ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
274
НОЕМВРИ 2018
Решенијата за загадувањето од ПМ-честичките во воздухот „на маса“ Затвор, архитектура и луѓе Проект за изградба на Хидројаловиште бр. 4 во рудникот „Саса“
ПОРТА
СОДРЖИНА 10
ИНФО 6 ЗАЈАКНУВАЊЕ ЅИДАРИЈА СО КОНСТРУКТИВНО ПРЕФУГИРАЊЕ
ИНФО 7 КУЧИЊАТА ЛААТ, КАРВАНОТ СИ ВРВИ
СТАВ 8 „ИМАМ ЕДЕН СОН“... СОНОТ НА ЕДЕН АРХИТЕКТ
ИНФО 9
14
ОДБЕЛЕЖАНИ 80 ГОДИНИ ОД ИНЖЕНЕРСТВОТО ЗА БРАНИ ВО МАКЕДОНИЈА
28
ГРАДЕЖНИШТВО 10 „АБЕР ДОЈДЕ ОД БРАНИТЕ ВО ТУРЦИЈА...“
ГРАДЕЖНИШТВО 14 ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА ХИДРОЈАЛОВИШТЕ БР. 4 ВО РУДНИКОТ „САСА“
ГРАДЕЖНИШТВО 22 СИСТЕМ НА ГРАДБА TOP&DOWN
ИНТЕРВЈУ 28
ПО „МОРАТОРИУМОТ“ ОЧЕКУВАМ ДА СЕ ВОВЕДЕ РЕД ВО ГРАДЕЊЕТО
АРХИТЕКТУРА 34 ЗАТВОР, АРХИТЕКТУРА И ЛУЃЕ
42
34
АРХИТЕКТУРА 38 НОРМАН ФОСТЕР - ФУТУРИСТ ВО ПРОСТОРОТ И ВРЕМЕТО (3 ДЕЛ)
АРХИТЕКТУРА 42 ОБЈЕКТ КОЈ ГО КРЕВА СТАНДАРДОТ НА ГРАДБИ ОД МАСИВНО ДРВО
ИНТЕРВЈУ 46 ТРЕБА ДА ГО СОВЛАДАМЕ ПРЕДИЗВИКОТ НА РЕАРХИТЕКТУРА
АРХИТЕКТУРА 50 СОЗДАВАЊЕ НА КОНКРЕТНА УТОПИЈА
58
62
ЕКОЛОГИЈА 54 РЕШЕНИЈАТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕТО ОД ПМЧЕСТИЧКИТЕ ВО ВОЗДУХОТ „НА МАСА“
РЕПОРТАЖА 58 БРИСЕЛ – ГРАДОТ НА РАЗЛИЧНОСТИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ
УМЕТНОСТ 62 НЕПОМИРЛИВО И САРКАСТИЧНО ТВОРЕШТВО ШТО ГИ ПРЕЗЕМА И ГИ НАДМИНУВА СИТЕ ВЛИЈАНИЈА
ПОРТА
25 јули 2014
52
ГОДИНА XII
БРОЈ 274 ПЕТОК 30.11.2018 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Решавањето на проблемите од областите на градежништвото, архитектурата и екологијата и претставувањето на новините во овие области и во овој број на „Порта 3“ го заземаат главното место. Урбаниот хаос и можностите за негово решавање, постапките кои се поведуваат за ставање на ред во градењето, анализата на Деталните урбанистички планови се темите за кои во овој број „Порта 3“ разговара со градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ. Територијата на Општина Центар во последните десетина години е под незапамтен притисок за менување на основното урбанистичко-архитектонско битие. Тоа остави простор за реализација на небулозниот проект „Скопје 2014“, но не само тоа. Беше нападнато Водно, Дебар Маало и вкупно целата територија на Центар. Во меѓувреме урбанизмот стана државен проблем. Во сите кампањи за локалните избори многу се ветуваше за справување со лошиот урбанизам. Човекот одговорен за револуционерниот чекор – стоп на лошиот – коруптивен урбанизам, за „Порта 3“ одговара и за тоа како го решаваат проблемот со наплатата од комуналиите и до кога ќе трае мораториумот. Во овој број исто така разговараме и со архитект и планер Даница Павловска-Циги, годинашен добитник на наградата „13 Ноември“ од областа на архитектурата за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот. Павловска во интервју одговара за теми поврзани со времето дoдека беше на чело на Асоцијацијата на архитекти и гушкањето на ГТЦ и за тоа колку тој објект е спасен, за нејзината борба за јавниот простор, зачувување на архитектонското наследство и борбата за подобар град која е неуморна и непрекината. Интересна архитектонска тема е и уредувањето на казнено-поправните домови. Затворот, како простор, може да се разбере низ човечките искуства, циркулацијата на разговорите и претставите, кои заедно ја конструираат сликата за тоа што затворот всушност е. Сите категории на корисници мора да бидат инволвирани во процесот на проектирање. Како се градат и организираат затворите и како општеството се грижи за затворениците всушност го одразува нашето разбирање на човечките суштества и нивните потреби. Во третото продолжение од серијалот за Норман Фостер се осврнуваме на неговото извонредно дело преку неколку од неговите последни реализирани објекти и проекти наменети за сè уште непознатата иднина. Норман Фостер е генијален, британски и светски архитект кој создаде објекти симболи, икони на шест континенти кои го надминуваат времето. Во рубриката градежништво може да се види новината од компанијата Strabag AG -Подружница Strabag Скопје, а тоа е проектот за изградба на Хидројаловиште бр. 4 во рудникот „Саса“. Работите на проектот во потполност се завршени и
се очекува во наредниот период инвеститорот да ги преземе објектите, како би отпочнал со користење на јаловиштето. Технологијата top & down нашла широка примена во изградба на објекти во тесното урбано опкружување во Москва. Еден таков објект е и BТБ Арена Парк – Мултифункционален јавен комплекс на улица „Ленинградски проспект“ бр. 36. Суштината на методата е во комбинирана едновремена градба на подземниот и надземниот дел на објектот, односно едновремено подигнување на надземниот дел и спуштање на подземниот дел одозгора надолу кон фундаментот на објектот. На Градежниот факултет во Скопје пред студентите и колегите свое предавање за геотехниката и хидротехничките објекти одржа проф. д-р Ахмет Сагламер, од Истанбулскиот технички универзитет. Почесниот член на Друштвото за геотехника на Македонија ги пренесе достигнувањата на струката во Турција. Њујорк ја доби најголемата и највисоката стаклена тераса за набљудување „Северна кула“. Станува збор за супервисок облакодер кој во моментов се гради на Менхетен во Њујорк, а декот за набљудување се наоѓа на 350 метри над темелите и е засилен со пешачка патека. Зградата е дел од проектот за реконструкција на западниот дел на т.н. област под управа на транспортната агенција на Метрополитен. Од јули 2018 година, таа е трета највисока зграда во Њујорк. Брисел – градот на различностите и уметностите виден низ призмата на нашиот дописник. Во репортажата се дознава повеќе за метрополата која нуди повеќе од она што се знае. Брисел е град на различности, дом на луѓето од цел свет, дом на јазиците на светот, место каде се среќаваат културите. И додека во Шуман се преговара за сериозни теми, во центарот на Брисел се одржуваат концерти, изложби, перформанси и разни уметнички случувања. Во Националниот центар за современа уметност и култура „Жорж Помпиду“ во Париз, отворена е голема ретроспективна изложба посветена на творештвото на Франц Вест. Со речиси 200 дела, оваа уникатна ретроспектива, едноставно именувана FRANC WEST - најсеопфатна до денес - се обидува да го испита наследството на овој австриски уметник, еден од највлијателните во последните педесет години. Дописникот на „Порта 3“ од Париз раскажува за еден од најзначајните современи уметници кои се занимавале со скулптура, но работел и на колажи и инсталации. Најгорливиот проблем во зимските месеци е загадувањето. Научната фела во државата излезе со предлози за справување со ПМ-честичките во воздухот. Решенија за намалување на загадувањето стигнаа од академици, експерти, професори кои велат дека причините за високите концентрации на ПМ-честичките во воздухот се во греењето на домовите, сообраќајот и старите автомобили, урбанизацијата. ОД РЕДАКЦИЈАТА
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Андреј АНДРЕЕВ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Mишко РАЛЕВ Ненад ТОНИЌ Соња ТАНЕСКА Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Насловна страница OБИКОЛЕН ТУНЕЛ ЗА ЈАЛОВИШТЕ 4 ВО РУДНИК САСА
ИЗВЕДУВАЧ СТРАБАГ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 29.11.2018 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
ЗАЈАКНУВАЊЕ ЅИДАРИЈА СО КОНСТРУКТИВНО ПРЕФУГИРАЊЕ
З
аедно со дрвото како конструктивен материјал, ѕидаријата претставува најстар градежен материјал којшто сè уште се користи во градежништвото. Техниката на поставување камени или блокови од тула еден над друг, без или со присуство на врзен материјал (малтер) се покажала како многу успешна, а главно се оправдува со нејзината едноставност и долготрајност на конструкциите. Како основни материјали кои се користеле при изработка на ѕиданите конструкции биле природниот камен и тулите. Техниката на ѕидање на елементите од ѕидарија не се разликува многу со денешната, но затоа пак материјалот од којшто се градат конструктивните елементи од ѕидарија, како и врзниот материјал (малтерот) со текот на времето претрпел поголема еволуција. Поради тоа, мотивацијата за ова истражување доаѓа од потребата за проучување на однесувањето на зајакната
ПОРТА
ѕидарија со една од традиционалните методи за санација и зајакнување, методот на префугирање. Дополнително, истражувањето е мотивирано и од недостаток на параметри за физичко-механички карактеристики на ваквата ѕидарија како композитен материјал, но и со потребата од зголемување на базата на експериментални резултати. Во остварување на зададеното, одлучено е да се проучува одговорот на конструктивни елементи од ѕидарија при дејство на симулирани сеизмички влијанија. Исто така, голем дел од ѕиданите градби во нашата земја се со културно, историско и религиозно значење, па оттука доаѓа и мотивот за избор на методот за префугирање како метод што може лесно и практично да се аплицира онаму каде што ќе се процени дека е соодветен за примена. ИСТРАЖУВАЧКИ ТИМ За спроведување на планираните активности во рамките на проектот се предлага воведување на истражувачки тим
составен од три институции, две научноистражувачки и едно акционерско друштво. Градежен факултет - Скопје • проф. д-р Елена Думова-Јованоска, раководител на проектот • вон. проф. д-р Сергеј Чурилов, истражувач • Стефан Мицевски, истражувач • млад соработник, студент на 2. циклус Институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија • проф. д-р Вероника Шендова, истражувач • проф. д-р Лидија Крстевска, истражувач • м-р Златески Александар, соработник • млад соработник, студент на 2. циклус АДИНГ АД Скопје • м-р Бојан Дамчевски, истражувач • Диме Јанчев, дипл. техн. инж., истражувач Времетраење на проектот: од: 1.11.2018 до: 1.11.2019
инфо
Кучињата лаат, карванот си врви Деветкатницата кај Мајчин дом повеќе не е спорна. Уставен суд донесе одлука и ги одби сите претставки, со што И10 останува активен урбанистички план за тој регион. Со ваквата одлука на сопственикот на парцелата Фатмир Етеми и компанијата ЗСФ-КОМ ДООЕЛ Скопје им се дозволи да ги продолжат градежните работи за изградба на зградата. Багерите продолжија со копање, а граѓаните кои гласно негодуваа дека се против тоа останаа без своите права. Со одлуката на Уставен суд паднаа во вода сите ветувања на општинските власти и градоначалникот Златко Марин дека на таа локација нема да се прави зграда. Пропаднаа и обидите на сопственикот да му се понуди нова локација во компензација за таа кај Мајчин дом. Во случај да се откажеше од градбата кај Мајчин дом, Општината би
требало да му исплати на Етеми повеќе од осум милиони евра за досегашните инвестиции и трошоци. Тука се вклучени 5,5 милиони евра трошоци за земјиште и комуналии, трошоци за камати, штети на компанијата за инвестиции, досегашни трошоци за одржување и 184.000 евра секој месец, рата за кредитот подигнат за изградба на овој објект. Сега Општина Аеродром е обврзана да ја почитува одлуката на Судот, како институција со највисока надлежност за овој случај. За жал, исцрпени се сите механизми со кои Општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом. Ова земјиште е голема инвестиција, плацот е купен со веќе зацртана маркичка за градба, согласно сите законски и правни
процедури. Ова беше овозможено од претходното раководство на Општината. За жал новото, не успеа навреме да го спречи ова урбанистичко злосторство. Но, активноста на овој ДУП ќе предизвика и други проблеми на оваа локација. Имено, на местото на Мајчин дом треба да се гради и нова Градска болница ??? Со тоа уште повеќе ќе се задуши во секој поглед овој простор и веќе ќе нема инфраструктурни можности за изградба на така важен медицински центар за градот и за населбата Аеродром. По сè изгледа на повидок е во многу блиска иднина нова урбанистичко – сообраќајна и еколошка драма. И овој пат граѓаните ќе ја платат највисоката цена – живеење во нехумани услови. Карванот продолжува да врви...
НАЈАВА ЗА НОВОГОДИНЕШЕН БРОЈ
ПОРТА
НА ПОВЕЌЕ ОД 80 СТРАНИЦИ ЗГОЛЕМЕН ТИРАЖ
АРХИТЕКТУРА l ЦЕНТАР ЛИСА l НАГРАДА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈA ДАМЈАНОВ“ ГРАДЕЖНИШТВО l НАГРАДА STRUCTURAL AWARDS 2018 l САНАЦИЈА НА МОСТОВИ
ЕКОЛОГИЈА ПРИМЕНА НА АЛТЕРНАТИВНИ ГОЗИВА ВО „УСЈЕ“
l
ДОПИСНИЧКИ ТЕМИ l ОД БЕЛГРАД, ПАРИЗ, ЛОНДОН И МОСКВА РЕСТАВРАЦИЈА l МАНАСТИР ТРЕСКАВЕЦ 30 ноември 2018
ПОРТА
7
став
„Имам еден сон“... Како држава може да си дозволиме барем еден објект од најголемата архитектонскоурбанистичка глупост во нашата современа историја, да го вратиме во својот оригинал
Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх.
К
ако старееме носталгијата за изминатите времиња се зголемува. Тоа секако е врзано со убавината на младоста и времињата кога и со малку сме биле многу среќни. Кога спомнувам малку, мислам на материјалното ниво на општеството, а кога мислам на среќа мислам на општество во кое имавме спокоен живот, многу дружење и заедништво, визии за иднината, чист воздух / и покрај работењето на сите фабрики / и многу, МНОГУ АРХИТЕКТУРА. Веројатно и затоа носталгијата во ова време-невреме без наша архитектура, драстично се зголемува, кога ќе се
8
ПОРТА
30 ноември 2018
спомнат времињата и делата на еден Чипан, Муличковски, Брезовски, Константиновски, Поповски... Дали тоа беа големи архитекти или денешниве се мали или можеби тие имаа простор за творење, а денешниве генерации го немаат. Веројатно и едното и другото ќе да е точно. Последниве десетина години беа драстичен пример за одземање или поточно недозволување да се развива и докажува архитектонската идеја во Македонија. Некој ќе рече, па кој им забрануваше на архитектите да творат и создаваат дела и да бидат континуитет на претходните генерации. Мојот одговор е државата и парите. Како тоа? Па така. Државата имаше свој приоритетен
архитектонски проект и сите буџетски пари ги истураше во него, останатите коскички од приватните инвеститори некако ја одржуваа во кондиција современата архитектонска идеја. А дали добивме нова архитектура. Да добивме нова ДРЖАВНА архитектура идеолошка, барокна или подобро речено никаква. А дали можеби треба тие неколкумина избрани архитекти да бидат спомнати во листата на гореспомнатите великани. Ма не. Не сакам ни во мојот скромен текст за носталгијата и сонот да бидат спомнати. Но нивните дела за жал ќе останат. До кога. Атеист сум, но ќе кажам. Само Господ знае, а можеби ни тој. Е каде е сега сонот во ова мое писание?
сонот на еден архитект
Професорот Петар Муличковски ми беше ментор на дипломската работа и веројатно и тоа влијаело на мојот сон. Неговото прекрасно дело, објектот на ЦКСКМ, коцките покрај Вардар во тоа време и многу потоа беше еден од архитектонските брендови на Скопје, а секако и еден од најубавите архитектонски објекти на модерната на Балканот па и пошироко. Потоа тој објект стана Влада на РМ и како само на овие простори бидува, нели е таа што ни ја кажува историјата, го одредува начинот на живеење сега но и во иднината, па така и за архитектурата, како ја замислиле. И би, ја сменија архитектурата за да биде дел од за нив еден многу важен проект и тоа со народен референдум
за избор на нивна фасада!!! И ја добивме архитектонската шампита во некаков барокен, антички – шалабајтерски стил, без дозвола се разбира на авторот, кој што е фала Богу сè уште жив. И сега уште фали архитектите творци на ова делонедело да ги наредиме до вистинскиот оригинал на проф. арх. П. Муличковски. За крај од овој мој носталгичен сон. Сонувам да во некој скорешен период, ми се оствари Враќањето во иднината, преку враќање на оригиналот на коцкестата зграда на Владата. Ама ќе чини тоа. Да ќе чини. Како држава може да си дозволиме барем еден објект од најголемата архитектонско-урбанистичка глупост
во нашата современа историја, да го вратиме во својот оригинал. Архитектонскиот бренд на скопскиот 20 век дефинитивно го заслужува тоа. Во името на живите творци, но и илјадниците архитекти на постарите и поновите генерации архитекти барам сонот да ми се оствари. Нека се врати стариот и преубав/ реновиран со нови материјали и технолошки новини/ сјај на објектот. Добивме нова Влада, која веќе не е ни нова. Нека биде со новастара фасада на своето седиште. Верувам дека остварувањето на мојот сон / а верувам не само мој/ ќе помогне да се излечи некоја рана од изгубените десетина архитектонски години.
30 ноември 2018
ПОРТА
9
градежништво
ПРЕДАВАЊЕ НА ПРОФ. АХМЕТ САГЛАМЕР
„АБЕР ДОЈДЕ ОД БРАНИТЕ ВО ТУРЦИЈА...“ ГЕОТЕХНИКАТА И ХИДРОТЕХНИЧКИТЕ ОБЈЕКТИ: l Досегашно и планирано инвестирање во брани во Турција l Деформации, оштетувања, последици и решенија на истите доц. д-р Јован БР. ПАПИЌ, претседател на ДГМ
В
клучувањето во неколкуте академски мрежи овозможува размена на студенти и наставен кадар на Градежниот факултет (ГФ) со сродни факултети при универзитети во бројни земји во Европа, која активност се надградува со ангажирање на професори од тамошни реномирани факултети во наставата. Така, во минатото, предавања во својство на гости-професори на ГФ одржале бројни врвни академски лица од повеќе области на градежништвото, со што овозможиле пренесување на дел од научните трендови, приближување на тековни технички дострели, иновирање на наставните содржини итн. Во тоа својство, на 09.11. на ГФ беше и проф. д-р Ахмет Сагламер, од Истанбулскиот технички универзитет (ИТУ), кој и во претходните години држеше предавања за студентите и инженерите од Р. Македонија, а последната ја оствари во јуни оваа година,
кога во рамките на 16-тата Подунавскоевропска конференција за геотехничко инженерство, организирана во Скопје од страна на Друштвото за геотехника на Македонија (ДГМ), одржа повикано предавање. Со тие посети, но уште повеќе и „на домашен терен“, кога во повеќе наврати угости претставници на ГФ, асоцијациите и компании од РМ, овозможувајќи им поблиски
контакти и запознавање со достигнувањата на струката во Турција, како и повеќенеделни пракси на студентите по геотехника од нашиот факултет, проф. Сагламер се етаблираше како близок пријател и поддржувач на работата на инженерите од РМ, па го заслужи и звањето Почесен член на ДГМ. Биографијата на проф. Сагламер, покрај
Изведа на лачна брана Ерменек H=219 м 10
ПОРТА
Континуирана изведба на машинска зграда при при испумпување вода (ХЕЦ Кирнати, Грузија)
академски дел и неколкуте доделени награди и признанија, вклучува и ангажман како претседател и секретар во Турското друштво за геотехника, повеќепати раководење со организирање на национални конференции и функции на меѓународни настани, но и учество во проектирање, изведба и санирање на бројни објекти на три континента, од аеродроми во Истанбул и Ријад, преку автопатишта во комплексни геотехнички услови во околина на Санкт Петербург и во Нигерија, до низа инфраструктурни, индустриски, станбени, административни и комерцијални повеќекатни објекти низ поголемите градови во Турција, Балканот и Средниот Исток, но и знаменитости во кои уживаат посетителите на Истанбул. Секако, искуството од вклучувањето во тие предизвици го споделува и со студентите на трите циклуси на студии на ИТУ, а привилегија да ги чујат за земјаните притисоци, длабоките ископи и подобрувањето на почвите имаа и овдешните. Овојпат, имајќи ги во предвид тековните и планираните активности во РМ во полето на изградбата на браните, тој даде видување за „Геотехниката и хидротехничките објекти“. Концепциски, предавањето беше изложено во два дела. Низ првиот, учесниците имаа можност да се запознаат со
досегашното и планираното инвестирање во брани во Турција, како и нивните карактеристики и капацитети, од каде беше впадливо дека има и неколку – и каменонасипни и лачни – повисоки од 200 m. Во втората половина, пак, после хронолошкиот преглед на деформации, оштетувања и последици што настанале кај браните поради недоволно почитување на геотехничките наоди и препораки, беа изложени низа на проблеми, доминантно од Турција и делумно од нејзиниот регион, со кои се соочиле и проектантите и изведувачите при изградбата на браните и придружните хидротехнички објекти: - нестабилности на косини на возводни и низводни косини на насипни брани, - свлекување на природно тло во акумулационен простор, - нестабилности на косини при ископ, - филтрација низ бокови, алувијална подлога и на контакт-брана - тло и појава на хидрауличен лом, - присуство на растворливи материјали во подлога, на боковите, во насипот или под акумулацијата, - ерозија и суфозија, - бабрење на ситнозрни материјали, - оштетувања од земјотреси: лизгања на тло и
Бетонска пломба за прекид на истекувањена контакт темел-тло (ХЕЦ Визара)
појава на ликвифакција, - карстни каверни и понори во делот на резервоарот, - закосени и испукани карпи или исклучително моќни слоеви на алувиум во зона на фундаменти на браната, - подолжни и попречни пукнатини поради нерамномерни порамнувања, - тензиони пукнатини поради високи притисоци во тек на млазно инјектирање, - прелевање. Гостинот преку фотографии и снимки од оперативните зафати и цртежи, критички ги презентираше превземените комплексни мерки, кои, покрај проучување и на постара литература и реализирање на опсежни дополнителни истраги и контролни работи, вклучуваа и мошне сериозни зафати, понекогаш дури и радикални, како, на пр., празнење на акумулација и целосно отстранување на алувиум заради бетонско пломбирање. Во солиден дел од своето излагање, проф. Сагламер се задржа на справување со дотекувања на подземни и површински води, кои постојано демнеат во хидротехниката, преку: поставување на низи од пумпни построенија и бунари; изведба на дренажни канали и цевки; секантни колови и инјекциони работи за формирање на водонепропусна завеса; спрегнати решенија од бушени и млазно-инјектирани колови. Имајќи во предвид дека при изградбата на браните секако се сретнуваат закосени површини (ископи, насипи и засеци), посочи примери на заштитни мерки за стабилизација на косини и фосилни свлечишта со завеса од колови, почвени анкери и високи насипи, при чии анализи е третирана и активноста на примарни и секундарни раседи, вклучувајќи го и Северно-анадолскиот. Како придружни објекти кои побаруваат внимателност и од геотехнички аспект, ги прикажа евакуационите органи и машинските згради, за чии потреби неретко се вршат мошне длабоки ископи, па беше претставена реализирана заштита на градежна јама со армирано-бетонска дијафрагма потпрена со Понор во градежна јама поради подземна ерозија (ХЕЦ Кирнати, Грузија)
ПОРТА
11
долги челични распонки, но и екстремна ситуација, кога поради неуспешност на изведени и нерационалност на алтернативни решенија, е извршена дислокација на објектот. Поради природата на струката, некои од овие проблеми може да се јават неочекувано, па за нивна извесност, како што беше презентирано, тамошните надлежни лица биле потпрени на „дојави“ од широко поставена мрежа од различни инструменти (инклинометри, пиезометри, ќелии, мерни точки) за набљудување на текот на исполнувањето на задачите. На таков начин, се даде осврт на основите на теоријата, а и препораки за/од праксата, кои елементи се од значење и за младите и за инженерите. Истовремено, низ визурата на геотехниката и хидротехниката, во неколку наврати ги потенцираше дискрепанците помеѓу канцелариската (прецизно нацртана и пресметана) и теренската (комплицирана и тешко остварлива) работа, како и побарувањето од мултидисциплинарен пристап и континуирана соработка помеѓу лица од различни струки, особено во критичните моменти, заради правилен избор на квалитетно решение. Завршните зборови беа проследени со аплауз од 80-тината присутни лица, во состав студенти, членови на ДГМ и членови на Македонскиот комитет за големи брани, после што се разви долга дискусија во која се вклучија и искусни проектанти, и управувачи со брани, но и идните градежници и геотехничари. Во пријатна, топла и другарска атмосфера, разговорите се заокружија со најава за продолжување на предавањата и од страна на други визитинг-професори, додека актуелниот, познавајќи го сега веќе мошне добро апетитот на овдешните слушатели, се постави пред предизвик за избор на соодветна тема при следното гостување.
ПОРТА
Градежна јама за машинска зграда (ХЕЦ Доганчај 2)
Заштита на ископ со почвени анкери во непосредна близина на расед (ХЕЦ Феке I)
ПОРТА
градежништво
Проект за изградба на Хидројаловиште бр. 4 во рудникот „Саса“ Проектот го карактеризира фазна изградба која е условена од типот и намената на објектите, што услови и четири фази на проектот. Големата разлика меѓу објектите во градежна смисла, услови комплексност при изведба на работите, поради симултана примена на повеќе потполно различни технолошки процеси
ПОРТА
КОМПАНИЈАТА STRABAG AG ПОДРУЖНИЦА STRABAG СКОПЈЕ СО НОВИНА ВО ПОРТФОЛИОТО СашаСЛАВКОВИЌ,дипл. град. инж. (Strabag - Врање) Рецензент: Горан РАКИЌ,дипл. град. инж. (Strabag - Врање)
Р
удникот за олово и цинк „Саса“ се наоѓа на источните падини на Македонија во близина на местото Македонска Каменица. Модерната експлоатација на рудникот започнала во 1964 година, со просечно производство од 900 илјади тони руда и тој претставува значаен стопански субјект на земјата. При процесот на производство на концентрат на руда како непотребен материјал се јавува јаловина која не може да се употребува. Јаловината се меша со вода, при што настанува „пулпа“ која со систем на пумпи и гравитација се транспортира со цевки до одлагалишта – јаловишта. Во текот на досегашната експлоатација на рудата за одложување на јаловината формирани се три каскадни јаловишта во долината на Саска Река. Третото јаловиште се формираше во две фази, каде јаловиштето 3.2 и понатаму е во употреба, но веќе на граница на волуменот на просторот за одлагање. Со цел експлоатацијата на рудникот да биде континуирана инвеститорот го ангажирал Градежниот факултет – УКИМ, Скопје да изработи проектно – техничка документација за ново Хидројаловиште бр. 4. По изработка на проектната документација и повеќе анекси на проектот, инвеститорот работата за изградба на хидротехничките објекти ја довери на компанијата Strabag AG Подружница Strabag Скопје. Градежните работи започнаа на 6.3.2017 година со воведување на изведувачот во работата од страна на надзорот D.G.P.U. Geing Krebs und Kifer. Проектот го карактеризира фазна изградба која е условена од типот и намената на објектите, што услови и четири фази на проектот: Фаза 1: Канал, Отскочен праг, Смирителна јама и канал после неа, Брзотек, Слапиште и Ризберма Фаза 2: Обиколен тунел, Галерија и тунелски дел на колектор за избистрени води и Контактно инјектирање Фаза 3: Јаловишна брана бр. 4, Дренажни килими, Водоспроводници и шахти Фаза 4: Пулповод и цевковод за повратна технолошка вода Големата разлика меѓу објектите во градежна смисла, услови комплексност при изведба на работите, поради симултана примена на повеќе потполно различни технолошки процеси. Најзначајни се објектите од фазите 1 и 2 (канал и тунел), чија
Oтскочен праг и габионски дел на канал
Стабилизација на под тлото со микроколови
реализација директно влијаеше на изведбата на работите на останатите фази и беа најкритичната фаза во проектот. Фазата 1 ги опфаќа сите работи на каналот за евакуација на поплавните води од јаловишниот басен, бидејќи нивното присуство директно би ги загрозило јаловиштата бр. 3 и 2 и новоизграденото бр. 4 и би предизвикале далекусежни еколошки последици и голема материјална штета.
Каналот поради претпазливост димензиониран е за 1000- годишни води со примена на три концептуално различни решенија: бетонски канал со правоаголен поречен пресек, габионски канал и комбинирано решение кај кое е применета бетонска кинета со габионски ѕид со цел да се стабилизира косината. Покрај земјаните работи во вид на ископ од 25 илјади кубни метри земјан и камен 30 ноември 2018
ПОРТА
15
материјал за формирање на засеци за темелите на објектот, поради неповолните геолошки услови, неопходно беше да се реализираат работи и за стабилизација на косината која е во непосредна близина на регионалниот пат R1210 и на некои места достигнува висина и до 17 метри. За таа намена користени се самобушечки R51 анкери и прскан бетон по целата должина на засекот од 470 метри, додека за заштита од ерозија користена е пластифицирана MACMAT мрежа. На најкритичната подделница, каде каналот ја сече круната на идната брана бр. 4 извршена е стабилизација на поттлото со микрошипови R51T со должина 15 метри, каде вкупно се вградени 4.290 метри. Каналот во првите 531 метри е во вид на бетонска конструкција со преливен и собирен дел на почетокот во сливното подрачје на јаловиштето 3.2, останатиот дел од објектот изведен е по кампади во должина од 10 метри со користење на монтажна еднострана и двострана оплата. Кај делови со сложени геометриски пресеци користени се разновидни технички решенија во процесот на оплатирање и бетонирање. По завршувањето на бетонскиот дел на каналот на чиј крај се наоѓа отскочен праг, чија функција е да го смири водотекот, следува канал изграден од габион со должина 70 метри, а потоа дел граден со комбинирање на габионски ѕид и бетонски кинети како би се спречило понирањето на вода низ слоевите на насипот. Од главните ресурси, работите на каналот изискуваа употреба на 4.400 кубни метри бетон, 470 тони арматура и преку илјада кубни метри габиони. Фаза 2 ја сочинуваат тунелски и галериски објекти чија намена е да се пренасочи Каменичка Река под десната страна на јаловиштето и да собира избистрена вода од самото јаловиште. Во прашање е екстензија на постоечкиот тунел кој порано е граден етапно во процесот на формирање на секое претходно јаловиште. Димензионирањето е извршено за кружен пресек со внатрешен дијаметар 3.7 метри и дебелина на облогата минимум 40 сантиметри за тунелскиот дел, односно 70 и 100 сантиметри за галерискиот дел во зависност од натслојот. Со должина од 533 метри (470 метри тунелскиот и 63 метри галерискиот дел) и употребена количина бетон од преку седум илјади кубни метри, објектот се покажа ресурсно и логистички многу обемен. Во процесот на бетонирање користени се два комплета на метални оплати и две стабилни пумпи. Бетонирањето е правено фазно, со изработка на кинета и калота со транспортни должини на пумпаниот бетон кои преминуваа и 300 метри. И покрај отежнатите услови за работа поради тесниот 16
ПОРТА
30 ноември 2018
Поставање на челна оплата во обиколниот тунел
Завршна секундарна облога на обиколниот тунел
Изработка на дренажниот тунел простор и повеќе поплавни таласи кои го погодија изведувачот во текот на месецот декември, објектот комплетно е завршен до крајот на 2017 година и пуштен во употреба после работите на спојот на стариот и новиот тунел, кои беа особено ризични поради високиот водостој на Каменичка Река. Особен инженерски потфат претставуваше изградбата на тунелскиот и особено на галерискиот дел за избистрена вода, чија намена е прифаќање на водата од новото хидројаловиште. Работите опфаќаат изградба на тунел со внатрешен дијаметар од само два метра и должина од 52 метра и галерија со која се совладува висинска разлика од 60 метра со голем подолжен наклон од 45°. Поради значително отежнатите услови за работа, објектите изискуваа посебни мерки на претпазливост со ангажирање на голем број стручни лица од различни инженерски профили. Клучниот фактор на фаза 3 е иницијалната брана чија главна намена е да овозможи контролирано формирање на узводни ножици на хидројаловишната брана бр. 4 која се формира во тек на експлоатацијата на самото јаловиште од хидроциклирана јаловина и да ја заштити браната на претходното јаловиште 3.2 од продирање на со вода заситена јаловина. Браната е изградена од насипан камен материјал до висина од 16 метри и во слоевите е вградено преку 47 илјади кубни метри. Во процесот на одводнување на целото подрачје на хидројаловиштето учествува и дренажниот систем кој се состои од четири дренажни килими и цевководи кои ги поврзуваат.
Завршувањето на фаза 2 директно ги условуваше работите на фаза 3 на проектот, односно работите на изработка на иницијалната брана и дренажните системи, можеа во полн обем да се одвиваат дури по завршувањето на обиколниот тунел и изместувањето на Кременичка Река од речното корито. Фаза 4 на проектот опфаќа објекти за дистрибуција на пулпа од рударските погони до хидројаловиштата. Во прашање е
продолжување на постоечкиот цевковод во должина од 520 метри, кој завршува со разводен собирник на кој се надоврзуваат четири пригушни собирника, чија основна функција е намалување на притисокот на пулпата пред нејзиното пуштање за да се намали нејзиното ерозивно влијание, односно полесно контролирање на нејзината дистрибуција во рамки на јаловиштето. Сложеноста на изведување на работите на пулповодот произлезе од тешката
Поставување на цевки на пулповод
30 ноември 2018
ПОРТА
17
Санација на стариот тунел за јаловиште 3.2
пристапност на локацијата на објектот, што изискуваше изградба на пристапен пат и рампа на круната на браната 3.3, потоа трасирање и просекување на засекот на кој се наоѓа пулповодот, што подразбираше ископ од 33 илјади кубни метри камен материјал. Засекот е по целата должина, а на поедини делови изразито на голема стрмнина на падината со висина на карпа од дури 22 метра, што наметна употреба на различни
технички решенија за стабилизација на косината и заштита од ерозија со употреба на заштитни мрежи, анкери и прскан бетон. Покрај наведеното извршени се и многу работи кои ги следеа главните објекти од кои ги издвојуваме следните: - пресекување на две берми, технолошки патишта за одржување на системот, под пулповодот со сите елементи за заштита на косините
Стабилизација на косини - бушење и вградување на анкери
18
ПОРТА
Фирми кои соработуваа на изведба на поедини позиции: Октопус, Инвест А, Геоинг
- изградба на насип и чистење на сите косини до ниво на новото јаловиште во рамки на припремните работи за поставување на геомембрана - санација на подножниот свод на стариот тунел на јаловиштето 3.2 во должина 320 метри, која е вршена во отежнати услови поради висок водостој - изградба на заштитни бариери на влезот во обиколниот тунел, како би се спречило негативното влијание на поројните води и би се намалиле механичките оштетувања на бетонот во тунелот.
Работите на проектот во потполност се завршени и се очекува во наредниот период инвеститорот да ги преземе објектите, како би отпочнал со користење на јаловиштето. Strabag, како изведувач на работите во целиот процес, од тендерската постапка до завршување на работите покажа високо ниво на агилност во совладување на сите потешкотии и непредвидени околности кои можат да следат еден ваков сложен хидротехнички проект. Важно е да се напомене дека со работите беа опфатени: повеќе од 20 различни типови бетонски работи, работи
на висини, на подземни конструкции и под ниво на подземни води, голем број земјани работи и геотехнички работи, како и работи на фундирање и консолидација на теренот. Имајќи предвид дека објект од овој тип претставува нешто сосема ново во портфолиото на изведувачот од особена важност беа ангажираните кадровски решенија, за многумина тоа беше сосема ново искуство, за некои и прв проект на кој активно учествувале. На крај, по завршувањето на работата, спремни се да се носат со сите идни предизвици во градежништвото.
ПОРТА
ПОРТА
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ
ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
градежништво
Систем на градба TOP&DOWN Суштината на методата е во комбинирана едновремена градба на подземниот и надземниот дел на објектот, односно едновремено подигнување на надземниот дел и спуштање на подземниот дел одозгора надолу кон фундаментот на објектот Предраг КОЧОВСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Москва)
В
о долгогодишната пракса на изведување објекти од високоградбата компанијата АО „Путеви“ Ужице од Србија за прв пат се сретна со изградба на објект по технологијата TOP & DOWN (од врвот кон дното). Технологијата top & down
ПОРТА
нашла широка примена во изградба на објекти во тесното урбано опкружување во Москва, а благодарение на безопасната природа на работата, која практично ги штити од повреди околните постоечки објекти и инсталации. Покрај тоа, работата со оваа технологија овозможува значително скратување на роковите за градење. Суштината на методата е во комбинирана едновремена градба на подземниот и
надземниот дел на објектот, односно едновремено подигнување на надземниот дел и спуштање на подземниот дел одозгора надолу кон фундаментот на објектот. Комплексот се наоѓа на пресекот на „Ленинградски проспект“ и улицата „Новаја Башиловка“. Мултифункционалниот јавен комплекс го сочинуваат неколку згради од 12 до 26 ката, обединети со заеднички стилобат под кој се наоѓа транспортен подземен
BТБ АРЕНА ПАРК – МУЛТИФУНКЦИОНАЛЕН ЈАВЕН КОМПЛЕКС НА УЛИЦА „ЛЕНИНГРАДСКИ ПРОСПЕКТ“ БР. 36 ВО МОСКВА простор. По периметарот на овој простор изведена е армиранобетонска дијафрагма. Во склад со специјалните технички услови, комплексот спаѓа во објекти со нормално ниво на одговорност. Во фаза на проектирањето донесено е решение блоковите 6, 8, 9, 10 и 11 да се градат со широк ископ на темелната јама, а блоковите 8 и 12 со методата top & down. КАРАКТЕРИСТИКА НА КОНСТРУКТИВНОТО РЕШЕНИЕ НА КОМПЛЕКСОТ Согласно проектната документација, за градба на комплексот ВТБ Арена Парк избран е комбинираниот систем на градба (top & down), поради тоа што во зоната на градбата се наоѓаа инфраструктурни инсталации, а рокот за нивно изместување не даваше можност за завршување на сите градежно-занаетчиски работи во предвидениот рок. Основни носиви конструктивни елементи на подземниот дел на комплексот се: дијафрагми, столбови-шипови, меѓукатна конструкција и фундаментна плоча. Фундаментот на објектот е монолитна армиранобетонска плоча (висина од 800 мм до 1600 мм) основана на шипови. Марка бетон МБ40, W8 дебелина на фундамент. Типот на фундаментот е избран врз основа на комбинираниот систем на градба (top & down), бидејќи овозможува едновремена градба на подземниот и надземниот дел на објектот. Монолитните армиранобетонски шипови столбови претставуваат постојана носива конструкција, а во периодот на градба столбовите-шипови се всушност носачи на меѓукатните конструкции, под чија заштита се врши ископот. Дијаметарот на шиповите под фундаментната плоча изнесува 1180.1350,1830 мм. Столбовитешипови се изведуваат во метални цевки со дијаметар од 530, 720 и 820 мм, кои се воедно нивна оплата и после изведбата металните цевки се дел од конструктивниот систем во својство на постојани армиранобетонски столбови. На цртежите бр.1 (пресек) и бр.2 (план) прикажана е општата технологија на градба на комбинираниот систем на градба (top & down), односно една карактеристична етапа на градбата. Цртежите ја покажуваат едновремената градба на подземниот и надземен дел на објектот. Односно на нивоата -1 и -2 од вкупно три подземни ката и фундаменталната плоча, паралелно со градбата на надземниот дел на објектот каде армиранобетонските работи веќе се изведуваат на +3, +5 и +7 кат.
30 ноември 2018
ПОРТА
23
Разбивање на тех. бетон околу столб-шип Општи податоци Проектната документација „Подземниот дел на блоковите 7, 8 и 12, армиранобетонски внатрешни конструкции на подземниот дел“, разработена е од „Инженерско биро Јуркјевич“, а нарачател е „Кодест Инженеринг С.Р.Л.“ Геолошки услови Инженерско - геолошките и
хидролошките услови ја класифицираат локацијата на објектот во III категорија според сложеност. Геолошкиот состав на парцелата ја определува нејзината припадност кон преодната зона на фрагментарниот развиток на високи тераси и моренско плато. До длабочина од 70 метри присутни се дисперзивни, терцијарни седименти, варовнички песок и карпест
Поставање на хидроизолациони траки
ПОРТА
масив од доцниот период на јура и доцниот период на камен јаглен. Градење на објектот Изградбата на нашиот дел на објектот „ВТБ Арена-парк“ + top & down отпочна во август 2017 година, а заврши во јули 2018. Ископот под бетонираните плочи на котите -10,600 и -13,900 е правен со мала
Припрема за бетонирање на плоча во подземјето
столбот-шип го пренесува оптоварувањето како шип. Темелната плоча служи за да го држи оптоварувањето од столбот-шип во случај на миење на тлото под него или отворање бездна во варовникот во случај на негова ерозија. За столбот-шип најпрво се прави бушотина со дијаметар Dc=2εr+2Δ+2τ+Dk. Dk - дијаметар на цевката која останува како заробена оплата на столбот во првата фаза на работата εr - ексцентрицитет на проекцијата на геометриската оска на столбот во однос на проекција на оската на центарот, масата на столбот во рамнина на врвот на столбот Δ - отстапување на оската на столбот од вертикалата τ - отстапување на оската на бушотината во основа
механизација, багер и утоварувач. Земјата од привремените отвори во плочата е извлекувана со грејфер кој се наоѓаше вон објектот, префрлана на камиони до местото на депонијата. Со мала механизација е разбиван и технолошкиот бетон кој остануваше околу столбовитешипови.
Кај оваа метода на градење, особено се интересни два конструктивни елемента на овој проект столб-шип и челна комора. Бидејќи во нашиот речник не постои соодветен поим, според моето мислење зборот столб-шип е најсоодветен, бидејќи ја определува суштината на неговата работа. Практично, за цело време на експлоатација на објектот, долниот дел на
На челичната цевка која останува како крута арматура на столбот се вари арматурата на долниот дел на столбот-шип. На крајот на оваа арматура се вари елементот челна комора, кој се состои од две кружни челични плочи со дупка, ребра за укрутување и плочка која служи за фиксирање на металниот костур во чакалот кој се насипува во дното на бушотината на висина 0.1 Dc.
ПОРТА
Комората има неколку важни функции: 1. Спречува мешање на бетонската маса за време на бетонирањето. 2. Низ неа поминува технолошкиот цевковод низ кој се врши испирање на дното на бушотината, оптичко набљудување на состојбата на карпестата маса во дното на бушотината, бетонирање, мерење со инклинометар. Процес на изработка на столбот-шип 1. Се прави бушотина со дијаметар Dc=2εr+2Δ+2τ+Dk под заштита на суспензија од бентонит. 2. Со аутокран се монтира метален костур, при што кранот сам се центрира под влијание на сопствената тежина. Целата оваа конструкција преку челната комора се ослонува на слој чакал и со челични фиксатори се вкопува во чакалот. Потоа на врвот на столбот се поставува кондуктор со преси за центрирање.
26
ПОРТА
30 ноември 2018
Рамката на кондукторот се ослонува на форшахта.
3. Бетонирањето се прави континуирано од дното кон врвот, со паралелно насипување на просторот помеѓу
челичните цевки – оплатата и ѕидот на бушотината со зрнест материјал (чакал). Насипувањето се прави со чакал, фракција 40-70 мм и отпочнува по завршување на бетонирањето на долниот дел на столбот-шип и паралелно со бетонирањето на горниот дел на столботшип. Претходно се симнуваат пресите за центрирање и арматурата цврсто се фиксира за фотошахтата. По бетонирањето на столбот-шип се врши дополнително набљудување на дното на бушотината низ технолошка цевка.Технолошката цевка се спушта под нивото на челната комора и со нејзина помош по бетонирањето на столбот-шип се врши миење на дното од тиња која останала при бушењето. Отворот на цевката за време на бетонирањето се затвора со дрвен или гипсен капак. Со помош на цевката може да се прави и цементација на основата, доколку нема потреба од проширување на главата на шипот. При изградба на подземниот дел на објектот за евакуација на подземната вода користен е систем на иглофилтери. Процедената атмосферска вода се наоѓа на ниво од -8.00 до -10 м до котата на теренот. Протокот на водата беше пресечен со изведување на армиранобетонска дијафрагма д=80 см, која навлегува во вододржечкиот слој на глина. Висината на дијафрагмата е 29 метра. При инјекција на џет шиповите, работниот притисок на цементната суспензија достигнува до 400 атм. Таков висок притисок за да не го пробие слабиот
квалитет на бетонот на дијафрагмата во машината е намалуван до 150 атм. Пресекот низ дијафрагмата е даден на претходната слика. Многу голема работа е потрошена на преправање на незавршената арматура, наставките на бетонирање, преправање на споевите на арматурата на плочата со
столбовите-шипови на котите -7.300 и 10.600. Што се однесува до бетонските работи, при бетонирањето е користена пумпа. Најголемото бетонирање беше на 2 април 2018 година, кога со непрекинато бетонирање се вградени 2800 м3 бетон во армиранобетонска фундаментна плоча.
ПОРТА
интервју
По „мораториумот“ очекувам да се воведе ред во градењето
Одлуката е законска бидејќи општината е надлежна за спроведување на плановите. Сегашните планови имаа многу пропусти и затоа сакаме да исправиме се тоа што е погрешено. „Мораториумот“ може трае се додека не се донесат нови планови кои ќе ги исправат сите грешки направени во минатото, но и кои ќе понудат подобри и похумани услови за живеење на нашите граѓани Редакција на „ПОРТА 3“
Ч
еститки од Редакцијата на „Порта 3“, за Денот и годишнината на Општина Центар. По тој повод, особено што Центар е наша општина го направивме ова интервју со градоначалникот Саша Богдановиќ во кое се дава објаснување за сите актуелности, но се нудат и одредени решенија кои ќе се воведат во централното градско јадро. Територијата на Општина Центар во последните десетина години е под незапамтен притисок за менување на основното урбанистичко-архитектонско битие. Тоа остави простор за реализација на
28
ПОРТА
30 ноември 2018
небулозниот проект „Скопје 2014“, но не само тоа. Беше нападнато Водно, Дебар Маало и вкупно целата територија на Центар. Во меѓувреме урбанизмот стана државен проблем. Во сите кампањи за локалните избори многу се ветуваше за справување со лошиот урбанизам. Но покрај притисоците, сомнежите и ризикот од резултатот, единствен останавте доследен и донесовте храбра одлука за стручна ревизија и доработка како и усогласување со ГУП-от на Град Скопје (мораториум). Вие го направивте првиот би рекле револуционерен чекор – стоп на лошиот – коруптивен урбанизам. Од друга страна, пак, општинските каси главно се полнат, за жал, исклучиво преку комуналии од прекумерната неконтролирана
градба на штета на хуманото живеење. Меѓу другото и тоа придонесе за коруптивната спрега меѓу градоначалниците, инвеститорите и градежните фирми. Ја донесовме Македонија во Скопје и градот се угуши во вистинска смисла на зборот. Прогласивте „мораториум“ на 31 ДУП во Општината. Тој значи ургентно запирање на градењето и замрзнување на состојбата. Со тоа обезбедувате време за да се согледа состојбата на терен, но и да се прегледаат плановите. Некои и Ве озборуваат, а најмногу оние кои досега градеа во Општината, дека им го одземате правото на градење? Дали Ви се прави притисок да потпишувате одобренија за градење за локации кои се под мораториум?
САША БОГДАНОВИЌ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР n Најпрвин Ви заблагодарувам за честитките за Денот на Општината. Познатиот „мораториум“ или конкретно одлуката која ја донесе Советот на Општина Центар за неспроведување на ДУП-овите или поточно за 31 детален урбанистички план беше, и е храбра одлука која советниците ја поддржаа. Одлуката значи незапочнување на нови постапки поднесени по 27.12.2017 година со што сè додека не се ревидираат плановите нема да започнеме нови постапки за одобренија за градба. Одлуката не ги опфати само оние одобренија за инфраструктурни проекти кои се неопходни за завршување на сите започнати проекти. Реконструкција на улици, изградба на фекална и атмосферска канализација, водоводна мрежа итн. се одобренија кои не се опфатени со одлуката. На почетокот имаше реакции за одлуката, но од ден на ден како што ја објаснувавме, луѓето разбраа дека станува збор за општо добро и дека на крајот ревидирањето ќе ги даде посакуваните резултати. Немам никаков притисок за одобренија, бидејќи предметите поднесени по 27.12.2017 година воопшто не се земаат за разгледување. Сепак, во Општината имаше неколку предмети кои ја имаа започнато постапката пред одлуката за
запирање за извршување на дуповите и истите мораа да се завршат. Она што го ветивте, а го ветуваа буквално сите градоначалници во своите предизборни кампањи, е ставање ред во урбанистичкото планирање. Но вашите колеги од останатите општини не прогласуваат „мораториум“, дури Општина Аеродром јавно се противи и вели дека е противзаконски и дека не го решава проблемот. Сметаме дека сам тешко ќе ја извојувате оваа битка. Разговарате ли на тема мораториум на планови со останатите градоначалници и градоначалникот на Скопје? Постои ли планско, системско решение, не само декларативно за проблемот со урбанизмот во градот позади кое цврсто ќе застане државата? n Не ја знам проблематиката на другите градоначалници и проблемите со нивните ДУПови, но ние ги утврдивме пропустите и сè додека не ги исправиме со нови планови нема да ја повлечеме одлуката. Одлуката е законска бидејќи општината е надлежна за спроведување на плановите. Сегашните планови имаа многу пропусти и затоа сакаме да го исправиме сè тоа што е погрешено. Инаку донесени се нови закони за
урбанистичко планирање, но во завршна фаза е и Законот за градење кој треба значително да го промени урбанизмоит. Но, и самите општини може да преземат одредени мерки за подобрување на состојбата и запазување на параметрите предвидени во Генералниот урбанистички план. Ние и во наредниот период ќе донесеме некои одлуки кои ќе го подобрат животот на граѓаните. До кога планирате да трае „мораториумот“? Што очекувате по неговото завршување? Може ли дел од граѓаните да се почувствуваат оштетени доколку им се намали површината за градење на локациите на кои се сопственици? n „Мораториумот“ може да трае сè додека не се донесат нови планови кои ќе ги исправат сите грешки направени во минатото, но и кои ќе понудат подобри и похумани услови за живеење на нашите граѓани. По „мораториумот“ очекувам конечно да се воведе ред во Општина Центар и реално да ги планираме активностите на Општината согласно новите планови. Граѓаните ќе добијат само реални услови, бидејќи денес имате парцели со големи габарити, но на лице место не можат да се реализираат бидејќи планот не им дозволува. Архитектонско-урбанистичката фела и граѓаните сонуваат за еден нов хуман центар на просторот пред Холидеј ин и Ново Маало. Што со ДУП-от „Голем ринг-јужен дел“? Зарем не е предизвик овој најскапоцен дел од центарот на градот кој преостана да се решава на меѓународен конкурс? n Тој план се работи и ќе биде изложен на јавна анкета така што сите предлози се добредојдени. Што се однесува за неколку планови ќе имаме конкурси за идејни решенија. Не е тајна дека средствата од комуналиите за градење најмногу ја полнат општинската каса. Секако дека се судирате и со овој проблем. Како го решавате овој проблем во меѓувреме? n Во изминатата година обезбедивме средства и од други места со коишто целосно ја раздолживме Општината и ги подмиривме сите судски пресуди коишто ги имаше Општината. Вративме долгови во износ од 120 милиони денари, а плативме и над 140 милиони денари судски пресуди. Денес Општина Центар е општина која нема долгови. Тука сум навистина благодарен на мојот тим кој заедно со мене успеа да се избори да се обезбедат дополнителни средства во општинската каса. Сакам јавноста да знае дека целосно се реконструирани 6 улици, а во завршна фаза се и две големи улици „Димитар Пандилов“ и „Ѓуро Ѓоновиќ“. Се заврши доградбата на ОУ „Гоце Делчев“, отпочна третата и последна фаза за изградба на ОУ „Капиштец“, се 30 ноември 2018
ПОРТА
29
реновираа неколку градинки и клонови, а Општината продолжи со сите свои зацртани проекти и активности. Во наредниот период ќе ги зголемиме активностите за да обезбедиме повеќе средства во Општината сè со цел завршување на поголем број на проекти. ДУП-овите се изработени од овластен планер, потписник на планска документација и фирма со лиценца за оваа дејност. Спорните планови ги поминале сите правни процедури, ревизии и ги добиле сите позитивни мислења од институциите. Дали ова значи дека сите работеле погрешно и противзаконски? n Ревизијата ќе утврди кој во која фаза погрешил. Ќе има правна, но и политичка одговорност за лошите планови.
Реконструкција на ООУ „Гоце Делчев“
Реконструкција на ул. „Капиштец“
Општината има и свои градежни инспектори. Но, изведените објекти на лице место не ретко се изградени повеќе од дозволеното со ДУП-овите, а условот паркирање во рамки на сопствена градежна парцела скоро ниту еден објект не го исполнува. Си ја вршеле ли вработените во Општината кои се потпишувале на одобренијата за градење и градежните инспектори професионално работата за која се платени? n Инспекциските служби имаат донесено неколку решенија за усогласување и отстранување на некои работи кои не се усогласени со плановите, но и со претходно издадените одобренија. Спроведени се неколку решенија за отстранување, а во наредниот период ќе има и нови отстранувања. Водно, најголемото зелено богатство на градот сите овие десетици години беше цел на стихиен напад на сите власти и градежната мафија. Дали Водно е под „мораториум“? Може ли да сметаме дека Вие и градоначалникот на Скопје ќе ја спречите натамошната деградација на парк-шумата Водно? n И таму изработуваме нови планови кои треба да ја променат состојбата на терен со што ќе се спречи уништувањето на шумата на Водно. И покрај сè што ни се случи дефинитивно ДУП-от „Мал ринг“ е најскандалозниот план во државава кој директно посегна по јавниот простор, архитектонското наследство, забранетата зона на кејот на Вардар. Се говори за спомениците, но само се говори, а објектите не се ни споменуваат. Има ли ингеренции Општина Центар да се справи со „Скопје 2014“? Имаме ли воопшто државна стратегија, што со тие објекти? n Имаме стратегија, но не може така брзо да се реализира бидејќи се води целосна
ПОРТА ПОРТА
истрага и за плановите и за јавните набавки коишто се спроведени. Неколку институции се вклучени во разоткривање на сите злоупотреби. Се спрема нова сообраќајна стратегија на ниво на Град Скопје. Го очекуваме тоа, се надеваме на револуционерно решение, со надеж дека Скопје и пред сè неговото централно подрачје ќе стане хуман простор за движење и живеење и намалување на загадувањето како една од најболните рани на градот. n Ние спремаме и веќе за некои делови од Центар сме при крај со сообраќајните решенија. Со такви нови решенија значително ќе го намалиме хаосот во статичниот и динамичниот сообраќај во нашата Општина.
Впрочем што да очекуваме во престојниот зимски период на екстремна загаденост во Скопје, кои би биле интервентните мерки, додека не се пристапи кон поголемите стратегиски мерки? n Во соработка со Министерството за животна средина, Владата и Град Скопје веќе активно се преземаат мерки на терен. Започнато е со засадување на нови дрва и зелени површини, зголемено е чистењето на улиците со што се чисти прашината од јавните површини. Инспекторите се цело време на терен за да детектираат и санкционираат секаков вид на загадувачи.
Никако да станеме чист град. На сите кампањски акции на градските татковци, граѓаните одговараат со повторување на недисциплина во одржувањето на хигиената. Се чини провинцијалноста од државата ја пренесовме во Скопје... n Во 2019 година ќе се набават нови машини со што ќе се зголеми ефективноста на нашите служби. Ќе се зголемат кампањите сè со цел да влијаеме на свеста на граѓаните, а дополнително ќе се зголеми урбаната опрема сè со цел да овозможиме повеќе корпи за отпадоци. Со многу активности ќе ја подобриме хигиената во нашата Општина.
Во Европа е тенденција кај сите паметни градови: Копенхаген, Барселона, Љубљана... да се забранат автомобилските улици низ центрите, за сметка на поголем простор за пешаците и велосипедите. Загадувањето во тие градови е драматично намалено. Скопје и пред сè Општината Центар имаат можеби последна-историска можност, но и обврска пред сè да направат некои резови во интерес на иднината на градот и да се доближиме до трендовите во Европа кон која се определивме. n И нашите сообраќајни решенија водат кон тоа. Намалување на можноста за користење на автомобилите, за зголемени површини за велосипеди и пешаци. Во 2019 година ќе има значајни промени во организирањето на сообраќајот во Општина Центар. 30 ноември 2018
ПОРТА
31
ПОРТА
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
архитектура
ОСМИСЛУВАЊЕ НА КАЗНЕНО – ПОПРАВНИТЕ ДОМОВИ
Затвор, архитектура и луѓе Затворот, како простор, може да се разбере низ човечките искуства, циркулацијата на разговорите и претставите, кои заедно ја конструираат сликата за тоа што затворот всушност е. Сите категории на корисници мора да бидат инволвирани во процесот на проектирање. Како ги градиме и организираме нашите затвори и како општеството се грижи за затворениците, го одразува нашето разбирање на човечките суштества и нивните потреби
Невена ЃЕОРЃИЕВСКА , дипл. инж. арх.
„М
ојата ќелија е голема како мала соба: би рекол дека приближно има три со четири и пол метри и три метри во висина. Прозорецот гледа во дворот каде што вежбаме: се разбира, тоа не е нормален прозорец; тоа е т.н. волчја уста со решетки однатре; само мал дел од небото е видливо и е невозможно да погледнете во дворот или настрана. Позицијата на ќелијата е полоша од онаа на претходната, која беше на југ-југозапад (сонцето стануваше видливо околу десет и во два го зафаќаше центарот на
34
ПОРТА
30 ноември 2018
ќелијата во ширина од најмалку шеесет сантиметри); во сегашната ќелија, која мислам дека има изложеност југозапад-запад, сонцето се појавува околу два и останува во ќелијата до доцна, но во ширина од околу дваесет и пет сантиметри. Во текот на оваа потопла сезона, можеби ќе биде подобро вака. Покрај тоа: мојата сегашна ќелија се наоѓа над затворската механичарска работилница и го слушам тропањето на машините; но ќе се навикнам на тоа. Ќелијата е одеднаш многу едноставна и многу комплексна. Спијам на два душеци. Имам мала маса и еден вид шкафче, огледало, мијалник и емајлиран бокал. Имам многу мали предмети, купени во затворската продавница и
неколку мои книги; секоја недела добивам осум книги за читање од затворската библиотека Antonio Gramsci, 4 април 1927“ - извадок од неговата книга „Белешки од затворот“ - „Lettere dal carcere“. Неговите писма даваат детален опис на затворската архитектура, како животот во затворот влијае на телото, како тоа се однесува кон околината, како ги прима звуците, начинот на кој светлината го наоѓа својот пат кон ќелиите и истата му овозможува да чита. Неговите биографски материјали испишани во неговите писма се од голема историска и пенолошка важност и, покрај останатото, нè потсетуваат на важноста на затворската
архитектура и способноста на човековото тело да се навикне на различни материјални состојби. Малите детали, како различни предмети и работи, кои во обичниот живот надвор од затворот изгледаат безначајни и се земаат здраво за готово, стануваат важни во затворот, со цел да му се даде смисла на постоењето. Затворот, како простор, може да се разбере низ човечките искуства, циркулацијата на разговорите и претставите, кои заедно ја конструираат сликата за тоа што затворот всушност е. Притоа, на луѓето, во овој контекст не се мисли само на оние кои пократко или подолго живеат во затворите, туку и на персоналот, архитектите, планерите. Сите категории на корисници мора да бидат инволвирани во процесот на проектирање. Како ги градиме и организираме нашите затвори и како општеството се грижи за затворениците, го одразува нашето разбирање на човечките суштества и нивните потреби. ЕЛЕМЕНТИ НА ЗАТВОРСКАТА АРХИТЕКТУРА За подобро да се разберат ограничувањата на затворската архитектура, потребно е да се одвојат неколку елементи: пристап и контрола, надворешни и внатрешни бариери, употребата на просторите, изградени и неизградени и нивната употреба. Пристапот и контролата се состои од: влез, за пешаци и возила, контролна кула, ограда за одвојување на затворот од градот (лесни метални огради од околу 2 метри височина или тешки метални огради над 2 метри височина или ѕидови). Може да се идентификуваат седум различни функционални простори и тоа објекти, простор за движење, отворени оградени простори (тераси и отворени простори до затворските ќелии), отворени паркинг-простори, вклучувајќи ги оние за посетители и вработени, зелени простори (вклучувајќи во некои затвори и култивирани простори), отворени простори за спорт и простор за нова градба. Големината на функционалните целини е различна, но има доста слични аспекти. Секако овие параметри зависат и од затворската регулатива. Архитектурата за затвори се води од казненопоправната регулатива и нејзините критериуми во секоја земја, која сама по себе ги изразува социјалните и културните аспекти на една земја. Олеснувањето на престојот во затвор, одржувањето на разумност на едно лудо место, има значење за луѓето кои се ослободени од затвор. Многу е веројатно дека, колку се поздрави и самоуверени екс-затворениците, толку е поголема шансата тие да создадат односи и пријателства што ќе им помогнат да се држат настрана од криминал. Во ваков контекст е прашањето: До кој степен зградите во
затворот може да „лечат“, но и да штетат? Затворот му припаѓа на градот со сите свои контрасти, потреби и промени поврзани со нашето време, и е местото каде што страдањето и социјалните контрадикции се највидливи, акутни и концентрирани. Затворот е вид на современ карантин, кој содржи сегменти од културна и материјална сиромаштија, неповолност и болест. Затоа е неопходно да не се заклучува за да се отстрани, туку да биде отворен за редизајнирање на нов корективен модел, кој остава простор за моменти на дружење, што повторно активира звук, ефективни патишта за преквалификација и реинтеграција во општеството. ПРОСТОРНА КОНФИГУРАЦИЈА Културната и општествената вредност на затворот има директно влијание врз прашањето
за неговата просторна конфигурација, неговиот дизајн. Локацијата на казнените институции треба да биде разгледана од различни и спротивставени гледишта. Блискоста на урбаниот центар се смета за позитивна, за да му дозволи на персоналот нормален општествен живот и да им понуди на затворениците полесен контакт со нивните семејства, со можност за работа и со можностите за разни видови професионално советување. Од друга страна, растојанието од урбаните центри може да биде поволно поради релативната евтина цена на земјиштето и полесен надзор над затворениците. Заедничките активности во слободно време, просторите посветени на овие функции, треба да бидат добро прилагодени; пожелно е 30 ноември 2018
ПОРТА
35
да се предвидат терени за игра, базени, театар, сали за концерти, кино. Во прилог на просторите за заеднички активности, исто така треба да се планираат соби за индивидуални активности, самостојност. Единечните ќелии се најдобри простории за сместување. Стандардот за просторите за посетители е да се направат пријатни колку е можно, со цел да се создаде вистинска релаксирана атмосфера. Помала употреба на високи ѕидови за околна заштита. Замена може да биде широк зелен појас околу институцијата, опремен со средства за надгледување како што се контролните кули. Прозорците треба да бидат со иста големина како и во нормалните станбени објекти. Други техники на затворање треба да ги заменуваат традиционалните решетки. Идентитет - За да се зајакне интеграцијата на објектот во заедницата, објектите треба да се вклопат во надворешната средина во која се поставени. 36
ПОРТА
30 ноември 2018
Големина - Големите капацитети пренесуваат атмосфера на анонимност на затвореникот и имаат тенденција да предизвикаат во него чувства на немоќ, бесмисленост, изолација. Големи, изолирани објекти силно го зајакнуваат имиџот на отфрлање на сторителот од општеството и се спречуваат современите програмски цели на ресоцијализација и реинтеграција во заедницата. Се препорачува големина помала од 300 лица. Индивидуалната окупираност на ќелијата се смета за основен услов. Јадењето е подобро во
децентрализирани помали групи. Долги коридори (над 15-20 метри во големи објекти или 10 метри во помали) треба да се избегнуваат, освен ако е обезбедено некакво олеснување. Институционална големина - Идеална станбена единица е со големина од 100 до 125 жители. Концептуален дизајн - Посети, советување, правна помош, волонтерски програми, стручни служби и многу други активности, имаат посебно значење за концептуалниот дизајн на објектот. Индивидуална окупираност - Основните стандарди во планирањето и дизајнот на затворена институција треба да бидат во обезбедување на еднокреветни спални соби, заедно со обезбедување на добро заокружена програма за активност. Еднокреветната соба треба да обезбеди сместување за спиење и област на приватност за нејзиниот корисник за околу осум часа на ден. Собата треба да содржи единечен кревет. Исто така, треба да биде опремена со соодветни полици, знаејќи дека жителите ќе акумулираат разни предмети, со цел да го продолжат своето самоизразување, мала маса со подвижна столица. Треба да обезбеди простор за складирање на облека и работи, фиока со заклучување. Сите соби треба да бидат обезбедени со директна надворешна изложеност, природно светло и поглед. Флексибилност - Пожелно е проектите да бидат прилагодени за менување на потребите. Контрола – Кон планирањето и проектирањето на поправната установа, мора да се пристапи како кон составен дел од програмирањето на нејзините активности. Концептот на зонирање на разни функционални единици, со близок надзор на персоналот, дополнително помага во напорите за планирање. Друг пристап кон безбедно зонирање вклучува воспоставување на мешан периметар со брановиден сигурносен појас. Безбедносниот појас е креиран од масите на самите објекти, а не е изграден исклучиво за безбедни цели. Трошоците за традиционален затворски ѕид така се избегнуваат. Економичност – Различните, нови, градежни материјали, исто така, додаваат можност за постигнување на безбедност и подобрување на околината за програмски третман, додека во исто време ги намалуваат трошоците за изградба. Најинтересно меѓу нив е развојот на нови композитни стаклени и поликарбонатни прозорски материјали, кои ги заменуваат традиционалните челични решетки. Престој на персоналот - Се забележува, дека често се обезбедуваат решенија за престој на персоналот во непосредна близина на институцијата. Се препознава дека непосредната близина на персоналот до установата, овозможува нивен брз одговор во
време на вонредна состојба. Пристапот кон сместување на вработените, кој денес добива на важност, се базира на претпоставката дека персоналот за казнено-поправни установи е всушност важна врска помеѓу жителите на затворските институции и надворешната заедница. Клима - Локалните климатски услови во одредена земја во која објектот е планиран има особено значење. При блага клима, се нудат за можности за надворешна програмска активност, и тука меѓусебните односи помеѓу внатрешниот простор и надворешниот простор имаат ново значење. При сурова клима, следствено, различни простори за активност, како што се спални соби, дневен престој, простории за групна активност и други простори, треба да се организираат во дизајнот на објектот така да овозможат максимална ориентација кон топлина и светлина на зимското сонце. Истражувањата, нагласуваат нова концепција на затворската архитектура со цел реинтеграција на затвореникот во општеството, и затоа повеќе се внимава на односот со градот, на интеракцијата со заедницата и на личните потреби на затвореникот, не занемарувајќи ги притоа поврзаните потреби за сигурност и контрола на објектите. КРИТЕРИУМИ ЗА СОВРЕМЕНА ЗАТВОРСКА ЗГРАДА Критериумите за современа затворска зграда обезбедуваат серија на барања и предлози за обезбедување на простори и усвојување на градежни технологии за изградба на нови казнено-поправни установи. Критериумите се групирани во три точки: општи барања кои објектот мора да ги обезбеди, сугестии за обезбедување на соодветниот простор и технолошки аспекти. Што се однесува до барањата, дефинирани се следните: - Флексибилност: дизајн со цел да се овозможат лесни промени во зградата во текот на времето, без да се менува секојдневниот тек на работата; - Функционалност: градење на типологија на начин да се ограничат оперативните трошоци, особено во однос на контролниот кадар; - Естетика: боите на околината. Во однос на видовите простори, насоките за
проектирање бараат затворот да му овозможи на затвореникот можност да биде ангажиран во различни активности за поголем дел од денот - работа, едукативни активности итн. надвор од неговата ќелија. За оваа цел се идентификувани следните простори: простори за работа, едукативни, рекреативни активности итн. Што се однесува до технолошките аспекти, насоките даваат предлози во однос на: технологии и градежни материјали: ниска цена, со внимание на квалитетот на естетската перцепција, удобност при живеењето, внатрешна и надворешна флексибилност; користење на индустријализирани градежни технологии наместо префабрикувани; ограничување на употребата на префабрикувани технологии стриктно за магацински простори, лаборатории и сервисни простории; користење на традиционални материјали со хумани и емоционални вредности. Дизајнот на затворот не може и не смее да биде само активност на архитектот - идеја која сега е застарена - туку на интердисциплинарна група, која вклучува учество на експерти во различни сектори, од урбанистички планер, социолог и така натаму, и со цел за учество на крајните корисници, кога е тоа можно. Што се однесува до корисниците, можеме да идентификуваме различни категории на
затвореници во однос на: ниво на казна, пол (маж/жена), возраст (почнувајќи од бебиња), здравствениот статус, психолошкиот статус. Покрај затворениците се и другите корисници, како што се директорот, затворските службеници, психолози, криминолози, социјалните работници, затворските лекари, мултидисциплинарниот тим за зависници од дрога, сервисниот тим за зависност од алкохол, едукатори/наставници и стручни лица, обучувачи, верски работници, волонтери, општ персонал за услуги и посетители. НЕКОИ КОНЕЧНИ РАЗМИСЛУВАЊА Иако архитектите долго се потпирале на техничките аспекти при проектирање на затвори, се смета дека продорна идеја на нашата работа како архитекти и дизајнери на збирни институции е како да направиме тие да ја изгубат својата функција на збирност. Не само што е ова израз на учтивост, но исто така служи и за враќање на „достоинството“ на оние кои го сториле кривичното дело за кое се осудени на затворска казна. Давањето достоинство на поединецот е неопходен чекор кон рехабилитација на лицето и негово враќање во општеството. Тоа потврдува дека општеството нема намера да се одмазди, туку е сочувствително.
ПОРТА
архитектура
УБАВИ ГРАДОВИ... ГОЛЕМИ АРХИТЕКТИ... ЗНАЧАЈНИ ОБЈЕКТИ...
Норман Фостер - футурист во просторот и времето (3 дел) Човек кој создава објекти симболи во светските мегаполиси... кои го надминуваат времето
Nortom Museum of Art, West Palm Beach, САД (2007-2018) Љупка ДУКОВСКА , дипл. инж. арх.
П
роектите на Норман Фостер го надминуваат времето. Тој е еден од најинтересните современи архитекти, иноватор и револуционер во формирањето на архитектонскиот облик на мегаполисите по целиот свет. Неговите објекти се во разни контексти. Модернизирање и реновирање на историски објекти, урбанизам, производни објекти, објекти од областа на културата, трговски, станбени, деловни, мостови, аеродроми, објекти за иднината на земјата и вон земјата... Тој е генијален. Во овој текст ќе се осврнам на неговото извонредно дело преку неколку од неговите последни реализирани објекти и проекти 38
ПОРТА
30 ноември 2018
наменети за сè уште непознатата иднина... - Почеток на 21-ви век... Проекти низ светот кои завршуваат во 2018 година или во блиска иднина... 1. 2007 -2018, Norton Museum of art, West Palm Beach, USA Музејот Нортон, е елегантна неокласична, Арт Деко зграда, проект на американскиот архитект Марион Симс Вајт (Marion Sims Wyeth, 1889-1982), кој бил изграден во 1941 година, за да се смести големата уметничка колекција на слики и скулптури на индустријалецот Нортон и неговата жена Елизабет, кој после пензионирањето се преселил во Западен Палм Брич на Флорида. Целта на новиот проект на Фостер, била да се трансформира постојниот музеј во
културна дестинација од светска класа. Додадени се три нови павилјона со двојна висина, најмодерен аудиториум и простор за настани. Во уредувањето на градините и централниот двор вклучени се локални дрва и цвеќиња, а поранешниот паркинг е трансформиран во тревник со скулптури. Проектот со површина од 16 350 м², исто така вклучува нова музејска продавница и нов ресторан, кои како и новите павилјони можат да работат независно од музејот, во текот на денот и ноќта. 2. 2011-2018, China Resources Land, Shenzhen, China Се наоѓа во срцето на Шенжен Хаи-Тек, Индустриски парк. Воспоставува ново обележје на оваа истакната локација и нов репер за одржлива архитектура во градот.
China Resources Land, Shenzhen, Кина ((2011-2018)
Дизајнот ги следи принципите на мастер планот за создавање на интегриран нов дел на активното општество на Шенжен со мешано користење, обединувајќи го деловниот простор, хотели, продавници, ресторани и многу други нови градски простори. Воспоставува извонредно работно опкружување кое одговара на урбаниот контекст и ја поттикнува тимската работа и продуктивноста. - ПОЧЕТОК НА 21-ВИ ВЕК... ПРОЕКТИ НА ИДНИНАТА... Lunar Habitation, Месечина (2012)
надминат некои од проблемите, како што е транспортот на градежни материјали од земјата. Како интегрална компонента за градбата ја предлагаат лунарната почва, позната како реголит. Проектот разработува база за четворица, донесена од земјата како тубуларна структура, од која се добива надуена купола, како мембрана, околу која ќе се постави лунарна почва реголит. Самата структура заштитува од сончевото зрачење и постојаното метеорно бомбардирање на месечината. Дизајнирана е да биде лоцирана во кратерот Шаклет, во близина на јужниот пол на Месечината. Базата ќе добива речиси постојана дневна светлина, што ќе помогне во регулација на температурата. Фирмата „Фостер+Партнери“, создаде модел од 1,5 тони, кој користи синтетички
реголит на земјата, и помали модели во услови на вакуум, слични на оние кои се наоѓаат на Месечината. Создадоа објект кој може да се мултиплицира или да се прилагоди според конкретни потреби и кој спречува можна катастрофа за создавање на премал или преголем објект. 4. 2006-2014, Spaceport America, New Mexico, USA Космодромот е прв ваков објект во светот. Со пионерски дизајн, изграден за сè уште непознатата иднина, во која вселенските патувања можат да станат вообичаени. Иако е објект сличен на аеродромот, космодромот е наменет за туристички спектакли и практично решавање на проблемите за вселенските патувања. За разлика од конвенционалниот Speacport Amerika, New Mexico, САД (2006-2014)
3. 2012, Lunar Habitation, The Moon Идејата за вонземска архитектура обично предизвикува научно-фантастични и утописки размислувања за невозможната иднина. Спротивно на овој стереотип, „Фостер+Партнери“, преку 3Д архитектура, предлагаат можен начин на градба надвор од земјата. Работејќи под водство на Европската вселенска агенција, тие се обидуваат да ги ПОРТА
SkyCycle, London, В.Британија (2014)
аеродром кој обично се наоѓа во високо развиени области и бара голема генијалност за просторна ефикасност, космодромот е спектакл за себе и не бара ограничување на дизајнот. Фостер кој е познат по прагматизмот, во своите проекти носи логика и иноваторство за дизајнерските тешкотии и за неиспитаните територии. Нискиот и широк дизајн на космодромот, има за цел да ги привлече посетителите кои имаат среќа да ја посетат оваа структура, за прошетка или лет кон тајните на вселената. Објектот користи локални материјали, кои помогнаа за добивање на LEED-сертификат со платински рејтинг.
неопходни. Се предлага повеќе од 217 километри пат, со 200 точки за пристап, кој може да поддржи 12 илјади возења на час, да опфати шест милиони луѓе и да го намали патувањето за околу 29 минути. Иако е малку веројатно финансирањето на нешто толку сеопфатно и без преседан, во време на намалување на буџетите, да се поттикне велосипедизмот и да се направи побезбеден е глобална потреба, за доброто на возачите, за жителите на градот и за иднината на планетата. Предлогот на Фостер поттикна разговори за решавање на актуелните проблеми предизвикани од климатските промени на Земјата.
5. 2014, SkyCycle, London, United Kingdom Транспортот и движењето низ големите градови станува сè поголем проблем насекаде во светот. „Фостер+Партнери“ во соработка со Exterior Architecture и Space Syntax го предложи проектот SkyCycle, како едно ново решение на проблемите со транспортот низ Лондон. SkyCycle е мрежа на велосипедски патеки кои ги следат постојните приградски железнички линии. Со претпоставка дека во следната декада популацијата на градот ќе се зголеми за 12 отсто, нови решенија ќе бидат
- ПРОЕКТИ КОИ ГИ СЛАВАТ ПРОСТОРОТ И СВЕТЛИНАТА...
континуирана лесна мрежа, прифаќајќи ги ѕидовите и покривот во една флуидна форма, поттикнувачка за лет. Проектот предвидува кратки растојанија, неколку промени на нивото, лесно движење на патниците без користење на внатрешни возови или тунели. Лесната стаклена и челична конструкција и зголемениот засводен покрив може да се гради брзо, без употреба на скеле. Објектот ќе биде изложба на мексикански иновации, изградени од мексикански изведувачи и инженери. Аеродромот е планиран на нова локација со три писти и план на експанзија до 2062 година, со евентуални шест писти.
6. 2014 - ,New International Airport Mexico City, Mexico Проектот е добиен на меѓународен конкурс во соработка на „Фостер+Партнери“, FR-EE и NACO. Треба да биде еден од најголемите аеродроми во светот со револуционерен дизајн и со површина од 743 илјади квадратни метри. Проект создаден со страста на пилот кој ги слави просторот и светлината. Целиот терминал е затворен во рамките на
7. 2016-2020, Rowandan Droneport Дронпорт е пилот-проект кој е лансиран во 2016 година, со седиште во Руанда. „Фостер+Партнери“, работејќи со технолошката компанија Afrotech, се обидуваат да развијат, ефикасен медицински доставувачки објект, со кој управуваат беспилотни летала, како прв ваков објект во светот. Предлог е да се создаде мрежа на беспилотни летала за испорака на медицински материјал и други потреби во тешко достапните области на Африка. Фостер го согледува проблемот на слабо развиената инфраструктура во областите во кои живеат луѓе и бара смели решенија за овој актуелен проблем. Со проектот Дронпорт се предлага да се направи нешто „повеќе со помалку“, за непосреден животен спас во Африка, користејќи ги достигнувањата во технологијата на беспилотните летала (што обично се користи за војна и непријателства). Со форма на серија сводови, во структура на отворен простор, проектот предвидува медицински центар, простор за електронска
International Airport Mexico City Мексико (2014-)
ПОРТА
Rowandon Droneport (2016-2020)
2017-2018, Vatican Chapel, Pavilion of the Holy See (2017-2018) трговија како и простор за производство на беспилотни летала. Секој објект ќе поддржува два различни начини на транзит: помал Redline за медицински и итни резерви и поголем Blueline за опрема, електроника и електронска трговија. Првобитниот план е создавање на три објекта до 2020 година, а во следните фази би можело да се создадат повеќе од 40 Дронпорти низ Руанда, како и проширување во соседните земји, како Конго... Слично како планот за проширување на архитектурата за живеењето на Месечината Дронпорт е дизајниран да биде бесконечно променлив, според конкретните потреби. Да егзистира во континуирана променлива состојба, завршена и незавршена. Овој проект на Фондацијата Норман Фостер, е иницијатива создадена да одговори на хуманитарните потреби, но и да поттикне целосно холистичко гледање на архитектурата. 8. 2017 - 2018, Vatican Chapel, Pavilion of the Holy See Ватикан оваа година за прв пат учествуваше на Венецијанското биенале на архитектура. Се претстави со десет мали капели, проектирани од реномирани
архитекти од разни земји, меѓу кои е и Норман Фостер ( Norman Foster,UK; Terunobu Fujimori, Japan; Francesco Cellini, Italy; Andrew Berman, US; Javier Corvalan Espinola, Paraguay; Flores & Prats, Catalonia; Carla Juacaba, Brazil; Smiljan Radic Clarke, Chile; Eduardo Souto de Moura, Portugal; MAP Studio: Francesco Magnani and Traudy Pelzel, Italy; and Sean Godsell, Australia). Задачата беше капелите да бидат уникатни, околу 10 х 7 метри, во кој било материјал и да ја изразуваат темата на ова биенале избрана од нејзините куратори Ивон Фарел и Шели Мекнамара, а тоа е „Слободен простор“ – простор за сите, да се користи како поединецот ќе избере. Капелите се изградени на островот Сан Џорџо Маџоре, во шума, меѓу дрва, во близина на вода, органски, како дел, од непосредната околина, од пејзажот. Капелата проектирана од „Фостер+Партнери“, а изградена од италијанската компанија за мебел Теко, е со структура која ја рефлектира лесната и етерична природа на концепт. Појдовната точка на проектот, се три симболични крста обвиткани со шатор – мембрана. Подоцна проектот еволуирал, крстовите станале дел од структурата, а мембраната се развила во
дрвена решетка прицврстена на структурата. На подот е рамна челична конструкција која е обложена со дрво. Челичната структура е од пренапрегнати челични кабли. Просторот со површина од 128 м² и висина од 6,80 м, затворен е со тенки дрвени решетки од ариш. Околу структурата засадени се корени на јасмин, кои со текот на времето ќе растат врз неа и ќе ги омекнуваат нејзините контури. Нежниот мирис на јасминот ќе го потенцира чувството на духовна смиреност, на тишина, на медитација... Норман Фостер е еден од најголемите современи архитекти, иноватор и револуционер во формирањето на архитектонскиот облик. Го подига нивото на архитектурата, и современиот развој на градежништвото, на градовите и регионите. Познат е по истражувањето на нови технолошки форми и идеи. По создавањето на футуристички објекти со висок технолошки дизајн. Освои повеќе од 400 награди и бројни меѓународни и национални конкурси... Во 1999 година стана лауреат на Притцкеровата награда за архитектура. Добитник е на златен медал за архитектура на Американскиот институт за архитектура (1994), Кралски златен медал за архитектура (1983) и Златен медал на Француската академија за архитектура (1991)... Во 1990 година стана витез, во чест на роденденот на Кралицата на Англија, а во 1999 година беше прогласен за лорд (Lord Norman Foster of Thames Bank). Предавал архитектура низ целиот свет, Англија, Франција... Во декември 2005 година The Times го прогласи за број еден во современата уметност. Норман Фостер е генијален, британски и светски архитект кој создаде објекти симболи, икони на шест континенти кои го надминуваат времето.
30 ноември 2018
ПОРТА
41
архитектура
Објект кој го крева стандардот на градби од масивно дрво Обвиткан е во бакарно обоен анодизиран алуминиум, кој во комбинација со вертикалните прозорци ја отсликува дрвената структура, потенцирајќи ги бојата и структурата на шумите во регионот
42
ПОРТА
30 ноември 2018
ДИЗАЈН НА УНИВЕРЗИТЕТОТ НА МАСАЧУСЕТС
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ , инж. по дрвна индустрија
Ц
елта на дизајнот на Универзитетот во Масачусетс, по проект на архитектот Џон В. Олвер е да создаде иновативен и инспиративен објект, кој демонстрира однос кон животната средина. Резултат на овој проект е еден од најнапредните градби изградени од полно дрво во САД: објект на четири ката со површина од 8.100 квадратни метри, кој ја одразува заложбата на универзитетот за одржливост, како и иднината преку генерациите студенти кои ќе учат и ќе се движат низ ходниците на објектот. Со својата скелетна конструкција од лепено ламелирано дрво, вкрстено слепени плочи, и подни системи од дрвено-бетонски композити, дизајнот на овој Универзитет го крева стандардот на изградени објекти од масивно дрво. Обвиткан е во бакарно обоен анодизиран алуминиум, кој, во комбинација со вертикалните прозорци ја отсликува дрвената структура, потенцирајќи ги бојата и структурата на шумите во регионот.
АРХИТЕКТУРА Исто како што обединува три различни студиски отсеци, објектот служи како мост меѓу стиловите во архитектурата на различните објекти на кампусот. Внимателно е поставен на стрмен терен на главната артерија на кампусот, издигнувајќи се во три ката на источната страна на објектот, а во четири ката на западната. На тој начин, објектот ги поврзува помалите структури на историскиот Stockbridge Way со Центарот за уметност изграден од цигла и модерните бетонски структури на кампусот. Челичниот дизајн беше повеќе од половина изграден кога универзитетот одлучи дека ќе продолжи со градба на дрвена структура. Сепак, знаејќи дека е можно да дојде до промена на концептот, во раните фази на градба биле донесени умни проектни решенија избирајќи структура која може да поддржи како челик така и масивно дрво, притоа внимавајќи на меѓукатните висини и севкупната геометрија на објектот. Тимот дури изработил паралелни шематски цртежи на објект од масивно дрво. Проектиран за да опслужи 500 студенти и 50 лица академски персонал, објектот е 30 ноември 2018
ПОРТА
43
организиран околу двокатен централен атриум, а поседува и флексибилен простор наменет за собири и настани, со вградено амфитеатрално седење, подвижни преградни табли, и кафетерија. Во ентериерот веднаш се забележува доминирачки композитен конструктивен систем на кровот и атриум кој
содржи и трокатни преклопени скали од вкрстено слепени плочи кои висат на греди со долги распони што остава впечаток на лебдење. Содржините кои ги користат сите три академски отсеци го опкружуваат атриумот во главниот волумен на објектот. Првиот кат
содржи простории за предавања, лаборатории, работилници за производство и тестирање материјали, простории за јадење и училници, додека на вториот, третиот и четвртиот кат се наоѓаат студија, училници и канцеларии. Над атриумот има зелен покрив кој функционира како јавен двор и простор за учење за студенти кои студираат урбано пејсажно уредување. Стаклената фасада открива голем дел од првиот кат, вклучувајќи го и структурниот систем од масивно дрво и атриумот, нудејќи интеракција со минувачите. Вториот, третиот и четвртиот кат се конзолно издадени неколку метри од првиот и се обложени со панелски системи за заштита од атмосферскк влијанија. Објектот претставува конструкција од тип IV која овозможува користење на изложено, масивно или ламинирано дрво како вкрстено слепени плочи, лепено ламелирано дрво или дрвни подни облоги, доколку се исполнети ордедени услови. На пример, согласно стандардите на САД, треба да се употребуваат најмалите можни димензии на дрвната граѓа за одредени позиции, надворешните ѕидови мора да бидат изработени од незапалливи материјали или од дрво третирано за огноотпорност. ГРАВИТАЦИСКИ КОНСТРУКТИВЕН СИСТЕМ Конструктивниот гравитациски скелетен систем вклучува лепени ламелирани греди и
ПОРТА
столбови кои носат меѓукатен систем изработен од дрвено-бетонски композит и кров изработен од вкрстено слепени плочи. Ламелираните дрвени греди се обработени со стандардни фабрички премачкувачи, додека елементите во деловите со поголема фреквенција се дополнително обложени. Повеќето ламелирани носачи се од црна смрека. Кровната конструкција е изработена од
седумслојни вкрстено лепени плочи, со ригидна изолација и плочеста мембрана на надворешната страна. ОБРАЗОВАНИЕ ДЕНЕС, ГРАДЕЊЕ ЗА ИДНИНАТА Завршен во јануари 2017 година, објектот денес е дом на динамична заедница. Неговите иновативни системи од масивно дрво се инспирација за студентите, за
професионалните проектанти, како и за секој минувач привлечен од невообичаената глетка на видливата конструкција. На многу начини тој претставува и олицетворение на оптимистичка иднина. Инспирирајќи ги проектантите, постои шанса објектот да доведе до зголемено производство на производи од масивно дрво во источниот дел на САД.
ПОРТА
интервју
Треба да го совладаме предизвикот на реархитектура Поттикната сум од сопствената совест за секое мое тематско делување и мислам дека алтруистичноста ја подига колективната свест, а пак, таа може да ги задвижи работите на подобро Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.
П
омеѓу добитниците на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2018 година е и архитект и планер Даница Павловска-Циги. Таа е добитник на наградата од областа на архитектурата за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на градот Скопје во сферата на планирање и управување со просторот. Наградата е повод за интервју со Павловска во кое ги изнесува своите ставови за моменталната состојба со архитектурата. Ви ја честитам значајната награда „13 Ноември“. Нам архитектите оваа награда ни е особено важна и нè радува. Ни дозволувате ли да ја чувствуваме помалку и како своја? Ја сфаќаме како признание за нашите заложби, потврда дека сме биле во право. Што Вам Ви значи наградата? n Да, ова е наша заедничка награда. Така и јас ја доживувам и навистина се изненадив што преку мене и моето делување се препозна професијата на која страсно ѝ припаѓам. Наградата како општествено признание ми значи пред сè голема чест, значи забележана посветеност кон зачувување на вредностите на градот, на градот кој го живееме, но наградата значи и радост, и мотивација, и поттик и обврска... За време на Вашиот мандат како претседател на ААМ, на Ваша иницијатива и организација во 2013 година се случи
46
ПОРТА
30 ноември 2018
гушкањето на ГТЦ. Тоа беше првиот голем револт, првата позитивна енергија која собра на едно место голем број граѓани кои како едвај да дочекаа да кажат доста е. Ми се чини дека гушкањето на ГТЦ е еден вид симбол на сè она што му се случи на Скопје, а Вие сте симбол на борбата за ГТЦ. Дали ГТЦ ја прелеа чашата? n Мило ми е ако луѓето ме паметат и препознаваат по тој ангажман затоа што со таква спонтана емотивна поддршка би сакала да продолжам во нова платформа, нов „чадор“, именуван ГО САКАМ СКОПЈЕ. Значи, тој момент со ГТЦ ги обедини професионалците и граѓаните, го воспостави практикувањето на културата на протести, па потоа дојде и до Студентскиот пленум и ред други случувања што доведоа до промена на демократскиот амбиент во државата, па и до смена на власта односно до падот на режимот. Мислам, за да се влезе во историјата на еден град и не мора да дојде до „прелевање на чашата“, може да се делува објективно, чесно, континуирано, само нас да нè има повеќе, да постоиме како освестени промислувачки ликови, независни припадници на граѓанските интереси... Скоро во исто време се случи и промена на објектот на Владата. Зошто не се реагираше за тој објект на ист начин како за ГТЦ? Мислите ли дека сите го чувствуваме ГТЦ како нешто свое, а Владата можеби како нешто туѓо? n На интервенцијата на објектот на Владата на Република Македонија ѝ претходеше мала
подготовка со една виртуелна (и доста сомнителна) анкета за предложените интервенции на фасадата, така што реакцијата на тој атак се фокусираше на повредување на авторското право на присутниот награден архитект проф. Петар Муличковски. Имено се очекуваше негово инволвирање во обновата на тој вреден комплекс, но тој беше вешто одбегнат, а правната помош што потоа ние „про боно“ му ја понудивме, тој резигнирано ја одби. Инаку, објектот на Владата на РМ навистина не им е толку близок на граѓаните како ГТЦ и токму тоа силно чувство на припадност го создаде емотивниот набој во негова одбрана. Милуваме да кажеме дека ГТЦ е спасен. Но дали е тоа вистина? Имаше најави дека ќе се прави зеленило на кровот, се спомнуваше и кино на отворено. Имаше и претходно конкурси за ГТЦ. Но зарем секоја промена на објектот не е менување на автентичноста и посегнување по авторството? Но на ГТЦ му е непоходно неодложно реновирање. Имате ли повеќе информации за плановите со ГТЦ? n Знам дека постои предлог од порано за активирање на „петтата фасада“ што со обновата на објектот може да го дополни авторскиот концепт, а најновите мои информации се за идејата за озеленување и анимација на покривот, што секако, не исклучува и негова инфраструктурна консолидација со нови технолошки решенија и досегнување нови стандарди.
АРХИТЕКТ ДАНИЦА ПАВЛОВСКА-ЦИГИ, ГОДИНАШЕН ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“ понижени, наемни извршители, па и исплашени, како предавници на професијата. Тоа боли.
За темата ГТЦ може да се развие долга елаборација на повеќе аспекти како: неговиот правен третман, статусот како градителско културно наследство, режимот на заштитата, негување на неговата автентичност со одмерена иновација, неговото одговорно менаџирање со осет за неговите атрибути, референци и неговата уникатност итн. Разбирајќи го конститутивниот потенцијал и капацитет на ГТЦ како современ урбан предел, и пред сè како медиум за организирање на побогато јавно живеење, тезата воспоставување квалитетна нова состојба, нова а стара „приказна“ , е исчекорување кон бараниот и очекуваниот континуитет во неговото живеење. Тоа што е сигурно: неговата иднина е наша заедничка одговорност. Колку и да сакаме да бараме алиби, мораме да признаеме дека ние архитектите и урбанистите, но и останатите инженери, вклучени на овој или оној начин во реализација на проектот „Скопје 2014“, што нè прави соучесници, носиме голем дел од вината. Можевме ли, моравме ли да покажеме повеќе стручност, поголема храброст и вистински морал? n Деликатни беа околностите во кои требаше да се спречи настанок на налудничавиот перфоманс „Скопје 2014“, но никого не сакам да амнестирам. Факт е дека нашата фела е со мал колективен капацитет и слабо - „лабаво“ заедништво, а ерозијата на моралот во професијата е евидентна. Факт е дека тешко можеше да се промовира стручност иако имаше некои пристојни изблици на храброст. Факт е дека се направија обиди за практикување на сите цивилизирани форми на дијалог, пишани и вербални, медиумски и непосредни, испраќање пораки, па и замолници до одговорните од страна на странски и домашни непристрасни експерти. Имам заситеност од тоа навраќање назад и непријатност при присетување на тој период. Сега треба со високи естетски критериуми и
интернационална помош да го совладаме предизвикот на реархитектура и реидентификација со започнување со рехабилитација на јавниот простор. Да потсетам: јавниот простор е одлика на нашите демократски вредности и капацитети, јавниот простор е право, право на град, право на слобода. Се почна со ДУП-от Мал ринг, кој директно исцрта површини (по нарачка) за градење кои ќе го овозможат проектот „Скопје 2014“ и ќе се изградат објекти и во зона забранета за градење. Тие бироа и планери сè уште работат. Треба ли да се понесе и професионална одговорност? Зошто досега никој не ја побарал? n За жал немаме вистински систем на проценка на професионалната одговорност во сферата на планирањето и проектирањето, но постои нашата Комора која треба да воведе етичко вреднување на работата на овластените субјекти. Но, тоа треба да го побара самото членство. Колку и да е таа – Комората државен субјект, таа е сепак заштитник на нашиот еснаф. Постојат и други форми на осуда, казнување, жигосување на непрофесионализмот, но се чини дека не сме кадри за такви радикални потези. Интимно си го признаваме статусот на
Вашата борба за јавниот простор, зачувување на архитектонското наследство, борба за подобар град е неуморна и непрекината. Чести се обвинувањата дека критикувањето било и политичко или личен интерес, па дури и платено. Што е тоа што најмногу Ве мотивира? Сметате ли дека ангажираното делување може да ги подобри работите? n Да, верувам во професионални критички опсервации и активизмот како борба за вистините во кој длабоко верувам. Малограѓански неаргументирани обвинувања не ни допреле до мене и чистата добронамерност во моето делување мислам се препознава. Соочени со трауматска проблематичност на нашата реалност, секоја помош, па и мојата, е од корист. Поттикната сум од сопствената совест за секое мое тематско делување и мислам дека алтруистичноста ја подига колективната свест, а пак, таа може да ги задвижи работите на подобро. И додека бевте претседател на ААМ, но и потоа неуморно продолживте со својата борба за подобра архитектура. Сметате ли дека ААМ треба секогаш бескомпромисно да реагира? Во Скопје се продолжува со негативни интервенции. Се сруши „Беко“, се руши Скопски саем. Потребни ли се тука брзи и интензивни реакции од фелата? n Да, потребни се и тоа на дневна база, и на индивидуално и на колективно ниво. Со следење на намерите, случувањата, реализациите, а со нивна објективна проценка се гради нов однос кон професијата, се гради довербата и почитта, се излегува од кризата. Што мислите дека во овие услови може да се направи со објектите од „Скопје 2014“? Многу се зборува за спомениците, но тие се полесниот дел од работата. Што правиме со објектите во коритото на Вардар. Архивот на
ПОРТА
Македонија е скоро неодржлив објект. Има објекти кои се на почеток, ќе се доградуваат ли објектот на Народна банка, факултетите во универзитетскиот кампус? n Одамна зборувам за „што, потоа?“ Да почневме по мојот објавен текст, со време, досега ќе имавме конкретни позиции и определби. Има многу размисли и неофицијални предлози, но тие не се собрани на едно место за разглед и дискусија. Изготвени се елаборати од компетентна комисија при Министерството за култура и јас би сакала тие да се објават, па по некои заеднички критериуми да одредиме динамика на приоритетни интервенции. Имавме високи очекувања и надеж во брзи одлуки заради свесноста за последиците од факторот време (навики, влијанија и ефекти: се искривува претставата за убавото), но тоа е тоа. Колку потурнување на нештата, толку треба мудрост, трпение... Пративте отворено писмо до министерот за здравство по повод конкурсот за Градска болница на локација во Општина Аеродром. n Да, и тоа јавно обраќање и посочување на пропустите во водење на проектот во целина и
ПОРТА
во поставување на проектната задача за нова Градска болница, даде надежен почетен ефект. Распишаниот тендер за идејно решение се спроведе со големо ветување дека допрва се’ ќе се редефинира, а учесниците беа преставени заедно со првоодбраниот проект на еден собир во Музеј на современа уметност, условно наречен дебата.За жал никаково придвижување на работите во позитивна насока не уследи и покрај моите обиди и конкретни предлози до одговорното лице на кое бев упатена за понатамошни контакти. Сега можам само да констатирам дека е разочарувачко и неодговорно однесувањето на министерот за здравство и само открива лик со ниска политичка култура. Тоа се потврди и со неговата изјава во медиите за „лесно“ одредување на сосема нова локација за Клиничкиот центар, а познато е колку авторитативно тој проект треба да го води Агенција за планирање на просторот, па дури и да се предлагаат некои нови политички определби. Површноста во планирање и проектирање на здравствени објекти е недозволива. Бизарно е да го подсетувам на тоа најодговорниот во државава.
Вие сте еден од главните „кривци“ за реализираната соработка со Јан Гел. n Со сета бескрајна почит кон архитектурата како куќа, објект, инсталација, мора денес таа да се толкува и доживува во нејзиното витално опкружување, па архитектурата станува начин на живеење. Истоверемено таа подразбира разумен и оправдан развој, економски предизвик, социјална и културолошка тема, обликување и реобликување на просторот итн. Категоријата „јавен простор“, односно неговата хумана димензија е во фокусот на филозофијата на проф. Јан Гел од Данска, а мојата фасцинација од неговиот опус, тврештвото, трансформативната моќ на реализираните проекти, ме поттикна да му се обратам. Неговата топла природа и извонредна виталност (возраст од 86 год.), допринесе да успееме да се договориме да дојде и одржи неколку предавања, а потоа веќе приказната се збогати. Ми ги даде правата на превод на неговата книга „Градови за луѓе“, ја одпечативме со подршка на Комората на овластени архитекти и инженери и Министерството за култура на македонски јазик и повторно не посети за промоцијата на книгата. Таа втора прилика со светскиот доајен на јавните простори се искористи за потпишување на документ за соработка со Градот Скопје и еве, сега подготвуваме заеднички тим за проект на тема: Иновација на јавниот простор во централното градско подрачје. Особено ќе ми биде драго ако од оваа соработка произлезе своевидна школа чија универзална појдовна точка во планирањето и управувањето со просторот ќе биде човекот. И покрај тоа што официјално сте во пензија и понатаму сте активни. Кој е Вашиот ангажман во моментов? n Едноставно, работам на задачи во кои се пронаоѓам. Например: како овластен обучувач држам обуки, како консултант помагам во разрешување на проблемите во Општина Прилеп, како активист учествувам во дебати, форуми и собири за доброто на градот Скопје, пишувам и го ставам во функција моето скромно знаење. Еве, мислам, дека мојата иницијатива за рехабилитација на објектот на Владата на РМ – дело на проф Петар Муличковси би била задача во која би уживале многу архитекти доброволно. Разговарав и имам ветувања за техничка подршка од колегите, но тоа не е доволно за овој сензитивен зафат. Деликатна е ситуацијата на рушењето и отклонувањето на фасадната облога а да не се протолкува како деструктивна. Пред се треба да е одлуката политичка – на актуелната Влада и треба да се однесува на модернизирање на објектот со враќање на неговата есенцијална примарна вредност, а пак тоа бара соодветна подготовка, анкета, кампања, реафирмација итн.
ПОРТА
архитектура
АРХИТЕКТУРАТА НА ЈУГОСЛАВИЈА 1948-1980 ВО ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРНА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА ВО БЕЛГРАД
Создавање на конкретна утопија Делува парадоксaлно дека на овие простори пред половина век е градена архитектура која денес е претставена, можеби во најважната галерија на модерна уметност во светот, а денеска главно се градат објекти кои малкумина можат да ги фасцинираат, не само овде, уште помалку некаде вон земјите на поранешна Југославија Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Белград)
Ч
ПОРТА
етири дена (од 12 до 15 ноември) траеше настанот под име „Создавање модерна утопија: Архитектурата на Југославија 1948-1980“ во Центарот за културна деконтаминација во Белград. Директен повод за еден ваков повеќедневен форум е актуелната изложба во Музејот на модерна уметност (МоМА) во Њујорк „Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia 1948-1980“. Покрај повеќегодишната работа на тимот истражувачи на форумот говореа и некои од протагонистите од тој период. Повоената обнова во поранешна Југославија создала единствено архитектонско, културно и уметничко наследство на овие простори. Архитектурата и урбанизмот, како двигатели на модерноста во општеството во Југославија претставуваат специфични творечки вредности како кон светските остварувања во сличниот период, благодарејќи на општествениот контекст на Југославија, така и кон вредностите на општествената трансформација и транзиција во времето кое дојде после. Архитектурата на Југославија била свесен двигател на модерноста на општеството и подобрување на секојдневниот живот, од аспекти кои се однесуваат на станови до цели населби. Во текот на четирите дена, колку што траеше настанот, посетителите имаа можност да видат и слушнат бројни предавања, како водење низ споменатата изложба, разговори на истражувачите, гледање документарни филмови, предавања за модернизација на примерот на урбанизација во Србија, обнова на градовите преку примерот на обновата на Скопје. Се водеа и разговори со авторите.
Третиот ден говореа архитектите Миленија Марушиќ (Блок 61-63 во Белград, населба „Церак виногради“ во Белград) и Драгољуб Бакиќ (Хала Пионир, станбена населба „Вишњичка бања“). Ги претставија своите лични искуства во создавањето на архитектурата и урбанизмот во различни периоди на Социјалистичка Југославија. Како посебен дел на настанот се говореше и за спомениците и меморијалните целини посветени на паднатите борци од Народноослободителната борба. Поради болест беше спречен да дојде вајарот Миодраг Живковиќ (1928), кој е автор на повеќе споменици: Споменикот на Тјентиште (1971), Споменик на стреланите ученици во Крагујевац (1963), Споменкомплексот Кадињача кај Ужице (1979), Споменикот на паднатите борци во Приштини (1961). За овие дела говореше историчарот на уметност Бранислав Димитријевиќ. Изложбата во Њујорк каде е претставена архитектурата на социјалистичка Југославија покажува дека денес од одредена временска и просторна дистанца постои големо интересирање за творештвото во таа земја. Нејзиното наследство, често маргинализирано и во сегашниот општествен контекст недоволно ценето, доживува признанија на места кој тој творечки замав не го гледаат низ призма на дневна политика. Веројатно е невозможно на една таква изложба да се претстават сите битни сегменти кои го карактеризираат тој период на творештвото, но можно е да се даде увид дека во минатите времиња на овие простори постоел многу квалитетен пристап кон проблемите со кој се сретнувала архитектурата низ идејата за
модернизација на општеството. Од денешна перспектива на просторите на поранешна Југославија, делува неверојатно дека некои градежни претпријатија, кои се занимавале со проектирање на споменатите урбанистички и архитектонски проекти, имале свои одделенија во кои се правени истражувања. Познато е дека во Институтот на истражување на материјали, постоело одделение кое се занимавало со истражување на типологијата на станови кои се градени во тогаш современите станбени објекти. Според зборовите на еден од авторите, архитект Михајло Чанк (починат 2014 година), во документарен филм од пред неколку години „нашата цел беше да направиме што поголеми соби во што помали станови, бидејќи тие станови не беа за продажба на комерцијален начин“. Колку е неверојатен овој пристап од пред скоро половина век, говори податокот дека денес главно не постојат такви јаки претпријатија кои вработуваат голем број архитекти и дека не постојат ни истражувачки одделенија. Сепак, дека тој пристап не претставува само реликт на едно социјалистичко минато се гледа и по тоа што глобално познати архитектонски бироа, како холандското ОМА или данското 3XN имаат свои истражувачки одделенија. За значењето кое повоената архитектура на Југославија го имала на значајните современи архитекти говори и податокот дека Рем Колхас, кога пред десетина години престојувал во Белград, барал да се сретне со Зоран Бојовиќ, архитект од „Енергопројект“, кој го работел саемот во Лагос, Нигерија. ПОРТА
На некој начин приказната на „Создавање конкретна утопија“ е приказна за минати времиња, преку сокрино воодушевување за тој период и жалење. Колку и да се ваквите настани инспиративни и интересни, тие се свртени кон минатото време од кое посетителите можат да научат и подобро да го разберат контекстот на тоа време, но немаат можност да го применат во сегашноста или да ја променат сликата на современата архитектура во постјугословенските простори. Од архитектура во која се создаваат големи обмислени населби, па сè оди толку многу во детали, архитектите го проектираат и целиот мебел, каков што бил случајот со Палатата на Сојузниот извршен совет во Белград, каде во претпријатијата постојат тимови кои се занимаваат со истражувања во архитектурата, се стигнува до мрачна слика на современата архитектура на овие простори, каде тенденциите ги уредува високата политика и ситните инвеститори. Делува парадоксално дека на овие простори пред половина век е градена архитектура која денес е претставена, можеби во најважната галерија на модерна уметност во светот, а денеска главно се градат објекти кои малкумина можат да ги фасцинираат, не само овде, уште помалку некаде вон земјите на поранешна Југославија. Поради тоа, архитектурата на Југославија во повоениот период делува како утопија, на некој начин е конкретна бидејќи можеме да ја видиме, да ја допреме и за неа да слушаме од луѓе кои учествувале во нејзиното создавање. Да не е така, овие настани би претставувале само утопија, како што е утопија дека она што се создава денес на овие простори ќе биде предмет на некоја изложба во МоМА за некои педесет години.
52
ПОРТА
30 ноември 2018
ПОРТА
екологија
Решенијата за загадувањето од ПМ-честичките во воздухот „на маса“ Решенија за намалување на загадувањето стигнаа од академици, експерти, професори кои велат дека причините за високите концентрации на ПМ-честичките во воздухот се во греењето на домовите, сообраќајот и старите автомобили, урбанизацијата...
Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
С
о барање мерки за намалување на загадувањето почна и оваа сезона, а ПМ-честичките веќе се и до пет пати повисоки од максимално дозволените концентрации. Мерните станици на повеќето локации не работат, но сепак непријатната миризба во воздухот се чувствува во текот на целиот ден, а тоа е поизразено наутро и навечер. Решенија за намалување на загадувањето понудија и од Македонската академија на науките и уметностите каде се одржа конференција на тема „Загадувањето на градовите во Република Македонија: кои се решенијата?“. Предлози за намалување на загадувањето стигнаа од академици, експерти, професори, а причините за високите концентрации на ПМ-честичките наведуваат дека се греењето на домовите, сообраќајот и старите автомобили, урбанизацијата.
54
ПОРТА
30 ноември 2018
ГОЛЕМ БРОЈ ИЗГУБЕНИ ГОДИНИ ЖИВОТ Бројот на смртни случаи од аерозагадување секоја година расте и тој има достигнато бројка од седум милиони луѓе годишно кои го губат животот поради лошиот воздух. Мирјана Димовска од Институтот за јавно здравје на Македонија во студијата „Аерозагадувањето на нашите градови, причина за голем број изгубени години живот“ вели дека податоците за изложеност на населението на ПМ 2.5 честички и релативниот ризик за селектираниот здравствен исход се употребени за пресметка на епидемиолошкиот концепт. Исто така, пресметани се и годините на изгубен живот кои би можеле да бидат „спасени“ односно избегнати доколку концентрациите на ПМ 2.5 честичките се доведат до граничните вредности на ЕУ. „Проценетото оптоварување со болести од сите причини изразено како години на изгубен живот (YLL) е највисоко во Тетово, односно 10,343 годишно изгубени години на живот, и во Скопскиот Регион 30,256 изгубени години на живот. Процентуално, за трите
селектирани здравствени исходи доколку се постигнат нивоата на ЕУ-Директивата, ќе биде елиминирано 41 до 42 отсто од проценетото оптоварување во Скопскиот Регион и дури 74 до 77 отсто за Тетово“, се вели во студијата. Со цел редукција на загадувањето на воздухот од различни извори, потребна е целосна имплементација на мерките дефинирани во националните и во локалните планови за подобрување на квалитетот на воздухот, со давање приоритет на мерките со чие спроведување треба да се редуцираат емисиите од доминантните извори, се вели во презентацијата на Министерството за животна средина и просторно планирање насловена како „Управување со квалитетот на воздух во Република Македонија“. ГРЕЕЊЕТО ВО ДОМАЌИНСТВАТА НАЈДОМИНАНТЕН ПРИЧИНИТЕЛ Од низата причинители на лошиот квалитет на воздухот, како најдоминантен се издвојува греењето во домаќинствата. Лошата термичка
НАУЧНАТА ФЕЛА СО ПРЕДЛОЗИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ОТРОВИТЕ ВО ВОЗДУХОТ
„Скопје дише“ се 356 милиони евра за периодот од 2017 до 2025 година, а дополнителни 212 милиони евра се потребни за изградба на нови ТЕ-ТО, додека мерката изградба на енергетски ефикасни згради отвора можност за отворање на 690 нови работи места, се наведува во трудот.
изолација на објектите придонесува за поголеми потреби од енергија за греење, од една страна, а од друга страна, неефикасните печки и котли кои се користат за загревање на домовите придонесуваат за зголемување на локалното загадување. Така, во Република Македонија согорувањето на биомаса учествува со 90 отсто во вкупното загадување со PM10. За надминување на оваа состојба во трудот „Греење на градот Скопје – анализа на политики и мерки“, изработена од група експерти, се наведуваат мерките што треба да се преземат. Мерка што најмногу придонесува за намалување на PM10 и PM2,5 емисиите е промената на начинот на греење со ефикасни технологии, мерка што најмногу придонесува за намалување на CO2 емисиите е зголеменото прифаќање на централното греење, намалување за 60 отсто на PM10 и PM2,5 во 2025 во однос на 2015 година, со спроведување на сценариото „Скопје дише“, намалување за 11 отсто на CO2 емисиите во сценариото „Скопје дише“ во 2025 година во однос на сценариото „Скопје се гуши“, вкупно потребни средства за реализација на сценариото
И ВО СООБРАЌАЈОТ ТРЕБА ДА СЕ ДЕЛУВА На сообраќајот како една од причините за загадување треба исто така да се делува. Во трудот „Транспортот во Скопје – реалност и предизвици“ се наведува дека во Македонија транспортот е еден од секторите каде што во последните години се забележува растечки тренд на финалната потрошувачка на енергија, односно уделот од 24 отсто во 2012 се зголемил на 32,5 отсто во 2015 година. Како резултат на тоа се зголемуваат и емисиите на стакленички гасови од овој сектор, при што неговиот удел во вкупните национални емисии од 10 отсто во 2012 се зголемува на 13 отсто во 2014 година. Целта на овој труд, како што велат авторите, е да се предложат и да се оценат мерките за намалување на потрошувачката на енергија, емисиите на стакленички гасови и загадувачи на воздухот од патниот транспорт. За студија на случај е земен градот Скопје, како најголем град во земјата и град со најголем број регистрирани возила. Во рамките на трудот се предложени 10 мерки, кои генерално се во насока на искористување на поефикасни возила, поголем продор на хибридни возила и електрификација на транспортот. Анализите во трудот се направени за периодот 2012– 2025 година преку две сценарија и тоа референтно сценарио наречено „Исто како сега“ (моменталната ситуација) и сценарио што ги вклучува предложените политики и мерки наречено „Движење во вистинска насока“ (она што се очекува). Резултатите покажуваат дека со
имплементација на сценариото „Движење во вистинска насока“, во 2025 година ќе се придонесе за намалување на PM2,5 за 94 отсто во однос на нивното количество во 2015 година, CO и NMVOC за 78 отсто во однос на нивното количество во 2015, NOx за 74 отсто во однос на нивното количество во 2015 година, NH3 за 31 отсто во однос на нивното количество во 2015 година и емисиите на CO2-eq за 22,2 отсто во однос на сценариото „Исто како сега“. За да се реализира сценариото „Движење во вистинска насока“, потребно е во периодот до 2025 да се вложат дополнителни 686 милиони евра споредено со сценариото „Исто како сега“. Најголем дел од овие средства треба да дојдат од приватните и од физичките лица. Направени се и дополнителни анализи со кои е покажано дека со електрификација на секторот транспорт до 2025 година може да се отворат околу 230 дополнителни работни места, од кои најголем број во инфраструктурата. Професорите Бошко Цветковски и Кирил Сотировски од Шумарскиот факултет во Скопје во нивната студија „Семафори на раскрсници исклучиво за пешаци – очигледна мета за справување со загадувањето на воздухот во Скопје“ им сугерираат на властите, особено на Градот Скопје, и без натамошни набљудувања и анализи, итно да се инсталираат семафорски системи со копчиња за притискање по потреба на пешаците на сите ППАС во Скопје. Со активирањето на семафори според реалните потреби за преминување на пешаците, во голема мера ќе се намали воздушното загадување предизвикано од работата во место на возилата и нивното забрзување по целосно запирање. УРБАНОТО ЗЕЛЕНИЛО ГО НАМАЛУВА ЗАГАДУВАЊЕТО Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет во Скопје и Стефан Лазаревски од 30 ноември Скопје на Кензо2018 Танге ПОРТА
55
„Тајфа архитекти“ од Куманово во трудот „Предизвиците на урбанистичкото планирање во справувањето со загадувањата во урбаните средини“ наведуваат дека покрај познатите причинители на загадувањата, се поставува и прашањето дали и самото планирање на идниот развој на градовите е една од носечките причини за сè позагадените градови во Република Македонија. Урбанистичкото планирање, чија основа е неолибералната економија, се карактеризира со давање предност на интензивниот економски раст и правата на приватната сопственост над јавниот интерес, интензивната изградба како услов за стекнување капитал и слично. Ваквите тенденции доведуваат до неследење на севкупните потребни на граѓаните и, со тоа,
непочитување на потребите од соодветна инфраструктура, јавни услуги и сервиси, слободни градски простори. Намалените очекувања од целисходно и холистичко планирање на развојот на еден град, ги доведува градовите до колапс. Преизграденоста, неодржливите транспортни системи, несоодветното третирање на отпадот, неподдржувањето на еколошките системи, неекономичното и неодржливо трошење на ресурсите се само дел од последиците на несоодветното урбанистичко планирање, се наведува во трудот. Урбаниот развој значително влијае на почвените и на водните ресурси. Професорите Иван Блинков , Александар Трендафилов , Иван Минчев од Шумарскиот факултет во Скопје во
трудот „Акциски план за контрола на ерозијата во Скопскиот Регион“ велат дека проблемите со ерозијата потекнуваат од околните планини, но исто така, и од ридовите во градовите и од градилиштата. Интензитетот на ерозија на градилиштата (во и надвор од урбана средина) може да биде до 2.000 пати повисок отколку на шумско земјиште, 200 пати поголем отколку на пасиштата и 10 до 20 пати поголем од обработливото земјиште. Покрај тоа, на градилиштата се генерираат седименти исполнети со разни загадувачи, како што се фосфор, азот, нафтени продукти и други хемикалии, кои лесно се апсорбираат или се раствораат во водите. Научници од САД проценуваат дека штетата од урбаната ерозија се движи од 192 милиони долари до 2,2 милијарди долари нето-штети годишно во САД. Мерките за заштита од ерозија, покрај намалувањето на интензитетот на ерозија на почвата, значително влијаат и врз воздухот и врз водата, но и врз урбаната инфраструктура. Во трудот „Акциски план за контрола на ерозијата во Скопскиот Регион“ наведено е дека вкупните почетни трошоци за мерките и работите за заштита од ерозија и порои се проценети како што следува и тоа за Град Скопје се 35,95 милиони евра од кои за пошумување се 34,65 милиони евра и 1,3 милиони евра за други мерки. За Скопскиот Регион потребни се 43,9 милиони евра, од кои за пошумување се 38,6 милиони евра и за други мерки се 5,34 милиони евра. Како уште една од мерките за намалување на загадувањето се наведува и урбаното зеленило. Имено, има бројни истражувања кои потврдуваат дека урбаното зеленило го намалува загадувањето на воздухот и на урбаното
Возилата ќе добиваат еколошки налепници Согласно европските еколошки стандарди и добри практики, со предложените измени на Законот за возила, се воведуваат еколошки налепници за возилата, кои ќе бидат поделени во три еколошки категории во зависност од европските емисиони стандарди (ЕУРО 1, ЕУРО 2, ЕУРО 3, ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6) и од погонот на моторот на возилото, (на течен нафтен гас или на компримиран земјен гас, на електричен погон или хибридно возило). Со одлуките донесени од општините, односно од Град Скопје, во деновите кога ќе се утврди надминување на прагот на загаденоста во градските средини, се воведува ограничено движење во заштитени еколошки зони. Возилата од првата еколошка категорија (возила со европски емисиони стандарди ЕУРО 5 и ЕУРО 6, како и возила со емисија на издувни гасови ЕУРО 4 на кои е вграден уред на течен нафтен гас или компримиран земјен гас, хибридни возила и електрични возила) се означени со еколошка налепница во зелена боја, и ќе може слободно да се движат во заштитените еколошки зони. Возилата од втората еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди ЕУРО 3 и ЕУРО 4, како и возилата со емисија на издувни гасови ЕУРО 2 на кои е вграден уред за погон на течен нафтен гас или погон на компримиран земјен гас, ќе се означуваат
56
ПОРТА
30 ноември 2018
со еколошка налепница во жолта боја за кои ќе има ограничено движење во сообраќајот. Возилата од третата еколошка категорија, која ги опфаќа возилата со европски емисиони стандарди од ЕУРО 2 и пониско, како и возилата за кои производителот нема дефинирано емисија на издувните гасови, ќе се означуваат со еколошка налепница во црвена боја и за овие возила ќе се воведе забрана за движење во општините во период кога има загадување на воздухот.Еколошката категоризација на возилото ќе ја прави овластена техничка служба. Со донесување на Законот за изменување и дополнување на Законот за возила, согласно заклучоците на Владата ќе се утврдат и одредби со кои Министерството за економија се задолжува за воведување на Програми за доделување на субвенции при купување на возило на електричен погон или поврат на дел од средствата на физичките или правните лица кои ќе купат возило на електричен погон или хибридно возило. Истовремено со овој Предлог на закон се предвидува Програма за субвенционирање на купување на нови возила со одјава на старо возило со цел да се зголеми увозот на нови возила во однос на половните и значително ќе се забрза обновата на возниот парк, што значително ќе се влијае на намалувањето на загадувањето на воздух.
загревање, кое исто така, се смета за форма на загадување. Професорите Кирил Сотировски и Бошко Цветковски од Шумарскиот факултет во Скопје во трудот „Задавени стебла во урбаното зеленило - лоша практика, лесна за решавање, за да се спасат бројни индивидуални дрвја, инаку пред непосредно уништување“ им препорачуваат на службите одговорни за одржување на урбаното зеленило во градот Скопје и неговите општини да преземат итни активности за ослободување доволно простор за нормален раст на стеблата на ниво на почва. Ова е еден од најлесните и поевтини начини за продолжување на животниот век на овие стебла, понекогаш и со децении, и тоа во средина во која и без тоа станува многу проблематично да се садат големи стебла. Затоа е потребно да се преземат итни активности за ослободување доволно простор за нормален раст на стеблата на ниво на почва. Дивна Пенчиќ , Јана Белчева-Андреевска , Теа Дамјановска и Ивана Ангеловска од Архитектонскиот факултет, Советот на Општина Центар и Секторите за уредување на градежно земјиште и за урбанизам во трудот „Од визии и стратегии за одржлив развој до здрави и погодни за живеење
Академиците бараат решение за загадувањето Загадувањето на воздухот не е ништо ново во Македонија. Како најголеми загадувачи академик Глигор Каневче ги наведува домаќинствата, индустријата, почвата вклучително и прашината од улиците, сообраќајот, комерцијалниот и услужен сектор, енергетските трансформации. „Мерките кои треба да се спроведуваат за намалување на загадувањето треба да почнат од домаќинствата. Треба да имаат печки со висока ефикасност, да се подобри изолацијата на постојните домови и да се користат топлотни пумпи. Во индустријата, пак, треба да има пречистување со повисока ефикасност и горива со ниски емисии, да се подобри енергетската ефикасност, развој на енергетски екстензивни гранки, и да се воведат мерки за намалување на емисиите во градежништвото“, предлага академик Каневче. Неговиот колега академик Ѓеорѓи Старделов смета дека во време кога загадувањето зема сè подраматичен тек она што треба да се направи е да се разбере важноста на природата. „Ние никогаш не ја сфативме природата како живо битие, како жив субјект, без чиј опстанок не е можен нашиот.Човекот треба да се сети и вразуми дека сам можеби најмногу загадува“, вели Старделов предлагајќи урбанизација на селата, кои како што рече, се единствена база на чист воздух и животна средина. „Градот треба да има концепција дали ќе биде од отворен или затворен тип, да се знае границата на бројот на жители и храбро да се ограничи и стопира доселувањето. Тоа е една од мерките, а другата за спас на градот е хортикултурното уредување. Тоа е најважно и без него треба да не се добива дозвола за градба“, смета Старделов. градови“ велат дека локалната власт е клучна во остварување на визијата за одржливи градови и градови за здрави и среќни луѓе. Само високосвесни и одржливи политики
можат да овозможат планирање, изградба и менаџирање на градови во кои граѓаните го остваруваат стремежот за поднослив, здрав, чист град.
30 ноември 2018
ПОРТА
57
репортажа
МЕТРОПОЛА КОЈА НУДИ ПОВЕЌЕ ОД ОНА ШТО СЕ ЗНАЕ
Брисел – градот на различностите и уметностите Текст и фото: Кате АНТЕВСКА (специјално за Порта 3 од Брисел)
Од другата страна на Шуман се наоѓа старата архитектура со добропознатите куќи од почетокот на дваесеттиот век, импресивните објекти во артнуво-стил, малите камиончиња од кои се шири мирис на топло чоколадо и вафли, стотиците паркови и исто толкуте музеи
ПОРТА
К
ога станува збор за Брисел веднаш ни паѓаат на ум институциите на Европската Унија и илјадниците луѓе од цела Европа облечени во костими како брзо чекорат кон таканаречената област Шуман. Област позната по висококатниците и објектите од стакло, рестораните и кафебаровите, кои се најчесто полни со луѓе што работат во околните институции. Понекогаш може да се види по некој турист, кој изморен од целодневното пешачење се обидува да направи фотографија од добропознатата зграда на Европската комисија, за потоа да се одмори во малиот и речиси скриен парк Леополд, кој дава посебен шарм на Шуман. Доколку сте дојдени во Брисел на службено патување и немате доволно време да го разгледате, вашата слика нема да биде целосна за овој град. Од
другата страна на Шуман се наоѓа душата на овој град. Старата архитектура со добропознатите куќи од почетокот на дваесеттиот век, импресивните објекти во артнуво-стил, малите камиончиња од кои се шири мирис на топло чоколадо и вафли, стотиците паркови и исто толкуте музеи. Брисел е град на различности, дом на луѓето од цел свет, дом на јазиците на светот, место каде се среќаваат културите. И додека во Шуман се преговара за сериозни теми, во центарот на Брисел се одржуваат концерти, изложби, перформанси и разни уметнички случувања. Уличните музичари, пак, се вовед во она што следува зад затворените ѕидови на изложбените и концертните сали. Близу Централната метро-станица, која е неизбежна точка на оние што доаѓаат да го видат центарот на градот, се наоѓа урбаното јадро „Mot des arts“, што во превод значи Рид на уметностите. Оттука се отвора најубавата визура на градот и почнува стариот дел од Брисел. На високите скалила што водат до Музејот на Рене Магрит и Музејот на инструментите одмараат туристите и жителите на овој град и собираат сила за нов уметнички предизвик. Музика, улични продавачи на ракотворби и неизбежниот мирис на вафли. Во правец кон градскиот парк, не далеку од „Mot des arts“, е кралската палата и Музејот на старите мајстори, во кој, меѓудругите, се наоѓаат слики од
ПОРТА
59
славните Питер Бројгел и Хиеронимус Бош. Наспроти музеите што раскажуваат за подлабокото минато, на неколку метри од најубавата точка на градот, е центарот за убави уметности „Бозар“. Тоа е најдинамичниот уметнички простор, во кој постојано и во
ПОРТА
истовреме се одржуваат концерти на познати музичари, проекции на филмови, изложби и перформанси. И колку и да се обидувате, не е возможно да сe види сѐ во неколку дена. Сосема друга приказна, пак, е уличната уметност и стриповите. Колкумина од вас знаат
дека Штрумфови и Тинтин потекнуваат од Белгија? Но тоа е веќе сосема друга тема. И повторно се враќаме пред Централната метро-станица, но овојпат продолжуваме кон центарот на градот, го фаќаме патот по малите тесни улички на кои се нижат малите продавници и барови. И веќе тука се добива чувство како да си во некој средновековен град бидејќи е сочувана средновековната структура на градот. Големите булевари се заменети со мали улици и речиси секогаш се преполни со туристи. Не е чудо и да се изгубите во тој метеж бидејќи ќе имате чувство како да сте во лавиринт. Но тогаш доволно е само да погледнете нагоре и да ја видите највисоката кула која ќе ве однесе до целта - главниот плоштад или „Гранд плац“. Невозможно е овде да не застанете и да не пробате по некое од добропознатите белгиски пива. „БОЗАР“ – богата културна покана Ако ве носи патот накај Брисел оваа есен или за време на новогодишните празници, не заборавајте да погледнете во културната понуда на „Бозар“. Во текот на октомври, па сѐ до февруари се одржува џез-фестивал, кој носи познати музички имиња. Комплетно музичко доживување минатиот викенд приредија музичарите од американкиот џез-состав „Џејмс Фарм“, а следуваат „Сан Франциско џез колектив“, „Ескаландрум“ со изведба на музика од познатиот аргентински музичар Астор Пијацола, Чик Кореа и многу други. „Над Климт“, пак, е насловот на изложбата што ќе биде отворена до 20 јануари и носи платна од познатите Егон Шиле, Оскар Кокошка, Густав Климт и други. Секоја пролет во „Бозар“ традиционално се одржува и „Балкан трафик фестивал“.
ПОРТА
уметност
Непомирливо и саркастично творештво што ги презема и ги надминува сите влијанија Единствено за неговите скулптури во музеите не важел натписот „не допирај“, односно, посетителите биле повикувани да бидат активни во однос на нив преку контакт и „комуникација“ Текст и фотоДејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз)
В
о Националниот центар за современа уметност и култура „Жорж Помпиду“ во Париз, отворена е голема ретроспективна изложба посветена на творештвото на Франц Вест. Со речиси 200 дела, оваа уникатна ретроспектива, едноставно именувана FRANC WEST - најсеопфатна до денес - се обидува да го испита наследството на овој австриски уметник, еден од највлијателните во последните педесет години. Австрискиот уметник Франц Вест (1947-2012) е еден од најзначајните современи уметници кои се занимавале со скулптура, но работел и на колажи и инсталации. Неговите рани дела, водени од идејата за Passstücke (адаптирање), биле скулптури кои посетителите на музеите и галериите требало да ги држат близу до своите тела (да ги моделираат) за да истите станат „комплетни“. Вест важи за голем иноватор кога е во прашање скулптурата, која ја доживувал и развивал како своевиден метајазик. БЕЗВРЕМЕНСКИ КВАЛИТЕТ Како слободен и независен дух, Франц Вест бил непознат речиси дваесет години, пред неговите скулптури од раните 70-ти години да го привлечат меѓународното внимание кон крајот на 80-тите години на 20 век. Парадоксално, ова задоцнето признавање овозможило силно влијание на Франц Вест врз младите генерации од 90-тите години на минатиот век, а истовремено му помогнало на овој автор да биде ослободен од каква било генерациска категоризација и му бил даден еден вид безвременски квалитет. Комплексниот карактер на Франц Вест длабоко индивидуалистички и скептичен, но истовремено, континуирано ангажиран во
62
ПОРТА
30 ноември 2018
МЕЃУНАРОДНИ ИЗЛОЖБИ / РЕТРОСПЕКТИВНА ПОСТАВКА НА ФРАНЦ ВЕСТ ВО ЦЕНТАРОТ „ЖОРЖ ПОМПИДУ“ ВО ПАРИЗ дијалог и дискусии полни со игривост и сарказам - го довеле до развивање на уникатно дело што може да ги преземе и да ги надмине сите влијанија. Со продукција од над шест илјади датирани дела до денес, неговата работа засекогаш ги замаглува границите помеѓу уметноста и животот во сите најобични аспекти. Покрај тоа, неговото творештво постојано „лета“ помеѓу популарната и културната уметност, помеѓу непосредната акција и контемплацијата, помеѓу индивидуалното и групното, помеѓу „природното“ и интелектуалното, помеѓу уметноста и занаетот... Конкретно, изложбата во „Помпиду“ е уникатна прослава на творештвото на уметникот од 1972 до 2012 година. Поставката ги вклучува неговите рани цртежи, произведени помеѓу 1970 и 1973 година и ретко изложени, како и неговите први скулптури, Passstücke (Adaptives), создавани почнувајќи од 1973/74 година. Изложбата, исто така, вклучува избор на дела од papier-mâché од 80-тите години, избор на негови парчиња мебел, негови столчиња и софи, неговите Lemurenköpfe или Lemur Heads, неговите подоцнежни колажи и цртежи, шаблони за неговите отворени дела, како и избор на неговите надворешни скулптури. На оваа изложба, Вест е препознаен како за неговиот извонреден капацитет за уметнички изум, така и за неговиот непомирлив и саркастичен пристап. Франц Вест развил оригинален стил со редефинирање на скулптурата во однос на телото, гледачот и вербалната димензија. Префигурирајќи го ѓубрето во 90-тите години, тој постојано ги превртувал идеите за грдотијата и убавината, за одбивноста и привлечноста. Повеќе од кој било друг уметник, тој го редефинирал концептот на авторот и соработката со други уметници, од визуелни уметници до музичари и писатели. Изложбата, исто така, ги открива влијателните врски помеѓу Франц Вест и филозофијата и психоанализата, односно Лудвиг Витгенштајн и Сигмунд Фројд, а исто така, и неговата страст кон музиката. ПОЧЕТОЦИ И КАРИЕРА Австрискиот уметник Франц Вест е роден во 1947 година. Неговиот татко бил трговец со јаглен, додека неговата мајка била стоматолот. Таа често пати го земала својот син на патувања во Италија каде што посетувала разни музеи и галерии. Сепак, Вест почнал сериозно да ја проучува уметноста на 26-годишна возраст, кога помеѓу 1977 и 1983 година, студирал на Академијата за ликовни уметности во Виена. Вест почнал со реализација на цртежи околу 1970 година, пред да премине на сликарски колажи кои вклучувале фотографии и илустрации од разни списанија, што било 30 ноември 2018
ПОРТА
63
резултат од влијанието на поп-арт. Неговата уметничка практика започнала како реакција на движењето на виенскиот акционизам, кој во тој период доживеал вистински замав. Во текот на последните 20 години од своето творештво, тој редовно присуствувал на големите изложбени манифестации како
64
ПОРТА
„ДОКУМЕНТА“ и Венециското биенале, а неговите дела се претставени во најголемите музеи и галерии. Уметничките дела на Вест обично се изработени од гипс, мека хартија, жица, полиестер, алуминиум и други обични материјали. Како што споменавме, тој почнал со цртежи и сликарство, но потоа се свртел кон
колажи, скулптури, преносливи скулптури именувани Adaptives, и парчиња мебел – „заварени метални столчиња и дивани, некои минимално врежани и тапацирани со сирово платно“. За своите рани скулптури, Вест често користел секојдневни предмети - шишиња, делови од машини, парчиња мебел и други непознати работи – и ги покривал со газа и гипс, создавајќи „избледени и валкани бели предмети“. Во доцните 90-ти години на 20 век, Вест се свртел кон големи лакирани алуминиумски објекти, познати како форми на Adaptives. Така, првото од нив (и неколкуте потоа) биле инспирирани од формите на виенските колбаси. Со нивните монохроматски бои и неправилни површини на крпеници, овие дела биле, исто така, наменети за седење и лежење. „Не е важно како изгледа уметноста, туку како се користи“, е констација на Вест, која можеби и најдобро во целост го објаснува неговото творештво. Музејот на уметноста во Балтимор со помош на поранешниот виш куратор на современа уметност, Дарси Александер, бил домаќин на првото „сеопфатно истражување“ во САД на уметничките дела на Франц Вест, во кое било сместено и неговото најново дело дизајнирано специјално за овој музејот – „Иго и Ид“. Делото се „состои од две конфигурации на згужвани ленти кои како петелки се издигнуваат на височина од 20 метри. Едната е светло розова, а другата е уредно насликана во блокови од зелена, жолта, сина и портокалова боја. И двете имаат тркалезни столчиња од долниот крај на петелките“.
Во 1992 година, тој ја претставувал Австрија на Биеналето во Венеција, а во 2010 година имал изложби во Музејот Лудвиг во Келн, потоа во МАДРЕ - Museo d'Arte contemporanea DonnaREgina во Неапол и во „Кунстхаус“ во Грац. За сезоната 2009/2010 во Државната опера во Виена, Франц Вест дизајнирал голема слика (176 метри) како дел од изложбената серија „Безбедносна завеса“. СОРАБОТКИ За време на својата кариера, Вест соработувал со други уметници, како што се концептуалните уметници Бернхард Цела и Даглас Гордон, Херберт Брандл, Хајмо Зоберниг и Алберт Оелен, музичарот Фред Јелинек, производителот на мебел Матис Естерхази и грузиската авторка Тамуна Сирбиладзе (инаку, вдовица на Вест со која има две деца). За друга изложба во 2012 година, Вест соработувал со колегата уметник Анселм Рејл на серија мебелни скулптури. „ADAPTIVES“ Околу 1980 година, Вест почнал да создава „гипсени објекти, обично неколку метри долги, наменети да бидат ставени преку лицето, да се носат околу половината или околу вратот. Иако сугерираат да делуваат како маски и реквизити за commedia dell'arte, нивните форми се обично двосмислени: без разлика колку можат да бидат фигуративни и сексуални објекти, тие остануваат апстрактни. Овие дела може да се носат на улица или да бидат „партнери“ во восхитен солипсиски танц. Тој/таа што танцува
со нив делува истовремено и како заштитен и како заробен. Неговиот пријател Рајнхард Приесниц ги именувал како Passstücke (адаптирање) , но Вест преферирал друг конкретен англиски термин Adaptives. ВЛИЈАНИЈА Овој голем австриски уметник, добитник на Златниот лав за животно дело на 54. Биенале во Венеција во 2011 година, почина на 26-ти јули во 2012 година во Виена, на возраст од 65 години, по долги и тешки болести. По повод неговата смрт, Фондацијата „Френк Вест“ и познатите галерии кои ги застапуваале (Gagosian, Meyer Kainer и Eva Presenhuber) истакнале во заедничкото соопштение дека светот го загубил „големиот уметник кој го
промени начинот на кој луѓето гледаат на уметноста и на себе“. И навистина, како уметник тој се одликувал со единствен тематски придонес во современата уметност, чијшто богат и силен опус повикува на согледување на уметничката продукција во однос со другите интелектуални дискурси. Вест инспирирал и влијаел на современиците, студентите, почитувачите, а неговата сензибилност на скулптурите кулминирала со физичкото ангажирање на гледачот, кој станал дел од неговото творештво. Единствено за неговите скулптури во музеите не важел натписот „не допирај“, односно, посетителите биле повикувани да бидат активни во однос на нив преку контакт и „комуникација“. Изложбата во Националниот центар „ Жорж Помпиду“ во Париз трае од 12 септември до 10 декември 2018 година.
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА