278

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

278 МАРТ 2019

Од мината лоша влегуваме во надежна градежна година До одржливи градови со одлучни и радикални мерки Арата Исозаки добитник на Прицкерова награда за архитектура 2019

15 ИН Д О Г

90 ДЕНАРИ

И



Уставниот суд времено го укина мораториумот во Општина Центар ставниот суд на Република Северна Македонија по иницијатива на Стопанската комора на Македонија и на Стопанската комора на Северозападна Македонија донесе одлука времено да го укине мораториумот за градба во Општина Центар сè додека не донесе одлука дали тој е донесен законски и во согласност со Уставот. Судот ја донел одлуката со тајно гласање. Но, претходно уставните судии Дарко Костадиновски, Осман Кадриу, Јован Јосифовски и Владимир Стојановски се залагале судот да се произнесе, а дел од нив и отворено заговарале укинување на мораториумот. Кадриу рекол дека Општината ги пречекорила своите овластувања и дека граѓаните што сакале да градат биле ставени во нерамноправна положба. Костадиновски, пак, истакнал дека одлуката била самоволие на Општината. Тој додал дека „со тешко срце, но со чиста совест“ ја оценил одлуката за мораториум како незаконска, образложувајќи дека ако тоа ѝ биде овозможено на Општина Центар, и другите општини ќе можат да носат слични одлуки „правдајќи се со хуманизација“. Судиите Елена Гошева, Вангелина Маркудова, Јован Јосифовски и Владимир Стојановски сметале дека судот воопшто не треба да расправа за иницијативата. „Како градоначалник, како Совет и како Општина Центар сме изненадени, но и разочарани од одлуката што ја донесе Уставниот суд. Неизвршувањето на плановите, односно мораториумот беше во интерес на граѓаните и тие силно го поддржуваа“, рече градоначалникот на Општината Саша Богдановиќ и додава: „ Речиси година и половина, интензивно работиме на измени на ДУП-овите за да ставиме крај на хаосот и прекумерното градење и веќе постигнавме резултати. Со двата ДУП-а за „Мирче Мацан“ и „Ново Маало 1“, резултатите од мораториумот се јасни и видливи. Тие во целост одговораат на потребите на граѓаните“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ. Претседателката на Советот на Општината Јана

У

Белчева-Андреевска вели: „Жал ми е да кажам дека се покажува дека јавниот интерес е помалку важен од некои други интереси. Се прави еден правен вакуум во кој граѓаните се ставаат во една незавидна ситуација. Сега се отвора можност да се направи една ненадоместлива штета, материјална штета заради интересите на малкумина. Вредноста на имотот на многумина да падне, во интерес на малкумина. Ако се спроведат овие урбанистички планови за кои сме докажале дека не ги почитуваат основните урбанистички стандарди, дека не гарантираат безбедно и хумано живеење, за 30 дена ќе се направи ненадоместлива штета. Ќе покажеме, иако сакаме да се почитува правото, дека приватниот интерес секогаш ќе биде над државниот интерес. А требаше да докажеме дека секој поединец може да придонесе во остварување на заложбите на Владата за почитување на европските вредности во борбата против коруптивните стеги и почитување на законитоста. Со оваа одлука сѐ ни се поништува“, вели Белчева. Укинувањето на мораториумот создава вакуум кој ќе ја обврзе Општината, доколку не се преземат нови правни мерки, да издава одобренија за градење токму по оние планови за кои има низа забелешки. Дел од стручната комисија која во Општината ги еволуира и ревидира плановите е и професорката Дивна Пенчиќ која вели дека градежната мафија си го покажа лицето и дека сега е повеќе од јасно колку е таа моќна. Зошто додека траеше мораториумот не се изработуваа ДУП-овите побрзо и поефикасно, Белчева пак, прстот го впери во три планерски куќи, сите од Скопје: ИНПУМА, Билд Урбан и Тајфа план, кои со години во Општината ги изработуваат спорните планови и кои сега одбиваат да направат промени врз основа на забелешките доставени од стручната комисија. Да се надеваме дека Општина Центар ќе истрае во својата борба за заштита на граѓаните и јавниот интерес, а Уставниот суд во овие 30 дена ќе се произнесе позитивно за одлуката да продолжии мор мораториумот.

29 март 2019

ПОРТА

3


СОДРЖИНА 14 ИНФО 6 САЕМ - EURASIA WINDOW, DOOR & GLASS FAIRS

ИН МЕМОРИАМ 7 „УБАВИНАТА НА ЗАМИНУВАЊЕТО“

ИНФО 9 ИМА ЛИ СКОПЈЕ ШАНСА?

ГРАДЕЖНИШТВО 14

26

ОД МИНАТА ЛОША ВЛЕГУВАМЕ ВО НАДЕЖНА ГРАДЕЖНА ГОДИНА

АРХИТЕКТУРА 20 АРАТА ИСОЗАКИ ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА 2019 ГОДИНА

АРХИТЕКТУРА 26 КУЌА СТАРА 300 ГОДИНИ АДАПТИРАНА ЗА ДЕНЕШНИ УСЛОВИ

АРХИТЕКТУРА 30 АСТАНА – ГРАД ВО СТЕПАТА

АРХИТЕКТУРА 36 САГА ЗА ЕДНА УЛИЦА

30

УРБАНИЗАМ 40

36

ДО ОДРЖЛИВИ ГРАДОВИ СО ОДЛУЧНИ И РАДИКАЛНИ МЕРКИ

ИНТЕРВЈУ 44 „ЗЕЛЕНИ SИДОВИ“КОИ КРАСАТ МНОГУ ЕНТЕРИЕРИ

СООБРАЌАЈ 50 ПАТНИ ПРЕМИНИ КАЈ ЖЕЛЕЗНИЧКИ ПРУГИ

ЕКОЛОГИЈА 54 ШЕСТ ГОДИНИ ЈА ЧЕКАМЕ ПРВАТА ЕКОНОМСКА ЗЕЛЕНА ЗОНА

ХОРТИКУЛТУРА 58 ВО ЈЕВРЕМОВАЦ ВЕГЕТИРААТ РАСТЕНИЈА ОД СРПСКАТА И ЕВРОПСКАТА ФЛОРА

НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 62 КИНА ЌЕ ДОБИЕ МУЗЕЈ ВО ФОРМА НА ЏИНОВСКИ ОЏАЦИ

УМЕТНОСТ 66 НЕЖНИ САМОТНИ ПРИСУСТВА ИСПОЛНЕТИ СО ПОЕТСКИ ОТСУСТВА

ПОРТА

25 јули 2014

40 58

66


ГОДИНА XII

БРОЈ 278 ПЕТОК 29.3.2019 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Интересни четива, со кои ќе го привлечеме вниманието на повеќето, пренесуваме и во овој пролетен број на Порта 3. Архитекти, урбанисти, планери кажаа во какво Скопје сакаат да живеат, потенцирајќи дека градот има шанса да се спаси само со заедничко и правилно дејствување. Дебатата „Шанса за Скопје. Во каков град сакаме да живееме“ беше местото каде стручните лица уште еднаш децидно кажаа дека деталните урбанистички планови онака како што се изготвени не обезбедуваaт квалитетни мерки за безбедно урбано живеење, а општините се правдаат дека се финансираат со издавање на градежните дозволи за станбени згради. Скопската градежна компанија „Гранит“ продолжува со освојување на патиштата надвор од земјата. Овој пат со компанијата „Автопати на Република Српска“ и „Интеграл инженеринг“од Лакташи имаат склучено договор за изградба на првата фаза од „5Ц“ Коридор на Република Српска, на патот од клучката „Јоховац“ (Товира) и „Руданка“ (Костајница), во вредност од 62,5 милиони евра. Од овој месец во Македонија недостасува уште еден врвен експерт, сестрана и иновативна личност. Ин меморијам за Љупчо Бораниев, човекот кој имаше познавање од проектирањето, изведбата на проекти и особено детали, менаџирање на фирма, личност со извонредни лични афинитети кон карикатурата, цртањето, макетарството, полиглот, па сè до извонредната глума и имитаторство кое пленеше. Во овој број имаме интервју со Андреа Серафимовски, директор на сектор за оператива на ГД Гранит АД Скопје. Серфимовски објаснува за тоа како Гранит ја има преживеано една од најтешките по мера и најнеуспешните по резултат години во последната декада. Но, говори и за тоа како оваа година треба да биде година на капитални инвестиции и кои се договорените проекти за Гранит, колку е компанијата кадровски и технолошки спремна за преземање на големите капитални проекти од високоградбата кои претстојат, за ФИДИК стандардите, за ангажманот во Градежната комора при Стопанската комора, за потребата од добар Закон за градежништво. Добитник на Прицкеровата награда за 2019 година, е Арата Исозаки, човекот кој дал придонес кон обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година. Арата Исозаки се смета за визионер во рамките на своите меѓународни современици и се истакнува со својот напреден пристап, посветеност кон уметноста на просторот и транснационалниот методолошки пристап, и придонесот кон реинтерпретацијата на глобалните влијанија во архитектурата. Освен за наградата Прицкер, во овој број од темата архитектура говориме и за Астана – град во степата. Нов надреален град лоциран во срцето на Евроазија, град на иднината, кој излегува од неплодната степа на север од земјата. Град во чија изградба

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

учествуваат многу познати светски архитекти. Најдобриот објект во Швајцарија за 2018 година е селска куќа стара повеќе од 300 години реконструирана, обновена, адаптирана за денешните потреби и конзервирана во првобитниот изглед. Автор на оваа прекрасна реконструкција е младиот архитект Андреас Пизас. Во полето на урбанизмот интересна тема за читање е за одржливоста на градовите. Градовите толку многу се развиваат што веќе е невозможно да функционираат безбедно, да бидат одржливи, да бидат хумано место за живеење. За урбанизираните, уредени градови потребно е спроведување на одлучни и радикални мерки. Има една улица во Скопје која за многумина скопјани е тажна приказна. Сагата за улицата Максим Горки, улица каде требаше да се седи во најубавите бистроа со поглед на улица, да се купи најубавиот сладолед, убаво дизајниран предмет за подарок, да се влезе во книжарница каде има маса за читање, да се види камерна уметничка поставка во мала галерија, да ги сретнете вашите омилени писатели и уметници, да си одите со насмевка и збогатен дух. Патните премини кај железнички пруги се многу важни особено нивното вкрстување со другите сообраќајници. Конструкцијата и техничкото уредување на патните премини мора да гарантираат одреден степен на безбеденост при движење преку нив. На темата екологија во овој број објаснуваме за недостатокот од економски зелени зони. Со Законот за индустриски и зелени зони се дава можност на локалната самоуправа, на компании со договор за јавно-приватно партнерство и на Владата да основаат зелени зони. Но, од донесување на Законот за индустриски и зелени зони во 2013 година досега, основани се и работат пет индустриски зони, а зелена зона на територијата на државата сѐ уште нема. Во Ботаничката градина во Белград вегетираат растенија од српската и европската флора. Еколозите велат дека она што привлекува особено внимание во паркот е т.н. Јапонска градина која има посебен облик. Основни елементи кои се присутни во овој дел од паркот се каменот, водата и растенијата. Во светот постојат многу чудни градби. Една од нив е комплексот наречен Binhai Cultural Center (Културен центар Бинхаи). Со ова Кина ќе добие музеј во форма на џиновски оџаци. И во овој број нашиот дописник од Париз раскажува за изложба од светски рамки. Станува збор за меѓународната изложба ретроспектива на данскиот сликар Vilhelm Hammershøi во Париз. За прв пат по дваесет години, таинственото и поетско дело на овој мајстор е изложено во музејот „Жакмар-Андре“. ОД РЕДАКЦИЈАТА 278

ГОД

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

ИНИ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

AРХИТЕКТ АРАТА ИСОЗАКИ

90 ДЕНАРИ

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ

МАРТ 2019

Од мината лоша влегуваме во надежна градежна година До одржливи градови со одлучни и радикални мерки Арата Исозаки добитник на Прицкерова награда за архитектура 2019

15 Насловна страница DOMUS: LA CASA DEL HOMBRE,

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Датум на печатење: 21.2.2019 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


инфо

Саем-Eurasia Window, Door & Glass

-тиот саем за прозорци, 11-тиот за врати и 9-тиот за стакло - Евроазија, кои истовремено беа одржани од страна на Рид Тујап од 6 до 9 март 2019 година, завршија со огромен успех. Со учество на 614 компании и претставници на компании од 27 земји и 68.440 посетители (56.064 домашни и 12376 меѓународни) од 117 земји; трите саемски манифестации беа високо оценети од индустриските професионалци. Овогодинешното издание на Саемот за врати, прозорци и стакло - Евроазија успеа да постави нов рекорд на меѓународни посетитeли со вкупна бројка од 12.376, што е

20

6

ПОРТА

зголемување од 23 % во однос на 2018 година. Топ десетте земји од каде што имаше најголем број посетители се: Топ десете земји од каде што имаше најголем број посетители се: Иран, Бугарија, Ирак, Македонија, Косово, Србија, Романија, Алжир, Либија, Украина Презентациите што се засилени со поддршка на Асоцијацијата за квалитет на прозорци (PÜKAB), Индустриската асоцијација за прозорци и врата (PÜKAD), Асоцијацијата на претприемачи на алуминиумски производители (GALSİAD) донесоа 667 претставници на компании од 27 земји кои ги покажуваат

најиновативните трендови и производи кои ќе ја одредат иднината на нивните индустрии, во 12 сали со полн капацитет. Саемот Евроазија не само што создаде позитивно деловно опкружување, туку и ги претстави новите трендови и најиновативните производи во оваа индустрија. Ваквите изложувања станаа светски

познати места за успешни средби помеѓу бизнис-секторот, со зголемување на бројот на посетители од година во година. Овој саем се прилагодува на барањата и очекувањата од овие индустрии. Повторно ќе се одржи и следната година од 4 до 7 март 2020 и сигурно повторно ќе биде најпрестижниот настан за оваа индустрија.


ин мемориам

AРХИТЕКТ ЉУПЧО БОРАНИЕВ (1950-2019)

„Убавината на заминувањето“ Кога на испраќање на последниот пат кон вечноста , ти доаѓаат стотина пријатели, колеги , професори, кои искрено жалат што нè напушташ, а истовремено во нивните сеќавања провејува ат огромната почит и љубов кон твојата личност пред сè, тоа е таа „Убавина на заминувањето“. Ја заслужи оваа почит мој драг пријателе. Твоето постоење продолжува во спомените на твоите блиски и пријатели, а нè имаше многу. Се дружевме повеќе од 50 години, со преубави спомени од средношколските и особено од студентските денови на Архитектонскиот факултет. И кога со денови и ноќи работевме на проекти по северно крило на архитектура, знаеше да го подигнеш моралот со твоите непресушни претстави, кои обично почнуваа со измислени во твој стил драми, а завршуваа со драматично весела и оптимистичка атмосфера. Беше организатор на многубројните патувања и средби за разноразни поводи. Беше во вистинска смисла БРЕНД на големата генерација. Нашата заедничката дружба ја продолживме подоцна и во Адинг и со твоето заминување во ГП Маврово и подоцна твојот Бортас, по многубројните патишта, средби, технички ангажмани, саеми и настапи низ Југославија, Ирак, Алжир, Русија... Храбро реши и ја основа фирмата Бортас, која со години растеше за да стаса меѓу 5-6 најголеми градежни фирми во Македонија. Се восхитувавме на твојата творечка енергија и дух, честопати и над дозволената граница на човечка издржливост. Но тоа беше ти , еден и единствен. еше вистински воркохолик, но за жал подоцна во негативна смисла. Работата му стана над сè. Имав чувство дури и над фамилијата. Тоа веројатно со годините директно влијаеше и на здравствената состојба , која во лоша комбинација со несредениот живот придонесе во последните години за драстично влошување на неговата состојба. Во долгите, често полноќни разговори се чувствуваше паѓање на неговиот дух и осаменоста што сè повеќе го напаѓаше неговиот позитивен карактер. Беше и премногу горд, но и лудо упорен да не дозволи самиот на себе промена на патот на пропаста по кој се движеше, а не дозволуваше веројатно ни да му помогнат тие што го сакаа и почитуваа. Веројатно тешко во фелата па и пошироко, ќе се најде посестрана и иновативна личност. Од познавање на проектирањето, преку изведбата на проекти и особено детали, менаџирање на фирма до извонредните лични афинитети кон карикатурата, цртањето, макетарството, полиглот, па до извонредната глума и имитаторство кое пленеше ... Останаа незавршени многу почнати идеи и животни желби ... Секогаш беше на чекор пред сите, за жал и при одењето во вечноста. Ќе остане во нашите генерациски, заеднички приказни, како симбол на заедништво, оптимизам, позитивна енергија. Го сакавме сите и многу повеќе отколку тој самиот себеси. Веројатно немаше време за себе и најблиските, брзајќи кон своите цели и неповратот. И на крај успеа по не знам кој пат да нè собере на едно место на неговиот последен пат кон вечноста. Ти благодариме за заедничките моменти и позитивната енергија која ја истураше околу тебе. Почивај во мир наш БОРАНИЈА. Со почит, Љупчо Атанасовски, архитект

Б

ПРОФЕСИОНАЛНА БИОГРАФИЈА • 1975- 1981 – во Охис Инженеринг /Адинг/ • 1981 – 1989 – ГП Маврово – проектантско и заеднички служби. Во тој период учествува во проектирањето на комплексот Запољаре во Сочи /100.000 м2/, во тоа време прогласен за најдобар туристички комплекс во Советскиот Сојуз • 1987 г. - Учествува во изведбата на станбени комплекси во градот Мисурата, Либија. Учество на повеќе архитектонски конкурси во Македонија и Југославија Од 1990 г. – формирање и менаџирање со сопствената фирма Бортас • 2003 - 2008 г.- Реконструкција со град. занатски работи и сигурносни системи, на повеќе големи амбасади како Германска во Македонија и Косово, Холандска, Британска, Руска...Делегација на Европска комисија во РМ • 2004-2011 г. - Градежно занатски работи при реконструкција на ентериер на Светска банка во РМ, експозитури на Алфа Банка, Државен завод за статистика на РМ, Кинотека на РМ, Народна банка на РМ,,, • Од 2004 - 2019 г. Изведба на станбено деловни објеккти во нас. Расадник, Стар Аеродром, Ново Лисиче, Криви Дол со вкупно преку

800 стана • Изработка на урбанистички планови за неколку општини во Скопје, Велес • 2005-та г. фирмата е рангирана меѓу 4-те најдобри фирми во Македонија во областа на градежништво, високоградба, нискоградба и хидроинженеринг, а 62-ра во вкупното стопанство на Македонија. • 2009-та год. фирмата е рангирана меѓу 8-те најуспешни фирми од областа на градежништвото, 62-ра во вкупното стопанство, и 40-та меѓу најбрзо растечките фирми во земјата. • Во 2010-та година, компанијата е рангирана меѓу 4-те најуспешни фирми од областа на градежништвото, и 28-ма во вкупното стопанство на земјата. • Во 2010-та година, се стекна со меѓународен сертификат ISO 20089001, поради определбата да ги почитува и применува меѓународните стандарди за квалитет. • 2011 година, БОРТАС е рангирана на 78-ма позиција меѓу најуспешните компании во вкупното стопанство на Република Македонија • 26 април 2013-та година, Стопанската комора на Македонија, врз основа на кредитниот извештај и редовниот мониторинг извршен од страна на COFACE, му додели на БОРТАС ДОО СКОПЈЕ сертификат Excellent SME Macedonia. ПОРТА


инфо

Нов договор за Гранит за автопат во Република Српска Претставниците на компанијата „Автопати на Република Српска“ и конзорциумот на компаниите „Интеграл инженеринг“од Лакташи и „Гранит“ од Скопје во Бања Лука потпишаа договор за изградба на првата фаза од „5Ц“ Коридор на Република Српска, на патот од клучката „Јоховац“ (Товира) и „Руданка“ (Костајница), во вредност од 62,5 милиони евра. Во име на инвеститорите „Автопати на Република Српска“ договорот беше потпишан од страна на директорот на таа компанија, Душан Топиќ и во име на изведувачот генералниот директор на „Интеграл инженеринг“ Слободан Станковиќ и директорот на филијалата на градежната компанија „Гранит“ од Скопје во Бања Лука, Зоран Трајановски. Српскиот премиер Радован Висковиќ рече дека со реализацијата на работите на овој дел во вкупна должина од шест километри продолжува изградбата на автопатите и ангажирањето на домашните градежни компании. „Тоа се предуслови за зголемување на БДП, просечните плати и другите наведени цели на Владата“, изјави Висковиќ. Тој потсети дека продолжувањето на работата на патот од Добој во Србија и приклучувањето на автопатот Бања Лука-Градишка од Загреб-Белград, по изградбата на мостот на реката Сава, има економска оправданост. Душан Топиќ, директор на „Автопати Република Српска“, која е инвеститор, рече дека по првата фаза на проектот на Коридорот „5Ц“ во Српска произлегуваат други од клучката Руданка (Костајница) до Каруша, кои ќе бидат, исто така, со вкупна должина од шест километри. „Третата фаза е од клучката Јоховац до клучката Подновје во должина од околу 13 километри, а четвртата од Вукосавље до клучката Подновје, со должина од 23 километри“, вели Топиќ. Исто така, тој додава дека овие денови интензивно се работи на моделот на финансирање за продолжување на автопатотод Добој преку Вукосавље и Брчко до Бјелина и Рача. Тој вели дека коридорот „5Ц“ на територијата на српскиот дел ќе биде 46,6 километри од Добој до Вукосавље и се проценува дека ќе чини 500

милиони евра. „Тоа е проценетата вредност, а понудите ќе покажат што е вистинската цена“, вели Топиќ. Генералниот директор на „Интеграл инженеринг“ Слободан Станковиќ, чија компанија ќе работи со градежната компанија „Гранит“ од Скопје вели дека за изградба на првата фаза се создадени сите предуслови за работа. „Многу наскоро ќе почне да се работи на патот заедно со „Гранит“, партнер со кого имаме направено преку 100 километри автопатишта, работиме во Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска и Словенија, а го реализиравме и автопатот „9 Јануари“ од Бања Лука дo Добој“, вели Станковиќ. Најдобрата понуда на меѓународниот тендер за реализација на овој проект ја има доставено конзорциумот во кој се „Интеграл инженеринг“ од Лакташи и „Гранит“ од Скопје. Овој конзорциум реализира еден од најважните инфраструктурни проекти во Република Српска - автопатот „9 Јануари“ од Бања Лука до Добој. Според плановите на компанијата „Автопати на Република Српска“, автопатот на Коридорот „5Ц“ ќе биде изграден во четири фази, а во првата се предвидува изградба на делници со вкупна должина од околу шест километри.

Со нови технологии до создавање на градови на иднината Над 40 учесници од регионални и локални институции и партнерски организации во соработка со врвни европски експерти од Клима КИЦ, водечка европска иницијатива за климатски иновации ќе работат на креирање визија и користење на новите технологии во решавање на клучните проблеми на градовите, како што е на пример, проблемот со загадувањето на воздухот. Во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје се организираше работилница на

8

ПОРТА

тема „Градови на иднината“. Постојаната претставничка на УНДП, Нарине Сахакјан, изјави дека над 50 проценти од населението во светот живее во градовите и со зголемување на урбанизацијата се зголемува и притисокот врз здравјето на луѓето, зелените површини, пристапот до чиста вода и поради тоа, мора да се смени начинот на кој живееме и работиме. Според Сахакјан, токму иновативните пристапи ќе помогнат во градење на иднина која ќе биде побезбедна, поотпорна и поодржлива за сите. Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули потенцирајќи дека Градот Скопје, во услови на брз технолошки развој, а без план за одржливост на урбаниот екосистем во тој процес, како и со брз пораст на барања на граѓаните за квалитет и навременост во обезбедувањето услуги, се соочува со многу урбани проблеми чие решение е можно единствено со обезбедување на синергија на надлежните државни и локални институции без разлика на кого тие надлежности припаѓаат. Макрадули својот осврт на темата го даде низ призмата на решавање на проблемот на аерозагадувањето во градот Скопје и интегрираниот и системски пристап во „Планот за чист воздух“. Според него, имплементацијата на „Планот“ придонесе кон намалување на загадувањето, пред сè затоа што предвидените активности се базирани на научни истражувања, анализи и најдобри пракси. Проектот е финансиран од неодамна од отворениот Фонд за градски експерименти, преку Министерството за финансии на Словачка.


инфо

Има ли Скопје шанса? Архитекти, урбанисти, планери кажаа во какво Скопје сакаат да живеат, потенцирајќи дека градот има шанса да се спаси само со заедничко и правилно дејствување. Дебата „Шанса за Скопје. Во каков град сакаме да живееме“, организирана од граѓанската иницијатива „Здравје пред профитот“ и Институтот за комуникациски студии, на едно место ја собра фелата за да разменат искуства, но и да ги слушнат примерите од некои градови во соседните држави. Општините и деталните урбанистички планови онака како што се изготвени не обезбедуваaт квалитетни мерки за урбано безбедно живеење, а општините се правдаат дека се финансираат со издавање на градежните дозволи за станбени згради, рекоа на почетокот на дебатата организаторите. Искра Јанковска Михајловска, архитект од „Здравје пред профитот“, рече дека по одлуката на Уставниот суд да го укине мораториумот за градба во Општина Центар, всушност, е направен притисок да се издејствуваат 30 дена за да се издадат сите градежни дозволи, за сметка на тоа во плановите да се вметнат потребните квалитетни мерки кои ќе обезбедат квалитетно урбано живеење. „Ако во вашата општина училиштето работи во две смени, тоа значи дека плановите не чинат. Ако се мразите со комшијата затоа што ви паркира пред врата, тоа значи дека плановите не чинат. Ако има редици во амбулантите, тоа значи дека со планирањето не е водено сметка за тоа дека можеби треба повеќе градинки, амбуланти и простор за урбано живеење. Општините кога ќе им дојде инвеститор гледаат да издадат дозволи за станови, а при тоа не се води сметка што сè друго е потребно за да се обезбеди квалитетно живеење“, рече Јанковска Михајловска. Јана Белчева, претседател на Советот на Општина Центар, смета дека укинување на мораториумот е само една изгубена битка и дека барањето да се ревидира планот за Дебар Маало е прв посериозен обид некој да се спротивстави од аспект на јавното добро. „Со ова сакаме да развиеме дебата како на човекот да му ја вратиме безбедноста и удобноста на живеењето преку искуствата од оние градови кои нашле начин она што го наследиле да го направат пријатно место за живеење“, рече Белчева. Таа смета дека граѓаните треба да им дадат ветер во грб на оние што носат одлуки

за да можат да донесат храбри одлуки, а не да се најдат во ситуација да кажат дека така наследиле и ќе продолжат понатаму на истиот начин. „Промените ќе дојдат ако се оди спроти брановите и ова не е шанса само за Скопје, туку и за цела Македонија, оти ги отвораме темите кои Европската унија ги бара од нас, за демократизација на општеството и да се раскинат тие коруптивни врски и цели”, рече Белчева. Дејан Андонов од Институтот за комуникациски студии, кажа дека со оваа дебата практично почнува и кампањата „Не игнорирај, реагирај“, со која треба да се подигне јавната свест како до изградба на оддржливи градови. Имаше и макети од ДУП-ови кои го засегаат централното градско подрачје, и видливо е дека е зголемена катноста, со тесни улички и несоодветни решенија за она што подразбира квалитетно живеење. Дебата беше поделена на три панели: „Алтернативни практики за финансирање на општините“ учествуваа Билјана Ивановска од Државната комисија за спречување на

корупцијата, Аце Коцевски, градоначалник на Велес, Беким Имери од Светска банка, Боран Иваноски од НАЛАС. „Планот како алатка за квалитетен живот“ своите ставови за шансата за Скопје ги изнесоа професорката Дивна Пенчиќ и планерот Стефан Лазаревскиод „Тајфа архитекти“ и архитектот и Љубо Георгиев од Бугарија кој ја престави иницијативата „Визија за Софија“. Тертиот панел беше „Феноменологија на градски простор“ во кој Мери Батакоја од Архитектонскиот факултет во Скопје даде мемориски пејсажи на градот. За Урбаното зеленило како фактор на квалитетот на живот објасни деканот на Шумарскиот факултет, Кирил Сотировски и Светлата Карбевска, психотерапевт која објасни за важноста од планирањето на градот за здравјето на граѓаните. 29 март 2019

ПОРТА

9


градежништво

Заштита на косини при изведба на Хидројаловиште бр.4 , Рудник Саса

Слика 1. Конструкција за заштита на косината од ископот за изградба на каналот д-р Драган ДИМИТРИЕВСКИ, дипл. град. инж. Теодор ДИМИТРИЕВСКИ, дипл.инж. по геотехника Слободан ФИНДАКОВСКИ, дипл.град.инж. Борис БОГОЕВСКИ, дипл.инж. по геотехника удникот Саса е еден од водечките рудници за производство на олово и цинк во Источна Европа. Рудникот е лоциран во источните делови на Република Македонија во близина на градот Македонска Каменица. За одлагање на јаловината која се добива како нуспроизвод при процесот на флотација рудник Саса има направено 4 хидројаловишта кои се именувани како Хидројаловиште бр.1, Хидројаловиште бр.2, Хидројаловиште бр.3.1 и Хидројаловиште бр.3.2. Хидројаловиштето 3.2 во моментов се користи за одлагање на јаловина. Со цел да се задоволат барањата за непречена работа на рудникот неопходно е да се изгради ново хидројаловиште означено како хидројаловиште бр.4. Хидројаловиштето бр.4 содржи неколку конструкции: обиколен тунел, каналот Петрова река за одведување на водите од поплавен бран, пулповод, дренажни системи итн. Една од задачите кои од геотехнички аспект беа најголем предизвик при изведба на градежните работи беше стабилизацијата на косините од ископот за градба на каналот Петрова река. Каналот “Петрова река” е изграден паралелно и во непосредна близина на регионалниот пат кој води од Македонска Каменица до рудникот Саса односно паралелно со речното корито на Каменичка река. Неговата функција како

Р

10

ПОРТА

29 март 2019

водоспроводник е да обезбеди евакуација на поплавните води од Петрова река кои можат да го загрозат хидројаловиштето доколку не се евакуираат. Каналот е составен од собирен канал за бочен преливник, брзотек и отскочен праг, а по отскочниот праг се изведува земјен канал кој треба да ја спроведе понатаму водата. Каналот започнува со собирен канал за бочен преливник кој е изграден веднаш до круната на песочната брана на хидројаловиште бр. 3.2. потоа продолжува како затворен канал со правоаголен попречен пресек, а завршува со армирано-

бетонски отскочен праг. Завршниот дел од каналот т.е. отскочниот праг служи да ја отфли водата која потоа продолжува во земјен канал кој ќе биде во функција се додека не заврши експлоатацијата на хидројаловиште бр.4. Од геотехнички аспект вреди да се нагласи дека за време на градба на ова хидројаловиште беше неопходно да се изведе заштита на косините од ископот на каналот Петрова Река. Слична заштита на косините е применет и на ископот направен за изградба на пулповодот кој се наоѓа на спротивната страна од долината.

Слика 2. Изведба на конструкција за заштита на косината од ископот


Пред стабилизација на косините, а со цел детално осознавање на геолошката градба на локацијата изведени се дополнителни, контролни геотехнички истражни работи како и ново геодетско снимање на теренот. Со дополнителните геотехнички истражни работи се потврди мислењето дека е потребна заштита на ископот по цела должина на армирано-бетонскиот канал, а потоа е констратирана таква потреба и за ископот на пулповодот. Обемот на дополнителните геотехнички истражни работи се состоеше од 6 верикални дупнатини (со вкупна должина од 60 m) лоцирани по трасата на каналот и 5 субхоризонтални дупнатини (со вкупна должина од 34 m) изведени во косината од ископот. Дополнителните истражни работи вклучувајќи го и теренското тестирање на анкерите беа од непроценливо значење за оптимално и прецизно димензионирање на заштита на косината. Тестирањето е извршено за анкери со должина од 3, 6 и 9 m. На база на извршеното тестирање на анкерите беше усвоена сила на затегања од 120 kN која потоа при проектирањето беше усвоена како дозволена носивост на анкерите. За заштита на косините од ископот усвоена е конструкција составена од прскан бетон, мрежаста арматура и самобушечки “IBO” анкери. На база добиените резултати од теренското тестирање на анкерите и извршените анализа усвоено е да се вгадат анкери со минимална должина од 9 m, така што мин. 2 m од анкерот ќе навлезе во здрава карпа. Хоризонталното и вертикалното меѓуоскино растојание помеѓу анкерите изнесува 2 m. Дијаметарот на анкерите изнесува 51 mm. Со цел да се спречи појава на

У

Слика 3. Делумно завршена заштита на косината од ископот хидростатски притисок врз заштитната конструкција поставени се барбакани на хоризонтално и вертикално растојание од 2 m. Максималната висина на косината од ископот е околу 9 m. Горниот дел од косината на ископот за каналот каде што е регистриран почвен материјал е заштитен со полимерна мрежа армирана со поцинкувана челична мрежа и поставени се самобушечки анкери. Примената на опишаните мерки за заштита на косините се повеќе се користи во геотехничката пракса во нашата држава, што може да се цени како напредок во проектирањето на мерки за заштита на косини. Впечаток е дека работата на објектите на хидројаловиштето бр.4 беа огромно искуство за сите инволвирани во процесот

на проектирање, менаџирање, изградба и надзор. Ваквите комплексни објекти се потврда дека соработката помеѓу сите учесници во градбата мора да е на високо ниво, а се со цел да се заврши проектот со максмален можен квалитет. Генерален заклучок од градбата на хидројаловиштето бр.4 е дека проектантски надзор е потребно секогаш да се врши во тек на градба токму поради поефикасно и побрзо прилагодување на промените на проектот. Во овој контекст вреди да се напомене и тоа дека административните постапки при обезбедување на потребните дозволи и согласности мора да бидат поефикасни и да одземаат помалку време со оглед на тоа што сепак главна цел на сите инволвирани во градбата на еден објект брза и квалитетна изградбата на објектите.

ПОРТА


ПОРТА


www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


интервју

Од мината лоша влегуваме во

надежна градежна година Потребен е обединител, институција во која ќе почнуваат, ќе се следат и на крај ќе се завршат сите активности во текот на градбата. Само на тој начин државата може да го контролира квалитетот и активностите

БИОГРАФИЈА Андреа Серафимовски е роден на 24 август 1984 година во Гостивар. Дипломира на Градежниот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. По дипломирањето во 2009 година, работната кариера како градежен инженер ја започнува во оперативата на Гранит. Учествува во изградбата на повеќе објекти од високоградба, , каде што ги осознава тајните на градежништвото. Во 2011 година е назначен за првиот директор на организационата единица високоградба. Во 2015 година, се формира нова организациона единица -оператива, која покрај управување и организирање на работењето на високоградбата, ја управува и организира и изградбата на автопатиштата, аеродромите, како и другите објекти од нискоградбата и услужните дејности како што се механизацијата, каменоломите, бетонските и асфалтните бази и др. Во овој период Гранит учествува во изградбата на повеќе значајни објекти во земјата и странство финансирани од реномирани меѓународни банкарски институции, како што се проектирање и изградба на автопат Бања Лука-Добој, изградбата на автопатот Кичево-Охрид, делница КичевоПодвис, изградбата на автопатот Миладоновци-Штип, делница Св. Николе-Штип, изградба на Антенски систем - Кула Водно, изградба на експресен пат А3 Штип-Кочани, делница ШтипКрупиште, изградба на магистрален гасовод делница Неготино-Битола, како и други значајни објекти. Во 2015 година е назначен за член на Управниот одбор на Гранит. На 28.4.2015 година е избран за претседател на Здружението за градежништво и индустрија на градежни материјали и неметали при Стопанската Комора на Република Македонија. Член е на работната група за измена на Законот за градење на Република Македонија. Избран е за член на Управниот одбор на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. 14

ПОРТА

29 март 2019

Љупчо АТАНАСОВСКИ , дипл. инж. арх инатата година беше една од најпроблематичните години за македонската оператива. Капиталните инвестиции крахираа, инфраструктурата застана. Како Гранит ја преживеа годината? n Минатата година македонското градежништво ја преживеа една од најтешките по мера и најнеуспешнaтa по резултат година во последната декада. Благодарение на големиот труд на работниците, максималната посветеност на техничкиот кадар, но и на навремената реакција за промена, мерките и стратегиите кои ги презеде менаџерскиот тим на компанијата, Гранит тешко, но многу храбро ја издржа 2018 година и извлече максимум во нашата ситуација. Знаете, кризата во некои случаи може и позитивно да влијае на работењето. Така што во

М


ИНТЕРВЈУ СО АНДРЕА СЕРАФИМОВСКИ, ДИРЕКТОР НА СЕКТОР ЗА ОПЕРАТИВА НА ГД ГРАНИТ АД СКОПЈЕ Гранит максимална посветеност и акцент се даде на согледување на учинок на работењето, издржаноста на тековните процеси и се изврши оптимализација во сите полиња на работењето. Ова последново го сметаме како круцијално и ценам дека сепак на крај компанијата многу доби во своето работење, се подобри ефикасноста и ефективноста како и свесноста за тоа како треба да се работи.

активности на домашно тло, кое ќе овозможи посветеност на тимот, на струка и технологија како и поддршка од државата за излез на странски пазари. Цениме дека крајно време е државата да посвети поголемо внимание и да даде максимална поддршка на компаниите и крајно време е да го согледа бенефитот на целото општество од работењето на наши компании надвор од нашата држава.

Во некои поранешни времиња македонската оператива беше наш најголем извозник и буквално ДИКА на Македонија. Гранит е веројатно единствената градежна фирма што и денес работи надвор од Македонија. Каква е перспективата да продолжите на проекти во странство и кои се предусловите за тоа, а кои се бенефитите од тоа? n Да, за жал, а на наше задоволство Гранит е единствена фирма која низ сите минати години не престана да работи во странство на капитални инфраструктурни проекти и тоа го прави доста успешно. Развојот и напредокот на една компанија пред сè зависи од способноста на тимот, знаењето и искуството кое го стекнуваат работејќи на капитални проекти. Токму затоа тоа е причина Гранит во својата стратегија да претендира и инсистира на присутност на странските пазари. Верувајте дека сите иновации и искуства кои сме ги пренеле не се темелат врз база на теорија, туку нашето работење ги создало тие вредности и заради тоа, единствен начин да создадете вредност плус е да пробате успешно да работите на пазари кои ќе ви понудат можност за поголем развој од обично. Гранит и во наредните две години веќе обезбеди работа на странски пазари, но би сакал да напоменам дека главен предуслов за понатамошно присуство се обезбедување на добра деловна клима и нормален тек на

Оваа година треба да биде година на капитални инвестиции. Кои се договорените проекти за Гранит и дали ќе успеете да ги исполните силните навестувања за градежен план? n Врз основа на веќе договорени, но и многу тековни работи, очекуваме доста интензивна и се надеваме успешна година. Автопатите Кичево-Охрид и МиладиновциШтип, експресните патишта Штип-Крупиште и Ранковце-Крива Паланка, гасоводната линија Неготино-Битола, проектот изградба на 145 спортски сали, проектот изградба на телекомуникациска кула на Водно - се дел од капиталните и големи проекти кои продолжуваме да ги градиме и оваа година. Ако на тоа надоврземе и реконструкција и/или рехабилитација на 16 патни правци коишто се нови договорени работи и треба да почнат со реализација во текот на месец март, како и проектот во Република Српска, патен правец Јоховац-Руданка, чијашто реализација очекуваме да почне кон средината на мај, можеме да кажеме дека нè очекува бурна година. Ниту во еден момент не помислуваме дека капацитетите се доволни, напротив, цениме дека како компанија имаме капацитети многу повеќе да направиме. Никогаш таа дилема не сме ја имале и тоа го сметаме за привилегија и богатство кое го нуди компанијата.

Конкуренција од странски градежни фирми во Македонија!! Нелојална или добредојдена конкуренција, поттик за докажување со нив на домашен терен или... n Освен искуство како со користење на домашните капацитети на една земја се достигнуваат профити и истите потоа се одлеваат во матичните земји, за жал ништо повеќе не научивме од присуството на сè повеќе странски компании на нашите патишта. Од за нас добредојдена конкуренција, истите се претворија во нелојална конкуренција, одлевајќи само кадар од домашните компании со моментален ангажман и не грижејќи се понатака за истите луѓе, како со нив заеднички би достигнале вредност повеќе. Знаеме често да констатираме дека здравата конкуренција нè прави подобри, немањето конкуренција нè става во стагнација, додека пак нелојална конкуренција може да направи и полошо. Фактот дека ниеден производствен погон не се изгради како и невоведување на ниту една нова технологија при изградбата, сам по себе говори за работењето на странските компании во нашата Република. Сепак се надеваме дека во иднина државната стратегија ќе се промени и ќе се овозможат подобри услови на домашните компании, согледувајќи ги бенефитите од истото. Колку е Гранит кадровски и технолошки спремен за преземање на големите капитални проекти од високоградбата кои претстојат / Новиот клинички центар, Градска болница и др.? n Несомнено дека сме лидери во нискоградбата, но работејќи на многу проекти од високоградбата во последните години, особено на проектите од „Скопје 2014“, ве уверувам дека Гранит моментално е лидер и во високоградбата во државата. Тоа го покажува и фактот дека најголемите приватни инвестиции

Автопат Кичево - Охрид, изведба на мостовска конструкција 29 март 2019

ПОРТА

15


Автопат Бања Лука - Добој, делница Прњавор - Добој

Автопат Бања Лука - Добој, усек Радуњевац во државата последните години ги работиме со сопствени капацитети, сопствен кадар и технологија. Комплексот - Јане Сандански, Новиот трговски центар - КАМ, новата деловна зграда на „Мерцедес“ како и многу други објекти финансирани од реномирани приватни компании се доказ и признание за тоа што го работиме. Со нетрпение го очекуваме стартот на најавените инвестиции, ќе се вложиме максимално за да обезбедиме работа на споменатите капитални инвестиции, ниту во еден момент не помислувајќи за тоа дали имаме и какви капацитети се потребни. Сигурни сме дека можеме и многу повеќе. Фидик стандарди. За многумина од нашата оператива големо непознавање, за Гранит позитивно искуство и можност за квалитетно напредување во договарањето. n Фидик моделите на договори за нашата компанија беа непознати сè до пред 16

ПОРТА

29 март 2019

петнаесетина година, кога прв пат се судривме со проект чиишто услови на изградба беа диктирани од условите на „Fidic Red Book 1999“. Во 2009 година се усвои стратегија на ниво на компанија за усовршување на кадарот по однос на обуки, работилници по Фидик договори и оттогаш до денес нашите правници и инженери се постојано присутни на обуки, конференции и други типови на усовршување. Почнувајќи од 2009 во Истанбул, па сè до Лондон 2017 година, истовремено работејќи на проекти по услови по Fidic Red Book, во странство, но и во земјата, како и последните проекти работени по моделите на Fidic yellow book, во Р Српска, на кои сме многу горди, можеме денес да констатираме со сигурност дека работењето по овој модел на договори кај нас е доведен до едно мошне високо ниво. Додека за другите фирми сè уште е новина, со гордост можеме да кажеме дека во Гранит претставува стандардизиран процес кој успешно го водат

нашите стручни служби исто толку колку што е стандардизиран и процесот на изведба на објекти. Ангажманот во Градежната комора при Стопанската комора е додатен предизвик, каде може да се влијае на подобрување на вкупните состојби во градежната фела? n Како застапник на интересите на компаниите кои се наши членки, но делувајќи во исто време и општествено, наша обврска и задача е постојано да влијаеме на состојбите сè со цел подобрување на деловната клима и трудејќи се да обезбедиме подобри услови за работа на компаниите. Со оглед на тоа дека градежништвото има допирни точки со повеќе институции и зависно е индиректно или директно од повеќе закони, законски прописи и подзаконски акти, обемот на дејствување е широк и тоа малку го отежнува работењето. Нашата круцијална цел е обезбедување на добар Закон за просторно и урбанистичко планирање, добар Закон за градба, Закон за градежни производи, но и не помалку важни закони за јавни набавки и работни односи. Нè радува фактот дека сите овие закони се во процес на модификација и ние сме активно вклучени во изработка на сите и како здружение и како комора. Институциите, на наша среќа ја препознаа таа наша определба да делуваме како општествен фактор, максимално ослободени од лични интереси, да се трудиме да донесеме подобри состојби, општо на земјата не само на компаниите и со гордост можам да кажам дека се слуша нашиот глас. Нè радува и фактот дека сè повеќе компании го најдоа својот интерес членувајќи во Комората и од ден на ден бројката се зголемува. Свеста дека заедно можеме повеќе, мислам дека почнува на големо


да функционира. Освен на подобрување на законската регулатива, максимално сме посветени и на Fidic обуки, BIM обуки, Manager skills обуки и сè што е иновативно и што цениме дека во иднина ќе донесе поголем успех на нашите компании. Ценам дека Здружението и Комората како никогаш досега им се потребни на компаниите за да ги издејствуваат своите барања и во иднина очекувам таа потреба да се зголемува. Законот за градежништво се спрема предолго со многу конфликтни интереси меѓу неколкуте клучни чинители во фелата. На крај сепак решението е оставено на Министерството за транспорт и врски. Не е баш најпаметно решение политиката и овој пат да го има главниот збор. Можно ли е да добиеме добар закон и кога ќе се случи тоа чудо? n Изминатите години работејќи по закон кој имаше 28 измени за седум години и кој мислам дека беше единствен закон кој ги уредуваше членовите со сврзник „или“ и даваше опциони одредби без притоа да води сметка за приоритет и обврски, сметаме дека новиот закон ќе биде далеку подобро решение од постоечкото. На почетокот се размислуваше процесот да се води под палка на Државниот градежен инспекторат, но по инсистирање на фелата, мислам дека го најде правото место во Министерството за транспорт и врски. Министерството за транспорт и врски во овој систем на поставеност на државата е единствена опција за координација и донесување на законски решенија. Не навлегувам во тоа како влијае политиката. Веруваме и се надеваме дека овој пат политиката нема да влијае на предложените законски обврски, во секој случај, тоа би било погубно за сите нас. Дадовме наши согледувања на стариот Бизнис-центар Мак Ауто Стар, Скопје

закон, со нетрпение го очекуваме новиот текст на закон и после тоа може да коментираме за последиците од истиот. Каква е соработката на Вашата комора со Комората на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори и дали успевате во координацијата за заеднички настап пред извршната власт, а за доброто на градежната фела? n Крајно време е фелата да се обедини и сите заедно да помогнеме да се врати нашиот статус кој одамна е изгубен. Денес, градежниците за жал, повеќе се третирани како профитери или криминалци отколку како градители. Причини за истото не дека немаше, имавме во минатото драстични примери од учесници во градежништвото кои и тоа како дадоа повод за таквото мислење, фелата во тој момент не се обедини против таквите случувања, остана нема и слепо го следеше процесот и тоа е грешка на сите нас. Мораме што побрзо да ги надминеме тие аномалии и да пробаме да ги вратиме правите вредности во нашата струка. Мораме сите заедно тоа да го направиме. Ние креираме работна група за Законот за градба, пробавме и успеавме да ја собереме фелата на едно место,

на наше инсистирање пробавме да креираме единствен предлог со забелешки и истиот да го проследиме до Министерството за транспорт и врски. Поради извесни недоразбирања на крајот, одлучивме сите учесници во процесот да дадеме поединечни забелешки, но успехот се состоеше во тоа што за прв пат на заедничка маса седнавме градежниот сектор, Архитектонскиот факултет, Градежен факултет, КОИА, ИЗЗИС и ние претставниците на правните лица и искрено и темелно дискутираме за законот член по член. Најголемиот успех го почувствувавме и оттогаш до денес непречено и интензивно соработуваме и се надевам дека ако продолжиме ќе дојдеме до целта. На наше жалење не наидовме на соработка од страна на останатите комори, иако лично дел од нив поканивме да бидат дел од процесот. Најверојатно се разидовме во видиците, иако бевме свесни дека не секој може да го прифати предизвикот и да дискутира за суштински работи. Се надевам дека во иднина истите ќе соберат сили да го помогнат овој процес на обединување. Кога ќе се случи Македонија да добие МИНИСТЕРСТВО ЗА ГРАДЕЖНИШТВО И УРБАНИЗАМ во вистинска смисла на зборот, каде архитектонско-градежната фела вистински ќе може да влијае на решавање на огромните проблеми, кои дирекно влијаат на вкупниот живот во државата? n Ова е правото прашање кое одамна се трудиме да го поставиме како приоритет, а за кое никој во моментов не размислува. Ценам дека креирање и воспоставување на систем во кој сите процеси ќе се обединат и ќе бидат сконцентрирани под ингеренции на еден орган е токму решение за проблемите со кои се соочуваме на подолг рок и единствена исправна работа која мораме да ја направиме за доброто на градбите пред сè. Дури мислам дека Законот за градба е ограничен во своите можности, каков и да биде, токму заради различните ингеренции на органите и многубројните овластени институции кои се вклучени при изградба на еден објект. За одобрение од А категорија – Одобрение издава Министерството за транспорт и врски, потоа истото издава измени во тек на градба, на крајот прави технички прием и издава 29 март 2019

ПОРТА

17


употребна дозвола. Но, процесот на градба не го следи и нема никакви ингеренции ниту е запознаено со текот на градбата. Динамиката не е во неговите ингеренции, проверката на квалитетот и на материјалите, на изведбата, начинот на градба, методологијата итн. туку тука своја улога имаат Министерството за економија, институција која е инвеститор преку надзорниот орган кој никако не е поврзан со Министерството за транспорт и врски, пазарната и трудовата инспекција итн. Премногу инволвирани страни кои само го комплицираат процесот и одолговлекуваат, а никако не го следат поради тоа што немаат никакви обврски за следливост на процесите. Токму заради тоа е потребен обединител, институција во која ќе почнуваат, ќе се следат и на крај ќе се завршат сите активности во текот на градбата. Само на тој начин државата може да го контролира квалитетот и активностите. Тоа е Министерството за градежништво и урбанизам. БИМсерт - Нови вештини во градежништвото за соработка во насока на одржлива енергија и енергетски ефикасни градби. Дигиталната технологија како предуслов за позабрзана подготовка на градежната фела за доближување до европските нивоа... Задача и на Стопанската комора во обука на нашите стручни кадри. n Комората секогаш поддржувала и ќе поддржува и во иднина процеси кои се иновативни и кои на подолг рок ќе донесат Aвтопат Св.Николе - Штип

ПОРТА

бенефит на компаниите. Еден од тие процеси е BIM кој преку дигитализација воведува беспрекорна следливост на процесите и кој овозможува тотална контрола на сите активности при изградба. Би рекол дека тоа не е начин на работа, туку тренд во градежништвото кој ќе ги зафати сите, порано или подоцна. Она што било Министерство за градежништво и урбаниам за државата, тоа значи BIM за учесниците во изведбата. Процесот е во рана фаза во многу поразвиени земји од нашата сè уште не е имплементиран, така што единствено нешто што може да направиме како здружение е да ги понудиме сите наши расположливи капацитети и организациони вештини, за да помогнеме што побрзо да се имплементира оваа BIM технологија. И тоа веќе го направиме. Општина Центар која се простира на површина од 7,5 км2 прогласи мораториум на ДУП-ови на површина од 4,5 км2, во Општина Карпош некои ДУП-ови се оспорени од Уставен суд. Ова е на некој начин можеби последен обид за спас на катастрофалниот и коруптивен урбанизам. Но дел од градежната фела се жали дека им било одземено правото на градење, иако на периферниот дел на Скопје и особено низ провинција имаат, реално, сепак помали профити, но огромен простор за инвестирање. Неопходно ли е на Скопје да му се намали растот и конечно да почне да се развива плански?

n Од една страна застапници сме на мислењето дека одредени региони во Скопје се неплански изградени, штетат на животната средина и го намалуваат квалитетот на живеење на жителите од тој регион. Поради штетните последици сме силни застапници на урбано живеење и планско градење согласно сите урбанистички прописи и човечки потреби. Процесот со мораториум од самиот старт го поддржавме и ценевме дека истиот ќе даде резултати кои ќе бидат во корист на сите во општеството. Добивме процес, предлог, нетранспарентен, интерен и очекуваме дека на крајот истиот ќе заврши со силни аргументи и докази како институцијата работела и што работела за да жртвува период од две години без право на градба на најважните ДУП-ови во општината, ќе покаже резултат и ќе понуди аргументи дека врз база на ревидирање на ДУПовите обезбедила подобри услови за живот на населението. Од друга страна, наша обврска и задача е да овозможиме и поддржиме непречена градба, а со тоа да им овозможиме на компаниите да работат и заработуваат. Ценам дека токму идеална средина меѓу гореспоменатите две работи е она што треба да се случи. Не интензивна градба, планска, слободен простор со многу зеленило и можност за рекреација. Најсреќни ќе бидеме кога во одреден регион градежниците ќе бараат 10 – 20 отсто повеќе градба. Мое мислење е дека тогаш ќе го достигнеме идеалот за кој се трудиме.


ПОРТА


архитектура

Втор добитник на најзначајната награда во архитектурата, кој дал придонес кон обновата на Скопје Неговите способности биле презентирани преку мајсторство во интерконтинентален дијапазон на технологии за градба, интерпретација на локацијата и контекстот, и вниманието врз деталот

Ark, Nova

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон) а 5.3.2019 година во Чикаго, САД, истакнатиот јапонски архитект, урбанист и теоретичар, Арата Исозаки (Arata Isozaki), беше прогласен за добитник на овогодишната, 2019 Прицкерова награда за архитектура (2019 Pritzker Architecture Award). Ова награда која се смета за највисокото меѓународно признание во доменот на архитектурата, е воспоставена од страна на Хајат Фондацијата во 1979 година, а со неа секоја година се оддава признание на жив архитект кој континуирано и значително придонел за човештвото и изградената средина преку

Н

20

ПОРТА

29 март 2019

архитектурата. Овогодишниот добитник Исозаки бил роден во Оита (Oita), Јапонија, во 1931 година каде што се стекнал со основно и средно образование. Тој своето образование го продолжил на Универзитетот во Токио каде првин дипломирал на Одделот за архитектура при Факултетот за инженерство во 1954 година, а потоа и докторирал. По ова тој ја започнал својата стручна пракса во бирото на Кензо Танге (Kenzo Tange), кој е исто така добитник на Прицкеровата награда во 1987 година. Во 1963 година господинот Исозаки го оформил своето биро „Арата Исозаки и соработници“ (Arata Isozaki & Associates) преку кое првин работел на проекти во Фукуока (Fukuoka), градот во којшто живеел, за потоа своето

делување да го продолжи во Гунма (Gunma), Осака и Токио. Преку својата прва меѓународна нарачка за Музејот на современа уметност (Museum of Contemporary Arts, 1981-1986) во Лос Анџелес тој веќе во 1980-те години се пројавил како меѓународен лидер во доменот на архитектурата со оглед дека успеал да покаже светска визија која била пред времето и овозможила дијалог помеѓу Истокот и Западот. Неговото творештво досега резултирало во над сто реализирани објекти ширум светот, а тој сè уште делува од Окинава со бироа во Јапонија, Кина, Италија и Шпанија. Неговите дела се презентирани на поголем број меѓународни соло изложби во Лос Анџелес, Токио, Њујорк, Болоња, Ротердам,


АРАТА ИСОЗАКИ ДОБИТНИК НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА 2019 ГОДИНА ова тој растел во разрушена средина каде што немало архитектура, згради или градови. Оттука, за Исозаки првото искуство од архитектурата всушност било отсуството на архитектурата, коешто го натерало да почне да размислува како луѓето можат да ги обноват своите домови и градови. На овие животни искуства се поврзува и неговата теорија дека објектите треба да ги задоволат сетилата на корисниците коишто во моментот поминуваат низ или пак околу зградите коишто се само од (при)времен карактер. Окупацијата на Јапонија од сојузничките сили по Втората светска војна во најголема Лондон, Барселона, Солун, Торино, Порто, Пекинг, Шангај и Гуангзу (Guangzhou). Како гостин-професор на повеќе универзитети во САД, вклучително со Колумбија, Харвард и Јел, и други земји тој придонесол и кон образованието на идните генерации на архитекти. ДОБИТНИК И НА ДРУГИ НАГРАДИ За своите постигнувања во доменот на архитектурата Арата Исозаки е добитник и на поголем број на награди помеѓу кои се истакнуваат: Годишната награда на Архитектонскиот институт на Јапонија (1967 и 1975), Златниот медал за архитектура на Кралскиот институт на британски архитекти (1986), Златниот лав на Биеналето на архитектура во Венеција (1996), Офицер на Редот за уметност и книжевност на Франција (1997), Големиот крст на Редот за цивилни заслуги на Шпанија (1997), Орден за заслуги на Република Италија (2007), како и Наградата за животно дело Величествениот Лоренцо на Биеналето во Фиренца (2017). Тој бил почесен член на Кралската академија на уметности (Велика Британија, 1994) и Американската академија за уметност и книжевност (1998), и член на Јапонската академија на уметности (2017). Веројатно како особено признание се смета и фактот дека овогодишниот лауреат на Прицкеровата награда, бил и член на првото жири за доделување на оваа награда во 1979 година и останал во таа улога во текот на наредните пет години. За да може подобро да се разбере пристапот и творештвото на овогодишниот лауреат потребно е да се разбере и контекстот во којшто тој се развивал. Неговиот роден град Оита се наоѓа на североисточниот дел на јужниот јапонски остров Кјушу (Kyushu). Како дете, тој во 1945 година бил современик на Втората светска војна и на експлозиите на атомските бомби во Хирошима (лоциран околу 149 км североисточно) и Нагасаки (лоциран околу 171 км југозападно) од Оита. Како резултат на

мерка завршува во 1952 година кога тој бил студент. Како резултат на ова Јапонија си ја вратила сувереноста, но со тоа се истакнала и потребата за обнова на од војна разурнатата земја во период на повоената политичка, економска и културна несигурност во земјата. Оттука лауреатот вели дека „За да се најде најсоодветнииот начин да се разрешат овие проблеми, јас не можев да се фокусирам на единствен стил. Промената стана константна. Парадоксално, ова стана мојот личен стил“. Регионалната библиотека во Оита (Oita Prefectural Library, 1962-1966), подоцна Музеј на современа уметност, Лос Анџелес, 1981-1986

Музеј на современа уметност, Гунма, Jaпонија 1971-1974 ПОРТА

21


Палау Сант Хорди, Барселонa, 1983-1990

Кула Мито, Ибараки, Јапонија, 1986-1990

Јубилејната сала на Нара, Јапонија,1992-1998

ПОРТА

преименувана во Оита уметнички плоштад (Oita Art Plaza), била една од првите реализации на Исозаки и дел од поголемиот план којшто ја нагласувал неговата теорија за „архитектура која расте“ и претполага дека градот никогаш не треба да остане статичен, туку дека треба да расте и еволуира. Аналогијата со човечкото тело била инспирација за организација на објектот главно обработен во натур бетон, преку која се создава средина на светлина и темнина преку кровните светла и прозорците. СИТЕ ПРОЕКТИ НА ИСОЗАКИ Прв реализиран музејски објект на којшто лауреатот работи е Музејот на современа уметност во Гунма (Museum of Modern Art, Gumna, 1971-1974), Јапонија, базиран на неговиот концепт на „уметничка галерија како празнина“. Објектот се состои од систем на коцки коишто го оформуваат примарниот правоаголен волумен на објектот со две проектирачки крила исфрлени од истиот. Концептот на коцката се протега на внатрешните простори како фоајеата и галериите, но и на надворешните простори вклучително со базенот во којшто се рефлектира објектот. Оригиналниот геометриски пристап бил применет во континуитет и во рамките на доградба на ресторан (1994) и галерија за современа уметност (1997). Решението за Централната библиотека на Китакјушу (Kitakyushu Central Library, 19731974) во Фукуока, Јапонија, било инспирирано од проектот на Етиен-Луис Буле (Étienne-Louis Boullée) од 1785 година за Француската национална библиотека (French National Library). Во овој објект Исозаки успеал да реализира модерна интерпретација на неокласичен свод во префабрикуван бетон. Двата свода на објектот почнуваат да се развиваат паралелно пред да почнат да се закривуваат одделно. Овие сводови се во контраст на правоаголните прозорци под должината на фасадите. Зградата на Цукуба центарот (Tsukuba Center Building, 1979-1983) во Ибараки (Ibaraki), Јапонија, се наоѓа во еден од првите повоени градови во Јапонија и е јавен комплекс во чијшто состав се наоѓа концертна сала, информативен центар, хотел, ресторан и трговски центар. Тука, во еден комплекс се сместени сите услуги потребни да се оживее новиот град. Самиот објект е проектиран да асоцира и на урнатини и на обнова, при што фокусот на објектот е вкопаниот плоштад. Фасадите на комплексот којшто гледаат на плоштадот завршно се обработени со контрасни материјали како алуминиум и бетон, рапав и мазен гранит, како и полирани и неполирани (керамички)


плочки. Првиот меѓународен проект на Исозаки, Музејот на современа уметност во Лос Анџелес, е карактеристичен по предизвиците на дадената локација. Ова резултирало во вкопан објект од црвен песочен камен којшто е во контраст на високите објекти којшто го опкружуваат. Библиотеката со полуцилиндричен свод и пирамидите обложени со бакар се дел од трите нивоа на објектот над теренот, додека посетителите се насочени да се движат надолу кон подземните галерии коишто се протегаат на четири нивоа под теренот околу објектот. Палау Сант Хорди (Палата Сант Хорди / Palau Sant Jordi, 1983-1990) сè уште е најголемата затворена спортска сала во Барселона изградена во рамките на Летните олимписки игри во 1992 година. Лоцирана на брдо, повеќенаменската градба делумно е вкопана за да се намали профилот на објектот со капацитет од 17.000 лица. Масивната купола на објектот е карактеристична по своите конвексни прозорци и била изградена на ниво на теренот пред да биде искачена до проектираното ниво во рок од дваесет дена. Куполата се издига околу 45 метри над подот на арената при што кровот го затвора пространиот внатрешен простор којшто и покрај големината на куполата остава чувство на леснотија. Локални материјали како тула, плочки, цинк и травертин биле користени за завршната обработка на објектот. Уметничката кула Мито (Art Tower Mito, 1986-1990) во Ибараки, Јапонија, била изградена во чест на стогодишнината од Мито, како културен комплекс со театар, сала за претстави и уметничка галерија. Препознатливата тетрахеликсна кула била инспирирана од Бескрајниот столб (Endless Column) на Константин Бранкуси (Constantin Brancusi) од 1938 година и се состои од 56 триаголни панели со различни ориентации. Јубилејната сала на Нара (Nara Centennial Hall, 1992-1998), Јапонија, била изградена во чест на стогодишнината на општината. Исозаки победил на меѓународниот конкурс за овој објект којшто ги спојува минатото, сегашноста и иднината. Објектот е проектиран како независен монолит во одговор на локацијата, парцелата и ориентацијата, при што проектот преку закривената форма и сивите керамички плочки оддава почит на значајниот Тодаиџи храм (Todaiji Temple) од 734 година кој се наоѓа во близина на новоградбата. Внатрешноста на објектот е проектирана како повеќенаменска и овозможува да ги задоволи потребите за различни настани, собири и конференции.

Домус: Ла Каса дел Омбре , А Коруња, Шпанија, 1993-1995

Керамичкиот парк Мино, Гифу, Јапонија, 1996-2002

Домус: Ла Каса дел Омбре (Домус: Куќа на човекот / Domus: La Casa del Hombre, 19931995) во А Коруња (A Coruña), Шпанија, е интерактивен музеј на науки посветен за истражување на човештвото. Објектот е лоциран на бивш каменолом со поглед кон заливот. Фасадата на објектот со ориентација кон морето оформува закривен заштитен ѕид во форма на едро или школка обложена со панели од шкрилец, додека надворешниот ѕид на спротивната страна е изработен од локален гранит во форма на латинската буква „z“. Керамичкиот парк Мино (Ceramic Park Mino, 1996-2002) во Гифу (Gifu), Јапонија е музеј за керамика кој вклучува изложбени простори, сали за конференции, куќички за чај и јавна работилница. Објектот е лоциран во рамките на каскадна долина на начин да

истиот претставува продолжување на топографијата преку надворешни тераси, платформи за набљудување и висечка стаклена фасада, при што ја сочувува постојната вегетација во опкружувањето на објектот. Две стаклени кутии коишто се издигаат од објектот даваат идеја за тоа што се случува во внатрешноста. Регионални материјали како тули и керамика се користени низ објектот. Конструкции во форма на клатно и суспендирани столбови ги обезбедуваат галериите од земјотреси и истовремено ги штитат музејските експонати. Стадионот за хокеј (Ice Hockey Stadium, 2002-2006), преименуван во Пала Алпитур (Pala Alpitour) во Торино, бил проектиран за Зимските олимписки игри во 2006 година. Стадионот со капацитет од 12.000 места бил развиен според концептот за „невидлива 29 март 2019

ПОРТА

23


Националниот центар за собири на Катар, 2004-2011 архитектура“. Објектот го почитува контекстот на своето опкружување преку вкопување на два од четирите ката на објектот со што вкупната висина на објектот над нивото на теренот е комплементарна со соседниот стадион изграден за светскиот фудбалски натпревар во 1934 година. Надворешноста на објектот е од челик којшто не ’рѓосува во комбинација со стакло коешто му дава сјај на објектот во текот на денот и ноќта. Внатрешноста на објектот е опремена со седишта на извлекување и подвижни платформи коишто овозможуваат еволуција на просторот за објектот да може да се

користи и за други спортски натпревари, концерти и средби. Кулата Алианз (Allianz Tower, 2003-2014) во Милано е една од највисоките облакодери во Италија, и како таква претставува нов репер во Милано. Тесната 50-катна зграда ја нагласува вертикалата на објектот, при што надворешната висечка фасада со тројно застаклување била поделена во хоризонтални шесткатни сегменти со заокружена форма со цел да се намали рефлексијата на сончевите зраци од фасадата на објектот додека истата овозможува пристап на природната светлина која ја осветлува внатрешноста на објектот.

Закривената форма на шесткатните сегменти создава чувство на движење по висината на фасадата. Двете долги фасади на објектот се придржуваат со наклонети столбови со златеста боја чија функција е да се спротивстават на сеизмичките осцилации. Внатрешната конструкција овозможува флексибилни канцелариски простории. Проектот е изработен во соработка со италијанското биро на Андреа Мафеи (Andrea Maffei). Националниот центар за собири на Катар (Qatar National Convention Center, 20042011) во Доха (Doha) е еден од најголемите Сала на шангајската симфонија, 2018-2015

ПОРТА


изложбени центри на Блискиот Исток со капацитет за 10.000 лица во три главни сали и флексибилни сали за состаноци. Надворешноста на објектот се повикува на две дрва инспирирани од Сидрат ал Мунтаха (Sidrat al-Muntha). Станува збор за свети муслимански дрва коишто го симболизираат крајот на седмиот рај. Овие две изградени дрва ја обиколуваат фасадата на објектот и ја носат стреата на објектот. Преку внимателен проект и примена на најсовремените технологии за заштеда на водата и енергетска ефикасност, објекот има постигнато егземпларни резултати во доменот на одржливоста. Салата на шангајската симфонија (Shanghai Symphony Hall, 2018-2015), била отворена во 2014 година за да се одбележи 135-годишнината на најстариот во Азија, Шангајски симфониски оркестар. Проектот бил изработен во соработка со акустичарот Јасухиша Тојота (Yasuhisha Toyota) особено во однос на проектот за двете сали со капацитет од 1.200 и 400 места каде преку примена на најновите технологии и соодветни материјали била постигната исклучително избалансирана акустика. Објектот е лоциран во срцето на Француската концесија во Шангај и се наоѓа над локалната метро линија, како резултат на што било неопходно објектот да се постави на амортизери за да се заштити од вибрациите на метрото. Внатрешните рефлективни плочи се прекриени со плетен бамбус, додека подовите на бината се изработени од дрво од Хокаидо. Блокови од бела теракота и кинеска градина ја нагласуваат надворешноста на објектот. Новиот арк за Луцернскиот фестивал (Lucern Fesival Ark Nova) е подвижен објект проектиран од Аниш Капур (Anish Kapoor) и Арата Исозаки, како одговор на природните катастрофи, а по нарачка на Луцернскиот фестивал. Објектот е во форма на орбита изработена од полиестерска мембрана обложена со поливинил хлорид на надувување која може лесно да се транспортира од една на друга локација. Оригинално објектот гостувал во Мијаги (Miyagi), регионот на Јапонија погоден од Тохоку (Tohoku) земјотресот и цунамито од 2011 година. Во 2015 година гостувал во Фукушима, Јапонија, а во 2017 година во Токио. Мобилниот објект може да овозможи претстави од различен вид за публика до 500 места и е станат симбол на духот на обновата. Се разбира невозможно е на само неколку страници да се прикаже скоро 60-годишниот

опус на истакнатиот архитект, урбанист, теоретичар и добитник на Прицкеровата награда за 2019 година Арата Исозаки. Истовремено, би било несоодветно да не се споменат два проекта од почетокот на неговата професионална кариера. Неговиот проект Град во воздухот (City in the Air) од 1960 години претставува рано истражување за нова визија на градот каде повеќеслоен град се надвиснува над традиционалниот град кој се наоѓа на теренот. Оттука со право може да се каже дека опусот на Исозаки е хетероген и следува патека која тој сам си ја поставил, без да ги следи трендовите во архитектурата. Скопје и нашата земја треба да се горди на оваа награда на Исозаки, преку која тој е вториот добитник на Прицкеровата награда по Кензо Танге, којшто со своето дело дал придонес кон обновата на Скопје по земјотресот во 1963 година. Имено Арата Исозаки бил член на проектанскиот тим на Кензо Танге којшто во 1965 година работел на Урбанистичкиот план на централното градско подрачје на Скопје. Арата Исозаки се смета за визионер во рамките на своите меѓународни современици и

се истакнува со својот напреден пристап, посветеност кон уметноста на просторот и транснационалниот методолошки пристап, и придонесот кон реинтерпретацијата на глобалните влијанија во архитектурата. Неговите способности биле презентирани преку мајсторство во интерконтинентален дијапазон на технологии за градба, интерпретација на локацијата и контекстот, и вниманието врз деталот. Во дел од образложението за доделување на Прицкеровата награда за 2019 година на Арата Исозаки се вели: „Поседувајќи исклучително познавање од историјата и теоријата на архитектурата, и прифаќајќи ја авангардата, тој никогаш не повторува статус кво, туку неговата потрага по осмислена архитектура се рефлектира во неговите објекти кои до денес, ги одбиваат стилистичките категоризации и континуирано еволуираат, и секогаш се свежи во нивниот пристап“. „Тој ја надминува рамката на архитектурата за да постави прашања коишто ги надминуваат ерите и границите“.

Кула Алианз, Милано, Италија, 2003-2014

ПОРТА


архитектура

НАЈДОБАР ОБЈЕКТ ВО ШВАЈЦАРИЈА ЗА 2018 ГОДИНА

Куќа стара 300 години адаптирана за денешни услови Најдобриот објект во Швајцарија е селска куќа стара повеќе од 300 години реконструирана, обновена, адаптирана за денешните потреби и конзервирана во првобитниот изглед

Натка ЌОСЕВА, дипл. инж. арх. енес, во 21 век со развојот на новите технологии се појавија и нови градежни материјали и конструкции кои ги надминуваат сè повеќе можностите и границите во архитектурата и градежништвото. Скоро секоја замисла може и да се реализира. Гледаме сè повеќе објекти изградени со новите технологии и градежни материјали, кои придонесуваат за развојот на архитектурата и градежништвото во рамки кои во 20 век не можеа да се замислат и реализираат. Границите на можното секој ден се надминуваат. Најдобриот објект во Швајцарија за 2018 година е селска куќа стара повеќе од 300 години реконструирана, обновена, адаптирана за денешните потреби и конзервирана во првобитниот изглед. Автор на оваа прекрасна реконструкција е

Д

26

ПОРТА

29 март 2019

младиот архитект Андреас Пизас, кој има свое проктанско биро во Цирих, а досега работел и на други реконструкции на стари куќи и други објкти. Што го прави неговиот дизајн толку впечатлив и му помогна да победи и да добие најмногу гласови меѓу останатите 50 објекти кои се натпреваруваа за најдобар објект во 2018 година во Швајцарија? Андреас Пизас верува дека старите објекти повторно ќе си го најдат патот и местото во иднината. Дизајнот на старите објекти, како најголем дострел на занаетчиството во минатото, градени рачно и претежно од дрво се одраз на традицијата и стариот начин на градење, но се одржливи и во денешно време и можат да се пренаменуваат за денешниот начин на живеење. Ова не е знак на ретро-романса или заостанатост. Ова се возбудливи промени кои зрачат со убавина и функционалност. Честопати

различни временски слоеви доаѓаат заедно и создаваат нови моќни ткива. Нови свежи современи идеи и стариот вокабулар (старите занаети) се дополнуваат успешно и симпатично. Куќата се наоѓа во југозападниот дел на кантонот Цирих во местото Уерзликон. Уерзликон се смета за традиционална селска населба во која куќите се заштитени со закон и имаат историско значење. Сите куќи во тоа село треба да се сочуваат и заштитат во првобитниот изглед, а по потреба да се адаптираат за денешните потреби. Во 2011 година куќата била скоро урната. Кантоналната власт заедно со одделот за просторно планирање интервенирале куќата да се обнови. Општината Копел во која се наоѓа куќата, наредила да се изврши проценка на куќата од овластен проценител и склучила договор со сопственикот на куќата за нејзина реконструкција, обнова и адаптација. Во договорот, меѓу другото, пишува како да се


врати куќата во првобитниот изглед и што мора задолжително да се почитува и задржи при реконструкција на истата. Мора да се сочува надворешниот изглед како што бил, да се сочува основната дрвена внатрешна скелетна конструкција, бондрук конструкцијата на фасадата, внатрешните дрвени скали и дрвената кровна конструкција. Куќата има подрум, приземје, кат и поткровје кое никогаш не било во употреба. Просторот може да се реновира и да се искористи целосно. Многуте анализи покажале дека куќата има просторни можности повторно да се стави во функција. Куќата е адаптирана од еднофамилијарна селска куќа во куќа со три стана за издавање. Секој стан има посебен влез, а влезовите се на три различни страни. Два стана се проектирани на две нивоа во приземјето и првиот кат. Едниот стан е со една спална соба, а другиот стан е со три спални соби. Третиот стан е во поткровјето, во простор кој претходно не се користел за живеење. До него се доаѓа со посебни скали од приземјето. Тоа е стан со една спална соба и една мала галерија. Сите простории во становите се природно осветлени и проветрени па дури и сите бањи и кујни. Осветлувањето е со прозорци поставени на сите четири страни. Во поткровјето за да се добие повеќе светлина и природно проветрување во поткровјето се изведени прозорци – баџи. На едната челна фасада (источната) во поткровјето фасадата и двете балконски врати се обложени со тенок перфориран алуминиумски лим, така што преку ден се гледаат само четири прозорци, а навечер, кога куќата е осветлена однатре, се

29 март 2019

ПОРТА

27


гледаат и балконските врати. Овој перфориран алуминиумски лим е единствениот современ и иновативен материјал употребен при реконструкција на куќата. Главно се користени материјали кои не се сметаат за современи и иновативни, туку потрадиционални како дрво, камен, малтер, ќерамида. На прв поглед куќата изгледа како една крпеница или како што вели авторот „пачворк куќа“. Но, кога малку ќе ја разгледате ќе заклучите дека тоа е една прецизна и убава

28

ПОРТА

29 март 2019

интервенција. Младиот Пизас со оваа реконструкција покажал големо познавање на градежните материјали и деталите, а исто така покажал огромен респект кон традицијата и традиционалниот занаетчиски начин на градење. Некои од старите занаети ги применил и при реконструкцијата. Се гледа дека дизајнот на реконструираната куќа е направен со голема љубов, завршен е со голема прецизност и респект кон историските содржини. Од една скоро урната и руинирана куќа,

сопственикот добил прекрасна традиционална, но многу современа и убава куќа. И старите селски куќи имаат иднина и убавина. Животниот век може да им се продолжи и да функционираат одлично и во денешни услови, а тоа најдобро може да се види од овој убав пример на реконструирана, адаптирана и обновена селска куќа, стара повеќе од 300 години. И со овој пример на реконструкција на стар објект границите на можното се надминуваат.


ПОРТА


архитектура

УБАВИ ГРАДОВИ... ГОЛЕМИ АРХИТЕКТИ... ЗНАЧАЈНИ ОБЈЕКТИ...

Астана – град во степата

Нов надреален град лоциран во срцето на Евроазија, град на иднината, кој излегува од неплодната степа на север од земјата. Град во чија изградба учествуваат многу познати светски архитекти... Љупка ДУКОВСКА, дипл. инж. арх. стана е прв нов главен град во 21 век... Град со радикални дизајни и инвестиција од милијарди, милијарди долари... „Град на мирот“, титула која УНЕСКО му ја додели во 1999 година. Идејата за формирање нов главен град му припаѓа на претседателот на Казахстан, Нурсултан Назрбаев. Во 1994 година, Врховниот совет на Републиката, решава да го премести главниот град на државата од Алмата во градот Акмола. Официјално од 1998 година, Акмола е преименуван во Астана, (казахстанската титула „Астана“ значи главен град).

А

ПЕРИОД НА ГОЛЕМИ ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ... По добивање на статус на главен град и организација на посебна економска зона „Астана – нов град“, градот почнува да расте. И денес, после дваесет години, станува втор град по големина во земјата. 30

ПОРТА

29 март 2019

Во изминатите 20 години се одвиваат големи архитектонско-градежни активности. Архитектонскиот концепт на градот е базиран на идејата на Назарбаев, специјалниот евроазиски стил на Астана, хармонично да се комбинира со културната традиција од Истокот и Западот. Во 1998 година Владата на Казахстан за изработка на урбанистичко решение за новиот град, на меѓународен натпревар, побара учество на светски познати урбанисти. Првата награда ја доби познатиот јапонски архитект Кишо Курокава (Kisho Korokawa, 1934 - 2007), кој стана автор на генералниот план на главниот град. Предлогот на Курокава беше да се сочува и реконструира стариот град и да се создаде нов град на југ и на источната страна на реката Ишим, создавајќи симбиоза на историјата и иднината. За реализацијата на новиот град ангажирани се повеќе познати светски архитекти. Англискиот архитект Норман Фостер е проектант на некои од објектите... Изградени се 10 милиони м2 станбени објекти, многу општествени, трговски, културни објекти... Стотици компании од

Казахстан и странство работеа на изградбата на Астана. НОРМАН ФОСТЕР ВО АСТАНА Фостер+Партнери изградија неколку нови објекти во Астана, кои станаа симболи на градот. Во овој текст ќе се осврнам на некои од нив. - Khan Shatyr Center (2006 - 2010) Центарот Кан Шатир е објект во облик на шатор, кој е традиционална форма во историјата на номадската градба на Казахстан. Се наоѓа на северниот крај на новата градска оска и претставува највисока затегната структура во светот. Издигајќи се 150 м, од елиптична основа (200 х 195 метри), го формира највисокиот врв во панорамата на Астана, со драматични погледи на градот и околните степи. Опфаќа површина од над 100 000 м². Содржи широк спектар на забавни и рекреативни простори, вклучувајќи малопродажба, кафулиња, ресторани, кина и флексибилни простори за изложби и други


разновидни настани и програми. Температурните разлики во Астана се големи (+40ºС во лето и -40ºС во зима). Трослојната ETFE-обвивка на шаторот специјално дизајнирана, со лесно, економично и термички ефикасно решение, штити од екстремните временски услови и овозможува дневно светло во ентериерот. Клучен предизвик бил да се спречи создавањето на мраз на внатрешноста на обвивката во зима, што се постигнува со комбинација на контрола на температурата и насочување на топли воздушни струи. Во лето се насочува ладен воздух, а отворите на врвот предизвикуваат природна вентилација на просторот. Постојната топографија на локацијата е искористена за формирање на тераси и воден парк. - Palace of Peace and Reconciliation (2004 – 2006) Првиот Конгрес на лидери на светски и традиционални религии се одржа во Астана во септември 2003 година. Претседателот на Казахстан, поддржан од успехот на Конгресот, одлучи да го направи тригодишен настан. Палатата на мирот е проект замислен како постојано место на Конгресот на лидери на светски и традиционални религии. Како

глобален центар за религиозно разбирање, промовирање на верата, откажување од насилството и човекова еднаквост. Освен што ги претставува религиите во светот, Палатата содржи образовни установи, национален центар за различни етнички и географски групи во Казахстан... Оваа програмска разновидност сместена е во објект со чиста форма на пирамида со основа 62 х 62 метри,

висина од 62 метри, површина од 35 000м², поддржана од четири наклонети столбови „раце на мирот“. Просторно таа е организирана околу зголемен централен атриум. Фрлената светлина создава чувство на континуитет од најниското до највисокото ниво. Обложена е со камен и делови од стакло кои алудираат на различните внатрешни функции. На врвот има витраж 29 март 2019

ПОРТА

31


надминува и ИМ Пеи пред влезот во Лувр една друга значајна пирамида од поновиот период.“

изработен од познатиот британски уметник Брајан Кларк (Brian Clarke, 1953 кој работи со стакло, со витражи... и кој соработува со најголемите современи архитекти). Лифтови ги носат делегатите до Собраниската сала која е сместена на врвот на пирамидата. Изградбата на објектот требала да биде брза. Палатата да биде завршена за вториот конгрес во 2006 година. Посебен предизвик била климата во Астана и големите температурни разлики. Поради овие барања развиено е конструктивно решение со 32

ПОРТА

29 март 2019

користење на префабрикувани компоненти, кои можат да се произведат во текот на зимските месеци, а да се монтираат во текот на летото. Целиот процес е завршен за 21 месец. За неа Тајмс напиша: „Долгиот пристап до влезот, осветленоста, грандиозноста и симетричната поставеност делуваат неземско, духовно. Таа е половина од висината на Кеопсовата пирамида, која до 14 век, речиси 4000 години, била највисока градба во светот. Со својата импресивност ја

- Abu Dhabi Plaza, Astana (2010 – 2020) Абу Даби Плаза треба да биде едно од најважните обележја во градот, највисок објект во Централна Азија и да воспостави нови стандарди за развој на станбени и мешани потреби во Казахстан. Тоа е интегриран проект за мешана употреба кој Алдар Проперти (Aldar Properties, инвестициона градежна компанија со седиште во Абу-Даби, Обединети Арапски Емирати) го развива во Астана. Дизајнот на проектот е на Фостер + Партнери, а HKR Architects се ангажирани како водечки консултанти за дизајн (Lead Design Consultants). Овој проект од 16 милијарди долари, предвидува малопродажен, рекреативен и хотелски дел во базата, која се издига и формира деловни и станбени кули на север, со различна висина и со површина од 500 000м². Се добиваат 568 луксузни станови, 107 490 м² деловен простор и 25 300 м² малопродажен простор. Содржи јавен простор, елементи на традиционален пазар во духот на историското наследство и традиционалните чаршии на Казахстан и железничка станица. Највисоката зграда ќе биде висока 382 м, 75 ката и четири нивоа под земја, за паркирање на повеќе од 4 000 возила. Во подрумот се вклучени и технички простори за механички, електрични и водоводни инсталации. Во објектот ќе има здравствени простории, базен и спа-центар. Лоциран по зелената оска на Астана вклучува серија умерени зимски градини и мрежа на заштитени пешачки патеки низ локацијата. Помеѓу објектите ќе има светлосни шахти во боја, кои ќе овозможат светлината да навлезе длабоко во зградите. Со користење на ламинирани стаклени панели, во долните простории ќе се создава динамична игра на светло и сенка. Поради екстремната локална клима и ригорозниот процес на анализа на климата, дизајнерскиот концепт, предвидува решение со кое максимално ја користи соларната добивка во постудените месеци, со иновативен термички систем за собирање топла вода на јужната фасада. Северната фасада е силно изолирана. Со одржливите карактеристики на објектите, преку инсталирање на ефикасни системи за греење и климатизација, оптимизирање на фасадни системи... се очекува да се постигне намалување на енергијата помеѓу 14 % и 20 %. Околу 50 % од дрвото што ќе се користи ќе биде сертифицирано од Советот за управување со шуми (FSC). Постојниот инсталиран материјал може да се рециклира помеѓу 10 % и 20 %. Секоја поединечна


рокови, успешно реализира илјадници километри. Продолжува да учествува во изградбата на патиштата низ Казахстан, заедно со други домашни и светски компании (од Турција, Азербејџан, Италија, Германија, Иран...).

компонента на зградата има добиено LEED V3 Core & Shell сертификација. ЕКСПО 2017 Астана беше домаќин на првиот светски саем Експо 2017, одржан во Централна Азија. Темата на изложбата беше „Eнергија на иднината“, а нејзиниот централен павилјон „Нур Алем“ (Светлечки свет), со дијаметар од 80 м и висина од 100 метра, стана најголем сферичен објект во светот. Овој најзначаен објект на изложбата, енергетски музеј на иднината, стана симбол на Астана. На меѓународниот архитектонски конкурс за најдобра идеја за изложбениот комплекс ЕКСПО 2017, учествуваа повеќе од 100 компании (вклучувајќи ги Zaha Hadid Architects, UN Studio, Snohetta, HOK I Himmelb(l)au). Победи фирмата Adrian Smith + Gordon Gill Architecture од Чикаго. Изведбата беше на швајцарската компанија IT-Engineering. На изложбата учествуваа 115 држави и 22

меѓународни организации, а ја посетиле 4 милиони луѓе од кои 0,5 милион дојдени од други држави. АДИНГ ВО КАЗАХСТАН Македонската фирма Адинг, со своите производи е постојано присутна на градежниот пазар во Казахстан. Во 2007 година се преземаат грандиозни потфати за изградба на инфраструктурна мрежа низ Казахстан (во 2010 година започнува изградбата на делот низ Казахстан на транзитниот коридор „Западна Кина-западна Европа“, траса долга 2 787км, а во 2012 – 2013 година започнуваат грандиозни финансиски и градежни зафати на насоките Астана – југ, Астана – исток, Астана – запад). Адинг во 2008 година се вклучува во првиот проект, каде пласира адитиви за бетон и учество на стручни лица во изградбата. Со современа технологија, употреба на најмодерна техника, моќна градежна механизација, кратки временски

20 ГОДИНИ ПОТОА... МНОГУ СИМБОЛИКА И МИТОВИ... Новиот главен град на Казахстан, Астана се гради, развива и расте во изминатите 20 години. Се реализира проект вреден повеќе милијарди долари во кој се вклучени светски познати архитекти кои создаваат дела инспирирани од традицијата, од египетскиот и арапскиот дизајн. Многу симболика и митови. На некого му се допаѓа, на некого не... но влегоа во историјата, а обезбедија и големо поле на работа... Бројноста на населението се зголеми од 270 илјади луѓе во 1996 година, до 700 илјади во 2011 и сега над 1 милион луѓе. Астана денес, лоцирана во срцето на Евроазија, е место на бројни меѓународни настани. Во 2011 година беше домаќин на 7мите азиски зимски игри, во 2017 година на ЕКСПО 2017, Конгресот на лидери на светски и традиционални религии, а Астанскиот економски форум и други форуми редовно се одржуваат во градот... Неколку часа откако Нурсултан Назарбајев објави дека се повлекува од позицијата претседател на Казахстан, по само триесет години, новиот претседател, Касим-Зомарт Токајев, предложи главниот град на земјата да се преименува. Новиот претседател на Казахстан потпишал указ за преименување на престолнината. Се преименува Астана, престолнината на Република Казахстан, во Нурсултан.

ПОРТА

33


ALUKЦNIGSTAHL ГИ ПРЕТСТАВУВА .. НАЈИНТЕРЕСНИТЕ НОВОСТИ ОД SCHUCO, ПОКАЖАНИ НА ИЗЛОЖБАТА BAU 2019 ВО МИНХЕН Schüco и оваа година ги претставија своите уникатни иновации и подобрувања во сферата на профилните системи за фасади, прозорци и врати, автоматизација и сигурност. Томас Лаурицен од Schüco International KG изјавува, дека во споредба со изложбата од 2017 година има повишен интерес кон понудените од Schüco продукти от страна на посетителите и значајно е повишен интересот од интернационалните гости. Основните теми на изложбата се дизајн, акустика и дигитализација. НОВИ ФАСАДНИ СИСТЕМИ

Schüco AF UDC 80 е нова динамична елементна фасадна платформа со висока слобода на дизајн за реализирање на индивидуални објектни решенија – можности за дизајн со стакло или со непроѕирни елементи – од ламарина до природен камен, разместено поставени или во една рамнина. Има варијанти со целосно стаклен изглед, како и со вградено крило за проветрување кое не се разликува од фиксните елементи. елементи.

Новиот фасаден систем Schüco FACID Freestyle е со можност за тродимензионални форми на текстилот и служи за надворешна обвивка и заштита на зградата, без попречување на навлегувањето на светлина. Со нејзина помош може естетски да се изедначат новите и старите градби, притоа без потреба од многу време и средства. Се одликува со флексибилност, долготрајност и сигурност на материјалите. 34

ПОРТА

29 март 2019

ЛИЗГАЧКИ СИСТЕМИ Лизгачките системи кои беа покажани како новост пред 2 години, Schüco ASE 60 и Schüco ASE 80.HI, сега веќе се достапни со мехатронскиот оков Schüco TipTronic – нова технологија за управување на лизгачки врати. Тежината на крилото може да достигне 600 кг и има дванаесет различни видови на отворање, со цел да се постигне максимална слобода на конфигурација и посакуваниот дизајн. При лизгачкиот систем Schüco ASE 67 PD има подобрување за максимална флексибилност и транспарентност, нов минималистички дизајн и отворање при кое крилото се сокрива во отвор интегриран во ѕидот. Лизгачкиот систем X-Sight Concept е со нов изглед на панорама дизајн, кој поставува нови стандарди во областа на дизанот и комфорот. Касата е сокриена во подот, таванот и ѕидовите. Преминувањето се случува без праг, а варијантите на отворање се многубројни, со два или три реда шини за лизгање.


ПРОЗОРСКИ СИСТЕМИ Системот Schüco AWS 75 PD.SI гарантира тенки видливи широчини и максимална транспарентност при алуминиумските елементи за природна вентилација – класичен прозорец, прозорска лента или вградување во висечка фасада. Во сите варијанти прозорскиот систем постигнува високо ниво на енергетска ефикасност.

АКУСТИКА “Вревата нѐ разболува” – открива новото истражување на World Health Organization за околната бучава во големите градови. Schüco се концетрира на овој проблем, нудејќи не само нови профили на прозорци кои изолираат голем дел од надворешната врева, туку и фасадни елементи кои го намалуваат нивото на звук и во околната средина - на улиците. Тоа се постигнува со помош на звуко – апсорбирачки материјали. За разлика од стандардните компоненти за звучна изолација, апсорбирачките компоненти впиваат звук наместо да го рефлектираат. Во процесот, клучни се перфорираната површина, како и воздушниот слој кој се наоѓа зад неа. Површината е вибрирана од звучните бранови кои влегуваат. Оваа вибрација е задушена од воздухот во шупливиот простор зад површината. Процесот резултира со рефлексија со помал интензитет – ниво на апсорпција на звук до 80%.

ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Темата за дигитализација беше опширно и многустрано застапена од Schüco. Марката претстави неколку нови платформи за дигитализација. Претставените софтвери се ориентирани кон ефективна соработка и управување на проекти по целиот синџир на процесот, прегледност, исполнети рокови, транспарентни задачи и документација. Со нивна помош се олеснува дигиталната врска и комуникација на сите специјалисти, без опасности од пропусти и грешки.

ALUKÖNIGSTAHL ВЕ ПОКАНУВА НА ПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА НОВОСТИТЕ ОД SCHÜCO, ПОКАЖАНИ НА ИЗЛОЖБАТА BAU 2019 ВО МИНХЕН. МЕСТО: ГЛАВНА САЛА ВО ПРОСТОРИИТЕ НА КОМОРАТА НА ОВЛАСТЕНИ ИНЖЕНЕРИ И АРХИТЕКТИ ТЕРМИН: 10.04.2019, 11:00h

АЛУКОНИГШТАЛ www.alukoenigstahl.com бул. „Св Климент Охридски“ 52/3 1000, Скопје Тел: +389 2 2778752 Моб: +389 71 365 320 e-mail: b.dimovski@alukoenigstahl.mk i.cimeshikj@alukoenigstahl.mk

ПОРТА


aрхитектура/урбанизам

ТАЖНА ПРИКАЗНА ВО ЦЕНТАРОТ НА ГРАДОТ

Сага за една улица На оваа улица требаше да седите во најубавите бистроа со поглед на улица, да го купите најубавиот сладолед, да купите убаво дизајниран предмет за подарок кој се разликува по својата единственост и оригиналност, сликовница за вашето дете, книга за вас, да влезете во книжарница каде има маса за читање, да видите камерна уметничка поставка во мала галерија, да ги сретнете вашите омилени писатели и уметници, да си одите со насмевка и збогатен дух „На почетокот поле, потоа куќи... улица, луѓе и сеќавања – носталгии. Овие генерации ја помнат како улица „Гоце Делчев“, одамна е заборавена како „Жупан Вилдовиќ“, „Позоришна“, „Престолонаследник Петар“. Некој ја растури и ја нарече „Максим Горки.“ Живко Поповски Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх. есто поминувам низ една улица која ниту е величествена, ниту има соодветна публика, но тука е долги години, во центарот на мојот град. Таа чува спомени од минатото во куќите од предземјотресно Скопје, во она што настанало непосредно по земјотресот, го чува споменот за берберот Цафуре, Клубот на книжевниците и уметниците – Јоле, хотелот „Македонија“. Но, со ништо не зборува за тоа. И тоа ништо секогаш е пред мене кога ја поминувам, запуштена, со паркирани автомобили, огради од градилишта, тивка, осудена на самување, без публика. Минатото како културен артефакт е незабележливо, а сегашноста ѝ е тажна. Таа е дел од центарот на градот, а тој е уште потажна приказна. Ми навираат сеќавања од едно време кога архитектурата ја сфаќавме како творештво, кога ентузијазмот и љубовта кон градот нè тераше да размислуваме како да создадеме нешто што ќе биде препознавање на сопствените културни вредности. Затоа сум предизвикана да ја раскажам мојата приказна за улицата „Максим Горки“. Настанокот на оваа улица се врзува со првите урбанизации на градот, а својата физиономија таа ја добива на почетокот на дваесеттиот век. Нејзиното конечно оформување е дело на повеќе автори кои до почетокот на Втората светска војна делуваат во состав на првите проектантски бироа. Силен печат врз карактерот на оваа улица ќе остави архитектот Иван Артемушкин, кој во тоа време има значајни остварувања во градот. Изборот

Ч

36

ПОРТА

29 март 2019


на типот на куќите за живеење ќе го направи тогашната клиентела - граѓанската класа, која ќе го „позајми“ веќе развиениот европски модел на градска куќа. Земјотресот во 1963 година предизвика делумни оштетувања и рушења, а реализацијата на Градскиот ѕид - пробивање и разбивање на физичката структура на улицата „Максим Горки“. Со Генералниот план од 1965 година дефинитивно се менува нејзината улога во ткивото на градот, а со воспоставување на нова сообраќајна мрежа ставена е пред дилемата: бришење или ремоделирање. Долгогодишната состојба на неизвесност ја доведе оваа улица до состојба на запуштеност. Сепак, постојниот фонд, делумно уништен, делумно реконструиран и неадекватно и ненаменски искористен, криеше голем потенцијал и површина што може да се добие со реконструкција и ревитализација на фондот во целина. Со оваа идеја во мај 1989 година Здружената самоуправна заедница за становање на Град Скопје и Основната заедница за деловен простор за станбено–деловен простор на Град Скопје, во соработка со Сојузот на друштвата на архитектите на Македонија, распиша јавен и

анонимен конкурс за изработка на архитектонско-урбанистичко уредување на улицата „Максим Горки“. По неколку месеци, жирито во состав Предраг Пенушлиски, Анте Поповски, Паскал Гилевски, Петар Мазев, Радомир Волињец, Живко Гелевски, Аспарух Смилевски, Димитар Димитровски, Панта Христовски, Ѓорѓи Симеонов и Боге Чижбановски им ја додели првата награда на арх. Душанка Шуловиќ и арх. Оливија Мојсова од тимот на проектантското биро „Македонија проект“. Ова е приказната за нашата улица „Максим Горки“ и за тоа што таа можеше да биде. Во таа 1989 година тој дел од улицата со широчина од 20 метри и должина од 192 метри, поплочен со камена коцка и тротоари со бетонски плочи во лоша состојба, се протегаше од плоштадот ,,Маршал Тито“ (денешен плоштад „Македонија“) до пресекот со улицата „Маркс и Енгелс“ (денешна „Васил Главинов“). Градскиот ѕид се јавуваше како нов завршеток во перспективата на оваа улица. На северниот фронт, почнувајќи од пресекот со улица „27 Март“ постоеја: деловниот објект на проектантско биро „Македонија проект“, три колективни станбени згради, една

административно-угостителска зграда и монтажен објект на тогаш популарниот бутик „Грација“. Сите овие објекти потекнуваа од педесеттите години и беа во релативно добра состојба. Претходно на овој фронт постоеле куќите на браќата Радуловиќ, Тошо Балваниевиќ и на браќата Читкушевиќ кои ѝ давале белег на улицата, но со текот на времето исчезнале. Северниот уличен фронт го обележуваа станбено-деловниот објект на хотелот „Македонија“, во чие приземје се беа распослале продавниците „Газела“ и „Коператива“, потоа имаше блок од три станбеноугостителски објекти, па празен простор со импровизирано детско игралиште, печатницата „Гоце Делчев“, блок од три станбено-деловни објекти на два ката градени во 1930 година, со дуќани во приземјето и на крајот еден станбен објект. Речиси сите објекти, со неколку исклучоци потекнуваа од периодот меѓу двете светски војни и беа изградени од мешан градежен материјал, со различни конструктивни системи. Карактеристика на улицата беа аголните завршетоци и кубето, кое како елемент на 29 март 2019

ПОРТА

37


аголот имаше улога на комуникациски репер во глобалната структура на градот. Линијата на плитки балкони поставени на приближно иста височина, тенденцијата на порамнување на венците и декоративните хоризонтални линии на фасадите, ја подвлекуваа перспективата на улицата. Фасадите на куќите беа малтерисани најчесто во окер-жолта, сивкасто-зелена и бордо боја. Оваа улица како урбан кадар во состав на централното јадро делуваше незабележително, без физиономија и адекватна намена. Со мојата колешка Оливија на конкурсното решение работевме цело лето, на годишен одмор не отидовме. Од поткровјето на „Македонија проект“ ја набљудувавме и ја промислувавме улицата онаква каква што сакавме да биде. Изработивме темелна студија на база на достапните архивски документи и ја составувавме старата искината мапа на центарот на Скопје. Така се роди нашата идеја за реконструкција и ревитализација на оваа улица, идеја во која ќе се создаде синергија на старото и новото, со видливи елементи на идентитет. Креиравме улица која членот на

ПОРТА

жирито арх. Раде Волињец ја нарече „насмеаната улица на Скопје“. Архитектонско-урбанистичкото решение кое го предложивме ги следеше следните идејни начела: отстранување на сите супстандардни објекти од привремен карактер, домувањето да се задржи во постојниот обем и објекти, објектите да претрпат реконструкција и ревитализација со посебен третман на секоја фасада, објектите од поново време да претрпат колоритен третман со поставување мрежи за зеленило и цвеќе, приземјата на објектите да се отворат кон улицата и да добијат адекватна намена, а во празните простори да се интерполираат нови објекти. Респектирајќи некои содржини, како печатницата „Гоце Делчев“, Здружението на писателите, архитектонската куќа „Македонија проект“ и вметнувајќи нови содржини, на улицата ѝ дадовме физиономија на мултифункционален културолошки центар. Содржински по должината на улицата сместивме клуб на писатели, издавачи, сликари, уметници, архитекти и угостителско-трговски содржини од висок комерцијален карактер.

Како интерполирани објекти предвидовме: факултет/академија за ликовни уметности (алтернативно културен центар), уметничка кафе-галерија, ресторан-летна сцена, деловен објект со клуб на архитекти и кафе-бар. На аголот на „Максим Горки“ и „27 Март“ предвидовме аголен деловен објект, интегриран со постојниот објект на „Македонија проект“, со модерен архитектонски третман и вметнат исечок од фасадата на куќата на браќа Радуловиќ, градена во 1934 година и исчезната од милјето на градот. Факултетот за ликовни уметности го лоциравме на просторот каде што се наоѓале куќите на Читкушевиќ и Тошо Балваниевиќ. Предвидено беше фасадата на ликовната академија да биде стаклена, а на неа како мозаик да се состават исечоци од исчезнатите куќи, а да заврши со кубето како комуникациски репер. Трета интерполација беше замислена на северниот фронт, на празните простори околу постојниот објект. Тука предвидовме уметничка галерија со кафе-бар во приземјето и отворена сцена со пасажи кон заднината. Во архитектонскиот третман луцидно си поигравме со калкански ѕидни платна свртени кон улицата, насликани со мурали, со што се добива објект кој создава атмосфера на спонтано восприемање на современите медиуми. Зад постојните објекти евидентиравме слободен простор, исцепкан во дворови и запуштен. На овој простор предвидовме градски атриум, со ексклузивни трговскоугостителски содржини. Градскиот атриум го опкруживме со тремови и чешма во средишниот простор, за да создадеме интересен амбиентален џеб што ќе го збогати движењето и животот на улицата. На јужниот фронт, почнувајќи од постојниот станбено-угостителски објект на поранешниот хотел „Македонија“ предвидено беше следното: објектот да ја задржи својата намена со колоритен третман на фасадата. Приземјето ентериерно да се преуреди во градска кафеана. Отворениот


простор пред објектот свртен кон плоштадот да функционира како угостителски, придружен со екстериерно и партерно преуредување. Проектот предвидуваше сите угостителски содржини во приземјата на објектите да бидат од ексклузивен карактер со комплетно ентериерско преуредување. Земајќи го предвид историскиот идентитет на зградите кои понекогаш во разни временски периоди изразувале разни колористички вредности, предложивме колористична обнова на фасадите со историска вредност во автентичните бои, а на зградите од поново време колоритен третман и поставување мрежи за цветни аранжмани. Поплочувањето, партерната архитектура и урбаната опрема се проектирани во функција на облагородување на вкупниот амбиент. Замисливме поплочување со експандиран боен бетон, а балустрадите од балконските огради како стилизирани елементи да се постават во партерот како ниски огради и клупи, жардиниери со сезонско цвеќе, фонтана со атрактивно техничко решение и цветни аранжмани кои би го направиле просторот пријатен и привлечен. Плато со слободностоечки столб–тотем за оставање пораки, плато за продажба на книги, подиум за јавни настапи и перформанси, сето тоа требаше на оваа улица да ѝ овозможи од утро до доцна навечер да го менува својот облик и содржина, а во одредени свечени пригоди да се претвори во сцена за јавни собири. На оваа улица требаше да седите во најубавите бистроа со поглед на улица, да го купите најубавиот сладолед, да купите убаво дизајниран предмет за подарок кој се разликува по својата единственост и оригиналност, сликовница за вашето дете, книга за вас, да влезете во книжарница каде има маса за читање, да видите камерна уметничка поставка во мала галерија, да ги сретнете вашите омилени писатели и уметници, да си одите со насмевка и збогатен дух. На почеток на зимата да го почувствувате мирисот на печените костени и планинскиот чај од

Галичица, а на пролет да купите мало букетче јаглики и зумбули од улична продавачка. Предвидовме и дрворед од костени од едната страна на улицата, како единствен природен елемент во пејзажот, кој требаше да ја надополни идејата за континуиран ритам, и да ја одигра улогата на природен трем и сенка во летните горештини. Со еден збор, улицата „Максим Горки“ требаше да биде катче во кое ќе можеше да се седи, шета, чита, слуша, разговара, катче за средби со себе или со некои драги луѓе. Од целата оваа убава приказна се реализира само деловниот објект „Балкан банка“ и објектот на проектантското биро „Македонија проект“, за кој јас и Оливија во 1998 година ја добивме Големата награда на 9-тото Биенале на архитектура на Македонија, што беше сатисфакција и потврда дека идејата во целина е добра. И покрај нашето инсистирање улицата да се реализира како единствена агломерација со почитување на упатствата од проектот, објектите почнаа да се реконструираат стихијно, парцијално, еден по еден, и притоа многу од нив претрпеа сосема поинакви

интерпретации, а никнаа и нови станбени згради кои воопшто не беа предвидени. Проектот имаше услови да се реализира целосно, бидејќи во 1990 година со поголемиот дел од станбено-деловниот фонд стопанисуваше ЗСИЗ за станбено-деловен простор. Но поради дворските игри во фелата, немоќта на институциите и желбите на сопствениците на куќите, проектот не се реализира. Денес и по толку години, тоа е улица без адекватни содржини, со зголемен станбен фонд, на неа се среќаваат продавници за чевли, кинеска галантерија, казино па дури и одново никнати монтажни бараки. Улицата не е пешачка. Тоа е една полумртва и тажна улица. Се смее еднаш годишно кога цветаат јапонските цреши, единственото убаво нешто што ѝ се случи во последните 29 години. Се прашувам дали се смее или можеби се потсмева што Скопје не успеа да реконструира ниту една своја историска или идентитетска целина. Улицата „Максим Горки“ е мојата професионална тага.

ПОРТА


урбанизам

КАМПАЊА - НЕ ИГНОРИРАЈ! РЕАГИРАЈ

До одржливи градови со

одлучни и радикални мерки Во таква, помалку еуфемистичка пракса, урбанистите во неможност сами да обликуваат, повеќе прифаќаат и спроведуваат неолиберална економска политика, а од друга страна недоволно стручно образовани членови и челници на локалната управа, во недостаток на програми и добри предлози не можат да носат исправни одлуки!

Кејптаун,,Ј.Африка

Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ , дипл. инж. арх. è повеќе на глобално ниво се укажува на тоа дека ситуацијата во градовите мора да се промени до тој степен што мора да се редефинираат принципите на урбаниот развиток. Градовите толку многу се развиваат што веќе е невозможно да функционираат безбедно, да бидат одржливи, да бидат хумано место за живеење. Веќе е невозможно да се надоместат климатските услови со паркови и дрвореди, па сè повеќе се инсистира на зелени кровови, ѕидови, како површини кои претставуваат интеграција со урбаната средина. Урбанизираните, уредени градови всушност

С 40

ПОРТА

29 март 2019

претставуваат уредување на животната средина. Одамна е преминат прагот кога градовите биле само концентрација на население, сообраќај, трговија и индустрија. Кога биле населени места каде лесно се пристигнувало и лесно се излегувало. Денес едноставно е невозможно да се зборува за одржлив развој на градовите без „големи резови“. Големите градови, магалополиси, кои се простираат на километри се соочуваат со создавање на урбано опкружување кое треба да ги помири „спротивставените“ функции на работа, сообраќај, домување, производство. Доволно е да се замисли што треба да се случи во таквите градови доколку треба да се произведе барем дел од храната која се увезува од Кина, Шпанија,

Бразил, па да биде јасно колку е далеку помирувањето. Клучот за успех пред сè е сообраќајната комуникација, проблем со кој се борат големите градови со мал успех или без никаков успех. Не треба да се сонува за гигантски инвестиции, но не треба ни слепо да се стои на истите познати „решенија“ кои и ги доведоа градовите во таа ситуација. Превозот со автомобил подразбира соодветна инфраструктура и автопатишта, обиколници, паркинзи, сообраќаен метеж, загаден воздух, бука, проблем со постоечката инфраструктура да прими поголемо оптоварување со растот на населението и сè ова станува неодржливо. Јасно е дека јавниот превоз придонесува за успешно решавање на


сообраќајот. Градови... Постојат градови и оние големи градови кои се привлечни. Привлечноста на градовите подеднакво зависи од квалитетот на животот како и од нивната конкурентност. Во меѓусебен натпревар, градовите се брендираат како „зелени“, „креативни“ или „градови на културата“. Својата атрактивност ја градат на квалитетниот урбанизам и архитектура, квалитетот на образованието, културното наследство, спортските и рекреативни можности, заштита на околината, воздухот и водата, општествениот, забавниот и ноќниот живот, духовитоста и духот. Привлечноста на градовите е резултат на одржлив и интегриран урбан развиток кој вклучува: паметно урбанистичко планирање, одржлив јавен градски превоз, квалитетно и достапно домување, квалитетни јавни услуги, чист воздух, вода, зелени површини, достапни работни места, почитување и негување на минатото. Но за сè ова да се постигне градовите мораат на своето минато да градат подготовки за иднината. За да бидат градовите одржливи мора да се предвидува урбана регенерација која подразбира: - Квалитетен закон за просторно и урбанистичко планирање кој нема да се менува често - Програма за развој на градот - Програма за развој на еконаселби - Програма за обнова на неразвиени, социјално запоставени делови и црни дупки во градот - Програма за ревитализација на напуштени индустриски објекти во подрачја на градот - Систем на контрола на просторните процеси Остварувањето на одржливиот развој длабоко е поврзан со животот во населбите. Најголем дел од населението во светот живее во населби каде што практично се извршуваат производството и потрошувачката на ресурсите, а исто така населбите, пред сè градовите се носители на цивилизацијата, која и ја сфатила неопходноста од разрешување на кризата на развитокот во услови на ограничена достапност на ресурсите, па поради тоа градовите треба да го дадат и одговорот на тоа прашање. Одржливиот развој - комплексно предвидување на општествените потреби Основите на современиот урбанизам се формулирани на четвртиот конгрес на Меѓународната организација на модерни архитекти во 1933 година во Атина. На конгресот соопштението го објавил Ле Корбизје под наслов Атинска повелба, која го поставила човекот во центарот на урбанистичкото планирање „Градот во духовна и материјална смисла мора да обезбеди слобода на личноста, но и можност на колективно делување“, а за разрешување на настанатата „хаотична ситуација“ во изградбата го разработила принципот на просторно разграничување на различните функции на населбите. Атинската повелба ги дефинирала принципите на функционалните зони на градските

Мелбурн, Австралија

Сонгдо, Кореја

ПОРТА


структури. Суштината на тие структури е функциите на населбите просторно да се одвојуваат со што заемно се оддалечуваат. Примената на овој принцип полека станала догматска и надмината, па затоа Атинска повелба била и критикувана. Со зголемувањето на градовите различните функции и просторни целини сè повеќе сообраќајно и временски се оддалечувале, а паралелно со тоа пораснал и јавниот метеж, загаденоста и сè повеќе се зголемувала зависноста од автомобилите. И покрај критиките на претераниот функционализам и наведените негативности кои произлегле, тогаш формулираните принципи останале во Европа сè до 1992 година. Потоа се одржани многу конференции за урбанизам и животна средина во Рио де Жанеиро, Најроби, Декларација на архитектите во Чикаго, Совет за населби „Хабитат“ итн. да не должам многу, а заклучокот во голема мера е заеднички на сите овие настани, деклариран пристап дека мора да се обрне големо внимание на одржливиот развој за да биде одржлива иднината. Се воочува неопходноста од иновативен пристап кон проблемите на современите градови, се препорачуваат програми за одржлив развој на градовите, се дефинира улогата на урбанистичкото планирање и се

формулираат препораки и принципи на работа и одговорност во носење стручни и политички одлуки. Следствено на овие повелби и декларации непходен е итен исчекор во следните области: - подобрување на стопанството и вработеноста - подобрување на општествена и стопанска кохезија - развој на сообраќајот и интеграција на сообраќајните мрежи - одржлив развој и подобрување на квалитетот на животот Повелбите во посебни поглавја се занимаваат со проблемите на заштита на животната средина, како најголем предизвик на одржливиот развој. Се разбира проблемот дека сè поинтензивната мобилност делува спротивно на принципите на одржливост и овој проблем може да биде разрешен на стратешко ниво само со комплексни остварувања. Документите исто така како цели на одржлив развој ја валоризираат потребата на предности на ниво на помали заедници, градови и региони. Укажуваат на тоа дека жителите на населбите биле само објекти, а не и активни учесници во развојните политики. Се нагласува важноста на соработка помеѓу стручните институции и локалното население. Проблематиката на одржлив развој се Ванкувер, Канада

Виена, Австрија

ПОРТА

обработува и во посебни поглавја, поаѓајќи од принципот дека урбаната целина треба да се смета за заокружен екосистем, како специфична услужно-производна единица со јасни потреби за сировински ресурси и дефинирана продукција. Советот на ОН за населби „Хабитат“ на својата втора конференција „Програма на активности за поддржување на одржливиот развој на населбите“ (Истанбул 1992) во својот завршен дел „Хабитат агенда“ во еден дел се вели: „Одржливиот развој е суштинско прашање за развитокот на населбите, кој комплексно ги зема предвид општествените потреби, посакуваниот стопански раст и општествен развиток, како и неопходноста од заштита и зачувување на животната средина. Одржливиот развој треба да обезбеди услови за стопански развој, можност за вработување и општествен напредок во хармонија со животната средина - обединувајќи ги принципите за заштита и зачувување на природната средина, почитување на границата на оптоварување на еколошките системи и зачувување на ресурсите за идните генерации. Одржувањето на населбите значи истовремено и нивна урамнотежена географска дистрибуција, одржување биолошка разновидност, квалитет на земјоделското земјиште и урамнотежен општествен развој“. За жал и покрај јасно утврдените цели, задачи и средства сите овие документи, агенди и декларации не ги определуваат точно и еднозначно теоретските рамки на одржливиот развој. Тоа е често причина зошто во урбанистичкото планирање поимот одржливост често се сведува само на заштита на човековата околина, заобиколувајќи ја така примената на општите принципи и обврски, а тоа е дека теоријата на одржливиот развој во интерес на воспоставување на општествено – економска рамнотежа и праведност неопходно е спроведување на одлучни и радикални рестриктивни мерки и ефикасни селективни стимулации. Во таква, помалку еуфемистичка пракса, урбанистите во неможност сами да обликуваат, повеќе прифаќаат и спроведуваат неолиберална економска политика, а од друга страна недоволно стручно образовани членови и челници на локалната управа, во недостаток на програми и добри предлози не можат да носат исправни одлуки! Ова ни кажува дека многу градови имаат проблеми, многу градови се обидуваат и да ги решат, некои со поголем, некои со помал успех. Има и такви кои не можат да се справат. Секако дека во голема мера профитот и бизнисинтересите ги формираат градовите. Тоа е и добро. Само така се развива градот, а не значи дека профитот е на штета на жителите. Во паметните градови е токму спротивното - сите гледаат бенефит. На овој начин и се создават современи, технолошки развиени градови, објекти значајни за историјата на архитектурата, иновативни простори кои придонесуваат за духот


на градот и животот во истиот. Градот е производ на духот, но исто така повратно делува и на духовниот развиток, кој е способен да создаде творечка енергија или пак страст за уривање. Градот ја создава околината и атмосферата, која може да отвори можности, решавање на проблеми и развиток, единствено градот располага со систем на институции и средства за нивно реализирање. Кога се обидувам да го сместам Скопје некаде помеѓу овие проблеми на останатите градови не можам. Од едноставна причина што Скопје не се занимава со своите проблеми и е неспремен за „големи резови“. Скопје не е град кој има проблем поради претераниот функционален концепт за кој говорел Корбизје, а кој покажал мани, или е град кој брзо расте поради брз технолошки напредок. Ниту е град кој привлекува жители поради квалитетот на животот и можност за работа. Во Скопје луѓето доаѓаат затоа што не знаат каде да одат, останатите градови не се развиваат и изумираат или луѓето се донесени за да бидат партиски војници. Скопје на крајот на краиштата не е голем град, а има големи проблеми. Во Скопје скоро сите урбанистички концепти се формирани под влијание на политичари, на лоби интереси, фирми за градење и шпекуланти со недвижности. Убаво е што властите се грижат за инвеститорите, особено оние што сакаат да градат „современи објекти како во светот“ и „лендмаркови“, а имаат и проект за тоа (само 3Д слики). Па така има и планови чии измени и дополнувања се изработуваат за еден денар, а проектот е веќе во фиока (случајот со Холидеј Ин). Дали е некој план разумен и добро направен може и треба да се разговара. Но точно е и дека плановите се направени нереално и неодржливо за да се создаде простор за корупција по сите нивоа низ одобрување и измени на плановите. Во Скопје урбанизмот се решава со обратна логика: урбанистичките планови служат за на нив да се прилагодуваат инвеститорите и за да градат во рамки на зададените параметри, а не обратно. Во спротивно никакво планирање не ни е потребно, туку секој би градел онолку колку што може и посакува. Измени на урбанистичкиот план за локацијата кај Холидеј Ин или онаа кај Скопскиот саем, поради овозможување на некакви си „мегапроекти“, како донесени од некој маркетинг-каталог за недвижности, кои ниту се избрани на конкурс, ниту поминале некои урбанистички проверки е типичен пример за тоа. И не дека ова не се случува и во други поголеми, попаметни, поубави и позначајни градови од Скопје, но нам ни се случува редовно, крајот не се гледа, а сите би сакале да се дел од колачот. А за разлика од другите попаметни и поубави градови Скопје има и уште еден, многу редок проблем, кој се случи не така одамна – „Скопје 2014“. Па така Скопје стана и погрд и поглуп град. Дали треба да се повторуваме бидејќи е многу говорено за „Скопје 2014“ и станува досадно? Да,

Скопје затоа што изгледа почнува да им одговара да не зборуваме за тоа, бидејќи „сега веќе ништо не можело да се направи“. Но проблемот е уште поголем бидејќи е создаден и поради самите нас, точно е дека е политичка одлука, но исто така е точно и уште пострашно, дека поради комформизам и клиентелизам е направен со помош на пред сè, урбанисти и архитекти, а и останатите инженери. Истите тие урбанисти продолжуваат да ги работат урбанизмите како ништо да не се случило, а за ова мора да зборуваме и да се погледнеме во очи. Треба да зборуваме и за ветувањата дека ќе се постапува по проектот кои паднаа во вода. Недостасуваат оние „големи резови“: одлучност, храброст, пари, знаење и стручност што со објектите. Се понесрамежливо се говори дека било скапо, (божем парите од џеб ќе ги дадат), дека нема да се завршеле, но ќе се пренаменеле, а рушење ги вади од памет, но не и кога се сруши „Беко“. Тоа што во Скопје се создадоа анахрони ѕидови кон Вардар, кичерски кулиси кои ги „уапсија“ достигнувањата на современата архитектура, објектите МОБ, Универзитетот, Поштата, ги сокрија визурите кон Калето не се смета за неодржливо, па затоа изгледа и не се разговара. Градот ја исцрта и поделеноста, а времето ќе покаже колку е таа одржлива, т.е. неодржлива. Во центарот на државата оставени се два неповрзани плоштада, формирани исклучиво од национални побуди. Едниот припаѓа на „Скопје 2014“, а другиот упорно мисли дека не е „Shkupi 2014“. Едниот е во апсолутен метеж од луѓе, не се знае која скулптура е каде, кој објект за што служи, ни помал простор, ни повеќе скулптури, „архитектура“, „историја“, политика. Другиот е посмирен, сака да биде современ, минимален, сака да даде придонес на новоформиран простор, поставен е по секоја цена, како надвозник, вештачки подигнат, затоа што нема место, а морало да му се најде баш таму, нема никаква нивелација, интеграција и конекција со околината. До него се пристигнува од едната страна по „рем колхасовски“ скали, а од другите страни со скали како да се качувате до четврти кат, но може и со лифт. Овој плоштад е празен, нема никој, но минимал е нели, има клупи, цвеќиња и

натстрешници кои треба да разбијат. Каде завршува и каде понатаму не се знае, па затоа е пресечен, а објектот од значење за историјата на архитектурата Даут - пашин амам го остави во дупка од која никогаш нема да исплива. Едниот плоштад ја сокрива и преобликува намерно архитектурата на 20 век, а другиот срамежливо онаа од 15-тиот. Во Скопје по сè што му се случува не постои одржлив развој. Скоро и да не постои урбанистички план кој не претставува проблем, не може да се зборува за одржлив развој додека не се формираат стручни тимови, агенции за урбанизам, Министерство за урбанизам, додека не се повикаат луѓето кои ова му го направија на градот на одговорност. На Скопје му е потребен концепт, определба во која насока и како ќе се развива градот и болни и големи и длабоки резови, сè тоа проследено со прецизни програми и анализи. За да има Скопје шанса мора да научи да цени и да почитува, да разговара, да научи да каже добар ден! „...ме интересира човечката супстанца на градовите, па затоа често хипостазирајќи ги, ги очовечувам, персонифицирам. Ги сортирам според физиономиите и карактерите, исто како и луѓето. Се обидувам да си ја објаснам внатрешната сила со која се опираат на искушенијата и ги совладуваат животните драми. Ги следам во големите и мали радости, ја сакам нивната смисла за хумор, доколку го имаат и спремен сум да им простам безопасни настраности. Но, пред сè ме интересира нивната самосвест, нивното чувство на континуитет. Бидејќи се плашам од градови без меморија, токму така како што се плашам од луѓе без потсвест“. – Богдан Богдановиќ. * Со овој текст Порта 3 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина.

29 март 2019

ПОРТА

43


ИНТЕРВЈУ СО ВАСИЛ ФИЛИПОВ ОД FLOWER CITY

„Зелени sидови“ кои красат многу ентериери

Свежина, релаксација и зеленило е она што им е потребно на повеќе луѓе во последно време. Сите ќе се сложиме дека е добро кога во домашните и канцелариски ентериери ќе се венесе природа и зеленило. Васил Филипов со Пирин експорт и Flower City со своите Вертикални градини го прават токму тоа

К

ако дојдовте до идејата да работите со овој иновативен производ? Со какви предизвици се соочувате, имајќи предвид дека ова е новитет за нашиот

пазар? n Ниту еден почеток не е лесен, особено кога ќе донесете нешто ново на пазарот, кое досега не е видено, а клиентите не го познаваат. Често патувам во странство, посетувам и саеми за внатрешен дизајн и ентериери, ги следам трендовите во архитектурата така што со зелените ѕидови се

44

ПОРТА

29 март 2019

имам сретнато уште пред многу години. Веднаш ме освоија, бев силно мотивиран да ги направам достапни и во Македонија, бидејќи навистина се преубави, декоративни, инспиративни. Благодарение на новите технологии, инспирирани од големата љубов кон природата и сè што таа ни дава, денес многу лесно можеме нашиот дом или канцеларија да ги трансформираме и во нив да внесеме декоративни зелени елементи-ѕидни облоги од исклучиво природни материјали (природен мов и растенија) кои внесуваат хармонија и

позитивна енергија во просторот. Кај нас се зголемува изведбата и побарувачката на зелени ѕидови во деловни простории, но и во приватни станови и куќи. Што всушност претставуваат Вертикалните градини – зелени ѕидови? n Зелените ѕидови се еколошки производ кој овозможува внесување природа во канцелариски ентериери, банки, сали за состаноци, хотели, ресторани, домови... Нашите вертикални ѕидови, се 100 отсто природни, стабилизирани. Станува збор за иновативен и едниствен


производ од својот тип, односно зелени површини коишто подлежат на посебен процес на дехидрација и стабилизација, кој овозможува природен изглед и долготрајност. Нашите градини не бараат сончева светлина, наводнување и скоро никакво одржување, што ги прави особено погодни за комерцијални објекти. Би сакале да напоменеме, дека трендот се проширува, па така, нашите градини се почесто

ги вградуваме и во модерни и луксузни станови и приватни куќи. Ова е производ на иднината што ни доаѓа лесно и безбедно. Станува збор за внатрешни содржини кои ќе бидат неопходен дел од секој деловен простор или дом. Ние гарантираме за долготрајноста на сите наши производи, во период од три до пет години, а доколку клиентот се придржува до одредени услови, производот од овој тип трае и до два пати

подолго. Зелените ѕидови се се повеќе хит во архитектурата и на македонскиот пазар, а трендовите покажуваат дека луѓето што ја сакаат природата и зеленилото, а не се во можност да ги одржуваат и да се грижат за нив поради деловните обврски, ги вградуваат се почесто. Вертикалните градини можеме да ги изведеме во скоро кој било облик, форма и димензија, согласно специфичните барања на клиентот. Исто така, нудиме различни типови на дизајн / модели на градини, кои може подетално да ги погледнете на нашиот вебсајт https://Flowercity.mk / или instagram профил (link). Кои се предностите и карактеристики на зелените градини? n Освен што се убави за просториите, Вертикалните градини имаат и многу предности и карактеристики, а би ги издвоиле следниве - 100% природни - не растат - не привлекуваат инсекти - наменети се за ентериери - претставуваат звучен изолатор и подобруваат звучна акустика - имаат огноотпорни својства ( не е 100% огноотпорен, но го забавува палењето ) - не бараат сончева светлина и наводнување 29 март 2019

ПОРТА

45


- 5 години гаранција - не се третираат со средства - не се токсични - не бараат константно одржување или обновување n Кој тип на објекти преовладуваат во Вашето портфолио - домови, или пак комерцијални објекти? Благодарение на новите технологии, инспирирани од големата љубов кон природата и сè што таа ни дава, денес многу лесно можеме нашиот дом или канцеларија да ги трансформираме и во нив да внесеме декоративни зелени елементи-ѕидни облоги од исклучиво природни материјали (природен мов и растенија) кои ќе донесат хармонија и позитивна енергија во просторот, раскажува Васил, додавајќи дека кај нас се зголемува изведбата на зелени ѕидови во деловни простории, но и во приватни станови и куќи. n Дали можете да издвоите еден проект со кој најмногу се гордее тимот на Flowercity, којшто се разликува од останатите Ваши изведби? Во принцип, ние се гордееме и се радуваме на секој проект, независно од обемот или 46

ПОРТА

29 март 2019

големината. Секој ентериер е различен, а со тоа и атрактивен на свој начин. Меѓутоа, доколку би морале да издвоиме еден, би кажал дека особено сме горди што минатата година бевме одговорни за изведбата на најголемата вертикална градина во Југоисточна Европа. Станува збор за градина со површина од над 270 квадратни метри, а истата е изведена во објектот Diamond Garden, во соработка со Адора Инженеринг, во Скопје. Нашите градини веќе красат голем број на ентериери во банки, хотели и ресторани низ Македонија, а од неодамна започнавме и со извозни активности. Во приватните домови, креативноста од аспект на дизајн секако може да дојде повеќе до израз, при што овозможува целосна трансформација на ентериерот. Секако дека ова за нас претставува еднакво голем предизвик.


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


сообраќај

Патни премини кај железнички пруги

Конструкцијата и техничкото уредување на патните премини мора да гарантираат одреден степен на безбеденост при движење преку нив

Слика 1. Изглед на патен премин со бетонски панели Златко ЗАФИРОВСКИ, д.г.и. Васко ГАЦЕВСКИ, д.г.и. УКИМ, Градежен факултет Скопје

В

крстувањето на железничките пруги со други сообраќајници се изведува на два начина: а) Површинско вкрстување (на едно ниво) – при што горниот строј на пругата треба да се уреди за да можат да поминуваат друмските возила и/или пешаци и велосипедисти. б) Денивелирано вкрстување (на две или повеќе нивоа) – овој вид на вкрстувања се решава со мостовски конструкции, односно надвозници и подвозници. При одредување на место за поставување на мостовската конструкција треба да се избере економично, сигурно и технички оправдано решение. Често применувани места за лоцирање на објектот се високи насипи или подлабоки ископи. 50

ПОРТА

29 март 2019

Изборот на начинот на вкрстување зависи од прописите, потребите, условите, можностите и рангот на сообраќајниците коишто се вкрстуваат. Од безбедносен аспект решенијата на две или повеќе нивоа се подобри, а во одредени случаи и задолжителни. ПОВРШИНСКО ВКРСТУВАЊЕ Површинските вкрстувања односно патните премини на едно ниво се изведуваат на начин со кој се овозможува премин на друмските возила преку колосекот. Ова се постигнува со изведба на коловозот на патот во висина на горниот раб на шините. Овие премини се уредуваат за да нема штетни влијанија од патниот сообраќај врз шините и колосекот во целина. Покрај тоа конструкцијата и техничкото уредување на патните премини мора да гарантираат одреден степен на безбеденост при движење преку нив. Изградбата на ваквите вкрстувања законски

се ограничува и регулира со техничките прописи за изведување и обезбедување на преминот. - Местоположба на патните премини Оската на патот на местото каде се врши вкрстувањето со оската на пругата треба да биде во подолг правец или во кривина со радиус поголем од 300 m. На преминот преку пругата патот не смее да биде во преодна кривина. Треба да се настојува аголот на вкрстување да биде што поблиску до 90°, кај пасивни (необезбедени) премини аголот на вкрстување може да биде минимум 60°, а кај активни (обезбедени) премини минимум 45°. Бројот на патните премини на едно ниво треба да биде ограничен на најпотребниот обем, односно уште во фаза на проектирање треба да се обрати внимание на сите оние места каде се јавуваат повеќе вкрстувања на мали растојанија. Бројот на површински вкрстувања може да се намали со правење на


ВАЖНОСТА НА ВКРСТУВАЊЕТО СО ДРУГИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ девијација на патиштата. Растојанието помеѓу два површински патни премини на магистрална пруга со брзина од 100 km/h треба да изнесува минимум 2 km, а за брзини над 100 km/h минимум 2,5 (3) km. За брзини над 160 km/h вкрстувањето треба да се изведе денивелирано. На останатите железнички пруги растојанието помеѓу два премина не смее да биде помало од 1 km. Овие минимални растојанија може да се намалат само во исклучителни случаи. Во урбани средини растојанието помеѓу два премина за пешаци на едно ниво треба да изнесува минимум 500 m. Растојанието помеѓу патен премин и површинска крстосница (вкрстување на патишта) не смее да биде помало од 30 m. - Геометриски карактеристики на патните премини Геометриските карактеристики во подрачјето на патните премини на едно ниво треба да се во согласност со стандардите, правилниците и регулативите на државите. Генерално патните премини ги имаат следните геометриски карактеристики: • Ширината на преминот зависи од категоријата на патот, односно треба да биде еднаква на ширината на патот, но не помала од 3 m. Ширината на патот пред и по преминот во должина од најмалку 20 m мора да биде еднаква на ширината на преминот на едно ниво. Според стандардите на некои држави во светот како и кај нас, ширината на преминот мора да биде еднаква на ширината на патот плус 0,5 m од двете страни. • Коловозот мора да биде на исто ниво со горната ивица на шината во хоризонтала за полесно застанување на возилата, во должина од најмалку 3 m од двете страни на колосекот мерено од оската на пругата. Доколку има повеќе колосеци, оваа должина се мери од оските на крајните колосеци. • Надолжниот наклон на патот на 10 m лево и десно од преминот треба да биде до 2 % (3 %). - Составни делови на патните премини Во денешно време постојат разни видови и конструкции на патни премини на едно ниво. Деловите на секој вид на премин треба да овозможат сигурно движење на железничките и на патните возила како и на пешаците и велосипедистите. Генерално составните делови на премините се: а) Исполна (покривка) – претставува просторот помеѓу шините и надвор од колосекот (најмалку 70 cm) кој се уредува со калдрмисување (гранитни коцки и слично), асфалтирање или со специјални елементи (панели или платна) изработени од дрво,

пластика, гума или бетон. б) Контрашини – служат за безбедно движење на железничките возила во делот на преминот. Овие шини се поставуваат од внатрешна страна на возните шини, со што се обезбедуваат жлебови со облик и димензии кои овозможуваат лесно и безбедно поминување на друмските возила, пешаците и велосипедистите. в) Сигнално сигурносна опрема – служи за најава на приближувањето на железничките возила кон преминот. Тука спаѓаат светлосни и звучни знаци, вертикална патна сигнализација и браници (со рачно или автоматско регулирање) кои се поставуваат на потребните растојанија од преминот. Во зависност од поставената сигнализација која пак зависи од рангот на пругата и патот како и начинот на вкрстување, премините се делат на: • Активни (обезбедени) – каде осигурувањето, односно сигнализацијата се врши со динамички (променливи) сигнали, кои на учесниците на патниот сообраќај им го најавуваат приближувањето на возот. Тука спаѓаат премини кои се опремени со светлосна и звучна сигнализација, браници и премини за чија сигурност се грижат железнички работници. • Пасивни (необезбедени) – каде осигурувањето се врши со статички сигнали чиј облик, боја, положба и значење се пропишани со законски одредби од подрачјето на железничкиот и патниот сообраќај. Кај пасивните премини покрај сигнализацијата важна е и прегледноста во делот на вкрстувањето. Триаголникот на

прегледност е сигурносна мерка од помал степен во однос на сигнализацијата, која се воспоставува претежно на пруги и патишта со мал сообраќај. Триаголникот на прегледност е слободна површина која на учесниците во патниот сообраќај им осигурува непречен видик на железничката пруга од двете страни на патот и/или пешачката патека. Во просторот на триаголникот на прегледност не треба да се градат објекти и постројки, да се поставуваат предмети и да се садат растенија кои би можеле да ја попречат прегледноста. ВИДОВИ НА ПРЕМИНИ Видовите на патни премини и нивната конструкција варираат низ светот во зависност од потребите, условите, стандардите и секако од самите производители на составните делови. Најчесто конструкциите, односно системите се класифицираат според материјалот кој се користи како исполна (покривка) помеѓу шините. - Премини со бетонска исполна Овие премини најчесто се изведуваат со префабрикувани армирани бетонски панели (плочи). Тие се карактеризираат со голема носивост, трајност, лесна изведба и мали трошоци за одржување. Вообичаено кај овие системи се елиминира директно товарење на праговите, додека се одржува константно ниво со шината.

Слика 2. 3Д изглед на елементи кај систем со гумена исполна

Слика 3. Попречен пресек на систем за големи товари (1 – внатрешен панел, 2 – надворешен панел, 3 – алуминиумски елементи (носачи), 4 – систем за заклучување (стегање), 5 – елемент (рабник) изработен од бетон со висока јакост, специјален малтер и префабрикувана бетонска подлога) 29 март 2019

ПОРТА

51


рециклираат. Во зависност од производителите и местата каде што треба да се применат, овие премини покрај гумени панели се комбинираат и со бетонски и алуминиумски елементи.

Слика 4. Изглед на патен премин со гумена исполна

- Премини со исполна од асфалт Еден од поважните материјали кој често се користи како исполна во делот на премините е асфалтот. Во зависност од сообраќајниот волумен, премините може да се изведат само со асфалт (мал волумен) или во комбинација со дрво или гума (поголем волумен). - Останати видови на премини Покрај наведените постојат и други видови на премини, односно други видови на материјали кои се користат како исполна. Во почетоците просторот помеѓу шините се исполнувал со песок и чакал. Карактеристичен случај кој наоѓал примена во минатото е користењето на гранитни коцки како исполна.

Слика 5. Изглед на патен премин со исполна од асфалт (комбиниран со гума) - Премини со гумена исполна Ваквите премини се изработуваат од гумени панели коишто имаат голема носивост, трајност и флексибилност. Исто така овие панели се отпорни на пукање, вода и голем број на хемикалии. Предноста на

ПОРТА

овие видови на премини во однос на другите е што возењето по нив е тивко (не предизвикува бука) и елементите од кои се изработуваат се во голем процент од рециклирани материјали, а на крајот од нивниот животен век повторно може да се

ЗАКЛУЧОК Патните премини на едно ниво се површини кои го опфаќаат делот каде се вкрстуваат пругата и патот, но и приодите кон ова вкрстување чиишто карактеристики се определуваат за да има акомодација на останатиот сообраќај. Секој премин претставува дисконтинуитет во двата вида на сообраќај, односно во железничкиот и во патниот. Конструкцијата на самиот премин може да биде изработена од разни видови на материјали во зависност од потребите и можностите. За да се постигне сигурно и безбедно движење на возилата, секој премин треба да има соодветна сигнално- сигурносна опрема.


ПОРТА


екологија

Шест години ја чекаме првата Секоја дејност што се врши во зелената зона мора да исполнува построги критериуми од оние во индустриските

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

О

д донесување на Законот за индустриски и зелени зони во 2013 година досега, основани се и работат пет индустриски зони, а зелена зона на територијата на државата сѐ уште нема. Со Законот за индустриски и зелени зони се дава можност на локалната самоуправа, на компании со договор за јавно-приватно партнерство и на Владата да основаат зелени зони. Дејностите што може да ги вршат во нив се лесна и незагадувачка индустрија, во која влегуваат сите видови на производство кои не побаруваат многу енергија, користат обновливи извори, не создаваат голем промет на суровини, материјали и сообраќај и не произведуваат штетни остатоци. Поспецифично за зелените зони е што секоја дејност што се врши таму мора да исполнува построги критериуми од оние во индустриските, како што се енергетска ефикасност на објектот, опремата или производствениот процес, инсталирање на системи за производство и користење на 54

ПОРТА

29 март 2019

енергија од обновливи извори, економичен и еколошки транспорт за лица и стоки, примена на систем за управување со животната средина, намалено загадување на воздухот, намалена бука, примена на систем за управување со отпад и примена на систем за собирање на отпадните води. СЕ ЧЕКААТ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ Како што информираат од Министерството за економија со новите измени и дополнувања на Законот за индустриски и зелени зони кој сѐ уште е во владина процедура се предвидува и давање на можност за користење на државна помош согласно овој закон или согласно Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Корисниците на индустриски и зелени зони можат да користат државна помош за почетни продуктивни инвестиции, за нови вработувања, за обука и усовршување на вработени лица и инвалидизирани работници, за истражување и развој, за заштита на животната средина. Од Министерството за економија велат дека една од главните цели на енергетската политика на државата е привлекување на инвестиции за изградба на енергетски

објекти и зголемување на искористувањето на обновливите извори на енергија, односно инвестирање во зелена енергија, која ќе придонесе за заштита на животната средина и ублажување на климатските промени. „Со цел да се привлечат инвестиции во секторот на обновливи извори на енергија во 2018 година се донесе нов Закон за енергетика во кој, меѓу другото, во делот за обновливи извори на енергија се предвидени стимулативни мерки, и тоа повластена тарифа како пропишан паричен износ кој се доделува за откупената електрична енергија од страна на операторот на пазарот“, додаваат од Министерството за економија. Министерството за економија има донесено Програма за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители, во која се предвидени 30.000.000 денари за финансиска поддршка за производство на електрична енергија од повластени производители кои користат премија како дополнителен износ на цената која ја оствариле со продажба на произведената енергија на пазарот на електрична енергија.


ЗАКОНОТ ПОСТОИ, ПРИМЕНАТА ЗАТАЈУВА

економска зелена зона РАСТЕЧКИ СЕКТОР СО НОВИ ТЕХНОЛОГИИ Во рамки на новоусвоената Индустриска стратегија на Владата од ноември 2018 година, една од целите е катализирање на зелената индустрија, за која има предвидено и мерки кои треба да се реализираат до 2027, со цел да се поддржи овој концепт. Тоа, како што велат од Министерството, претставува голема разлика во однос на претходната стратегија. Озеленувањето на едно претпријатие или индустрија не е еднократна акција, туку континуиран процес на постепени и радикални промени кои водат кон подобрување на перформансите. Условите кои го промовираат озеленувањето на индустриите не можат да се постигнат со еден политички инструмент. Тоа значи дека сите индустрии, без оглед на секторот, големината или локацијата, ќе треба постојано да ги зголемуваат своите еколошки перформанси. Ова вклучува посветеност на намалувањето на влијанијата врз животната средина од процесите и производите со поефикасно користење на ресурсите, постепено отстранување на токсичните супстанции, замена на фосилните горива со обновливи извори на

енергија, подобрување на здравјето и безбедноста на работното место, преземање зголемена одговорност на производителот и намалување на севкупните ризици. Постои растечки и разновиден сектор кој ги опфаќа сите видови претпријатија и технологии, со цел да придонесе кон намалување на негативните влијанија врз животната средина или решавање на последиците од различните форми на загадување. Ова вклучува обновување на материјалите, рециклирање, контрола на загадувањето на воздухот, управување и третман на отпадот, како и претпријатија кои превезуваат отпад. Овој пристап ги промовира одржливите модели на производство и потрошувачка - модели кои се ресурсно и енергетски ефикасни, ниско јаглеродни, ниско отпадни, кои не загадуваат, безбедни и кои произведуваат производи со кои одговорно се управува во текот на нивниот животен циклус. СТРАТЕГИЈА ЗА ЗЕЛЕНА ЕКОНОМИЈА Она на што државава треба да работи во следниот период е поддршка на конкурентноста, јакнење на регионалното поврзување и поддршка за зелената

економија. „Зелената економија“ вообичаено се смета како економија за одржлив развој. Нејзината цел е подобрување на човековата благосостојба преку развој, и стремеж кон постигнување на ова преку планирање за одржлив развој на екосистемите и општествата. Токму овие приоритети се дел од Стратегијата за соработка на земјава со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) 2019-2023 година. Во Стратегијата ќе бидат застапени проекти кои преку развој на транспортната и енергетската инфраструктура ќе обезбедат подобро регионално поврзување. Исто така, ќе бидат предвидени и проекти со кои ќе се поддржи конкурентноста на приватниот сектор, а со тоа дополнително ќе биде поддржан економскиот раст. Приоритет во четиригодишната Стратегија за соработка со ЕБОР ќе биде и „зелената економија“. Тоа подразбира проекти насочени кон зголемување на капацитетите за обновлива енергија, зголемена енергетска ефикасност и ефикасност на ресурсите како и подобрена еколошка инфраструктура на локално и општинско ниво.

ПОРТА


ИДНИНАТА Е ВО РЕЦИКЛИРАЊЕТО Рециклирањето како постапка е она што е иднината на секое општество. Чистата животна средина не значи само собирање на отпадот и негово селектирање. Тоа е само почетниот чекор. Рециклирањето како процес кој има крајна цел максимално одржливо користење на ресурсите и заштита на животната средина и здравјето на луѓето е почнат и во нашата земја од пред неколку години. Но, проблемот е што кај нас многу малку од отпадот што се собира се рециклира. Според некои податоци од Стопанската комора само девет отсто од над 900 илјади тони отпад кој годишно се создава во земјава се рециклира. Останатите количини завршуваат како отпад во депониите и директно ја загадуваат животната средина. Вкупно 116 илјади

тони од овој отпад го собираат и го селектираат колективните управувачи со отпад од пакување кое го селектираат и го испраќаат на рециклирање, но постојат и привилегирани компании кои не издвојуваат ништо иако создаваат 45 илјади тони отпад годишно. Многу мал дел од компаниите размислуваат рециклираниот отпад да го вратат во производството како суровина. Во земјава има компании што го прават тоа со отпадното стакло, хартија, пластика, масло за јадење и други материјали. Но иако тие опстојуваат и се развиваат со години, сепак не можат да го опфатат целиот отпад што завршува на депониите. Најдобриот пример во Европа за ваквата примена го има Холандија. Таа е една од најуспешните европски земји која десетина години веќе спроведува нови програми и

политики за искористување на текстилниот отпад што креираше десетина нови брендови на рециклирана облека. Исто така се создадени услови за циркуларна економија која отвора одлични перспективи. За да се тргне кон поголем степен на селектирање и рециклирање на отпадот, вклучувајќи го текстилниот треба да се направи огромен чекор. Можностите ќе станат достапни во текот на наредните години, при што отпадот од текстилот ќе може да се искористи и да се реупотреби за создавање нови текстилни производи. Третирањето на отпадот бара вложување, што најпрво ќе ги зголеми трошоците на бизнис-секторот, компаниите ќе мора да преземат повеќе мерки. Но, во исто време е многу важно да се развие соработка, како меѓу самите компании, така и во односите со државните институции, што ќе создаде нови можности. Европската комисија во декември 2015 година има усвоено Стратегија за циркуларна економија која опфаќа поддршка не само за да се развие овој сектор, туку и да се надминат евентуалните последици по други сектори. На пример поголема циркуларна економија во некои случаи би можела да значи помало производство на нови суровини и губење на работните места, поради што би била потребна преквалификација. Во Стратегијата се вели дека иако со зголемувањето на циркуларната економија краткорочно ќе има добитници и губитници, на долг рок тоа е добро за целата економија и за животната средина. ЕКОНОМИЈА ВО КРУГ Колку отпадот во светот е реална суровинска база, за разлика од кај нас, може да се види и од податокот дека неговата вредност во Европа е 20 пати поголема. Македонските граѓани плаќаат по 0,45 евра за тон селектиран и собран отпад што е најниска цена во Европа. И во соседството цената е повисока. На пример, во Бугарија се плаќа пет евра по тон, а во Германија цената на отпадот е 10 евра по тон. Циркуларната економија веќе подолго време станува успешен соперник на линеарниот економски концепт „земи, искористи, фрли“, но нејзиниот понатамошен развој ќе зависи од политиките што државата е подготвена да ги спроведе, вели Душко Христов, претставник на проектот „ЕНВ.нет, кој го факторизира портфолиото за животна средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ“, финансиран од Европската Унија.

56

ПОРТА

29 март 2019


„Постојат успешни приказни и во нашата држава и во регионот, на компании што ја препознале вредноста на различни видови отпад и употребиле иновативни технологии со цел да му дадат нова вредност на нешто што инаку било фрлено и би предизвикало штета по животната средина. Овие примери, како и експертските знаења и залагањата на граѓанскиот сектор, заедно со примерите од политиките што се спроведуваат во земјите од Европската Унија, може да се искористат за да се подготви и да се спроведе стратегија за развој на циркуларната економија. Не е лесно таа да се развива во услови кога бизнисите што го зголемуваат и што го намалуваат количеството отпадни материјали имаат еднакви права на пазарот. Затоа се потребни соодветни сет

мерки за поддршка“, додава Христов. Даниела Михајловска-Василевска, самостоен советник при Стопанската комора на Македонија објаснува дека учесниците во овој бизнис алармираат дека свеста кај граѓаните и посебно кај компаниите е на многу ниско ниво иако има позитивен тренд. Одредени привилегирани компании кои создаваат и до 50 илјади тони отпад од пакување годишно не издвојуваат ништо за тоа. Тоа ја чини државата околу пет милиони евра годишно. Ако овие пари се насочат кон подигање на свеста на граѓаните која иако расте, е на ниско ниво, би добиле многу како држава. За таа цел битно е во новите закони кои се во фаза на подготовка во Министерството за животна средина да се воведат царински мерки кои би ги натерале

овие компании да плаќаат при увоз на производите. Иако и во сегашниот закон има одредби кои би помогнале за намалување на оваа појава, а тоа е да не се прифаќа да се продаваат и купуваат производи од компании кои не плаќаат за нивниот отпад, сепак на терен проблемите постојат, а изостанува контролата на примената на законите. Добро регулиран бизнис со рециклирањето на отпад значи заштеди во потрошувачката на нови суровини, енергија, вода, намалување на притисокот врз животнатa средина, отворање нови работни места, а со иновативни решенија и подобрување на позициите на компаниите и зголемување на конкурентноста на пазарот, е ставот на Михајловска- Василевска.

29 март 2019

ПОРТА

57


хортикултура

Во Јевремовац вегетираат растенија од српската и европската флора Она што привлекува особено внимание во паркот е т.н. Јапонска градина која има посебен облик. Основни елементи кои се присутни во овој дел од паркот се каменот, водата и растенијата

Цветанка ЦВЕТКОСКА, дипломиран еколог

П

рви април 2017 година, убав сончев ден кој мене и на мојата пријателка Ангелина полека ни откриваше дека нè очекува интересна и возбудлива авантура во Белград. Многу добро се сеќавам на датумот бидејќи амбиентот нè потсетуваше на стиховите на една песна која укажува на насмеаните сончеви денови во Белград за овој период од годината. Патувањето не беше случајно. Тој ден имавме една многу голема задача, а тоа е да

58

ПОРТА

29 март 2019

ја запознаеме тамошната Ботаничка градина, да размениме искуства со соседната земја и дел од нив да ги примениме и кај нас... Конечно имаше надеж дека и нашата Ботаничка градина, нашето заборавено скромно, но слатко катче ќе успее полека да чекори кон првото скалило на успехот. За оние неупатените, иако имаше речиси 70 години од постоењето на Ботаничката градина во Скопје, никој никаде не ја споменуваше. Беше оставена времето да си го направи своето. Но тука се појави една група ентузијасти од Природноматематичкиот факултет, со целосна

поддршка од Факултетот и Македонското биолошко друштво кои аплицираа во Глобалниот еколошки фонд – Програма за мали грантови и добија проект за реконструкција на големиот стакленик од Ботаничката градина. Никогаш нема да го заборавам мигот на возбуда кога ми се јави професорката Рената да ме извести за оваа вест... Да се вратиме во Белград. Некаде кон 10 часот бевме договорени со една пријателка да се чекаме пред влезот на Ботаничката градина Јевремовац. Влезот е многу интересен, портите се специфични,


БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО БЕЛГРАД столбовите имаат неокласичен стил. Доц. д-р Ксенија, асистент по Ботаника на Белградскиот универзитет, која патем речено е со потекло од нашите краишта, гордо ни објаснуваше за историјатот на Јевремовац. Имено, Ботаничката градина во Белград била формирана во далечната 1874 година на иницијатива на Јосиф Панчич, кој меѓу другото претставува еден од најзначајните српски ботаничари. Меѓутоа, првично се наоѓала во близина на брегот на реката Дунав и поради поплави морало да се најде, нова посоодветна локација. За жал основачот на Ботаничката градина немал можност да доживее да ја види Ботаничката градина на денешната локација бидејќи починал во 1888 година. Во 1889 година, кралот Милан Обреновиќ знаејќи за проблемите со кои претходно се соочувала Ботаничката градина, решил да го поклони имотот од неговиот дедо господарот Јеврем Обреновиќ за таму да се лоцира новата Ботаничка градина. Единствен услов бил Ботаничката градина да се нарекува Јевремовац во чест на неговиот дедо. Влегувајќи полека во дворот на Јевремовац, прво нешто што се забележува е статуата на основоположникот на ботаничката градина, а зад него се наоѓа оморика – едно од најпознатите видови што тој го опишал, а во негова чест уште се нарекува и Панчиќиева оморика. Во убаво уредениот парк, на површина од околу 4.8 hа се наоѓаат околу 300 видови дрвја и грмушки и околу 800 тревести растенија од српската и европската флора. Во паркот, она што привлекува особено внимание е т.н. Јапонска градина која има посебен облик. Основни елементи кои се присутни во овој дел од паркот се каменот, водата и растенијата. Каменот е свет објект во Јапонија. Групацијата од повеќе камења има врска со балансирањето на енергијата во природата. Водата е многу значаен

29 март 2019

ПОРТА

59


елемент кој потсетува на промените во природата, а растенијата го креираат конечниот амбиент. Растенијата се бираат по симболиката којашто тие ја носат – борот е симбол на долговечност и љубов, јапонската цреша е симбол на вечна младост и пролет, а листопадните јавори се симбол на циклусот на животот и смртта. Таму, на еден многу идиличен мост, имавме можност да видиме младоженци кои имаа фотосесија со позадина како од бајките. Ксенија ни објаснуваше дека често се одлучуваат да прават не само фотосесии, туку и венчавки, крштевки и слични организации на отворено во дворот на Ботаничката градина. Камењарите кои се наоѓаат во паркот исто така заслужуваат да бидат споменати. Ние бевме на почеток на вегетациска сезона и за жал не успеавме да ги видиме растенијата коишто се наоѓаат во овој дел. Таму може да се најдат многу балкански ендемити коишто растат на карпести површини, а особено интересни се двете рамонди кои ги има и во нашата земја, а се опишани од Панчич – српската рамонда и рамонда на кралицата Наталија. Тоа се многу атрактивни растенија кои имаат ограничено распространување. 60

ПОРТА

29 март 2019

Стакленикот во Јевремовац е изграден во викторијански стил, со централна купола и две крила, и покрива површина од околу 550 m2. Тој претставува живеалиште за околу 1000 различни тропски, суптропски и медитерански тревести и дрвенести видови кои се групирани географски – по континенти и еколошки. Во јужното крило и

во централната купола расте буен и раскошен растителен свет на дождовни шуми и разновидни водни растенија, додека во северното крило се наоѓа мал пустински свет со богата колекција на сукуленти, кактуси, песок, камења и секако многу сонце. Овој мал свет нè воведува во необичното функционирање на царството на растенијата. Човек тука истовремено ужива и учи за необичните адаптации на овие живи организми. Нашата прошетка како да траеше само пет минути, времето летна, а нам не ни се веруваше дека е време да излеземе од овој магичен свет. Она што јас го забележав во текот на обиколката е дека Србите уживаат во ова богатство со голема почит. Децата многу внимателно си играат во паркот, студентите залутани во својата наука ја користат природата за да го најдат својот мотив за учење, туристите со голема љубопитност се запознаваат со флората на нашите краишта, а бамбусите секој час си растат по некој милиметар... Но дали оваа идила ја имало отсекогаш??? Уште на самиот влез наидовме на една голема информативна табла каде што со големи букви беше нагласено дека Ботаничката градина е реконструирана во 2014 година со помош на Министерството за образование и со фондови од Европската Унија. Нашиот водич нè упати на не така далечно минато, кога Јевремовац не бил толку популарен и атрактивен. Токму овој факт ми вроди надеж дека и нашата Ботаничка градина може, доколку се вложи соодветно, да стане она што денес е Јевремовец за Србите. Тоа е надеж која те мотивира да се бориш за да успееш, бидејќи најслатко е кога си горд на она што досега си го направил.

Ботаничка градина на ПМФ во Скопје


Денес, после точно две години од нашето патување, правејќи една ретроспектива, може да се каже дека успеавме да го направиме оној најбитниот, иницијалниот чекор. Но тоа не значи дека тука застануваме, напротив тоа значи дека продолжуваме понатаму да ја развиваме нашата Ботаничка градина за да стане она што ѝ доликува на институција од таков вид. Се надеваме дека по патот по кој се

движиме, во иднина ќе ни се придружат не само стручни лица, туку и љубители на природата. Но, само од ова нема да опстане градината. Сепак е потребно извесни институции, приватни фирми и европски фондови, па дури и можеби дипломатски претставништва да дадат финансиска помош за таа да се поткрепи и да може да биде македонска гордост.

ПОРТА


најчудни градби

Кина ќе добие музеј во форма на

џиновски оџаци Зградата ќе содржи галерии и простори за културни настани и изложби заедно со канцелариски простор, ресторани и продавници

Драган РИСТОВ

Н

е е тајна дека Кинезите имаат пари и вложуваат многу во архитектурата и градежништвото. Притоа, објектите кои се градат се движат од типичен „кичерај“ (реплики на светски познати објекти на кинеско тло), па сè до уникатни градби кои се квалитет за Кина. На страниците на „Порта 3“, со години се пишува за такви уникатни проекти, а како најчудна градба за оваа 2019 би го издвоиле комплексот наречен Binhai Cultural Center (Културен центар Бинхаи). „Бернард Шуми Архитектс“ е еден од авторите на дел од сегментите кои влегуваат во овој нов кинески проект. Тие го завршиле Музејот на истражувачите во Кина 62

ПОРТА

29 март 2019

(Exploratorium), кој има огромни индустриски изложбени простори во облик на оџаци кои излегуваат од перфорираниот надворешен изглед на објектот. Музејот се наоѓа во Тијанџин и се простира на површина од 33 илјади квадратни метри. Изградбата почна уште во 2013 година, а поради комплексноста, беа потребни околу шест години да се заврши. Неговото отворање ќе се случи наесен оваа година. Се смета за еден од поголемите проекти, кој треба да фрли ново светло на пристанишниот град и да го проектира во една нова индустриска димензија. Иако во Кина има етаблирани архитекти и студија, сепак градските власти се одлучија довербата да им ја дадат на „Бернард Шуми Архитектс“, со цел да наметнат прозападна визија на еден културен центар од ваков тип

во Кина. „Ние го дизајниравме истражувачкиот центар, за да се поврзе со богатата индустриска историја на оваа област, место на производство и истражување кое содржи голем потенцијал за една од најважните економии на светот“, појаснил наградуваниот швајцарско-француски архитект Бернард Шуми. Зградата ќе содржи галерии и простори за културни настани и изложби заедно со канцелариски простор, ресторани и продавници. Четирите други културни згради - Binhai Modern Art Musum, Центарот за изведувачки уметности Binhai, Центарот за јавна активност Binhai и Библиотеката Binhai - се дизајнирани од познати фирми, вклучувајќи Revery Architecture, HH Design и MVRDV.


Сите објекти на „Истражувачот“ (Exploratorium) се позиционирани во и околу гигантските конусни структури, кои излегуваат од ѕидовите и над покривот. Шуми го дизајнираше музејот „како зграда за минатото, сегашноста и иднината на Тијанџин“, опишува архитектот. Замислен како серија од седум конусни цилиндри, уникатната структура се однесува на богата индустриска историја во регионот, создава големи простори низ музејот и обезбедува дури и природна светлина во текот на целата година. Тие се завиткани од фасада со бакарна боја, изработена од перфорирани алуминиумски панели. Според архитектот Шуми, тоа е со цел, да ѝ дадат на зградата „обединето присуство“, истовремено помагајќи ѝ да ја намали топлината. Фокусно, највисоката точка на зградата е големото лоби и околната спирална рампа која им овозможува на посетителите да кружат низ изложбените сали и да се движат низ карактеристичните прозорци на фасадата. Овде е позиционирана огромна ракета, која го исполнува просторот, како спектакуларен сегмент на централниот дел. Тоа на некој начин ја прикажува Кина како нова вселенска сила, откако успеа да ја освои Месечината, а планира да го освои и Марс. „Тијанџин Бинхај Екстраториум“ е музеј кој ќе се приклучи на футуристичката библиотека на MVRDV како една од петте главни атракции во растечкиот рекреативен регион во северниот дел на кинескиот град Тијанџин. Истражувачот ќе ги прослави историските и современите индустриски достигнувања на регионот преку употреба на

ПОРТА


најсовремена, интерактивна технологија како VR (виртуелна реалност). Се смета за родно место на кинеската индустриска револуција, а изложбите ќе ја истражат улогата на градот како центар за производство и истражување пред сè на вселената, но и на широка урбанизација на овој дел на Кина. Покрај тоа, проектот ќе содржи објекти за настани, како и галерии, канцеларии, ресторани и малопродажба. Како што напоменавме, централен дел на проектот е новата библиотека во која ќе се сместат 1.2 милиони книги, а нејзиниот дизајн е совршенство! Но, за неа... во некоја друга прилика.

ПОРТА


ПОРТА


уметност

Нежни самотни присуства исполнети со поетски отсуства За прв пат по дваесет години, таинственото и поетско дело на овој мајстор е изложено во музеј „Жакмар-Андре“ Текст и фотоДејан БУЃЕВАЦ , (специјално за Порта 3 од Париз)

В

о прекрасниот музеј „ЖакмарАндре“ (фр. Musée Jacquemart-André et Culturespaces) сместен на булевар „Осман“ во 8-иот арондисман на Париз отворена е ретроспективна изложба посветена на големиот мајстор на данското и европско сликарство, Вилхелм Хамерсхои (Vilhelm Hammershøi, 1864–1916). Посетителите биле фасцинирани од сликите на Хамерсхои, првично изложени во Париз во Petit Palais во 1987 година, а подоцна и во Musée d'Orsay во 1997 година, кои претставуваат празни и суптилно изведени ентериери кои најчесто портретираат жена свртена со грб кон гледачот, а насликана со нежни и испразнети тонови. Изложените слики го претставуваат целиот опус на Хамерсхои и неговата мистериозна и длабока атмосфера. Како повлечена и тивка индивидуа, Хамерсхои целиот свој живот го поминал во кругот на семејството и неколкуте блиски пријатели, кои постојано се појавувале во неговите слики: неговата мајка, сестра, брат и шура кои му позирале. Тој, исто така, ја сликал и својата сопруга Ида, која како негов омилен модел често се гледа од задниот дел на неговите платна што го направиле познат. Исто така, на изложбата преку негови одредени дела можат да се видат и неговите релации со Франција, односно неговите две престојувања во Париз и неговото учество во изложбата Universelle во Париз (1889 и 1900). УМЕТНИЧКИОТ КРУГ НА ХАМЕРСХОИ Музејот „Жакмар-Андре“ ја покажува уметноста на Хамерсхои од нова, свежа перспектива што ги илустрира неговите 66

ПОРТА

29 март 2019


МЕЃУНАРОДНИ ИЗЛОЖБИ / РЕТРОСПЕКТИВА НА ДАНСКИОТ СЛИКАР VILHELM HAMMERSHØI ВО ПАРИЗ врски со уметниците во неговиот круг. За прв пат, оваа ретроспектива ги споредува делата на Хамерсхои со сликарството на неговиот брат Свонд Хамерсхои, неговиот зет Петер Илстед и неговиот пријател, познатиот сликар Карл Холсо. Овој компаративен пристап ги нагласува нивните афинитети, разлики, но и единствениот гениј на Вилхелм Хамерсхои, уметникот на самотноста, тишината и светлината. ИЗБОР ОД ИСКЛУЧИТЕЛНИ ДЕЛА Четириесет дела распоредени во шест сали го откриваат мистериозниот и поетскиот свет на уметникот. На изложбата за прв пат во Франција се претставени и дела од данска уметничка колекција, кои ретко биле изложувани на големите меѓународни ретроспективи ширум светот посветени на опусот на Хамерхои. На изложбата се опфатени и позајмени дела од големите дански и шведски музеи, како што се Statens Museum for Kunst и Hirschprungske Samling во Копенгаген, Nationalmuseum и Thielska Galleriet во Стокхолм, потоа Malmö Konstmuseum, добро познатите Musée d'Orsay во Париз и лондонската Tate Gallery, како и од приватни колекции. Големите дела го илустрираат секој аспект на опусот на Хамерсхои: неговите први портрети, актови, архитектонски погледи, пејзажи и извонредните ентериери што го направиле славен. ЕНТЕРИЕРИ Данскиот сликар Вилхелм Хамерсхои е најпознат по поетските, скромни портрети и ентериери. Минималистичкиот интимизам на неговите ентериери и вознемирувачката атмосфера произлегуваат од неговиот очигледно ригорозен пристап што го имал кон своето сликарство. Традицијата на холандското сликарство, кое од своите почетоци посебно го третира ентериерот, исто така е присутна во делото на Хамерсхои. Потоа линеарноста, јасната дефиниција на формата, математичката прецизност, нагласеното апстрактно чувство кога се во прашање боите присутни на палетата на Хамерсхои... Се чини дека целиот негов опус е варијација на истата тема. Меѓутоа, динамиката на повторување, сепак, е динамика. Иако, динамиката е отсутна од делото на Хамерсхои, таквото повторување сепак го повикува вниманието на набљудувачот, повторување кое сака да биде забележано. ИНТИМНОСТ И МИСТЕРИЈА Хамерсхои најчесто сликал „портрети“ на фигури свртени со грб во однос на ПОРТА

67


набљудувачот, за разлика од „класичните“ портрети со целосни лица. Тие биле претежно жени, секогаш поставени во еден вид неподвижни, тивки, мистериозни и отсутни состојби. Речиси секогаш се без какви било индикации за нивните евентуални карактеристики и изрази на лицата. Нивните фигури најчесто биле обоени од префинетата палета на црна, сива, бела и кафеава боја, кои најчесто се преклопувале. Светлината која имала суштинска улога во делата на Хамерсхои, била исполнета со флуидна сина боја која во неговите слики лесно се „движела“ преку вратите, преку подовите на ентериерите или на високите прозорци, и празнично допирала до ѕидовите. Композициите се секогаш под прав агол. Линиите на столовите, ѕидните лајсни и масите со садови се секогаш претставени со некаква протестантска строгост. Таквата остра геометрија ги поништува кривулестите движења на женскиот врат, главата и облеката, садовите исполнети со богати јадење и декорираните елементи на мебелот. Вилхелм Хамерсои си играл со перцепциите на набљудувачот кога се во прашање состојбите како што се тврдо или меко, реално или имагинарно. Така, на пример, тврдиот порцелан во неговите слики се дематеријализира во бела боја, додека

ПОРТА


дрвената плоча на масата преминува во една недефинираност, а нематеријалната светлина го осветлува обоениот ѕид. Во неговите познати „ентериери“, црното здолниште на жената знае да исчезне кога светлината си игра над сивата блуза. Творештвото на Хамерсхои зрачи со интимност и мистерија. Сè е сведено на претпоставки. Дури, не може јасно да се одреди тематски на која класа ѝ припаѓаат фигурите или насликаните предмети. Нечиј фустан или блуза може да бидат од памук или од кадифе, може да припаѓаат на жена од повисок општествен ранг, а можеби да припаѓаат и на нечија слугинка. Сеќавања, архетипски слики обликувани во студени поетски атмосфери. Тивки и студени соби од одредени тонови. Нема ништо ирационално во просторот што ни го покажува Хамерсхои, нема ништо ирационално во неговите слики, односно нивната „музика“ не го напуштила прастариот канон, математичкиот (питагорејски) принцип на хармонија. Или можеби, сепак, мала пристојна доза на сомнеж останува, односно мала тајна прерасната во прашина: Што се случувало во тие простории, што се случило со тие ентериери, каде отишле и исчезнале лирските субјекти на Хамерсхои, што очекувале истите тие додека самотно и отсутно стоеле или седеле свртени со грб кон набљудувачот? Дали меланхолијата овде којашто молчи и само молчи соодвестува на лесната и пространа сина боја? Дали тука музиката на меланхолијата и сината материјализација на светлината колку што се поттикнуваат, толку меѓусебно и се поништуваат? Важно е да се забележи распоредот на

предметите во сликите на Хамерсхои, кој одвреме- навреме се менува. Предметите, како исклучително важен и присутен мотив во творештвото на овој дански уметник, имаат сугестивна моќ. Во тие вазни, на тие клавири и други одложени инструменти, положено е сеќавањето, евоциран е последниот момент. Каде се тие што свиреле во тие простории? Присуства полни со отсуства сочувани во светлината, предметите, во празнината... Сепак, делата на Хамерсхои не се дескриптивни за да можеме да ги рационализираме и тематизираме со „соодветен“ одговор. Одговор кој и воопшто не е потребен.

ПОРТА


ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ

Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska ПОРТА bb 1480 Gevgelija MACEDONIA


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.