277

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

277

ФЕВРУАРИ 2019

15 ГОДИНИ

„Актер Галакси“ - бисер во Сочи Приватниот капитал максимално го користи просторот, но не бира средства Нов Катвик ќе го чува обележјето на пристаништето Хамбург Само ветерот и дождот го остваруваат планот за чист воздух

90 ДЕНАРИ



БЕЗ НАСЛОВ НО СО ПОВОД Пред крајот на 2018 година пријатно бевме изненадени од одлуката на Владата на Република Македонија да со околу 800 илјади евра ги помогне печатените медиуми во нивната борба за ОПСТАНОК. Бевме полни со надеж дека тој потег ќе ѝ помогне и на „Порта 3“ порелаксирано да продолжи со својата мисија во презентација на теми и случувања во областите што ги застапува. „Порта 3“, како списание кое оваа година ќе прослави 15 роденден, од првиот број, па сè досега (кога го издаваме 277) останува посветена на актуелни теми од областите кои се дел од секојдневието на сите граѓани, а тоа се градежништвото, архитектурата и урбанизмот,екологија и нешто повеќе. Повеќе е од јасно дека без градежништво и изградба на капитални објекти, но пред сè и без паметен и стручен урбанизам нема добра држава, а објаснувањето кое треба да им се даде на граѓаните каде се трошат нивните пари и тоа како е од јавен интерес. Архитектурата е она што го отсликува општеството и кое ја претставува државата. А, ако екологијата и заштитата на

животната средина не се теми од јавен интерес зошто тогаш години наназад Владата и поборниците за чист воздух ги кршат копјата околу оваа тема. Урбанизмот во државата и тоа како е политика, а во „Порта 3“ секогаш се пишува за погрешните или вистинските чекори кои ги преземаат властите кои се нарачатели на плановите. Уметноста, исто така е дел од нашите страници, како и редовна содржина на нашиот веб-портал

Комисијата за оценка на критериумите утврдила дека „Порта 3″, специјализирано списание за градежништво, архитектура и екологија, не го исполнило основниот услов – печатениот медиуми да е од општ информативен карактер и да е насочен кон непрекинато информирање на јавноста за тековните политички, економски, социјални и културни прашања.

Единствено што во „Порта 3“ го нема и во иднина ќе го нема се дневополитичките збиднувања, афери , за што и онака сме под голем, перманентен притисок од многубројните печатени и

електронски медиуми. Од Програмата за 2018 со која беа на располагање 50 милиони денари се исплаќаа трошоци за печање и за дистрибуција, врз основа на фактури за 2017 година. На „Нова Македонија” ѝ се исплатени 6.183.000 денари, „Слободен печат” – 14.277.742 денара, „Битолски весник” – 244.500 денари, „Заман” 903.092 денара, ДИТ Зенит прес ДОО Прилеп – 287.343 денари, „Капитал” 2.115.614 дебнари, „Коха” – 4.932.157 денари, „Вечер” – 7.255.047 денари, „Лајм” – 1.043.912 денари, „Фокус” – 4.624.438 денари и на „Економија и бизнис“ – 701.105 денари. За нашите скромни барања немаше разбирање... А можеби тоа ќе ни биде и судбина, како одат работите со реалните спонзорства и желбата на повеќето фирми за некаква општествена одговорност, што сè помалку ја има. И покрај разочараноста од постапката на Комисијата на Генералниот секретаријат на Владата со членови и од Асоцијација на печатени медиуми ќе се обидеме да го задржиме нашиот ентузијазам за опстојување / иако со сè помали шанси /, со надеж дека тие критериуми во иднина ќе бидат сепак реално европски, а не пред сè балкански.

ПОРТА


СОДРЖИНА 16 ИНФО 6 ПРОЕКТ BIMCERT И ВОВЕДУВАЊЕ НА BIMТЕХНОЛОГИЈА ВО ГРАДЕЖНИОТ СЕКТОР ЌЕ БИДЕ ЛИ ЗАШТИТАТА НА ОХРИД ОД УНЕСКО ПОВТОРНО ПОД ПРАШАЛНИК?

ИНФО/УРБАНИЗАМ 8 НОВИОТ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ВО ВЕЛЕ ПОЛЕ,ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

22

ИНФО 10 BAU MUNICH СО ФУНКЦИОНАЛНИ И УБАВИ РЕШЕНИЈА

ИНФО/ГРАДЕЖНИШТВО 12 ПРЕДАВАЊА ОД ОБЛАСТА „УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФАЛНИ НАСТАНИ“

ГРАДЕЖНИШТВО 16 НОВ КАТВИК ЌЕ ГО ЧУВА ОБЕЛЕЖЈЕТО НА ПРИСТАНИШТЕТО ХАМБУРГ

НАЈЧИТАН ТЕКСТ ВО 2018 22 НОВОРОДЕНЧЕ ШТО ПОЧНУВА ДА УМИРА „КАРАВАНОТ ВРВИ КУЧИЊАТА ЛААТ“

30

СТАВ 26 СКОПЈЕ ИМА МОЖНОСТ ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ НА УРБАН КОМПЛЕКС „СОНЦЕ“

34

ИНТЕРВЈУ 30 ПРИВАТНИОТ КАПИТАЛ МАКСИМАЛНО ГО КОРИСТИ ПРОСТОРОТ, НО НЕ БИРА СРЕДСТВА

АРХИТЕКТУРА 34 ДАВОС - ПРИРОДА И АРХИТЕКТУРА ЗА ЦЕЛОСНА ПОЧИТ

АРХИТЕКТУРА 38

38

„АКТЕР ГАЛАКСИ“ - БИСЕР ВО СОЧИ

ЕНТЕРИЕР 44 СОВРЕМЕНА СТОМАТОЛОШКА ОРДИНАЦИЈА, ЗАДОВОЛНИ ПАЦИЕНТИ

СООБРАЌАЈ 50 СЕПАК Е BELGRAVE

ЕКОЛОГИЈА 54 САМО ВЕТЕРОТ И ДОЖДОТ ГО ОСТВАРУВААТ ПЛАНОТ ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ

ХОРТИКУЛТУРА 58 ЗЕН ГРАДИНИ

ПОРТА

25 јули 2014

44

50


ГОДИНА XII

БРОЈ 277 ПЕТОК 22.2.2019 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, И оваа година ја почнуваме со интересни Во овој број продолжуваме со исто темпо на информирање, но на помал број страници поради револт кон државните власти за одбивањето на „Порта 3“ за доделување на субвенции за печатени медиуми со образложение дека нашето и ваше списание е специјализирано за одредени теми кои не се дел од дневнополитичките превирања. Најчитаниот текст минатата година беше „Аеродром - новороденче што умира“, а сега ви го пренесуваме уште еднаш, но со нова ситуација од теренот. Проектот BIMcert и воведување на BIMтехнологијата во градежниот сектор е новина чија главна цел е развивање на програма за обука на професионалци во градежниот сектор, за да се поддржи, подобри и максимизира влијанието на вештините за енергетска ефикасност на сите оперативни нивоа во рамките на модерниот градежен сектор, преку користење на дигитална технологија BIM. Дали Охридското Езеро и неговата заштита ќе бидат ставени повторно под знак прашалник? Изградбата на хотелот во Лагадин повторно ја бранува јавноста, а заштитниците на природата се загрижени за иднината на ова богатство. Најновите информации поврзани со новиот Универзитетски клинички центар се дека тој ќе се гради на нова локација, во месноста Веле Поле во Општина Ѓорче Петров. Новата локација во Веле Поле не е опфатена со ГУПот за Скопје и ќе треба да се изработи со урбанистички план за вон населено место. Нашите соработници беа на Саемот за архитектура, градежни материјали и системи во Минхен, Германија. Оттаму пренесуваат убави и функционални решенија за секоја позиција. На Архитектонско-градежно-геодетскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука беа одржани предавања од областа „Управување со ризици од катастрофални настани“. Предавањата ги имаат опфатено темите „Осигурување и реосигурување во управувањето со ризикот од катастрофи“, „Прилагодување на климатските промени и намалување на ризикот од катастрофи на ниво на заедница“ и „Анализа и менаџмент на ризици кај тунели“. По повеќе од четири децении на работење на железничкиот мост, во Германија нов Катвик ќе го чува обележјето на пристаништето Хамбург.

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Новоизградениот мост Катвик ќе биде 100 отсто железнички мост, во две насоки, кој во иднина ќе се користи само за железничкото пристаниште. Во овој број имаме интервју со Рафаил Влчевски, добитник на наградата Борис Чипан на Комората на овластени архитекти и инженери. Влчевски говори за урбанизмот некогаш и сега, за професионализмот наспроти упропастувањето на просторот. Најголемиот и најпознат зимски центар на Алпите Давос има природа и архитектура за целосна почит. Пејзажот во кантонот е со тесни и длабоки долини, високи карпести врвови и многу густи борови, а освен природата за почит во Давос е и архитектурата на хотелските комплекси. На брегот на Црно Море постои грандиозен станбен објект „Актер Галакси“ кој е бисер во Сочи. Станува збор за проект кој ја има земено наградата Национална премија во областа на архитектурата ARX AWARDS 2007. Обликување на урбаниот локалитет спроти хотелот „Холидеј Ин“ е просторот што е актуелен изминативе месеци. Нашиот соработник и експерт за урбанизам објаснува дека на овој простор Скопје има можност за организирање на урбан комплекс „Сонце“. Нашиот дописник од Мелбурн, Австралија, кој е своевиден цивилизациски мисионер раскажува за урбаниот сообраќај преку големата бара. Изграден од трпение и толеранција наликува на презентација на здравиот разум. Загадувањето на воздухот и решавањето на овој проблем не престанува да ја бранува јавноста. Властите велат дека Планот за чист воздух постепено се реализира, но граѓаните не ги чувствуваат резултатите. По сè изгледа ветерот и дождот се најуспешни во спроведувањето на планот за чист воздух. Желбата да се надмине стравот од забар, пациентите да се чувствуваат опуштено и пријатно, а воедно да се создаде максимално искористен и функционален простор го носи ентериерот на стоматолошката ординација што ви го пренесуваме. Секој кој ја обожува природата и кој симболично го толкува светот има предиспозиции да биде добар градинар на зен-градини. Луѓето кои не се љубители на редовно одржување на градината и кои не се спремни да посветат поголемо внимание не е препорачливо да формираат ваков дизајн во својата градина. ОД РЕДАКЦИЈАТА 277 ФЕВРУАРИ 2019

15 ГОДИНИ

„Актер Галакси“ - бисер

во Сочи

Приватниот капитал максимално го користи просторот, но не бира средства Нов Катвик ќе го чува обележјето на пристаништето Хамбург Само ветерот и дождот го остваруваат планот за чист воздух

90 ДЕНАРИ

уредник на порталот: Дејан БУЃЕВАЦ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ФОТО КИРО ПОПОВ

Насловна страница ЗАГАДЕНО СКОПЈЕ

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 21.2.2019 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Проект BIMcert и воведување на BIM-технологијата во градежниот сектор

B

IM (Building Information Modelling) претставува дигитална технологија која е креирана во функција на еколошката одржливост на градежниот сектор и е најефикасна алатка за постигнување на потребната енергетска перформанса на зградите. Со тие карактеристики, BIM претставува технологија чијашто примена е во согласност и со поддршка на стратешките правци на земјата за дигитализација на стопанските сектори според глобалните правци на технолошкиот развој, како и за постигнување на целите за одржливост во енергетскиот сектор, пред сè, на енергетската ефикасност според нормите на ЕУ. Владите на повеќе земји го воведоа BIM како задолжителна технологија на изработка, тендерирање и изведба на проектите во градежниот сектор. BIMcert е проект финансиран од Хоризонт 2020, престижен фонд на Европската комисија за поддршка на технолошки истражувања и иновациски проекти. На BIMcert му беше доделен грант од 1.250.000 евра, во рамките на Работната програма на Хоризонт 2020: Чиста, безбедна и ефикасна енергија, како најдобро рангиран проект во категоријата на повици. Главната цел на проектот е развивање на програма за обука на професионалци во градежниот сектор, за да се поддржи, подобри и максимизира влијанието на вештините за енергетска ефикасност на сите оперативни нивоа во рамките на модерниот градежен сектор, преку користење на дигитална технологија BIM. Програмата за обука ќе се заснова на идентификуваните потреби на градежниот сектор и потребата за продолжување на академското и стручното образование. Проектот ќе развие модел нa соодветна сертификација и акредитација што ќе ги стандардизира квалификациите и вештините 6

ПОРТА

22 февруари 2019

поврзани со BIM и еколошките градежни технологии (модерни одржливи техники и методи, поддршка на ефективноста на градежништвото, заштеда на енергија, спроведување на мерките на енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија). Проектот е почнат во март 2018 година, а ќе заврши во октомври годинава. Научниот институт за истражувања во градежништво, животна средина и енергетика, ИЕГЕ - Скопје е македонски партнер во меѓународниот конзорциум на проектот BIMcert. Покрај ИЕГЕ, партнери на конзорциумот на BIMcert се: 1) Belfast Metropolitan College, Велика Британија (водечки партнер) 2) Construction Industry Training Board, Велика Британија 3) Technical University Dublin, Република Ирска 4) Future Analytics Consulting, Република Ирска 5) Instituto Superior Técnico, Португалија 6) Energy Institute Hrvoje Pozar, Хрватска Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија е придружен партнер на проектот. BIMcert има мисија која е од голема важност за градежниот сектор во Европа и која е насочена кон четири стратешки цели: - Дигитализација на градежниот сектор, - Унапредување на вештините за еколошки материјали, методи и техники на градење, - Унапредување на вештините за спроведување на мерките за енергетска

ефикасност на зградите, - Воведување на меѓународна широко признаена квалификациона и сертификациона шема на струките во градежништвото. Со тоа, мисијата на проектот е да обедини три стратешки правци во Европа: интензивирање на мерките за енергетска ефикасност на зградите, дигитализација на градежниот сектор и паневропска трансферабилност и конкурентност на работниците од овој сектор. Во првата половина од својата реализација (март – декември 2018), BIMcert разви наставна програма и подготви наставни материјали за три модули наменети за тестирање и евалуација на програмата. Тестирањето на програмата и развиените наставни материјали ќе се изврши преку надградување на вештините на енергетска ефикасност со примена на BIM на 1000 професионалци ширум Европа. Модулите со наставните материјали ќе бидат слободно достапни преку веб-страницата на проектот, во следните неколку месеци. Резултатите од евалуацијата преку надградувањето на вештините на учесниците во програмата ќе се искористат за нејзиниот натамошен развој. Проектот е поддржан од Владата на Република Македонија, како корисен за градежниот сектор во земјата, а вработените и учесниците во секторот, од сите профили, се повикани да се вклучат во програмата и нејзината евалуација.


еко инфо

Ќе биде ли заштитата на Охрид од УНЕСКО повторно под прашалник?

Д

али Охридското Езеро и неговата заштита ќе биде ставена повторно под знак прашалник? Изградбата на хотелот во Лагадин повторно ја бранува јавноста, а заштитниците на природата и граѓанската иницијатива Охрид СОС се загрижени за иднината на ова богатство. Тие со писмо се обратија до Владата во кое образложуваат дека на крајот на оваа година државата има обврска да покаже дека ги испочитувала обврзувачките препораки на Комитетот за светско наследство со што ќе покаже способност за управување со ова исклучително ретко светски признато богатство. Но изгледа не само што многу брзо македонските институции со својата склоност кон корупција ќе го префрлат Охридскиот Регион на Листата на светско наследство во опасност, туку и ќе го озаконат разузданото дивеење на урбаната мафија на штета на сите жители , се вели во писмото.

Од Охрид СОС ги потсетуваат властите на решението од здружениот инспекциски надзор во кое беа констатирани низа неправилности кои правниот тим на Охрид ЅОЅ ги утврди во врска со изградбата на хотелот во Лагадин. Потсетуваме на целата низа прекршувања: - Прекршување на Законот за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот Регион (чл. 9, чл. 17 став 1, чл. 23 став 2) - Прекршување на Законот за заштита на Охридско, Преспанско и Дојранско Езеро - Прекршување на Законот за животна средина - Прекршување на Законот за заштита на природата - Прекршување на Законот за води (чл. 131 став 1 алинеи 4, 5 и 7) - Прекршување на Законот за просторно и урбанистичко планирање (чл. 33 и чл. 35) - Прекршување на Правилникот за

начинот на спроведување на постапката за добивање на одобрение за градење на електронски начин (чл. 8) - Прекршување на Законот за градење (чл. 83 став 1 и 3, чл. 84) *Поради нетранспарентност на постапката и неможност за јавен увид во целокупната документација, постои сомнение и за прекршување на чл. 47 став 8, чл. 48 и чл. 56 од истиот Закон - Прекршување на Законот за општа управна постапка - Прекршување на Законот за вработените во јавниот сектор (чл. 8, чл. 9, чл. 10) - Прекршување на Законот за користење на податоци од јавниот сектор (чл. 5) - Прекршување на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (чл. 4, чл. 13) - Прекршување на Законот за сопственост и други стварни права (чл. 9, чл. 26, чл. 118, чл. 124, чл. 152) - Прекршување на Уставот (чл. 26, чл. 30) Со писмо се обратија и од еколошкото здружение на граѓани „Фронт 21/42“ кои алармираат дека сите oбиди да се прикаже грижа за нашетo најгoлемo нациoналнo бoгатствo, дoдека вo реалнoста се прoдoлжува сo планoви и прoекти кoи значат негoвo уништување, на ниеден начин нема да ги спречат неминoвните и извесни пoследици oд истите. „Пoкoнкретнo мислиме на ’преведувањетo‘ на мнoгу јаснoтo барање за мoратoриум oд страна на УНЕСКO вo ’барање за умерен развој‘ и прикажувањето на прекршувањето на препораката како ’делување со почитување на препораките на УНЕСКО‘, велат од Фронт 21/42“. Според нив плановите за плажите, марината, легализацијата на дивоградбите како хотелот во Лагадин, пренамената на земјиштето и легализацијата на автокампот Градиште, изградбата на индустриската зона кај Лескоец, Коридорот 8, одлуките за продолжување на легализацијата на огромен број дивоградби итн. – значат флагрантно непочитување. Ова непочитување не е само на Препораката бр. 6 за мораториум на сите урбани и крајбрежни трансформации, туку и на Препораката бр. 1 за Коридорот 8, Препораката бр. 3 за проценка на кумулативните влијанија на железничката пруга и Автопатот А2, Препораката бр. 9 за инвентар на дивоградбите, отстранување на сите дивоградби и доследно спроведување на строги мерки за спречување на секакви идни дивоградби. 22 февруари 2019

ПОРТА

7


инфо/урбанизам

Новиот Клинички центар

во Веле Поле, Ѓорче Петров

Н

ајновите информации поврзани со новиот Универзитетски клинички центар се дека тој ќе се гради на нова локација, во месноста Веле Поле во Општина Ѓорче Петров. Министерот за здравство пред една година најави дека новиот Клинички центар ќе се гради во Злокуќани како што е и предвидено со ГУП-от на град Скопје 2012-2022. Тој изјави дека локацијата предвидена со ГУП-от е во близина на Специјалната болница во Бардовци и планирани се и медицински факултет, истражувачки центар и кампус за сместување на студенти по медицина. Само една година подоцна се најавува нова локација. Информациите кои нашата редакција ги доби од советникот за инвестиции на премиерот се дека локацијата предвидена со ГУП-от била околу 60 % приватно земјиште и дека и покрај Законот за експропријација каде во член 6 се третира и јавен интерес од значење за државата во кои спаѓа и градење на објекти и изведување на работи за потребите на државните јавни служби во областа на образованието, воспитанието, спортот, науката, културата, здравството и социјалната заштита, експропријација на земјиштето за да се оформи градежната парцела што државата би ја чинело околу 100 милиони евра и би се изгубило доста време додека се изврши. Ова е најголемата причина зошто, како што велат, тим составен од експерти од Владата, Министерството за здравство и за транспорт и Катастарот на РМ се одлучиле да ја променат локацијата. Пред точно една година Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ, апелираше до Владатa да не се дозволи нов Клинички центар на постојната локација. На прес-конференцијата што тогаш се одржа се образложи бенефитот од Клинички центар на нова локација, која е предвидена во Општина Карпош на север од населбата Злокуќани и на југ долж железничката пруга со правец Скопје – Кичево. „Во изминатите 20 години континуирано се изработува урбанистичка документација за постојната локација на Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во Општина Центар, како и за новата

8

ПОРТА

22 февруари 2019

локација, со цел дислоцирање и изградба на нов Универзитетски клинички центар – Скопје во Општина Карпош. За локацијата во Злокуќани изработени се: Генералниот урбанистички план (ГУП) на град Скопје 2012-2022 година, урбанистички планови од пониско ниво и тоа: Урбанистички план за градска четврт „ССЗ 01“ 20132022 година, Детален урбанистички план за „Нов универзитетски клинички центар – Скопје“ на земјиште со површина за

градење cca 94 ха во сопственост на РМ и приватно. Локацијата за новиот Клинички центар во Општина Карпош е дефинирана уште во ГУП-от од 1948 година, прв план за град Скопје. Во сите подоцнежни ГУПови за Скопје и во последниот ГУП 2002-2020 потврдена е истата локација поради исполнување на двата основни критериуми: најоптимална достапност од сите простори на градот и еколошките


карактеристики на локацијата и околниот простор со можност и за иден развој. Редакцијата на Порта 3 стапи во контакт со Агенцијата за планирање на просторот која е потписник на ГУП-от за да добие нивно мислење за тоа што значи промената на локацијата и дали е направена урбана анализа на двете локации и нивно споредување, што е неопходно за да се добијат егзактни

податоци за предноста на избраната локација, но не успеавме да добиеме одговор. А во меѓувреме министерот за здравство изјави: „Се бодуваа локациите по соодветна методологија и се избра локацијата во Ѓорче Петров, пред сѐ, поради земјиштето, кое е целосно државно, потоа поради цената на чинење, која е пониска и поради полесниот начин на изведба“. Новата локација во Веле Поле не е

опфатена со ГУП-от за Скопје и ќе треба да се изработи со урбанистички план за вон населено место. Станува збор за локација покрај скопската обиколница со површина од 90 ха, од кои 50 ха ќе бидат наменети за новиот Универзитетски клинички центар, а преостанатите 40 ха за заинтересирани инвеститори за приватно здравство. На локацијата има извори на термална вода со температура од 70 степени Целзиусови, па се предвидуваат бањи за лекување и спа-центри, исто така е предвидено и Заводот за рехабилитација од населбата Капиштец да се префрли на оваа локација, нè информираше советникот на премиерот. Тој вели дека во непосредна близина има неопходна инфраструктура, близина на железница која се предвидува да има свој перон до Клиничкиот центар. Најави и дека се планира во непосредна близина станбена населба, домување во куќи А1, наменета по поволни услови за млади брачни парови и за вработените во центарот. Со особен интерес, во наредниот период, ќе ја следиме реализацијата на овој најважен за државата проект од областа на медицината, па и повеќе од тоа. Предвидениот рок за изградба на новиот Клинички центар е 4-5 години и ќе чини околу 500 милиони евра. 22 февруари 2019

ПОРТА

9


инфо

ОДРЖАН САЕМОТ ЗА АРХИТЕКТУРА, ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ И СИСТЕМИ

BAU Munich со функционални и убави р Александра ПЕТРОВСКА, дипл. инж. арх.

С

аемот BAU Munich веќе со години е водечки светски саем за архитектура, градежни материјали и системи, најголем и најважен настан во градежната индустрија, чие мото е „Иднината на градењето“. Оваа година се одржа од 14 до 19 јануари. На Саемот кој се протега на 200 илјади квадратни метри во 18 хали учество земаа 2.250 изложувачи од 45 земји во светот, а бројот на посетители достигна бројка од 250 илјади кои пристигнаа од над 150 земји. Поголемиот број на изложувачи беа компании од европскиот пазар, со напомена дека оваа година се забележуваше доста помал број на изложувачи од Азија. Најголем број од посетителите оваа година се од земјата домаќин - Германија, а потоа следуваат соседните земји: Австрија, Швајцарија и Италија, како и Русија, Кина и Израел. 98 отсто од посетителите го имаат опишано саемот како одличен, а 97 отсто се имаат изјаснето дека ќе го посетат повторно за две години, односно во 2021. Во склоп на саемот се одржани и голем број предавања, чиј акцент е ставен на дигитализацијата, која е иднината во градежништвото, а BAU e најдобра платформа за презентирање на тоа пред огромна, стручна публика, каде е промовиран digitalBAU – нов концепт на саем во соработка со Германската асоцијација за изработка на градежни софтвери, кој за првпат ќе се одржи од 11 до 13 февруари 2020 година во Келн, Германија, со тенденција да се одржува на секои две години. Саемот и оваа година го задржа истото ниво кое го има последните 10 години, фирмите и оваа година нудат комплетни решенија за кои покриваат одредена позиција – фасадни системи, рамни или зелени кровови, индустриски подови, бањи, базени... Решенијата вклучуваат дизајн во кој се разработени сите детали, материјали и методологија на вградување и резултати од тестирање на системот сертификат. Кај голем дел од фирмите присутни на саемот се забележува сè поголемото присуство на материјали за забрзано работење, односно материјали кои побрзо ги достигнуваат своите финални карактеристики. Главниот акцент за оваа карактеристика е ставен на материјали за изработка на подови кои брзо втврднуваат и можат да бидат оптоварени по неколку часа од апликацијата, како и хидроизолации и лепила за плочки со скратено време за работа. На саемот можеа да се најдат голем број на производители кои нудеа класични термоизолациони фасадни системи со завршна обработка од акрилатен и лиминерален малтер. 10

ПОРТА

22 февруари 2019


решенија Покрај класичните решенија, понудата беше збогатена со декоративни малтери и обработки за внатрешна и надворешна обработка со металик изглед, како и на обработка со воедначена боја врз која се додаваат елементи за корозија, со што се добива уникатна обработка во зависност од распределеноста на корозивните полиња и степенот на корозија што ќе го постигне елементот. Од аспект на внатрешна термоизолација, интересно решение за термоизолациона и акустична изолација со двојна функција се подлогите во функција на цементна кошулка изработени од топчиња од експандиран полистирен и минерално врзно средство. Во контекст на заштеда на енергија, на саемот беа презентирани многу интересни, функционални и убави решенија за панели, изработени од лесен бетон, каде како агрегат се појавува стиропор. Ако саемот претставува насока за развој на производството на градежни материјали, тогаш секако треба да се очекува развој на фасадни бетонски панели од овој тип, каде рецептурата на бетонот, технологијата за изведба, квалитетот при вградување на бетонот и дизајнот треба да се изработат до перфекција, со цел да се постигне саканата естетика и квалитет. Во овој дел значајно е да се спомне дека развојот се враќа на веќе познатите системи во функција на новиот брутален стил во архитектурата, а развојот повторно се препишува на техонологијата и хемискиот состав.

ПОРТА

11


инфо/градежништво

Предавања од областа „Управување со ризици од катастрофални настани“ Златко ЗАФИРОВСКИ, дипл. град. инж. Васко ГАЦЕВСКИ, дипл. град. инж. - ГФ УКИМ Скопје

В

о склоп на Erasmus+ проектот K-FORCE (Knowledge For Resilient soCiEty – Знаење за отпорно општество) на Архитектонскоградежно-геодетскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука на 27 ноември 2018 година беа одржани предавања од областа „Управување со ризици од катастрофални настани“. Целта на овој проект е подобрување на регионалната отпорност кон хазардите и способност за регионална соработка во делот на превентива на ризиците и осигурување на професионални ресурси и регионални капацитети, за да се изгради подобра подготвеност во однос на катастрофите и култура на заштита и отпорност на сите нивоа согласно со европските стратегии за интеграција и релевантните национални стратегии. Предавањата беа одржани од страна на три повикани предавачи, и тоа: д-р Гентиана Шарку, вонреден професор на Универзитетот во Тирана, Лама Пу Дома, предавач од Универзитетот во Линд (Шведска) и д-р Златко Зафировски, доцент на Градежниот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Предавањата ги опфатија следните теми: „Осигурување и реосигурување во управувањето со ризикот од катастрофи“ од страна на д-р Гентиана Шарку, „Прилагодување на климатските промени и намалување на ризикот од катастрофи на ниво на заедница“ од страна на Лама Пу Дома и „Анализа и менаџмент на ризици кај тунели“ од страна на д-р Златко Зафировски. Темата „Анализа и менаџмент на ризици кај

Предавачите и дел од организаторите на настанот тунели“ предавана од страна на доцент Златко Зафировски ги опфаќа геотехничките несигурности и последици, анализата и управувањето на ризиците кај тунелите како и осигурување на квалитетот. Во денешно време концептот на ризик и неговото менаџирање има големо влијание и апликација низ различни гранки од општеството. Во градежништвото, особено кај инфраструктурните проекти овој концепт претставува сериозна работа која не треба да се избегнува или одложува. Кај подземните конструкции несигурностите и ризиците се секогаш присутни, и во секоја фаза од проектирање до експлоатација на објектот, истите имаат големо влијание на одлуките. Со оглед на зголемувањето на бројот на подземни конструкции и нивните димензии, се очекува управувањето со ризиците сè повеќе да се

Последици поради хазард при изградба на тунел во Сингапур (2004) 12

ПОРТА

22 февруари 2019

развива и практикува низ светот. Од аспект на анализа на ризиците денес се применуваат различни пристапи и методологии кои генерално може да бидат квалитативни или квантитативни, додека фокусот на процесот на менаџмент на ризиците е најмногу во делот на нивно намалување. Во зависност од проблемот и можностите, постојат различни пристапи кои може да се имплементираат. Покрај теоретскиот пристап во оваа проблематика, излагањата на предавачите беа проследени со голем број практични примери. Исто така, беа отворени голем број на дискусии и дебати, со што јасна беше потребата за продолжување на вакви настани и во иднина, како и продлабочување на соработката помеѓу Универзитетите, каде што овој тип на меѓународни проекти се добра основа за тоа.

Процесот на менаџирање на ризикот според Интернационалната организација за стандардизација (ISO 2009)


ПОРТА


инфо

Share architects 2019 Скопје

Н

а 19 февруари во Македонската филхармонија во Скопје се одржа второто издание на настанот Share architects. Share форумот е значајна платформа за области поврзани со градењето и архитектурата во централна и источна Европа. ABplus настани, PROEVENT е главен организатор на настанот во соработка со Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ. Настанот го отворија директорот на Share и основач на Abplus, PROEVENT , Florin Mindrigiu и претседателот на ААМ, Мартин Пановски. Смислата на Share architects се состои во поврзување и размена на знаења, споделување на размислувања, концепти и идеи, неформални дебати и залагање за потенцијалот на архитектонската професија во Централна и Источна Европа. „Ние создаваме врски, интелектуални и професионални врски, а оваа мрежа успева да воспостави една заедница што постојано расте“, вели Mindrigiu. Share Скопје беше организиран во три сесии: Скопје утре – големи проекти, Архитектура и фасади и Специјален гостин. Говорниците беа од повеќе земји: Турција, Бугарија, Шпанија, Велика Британија, Холандија, Словенија и Македонија. На првата сесија „Скопје утре – големи проекти“ која воедно и најдиректно нè засега бидејќи се однесуваше на случувањата во нашиот град, беа претставени проектите „Скопје источна порта“, проект на локација каде што беше Скопскиот саем и проектот „Дајмонд Лимак“ на локацијата кај Старата железничка станица. Се работи за два проекта со исти содржини, резиденцијален дел, деловни објекти, трговија и угостителство. Приказната е многу слична, а презентирани беа главно 3Д- слики, шеми на објектите и идентична реторика, дека се работи за современи објекти кои ќе придонесат за градот, неговите жители, а ќе привлечат и туристи. И едниот и другиот објект се

14

ПОРТА

22 февруари 2019

со амбиција да станат „лендмарк“ на Скопје, на места кои веќе беа „лендмарк“ и се длабоко врежани во меморијата на скопјани. Бујар Муча, косопственик на бирото „Мегарон“ од Скопје го презентираше проектот за реновирање на некогашниот Театар на народности, денес Албански театар, објект проектиран од архитект Вера Ќосева. Убава презентација за почитување на авторство, негување на вредната архитектура која ја имаме и односот спрема истата, која како што изјави архитект Муча: „објект генијално поставен и решен на кој не може и не смее ништо да му се додаде и одземе“. Особено што сме свесни дека во изминатиот период дел од архитектите покажаа дрскост и необразование посегнувајќи по автентичноста на архитектурата на објектите во Скопје, зборуваше Муча во своето излагање. Понатаму следуваа и другите говорници архитект Мартин Христов, основач на бирото EARCH Studio од Варна, Бугарија кој ги претстави нивните реализирани објекти во сферата на домувањето и туризмот, архитект Kerem YAZGAN, основач на Yazgan Design Architecture од Турција

кој говореше за идејни решенија за интеракција на објектите и зеленилото. Еден од десетте најдобри дизајнери на осветлување, архитект Mark Sutton Vane од Велика Британија одржа предавање на тема „Светлината ја открива архитектурата“. Меѓу другите говорници беше и Hui-Hsin Liao, една од главните проектанти во светски познатото холандско биро MVRDV и го претстави проектот „Taipei Twin Towers & Tianjin Binhai Library“, плоштад за Тајпеј и Културен центар со светлечки аудиториум и каскади. Едни од главните ѕвезди на Share беа шпанскиот архитект Fernando Menis кој дипломирал на Barcelona Institute of Architecture и е основач на проектантското биро Menis Architects со седиште во Мадрид и Тенерифе. Тој одржа презентација „CKK Jordanki: Backstage“ зграда која воспоставува складен однос со природата и природното опкружување. И секако, нашата Мимоза Несторова- Томиќ, урбанист и архитект која одиграла значајна улога во урбанистичкото планирање и обновата на Скопје после земјотресот во 1963. Работела во тимот за реконструкција на Старата скопска чаршија. Проектант е заедно со архитект Кирил Муратовски на комлексот Музеи Македонија, добитник е на наградата од ААМ, „Андреја Дамјанов“, проектант е на култното „Беко“, како на објектот така и на целиот ентериер. Несторова-Томиќ на присутните им говореше за своето творештво, а од Share architects ја доби наградаta Opera Omnia Certificate за нејзината централна улога во проектите од меѓународно значење за својата работа во Македонија.


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


градежништво

ПО ПОВЕЌЕ ОД ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ НА РАБОТЕЊЕ НА ЖЕЛЕЗНИЧКИОТ МОСТ

Нов Катвик ќе го чува обележјето на пристаништето Хамбург

Планирањето предвидува изградба на мост со вертикален лифт со должина од 287 m, приближно 58 m северно од мостот Катвик. Должината на мостот што се крева е 130.819 m. Висината на столбовите е 81 метар над нивото на морето, со цел да се обезбеди висина на кревање од 45.70 метри. Еден процес на кревање ќе трае околу 240 секунди MBA, Жан ИВАНОВ , дипл. град. инж. SEH Engineering GmbH, Хановер (Proekt manager for the Kattwyk Bridge)

www.seh-engineering.de

О

вој документ покажува целосен приказ на дизајнот и изградбата на подвижен, кревачки, железнички мост. Двојната употреба на постоечкиот мост Катвик за железнички сообраќај и за патен

16

ПОРТА

22 февруари 2019

сообраќај го прави мостот „тесно грло“ за зголемениот сообраќај на железничкото пристаниште. Затоа, новоизградениот мост Катвик ќе биде 100 отсто железнички мост, во две насоки, кој во иднина ќе се користи само за железничкото пристаниште. Паралелно ќе се реконструира постоечкиот (стар) подвижен мост. По реновирањето на стариот мост, тој ќе се користи само за патен сообраќај. Двата принципа кои ја дефинираа работата на дизајнерите, проектантите, се: мостовите за патен и за железнички сообраќај да имаат ист визуелен стил, и методологијата за погонскиот менувач мора да се користи и за двата моста, на обновен начин. Потребите на речниот сообраќај за јужна

Елба водат поделен процес на поврзување меѓу страничните мостови (десно и лево) плус подвижниот дел за подигање на означената област во близина на Куксхафен и поставените столбови директно на одреденото место. Споредните мостови ќе бидат како монтажна платформа на кранови прицврстени на столбовите. Овој метод беше разработен како последица на силните ограничувања и оптоварувања на речниот сообраќај. Пристаништето се зголемува, речниот сообраќај е во пораст, а за жал, мостот Катвик не може да го следи неговиот раст. Исто така, на патиштата постојано се зголемува обемот на сообраќајот поради


зголемениот товарен транспорт и растот на пристаништето. За ефикасна инфраструктура и оптимален проток на сообраќај, железничката и патната мрежа мора да се прошират согласно сеопфатната ситуација и опкружување. Мостот Катвик игра важна улога во оваа транспортна мрежа и по повеќе од четири децении на работење, апсолутно е неопходно да се прилагоди на денешните сообраќајни услови. По околу три часа на ден, мостот е блокиран за железничкиот и патниот сообраќај поради бродовите кои поминуваат. Покрај тоа, има до седум часа „полициски час“ поради железницата, на која ѝ се дава приоритет пред патниот сообраќај. Поради конструкцијата на мостот која не е наменета за обемниот товар од зголемениот сообраќај и поради ограничувањата на брзината наметнати заради можностите на мостот, дополнително се ограничува користењето на мостот. Поради погореспоменатите факти, употребата на мостот Катвик е сè повеќе неефикасна, како во време, така и во цена. Изградба на дополнителен мост би овозможила поделба на железничкиот сообраќај и на патниот сообраќај, така што времето на блокирање, стопирање и другите ограничувања значително ќе се намалат. Високиот товар кој мостот Катвик мораше да го носи со децении, доведе до првите знаци на замор на мостот. За да се зачува што подолго градбата и конструкцијата да остане недопрена, постојниот мост Катвик мора да биде значително ослободен, односно помогнат со изградба на втор мост кој ќе го носи целиот железнички сообраќај, вклучувајќи и возови за тешки товарни возила. ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ Мостот Катвик ја преминува јужна Елба и е централна врска на Хамбуршкото Поглед од северна страна

пристаниште. Мостот со вертикален лифт, кој сè уште е рангиран како еден од најголемите мостови со вертикален лифт за железници во Европа, е речиси во постојана употреба 40 години и со својата забележителна структура и карактеристична архитектура одамна стана симбол на пристаништето. Проверениот и тестиран принцип на функционалност се докажува со континуираната употреба со децении: Кога бродот треба да помине, мостот е привремено блокиран за сообраќај, а се отвора во зависност од висината на бродот што поминува. Како централна сообраќајна артерија и стратешка спојка, мостот Катвик со железничката линија до пристаништето е најважната врска меѓу западните и источните пристаништа. Патниот сообраќај го користи мостот како пригоден премин кон Вилхелмсбург или како врска со автопатот А7. Комбинираниот велосипедски и пешачки мост овозможува премин на мостот дури и без автомобил. Со планираната изградба на железничкиот мост, железничкиот сообраќај се префрла на стариот мост, со што мостот Катвик ќе биде значително растоварен. Проектот Нов железнички мост Катвик (НМК) одржливо го промовира железничкиот тек во пристаништето и истовремено помага да се зачува изградениот мост Катвик од 1973 година како обележје на пристаништето Хамбург. Барања кои мора да ги исполни новиот железнички мост Катвик 1. Сеопфатна експанзија за оптимизиран проток на сообраќај - Со новиот градежен проект НМК кој се наоѓа на север од постоечкиот мост Катвик, железничкиот и патниот сообраќаен појас ќе бидат одделени еден од друг и прилагодени на современите барања. Во исто време, планираната експанзија ќе ја подготви транспортната

мрежа за во иднина. Ова ја прави новата градба голем и значаен инфраструктурен проект и важна алка за развојот на пристаништата. Во моментов, тешко дека постои семејството на мостови во светот кои би можеле да се споредат со ова семејство, посебно што се однесува до технолошките барања. - Како железнички мост, НМК ќе биде дизајниран да ги издржи стресовите и импактите на тековниот и идниот железнички сообраќај. Како и постојниот мост Катвик претходно, внатрешниот железнички сообраќај ќе го користи преминот до пристаништето во две насоки. 2. Одвојување на железницата и патиштата, а со тоа и поголема ефикасност за секој корисник - Пешаците и велосипедистите добиваат безбеден премин преку јужна Елба со удобна велосипедска и пешачка патека на мостот, кој во исто време нуди прекрасен поглед на Елба и пристаништето. - Употребата на мостот Катвик,изграден во 1973 година, е резервирана само за патен сообраќај. Технички детали на новиот железнички мост Катвик Планирањето предвидува изградба на мост со вертикален лифт со должина од 287 m, приближно 58 m северно од мостот Катвик. Со јасна висина од NN + 53 m во отворена положба, висината на преминот одговара на мостот Келбранд (Köhlbrand) и постоечкиот мост Катвик. Како мост од три полиња направен од челични конструкции, секоја со машинска куќа за управување на кулите на мостот, новата градба архитектонски е ориентирана кон мостот Катвик и создава целокупна хармонична слика. Заедно со стариот мост Катвик, новиот мост Катвик формира впечатливо семејство на мостови – архитектонски и технолошки ќе претставува апсолутно уникатна градба, која ќе постави нови стандарди во светот. Со градбата на новиот мост, вклучувајќи изградба на патишта и надземни линии, голем број премини се поврзуваат во целокупниот транспортен систем со кој, покрај основната реконструкција на транспортниот центар Kattwykstraße / Kattwykdamm, ќе се поврзе и со патен и железнички премин. Изведбата и вклучувањето на новата градба во тековниот транспортен сообраќај е посебен предизвик. Поради големината и сложеноста на проектот, не е потребна само техничка и проектантска експертиза, туку и интердисциплинарни 22 февруари 2019

ПОРТА

17


Основа на страничната кула вештини со кои би се задоволиле потребите на сите страни. Должината на мостот што се крева е 130.819 m. Висината на столбовите е 81 метар над нивото на морето, со цел да се обезбеди висина на кревање од 45.70 метри. Еден процес на кревање ќе трае околу 240 секунди. Поради проширувањето, геометријата на мостовите на запад и на исток не се огледува како во огледало. Ова проширување имаше последици за статиката на конструкцијата во детали, како и шините на патеките и инспекциските платформи.[2] Системската ширина на мостот е 11.30 m, a пешачката патека од носачите е на три метри до долната низа. Надградбата на западниот нов мост Катвик се состои од три полиња со паралелни носачи со ширина од 75.805 m (странични полиња). Западниот мост има тежина од 1.020 тони. Источниот мост има столбни носачи со малку отстапување и проширување од основата, поради тоа што е потребно да ги достигне комбинираните барања на топографската порта и ограничената брзина на железничката линија во кривина од 60 km/h. Тежината на источниот мост е околу 1080 тони. Мостот на кревање има вкупна нетотежина од 1.919 тони вклучувајќи ги сите елементи како огради, железнички пруги, држачи, механички делови, ролни, горен дел од лежиштата. Материјалот кој најчесто се користи за мостот е S355 J2+N, но носечките ролни за подигање на мостот, точките на јазли на вертикалните лежишта и центрирачките игли се направени од S690M. Дебелината на 18

ПОРТА

22 февруари 2019

материјалите е помеѓу 10 mm (во областа на патеката) до 100 mm во точките на јазли на мостот или во долните сегменти на носачите. Челичната конструкција на кулите е 77.1 m. Машинската куќа зема околу девет метри од оваа должина. Една кула, вклучувајќи два држачи и напречни/вкрстувачки греди е 985 тони. Системот на вкрстувачките рамки е дизајниран на 2.45 m, поврзувајќи ги внатрешно поставените греди во Т-форма засилени за да се редистрибуираат силите од товарот при подигање на мостот на водечките ролни. Столбот се подготвува делумно во работилница за да се постигне точност од неколку милиметри, а посебното внимателно монтирање да ја осигура функционалноста на мостот. Водечките шини на мостот, зацврстени на

конструкцијата на носачите, имаат толеранција од + -7.5mm до ролните на фиксирање на мостот при кревање. МОНТАЖА Областа каде ќе бидат монтирани трите мостови е сместена во Куксхафен, на делтата на Елба во Северното Море. Оваа локација беше избрана поради условите на просторот, потребното речно поврзување и особено добрите услови за работа на пристаништето Niedersachsen Ports. Транспортот на деловите на мостот се врши со камиони. По завршувањето на мостовите, покривање на деловите со заштита од корозија и инсталацијата на системот за одводнување и каблите кои поминуваат низ мостот, новиот мост ќе биде префрлен од кејот со пловење.

Страничен дел на градилиштето Куксхафен

Изведа на лачна брана Ерменек H=219 м


Инсталација на носачот, делови 1-5

Инсталација на носачот, делови 5-6 со употреба на пловечки носач

Пловењето ќе се реализира со користење на приливот на плимата. Нормалната плима е приближно +/- 1,5 m во временска рамка од шест часа. За време на мирниот проток на јужна Елба, во период од 30 минути, ќе се реализира последниот дел од спуштањето на конструкцијата. Како последен дел од склопување на механичките делови на мостот, деловите ќе бидат поставени на врвот на столбовите. страна МЕХАНИЧКИ КОМПОНЕНТИ Централниот елемент на механичката опрема на новиот мост Катвик е уред за подигање на вертикалниот елемент за кревање на мостот. Вертикалниот елемент за подигање ќе се подига на висина од 45 метри со помош на четири механички дигалки. Тежината на елементот на мостот од околу 1.960 м. т. ќе се изедначи со две противтежи, секој со тежина од 980 м. т. Секоја механичка дигалка ќе се состои од цилиндар со жица (како цилиндар/барабан за возење) со пречник поголем од три метри, 12 јажиња со дијаметар од 70 мм, вратило од околу 13 метри, две рамки од перница, потпирач за менувач со тежина од приближно 25 м.т., вратило, сопирачки и мотор од 200 kW заедно со електрични сензори. Други важни делови од механичката опрема на новиот мост Катвик ќе бидат водечките ролни и водечки шини за подвижниот елемент на мостот и тежините на броевите. Уредот со хидрауличен погон, ќе го придвижи елементот на мостот во пониска положба.

МОНТАЖА Распонот за кревање ќе се монтира на еластомерни лежишта. Притоа, секое лежиште ќе биде поставено под главните греди на носечката оска. Лежиштата ќе бидат поставени надолжно фиксирани на оската 30 и ќе се преместуваат на секоја страна на оската 20. За да се обезбеди функционирањето на железницата (вертикална деформација), крајните вкрстени носачи ќе бидат поддржани од дополнително, преместувачко еластомерно лежиште и монтирани во странична насока на мостот. Лежиштата се дизајнирани за максимална носивост од 12.500 kN и промена во x-насока од + 133 mm и - 92 mm. За да се осигура дека распонот за кревање ќе се наоѓа на вистинската точка, дигалката е опремена со валjаци за движење, кои се поместуваат по должината на водечката патека на кулата. Ротирањето на распонот за кревање подразбира само мали отстапки. Во спротивна насока се толерира, односно се дозволува, само 4 mm на секоја страна. Во надолжен правец, се толерира само 2 mm на двете страни. Освен технолошките предизвици,

Визуелизација на движечкиот елемент

Визуелен приказ на пловењето во подрачјето на кревање управувањето со процесот на кревање е исто така многу важен дел. Бројни компании, како што се бетонски конструктори, производители на лежишта, производители на систем за раководење и производство на дигалки, се вклучени и треба да имаат удел во управувањето со процесот на кревање за да се обезбеди непречен процес. ЛЕНТИТЕ НА СУПЕР ГРАДБАТА Новиот железнички мост Катвик ќе биде изграден како двонасочен мост со вертикален лифт. Лентите на мостот треба да дистрибуираат до 25 тони оптоварување на оските од товарните возови до челичната конструкција. Освен тоа, за челичната конструкција може да има отстапки од неколку милиметри, наместо неколку сантиметри, со прилагодување на висината и прилагодување во спротивна насока. Со финализирање, изведувачот, доколку е потребно, има можност да направи некои преостанати прилагодувања на градбата во двете насоки по мостот. Распределбата, прилагодувањето и управувањето со отстапките бараат извонредна внимателност. Многу важна компонента на надградбата на пругата на НМК е патеката. Таа го поврзува поминувањето од главната носечка лента до делот за кревање на мостот. Поради големиот опсег на делот за кревање, од 133,44 m, има и надолжно проширување поради температурата. Ова проширување се компензира преку заедничката патека. Бидејќи заедничката патека ќе се користи на различни начини, ефектите кои произлегуваат од тоа треба да бидат симулирани и оценети. Ова вклучува симулација на оптоварувањето на површината на тркалата, проценка на силите на кревање при пресврт на крајната тангента на мостовите и однесувањето при контактот при спуштање на мостот. Друг предизвик е ограничениот простор за инсталација. Во рамките на ширина од само неколку метри на 22 февруари 2019

ПОРТА

19


МАКЕДОНСКИ ФИРМИ ВКЛУЧЕНИ ВО ПРОЕКТОТ Kattwyk Biro Stokuca Biro SAP Bauprojekt FAM Engineering

подвижното лежиште, мораше да се постават заедничка патека, шини за железницата, водечка патека, заштита на шините и точка на греење. Овие градежни задачи се водеа со земање предвид на применливите стандарди и според упатствата на DB (Deutsche Bahn). ЗАШТИТА ОД КОРОЗИЈА Заштитата од корозија треба да се разгледува одделно за столбовите и за трите мостови. Надворешните површини ќе добијат слој од полиуретан со микоза железна руда (DB 701 / DB 703). Делови од столбовите ќе бидат обложени со полиуретан заснован на жолта боја (RAL 1003) за да се создадат области кои се контраст на сивите површини. Во моментов се прават тестови за да се испита дали бојата ќе трае

ПОРТА

соодветно долго време. Во целост, повеќе од 60.000 m² ќе бидат покриени со боја од SEH Engineering. Двете странични полиња ќе бидат покриени со чакал со ProCoat. Ова е материјал заснован на уретан и гума. Предноста на ProCoat е, што покрај својата функција за заштита од корозија, таа има способност да ја намали бучавата направена од возовите кои поминуваат. Со користење на ProCoat со дебелина на слојот од 10 mm, бучавата може да се намали за околу 10 dB. ВРЕМЕНСКА РАМКА И ФЛЕКСИБИЛНОСТ Поради високата економска важност на мостовите, почнува да се воочува потребата од нивна изведба.

Сложеноста на теренот бара подолго време за реализација и дополнителни технички фази за машинеријата која се користи при изведбата, со компензација на другите делови од опсежната работа. Во моментов, се склопуваат столбовите, работата на машинеријата на терен се намали за 12 месеци. Процесите на склопување пред монтажа и методите кои се користат притоа дадоа дополнителен придонес за целосно да се исполни оваа цел. За да се решат обемните проблеми за краток временски интервал, беа дизајнирани специјални решенија, на пример железничкиот систем кој е прототип. За оваа цел е формиран специјален тим на проектанти, со членови вклучени од страната на клиентот, консултанти и специјалисти од SEH Engineering GmbH.


ПОРТА


најчитан текст во 2018 (скратена верзија)

ОДРЖЛИВО УРБАНО ПЛАНИРАЊЕ

НОВОРОДЕНЧЕ ШТО ПОЧНУВА ДА УМИРА

“ КАРВАНОТ ВРВИ КУЧИЊАТА ЛААТ “ На сите граѓани на Општина Аеродром па и пошироко на градот Скопје, треба да им е јасно. Ова што ни се случува годиниве во Стар Аеродром, е уништување на животните услови на подолг рок, што ќе се одрази како цунами многу пошироко

Пред и после недовршеното урбанистичко цунами Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. Од оваа година воведуваме рубрика за најчитани текстови од минатата година на порталот на Порта 3. ПОЛИТИКА и ПРОФИТ Кон крајот на минатиот и почетокот на новиот век, дојдоа времиња кога политиката и профитот преку градењето се споија. Урбанистите заради политички притисок и „преживување“ евтино си го продадоа своето знаење и за жал моралот пред сè. Стручната фела беше тотално поразена. Нормативите за нормално урбано живеење,потребен станбен простор, зеленило, улици, паркинзи, детски градинки, игралишта и други јавни потреби на жителите, се заборавија. Кулминацијата во уништувањето на урбанизмот во Скопје се случи во последните 22

ПОРТА

22 февруари 2019

10-15 години. Ни се случи Дебар Маало, Карпош, Кисела Вода, Аеродром, Маџар Маало / најново станбено „урбано гето“ во зародиш / ....Бескрупулозно, немилосрдно уништување на просторот. Бетонската џунгла го уништи зеленилото, игралиштата, убавите скопски маала, седенките пред куќите и станбените згради во урбаните населби, проектирани и изведени по мерка на човекот и тогашното градско живеење. Струењето на воздухот од Водно и Сарај запре. Скопје стана најзагаден главен град во Европа, а и врв во светски рамки. И сега за урбаната единица Стар Аеродром на почетокот на населбата, тоа што некогаш беа стотина бараки во кои живееја околу 1800 жители, со сета потребна инфраструктура и јавни површини.Кон крајот на минатиот век се пристапи кон правење на нов ДУП за

ревитализација на веќе руинираната урбана единица. / Во канцеларијата на градоначалникот на Аеродром и денес постои макета направена по ДУП од почетокот на 2000 година, на која се гледа како висината на сите станбени единици, на место на бараките се до 5-6 ката максимум. Така требаше да биде./ фотка последен ДУП Следуваа години во кои ДУП-от се ревидираше неколку пати, со постепено подигање на катноста, за да во 2014 стигнеме до П + 9 + ПП и за потребите на градоначалникот и неговите планови до сума од 700 до 900.000 евра за комуналии по една зграда, односно приход за општината од неверојатни 40 милиони евра / за предвидените 50 згради /. Под лажното мото на бившиот градоначалник Коневски „да се задоволат потребите на граѓаните што живеат во


бараките во нестандардни услови“ (тоа значи 10 фамилии во две бараки), се преиначи ДУПот, преку ноќ, па овозможи на таа иста површина , но сега без зеленило и иста сообраќајна инфраструктура да сепроектираат станбени блокови од по 10 ката, со по над 130 стана . Во чиј интерес. На тие 10 фамилии, што добија по 2-3 стана премија?? На градоначалникот што од комуналиите од таа небулоза на градби наплати комуналии за да гради прескапи фонтани, црквички или и плус нешто за ??.... Резиме за новата населба во раѓање. 15 пати се зголемува бројот на жители на истата парцела од 30 ха !! Добиваме „град во град“ со над 30.000 жители. Сообраќајните решенија се едноставно нерешливи и за неколку години сегашниот утрински колапс ќе стане целодневен и неподнослив. Каде е интересот за нормален простор за живеење. Каде е воздухот, детските градинки и игралишта... Во чиј интерес се случува оваа бетонска џунгла и хаосот со паркинзите. На аеродромци, скопјани или на некои поединци од политиката, градежништвото. Сепак ова последното ќе е. И уште малку политика, што за жал кај нас е СÈ. Со голем ентузијазам аеродромци ја избраа новата локална власт и новиот градоначалник господинот Златко Марин, очекувајќи брзи и драстични промени во урбанизмот. Не е поминато многу време. Ги очекувавме новите решенија веднаш. Но првичниот став беше:

Не може ништо да се промени. Десетина години се менуваше сè преку ноќ, против наш интерес. А сега ни требаат нови години за да се прекине нешто лошо, ужасно лошо. Уште малку и ќе нема што да се менува. ЌЕ НЕМА ПРОСТОР ЗА НЕКОЈА СЕРИОЗНА ПРОМЕНА. Општина Центар направи сторно на постојните ДУП-ови. Не било по закон. А по кој закон се уништуваше урбанизмот. По кој закон ни го уништуваат живеењето во населбата. Фотки од Киро, нови. Во постојниот ДУП не е предвиден простор за нови градинки, кои и сега се со капацитет

критични, нема простор за нови детски игралишта, јавни површини и објекти од јавен интерес, а се претпоставува дека огромен процент од новодоселените се млади фамилии кои треба да се шират.Тие и не се свесни што сè ги чека во наредниот период. Најважно им беше да дојдат во големиот град. Утре за сите овие небулози ќе им биде крива државата во тој момент, а не лошата политика во денешното време. На сите граѓани на Општина Аеродром, па и пошироко на градот Скопје, треба да им е јасно. Ова што ни се случува годиниве во

22 февруари 2019

ПОРТА

23


Стар Аеродром, е уништување на животните услови на подолг рок, што ќе се одрази како цунами многу пошироко. Каде е животот? Што им нудиме во оставнина на идните генерации? Уште фали постојната касарна да се узурпира во нова населба, не дај боже слична на сегашниов Стар Аеродром, при постојните сообраќајни решенија за излез од општината (впрочем и некои нови можности не постојат во догледна иднина). НАДЕЖ Наравоучение. Скопје одамна го изгуби правецот на развој што објективно го имаше како нов град после земјотресот од 1963

ПОРТА

година, град планиран за 300 илјади жители. Но никогаш не е доцна да се рече ДОСТА Е со ваков неконтролиран раст, без попис на жители и состојби со број на станови, фамилии... До политичарите, до градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините. Менувајте ги лошите урбанистички планови веднаш. Дозволете архитектонско урбанистичката фела да го каже своето, за доброто на Скопје, без притисок.Не смеете да дозволите развојот на Скопје зависи само од комуналиите од” контролираната” неконтролирана станбената изгадба. Знам дека е тоа макотрпен и долготраен процес, урбанизмот е наука, бара многу стручност и време за реализација. Не тактизирајте, немате

време за купување, нарачајте планови по сите стандарди, повикајте на одговорност, не само политичка, него што е многу важно и стручна. Спасете го она што преостана да се спаси. РЕЗИМЕ Дали нештата се променија во последните месеци. Не, „кучињата лаат карванот си врви“. Се завршуваат уште неколку нови згради и ЅИДОТ / кај уличните фонтани на бул. Кузман Ј.Питу. Уште една многу јака брана за продор на ветрот кон „Стар аеродром“. Важно е да оди бизнисот за градежни фирми и да се слеваат пари во опшинскиот буџет, а за животот, воздухот, сообраќајот... Е за тие ситници, во некој друг живот.


ПОРТА


став

Скопје има можност за урбан комплекс „Сонце“ Со оглед на обликот на локацијата ограничена со сообраќајници, оптимално е ако се организира целина на структурата на комплексот, а тоа иницира предвидениот концепт да биде во облик на сонце

проф. д-р Мирче КОКАЛЕВСКИ, дипл. инж. арх.

В

о урбанистичката практика се применува сè поголемо зголемување на квантитетот на објектите, со цел добивање поголема изградена површина, која овозможува поголем

профит од изградените објекти, а тоа е најчесто присутно кога се предвидуваат нови објекти со релативно големи волумени во близина до постојните, со едновремено намалување на квалитетот на живеењето во соседните објекти, со што во целина се намалува квалитетот на урбаната средина. Сè почесто се предвидуваат линеарни

Приказ на позицијата на локалитетот во ткивото на градот Скопје 26

ПОРТА

22 февруари 2019


ОБЛИКУВАЊЕ НА УРБАНИОТ ЛОКАЛИТЕТ СПРОТИ ХОТЕЛОТ „ХОЛИДЕЈ ИН“ блокови долж сообраќајниците, плус се додаваат еркери на објектите, со што уште повеќе се намалува сообраќајниот профил, а со тоа се намалува можноста за соодветно проветрување на просторот, со што од урбанистички аспект се применува неповолно лоцирање на објекти и таа состојба иницира потреба од измена на таквата практика. Тој тренд е изразен во Скопје, кој во последно време има непријатен рекорд во светски рамки во поглед на загаденост на воздухот, а со лоцирање на новопредвидени објекти се придонесува за намалување на струењето на воздухот и крајно време е да се реагира за менување на законската регулатива, со цел да се овозможи зголемување на квалитетот на просторот. Натамошно мотивирање на квантитетот најмалку е потребно на Скопје и другите градови во Македонија, но напротив треба да се промовира квалитет на просторот потпирајќи се на континуитетот на традиционалните вредности на архитектурата и урбанизмот, со специфични хумани карактеристики и во таа насока треба да се одвива трансформацијата на современата урбана средина, со вклучување на повеќе вегетација, помалку енергија, примена на еколошки принципи и промовирање на одржлив развој и зголемување на квалитетот на урбаната средина. Тоа треба да се применува на сите нивоа во обликувањето на урбаната средина, во секој нов урбанистички план и секој нов објект, а наместо квантитет да се промовира квалитетот на средината. Во делот на подготовка и изработување на урбани концепти на детални урбанистички планови и при изработување на идејни решенија на архитектонски објекти треба да се применува принципот на организирање на објективни урбанистички и архитектонски конкурси со поголем број учесници, за да може да се споредуваат идеи и да се вреднува оптимално идејно решение, со примена на објективни критериуми и систем на вреднување на урбанистички и архитектонски простори. Во основа, треба да се промовираат урбанистички и архитектонски конкурси за добивање идејни решенија, урбанистички и архитектонски концепти, со оглед дека се работи за креативен процес кој е резултат на работа на поединци или тим архитекти и треба тие да бидат примарни, а не фирмите каде се вработени (а кои се битни за организирање на изработката на основни проекти на архитектонските објекти). Натаму после завршување на конкурсите и избор на првонаграден труд, според објективни критериуми и индикатори, право

на авторот-архитектот на првонаградениот труд е да избере фирма каде ќе го изработува основниот проект и за таа активност потребни се соодветни овластувања, кои ги издава Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Принципот на конкурси за идејни решенија треба да се применува особено во Скопје, како град на промени, контрасти, град со нетипичен урбан развиток, кој го прекинал развојот на урбаното ткиво неколкупати во својата историја и продолжил да се трансформира низ времето. Градот се создава со генерации, со вклучување на многу творци и секој на свој начин дава одреден белег на градот. Урбаниот изглед и архитектурата се одраз на секое време. Во моментот актуелен е урбанистичкиот план и проект на обликување на урбаниот локалитет спроти хотелот „Холидеј Ин“, а со оглед на позицијата на локалитетот во рамки на градот Скопје, се креира предлог-концепт за организирање на просторот, како придонес при изработување на урбанистичкиот план на предметниот локалитет во ткивото на градот Скопје. При изработка на урбанистичкиот план за локалитетот односно при проектирање на идејниот проект, треба да се третира целината на урбаниот локалитет, со цел да се оформи урбанистичка целина на структурата, а реализацијата е поврзана со етапноста на решавање на имотно-правните односи и динамиката на реализација, поврзани со финансиски средства за реализација на планираните и проектираните капацитети на комплексот со повеќе намени, кој одговара на позицијата во рамки на централниот дел на градот. Битен аспект на обликување е обезбедување мерило на предвидените архитектонски структури во корелација со околните објекти, при што се констатира дека висината на постојните околни објекти (кулите на Градски ѕид, зградите на хотелот „Холидеј Ин“, Работнички дом и Комплексот банки) се во рамки на височина од П + M + 12 (односно 14 ката или околу 40 метри височина на објектите), што за Скопје со оглед на сеизмичката активност е соодветна и нема потреба да се прави натпревар во зголемување на височината. Тоа ќе биде почитувано во предлогот за обликување на предметниот комплекс. Предметниот локалитет се согледува како просторна целина урбанистичка и архитектонска, со оглед на значењето и позицијата на локалитетот во подрачјето на градот Скопје, со повеќенаменски

Симбол на сонце како концепт за организирање на комплексот 22 февруари 2019

ПОРТА

27


Организација на комплексот „Сонце“ со терасести трактови со вегетација содржини во функција на градското живеење, со акцент на користење на партерот со содржини од јавен интерес, за различни групации граѓани. Со оглед на обликот на локацијата ограничена со сообраќајници, оптимално е ако се организира целина на структурата на комплексот и тоа иницира предвидениот концепт да биде во облик на сонце, со оглед на симболиката на сонцето како извор на енергија и светлина, кое како симбол има големо значење за поднебјето на Македонија. Базичната форма се обликува со централно јадро кое зрачи енергија и со систем на зраци од центарот (во конкретниот концепт со осум зраци), кои во просторот се поврзани со потребата да се организираат трактови со содржини за различни намени. Кругот како базичен облик на концептот и радијалните трактови се основа за организирање на комплексот. Средниот дел на структурата е цилиндричен волумен со висина максимум 14 катови. Осумте трактови се терасесто третирани со различна косина односно агол на поставеност на терасите, со изразено присуство на вегетација во структурата, со примена на зелени фасади и кровови. Со оглед на радијалната поставеност на трактовите истите не се паралелно поставени и имаат триаголни меѓусебни релации, заради подобро проветрување и осончување на локалитетот. Таквата поставеност е важна со оглед на состојбата со загаденоста на воздухот, а присуството на вегетација во структурата е поволна и е во функција на подобрување на квалитетот на живеењето. Во приземјето на комплексот се предвидени влезните делови на трактовите и има пристап до вертикалните комуникации, со содржини од различен карактер, во првите неколку нивоа со предвидување јавни, комерцијални и деловни содржини, следуваат делови со содржини за домување, со предвидување на тераси со вегетација, со што се доближува заедничкото домување со квалитетите на семејната куќа со тераси со минидвор пред станбениот простор. Локалитетот има предвидени соодветни поврзувања со јавниот транспорт и на Кеј 13 Ноември се нудат различни можности (може и 28

ПОРТА

22 февруари 2019

етапни) со подземен јавен транспорт, површински трамвај или висечки јавен транспорт (систем Sky Way), а се во зависност од можностите за примена на современи системи. На првото ниво се предвидува пешачка комуникација како врска на Градскиот трговски центар кон делот на Веро центарот и надвозник над Булеварот „Кочо Рацин“, во функција на подобрување на пешачкото движење. Во подземните делови на комплексот се предвидуваат подземни паркинг- простори на повеќе нивоа, со отвори за вентилација и осветлување и со вегетација, со оптимално движење на автомобилскиот пристап и паркирање. Во источниот дел на локалитетот се предвидува организирање на Музеј на солидарноста, кој како намена недостасува во одбележувањето на дел на развојот на градот и како потсетување на процесот на солидарноста, по повод катастрофалниот земјотрес од 1963 година и третман на Скопје како град на солидарноста. Во тој дел се предвидува Фонтана на солидарноста и Амфитеатар на солидарноста, со можност за користење во различни поводи и среќавање на граѓаните во јавен простор за комуникација. Градот треба да има таков простор како дел од меморијата на просторниот развој на градот. Со предложениот концепт на организирање на Комплексот „Сонце“, се организира урбана целина за различни намени, со предвидување оптимална височина и волумени на објектите, со присуство на вегетација во партерот во ободот на локалитетот, на фасадите и со предвидување зелени кровови, со што се зголемува вегетацијата во локалитетот. Со примена на соларни колектори оптимално се користи сончевата енергија, се предвидува рационално користење на енергијата со енергетска ефикасност, се предвидува примена на еколошки материјали за изведба на структурите, со терасести организирани трактови, со што се организира соодветен урбанистички и архитектонски простор на комплексот и се промовира квалитет на урбаниот простор.

Предлог-концепт на обликување на Комплексот „Сонце“ во Скопје


ПОРТА


интервју

Приватниот капитал максимално го користи просторот, но не бира средства Нацртот на ГУП-от претставува прв ГУП изготвен на претходно подготвени дигитализирани подлоги и податоци од страна на целиот авторски тим, како основа за целокупното понатамошно планирање и имплементација Рафаил Влчевски дипломирал во 1960 година на Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје, кај проф. Борис Чипан, а магистрирал во 1983 година на тема „Урбаносоциолошки аспекти на домувањето“. По дипломирањето се вработил во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје - ЗУАС. Од 1989 до 1995 година бил директор на ЗУАС. Од 1995 до 2000 година работел во Јавното претпријатие за просторни и урбанистички планови на Р Македонија. Се јавува како архитект со богато и разновидно творештво како од областа на урбанизмот така и од областа на архитектонското творештво и се вбројува во еден од градителите на ново Скопје. Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. Честитки од Редакцијата на Порта 3 за значајната награда. Вашето творештво е разновидно и од областа на урбанизмот, но и од областа на архитектонското творештво. Дали урбанизмот Ви беше голем предизвик уште кога бевте студент? n Благодарам на честитката за доделената награда и на можноста да се искажам и презентирам за мојот скромен придонес во областа на урбанизмот, архитектурата и соодветно во инженерството, во вашето комплексно и богато со содржина списание. Моето прво искуство во урбанизмот е уште во првите години на студии, како соработник на архитект Љубе Пота во изготвување на првите генерални планови за Гостивар и Тетово и проекти за неколку повеќекатни станбени згради. Исто така беше значајно искуството и како соработник на други архитекти, а посебно како соработник на архитект Лудек Кубеш, од кои позначаен беше планот на зоолошка градина за кој Кубеш доби „Златна плакета“ на изложба во Париз. Најголем дел од својот работен век сте го 30

ПОРТА

22 февруари 2019

поминале во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје. Се вбројувате во градителите на Скопје, сте работеле заедно со екипите на Доксијадес од Атина и Полсервис од Варшава на ГУП за Скопје 1964/1965. Што значеше тоа искуство за вас како млад архитект? n Несомнено, учеството во ГУП за град Скопје, во авторски тим со стручни екипи од Полсервис и Доксијадес, беше голем предизвик, чест и одговорност. Моето искуство во авторски

тим со стручњаци од Доксијадес е вградено ва Студијата за домување во рамките на ГУП-от. Искуството во овој ГУП, под раководство на инженер Циборовски, беше многу значајно бидејќи работевме со искусни стручњаци кои учествувале на многу планови во повеќе градови во светот. Изработувате ДУП за уредување на коритото на Вардар со крајбрежните површини во Скопје. Што мислите за упадот во коритото на


РАФАИЛ ВЛЧЕВСКИ, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА БОРИС ЧИПАН НА КОМОРАТА НА ОВЛАСТЕНИ АРХИТЕКТИ И ИНЖЕНЕРИ

Уредување на коритото на река Вардар во Скопје

реката со објекти, дури и во зони забранети за градење? n Автор сум на архитектонско-урбанистичко обликување на коритото на реката Вардар, во подрачјето на град Скопје. Регулацијата на реката пред сè претставува хидротехнички зафат за заштита од поплави на градот и околните простори. Пропусната вода под Камениот мост беше проценета на 900м3/сек, а во времето на поплавата проценето е дека низ градот протокот на вода изнесувал 1600м3/сек. Поради тоа е изградена брана Козјак првостепено ретенциона, за да ја акумулира разликата меѓу можните 9001200м3/сек и 1600м3/сек. Хидротехничкиот проект на коритото на реката не дозволува градби, високо и ниско зеленило и клупи. Малиот број на висока вегетација, ниско зеленило и клупи, беа прифатени со лична одговорност на авторот на архитектонско-урбанистичко обликување на коритото на реката. Секогаш властите нарачувале урбанизам, сугерирале, се мешале. Но имам впечаток дека порано многу повеќе се почитувале

професионалци. Денес улогите се обратно поставени меѓу власта и науката и струката. Зошто и како дозволивме политичарите и локалните моќници да станат главни урбанисти? n Најголемиот работен период го имам поминато во Заводот за урбанизам и архитектура на град Скопје. Во текот на мојот работен период немаше мешање, барање кое треба да го прифатам. За секоја стручна сугестија, предлог и слично се прифаќало моето стручно мислење, доколку било стручно аргументирано. Наметнати „барања“ сугестии и слично не сум добивал, можеби дека однапред знаеле дека нема да ги прифатам. Можеле само да ме тргнат од моето учество во тој план, но тоа во текот на мојата работа не се случило. Колку била почитувана стручноста и професионализмот кажуваат и наградите кои сте ги добиле за своето работење, меѓу кои се: во 1973 - Повелба од Собрание на Град Скопје, за особени заслуги во обновата на градот, Диплома на Урбанистичкиот сојуз на Југославија (УСЈ) и во 1986 - Златна значка на

УСЈ, за особени заслуги во развојот на урбанизмот. Дали наместо државата да го сфаќа просторот како значаен ресурс кој им припаѓа на сите, го сфаќа како роба за продавање? n Јас сум благодарен бидејќи мојот придонес во активностите во Сојузот на архитектите и урбанистите иако е скромен, не останал незабележан. Ја користам можноста да ги поздравам досегашните активности на Комората на овластени архитекти и овластени инженери и активноста на списанието Порта 3, бидејќи не само што афирмираат поединци и настани, туку што е уште позначајно ја афирмираат дејноста, која е од посебно значење за просторот и жителите. Како земја со пазарно стопанство, каде приватната иницијатива и приватниот капитал имаат приоритет, бидејќи тие најбрзо го активираат и развиваат просторот, не треба да бидат во колизија со општествениот односно јавниот интерес, бидејќи приватниот капитал максимално го активира и користи просторот, што е природно, но понекогаш не бира средства. Комората на овластени архитекти и овластени инженери во овој период преку соодветно учество во органите на државата и законодавната област, може да даде многу значаен придонес за просторот на граѓаните. Сте биле раководител на тимот за изготвување на Нацрт-планот за ГУП на Скопје за период од 2002 до 2020 година. ДУП-овите повеќе од очигледно претставуваат проблем, дел од планерите (некои од нив се и во вашиот тим за ГУП-от) кога ќе им се посочат грешките се правдаат со ГУП-от. Каде грешиме во урбанистичкото планирање? n Нацрт-планот на ГУП на град Скопје (како фаза на ГУП-от) е изготвен со учество на многу стручни кадри од сите области (демографи, сообраќајци, социолози, економисти и др.) вклучувајќи ги неопходните студиски елаборати. Во изготвување на планот имаат учествувано над 140 високостручни кадри. Нацртот на ГУП-от претставува прв ГУП изготвен на претходно подготвени дигитализирани подлоги и податоци од страна на целиот авторски тим, како основа за целокупното понатамошно планирање и имплементација. „Нацртот на ГУП-от“ претставува прва фаза (подетапи: инвентаризација, анализа и синтеза) во изготвување на ГУП-от. По завршување на Нацртот на ГУП-от, престанува моето понатамошно учество во изготвување на ГУП-от. Согласно законот бев пензиониран. За преостанатите фази на ГУП-от во кои немам учествувано и за неговата имплементација не можам да коментирам. 22 февруари 2019

ПОРТА

31


Урбанистичко решение за населба Аеродром-Скопје

Урбанистичко решение за центарот на Куманово

Урбанистичко решение за центарот на Бања Лука

32

ПОРТА

22 февруари 2019

Со ГУП-от е предвидена локација за нов Универзитетски клинички центар во Бардовци. Министерството за здравство повикувајќи се на ова најавуваше изградба на новиот центар. Но во меѓувреме се предомисли и барајќи по околните скопски полиња државно земјиште, најавува нова локација која е вон рамки на ГУПот. Што мислите за промена на локацијата за новиот Клинички центар? n Локацијата за Клиничкиот центар е дефинирана уште во ГУП-от од 1948 година, прв план за град Скопје изготвен од авторски тим под раководство на професор на Универзитетот во Прага, завршен од Лудек Кубеш, член на авторски тим. Во сите подоцнежни ГУП-ови за Скопје и во Нацрт-планот 2002-2020 потврдена е истата локација поради исполнување на двата основни критериуми: најоптимална достапност од сите простори на градот и еколошките карактеристики на локацијата и околниот простор со можност и за иден развој. Автор сте на ДУП-от на најурбанизираната населба во Скопје, Аеродром. Населбата е школски пример на урбанизам за станбена населба за 100.000 жители. Но, како и останатите населби во градот и делови на Аеродром успеаја да се упропастат. n Член сум на авторски тим во изготвување на Деталниот урбанистички план за населбата Аеродром. Основна карактеристика на концептот на населбата е приспособување и усогласување на микроклиматските услови на просторот, кој се наоѓа јужно од источната индустриска зона на градот, а е познато по најдолгите денови на магла, најјаките ветрови од северозапад кон југ и слично. За подобрување на микроклиматските услови, планирани се зелени парковски површини покрај реката и зелени парковски површини низ средиштето на населбата, за да може


крајбрежниот ветер познат како „Вардарец“, кој се движи од запад кон исток, да овозможи подобрување на еколошките услови на населбата. Секоја интервенција во станбената населба од 100 илјади жители во просторот на планираните површини со високо зеленило во смисла на зголемување на густината на жители/ха, значително ќе ги влоши еколошките услови на животот во населбата. Кои свои урбанистички планови и објекти би ги издвоиле како најзначајни во Вашето творештво? n Како најзначајни архитектонскоурбанистички комплекси кои се реализирани би ги издвоил: - Автор на архитектонско-урбанистичко обликување на коритото на река Вардар во Скопје - Автор на архитектонско-урбанистичко обликување на коритото на река Нишава со кејските површини во Ниш Како позначајни реализирани објекти би ги издвоил: - Деловен објект на улица Македонија-Скопје, автори: Рафаил Влчевски и Наташа Влчевска - Банатаска Банка во Зрењанин, автори: Рафаил Влчевски и Благој Колев Од конкурсните трудови би издвоил два како најзначајни: - Конкурсот за градски снабдувачки центар во Скопје, автори: Рафаил Влчевски и Димче Ванов, првопласиран - Центарот за Бања Лука – по земјотресот, автори: Рафаил Влчевски и Димче Ванов, првопласиран

Урбанистичко решение за микрореон во Прокопјевск-Русија

Банка во Зрењанин

ПОРТА


архитектура

Давос - природа и архитектура Пејзажот во кантонот е со тесни и длабоки долини, високи карпести врвови и многу густи борови, а освен природата за почит во Давос е и архитектурата на хотелските комплекси Натка ЌОСЕВА , дипл. инж. арх.

Д

авос е мирно алпско село кое се наоѓа во кантонот Гројбунден во Швајцарија. Гројбунден е најголемиот кантон во Швајцарија, кој се простира на целиот југоисток од земјата и се граничи на север со Австрија и на исток и југ со Италија. Пејзажот во кантонот е со тесни и длабоки долини, високи карпести врвови и многу густи борови шуми кои го прават овој дел од Швајцарија најдив, најосамен и најмалку населен. И движењето или патувањето низ него било тешко. Но, Швајцарците во него многу инвестирале и граделе за да може да се доживеат сите убави глетки во и од Алпите и да се искористат сите можности што ги нуди овој дел од Швајцарија. Зимските центри во кантонот Гројбунден Давос, Клостер и Сент Мориц денес се едни од најпознатите и најпосетени места на Алпите и нудат првокласно скијање, планинарење и алпинизам по сите светски стандарди. Убавата Енгадин долина во Гројбунден, во која се наоѓаат овие центри, се протега на 100 километри долж јужната тераса на Алпите и изобилува со сончеви денови скоро 300 дена во годината. Давос се наоѓа на надморска височина од 1.560 метри и е познат од многу одамна по својата добра микроклима со свеж чист воздух, многу сончеви денови и снег кој долго се задржува. Сместен е во долина, покрај езеро и река, меѓу два планински венци со високи карпести врвови. Заради овие климатски погодности уште во 19 век бил познат како здравствено одморалиште за лекување на болни од туберкулоза и луѓе со заболени дишни патишта. Во 1900 година откако е поврзан со железницата, а пред развојот на зимските спортови, во Давос имало по 700 илјади ноќевања годишно. Тоа било лекувалиште, воздушна бања. Во него престојувале и многу

34

ПОРТА

22 февруари 2019

познати личности како Томас Ман, Антон Канон Дојл, германскиот сликар – експресионист Кирхен и други. И денес модерната наука ги потврдила бенефитите од престојот во Давос за респираторните органи и дерматолошките позитивни ефекти. Иако денес многу од клиниките и санаториуми во Давос се затворени, неколку се останати и сè уште ги користат за закрепнување на луѓе со заболени респираторни органи. Развојот на зимските спортови му дава нов живот и нов поттик и развој на ова алпско село. Денес Давос е најпознатиот зимски центар во Швајцарија и пошироко, со прекрасни и долги

патеки за скијање, посебни патеки за санкање и боб, патеки за алпско трчање и неколку лизгалишта за хокеј и лизгање на мраз. Давос располага со 110 патеки за скијање со должина од 331 километар. Половина од нив се средно тешки (црвени), една третина се за почетници (сини), а останатите се за експерти (црни). Располага со 57 транспортни средства, жичници и ски-лифтови, кои пренесуваат 64.420 луѓе на секој час на терените за скијање. Најдолгата патека за скијање е со должина од 12 километри. Терените за скијање со транспортните средства се поврзани и со терените на


НАЈГОЛЕМ И НАЈПОЗНАТ ЗИМСКИ ЦЕНТАР НА АЛПИТЕ

за целосна почит

познатиот блиски зимски центар Клостер. Давос е познат и по Светскиот економски форум (WEF), кој се одржува секоја година во последната недела од месец јануари, од 1971 година до денес. Претседатели и премиери на држави, претставници на мегасветски институции се среќаваат секоја година, дискутираат и ја одредуваат агендата за економските и финансиски текови во годината што доаѓа. Во лето Давос го посетуваат многу планинари и алпинисти. Тој е и еден од најопремените светски центри за спортски припреми на голема височина, користен од

атлетичари и спортски тимови за подобрување на кондицијата и издржливоста. Давос од средината на април до средината на јуни и од средината на ноември до средината на декември е затворен за посетители. Затворени се хотелите и сместувачките капацитети, скоро сите продавници, пешачките и скијачките патеки. Давос се спрема за сезоната која доаѓа, летна или зимска. Малото живописно село – денес гратче доби нов живот и многу нови можности за неговите жители. Давос има постојани жители 10.937 (податок кој е од 2017 година). Има два дела Село-Давос и Плац-Давос. Во

првиот дел е старото село и тоа е претежно дел за домување. Во вториот дел, Плац-Давос, се наоѓаат повеќе јавни објекти меѓу кои спортски центар со сала за хокеј, конгресен центар, Музејот на Кирхнер, повеќето хотели и друго. Двата дела се поврзани со една широка улица преполна со продавници, ресторани и слично. Давос има повеќе од 250 хотели од сите категории. Многу светски хотелски брендови имаат изградено хотели токму во Давос. Еден, скоро изграден хотел го привлекува вниманието со својата архитектура. Тоа е хотелот Интерконтинентал-Давос, хотел со највисока категорија. Хотелот е дело на 22 февруари 2019

ПОРТА

35


архитектите од проектантското биро ОИКОС од Минхен, кои се познати во Давос по повеќе реализирани објекти како продавници, индивидуални куќи, хотелот Гарден Хилтон Ин, реконструкција на старата народна куќа во алпското село близу Давос која е домаќин и на WEF. Инспирација за формата на објектот и дизајнот на фасадата, архитектите добиле од формата на боровата шишарка, која ја има во изобилие во шумите околу Давос. Денес хотелот често го викаат „златна шишарка“ и претставува нов препознатлив белег на ова туристичко место. Хотелот е лоциран на ледина, мирна локација, покрај езерото и опкружен е со борова шума, оддалечен на четири минути од железничката станица во селото Давос. Хотелот содржи, освен соби за сместување, 10 сали за состаноци и конференции меѓу кои и сала за балови, огромен спа-центар, три ресторани и повеќе барови и различни простори за дневен одмор и забава на гостите. Највпечатливи на објектот се неговата фасада, формата, мирната локација и вклопувањето на комплексот во целото опкружување. Архитектите се инспирирале од конусната форма на шишарката и преклопувањето на нејзините листови – преклопни скали кои ги претвориле во повторувачка геометриска шема на фасадата која го обвиткува објектот и му дава посебност. На фасадата, проектирањето и изведбата

ПОРТА


работеле повеќе стручни тимови заедно со архитектите од ОИКОС меѓу кои дигиталната компанија за моделирање, „Designtoproduction“ , тим од градежни инженери од компанијата „Wilheim and Partners“ и експерти за дизајн на фасади од компанијата „Seele“. Целата фасада е изведена од 691 уникатни ласерски сечени панели, кои на фасадата имаат лим во боја на шампањ. Панелите се прицврстени на други 62 илјади метални парчиња на кои е прицврстена и оформена завршната фасадна обвивка на објектот (златната шишарка). Фасадната обвивка на објектот почнува неколку ката над приземјето и ослонета е на столбови во форма на буквата „V“ кои се видливи во приземните катови и во холот на

хотелот. Архитектите, за да можат да се вклопат во планираниот буџет, направиле една измена од првобитната замисла, го замениле лимот на фасадните панели од алуминиумски елоксиран во челичен, кој е поевтин, но има осoбина помалку да ја менува големината и формата кога има поголеми температурни разлики. И покрај техничката комплексност на фасадата и комплицираната шема, таа е завршена за две години. Многумина имале недоверба на почеток на реализацијата на овој објект дали ќе може да се изгради и да се вклопи во планираниот буџет, со оглед на високите стандарди кои се бараат за ваков хотел, а исто и временските рокови биле одредени, но архитектите од

проектантското биро ОИКОС од Минхен заедно со повеќе други стручни тимови, успеале успешно да го реализираат планираното и да се вклопат во планираниот буџет и временски рокови. Хотелот е пуштен во употреба зимската сезона 2016-2017 година. Малото живописно алпско село Давос прераснува во еден од најпознатите зимски и летни центри на Алпите во Швајцарија, но познат е и пошироко и привлекува преку целата година многу посетители од земјата, од Европа и од целиот свет. За да се изгради овој познат туристички центар и од непознато алпско село да стане туристички центар, познат низ светот, биле потребни повеќе од 100 години.

ПОРТА


архитектура

„Актер Галакси“ - бисер Становите се предаваат на купувачите во состојба карабина и останува купувачот сам да го осмисли ентериерот по своја желба

ПРЕДРАГ КОЧОВСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Сочи)

Н

а брегот на Црното Море во градот Сочи изграден е грандиозниот станбен комплекс „Актер Галакси“ кој е пуштен во 2015 година. Станува збор за еден од најубавите бисери, проект кој ја има земено наградата Национална премија во областа на архитектурата ARX 38

ПОРТА

22 февруари 2019

AWARDS 2007. Автор на проектот е Сергеј Чобан, кој за своето дело ќе каже: „Континуираните линии на архитектурата на Актер Галакси како да ги повторуваат морските бранови и ја оцртуваат терасата, а силуетата на комплексот се надоврзува на линијата на планинските врвови и создава хармоничен незабораван акцент меѓу постоечките објекти“. За станбениот комплекс „Актер Галакси“ Порта 3 пишуваше во ноември 2013 година,

каде што истиот беше и на насловната страница на овој број. Во овој број Порта 3 ја презентираше архитектурата на станбениот комплекс, идејата и концепцијата, содржините и функцијата. Покрај тоа акцентот беше ставен на изведбата на армиранобетонската конструкција на објектот како и избраниот конструктивен систем на градба, условен од специјалните технички услови за градба за ова земјотресно подрачје на Русија. Во овој


ГРАНДИОЗЕН СТАНБЕН ОБЈЕКТ НА БРЕГОТ НА ЦРНО МОРЕ

во Сочи

период објектот беше во завршна фаза на градба на армиранобетонската конструкција. Во овој број ќе се задржиме на изгледот на веќе завршениот станбен комплекс.

атриумот, ходниците и коридорите, скалилата, лифтовите, просториите за машински и други инсталации, паркингот во подземниот кат, спа-центарот како и фасадата и покривот на објектот.

ЕНТЕРИЕР НА ОБЈЕКТОТ Во објектот, согласно проектот, комплетно се завршени сите занаетчиски и инсталатерски работи во местата со општа намена како што се влезната група,

ЕНТЕРИЕР НА СТАНОВИ Становите во станбениот комплекс „Актер Галакси“ се предаваат на купувачите во состојба „Shell and core“, што значи карабина, односно во станот има само

влезна врата и фасадна столарија, голи ѕидови, необработени плафони и подови. Во станот се доведени сите вертикални комуникации, вентилација, кондиционирање, греење, водовод и канализација, електрика, телефонија, интернет. Останува купувачот сам да го осмисли ентериерот по своја желба, за да има разновидност на ентериери на становите во зависност од примената на најразлични материјали и организација на просторот. 22 февруари 2019

ПОРТА

39


АТРИУМ Објектот содржи два атриума, мал и голем. Внатрешниот атриум, односно големиот атриум е единствен по својата форма и големина, со димензии во основа 87 х 22 метри, висина 100 метри и површина 1.700 квадратни метри. Атриумот ги обединува функционално сите движења и комуникации. Во него се сливаат шест комуникациски јадра со десет панорамски и седум стандардни лифта. Од галериите и коридорите што го обвиткуваат атриумот се остварува и врската до становите, а глетката од галериите кон дворот и обратно, од дворот кон високите катови е восхитувачка и импресивна. Покривот на Атриумот е полупрозрачна конструкција која овозможува природно осветлување на внатрешното пространство.

ПОРТА


ПОКРИВ НА АТРИУМОТ - КУПОЛА Конструкцијата на покривот на атриумот претставува полупрозрачна конструкција, која е составена од неколку основни елементи: - Систем на пневматски мембраниперници, произведени од полимерни материјали ETFE (основен дел на покривот), - Метална носива конструкција - решетки, која служи за основа на пневматски мембрани – перници, - Алуминиумски профил, со чија помош се соединува мембраната за металната конструкција, - Систем за создавање и одржување на пневматскиот притисок, кој се состои од цевки за проток на воздух и компресорска станица, - Систем за одвод на атмосферски води. ETFE – полимерен материјал од ново поколение, со полимер на етилен и тетрафторетилен, има класа на горивост Г1, не поддржува распространување на оган, полимерот се топи на температура од 275 Целзиусови степени, не образувајќи притоа капки кои би создавале изгореници. Повеќеслојниот систем на покривот се состои од пневматски мембрани перници, затворени со алуминиумски профили поставени на носивна метална конструкција. Во системот на мембраната

ПОРТА


Книга „Актер Галакси“ Во декември 2018 година издадена е во Москва книгата „Актер Галакси“ чиј автор е архитект Предраг Кочовски. Во книгата, опишани се и со многубројни фотографии детално прикажани сите фази на изградба на грандиозниот станбен комплекс „Актер Галакси“ на брегот на Црното Море во градот Сочи , Русија. Авторот се јавува и во својство на директор на реализација на проектот Станбен комплекс „Актер Галакси“ -Сочи од страна на генералниот изведувач, градежната компанија АО „Путеви Ужице“ од Република Србија. Книгата е посветена во знак на благодарност на тимот на инженери и градители кои успеаја смелата и единствена архитектонска замисла да ја реализираат во периодот од 2011 до 2015 год. Нивните имиња се цврсто поврзани со навистина плодниот и ѕвезден период на компанијата АО „Путеви Ужице“, а проектот „Актер Галакси“ со право може да се смета за најубавиот бисер во богатата ризница на изградените објекти на компанијата. Авторот верува дека книгата ќе успее да ги мотивира и поттикне на акција младите инженери и градители и да го „запли оганот во нивите очи“.

од време на време се додава воздух под слаб притисок за обезбедување на потребно ниво на изолација и носивост на надворешни товари. Оваа технологија идеално одговара и се применува во реони со зголемена сеизмичка активност, силни ветрови и многу снег. Полимерот ја запазува својата форма и не се кине дури и при степен на деформација од 200 до 300 отсто. Воздухот меѓу слоевите на ETFE, набивајќи се под притисок, ги компензира кратковремените товари, ги смалува вкупните товари на носивата

Основни податоци на станбениот комплекс „Актер Галакси“ Локација: Курортни проспект 105 а, Сочи, Русија Инвеститор: МР Груп Генерален изведувач: АО „Путеви Ужице“, Република Србија Површина на објектот: 132 552,0 м2 Катност: 30 ката Димензии: висина 116 метри, должина 161,5 метри, ширина 60 метри Архитектонско биро: Speech Автор на проектот: Сергеј Чобан Награда: Национална премија во областа на архитектурата ARX AWARDS 2007

ПОРТА

конструкција. Користењето на мембраната ETFE е многу поекономично во однос на застаклување затоа што конструкцијата е едноставна и монтажата е брза. Рокот на траење на мембраната е 10 години. ФАСАДИ Фасадата на објектот е изведена со примена на системот ROFIX (повеќеслоен систем за надворешно затоплување на контурата на објектот). Фасадни балконски портали од стакло и алуминиумски профили од системот SCHUKO. Балконските огради се стаклени.

Изведба на дел од фасадата на влезната група и подземните катови со гранит DACIT од Србија. Покрај изведба на армиранобетонската конструкција на објектот АО „Путеви Ужице“, како генерален изведувач, до предавање на објектот во експлоатација ги изведуваше сите останати градежно-занаетчиски работи, хидроизолациони, термоизолациони, молерофарбарски, керамички, браварски, како и инсталатерските работи - електрика, телефонија, автоматика, греење, вентилација, водовод и канализација, како и партерното уредување на територијата околу станбениот комплекс.


ПОРТА


ентериер

Современа стоматолошка ординација,

Дизајнот беше оформен со чисти форми и прави линии надополнети со одредени кубусни облици 44

ПОРТА

22 февруари 2019

ТимнаБИРО ПРОЕКТ

Ж

елбата да се надмине стравот од забар, пациентите да се чувствуваат опуштено и пријатно, а водено да се

создаде максимално искористен и функционален простор со современ ентериер ја создаде стоматолошката ординација „Оникс“ во населбата Аеродром во Скопје. Слободата на проектирање и одлучување при изборот на материјалите


МОДЕРНО УРЕДЕН ПРОСТОР

задоволни пациенти

дадена од инвеститорот и неговото почитување на професионалци и вербата во креативноста и посветеноста на нашата работа, оставија видлив, позитивен белег во опремувањето и дизајнирањето на ентериерот. Компоненти без кои не се може, а склопени заедно го даваат

конечниот производ, современ ентериер на општо задоволство на вработените, пациентите и секако и на наше задоволство како автори. Во простор од 40 квадратни метри проектирани се чекална, работен дел за стоматолошки столови соодветно

димензиониран и санитарен јазол со претпростор. Дизајнот беше оформен со чисти форми и прави линии надополнети со одредени кубусни облици. Влезот во ординацијата е одделен со работниот дел со стаклена преграда со мат принт со мотив кој произлегува од 22 февруари 2019

ПОРТА

45


останатите елементи во самата ординација. Користени се материјали како во дрвен дезен и медијапан во комбинација на бела и сенф боја во делот кај работниот простор. Во приемниот дел, каде што непријатноста на чекање да се седне на забарски стол е најголема, просторот е облагороден со 3Д керамички плочки во бела боја, ѕидна облога од иверица со огледало и пулт во бел сјаен медијапан, кој својата неправилна форма ја добива токму од овие ѕидни обработки, па со тоа се создава една компактна целина и динамичен израз на делот наменет за клиенти и создава една опуштена атмосфера.

ПОРТА


Кај работниот дел во интерес на визуелно поголем простор, вметнато е огледалото како ѕиден декоративен елемент, дизајниран во дијагонални сегменти. Спојот помеѓу долните елементи и висечките елементи е решен со принт на

стакло. Во санитариите е избрана комбинација на бела и црна порцеланска плочка со мермерен дезен, со дрвени елементи како подлога за мијалник и жардиниера во делот кај тоалетната школка.

При реализацијата на овој проект, во целост беше почитуванa техничката документација – проектот, кој ги отсликуваше нашите идеи и замисли, а воедно и барањата и потребите на инвеститорот.

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


сообраќај

Сепак е Belgrave

Споменик на австралискиот фармер

Сообраќајот е сличен на фудбалот. Игра со малку поени, поточно само со еден: да се пристигне на саканата цел По неколкумесечен прекин, од овој број ја продолжуваме соработката со нашиот драг м-р Ненад Тониќ, кој сега ќе биде наш дописник од Мелбурн, Австралија м-р Ненад ТОНИЌ, дипл. сооб. инж. Специјалноза Порта 3 од Мелбурн

Г

олемите земји ги прават големи луѓе... понекогаш, секогаш... буквално... фигуративно... Освен ако не сте родени или таму школувани културолошкиот шок од судирот со западната цивилизација ви ги разлабавува шарките на вродената и предубедена византиска сигурност во себе и во она што за50

ПОРТА

22 февруари 2019

мислуваме дека сме (не толку поради тоа што не сме, туку затоа што воопшто не се трудиме тоа и да бидеме). Моето поимање на откритието дека плиткото краварско-фармерско минато на оваа нација (која го прифати и веќе почнува да го амортизира моето генерирано животно и професионално незадоволство) може да создаде и успешно да надградува исклучително солиден етатистички систем како да е извлечено од под пазувата на фактот за постојаноста и квалитетот на британскиот дух без оглед дали тој „цвета“ на матичниот остров или е изместен на Месечината. Самоодржливоста на чајот во пет и ровко вареното јајце како надградба на путерот и

џемот до одредена мерка го оправдува колонијалниот излет на другата страна на планетата, за таа 1770-ата просто еднаков на лансирање на посада во вселената. „Американизацијата“ на тоа ровко јајце и тој џем, во кајгана и пржена сланина се само една мерка за отстапување на новата нација од узусите на матицата, на сличен начин на кој тоа го асоцира ударната урбана топонимија – „малолетните“ сиднејски Волонгонг или Бераора или пак мелбурншкиот Резервоар се по звучност неспоредливи во однос на стариот, „претежок“ лондонски Кесингтон на пример! Оддалеченоста од светските модни токови наивно и аутистично затскриена зад оригиналната австралиска лежерност само го потврдува правилото. Пореметената должина на машките ногавици и потценетиот конфекциски број на машките одела пијано се клатат по работ на стариот, добар европски вкус. Од неговата друга страна се струполуваат тогаш кога од под истите тие сиви или сино-сиви сатенски ногавици, кои според некои чудни законитости бегаат од глуждовите нагоре, од чорапите ќе блесне дречлив Мики Маус или Пајо Паторот! Изборот на машки обувки на сличен начин го предизвикува моето „сетило“ за модна логика. Груби и дибидус непогодни за најтоплото годишно време шират необјаснива дијаметралност со влечките во деновите кои просто „плачат“ за ветровка. Во оваа земја е дозволено да се кива и шмрка (важи малку повеќе за женската популација), но да се натне нешто повеќе од пижамашорц и „апостолки“ изгледа не! Покрај чудно избаждарените термостати на повеќето „домородци“ за аксиомот според кој настинките доаѓаат од нозете овде како да нема место. СООБРАЌАЈ – „ИГРА“ НА НАШИТЕ ЖИВОТИ Сто градови – сто сообраќајни анфаси. Сто градови – милиони апстракции за тоа што матичниот сообраќај всушност претставува. Постои под парчето македонско небо еден вид фаталистичка митоманија во секој час подготвена скопскиот сообраќај да го смести во скутот на хаосот. Авторот на овие редови во континуитет ја одбивал оваа фантазмагорија на лаичкиот резон. Причината едноставна онолку колку што е и видлива: систем моделиран според пасивна легислатива, а активно контролиран и управуван од современа технологија, во која неприкосновеноста на личното се подредува на потре-


УРБАНИОТ СООБРАЌАЈ ВО АВСТРАЛИЈА

бите на колективното и едноставно бега од состојбата наречена хаос. О, КОЛКУ ЛИ САМО ГРЕШЕЛ... Урбаниот сообраќај не е квантна физика туку феномен чии базични појави можат да се контролираат со, замислете, парче флуо-

ресцентен лим монтиран на тенок и груб челичен столб. Но под тие појави со спокојот на рамничарска река флуктуира еден, по сите специфичности, посебен вид на, погодувате нели, ... хаос! Хаос изграден од шума... не, од Вавилонска кула од случајности. Вртењето на клучот во контакт-бравата

Хаос

на едниот крај на градот може по половина час да биде причина за судир на другиот крај. Човекот не е диригиран ентитет туку природно тежи кон хаосот. Колку и да го убедувате во спротивното, колку математички да му го докажувате, тој повторно ќе тежи кон хаосот само за да докаже дека на-

Парче лим на тенок столб

ПОРТА

51


„Абориџински“ брег

Велопатека Мелбурн 52

ПОРТА

вистина е човек. Да, премногу смисла нема. Но и не треба да има, бидејќи случајностите се армиите на хаосот, а хаосот е реалноста на животот. И на сите негови појави и феномени. Помалку или повеќе... Сообраќајот е посебен бидејќи е многу повеќе од сообраќај. Тој е вселенски збир од метаболички процеси – поаѓање, забрзување, почеток, крај, екстаза, бес, разочарување и сето останато – во него се менуваат како по кружна аеродромска лента. Во рамките на хасот и како дел од него. Овој ужасен галиматијас од варијабли не може во потполност да се контролира, а сите регулативни „протези“ имаат лимитирани ефекти. Младиот возач, нервозен поради синоќешната караница со девојката, пропушта да го забележи знакот за првенство на минување на напречниот правец. А не требаше тоа да го направи. Судирот на двата автомобили го произведува можеби најморничавиот вештачки звук кој човечкото уво го препознава. Сообраќајот не може да се контролира. Не потполно, секогаш само приближно. Прописите и сигнализацијата се обид да се зауздаат неразумните улични „сили“, а постојат заради човекот-учесник во сообраќајот, кој најчесто се однесува како неблагодарно дете – ја сака својата „играчка“, не може да живее без неа, но нема желба да ги разбере потребите на „другарчињата“. Parole in liberta, би рекле италијанските футуристи од почетокот на минатиот век, посакувајќи го хаосот (на војната) како средство за достигнување на културна хигиена. Сообраќајот е сличен на фудбалот. Игра со малку поени, поточно само со еден: да се пристигне на саканата цел. Во таква игра случајностите играат завидна улога. И затоа на ова поле, дури и повеќе од многу други, е потребен поинаков ум близок на апсолутната реалност, кој со хемотераписки ефект ќе се вовлече низ конците на хаосот. Нешто слично како во новинарските приказни каде не постои јас, туку само вие, тие, таа и тој и таквиот однос не смее да биде нарушен. Но ова не е метафора ниту за журнализмот, ниту за австралискиот сообраќај.


НАПЛИВ НА ПОЗИТИВНИ СЛУЧАЈНОСТИ Кога како пијани морнари ќе се насукаат на абориџинскиот брег емигрантската душа и емигрантската свест веќе се длабоко притиснати во клинч помеѓу неизвесноста и надежта. Толку длабоко што не се во состојба да остават иницијален простор за силите кои премрежувајќи се ја градат плетката на системот во кој без сопирање влетуваат. А сè се случува така брзо, дури и пребрзо, како ништо и да не се случува... Во вистинската смисла на зборот „систем“ урбаниот сообраќај се операционализира тогаш кога ќе доживее еквивалентна дисеминација на сите негови стратуми, односно тогаш кога контратежата права-должности ќе заплови во бестежинска состојба. Во превод, тогаш кога безбедноста на пешаците и велосипедистите ќе се раскрви од напор-

ната улична сигнализациска графика и ќе премине во ентитет за кој подеднакво се грижат и возачите. На овој континент на почетокот на светот се подразбира дека сето она што се наоѓа на улиците е дел од елитата. Во австралискиот сообраќај „работничка класа“ т.е. раја како да не постои. Патетично колку што тоа можеби звучи (но не и помалку точно заради тоа) најсилното ткиво кое го врзува моторниот со немоторизираниот сообраќај во овој неформален дел од Империјата во која „сонцето никогаш не заоѓа“ е почитта. Времето на паритет е потполно застанато, а вклучувањето во примарната сообраќајница е само граничник, случаен check-point за пристап во еден колективен обред кој служи да потврди колку сите негови партиципиенти всушност се еднакви.

Мојот ум како патолошки губитник од претходниот живот со денови ги очекуваше кулисите, реквизитите и заплетите на скопскиот сообраќај. Сè до моментот на „револуционерното“ откритие дека сообраќајната вулгарност овде е поретка отколку мувата во чорбата, а почитта кон „колегата“ зад другиот волан или гидан се подразбира како физиолошка потреба. Антагонизмот и анимозитетот се налик на австралиските домородци – знаете дека сигурно ги има ама никако да ги забележите! Урбаниот сообраќај во Австралија е своевиден цивилизациски мисионер. Изграден од трпение и толеранција наликува на презентација на здравиот разум. - крај на првиот дел -

Ул. „Ла Троб“ Мелбурн

ПОРТА


екологија

РЕАЛИЗАЦИЈАТА ЗАПОЧНАТА, ЕФЕКТИ НЕМА

Само ветерот и дождот го остваруваат планот за чист воздух Според податоците на Државниот завод за статистика за периодот на ревизија, инвестицијата за подобрување на квалитетот на воздухот од државниот буџет е мала и претставува само 0,1 отсто од БДП. Од планираното финансирање за годишната работна програма на државниот систем за автоматски мониторинг, одобрени се само 31-42 отсто, што е недоволно за мерењето на загадувањето да се одвива непречено, прецизно и ефикасно

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

З

агадувањето на воздухот и решавањето на овој проблем не престанува да ја бранува јавноста. Секојдневно се објавуваат бројките за степенот на загаденост, мерките кои се преземаат околу ова, но никако да се види конкретна промена. Промени во ПМ- честичките има само доколку дувне ветер или заврне дожд

54

ПОРТА

22 февруари 2019

или снег. Но, тоа наталожување на честичките е краткотрајно и недоволно. Освен ПМ-честичките, како главни загадувачи се истакнуваат сулфур диоксид (SO2), азотните оксиди (NOx), јаглерод моноксид (CO) и други. Чекајќи конкретни резултати од надлежните се зголемува револтот кај населението, па постојано се излегува на протести и се бара чист воздух. Граѓаните се свесни дека не може се преку ноќ да се реши, но сепак се незадоволни од оние мерки што сега се преземаат.

Властите велат дека Планот за чист воздух постепено се реализира, но граѓаните резултатите не ги чувствуваат. По сè изгледа ветерот и дождот се најуспешни во спроведувањето на планот за чист воздух. РЕВИЗОРИТЕ ЈА ОБВИНУВААТ ИНДУСТРИЈАТА Последно што ја разбранува јавноста беше извештајот од Државниот завод за ревизија во кој се вели дека најголеми загадувачи на национално ниво се


индустриите, а потоа се домаќинствата. Извештајот е изработен за петнаесет држави од страна на петнаесет врховни ревизорски институции од Европа во соработка со Европскиот суд на ревизори. Заедничкиот ревизорски извештај претставува сеопфатно резиме од 16 ревизии за квалитетот на воздухот. На мапата е прикажана индустријата како најголем загадувач во Македонија и е обележана со црвено, а како втор загадувач се домаќинствата и комерцијалните објекти. Наодите од националните ревизии покажуваат дека владите на Албанија, Косово, Македонија, Романија и Шпанија целосно не имплементирале ниту национална стратегија ниту национален план. ВРИ (Врховната ревизорска институција – Државниот завод за ревизија) во Албанија, Естонија, Грузија, Македонија, Молдавија, Полска, Романија и Словачка објавија дека нивните влади или немале индикатори за успешност или ги имале, но не постапиле по нив. Доколку индикаторите за успешност не се достапни, владите немаат никакви информации за ефективноста на нивната политика. Во случајот со Македонија, каде што не е соодветно имплементирана владината

политика за квалитет на воздухот на национално или локално ниво, ВРИ заклучува дека „мерките во Националниот план за заштита на амбиентниот воздух се комплексни и покриваат различни области; тие треба да се спроведат од централни и локални институции. Не постои систем за следење на спроведувањето на секоја мерка. Националниот план не содржи показатели за мерење на ефективноста на спроведување на политиката што го отежнува следењето на мерките за постигнување на целите на владата и политиките за борба против загадувањето на воздухот. Поради недостиг на административен капацитет, и покрај фактот дека повеќето општини се лоцирани во зони и урбани агломерации каде што постои ризик од повеќе нивоа на загадувачки супстанции кои надминуваат еден или повеќе прагови на алармирање, само локалните власти во Тетово, Битола и Скопје подготвија краткорочни акциони планови за заштита на амбиентниот воздух. Во локалните планови не се поставени прецизни рокови за спроведување на секоја мерка, ниту укажуваат на потребното ниво на финансирање, на изворите на средства, нема индикатори за мерење на ефективноста и нема утврдено тело кое е

одговорно за следење и евалуација“. ВРИ од Македонија објави дека буџетите за спроведување на политиките за подобрување на квалитетот на воздухот се несоодветни. Според податоците на Државниот завод за статистика за периодот на ревизија, инвестицијата за подобрување на квалитетот на воздухот од државниот буџет е мала и претставува само 0,1 отсто од БДП. Од планираното финансирање за годишната работна програма на државниот систем за автоматски мониторинг, одобрени се само 31-42 отсто, што е недоволно за мерењето на загадувањето да се одвива непречено, прецизно и ефикасно. Како резултат на тоа, нема редовно одржување, не се купуваат резервни делови за мерните станици, не се набавуваат лабораториска опрема и хемиски реагенси, не се спроведува лабораториска акредитација ниту обука на персоналот. Фактот дека работната програма не е целосно финансирана ја поткопува континуираната работа на системот за мониторинг. Наодите од националните ревизии покажуваат дека системите за мониторинг во најмалку девет земји, односно Албанија, Бугарија, Грузија, Израел, Косово,

ПОРТА


Македонија, Молдавија, Романија и Словачка, не генерираат целосни и / или веродостојни податоци. ВРИ од Македонија информираше дека иако информациите биле достапни во реално време, податоците не биле комплетни. „Министерството за животна средина и просторно планирање воспостави и управува со информативен систем за квалитетот на воздухот, кој е поврзан со веб-порталот за квалитет на воздухот. Порталот обезбедува информирање на јавноста во реално време за моменталниот статус на амбиентниот воздух, како и информации за загадувачите, здравствени ефекти и легислатива. Иако базата на податоци за воздух содржи многу податоци, сепак не е завршена. Нема податоци за емисии од стационарни извори, нема податоци за квалитетот на амбиентниот воздух од одделни стационарни извори, нема податоци за емисии од мобилни извори и нема податоци од Катастарот на загадувачи на воздухот“, се наведува во Извештајот. ГРАД СКОПЈЕ ДЕЛИ СУБВЕНЦИИ Наспроти овие податоци на ревизорите се тврдењата на скопските градски власти дека интензивно и системски се работи на намалување на загадувањето на воздухот во градот Скопје. Активностите во таа насока се дефинирани со Планот за подобрување на квалитетот на воздухот кој опфаќа 53 краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. „Од аспект на загревањето, Градот Скопје го формира новото јавно претпријатие „Градски енергетски системи АД Скопје“

ПОРТА

кое ќе врши енергетски дејности. Покрај ова, Градот и оваа година субвенционираше граѓани кои се греат на печки на дрво и останати течни горива да набават печки на пелети кои загадуваат далеку помалку. Во оваа област како нови

мерки може да се наведат и субвенциите за обука на оџачари, како и субвенциите за граѓаните за чистење на оџаци. Новитет во 2019 година е што Градот Скопје за првпат ќе субвенционира граѓани за набавка на посовремени уреди за затоплување, во вид на набавка на топлотни пумпи и инвертер клима-уреди, за што се предвидени 20 милиони денари“, објаснуваат од Градот. Во однос на сообраќајот, додаваат градските власти, во транспортниот систем на ЈСП изминатиов период беа вклучени неколку еколошки автобуси на гас, а за првпат сообраќаше електричен автобус. Советот на Град Скопје донесе одлука за задолжување на ЈСП за 10 милиони евра за набавка на 30 еколошки автобуси на гас, а се работи и на промоција на електричните возила, преку поставување на нови полначи за електрични возила на повеќе локации во Скопје. Промоцијата на велосипедизмот е друга сфера во која Градот работи, преку подобрување на условите и изградба на нова вело-инфраструктура, како и стимулирање на граѓаните за набавка на нови велосипеди преку субвенции. Изминативе неколку месеци се изградија или во тек на изградба се велосипедски


Приоритетни активности за 2019-2020 Со Програмата за намалување на загадувањето во периодот 2019-2020 година предвидено е да се финансираат приоритетни активности во следните области: мониторинг на квалитетот на воздухот, подобрување на капацитетите на инспекторатите за животна средина за вршење на инспекциски надзор, подигнување на јавната свест преку едукативни кампањи, намалување на емисиите на загадувачки супстанции од затоплувањето во домаќинствата, урбано зеленило, индустрија, транспорт, менаџирање со отпад и градежништвото.

патеки во должина од над 14 километри. Тоа што треба да се направи е лепење еколошки налепници на возилата во зависност од степенот на загадување или не. Од аспект на енергетската ефикасност, Градот Скопје оваа година изврши, или во тек е замена на фасадите на 11 средни училишта. Исто така, градските власти велат дека во изминативе шест месеци подигнати се нови и реконструирани се зелени површини кои се простираат на над 50 илјади квадратни метри. Во оваа насока од Градот Скопје велат дека се работи и на два нови проекти со коишто ќе се добијат две нови големи зелени површини во Малиот ринг во Скопје, и тоа новиот парк во просторот зад Македонската филхармонија и новиот парк – зелен кров кој ќе се простира на кровот на ГТЦ. Градот Скопје

работи и на мапирање и чистење на дивите депонии, каде изминатиов период со неколку големи акции се расчистени над три илјади кубни метри смет. Од аспект на инспекцискиот надзор на индустриските капацитети, Град Скопје ги следи сите индустриски инсталации кои имаат добиено од Градот Б интегрирана дозвола или усогласен елаборат за заштита на животната средина. Делот од сферата на А интегрираните дозволи е во надлежност на Министерството за животна средина и врз нив контрола врши Државниот инспекторат, додека ситните занаетчиски објекти, претежно од угостителството се во надлежност на општинските инспекторати за животна средина. Зајакната контрола има и на градилиштата во сите општини во Скопје. Во овој период извршени се контроли на повеќе од 50 локации каде што се вршат градежни активности, при што на изведувачите им се укажува камионите да не излегуваат од градилиштата на улица со валкани тркала и непокриени со церади. ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ОЏАЦИТЕ СМРДАТ Од Министерството за животна средина и просторно планирање, пак, тврдат дека најголемото загадување доаѓа од домаќинствата. Според годишниот извештај за квалитетот на животната средина на Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) за 2017 година, просечната годишна концентрација

на PM2,5 во 2015, на пример, за Општина Центар, изнесувала 40,14 μg/m3, а за Општина Карпош 50,51 μg/m3, а концентрацијата на PM10 изнесувала 72,82 μg/m3 и 57,06 μg/m3, соодветно. Проблемот со загадувањето на воздухот во градовите во Македонија е стар проблем. Според тоа, граѓаните во градовите кои се лоцирани во котлини се постојано изложени на повисоки концентрации од дозволените. Сите извештаи покажуваат дека доаѓа до нагло зголемување на концентрациите за време на грејната сезона, и тоа три до четири пати. Скопје и Тетово на пример, имаат многу денови во годината кои ги надминуваат максимално утврдените средно дневни вредности за ПМ2.5 и ПМ10-честичките. Сите анализи и наоди спроведени досега укажуваат дека греењето е најголемиот загадувач на воздухот и во Скопската Котлина. Ваквите наоди се потврдуваат и во студијата изработена од страна на Финскиот метеоролошки институт во рамките на твининг проектот со МЖСПП каде е пресметано дека дури 90 отсто од вкупните емисии на ПM честичките доаѓаат од загревањето (огревно дрво). Нивните почетни активности се насочија кон поставување на прочистувачи на воздухот во градинките и училиштата, печки на пелети, а последно што се направи е потпишан Меморандум за соработка меѓу Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ и АД БЕГ Скопје, со цел замена на системот за греење на студентскиот дом. Отсега, наместо да користи мазут за загревање на просториите, објектот ќе биде приклучен кон системот за централно греење на АД БЕГ Скопје. Пресметките се дека со согорување на 230 тони мазут во зимскиот период во Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“, на годишно ниво се генерираат 28 килограми ПМ 2,5 честички. Додека се чека склучување нови договори и распишување јавни повици, на граѓаните им останува како единствен спас да склучат сојуз со ветерот и дождот, да ги има почесто и тоа со што поголема брзина и обем, а со тоа да овозможат да се дише чист воздух барем на крајот на оваа загадена и отровна зима.

22 февруари 2019

ПОРТА

57


хортикултура

КРЕИРАЊЕ СОВРШЕНО МЕСТО ЗА МЕДИТАЦИЈА

Зен-градини Секој кој ја обожува природата и кој симболично го толкува светот има предиспозиции да биде добар градинар на зен-градини

Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж. Биро Проект ДООЕЛ

С

оздадени од будистички монаси во древна Јапонија, зен-градините често се нарекуваат „минијатурни пејзажи“, бидејќи нивните компоненти симболизираат аспекти на природата. Како основа на пејзажот најчесто се зема чакал, со што се појавуваат бранувања кои ги симболизираат океанските бранови, а високите тесни камења што се поставени вертикално ги претставуваат планините. Помеѓу нив пократки, позаоблени или рамни карпи

58

ПОРТА

22 февруари 2019


претставуваат острови. Изградбата на зен-градина на некој начин претставува креирање на совршено место за медитација. Некои градинари при создавање на градини ги користат боите кои ги внесуваат во градината како начин за креирање на смирувачки ефекти, искористувајќи растенија со „ладни“ бои, како што се сина и виолетовата. Истиот ефект освен со употреба на ладни бои може да се постигне со внесување и на уникатни елементи во дизајнот. Секој кој ја обожува природата и кој симболично го толкува светот има предиспозиции да биде добар градинар на зен-градини. Луѓето кои не се љубители на редовно одржување на градината и кои не се спремни да посветат поголемо внимание не е препорачливо да формираат ваков дизајн во својата градина. Зен-градините иако на прв поглед изгледаат едноставно, што всушност и е дел од нивната идеологија, нивната природа сама по себе бара многу труд за да се задржи постоечкиот пејзаж. Растенијата исто така се дел од пејзажот, но нивната употреба е во помала мерка. Најчесто централно се насадени помали растенија на некој од „островите“ со што се симболизира островска вегетација, додека поголемите растенија, се садат по краевите од „океанот“. Многу често островите се симболизираат со вегетација наместо со камења. При изборот на растенија треба да се внимава, затоа што во овие градини не се практикува да се користат растенија кои достигнуваат многу големи димензии. Најдобро е кога изборот ќе падне на помали дрвја или поголеми грмушки. Освен топијарените форми на растенија 22 февруари 2019

ПОРТА

59


во зен-градините голема примена имаат декоративните треви и сукулентни растенија. Голем број на вариетети од родот на Sedum spp. создаваат одличен ефект во комбинација со камењата и големите карпи. Исто така со вариетети од

ПОРТА

родот Heuchera може да се постигне супер ефект, особено ако се земе предвид убавата боја на листовите и цветовите кај поедини видови растенија од овој вид. Исто така бамбусите имаат голема примена во уредувањето на овие градини.

Од грмушестите растенија може да се сретнат видови како азалеја, камелија, хоста, вистерија, Abelia x grandiflora, Hydrangea sp, Rosmarinus officinalis, Lavandula кои со своите цветови исто така создаваат многу убав контраст.


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ

ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.