286

Page 1

ГОДИНИ

90 ДЕНАРИ

ПОРТА Г Р А Д ЕЖНИШТВО А Р Х И Т Е КТУ Р А Е К О ЛОГИЈА

286

НОЕМВРИ 2019

Информирани граѓани против климатските промени Култура на спектакл и вештина на контрола на телото И. М. Пеи – човекот кој ги даде најубавите форми и простори



ГОДИНИ

Порта 3

15 години дел од медиумскиот пазар

О

ваа година единственото списание за градежништво, архитектура и екологија прославува 15 години од излегувањето на првиот број. Години во кои темите од овие области допреа до многу експерти, професори, работници, архитекти, градежници, екологисти, обични граѓани. Идејата за специјализирано списание на овие простори чекореше полека, но сигурно. Почнавме со излегување два пати месечно, во еден голем формат на обична весникарска хартија. После неколку промени на дизајнот дојдовме до ова издание кое и сега го држите во рацете, а кое веќе стана препознатлив бренд во полето на медиумите. Низ годините неколку пати се соочивме со конкуренција, но тоа само ни беше мотив за да продолжиме со нови и уште поинтересни текстови, за што навистина сме благодарни.

Порта 3 е списание кое секогаш е отворено за соработка. Во годините што изминаа го дигнавме гласот против „Скопје 2014“, бевме против уривањето на Беко, дававме образложенија за или против мораториумот за градење во Општина Центар, го коментиравме урбанизмот, одржливоста на градовите, начинот на распишување и спроведување на архитектонските конкурси, ги претставувавме ставовите на архитектите и инженерите. И во годините што следат секогаш ќе бидеме отворени за изнесување на проблемите, но никогаш не забораваме и да дадеме пофални зборови за тоа што навистина заслужува, врз основа на утврдени, стручни критериуми. Она што за крај ќе може да го ветиме е дека со истото темпо, па и многу подобро, ќе продолжиме и во наредните години, за прославата на новите јубилеи на Порта 3 да имаме многу повеќе резултати за да се пофалиме.

Јубилејот 15 години ќе донесе уште една новина. Ќе почнеме со доделување на Годишна награда на Порта 3 од областите што ги обработуваме, со цел наградата да стане традиција и да се доделува еднаш годишно. Жири-комисијата составена од експерти во овие области на крајот од годината, во декември, ќе ја доделат наградата, кога ќе биде и прославата за роденденот.

29 ноември 2019

ПОРТА


СОДРЖИНА

12

14

СТАВ 6 ДО КОГА???

ИНФО 8 ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЗА ПАТИШТА

ИНФО 10 ЕДЕН ВИКЕНД НА АРХИТЕКТУРА

ИНФО 12 ВО ЧЕСТ НА 100 ГОДИНИ, „BAU1HAUS“ И ВО СКОПЈЕ

ИНФО 14 „СКОПЈЕ, ОДНОВО“ ВО МСУ

26

ГРАДЕЖНИШТВО 16 ИСПИТУВАЊЕ НА МОСТ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ И ПАТЕН СООБРАЌАЈ СО ПРОБНО ТОВАРАЊЕ И ПРИМЕНА НА СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ

ИНТЕРВЈУ 22 КОЛКУ И КАКО ДА ЈА ФОРСИРАМЕ ДОБРАТА АРХИТЕКТУРА, АКО ГЕНЕРАЦИИ НИ СЕ ВОСПИТУВААТ ГЛЕДАЈЌИ НЕШТО СОСЕМА ДРУГО?

АРХИТЕКТУРА 26 СЕЛСКАТА КУЌА ЛЕСАНС ЈА ОСВОИ НАГРАДАТА RIBA

АРХИТЕКТУРА 32

38

И. М. ПЕИ – ЧОВЕКОТ КОЈ ГИ ДАДЕ НАЈУБАВИТЕ ФОРМИ И ПРОСТОРИ

АРХИТЕКТУРА 38 РЕИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ЛАКОТ КАКО ГЛАВЕН ЕЛЕМЕНТ ВО ФОРМАЦИЈАТА НА ПРОСТОРОТ

АРХИТЕКТУРА 42 ПРОГРАМСКО И ПРОСТОРНО РЕДЕФИНИРАЊЕ НА СПОРТСКИОТ АЕРОДРОМ „АЏИ ТЕПЕ“

48

СООБРАЌАЈ 48 КОИ СЕ РЕШЕНИЈАТА ЗА ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ НА СКОПЈЕ?

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 52 ТПОДОБРЕНА ЕФИКАСНОСТ И СМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ ЗА ЕНЕРГИЈА

ЕКОЛОГИЈА 56 ИНФОРМИРАНИ ГРАЃАНИ ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

УМЕТНОСТ 60 КУЛТУРА НА СПЕКТАКЛ И ВЕШТИНА НА КОНТРОЛА НА ТЕЛОТО СВОЈОТ ЧЕТВРТИ МИЛЕНИУМ

ПОРТА

25 јули 2014

56

60


ГОДИНА XII

БРОЈ 286 ПЕТОК 29.11.2019 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Врнежливото и постудено време е доволна причина да се остане во домовите, а за исполнување на слободниот простор и во овој број Порта 3 се погрижи да има различни текстови за сите вкусови. Областите градежништво, архитектура и екологија како и секогаш се надополнети со интересни четива од урбанизмот, сообраќајот, уметноста. Изминатиот месец се одржа првиот македонски конгрес за патишта на кој многуте учесници дискутираа за планирање и проектирање, управување, изградба и одржување, безбедност на сообраќајот на патиштата, заштита на животната средина и одржлив развој, инфраструктурни објекти... Нашиот дописник од Белград ја пренесува атмосферата од Деновите на Орис што се одржуваат во Загреб и кои се веројатно најзначајниот архитектонски настан во регионот. „Скопје одново“ е изложба која е отворена во Музејот на современа уметност. Со подароците од автори од целиот свет, МСУ станува дом на единствена и исклучителна колекција на современа уметност. Покрај делата на изложбата може да се види и дел од кореспонденцијата и преписката со авторите во процесот на формирање на колекцијата. Оваа година Баухаус од Вајмар го слави 100-тиот роденден, а неговите идеи живеат и понатаму. По повод овој голем јубилеј во Музејот на современа уметност во Скопје се отвори изложба на германскиот фотограф Жан Молитор, која е дел од неговиот проект „bau1haus“, фотографско патување низ светот. Во областа градежништво може да се прочита за shm-системот кој е всушност испитување на мост за железнички и патен сообраќај со пробно товарање и примена на систем за следење. Во областа архитектура имаме интервју со добитникот на наградата „13 Ноември“ на град Скопје, Фросина Зафировска, која меѓу другото го дава своето мислење и за тоа колку и како да ја форсираме добрата архитектура, ако генерации ни се воспитуваат гледајќи нешто сосема друго. Нашиот дописник од Лондон пишува за Селската куќа Лесанс која ја освои наградата на Кралскиот институт на британските архитекти – RIBA.

ГОДИНИ

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Во овој број може да се прочита и за И. М. ПЕИ архитектот кој му ги даде на своето време некои од најубавите надворешни форми и внатрешни простори. Човекот кој ги прифаќаше предизвиците за непознатото, за учење и создавање на нови архитектонски дела. Македонски архитекти се автори на третонаградениот проект на конкурсот за ансамблот за народни игри и песни на Србија – Коло. Станува збор за реинтерпретација на лакот како главен обликовен елемент во формацијата на просторот. За студентските трудови во нашето списание секогаш има слободен простор за нивно презентирање. Во овој број го пренесуваме магистерскиот труд од Архитектонскиот факултет во Скопје кој се однесува на програмско и просторно редефинирање на спортскиот аеродром „Аџи Тепе“ во Куманово. Во делот на сообраќајот, експерт од оваа област дава образложение за тоа кои се решенијата што му се потребни на Скопје за транспортниот систем и јавниот превоз. Енергетската ефикасност е тема што секогаш буди интерес кај читателите. Во овој број го пренесуваме ЕСКО моделот во Македонија кој е за подобрена ефикасност и смалување на трошоците за енергија, а кој веќе почнува да се применува и во нашата земја. Во областа екологија имаме осврт на завршната конференција на проектот „Не игнорирај! Реагирај!“. Порта 3 со свои текстови изминатата година ја поддржа кампањата за подобра животна средина. Во овој број ги пренесуваме темите на експертите и професорите со кои укажуваат на кои полиња треба да се работи за да се намали влијанието на климатските промени. Во областа уметност нашиот соработник дава осврт на изложбата на Марина Абрамовиќ во Белград. Станува збор за ретроспективната изложба „Чистач“ на Марина Абрамовиќ која хронолошки ги следи сите фази на нејзината педесетгодишна кариера. ОД РЕДАКЦИЈАТА 286

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

НОЕМВРИ 2019

Информирани граѓани против климатските промени

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Култура на спектакл и вештина на контрола на телото И. М. Пеи – човекот кој ги даде најубавите форми и простори

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница ЛУВР, ПАРИЗ ФРАНЦИЈА

AРХИТЕКТ И. М. ПЕИ

Датум на печатење: 28.11.2019 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


став

ДО КОГА??? Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх.

Д

еценискиот сон на граѓаните на Скопје за пешачко централно подрачје никако да се оствари. Генерации на политичари и градоначалници ни ветуваа решенија кои потоа се губеа во реализацијата од политички, финансиски и далаверџиски причини. Најново е сегашното ветување на актуелниот градоначалник Петре Шилегов, дека веќе од идната година скопјани и гостите на главниот град ќе уживаат во благодетите на пешачко-велосипедскиот рај во центарот на Скопје. Тоа што повеќето европски градови го имаат од поодамна ќе пристигне и кај нас. Но... Најавата на г. Шилегов за поставување линија на БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – „Trackless tram“ на водород, звучи убаво како решение за градски превоз низ центарот на градот. За да успее ова решение, неопходни се дополнителни сообраќајни интервенции за останатиот колски сообраќај. Интенција во светски рамки, како што е намерата и на градоначаникот, е да се влијае на свеста на луѓето во центарот на градот да патуваат со градски превоз. Да се откажат од патничките автомобили. Таа намера е за поздравување и поддршка. Но, сепак какви сме, тие навики споро ќе ги менуваме, а сепак тесното грло на правецот исток –

6

ПОРТА

29 ноември 2019

запад низ централното подрачје на Скопје мора да се реши трајно. Идејата со проширување на улицата „Даме Груев“, на границата од „Малиот ринг“ е крајно дискутабилна. Техички многу тешко решение за изведба, со многу последични негативни реперкусии по квалитетот и убавината на сегашното решение и екологијата пред сè.

Но, тоа решение нема да биде успешно без решение на брза сообраќајница на релација исток од Аеродром и Кисела Вода, до запад Карпош и Ѓорче Петров. „Јужниот булевар“ е единствено реално решение. А до каде сме со тоа?? Големиот трговски, бизнис и станбен центар „Diamont“ што го гради турската фирма „Лимак“ на трасата на „Јужен булевар“ забрзано напредува. За подземниот дел на булеварот штама. Проектот го работи „Чакар инженеринг“. Но, очигледно квалитетно решение сè уште нема... Од наши сознанија проблематични се влезните и излезните крстосници од подземната траекторија, кај Тутунски комбинат и Нова Македонија. Затворањето на сообраќајот низ центар без „Јужен булевар“, дефинитивно ќе го продолжи и онака присутниот, секојдневен колапс во централното подрачје. Дали и овој пат ќе имаме само козметичко решение и ќе ја повториме за нас познатата народна „сиромавиот двапати плаќа“. Дали поради немање на храбра визија и пари, ќе дозволиме „Јужен булевар“ да остане само со половично решение и со продолжена сообраќајна агонија низ центарот на Скопје. n ДО КОГА !? Во новогодишниот број Порта 3 ексклузивно ќе го прикаже проектот за сообраќајно решение на „Јужен булевар“.


ПОРТА


инфо

Првиот Македонски конгрес за патишта

Н

а 7 и 8 ноември 2019 година во Скопје во хотелот „Double Tree by HILTON“ се одржа првиот Македонски конгрес за патишта во организација на Друштвото за патишта на Македонија (ДПМ), а како коорганизатори на настанот беа: ЈП за државни патишта, Градежниот факултет – Скопје (ГФ), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, ЈП „Македонија пат“, Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај и Инженерската институција на Македонија. Покровител на настанот беше премиерот на Владата на РС Македонија, г-динот Зоран Заев. Овој прв Македонски конгрес за патишта се организираше во чест на неколку големи јубилеи и тоа: - 70 години од основање на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје - 70 години од основање на Градежниот факултет во Скопје - 50 години од основање на Друштвото за патишта на Република Македонија. На свеченото отворање на конгресот пригодни обраќања имаа: - проф. д-р Горан Мијоски (претседател на ДПМ), кој во своето обраќање говореше за значењето на ДПМ, големото значење кое патната мрежа го има за општеството, како и за заслугите и предизвиците на инженерите за патишта. Тој истакна дека развојот на една земја е во корелација со

8

ПОРТА

29 ноември 2019

развиеноста и квалитетот на нејзината патна мрежа. Во прилог на оваа констатација е фактот дека сите инвеститори како важен предуслов за нивните инвестиции ја посочуваат патната инфраструктура, како круцијална алка во поврзувањето на суровините, производството и пазарот. - проф. д-р Златко Србиновски (декан на ГФ), се осврна на значењето на наставно – научниот процес на Факултетот за

развојот на идните инженери, а воедно и потсети на големиот и значаен јубилеј не само за вработените и инженерите, 70 години од основање на Градежниот факултет во Скопје, како еден од факултетите основач на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, туку и како еден од столбовите на научниот и културниот идентитет на македонската државност. На крајот од своето обраќање, деканот упати желби за успешен конгрес, со надеж тој


да стане традиционален. Гостите ги поздравија и проф. д-р Миле Димитровски (претседател на КОАИ и потпретседател на Европската комора на инженери), Зоран Китанов (директор на ЈПДП и претседател на Организациониот одбор на конгресот), проф. д-р Никола Јанкуловски (ректор на УКИМ), Горан Сугарески (министер за транспорт и врски) и Зоран Заев (премиер на РС Македонија), На конгресот имаше околу 350 учесници од 15 земји од Европа, со пријавени околу 70 научни трудови. Научниот одбор беше составен од еминентни професори од 10 европски држави. Претседател на Научниот одбор беше проф. д-р Горан Мијоски, а на Организациониот одбор претседател беше директорот на ЈП за државни патишта, г-дин Зоран Китанов. Темите од областа на патиштата за кои се дискутираше на првиот Македонски конгрес за патишта беа: l Планирање и проектирање l Управување, изградба и одржување l Безбедност на сообраќајот на патиштата l Заштита на животната средина и одржлив развој l Инфраструктурни објекти l Транспортна политика и финансирање l ITS и нови технологии во сообраќајот l Слободни и сродни теми од областа на патишта и презентација на нови проекти Сето изнесено упатува на размислувањето на скоро сите учесници дека Македонија во областа на патиштата имала потреба од ваков конгрес, можеби многу порано, но треба да се настојува конгресот да има континуитет и да се продолжи со организација на вториот Македонски конгрес за патишта. Колеги инженери – патари, нека ни е со среќа! n

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


инфо

Еден викенд на архитектура Денови на Орис пред сè се мошне инспиративно случување, каде навистина има големо количество на идеи, кои се слушаат за време на двата дена. Интересно е и кога крајно архитектонското случување ќе го „пресече“ некој од предавачите којшто е фотограф или графички дизајнер

Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Загреб)

С

о тек на време Денови на Орис (Dani Orisa) станаа веројатно, најзначаен архитектонски настан во регионот. Секоја година преку 2.000 посетители присуствуваат на дводневна конференција која има за цел да го претстави најдоброто што го пружа современата архитектура. И покрај тоа што случувањето е регионално, претставено е најдоброто од светот. Во текот на сите овие години некои од најголемите имиња на архитектурата гостувале во салата Лисински во Загреб, каде се одржува оваа манифестација. Покрај во Загреб, Денови на Орис се организирани и во други градови како Дубровник, Љубљана и Белград. Сепак Денови 10

ПОРТА

29 ноември 2019

на Орис како манифестација се врзува за Загреб во рана есен. Низ предавањата можно е да се видат многу нови идеи и да се добие увид во тенденциите во архитектурата. За наши услови, фасцинантен е и бројот на публиката која секоја година доаѓа на оваа манифестација, што придонесува и на фактот, дека Денови на Орис можеби и го надраснале регионалниот карактер на конференцијата. По деветнаесетти пат одржани се загребските Денови на Орис, за време на викенд 19 и 20 октомври. Како најава на самата конференција, ден порано, на 18 октомври во Орис куќа на архитектурата, отворена е изложба на чилеанскиот фотограф Кристобал Палмa и еден од говорниците на ова случување. Прв предавач беше Том Емерсон од британското биро „6А architects“, повеќепати

наградувано, кое е најпознато по проекти на современи уметнички галерии, школи, уметнички студија и стамбена архитектура. Потоа беше организирана панел-дискусија за архитектонското образование на која учествуваа некои од предавачите. Овој нов концепт на програмата воведен е оваа година. Швајцарскиот архитект Марио Бота, сигурно најпознато име на овогодинешното случување, на еден едноставен начин, нагласувајќи на почетокот дека неговото предавање би требало да трае околу 50 минути, го претстави својот повеќедецениски архитектонски опус, преку нови проекти, како новиот Кампари комплекс во Милано, универзитетската библитека во Пекинг и ресторан сместен на врв на планина во Швајцарија. Регионалната архитектонска сцена ја претстави студиото 3ЛХД од Загреб, кое го


ДЕНОВИ НА ОРИС 2019 прераснува епитетот на хрватско архитектонско биро, со проектите во Кина и Кипар. Студиото 3ЛХД, неодамна го проектираше и интересниот хотел Гранд Парк во Ровињ. Ентериерот на овој хотел го потпишува студиото на Пиеро Лисонии, студио со седиште во Милано и Њујорк, кое е присутно на глобално ниво во поле на архитектурата, продукт дизајнот, графичкиот дизајн и корпоративниот идентитет. Вториот ден на предавањата почна со претставување на шпанското биро „Harquitectes“, на кое преку низа проекти беше претставен еден мошне интересен архитектонски опус, кој комбинира различни пристапи на архитектурата, од биоархитектура со цел заштеда на енергија до архитектура која преку задржување на постоечки структури во реконструкцијата, прави единствени архитектонски целини на старото и новото. Интересна е неретката употреба на различни видови тула, како и просторни организации кои често вклучуваат голем број директно поврзани простории, преку крајно сведена и намалена потреба од ходници. Фотографот, чија изложба ја отвори оваа дводневна конференција, Кристобал Палма од Чиле, беше следниот говорник. На Деновите на Орис можат да се видат и содржини кои не се стрикно врзани со архитектура и проектирање, преку предавања на луѓе кои се занимаваат со други, сродни професии. Палма претстави некои од своите фотографски труда, како и неколку кратки филмови. Листата на интересни предавачи од други меридијани, ја потполни и Густаво Утрабо, основач на истоименото студио од Бразил. Како и во случај на други примери од Јужна Америка, интересно е да се види колку архитектите од тој континент различно работат со просторот во однос на архитектите од Европа или на пример Јапонија, па така не е чудно обична куќа да има повеќе од 500 квадратни метри.

Последен од предавачите беше Нено Кезиќ од Сплит, човек кој по завршување на Архитектонскиот факултет во Загреб, работел во Лондон во студиото Мајкл Хопкинс и партнери. Потоа го основал студиото Архиполис во Сплит. Некои од значајните дела на Архиполис се студентскиот дом во Сплит од 2013 година, хотелот Сплит од 2012 година, станбениот објект Жњан од 2004 година и многу други проекти. За сите овие години, конференцијата на Деновите на Орис сигурно станала култна, ако не и најважна манифестација во регионот. Многу добро организирани два дена, навистина умеат на посетителите да им понудат широк избор на архитектонски предавачи. Делува субјективно мислењето дека обидот со воведување на панел-дискусија е можеби непотребен потег, бидејќи голем број посетители во тој момент ја напуштаа салата. Салата повторно се наполни кога говореше најголемото име на овогодинешниот Орис, а

тоа беше Марио Бота. Денови на Орис пред сè се мошне инспиративно случување, каде навистина има големо количество на идеи, кои се слушаат за време на двата дена. Интересно е и кога крајно архитектонското случување ќе го „пресече“ некој од предавачите којшто е фотограф или графички дизајнер. Останува впечатокот дека Денови на Орис 2019 е нешто послабо случување од она на што е навикната редовната публика, можеби и поради големите очекувања од една мошне успешна конференција. На некој начин овогодинешните Денови на Орис, веројатно претставуваат само подготовка за навистина големиот јубилеј, а тоа е 20 години од конференцијата. Тогаш можеме да очекуваме уште подобра и побогата програма на најголемата регионална конференција, која скоро две децении врзува голем број на публика за еден октомвриски викенд. Еден викенд на архитектура. n

29 ноември 2019

ПОРТА

11


инфо

Во чест на 100 години, bau1haus и

В

о 2019 година Баухаус од Вајмар го слави 100-тиот роденден, а неговите идеи живеат и понатаму. По повод овој голем јубилеј во Музејот на современа уметност во Скопје во организација на Амбасадата на Сојузна Република Германија се отвори изложба на германскиот фотограф Жан Молитор, дел од неговиот проект „bau1haus“, фотографско патување низ светот. Роден берлинец, Молитор студирал уметничка фотографија во Лајпциг. Тој во 2009 година започнува со фотодокументација во Источна Африка, Бурунди. Во 2015 година патувајќи низ Камбоџа, Индонезија и Турција Жан Молитор наоѓа и некои теми на својот праг во Берлин. Идејата за проектот „bau1haus“ е родена. Тој со својот проект има за цел да се создадат глобални врски и меѓународна размена во областа на архитектурата. Каја Фос, која студирала архитектура во Вајмар, е академски консултант на проектот „bau1haus“. Фотографиите се од Европа, Африка, Азија, Северна и Јужна Америка и даваат фасцинантен преглед за тоа како архитектурата на модерната се шири низ целиот свет. Работењето на овој проект значи трка со времето. Многу згради на фотографиите денес веќе не постојат, на други им се заканува рушење, пропаѓање, притисок на инвестициите. Фотографиите имаат за цел и да ги спасат од заборав. „Бидејќи нашиот начин на живот се забрзува и станува сè поактивен, сликите нудат 12

ПОРТА

29 ноември 2019


ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ ВО МСУ

и во Скопје „оаза на мирот“ и „место на копнеж“ на модернизмот. На фотографиите „зградите изгледаат блескаво и возвишено, без многу присутни луѓе“, велат Молитор и Фос. Проектот „bau1haus“ напредува и продолжува. Во моментов има фотографии од над 30 земји и истражувани се недвижности во над 100 земји. Во Музејот на современа уметност изложена е лепеза фотографии: од Школата Баухаус во Вајмар на Валтер Гропиус, Лосовата вила во Прага, преку вилите во Вајмар, Националната галерија на Мис ван дер Рое во Берлин, па сè до Работничкиот клуб во Москва на Константин Мељников и тесната, аголна станбена зграда чиј проектант е непознат во нам далечниот Бејрут. На изложбата се прикажани и фотографии на објекти од Скопје од „нашата модерна“ како Стоковната куќа „НАМА“ на професорот Славко Брезовски, ЈЗУ Универзитетската клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“ (Градска болница) на Драго Иблер, објектот на ЕСМ на Бранко Петричиќ и др. n

ПОРТА


инфо

„Скопје, одново“ во МСУ

В

о Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје отворена е изложбата „Скопје, одново“, која публиката ќе има можност да ја посети до 18 февруари наредната година. „Скопје, одново“ хронолошки го обработува создавањето на колекцијата на МСУ, како најголема меѓународна акција на солидарност во уметноста организирана во октомври 1963 од Меѓународната асоцијација на пластични уметности, паралелно со кампањата раководена од ООН за реконструкција на градот, после земјотресот во 1963 година. Со подароците од автори од целиот свет, МСУ станува дом на единствена и исклучителна колекција на современа уметност. Воедно насловот на изложбата „Скопје, одново“ е истот оној од 1966 година на извештајот ООН за извонредната атмосфера, ентузијазам и соработка во градот. Скопје е редок, светол пример, бидејќи буквално е град на солидарноста, што никогаш не смееме да заборавиме. Па така посетителите во МСУ имаат можност да видат преку 100 дела, подароци од авторите, од Меѓународната колекција со посебен фокус на американските уметници: Александер Калдер, Џаспер Џонс, Шила Хикс, Алекс Кац, Јон Григореску, Сол Левит, Дејвид Хокни, Вифредо Лам, Сараи Шерман, Мина Ситрон, Џеф Расел, Бриџит Рајли... и така со ред. Покрај делата на изложбата може да се види и дел од кореспонденцијата и преписката со авторите во процесот на формирање на колекцијата. Поставката е резултат на соработката помеѓу МСУ – Скопје и Амбасадата на САД во РСМ, а

14

ПОРТА

29 ноември 2019


ДО 18 ФЕВРУАРИ

кураторки на проектот се Ана Кац од Музејот за модерна уметност во Њујорк – МоМА и Кумјана Новакова, кустоссоработник во МСУ. Јавната програма се реализира во

соработка со Кара Мејнс, додека програмата за уметничка критика ја води Кет Хариман. Визуелниот идентитет и графички дизајн е на Елена Диновска-Зарапчиев.

Дизајнот на изложбата е на Ана Ивановска, Јован Ивановски и Владимир Десков. Конзерватори соработници на проектот се Ема Петрова и Љупчо Иљовски. n

ПОРТА


градежништво

ИСПИТУВАЊЕ НА МОСТ ЗА ЖЕЛЕЗНИЧКИ И ПАТЕН СООБРАЌАЈ СО ПРОБНО ТОВАРАЊЕ И ПРИМЕНА НА СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ

Сл. 1. Изглед на дел од мостот Властимир РАДОЊАНИН, Душан КОВАЧЕВИЌ, Мирјана МАЛЕШЕВ,Ѓорѓе ЛАЃИНОВИЌ, проф. д-р, на Факултетот за технички науки при Универзитет во Нови Сад, Србија

М

остовите се несомнено едни од најважните градежни конструкции. Нивната важност од економска и социјална гледна точка е немерлива, па разбирливо е дека безбедноста на мостовите за ПОРТА

29 ноември 2019

транспорт на стоки и луѓе не треба да биде загрозена. Токму затоа, во многу земји е воведена обврска за контрола на состојбата на мостовите најмалку на секои две години и истата вообичаено се состои од визуелна контрола и примена на недеструктивни методи за испитување. Сепак, ваквите практики не даваат доволно податоци за состојбата на мостовите и во последните децении е развиен и пуштен во употреба систем за следење на мостови. Следењето на конструктивниот интегритет на градежната инфраструктура,

или едноставно кажано следењето на состојбата на конструкцијата (Structural health monitoring - SHM) во денешно време е сè позначајно. Примарна функција на мониторингот, односно следењето на конструкциите е да се обезбеди сигурност на конструкциите, да се оптимизира нивното одржување и да се намали вкупниот трошок за користење. SHM, како систем, го привлече вниманието на стручната фела бидејќи е развиен систем сличен на човечкиот нервен систем преку кој може да се


почувствуваат абнормалностите како што се болка и чешање и да се обезбедат информации за следниве дејства – во зависност од местоположбата на абнормалностите да се процени дали треба и кога да се оди на доктор. Јасно е дека поставувањето на сензорен систем за регистрирање на абнормалности и проценка на конструктивниот интегритет е од особено значење. Брзиот развој во областите: контрола и следење на состојбата на конструкциите, собирањето и обработката на податоците и компјутерските технологии овозможија да се следи состојбата на конструкциите во реален размер и време. SHM системот имплементиран кај мостовите вклучува пет операции: собирање, валидација, анализа, прогноза и управување со системот. Системот и сензорите се развиени со цел да се следат параметрите за најважните механизми на деградација, а тоа се: корозија на арматурата, карбонизација на бетонот, циклуси на замрзнување/одмрзнување, алкално-силикатна реакција и механичко оштетување. Следењето на состојбата овозможува добивање информации за најважните параметри за проценка на однесувањето на конструкцијата, како што се: статичко оптоварување, динамичко оптоварување, вибрации (фреквенции, амплитуди, забрзувања и тонови форми), уклон, наклон, поместување, дилатации, прснатини, температура. Поважни придобивки од следењето на состојбата на конструкцијата на мостовите се: рано предупредување во случај на каква било неправилност во однесувањето на мостот, можност за спречување на катастрофални оштетувања, па и лом, како и поефикасно планирање на одржувањето и заштитата на мостот. SHE системот овозможува онлајн прибирање на информации и соодветно брз одговор. ПОДАТОЦИ ЗА МОСТОТ И НЕГОВАТА КОНСТРУКЦИЈА Новиот мост за комбиниран железнички и патен сообраќај преку реката Дунав во Нови Сад е изграден на местото на срушениот армиранобетонски мост за комбиниран сообраќај (познат како „Мостот на Жежељ“). Локацијата на мостот е на трасата на главната европска железница, која ja поврзува северна, централна и јужна Европа, вклучувајќи ја и железничката пруга помеѓу Будимпешта и Белград. Мостот е изграден од меѓународен конзорциум (AZVI/Taddei/Horta JV), а проектиран е од А.

Сл. 2. Позиција на сообраќајните ленти Бојовиќ, компанија „Делинг“, Белград. Вкупната должина на мостот е 474 m и се состои од две лачни конструкции и две пристапни конструкции (сл. 1). Мостот содржи и две патеки за пешаци и велосипеди (сл. 2). Проектот „Опрема за следење и испитување со пробно товарање на железнички-патен мост во Нови Сад“ е изработен од Факултетот за технички науки - ФТН во Нови Сад, а сите активности во врска со поставувањето на опремата за следење и испитување со пробно товарање се реализирани во април 2018 година, во конзорциум со повеќе компании. Со договорот се опфатени следните обврски: • Долготрајното следење (мониторинг) и испитувањето со пробно товарање треба да бидат извршени за иста конфигурација на мерните точки, исти мерачи и опрема, со исклучок на некои точки кои се важни само во фазата на поставување на двете лачни конструкции; • Истиот работен тим да биде ангажиран за опремата, следењето и испитувањето со пробно товарање; • Обезбедувањето и поставувањето на опремата, воспоставувањето на системот за следење на состојбата и испитувањето со пробно товарање треба да бидат организирани по принципот „клуч на

рака“ од страна на конзорциум со кој раководи ФТН; • За потребите на пробното товарање, натоварените камиони/вагони/локомотиви и логистиката на градилиштето треба да бидат обезбедени од AZVI како изведувач. Земајќи го предвид начинот на потпирање, мостот е проектиран како интегрална конструктивна целина од четири независни делови: пристапен мост Петроварадин (1-2А), лачен мост Петроварадин (2-3А), лачен мост Нови Сад (3Б-4) и пристапен мост Нови Сад (4Б-5), слика 3. Крајните столбови 1 и 5 се нови, масивни бетонски столбови, фундирани на колови. Столбовите 2 и 3 се нови, масивни бетонски столбови изведени врз постојните темели (темели од стариот мост), столбот 4 е нов масивен бетонски столб, фундиран на колови. Конструкцијата на мостот е потпрена во секоја од системските оски на вкупно 3 лежишта. Носивата конструкција на лачните мостови е слободно потпрен просторен систем од носиви лаци и затеги (слика 4) со следните карактеристики: • распон 177.0 m (лачен мост, дел 2-3A од страната на Петроварадин),

Сл. 3. Конструктивни делови (единици) на мостот 29 ноември 2019

ПОРТА

17


Сл. 4. Носива конструкција на лачните мостови

• распон 219.0 m+1.7 m (лачен мост, дел 3B-4 од страната на Нови Сад), • висините на лаците се 34.0 m и 42.0 m, • лаци, попречни греди за поврзување на лаците, затеги (челична конструкција), • висулки (кабли со паралелни јажиња), • попречни греди (челична конструкција) и • бетонска коловозна плоча (армиранобетонска плоча спрегната со попречни греди). • конструктивни материјали: челик S355 и S460, бетон C35/45 и C40/50, кабли fy=1860MPa и арматура B500B (или C). ОПРЕМА ЗА ПРОБНО ТОВАРЕЊЕ И СИСТЕМ ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕТО НА КОНСТРУКЦИЈАТА Целата опрема која беше поставена за долготрајно следење на состојбата на мостот (заедно со дополнителната геодетска опрема) беше користена и за следење на однесувањето на мостот за време на пробното товарање. Функцијата на системот за следење е да се соберат и да се креира база на податоци со цел да се следи однесувањето и да се подобри безбедноста на конструкцијата на мостот од аспект на: носивост, стабилност, употребливост и трајност. Системот за следење е проектиран како компјутерски систем за следење на параметрите кои го дефинираат однесувањето на четирите мостовски конструкции во реално време при сообраќајно оптоварување и други дејства. Системот за следење на состојбата на мостот се состои од: • мерни потсистеми (сензори и предаватели), • потсистем за прибирање на податоци (мерни амплификатори и уреди), • потсистем за трансфер на податоци (компјутерска мрежа) и • потсистем за трансфер, складирање, процесирање, анализа и приказ на податоци (компјутери со соодветен софтвер). 18

ПОРТА

29 ноември 2019

Системот беше/ќе биде во функција во следните фази на градба на мостовската конструкција: • следење за време на затегањето на висулките од лачните мостови, • следење за време на поставувањето на лачните мостови, • следење за време на поставувањето на пристапните мостови, • следење за време на поставувањето на постојаниот товар на лачните и пристапните мостови, • следење при испитувањето со пробно товарање, пред пуштање во употреба, • следење во тек на експлоатавија (долготрајно следење).

1. ПРОБНО ТОВАРАЊЕ Пробното товарање беше изведено на почетокот на април 2018 година. За спроведување на 24 фази на статичко и 3 фази на динамичко товарање на мостот, беа користени следните возила: • 38 камиони (3 осовински, со просечна тежина 228 kN), • 32 вагони (4 осовински, со просечна тежина728 kN) и • 3 локомотиви (со просечна тежина 1147 kN). Целта на пробното статичко товарање беше да се определи: • капацитетот на носивост на конструктивните елементи за кои во нумеричката анализа се добиени екстремни вредности на статичките величини (од регистрирани напрегања), • крутост/употребливост на главните конструктивни системи на мостот (од вертикални и хоризонтални поместувања и ротации) и • регуларност во однесувањето (базирано на компатибилноста помеѓу мерените и пресметаните вредности). На следните фотографии се прикажани карактеристични товарни случаи.

Сл.5 Товарен случај 107 – Пристапен мост „Петроварадин “

Сл.6. Товарен случај 407 – Пристапна рампа Нови Сад (4B-5)


Табела 1. Максимални вредности на пресметаните, измерените и заостатните поместувања

Сл.7. Динамички параметри за тест со брзина 10 km/h – Пристапна рампа Петроварадин (1-2A)

Во табела 1 се прикажани максималните вредности од нумеричките анализи и реално измерените вертикални поместувања за четирите мостовски конструкции, како и соодветните вредности на заостатните поместувања. За сите четири основни конструктивни единици и за трите брзини на движење на локомотивите 10 km/h, 55 km/h и 80 km/h, извршени се динамички товарања со цел да се определат: • природните фреквенции и придушувањето (од спектарот на вибрации), • динамичките коефициенти (од односот на влијанијата при динамичко и статичко дејство за ист товар) и • забрзувањата на конструктивните елементи (од анализата на записот за забрзувањето). На слика 13 и слика 14 прикажани се спектрите, односот помеѓу влијанијата на статичките и динамичките дејства и забрзувањата на конструктивните елементи за пристапен мост Петроварадин и Лачен мост Нови Сад. 2. ЗАКЛУЧОК Од страна на претпријатија за управување со патишта, професионални организации и академии, организирани се многу конференции и дебати каде што се опфаќаат и анализираат причините коишто доведуваат до голем број на несреќи на патиштата и се дефинираат стратегии за нивно избегнување во иднина. Овие стратегии главно се засновани на примена на системите за следење на состојбата на мостовските конструкции (SHM). Во почетокот, системот за следење опфаќаше визуелни проверки (контроли) и

29 ноември 2019

ПОРТА

19


недеструктивни методи за испитување, интегрирани со систем за следење на состојбата на мостовските конструкции преку комбинација на одговорите од различни доверливи сензори, поставени на конструкцијата со цел следење на однесувањето на мостовската конструкција.

20

ПОРТА

29 ноември 2019

Денес, Internet of Things (IoT), Wireless Sensor Network (WSN) и други напредни технологии за паметно градење се прилагодени за решавање на проблемите со сигурноста на мостовите, пренесувањето и управувањето со информациите. Развиен е IoT базиран систем за набљудување на сигурноста на мостовите, способен да ги следи и пренесува податоците на мобилните уреди на персоналот одговорен за управување со безбедноста на мостот и нивна документација. Системот за следење на состојбата на мостот за железнички и патен сообраќај во Нови Сад е еден од најголемите инженерски проекти на Катедрата за градежништво и геодезија, при Факултетот за технички науки, со многу иновативни аспекти во полето на следење на конструкциите. Напорите за здружено партнерско вложување на „TRC Pro“ за хардвер и „Creative Tree“ за софтвер, придонесе претходно изнесеното да стане реалност и се потврди дека таков комплексен систем

за набљудување има потреба од повисоко ниво на експертско и мултидисциплинарно знаење. Врз база на анализата на резултатите и на останатите релевантни податоци добиени од пробното товарање на „Мост за железнички и патен сообраќај преку река Дунав во Нови Сад“, добиени се следните заклучоци: • Носивоста, стабилноста, крутоста и употребливоста на мостовската конструкција е на нивото коешто е предвидено со основниот проект на конструкцијата. • Измерените поместувања и регистрираните напрегања се помали од вредностите коишто се добиени со нумеричката анализа за сите товарни случаи од пробното товарање. • Однесувањето на мостовската конструкција при пробно товарање е еластично, со незначајни заостатни деформации. • Мостот за железнички и патен сообраќај преку реката Дунав во Нови Сад ги исполнува барањата за технички коректна конструкција, во согласност со српските прописи за пробно товарање и поседува соодветна носивост, стабилност и употребливост за сите предвидени товарни случаи во проектот. n


ПОРТА


интервју

Како да ја форсираме добрата архитектура, ако генерации ни се воспитуваат гледајќи нешто друго? Ние во Музејот направивме голем чекор со оформувањето на Одделение за архитектура, а во него и Одделение за современа архитектура, урбанизам и дизајн, кое опфаќа период од почетокот на дваесеттиот век до денес. Ова наше Одделение е прво, а мислам дека е и единствено во музеите во Македонија

Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.

А

рхитект Фросина Зафировска е кустос-советник и директор на Музејот на град Скопје и овогодишен добитник на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје од областа на уметноста за значајни достигнувања во областа на музејската дејност, визуелните уметности, архитектурата и дизајнот. Таа со децении е организатор и поддржувач на случувања во сферата на архитектурата, кои во вид на изложби, предавања, трибини се одржувале скоро секогаш, но и најдолго и најмногу во „нејзиниот“ МГС и секогаш сесрдно излегувала во пресрет како на Асоцијацијата на архитекти, така и на сите останати архитекти и студенти по архитектура и нивните дејности во Музејот. Фросина Зафировска е составен дел и најпрепознатливо лице на сите архитектонски настани. Таа секогаш беше тука и секогаш стоеше зад архитектите и ги „трпеше“ и тогаш кога никој друг не го правеше тоа. Редакцијата на Порта 3 од сè срце ѝ ја честита наградата и пензионирањето. Прво за наградата, бидејќи е актуелна во моментов, но и многу значајна. Оваа награда е еден вид круна на Вашата професионална кариера. Како ја доживеавте веста за наградата, се изненадивте ли, што значи таа за Вас? n Најпрво да Ви се заблагодарам на честитките и за наградата и за пензионирањето. Додека пензионирањето беше неминовно, награда е сосема нешто друго. Токму така и јас ја доживувам, како што велите како „круна“, на сето мое залагање и придонес во изминативе повеќе од 38 години, во „мојот“ Музеј, во културата, во уметноста, архитектурата на градот, Републиката и секако во популаризација на нашата култура и надвор од нашата земја. Се изненадив многу, бидејќи не знаев дека сум кандидирана, но по првичниот шок, бев и сум многу возбудена и

22

ПОРТА

29 ноември 2019


ФРОСИНА ЗАФИРОВСКА, ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ“ НА ГРАД СКОПЈЕ дали сме свесни што сме постигнале? Јас сум свесна и среќна сум што како комесар бев дел од тоа достигнување.

благодарна на оние кои сметале дека за својот труд во својата професија, заслужувам да бидам наградена. Секако, сметам дека ова е и награда за Музејот и за сите „музеалци“, бидејќи едно е идеја, желба, знаење, но за реализација на секој проект е потребна екипа, соработка и поддршка. Многу години поминавте со разни архитектонски настани во Музејот. Можете ли да одвоите некој кој Ви оставил впечаток, кој го сметате за најуспешен, најзначаен? n Толку многу години и многу повеќе настани, повеќето успешни, некои помалку успешни, навистина не знам што да издвојам. Дали е тоа првиот БИМАС во Музејот на град Скопје, некаде во 1995 или 1997, кога над сто архитекти со над 180 труда учествуваа на тогашната манифестација. Паметам дека на ѕидовите во музејските сали немаше слободно место, па почнавме да се снаоѓаме со поставување во простор. Потоа извонредни проекти наградувани на Годишната награда или првите манифестации АСК, со извонредни гостувања и презентација на актуелните случувања во архитектурата во светот. Потоа, во почетокот на 2000, појавата на група млади архитекти, кои денеска се етаблирани во професијата, кои започнуваат преку многу интересни изложби да поставуваат прашања за улогата на архитектот, за неискористените потенцијали и простори, да ја истражуваат „модерната“ и сето тоа обмислено, современо да го презентираат на изложби. Тука морам да ја истакнам последната, една од навистина најубавите изложби во Музејот: Скопските вертикали.

Но, ако веќе зборуваме за најзначајни моменти, настани за македонската архитектура, според мене, тоа е учеството на Венециското биенале на архитектурата. Прв пат учествувавме во 2004, благодарејќи на извонредното чувство и разбирање на тогашниот министер за култура г-дин Благоја Стефановски и неговите најблиски соработници. Оттогаш македонската архитектура е присутна на сите биеналиња, каде што е целиот свет, каде што сите можат да ве видат и каде што можете да видите. И секако, да не забораваме дека во 2006 година, за проектот „Град на можни светови“, куриран од архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи Пуља, македонскиот павилјон доби „Специјално признание“, едно од доделените три признанија (Јапонија и Исланд). Постојано се прашувам

БИМАС со децении се одржува во Музејот. Сведок сте на сите биеналиња и сигурно паметите и подобри времиња. Како одминуваат годините БИМАС како да го губи сјајот. Посетеноста, особно онаа кога не е отворање или затворање е мала. На што се должи ова? n Од кога почна соработката со Асоцијацијата на архитекти, некаде во почетокот на деведесеттите години до денеска БИМАС се одржува во Музејот на град Скопје (со исклучок на еден неуспешен обид за поставување на изложбата во МОБ). Притоа Музејот не е само место каде се поставува главната изложба, туку е активен соработник и учествува со сите свои ресурси, вградувајќи го во својата редовна програма. Тоа што се има впечаток дека заинтересираноста, како за излагање така и за посетеност е намалена, или со други зборови дека БИМАС го губи сјајот, е навистина блиску до вистината. Треба да се направи анализа зошто е тоа така. Јас веќе напомнав за поранешни манифестации, некаде до 15-16 БИМАС, во Музејот беше врвулица од трудови и луѓе, како на отворањето, така и во текот на одржувањето на изложбата. Сега веќе не е така. Јас мислам дека има повеќе причини, а една од главните, според мене е „снемувањето на мастодонтите“ „Пелагонија“, „Гранит“, Бетон“, „Македонија проект“, кои секогаш имаа голема продукција и сакаа да ја покажат. Конкурси немаше, или имаше многу малку, а уште помалку се реализираат иако ги има. Тука морам да го истакнам позитивниот пример на Општина Центар со основното училиште во

С

29 ноември 2019

ПОРТА

23


Капиштец , за кое беше распишан конкурс, се избраа победници и се изгради училиштето. Дали знаеме за друг сличен пример, јас барем не можам да се сетам, со години наназад. Сепак според мене главна причина е она несреќно „Скопје 2014“ и целата атмосфера во државата. Апатијата, незаинтересираноста за културата се одрази секаде. Јас сум од оние кои веруваат дека полека, со желба и труд ќе ги поправиме работите. Како е да се соработува со колеги во организација на настани? Стигнуваат ли архитектите навреме да си ги завршат обврските? n Јас сум архитект и нормално е да имам

ПОРТА

разбирање и да ги третирам со малку повеќе „попустливост“ моите колеги. Од друга страна со години се залагав за висок професионализам, нормално можен во овие наши „непрофесионални“ услови. Во секој случај, најголемиот број архитекти со кои сум соработувала, биле баш онакви какви посакувате да сте и самите: високопрофесионални, самоуверени со причина, јасни, со голема способност за соработка и прифаќање на сугестии и многу коректни. Архитектонската продукција не ни е многу богата. Во вакви услови тешко се организираат архитектонски изложби. Но

мораме да ја држиме кондицијата за она што е тоа квалитетна архитектура. Што може како струка, како музеј повеќе да направима за да имаме повеќе и поквалитетни архитектонски настани? n Тешко да можеме многу да направиме во овој момент. Ако зборуваме за квалитетот на архитектурата, сте забележале ли дека на последните биеналиња има многу поквалитетна продукција во селекцијата „проекти“, отколку во „реализирани“ објекти. Ние имаме добри школи за архитектура, но останатото е до понудата и побарувачката, односно до моралот и етиката. Јас пак ќе се навратам на штетата со онаа несреќа од „Скопје 2014“, колку квалитетни изложби треба да направиме, колку и како да ја форсираме добрата архитектура, ако генерации ни се воспитуваат гледајќи нешто сосема друго на улиците на градот. Јас не можам да поминам покрај објектот на Владата, а да не ми се слоши, а знам дека за уште кратко време, ќе имаме генерации кои нема ни да знаат дека на тоа место сме имале прекрасен објект, еден од „бисерите“ со кој се гордеевме. И што би можеле да направиме повеќе?! Нормално Музејот ќе застанува зад квалитетни настани (се надевам иако сум веќе во пензија), Вие ќе пишувате и форсирате квалитет, но колку сето тоа ќе допре до пошироката јавност? Ми верувате ли дека не се сеќавам кога последен пат на отворање на изложба имало телевизиска камера, макар една.


Долго време се говори за идејата Музеј за архитектура. Вие и бевте вклучени во некои разговори со Архитектонската академија. Можеме ли да се надеваме на ваков музеј? n Идејата за Музеј за архитектура е стара повеќе од дваесет години. Веројатно тие идеи се појавија некаде со осамостојувањето и свесноста дека имаме што да вреднуваме, зачуваме и покажеме. Со обновата на постземјотресно Скопје многу наши архитекти добија можност да се искажат, така што, покрај оние веќе етаблирани се појавија и до денеска се појавуваат автори кои со своите идеји, својата работа, заслужуваат да бидат запаметени. Но, за тоа се потребни предуслови. Ние во Музејот направивме голем чекор со оформувањето на Одделение за архитектура, а во него и Одделение за современа архитектура, урбанизам и дизајн, кое опфаќа период од почетокот на дваесеттиот век до денес. Ова наше одделение е прво, а мислам дека е и единствено во музеите во Македонија. Задачата е прибирање, стручна и научна обработка, чување, заштита, јавна достапност и презентација на архитектонското наследство. Веќе имаме извесен фундус во кој се макети (Кензо Танге), архитектонските изложби со кои учествувавме на венециските биеналиња на архитектура (2004, 2006, 2008, 2012), наградени трудови од одржуваните манифестации АСК и БИМАС и збирка од донацијата на семјството на професорот Борис Чипан, која и ја презентиравме преку изложба во 2017 во Музејот. Ова одделение со фундусот што го поседува, според мене, треба да биде еден од изворите од кој ќе се оформи идниот Музеј за архитектура. Јас сум убедена дека потребата од ваков музеј е евидентна, а исто така верувам и се надевам дека ако не бидам активен учесник, ќе бидам сведок на негово оформување и постоење. n

ПОРТА


архитектура

Селската куќа Лесанс ја освои наградата RIBA Куќата Лесанс е изградена во Северна Ирска и станува збор за мал, но вешто компониран комплекс од три објекти развиени околу постоечка плевна и новоотворено предворје на кое се надоврзува мал објект со спалните соби, како и распространет дневен простор со широки визури кон пејзажот којшто ја опкружува локацијата

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта 3 од Лондон)

И

оваа година жирито на Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects) имало тешка задача од селектираните 20 проекти да избере седум во најтесниот избор, за потоа од нив да го изберат овогодишниот добитник на наградата „Куќа на годината“ 26

ПОРТА

29 ноември 2019

за 2019 година: Куќата Лесанс (House Lessans) на Мекгонигл Мекграт (McGonigle McGrath). Наградата „Куќа на годината“ (House of the Year) Кралскиот институт на британските архитекти ја доделува на најдобро испроектирана нова куќа од архитект во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Покрај Куќата Лесанс во најтесниот избор за наградата „Куќа на годината“ се нашле и следниве проекти: • Обновеното рурално прибежиште за

l l

l

l

Сартфел (A Restorative Rural Retreat for Startfell) на Фостер Ломас (Foster Lomas); Црната куќа (The Black House) на Дуалчас архитектс (Dualchas Architects); Зелената куќа (The Green House) на Дејвид Шепард Архитектс (David Sheppard Architects); Фармата Нитхуртс (Nithurst Farm) на Адам Ричардс Архитектс (Adam Richards Architects); Џебната куќа (Pocket House) на Тикари


ГОДИШНА НАГРАДА НА КРАЛСКИОТ ИНСТИТУТ НА БРИТАНСКИТЕ АРХИТЕКТИ Воркс (Tikari Works) и Световно прибежиште (Secular Retreat) на Ателјето Питер Зумтор со Мол Архитектс (Atelier Peter Zumthor with Mole Architects). Пред да стане добитник на наградата „Куќа на годината“, Куќата Лесанс веќе се здобила со две други награди за архитектура на Кралскиот институт на британските архитекти, и тоа Награда за Северна Ирска за 2019 година и Национална награда за 2019 година, коишто укажуваат на квалитетот на проектот како на регионално така и на национално ниво. Куќата Лесанс е прекрасна нова куќа изградена во руралната средина на околијата Коунти Доун (County Down) во Северна Ирска за неименуван клиент. Станува збор за мал, но вешто компониран комплекс од три објекти развиен околу постоечка плевна и новоотворено предворје на кое се надоврзува мал објект со спалните соби со свој приватен двор, како и распространет дневен простор со широки визури кон пејзажот којшто ја опкружува локацијата. Надворешното обликување и материјализацијата на овој комплекс се надоврзуваат на оној постоечкиот на утилитарната плевна со ѕидови од бетонски блокови и полуцилиндричен кров од профилиран лим во темносива боја. Приземјето на новододадените l

29 ноември 2019

ПОРТА

27


објекти на комплексот завршно е обработен со малтерисани ѕидови во бела боја и големи екрани (прозорци), додека надворешните ѕидови и двоводните кровови над нивото на приземјето се опшиени со лим во посветли нијанси на сивата боја. Архитектите направиле исклучителен потфат во својот обид да направат куќа која не само што одразува смиреност, достоинство и великодушност туку и ги реализира сите овие определби во рамките на скромна инвестиција. Преку ова тие успеале да покажат дека големата инвестиција не е секогаш предуслов за егземпларна реализација. Архитектите Мекгонигл и Мекграт ова го постигнале преку својата умешност и самоконрола во однос на она што ќе треба за да се испроектира и изгради квалитетен нов семеен дом и тоа во најголема мерка преку нивното фокусирање на есенцијалните аспекти коишто ја прават оваа реализација исклучителна. Ваквиот пристап е евидентен преку внатрешното уредување на просторот, каде до вообичаената висина на приземјето доминира сиво обоената ѕидарија и белите вградени плакари, додека површините над ова ниво се презентирани во бела боја со која е опфатен скулптуралниот волумен на внатрешноста на кровот перфориран со кровните прозорци коишто даваат 28

ПОРТА

29 ноември 2019


своевиден катедрален аспект на богато природно осветлен внатрешен простор. Со ова архитектите создале своевиден контраст, надворешните ѕидови со завршна обработка од бел малтер во внатрешниот простор се појавуваат како ѕидови од сиво обоена ѕидарија, додека надворешните површини од сиво обоен лим во внатрешноста на објектите се презентираат како бело обоени површини. Во презентацијата на внатрешноста на објектот доминира минималистичкиот пристап со големо ниво на природно осветлување, сиво обоена ѕидарија и големи бели површини на внатрешноста на кровот. Топлината во овој „аскетски“ амбиент доаѓа од дрвениот под, додека минималистичкиот пристап е нагласен и преку отсуството на вообичаените елементи како што се подните лајсни во овој случај. Преку својата одлучност и софистицираност во примената на навидум едноставен архитектонски јазик како на концептуално ниво така и на ниво на детал, се смета дека архитектите преку своето искуство и умешност успеале да ја разоткријат убавината во рутината на дневното живеење. За жирито овој семеен дом ја покажува својата нераскинлива врска со пејсажот во којшто се наоѓа. Однадвор двата нови објекти ја отсликуваат постоечката плевна и другите земјоделски објекти во своето

͆ì͌ð͖͊ ̹͏î͉ï͌æ͌ ̽͊í͎͊ ̹͉æ͉è͉͍óë ̾͊æç͊íë͖͉ ̹͌ô͉ïë ͆ñ͍͏îëó͉ ͍̈́ëí͊ð Óëñ͌í͉ ͍̓͐ëè ͎̾͌ñëæ͉͍

ПОРТА


опкружување. За разлика од ова внатрешноста се карактеризира со минимални по големина соби со големи прозорци коишто не само што ги исползуваат видиците од објектот туку и ја поврзуваат внатрешноста на објектот со своето рурално опкружување. Ова резултирало во проект на семеен дом со исклучителен квалитет на буџет од само околу 369 илјади евра (335.000 фунти). Едноставниот распоред на просториите, примената на основните градежни материјали, умешноста во рационалноста овозможиле секоја паричка од буџетот на клиентот да биде внимателно и соодветно искористена. За претседателот на Кралскиот институт на британските архитекти Алан Џоунс (Alan Jones): „Куќата Лесенс покажува како архитектурата која го подобрува животот не мора премногу да чини. Реализирана со неверојатна јаснотија и воздржаност, Мекгонигл Мекграт искористиле едноставни и евтини материјали за да создадат навистина единствен дом кој ги отсликува сопствениците и својот контекст. Дури и на најмалиот буџет, Куќата Лесанс покажува дека дури и домот од соништата, испроектиран од талентиран архитект, може да биде реалност.“ Куќата Лесанс е исклучителен пример

30

ПОРТА

29 ноември 2019

како ограничениот буџет и примената на едноставни, широко достапни и евтини градежни материјали под раководство на искусен и вешт архитект може да се трансформираат во посакуван и високонаграден семеен дом кој искажува почит не само на скромните материјални можности на инвеститорот, туку и кон своето рурално опкружување. Преку својот однос кон опкружувањето на

објектот, архитектите и Куќата Лесанс не само што го искажале својот почит кон контекстот туку преку овој прекрасен објект и го надградиле. Оттука овие квалитети не останале незабележани и соодветно се валоризирани од стручната јавност за којашто и се наградени со престижната британска награда „Куќа на годината“ за 2019 година на Кралскиот институт на британските архитекти. n


ПОРТА


архитектура

И. М. Пеи – човекот кој ги даде најубавите форми и простори

И. М. ПЕИ архитектот кој му ги даде на своето време некои од најубавите надворешни форми и внатрешни простори... Човекот кој ги прифаќаше предизвиците за непознатото, за учење и создавање на нови архитектонски дела... ЉУПКА ДУКОВСКА, дипл. инж. арх.

32

ПОРТА

29 ноември 2019


Н

ема подобар начин да се искаже почит кон големиот архитект Пеи од спомнувањето на неговите дела, или уште подобро, во колку е возможно, да се посетат и разгледаат. Добитник на сите најпознати светски награди за архитектурата, Ио Минг Пеи (Ieoh Ming Pei), на 16 мај 2019, во својата 102 година од животот, го напушти нашиот свет. Свет на кој му подари извонредни архитектонски дела, прекрасни форми, прекрасни простори... Во 1983 година, тој ја доби најпрестижната награда за архитектура „Притцкер“. При доделувањето беше кажано: „И. М Пеи му ги даде на овој век некои од најубавите надворешни форми и внатрешни простори... неговата разновидност и умешност во користењето на материјалите е на ниво на поезијата“. Наградата во вредност од 100.000 долари тој ја употреби за создавање фонд за студирање архитектура на кинески студенти во Америка, под услов да се вратат и работат во Кина. Беше инспирација за помладите. Ванг Шу (Wang Shu), добитникот на Притцкеровата награда за архитектура за 2012 година, вели дека Пеи го „разбудил“. За него тој е учител кој дошол пред него, чии успеси и грешки ги научил, кој сфатил како да се премости старото и новото, Истокот и Западот. ОБЈЕКТИ НИЗ ЦЕЛИОТ СВЕТ И. М. Пеи се родил во Гуангжу (Guangzhou) во 1917 година. Растел во Хонг Конг и Шангај. Татко му бил банкар, а мајка му уметник. Во 1935 година, дошол во САД да студира архитектура, со намера после дипломирањето да се врати во Кина. Студирал на Пенсилванскиот универзитет и на Технолошкиот институт во Масачусец. Во двете школи архитектонското образование се засновало на Бозар (Beaux-Arts), на класичната и неокласичната архитектура, што не му се допаѓало. Неговиот интерес и внимание биле насочени кон пионерските модернисти во тоа време. На Харвардскиот универзитет каде изучувал дизајн, се запознал со архитектите од Баухаус, Валтер Гропиус (Walter Gropius 18831969) и Марсел Бруер (Marcel Breuer 1902-1981). Дипломирал во 1940 година. Но Втората јапонско – кинеска војна (1937-1945) ги променила неговите планови за враќање во неговата земја. Почнал да работи во Њујорк, во 1948 година за Вилијам Зекендорф (William Zeckendorf) кој работел со недвижности. На некои од проектите работел со Ле Корбизје. Според неговиот биограф Висман (Viseman), бидејќи доаѓал од Кина, имал многу поинаков концепт за времето и афинитет за природата и историјата. Привилегираното воспитување му помогнало да се снаоѓа во алфа-машкиот свет на архитектурата и недвижностите. Бил во можност

УБАВИ ГРАДОВИ... ГОЛЕМИ АРХИТЕКТИ... ЗНАЧАЈНИ ОБЈЕКТИ...(1) да се школува со моќните и да создаде проекти со моќни геометриски форми и големи простори, како становите на источната страна на Менхетен 1965, Меморијалната библиотека Џон Кенеди во Бостон 1966, каде бил избран меѓу многу познатите архитекти како Луис Кан и Лудвиг Мис ван дер Рое, а Жаклин Кенеди за него рекла: „Сите кандидати се одлични. Но, Пеи! Тој сака работите да бидат убави“. Автор е на источната зграда на Националната галерија за уметност во Вашингтон во 1968... и потоа на уште многу, многу... други објекти низ целиот свет. Неговите дизајни беа широко прифатени и пофалени, но не секогаш во прв момент. Кога големата стаклена пирамида на влезот во музејот Лувр, се отвори во 1989 година, не беше добро прифатена. А сега... сега е икона на градот... ПРОСТОРОТ Е РЕАЛНАТА АРХИТЕКТУРА Пеи не ги сакал стиловите. Но тој се сметал за модернист. Го дефинирал својот пристап уште во 1970 година, во интервју за документарен филм за еден од неговите објекти. „Ако проблемот е комплициран, тогаш зградата ќе резултира на тој начин“ вели Пеи. „Но тој треба да се поедностави. Да се елиминира непотребното“. Тоа е приближната дефиниција на модернизмот во архитектурата, да се одвои суштински потребното, елиминира непотребното, оставајќи чисти линии и резервни геометриски форми. Но неговата архитектура не е само геометрија. „Постојат многу други елементи кои се во игра за да се создаде формата“ вели Пеи. „Просторот е реалната архитектура. Мора да имате светлина... Светлината е многу важна“, а „Светлината на сонцето е магична“. ОБЈЕКТИ И ФИЛОЗОФИЈА Неговата филозофија го следи неговиот дизајн. Го следи основното верување на модернизмот дека формата ја следи функцијата и додава свое толкување, со

вметнување на функционални симболи, што се рефлектира во сите негови извонредни дела. Неговите проекти од музеи до облакодери, покажуваат доследност во идејата дека формата ја следи функцијата и дека модернизмот е мост помеѓу сегашноста и минатото. „Архитектурата може да достигне ниво кога влијае на луѓето да направат нешто повеќе со нивните животи“. Е тоа е најинтересниот предизвик за него. Неговата работа траеше со децении, почна од крајот на 40-тите години на минатиот век и продолжи во новиот милениум. Два од неговите последни големи проекти Музејот на исламска уметност во Доха, Катар и Центарот за науки Макао, во Кина, беа отворени во 2008 и 2009 година. Во 1955 година ја основал сопствената фирма I.M.Pei & Associates. Од 1966 година фирмата се нарекува I.M.Pei & Partners, а од 1989 - Pei Cobb Freed & Partners. Се пензионирал во 1990 година и потоа работел како архитектонски консултант, пред сè во архитектонските бироа на своите синови Pei Partnership Architects. АРХИТЕКТОНСКИОТ ГЕНИЈ И. М. ПЕИ, ЧОВЕКОТ КОЈ ГИ ПРИФАЌАШЕ ПРЕДИЗВИЦИТЕ, СОГЛЕДАН НИЗ НЕКОИ ОД НЕГОВИТЕ НАЈПОЗНАТИ ОБЈЕКТИ И. М. Пеи создаде неколку ремек-дела во модерната архитектура. Ова се само неколку од објектите во неговата мегаархитектонска кариера. The Mesa Laboratory of the National Center for Atmospheric Research, Boulder, Colorado (1961-1967) Ова е еден од првите големи проекти на Пеи, завршен во 1966 година. Вонвременска зграда од бетон и камен, со поглед на карпестите планини во позадината. Инспирирана од карпестите живеалишта на американските Индијанци во југозападниот дел на Колорадо.

ПОРТА


Лабораторијата е прогласена за Лабораторија на годината од списанието за индустриски истражувања во 1967 година и од Американскиот институт за архитектура во 1997 година. Последната награда е за згради кои го „издржале тестот на времето“ за период од 25 до 35 години. Во 2007 година беше прогласен за најдобар Истражувачки центар од списанието Go! East Building of the National Gallery of Art, Washington, D. C. (1968-1978) Источната зграда на Националната галерија за уметност во Вашингтон се смета за ремек-дело на архитектот Пеи. Со нејзиното отворање во 1978 година постави извонредно високи стандарди за дизајнирање на нови модернистички дополнувања на традиционални, класично стилизирани објекти. Архитектонскиот критичар на „Њујорк тајмс“ во тоа време, Ada Louise Huxtable, рече дека е најважна зграда на векот, а „Пеи е веројатно најдобриот архитект на Америка“. Тоа е прв музеј на Пеи. Неговата идеја била дека музејот треба и самиот да биде скулпторско дело. Да се доживува како дел од уметноста, каде луѓето активно се движат и внимателно разгледуваат. Националната галеријата за уметност во Вашингтон има две згради поврзани со подземни премини. Западна галерија во неокласичен стил од архитектот Џон Расел Поуп (John Russell Pope

34

ПОРТА

29 ноември 2019

1874-1937), завршена во 1941 година и Источна галерија со модерни строго геометриски форми од архитектот И. М. Пеи, завршена во 1978 година. Додавањето на новата Источна галерија е на просторно тешка, трапезоидна локација. Решението на проблемот, Пеи го наоѓа во брилијантното користење на фузијата на два триаголника. Големите триаголници Пеи ги дели на неколку помали создавајќи комплексна, преплетена мрежа од триаголни форми. Триаголниците се организиран мотив на зградата, кој се повторува во сите димензии. Главна карактеристика на објектот е висок атриум

проектиран како отворен ентериер. Огромен простор (1500 м²) обработен во мермер од Тенеси, природно осветлен, кој дава небесно чувство, наспроти темните галерии во западното крило кои се претежно без прозорци и природна светлина. Во 2005 година зглобовите кои ги држат мермерните плочи почнале да попуштаат и било неопходно реновирање кое е завршено во 2016 година. Ништо во оваа зграда не е случајно или привремено. Секако имало поплаки и критики. Но објектот стана обновено, почитувано класично дело на модернизмот на крајот на 20 век. Rock and Roll Hall of Fame and Museum, Cleveland, Ohio (1991-1995) Понудата за работа на овој проект, била изненадувачка за Пеи. Тој не бил рокенрол обожавател и во прв момент одбил. Но рокенролот во седумдесеттите години од животот, бил неговиот нов предизвик. Откако направил свое истражување, патувал со Џон Венер (Jann Wenner), кооснивач и издавач на


Ролинг Стоун (Rolling Stone) и посетил разни рок концерти, се посветил на проектот. Дизајнот е комбинација на геометриски форми и конзолни отвори, закотвени во кула од 49 м која поддржува стаклена структура, во форма на двоен триаголен пирамидален облик што се протега до нејзината база каде обезбедува влез на главната фасада. Во зградата е сместен изложбен простор, деловен простор, продавница и кафуле. „Намерата ми беше да одекнувам со енергијата на рокенролот. Свесно користев нов архитектонски речник, кој е храбар и се надевам дека зградата ќе стане драматично обележје на Кливленд и на фановите на рокенролот низ целиот свет“ рече Пеи при нејзиното проектирање. Музејот и салата на славните на рокенролот, сместени во центарот на Кливленд, на брегот на езерото Ери, е објект во кој се документира историјата на рок музиката, на уметниците и други личности кои влијаеле на развојот на рокенролот. Комплетирана во 1995 година, стана едно од неговите најпрепознатливи дела, кое одекнува со енергијата на рокенролот. Miho Museum, Japan (1997) Доаѓањето во музејот, сместен во прекрасен, планински пошумен предел, во предградието на градот Шигараки, југоисточно од Кјото, е преку коса патека со живописни дрва и поминување низ тунел и мост. И одеднаш се појавува главната зграда на музејот. Неверојатно визуелно достигнување. Околу три четвртини од зградата е под земјата. Покривот е голема стаклена и челична конструкција, додека подот, внатрешните и надворешните ѕидови се од топал, беж варовник од Франција, истиот материјал кој е користен и во Лувр. 29 ноември 2019

ПОРТА

35


Објектот завршен во 1997 година, восхитува. Уметност која е дел од прекрасната природата, која се надополнува и поврзува со неа. Bank of China Tower, Hong Kong (1982-1989) Во Хонг Конг градот кој никогаш не спие, изграден е фантастичниот објект на Банката на Кина во Азија. Едно од најпрепознатливите обележја, познато по својата посебна форма и дизајн кој се состои од триаголни рамки покриени со стаклени ѕидови. Имало и критики, посебно од практичарите на фенг шуи, кои единствено за овој објект во Хонг Конг не биле консултирани за неговиот дизајн. Критиките биле главно за острите рабови и негативната симболика на „Х“ форми во оригиналниот дизајн, кој подоцна до одреден степен е изменет. По завршувањето, зградата со

ПОРТА

нејзиниот модерен дизајн, веднаш стана еден од најпознатите објекти во Хонг Конг и светот. Ја промени геометријата на хоризонтот на вертикалите на градот. Во периодот од 1989 до 1992 година беше највисок облакодер во Хонг Конг и Азија. Сега е на четврто место. Museum of Islamic Art, Doha, Qatar (2008) Овој проект бил нов архитектонски предизвик за Пеи. Го преземал на 91-годишна возраст, признавајќи дека малку знае за исламската уметност. Но тоа било можност да ја запознае. За да ја сфати суштината на исламската архитектура, почнал да го проучува исламот и да патува по исламскиот дел од светот. Шест месеци патувал и читал муслимански текстови со цел да ја запознае нивната историја и архитектура. Според него инспирацијата ја добил од фонтаната на џамијата Ibn Tulun од IX век, во Каиро, каде што пронашол строга архитектура којашто сонцето ја оживува, со сите нејзини сенки и нијанси на бои. Резултатот е архитектонска икона составена од петкатна минималистичка зграда и двокатно крило со геометриски форми и естетски детали од уметноста и архитектурата на муслиманскиот свет. Одбивајќи ги сите понудени локации, Пеи предложил објектот да се изгради на самостоен остров. Изграден e на вештачки остров на пристаништето во Доха. Два моста ја поврзуваат предната јужна фасада со главниот полуостров. Источната и јужната страна се опкружени со парк, а западната и северната фасада се маркирани за пристаништето и го покажуваат минатото

на морската пловидба на Катар. Во внатрешноста на зградата, висок атриум со купола од нерѓосувачки челик над големи дупли скали, дава зачудувачки централен дел на ентериерот. Кружен перфориран метален лустер обесен е над скалите, кои водат до галериите. Стаклен ѕид-завеса, на северната страна на просторот, нуди панорамски поглед на заливот од сите пет ката на галерискиот простор. Музејот е под влијание на старата исламска архитектура, но сепак има уникатно модерен дизајн, со геометриски форми. Пустинското сонце и ноќните светла активираат постојана хипнотизирачка игра на бои и сенки на фасадите обложени со француски варовник. Ова е прв ваков вид на музеј во арапските држави на Персискиот Залив, во кој е претставен период од 14 векови исламска уметност, вклучувајќи ракописи, ќерамика и текстил. Вториот дел на текстот за големиот архитект Пеи, е за стаклената пирамида во Лувр, проект за кој тој вели дека бил најголемиот предизвик и најголемото достигнување во неговата извонредна кариера. Најтешката работа. Но со овој проект тој подарил архитектонска икона на градот на светлината, на Париз. Оставил архитектонски белег на овој свет... свет кој го напушти оваа година. А неговото име И. М. (Ieoh Ming) значи „да се направи неизбришлив белег... или да се впише светлина“... n Продолжува


ПОРТА


архитектура

Реинтерпретација на лакот како Ултимативно, објектот има за цел да го врати и одржи споменот на некогашната џумрукана, а притоа да оддаде почит кон постоечкото урбано наследство и да воспостави коегзистенција помеѓу ридот и реката

Никола ЃОРЃИЕВСКИ, м-р арх. и м-р пејз. арх. ЗА КОНКУРСОТ Ансамблот за народни игри и песни на Србија, во соработка со Друштвото на архитекти во Белград распиша отворен конкурс за изработка на идејно решение – нова зграда за државниот српски ансамбл – Коло, прв специјализиран сценски простор за уметнички игри во земјата. Локацијата на новата зграда се наоѓа во централното градско подрачје на Белград, општина Стар Град, во непосредна близина на „Бранков мост“ и реката Сава. Овој предел на Косанчиќев венец е еден од културолошки највредните и најрепрезентативните зониведути на Белград. Дополнително, локацијата е составена од две парцели; зона 1 - простор за новата зграда на ансамблот 38

ПОРТА

29 ноември 2019

Коло, и зона 2 - анкетен конкурс за предлогрешение на објект од областа на културата. На местото на зона 1 се наоѓал првиот постојан српски театар „Театарот на Ѓумрук“ или „Ѓумрукана“ кој работел од 1841 до 1842-та година. Истиот објект претходно бил административна зграда и царинарница, изграден во 1835-та година, од каде и го носи името „ѓумрук“- турски израз за царина, употребуван во 19-тиот век. Зградата била оштетена за време на Втората светска војна и срушена во 1945-та година. Новото идејно решение треба да претставува симболична обнова и реминисценција на ѓумруканата, во склад со конкурсната задача, програмските барања и значењето и потенцијалот на локацијата. Главната цел на овој конкурс е избор на најквалитетното архитектонскоурбанистичко решение од страна на стручното жири, составено од: Владимир

Декиќ, дипломиран продуцент за театар, радио и култура, директор на Ансамблот за народни игри и песни на Србија - Коло, Марко Стојчиќ, дипл. инж. арх., главен урбанистички планер на Град Белград, како и претставници од „Друштвото на архитекти од Белград“, проф. Михаил Тимотијевиќ, д.и.а., Анѓела Карабашевиќ, д.и.а., и Зоран Радојичиќ, д.и.а. Во следниот дел од текстот го претставуваме третонаградениот проект, кој е единствен од наградените трудови што воспоставува проектантска асоцијација со старата џумрукана. Автори на идејното решение се: Милош Јокиќ, м-р арх., Тијана Мачкиќ, м-р арх., Душан Николиќ, м-р арх., и Никола Ѓорѓиевски, м-р арх. и м-р пејз. арх и урбанист, како и надворешните соработници: Стефан Илиќ, м-р арх. и Милан Савовиќ д.и.а.


ТРЕТОНАГРАДЕН ПРОЕКТ НА КОНКУРСОТ ЗА АНСАМБЛОТ ЗА НАРОДНИ ИГРИ И ПЕСНИ НА СРБИЈА – КОЛО

главен обликовен елемент

Проектот е опишан во три дела: контекст, концепт (урбанизам) и концепт (објект). КОНТЕКСТ На макрониво, локацијата претставува физичка колизија од урбана археологија, пејзаж и инфраструктура, непосредно во градски контекст кој рапидно се трансформира, морфолошки и метафорично, отворајќи го прашањето за културното милје на ХXI век. На микрониво, локацијата е дефинирана преку некогашниот асемблаж на Косанчиќев венец кој се карактеризира со густо поставени објекти од културно и историско значење во чии архитектонски елементи се препознаваат некогашните обликовни аспекти на старата ѓумрукана. Исто така, во физичка смисла, локацијата е дефинирана

преку топографијата на белградскиот гребен, како и непосредната близина на реката Сава. Уште една значајна просторна детерминанта, опфатена во конкурсниот распис, е новопроектираната проодна улица на средишната кота од ридот, која има тенденција да се надоврзе на низата објекти кои ја тангираат. Специфичните микроамбиентални елементи и простори во близина на локацијата истовремено

претставуваат репери во урбаната матрица на Белград, како „Големите скали“ значајна врска помеѓу старото градско јадро и реката Сава, и променадата која кулминира со уникатни погледи кон речното устие, големиот воен остров, тврдината „Калемегдан“ и „Нов Белград“. Новиот објект претставува значајна промена во познатата градската ведута, и имајќи го тоа предвид, проектот се стреми 29 ноември 2019

ПОРТА

39


да воспостави висинско вклопување со постоечката урбана морфологија и континуитет со изградениот уличен фронт, а со тоа и со самиот белградски гребен, на начин на кој би се постигнала интегрална и кохерентна целина без нарушување на веќе постоечките просторни атрибути и визури. Од друга страна, димензиите на парцелата повикуваат на проектантска методологија која ги преиспитува конвенционалните практики во доменот на проектирање згради од ваква типологија, имајќи предвид дека самите наложуваат грациозно хоризонтално простирање. Ултимативно, објектот има за цел да го врати и одржи споменот на некогашната ѓумрукана, а притоа да оддаде почит кон постоечкото урбано наследство и да воспостави коегзистенција помеѓу ридот и реката. КОНЦЕПТ (УРБАНИЗАМ) Зоните кои ги опфаќа конкурсот претставуваaт голем сегмент на територија која недостасува во композицијата на урбаниот асемблаж на Ксоанчиќев венец и белградскиот гребен. Оваа урбана матрица е предодредена со исклучителна концентрација на културно и историско наследство, кое на еден начин го отежнува и условува експресионистичкиот потенцијал на интервенцијата во празнината. Првата зона е дефинирана со објектот на ансамблот за народни игри и песни, акцентирајќи ја празнината на втората зона како обликовен аспект кој понатаму игра улога во проектирање на идејното анкетно решение за зграда од областа на културата. Празното /void/, е всушност метафоричен, но и физички контраст на најпроминентниот елемент на зградата на ансамблот – квадратна театарска кула. Во таа смисла, сликата за другиот објект станува негова инверзија – отвор – кружен атриум. Овој метод е пропратен и во предлог-програмата за објектот од културата во зона 2 – дигитална библиотека и музеј на дигиталните уметности. Таквата библиотека, во програмска смисла, претставува стремеж кон иднината наспроти традиционалниот тип, но исто така, како што објектот во зона 1 се реферира со старата ѓумрукана, така и објектот во зона 2 се реферира со некогашната зграда на народната библиотека на Косанчиќев венец, која настрадала при бомбардирањето на Белград во 1941-та година. Од една страна, двата објекта делат заеднички својства во поглед на габаритот, волуменот и контактот со ридот, но од друга страна, имаат контрастно-дуален однос: тектоника ПОРТА


наспроти трепет, кула наспроти атриум, квадрат наспроти круг, лак наспроти ортогонала, традиционално наспроти современо. КОНЦЕПТ (ОБЈЕКТ) Концептот на проектот ја следи идејата за реинтерпретација на лакот како главен обликовен елемент во формацијата на просторот, како надворешниот така и внатрешниот. Освен тоа што ја олицетворува изгубената слика на старата џумрукана, претставува и континуитет на повеќе-вековното постоење на лакот во традиционалната српска архитектура како и архитектурата во регионот. Во тој контекст, лакот може да се смета за еден архетипски елемент на овие простори, а тоа го чини јасен, читлив и комплементарен дел од составот на културното наследство пошироко од урбаната матрица. Во поглед на тематизација на просторот, објектот може да го поделиме на поетичен и прагматичен. Приказната за првиот започнува со позиционирање на гледалиштето нормално на главната улица, така што истото се издига и го повлекува тлото оддолу, дефинирајќи го јавниот простор на објектот со својата изразита тектоника. Фоајето, како клучен сегмент од поетската половина, претставува фузија од сите специфични елементи на зградата, вклучувајќи го и јавниот аркаден уличен трем кој го нагласува суперјавниот карактер на овој простор. Композицијата од бројно пресечени и вкрстени лакови, сводови и волути, различни по висина, распон, материјализација и функција, генерира еден извонредно комплексен и возбудлив простор. Оваа збирка од простори ги поврзува главното гледалиште и главната сцена, музејско-галерискиот простор, мултифункционалната и главната балетска сала, како и кровниот простор /hortus ludi/ - рамнинско продолжение од ридот кое вклучува отворен амфитеатар, летна сцена, видиковец и кровна градина. Фасадата претставува една респонсивна аркадна рамнина која ја пресликува геометријата и структурата на просторот однадвор, и обратно, фасадата е одраз на функцијата и темата на просторот однатре. Спротивно на поетичниот простор, во позадината на зградата, се наоѓа прагматичниот простор. Овој дел е условен од просторно-функционалната шема на ансамблот. Тој претставува скелет што спроведува функционално-просторна дистрибуција за лесно работење на зградата за ансамблот, како за потребите на секојдневните активности, така и за ноќните спектакли. n ПОРТА


архитектура

Програмско и просторно редефинирање на спортскиот аеродром „Аџи Тепе“ Целта на ова истражување е просторнопрограмската трансформација на локацијата да генерира културен, економски и образовен развој на градот

Наслов „Нов центар за воздухопловство – програмско и просторно редефинирање на спортскиот аеродром Аџи Тепе, Куманово Тема „ТРАНСФОРМАТИВНИ ТИПОЛОГИИ“ архитектонско истражување на програмски интегрирани објекти од општествен карактер Локација Аџи Тепе, Куманово Автор Ангелов Александар м.и.а Ментор проф. д-р Михајло Зиноски, Катедра за проектирање општествени згради, Архитектонски факултет – Скопје Година 2019 42

ПОРТА

29 ноември 2019

Н

апредокот во науката, технологијата и растот на градовите се клучни точки за луѓето да ги менуваат своите потреби и да се прилагодуваат на сите новитети. Новитетите, во секое поле од животот на човекот, произлегуваат од самиот поединец. Архитектурата, со цел да ги задоволи менталните и физичките потреби на корисникот, во склоп со потребата за естетика и функционалност во просторот, игра многу важна улога во нормалното функционирање

на денешницата. Брзиот развој/трансформацијата на општеството има потреба од воспоставување на нови архитектонски концепти. Поимот „трансформативни типологии“ претставува архитектонско истражување во примената и перцепцијата на постоечките и развивање на нови модели на програмски интегрирани архитектонски концепти. Предмет на истражување е околината и самиот спортски аеродром „Аџи Тепе“ во Куманово. Аеродромот има поволна локација во однос на градот, се наоѓа во северозападниот дел од градот, а во непосредна близина на централното градско подрачје. Она што ја прави атрактивна оваа локација е тоа што во минатото истата била окупирана со голем број на настани, од аеромитинзи, па сè до автомобилски собири, на кои се сеќаваат жителите на градот. Како резултат на неадекватни услови за функционирање, денешната слика за истата таа локација препознава само дел од она што некогаш било препознатливо како програмска структура, процес кој полека но сигурно го деградира културолошкиот идентитет на местото. Со програмирање на нови просторни сценарија, просторот би бил центар на социјални случувања и би генерирал разновидни активности кај новите корисници. Целта на ова истражување е просторнопрограмската трансформација на локацијата да генерира културен, економски и образовен развој на градот. Градот да стане поквалитетно место за живеење, надополнето со нови содржини, нови јавни простори што ќе градат дијалектичка релација со културолошкиот развој на местото. Жителите на градот Куманово и околината, имаат потреба од вакви програмски содржини каде ќе можат да го поминуваат своето време на квалитетен начин. Градот ќе добие нова урбана димензија која со години не постои. ВИЗИЈА ЗА НОВ РЕГИОНАЛЕН ЦЕНТАР ЗА ВОЗДУХОПЛОВСТВО Лоциран северозападно од централното градско подрачје на Куманово, аеродромот „Аџи Тепе“ е ситуиран на висорамнина со надморска височина од 371 метар. Од урбанистички аспект може да се каже дека истиот се наоѓа меѓу селата Режановце и Речица и населбата Долно Којнаре, од чија страна има и најбрз пристап до градскиот


МАГИСТЕРСКИ ТРУД ОД АРХИТЕКТОНСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ

центар. Додека пак од сообраќаен аспект не може да се каже дека постои некаква солидна патна инфраструктура, која може лесно да биде во целина со градското урбано ткиво. Како критика може да се наведе и тоа дека самата локација не е опфатена ниту во генералниот, а ниту и во деталниот урбанистички план на Општина Куманово. Единствено може да се спомене дека официјални податоци за документирање на локацијата постојат во катастарските подлоги, и според тоа станува збор за една огромна катастарска парцела во државна сопственост, со површина блиску до педесет хектари.

волуменска сегрегација на комплексната проектна програма. Клучен фактор за создавањето на концептот како таков е правецот и поставеноста на веќе постоечката писта. Лоцирањето на позицијата на истиот е определена под влијание на сообраќајната поврзаност со градското ткиво. Притоа се предвидуваат и нови патни траси кои овозможуваат полесен проток и пристап на пешачки и моторен сообраќај, до и околу оваа

локација со значително големи димензии. Волуменската генеза на концептот се заснова на еден вид линеарен пристап кон главната функција на објектот, а тоа е едукацијата во полето на воздухопловството, каде главни корисници на просторот се младите кадети. Оттаму најважниот пристап кон генезата на концептот е пристапот кон нивниот контакт со природата на оваа дејност. Концептот се генерира под влијание на постоењето на некои основни правила во воздухопловствените објекти. Едно од тие е правилото на земјена страна (ground side) и воздушна страна (air side). Правилото истакнува дека комуникацијата помеѓу овие две страни е лимитирана и контролирана најмногу поради безбедносни причини. Па така, концептот главно се дели на волумени кои имаат директна поврзаност и потреба да бидат во таканаречена земјена страна, и на волумени кои имаат јасна природна врска со таканаречената воздушна страна. Нагласувајќи го автентичниот пристап кон проектот и истовременото почитување на духот и атмосферата на воздухопловната дејност, во некои моменти се случуваат и спојувања и испреплетувања на овие волумени архитектонски потег изразен преку мостовска комуникација помеѓу главните програмски волумени. Со други зборови, концептот претставува генеза на интерактивен пристап кон различните корисници на истиот, кој има за цел сите да ги сплоти и да ја нагласи нивната љубов кон воздухопловството.

ГЕНЕЗА НА КОНЦЕПТ Комплексниот состав на активностите кои се одвиваат во воздухопловната дејност со себе носат еден привлекувачки предизвик за нивно архитектонско претставување. Притоа произлегува еден автентичен пристап кон нивно програмско сегрерирање со истовремена просторна и конструктивна интерпретација. Генезата на концептот претставува

29 ноември 2019

ПОРТА

43


ПРОЕКТНА ПРОГРАМА Содржината на програмата на архитектонскиот концепт може да се подели на неколку примарни диспаратни категории. При физичкото формирање и делење на целовитоста на овој концепт во засебни волумени, три од тие категории се поврзуваат со хоризонтален мостовски контакт. Во целина го формираат јадрото на овој концепт и претставуваат јасна испреплетеност на контрастните таканаречени земјена и воздушна страна (air and ground side). Оваа засебна целина во рамките на концептот е претставена со три главни објекти: Музеј на воздухопловство, Школа за воздухопловство и Сместувачки објект.

44

ПОРТА

29 ноември 2019

Музејот на воздухопловство има репрезентативна содржина и му дава јасна слика на посетителот за природата на воздухопловството, а воедно и го отсликува историското значење на локацијата. Неговата внатрешност доминира со еден голем внатрешен волумен погоден за изложување на артефакти од воздухопловен карактер од историско значење. На првиот кат, покрај галерискиот коридор се сместени галерии за мали артефакти, додека пак на приземје се наоѓаат простории со интерактивни, угостителски и комерцијални функции. На горните нивоа се наоѓаат простории за воздухопловна школа, административни простории на музејот итн. Школата за воздухопловство претставува

простор, каде едукативната дејност во полето на воздухопловство се сведува на директна корелација помеѓу субјективноста и објективноста, односно помеѓу теоретската и практичната настава. Од особена важност во внатрешноста на школата се истакнува просторот предвиден за телескопските трибини, прилагодливи за настани и интерактивни предавања од полето на воздухопловството. Алтернативно, просторот има функција на аудиториум, како и простор за социјализација. Сместувачкиот објект има примарна функција на привремено сместување по принцип на студентско сместување (dormitory). Движењето на кадетите од сместувачкиот објект и движењето на


вработените во школата од музејот се пресудни за генерирање на основната форма на концептот кој се заснова на нивно сретнување во една целина со иста цел – воздухопловна едукација. Спортско-рекреативниот објект се надоврзува последователно на сместувачкиот објект, принцип на профилизирањето на неговите корисници. Како две главни содржини се јавуваат едно повеќенаменско игралиште и затворен базен. За подобар економски придонес, спортско-рекреативниот дел е достапен и за надворешни посетители. ЗАКЛУЧОК Градот како морфолошка појава претставува артефакт во континуирана промена. Тој не смее да се перципира само како машина во која се живее, туку напротив, градот претставува жив организам во кој битуваат уникатни фрагменти, места каде што секој поединец би можел да се пронајде. Потребата за урбана регенерација и реобнова на градот не подразбира формална замена на архитектонскиот фонд со нов, туку се стреми кон осознавање на грижлив и внимателен пристап при процесот на реобликување на неговиот урбан ентитет. Истражувањето на темата трансформативни типологии, резултира со архитектонски решенија кои ги следат промените во општеството, динамичноста во архитектонските концепти, како и опфатот на различните компатибилни и диспаратни програми во една целина во зависност од потребите на новите корисници и економскиот бенефит. Истражувачкиот процес резултира со визија за нов архитектонски модел, кој се смета за успешен доколку е позитивно восприемен од своите корисници. Овој модел првенствено се стреми да ги вреднува и истакне вредностите на духот на местото, преку визијата за нов центар за воздухопловство.. n

29 ноември 2019

ПОРТА

45


ПОРТА


ПОРТА


сообраќај

Кои се решенијата за јавниот превоз на Скопје? Ако Скопје ја поддржува и сака да гради политика на одржлив транспортен систем тогаш многу е важно да дефинира системски мерки кои долгорочно и посветено ќе ги реализира во наредниот период

проф. д-р Никола КРСТАНОСКИ, дипл. сооб. инж.

П

окрај секојдневните проблеми на метеж во сообраќајот, недостаток на паркинг-места, ниско ниво на безбедноста и ниска сообраќајна култура на учесниците во сообраќајот, секоја зима, вниманието кон проблемите на сообраќајот уште повеќе се засилува заради загриженоста на јавноста од зголеменото загадување на воздухот. Кога станува збор за транспортниот систем на град Скопје, посебно можат да се издвојат два големи проблеми кои се коренот на сите сообраќајни неволји на градот: 48

ПОРТА

29 ноември 2019

l

Со децении наназад постои конфликт помеѓу урбаното планирање на градот и сообраќајот во него. Ова е голема тема која бара пошироко образложение, но накусо проблемот може да се дефинира како директен судир меѓу урбано планирање (особено во некои делови на градот – Центар, Карпош, Капиштец, делови од Аеродром, Кисела Вода) со високи густини на живеење и други намени на земјиште, што би подразбирало планирање на урбана мобилност првенствено базирана на јавен градски превоз, пешачење, велосипед и др. Но, наместо алтернативните видови на мобилност, кои би биле соодветни на постојното урбано

l

планирање, во градот Скопје доминира употребата на автомобилот. Автомобилот, ако е основно средство за движење во градот, бара премногу урбан простор за движење и мирување (висококапацитетни сообраќајници и многу паркинг-места), па разбирливи се (и практично нерешливи) последиците на сообраќаен метеж, застои, зголемено загадување итн. Многу важна причина зошто автомобилот е прв избор за движење низ Скопје е фактот дека постојниот систем на јавен градски превоз не ги задоволува потребите на граѓаните. Овде не се мисли на тоа дека превозниците во јавниот градски превоз даваат лоша услуга (во условите во кои работат, тие работат


ПРОБЛЕМИ НА ТРАНСПОРТНИОТ СИСТЕМ одлично), туку се мисли на фактот дека градот Скопје со својата големина и структура одамна го надраснал автобускиот систем на превоз. На градот ИТНО му е потребен висококапацитативен, брз јавен градски превоз, способен брзо, редовно, удобно да превезува поголеми маси на луѓе. За споредба, во едно истражување кое го направив неодамна, во земјите на ЕУ најдов 34 градови со големина помеѓу 400 и 650 илјади жители. Сите 34 градови освен автобускиот систем имаат барем уште еден или повеќе други висококапацитетни видови на јавен градски превоз. Седумнаесет градови од тие 34 имаат метро систем, поголемиот дел имаат трамвајски систем, автоматски водени системи, брз автобуски систем или регионална железница. Еден куриозитет е дека и градови помали од 400 илјади жители имаат метро систем. Градот Бреша во Италија има само 190 илјади жители и има метро линија. Покрај идентификацијата на коренот на проблемите на сообраќајот во Скопје, пред да се дадат препораки како тој да се развива во иднина, корисно е да се согледа какви политики и какви решенија денес се актуелни во ЕУ и светот. ЕУ преку серија на различни документи (директиви, регулативи, бела книга, стратегија за развој на транспортниот систем), со потполна поддршка на јавноста, јасно се определува за ОДРЖЛИВ развој на урбаниот сообраќај, за тежнеење кон почиста животна средина и повисок квалитет на урбано живеење. Основните мерки како да се постигне одржлив урбан транспортен систем се: l Обесхрабрување на употреба на автомобил во градот l Унапредување на квалитетен јавен градски превоз l Развивање на велосипедска транспортна

Пример на траса на брз трамвај инфраструктура Градење на урбана средина пријатна за пешачење l Поддршка на разни видови на изнајмување и заедничка употреба на разни превозни средства l Апсолутна поддршка на еколошки чисти погонски технологии за возилата l Смирување на сообраќајот во станбени зони l Итн. Во рамките на ваквата политика ЕУ обезбедува и големи средства за оваа намена преку своите фондови. Земајќи ја во обѕир оваа куса анализа, што би се издвоило како итна препорака за градот Скопје? Ако Скопје ја поддржува и сака да гради политика на одржлив транспортен систем тогаш многу е важно да дефинира l

системски мерки кои долгорочно и посветено ќе ги реализира во наредниот период. Според мене најважно е Скопје да добие висококапацитативен, брз и еколошки чист јавен градски превоз, кој со својата квалитетна и брза услуга ќе се наметне на граѓаните како најдобра опција за движење низ градот. Ако нема квалитена понуда на јавниот градски превоз, може да се прават милион кампањи во стилот „употребувајте јавен градски превоз за почист воздух“, но од тоа нема да има никакви видливи резултати. Впрочем, тоа се покажа кога Скопје во деновите на висока загаденост на воздухот воведе бесплатен јавен превоз, па не беше забележано некое значајно зголемување на бројот на патници. Каков е можниот избор на висококапацитативен, брз јавен градски

Примери за брз автобуски систем 29 ноември 2019

ПОРТА

49


АРТ во Zhuzhou во Кина (трамвај на пневматици, воден со ознаки на коловозот) превоз во Скопје? Идеално би било кога би можело да се изгради метро систем. Но, тој е премногу скап и Македонија дефинитивно нема услови за тоа во овој момент. КОИ СЕ МОЖНОСТИТЕ ЗА СКОПЈЕ?

-

-

-

1. Брз трамвај (LRT – Light Rail Transit) Основни карактеристики се: Физички одвоена траса (подигната со рабник, одвоена со столпчиња) заради брзо и непречено движење од останатиот сообраќај. Раскрсниците се во ниво, регулирани со светлосни знаци – семафори со обезбеден приоритет за трамваите. Имено системот го детектира наидувањето на трамвајот кон раскрсницата и променува зелена фаза за него, без обѕир во која фаза бил циклусот. Наплатата е или со интелигентни картици во возило или на станици Трасите во профилот на сообраќајницата можат да се постават на крајната десна страна, во средишниот дел или двете насоки на едната или другата крајна страна на сообраќајницата. Каде има

можност се води и надвор од профил на сообраќајница или во тунел (особено низ централно подрачје на градот) - Напојувањето е со надземна електрична мрежа со пантографи 2. Брз автобуски систем (BRT – Bus Rapid Transit) Основни карактеристики се: - Физички одвоена траса (подигната со рабник, одвоена со столпчиња) заради брзо и непречено движење од останатиот сообраќај. - Раскрсниците се во ниво, регулирани со светлосни знаци – семафори со обезбеден приоритет за трамваите. Имено системот го детектира наидувањето на трамвајот кон раскрсницата и променува зелена фаза за него, без обѕир во која фаза бил циклусот. - На вистински БРТ систем наплатата е надвор од возило на станиците. Некои системи кои имаат електронски систем за наплата, имаат наплата и во возило - Возилата се најчесто зглобни автобуси. - Погонот во поново време може да биде на LPG, CNG, батерии со полнење на крајните станици и во поново време со горивни ќелии со водород како гориво. Трамвај на водород од Кина

50

ПОРТА

29 ноември 2019

3. Автономен брз јавен градски превоз (Autonomous Rail Rapid Transit – ART) Нов концепт, применет само во еден град во Кина. Мешавина меѓу трамвај и автобус. - Нема шини, возилата по надворешен изглед се зглобни трамваи, но на пневматици. Возилото се води со помош на водилки нацртани на коловозот и систем на сензори и ласерски читачи кои го водат возилото прецизно по предвидената траса. Авторите на оваа технологија тврдат дека дури има и флексибилност да ја напушти предвидената траса (ако има препрека) и да се управува како автобус. - Возилата се зглобни состави со три или пет делови со капациет од 300 до 500 патници. - Максимална брзина до 70 км/час. - Напојувањето е со литиум – титаниум батерии кои можат да се полнат на крајните станици или на секоја станица за време од 30 секунди. - Системот е во експлоатација само во еден град во Кина од 2017 година – градот Zhuzhou. - Системот е тестиран во Катар во пустинска клима, но не е тестиран во зимски услови. 4. Трамвај со горивни ќелии со водород како гориво Овој концепт е сосема нов, развиен во Кина, но сè уште нема примена во светот. Се работи за шински возила кои би можеле да развијат 70 км/час и со капацитет од 370 патници. 5. Брз автобуски превоз со погон на водород Според некои медиуми во Македонија, градот Скопје ја разгледува можноста за воведување на БРЗ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ – БРТ. Автобусите би биле произведени од производителот ВАН ХОЛ кој има фабрика во Скопје. Домашното производство секако може да донесе повеќе предности. Главните транспортни коридори на кои би било логично да се постават трасите на БРТ системот би биле: 1. Ново Лисиче – Ѓорче Петров 2. Бутел – Капиштец или Бутел - Кисела Вода 3. Кружна линија со трансфер станици Воведувањето на системот на БРТ подразбира и целосна реконструкција на мрежата на линии на јавниот градски превоз, со примена на концептот на главни коридори опслужени од БРТ и автобуски линии хранителки кои ќе се надоврзуваат на главните БРТ линии. Се разбира по целата должина на трасите на БРТ треба да се изработат нови проекти за сите раскрсници, заради преуредување


на сообраќајните ленти, регулација и заради обезбедување на приоритет на возилата на БРТ системот. Конкретните решенија ќе се најдат со изготвување прво на идејно сообраќајно решение, а потоа и главни проекти за целата должина на сообраќајниците каде поминува трасата на БРТ. Проектот за БРТ ќе бара не само проектирање на системот на БРТ туку и обемен проект за оптимизирање на целата мрежа на линии на јавен градски превоз во согласност со изворите и целите на патувања во градот. Со обѕир на обемноста и сложеноста на овие проекти, реално е дека дури и да се обезбедат веднаш средствата за реализирање на БРТ во Скопје, желбите на политичарите за брза реализација не се можни. Но важно е целата замисла да се реализира врз основа на квалитетно и добро обмислени проекти, кои ќе резултираат во квалитетни, а не половични решенија за иднината на градот Скопје. ВАЖНО: Каков било систем на брз капацитативен превоз да се воведе во Скопје, исклучително е важно да се обезбеди физичка одвоена траса од останатиот сообраќај и апсолутен приоритет на раскрсниците. Во спротивно, на пример би добиле заглавен трамвај во сообраќај наместо денешен заглавен автобус во сообраќај за скапи пари, а јавниот градски превоз би бил бавен и нередовен, односно би останал непривлечен. n

Примери на проектни решенија за БРТ систем

29 ноември 2019

ПОРТА

51


енергетска ефикасност

Подобрена ефикасност и намалување на трошоците за енергија

Услугите што се обезбедуваат од ЕСКО вклучуваат снабдување со енергија за инфраструктура, финансирање и управување со ризик Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ

К

омпанија за енергетски услуги (ЕСКО) е компанија која обезбедува сеопфатни енергетски решенија за своите клиенти, вклучувајќи ревизија, редизајн и спроведување на промени во начините на кои потрошувачот троши енергија. Главна цел на ваквиот систем на работење е подобрена ефикасност и

52

ПОРТА

29 ноември 2019

смалување на трошоците. Други можни услуги што се обезбедуваат од ЕСКО вклучуваат снабдување со енергија за инфраструктура, снабдување со енергија, финансирање и управување со ризик. Токму оваа сеопфатност на услугите го разликува ЕСКО од енергетска компанија, чија главна дејност е единствено обезбедување енергија на своите клиенти. Обично, компензацијата на ЕСКО се заснова на перформанси, така што

придобивките од подобрената енергетска ефикасност се делат меѓу клиентот и ЕСКО. ЕСКО честопати користи договорно работење, што значи дека доколку проектот не обезбеди поврат на инвестицијата, ЕСКО е одговорна да ја плати разликата, со што ќе ги увери своите клиенти во заштедата на енергија и трошоците. Затоа, ЕСКО се суштински различни од консултантските инженери и изведувачи на опрема: првите обично се плаќаат за нивниот совет, додека вторите се платени за опремата, но ни едните ни другите не прифаќаат ризик од проектот. Начинот на којшто ЕСКО ја нудат услугата претставува убедлив поттик за нивните клиенти да инвестираат.


е

ЕСКО МОДЕЛ ВО МАКЕДОНИЈА (ESCO – ENERGY SERVICE COMPANY) ТИПИЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Некои типични карактеристики на ЕСКО се следниве: Сопственост - ЕСКО може да бидат приватни компании, независни или дел од голем конгломерат, државни, непрофитни, здружени вложувања, производители или подружници на производители. Клиенти - ЕСКО обично се специјализираат за гранки на пазарот по сектор (индустрии, комунални услуги, недвижности и сл.) и според големината (големи или мали проекти). Технологија - Некои ЕСКО имаат технолошка специјализација (на пр. осветлување, HVAC, одреден индустриски процес), додека други се насочени кон холистички пристап. Финансирање на проектот - Финансиските можности се разликуваат во зависност од финансиската состојба на ЕСКО. Некои имаат големи матични компании, што им овозможува да финансираат проекти. Сепак, сите ЕСКО зависат до одреден степен на финансирање од трети страни. Финансиите за спроведување на енергетски услуги ЕСКО компанијата може целосно или делумно да ги обезбеди самостојно. Во случај на делумно финансирање на ЕСКО, покрај сопствените средства, може да користи средства како што се заеми или финансирање од трети лица. ЕСКО или третата страна (во зависност од договорот за енергетска услуга) презема целосна или делумна одговорност за финансискиот, техничкиот и трговскиот ризик во однос на спроведувањето на договорената енергетска услуга. ЕСКО МОДЕЛОТ ВО МАКЕДОНИЈА Тенденцијата на Владата на Македонија е да го регулира секторот за енергетска ефикасност и со тоа да ја транспонира Директивата 2012/27 / ЕУ, Директивата 2010/31 / ЕЗ и Регулативата 2017/1369. Предлог-законот за енергетска ефикасност во моментов е во завршна фаза на донесување. Со стапување на сила на овој

Закон треба да се оддели енергетската ефикасност од Законот за енергетика со што ќе овозможи многу подобро регулирање на секторот и имплементација на овој вид проекти. ЕСКО моделот почна да се презентира во Република Македонија на крајот од 2018 година со почетокот на проектот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за изнаоѓање на потенцијални проекти во областа на енергетската ефикасност. Основната цел на оваа иницијатива е да се идентификува и да се поддржи подготовката на проекти за енергетска ефикасност (ЕЕ) во јавниот сектор, кои достигнува комбинирана вредност за инвестирање од најмалку пет милиони евра. Земјите кои се таргетираат се: Македонија, Косово и Албанија со фокус на ЕСКО проектите за улично осветлување. За оваа цел, формиран е тим од експерти од различни научни полиња за поставување на основа за развој на ваков вид на финансирање.

Досега тимот оствари исклучителен напредок во постигнувањето три клучни вредности: да направи скрининг на моменталната состојба со националното законодавство, да ги анализира постојните обрасци на договори за енергетски услуги, особено од правна гледна точка, и да предложи список на потенцијални проекти за енергетска ефикасност. Воедно, интерес за вклучување во проектот пројавија 21 општина, од кои за првата фаза се избрани пет пилот-општини (Василево, Чешиното – Облешево, Македонска Каменица, Радовиш и Валандово) во кои се спроведува техничката помош за склучување на договори за енергетски услуги во доменот на јавното осветлување. Во моментов, три од петте општини веќе имаат објавено јавни повици за изнаоѓање на ЕСКО партнер за формирање на јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел. Предмет на инвестицијата на ЕСКО е модернизација на постојното јавно осветлување без притоа да предизвика јавен долг за општината која го спроведува

ПОРТА


проектот. Со проектот се опфатени три фази и тоа: - фаза на подготовка која опфаќа детална анализа и припрема за имплементација од страна на избраниот приватен ЕСКО партнер - фаза на имплементација кога системот на јавно осветлување ќе биде модернизиран во максимално времетраење од 12 месеци - последна фаза како период на гаранција

ПОРТА

од максимум осум години во кој ЕСКО партнерот врши поврат на вкупната инвестиција преку месечни договорени накнади, а во зависност од нетофинансиската корист со која се здобила општината од модернизацијата на системот за јавно осветлување преку заштедите на електрична енергија. Најповолниот понудувач се избира со

електронска аукција спроведена на системот за е-концесии поставен на серверот на Министерство за економија. Како критериуми, освен квантитативните, постојат и квалитативни критериуми во однос на животниот век на понудената светилка и истиот изнесува 15 отсто од вкупниот број на поени. Предмет на позитивна електронска аукција е само квантитативниот критериум кој е изразен преку нето-финансиската корист за корисникот, во овој случај општината. Првите најповолни понудувачи се планира да бидат избрани кон почетокот на следната година кога се планира да биде отворена и втората фаза од проектот, со нови општини вклучени во процесот за техничка помош. Дополнително, освен споменатиот договор за енергетски услуги, предмет на анализа ќе биде и договорот за снабдување со енергија со кој ќе бидат опфатени проекти од типот на мали дистрибутивни системи за греење. Во овој контекст, дополнителни општини ќе бидат вклучени како пилот-проекти со цел спроведување на овој вид на договори за прв пат во нашата земја. n


ПОРТА


екологија

Информирани граѓани против

Опасностите што ги носат климатските промени ќе предизвикаат проблеми во земјоделството, здравството, туризмот, биолошката разновидност, иако штетните влијанија можат да се намалат со мерки кои дури создаваат нови зелени работни места Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

К

лиматските промени се тука и сега, но треба да се работи на нивно намалување. Институтот за комуникациски студии заедно со своите медиумски партнери меѓу кои и „Порта 3“ изминатата година работеа на зголемување на информираноста за промените во климата, последиците од нив и можните решенија како полесно да се справиме со она што нè очекува нас и светот. Преку кампањата „Не игнорирај! Реагирај! Се направи обид оваа исклучително сложена тематика да стане попристапна за граѓаните. Како што се согласија повеќето учесници на завршната конференција од кампањата насловена како „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“, што се одржа на 21 овој месец, населението веќе ги чувствува проблемите и затоа треба да знае што му се 56

ПОРТА

29 ноември 2019


ЗАВРШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КАМПАЊАТА „НЕ ИГНОРИРАЈ! РЕАГИРАЈ!

в климатските промени случува, што може да стори и што треба да бара од носителите на одлуки. Ризиците од недостиг на вода, опасностите од пожари и природни непогоди, новите и досега непознати загрозувања на здравјето и можноста да исчезнат некои земјоделски производи на кои сме навикнати се само дел од темите кои преку сеопфатни анализи и други медиумски содржини беа обработувани во рамките на кампањата. Со сето тоа учесниците во проектот обезбедија аргументи со кои го потврдија мотото на кампањата - Климатските промени не смеат да се игнорираат и мора нешто да се направи во врска со нив. А, од носителите на одлуки овие пораки ги слушна првиот човек на државата претседателот Стево Пендаровски кој упати и свои. Иако шефот на државата има ограничени надлежности кога станува збор за управувањето со институциите, сепак од она што тој го презентираше може да се заклучи дека тој веќе реагира и не игнорира. Ја вратил Стратегијата за климатска акција на доработка, најави вклучување на граѓанските организации во Советот за безбедност, побара зголемување на мрежата на заштитени подрачја и генерално истакна дека ќе се залага за политики што на проблемите од животната средина им ја даваат важноста што им следува. „Нашата држава претставува една од најважните точки на биодиверзитетот во Европа, според бројот на регионални, национални и локални ендемити. Охридското и Преспанското Езеро, кањонот Матка, високите планински врвови на Шара во себе кријат огромен број на видови, кои се докази за богатата природна историја на државата. Од друга страна, Северна Македонија има најмал процент на заштитени подрачја во регионот и во Европа. Шар Планина, Осогово и Јабланица, се само дел од подрачјата кои чекаат на конечна законска заштита. Сметам дека преку зголемување на мрежата на заштитени подрачја ќе се гарантира опстанокот на многу растителни и животински видови, како и на нашите ретки екосистеми“, рече претседателот Пендаровски. Претседателот изрази поддршка до граѓанскиот сектор, кој се залага да имаме поголем државен буџет за заштита на животната средина, со цел да се приближиме до просекот во ЕУ. Исто така даде поддршка и за создавање на национален фонд за заштита на животната средина, но додаде дека е потребно и да се инвестира во образованието со цел учениците во основно и

средно образование да добијат интегрирано еколошко образование за заштита на животната средина. Британската амбасадорка, Рејчел Галовеј вели дека денеска на повеќе начини – со кампањи, протести, документарци се прават обиди за подигнување на свеста за потребата од заштита на животната средина и напомена дека светот на глобално ниво се соочува со закани, кои ќе влијаат на сите нас. Таа истакна дека до крајот на векот се прогнозира зголемување на температурите на глобално ниво за два до четири степени и додаде дека е потребно да се сменат овие негативни промени. Особено важно во таа насока е влијанието што до даваме на индивидуално ниво, смета

Галовеј, напоменувајќи дека секој граѓанин треба да даде свој придонес, рециклирајќи пластични предмети. „Мора да бидеме строги кога станува збор за еколошките и економските промени“, вели Галовеј и додава дека е потребна долгорочна стратегија со цел итно и правилно да се адресира проблемот. Според климатските сценарија, средната годишна температура во земјава ќе се зголеми за 1,9 степени Целзиусови до 2050 и врнежите ќе се намалат за речиси 23 отсто до 2100 година. Достапноста на населението до вода ќе биде ограничена, а сувите периоди и ненадејните поплави ќе бидат почести и повеќе изразени. Негативните ефекти на

ПОРТА


Влијанието на климатските промени врз здравјето на луѓето

климатските промени ќе ги намалат приносите кај најголем дел од земјоделските култури и ќе ги зголемат ризиците врз здравјето на луѓето. Опасностите што ги носат климатските промени ќе предизвикаат проблеми во земјоделството, здравството, туризмот, биолошката разновидност, иако штетните влијанија можат да се намалат со мерки кои дури создаваат нови зелени работни места. Сепак, сериозноста на последиците ќе зависи од способноста на државата да се подготви и да се справи со климатските промени. ПРОФЕСОРИ И ЕКСПЕРТИ БАРААТ УБЛАЖУВАЊЕ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ Професори и експерти од земјава и регионот дискутираа за постоечките ризици и за решенијата за адаптација и ублажување на климатските промени. Професорот Невен Дуиќ од Универзитетот во Загреб - Катедра за енергетика, електроника и животна средина говореше за декабронизација преку енергетска 58

ПОРТА

29 ноември 2019

транзиција. Според него потребни ни се паметни енергетски системи кои се евтини и едноставни, а исто така потребен ни е и флексибилен природен гас. Циркуларната економија е клучна во борбата против климатските промени, а Ладеја Кошир Година, претседател на Европската платформа на засегнати страни на кружна економија вели дека е потребна климатска акција за зелени работни места и јакнење на економијата. „За пронаоѓање нови решенија за подобра животна средина потребна е креативност и отвореност. Треба да се направи концепт за управување со ресурсите. Зелените работни места младите сè повеќе ги препознаваат, а фирмите се придвижуваат кон циркуларната економија“, вели Година. Професорот Никола Поповски ги претстави бенефитите од јаглеродното оданочување. Според него во 2017 година еколошките даноци во ЕУ изнесувале 368,8 милијарди евра што е 2,4 отсто од БДП на ЕУ-28 и 6,1 отсто од вкупните јавни приходи. Во

Македонија во 2017 година еколошките даноци изнесувале 180,6 милиони евра или околу 1,9 отсто од БДП, што е за 0,1 отсто повеќе отколку во 2016 година. Поповски објасни дека според Евростат емисијата на овие гасови во ЕУ меѓу 1990 и 2017 година е намалена за 22 отсто односно 1.240 милиони тони еквивалент на СО2. „Во ЕУ на еколошка заштита се трошат околу 2,1 отсто од БДП на ЕУ или 300 милијарди евра годишно“, нагласи Поповски. Тој рече дека според Евростат Македонија ја зголемува емисијата на јаглеродни оксиди која во 2006 година била 100, а во 2012 изнесувала 115. Извештајот, пак, на Државниот завод за статистика вели дека индексот на емисија на стакленички гасови во 2014 година е 70,2, додека во 1990 година тој бил 100. Според професорот решенијата, како што се вели и во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд од октомври годинава, се во јаглеродните даноци. „За намалување на емисиите, јаглеродните даноци на понудата се најмоќни и најефикасни затоа што тие им овозможуваат на фирмите и домаќинствата по најниски трошоци да најдат начини на намалување на користење на таа енергија и преминување кон почисти алтернативи“, објаснува Поповски додавајќи дека овие даноци треба да бидат ненаменски за да може потоа Владата да ги прераспределува онолку колку што ќе биде потребно за заштита на животната средина. Климатските промени имаат големи ризици за здравствениот систем. Професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје вели дека климатските промени веќе одамна не се шпекулација. „Климатските екстреми како поплавите или бурите уништуваат мали комунални заедници, но и региони, дури и цели земји. Топлотните бранови го влошуваат и постојното ниво на аерозагадување, ги зачестуваат болестите на циркулаторниот и респираторниот систем, а во одредени услови и резултираат со смртни случаи. Истражувањата покажуваат дека без адаптација последиците од топлотните бранови во Европа до 2100 година би досегнале до 200 илјади смртни случаи годишно“, вели Ѓорѓев. Тој вели дека со климатските промени се очекува да се зголеми товарот на болести поврзани со топлотни бранови, болести преносливи преку вектори, загадена храна и алергореспираторни болести. За време на топлите бранови порастот на температурата за еден степен Целзиусов над границата од 30,8 степени води кон зголемување на смртноста за 4,8 отсто. Исто така, додава Ѓорѓев, со порастот на температурата климатските


промени имаат влијание и врз порастот на продукцијата на полен и продолжување на сезоната на поленска алергија, ќе има зголемена проваленца и опстанок на одделни членконоги како комарци и крлежи, ќе се размножуваат патогени микроорганизми, а ќе се зголемат и болестите поврзани со загадена вода и храна. Решението за спас од ова Ѓорѓев го гледа во намалување на аерозагадувањето, мониторинг на здравствената безбедност на водата за пиење, отстранување на отпадните материи, заштита на социјално загрозените групи население, промоција на здрави животни стилови и подготвеност за делување во услови на кризи и катастрофи. На конференцијата за урбаните отворени простори и пејзажната архитектура низ призмата на климатските промени говореше универзитетската професорка Стефанка Хаџи Пецова. „Пејзажната архитектура има клучна улога во унапредување на квалитетот на животот и животната средина бидејќи нејзина цел е да ја воведе природата во урбаните простори. Основните причини поради кои треба да се познава дисциплината пејзажна архитектура за ублажување на климатските промени во урбаните средини се тие што на тој начин ги планираме урбаните зелени простори и планираме или дизајнираме како

да ги употребуваме растенијата“, нагласи Хаџи Пецова. Деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, Вјекослав Танасковиќ говореше за важноста од рационалната употреба на водата во одржливото земјоделство. Шумите се клучни во справувањето со климатските промени и затоа треба со нив рационално да се управува смета професорот Љупчо Несторовски кој говореше за начините за одржливо управување со шумите. Професорот Ивица Милевски од Институтот

за географија при ПМФ во Скопје смета дека последиците од климатските промени различно ќе се одразат на различните видови туризам, но заедничко им е што ќе бидат негативни за сите видови туризам и за сите подрачја во државата. Експертите, професорите, како и поддржувачите на кампањата „Не игнорирај! Реагирај! едногласни се дека борбата со климатските промени мора да продолжи затоа што тие се наша реалност и влијаат на се околу нас, а сите заедно имаме обврска да обезбедиме поздрава животна средина. n

29 ноември 2019

ПОРТА

59


ПОРТА


ПОРТА


уметност

Култура на спектакл и вештина

Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх.

За Марина Абрамовиќ перформансот е уметност на трансформација која се одвива низ размена на енергија меѓу изведувачот и публиката. Низ целата своја кариера истражува теми на духовна и емоционална трансформација, користејќи широк спектар на медиуми 62

ПОРТА

29 ноември 2019


ВО БЕЛГРАД „ЧИСТАЧ“ НА МАРИНА АБРАМОВИЌ

на контрола на телото

В

о Музејот на современата уметност во Белград, со медиумска помпа каква ѝ доликува на светска ѕвезда, неодамна беше отворена ретроспективната изложба „Чистач“ на Марина Абрамовиќ. Таа е една од најголемите уметници на перформансот во светот на современата уметност. Се врати во својот

роден град после 44 години, на повик на Владата на Србија, која ја финансира нејзината изложба со 660 илјади евра. Граѓанските и опозициските кругови на Белград, како и дел од белградските уметници не ја дочекаа со големо воодушевување, главно од следниве причини: заради тоа што буџетот на изложбата, целосно покриен од страна на Владата е еднаков на годишниот буџет на Музејот на

современата уметност во Белград и заради тоа што Абрамовиќ после 44 години отсуство реши да одговори на повикот токму на оваа Влада. Ја посетив изложбата. Јас не сум ликовна критичарка, но како љубител и редовен консумент на уметноста, ќе се обидам да ви ги изложам моите лични импресии за изложбата и да ви ги пренесам информациите кои го следеа овој спектакл во медиумите. Феноменот Марина Абрамовиќ се состои од култура на спектакл и вештина на контрола на телото. Изложбата хронолошки ги следи сите фази на нејзината педесетгодишна кариера, почнувајќи од раните шеесетти години па сѐ до денес. Поставена е на пет нивоа (пет катови и полукатови). Изложени се повеќе од 120 дела: слики, цртежи, објекти, фотографии, звучни видеодела, филмови, сценографии и архивски материјал. Вклучени се и антологиски дела од уметноста: „Ритмови“ 1973-74 г., „Томасови усни“ 1975 г., „Релациони работи“ 1976-77 г., „Премин на ноќното море“ 1982-86 г., како и дела кои особено го одбележаа нејзиниот опус: „Балкански барок“ 1997 г. , „Куќа со поглед на океан“ 2002 г., „Уметникот е присутен“ 2010 г. ПЕРФОРМАТИВНА УМЕТНОСТ Со оглед дека се работи за перформативна уметност која не секогаш може да се повтори, начинот на изложување на делата е таков што 29 ноември 2019

ПОРТА

63


дел од нив се прикажани преку аудио и видеодокументи за нив. Но, има и дела кои се поставени во оригиналниот формат кој дозволува интеракција со посетителите. Тоа пак од своја страна претставува нова визуелна и аудитивна игра. Најмалку два часа се движите низ музејските простори обземени од една посебна атмосфера. Видеопроекции на големи платна, ќелии заштитени со паравани и прегради, во кои се одвива приказ на звучни перформанси и живи дела. Можете да броите зрна од ориз, да ја ставите главата на перница од камен или пак да ја запеете хумната „Хеј Словени“. Публиката е во континуирано движење, тивко обземена од случувањата. По некое време јас се почувствував длабоко емоционално допрена. Сепак, мора да се напомене дека за вистинско и потполно доживување потребна е одредена едукација, познавање на нејзиното дело, познавање на пораката и приказната на секој перформанс, нивниот јазик и контекстот во кој се создадени. Во една просторија изложени се нејзините почетни работи: масла на платно, портрети, студии и цртежи. Некои од нив се изложени за прв пат. „Автопортрет“, „Портрет на бабата Црногорка“ од 1965 г., масла на платно од серијата „Судир на камиони“ 1963-65 г. Тоа се рани творби кои гравитираат кон апстрактниот и фигуративниот експресионизам, но покажуваат дека Марина го ослушнува просторот околу себе и има интереси во различни насоки, од кои подоцна само еден ќе го преокупира нејзиното битие. Откако се прослави со неколку радикални перформанси во 1975 година, од кои еден беше кога околу папокот со жилет си изрежа ѕвезда петокрака, Марина заминува од Белград и со својот тогашен животен и уметнички партнер Улај, почнува да ја гради кариерата како перформативна уметница во Америка. Двајцата стануваат познати по перформансот „Одење по големиот ѕид“ кој се состоеше од пешачење по Кинескиот ѕид. Притоа тргнуват од спротивни страни на ѕидот, таа покрај 64

ПОРТА

29 ноември 2019

Жолтото Море, а тој од пустината Гоби. Поминуваат 2.500 километри за да се сретнат на средина. Со тоа се завршува и нивната турбулентна врска, по што Марина продолжува да ја гради својата кариера сама. ПЕРФОРМАНСОТ Е УМЕТНОСТ НА ТРАНСФОРМАЦИЈА За Марина Абрамовиќ перформансот е уметност на трансформација која се одвива низ размена на енергија меѓу изведувачот и публиката. Низ целата своја кариера истражува теми на духовна и емоционална трансформација, користејќи широк спектар на медиуми. Инстинктот ја води надвор од подрачјето на објаснивото и рационалното. Истражувањата на можностите на телото ја водат кон источните техники за постигнување духовност. Една година престојува кај Абориџините, 25 години соработува со

Тибетанците, престојува меѓу шаманите во Бразил. Јога, будизам, зен-будизам, разни видови на медитација – овие духовни вежби ги преведува на јазикот на Западот и од нив прави уметност. Тоа што е возбудливо во нејзината уметност и што предизвикува емоции и мачнина е фактот дека како материјал го користи своето тело, повремено со употреба на садистички елементи во работата, при што се обидува да ги надвладее физичките граници и границите на болката. Во еден перформанс „Ритам 0“ изложени се 72 предмети што ги употребува, меѓу кои ножици, ножеви и пиштол. Своите мемоари ги насловува „Поминувам низ ѕидови“, мислејќи на емоционалните ѕидови, оние низ кои најтешко се поминува. Изложбата делумно се поврзува и со интимниот дел на нејзиното семејство во Социјалистичка Југославија. Ќерката на двајца партизански херои зборува за нејзиното растење, за личните односи со родителите мајката опседната со контрола и строгиот татко. Бегството во уметноста за неа е бегство во слободата. На Запад на почетокот била доживувана како источноевропска уметница, но интересно е дека таа во својот говор на отворањето на оваа изложба „Чистач“ нагласи дека „е српска уметница, а нејзиниот интимен поглед во раните дела е југословенски“. Сепак, новинарската и критичката јавност констатира дека Марина Абрамовиќ веќе одамна е над таквите категоризации. Ако се следи докрај поставката се забележува дека таа постојано ги поместувала своите физички и ментални


граници, истражувајќи духовни и емоционални теми. „Перформативната уметност ја има таа трансформациска моќ на сосема посебен начин, на кој другите уметности ја немаат. Кога имате добар перформанс се случува чудо“, ќе рече таа во едно свое интервју. Тоа го потврди со перформансот „Уметникот е присутен“, кој стана мејнстрим-арт, кога во 2010 година во музејот МоМА во Њујорк, помина три месеци седејќи по осум часа дневно пред празна маса и гледајќи во човек од публиката кој би седнал отспротива. 850 илјади луѓе дошле и седнале пред неа за тие три месеци. Многу од нив плачеле. Суштината е во дисциплината на гледање, а не во она што уметникот го гледа. Седејќи така со месеци таа всушност поместувала емоционален ѕид и создавала некакво поле на енергија. „Прашањето за гледање во магаре или за разбирање на уметноста е застарено, одговор нема, сѐ може да стане уметност“, вели Славенка Дракулиќ. Ќе го спомнам перформансот „Кромид“, премиерно прикажан 1995 г. кој не е меѓу најзначајните, но ги содржи главните начела на нејзиното делување. Видеото трае 10 минути и описот е „Јадам голем кромид со лушпа, со очи вперени во небото и се жалам на својот живот“. За тоа време слушате текст со нејзиниот глас: „Уморна сум од често менување авиони, чекање во чекални на автобуски станици, аеродроми. Уморна сум од чекање на бесконечни пасошки контроли, од купување набрзина во трговски центри. Уморна сум од сѐ повеќе и повеќе одлуки за кариерата, музејски и галериски отворања, бескрајни приеми, стоење со чаша обична вода, глумење дека сум заинтересирана за разговор. Уморна сум од напади на мигрена, самотни хотелски соби, валкана постелнина, послужување по собите, меѓуградски телефонски повици, лоши тв-филмови. Уморна сум од заљубување во погрешни мажи, уморна од засраменост заради големиот нос и големиот задник, засрамена сум заради војната во Југославија. Сакам да одам некаде толку далеку, да бидам недостапна за телефон и факс. Сакам да остарам и ништо да не ми е важно. Сакам да разберам и јасно да увидам што се крие зад сè ова. Сакам повеќе да не сакам.“ Овој перформанс го видов во 1995 г. кога Марина гостуваше во Музејот на град Скопје на покана на Слободан Унковски. Сегашната изложба ми го врати доживувањето оттогаш.

НА ЛИСТАТА НА НАЈВЛИЈАТЕЛНИТЕ ЖЕНИ ВО СВЕТОТ Марина Абрамовиќ е една од најмаркантните појави во современата перформативна уметност и е на листата на највлијателните жени во светот. Не припаѓа на која било заедница ни група, и како што тоа добро го констатира Миљенко Јерговиќ, таа не застапува никого освен себе, а нејзината уметност останува во главата, се доживува длабоко во плексусот, во душата. Нејзината уметност предизвикува експлозија на трепет, мачнина, предизвикува плач и сосема ретко чиста радост. Заради нејзината автентичност и заради статусот на ѕвезда кој го ужива во Америка, и неа и нејзината уметност ја следи гламур. Изложбата во Белград е последна станица на нејзината светска турнеја која ги опфати

Стокхолм, Хумлебеку (Данска), Осло, Бон, Фиренца и Торуњ (Полска). Изложбата во Музејот на современа уметност во Белград беше враќање таму каде што во 1975 година таа ја почна својата кариера. За само еден месец продадени се околу шест илјади влезници за изложбата, што имајќи предвид дека се работи за изложба на еден визуелен уметник, според официјалната ликовна критика е посетеност од рангот на Вудсток. Тоа што последната станица од светстката турнеја на големата изложба „Чистач“ е токму Белград, носи посебна порака. Тоа е расчистување со минатото, поглед наназад од нова точка, затворање на кругот и враќање кон себе. Или како што тоа убаво го сумираше Јерговиќ: „Тоа е сведување сметка со себе, со Белград и со целиот свет“. n 29 ноември 2019

ПОРТА

65


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.