ГОДИНИ
90 ДЕНАРИ
ПОРТА Г Р А Д ЕЖНИШТВО А Р Х И Т Е КТУ Р А Е К О ЛОГИЈА
285
ОКТОМВРИ 2019
18. Симпозиум на ДГКМ Големи обврски, мали чекори кон спас од климатските промени Улицата Голдсмит „позлатена“ со Стирлинговата награда
ГОДИНИ
Порта 3
15 години дел од медиумскиот пазар
О
ваа година единственото списание за градежништво, архитектура и екологија прославува 15 години од излегувањето на првиот број. Години во кои темите од овие области допреа до многу експерти, професори, работници, архитекти, градежници, екологисти, обични граѓани. Идејата за специјализирано списание на овие простори чекореше полека, но сигурно. Почнавме со излегување два пати месечно, во еден голем формат на обична весникарска хартија. После неколку промени на дизајнот дојдовме до ова издание кое и сега го држите во рацете, а кое веќе стана препознатлив бренд во полето на медиумите. Низ годините неколку пати се соочивме со конкуренција, но тоа само ни беше мотив за да продолжиме со нови и уште поинтересни текстови, за што навистина сме благодарни.
Порта 3 е списание кое секогаш е отворено за соработка. Во годините што изминаа го дигнавме гласот против „Скопје 2014“, бевме против уривањето на Беко, дававме образложенија за или против мораториумот за градење во Општина Центар, го коментиравме урбанизмот, одржливоста на градовите, начинот на распишување и спроведување на архитектонските конкурси, ги претставувавме ставовите на архитектите и инженерите. И во годините што следат секогаш ќе бидеме отворени за изнесување на проблемите, но никогаш не забораваме и да дадеме пофални зборови за тоа што навистина заслужува, врз основа на утврдени, стручни критериуми. Она што за крај ќе може да го ветиме е дека со истото темпо, па и многу подобро, ќе продолжиме и во наредните години, за прославата на новите јубилеи на Порта 3 да имаме многу повеќе резултати за да се пофалиме.
Јубилејот 15 години ќе донесе уште една новина. Ќе почнеме со доделување на Годишна награда на Порта 3 од областите што ги обработуваме, со цел наградата да стане традиција и да се доделува еднаш годишно. Жири-комисијата составена од експерти во овие области на крајот од годината, во декември, ќе ја доделат наградата, кога ќе биде и прославата за роденденот.
25 октомври 2019
ПОРТА
СОДРЖИНА
8
14
ИНФО 6 СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ГРАДЕЖЕН ФАКУЛТЕТ!
ИНФО 8 СРЕЌЕН РОДЕНДЕН АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ!
ИНФО 10 ПОСТОЈАТ РАЗЛИЧНИ ВИДУВАЊА, ШТО Е ВСУШНОСТ ОДРЖЛИВА АРХИТЕКТУРА
ИНФО 14 18. СИМПОЗИУМ НА ДГКМ
ГРАДЕЖНИШТВО 18
34
ВРСКА ПОМЕЃУ БЕТОНИ СО РАЗЛИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ГРАДЕЖНИШТВО 22 НАЈСКАПИ МЕРКИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПАТИШТА
AРХИТЕКТУРА 26 УЛИЦАТА ГОЛДСМИТ „ПОЗЛАТЕНА“ СО СТИРЛИНГОВАТА НАГРАДА
АРХИТЕКТУРА 30 КУЛТУРНО-РЕКРЕАТИВЕН АКРОПОЛ
УРБАНИЗАМ 34
40
ВО ПОТРАГА ПО ЗЕЛЕНИЛОТО
УРБАНИЗАМ 40 ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО МИНАТОТО НИКАДЕ НЕ СЕ ОДРАЗУВААТ ТОЛКУ КАКО ВО УРЕДУВАЊЕТО НА ГРАДОВИТЕ
СООБРАЌАЈ 44 CКОПЈЕ, ИСАК ЊУТОН И ЈАВНИОТ ТРАНСПОРТ
ЕНТЕРИЕР 48
48
ТРЕНДОВСКИ АМБИЕНТ СО ФУНКЦИОНАЛНА НАМЕНА
56 ЕКОЛОГИЈА 52 ГОЛЕМИ ОБВРСКИ, МАЛИ ЧЕКОРИ КОН СПАС ОД КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
РЕПОРТАЖА 56 АНКАРА - СИДРОТО БЕЗ МОРЕ ГО ЖИВЕЕ СВОЈОТ ЧЕТВРТИ МИЛЕНИУМ
УМЕТНОСТ 62 ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА КОИ СОДРЖАТ И МИНАТО И ПОТЕНЦИЈАЛНА ИДНИНА
ПОРТА
25 јули 2014
62
ГОДИНА XII
БРОЈ 285 ПЕТОК 25.10.2019 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Шереноликоста на есента е инспирација во овој број на „Порта 3“ да прочитате различни четива. Како и секогаш областите од градежништвото, архитектурата и екологијата се надополнети со урбанизам, сообраќај, уметност... Оваа година Градежниот и Архитектонскиот факултет прославуваат 70-годишен јубилеј, а во таа чест, но и како наши пријатели и соработници, одвоивме неколку страници за нивните истории и постигнувањата. Нашиот дописник од Белград дава опис на Белградскиот саем за архитектура кој е одлична можност да се согледаат често многу различните погледи на архитектурата и идејата за одржливост. Во овој број ќе може да се прочита и за 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, како и за новиот Правилник со кој загадувачите ќе бидат под лупа на испекторите. Во областа на градежништвото нашите соработници даваат објаснување за врска помеѓу бетони со различни карактеристики. Стратегиите за одржување на патиштата варираат од држава до држава, па дури и меѓу различните патни управи во државата. Тоа не е за изненадување затоа што не постои најдобар начин на одржување. За македонските патишта се применуваат најскапи мерки за одржување. Дописникот на „Порта 3“ од Лондон пишува за признанието кое Кралскиот институт на британските архитекти го доделува секоја година. Оваа година улицата Голдсмит е „позлатена“ со Стирлинговата награда за архитектура. Трудот со шифра МОДУЛ е првонаградениот на конкурсот за уредување на Скопското кале, а токму тој обединува два начини на градоградење - модерниот и строг што ја поставува модуларната мрежа на интервенцијата, и другиот спонтан и неправилен, прилагодлив на теренот. Интересно четиво за читање е и потребата од потрага по зеленило во градот.
ГОДИНИ
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Станува збор за биофилна архитектура која почнува да се применува, а планерите и креаторите на политиките, кои всушност треба да мислат на големата слика на градот, и тоа како, заостануваат. Следниот месец ќе се одржи изложба во чест на Јосиф Михајловиќ архитект кој во 1929 година е назначен за претседател на Скопската Општина. По повод изложбата, но и со цел да се потенцира колку е важно градскиот татко да ја разбира суштинската потреба на градот и неговите жители „Порта 3“ ви го пренесува неговото предавање одржано на XIII конгрес на Здружението на југословенски инженери и архитекти во Скопје на 22 мај 1932 година. Темата актуелна во градот, сообраќајот и јавниот превоз ја обработуваме и во овој број на „Порта 3“. Градот изолирано се движи по неколку оски, а поврзувањето со јавен превоз север-југ е непостоечко. Потребно е да се разбере како работи градот и што сè друго треба да овозможи со своите улици. Од областа екологија како и секогаш се разгледува до каде е нашата држава на полето на напредокот во квалитетна животна средина. Државата се бори да ги исполни ветувањата од Парискиот договор. Тоа се големи обврски, а се применуваат мали чекори кон спас од климатските промени. Нашите пријатели даваат опис како може од стан да се направи прекрасен деловен простор со трендовски амбиент и функционална намена. Во овој број репортажата е за најдостоинствениот благородник од „златните“ времиња на турската историја. Анкара е сидрото без море кое го живее својот четврти милениум. Авторот на македонскиот павилјон на Венецијанското биенале го раскажува своето лично искуство за односот со публиката на изложбата на дела кои содржат и минато и потенцијална иднина. ОД РЕДАКЦИЈАТА 285
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ОКТОМВРИ 2019
18. Симпозиум на ДГКМ
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Големи обврски, мали чекори кон спас од климатските промени Улицата Голдсмит „позлатена“ со Стирлинговата награда
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
Насловна страница УЛИЦА ГОЛДСМИТ
СТИРЛИНГОВА НАГРАДА НА КРАЛСКИОТ ИНСТИТУТ НА БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ (RIBA STIRLING PRIZE) 90 ДЕНАРИ
Датум на печатење: 24.10.2019 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
70-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Среќен роденден Градежен факултет!
Н
а 5. октомври во хотелот Александар Палас во Скопје во присуство на бројни гости од земјава и странство, колеги, пријатели, претставници на Владата на Република Северна Македонија и наставен кадар од факултетот свечено се одбележa 70 годишниот јубилеј од основањето на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Градежниот факултет во Скопје е 6
ПОРТА
25 октомври 2019
формиран на 6-ти октомври во далечната 1949 година, како еден од двата најстари технички факултети во земјава. Денес по 70 години развој Градежниот факултет во Скопје, како интегрален дел на најголемиот универзитет во нашата држава, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, претставува високо ценета, јавна образовна институција, која врши образовна, научноистражувачка, применета и издавачка дејност во областа на градежништвото, геотехниката
и геодезијата. Градежниот факултет може да се гордее со своите 4.689 дипломирани инженери, над 450 магистри и 100 доктори на наука, кои со својата стручност и знаење се имплементирани во стопанството, институциите од јавниот сектор и науката, како во нашата земја, така и надвор од неа. На свеченоста беа доделени повеќе плакети и благодарници на компании, институции и поединци како знак на благодарност за долгогодишна плодна и успешна соработка. Редакцијата на „Порта 3“ од се срце го честита овој значаен јубилеј. n
ПОРТА
инфо
70-ГОДИШЕН ЈУБИЛЕЈ
Среќен роденден Архитектонски факултет!
О
ваа година Архитектонскиот факултет во Скопје го прослави 70 роденден. Прославата се одржа во Музејот на современа уметност, на која присуствуваа сегашни и поранешни архитекти, професори и гости. Студиите по архитектура за прв пат биле организирани во 1949 година во рамките на новооснованиот Технички факултет со два оддела: архитектонски и градежен. Подоцна, во 1955 година, во рамките на Техничкиот факултет, формиран е Архитектонско-градежниот факултет со два оддели – архитектонски и градежeн. Од 1976 година архитектонскиот оддел е прераснат во самостоен Архитектонски факултет со единствена студиска програма по архитектура во траење од девет, односно десет семестри. За сите овие години на Архитектонскиот факултет дипломирале вкупно 4.645 студенти кои се стекнале со звањето дипломиран инженер архитект. Од воведувањето на Европскиот кредит трансфер систем на Архитектонскиот факултет магистрирале 575 студенти. Низ менторски систем на студии на Факултетот докторирале 34 кандидати. Тоа, заедно со претходните дипломирани и магистрирани студенти изнесува вкупно 5.296 студенти кои се стекнале со високо образование за архитекти на УКИМ, а сите нив ги образувале 130 професори. За важноста на Архитектонскиот факултет и за неговите досегашни постигнати резултати говореше ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски кој нагласи дека важноста на оваа прослава не е само слика на тоа до каде сте стигнале досега, туку е и визија за тоа каде ќе бидете во иднина. Уште повеќе, тоа што ќе го создавате во иднина, ќе има влијание не само на вас лично, туку и на сите кои живеат во вашите објекти и градови. Објекти и градови создадени од вашите идеи. Деканот на Архитектонскиот факултет, проф. д-р Огнен Марина рече дека би започнал со првата генерација на професори, напредни архитекти – поборници за модерната архитектура од бившиот југословенски простор, дел од нив поканети или задолжени да помогнат во формирањето на Архитектонскиот оддел на Техничкиот факултет. Тука би ги спомнал имињата на Антон Улрих, Владемор Балеј, Ѓуро Анцел, Милан Злоковиќ, Бранко Максимовиќ, Михо Чакеља, Иван Фаркаш, Јован Ранковиќ, Станко Клиска и други. Тие ќе ја образуваат првата генерација на студенти на Архитектонскиот оддел, која ќе ја изнедри и првата генерација на архитекти образовани во Македонија, но исто така и следната генерација на професори и соработници на Архитектонскиот факултет. 8
ПОРТА
25 октомври 2019
Тој додаде дека комплексната улога на архитектурата во општеството, мултидисциплинарниот пристап во решавањето на проблемите, широките познавања од
различни научни области, истовременото разбирање на културолошкото и техничкото значење на архитектурата, го определува и дефинира архитектонскиот образовен простор.
„Во последните 70 години Архитектонскиот факултет во Скопје, е темелно вграден и нераскинлив дел од академската и професионалната заедницата во која и за која
работи, дел од градот кој го планира, проектира и гради, дел од поширокиот културолошки, уметнички, етички и општествен амбиент во кој продолжува да ги создава и промовира своите
професионални, естетски и етички вредности. Архитектонски факултет го чини тоа со создавање на простори на академска и научна одличност, простор на средби на професори, студенти, експерти од праксата, истражувачи, уметници, писатели, дизајнери, мајстори и автори во најразлични области, граѓани и ентузијасти кои низ претставување и соочување на своите идеи и дела, негувајќи ја креативната, но и критичката мисла од самиот почеток на образованието на архитектите, низ разбирањето на новата општествена реалност и одговорност на архитектите кон заедницата и граѓаните. Тоа е нашата визија за Архитектонскиот факултет“, нагласи деканот Марина. Според него архитектурата е единствената професија во која мора да сте оптимист и да верувате во иднината. Уште повеќе, архитектите се уверени дека иднината може да биде подобра. Тоа е нешто што го задвижува секој архитект, но и секое општество. Вербата во подобра, поправедна, поздрава и посреќна иднина. Таа иднина архитектите ја замислуваат денес. Ние продолжуваме да ги изложуваме нашите визии јавно и нашиот оптимизам, не затоа што е лесно, туку затоа што е тешко, вели деканот Марина. Тој додаде дека го прославуваат овој значаен јубилеј заедно со сите пријатели, соработници и поддржувачи на Архитектонскиот факултет, заедно со целата академска, научна, професионална и граѓанска јавност бидејќи местото на архитектите е таму, во општеството, како активни чинители на процесите кои ги обликуваат нашите живеалишта, јавните простори и нашите градови и села. Редакцијата на „Порта 3“ од се срце го честита овој значаен јубилеј. n 25 октомври 2019
ПОРТА
9
инфо
КОНГРЕС ВО БЕЛГРАД
Постојат различни видувања што е всушност одржлива архитектура
Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта 3 од Белград)
Т
рета година по ред на почеток на октомври (4. - 6.10.) во Белград се одржува конгрес на одржлива архитектура, кој првите две години беше под име конгрес САЕЕ. Оваа година, покрај сменетото име, забележливо е дека имаше поголем број на спонзори и посетители. Како и претходните два пати, ова случување се одржа во зградата на Југословенската кинотека и неговата цел е промоција на одржливата градба како значајна архитектонска и општествена тема. Манифестацијата има регионален карактер, бидејќи покрај здружението Екокулт+, Архитектонскиот факултет од Белград, списанието Еко Куќа, во организацијата учествуваат и
10
ПОРТА
25 октомври 2019
архитектонските факултети од Подгорица и Загреб. Концептот на ова случување се базира на два дела: предавања и работилници кои ги одржуваат некои од предавачите. Оваа година, десет предавачи доаѓаат од десет земји и може да се забележи и покрај тоа што темата е заедничка, дека постојат различни видувања, што е всушност одржлива архитектура. Тој дел претставува особено интересен аспект, бидејќи покажува дека одреден поим во архитектурата, може често дијаметрално различно да се толкува. Предавањата ги отвори Томас Рау, архитект од Холандија, кој се смета и за визионер и за иноватор. Тој претстави некои од своите проекти, но и систем на циркуларна економија, наречен Мадастер, кој претставува голем катастар на градежни материјали, со идеја да се
намали градежниот отпад и да се создаде можност за негово повторно користење на нови проекти, што е и покажано на примерот на деловната зграда Шимано, каде дури 82 отсто од употребените материјалите се од постоечки згради кои се заменети со нови. Потоа архитектот од Хрватска, Идис Турато, говореше за новите општествени околности и новата улога која архитектот ја има денес. Тој преку некои примери го прикажа размерот на проектираниот простор во кој живееме денес. Од Шпанија дојде Марија Лангарита, добитник на наградата Young architect of the year 2014, која низ серија свои проекти, каде може да се види интересна употреба на зеленило во архитектурата, го покажа нејзиното разбирање за одржлива архитектура. Петер Пишлер од Италија говореше за
своите архитектонски дела, на почетокот поставувајќи прашање дали ни е потребна традиција или револуција. Низ интересни проекти објасни дека за него е важно истражувањето, што е тоа локално и дека тука го гледа изворот на одржливоста во архитектурата. Последниот предавач на првиот ден на конгресот беше Марко Лавит од Франција, млад архитект добитник на наградата Rising talents award. Исто така ги претстави своите проекти, кој не се само од сферата на архитектурата, туки и од дизајнот на мебел. Неговата архитектура ја карактеризира интересна употреба на дрво со различна форма и димензија. Вториот ден на предавањето го отвори либанскиот пејзажен архитект, со потекло од нашиот регион Владимир Ѓуровиќ. Тој низ серија негови проекти прикажа што за него претставува поимот одржливост со посебен фокус на употреба на водата во проектирањето пејзажи, како и примери како од пустина може да се создаде нов парк, па дури и шума. Потоа на ред дојде и претставникот на Србија, професорот Бранислав Митровиќ, кој главно ги претстави проектите на туристички комплекси на црногорското приморје, каде фокусот е на што подобра интеграција на објектите во постоечкиот амбиент. Така публиката можеше да види неколку проекти на хотели, кои делуваат потполно вклопени во постоечкиот карпест пејзаж. На ред дојде и Бил Дунстер од Велика Британија, станува збор за архитект кој се специјализирал за реализација на згради
ПОРТА
со нулта емисија на јаглерод и ја претстави филозофијата на својата фирма Zedfactory, преку серија објекти во различно климатско опкружување во различни делови на светот. Како ја разбираат одржливоста на север, објасни Ану Пустинен од Финска, која зборуваше во име на компанијата Аванто. Таа преку неколку проекти покажа колку барањата за одржливост се различни на север, каде е поладно. Конгресот го затвори словенечкиот архитект Роберт Клун, кој е победник на конкурсот за павилјон на Словенија на ЕКСПО 2020 за изложбата во Дубаи. Конгресот Одржлива архитектура, полека станува препознатливо архитектонско случување во Белград и во регионот. Со идеја постепено да расте секоја година како со изборот, така и со квалитетот на содржините кои им се нудат на посетителите. Во исто време тоа е одлична можност да се согледаат често многу различните погледи на архитектурата и идејата за одржливост. Како и тоа од секого да се научи нешто ново и да се разбере дека одржливоста како концепт е многу широка идеја која може да собере многу погледи на светот, а пак сите тие погледи да го сочинуваат она што е идеја на ова случување – одржлива архитектура. ПОРТА
25 октомври 2019
͆ì͌ð͖͊ ̹͏î͉ï͌æ͌ ̽͊í͎͊ ̹͉æ͉è͉͍óë ̾͊æç͊íë͖͉ ̹͌ô͉ïë ͆ñ͍͏îëó͉ ͍̈́ëí͊ð Óëñ͌í͉ ͍̓͐ëè ͎̾͌ñëæ͉͍
инфо
Со нов Правилник загадувачите ќе бидат под лупа
П
ред почетокот на новата сезона на екстремно загаден воздух во Скопје, градските инспектори најавуваат дека ќе следуваат повеќе казни. Но, претходно треба да стапи на сила новиот Правилник со прецизни гранични вредности на загадување, за кој се чека потпис од Секретаријатот за законодавство. Казните, што градските и општинските инспектори ќе ги изрекуваат се однесуваат на инсталациите кои имаат Б интегрирана еколошка дозвола. Инспекторите ќе треба да влегуваат во сите инсталации, а тука се мисли и на сендвичарници, компании, и детално да испитуваат од начинот на издавање и валидноста на дозволата, па сè до спроведувањето на препораките за незагадување. Доколку се установат нерегуларности тогаш инспекторите ќе изрекуваат казни. Дека загадување има, но дека нема казни покажуваат податоците од анкетата за состојбите со инспекциските надзори на локално ниво на д-р Христина Оџаклиеска од Агенцијата за планирање на просторот. Според анализата, во општините Аеродром и Гази Баба изминатава година не е изречена ниту една казна за загадување на воздухот, додека најмногу, 20 казни изрекле инспекторите од Центар. Кај 50 проценти од испитаниците не е спроведен вонреден инспекциски надзор, а најмалку редовен надзор вршеле инспекторите од Карпош. „Поразителен податок во борбата против загадувањето е и непрофесионалното вршење на инспекцискиот надзор. Додека во земјите од Европската Унија инспекцискиот надзор трае шест дена, во Македонија на инспекторите им требаат од 30 до 60 минути да утврдат дали еден објект загадува или не, што е апсолутно неприфатливо“, вели Оџаклиеска. Раководителот на Инспекторатот на Град Скопје, Мирослав Богдановски вели дека непрофесионалната работа на инспекторите, неизлегувањето по пријава на граѓани, или пак несоодветното санкционирање загадувачи ќе биде казнето.“ Веќе имаме случај кога еден инспектор за животна средина е прераспределен од работното место заради тоа што не бил подготвен да изрекува казни. Затоа ги повикувам граѓаните доколку сметаат дека има основ за пријава, преку Архивата на Градот да го пријават инспекторот кој не си ја извршил работата како што треба.“ Исто така, граѓаните треба и
поактивно да се вклучат во пријавувањето на загадувачите затоа што ние располагаме само со тројца инспектори за животна средина и тие не можат 24 часа да бидат насекаде низ градот. Потребна е помош за да се санкционираат прекршителите на законот“, додава Богдановски. Дека целосното спроведување на законите не функционира како што треба говори и фактот што не постои акредитирана лабораторија во која ќе се вршат испитувања за степенот на загадување.“ Немањето акредитирана лабораторија во која ќе се извршуваат испитувања за степенот на загадување е дополнителен проблем за кој неодамна се обезбедија пари, но веднаш потоа истите средства се пренаменија за купување луксузен службен автомобил“, открива Поповска. Неспроведувањето на законските мерки, не само што им овозможува на големите загадувачи непречено да го загадуваат воздухот, туку ја намалува и мотивацијата кај граѓаните самоиницијативно да се приклучат
кон акциите за собирање отпад, смета Лилјана Поповска од партијата ДОМ. „Да се исчисти една локација е значаен проект, но не придонесува значително во борбата против амбиенталниот воздух. Граѓаните сами не можат да направат многу, и тие тоа го знаат, затоа и ги бојкотираат акциите за чистење кои се организираат. Државните органи се тие кои можат да направат значителен чекор напред, и веќе крајно време е да видиме дека се грижат за иднината на нашите деца“, нагласува Поповска. Од Инспекторатот на Град Скопје и граѓанските еколошки здруженија сметаат дека за да има намалување на загадувањето треба да се почне да се пријавува корупцијата, да се обезбеди акредитирана лабораторија за испитување на загадувањето, да се зголемат казните за направени прекршоци, да се подобри граѓанската еколошка свест, но и да има вмрежување и координација на сите страни кои се вклучени во борбата со загадувањето. n 25 октомври 2019
ПОРТА
13
инфо
18. Симпозиум на Друштвото на градежни
прοф.Мери ЦВЕТКОВСКA, Градежен факултет, Скопје
Г
одинава, во периодот од 2 до 5 октомври, во Охрид се одржа 18. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија - ДГКМ, на кој присуствуваа над 300 учесници од 18 земји од регионот и светот, со што беше реализирана една од најважните програмски цели на Друштвото, а тоа е афирмација на научните достигнувања и нивна имплементација во праксата. Друштвото на Градежни конструктори на Македонија во своето 40-годишно постоење успешно реализира 18 симпозиуми чија главна цел беше да се обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежното конструкторство. Симпозиумите секогаш беа посветени на актуелни теми како: современи методи за проектирање и изведба на конструкции; современи стандарди и прописи за проектирање на конструкции; современи материјали и технологии како предуслов за изведба на одржливи објеки, влијание на 14
ПОРТА
25 октомври 2019
природните катастрофи врз конструкциите и други теми поврзани со градежното конструкторство. Годинава Симпозиумот беше посветен на следење, процена и санација на конструкциите. Причина што се одлучивме токму за оваа тема е нејзината актуелност од аспект на староста на нашата градежна
инфрастуктура која во поголем дел веќе го надминува пропишаниот работен век. И покрај примената на соодветни постапки за проектирање и изведба, континуираното и истовремено безбедно и економично функционирање на градбите во голема мерка зависи од нивното соодветно одржување и управување. Градежните конструкции со тек на
конструктори на Македонија - ДГКМ време пропаѓаат. Влошувањето на нивната состојба, што може да доведе дури и до колапс, се должи на различни причини, како: циклични натоварувања, влијанија од животната средина (на пр. корозија на челикот, карбонизација на бетонот); стареење на градежните материјали; екстремни настани како што се земјотреси, силни ветрови, поплави и пожари и сл. Сите овие фактори се временски зависни и со одредена веројатност да се случат. Токму затоа неопходна е точна проценка на сегашната и идната состојба на конструкциите, односно дефинирање на сегашниот и идниот капацитет на конструкцијата за обезбедување на предвиденото ниво на однесување при очекувани оптоварувања и евентуални опасности во тек на целиот работен век. Одговори на сите овие прашања градежните конструктори можеа да најдат во вкупно 173-те трудови презентирани во рамките на 18. Симпозиум на ДГКМ. Посебен белег врз
успешноста на Симпозиумот дадоа повиканите предавачи од САД, Германија, Швајцарија, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија, кои во своите предавања дадоа осврт на современите методи и техники за следење, процена и санација на мостовски конструкции, објекти од високоградбата, објекти кои претставуваат културно наследство, како и преглед и можност за примена на современи материјали при рехабилитација, реконструкција и санација на градежните објекти. Во рамките на Симпозиумот, Претседателството на ДГКМ додели признанија за посебни достигнувања во областа на проектирањето и изведбата на конструкциите за 2017 и 2018 год. За изведбени конструкции за 2017 год. награден е тимот на Гранит - АД Скопје, за изведба на објект „Кров и фасади на објектот Македонска филхармонија“. Наградата е доделена на: Горан Тодороски,
Никола Стојчевски и Андреа Серафимовски. За проектирање на конструкции за 2018 год. награден е тимот од фирмата ВИРЕНДЕЛ ДОО Скопје, за основен проект за „Изложбено-продажен салон за автомобили Волво во Скопје“. Наградата е доделена на: Дамјан Денковски, Бобан Јосимовски и Димитар Лазаровски. За изведбени конструкции за 2018 год. награден е тимот од фирмата СИНТЕК Инженеринг, за изведба на „Градежносанациони работи на мост бр.1 на р. Вардар на пат Р1105, делница Давидово -Удово“. Наградата е доделена на: Елена Станкова, Бобан Христов, Цанко Панев и Татјана Манаилова-Стојановска. Свеченото отворање на Симпозиумот беше збогатено и со прогласувањето на заслужните и почесните членови на ДГКМ. Ценејќи го придонесот на поединци во афирмацијата на Друштвото, Претседателството на ДГКМ оваа година називот Заслужен член на ДГКМ му го додели на Петар Цветановски, поранешен потпретседател на ДГКМ и на Александар Белев, поранешен член на Извршниот одбор на ДГКМ. Имајќи го предвидениот придонес за поттикнување и зајакнување на меѓународната соработка и подигнувањето на меѓународниот углед на ДГКМ, Претседателството на Друштвото оваа година називот Почесен член на ДГКМ на истакнати градежни конструктори од странство, им го додели на Ѓорѓе Лаѓиновиќ, редовен професор на Факултетот за технички науки во Нови Сад и Милош Кнежевиќ, редовен професор на Градежниот факултет во Подгорица. Во рамките на Симпозиумот, покрај следење на сесиите посветени на научните и стручни достигнувања, градежните конструктори имаа можност да дебатираат на две актуелни теми за кои беа организирани тркалезни маси, и тоа: „Национални анекси за Еврокодовите и Национални стандарди - размена на искуства во регионот“ и „Новиот закон за градење“. Тркалезните маси беа организирани во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Р Северна Македонија и Институтот за стандардизација на Р Северна Македонија. Воведен збор дадоа модераторите проф. д-р Петар Цветановски и проф. д-р Мирослав Грчев. Уште еден успешен симпозиум е зад нас, но не само од аспект на презентирање на научни и стручни трудови посветени на градежното конструкторство, туку и од аспект на презентирање на достигнувањата на градежните компании од земјата и регионот кои како партнери и спонзори го поддржаа настанот и придонесоа за негова успешност. n 25 октомври 2019
ПОРТА
15
градежништво
Врска помеѓу бетони со различни карактеристики Ηикοла УЗУΗΟΒ, м-р. Градежен инженер, ΑДИΗГ ΑД Гοран ΜΑΡКΟΒСКИ, прοф. д-р, Градежен факултет , Скопје
ΒΟΒΕД Бетοнοт е екοнοмичен и дοстапен екοлοшки градежен матерjал, штο придοнесува да биде наjширοкο распрοстранет градежен материjал на светοт. Бетοнοт и армираниοт бетοн се применуваат за градење на οбjекти на сите кοнтиненти, вο секοjа климатска зοна, за изведба на инженерски и хидрοтехнички οбjекти, пοстрοениjа вο секοjа индустриjа, пοдземни кοнструкции, пристаништа, нафтени платфοрми и други кοнструкции вο и пοкраj мοрињата. Βакваиοт ширοк спектар на примена ги прави различните бетοнски и ΑБ-кοнструкции излοжени на агресии предизвикани οд физичкο-механички влиjаниjа, атмοсферски влиjаниjа, хемиска кοнтаминациjа и др. Излοженοста на бетοнските кοнструкции (οсοбенο дοкοлку истите не се правилнο прοектирани, кοректнο изведени и сοοдветнο заштитени) неизбежнο дοведува дο пοстепенο деградирање на бетοнοт, губење на функциοналнοста на οбjектοт, и ултимативнο дο нарушување на стабилнοста на кοнструкциjата. Каj ваквите οбjекти неοпхοднο е да се изврши санациjа. За успешна санациjа мοже да се смета οнаа санациjа при кοjа вο пοтпοлнοст е вратена функциοналнοста на οбjектοт и спреченο е пοнатамοшнο деградирање на кοнструкциjата. Βο мнοгу случаи ваквата цел не е вοзмοжнο да се пοстигне без да се изврши дοпοлнителнο заjакнување на кοнстукциjата – да се надοкнади делοт οд изгубената нοсивοст пοради настанатите οштетувања. Со извршените испитувања даден е 16
ПОРТА
25 октомври 2019
придонес кοн прοширување на фοндοт на практични знаења кοи мοжат да наjдат примена при прοектирање и вршење на санации. Предмет на истражување е кοнструктивната врска пοмеѓу бетοните сο различна старοст, кοjа честο наοѓа примена при санациите. За οстварување на таа цел извршена е сериjа на лабοратοриски испитувања и анализирани се пοвеќе примери на врски пοмеѓу стар и нοв бетοн, οстварени сο кοристење на различни типοви на материjали за врска, какο и различни класи на бетοн. ΜΑΤΕΡИЈΑЛИ И СИСΤΕΜИ ЗΑ КΟΗСΤΡУКΤИΒΗΑ СΑΗΑЦИЈΑ Μатериjалите и системите за кοнструктивна и некοнструктивна санациjа се дефинирани вο Εврοпскиοт стандард ΕN1504-3, и истите се применуваат каj следните принципи на санациjа: Принцип 3: Ρепарациjа на бетοнοт /concrete restoration/ Ги вклучува следните метοди: l Ρачнο нанесување малтер l Ρепрοфилирање сο бетοн l Прскање малтер или бетοн (Shotcrete) Принцип 4: Кοнструктивнο заjакнување /structural strengthening/ Ги вклучува следните метοди: l Дοдавање на бетοн или малтер Принцип 7: Сοчувување или враќање на пасивнοста /preserving or restoring passivity/ Ги вклучува следните метοди: l Згοлемување на заштитниοт слοj над арматурата сο малтер или бетοн l Замена на деградиран бетοн Сο цел наведените принципи и
метοди да се спрοведат успешнο, пοтребнο е применетите материjали за санациjа и заjакнување да бидат сο сοοдветни перфοрманси за пοстигнување на бараната цел – jакοст на притисοк, мοдул на еластичнοст, вοлуменска стабилнοст, кοмпензиранο сοбирање/експанзиjа, οтпοрнοст на карбοнизациjа, термичка кοмпатибилнοст, капиларна апсοрбциjа и вοдοнепрοпуснοст. Истο така, неοпхοднο е врската пοмеѓу пοстοечкиοт бетοн кοj се санира и нοвиοт репаратурен бетοн за санациjа и заjакнување да биде сο сοοдветни jакοсни карактеристики кοи ќе οвοзмοжат структурнο пοврзување – спрегање на двата материjала. Причина е тοа штο кοмпοзитните бетοнски елементи сοставени οд бетοнски елемент какο οснοва и кοнструктивнο врзан нοв бетοнски слοj преку неа, имат значаjнο пοвисοка нοсивοст и крутοст вο спοредба сο
двοслοен бетοнски елемент сοставен οд неврзани слοеви. Пοкраj наведената причина – οбезбедување на мοнοлитнο οднесување на двата слοjа на бетοн, сοοдветна кοнструктивна врска пοмеѓу слοевите на бетοнοт е задοлжителна сο цел да се οбезбеди кοнтрοла на пοjавата на пукнатини вο гοрниοт слοj на бетοнοт и сο тοа да се спречи прοдοр на вοда и штетни супстанции вο кοнтактната зοна пοмеѓу двата бетοна. ΒΡСКΑ ПΟΜΕЃУ БΕΤΟΗИ СΟ ΡΑЗЛИЧΗИ КΑΡΑКΤΕΡИСΤИКИ ПΡИ КΟΗСΤΡУКΤИΒΗΑ СΑΗΑЦИЈΑ Пοстигнувањетο на траjна кοнструктивна врска пοмеѓу слοевите на бетοн при санации е кοмплексна задача кοjа зависи οд пοвеќе фактοри меѓу кοи се издвοjуваат l Перфοрмансите и сοстοjбата на бетοнската пοдлοга – бетοнοт да биде сο сοοдветни jакοсни карактеристики, без сегрегации и микрοпрснатини, пοдлοгата да биде здрава и без лабилни делοви или цементнο млекο, да биде чиста, вοдοзаситена, рапава l Свοjствата на нοвиοт бетοн - нοвиοт слοj на бетοн да биде правилнο вграден, сο висοки jакοсни карактеристики, правилнο негуван вο дοлг временски периοд l Примена на средства за врска l Τипοт на οптοварување на кοнструкциjата Приуствο на цикличнο пοвтοруванο тοварење (пр. Сοοбраќаj вο рана фаза пο вградување на бетοнοт) l Излοженοста на кοнструкциjата на надвοрешни влиjаниjа вο текοт на експлοатациjата Сο цел да се утврди влиjаниетο на наведените фактοри на траjнοста на врската стар-нοв бетοн, извршивме сериjа на лабοратοриски испитувања сο примена на бетοн сο различни перфοрмаси и различни врзни средства. Испитувањата беа извршени вο лабοратοриjата на Αдинг Скοпjе, сο примена на Εврοпскиοт стандард EN 1504-4 кοj ги дефинира барањата за перфοрманси на материjалите наменети за οстварување на кοнструктивна врска.
бетοнска пοдлοга, какο и на врзнοтο средствο на врскара стар-нοв бетοн Βο првиοт дел на истражувањетο, сο примена на мет οдата EN12636 - “Pull-Off” тест, испитани се следните типοви на кοнструктивната врска на стар сο нοв бетοн: l Бетοн сο екстремнο ниска jакοст <10 MPa сο деградирана пοвршина l „Стандарден” бетοн C30/37 сο непοдгοтвена пοвршина l „Стандарден” бетοн C30/37 сο пοдгοтвена οрапавена пοвршина l Βисοкο вреден SCC бетοн сο марка пοвисοка οд >60MPa сο мазна-лиена пοвршина l „Стандарден” бетοн C25/30 сο неприпремена пοвршина l „Стандарден” бетοн C25/30 третиран на 50 циклуси мраз-сοли сο деградирана пοвршина Ηа секοjа οд наведените пοдлοги извршени се пο 3 испитувања сο упοтреба на различни врзни средства: l Εталοн - без врзнο средствο (самο бетοн – бетοн). l Сο кοристење на материjал за врска старнοв бетοн на база на цемент и пοлимери (Ρепаратур пенетрат) l Сο кοристење на материjал за врска старнοв бетοн на база на епοксидни смοли (Αдингпοкс-Η) Бетοнските тела на кοи се вршени испитувањата се сο димензии 30x30 cm, сο дебелина на бетοн οт вο први οт слοj ~7cm и за втοриοт слοj ~3cm. Οд ваквиοт двοслοен
бетοнски систем се вадат бетοнски jадра на кοи се испитува атхезиjата сο “Pull-Off” тест. Οд секοjа сериjа, испитани се пο 4 jадра (4 керна Φ50mm - Α=19,625 cm 2). Испитувањата се извршени вο Централна лабοратοриjа Αдинг – Скοпjе. Εксперименталнο испитување на влиjаниетο на врзнοтο средствο на врскара стар-нοв бетοн преку οпределување на агοлната jакοст на смοлкнување Βο втοриοт дел на истражувањетο, сο примена на метοдата EN12615 Οдредување на агοлната jакοст на смοлкнување (Determination of slant shear strength), извршенο е спοредбенο испитување на врска стар-нοв бетοн οстварена сο кοристење на различни типοви врзивο: l Без материjал за врска (самο бетοн – бетοн). l Сο кοристење на материjал за врска на база на цемент и пοлимери l Сο кοристење на материjал за врска на база на епοксидни смοли Испитувањата се извршени на бетοн сο класа C30/37, 3-фракциски, сο максимална гранулациjа Dmax=16mm. За секοе испитување израбοтени се пο три прοбни тела – призми сο димензии 100x100x400mm, кοи се третирани 28 дена вο сοгласнοст сο барањата на стандардοт EN1766. Пοтοа истите се пресечени пοд агοл οд 60° и пοвршината е измиена сο вοда и челична чека. Пред нанесување на врзнοтο средствο, бетοнската пοдлοга на кοнтактοт е заситен
EN12636 Οдредување на атхезиjата на свеж бетοн сο стврднат бетοн, “Pull-Off” тест, (Determination of adhesion concrete to concrete, Adhesively bonded dollies method) EN12615 Οдредување на агοлната jакοст на смοлкнување (Determination of slant shear strength) на врската на свеж бетοн сο стврднат бетοн. Εксперименталнο испитување на влиjаниетο на перфοрмансите на старата
Сл. 1. Пοдгοтοвка на прοбните тела и вршење на испитувањата 25 октомври 2019
ПОРТА
17
сο вοда. Ηοвиοт бетοн е οд истата класа C30/37, 3фракциски, Dmax=16mm. Бетοнοт се вградува на свежο врзнο средствο, вο рамките на „οтвοренοтο“ време за рабοта на материjалοт (врзнοтο средствο). Притοа, дοбиените резултати пοкажуваат дека каj прοбните тела е пοстигната кοнструктивна врска, οднοснο напрегањата пοтребни за да се предизвика лοм вο бетοнοт се сοοдветни на напрегањата при кοи би дοшлο дο лοм вο бетοнскиοт елемент кοга истиοт би бил изведен мοнοлитанο. Каj сите прοбни тела дел οд пοвршината пο кοjа настанува лοм минува низ структурата на бетοнοт (каj некοи οд испитаните призми лοм настанува 100 % вο бетοнοт). Испитувањата се извршени вο сοрабοтка сο Лабοратοриjата за бетοн, ГП Гранит – Скοпjе. Εксперименталнο испитување на влиjаниетο на излοженοста на старата бетοнска пοдлοга, какο и на санираниοт систем на карбοнизациjа и деjствο на мраз Какο штο беше презентиранο вο вοведнοтο пοглавjе, кοнструктивнο врзување пοмеѓу материjалите наjчестο се применува при санациjа и заjакнување на οштетени или деградирани армиранοбетοнски кοнструкции. Пοради свοjοт карактер и висοк степен на излοженοст, бетοнските кοнструкции вο сοвремените урбани средини, какο и οбjектите οд патната инфраструктура (мοстοви, тунели, виjадукти, пοтпοрни ѕидοви и сл.) се чест предмет на санации и заjакнување. Сο цел да се утврди на кοj начин ваквата сοстοjба вο кοjа се наοѓа кοнструкциjата влиjае на врската на материjалите при санациjа, какο и да се утврди влијаниетο на излοженοста на санираната кοнструкциjа вο текοт на пοнатамοшната експлοатациjа, извршени се дοпοлнителни испитувања на „сaниран” бетοн излοжен на карбοнизациjа и деjствο на мраз. Извршените испитувања мοже да се пοделат вο две групи: l Βлиjание на излοженοста на пοдлοгата на карбοнизациjа l Βлиjание на излοженοста на санираниοт систем на деjствο на карбοнизациjа и деjствο на мраз. Притοа, бοтοнοт кοj е кοристен какο пοдлοга не е сο висοки перфοрманси (истиοт е сο марка ΜБ30, 3-фракциски, Dmax=16mm, пр οизведен сο релативнο ниска кοличина на цемент <350 kg/m3 и без кοристење на адитиви), сο цел да се симулира пο18
ПОРТА
25 октомври 2019
Сл. 2 Излοженοст на на прοбните тела на забрзана карбοнизациjа и замрзнување/οдмрзнување вршење на испитувањата
непοвοлна ситуациjа кοjа честο се jавува вο пракса. Бетοнοт кοj е кοристен за изведба на втοриοт слοj е сο слични перфοрманси, (3фракциски, Dmax=16mm, с ο класа на jакст C25/30, кοличина на цемент CEM II Усjе, <350 kg/m3, прοизведен без кοристење на адитиви). Целта на кοристење на вакοв тип бетοн (сο ниска οтпοрнοст на прοдοр на вοда и агресивни материи), е да се максимизира непοвлοнοтο влиjание на излοженοста на санираниοт систем. Истο така, кοристени се различни типοви на врзни средства за пοстигнување на врката пοмеѓу бетοните, какο и каj референтни примерοци на бетοни излиени без упοтреба на врзнο средствο. Испитувањата на забрзана карбοнизациjа и излοженοст на бетοнοт и санираниοт двослοен систем на замрзнување/οдмрзнување, извршени се вο Лабοратοриjата за бетοн при Градежниοт Факултет οд Белград. ΑΗΑЛИЗΑ ΗΑ ДΟБИΕΗИΤΕ ΡΕЗУЛΤΑΤИ Сумарнο, при извршените испитувања на врската стар-нοв бетοн, сο примена на метοдата EN12636 - “Pull-Off” тест, каj различни типοви на бетοнски пοдлοги и сο примена на различни типοви на врзни средства, дοбиени се резултати дадени во табели: При испитувањетο на влиjаниетο на излοженοста на врската стар-нοв бетοн на карбοнизациjа и замрзнување/οдмрзнување, сο примена на различни типοви на врзни средства, резултати дадени во табели. ЗΑКЛУЧΟК 1. Кοга се рабοти за кοнструктивнο врзување на бетοни сο висοки jакοсни карактеристики (сο класа С30/37 или пοвисοка), дο лοм дοаѓа при дοстигнување на ултимативната jакοст на бетοнοт на затегнување (пοмеѓу 3-5 ΜΡа), οднοснο дο лοм дοаѓа вο структурата на бетοнοт и без примена на специjализирани врзни средства. 2. Βο случаите кοга бетοнската пοдлοга кοjа се санира има пοниски jакοсни карактеристики (дο 30ΜΡа), дегадирана пοвршина, хемиски кοнтаминирана или претхοднο излοжена на влиjание на мраз и/или сοли, вοοбичаенο дο лοм дοаѓа на кοнтактοт пοмеѓу бетοните или пοмеѓу врзнοтο средствο и стариοт (пοслабиοт) бетοн. Βο οвие случаи, за οстварување на пοдοбра и пοтраjна кοнструктивна врска препοрачливο е кοристење на пοлимерни врзни средства. Βο зависнοст οд jакοста на бетοнοт, дο лοм дοаѓа при напрегања οд 25 октомври 2019
ПОРТА
19
1,5-2,5 ΜΡа кοга врзнο средствο не се применува, οднοснο при напрегање 2,5-3,5 ΜΡа кοга се применува. 3. Карбοнизациjата на стариοт бетοнοт нема влиjание на врската сο нοвοвграден бетοн за санациjа. 4. Излοженοста на карбοнизациjа на системοт стар-нοв бетοн истο така нема значаjнο влиjание на οстварената врска пοмеѓу бетοните. 5. Излοженοста на системοт стар-нοв бетοн на деjствο на мраз има гοлемο (негативнο) влиjание на врската пοмеѓу бетοните. Βο тие случаи, значаjнο пοдοбри резултати се дοбиваат при кοристење на пοлимерни врзни средства, οсοбенο средства на база на епοксидни смοли. 6. Светските истражувања и искуствата οд праксата, пοкажуваат дека истοтο се οднесува„и на врска пοмеѓу елементи кοи се излοжени на циклични и динамични οптοварувања. Βрската οстварена сο кοристење на пοлимерни реактивни врзива се пοкажува какο далеку пοтраjна вο случаj на излοженοст на ваквοв тип οптоварувања. 7. Практичните искуства на санациjа на пοгοлеми бетοнски пοвршини каj реални кοнструкции (кοлοвοзни плοчи каj мοстοвите или индустриски пοдοви) укажуваат на важнοста на димензиите на бетοнскиοт елемент кοj се санира, начинοт на вградување и нега на нοвиοт бетοн. Каj ваквите кοнструкции пοдοбри резултати вο пοглед на траjнοста на врската се дοбиваат сο примена на пοлимерни врзни средства. Ηοвиοт бетοн мοра веднаш пο вградувањетο да се заштити οд директна излοженοст на сοнце и ветер, пοстοjанο да се негува сο вοда, а пοгοлемите пοвршини да се пοделат на пοлиња сο рабοтни фуги. n
Легенда: “Ε” – ΕΤΑЛΟΗ (без врзнο средствο) “П-Ц” – Пοлимер-цементнο врзнο средствο “ΕП” – Εпοксиднο врзнο средствο
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
ПОРТА
градежништво
ПОТРЕБНИ СЕ ПРАВИЛНИ ОДЛУКИ ЗА ПАТНАТА МРЕЖА
Лошото одржување е најскапа инвестиција Стратегиите за одржување на патиштата варираат од држава до држава, па дури и меѓу различните патни управи во државата. Тоа не е за изненадување затоа што не постои најдобар начин на одржување
д-р Слободан ОГЊЕНОВИЌ,доцент на Катедрата за патишта на Градежниот факултет во Скопје
К
ога се зборува за одржувањето на нашата патна мрежа треба да се дадат одговори на прашањата: 1. Дали само зголемувањето на финансиските средства за одржување (инвестициите на рехабилитација кои се во тек) ќе биде доволно за подобрување на состојбата во која се наоѓаат нашите патишта? 2. Колкави се финансиските средства кои се потребни за одржување? Одржувањето е збир од планерски, програмски, подготвителни и изведувачки
22
ПОРТА
25 октомври 2019
активности кои имаат за цел минимизирање на трошоците на корисниците и максимално зголемување на безбедноста во сообраќајот (Светска банка). 1. Планирање Планирањето вклучува анализа на патната мрежа како целина и процена на трошоците за развој и одржување за различни сценарија на расположливиот буџет. На ова ниво се вршат предвидувања за состојбата на патната мрежа за различни вредности на потребните финансиски средства заедно со предвидувања на трошоците. Во фазата на планирање, на физичко ниво патната мрежа
се карактеризира на следниот начин: Карактеристики на патната мрежа (категорија на патиштата, сообраќаен ток/оптоварување/густина, типови на коловози, состојба на коловозите) Должина на патиштата во секоја категорија Карактеристики на возниот парк на патната мрежа Резултатите од оваа фаза се најмногу од интерес на политичко ниво, односно на ниво на донесување одлуки за патната мрежа и потребниот буџет. 2. Програмирање
Програмирањето вклучува подготовка на повеќегодишни интервенции на патната мрежа, односно на делници на кои е потребен некој тип одржување, подобрување или изведување нова конструкција. Во идеален случај се изведуваат cost-benefit анализи за одредување на економската оправданост за секој сет активности. Физички патната мрежа се дели на делници со хомогена коловозна конструкција. Активноста на програмирањето како резултат ги дава трошоците на годишно ниво при дефиниран буџет за различни видови активности за секоја делница. Најчесто финансиските средства се ограничени, па клучниот аспект на програмирањето е одредување на приоритети при одржувањето за оптимизирање на расположливите финансиски средства. Овој дел пред сè е наменет за менаџерите на патните управи. 3. Подготовка Ова е фаза на планирање на кус рок, односно се изработуваат проекти, а можно е и изведување на детална cost-benefit анализа за потврдување на оправданоста на секој проект одделно. Типични активности во оваа фаза би биле: - Дефинирање на потребни активности за секоја избрана секција - Изработка на проектна документација Во оваа фаза веќе треба да бидат обезбедени финансиските средства за изведување на работите. 4. Изведување на мерките за одржување Одлуките за менаџирање на ова ниво се донесуваат за дневно или неделно ниво со вклучување на динамиката на активностите, планирање на потребната работна сила, опрема и материјали, водење градежни
дневници и користење на тие информации за контрола на изведените активности. Активностите се фокусирани на одделни потези од патот. Како дел од планирањето, во последните години Јавното претпријатие за државни патишта интензивно работи на воведување на систем за управување на патиштата на нашата патна мрежа. Во рамките на тоа се изведуваат мерења на состојбата на коловозот во однос на рамноста и носивоста. Тие активности треба да бидат предуслов за формирање на систем на управување со патната мрежа. Но, за да може во потполност да профункционира потребно е да се извршат и други активности, пред сè планерски и програмски, како што се:
- Дефинирање на репрезентативни секции на кои во текот на наредниот период од неколку години ќе се следи состојбата на појава и развој на пукнатините на новите и рехабилитираните патишта. - Дефинирање на интервалите на мерење на рамност и дефлексии (за автопатиштата и патиштата за моторен сообраќај секоја година, а на регионалните патишта на 2-5 години во зависност од сообраќајното оптоварување и улогата на патиштата во мрежата). Се разбира, овие мерења треба да се изведуваат во соодветни временски услови (пролет и есен). - Дефинирање на праговите на интервенција за одредени типови на оштетувања кои ќе
ПОРТА
23
Разгледувањето на ефектите од одржувањето започнува со анализа на општоприфатените начини на одржување. Начините на одржување се поделени во шест категории (Benett, Paterson, World Bank 2000) и тоа:
бидат третирани како меродавни (пукнатини, рамност на коловозната површина, колотрази, триење, ударни дупки). - Примена на моделот на Светската банка HDM-4 (Highway Development and Management) за предвидување на оштетувањата и деформациите кои ќе се јават во иднина и за дефинирање на приоритетите за одржување на одредени патни правци во зависност од расположливиот буџет за одржување. Со оглед на тоа што веќе постојат иницијални коефициенти на прилагодување на HDM-4 на нашите услови (климатски карактеристики, начин на градење, начин на одржување и др.) со мерењата овие коефициенти треба да се потврдат или по потреба да се коригираат. Воведување на брзи и евтини технологии за одржување (залевање на пукнатини, површински обработки, примена на рециклиран асфалт) што претпоставува темелно реформирање на постоечкиот начин на одржување. Паралелно со ова потребни се и следните истражувања: - Дефинирање на репрезентативни возила (возен парк на државата). - Дефинирање на единичните трошоци на корисниците: просечна потрошувачка на гориво за репрезентативните возила, потрошувачка на делови, чинење на работна сила по еден работен час, век на траење на возилата од возниот парк, цена на чинење на еден човечки живот кај нас.
24
ПОРТА
Само со имплементација на овие мерки, системот за управување кој сега е во фаза на формирање, ќе овозможи рационализација на финансиските средства потребни за одржување. Формирањето и имплементирањето на еден ваков целосно функционален систем за управување треба да даде одговор на прашањето колкави се финансиските потреби на годишно ниво за одржување на нашата патна мрежа во согласност со утврдените приоритети. Стратегиите за одржување на патиштата варираат од држава до држава, па дури и меѓу различните патни управи во државата. Тоа не е за изненадување затоа што не постои најдобар начин на одржување, а исто така не постои универзален сет стратегии коишто можат да се применат насекаде подеднакво. Генерално, постојат стратегии кои се поприфатливи за дадени услови, но факторите кои влијаат на процесот на селекција се различни и многу комплексни. Некои од факторите кои влијаат на аплицирање на одреден вид третмани го вклучуваат следното: - Претходно одржување - Достапни материјали - Достапност на фондови - Сообраќајно оптоварување - Класификација на патиштата и начин на користење - Влијанија на околината Можеби најважниот фактор е крајниот ефект со кој одреден третман ќе влијае на однесувањето на коловозот и секако на корисниците на краток и долг рок.
1. Рутинско одржување Рутинското одржување може да се дефинира како третирање на коловозот или на системот за одводнување кога е тоа потребно, за да се овозможи нормалната функција на патот во целина. Така, често рутинското одржување се нарекува уште и реактивно одржување. Тоа значи дека се изведува како реакција на специфични состојби и оштетувања. Рутинското одржување треба да се изведува континуирано, барем што се однесува до системот за одводнување и на коловозите кога покажуваат знаци на оштетување. 2. Превентивно одржување Спротивно на рутинското одржување, кај превентивното одржување аплицирањето на третманите се изведува пред појавата на оштетувања. Овие третмани треба да го пролонгираат животниот век на коловозот со враќање или одржување на посакуваните карактеристики со мерки кои сè уште се економични. Можеби најчестиот тип на превентивно одржување е микропресвлеката која се аплицира за да се заштити коловозот од стареење и оксидирање. Мерките за превентивно одржување се најпогодни за примена на коловози кај кои сè уште нема појава на оштетувања како значајна појава на пукнатини или дезинтеграција. Најчесто не се аплицира агрегат или се аплицира агрегат со максимална големина на зрна од 10 mm. Превентивното одржување не е ефективен начин за примена при структурни оштетувања како колотрази или пукнатини од типот крокодилска кожа. 3.Аплицирање на тенки слоеви Можат да се аплицираат и како превентивен третман, но исто така се користат за да се поврати отпорот на лизгање и возната способност на коловозната површина. Често се нарекуваат и функционални надградби затоа што треба да ја повратат и да ја зголемат способноста на патот за вршење на својата функција, но не ги зголемуваат носивите карактеристики на конструкцијата. Обично тенките слоеви се користат при појава на мали пукнатини, сосема мали ударни дупки и минимални колотрази. Поголемите колотрази можат да се третираат со исполнување или во комбинација со тенка површинска обработка. 4.Надградбa Надградбите се пресвлеки чија примарна цел е да ги зголемат носивите карактеристики на конструкцијата. Значително подобрување на носивоста се постигнува кога надградбата е
со дебелина поголема од 40 mm. Се применува со појава на структурни деформации во коловозот (колотрази, ударни дупки, пукнатини од типот крокодилска кожа) или со зголемување на сообраќајното оптоварување кое не е предвидено со проектот за коловозот. Се изведува со асфалтен слој кој се користи и за изведба на нови патишта. Најдобри резултати се постигнуваат кога постоечкиот асфалт најпрво ќе се поправи, а потоа се нанесува новопредвидениот слој од асфалт. 5. Рехабилитација Рехабилитацијата е голема модификација на коловозната конструкција. За разлика од надградбите, рехабилитациите секогаш вклучуваат интервенции на еден или на повеќе асфалтни слоеви. Вклучуваат гребење, при што се отстранува површинскиот слој, често и подлабоко од еден слој, со нов или рециклиран материјал. Рехабилитација е најефективна мерка кај коловози кај кои се појавени знаци на структурни оштетувања (пукнатини на голем процент од возната лента и колотрази) но не во толкав обем што ќе бара потполна реконструкција. 6. Реконструкција Реконструкција е отстранување и замена на
асфалтните слоеви до тампонскиот слој и/или замена и на тампонскиот слој до постелката. При делумни реконструкции некои делови на оригиналната конструкција се оставаат непроменети. Потполната реконструкција се состои од отстранување на сите вградени материјали, обработка на постелката, и градење на нова конструкција. Реконструкцијата е оправдана кога коловозот е уништен, а постелката бара зајакнување (вклучувајќи и дренирање). 7. Други третмани Постојат и други третмани кои се користат при одржувањето, но не е едноставно да се класифицираат. На пример, се користи и само гребење без аплицирање на асфалтен слој или емулзија за да се намали нивото на колотрази или да се зголеми триењето. Доколку може да се докаже дека веќе нема да се појават колотрази тогаш ваквата мерка е оправдана. Доколку повторно се очекуваат колотрази, оваа мерка е привремена. Рециклирањето често се поврзува со рехабилитацијата. Всушност, рециклирањето може да биде дел од која било стратегија за одржување, затоа што многу битумени и агрегати можат повторно да се искористат ако правилно се обработат.
Рециклирањето е ефективна стратегија доколку материјалите се во добра состојба и доколку постапката е економична. 8. Мерки за одржување кои се применуваат на патиштата во Македонија Од сите наведени мерки за одржување, на автопатиштата во Македонија најмногу се изведуваат следните работи: - Зимско одржување (чистење и по потреба користење на сол и песок) - Редовно одржување (косење трева од банкините и средната разделна лента на автопатиштата - не редовно, интервентно чистење на одрони, крпење ударни дупки, по потреба орапавување на коловозот за подобрување на триењето) - Рехабилитација, а при поголеми оштетувања реконструкција Зимското одржување и косењето трева од банкините и средната разделна лента е сезонско одржување и се врши по потреба, чистењето на одрони е интервентно одржување и повторно се изведува само по потреба. Превентивно одржување на автопатиштата во државата не се изведува. Може да се заклучи дека во овој момент на патната мрежа кај нас се применуваат најскапите мерки за одржување, што подразбира дека во голем временски период сообраќајот се одвива по оштетени коловози што резултира со големи трошоци на корисниците (најголеми и најзначајни, затоа што во крајна линија патиштата се градат заради нивните корисници). Постојат голем број технолошки постапки со кои коловозите можат да се одржуваат во добра состојба, а временскиот интервал меѓу две рехабилитации сериозно може да се продолжи. Генерално, инвестициите коишто во овој момент се реализираат на нашите патишта секако ќе дадат резултати, но за жал без соодветно одржување потоа, на кус рок. n
ПОРТА
архитектура
ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕТО ОД КРАЛСКИОТ ИНСТИТУТ НА БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ
Улицата Голдсмит „позлатена“ со Стирлинговата награда Традиционалниот урбанистички пристап на улици со куќи во низа е проткаен со исклучително современ концепт на најдобрата европска станбена архитектура
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта 3 од Лондон)
О
ваа година „Златарската улица“ (Goldsmith Street) во Норич (Norwich) на Микали Ричес (Mikhail Riches) со Кати Хоули (Cathy Hawley) ги
26
ПОРТА
25 октомври 2019
„позлати“ напорите на учесниците во проектот и им ја донесе не само престижната Стирлингова награда на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA Stirling Prize) туку и иногуралната Награда Нив Браун за домување (Neave Brown Award for Housing)
именувана во чест на еден од пионерите на социјалното домување во Велика Британија и добитник на Златниот медал на Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Gold Medal) во 2017 година, Нив Броун (Neave Brown, 1929-2018). Овој проект беше еден од шесте
селектирани реализации за престижната Стерлингова награда за архитектура на Кралскиот институт на британската архитектура. Другите пет селектирани објекти се: 1. Корк хаус (Cork House) на Матју Барнет Хауланд (Matthew Barnett Howland) со Дидо Милне (Dido Milne) и Олиер Вилтон (Oliver Wilton), мал експериментален индивидуален објект изработен од плута лоциран во рамките на градината на Заштитен објект на културно наследство од втора категорија; 2. Станицата Лондон Бриџ (London Bridge Station) во Лондон на Гримшо (Grimshaw); 3. Макалан дистилери и визитор експириенс (The Macallan Destillery and Visitor Experience) на Роџерс Стирк Харбоур и Партнерс (Rogers Stirk Harbour + Partners) во Мореј (Moray), Шкотска, дестилерија за алкохолни пијалаци со центар за посетители; 4. Невил Холт Опера (Nevill Holt Opera) во рамките на истоимениот благороднички имот на Витерфорд Ватсон Ман Архитектс (Witherford Watson Mann Architects) и 5. Вестон, Јоркшајар скалпчер парк (The Weston, Yorkshire Sculpture Park), парк на скулптури од Филден Фоулес Архитектс (Feiiden Fowles Architects). Наградената Улица Голдсмит е станбен комплекс во Норич, Источна Англија, изработен за потребите на Советот на градот Норич (Norwich City Council) со 105
економски достапни високоенергетски ефикасни станбени единици со вкупна корисна површина од 8.056 м. Комплексот се состои од 45 куќи и 60 стана реализирани во две фази според германскиот Пасив Хаус (PassivHaus) стандард. Во рамките на комплексот куќите се на две нивоа, додека становите се сместени во објекти на три нивоа при што секој стан има сопствен влез, балкон и претсобје доволно големо за да се смести велосипед или детска количка. Архитектите ја добиле работата пред околу 12 години и во изминатиот период континуирано работеле на подобрување на проектот за да се зголеми не само одржливоста на поединечните објектите туку и да се создаде високоодржлива заедница. Урбанистичкото решение се базирало на традиционалниот британски пристап преку улици со куќи во низа. Како резултат на ова седум низи на куќи биле распоредени по должината на четири улици, при што должината на низите варира од улица до улица. Според околу еден век старите урбанистички правила вообичаено растојанието помеѓу челните фасади на спротивните објекти треба да биде помеѓу 21 и 23 метри. Во овој случај преку иновативен пристап архитектите успеале да добијат урбанистичка согласност растојанието помеѓу објектите да се намали на само 14 метри. Ова било постигнато преку воведување на асиметрично поставен кров под агол од 15 степени коешто
овозможило објектите на спротивната страна на улицата да се стекнат со целосна изложеност на сончевите зраци во текот на зимата, додека металните брисолеи над прозорските отвори овозможуваат да се заштити внатрешноста на објектот од прекумерно загревање во текот на летните месеци. Дополнително за да се задоволат урбанистичките правила за меѓусебната оддалеченост на челните фасади на објектот коишто покрај инсолацијата се однесуваат и на очувување на приватноста, наложило особено внимание да биде посветено на местоположбата на прозорците на спротивните објекти за да се избегне директниот поглед од внатрешноста на еден до внатрешноста на друг објект. Ова резултирало во многу густо изграден комплекс, но којшто не создава чувство на опресивност. За Бен Дербишајар (Ben Derbyshire) претходниот претседател на Кралскиот институт на британските архитекти и претседавач на жирито за Наградата Нив Браун за домување: „Улицата Голдсмит е пример за социјално домување. Над 10 години во развој, архитектите, работејќи со Советот на градот, искажале импресивна чувствителност и исклучителна смелост во секоја етапа на процесот. Резултатот не е само високопосакувано ново соседство за Норич, туку и домови од највисок квалитет и според најегзактни еколошки стандарди. Така резултатот изгледа дека е толку 25 октомври 2019
ПОРТА
27
природно вклопен во својот контекст да изискува вештини и детерминираност коишто се контрадикторни со привидната едноставност на проектот“. Во овој комплекс традиционалниот урбанистички пристап на улици со куќи во низа е проткаен со исклучително современ концепт на најдобрата европска станбена архитектура. Фасадите на објектот се од тула во комбинација со површини изработени од тула со текстура со цел да се избалансираат фасадите на објектите во низата. Завршната кровна обработка е од глазирани брановидни ќерамиди во црна боја коишто се појавуваат и како вертикални завршници на фасадата, третото ниво на крајните трикатни објекти. Во овие трикатни објекти коишто главно се појавуваат на почетокот и крајот на низата сместени се становите, а помеѓу нив куќите. Покрај профилирањето на крововите за да се искористат придобивките на пасивната соларна архитектура, воведувањето на брисолеи над прозорците за да се заштитат внатрешните простории од прекумерното загревање во летните месеци, имплементацијата на Пасив Хаус концептот наложила примена на помали прозорци за подобро да се контролираат термичките загуби од објектот. Како компензација на потребата од помали прозорци, истите се поставени во рамките на вовлечени фасадни површини коишто ги отсликуваат пропорциите на прозорските отвори од
28
ПОРТА
џорџијанскиот и викторијанскиот период. Квалитетот на изградбата е исклучително висок, како и нивото на опременост коешто го надминува вообичаено очекуваното, базично, за социјалните станбени објекти. Секоја станбена единица има вграден систем за механичка вентилација кој вклучува изменувач на топлина и систем за дополнително загревање на воздухот којшто го обезбедува греењето во рамките на објектот. Невообичаено за социјални станбени единици во рамките на секоја вградена е инсталациона инфрастуктура која овозможува контролирано да се приклучуваат потребните надворешни инсталации без да се нарушува интегритетот на фасадната опшивка преку неконтролирано бушење на истата и перфорирање на парната брана која
придонесува за значајните воздухонепропусни карактеристики на објектот. Паркирањето на возилата периферно е поставено за улиците да имаат не само чувство на безбедност, туку и дека се под контрола на пешаците. Соодветно внимание е посветено на интеграцијата на кантите за смет, рециклирање и зеленило за секој поединечен објект коишто се лоцирани во рамките на предната градина на објектот. Тие на овој начин придонесуваат за создавање на тампон зона која ја поддржува определбата за транзиција од јавниот домен на тротоарот или пешачката патека преку преодната зона на предната градина до приватниот домен на самиот објект. Помеѓу двете централни низи на објекти задните градини на објектите пејзажно се уредени и излегуваат на меандрирачката пешачка патека помеѓу објектите на двете спротивни страни. Ваквиот пристап овозможува да се разбие предоминантно геометрискиот урбанистички пристап, како и да се создаде безбедна зона во којашто децата од соседството меѓусебно ќе можат да си играат. Примената на Пасив Хаус концептот овозможила не само значително да се намали енергетската потрошувачка на индивидуалните единици туку и овој пристап да стане достапен во рамките на домувањето наменето за најширокиот можен круг на корисници. Се проценува дека годишните трошоци за енергија за по единица ќе бидат
околу 70 % помали од просечните. За претседавачот на овогодишното жири за Стерлинговата награда Џулиа Барфилд
(Julia Brafield), „Улицата Голдсмит е современо ремек-дело. Тоа е висококвалитетна архитектура во својата
најчиста, најеколошка и социјално свесна форма. Зад одмерените фасади со боја на крем се наоѓаат беспрекорно деталирани, високоодржливи домови – неверојатно достигнување за комплекс од оваа големина. Ова е соодветно социјално домување, кое се развивало повеќе од десет години, реализирано од страна на амбициозен и промислен совет. Овие посакувани, просторни, нискоенергетски објекти треба да бидат норма за сето социјално домување.“ Она што го прави комплексот на Улицата Голдсмит исклучителен и за пример е способноста да се донесе намалената потрошувачка на енергија до најшироко можните форми на домување, а коешто било постигнато преку големото ниво на напор и грижа од архитектите на проектот. Во рамките на Велика Британија има ургента потреба од поголема амбиција и креативност за да се поттикне потребната „револуција“ во доменот на домувањето, а комплексот на Улицата Голдсмит покажува како ова може да се постигне. Оттука веројатно Стирлинговата награда за 2019 година не можела да заврши во подобри раце отколку на проектот со којшто веројатно индиректно се оддава и признание на стогодишницата на Законот за домување од 1919 година (1919 Housing Act) со кој ефективно се воспоставил концептот на социјално домување во Велика Британија. n
ПОРТА
29
архитектура
Првонаградениот труд со шифра МОДУЛ на распишаниот конкурс од страна на МСУ, Архитектонскиот факултет - Скопје и Град Скопје за архитектонско и урбанистичко уредување на Калето, обединува два начини на градоградење - модерниот и строг што ја поставува модуларната мрежа на интервенцијата, и другиот спонтан и неправилен, прилагодлив на теренот МаријаАНТИЌ-НИКОЛОВА, Ана РАФАИЛОВСКА, Лидија РИСТОВСКАи Невенка МАНЧЕВА-АЏИЕВСКА СОГЛЕДУВАЊА ЗА ЛОКАЦИЈАТА ВО КОНТЕКСТ НА ГРАДОТ Скопското возвишение Градиште, одминато од хоризонталниот раст на современото Скопје, прераснува во една значителна урбана пауза. На локалитетот, една од највисоките пејзажни точки во градот, низ историјата се развивала култура на утврдување и оваа тектонска традиција на градба резултирала со два бедемa, скопската тврдина од една страна и комплексот гробишта и амбасада, од другата. Контратежа помеѓу овие две утврдувања, со својата апстрактна и лебдечка структура, претставува објектот на Музејот на современата уметност, изграден во еден специфичен општествено-политички контекст водејќи се од начелото на солидарност и еднаквост. Доколку се апстрахира арбитрарната градба која се јавува по периферијата на ридот, територијата помеѓу наведените три точки има потенцијал од неартикулиран парк да прерасне во простор од големо значење за градот. Пределот на интервенцијата, едно 30
ПОРТА
25 октомври 2019
континуирано возвишување покрај реката Вардар, е топографски елемент на раздвојување на два урбани наративи. На двете страни на оваа издигната платформа со временска дистанца се развиваат два типа на градоградење. Чаршијата, со тенденција на формирање поситни урбани слеани вернакуларни структури градејќи го карактерот на регионални претпоставки, топографски и климатски карактеристики, и новиот модерен град, со сегментирани рационални урбани елементи наместа здружувани во урбани блокови и бедеми, со стремеж за стандардизација и асоцијација се внимателно вградени во предложеното решение. МОДУЛ ги обединува двата начини на градоградење - модерниот строг преку модуларната подлога на интервенцијата, и спонтаниот и неправилен, преку сврзните елементи прилагодени на условите на теренот. ЗА ИНТЕРВЕНЦИЈАТА НА РИДОТ ГРАДИШТЕ Гледајќи на ридот како на предел со исклучителна местоположба во градот, целејќи истиот да прерасне во еден културнорекреативен акропол и врзивно ткиво за непосредниот контекст, МОДУЛ предвидува две нови пристапни точки, кои се соодветен одговор на топографијата и урбаната
содржина на ридот и неговата околина. Интервенцијата предвидена со проектот, дело на архитектите Марија Антиќ-Николова, Ана Рафаиловска, Лидија Ристовска и Невенка Манчева-Аџиевска, го опфаќа непосредното опкружување на МСУ. На истото, ослободено од бесправно изградените објекти кои програмски и квалитативно не се вклопуваат во контекстот, се поставува замислена модуларна мрежа чии димензии произлегуваат од конструктивниот модул на објектот на музејот, односно 8.4 м/8.4 м, во рамките на која се вметнуваат урбани елементи. Мрежата се протега во двата правци - на јужната страна од МСУ, кон тврдината, и на северната страна, кон француските гробишта. На овој начин се постигнува физичко и програмско поврзување на објектот на Mузејот од една и утврдувањата од друга страна. Од состојба на исклучивост и меѓусебна некомуникација, гестот на нивното поврзување го трансформира ридот во една програмска целина. Генеративната мрежа во просторот ја добива својата појавност преку неколкуте типа на цврсти урбани елементи - бетонски клупи, игралишта и амфитеатри, кои се втиснати во теренот и кои на неговата неправилна топографија конструираат привидна регуларност. Елементите се бели и нивната
ПРВОНАГРАДЕНИОТ ТРУД НА КОНКУРСОТ ЗА УРЕДУВАЊЕ НА СКОПСКОТО КАЛЕ
Културно-рекреативен акропол
конкретна позиција и форма во мрежата ја добиваат согласно конкретните одлики на потесниот топографски предел во секој од модулите, истовремено водејќи сметка за визурите кон градот и експонираноста или затскриеноста во однос на постоечкото зеленило. Нивната појавност и материјалност треба да сугерира
археолошки наоди и на тој начин да алудира на напластените и скриени историски градителски слоеви на локалитетот Градиште. Втор тип на елементи кои се вметнуваат во мрежата се пристапните платформи и привремените изложбени павилјони. Тие, за разлика од цврстите и статични партерни елементи, се перципираат како лесни конструкции и нивниот однос кон теренот е ненаметлив и речиси лебдечки. Површината на елементите е на места перфорирана за да дозволи директен
контакт и поврзаност со постоечкото зеленило. На места теренот навлегува врз платформите со што се постигнува мека транзиција меѓу внатрешниот и надворешен простор. Како трет слој во новата конфигурација се јавува пешачката патека. Таа има за цел да ги поврзе сите елементи нанижани во мрежата преку една прошетка од едниот до другиот крај на локацијата - од едната пристапна точка на северната страна до тврдината и контактот со
25 октомври 2019
ПОРТА
31
чаршијата на југоисточната страна. За разлика од елементите кои ја следат модуларната мрежа, патеката има мека одна линија што го следи теренот и неговата топографија. Нејзината појавност е суптилна, но јасна и го води посетителот низ локацијата и сите нејзини програмски содржини. Примарната цел во однос на озеленувањето е да се облагороди локацијата, без притоа да се наруши постојниот и специфичен хабитат, ниту пак да се измени топографската линија. Токму таа е едно од најзначајните обележја кои му задаваат културолошки атрибути на овој предел. Тоа се остварува преку организација на просторот во три различни зони. Првата зона се јавува на екстремно стрмните предели кои се сериозно загрозени од ерозија. Во оваа зона се предвидува озеленување со спонтани видови на нашата флора, со густи коренови системи, во комбинација со антиерозивни мрежи. Во средишната зона се предвидува ниско грмушесто зеленило до 2 м, со цел да се избегне попречување на панорамските погледи кон центарот на градот и Водно, но и промена на гореспоменатиот хоризонт кога се набљудува ридот од центарот на градот. Во третата зона се предвидува одржување и збогатување на постојниот растителен фонд онаму каде што е неопходно, со видови кои се веќе застапени
32
ПОРТА
25 октомври 2019
на локацијатa. Потесната локација на која се лоцираат привремените градби - изложбените павилјони е одредена со цел истите да имаат блиска и непосредна врска со објектот на музејот, а истовремено да не ја нарушат неговата појавност кон градот и физички да не го загрозат во својата сувереност на врвот од ридот. Павилјоните се осмислени да бидат лесни, ненаметливи, порозни, во контакт со природата и своето опкружување. Идејата на проектот е да понуди различни амбиенти и сценарија на користење во служба на МСУ, а и на случајните минувачи. Нивната појавност е инспирирана од експресивната бетонска касетирана таваница од тремот на музејот, но кај нив таа е лесна, од тенки челични флахови, која лебди над теренот и оформува место за различни поставки и случувања. Слоевитоста на интервенцијата предвидена со проектот МОДУЛ како идеја во себе ја содржи фазноста на нејзината изведба. Секој од слоевите е истовремено и независен и поврзан со останатите слоеви. Така, оформувањето на пејзажот на Калето може да се одвива постепено, почнувајќи од најситните елементи што ќе ја наговестат мрежата, ќе најават артикулација на просторот, а понатаму истата ќе се надополнува низ времето, за крајно да се поврзе со градот, подготвена да ги прими сите нови посетители и нејзини корисници. n
ПОРТА
архитектура
Во потрага по зеленилото
Додека архитектите и дизајнерите започнуваат да ја инкорпорираат биофилијата во нивната работа, планерите и креаторите на политиките, кои всушност треба да мислат на големата слика на градот, и тоа како, заостануваат Невена ГЕОРГИЕВСКА, дипл. инж. арх.
Ч
есто размислувам како би изгледало Скопје во 2063 година. Дека родена во ’63-тата, па се прашувам, ако доживеам стотка, како би личел градот? Во моите замисли, секогаш е пустата желба за здрав град. Се прашувам дали сите силни чисти технологии ќе ја одиграат својата улога? Дали градот ќе се ослободи од автомобили и разни машини и други загадувачи? Дали ќе биде богат со дрвја, со природа? Таквиот живописен пејзаж е она за што јас, а верувам и сите ние копнееме. Изгубени во досегашниот пристап на проектирање на градови и населби во кои живееме и работиме, пристап кој придонесе за деградација на животната средина и отуѓување на човекот од природата, секојдневно сме во потрага по здрав живот. Ние, самите, непотребно го избркавме од нашите животи. Денес, бројот на луѓе кои живеат во градовите го помина бројот на луѓе што живее во руралните области. Истовремено, територијата на престојување, во просек, постојано опаѓа. Во градовите не произведуваме сопствена храна. Главно, ја купуваме на пазар и имаме малку или никаква идеја за нејзиното потекло. Нашите очи се прицврстени на дигитализирани слики на екраните. Дури и сликите од природа се далечни места и преземени од други луѓе. Но, без оглед на сѐ тоа, си мислиме - градот нè
34
ПОРТА
25 октомври 2019
одржува и ние сме среќни. Но, истото важи и за стоката во фармите. Обезбедени им се одржливи услови, но тие животни никогаш не можат да го живеат вистинскиот живот, предодреден за нивните видови низ епската милиони-годишна еволуција, која ги постави на Земјата. Тие не можат да го посетат живеалиштето во кое се родени. Не можат да шетаат слободно, да истражуваат, да научат за опасностите, да ги откријат радостите, кои ги обликувале нивните тела и мозоци. И, во помал степен да, но истото важи и за луѓето во повеќето градови низ целиот свет. Градовите, рурални групации во почетокот, постојат само околу десет илјади години и, за повеќето од тоа време, само за многу мал процент од популацијата. Со текот на времето, при нивното креирање, безгрижно ја заборавивме околината, витална за целосен развој на човечкиот разум. Доказите се јасни дека честата изложеност на природа, го подобрува менталното здравје, нуди длабоко чувство на внатрешен мир и, на разни начини, ние само почнавме да разбираме, од научна гледна точка, дека природата го подобрува квалитетот на животот. Па така, во последниве години се појавија трендови поврзани со зелена архитектура, екологија, енергетска ефикасност. Трендови на дизајн на урбани пејзажи и објекти за внесување на природата во срцата на градовите. Трендови кои покажуваат, дека дури и мали промени на тоа поле имаат ефект во развојот на здравјето и економијата.
ПРИДОБИВКИ ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ОБЈЕКТИТЕ Еден таков тренд ми го привлече вниманието: биофилна архитектура. Википедија вели: „Биофилниот дизајн е концепт што се користи во градежната индустрија за да се зголеми поврзаноста на корисниците на објектите со природната средина, преку употреба на директна природа, индиректна природа при креирањето на услови во самиот простор, место. Користена во еден објект или во градски размери, се докажува дека оваа идеја има здравствени, еколошки и економски придобивки за корисниците на објектите и урбаните средини, со мали недостатоци.“ (слободен превод) Биофилен град е град обилен со природа, град кој секојдневно бара можности за подобрување, обновување и креативно вметнување на природата. Тој е град на отворено, физички активен град, во кој жителите поминуваат време уживајќи во биолошката магија околу нив. Во биофилните градови, жителите се грижат за природата и работат во тоа име, на локално и на глобално ниво. Денес, кога се соочуваме со еколошките и социјалните предизвици на современиот човек со константно одвојување од природата, се јавува потреба од проектирање на градови, населби, квартови, објекти, кои ќе ни овозможат поврзување со природата. Биофилниот дизајн,
БИОФИЛНА АРХИТЕКТУРА неговиот концепт, се чини, е од суштинско значење за новите планери, проектанти, дизајнери, кои ќе се занимаваат со креирање на нови урбани политики, редизајн на наследените урбани целини и креирање на нови животни простори, кои нема да ја исклучат природата, како важен фактор за креирање на хуман животен простор. Тоа е концепт кој овозможува решенија за креирање на поздрав и попродуктивен животен и работен простор. Тоа е концепт кој има за цел потреба од поврзување со природата во современо изградената урбана околина. Тоа е концепт кој е фокусиран на аспектите на природниот свет и нивната примена. Целта е подобрување на човековото здравје, физичкото и менталното. Друга карактеристика е обрнувањето на внимание на контекстот на просторот во кој тој настанува, ставање акцент на креирање на изградена околина која ќе емитира позитивно влијание на здравјето на луѓето, кои ќе живеат во таа нова животна околина. Трета специфичност е акцентот на ангажираноста за повторен контакт со природата, суптилна тенденција човекот да се врати кон себе во контакт со природата. Биофилниот дизајн е всушност инсистирање на константна интеракција на човекот со природата, а не спектакуларни, преодни и повремени искуства. Но, биофилниот дизајн не е во опсегот на размислување на урбанистите и планерите. Биофилниот дизајн е всушност инсистирање да се смени тоа размислување и да се постават цврсти рамки за грижа за природата во урбаните области во секојдневната агенда на овие дисциплини. Додека архитектите и дизајнерите започнуваат да ја инкорпорираат биофилијата во нивната работа, планерите и креаторите на политиките, кои всушност треба да мислат на големата слика на градот, и тоа како, заостануваат. Оваа тема отвора сериозни прашања за тоа што е градот или што може да биде, и што всушност претставува одржливо место за живот. Верувам дека треба да се артикулира теорија и пракса на планирање на градот која подразбира внесување на урбана природа. Урбана природа, не како далечно и недопрено место, дефинирано со тоа колку малку луѓе го користеле или влијаеле на истото, туку е тука, во близина, и е измоделирано во неговата еластичност и истрајност во соочувањето со урбаните притисоци. Во урбана епоха, повеќе од кога и да е, ни треба креативно урбанистичко дизајнирање и планирање, кое ја прави природата централен дел, а не истата да се вметнува отпосле. ПРИРОДАТА ВО НАШИТЕ ЖИВОТИ Е ЕСЕНЦИЈАЛНА Некако, во овие чудни времиња, ние всушност треба да ги браниме и рационализираме нашите потреби за контакт со природата, иако
У
таа конекција постоела во поголемиот дел од човечката историја и повеќе од евидентно е дека нѐ направила тоа што сме. Некако, сме си замислиле дека едноставно, сме ја надраснале таа потреба. Биофилијата сугерира дека постои еволутивна и биолошка потреба за контакт со
природата, дури и денес, кога станавме многу „паметни“ да веруваме дека може да живееме и без тоа. Природата во нашите животи не е по избор, туку е есенцијална. Ни треба. За нашето емоционално здравје и благосостојба. Ни треба за планетарното здравје исто така. Природата 25 октомври 2019
ПОРТА
35
не е работа или место што периодично го посетуваме, туку состојба која нè опкружува, идеално сеприсутен контекст што воодушевува, опушта, смирува, надополнува, инспирира и нè воздигнува во нашиот секојдневен градски живот. Таа е околу нас, и ние живееме во неа. За среќа, инвестициите во зелените градови се добри инвестиции на повеќе нивоа и постојат ефективни начини и докази со кои градовите можат да се подобрат, квалитетот на животот на жителите да се зајакне, а еколошките траги да се намалат. Премногу често зелената урбана агенда заборава на „зелената“, фокусирајќи се на енергетската ефикасност и управувањето со ресурси (достојни и важни субјекти), за на пример, да се занемарат вредностите на самата
ПОРТА
природа за нашиот живот, нашето здравје и благосостојба. „Дивината“ на градовите, урбаната природа, е повеќе од обичен простор. Тоа не е само формиран јавен парк или зелени површини во градот туку многу повеќе: дрвјата на улиците, дворовите, кровните тераси, хидролошките карактери и сл., од кои многу се исечени, скриени, преправени, адаптирани. Размислувањето за присуството на природата на повеќето простори и формати кои продираат во еден типичен град, нуди целосен приказ на урбаната биолошка разновидност и дивина. Градот е навистина диво место, исполнето со живот и чудесна еластичност и прилагодливост на овој живот.
Биофилен град е сè уште, помалку дефинитивен список или збир на принципи и опишани категории, со цел да се идентификуваат барем некои од потенцијалните градежни блокови на биофилниот град. Малку е веројатно дека ќе се појави единствен кохерентен вид за биофилен град. Наместо тоа, можеби ќе има многу различни видови на биофилни градови, многу различни изрази на урбана биофилија. И веројатно, ќе бидат изразени со различни комбинации и услови некаде напишани. Сепак, наједноставно, биофилен град е град што има за цел да негува блискост со природата - го штити и негува она што го има (разбира дека изобилството од природа е важно), активно ја обновува и ја негува природата што постои, притоа пронаоѓајќи нови и креативни начини за вметнување и инјектирање на природата во улиците, зградите и сите други животни средини. И, биофилниот град е град на отворено, град што бара одењето, шетањето и дневната изложеност на надворешните елементи и време, да бидат приоритет. Но, биофилниот град не се однесува само на физичките состојби или природното опкружување и не станува збор само за зелена боја во дизајнот и еколошките интервенции тоа е град кој го поттикнува духот и чувството за биофилија, за приоритетите за финансирање во градот и важноста од поддршката за разни програми, кои ќе ги поттикнат урбанистите да дознаат повеќе за природата околу нив. Биофилниот град може да се мери и процени повеќе со тоа колку се љубопитни неговите граѓани за природата околу нив, со степенот до кој тие секојдневно се занимаваат со активности за уживање и грижа за природата отколку со физички квалитети или услови или, на пример, број или метри квадратни паркови и зелени места по жител во градот. Не ни недостасуваат алатки и стратегии за враќање на природата во градот и има многубројни привлечни приказни и примери на градови кои успешно го направиле ова. Во некои случаи станува збор за потрага по можности за овозможување на рестабилизација на природата, а во други градови постои потреба од поагресивни урбани интервенции. Можностите се многу и големи и мали: целосни сливни подрачја и речни системи што десектираат поголеми урбани области, но и многу навидум скромни проекти за озеленување на околината, кои кумулативно можат да додадат значителна количина урбана природа. Веќе градиме нови работи во нашите градови болници, паркови, станбени згради, училишта и сл. Па зошто да не ги направиме позелени? Зошто да не се интегрира биофилното размислување, биофилните мерки, во срцето на нивниот дизајн?
ПОТРЕБНО Е ВКЛУЧУВАЊЕ НА НОВА ПРИРОДА Решавањето на поголемите проблеми со одржливоста, честопати обезбедува простор (фигуративно и буквално) за вклучување на нова природа. Ако можеме да го намалиме влијанието на автомобилите и зависноста од автомобили, на пример, ќе имаме повеќе простор за дрвја, цвеќиња и урбан животински свет. Стратегии за урбано зеленило и за зајакнување на урбаната екологија, без разлика дали преку зелен покрив или тротоар со зеленило, исто така, ќе служат за намалување на урбаната топлина, подобро зачувување на водата, управување со истекувањето и поплавувањето со атмосферска вода. Многу од урбаните стратегии за зеленило и проекти за озеленување на околината, исто така, помагаат да се промовира социјалниот контакт, да се изгради чувството за заедница и да ги негува пријателствата. Овие форми на социјален капитал придонесуваат многу за возврат. Заштитата и обновувањето на повеќето елементи на урбаната зелена инфраструктура, ќе помогнат во адаптација на тешки временски непогоди. Урбаната популација претставува огромна потенцијална сила во зачувување на природата, и во огромниот базен на труд и волонтерство, истата може да се искористи во име на природата и секогаш тоа треба да го имаме тоа на ум. Повикот за биофилен град и биофилни урбани блиски граници не се теоретски поим, туку практична реалност во многу места. И, како што покажуваат примерите од многу градови и нивната околина – многу е можно да се искомбинира урбаното живеење со живот блиску до природа. Градовите веќе имаат многу повеќе природа отколку што обично признаваме, а сега има низа алатки за креативно планирање и дизајнирање, техники и концепти што можат да се применат за да бидат зелени градските населби. Одржливата иднина секако ќе бара урбана иднина, но тоа не значи (всушност, не може да значи) дека е оваа иднина е онаа исклучена и одвоена од природата и природните системи. Постојат многу пречки за постигнување биофилни градови и населби, и многу одвлекувања во современиот живот кои нè влечат далеку од природата. Таквите технолошки одвлекувања како телевизија, компјутери и iPhone-и, честопати се сметаат како значајни постојани фактори во нашето растечко исклучување со природниот свет. Но, дали оваа технологија може да помогне и да нè поврзе? А нови технологии сѐ уште доаѓаат. Сите тие треба да ги искористиме за нас, за да си го подобриме нашиот однос со природата, зашто како што знаеме, конекцијата со природата ја развило човечката цивилизација. Голем дел од нашите задачи во иднина,
секако за оние во градското планирање и урбаниот дизајн, ќе бидат понуди за алтернативна визија за градовите и урбаните населби. Треба да правиме повеќе отколку само да ги избегнуваме сите лоши работи што сме ги направиле досега. Мора да создадеме контекст за напредок, за развој, за значајна размена со светото околу нас, и луѓето околу нас. И за тоа, треба да ја вратиме смислата на односот со природниот свет, кој отсекогаш бил лулка на нашата креативност. Оваа визија е со густи, одржливи градови во кои се оди пешки и места
кои се полни со природа и се длабоко реставративни, магични и чудесни. Како и авторот на книгата „Биофилни градови“, Тимоти Битли, и јас овој текст го посветувам на „следните урбани генерации, кои ќе се грижат за природата околу нив.“ n Во реализацијата на текстот се користени извадоци од книгата „Во сенка на одржливоста, биофилна архитектура“ на авторката Наташа Комљеновиќ, архитект и стручњак за биофилен дизајн од Нови Сад, Byophilic Cities – Integrating Nature into Urban Design and Planning од Timothy Beatley 25 октомври 2019
ПОРТА
37
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺ ȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ ɂɇɈȼȺɌ ɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺ ȺɇȾȺɊȾɂ
Te el: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hid droplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska ПОРТА bb 1480 Gevgelija MACEDONIA
ПОРТА
урбанизам
Грешките направени во минатото никаде не се одразуваат толку како во уредувањето на градовите Јосиф Михаиловиќ (1887-1941), архитект кој во 1929 година е назначен за претседател на Скопската Општина (градоначалник) и со мал прекин останал на оваа функција до крајот на својот живот. За време на својот речиси десетгодишен мандат целата своја енергија и активност ја насочил на изградбата на Скопје и неговото уредување. Тој е човекот кој успеал на една паланка да ѝ даде контури на градски лик и да ги постави темелите за ширење на градот. Или како што самиот наведува „неопходно е да се разбере дека добар план за градот има моќно влијание на моралното и духовното развивање на народот кој живее во него и дека е основа за една здрава и среќна заедница“. По повод изложбата која на 15 ноември ќе се одржи во Музејот на град Скопје во негова чест, но и со цел да се потенцира колку е важно градскиот татко да ја разбира суштинската потреба на градот и неговите жители Порта 3 ви го пренесува неговото предавање кое го одржал на XIII конгрес на Здружението на југословенски инженери и архитекти во Скопје на 22 мај 1932 година.
П
ВАЖНОСТА НА НАУКАТА ЗА УРЕДУВАЊЕ НА ГРАДОВИТЕ (ЗА УРБАНИЗМОТ)
орастот на населението во нашите градови се забележува кај сите градови од кои забележително отскокнува Белград со пораст од скоро 400 % во последните две децении, Загреб со 300 % и Скопје со 100 % во последните десет години. ВАЖНОСТА НА УРБАНИЗМОТ При оваа појава прашањето за уредување на нашите градови се поставува со сета своја сериозност, бидејќи од неизмерно значење е како тие ќе бидат уредени, како би можеле да го примат пристигнатиот број на население и да ги задоволат сите потреби за удобен живот. Покрај тоа, станува збор и за материјални трошоци кои се сметаат во милијарди. Оттука многу е важно како ќе бидат вложени средствата кои треба да придонесат за здравјето и удобноста на корисниците, бидејќи грешките направени во минатото никаде не се одразуваат толку како во уредувањето на градовите. Со правилно решавање на прашањата од сегашноста, на идните генерации ќе им се заштедат безброј непотребни издатоци, кои неминовно ќе мора да се 40
ПОРТА
25 октомври 2019
Грб на градот Скопје
направат, доколку се пропушти можноста уредувањето на еден град да се насочи на правилен пат. Оттука важноста на урбанизмот и потребата за истиот да се зборува. Дотолку повеќе, што оваа гранка за нас е нова, исто онака како што беше нова и појавата на бетонот пред дваесет
години. И како што сега, по неполн четврт век дочекавме бетонот да биде главен во конструкциите, исто така еден од придонесите во овој век, секако ќе биде уредувањето на нашите градови. ГРАДОВИ ВО ЗЕЛЕНИЛО Овој културен придонес веќе е даден со создавање на населба позната под името „град во зеленило“. Идејата за оваа нова населба прв ја дал Англичанецот Ебенизер Хауард со публикација на својата книга „Утре“ во 1898 година, чиј наслов во второто издание од 1902 година е променет во „Градови во зеленило на иднината“. Основните идеи на Хауард се: а) „Град во зеленило“ е град намерно подигнат за индустријата и за здрав живот б) неговата големина е определена помеѓу 50 до 70 илјади жители, но не поголем за да може да се овозможи развивање на социјален живот в) новиот град мора да биде опкружен со агрикултурен појас за земјоделски цели во кој не смеат да се градат објекти г) целиот градски атар е колективна сопственост и служи за корист на заедницата
XIII КОНГРЕС НА ЗДРУЖЕНИЕТО НА ЈУГОСЛОВЕНСКИ ИНЖЕНЕРИ И АРХИТЕКТИ ВО СКОПЈЕ - 22.5.1932 Г.
Центар на градот. Денес ул. „Максим Горки“ Една од „атракциите“ која привлекува селско население во градовите е потребата од работна сила во индустријата. Само што во овој случај Хауард проблемот го поставил обратно: место работната сила да ја брка индустријата во нездрави животни околности за градовите, ајде да ја пренесеме индустријата на село во зеленило и свеж воздух, каде ќе може селското население веднаш да се вработи, не губејќи часови по возови за да стигне во градот. Наместо новиот град да расте во недоглед да го ограничиме во големина, бидејќи на овој начин населението подобро ќе се запознае и меѓусебно ќе развие еден општествен живот кој ќе придонесе максимално да се развијат градските особености. Агрикултурниот појас околу градовите потребен е како бели дробови на градот. Покрај тоа се пружа можност еден дел од населението да се занимава со земјоделие. И на крај еден од најголемите проблеми кои се создаваат во градовите е шпекулацијата со земјиштето. За да се избегне ова, кај градовите во зеленило целото земјиште е колективна сопственост и припаѓа на заедницата. Секој жител закупува имот за извесен број години и плаќа даноци и кирии на одбор кој се грижи од овие приходи да исплати интерес и отплата на позајмените пари за откуп на земјиштето за основање на нов град, а останатиот вишок на приход го употреби за градење установи неопходни за заедницата. Основањето на вакви градови е олеснето бидејќи сè се работи од почеток по веќе утврден план, кој го третира градот како еден организам и една целина, која хармонично ќе се развива. Вакви градови веќе има во Англија:
Лечворт и Велин во непосредна близина на Лондон. Нивниот живот и развој покажуваат дека идеите на Хауард се здрави и дека тој со својата идеја „град во зеленило“ успеал да ги врзе сите убави карактеристики на селото со убавите особини на градот. БАРАЊА ЗА ДОБАР ПЛАН ЗА ГРАДОТ Но ако било тешко да се спроведат неговите идеи за уредување на градови кои веќе постојат, сфаќањата дека градскиот план е една целина, а градот неделив организам, многу придонеле уредувањата на постоечките градови да се постават на поздрави основи. Се напушта старата идеја дека уредувањето на постоечките градови значи продолжување улица на улица и зголемување на хаосот кој постои кај сите постари градови чие растење
било препуштено на случајот. Почнува да преовладува мислењето дека модерниот план има цел да овозможи здравје, удобност и разонода на сите граѓани и да ја ублажи онаа разлика која постои во нивната имотна состојба. Почнува да се сфаќа дека добар план за градот има моќно влијание на моралното и духовното развивање на народот кој живее во него и дека е основа за една здрава и среќна заедница. Само кратко ќе ги резимирам главните барања за модерен план: 1. Правилно решение на главните сообраќајници. При сè поголем пораст на сообраќајот ова е едно од главните прашања и во економијата на времето игра голема улога. 2. Поделба на градот на квартови според разни
Ул. „Илинденска“
ПОРТА
Објект на Црвен крст, архитект Јосиф Михаиловиќ (1930 г.)
Регулационен план на Скопје
42
ПОРТА
намени (трговија, индустрија, домување, спорт и забава, паркови). 3. Групирање на јавни згради со слична намена и создавање центар: за администрација, за трговско-финансиска дејност, за просвета, за театри и кина, за игралишта и др. 4. Овозможување што повеќе слободен простор за паркови, спојување на овие паркови меѓу себе со широки улици засадени со дрвја и зеленило и нивно спојување со слични авении со центарот на градот. 5. Да се резервираат локации за работнички станови и за идно проширување на градот и да се задржат места за јавни згради. 6. Реновирање на постоечките руинирани куќи. 7. Разубавување на самиот град и неговата околина. Непознавање на оваа гранка кај нас Бидејќи кај нас модерното сфаќање за уредување на градовите е недоволно познато, во ситуација на нагло развивање на нашите градови направени се грешки за кои ќе бидат потребни големи жртви за да се поправат. Соочени со вакви пропуштени прилики ја чувствуваме важноста на урбанизмот и потребата од добар регулационен план. Но во нашата индолентност спремни сме веднаш да приговориме дека планот чини скапо. Оваа заблуда доаѓа оттаму што сите мислат дека регулационен план се подготвува веднаш и во тој случај, навистина би бил скап. Но тој ист план веќе по пет години не е толку скап колку што е корисен, а по 50 години тој е од толку голема корист, што многу општини жалат што не го усвоиле и на истиот се придржувале. Од ова кратко излагање може да се воочи дека ова е опширна и разновидна тема и за неа може да се зборува долго. Јас би бил задоволен доколку ве заинтересираат моите зборови и ве испровоцираат да размислувате за овој проблем. За да не зборувам понатаму, јас ќе завршам со набројување на она кое сметам дека може кај нас да се направи и да се поттикне ова прашање и насочи на прав пат. Практични предлози 1. На нашите универзитети пренасочување на наставата за уредување на градовите. Начинот на кој сега се предава е недоволен и нецелосен. Треба да се прошири со формирање на оддел за уредување на градовите, кој ќе ги опфаќа сите гранки и предмети поврзани со уредувањето на градови. 2. На универзитетите формирање на курсеви за инженери и архитекти кои ги завршиле своите студии, но немале можност да се запознаат со оваа важна гранка, а сакаат тоа да го направат. На овој начин би се создал кадар за брзо спроведување на урбанистичките идеи. 3. Формирање институт за урбанизам. 4. И покрај штедењето кое се воведува во
државниот живот на сите полиња, нашата влада треба да испрати одреден број питомци или веќе завршени инженери и архитекти во странство да ја студираат оваа проблематика. 5. Треба да се ревидираат постоечките, а одобрени регулациони планови на поедини постоечки населби, било преку Одделот за изградба при Министерството за градежништво, било преку слични оддели кои би се востановиле. Особено кај одобрените планови да се дополни идното развивање на предградијата по системот градови во зеленило. 6. Во сите градови да се формираат друштва за разубавување на градот, со таа разлика од постоечките, кои ќе се грижат за развитокот на градот како целина. Тоа не треба да бидат друштва за уредување на одредени делови, бидејќи на тој начин се создава нездрава конкуренција, туку друштва за уредување и разубавување на целиот град. Нивната поделба би била по секции за поединечни прашања, на пример: секција за јавни згради, за споменици, за паркови, секција за детски игралишта, за работнички станови итн., но никако секција за само одреден дел од градот. Ако спроведеме во дело само еден дел од наведените принципи и сметаме дека за уредувањето на градот треба да внесеме иста естетска смисла која ја внесуваме во внатрешното уредување на една куќа, нашиот живот во градовите ќе биде пријатен како што е пријатен животот во удобна куќа. На тој начин ќе го постигнеме идеалот кој го поставил Платон во својата Република „градот кој го опишавме да се изгради на најбрз и најлесен начин и да биде не само убав сам по себе, туку и најголем благодет за населението поради кое и го градиме“. n
Стара железничка станица. Архитект Велимир Гавриловиќ (1931-1940 г.) Завод за социјално осигурување на работниците. Архитект Драго Идлер (1934 г.)
Собрание. Архитект Виктор Ј. Худак (1938 г.)
ПОРТА
сообраќај
Cкопје, Исак Њутон и јавниот транспорт
Низ призма на урбаното планирање, планерите на Скопје се длабоко заглавени во идеологијата на ортодоксниот урбанизам од минатиот век и предлагаат застарени решенија кои го осудуваат градот на неуспех 44
ПОРТА
25 октомври 2019
Никола ЃОРЃИЕВСКИ, дипл. инж. арх. и дипл. пејз. aрх.
К
ако во природните и математичките науки така и во урбанизмот постојат низи на тенденции и правила кои се од егзактен карактер. Урбанизмот, како научно поле, има повеќебројни и повеќеслојни задачи кои се обидува да ги реши, а една од нив е проблемот на сообраќајот. Во втората половина на 20-тиот век, архитектот-урбанист бил фасциниран од брзината на моторните возила, а со тоа и од новата динамика на метрополата и затоа урбанистичкото планирање сè повеќе се сведувало на задоволување на потребите на автомобилите. Размерот на градот исто така се сменил откога автомобилот влегол во равенката на проектирање градови, а со тоа голем број на
планери верувале дека ако го решат проблемот со автомобилите ќе го решат и проблемот со градот. Едноставните потреби на возилата се прости и лесно разбирливи за разлика од комплексните потреби на градот, но како може да знаеме што сакаме од сообраќајот пред да разбереме како работи градот и што сè друго треба да овозможи со своите улици. ЊУТНОВ ЗАКОН НА УЛИЦИТЕ Административната логика на решавање на градовите и планирањето на улиците само за автомобилите предизвика масивни штети врз екологијата на градот, животната средина и ја претвори метрополата во небезбедна и нехумана збирка од брутални булевари, смог и бетонски пејзажи. Во услови адаптирани на потребите и комоцијата на автомобилите, логично е бројот на корисници на возила
ГРАДОТ ИЗОЛИРАНО СЕ ДВИЖИ ПО НЕКОЛКУ ОСКИ
1959, насловна од брошурата на новопредложениот експресен булевар за Менхетн, гледајќи од исток кон запад, визија на Робет Мосес, „големиот градител“ на Њујорк. бесконечно да расте бидејќи човекот како пешак е сè помалку посакуван и добредојден на улицата. Оваа тенденција изврши низа планерски функции во урбаната димензија кои го заменија зелениот простор со паркингпростор, уличниот дрворед со дополнителна лента за возила итн. Како Њутновиот закон за општата гравитација кој вели дека „меѓу секои две тела (материјални точки) дејствува привлечна, гравитациска сила....“ така, во сферата на урбанизамот, проширувањето на постоечки улиците и отстранувањето на парковите и јавни површини за потребите на автомобилите дејствува како привлечна, гравитациска сила на сè поголем број на возила и возачи, ставајќи го конфликтот помеѓу хуманиот град и автомобилот во состојба на perpetuum mobile. Во Западна Европа, Скандинавија и САД, голем број на метрополи го сфатиле овој феномен како постојан и развиле урбанистички методологии за решавање на транспортот имајќи го предвид „Њутновиот закон“ за урбанизација. За да се намали полето кое ги привлекува возилата, градските планери почнуваат да го конвертираат просторот наменет за автомобили; реверзибилен процес на изгубениот човекомерен простор. Адекватно и паралелно со намалувањето на просторот за возила се зголемуваат површините наменети за јавен и алтернативен транспорт. Ова е равенка во која мора да се воспостави пропорционален сооднос бидејќи ако градот е веќе адаптиран на доминантно индивидуален колски сообраќај, нагла дисекција ќе го стави во состојба на колапс.
ПОВРЗУВАЊЕТО СЕВЕР-ЈУГ Е НЕПОСТОЕЧКО Имајќи го ова предвид, како кус вовед во проблематика, овој текст го истражува и анализира случајот на сообраќајниот „енвиромент“ во Скопје. Низ призма на урбаното планирање, планерите на Скопје се длабоко заглавени во идеологијата на ортодоксниот урбанизам од минатиот век, и предлагаат застарени решенија кои го осудуваат градот на неуспех. Скопје како геоморфолошка композиција има аспекти кои овозможуваат многу погодни околности за брз
и ефикасен јавен транспорт, но и свои рестрикции поради позицијата во Скопската Котлина и планината Водно. Примарно, голем процент од градот Скопје се наоѓа на рамна површина, а тоа овозможува лесна изградба и изведба на оски за движење. Второ, градот Скопје, на макрониво, се развива линиски и како линеарен град дополнително ја акцентира рамната површина на која се наоѓа. Микроурбанизмот поврзан со јавниот транспорт сепак доживува свој пораз. Јавниот транспорт што го опслужува градот Скопје не е ефективен бидејќи е доминантно линиски (исток-запад) без притоа да има флуктуација помеѓу овие оски. Компаративно, она што се случува во Скопје е како крвта во човековото тело да тече само низ главните артерии, а вените и капиларите да се оставени задушени. Градот изолирано се движи по неколку оски без притоа истите да се меѓусебно поврзани, и затоа врските (север-југ) се скоро непостоечки. Главните изолирани оски се линии кои се движат по булеварите Илинден, Партизански одреди и Теодосиј Гологанов кои на исток се приклучуваат кон булеварите Јане Сандански, 3-та Македонска бригада и Борис Трајковски, а на запад кон булевар Ѓорче Петров. Автобусите кои поминуваат по овие улици најчесто никогаш не ги опслужуваат корисниците кои не се во непосредна близина, ниту пак се стратешки поставени да се преклопуваат со постојки кои ќе овозможат ефективна трансакција и промена на линија. Едноставно, ако ви треба линија која се движи по булевар Илинден, а вие се наоѓате на Теодосиј Гологанов немате друг избор освен да одите пешки. Пример, од булевар Теодосиј Гологанов не може на ниеден начин да се стигне до градскиот парк, а растојанието од два километри не е привлечно за пешачење кога
После години потрошени за проширување на „405 - freeway “ во Лос Анџелес, времето за патување а за нијанса поспоро од претходно. (Kevork Djansezian/Getty Images) ПОРТА
45
Мапа на јавен транспорт на Град Скопје каде е видена изолираноста на главните оски (исток-запад) треба негде брзо да се стигне. Корисник од булевар Илинден нема како ефикасно да дојде до Клинички центар. Истиот треба да отпатува во спротивен правец од Клиничкиот центар, до постојката „Рекорд“ каде треба да промени правец и е во можност да фати само еден автобус кон Клинички центар „број 3“ кој во просек се појавува на секои 25 минути, некогаш и поретко. Вкупното време на патување на овој корисник би било околу 50 минути за физичка дистанца од три километри, по цена од два билета, намалена комоција поради лошата состојба на автобусите и можна изложеност на преголема топлина, загаден воздух, пороен дожд и поплава додека ја менува автобуската линија. Корисник од булевар Јане Сандански нема како ефикасно да стигне до Арена „Борис Трајковски“ итн. Затоа патниците во многубројни случаи ќе се ослонат на таксивозило или личен автомобил бидејќи по истата инфраструктура може да стигне за двојно пократко време. Меѓутоа така, таквиот патник станува дел од проблемите во градот поврзани со неподнослив сообраќаен метеж, загаден воздух, намалено зеленило и јавен простор, итн. Практично, оските север-југ не се никако активирани, па така корисниците треба да пешачат 0.5 до два километра за да дојдат до потребната оска, исток-запад, да фатат автобус, и потоа повторно да пешачат уште некоја одредена дистанца. Јавниот транспорт секако не може да биде такси во градот, но клучните точки кои го суштествуваат Скопје се исклучително лошо поврзани. Како што 46
ПОРТА
25 октомври 2019
надворешните услови стануваат сè полоши за пешакот така и ќе се зголемува потребата за индивидуален колски сообраќај. Ваквата конфигурација нè обесхрабрува да го користиме јавниот транспорт бидејќи на многу дестинации не може да дојдеме со истиот. Улици како Никола Парапунов, ЉубљанскаМосковска, 8-ми Септември, Рузвелтова, Климент Охридски, Даме Груев, Никола Карев, Фрањо Клуз, Коста Новаковиќ – Васко Карангелевски, околу кои гравитира огромен број на население, немаат автобуски постојки. Овие улици се „вените и капиларите“ во градот. Сите овие потенцијални корисници се лимитирани на изолираните оски исток-запад, а поради оваа лоша поврзаност, се ослонуваат на индивидуален превоз – автомобил. Автобусите кои се движат по оските истокзапад, треба шематски да кружат по горенаведените улици, север-југ, како би можеле да соберат дел од корисниците кои треба да се престројат од една главна оска на друга, притоа да не мораат да пешачат дистанци кои се неатрактивни поради нивната оддалеченост. Сите овие улици се во должина од два до 2.5 километри, а според некои нормативи тоа се од три до пет автобуски постојки. Пример, автобусот број 5 во една рута може директно да вози од населба Ѓорче Петров до Ново Лисиче преку булевар Партизански одреди, но може да се вклучи линија како 5.1 која ќе направи круг околу булевар Илинденска преку улицата ЉубљанксаМосковска, и на улица Рузвелтова ќе се
престрои повторно на булевар Теодосиј Гологанов за да го продолжи патот накај населба Ново Лисиче, а притоа исто ќе направи круг во населба Аеродром по некоја од оските како Никола Карев и Коста Новаковиќ и ќе се престрои назад на булевар Јане Сандански. Линијата „15“ може да има опција „15.1“ која ќе ја опслужи другата страна на градот како на пример осцилација од булевар Илинден по 8-ми Септември кон југ до булевар Теодосиј Гологанов каде потоа повторно преку булевар Климент Охридски ќе се престрои на булевар Илинден и ќе продолжи понатаму. Меѓутоа, битно е дека и останатите автобуси ќе можат да ги пренесуваат корисниците по оски север-југ до една од доминантните оски на исток-запад, и така корисникот во скоро секое време ќе може да се престрои од една на друга доминантна оска и да го фати автобусот кој му одговара. Кога автобусите ќе имаат ваква циркуларна комоција низ градското ткиво, и кога граѓанинот ќе се научи лесно да се престројува, тогаш брзите линии по доминантните оски ќе можат да се заменат со адекватен електричен трамвај, а автобусите ќе продолжат да ја зајакнуваат циркулаторната моќ на градските четврти. Автобусот може многу лесно да стане подобар избор од таксивозило, а уште подобра замена на индивидуалниот автомобил. Овој текст нема за цел да предложи конструирано техничко решение туку да посочи кон неискористениот потенцијал на постоечката инфраструктура во форма на емпириска анализа. n
ПОРТА
eнтериер
Трендовски амбиент со
Постоечкиот стан е адаптиран во деловен простор кој ќе одговара на потребите на компанијата Тим на БИРО ПРОЕКТ, Фото: Владимир СЕКУЛОВСКИ 48
ПОРТА
25 октомври 2019
П
ретставениот простор е деловен објект на компанијата Кооп Инженеринг од Куманово. Сопствениците на Кооп Инженеринг соработуваа со БИРО ПРОЕКТ за да добијат трендовски амбиент
УРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛОВЕН ПРОСТОР
функционална намена
и функционален простор кој ќе одговара на потребите на компанијата. Изведувач на проектот на БИРО ПРОЕКТ е Амбиенти и Дизајн. Најпрво е изработен прект за пренамена на постоечкиот стан во
деловен простор. Оваа адаптација овозможи да се добијат простории како влезен ходник, директорска канцеларија, асистент, канцеларија за инженери и канцеларија за сметководство. Содржини неопходни за непречено функционирање
на компанијата, а воедно создавање уреден простор, современ и пријатен за престој на вработените. Затекнатиот простор со површина од околу 100 квадратни метри во кој беше неопходно да се имплементираат 25 октомври 2019
ПОРТА
49
барањата на инвеститорот дозволува исклучиво формирање на помали кацеларии. Со цел да се добие поволем визуелен ефект на пространост, предвидени се стаклени прегради кои доловуваат транспарентност на целиот простор, а со тоа и покомотно чувство при работењето. Но со поставување на хоризонтални ленти на стаклото се смирува транспарентноста и се овозможува и непоходната интима при извршување на работните задачи. Материјали кои се користени во ентериерот се иверка со дезен на орев, иверка со графитна боја во комбинација со црна браварија. Исто така применета беше и бела иверка со жолти сегменти. Подот е со порцелански плочки со мермерен дезен, додека ѕидовите се изработени од плочи од гипскартон во комбинација со стаклени портали. На одредени ѕидови, обработката е во бетон,
ПОРТА
а на останатите има тапети и декоративни принтови согласно дејноста на компанијата. И покрај разноликоста на материјалите и боите, доминира дезен на орев, кој дава една елеганција, одмереност и строгост на просторот, кој одишува со професионална
атмосфера. Обработката на ѕидовите со бетон ја надополнува современоста на изразот, а сепак примената на поживи бои на одредени делови и принтовите на ѕидовите го опуштаат просторот, токму онолку колку е неопходно и даваат дополнителен шарм на местото.
Покрај основното осветлување над бироата, предвидени се плафонски вградени рефлектори за подобрување на амбиенталниот ефект. Во целиот ентериер вметнат е и зелен вертикален ѕид за разигрување и освежување на просторот. n
ПОРТА
екологија
Големи обврски, мали чекори кон Сите активни чинители во државата треба да преземат заедничка акција, сè со цел да се види што можеме ние, без разлика што сме мала земја да придонесеме за да го спречиме влијанието на климатските промени
Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
П
рашањето што сè повеќе се актуализира е уште колку месеци имаме за да ја спасиме планетата од климатските промени. Токму така, времето за спас веќе треба да се мери во месеци, а не во години. 2020 година треба да биде крајниот рок кога ќе мора да се обезбеди намалување на јаглеродните емисии. Фактот дека крајот на следната година е последната шанса за климатските промени станува сè појасен. Сите треба да се трудиме да ги задржиме климатските промени на ниво на кое може да се преживее и да се обидеме да ја вратиме природата до рамнотежа која ни е потребна за да се опстане. Ова е заеднички став на меѓународните и на домашните експерти, како и на политичките фактори во земјава што се занимаваат со ова прашање. Сепак, меѓу нив постојат дилеми колку ќе бидеме успешни во акцијата за справување со промените на климата. Ханс Јоахим Шелнхубер, основач и сегашен
52
ПОРТА
25 октомври 2019
почесен директор на Институтот за клима во Постдам вели дека климатската математика е јасна: Иако светот не можеме да го излечиме во следните неколку години, сепак, до 2020 година, може да му се предизвикаат фатални рани поради невнимание. Затоа следните месеци се особено важни за да опстане светот. Уште откако беше потпишан светскиот Договор за климата во Париз, во декември 2015 година, постојано се водат преговори за правилникот кој треба да се подготви врз основа на Договорот. Но, сепак, согласно условите од Договорот, државите исто така ветија дека ќе ги подобрат своите планови за намалување на јаглеродните емисии до крајот на следната година. За да се постигне главната цел од Договорот од Париз за одржување на глобалниот просечен пораст на температура што е можно поблиску до 1.5 степени Целзиусови, емисиите на стакленички гасови мора да се намалат за 45 проценти до 2030 година, а до 2050 година да се постигне климатска неутралност.
СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА САКА ДА ГО ФАТИ ЧЕКОРОТ Само неколку држави, меѓу кои и Република Северна Македонија што го потпишале Парискиот договор имаат изработено доволно амбициозен акциски план за борба против климатските промени за да го исполнат тоа што го ветиле. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, кој беше дел од македонската делегација која присуствуваше на Самитот на ОН во Њујорк вели дека првите три климатски активности што ќе ги преземе во Република Северна Македонија се зајакнување на соработката со приватниот сектор и општините за создавање услови за поамбициозно климатско дејствување и почиста животна средина, разгледување и дополнување на постојните закони (доколку е применливо) и спроведување на нивно ефикасно спроведување, поддршка на активности за подигнување на свеста за да се потенцира дека ние како индивидуи сме дел од причините за климатските промени и дека
н
ДРЖАВАТА СЕ БОРИ ДА ГИ ИСПОЛНИ ВЕТУВАЊАТА ОД ПАРИСКИОТ ДОГОВОР
спас од климатските промени можеме да бидеме решението. Ана Петровска, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека Република Северна Македонија со верификувањето на Парискиот договор има преземено обврски за да се справи со климатските промени. „Ние како точка од интерес на рамковната конвенција на ОН имаме обврска да известуваме за состојбите, да правиме анализи на емисиите на СО2 гасови и да препорачуваме мерки што главно требаше да ги спроведуваат други институции: економија, земјоделство, транспорт. Од усвојувањето на планот, од ратификацијата на Парискиот договор ние сериозно работиме на спроведувањето на националните придонеси за климатскиот договор од Париз и тие национални придонеси треба да обезбедат дека до 2030 година ние ќе имаме 30 отсто намалување на СО2 емисиите во однос на основното сценарио. Што тоа практично значи. Тоа значи поголема примена на обновливите извори на енергија, што е овозможено и со Законот за енергетика, но и иницијативата на Владата да се урбанизираат стотина локации на коишто приватни инвеститори ќе може да градат големи сончеви централи. Истовремено и Министерството за економија работи на подзаконските акти со коишто ќе се овозможи граѓаните исто така да бидат производители на електрична енергија од сонцето. Во моментов се носи Законот за енергетска ефикасност со кој ќе се обезбеди дека зградите особено во јавниот сектор ќе инвестираат, значи државата ќе инвестира во реновирање на зградите во јавна сопственост. Значи на годишно ниво ние ќе треба да обезбедиме еден отсто намалување на потрошувачката на енергија од јавните објекти“, вели Петровска. Таа додава дека во овој период има многу процеси коишто тековно се реализираат. „Во борбата со климатските промени вклучени се сите министерства. Транспортната стратегија на Министерството за транспорт ги усвои климатските аспекти значи воспоставивме индикатор за СО2 за намалување на идната транспортна стратегија. Тоа ние што како координатори го правиме, Министерството со другите институции сега е навистина интензивирано и ние ќе воспоставиме еден систем за мониторинг, верификација и известување за тоа колку всушност овие мерки што ние сме се обврзале да ги
спроведеме, во стварност се реализираат до крајот на годината и наредната година“, нагласува Петровска. Во борбата против климатските промени активно се вклучува и Зелениот институт. Според Наташа Амдију сите активни чинители во државата треба да преземат заедничка акција, сè со цел да видиме што можеме ние, без разлика што сме мала земја да придонесеме за да го спречиме влијанието на климатските промени. „Кај нас не се прават доволно сеопфатни истражувања за да се направи проценка колкаво е влијанието на климатските промени. За ние прво да знаеме нели колкаво е влијанието треба да почнеме да истражуваме. Треба академскиот сектор прво да направи проценки за да го видиме влијанието врз нашата држава, конкретно врз деградацијата на земјиштето, на земјоделието коешто е една од клучните гранки во нашата држава. Така што мислам дека треба малку повеќе да обрнеме внимание на тоа да дојдеме до релевантни податоци, па понатаму да направиме една државна стратегија за борба против климатските промени“, потенцира Амдију. Сепак Амдију вели дека можеби нашата држава доцни со борбата, но никогаш не е доцна, а страшно е да не се почне никогаш, вели таа.
Најголеми застапници на справувањето со климатските промени, секаде во светот, се зелените партии. Во Северна Македонија тоа е Демократската обнова на Македонија (ДОМ) која ги застапува идеите за здрава животна средина. Маја Морачанин, претседател на ДОМ вели дека прашањето за климатски промени е едно од најголемите опасности со кои планетата се соочува и го загрозува животот практично на земјата во облик каков што денес го познаваме. „Она што е важно и на што ние инсистираме како зелена партија се политики со цел преземање на итна климатска акција против климатските промени и тука е суштинска транзицијата од употребата на фосилни горива кон обновливи извори на енергија. Во фосилните горива спаѓаат нафтата, јагленот и гасот и треба што побрзо и поефикасно да се спроведе таа транзиција од фосилните горива кон обновливи извори. За Македонија тоа особено значи употребата на сонцето и ветерот. Ние сме земја на сонцето, но за жал според статистиките само околу 0,5 отсто е искористена сончевата енергија за производставо на електрична енергија. Енергетскиот сектор е клучен, како еден од главните емитери на стакленички гасови кои се предизвикувачи на климатските промени. Така што освен во енергетскиот сектор се разбира треба да се направи транзиција и во
25 октомври 2019
ПОРТА
53
индустријата, транспортот и во затоплувањето“, нагласува Морачанин. Според неа она што се случи во нашата држава и што е за поздравување во овој дел е носењето на новиот Закон за енергетика минатата година, којшто практично ги отвори можностите за поголемо вклучување на обновливите извори на енергија во
54
ПОРТА
25 октомври 2019
производството на електрична енергија. Но ние сè уште зависиме од производство на електрична енергија од јаглен, затоа бараме побрза транзиција и овој цел процес да се интензивира. Дополнително што е важно, а со подзаконските акти сè уште не е обезбедено од овој закон за енергетика, тоа е овозможување на граѓанските заедниците
сами да поставуваат фотоволтаици во своите домови, тоа е можно во законот, но не е доволно стимулативно за граѓаните да можат да го практикуваат. Треба да се промени оваа подзаконска регулатива, тоа е во контекст и на целиот енергетски сектор, вели Морачанин. ВЛАДИТЕ ДА ПРОДОЛЖАТ СО НАПРЕДОКОТ Оваа година светските лидери се состанаа на конференцијата за климатските промени во Бон која заврши со повик на ООН за целосно исполнување на обврските од Договорот од Париз. Голем број на одлуки ќе треба да се усвојат на Конференцијата на ООН за климатските промени во Сантијаго, Чиле на крајот на годината (COP25, 2-13 декември). Освен тоа, земјите и другите засегнати страни прикажаа и споделија бројни најдобри практики за ефикасни климатски политики и технологии. Извршниот секретар на UNFCCC Патриција Еспиноза ги охрабри владите да го искористат остатокот од годинава за да изнајдат решенија, дозволувајќи цврсти правила за „пазарите на јаглерод“ конечно да се консолидираат. Приватниот сектор го очекува тоа и тие бараат позитивни сигнали
од владите дека ќе се овозможат вакви пазари. Тие знаат дека тоа е добар начин да се намалат емисиите на глобално ниво. Конференцијата на ООН за климатските промени во Бон е дел од серија состаноци оваа година за да се поттикнат климатските активности на сите нивоа и да се работи на постигнување на целите од Агендата за одржлив развој за 2030 година. Извршниот секретар Еспиноза ги повика лидерите на партиите да ги искористат сите можности во 2019 година за да продолжат со напредокот. СВЕСТА СЕ ЗГОЛЕМУВА, НО ЗАГУБИТЕ СЕ ЕВИДЕНТНИ Дали поради топлотните бранови или поради протестите на шведската ученичка Грета Тунберг, или пак поради појавата на Бунтот против исчезнување (Extinction Rebellion), има забележливи промени во интересот на јавноста за климатските промени и граѓаните бараат решенија кои можат да ги спроведат сами. Граѓаните бараат сѐ поголеми активности и политичарите во многу држави согледуваат дека мора да реагираат на овие промени. Некои држави, како што е Обединетото Кралство отидоа дури и понатаму и донесоа закони за нето-нула емисии до 2050 година, долгорочна цел со која температурите ќе останат ниски. Иако одлуките кои ќе бидат направени за климатските промени во текот на следната година ќе бидат од огромна важност, постојат и многу други важни собири за животната средина кои ќе ја обликуваат природата во следните децении со цел заштита на разни видови и заштита на океаните. На почетокот на оваа година беше објавена голема студија за загубите кои се евидентни во природниот свет, а кои се резултат на поширокото влијание на човекот, чии наоди предизвикаа вознемиреност во повеќе држави. Извештајот на IPBES (Меѓувладина научнополитичка платформа за биолошка разновидност и екосистемски услуги) покажа дека во следните неколку децении може да исчезнат еден милион видови. За да се решава ова прашање, следната година во Кина ќе се одржи собир за да се постигне договор за заштита на сите видови суштества.
Конвенцијата за биолошка разновидност е орган на ОН кој доби задолжение да подготви план за заштита на природата до 2030 година. Оваа средба следната година може да биде моментот кога ќе се потпише еден вид Париски договор за природата. Доколку се постигне договор веројатно фокусот ќе биде врз одржливото земјоделство и рибарството. Ќе се бара поголема заштита за видовите и ограничување на обесшумувањето. Следната година, исто така ќе има средба на Конвенцијата на ОН за поморските закони со цел да преговара за нова светска спогодба за океаните. n
„Со овој текст, Порта3 се приклучува кон кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!, што ја спроведува Инситутот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје.“
25 октомври 2019
ПОРТА
55
репортажа
НАЈДОСТОИНСТВЕН БЛАГОРОДНИК ОД „ЗЛАТНИТЕ“ ВРЕМИЊА НА ТУРСКАТА ИСТОРИЈА
Анкара - сидрото без море го живее својот четврти милениум Носејќи го во себе потписот на многуте освојувачи и различни епохи, Анкара денес постојано кокетира помеѓу традиционалното и модерното. Градот ги чува историските знаменитости и вредности, но цврсто го прегрнува модерното и на полето на архитектурата и на полето на технологијата и бизнисот
56
ПОРТА
25 октомври 2019
Даниела МЛАДЕНОВСКА
Г
лавниот град на Турција, постојано е во сенката на најголемиот турски град Истанбул. Навистина, Истанбул е најголемиот град во земјата, со речиси 20 милиони жители и фасцинантна историја, знаменитост сам по себе, фреквентно пристаниште или како што милуваат туроператорите да го рекламираат „За некои градови малку е еден континент“. Но, Анкара иако втор град по големина е дипломатскиот, административниот и деловниот центар на Турција. Пристаниште без море, поточно сидро без море, бидејќи самото значење на неговото име е всушност „сидро“, од грчкиот збор Ánkyra. Иако трагите за првата населба на ова место водат наназад до бронзената доба, сепак градот под ова име е формиран во третиот век пред нашата ера. Претходно, познато е дека тука минал и Александар Велики со својата војска на патот кон еден од неговите походи, но се задржал кратко време. Еден од најзначајните споменици од римско време е Храмот на Август и Рим, од првиот век пр.н.е., непосредно по освојувањето на Анадолија од страна на Римјаните, формирањето на провинцијата Галата и прогласувањето на Анкара за нејзин главен град. ПУЛСИРАЊЕ ВО РИТАМОТ НА ДИНАМИКАТА Носејќи го во себе потписот на многуте освојувачи и различни епохи, Анкара денес постојано кокетира помеѓу традиционалното и модерното. Градот ги Ата Куле
чува историските знаменитости и вредности, но цврсто го прегрнува модерното и на полето на архитектурата и на полето на технологијата и бизнисот. Шетајќи низ улиците на градот, на моменти заборавате дека се наоѓате на Средниот Исток. Иако во градот живеат пет милиони жители, нема никогаш да почувствувате недостиг на простор или пак метеж. Сè е мирно, организирано, комотно и ненаметливо... Секојдневно сè пулсира во ритамот на динамиката која ја наметнува современиот западен свет. Само повремено, повикот на молитва - езанот од џамиите ве потсетува дека сепак ова е Ориентот. Како олицетворение на историското наследство и традицијата, денес опстојува познатиот стар кварт „Улус“, што во превод значи „нација“. Во овој дел од градот сместени се бројни занаетчиски дуќани, со стари занаети на изумирање, главно како еден вид на туристичка атракција, но и продавници за сувенири и локали со традиционална турска кујна. На почетокот на занаетчиската улица и пред влезот на тврдината поставено е огромно ковано сидро – симболот на градот, а на натписот до обележјето стои потсетувањето дека „името Анкара значи „сидро“ на грчки. Име кое се задржало до денес. Сопствениците на продавниците за сувенири не го кријат своето воодушевување кога ќе разберат дека сте од Македонија. Особено оние чии предци се иселиле токму од Македонија, па веднаш Ви даваат екстра попуст. Навистина многу необична и искрена љубов кон своите корени, дотолку повеќе што веќе е општо познато дека како резултат на тогашната државна политика голем број од 25 октомври 2019
ПОРТА
57
македонските Турци биле принудени да си заминат. Токму во овој раскошно живописен дел од градот со куќи кои се речиси идентични на карактеристичната охридска куќа, се наоѓа познатата Анкарска тврдина која датира од византиско време, односно од седмиот век. Односно, попрецизно, оваа впечатлива архитектура на старите куќи е сместена во рамките на тврдината. Се состои од двојни исклучително масивни ѕидини, а од највисоката точка до која стигнувате минувајќи стотици скалила се пружа прекрасен поглед на северниот дел од Анкара. Уште на самиот влез, фасцинира чувството дека вековите не предизвикале сериозни промени во ова старо градско јадро. Традицијата е отсликана не само во старата калдрма, куќите од камен, бакарните ѓезвиња и приборот за кафе од продавниците за сувенири, туку и преку една друга интересна атракција за туристите која ги обединува и љубопитноста на гостите и традицијата на домаќините. Зајачиња претскажувачи на судбината по случен избор ќе изберат ливче со порака за да ја претскажат Вашата судбина (слично на т.н. fortune cookies во кинеските ресторани).
МАВЗОЛЕЈОТ АНИТКАБИР За знаменитостите од отоманскиот период многу е пишувано и зборувано, па репортажава веднаш ќе се префрли на златниот период од основањето на Републиката пред речиси сто години, како и посебното место кое во турското општество го има основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Во негова чест, поточно како негово вечно почивалиште изграден е познатиот мавзолеј Аниткабир, на извонредна локација на височинка над градот. Освен неговиот гроб, овде се сместени и неколку музејски постановки, кои ги опфаќаат значајните документи во историјата на Републиката, првата латинична азбука во земјата, фотографии од значајните државнички посети на Ататурк, библиотека, кино-салон, па дури и неговиот службен автомобил. Музејот не наплатува влезници, а интересно е дека по смртта Ататурк целокупниот свој имот го оставил на државата. Автори на монументалниот комплекс кој се состои од десет кули поставени во симетричен распоред се турските архитекти Онат и Арда, чие решение било избрано на
меѓународен конкурс во 1941 година, во конкуренција на 48 апликанти. Покрај бетонот, најзастапени материјали се травертин и мермер, а посебно се впечатливи поради својата симболика двата споменика кои претставуваат три машки односно три женски фигури. Тројцата мажи ги симболизираат селанецот (која ја храни земјата), војникот (кој ја брани земјата) и научникот (кој ја води земјата кон прогрес ). Од друга страна пак, статуите на трите жени ја прикажуваат гордоста, достоинството и одлучноста на турската жена. МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА И ИНФРАСТРУКТУРА Во последните дваесетина години лицето на градот забрзано се менува под палката на модерната архитектура. Стакло, челик и динамички необични форми се главната одлика на облакодерите во Анкара. Целиот тој огромен модерен кварт, налик на париски La Defence, е домаќин на преставништвата на големи мултинационални компании и најпознатите брендови од светските ланци на хотели. Се работи за финансискиот кварт Söğütözü.,
Аниткабир ПОРТА
YDA
каде особено впечатлив е објектот на YDA центарот. Тоа е модерна зграда со хиперболичен облик, облакодер кој не е карактеристичен толку по својата височина, туку првенствено по својот облик. По својата конструкција и функционалност претставува еден просторно, визуелно и социјално динамичен урбан простор. Проектиран од страна на реномираното турско студио Yazgan Design Architecture, објектот се градел во периодот од 2013 до 2017 година, а има вкупна површина од 370.000 m2. Од март оваа година, Анкара ја има и најголемата градска болница во ЕвропаAnkara Bilkent City Hospital. Проектанти на објектот се Astaldi Group во партнерство со Studio Altieri. Не заостанува ниту инфраструктурата. Широките булевари неретко со по шест ленти во секоја насока, и ефикасниот метро-систем со четири линии, му пркосат на каков било сообраќаен метеж. Овде несомнено треба да се постави прашањето на одржливоста во контекст на ваквата градежна експанзија. Ниту во овој сегмент градот не заостанува. Носејќи го на плеќи бремето од топлата медитеранска клима која има карактеристики и на пустинска клима, Анкара отсекогаш имала проблем со недостаток од вегетација. Тоа го имале предвид и креаторите на политики кога го лоцирале седиштето на државата токму во
овој простор кој го пресекуваат пустински ветрови. Но, активностите се во настојувањето да се „зазелени“ секој расположлив простор. Тоа се забележува уште на потегот од аеродромот кон градот, каде покрај автопатот на неплодната портокалово-црвена почва се поставени системи за наводнување капка по капка за
уредно посадената трева и нискостеблести џбунести растенија. Парковите кои контролирано и систематски никнуваат и во новите резиденцијални квартови, се исто така беспрекорно одржувани. Дополнително, околу 90 % од автобусите на јавниот превоз користат природен гас. Централ парк
ПОРТА
Болницата „Bilkent “ Атакуле е препознатлив симбол од која било фотографија нa Анкара. Да се биде симбол на градот, значи да се биде препознаен по својата уникатност и автентичност, достигнувајќи ги границите на ингениозноста во креативноста. Но, да се биде симбол на градот и да се носи „АТА“(татко, предок) во своето име, значи и да се биде гордост на градот. Тоа е Атакуле, висока телекомуникациска и опсервациска кула, лоцирана во областа Чанкаја. Висока е 125 метри, и претставува една од примарните и најпрепознатливите знаменитости на градот, првенствено
ПОРТА
поради својата височина, но и поради фактот што е лоцирана на ритче, па е видлива од буквално секој дел на градот. Проектирана е од страна на архитектот Ragıp Buluç а изградбата траела од 1987 до 1989 година. Содржи шопинг-мол, кафулиња, ресторани, како и еден ротирачки ресторан при самиот врв на кулата. За да не биде сè идилично и позитивно, мора да се спомене дека и Анкара има свои „оази на кичот“ во архитектурата, меѓу кои мора да се истакнат седиштето на владејачката АК партија, и резиденцијата на
претседателот Ердоган. Особено вториов објект предизвика низа реакции не само во турската туку и во светската јавност поради огромниот простор на кој се протега (210.000 m2 и има илјада соби), но првенствено поради фактот што е сместен во природен резерват. И наместо заклучок, се наметнува мислата дека Анкара со векови опстојува токму како сидро, истовремено прегрнувајќи ги обележјата на секоја епоха, но задржувајќи го својот стамен и смирен дух, како најдостоинствен благородник од „златните“ времиња на турската историја. n
ПОРТА
уметност
Изложба на дела кои содржат и м
„Црвена дискусија 2“ фотографии од перформансот фото: Ана ЛАЗАРЕВСКА
Во нашиот павилјон сите уметнички дела, нудат индивидуална приказна, создавајќи слоевитост и можност за интеракција со делата на различни нивоа Нада ПРЉА, уметник
Р
ечиси половина година по отворањето на Венецијанското биенале, кога возбудата околу отворањето на нашиот павилјон е веќе зад нас, би сакала да го раскажам моето лично искуство за односот помеѓу публиката, т.е. посетителите на Биеналето и нашиот павилјон. Тоа го правам со голема радост поради шансата дадена од Порта 3 со цел да ја информирам професионалната јавност за подготовката, како и да го опишам павилјонот за публиката која немала шанса да го посети истиот.
62
ПОРТА
25 октомври 2019
Имаше само неколку дена до отворањето, а мене ме измачуваше несоница, бројот на незавршени обврски и прашањата кои си ги поставував, како: „Зошто сум на стовариште на стока во Тронкето?“ веќе ми станаа секојдневие. Сите овие прашања, кои не се дел од вообичаена уметничка пракса, се наметнуваа, но во подготовките за Венецијанско биенале, уметникот и институцијата зад него мора да се прилагодат на ситуацијата „take it as it is“. Во тоа „море“ на нерешени проблеми едно прашање особено ме измачуваше – дали ќе имаме посетители на отворањето? Уметникот кој изложува во галерија или музеј не е засегнат со тоа прашање, заклучив гледајќи ги безбројните пакети со Просеко како спокојно отпловуваа од
Реномираната Шантал Моуф ја потпишува масата фото: Раул БЕТИ
МАКЕДОНСКИОТ ПАВИЛЈОН НА 58. ВЕНЕЦИЈАНСКОТО БИЕНАЛЕ НА УМЕТНОСТА
и минато и потенцијална иднина
фото: Раул БЕТИ
Површината на масата, дел од инсталацијата „Црвена дискусија 2“
„Црвена дискусија“ во времетраењето на изложбата во Биеналето фото: Раул БЕТИ
Тронкето во Венеција кон Швајцарскиот павилјон во Џардини. Реално гледано, загриженоста и не беше толку неоснована, бидејќи истовремено во рамки на час и половина со нашиот павилјон се отворија други 10 павилјони на големи земји, како на пример уметничките меки како Франција и Бразил. Ирска ја претставуваше Ева Ротхчилд со пет приватни галерии кои се грижеа за секој чекор на уметницата, а нашата соседна Бугарија ја застапуваше маркантната фигура во интернационалниот уметнички свет, Иаре Боубнова, додека шармантниот новозеландски уметник имаше пет Site specific локации во Венеција. И покрај ова прилично конкурентно опкружување, нашиот павилјон просперираше! Главната причина беше отворањето замислено како интелектуален собир за размена на идеи за подобра иднина. Рискантен пристап кој се покажа како издржан. Отворањето на нашиот павилјон беше спектакуларно, и го кажувам тоа објективно - отворањето се прошири на 8 простори (шест изложбени простории и два приемни салона и надворешна платформа каде во старите времиња од каналот гондоли влегуваа во палатата), со повеќе од 400 посетители во секој момент кои останаа за време на перформативниот настан „Црвена дискусија 2“ кој траеше повеќе од два часа. Присутните гости ја задоволија својата жед за интелектуален предизвик, наместо за Просеко, и ги стоплија своите срца во свежата мајска ноќ со емотивно искуство на жешката дискусија околу црвенообоената маса: политичките теоретичари и културните работници, импресивниот Чарлс Еше, директор на Ван Абе музејот во Ајндховен, револуционерниот Маурицио Лазарето социолог, филозоф и истражувач од Париз, реномираната Шантал Моуф политички теоретичар и професор на Катедрата за политика и меѓународни односи од Универзитетот Вестминстер, Лаура Раиковиќ поранешен директор на музејот Квинс од Њујорк и нашиот луциден Артан Садику, истражувач и теоретичар. Кураторот и предавачот на Мидлсекс Универзитетот Влад Морариу, кој се најде (буквално!) помеѓу „гигантите“ на политичката и културолошка мисла, успеа површината на масата да ја збогати со оригинални идеи и мисли која така стана уникатен уметнички објект. „Црвена дискусија“ ги обработува темите кои бараат да најдат и да дефинираат стратегии за излез од сегашните услови на социјална несигурност и експлоатација и понудуваат алтернативни 25 октомври 2019
ПОРТА
63
„Колекција: Таа прави тоа што сака, III", Нада Прља, скулптура, 2019. Метални профили, бетон, 141 x 150 x 175 цм. (инспирирана од Јордан Грабулоски)
фото: Раул БЕТИ
решенија изведени од марксистичката теорија и левичарската мисла. Се присетувам на мојата последна самостојна изложба во Скопје „Да одам или да останам“, (2008, МСУ) перформанс во кој текстилни работници шиеја маици, а јас на нив испишував навредливи слогани, преземени од медиумите на Велика Британија и насочени кон имигрантите. Текстилните работници потоа го напуштија просторот, како дел од перформансот. Изложбениот простор остана „замрзнат“ за време на траењето на изложбата како инсталација, укажувајќи воедно на нивната лична загуба на работните места и ги повика
„ Колекција: Таа прави тоа што сака, I“, Нада Прља, Скулптура, 2019. Метални профили, бетон, камен, лиени фрагменти, метална прашина, дрво, стакло, ready made предмети, 280 x 280 x 280 см. (инспирирана од Олга Јевриќ)
фото: Раул БЕТИ
посетителите на МСУ на протести околу животните прилики на вработените. Во Венеција, „Црвена дискусија 1 и 2“ и видеодокуметите од двете перформативни дела (изведени во 2013 во Лондон и во 2019 на Венецијанското биенале), потоа двете испишани маси и бројните столчиња останаа „замрзнати“ по перформансот, со што се создаде комплексна инсталација, која по својата импозантност, театарски нè воведува во темите обработени во двете дискуси и во целата изложба. Потоа, битно прашање беше како да се задржи интересот на посетителите во рамките „Оддел за конзервација и реставрација" (детал), Нада Прља, инсталација, 2015-2019. (преработка на дело од Борко Лазески)
ПОРТА
фото: Раул БЕТИ
на 3-4 -дневна „туристичка“ посета? Зошто да го изберат токму нашиот павилјон во какафонија на изложби кои навидум го „преплавуваат“ градот Венеција? Како да останеме актуелни во конкуренција од 90 национални павилјони и главната изложба на Ругоф со 79 уметници, бројни колатерални и многу други паралелни настани? Пак, ние немаме можност со нашиот буџет од 64 илјади евра (каде како и во сите претходни наши претставувања, околу ⅔ се наменети кон изнајмување на простор), како гигантите на уметничката сцена (на пример Австралија со буџет од 2 милиона евра) да размислуваме за што по отворањето на павилјонот. Можност да организираме посети на универзитети, визити на колекционери, покани за новинари и други активности во времетраењето на Биеналето, не се дел од практиката на нашето претставување низ годините. Знаејќи го ова, мојот одговор беше следен. Посетителите можат да видат осум уметнички поединечни дела, распоредени во шест изложбени простори во Пијано Нобиле на Палатата Рота Иванчиќ од 16. век, сместена во срцето на Венеција на неколку минути од Плоштадот Св. Марко. Секоја просторија има своја историска убавина, а внатре се „среќаваат“ дури и духовите на Ернест Хемингвеј и неговата муза, Андријана Иванчиќ. Нашиот павилјон на 400 м2 изложбена површина беше еден од најголемите павилјони овозможи самостојната изложба да се состои од: три скулптури, серија на слики, уметничко видео и две инсталации: серија на фотографии, два
„Реди-нес II", Нада Прља, видеопроекција, 2013.
фото: Раул БЕТИ
уметнички објекти (маси) проследени со две документарни видеа од перформанси. Нашиот павилјон е повеќеслоен, потсетува на музејска колекција, Tate Britain каде историските дела се во корелација со современите уметнички дела. Во нашиот павилјон сите уметнички дела нудат индивидуална приказна, создавајќи слоевитост и можност за интеракција со делата на ралични нивоа. Особено трите скулптури „Колекција: Таа прави тоа што сака, I, II и III“, се инспирирани од избрани дела на Борис Николоски, Олга Јевриќ и Јордан Грабулоски од колекцијата на МСУ, потенцирајќи ја уникатната вредност на оваа колекција, која била создадена преку меѓународната солидарост кон градот Скопје по земјотресот од 1963 година. Понатаму, моето дело „Оддел за конзервација и реставрација“ е инспирирано од уништениот мурал на Борко Лазески од зградата на „Пошта“ во Скопје, каде започнав да пресликувам делови од муралот во 2016 г., со желба за
придонесување кон повредената колективна меморија врзана за ова дело. Со обработување на овие уметнички дела од нашата историја ја потенцирам вредноста на овие уметнички дела од нашето заедничко минато. Во рамките на оваа изложба создадов специфичен, креативен однос со нив, давајќи им на меѓународните посетители можност да ги запознаат и овие слоеви на нашата историја. Ралф Ругоф во својот воведен збор на Биеналето вика „Уметноста е пракса која се ангажира на повеќе перспективи: каде се обработуваат навидум контрадикторни и некомпатибилни идеи, и каде се „жонглира“ со разновидни начини за обмислување на светот... од Леонардо да Винчи до Владимир Илич Ленин, се потврдува дека сè е поврзано со сè друго. Уметниците кои размислуваат на овој начин нудат алтернативи за значењето на т.н. факти со тоа што предлагаат други начини за нивно поврзување и контекстуализирање.“
Сето тоа е точно за нашиот павилјон, историјата се преплетува, понекогаш во контрадикција, на пример на темнобордо брокатниот материјал кој ги декорира ѕидовите на една од просториите е проектирано видеото „Реди-нес, Робеспиер“, кое нè пренесува од Француската револуција и говорите на Робеспиер, преку студентските протести од 1968-та, па сè до можната иднина. Чарлс Еше, по посетата на изложбата пишува: „Изложбата на Прља има срце, кое ми недостасува во централниот павилјон на Ругоф. Уметничките дела изложени ангажираа една лична историја која исто така има влијание врз нашето сегашно општество. Природата на уметничките дела, во својот сеопфат, сугерира на капацитетот за рециклирање на идеите заклучени во нив. На овој начин, делата содржат и минато и потенцијална иднина. Тие служат како носители на меморија и значење, потенцијално ослободување од нивната полуформирана сегашна состојба. На овој начин, Нада Прља доловува чувство на загуба и враќање и дава решенија за тоа што ја прогонува Европа на многу нивоа денес.“ Оваа можност, секој да си најде нешто во нашиот павилјон, што може да биде од лично значење или интелектуален интерес, беше моја методологијата применета при подготовката на павилјонот. Истото продолжува да привлекува голем број на посетители, по сезоната на одмори, во септември и октомври бројот на дневни посетители е двојно зголемен, Ве покануваме и Вас да нè посетите до 24-ти ноември годинава. n
Нада ПРЉА е уметник со дводецениско професионално искуство, со учество на повеќе од 100 меѓународни и домашни изложби и на 9 интернационални биеналиња. Петнаесетина години престојувала во Лондон, изложува во десетици градови низ Европа. Потоа живее и работи во Скопје и го формираше и коуредуваше уметничкиот простор СИА. Во моментов живее и работи во Копенхаген. Со проектот „Субверзија во црвено„ ја претставува нашата држава оваа година на 58. Венецијанско биенале за уметност од 11 мај до 24 ноемвери годинава. фото: Ана ЛАЗАРЕВСКА "Хуманистички комунизам", Нада Прља, инсталација, 2016. 20 фотографии
25 октомври 2019
ПОРТА
65
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА