ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
279
AПРИЛ 2019
Урбаното планирање и дизајн ги ублажуваат здравствените ризици Здравјето е жртва на климатските промени Зеиц МОЦАА најомилениот награден проект на Цивик Траст наградите за 2019 година
15 ГОДИНИ
ПОРТА
СОДРЖИНА 18 ИНФО 6 ПАРИЗ ЌЕ БИДЕ ВО РЕД
ИНФО 8 САЛОН НА АРХИТЕКТУРА ПРОФЕСИЈАТА НА РАБОТ
ГРАДЕЖНИШТВО 12 ПРСКАН БЕТОН, СОВРЕМЕН МЕТОД ЗА ЗАШТИТА НА ИСКОПИ ВО ЦВРСТИ КАРПЕСТИ МАСИ
22
ИНТЕРВЈУ 18 ДОБАР ЕКОНОМИСТ ВО ГРАДЕЖНА ФИРМА – ВИСТИНСКИ ПРЕДИЗВИК
АРХИТЕКТУРА 22 ЗЕИЦ МОЦАА НАЈОМИЛЕНИОТ НАГРАДЕН ПРОЕКТ НА ЦИВИК ТРАСТ НАГРАДИТЕ ЗА 2019 ГОДИНА
АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 28 УЧИЛИШТЕ ВО АВСТРИЈА – КОНЦЕПТ ЗА НОВ МОДЕЛ НА ОБРАЗОВАНИЕ
УРБАНИЗАМ 32
36
УРБАНОТО ПЛАНИРАЊЕ И ДИЗАЈН ГИ УБЛАЖУВААТ ЗДРАВСТВЕНИТЕ РИЗИЦИ
40
УРБАНИЗАМ 36 ИМА ЛИ СКОПЈЕ ЦЕНТАР?
ЕНТЕРИЕР 40 ПРОСТОР КОЈ ПЛЕНИ СО СОФИСТИЦИРАНИ ДЕТАЛИ И УДОБНОСТ
ЕКОЛОГИЈА 46 ЗДРАВЈЕТО Е ЖРТВА НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
54
ХОРТИКУЛТУРА 50 ПОТРЕБАТА ОД ПЕЈЗАЖНИТЕ АРХИТЕКТИ ВО ЕВОЛУЦИЈАТА НА ДИЗАЈНОТ
НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 54 КАНЦЕЛАРИИ ВО МИНИ ЗАМОК
РЕПОРТАЖА 58 ГАЛИЧКИТЕ КАМЕНИ ПОРТАЛИ
УМЕТНОСТ 62 „ГРАФИКИТЕ ВО ВРЕМЕТО НА БРОЈГЕЛ“ ЦЕЛА ПРОЛЕТ ВО БРИСЕЛ
ПОРТА
25 јули 2014
58
62
ГОДИНА XII
БРОЈ 279 ПЕТОК 25.4.2019 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Како и секогаш така и во овој број пренесуваме интересни и читливи текстови. Последните денови целото светско внимание е насочено кон Богородичната црква во Париз, која остана без покривот и кулата кои изгореа во стравотниот пожар. Светот во шок гледаше како пламените јазици ја голтаат катедралата стара осум века, додека пожарникарите се бореа со пламената стихија, а парижаните плачеа и се молеа за спас на црквата. Како сега стојат работите Париз ќе биде во ред. Сочувството и солидарноста кое светот ги покажа треба да претставуваат пример како треба да се однесуваме кон вековните вредности кои претставуваат симболи и достигнувања на културата и цивилизацијата. Овогодинешниот Салон на архитектура, 41 по ред, кој традиционално се одржува во Музејот на применета уметност во Белград, носи наслов „На работ/ On the edge“, како парадигма на состојбите во архитектурата и улогата на архитектурата во општеството. Нашиот дописник од Белград ги пренесува победниците во сите категории. Од областа на градежништвото во овој број може да се прочита за прсканиот бетон кој е современ метод за заштита на ископи во цврсти карпести маси. Вградувањето на прскан бетон е сложен процес кој се изведува под силен притисок и бара голем ангажман и професионалност. Има голема примена во: тунелоградба; изградба на хидротехнички објекти; заштита на косини; заштита на градежни јами; рударство; реконструкција на разни градежни објекти. Во овој број имаме интервју со ВД директорот на служба финансии на ДГ Бетон АД Скопје во кое се говори за важноста на финансовите директори во градежните компании, за учеството на нашите компании на интернационалниот пазар, како и за ФИДИК договорите. Оваа година Цивик Траст наградите (Civic Trust Awards) го одбележуваат 60-годишниот јубилеј од своето воспоставување. Во оваа јубилејна година доделени се пет специјални награди, 26 награди и 36 признанија, а Музејот за современа уметност Зеиц МОЦАА во Кејп Таун, Јужна Африка е најомилениот награден проект. Архитектура од дрво применета во училиште во Австрија нуди концепт за нов модел на образование. Целата конструкција на објектот е изградена исклучиво од дрво. Повеќеслојните слепени конструктивни елементи од дрво не се покриени и се видливи во целиот ентериер, а учениците имаат многу придобивки од употребата на природни материјали во ентериерот.
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Интересно е колку добриот урбанизам влијае на здравјето на луѓето. Јавното здравство и урбанизмот во основа имаат иста цел – подигнување на квалитетот на животот: здравјето на човекот е под директно влијание на наследните особини, но и на социоекономските околности и средината во која се наоѓа. На полето на урбанизмот нашиот соработник пишува за Скопје како милионски град кој е без потребните атрибути и содржини. Има ли Скопје центар? Ова е прашањето на кое се бара одговорот затоа што просторот го дефинира квалитетот на животот кој го живееме во тој простор. Хаотичен, лошо димензиониран, нападен, грд простор го напаѓа умот и сетилата. Во овој број може да се види ентериер на еден модерен и топол дом. При изработка на ентериер секогаш е непоходно да се води сметка за желбите на клиентите, трудејќи се притоа просторот да има и свој, личен печат. Резултатот е простор кој плени со софистицирани детали и удобност. Глобалното затоплување е закана на 21 век. Здравјето е жртва на климатските промени при што стотици милиони луѓе веќе страдале во последните дваесет години, предупредува Светската здравствена организација. Во рубриката хортикултура зборуваме за средина која секојдневно еволуира. За разлика од архитектурата, пејзажната архитектура претставува динамична средина која секојдневно еволуира низ времето. Нејзините паркови и градини никогаш не се завршени. Во рубриката најчудни градби ги имаме најубавите канцеларии на фирма кои се наоѓаат во минизамок во вода во Данска. Зградата се издига од водата во пристаништето на градот Вејле. Се пристапува преку пешачки мост, со подземни пасажи, исто така, поврзувајќи го подрумот на зградата со доковите. Едни од највозбудливите урбано-архитектонски содржини во Македонија секако се галичките камени портали. Влезните камени портали со сигурност и денес воодушевуваат, инспирираат и поттикнуваат на размислување за универзалните и за трајните вредности на каменот и на архитектурата што се создава со него. Нашиот дописник од Брисел во овој број говори за „Графиките во времето на Бројгел“, поставка која цела пролет е поставена, а е во чест на 450 години од раѓањето на познатиот фламански уметник. ОД РЕДАКЦИЈАТА
279
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
AПРИЛ 2019
Урбаното планирање и дизајн ги ублажуваат здравствените ризици
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Здравјето е жртва на климатските промени Зеиц МОЦАА најомилениот награден проект на Цивик Траст наградите за 2019 година
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
AРХИТЕКТ DIETRICH | UNTERTRIFALLER ARCHITEKTEN
Насловна страница ОСНОВНОТО УЧИЛИШТЕ УНТЕРДОРФ ВО ХОХСТT, АВСТРИЈА 90 ДЕНАРИ
15 ГОДИНИ
Датум на печатење: 24.4.2019 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
Париз ќе биде во ред
Н
а 15 април околу 18:50 часот изби страотен пожар во катедралата Нотр Дам во Париз. Повеќе од 400 пожарникари беа потребни за да го скротат пеколот кој траеше околу 14 часа и ги сруши покривот и кулата на катедралата стара осум века. Огнот брзо се раширил низ дрвениот покрив, каде се вршело обемно реновирање. Светот во шок гледаше како пламените јазици ја голтаат Богородичната црква, додека пожарникарите се бореа со пламената стихија, а парижаните плачеа и се молеа за спас на црквата. Изградбата на Нотр Дам започнала во 1163 со поставување на камен-темелник во присуство на кралот Луј VII и папата Александар III, меѓутоа нејзината изградба траела сè до 1345 година. Катедралата со текот на вековите претрпела многу измени како и оние за време на владеењето на Луј XIV и Луј XV за да се усогласи со архитектонскиот стил на периодот. Црквата е едно од најдобрите дела на француската готска архитектура. Се истакнува со својата симетрија и урамнотеженост на архитектонските елементи. Нејзините димензии се импозантни, особено во времето кога е градена – долга е 128 метри, широка 48 метри, а нејзините кули се високи 69 метри. Во 1793 година, за време на Француската револуција дел од богатствата на катедралата биле уништени или ограбени. Дваесет и осумте статуи на библиските кралеви лоцирани на западната фасада и статуите на француските кралеви биле обезглавени. Катедралата се користела како складиште за чување храна и други неверски цели. Во јули 1801 година, новиот владетел, Наполеон Бонапарта , потпишал договор за враќање на катедралата на Црквата. Во 1840 направена е реконструкција, а во 1871 следбениците на Париската комуна имале намера да ја запалат. ДОМОТ НА КВАЗИМОДО Прочуениот француски писател Виктор Иго е заслужен за обновата на Нотр Дам. Имено, во 19 век француските власти имале намера да ја срушат катедралата бидејќи била прилично руинирана, но Иго со својот роман „Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз“ издаден во 1831 успеал да ја разбуди свеста на луѓето и со тоа влијаел на подоцнежното реновирање на катедралата. Богородичната црква го почувствувала и повлекувањето на нацистите од Париз, голем број куршуми завршиле во нејзините ѕидови. Во средината на 19 век спроведена е првата реставрација, која траела полни 25 години, а во 20 век следувале уште две обновувања. Меѓутоа црковните службеници апелирале, дека на катедралата која годишно ја посетуваат околу 13 милиони луѓе, потребна ѝ е уште една обнова. Последната реконструкција е во тек и постојат сомневања дека пожарот можеби има врска со обновувањето. И покрај својата бурна историја, оштетувањето од последниот пожар е најдраматичното нешто што ѝ се случило.
6
ПОРТА
25 април 2019
„Нотр Дам е наша историја, наша книжевност, дел на нашата психа, место на сите наши големи случувања, на нашите епидемии, војни, ослободувања, епицентар на нашите животи“, изјави францускиот претседател Франсоа Макрон пред катедралата. „Конструкцијата е спасена“, изјави шефот на пожарната служба ЖанКлод Гале. Целиот свет сочувствува со „нашата дама“ и голем број држави се солидаризираат со Франција. Францускиот претседател вети: „Ние повторно ќе го изградиме Нотр Дам, катедралата ќе биде уште поубава и јас посакувам сè да биде готово во рок од пет години“. Огромен број средства се веќе собрани за рекордно време. Градот Париз ќе даде 50 милиони евра за обновата. Француските милијардери се „тркаат“ кој ќе даде повеќе: милијардерот и претседател на компанијата која ја поседува аукциската куќа „Кристи“, Франсоа-Анри Пино соопшти дека неговата фамилија ќе даде 100 милиона евра помош за поправка на Нотр Дам. Фамилијата на уште еден милијардер Бернар Арно, сопственик на брендот „Луј Витон“, дава дупло повеќе, 200 милиони евра. Голем број светски државници ја понудија својата помош за обнова на катедралата со своите специјалисти со големо искуство во обнова на споменици од културата, вклучувајќи и дела од средновековната архитектура. Премиерот на Франција веќе најави меѓународен архитектонски конкурс за редизајнирање на кровот на катедралата, што секако претставува голем предизвик и историска одговорност. Франција веќе собра милијарда евра за неколку саата. Како сега стојат работите Париз ќе биде во ред. Сочувството и солидарноста кое светот ги покажа треба да претставуваат пример како треба да се однесуваме кон вековните вредности кои претставуваат симболи и достигнувања на културата и цивилизацијата. Солидарноста не смее да биде селективна. Неопходно е да се солидаризираме со сите цивилизациски вредности, стремежи и потреби од негување на достигнувањата на сите култури, блиски или далечни. Сите тие припаѓаат на човештвото, не смееме да потфрламе повеќе и да се однесуваме кон нив како позначајни или помалку значајни. Нè стаписа пожарот во „нашата дама“, затоа што чувствуваме дека е и наша, дека е на сите. И светот е еднаков на сите, така и да се однесуваме.
25 април 2019
ПОРТА
7
инфо
Салон на архитектура - професијата на работ
Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Белград)
О
вогодинешниот Салон на архитектура, 41 по ред, кој традиционално се одржува во Музејот на применета уметност во Белград, носи наслов „На работ/ On the edge“, како парадигма на состојбите во архитектурата и улогата на архитектурата во општеството. Слоганот е одбран како објаснување за падот на значењето на професијата, која низ историјата имала значајна цивилизациска улога, како и чувството на неизвесност пред предизвиците кои ги носи блиската иднина на професијата. Станува збор за глобално присутен феномен каде се води дебата за влијанието на општествените околности на архитектонската пракса и влијанието на архитектурата на околниот свет и развиток на нова, како и широки дебати за поправање на постоечката урбана, архитектонска и еколошка инфраструктура. Еден дел на Салонот посветен е на јубилеј, стогодишнината од основањето на Баухаус (1919 - 1933) со засебен изложбен простор. 8
ПОРТА
25 април 2019
Специјален гостин на Салонот е изложбата „Архитектура инвентура 2016-2018“, која по покана на Салонот доаѓа од Љубљана, Словенија. Оваа поставка претставува избор на биеналната изложба која е организирана од Здружението на архитекти на Љубљана. Во рамки на програмата Документи, претставена е реинтерпретација на изложбата „Слободно училиште е слободен простор“ на Бранко Станојевиќ, која ја претставуваше Србија на архитектонското биенале во Венеција во 2018 година. Ова е прв пат во така значаен обем да се претстави изложбата која ја претставувала српската национална селекција на Венецијанското биенале. Како традиционална програма е студентската програма. Овој пат тоа е изложбата од Нови Сад од Департментот за архитектура и урбанизам на Факултетот за технички науки со наслов „Кондиционал 505“. Покрај сите споменати делови на изложбата, гостинските содржини и студентските трудови, најголема вредност на Салонот на архитектура е можноста да се согледа ретроспективата на српската архитектура во претходниот период. Покрај автори од Србија, на изложбата учествуваат и одреден број автори од странство, највеќе
41. САЛОН НА АРХИТЕКТУРА ВО БЕЛГРАД од регионот. Од вкупно 230 кандидатски трудови во сите категории во официјалната селекција жирито избра 104 труда. Од овие 104 труда, селектирани се 78 кои влегуваат во конкуренција за награди во шест категории. Околу триста автори ги прикажале своите дела од различни области на архитектурата – јавни објекти, станбени и индустриски згради, ентериери, експериментални и истражувачки проекти и пишување за архитектура. l Големата награда на Салонот, Grand Prix 41, доделена е на авторскиот тим на бирото „АКВС архитектура“, Ангела Карабашевиќ и Владислав Суџум за реализиран објект „Летна куќа“ во местото Радановиќи во близна на Котор, Црна Гора.
l Во категорија „Гостин на салонот“ доделена е награда на Ненад
Поповиќ и Сенка Поповиќ за објектот „Образовен центар“ во Гинген ан дер Филс во Германија.
l Награди во категоријата „Ентериери“ добија: Александар
Глушиќ за адаптација на изложбениот простор на Народниот музеј во Смедеревска Паланка и Сара Димитријевиќ за „Apartment SS“ во Белград.
l Награда во категоријата „Архитектура“ доделена е на авторите
Горан Војводиќ и Јелена Ивановиќ-Војводиќ од студиото „БироВИА“ за деловен објект „Роаминг груп“ во Белград.
l „Признание на Салонот“ доделено му е на Предраг Милутиновиќ
за реализираното дело „Фабрика Zumtobel“ во Ниш.
Секако дека Салонот на архитектура е најзначајно и најсеопфатно архитектонско случување во Србија, каде за време на едномесечното одржување, од 27 март до 30 април, стручната и нестручната публика на најдобар начин може да се запознае со архитектурата која настанала на просторот на Србија во изминатиот период, да разбере кои се тенденциите во архитектонското творештво, како и со тоа да согледа каква е состојбата во архитектонската струка, со постојаното прашање дали таа го отсликува слоганот на овогодинешната изложба, дали е архитектурата „на работ“? 25 април 2019
ПОРТА
9
ПОРТА
ПОРТА
градежништво
Прскан бетон, современ метод за заштита на ископи во цврсти карпести маси Процес каде бетонската смеса се нанесува врз површината со помош на јак притисок и специјална опрема. Начинот на вградување може да биде со сува или со влажна постапка
Тунели на автопатот Демир Капија-Смоквица м-р БулентСУЛООЏА,дипл.геот.инж. автор на книгата „Технологија и практична примена на прскан бетон“
В
градувањето на прскан бетон е сложен процес кој се изведува под силен притисок и бара голем ангажман и професионалност. Има голема примена во: тунелоградба; изградба на хидротехнички објекти; заштита на косини; заштита на градежни јами; рударство; реконструкција на разни градежни објекти и сл. Исто така е многу погоден за изградба на објекти со необична геометрија. А за да се прилагоди на секојдневните потреби овој процес постојано се развива и ги подобрува своите особини. Прсканиот бетон како новина е откриен од страна на Carl Akeley во 1907 година и бил 12
ПОРТА
25 април 2019
познат како gunite. Тој за прв пат го користел за поправка на распадната фасада на Музејот на Колумбо во Чикаго, САД, а потоа наоѓа примена при градење на брани, мостови, тунели, канали за наводнување на полињата и др. Во Европа почнува да се користи по Првата светска војна и тоа за прв пат во Германија под името „торкрет“, а потоа го добива називот „spritz-beton“, во Англија се нарекува sprayed concrete, во Франција beton projete. Додека пак кај нас, во Македонија, првите количини се вградени во почетокот на осумдесеттите години на XX век. За изготвување на смесата за прскан бетон потребни се следните состојки: агрегат, цемент, вода, адитиви и др. За да се определат колкави количини се потребни за да се изготви смесата, се прават неколку комбинации за да се одбере најповолното,
најефикасното и најекономичното решение. Прсканиот бетон може да се искористи како самостојна смеса или пак во комбинација со анкери, челична мрежа или влакна, а истите тие додатоци придонесуваат за подобрување на карактеристиките на прсканиот бетон. Во зависност од начинот на вградување
Приказ на вградување на прскан бетон - влажна постапка
н а
ПРОЦЕС СО ШИРОКА ПРИМЕНА млазницата влијаат на отскокот, појавата на прашина, вградувањето и друго. Карактеристиките на опремата влијаат врз квалитетот на прсканиот бетон и успешноста на целата постапка за вградување. Затоа треба да се направи правилен избор, а тоа зависи од бројни фактори: видот на постапката за вградување, спецификациите на проектот, достапноста на материјалите, видот на транспортот на материјалите, временските услови и други. Целата опрема треба да се одржува, да се сервисира редовно и да се користи согласно со упатствата на производителот. После секој процес на врадување, целата опрема треба темелно да се исчисти. Пристапен пат Св. Петка
постојат две постапки: сува (австриски метод) и влажна (норвешки метод). Сувата постапка е традиционален метод каде што цементот и агрегатот се мешаат во пумпата и под притисок се транспортираат низ цевка до самата млазница. Адитив-забрзувачот пак се дозира и меша со водата и се додава пред вградување. За разлика од сувата постапка, бетонската смеса која се вградува при влажната постапка се подготвува во фабрика за бетон и со бетоњерки се транспортира до градилиште. Од пумпата под притисок стигнува до млазницата и се вградува. Иако влажната постапка почнува да се користи во 70-тите години од минатиот век, има големи предности во однос на сувата.
смесата и под притисок ја транспортира до самата млазница. Во зависност од тоа која постапка се користи, пумпите се разликуваат меѓусебно. Прскањето на сместата се врши преку млазница која може да биде рачна или механичка. Типот на млазницата, начинот на држење од страна на млазничарот и перформансите на
Техника на изведување на прсканиот бетон Има правила за вградување на прсканиот бетон и истите мора да се запазат за да има ефикасност во процесот на нанесување. Најпрво добро да се исчисти површината на која ќе се нанесе бетонот; да се отстранат лабавите делови од карпестата маса, да се отстрани и дренира водата; да се навлажни површината на која ќе се нанесе како и големите пукнатини и се разбира да се провери опремата со која ќе се нанесе прсканиот бетон. Млазницата се држи под прав агол на подлогата на оддалеченост 0,6 до 1,5 метри, а истото зависи од големината на агрегатот, воздушниот притисок, брзината на транспортираниот материјал и др. При нанесувањето се прават мали и кружни движења, еднакви по целата површина. Вградувањето на смесата почнува од долните делови па продолжува нагоре. Ако површината на којашто се нанесува смесата е хоризонтална, нема ограничување за дебелината на слојот, но ако има вертикално нанесување, дебелината на првиот слој треба да биде потенка и тоа околу d = 5cm, и да се нанесува со помал дијаметар на млазницата.
Опрема за вградување на прскан бетон Еден од составните елементи на опремата за прскан бетон е пумпата, која ја меша ПОРТА
Потпорен ѕид кај Плетвар
Местото каде што се работи мора да биде добро осветлено и безбедно со цел работниците да можат квалитетно да си ја извршат работата, да ја утврдат точната дебелина која треба да се нанесе и минималното враќање. Во овој процес исто така од суштинско значење е и вентилацијата. Прсканиот бетон не треба да се вградува ако температурата е пониска од 5° С, односно повисока од 35° С, освен ако не се преземаат соодветни мерки. Температура вон овие граници се смета за вонредни временски услови кои го отежнуваат нанесувањето на смесата и доведуваат до дополнителни мерки, а тоа е предзнак за зголемување на трошоците. Тешко е и вградување на прскан бетон при појава на ветер и затоа се препорачува да се избегнува нанесување на смесата при вакви услови. Прсканиот бетон доживува слични последици и при дождливи услови. При торкретирање неопходно е да се почитуваат законските прописи и целосниот план за безбедност за да се обезбедат нормални услови за работа. Местото каде се работи мора да биде безбедно, да се спречи присуство на неовластени посетители, особено деца, како и да се заштитат минувачите во близина на градилиштето. Исто така, целиот персонал мора да носи безбедносни шлемови, заштита на лицето, нараквици, соодветна облека и др. 14
ПОРТА
25 април 2019
Отскок Отскокот е познат феномен во индустријата за прскан бетон и се направени бројни студии за мерење на количината и факторите на влијание врз истото (Parker 1976, Morgan 1988, John 1999, Melbye 2001, Marmglen 2004, Arıoğlu2008). Врз отскокот влијаат многу фактори: -карактеристиките на смесата (водоцементниот фактор, гранулометрискиот состав, видот на цементот, видот на влакната); -опремата за изведба (искуството на млазничарот, растојанието од млазницата до површината, притисокот во млазницата) и -околните услови (дебелината на слојот, видот на карпестата маса и др). Отпадот од прсканиот бетон треба да се отстрани веднаш по завршувањето на процесот и во никој случај отпадниот материјал не треба да се враќа назад во сместата. * равенка за пресметка на отскок, според ACS (2006): Каде: G - одскок (%), Mg-вк. тежина на материјалот од одскок и Mp-вк. тежина на прскан бетон.
Торкретирање во тунел
Контрола на квалитет Производството на прскан бетон е изложено на ред процедури за контрола на квалитетот. Постојат три категории на контрола: мала, нормална и поопширна. Видот на контрола се одлучува во зависност од видот на објектот, можните последици и други фактори. При мала и нормална контрола на квалитет нема специјални барања, додека при поопширна контрола барањата ќе ги потпише инженер за обезбедување на квалитетот на прскан бетон. Кога извештајот за контрола на квалитетот покажува дека материјалот или производот не ги исполнува потребните услови, веднаш се преземаат дејствија за да се елиминираат недостатоците. Искуството во минатото покажа дека клучен елемент при квалитетот на прсканиот бетон се работниците кои
управуваат со млазницата. Работниците треба да се со големо искуство, и треба да се вршат голем број обуки за изведување на оваа техника. Фреквенцијата на тестовите за квалитет ја определува самиот изведувач, при тоа имајќи ја предвид улогата на прсканиот бетон, тешкотиите при вградувањето, експлоатацијата на објектот и други фактори.
Потпорен ѕид на автопат Демир Капија-Смоквица
Тунел на автопатот Велес-Скопје
Иднината на прсканиот бетон Во едновековниот живот на прсканиот бетон се потрошени големи пари, а тоа е знак дека секојдневно се зголемува потребата од ваквата техника. Во последните години во Европа интензивно се градат тунели, а рударството доживува голем раст. Од тие причини стариот континент е најголемиот потрошувач на прскан бетон. Кај нас прсканиот бетон се користи за заштита на косини и такви искуства има на повеќе проекти, а во тунелоградбата првата примена била во тунелот Катланово на автопатот Велес – Скопје / ГП Маврово / во почетокот на осумдесеттите години од минатиот век. Следуваат тунелите на делницата Демир Капија -Смоквица, а во поново време значителни колични се вградуваат и во тунелот „Пресека“ на автопатот во градба Кичево – Охрид / Адитивите за прскање за сите овие објекти се произведени во фабриката Адинг – Скопје / Исто така, во периодот од 2016 до 2017 година, прсканиот бетон беше вграден и во заштита на косините на пристапниот пат до браната Св. Петка. Додека пак минатата година на оваа техника се повикаа изведувачите на објектите: Пристапен пат до браната Злетово, Експресен пат Прилеп Градско и др.
ПОРТА
/ Адитивите за прскање за сите овие погореспомнати објекти се произведени во фабриката Адинг – Скопје / Со анализите и предвидувањата направени за во иднина, се очекува раст
од околу 8,0 % на вградувањето на прскан бетон за периодот од 2016 до 2021 година, односно ќе се потрошат 7,6 милијарди долари во 2020 и приближно 8,3 милијарди долари во 2021 година за торкретирање
Тунел Пресека на автопатот Кичево-Охрид
ПОРТА
низ целиот свет. Овој тренд ќе го следат и нашите проектанти бидејќи секојдневно се зголемува бројот на објекти кои во нивниот состав содржат техника на прскан бетон.
ПОРТА
интервју
Добар економист во градежна фирма - вистински предизвик Добро конципиран договор за изведба на проект, не може и не смее да не вклучува добро конципирани и јасни финансиски клаузули, за што главниот збор го имаат економистите Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх.
Т
атјана Ацковска е родена 1975 година во Гостивар. Во моментов е на докторски студии на тема ТЕНДЕНЦИИ ВО ФИНАНСОВИОТ МЕНАЏМЕНТ ВО ГРАДЕЖНИТЕ КОМПАНИИ на Универзитетот за финансии и осигурување ВУЗФ во Софија, Република Бугарија. Магистрирала на Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на тема „Состојби и перспективи на градежништвото во глобалната економија“ со осврт на македонскиот градежен сектор. По дипломирањето на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се вработува во ДГ Бетон АД Скопје, каде што веќе 18 години, низ континуирани обуки и секојдневното работење се стекнува со знаења од областа на економијата и финансиите во градежните компании. Во 2008 година е назначена за раководител на финансиската оператива на ДГ Бетон АД Скопје. Работното место ВД директор на служба финансии на ДГ Бетон АД Скопје го презема во ноември 2015 година, во периодот кога ДГ Бетон АД Скопје учествува во изградбата на повеќе значајни објекти во земјата. Од 2017 година е предавач на Академијата за банкарство и информатички технологии АБИТ на обуката за сметководство. Има посетувано повеќе обуки од најразлични области од економијата, пред сè на тематики поврзани со финансиите и финансискиот контролинг. Во 2018 го завршува четвртиот модул од обуката на CA Controler Akademie od Minhen.
После долги години ова е прво интервју во Порта 3, како списание за архитектура на градежната фела, со финансов директор на градежна фирма... n Најпрво благодарност до Порта 3 за покажаната иницијатива за ова интервју. За мене како економист, беше и е предизвик да 18
ПОРТА
25 април 2019
работам во градежна компанија. Да се градиш и развиваш во градежна компанија во која има толку многу најразлични случувања од областа на финансиите и економијата е непроценливо искуство. Работењето со најразличните финансиски производи, како гаранции, акредитиви, кредити, економско следење на градежни проекти, инвестициони програми, сметководствена евиденција и изготвување на различни интерни и екстерни извештаи како и контакти со инвеститори, банки, државни институции, се секојдневие на економистите во градежништвото. Во старите добри времиња на македонската градежна оператива, финансискиот врв на
фирмите беа сива еминенција, без која не можеше да се замисли квалитетно склучен договор, трансакција... Имам осет дека денес тоа се само стари добри соништа? n Не можам целосно да се согласам со Вашата констатација и да генерализирам за сите градежни компании. Вклученоста на економистите во одлучувањето во компаниите според мене зависи не од дејноста што компанијата ја извршува, туку пред сè од големината на стопанскиот субјект. Општо земено во државава, колку се поголеми стопанските субјекти, финансиските врвови и тоа како се „сива еминенција“, ценети и почитувани во работењето на компаниите. Сепак сè се врти околу парите и профитите. Во
ТАТЈАНА АЦКОВСКА, ВД ДИРЕКТОР НА СЛУЖБА ФИНАНСИИ НА ДГ БЕТОН АД СКОПЈЕ големите субјекти има поделба на работите во различни организациони целини, се распознаваат повеќе менаџмент -нивоа , се делегираат авторитети и сл. Од ова не се исклучок и големите градежни компании. Во нив економистите се целосно вклучени во секојдневното одлучување и работење на компаниите преку работењето во финансиските сектори. Моето искуство во голема градежна компанија покажува дека добро конципиран договор за изведба на проект, не може и не смее да не вклучува добро конципирани и јасни финансиски клаузули, за што главниот збор го имаат економистите. Исто така, не постои договор за градење кој нема клаузули за банкарски гаранции и слично. Тука главната работа ја имаат исто така економистите. Во големите градежни компании многу се вложува во развојот и знаењето на вработените во финансиските служби. Кај помалите градежни компании, искуството ми покажува дека ова не важи. Како и кај сите останати дејности, така и во градежништвото, газдите на малите компании сакајќи да заштедат средства, без разлика на стручната спрема што ја имаат, водени од сопственото искуство и препуштајќи се на водењето на големите компании, во своите компании не вработуваат економисти и користат услуги од надворешни компании како консалтинг и сметководствени фирми за да им изготват годишна сметка, да поднесат пресметка за плата, ДДВ-пријава и слични секојдневни услуги и толку е потребата од финансиските кадри. Колку се економистите особено квалитетните заинтересирани за работа во градежните компании? Колку е тој кадар ценет и стимулиран за својот ангажман? Колку е носечкиот технички инженерски кадар искрен во инкорпорацијата на економскиот кадар во системот на работа и водење на градежна фирма? n Во градежниот сектор има место за најразлични кадри и професии, но тргнувајќи од природата на гранката, природно е да се најценети и најбарани техничките кадри пред сè градежните инженери и архитектите. Економистите работат паралелно со нив и сè со цел да му помогнат на инженерскиот кадар. Секој менаџер на градежен проект, покрај квалитетот и динамиката на проектот, има за цел рационално користење на ресурсите со кои располага при изведбата на проектот и профитабилно да го заврши проектот, а со тоа директно влијае врз финансиската состојба и успешноста на самата компанија. Кај нас, во државата, повеќето млади економисти би сакале да работат во финансиска институција како банка, осигурителна компанија и слично, поради
ДГ БЕТОН АД Скопје ДГ БЕТОН АД Скопје како компанија постои на македонскиот пазар повеќе од 75 години, како една од водечките компании во градежниот сектор во земјава. Во своето постоење името на компанијата е запишано во изградбата од над 75 % од индустриските објекти во земјава, како хидроцентрали, термоелектрани, силоси, ладилници, металургиски комбинати и многу фабрики. Во своето долгогодишно постоење БЕТОН има изведено над 2.000.000 м2 станбени објекти, што претставува еден град од 180 000 жители. Во последнава деценија ДГ Бетон АД Скопје станува и лидер во изведбата на објекти во нискоградбата. Компанијата учествува во изградбата на автопатот Миладоновци Штип, изградба на експресниот пат А3 Штип - Кочани, делницата Штип - Крупиште, изградбата на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка и други.
повисоките примања во овие институции. Како економист кој се развиваше во градежна компанија, можам да кажам дека градежништвото и тоа како има што да му понуди на еден млад економист. Тоа што може да се научи во градежната дејност, сметам дека го нема во ниедна друга стопанска дејност. Економистот во градежништвото, мора да има познавање и се сретнува со сите останати дејности. Работењето како економист во градежништво те научува за работењето на банките, ти ги покажува и те учи на правилата на трговијата и продажбата, големите градежни компании имаат погони за производство (бетон, арматура)... така што економистите го имаат искуството и научуваат за производство, оттука како млад кадар ако си воден од желбата за знаење и работење како економист во градежна компанија и тоа како треба да е предизвик, а повисоките примања ќе дојдат. Секој сака да има во својот тим квалитетен кадар и ќе бара начини да го стимулира да остане. Успехот на работното место зависи од многу фактори и карактеристики на самата личност. Според мене трудољубивоста, лојалноста, желбата за
знаење и упорноста се дел од карактеристиките што водат напред. Од големите градежни брендови кои беа познати далеку од нашите граници и кои беа главната извозна гранка на државата, останаа во живот само Гранит и Бетон. За жал Бетон го нема во меѓународните води. Во што е проблемот? КАКО ДА СЕ БИДЕ КОНКУРЕНТЕН НА СТРАНСКИОТ ПАЗАР? n Периодот на транзиција на земјата негативно се одрази на работењето на голем број стопански субјекти, а особено и кај градежните компании. Во новиот начин на т.н. пазарно стопанисување да се опстане и да се работи успешно е привилегија на најфлексибилните компании и на оние што знаат да ги проценат движењата на пазарите за навремено да се подготват за идните предизвици. Настапот во странство на градежните компании од земјава, во согласност со законските прописи во Република Македонија и со меѓународните спогодби и конвенции е слободен. Факторите за настап на меѓународните пазари се многубројни и можат да бидат од: 25 април 2019
ПОРТА
19
активност во рамки на Република Македонија, настапот на странските пазари е една од најзначајните цели во работењето на градежните компании во земјава. ДГ Бетон АД Скопје, во последниве години активно работи на истражување на странските пазари и согледување на специфичностите, условите и можностите што пазарите ги нудат. Очекуваме во блиска иднина да дојде до реализација на она што досега e сработeно и да ве информираме за новосклучените договори во странство.
Градски стадион - „Тоше Проески“
Автопат Миладиновци - Штип - надворешна природа (конкуренцијата на надворешниот пазар, административни процедури и барања, законските прописи во земјите и штитењето на интересите на домашните градежни компании, јазичните бариери и слично) и - внатрешни во работењето на самите компании и градежниот сектор на Република Македонија како целина. Со надворешните фактори и пречки се соочени сите градежни компании што сакаат да настапат на конкретниот пазар и тие услови важат генерално за сите компании на конкретниот пазар. Секој странски пазар има свои посебни специфичности. За да се зголеми конкурентноста на конкретен пазар, македонските градежни компании потребно е да ги согледаат условите и специфичностите на пазарот на кој настапуваат и да изнајдат начини како да ги 20
ПОРТА
25 април 2019
надминат надворешните бариери и да се вклопат во правилата на функционирање на тој меѓународен пазар. За разлика од надворешните, внатрешните фактори и пречки се директно поврзани од работењето во самите компании и од способноста на менаџментот да се справи со истите. Без обмислена стратегијата за развој, со цел да се промени состојбата во која се наоѓаат компаниите, градежните компании многу тешко ќе успеат да ја зголемат својата конкурентност во странство. Како внатрешни фактори што влијаат на конкурентноста на македонските градежни компании при настапот на меѓународните пазари би ги издвоила финансиската стабилност на градежните компании, квалификуваниот кадар, како и поддршката од банкарскиот сектор во делот на банкарските гаранции. Во услови на намалена инвестициона
Дали нашите банки се спремни /и волни/, со капацитет, но и визија да учествуваат во поддршката на нашите градежни компании на интернационалниот пазар на капитални градежни проекти? n Градежните претпријатија не можат да се развиваат доколку не бидат поддржани од банкарскиот сектор и тоа не само преку кредитирањето туку уште позначајна е поддршката за издавање банкарски гаранции. Банкарските гаранции се еден од најзначајните финансиски инструменти без кои не може да се замисли да се склучи договор не само на надворешните пазари туку и во земјата. Банките во земјава, во согласност со супервизорските стандарди на НБРМ, се ограничени во висината на кредитното задолжување кон правните субјекти, и не постои посебна одредба за да градежните компании имаат различен третман од претпријатијата од другите дејности. Кредитното задолжување на клиентот кај одредена банка, кое не е обезбедено со депозит или со неотповиклива безусловна гаранција од првокласна банка, државата и слично, не смее да надмине 25 % од гарантниот капитал на банката. - Проблемите на градежните компании со банките се јавуваат во случаите кога треба да се издадат гаранции што го надминуваат лимитот на банката. Во согласност со состојбата во банкарскиот сектор во земјава, постојат три поголеми банки кои се во состојба кредитно да изложат над 25 милиони евра. Останатите банки се класифицирани во групата на средни и мали банки и во согласност со големината на нивниот капитал се ограничени во пласманите со градежните компании (од 1 до 5 милиони евра). Со оглед на фактот дека големите инфраструктурни проекти имаат и големи вредности, со ограничувањето од 25 % од гарантниот капитал, банките не секогаш можат да им излезат во пресрет на градежните компании. Само со еден проект градежните компании можат во целост да го исполнат вкупниот законски дозволен лимит. Со самото потпишување на договор за изведба на градежни работи треба да се достават две гаранции - гаранција за добра
изведба на работите, која најчесто се издава на износ од 5 до 10 % од договорот, како и авансната банкарска гаранција, која се бара на износ од 10 до 15 % од износот на договорот. Во ситуации кога е надминат лимитот во банката, дел од банките се подготвени да ги префрлат пласманите кон своите странски матични банки, но оваа процедура е долга и комплексна, па одзема многу време и се пробиваат роковите во кои треба да се достават гаранциите до инвеститорот.
финансирани од страна на меѓународните финансиски институции подразбираат нивната реализација да биде врз основа на договорите по ФИДИК. Овие договори не се непознати за македонските градежни компании. Со години македонските компании изведуваат проекти по системот на ФИДИК. ДГ Бетон АД Скопје поголемите инфраструктурни објекти, како на пример изградбата на хидросистемот Злетовица, браната Света Петка, автопатиштата како Неготино - Демир Капија, Тетово - Скопје, Скопје - Штип, Кичево – Охрид, но и многу други
ги има градено по Фидик стандардите. При изведба на овие проекти се користени договорите по ФИДИК и тоа Црвената книга и Жолтата книга. Македонија има своја асоцијација, полноправен член на ФИДИК, и тоа е Асоцијацијата на инженери консултанти на Македонија - АЦЕМА. Оваа асоцијација се залага за промоција на значењето и улогата на ФИДИК стандардите во Македонија и нивна поголема имплементација во законските прописи поврзани со изградбата на проекти во земјава.
Една мала кратка историја на Фидик договорите во светски рамки... n Како резултат од идејата да се формира глобална федерација на независни инженери во 1913 година во Гент, Белгија од страна на претставници од Белгија, Франција и Швајцарија е формирана Интернационалната федерација на инженери консултанти ФИДИК. Оваа организација е позната по својата работа околу дефинирањето на условите од договорите за градежната индустрија ширум светот и нивна стандардизација. Денес федерацијата со седиште во Женева, по повеќе од 100 години од своето формирање, брои над 1 милион членови, професионалци од повеќе од 100 земји во светот . Фидик договорите се во светот веќе многу десетлетија вообичаен интернационален стандард при изведба на градежни проекти. До каде сме ние во тој поглед? Дали тој стандард може и кај нас да стане законски регулирана обврска? Дали Бетон има проекти каде го применува Фидикот? n Во глобалната економија како стандардна и насекаде прифатена форма на договор за изведување на градежни работи се стандардите на Интернационалната федерација на инженери консултанти ФИДИК. Договорите по ФИДИК се со широка примена насекаде во светот и претставуваат интернационален стандард при изведбата на градежни објекти. Скоро сите меѓународни финансиери и инвеститори, водечките комерцијални банки и инвестициони фондови строго бараат нивните инвестициони проекти да се реализираат по системите и договорите на ФИДИК. Така секој проект кој е финансиран од страна на Светската банка, без разлика на регионот каде се изведуваат градежните работи, се изведува согласно условите по ФИДИК. Во некои земји како Романија и Абу Даби, договорите по ФИДИК се законска регулирана обврска при изведувањето на градежни работи на овие пазари. Сите градежни проекти што се ПОРТА
архитектура
Зеиц МОЦАА најомилениот награден проект на Цивик Траст наградите за 2019 година Новиот музеј, завршен во 2017 година, е лоциран на самиот брег во живописниот историски дел на Тејбле Беј (Table Bay) Заливот во Кејп Таун којшто излегува на Атлантскиот Океан и претставува адаптација и пренамена на постоен објект д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон)
Ц
ивик Траст наградите (Civic Trust Awards) оваа 2019 година го одбележуваат 60-годишниот јубилеј од своето воспоставување во далечната 1959 година и континуирано постоење до 22
ПОРТА
25 април 2019
денес. Како резултат, оваа Англиска награда за архитектура и изградена средина е најдолгата континуирана награда во Европа во овој домен, и е една од најважните и најпрестижните. Во оваа јубилејна година доделени се пет специјални награди, 26 награди и 36 признанија. Добитници на овогодишните специјални награди се:
Железничката станицата лондонски мост во Саутварк, Лондон (London Bridge Station, Southwark) на Гримшо (Grimshaw) добитник на специјалната награда за сообраќај и инфраструктура; Киното Палас во Галовеј, Република Ирска, (Pálás, Galloway) на Де Паор архитектс (dePaor Architects) добитник на специјалната награда за придонес кон и
ДОДЕЛЕНА АНГЛИСКА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА И ИЗГРАДЕНА СРЕДИНА
вклученост на заедницата; Центарот Сјамон Сеинсбури при Кембриџ Џаџ бизнис-школата во Кембриџ (Simon Sainsbury Centre, Cambridge Judge Business School) на Стантон Вилијамс (Stanton Williams) добитник на специјалната награда Мајкел Миделтон (Michael Middleton). Оваа награда се доделува во чест на основачот на Наградата Цивик Траст. Центарот на заедницата Стори Филдс и градинката Едингтон во Кембриџ (Storey’s Field Centre) на МУМА (MUMA) добитник на специјалната награда за одржливост; и Музејот на современа уметност Зеиц МОЦАА во Кејп Таун, Јужна Африка (Zeitz MOCAA, Cape Town), на Хетервик студио (Heatherwick Studio) добитник на специјалната награда на националното жири. Добитникот на специјалната награда на националното жири, Музејот за современа уметност Зеиц МОЦАА во Кејп Таун, Јужна Африка, е исклучителен проект во кој покрај проектантот Хетервик студио биле вклучени и три извршни архитекти: ВДММА (VDMMA), Рик
Браун асошеитс (Rick Brown Associates) и Џејкобс партнерс (Jacobs Partners). Новиот музеј, завршен во 2017 година, е лоциран на самиот брег во живописниот историски дел на Тејбле Беј (Table Bay) Заливот во Кејп Таун којшто излегува на Атлансткиот Океан и претставува адаптација и пренамена на постоен објект. Како појдовна градба за музејот послужил 57 метри висок силос за житарици оригинално изграден во 1921 година, а напуштен во 2001 година, кој во меѓувреме станал заштитен објект на градителско наследство. Карактеристиките на овој објект се појавиле како еден од примарните предизвици во овој проект. Имено, како силос за житарици, објектот бил составен од 42 вертикални цилиндри (цевки) на индивидуалните силоси со 17 сантиметри дебели бетонски ѕидови коишто меѓусебно се допираат. Комбинацијата на вертикална ќелиска структура на бројните индивидуални силоси во принцип се коси со потребите на еден музеј за поголеми хоризонтално поврзани простори. Проектантите го надминале овој проблем преку иновативна
примена на новите технологии за сечење на бетон во комбинација со традиционални занаетчиски вештини. Така тие развиле концепт според кој во центарот на постојниот објект бил оформен атриум преку издлапчување на внатрешноста на објектот. Вака концепираниот атриум ефективно го создал „срцето“ на објектот, но истовремено визуелно оформил експресивен внатрешен простор којшто може да се спореди со оној на величествена катедрална црква со сводови. Ова овозможило галериските простори да се лоцираат по периферијата на атриумот. Катедралниот впечаток на атриумот дополнително е нагласен со кровот од рамно стакло со кој се затворени „цевките“ на индивидуалните силоси одозгора, а преку кои се носи природно осветлување во внатрешноста на објектот. Волуменот на внатрешниот атриум всушност го претставува волуменот на едно зрно од пченка зголемено доволно за да го исполни 27-метарскиот волумен на објектот наменет за атриумот. Ваквиот пристап резултирал во илјадници тридимензионални 25 април 2019
ПОРТА
23
координати коишто со клинци биле одбележани на површината на постојните ѕидови на цилиндрите на индивидуалните силоси за да се знае до каде истите треба да се исечат, а коешто претставувало исклучителен предизвик. Ископувањето на внатрешниот простор не само што овозможило да се оформи атриумот и галериите, туку и да се унифицираат двата дела на оригиналниот објект. Понискиот во кој биле силосите, и повисокиот во кој се вршело сортирањето на житарките. Вертикалното поврзување на катовите е постигнато со цилиндричен лифт и спирални скали. За да се надмине неминовното ослабување на скоро век старата бетонска конструкција на објектот преку сечењето и издлабчувањето на истата, преостанатите елементи по внатрешниот обем на атриумот биле обложени со армиран бетон за да се очува и подобри стабилноста. Особено невообичаен е пристапот кон новите прозорци коишто биле вградени во постоечката структура на горниот дел на објектот и кулата. Станува збор за прозорци во форма на перници коишто се испакнуваат надвор од основната површина како да се наполнети со воздух однатре. Навечер, тие осветлени, го трансформираат објектот и
ПОРТА
создаваат впечаток на ламба која го осветлува заливот. Според жирто: „Ова е егземпларен проект, кој земал постојна напуштена зграда и ја модифицирал за да создаде нова која ќе служи за друга намена. Ова било направено со почитување на оригиналната намена на објектот, но пристапот не бил само да се работи со она што оригинално било таму, туку да се види како може да се адаптира за да се создаде нешто со наполно нов карактер. Едноставно инспирирана адаптација на постоечки објект којашто овозможила да се зачува историска и исконска градба. Наполно смел и уникатен проект. Архитектот одговорил на предизвикот да се создадат подеднакво драматични интервенции.“ Во рамките на овој комплекс од 9.500 квадратни метри, девет нивоа со вкупна површина од шест илјади квадратни метри се наменети за излагање на веројатно најзначајната колекција на современа уметност од Африка и дијаспората. Музејскиот простор е надополнет со 18 образовни простори лоцирани на едно ниво, галерија за склуптури на отворено на подолниот кров, вклучително со ресторан и продавница. Сило Хотелот (Silo Hotel) е
сместен во повисокиот дел на објектот. Објектот е реализаран како приватно-јавно партнерство помеѓу В и А Ватерфронт (V&A Waterfront) и германскиот бизнисмен Јохен Зеитс (Jochen Zeitz). В и А Ватерфронт вложиле финансиски средства за изградба на објектот и потребната инфраструктура, додека г-динот Зеитс ја позајмил својата голема уметничка колекција за време на неговиот живот. Образовниот центар во рамките на објектот бил основан за да ја објасни уметноста и ја направи достапна за децата и оние коишто сакаат да научат за ова преку
образовни тури и работилници, но и преку партнерство со локална програма за вонучилишни активност со која се опфатени 284 деца во ризичната категорија на возраст од 6 до 18 години од девет училишта во Кејп Таун. Дополнителната настава се одвива во термини кога децата се изложени на највисок ризик со што тие се згрижени и заштитени, но истовремено се користи како можност да се промовира креативното размислување и претприемачкиот дух. Со 400 илјади посетители и 10 илјади зачленети локални членови на музејот во првата година на своето постоење биле
ПОРТА
надминати сите појдовни очекувања. Се очекува дека големиот интерес на јавноста, покажаните успеси во првата година на постоење ќе придонесат за постигнување на оригиналните цели на проектот да се прослави и заштити индустриското наследство на објектот преку создавање на репер објект за непрофитна организација во рамките на обновата на В и А Ватерфронт делот на Кјеп Таун. За жирито, станува збор за реализација
која „ги штиклира сите полиња во однос на одржливост, употреба од страна на заедницата, вклученост, пристапност и дури изгледа дека успеала да ја постигне тешко остварливата цел да се биде финансиски одржлива. Фантастичен проект.“ И во минатото сме биле сведоци на проeкти коишто се истакнале преку својата иновативна пренамена на остатоците од индустријата како што се силосите за житарици, на пример, 19- катниот Комплекс за
Железничката станица во Саутварк, Лондон
Центарот Сјамон Сеинсбури при Кембриџ Џаџ бизнис-школата во Кембриџ 26
ПОРТА
25 април 2019
студентско домување Грунерлока (Grünerløka Studenthus) во Осло на ХРТБ аркитектер АС (HRTB Arkitekter AS), Руралната висококатница со висококвалитетни станови Сил(о)ета (Sil(o)houette) во Логтен (Løgtoen), Данска на Ц.Ф. Мулер архитектс (C.F.Møller Architects) со Кристиан Кралсен аркитектфирма (Christian Cralsen Arkitektfirma), 17-катниот комплекс на луксузни станови Сило (Silo) во Копенхаген од ЦОБЕ (COBE) и други. Сепак може да се каже
дека новата Галерија за современа уметност Зеиц МОЦАА во Кејп Таун со својот смел пристап и катедралната експресивност на новосоздадениот атриумски простор, „исклесан“ од оригиналните цилиндри на бетонски силоси, создава нова појдовна точка за оценување на идните проекти од овој вид и заслужно е лауреат на овогодишната јубилејна, 60-та по ред, специјална награда на националното жири на Цивик Траст наградата за архитектура и изградена средина.
Центарот на заедницата Стори Филдс и градинката Едингтон во Кембриџ
Киното Палас во Галовеј, Република Ирска
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
aрхитектура од дрво
Училиште во Австрија – концепт
28
ПОРТА
25 април 2019
ОТВОРЕНИ ПРОСТОРИИ ЗА РАЗЛИЧНИ ФОРМИ НА НАСТАВА
за нов модел на образование Целата конструкција на објектот е изградена исклучиво од дрво. Повеќеслојните слепени конструктивни елементи од дрво не се покриени и се видливи во целиот ентериер Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија
П
ознатиот скандинавски модел на основно образование полека навлегува и во австриското образование. Имено, педагошкиот пристап кон вакви модели на училишта, подразбира работа во мали групи, флексибилни простории и често работа надвор од училиштето во училишниот двор. Полека се исфрлува стандардната структура на училница и се заменува со отворени простории за различни форми на слушање на настава и учење. Во последните години архитектите во Австрија претставуваа различни модели на училишта задоволувајќи ги овие
критериуми. Еден од моделите е радикалниот пример на основното училиште Унтердорф (Unterdorf) во Хохст (Höchst), Австрија, проект на Dietrich | Untertrifaller Architekten. Основата на училиштето е во правоаголна форма и се состои од четири идентични кластери кои се поставени на источната страна, и специјални повеќенаменски простории и административен дел позиционирани на западната страна. Просторен ходник поставен во средината на објектот ги поврзува деловите на училниците со спортската сала. Кластерите се состојат од две централни училници, отворена заедничка просторија и „тивка соба“, како и санитарни простории, веце, гардероби и друго. Карактеристично за заедничката
25 април 2019
ПОРТА
29
просторија е формата на таванот кој е во вид на скратена пирамида од каде влегува дневна светлина. Секој кластер има посебно мало дворче каде учениците имаат настава на отворено. Големите отвори на фасадата како и помеѓу просториите, овозможуваат потребна транспарентност за да можат наставниците во секое време да ги гледаат учениците кога играат надвор или учат во друга просторија. Целата конструкција на објектот е изградена исклучиво од дрво. Повеќеслојните слепени конструктивни елементи од дрво не се покриени и се видливи во целиот ентериер. Учениците имаат многу придобивки од употребата на природни материјали во ентериерот. Многу истражувања покажуваат дека употребата на дрвото во ентериерите, покрај своите естетски и визуелни квалитети, делува одлично и на правилниот психолошки развој на учениците и ја поттикнува љубопитноста кон природата. Материјалите кои се употребени во ова училиште се избрани врз основа на фундаментални принципи на одржливост и енергетска и еколошка ефикасност. Работна група од учители, општински работници и консултанти била инволвирана во овој проект од почетната фаза на избор на проект, преку планирањето на градбата и учество на состаноците во фазата на градење. Овој начин на соработка на експерти од повеќе профили се покажа како успешен модел за имплементација на вакви напредни пилот- проекти, кои поставуваат нови стандарди на училиштата во Австрија и секако стимулираат идни проекти кои ќе бидат изградени од дрво.
30
ПОРТА
25 април 2019
ПОРТА
урбанизам
Урбаното планирање и дизајн ги ублажуваат здравствените ризици Лошата урбанизација е исто така поврзана и со зголемените стапки на депресија, анксиозност и други ментални нарушувања, влошени од бучава, недостаток на зелени површини и пренаселеност, како и сиромаштија, лоши работни услови и други стресни состојби
Невена ГЕОРГИЕВСКА, дип.инж.арх.
Г
радот и процесот на урбанизација се критични модератори на интеракцијата меѓу здравјето на луѓето и одржливоста на самиот град. Економскиот, социјалниот и културниот развој на секој град е директно зависен од здравјето на неговите жители. И обратно, само здраво население може да придонесе за економски, социјален и културен развој. Во оваа релација, планерите и урбанистите, просторното планирање и урбанистичкото планирање имаат бескрајно важна улога.
32
ПОРТА
25 април 2019
Да се потсетиме: урбанизмот е мултидисциплинарна наука, која се занимава со просторно уредување на нови и постоечки градови и населби, со проучување на нивниот развој, структурата и животот во минатото, сегашноста и иднината. Како мултидисциплинарна наука вклучува географија, економија, социологија, екологија, филозофија, трговија, право, медицина и многу други науки. Во средината на 19-тиот век, начинот на живот имаше директна врска со можноста за заразување со одредена болест. Тогаш, за првпат ја откривме врската помеѓу
пренаселеноста, нехигиенското домување и ширењето на колерата, туберкулозата и жолтата треска, здравствени проблеми создадени од валкани сиромашни квартови и индустрии. Тогаш, јавното здравје и урбанистичкото планирање беа практично едно исто. Тогаш, потребата за спречување на честите епидемии и индустријализираните урбани подрачја, доведе до блиско поврзување на јавното здравство со урбанистичкото планирање, преку проценка и обезбедување на сегашните и идните потреби на заедницата. Но и покрај нивната суштинска поврзаност, двете дисциплини, јавното
КАМПАЊА - НЕ ИГНОРИРАЈ! РЕАГИРАЈ хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина и природата. Член 4 - Со просторното и урбанистичкото планирање се одредуваат основните начела во процесот на планирање и уредување на просторот. Начела во процесот на планирање и уредување на просторот се: - рамномерен просторен развој, - рационално уредување и користење на просторот, - услови за хумано живеење и работа на граѓаните, - надминување на урбаните бариери на лицата со инвалидитет, - одржлив развој, - заштита и унапредување на животната средина и природата, - заштита на недвижното културно наследство, - заштита од воени разурнувања, од природни и технолошки катастрофи и хаварии и - јавност во постапка за донесување и спроведување на планската документација.
здравство и урбанизмот низ времето се оддалечија, што доведе до слаба интеграција во професионалните кругови. Двата сектори одамна се движат во различни насоки. Јавното здравје главно има биомедицински фокус на индивидуалната генетика, биологијата и однесувањето, на тоа како лекарите би можеле да влијаат на нив, и на тесен биолошки пристап кон епидемиологијата и доказите. Во меѓувреме, пак, планирањето на изградените средини беше киднапирано од автомобилите и профитот. Сепак, јавното здравство и урбанизмот во основа имаат иста цел – подигнување на квалитетот на животот: здравјето на човекот е под директно влијание на наследните особини, но и на социоекономските околности и средината во која се наоѓа; урбанизмот и просторното планирање имаат иста детерминанта како и јавното здравство – унапредување на средината, можностите за вработување, живеење и транспорт. Од Законот за просторно и урбанистичко планирање Член 2 - Просторното и урбанистичкото планирање е континуиран процес кој се обезбедува со изработување, донесување и спроведување на просторен план, урбанистички планови, урбанистичко-планска документација, регулациски план на генерален урбанистички план и урбанистичкопроектна документација, со цел да се обезбеди уредувањето и
УРБАНИЗМОТ ВЛИЈАЕ НА 12 ЗДРАВСТВЕНИ ЦЕЛИ Но ние, кога мислиме на здравје, инстинктивно гледаме во медицинската професија, болниците и клиниките, во кои се третираат болести. Главно го гледаме здравјето како медицински проблем, а сепак, корените на многу здравствени проблеми се социјални или еколошки, и не можат да се проценат во лекарските ординации. Немедицинските фактори сочинуваат 60 отсто од здравствените резултати на еден човек, повеќе и од генетиката и од здравствената заштита. За многу од нас овие фактори се тесно поврзани со урбаната средина. Многу одамна, пред да имаат какви било докази, лекарите се сомневале дека удобниот живот кој го овозможуваат градовите, распоредот на објектите кои ја обезбедуваат таа удобност, бројот на населението и мерките за јавна хигиена, влијаат на целокупното здравје и благосостојба на поединецот и, од друга страна, на ширење на болестите и сериозноста на епидемиите. Денес е докажано дека урбанизмот влијае на 12 здравствени цели: начин на живот, социјална кохезија, квалитет на домување, вработување, пристапност, локално производство на храна, безбедност во објектите и сообраќајот, еднаквост во локалната заедница, квалитет на воздухот и естетика на просторот, квалитет на санитарните води и одводнувањето, квалитет на земјата и минералните суровини и стабилна клима. Здравјето е најголемото богатство на градот. Сепак, повеќе од 3,5 милијарди луѓе кои живеат во градовите, или половина човештво, страдаат од несоодветно домување и транспорт, лоши комунални услови, управување со отпад и лош квалитет на воздухот, кои не ги исполнуваат упатствата на СЗО (Светска здравствена организација). Комбинацијата на загадување и сообраќаен метеж, преоѓањето од свежа во преработена исхрана, недостигот од простор за пешачење, возење велосипед и вежбање, недостатокот на зеленило, ги прави градовите епицентри на епидемија на незаразните болести и двигатели на климатските промени. Повеќето од првите десет причини за смрт се директно или индиректно под влијание на погрешни урбанистички проекти и политики за планирање: • Срцев удар (1), мозочен удар (2), хронична респираторна болест (4), рак на белите дробови (5) - повеќе од една четвртина до една третина од смртните случаи се предизвикани од загадување на воздухот: од градскиот 25 април 2019
ПОРТА
33
сообраќај, отпадот, индустријата, готвењето, греењето и производството на енергија, како водечки извори; • Пневмонија (3) - загадувањето на воздухот предизвикува повеќе од една половина од смртни случаи; • Дијабетес (6) - поврзан со дебелината и физичката неактивност, што е честа појава во градовите зависни од автомобили, без солидна транзитна и пешачковелосипедска мрежа; • Дијареалните заболувања (8) и туберкулозата (9) се тесно поврзани со лошата санитарна мрежа и управување со отпадот и нездравото домување; • Сообраќајните повреди (бр. 10) - пешаците и
велосипедистите, вклучувајќи ги и децата, постарите и сиромашните, се изложени на сообраќајни повреди, поради недостаток на безбеден, брз транспорт, патеки за пешачење и возење велосипед. Лошата урбанизација е исто така поврзана и со зголемените стапки на депресија, анксиозност и други ментални нарушувања, влошени од бучава, недостаток на зелени површини и пренаселеност, како и сиромаштија, лоши работни услови и други стресни состојби. Не се потребни научни истражувања за да се утврдат непристојните аспекти на растењето на градот. Голем комерцијален и „некултурно-забавен“ метеж, парцелизација во безживотни слепи улици, неконтролиран сообраќај, уништување на зеленилото сѐ е јасно видливо. Сè поголема маса на научни докази укажува дека начинот на кој местата се проектирани и изградени, може да предизвика и комплицира сериозни здравствени проблеми за поединците и целото население. Депресијата, оној клиничкиот вид, а не естетската и културната слабост што ги испраќа луѓето на одмор, на пример во Барселона, е еден таков вид проблем. Истражувањата покажуваат дека депресијата е во корелација со недостатокот на пристап до зелен простор, мака на многу жители од внатрешноста на градот; физичката изолација на приградските средини; неподвижноста, кај оние кои не можат да возат, а немаат алтернатива за превоз. Што се однесува до автомобилите, тие не само што загадуваат, туку и ги заглавуваат луѓето, често сами, во долги колони и изгубено време. Тие предизвикуваат несреќи и смртни случаи. Покрај тоа, долгите релации и културата на автомобилност ги поттикнуваат седенталните навики, придонесувајќи за дебелина, дијабетес и други болести. Копањето на обработливо земјиште за нови парцели за градба на границите на градот, не само што ги намалува локалните резерви на храна и го зајакнува индустриското земјоделство, со негативни импликации за исхраната и чувањето на ресурсите, туку, исто така, ги принудува и оние, кои мора да ја поминат таа релација, да имаат потреба за автомобил скоро за секој член на домаќинството. Тие автомобилски трошоци, кои обично се занемаруваат, ги влошија зголемените стапки на задолжување и приградска сиромаштија, со нездраво влијание на ефектите како стрес, раселување и бездомништво. ОДНОСОТ МЕЃУ УРБАНИТЕ СРЕДИНИ И ЗДРАВЈЕТО Во време на брза урбанизација, здравјето и благосостојбата на граѓаните е сè поголем предизвик. Спроведени се енормен број на истражувања за односот помеѓу урбаните средини и здравјето или благосостојбата. Од нив, повеќето студии се фокусираат на поврзаност помеѓу урбаното зеленило, здравјето и благосостојбата, што покажува голема важност на користење на зелениот простор во урбаните средини за промовирање на подобро здравје и благосостојба. Многу помалку студии ја испитуваат големата сложеност на урбаното здравје и благосостојба. Но, сите студии покажуваат дека просторното планирање или урбанистичкото планирање во нашите градови има големо влијание врз ризиците и предизвиците по здравјето на населението.
34
ПОРТА
Според стуиите на СЗО, редовна соработка помеѓу здравството и урбаното планирање се случува во најмногу 25 отсто од институциите. Речиси една третина од раководителите за урбанизам сметаат дека политиките за планирање се неспоиви со здравството. А сепак во истите студии се истакнуваат неколку антиздравствени прашања во делот на планираното урбано опкружување: прекумерно ниво на моторизиран сообраќај, фокусирање на приватниот профит, социјална сегрегација и недостаток на внимание на секојдневните потреби на граѓаните. Многу од урбаните развојни трендови промовирани од пазарот и поддржувани од страна на органите за планирање, го ограничија изборот за здрав живот, ги засилија разликите меѓу луѓето и имаат импликации кон одржливиот развој. Неодржливоста и патогеноста буквално се вградија во нашите градови. Затоа, обезбедувањето на одржлив град, здрав град, со обезбедување на здравје и благосостојба на граѓаните, е голем предизвик и сите резултати од интердисциплинарните пристапи кон сложените урбани структури, нивната динамика и нивното влијание врз урбаното здравје и благосостојба, се од голем интерес за планерите на градот, архитектите, инженерите, здравствените научници и работници и многу други дисциплини, со цел развивање на понатамошни стратегии и намалување на здравствените нееднаквости и подобра промоција на урбаното здравје и благосостојба. Здравото планирање е постигнување, зачувување и подобрување на здравјето на сите корисници на просторот преку урбанизам или урбанистичко планирање на целокупниот простор во населените места. ИНИЦИЈАТИВА НА СЗО ЗА ЗДРАВ ГРАД Новата Иницијатива за урбано здравство на СЗО креира замена на парадигмата во приодите на здравствените системи, фокусирајќи се на здрава урбана средина како предуслов за здрав начин на живот и превенција на болестите. Иницијативата гради нов раководен кадар во здравствените политики, позициониран да оцени и да се залага за развој, кој води до поздрави, позелени и почисти градови. Ова придонесува за постигнување на низа цели на одржлив развој на новата Урбана агенда на Хабитат III (Конференција на ОН за домување и одржлив урбан развој). Здрав град е термин кој се користи во јавното здравство и урбаниот дизајн, за да се нагласи влијанието на политиката врз човековото здравје. Неговата современа форма ја шири Иницијативата на СЗО за здрави градови од 1986 година. Терминот е развиен во соработка со Европската Унија, но брзо стана меѓународен, како начин за воспоставување здрава јавна политика
на локално ниво преку унапредување на здравјето. Проектите за здрав град, во најширока смисла, ја менуваат свеста на граѓаните, клучните луѓе на заедницата (првенствено политичарите) и специјалистите од различни профили, во однос на одговорноста за здравјето на граѓаните. Целта на проектите за здрав град е да станеме свесни колку, всушност, можеме да влијаеме на здравјето, лично и во заедницата. Градовите, кои развија сопствен проект Здрав град, се менуваат и стануваат подобри и поуредени места за живеење. Тоа се градови, во кои клучните луѓе (политичарите), експертите и граѓаните го разбираат сознанието дека постојат докази за општествена одговорност за здравјето. А тоа значи, дека во заедниците во кои постои грижа за здравјето, во кои се развиваат програми и услуги за поддршка на здрав живот, се создаваат услови за здрави животни избори, се води сметка за уредување на просторот во функција на здравјето - конечно, тие стануваат добри и посакувани места за живот на своите жители. Здравствената мапа за населено место, која е меѓународно признаена на полето на јавното здравство, се состои од осум сфери, вклучувајќи го животниот стил, локалната економија и изградената и природната средина, и ги поставува луѓето во центарот на оваа рамка. Оваа мапа ги покажува принципите за стратегија во релација со климатските промени, локалната средина, здравите животни навики, еднаквост во заедницата, и развој, генерирање на работни места, пристап до установите и објектите воопшто, и безбеден и атрактивен градски амбиент. * Со овој текст Порта 3 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина.
25 април 2019
ПОРТА
35
урбанизам
МИЛИОНСКИ ГРАД БЕЗ ПОТРЕБНИТЕ АТРИБУТИ И СОДРЖИНИ
Има ли Скопје центар? Доколку се пронајде метод, желба и авторска креативност овој простор треба да претрпи едно ново препрочитување и да премине во „состојба на посебни можности“
Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.
П
оследните случувања и активности и неактивности на Асоцијацијата на архитекти околу централното градско јадро не ме оставаат рамнодушна. Паркингот кај „Холидеј Ин“, споменикот на Мајка Тереза и предложениот зелен кров на Градскиот трговски центар со ад хок решение ме поттикнаа аналитички да го погледнам сегашниот центар на Скопје од десниот брег на реката Вардар. Прашањето што се наметнува е: има ли овој веќе милионски град центар со сите содржини и атрибути потребни за тоа? Денешниот главен градски плоштад „Македонија“, со едновековна историја, е зацртан во 1914 година со првиот урбанистички план на Димитрије Леко, врз постојната урбана матрица на спонтан урбанизам. Подоцна се оформувал и развивал во неколку фази. Во 1944 година на десниот брег на реката Вардар, Скопје наследи плоштад пред Камениот мост, опкружен со објектите на Офицерскиот дом, Народната банка, Ристиќевата палата, хотелот „Магор“. Од него тргнувала главната улица која, следејќи ги историските текови, ги носела имињата на Абдул Хамид, Цар Борис, Крал Петар, Маршал Тито, а денес ја знаеме како улица „Македонија“. Таа 36
ПОРТА
25 април 2019
улица, од двете страни по целата должина обрабена со станбени згради и дуќани во приземјето, се протегала, исто како и денес, право кон железничката станица. Покрај денешната улица „Македонија“, во плоштадот се вливале неколку радијални улици со веќе оформени блокови. Периодот 1950-1960 година го одбележа првата генерација архитекти школувани на универзитетите во Белград и Загреб: Славко Брезовски, Димче Димитров, Б. Петричиќ, Славко Леви, Александар Серафимовски и Јанко Константинов. Според нивните проекти на плоштадот се изградија Стоковна куќа - НАМА, хотелот „Метропол“, станбено-деловниот објект „Пелистер“, зградата на Електростопанство. Западниот фронт од плоштадот остана празен со широк тротоар и алеја од стари костенови дрвја. На аголот каде улицата „Орце Николов“ влегува во плоштадот, остана бараката на Кенан, познатиот скопски чистач на чевли и кожна облека. По тогашната улица „Маршал Тито“ се градат неколку станбени објекти и зградата на Инвалидскиот дом. Ова е херојски период на македонската архитектура затоа што се создаде архитектура со натпросечен квалитет во повеќе од скромни услови. Генерацијата архитекти од овој период го претпочиташе интернационалниот стил барајќи потпора во делата на Корбизије, Гропиус, Мис, Нимајер.
Постземјотресниот период е следната фаза што ќе го одбележи просторот. Во тој период, кој е особено плоден меѓу 1970 и 1980 година, свој печат ќе остави генерацијата архитекти школувани на универзитетот „Св. Кирил и
Методиј“ во Скопје. Новата просторна организација на централното подрачје наметнува други услови во урбаниот развиток. Високиот степен на разрушување како последица од земјотресот, ќе ја овозможи изградбата на Градскиот ѕид и Градскиот трговски центар. Градскиот трговски центар заедно со површините на постојните објекти, просторната организација на плоштадот, Камениот мост, кејските површини и паркот Жена-борец ќе ја оформи пешачката просторна целина на центарот. Со Градскиот ѕид се оформува урбаната рамка на единственото зачувано старо градско јадро со објекти од предвоениот и повоениот период. Старата градска структура на десниот брег беше препознаена и во конкурсните решенија за центарот на Скопје и затоа беа дадени упатства за санирање на старите периметрални блокови околу плоштадот и остатоците од четирите радијални улици: „Орце Николов“, „27-ми Март“, „Максим Горки“ и „Никола Вапцаров“. Во овој период изградени се објекти во стилот на брутализмот и модерната: Телекомуникацискиот центар, зградата на „Вардар увоз-извоз“, Домот на ЈНА (сегашен Дом на АРМ), станбени згради. Иако од денешна перспектива на многумина можеби тоа не им изгледа многу, сепак мора да се каже дека е направен огромен прогрес и дека тоа е сјајниот период на македонската архитектура. По осамостојувањето на државата, од 1991 година почнува нова градителска ера. Улицата „Маршал Тито“ преименувана во „Македонија“ почнува да добива нова физиономија. Се гради Палата Македонија, се поплочува во едно ниво, се пренаменуваат и преуредуваат приземните простори со нови содржини. Наместо сивилото од социјалистичкиот период и продавниците за чевли се отвораат кафетерии и бистроа. Уредена со клупи и канделабри станува модерна пешачка улица. И токму кога се доби впечаток дека развојот на најстрогиот центар на градот оди во позитивна насока, а во согласност со новите општествени промени, во 1997 година млад тим на урбанисти изработи нов ДУП за потесниот простор на градскиот центар наречен Мал ринг, усвоен од Општина Центар. Тој им ги отвори вратите на градските профитери и подоцна на популистичките политиканти, кои тргнаа во интензивно пополнување на секое празно место. Изведено е поплочување на плоштадот Македонија, извадена е старата покривка од коцки и исечена е историската алеја од стари диви костени. Плоштадот се прошири несразмерно, создавајќи услови за нови „идеи“. Контроверзните објекти „Лумикс“ и блокот „Тифани“ кој е сообраќајна и еколошка блокада, ќе останат како трајни лузни и ограничувачки дефекти во просторот. Со ова започна герилската градба на целиот централен простор, која потоа беше до несфатливи размери злоупотребена со проектот „Скопје 2014“. 25 април 2019
ПОРТА
37
Улицата „Орце Николов“ добива нова физиономија со изградбата на објекти на: Охридска банка, објектот на МЕПСО и уште неколку станбени објекти, но се сопнува на споменикот во изградба на „Мајка Тереза“, кој практично ја остава улицата без излез на плоштадот. Во улиците „Никола Кљусев“, „27-ми Март“ и Јадран сквер изградени се објектите во кои се сместени Еуростандард банка, Комерцијална банка, Уни банка, други деловни објекти, хотелот „Ибис“, а реконструирани и адаптирани се зградата на Матицата на иселениците, Шведската амбасада, Турскиот културен центар и постојната Арапска куќа. Меѓу Турскиот културен центар и постојната станбена зграда со класичен изглед блеснува новата интерполација на деловно-комерцијалниот објект „Челси центар“ како свеж призрак на модерна архитектура и современ дизајн. Поголемиот дел од новоизградените објекти се со допадлива модерна архитектура, архитектонски издржани, но во пристапот со кој се поставени и како се поставени во просторот не можам да најдам урбанистичка логика. Генерално, во овој простор не е проблематична архитектурата, туку урбанизмот. Сите пешачки улици, проширувања и скверови на својот пат кон плоштадот се сопнуваат на бариерите од изградените објекти. Целиот овој комплекс делува хаотично, без јасна визуелна прегледност, клаустрофобичен, затворен, без ни една зелена оаза. На западниот фронт на плоштадот во празниот парковски простор, исечено е целото зеленило и изградени се: хотелот „Мериот“, деловната зграда „Сан Ремо“, „Офицерски дом“ и споменик на Мајка Тереза, двата во изградба. Хотелот „Мериот“ со квазибарокна архитектура со прекумерна кичеста декоративна пластика и непропорционални 38
ПОРТА
25 април 2019
димензии се наметнува во просторот и ја деградира Ристиќевата палата како историски репер. Деловниот објект „Сан Ремо“ со својата стаклена фасада и модерна архитектонска форма би бил достоен репер на плоштадот доколку со изградбата на другите објекти околу него, не беше потиснат, деградиран и композициски невклопен. Во изградба е и хибридниот објект на таканаречениот „Офицерски дом“ во кој ќе биде сместена градската администрација. Се сеќавам на професорот Чипан кој велеше: „Стара лушпа со нова содржина - никој во светот не прави хибриди на исчезнати архитектонски споменици“. Еве ние, за жал, правиме. Улицата „Максим Горки“ која има најкомпактна сочувана архитектонска целина од 1930 година требаше да биде пешачка и да претрпи реконструкција и ревитализација, за што беше распишан јавен анонимен конкурс во 1990 година. За ова веќе пишував во минатиот текст, па само ќе заклучам дека реализацијата на идејата не е доследно спроведена, а ревитализацијата на старите објекти, спроведувана парцијално, е неуспешна. Од 2009 до 2010 година со проектот „Скопје 2014“ почнува кампања со преобликување на фасадите на објектите од десниот брег на Вардар. Од популистички побуди, а сè со цел да се покријат трагите од архитектонското творештво на 20-тиот век се преоблечени фасадите на сите објекти тргнувајќи од источната страна на плоштадот, улицата „Никола Вапцаров“ и улицата „Македонија“. Улицата „Македонија“ претрпе комплетна метаморфоза. Скоро сите објекти од западниот фронт, со исклучок на неколку станбени згради, се преобликувани во божем неокласицистички стил, а на крајот,
спроти железничката станица, во парковското зеленило пред хотелот „Бристол“, изградени се две нови палати во квазикласицистички стил, за мене со нејасно дефиниран архитектонски јазик. На источната страна на улицата, на местото на срушената католичка црква во земјотресот, изградена е Спомен куќа на Мајка Тереза. Споменикот со својата внатрешната поставка и изложените предмети можеби зборува за личноста на мајка Тереза, но со својата контроверзна архитектура, не само што не кажува ништо за неа, туку е во спротивност со скромноста која таа ја манифестираше во текот на животот. Еден познат виенски архитект ќе рече дека Споменикот го асоцира на коцкарница од Лас Вегас. Веднаш до неа во средиштето на улицата „Македонија“ во завршна фаза е изградбата на црквата Св. Константин и Елена, досега најголем православен храм во Македонија. На завршницата од улица „Македонија“ изградени се Палата „Лазар Поптрајков“ и Палата на „Електрани на Македонија“. Последната е подигната во парковското зеленило, кое се разбира е уништено, непосредно пред станбената кула од Градски ѕид, при што им е одземено правото на светлост и инсолација на становите во станбениот објект. Од спротива стои деградираниот хотел „Бристол“, а долж улицата се забележува и сомнителната интерполација на деловен објект во кој е сместена банка. Улицата „Македонија“ пулсира со својот живот на главна пешачка улица, но изобилува со кич, какафонија од стилови, исфрлени платформи од кафетериите и рестораните кои ставаат и дополнителен декор и ја стеснуваат улица, импровизирани тезги и бутки. Обичниот скопјанец кој секојдневно минува низ улицата, практично провирајќи се низ многуте бариери поставени на улицата, речиси и да не го крева погледот нагоре, па можеби и не ја забележува околната архитектура полна со орнаменти. Сето тоа ми создава горчлив вкус и ме тера да се потсетам на есејот на Адолф Лос „Орнамент и злосторство“ кој вели: „Работата на чисто декорирање во сите времиња значела беспотребно трошење на човечкото здравје и човечката енергија. Денес, покрај ова, таа значи и трошење на сировините. Никаква корист, никаква потреба повеќе не го оправдува ова дупло уништување на богатствата.“ За самиот плоштад Македонија веќе пишував во некои претходни статии. Но, еве за да го заокружам ова видување, ќе повторам некои од констатациите. Плоштадот Македонија со сите урбани концепти е дефиниран како урбана пешачка целина и треба да ја има носечката функција на значаен традиционален простор, со многубројните компоненти сврзани со животот на градот. Тој е афирмиран социолошки простор што го симболизира заедништвото во живеењето на овој град. Со сите интервенции што се
направија плоштадот се вовлекува и бега од реката, опкружен со кичести зданија и претставува херметички затворен простор. Споменикот „Воин на коњ“, или како и да се вика сега, од визуелен аспект со својата големина не е адекватен на просторните можности. Триумфалната порта е грд, ирационален и анахрон објект, поставен на погрешно место и ниту слави победа, ниту има оправдана намена и функција. Да резимирам: што се случи како резултат на интервенциите направени во последните 25 години, после едновековен слоевит развој и формирање на овој простор во кој својата љубов и креативност ја вградија повеќе генерации архитекти и урбанисти. Се затворија визурите и струењата од Водно преку главната оска: железничка станица -улица „Македонија“ плоштад - Камени мост - Стара чаршија. Се уништија сите зелени оази и парковски катчиња. Деградирани се објектите кои се историски маркери на градот за одредени историски периоди (Арапска куќа, Ристиќева палата, Хотел „Бристол“, Пошта). Покриена е и деградирана архитектурата на објектите на бардовите на македонската архитектура на 20-тиот век, од кои некои се сè уште живи. Неодминлива ми е сликата на архитект Славко Брезовски кој во својата деведесетта година стоеше на плоштадот и собираше потписи за жалба за скрнавење на авторството на Стоковната куќа. Останува да лебди прашањето: Има ли Скопје центар и каков? Доколку се пронајде метод, желба и авторска креативност овој простор треба да претрпи едно
ново препрочитување и да премине во „состојба на посебни можности“, како што се изрази проф. Живко Поповски. За почеток и најмалку што треба да се стори е: да се сруши споменикот во изградба на Мајка Тереза, да се отстрани споменикот „Воин на коњ“ или како и да се вика, да се сруши Триумфалната порта, да се вратат фасадите на Стоковната куќа и Електростопанство. Градскиот трговски центар да добие статус на културно наследство, а за просторот на паркингот пред „Холидеј Ин“ да се распише јавен анонимен анкетен конкурс за решение врз база на добро подготвена и аргументирана програма. Зошто е ова важно? Важно е затоа што просторот го дефинира квалитетот на животот кој го живееме во тој простор. Хаотичен, лошо димензиониран, нападен, грд простор го напаѓа
умот и сетилата. Добивате желба да избегате од него. Младата популација, меѓу другото, си оди и затоа што не сака да живее во деградиран град. И додека го завршувам текстот ми одѕвонуваат зборовите на мојата внука Ангелина: „Би сакала да не сме толку комотни во овој сив град кој секојпат кога му се враќам ми личи посив и потажен... Скопје е град во регресија, назадување. A јас се плашам да зборувам премногу, а тоа што одамна не сум тука да го менувам. Можам да го опишам, да го искритикувам и да се качам на уште еден авион и да слетам во град кој некој друг веќе го средил, развил и го направил убав. Можам да уживам во чистите улици на еден далечен град со урбанистички план, во старите холандски куќи да барам нови луѓе кои ќе ги засакам, да му помагам на општество во коешто има проблеми, но во кое
ПОРТА
ентериер
Простор кој плени со софистицирани детали и удобност При изработка на ентериер секогаш е непоходно да се води сметка за желбите на клиентите, трудејќи се притоа просторот да има и свој, личен печат. Желбата на инвеститорот, а секако и нашата идеја беше да се добие модерен простор со топли нијанси
ПОРТА
МОДЕРЕН И ТОПОЛ ДОМ Тим на БИРО ПРОЕКТ
С
опствениците на станот соработуваа со БИРО ПРОЕКТ како би добиле топол, современ и функционален дом за тричлено семејство во населбата Аеродром во Скопје. Станот е со површина од околу 100 квадратни метри, поделен на две функционални целини. Од влезниот ходник се оди во дел со заеднички содржини за дневен престој, трпезарија и кујна формиран како еден интегрален простор каде се собира целото семејство во
заедничките активности и каде се пречекуваат гости и издвоен дел, кој е еден вид интимно засолниште на семејството каде се сместени родителската спална соба, детска соба, работна соба и бањите. При изработка на ентериер секогаш е неопходно да се води сметка за желбите на клиентите, трудејќи се притоа просторот да има и свој, личен печат. Желбата на инвеститорот, а секако и нашата идеја беше да се добие модерен простор со топли нијанси. Со оглед на ова во станот доминираат неутрални тонови без јаки бои. Површините на ѕидовите се светли, на моменти со потемни тонови во сива боја или
облоги од иверица со дезен на даб кои нагласуваат одреден потег или композиција. Контрастот кој секогаш е пожелен во ентериер постигнат е со потемни нијанси на гарнитурата за седење во дневната соба и бојата на столовите на пространата трпезариска маса за осум лица. Во сличен тон се и ѕидните полици кои од сива иверица формираат композициски елемет за книги, украсни предмети и шишиња вино. Комодата за телевизорот е лесен хоризонтален елемент кој дискретно е поставен покрај ѕидот кој е обработен со техника на печатен бетон со дијагонални линии во златна нијанса и се добива
ПОРТА
впечаток дека лебди во просторот. Кујната е поставена по целата должина на ѕидот и претставува составен дел на дневната соба и трпезаријата. Проектирана
42
ПОРТА
25 април 2019
е од едноставни минималистички елементи, а користени се материјали како оплеменета иверица во дрвен дезен - даб и мат медијапан во песок боја, во делот на
горните елементи од кујната исто како и елементите во дневниот простор. Единствено ѕидните кујнски плочки се во контраст со минималистичкиот дизајн, со стилизиран дезен кој придонесуваат да се истакне минимализмот и даваат дополнителен шарм на просторот. Делот на станот кој припаѓа само на семејството и кој со врата и ходник е издвоен од дневниот престој е пријатен интимен простор. Основната идеја за родителската спална соба беше да се креира елегантен простор. Опремена е со елементи за гардеробирање со едноставен, минимален дизајн изработени од иверица во сива боја во комбинација со иверица во дрвен дезен даб. Дел од ѕидовите во спалната соба се обработени со ѕидни техники со цел да се оплемени просторот. Двата спротивни ѕида се обработени во контрастни текстури. Едниот по цела висина ја нагласува вертикалата, техника во потемна боја на песок додека спротивниот ѕид е посмирен, до одредена висина обложен со иверица во две бои, сива и иверица во боја на даб која ја нагласува хоризонталата. Од спалната соба преку гардеробер се влегува директно во бањата. Бањата е светла, преовладува белата боја, вградени се убаво дизајнирани санитарии. Туш-кабината е издвоена со
транспарентен стаклен параван. Подот во бањата е во контраст со белината на просторот, поставени се темнокафеави керамички плочки со дезен на дрво. Детската соба е наменета за двегодишно дете. Преовладува белата боја на ѕидовите и бел мебел чии детали и некои елементи се во нежни пастелни тонови. Собата е разиграна со апликации на ѕидовите, плакарите, полиците со ѕвездички и животни. Едниот ѕид е насликан со силуети на куќички кои воедно претставуваат и табла за цртање со креда, која дава можност да ја исполни незадржливата желба на секое дете за шарање по ѕидовите и придонесува за развивање на детската имагинација. Резултатот на овој стан е создавање на модерен простор кој плени со софистицирани детали и удобност.
ПОРТА
комерцијален текст
Комерцијална банка продава станови
и деловен простор по ниски цени и со атрактивни кредити
Г
олеми станови и деловен простор со сопствен паркинг, а со ниска цена по метар квадратен, се достапни за заинтересираните купувачи на стан и на деловен простор во станбено-деловен комплекс во Скопје, во населбата Јурија - Ѓорче Петров, преку атрактивни кредити од Комерцијална банка АД Скопје. Атрактивноста на кредитите произлегува и од тоа што се без сопствено учество, без надомест за одобрување, без надомест за процена на хипотеката, без нотарски трошоци и без надомест за предвремено затворање на кредитот. Месечниот ануитет е до 1/2 од вкупните приходи, а постои можност да се вклучат уште двајца кокредитобаратели. За потенцијалните купувачи на станови и на деловен простор, во Комерцијална банка АД Скопје се достапни кредити со следните услови: l Кредит со фиксна годишна каматна стапка од 2,9% за првите 3 години и променлива од 5,9% за остатокот од периодот на отплата, кој изнесува 30 години за купување стан и 18 години за деловен простор. Од 16.04.2019 година, Банката нуди и нови опции за каматни стапки на кредитите: l Кредит со фиксна годишна каматна стапка од 3,2% во првите 3 години, фиксна годишна 3,9% во следните 3 години и променлива годишна каматна стапка од 4,9% за остатокот од периодот на отплата. l Кредит со фиксна годишна каматна стапка од 3,5% за првите 10 години и променлива годишна каматна стапка од 5,2% за остатокот од периодот на отплата. Како купувач на станбен или на деловен 44
ПОРТА
простор под овие услови може да се јави само физичко лице. Имајќи ги предвид атрактивните услови на станбените кредити од Комерцијална банка АД Скопје, со ниската цена на метар квадратен и удобноста што ја поседуваат становите се добива најповолно решение за
млади брачни парови кои имаат мала заштеда за опремување на станот, но немаат средства за сопствено учество или за нотарски и банкарски трошоци. Купувањето станбен простор под овие услови е привлечно и за лица кои живеат во Скопје во изнајмен стан бидејќи сега имаат шанса за свој дом. Секако, и граѓаните кои веќе донеле одлука дека сакаат да си купат стан на кредит, но имаат помали месечни приходи и немаат можност за обезбедување на кредитот, може да ги искористат станбените кредити на Комерцијална банка АД Скопје. Сите дополнителни информации за понудените можности за купување станбен и деловен простор се достапни на следниве телефонски броеви: 02/3168 428, 3168 439 и 3168 423.
ПОРТА
екологија
ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ ЗАКАНА НА 21 ВЕК
Здравјето е жртва на
климатските промени Во 2017 година, бројот на луѓето погодени од жешките бранови бил зголемен за 157 милиони споредено со 2000 година. Потоплото време придонело за загуба на 153 милијарди работни часови во 2017, што е пораст за 60 отсто споредено со 2000 година. Најпогодени се градежништвото и земјоделството
Даниела МЛАДЕНОВСКА
В
еќе е добро познато дека климатските промени се виновни за многу еколошки, економски и социјални негативни аспекти на глобално ниво. Од масовните миграции поради губење на обработливото земјиште (опустинување на плодните површини), преку поплави и други елементарни непогоди, до трајно исчезнување на одредени земјоделски култури и зголемени ризици од пожари. Сепак, фактот дека климатските промени претставуваат најголемата глобална закана на векот по здравјето на луѓето, е помалку познат.
46
ПОРТА
25 април 2019
Глобалното затоплување и екстремните промени во климата, претставуваат „најголема глобална закана по здравјето во 21-виот век“, при што стотици милиони луѓе веќе страдале во последните дваесет години, предупредува Светската здравствена организација. Извештајот насловен Lancet Countdown објавен од страна на The Lancet medical journal, брутално јасно и недвосмислено ги посочува негативните влијанија од климатските промени – од жешки бранови до заканувачки бури, поплави и пожари. Сите тие настани директно или индиректно создаваат огромен притисок врз здравствените системи во секоја земја. Основната цел на овој Извештај кој се подготвува на годишна основа, е адресирање на врските и зависностите помеѓу климатските
промени и јавното здравје. На пример, поплавите и бурите не само што предизвикуваат директни повреди, туку тие исто така можат да затворат или срушат болници, да предизвикаат ширење на заразни болести, но и сериозни ментални нарушувања со оглед дека многумина ќе останат без своите домови. Извештајот подготвен од страна на доктори, академици и стручњаци за креирање политики од 27 организации ширум светот, повикува на брза акција за климата и подготовка на здравствените системи за овие растечки предизвици. „Растечките и драматични промени во климата имаат широка импликција во секој аспект од животот на луѓето, изложувајќи ги ранливите категории на заразни и ментални
болести, но исто така компромитирајќи ја безбедноста на храната, исправноста на водата за пиење и чистиот воздух“, се вели во Извештајот. Во 2017 година, бројот на луѓето погодени од жешките бранови бил зголемен за 157 милиони споредено со 2000 година. Потоплото време придонело за загуба на 153 милијарди работни часови во 2017, што е пораст за 60 отсто споредено со 2000 година. Најпогодени се градежништвото и земјоделството. Европа и источниот Медитеран се оценети како поранливи на климатските промени отколку Африка и Југоисточна Азија. Ова се должи и на фактот што во овие региони значителен број постари луѓе живеат доминантно во градовите, кои особено се под ризик – топлински урбани острови кои се потопли од околината. Англија и Велс, на пример, за време на 15-дневниот топлотен бран во минатото лето (јуни и јули) забележале 700 смртни случаи повеќе во однос на просекот. За да биде иронијата поголема, за климатските промени највеќе придонесуваат богатите, односно развиените економии преку емисиите на стакленички гасови (САД, Кина, Индија и др.), додека сиромашните земји се најпогодени од последиците. Регионот на Западен Балкан е посочен како подрачје кое во наредниот период ќе биде сериозно погодено од последиците од климатските промени. Иако, се работи за глобален проблем, сепак мора регионално и дури и локално да се дејствува, преку организиран и одговорен однос кон проблемот и подигање на свеста за значајноста на овие прашања. Докажаното поместување на субтропската клима кон север треба да послужи како аларм. Токму затоа, неодамна усвоената декларација за „Заедничка мапа на патот на земјите на Западен Балкан – Забрзување на пристапот до финансирање во областа на климатските промени“, претставува почеток на развивањето на заедничките проекти во секторите: енергетика, сообраќај, земјоделство, водостопанство и отпад. Што правиме на национално ниво? За жал недоволно, доцна, немаме средства, немаме капацитети и слично.
цели на земјата. б) Изработка на сеопфатен Закон за климатски промени, кој треба да се базира на исходот од долгорочната Стратегија за климатска акција. Законот за климата треба да обезбеди одржлива платформа за секторска имплементација на главните политики по однос на приоритетите за климатските промени и имплементација на националните климатски цели. 2. Институционален развој и развивање на капацитети Капацитетот на одговорните институции треба да биде зајакнат преку обезбедување на повеќе вработени, воспоставување на единици за климата во одредени министерства и државни ентитети (каде што е потребно), активности за градење капацитети и обезбедување на алатки за имплементација на задачите и активностите за климатски промени. На локално ниво, мора да се издвои примерот на Град Скопје. Во 2014 година Град Скопје и UNDP ја започнаа подготовката на Стратегијата за климатски промени „Отпорно Скопје“ (“Resilient Skopje”) и оттогаш Градот алоцира средства во буџетот за конкретни активности и мерки за ублажување на климатските промени. Сепак, сведоци сме дека проблемите со квалитетот на воздухот во главниот град и натаму се сериозни особено во зимскиот период, и сè уште не е на повидок долгорочно и системско решение за намалување на загадувањето особено од сообраќајот и затоплувањето на домовите. Во едно истражување спроведено кај нас во 2018 година, во кое биле опфатени 130 испитаници, најголем процент (90,2 %) од испитаниците одговориле дека аерозагадувањето е првото нешто што го поврзуваат со климатските промени. Кога станува збор за одговорноста
околу проблемот, според испитаниците најодговорна е националната влада (33,8 %), што укажува на фактот дека мора да се работи на подигање на јавната свест. Последниот извештај од Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC) јасно укажува дека половина степен затоплување значи огромна промена, па оттаму 1,5 степени Целзиусови е побезбедна цел. ОД КАДЕ ДА СЕ ПОЧНЕ? Од каде и како да почнеме за да ја постигнеме целта од 1,5 степени затоплување, наместо 2 или повеќе степени? Најновите
климатски истражувања покажуваат дека најверојатно за нас најекономична опција би било глобалните емисии на стакленички гасови да се зголемуваат до 2020 потоа, од тој момент натаму, драматично да ги намалуваме. Кампањата „Мисија 2020“ дефинира цели во шест клучни области – енергетика, транспорт, употреба на земјиште, индустрија, инфраструктура и финансии – со кои владите и индустриите добиваат јасни насоки за патот што треба да се изоди до постигнување на општата цел од 1,5 степени Целзиусови. Во работниoт документ објавен денес, WRI (Светскиот институт за ресурси) констатира напредок во некои области, но ќе треба да
ПОЛИТИКИТЕ НОТИРАНИ ВО ИЗВЕШТАЈ Препораките за одржлива и сеопфатна интеграција на главните политики за климатските промени во земјата кои се нотирани во вториот двогодишен ажуриран национален извештај за климатски промени (2017), поделени се во две категории: 1. Креирање на политики a) Изработка на долгорочна Стратегија за климатски промени која треба да ги дефинира долгорочните приоритети, планови и развојни 25 април 2019
ПОРТА
47
вообичаените деловни инфраструктурни трошоци. Новите згради треба да се градат според стандардите за објекти со потрошувачка на енергија близу до нула, а најмалку три проценти од постојните објекти годишно треба да се реновираат за да ги постигнат овие стандарди. Финансискиот сектор игра клучна улога во насочувањето на инвестициите со кои би се овозможило остварувањето на сите други цели на „Мисијата 2020“. Неодамнешното истражување на Глобалната комисија за економија и клима утврди дека храбра климатска акција – во согласност со Парискиот договор и целите на „Мисијата 2020“ – може до 2030 година да ни донесе економски придобивки во вредност од најмалку 26 трилиони долари. За да може да се постигнат овие придобивки владите, компаниите и инвеститорите мора да ги искористат можностите за премин кон чиста и одржлива економија и тоа од овој момент.
делуваме побрзо ако сакаме да го фатиме моментот на пресврт во 2020 година. Проценките покажуваат дека до 2020 година енергијата од обновливи извори ќе биде поевтина од електричната енергија добиена од повеќето фосилни горива, што укажува дека тоа е моментот кога треба да се направи транзиција кон производство на електрична енергија со ниска емисија на јаглерод диоксид. Ако се зајакнат сегашните трендови, 30-те проценти намалување до 2020 година условно се достижна цел. Целта од „Мисијата 2020“ е да достигне нула емисии во новата мобилност во транспортот во сите најголеми градови и транспортни рути во светот, до 2020 година. Ова значи дека електричните возила треба да бидат застапени со 15-20 отсто во продажбите на нови возила, стандардите за ефикасност на автобусите и камионите треба да се повисоки за 20 отсто, треба да се дуплира сегашниот удел на јавниот транспорт во пазарот; емисиите од авијацијата треба да се намалат за 20 отсто и треба да ги елиминираме емисиите од поморскиот сектор. За да се зачуваат многуте еколошки, општествени и климатски придобивки што ни ги обезбедуваат шумите, „Мисијата 2020“ повикува 48
ПОРТА
25 април 2019
на прекинување на сечењето на шумите (обесшумување) до 2020 година. Истовремено, надлежните за раководење со шумите, земјоделците и агрибизнисите треба да обноват најмалку 150 милиони хектари обесшумено и деградирано земјиште, да го намалат притисокот за расчистување на дополнителни пошумени подрачја и да применуваат начин на работа со кој наместо да се создава, ќе се одзема јаглеродниот диоксид од атмосферата. Тешките индустрии, особено тие за производство на хемиски супстанции, челик и цемент заеднички се одговорни за една четвртина од глобалните емисии на CO2. Цел за индустриите, во Мисијата 2020, е компаниите да изработат и да применуваат патокази што ќе им овозможат да ги преполоват своите емисии во текот на следните 30 години. Една понова анализа покажа дека овие индустрии можат дури да постигнат и нула емисии до 2050 година, а тоа би ги чинело помалку од 0,5 проценти од глобалниот БДП. „Мисијата 2020“ ги повикува владите и инвеститорите да потрошат најмалку 300 милијарди долари годишно за инфраструктура со која ќе се ублажуваат климатските промени, покрај 6-те трилиони што се неопходни за
ДРЖАВАТА ПОДДРЖУВА ПРЕГОВОРИ ЗА КЛИМАТА Државата станува првата договорна страна која ја поддржува Коалицијата за високa амбиција во глобалните преговори за климата. Македонија ја поддржа Коалицијата за висока амбиција, потпишувајќи се на „Изјавата за засилување на климатската амбиција“. Инструментот ги спојува развиените земји и земјите во развој кои го делат највисокото ниво на амбиција во меѓународните разговори за климата. Изјавата е усвоена од страна на Јани Макрадули, заменик-министер за животна средина и просторно планирање на Македонија. Министерството за животна средина и просторно планирање и Програмата за развој на Обединетите нации почнаа со подготовка на четвртиот Национален план и третиот Двогодишен извештај за климатски промени. Од МЖСПП нагласуваат дека низ процесот на развивање на извештаите, се подобрува точноста и конзистентноста на податоците за емисиите на стакленичките гасови, што придонесува кон поефективно планирање на мерки за ублажување на овие емисии, како и за прилагодување на ефектите од климатските промени. Истовремено, се зајакнува соработката со различни институции со цел интегрирање на политиките за заштита на климата во другите сектори. Во рамките на овој четиригодишен проект ќе биде ажурирана националната база на емисии на стакленички гасови до 2019 година со примена на современи и иновативни алатки, ќе бидат развиени соодветни критериуми за поставување на приоритетни мерки за ублажување на климатските промени, а
изготвениот извештај дополнително ќе даде поддршка во процесот на воспоставување на систем за следење, известување и верификација на емисиите на стакленички гасови. Воедно, ќе се надградат анализите на ранливост од третиот Национален план за климатски промени, и ќе се ажурираат мерките за адаптација потребни да се задоволат специфичните потреби кои произлегуваат од несаканите ефекти предизвикани од климатските промени. Извештаите ќе продолжат да го отвораат македонскиот пат кон ниско јаглеродно општество, по кој државата ќе се движи навидум со мали и бавни чекори, но со постојано зголемување на амбициите за намалување на емисиите на стакленички гасови. Проектот ќе се реализира со поддршка на Глобалниот фонд за животна средина во висина од 850 000 американски долари, преку УНДП како имплементирачка агенција и е надградба на континуираната заложба на државата во реализацијата на обврските кои произлегуваат од Рамковната конвенција за
климатски промени на ОН и меѓународните договори за клима. Влијанието на климатските промени врз здравјето на луѓето ќе стане сè поизразено. Екстремно високите температури на воздухот особено кај повозрасните лица, се директно поврзани со бројот на смртни случаи предизвикани од кардиоваскуларни или респираторни заболувања. Екстремните временски настани можат да ги уништат домовите, медицинските објекти и другите основни средства кои се потребни за здравствена заштита. Голем дел од населението во ранливите подрачја можеби ќе треба да се пресели, што дополнително го зголемува ризикот од пренесување заразни болести и може да предизвика дополнителни последици врз здравјето. Од климатските промени се очекува да го зголемат бројот на здравствените и ризиците од болести. Тука се опфатени здравствени прашања поврзани со повисоките нивоа на смог, намален квалитет на пивка вода, недостаток на храна, зголемен број повреди
поради поплавите и појавите на невреме, како и ментални здравствени проблеми поради преживеаните шокови. Повисоките температури исто така овозможуваат ширење на комарците во нови области, со што се зголемува ризикот од болести што се пренесуваат од комарците (маларија, денга, жолта треска, итн.). Климатските промени веќе се случуваат, заедно со многу негативни ефекти и промени. Така, мораме да се подготвиме и да дејствуваме со цел да ги намалиме штетите и пореметувањата што тие ги предизвикуваат. Ова е познато како прилагодување или приспособување кон климатските промени. Прилагодувањето се стреми да ја избегне или да ја ублажи штетата предизвикана од промените на климата и да изнајде нови решенија со цел луѓето да живеат и да напредуваат во новите климатски услови. Климатските промени можат да се случат мошне побргу отколку што луѓето можат да се справат со нив, или пак може да донесат такви промени какви што немало претходно.
ПОРТА
хортикултура
ЗА СРЕДИНА КОЈА СЕКОЈДНЕВНО ЕВОЛУИРА
Потребата од пејзажните архитекти во еволуцијата на дизајнот Потребата за вклучување на дизајнерите со текот на времето се јавува затоа што голем број брзорастечки растенијата се менуваат, ја губат формата и смислата на дизајнот, па поради тоа треба некој да даде тек на нивната форма
Филип ФИЛИПОСКИ , дипл. шум. инж. Биро Проект ДООЕЛ
З
а разлика од архитектурата, пејзажната архитектура претставува динамична средина која секојдневно еволуира (и скоро секогаш се подобрува) низ времето. Нејзините паркови и градини никогаш не се завршени. Или пак, завршениот пејзаж денес не е завршен пејзаж од пред многу години. Главната улога на пејзажните архитекти е нивно вклучување во работата и предвидување за сите тековни промени кои ќе се или би се одвивале во градината. Работата на пејзажниот дизајнер не е
50
ПОРТА
25 април 2019
само разубавување на просторот. Негова основна цел при креирање на одреден пејзаж е создавање на амбиент во развој кој во иднина ќе иницира на здрав начин на живот и квалитетно изградена средина фокусирана на еколошката основа и еколошката рамка. Градината е дел од природни процеси и непланирани човечки влијанија кои барем делумно, стануваат нејзини нови дизајнери. Сепак, ако дизајнот на пејзажниот архитект е важен на првиот ден, тој е подеднакво важен и по петтата година како и подоцна, а сето тоа се
ПОРТА
постигнува со тековно одржување на градината. Потребата за вклучување на дизајнерите со текот на времето се јавува затоа што голем број брзорастечки растенијата се менуваат, ја губат формата и смислата на дизајнот, па поради тоа треба некој да даде тек на нивната форма. Растот на растенијата не е особено лесно да се предвиди во детали. Растенијата можат да напредуваат, да опаѓаат или да умираат или речиси секогаш да не растат исто како што посакуваме. Водата, почвените услови, инсекти, околните растенија, количини на сончева светлина, времето и многу други фактори влијаат на нив. Аранжман на растенија, кој е одличен кога растенијата се сè уште мали, може да биде сиромашен или деформиран кога тие ќе достигнат поголеми димензии. Растенијата можеби ќе треба да бидат исчистени, додадени, заменети или отстранети. Секој искусен градинар знае точно колку е потребна грижа за секое растение. Занемарувањето или недоволното одржување е голем проблем за дизајнираните пејзажи. Класичнен случај е примерот со Централ Парк во Њујорк, кој до 1970-тите бил во неодредена форма. Со конкретен план и грижа е започнато од 1980-тите за целосна конзервација и насочување во вистински правец. Дури и денес има многу коментари дека паркот изгледал едноставно, но не сфаќаат колку време и енергија е потребно за да се постигне што поприроден изглед во тоа бетонско опкружување. Луѓето ги ценат различните пејзажи на различни начини, гледано од различни агли. Некои пејзажи се ценети поради високите естетски вредности, други пејзажи се ценети поради нивниот уникатен или посебен карактер кој е резултат од интеракцијата на природните и човечките влијанија со текот на времето. Ваквите предели можат да станат интегрален дел од идентитетот на локалните заедници. Тие обезбедуваат силно чувство на припадност и печат на жителите во одредено опркужување. Пејзажите многу ретко добиваат доволна количина на нега. Една од причините е размислувањето дека добрата грижа е скапа и бара еден вид на долгорочно инвестирање. Сепак мора да се напомене дека одржувањето е една од најлесните ставки за намалување на трошоците, бидејќи се спречуваат несаканите резултати како што се разболување и целосно сушење на поедини „капитални растенија“. 52
ПОРТА
25 април 2019
ПОРТА
најчудни градби
ВО ДАНСКА
Канцеларии во минизамок Изградена околу бетонска конструкција, внатрешните и надворешните ѕидови на зградата се изградени од 970.000 тули
Драган РИСТОВ
К
ој вели дека на север, во Скандинавија, не може да се најде нешто, што може да биде мало, не толку гигантско, но сепак топло и да привлече внимание како чудна градба. Таков пример доаѓа од Данска, која не била дел од „најчудните градби“. Овој пат, педантните Данци, покажаа дека имаат сила и ум, кој може да им парира и на најголемите архитектонски студија, во поглед на иновативноста. Данско-исландскиот уметник, Олафур Елиасон ја заврши својата прва зграда канцеларија слична на тврдината во фјордот Вејле во Данска, наречена „Фјорденхаус“. Тоа е 54
ПОРТА
25 април 2019
седиште на фирмата „Кирк Капитал“, која е холдинг-инвестициска компанија на тројца браќа, кои се директен потомок на основачот на „Лего“. Но, исто така, објектот освен што е место на приватни канцеларии, поседува и јавно достапно приземје. Ова е прва зграда во целост дизајнирана од Студиото „Олафур Елиасон“, кое претходно соработувало на архитектонски проекти, вклучувајќи ја и концертната сала „Харпа“ во Рејкјавик и „Серпантинскиот павилјон“ во Лондон, а изградило и помали објекти, вклучувајќи го и мостот „Cirkelbroen“ во Копенхаген. Зградата се издига од водата во пристаништето на градот Вејле. Се пристапува преку пешачки мост, со подземни пасажи, исто
така, поврзувајќи го подрумот на зградата со доковите. Пешачкиот мост води во првиот и приземен дел, односно до јавната површина на зградата, нуди поглед низ пристаништето и е украсен со уметнички дела специфични за локалитетот создадени од Елиасон. Над овој простор со двојна висина има три ката за фирмата „Кирк Капитал“. Оваа форма на Фјорденхаус беше создадена, за да се прилагоди на околината на Вејле Фјорд, и истата да се вклопи во животната средина. „Клиентите посакаа да изградиме работна средина за фондацијата што ја имаме, да се истакнат квалитетите што им се важни, како што се природата, светлината, времето, годишните времиња и фјордот на Вејле“ - кажале од
Елиасон Дизајнс. Дел од поширокиот план за развој на пристаништето Вејле, е тоа што зградата стои веднаш до парче рекултивирано земјиште, што исто така го развива Кирк Капитал. Заедно со неколку блокови за домување и предвиден плоштад и пристаниште, идејата на Гинтер Вогт ќе даде целина на овој простор. Геометриската форма на зградата е изработена од четири пресечени кругови. Секој од овие цилиндри има издлабени празнини од нив, кои се кружни на едниот крај и елиптични во другиот. Делумно застаклени, утврдени се лакови во отворите, кои се надополнуваат со прозорските површини. Во суштина, токму тие лакови, ја даваат оваа уникатна форма на објектот. Изградена околу бетонска конструкција, внатрешните и надворешните ѕидови на зградата се изградени од 970.000 тули. Уметникот избрал 15 различни нијанси на непроѕирна тула, заедно со сини, зелени и сребрени глазирани цигли. Секоја од надворешните фасади има различна комбинација на тули, во зависност од светлината што ќе ја добие. Глазираните цигли се почесто користени во близина на основата, а чисто сините тули почесто се наоѓаат кон врвот на зградата. Внатрешните простори, исто така, имаат комбинации на тули специфични за употреба во секоја од собите. На пример, на скалите се користат само сиви и сребрени цигли. Шупливи вентилациони тули се вградени во внатрешните фасади за регулирање на звукот и температурата. Поставувањето на секоја видлива тула беше избрана од Студиото „Олафур Елиасон“ за да го создаде она што уметникот го нарекува „миниуметнички композиции“. Fjordenhus содржи канцелариски простор за сите три директори на Кирк Капитал и нивниот персонал. Исто така, постојат сали за состаноци, соба со табла, трпезарија и тераса на покрив. Сите маси, канцелариски мебел и столови, исто така се дизајнирани од страна на Елиасон. Според уметникот, студиото му Технички податоци: Уметник: Олафур Елиасон Архитектонски дизајн: Себастијан Беман со студио Олафур Елиасон Проектен архитект: Каспар Тејчгреб Локален архитект: Лундгард и Транберг Архитектура Пејзаж-архитект: Vogt пејзаж Клиент: Кирк Капитал Генерален изведувач: Џортон Пит, плоштад и пристаниште: Пер Арслеф Фасада и скали: Вагнер-Биро Сталбау Камени подови: Top Granito SRL Тули: Петерсен Тегл ПОРТА
дозволило да го искористи искуството стекнато работејќи на бројни уметнички дела и инсталации, во поголем обем. Дизајнот е продукт на едно истражување, на перцепцијата на физичкото движење, светлината, природата и доживувањето на просторот - во една зграда која одеднаш е целосно уметничко дело и функционална архитектонска структура. Студиото се надева дека проектот нема да биде последниот проект во архитектурата на кој тие работат. За да ги комплетираат идните проекти, Елиасон и Беман основаа нова архитектонска практика наречена Studio Other Spaces (SOS) во 2014 година.
ПОРТА
ПОРТА
репортажа
ЕДНИ ОД НАЈВОЗБУДЛИВИТЕ УРБАНО-АРХИТЕКТОНСКИ СОДРЖИНИ ВО МАКЕДОНИЈА
Галичките камени портали Стрмниот терен и висинaта на објектите го диктираат бројот на влезовите, кој се движи најмалку од два влеза, па сè до шест влеза, од кои повеќето се дефинирани со камени портали
КостoГРАОРКОВСКИ, дипл.инж.арх. „...Проучувањето на македонската архитектура не е прашање на фолклорот, ниту на наследството, туку е прашање на општата култура на градителството и на просторното создавање, а на тие дострели им припаѓа одредено и значајно место во општиот развиток на целокупната културна историја и на архитектурата посебно... ТОМИСЛАВ ПРЕМЕРЛ
58
ПОРТА
25 април 2019
З
а галичката архитектура и за галичката куќа е пишувано многу од многубројни истражувачи, патописци, новинари, публицисти, уметници, архитекти, професори и сите без исклучок се воодушевувале од старата галичка куќа. Таа во надворешниот изглед изгледа естетски, рационално и одмерено, дело со највисоки архитектонски квалитети во македонската народна архитектура. За сите нив Галичник, галичката архитектура и пејзажот се едни од највозбудливите урбано-архитектонски содржини во Македонија со посебна изразна слика и со поетска димензија. И во таа нивна импресивност никој посебно не посветил
подетално внимание за галичките влезни камени портали, за прозорските шамбрани и за богатството што е исконски вродено во креативниот дух на галичанецот. Затоа мојот внатрешен довик ме натера со оваа кратка размисла и фотографски запис за камените влезни портали да ги додефинирам генезата и идентитетот на галичката куќа. Ова сакам да биде еден еден скромен придонес за македонската архитектонска култура, зашто Галичник со своите градби, поточно со нивното настанување, го надминува значењето на националните и на фолклорните рамки. Влезните камени портали со сигурност и денес воодушевуваат, инспирираат и
Порта од дворот на Алаутовци
поттикнуваат на размислување за универзалните и за трајните вредности на каменот и на архитектурата што се создава со него. Како и секогаш, и на секој план, Галичник е прв и неповторлив, посебен и единствен, така и кога станува збор за ѕидната пластика и естетика на влезните камени портали, кои ги среќаваме како во импозантен број кај галичките куќи. Галичник закотвен во подножјето на живописниот камењар Говедарник има некоја посебна симболика, исто како и симболиката помеѓу галичката куќа и нејзините камени влезови. Стрмниот терен и висинaта на објектите го диктираат бројот на влезовите, кој се движи најмалку од два влеза, па сè до шест влеза, од кои повеќето се дефинирани со камени портали. Имено, во толкав број не може да се сретнат во ниедна друга населба во Македонија, па и пошироко. Ако Галичник во неговиот најголем градителски подем имал околу 800 куќи и ако земеме за просек секоја куќа да има по два главни влеза тогаш доаѓаме до една импресивна бројка од 1.600 камени портали составени од илјадници делкани камени греди, камени конзоли, полукружни завршетоци, вертикални носачи и прагови. Ова е импозантна бројка камени портали, кои се еднакво застапени не само кај галичката куќа, туку и кај црквите и кај другите јавни објекти. Кога би можеле сите изведени портали да ги поставиме еден до друг, би се добила една голема камена колонада со должина над 2,5 км. Денес во Галичник сосема малку има останато од прекрасните камени кули и палати, како што ги нарекува галичките куќи мојот професор Петар Муличковски. Но сепак, за среќа, некои од сопствениците благодарение на нивната љубов кон Галичник и кон сопствените корени ги зачуваа своите дедовски огништа. Затоа денес галичаните и туристите што го посетуваат Галичник се воодушевуваат од архитектурата што останала, а со тоа и од мајсторството на влезните камени портали. Интересно е да се истакне дека камените портали остануваат и опстојуваат на сите временски влијанија и по половина век доколку не ги сруши и растури човечка рака. Така, на пример, со години му одолеваа на времето порталите на куќите на прочуените галички фамилии Алаутоски, Ажиески и Дукоски. Големите камени блокови со кои се ѕидаат камените портали се изработени од рачно делкан камен од локалните камени мајдани во близината на Галичник. Обработката на каменот и клепањето се со рачни длета и со чекани од рацете на познатите каменоресци од Луково, Модрич и од Јабланица, а по идеја и по скици од познати галички градежници, како што се на пример таткото Стојан и синот Јордан Стојанчески. 25 април 2019
ПОРТА
59
Порта од куќата на Томовци Оформувањето на порталите е изведено крајно прецизно со мали отстапувања со минимум малтер од кал или со варов малтер и ретко, кај некои понови објекти (новата црква од 1931 година), со цементен малтер со фуги, кои речиси и не се забележуваат. Блоковите меѓусебно се поврзуваат и се зацврстуваат со ковани железни куки, кои не се гледаат на фасадата.
60
ПОРТА
25 април 2019
Во зависност од тоа какви влезни дрвени крила се обрабени, среќаваме камени портали што премостуваат и што обрабуваат еднокрилни и двокрилни врати со распони на камените греди и до 1,5 метар, а целиот портал и до 2 метра. Спрема формата и содржината, во галичката куќа се среќаваат четири типа портали и тоа портали со полукружен завршеток, портали со правоаголни камени греди и камени конзоли, портали со правоаголни камени греди со камени конзоли и натсветло и портали со горен камен блок со неправилен закривен горен дел. Порталите со полукружен завршеток може да бидат изведени со еден полукружен камен блок или со два или со три блока, како и вертикални блокови и хоризонтални камени блокови како прагови на влезовите. Покрај основните елементи, кај порталите се среќаваат разни натписи, симболи и пораки. Бојата на камените портали, всушност, е
Порта од куќата на Шулевци природната боја на применетиот камен за ѕидање. Поточно бојата на влезните портали кореспондира со бојата на основниот кршен и делкан камен за изградба на галичката куќа и таа може да биде розова, сивкава, бела, синкава, сепија или боја на бигор. Ако подетално се разгледуваат камените портали и камењата што го дооформуваат порталот, ќе наидеме на разни натписи, симболи и пораки, преку кои може да се идентификува населението што живее во Галичник. Така, најзастапен е основниот православен симбол – крстот, а кај некои објекти (пример на фамилијата Дукоски во Долно Маало) православниот симбол е дополнет со скратениците ИС (Исус) и ХР (Христос), со натписот БОЖЕ ПАЗИ, со годината на изградбата (1924 г.) како и со скратеници од името и од презимето на сопственикот (Б.С.Д.). Исто така, се среќава православниот симбол со крстот и со полумесечината, со што се потврдуваат некои тези на научната јавност за допирите меѓу Мијаците, богомилското движење и богомилите. Од натписите со презимињата и годините на изведба на објектот и на камениот портал дознаваме за националноста на сопственикот, така што кај некои објекти пишува, на пример, БРАЌА Д ФИЛИПОСКИ 1912 г. Од текстот се препознава дека станува збор за македонски јазик, кирилско писмо, македонски идентитет и тој е потврда дека сопствениците не ги прифаќале секогаш матичните евиденции водени на српски или на бугарски јазик во зависност од тоа под која власт се наоѓал Галичник. Сличен пример среќаваме и кај камениот портал на објектот на познатата фамилија Чалоски, каде што стои натписот: „ОВОЈ ДОМ: Е СОГРАДЕН 1896“. Кај камените портали често среќаваме и
фамилијарни симболи и грбови, како птици, сончеви зраци, потковици (куќата на фамилијата Шулески), цветови како на пример шестолистот на влезниот портал од куќата на Кире Филипоски. Да заклучам камените портали на влезните врати во галичките куќи кои личат на мали триумфални арки сами по себе се една
посебна духовна приказна полна со симболи, божја светост, традиција, култура па и имагинација. Во пазувите на една несекојдневна архитектура тие ни го нудат духовното, радоста, тагата, восхитот, незаборавот.
25 април 2019
ПОРТА
61
уметност
„Графиките во времето на Бројгел“ цела пролет во Брисел „Графиките во времето на Бројгел“ е колаж од најзначајните графички остварувања во 16 век во јужна Холандија, во Брисел, Антверпен и во други градови во овој регион
Кате АНТЕВСКА (специјално за Порта 3 од Брисел)
О
ваа пролет уметничкиот центар БОЗАР во Брисел нуди уште една неверојатна поставка со наслов „Графиките во времето на Бројгел“, а во чест на 450 години од раѓањето на познатиот фламански уметник Питер Бројгел. Станува збор за изложба во која се отвора светот на 16 век, на ренесансата, времето на религиозен 62
ПОРТА
25 април 2019
метеж и ненадејни револуции. Време на уметнички подем, експерименти и артистички перфекционизам. „Графиките во времето на Бројгел“ е колаж од најзначајните графички остварувањеа во 16 век во јужна Холандија, во Брисел, Антверпен и во други градови во овој регион. Изложбата покажува како пронајдокот на графиката создал лавина од слики чијашто улога била разновидна, од политичка пропаганда, величење на монархијата, потоа религиозни слики кои имаат морални и етички обележја, па сè до
графики во кои се гледа хуморот и сатирата на секојдневието. Ова се несомнено ремек-дела на ренесансата, кои покажуваат врвно мајсторство и авторска посветеност. Поставката воедно зборува за подемот на графиката во јужна Холандија, за етапите на прогрес и за инспирациите од другите земји, како Италија. На почетокот на 16 век, локалното производство сè уште било со просечен квалитет, но подоцна, благодарение на надворешните влијанија, ќе го забрза својот уметнички развој.
ВО ЧЕСТ НА 450 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПОЗНАТИОТ ФЛАМАНСКИ УМЕТНИК
Антверпен за кратко време ќе стане центар на графиката. Најважниот трговски центар во северна Европа, ќе продуцира важни уметнички имиња. Многумина од уметниците работат под покровителство
на Хабсбуршката куќа, правејќи портрети на Чарлс V, кој раковедел со Хабсбуршка Холандија. Сакајќи да го истакнат авторитетот на Чарлс V, графиките се често наративни и правени во духот на
уметничките остварувања од римско време. Сепак, постои голема тематска разновидност и огромен творечки опус. Посебно внимание привлекуваат графиките со сатиричен карактер, кои
25 април 2019
ПОРТА
63
исмеваат, подучуваат, сакаат да морализираат. Алегориското, многуглаво чудовиште на Питер ван дер Борхт може да послужи како симбол на разновидноста на пазарот за печатење од тоа време. Коментирајќи ја богатата уметничка продукција, тој ќе забележи: „Толку многу луѓе, толку многу умови“. Сатиричните остварувања вклучуваат профани сцени во кои се исмева секојдневието. Луѓето се сместени во препознатливи средини: пазари, куќи или бордели. Тоа се најчесто слики кои ги рефлектираат човечките слабости, па така лицата од сцена во сцена се изобличуваат до степен на гротеска. Не помалку се присутни и сликите со религиозна тематика, како и пејзажите. Поставката „Графиките во времето на Бројгел“ завршува со анимираниот филм на Aнтоан Рогерс насловен „Седумте смртоносни гревови“ инспириран од истоимените слики на Питер Бројгел. Рогиерс мошне умешно ги „оживува“ сликите на Бројгел. Мажи, жени, животни, демони, хибридни фигури и гиганти коегзистираат во совршена хармонија. „Графиките во времето на Бројгел“ ќе биде отворена за посетители до 23 јуни.
64
ПОРТА
25 април 2019
ПОРТА
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska ПОРТА bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
ПОРТА