и во следните седум години го научил занаетот на обработка на дрво кај еден столар и правел модели на авиони и бродови. За архитектурата се заинтересирал како млад, читајќи една книга за Ле Корбизје, која му оставила големо влијание. Знаењето за архитектурата го стекнал автодидактички посетувајќи храмови, светилишта и чајџилници во Јапонија и изработувајќи модели на бродови и цркви. Од 1962 до 1969 година патувал по Европа, Африка и САД, каде што ги изучувал градбите на големите архитекти, како што се: Алвар Алто, Ле Корбизје, Лудвиг Мис ван дер Рое, Френк Лојд Рајт и Луис Кан. Додека патувал, тој се здобивал со архитектонско искуство, силно држејќи се до својата јапонска култура и јазик. На 28-годишна возраст, тој се вратил во Осака, каде што во 1969 година ја основал својата компанија Tadao Ando Architect & Associates. Првите нацрти му биле мали дрвени куќи, ентериери и парчиња мебел. Во 1975 година ја изградил куќата Азума во Осака, за која добил признание од Јапонската архитектонска асоцијација. Добитник е на многу значајни награди, меѓу кои најважна е престижната Прицкерова награда за архитектура 1995 година. Тадо веднаш донирал 100.000 долари за жртвите од земјотресот во Кобе, што се случил истата година. Врз архитектурата и дизајнот на Андо силно влијаеле јапонската уметност, религијата и животниот стил. Неговиот архитектонски стил создава еден „хаику“ ефект, нагласувајќи ја ништожноста и празното место, за да ја претстави убавината на едноставноста. Тој го фаворизира проектирањето на сложени просторни решенија кои го задржуваат изгледот на едноставноста. Неговиот опус е познат по креативната употреба на природната светлина и архитектурата која ги следи природните облици на пределот (наместо обликување на околината, да се усогласи постоечката со изградените простории на објектот). Неговите објекти се одликуваат со сложени тридимензионални патеки, кои се преплетуваат помеѓу внатрешните и надворешните простори, големите геометриски облици и во растојанијата помеѓу нив. Неговата бетонска „Куќа во низа во Сумијоши" (Куќа Азума), која има два ката, е негово рано дело, во кое тој ги покажал елементите својствени за неговиот иден стил. Составена е од три еднакво големи правоаголни волумени. Оваа куќа е позната по контрастниот изглед и просторната организација, која им овозможува на луѓето да уживаат во богатството на внатрешниот простор исполнет со строга геометрија. 42
ПОРТА ПОРТА
28 септември 2018
Текст и фотоДејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз) о галерија 3 во Центарот „Жорж Помпиду“ во Париз неодамна е отворена ретроспективна изложба La défi („Предизвик“) посветена на еден од највлијателните архитекти во светот Тадао Андо (1941). Центарот Помпиду му посветува голема ретроспективна изложбата на овој јапонски архитект, еден од главните фигури во современата светска архитектура и добитник на престижната Прицкерова награда за архитектура. Артикулирана околу четири главни теми: примитивната форма на просторот, предизвикот на урбаното, генезата на проектот и дијалогот со историјата, изложбата ги поканува посетителите да ги откријат најважните принципи во создавањето на Тадао Андо, како што е неговата употреба на мазниот бетон, примарната важност на едноставните геометриски волумени, интеграцијата на природните елементи во нејзините
В
просторни услови или значењето што тој го придава на интензитетот на телесното искуство генерирано од самата архитектура. Откривајќи педесетина големи проекти, илустрирани со сто осумдесет цртежи, седумдесет оригинални модели и бројни слајдови, оваа ретроспектива ги третира различните периоди од неговата архитектонска кариера и ги истакнува неговите клучни достигнувања, почнувајќи од проектите Azuma House до Sumiyoshi (1976) до Bourse de Commerce во Париз (кој треба да биде реализиран наесен 2019 година). МУДРОСТА НА ЖИВОТНОТО ИСКУСТВО Тадао Андо длабоко размислува за неговото лично искуство, додава интелигентни идеи, а потоа ги внесува во сопствената суштина. Тој е убеден дека неговото искуство е неговото единствено важечко оружје. Со други зборови, невозможно е да ги управуваме другите само со знаење кое не е поддржано од искуството. Него не го поттикнува архитектура која исклучиво никнува од интелектот. Тој ги мрази манипулациите со знаење и игрите со форма. Вистинската архитектура за Анда не е простор изразен 26 октомври 2018
ПОРТА
43
преку метафизика или естетика, туку простор кој содржи физички апсорбирана мудрост. Во оваа смисла, тој не се стреми ниту кон убавата, ниту кон „вештата“ архитектура. Тој ја вреднува само бестрашната архитектура што ја изразува нејзината победа над дилемата, страдањето и стравот, бидејќи за разлика од површната убавина, според Андо, единствениот израз кој повикува возвишени чувства кај набљудувачот е она кога творецот го става на коцка својот живот. Зад ова, лежи и неговото верување дека животот е континуирана борба и дека само конфликтот може да ја поттикне страста. Транспарентна геометрија владее со неговата работа, јасна е, но далеку од тоа да е едноставна. Таа длабоко го одржува неговиот начин на кој живеел, неговата филозофија, и на тој начин, неговото претходно животно искуство предизвикува и архитектонски стравопочит. Иако звучи чудно, според Андо, неговото искуство како млад професионален боксер и детските искуства воопшто го направиле најважното влијание за неговото свртување кон архитектурата.
44
ПОРТА
26 октомври 2018
Андо копнеел за знаење, но неговата природа не одговарала на традиционалната школска средина. Училиштата можат да имаат знаење, но нивните методи пропорционално го стеснувале обемот на неговата имагинација. Андо верувал дека сувопарниот академски систем во Јапонија ја уништува индивидуалноста. Тој никогаш не присуствувал на универзитет, ниту пак, бил на занает кај некој афирмиран архитект. Тој имаше многу ментори во неговиот живот, но никој од нив не бил учител по архитектура. Самоук, тој самиот си ја креирал патеката на својот живот. Во современиот свет, тој е навистина единствен архитект. Андо поседува основни знаења, кои пред сè доаѓаат од директно искуство. Тој постојано собира и каталогизира книги, но неговата мудрост не зависи од книгите, кои ги смета исклучиво за катализатори на мислите. ЅИДОВИ Архитектурата на Андо е архитектура на ѕидови. На пример, слободно стоечкиот ѕид го „врамува“ природното опкружување кога се приоѓа на Црквата
на вода на полуостровот Хокаидо. Во Музејот на уметноста во Наошима, ѕидот што е хоризонтално разделен го опкружува внатрешниот двор како средновековен бедем. Андо создал многу великодушни простори преку својата експериментална употреба на голиот и видлив бетон, но ѕидовите секогаш ја имаат клучната улога. Делата на Андо користат ограничен број материјали, кои ги изразуваат своите голи текстури. Големото внимание што го посветува на материјалите му дава на неговата работа карактеристичен аскетизам и напнатост. Неукрасените ѕидови на Андите се моќни и тешки, дури и молчаливи.
Таквите недопрени материјали ја кристализираат намерата на нивниот корисник. Ѕидовите ја изразуваат внатрешната сила и во нив ги откриваме убедувањата на Андо. Раните креации на Андо биле бетонски кутии. Во средината на неговата кариера, ѕидовите на неговите конструкции станале мелодични. Затворените кутии постепено се отворале пуштајќи ја светлината да стигне до аглите и да ги осветли ѕидовите. Неговите едноставни геометриски формули ја поздравуваат природата, а трансформираната светлина го прави неговиот простор комплексен.
Внатрешниот ритам на Андо е многу жив и пробивен. Ѕидовите го регулираат движењето и внесуваат ред. Тие нè водат, нè спречуваат и владеат со нашите односи. Ѕидовите командуваат, споделуваат и спојуваат, носат одговорност и моќ над човечките односи. Сепак, Андо успеал да создаде ѕидови кои се нежни светилишта, полни со утеха и лековитост. Андо не го дели просторот по функција и затоа кај него тврдите ѕидови создаваат флексибилни простори. Ѕидовите на Андо му даваат на животот ширина и нежност. Во исто време, неговите ѕидови ја задржуваат телесноста која пркоси на метафората. Минималистички, тие се откажуваат од сентименталноста. Неговите слободно стоечки ѕидови функционираат како платна/површини на концептуални слики, кои ја елиминираат илузијата на површината и го редуцираат светот на неговата суштина. Освен визуелната убавина, архитектурата на Андо има вонсериски интензитет со своите голи материјали. Она што се обидува да го искаже преку бетонот не е издржливоста карактеристична за Ле Корбизје, туку нешто посуптилно. Главниот критериум за врската на Андо кон бетонот лежи во ритмите на секојдневниот живот врз основа на јапонската единствена естетика. НЕБО Природата, особено небото, игра клучна улога во архитектурата на Андо. Тој ја апстрахира за своите цели. „Со цел да ја избегнам природата на архитектурата како затворена кутија, јас се потпирам на небото како на природен елемент кој најмногу влијае на архитектонските ентериери“. Во архитектурата на Андо, небото е клучен просторно-структурен елемент. Без разлика дали дизајнира станбена зграда, трговска зона или деловна зграда, Андо секогаш се фокусира на тоа како влезот го врамува небото. Меѓусебната игра на светлината и сенките што ги создаваат остро оцртаното небо и тридимензионалните форми изразени во бетонски ѕидови создаваат магнетизам во архитектурата на Андо. Ниту еден архитект никогаш не се занимавал толку многу со небото. Небото е исто така клучен елемент во надворешните простори на Андо. Тој е способен да оживее тесни и неправилни места, а е особено вешт во користењето на неправилни или наведнати парцели. Неговата интуитивна способност за читање на локацијата е феноменална. Андо испитува бројни фактори како што се географска ориентација, извори на ветер и светлина, дождови, соседни ѕидови, старост на соседни структури и проток на човечки 26 октомври 2018
ПОРТА
45
сообраќај. Архитектурата на Андо е едноставна, силна и исклучително нежна. На комплексноста на просторот, тој секогаш ја придодава едноставноста на обликот. Користи голи материјали кои се чувствителни на допир. Пред сè, тој пренесува јасна слика на живот, предложена од едноставниот облик. Ова е
од клучно значење. Јасната геометрија е вовед во едноставна слика. Како таква, неговата архитектура секогаш содржи смел предлог за животот или елемент на остра критика на општеството. Неговата архитектонска филозофија тече со цврста линија од најраните дела до најновите. Во таа смисла, иако делува, архитектурата на Андреј не е минималистичка. Вистина е
дека се потпира на „неукрасена кутија“. Но, неукрасениот ѕид ја воздигнува имагинацијата. Тој сака набљудувачот да го „живее“ ѕидот токму затоа што е неукрасен. Бетонските ѕидови се исполнети со елегантна јапонска чистота и изгледаат речиси полни со тага. Лишени од очигледните архитектонски елементи, тие ја стимулираат свеста за сопствената личност на оние кои ги гледаат. Истовремено, ѕидовите го одржуваат постоењето на Андо и ја будат неговата естетика на отсутност и така паралелно ја стимулираат и нашата имагинација. СЛЕДБЕНИЦИ Како признат и оригинален автор, Тадао Андо редовно одржува голем број предавања ширум светот. Неговите предавања привлекуваат страсни следбеници. Секогаш е расположен за комуникација и за необврзувачки разговори со студенти, домаќинки и таксисти, и со задоволство се ракува со нив и дава автограми. Во Азија, Европа и Америка, толпи луѓе одат на неговите предавања. Според оние што го познаваат и оние што присуствувале на неговите предавања, тајната на неговата популарност лежи во неговата личност. Тој му пристапува на секој проект, без оглед на неговата големина, како животно што го става животот на коцка за да го фати пленот. Тоа е неговиот уникатен шарм.
46
ПОРТА
26 октомври 2018
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
ентериер
МАЛ ДВОСОБЕН СТАН ВО СЕВЕРНАТА ПЕРИФЕРИЈА НА МИЛАНО
Спартански волумен Апстрактно е замислен како бела матрица, ментално присутна во нашето секојдневно постоење. Секако за да се адаптира на реалноста се склопува во упростени елементи, затоа што домот на денешното време најмногу пати од пренатрупаност и манијакалната пристрасност да се пополни секое слободно ќоше Александар ПЕТРОВ, дипл.инж. арх. (за Порта 3 од Италија) Фото: Marcela GREASSI, Barcelona
О
ПОРТА
вој дом следи концепт на кутија која се прилагодува на реалните секојдневни потреби, толку неопходни за функционирањето на едно
урбано живеалиште во градскиот хаос од кој мора максимално да се профитира. Станува збор за мал двособен стан, во северната периферија на Милано. Изведен со минимален буџет, без притоа да се занемари квалитетот, потребен за негово континуирано функционирање. Проектот е насловен како UPTOWN FOLKS (по песната
на Dope Lemon), бидејќи полемизира со веќе здивениот маркет на недвижности, преку агресивна реклама на градежната операција наречена UPTOWN MILANO. Апартманот се наоѓа во населбата Комасина, целосно подигната во 70-тите години, по принципите на атинската карта, со голем акцент на социјалните станови, кои
се ограничени во изградбата и со определен стандард на големина, соодветни на условите во тоа време. Задачата беше како да се адаптираат новите потреби искористувајќи ја светлината и преадаптирањето во нови пофлексибилни простори. Апстрактно е замислен како бела матрица, ментално присутна во нашето секојдневно постоење. Секако за да се адаптира на реалноста се склопува во упростени елементи, затоа што домот на денешното време најмногу пати од пренатрупаност и манијакалната пристрасност да се пополни секое слободно ќоше. Внатрешниот простор е замислен како монолитен и унифициран, затворен од ѕидови и прозорци кои при идеални услови овозможуваат струење на умерени звуци од горенаведената песна, која го
во
ПОРТА
49
исполнува волуменот со јачина од 40 децибели. Звучното одекнување парцијално се надополнува и контаминира со надворешниот градски превоз и природните звуци од блискиот парк. Преку таква добиена акустика, можат да се осетат чистите и искрени целини од станот. Просторот не сака во никој случај да ги деконцентрира овие природни ресурси од околината. Тие дополнителни звучни нијанси се определени преку неколку бои: - титаниум (сивобела боја), подот во отворениот салон со кујната и спалната соба. Во текот на денот задава бел контекст, упивајќи од сончевата експозиција, а навечер добива темносива боја и попрецизно ја определува ограниченоста на ѕидовите од подот, - жолтата, подот во бањата, инспириран од жолтата линија на крајната метро станица каде се наоѓа станот, - блу авио, кој ја обиколува кујната и надворешната тераса, по потрага на потребата од градскиот спокој, - розова во спалната соба , со поглед на таванот која ја маркира границата помеѓу рационалните дневни размислувања и ноќните нерационални соништа. Сите овие елементи се изведени од микроцемент, кој дава јачина и конзистентност на материјата низ времето кое ќе мора да го афирмира, со цел да се надживеат класичните фуги и определби кои ги диктираат материјали како керамиката, гресот или паркетот. Предимство се добива и при самата изведба, бидејќи побрзо се определува организацијата на градилиштето, отколку при монтажа на класичните производи. На тој начин се добива простор без конкретна граница помеѓу хоризонталните и вертикалните поставувања, давајќи возвишена предност на функционалноста на мебелот. Импресија на удобно лебдење. Клучен елемент во отворениот простор е секако лампата ГРОК, која типолошки е дизајнирана за канцелариски простор, но заради нејзината неконвенционалност е поставена на ѕидот во дневната зона и ја нарушува класичната домашна подреденост. Две столици во тортора и авио се надополнуваат на полиците и ѕидот од кујната и со тоа го задаваат само елементарното потребно во дефинирање на еден суперспартански простор.
Стан КК во Милано, Италија Проектант: Александар Петров Соработник: Вардан Серафимовски година: 2018 50
ПОРТА
26 октомври 2018
ПОРТА
екологија
Мали хидроцентрали – бизнисинтереси или одржлив развој? Земјите кои ја разгледуваат оваа технологија треба да инвестираат и во истражувањето на потенцијалните проблеми и да бидат претпазливи и во планирањето и во самата изградба, придржувајќи се кон принципите на одржливиот енергетски развој
Даниела МЛАДЕНОВСКА
В
ерувањето дека малите хидроцентрали (МХЕ) се извор на чиста енергија со мало или незначително влијание врз животната средина, го зголемува интересот за мали, мини, микро или пико хидросистеми, кои имаат инсталирана моќност од пет киловати до 10 мегавати. Генерално, хидроенергијата се апострофира како еден од најчистите и најсестрани обновливи извори на енергија. Но, искуствата покажуваат дека изразениот 52
ПОРТА
26 октомври 2018
оптимизам за потенцијалот на хидроенергијата не е сосема издржан. ЛЕКЦИИТЕ НАУЧЕНИ ОД ГОЛЕМИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ Хидроцентралите ја користат водата и гравитацијата (целосно јаглеродно слободен и неисцрпен извор) за да ги задвижат турбогенераторите кои произведуваат електрична енергија. За разлика од електричните централи кои користат фосилни горива, хидрокапацитетите не генерираат никакви гасови ниту пепел. Во споредба пак со нуклеарните централи, кај хидрото нема
радиоактивен отпад кој пак од своја страна е посебен проблем, ниту пак се исцрпува каков било ресурс, бидејќи водата не може да се изгуби ниту да се загади како резултат на процесот на производство на електрична енергија од хидропотенцијалот. Од друга страна пак, акумулационите езера го менуваат пејзажот на регионот, па стануваат привлечна дестинација за излетници и туристи. Откако светот ги разбра сите овие предности, некаде во 50-тите години на минатиот век хидроелектричните централи стануваат исклучително популарни. Земјите во развој, како Бразил, Кина, Индија, Малезија, Тајланд и
ПОТЕНЦИЈАЛОТ НА ХИДРОЕНЕРГИЈАТА НАСПРОТИ ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Турција изградија огромни брани и капацитети за производство на електрична енергија со моќност од неколку стотици мегавати, до над 10 гигавати. Египетската Асуанска брана стана препознатлив симбол на овие проекти - но и на нивното влијание врз животната средина. Имено, проектите од вакви размери, сериозно ги менуваат екосистемите на реките, често фрагментирајќи ги коритата и менувајќи ги теченијата. За природните езера, потребни се стотици години за да еволуираат од средини со нисок степен на нутритиенти до средини со висок степен на нутритиенти. Но, вештачките езера ја минуваат оваа транзиција во само неколку години, со што се деградира квалитетот на водата, се загрозува рибниот фонд, и се создава средина погодна за комарци и други пренесувачи на заразни болести. Во случаите пак, кога поради создавањето на вештачките езера се врши иселување, или сериозно се менува расположливоста на ресурсите за земјоделие или други активности, тогаш се соочуваме и со сериозен социо-економски проблем. Веќе во средината на 70-тите години од минатиот век, односно околу две децении по подемот на хидроенергетските капацитети, почнуваат да се анализираат првите негативни
влијанија врз животната средина од големите хидроцентрали. Веројатно главниот проблем лежи во фактот што првично на површина се истакнуваат само придобивките од ваквите проекти, но не и можните проблеми. Затоа клучното прашање е: „Дали сме на пат да ја повториме истата грешка и во случајот на малите хидроцентрали? Предности на малите хидроцентрали (МХЕ) - МХЕ, но и хидроцентралите воопшто, не генерираат емисии на стакленички гасови - МХЕ придонесуваат за одржливиот развој со тоа што се економски исплатливи почитувајќи ја животната средина и овозможуваат децентрализирано производство на електрична енергија (социјална придобивка за оддалечени места) - МХЕ се чист извор на енергија (не се создава отпад ниту во водите ниту во воздухот) и е обновлив извор на енергија. Малите хидроцентрали се ефикасен, сигурен, чист, обновлив и одржлив ресурс. Тие не треба да бидат пречка за движењето на рибите, малите хидроцентрали мора да обезбедуваат минимален еколошки дозволен проток кој го гарантира животот на рибниот фонд. Тие нудат стабилност на
ПОРТА
влијанија главно потекнуваат од активностите при градењето, како и од промените во квалитетот на водата и нивото на протокот во екосистемите“. Сепак, по првата охрабрувачка реченица, IEA преминува на набројување на посочените влијанија и заклучува: „Влијанието на малите хидроцентрали се верува дека е мало и локално, доколу се спроведуваат најдобрите практики и ефективно планирање.“ Како и да е, останува непоткрепено тврдењето дека влијанијата се „мали и од локален карактер“.
електроенергетската мрежа. Градењето на МХЕ помага во креирањето на диверсифициран електроенергетски систем, обезбедувајќи производство на електрична енергија во мали дистрибутивни системи, во случај на прекини во главната мрежа. МХЕ мобилизираат финансиски ресурси и придонесуваат за економскиот развој на одредени подрачја со мал број на жители и креираат работни места на локално ниво. ПРЕДИЗВИЦИТЕ ПРЕД МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ Предностите на овој концепт се неспорни. Речиси секој од нас верува дека МХЕ се сигурна
ПОРТА
супституција за големите хидроцентрали. Притоа, некои се убедени дека малите хидроцентрали се целосно безопасни за животната средина, додека пак, некои признаваат постоење на одредени проблеми кои се слични и кај големите хидроцентрали, но сепак се премногу мали за да се земаат предвид. Во извештајот за влијанијата врз животната средина предизвикани од обновливите извори на енергија, Меѓународната агенција за енергија (IEA - International Energy Agency) забележува: „Малите хидроцентрали имаат релативно скромно и локално ограничено влијание врз животната средина. Тие
ЕКОЛОШКИ ПРОБЛЕМИ ВО ВРСКА СО МАЛИТЕ ХИДРОЦЕНТРАЛИ Досега, светот нема искуство со поголеми проблеми од аспект на малите хидроцентрали, бидејќи и нивната примена не е широко распространета. По некоја турбина поставена овде-онде, не може значајно да ја загрози реката, но ако се користи оваа технологија интензивно и ако се инсталираат мноштво мали турбини долж секој пад на речниот тек, и ако се направат мали брани кај повеќето текови, тогаш деградацијата на животната средина е неспорна (по киловат час произведена електрична енергија), и најверојатно ќе биде поизразена отколку во случајот на голема хидроцентрала. Во секој случај, факторите кои го загрозуваат живиот свет во реките се исти и во случајот на големи и во случајот на мали хидроцентрали. Промени во протокот на реките, бариери за движењето на животните, загуби на вода поради испарување и загуба на биодиверзитетот се само некои од примерите. Исто така, создавањето на метан се случува во голема мера кога се сретнуваат вода и седимент, а тоа значи дека поплиткото водно тело најверојатно ќе ослободи повеќе метан по единица површина од подлабоко водно тело. Метанот, предизвикува ефект на стаклена градина со 25 пати посилен интензитет од јаглеродниот диоксид. Се разбира изградбата на инфраструктурата како патишта и електрични водови не е во таков обем кај малите хидроелектрики споредено со големите хидроенергетски проекти во апсолутна смисла - но ако овој индикатор се сведе на киловат инсталирана моќност, влијанието врз животната средина може да биде барем еднакво сериозно, ако не и поизразено. Со мали хидросистеми можеме да бидеме на пат да ја повториме штетната еколошка историја на големите проекти за хидроенергија. Земјите кои ја разгледуваат оваа технологија треба да инвестираат и во истражувањето на
потенцијалните проблеми и да бидат претпазливи и во планирањето и во самата изградба, придржувајќи се кон принципите на одржливиот енергетски развој. МХЕ како и секоја друга постројка за производство на енергија влијае врз локалните екосистеми (квалитетот на реката и екосистемите, бучава, промени во теренот). Како и да е, со доследна примена на легислативата која ја регулира оваа област, примена на иновативна технологија, и првенствено со добра волја на сите вклучени страни да се обединат околу прашањата кои ја засегаат животната средина, може да се верува дека овие влијанија сериозно ќе се намалат. РЕАКЦИИ НА ЕКОЛОШКИТЕ АКТИВИСТИ ПРОТИВ МХЕ „Вносен бизнис за инвеститорите и закана за животната средина“ – е коментарот на еколошките активисти на Балканот во врска со МХЕ. Тие сметаат дека изградбата на ваквите постројки на Балканот не е прашање на напредок, туку прашање на опстанок на и онака загрозените природни вредности. Дополнителен проблем е фактот што ниту националните паркови не се поштедени. Еден таков пример се посочува во Паркот на природата Стара Планина во Србија, каде е работено со тешка механизација, иако во оваа област тоа е изречно забрането. Но, не е само фазата на градење деструктивна за животната средина. И во
експлоатацијата на МХЕ се врши голема штета за животната средина, па поради тоа и инспекциите се доста активни. Во Србија биле забележани доста примери кога во летните месеци операторите го свртуваат целиот проток кон деривационите цевководи со цел постигнување поголемо производство, но по цена на загрозување на живиот свет во речното корито. „Ми пречи што концептот на МХЕ станува пренагласен. Се работи само за една од формите на обновливи извори. Во Србија според постоечкиот катастар има простор за околу 800 такви постројки, но мора да се има предвид дека некои од локациите се наоѓаат во заштитени подрачја“, вели д-р Ратко Ристиќ од Шумарскиот факултет на Универзитетот во Белград. Сериозни дискусии за целисходност на користењето на МХЕ се водат и во Европскиот парламент, поради прилично негативните еколошки ефекти, особено во подрачјето на австриските Алпи, во делови од Баварија, Франција и Италија. Во Европа има над 25 илјади МХЕ, од кои повеќе од една третина се во Германија. Се смета дека и статусот на повластени производители односно тарифи треба да се укине, бидејќи енергетската придобивка е мала, а еколошката штета несразмерно голема. Стручњаците имаат најголеми забелешки на овој концепт поради нарушувањето на
екосистемите, намалување на биодиверзитетот и фрагментирање на колониите на риби. Европската комисија ѝ има издадено налог на Романија да ја испита одржливоста на концептот на МХЕ во земјата, бидејќи во краток рок изградиле над 500 објекти. Неодамна, жителите на Плав на северот на Црна Гора протестираа против изградбата на МХЕ на реката Комарача, барајќи од инвеститорот веднаш да запре со сите активности, со образложение дека неговата градежна дозвола е незаконски издадена, за што се води и судска постапка. Се работи за МХЕ Метех со инсталирана моќност од четири мегавати. Иако инвеститорот ги убедувал мештаните дека централата нема да работи во месеците јули и август сепак, тие сериозно се сомневаат дека ќе биде загрозен нивниот извор за вода за пиење и наводнување. Затоа, сметаат дека запирањето на проектот е единственото решение. Секако, еден од најмасовните протести против изградба на МХЕ е одржан годинава во Пирот, Србија. Како резултат на протестите инвеститорот бил принуден да се откаже од локацијата за изградба на МХЕ на речата Височица. МАКЕДОНИЈА И МХЕ Во 2007 година Македонија почнува со развивање на концептот на мали хидроелектрични централи преку
ПОРТА
55
Министерството за економија односно со повици за учество на тендерска концесија со апликации за над 140 локации за мали ХЦ со моќност од 35 до 2.500 киловати. Проекциите во тој период беа тој број во не така далечна иднина да достигне 400. До денес, според регистарот на повластени производители од МХЕ објавен на страницата на Регулаторната комисија за енергетика има вкупно 78 МХЕ. По општини најголем број МХЕ има во Крива Паланка (7), Кавадарци (6), Демир Хисар (6). Дали и кај нас се граделе вакви електрани во заштитени подрачја? За жал, одговорот е „да“, и тоа во националните паркови Маврово и Пелистер. Мрежата на граѓански организации CEE Bankwatch Network уште во 2015 година алармираше дека во земјава има најголем број проекти финансирани од меѓународни финансиски институции во заштитени зони, кои ги рекламираат како „зелени инвестиции.“ Истражувачката мрежа ги следи банките кои финансираат вакви проекти во земји од Централна и Источна Европа, а во септември оваа година изработи студија насловена „Уништени реки“, во која прави анализа на пет проекти за мали хидроелектрани во Македонија поддржани од европски банки и за слични проекти во Хрватска и Албанија. Тие наведуваат дека на локациите на сите проекти во Македонија финансирани од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ), се забележани“ видливи прекршувања на националните прописи“, закони и меѓународни стандарди, и дека „значително се уништени речните екосистеми“. „Не е разбирливо како во сите притоки на Брајчинска Река е забранет риболовот, но сепак била дозволена изградба на хидроцентрали“, истакнува CEE Bankwatch. Имајќи ги предвид сите претходно изложени состојби, не е за изненадување што на списоците на одржливи хидропроекти на Западен Балкан кои би ги поддржала Европската Унија, се наоѓаат само постоечките и планирани големи хидроцентрали (над 10 MW) иако и за многу од овие проекти има отпор од граѓанските организации за заштита на животната средина, се наведува во документацијата на Инвестициската рамка за Западен Балкан (WBIF). Во финалниот извештај, кој се однесува на крајот на 2016 година, иако претставуваат 90 отсто од вкупниот број хидроцентрали во регионот, учествуваат со само три до пет отсто во вкупното производство на електрична енергија од хидропотенцијалот. Многумина веруваат дека најверојатно интересот на приватниот сектор за овој вид инвестиции ќе исчезне со истекувањето на повластените тарифи, кои се посочуваат како главни виновници за експанзијата на МХЕ во регионот од 2005 година па до денес. 56
ПОРТА
26 октомври 2018
Бошков мост и Луково поле - двата проекти во кои победи заштитата на природата Бошков мост и Луково поле се хидроенергетски проекти најавувани со години наназад од речиси сите политички гарнитури. ХЕ Бошков мост со инсталирана моќност од околу 70 мегавати, и Луково поле со инсталирана моќност од пет мегавати, но и со дополнителен бенефит во зголемување на потенцијалот за производство на електрична енергија во Мавровскиот хидроенергетски систем (на постоечките хидроцентрали во овој систем). Иако од енергетски аспект придобивките од овие проекти беа неспорни, сепак еколошките аспекти превагнаа. Дополнително, не треба да се заборави дека секогаш хидроенергетските објекти се исклучително обемни во поглед на градежните активности и инвестиции, па оттука и економската компонента не е секогаш во прилог на одржливоста на проектот. И покрај уредно подготвените студии за влијанието врз животната средина на овие проекти, и учеството на реномирани меѓународни финансиски институции во улога на кредитори, заштитата на природата беше ставена на прво место. Балканскиот рис, беше еден од видовите под закана од активностите на изградбата, често споменуван во јавноста. Организациите за заштита на животната средина во земјава беа доста активни по ова прашање. Пред неколку години за овие настани пишуваше и британски Гардијан: „Бум од брани на Балканот, закана за последните „ диви“ водотеци во Европа“. Советот на Европа преку Постојаниот комитет на бернската конвенција во декември 2014 година отвори случај против Македонија поради основано сомневање дека со носењето на одлука за спроведување на хидроенергетските проекти во Маврово, меѓу кои и Бошков мост и Луково поле, Владата ги прекршила одредбите за заштита на природата. Петицијата за запирање на активностите со овие два проекти собра 100.000 потписи. Германски Шпигел напиша: -„Поголемиот дел од балканските земји влегоа во криза. А таму, каде што нема пари, заштитата на животната средина често е на задното седиште“ се наведува во текстот под наслов „Хидроенергетска битка: Браните се закана за последните европски диви реки“. Во инвестицискиот план на компанијата ЕЛЕМ за периодот 2018-2022 (јавно објавен на вебстраницата на компанијата), веќе не фигурираат проектите Бошков мост и Луково поле. Порта 3
ПОРТА
хортикултура
БОИТЕ НА ЕСЕНТА
Живописна енергија
58
ПОРТА
26 октомври 2018
в
во секоја градина Во есенскиот период има растенија кои пленат со својата убавина, обезбедуваат боја и текстура која е неповторлива во ниеден друг период од годината
Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж.
Е
сенските бои на пејзажот иако траат поприлично краток период носат многу живописна енергија во секоја градина. Тоа е особено изразено во оние градини кои се креирани за да бидат атрактивни во текот на сите четири сезони. Вистинската комбинација на дрвја и грмушки може да се доведе во совршенство така што „досадниот“ и ладен есенски двор да се претвори во вистинска динамична средина во која боите и формите би се менувале во краток период од неколку недели. За постигнување на таков ефект потребно е добро планирање на градината и избор на растенија со такви карактеристики. При креирање на градината секој дизајнер се труди да вклучи што е можно повеќе растенија за да се осигура дека градината ќе остварува визуелна инспирација во текот на сите четири сезони
од годината. Конкретно во есенскиот период има растенија кои пленат со својата убавина, обезбедуваат боја и текстура која е неповторлива во ниеден друг период од годината. Вообичаено кога станува збор за внесување на колоритност во градината најупотребувани растенија се листопадните видови како што се вариететите од видот на Acer palmatum. Кај овие растенија листовите пред да паднат ја менуваат бојата во силни бои кои зависно од вариететот може да бидат нијанси од црвена, златна и портокалова. Освен јаворите во есента многу атрактивни се и грмушките од видот Euonymus alatus. Кај овој вид листовите пред да паднат ја менуваат бојата во црвена боја. По промената на бојата тие прилично кратко се задржуваат на растението. Во помалите градини со садење на брусница може да се постигне многу силен ефект. Во текот на летото таа плени со убавината на своите плодови, додека преку 26 октомври 2018
ПОРТА
59
есента има портокалови крупни листови кои бавно паѓаат. Доколку се насадени во групи со зимзелени растенија во нивна близина создаваат силен контраст на бои. Растенијата од видот Cotoneaster исто
ПОРТА
така се многу атрактивни во текот на есента. Тие може да се користат како висечки растенија за разбивање на монотонијата на големите ладни жардиниери или потпорни ѕидови или во
форма на бордури. Тие во есенскиот период формираат црвени бобинки кои изгледаат многу атрактивно. Како поголеми дрвја кои се многу атрактивни во текот на есента вреди да се издвои видот Liquidambar styraciflua кој има крупни зелени листови, а во есента истите почнуваат да поцрвенуваат. Специфично кај овој вид е тоа што поцрвенувањето се шири од горниот дел на крошната па надолу, па така во одреден период ова растение може да има повеќе бои и нијанси. Често користен вид за уредување кај нас е и белиот јасен кој има долгнавести листови кои во есен ја менуваат бојата во многу впечатлива жолта нијанса. Ова растение во комбинација со други растенија создава доминантен контраст кој плени со својата убавина.
26 октомври 2018
ПОРТА
61
уметност
Неисцрпен извор на инспирација - генијот и музата Повод: „Матис и Пикасо – комедијата на моделот“ Музеј на Матис во Ница од 23 јуни до 29 септември, и „Пикасо 1932: Љубов, слава, трагедија“ изложба во Тејт Модерн во Лондон од 7-ми март до 9-ти септември
62
ПОРТА
26 октомври 2018
А
д-р Петрула КОСТОВСКА , историчар на уметност ко сте љубител на творештвото на Пабло Руиз Пикасо, годинава имате среќа - не една туку две големи изложби ќе ви го разубават летово. Изложбата насловена „Матис и Пикасо – комедијата на моделот“ е изложена во Музејот на Матис во Ница од 23 јуни до 29 септември, а изложбата во Тејт Модерн која гласи „Пикасо 1932: Љубов, слава, трагедија“ е отворена до 9-
ти септември. Не е тајна дека Пикасо е еден од најплодните и најиновативните уметнички гении на 20 век. Неговата иновативност и желбата за експериментирање и реинвенција е движечка сила во неговиот опус.
Пикасовите жени и љубовници биле негова вечна инспирација и постојан неисцрпен извор во творештвото. И ако десеттите и дваесеттите години на 20 век еден дел од неговите дела биле инспирирани од љубовта кон Олга Хохлова, неговата прва сопруга, во триесеттите доминираат портретите на неговата муза Мари Терез Валтер. Познанството со Мари Терез всушност става крај не само на бракот туку и на конформизмот со буржоаскиот стил на живеење кој Пикасо го уживал благодарение на успехот, парите и славата во овој период. Што е уште поважно тогаш доаѓа до раскрстување со неокласицизмот во којшто, како што и самиот е свесен, премногу долго пливал. Во јуни 1932 тој одлучува да организира ретроспективна изложба при што ја презема креативната улога на куратор, внимателно избирајќи не само најнови дела туку голем број творби од повеќе периоди, истовремено избегнувајќи легенди и напуштајќи го хронолошкиот пристап на постановката. И најпосле кога сиот културен естаблишмент на Париз со возбуда присуствува на отворањето, самиот Пикасо е забележливо отсутен. Креативниот изблик што ѝ претходи на изложбата и бурното, динамично секојдневно креирање нови дела е тема на лондонската изложба. Необично ретко е изложба на дела на индивидуални уметници да е сконцентрирана на само една единствена година од нивното творештво, но овој плодотворен период за Пикасо видив и во самото сигнирање и прецизно до во ден датирање на делата е изразен преку динамичното дури демонично творење. Во овој период Пикасо започнува и завршува дела дури и за еден ден. Но најчесто тоа не се тензични дела. Напротив, лирската смиреност преовладува, заедно со сјајниот колорит составен од сина, зелена, жолта, црвена, виолетова и розова боја. Емотивната и физичката опседнатост со Мари Терез е предмет на поголемиот дел од изложените дела. Атлетската блондинка е секојдневна инспирација за Пикасо, но иако преовладува, деликатноста на нејзиното лице не е апсолутна зададеност. Карактеристиките на лицето на Мари Терез, особено нејзиниот нагласен „грчки“ профил се пренагласени, дури и искарикирани во бронза, но љубовта на Пикасо кон неа е видлива во лирицизмот на цртежот и во живата палета на бои во сликаните дела. Овие бронзени глави испирирани од Мари Терез се присутни и помеѓу делата во музејот на Пикасо во Антиб, иако повеќето од изложените дела во постојаната поставка се од периодот кога Пикасо престојувал во Антиб со Fransoa Gulot. Постојаната поставка во Антиб е едноставно лимитирана од обемот на легатот, но бронзените портрети на Мари Терез со робусноста и минимализмот се пандани на едноставниот лирицизам присутен во 26 октомври 2018
ПОРТА
63
сликаните портрети изложени во Тејт. Делата како Сон, Девојка пред огледало, Акт во црна фотелја, Акт, растение и биста, Жената во жолта фотелја, Заспаната жена пред огледало, Одмор, Акт во црвена фотелја, Заспана жена, Жена со цвет се исклучително значајни и препознатливи дела, во кои главен предмет е женственото тело обликувано и доловено низ колористични хармонии. Посочените слики се позитивни и оптимистички, а сензуалната интерпретација на жената како објект има пандан во Матисовиот опус, што наоѓа свој одраз и во идејната постановка во Ница. Во исто време како и кај Матис, портретите се и своевиден директен одговор на Пикасо за напредната и инспиративна улога која фигуративното сликарство за него одново ја има во модерната уметност. Но, во исто време, а особено кон крајот на 1932 Пикасо се навраќа кон истите мотиви обидувајќи се најинтимните чувства да ги преточи во нов стилски израз кој се приближува до стилот на надреалистите. Но, овој пат, убавината исчезнува, а упадливо и очевидно е присуството на извитоперена и грда женска фигура која претставува соновен амалгам на морски суштества и тело во ментална и физичка агонија и сексуална екстаза. Кај Пикасо, како и секогаш, тенка е границата помеѓу жестокиот копнеж и страст и хистеријата на насилството и стравот, теми кои ги антиципираат историските премрежија и големата Герника. Изложбата во Тејт исто така реконструира дел од Пикасовата париска изложба, во кој преовладуваат семејните портрети. После долгогодишното експериментирање со разни техники и востанувањето на нови стилистички правци, Пикасо во 20-те години на 20 век се враќа кон класицистичкиот канон, одек на периодот на лично семејно блаженство и претставен преку портретите на Олга и синот Пауло, но и преку употребата на чистата прецизна линија и фигурата како централен мотив. Но истовремено, за оддалечувањето од неокласицистичките извори сведочат и две исклучително значајни дела (Тројца танчари и Жена во градината) создадени како своевиден Пикасов предизвик и одговор на актуелниот надреализам. Иако делата во Тејт музејот се далеку попознати и препознатливи, компетитивната игра меѓу двајцата уметнички џинови и идејата за алтернирање на моделите, идеите, стиловите која кураторот ја нуди како идејна креативна нишка во конципирањето на изложбата во Музејот на 64
ПОРТА
26 октомври 2018
Матис во Ница се чини посвежа и подинамична. Оваа изложба ја илустрира величината на двајцата гении и нивната рамноправност како уметници. Секако Матис е појак во користењето на бојата, наспроти силината на цртежот кај Пикасо, но разликите се само во минискулни нијанси. Матисовите бои за нијанса посјајни и подлабоки, Пикасовиот цртеж за влакно пофлуиден. Ривалството е очигледно, но исто така видлива е меѓусебната почит која ја имале еден за друг. Насловот на изложбата е на прв поглед енигматичен „Матис и Пикасо, комедијата на моделот“, наспроти очигледниот наслов на лондонската изложба „Пикасо 1932: Љубов, слава, трагедија“. Но, како што објаснува каталогот на француската изложба, насловот е преземен од делото на Луј Арагон, „Анри Матис, роман“. Арагон, еден од главните репрезенти на надреализмот во литературата, кој преку текст и илустрации, во период од 30 години го раздлабочува односот на Матис со своите музи и ја истражува интимната врска на сликарот со портретот/актот. Комичноста на моделот од насловот е антитеза на вистинската опсесија на овие двајца великани со своите инспирации. И додека кај Матис работата со модел се состои во класично позирање, за Пикасо моделот е најчесто инспирација, апстракнтна идеја, а не и физички присутна муза. Постојаниот дијалог и креативната размена на митолошки мотиви рефлектирани во сериите Маларме и Волар, директните ориентализирани историски позајмици од Делакроа и Енгр, и црпењето инспирација од далечните „примитивни“ култури претставува постојан естетски предизвик за двајцата уметници, но
и прифаќање на идентичните творечки принципи. Најпосле колку и да е интересно да се проследи сликарската еволуција на еден уметник во текот на една година, што е нетипична реткост, лично за
мене како гледач, спротивставувањето на двајца великани и нивните различни ставови кон уметноста и животот вообличени преку сликарскиот израз претставува поголем и повозбудлив предизвик.
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА