ГОДИНИ
90 ДЕНАРИ
ПОРТА Г Р А Д ЕЖНИШТВО А Р Х И Т Е КТУ Р А Е К О ЛОГИЈА
282 ЈУЛИ 2019
Градежен потфат во Грделичка Клисура 100 години Баухаус Ќе се спаси ли Охрид од децениско уништување?
ПОРТА
СОДРЖИНА
12
20
ИНФО 6 СКОПЈЕ ПО 56 ПАТ СЕ СЕЌАВА
ИНФО - ЕКОЛОГИЈА 8 ГРАДЕЖНИТЕ КОНСТРУКТОРИ ЌЕ ГО ОРГАНИЗИРААТ 18. СИМПОЗИУМ „ДГКМ 2019“
ИН МЕМОРИАМ 10 АВТОР СО ПЛОДНО АРХИТЕКТОНСКО ТВОРЕШТВО
ГРАДЕЖНИШТВО 12 ПРОЕКТ КОЈ ГО ТЕСТИРАШЕ ЗНАЕЊЕТО, ВЕШТИНАТА И ИСТРАЈНОСТА НА НЕИМАРИТЕ
30
АРХИТЕКТУРА 20 АРХИТЕКТУРАТА КАКО ИГРА
АРХИТЕКТУРА 26 ИНДУСТРИЈАТА БАРА АРХИТЕКТИ СПОСОБНИ ВЕДНАШ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО РАБОТНИОТ ПРОЦЕС
АРХИТЕКТУРА 30 ХРАБРО И ФУНКЦИОНАЛНО ДВИЖЕЊЕ ВО УМЕТНОСТА, АРХИТЕКТУРАТА И ДИЗАЈНОТ
AРХИТЕКТУРА 36 ВОДАТА, „СВ. КАНЕО“ И СИЛУЕТАТА НА СТАРИОТ ГРАД ГЕНЕРАТОРИ НА КОНЦЕПТОТ
38
40
УРБАНИЗАМ-ЕКОЛОГИЈА 40 ЌЕ СЕ СПАСИ ЛИ ОХРИД ОД ДЕЦЕНИСКО УНИШТУВАЊЕ?
ИНФО-ДИЗАЈН 44 КАКО ТРЕБА ДА СЕ УЧИ ДИЗАЈН?
НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 48 ХОТЕЛ ВО ФОРМА НА ГИТАРА
ХОРТИКУЛТУРА 50 СПАСОТ ЗА ПЧЕЛИТЕ Е ВО ЦВЕТНИТЕ ГРАДИНИ
РЕПОРТАЖА 52 БОГАТСТВО ОД ПЕЈЗАЖИ ИСПРЕПЛЕТЕНО ВО ПРИКАЗНИТЕ
УМЕТНОСТ 58 МОЈАТА СКОПСКА ПРИКАЗНА
ПОРТА
25 јули 2014
44
52
ГОДИНА XII
БРОЈ 282ПЕТОК 26.72019 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Летото е во полн ек, но тоа не значи дека на страниците на Порта 3 нема да има четива кои се интересни за читање. И во овој број нудиме текстови кои се актуелни. Оваа година Скопје по 56 пат се сеќава на катастрофалниот земјотрес во кој илјадници луѓе го загубија животот. Во овој број уште еднаш оддаваме почит на загинатите и се потсетуваме на издигнувањето на градот на солидарноста. Ин меморијам за архитектот Јован Стефановски-Жан, кој има плодно архитектонско творештво, автор е на повеќе проекти, конкурсни трудови и објекти со најразлични намени. Во делот од градежништвото може да се прочита за проектот за Грделичка Клисура. Коридорот 10 е паневропски коридор, кој покрај низ останатите држави, поминува и низ Србија и низ Северна Македонија. Автопатот на Коридорот 10 во Република Србија низ Грделичка Клисура е проект кој го тестираше знаењето, вештината и истрајноста на неимарите. Сложените топографски услови, особено во попречна насока, изискуваа проектирање на голем број инженерски објекти и конструкции – мостови, конструкции за заштита на косините, галерии, заштитни и потпорни ѕидови. Делот на архитектурата го почнуваме со нашиот дописник од Белград кој разговара со архитекти од студиото „Реморкер“ кои се добитници на наградата на Град Белград за 2018 година, а кои за нашиот весник објаснуваат за нивните најзначајни проекти, за функционирањето како мал културен центар, како и за професијата архитект во Србија. Дописникот од Лондон објаснува за тоа како се обучува архитект во Британија. Во Велика Британија, и денес не е само важно да се студира архитектура на акредитирана високообразовна институција, туку и програмата на школата да биде формално одобрена од страна на Кралскиот институт на британските архитекти. Во спротивно, стекнатите универзитетски квалификации не се формално професионално признаени за да се стане архитект и да се влезе во струката. Оваа 2019 се одбележува стогодишнината од основањето на Баухаус, државна школа за архитектура и применета уметност која во 1919 година во Вајмар, Германија ја основал архитектот Валтер Гропиус. Во овој број може да прочитате повеќе за Баухаус кој е еден од најеминентните културни
ГОДИНИ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
концепти на 20 век, за едно храбро и функционално движење во уметноста, архитектурата и дизајнот. Студенти од прв циклус на Архитектонскиот факултет во Скопје имаат проект за проектирање на повеќесемејни станбени згради на брегот на Охридското Езеро. За наградениот проект водата, „Св. Канео“ и силуетата на стариот град кои се генератори на концептот. Нашиот соработник беше на меѓународна конференција во Анкара, која се одржува на секои две години со посебен фокус на педагогијата и едукацијата во областа на дизајнот, од каде пренесува дека дизајнот се учи и треба постојано да се истражува како подобро и поквалитетно да се изучува. Она што последните месеци не престанува да ја бранува јавноста е заштитата на Охрид и решавањето на дивоградбите. Во овој број пренесуваме како Охрид стигна до нивото УНЕСКО да го стави на листата на загрозено подрачје, кои се препораките од Комитетот што во наредните шест месеци треба да се преземат за македонскиот бисер да го задржи статусот во кој ужива веќе 40 години. Во делот за хортикултура во овој број нашиот соработник пишува за значењето на пчелите за градините. Најдобар начин да се привлечат инсектите е присуството на цветни видови кои цветаат во текот на целата сезона. Во рубриката најчудни градби во овој број може да прочитате за хотелот во форма на гитара во Јужна Флорида. Проектот, вреден над 1,5 милијарди долари, го реализира славниот бренд „Хард Рок кафе“ од Холивуд. Замоците во Трансилванија - дел од културното наследство на Романија, богатство од пејзажи испреплетено во приказните, а во овој број нашиот соработник ги пренесува впечатоците од посетата на замоците Пелеш и Бран. Ладислав Цветковски ја пренесува неговата скопска приказна преку авторските социјални плакати. Со своите јавни општествено-ангажирани и образовни активности се обидува да го афирмира дизајнот и уметноста како неизоставен сегмент на современото живеење, а со цел тие да го добијат своето вистинско место во нашето општество. ОД РЕДАКЦИЈАТА 282
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Владимир ВЕЛИЧКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ЈУЛИ 2019
Градежен потфат во Грделичка Клисура
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
100 години Баухаус Ќе се спаси ли Охрид од децениско уништување?
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 25.7.2019 Број на примероци: 800
Насловна страница ПЛАКАТ: „СКОПЈЕ ИМА МАГНИТУДА! (11-12. 09. 2016)“
АВТОР: ЛАДИСЛАВ ЦВЕТКОВСКИ 90 ДЕНАРИ
Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
Скопје по 56 пат се сеќава
В
еќе 56 години Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Кобниот ден точно во 5.17 часот се случил силниот потрес со магнитуда од 6.9 по Рихтеровата скала кој траел 20 секунди. Се слушнал силен татнеж, тресење и нишање. Сè било јасно. Се случила катастрофа. Целото население излегло на улица. Од тресењето на земјата после катастрофата се уривале и оние објекти што не биле паднати при првиот удар. Скопскиот земјотрес се почувствувал на простор од околу 50.000 квадратни километри, низ долината на реката Вардар. Од потресот биле урнати 15.800 станови, а оштетени биле 28.000. Над 200 илјади луѓе останале без покрив над глава. Под урнатините животот го загубиле 1.070 граѓани, а биле повредени над четири илјади граѓани. По земјотресот градот почнал да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата железничка станица денес е Музеј на град Скопје и претставува симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути. Следувала една дотогаш најголема и
Радован Мишчевиќ и Кензо Танге
најбрза хуманитарна акција. Првата помош за граѓаните на Скопје дошла од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики. Во Обединетите нации 35 земји поднеле иницијатива за помош на Скопје. 78 земји од светот испратиле помош во Скопје и помогнале тој да се изгради повторно, поради тоа градот го носи и епитетот „град на солидарноста“. Многу познати светски личности активно се заложиле за обновата на градот. Меѓу останатите Пабло Пикасо на Скопје му ја подарил сликата „Глава на жена“. Јапонскиот архитект, добитник на Прицкер, Кензо Танге (1913-2005) е тесно поврзан со обновата на градот. На меѓународен архитектонско-урбанистички конкурс, кој 1965 година го организирале посебен Фонд на ОН, Владата на СФРЈ и Меѓународната унија на архитекти, од осум повикани тимови (четири од Југославија и четири од странство), прва награда добиле два: 60 отсто од
Мишчевиќ-Венцлер 6
ПОРТА
26 јули 2019
наградата добива тимот на Кензо Танге, а 40 отсто архитектите од Загреб, Радован Мишчевиќ и Федор Венцлер. Овие архитекти заедно со локалните органи, ја изработуваат и деветтата – финална варијанта на планот за централното градско подрачје, кој никогаш не е докрај реализиран. Овој план во голема мера ги задржува основните идеи за урбанизација предложени од тимот на Танге, посебно неговите просторни и структурни елементи. Директните штети предизвикани од земјотресот се пресметани на 980 милиони американски долари, односно 15 % од вредноста на бруто-националниот производ (БНП) на СФРЈ за 1962 година. Со оглед дека учеството на Македонија во БНП на СФРЈ беше околу 7 %, директните штети предизвикани од скопскиот земјотрес се нешто поголеми од два БДП на Македонија за 1962 година. n
Тимот на Keнзо Танге
До 2050 година, времето во Лондон ќе личи на времето во Барселона денес
Б
лагодарение на глобалното затоплување, во наредните децении градовите ширум светот ќе се соочат со значително изменети временски услови, па многу е веројатно дека во 2050 година времето во Лондон ќе биде исто како времет во Барселона денес. Ова го покажува новото истражување на
Crowther Lab од Швајцарија, кое се базира на анализа која потврдила дека 77% од светските градови ќе ги искусат ефектите од климатските промени, а кај 22% од нив тоа ќе биде многу сериозно изразено. Најдраматичната промена ќе ги зафати градовите на северната хемисфера, шри што нивната клима ќе наликува на климата денес во местата кои се
околу 1000 километри јужно од нив. Истражувачите истакнуваат дека градовите ќе бидат 3.5 °C потопли во лето, и 4.7 °C потопли во зима. Тоа ќе предизвика Лондон да има клима слична на Барселона, додека Москва ќе потсетува на Софија. Во САД пак, се претпоставува дека Сиетл ќе има слични времески прилики како Сан Франциско денес.
Хрватска: Со електричен автомобил од граница до море
П
о повод Националниот ден на Никола Тесла, HEP (Hrvatska Elektroprivreda) со отворањето на брзата станица за полнење на електрични возила на Бриње (во близина на Госпиќ – родното место на Тесла), го одбележа пуштањето во работа на првите 16 станици за полнење на електрични возила на автопатиштата низ земјата. Овие станици, по прв пат им овозможуваат на сопствениците на електричните автомобили возење од границите со Словенија и Унгарија до Јадранското Море. На Хрватска оваа инфраструктура ѝ овозможува приклучок на мрежата на станици за полнење на електрични возила на Трансевропската сообраќајна мрежа (TEN-T). Станиците за полнење на автопатите, се дел од развојниот проект за емобилност, кој е покренат од страна на HEP, а во согласност со ЕУ Директивата за воспоставување на инфраструктура за алтернативни горива. Директивата, која до крајот на 2020 предвидува достапност на станици за полнење на секои 50 километри автопат, во сите агломерации со над 20.000 жители, во сите пристаништа и аеродроми, како и на железничките станици. Проектот е важен и од аспект на остварување на националните цели за декарбонизација во сообраќајот.
26 јули 2019
ПОРТА
7
инфо
Градежните конструктори ќе го организираат 18. Симпозиум „ДГКМ 2019“
Г
одинава, Друштвото на градежни конструктори на Македонија го организира 18. Симпозиум „ДГКМ 2019“. Симпозиумот традиционално ќе се одржи во Охрид, од 2 до 5 октомври, во хотел Гранит, и ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на досегашната практика и на најновите достигнувања во областа на следењето, испитувањето и одржувањето на конструкциите, оценка на доверливоста и трајноста на конструкциите, методите за оценување на состојбата, како и примената на современи материјали за нивна санација. Повикани предавања, со кои ќе бидат опфатени сите аспекти на главната тема „Следење, процена и санација на конструкции“, ќе одржат: • Ивана БАЊАД ПЕЧУР, Градежен факултет, Универзитет во Загреб, Хрватска • Раде ХАЈДИН, Градежен факултет, Универзитет во Белград, Србија • Виктор МАРКЕЉ, Понтинг ДОО, Словенија • Горан МАРКОВСКИ, Градежен факултет, УКИМ, Скопје, Македонија • Хартмут ПАСТЕРНАК, Технолошки универзитет Бранденбург, Германија • Предраг ПОПОВИЌ, WJE - Wiss, Janney, Elstner Associates, Inc., САД • Властимир РАДОЊАНИН, Факултет за технички науки, Универзитет во Нови Сад, Србија • Вероника ШЕНДОВА, ИЗИИС, УКИМ, Скопје, Македонија • Бошко СТЕВАНОВИЌ, Градежен факултет, Универзитет во Белград, Србија • Алеш ЖНИДАРИЌ, Словенечки национален институт за градежништвоЗАГ, Словенија Покрај предавањата посветени на главната тема, ќе бидат презентирани и трудови со кои ќе бидат опфатени и следните теми: Теориски и експериментални анализи на конструкции; Современи методи за проектирање на
8
ПОРТА
26 јули 2019
конструкции; Стандарди, Еврокодови и Национални анекси; Современи техники за изведба на конструкции; Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој; Инфраструктурни објекти; како и други теми поврзани со градежното конструкторство. Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија и
Институтот за стандардизација на Република Северна Македонија, а во рамките на Симпозиумот, ќе се одржат две тркалезни маси на тема „Национални анекси за Еврокоди и Национални стандарди - размена на искуства во регионот“ и „Новиот закон за градење“. Детални информации може да најдете на официјалната страница на ДГКМ: http://mase.gf.ukim.edu.mk. n
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ
ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
ин мемориам
ЈОВАН СТЕФАНОВСКИ – ЖАН (1948-2019)
Автор со плодно архитектонско творештво
А
рхитектот, проф. д-р Јован Стефановски – Жан е роден во Скопје во 1948 година. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје во 1973 година со дипломска работа „Аеродромска пристанишна зграда“ под менторство на професорот Георги Константиновски. Припаѓал на групата архитекти кои работеле во авангардното биро „Underground“. Уште како студент професионалната кариера ја започнал во проектантската организација „Студиопроект“ од каде продолжил во „Уникоспроект“ во Скопје. По дипломирањето се вработува во проектанското биро на „Гранит“ каде го поминува голем дел од работен век. Во 1978 година добива стипендија за постдипломски студии во Марсеј, Франција. Во 1994 година формира сопствено архитектонско биро „Еуроарх“ каде што
професионално работи до крајот на својот живот. Стефановски е архитект со плодно творештво, автор е на повеќе проекти, конкурсни трудови и објекти со најразлични намени. Учесник е на многу конкурси како домашни така и меѓународни од кои некои се и првопласирани. Неговите објекти се реализирани во нашата држава, но и во странство, Бугарија, Хрватска, Словенија и други. Неговото творештво е разновидно, меѓу позначајните реализирани објекти се повеќе станбени комплекси и згради, индивидуални куќи, објекти од образование, деловни објекти, хотели, објекти од културата, верски објекти и друго. Бил активен и во публицистичката дејност, објавил десетици написи, статии, критики и рецензии во печатени медиуми. Бил уредник на
Kомплекс станбени згради во населба Ново Лисиче, Скопје
ПОРТА
прилогот на весникот „Нова Македонија“,„Лик“, рубрика посветена на архитектурата. Се занимавал и со театарски сценографии. Бил претседател на Биеналето на македонската архитектура БИМАС1995. Во 2005 година е претседател на на македонскиот клуб на ICMA, при невладината организација IAA од Софија, која се занимава со многу активности во сферата на архитектурата. Главната активност на IAА е Милениумски крст на Водно
фокусирана на меѓународни архитектонски конференции, натпревари и изложби - Светско триенале за архитектура (INTERARCH- Софија). Добитник е на повеќе награди и признанија меѓу кои најзначајна е онаа од 2015 наградата „13 Ноември“ на Град Скопје од областа на уметноста и архитектурата и во 2003 награда на Триеналето во Софија за „Милениумскиот крст“ на Водно. Докторирал во 2005 година на Универзитетот во Софија. Од 2002 до 2004 е соработник предавач на Универзитетот во Софија, а од 2004 е вонреден професор. Од 2005 до 2007 година бил советник за архитектура и урбанизам на градоначалникот на Скопје и вршител на должноста главен архитект. Од 2007 е професор на Државниот универзитет во Тетово на Факултетот за архитектура, а од 2008 до 2009 на МИТ Универзитетот во Скопје. Од 2008 до 2017 е вонреден професор на ААБ Универзитетот во Приштина на Факултетот за архитектура. Од 2012 до 2014 е декан и професор ФОН Универзитетот во Скопје на Факултетот за архитектура. Во 2017 е гостин-професор на државниот универзитет во Малта, на факултетот за архитектура. n
Деловен објект „Дом на занаетчии“ Скопје
Француска резиденција во Скопје
Деловен центар „Машинопромет“ во Скопје
Позначајни реализирани објекти: 1977 комплекс станбени згради во населба Аеродром, Скопје, 1979 станбени кули во Скопје и Струга 1981 деловно угостителски објект во Гевгелија 1987 средно училиште во Неготино 1988 деловен објект „Дом на занаетчии“ Скопје 1988 деловен центар „Машинопромет“ во Скопје 1997 хируршко–гинеколошка клиника во Софија, Бугарија 1999 обнова на црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“ – Скопје, 2000 Милениумски крст на Водно, Скопје 2005 Македонски народен театар во Скопје
Македонски народен театар во Скопје
ПОРТА
градежништво
Проект кој го тестираше знаењето, вештината и истрајноста на неимарите
Сложените топографски услови, особено во попречна насока, изискуваа проектирање на голем број инженерски објекти и конструкции – мостови, конструкции за заштита на косините, галерии, заштитни и потпорни ѕидови Служба за односи со јавност “Интеграл инженеринг а.д.
С
о низа свечености на 18.5.2019 се одбележа отворањето на дел од автопатот на Коридорот 10 во Република Србија низ Грделичка Клисура. Заинтересираната 12
ПОРТА
26 јули 2019
стручна јавност повеќегодишните сложени градежни работи ги следеше со внимание и професионална љубопитност. Во оваа прилика ја претставуваме работата на фирмата „Интеграл инженеринг“АД од Лакташи (Босна и Херцеговина), која зазема видно место работејќи на градежниот потфат во
Грделичка Клисура. Коридорот 10 е паневропски коридор, кој покрај низ останатите држави, поминува и низ Србија и низ Северна Македонија. Програмата за изградбата на автопатот E-75 на овој коридор низ Србија се спроведува низ четири проекти кои се поделени на делници, а тие во
ГРАДЕЖЕН ПОТФАТ ВО ГРДЕЛИЧКА КЛИСУРА договори (лотови). Проектот „Југ“ од Грабовница до Левосој со должина 75 километри содржеше пет делници, од кои три се завршени и пуштени во употреба. На пример, автопатот од Долни Нерадовци до Српски Куќи е во употреба од 2013 година, а од Владичин Хан до Долни Нерадовци од 2015 година. Всушност, настаните од 18.5.2019 беа посветени на завршување на работите на преостанатите две делници со вкупна должина од 26.1 километар и тоа: Грделица-Царичина Долина (11.8 километри) и Царичина Долина – Владичин Хан (14.3 километри). Интересно е дека наведените делници се реализирани низ осум договори (лотови), работите ги изведуваа компании од Шпанија, Грција, Бугарија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, како и од Србија. Финансирањето е обезбедено со кредити од Европската инвестициска банка (EIB) и во помала мера од Светска банка (WB). Се очекува автопатот да има позитивно влијание на стопанството и трговските активности во регионот, а исто така да придонесе за регионалниот развој и поврзување на поширок простор на Балканот. „Интеграл инженеринг“АД, заедно со своите партнери („Интеркоп Мишар“ ДОО и „Приједорпутеви“ АД) ги изведе работите на делницата Царичина Долина – Владичин Хан, во рамки на која ги изгради патиштата и мостовите на подделницата Царичина Долина – тунел Манајле (LOT-5). Работите започнаа кон крајот на 2013 година, а успешно се завршени на 30.6.2018 година. Стануваше збор за крајно сложен проект, кој го тестираше знаењето, вештината и истрајноста на неимарите. Надзорот на работите цело време го вршеше француската фирма Louis Berger. Оперативно со работите управуваше огранокот на „Интеграл инженеринг“ во Ниш. КРАТОК ОПИС НА ИЗВЕДЕНИТЕ РАБОТИ Должината на изградениот автопат е 6,75 километри. Трасата на автопатот во најголем дел е сместена на десниот брег на реката Морава, додека населбата Џеп се заобиколува по левиот брег од километар 887+800 до километар 890+200. На дел од автопатот од километар 886+275 до километар 887+200 изведено е изместување на постоечката железничка пруга во должина од 980 метри. На трасата на автопатот извршено е 26 јули 2019
ПОРТА
13
КРАТОК ПРЕГЛЕД НА ОБЕМОТ НА РАБОТИТЕ: -ископ на материјал од различни категории: 1.643.264,68 кубни метри -изработка на насипи: 524.518,67 кубни метри -изработка на одводнување 6.747,12 метри -вградување BNS: 195.513,68 квадратни метри -вградување асфалт-бетон: 24.238,42 квадратни метри -вградување SMA: 111.069,49 квадратни метри -вградување бетон 149.789,55 кубни метри, од кои пренапрегнат бетон 9.258,86 кубни метри -вградување арматура: 11.181.092,00 килограми -вградување јажиња за пренапрегање: 480.293,44 килограми -вградување шипови Ø800 mm: 5.946,27 метри - вградување шипови Ø1000 mm: 1.395,27 метри - вградување шипови Ø12000 mm: 7.997,80 метри - вградување шипови Ø1500 mm: 2.089,22 метри - вградување пренапрегнати сидра: 52.144,00 метри
14
ПОРТА
26 јули 2019
изместување на оптички кабел и изведени се три ѕида за заштита од бучава со вкупна должина од 692 метри. Сложените топографски услови, особено во попречна насока, изискуваа проектирање на голем број инженерски објекти и конструкции – мостови, конструкции за заштита на косините, галерии, заштитни и потпорни ѕидови. На автопатот на делница од 6.75 километри изведени се седум моста: Селишки Поток, Јужна Морава 1, Јужна Морава 2, вијадуктот Момин Камен, Кучајска Долина, Соколица и вијадуктот Козничка Река. Вкупната должина на мостовите е 2.540 метри или по 1.270 метри за секоја сообраќајна лента. Заштита на косините Мртвица 1 и Мртвица 2, како и косината од ПР121 до ПР152 е изведена со тешка стабилизација на косината, со систем на скара на армиранобетонски греди во комбинација со геотехнички сидра, крути анкери и торкетирање на косината на вкупната должина на трасата од 1.520 метри и вкупна површина од 32.430 квадратни метри. На дел од трасата извршено е етажирање на косината со минирање и заштита на косината со различни типови
мрежи, IBO анкери и заштитни бариери: површината покриена со заштитна мрежа изнесува 145.000 квадратни метри, а бројот на IBO анкерите (со должина 1.5 – 12 метри) изнесува 6.970 парчиња. Во зона на косината Момин Камен изведени се левиот заштитен ѕид со заштитна бариера и десниот потпорен ѕид, кој делумно е фундиран со шипови со дијаметар Ø1200 милиметри. n
Интеграл инженеринг АД Лакташи – БиХ основан 1989 г. Годишен приход од изведени проекти 118 мил. евра/ извоз од 47.3 мил.евра /и број на вработени 750. Најголема компанија од областа на градежништвото во БиХ. Интеграл инженеринг и скопски Гранит се партнери повеќе од 6 години на проекти во БиХ, со изведени 72 км. автопат, а моментално работат заедно на градилишта на коридор 5ц.
26 јули 2019
ПОРТА
15
комерцијален текст
ГД „ГРАНИТ“ АД СКОПЈЕ
Стручност која доминира седум децении
И
скуството и традицијата градени во изминатите седум децении, стручноста, иновативноста, посветеноста и професионализмот, континуираното надградување на вештините на секој поединец вработен во ГД „Гранит“ АД Скопје, придонесоа до крајот на 2018 година успешно да се завршат 14 проекти, да се потпишат 12 нови договори за градење и во 2019 година да се продолжи со изведбата на 37 тековни проекти. Оваа година се пушти во употреба автопатот Миладиновци – Штип, каде Гранит ја изведуваше секцијата 2, на потег Свети Николе - Штип, со што се овозможи безбедна, непречена и брза конекција на Штип и Свети Николе со Скопје. Проект кој особено ќе ја зголеми конкурентноста на Гранит, како на домашниот, така и на меѓународниот пазар е изградбата на првите 10,42 километри од
16
ПОРТА
26 јули 2019
Автопат Кичево-Охрид
Автопат Миладиновци – Штип
патниот правец Кичево – Охрид, односно делницата 1, која се протега на потегот од Кичево до Подвис. Вијадуктите со конзолен начин на градба го прават овој проект еден од најсложените конструктивни објекти воопшто изведени на нашите простори, а Гранит е единствената градежна компанија која располага со сопствени ресурсни пристапи во изведбата. Можноста да се работи на овој сложен проект придонесе нашиот инженерско-технички кадар да биде првиот кадар во Македонија кој е обучен за работа и изведба на вакви специфични објекти. Санацијата на делницата Неготино – Демир Капија, која е значајна конекција на територијата на Република Северна Македонија со Република Србија и Република Грција, беше уште една можност Гранит да се докаже како компанија која е носител на новините во сферата на градежништвото во Македонија, изработувајќи за прв пат четири пробни делници, во комбинација на два слоја од асфалти со обичен битумен, класичен полимер битумен и полимер битумен со додаток на ELVALOY и тоа за завршен слој тип 45/80/65 и за втор слој на асфалт тип 25/55/55, а во меѓународна соработка на Градежниот факултет при УКИМ и софискиот и чешкиот градежен факултет. Ова решение овозможи подолг век на траење на автопатот, а притоа намалување на трошокот за одржување на истиот, со што Гранит повторно се докажа како компанија со најмногу искуство, традиција и знаење кое се негува, надградува и зголемува со секој нов проект. Преку општествено значајниот проект за изградба на магистралниот гасовод Неготино (Кавадарци) – Битола, Гранит ја потврди заложбата да биде клучен носител на активностите и инвестициите насочени кон унапредување на инфраструктурата и квалитетот на животот на граѓаните, како главен двигател на современото општествено уредување. Гранит е дел и од изградбата на првата делница од Крива Паланка до Длабочица. Овој проект е еден од важните инфраструктурни проекти кои ќе овозможат модерно и современо инфраструктурно поврзување на Македонија со Бугарија. Во текот на 2019 година, продолжува и изградбата на експресниот пат А3 Штип – Кочани, каде Гранит ја изведува секцијата на потег од Штип до Крупиште и чија финализација се очекува кон крајот на оваа година, што ќе овозможи брзо и современо поврзување помеѓу Штип и Кочани. Во делот на високоградбата, Гранит во
Гасовод Неготино (Кавадарци) – Битола
Експресен пат Крива Паланка - Длабочица
Спортска сала 26 јули 2019
ПОРТА
17
Деловен комплекс КАМ - Скопје 2019 година продолжува со изведба на 11 спортски сали, а планирано е и воведување на изградба на нови осум спортски сали во склоп на проектот 145 спортски сали. Уште еден во низата проекти кои претставуваа предизвик за Гранит е Антенскиот систем за контрола и мониторинг на радиофреквенции на територијата на Македонија, како еден од најкомплексните градежни објекти кои во моментов се изведуваат во државата. Со импозантна висина од 155 метри овој објект и во конструктивна смисла се состои од повеќе функционално-естетски целини. Сложеноста на објектот и екстремните услови во кои се изведува, наметнаа примена на современа технологија на изведба која е од големо искуствено 18
ПОРТА
26 јули 2019
значење за напредокот на инженерскиот кадар на ГД Гранит АД Скопје. Потврдата за довербата во она што ГД Гранит АД Скопје го нуди како производ и услуги, се склучените договори со приватни инвеститори, од кои како позначаен го издвојуваме изведбата на новиот деловен комплекс на КАМ – затворен пазар (КАМ МОЛ). Објектот се состои од две дилатирани ламели (трговски центар и подземна гаража) и се простира на површина од 5.035 квадратни метри, вкупна висина од 30 метри, од кои 14 метри се под земја - кота 0,00 (4 подземни ката) и 16 метри над кота 0,00 метри. На крај, посветеноста и професионалниот однос на вработените во лабораторијата на Гранит, придонесоа ГД
Антенски систем на Водно Гранит АД Скопје да се здобие со Сертификат за фабричка контрола на квалитет за асфалтната база Корешница согласно Законот за градежни производи, а со тоа Гранит стана прва градежна компанија во Македонија која се здоби со сертификат од ваков тип. И оваа година наша заложба останува испорачувањето квалитет, доверба и традиција, надградувањето и обучувањето на сите вработени, а особено на инженерско-техничкиот кадар чиј предизвик ќе бидат сложените и комплексни проекти, посветеност на зачувување на веќе постигнатото, со стремеж да останеме лидер во иновативните техники, решенија и пракса во Македонија и пошироко. n
ПОРТА
архитектура
Архитектурата како игра Ние пружаме отпор кон инвеститорска архитектура, кој нема слух за современа архитектура оди на друго место, бидејќи на крајот никој не е задоволен
„Булевар 79“ - фото: Милош МАРТИНОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта 3 од Белград)
С
тудиото Реморкер од Белград го основале Душица Опарница и Марко Корошец пред пет години. Во почеток неколку ентузијасти почнале со мали пректи за денес да се веќе препознатливи, а а нјмогу по реконструкциите на фасади на два деловни објекта. Основачите на младиот тим кој денес брои десетина членови за своите искуства и погледи на архитектураата раскажуваат во ова интервју. 20
ПОРТА
26 јули 2019
Кои ви се актуелни проекти? n Во моментов го завршуваме проектот за поранешната фабрика на „Беко“, каде се работи на пренамена на објектот во деловна зграда со површина од 20.000 квадратни метри, категорија А, со две нивоа co-working простор со 450 работни места. Последниве години, најмногу сме ангажирани на проекти за реконструкција. Моментално развиваме уште еден идеен проект за зграда во „Македонска улица“ во Белград и почнуваме проект за обнова на управната зграда на Белградскиот саем. Добитници сте на Наградата на град Белград во 2018? n Наградата ја добивме за објектот Булевар 79, иако и зградата
МАРКО КОРОШЕЦ И ДУШИЦА ОПАРНИЦА, СТУДИО „РЕМОРКЕР“, БЕЛГРАД
26 јули 2019
ПОРТА
21
Ресавска 31 беше номинирана. Професорката Љиљана Благојевиќ ги селектираше тие два објекта и на крајот Булевар 79 доби награда, што многу нè израдува, бидејќи главно Наградата на град Белград ја добиваа професори. Ова ни донесе доста работа, иако не размислувавме дека наградата ќе ни донесе публицитет и популарност. Луѓето веќе го имаа видено проектот, веќе го знаеа, а сега само го поврзаа делото и авторот. Што можете да ни кажете за студиото Реморкер (Remorker Architects)? n Студиото го основаа во 2014 година Марко Корошец и Душица Опарница како партнери кои се занимаваат со фриленс. Набрзо дојде и колегата Дарко Рашета, по околу една година студиото се зголеми на шест, а потоа на десет луѓе. Во старт тоа беше финансиски нереално, имавме обем на работа за десет луѓе, но не и финансиски средства за тој број на луѓе, меѓутоа заеднички вложениот труд и напор донесе резултати. Велат дека петтата година во работењето е најдобра, така дури сега ги береме плодовите на својата работа. Подолго време сме десет вработени архитекти. Ние не сакаме да станеме компанија, сакаме да имаме авторски проекти, а не да произведуваме архитектура „како на лента“. Вашата идеја е студиото да функционира како мал културен центар? 22
ПОРТА
26 јули 2019
n Тоа беше почетната идеја, од причина што во старт немаше работа за десет луѓе, па така организиравме разни содржини кои имаа за цел да создадат тимски дух. Организиравме проекции, забави и други случувања. Со тек на време тоа стана потешко, бидејќи фирмата се развиваше, но ние и понатаму се трудиме да го одржиме тој дух, организираме тимбилдинзи. Токму во моментов работиме за Ред Бул Флугтаг, правиме летала покрај проектите кои ги имаме. Тоа го одржува тој креативен момент и дружење, не е сè само работа, рокови и работно време. Сите работат многу и подолго, бидејќи чувствуваат дека ова е нешто нивно, без оглед на тоа дали имаат помал или поголем придонес. Секој проект главно го води некој тим, ние сите членови на тимот ги потпишуваме на проектот, бидејќи тоа на крајот и е така, некогаш некој не почнува од почеток, но потоа влијае на развојот на проектот. Од идеја до реализација проектот трпи многу промени, немаат сите исти афинитети, некој е подобар во процесот на разработка, некој е подобар во исцртување детали. Кога ќе добиеме проектна задача, сите се присутни и разговараме во која насока би оделе. Често за некој поголем проект имаме интерен конкурс во нашето студио, каде секој дава свој предлог и потоа се определуваме кој проект ќе го развиваме. Нашата најголема предност е тимската работа. Ние добро се забавуваме додека го
работиме ова што го работиме, сакаме да ни биде забавно и така се поставивме од самиот почеток. Не се плашиме од неуспех, подобро е да не успееме и од тоа извлечеме заклучок. Ние пружаме отпор кон инвеститорска архитектура, кој нема слух за современа архитектура оди на друго место, бидејќи на крајот никој не е задоволен. Како ја гледате професијата архитект денес во Србија? n Денес е поинаку отколку пред пет години, состојбата на економијата е поинаква, ситуацијата е подобра. Пазарот малку се отвори, сега има работа, порано немаше. Нашата струка сепак е доста деградирана, не знам кога почнало тоа, веројатно немало доволно работа за архитектите, па цените се спуштиле. Зборот архитект денес е далеку подеградиран од времето на „старата школа“, т.е. времето на нашите професори. Тешко е, тежок е нашиот пазар и менталитет каде сите мислат дека сè знаат најдобро. Архитектот мора да го брани својот идеен концепт, бидејќи често се појавуваат луѓе кои се обидуваат да наметнат свое решение. Ние се уверивме дека ако вложите труд, ако се дадете себеси, дека тоа на некој начин ќе ви се врати. Постојат млади тимови на автори, што не беше случај пред десетина години, кога сите работи ги добиваа нашите професори. Еден од двата објекта за кои ќе говориме е деловниот објект Ресавска 31. Каков концепт се наоѓа зад проектот? n За двете згради стануваше збор за повикан конкурс. Инвеститорот реши, имаме две згради, сакаме нови фасади, нов ентериер, ве повикавме вас и уште неколку архитектонски бироа. Нашата работа беше за два месеца да дадеме предлог за фасадите за двете згради. Тука победивме на двата конкурса на кои имавме апсолутна слобода да предложиме што мислиме дека е најдобро. Инвеститорот има доста „слух“ за архитектура, по тој идеен проект тие не се обидуваа да отстапат од концептот. Бевме вклучени и во изборот на изведувачи и добавувачи, за резултатот да биде најдобар. Најголем проблем на тој постоечки објект беше влезот, кој претходно беше неистакнат и делуваше како да се влегува во подземна гаража. На влезот го ставивме главниот акцент на зградата, се ослободи аголот, целата визура е подобра, конструкцијата е
„Ресавска 31“ - фото: Милош МАРТИНОВИЌ
26 јули 2019
ПОРТА
23
„Ресавска 31“ - фото: Милош МАРТИНОВИЌ
„полесна“, столбовите сега се високи и видливи. Посебен ефект е постигнат со вовлекување на тој екстериер во ентериерот. Таа зграда имаше многу недостатоци, имаше доста статички проблеми. Со фасадата доминираат вертикални брисолеи, ние во основниот концепт анализиравме како корисниците ја перципираат зградата. Ресавска не е толку широка ниту е објект кој се согледува лесно. Се обидовме да направиме разиграна фасада, сликата која ја гледаме да се менува кога луѓето се движат по улицата. Ефектот требаше да се постигне преку брисолеи и принтот кој се наоѓа на
Куќа кај Прогар - фото: Реља ИВАНИЌ ПОРТА
стаклото. За жал тој принт излезе многу тенок за да се види ефектот. Тоа е една од нашите поуки, не успеавме да го реализираме главниот концепт, зградата излезе многу убаво, но не успеа она што на почеток го замисливме. Што можете да кажете за објектот Булевар 79? n Тој објект има добра интегрираност во опкружувањето, тоа беше добро проектиран објект. Ние сакавме да го унапредиме објектот, но да ги задржиме квалитетните елементи. Она што е променето е приземјето, потполно го отворивме, влезот е променет,
па главниот габарит уште повеќе доаѓа до израз. Објектот како да лебди, има карактер како слободностоечки објект иако е во низа и интегриран е во околината. Фасадата е дупла, покрај прозорците постојат и вертикални и хоризонтални брисолеи во оваа форма, што е последица на локациските услови, според кои е дозволено само 50 отсто од фасадата да биде испуштено како еркер. Па така ние еден дел исфрливме надвор, а другиот го оставивме во рамнина. Бидејќи станува збор за јужна фасада, таа бара заштита од сонце, но таа игра е добиена со преминување на фасадата од рамна во тродимензионална, како што бараа и локациските услови. Нашата првична идеја беше целата фасада да биде исфрлена, но сфативме дека тоа е невозможно, па направивме бран кој придонесе фасадата да биде различна од лева и од десна страна. Добивме една лесна структура, петтиот и шестиот кат нагласени се посебно, да изгледа како зградата да оди во висина, тоа претставува еден вид венец. На фасадата има перфорации на местата каде што се прозорците. Таму каде што има прозорец ставивме перфорирано пано, бидејќи прозорци беа потребни, на тие места ги маскиравме, така што прозорците можат целосно да се отвораат, а не мора да имаат пред нив ограда. Перфорациите внатре прават многу убава игра на светло и сенка. И за двете фасади одевме кај изведувачите за да видиме како можат да се реализираат. За Ресавска 31најдовме изведувач по три-четири понуди, беше проблематично да се направат брисолеите од два до еден сантиметар. За објектот Булевар 79, беше голем проблем бидејќи никој не сакаше да го работи тоа. Беше многу тешко да се најде некој, бидејќи секој елемент е различен. На крајот успеавме, изведувачот објектот го виде како предизвик и денес се многу горди на тоа како изгледа фасадата. Направивте и проект за мала куќа на река? n Станува збор за мала куќа кај Прогар, 35 километри од Белград. Тоа беше наш прв објект кој е забележан. Куќата е завршена пред две години, тогаш во струката малку се слушаше за нас. Куќата е на наш долгогодишен клиент, па имавме прилика да си дадеме оддишка. За овој објект ја добивме наградата Big See Wood Award 2018 во Словенија. n
Куќа кај Прогар - фото: Милош МАРТИНОВИЌ
ПОРТА
архитектура
Индустријата бара архитекти способни веднаш да се вклучат во работниот процес
Во Велика Британија, и денес не е само важно да се студира архитектура на акредитирана високообразовна институција, туку и програмата на школата да биде формално одобрена од страна на Кралскиот институт на британските архитекти. Во спротивно, стекнатите универзитетски квалификации не се формално професионално признаени за да се стане архитект и да се влезе во струката
д-р Владимир Б. Ладински, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Лондон)
Н
а 12 јуни 2019 година во дигиталното издание на Порта 3 беше објавен написот под наслов „9 славни архитекти кои немале диплома“ кој беше многу
26
ПОРТА
26 јули 2019
читан, што укажува на значително ниво на интерес кај читателите на порталот. Во текстот се појаснува како девет прочуени архитекти (Френк Лојд Рајт, Луис Саливан, Ле Корбизје, Миес ван дер Рое, Бакминстер Фулер, Луис Бараган, Карло Скарпа, Тадао Андо и Петер Цумтор) се стекнале со своето неформално образование коешто им
овозможило не само да творат туку и да покажат исклучителни резултати во архитектурата во светски рамки и покрај отсуството на формални квалификации како што е универзитетска диплома. Во рамките на текстот особено е интересен делот во кој се вели дека „Цумтор често гордо истакнувал дека никогаш не се стекнал со
КАКО СЕ ОБУЧУВА АРХИТЕКТ ВО БРИТАНИЈА Школата за убави уметности (Ecole des Beaux-Arts) во Париз
звање архитект, објаснувајќи го тоа на следниот начин: „Мис ван дер Ре и Ле Корбизје потекнуваат од традицијата во која
архитектите сè уште знаеле како се работите направени и како да се направат добро. Архитектите сега сакаат да бидат филозофи Кралскиот институт на британските архитекти
или уметници.“ Се разбира ваквото мислење е прашање на личен став и видување на тоа што е архитектурата, но укажува на некоја поинаква традиција во доменот на обрзованието на архитектите. Веројатно, поинтересно е тоа дека ние денес по малку се чудиме зошто познати архитекти немаат „формално“ образование, односно универзитетска диплома. Ова во не толку далечното минато било норма. Гледано од историска перспектива, „формалното“ образование на архитектите е нешто релативно ново, кое пошироко се применува само во последните околу двесте години. Во поголемиот остаток од историјата на цивилизацијата архитектурата се изучувала како занает каде заинтересираното лице работело како стажант (articled pupil) кај архитект за да се обучи преку пракса во архитектоско биро, а за што кандидатот требало да му плати на архитектот учител. Пребарувањата на интернет не даваат резултати за тоа кој е најстариот архитектонски факултет во светот, иако вообичаено се вели дека формалното образование на архитектите започнало порано во континентална Европа и САД во споредба со она во Велика Британија. Веројатно како една од најстарите школи по архитектура во светот се споменува Школата за убави уметности (Ecole des Beaux-Arts) во Париз основана од Кардиналот Мазарин во 1648 година. Нешто повеќе информации може да се најдат за професионалните здруженија на архитектите во светот чиишто 26 јули 2019
ПОРТА
27
Школата за архитектура при Универзитетот во Ливерпул корени се прoстираат помалку од два века наназад. Така, како петте најстари професионални здруженија на архитектите во светот се сметаат: 1. Кралскиот институт на британските архитекти основан во 1834 година 2. Кралскиот институт на архитектите во Ирска основан во 1839 година 3. Кралскиот институт на холандски архитекти основан во 1842 година 4. Американскиот институт на архитекти основан во 1857 година и 5. Унијата на полски архитекти основана во 1877 година И покрај тоа што Кралскиот институт на британски архитекти се смета за најстарото професионално здружение на архитектите во светот, како прва катедра по архитектура во Велика Британија се смета онаа на Бартлет (Bartlett), во рамките на Универзитскиот колеџ Лондон каде во 1841 година, 7 години по основањето на Кралскиот институт на британските архитекти, Томас Левертон Доналдсон бил именуван како првиот професор по архитектура. По иницијатива на архитектонските цртачи на обука кај архитекти, а коишто не биле задоволни од својата едукација, во 1847 година во Лондон била формирана Асоцијацијата на архитекти. Тука во петоците членовите се собирале за да си помогнат меѓусебно, но и преку повикани предавачи, изложби и дебати. Оттогаш до денес Архитектонската асоцијација прераснала во независна образовна институција со врвно светско реноме, која има едуцирано низа светски познати архитекти како што се, на пример, Питер Кук, Рем Кулхас и 28
ПОРТА
26 јули 2019
Заха Хадид. Во 1862 година, a како одговор на петиција од Архитектонската асоцијација, Кралскиот институт на британските архитекти го вовел првиот доброволен испит за архитекти кој во изминатиот период станал задолжителен за да може да се стане архитект во Велика Британија. Дури во 1895 година во Велика Британија се појавила првата Школа за архитектура во рамките на универзитет, а тоа била Школата за архитектура при Универзитетот во Ливерпул која ги понудила и првите студиски програми за архитектура одобрени од страна на Кралскиот институт на британски архитекти. Оттука во Велика Британија, и денес не е само важно да се студира архитектура на акредитирана високообразовна институција во државата, туку и програмата на школата да биде формално одобрена (валидирана) од страна на Кралскиот институт на британските архитекти. Во спротивно, стекнатите универзитетски квалификации не се формално професионално признаени за да се стане архитект и да се влезе во струката. Инаку, во моментов во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има 61 школа или образовна институција за архитектура или приближно по една образовна институција на секој 1,1 милион жители. И покрај богатиот историски развој на формалното образование на архитектите, Велика Британија сè уште е земја каде идните архитекти можат да се стекнат со своето
образование преку историски традиционалниот пристап на стажирање под менторство на архитект и преку полагање на трите дела на испитот на Кралскиот институт на британски архитекти. По полагање на првиот дел од испитот којшто го покрива подготвителниот дел на студиите тие се стекнуваат со Сертификат по архитектура. По полагање на вториот дел од испитот кој го покрива стручниот дел на студиите тие се стекнуваат со диплома по архитектура. Станува збор за стручни, а не за академски квалификации на Кралскиот институт на британските архитекти. Третиот дел од испитот кој ја покрива професионалната пракса е ист за сите кандидати, без оглед дали се образовале преку стажирање или пак преку формално образование. По полагањето на овој испит кандидатите се стекнуваат со право да се регистрираат (лиценцираат) како архитекти. Во моментов секое лице кое работи во биро во Обединетото Кралство, Европската Унија и Европската економска зона под менторство на регистриран/лиценциран архитект може да се обучи во доменот на архитектурата на овој начин. Ваквиот начин на студирање преку стражирање во биро во минатото бил организиран од страна на Кралскиот институт на британски архитекти, којшто во последно време администрацијата на програмата ја имаат префрлено на Оксфорд Брукс универзитетот во Оксфорд. И покрај ова од кандидатите се очекува да поминат најмногу до пет дена секоја година во Оксфорд за време на нивната обука за да посетат работилница, испити и нивната работа да биде оценета. По овој модел, сè уште се очекува стажантот (ученикот) да му плати на својот учител (архитект) за менторството. Како земја позната по своите традиции, веројатно воопшто не е чудно, дека во Велика Британија сè уште опстојува систем за обука на архитектите чиишто корени длабоко го надминуваат периодот во кој бил воспоставен и опстојува формалниот систем за едукација во доменот на архитектурата. 170 години по основањето на Архитектонската асоцијација во Лондон, во 2017 година во Велика Британија се воспоставија темелите на еден осовремен хибриден систем на едукација во која традиционалниот систем на обука во доменот на архитектурата преку пракса се комбинира со формално образование во рамките на високообразовна установа. Станува збор за современо помошништво (modern apprenticeship). Во овој модел кандидатот се вработува како помошник во архитектонско биро за што добива одредена плата. Кандидатот наместо пет, работи четири дена во неделата, а петтиот ден го поминува во
високообразовна институција на формална обука. За да се заврши само првиот, подготвителен дел, од испитот на Кралскиот институт на британските архитекти, кандидатот треба да се запише на Ниво 5 помошништво (Level 5 Apprenticeship), а за да го заврши стручниот дел и завршниот испит на Ниво 7 помошништво (Level 7 Apprenticeship). Овој нов систем на хибридно образование е базиран на воведувањето на задолжителниот придонес за помошништво (apprenticeship levy) во износ од 0,5 проценти од сметката за исплата на платите за сите вработени во една организација на годишно ниво, придонес којшто го плаќаат само оние организации чијашто годишна сметка за платите е 3 или повеќе милиони фунти, или некаде околу 2 проценти од сите работни организации во земјата. Според правилата, организациите коишто го плаќаат овој задолжителен придонес потоа можат да побараат ефективно наменско враќање на уплатените средства од придонесот под услов истите да се користат за вработување на помошник којшто ќе се обучува за струка било дали да е архитектура или некоја друга. На овој начин се очекува околу 3 милиони помошништва да отпочнат до 2020 година со што ќе се одговори на барањата од индустријата за стручни кадри коишто веднаш се способни да се вклучат во работниот процес на организацијата. Каква е атрактивноста на овој модел за идните архитекти коишто ќе ја одберат оваа нова хибридна патека. Со оглед на тоа дека обуката на архитект трае најмалку 7 години, оние што ќе ја изберат оваа патека ќе се стекнат со најмалку 7 години стаж во струката и пензиски придонеси пред да се
Во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска има 61 школа
квалификуваат како архитекти. Дополнително тие нема да плаќаат школарини, а ќе примаат плата за целиот тој период. Наспроти нив, оние коишто ќе ја изберат повообичаената патека за образование преку редовни студии ќе треба, најчесто, да се задолжат на износ од околу 100 илјади фунти коишто ќе треба да ги отплатат со камата откога ќе се вработат до педесеттите години на својот живот, а во меѓувреме ќе имаат ограничена кредитоспособност за да си го решат своето станбено прашање и сл. Се разбира втората категорија ќе биде изложена на искуството од студентскиот живот и пошироката академска едукација. Но во услови кога годишната школарина на јавните високообразовни институции е некаде околу 40 – 50 % од
просечната годишна нето-плата во земјата, финансискиот елемент може да биде пресуден при донесувањето на одлуката која патека да се избере барем за дел од студентите. Се чини дека во земјата на традицијата, традицијата во доменот на обуката на архитекти преку стаж во архитектонско биро сè уште опстојува и коегзистира со доминантниот систем на образование во универзитети и други високообразовни институции, но дека истовремено се прават обиди да се најдат можности и нови модели за образование на потребните стручни кадри на начин којшто го прави ова стручно образование достапно и во времето на високи школарини за студии на јавните високообразовни институции. n
ПОРТА
архитектура
Храбро и функционално движење во уметноста, архитектурата и дизајнот
„Архитекти, вајари, сликари, мораме сите да му се вратиме на занаетот, да создадеме нова заедница на занаетчии, без класни разлики... која еден ден ќе се издигне од рацете на милиони работници, како симбол на новата вера“. Гропиус прв ја препознал социјалната, политичката и моралната сила на архитектурата и дизајнот Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ , дипл. инж. арх.
О
ваа 2019 се одбележува стогодишнината од основањето на Баухаус, државна школа за архитектура и применета уметност која во 1919 година во Вајмар, Германија ја основал архитектот Валтер Гропиус. Баухаус е еден од најеминентните културни концепти на 20 век и неговото влијание има глобални размери. Баухаус настанал заедно со Вајмарската Република (назив за германската држава настаната по Првата светска војна) на 19 април 1919 година и ја одразува како социјалната динамика на Републиката, така и општествената структура и политичките идеали кои ги воделе нејзината културна и
30
ПОРТА
26 јули 2019
интелектуална елита. Во тек на своето кратко постоење, исто како и Вајмарскта Република, 14 години, работата на Баухаус е поделена на три периода во кои се смениле и три директори: Вајмар од 1919 до 1925 кога со школата раководи Валтер Гропиус, во 1925 школата се сели во Десау и палката ја презема Ханс Мајер, а од него во 1930 ја презема Мис ван дер Рое и школата се сели во Берлин. Школата е затворена во 1933 година под притисок на нацистите со образложение дека е „легло на болшевизмот“ и дека шири „комунистички интелектуализам“. Замислен како висока школа за обликување, Баухаус е воден со манифест во кој се нагласува важноста на студирање занаети и уметност. Кога ја формирал
Валтер Гропус
100 ГОДИНИ БАУХАУС школата Гропиус имал 35 години, бил решен да ѝ сврти грб на традицијата, да преземе социјална одговорност и да воспостави една сосема различна уметничка школа, нурната во вистинскиот живот, оддалечена од академските институции. Напишал манифест за појава на нова естетика, доближување на уметноста и занаетот, за бришење на границите меѓу применетата и т.н. висока уметност. Основната идеја, која ја формулирал Гропиус, била да се создаде ентитет на единство на занаети, уметности и технологии. Намерата била да се понуди ново опкружување за Gesamtkunstwerk (во слободен превод – вкупна уметност), каде талентирани млади луѓе ќе добијат можност да се образуваат во интердисциплинарна, интернационална школа. Баухаус претставувал комбинација на истражувачка работа, предавања и вежби и не може да се спореди со ниту една друга школа од почетокот на минатиот век. Наставната програма која се применувала во Баухаус школите била мошне иновативна. Пред сè професорот е симнат од пиедестал и активно учествувал во работата со студентите. Сите уметнички дисциплини се изучувале во иста школа, нивното преклопување и мултидисциплинарност се охрабрувале. На овој начин се постигнувало производство на предмети кои биле и поквалитетни и естетски поубави, бидејќи постоела тесна соработка помеѓу насоките. Стилот на Баухаус може да се обедини под терминот Интернационален стил, токму поради неговото влијание секаде во светот. Одлики на стилот пред сè се отсуство на орнаменти, кои нужно постоеле во сите правци пред модернизмот, за прв пат се појавува функцијата како најбитен фактор во проектирањето која неминовно мора да е во хармонија со дизајнот. Рационализмот, функционализмот и масовното производство биле од есенцијално значење кога станува збор за самиот концепт на школата. Со масовното производство умира индивидуалноста, идејата е да се создаваат сериски објекти кои ја следат функцијата и намената. Курсот на самата школа се состоел од прелиминарен курс, кој ги воведува студентите во проблематиката и принципите
Десау
на размислување на правецот кој го создава школата. На овој курс студентите се занимавале со материјалите и теоријата на боите и односот на формите. Со овој курс се подготвувале за продолжување на специјалистички студии. Прелиминарниот курс го држеле професори кои се занимавале со визуелна уметност, големите сликари Василиј Кандински и Пол Кле и графичарот Јозеф Алберс. Вториот дел од курсот бил специјализирана работилница која вклучувала работа со метал, проучување типографија, како и ѕидно сликарство. Појдовната идеја на Гропиус била унификација на уметноста преку вештини. Во 1923 година слоганот на школата станува „Уметност во индустријата“. РАБОТИЛНИЦИ ВО РАМКИ НА БАУХАУС Работилницата за дизајн на мебел била една од најпопуларните во Баухаус. Под раководство на Марсел Бројер ова студио ја осмислило суштината на мебелот. Инспириран од цевките на својот велосипед, Бројер експериментирал со метален мебел. Некои од овие столови се распоредени во зградата на театарот во Десау. Текстилната работилница, особено под
раководство на Гунте Стоцл, создала апстрактен текстил, погоден за употреба во самиот Баухаус. Студентите ги изучувале боите, дизајнот и техниките на ткаење. Металопреработувачката работилница била уште една популарна работилница. Заедно со мебелот, била најуспешна во развивање прототипови за масовно производство. Многу нејзини дизајни станале иконичен израз на естетиката на Баухаус. Работилницата за типографија станала значајна под влијание на Ласло Мохољи – Наѓ. Типографијата станала поврзана со идентитетот на Баухаус, промотивните материјали послужиле како симбол на авангардната институција.
Маријана Бранд 26 јули 2019
ПОРТА
31
БАУХАУС КАКО НАЧИН НА РАЗМИСЛУВАЊЕ Кога ја основал школата, Гропиус ја замислувал како место на промислување, дискутирање, умрежување и создавање целосно конципирани уметнички објекти и архитектура. За прв пат се јавува проектирање и дизајнирање по мерка на човекот. Се воделе со мотото формата ја следи функцијата и ги занемарувале претходните правци во уметноста кои користеле непотребни и сувишни елементи кои биле само од естетско значење за поединецот. По поразот во Првата светска војна
Mарсел Броер - Прочуениот стол „Василиј“ која толку многу му се допаднал на Кандински што нарачал да се изработи за сите студенти 32
ПОРТА
26 јули 2019
германската држава останала замрзната во својата траума, време кога иднината изгледала неизвесно, Баухаус дал трошка надеж. Привлекувал амбициозни, млади луѓе кои сакале да тргнат понатаму. Но сепак тешко можело да се предвиди дека Баухаус ќе стане објект на вечна фасцинација. Како што во историјата ништо не се случува случајно и сè е последователно така манифестот на Гропиус сумирал идеализам кој одговарал, како на поразените војници, така и на дезориентираната младина: „Архитекти, вајари, сликари, мораме сите да му се вратиме на занаетот, да создадеме нова заедница на занаетчии, без класни разлики... која еден ден
ќе се издигне од рацете на милиони работници, како симбол на новата вера“.Гропиус прв ја препознал социјалната, политичката и моралната сила на архитектурата и дизајнот. Не се согласувале секогаш сите за сè. Гропиус се водел со мотото „уметност и технологија, ново единство“, Кандински пак сметал дека технологијата се идеализира. Унгарскиот сликар и фотограф Ласло Мохољи – Наѓ се залагал за идеја, Гропиус за краен производ. Но и тоа несогласување било во духот на школата. Во Баухаус не недостасувала и забава, токму спротивно, забавите биле чести и дел од самиот процес на школата во служба на
Десау
идејата да се обезбеди поврзаност на уметникот и заедницата. „Кажи ми како се забавуваш и ќе ти кажам кој си“, велел уметникот Оскар Шлемер. Во историјата на уметноста Баухаус е влезен како „Уметничка школа на модерната“ и ја има нејзината судбина како недовршен проект од почетокот на минатиот век. Во перцепцијата Баухаус често се мистифицира, но и негира, односно осудува во зависност од политичките цели и интереси за промоција на одреден систем на вредности. Но, суштината на идејата на Баухаус која преживеа до ден денес е одлучен отпор кон декоративното. Функционалност,
употребливост, приоритет на формата и секојдневност. Германскиот филозоф Ернест Блох не го почитувал „безличниот метален мебел, бетонските коцки, рамните кровови“, го лутеле куќите кои му наликувале на „касарни“. Баухаус за многумина бил синоним за грда модерна, стерилна и монотона. Истовремено се множеле обожаватели кои Валтер Гропиус некритично го прогласувале за најголем реформатор по Мартин Лутер. Крајностите секогаш се најдалеку од вистината. Но како и да е Баухаус е важен, тоа е школа која е модерна, храбра, праведна, солидарна, каде ставовите се кажувале гласно. Оваа школа тежнеела кон обединување и колективно свесно општество. Гропиус не се откажал при првата препрека, напротив. Во 20-тите години политичкото опкружување во Вајмар станува сè повеќе нацистичко. Одлучуваат школата да ја преселат во Десау. Овој пат во сопствен објект. Гропису решава да се занимава исклучиво со архитектура и ја напушта школата. Новиот директор Ханс Мaјер, убеден марксист, ја немал харизмата на Гропиус, но под негово водство Баухаус прв пат остварува профит и направени се едни од најпознатите производи на школата. Како радикален функционалист немал многу разбирање за естетските програми. Го поддржал формирањето на студентската комунистичка организација со што ја довел школата во опасност. Кога на чело на школата во 1930 година дошол Мис ван дер Рое, Баухаус веќе бил на залез. Новиот директор еден од најважните во историјата, бил мајстор на елеганција и совршенство, но не бил политички и социјално силно профилиран. Школата сè повеќе се приближувала на производството
Типографија на луксузни предмети за опремување на богаташки вили кои школата ги проектирала во негово време, па ја изгубила онаа фина острица на социјална критика што ја етаблирал Гропиус. Школата се сели во Берлин, но трае само уште една година. Потоа многумина емигрираат, голем дел во САД. Гропиус кој станал професор во Америка придонел за формирање на Интернационалниот стил во архитектурата, како и Мис, кој во 1937 година запишал: „Цела група на Баухаус сега е заедно во оваа земја. Ни дава чувство на припадност, нешто што нам кои останавме без корен ни беше многу потребно“. Баухаус преживеал како легенда, по 1933 година во живот го одржувале „баухаусовците“, студентите и учителите. До денес Баухаус е синоним за храбро и функционално движење во уметноста, архитектурата и дизајнот. Принципите кои ги
Мис ван дер Рое
26 јули 2019
ПОРТА
33
Баухаус школата во Десау изградена е под сплет на околности. Стопанството во градот замрело и граѓаните го викнале влијателниот архитект Гропиус да изгради нова атракција која ќе привлече луѓе. Уметничка академија се чинела како одлична идеја, освен што обезбедувала публицитет, многу студенти доаѓале тука да живеат. Од 1996 година објектот е на листата на културно наследство на УНЕСКО. Паралелно со зградата на Баухаус,градот од Валтер Гропиус нарачал и три идентични двојни куќи за професорите на Баухаус и
создале се темели на сите модернистички и современи правци во проектирањето. Прочистена форма, леснотија и сила на елементите е она кон кое се тежнее и денес. Нивната идеја била уметноста, архитектурата и дизајнот да се приближат до сите луѓе, принцип кој бил мошне комунистички и носел рамноправност меѓу луѓето, но не наидувал на одобрување од страна на политички неистомисленици. Баухаус денес не ретко е врзан за стил и производ. Одговара на потрошувачкиот менталитет, особено изразен во развиените земји, каде „купувам значи постојам“ и од предметите се создаваат идоли. Општеството на брендирани производи го разбира Баухаус токму онака како што неговите творци не сакале да биде интерпретиран. „Целта на Баухаус не е да биде стил или систем, догма или канон. Баухаус не е рецепт, а најмалку е мода!“, пишувал Гропиус во 1930 година, насетувајќи дека Баухаус ќе замине во историјата. „Баухаус ќе живее сè додека не зависи од формата, сè додека низ промените на животот бара и пронаоѓа своја артикулација“. Идејата на колективно создавање, работата како најдобар дел на постоењето на единката и денес е цел и желба на секоја креативна колонија. Баухаус сонувал еден нов концепт на заедништво и создал нова комуникација. Малку од овие благородни цели се останати во денешниот свет. Добро е како опомена да се потсетиме, да се сеќаваме и да се „баухаузираме“. n 34
ПОРТА
26 јули 2019
една куќа за директорот кои се изградени во борова шума. Правоаголни кубуси со различна висина и пространи тераси даваат форма на куќите. Кон улицата поставени се ателјеата со големи стаклени површини, а на бочната фасада стаклени ленти ги осветлуваат скалите. Куќата за директорот е со асиметрично распоредени прозори. Валтер Гропиус и Ласло Мохољи – Наѓ ги комплетирале своите куќи со мебел од Марсел Брoер.
Стол „Барселона“
Валтер Гропус
ПОРТА
aрхитектура
Водата, „Св. Канео“ и силуетата на стариот град генератори на концептот
Сара АЛАЃОЗОВСКА и Ангела ЈОВАНОВСКА, студенти на Архитектонскиот факултет при УКИМ
З
адачата во овој семестар на Архитектонско Студио 5 раководено од проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Саша Тасиќ беше проектирање на повеќесемејни станбени згради на брегот на Охридското Езеро. Проектот кој го работевме под менторство на проф. д-р Саша Тасиќ се наоѓа на локацијата за интервенција специфична по повеќе основи. Најголемо влијание во целиот контекст секако има Охридското Езеро до кое тангира предметната локација од јужната страна. Водата како и патот до „Св. Канео“, брдото и силуетата на стариот град беа генераторите на концептот. Целта 36
ПОРТА
26 јули 2019
беше нашата интервенција да одговори на контекстот така што нема да ја наруши природата, туку ќе оствари врска со неа овозможувајќи директни пристапи до вода и надоврзување на патеката кон Канео. Одговорот на овие прашања ние го гледавме во правење на композиција во просторот наместо поставување на еден или повеќе слободностоечки објекти. Оваа композиција се состоеше од средно домување во повеќесемејна зграда со
висина п+7 и ниско домување т.е. домување во куќи, п+1.Овие две структури се поврзани меѓусебе со платформа која се движи на ниво +3,06. На едниот крај таа поминува во амфитеатар кој се спушта кон езерото и служи за социјализација и рекреација на жителите. Ова ниво во зградата е целосно отворено при што овозможува слободно движење и поврзување со патеката со „Св. Канео“. На овој начин се добива една континуирана патека на движење и комуникација во рамки на целиот комплекс.
НАГРАДЕН ПРОЕКТ ВО ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДЕНТИТЕ НА АФС На приземното ниво под зградата е пуштена водата од Охридското Езеро од која преку платформа и скали се качуваме до првото ниво. Во останатиот дел се сместени влезните простори. Типологијата на зградата е страничен коридор којшто е отворен и со поглед кон брдото од источната страна, додека становите линеарно се редат од западната страна. Сите станови се решени во проектантски модул којшто се провлекува во целосното композициско решение. Четирисобните станови се решени во куќи кои имаат сопствен двор и бочен пристап. Еден дел од приземјето може да
26 јули 2019
ПОРТА
37
функционира во склоп на целината, но и да се користи независно, со што се овозможува и да се изнајмува на туристи. Куќите имаат рамна кровна тераса која е поврзана со заедничката платформа за движење. Главниот дел од куќата и помошниот дел се поврзани со мостови кои го овозможуваат континуитетот на движење од платформата. Вака реализиран проектот беше презентиран на ИЗЛОЖБА НА АРХИТЕКТОНСКИ СТУДИЈА - ИАС13. На изложбата беше формирана комисија во која членуваа архитектите Мартин Гулески, Доминика Бошкова и Костантин Трпеновски кои беа одговорни за изборот на најдобрите проекти за првиот, вториот циклус на студии и за интегрираното студио. Комисијата во споменатиот состав го награди нашиот проект како најдобар на првиот циклус на
ПОРТА
интегрираните петгодишни студии по архитектура. Наградата свечено ни ја доделија деканот проф. д-р Огнен Марина и продеканот проф. д-р Јован Ивановски на
Архитектонски факултет. Како дел од наградата добивме и книга од архитект Славко Брезоски – „За архитектонските работи“. n
ПОРТА
урбанизам-екологија
Ќе се спаси ли Охрид од децениско уништување? Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА, Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх.
Комитетот побара конкретни акции вклучувајќи и мораториум на урбанизацијата, справување со нелегалните градби, ревитализација на колекторскиот систем, промена на планираната железничка траса и воспоставување владеење на правото
У
Мапа на делот од Охридскиот Регион кој е под заштита на УНЕСКО 40
ПОРТА
26 јули 2019
НЕСКО е Oрганизација за oбразование, наука и култура на Обединетите нации основана на 16 ноември 1946 година. Основната цел на Организацијата е да придонесува за мирот и стабилноста промовирајќи соработка меѓу нациите преку образованието, науката и културата какo мeтoд за подобрување на универзалното почитување на правдата, законите, човековите права и основната слобода. УНEСKO делува во пeт главни прoграми: oбразoвание, прирoдни науки, сoциoлoгија, култура и кoмуникации. Спoнзoрира прoeкти за писмeнoст, развoј на тeхниката и пeдагoгијата, интeрнациoнални науки, прoeкти поврзани со регионалната културна историја, прoeкти со кои се промовира културната разноликост и програми кои ги поддржуваат интернационалните договори за заштита на светското културно наследство. Република Северна Македонија стана членка на УНЕСКО на 28 јуни 1993 година, а Охрид многу порано.
УНЕСКО СЕ ПРЕПОРАКИ ЗА МАКЕДОНСКИОТ БИСЕР
УНЕСКО на Охрид му даде осум месеци за да достави ажуриран извештај за постапувањето со 19 забелешки кои се дадени во 2017 година, како и да го реши проблемот со градењето на диво во Oхридскиот Регион. Во спротивно Охрид во летото 2020 година може да се најде на црната листа на загрозени зони под заштита на УНЕСКО.
Лагадин
Советодавните органи на УНЕСКО ги набројаа причините кои го загрозуваат Охрид. Во неколкуте амандмани што ги побараа Босна и Херцеговина, Бразил, Кина и Унгарија првата предлог-одлука беше Охрид веднаш да се прогласи за наследство во ризик, но сепак македонските претставници во Баку, Азербејџан успеаја да издејствуваат уште една шанса за Охрид.
Пицерија кај чинарот
Каналот Студенчишта
фото: Диме ГЕОРГИЕВ 26 јули 2019
ПОРТА
41
ДЕЦЕНИСКО УНИШТУВАЊЕ Приказната со уништувањето на Охрид не е почната отсега. Таа трае децении наназад, а од ден во ден се зголемува. Градот кој постојано неорганизирано расте нема добра сообраќајна и комунална инфраструктура... Урбанизација – немилосрдна, неконтролирана, особено во централното јадро на градот, но и пoшироко во заштитениот појас, без водење доволно сметка за капацитетот на постојната и за жал недоволно развиена и прилагодена на новите трендови на забрзаната градба, инфраструктура. Дивоградби - никнувањето дивоградби во најубавите делови покрај Охридското Езеро ја бранува јавноста со години, а наместо нивно уривање сведоци сме на доградување на објектите или на едноставно прифаќање на истите како нормалност. Струшкото крајбрежје исто така не е поштедено. Речиси и да нема плажа каде нема изградено некој ресторан или кафуле покрај самото
EKOЛОГИСТИТЕ ЗА ОХРИД Охридскиот Регион со децении се уништува. Тој е домот на Охридското Езеро - едно од најбогатите езера по разновидност на жив свет на планетата Земја, чуварот на планината Галичица - една од планините со најголем број на разновидни растенија во Европа и скривалиште на тајните поврзани со човековата цивилизација чувани цели шест илјади години. Заради сето ова регионот ја носи ретката титула на мешано светско наследство веќе 40 години. Овој регион, со децении наназад, дел по дел, умира во агонија. Уништување на блатата, еутрофикација, прекумерен риболов /особено во албанскиот дел на езерото/, прекумерна урбанизација и пловна инфраструктура, експанзија на масовен туризам, фрагментација на живеалиштата и неконтролирано исфрлање на цврстиот отпад, се документирани закани кои придонесуваат за деградирање на овој регион. Охридското Езеро е идентификувано како најранлива слатководна површина во цела Европа кога станува збор за климатските промени, е ставот на некои еколошки здруженија. Владата ја одлага примената на конкретни акции според препораките и практично ја изневерува реализацијата на Конвенцијата за светско наследство. Дел од јавноста и екологистите сметаа дека впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светско наследство во опасност требаше да се зграби како огромна шанса, можност да се добие меѓународна помош, да се преземат ригорозни корективни мерки, земјата да добие на располагање стручњаци од светски ранг во областа на заштитата на природното и културното наследство, па дури да се искористи и финансиска поддршка.
НОВИ ЛОКАЛИТЕТИ ПОД ЗАШТИТА Додека македонскиот град Охрид и Охридскиот Регион деновиве во Баку за влакно ја избегнаа Листата на загрозено културно наследство, светската организација УНЕСКО под своја заштита стави нови локалитети меѓу кои се : древниот град Вавилон во Ирак Хирканските Шуми во Иран, како и древната металуршка работилница во Буркина Фасо. Парати и Илха Гранде, популарни дестинации во Бразил, Националниот парк Ватхајокул на Исланд што е основан во 2008 година. Локалитети во Кина исто така станаа дел од листатарезервати со птици преселници низ брегот на Жолто Море и заливот Бохаи. 42
ПОРТА
26 јули 2019
езеро. Пред неколку години јавноста алармираше за големата дивоградба во Лагадин, а последен пример за предизвикувачка дивоградба е отворената пицерија кај Чинарот во Охрид. Листата е долга и нема крај. Евидентирани се 1.076 предмети кои се третираат како дивоградби од кои официјално 409 во заштитената област. Колекторскиот систем во Охрид - изграден пред 35 години за прифаќање, пречистување и одведување на отпадните води од двата града Охрид и Струга, со вкупен капацитет од 40.000 метри кубни дневно. Колекторот не е довршен проект, а со неговото одржување во нормална функција постојано има сериозни проблеми. Колекторот не е довршен затоа што и проектниот капацитет е далеку од доволен особено за летните месеци. Дел од непречистените фекални и отпадни води директно се влеваат во реката Црн Дрим и Охридското Езеро... Листата со проблеми во Охрид и Струга постојано се зголемува.
Охрид пред војната
Охрид во седумдесеттите години и денес (долу)
ПРЕПОРАКИ ЗА СПАС Комитетот за светско наследство ги знае овие закани. Со своите 19 препораки произлезени од Реактивната мониторинг мисија во 2017, Комитетот побара конкретни акции вклучувајќи и мораториум на урбанизацијата, справување со нелегалните градби, ревитализација на колекторскиот систем, промена на планираната железничка траса и воспоставување владеење на правото. Со оглед дека и Албанскиот дел од Охридското езеро сега станува под заштита на УНЕСКО, од Комитетот велат дека е потребна соработка и заедничка акција меѓу институциите на Македонија и Албанија. „Многу е важна соработката меѓу многуте институции кои се занимаваат со културното и природното наследство од двете страни, од Албанија и соседната држава Северна Македонија“, велат од Меѓународната организација за зачувување на природата. Во февруари следната година, УНЕСКО ќе го разгледа извештајот на следната 44 седница и ќе одлучува за натамошниот статус на градот.
Бетонска база кај Далјан
19 ПРЕПРАКИ ОД УНЕСКО И СТЕПЕН НА НИВНА РЕАЛИЗАЦИЈА • Ревизијата на проектот на пругата кон Република Албанија, автопатот Струга-Ќафасан, проект кој е стар 20 години и воопшто не е предмет на реализација, а беше наведен како еден од забелешките на реактивната мисија во 2017-та. (Препорака број 1 ,2 и 3) • Напуштањето на проектот за експресниот пат А3, Охрид – Св. Наум. (Препорака број 4) - постапено по препораката • Трајно напуштање на проектот за Ски Центар Галичица, (Препорака број 5) - постапено по препораката • Носењето на предлог-закон за мораторум на градба во ОхридскоСтрушкиот Регион. (Препорака број 6) - постапката е во тек • Носењето на планот со управување со културното наследство. (Препорака број 7 и 8) – постапката е во тек / Министерство за култура , животна средина, општини заедно со УНЕСКО / • Формирањето на јавното претпријатие Колекторски систем и консолидација и модернизација на колекторот. (Препорака број 13). – формирано ЈП , реализацијата на терен ќе биде долготраен процес заедно со Р Албанија • Изработка на елаборат за оценка на влијание на животната средина на Заливот на коските, кој покажа дека нема влијание врз животната средина и истиот е прифатен од советодавните тела на УНЕСКО, ИКОМОС и ИУЦН. (Препорака 14).- постапено по препораката • Компанијата ЕЛЕМ со цел подобро управување на нивото на Охридското Езеро предвиде 240.000 УСД , за воспоставување на ситем на електронска регулација на нивото на езерото. (Препорака број 15). – постапено, во завршна фаза • Регулацијата на сообраќајот во стариот дел на градот Охрид. (Препорака број 18).- постапено, во завршна фаза • Изработката на Регистарот на бесправно изградени објекти. (Препорака број 9). – во тек, завршеток до септември. Следува итна реализација... • Постапувањето по препораката број 19 и отстранување на неавтохтоните и инвазивни видови (палми) и материјали од центарот на градот (билборди), - постапено, во зaвршна фаза – Вредно е да се напомене дек, првата реактивна мисија за Охридско-Струшкиот Регион од УНЕСКО била во 1998 , втората во 2013, третата во 2017 година. Во сите мисии уште од 1998 година се нотирани забелешки и препораки по кои од сите влади, без исклучок, не е соодветно постапувано, што резултираше со предлог до Комитетот, Охридско-Струшкиот Регион се стави на листа на Светско наследство во опасност. РЕЗИМЕ Владата на Република Северна Македонија и градот Охрид презедоа многу одговорна обврска да во многу краток временски рок ги исполнат 19 Препораки од УНЕСКО од кои секако најтешка ќе биде изработката на Регистарот на бесправно изградени објекти како и реализацијата – рушењето на истите во краток период отсега, со оглед на можните притисоци од партиските и локални моќници. Јавноста и секако нашата маленкост Порта 3 ќе продолжи активно да ги следи следните настани од исполнувањето на преземените обврски. ОЧЕКУВАЈТЕ ГО ПРОДОЛЖЕНИЕТО ВО СЛЕДНИОТ БРОЈ НА ПОРТА 3. n
Испуст кај Грашница
ПОРТА
инфо-дизајн
Како треба да се учи дизајн? Дизајнот се учи и треба постојано да се истражува како подобро и поквалитетно да се изучува
Даниела МЛАДЕНОВСКА
D
RS Learn X Design е меѓународна конференција која се одржува на секои две години со посебен фокус на педагогијата и едукацијата во областа на дизајнот, на која земаат учество реномирани научници, истражувачи, професори и докторанди од целиот свет. Првиот симпозиум од оваа серија бил одржан во Париз во 2011 година, потоа во Осло 2013, Чикаго 2015 и 2017 година во Лондон. Светот, особено развиениот свет одамна е свесен за фактот дека дизајнот е исклучително комплексен и многукратен процес кој ги обединува економските, социјалните, културните и уметничките
44
ПОРТА
26 јули 2019
критериуми во еден оптимален систем. Учеството на јавноста и академијата е од особена важност во процесите на донесување одлуки без оглед дали се работи за дизајн на некаков производ или објект. Приватното не смее да стане јавно, а интересите, вкусовите и перцепциите за убавото не смеат да бидат привилегија на центрите на моќ. Лекција која ние никако не успеваме да ја научиме, а резултатот е видлив на грдото лице на нашиот јавен простор. Веројатно и познатиот афоризам дека „луѓето најмуваат архитекти и дизајнери за тие ним да им кажуваат што да прават“ најмногу гo опишува менталитетот на нашиве простори. Водејќи се токму од клучната поента на оваа конференција, која годинава се одржа од 9 до 12 јули во
Анкара, на прекрасниот комплекс на Техничкиот универзитет на Средниот Исток (METU – Middle East Technical University), а тоа е дека дизајнот се учи, и дека треба постојано да се истражува како подобро и поквалитетно да се изучува, се наметнува една позната мисла за архитектурата од легендарниот Le Corbusier – „Архтектурата е научена игра, прецизна и величествена, која создава форми поврзани со светлина“. Дека дизајнот треба да биде една добро научена и софистицирана игра, привлечна за студентите и поттикнувачка за нивната мотивација, порачаа многумина од говорниците и презентерите на конференцијата, а подеднако звучни беа и нивните имиња и имињата на нивните универзитети. Освен универзитетот
DRS LEARN X DESIGN, АНКАРА 2019 домаќин – METU, кој според Шангајската листа е повисоко рангиран од сите универзитети во Југоисточна Европа, застапени беа и University of Columbia, University of Coventry, Politecnico di Milano, Politecnico di Torino, Delft University of Technology, Aalto University и многу други реномирани универзитети, како и учесници од буквално сите континенти. Во едно вакво друштво, со свој труд имаа привилегија да се најдат и истражувачи од Македонија, кои практично беа единствени претставници од Балканот. Инџи Селим, предавач од универзитетот Американ Колеџ во Скопје, во коавторство со професорите од Машинскиот факултет од УКИМ - Ана Лазаревска, Татјана Кандикјан и Софија Сидоренко, презентираше концепт за информациона платформа за избор на материјали врз база на повеќеатрибутен пристап. Се работи за концепт кој е вклучен во докторската теза на Селим, а се однесува на примена на биоразградливи материјали во дизајн на производи при што материјалите мора да исполнуваат повеќе критериуми и од аспект на заштита на животната средина, и од естетски аспект, но секако првенствено од аспект на основната функционалност на производот и технологијата на неговата изработка. Трудот на нашите истражувачи, но и трудовите и предавањата на останатите учесници, во суштина ја потенцираат новата реалност во индустрискиот дизајн и воопшто во областа на дизајнот и архитектурата. Модерниот начин на живот наметнува сè поголем број барања од страна на корисниците или потрошувачите, развојот на технологијата е добар двигател кон постигнување на тие цели, но од друга страна стојат бариерите во однос на влијанието врз животната средина, социјалните и културолошките ограничувања и сл. Дотолку повеќе, улогата и задачата на дизајнерот во оваа сложена парадигма на денешницата, станува покомплексна, па токму оттука и потребата за еден прецизен и структуриран пристап во однос на прашањето „како правилно треба да се учи и да се предава дизајн“. Неминовно, повторно се навраќаме на концептот на „добро научена игра“, кој одлично беше презентиран од страна на истражувачи од Politecnico di Milano од Италија, кои истакнаа дека во текот на семестарот, студентите имаат еден месец за дизајн на одреден производ или објект врз основа на картите кои самите ќе ги извлечат. Се разбира, картите се специјално креирани за таа намена и содржат одредени форми, просторни
големини и бои, кои се ограничувачки за студентот во текот на неговата креација. На тој начин, низ игра се поттикнува компетитивноста и натпреварувачкиот дух меѓу студентите и во прв ред креативноста, но под одредени ограничувања. Во случајот со играта тоа се картите кои ги извлекле, но во реалноста секако тоа ќе бидат одредените правила и прописи кои никако не смеат да се заобиколат. Еден од поканетите предавачи пак, имаше улога на еден вид мотивациски говорник пред младите истражувачи докторанди, презентираќи го на многу илустративен начин своето патешествие, своите подеми и падови од почетоците на докторските студии од областа на
дизајност па сè до одбраната на докторската теза и постдокторските студии. Особено беа впечатливи презентациите на сите (без исклучок сите) презентери кои беа и самите дизајнерски ремек-дела. Веројатно на ниту една друга конференција или сличен настан, самата форма на презентацијата не била ниту приближно толку почитувана и со толку вложена креација – од изборот на бои и фонт на обичен текст (хируршки прецизно почитувајќи ја науката за дизајнот), до атрактивните, но ненаметливи анимации. Ќе ја препознаете презентацијата на дизајнерот – професионалец, затоа што убавото е неговата професија.
26 јули 2019
ПОРТА
45
Убедливо најинспиративното предавање го имаше Зејнеп Челик Александер, професор на Колумбија Универзитетот во САД, со докторат од престижниот MIT, која на оригинален и беспрекорно испланиран настап налик на бајка од доцниот 19-ти век, покажа „какво знаење и вештини се предаваат и се нудат на школите за дизајн?“ За да одговори на ова прашање, таа се врати на крајот од 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, во обид да покаже дека основата на она што денес го знаеме како наука за дизајнот и
46
ПОРТА
26 јули 2019
архитектурата е поставена многу одамна, и во суштина тоа е она што и денес се учи на модерните студии во оваа област. Имено, не случајно уште во овој период од историјата, основните училишта го ставале цртањето форми и учењето за формите пред пишувањето. Значи, да се поттикне креацијата и перцепцијата за формата. Оние кои учеле основно образование во времето на социјализмот, ќе се потсетат на познатите полжавчиња и гнезда кои мораше да се повторат во прецизни редови и колони на неколку страници.
Александер ја става во фокусот познатата школа на Баухаус, која според неа не само што остава печат како зачетник на модернизмот, туку првенствено е олицетворение на експресијата и чувствата што дијазнот ги предизвикува кај луѓето кога тие се во улога на набљудувачи. Како нашите сетила го восприемаат дизајнот? По истата аналогија како што човекот различно би реагирал на храна со различни вкусови – слатко, кисело и сл. Токму техниките на Баухаус преживеале и во модерниот систем за едукација во областа на дизајнот. Највозрасниот поканет предавач, професорот Емеритус од Универзитетот Технион во Хаифа, Израел, Габриела Голдшмит со ентузијазам на млад професионалец ги следеше сесиите на конференцијата. Дипломирала архитектура на Јеил во САД, а во фокусот на нејзиниот научен интерес е анализата на процесот на дизајнирање. Во нејзиното предавање таа се осврна на т.н. „дисциплини на знаење“ и рамката во која се одвива процесот на дизајнирање. Имено, според неа, секој дизајнер без оглед дали станува збор за почетник или искусен професионалец, кога ќе добие некоја задача се потпира на истражување кое се базира на различни типови на знаења. За искусните, тоа знаење може да се структурира во следните категории: општо, когнитивно и професионлно. Кај почетниците пак, недостасува последната категорија која се стекнува со искуство и знаења стекнати во процесот на едукација. Токму
професионалното знаење, според Голдшмит влијае и врз начинот на кој се имплементира когнитивното знаење. Беа презентирани примери за дизајнерски решенија од двете посочени групи со цел да се утврдат не само неспорната предност од професионалниот бекграунд, но и да се пронајде инспирација во креациите на неоптоварените со претходни искуства (младите). Интересно беше и нејзиното запазување за специфичниот и секаде низ светот препознатлив стил во облекувањето на архитектите и дизајнерите – лежерен, суптилен и ненаметлив. Во контекст на денешното време кога за жал посебно архитектурата (особено кај нас) сè помалку е уметност, а сè повеќе е бизнис, интересно е да се спомене излагањето на Гери Дерксен од Универзитетот во Илиноис, на тема користење на прототипови. Имено, процесот на креирање на прототипови тој го анализира и од аспект на дизајнер и од аспект на корисник. Што треба да се направи за да се сврти играта во сопствена корист без оглед која е Вашата улога – корисник, инвеститор, дизајнер...? Како да се супституираат парите во некоја друга форма која ќе ги преобликува социјалните вредности и ќе донесе поголем бенефит отколку што тоа го прави економската моќ? Како да се креира нов економски систем каде времето и изборот што се нудат ќе бидат највеќе вреднувани? Динамички материјали, компјутерски помогнато размислување, бази на материјали, мултикултурна соработка во областа на дизајнот, техники на визуелно размислување во процесот на дизајнирање и многу други теми беа предмет на вкупно 87-те научни трудови и тематските
METU - авангарда на интелектуалната критичка мисла во Анкара Универзитетот METU (Middle East Technical University) во Анкара е основан во 1956 година и денес има пет факултети со вкупно 41 додипломски студиски програми. Во 1969 година за прв пат во Турција, овде е воведена студиската програма по индустриски дизајн на Факултетот за архитектура, од страна на американскиот дизајнер David K. Munro. Десет години подоцна студиската програма прераснува во посебен Факултет за индустриски дизајн во рамките на METU. Денес Универзитетот се финансира со средства од владата, како и преку соработката со различни компании. Универзитетот е познат и по својот револуционерен дух и честите протести на студентите, па претставува еден вид авангарда на интелектуалната критичка мисла во Анкара, но и пошироко во Турција. На фудбалскиот стадион во кампусот стои натписот Devrim, што во превод значи „револуција“.
работилници на оваа конференција. Но, во текстот за жал мораше да се осврнеме само на дел од највпечатливите. Паралелно со конференцијата, беше поставена и изложба на фотографии на тема од модерната турска архитектура. И
за крај, повторно на темата „дизајнот е игра“, уште еден цитат, овојпат од Џорџ Бернард Шо: „Не престануваме да си играме бидејќи сме остареле. Сме остареле, бидејќи сме престанале да си играме“. n
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
26 јули 2019
ПОРТА
47
најчудни градби
ВО ЈУЖНА ФЛОРИДА
Хотел во форма на гитара
Хотелот располага со над 630 луксузни соби, предвидени се 14 ресторани, спалните соби се со големина од 515 квадратни метри и ќе се зголемуваат, а најлуксузен дел на хотелот се бањите во собите со поглед на околината Драган РИСТОВ
З
ошто да останете во редовни повеќекатни, стерилни на изглед хотели, кога би можеле да престојувате во гитара? Оваа есен, првиот хотел во светот, во форма на гитара ќе се отвори во Јужна Флорида. Проектот, вреден над 1,5 милијарди долари, го реализира славниот бренд „Хард Рок кафе“ од Холивуд, но овој пат на Флорида, како дел од поголем проект чија севкупна вредност е 2,2 милијарди долари. Имено, предвидени се два вакви хотели, ако се потврди комерцијалниот успех на првиот. Официјалното име на хотелот-гитара е „Семинола Хард Рок хотел и казино“.
48
ПОРТА
26 јули 2019
Хотелот, кој е висок над 120 метри, официјално ќе се отвори на 24 октомври 2019. Резервирањето на соба може да се направи онлајн почнувајќи од 24 јули, а билети за главниот музички чин на големото отворање, на кое ќе свират познатите Maroon 5 се веќе достапни за купување од 31 мај. Џим Ален, претседател на Hard Rock International и извршен директор на Seminole Gaming откри детали за новиот гитарски хотел и проширувањето на Тампа на прес-конференција во Хард Рок кафе во Њујорк. „Марката Хард Рок е посилна денес отколку што некогаш беше. Ова е повеќе од храна, пијалаци и место за престој. Ова веќе не е класичниот Хард Рок. Има простор за луксуз, но сепак во наш стил.
Сепак, не забораваме кои сме“, изјави Ален. Музичкиот елемент е огромен дел од она што ги дефинира Хард Рок хотелите и рестораните ширум светот. „Семиноле Хард Рок хотел и казино“ во Флорида нема да биде исклучок. Главниот сегмент, во комерцијалната кампања е именуван како „Окулус“. Станува збор за бесплатно шоу, кое опфаќа звук, светлина, вода и кореографија, како дел од музичкиот бекграунд на брендот и начин за посетителите прво да ја доживеат храбрата енергија на музиката. Станува збор за околу 100 концерти, кои годишно ќе се одржуваат тука, а кои ќе бидат бесплатни за посетителите на хотелот, во огромна концерта сала, која се гради. Салата ќе има над 10.000 седишта, поделени во пет нивоа, при што првото, ќе биде пред самата сцена, и ќе нуди директен контакт со изведувачите. Повеќе од 125 милиони долари ќе се трошат годишно, само на овој простор. Освен „Окулус“ и „Хард Рок во живо“, експанзивниот имот ќе вклучува дневен базен со клупска атмосфера, како конкуренција на забавите во Лас Вегас.
Исто така, дел од објект е и вештачко езеро, кое ќе содржи веслачки чамци и мрзлива река, бар на врвот на зградата, како и продавници и големи простори за конвенции. Во делот на казиното, ќе има над 3.000 слот-машини и околу 228 маси за коцкање, доволно за сите кои ги сакаат коцките и среќата. Хотелот располага со над 630 луксузни соби, но намерата на менаџментот е да го прошири проектот до капацитет од 1300 соби. Предвидени се и 14 ресторани, со цел гостите да го пронајдат специфичниот вкус, без разлика дали победиле или загубиле. Што се однесува до спалните соби, тие ќе почнат со големина од 515 квадратни метри и ќе се зголемуваат. Најлускузен дел на хотелот е „Кулата Оаза“ која ќе нуди ексклузивни бањи во собите, со поглед на околината додека се бањате. Тука на располагање се 168 соби. Друга услуга во капацитетот на хотелот е т.н. „Ален“ искуство. Станува збор за миниапартмани, потопени во вода, во стилот на оние кои можат да се видат на Малдивите. Вилите се со површина од 400 до 800 квадратни метри. Во овие ВИП вили, посетителите ќе имаат личен батлер на услуга, како и базен. Засега, овие сегменти немаат цена, но до октомври и тоа ќе се знае. Како важен туристички експонат, ќе биде поставено и златното пијано на кралот на музиката Елвис Присли, на самиот влез во ресортот. Во хотелот е предвидено да работат 1.200 лица. n
ПОРТА
хортикултура
ПОТЕНЦИРАНА ЗАКАНАТА ОД НИВНО ИСЧЕЗНУВАЊЕ
Спасот за пчелите е во
цветните градини
Најдобар начин да се привлечат инсектите е присуството на цветни видови кои цветаат во текот на целата сезона
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум. инж. Биро Проект
В
о поново време пчелите сè почесто се наоѓаат во вестите и на насловите од многу магазини со кои се потенцира заканата од нивно исчезнување. Намалувањето на бројот на пчелите е регистрирано уште во поодминатите 60-ти години, но во последно време се става поголем акцент на глобално ниво на оваа проблематика. Како проблем се посочуваат повеќе фактори. Урбанизацијата е основен проблем, кој не само што ја намалува количината на храна која е достапна за пчелите, туку исто така ја зголемува температурата на површината создавајќи ефект на топлински остров во централните подрачја. Докажано е дека високите температури го намалуваат преживувањето на пчелите, така
50
ПОРТА
26 јули 2019
што ги прави повеќе подложни на патогени или помалку способни за исхрана. Еден од факторите за намалувањето на бројот на пчелите е и мешањето на организмите надвор од својот ареал. Во
суштина секој огранизам со текот на еволуцијата е прилагоден да му пркоси на одредена група на патогени, а со ваквиот начин на принудно мешање (во најголем случај човекот е фактор) доаѓа до контакт на
нови болести на кои одредена врста на пчели не се резистентни. Друг фактор кој влијае на оваа проблематика е примената на пестициди кои погубно влијаат врз животот на пчелите. Некои од другите стресови кои се соочуваат со медните пчели вклучуваат инфекции, разни патогени и вируси, губење на живеалишта, како и недостаток на разновидност и квантитет на извори на храна. Градинарите можат да помогнат создавајќи градини со видови кои цветаат во изобилство, како и употреба на растенија резистентни на патогени и инсекти со што би се намалила употребата на пестициди. Доколку сакате здрава градина тогаш ви се потребни инсекти. Најдобар начин да се привлечат инсектите е присуството на цветни видови кои цветаат во текот на целата сезона. Не секои цветни растенија се добри за пчелите. Некои цветови може да претставуваат вистинска атракција, но тоа не мора да значи дека истите се од корист за пчелите. Со употребата на автохтони цветни видови, не се стимулира само привлекувањето на инсектите, туку поважно е тоа што се придонесува за враќање и обновување на здрави и функционални екосистеми кои во минатото биле вообичаени за ова подрачје. n
ПОРТА
репортажа Натка ЌОСЕВА , дипл. инж. арх.
Т
рансилванија е историски регион кој се наоѓа во централниот дел на денешна Романија. Регионот на Трансилванија е познат по прекрасните пејзажи околу планинскиот венец на Карпатите и по својата богата историја. Во неа се наоѓаат познатите градови Брашов, Цибиу, Таргу Муреш, Бистрица и Клуј Напока. Изобилува со многу културно-историски споменици, музеи и замоци. Во западниот свет Трансилванија секогаш асоцирала на земја со вампири, главно поради новелата од Брам Стокер „Дракула“ и многуте американски филмови снимени за Дракула. Луѓето во Трансилванија отсекогаш биле многу суеверни и народните прикaзни за вампири се многу раширени и популарни. Трансилванија е мултиетнички регион во кој живеат најголем дел Романци, а помал број Саксонци, Унгарци, Роми, Украинци и други. Меѓу познатите замоци, кои се прогласени за културно наследство на Романија, a денес се музеи, отворени за посетителите преку целата година се: -Замокот Бран, кој се градел од 1211 до 1377 година е еден од најзначајните замоци по кои е препознатлива Романија, а на Запад е познат како Замокот на Дракула. -Замокот Корвин, граден во 1446 година – 17 век, еден од најголемите замоци во Европа граден во готско-ренесансен стил. -Замокот Банфи, граден 1437-1543 година. -Замокот Пелеш во близина на Синаја, граден 1873-1914 година. -Замокот Пелизор во близина на Синаја, граден 1899-1902 година и многу други. ЗАМОКОТ ПЕЛЕШ Замокот Пелеш е изграден во близина на местото Синаја, во прекрасен пејсаж под Карпатите. Се наоѓал на средновековниот пат кој ги поврзувал Трансилванија и Влашка. Го изградил кралот Карло I, со сопствени средства. Се градел од 1873 до 1914 година. Кралот Карло I, е роден како баварски принц од Хохенецојлерн-Сигмаринген и бил крал на Романија од 1866 до 1914 година. За време на неговото владеење Романија ја добила својата независност. Во 1866 година при прошетка низ земјата прв пат го видел пејзажот и местото под Карпатите во кое веднаш се вљубил.
52
ПОРТА
26 јули 2019
Богатство од пејзажи испреплетено во приказните Трансилванија секогаш асоцирала на земја со вампири, главно поради новелата од Брам Стокер „Дракула“, а луѓето отсекогаш биле многу суеверни и народните прикaзни за вампири се многу раширени и популарни
Прекрасен предел во борова шума, со мала рекичка покрај него. Во 1872 година круната купила имот од ~5 квадратни километри во тој предел. Имотот бил наречен „Кралски имот во Синаја“. Кралот нарачал на тоа место да се изгради замок– летна кралска резиденција. Првите три плана кралот Карло I ги одбил бидејќи биле копии на веќе изградени замоци во Западна Европа. Кралот барал оригинален план за неговиот замок. Четвртиот план на германскиот архитект Јоханес Шулц го одобрил, бидејќи бил оригинален и одговарал на неговиот вкус. Тоа бил голем алпски замок, со повеќе функции со класичен европски стил кој главно ја следел италијанската елеганција и
германската естетика за ренесансни линии. Градбата ја водел архитектот Карол Бенеш. Цената на чинење на замокот била 16 милиони леи во злато или претворено во денешна валута 120 милиони американски долари. Сопругата на кралот, кралицата Елизабета се занимавала со пишување, но сите текстови и романи ги објавувала под псевдоним. Во магазинот за кој редовно пишувала текстови напишала текст за изградбата на замокот Пелеш. Околу 3000-4000 работници работеле на изградбата на замокот и биле од различни земји и краеви. Италијанците биле градителите на замокот, Романците ги граделе терасите
ЗАМОЦИТЕ ВО ТРАНСИЛВАНИЈА - ДЕЛ ОД КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО НА РОМАНИЈА пред замокот, Албанците и Грците работеле со камен, Германците и Унгарците биле столари, Ромите биле највесели, Турците правеле тули, инженерите биле Полјаци, поплочувањето со камен и мермер го работеле Чеси, дрвените резби ги работеле мајстори од Балканот, Французите сликале и ги изработиле муралите, а Англичаните мереле. Можеле да се видат стотина различни национални костими и се зборувале 14 јазици. Весели и сложни градители иако доаѓале од различни земји. Градбата малку се успорила за време на романската војна за независност од Турската Империја во 1987-1988 година, но потоа градежните работи се забрзале. Првиот кралски бал и инаугурација на замокот Пелеш бил на 7 октомври 1883 година. Паралелно со изградбата на замокот се граделе и други објекти на кралскиот имот како економска зграда, куќа за чуварите, ловечка куќа, кралска штала за коњи, електрана и друго. Од 1899 до 1902 се изградил и замокот Пелизор кој бил наменет за идниот крал Фердинанд и кралицата Мери. Кралот Фердинанд бил внук од брат на кралот Карло I, бидејќи тој немал деца за иден наследник на круната бил назначен неговиот внук. За време на градбата на замокот Пелеш кралот Карло I и кралицата Елизабета живееле во вилата Фарсоа. Во 1893 во замокот Пелеш роден е идниот крал Карло II, и со тоа му се дава значење на замокот како колевка на династијата и колевка на нацијата. Замокот Пелеш најчесто се користел од кралската фамилија како летна резиденција. Со абдицирањето на последниот романски крал Михаил во 1947 година сите кралски имоти биле одземени, меѓу нив и замокот Пелеш. Во 1953 година замокот е прогласен за музеј. Кратко време се користел како музеј, а околината се користела за рекреација и излети, но од 1975 до 1990 замокот бил затворен. После падот на Чаушеску и комунизмот, кралската фамилија си ги враќа имотите меѓу нив и замокот Пелеш. Од 1997 година Замокот Пелеш е во сопственост на кралската фамилија. Последната желба на поранешниот крал Михаил, која се почитува и денес, била замокот Пелеш иако е вратен во сопственост на кралската фамилија да остане музеј, отворен за посетители, а кралската фамилија да го користи за посебни фамилијарни настани, по потреба. Денес кралскиот имот и дворецот Пелеш имаат околу 250-500 26 јули 2019
ПОРТА
53
илјади посетители годишно. Со својата форма, функција и големина замокот Пелеш всушност е кралска палата, но постојано се вика замокот Пелеш (Castle Peles). Архитектонскиот стил во кој е граден е неоренесанса и готски стил и многу е сличен на замокот Neuschwonstein во Баварија. Баварското влијание се гледа и во внатрешното двориште кое е рачно насликано со ѕидни мурали, слично како многу замоци во северна Европа. Површината на замокот на приземје е 3.200 метри квадратни и има вкупно 170 простории. Многу од нив се посветени на различни земји и култури. Просториите се поделени и по функција. Замокот содржи работни простории-канцеларии, библиотека и соба за прием и состаноци, простории за забава - соба за сликање, соба за музика, театар, сала за балови, уметничка галерија, простории за кралското семејство - спални соби, гостински соби, 30 бањи, трпезарии и економски простории. За полесно движење меѓу катовите бил инсталиран и лифт. По стилот на внатрешното уредување просториите се поделени и се викаат турска соба, француска соба, фирентинска соба, арапска соба итн. Во замокот има голема колекција на уметнички дела од уметници од средна и источна Европа. Во неколку простории е изложено и оружје кое е поделено во три дела, оружје од источна Европа, оружје од западна Европа и оружје за лов. Има околу 4000 парчиња оружје преку кои е претставена историјата на Романија за период од 400 години. Внатрешните декорации на ѕидовите во дворецот се од дрвена резба и облога од текстилни тапети, сè во стилот на барокот. Впечатливо е дека сите прозорци се застаклени со витражи, главно изработени во Швајцарија. Замокот имал сопствено централно греење и користел електрична енергија од сопствена електрана. При крајот на градбата од 1893 до 1914 биле додадени се пет кули на замокот од кои централната е најголема и е висока 66 метри. Кулите ги проектирал и изведувал чешкиот архитект Карол Бенеш. Пред главниот влез во замокот, поставена е скулптура на кралот Карло 1 и изградени се тераси, скали, фонтани и патеки кои водат околу паркот на замокот и целиот кралски имот. Дел од историјата на Романија и нејзината борба за независност може да се види со посета на замокот Пелеш. 54
ПОРТА
26 јули 2019
ЗАМОКОТ БРАН Замокот Бран е граден од 1211 до 1377 година. Тој се наоѓал на главниот пат помеѓу Влашка и Трансилванија. На почетокот тој се користел како тврдина во која најчесто престојувала војската и се борела против продорот на Турците од југ кон север. Изграден е од камен, поставен е на карпа и гордо стои и пркоси на времето, високо издигнат над целата околина. Замокот во западниот свет е познат како Замокот на Дракула. Во новелата на Брам Стокер „Дракула“ по која се снимени и многу филмови, Стокер дава опис на еден замок во кој живеел Дракула кој е многу сличен со Замокот Бран. Брам Стокер никогаш не ја посетил Романија, ниту го видел замокот Бран. Неговата новела е негова имагинација. Дракула се поистоветува со романскиот кнез Влад кој владеел од 1431 до 1470 година и е голем романски херој кој храбро се борел против Турската Империја и Австро-Унгарија, за ослободување и обединување на Романија. Митовите за Дракула и Замокот Бран се измислени од филмската индустрија во Америка, и тој мит и денес е актуелен. Замокот Бран во западниот свет е познат како замокот на Дракула. Со овие легенди и митови се зголемува и бројот на посетители и туристи на замокот. После 1928 година, Романија се обединила во денешните граници и Трансилванија станува дел од Романија. На 1 декември граѓаните на Брашов со одлука на град Брашов и градоначалникот Карл Шнел замокот Бран ѝ го поклониле на кралицата
Мери, големата кралица која била многу популарна меѓу народот. За кралицата Мери замокот Бран претставувал прекрасен објект, но за него ќе каже дека е една убава мала запуштена тврдина заборавена некаде во планините. Од 1920 до 1934 кралицата Мери го адаптирала и преуредила замокот Бран и од него направила прекрасен кралски замок, летна резиденција за кралската фамилија. Со преуредувањето на замокот раководел чешкиот архитект Карл Лиман. Додадени се две кули во кои се сместени нови скали. Отворите за пушки и топови претворени се во прозорци. Инсталирана е водоводна инсталација, а водата е донесена од бунар во внатрешниот двор на замокот со длабочина од 57 метри. За осветлување на замокот и околината во 1932 година кралицата наредила да се изгради електрична централа со турбини која ќе ги задоволи
потребите за електрична енергија на замокот, околината но и соседните населени места, за што граѓаните ѝ биле благодарни на кралицата. Во замокот биле инсталирани три телефонски централи за побрза и подобра комуникација со светот. Замокот има приземје и четири ката. За побрза и полесна комуникација бил инсталиран лифт, со кој кралицата можела да стигне од паркот во подножјето на замокот до нејзините простории во замокот. Во подножјето на замокот бил уреден парк со мало езерце и многу цветни површини и разновидни дрвја сè по избор на кралицата. Во малото езеро биле донесени и лебеди. Во паркот биле изградени и неколку помошни објекти како дрвена куќичка за лов, мала дрвена црква, куќа за гости со седум соби со површина од 176 квадратни метри, куќа за чај и прием на гости со површина од 144
ПОРТА
квадратни метри, куќичка за куклите на принцезата Илијана од 43 квадратни метри, економска куќа од 378 квадратни метри, коњушница и неколку гаражи. Замокот Бран и палатата Балчик биле омилените места за живеење на кралицата Мери. Таа успеала од една стара камена тврдина,запуштена, заборавена, и многу непријатна за престој, тврдина во која никогаш и немало некој посебен живот да ја адаптира во прекрасен замок со сите удобности и потреби за кралски живот. За време на кралицата Мери замокот Бран го доживеал најголемиот сјај. Кралицата Мери умрела во 1938 година и после неа за замокот се грижеле нејзините деца, особено ќерка ѝ Илијана. За време на Втората светска војна замокот бил пренаменет во болница за ранетите и болни војници и офицери. Во 1947 година после абдикацијата на кралот Михаил, замокот ѝ припаѓа на државата. Во 1953 година е прогласен за музеј. После 2004 година вратен е во сопственост на кралската фамилија, но сè уште се користи како музеј и има многу посетители и туристи. Овие два замоци во Романија се најпознати и се нејзини заштитни и препознатливи знаци, но тие се истовремено и музеи кои многу детално и верно ја прикажуваат историјата и долгата борба на Романија за самостојност. Во нив е презентирано и огромното богатство на кралската фамилија, голем број на уметнички дела со потекло од источна и западна Европа. Градбата на овие замоци ги покажува и градителските способности во Романија. n
ПОРТА
ПОРТА
уметност
Мојата скопска приказна Ладислав Цветковски е ликовен уметник, графички дизајнер и универзитетски професор. Предава на Факултетот за ликовни уметност во Скопје и на Машинскиот факултет во Скопје. Учествувал на бројни селектирани групни меѓународни и домашни изложби, а своите графики и плакати ги изложувал и на повеќе самостојни изложби. Автор е на дизајн за значајни монографски изданија, бројни публикации и книги, носачи на звук, брендинг за различни проекти, настани и институции кај нас и во странство. Со своите јавни општествено-ангажирани и образовни активности се обидува да го афирмира дизајнот и уметноста како неизоставен сегмент на современото живеење, а со цел тие да го добијат своето вистинско место во нашето општество. Ладислав ЦВЕТКОВСКИ
Д
омот е место кое се чувствува многу лично. Влијае на нас, нè обликува и нè отсликува кои сме и какви сме.
„Kон небото“, 2018 58
ПОРТА
26 јули 2019
Мојот дом е Скопје, тука сум роден и до денес учествувам и ја чувствувам постојаната интеракција на луѓето и градот. Скопје е место кое историски драматично се менувало по изглед и по состав на населението.
„ГУП-Скопје-ДУП-ДУП-ДУП“, 2018
„Денес сме на О2!“, My Comments, 2018
АВТОРСКИ СОЦИЈАЛНИ ПЛАКАТИ Луѓето и природата никогаш не го оставиле раат. Тоа е едно непостојано, немирно место во кое најдолго опстанала нитката на која трајно се закачиле крчмата, лесната забава и немарот. Во овој град многу работи биле започнати, но никогаш до крај завршени. Многу луѓе пропатувале. Некои од нив го палеле, некои го рушеле. Други го граделе, но онака без ред, наеднаш. Од тоа без некаков посебен концепт раштркано низ градот, останалао и по нешто убаво и паметно. Тука и климата е екстремна, воздухот зиме може да се види, ПМ 10 има „најмногу на свет“, a лете е пеколно. Тука жителите, впрочем како и на други места, во потрага по тема за „мрчење“ бргу забораваат што се случило пред неколку дена. Без оглед на сè, во Скопје има нешто посебно кое ве вознемирува, но не можете без него. Во моето Скопје ми недостасува желбата работите да се завршат до крај, особено оние
убавите-паметните. Ми фали по пат изгубената насмевка на луѓето по улиците. Ми фали колективното сеќавање за личностите кои својот живот, сето свое знаење и умеење му го посветиле на градот. Ми фалат малите убави приказни кои испариле пред некој да ги запише. Ми фали повеќе време за радост и средби со драгите луѓе кои тука ги имам. Веќе три децении независно делувам во моето Скопје. Користам различни изразни средства. Некогаш тоа се графики, друг пат е дизајнот на многубројните книги, монографии, носачи на звук, логоа, а во последно време тоа се моите авторски социјални плакати. Во сите нив се трудам да внесам личен печат различен од она што е очекувано во нашиот културен простор, а зборувам за теми кои директно и суштински задираат во животите и реалноста која нè опкружува. Раскажувам животни секвенци
„Криво калемење“, 2015
„55 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје“, 2019
„Скопје има магнитуда! (11-12. 9. 2016)“, 2016 26 јули 2019
ПОРТА
59
„I love Matka“, 2019 преку кои тежнеам да поставам многу важни прашања, да отворам простор за размислување и да ја испровоцирам публиката да се соочи со себе си. Циклусот на моите социјални, политички и општествени плакати започна во 2014 година како последица на студентските протести. Тие млади луѓе ми ја вратија надежта дека сепак во овој умствено мемлосан град постои дух и позитивна енергија. Им се придружив и поттикнат од таа млада свежа мисла, во месец фе-
60
ПОРТА
26 јули 2019
„Скопје 13. 11. 1944“, 2015 вруари 2015 година го направив плакатот „Црнила“ и го постирав на мојот ѕид на Фејсбук. Со тоа почна мојот проект насловен „Мои коментари“. До денес овој проект брои околу 400 плакати инспирирани од различни локални и глобални теми и случувања. Целта ми беше да споделам мој личен став за состојбите, да посочам на непријатните теми кои посакуваме да не ги забележуваме, се обидуваме да ги премолчиме, да посочам на нештата кои бргу се губат од колективната
свест, да го тргнам стравот вкоренет меѓу луѓето и да го поттикнам критичкото размислување. Сметам дека критичката мисла и размената на идеи се клучни за создадавање на здраво, среќно и паметно општество. Дел од овие плакати се посветени на моето, нашето Скопје, направени се за моите скопјани и за сите кои минуваат низ овој град. Се разбира, како вистински скопјанец овој циклус плакати посветени на Скопје не сум го завршил. Тој трае и немам намера
да го завршам. Во моите плакати користам знаци и симболи кои самиот ги создавам. Симболиката е присутна и во моите графики, ја има и во мојот дизајн, но најдиректна е во моите општествени плакати. За проектот „Мои коментари“ креирав и посебна типографија која ја користам за текстуалните пораки. И најчесто се трудам пораката која ја праќам да биде духовита, блиска на нашиот менталитет, дијалект, нашите вообичаени локални изреки со вграден поттекс. Некои од нив се градени како ребуси. Но, иако моите плакати коментираат конкретни настани, изјави, однесувања на личности, менталитет, состојби, тие сепак имаат за цел да упатат универзални пораки и да нè потсетат на некои заборавени вредности. Словенечкиот критичар Марио Бердич моите плакати ги спореди со афоризми, карактеризирајќи
„Учителот (Стефан Сидовски – Сидо)“, 2019
„Горан Стефановски“, 2018
ги како „форма на интеракција меѓу ликовното и литерарното, но во мошне редуцирана, крајно аскетска форма“. Плакатите од проектот „Мои коментари“ од 2014 до денес ги објавувам на социјалните мрежи. Дел од нив беа прикажани во печатена форма на моите самостојни изложби во Словенија во 2016 година и во Скопје во 2018. Проектот продолжува затоа што за Скопје имам уште многу да зборувам. Икрено се надевам дека мојата публика, моите сограѓани ги препознаваат универзалните пораки, хуморот кој провејува низ моите плакати, дека ги поттикнуваат да ѕирнат во самите себе си, да го пронајдат подобриот или подобрата во нас, за да ја менуваме нашата стварност кон подобро. Градот и домот не треба да се победат. Тоа се места кои треба да им ги предададеме на тие што ќе дојдат по нас. n
͆ì͌ð͖͊ ̹͏î͉ï͌æ͌ ̽͊í͎͊ ̹͉æ͉è͉͍óë ̾͊æç͊íë͖͉ ̹͌ô͉ïë ͆ñ͍͏îëó͉ ͍̈́ëí͊ð Óëñ͌í͉ ͍̓͐ëè ͎̾͌ñëæ͉͍
26 јули 2019
ПОРТА
61
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА