ПОРТА 3 бр.287

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

287

ДЕКЕМВРИ 2019

Познати добитниците на годишната награда Порта 3 2019 Булевар Македонија - конечно??

Среќни празници

Концептите за греење на крстопат помеѓу одржливоста, сиромаштијата и политиката

90 ДЕНАРИ

Г О ДИ Н И З А Е Д Н О



Среќни новогодишни и божиќни празници Порта 3

ПОРТА


СОДРЖИНА

6

8

ИНФО 6 ПОЗНАТИ ДОБИТНИЦИТЕ НА ГОДИШНАТА НАГРАДА ПОРТА 3 2019

ИНТЕРВЈУ 8 МИРЧЕ АДАМЧЕВСКИ, ПРВ ГЛАВЕН У РЕДНИК НА ПОРТА 3

ИНФО 12 НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ ЗА 2019 НА АРХИТЕКТ МИОДРАГ МИТРОВИЌ

ИНФО 14 ОДРЖАН САЕМ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО BIG 5 ВО ДУБАИ

26

ГРАДЕЖНИШТВО 16 ПРИМЕНА НА BIM ТЕХНОЛОГИЈА ВО НИСКОГРАДБАТА

АРХИТЕКТУРА 22 ТОМАС РАУ – ИНСПИРАЦИЈА НА НАШЕТО ВРЕМЕ

АРХИТЕКТУРА 26 И. М. ПEИ - ЕДИНСТВЕН МУЗЕЈ ВО СВЕТОТ ЧИЈ ВЛЕЗ Е УМЕТНИЧКО ДЕЛО

УРБАНИЗАМ 32 ГРАДЕТЕ СЛОБОДНО И ПОТОА ПОДНЕСЕТЕ БАРАЊЕ ЗА ЛЕГАЛИЗАЦИЈА

32

СООБРАЌАЈ 38 БУЛЕВАР МАКЕДОНИЈА - КОНЕЧНО??

ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 44 ПРОГРАМСКО И ПРОСТОРНО РЕДЕФИНИРАЊЕ НА СПОРТСКИОТ АЕРОДРОМ „АЏИ ТЕПЕ“

ЕНТЕРИЕР 48 СТАН ПРЕТВОРЕН ВО СОВРЕМЕНО ГНЕЗДО

38

ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 52 КОНЦЕПТИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ НА КРСТОПАТ ПОМЕЃУ ОДРЖЛИВОСТА, СИРОМАШТИЈАТА И ПОЛИТИКАТА

ЕКОЛОГИЈА 58 КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ И (НЕ)ЧИСТИОТ ВОЗДУХ ЗАШТИТЕН ЗНАК НА 2019 ГОДИНА

ХОРТИКУЛТУРА 64 СE ВО ЗНАКОТ НА ЕЛКАТА

УМЕТНОСТ 66 СИМБОЛ ОСЛОБОДЕН ОД ЦРТАЧКИ ДЕТАЛИ, РАЗГОЛЕН ДО НИВО НА КОНТУРА

ПОРТА

25 јули 2014

48

58


ГОДИНА XII

БРОЈ 287 ПЕТОК 27.12.2019 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Овој месец го издаваме 287 број на Порта 3, но уште поважно е што токму со ова издание ги одбележуваме нашите 15 години постоење на медиумскиот пазар. По тој повод во овој број имаме зголемен број страници исполнети со секогаш интересни содржини од областа на градежништвото, архитектурата, екологијата, урбанизмот, сообраќајот, енергетската ефикасност, уметноста.Страниците ги почнуваме со објавување на првите добитници на годишната награда на Порта 3, која се надеваме дека ќе премине во традиција. Нашиот соработник ја пренесува атмосферата од најголемиот саем за градежништво на Блискиот Исток кој се одржува секоја година во месец ноември. Во овој број имаме интервју со првиот уредник на Порта 3, Мирче Адамчевски, кој раскажува за почетоците, борбата за опстанок на пазарот, за изборот на содржините и областите во кои се делува. Во делот на градежништвото обработуваме тема за примената на БИМ технологијата во нискоградба. Новиот закон за легализација на дивоградбите повторно ја бранува јавноста. Во овој број имаме образложение на штетноста од донесувањето на овој закон. Она што со години се ветува во Скопје, а никако да се реализира е изградбата на булевар Македонија. Порта 3 во ова издание за прв пат ги објавува скиците од проектот за булеварот. Од понуденото ќе може да се видат сите влезно-излезни поврзувања со кружни текови и должината на трасата. Во делот на земјотресно инженерство експертите од ИЗИИС даваат објаснување за научноистражувачките активности во рамките на проектот SERA од програмата H2020. Во областа архитектура нашиот дописник од Белград има интервју со Томас Рау кој е инспирација на нашето време, и кој претставува нов, единствен бран во современата архитектура.

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Продолжението за И. М. Пеи, архитектот кој му ги даде на своето време некои од најубавите надворешни форми и внатрешни простори е за стаклената пирамида, која оваа година наполни 30 години. Станува збор за ремек-дело, архитектонска икона која му ја подари на Париз, градот на светлината. Во рубриката ентериер, нашите пријатели од Биро проект го пренесуваат современото уредување на еден стан. Станува збор за уредување со светли природни тонови кои станот го претвораат во современо гнездо. Енергетската ефикасност е тема што во последно време е сè поактуелна. Нашиот соработник дава објаснување за концептите за греење кои се на крстопат меѓу одржливоста, сиромаштијата и политиката. Се говори за потребата од задолжително користење на топловодната мрежа, бенефитот или штетноста од користењето на инвертер клима-уредите, за алтернативите кои се нудат, како и за светските искуства на ова поле. Изминатава година ја одбележаа неколку настани на полето на екологијата. Во овој број Порта 3 направи листа на настани по кои оваа 2019 година ќе остане запаметена на полето на животната средина. Крајот на годината и новогодишната еуфорија секако не може да се замисли без симболот – елката. Нашиот експерт за хортикултура дава објаснување околу изборот дали елката да биде природна или вештачка и кои се позитивните и негативните страни на двата избора. Овој број го затвораме со тема од уметноста. Ги пренесуваме цртежите на архитектот и дизајнер Перо Георгиев, кои се мала графичка проза. Станува збор за Симбол ослободен од цртачки детали, разголен до ниво на контура. ОД РЕДАКЦИЈАТА 287

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. доц. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ДЕКЕМВРИ 2019

Познати добитниците на годишната награда Порта 3 2019 Булевар Македонија - конечно??

ɋɪɟʅɧɢ ɩɪɚɡɧɢɰɢ

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Концептите за греење на крстопат помеѓу одржливоста, сиромаштијата и политиката

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 26.12.2019 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ

ГОДИНИ ЗАЕДНО


инфо

Познати добитниците на годишната н Архитектите кои учествуваа во подготовка на изложбата во њујоршка МоМА, Еко-свест и професорката од Градежниот факултет, Мери Цветковска добитници на големата награда „Порта 3“

О

ваа година „Порта 3“ прославува 15 години од излегување на првиот број. Можеби некому и не изгледа многу, но за нас ова е голем јубилеј. „Порта 3“, 15 години се занимава со теми од областа на архитектурата, градежништвото и екологијата и е единствен медиум кој успеал да се одржи на пазарот посветувајќи се на овие области. А, условите не се едноставни, особено кога сите сме свесни колку имаме проблем со вреднување и почитување на стручноста. „Порта 3“ секогаш се обидувала да биде во тек со современите случувања во овие области, да афирмира вистински вредности, да пофали, но и да критикува, и сè тоа објективно преку текстови на Редакцијата и соработниците. После 15 години, интензивно следејќи ги случувањата и активностите на колегите, одлучивме да почнеме со доделување на три награди во трите области со кои се занимаваме, со идеја наградата да прерасне во традиционална. Целта е сферата која ќе ја покрива наградата да има поширок дијапазон. Тоа подразбира дека наградата може да се додели на поединци, тим, компанија, институција или општествена активност и ангажираност во доменот на проектирањето, изведувањето, публицистичката, истражувачката и научна дејност. Но, исто така сметаме дека е многу важно да се воспостават универзални критериуми за доделување на наградата со што достојно и стручно ќе се оддаде почит на она што претставува вистинска вредност, вреднување на професионален труд и благодарност до оние кои успеаја со својата работа, доследност и вештина да придонесат за квалитетот на професијата. За наградата одлучуваше петчлено жири во кое членуваа архитекти, екологист и градежен инженер. Критериуми за доделување на наградите Креативен, стручен и интелектуален пристап на архитектурата, градежништвото и екологијата. Квалитетни објекти кои се значајна и впечатлива архитектура, создадени со квалитетни функционални решенија, урбанистички соодветно поставени кои се вклопуваат во околината и придонесуваат за нејзино унапредување, современо архитектонско обликување постигнато со првостепена пластика, комплексни градежни и еколошки зафати и интервенции. Достигнувања во дизајнот, технички и технолошки достигнувања во трите области. Социјална и општествена одговорност во планирањето на просторот – урбанизам, одржливост на околината, амбиентот, научни студии и анализи, ефекти во животната средина, културен идентитет, висок професинален морал. Комисијата за доделување годишна награда „Порта 3“ од областа архитектура, екологија и градежништво 2019 година работеше во состав: 1.Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, дипл. инж. арх. – главен и одговорен уредник на „Порта 3“ 2.Вања Дончева-Рајатоска, дипл. инж. арх. – претседател на Издавачки совет на „Порта 3“ 3.Натка Ќосева, дипл. инж. арх. – соработник на „Порта 3“ 4.д-р Даниела Младеновска, дипл. маш. инж – соработник на „Порта 3“ 5.доц. д-р Златко Зафировски, дипл. град. инж. – член на Издавачки совет на „Порта 3“ 6

ПОРТА

27 декември 2019

Наградата за архитектура ПОРТА 3 2019 година се доделува на групата архитекти д-р Ана Ивановска-Дескова, дипл. инж. арх. – доцент на Архитектонски факултет - Скопје Владимир Десков, дипл. инж. арх. - асистент докторант на Универзитетот Американ Колеџ Скопје, д-р Јован Ивановски, дипл. инж. арх. - вонреден професор на Архитектонски факултет – Скопје.

Наградата им се доделува за истражувањето на модерната архитектура во периодот на постземјотресното Скопје 1963-1980 година, нејзина систематизација, валоризација, архивирање и презентирање во Република Северна Македонија, надвор од границите на државата и секако како круна на сè, презентација на модерната архитектура на Скопје во Музејот на модерна уметност МоМА во Њујорк на изложбата „Кон бетонска утопија: архитектурата во Југославија 1948-1980“(,, Тoward A Concrete Utopia: Architecture In Yugoslavia 1948-1980“) Дел од нивните истражувања се презентирани и во истоимената книгата издадена од МоМА во Њујорк по повод изложбата, во која во уводот кураторите на изложбата Мартино Стиерли и Владимир Кулиќ ќе напишат ,,Сместена помеѓу двата блоковски ривали на Студената војна Југославија продуцира еден ’паралелен свет‘ на модерната архитектура, изградена да ги задоволи потребите на земјата и уникатниот бренд на сопствен социјализам, најчесто опишан како ’трет пат‘ “. Оваа книга е добитник и на престижната награда Richard Schlagman Art Book Awards во категоријата – историја на архитектура. Модерната македонска архитектура благодарение на нивното истражување и стручен ангажман, знаење и висок морал во односот кон архитектонско наследство се најде во МоМА.


15 ГОДИНИ ПОРТА 3

награда ПОРТА

2019

Наградата за градежништво ПОРТА 3 2019 година се доделува на др Мери Цветковска, дипл град. инж. Професор на Градежен факултет Скопје

најмасовните собири на градежните инженери од Македонија и регионот, а тоа е Симпозиумот на ДГКМ. Годинава се одржа 18. Симпозиум на Друштвото, на кој присуствуваа над 300 учесници од 18 земји од регионот и светот, со што беше реализирана една од најважните програмски цели, а тоа е афирмација на научните достигнувања и нивна имплементација во праксата. Наградата за екологија ПОРТА 3 2019 година се доделува на Центарот за истражување и информирање на животната средина „Еко-свест“ од Скопје.

Мери Цветковска со години наназад паралелно вложува огромни напори во едукацијата не само на идните градежни инженери, туку и на плејада искусни градежни конструктори. Како претседател на Друштвото на градежни конструктори на Македонија успеа да го врати духот и големината на еден од најстарите и

АРХИТЕКТУРА, ГРАДЕЖНИШТВО, ЕКОЛОГИЈА

Здруженијата, кампањите, проектите и поединците кои оствариле значајни резултати во областа на екологијата и кои жирито ги зема предвид за Годишната награда на Порта 3 во категоријата екологија, се вреднуваа врз основа на следните критериуми: влијание врз подигање на еколошката свест, влијание врз креирањето политики кои влијаат врз екологијата (директно и/или индиректно), меѓународна афирмација на локални и/или национални еколошки проблеми. Имајќи го сето ова предвид, одлучено е оваа награда да ја добие Центарот за истражување и информирање на животната средина „Еко-свест“ од Скопје поради долгогодишното сеопфатно и сериозно работење на подигањето на еколошката свест, активното учество како коректор на политиките од областа на животната средина и транзицијата кон поодржлив енергетски систем, и секако одговорниот однос кон една од најголемите закани на денешницата – климатските промени. Подигањето на гласот против изградбата на малите хидроцентрали и хидроцентралите во заштитени подрачја, резултираше и со меѓународно признание преку престижната награда „Голдман“ за Ана Чоловиќ-Лешоска. n 27 декември 2019

ПОРТА

7


интервју

Порта 3 - ризница за архитектите, г Непрекинатото 15-годишно излегување на Порта 3, најнапред како двомесечник, па по долги години и најмногу предизвикано од неиздржливите трошоци, како месечник, покажа и покажува дека во Македонија има потреба од ваков вид списание секогаш сакал да открие што стои зад затворените порти. Портите се и опеани. А тројката – таа беше симбол на она што го содржи списанието. Архитектура+градежништво+екологија. Постоеја дилеми за вклучувањето на екологијата во тројката. Но, од денешен аспект тоа се покажа како вистински погодок. Јубилејот, 15 години од излегувањето на првиот број на Порта 3 е повод за разговор со Мирче Адамчевски, првиот главен уредник на списанието и негов долгогодишен соработник, кој минатата година го препушти местото на помладите, тие да внесат свежа крв во него.

Редакција на ПОРТА 3

В

о далечната 2004 година една идеја на сегашниот директор на АДИНГ, Благој Дончев, успешно се реализираше до крај. Тој имаше идеја, а Мирче Адамчевски новинарско искуство. Двајцата имаа заедничка цел. Да се направи списание кое го нема на македонското

8

ПОРТА

27 декември 2019

новинарско небо. Па се формира издавачко друштво, кое беше поддржувано од АДИНГ, како главен спонзор, но не и основач. Подготовките за излегување на првиот број траеја неколку месеци. Името – имаше неколку варијанти на Порта, за конечно да се усвои Порта 3. Што значи тоа? Порта е архитектонска форма. Но порта значи влегување и излегување во нешто што е од ваму или од таму. И човекот

Веќе 15 години Порта 3 отвора теми, ги анализира, ја предизвикува јавноста. Со која тема Порта 3 најмногу се гордее? nЈас не знам со која тема најмногу се гордее Порта 3, но јас се гордеам со фактот дека еве веќе 15 години, како што велите, списанието отвора теми. Тоа е ризница за кој било човек, а посебно на оние на кои им се блиски архитектурата, градежништвото и екологијата. Пред некоја година во Редакцијата дојдоа група студенти од Архитектонскиот факултет, ги отвораа комплетите на списанието и се изначудија што сè е напишано и што сè се содржи во нив. За 15 години излегување објавени се стотици теми, од архитектурата, од градежништвото, од екологијата. Стотина интервјуа со поединци кои значат нешто во областите кои ги опфаќа Порта 3. Ако ги отворите првите броеви на Порта 3 ќе најдете теми кои се актуелни до ден денес. Речиси нема град од државава кој не е застапен во списанието. Имавме дописници речиси од сите поголеми градови. Сме претставувале архитектонски проекти, сме пишувале за дивоградбите, за инфраструктурата, за урбанистичките злоупотреби. Сме ги претставувале сите поединци кои значат нешто во македонската архитектура. Сме соработувале со архитектонските манифестации „Андреа Дамјанов“, со Биеналето на архитектурата организирано од Асоцијацијата на архитектите, со


МИРЧЕ АДАМЧЕВСКИ, ПРВ ГЛАВЕН УРЕДНИК НА ПОРТА 3

, градежниците и еколозите Манифестацијата за Големата награда за архитектура... Со факултети, компании... Во Порта 3 ќе најдете теми од нашето соседство, ексклузивни теми. Или пак теми од подалеку, исто така ексклузивни. Прво од Велика Британија, па сме имале од Јапонија, Тајланд, Италија, Португалија, некои можеби заборавив... И сите биле напишани ексклузивно, односно, специјално за Порта 3. За мене пак лично најмногу ми значеше серијата текстови која траеше подолго од една година, посветена на проектот „Скопје 2014“. Сите истражувачи на тој квазиархитектонски и уништувачки феномен, доколку некогаш ги анализираат стотината авторски текстови напишани по тој повод, од критичари или поддржувачи на проектот, ќе можат да се уверат за вистинската мисија на нашето списание - да се проговори за опасноста што ја носи тој проект, наречен од некој од учесниците во серијата – „Буре барок“. Но за жал силата на Порта 3 не беше така голема за да може да влијае врз умовите на оние кои намериле да го уништат централното градско подрачје на Скопје. Колку навистина е потребно кај нас списание кое ги обработува овие теми? Што значи тоа за нашиот медиумски простор? n Непрекинатото 15-годишно излегување на Порта 3, најнапред како двомесечник, па по долги години и најмногу предизвикано од неиздржливите трошоци, како месечник, покажа и покажува дека во Македонија има потреба од ваков вид списание. Последниве години списанието има и своја ВЕБ-страница. Но таа не може да ги замени чувството и потребата списанието да биде печатено на квалитетна хартија. Во светот се посветува многу внимание на ваквите списанија. Да, тие се многу скапи, но секој

повикал претставници од тие компании, да пролистаат и да видат што сè напишала Порта 3 во изминатите 15 години. Да видат каков придонес таа дала во архитектурата, во градежништвото, во екологијата. А со нивна поддршка тој би бил уште поголем. Имало ли моменти на влијанија и притисок однадвор врз уредувачката политика и темите обработени во Порта 3? n Директен притисок однадвор немало, колку што знам. Порта 3 како медиум се обидуваше да гради уредувачка политика која не би задирала во дневната политика. И во голем степен успеваше во тоа. Никој не им кажувал на авторите на текстови во Порта 3, како да пријдат или како да обработат некоја тема. Тие имале целосна слобода. По објавувањето на некои текстови доаѓало до внатрешни дискусии, понекогаш жолчни кои речиси секогаш завршувале со коректно.

квалитет се плаќа. Порта 3 можеби ќе дадеше и поголем квалитет во изминатите години, ќе можеше да вработи повеќе соработници, ако компаниите кои се опфатени од областите кои ги покрива списанието, имаа општествена свест дека треба да го помогнат неговото излегување. Треба да им се благодари на оние кои на некаков начин ја поддржуваат Порта 3, но има уште стотици и тоа квалитетни, кои како да не го забележуваат списанието. Објавувањето на реклами или маркетиншки текстови во Порта 3, или обичната претплата, не се за да им се зголеми продажбата на производите или услугите на тие компании или збогатување на Порта 3. Има компании, кои велат дека немаат потреба од реклама. Па се знае дека немаат, ама со поддршката на Порта 3 тие ќе работат во полза на архитектурата, на градежништвото, на екологијата во државава. Работите треба да се гледаат пошироко, а не само од лична полза. Јас би

Во состојба на општествена криза која неминовно се отсликува во областите кои ги покрива Порта 3, колку е важно да се има стручност, но и храброст да се анализираат состојбите отворено? Имала ли Порта 3 доволно храброст да ги нарече работите со вистинското име? n Во одговорите погоре јас ви кажав елементи кои потврдуваат дека во состојба на општествена криза Порта 3 имала храброст да ги анализира и со вистинско име да ги нарече појавите во услови на криза. Но не треба да се зборува за храброст. Треба да се појде од потребата дали треба или не да се обработи една тема. Еве, на пример, за Јужниот булевар во Скопје. Неодамна од доста верен извор ми беше речено да го заборавам. Дека е скап (би биле потребни 300 милиони евра), дека градежната мафија не е вклучена во таквата одлука... Дека нема да се прави според варијантата од генералниот план. Според мене ќе има крпеници од булеварот. Но, тоа е мој проблем. Сега, списанието треба да оцени има ли потреба од отворање и истражување на таа тема? Ако има, тогаш треба да се бараат луѓе 27 декември 2019

ПОРТА

9


коишто ќе можат да го направат тоа. Луѓе кои се стручни, кои ќе бараат одговори зошто, на пример, треба да се заборави на Јужниот булевар во првобитната форма. Зошто би чинел 300 милиони евра. Која е предноста на сегашните сообраќајни решенија во однос на булеварот, има ли клиентелистички односи меѓу градските власти, сите во изминатите педесетина години, со градежни компании и уште многу други прашања. Да се вратиме години наназад кога ја имате почнато Вашата кариера како новинар. Оттогаш наваму Мирче Адамчевски станува новинарско име. Што сè имате работено? n Мечтата да бидам новинар ме следеше од младешки денови. Иако образованието ме гонеше да одам да работам во индустрија, дипломирав на Технолошкиот факултет во Скопје со еколошка тема, јас ниту еден ден не се расправав со суровини, репроматеријали, тогашни работнички совети... Имаше конкурс за новинари во „Нова Македонија“, па се пријавив. Услов беше високо образование и тридневни тестирања. Па така работниот стаж од прв ден ми е главно во новинарството. Најнапред во „Нова Македонија, каде што ги поминав сите скалила. Од приправник до главен и одговорен уредник. Шест години поминав во Москва, како дописник на весникот. Во 2004 година почнавме со издавање на Порта 3. Две години потоа поминав двегодишен мандат во Советот за радиодифузија, како претседател, за потоа 10

ПОРТА

27 декември 2019

повторно да се вратам да соработувам со Порта 3. И така сè до септември минатата година. Во меѓувреме бев активен во

͆ì͌ð͖͊ ̹͏î͉ï͌æ͌ ̽͊í͎͊ ̹͉æ͉è͉͍óë ̾͊æç͊íë͖͉ ̹͌ô͉ïë ͆ñ͍͏îëó͉ ͍̈́ëí͊ð Óëñ͌í͉ ͍̓͐ëè ͎̾͌ñëæ͉͍

новинарски здруженија и медиумски организации. А и денес не сум надвор од нив, ниту пак од редовното пишување. n


ПОРТА


инфо

Наградата „Андреја Дамјанов“ за 2019 на архитект Миодраг Митровиќ

А

рхитектот Миодраг Митровиќ е годинашен добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството за 2019 година, која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Митровиќ е роден 1948 година во Вршац, Србија. Матурирал во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје, дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје под менторство на професор Борис Чипан во 1973 година. Во 1974 година се вработува во ГП „Пелагонија“, каде две години работи во оператива на изведба на објекти. Две години подоцна преминува во големото проктанско биро раководено од Јордан Богатинов на компанијата „Пелагонијапроект“, каде ја започнува својата проектантска кариера и соработува со искусни проектанти, архитекти и работи на конкурси и на проектот за фабриката Фени во Кавадарци. Во 1980 година преминува во „Мавровопроект“ каде се дооформува проектантски тим кој наредните 15 години работи на многубројни проекти во Македонија, Русија и Либија. Меѓу кои се Станбен комплекс во населба Ново Лисиче, Скопје со Донка Петкова Костиќ и Здравко Рафајловски, Еуротел, Струга со Радован Раѓеновиќ и Ранчо Христов, Комплекс „Запољарје“ ; Сочи, Русија со Радован Раѓеновиќ , Донка Петкова Костиќ, Лилјана Дубровска, Зоран Ивановски, станбени кули “Три Бисери“, населба Аеродром, Скопје и многу други. Во 1995 година основа сопствено биро „Метрика“ каде работи со својата сопруга и деца и соработува и со други архитекти. Изработува проекти за повеќе индивидуални куќи, работи на конкурси, изработува архитектонско – урбанистичко решение за станбено деловен комплекс Стар Аеродром, Скопје, станбен објект во Ѓорче Петров, Скопје, реконструкција на фабриката „Чик“, Куманово, ентериери, како оној на ресторанот „Џино“, ГТЦ, Скопје. Во 2013 година ја проектира Клиничката болница во Штип, објект кој во моментов е во изградба, а архитект Митровиќ е сеуште активен и е проектантски надзор на болницата. Архитект Миодраг Митровиќ при своето обраќање на свеченоста изјави дека „голема чест е да се стане член на Архитектонската Академија, да се придружи на архитектите што го одбележаа градителството во државата и во ова добро друштво да ја продолжи мисијата – архитект“, и доаде дека имал среќа да се образува и работи во една многу посредена држава со богато архитектонско наследство. Се заблагодари и на сегашните членови на Архитектонската Академија, велејќи дека дел од нив му биле професори, а дел постари колеги кои несебично го прифатиле и упатиле на првите проектантски чекори. n

12

ПОРТА

27 декември 2019


инфо

Добитници на наградите од Комората за 2019 година

К

омората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ оваа година одбележа 12 години од своето постоење. Свеченото одбележување се одржа во Хотел Александар Палас Скопје во присуство на членови на Комората, останати инженери, соработници на Комората и пријатели. Комората на овластени архитекти и овластени инженери традиционално додели четири именувани награди за 2019 година. Носител на наградата од Одделението на градежни инженери именувана „Професор др Александар Цане – Ангелов“ ја доби дипломираниот градежен инженер м-р Горан Тодоровски. Дипломирал во 1988 година на ГФ Скопје, магистрирал во 2007 година на ГФ Скопје. Работел на повеќе места, од Градежен институт Македонија, преку Градежниот факултет во Скопје до основач на сопствена фирма „Ванимекс“ во која успешно работи и денес. Добитник е и на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2017 година, во категоријата на изведба на конструкции. За архитектура, наградата именувана „Професор Борис Чипан“ отиде во рацете на архитект д-р Александар Радевски. Од 1998, Радевски е вработен на Архитектонскиот факултет во Скопје. Докторирал на Архитектонскиот факултет, Скопје на тема Влијанието на дневната светлина врз димензионирањето на волуменот на работниот простор и креирањето на естетскиот израз на архитектонските објекти“. Добитник е и на Гран при на БИМАС 2010 за објектот „Винарија Стоби“ во Градско. Од 2013 до 2017 е продекан за настава, наука и меѓународна соработка на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Инженерот по електротехника Фросина Сејзова Велкова ја понесе наградата именувана „Професор д-р Станимир Јовановски. Моментално ја раководи компанијата Ех Изведба Инженеринг ДООЕЛ Скопје. Работела во ГАМА АД - Скопје, каде минува 10 години од својот работен стаж. Актуелен претседател е на ТК1 во ИСРМ (Опрема и заштитни системи наменети за употреба во потенцијално експлозивни средини) . Дипломираниот машински инженер Весна Неделковска ја доби наградата именувана

„Проф. д-р Илија Черепналковски“. Од 2002-2003 член е на Државната комисија за недеструктивно тестирање на материјали при Државниот завод за стандардизација на Р Македонија. Во октомври 2007 година основа своја приватна фирма за проектирање и инженеринг, каде работи и денес. Настанот го збогати и изложбата на фотографии од Васе Аманито, насловена Архитектурата во Скопје. n ПОРТА


инфо

Одржан саем за градежништво BIG 5 во Дубаи

Александра ПЕТРОВСКА, дипл. инж. арх.

B

IG 5 Дубаи – Најголемиот саем за градежништво на Блискиот Исток се одржува секоја година во месец ноември. Оваа година саемот се одржа по 40-ти пат, од 25ти до 28-ти ноември, на кој учествуваа 2.507 изложувачи од 66 земји во светот, со вкупен број на посетители - професионалци во градежништвото околу 68.000, од вкупно 134 земји. За големината на овој саем зборува и тоа што овогодинешното јубилејно издание го отворил Неговото Височество шеикот Ахмед бин Саид Ал Мактум – претседател на цивилното воздухопловство во Дубаи, извршен директор и претседател на групацијата „Емирати“, претседател на „Дубаи свет“ и претседател на осигурителната компанија „Нор Такафул“. Производите што беа опфатени на штандовите на „Big 5“ беа поделени на 6 групи: 1. Одржливост на објекти и специјални конструкции. 2. Ентериери и материјали за завршни слоеви. 3. Градежни технологии и автоматизација на објекти. 4. Градежни алати и градежни материјали. 5. Механички, електрични и водоинсталатерски услуги. 6. Модуларна конструкција. Освен овие 6 групи, имаше и други 6 групи кои беа распоредени во халите, како посебни специјализирани настани и тоа: - Тhe big 5 Heavy – Машини за тешка индустрија - Middle east Concrete – Бетонски решенија за Среден Исток - The Big 5 Solar – Соларна енергија - Middle East Stone – Мермерни и други камени производи - Urban design and Landscape – Урбана опрема и партерни решенија - HVAC R Expo - Греење, вентилација и прочистување на воздух (каде беше претставен климатизер/ладилник кој заштедува 80 % од потрошувачката на електрична енергија). Фирмите кои имаа свои штандови на саемот беа од сите страни на светот, а најголем број на изложувачи имаше од Кина и ОАЕ, потоа Турција,

14

ПОРТА

27 декември 2019

Саудиска Арабија, Германија, Шпанија, Италија (Сицилија), Грција. Имаше и голем број на изложувачи од САД, Тајланд, Кореа, Катар, Индонезија, Јужна Африка, Белгија. Единствена македонска фирма која имаше свој штанд на саемот беше фирмата „ЛЕОВ“. Саемот се одржува во World Trade Centre – Светски трговски центар, а штандовите на изложувачите беа поделени во 20 хали. По големината која ја зафаќа, саемот може да се спореди со саемот за градежништво BAU во Минхен (кој се одржува секоја втора година), но овде имаше поголем број на изложувачи, на помали и помалку репрезентативни штандови. Во склоп на саeмот секојдневно се одржуваа презентации, демонстрации на производи и работилници, вкупно 240, кои се одржуваа во посебни делови од халите, со точно одреден термин и најава за истите. За одреден број на ислушани презентации се доделуваше сертификат. Посебен акцент беше ставен на

иднината на градежништвото, проследена преку последните технологии и трендови за проектирање и изведба на објектите, како BIM градежната програма која сè повеќе се користи во градежништвото, потоа 3Д печатењето, роботиката, индустријализираната конструкција и анализата на податоци. На секој од четирите саемски денови излегуваше дневен весник „The Big 5 Daily“, кој содржеше информации за сите настанипрезентации и предавања кои се одвиваат во текот на тој ден, како и интервјуа со предавачите и изложувачите. Исто така, саемот има издадено и каталог кој ги содржи сите 2.507 изложувачи со распоред на сите 20 хали. Сите штандови беа едноставни, најголем број од штандовите беа мали, без иновативни решенија за истите, без многу репрезентативен материјал и мостри, акцентот беше ставен на директна комуникација со одговорните лица на штандовите и брза комуникација преку е-мејл веднаш по остварен контакт на штандот. n


ПОРТА


градежништво

Примена на BIM технологија во нискоградбата

Делница: Калотина - Драгоман, Бугарија Милош МАНЕСКИ, дипл.град.инж. ДИГИТАЛИЗАЦИЈА Развитокот на дигиталната технологија доведува до дигитална револуција во сите стопански гранки. Градежништвото, како еден од главните показатели на економскиот развој на некоја земја, долго време ѝ одолева на дигитализацијата и прилично заостанува зад другите стопански гранки. Во светот, во економски развиените земји, дигитализацијата во градежништвото се унапредува години наназад и полека станува задолжителен технолошки процес при изградбата. Како ПОРТА

27 декември 2019

по обичај, новите технологии во нашиот регион стигнуваат со задоцнување, оставајќи малку време за усвојување и адаптација на новото работно опкружување. Наместо зборот дигитализација, најчесто се користи скратеницата BIM (Building Information Modeling), како директна репрезентација на дигитализација во градежништвото. Во овој момент можеме да констатираме дека BIM на подрачјето на Балканот пристигнува забрзано. Неговата примена, како основна алатка во скора иднина е неизбежна. Нам ни преостанува да направиме основни и правовремени подготовки за интеграција

на BIM во производниот процес. Дополнително усовршување на ниво на дејноста ќе дојде паралелно со примена во праксата, т.н. „Learn by doing“ ОСНОВНО ЗА BIM ЧЕКОРИТЕ Главната цел на BIM е воспоставување координација помеѓу процесот и учесниците во проектот. Исто така, мора да биде остварена транспарентност на процесот на релација изведувач – инвеститор. Во компанијата STRABAG имплементацијата на BIM во проектите го подразбира следното: • 3Д - модел на сообраќајницата


слика 1. дефинирање на елементите на сообраќајницата

линеарно планирање не претставува никаква новина, уште во 70-тите години е широко распространет во пракса. Меѓутоа со тек на времето гантограмот (најчесто во програмот Microsoft Project) го потисна ортогоналниот план. Денес, со развитокот на BIM технологијата, ортогоналниот план претставува задолжителна алатка во целокупниот систем. Важно е да се напомене дека за разлика од гантограмот, ортогоналниот план на apscisi содржи информации за стационажата долж нивелетата, а на ординатата информации за времето (слика 3). Исто така, не се разгледува рамномерната дистрибуција на количините меѓу две стационажи, туку реалната, добиена врз основа на 3Д моделот. Компанијата STRABAG во доменот на нискоградбата почна да врши BIM обуки релативно скоро, на почетокот на 2019. година. За сега можеме да се пофалиме со успешно одработена подготовка на проектот за автопатот во Бугарија, Калотина – Драгоман и со примена на одредени сегменти на BIM на проектот за брзата сообраќајница во Македонија, Штип – Радовиш. Автопатот во Бугарија го користевме и како проект за обука, со оглед на тоа што од страна на

на сообраќајницата се дефинираат со • Изработка динамика на изведување на леери. Со пресек на два леера се добива работите, исклучиво ортогонален план волумен – односно количини кои е • Планирање на транспортните рути потребно да се вградат. Покрај визуелната (логистика) презентација на проектот (слика 3) и • Контрола во тек на изведување на раното откривање на евентуалните работите колизии, моделот овозможува прецизен • Машинска контрола предмер на сите дефинирани елементи по Креирање на моделот подразбира стационажите на сообраќајницата, со што работа во платформа на Autodesk, ProVi. Техничкото лице задолжено за 3Д модел се се заокружува моделирањето во фаза на подготовка на проектот. нарекува 3Д моделар. Од потребните Изработка динамика на изведување на влезни податоци неопходно е да се има работите се прави на основа на геодетска снимка на нултната состојба, односно дигитален модел на теренот (DTM), количините добиени од 3Д моделот и подразбира изработка исклучиво на нивелета на сообраќајницата и попречни ортогонален план во програмот Tilos. пресеци. 3Д моделот не мора секогаш да Самиот ортогонален план во вид на биде верна презентација на проектот. Во зависност од потребната деталност, 3Д моделот може да се изработи и во поедноставени варијанти. Непоходно е деталноста на 3Д моделот да се дефинира пред неговата изработка, а во склад со проектните барања. Внесувањето на елементите на моделот е параметарско и релативно во однос на нивелетата. За појдовна точка секогаш се зема точка на нивелетата на сообраќајницата од попречниот пресек. Компанијата STRABAG во доменот на нискоградбата почна да врши BIM обуки релативно скоро, на почетокот на 2019. година. За сега можеме да се пофалиме со успешно одработена подготовка на проектот за автопатот во Бугарија, Калотина – Драгоман и со примена на одредени сегменти на BIM на проектот за брзата сообраќајница во Слика 2 Дефинирање на слоевите на сообраќајницата Македонија, Штип – Радовиш. Автопатот во Бугарија го користевме и како проект за обука, со оглед на тоа што од страна на инвеститорот не постоеше барање за BIM технологија. Проектот за автопатот во Бугарија, чека градежна дозвола, па така сеуште не можеме да изнесеме искуства од фазата на изведување на проектот. Кога ќе ги дефинираме леерите во изгледот на проектот, пристапуваме на дефинирање на слоевите. Во попречниот пресек на моделот дефинираме онолку елементи колку сакаме да прикажеме (слика1). Слика 3 Модел на сообраќајницата во изглед Важно е да се нагласи дека елементите

27 декември 2019

ПОРТА

17


слика 4 ортогонален план – нелинеарна распределба инвеститорот не постоеше барање за BIM технологија. Проектот за автопатот во Бугарија, чека градежна дозвола, па така сеуште не можеме да изнесеме искуства од фазата на изведување на проектот. Покрај BIM често се додава и суфиксот 5Д, каде четвртата и петта димензија ја сочинуваат респективното време и трошоците. На основа на овие факти се изведува заклучокот дека токму програмот Tilos, најадекватно може да ги исполни високите критериуми. Планирање на транспортните рути може да се прави на различни начини. За разлика од фазата калкулација, каде влезниот параметар е исклучиво средната транспортна должина, во фазата на изведување пожелно е да се поседува подетална логистика, најчесто по фази на изведбата и секциите на трасата. STRABAG разви сопствен програмски пакет кој во потполност одговара на потребите на проектите. На едноставен начин можат да се изменат влезните параметри и да се променат одредени транспортни

ограничувања. Потоа, автоматски се креираат нови транспортни рути. Исто така и количините се преземаат од 3Д моделот. На овој начин се пресметуваат растојанијата и притоа се остварува поголема точност, одошто обично се бара. Многу е важно да се имаат квалитетни геолошки испитувања со што дополнително се зголемува точноста. Најголемата мана се одразува во релативно комплексниот приказ на шемата на транспортните рути, па така учесниците во проектот рачно ја поедноставуваат шемата, за да можат сите учесници во проектот полесно да ја прочитаат. Сметаме дека со ова ја заокруживме целината во фаза на припрема на проектот за изведување. Со други зборови, сега сме во потполност спремни за фазата изведување на работите. Контрола во тек на изведување на работите, најчесто изискува еден квалификуван вработен на проектот на техничка ориентација. Практично е незамисливо почетниот проект да не

доживее ниту една измена или дополна во тек на изведбата. Секоја промена на проектот потребно е да се моделира и вклопи во целината. По моделирањето на измените во проектот, нужно е да се изврши синхронизација со динамичкиот план и логистиката, за да се креира нов, ажуриран план. Сè почесто се користат беспилотни летала - дронови за контрола на напредокот на работите. Дроновите се способни да го снимат теренот и да го претстават на милион точки во просторот (Point Cloud). Облакот на точки го преведуваме во дигитален модел на теренот, кој доволно точно ни дава информација за моменталното напредување на работите. Снимање на градилиштето со дрон е значително побрзо одошто по класичен пат, за жал прецизноста сè уште не е задоволувачка за да можеме да ги користиме за проверка на завршните слоеви. Но и покрај тоа примената на дронови е сè позастапена, особено на непристапни локации, каде е ризично да се користат човечки ресурси. Машинската контрола прави пожелен, но не и неопходен BIM чекор. Предуслов за вршење машинска контрола е опремување на механизацијата со скапа опрема. Целиот процес можеме да го ставиме во категорија полуавтоматска работа. Во моментов овој чекор подразбира дефинирање на леерите во 3Д моделот. Дефиниран леер на овој начин, практично од канцеларија, се доставува до компјутерот во машината (грејдер, багер, дозер и сл.), кој добиениот леер го преведува во команда, при што работниот орган (нож, кофа и сл.) на машината автоматски се поставува во зададената положба. На овој начин се избегнува конвенционалното обележување на висинските и просторни коти на самото градилиште. Дополнително се скратува времето кое е потребно работниот орган да се позиционира во бараната положба. Процесот го нарекуваме полуавтоматски, бидејќи машинистот и понатаму управува со положбата на машината, но не и со работниот орган. Со развитокот на технологијата се унапредува и машинската контрола. Компаниите, светски лидери во оваа област, најавуваат комерцијална продажба на потполно автоматизирани системи, способни за работа без присуство на машинист веќе во 2025 година. ЗАКЛУЧОК Компанијата STRABAG во доменот на нискоградбата почна да врши BIM обуки релативно скоро, на почетокот на 2019. година. За сега можеме да се пофалиме со

18

ПОРТА

27 декември 2019


ПОРТА


успешно одработена подготовка на проектот за автопатот во Бугарија, Калотина – Драгоман и со примена на одредени сегменти на BIM на проектот за брзата сообраќајница во Македонија, Штип – Радовиш. Автопатот во Бугарија го користевме и како проект за обука, со оглед на тоа што од страна на инвеститорот не постоеше барање за BIM технологија. Проектот за автопатот во Бугарија, чека градежна дозвола, па така сеуште не можеме да изнесеме искуства од фазата на изведување на проектот. Се стекнува општ впечаток дека BIM технологијата се развива побрзо од тоа што сме ние во состојба да ја прифатиме и примениме. Во технолошки и економски поразвиени земји, примената на BIM во голем процент е обврзувачка, како во фаза на проектирање, така и во фаза на изведување на работите. На подрачјето на балканските земји BIM сè уште е во доменот на доброволна примена. Меѓутоа во последно време сè почесто се сретнуваме со терминот BIM и сè повеќе компании бараат BIM квалификувани луѓе за работа. Моментално, најголемиот непријател на BIM е непостоењето на стручен кадар. За да може во целост да функционира BIM системот, неопходно е сите учесници во проектот да поседуваа соодветно квалификувани луѓе кои ќе работат, како проектанти и изведувачи, така и инвеститори, ревиденти и надзорни органи. n

Делница: Калотина - Драгоман, Бугарија

ПОРТА

Снимање на објектот со дрон Грејдер опремен со сензори за автоматско позиционирање на ножот на проектот на брзата сообраќајница Штип - Радовиш


ПОРТА


архитектура

Томас Рау – Инспирација на нашето време

Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. (Специјално за Порта3 од Белград)

Неговото мото е „воден од иднината“, со идеја дека најдобриот начин да ја предвидиме иднината е сами да ја создадеме. Тој тоа и го прави. Рау архитектс е основан во Холандија во 1992 година како студио за одржлива архитектура 22

ПОРТА

27 декември 2019


Т

РАУ АРХИТЕКТС, СТУДИО ЗА ОДРЖЛИВA АРХИТЕКТУРА

омас Рау од Холандија не е само архитект, тој е и говорник на големи конференции. Со единствен пристап кој обединува архитектура, визионерство и циркуларна економија, Томас Рау претставува нов, единствен бран во современата архитектура. Во текот на месец октомври, Томас Рау престојуваше во Белград на конференцијата „Одржлива архитектура и енергетска ефикасност“, каде говореше за своето видување на архитектурата и денешницата. Неговото мото е „воден од иднината“, со идеја дека најдобриот начин да ја предвидиме иднината е сами да ја создадеме. Тој тоа и го прави. Рау архитектс е основан во Холандија во 1992 година како студио за одржлива архитектура. Тоа што го прави посебен пристапот на овој архитект се две насоки на делување. Првата е примена на циркуларна економија во архитектурата, каде зградите се само привремен склоп на материјал, кој нужно мора да биде попишан. На тој начин голема количина употребен материјал, како делови, може да биде повторно искористен на други проекти. Втората насока е употреба, а не поседување. Во текот на своето предавање Рау говореше на тема современ концепт на употреба на ресурсите. Airbnb, како еден од најголемите сервиси за резервации и сместување, не поседува свој простор кој се нуди, поедини произведувачи на автомобили во својата понуда имаат користење автомобили, како изнајмување, кое не е ниту кредитирање, ниту лизинг, туку платено користење. Тој принцип е искористен заедно со Филипс во програмата pay-per-lux на амстердамскиот аеродром, каде не е купен скап систем за осветлување, туку Филипс го задржал правото на сопственост над опремата, додека клиентот плаќа цена на основ на потрошена енергија. Со идеја дека не можат сите проблеми да бидат решени, како и фактот дека при рушење и демонтажа на постоечки згради, големо количество конструктивен материјал ќе биде отфрлен, во 2017 година основан е онлајн систем на градежен катастар, Мадастер, со цел веќе користениот материјал, кој е уредно попишан при изградба, еден ден повторно да се користи. На тој начин возможно е значително да се намалат трошоците. ТРИДОС БАНКА Некои од проектите претставени на конференцијата, а кои ја одразуваат архитектонската филозофија на ова биро е проектот на Тридос банката во Холандија од 2017 година. Практично во шума, во местото Лангхуд де Рехорст, зградата на банката е 27 декември 2019

ПОРТА

23


конципирана да нема предна и задна фасада. Во внатрешноста е изразена посебна дрвена конструкција и транспарентност. Високото приземје создава асоцијација на „катедрала“, а за да се максимизира транспарентноста на работните простории и односот со надворешниот пејзаж, работните простории се одвоени со стаклени прегради, кои задоволуваат високи стандарди за заштита од бучава. Приземјето е со јавен карактер, првиот кат е предвиден за работа и состаноци на вработените во банката, додека остатокот од просторот, во три независни кули е резервиран исклучиво за вработените. Ова е прва голема деловна зграда, каде практично сто отсто конструкцијата е од дрво,

ПОРТА

додека во внатрешноста се користи само текстил од природни материјали. ТИДЕ ОПСЕРВАТОРИЈА ЗА ПТИЦИ Тиде е опсерваторија за птици која се наоѓа во Шелхук во национален резерват во близина на Стелендам. Опсерваторијата во форма на јајце во потполност е покриена со локална трска и се состои 400 монтажни елементи кои со брод се донесени од Финска и монтирани на лице место. Објектот е параметарски дизајниран за да се добие најдобар облик во однос на конструкцијата, големината и отворите за гледање птици. Долниот дел на објектот, кој може да биде поплавен, направен е од дрво бор.

ШИМАНО ДЕЛОВНА ЗГРАДА Шимано деловна зграда во хајтек комплексот во Ајндховен претставува можеби најдобар пример на филозофијата на ова архитектонско студио. Дури 82 отсто материјал од постоечка зграда е рециклиран за нов објект. Концептот на фасадата е дефиниран со подолжни фасади, кои се поделени со вертикални бели елементи, што дава различна перцепција на транспарентноста на објектот во зависност од аголот на гледање. Ентериерот, кој го потпишува студиото Фокема и партнери, конципиран е на начин да охрабри соработка и запознавање, здраво работно опкружување и поглед на


надворешноста. Отворениот работен простор е мошне флексибилен и прилагодлив на развојните потреби. Целата потребна енергија, зградата ја добива преку соларни панели на кровот, квалитетните фасади во однос на изолацијата обезбедуваат енергетски ефикасен систем, а придонес дава и ЛЕД осветлувањето и висококвалитетниот систем за вентилација. Покрај конкретните изградени објекти, студиото развило и идејно решение на одржлив аеродромски терминал, сметан за терминал на иднината. Аеродромскиот терминал е осмислен како ротирачка зграда во средина на голем диск кој може да прими неколку летала. Дискот се ротира и авионот автоматски се префрла од една положба во друга, а секоја положба обавува одредена функција: качување, ставање гориво, утовар и истовар и др. Архитектурата на студиото Рау претставува интересен спој на одмерена архитектура со релативно радикален пристап за употреба на материјалите и заштеда на енергија на оние места кои често не се земани предвид, како што се енергијата која се троши со рушење на постоечки згради и одвезување на отпадниот материјал кој би можел да биде рециклиран. Колку концептот на катастар на постоечки материјал ќе биде успешен и дали тој во иднина ќе стане стандард, секоја зграда да претставува само моментален збир на конструктивни елементи, кои со текот на времето можат да бидат различно искомбинирани, останува да се види, а секако тоа претставува една интересна и радикална идеја. n

ТОМАС РАУ ЗА ПОРТА 3 Можеме ли да зборуваме за поимот холандска иновација? Познати се примери како Дан Розенхарда кој се занимава со светло, Херман Хертзберг кој е присутен во доменот архитектура на едукативни простори и други. Од каде доаѓа таков иновативен пристап кој го имаат холандските создавачи? Луѓето во Холандија се мошне отворени за сè што е ново, отворени се за нови идеи, дури и кога воопшто немаат искуство, тоа е типично за Холандија. Зборувавте на тема нови пазари и рековте дека најдобар начин да се предвиди иднината е да ја создадеме. Дали успевате да создадете нов пазар? Кога зборуваме за нова архитектура, зборуваме за нова свесност на клиентите, тие велат ОК. Тоа е како за хибридните возила, никој од клиентите не барал хибридни возила, бидејќи не знаеле дека е возможно. Зборувате за шумите кои се регенерираат со голема брзина, затоа што се сечат за дрвена граѓа. Дали тоа навистина е одржлив пристап? Ако ни треба орагански материјал тогаш тој е неограничен, неорганскиот материјал е ограничен. Ако правиме згради од органски материјал тогаш имаме позитивен резултат, затоа кажав дека во 11 минути пораснуваат дрвја кои ни требаат за банка. 27 декември 2019

ПОРТА

25


архитектура

И. М. Пeи - единствен музеј во светот чиј влез е уметничко дело

Модерниот симбол на музејот, стаклената пирамида во Лувр е ремек-дело на ниво на најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза или Милоска Венера, архитектонска икона која И. М. Пеи, пред 30 години му ја подари на Париз, градот на светлината ЉУПКА ДУКОВСКА, дипл. инж. арх.

В

ториот дел на текстот, во спомен на големиот архитект И. М. Пеи, е за стаклената пирамида, која оваа година наполни 30 години. Проект за кој тој вели дека бил негова најтешка работа и најголем предизвик. Но според многу, како и според моето скромно мислење и негово најголемо достигнување. Ремек-дело, архитектонска икона која му ја подари на Париз, градот на светлината. Негов архитектонски белег со кој тој веќе 30 години впишува светлина ... во светот, кој го напушти на 16 мај 2019 година. А неговото име И. М. (Ieoh Ming) значи „да се направи неизбришлив белег... или да се впише светлина.“ МУЗЕЈ МЕЃУ МУЗЕИТЕ Развојот на Лувр води од замок до музеј. Денес преку своите колекции, Лувр ни открива многу антички цивилизации, како и западната уметност од средниот век до 1848 година. Но ни раскажува и други приказни. Големата палата во која е сместен музејот, која датира од 12 век е вистинска лекција по архитектура. Долго седиште на моќ, цели 8 века, оваа кралска

26

ПОРТА

27 декември 2019

резиденција, исто така е и еден од најголемите театри каде што се одигрувала историјата на Париз и Франција. Од основањето како музеј во 1793 година, неговите колекции се меѓу најдобрите во светот. Тие опфаќаат голем број

на години и територија што се протега од Америка до границите на Азија. Поделени во осум одделенија, овие збирки имаат дела почитувани од целиот свет, како Крилестата победа од Самотрак, Милоска Венера или Мона


УБАВИ ГРАДОВИ... ГОЛЕМИ АРХИТЕКТИ... ЗНАЧАЈНИ ОБЈЕКТИ...(2) Лиза. Лувр е најпосетуван музеј во светот. Универзален во однос на богатството, колекциите и големата разновидност на неговите посетители. ИСТОРИЈА Историјата на Лувр започнува околу 1190 година. Филип Аугуст (1165-1223) донел одлука да подигне утврден простор со кој ќе биде заштитен Париз, кога тој ќе ја напушти земјата и ќе оди да се бори во крстоносната војна. Слаба точка на ова утврдување бил спојот со реката Сена. Затоа на тоа место била изградена квадратна зграда, заштитена со ров и кружни кули. Лувр во тоа време е заштитна тврдина на градот, а „Големата кула“ на Лувр е кралски сеф и затвор. Со текот на времето објектот го губи одбранбениот карактер. Состојбата постепено се менува. Во околината се создава прилично густа градска област. Но француските владетели и после стогодишната војна со Англија (1337-1453), продолжуваат да живеат далеку од Париз, главно во долината на реката Лоара. Ситуацијата се менува под владеењето на Франсоа I (1515-1547), воениот пораз во 1525 година и неговото заробеништво во Шпанија. По враќањето во својата земја, со официјална декларација од 1528 година, кралот одлучува неговата резиденција да биде во главниот град. Лувр станува резиденција на француските кралеви. Започнува период на ренесанса на Лувр. На крајот на неговото владеење тој решава да направи реконструкција на средновековниот замок, но главните работи се направени за време на кралот Хенри II (15471559). Со Француската револуцијата, од јули до октомври 1789 година, власта била принудена да се реинсталира. Потоа, сите режими што владееле до 1870 година престојувале во Тјулери. Лувр станува театар на моќта. Во овој период се изведуваат многу внатрешни работи во објектите според вкусовите на владетелите. Најважниот придонес останува крилото Марсан (Marsan) изградено по должината на улицата Риволи од архитектите Персиер (Charles Percier, 1764-1838) и Фонтен (Pierre Fontaine, 1762-1853) со кое се затвора големиот двор на Карусел ( Carrousel). Во 1793 година Лувр станува музеј. Падот на империјата може да се одбележи како триумф на музејот. Но во реалноста почетокот на Третата Република е тешко време за институцијата. Просторот го зазема администрацијата, посебно Министерството за финансии. Во 1905 година Централниот сојуз на декоративна уметност, добива концесија за павилјонот Марсан и дел од придружното крило, кој сè уште го користи. Во периодот на модерниот Лувр и тажната „belle epoque“, имало тешкотии но и напредоци. Бил 27 декември 2019

ПОРТА

27


создаден фонд за големите музеи, училиште во Лувр за нивни истражувања и се појавиле големи, дарежливи донатори на музејот. СТАКЛЕНАТА ПИРАМИДА ГО ШОКИРАШЕ ПАРИЗ Кога во 1981 година Франсоа Митеран, социјалист, беше избран за претседател на Франција, направен е амбициозен план за различни градежни проекти. Удвоени се инвестициите за уметноста. А реновирањето на Лувр, било на врвот на приоритетите. Во 1980-те Лувр немаше главен влез и беше лавиринт од различни згради со влезови на повеќе места, што и мене ми остави впечаток при моите први посети на музејот во 1960-те години. Едно крило од ренесансната палата, Ришелие (Richelieu), сè уште го користеше Министерството за финансии, а друга област беше паркинг. Клучниот предлог за реновирање бил преку еден главен влез да се овозможи пристап до сите различни простории. Митеран бил импресиониран од модернистичко проширување на Националната 28

ПОРТА

27 декември 2019

галерија на уметност во Вашингтон, на архитектот И. М. Пеи. Инсистирал дека тој е човекот за Лувр. Сакал да се ангажира Пеи, отворено заобиколувајќи јавен архитектонски конкурс за задачата. Едностраната одлука на претседателот налутила многумина. Архитектот Пеи пред да ја прифати понудената работа од претседателот Митеран, направил неколку тајни патувања, за да го проучи Лувр, галериите, теренот, историската архитектура... Видел решение на овој нов, голем професионален предизвик за него, кое не само што е можно, туку е и неопходно. Можел да постави нов влез во надворешниот двор (Cour Napoleon) ограден од постојните згради на музејот, сосема нова инфраструктура под земја, да создаде функционална и пријатна приемна област, како и систем на циркулација и јавни простории за пристап на посетителите до колекциите. Новиот влез можел да биде во средина на дворот, проѕирен, стаклен, скулптурален. Пеи отишол кај Митеран и ја прифатил работата. Така тој стана првиот странски архитект кој работел на Лувр. Но негодувањето

започнува уште пред да го открие дизајнот за неговата пирамида од метал и стакло. Кога Пеи го претставил својот проект, одговорот бил брз и брутален. Наречен е „Битка за пирамидата“. Пеи и Митеран биле казнети... Реакцијата на медиумите била немилосрдна... Митеран бил наречен „првиот фараон од Франција“ во весникот „Ле Фигаро“. Но претседателот не бил обесхрабрен. Реакцијата на проектот ја потврдила неговата решеност да го следи архитектонскиот потфат. Пеи бил јавно исмеван. „Кога прв пат ја претставив идејата пред јавноста, би рекол дека 90 % беа против“, раскажувал Пеи „... првите година и пол беа пеколни. Не можев да шетам по улиците на Париз без луѓето да ме гледаат и да ми велат: Што правите? Што му правите на нашиот голем Лувр?“ Архитектот Чиен Чунг Пеи (Chien Chung Pei), кој соработувал со својот татко, се сеќава дека... проблемот бил политички, а не архитектонски... „Пирамидата со својот дизајн ги реши сите клучни елементи што му беа дадени на архитектот. Имено барањата беа да


се создаде еден главен влез во музејот, да се избегне мешање во фасадата на палатата и да се создаде структура која би била што е можно полесна, посветла, поприродна.“ Дури ни доделувањето на наградата „Прицкер“ во 1983 година, на архитектот Пеи, не ги разубеди негаторите. Тогашниот директор на Лувр, Андре Чабо (Andre Chabaud), во знак на протест од „архитектонските ризици“ на визијата на Пеи, си поднел оставка во 1983 година. Но денешниот директор на Лувр, Жан-Лук Мартинез (Jean – Luc Martinez) мисли поинаку. Вели „Од самиот почеток тоа беше успех, се создаде впечаток

дека отсекогаш била таму“. Готовата пирамида беше инаугурирана од страна на претседателот Митеран на 4 март 1989 година, симболично на двестегодишнината од Француската револуција. А 29 март 1989 година, беше денот кога јавноста можеше да види што се случило со нивното национално богатство. Наскоро луѓето го прифатија новиот, храбар, револуционерен дизајн. Пирамидата што ја гледаме денес е непроменета од визијата на Пеи пред 30 години. СТАКЛОТО Е КЛУЧОТ Стаклената пирамида е само 4 % од работата. Видливиот дел. Пресврт кој го направи Лувр

најголем музеј во светот, во три чекори. Првиот е создавање на огромни подземни технички простории, двојно зголемување на изложбениот простор и просторот за прием на јавноста (77 000 м²). Вториот чекор е подобрување на мрежата на пешачка и автомобилска циркулација со подземно и надземно ниво на движење. И третиот е поставување на нов централен влез, стаклена пирамида, која обезбеди поврзување на сите простории во музејот чии два краја биле оддалечени 1,7 км. Новиот влез создаде контраст помеѓу тежината, неподвижноста, непроѕирноста на камењата на Лувр, со леснотијата, транспарентноста, осветленоста на пирамидата и движењето на млазовите вода што ја опкружуваат. Изборот на пирамидалната форма беше оправдан со помала потрошувачка на простор од која било друга едноставна геометриска форма. Според архитектот Пеи „Просторот е реалната архитектура. Мора да имате светлина... Светлината е многу важна“, а „Светлината на сонцето е магична“. А во Лувр не една, туку пет стаклени пирамиди носат светлина. Првата, големата пирамида, е влез во музејот. Таа потсетува на значајната колекција на египетски антиквитети во рамките на музејот, но и на Обелискот од Луксор, кој се наоѓа во близина, во продолжение на градината Тулери, на Плас де ла Конкорд. Пирамидата која е со квадратна основа, со страна 35,4 м и висина од 21,3 м, формира полиедер над земјата, со пропорции инспирирани од Кеопсовата пирамида. Се состои од челична конструкција од 95 тони челик, 105 тони алуминиум и застаклување од 1800 м², составено од 673 стаклени дијаманти (1,9 х 2,9 м) и триаголници

ПОРТА

29


изработени од ламинирано стакло од 21,5 мм. Барањето на Пеи, стаклото да биде што е можно потранспарентно, било голем технички предизвик. За да се постигне ова изградена е специјална печка и користени се специјални песоци од шумата Фонтенбло. Три помали пирамиди, светларници, лоцирани се на точно определени места, за да ги осветлуваат подземните приоди кон колекциите на музејот. И конечно петтата, превртена пирамида (La piramyde inverse) се наоѓа во центарот на кружниот тек помеѓу пирамидата и Триумфалната порта на Карусел. Не е видлива однадвор. Видлива е само однатре, од нивото на подземниот трговски центар, на Плас ду Карусел (Place du Carrousel). Изработена од стакло и метал како главната пирамида, таа е широка 16 м и висока 7 метри. Сместена е во огромна сала. Тежи 30 тона. Врвот и е на 1,4 м над нивото на подот. А една мала камена пирамида е поставена веднаш под неа. Се чини како да се допираат со врвовите. Интересно е дека писателот Ден Браун во својот роман „Кодот на Да Винчи“ го постави гробот на Марија Магдалена во скриена комора под малата камена пирамида. Се разбира ова е чиста фикција на авторот. Но ако историјата на Лувр има репутација на прогонување, можеби и неговата пирамида има право на свои митови и легенди. Еден од најчестите митови е дека конструкцијата го содржи бројот 666 (според книгата на Апокалипсата, 666 е бројот на Ѕверот). Официјалниот број од Лувр е дека содржи 673 парчиња во форма на дијаманти и

ПОРТА

триаголници од стакло. Но од изградбата на пирамидата легендата опстојува и е оживеана од популарниот роман на Ден Браун „Кодот на Да Винчи.“ НАЈПОСЕТУВАН МУЗЕЈ ВО СВЕТОТ Пирамидата во Лувр се покажа како вистински успех за музејот. Но пирамидата покрај тоа што е самата уметничко дело, инспирира и многу млади модерни уметници, во нивната креативност во разни области на уметноста... во литературата... Како што вели Мартинез „Пирамидата во Лувр е уметничко дело, модерна икона. Од своето создавање, таа создава соништа и ги инспирира најголемите уметници“. Така за одбележувањето на 30-годишнината од нејзиното создавање (30 март оваа година), уметникот JR (Jeane Rene), создаде инсталација со огромна 3Д оптичка илузија од хартија. Ова беше досега најголем колаж (17 000 м²) на францускиот уличен уметник JR, кој пред три години, со друг проект, создаде илузија дека пирамидата ја нема. Тој ја користи техниката „илузија на окото“ (trompe-l’oeil). Инсталацијата наречена Тајната на големата пирамида, беше направена од 2000 налепници, залепени околу стаклената пирамида. Создаде илузија како пирамида да продолжува под земјата, како да излегува од бел ископан кратер. Илузијата која траеше еден ден, откако поминаа посетителите, беше уништена. Останаа само парчиња хартија. Според уметникот, сликите, како и животот се ефемерни. Сегментот, парчето хартија има краток век. Проектот беше

за присуството и отсуството, реалноста и спомените, за непостојаноста. Факт е дека стаклената пирамидата го направи Лувр модерен и актуелен изминатите 30 години, што при секоја моја посета посебно ме воодушевуваше. Револуционерно го постави посетителот во центарот на музејот... новиот концепт беше функционален и практичен, создаде централен влез во музејот, ги поврза крилата и го олесни движењето. „Лувр е единствениот музеј во светот чиј влез е уметничко дело“ вели директорот на Лувр, Жан Лук Мартинез „Икона на исто ниво како и најпознатите уметнички дела, како Мона Лиза или Милоска Венера“. Воздушестата структура, транспарентната архитектура, не само што претставува архитектонско достигнување, туку и радикално го трансформираше самиот музеј. Брилијантноста на проектот „Пирамида“, донесе многу промени, беше почеток на „Големиот Лувр“. При изградбата на пирамидата, предвидено било да има три до пет милиона посетители годишно. Наскоро имало неочекувани осум милиона. Со нов проект, завршен во 2016 година, успешно е реорганизиран пристапот и лобито на музејот, за поголем број посетители што е многу значајно, бидејќи минатата година Лувр го посетиле повеќе од 10 милиони луѓе. Постигнат е историски рекорд за еден уметнички музеј. Архитектурата на Пеи која е клучна за растот и успехот на музејот, продолжува да впишува светлина во овој свет... и да го носи споменот за неговото големо дело... n


ПОРТА


урбанизам

Градете слободно и потоа поднесете б Разновидноста и масовноста на дивата градба укажува на тоа дека и едните и другите и кои било трети, кои прибегнуваат кон овие просторни апсурди, тоа не би можеле да го прават ако системот тоа не им го овозможува, а често и поттикнува. Погледот на нашите градови на секој чекор ја дава вистинската слика на реалноста на системот, институциите и на град по мерка на поедини жители

Скопје, Центар Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл.инж.арх.

М

акедонија е земја со сиромашни граѓани, како материјално, така и со дух. Се вели „сиромав човек жив ѓавол“, па така оваа „ѓаволштината“ доведе до многу „снаоѓања“ за место за живот под сонцето. Чекајќи со децении системско решение државата да се справи со економијата, а со 32

ПОРТА

27 декември 2019

тоа да се подобри и стандардот на населението и да се воведе правна држава што функционира, жителите почнаа да се снаоѓаат. Прво срамежливо, формирајќи населби на периферијата на градовите во супстандардни услови, без потребна инфраструктура. Мора да се признае дека животот во овие населби не е лесен, одвреме-навреме ќе се најдеа во фокусот на јавното сожалување, но брзо исчезнуваа од хоризнотот, препуштени сами на себе со

својот јад. Суштината на нивната неволја и катастрофа може да се сведе на два грди збора „дива градба“. Потоа сè помасовно, не само од нужност поради сиромаштија, туку и од лакомост да се земе било што џабе, кога веќе се може, и сè побезобразно со голема миграција кон главниот град, освојувајќи територии во околината, како Европејците кога ја освојувале Америка. Кој најбрзо трча најдалеку стигнува и до кај ќе забоде знаме до таму е негово, по пат


ПОВТОРНО ЗАКОН ЗА ДИВОГРАДБИ

барање за легализација правејќи геноцид на староседелците. Е сега за среќа кај нас геноцид врз населението нема, но сè повеќе приближувајќи му се на градот има геноцид врз објектите, но и врз градските навики и градскиот начин на живот. Не случајно се вели „Ако си во Рим, живеј на римски начин...“, но тоа нам не ни се случи. Се случи токму спротивното, почнаа да се градат и објекти во градот на локации и простори кои се „освоиле“. Зградите почнаа да се доградуваат и надградуваат, рака на срце за голем дел предвидено и со урбанистички планови. Но, и кујните станаа соби, а балконите кујни, терасите на кафе-баровите „колиби“, над рамните кровови се изградија куќи, а косите кровови стана стан, најчесто на оној на последниот кат, мезанините деловен простор, гаражите фотокопирници, сутерените адвокатски канцеларии, пасажите пекари... Сè ова во најразлични форми и материјали, видливи со голо око како тоа ние „малку си доградивме“. И сè ова на очиглед на надлежните го направија луѓе кои во немоќта на решавање на станбено прашање склепале кров над глава или малку си го прошириле станот или „успешни бизнисмени“ на кои просторот не им е ништо друго освен плен. Разновидноста и масовноста на дивата градба укажува на тоа дека и едните и другите и кои било трети, кои прибегнуваат кон овие просторни апсурди, тоа не би можеле да го прават ако системот тоа не им го овозможува, а и поттикнува. Погледот на нашите градови на секој чекор ја дава вистинската слика на реалноста на системот, институциите и на град по мерка на поедини жители. Во целата оваа какафонија неколку работи се повеќе од јасни: државата нема увид на диво изградениот простор кој се градел со децении, што е резултат на лошо планирање или непланирање и непочитување на закони на што свесно или уште пострашно од незаинтересираност, се замижувало на едно око. А нелегалните објекти немаат можност да се спроведе купопродажба (освен ако некој до појавата на легализацијата бил доволно луд да даде пари за објект без имотен лист), ниту недвижноста може да се наследи, што меѓудругото значи дека и на банките не им одговара, не можат да запишат хипотека на недвижноста. И така еден дожлив ден во февруари 2011 година, државата решава да се справи

со дивите градби и носи Закон за постапување со бесправно изградени објекти, популарно наречен – Закон за легализација на дивоградби. Наместо државата да санкционира крадење за што и кривично се одговара, со овој закон ги оштетува сите граѓани кои на легален начин со плаќање на сите пропишани давачки,

изградиле куќа или купиле стан, а ги привилегира сите оние што нелегално изградиле, со што одземале и простор и средства од државата и граѓаните. За колку опасен процес станува збор и со колкави застрашувачки димензии, доволно зборува фактот што во земјата има пријавено за легализација преку 430.000

Тетово

Населба Припор, Скопје

27 декември 2019

ПОРТА

33


Скопје

објекти, а досега се легализирани преку 245.544. Законот прв пат се донесе во февруари 2011 година и тогашниот претседателот на Градежната комора при ССК, ни помалку ни повеќе, Сеад Кочан тогаш изјави и остана жив: „Оваа мерка значително ќе им претставува олеснителна околност на нашите граѓани преку една

легална избрзана постапка да имаат можност да ги легализираат своите станови и на тој начин полесно да тргуваат на пазарот на недвижнини, да ги ставаат под хипотеки,односно да добијат еднаква шанса со останатите субјекти.“ Законот донесен тогаш, се го пролонгираше рокот два пати, се однесуваше за објекти

Населба Мичурин, Скопје

34

ПОРТА

27 декември 2019

изградени до 30 март 2011 и легализацијата на објектите од домување чинеше едно евро по квадратен метар. Според тој закон бесправниот објект треба да може да се вклопи во урбанистичкопланската документација во согласност со стандардите, а ресорниот министер ги пропишува стандардите за вклопување на бесправни објекти во урбанистичкопланската документација. Единствен документ како дел од проектна документација кој треба да се приложи е геодетски елаборат за утврдување на фактичката состојба, увид на местото врши тричлена комисија од општина или администрација, чиј еден член е градежен инженер, а доколку постојат потенцијално нестабилни зони, советот на општината е должен да донесе одлука со која ќе ги утврди границите на овие зони. Многу ме интересира советите во општините како ги утврдувале зоните. И осум години подоцна, државата и понатаму не успева да се избори со дивата градба. На владина седница деновиве е ставен нов предлог-закон за легализација, кој досега јавноста го немаше на увид. Единствено што се знае е дека, верувале или не, законот ќе важи за објекти изградени до 1 октомври 2019 година, што


значи дека дивоградбата цветала и изминативе години и повторно се аминува. Најавено е дека легализацијата нема да биде за едно евро по квадрат, туку ќе мораат да се платат сите регуларни комуналии, плус одреден процент за пенали, најверојатно околу 50 отсто или половина од вредноста на комуналиите. Но не е секогаш и сè само во парите, затоа ова не значи ставање на сите граѓани во рамноправна положба. Не станува збор само за тоа кој колку платил, поскапувањето на цената не го решава проблемот. Парите се трошат и се прават нови, затоа се и измислени, станува збор за украдениот простор кој е неповратен ресурс, а узурпираниот простор на наестручен начин е нерешлив проблем, освен ако не се урне. Секој квадрат кој е реализиран со крадењење претставува голема мака од урбанистички аспект, а урбанизмот претставува голема мака во нашиот секојдневен живот. Секој квадрат кој се легализира и станува полноправен чинител на градот, подразбира цела инфраструктура која за него не е планирана, а која мора да го опслужува. Тоа се однесува на различни просторни предизвици, како што се измислени

паркинг-места, па сè до прашањата за капацитетот на училиштата, градинките, здравствените установи, јавните и зелените површини, комуналната и инфраструктурна опременост за додадените површини. А во меѓувреме државата за жал го губи украдениот простор за сите времиња и ја пропушта можноста за стручно и развојно планирање на истиот. Чувството дека Скопје пука по сите шавови силно е поврзано со простиот принцип на крпење и кроење, каде единствено што е свето е борбата за квадрати, а пошироката слика на градот останува да се прилагодува на тоа. Во состојба каде лошото урбанистичко планирање ни дојде до уши и стана државен проблем, ние скоро деценија подоцна од првиот апсурден закон продолжуваме и понатаму да легализираме и ги вклопуваме дивоизградените објекти во новите урбанистички планови. И тоа не на начин да се подреди легализираниот објект на планот, туку обратно, планот се подредува на диво изградениот објект. И она што е неверојатно е тоа дека нема никаква техничка документација за легализираните објекти, бидејќи како што веќе напоменав тоа се прави со геодетски елаборат за фактичката состојба. Па така

никој не може да ја гарантира сеизмичката стабилност, носивоста на почвата, противпожарната заштита, а природни катастрофи се случуваат и се ненадејни, но според релевантните податоци и многу извесни во нашиот регион. Во ваква атмосфера овој закон и неговото продолжување најдобро е наместо легализација да се нарече „ако сакате нешто да градите, градете слободно и потоа поднесете барање за легализација, т.е. „озаконување“. И никој не споменува дека легализацијата треба да значи и одбивање на барањето, а следствено на тоа и уривање. Податок колку објекти се легализирани има, но не и колку се урнати. Со носење на овој закон нанесена му е голема штета на просторот, а дивата градба зема замав. Од стручен аспект, не постои легализација, постои само урбанизација. Министерството за транспорт се обрати за мислење и до Комората на овластени архитекти и инженери КОАИ, Одделението на архитекти одржа состанок на оваа тема и ги достави следните заклучоци: - Законот да се повлече како таков и да се преработи како дел во Законот за градба - Овој закон би направил додатни

Скопје

27 декември 2019

ПОРТА

35


Тетово проблеми во урбанистичкото планирање - Со легализацијата на уште бесправни згради, тотално се занемарува еколошкиот аспект во поглед на загаденоста на воздухот, - Законот уште повеќе поттикнува градба на бесправни градби, со неконтролирани габарити, висини - Законот создава нееднаквост на граѓаните, бидејќи во нивното соседство може да се изгради каков било објект, без да постои обврска да бидат известени, ниту дава можност за реакција, а со тоа може и нивниот имот да биде девалвиран од повеќе аспекти.

Во развиените земји поимот дива градба не постои, а не верувам дека новиот закон ќе донесе нешто ново, бидејќи проблемот е секогаш ист, законите кои ги имаме не ги спроведуваме. Да работеа службите според закон немаше да имаме дивоградби, барем не во толкав број. Останува нејасно, а за мене несфатливо, зошто се продолжува рокот и на објекти изградени до октомври 2019 година. За да некој не помисли дека е лесно да се зборува и се ова се знае, а решение не се нуди, еве вака. Точно е дека е лесно да се зборува, но не и најлесно. Најлесно е да се легализира. Проблемот е застрашувачки, решението е

ДА СЕ ДОЗВОЛИ ЛЕГАЛИЗАЦИЈА САМО АКО ОБЈЕКТОТ Е СЕИЗМИЧКИ ИЗГРАДЕН Министерот за транспорт и врски Сугарески очекува високата цена за легализација со новиот закон да придонесе да престане градењето на диво. При дефинирањето на законот вели дека се разгледува и барањето од архитектите да се дозволи легализација само ако објектот е сеизмички изграден. Тој изјави: „Сакам да ги отфрлам сите шпекулации дека со новиот закон ќе се направел тотален урбанистички хаос. Тоа не е точно и стојам зад тоа тврдење затоа што ќе има дел одредби што апсолутно го регулираат тој дел. Ако ги гледаме сите аспекти од 2017 година наваму драстично е намален бројот на изградба и со ова треба да биде расчистена дилемата за утврдување на правниот статус на објектите, или ќе се легализираат тие што ги исполнуваат условите или ќе се уриваат. Нема секој секаде да може да легализира, таа теза со индигнација ја отфрлам. Тоа нема да се случи. Даваме можност онаму каде што тоа е дозволиво согласно со урбанистичките планови и затоа се 36

ПОРТА

27 декември 2019

сложено и радикално, а со самото тоа и болно. Бидејќи очигледно сме се определиле за легализирање, наместо за уривање неопходно е да се направат неколку работи. Како прво недозволиво е да се легализираат објекти само со геодетски елаборат, а да не се изработи комплетна техничка документација која ќе содржи проект за архитектура и сите останати фази, каде ќе има и стручно мислење за сеизмичката стабилност на објектите, елаборат за противпожарна заштита и извештај за геомеханички испитувања. Второ, мора да се знае што значи приклучување на овие објекти или простори на постоечката инфраструктура, бидејќи за истите таа не е предвидена. Трето, но не и најмалку важно, не смее новите урбанистички планови да се прилагодуваат на дивоизградените објекти, на тој начин не постои планирање, а од градовите се создаваат заложници. Се задржуваат само оние објекти кои ги задоволуваат прописите, не го нарушуваат планираниот развој и се вклопуваат во плановите, останатите се уриваат. Ова подразбира и соодветна катност на објектите. Четврто, овој закон мора да се усогласи и повикува на Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за градење, Законот за сопственост, Законот за животна средина, Законот за катастар на недвижности, Законот за градежно земјиште, Законот за данок на имот како и Кривичен законик. Со новиот закон државата треба веројатно да покаже дека се справува со дивоградбите и ги става граѓаните во порамноправна положба качувајќи ја цената. Но очигледно е дека државата нема идеја, нема стратегија и план за развој на нашите градови, државата само си купува мир, бидејќи правда нема. n

правени усогласувања со министерствата за животна средина, за економија, за култура“. Но не знам дали министерот има сознанија во тоа кога се изработуваат ДУП-овите со кои проблеми се соочуваат поради овој закон. Бидејќи веќе напоменав дека плановите се подредуваат на дивоизградените објекти, а не обратно.


ПОРТА


сообраќај

ПРОЕКТНО РЕШЕНИЕ ЗА ВЕЧНАТА СООБРАЌАЈНИЦА

Булевар Македонија - конечно?? Главен и секако најкритичен дел за успех на целата приказна се влезно-излезните решенија од подземниот дел каде се јавуваат извонредно критични точки Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

В

о минатиот број на Порта 3 со наслов ДО КОГА?? ја провоцирав вечната тема за пешачки центар на Скопје и условеноста на таа успешна приказна од решавање на можеби најголемиот предизвик од инфраструктурната сфера на главниот град – Булевар Македонија или межу народот се уште познат како Јужен булевар. Од земјотресот 1963 година наваму, сите градоначалници на Скопје го проектираа, посакуваа , а многу често и го ветуваа тоа, секако најважно сообраќајно решение за поврзување на источниот / Аеродром, Кисела вода../ со западниот / Карпош, Ѓорче Петров.../ дел на Скопје . Со пропаѓањето на можното подземно решение за спојувањње на булеварите Партизански одреди и Кузамaн Јосифовски Питу кај Комплексот

ПОРТА

банки, единствената надеж за автомобилското избегнување на центарот остана Булевар Македонија. И еве. Имаме ветување за конечно решение, кое како проект ви го презентираме во денешниот број на Порта 3. Нарачател на Основниот проект е град Скопје, а го изработува проектанската куќа Чакар партнерс, која многу одамна /пред 2000-та год./работеше и на оргиналните би рекол ВИСТИНСКИ РЕШЕНИЈА за сообраќајното решение околу центарот на Скопје.Но од тие убави проектански решенија реализирани беа само мал дел.Во овој приказ нема да навлегувам во подетална анализа за квалитетот на проекното решение. Тоа ќе го оставим на сообраќајните инженери како стручна фела, но секако накратко ќе го искоментирам.. На прв поглед и тука сигурно не грешам, ова е многу подобро решение од ова што денес егзистира како-така, со постојани блокади и секојдневни сообраќајни колапси

во строгиот центар на Скопје. Главните точки на ова решение се: l Булеварот Македонија / како дел од сонот за Јужен булевар /, како предмет на овој проект е во должина од околу 1.500 метри од кои 800 метри се подземен дел l Подземното решение во изведба на турската фирма Лимак, условена со изградбата на станбено-бизнистрговскиот центар „Diamont“, не е спорен како идеја и решение за премостување на централниот дел на Јужен булевар... Булеварско решение со по две ленти и трамвајска траса во двата правца,која во постојното решение завршува како слеп колосек ?/ l Кружниот – елипсовиден дел на сегашниот голем сообраќаен јазол кај НЛБ и Министерство за образование, со правци кон Водно, кон булеварите Свети Климент Охридски и Митрополит Теодосиј Гологанов... делува како пристојно


27 декември 2019

ПОРТА

39


решение за догледно време и во постојните извонредно сложени сообраќајни правци кои се испреплетуваат на тој простор. Ова се разбира под еден голем услов. Што поскоро дислоцирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ и релаксирање на

40

ПОРТА

истоимената улица / пс. Водњанска /, која е под постојана блокада , која ќе се зголеми и со скорешното пуштање на патот кон Сончев град и општината.. . Секое пролонгирање на овој исто така грандиозен проект ќе оди против секое коректно сообраќајно решение на овој

l

кружен тек и пошироко. Двојниот кружен тек на почетокот на булевар Кочо Рацин и улицата Кирил и Методиј и од другата страна пред Геолошки завод и правците за Водно и Кисела Вода /каде што сега е подвозникот / делуваат исто така како пристојно решение...


Главен и секако најкритичен дел за успех на целата приказна се влезно- излезните решенија од подземниот дел каде се јавуваат извонредно критични точки. Излезно – влезното решение на западнот дел кое се спојува на кружниот тек кај споменикот на Чакаларов и влезот на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, ќе биде опасно силен јазол со мал капацитет за прием на зголемениот сообраќај. За жал тука и завршува големата идеја за Јужен

булевар кон запад и сè се сведува на влевање во постојната улица – булевар Митрополит Теодосиј Гологанов . Со самата изведба на булевар Митрополит Теодосиј Гологанов пред неколку години, на некој начин се уништи идејата за Јужен булевар во вистинска смисла. Дали поради неопходното уривање на култните ресторани Воденица, Далма, Фурна ..., па и делумното осакатување на новоизведените парковски решенија долж булевар таа идеја дефинитивно останува за некои малку подалечни времиња!? Критичен простор е и уништувањето на сегашните паркинзи околу Цветен пазар, за потребите на автобуска обртна –крајна станица , што драматично ќе го комплицира паркирањето на жителите од населбата Капиштец и околината. Влезно и излезното решение на источниот дел е исто така поприлично комплицирано и несигурно како решение за подолг рок. На излезната точка од подземниот дел кон кружниот тек околу триаголникот: булевар 11 ОктомвриМакедонија и Крушевска Република... за ударниот правец булевар Македонија – населба Аеродром, решен е на едно ниво и ќе биде како и досега - тежок сообраќаен јазол. И тука можноста за еден

ПОРТА

41


голем кружен тек / или раскрсница на две нивоа /, се одлага во недоглед , што продуцира ново комплицирано решение на врската со населба Пролет , Аеродром, Лисиче... n

ПОРТА

Дали можело подобро проектно решение за спорните жешки точки. Секако да. Но кај нас е обично така. Колку пари толку музика, а се разбира сиромавиот обично двапати плаќа. И ова решение ќе се сведе на изнудено - дали поради немање пари или храбра визија за моментално поскапото но долгорочно решение. Веројатно и едното и другото. И сепак НАЈВАЖНОТО да си посакаме да овој проект во скора иднина стане стварност и спас за сегашните кошмарни сообраќајни гужви во централното подрачје на главниот град.


ПОРТА


земјотресно инженерство

Научноистражувачки активности во рамките на проектот SERA од програмата H2020 Во рамките на СЕРА е планиран развој на прва сеопфатна рамка за моделирање на сеизмичкиот ризик на европско ниво

З

емјотресите сè уште предизвикуваат разорни уништувања низ светот и претставуваат едни од најопасните природни појави, а ги има и во нашата околина, односно се појавуваат доста често во Европскомедитеранскиот Регион. Само во последните дваесетина години, земјотресите предизвикале огромни штети и жртви во Измит (Турција, 1999 год.), Атина (Грција, 1999 год.), Бумердес (Алжир, 2003 год.), Лаквила (Италија, 2009 год.), Емилија (Италија, 2012 год.) итн. За среќа, никој од овие земјотреси не достигнал јачина да предизвика оштетувања од катастрофални размери, како што се има случено многупати во историјата, во Лисабон во 1755 год. или во источна Сицилија во 1693 год. Сепак, последните настани нè потсетуваат дека ранливоста и изложеноста на нашата инфраструктура се високи и сеизмичкиот ризик не смее да биде потценет, како во областите со честа сеизмичка активност, така и во областите без позната сеизмичка историја каде неочекуваните земјотреси може да имаат разурнувачки последици. Во последните декади, се зголемува значајноста и на сеизмичноста поттикната од подземни технологии. Иако во помали размери, антропогената сеизмичност значително ја намалува нашата можност да ги истражуваме и експлоатираме геолошките ресурси. Зголемувањето на јавната свест резултира во зголемување на мерките на заштита, но сè уште сме далеку од комплетно разбирање на земјотресниот ризик и преземањето на потребните мерки и трошоци за заштита на општеството. Сите сме согласни со сеопфатната цел – да се минимизираат штетите и жртвите предизвикани од земјотреси – меѓутоа многу сме бавни во нејзиното достигнување. Главната цел на проектот СЕРА (SERA – 44

ПОРТА

27 декември 2019


ЗГОЛЕМEНA ЗНАЧАЈНОСТA НА СЕИЗМИЧНОСТА Seismology and Earthquake Engineering Research Infrastructure Alliance for Europe, GA N0 730900—H2020-INFRAIA-20162017/H2020-INFRAIA-2016-1) е да придонесе значајно за подобрување на пристапот до податоци, сервиси и истражувачка инфраструктура, така што ќе понуди решенија засновани на иновативно истражување и развој во сеизмологијата и земјотресното инженерство насочени кон намалување на изложеноста на општеството на ризик предизвикан од природни и антропогени земјотреси. Со таа цел, СЕРА предлага сет од активности кои одговараат на приоритетите за намалување на ризиците од земјотрес. СЕРА како проект претставува надоврзувачка алка на претходните успешно завршени европски проекти NERA и SERIES. Ги вклучува општествата инволвирани и во претходните проекти и нуди виртуелен и транснационален пристап до најголемата колекција на висококласни експериментални лаборатории за земјотресно инженерство. Промовира мултидисциплинарна наука во домените на сеизмологијата, антропогената сеизмичност, блискораседни опсерватории и длабоки подземни лаборатории со цел подобрено разбирање на појавата на земјотресите. СЕРА има за цел да го ревидира Европскиот референтен модел на

сеизмички хазард (European Seismic Hazard reference model) за да се земе предвид при тековната ревизија на Еврокодот 8. Исто така, во рамките на СЕРА е планиран развој на прва сеопфатна рамка за моделирање на сеизмичкиот ризик на европско ниво, а планирано е и носење на нови стандарди за идните експериментални испитувања во земјотресното инженерство и проектирањето на идните инструменти и мрежи за набљудувачка сеизмологија. Конзорциумот на СЕРА е составен од 31 истражувачки центри од 16 европски земји и буџет од преку 11 милиони евра. ИЗИИС како член на конзорциумот на СЕРА е вклучен во делот од транснационалниот пристап до најсовремените експериментални лаборатории за земјотресно инженерство во Европа и светот. Овој дел од проектот нуди интегриран и комбиниран пристап до врвни лаборатории како: JRC, EUCENTRE, CEA, LNEC, Универзитетот од Патра, Универзитетот од Бристол и Универзитетот од Кембриџ, кои располагаат со реакциски ѕидови, сеизмички платформи, инструменти за тестирање на носивост и центрифуги. Така, три меѓународни проекти се избрани за реализација на експерименталното тестирање во лабораторијата на ИЗИИС и тоа: - Проект 1 – Влијание на интеракција

плоча-ѕид на сеизмичкиот одговор на системи со двојни платна. Лидер на проектот: Универзитетот во Љубљана, Факултет за градежно и геодетско инженерство, Словенија. Група на учесници: Градежен факултет, Универзитет на Калифорнија, Лос Анџелес, САД (UCLA). - Проект 2 - Испитување на сеизмичките деформации, капацитет и контрола на иновативни самоцентрирачки челични рамки со спрегови. Лидер на проектот: Факултет за инженерство, Тринити Колеџ, Даблин, Ирска. Група на учесници: Национален универзитет на Ирска, Галвеј; Империјал Колеџ Лондон, Обединето Кралство; Универзитет во Љубљана, Факултет за градежно и геодетско инженерство, Словенија. - Проект 3 – Конструкции од исполна и ѕидарија заштитени со деформабилни полиуретани во сеизмички подрачја. Лидер на проектот: Универзитетот Демокрит од Тракија, Грција. Група на учесници: Истанбулски технички универзитет, Истанбул, Турција; Технолошки универзитет Краков, Полска; Габриеле Данунцио универзитет во Пескара, Италија; Словенечки национален институт за градежно инженерство; Универзитет во Нотингем, Обединето Кралство; Универзитет во Болоња, Италија; СИКА Полска, Краков,

ПОРТА

45


Полска; КЕБЕ СА, Кукуш, Грција; Флекс енд робуст системс, Краков, Полска; Универзитет во Љубљана, Факултет за градежно и геодетско инженерство, Словенија. Главната цел на Проект 1 е експериментално утврдување на интеракцијата помеѓу вертикалните елементи и плочите во армиранобетонски системи со двојни платна. Испитувано е влијанието на плочите врз интеракцијата и прераспределбата помеѓу компонентите при различни земјотресни интензитети. Со таа цел, два трикатни модели во размер 1:2

се тестирани во лабораторијата во ИЗИИС. Дополнително, развиени се и нумерички модели кои можат поверодостојно да го симулираат одговорот на овие конструкции. Подобрените нумерички модели и наодите од експериментите ќе бидат искористени за да се предложи адекватна процедура за проектирање на ваквите конструкции, кои може да бидат вметнати во идните верзии на европските сеизмички кодови. Предложеното истражување е компатибилно со работата на проектпартнерите од UCLA, со главна цел за

подобрување на практиката на проектирање на армиранобетонски платна и системи од армиранобетонски платна, како и развој на соодветни алатки за нивно димензионирање. Сеизмичките кодови за проектирање имаат за цел да ги ограничат конструктивните поместувања за да се минимизираат оштетувањата, меѓутоа не даваат експлицитна препорака за евалуација на состојбата на конструкцијата по земјотрес која е најчесто критична за повторно населување на градбите, паричните загуби и брзината на изведба на работите за санација и модификација. Проектот 2 придонесува кон развојот на иновативен систем проектиран да ги контролира заостатните деформации кај челични рамки, создавајќи поотпорни конструкции. Интегрирано експериментално и нумеричко истражување е составен дел на овој проект, во кој централен елемент претставуваат експериментите на сеизмичка платформа на еднокатна самоцентрирачка рамка со концентрични спрегови подложена на различни сеизмички дејства. Имено, се работи за иновативна конфигурација на челичните рамки со спрегови која вклучува монтажа на кабли за преднапрегање на катно ниво кои ги анулираат заостатните поместувања по дејството на земјотрес со што ја враќаат рамката во првобитна или почетна положба. Цел на овие експерименти е оцена на ефективноста на овој иновативен самоцентрирачки систем вклучувајќи ја и сензитивноста на овие рамки на карактеристиките на различните земјотресите. Во склоп на истражувањето, изработени се корелациски модели за предвидување пред тестирањето и

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

46

ПОРТА

27 декември 2019


нумерички модели по тестирањето за симулација на однесувањето на рамката со користење на анализа со постепено туркање „pushover“ и анализи со временски истории. Пресеците на спреговите и деталите на врските се менувани помеѓу експериментите за да се истражи голем број на конструктивни карактеристики потребни за проектирање согласно европските прописи. При секој експеримент, спроведени се по неколку тестови со скалирање на земјотресната побуда за да се достигнат различни нивоа на однесување на спреговите: еластичен одговор, извивање или течење и лом. Извршени се мерења на заостатните деформации на спреговите и на рамката, дуктилноста на спреговите, влијанието на деталите на врските врз максималните и заостатните деформации, загубата на силата во каблите за преднапрегање, како и мерења на ефективната крутост и еквивалентното вискозно пригушување на самоцентрирачката рамка со концентрични спрегови. Спроведени се осум експерименти во рамки на испитувањето, менувајќи ги паровите на спрегови во централната рамка пред секој тест. Олеснување на монтажата е овозможено со проектирање на врски со завртки помеѓу спреговите и гредите. Спреговите се изработени од ладно-валани квадратни профили со

различни димензии и челик со квалитет S235/275. Димензиите на пресеците се одбрани на начин да се добие нормализирана витост на спреговите во практичен домен, обезбедувајќи ултимативната хоризонтална носивост на рамката да остане далеку под капацитетот на носивоста на сеизмичката платформа. Во рамки на Проектот 3, целта е да се оцени ефикасноста на иновативен метод за интервенција кај армиранобетонски згради со исполна преку тестирања на сеизмичка платформа. Сеизмичките тестови треба да го потврдат однесувањето на исполната во и вон својата рамнина, доколку истата е санирана или зајакната со полиуретански врски (PUFJ и FRPU). Подетално целите на истражувањето се специфицирани преку различните фази на тестирање. Изработена е една целосно симетрична тродимензионална рамка од еден кат со 4 армиранобетонски столбови, 4 греди, плоча и 4 ѕидови од исполна, проектирана согласно Еврокодовите. Објектот изработен во реална големина има димензии во основа од 3,8 х 3,8 м и висина од 3,18 м (2,85 м до нивото на плочата) добиена согласно барањата на системот за анкерување на сеизмичката платформа на ИЗИИС. Конструкцијата е тестирана во еден хоризонтален правец со што ѕидовите од исполна се подложени на симултано

дејство во и вон нивната рамнина. Два од ѕидовите се тестирани откако 3 од 4-те страни на ѕидот се инјектирани со PUFJ (исполна 1 и 2 подлежат на модификација од тип В), додека другите два откако сите 4 страни се инјектирани со PUFJ (исполна 3 и 4 подлежат на модификација од тип С). Објектот е ротиран за 90° на сеизмичката платформа за да се опфатат тестирања во рамнина на ѕидот на двата случаи при гранични состојби на употребливост и нивна споредба. Потоа, двата случаи на инјектирање на исполната подлежат на санација со FRPU, применета во различни конфигурации, вклучувајќи и модификација на ѕидовите од исполна. Овие интервенции ги подобруваат ѕидовите од исполна за наредните тестови каде се тестираат граничните состојби на лом. Тестовите вклучуваат зголемување на побудата чекор по чекор со цел конструирање на различни динамички pushover криви и добивање на динамичките карактеристики за секое ниво на побуда и сите конфигурации на исполна. n Автори на текстот: проф. д-р Зоран РАКИЌЕВИЌ доц. д-р Александра БОГДАНОВИЌ асист. м-р Борјан ПЕТРЕСКИ вонр. проф. д-р Игор ЃОРЃИЕВ доц. д-р Горан ЈЕКИЌ

ПОРТА


ентериер

УРЕДУВАЊЕ СО СВЕТЛИ ПРИРОДНИ ТОНОВИ

Стан претворен во

современо гнездо

ПОРТА


Употребени се неутрални тонови, иверицадрво декор, обработка на ѕидови со обложувување со декоративен камен, како и завршна обработка на ѕидови со декоративна техника на бетон. Сето тоа дополнето со камин кој создава топла и пријатна атмосфера за целото семејство

Тимот на БИРО ПРОЕКТ

С

овремено уредување на станови - сè повеќе се бара од нашите клиенти. Така и овој стан со површина од 100 квадратни метри за четиричлено семејство со урбан начин на живот и навики е претворен во современо гнездо, каде секој станар има свој простор во кој е подреден и на поединечните барања, но и на заедничкото живеење на семејството и преплетување на потребите. Станот е функционално решен, поделен на две засебни целини со можност да функционираат непречено. Влезот во станот е поставен централно, станот со ходник е поделен на интимен дел каде се сместени родителската спална соба и двете детски соби и од другата страна на ходникот, јавниот дел кој е наменет за заедничкиот живот на семејството, каде се добредојдени и нивните пријатели, дневен престој, трпезарија и кујна. Овие три различни намени се интегрирани во еден отворен, заеднички простор, соодветно се позиционирани и сите заедно формираат функционална целина. На овој начин е постигната отвореност и поврзанот на просторот, повеќе светлина и ускладеност на боите и материјалите во оваа станбена единица. Дневниот престој е најсветлиот дел од станот, а боите се природни, главно топли и светли со исклучок на темносивата нијанса на кујнските елементи. При уредување на дневниот простор употребени се неутрални тонови, иверица-дрво декор, обработка на ѕидови со обложување со декоративен камен, како и завршна обработка на ѕидови со декоративна техника на бетон. Сето тоа дополнето со камин кој создава топла и 27 декември 2019

ПОРТА

49


пријатна атмосфера за целото семејство. Кујната е од медијапан, со чиста бела хоризонтала на плотната на која ѝ се спротивставува темносива боја на елементите

ПОРТА

со идеја, бојата да ја истакне кујната и да ја нагласи нејзината функција. Темните кујнски елементи и убаво декорираните светлечки тела се единствените темни нијанси во овој

простор. Самата диспозиција на станот е со ниши кои се вклопени во дизајнот со декоративни полици изработени од дрво во комбинација


со метал. На плафонот во делот кај нишите и над работниот дел во кујната поставени се декоративни иверици со дрвен дезен во боја на даб, во висина на гредата која ги врамува, кои визуелно го делат просторот и придонесуваат на ентериерното уредување. Изборот на кожната гарнитура во дневниот престој и трпезариската маса со тапацирани столови се во нијанси раководени од целосната слика на просторот со апострофирање на чувство на комфор и употребливост. Одиме од другата страна на ходникот во приватниот дел од станот. Прво во родителската спална соба која го продолжува континуитетот од дневниот престој во однос на неутралните тонови. Употребена е иверица-дрво декор и иверица фарбана во боја. Овде тоновите се за нијанса потемни, темнокафеавиот ѕид над брачниот кревет го нагласува најзначајниот дел од просторот,

оној за одмор. Целиот дизајн е комплетиран со внимателно одбрано светло (примарно и секундарно, суптилно). А потоа во детските соби, кои како што ѝ наликува на возраста се обработени со посмели бои и колоритен дизајн. Тука имаме полици изработени од иверица фарбана во боја, работна маса, потоа поставување на весел принт како и обрабока на сегмент од ѕидот со завршна техника -како табла за пишување која ја поттикнува креативноста на детето. Во согласност со барањата на нашите клиенти како дел од ентериерното решение е и ѕвезденото небо кое претставува особена радост за најмладиот член на семејството. Другата детска соба за повозрасното дете е посмирена, поелегантна. Преовладува минимализам со бела боја и чисти, јасни и прецизни линии со што делува дека просторот е излеан од едно парче.

Просторот е поделен на два дела, две места, место за одмор и место за учење, меѓусебно одвоени со транспарентни полици. Единствен елемент кој се одвојува од просторот е принтот на лизгачките врати на плакарот, кој внесува ведрина и разиграност во собата. Белата боја и светлите природни тонови генерално преовладуваат во овој стан. Различните бои секогаш доаѓаат, но и поминуваат, а белата боја никогаш не излегува од мода. Причините што заедно со клиентите се определивме за овие нијанси се повеќе: од тоа дека просторот изгледа поголем и посветол, до тоа дека со овие бои секогаш можете да ја промените бојата на мебелот и станот повторно да биде нов и современ. А за просторот да биде поинтересен комбиниран е со материјали со интересна структура, како што во овој случај е текстура на бетон, камен и дрво. n

ПОРТА


енергетска ефикасност

ШТЕТИТЕ СЕ ПЛАЌААТ ОД СТРАНА НА ОПШТЕСТВОТО ВО ЦЕЛОСТ

Концептите за греење на крстопат помеѓу одржливоста, сиромаштијата и политиката Гасификацијата константно се декларира како приоритет на сите досегашни македонски влади, сè уште чекаме на позначаен напредок во оваа област особено во делот на интеконекциите

Даниела МЛАДЕНОВСКА

Р

езултатите од бројните истражувања покажуваат дека т.н. екстерни трошоци (екстерналии), придонесуваат производството на електрична енергија од јаглен да биде еден од најскапите начини на производство на електрична енергија. Како што објаснува Grausz (2011), екстерните трошоци во производството на електрична енергија ги претставуваат оние трошоци кои не се плаќаат од страна на сопственикот на постројката, туку се плаќаат од страна на општеството во целост, а се предизвикани од последиците врз здравјето на луѓето и штетите врз животната средина. Повеќе од 70 отсто од електричната енергија во Македонија потекнува од нискокалоричен јаглен – лигнит, односно од термоцентралите на јаглен. Токму затоа, енергетскиот сектор е најголемиот емитувач на емисии на стакленички гасови во земјата. 52

ПОРТА

27 декември 2019

АЛТЕРНАТИВИТЕ СЕ ТУКА Која е алтернативата и како да се фати приклучок кон енергетската транзиција? Имајќи предвид дека поради стохастичката природа на енергијата од ветерот, инсталираниот капацитет во овој вид енергија треба лесно да биде компензиран од други извори со потребната флексибилност за брза испорака на енергија на мрежа, хидрокапацитетите како и гасните електрани се добра опција во оваа смисла. Имајќи предвид дека природниот гас има три пати пониски емисии на CO2 споредено со јагленот, тој е добра опција за забрзување на енергетската транзиција на земјата и подигање на одржливоста на националниот енергетски систем. Исто така, гасот неоправдано со години се запоставува како нискоемисионен енергетски извор за крајните потрошувачи, особено во секторот домаќинства, каде за жал сè уште доминира користењето на електричната енергија за греење. За жал, непостоењето на соодветна регулатива и тарифи кои би ја обесхрабриле ваквата појава, како и третирањето на

електричната енергија како социјална категорија, односно добро кое мора да биде достапно по ниска цена, активно го храни овој проблем. Спротивно на ова, користењето на топлинска енергија преку топлификациски систем е ограничено на само 10 отсто од населението (само во Скопје). Иако гасификацијата константно се декларира како приоритет на сите досегашни македонски влади, сè уште чекаме на позначаен напредок во оваа област особено во делот на интеконекциите. Дотолку повеќе што како дел од иницијативата CESEC (Central and South-Eastern European Gas Connectivity), чија главна цел е посветеност на земјите кон обезбедување диверзификација на снабдувањето со природен гас од најмалку три независни извори, Македонија е обврзана да обезбеди диверзификација во снабдувањето со природен гас. Ова би придонело кон поголема пазарна конкурентност, односно поконкурентни цени за крајните потрошувачи. Состојбите во однос на екстерните трошоци опишани кај енергетскиот систем,


можат по истата аналогија да се пресликаат и во начинот на греење на домаќинствата, односно учеството на различни енергенти во овој сектор. За жал, цената ја плаќаме сите – со лош квалитет на живот, скратен животен век, зачестена стапка на респираторни и кардиоваскуларни заболувања, трошоци за боледување. СВЕТСКИ ИСКУСТВА Пред да минеме на подетална анализа за состојбите во оваа сфера кај нас, краток преглед на добри практики не само од Европа, туку и од нашето непосредно соседство со кое за жал веќе станува тешко да се споредуваме. Систем за топлификација во Гетеборг, Шведска Преминот на Шведска од нафта и други фосилни горива кон целосно свртување на централизирани системи за топлификација во 1990 година, можеби е најважниот поединечен фактор кој може да го објасни драстичното намалување на емисиите на стакленички гасови, како во секторот домаќинства така и во секторот услуги. Денес, има над 80 отсто од топлинската енергија за греење и топлината за санитарна топла вода во резиденцијалните објекти во Шведска. Централизираното снабдување со топлинска енергија за греење, во исто време значи и поголема можност за поодржливи и почисти форми на горива кои ќе се користат во централната постројка. Многу топлани

користат и отпадна топлина од индустриите во близина и на тој начин се рекуперира топлинска енергија која инаку би завршила во атмосферата. Гетеборг е втор по големина град во Шведска, кој има вкупна должина на дистрибутивната топлификациска мрежа од 1.200 километри и која покрива со енергија за греење над 90 отсто од вкупниот резиденцијален потенцијален конзум во градот. Градот е еден од водечките партнери во иницијативата FED (Fossil Free Energy Districts) почната во јули 2017. Виена – далечински систем за греење и ладење Покрај топлификацискиот систем, голем број јавни објекти во Виена се приклучени на системот за далечинско ладење, кој користи отпадна топлина. Оваа отпадна топлина (во најголем дел обезбедена преку постројка за согорување отпад - Spittelau), со помош на апсорпциони ладилни машини се трансформира во енергија за ладење со помош на водата како медиум за обезбедување на далечинското ладење. На овој начин, се обезбедува ефективна и ефикасна климатизација во текот на целата година, без непотребно трошење на електрична енергија. Од друга страна пак, запазена е и естетиката преку архитектонската и уметничка креација на самиот објект. Win-win од економски, еколошки и социјален аспект. Љубљана – интегриран пристап на

топлификација и управување со отпад Јавната енергетска компанија „Енергетика Љубљана“, која е одговорна за снабдувањето на градот со топлинска енергија за греење, произведува истовремено електрична и топлинска енергија преку когенерација во комбиниран циклус. На тој начин, се овозможува висок степен на ефикасност на процесот на производство. Во моментот 74 отсто од домаќинствата во Љубљана се приклучени на топлификацискиот систем за греење. На овој начин, загадувањето на воздухот со сулфурен диоксид е дури 40 пати пониско отколку пред 20 години. Дополнително, природниот гас е одамна достапен енергент како за бизнис-секторот така и за резиденцијалниот сектор. Со користењето на гасот кој се создава преку третман на биолошкиот отпад, компанијата „RCERO Ljubljana“ произведува 17.000 MWh електрична енергија и 36.000 MWh топлинска енергија. Биогасот, во овој случај се создава по пат на анаеробна ферментација на биоразградлив отпад. Во депонијата Barje, јавната компанија за управување со отпад Snaga го зафаќа во резервоари отпадниот гас кој се генерира во процесот на распаѓање на отпадот. Главно, гасот се состои од метан и јаглерод диоксид. Биогасот се насочува кон постројка за производство на енергија и се користи за производство на електрична енергија. Постројката за третман на отпад во Љубљана е една од најмодерните во Европа. Копенхаген – најстар, најголем и 27 декември 2019

ПОРТА

53


Постројка за согорување отпад и производство на енергија во Копенхаген најуспешен систем за топлификација Топлификацискиот систем на Копенхаген, покрај тоа што е еден од најголемите и најстарите, тој е истовремено и еден од најефикасните во светски рамки. Овој систем обезбедува чиста, доверлива и достапна енергија за греење за над 97 отсто од жителите на градот. Овој иновативен систем ја зафаќа отпадната топлина која се генерира при производството на електрична енергија и на тој начин придонесува за намалување на емисиите на стакленички гасови во Копенхаген за 665.000 тони (CO2eq). Попрецизно кажано, топлификацискиот систем на Копенхаген ја користи отпадната топлина од постројки за спалување на отпад, односно комбинирани постројка за производство на електрична и топлинска енергија (CHP – Combined Heat and Power Plant). Процесот е истовремено енергетски ефикасен и ја заштитува животната средина. Дистрибутивниот топлификациски систем има должина од 1.300 километри, обединува пет општини, а како топлински извори се користат четири когенеративни постројки (CHP), четири постројки за спалување на отпад и повеќе од

54

ПОРТА

27 декември 2019

50 котли за покривање на врвното оптоварување. Вкупно генерираната топлинска енергија на годишно ниво е околу 8.300.000 MWh. Овде треба да се истакне дека когенеративните постројки користат исклучиво природен гас или пак биогориво базирано на биогас или биомаса од слама и дрвен отпад. Топлификација Софија – најголемата компанија за топлификација на Балканот И топлификацискиот систем на Софија е многу развиен, ефикасен и има околу 410 илјади корисници од кои 365 илјади домаќинства. Фактот што Софија има двојно повеќе жители од Скопје, а топлификациската мрежа на нашата метропола има едвај над 50 илјади корисници, доволно зборува за искористеноста на топлификацискиот систем кај нас и огромниот процент домаќинства кои се греат со разни фосилни горива (најчесто со таков квалитет кој е сериозна закана за здравјето). Должината на топлификациската мрежа на Софија е околу 900 километри. Имајќи предвид дека отворените депонии исто така се извор на загадување на

воздухот, но и почвата и подземните води, неодамна Софија со помош на европските фондови направи исчекор во оваа сфера. Проектот е завршен во 2015 година, со што овозможено е третирање на отпадот (механичко и биолошко), генерирање на гас од отпад како гориво за поддршка на постројките за топлификација на градот, и фабриките за цемент. Органската фракција од отпадот се користи за добивање на компост со кој се врши ремедијација и подобрување на квалитетот на почвите. Проектот овозможува и подобрување на локалната екомонија преку отворање на 71 директни и уште 102 индиректни нови работни места. Неодамна, Европската комисија соопшти дека дава согласност за предлогот на владата во Софија, за поддршка на системот за високоефикасна когенерација во главниот град. Речиси целиот пакет, од вкупно 93,8 милиони евра за постројка за согорување отпад, се пари од заедничките структурни фондови на сите земји членки. Единствено три милиони евра од вкупната сума се обезбедени од страна на Општина Софија. Постројката за согорување отпад – комбинирана постројка за греење и производство на електрична енергија (Combined Heat and Power-CHP), ќе биде според правилата на Директивите за отпад на ЕУ. Имено, отпадот кој ќе се употребува за добивање на енергија во когенеративниот погон веќе претходно е третиран и не може понатаму да се рециклира. Според тоа, кога тој не би се користел за производство на енергија, би завршил на депонија. Надлежните се согласни со концептот на системот, за кој е предвидено да користи RDF – гориво добиено од отпад, со објаснување дека е во согласност со регулативата за државна помош. Локалното претпријатие за топлификација ќе управува со новиот погон. Планирано е постројката да има капацитет од 55 MWth и 10MWel. Проектот предвидува согорување на 180.000 тони отпад од домаќинствата годишно. Ќе започне со работа во 2023 година. Изградбата на овој погон е трета фаза од програмата за третман на отпадот за подрачјето на Софија, а се финансира од европските структурни и инвестициски фондови (ESIF) и европскиот регионален фонд за развој (ERDF). Депонијата и системите за анаеробно разградување, дигестија и компостирање се завршени во 2014 година. Потоа, воведени се решенија за рециклажа и фабрика за механичко – биолошка преработка. Локалните власти сметаат на заштеда помеѓу 15 и 18 милиони евра на годишно ниво, бидејќи новиот ресурс ќе супституира 65 милиони Nm3 природен гас.


Годишна дистрибуција на ПМ2.5 и ПМ10 во Центар во 2014 МАКЕДОНИЈА: СТРАТЕГИИ И СТУДИИ КОИ НЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ Кои се нашите предизвици? Кои треба да бидат преференциите во однос на топлификациската мрежа односно природниот гас? Уште во 2008 година во Србија е направено истражување (Brkić, 2008) кое ги мапира областите со различна густина на топлинска моќност и определува која опција на греење е најисплатлива. Наместо одредување преференци по овој принцип, во 2014 година во Македонија со измени во Законот за градење се воведува обврска за задолжително поставување на гасна инсталација во секоја нова зграда. И покрај повеќедецениското постоење на инфраструктура за топлификација во Скопје, ваква мерка никогаш не е донесена за овој систем. Во 2014 година, со удел од 38,10 отсто, електричната енергија бил најкористениот извор на енергија за греење во Скопје. Веднаш потоа огревното дрво (замислете во главниот град) со удел од 32,32 отсто. Само 28,79 отсто од домаќинствата во Скопје биле поврзани на топлификациската мрежа, додека капацитет од огромни 100 MWth се неактивни потрошувачи кои имаат инсталација, но се исклучиле од топлификацискиот систем. Најчесто нивниот втор избор паднал на електрична енергија

или огрево дрво. Но, што се случува со дистрибутивната мрежа за електрична енергија под налетот на овој трансфер од централно топловодно кон греење на електрична енергија? Оваа појава зачести уште пред речиси десет години. Веројатно малкумина се сеќаваат на честите прекини на електрична енергија во населбата Аеродром на улица Владимир Комаров во 2012 година, кога неколку згради комплетно се откажаа од централното греење. Во ваков случај трафостаниците не можат да ги издржат новонастанатите улови, па чести се прекините во напојувањето поради преоптовареност на мрежата. Имено, во времето на проектирање на нивниот инсталиран капацитет, не е предвидена опцијата греење на електрична енергија. Сосема логично за подрачје кое е

речиси во центарот на градот и кое има пристап до топлификациска мрежа. Најсвежи се сеќавањата од неодамнешните прекини во снабдувањето со електрична енерија во два последователни дена во Центар и Карпош, повторно поради преоптовареност на мрежата. Разбирливо, повторно греењето на струја е главната причина. Во 2017 година направена е сеопфатна студија од страна на Машинскиот факултет во Скопје и МАЦЕФ, за определување на оптимални системи за греење на целата територија на Скопје. Генералниот заклучок од споредбената анализа покажува дека системот за централно топловодно греење претставува техно-економски оптимален тип на греење за поголем дел од објектите во условите на градот Скопје. Тоа се однесува на широк дијапазон топлински оптоварувања и концентрации на објекти во градот каде што има достапна мрежа на топловодниот систем, пред сè во урбаните делови на Скопје, како и во регионите каде што нема топловодна мрежа, а се одликуваат со голема густина на објекти со високо специфично топлинско оптоварување кои претставуваат голем топлински конзум. Овој заклучок се потврдува со Стратегијата за развој на енергетиката на Македонија до 2030 година, Програмата за енергетска ефикасност на Град Скопје 2015 – 2017 година, како и со Заклучоците на ГУП на Скопје 2012-2022 година. Според тоа, ако сакаме системска борба со загадувањето, користењето на греење преку системот за централно греење, не смее да

Те-то Скопје

ИзворинаемисиинаПМ10 воСкопјево2014 година 27 декември 2019

ПОРТА

55


биде прашање на избор. Ваквата практика не е непозната во развиените земји. Уште во 80тите години на минатиот век, Федералната влада на Данска има воведено даночни повластувања за горивото за постројките за производство на електрична енергија. Тие плаќаат пониски даноци за гориво доколку работат во комбиниран циклус (производство на електрична и топлинска енергија). Во некои случаи, попустот достигнува и до 50 отсто. Ова пак, од своја страна им овозможува на компаниите да ја продаваат топлинската енергија по пониски цени и да бидат конкурентни во однос на другите енергенти и технологии на греење. Друг, исто така поттикнувачки момент се измените во законската регулатива. Уште од 1979 година, бил имплементиран нов акт за снабдувањето со топлинска енергија, со кој стартувал сериозен процес на планирање на снабдувањето со топлинска енергија во општините. Овој акт им овозможил на општините да ги испланираат зоните за греење на топлификациски систем и да им наложат на домаќинствата задолжително да се приклучат на топлификациската мрежа. На тој начин, освен придонесот за животната средина, 100 отсто искористеноста на капцитетот на топлификацискиот систем овозможила и намалување на трошоците за корисниците. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ИНВЕРТЕРИТЕ Индивидуалното греење со инвертер клима уреди и колективното станбено греење со топлински пумпи воздух - вода е во предност во регионите со релативно голема густина на објекти со мала густина на топлинско оптоварување (региони со куќи во згуснат распоред). Поради ова се препорачува примената на инверторите / топлинските пумпи да се ограничи и промовира во регионите каде што не е оправдан развојот на централен топловоден систем, односно во периферните региони на градот. 56

ПОРТА

27 декември 2019

Но, дали последната мерка на владата за субвенционирање инвертери ги следи овие препораки? Наспроти јасните препораки од студијата, ќе добиете средства за инвертер дури и во случај да живеете во центарот на Скопје во индивидуална куќа и се греете на дрва, а имате можност да се приклучите на централното топловодно греење. Дали ова Ви се чини оправдано? Од сите општини во Скопје, единствено би било логично вакво субвенцонирање во пооддалечните населби кои немаат топлификациска мрежа и каде нема доволна густина на топлински конзум за друга опција. Според тоа, урбаните општини Карпош, Центар и Аеродром не припаѓаат во оваа категорија. Што се однесува пак до Битола, каде исто така е предвидена оваа мерка, со жалење мора да се констатира дека уште пред десетина години престана да работи локалното претпријатие за топлификација поради значајно намалување на приклучениот конзум и покачувањето на цените. Во меѓувреме, уште од 2011 година во развој е нов проект за топлификација на градот со енергија од РЕК Битола, а и покрај ваквите планови речиси сите јавни институции во општината се греат на мазут или бараат алтернативни начини без да покажат посветеност и јасни планови за приклучување кон идната топлификациска мрежа. Доколку не се обезбеди доволен критичен конзум (првенствено од страна на јавните институции), тешко дека некој нареден обид за топлифицирање на Битола ќе има успех. Со инвертерите само ќе се зголеми потрошувачката на електрична енергија во градот, но со тоа нема да се намали штетата од загдувањето на РЕК Битола, која според последниот извештај од Секретаријатот на Енергетската заедница сè уште не ги исполнува европските директиви во однос на емисиите на прашина и сулфур диоксид. Според тоа неопходно е прецизно мапирање на типовите објекти и нивната локација за да се утврди подобноста за

субвенционирање. Како и дали тоа ќе биде направено, јавноста сè уште не е запознаена. Додека кај нас сè уште приклучувањето кон топлификациската мрежа е главен предизвик дури и за жителите на главниот град (покриеноста со топлификациска мрежа е околу 30 отсто во Скопје и само 10 отсто на ниво на целата земја), регионот сериозно ги разгледува можностите за користење на обновливи извори на енергија за потребите на далечинските системи за греење и ладење. Тоа беше тема на конференцијата која на 5-ти и 6-ти декември се одржа во Белград, во организација на EBRD и агенцијата IRENA. Според Paul Voss, директор на Здружението на европските топлани Euroheat and Power, користењето на енергијата од ветерните паркови веќе е реалност во ЕУ, а решенијата за одржливо далечинско греење се меѓу приоритетите на новиот состав на европската комисија. Зборувајќи за другите трендови во ЕУ, тој истакна дека сега многу повеќе се зборува за придонесот на далечинските системи за греење во декарбонизацијата, и дека веќе е видлива трансформацијата на овој сектор. Се зголемува користењето на биомаса, соларна енергија, геотермална енергија, како и на отпадната топлина. Уделот на обновливите извори на енергија во топланите во ЕУ е 19,5 отсто, во Србија само 0,37, а кај нас 0 отсто. На крајот, сосема логично се наметнува прашањето кое сигурно треба да биде предмет на посложена анализа: Зошто политичарите, донесувачите на одлуки, креаторите на политики едноставно не ги следат насоките кои веќе се дадени во бројните стратешки документи и студии од реномирани експерти во соодветната област? Премала е цената која тие ќе ја платат преку политичката одговорност во однос на цената која ја плаќаме како општество. n


ПОРТА


eкологија

Климатските промени и (не)чистиот воздух заштитен знак на 2019 година Порта 3 направи листа на настани по кои оваа 2019 година ќе остане запаметена на полето на животната средина

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

Б

орбата за чист воздух и оваа година е на првото место на листата настани што ја одбележаа годинава што изминува во Македонија. Борбата за зачувување на статусот на Охрид во УНЕСКО исто така е нешто по што ќе се памети оваа 2019 година. Кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ навистина помогна во подигнувањето на јавната свест за климатските промени. Во седиштето на ООН во Њујорк, годинава се одржа 74-тото 58

ПОРТА

27 декември 2019

Генерално собрание на Обединетите нации со Самитот за климатска акција, на кој учествуваат владини делегации од 193 земји членки на ОН, вклучително и владина делегација на Република Северна Македонија. А, ако годината почна со усвојување на планот за чист воздух, последниот месец, пак, ќе остане запаметен по протестите „Марш за чист воздух“ и барањата на активисти од невладини здруженија и граѓаните кои беа упатени до Владата. Порта 3 направи листа на настани по кои оваа 2019 година ќе остане запаметена на полето на животната средина.

ПЛАН ЗА ЧИСТ ВОЗДУХ Годината почна со средба на граѓанските организации со Владата на која се дискутираше за Програмата за намалување на загадувањето. Дел од присутните граѓански организации презентираа сугестии и конкретни иницијативи поврзани со Акцискиот план во склоп на Програмата за борба против аерозагадувањето, а кои се однесуваат на нејзините четири главни компоненти и тоа: мерките за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени, неопходни за транзиција кон енергетски


ШТО ЈА ОДБЕЛЕЖА ГОДИНАТА ШТО ИЗМИНУВА? систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализација на Програмата. Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули во своето обраќање се осврна на важноста на партиципацијата на граѓанските организации, меѓународните организации, компаниите коишто произведуваат еколошки извори на загадување кои преку јавните кампањи и финансиските механизми ќе стигнат до што повеќе корисници кои нема да загадуваат, што како што подвлече е и основна цел на Програмата за намалување на аерозагадувањето. Веднаш потоа Владата ја усвои Предлогпрограмата за реализирање на Планот за чист воздух за 2019 година. Имајќи предвид дека борбата со аерозагадувањето е стратешки приоритет на Владата, програмата се заснова на четири компоненти: мерки за директно справување со причините за загадување, градење на јавната свест од предучилишна до пензионерска возраст, регулаторни промени неопходни за транзиција кон енергетски систем со ниска емисија и имплементација на платформа за координација и следење на реализација на програмата. Програмата за намалување на аерозагадувањето ја утврдува и намената на обезбедените средства во висина од два милиони евра. А, ако годината почна со најави од власта дека ќе се справува со загадувањето и со носењето на Планот за чист воздух, последниот месец актуелни беа протестите во кои невладини организации, екоактивисти и граѓаните бараа итни мерки за намалување на ПМ честичките во воздухот. По првиот масовен протест под слоганот „Марш за чист

воздух# Зелена револуција“ иницијативата Fridays for future заедно со поддршката од неколку други граѓански здруженија од Владата побараа исполнување на над 200 барања кои ги имаат. Неколку дена подоцна Владата им кажа „да“ на екоактивистите дека ќе ги исполни нивните седум барања кои ги доставија по протестот против аерозагадувањето. Меѓутоа екоактивистите беа незадоволни од понуденото од страна на Владата нагласувајќи дека нивните барања се многу повеќе од седум. „Маршот за нашите животи! СТОП за 3500 жртви од загадениот воздух!“ продолжи и пред крајот на годината во исчекување на првиот рок за исполнување на барањата, а тоа беше 31 декември. ОХРИД НА ЛИСТАТА НА ЗАГРОЗЕНО

СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО Од почетокот на годината се одржуваа јавни расправи по Предлогот на Законот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион 2019-2028 година и за Нацрт-извештајот за стратегиска оцена на животната средина за Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион 2019-2028 година. Охрид, цела година ја бранува јавноста. Приказната со уништувањето на Охрид која трае децении наназад од ден во ден се зголемуваше. Немилосрдната урбанизација и никнувањето дивоградби во најубавите места покрај Охридското Езеро беше она по што ќе се запамети годинава, но и препораката од УНЕСКО во најновиот извештај дека природното и културното наследство на Охридскиот Регион треба да се стави на Листата на загрозено светско наследство. По ова препорака се крена целокупната стручна и политичка јавност, но и граѓаните барајќи Владата да преземе мерки за спас на Охрид. Дел од јавноста и екологистите сметаа дека впишувањето на Охридскиот Регион на листата на светско наследство во опасност требаше да се зграби како огромна шанса, можност да се добие меѓународна помош, да се преземат ригорозни корективни мерки, земјата да добие на располагање стручњаци од светски ранг во областа на заштитата на природното и културното наследство, па дури да се искористи и финансиска поддршка. Комитетот за светско наследство ги знае овие закани. Со своите 19 препораки произлезени од Реактивната мониторинг мисија во 2017, Комитетот побара конкретни акции вклучувајќи и мораториум на урбанизацијата, 27 декември 2019

ПОРТА

59


промени голем удел во Македонија имаше и кампањата „Не игнорирај! Реагирај!“ која ја водеше Институтот за комуникациски студии. Во рамките на оваа кампања се отворија многу теми кои се значајни во борбата. Се укажа на последиците кои климатските промени ги оставаат врз земјоделството, културното наследство, здравјето на луѓето, енергетиката. „Порта 3“ заедно со останатите медиуми во Македонија ја водеше оваа кампања и се обиде да делува на подигнување на јавната свест за намалување на климатските промени.

справување со нелегалните градби, ревитализација на колекторскиот систем, промена на планираната железничка траса и воспоставување владеење на правото. Од сето ова досега се реализираше само уривање на неколку мали тераси на објекти, а се бара од државата до 1 февруари 2020 да достави до Комитетот за светско наследство дополнет извештај за конзервација на подрачјето за да биде прегледан од Комитетот на конференцијата во 2020 година. ЛОШО НАСПРОТИ ДОБРО ВО МАКЕДОНИЈА Во шумските пожари оваа година Македонија изгуби големо богатство. Страшни пожари ги зафатија Катланово, Преспа, Крушево, Скопска Црна Гора, Галичица, Беровско. Во близина на Велес кај езерото Младост во голем пожар беа опожарени 400 хектари површина, од нив изгорена е педесетгодишна црноборова шума на 200 хектари и исто толку трева. Штетата од пожарите е непроценлива, а властите најавија дека сè ќе биде надоместено со засадување на нови садници. Иако Скопје како главен град се уште нема пречистителна станица сепак од позитивните промени што се случија во оваа област за одбележување е пуштањето во употреба на пречистителната станица за отпадни води во Кочани. Оваа пречистителна станица е една од најголемите во регионот, со капацитет од 65.000 еквивалент жители, со можност за приклучување и на соседната Општина Виница. Со приклучувањето на Виница, во Брегалница до Штип ќе тече чиста вода. Грижата за еколошки одржлив објект доби и своја додадена вредност и со изградената фотоволтаична централа, од каде се очекува минимално годишно производство на електрична енергија од 590.000 киловат 60

ПОРТА

27 декември 2019

часови. Со гарантираниот износ на произведена електрична енергија од фотонапонската електроцентрала ќе се покријат минимум 53,73 отсто од потрошувачката на електрична енергија, со што ќе се направи значително рационализирање на трошоците за електрична енергија за потребите на Пречистителната станица. Она што, исто така, треба да остане како запаметено се акциите за чистење на 27 диви депонии кои Министерството за животна средина и просторно планирање ги реализираше. Во акцијата беа собрани вкупно 32.381 кубни метри отпад кој се транспортираше до соодветни локации. Посебно позитивна промена која што се случи изминатата година е акцијата „Не биди ѓубре“. Активисти од Скопје заедно со актерката Ирена Ристиќ речиси секој викенд имаа акции за чистење на ѓубрето од локации во Скопје. На полето на борбата против климатските

БОРБАТА ПРОТИВ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ Сепак за најголемо поздравување е борбата што државата ја води против климатските промени. И некако целата година ќе остане запаметена по оваа борба не само во Северна Македонија, туку и на светско ниво. Оваа година во Њујорк се одржа 74-тото Генерално собрание на Обединетите нации со Самитот за климатска акција. На самитот беа презентирани и усогласени национални агенди за намалување на емисиите на јагленороден диоксид и други честички што ја уништуваат озонската покривка и што го загадуваат воздухот. Справувањето со климатските промени како носечка тема оваа година на Генералното собрание на ОН има за цел да го помогне остварувањето на Одржливите цели за развој усвоени во 2015 година, кои дополнително ќе бидат евалуирани на уште еден од петте самити на Собранието оваа година. Но, Самитот на ОН оваа година ќе остане запаметен и по протестите кои претходеа, а кои беа водени од тинејџерката Грета Тунберг која стана и совршеното „заштитно лице“ на глобалното движење против климатските промени, но и совршена мета за омраза и критики, со кои одлично се носи,


што дополнително ги нервира нејзините критичари. Но, за нејзината борба стигна и признание. „Заради кревањето на алармот предизвикан од предаторскиот однос на човештвото со единствениот дом што го имаме, заради јасниот глас во фрагментираниот свет кој ги надминува границите и поделбите, заради тоа што ни покажа како новата генерација ја презема лидерската улога – Грета Тунберг е личност на годината за 2019 година“, објави магазинот Тајм на својот интернет-портал. „Навистина е многу неочекувано и затоа сум секако многу благодарна заради тоа, многу благодарна затоа што ова е огромна чест…но, како што кажав и претходно, јас не сум таа која треба да биде личност на годината, тоа треба да бидат сите инволвирани во движењето ’Петоци за индината‘, затоа што тоа што го направивме, ние го направивме заеднички“, изјави Тунберг. Крајот на годината, во светски рамки, исто така го одбележа борбата против климатските промени. Во Мадрид се одржа 25-та конференција на ООН за климатски

промени. Околу 25 илјади учесници – државни делегации, министри, претставници на граѓанското општество, како и околу 50 шефови на држави и влади ги претставуваа своите климатски цели до крајот на 2020 година. Следната година е клучот за преземање на одлучувачки климатски активности и од сите земји во светот се очекува значително да ги засилат своите климатски обврски. Потсетување е дека на крајот на 2020 година, во Глазгов ќе се одржи 26-та конференција на ООН за климатски промени (ЦОП 26), која ќе се обиде да го одреди идниот тек на дејствување за решавање на климатската криза. „Време за акција“ беше слоганот на конференцијата COP25, која зборува доволно само за себе, и има за цел да ги охрабри потписниците на Парискиот договор да направат повеќе за планетата. Конференцијата заврши со усвојување документ во кој едвај со благи зборови се зборува за „итноста“ на посилното дејствување за следната година, кога Парискиот климатски договор влегува во фаза на имплементација, да ги намалиме

емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Лидерите на 196 земји требаше на конференција КОП25 да се договорат за тоа како да ги финансираат посиромашните земји да ја ублажат штетата предизвикана од климатските промени и правилата на пазарот на јаглен, но дел од влијателните земји се спротивставија на притисокот за поголем ангажман во борбата против глобалното загревање. Во конечниот нацрт-документ се признава „значителниот јаз“ меѓу постоечките ветувања и целите од 2015 поврзани со задржувањето на растот на температурата до 1,5 Целзиусови степени до крајот на векот. Алармите и вестите за топлина, брзо топење на мразот и заканата за многу животински видови се зголемуваат, а Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) на 26 ноември издаде нов извештај во кој се предупредува дека постои веројатност да се пропушти можноста да се ограничи глобалното покачување на температурата на 1,5 °C, доколку глобалните емисии на стакленички гасови не се намалат со стапка од 7,6 проценти на годишно ниво помеѓу 2020 и

27 декември 2019

ПОРТА

61


НАМАЛУВАЊЕ НА ДЕНОВИТЕ СО НАДМИНАТИ КОНЦЕНТРАЦИИ НА ПМ 10 Според последните информации од Министерството за животна средина и просторно планирање има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ 10. Од МЖСПП нагласуваат дека ова се податоци од оние мерни инструменти коишто припаѓаат на Државниот мониторинг центар и кои биле во функција. Број на денови со среднодневни концентрации над ГВ 2015 2016 2017 2018 Центар 64 63 44 54 Гази Баба 56 62 49 Карпош 55 64 54 60 Лисиче 68 62 70 0 Миладиновци 38 57 38 57 Ректорат 47 69 66 76 Максимална среднодневна концентрација: 2015 2016 2017 2018 Центар 326.5 288.1 352.9 248 Гази Баба 329.7 340 299.4 Карпош 299 335.1 397.2 229 Лисиче 446.1 454.3 331.8 44.62 Миладиновци 125 233.3 177.9 184.7 Ректорат 271.1 436.6 436.7 283

ПОРТА

2019 31 27 24 0 31 46 2019 124.2 113 120.7 0 156 134.2

2030 година. Во целата оваа борба против климатските промени, запаметено годинава ќе остане тоа што САД и официјално се откажаа од Парискиот договор. Администрацијата на Доналд Трамп и формално ги извести Обединетите нации дека САД ќе излезе од договорот за климатски промени, што е прв чекор во едногодишниот процес за излегување од глобалниот договор за намалување на емисијата на стакленички гасови. Алармот за климатски промени, исто така, се вклучи со пожарите во Сибир, Амазон, како и во Австралија. Во Сибир изгореа повеќе од 13,1 милиони хектари, вклучително и 4,3 милиони хектари тајга. Гринпис изјави дека огромните огнови даваат „придонес за климатските промени“ бидејќи милиони луѓе го дишат чадот, а дивите животни го губат живеалиштето. Амазонската прашума која е најголема во светот ја голтаа илјадници пожари видливи и од вселената, а секоја минута огнената стихија уништуваше површина од скоро две фудбалски игралишта. Најголемата дождовна шума во светот е клучна во борбата против глобалното затоплување. Амазонија не е само дом на бројни домородни племиња кои сè уште живеат изолирани од цивилизацијата, туку и на илјадници видови на животни, дел од кои се наоѓаат на листата на загрозени, а Амазонија им е единствен дом на планетата. Големи пожари ја зафатија и Австралија, а уништувањето на шумите заедно со продолжената суша, предизвикуваат, според експертите, „функционално истребување“ на коалите. Секако годинава што измина покажува дека човештвото е подготвено да се справи со предизвиците во борбата против климатските промени, без оглед на тоа колку и да има сурови поединци кои предизвикуваат штети. n


ПОРТА


хортикултура

Сe во знакот на елката

ИЗБОР НА БОЖИЌНО ДРВО

Најдобро решение е да купите растение од класичен расадник со здрав бусен, кое потоа би го насадиле во саксија или контејнерски произведени садници Филип ФИЛИПОСКИ, дипл. шум.инж.

Е

лката претставува центар на вниманието на најголемиот празник во годината за многу семејства. Самото име елка претставува општо прифатено име меѓу народот, а како најкористен вид за новогодишно и божиќно дрво се користат видовите од родот ела (Abies spp.) и од родот на смрчите (Picea spp.) Во поглед на изборот некои го претпочитаат природниот мирис на дрвото и негуваат традиција да го внесат во своите домови, додека други се потпираат на полесната опција со користење на пластичната сорта. Секогаш се поставува прашањето, што е подобро за околината? Во период кога загадувањето е многу осетлива тема, сечењето на дрвја се смета за грев. Во

64

ПОРТА

27 декември 2019

развиените земји тоа е нормална појава, бидејки божиќните дрвја се растенија одгледувани во расадници исто како и градинарските продукти кои ги консумираме. Тие не се сечат од јавни површини, тоа може да се види и по декларацијата која оди заедно со растението. Во секој случај ваквите елки се подобро решение од пластичните и дигиталните елки кои би се разградувале со години. Во суштина ваквите типови на растенија се одгледуваат во расадници на повисоки надморски височини, во услови каде други градинарски култури би имале помал успех или би требало да се инвестира за да се

создадат услови за нивно одгледување. Производството на божиќни елки е доста бавен и тежок процес. Во делови од Европа постојат планини на кои се одгледуваат садници за таа намена, при што се прави селекција во однос на густината на игличките, како и степенот на големина и формата на гранките. Во голема мера тие се подложени и на поткастрување сè со цел да се добијат висококвалитетни елки. Најдобро решение е природна елка со здрав коренов систем Најдобро


решение е да купите растение од класичен расадник со здрав бусен, кое потоа би го насадиле во саксија или контејнерски произведени садници. Ваквите садници се најдобри бидејќи растението ќе можете да го пресадите во вашата градина или некаде во природа кога условите би го дозволувале тоа. ПРИРОДНА НОВОГОДИШНА ЕЛКА КАКО ТРАДИЦИЈА ВО ПРАГА Елката во Прага се избира на конкурс во конкуренција на повеќе од 20 различни производители, што значи дека не се користат садници од јавни површини. Поставувањето на дрвото во центарот на празниците претставува престиж дека вашето дрво ќе восхитува стотици илјади луѓе. Сопственикот не добива ниту еден денар за дрвото. Божиќното дрво за 2019 година во Прага доаѓа од приватен производител во близина на Либерец. Неговото сечење е проверено и потврдено од стручни лица. Дрвото е старо 55 години и има висина од околу 25 метри. Кај нас во последните години е зголемен интересот за купување на природни елки, но сепак сме далеку зад светските практики. n 27 декември 2019

ПОРТА

65


уметност

Симбол ослободен од цртачки детали,

разголен до ниво на контура Сакам да бидам јасен, со чиста мисла и чиста интерпретација. иако верувам дека сЕ е превртливо, со безброј оски кои можат да понудат нови видици и перспективи. тој алгоритам нуди слобода, создава нови аспекти и гради моментални појмови и состојби за подоцна да бидат разнишани од самите себе.

П

еро Георгиев е архитект и дизајнер. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје. Учествувал на многу летни школи по архитектура, креативни работилници, студиски патувања и престои надвор од Македонија. Долги години работел во сопствена работилница за архитектура, ентериер и дизајн finelinedesign во Скопје. последните три години работи како архитект и дизајнер во Швајцарија.

животот го мериме во секвенци, мали исечоци на кои им даваме смисла. не успеваме да се откинеме од вкупните бранувања. животот станува обид да се преживее бранот кој удира директно в лице и очи, ги полни со ситни честици и го заматува погледот. тоа раѓа фрустрации и трауми, но станува истовремено ѓубриво за посуштинско зреење.. ...еден ден ќе порасне трева над секој град.

градот е подлога, мапа на која е означено сето наше битисување. бунар во кој се давиме и во кој учиме да пливаме во тесно, но длабоко. ринг - во кој си задаваме удари меѓусебно, без можности за суштински компромис, уште помалку за победа. тој е игла која не боцка (нЕ инспирира и предизвикува) и чекан кој не удира директно по глава - нЕ освестува и онесвестува иако самиот нема свесност за себе. човекот е неговата главна матрица, модел на кој што градот сака да го потпре сето свое опстојување, да ги постави сите мерки и мерила. човекот е самиот град. мрежа исткаена со титанов конец, со безброј можности за нови виткања и преобликувања, без ниту една за кинење. каква љубов! човек и град: од далечни пријатели, станаа блиски непријатели. градот збиен, човекот набиен (во него).

идејата на сите тие мали цртежи или скици не е ниту критика на општеството, ниту на градот, ниту на самиот човек. тие се повеќе факти, гледишта, потврди. тие бараат, поставуваат прашања. одгатнуваат лични дилеми, се доведуваат самите до ниво на апсурд. воспоставуваат врски: разговараат и се расправаат. го бистрат погледот и стимулираат раст на една вертикала со нови вредности. светот го впивам со раширени зеници иако самиот малку верувам во некакви промени кои би можеле да се случат. светот е влезен во онаа зона на спиралата каде секоја посакувана корекција на движењето е неможна. приказните често црпаат од реалноста, но не се хранат со неа. некогаш и најтивките бранувања прават бура со највисоки звучни бранови. тогаш неможам да се одбранам, се предавам. за целиот склоп немам дефиниција. 66

ПОРТА

27 декември 2019


МАЛА ГРАФИЧКА ПРОЗА оливера ќорвезироска ги виде како мала графичка проза, ненад јолдески како компактни минијатури. убави се и двата назива. јас лично не знам како да ги наречам. тоа што сигурно постојано се провлекува низ нив е човекот. тој и неговиот сомнеж, неговата загриженост, емпатија. неговата глава полна прашања. тој е неисцрпен и неисцртен модел, симбол ослободен од цртачки детали. разголен до ниво на контура. тој не е осамен, тој е сам, со својата сенка и својата смрт. тој е избезумен, приземнет, но не застанува да павта со своите прашливи крилја. сакам да бидам јасен, со чиста мисла и чиста интерпретација. иако верувам дека сЕ е превртливо, со безброј оски кои можат да понудат нови видици и перспективи. тој алгоритам нуди слобода, создава нови аспекти и гради моментални појмови и состојби за подоцна да бидат разнишани од самите себе. непостојаноста е единствената константа.. верувам дека секој миг нЕ менува и дека ситните детали прават најдлабоки резови. и затоа секогаш тргнувам со некаква заблуда или дилема. нема дефинитивни одговори. нема ниту погрешни одговори, тие се вистински на некое следно прашање. или обратно: некои одговори поставуваат прашања. инверзноста во осмислувањето ме радува. таа ме внурнува подлабоко и во јазикот. светот е полн со слики и зборови. во основа приказните се некакво проектирано сеќавање на разговори кои никогаш не се случиле. низ фиктивни гласови (и гласници) се обидувам да оживеам некаква проектирана состојба. тагата, на пример. или смртта. или ситните секојдневни сопки. таму сум често целосно вклучен. иако некогаш се тесно врзани за помал културен контекст, пораката која треба да ја пренесат- е универзална. а човекот останува безусловно врзан за вкупната космичка рамнотежа

дедо ми ги триеше очите и се обидуваше повторно да го изостри погледот. со трепките ја дробеше насобраната сол. светот во кој веруваше, го толчеше неговиот мир. лицата сЕ поматни, збороттрн. не можеше повеќе да верува на приказните, тие беа постојано вистинити.

сЕ се врти, ништо не нЕ менува.

дедо ми гледаше во разнебитениот град и мислеше на концептот на роберт вентури: како од рушевините да се пресоздаде нов град. со пукнатините во луѓето не можеше ништо да направи. издивна и рече: на градот му треба нов ветар.

27 декември 2019

ПОРТА

67


дедо ми често се повикуваше на тезата на мис ван дер рое: less is more. кога се работеше за природата, баба ми поставуваше своја теза: more is more

мајка

за баба ми немаше друго место. ја нурнуваше главата во себе и оставаше самата да си тоне. секој пад и даваше смисла. велеше: додека изворот блика треба да пиеме, ако пресуши, пак да го ископаме. последиците секако ќе најдат одново свои причини. n

добри соседи, добри воајери раѓаат.

68

ПОРТА

27 декември 2019


дедо ми се радуваше повеќе на моливот отколку на алтанот в џеб. го остреше и со години ги влечеше неговите линии додека ја најде вистинската. веќе немаше време - желба силна, снага ситна. рече: може ќе задоцнам на сопствениот погреб, ама бидете така, ќе стасам.

баба ми не знаеше многу за антропоморфноста, ама знаеше дека многу работи не се по мерка на човекот. есенски протест

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.