ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
276
ЈАНУАРИ 2019
15 ГОДИНИ
90 ДЕНАРИ
„Поузданост“ на бетонски конструкции на мостови Државата има изгубено чувство за своите најважни ресурси Хосписи - простори за нега на терминални пациенти
ПОРТА
СОДРЖИНА 16 ИНФО 6 СВЕТСКИТЕ ОБЈЕКТИ НА УНЕСКО, МАКЕДОНСКИТЕ САМИ НА СЕБЕ
ИНФО 8 ПЛАНОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ ПОЧНУВА СО ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА СУШИТЕ ЈА ЗГОЛЕМУВААТ ЕМИСИЈАТА НА CO2 ИЗРАБОТЕН АКЦИСКИ ПЛАН ЗА ЗАШТИТА НА БАЛКАНСКИОТ РИС ДО 2020 ГОДИНА
24
ГРАДЕЖНИШТВО 10 „ПОУЗДАНОСТ“ НА БЕТОНСКИ КОНСТРУКЦИИ НА МОСТОВИ
ИНТЕРВЈУ 16 ДРЖАВАТА ИМА ИЗГУБЕНО ЧУВСТВО ЗА СВОИТЕ НАЈВАЖНИ РЕСУРСИ - НАСЕЛЕНИЕТО И ПРОСТОРОТ
АРХИТЕКТУРА 24 НИГЕРИСКИОТ ЕКО АТЛАНТИК НОВАТА ПОРТА КОН АФРИКА
АРХИТЕКТУРА 28 ДОМ ЗА ОДМОР И ЗА БЕГСТВО ОД МЕТЕЖОТ ВО УРБАНИТЕ СРЕДИНИ
АРХИТЕКТУРА 34 ХОСПИСИ - ПРОСТОРИ ЗА НЕГА НА ТЕРМИНАЛНИ ПАЦИЕНТИ
28 44
40
АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 40 НАЈВИСОКАТА ЗГРАДА ОД ДРВО ВО АВСТРАЛИЈА
УРБАНИЗАМ 44 МИЛАНО ИМА ЦЕНТАР ШТО НЕ Е ПОВРЗАН СО ШОПИНГ, ТУКУ СО КУЛТУРНО
ЕНТЕРИЕР 48 DAILY FOOD&WINE МОДЕРЕН ДИЗАЈН СО ПРИЈАТНИ ДЕТАЛИ
ЕКОЛОГИЈА 54 ОТПАДОТ - ГЕНЕРАТОР НА ДОМАШНИ УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 58 ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА ЗА ЧИСТА ПОЧВА И ЧИСТ ВОЗДУХ
УМЕТНОСТ 62 КЛИМТ/ШИЛЕ: ЦРТЕЖИ ОД МУЗЕЈОТ АЛБЕРТИНА ВО ВИЕНА
ПОРТА
25 јули 2014
54
62
ГОДИНА XII
БРОЈ 276 ПЕТОК 25.1.2019 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, И оваа година ја почнуваме со интересни четива од области во кои секој читател ќе најде нешто интересно. „Поузданост“ на бетонски конструкции на мостови е тема која стручни лица ја обработуваат за овој број. „Поузданост“ е релативно нов современ и сеопфатен израз кој во себе подразбира и обединува сигурност, употребливост и трајност. Кај мостовите, експлоатациониот век е од 80 до 120 години, сè во зависност од материјалот, статичкиот систем, изведбата и надзорниот ангажман. Со редовно одржување може да се оствари проектираниот век на конструкцијата. Истото може да се постигне доколку при самото проектирање бидат преземени и опфатени сите релативни подлоги поврзани со статичка и динамичка сигурност, а притоа нема да бидат занемарени најголемите учесници во постепеното деградирање на основните конструктивни елементи и нивното влијание во експлоатациониот век на мостот. Во овој број имаме интервју со Миодраг Радоњиќ – Бато, архитект добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ за минатата година. Бато зборува за неговата кариера, за урбанизмот, како и за неговите заложби и визии за Скопје. Во времето на глобализација во светот сè почесто имаме нова појава, „градење градови од нула“. Ова особено е честa појава во земјите во развој, каде населението рапидно расте, а брзата урбанизација не е во можност да ги задоволи потребите на населението. Нигерискиот Еко Атлантик е новата порта кон Африка. Тоа е град - визија за иднината. Во САД се одбележуваат сто години од почетоците на една од најпознатите куќи. Објектот познат под името Херстов Двор е дом за одмор и за бегство од метежот во урбаните средини. Станува збор за комплекс кој опфаќа површина од околу 51 хектар со четири куќи, главната Каса Гранде со две кули и трите гостински: Каса дел Мар, Каса дел Монте и Каса дел Сол, со вкупно 165 соби. Објекти што имаат амбиент кој потсетува на дом, а сепак не се. Хосписи се простори за нега на терминални пациенти. Хосписот е објект со интердисциплинарна грижа, која обезбедува услуги на палијативна нега на пациенти од сите возрасти, со предвидено преживување од шест месеци или помалку. Продолжувајќи го трендот на иновативни дрвени архитектонско-конструктивни решенија, архитектонското биро Bates Smart, го проектираше највисокиот објект од дрво во Австралија. 5 King е објект со 52 метри висина, подигнат во Брисбен.
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Објектот е еден од низа на повеќе проекти кои се изработени од дрво последните години во Австралија со што се потврдува заложбата на земјата за еколошки градби со низок степен на загадување на околината како во процесот на изработка на градежниот материјал така и за време на неговата употреба. Милано има центар што не е поврзан со шопинг, туку со култура. Тоа е простор кој е дел од многу поширока урбана регенерација. Она што е во проектот пионерско е дека го прави Милано полицентричен град. Иднината повеќе нема да биде перцепција на предградија, туку консталација на конститутивни центри на метрополата кои ќе комуницираат меѓусебно. Креативниот дизајн на ентериерот е сè, само не едноставен. Ресторанот, кој е дел од трговскиот центар „Лиса“, Daily Food&Wine има модерен дизајн со пријатни детали. Кога ќе се каже дека некој живее од она што другите го фрлаат, обично се мисли на најсиромашните слоеви од населението. Но во земјава веќе има десетина компании што се занимаваат со отпадни материјали, со секундарни суровини, односно со враќање на она што било фрлено назад во економијата. Отпадот - генератор на домашни успешни приказни. Концептот на кружна економија е она што е потребно. На полето на енергетската ефикасност ја пренесуваме неопходноста од реверзибилни хидроцентрали за балансирање на неконвенционални обновливи извори. Имаме други видови од исплатливата, вечно обновлива енергија, водени текови, сонце и ветер. Нивниот резултат „вишок“ или тоа што ќе биде предадено на другите делови од економијата е чиста енергија, но ќе остане чиста почва и чист воздух, ќе има еколошка храна за извоз и екотуризам. Нашиот дописник од Париз ја пренесува изложбата во Кралската академија во Лондон. Поводот на изложбата е 100-годишнината од смртта на двајцата уметници, што патем коинцидира и со јубилејот од потпишувањето на примирјето што става крај на Првата светска војна. Насловот на изложбата претполага еднаква застапеност на цртежите на Климт, но Шилеовите дела се присутни во многу поголем број. Двајцата уметници се најпознатите австриски сликари од почетокот на 20 век. ОД РЕДАКЦИЈАТА 276 ЈАНУАРИ 2019
15 ГОДИНИ
„Поузданост“ на бетонски конструкции на мостови Државата има изгубено чувство за своите најважни ресурси Хосписи - простори за нега на терминални пациенти
уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
АРХИТЕКТ МАРГАРИТА МИЛЕВСКА
Насловна страница РЕСТОРАН DAILY FOOD&WINE - ДЕЛ ОД ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „ЛИСА“
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 24.1.2019 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
90 ДЕНАРИ
инфо
Светските објекти под УНЕСКО, македонските сами на себе - во аут
Д
ури осум објекти проектирани од славниот американски архитект Френк Лојд Рајт најверојатно ќе се најдат на листата на УНЕСКО. За време на неговата долга кариера, Френк Лојд Рајт, меѓу другото, успеа да направи имиџот на класичниот американски дом да стане ужасен и да му направи нешто навистина
6
возбудливо. Иако поминаа 60 години од неговата смрт, никогаш не се заборавени делата на Рајт и сè уште се присутни на архитектонската сцена, или во форма на ЛЕГО скулптури, функционални минијатури или колоритни дигитални рендери. И судејќи според ова неговото влијание, се чини, не се намалува.
Организација посветена на зачувување на Рајтовите дела во ноември предложи осум од неговите најпознати објекти, за кои се смета дека заслужуваат да бидат наведени на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Конечната одлука за вклучување на овие дела на горенаведената листа ќе биде издадена и објавена во јули.
1. Taliesin West Куќата на Рајт во Аризона била неговата интимна зимска резиденција во средината на пустината Аризона, во која тој го поминал поголемиот дел од своето слободно време. Денес таа е центар на Фондацијата „Френк Лојд Рајт“ и на архитектонската школа со истото име.
3. Музејот Гугенхајм во Њујорк Ова е обожувано дело кое засекогаш ќе остане поврзано со името на познатиот архитект. Долго време било сметано за едно од најважните архитектонски објекти во САД.
2. Fallingwater Во текот на триесеттите години, сметана е за круна на органскиот пристап на Рајт кон архитектурата, и денес се смета за едно од најзначајните дела во неговата кариера. Куќата ја завршиле неговите клиенти, Едгар и Лилиан Кауфман, на кои архитектот им посакал водопадот да стане составен дел од нивниот живот.
4. Taliesin Домот со кој Рајт почна необична архитектонска авантура. Тој го подигнал заедно со своето семејство на имотот на неговиот дедо и го нарекол Taliesin по античкиот велшки поет. Во него Рајт живеел, го држел своето студио, потоа школата, како и огромниот земјоделски имот.
ПОРТА
25 јануари 2019
5. Прериска куќа во Чикаго Долга хоризонтална куќа, наизглед направена од два правоаголници, е една од раните дела на Рајт со која тој дефинира посебна насока во станбената архитектура - свој препознатлив прериски стил.
6. Храмот на единство Откако по удар на молња, трагично изгорела Универзалистичката црква која била на ова место, реставрацијата на објектот доделена му е токму на Рајт. Новиот објект е поделен во две целини – световна и духовна, кои се поврзани со долг ходник и во кои вкупно можат да се сместат 400 верници.
8. Холихок Стилот по кој Рајт се водел во текот на проектирањето на оваа необична калифорниска куќа тешко е да се карактеризира, но несомнено е дека се работи за мошне предизвикувачки проект со уникатен изглед. Осмислен како пола куќа пола градина, овој објект го красат бројни тераси, колонади и перголи кои внатрешниот простор го поврзуваат со надворешниот. Умерената калифорниска клима, овозможила поставување на бујна тераса на покривот со прекрасен поглед на Лос Анџелес и холивудските ридови.
Ова може да ни послужи како пример како треба да се однесуваме со нашата архитектура и конечно да научиме да ги вреднуваме и заштитиме објектите од модерната. Препознавањето и вреднувањето на нашето архитектонско наследство мора да биде еден од нашите најважни цели. Денеска сме сведоци на уништување на автентичноста на многу значајни објекти во Скопје под изговор „разубавување“ на фасадата или „енергетска ефикасност“, па така многу објекти се непрепознатливи како што се: објектот на Владата на РМ, стоковната куќа НАМА, Министерството за правда, заобиколувањето и целосното исклучување на објектот на МОБ од погледи и пристап до реката, обложување на фасадите на средни училишта. Исто така и негрижата за објектите кои засега успеаја да се спасат од рефасадирање стилско или енергетско е недозволива и претставува елементарно незнаење и непочитување.
7. Куќа на семејството Џејкобс На почетокот на 20 век, Рајт го осмислил терминот „Usonia“ и ја дефинирал својата визија за нова прифатлива архитектура која се ослободила од европските конвенции и одговарала на американскиот пејзаж. Неговата економична куќа во Медисон одлично се вклопува во овој опис, а интересно е дека нејзината изградба чинела само 5.000 долари. Подоцна, биле направени промени во кујната која попримила влијание од класичниот американски ранчерски стил. ПОРТА
7
инфо
Планот за чист воздух почнува со практична примена
В
ладиниот „План за чист воздух“ по четврти пат ги седна на заедничка маса претставниците на власта, на Град Скопје, Државниот инспекторат за животна средина и невладините организации. Дел од присутните граѓански организации презентираа сугестии и конкретни иницијативи поврзани со Акцискиот план во склоп на Програмата за борба против аерозагадувањето, а кои се однесуваат на нејзините четири главни компоненти и тоа мерките за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени, неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализација на Програмата. „Една од првите две активности кои ќе се случат во јануари, е поврзувањето на студентскиот дом „Кузман Јосифовски - Питу“, којшто се загрева на мазут и за тоа се трошат 230 тони во зимскиот период, што годишно ја чини државата и студентскиот центар 7 милиони и 100 илјади денари. Трошоците само за топлинска енергија, кога студентскиот дом ќе се поврзе на топлинскиот оператор ќе бидат околу пет милиони денари“, вели заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули. Како втора конкретна мерка, Макрадули ја
8
ПОРТА
25 јануари 2019
најави поддршката на иницијативата на Факултетот за земјоделски науки за одредување на една градинка и едно основно училиште во секоја општина, пред сѐ најзагрозените, каде студентите ќе засадат автохтони садници, со потекло од Македонија и ќе се создадат паркови. Шефот на кабинетот на градоначалникот на Град Скопје, Никола Наумоски се осврна на четири од девет аспекти на Планот за чист воздух којшто се во надлежност на Град Скопје, а тоа се Инспекторатот на Град Скопје и контролите кои ги вршат службите, зазеленувањето, загревањето на домовите и транспортот, како и за активностите што Градот ги презема за отстранување на причинителите на аерозагадувањето. Наумоски, исто така, покрај за проектот за изградба на трамвајска траса, информираше и за проект на Градот за обезбедување на 40 екоавтобуси, кои ќе бидат дводелни, ќе превезуваат повеќе граѓани и ќе трошат гас што е еколошки ефикасно средство. Дарко Блинков од Државниот инспекторат за животна средина говорејќи за активностите што овој орган ги презема за заштита и обезбедување на животната средина, говореше за екипирањето на инспекциските служби и активностите кои ги преземаат на централно и локално ниво. Ана Чоловиќ-Лешоска, од здружението „Еко - свест“ укажа дека ако се погледне ретроспективно, граѓанските организации од
2014 година воопшто не учествувале со препораки и мерки за консолидирање на проблемот со загадувањето и не бил земен предвид ниту Планот за аерозагадувањето со мерки и препораки во 2016 година. Чоловиќ-Лешоска зборуваше за исполнување на стратешката определба на Владата и потребата од конкретен план насочен кон енергетската сиромаштија, односно го поддржа размислувањето за забрана на горењето на дрво како огрев во урбаната средина во иднина и заклучи дека дрвото не е обновлив извор на енергија, туку загадувач. Дрвото како огревен материјал е забрането во речиси сите европски градови. Дел од присутните граѓански организации ги изложија иницијативите за имплементирање мерки за борба против аерозагадувањето. Нивните предлози се однесуваа на предлози за идентификување на супстандардни живеалишта како чест извор на загадувањето поради користењето на несоодветни извори на топлина кои го зголемуваат загадувањето, беа изнесени предлози за субвенционирање на филтри за задоволување на еколошките критериуми на претпријатија во Полошкиот Регион, како и создавање на систем преку кој граѓаните ќе можат комплетно да го следат спроведувањето на Планот за чист воздух. Во рамките на овој четврти „НВО-Отворен ден“ пристигнаа пет иницијативи од еколошките организации.
Сушите ја зголемуваат емисијата на CO2
Е
дна нова студија спроведена во САД, покажува дека сушата на долг рок влијае врз зголемувањето на емисиите на јаглерод диоксид во воздухот, како и на режимот на работа на хидроцентралите (режим на работа во услови на влошени перформанси). Зголемените нивоа на емисии се резултат на работењето на електраните со фосилни горива со цел надополнување на непроизведената енергија од хидрокапацитетите. Научниците, автори на студијата тврдат дека зголемувањето на емисиите предизвикани од сушата е околу 10 отсто. Студијата го анализира периодот од 2001 до 2015 година, а научниците утврдиле дека во САД во тој период биле емитувани дополнителни 100 милиони тони јаглерод диоксид во 11 сојузни држави, токму како резултат на сушата. Во текот на наредниот период се очекува овие влијанија да бидат уште поизразени. За Калифорнија, Орегон и Вашингтон, кои генерираат значителна количина на хидроенергија, сушата индуцира значително зголемување во емисиите на јаглерод диоксид. Кога се намалува производството од хидрокапацитетите, Колорадо стартува електрани на јаглен, додека
Калифорнија и Ајдахо користат природен гас. Во студијата се посочува дека другите делови од светот кои многу повеќе зависат од хидроенергијата, мора да размислуваат за алтернативни решенија во поглед на
супституција на хидроенергијата од други обновливи извори наместо фосилни горива, со цел постигнување на таргетите за намалување на емисиите дефинирани со Договорот за климата од Париз.
Изработен Акциски план за заштита на балканскиот рис до 2020 година
С
истематски активности за заштита на балканскиот рис на подрачјето на Националниот парк „Маврово“ се предвидени со Акцискиот план што ќе се спроведува до крајот на 2020 година. Овој документ е изработен и ревидиран во партнерство меѓу МЕД и НП „Маврово“ и други релевантни партнери од земјава и странство вклучени во Програмата за зачувување на балканскиот рис. „Главната цел на Акцискиот план е да се даде значителен придонес кон заштита на популацијата на критично загрозениот балкански рис. Акцискиот план е оперативен документ во кој се наведени конкретни активности и мерки, како и нивни финансиски и временски рамки. Акцискиот план главно се однесува за јадровото подрачје на популацијата на рисот, кое моментално се наоѓа на територијата на НП „Маврово“, а предвидени се активности во доменот на мониторинг на неговиот плен, едукација и подигнување на јавната свест, воспоставување на безбедни коридори за крупните цицачи, прекугранична соработка и слично“, вели
Диме Меловски, раководител на Програмата за зачувување на балканскиот рис од МЕД. Сегашната состојба со рисот во Македонија е загрижувачка. Со најновите процени, популацијата на рисот во целиот негов потенцијален регион на Jугозападен Балкан изнесува околу 40 возрасни единки. Оваа процена е добиена благодарение на директното пребројување на единки во јадровото подрачје – НП „Маврово“. Во Националниот парк и неговата потесна околина се среќаваат меѓу 10 и 18 рисови, со просечна густина од 1,7 риса на 100 квадратни километри. Фактот дека популацијата е помала од 50 возрасни единки
го сместува балканскиот рис во категоријата на критично загрозен (CR) според еден од критериумите на Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) и како таков е ставен од 2015 година на Црвената листа на IUCN.
ПОРТА
градежништво
„Поузданост“ на бетонски конструкции на мостови Мост на автопатот Скопје-Велес кај Сопот - изграден 1961 година
Извршена санација на Мостот кај Сопот во 2007 година
Водата мора целосно да биде отстранета и да нема никакви допирни точки со мостовската конструкција Добре Тасевски, дипл. град. инж. Оливера Димитрова , дипл.инж. aрх.
„П
оузданост“ е релативно нов современ и сеопфатен израз кој во себе подразбира и обединува сигурност, употребливост и трајност, дефинирани со југословенскиот стандард JUS U.C7.010/1987 и усогласени со меѓународниот стандард ISO/DIS 2394, 1984. Проверката на стандардите се однесува на издржливоста на конструкциите во предвремена трајност односно во нивниот експлоатационен век. Експлоатациониот век
10
ПОРТА
25 јануари 2019
на една конструкција е временски период со гарантирана сигурност и задоволителна употребливост. Кај мостовите, експлоатациониот век е од 80 до 120 години, сè во зависност од материјалот, статичкиот систем, изведбата и надзорниот ангажман. Преку сознанијата за издржливоста на вградените материјали, начинот на нивно вградување, издржливоста на атмосферски гасовити и хемиски супстанци итн., во периодот на шеесеттите и седумдесеттите години од минатиот век, кога во СФР Југославија се одвиваше голема
активност за проектирање и изградба на мостовски конструкции, беше дефиниран рокот за предвидена трајност на конструкциите кој спрема JUS-стандардите изнесува 100-120 години, од статичкодинамичка гледна точка. Во тој период е согледана можноста од процес за одржување и рехабилитација на мостовите, кој се јавува како неопходен, со цел да се оствари трајноста на конструкциите во период од 120 години. Претпоставената сигурност и издржливост на конструкцијата (поузданост), во текот на предвидениот експлоатационен век, би се реализирала
ТРАЈНОСТ НА ОБЈЕКТ
според дијаграмот прикажан во прилог. Од приложениот дијаграм може да се заклучи дека со редовно одржување може да се оствари проектираниот век на конструкцијата. Истото може да се постигне доколку при самото проектирање бидат преземени и опфатени сите релативни подлоги поврзани со статичка и динамичка сигурност, а притоа нема да бидат занемарени најголемите учесници во постепеното деградирање на основните конструктивни елементи и нивното влијание во експлоатациониот век на мостот. Останува во функција мислењето: - „Водата
Непрофесионална подготовка на подлога и монтажа
го одржува човекот во живот, а предвреме го уништува мостот!“ Имајќи го ова предвид, доколку сакаме да постигнеме успешен екплоатационен рок, водата мора целосно да биде отстранета и да нема никакви допирни точки со мостовската конструкција. Со отстранување на водата, се отстрануваат и агресивните супстанци од зимското одржување, или нивното влијание се сведува на минимално оштетување. Во зависност од лоцирањето на водата при нејзината појава и присуство на конструкциите, истата ја селектираме како површинска, проточна и процедна.
1. ПОВРШИНСКА ВОДА Присуството на водата е во форма на површинска вода препознатлива како атмосферска. Истата во разни временски периоди се јавува со различни карактеристики: мека, загадена од површински честички, замастена (од масти), закиселена од кисели атмосферски честички или базна од зимско одржување. Во секој случај, водата е агресивна за армиранобетонските елементи од мостовската конструкција. Отстранувањето на истата од хоризонталните површини со и без нагиб, е без сливници (за мали површини), или со сливници продолжени со вертикални цевки или целосна инсталација. Истото може да биде успешно, делумно успешно или неуспешно, во зависност од професионалноста на изведувачот. Спроведеното внимание околу подготовката на сите делови од сливникот, подготовка на подлогата (бушење, чистење и прајмерирање), монтажа и дихтовање на просторот помеѓу подлогата и сливникот, како и спојот на сливникот и хидроизолациониот слој, е гаранција за целосна успешност на одведување на водата. Најчестите евидентирани оштетувања се од непрофесионално вградување на сливниците и одводна инсталација од истите, формирање на отвор на коловозната плоча во конзолниот дел, исполна на контактот на сливникот со обрачот од отворот, обработка на спој хидроизолација-сливник-асфалт и кратка одводна инсталација. Најсоодветното вградување не е само со поставување на одводна цевка, туку со целосна собирна инсталација и одвод во шахта. На одредени локалитети од објектот каде не
Одвод на атмосферска вода со целосна инсталација приклучена во филтерна шахта спрема Екоевропски стандарди
Оштетување на конструктивен елемент од лачен мост од површинска вода и ветар – површинска и длабинска деградација 25 јануари 2019
ПОРТА
11
може да се одведе површинската вода, објектот е изложен на површинска и длабинска деградација. 2. ПРОТОЧНА ВОДА Проточната вода која се формира преку протекување од локалитети на дилатациони фуги, фугите помеѓу ивичниците и спојот на тротоар со ивичници, како и преку формирани пукнатини од тротоари и непрофесионална обработка на фуги и
Њу Џерси елементи, се лоцира во локалитетот на дилатационите фуги или поточно лирата, под тротоарот и конзолната плоча и под дилатационите елементи. Од направените пропусти за време на подготовка на подлогата и монтажа на дилатационите елементи, честопати доаѓа до подливање и изливање на акумулираната вода од дилатационата лира на елементите од масивниот столб (лево и десно крилo и чело), деградација на главните подолжни носачи,
краен попречен носач и лежишта. Најчестите оштетувања се од непрофесионално отстранета проточна вода од лира на дилатациона фуга, која директно ги оштетува подолжните греди во локалитет на наслонување во масивните столбови и крилата од масивни столбови, од страната на пониска нивелета.
Оштетување од проточна вода во локалитет на потпирање на горен дел од мостовска конструкција (пендел) на лачен мост Тројаци
Оштетување од акумулирана површинска и процедна вода, во резервоар формиран меѓу чело, лево и десно крило, преку целосно испирање на бетонот од челниот дел
Оштетување од проточна вода при неправилна обработка на лира од дилатациона фуга 12
ПОРТА
25 јануари 2019
3. ПРОЦЕДНА ВОДА Површинската атмосферска вода преку сопствено транспортирање низ осиромашениот асфалтен коловозен слој, подолжни и попречни наставци, невоедначени дебелини на коловозниот слој итн., се лоцира помеѓу коловозниот асфалтен и хидроизолациониот слој. Следен патен правец на оваа вода е преку подолжните и попречните падови и е насочена спрема сливниците и дилатационите фуги, до целосно нејзино
Степен на задоцнета опомена од оштетување на коловозната плоча од процедна вода, преку излачување на калциум карбонат од цементниот камен, опаѓање на РН-вредноста < 12, создавање на услови за корозија на арматурата
Заеднички напад на атмосферска вода преку контрапад на тротоар, проточна вода и процедна вода акумулирана под тротоар - резултат од непрофесионален пристап на изведувачот и надзорот за време на изведување, како и за време на прва реконструкција на објектот излегување спрема надворешноста на мостот. Но успореното движење, дотогашното неизведување на хидроизолационен слој, или хидроизолационен слој со дефекти, непоставени сливници, како и паушално одреден број на сливници без хидраулична пресметка, непоставена дренажа под коловозниот слој за побрзо насочување на водата итн., резултира со забрзана деградација на мостовските конструктивни и неконструктивни елементи прикажани подолу. Најчестите оштетувања се од: Неотстранување на процедна вода која се лоцира под асфалтот и хидроизолациониот слој. Консумирањето на процедна вода е поврзано со пропусти од проектната документација, изведбениот и надзорен ангажман, преку изведбените детали на спој асфалтен коловоз со тротоар или ивичници, подолжни наставци на асфалт без обработки, пукнатини на
асфалт, неотстранети вдлабнатини од армиранобетонска коловозна плоча, непредвидена дренажа која се лоцира над хидроизолациониот слој. Лоцираната количина на процедна вода, под оптоварување, директно влијае врз промена на асфалтниот коловозен слој, преку промена на карактеристиките од еластични преку пластично-еластични до пластични асфалтни карактеристики, што резултира во формирање на колотрази во коловозната асфалтна конструкција. Истите преку намалена дебелина и зголемено оптоварување, директно ги пореметуваат еластичните карактеристики на изолацијата, а на бетонската коловозна плоча се појавува карбонизација (намалување на PH-вредноста од бетонот и корозија на арматурата). Оштетувања од слиена вода при непрофесионално обработена монтажа на дилатационите фуги на Њу Џерси оградата,
преку вода лоцирана под елементите и преку заситените капилари на бетонската маса, при што доаѓа до површинско оштетување на бетонот На наведените фотографии се илустрирани поголем број пропусти и причини за деградација на бетонот и арматурата. Од илустрираните примери, може да се заклучи дека основен недостаток за деградација на мостовскиот систем е занемарувањето и потценувањето на главниот причинител за деградација – водата. Единствено решение е нејзино целосно отстранување, а со тоа и отстранување на агресивните агенси, кои постепено го уништуваат армиранобетонскиот композит (бетонот и арматурата). Процесот на уништување е преку цементниот камен и арматурата, односно преку главните содружници за квалитет на материјалот на кој се потпира светската изградба. 25 јануари 2019
ПОРТА
13
Оштетување на Њу Џерси оградни елементи од непрофесионално одведена процедна вода при изведување, лоцирана меѓу оградните елементи и коловозната плоча
Заедничко оштетување од процедна и проточна вода слиена од неправилно изведена фуга на дилатација помеѓу Њу Џерси оградни елементи
Заклучок: На сé што се омаловажува, занемарува или не му се обрнува доволно внимание, последиците се декларираат преку штета. Штетата е изразена преку реномето, преку материјални, финансиски, многу други импликации кои директно влијаат на трајноста. Во овој случај главен иницијатор за скратување на трајноста конкретно е водата. Ова голем број од техничкиот кадар го знае или мислиме дека го знае. Во пракса се докажа дека знаеме многу малку особено во делот на условите, процесите и начинот како да се спречи. Причинителот е мал и изразен со четири букви. Но да се надвладее треба голем ангажман во разни полиња. Прашањето е кратко,: „КАКО”? А одговорот е долг.
“Санирана” парапетна греда со џакетирање со четири фракции МБ30 d=5-8cm
ПОРТА
ПОРТА
интервју
Државата има изгубено чувство за своите најважни ресурси - населението и просторот Мора, како единствено правило, да се тргне од тоа дека, науката и струката, знаењето и креацијата се двигатели на развој, а политиката и власта се тука тоа да го организираат, испочитуваат и да го реализираат, а не е ОБРАТНО! Без таков пристап тешко ќе направиме исчекор од овој ќорсокак Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.
Д
ве години по ред, награди. Минатата година заедно со Вашиот партнер Ранчо Христов ја добивте наградата на Комората на овластени архитекти и инженери, „Борис Чипан“, а оваа година награда од ААМ за животно дело „Андреја Дамјанов“. Мора да се признае импресивно. Професорот Чипан Ви беше и пријател и наградата имаше и емотивно значење. Што Ви значи оваа награда? n За мене доделувањето на двете најпрестижни награди, за достигнувањата и придонесот во архитектонската струка, „Борис Чипан“ и „Андреја Дамјанов“ е исклучително признание за моето 40годишно творештво. Признание за мене лично, а и за „Ателје Ајвар“ како партнерска фирма со арх. Ранчо Христов. „Ателје Ајвар“ како проектантско биро секогаш претпочитало тимска работа и затоа морам да истакнам дека тоа е големо признание и за многубројните проектанти и соработници, кои со својата стручност, знаење и ентузијазам, дале 16
ПОРТА
25 јануари 2019
придонес во реализација на многубројните наши проекти. Двете награди се исклучително значајни, особено што се врвни признанија од колегите во и струковите здруженија, при што наградата „Андреја Дамјанов“ го носи додатно и признанието за животно дело. Со тоа, како што е предвидено со статутот, станувам 29-ти член на Архитектонската академија при ААМ, што ми овозможува да се приклучам, да се дружам и соработувам со бардовите на македонската архитектура. Како ја доживувате Вашата кариера? Ретки се архитекти како Вас кои се занимавале и со урбанизам и со проектирање и со изведба. n Мојата кариера се развиваше многу интензивно и динамично, не сум ни свесен кога поминаа толку години со обем на творештво кое навлегува во сите сегменти на градителството од урбанистичко планирање, архитектонско проектирање, па сè до изведба и инвестирање. Природата на работата неминовно ме повлече да навлезам во сите сегменти на градителството, а особено во урбанистичкото планирање и архитектонското проектирање како посебни, но неразделни делови на секое градителско дело. За
тоа заслужна е работата во тогашниот Републички завод за урбанизам на РМ - „ЗУМ“ Скопје, каде урбанистичкото планирање и архитектонското проектирање имаа подеднаков третман и беа неразделни во многу мои проекти. Ова, особено стана важно кога со „Ателје Ајвар“ и „Компанија Х.Р.Р.М.“ почнав да се занимавам со приватен бизнис во кој треба да бидете препознаени, оценети и избрани. Кога стигнавме до степен да проектираме и реализираме сопствени објекти, познавањето на разни вештини стана уште позначајно затоа што реализираниот производ-објект требеше и да се пласира на сè поизбирливиот пазар. Оттука, освен планирање и проектирање поминав време на градилишта, сопствени или на на други инвеститори во реализација на градбите, стекнувајќи искуство на лице место. Можноста да го изведуваш сопствениот проект е исклучителна и дава чувство на создавање и раѓање на нешто ново, чувство на потполно творештво и професионална сатисфакција. Во таа смисла сигурен сум дека добриот проектант може да биде добар изведувач, но и обратно, изведувачкото искуство може значително да
МИОДРАГ РАДОЊИЌ – БАТО, АРХИТЕКТ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2018 ГОДИНА придонесе за добар проект. Задоволен сум со развојот на мојата кариера која ја градев со многу труд и професионален ангажман, но задоволен сум што и покрај сето тоа не го пропуштив животот исполнет со струкови активности, безбројни дружби, спортувања и риболов, посети на културни и спортски манифестации, како и на култни „културно-научни институции“ – кафеани за размена на мислења и информации. Вашата професионална кариера почнува во 1977 во тогашниот Републички завод за урбанизам „ЗУМ“ Скопје. Времиња кога Скопје се развиваше во еден современ град и период кога по земјотресот 1979 во Црна Гора сте изработиле многу урбанистички планови. Како се работеше урбанистичкото планирање тогаш? n Иако беа поминати скоро 15 години од катастрофалниот земјотрес, Скопје сè уште се обновуваше и градеше со полн интензитет. Се градеа голем број јавни и деловни објекти, се привршуваше таканаречениот „Градски ѕид“, се планираа и реализираа големи станбени населби во Аеродром, Карпош, Бутел... со што Скопје се оформуваше и сè повеќе заличуваше на современа метропола. Урбанистичкото планирање и архитектонското проектирање, во тој период беа на многу високо ниво. За тоа голема заслуга имаа и ценетите светски стручњаци кои во постземјотресниот период беа присутни и заедно со нашите инженери учествуваа во планирањето на градот. Секако дека фактот што во тој период, интересите на општеството и државата беа далеку пред личните интереси, придонесуваше струката и стручњаците во сите области, да се ценети и компетентни во одлучувањето и решавањето на проблемите од општествен и јавен интерес. Во таква атмосфера ги стекнував своите први искуства во „ЗУМ“, што резултираше во 1986 со урбанистичкоархитектонскиот проект на комплексот „Локален центар - Автокоманда“, кој стана дел од модерното и современо Скопје. Работата во Црна Гора по тамошниот катастрофален земјотрес е посебно мое поглавје и на колегите кои во тој период работеа во „ЗУМ“. Заводот беше повикан како урбанистичка организација од градот „паталец“ да помогне со своето искуство во решавањето на урбанистичкоархитектонските постземјотресни кризи. Во Бар, под раководство на искусниот архитект и урбанист - Крсто Тодоровски, младиот тим на архитекти: јас, Лилјана Николовска, Блажунка Митева и Драги Зафиров, со нашите соработници, ги изготвивме ДУП-овите за најзначајните населби на градот. Почитувајќи ги условите и определби на актуелниот просторен план -„Јужни Јадран“, изготвен од тим на меѓународни стручњаци како и забелешките и сугестиите на комисијата за ревизија, составена од врвни стручњаци од републичките центри на
Југославија. Тогаш, не се поставуваше прашање околу струката, таа едноставно беше императив. Врз основа на тие ДУП-ови се обнови и изгради Бар, како современ и модерен град. Продолживме на урбанизацијата на Улцињ, и во наредните години ги изготвивме ДУП-овите за сите градски и приградски населби, како и на поголемиот дел од викенд-населбите во општината. Најголемиот успех, тимот, го постигна на повиканиот конкурс за урбанистичкоархитектонско решение на центарот на Улцињ, каде во конкуренција на пет урбанистички заводи од Југославија ја освоивме првата награда. Потоа следуваше напорна теренска и канцелариска работа. Во тоа време сè се работеше рачно, со посета на лице место и нотирање на секој поединечен објект. Е, тука се појави еден непредвиден „проблем“ во облик на прочуената „црногорска лоза“. Имено со влегување во секој двор следуваше првата лоза која никако не можеше да се одбие („Па не можеш чоче да уѓеш код мене у куќу, а да не попијеш лозу!“), а со излегување - втората затоа што („Па ниси ти чоче дошо с једном ногом!“). И така првите денови
бевме скоро пијани, сé додека колегите од Улцињ не им објаснија на гостопримливите домаќини дека доаѓаме по работа, а не на гости. Да, имаше и анегдоти, но се работеше многу професионално и со голем респект кон струката и сите учесници во планирањето. n Згора на сè државата донесе Закон за постапување со бесправно изградени објекти. Рокот за легализација на дивоградби повеќе пати се продолжува, поднесени се преку 440.000 барања. По се изгледа дека пола држава ни е нелегална. Значи ли ова лошо планирање и предолго замижување? Да, сметам дека од несоодветна организација произлегуваат нестручни или недоволно обмислени закони, меѓу кои најеклатантен пример е Законот за постапување со бесправно изградени објекти популарно наречен - Закон за легализација на дивоградби. Апсурд од сите аспекти!!! Од стручен аспект, не постои легализација, постои само урбанизација со која се задржуваат сите објекти кои ги задоволуваат прописите, не го нарушуваат планираниот развој и се вклопуваат. Во тој случај сопствениците би
Куќа на УНЕСКО (Музеј „Мала станица“)
ПОРТА
требало да ги платат пропишаните комунални давачки. Сè останато се расчистува, со што се овозможуваат предуслови за реализација на планираните содржини. Се плаќаат пропишаните комуналии, а не едно евро за м2, при што од правен аспект, е направен тежок престап, т.е. поништено е правото на еднаквост меѓу граѓаните кое е гарантирано со Уставот. Имено, оштетени се сите граѓани кои, на легален начин со плаќање на сите пропишани давачки, изградиле куќа или купиле сопствен стан, а привилегирани се сите што нелегално изградиле, при што одземале
(украле) и простор и средства од државата. Во однос на самото постоење на бесправно изградени објекти, бесправно, нелегално или криминално, тоа е феномен кој само кај нас е така изразен, и треба да биде предмет на сериозна и сеопфатна анализа. Во поразвиените урбани системи таа појава, па и самиот термин се сосема непознати. Апсурд! Како на пример: имам 1/10/1000/ автомобили нелегално внесени (или украдени) во земјата, па сакам да ги озаконам и легализирам, но за нив да платам само по едно евро давачки. Ха, ха, ха, смешно е, ама исто е што
Мислите ли дека денес урбанизмот стана веќе државен проблем. Денес имаме изгубен град, во кој владее сообраќаен хаос, уништено зеленило, масовна, стихијна станбена изградба и недостаток на стручност и интерес за согледување на севкупниот контекст на просторот. Како и зошто си го дозволивме ова? n Не мислам дека урбанизмот денес е државен проблем, урбанизмот е секој пат стручен проблем, само што денес, кај нас, државата има изгубено чувство за своите најважни ресурси и приоритети. А тоа се - населението и просторот кој го поседува. Со недомаќинско и нестручно стопанисување со просторот, притоа недозволувајќи ѝ на струката да го планира и креира, државата или подобро кажано, политиката прави огромна штета на сопствениот простор и на населението. Сметам дека во однос на урбанистичкото планирање, под итно треба да се преземат радикални системски промени со кои ќе се овозможи урбанизмот, како научна планерска и општествена дејност, првенствено да биде во интерес на граѓаните како корисници на просторот. Притоа мора да се сменат погрешно поставените улоги и односи помеѓу актерите и тоа: науката и струката од една страна и државата или политиката и извршната власт од друга. Мора, како единствено правило, да се тргне од тоа дека, науката и струката, знаењето и креацијата се двигатели на развој, а политиката и власта се тука тоа да го организираат, испочитуваат и да го реализираат, а не е ОБРАТНО! Без таков пристап тешко ќе направиме исчекор од овој ќорсокак. Но ова е неизводливо во држава која нема Министерство за просторно планирање, урбанизам, архитектура и градежништво, туку сето тоа е во склоп или на маргините на некое Министерство за транспорт и врски. „Транспорт и врски“ - несреќно склопена кованица, за која повеќето граѓани не знаат ни што значи. Ако се мисли на сообраќај и инфраструктурна поврзаност, тогаш сите знаеме само еден од многуте сегменти на просторното и урбанистичкото планирање, па како таков не може да биде носител на суштинското, најбитното, а тоа е планирањето и креирањето на просторот... Максимално се залагам за вакви промени!!!
Конкурс за Градска куќа на Град Скопје
ПОРТА
и легализацијата на објекти. Проблемот е толку нараснат, па потребен е долгорочен план за негово решавање, направен на високо стручно ниво од сите аспекти. Вака замислен „ад хок закон“ не го решава проблемот, може само да им даде повод на нови прекршители со надеж дека и за нив во иднина ќе има легализација. Покрај инвеститорите кои поради личниот интерес негативно се однесуваат кон мораториумот на ДУП-овите во Општина Центар и дел од архитектите коментираат на сличен начин, па упорно потсетуваат дека архитектурата била градење, а им било одземено тоа право. Требаше ли да се најде начин да се каже доста беше? Заклучоците од мораториумот покажаа многу недостатоци, па и загрозување на безбедноста. Сметате ли дека мораториумот може да даде резултат? n Да се каже дека архитектурата значи само градење, е премногу елементарно, особено во денешните современи услови во кои урбанистичко-архитектонското планирање и проектирање се подига на многу повисоко ниво. Се тежнее кон креирање на хумана урбана средина, енергетски ефикасна и еколошки безбедна, оформена со архитектонски и инфраструктурни објекти кои ги задоволуваат современите функционални, естетски и технички барања. Мораториумот на ДУП-овите во Општина Центар, е направен поради многубројни неправилности, како и во повеќе други општини, а кои се предизвикани од непочитување на струката, од влијанието на локалните моќници, како и од прекумерните овластувања на градоначалниците кои се поставени во улога на главни креатори на просторот. На ова навистина треба да се каже – ДОСТА БЕШЕ!
Мораториумот е политичка мерка и како таков не може да ги реши неправилностите, но може да даде можност стручњаците со сериозна анализа да ги детектираат и да ги отстранат или ублажат. Тоа би требало да се случува стручно, брзо и ефикасно, што значи нотирање на неправилностите, ставање мораториум само на проблематичните делови и ослободување на поголем дел од ДУП-овите за нивна реализација. Доколку се заклучи (на стручно, а не на политичко ниво), дека поголемиот дел од предметниот ДУП не ги задоволува условите, се носи одлука за изменување и дополнување на ДУП-от. Долготрајниот мораториум може да биде штетен и контрапродуктивен за граѓаните, инвеститорите, како и за самата општина. На доделувањето на наградата зборувавте за Вашата заложба и визија за Скопје? Има ли сè уште шанса Скопје да стане современ град? n Покрај многуте комерцијални проекти, „Ателје Ајвар“ секогаш се занимавало и со проблематиката на развојот на градот. Во таа смисла, преку проекти и идеи давани се повеќе предлози од кои, некои се и визионерски и авангардни. Во тој контекст ќе ја спомнам идејата „Скопје за Вардар“ каде под мотото „Најдете го своето место на кејот“, предлагавме уредување на бреговите со терени за спорт и рекреација, простори за одмор и забава со трговски, угостителски и културни содржини, па сè дури до
плажи кои на времето ги имаше повеќе. Сето тоа врзано за пречистување на Вардар со пречистителна станица. Идејата ја промовиравме заедно со организациониот одбор на здружението „Бадник“, на Бадник, 1999 година и му ја подаривме на тогашниот градоначалник на Скопје. Ова го кажувам поради тоа што визионерската идеја „Скопје за Вардар“ е направена и предложена на градската управа пет години пред култниот проект „Париз на Сена“, реализиран 2004/2005 година, кој потоа стана светски популарен и ги поттикна Берлин, Осака, Брисел и други градови да направат слични проекти. Нашиот градоначалник за нашата идеја јавно не каже ниту збор, и таа остана заборавена. Но една од позначајните наши заложби беше и сè уште останува, дооформување на главната пешачка оска „Црква „Свети Спас“ – Стара железничка станица“ и формирање на плоштадот на „Солидарноста“ пред објектот на Старата станица. Ова е зацртано со првиот постземјотресен ГУП на Скопје, изготвен во соработка со светски признаени авторитети. Со тоа би се формирала атрактивна пешачка пасарела која ги поврзува деловите на центарот од двете страни на Вардар и ги интегрира во една целина. Уште поважно е што со спуштање под ниво на двете сообраќајници кои ја сечат оваа оска, целосно би се исклучил автомобилскиот сообраќај, низ најстрогиот центар на градот и со
тоа значително би се намалила загаденоста. Секако дека Скопје ќе стане современ град, во тоа сум убеден, па тој го надмина катастрофалното разрушување во 1963-та, а и „Скопје 2014“ е веќе зад нас. Треба да се има верба и да им се даде шанса на младите генерации, планери и архитекти, за кои сум сигурен дека ќе ги донесат и ќе ги применат светските достигнувања и трендови кај нас. „Ателје Ајвар“ е првото приватно проектантско биро во Македонија. Што значеше на почетокот на 90-тите години да се работи во приватно биро, а што значи денес? Големи проектантски бироа одамна немаме. Денес сè е сведено на мали бироа од неколку архитекти. Колку организирано проектирањето на овој начин е во состојба да одговори квалитетно на сериозни проектантски предизвици и посложени објекти, а тоа да не се комерцијални станбени згради и индивидуални куќи? n Околностите беа поразлични од денешните, како по условите така и по можностите за работа. Тогаш, на почетоците на приватизацијата се основаа голем број приватни фирми со најразлични дејности, но со исти цели, да се оствари профит, што по правило значи нова инвестиција. Сите сакаа да се разликуваат по нешто, а особено по сопствениот објект за да бидат препознатливи во бизнисот. Струката, а и архитектите беа повеќе барани и ценети, се бараше повеќе креација и иновација. Знаењето и мислењето на архитектите повеќе се почитуваа, за разлика од денес. Тоа што нема веќе голема градежна оператива и нејзини проектантски бироа е последица на големината на нашиот пазар. За големите градежни фирми кои работеа на просторот на тогашна Југославија и во странство, денес пазарот е премал и нивното постоење е економски неисплатливо. Со оглед на тоа логично е постоењето на мали проектантски бироа, но тоа не значи дека тие не се во можност да одговорат и изработат посложени, поголеми и
Локален центар „Автокоманда“ - Скопје
ПОРТА
Дискотека „Колосеум“ - Скопје
позначајни проекти. Впрочем, секој пат постои можност за здружување и заеднички настап на повеќе мали фирми со силен тим. Со децении се говори за сè пониската цена на проектантските услуги. Комората е нон-стоп прозивана за ова. И конечно КОАИ изготви и изгласа предлог-тарифник за инженерски услуги за кој сега е потребна согласност од
ПОРТА
надлежното министерство. Сметате ли дека конечно тарифникот ќе стане дел од Законот за градење и дека тој ќе придонесе и за подобар квалитет на проектите? n Комората на овластени архитекти и овластени инженери, по големи заложби, основана е пред повеќе од 10 години, но за жал, сè уште не ја остварила својата основна цел, а тоа е заштита на
еснафот. Заштита на еснафот, подигање на нивото и значењето на струката е невозможно без тарифник со озаконети минимални цени на проектантските и останатите услуги во градежништвото. Без тарифник, загрозен е опстанокот на голем број проектантски бироа, при што архитектите, а и останатите учесници се принудени да работат по багателни цени за да ја остварат елементарната егзистенција. Изготвениот предлог-тарифник е голем исчекор и очекувам дека согласноста на ресорното министерство нема да биде спорна затоа што со регулирање на цените на услугите се регулираат и давачките кон државата. Најважно е тарифникот по усвојувањето да се озакони и платените проектантски услуги да станат ставка во техничката документација, без која не може да се добие одобрение за градба. На тој начин ќе се подигне нивото на струката и квалитетот на проектите, а самите проектанти ќе станат поценети и како такви повлијателни во процесот како на проектирање на објекти, така и на планирањето и уредувањето на просторот. Можете ли да издвоите некој објект или проект кој особено Ви е значаен? n Не можам да издвојам само некој, затоа што во својот творечки опус сум работел на широк спектар на проекти од мали до капитални, како што се ДУП за ОХИС, како еден од петте најголеми индустриски комплекси во Македонија, Студија за развој за урбанистичко-архитектонски и идејни проекти како и комплетна тендерска документација за реализација на комплексот на Аеродром „Петровец“, Скопје. Од периодот во „ЗУМ“ како позначаен ќе го спомнам Центарот на Месна заедница во Врање од 1978 година и изграден веднаш потоа, како прв мој реализиран објект. Локалниот центар
„Автокоманда“, е еден од моите најзначајни реализирани трудови, станбено-деловен комплекс со 100 стана, деловен простор со преку 15.000 м2, во 1986 година. Со „Ателје Ајвар“ настанаа низа проекти и реализации кои на свој начин го одбележаа тој период и тоа: Проектот за реконструкција на „Музејот на Град Скопје“, со кој комплексот на „Стара железничка станица“ стана еден од најатрактивните простори за дружење и забава во Скопје; потоа, авангардното кафуле „Лудвиг“ кое важеше за култно кафуле и како такво инспирираше низа нови современи и атрактивни ентериери; летниот клуб „Колосеум“, реализиран како исклучително атрактивен простор на отворено, со сите потребни содржини за забава, рекреација, одмор и уживање во срцето на Градскиот парк. „Британски совет“, на чие отворање претставникот на Британски совет за Источна Европа и Азија на „Ателје Ајвар“ - како проектант и „Компанија Х.Р.Р.М.“ - како изведувач, им оддаде посебно признание со зборовите: „Секаде објектите на Британскиот совет се проектирани и изведени на високо ниво, но Вие од овој простор направивте магија“. Потоа „Куќа на УНЕСКО - Мала станица“, на чие отворање еден млад колега кој во тоа време студираше во Италија, изјави: „Стојам под тремот на Мала станица, а се чувствувам како да сум во Милано“, како и многу други деловни и станбени објекти, кои на свој начин извршија влијание на развојот и квалитетот на урбаното живеење во градот. Во 2006-2007 година влеговте во еден благороден проект за реобнова на култниот хотел во Крушево - Илинден. Ваш проект, ваша инвестиција и изведба. На голема жалост на крушевчани и се разбира ваша, проектот застана во завршна фаза, со сите импликации по вашата
фирма. Порта 3 во почетокот на 2014 година ја објави целата сторија за тој проект со сите фази и негативните импликации што следуваа. Што се случува со тој проект во моментов? n Морам да го издвојам хотел „Илинден“ во Крушево, како еден од најзначајните и најдобрите проекти на „Ателје Ајвар“ и една од најзначајните изведби на „Компанијата Х.Р.Р.М.“ Исклучително сложен проект и од проектантски и од изведувачки аспект, со тешка и сложена реконструкција на постоечкиот објект и негова доградба и надградба. Проект за нас исклучително значаен, а за крушевчани многу надежен. Но со криминалното и лихварско работење на банката, која ја прекина кредитната поддршка на половина кредитна рамка, финансиски ги исцрпи партнерските фирми, а со тоа ја уништи и надежта на крушевчани дека со новиот хотел, Крушево ќе заживее. За сето ова пишуваше „Порта 3“ во својата сторија со цел да помогне и да ја придвижи работата во позитивна насока. Од градежен аспект, како реализација, работите сè уште стојат на иста точка, за разлика од финансискиот аспект каде со доспеаните камати, покрај сите отплати, долгот стана поголем отколку во моментот кога го земавме кредитот. Сатисфакција ни е единствено тоа што при увид на лице место комисијата утврди дека објектот е во состојба како да е неодамна затворен, иако фактички тој е затворен уште од 2010-та година, што покажува со кој квалитет и внимание е граден објектот. Ја користам оваа можност да се заблагодарам на „Порта 3“ за несебичниот обид да помогне и сè уште изразувам надеж дека ќе се најде некој инвеститор кој во свој интерес, а на радост на крушевчани и сите љубители на Крушево, ќе го заврши хотелот.
Архитект Миодраг Радоњиќ-Бато е роден 1949 година во Краљевица – Ријека, Хрватска. Во Скопје завршил основно образование и гимназија „Орце Николов“. Во класта на проф. Ж. Поповски дипломирал на Архитектонскиот факултет Скопје 1976 г. Во 1979/79 посетувал постдипломски студии во Белград, кај проф. М. Бајлон. По дипломирањето се вработува во Републичкиот завод за урбанизам „ЗУМ“ Скопје, каде работи на урбанистички и архитектонски проекти сè до 1991. Во 1991 како партнер со архитект Р. Христов го основа првото приватно проектантско биро „Ателје Ајвар“, а во 1995 е основач на инвеститорската и градежната фирма „Компанија Х.Р.Р.М.“, партнер на „Ателје Ајвар“. До денес работи на проектирање, инвестирање и изградба на различни видови проекти.
Хотел “Илинден”, Крушево
ПОРТА
ПОРТА
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ
ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
архитектура
Новата порта кон Африка
Еко Атлантик–Нигерија
Натка ЌОСЕВА , дипл. инж. арх.
Д
енес,во времето на глобализација во светот се почесто имаме нова појава, градење градови од нула”.Ова особено е честa појава во земјите во развој,каде населението рапидно расте а брзата урбанизација не е во можност да ги задоволи потребите на населението во градовите, да ги обнови градовите и прилагоди на новите потреби и да се справи со постоечката несоодветна инфраструктура.Понекогаш е невозможно постоечките метрополи да се обноват,и да го следат новото време бидејки се потребни 24
ПОРТА
25 јануари 2019
многу финансии и време.Се почесто се градат нови градови од нула.Такви во моментот во светот има околу 100 тина.Тоа се Еко Атлантик во Нигерија,со идеја да биде финансиски и економски центар на Африка или тн,,афрички Менхетан”,Forest City во Малезија,луксузен град за 700 000 луге,Vision City во Руанда слободна WI-FI зона,кинскиот Xiongang,новиот град Каиро и други. Со компјутерска анимација овие граови изгледаат перфектно а идејата за нивна изградба за земјите во развој е можноста да се привлече свеж капитал и нови инвеститори. Ова се градови на иднината. Нигерија е земја со најмногу население во Африка.Во 2016 година имала 191 милион жители од кои 60% се помлади од 24 години.
Се претпоставува дека до 2050 година ке има 400 милиони жители.Има многу природни ресурси меѓу кои големи резерви на нафта(10 во светот по своите резерви) и природен гас.Во 2014 година Нигерија станува најголема економија во Африка а во 2015 станува 20 економија во светот и добива се поголема глобална економска мок. Моментално градот Лагос во Нигерија е најнаселениот град во Африка со 21 милион жители,мега град кој преставува и најголем економски центар на Нигерија.Положбата покрај Атланскиот Океан и природните ресурси со кои располага се идеални да стане економски и финансиски лидер во Африка.Лагос веќе нема простор каде да се шири а потребата од нови и современи
ГРАДОВИ КОИ СЕ ГРАДАТ ОД НУЛА
простори секој ден се зголемува. Новиот дел на Лагос Еко Атлантик е нов град и новата порта кон Африка,но тоа е истотака и решение за актуелните проблеми на мега градот Лагос.Тоа е град визија за иднината. Тој треба да овозможи идеални услови за бизнисите и да стане луксузно место за живеење. Еко Атлантик се гради на рекултивирано земјиште со површина од 9 милионо м2 покрај океанот до островот Викторија,а дел од тоа земјиште е одземено земјиште од океанот заради ерозија.Изградбата на Еко Атлантик дава и позитивен одговор на светските проблеми како големиот пораст на населението,климатските промени и
ерозијата на земјиштето покрај обалата на океаните. Почетоците за изградба на Еко Атлантик се во 2008, кога започнува седумгодишно континурано чистење на дното на океанот и консолидирање на земјиштето покрај островот Викторија за да се заштити островот од натамошна ерозија, но и да се оформи простор за градење на Еко Атлантик. До 2015 година е консолидарано 50% од планираното земјиште за новиот град. За заштита на новата рекултивирана земја од брановите на океанот и плимата,изграден е Големиот зид на Лагос кој треба да е со Л=10,5км и висина од 8,5 метри над нивото на океанот.Големиот зид на Лагос е голем инженерски потфат кој поминал многу тестови и истражувања од светски познатиот Белгиски институт за истражување и испитување на хидраулички објекти.Големиот зид во Лагос ке може да ги издржи брановите на океанот и плимата и да го заштити Еко Атлантик од овие природни појави и ерозија на брегот во наредните 1000 години. Еко Атлантик е стратешки проект и се реализира со партерство и финансиска подршка на државни институции како Федералната влада на Нигерија,локалната Влада на Лагос и приватни Инвеститори. За реализација и планирање на новиот град Еко Атлантик поканети се и земаат учество познати светски тимови од областа на финансии, планери и урбанисти, инженери, планери за недвижности и други. Што ке содржи Еко Атлантик Еко Атлантик е планиран град за 350 000жители.Тоа е град на иднината,град на 21
век со простори за бизниси,за домување,образование,здраствена заштита,најсовремена инфраструктура и се што е потребно за пријатен и безбеден живот на жителите во 21 век. Транспортните можности и сообраќајот се решени со повеке типови превозни средства,за да биде поврзан со соседните земји и целиот свет. Сите сообраќајници се брзи,со повеке ленти и во повеке нивоа и ке го поврзуваат Еко Атлантик со Лагос и островот Викторија. Покрај сите сообраќајници се предвидени дрвореди.За јавен превоз во градот ке се користат Еко автобуси.Во Еко Атлантик е проектиран и еден главен воден канал и неколку споредни кои ги поврзуваат три марини и сите делови на градот а кои ќе се користат за воден сообракај во самиот град.Главниот воден канал ке биде поврзан и со водените текови во Лагос и ке може со систем од ферибродови да пренесува патници до сообраќајните центри за фериброд транспорт во Лагос.За Авио превоз ке се користи аеродоромот во Лагос,а по потреба како брза комуникација до аеродоромот ке се користи хеликоптерски превоз. Во Еко Атлантик проектирани се и многу пешачки патеки и површини .Покрај Големиот зид,проектирано е шеталиште со должина од 10,5 км. Во еко Атлантик проекторани се 6 области. Областа околу големата марина со големи јавни површини,јавни објекти,станбени и многу рестотани и кафе-барови.Областа за Бизнис тн Бизнис булевар, областа покрај брегот на океанот во која ке се градат објекти за домување,хотели и други објекти 25 јануари 2019
ПОРТА
25
за сместување,областа околу двете помали марини,обласата околу брзите сообраќајници и областа со зелени површини. Најипресивна ќе биде областа за бизниси со централниот булевар кој е со должина од 2 км и ширина 60м. Ке има шест ленти за непречен брз сообраќај и тоа е тн ,,Бизнис Булевар,, нешто слично како 5та Авенија во Њу Јорк.Покрај булеварот се планирани
26
ПОРТА
25 јануари 2019
висококатници со висина до 35 ката во кои ќе се сместат сите финансиски институции, бизниси, банки, корпорации и сите други комерцијални активности.На северниот крај на булеварот е проектирна кула со 60 ката која ќе биде највисокиот објект во Еко Атлантик.Дел од паркирањето ке биде во подземните нивоа а повекето на први и втори кат во објектите. Овие катови ке бидат поврзани со пешачки мостови.Приземјето на
објектите кое е на ниво на сообраќајниците и пешачките патеки е резервирано за кафебарови, ресторани, продавници и слично.Приземјето и партерот на објектите ќе биде збогатено со многу јавни содржини и зеленило, пријатни и удобни простори кои ќе им овозможат на жителите средби со пријатели или клиенти на пијалок или оброк.Просторот за бизниси и други деловни активности е со П=700 000м2. Сето ова ќе го направи Еко Атлантик да биде престижно место за бизнис,лесно достапно и поврзано со светот по сувоземен пат,воден пат или воздушен, со сите удобности и комфори и секако прекрасни погледи кон океанот области во Еко Атлантик. Објектите за домување се предвидени воглавно на периферијата на Еко Атлантик, покрај обалата но има и станбени објекти во централниот дел.Стнбениот дел покрај океанот ке има и многу простори за спорт и рекреација,зелени површини,училишта,здраствени установи и големо шеталиште покрај океанот и Големиот зид. Овде е планиранао и изградба на повеќе хотели и други сместувачки објекти. Еко АТлантик ќе има најсовремена и ефикасна инфра структура,сите инсталации ке бидат целосно изведени под земја.Има
свое независно снабдување со електреична енергија, достапна чиста вода за сите објекти,пречистителни станици за отпадни води, систем за управување со отпадот,подземни дренажен систем,инсталации за телекомуникации до секој објект,систем за наводнување на зелените површини и друго.Осветлувањето на улиците, булеварите, марините и сите јавни површини ќе биде со штедливи светилики кои трошат дури 85% помалку електрична енергија од класичните.При планирање и изведба на целосната инфраструктура користени се прописите од ЕУ. Во градот ке биде организирана служба за одржување на хигиената на јавните површини, а големите зелени површини ќе допринесат за збогатување на пејсажот и почист воздух. Планерите на градот имаат обврска
градот да има што помала емисија на СО2 и други штетни гасови.Затоа се применети а и понатаму ќе се применуваат до завршување на Еко Атлантик,еколошки ефикасни градежни материјали а исто така и локални– изворни материјали кои се достапни и соодветни на барањата. Зелените површини околу објектите,дрворедите покрај булеварите и улиците ке допринесат Еко Атлантик да стане и зелен град. Веќе се спремаат 200 000 садници во расадник за озеленување на идниот град. Новата порта кон Африка градот Еко Атлантик е чудо на модерната технологија и инженерство и голем завет на Нигерија за нејзиниот понатамошен економски раст и пробив на глобалната светска сцена.Новиот град еволуираше од дизајнерски визионерски концепт во технолошка и градителска реалност.До денес изградени
се главните сообраќајници,улиците и булеварите со сите мостови и коритата на сите водените канали, како целата инфраструктурата под нив.Уличното осветлување е поставено на сите сообраќајници.Големиот зид е изведен во должина од 6,5 км со што е заштитен островот Викторија и 6 милиони м2 земјиште на Еко Атлантик од ерозија на брегот. Останува да се изведе уште помал дел од големиот зид.Голем избор на парцели за градба за идните објекти се достапни за сите заинтересирани инвеститори. Веке се изведени и неколку кули. Еко Атлантик е еден од најипресивните и амбициозни проекти во Африка.Град кој ке биде портата на Африка,афрички Менхетен силен економски и финански центар во Нигерија и Африка.Град на иднината,а каква ќе биде иднината ќе видиме.
25 јануари 2019
ПОРТА
27
архитектура
Дом за одмор и за бегство од метежот во урбаните средини
Лоциран приближно на половината од патот помеѓу Сан Франциско и Лос Анџелес во Калифорнија овој имот овозможувал приближно подеднаков пристап до овие две урбани средини. Оригинално, избраната локација се викала Камп Хил (Camp Hill) и овозможувала одлични услови за кампирање на семејството на Херст и неговите пријатели 28
ПОРТА
25 јануари 2019
СТО ГОДИНИ ОД ПОЧЕТОЦИТЕ НА ЕДНА ОД НАЈПОЗНАТИТЕ КУЌИ ВО САД д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон)
В
о оваа 2018 година беа одбележени два значајни настани во историјата на човештвото - стогодишнината од крајот на Првата светска војна и стогодишнината од почетокот на пандемијата на шпанскиот грип. Според проценките на епидемиолозите околу една третина (500 милиони луѓе) од целокупното население на планетата Земја се разболело, а околу 10 проценти (50 милиони луѓе) во светот починале. Шпанскиот грип се појавил за време на Првата светска војна, за која се смета дека придонела за огромното проширување на болеста како резултат на пренаселеноста во рамките на воените кампови и енормните движења на војските на земјите учеснички. Инаку името шпански грип се поврзува со неутралниот статус на Шпанија во рамките на оваа војна којшто ѝ овозможил на оваа земја да може слободно да известува за оваа пандемија која се смета за една од најсмртоносните епидемии во запишаната историја на човештвото. Соединетите Американски Држави не биле поштедени од оваа пандемија и според податоците на Центрите за контрола на болести и превенција (Centers for Disease Control and Prevention -- CDC) од истата починале околу 675 илјади лица и којашто придонела само во период од една година очекуваниот животен век на населението во
земјата да се смали за околу 12 години, на 36,6 години за мажите и 42,2 години за жените. Една од жртвите на оваа пандемија во САД била и госпоѓата Фиби Аперсон Херст (Phoebe Apperson Hearst), филантроп и сопруга на господинот Џорџ Херст (George Hearst), самосоздаден милионер којшто своето богатство го стекнал преку сопственост на рудници, главно на бакар и ранчови во западниот дел на САД, од кој еден со големина од околу 16.187 хектари во близината на Сан Симеон (San Simeon) во Калифорнија го купил во 1865 година. По смртта на госпоѓата Фиби Херст во 1919 година, нивниот единствен син Вилијем Рандолф Херст (William Randolph Hearst, 1863-1951), наследил дел од овој ранч кој потоа го проширил за да биде сопственик на околу 101.171 хектари. Господинот Херст се смета за визионер и медиумски гениј од првата половина на минатиот век со широки интереси. Тој бил конгресмен кој го претставувал Њујорк, сопственик на печатени медиуми, еден од пионерите во доменот на емитуваните медиуми, продуцент на над 100 играни филма и сопственик на голема колекција на уметнички творби од музејски квалитет. Инспириран од своите патувања низ Европа тој се одлучил во рамките на овој имот да го изгради својот дом за одмор за да го избегне метежот во урбаните средини во коишто работел. Лоциран приближно на
половината од патот помеѓу Сан Франциско и Лос Анџелес во Калифорнија овој имот овозможувал приближно подеднаков пристап до овие две урбани средини. Оригинално, избраната локација се викала Камп Хил (Camp Hill) и овозможувала одлични услови за кампирање на семејството на Херст и неговите пријатели, но тој посакувал нешто покомфорни услови за живеење. Поетски, тој својот ранч го преименувал во „Маѓепсано брдо“ (Enchanted Hill – La Cuesta Encantada), меѓу другото и со оглед дека врвот на брдото избрано за изградбата на овој објект се извишувало над нивото на облаците коишто ги покривале долините во неговото опкружување. Денес овој објект е познат под името Херстов Двор (Hearst Castle). Станува збор за комплекс кој опфаќа површина од околу 51 хектар со четири куќи, главната Каса Гранде (Casa Grande) со две кули и трите гостински: Каса дел Мар (Casa Del Mar), Каса дел Монте (Casa Del Monte) и Каса дел Сол (Casa Del Sol), со вкупно 165 соби од кои 58 спални, 60 бањи, 18 дневни и вкупна површина од околу 7.434 квадратни метри. Меѓу 115 соби на најголемата Каса Гранде меѓу другите се наоѓаат и театар, библиотека, работна соба во готски стил, соба за билјард, салон за убавина и други. Комплексот го надополнуваат и затворен Римски базен со површина од околу 154 квадратни метри, како и значително поголем отворен Нептунов базен, но и винарска визба, аеродром, зоолошка градина (која веќе не е активна),
ПОРТА
бројни тераси и раскошни градини. Господинот Херст живеел во својот двор во текот на неговата изградба сè до 1947 година кога од здравствени причини морал да се пресели во урбана средина со подобри услови за здравствена нега. Четири години подоцна, во 1951 година, тој починал во Беверли Хилс без да има можност до крај да ја реализира својата визија за куќата за одмор на Маѓепсаното брдо. Во 1958 година Херст корпорацијата го донирала овој комплекс на државата Калифорнија, која оттогаш управува со објектот. Од 1972 година комплексот е запишан во Националниот регистар на историски места (National Register of Historic Places), а од 1976 година е и Национален историски репер на Соединетите Американски Држави (United States National Historic Landmark). И покрај фактот дека Херстовиот двор никогаш не бил реализиран во целост, тој сè уште укажува на исклучителна реализација на соништата на едно лице и е олицетворение на еден од најголемите архитектонски потфати во историјата на САД, а кој во изминатиот период е прераснат во една од најпознатите локации во светот во коишто е изложена уметничката колекција на господинот Херст. Фасцинантната приказна за господинот Херст и неговиот величествен Двор на Маѓепсаното брдо, не би бил потполн и доколку не се спомене и авторот на комплексот којшто повеќе од 28 години од својот живот поминал на реализација на сонот на господинот Херст. Според записите, оваа скоро тридецениска соработка започнала со писмото на господинот Херст од 1919 година до својот иден архитект коешто гласело „... нам веќе ни е тешко да кампираме на отворено на ранчот во Сан Симеон и би сакале да изградиме малечко нешто“. Во овој случај трите точки на почетокот од писмото во моментов го прекриваат името на архитектот односно писмото почнувало со зборовите: „Госпоѓице Морган“. Станува збор за госпоѓицата Џулија Морган (Julia Morgan, 1872-1957) од Сан Франциско. Госпоѓицата Морган дипломирала како градежен инженер по нискоградба на Универзитетот на Калифорнија во Беркли (Berkeley) во 1894 30
ПОРТА
25 јануари 2019
година како единствена жена студент во својата класа. Инспирирана од својот братучед, Пјер ле Брун (Pierre Le Brun), кој се истакнал со проект за облакодер на осигурителна компанија во Њујорк, но и поттикната од страна на својот инструктор од Беркли, Бернард Мејбек (Bernard Maybeck), таа се одлучила да го продолжи своето образование во доменот на архитектурата. Обидот да се запише како прва жена да студира архитектура на престижната Екол де Бо Артс (Ecole des Beaux-Arts) во Париз во 1896 година се одолговлекол две години и три обиди пред конечно да биде примена откако професорот Франсоа-Бенџамин Часемише (Francois-Bnjamin Chaussemiche), кај кого и што работела како цртач, ја подготвил за приемниот испит. Нејзината упорност на крајот се исплатила со оглед дека станала прва жена која се стекнала со Сертификатот за архитектура на оваа светски престижна институција во 1902 за само три години наместо вообичаените пет. Таа била принудена да ги интензивира своите студии со оглед дека високообразовната институција не дозволувала студии на студенти постари од 30 години. По дипломирањето во Париз таа се вработила во бирото на Џон Гален Хауард (John Galen Howard) во Сан Франциско каде што била соработник на проектот за Урбанистички план на Универзитетот на
Калифорнија (University of California Master Plan) спонзориран од мајката на господинот Херст, за потоа да работи и на Херст грчкиот театар (Hearst Greek Theatre) на кампусот во Беркли, исто така спонзориран од семејството Херст. Госпоѓицата Морган во 1904 година основала свое проектантско биро по што за кратко време се здобила со исклучителна репутација во доменот на резиденцијалната архитектура која се истакнувала со исклучителна комбинација на елементи од калифорниската народна архитектура и елементи на англиското движење на уметности и занаети преку примена на локални материјали, нагласени хоризонтали коишто се преливаат во пејзажот, видливи греди и други елементи карактеристични за нејзиниот стил. Адаптацијата и завршувањето на куќата на Фиби Херст, Хациенда дел Позо де Верона (Hacienda del Pozo de Verona) во Плезентон (Pleasanton), Калифорнија се смета како нејзин прв проект во нејзиното биро, а како нејзин прв самостоен објект се смета камбанаријата на Милс Колеџот (Mills College) во Окланд (Oakland), Калифорнија, која успеала да го „преживее“ големиот земјотрес во Сан Франциско од 1906 година. Се смета дека таа за време на својата кариера испроектирала скоро 800 објекти во Калифорнија и на Хаваите. Комбинацијата на нејзиното образование
во доменот на градежништвото, искуството во примената на армираниот бетон, и едукацијата како класичен архитект стекната во Париз, како и претходната работа на проекти за госпоѓата Фиби Херст се смета дека биле клучните фактори коишто влијаеле при изборот на архитект од страна на господинот Вилијем Херст кој тукушто го
наследил имотот кај Сан Симеон, други имоти и 11 милиони долари по трагичната смрт на неговата мајка од шпански грип. Исклучителната 28-годишна соработка помеѓу архитектот и клиентот била искажана преку фактот дека госпоѓицата Херст не само што лично ги испроектирала скоро сите објекти и конструкции во рамките на
комплексот, туку била вклучена и во надзорот на скоро секој аспект од изградбата на Херстовиот Двор, вклучително со купувањето на предмети од антикварница, мов од Исланд, ирвас за зоолошката градина. Веројатно најзначаен аспект на нејзиниот ангажман е работата врз интеграцијата на уметничката колекција на господинот Херст во рамките на овој комплекс. Дополнително таа била вклучена и во други проекти за господинот Херст. Неколку години по завршување на својот ангажман на Херстовиот Двор таа го затворила своето биро во раните 1950-ти години, а починала во 1957 година. Од денешна перспектива ние само можеме да ги замислиме предрасудите и табуата коишто госпоѓицата Морган морала да ги надмине со својата работа, истрајност и упорност за да биде првата жена студент по архитектура на Екол де Бо Артс во Париз, да биде првата жена со диплома по архитектура на Екол де Бо Артс во Париз, како и првата жена која станала лиценциран архитект во Калифорнија. Признанието за нејзиниот придонес кон архитектурата на Калифорнија, САД и светот, како и кон придонесот на жените во доменот на архитектурата дошло децении подоцна, кога 57 години по нејзината смрт, таа во 2014 година станала и првата жена добитник на 25 јануари 2019
ПОРТА
31
Златен медал на Американскиот институт на архитекти (Gold Medal, American Institute of Architecture - AIA) – осма постхумно доделена. Со оваа највисока награда, која се доделува од 1907 година, се оддава признание на лицата коишто дале придонес кон архитектонската теорија и пракса. Почетокот на новата 2019 година, е добра можност да го одбележиме не само јубилејот на почетокот на реализацијата за сонот за Херстовиот Двор и животите на клиентот, господинот Херст, неговиот архитект, госпоѓицата Морган, туку и фактот дека покрај добар архитект, треба да се има уште подобар клиент за да може да се реализира не само визијата на клиентот туку и на архитектот преку создавање на исклучителна творба. При ова не смееме, а да не оддадеме особена почит за придонесот на жените архитекти воопшто, а особено на оние пионерите, како Џулија Морган, коишто го посветиле својот живот на оваа професија и афирмација на улогата на жените архитекти во архитектурата.
ПОРТА
ПОРТА
архитектура
Хосписи - простори за нега на терминални пациенти Просечниот хоспис е составен од стационарен дел, дневна болница, домашна нега, амбуланти, советувалиште во период на жалост и капели за верници
Невена ЃЕОРЃИЕВСКА, дипл. инж. арх. Перманентниот пораст на бројот на заболени од малигни неоплзми, големите трошоци за лекување, економската оптовареност од инвалидитет и прерана смрт, се приоритетни здравствени проблеми во патологијата на населението во Република Македонија. Во 2015 година, малигните неоплазми се втора причина за смрт кај населението со застапеност 18,3 отсто во структурата на застапеност на вкупно умрени лица. Во периодот 2013-2015 година во болничко-стационарна дејност просечно годишно се лекувани 29.289 болни од малигни неоплазми. Во Република Македонија просечно годишно умираат 3.741 лица од малигни неоплазми како основна причина за смрт. (Извор – Институт за Јавно здравје на РМ)
Х
осписот е објект (систем) со интердисциплинарна грижа, која обезбедува услуги на палијативна нега на пациенти од сите возрасти,
34
ПОРТА
25 јануари 2019
ОБЈЕКТИ ВО АМБИЕНТ КОЈ ПОТСЕТУВА НА ДОМ со предвидено преживување од шест месеци или помалку. По дефиниција, хоспис-негата подразбира целосен пристап до пациентот, со цел да се задоволат сите негови потреби, физички, социјални и духовни. Услугите ги обезбедуваат мултипрофесионални тимови, кои грижата ја базираат на индивидуалните потреби и личниот избор на пациентот, со фокус на отсуство на болка, достоинство, удобност и спокојно умирање. Во хосписите се обезбедува грижа за лица кои се соочуваат со крајот на животот, како и помош на нивните семејства. Термините хоспис и палијативна нега, моделите и услугите се разликуваат од земја до земја, особено меѓу Европа и Америка. И едниот и другиот термин претставуваат филозофија за нега со цел подобрување на квалитетот на животот на тешко заболените и нивните семејства. Вклучуваат холистички пристап и мултидисциплинарен третман. Разликите се однесуваат на местото на обезбедување на услуги, стадиумот на болеста, како и критериумите кои треба да ги исполнува пациентот. Во повеќето земји стационарниот хоспис е самостојна служба со фокус на терминална нега. Може да се дефинира како „куќа која нуди нега и квалитетен живот за терминалните болни и нивните роднини“. Хосписот обезбедува хумана и сочувствителна грижа за неизлечиво болните, удобни последни денови на земјата. Хосписот се концентрира на намалување на сериозноста на симптомите на болеста, наместо на обезбедување лек. Целта е да се спречат и олеснат страдањата и да се подобри квалитетот на животот на луѓето, кои се соочени со сериозна, комплексна и неизлечива болест. Модерното хоспис-движење било основано од страна на Дејм Сисили Сондерс, која почнала да работи со смртно болни во 1948
година, за на крај, во 1967 година, да го создаде првиот модерен хоспис - Хосписот на Св. Кристофер, во станбеното предградие на Лондон. Денес, флексибилни структури за неколку пациенти, често во природа и со пријатeн ентериер, се најновите објекти за хосписи, дизајнирани за долг престој. Првата личност што ја донесе оваа идеја беше пациент, иако прилично посебен. Жената на теоретичарот на архитектурата Чарлс Џенкс, Меги Кесвик, неколку пати беше примена во Одделот за
рак на Шкотската болница во раните 1990-ти години, каде ја доживеа ужасната типична атмосфера на пренатрупани соби и неонски ѕидови. Во 1995 година, Меги Кесвик Џенкс, го напиша ова за нејзиното искуство со рак: „Дијагнозата на рак ве удира како удар во стомакот... Нема пат. Нема компас. Нема мапа. Нема обука... Во еден ист момент, не можев да седам, да лежам или да стојам, да слушам или да зборувам кохерентно, бидејќи мојот разнишан ум вибрираше толку силно низ моето тело што чувствував дека може
ПОРТА
да се распаднам“. Во рок од седум години, Меги доживеа дијагноза на рак, третман, подобрување и повторување. Тоа што го сфати и искуството што го стекна за тоа време, го трансформираше во пионерски пристап кон нега на пациентите заболени од рак. Меѓу верувањата на Меги за третман на ракот е важноста на средината во која престојуваат лицата болни од рак. Таа зборуваше за потребата од внимателно осмислено осветлување, поглед кон дрвја, птици и небо,
ПОРТА
и можност за релаксација и разговор надвор од просторот за нега. Таа зборуваше за потребата од гостопримлив, смирувачки простор, како и место за приватност, каде секој ќе може да ги прими информациите на свој начин. Ако архитектурата може да ги деморализира пациентите, како што вели таа, нели го може и обратното: да докаже дека овозможува и закрепнување? Оваа мисла Меги ја користеше како основа за развој (заедно со Чарлс) на новата генерација центри за поддршка на пациентите со рак. Денес постојат повеќе од дваесет, од Единбург до Хонг Конг. Тие се технолошки напредни, гостопримливи, лоцирани во природа, во различни делови на светот и дизајнирани од врвни архитекти. Тоа се мирни, пријателски места, чија задача е да им помогнат на обичните луѓе кои имаат рак да најдат надеж, одлучност и сила, потребни да се справат со еден од најтешките предизвици
со којшто ќе се соочат. Оттогаш, потребата да се развие специфична архитектура за пациенти со долготраен престој, било да е тоа едноставен дом за стари луѓе или објект за луѓе кои страдаат од алцхајмерова болест, се чувствува сè пошироко. И претставува предизвик за многу архитекти. За самите пациенти, пак, сето ова има огромно влијание. За лицето кое се приближува кон крајот на животот, престојот во болнички услови значи да се биде лишен од простор и приватност за интимни дискусии и посебни моменти со најблиските, кога најмногу му е потребно. За болничкиот персонал, тоа значи да се соопштуваат лошите вести во прометни јавни простори. Членовите на семејството во текот на ова време најчесто не се целосно спремни (психички и физички) да ги задоволат потребите на пациентот. Просторот за нега до крајот на животот, треба да се препознае
како време на најинтензивни човечки чувства, што може да вклучува тага, загуба, анксиозност и страв. Хосписот е објект во кој е сместен добро обучен персонал, како интердисциплинарен тим на лекари, медицински сестри, социјални работници, советници, асистенти за домашна нега, терапевти и обучени волонтери, кои нудат поддршка според специфични области на експертиза, (вклучувајќи и давање на социјална, емоционална и духовна поддршка) на терминално болните. Хосписите најчесто се градат како приземни објекти во амбиент кој потсетува на дом. Просечниот хоспис е составен од стационарен дел, дневна болница, домашна нега, амбуланти, советувалиште во период на жалост и капели за верници. Вклучува и посебни простории кои се наменети за социјални и терапевтски активности. Најмалиот капацитет е осум кревети. Спалните соби се еднокреветни или двокреветни. Услугите се достапни 24 часа, седум дена во неделата. Во стационарниот хоспис, бројот на медицински сестри се движи од 1,2 до 1,5 на еден лежечки пациент. Финансирањето варира од земја до земја. Некаде се финансираат од националниот фонд за здравствено осигурување, некои се потпираат на доброволни донации, а некои се приватни. Треба да се напомене дека хоспис не е само модерна зграда каде се згрижуваат терминално болните, туку е првенствено филозофија на нега, која се базира на тоа дека секогаш нешто може да се направи за да му помогне на пациентот. И не секаде се обезбедуваат посебни објекти за престој на лица со терминална болест. Многу често просториите за нега се оформуваат во самата болница со конверзија на ограничен број на болнички соби за акутна нега во постоечките оддели. Факт е дека скоро половина од луѓето умираат во акутни болници. Додека болничкиот персонал се стреми да обезбеди најдобра можна грижа за луѓето на крајот од нивниот живот, самата физичка средина на
болниците може да го намали достоинството на пациентите и нивните семејства. Постојат разни проекти за трансформативни промени на акутни болници. Целта е да се направи смртта поднослива за оние кои се на крајот на животот и за семејството и пријателите, кои го споделуваат тоа последно патување. Болничките установи во многу земји, меѓу кои и Македонија, располагаат со простори, кои не се во состојба да одговорат на модерните потреби и затоа е потребно да се градат нови болнички објекти, а овие да се пренаменат. Болничките установи располагаат и со простори кои се затворени и не се користат од одредени причини и истите, со имагинативно реновирање можат да се претворат во оази на смиреност, одвоени од брзиот и гласен ритам на акутните оддели, каде лошите вести можат да бидат пренесени чувствително или каде семејствата можат да се соберат и да се напијат кафе, чај и да разговараат. Овие релативно мали инвестиции прават вистинска разлика за луѓето во едно трауматизирано време од нивните животи. Бојата, осветлувањето, уметничките дела, акустиката, ткаенините, мебелот, структурните материјали и внесувањето на зеленило се делови од големиот мозаик за нега, кои помагаат да се намали стресот и осаменоста и да се направи неподносливото колку е можно поподносливо.
Сочувствувањето со пациентите и нивните роднини во однос со умирањето, смртта и жалоста, сугерираат одредени принципи, важни за сите пациенти кои добиваат нега во болниците/хосписите, но кои се од голема важност за негата на крајот на животот. Достоинството се однесува на состојбата или квалитетот на живот достоен за почит, и болничка средина која може да придонесе или да го одвлече вниманието за чувството себепочитување и почитта кон другите. Луѓето се стремат и имаат право на достоинство при умирање и смрт. Здравствениот систем треба да обезбеди пациентите да се згрижени и да умираат достоинствено. Целата нега и третман треба да се одвиваат во средина во која се штити и промовира почит кон поединецот и чувството на самовреднување. Добриот проект тоа го промовира. Приватноста е тесно поврзана со достоинството. Времето во кое се приближува смртта може да биде многу интимно и не треба да биде непотребно загрозено од други. Луѓето имаат потреба од приватен простор каде можат да разговараат, и каде, ако сакаат, можат да се утешат едни со други природно, следејќи ги своите инстинкти, верувања или религии, надвор од видното поле и прислушкување на другите. Засолниште значи и безбедно место и свето место. Во времето на умирање, смрт и жалост, на луѓето им треба простор каде што можат да имаат мир, поврзаност и поддршка од блиските. Избор/контрола: Проектот на простор за нега треба да му обезбеди на пациентот избор и контрола на прашања поврзани со животната средина. Недостатокот на овие работи може да биде стресно за пациентите и роднините. Обезбедувањето на пациентите со опции во однос на тоа каде тие го поминуваат времето и дали тие бираат да бидат во друштво или сакаат приватност е од суштинско значење. Обезбедувањето на пациентите со степен на контрола над нивната непосредна околина, како што се 25 јануари 2019
ПОРТА
37
температура, вентилација и звук, понекогаш и во соработка со персоналот, исто така е од голема важност. Безбедност: Целата нега треба да се одвива во рамки на безбедна средина, следејќи ги насоките за задолжителна безбедност, со системи за најдобра заштита и намалување на ризикот по здравјето и безбедноста за сите. Универзален пристап се постигнува со проектирање на простори, кои ќе ги задоволат различните потреби, како и способноста на сите луѓе кои сакаат или треба да им пристапат да ги користат, дозволувајќи им притоа да комуницираат со нивната околина до крајот на нивната способност. Поради високиот процент на смртни случаи на постари луѓе со хронични и повеќекратни состојби и високиот процент на инвалидност кај пациентите кои се близу до крајот на животот, проектите секогаш мора да обезбедат универзален пристап до сите области на објектите. Насоките за проектирање не се однесуваат на специфичните потреби на лица со посебни потреби, кои се подразбира и се очекува да бидат испочитувани за сите нови и реновирани објекти. Обликот на физичкиот простор има огромно влијание врз квалитетот на негата што ја примаат пациентите, нивните роднини, вработените и волонтерите, оние кои работат и кои остануваат во хосписот. Успешното обликување на физичкиот простор функционира како активен елемент, придонесувајќи за подобар квалитет на животот на пациентите на крајот од животот и животот на нивните роднини додека ги поддржуваат на тој пат. Успешното обликување на физичкиот простор функционира како активен елемент, придонесувајќи за подобар квалитет на животот на сите луѓе. Отсекогаш сум верувала дека и природната средина и средината креирана од човекот, имаат длабоко влијание на нашата психолошка состојба и интеракцијата помеѓу нас. Во овој контекст, архитектурата има големо влијание во издигнување на хуманите, социјалните и еколошките вредности во светот. Од овие причини, од витална важност е ние архитектите да овозможиме најдобра можна средина. За секого. Особено за оние кои се соочуваат со најголемите предизвици во нивните животи, а со тоа и во животите на нивните семејства, како што се хосписите. Посветено на сите оние на кои како општество не успеавме да им обезбедиме достоинствена смрт
38
ПОРТА
25 јануари 2019
ПОРТА
архитектура од дрво
Највисоката зграда од дрво во Австралија
5 King е изграден од вкрстено слепени плочи и лепени ламелирани греди кои заедно прават систем, конструктивно стабилен како челик и бетон, но со значително пониско влијание на екологијата
40
ПОРТА
25 јануари 2019
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија
П
родолжувајќи го трендот на иновативни дрвени архитектонско-конструктивни решенија, архитектонското биро Bates Smart, го проектираше највисокиот објект од дрво во Австралија. 5 King е објект со 52 метри висина, подигнат во Брисбен и главно наменет за издавање на деловен простор. Покрај неговата висина, збогатен е и со титулата на најголема бруто-површина по кат за објект изграден од дрво во светот. Во спојот на традиција и иновација, Bates Smart го проектираше објектот со посебен
осврт на основната човекова потреба да се поврзе со природата и заштита на околината. 5 King е изграден од вкрстенослепени плочи (ВСП) и лепени ламелирани греди кои заедно прават систем, конструктивно стабилен како челик и бетон, но со значително пониско влијание на екологијата. Објектот е еден од низа на повеќе проекти кои се изработени од дрво последните години во Австралија со што се потврдува заложбата на земјата за еколошки градби со низок степен на загадување на околината како во процесот на изработка на градежниот материјал така и за време на неговата употреба. Главниот архитект Philip Vivan го гледа дрвото како градежен материјал за градење
5 KING ПОДИГНАТ ВО БРИСБЕН
на деловни објекти за следната генерација на креативна класа која секако дека ќе обрнува внимание и на нивната благосостојба на работното место. Објектот по должината на главната улица, во приземниот дел е пополнет со кафулиња и ресторани кои нудат и кетеринг сервис за сите канцеларии. Стаклената јужна фасада овозможува максимална
сончева светлина и топлина во текот на целиот ден со што се заштедува значително на осветлување и загревање на просторот. Во ентериерот прво се забележува видливиот грандиозен конструктивен систем. Дизајнот на ентериерот соодветствува со изборот на конструктивниот материјал. Сè е во контекст на дрвото. Основната
25 јануари 2019
ПОРТА
41
конструкција е проектирана како модуларна мрежа од шест на осум метри лепени ламелирани столбови и хоризонтални и вертикални ВСП кои ја комплетираат конструкцијата. Ентериерот е проектиран со широки отворени простории каде нема големо оптоварување од детали. Естетската вредност на конструкцијата од ПОРТА
дрво како природен материјал го збогатува просторот и му дава карактер и содржина. Покрај сите овие естетски и конструктивни квалитети на дрвото, има еден друг аспект кој треба да се разгледа при избор на конструктивен материјал за градба. Дрвото и новите материјали кои се изработени од дрво заземаат сè поголемо
учество во градежниот сектор во светот. Имено дрвото е природен и обновлив ресурс, дрвото во природата функционира како колектор на јаглерод диоксид. При избор на конструктивен материјал треба да се направи анализа за животниот циклус на избраниот материјал (Life Cycle Analysis). Сите градежни материјали за да се произведат, транспортираат, вградат, употребуваат и да се отстранат користат ресурси и енергија. Тоа секако има влијание на животната околина преку создавање на стакленички гасови. Интересно е што дрвото овој циклус го започнува со негативен степен поради собирање на стакленички гасови во текот на неговиот живот (carbon sink). Додека другите материјали како бетон или челик покрај тоа што не се обновливи ресурси, за нивно производство се консумира многу поголемо количество на енергија и следствено има поголема емисија на стакленички гасови. Секако дека оваа анализа е валидна само доколку дрвото како ресурс се експлоатира плански и одговорно. Анализата на животниот циклус (LCA) на овој објект покажува намалување на емисијата на стакленички гасови за 22 отсто во текот на употребата на објектот споредбено со избор на материјали како бетон или челик. Исто така е интересно да се напомене и дека материјалите од дрво се и многу полесни (20 отсто помала тежина), високиот степен на префабрикување на елементите гарантира брзина на градење на објектот. Сите овие бенефити водат кон намалување на трошоците за градба.
ПОРТА
урбанизам
Милано има центар што не е поврзан со шопинг, туку со култура Она што е во проектот пионерско е дека го прави Милано полицентричен град. Иднината повеќе нема да биде перцепција на предградија, туку консталација на конститутивни центри на метрополата кои ќе комуницираат меѓусебно
ФранческоЧИТРО , (специјалнозаПорта3 одИталија) КАКО ИЗГЛЕДАЛ МИЛАНО ВО РАНИТЕ 90-ТИ. Еј, внимателно кога ќе ја напуштите железничката станица, трамвајот ќе ве прегази! Но, овде недостасува тротоар, како можам да го избегнам тоа? 44
ПОРТА
25 јануари 2019
Мотор! Пари! Мотор! Пари! Мотор! Пари! И повторно, пари! Мотор! Пари! Мотор! Пари! Мотор! Можете ли да ги намирисате парите и да ја слушнете бучавата на градот? Погледнете го влијанието тука, надвор од централната станица: големата сообраќајница потсетува на Каракас! Ако се качиме на метро и повторно се појавуваме
во Порта Гарибалди, ќе ја визуелизираме големата економска моќ на ова место полно со луксузни хотели, банки, трговски улици и билборди за мода. Тука модернизмот се појавува како единствен пример на архитектурата на 50-тите, 60-тите и 70-тите години со стил кој исто така делумно продрел во центарот на градот.
ПРОСТОР КОЈ Е ДЕЛ ОД МНОГУ ПОШИРОКА УРБАНА РЕГЕНЕРАЦИЈА 20 ГОДИНИ ПОДОЦНА - ГОДИНА 2008 „ГОЛЕМИОТ ФИНАНСИСКИ МЕУР“ Ние продолжуваме да работиме, но дали некогаш ќе ја оствариме креативноста на 60-тите години? Можеби треба да застанеме за момент, да го бркаме стариот модернизам и да го забавиме! Ајде да бараме зелено место за одмор и размислување! „МИЛАНО ДА ГО ОЗЕЛЕНИМЕ“ - ГОДИНА 2011 Кризата во 2008 година силно го соголе општеството и сфативме дека мораме да се соочиме со значењето на поединецот. Потребата за зелени површини, пријатни средби и збогатување на урбаниот екосистем беше една од конотациите на оваа идеја, која неколку години подоцна се реализираше во „Манифестот на изградбата“, Милано - градот на иднината, Bosco Verticale (Вертикална шума), што досегнува многу подалеку од зелена фасада. Со дрвја засадени на објектот, ова е зграда која покрај тоа што е манифест на архитектурата, исто така е и билборд што ги покажува промените на градот низ варијации на бои кои се менуваат со менувањето на годишните времиња. Живее во хармонична антитеза со сите модерни објекти изградени во близина, од плоштадот Gae Aulenti до округот Самсунг неколку стотици метри понатамо во Porta Nuova. Нејзиното влијание е толку силно што зелената површина се шири. Замислена од студиото Boeri, се смета за одржлива зграда, за која студијата ја планирале експерти за ботаника, со цел да се создаде микроклима способна да апсорбира CO2, фина прашина и да го врати кислородот, за што жителите на Милано имаат огромна потреба, а да бидат во можност да продолжат да живеат во својот ритам. Оваа нова општествена ферментација ги ориентирала и
приватните и јавните избори да дадат монументалност на потребите на поединецот, а исто така и различните политички афинитети да ги приближат кон единствена цел. Луѓето мора да поседуваат простори и не смеат да ги живеат индиректно. Зеленото сега е создадено, но има потреба од многу вода за да се одржи во живот. Ние дури и да го донесеме морето до плоштадот Gae Aulenti? - Еј Андреа, можеш ли да ме слушнеш таму? Ве молиме подигнете ги преградите! Милано има потреба од вода. Потопете го! Градот конечно им се враќа на своите корени со својот систем на канали благода-
рение на кои мудриот Леонардо да Винчи го поврзува со морето од кое историски, секогаш доаѓале промените, културни контаминации кои спојувајќи се носеле иновации во Милано. - Потоа затворете ја преградата на некое време, ве молам! Водата дојде до NoLo, North Loreto! - Вашиот бран донесе тука 150 етнички групи кои се споија и доведоа до силни пропозиции и меѓународно движење. Благодарение на ова вриење, случувањата како Fuorisalone за време на Design Week се втурнати во тоа подрачје, отворајќи се сè повеќе и повеќе кон демократизација на просторот и дизајнот. Хидрауликата која го достигна опто-
Кој е Андреа? Идеата за Mare culturale urbano е на Andrea Capaldi, Paolo Aniello и Benedetto Sicca. Andrea Capaldi е „фронтмен" и управува со местото. Тој е уметник и изведувач и благодарение на комбинациите на уметноста и неговата соработката со архитекти, експериментирале со различни форми на престој со методи на иновативно уметничко творештво. Така го создале Mare culturale urbano, центар на уметничко производство што се населило во западниот дел на Милано за да изгради нов модел на територијален развој на предградијата. Почнувајќи од силна врска со локалната димензија, развива меѓународни размени и активни процеси на социјални инклузија, урбана регенерација и културни иновации. 25 јануари 2019
ПОРТА
45
варувањето до Nolo е многу силна, така што се одбива од центарот на градот и се збогатува со нови идеи од предградијата. Во овој пинг-понг помеѓу центарот и пред-
46
ПОРТА
25 јануари 2019
градијата, сè повеќе и повеќе области се поплавени, давајќи живот на многу места за производство на нова, мултицентрична метропола. Поттикот сè уште не е расплинат и
за да се задржи „ние сме принудени“ повторно да ги отвораме старите канали. Андреа потроши толку многу вода за да го наполни Дарсена, старото пристаниште во Милано. Луѓето што живеат во Милано го ценат тоа затоа што создале место на општествена агрегација. Со целосна навигација сега е неопходно да се редизајнира планот на градот кој вклучува помалку загушеност и повеќе внимание на приоритетите на поединцот со зелени површини, подобар квалитет на воздухот и повеќе места за дружење. Оваа вода полна со културни загадувања продолжува да тече толку многу што плоштадот Gae Aulenti стана залив. Додека беа во Порта Венеција тие мораа да „изградат плажа“. Време е Андреа да го запознаете! Еве го, го гледате ли? Тој голем човек кој „лута“ во тој двор, заедно со други визионери, вели дека да не талкале, нема да сонувале, а да не талкале и сонувале, не би можеле да го реализираат проектот MARE CULTURALE URBANO (URBAN CULTURAL SEA). Тој е сместен во куќа од 1600 година, во via Novara, предградие југозападно од Милано, каде што конечно зборот „центар“ не е поврзан со шопинг, туку со „културно“. Тоа е простор кој е дел
од многу поширока урбана регенерација, план кој е организиран во различни опкружувања, каде што можете да работите на уметнички проекти на национално и на меѓународно ниво, но и на локално ниво, вклучувајќи ги и луѓето кои живеат во соседството и ја зајакнуваат општествената вклученост. Она што е во проектот пионерско е дека го прави Милано полицентричен град. Иднината повеќе нема да биде перцепција на предградија, туку консталација на конститутивни центри на метрополата кои ќе комуницираат меѓусебно. Mare Culturale Urbano, исто така, ќе го обнови соседниот постиндустриски комплекс, каде што ќе биде можно да се прошират идеите на Andrea Capaldi. Основниот концепт е многу поразличен од класичниот стил на реализација на културата, кој се сведува на купување билет, одење во затворен простор и на крајот оставајќи го шоуто, претставата зад себе, без можност за интеракција и дружење. Mare Culturale во центарот го поставува плоштадот, грчка агора, како простор за живеење каде што секој може да се запознае и да генерира богатство од средбата, исто така и по изложбата во новите театри што треба да се градат. Отворени места каде што луѓето ќе имаат можност да се запознаат и да бидат поттикнати од културни проекти на високо ниво кои ќе бидат достапни за пристапни цени. На овој начин културата ја враќа својата главна функција, а тоа е да создаде дух и развиток на луѓето. Давањето живот на маргиналните места во градот со цел да станат дестинации на самиот град е предизвикот со кој се соочува Милано на иднината. Водата на ова море, во своите несовршености на формата, навлегува насекаде каде што се создава живот, контаминирајќи. Не смееме да се плашиме од морето, туку да ја собереме неговата суштина, неговите пораки и да ги споиме со сопствените знаења, дури и по цена на растресување на нашите убедувања. Различноста која оттаму доаѓа е носител на богатства, кога ќе ја сретнеме ние ги споредуваме и ги контаминираме нивните особености. Милано ова го разбра и има потреба од вода, така што неговите жители можат да живеат во тишината каде што ќе забават, тие ќе имаат повеќе можности да размислуваат. Со можното повторно отворање на каналите, ќе се отворат нови хоризонти на побавен, можеби похуман град, со нови културни, социјални и економски амбиции. Андреа, продолжи да ја пумпаш водата! Во Милано сè уште има толку жед!
ПОРТА
ентериер
Daily Food&Wine модерен Употребата на повеќе меѓусебно складни бои во комбинација со дрвените облоги
48
ПОРТА
25 јануари 2019
РЕСТОРАН КОЈ Е ДЕЛ ОД ТРГОВСКИОТ ЦЕНТАР „ЛИСА“
дизајн со пријатни детали и подот придонесуваат за топол и пријатен амбиент Редакција ПОРТА 3
К
реативниот дизајн на ентериерот е сè, само не едноставен. Неопходно е да се запазат многу параметри како би се обезбедиле поволни услови како што се безбедносни регулативи, функционален простор, избалансираност на корисен и слободен простор, да им се овозможи на гостите и на персоналот дизајнот на ентериерот во ниту еден момент да не го наруши престојот и функционирањето на просторот. Добриот ентериер придонесува за ресторанот и неговата атмосфера онолку колку и добрата храна, пијалaк и музика.
ПОРТА
Таков е ресторанот Daily Food&Wine, дел од семејството на групацијата „Тинекс“, кој всушност е дел од новиот трговски центар „Лиса“ во Општина Аеродром. Ресторанот Daily Food&Wine е сместен на првиот кат од трговскиот центар на површина од 360 квадратни метри во стаклениот аголен елемент како најдоминантен сегмент на објектот, а продолжува во пространа тераса на површина од 280 квадратни метри, наткриена со лачен кров покриен со алуминиумски панели носени од внимателно дизајнирана челична конструкција. Ентериерот на ресторанот е изработен од архитект Маргарита Милевска и дише со еден урбан, современ дизајн, одмерен и пријатен за престој. Стилски, ентериерот го обликува модерен дизајн со пријатни детали и визуелни моменти. Декорот од елементи изработени од дабово дрво и облоги од чамово дрво нијансирано во повеќе тонови на столбовите и подот овозможува потребна топлина и дава чувство на дом, додека челичните, кожни и кадифени елементи на мебелот слоевито се интегрирани во просторот. Употребата на повеќе меѓусебно складни бои (или употребата на сината, окер и светлосивата боја на мебелот или столовите) во комбинација со дрвените облоги и подот придонесуваат за топол и пријатен амбиент. Подот е од гранитни плочки со дрвен дезен кој е пресликан од подовите на Версај со што на локалот му дава една елегантна, класична нота. Дел од ѕидовите се обложени со гранитни плочки, чии димензии се одбрани како димензиите на класичната тула, повторно за да се доближи оној пријатен домашен амбиент исто како и парапетот на шанкот кој ги пречекува гостите на влезот и паѓа во очи како заеднички простор, местото за сите. Црните метални профили, носачи на дрвените полици и ногалките на масите даваат тон на индустриски
ПОРТА
ПОРТА
дизајн. Кујната е отворена, транспарентна, достапна, на дофат на рака, што уште повеќе придонесува на пријатната атмосфера и создава интеракција помеѓу персоналот и гостите. Користени се главно боите на природата, зависно од потребата и моментот, одвременавреме разбиени и разиграни со тиркизно-сина боја на столовите или смирени и продлабочени со понекој црн ѕид. Осветлувањето создава уште попогодна атмосфера во ресторанот. Различната форма и должина на лустерите ги дефинира местата за седење, ги осветлува и внесува динамика во просторот, и со бојата на светлината, и со својот специфичен облик. Аголниот елемент на објектот во кој е сместен Daily Food&Wine е стаклен кубус во темносива боја. Стаклената обвивка на ресторанот е испресечена со алуминиумски ленти кои даваат асиметрична нијанса, овозможен е поглед на околината, а воедно бојата заштитува од надворешните погледи и ја менува својата нијанса во зависност од денот и ноќта. Daily Food&Wine спонтано преминува на пространата тераса која е во визуелен склад со внатрешниот простор.
ПОРТА
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
екологија
Отпадот - генератор на домашни успешни приказни За сè што се фрла, некаде во светот има компанија што сака да го собере и да направи нешто корисно од него. Овие бизнис-модели сè почесто ги сретнуваме и кај нас Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
К
ога ќе се каже дека некој живее од она што другите го фрлаат, обично се мисли на најсиромашните слоеви од населението. Но во земјава веќе има десетина компании што се занимаваат со отпадни материјали, со секундарни суровини, односно со враќање на она што било фрлено назад во економијата. Стотици луѓе секое утро одат на работа во овие компании и обезбедуваат приходи за нив и за нивните семејства. Ѓубре е само она што ќе дозволиме да заврши како ѓубре, сè друго е ресурс, ќе речат поборниците на кружната економија. Концептот што бил зачнат уште во 1960-тите го добил своето конечно дефинирање во доцните 1980-ти и во раните 1990-ти. Го промовирале економисти што аргументирале дека нема одржливост само со т.н. линеарна
54
ПОРТА
25 јануари 2019
(праволиниска) економија која работи по принципот „земи, искористи, фрли“, и дека поради тоа производството мора да се врти во круг (оттука и терминот кружна, односно циркуларна економија). „Од почетокот на индустриската револуција, економијата се гледа како процес на екстракција на достапните природни ресурси, нивна преработка, обликување во финални производи или полупроизводи, дистрибуција и употреба, и на крајот нивно одлагање на депонии и ѓубришта. Таквиот модел во економијата е препознаен како „линеарен модел на економија“ во кој главната парадигма гласи: земи – направи/користи – одложи – фрли. Значи, во линеарниот модел на економијата, после истекот на „животниот век“ на производите, истите долго време се одлагаа на депониите (ѓубриштата), а заедно со експлоатацијата на природните ресурси се зголемуваше генерираниот отпад“, вели Душко Христов,
претставник на проектот„ЕНВ.нет го факторизира портфолиото за животната средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ“, финансиран од Европската комисија. Затоа, додава Христов, децении наназад линеарната економија доби свој сопернички коцепт, во кој наместо движењето на материјата и енергијата во еден правец, го застапува моделот на кружно движење на енергијата и материјата, а во поголемиот дел од светот познат како циркуларна економија. Накратко, кружната економија подразбира кружење на материјалите и нивна повторна употреба, при што се користи драстично помалку енергија и вода (во некои случаи и повеќе од 90 отсто). За жал, во нашата земја и натаму преголем дел од економијата се движи по правата линија - земи, искористи, фрли. Со тоа се пропуштаат големи можности за уште поголем економски обрт и уште повеќе
КОНЦЕПТ НА КРУЖНА ЕКОНОМИЈА вработувања. Штетата не е само во пропуштените економски можности, туку и во загадувањето што го врши линеарната економија. Тоа предизвикува уште поголеми штети, а за справувањето со последиците се трошат дополнителни суми пари. Сепак, неколку компании веќе со години го пробиваат мразот и се обидуват да ја вратат економијата во круг. Од пластика и стакло до отпадни масла, тие гледаат ресурс каде што другите гледаат извор на загадување. АКТИВИЗАМ ВО БИЗНИСОТ Активистичкиот пристап на дел од овие компании е илустрација за тоа како кружната економија ги спојува јавниот интерес и бизнис-интересот. Концептот е едноставен, колку повеќе тие ќе ги убедат луѓето да им го дадат својот отпад за да го преработат, толку помалку отпад ќе заврши во природата, и толку помало ќе биде загадувањето на околината. Во спротивно, штетните последици ќе ги чувствуваме сите. Токму ова е концептот што го применува „Суниленс“, компанија што 25 години се занимава со продажба на масла и други суровини за потребите на прехранбената индустрија, а во последниве девет години го има променето својот начин на стопанисување од праволиниски во кружен. Сега ги собира отпадните масла од оваа индустрија, ги складира и ги пласира на
пазарот за биогорива. Користа е повеќекратна - помалку отпадно масло исфрлено во природата, повеќе произведен биодизел чие согорување испушта помалку штетни гасови во атмосферата во споредба со обичниот дизел, и секако приходи за компаниите што го раководат целиот процес. „Досегашниот резултат за периодот од 2009 до 2018 година покажува дека вкупно сме собрале и рециклирале над 3.100 тони отпадно масло за јадење. Вкупно собраното количество отпадно масло од домаќинствата е 2,6 тони (2.615 килограми), а вкупно преку проектот „рециклирај и донирај“ се донирани 247 литри масло за јадење. Имаме околу 1.500 собирачи од домаќинствата“, вели Андреј Ѓокиќ од „Суниленс“. За да го зголеми опфатот на собрано отпадно масло за јадење, компанијата применува класична еколошка кампања, им укажува на луѓето колку е штетно тоа да се фрли во канализацијата или заедно со другиот отпад. Како што објаснуваат од „Суниленс“, при готвењето растителните масла ги менуваат своите молекуларни својства, добиваат темнокафена боја и остар мирис, и затоа се препорачува да не се реупотребуваат. Но зошто не треба да се исфрлаат во канализацијата? Кога се употребени, тие се стврднуваат на пониски температури и ги затнуваат канализациските системи, што може да предизвика загадување
во урбаната средина. Ако преку канализацијата сепак стигнат до реките и езерата, штетата е уште поголема. Еден литар масло може да загади еден милион литри вода, бидејќи тоа се шири на површината во тенки и широки мембрани. Отпадното масло ја спречува фотосинтезата и штетно влијае на целиот жив свет, и растителен и животински. Решението е да се врати во економскиот круг и да се претвори во нешто употребливо. НЕОГРАНИЧЕН КРУГ Еден од материјалите што уште одамна се реупотребува и рециклира и во светот и кај нас е стаклото. Но и покрај тоа, над 40 илјади тони отпадно стакло годишно завршува на депониите во земјава. Тоа е голема штета бидејќи стаклото може да се рециклира безброј пати и повторно да стане амбалажа, со минимална потрошувачка на енергија и со минимални последици по околината. Далеку помали отколку натрупувањето стаклен отпад во природата. Фрленото стакло нема да ја загади околината или да предизвика штетни последици за човековото здравје. Но како цврст отпад тоа го спречува растот на растенијата. Освен тоа, колку повеќе стакло се фрла, толку повеќе има потреба да се произведува ново стакло, а ова е индустрија којашто испушта големи количества штетни гасови во атмосферата.
25 јануари 2019
ПОРТА
55
Во нашата држава, „Акрон“ е компанија чија работа е да го врати отпадното стакло назад во употреба, односно да го заврти овој дел од економијата во круг. Тие го земаат стаклото од колективниот постапувач „Пакомак“, кој месечно собира над 80 тони стаклени шишиња. Како што објаснуваат од „Акрон“, во земјава сè уште не се топи стаклото, туку се дроби и се извезува, откако претходно ќе се селектира по боја. Во фабриките ова стакло се меша со силикат за да се добие ново стакло. На овој начин, еден тон рециклирано стакло заштедува 42 киловат часови електрична енергија, 19 литри нафта, два кубни метри депониски простор, 603 килограми песок, 196 килограми сода, 196 килограми варовник и 70 килограми фелдспат. Сето тоа е заштеда од само еден тон. Тоа значи дека оние 40.000 тони фрлени во депониите низ земјава предизвикале да се потрошат 1.680 мегават часови струја и 760 илјади литри нафта. Земјава од почетокот на 1990-те имаше своја стакларница со капацитет да го собира и да го преработува стаклото. По нејзиното затворање имаше неколку неуспешни најави за враќање на стакларската индустрија со странски инвеститори. Но засега останува собраното стакло од тука да се носи во странство и да се враќа само како готов, поскап производ. ДОЛГА И МАЧНА БОРБА Материјалот што стана симбол бидејќи го вклучи алармот за рециклирање е пластиката. Нејзините штетни својства во комбинација со неверојатно долгиот век на распаѓање предизвикуваат еколошки катастрофи насекаде низ планетата. Иако преработката на отпадната пластика се претвори во огромен бизнис на глобално ниво, сепак човештвото е сè уште далеку од целосен спас од пластичната закана. „Гринтех“ е една од компаниите што станаа дел од решението на овој проблем. Како дел од романската групација „Грин груп“ тие работат во земјава уште од 2007 година, а месечно откупуваат и рециклираат околу 500 до 700 тони пластика во четири земји од регионот каде што работат, освен кај нас уште и во Албанија, Црна Гора и Косово. „Гринтех“ применува сличен активистички пристап како и други компании што се
56
ПОРТА
25 јануари 2019
занимаваат со отпадни материјали, активно учествува и поддржува различни манифестации за заштита на животната средина за да влијае на свеста на луѓето дека отпадот, вклучувајќи ја и пластиката, не смее да заврши во природата.
Годишно во светот се произведуваат околу 300 милиони тони пластика. Тоа покажува колку е голем предизвикот на компаниите, организациите и на институциите што се грижат таа да не заврши како загадувач на животната средина.
ПОРТА
енергетска ефикасност
Обновливи извори на енергија за чиста почва и чист воздух Имаме други видови од исплатливата, ВЕЧНО обновлива енергија, водени текови, сонце и ветер. Нивниот резултат „ВИШОК“ или тоа што ќе биде предадено на другите делови од економијата е чиста енергија, но ќе остане чиста почва и чист воздух, ќе има еколошка храна за ИЗВОЗ и екотуризам Панче АТАНАСОВСКИ, деи, поклоник на „Смарт“ ОИЕ, ЕЕ, чиста храна, уште почиста вода
Р
епублика Македонија работи на свое зачленување во НАТО и Европска Унија. Повисоки стандарди на работење, животен стандард, сигурен одржлив развој. Еден од условите е одржлив развој и во делот на енергетиката. Сегашната состојба е дека многу електрична енергија се произведува од ЛОШ јаглен, многу гориме дрва за греење и си го труеме воздухот и многу увоз. Сиромаштија и без излез. Оти и тој јаглен ќе поскапи за некоја година бидејќи помалку го снемува тој ЕВТИН од површински коп. Другиот дел од економијата вели дека конкуренцијата на други животноважни продукти како храната , па и туризмот како гранка за опстанок е голема, значи тие гранки велат сакаме чист воздух и почва. Кажано математички: две непознати, а сè уште ниедна равенка – ни треба и чиста 58
ПОРТА
25 јануари 2019
животна средина и чиста енергија. Единствената среќна околност е што живееме во 21-виот век. Технологии, стандарди, па и финансиски извори постојат. Но пред сè за она што ние како географија го имаме за користење, но и сочувување. ОДРЖЛИВО значи користи, но не уништувај. Случајно или не уште пред три години во Париз, некои наши министри од претходната Влада потпишаа Париски договор. Велат да се качиме и ние во возот за ЕВРОПА. Да видиме колку чини картата? Ако веќе во 2025 бидеме со некој вид на членство уште построго. Велат: еве ти пари ама построго да ги трошиш. Многу обвновливи извори на енергија + енергетска ефикасност, а што помалку фосилни горива. Но, да речеме дека имаме филтер за РЕК, освен тоа и гасот не загадува. ЕУ вели имаш CO2 емисија и плати си. Па што да трошиме како енергија? Во кружната економија (на англиски Circular Economy) тоа што е отпад, вишок од едниот дел на економија направи да биде суровина – ВЛЕЗ за другиот дел. Комунален отпад, отпадна
биомаса од пилани, биогас од пречистителни станици, депонии и сточарски фарми. Тоа е малку. Имаме други видови од исплатливата, ВЕЧНО обновлива енергија, водени текови, сонце и ветер. Нивниот резултат „ВИШОК“ или тоа што ќе биде предадено на другите делови од економијата е чиста енергија, но ќе остане чиста почва и чист воздух, ќе има еколошка храна за ИЗВОЗ и екотуризам. Да почнеме со водата: Еве колку максимално електрична енергија може да произведе нашата хидрогеографија(малку загадочно на англиски): Неверојатни 5,5 TWh. А сега може да користиме максимум 1,5, под услов да е поволна хидролошка година. Ни требаат 10 TWh во 2050. Од каде оваа бројка? Авторот на овој напис, имаше среќа да учествува во европски проект каде се вршеше АНАЛИЗА во три сценарија за девет држави од овој дел на Европа, како МК, СР, БиХ, КО, Ал, Гр, БГ, Ро, ЦГ. Изработувачи беа неколку консултантски куќи како и Техничкиот универзитет од Виена. Партнер на проектот од Република Македонија
НЕОПХОДНОСТА ОД РЕВЕРЗИБИЛНИ ХИДРОЦЕНТРАЛИ ЗА БАЛАНСИРАЊЕ НА НЕКОНВЕНЦИОНАЛНИ ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ (СОНЦЕ, ВЕТЕР, РЕЧНИ ТЕКОВИ) Реки
Теоретски Технички Изградени Изградени /Технички GWh GWh GWh % Вардар над вливот на реката Треска 1202 1084 488 45.02 Река Треска 377 347 190 54.76 Кадина и Маркова Река 97 87 Река Пчиња 265 201 Реки Тополка и Бабуна 46 35 Река Брегалница 270 205 17 8.29 Река Црна 1098 944 184 19.49 Река Бошава 38 33 Главен проток на Вардар 1454 1336 ВКУПНО Вардар 4847 4272 879 20.58 Радика 438 338 Црн Дрим 710 548 513 93.61 ВКУПНО Црн Дрим 1148 886 513 57.90 ВКУПНО Вардар и Црн Дрим 5995 5158 1392 26.99 SHPPs 671*) 440**) 76 17.27 ВКУПНО 6.666 5.598 1.468 26.22
Планирано GWh 140 60
604 1336 2140 134 134 2274 197 2.471
Потребната енергија по извори на енергија за да имаме најеколошко сценарио од 93 отсто ОИЕ е претставено на следниот графикон:
беше МАЦЕФ од Скопје. Целна година 2050. Велат, во најеколошкото сценарио ќе ни требаат 10,5 TWh електрична енергија, и само 7 отсто или 800 GWh од фосилни горива, најверојатно природен гас. Остатокот треба да се обезбеди од ОИЕ. Еве како изгледа нивниот предлог: Ова е сликата на потребните капацитети по инсталирана моќност. Фантастични бројки од фантастичната иднина, само 7 отсто фосилни горива и тоа од најчистите. Еден летен врел ден со многу сонце, но и ветер се случува колизија, удвојување на капацитетите и од сонце и од ветер. Во ист час 12:00 на 4 јули 2050 имаме три влеза на електрична енергија и тоа од мали хидро 300 MW, ветер само 300 МW и сонце ФН 1600. За само еден час произведени од 2200 MW дури 2,2 GWh. А потребни се за 550 000 домаќинства 550 MWh, комерција и индустрија уште 1000 МWh. Тој фантастичен ден има вишок. За среќа има 100 хотелски СПА-центри и 100 илјади електрични автомобили кои како сунѓер додатно ќе потрошат енергија. Три вишоци, злато вредни за зимски услови, каде да ги СМЕСТИМЕ? Постоечкото технолошко достигање за тогашната идна состојба ни налага големи хидроцентрали со огромен капацитет. Затоа и тие огромни бројки на големи хидро-електроцентрали. И за среќа има доволно проекти на список на ЕЛЕМ. Но дали е тоа сè? Што ако нараснат потребите за чиста енергија заради проекти во туризмот и здравата храна. Како додатна енергија. Секако уште сонце и ветер. И пак прашање што во тој сончев преубав ден со уште поголемиот вишок? Затоа постои диспечерскиот центар на ОПЕРАТОРОТ (КВАЛИФИКУВАНО ПРАВНО ЛИЦЕ) кое управува со електроенергетскиот систем во државата, кое има свој возен ред на производство. Но покрај планот А, постои и резервен план Б доколку некој од влезните извори на енергија се зголеми. Еве една варијанта на изменети услови или дисбалансна ситуација: • 1. Опсег на ветер: 3,5 m/s-12m/s 10 %-80 % of 1100 MW= 700 MW * 3000h = 2,1TWh max • 2. PV дневно 0-100 % , сезонски 1000MW1600 MW, по пресметливо, дневен вишок 11-13,00 1600MW*2h*300дена = 0,96 TWh • 3. Small Hydro 90 %-20 %=70 %*0,8TWH= 560 GWh • Дисбаланс тип 1 од неконвенционалните ОИЕ max 3,6 TWh • Дисбаланс тип 2 од конвенционалните ОИЕ големи хидро: • Варијации на тема: Големи хидро имаат задача да ги балансираат гореспомнатите 3,6 TWh, со добра хидрографија 4500 TWh и лоша 2300TWh. Решение - Увоз: 2 ,2 TWh што го покрива дисбалансот на големите хидро кога немаат вода. Но недостигаат 1,3 25 јануари 2019
ПОРТА
59
TWh да се избалансираат. Со вкалкулирани губитоци за пумпање (нагоре назад во горна акумулација) тоа е влезна ВИШОК енергија што треба да се смести (со губиток + 30 % или 1,7 TWh . На тој начин и водата ја спасивме да не истече – извршивме и ВОДНО балансирање. Како? Па вративме дел од ИСТЕЧЕНАТА вода назад, да ја има. • Решенија: 1. Прво реверзибилни хидроцентрали: 1 пумпа од 100 MW или 10 x 10MW 1700 часа годишно. Други решенија 2. Времето, технологијата даваат избор: „Водена батерија“ мала хидроцентрала со ветерна турбина. Чини 4E/W Овче Поле. Нема вода?А на Брегалница каскада? 10 x водени батерии? Балансирање од страна на потрошувачка - можно решение 3. Нема губиток при пумпањето: • 300000 E(lectric) V(ehicle) batteries x 10 KWh daily= 3 GWh daily x 365 = 1095 GWh /год. Battery Cap. Сепак има решение во комбинација од решенијата. Слатки маки на идните генерации, а тешки на сегашната.
ПОРТА
ПОРТА
уметност
Климт/Шиле: Цртежи од Музејот
Г. Климт, Женска фигура во профил со лелеава коса, Студија за скицата во масло „Медицина“, детал, 1897-1898.
Г. Климт, „Пар во прегратка“, Студија за овој бакнеж кон целиот свет, Бетовенов фриз, детал, 1901.
Двајца уметници се најпознатите австриски сликари од почетокот на 20 век. Постариот е основач и главен експонент на движењето Сецесија, а помладиот е следбеник и восхитувач на делото на Климт и по смртта на својот „духовен“ учител ќе го преземе за сосема кусо време приматот како негов наследник д-р Петрула КОСТОВСКА , историчар на уметност (Специјално за Порта 3 од Лондон)
П
оводот на изложбата, што е отворена од 4-ти ноември годинава и трае до 3-ти февруари наредната година, и е во Кралската академија во Лондон, е 100-годишнината од смртта на двајцата уметници, што патем коинцидира и со јубилејот од потпишувањето на примирјето што става крај на Првата светска војна. Пустошот што зад себе го остави овој безумен конфликт воедно го потврди (зацементира) и историскиот колапс на Австроунгарската Хапсбуршка Монархија. 62
ПОРТА
25 јануари 2019
Повеќе од 120 цртежи од колекцијата на Албертина Музејот во Виена се изложени во само неколку простории. Насловот на изложбата претполага еднаква застапеност на цртежите на Климт, но Шилеовите дела се присутни во многу поголем број. Двајцата уметници се најпознатите австриски сликари од почетокот на 20 век. Постариот е основач и главен експонент на движењето Сецесија, а помладиот е следбеник и восхитувач на делото Г. Климт, Скицата за „Медицина“, спремна за трансфер, дел од алегорискиот циклус за Големата Аула на Универзитетот во Виена, (околу 1900 г.),
Г. Климт, „Стоечки љубовници“, 1907-1908.
т
ИЗЛОЖБА ВО КРАЛСКАТА АКАДЕМИЈА ВО ЛОНДОН
Албертина во Виена Е. Шиле, „Лежечки женски акт“, 1908.
Г. Климт, „Стоечки женски акт“, Студија за трите Горгони, Бетовенов фриз, 1901.
на Климт, кој по смртта на својот „духовен“ учител ќе го преземе за сосема кусо време приматот како негов наследник. Климт формално припаѓа на правецот симболизам во уметноста, наоѓајќи инспирација во делата на Одилон Редон, Јан Торп, Пол Гоген, но и во Равенските византиски мозаици и во јапонските графики и текстил. Мотото на новото уметничкоздружение, блиско по сензибилитет на интернационалните Арт Нуво, Југендстил и Модернизмот: „На секое време му припаѓа својствена уметност. На секоја уметност и е потребна слобода“ го објаснува копнежот на основачките членови да ја воведат зачмаената во академизам австриска уметност во 20-тиот век. Нивниот стремеж да им се доближат на модерните текови во европската уметност се видливи во делата изложени на редовните изложби и репродуцирани во нивното гласило Ver Sacrum (публикувано во Виена помеѓу 1898 и 1903). Цртежите и литографиите за Вер Сакрум и постерите за годишните изложби на Климт се првите дела изложени на изложбата. Теми преземени од класицистичкиот академски репертоар милуван во тогашните високи
уметнички школи, во рацете на Климт се стекнуваат со една нова стилизираност и едноставност полна со симболика, спротивна далеку од традиционалниот неокласицизам. ИНСПИРАЦИЈА ОД ЖИВИ МОДЕЛИ Густав Климт е роден во 1862 во Баумгартен во близина на Виена, во талентирано семејство, чија егзистенција зависела од привремените и ретки порачки на неговиот татко златар – имигрант од тогашна Бохемија (Чешка). Густав заедно со братот Ернст студира на штотуку отворената Школа за применета уметност, каде се обучува не само во тајните на сликарството туку и во мозаик, фрескосликарство и други техники. Во 80-тите години на 19 век со брата си и со Франц Маш добиваат официјални и државни порачки за ѕидната декорација на резиденцијата на Франц Јосеф I и за плафонот на Бург театарот. Овие јавни порачки го откриваат талентот на младиот Климт, но тие се изведени и сè уште му припаѓаат на академскиот стил кој е длабоко вкоренет во буржоаска Виена. Спротивно од востановените норми, младиот Густав Климт ја започнал 25 јануари 2019
ПОРТА
63
кариерата со значајни институционални порачки како насликаниот плафон на големиот аудиториум во Виенскиот универзитет, со алегориските слики Филозофија, Медицина и Право (т.н. факултетски слики). Скицата за Медицина (околу 1900 г.), со зачетокот на она што подоцна ќе биде фигурата на Хигеја во прв план, покажува дека Климт користи и црпи инспирација од живи модели, но тие се во контекст на симболиката на сцената и нивните извиени тела, необични скратувања и синусоидни екстремитети се во функција на централната алегориска идеја. Припремите за делото„Медицина“ биле шлаканица врз угледот на лекарската професија и провокација бидејќи неговата интерпретација дека староста, болеста и смртта се неизбежна епизода во животниот циклус е очигледна. Ласцивните женски тела ќе ја шокираат конзервативната виенска публика и овие алегориски сцени кои како јавна порачка во јавен простор никогаш нема да бидат изведени, 45 години подоцна на самиот крај на војната ќе бидат брутално уништени од хитлеровите сили. Лелеави, флуидни фигури, често во дијагонална положба, понекогаш лачно извиени до максимална тензичност која преминува во сензуален еротицизам се дел од припремните скици за Бетовеновиот фриз насликан во новоизградениот наменски простор за зградата на движењето Сецесија. Ликот е почесто симбол – стоичен, а поретко експресија: навалена глава, срамежлив поглед настрана, бледа насмевка. И кај Климт експресијата на ликот е во позата и стилизираното движење на екстремитетите, ковчестите раце, но нивната експресија е одмерена, најчесто попречена од линијата –
граничник, меѓа на телото. Кај портретите има скудно движење, скоро конзервативна статичност, кај алегориските и симболични теми, извиеноста на линијата добива полн замав. И додека суптилниот, емотивен цртеж навлегува длабоко и ги истражува чувствата, дводимензионалната декоративност на Бетовеновиот фриз е очигледна. Во клима на интензивно преиспитување на најинтимните мисли и најдлабоки чувства поттикнати од публикацијата на Фројдовата книга „Интерпретација на соништата“, Бетовеновиот фриз е изблик на длабок човечки копнеж, кој е впрочем исполнет преку потрагата на индивидуата, но и човештвото кон љубов и заедништво и кој кулминира во „чиста радост“. Климт не припаѓал на категоријата сиромашни, непризнаени артисти, иако одвреме навреме ја скандализирал јавноста со модерните интерпретации на алегориските сижеа и слободоумниот приватен живот во студиото полно со модели, љубовници и партнерка. Тој сепак уживал во угледот што го имал меѓу богатите патрони и бројните приватни портретни порачки од сопругите на високата средна класа. Но истовремено се борел со малограѓанскиот менталитет и конзервативност на престолнината преку исклучително индивидуална уметничка експресија. Суптилната, ефемерна линија Климт ја користи за да ги долови и истражи душевните состојби низ експлицитни пози и гестови. Напуштајќи го академското тонално моделирање на фигурите во корист на рафинирани, меки, но и раздвижени контури, тој создава, со неколку нежни потези, статуескни портрети на модерни, ведри, елегантни и рафинирани жени.
Г. Климт, „Непријателски сили“ Бетовенов фриз, детал, централен ѕид, комбинирана материјал врз малтер, Галерија Сецесија, 1901-1902. ПОРТА
25 јануари 2019
Е. Шиле, „Не се чувствувам казнет туку прочистен“, 20 април 1912.
НЕКОНВЕНЦИОНАЛНОСТА НА ШИЛЕ Неговиот следбеник и помлад колега Егон Шиле е роден во провинцијалниот град Тулин во 1890 и уште во адолесцентно доба бил шокантно повлијаен од смртта на татко му. Богатиот вујко Леополд Чихачек, кој бил по потекло од јужна Чешка, бил долго време главниот старател на младиот Егон и од голема помош додека студирал. Во 1906 година Шиле ги почнува студиите на престижната Академија за визуелни уметности, како најмлад студент во генерацијата, што сведочи за големиот талент што кај овој млад човек го култивирал неговиот учител по цртање. За разлика од постариот уметник, неконвенционалноста на Шиле, неговиот слободоумен дух и ласцивниот живот ќе придонесат лошата репутација да го следи до последните години на неговата кариера. Ако за Климт цртежот имал припремна улога, за Шиле цртежот бил независно автономно дело. Обајцата го претвориле цртежот во експериментален експресивен чин, што ни овозможува нам како гледачи да формираме нова интимност со делото, до степен на пристрасност. Тој неретко користел боја, но тоа е брзопотезно нанесен намаз: понекоја усна, витка коса, брадавица, чорапи или кошула. За Шиле примарен е цртежот. Грчевит, нервозен, наместа испрекинат, често недовршен. Изразот на лицето е претворен во нем крик, агонија, болка што е особено видливо кај бројните автопортрети. Телата се суви, изнемоштени, костурести, а дланките се формирани од ковчести, долги,
слаби прсти, кои излегуваат од контурите на телото. Кршливите контури на Климт се претвораат во запаливи, вжарени граници и акцентот не е само врз лицето и рацете, туку и на екстремитетите и торзото, но како и кај цртежите на Климт, позадината е занемарена и непостоечка. Освен фигурална уметност, на изложбата се присутни и голем број пејзажи на Шиле, кој очигледно како и кај Климт претставувале значителен дел од неговото творештво. Овие пејзажи се штури и во форма и во колорит, но полни со силна графичка линија. Нервозниот потег се надзира и во пејзажните скици и акварели, но тука е пригушен и зауздан, благодарение на субјектот. Во конзервативното тесноградо општество кое се соблазнувало на неговиот неконвенционален животен стил, Шиле се соочувал со предрасуди и неодобрување, што во 1912 ќе кулминира со затворска казна за киднапирање и заведување малолетно лице и неморалност. Од денешна морална перспектива тешко можеме да ја оправдаме одбраната и да се соочиме со обвинението со кое се товари Шиле, но во првите децениии на 20-тиот век, кога не само жените, туку ни децата не биле поштедени од принуда и секс без согласност. Во почетокот на кариерата, како сиромашен млад уметник, неговите секојдневни модели, кои често позирале голи, биле членови на неговото семејство, блиски пријатели, љубовници, проститутки, сиромашни улични деца како и неговиот сопствен одраз во огледалото. Директното соочување со Шилеовите претпубертетски актови е тешко и мачно, и неговото творештво неправедно го следат епитети како порнографско, но неговиот радикален пристап кон човечката фигура отвора нови патишта за интерпретирање на женската сексуалност. Неговите женски модели се сигурни во себе, слободни, нивниот поглед е директен, а во истовреме од нив извира емоционална длабочина и сензуалност. Заемната почит кои овие двајца сликари ја имале за себе има рефлексија и во нивните дела, при што позајмиците на Шиле од Климт се посуштествени, имаат огромно влијание и се иницијалната каписла која ќе ја задвижи неговата кариера, а она на Климт од Шиле во доцен изблик на ревитализирана енергија. И најпосле, Густав Климт во крајна линија е салонски сликар, иако очигледно и до срж модерен, иследувањето на човечката психа присутно во делата, а пред сè цртежите на Шиле ја антиципираат погубноста и егзистенцијалниот крах на моралните вредности на човештвото на залезот на Првата светска војна.
Е. Шиле, „Двајца мажи“, детал, 1913.
Е. Шиле, „Група од три девојчиња“, 1911. Е. Шиле, „Црнокосест женски акт“, 1910.
Е. Шиле, „Женски акт“, 1910. Е. Шиле, „Стоечки женски акт со зелено здолниште“, 1913.
Е. Шиле, „Седнат женски акт со едниот лакт потрен на коленото“, детал, 1914. ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА