ПОРТА 3 275 издание

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

Sre}ni prazici

90 ДЕНАРИ

275

ДЕКЕМВРИ 2018

Екологијата во Македонија остварлива или бескрајна надеж „Лиса“ - модерен концепт за потребите на урбаното живеење Паркот „Зарјадје“ е врската што недостасуваше



ПОРТА


СОДРЖИНА 10

ИНФО 6 ЌЕ СЕ РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ СО ЛИНДАНОТ ВО ОХИС

ИНФО 7 ОБРАЗЛОЖЕНА ПОТРЕБАТА ОД ОТВОРАЊЕ НА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА-ШТУКА

ИНТЕРВЈУ 10 ЈАНИ МАКРАДУЛИ: ЕКОЛОГИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА ОСТВАРЛИВА ИЛИ БЕСКРАЈНА НАДЕЖ

22

ГРАДЕЖНИШТВО 14 СПОЈ НА КОНСТРУКЦИЈА, АРХИТЕКТУРА И ПЕЈЗАШ

40

АРХИТЕКТУРА 22 „ЛИСА“ - МОДЕРЕН КОНЦЕПТ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА УРБАНОТО ЖИВЕЕЊЕ

АРХИТЕКТУРА 28 ПАРКОТ „ЗАРЈАДЈЕ“ Е ВРСКАТА ШТО НЕДОСТАСУВАШЕ

СТАВ 36 МАЏИР МААЛО ВО РАСЧЕКОР МЕЃУ МИНАТОТО И СЕГАШНОСТА

АРХИТЕКТУРА 40

ЛЕДЕН БРЕГ – ИГРА НА СВЕТЛИНАТА И ОБЛИЦИТЕ

EНТЕРИЕР 44

56

44

ЛУКСУЗ, ЕЛЕГАНЦИЈА И ГЛАМУР

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 48 ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ МОРА ОДГОВОРНО ДА СЕ ТРЕТИРА

ЕКОЛОГИЈА 52 УСЈЕ ЌЕ ГИ ЗАМЕНИ КЛАСИЧНИТЕ ФОСИЛНИ ГОРИВА СО АЛТЕРНАТИВНИ

НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 56 „СЕВЕРНА КУЛА“ ЗА „ГОЛЕМОТО ЈАБОЛКО“

ХОРТИКУЛТУРА 60 БОТАНИЧКА ГРАДИНА – ДОМ НА РАСТИТЕЛНОТО БОГАТСТВО

РЕПОРТАЖА 64 СКАПОЦЕНА КРУНА НА ВРВОТ ЗЛАТОВРВ

УМЕТНОСТ 70 ВЕШТА ОБРАБОТКА НА ФИГУРАТИВНИТЕ МОТИВИ

УМЕТНОСТ 72 БЛОКБАСТЕР ИЗЛОЖБА ГО ПРОСЛАВУВА МАЈКЛ ЏЕКСОН

ПОРТА

25 јули 2014

64

72


ГОДИНА XII

БРОЈ 275 ПЕТОК 28.12.2018 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Почетокот на новата година и неработните денови се одлична можност за да се прочитаат интересни текстови, да се збогати знаењето и да се прошират видиците. И во овој новогодишен број „Порта 3“ обработува теми од областите кои не засегаат сите градежништвото, архитекурата и здравата животна средина. Во интервју заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули одговара на прашања поврзани со загадаениот воздух, пречистителните станици, депонијата Дрисла, РЕК Битола, за делувањето на Македонија во полето на климатските промени. Скопје е град со посебна приказна, создаван со векови, со историски слоеви, стари урбани четврти и архитектура во која многу генерации вградиле дел од себе. И токму кога човек ќе помисли дека сето тоа резултирало во еден романтичен град, многуслоен и организиран по мерка на неговите жители, ќе погледне наоколу и ќе сфати дека таа приказна одамна завршила. Со масовната градба компактноста на станбените структури е нарушена, а просторот деградиран. Маџир Маало е местото кое е во расчекор меѓу минатото и сегашноста. Оваа мала населба во центарот на градот ќе стане пренаселено станбено гето, во кое нема предвидено ни училиште, ни градинка. Не е предвидена ниту зелена површина, а ни детско игралиште. Само во мал број згради има услови да се реши паркирањето во рамките на градежната парцела, што создава ризик од сообраќаен хаос. Од пред еден месец во Општина Аеродром отворен е новиот трговски центар „Лиса“. Центарот претставува модерен концепт што ги задоволува сите потреби на урбаното живеење, и на едно место ги обединува купувањето, гастрономијата и забавата преку понуда на различни содржини. Во светските градови е многу сложено и комплексно кога треба да се донесе одлука да се гради нешто што е јавно, што припаѓа на сите, нешто каде единствениот мотив не е профитот, а треба да се изгради во центарот на Москва, во самото срце на големата Русија. Паркот „Зарјадје“ во Москва е токму тоа, одлука голема како Русија. „Зарјадје“ е парк во истоимената област, веднаш до Црвениот плоштад, покрај црквата „Василије Блажени“ на најскапото парче земја во најголемата земја на светот. Простор

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Sre}ni prazici

со долга историја на местото на урнатиот хотел „Русија“, под ѕидовите на Кремљ, непосредно до реката Москва и најдобрите панорамски погледи на градот. Во овој број ви ги пренесуваме сите содржини што може да се најдат во паркот. Контејнерското пристаниште Архус во Данска се претвори во разигран станбен кварт. Леден брег е игра на светлината и облиците, комплексот е проектиран со многу сериозен пристап, тргнувајќи од оригинална идеја, која е инспирирана од местоположбата и е следена со длабока анализа на визури и инсолација. Природно-математичкиот факултет во Скопје доби нов објект. Ботаничката градина е дом на растителното богатство. Со изградбата на објектот, создадени се потребните услови за реализација на новата функција на ботаничката градина на ПМФ во Скопје, таа да прерасне во центар за заштита на растителната разновидност во нашата земја. Луксуз, елеганција и гламур е она што го прави ентериерот на салонот за убавина „Мое студио – Дадар“ привлечно за клиентите. Користено е континуирано визуелизирање на архитектот, проектирање со ефект на сценографија, односно создавање на простор со решавање на секој дел посебно, а вооедно континуирано замислување на истиот како една компактна уметничка целина. Загадувањето како најгорлив проблем во Скопје е нешто на што сите институции и индустриски капацитети треба да работат за негово намалување. Во скопската Цементарница се подготвува новина. УСЈЕ ќе ги замени класичните фосилни горива со алтернативни. Во овој процес ќе се користат најдобрите светски искуства, експертиза и докажано ефикасни технологии. Област во која се кријат можности за напредок, и повеќекратни придобивки е енергетската ефикасност која мора одговорно да се третира. Енергетските карактеристики на зградите кај нас се регулирани во Правилникот за енергетски карактеристики на згради од 2013 година, но за жал пазарот сеуште не е адаптиран кон овие промени Нашиот дописник од Париз за овој број на списанието подготви интересен извештај за изложбата „Michael Jackson: On The Wall“ во „Гран Пале“. Станува збор за една од најочекуваните изложби за 2018 година која ги обединува делата на над 40 познати уметници ОД РЕДАКЦИЈАТА 275 ДЕКЕМВРИ 2018

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: Бранко Гапо ул. 852 бр.58 1000, Скопје Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

Екологијата во Македонија остварлива или бескрајна надеж „Лиса“ - модерен концепт за потребите на урбаното живеење Паркот „Зарјадје“ е врската што недостасуваше

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

ПРОЕКТАНТ DILLER SCOFIDIO + RENFRO

Насловна страница ПАРКОТ „ЗАРЈАДЈЕ“ MOСКВА, РУСИЈА

90 ДЕНАРИ

Датум на печатење: 24.12.2018 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Ќе се решава проблемот со линданот во ОХИС

В

ладата најави активно решавање на проблемот со отстранувањето на индустрискиот токсичен отпад „линдан“ којшто со години се наоѓа во две депонии во фабриката „ОХИС“ во Скопје. За ова потпишан е Меморандумот за соработка со Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации – UNOPS и со Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралството Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора. Успешната имплементација на Проектот има за цел создавање на заеднички фонд, како системски механизам за расчистување на индустрискиот токсичен отпад во поранешната фабрика ОХИС во согласност со европските стандарди, хармонизација во полето на заштита на животната средина и промоцијата на Град Скопје како безбеден, отпорен и одржлив град. „Веќе е познато дека одредена количина од овој опасен пестицид со години е затрупан во кругот на фабриката и претставува закана за животната средина. Македонија, со потпишување на Стокхолмската конвенција во 2004 година, во којашто линданот како токсична материја е додаден во 2009 година, e обврзана да го реши овој проблем. И затоа час поскоро мора да го дислоцираме отпадот без 6

ПОРТА

28 декември 2018

последици врз околината и врз граѓаните“, истакнува премиерот Зоран Заев. Според, генералниот секретар Драги Рашковски, можни се три решенија за трајно решавање на проблемот со линдан во поранешната фабрика ОХИС, за чија реализација ќе бидат потребни од 40 до 260 милиони евра. „Во зависност од собраните средства ќе зависи изборот на методот што ќе го користиме за уништување на отпадот од опасниот пестицид линдан. Сакам да истакнам дека истовремено ќе се чистат двете депонии во поранешната фабрика ОХИС и очекуваме дека тој процес ќе трае од три до пет години“, истакнува Рашковски.

Амбасадор на Кралството Норвешка за Македонија, Србија и Црна Гора Арне - Санес Бјорнстад истакна дека неговата земја е задоволна што може да ѝ помогне на Македонија за да ја дислоцира најцрната еколошка точка во земјата. Депонијата на ОХИС е создадена од средината на седумдесеттите години, кога употребата на линданот била забранета. Дотогашното производство од 13 илјади тони е оставено на отворено, без претходна подготовка на подлогата. Неколку години подоцна, поради неподносливата миризба на пестицидот, депониите се покриени со околу 20 илјади тони земја. Па сега таму опстојува депонија со над 30 илјади тони опасен отпад.


инфо

Образложена потребата од отворање на рудникот Иловица-Штука

О

дговорното рударство е цврста и безбедна основа за остварување економски раст, аргументираа професорите Благој Голомеов од Факултетот за природни и технички студии при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Љупчо Петковски од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на средба со населението од општините Босилово, Ново Село и Струмица во организација на концесионер на проектот за рудник за бакар Иловица – Штука. „Самиот концепт на модерен рудник значи одговорен рудник во кој се преземени мерки за заштита на животната средина и заедницата. Населението многу е заинтересирано и за можностите за вработување, насочено школување на младите за рударство, кога рудникот ќе почне да работи, како и кои се можностите за обука и едукација за високо квалификувани позиции. Едноставно, како рудникот ќе влијае на нивното секојдневие“, вели Варшан Гокул, извршен директор на Еуромакс Ресоурцес. Проектот, според професорот Голомеов предвидува обработка на рудата со наједноставен физички процес, флотација, безбеден за животната средина. Тој потенцираше дека цијанид и сулфурна киселина нема да се користат. Според професорот и земјоделството и рударството се гранки од стратегиска важност за економскиот развој на Македонија и нема реална причина да не коегзистираат заедно доколку се базираат на наука и на принципи на одговорно рударство. „Со само 0,2 отсто реален раст на БДП во Македонија во 2017, овие две гранки на економијата се значајни и ниту една не смее да биде отфрлена. Земјоделството ангажира околу 120 илјади лица со просечна нетомесечна заработка од 290 евра. Рударството вработува околу 6.500 луѓе со просечна нето-

месечна плата од 486 евра или 68 отсто повеќе од земјоделството. Како коефициент, рударството има далеку повисок импакт врз економијата бидејќи секое едно евро активност генерира вкупно пет евра, во споредба со само 1,8 евра во земјоделството. Ако 10 илајди луѓе имаат шанса да се префрлат од земјоделство во гранка со повисока додадена вредност како рударството, тогаш нивниот животен стандард, односно месечните примања ќе се зголемат за 68 отсто и би се зголемил и БДП за 166 милиони евра или за 1,7 проценти“, рече професорот Голомеов. Професорот Петковски ги објасни карактеристиките на каменонасипната брана, и примената на геотекстилната мембрана што ќе се користи во хидројаловиштето како и стабилноста на насипот. „Браната е каменонасипна. Според конструкцијата е една од најстабилните затоа што јаловината се држи надвор од телото на браната и нема контакт со материјалот во

потпорното тело. Кога ќе се исполнува таложното езеро, тогаш тоа ќе дејствува како товар што ја стабилизира браната. Ако бараниот коефициент на браните е 1,5, кај „Иловица-Штука“ е до пет. Таа ќе биде постабилна од водните брани. Јаловишниот материјал со време ќе се зацврстува, а со тоа ќе се зголемува и стабилноста“, потенцираше професорот Петковски. Проектот Иловица – Штука е изработен од домашни, меѓународни експерти и професори и е во целосна согласност со македонските закони, најдобрите практики, како светските и ЕУ-стандарди за областа. Од Еуромакс објаснија и дека ќе нема загадување на животната средина ниту влијанија врз земјоделството, ќе се контролираат сите параметри како прашината, патиштата, квалитетот на водата, воздухот, почвата и бучавата. Иловица – Штука ќе биде модерен рудник на можности со вкупна инвестиција од околу 340 милиони евра. Притоа, инвеститорот во наредните 20 години локално ќе троши околу 74 милиони евра годишно, додека за даноци годишно ќе се издвојуваат по 24 милиони евра. Инвеститорот најави дека ќе обезбеди 1.000 директни вработувања за време на изградбата, а потоа 500 директни вработувања за време на работење на рудникот со приоритет за локалното население. Преку соработката со локалните бизниси, рудникот ќе овозможи и околу 2.700 индиректни вработувања. 28 декември 2018

ПОРТА

7


инфо

Добитници на наградите од Комората за 2018 година

К

омората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија на 18 декември, традицинално ги прогласи добитниците на наградите од Комората за 2018. Свечената прослава се одржа во просториите на КОАИ во присуство на членови на Комората, останати инженери, соработници на Комората и пријатели. Комората на овластени архитекти и овластени инженери додели четири именувани награди за 2018 година. Носител на наградата од Одделението на градежни инженери именувана „Професор д-р Александар Цане –

Ангелов“ ја доби дипломираниот градежен инженер проф. д-р Голубка НечевскаЦветановска. За архитектура, наградата именувана „Професор Борис Чипан“ отиде во рацете на архитект и урбанист Рафаил Влчевски. Инженерот по електротехника Горан Мојсоски ја понесе наградата именувана „Професор д-р Станимир Јовановски. Дипломираниот машински инженер Сашо Николоски ја доби наградата именувана „Проф. д-р Илија Черепналковски“. Дополнително, годинава е доделена и посебна благодарница на Лилјана Настева-

Симиџиевска, за придонес во развојот на инженерството во областа на електротехниката. Присутните ги поздрави претседателот на КОАИ, д-р Миле Димитровски. Тој им ги честитаташе наградите на добитниците и во своето обраќање се осврна на работата на КОАИ во тековната година и ги нагласи најзначајните резултати од работењето во 2018 година. „Во 2018 Комората донесе предлог-тарифник за инженерски услуги. Заклучно со 1 декември 2018, во Комората се одржани 21 едукативен семинар со 1.606 посети од членови на Комората, со исто толку издадени сертификати за присуство. Организирани се две собраниски седници и 11 седници на УО. Издадени се над 700 нови овластувања и над 1.100 продолжени овластувања. Над 650 процесирани статуси за „престанок на членство“ во 2018. Бележиме раст на бројот на активни членови споредено со минатата година (од 2.968 на 3.164). Бележиме забележително зголемена активност на веб-страницата на Комората и на социјалните мрежи – месечно имаме помеѓу 1115.000 посети на нашата веб-страница, која се ажурира на дневна основа. Вкупно, за изминативе 15 месеци (заклучно со 30 ноември 2018) сме имале 242.332 посети на вебстраницата“, нагласи претседателот на КОАИ.

Преседателот на Комората д-р Миле Димитровски, избран за потпретседател на ECEC

Н

а 17 ноември во Загреб, Република Хрватска се одржа 16 Генерално собрание на Европскиот совет на инженерски комори (ЕCEC – European Council of Еngineers Chambers), со седиште во Брисел. Собранието беше изборно и се изврши избор на претседател, генерален секретар, три потпретседатели и благајник. За претседател на ЕЦЕЦ е избран Клаус Туреди од Австриската инженерска комора, за генерален секратар Лецнер од Италијанската комора, а за потпретседатели Бројер од Комората на Германија, Мејер од Полската комора и Миле Димитровски од Комората на Македонија. За благајник е потврден изброт на Габор од Унгарската инженерска комора. Мандатот на новиот состав на ЕЦЕЦ е три години од денот на изборот, ова воедно претставува и големо признание за Македонската комора.

8

ПОРТА

28 декември 2018


ПОРТА


интервју

ЈАНИ МАКРАДУЛИ, ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА И ПРОСТОРНО ПЛАНИРАЊЕ

Екологијата во Македонија остварлива или бескрајна надеж Без големи амбиции не можеме да се справиме со проблемот со загадувањето. Успехот во оваа борба не трпи популизам и некои мерки иако непопуларни на прв впечаток носат огромни бенефити

Редакција на ПОРТА 3

С

копје одaмна ги надмина сите можни граници на пренаселеност, што нaјдиректно влијае на неподносливите микроклиматски, еколошки, урбанистичкосообраќајни и севкупни услови за хумано живеење во Скопската Котлина. Ниедна влада досега немаше визија и храброст пред сè да каже СТОП на ова лудило. Примерот со Љубљана ни остана само неостварен и далечен сон. n Најмалку сакам да барам алиби и да се оправдувам со ингеренциите кои за вакви потези не се во рамки на МЖСПП. Но, она што лесно се согледува е дека струењето на

10

ПОРТА

28 декември 2018

воздухот помага, исто и зеленилото. Непланските градби од проектот „Скопје 2014“ го уништија зеленилото и го затворија струењето. И тоа мора да биде поука за оние кои планираат и проектираат. Ние како министерство ќе контролираме дали е застапен соодветниот процент на зеленило согласно Законот за урбано зеленило. Ќе стимулираме нови зелени површни, но и зелени ѕидови и кровови. Ќе ја поддржиме заложбата за вклучување и на проект за затоплување пред добивање на градежната дозвола, како и на пример ослободување од дел од комуналиите доколку се изработи проект со зелени кровови. Пречистителни станици немаат најголемите градови иако во последните години се изградија неколку во Струмица,

Радовиш, Прилеп, Кичево.... И за жал Скопје како единствен главен град во Европа е без пречистителна станица. Се гледа ли почетокот на крајот на овој наш срам и решение за одамна ветените проекти? n Не само што се гледа почетокот, туку и реално дел од активностите се започнати. Имено, од двете страни на Вардар во процес е изработката на два колекторски линка кои се финансираат од ИПА-средства од ЕУ. Заради барањата на финансиските институции, ЕБРД и ЕИБ, потребно е да се извршат хидро, геолошки и геомеханички дополнителни мерења со кои ќе се констатира квалитетот и квантитетот на отпадните води кои ќе влегуваат во идната пречистителна станица. Бидејќи за таа намена не се предвидени средства, во


рамките на постојниот ИПА 2 проект „Подобрување на инфраструктурата за собирање на отпадните води за градот Скопје“, со налог за измени, а со средства од резервен фонд (Contingency), ќе се покрие оваа финансиска структура. Покрај тоа, во 2019 година ќе почне изградбата на пречистителните станици во Битола и Тетово, верувам и станицата за Штип, а со тоа Република Македонија, кога ќе ги започне преговорите со ЕУ, во проценти, ќе има многу поголем опфат на население од многу европски членки при нивниот почеток на приближување кон Унијата. Она на што треба особено да внимаваме е, како да се изгради одржлив систем, бидејќи цената на потребната енергија за таквите системи е многу висока и мора да се инвестира во наменски обновливи извори за пречистителни станици. Во Македонија имаме само една регуларна депонија – Дрисла / и таа не баш да е светска/. Регионалните депонии се изгубија во нерешените односи со локалните самоуправи. Никако да сфатиме дека секаде ова е бизнис, а не обично одлагање на ѓубрето. Државата сепак е таа што МОРА во склоп на поширокиот интерес да го наметне ова решение како итност и неминовност, со поголема едукација на населението и немешање на контраполитиката. n За жал и Дрисла повеќе плива во судски лавиринти и верувам дека не постои некој кој е задоволен од тој процес. Сепак, како централна депонија, успева со почитување на стандарди да ги задоволи потребите, но тоа мора да се унапреди на повисоко ниво. Затоа и заедно со Градот Скопје, инсистиравме на замена на инсенираторот, и на заедничко

РЕК Битола

задоволство, тоа и беше направено. Се сложувам дека државата мора да го наметне поширокиот интерес и токму затоа во комуникација со локалните самоуправи и ЗЕЛС, општините ги трансферираа дел од ингеренциите за менаџирање на отпадот на централно ниво. Во Македонија согласно европските препораки постојат плански региони во чии рамки се врши, поточно треба да се врши менаџирање на отпадот. Од друга страна, државата преку МЖСПП почна за четири региони да бара концесионери, при што во првата фаза ќе се избере консултант кој ќе ги дефинира условите во рамки на тие повици. Во два региони (Северниот и Североисточниот) ќе се организира третманот на отпадот преку систем

Депонија Дрисла

финансиран од ЕУ во вредност од околу 38 милиони евра. Притоа, сакам да нагласам дека овој концепт не вклучува само набавка на нови возила и трансфер-станици, туку и затворање и чистење на 66 диви депонии кои постојат во тие два региона. И натаму главен енергетски капацитет во државата останува РЕК Битола со сите еколошки последици по Пелагонискиот Регион и градот Битола. Во Европа веќе одамна наголемо се забранува јагленот како енергенс, а се форсираат обновливите извори сонце, ветер, гас... Ние и тоа многу сонце што го имаме не го користиме, а гасот во последните години ни служеше само за коруптивни активности. n Една од клучните компоненти во рамки на Парискиот договор е таканаречениот just transition, дел кој се однесува на праведен премин кон нови енергетски извори. Односно никој не препорачува да на постоечките капацитети се стави веднаш клуч, а да од една страна не се има план што со вработените, а од друга страна да се зајакнат еколошките стандарди. Затоа со РЕК Битола ние го започнавме процесот на усогласување на оперативниот план, кој потоа ќе нè доведе до издавање на А интегрирана дозвола. Во рамки на новите еколошки стандарди, беше избрана компанија која ќе ја третира пепелта (МЗТ-инженеринг) и тој процес, кој почна во август, е во завршна фаза. Околината е облагородена со 50 илјади багремови садници, а веќе со буџетот за следната година почнува инсталирањето на електростатските филтри. Во МЖСПП нема 28 декември 2018

ПОРТА

11


директна последица од загадениот воздух се драматично висока цена. Сепак решението на овој проблем ќе мора да го бараме од оваа власт и тоа под ИТНО. Краткорочно – ХРАБРО и колку е можно, и уште поважно долгорочно – колку треба. Од нас ќе ја имате поддршката за сите решенија па дури и за многуте принудни и казнени. Сепак за здравјето се работи. n Благодарам на поддршката, тоа е мотив плус за реализација на заложбите. И, да немаме дилеми, борбата за намалување со загадувањето мора да биде дел од храбри, итни, но и кредибилни мерки и активности. Еден од најчестите зборови на последниот Самит за климатски промени во Катовице беше зборот амбициозност. Без големи амбиции не можеме да се справиме со овој повеќегодишен проблем. Планот за чист воздух е решение за овој проблем и затоа целосно се посветив на спроведување на овој план, без да се навраќам на минатото со инклузивен пристап дека секој е потребен. Покрај тоа, се сложувам со Вас, успехот во оваа борба не трпи популизам и некои мерки иако непопуларни на прв впечаток носат огромни бенефити.

дилема дека има различен план од исполнување на оперативниот план и обврските од Европската енергетска заедница. Во однос на обновливите извори, Владата на Република Македонија го промени концептот на т.н. feeding тарифи и во следната година ќе се понуди државно земјиште на концесионер кој ќе инсталира фотоволтаична фарма или ветерен парк по најниска понудена цена за електричната енергија. Тоа ќе биде апсолутно пофер однос на пазарот отколку досегашниот. Покрај тоа, новиот Закон за енергетика кој е целосно усогласен нуди можност за инсталирање на обновливи извори за сопствени потреби и очекувам една нова перспектива во областа на обновливите извори. Рудниците во југоисточните региони станаа поле на жесток судир со локалното население. Се разбира секој рудник е приказна сама за себе и веројатно не е можна генерална исклучивост. Можен ли е разумен компромис меѓу економскиот интерес на државата па и локалните заедници и еколошките барања на жителите. n Разумниот компромис е нешто што, ако ми дозволите, би го проширил во еден 12

ПОРТА

28 декември 2018

поголем контекст, а тоа е како потребите за економски развој и енергетски потреби да бидат со максимално почитување на заштита на животната средина. Не сметам дека генералната исклучивост носи решение, и верувам можеме со увоз на знаење, научени лекции од други држави и соодветна експертиза и користење на најдобрите светски пракси и достапни технологии да дојдеме до win-win ситуација. Да повторам, ова го зборувам во поширок контекст, ситуацијата околу рудниците е поинаква и да потсетам, следејќи ги барањата на граѓаните, но и неисполнувањето на обврските, беше запрен рудникот Казандол, а сите други иницијативи се под постојан мониторинг. Ова е исклучително сензибилна тема и не можам да сфатам како претходната влада, онака „на ѓутуре“, доделила 60-тина концесии, за среќа само на хартија. Најважното во овие зимски месеци загаденоста на воздухот. Станавме за жал светски познати по енормната загаденост на поголемите градови Скопје, Тетово, Битола, Куманово... Изгубените десетина години за постепено рашавање на овој проблем не се враќаат. Во јавноста незадоволството од неможноста да се реши проблемот расте. Впрочем изгубените над 1000 животи годишно и над 250 милиони евра, како

Ветивте намалување на загаденоста на воздухот за 50 отсто, но за колку време. Би сакале тоа да биде остварлива „илузија“, заради сите жители на Скопје и Македонија, без разлика на финансиската цена. n Неколку различни анализи нудат ист одговор, домашното затоплување е најголем извор на ПМ-честички во воздухот. И затоа, ако влеземе во масовна замена на штетните извори на затоплување со еколошки, тогаш ќе имаме видливо намалување на загадувањето. Покрај тоа, она што е карактеристично за планот, е неговата системска сеопфатна поставеност, координираност на мерки и паралелно зафаќање во повеќе сектори, пред сè транспортот, индустријата, урбанизацијата и отпадот. Би сакал да нагласам дека Планот за чист воздух покрај еколошката, има и економска димензија. Имено, анализите покажуваат дека некои објекти кои користат нафта за затоплување трошат и до 10 пати повеќе средства од систем кој припаѓа на еколошките извори. Тие заштеди потоа ќе можат да се искористат за нови активности во реализацијата на Планот за чист воздух. Европските фондови за еколошки проекти се обично најдарежливи, а ние не ги користиме доволно. До капацитетот на државната и локална администација ќе треба да е или... n Постојат и објективни, но и субјективни слабости. Голем број на локални самоуправи не можат да одговорат со


своите човечки потенцијали, во други случаи тие лица кои биле обучувани во европските центри, брзо ја напуштаат администрацијата. Затоа, мора да се изнајдат заштитни механизми, не само за зачувување, туку и окрупнување на овие стручни лица. Лично, очекувам кога ќе започнат преговорите, да се мобилизираат сите стручни лица и вон

институциите и соодветно да одговориме на тој предизвик. Она што исто така беше актуелно во изминатиот период е климатскиот самит што се одржа во Катовице, Полска. До каде е Македонија на полето на климатските промени? Што е тоа што се презема за да се

дејствува на ова поле? n Јас припаѓам на онаа група која смета дека аерозагадувањето и климатските промени се две страни од иста паричка. Впрочем, тоа беше една од клучните пораки кои доаѓаат од WHO (Светската здравствена организација), како и препораката да се вклучи аерозагадувањето во националните извештаи (NDC). Борбата за намалување на аерозагадувањето, значи и исполнување на одредени таргети и препораки од Парискиот договор, а тоа е намалување на емисијата на стакленички гасови, зголемено користење на обновливи извори, како и зголемени активности за енергетска ефикасност. Нашата амбициозност за справување со климатските промени како држава е вреднувана и ние сме во малата група на земји, вкупно 18, кои имаат амбициозен план за справување со климатските промени. Она што можеме да го искористиме од Самитот, се пораките за заедничка акција на сите чинители, за поддршката од приватниот сектор и достапноста на финансиски средства. На пример, Светска банка обелодени дека нуди 200 милијарди долари за периодот од 2021 до 2025.

Бранко Гап апо е печатница основана 1993 година во Скопје опје, Македонија едонија. Со повеќе од 25 години искуство ние сме една од најстарите печатарски куќи на Бал лканскиот полуостров. Нашиот тим има децениско искуство во полето на офсет печатење, графички дизајн и многу повеќе... Нашата ба аза на клиенти се состои од повеќе од 200 домаш шни и меѓународни компании како Кока Кола, ОБСЕ Е, УСАИД, Рено, McCann, Diners и др.

Печатница Бранко Гапо а ул. 852 бр.58 1000, Скопје I info@brankogapo.com I кон нтакт тел. 02 258 0044

ПОРТА


градежништво

СПОЈ НА КОНСТРУКЦИЈА,

14

ПОРТА

28 декември 2018


НАГРАДА STRUCTURAL AWARDS 2018

АРХИТЕКТУРА И ПЕЈЗАЖ Ако постои дело во кое се содржат најдобрите инженерски, конструктивни решенија, архитектонска структура и беспрекорно вклопување во амбиентална содржина тоа е секако овој проект

ПРОЕКТ ЗА КОНСТРУКЦИЈА Leonhardt, Andrä und Partner ИНВЕСТИТОР Tiefbauamt Kanton St. Gallen ЛОКАЦИЈА Бад Рагаз, кантон Ст. Гален, Швајцарија ИЗВЕДУВАЧИ Strabag AG, Glattbrugg, Ј. Ерни АГ, Филмови Дорф, Мезиербау АГ / Балзерс АРХИТЕКТ Volkhard Angelmaier 28 декември 2018

ПОРТА

15


Редакција на ПОРТА 3

М

ост на преминот преку клисурата Тамине, во месноста Баг Рагаз , во кантонот Ст. Гален, Швајцарија Ако постои дело во кое се содржат

најдобрите инженерски, конструктивни решенија, архитектонска структура и беспрекорно вклопување во амбиентална содржина тоа е секако овој проект. Тоа е највисок лачен мост, некогаш изграден во Европа, кој премостува клисура со висина од 200 метра. Конструкцијата е асиметричен армиранобетонски преднапрегнат лачен

распон од 259 метри, со вкупна должина од 414 м или 475.4 м со потпорниот ѕид на сводот / столбовите/ ... Арката / лакот / со нејзината надградба формираат крута преднапрегна решеткаста конструкција, монолитно поврзана со лачната конструкција од косо поставените столбови.

Мошне импресивен е и самиот систем на градењето на мостот, со поставени два пилона од двете страни на кањонот со различни висини од 107 и 78 метри на кои се обесени привремените кабли за држење на конструктивните сандачести елементи

16

ПОРТА

28 декември 2018


Највисоките конструктивни сандачести носачи се со h -4 м кај темелните и 2,2 м во областа на круната. Главната конструкција на носачите е под плочата на коловозот

МИСЛЕЊЕТО НА КОМИСИЈАТА / ЖИРИТО / ЗА ДОДЕЛЕНАТА НАГРАДА STRUKTURAL AWARDS 2018 Ова е без сомнение уникатно решение и Комисијата беше импресионирана од елеганцијата, едноставноста, чистотата и економичноста на проектот. Комисијата (жирито) ја истакнува успешноста на конструктивниот систем како и извонредниот начин на вклопување со спектакуларната околина. Овој бетонски лак (арка) е проектиран во најдобриот манир на Cristian Menn и Robert Maillart при што овие инженери креирале извонреден проект од светска класа. На комисијата (жирито) ѝ се допадна чистата распонска конструкција потпрена на закосени столбови поставени во радијален ред и високиот достигнат степен на транспарентост со атрактивен ритам на распони во однос на решеткастата основа. Транспарентноста е нагласена со витките коси потпирачи постигнати со прецизно изведени бетонски споеви (зглобови). Двата крајни потпирачи што се надоврзуваат на краевите на лакот (арката) прават силен впечаток на визуелен и физички ефект, кој работи како дел од целиот рамовски систем со елегантни распони на решетката. Поради поголемите распони меѓу столбовите и фундирањето по бреговите е изведено невообичаено. Мостот е потпрен само на четири темели фундаменти, поедноставувајќи ја целата конструкција со необично економична шема.

Технички податоци Изградба: период 2013-2016 Трошоци: од 36,7 милиони CHF Вкупна должина 475 м Ширина на коловозот: 9,50 м Бетонски количини: 14.000 м3 Арматура: 3.500 t Кабли: 190 t Ископување: 25.000 м3 28 декември 2018

ПОРТА

17


За некои проекти изборот на деталите и извонредните фотографии кажуваат доволно за секој / а особено за градежната фела / да може да ја разбере содржината и убавината на делото

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ

ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA

ПОРТА


архитектура

НОВ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ

„Лиса“ - модерен концепт за потребите на урбаното живеење Објектот е на повеќе нивоа, подрумски дел, приземје и два ката со јасна геометрија која е главен фактор на генерирањето на формата и претставува композиција формирана со првостепена пластика

22

ПОРТА

28 декември 2018


Редакција на ПОРТА 3

Ж

ителите на Општина Аеродром од неодамна го добија новиот трговски центар „Лиса“ во населбата Ново Лисиче, кој се простира на површина од 4.200 квадратни метри.

„Лиса“ претставува модерен концепт што ги задоволува сите потреби на урбаното живеење, и на едно место ги обединува купувањето, гастрономијата и забавата преку понуда на различни содржини. Проектот е изработен од архитектонското биро „ДСЦ дизајн“, архитект Крсто Петров. Објектот е на повеќе нивоа, подрумски дел, приземје и два ката со јасна геометрија која е главен фактор на

28 декември 2018

ПОРТА

23


генерирањето на формата и претставува композиција формирана со првостепена пластика. Аголниот елемент што доминира пристигнувајќи по булеварот е нагласен со стаклен кубус во темносива боја, олеснет со испресечување со алуминиумски ленти што на правилната геометрија ѝ даваат асиметрична нијанса. Во подрумскиот дел е сместен паркинг, магацински дел и придружни простории. Приземјето и катот се наменети за комерцијални содржини, добро познатите членови на семејството Тинекс и други продавници. На најголем дел од приземјето на површина од околу 1.000 квадратни метри е Тинекс супермаркетот, а тука е и Tinex To Go, уникатен концепт на урбана кафетерија со современ ентериер и е одлично место за краток одмор и уживање. На првиот кат се наоѓа продажниот простор во кој се наоѓаат Cosmo дрогеријата и Tinex Home, кој претставува уникатен спој на убавината и уредувањето на домот, ресторанот Daily Food&Wine со современ, урбан ентериер и игротеката Big Bang со ентериер инспириран од вселената, како и други продавници со кои се нуди комплетна услуга и понуда за посетителите. Вториот кат е административен дел, комплетно наменет за потребите на компанијата Тинекс. Комуникацијата до ова ниво е преку две скалишни јадра дијагонално поставени на основата. Во објектот „Лиса“ има повеќе влезови поставени на различни страни поради

ПОРТА


специфичноста на објектот и услугите кои се нудат со што е овозможен брз и лесен пристап на посетителите до посакуваните содржини, а и ефикасна евакуација во

случај на потреба. Главниот влез во објектот е од северната страна каде се пристапува од улицата и е нагласен преку пространа настрешница над влезната

партија, носена од челични столбови, која е всушност и пространа тераса за ресторанот Daily Food&Wine. Терасата е покриена со транспарентна челична

ПОРТА


конструкција и лачен кров покриен со алуминиумски панели што се спротивставува на правоаголниот кубус. Лачниот кров е носен од закосени конструктивни елементи кои ја прават силуетата на објектот од различни, но вкомпонирани геометриски форми. До терасата се пристапува и директно од партерот преку скулптурални широки скали, носени на челична конструкција формирани од лесни газишта и стаклена, транспарентна ограда. Конструкцијата на објектот е скелетен систем од вертикални и хоризонтални армиранобетонски елементи и армиранобетонски платна околу скалишните јадра и лифтовите. Структуралната вентилирана фасада на објектот е проектирана, современо обликувана, почитувајќи ја и земајќи ја предвид околната урбана матрица и придонесувајќи за современ лик на градскиот пејзаж. Архитектонското обликување е изразено преку волуменот и јасни и силни потези кои се протегаат од приземјето до највисоката точка, рамните непроодни тераси со што се истакнува компактноста на објектот. На фасадата преовладува сива боја во различни нијанси, од потемна кон посветла, разбиена со боја на дрво на некои од елементите на терасата.

26

ПОРТА


ПОРТА


архитектура/урбанизам

Паркот „Зарјадје“ е врската што недостасуваше Паркот „Зарјадје“ се простира на површина од 13 хектари и е еден од најголемите архитектонски проекти што се завршени во Москва по падот на Советскиот Сојуз и првиот голем јавен парк кој е отворен во центарот на градот за 50 години Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.

Н

ајголемиот град во Европа, лани прослави 870 години од своето постоење, а историјата вели дека главната причини за неговото настанување е страственоста на неговите кнезови. Меѓутоа и романтиката, љубовта и смртта одиграле важна улога во неговото создавање. Основањето на Москва во 1147 година се припишува на кнезот Јуриј Долгоруков. Принцот на Новогордската Република го повикал кнезот Јуриј Долгоруков со зборовите: „Дојди кај мене, брате, во Москва“, Долгоруков го послушал, дошол и изградил тврдина од дрво – Кремљ, околу која постепено се ширел градот. Денес Москва е град со повеќе од 12 милиони жители, богата традиција, историја, култура. Храбар град, обожаван од своите жители - „москвичи“, кои попрво би го запалиле отколку препуштиле на друг. Или што би рекол Наполеон: „Ни најопасната војска не може успешно да води војна против цел народ кој одлучил или да победи или да умре...“

28

ПОРТА

28 декември 2018

Во земја како Русија со многу историја, култура, наука, дух и историски превирања секако дека се влијанија кои оставиле траги на нејзината престолнина. Во вакви светски градови е многу сложено и комплексно, да не речам некогаш изгледа и невозможно, кога треба да се донесе одлука да се гради нешто што е јавно, што припаѓа на сите, нешто каде единствениот мотив не е профитот, а треба да се изгради во центарот на Москва, во самото срце на големата Русија. Паркот „Зарјадје“ (Зарядье) во Москва е токму тоа, одлука голема како Русија. „Зарјадје“ е парк во истоимената област, веднаш до Црвениот плоштад, покрај црквата „Василије Блажени“ на најскапото парче земја во најголемата земја на светот. Простор со долга историја на местото на урнатиот хотел „Русија“, под ѕидовите на Кремљ, непосредно до реката Москва и најдобрите панорамски погледи на градот. Паркот радикално ја трансформира историски проблематичната област. На почеток во неа биле сместени трговци, името го добила по изразот „зад редовите“, мислејќи на редови трговски продавници. Потоа во Зарјадје


УРБАН ПАРК ВО СРЦЕТО НА МОСКВА живееле богатите благородници сè до 1712 година, кога Петар Велики го сели главниот град во Санкт Петербург. По пожарот на Москва во 1812 година, областа била повторно изградена во голем стил, станала место на најголемата еврејска енклава во градот. По емигрирањето на многу руски Евреи, Зарјадје станува четврт за евтини станови. Во советскиот период тука е изграден најголемиот хотел во светот во тој момент „Русија“ со три илјади соби (денес по големина би бил 19), кој е урнат во 2006 година. Московските власти подолго време размислувале за два предлога за развој на оваа локација: изградба на парламентарен центар

или деловен центар со хотел (и Норман Фостер бил вклучен во процесот, изработил анализи и проекти за оваа област, но никогаш не биле прифатени од авторитетите на градот). Еден од иницијаторите за парк во Заријадје бил Андреј Гринев, генерален директор на развојната компанија State Development. Идејата за создавање на парк во голема мера била развиена поради јавна иницијатива. Во 2012 година е формирано движење „Пријатели на Зарјадије“ од Андреј Гринев и Питер Кудрјавцев, кои активно ја бранеле идејата за создавање парк. Движењето одржало голем број семинари и тркалезни маси, а исто така организирале

платформа за изложба и дискусија „Москва град за луѓе“ на III Московско архитектонско биенале, каде што се разговарало за идниот парк. Но, како што секогаш бива, иницијатива и дискусија на професионалци за ваков голем потфат на ваква скапоцена локација невозможно е да се спроведе без поддршка од државата. Во јануари 2012 година, тогаш премиерот Владимир Путин ја посетил локацијата, по што ја поддржал идејата и му предложил на градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин оваа значајна локација да стане парк. Може ли да се замисли поидеална локација за

28 декември 2018

ПОРТА

29


голем урбан парк во срцето на еден град? Не само што локацијата се наоѓа во срцето на Москва, веднаш до Кремљ, туку тоа е прстен од згради што го одразуваат целиот спектар на руската архитектура од 16-тиот до 20-тиот век. Најчесто, местото за идниот парк Зарјадје во Москва може да постои само во сонот на некој архитект, но сонот може да се оствари ако авторитетите покажат дух, умеење и почитување на стручно мислење. И кога се склопиле овие коцки се случило Зарјадје. КОНКУРС ЗА ИЗГРАДБА Меѓународниот натпревар за пејзажноархитектонски концепт на паркот „Зарјадје“ беше објавен на почетокот на 2013 од страна на главниот архитект на Москва, Сергеј Кузњецов. Организатор на конкурсот беше Државното претпријатие „Научно-истражувачки институт за индустриско планирање на генералниот план на Москва“. Проектот беше поддржан од градоначалникот Сергеј Собјанин, Московскиот градежен комплекс, Комитетот за архитектура и урбанизам на градот, Здружението на пејзажни архитекти и Сојузот на архитекти на Москва. Институтот за медиуми, архитектура и дизајн „Стрелка“ дејствуваше како консултант на проектот преку изготвување на проектни програми и функционален модел на паркот. Конкурсот се одвиваше во две фази. Првата беше фаза на претквалификација - шест тима беа избрани од жирито за да учествуваат во втората фаза. Втората фаза се одржа речиси шест месеци подоцна, за кое време тимовите во 30

ПОРТА

28 декември 2018

потесниот избор ги завршија своите проекти. По првиот круг на селекција од страна на многубројната интернационална комисија, три проекта беа отфрлени, а жирито потоа се фокусираше на трите финалисти: њујоршкото биро Diller Scofidio + Renfro, руското PE3PB и холандското MVRDV за на крај да се прогласи победникот - Diller Scofidio + Renfro. Паркот „Зарјадје“ се простира на површина од 13 хектари и е еден од најголемите архитектонски проекти што се завршени во Москва по падот на Советскиот Сојуз и првиот голем јавен парк кој е отворен во центарот на градот за 50 години. Паркот доживеа огромна популарност во Москва, а главниот архитект на проектот Чарлс Ренфро е воодушевен од огромната популарност. „Го сакам ова!“ и додава „Каква слобода нашиот парк донесе во Москва и каква толеранција“. Diller Scofidio + Renfro работеше во соработка со бирото за пејзажна архитектура Hargreaves Associates and Citymakers од каде велат „паркот претставува историска трансформација на рускиот главен град, кој ја демонстрира посветеноста на Москва за иновативен дизајн за градовите од 21 век. Дизајнот се базира на принципот на „дивиот урбанизам“, хибриден пејзаж каде природниот и изградениот кохабит создаваат нов вид јавен простор“. Но за да се создаде парк беа вклучени и експерти од САД, Германија, Данска, Италија, Велика Британија и Русија. Работата на проектот собра експерти од полето на пејзажна архитектура, урбанистичко планирање, транспорт, управување со паркови, ботаника и

дендрологија, инженерство на животната средина и одржлив развој. ВРСКАТА ШТО НЕДОСТАСУВАШЕ Паркот „Зарјадје“ е врската што недостасуваше, која ја комплетираше збирката на светски познати споменици и урбани области кои го формираат центарот на Москва. Но, тоа е така затоа што паркот е и нов вид јавен простор создаден од меѓународен тим. Тука, природата и технологијата, образованието и забавата, историјата и модерноста се комбинирани и се дополнуваат едни со други. Исто така, придонесе и Москва да стане подостапна. Пешаците можат да одат до реката од Црвениот плоштад сега кога насипот е преуреден. Зарјадје е првиот парк изграден во рамките на границите на булеварскиот прстен, нов културен водич на Москва, клучна врска во мрежата на пешачки патеки околу Кремљ. Ова е платформа за дијалог со историјата, природните богатства на Русија, науката, уметноста и иднината на Москва и земјата како целина. Паркот е отворен за нови луѓе, идеи и технологии и поттикнува интерес за култура, знаење и иновации. Проектот на Diller Scofidio + Renfro предвидел организација на просторот на природните принципи на урбанизмот каде зелените природни и урбаните средини се комбинирани едни со други за да формираат нов вид на јавен простор. Паркот е формиран од четирите руски климатски зони: тундра, степа, шуми и мочуриште. Секоја од зоните се


карактеризира со особености на составот на почвата и уникатна ботаничка колекција на растенија од различни делови на Русија. 760 дрвја, 7.000 грмушки, 860 илјади трајни растенија и 150 илјади годишни растенија се засадени во паркот. Применет е специфичен начин на поплочување со комбинирање на зелени и сиви плочи кои постепено се претопуваат со зеленилото, така што линијата меѓу пешачките патеки и тревата не е јасно дефинирана. На овој начин се поттикнува слободно, непречено движење. Вештачка микроклима е создадена во различните климатски зони на паркот според нивните карактеристики - со помош на регулирање на температурата, контрола на ветерот и имитација на природна светлина. Содржините на паркот се скриени под пејзажот. Невидливата архитектура и експлоатираните покриви на објектите овозможуваат, од една страна, да се отворат за посетители и спектакуларни панорами, а од друга - да се создаде богата забавна и образовна инфраструктура во паркот. „ЛЕБДЕЧКИ МОСТ“ Од паркот преку булеварот се преминува со единствен, конзолен пешачки мост во форма на бумеранг, кој лебди на висина од 15 метри над улицата, поради што е и наречен „лебдечки мост“. 70 метра долгиот конзолен дел им овозможува на посетителите можеби најубав поглед на Кремљ, Кримскиот мост и црквата „Василије Блажени“. И покрај елегантниот и кревок изглед, мостот е проектиран за големи оптоварувања. Носечката конструкција на мостот е од бетон, а украсните елементи од челик. Во кој било момент на мостот можат да се сместат три до четири илјади луѓе, а може да издржи оптоварување од 240 тона. Но тоа не е сè, „Зарјадје“ не е само парк. „Заријаде“ континуирано собира и емитува знаења во разни области на науката и културата: биологијата, географијата, екологијата, уметноста, историјата и технологијата. Ова се клучни надлежности на паркот, кои се рефлектираат во социокултурните и образовните програми. Затоа што во рамки на паркот има пет павилјона, два амфитеатра и концертна сала, кои се вткаени надземно или подземно во брановите од зеленило. Над теренот паркот главно е со стаклени конструкции и пејзажни инсталации, додека поголем број од објектите се сместени под земја. Голем дел од очигледно природниот пејзаж е изграден над покривите на новите згради. ИНТЕРАКТИВЕН МЕДИЈСКИ ЦЕНТАР Под земја е интерактивниот медијски центар со површина од 7.800 квадратни метри, 4Д кино со конкавен екран и седишта во воздух. Во 28 декември 2018

ПОРТА

31


киното публиката може да посведочи на битката кај Бородино и пожарот во Москва 1812 година. ФИЛХАРМОНИСКА САЛА „ВГРАДЕНА“ ВО БРДО Новата Филхармониска сала со оргули и две концертни сали е најсложениот објект во паркот. Сместена под земја, ископана е под едно од брдата, може да се шета по кровот, а над земја е влезниот дел и заоблениот кров од стакло и челична конструкција.Објектот е всушност сместен

под брдото на кое е се наоѓа амфитеатарот. Прочуениот Yasuhisa Toyota, кој ги работел концертната сала на Волт Дизни во Лос Анџелес, Ричард Фишер арт центарот во Њујорк и други, бил задолжен за акустиката. Филхармониската сала има 1.560 места, а малите сали по 400. Во филхармониската сала освен симфониска музика се изведува и џез и поп. АМФИТЕАТАР Амфитеатарот кој може да прими 2.500 посетители на едната страна се спојува со

Филхармониската сала, која всушност е единствен ѕид на амфитеатарот. Тој е лоциран на највисоката точка во паркот со неверојатни погледи на Кремљ и на црквата Василије Блажени и е место за културни настани во градот - концерти, фестивали, изведби. Делумно е покриен со купола, т.н. „стаклена кора“, а другиот дел е под отворено небо. Седиштата се од дрво, а патеките меѓу редовите посипани со чакал, така што се вклопуваат во природниот пејзаж. Структурата на куполата создава сопствена микроклима, топлината се задржува дури и во зима и овозможува растенија што сакаат топлина. Во суштина, ова е таканаречената планинска флора на Северниот Кавказ. СРЕДНОВЕКОВНА УЛИЦА За време на изградбата на паркот, градежниците пронашле темели на згради кои стоеле на древната московска „Голема улица“. Врз основа на овие наоѓалишта изграден е подземен премин со археолошки павилјони и бројни артефакти – збирка од 43 илјади сребрени кованици, ракописи на кора од бреза и три илјади секојдневни предмети и средновековно оружје. ЛЕДЕНА ПЕШТЕРА За оние кои не ги посетиле северните географски ширини на Русија во Зарјадје има

32

ПОРТА

28 декември 2018


ледена пештера. Стилизиран павилјон со интерактивна изложба на посетителите им зборува за историјата на развојот на далечниот север, единствен регион со разновидна флора и фауна, богати знаменитости и природни ресурси. Да се нурнете во атмосферата на Арктикот помага посебна опрема. Донесени се

70 тони вода за да се направи 60 кубни метри мраз со помош на принципот на слоеви, кога се замрзнува првиот слој преминува на следниот. Инсталирана е специјална опремата за ладење која го спречува топењето. Дневната температура се одржува на -2 Целзиусови степени, а навечер температурата се одржува на

-5 степени. Во пештерата се одржуваат семинари и предавања, едукативни програми, кои разменуваат искуства од биологија и екологија. НАЈГОЛЕМИОТ ПАВИЛЈОН „МЕДИЈА ЦЕНТАР“ „Медија Центар“- главниот павилјон со површина од 8.500 квадратни метри се фокусира на главните точки на привлекување на посетители. Тој содржи информативни кабини, медија комплекс, изложбен салон, продавници за сувенири, подземен паркинг за 430 возила со 16 лифта кои водат до содржините. Дел од овој комплекс е уникатната кино сала „Лет“ со екран од 13 метри, динамична платформа и подвижни столчиња (39 седишта), каде што гледачите гледаат филмови: „Летај над Москва“ и „Летај над Русија“ придружени со неверојатен звук и специјални ефекти во форма на распрскувачи на вода, генератори на ветер, чад и ароми создаваат живописно незаборавно шоу. И салата „Временска машина“ е со најсовремена технологија каде се прикажуваат проекции за историјата за создавањето на Москва од Долгоруков до денес. Шетајќи низ паркот посетителите лесно можат да најдат ресторан или кафе-бар. 28 декември 2018

ПОРТА

33


Вкупната површина на угостителските објекти е 4.400 квадратни метри. Должината на патеките е осум километри, вклучувајќи и загреани 1.8 километри. ПОКЛОН ЗА 870 РОДЕНДЕН НА МОСКВА „Зарјадје“ е поклон за 870 роденден на Москва, отворен е на нејзиниот роденден, 9 септемвири 2017 година и беше преплавен од 100.000 луѓе. Очекуваното присуство е околу 10 милиони луѓе годишно, а влезот е бесплатен освен кога се одржуваат

34

ПОРТА

28 декември 2018

настани, концерти, претстави, фестивали. Темата на паркот е урбана дивина. „Имате впечаток дека сте се изгубиле во паркот, дека градот исчезнал, а на моменти исчезнува зеленилото и вие сте во самиот центар на градот“, вели архитектот Ренфро. Конечно, последно, но не и најмалку важно, вредноста на паркот е интердисциплинарна. А Зарјадје е остров на мир и спокојство, каде што граѓаните можат да се одморат од ритамот на мегалополисот. Трошоците за изградба на паркот изнесуваат 243 милиони долари.

Паркот беше и критикуван, некои гледаа со потсмев и не веруваа дека ќе биде проектот успешен. Но „Зарјадје“ ги занеме и критичарите, а „москвичите“ и останатите посетители се воодушевени. На годишниот конкурс на познатиот портал за архитектура ArchDaily „Building of the Уear2018“ во категоријата јавни простори највисокото признание му припадна на „Зарјадје“, што воедно претставува и највисоко меѓународно признание за архитектура во постсоветскиот период во Русија. На меѓународен конкурс од областа аудиовизуелни технологии InAVation Awards 2018 доби награ во категориата Visitor Attraction. Жирито особено ги истакна медиските комплекси „Временска машина“ и „Лет“.„Зарјадје“ беше номиниран за наградата MIPIM Awards 2018 и влезе во кратката листа од четири проекти во категоријата најдобра урбана регенерација. Пред некој месец московските медиуми пишуваа дека од паркот се слушале љубовни извици. Главниот архитект на градот Сергеј Кузњецов, потврди дека камерите снимиле голем број љубовни двојки, но вели дека и тоа е показател на една здрава урбана средина во рускиот главен град и додава: „Градот им дава можност на луѓето да се чувствуваат слободно, безбедно и удобно“.


Кога се зборува за градови, особено мегалополиси сè повеќе се говори за одржливиот развој и сложеноста, но и хуманоста на животот во градови со десетици милиони жители. Брзиот начин на живот, вечната трка со времето, незаситната потреба од профит градовите знае да ги претвори во чудовишта. И да, важно е да се има парк во градот. Не зборувам за излетишта во околината, места каде може да се избега од градскиот метеж и да се помине викендот, потребно е место во градот, попат, достапно и пристапно на сите каде може да се избега и да се поминат неколку часа, да се биде во парк, а да се имаат и актуелни и иновативни содржини. И да, скапо е, инвестиција која можеби никогаш нема да се исплати (финансиски), и на жителите им е потребна. Се почести се повиците и акциите низ светот организирани од граѓани кои бараат јавен простор за сите. И заблуда е дека кога го добиле, го добиле поради својата активност. Не, го добиле затоа што авторитетите биле мудри, имале слух и одлучиле да се посеветуваат со професионалци. Дали на Скопје може да му се случи нешто позитивон во центарот на градот, особено на локацијата најактуелна во моментов, онаа спроти Холидиј Ин.

28 декември 2018

ПОРТА

35


став

Маџир Маало во расчекор меѓу минатото и сегашноста Оваа мала населба во центарот на градот ќе стане пренаселено станбено гето, во кое нема предвидено ни училиште, ни градинка. Не е предвидена ниту зелена површина, а ни детско игралиште. Само во мал број згради има услови да се реши паркирањето во рамките на градежната парцела, што создава ризик од сообраќаен хаос

Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.

С

копје е град со посебна приказна, создаван со векови, со историски слоеви, стари урбани четврти и архитектура во која многу генерации вградиле дел од себе. И токму кога човек ќе помисли дека сето тоа резултирало во еден романтичен град, многуслоен и организиран по мерка на неговите жители, ќе погледне наоколу и ќе сфати дека таа приказна одамна завршила. Денес имаме креатура од град, во кој владее сообраќаен хаос и хаотично паркирање, уништени зелени простори, масовна стихијна станбена изградба и недостаток на интерес за согледување на севкупниот контекст на просторот. Доминантниот интерес е свртен кон 36

ПОРТА

28 декември 2018

профитот и полнењето на општинските буџети. Време е да се постави прашањето: Што му сторивме на градот? Шетајќи низ градот често се прашувам дали Скопје се срами од самото себе? Кога ќе дојде странец и гостин го водиме во старата чаршија и толку. Пешачка зона скоро и да нема, улица Македонија е кратка, а кејот, којшто барем во еден кус период беше уреден, е затворен од сите страни. Го нема веќе и мирисот на липите покрај Вардар кој скопјани толку многу го сакаа. Остана да му се радувам единствено на Градскиот трговски центар - пеперутката на Живко Поповски. Со сите грешки и аномалии Скопје наликува на голем „пачворак-град“, а можеше да биде модерен европски град. Општа и видлива е констатацијата дека со

масовната градба во последните дваесет години компактноста на постоечките станбени структури е нарушена, а просторот деградиран. Некои делови на градот наликуваат на бразилски фавели. Најневралгични точки се новите населби Аеродром-воени бараки, новите градби на Водно, Буњаковец-Дебармаало, а во зародиш е новата населба Маџир Маало. Сите овие населби се со енормно зголемен број на жители, недоволна инфраструктура, недоволно паркингпростор, градинки, школи, детски игралишта, зеленило. За кратко време ќе бараат решение за нормален живот. Посебно интригантно е едно од последните неизградени парчиња од централното градско јадро - населбата Маџир Маало, во која е веќе почната градба на шесткатни и осумкатни станбени блокови. Ова маало веќе беше предмет


СО МАСОВНАТА ГРАДБА КОМПАКТНОСТА НА СТАНБЕНИТЕ СТРУКТУРИ Е НАРУШЕНА, А ПРОСТОРОТ ДЕГРАДИРАН на расправа во Општина Центар, во рамките на анализата на ДУП 2018-2023 во април 2018, а за кое извести Гоце Трпковски во текстот Ревизија на ДУП-овите или мрачна урбана иднина (Текстот е објавен на 28 април 2018 на www.prizma.mk). Маџир Маало е старо амбиентално скопско маало изградено во втората половина на 19–тиот век како модерна урбанизирана населба. Маалото имало улици за колска запрега, велосипеди и пешаци, станбени површини за домување, продавници, дуќани за разни занаети, маалски фурни и чешми и за тогашни услови претставувало урбано живеење, кое нудело повисок квалитет на живеење од другите маала во Скопје. Денес тука, на простор од 0,1 квадратен километар се наоѓаат остатоци од сите епохи: од турско време од втората половина на 19-тиот век, од првата половина на дваесеттиот век кога угледни граѓани имале куќи во ова маало, па сè до повоениот период кога многу работнички семејства се населиле во маалото. Последниве години десетина нови седумкатници никнаа врз и меѓу и полураспаднатите куќи на Маџир Маало. Животот во Маџир Маало, во период од 73 години, сè до земјотресот во 1963 година, функционирал според планот од 1890 година. Идејното решение за градското јадро од 1964 година го опфаќа и Маџир Маало и тука предвидува булеварска улица и колективно домување, што никогаш не е реализирано. Оттогаш до денес се изработувани детални урбанистички планови во 2005, 2007, 2010, 2011 и 2018 година, но ниеден од овие не бил усвоен. Изработен е и ДУП од ИНПУМА во 2012 во кој се предвидени шесткатни и осумкатни објекти со површини за градење според имотната парцела. Врз основа на овој ДУП се издавани одобренија

ВИЗУАЛИЗАЦИЈА НА ПОСТОЈНА СОСТОЈБА

ВИЗУАЛИЗАЦИЈА НА ПЛАНИРАНА СОСТОЈБА

ПОРТА


ПРЕДЛОГ-ПЛАН ВРЗ КОЈ Е ПРАВЕНА КВАЛИТАТИВНА ЕВАЛУАЦИЈА за градење на неколкуте објекти кои се изградени или сега се градат. Но, овој ДУП во моментов не случајно е под мораториум и се чекаат резултатите од ревизијата. Поради сè ова во изминатите сто години ова маало нема ажуриран документ за развој, нема канализација и друга инфраструктура, а објектите достоинствено и тивко пропаѓаат. Според последниот ДУП, предвидена е станбена населба од дваесетина блока со висина П+5+Пк, а некои и П+7+Пк во која во околу 1.700 стана треба да живеат 6.200 жители, што е за три и пол пати повеќе од сегашниот број. Со тоа оваа мала населба во центарот на градот ќе стане пренаселено станбено гето, во кое нема предвидено ни училиште, ни градинка. Не е предвидена ниту зелена површина, а ни детско игралиште. Само во мал број згради има услови да се реши паркирањето во рамките на градежната парцела, што создава ризик од сообраќаен хаос. Низ тесните улици проблематично е и изнесувањето на сметот, а под знак прашалник е и ефикасната противпожарна заштита. Тимот за евалуација на урбанистичките планови на Општина Центар констатира дека ако се изградат сите згради предвидени со ДУП во домовите нема да продира дневна светлина ниту една минута во зимските месеци. Плановите се правени според интересите на инвеститорот со прекумерно искористување на параметрите за градење и без минимално растојание меѓу објектите. Со други зборови зона на самракот. Од друга страна, поголемиот дел од куќите се веќе пропаднати, жителите живеат во супстандарни услови и притисокот врз општинските власти од страна на жителите е голем. Деталните урбанистички планови за ова маало се враќани околу 50 пати делумно и поради незадоволството на жителите, а делумно и заради политичките игри. И после сè што се случувало со овој дводецениски проблем, може да се констатира дека е ова урбан феномен за кој може да се напише и сними филм. Мислам дека општинските власти 38

ПОРТА

28 декември 2018

ПРЕДЛОГ-ПЛАН ПО КОРЕКЦИИ ОД КВАЛИТАТИВНА ЕВАЛУАЦИЈА

овој пат се исправени пред вистински предизвик. Ако е ова значаен простор во центарот на градот со неспорна вредност, ако добил некаков урбанистички пиедестал во плановите на Кензо Танге, тогаш тој заслужува итно и посебно внимание. Ако се земе предвид историската и амбиентална вредност како дел од историјата на Скопје, таа треба аргументирано да се докаже и утврди во денешни услови. Ја разбирам желбата на жителите на Маџир Маало да профитираат од својот имот, но ако тоа оди до нереални размери и на штета на стратешките интереси на градот, тогаш тие не треба во потполност да се земат предвид. Јавниот интерес мора да биде пред индивидуалниот, а граѓаните можат да бидат обештетени на разни начини. Кокетирањето со традицијата и наследството може да биде многу опасно, ако не е поткрепено со целосна аргументирана документација. Односот на затекнатиот контекст и градење на нови структури значајно влијае на квалитетот на архитектонското дело. Контекст не е само непосредно физичко опкружување, туку целокупната енергија и дух на контактниот простор. Меморијата на едно

место може да се искаже на различни начини во урбанистичко-архитектонското решение. Од друга страна, јавниот интерес и градењето во согласност со контекстот, најчесто не е приоритет за неисцрпните апетити на градежниот бизнис. Затоа одговорот на прашањето дали на ова парче простор треба да никне населба со нагласени амбиентални вредности или футуристички комплекс, треба да се бара преку распишување анонимен конкурс за урбанистичко-архитектонско решение, а врз база на анализирани програмски можности и добро обмислена програма. Мислам дека создавање на уште едно станбено гето, какво што е предвидено со сегашниот ДУП е злосторство кон градот и жителите. Досегашните грешки се големи, многу од нив и непоправливи и затоа не треба да ги повторуваме. Од тие причини сметам дека на мораториумот кој го донесе Општина Центар треба да се истрае, но додека тој трае мора да се пристапи кон сеопфатно решавање на проблемот, а не на парцијални корекции, кои можат дополнително да ги искомплицираат работите.


ПОРТА


архитектура/урбанизам

Леден брег – игра на

светлината и облиците

Ледениот брег има четири крила во облик на латинската буква L. Неговата вкупна површина е 22.600 квадратни метри и е една од најголемите пристанишни населби во Европа Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.

T

he Iceberg (Леден брег) е станбена населба која се наоѓа на прекрасна локација од 6.000 квадратни метри, на најстарата линија на пристаништето во градот Архус во Данска. Поранешното контејнерско пристаниште Архус се претвори во разигран станбен кварт која се состои од 208 апартмани со површина од 55 до 227 квадратни метри распоредени на десет нивоа во 11 објекта, единаесет високи врвови во сино – бели бои и коси агли кои се креваат високо над хоризонтот на градот и симулираат санта мраз. Покрај станови, комплексот содржи и деловни простори и простори со разновидни социјални содржини. Вториот по големина град во Данска, Архус настојува да го редефинира својот постиндустриски имиџ и изнајде нови можности за старите индустриски локации. Конечниот разввиток на локација од 5 хектара служи како четврт на „жив град" и нуди разновидни културни и

40

ПОРТА

28 декември 2018


КОНТЕЈНЕРСКОТО ПРИСТАНИШТЕ АРХУС СЕ ПРЕТВОРИ ВО РАЗИГРАН СТАНБЕН КВАРТ општествени простори покрај канцеларијскиот и станбениот простор. Комплексот Леден брег е проектиран со многу сериозен пристап, тргнувајќи од оригинална идеја, која е инспирирана од местоположбата и е следена со длабока анализа на визури и инсолација. Исто така изготвена е и социолошка анализа за типот на становите, креирањето на соседство и создавање локална заедница. Инспирацијата потекнува од извонредната локација на овој простор со прекрасен поглед на заливот Архус. Најголемиот предизвик при проектирањето бил да се вклопат одредени потенцијално конфликтни барања: екстензивен поглед кон водата со многу дневна светлина, а при тоа да се обезбеди голема концентрација на станбени содржини, во објекти со височина лимитирана на шест ката. Значи, задачата била да се максимизираат визурите и искористат поволностите од сончевата светлина во секој стан, а истовремено и да се почитува внатрешниот урбанистички контекст. Ледениот брег има четири крила во облик на латинската буква L. Неговата вкупна површина е 22.600 квадратни метри и е една од најголемите пристанишни населби во Европа. Уличните простори меѓу крилата се простираат кон водата. За да се постигнат оптималните услови за дневна светлина и поглед кон заливот за онолку станови за колку што е максимално можно, зградите се обликувани со искршени линии. Крововите се издигаат во врвови и нагло паѓаат надолу, правејќи визуелни премини кои дозволуваат видик на поединечните волумени. Навидум пловечки ледени брегови непрекинато ви го одбиваат погледот. На тој начин и жителите на задните крила можат да уживаат во погледот, но истовремено е обезбеден максимален продор на светлина, што е исклучително битно за Данска која има долги и темни зими. Л-крилата и зградите кои се издигаат во врвови и шпицови практично ја смалуваат сенката која зградите ја фрлаат една на друга на минимум, што дава доволно светлина во утринските и вечерните часови. Ова се смета за еден од најголемите квалитети на комплексот. Исто така, ваквата поставеност придонесува комплексот да се доживува како отворена структура со голема архитектонска привлечност, а не како блоковска структура свртена кон внатре. Во едно подрачје структурата се спушта, а во друго се повлекува спрема горе, што создава специфичен урбан квалитет. Градот и пристаништето се сретнуваат во еден заеднички идиом. За да се постигне ова пробиена е иницијално зададената граница за височина од шест ката,

ПОРТА


па зградите се со височина од седум до 10 ката. Сепак, 70 отсто од вкупната маса на објектите е под дозволената граница на височина од шест ката. Различните облици на зградите, кои произлегуваат од овој едноставен алгоритам, овозможуваат во комплексот да се смести широк опсег на различни типови на станови. Па така достапни се

42

ПОРТА

28 декември 2018

станови кои наликуваат на двокатни градски куќи, потоа помали апартмани, па сè до ексклузивни пентхауси на врвовите на зградите. Една третина од становите се со големина и цена пристапна за жителите од средната класа. Во приземјето постои комерцијален простор со големина од илјада квадратни метри. Лепезата од различни станови со различни балкони, облици и ориентации, како и


комбинацијата на сопствени и изнајмени станови има за цел да креира урбано опкружување, кое го вклучува вкупниот општествен диверзитет и на тој начин формира една жива и динамична локална заедница. Градежниот комплекс станува соседство, наместо случајна серија од станбени блокови. При создавање на овој комплекс намерата не била да се создаде обележје на градот, туку да се добие многу прагматично решение. Решението не е ниту екстремно скапо затоа што се користеле традиционални градежни техники и материјали. Сепак Ледениот брег е населба која е една од главните туристички атракции на градот Архус. Ледениот брег е проект кој успеа да ги убеди локалните власти и инвеститорите дека дизајнот кој го нуди е врвен и обезбедува квалитетен живот на корисниците и на нивните соседи, а при тоа потполно се вклопува во тесниот буџет кој го имаше на располагање. Токму затоа проектот е добитник и на повеќе светски награди и признанија. Ледениот брег е станбена архитектура која одговара на потребите на човекот на 21 век. ЛОКАЦИЈА: MARIANE THOMSENS GADE, AARHUS, DK ИНВЕСТИТОР: PENSIONDANMARK ПОВРШИНА: 22.000 М² ГОДИНА: 2008 – 2013 НАГРАДИ: MIPIM AWARD 2013, ARCHITIZER A+ AWARD 2013, ARCHDAILY BUILDING OF THE YEAR 2015 АРХИТЕКТИ: CEBRA, JDS, SEARCH, LOUIS PAILLARD TURN-KEY CONTRACTOR: NCC ИНЖЕНЕР: TÆKKER, HAMICONSULT

ПОРТА


eнтериер

САЛОН ЗА УБАВИНА МОЕ СТУДИО – ДАДАР

Луксуз, елеганција и гламур Материјалите кои доминираат и имаат за цел да придонесат на раскошен изглед се кадифе со златен сјај, огледало димено со бронза ефект и порцелан плочки со ефект на 3Д во песочни нијанси ХеленаМОЈСИЌ, дипл. инж.арх.

С

алонот за убавина Мое студио - Дадар е простор во кој преовладува луксуз, елеганција, гламур. Инспирацијата на архитектот за изработка

ПОРТА

на ентериерниот проект е самиот инвеститор, нашиот познат стилист Александар Билјановски - Дадар, поточно ентериерот е огледало на природата на неговата работа. Во процесот на проектирањето на просторот, напоредно се води сметка за фукциите и естетското обликување на истиот и тие

цело време се преплетуваат и надополнуваат. Функцијата е примарна во организација на просторот, а откако таа е поставена следува дизајнот и ентериерното обликување. Просторот е поделен на три функционални делови: фризерница, шминкерница и спа-центар. Фризерницата и шминкерницата


се сместени во приземниот дел и секој простор има свој влез што овозможува непречена работа во истиот. Спа-центарот се наоѓа на ниво под фризерницата, во сутеренски простор и е поврзан со вертикална комуникација. Во делот на фризерницата и шминкерницата стилот е монохроматски, иста палета на бои се претопува со нијансирање на тонови, а се пренесува на сите елементи што го сочинуваат ентериерот, подови, завеси, мебел. Подот е порцелан од плочки „grace porcelain“ 120 х 120 со 3Д ефект кои преминуваат и на ѕидот со цел визуелно зголемување на просторот и бришење на границата помеѓу хоризонталата и вертикалата, поточно прелевање на подот во ѕидот.

ПОРТА


Просторот на фризерницата е опкружен со континуирани излози, а ѕидот внатре е искористен за поставување на огледала во нијанса на димена бронза, кои овозможуваат визуелно проширување на целиот простор од 45 квадратни метри и со што е постигнат ефектот да се чувствува просторот поголем. Неопходноста од класични огледала за фризерницата наметна потреба од комбинација на два типа огле-

ПОРТА

дала, наменско и декоративно бронзено како облога на целиот ѕид , а спојот меѓу огледалата е направен со декоративна дрвена профилирана рамка. Огледалото како облога на ѕид и на плафон е поставено и во шминкерницата во простор од 12 квадратни метри. Со помош на овој огледален ефект и визуелно зголемување на просторот и во длабочина и во висина, повторно е постигната целта, про-

сторот да изгледа со поголем волумен и да делува попространо. Во шминкерницата плочките на подот и ѕидот и огледалата се поставени дијагонално во форма на ромбови, со што дополнително визуелно се зголемува просторот, потенцирајќи ја најдолгата должина. Сите материјали кои се употребени во реализација на ентериерот се внимателно бирани и поврзани во дадениот простор преку точно избрани примероци и нивната компатибилност по боја, вид и материјал го прави ентериерот чудесен. Материјалите кои доминираат и имаат за цел да придонесат на раскошен изглед се кадифе со златен сјај, огледало димено со бронза ефект и порцелан плочки со ефект на 3Д во песочни нијанси. Врската меѓу ѕидовите и плафоните е решена со гипсени, декоративни, профилирани лајсни. Спојот на овие две површини на овој начин овозможува да се избегнат остри рабови во преминот помеѓу вертикала и хоризонтала во делот на плафоните. Мебелот е изработен со техника на лепење на огледало на иверица и медијапан, со совршено обработени рабови. Ефектот на тој мебелот изработен на овој начин е неутрализирање на неговиот волумен со тоа што целата околина се отсликува во


него. Мебелот е поставен, како да лебди во просторот, а непречено си ја извршува функцијата. Спа-просторот е во сутерен, сместен во делот под фризерницата, со површина од 60 квадратни метри, поврзан со кружни скали. Задачата беше да се проектира еден посмирен простор за релаксација. Во овој простор преовладуваат потемни тонови на темно дрво кои се присутни насекаде, на подот во вид на плочки, на мебелот од темно дабово дрво, кафеаво калено стакло за преградите на просториите на кои се поставени и завеси од кадифе. Но, присутна е и зелената боја која внесува свежина во просторот на кој му недостасува природна светлина. Во спа-просторот доминираат и уметнички фотографии кои ја поддржуваат уметничката нишка на Салонот за убавина Мое студио – Дадар. Осветлувањето е решено со кристални лустери во делот на фризерницата и шминкерницата и со дискретно светло во спацентарот. При проектирање на ентериерот на салонот за убавина Мое студио - Дадар користено е континуирано визуелизирање на архитектот, проектирање со ефект на сценографија, односно создавање на простор со решавање на секој дел посебно, а вооедно континуирано замислување на истиот како една компактна уметничка целина. Целта која е поставена на почетокот е постигната, клиентот да се чувствува божествено од самиот влез и да се препушти на вештите раце на уметникот Дадар

28 декември 2018

ПОРТА

47


енергетска ефикасност

Енергетската ефикасност мора одговорно да се третира

Енергетските карактеристики на зградите кај нас се регулирани во Правилникот за енергетски карактеристики на згради од 2013 година, но за жал пазарот сè уште не е адаптиран кон овие промени Даниела МЛАДЕНОВСКА

Е

нергетската ефикасност веројатно е еден од најчесто употребуваните термини во последните години. По дефиниција значи користење на помалку енергија за генерирање на идентичен производ или услуга (без нарушување во нивниот квалитет). Сепак, фразата неретко се користи и за опишување на било каква мерка на заштеда на енергија, иако технички не секоја мерка на заштеда значи и енергетски ефикасна мерка, додека пак, секоја енергетски ефикасна мерка носи заштеда на енергија. Сите се свесни за придобивките од енергетската ефикасност во смисла на заштеда на енергија и финансиски средства. Се работи за инвестиции со исклучително 48

ПОРТА

28 декември 2018


ОБЛАСТ ВО КОЈА СЕ КРИЈАТ МОЖНОСТИ ЗА НАПРЕДОК, И ПОВЕЌЕКРАТНИ ПРИДОБИВКИ низок ризик (особено во секторот на градежни објекти) и релативно краток период на исплатливост. Оттука, кај секој од нас ваквите резултати делуваат стимулативно. Но, да ја погледнеме големата слика. Дали и на национално ниво се трудиме да ја пресликаме мотивираноста да се заштеди енергија и пари. За жал, ако се споредиме со развиениот свет, немаме многу причини да бидеме задоволни. Имајќи предвид дека науката веќе сериозно ги проучува врските меѓу енергетската ефикасност и економскиот раст, односно енергетската ефикасност и емисијата на стакленички гасови, сосема е јасно дека во оваа област се кријат многу можности за напредок, и повеќекратни придобивки. Подобрувањето на енергетската ефикасност мора подеднакво одговорно да се третира во сите сектори – резиденцијални, деловни и јавни објекти, индустријата и сообраќајот. Во делот на енергетската ефикасност кај објектите од различна намена, се работи за класичен сет мерки кои се реплицираат од објект во објект. Јавните објекти како посебна категорија во овој сектор, во Македонија се сериозен потрошувач на енергија, и тоа од повеќе причини: дел од објектите биле градени во постземјотресниот период кога енергетската ефикасност не била соодветно третирана, со објектите стопанисуваат различни субјекти, непостоење законска обврска за енергетска ефикасност. Без оглед дали се работи за потрошувачка на електрична или топлинска енергија, од особена важност е објектот да биде проектиран, изведен но и експлоатиран на начин кој ќе му овозможи оптимална потрошувачка на енергија и оптимални оперативни трошоци во текот на животниот век. Енергетските карактеристики на зградите кај нас се регулирани во Правилникот за енергетски карактеристики на згради од 2013 година (Службен весник на Р.М 94/2013, што е всушност транспонирана ЕУ директива за енергетски карактеристики на згради

2010/31/EU), но за жал пазарот сеуште не е адаптиран кон овие промени. Во исто време во ЕУ се донесуваат уште построги критериуми кои го регулираат ова подрачје. Директивата 2018/844/EU која во ЕУ стапи на сила од 9ти јули 2018 година, предвидува сите нови згради до 31 декември 2020 година да бидат т.н nZEB - nearly Zero Energy Buildings, односно згради кои ќе имаат потрошувачка за енергија речиси еднаква на нула. За новите јавни објекти рокот за nZEB е 31 декември 2018 година. Дополнително, ниту еден објект не смее да биде предмет на продажба или издавање под закуп доколку нема енергетски сертификат. Од друга страна пак, индустријата бара поинаков пристап ориентиран кон конкретниот процес и технологија. Во Македонија, индустријата има голем потенцијал за заштеда на енергија и преку системи за рекуперација на отпадна топлина од самите технолошки процеси, како и со замена на постоечките мотори со поефикасни, односно со понова генерација мотори со висока енергетска ефикасност. Дополнително, во прилог на тврдењето за огромниот потенцијал за заштеда на енергија во индустријата, оди и фактот дека носечките индустриски гранки во земјата – челичната индустрија и воопшто металургијата, се исклучително енергетски интензивни, односно сектори со голема потрошувачка на енергија по единица производ. Се проценува дека само врз основа на замена на електромоторите со поефикасни еквиваленти, ќе се оствари заштеда на енергија од 20-25 отсто. Енергетската ефикасност на возилата, односно потрошувачката на гориво по изминат километар, секако е малку експлоатирана тема, имајќи ја предвид просечната старост на автомобилите низ нашите патишта. Се разбира, не помалку важни се и придобивките во однос на намаленото загадување на воздухот, како резултат на намалената емисија на штетни

гасови на новите возила. Енергетската ефикасност секогаш е добра идеја. Често, подобрувањето на енергетската ефикасност не бара никакви инвестиции, туку само подобрување на однесувањето. Како и да е, работите во оваа област мора да се менуваат, а претстојното донесување за првпат на Закон за енергетска ефикасност во Македонија е сериозен чекор напред. Во моментот во фаза на подготовка е нацрт верзијата, која најверојатно во почетокот на 2019 ќе треба да финализира во конечен документ. Поставувањето на одредбите од оваа сфера во форма на Закон, носи голем број обврски за сите чинители, што секако треба да донесе еден поинаков однос кон оваа проблематика. Во врска со Нацрт-законот за енергетска ефикасност од Министерството за економија велат дека Македонија има обврска да транспонира повеќе директиви и регулативи

28 декември 2018

ПОРТА

49


во националното законодавство од областа на енергетската ефикасност, и тоа: Директива 2012/27/ЕУ за енергетска ефикасност, Директива 2010/31/ЕЦ за енергетски карактеристики на зградите, Регулативата 2017/1369 за утврдување на рамка за означување на потрошувачката на енергија, како што се усвоени и изменети од Министерскиот совет на Енергетската заедница. Ако се погледаат анализите на Енергетската заедница во поглед на напредокот на Македонија во областа на енергетската ефикасност, и двата последни извештаи (за 2016 и 2017 година) нотираат недостаток на политичка волја за решавање на проблемите со енергетската ефикасност. Сепак, Извештајот од 2017 година истакнува дека донесувањето на третиот Национален Акционен план за Енергетска ефикасност (НЕЕАП) во јули 2017, е голем исчекор кон подобрување на состојбите. Во очекување на резултатите од новите политики во областа, првенствено како резултат на Законот за енергетска ефикасност, можеме уште еднаш (по којнае кој пат) да се воодушевуваме на постигнувањата на развиените економии. Имајќи ги предвид констатациите на почетокот од текстот, за поврзаноста меѓу енергетската ефикасност и економскиот раст, воопшто не треба да изненадува фактот

50

ПОРТА

дека токму најразвиените економии во светот предничат и во областа на енергетската ефикасност. Американскиот совет за енергетски ефикасна економија (ACEEE), ја оценил енергетската ефикасност на 16 развиени светски економии врз основа на четири критеруими (објекти, индустрија, сообраќај, и напори за намалување на трошоците за енергија на национално ниво). Анализата е направена за податоци од 2014 година. Според ова рангирање Германија го зазема првото место и во генералниот пласман и во категоријата индустрија. Со тоа, Германија покажува дека значителен удел во економскиот раст има нејзината политика на

посветеност кон енергетската ефикасност како еден од главните приоритети. Точно е дека инвестициите сепак се привилегија на богатите, а кај енергетската ефикасност прво треба да вложите за да добиете бенефит. Но тоа, секако не е оправдување за сиромашните земји. Добро е познато дека во регионот речиси сите економии имаат висока енергетска интензивност односно, имаат однос на потрошувачка на енергија 4:1 за ист производ или услуга споредено со просекот на ЕУ. Изгледа уште долго кај нас ќе остане поговорката “сиромавиот плаќа два пати“, или уште подоследно имајќи го предвид претходниот сооднос, “сиромавиот плаќа четири пати“.


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


екологија

УСЈЕ ќе ги замени класичните фосилни горива со алтернативни Во почетниот период, ќе се замени до пет отсто од вкупното класично фосилно гориво со алтернативно, а во перспектива овој процент ќе дојде до 15 отсто. Сепак најважен е квалитетот и сигурноста дека сѐ што е поврзано со користењето на алтернативните горива е по највисоки светски стандарди Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

З

агадувањето како најгорлив проблем во Скопје е нешто на што сите институции и индустриски капацитети треба да работат за негово намалување. Иако, подолг период Цементарница УСЈЕ е мета на екологистите дека од нејзините оџаци испушта најголемо загадување, од менаџментот на компанијата тоа го негираат, а како доказ за тоа ја наведуваат новината која веќе подолг период се подготвува кај нив. Имено, Цементарница УСЈЕ, почитувајќи ги законските процедури и обврските кои произлегуваат од A – Дозволата за усогласување со оперативен план, што ја поседуваат, се подготвува за воведување нова современа технологија која ќе овозможи одреден процент од класичните фосилни горива што ги користат за загревање на печките за производство на цемент да биде заменет со алтернативни горива. Наташа Бакреска, менаџер за животна

52

ПОРТА

28 декември 2018

средина во УСЈЕ, вели дека како компанија која ги почитува законските процедури и обврски кои произлегуваат од А – Дозволата за усогласување со оперативен план која ја поседува, веќе подолг временски период се подготвува да воведе нова, современа технологија во работниот процес. „Имплементацијата на оваа технологија ќе овозможува замена на одреден процент од класичните фосилни горива кои се користат за загревање на печките за производство на цемент со алтернативни горива. Во изминатите месеци монтирана е опрема во која досега се инвестирани 2,5 милиони евра, и започнато е со пробна работа, за што компанијата ги има обезбедено соодветните дозволи. Во почетниот период, ќе бидеме во можност да замениме до пет отсто од вкупното класично фосилно гориво со алтернативно, а во перспектива планираме овој процент да дојде до 15 отсто. Најважен ни е квалитетот и сигурноста дека сѐ што е поврзано со користењето на алтернативните горива е по

највисоки светски стандарди, а тоа изискува темелна проверки, па затоа не брзаме. Во овој процес ги користиме најдобрите светски искуства, експертиза и докажано ефикасни технологии“, објаснува Бакреска. Со оглед на тоа што УСЈЕ како компанија не генерира отпад, Бакреска објаснува дека во процесот не може секој отпад да се користи како алтернативно гориво. „Кога станува збор за видот на алтернативно гориво кое може да се користи за овој процес, мора да се нагласи дека не секој отпад може да се употребува како алтернативно гориво. Задоволувањето на специфичните барања за квалитет кај овие горива е многу слично како и при користење на конвенционалните горива. За да се користи за оваа намена, отпадот најпрвин се селектира, а потоа се проверува и преработува, со цел да се задоволи точно дефинираната спецификација за квалитет. Постојат специјализирани постојки кои вршат соодветна подготовка на алтернативното гориво за тоа да може безбедно да се користи, а со оглед на


СЕ ПОДГОТВУВА НОВИНА ВО СКОПСКАТА ЦЕМЕНТАРНИЦА

значително помалиот број емисии од оној кај класичните енергенси, и позитивно да се влијае врз животната средина. Како што веќе истакнав, во почетниот период оваа нова технологија ќе ни овозможи замена до пет отсто од вкупното класично фосилно гориво со алтернативно гориво кое се добива со преработка и соодветен третман на биомаса, како што се дрвени струготини и оризова арпа, како и отпадоци од текстил“, додава Бакреска. Употребата на алтернативни горива на почетокот ќе се одвива во една печка. Но, како што вели Бакреска капацитетот на инсталацијата за контрола и дозирање на алтернативни горива овозможува во иднина со дополнителна инвестиција да се адаптира и втората печка за користење на алтернативни горива. Ограничувањата во овој поглед се во можноста да се обезбедат доволни количини на квалитетно алтернативно гориво. Цементарница Усје во кругот на фабриката прима веќе припремено алтернативно гориво. Постојат многу строги критериуми кои се однесуваат на квалитетот на алтернативното

гориво кое се прима во фабриката затоа што како конвенционалните горива, така и алтернативните горива имаат директно влијание врз технолошкиот процес и инсталираната опрема. Критериумите за квалитет се однесуваат на повеќе параметри како калориска вредност, влажност и димензии на горивото, но и содржина на хлор, тешки метали и други параметри. Зависно од типот на алтернативно гориво и од местото од каде се добавува, истото во фабриката пристигнува пакувано во бали или во растресита состојба со специјални камиони во приколки со подвижно дно. Доколку горивото е спакувано во бали времено се складира во затворен и покриен простор наменет за чување на ваков тип на гориво, а доколку доаѓа во растресита состојба како на пример лушпи од ориз, приколките со подвижно дно директно се прикачуваат на опремата за дозирање. Внесувањето на горивото во печката е со помош на пневматски транспорт (ниско компримиран воздух). Алтернативното гориво паралелно со конвенционалното гориво

влегува во делот на печката каде има највисоки температури на материјалот од 1.500 степени Целзиусови, а на гасовите и до 2.000 степени Целзиусови. На овие температури горивото веднаш согорува. Целиот систем е затворен и од надвор не може да се види алтернативното гориво. Иако, употребата на алтернативни горива не подразбира директен контакт на вработените со горивото, запазени се сите мерки за безбедност и здравје при работа со цел да се избегнат и ризици со мала веројатност. Заштитата на животната средина и решавањето на проблемот со отпадот и депониите е причината, како што вели Бакреска за компанијата да се реши да инсталира ваква опрема. „УСЈЕ како компанија е одговорен член на заедницата, која го разбира влијанието на индустријата врз опкружувањето и важноста на животната средина. Со воведувањето на ваква еколошка технологија активно помагаме во заштитата на животната средина и решавањето на проблемот со отпадот и депониите, кои освен

ПОРТА


еколошки се и организациски проблем. Рециклирањето и алтернативната употреба на горива се нешто коешто е практика во светот веќе подолго низ годините, а инвестирањето во технологија која отпадот го користи како енергенс е директно инвестирање во заедницата и животната средина. Употребата на алтернативни горива во цементната индустрија е класичен школски пример за т.н. win-win решение за постапување со отпад и обезбедување на алтернативна енергија“, додава Бакреска. Придобивките од замената на необновливите фосилни горива со алтернативни се навистина значајни и повеќекратни. Прво во делот на заштита на животната средина преку заштеда на необновливи ресурси (нафта, јаглен) и во намалувањето на емисиите на т.н. „стакленички“ гасови во атмосферата и ефектот на стаклена градина кои тие го предизвикуваат. Имено, доколку отпадот без никаков третман се депонира се генерираат значително повеќе стакленички гасови во споредба со стакленичките гасови при искористување во цементната индустрија. Ефектот на намалување на емисии на стакленички гасови е најголем при користење на биомаса (деланки од дрво, слама, лушпи од ориз и слично) како алтернативно гориво. Имајќи предвид дека УСЈЕ не планира самостојно да ги приготвува алтернативните горива, оваа иницијатива отвора можности за нови бизниси и нови работни места на локално ниво. На крај употребата на алтернативните горива придонесува и во редуцирање на оперативните трошоци кои ги имаме како компанија. Ова намалување на трошоците понатаму ќе создаде услови за остварување заштеди кои ќе ја зголемат нашата конкурентност и ќе овозможат нови инвестиции 54

ПОРТА

28 декември 2018

за одржлив развој, стабилност на работните места и нови вложувања во заедницата. Светските искуства велат дека едно од најефикасните решенија за проблемот со ширењето на депониите за отпад е всушност употребата на алтернативни горива, која спаѓа во групата на еколошки технологии (најдобри достапни техники) и која се користи во развиените индустриски земји и во Европската Унија веќе подолго од 40 години. Во моментов 42 отсто од вкупниот отпад во земјите на ЕУ се рециклира со цел да се искористи како алтернативно гориво, со тенденција овој процент до 2030 година да достигне 65 отсто. Бакреска раскажува дека цементарниците од Германија веќе минатата година го надминале овој процент, кои како најнапредни во користењето на алтернативните горива, оваа практика ја имплементирале уште во 1987 година. Науката и досегашната практика докажале дека токму цементарниците се најпогодни за употреба на алтернативни горива заради специфичниот целосно затворен, стабилен и континуиран технолошки процес со кој се произведува цемент. Температурите до 2.000 степени Целзиусови во печките, овозможуваат целосно согорување на

горивото, а пепелта по согорувањето се вградува во финалниот производ, исто како и при согорување на конвенционалните горива. На тој начин не се создава никаков дополнителен отпад или пак се загадува животната средина. Бакреска и УСЈЕ воведувањето на овој процес го осмислувале подолго време. „Следејќи ги светските искуства, за употреба на алтернативни горива размислувавме подолго време. Дозвола за користење на алтернативни горива имаме од 2013 година. Самиот процес на избор и инсталирање на опремата, како и избор и набавка на соодветни алтернативни горива траеше околу една година. Во овој процес од голема помош и поддршка е искуството и знаењето од Титан која е лидер во имплементација на нови технологии и имаме можност да ги користиме искуствата и од другите фабрики во рамки на Групацијата кои веќе одамна користат алтернативни горива“, вели Бакреска. Според неа употребата на алтернативни горива е новина во Македонија и затоа смета дека сите вработени во Усје го доживуваат како личен предизвик. Секој професионалец кој е посветен на професијата која ја работи ги следи најновите трендови, се едуцира и информира. Дополнително на тоа УСЈЕ е компанија која во континуитет вложува во едукација на вработените. Секако сите компании мора да работат согласно законите и да вложуваат во заштита на животната средина. Овој процес не е прашање на добра волја туку и законска обврска и одговорно работење на секоја компанија како дел од заедницата. Компаниите мора да се грижат за заедницата и да придонесуваат кон нејзиниот развој и да го подобруваат квалитетот на живот во различни сегменти. Ние во Усје цврсто веруваме дека имаме позитивен придонес во севкупниот одржлив развој во Република Македонија и сакаме да бидеме транспарентни и да ги споделиме нашите добри практики. Во таа насока имаме и „Отворени денови“ каде сите што сакаат да се запознаат со нашето работење, можат да нè посетат, нагласува Бакреска.


ПОРТА


најчудни градби

„Северна кула“ за „Големото јаболко“ Станува збор за супервисок облакодер кој во моментов се гради на Менхетен во Њујорк, а декот за набљудување се наоѓа на 350 метри над темелите и е засилен со пешачка патека

3

Драган РИСТОВ

0 Хадсон Јaрдс (30 Hudson Yards) позната и како „Северна кула“ е супервисок облакодер кој во моментов се гради на Менхетен во Њујорк и речиси е пред финале. Зградата е дел од проектот за реконструкција на западниот дел на т.н. област под управа на транспортната агенција на Метрополитен. Од јули 2018 година, таа е трета највисока зграда во Њујорк. Оваа кула почна да се гради на 4 декември 2012 година. Раните градежни работи се фокусираа на изградба на платформа која ќе покрие поголем дел од источниот железнички двор. Платформата се потпира на специјални столбови кои се длабоко во земјата и се носачи на платформата на која почива зградата, а истата е над железницата. На 12 декември 2013 година беше објавено дека Tutor Perini Building Corp го добиле договорот за изградба вреден 510 милиони долари само за конструкција на платформата. Во 2013, Time Warner, сега Warner Media, ги објави своите намери да пресели поголем дел од своите канцеларии токму на 30 Хадсон Јардс, напуштајќи го сегашното седиште во Центарот за Time Warner. Комплетната преселба ќе биде направена по отворањето на зградата, но тоа и не е толку важно, колку што е важен фактот дека веќе следната година ќе биде прогласен официјален крај на изградба на комплексот. До јануари 2016 година, првите неколку надземни катови на објектот беа веќе завршени но она што е посебно значајно за овој облакодер е што во април 2018 година почна конструкцијата на т.н. „Палуба за набљудување“ или огромната 56

ПОРТА

28 декември 2018


платформа од стакло која излегува од зградата, виси и овозможува уникатен видик на Њујорк од таа позиција.Оваа платформа за набљудување беше речиси завршена до средината на 2018 година. Платформата е долга 24 метри, има триаголна форма и целата е од стакло. Подот на набљудувачницата е од специфично мат стакло, додека во средишниот дел во триаголна форма има провидно стакло од кое слободно се гледа надолу кон основата на објектот, на улиците и на тој дел од Менхетен. Дизајнот на објектот е на „Кон Педерсен Фокс“. Првичниот дизајн планираше кулата да биде висока 408 метри, но подоцна истата беше намалена на височина од 386 метри, што сепак сè уште ја прави уште една од највисоките згради во развој. Палубата ќе биде највисокиот јавен простор за набљудување на отворено во западната хемисфера на Њујорк и е лоцирана близу 100-тиот кат. Тоа е дел од поголемиот концепт со повеќе катови, кој вклучува и ресторан на површина од

Технички детали: Име: 30 Хадсон Јардс Место: Менхетен, Њујорк Почеток на работа: 2012 година Завршување на работа: април 2019 Менаџмент: Оксфорд Групација АД Висина 1.268 стапки (386 метри) Број на резидентни катови: 100 Површина: 240.000 м2 Број на лифтови: 59

28 декември 2018

ПОРТА

57


10.000 квадратни метри, бар и простор за настани. Идејата за создавање стаклена палуба за набљудување не е ништо ново. Постојат многу такви објекти, како што е случајот во Чикаго или „потковицата“ за набљудување во клисурата Колорадо, но авторите на овој објект, сакаа да ги притиснат сите граници со навидум опасна капсула затворена со стаклени влакна на висина од над 300 метри кон небото. Декот за набљудување се наоѓа на 350 метри над темелите и е засилен со пешачка патека. Како што напоменал во една прилика претседателот на 20 Хадсн Јардс, тоа е одлична можност да уживаш, но и да ги „извалкаш“ панталоните на еден познат и срамен начин. 30 Хадсон Јордс официјално на 17-ти јули 2018 го доби последното парче стакло, еден вид круна на објектот со кој се означи фазата на изградба. Високата кула од 386 метри е највисока од кулите во овој дел и има сериозна шанса да го добие епитетот на исконска зграда која го има најубавиот поглед. Надворешната палуба ќе биде најголемата и највисока структура во западната хемисфера, која е составена од 15 основни делови, од кои секоја тежи меѓу 1.5 и три тони и заеднички обезбедуваат околу 7.500 квадратни метри простор за гледање, опкружени со девет метри - стаклен ѕид и прозориран под. До април идната година има уште неколку месеци, а оние кои веќе пробно биле на декот за набљудување, велат дека чувството е опасно. ПОРТА


ПОРТА


хортикултура

ПРИРОДНО-МАТЕМАТИЧКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ДОБИ НОВ ОБЈЕКТ

Ботаничка градина – дом на растителното богатство Со изградбата на објектот, создадени се потребните услови за реализација на новата функција на ботаничката градина на ПМФ во Скопје, таа да прерасне во центар за заштита на растителната разновидност во нашата земја

Цветанка ЦВЕТКОСКА, еколог

Б

отаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје организациски припаѓа на Ботаничкиот завод на Институтот за биологија. Активностите околу нејзиното формирање почнале во 1948 година, а во 1951 година била официјално пуштена во употреба на површина од 14 хектари. Денес таа зафаќа површина од 11 хектари. При нејзиното формирање се консултирани врвни познавачи од просторите на поранешна Југославија, така што Ботаничката градина за релативно краток период прераснала во објект со своја 60

ПОРТА

28 декември 2018


препознатлива физиономија. Во систематските полиња биле внесени голем број автохтони видови растенија од флората на Македонија и растителни видови кои потекнуваат од другите делови на светот, добиени по пат на широко воспоставената размена на семенски материјал. Во периодот на најголема активност во градината биле вработени двајца научни соработници и 19 работници, кои се грижеле за околу 400 дрвенести и грмушести примероци, преку 3.000 саксиски примероци, три стакленици, еден ладилник и поголем број систематски полиња. Паралелно со работите за просторното уредување и изградба на одделни објекти, во периодот од 1970 до 1989 година се оформила семенска збирка и се издавал каталогот Delectus seminum, и преку размена на семенски и жив материјал се воспоставила соработка со бројни

ботанички градини ширум светот. Функционирањето на градината е тесно поврзано со наставната пракса на Институтот за биологија уште од почетокот на нејзиното формирање, а претставува значајно место и за едукација на учениците од основните и средните училишта. Во исто време, просторот на ботаничката градина се користи за изработка на бројни научни проекти, магистерски работи и докторски тези. Од нејзиното формирање до денес градината редовно е посетувана од организирани групи деца од претшколска возраст и групи на ученици од основно образование, а повремено се организира и практична настава за ученици. Пред дваесетина години, со заеднички напори на ПМФ со Фармацевтскиот факултет, изграден е простор за одгледување на лековити растенија од територијата на Македонија. Исклучително богатиот растителен

диверзитет на Македонија (над 3.500 растителни видови, од кои 117 се ендемични), денес е изложен на бројни сериозни закани, пред сѐ, од антропогена природа, но не помалку важни се заканите од природни нарушувања. Во тој поглед, секако посебно внимание заслужуваат веќе актуелните климатски промени. Свесен за сериозната изложеност на растителната разновидност, Институтот за биологија, со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, во рамките на Ботаничката градина пред дваесетина години изгради Објект за интродукција и аклиматизација на ендeмични, реликтни, ретки и лековити растенија од флората на Република Македонија. На просторот на овој објект досега се внесени поголем број флористички значајни растителни видови кои имаат посебен третман на видови што се заштитени надвор од природните 28 декември 2018

ПОРТА

61


живеалишта. Со изградбата на објектот, беа создадени потребните услови за реализација на новата функција на ботаничката градина на ПМФ во Скопје, таа да прерасне во центар за заштита на растителната разновидност во нашата земја. Со други зборови, објектот претставува реализација на една од мерките која е предвидена во Стратегијата и акциониот план за заштита на биолошката разновидност на Македонија во рамките на стратешката определба за ex-situ заштита. Поради недостаток на финансиски средства Ботаничката градина во последните

ПОРТА

2 децении се наоѓаше во релативно лоша состојба. Во 2017 година од ГЕФ ПМГ – Република Македонија беа доделени финансиски средства за реализација на проектот „Унапредување на заштитата на растителниот диверзитет, енергетската ефикасност и едукацијата во Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје“. Проектот се спроведува од Македонското биолошко друштво во соработка со Природно-математичкиот факултет и во негова реализација се вклучени 12 експерти од Институтот за Биологија. Во

оваа прилика би ја потенцирале значајната улога на доц. д-р Рената Ќуштеревска, проф. д-р Славчо Христовски, проф д-р Биљана Миова и екологот Цветанка Цветкоска, кои во проектот покажаа голем ентузијазам и залагање. Тие не штедејќи го секое слободно време во текот на изминатата година, со свои познаници активно се вклучија во градежните активности. Исто така обезбедија и дополнителна помош од приватни компании со која во текот на 2018 големиот Стакленик беше целосно реконсруиран. Успешната реализација на проектот им е дополнителна мотивација да продолжат со реализирање на нивните планови кои се вклучени во изработената Стратегија за Ботаничката градина. Со реализација на оваа стратегија Ботаничката градина ќе прерасне во репрезентативно катче за богатата флора на Република Македонија, каде посетителите ќе имаат можност да се рекреираат и едуцираат за растителната разновидност Нашата визија: Македонија ефикасно го чува своето растително богатство преку развивање на научните и образовните потенцијали. Нашата мисијата: Ботаничката градина на ПМФ учествува во конзервација на растителниот свет, ја промовира биолошката едукација и овозможува научни и апликативни истражувања во соработка со други ботанички центри. Стратешки приоритети во наредниот период се: развој на човечките капацитети, подобрување на ex-situ конзервацијата и збогатување на растителниот фонд, подобрување на инфраструктурата, соработка со други ботанички центри, обезбедување самоодржливост и промовирање. Ботаничката градина претставува единствен објект во градот Скопје и пошироко во Република Македонија. Со својата дејност и местоположба таа постепено прераснува во значајна институција од наставно-научен, едукативен, културен и рекреативен карактер. Таа претставува простор кој е и ќе биде посетуван од бројни вљубеници во природата, студенти, ученици, ботаничари.


ПОРТА


репортажа

Скапоцена круна на врвот Златоврв Манастирот поседува вредни уметнички предмети. Трпезаријата со својата импресивна камена маса тешка повеќе од два тона со камени седишта, како и кујната, се објекти изградени во 14 век. Двокрилната врата со плитка резба поставена на западниот влез во нартексот на црквата, направена е во 16 век и е врвен дострел на македонското средновековно резбарство

Ангел СИТНОВСКИ , дипл. инж. арх.

В

елат дека манастирот Трескавец ти го одзема здивот двапати. Првиот пат, ако се качуваш од Маркови Кули и одиш пеш по стрмната планинска патека речиси два часа и вториот пат, кога си веќе горе, дојден пеш или со

64

ПОРТА

28 декември 2018

возило сеедно, и гледаш наоколу. Прекрасниот поглед што се пружа оттаму над Пелагонија, ти го зема здивот. Поставен високо на планинскиот врв, на висина од 1.422 метри, во средината на пелагониската рамнина, манастирот Трескавец во континуитет од илјадници години е средина на духовниот живот на народот населен на овие простори. Тука се

кријат многу тајни закопани во вековите што поминале. Човековото присуство испишано е на секоја карпа во околината. Манастирските ѕидини во себе ја кријат црквата посветена на Успение на Пресвета Богородица, манастирскиот конак и трпезаријата. Стојат тука со векови, како некаква круна поставена на врвот Златоврв. Оттука може непречено да се набљудува


МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ - НЕРАСКИНЛИВАТА ВРСКА МЕЃУ ЧОВЕКОВИТЕ ЧУВСТВА И НАСЛЕДСТВОТО ОД МИНАТОТО

хоризонтот. Многумина тука го наоѓаат својот духовен мир, како и предизвикот да остварат некаква комуникација со Бога. На симболичен начин манастирскиот комплекс ја отсликува нераскинливата врска меѓу човековите чувства и наследството од минатото. Постојат многу легенди и историски факти за манастирот. Некои се вистинити, а некои

се само приказни кои ги распалуваат мечтите. Толку многу зборови се напишани, а сепак, чиниш како малку да е кажано. Би можел да ви зборувам за звукот на тишината, за убавината на овие груби карпи наоколу, за прекрасниот поглед, за близината на небеската шир, за декодирањето на мистичната криптографија на секоја педа од оваа прекрасна планина . Многу може да се

зборува! Кога ќе се искачите на Златоврв и ги допрете ѕидините на манастирот, ќе ви се пристори дека однекаде ги слушате молитвите на стотиците монаси, кои овде живееле и работеле низ вековите, ќе ја почувствувате можеби нивната вера во тишината на манастирските ѕидови и ќе го разберете мозаикот наречен Трескавец, станувајќи во еден момент и вие дел од овој мозаик. Остатоците од тврдината околу манастирот, некрополата Гумење, гробовите врежани во карпите, трагите на остатоци од предметите низ платото Златоврв, нишите изградени во западниот ѕид на црквата, како и оние што се расфрлани наоколу, сведочат дека таму постоел храм посветен на боговите од Олимп, Аполон и Артемида. Фактот што овде се пронајдени поголем број споменици со натписи, кои упатуваат на некогашните жители, на нивните култови, во голема мера значи дека овде имало населба која била во редот на позначајните на овие простори. Дали можеби заради светилиштето посветено на античките богови? Токму на остатоците од спомениците пронајден е натпис со името на населбата од антиката, која се нарекувала Колобаиса и која постоела под Златоврв повеќе од 800 години. Врз темелите на античкиот храм изградена е првата христијанска црква која датира од периодот помеѓу 5 и 6 век. Најголемиот дел на црковната архитектура што е видлива и денес е од крајот на 12 и почетокот на 13 век. Манастирот поседува вредни уметнички предмети. Трпезаријата со својата импресивна камена маса тешка повеќе од два тона со камени седишта, како и кујната, се објекти изградени во 14 век. Двокрилната врата со плитка резба поставена на западниот влез во нартексот на црквата, направена е во 16 век и е врвен дострел на македонското средновековно резбарство кое ѝ припаѓа на познатата Слепченска резбарска школа. Олтарот во црквата е украсен со икони и се исправа пред верниците како таинствена врата зад која молчаливо стојат спомените на изминатите векови. До крајот на 16 век забележани се големи активности и во копирањето на ракописи. Речиси сите балкански владетели и достоинственици од средниот век имале голема почит кон манастирот. Фреските во црквата се од различни периоди. Сликарството на византиските императори Михаил VIII Палеолог (1259-1282) и неговиот син Андроник II Палеолог Постариот (12821328) над влезот, укажува на нивното 28 декември 2018

ПОРТА

65


ктиторство на манастирот. Црквата е еднобродна градба, со тристрана олтарска апсида поставена на исток и странични капели. Во 14 век ја обновиле српските владетели кралот Милутин како и царот Душан. Манастирот е граден и обновуван во византиски стил. Од периодот на владеењето на српските владетели зачувани се фрески од 14-тиот век, чиј ктитор бил царот Душан, со

ПОРТА

илустрации на црквениот календар, потоа фреските на доградениот параклис, како и на фасадата на егзонартексот од 15 век, па сè до 19-тиот век, кога била насликана слепата калота во нартексот. Во калотата на северозападната купола насликан е Исус Христос како цар над царевите во современа носија од тоа време. Околу централниот медалјон во круг се насликани девет ангелски хорови, додека пред нив, во

одежда на византиска царица, со круна на главата, стои Богородица покрај празниот престол. Благодарејќи на култот на Богородица манастирот Трескавец во средновековниот период бил центар на ходочастие и поклонение, кое покрај обичниот народ го посетувале и царски семејства. Малата пештерска црква во близина на манастирот и остатоци на испосница наговестуваат одредени облици на испосничкиот живот. Во манастирот се случиле три катастрофални пожари! Во 1867 година бил првиот за кој се знае, потоа во 1990 година и последниот во февруари 2013 година. Последниот пожар целосно ги уништи манастирските конаци. Манастирскиот комплекс Трескавец спаѓа во групата на 100 најзагрозени споменици на културата во светот. Веднаш, по последниот пожар, се почна со расчистувањето на изгорените делови и правење на асфалтен пат кој води до манастирот. Заводот за заштита на спомениците и Музеј Прилеп направија проект за обемни конзерваторскореставраторски работи со целосна реконструкција на конаците. Изведувач на работите е српската фирма „Кото“ од Белград, една од најреномираните за реконструкции на ваков вид објекти во источна Европа. Реконструкцијата на целиот манастирски


комплекс требаше да заврши кон крајот на оваа година, но работите ќе продолжат и идната година. За самата реконструкција и

за начинот на изведба, повеќе во наредниот број. Преубавата природна сценографија околу

манастирот Трескавец на режисерот Милчо Манчевски му билa инспирација за некои од сцените во неговите филмови. Околината на

ПОРТА


манастирот Трескавец ја користи и денес за снимање на својот најнов филм со наслов „Врба“. „Пред дождот“ доживеа светска слава и цел свет можеше да ги види убавините на пределот околу манастирот. Денес во духовен мир и тишината на манастирските конаци живее отецот Калист. Било да сте верник или вљубеник во природата, манастирот Трескавец е вистинската локација, место кое секако, барем еднаш треба да се посети, да се уверите во сите приказни за него раскажани, да се уверите дека е навистина скапоцена круна поставена на врвот Златоврв!

ПОРТА


ПОРТА


уметност

УШТЕ ЕДНА ПОТВРДА ЗА КОНТИНУИТЕТ ВО ТВОРЕШТВОТО НА БЛАГОЈ ЧУШКОВ

Вешта обработка на фигуративните мотиви По повод изложбата на Благој Чушков во изложбениот салон на Македонската академија на науките и уметностите

Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ, историчар на уметност

П

овод за овој краток осврт е самостојната изложба на Благој Чушков (роден во 1936 година) која го потврдува континуитетот во неговото творештво. Чушков по завршувањето на Уметничката школа во Скопје студирал на Академиите за ликовна и применета уметност во Белград, Софија и Ленинград (Петроград). Дипломирал во Белград во 1967-1968 година (години на студентските немири). На изложбите на Друштвото на ликовните уметници учествува од 1970, а од 1971 година ги организира неговите самостојни изложби во земјата и светот (во Лондон, пред сè). Тој рано се определува за теракотата како вајарски материјал кој со своите специфичности одговара на првата замисла и творечките поттици на Чушков. Неговите дела се карактеризираат со сигурна техника и вешта обработка на фигуративните мотиви. Во нив, со примена на личен експресивен манир се внесени елементи од изворната ликовна и 70

ПОРТА

28 декември 2018


применета традиција, како и одделни формални белези од т.н. примитивна пластика на старите неевропски култури (Лепенски вир, јужноамериканските култури, сè до руските бабушки итн.). Од неговото творештво би издвоил два пристапа, еден со релјефна обработка на допојасните линеарни фигури (со фронтална визура), а другиот со слободни фигури предадени во необични движења и чудни пози; од дескрипција на мотивот со робусни форми авторот спонтано навлегол во алегориски претстави и иронично зајадливи „коментари“. Чушков тргнува од форма на бочва и врз нејзината површина врежува линии, извлекувајќи одделни пластични мотиви (поедноставени форми на раце, лик итн.) или на други предметни мотиви (на пример синџир и друго) кои го надополнуваат изразот на ликовите кои некаде добиле карикатурни или гротескни белези. Чушков обработува разни теми од универзален или интимен карактер и тоа пред се типизирани ликови со тага или меланхоличност во изразот како и во целината на делото; мотивот на отворена уста, некаде неодредено, но главно сугерира момент на пеење или крик, додека затворените очи сугерираат интровертираност, а отворените (поретко) имаа неодреден поглед и незатскриен израз на човечки комплекси. За авторот глината е привлечен и соодветен материјал за обработка на разни мотиви, особено заради

неговата пластична податливост за обликување форми со органски белези кој со природната боја и текстурата се врзува за елементот земја и за поимот на локални белези на скулптурата. Меѓутоа, таквите сугестии се однесуваат на рустикалниот робустен стил на обликување сроден со изразот на примитивната скулптура, кој во Франција доби нов поим на друга уметност која изворно има ритуални мистични белези. Чушков работи и во дрво, некаде следејќи ја неговата природна форма задржувајќи се на релјефно обликување. Тој користи и бронза со комбинирање на сјајни и потемни површина, како и боја во создавање на

анимални претстави. Неговиот монументализам има интимистички белези. Во скулптурата Чушков внесува и сликарски белези (иконовидно мајчинство, тажачки, оплакување, хор, басист, протест, религиски, социјални, политички теми, жанр сцени кои го надвладуваат интересот за модерно обликувана скулптура.). Во македонската скулптура следиме повеќе примери на архаични и примитивистички содржини во делата на Димче Коцо, Боро Митриќески, особено на Борка Аврамова која во 50-тите години силно го обележа модернизмот и Анета Светиева која во 80-тите оствари постмодернистички оригинален пристап.

28 декември Скопје на Кензо2018 Танге ПОРТА

71


уметност

ИЗЛОЖБА „MICHAEL JACKSON: ON THE WALL“ ВО „ГРАН ПАЛЕ“ ВО ПАРИЗ

Блокбастер изложба го прославува Мајкл Џексон Мајкл Џексон е една од највлијателните културни фигури на 20 век, а неговото наследство продолжува во 21 век. Иако отсекогаш бил сметан за референца во светот на музиката, видеоклиповите, танцот и модата, неговото влијание врз современата уметност никогаш не било дискутирано и никогаш не било предмет на меѓународна изложба како оваа. Изложбата во Париз не претставува биографија на Мајкл Џексон, туку е поставка која се гледа исклучиво низ призмата на современата уметност Текст и фотоДејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз) еодамна директно од Лондон повторно пристигна „Michaelmania“ во Париз како една од најочекуваните изложби за 2018 година: „Michael Jackson: On The Wall“. Изложбата на радост на фановите од целиот свет на оваа музичка поп икона, отворена во „Гран Пале“ ги обединува делата на над 40 познати уметници, од јавни и приватни колекции ширум светот, како и нови создадени специјално за оваа прилика од страна на уметниците, меѓу кои се Rita Ackerman, Dara Birnbaum, Candice Breitz, Marvin Gaye Chetwynd, Njideka Akunyili Crosby, Mark Flood, Isa Genzken, Maggi Hambling, David Hammons, Lyle Ashton Harris, Jonathan Horowitz, Gary Hume, Rashid Johnson, Isaac Julien, David LaChapelle, Louise Lawler, Klara Liden, Glenn Ligon, Paul McCarthy, Rodney McMillian, Dawn Mellor, Lorraine O'Grady, Opie Catherine, Yan Pei Ming, Paul Pfeiffer, Grayson Perry, Faith Ringgold, Donald Urquhart, Kehinde Wiley, Hank Willis Thomas, Andy Warhol, Jordan Wolfson… Ова париско шоу во вистинска смисла на зборот, е организирано од Националната галерија на портрети во Лондон во соработка со музејот „Гран Пале“ во Париз и Michael Jackson Estate. Изложбата претставува истражување на културното влијание и уметничкото влијание на личноста на Мајкл Џексон (1958-2009) и неговото творештво во областа на современата уметност од 80-тите години на 20 век до денес. Многу уметници биле привлечени од покојниот King of Pop, како инспирација, трагична фигура и фасцинантна енигма. Во изјавата дадена од организаторите на изложбата се вели дека „ретко е да се има нешто ново за некој кој е

Н

72

ПОРТА

28 декември 2018


славен, но во оваа изложба тоа се случува“. Насловот на поставката „Michael Jackson: On the Wall“ е преземен од неговиот петти соло албум „Off the Wall“, продуциран од Квинси Џонс во 1979 година. На насловната страница, Мајкл Џексон (кога сè уште му била темна кожата, но со веќе естетски коригиран нос) - позира во смокинг, потпрен на ѕид од тули, и тука е секако, неговата заслепувачка насмевка на оптимизмот. Изложбата во „Гран Пале“, истакнува дека младиот Џексон од „Off The Wall“ повеќе не е тука, но тој сè уште живее..., закачен на ѕидот. Предизвик е да се види како едно лице може да значи различни нешта за различни луѓе. Според многумина, Мајкл Џексон е планетарна личност која никој нема да ја достигне и никогаш нема да се повтори друг Мајкл Џексон. Изложбата вклучува дела кои го одразуваат сето она што Мајкл Џексон им претставувал на своите обожаватели, односно од неговото место во афроамериканската култура, од начинот на кој тој манипулирал со славата, како и начинот на кој славата манипулирала со него. На задоволство на фановите, на изложбата може да се видат неговата позната јакна, црните мокасини, насловни страници на списанијата што му биле посветени, како и некои од предметите што му стоеле на ноќното масиче. РУШЕЊЕ НА СИТЕ БАРИЕРИ Изложбата не претставува биографија на Мајкл Џексон, туку е поставка која се гледа исклучиво низ призмата на современата уметност. Иако не е биографска, изложбата е сепак организирана по хронолошки редослед. Го следи извонредниот развој на оваа светска легенда, од неговите почетоци како надарено дете во групата „Џексон 5“ до неговата метаморфоза во уметник со единствена експлозија. Тематските сали, исто така, им овозможуваат на посетителите да ги разгледаат естетските, социјалните и политичките аспекти на работата на овој афроамерикански уметник; опсег кој се обидува пред сè да ги отстрани бариерите од сите видови, од оние што ги одделуваат музичките жанрови до оние што ги одделуваат расите. Премиерно, изложбата се одржала во Националната галерија на портрети во Лондон од јуни до октомври 2018 година, а по Париз, изложбата продолжува во „Бундескунстхал“ во Бон од март до јули 2019 година и во Музејот на современа уметност во Еспо, Финска, од август до јануари 2020 година. Изложбата во Париз буквално ја претставува ѕвездата како уметнички објект преку повеќе од 100 современи уметнички експонати и дела, вклучувајќи слики, цртежи, скулптури, фотографија, видео и перформанси. ПОРТА

73


„Мајкл Џексон е еден од највлијателните културни фигури на 20 век, а неговото наследство продолжува во 21 век. Иако отсекогаш бил сметан за референца во светот на музиката, видеоклиповите, танцот и модата, неговото влијание врз современата уметност никогаш не било дискутирано и никогаш не било предмет на меѓународна изложба како оваа“, објаснуваат кураторите на изложбата. За организаторите на изложбата, наследството на Мајкл Џексон е поживо од кога било, речиси 10 години по неговата смрт: Рекордната продажба на неговите дела која надминува една милијарда примероци, продолжува да расте, неговите видеа сè уште се гледаат, а неговите бројни фанови остануваат и натаму верни. Неговото влијание и слава не се поставуваат под знак прашање, а темите и процесите што ги покренал како социоопштествен феномен, особено од гледна точка на идентитет, раса и слава, сè уште се релевантни денес, поставувајќи ги во прв план. Мајкл Џексон како автор на најпродаваниот албум во историјата, Thriller од 1982 година, и натаму продолжува да воодушевува поради своите пораки за почитување и толеранција. Тој сакал да ги надмине сите видови музички бариери, комбинирајќи рок, реп, фанк и соул. Во прилог на рушењето на сите рекорди на продажба, освојувајќи бројни награди, учествувајќи во бројни филантропски акции и пробивање на многу културни бариери, Мајкл Џексон е исто така, еден од најзастапените личности во визуелните уметности. Почнувајќи од славниот Енди Ворхол, кој го искористил 74

ПОРТА

28 декември 2018

неговиот лик во 1982 година за свое дело, а истото подоцна било насловна страница на „Тајм“ списанието во 1984 година. Подоцна, многу други современи уметници од 20 и 21 век, од различни генерации и од различни

земји, биле инспирирани од кралот на поп културата. Изложбата во „Гран Пале“ ќе трае до 14 февруари следната година.


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.