Списание за Градежништво, Архитектура и Екологија

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

288

ЈАНУАРИ 2020

Денешните проекти се само фотографии и 3Д анимации, тие се „empty“ Урбанизмот да престане да биде протокол за покривање на процедура Катаклизма на „огнениот континент“

90 ДЕНАРИ



ПОРТА


СОДРЖИНА

6

18

ИНФО 6 ЌЕ И ДОНЕСАТ ЛИ ОСКАР ДИВИТЕ ПЧЕЛИ НА „МЕДЕНАТА ЗЕМЈА“?

ИНФО 10 ШАНСА ДА СЕ ПЛАНИРА НА ПОСТРУЧЕН, ПОХУМАН И ПОКРЕАТИВЕН НАЧИН

ИНФО 12 НА 13 ФЕВРУАРИ SHARE SKOPJE 2020

ИНТЕРВЈУ 18 ДЕНЕШНИТЕ ПРОЕКТИ СЕ САМО ФОТОГРАФИИ И 3Д АНИМАЦИИ, ТИЕ СЕ „EMPTY“

24

АРХИТЕКТУРА 24 КУЌА ОД ПЛУТА – СО ИНОВАЦИИ ДО ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА

АРХИТЕКТУРА 28 ДАЛИ МОЖЕ(ШЕ) СО ПРЕНАМЕНА НА САЕМОТ ДА СЕ НАПРАВИ НОВ ШОПИНГ МОЛ?

АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 32 СОЦИЈАЛНИ И ЕКОНОМСКИ БЕНЕФИТИ ОД ОБЈЕКТИ ИЗГРАДЕНИ ОД ДРВО

УРБАНИЗАМ 36 УРБАНИЗМОТ ДА ПРЕСТАНЕ ДА БИДЕ ПРОТОКОЛ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ПРОЦЕДУРА

40

УРБАНИЗАМ 40 ДЕНЕШНАТА АРХИТЕКТУРА НОСИ РИЗИЦИ ОД ПОЖАРИ

ИНТЕРВЈУ - СООБРАЌАЈ 44 ЌЕ СТАНЕ ЛИ КОНЕЧНО ЈАВНИОТ АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ ВО СКОПЈЕ ОДРЖЛИВ?

ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 48 ПОДОБРУВАЊЕ НА СЕИЗМИЧКИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА МОСТОВИ СО ВИСКОЗНИ ПРИГУШУВАЧИ

EКОЛОГИЈА 52 КАТАКЛИЗМА НА „ОГНЕНИОТ КОНТИНЕНТ“

НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 56 ОД МУЗЕИ ПОД ПЕСОК, ДО ГИГАНТСКИ ХОТЕЛИ СО ДУПКИ ВО СРЕДИНАТА

УМЕТНОСТ 60 ДИГИТАЛНА ИЗЛОЖБА MONET, THE IMMERSIVE EXPERIENCE

ПОРТА

25 јули 2014

44 52

56


ГОДИНА XII

БРОЈ 288 ПЕТОК 31.1.2020 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, И оваа година ја почнуваме со интересни четива во сите области, а сè со цел да ги задоволиме апетитите на читачката публика. Месецов што доаѓа сите погледи ќе бидат свртени кон доделувањето на Оскарите. Сите сме во исчекување дали приказната за Атиџе и дивите пчели ќе ѝ го донесат првиот Оскар на Северна Македонија. SHARE Forum е значајна платформa за мрежно поврзување во областа на градежништвото во Централна и Источна Европа, со повеќе од 350 архитекти, инженери и индустриски дизајнери кои оваа година се дел од форумот. Третото издание на меѓународниот форум за архитектура и инженерство SHARE Skopje 2020 ќе се одржи на 13 февруари во објектот на Македонската филхармонија. Главниот град доби нова книга „Скопје Воки Токи“ (Skopje Walkie Talkie) на авторите Дамјан Кокалевски и Сузанe Хефти. Во слободен превод насловот на книгата е, согласно објаснувањето на авторите, „Скопје одиме и разговараме“. Во книгата е презентирано долгогодишното истражување на авторите на урбаниот простор во Скопје и неговата трансформација гледано од политички и уметнички аспект во периодот 2008-2018, проектот „Скопје 2014“ и обновата на постземјотресно Скопје во периодот 1960-1970. Областа архитектура ја отвораме со интервју со Миодраг Митровиќ, архитект, добитник на наградата за животно дело „Андрејa Дамјанов“ за 2019 година. Тој дава одговор на прашања за тоа што значи оваа награда за него, ја оценува ситуацијата во областа на проектирањето денес, за тоа дали имаат денес младите архитекти од кого да научат, што е тоа што треба да се стори за да се врати достоинството на професијата, може ли сè уште да се направи нешто за „Скопје 2014“. Нашиот дописник од Лондон зо овој број на Порта 3 дава опис на годинашниот добитник на наградата RIBA South Award 2019 - куќа од плута која со иновации води до подобра животна средина. Сите компоненти од кои е изграден овој објект можат повторно да бидат употребени по нивната демонтажа или пак да бидат рециклирани. Студентите по архитектура од Меѓународниот балкански универзитет одговорија на прашањето дали може(ше) со пренамена на саемот да се направи нов шопинг мол? Социјални и економски бенефити од објекти изградени од дрво. Дрвото е хипоалергично и нетоксично,

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

а мазните површини не дозволуваат таложење на честички и нечистотија што можат да се појават на други ѕидни површини. Многу производи од дрво честопати повторно се користат, рециклираат или се користат за енергија. Урбанизмот во Скопје е тема која не престанува да бранува. Веќе неколку месеци е актуелен Деталниот урбанистички план за локалитетот Расадник каде треба да се градат нови станбени објекти. Но, не е само тој локалитет спорен. Деновиве локацијата на старата фабрика „Треска“ исто така е мета на градежниците, а граѓаните преку иницијативи бараат за таа локација за да се распише архитектонски конкурс на кој стручните лица ќе дадат предлози за уредување на тој простор. Денешната архитектура носи ризици од пожари. Наидуваме на изградени објекти без минимално растојание меѓу себе - таканаречена домино архитектура. Ако се запали една зграда брзо може да се запалат и соседните. Цели блокови и згради се без можен пристап на противпожарни возила. Нашиот соработник говори за важноста на урбанизмот во заштитата од пожарите. Параметрите на јавниот автобуски превоз во Скопје се влошуваат, а патниците одбираат други форми за реализација на мобилноста. Ќе стане ли конечно јавниот автобуски превоз во Скопје одржлив? Во делот за земјотресно инженерство експертите даваат објаснување за тоа како да се подобрат сеизмичките карактеристики на АБ мостовски конструкции со користење на вискозни пригушувачи. Во областа екологија пренесуваме за ситуацијата во Австралија која се соочи со разорни пожари и огромни поплави. „Огнениот континент“ доживеа катаклизма. Изгорени се преку 11,8 милиони хектари површина, во пожарите досега животот го загубија повеќе од 20 лица, вклучувајќи и неколку пожарникари, уништени се повеќе од две илјади домови, а во пожарите загинале половина милијарда диви животни. Овој број го завршуваме со репортажа за Барселона, за убавините и уметностите! Нашиот соработник ја посети дигиталната изложба Monet, the immersive experience која е отворена од ноември па сè до крајот на февруари 2020 година. ОД РЕДАКЦИЈАТА 288

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ЈАНУАРИ 2020

Денешните проекти се само фотографии и 3Д анимации, тие се „empty“ Урбанизмот да престане да биде протокол за покривање на процедура Катаклизма на „огнениот континент“

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година

Насловна страница ПОЖАРИ ВО АВСТРАЛИЈА

Датум на печатење: 30.1.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

Ќе и донесат ли Оскар дивите пчели на „медената земја“?

„М

едена земја“ е филмот кој Северна Македонија ќе ја однесе на црвениот тепих на доделување на 92-те Оскари во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, Калифорнија. „Медена земја“ е првиот документарец во историјата на Оскарите кој покрај тоа што е номиниран во категоријата за најдобар документарец ќе се бори и за златната статуетка за најдобар странски филм. Македонската екипа која работеше на ова остварување ќе се најде меѓу светската филмска елита. Режисери на „Медена земја“ се Тамара Котевска и Љубомир Стефанов додека главниот лик е последната одгледувачка на диви пчели во Европа, Атиџе Муратова. „Медена земја“ е филм за Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Главна идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот кон природата и нарушувањето на природната рамнотежа преку судир на два различни начина на искористување на природните ресурси. Во рецензијата од Шери Линден од „Холивуд рипортер“, меѓу другото стои: „Во оваа ера на кризи на изумирање, загрозени природни

6

ПОРТА

31 јануари 2020

живеалишта, безобѕирно профитирање, „Медена земја“ раскажува приказна со универзален одглас, дури и кога открива заборавено место, кое е толку специфично и необично, што повеќето современи луѓе од западниот свет никогаш не би можеле ни да го замислат“. Снимањето почна во 2015 во рамки на Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка во координација со „Фармахем“. Филмот доби и грант од 25 илјади долари од Фондот

за документарни филмови на Меѓународниот фестивал во Сан Франциско, а од Агенцијата за филм на Македонија доби три милиони денари (околу 50 илјади евра). Филмот е сниман три


години. За да ја снимат приказната за оваа пчеларка на авторите им требалe дури три години. Првобитната идеја била да се сними еколошки документарец за река во тoј дел на земјава, но плановите се промениле откако ги откриле грижливо одржувани кошници со диви пчели. Распрашувајќи се кој ги одржува пчелите стигнале до Атиџе. Педесетгодишната Атиџе Муратова, една од последните пчеларки во Европа, и нејзината постара мајка, која е неподвижна, се единствените жители на напуштеното село Бекирлија, каде што живеат примитивно, без струја и без вода. Атиџе „работи“ со пчелите на принципот 50/50 - половина од медот остава за нив, а другата половина од медот ја зема за себе. Целта ѝ е да ги спаси своите пчели и да ја врати рамнотежата во „медената земја“. Ова е тој однос кон природата на кој нè учи Атиџе, преку нејзиниот однос кон медот, пчелите, природата воопшто. Жената која е едно со природата и која покажува вистинска моќ и големина на човек. Таа со пчелите разговара, им пее, а тие знаат да ја ценат, ја препознаваат и нејзе и нејзиниот грижлив однос кон нив. Пчелите Атиџе не ја касаат. Во меѓувреме, сред лето, во селото доаѓа семејство со седум деца. Атиџе ги прифаќа, безрезервно им помага, се спријателува и се радува. Таа ги сака децата, поминува време со нив, ги учи за пчелите. Семејството е многубројно и сиромашно. Сите од најмалото до највозрасното дете се вклучени во борбата за егзистенција. Таткото прв сфаќа дека пчелите можат да донесат заработка. Ѝ се обраќа на Атиџе за помош, која безрезервно му ја нуди и почнува да го учи на нејзиниот пчеларски занает. Семејството почнува да произведува мед, вклучени се сите и сите се каснати од пчелите. Мажот во борбата за гола егзистенција

31 јануари 2020

ПОРТА

7


го игнорира нејзиниот совет за оставање половина од медот на пчелите и целиот мед го нуди на продажба. Дури е и опоменат од еден од своите синови кои со Атиџе има посебен однос, детето го разбира делењето повеќе од својот татко. Ова го претвора филмот од мала приказна во епски филм за човечкото искористување на природните ресурси. Желбата за зачувување на дивите пчели, Атиџе

ПОРТА

ја тера да даде сè од себе за да ги возобнови своите кошници. „Главната идеја на филмот е да се прикаже припадноста на човекот на природата, но и како се нарушува рамнотежата во природата поради начинот на кој се користат природните потенцијали“ вели продуцентот и монтажерот Атанас Георгиев и додава: „Ова е време во кое искреноста, едноставноста и хуманоста се

борат да ја преживеат битката со материјалното. Скромноста е нешто што го забораваме поради престижот и лакомоста. На тој пат можеме да стигнеме до амбис за да ја научиме лекцијата“. Двајцата режисери раскажуваат пред Меѓународната организација на документарците дека понекогаш морале да спијат три до четири дена во шатори, а освен тоа не зборувале турски, јазик на главниот лик и нејзините соседи, така што, кога го монтирале филмот, тие гледале сосема ново производство на филмот. „Режисерите создаваат фантазија на совршената изолација на село, место на рајска чистота, каде што не е под закана само омилената активност на Атиџе, туку и одржувањето на нејзината егзистенција, загаден е самиот рај на Земјата“, истакна Ричард Броуди во „Њујоркер“. Останува да видиме дали на 9 февруари дивите пчели, Атиџе и тимот ќе ѝ донесат Оскар на „медената земја“. n


ПОРТА


инфо

Шанса да се планира на постручен, п

А

рхитектонскоурбанистички конкурс за локацијата на фабрика „Треска“. Оваа локација е дел од ДУП „Буњаковец 2“, изработен од планерската куќа ИНПУМА од Скопје, планер потписник е Благоја Тагасовски, планери се Блажунка Трпковска, Силвана Вановска, Елена Тагачевска. Овој ДУП е под мораториум и во моментов се постапува по забелешките за истиот. Да не должиме, само накратко да повториме по којзнае кој пат дека мораториумот е резултат на лошо и нестручно урбанистичко планирање, непочитување на ГУП, Законот за просторно урбанистичко планирање и правилниците кои произлегуваат од него и сè тоа проследено со притисоци од инвеститори во борба за повеќе метри квадратни, што значи поголем профит. Секој квадрат кој е планиран под притисок на инвеститорите го нарушува урбанистичкото планирање, а урбанизмот претставува голема мака во нашиот секојдневен живот и во правилно и непречено функционирање на градот. Поучени од наведеното и соочени со секојдневните проблеми во функционирањето на Скопје, а и побарувачката на пазарот за што помали станови со што повеќе простории, која диктира решенија на станови вон сите стандарди пропишани со закон во Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање, граѓаните ја поднесоа иницијативата со цел да се добие професионално обликуван простор. Иницијативата на која како овластен предлагач е потпишана Даница Павловска-Циги, поднесена е од граѓани, организирани во различни заедници, колективитети, невладини организации (Здравје пред профит во Центар, О2 коалиција, Транспарентност Македонија) како и индивидуалци, професионалци и експерти за овие теми, а голем дел од нив членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ), Академијата на архитекти (АА), Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ). Истата е проследена со список на имиња и презимиња на повеќе од 300 луѓе, голем дел од нив 10

ПОРТА

31 јануари 2020

архитекти. Поттикнати од иницијативата градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ и претседателката на Советот, Јана Белчева-Андреевска, минатиот петок организираа состанок со група архитекти од ААМ, КОАИ, Архитектонската академија при ААМ, професор од Архитектонскиот факултет во Скопје и архитекти, претставници на Општината. Целта на состанокот беше да се сослушаат барањата и разгледа стручната и правна издржаност да се распише конкурс за локацијата на „Треска“. Разговарано беше за лошите состојби во урбанистичкото планирање и проблемите и сопките од планерите со кои се соочува Општината. Се истакна и проблемот на неажурираните податоци кои се имплементирани во ДУП-овите, немање попис на населението повеќе од 18 години, а со самото тоа и релевантноста на податоците. Фрапантен беше податокот соопштен од општината, дека бројките за бруто површина по жител се изменети во однос на ГУП-от, односно се дуплирани. Заложбата на сите присутни беше да се прифати иницијативата за распишување конкурс за локацијата „Треска“ кој треба да даде стручни, подобри и покреативни решенија на просторот. Дискусијата водеше во правец дека конкурсот треба да се организира многу внимателно и


ИНИЦИЈАТИВА ЗА УРБАНИСТИЧКИ КОНКУРС ЗА ЛОКАЦИЈАТА НА ФАБРИКА „ТРЕСКА“

похуман и покреативен начин стручно, бидејќи конкурсите во последниве години беа лошо спроведувани, а комисиите недоволно стручни и следствено на тоа дадоа лоши резултати и нерални решенија. Неопходно е да се состави обемна и стручна програма без која е невозможно да се добијат квалитетни решенија. Комисијата да биде составена од повеќе членови од кои дел ќе бидат и составувачите на програмата, како истата доследно би се реализирала. Во состав на комисијата, меѓу другите да влезат и архитекти од Општината и Град Скопје. Конкурсот да биде на локално ниво, наградите да бидат достојни на професијата архитект. Усогласено е дека конкурсот нема да биде архитектонско урбанистички, туку само урбанистички проект, кој потоа ќе биде составен дел на ДУП „Буњаковец 2“. Решенијата кои ќе се понудат неопходно е да бидат функционални, да овозможат организација на просторот и објектите во рамки на реалните можности на локацијата, исполнувајќи ги сите стандарди за добро организаран простор во

Членови од закони и правилници со кои се озаконува лошото урбанистичко планирање Член 3, од Правилникот за урбанистичко планирањ, став 4 гласи: „Сукцесивно зголемување на стечените права по основ на сопственоста на градежното земјиште, уредувањето на земјиштето и правата на градење, освен ако тоа не е спротивно на јавниот интерес и став 5 „Зголемување на вредноста на земјиштето, недвижнините и сите други просторни ресурси со плански одредби“!? Но ова се толкува на погрешен начин и не е дефинирано што е стечено право, освен што се сфаќа како право на квадратни метри Сукцесивното зголемување на стекнатите права е општ политичкоправен принцип што се поставува како еден вид развојна општествена цел, но не важи како норма со задолжително применување, ниту пак може да се спроведува линеарно и рамномерно на сите планови и на сите локации. Член 3 е обусловена одредба, односно принцип кој важи како водилка само во ситуациите каде што тоа не е спротивно со јавниот интерес. Член 37, ГУП за Скопје Долж примарната сообраќајна мрежа во планската документација од пониско ниво, се дозволува по целата должина на сообраќајницата да се планираат линиски центри, со намена А, односно Б, односно В, или големини кои со своите параметри влегуваат во нумеричките показатели на четврта на која и припаѓаат. Линиските центри треба да претставуваат логична целина со длабочина во четвртта до 25 метри, од обете страни на сообраќајниот коридор со можни тремови кои можат да излегуваат и надвор од регулационите линии коишто ја дефинираат сообраќајницата, но не преку линијата на пешачкиот дел од сообраќајниот профил. Овој член овозможува изградба на монструозни објекти, како оној на „Настел“ на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Карпош.

кој непречено ќе функционираат потребите за живеење, за паркирање, за јавни содржини наменети за сите жители. Напоменато е дека решенијата треба да содржат и фор проекти на објектите кои ќе дадат реална насока на согледување на локацијата и нејзините можности за да може да прими соодветен број на жители, станови, паркинг-места. Исто така е напоменато дека е неопходно да се добијат суштински издржани проекти, а не како што главно ни се случува последниве години, празни решенија, нерешени функции и простори со допадливи 3Д слики. За да не ни се случи споменатото неопходна е стручна комисија. Предвидено е организацијата на конкурсот да оди преку ААМ, помогната и од Општината. Програмата да биде внимателно зададена како не би се нарушило стекнатото право на сопствениците, но воедно поради сопственоста да не биде нарушено и правота на останатите жители за јавни простори, зеленило, пристап до своите домови, училишта, градинки и сè она што подразбира градското живеење. Ова се начелните размислувања на архитектите и Општината. Останува да се види дали советниците на седницата, која сè уште не е одржана до заклучувањето на бројот, ќе ја препознаат позитивната иницијатива и сите бенефити за градот кој од истата ќе произлезат, и ја прифатат. А потоа да се прецизираат и договараат условите и конкурсната програма. Сè со цел да се покаже дека истиот тој простор и истата таа дозволена бруторазвиена површина за градење може да се планира на еден постручен, похуман и покреативен начин и сите да бидат задоволни од резултатот, и граѓаните и сопствениците на локациите. Исто така овој конкурс дава шанса да се покаже како позитивен пример, кој е добро да се следи при планирање на оној малку простор што преостана во градот. И секако дека проблеми ќе има и во дадениов момент идеални услови нема, но е начин да се почне од некаде за да конечно со стручност и знаење се застане на патот на лошото урбанистичко планирање и борбата за просторот кој се третира како плен. n

31 јануари 2020

ПОРТА

11


инфо

Одбележани 15 години СЕЕФОРМ на Градежниот факултет

Г

радежниот факултет во Скопје свечено одбележа 15 години од формирањето на докторската школа СЕЕФОРМ (South Eastern European School for Master and PhD FORMation in Engineering) преку која успешно координира 15-годишна активна интернационална научноистражувачка соработка меѓу универзитетите од нашиот регион и Германија. СЕЕФОРМ претставува проект на германската агенција за академска размена ДААД и Европскиот пакт за стабилност за југоисточна Европа кој ги поддржува докторските студии по градежништво на Универзитетите од Белград, Ниш и „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Интернационалната структура на школата, составена од повеќе југоисточни и германски универзитети, овозможува успешна поддршка на селектирани докторанди од регионот преку обезбедено двојно менторство со професор од локален и германски универзитет, стипендија за едногодишен научноистражувачки престој на избран германски универзитет и организирана програма за контролиран напредок во истражувањето преку учество во различни семинари и работилници. Со поздравен говор во амфитеатарот на факултетот, продеканот за настава на Градежниот факултет во Скопје, проф. д-р Златко Зафировски, го отвори настанот и посака добре дојде на бројните присутни гости од академската заедница од областа на градежништвото, на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски, како и на претставници од германската амбасада и германската агенција за академска размена ДААД.

12

ПОРТА

31 јануари 2020

Градежниот факултет со прекрасно организираната свеченост овозможи јубилејно прославување на еден значаен интернационален проект. „СЕЕФОРМ денес претставува еден уникатно препознатлив регионален бренд за успешен пристап во обезбедување на потребни истражувачки ресурси и мобилност на студенти и академски кадар, што пак, несомнено, претставуваат неопходна компонента за достигнување повисок квалитет во научноистражувачката дејност“, рече ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, проф. д-р Никола Јанкуловски. Ретроспективни обраќања од координаторот на школата, проф. д-р Рудигер Хофер (декан на Градежниот факултет од Рур Универзитетот во Бохум, Германија) и регионалниот координатор, проф. д-р Елена Думова- Јованоска од

Градежниот факултет во Скопје, ни овозможија хронолошко патување низ времето, од формирањето на СЕЕФОРМ во 2004 година и креативната енергија на основоположникот на програмата проф. д-р Гунтер Шмит (Градежен факултет од Рур Универзитетот во Бохум) , до денес, кога во рамките на школата 25 стипендисти од земјите во регионов успешно го завршија своето докторско истражување. Настанот беше збогатен со промоција на специјалното издание на научното списание на градежно инженерство (SJCE) кое два пати годишно го издава Градежниот факултет во Скопје. Презентацијата од главниот уредник, проф. д-р Маријана Лазаревска, продекан за наука и меѓународна соработка на Градежниот факултет во Скопје, овозможи сублимиран преглед во интересните содржини на новоиздадениот број од списанието, во кој 17 научни трудови на СЕЕФОРМ стипендисти од повеќе различни генерации и регионални универзитети даваат јасна слика за успешноста на школата. На крајот, свеченоста ја одбележа и презентацијата на докторската дисертација на најскоро докторираниот СЕЕФОРМ стипендист др Симона Богоевска, асистент на Градежниот факултет во Скопје. Докторската дисертација со оригинален наслов „A holistic framework for datadriven diagnostics of operational wind turbines“ е одбранета на Градежниот факултет на Рур универзитетот во Бохум, Германија, во ноември 2019 година, под тројно менторство на проф. д-р Рудигер Хофер, проф. д-р Елена ДумоваЈованоска и проф. д-р Елени Хаџи од ETH Универзитетот во Цирих, Швајцарија.


ПОРТА


инфо

На 13 февруари SHARE Skopje 2020

S

HARE Forum е значајна платформa за мрежно поврзување во областа на градежништвото во Централна и Источна Европа, со повеќе од 350 архитекти, инженери и индустриски дизајнери кои оваа година се дел од форумот. Третото издание на меѓународниот форум за архитектура и инженерство SHARE Skopje 2020 ќе се одржи на 13 февруари во објектот на Македонската филхармонија. Меѓународниот форум за архитектура и инженерство е во организација на PROEVENT Cultural Association и Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ). Оваа година SHARE Skopje 2020 најавува интерактивна програма со повеќе од 40 предавања и презентации во две фази: Главна сцена и Иновативна

14

ПОРТА

31 јануари 2020

сцена, натпревар во живо посветен на идните македонски архитектонски проекти и изложба на иновативни архитектонски решенија, производи и услуги. Триото: проектант, изведувач, инвеститор ќе ја претстават својата работа на панел дискусија, пред меѓународни судии и своите колеги – во живо на SHARE Skopje во рамки на „SHARE Future Projects Awards“. Florin Mindirigiu, директорот на SHARE Architect вели: „SHARE Future Projects Awards (Награди за идни проекти) се со цел да ги промовираат и претстават достигнувањата во сферата на градежништво во Централна и Источна Европа. SHARE Future Projects Awards ќе го истакнат она што сè уште не е објавено, но ќе биде – архитектонски идеи кои се во среќна фаза за оние кои градат иднина, а кои се „означени“ како проект. Победниците кои ќе бидат

прогласени од страна на жирито во тек на SHARE Skopje 2020, ќе се пласираат во финалето на натпреварувањето кое ќе се одржи за времетраењето на SHARE European Festival во ноември 2020 година во Букурешт“. Говорници на панелот се: Архитект Jan Utzon, сопственик на бирото Utzon Associates Architects ApS, Данска. Од 1999 година тој е вклучен во реновирањето на операта во Сиднеј, проектирана од неговиот татко, лауреат на наградата Прицкер, Jørn Utzon.


Архитект Anouk Legendre, основач на XTU, Франција. XTU истражува комплексни геометрии со интеграција на параметарскиот дизајн. Архитект Joan Roig Duran, основач на Batlle и Roig Arquitectes, Шпанија. Добитник на наградите WAF Landscape 2018 и Catalonia Construction Awards 2018: Иновации во градежништвото. Архитект Pinar Ilki, партнер управител на GMW MIMARLIK, Турција. Неодамнешните големи проекти ги вклучуваат и Терминал 5 на меѓународниот аеродром King Khaled во Ријад, аеродромот Mohammed bin Abdulaziz во Медина, Саудиска Арабија и новиот терминал на скопскиот аеродром. Bogdan Zaha, главен архитект во бирото Zaha Hadid Architect, Велика Британија. Работел на многу проектантски процеси со фокус на параметарско моделирање и напредни методологии на геометрискиот дизајн. Mikolaj Machulik, основач на бирото The Onion Architects, Полска. Maxim Calujac, основач и главен архитект во Calujac Architecture, Молдавија. Добитник на прва награда на ArchDaily & Strelka Award 2019. За регистрација и купување на билети, посетете го сајтот share-architects.com или можете да ги контактирате SHARE Architects на contact@sharearchitects.com. n ПОРТА

15


ПОРТА


ПОРТА


интервју

Денешните проекти се само фотографии и 3Д анимации, тие се „empty“ Тргате од поетското чувство и доживување, го материјализирате во некој карактер, приказна што се развива и расте, зајакнува, а останува на основната замисла. Резултатот е авторско компактно дело Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл.град.инж.

Д

обитник сте на повеќе награди и признанија, но наградата за животно дело „Андреја Дамјанов“ е како круна на целиот Ваш професионален ангажман. Што Ви значи наградата? n Со прашањето го определивте одговорот. Оваа награда, награда за животно дело е сублимат на сите мои претходни награди и им даде повисока вредност од онаа што ја имаа. Со наградата „Андреја Дамјанов“ тие се обединети и валоризирани. Но како што се вели „првата љубов нема заборав“, ја истакнувам наградата за Станбено – деловен комплекс во Зајечар, Србија добиена на општ југословенски конкурс во далечната 1972 година. На овој конкурс освоив втора награда, прва не беше доделена, во тој момент бев сè уште студент, апсолвент на Архитектонскиот факултет! Со парите од наградата си купив магнетофон, стерео грамофон, адидас патики и со Љ. поминавме незаборавно лето на Пелопонез со москвичот на татко ми. Тоа беше тоа време, тој простор и мојот влез во светот на архитектурата. Како ја доживувате Вашата кариера? Би промениле ли нешто или би направиле сè исто? n Мојата кариера е исполнета со љубов кон секој проект и реализација, со признанија и безгранична поддршка од моите родители и сестри, од мојата животна сопатничка Љ. и моите деца. Не би променил ништо. Активно, речиси без прекин, се занимавате со проектирање повеќе од 40

18

ПОРТА

31 јануари 2020

години. Како ја оценувате ситуацијата во областа на проектирањето денес? n Ве интересира архитектонското проектирање, задачата на архитектот. Како одговор ќе го парафразирам познатиот српски режисер Александар Петровиќ, неговиот одговор даден во едно интервју во 1989 година на прашањето како се прави филм? На два начина. Првиот е авторски, тргате од поетското чувство и доживување, го материјализирате во некој карактер, приказна што се развива и расте, зајакнува, а останува на основната замисла. Резултатот е авторско компактно дело.

А вториот е „цакистички“, цака до цака, „копи пејст“, одбирање секвенци, матење, матење, мешање, па истурање, па што биде. Изборот може да биде интересен, доволно се паметни да одберат што е добро и понудат бела, мазна и слатка „пуслица“, а внатре е празно. Погледнете ги презентациите на проектите и изградените објекти. Ретко кој се осмелува да го претстави планот, а уште поретко да се обрати со пишан збор. Нудат само фотографии и 3Д анимации. Зошто? Затоа што е „empty“. На доделувањето на наградата изразивте задоволство дека сте во


МИОДРАГ МИТРОВИЌ, АРХИТЕКТ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „АНДРЕЈA ДАМЈАНОВ“ ЗА 2019 ГОДИНА друштво на вашите професори и оние колеги од кои сте учеле. Имаат ли денес младите архитекти од кого да научат? n Имав среќа да се образувам и живеам во релативно средена држава, Југославија и нејзината Република Македонија. Врвно школство, живот надвор од железната завеса, патувања каде ќе посакавме, достигнувања на спортско поле во светски рамки, сè што сакавме. Но кај мојата класна Ксенија Аревска немаше преодна оценка без суштински одговори на прашања од областа на книжевноста. Ако пишувавме и раскази и песни оценката беше плус. Едноставно кажано од прво одделение бевме систематски образовани, потоа вработени, од постарите колеги прифатени и веднаш вклучени во проекти. За плата не размислувавме, платата се подразбираше. Моите млади колеги се паметни, солидно образовани. Тие се со поширок видокруг од мојот на таа возраст, имаат голем пристап до информации благодарение на интернетот. Но, за жал морам да воочам, препуштени се сами на себе во борбата за егзистенција, во услови на суровите интереси на приватниот капитал и во услови во кои државата нема стратегија и програма за градежниот сектор. Во најпродуктивните години од животот, родителите сè уште финансиски ги потпираат. Нема од кого да го учат архитектонскиот занает. Проектантските бироа се сведени на три, четири луѓе, што во развиениот свет секако не е случај. Се надевам дека суровата борба за опстанок, конечно ќе донесе квалитативни промени.

Станбени кули „Три бисери“ - Аеродром, Скопје Куќи за одмор „Београд биро“, Белград

Комората на овластени архитекти и овластени инженери изработи нацрттарифник за иженерски услуги кој повеќе од една година седи во некоја фиока во ресорното министерство. Каде погрешивме? Што е тоа што треба да го сториме за да го вратиме достоинството на професијата и да можеме да живееме од проектантската работа? n Тарифник за инженерски услуги не ме засега, размислувам за тарифник за архитектонски услуги. Комората на овластени архитекти и овластени инженери не ме интересира. Сакам комора на овластени архитекти, затоа што ние архитектите сме само во краен сегмент дел од инженерската фела. Почитувајќи ги сите најнови техничко-технолошки решенија и материјали, кои и моите ценети 31 јануари 2020

ПОРТА

19


Комплекс „Запољаре“, Сочи, Русија

претставува на неговите пријатели од Италија, тој вели: „Miki, mio architetto, amico mio...“.

колеги инженери ги применуваат, сепак архитектите се тие кои создаваат во даденото време, во дадениот простор, со длабока анализа на историскиот и социолошкиот контекст на просторот кој се планира да се гради. За да го вратиме достоинството на професијата архитект не е само прашање на цената на услугата, тоа е прашање на општа култура на еден народ. Мојот ценет инвеститор Џино Гвацини од Фиренца, за кого работевме неколку објекти во Македонија тоа најсуптилно го доловува. При секоја средба со него или кога ме Клиничка болница Штип

20

ПОРТА

31 јануари 2020

Ни се случи „Скопје 2014“ при отворени очи и здрав разум. Нè обвинуваат дека како професија не направивме доволно. И сега молчиме, се однесуваме како да е завршена работа, бидејќи велат човек и на убавина и на грдотија се навикнува кога му е секојдневие. Може ли нешто сега да направиме? n „Скопје 2014“, таа фамозна флоскула, ден денес актуелна, уште долго ќе ја преџвакуваме. Ни се случи при замижани очи и зашеметен разум. Ниту МАНУ, ниту Архитектонската академија на ААМ не реагираа. Зошто? Прашањето е за подлабока стручна и социо – психолошка анализа. Но семето е посеано со урбанистичкиот план од 90-тите години, кога некритички се пласирани идеите на постмодернизмот. А ни се случи и повампирување на

фашизмот. Во сите сегменти, во сите елементи што го определуваат. Што помал национализам, тоа подобро. По сите, од Умберт Еко брилјантно зададени прашања за препознавање на фашизмот, одговорот е - Да! Култ на традицијата, ирационализам, страв од различното, економска криза, потеклото од одредено место како привилегија, следствено национализам, антиквизација затоа што ние сме од пред, пред... Повикување на народот, во негова служба сме. Тој, народот ќе каже!? И сè проследено со говор на омраза кон поинакво мислење. Корпоративизам во секој сегмент при трошење на „народните пари“. Не сум убеден дека може нешто да сториме, младата популација е родена и израсната овде на овие простори, во овој амбиент, нашата меморија, на нас постарите не ги допира. Длабоко се опфатени со глобализацијата и опседнати со потрага за подобар живот. Тоа го разбирам и поддржувам. Но морам да предупредам, фашизмот кај нас сè уште тлее. Нека се чуваат од тоа.


Има коментари дека и вие сте дел од „Скопје 2014“. Вашето биро го изработи проектот за ентериер на зградата на Уставен суд, Археолошки музј и архив, подземниот паркинг за истата, а сте биле и член на комисии. Архитект сте со големо проектанско реноме и искуство, се чувствувате дека сте дале придонес во „Скопје 2014“? n Во проектот „Скопје 2014“ сум вклучен како и другите мои колеги инженери, статичари, инсталации, мебел и опрема, во техничко – технолошка реализација на градбите. Во комисиите учествував како повикано стручно лице, да оценам спроведување на зададената проектна програма во рамки на зададените урбанистички услови и посебни услови дадени од страна на инвеститорот, што е негово право. Моето мислење е едно, но одлуката на комисијата е заедничка. Значи се работи за техничко – технолошко учество во проектот. Моето име и репутација во еден момент им послужи на новинарите „истражувачи“ и

благодарен сум што процениле дека спомнувајќи ме ќе обезбедат ексклузивност по која копнеат. Покрај многуте награди и признанија, добитник сте и на награда за најдобар проект на БИМАС 2014 за Клиничката болница во Штип. Слободно можам да кажам дека е тоа можеби најкомплексниот и најдобриот проект направен кај нас последниве години. До каде се работите на болницата? n Клиничката болница во Штип несомнено е најзначаен проект во Македонија во последните две децении. Државен проект, финансиран од Европската банка и нивна стручна поддршка. Изготвен е од страна на

Клиничка болница Штип - основа на призимје

Архитект Миодраг Митровиќ добитник на наградата на Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ за животно дело „Андреја Дамјанов“ за 2019 година е роден во 1948 година во Вршац, Србија. Во Скопје започнува со основно образование кое го завршува во Сараево, каде продолжува и со гимназиското образование, а матурира во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје. Под менторство на проф. Борис Чипан диломирал на Архитектонскиот факултет Скопје во 1973 година. По дипломирањето работи во ГП Пелагонија, а по две години преминува во Пелагонијапроект. Во 1980 година се вработува во проектантското биро Мавровопроект. Во овие големи проектантски организации како дел од голем тим работи на проектирање и реализација на многу објекти во Македонија, Русија и Либија. Во 1995 година основа сопствено проектантско биро „Метрика“. До денес работи на проектирање, надзор и изградба на различни видови проекти.

31 јануари 2020

ПОРТА

21


Автор сте или дел од проектантски тим на повеќе објекти. Можете ли да издвоите некој објект или проект кои вам најмногу Ви значи? n Без дилема би ја издвоил Клиничката болница во Штип. Најкомплексен проект што го изработивме во нашето биро „Метрика“ со мојата сопруга Љиљана и мојата ќерка Горана. Проект проткаен со неизмерна љубов и енергија кон тоа што го создадовме. А истовремено се боревме со зла болест и верувавме дека ќе останеме заедно.

Реконструкција на ресторан „Кермес“ - Скопје проектанти од Македонија. Наградата на БИМАС 2014 е незаборавна поддршка од архитектите. За жал можам да констатирам дека работите не се одвиваат според предвидувањата. Изградбата е во застој, веќе една година, како проектантски

Клиничка болница Штип

22

ПОРТА

31 јануари 2020

надзор одамна не сум бил на објектот, ниту сум известен за причините. Времето минува, со проектот дадените техничко – технолошки решенија застаруваат, не знам како ќе одат работите понатаму. Но знам дека политичарите имаат нова коска за глодање.

Велат дека често најдобрите проекти на архитектите за жал не доживеале реализација. Ви се чини ли дека ова и вам Ви се случило? n Нормално е дека сите мои проекти не се реализирани. Како архитект кон моите дела сум како родител, сите ги сакам. Но го издвојувам проектот за ресторанот „Кермес“ во градскиот парк во Скопје, нашиот парк Монсури, како што го нарекувавме со Љ., го викавме по Жак Превер. Во 1985 година дадовме решение, стаклена пирамида под стогодишните платани. Добивме награда, но идејата не се реализираше. Во 1986 година е изградена стаклената пирамида во Лувр. Да нема забуна, мислам на односот кон историскиот простор. Не споредувајќи се со генијалното дело на И. М. Пеи. n


ПОРТА


архитектура

ДОДЕЛЕНА НАГРАДАТА RIBA SOUTH AWARD 2019

Куќа од плута – со иновации до подобра животна средина Сите компоненти од кои е изграден овој објект можат повторно да бидат употребени по нивната демонтажа или пак да бидат рециклирани

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Лондон)

В

о деновите непосредно пред почетокот на Самитот за климата на Обединетите нации (UN COP25 Climate Summit) на 2.12.2019 во Мадрид, во четврток, 28.11.2019 Парламентот на Европската Унија во

24

ПОРТА

31 јануари 2020

Стразбург ја изгласа симболичната декларација со која прогласува вонредна состојба во однос на климата на својата територија. Според оваа декларација Парламентот на ЕУ бара од Европската комисија да донесе соодветни законски мерки и да одвои наменски буџетски средства во ЕУ врз основа на кои ќе се овозможи исполнување на определбата за ограничување на нивото на глобалното

затоплување на 1,5 °С, да се намали емисијата на штетните гасови во атмосферата за 55 % до 2030 година и да се достигне ниво на јагленородна неутралност до 2050 година. Последново значи дека од 2050 година веќе нема да може да се испуштаат повеќе штетни гасови во атмосферата од количеството коешто атмосферата природно може да ги апсорбира.


Во една исклучителна година во која климатските промени, загадувањето и нарушувањата на животата средина станаа предмет на уште поголема загриженост и незадоволство кај пошироката јавност низ целиот свет, веројатно е од интерес да се прикаже обид за тоа како негативните ефекти во доменот на изградената средина веројатно можат да се намалат и со тоа да се поддржи реализацијата на определбите за ограничување на глобалното затоплување, намалување на емисиите на штетни гасови и воспоставување на јагленородна неутралност. Годинава проект на мал експериментален индивидуален станбен објект го привлече вниманието на стручната јавност во Велика Британија. Станува збор за проектот на Куќата од плута (Cork House) на Метју Барнет Хауланд, со Дидо Милне и Оливер Вилтон (Matthew Barnett Howland with Dido Milne and Oliver Wilton). Овој реализиран проект е добитник на Награда на Кралскиот институт на британските архитекти за јужниот регион за 2019 година (RIBA South Award 2019), Награда за одржливост на Кралскиот институт на британските архитекти за јужниот регион за 2019 година (RIBA South Sustainability Award 2019), Национална награда на Кралскиот институт на британските архитекти за 2019 година (RIBA National Award 2019), Наградата Стивен Лоренс за 2019 година (Stephen Lawrence Prize 2019), но и е влезен и во најтесниот избор за Стирлинговата награда за 2019 на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA Stirling Prize 2019) и е влезен во најтесниот избор за Наградата за куќа на годината за 2019 година на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA House of the Year 2019). ПРВ ПРОЕКТ ОД ВАКОВ ВИД Станува збор за мал правоаголен приземен објект со корисна површина од само 44 квадратни метри со натстрешница, влез, бања, повеќенаменски простор со мала кујна, простор за јадење и простор за седење, и една двокреветна спална соба. Кровот на објектот е од составен од пет „прирамиди“ каде „отсечениот“ врв е заменет со натсветло, така што објектот по својата силуета наликува на пет меѓусебно поврзани, квадратни во основа, силоси. Самиот објект е лоциран во рамките на парцелата на стара мелница, во Кралската грофовија Беркшаја (Berkshire) која датира од почетокот на 19-тиот век и е заштитен објект на градителско наследство од втора категорија. Скромниот по големина нов ПОРТА


објект ненаметливо се вклопува, но и едновремено прекрасно го отсликува и почитува своето опкружување, како по однос на својата форма и големина, така и по однос на својата конструкција. Проектот се смета за прв од овој вид и претставува плод на соработка на проектантското ателје на МПХ архитектите (MPH Architects) со Бартлетовата школа за

архитектура при Универзитетскиот колеџ Лондон (The Bartlett School of Architecture, University College London), и други научно-наставни, научноистражувачки и консултантски организации во земјата. Како главен градежен материјал за изградбата на овој објект била користена плутата, и тоа како за носивите ѕидови на

објектот, така и за изработка на кровната конструкција. За потребите на објектот биле направени градежни блокови од експандирана плута при што како суровина биле користени придружните производи и отпадоците од шумарството посветено на одгледување на дрва за производство на плута, како и од индустријата за прозводство на тапи од плута. Како дополнителен градежен материјал биле користени и фабрички произведени носиви елементи од дрво. МАТЕРИЈАЛИ КОИ МОЖЕ ДА СЕ РЕЦИКЛИРААТ Сите компоненти од кои е изграден овој објект можат повторно да бидат употребени по нивната демонтажа или пак да бидат рециклирани. Како поддршка кон овие определби оди и избраниот пристап за изградбата на објектот којшто исто така овозможува и лесна рачна изградба и лесна рачна демонтажа. Внатрешноста на објектот ја карактеризираат ѕидовите од блокови од природна плута и подот од дабово дрво во комбинација со натсветлата коишто овозможуваат природно осветлување во текот на целата година. Изборот на материјалите го поддржува чувство на опкруженост со природата преку искористените природни материјали, а коишто дополнително го промовираат чувството на топлина и сигурност во текот на зимските месеци. Во надворешното

26

ПОРТА

31 јануари 2020


обликување на објектот исто така доминира плутата во комбинација со хоризонтални дрвени даски на кровот коишто служат како делумна заштита и дефелктори за пренасочување за дождовите. При проектирањето и изградбата на објектот особено внимание било посветено на анализата на јагленородот за целиот животен век на објектот којшто во овој случај е исклучително низок и го прави објектот јагленородно негативен. Ова е исклучително големо достигнување, и може да претставува инспирација за тоа кон изградба на какви објекти треба да се стремиме во иднината, за да ја заштитиме и очуваме животната средина и нашата планета не само за сегашните туку и за идните генерации. Објектот е добитник на Наградата Стивен Лоренс за 2019 година, под покровителство на Марко Голдшмид Фондацијата (Marco Goldschmied Foundation) воспоставена во 1998 година со која се наградува новиот, експериментален архитектонски талент и се прославуваат проектите со градежна вредност помала од 1 милион фунти (околу 1,1 милион евра). За Марко Голдшмид, основачот на Наградата Стивен Лоренс: „Куќата од плута е уникатна фузија на антички методи на изградба и напредно техничко истражување за да се добие високо иновативно ниско јагленородно решение

со широка палета на примени од масовно домување до засолништа за вонредни состојби. Ние сме почестени да им ја врачиме на Метју Барнет Хауланд, со Дидо Милне и Оливер Вилтон Наградата Стивен Лоренс за 2019“. Без сомнение во годината на прогласување на Климатска вонредна состојба, куќата од плута покажува како преку иновативна примена на традиционални градежни материјали

базирани на природни суровини во комбинација со технолошки новини во доменот на нивната изградба и примена можат да се постигнат нови решенија коишто ќе придонесат за ублажување на последиците од климатските промени и ќе придонесат за создавање на јагленородно неутрална иднина. Се разбира овој објект не е само добар поттик туку е и показател за нов почеток во Новата 2020 година. n

31 јануари 2020

ПОРТА

27


архитектура

Дали може(ше) со пренамена на саемот да се направи нов шопинг мол? Дали треба само да бараме виновници за состојбата на негрижа кон нашите етаблирани вредности или треба да инсистираме за поставување и на сериозни мерки за заштита на македонското архитектонско наследство од минатиот век? вон. проф. д-р арх. Александар АНДОВСКИ, шеф на Катедра по архитектура при Меѓународниот балкански универзитет

В

о рамки на наставата на Одделот за архитектура на Факултетот за инженерство при Меѓународниот балкански универзитет во Скопје се постави еден интересен предизвик поврзан со пренамена на објект којшто веќе не постои! Имено, менторирани од вон. проф. д-р Александар Андовски, во склоп на предметот Архитектонско проектирање 6, оваа учебна година студентите добија задача за пренамена на објектот на поранешниот скопски саем. Иако зградата е разрушена неодамна поради изградбата на нов шопинг мол и комплекс на деловно-станбени објекти, сепак предизвикот да се акцентира направената грешка преку оваа студентска задача беше од големо екпериментално, но и од општествено значење. Всушност и основната идеја на оваа задача беше да се докаже тезата дека не беше потребно рушење на шесте саемски хали со цел да се добие нов шопинг мол во источниот дел од градот Скопје. Тука се наметнува и прашањето дали можеше на местото на новопланираниот деловно-станбен комплекс да се лоцира новиот шопинг мол, а стариот саем да остане на истото место каде што и беше? Или пак, втората опција ќе беше да се направи нова зграда за нов саем на местото на новопланираниот станбеноделовен комплекс, а внатрешниот простор на стариот саем само да се пренамени во шопинг мол. Се чини дека и двете опции содржат повеќе желба за зачувување на вредните архитектонски творби отколку актуелното решение коешто е во фаза на реализација. Покрај фактот што не се зачува вредното архитектонско наследство, дополнителен, но и не помалку важен проблем е што сега главниот град на Македонија не поседува објект наменет за саем! А, всушност, од каде потреба за нов станбеноделовен комплекс покрај поранешното 28

ПОРТА

31 јануари 2020


СТУДЕНТИТЕ ПО АРХИТЕКТУРА ОД МЕЃУНАРОДНИОТ БАЛКАНСКИ УНИВЕРЗИТЕТ ОДГОВОРИЈА НА ПРАШАЊЕТО сајмиште? Веруваме дека би се нашле многу поиздржани и многу пофункционални аргументи за постоење на нов шопинг мол поради реалните потреби на граѓаните на Скопје, посебно во источниот дел од градот, отколку аргументи за постоење на нови станбени и густо поставени структури на веќе преизградениот град. Но, изградба на нови масовни домувања, не само до новиот мол, но и како што предвидуваат актуелните детални планови за Ќерамидница и Крњево (околните новопланирани населби) претставуваат нова закана за пренаселеност во источниот дел од градот. Имено, моловите, претставуваат една современа потреба на потрошувачкото општество, којашто не можеме да ја игнорираме и треба да ја понудиме на граѓаните за да ги реализираат своите потреби. Но, дали навистина имаме потреба од нови населби? Каде се тука градските власти да реагираат дефинирајќи лимит за ширење на градовите? Поразителен е фактот дека градот не се шири во периметар, туку незапирливо ги окупира постоечките урбани „празнини“. Велиме „празнини“ а всушност тие празнини во најголем дел се оставени НАМЕРНО празни од урбанистите и архитектите. Да не заборавиме дека тие празнини претставуваат најчесто организирани зелени површини, одржувани паркови или пак јавни простори понекогаш оставени на забот на времето. Но, сепак, постоењето на овие слободни зони не значи дека треба да се окупираат по секоја цена. Да не го заборавиме и проблемот на загадениот воздух којшто несомнено е поврзан и со преизграденоста и окупирањето на овие површини. А кога зборуваме за загаденоста, тука е и фактот што покрај рушењето на стариот саем се исекоа и голем број дрвја коишто беа дел од партерот на саемот. Тоа значи дека не беше само уништено архитектонското наследство, туку исчезна и еден значаен зелен појас на градот. Во секој случај, ние архитектите не сме сами доволни да ги заштитиме делата на нашите амблематични претходници. Дела коишто се загрозени делумно поради големите финансиски апетити на бизнисмените, но уште повеќе поради тоталното отсуство на грижа за архитектонското наследство од минатиот век од страна на државата. За жал не само објектот на скопскиот саем, туку и многу други значајни објекти коишто беа обележје на модерната архитектура од минатиот век, не се дел од националниот регистар на објекти од исклучително архитектонско-историско наследство. Исто така бевме и сведоци за обезличување на дел од овие објекти и во проектот „Скопје 2014“. Сето тоа е резултат на едно континуирано отсуство на грижа кон сопствениот, македонскиот архитектонски идентитет. Скопскиот саем беше архитектонско дело на авторите Димитар Димитров, Живко Гeлевски, Благој Мицевски и Славко Ѓуриќ целосно реализирано во 1972 година. Овој значаен

саемски комплекс располагаше со 25 илјади квадратни метри, од кои 16 илјади беа во затворен простор во шест саемски хали, функционално и архитектонски обликувани во духот на модерната архитектура и коишто беа поврзани со топла врска формирајќи една оригинална и компактна целина. СЕПАК МОЖЕЛО! Архитектонската задача ги предвидуваше следниве нови содржини во халите на стариот скопски саем: дуќани, салони за мебел, простории од забавно-рекреативен карактер, културни содржини и посебна хала за хипермаркет. За разлика од поранешниот концеп на саемот каде што сите содржини беа присутни

само на едно ниво (приземјето), во архитектонската задача беше дозволено новите содржини да се распространат на две нивоа, предвидувајќи нова и лесна (монтажна) меѓукатна конструкција за таа цел. Освен нови вертикални комуникации помеѓу двете нивоа, требаше да се предвиди и хоризонтална комуникациија помеѓу сите хали и на двете нивоа. Ново подземно паркиралиште требаше да се предвиди во просторот североисточно од саемот и од хотелот „Континентал“. На тој начин приземниот и отворен простор дозволуваше да се организира за јавни отворени содржини. Овој новопредвиден јавен простор требаше да понуди нови сервисни содржини поврзани со саемот, но и да овозможи квалитетна врска 31 јануари 2020

ПОРТА

29


помеѓу центарот на градот и населбите Автокоманда и Ќерамидница. Бидејќи целта на секој проект не е тој да егзистира сам за себе туку и да се вклопи во постоечкиот контекст, да ги почитува постоечките изградени структури и да комуницира со нив. На тој начин се добива нов простор со зголемени вредности на живеењето, но во исто време се зголемуваат и цените на недвижностите на постоечкиот контекст. За жал, во Скопје и Македонија, кога се градат нови содржини, многу ретко се обрнува 30

ПОРТА

31 јануари 2020

внимание на овој феномен и затоа конечната слика на новите населби резултира со деградирање на постоечките структури, а не и унапредување на вредностите во секоја смисла. Во однос на надворешниот изглед и постоечката фасада на стариот саем, целта на задачата беше да се зачува колку што може повеќе изгледот на објектот како што и го замислиле и проектирале Гелевски, Мицевски и Ѓуриќ. Пренамената на објекти не е измислена кај нас или пак е идеја од скорешни времиња. Отсекогаш низ историјата се размислувало како да се зачуваат квалитетно изградените зданија вметнувајќи нова намена којашто би кореспондирала со новонаметнатите потреби и барања од корисниците на тие зданија. Развиените општества коишто се грижат за своето наследство и идентитет, не се колебаат кога треба да донесат одлука за сочувување на некои значајни градби. Ниту државата, ниту пак граѓаните во овие земји со развиени системи не ни помислуваат за рушење на архитектонски творби коишто се дел од нивниот зеднички и автохтон идентитет. Кај нас, за жал не можеме да констатираме дека постои грижа за архитектонското и градителското наследство од минатиот век. Модерната, како значаен интернационален правец, беше обележје на една епоха и во главниот град на Македонија во втората половина од минатиот век. Голем дел од овие објекти можеме да ги вброиме и како творби коишто можат да се натпреваруваат со својата креативност и оригиналност со архитектонската меѓународна конкуренција. Кога би постоел систем за заштита од страна на државата на овие значајни градби, и кога би

постоела граѓанска свест која би го бранела и промовирала фактот дека без идентитет во континуитет (или континуитет на идентитетот) не ни постои идентиет во секоја смисла, можеби и изгледот на нашите градови би бил сосема поинаков. Идентитетот на градовите е составен од мозаик на архитектонски стилови од различни историски периоди коишто сите заедно формираат една заедничка слика којашто не потсетува на минатото, но и го дефинира карактерот на поголемата урбана слика. Глобалната слика од студентските трудови претставува не само позитивно одговарање на зададената задача, туку воедно во нив се пресликува и една позитивна и креативна иницијатива во архитектонскиот пристап на внатрешното уредување на поранешниот саем. Импресивен е и не само заштитничкиот однос кон архитектонското наследство туку и заштитничкиот однос кон животната средина промовирајќи големи зелени појаси и уредени урбани паркови. Онаа врска којашто недостасуваше помеѓу центарот на градот и отсечените населби студентите ја решија со нови јавни содржини. Овие парковски содржини не претставуваат само сервис на саемот, не претставуваат само пријатна конекција помеѓу двете општини туку и претставуваат можна конечна дестинација на скопјани на овој јавен простор. И конечно за да заклучиме, резултатите на студентите од четврта година на Одделот за архитектура на Факултетот за инженерство при Меѓународниот балкански универзитет преку задачата за пренамена на стариот скопски саем покажаа дека сепак немаше потреба да се руши ова амблематично и историско архитектонско наследство. n


ПОРТА


архитектура од дрво

Социјални и економски бенефити

Дрвото е хипоалергично и нетоксично, а мазните површини не дозволуваат таложење на честички и нечистотија што можат да се појават на други ѕидни површини Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија бјекти коишто се проектирани со употреба на материјали кои се сметаат за добар избор за животната средина честопати се 32

О ПОРТА

31 јануари 2020

перципираат како објекти кои создаваат повисоки социјални и економски вредности. Луѓето претпочитаат да живеат, работат, учат и играат во добро проектиран и визуелно привлечен објект. Исто така, испраќа порака дека инвеститорот е одговорен за животната средина и се грижи

за благосостојбата на корисниците на објектот. ПРИДОБИВКИ ОД ПРИРОДНИ ЕЛЕМЕНТИ Студија изработена од канадската истражувачка куќа FPInovations откри дека луѓето се посреќни, поздрави и


ПОВТОРНО ЗАКОН ЗА ДИВОГРАДБИ

од објекти изградени од дрво

попродуктивни кога се поврзани со природата. Употребата на природни елементи во проектирањето како дневна светлина, растенија и природни материјали создава попозитивен простор за секаква работна активност. Се намалува стресот на работното место и ја подобрува продуктивноста и концентрацијата. Во здравствените установи, присуството на природни материјали е поврзано со побрзо закрепнување на пациентите. 31 јануари 2020

ПОРТА

33


опкружување. Оваа карактеристика кај дрвото овозможува зголемување на влажноста кога воздухот е сув и намалување кога воздухот во затворен простор содржи влага. Дрвото е, исто така, одличен избор кога акустиката е предмет на разгледување. Неговата уникатна клеточна структура може природно да ги пренесува звучните вибрации. Ова е особено важно во домашни и канцелариски средини каде што може несаканата бучава да предизвика деконцентрација или нарушување на активностите. Заради овие квалитети на дрвото, често е прв избор при изградба на концертни сали или аудиториуми.

Придобивките од користење на природни материјали не ги чувствуваат само пациентите, туку и посетителите и здравствените работници. Пријатната внатрешна околина влијае на здравјето и благосостојбата на луѓето. Дрвото е хипоалергично и нетоксично, а 34

ПОРТА

31 јануари 2020

мазните површини не дозволуваат таложење на честички и нечистотија што можат да се појават на други ѕидни површини. Покрај визуелните карактеристики дрвото има способност да апсорбира и ослободува влага за одржување рамнотежа во затворено

МИНИМИЗИРАЈТЕ ГИ ПОТРЕБИТЕ ЗА ГРЕЕЊЕ И ЛАДЕЊЕ Eнергетски ефикасни згради се направени со материјали кои се спротивставуваат на протокот на топлина односно изолатори. Дрвото има милиони ситни клетки со воздухот, што го прават природен термички изолатор и губи помалку топлина од другите градежни материјали. Со користење на вакви материјали може да се достигне и стандардот за пасивна куќа каде се бара 90 отсто помалку енергија за греење и ладење во споредба со конвенционални објекти.


ПОДОБРЕТЕ ЈА ЕФИКАСНОСТА И НАМАЛЕТЕ ГИ ТРОШОЦИТЕ Објектите изградени со дрвни конструкции создаваат поголеми економски придобивки затоа што тие можат да бидат проектирани како флексибилни и прилагодливи. Производите од дрво имаат помала тежина и полесни се за работа во споредба со другите градежни материјали. Ова придонесува за намалени трошоци за градење бидејќи се скратува времето за изградба, објектот може да се подигне со помалку работници, и се намалуваат димензиите на темелите. Brock Commons Tallwood House е 18-катна хибридна

конструкција (дрво и бетон) на Универзитетот во Британска Колумбија. Подигнувањето на конструкцијата е завршено за помалку од 70 дена со префабрикувани дрвени компоненти. РАЗМИСЛУВАЊА ЗА КРАЈОТ НА ЖИВОТНИОТ ВЕК НА ОБЈЕКТОТ Откако еден објект ќе го достигне крајот на својот планиран животен век, потенцијално ќе има влијание врз животната средина и мора да се предвиди решение за негово отстранување. Проектирања за расклопување и прилагодливост можат да бидат клучни во

овие случаи. Трошоците за отстранување на еден ваков објект се неспоредливо помали отколку отстранување на објект изграден од армиранобетонска конструкција. Алтернативи на крајот на животниот век, како што се повторна употреба или рециклирање често доведува до пониски емисии на стакленички гасови. Многу производи од дрво честопати повторно се користат, рециклираат или се користат за енергија. „Медена земја“ е филмот кој Северна Македонија ќе ја однесе на црвениот тепих на доделување на 92-те Оскари во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, Калифорнија. n

31 јануари 2020

ПОРТА

35


урбанизам

ГРАДОТ СКОПЈЕ И ЛОКАЛИТЕТОТ РАСАДНИК

Урбанизмот да престане да биде протокол за покривање на процедура Архитектите и урбанистите на овој град во следната декада ќе имаат пионерска улога и одговорност да направат исчекор во секој сегмент на професијата и да излезат од сегашната матрица на даватели на услуги Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх. „Градовите се градат врз духовни столбови. Како џиновски огледала ги одразуваат срцата на своите жители. Ако тие срца станат мрачни и ја изгубат верата и градовите ќе го изгубат својот сјај.“ ШЕМС ОД ТАБРИС

Г

о изгуби ли Скопје својот сјај? Генерации градители оставиле незанемарлива трага на урбаната матрица, содржината и

ПОРТА

архитектурата на градот. Но, она што вообичаено се подразбира како прототип на град - структура и изграден град, се само дел од градското битие. Градот го претставуваат и случувањата предизвикани од граѓаните кои живеат во него, од оние кои владеат со градот и оние што ги следат, како и од оние кои само минуваат низ него. Што му се случи на мојот град во дводеценискиот раст и развиток кога општествените околности се сменија и креираа пасивност на граѓаните, ги избришаа дотогаш

постоечките навики и препознатливите слики? Стојам на брегот на реката Вардар и несвесно изговарам: „Мојот град има сѐ што го прави привлечен и што посебно вознемирува: река, камен мост, тврдина, стара чаршија, топли лета, кочан зими, изглед за чии делови интимно сум врзана и мир кој најчесто доаѓа од водата“. Но, набрзо сфаќам дека таа слика веќе ја нема. Реката е претворена во депонија на галии и жални врби. Исчезнати се препознатливите места на градот и речните брегови врежани во


меморијата на граѓаните. Најголемиот дел од зелениот појас долж реката е претворен во зона на сервисни објекти, складишта и ситни стопанства. Излетничките места Сарај и езерото Младост се напуштени и деградирани. Единственото позитивно нешто што му се случи на крајбрежјето е изградбата на пешачката и велосипедска патека, која стана омилено место на граѓаните од сите возрасти. На нашиот град му се случи несреќното Скопје 2014 направено по диктат, што го промени центарот на градот. Под налетот на градежната активност и урбаното цунами, урбаните станбени населби проектирани и изведени по мерка на човекот и според принципите на модерниот урбанизам го променија ликот. Се уништија слободните зелени простори, детски игралишта, скопските маала и концептот на соседство толку карактеристичен за Скопје. Ни се случи Дебар Маало, Карпош, Кисела Вода, Аеродром. Се изградија урбани гета со енормно зголемен број на жители и неадекватна инфраструктура и придружни содржини. Скопје стана задушен и најзагаден град во светот. Кисела Вода е населба блиску до централното подрачје. Под налетот на градежната инвазија енормно се зголеми бројот на жители без да се реши соодветно

проблемот со паркирање, придружни содржини и јавни објекти. Дали сега излезот го бара на несоодветен начин? Деновиве низ медиумите се врти дискусија за Детален урбанистички план на населбата Расадник, една од ретките празни и неизградени површини на четири километри од централното градско подрачје. Со децении поголемиот дел од површината се користеше за одгледување на расад. Денес е последната тревната површина во населбата со бројни зимзелени дрвја. Но, голем дел од ова земјиште е деградирано и се користи за складишта и продажба на дрва за огрев. Јасно е дека овој простор треба да доживее некаков тип на урбанизација. Според истражувачката сторија на Радио МОФ на празниот простор на локалитетот Расадник предвидена е станбена населба со 100 нови станбени згради со вкупна бруто-површина од 550 илјади квадратни метри и 20 илјади нови жители. Со ДУП на дел од постојните станбени куќи предвидена е надградба по еден кат и заедно со постојните станбени згради во таа станбена единица брутоповршината ќе изнесува 837 илјади квадратни метри. Со новиот Предлогурбанистички план предвидени се станбени згради со катност П+6,П+9, П+13 ката, а некаде растојанието меѓу зградите е само 12 метри. Според Генералниот урбанистички план максимално дозволена густина на овој простор е 194 жители на хектар. Со предложеното решение густината ќе биде пет пати поголема (илјада жители на хектар), што претставува директен упад и непочитување на препораките од ГУП како законски акт од повисок ранг. Градежните фирми гледаат голема градежна активност и профит во овој дел на Скопје. Наголемо се откупуваат парцели од сопствениците и секој од нив се бори за зграда или кат повеќе. Градоначалникот на Општина Кисела Вода објаснува дека е сè во склад со ГУП и постојните урбанистички прописи. На површините кои се во сопственост на државата предвидени се објекти од јавен карактер: детска градинка, основно училиште, средно

училиште, поликлиника, спортски објекти, црква, две катни гаражи, плоштад, а под пешачката улица јавен паркинг. За да ги реализира овие објекти потребни му се парите од комуналиите на станбените објекти. Сѐ е познато, функционира познатиот модел кој го деградира градот и го донесе во состојба на колапс. На повидок е ново станбено гето како и претходно посочените. Кисела Вода не ги реши инфраструктурните проблеми и од претходните градежни активности на нејзина територија. Не ми е намерата да се впуштам во анализа на Предлог-урбанистичкит план за локалитетот Расадник од аспект на стручност. Тој е правен по нарачка од Општина Кисела Вода според конфекциски модел и е во тек на процедура. Но, убедена сум дека тоа нема да биде населба за хумано живеење според потребите и стандардите на човекот од 21-виот век. Ќе следува трендот на урбанистички сообраќаен хаос, а зеленилото ќе биде привилегија. После сѐ што му се случи на градот прашувам дали треба да се продолжи на истиот погрешен начин да се третира и пополни и последниот празен простор во градот. Ваквиот начин на планирање и проектирање ќе се повторува сѐ додека урбанистичкото планирање е расцепкано и доверено на општините. Ќе имаме станбени населби со случајна серија од станбени блокови, а архитектурата ќе биде диктирана од договорот на сопствениците на градежните парцели. Анахроно е да се оди по овој пат. Во светот и Европа пристапот и методологијата на планирање и проектирање на населби е поинаков. Иако децентрализацијата на власта е моментален тренд и интенцијата е општините да имаат поголеми ингеренции и независност, сепак урбаното планирање на еден град мора да подлежи на повисоки стандарди и системски решенија кои ги надминуваат границите на една општина и водат кон планска изградба на општеството во целост. Врз база на темелни анализи на опкружување, инсолација, осветлување и вклучување на целокупниот општествен диверзитет никнуваат прекрасни населби и живи локални заедници. Затоа мислам дека е 31 јануари 2020

ПОРТА

37


потребно сериозно преиспитување - што со овој празен простор. Тоа треба да е предизвик и за општината и за градот за да се создаде нешто препознатливо и оригинално (јавен простор, тематски парк, собиралиште на граѓаните). До право решение се доаѓа со политичка волја, сериозен планерски пристап и распишување анкетен конкурс. Градот најави изработка на нов ГУП 2022-2032 што е за поздравување бидејќи неопходни се нови согледувања и стратегија за развој на градот. Се надевам дека ќе бидат стопирани сите дејствија кои водат кон понатамошна деградација на градот. Неопходно е да се тргне по патеката на заздравување на градот. Мислам дека не е невозможна мисијата да почнат да се санираат штети, а не да се прават нови.

ПОРТА

И на крај сакам да ја повторам констатацијата дека овој град низ вековите драматично се менувал. Го палеле, го граделе, природата му нанела лузни и болки. Се менувал и по изглед и по состав на население. Но, убедена сум дека какви било брутални удари и интервенции во матрицата на градот не можат да ја уништат суштината на градското битие. Записите во градската матрица на Димитрие Леко, Јосиф Михајловиќ, Кензо Танге, постземјотресните градители на Скопје се сѐ уште видливи. Сеќавањата на херојското време на изградба на Скопје и сите инфраструктурни ремек-дела од постземјотресниот период не може да се избришат. Архитектите и урбанистите на овој град во следната декада ќе имаат пионерска улога и одговорност да направат исчекор во секој

сегмент на професијата и да излезат од сегашната матрица на даватели на услуги. Неопходно ќе биде да се пронајде патот урбанизмот да престане да биде протокол за покривање на одредена процедура. Тој треба да е давател на идеи, знаење и умеење за уредување на градскиот простор. Политичарот не е тој што знае архитектура, архитектот е тој и тој има задача да ја коригира општествената реалност на градот. Имам сон - градот Скопје да стане здрав град богат со зеленило и живописни пејзажи, мириси на вода и липа, чисти улици, убави населби, креативни катчиња, заштитено и одржувано наследство, насмеани и среќни луѓе. Можеби не ќе го доживеам тоа но, оваа новогодишна честитка им ја упатувам на сите мои колеги со желба тоа да го реализираат мојот сон. n


ПОРТА


урбанизам

Денешната архитектура носи Наидуваме на изградени објекти без минимално растојание меѓу себе - таканаречена домино архитектура. Ако се запали една зграда брзо може да се запалат и соседните. Цели блокови и згради се без можен пристап на противпожарни возила

Косто ГРАОРКОСКИ, дипл. инж. арх.

В

о историјата на цивилизацијата еден од главните проблеми низ сите епохи, кој се појавува постојано, е заштитата на животот и имотот на луѓето во услови на пожари. Познати ни се многу пожари во кои исчезнувале цели градови, при што поедини никогаш не се ни обновени. Посебно големи пожари, со катастрофални последици се случиле во

40

ПОРТА

31 јануари 2020

Рим, Лондон, Москва, Чиле, Чикаго, Сеул, Саоло Паоло и многу други. Поучени од овие и други примери од 21 век и под влијание на научноистражувачките работи од областа на заштитата на човекот од пожари, природни и воени катастрофи, во поново време забележан е значаен напредок во оваа област. Но, и покрај ова многу законски мерки, начела и препораки, недоследно се почитуваат при урбанистичкото планирање и при изградбата на градовите и населбите.

Денешната архитектура со современите конструкции, со своите гигантски размери, употребата на нови градежни материјали во градежништвото, примената на нови технолошки процеси во индустријата, постојаното зголемување на потрошувачка на електрична енергија и природниот гас и користењето на секоја педа во градовите за изградба предизвикуваат и понатаму ризици од пожари. Затоа е потребно доследно применување на сите мерки и искуствени препораки при просторното и


УРБАНИЗМОТ ВО ЗАШТИТАТА ОД ПОЖАРИТЕ

ризици од пожари урбанистичкото планирање. Ако денес се прошетаме низ поедини населби на нашето Скопје ќе наидеме на фрапантни слики кои упатуваат на една голема негрижа за опасностите кои се надвиснати на главниот град во државава од несоодветно планирање и проектирање. Наидуваме на изградени објекти без минимално растојание меѓу себе - таканаречена домино архитектура. Се запали ли една зграда брзо може да се запалат и соседните. Цели блокови и згради се без можен пристап на противпожарни возила, противпожарни скали и друга противпожарна опрема, како и непостоење на надворешна противпожарна хидрантска мрежа. Во ваквите современи услови, борбата против пожарите и покрај тоа што е сè покомплицирана и интердисциплинарна, стручните лица кои треба да ги решаваат прашањата од противпожарна заштита се обврзани првенствено планирањето и проектирањето на противпожарна заштита да го прават во две фази. Првата фаза се однесува на урбанистичките мерки, а втората на планските мерки со анализа на состојбите и опасностите од пожар,

превентивните и оперативно-тактичките мерки. Првата фаза во планирањето е примарна и со неа се диференцирани следните насоки и урбанистички мерки: - категоризација на градовите и населбите според нивната големина, важноста и посебните услови на земјиштето, климата, водоснабдувањето и индустријата, заради конкретизација на основните мерки за

заштита; - доследно спроведување зонирање на градските површини и сепарирање на индустријата од станбените блокови со тампонски зелени површини; - одредување на граници на густината на населеноста на жителите и густината на изграденоста, според категоријата на градските зони;

ПОРТА


- децентрализација на градот односно населбата со интерполирање на рекреативни зелени површини и предвидување на широки и брзи противпожарни комуникации; - форсирање на сателитски населби за дисперзија на жителите; - безбедно снабдување со вода, електрична енергија, природен гас и сл. и тоа по принципот на самостојно снабдување од градската мрежа; - правилно трасирање на железничките пруги од аспект на опасностите од пожар на шумите и посевите; - предвидување на противпожарни препреки формирани како ликовни естетски елементи во урбанистичките композиции; - спортски аеродроми за мали и лесни авиони, како и хеликоптери, сите погодни за интервенции при евентуални пожари; - пристап на противпожарни цистерни за полнење вода до сите водени објекти, природни извори, реки, езера и рекреативни водни зони; - планирање изградба и рамномерен распоред на противпожарни пунктови за гаснење на пожар врз основа на бројот на жителите и противпожарно оптоварување на населбата; - водење на примарната патна мрежа по можност низ контакните зони – зелени

ПОРТА

појаси за итни противпожарни интервенции; -концентрација на индустријата на едно место, како посебна зона издвоена со слободен простор од станбените и јавните објекти; - индустријата која може да предизвика пожар и експлозија, бензиски и плински станици треба да се лоцираат низ ветер, односно овие објекти треба да се најдат последни во насока на ветерот; Сепак, во просторното и урбанистичко планирање од аспект на заштита од пожари, најголемо значење имаат деталните урбанистички планови (ДУП). Со овие планови всушност се решаваат поединечните урбанистички блокови и единици, а во нивните рамки се дефинираат и се утврдуваат условите за проектирање и за изградба на поединечните објекти. Во оваа фаза на урбанистичко планирање, непосредно и конечно се дефинираат и најважните елементи што се значајни од аспект на заштита од пожари. Со овие планови се одредуваат градежни линии, се одредуваат површините, висините на објектите и нивното неопходно меѓусебно минимално растојание. Поточно со ДУП се утврдува и дефинира максималната катност на објектот, потребната оддалеченост од соседите што непосредно го диктира проектирањето на правите мерки за заштита од пожар.

За одредување на безбедносното растојание помеѓу објектите потребно е да се почитуваат и земат предвид следните елементи: просечното пожарно оптоварување, огноотпорноста и степенот на запаливост на градежните материјали, технолошките процеси, временско траење на пожарите, положбата и поставеноста на објектите, оддалеченоста на ПП пункт, огноотпорноста и степенот на запаливост на градежните материјали и други параметри. Но сепак идеално би било кога растојанието помеѓу два објекта би се пресметувало врз основа на критериумот растојание при рушење на објектите, односно во тој случај растојанието помеѓу два соседни објекти се пресметува према висините на објектите и изнесува половина од висината Н1/2 на едниот објект плус половина од висината на другиот објект Н2/2 плус константа која изнесува четири метри и тоа е всушност минимална широчина за слободна површина и пожарна патека при евентуално рушење на објектите. Ова растојание е од посебна важност за високите објекти во услови на пожар кога се рушат материјали и предмети и паѓаат во околниот простор на објектите и претставуваат реална опасност за луѓето кои се евакуираат и за противпожарните екипи кои интервенираат. Соодветното растојание исто така игра голема улога за намалување на штетите и при земјотреси и други опасности.


При изготвувањето на ДУП посебно треба да се внимава на одредување на урбанистичките услови за високите објекти над 22 метри. За секој објект треба да се предвидат и решат потребните оперативни површини за противпожарни скали и друга опрема, како и да се обезбеди кружно движење на противпожарни возила и пристапни патеки. Мерките за заштита од пожари со урбанистичките планови можат да се третираат и применуваат како дел од комплексот на критериумите на функционалниот, технолошкиот, економскиот и естетскиот карактер, а не само како голи мерки. Така на пример ако доследно се почитува минималното потребно растојание помеѓу соседните објекти во градот Скопје, покрај заштита од пожари ќе имаме далеку подобра вентилација и циркулација на воздухот, со што ќе се даде голем придонес во борбата за почист воздух. Затоа мерките и условите за заштита од пожари секогаш треба да се вклопуваат во техничките, функционалните, естетските, и другите начела во планирањето на населбите и градовите. Ова треба да се однесува на работната и на станбената зона, заштитното зеленило поврзаноста на комуналното опслужување и слично.Тоа значи дека принципиелни препреки за усогласување ќе нема, но потребно е многу да се работи за остварување на конкретните урбанистички решенија. Ваквите пристапи при урбанистичкото планирање ќе значи, повисок похуман степен и безбеден развиток на нашите населби и градови. n ПОРТА


интервју - сообраќај

Ќе стане ли конечно јавниот автобуски превоз во Скопје одржлив? Параметрите на јавниот автобуски превоз во Скопје се влошуваат, а патниците одбираат други форми за реализација на мобилноста

Даниела МЛАДЕНОВСКА

И

ако Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје датира уште од годините веднаш по Втората светска војна, за жал се чини дека и неговата флота, како и фреквенцијата и квалитетот на услугата не покажале некој огромен напредок во децениите што следувале. Ќе се сложиме дека масовното подновување на возниот парк од пред неколку години кога се купија дизел автобуси од Кина и Украина, беше добра промена, но не може да се каже дека е избрано одржливо решение. Последново никако не се вклопува во концептите за модерен јавен автобуски превоз кој е општо прифатен стандард во светот кон кој се стремиме да се приближиме. Освен дизел моторите кои сериозно го загдуваат воздухот со ПМ честички, може да се дебатира и за недостатокот на простор во внатрешноста на автобусите, сериозните проблеми со нивното одржување, па дури и нивната оперативност во услови на остри скопски зими. За поздравување е последната одлука за набавка на нови 30

44

ПОРТА

31 јануари 2020

автобуси кои ќе користат природен гас, како и најавата за имплементација на сосема нов концепт кај нас на т.н Bus Rapid Transit (BRT), но се чини дека сето ова стигнува помалку задоцнето, некоординирано и што е уште поважно првенствено во функција на политиката. Експертите од поодамна предупредуваат дека инвестициските циклуси мора да бидат одвоени од политичките односно изборните циклуси. Четири години се прекраток период кога станува збор за решавање на стратешки инфраструктурни прашања. Токму затоа, водени од мотиви кои не се многу блиски со одржливоста, економскиот бенефит и квалитет, се нудат решенија кои се парцијални, нецелосно анализирани и кои за жал често или неславно завршуваат или пак без очекуваниот успех. Параелно со ова, стои постојано отворено и прашањето на непопуларноста на јавниот автобуски превоз кај нас. Имено, факт е дека и покрај недостигот од паркинг-простор, сообраќајниот метеж и загадениот воздух, граѓаните сепак избираат да не го користат јавниот автобуски превоз доколку имаат друга опција. Ова е факт кој навистина треба да ги

загрижи надлежните, но и да ги поттикне на акција, односно спроведување на конкретни анализи и истражувања со цел лоцирање на проблемите и одговорностите. Во врска со актуелните состојби со јавниот превоз во Скопје, како и алтернативите за неговиот одржлив равој, во овој број на Порта 3 разговараме со м-р Горан Танчевски, дипл. машински инженер и дипл. инженер технолог, кој работи како консултант на УНИДО и ЕБРД, кој меѓу другото ја проучува одржливоста во областа на сообраќајот, особено јавниот превоз во Скопје. Во истражувањето за магистерскиот труд м-р Танчевски дошол до податоци за главните недостатоци на јавниот превоз кај нас. Според Танчевски светските искуства покажуваат дека автобуските флоти имаат просечна старост од 6,9 години. Во некои земји како Русија, Кина, Бразил, Индонезија, просечната старост е далеку помала. “Според моето истражување состојбите со јавниот превоз во ЈСП Скопје, можат да се поделат во три карактеристични периоди. До 1999 година, редовно биле набавувани нови автобуси и просечната старост


ПАТНИЦИТЕ ОДБИРААТ ДРУГИ ФОРМИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА МОБИЛНОСТА на возниот парк била помеѓу осум и 10 години. Во периодот од 2000 до 2010 година, речиси и не се набавувани нови возила, па во 2010 година просечната старост на возилата надминува 20 години. Во периодот од 2011 до 2016 се набавени нови автобуси кои значајно го подновија возниот парк на ЈСП Скопје. Во 2019 година, староста на возниот парк изнесува 12,5 години, и тоа упатува на потреба од набавка на нови автобуси“, објаснува Танчевски. Просечната старост на возниот парк на двете приватни претпријатија кои се интегрирани во јавниот автобуски превоз на Скопје, надминува 20 години. Покрај тоа, во последните три години, има намалување на должината на градските и приградските линии, намалување на бројот на патници, намалена просечна брзина на автобусите а зголемена потрошувачка на гориво, како и висока искористеност на возниот парк, вели тој. Во однос на алтернативите кои ги има истражувано и за тоа која опција е препорачлива Танчевски вели дека современите техничко-технолошки решенија за градските автобуси нудат многу нови алтернативи во поглед на изведби на возилата и видот на енергенс. Покрај класичните дизел автобуси, објаснува тој, на пазарот се појавија и возила придвижувани од компримиран или втечнет природен гас, течен нафтен гас, биодизел, хибридни автобуси, автобуси на дуални горива и разни изведби на електрични возила. Сите овие варијанти имаат предности и недостатоци, и вистински предизвик е да се процени кои се техничките решенија за автобусите кои најдобро одговараат на спецификите на градот Скопје. “Скопје наликува на многу градови во земјите во развој, каде сообраќајните решенија не успеаја да го следат рапидниот пораст на бројот на жители. Покрај тоа, поради нискиот БДП по жител, потребно е цената на билетот да биде ниска, што наложува потреба за субвенционирање. Заради протегањето на Скопската Котлина, голем број од линиите се со голема должина, а загадувањето на воздухот е високо особено во зимските месеци. За да се проценат различните расположливи варијанти, мора да се направи сеопфатна анализа на одржливоста од аспект на трите главни столба: економскиот раст, заштитата на животната средина и социјалната еднаквост и рамноправност“, вели Танчевски. За таа цел, додава тој, беше направена симулација за обнова на возниот парк во рок од 10 години, со тоа што најпрво би се замениле најстарите возила, со што по 10 години возниот парк би имал просечна старост од пет години. За моменталната состојба е направена пресметка на кумулативното загадување од постојните возила, базирана на нивните европски стандарди за емисија и поминати километри. Алтернативните решенија се споредени со сегашната состојба, и на тој начин се рангирани

бенефитите од секое од решенијата врз животната средина. Направено е вреднување на сите предложени алтернативи од аспект на трошоци (инвестициски и оперативни). Во врска со социјалната еднаквост и рамноправноста, се смета дека сите модерни возила подеднакво ги исполнуваат условите како што се: комфор, пристап за лица со попреченост и слично. Танчевски вели дека се разгледувани следните варијанти: EURO VI дизел автобуси, автобуси на природен гас (компримиран природен гас – CNG, и втечнет природен гас LNG) и

електрични возила (возила со бавно и брзо полнење). За овие варијанти се направени симулации со 10- годишен и 15-годишен експлоатационен век на автобусите. Како препорачани решенија се издвојуваат електричните автобуси со брзо полнење (батериски или кондензаторски) за линиите со помала должина, во централното градско подрачје. Овие автобуси, се покажаа како најдобри од аспект на загадување на животната средина и од аспект на вкупни трошоци, но ограничениот домет ја лимитира нивната употреба за подолги линии. За

ПОРТА


Трендови на користење на различен превоз во Европа

подолгите и за приградските линии се препорачува користење на автобуси на природен гас. Модерните автобуси на природен гас ги исполнуваат EURO VI нормите, и имаат

46

ПОРТА

значително пониски емисии на PM честички и азотни оксиди споредено со EURO VI дизел автобусите. Исто така, тековните трошоци за гориво на овие автобуси се далеку пониски.

Неодамна надлежните најавија воведување на нов концепт на јавен превоз, т.н BRT (Bus Rapid Transit) или метробус. Токму со ваков систем, градот кој отсекогаш бил синоним за сообраќајниот метеж, успева да одговори на предизвиците. Метробус системот во Истанбул е проектиран со цел да обезбеди ниски трошоци, брза услуга за жителите на градот кои патуваат во правец исток –запад и обратно. Првиот ваков систем на брз автобуски превоз во Турција е всушност и прв трансконтинентален BRT (Bus Rapid Transit) во светот. Овој концепт на сообраќај ги обединува позитивните страни на превоз со автобус и метро (брзина и ефикасност, наспроти ниска инвестиција и ниски трошоци), објаснува Танчевски. Истанбул успева за кратко време со ова свое решение да го ублажи сообраќајниот метеж, да го подобри квалитетот на јавниот транспорт, и најважно од се – да го намали загадувањето на воздухот. Се проценува дека намалувањето на емисиите на CO2 во градот изнесуваат 167 t/дневно со значително намалувања на потрошувачката на гориво поради помалите застои и поефикасниот сообраќај, споредено со ситуацијата претходно. Во комбинација со флотата од електрични автобуси како и трамваите, ова е добро решение за подобар квалитет на воздухот. Ова е добар пример и за другите градови, преку кој може да се влијае на подобрување на квалитетот на животот, јавното здравје и сл. Сите овие фактори треба сериозно да се земат во предвид при одлучувањето за било каква инвестиција поврзана со јавниот транспорт особено во големите градови, нагласува Танчевски. Јавниот превоз во големите светски градовие значаен аспект во квалитетот на животот, но кај се запоставува. Танчевски дава објаснување што е тоа што нам ни недостасува. “Има значителна


разлика во улогата и квалитетот на јавниот градски превоз во земјите во развој и развиените земји. Во земјите во развој, потребно е да се обезбеди едноставна и евтина услуга. Во развиените земји, се нуди висококвалитетна услуга, во комбинација со политика на одвраќање од употреба на автомобилите. Мерките кои ги преземаат градовите за обезбедување на одржлив јавен транспорт опфаќаат урбанистички и архитектонски, сообраќајни, образовни, репресивни, стимулативни и други мерки“, вели Танчевски. Според него кај нас, забележан е тренд на намалување на бројот на патници во јавниот превоз, поточно од 52,99 милиони во 2014 година на 44,73 милиони во 2018. Во истиот период расте просечната потрошувачка на гориво, а се намалува просечната брзина на возилата, во комбинација со голема искористеност на ресурсите. Тоа покажува дека параметрите на јавниот автобуски превоз во

Скопје се влошуваат, Објектот Тулип а патниците одбираат други форми за реализација на мобилноста. Сите учесници во јавниот автобуски транспорт во Скопје (ЈСП и приватните превозници), ги сервисираат линиите согласно пропишаниот возен ред од Град Скопје. Драстичното намалување на бројот на патници упатува дека е потребна сеопфатна анализа на причините кои довеле до ваквата состојба. Урбаната мобилност е генератор на развојот во модерните градови. За успешно решавање на јавниот автобуски транспорт е потребно да се вклучат сите релевантни чинители, односно надлежните институции, академската заедница, граѓанските организации и пошироката јавност, објаснува Танчевски. Порта 3 се обиде да добие одговор за вклученоста на граѓанските организации во креирањето на политиките од оваа област. Побаравме мислење од МАЦЕФ, но од таму не добивме никаков одговор. До Центарот за

климатски промени испративме прашања за тоа дали граѓанските организации се доволно вклучени во креирањето политики кога станува збор за урбанизацијата и сообраќајот и за какви се конкретно нивните искуства кога станува збор за решенијата кои се нудат во областа на јавниот превоз. Исто така, ги прашавме колку сегментот на сообраќајот воопшто, а посебно јавниот превоз во Скопје е препознаен како фактор на влијание од аспект на борбата со климатските промени. Град Скопје има направено студија Resilient Skopje, но дали предложените решенија подоцна се спроведуваат во пракса. Центарот за климатски промени учествуваше во подготовката на вториот национален извештај за климатските промени. Кои се сознанијата до кои се дојде a propos јавниот превоз во Скопје. Колку проекти биле реализирани, колку средства и какви се ефектите. Но, од Центарот за климатски промени ни рекоа дека нема да ни дадат одговор на прашањата. n

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


земјотресно инженерство

Подобрување на сеизмичките карактеристики на мостови со вискозни пригушувачи Еден од методите за намалување на веројатноста за појава на перманентни деформации на мостови е внесување на дисипатори на енергија во истите

М

остовите се едни од најважните конструкции кои можат да бидат од животно значење, бидејќи нивното рушење како резултат на сеизмичко дејство може сериозно да ги наруши активностите за заштита и спасување. Повеќето мостовски конструкции се проектирани со помал капацитет од оној кој е потребен за еластично однесување за време на земјотрес, така што се очекува да претрпат конструктивни оштетувања поради нивниот 48

ПОРТА

31 јануари 2020

нееластичен одговор при силни земјотреси. Нееластичниот одговор обично води кон постојани пластични деформации на конструкцијата после земјотрес. Конвенционалниот начин на проектирање на мостови предвидува нееластични деформации кај пластичните зглобови на столбовите каде се дисипира енергија. Сепак, значителните пластични деформации во столбовите можат да доведат до поместување на


ЗА ДА СЕ НАМАЛИ РИЗИКОТ ОД ОШТЕТУВАЊЕ горната конструкција, што ќе го наруши нормалното функционирање на мостот. Еден од методите за намалување на веројатноста за појава на перманентни деформации на мостови е внесување на дисипатори на енергија во истите. Извршена е анализа на влијанието на пасивните уреди за дисипација врз сеизмичкото однесување на АБ мостовски конструкции со три распони кои се типични за Република Македонија. Врз основа на анализата на податоците за сите мостови лоцирани на магистралните патни правци и автопатишта во Македонија, селектиран е АБ мост со три распони. (сл. 1). Средните столбови кај овој тип на мост најчесто се АБ ѕидови кои, слично на крајните столбови, се фундирани врз лентовидни темели. Горната конструкција се состои од носачи кои се потпираат врз потконструкцијата преку еластомерни лежишта кои ја потпираат континуираната АБ плоча. За овој репрезентативен мост, беше дефиниран и анализиран просторен аналитички модел со конечни елементи со користење на верифицираниот компјутерски програм FELISA/3M [1]. Детален опис на аналитичкиот модел е даден од Витанова, 2015 [2].

Увидот во ефектот од присуство на пригушувач во мостовската конструкција беше добиен со користење на временската историја на забрзување од земјотресот во Ел Центро со максимално забрзување на тлото од 0,4 g. Резултатите од анализите покажаа дека користењето на вискозни пригушувачи поволно влијае на динамичкото однесување на конструкцијата со дисипирање на енергијата која ја предизвикува земјотресот, со што се спречува пренесување на енергијата на конструктивните елементи на мостот и на тој начин се намалува ризикот од оштетување на делови од мостот и оттука на целата мостовска конструкција.

Сл. 1 Типичен греден мост со повеќе распони, систем проста греда Дополнително пригушување во мостовската конструкција беше воведено со користење на Maxwell-ов тип на пригушувач кој се состои од еластичен федер и вискозен пригушувач кој е поврзан во серија. За нумеричка анализа беше користена теоретска хистерезисна петелка со n=0.15, како што е прикажано на сл. 2. Сл. 3 Временски истории на поместување за мостовската конструкција со и без вискозен пригушувач во правец x и y

Сл. 2 Теоретска хистерезисна петелка за вискозен пригушувач од Maxwell-ов тип

Сл. 3 покажува дека поголемо намалување на поместувањето од 43 % се добива во правец x, додека во правец y, намалувањето изнесува 20 %. Истата тенденција е видлива за временската историја на забрзување со намалување од 30 %. Резултатите за брзина презентирани на сл. 7 укажуваат на пониски вредности од 26 % во правец x и 15 % во правец y. За мостовската конструкција со и без вискозни пригушувачи, зависноста сила – поместување во подолжен и попречен правец е дадена на сл. 4. Резултатите покажуваат дека во подолжен правец мостовската конструкција без пригушувачи дисипира помала енергија при што се развиваат поголеми сили, додека со помали сили и поголема енергија се дисипира мостовската конструкција со пригушувачи. Во правец y, нема видливи разлики. 31 јануари 2020

ПОРТА

49


Сл. 4 Временски истории на брзина за мостовската конструкција со и без вискозен пригушувач во правец x и y

Сл. 5 Дијаграми-сила – поместување за мостовската конструкција со и без вискозен пригушувач во правец x и y ЗАКЛУЧОЦИ Користењето на уреди за дисипација претставува релативно нов концепт во асеизмичкото проектирање. Иако повеќето постојни апликации се во полето на мостовски конструкции, сепак не постои конзистентна методологија за нивно користење и оцена на соодветните позитивни ефекти. Резултатите презентирани во ова истражување потврдуваат дека користењето на овие дисипирачки уреди претставува ефикасен концепт кај мостовските конструкции. Исто така, покажано е дека приодот со дисипација води кон релативна лесна имплементација на модели најмалку во проектните фази кои вклучуваат анализа на алтернативни решенија и претходна евалуација на внатрешни сили и поместувања. Вискозните пригушувачи се ефективни во подобрувањето на карактеристиките на мостови во динамички услови со дисипација на енергија. Тие внесуваат пригушување во системот и последователно ги намалуваат барањата во врска со поместувањето, забрзувањето и брзината. Ова би можело да резултира во поедноставни врски и помала цена на градење. Уште повеќе, може да се постигне намалување па дури и елиминирање на конструктивните оштетувања како и загуби во врска со сообраќајот по сеизмички настани со што ќе се постигнат значителни економски позитивни ефекти. n Автори на текстот: доц. д-р Марија ВИТАНОВА вонр. проф. д-р Александра БОГДАНОВИЌ проф. д-р Виктор ХРИСТОВСКИ

50

ПОРТА

31 јануари 2020


ПОРТА


eкологија

Катаклизма на

„огнениот континент“ Изгорени се преку 11,8 милиони хектари површина, во пожарите досега животот го загубија повеќе од 20 лица, вклучувајќи и неколку пожарникари, уништени се повеќе од две илјади домови, а во пожарите загинале половина милијарда диви животни

52

ПОРТА

31 јануари 2020


АВСТРАЛИЈА СЕ СООЧИ СО РАЗОРНИ ПОЖАРИ И ОГРОМНИ ПОПЛАВИ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА

А

встралија од септември се соочува со суша и страшни пожари кои беше тешко да се стават под контрола и се чинеше дека само дождови може да помогнат во справувањето со огнената стихија. Но, ситуацијата во Австралија со почетокот на годината навистина излезе од контрола. Се случија разорни пожари, а потоа невидени поплави. Иако пожарите во Австралија се вообичаени во текот на жешкото лето, кое почнува во декември, тие оваа сезона се појавија порано поради високите температури и силните ветрови, но и од намерно палење. Од пожарите во Австралија причинета е штета од стотици милиони долари. Уништена е површина со големина колку Јужна Кореја, има изгорено преку 11,8 милиони хектари површина, во пожарите досега животот го загубија повеќе од 20 лица, вклучувајќи и неколку пожарникари, уништени се повеќе од две илјади домови. Но, нема мир за луѓето, но и за животните во Австралија. Научниците проценуваат дека во пожарите загинале половина милијарда диви животни. Друштвата за осигурување ја проценуваат актуелната штета на 700 милиони австралиски долари, но се очекува тој износ да се зголемува. Австралиската сезона на шумски пожари сè уште не е завршена, таа вообичаено трае до март. Пожарите во Австралија би можеле да го чинат туристичкиот сектор најмалку 3,1 милијарди американски долари до крајот на годината. Туристичкиот сектор во Австралија „тежи“ вкупно 130 милијарди австралиски доалри, од кои околу 45 милијарди се резултат на странските гости. Туристичкиот сектор сочинува околу шест проценти од економијата на Австралија. Тој е четврти најголем извозен сектор во Австралија, по железната руда, јагленот и природниот гас. Во 2018/2019 година неговиот придонес во австралиската економија беше 39,1 милијарди американски долари. Пожарите во Австралија не се нешто ново. Австралиски експерт смета дека на „огнениот континент“ треба да се врати традицијата на Абориџините на палење шуми за да се спречат големите пожари. Професорот Стивен Пајн, кој е почитуван американски експерт за историја на

животната средина и пожарите, тврди дека тоа е решение. Професорот вели дека Абориџините редовно палеле шуми и така се заштитувале од големи пожари. Идејата е едноставна и одамна позната на човештвото – контролирани пожари можат да отстранат поголеми површини шума и вегетација. Кога

во време на суша ќе почнат дивите пожари, тие нема да имаат простор да се шират. „Во пределот во кој доминирале Абориџините имало повеќе јагленисани површини, но затоа пожарите беа помалку жестоки. На Австралија ѝ требаат повеќе пожари – но од вистински вид. Денес имаме

31 јануари 2020

ПОРТА

53


премногу лош, а премалку добар оган“, вели Пајн. Стивен Пајн, професор емеритус на Државниот универзитет на Аризона и автор на повеќе капитални книги за пожари, вели дека луѓето почнале повеќе да се водат од емоции кон природата, кенгурите и коалите, и оти така е занемарена безбедноста. „Така Австралија повторно се врати на 54

ПОРТА

31 јануари 2020

колонијалната филозофија за борба против пожари од секаков вид. Пожарникарите сега користат авиони како видлив симбол на модерност. Сето тоа е политички театар“, наведува тој. Експертот за екологија и пожари ја нарекува Австралија „огнен континент“ каде пожарите се природна состојба како што е мразот во Сибир. „Австралија милиони години е изложена на пожари, така што нејзиниот животински и растителен свет се прилагодени“, тврди Пајн. Само на тој континент животните и растенијата научиле да користат оган. На пример птиците грабливки намерно носат запалени гранки и шират оган за да го избркаат пленот на отворено. Или растенијата чии семиња се обвиткани со восок – тој се топи само со силен пламен и тогаш семето паѓа во земја и растението преживува. Долго пред Европејците да ја освојат и колонизираат Австралија, се користеле противпожарни техники наречени „културно палење“. Пламените на ниво на колена се наменети да горат постојано и низ целиот терен. Овие пожари го горат секое потенцијално гориво, како што се суви гранчиња и наносите на лисјата, што значи дека природниот шумски пожар има помалку од тоа да проголта. Сега по пожарот во Австралија кој избувна минатата година, повиците за повторно враќање на оваа техника станаа сè погласни. Но, тоа требаше да се случи порано, според еден експерт за абориџинско наследство. „Земјата покриена со вегетација мора да гори“, вели Шенон Фостер. Таа е чувар на

наследството на луѓето од Дархалал - кои го пренесуваат знаењето стекнато од нејзините предци - и предавач на абориџинското наследство на Универзитетот за технологија во Сиднеј. Повеќето информации од предците што таа ги споделува се однесуваат на диви растенија. „Ова е концепт за одржување на земјата тоа е клучно за сè што правиме ние како Абориџини. Суштината е во она што можеме да го вратиме на земјата, не само во тоа што можеме да ѝ го земеме. Земјата е персонифицирана во рамките на абориџинската култура. „Земјата е наша мајка. Таа нè одржува во живот “, вели Фостер. Таа врска ги менува приоритетите околу превентивното палење. Иако современите власти преземаат чекори за да го намалат ризикот од катастрофа, со акцент на заштита на животи и имот, Фостер вели дека „тоа не функционира“. „Сегашното контролирано палење уништува сè. Тоа е наивен начин да се спроведе управување со пожари и тие не ги слушаат домородците кои најдобро ја познаваат земјата. Културното палење ја заштитува околината холистички. Ние сме заинтересирани да ја заштитиме земјата, а не имотот. Не можеме да јадеме, пиеме или дишеме имоти. Без земја, немаме ништо“, вели Фостер. Домородното културно палење работи во согласност со ритамот на околината, привлекувајќи торбари и цицачи што Абориџините потоа можат да ги ловат. „Тивкото палење ја обновува земјата и го подобрува биодиверзитетот - пепелта е ѓубриво, а калиумот поттикнува цветање. Тоа е сложен циклус заснован на културно, духовно и научно знаење. Тие, исто така создаваат еколошки мозаици“, вели Фостер

Шенон Фостер


и додава дека тоа може да доведе до корисни микроклими. Според неа мекото палење го стимулира дождот - ја затоплува околината до одредено атмосферско ниво, а штом тие се топли и ладни, се појавува кондензација дожд - што помага во потиснување на пожарите. Нејзините абориџински старешини во Сиднеј веќе некое време ги проценуваат растенијата што никнуваат и екстремно сувите гранчиња и предупредуваат дека доаѓа огромен пожар. Но, кога тие барале дозвола локалните власти им го забраниле културолошкото палење. По катастрофалните шумски пожари Австралија сега се бори со временски екстреми од друг вид.

Од громови и поројни дождови погодени беа делови од источниот брег на Австралија, а поради поплавите затворени се одредени главни патни правци. Австралиските држави Викторија, Нов Јужен Велс и Квинсленд, кои најмногу беа погодени од сушата и пожарите сега се справуваат со поплави предизвикани од поројните дождови. Во Квинсленд затворени се патишта, како и многу паркови и туристички атракции. Додека невремето во делови од Нов Јужен Велс предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија, а противпожарната служба соопшти дека поројниот дожд помогнал да се стават под контрола 75 пожари. Во одделни области наврнале до 33 сантиметри дожд, а

метеоролозите предупредуваат од нагли поплави. На брегот јужно од Бризбејн две лица морале да бидат спасувани од надојдувачката вода. Дожд наврна колку за еден месец, предизвика поплави кои не се забележани во изминатиов век. Во исто време во делови од Австралија, каде не врне дожд, сè уште се активни 100 пожари во кои загинаа 29 луѓе, уништени се повеќе од 2.500 домови, а опожарена е површина колку Германија. Во Викторија сè уште горат десетина пожари, но е анулирана наредбата за евакуација на жителите во планинскиот предел. И во таа сојузна држава дождот помогна во гаснење на пожарите, но се создаде густ чад. n

31 јануари 2020

ПОРТА

55


најчудни градби

Од музеи под песок, до гигантски х Претставуваме нешто, што според својата идеја претставува уникатност, но и своевидна чудна вљубеност во дизајнот и структурата Драган РИСТОВ

Г

одината е пред крај. Како и секогаш, статистиките се тука да нè потсетат на нешто што сме пишувале, а се

подзаборавило, но и на нешто ново, што поминало, а не се споменало. Овој пат, имаме за цел да избереме пет најдобри дизајни на објекти, без оглед дали станува збор за облакодери или стандардни

објекти за домување. Целта е една, да претставиме нешто, што според својата идеја претставува уникатност, но и своевидна чудна вљубеност во дизајнот и структурата. КИНЕСКИ ЦЕНТАР ЗА СОВРЕМЕНА УМЕТНОСТ Иако станува збор за уметнички проект (објект), истиот е граден на специфичен начин. Откако е направена целата конструкција, објектот е затрупан во песок! Објектот се наоаѓа на брегот на морето Бохаи во провинцијата Хебеи, во североисточна Кина. Оддалечен е 300 километри или 90 минути со воз од Пекинг. Има карактер на музејски објект, со специфична намена за модерна уметност. Дизајнот е на кинеското студио ОПЕН, а со него раководи фондација. Објектот се градел три години. По самото завршување, веднаш била поставена првата поставка на современи уметнички слики. Музејот има површина од 930 квадратни метри и содржи десет галериски простории и кафетерија. Откако бил конструиран, целиот објект е покриен со песок. На тој начин, тој е интегриран во самата плажа. Самиот дизајн на галериите, е во кружни сфери, од кои, некои имаат и отвори на кровот преку кои се гледа небото, а влегува и природна светлост. Уште кога се градел, се знаело дека ќе се потрупа со песок. Поставени се и скалила, во една од галериите, кои водат до врвот, како еден вид на набљудувачница. Целта заради која дизајнерите се одлучиле да го инкорпорираат објектот во песокот, е за да не се наруши екосистемот и истиот да биде дел од природата.

ПОРТА


ВО СВЕТОТ ВО 2019 ГОДИНА

хотели со дупки во средината

РЕЗИДЕНТНИОТ КОМПЛЕКС „БРАН“ ВО ДАНСКА „Болген“ во превод од дански јазик, значи „Бран“. Со него е именуван модерниот станбен комплекс изграден од страна на компанијата „Скајтехус“ според дизајн на архитектот Јорн Утзон, а инспириран од познатата опера во Сиднеј. Станува збор за комплекс, кој наликува на бран, составен од пет самостојни станбени згради. Сите имаат форма на триаголник, а во низа даваат форма на бран. Целиот комплекс, располага со 150

станбени единици на површина од близу 14 илјади квадратни метри. Секој објект има девет катови. Дизајнот веќе освоил неколку престижни награди во Данска и се смета за едно од главните архитектонски обележја на градот Веље во Данска, каде што се наоѓа. Освен домашните награди, дизајнот е добитник на граѓанската награда на градот Манчестер во Британија. Иако дизајнот изгледа едноставен, сепак според критичарите, истиот е во совршенство со природата.

КУЛАТА „ЛИ ЗЕ“ ВО КИНА Ле-За СОХО или оригинално позната како „Ли Зе“, е облакодер, еден од најмодерните во светот, кој е изграден во финансискиот дистрикт на Пекинг во Кина. Земјата на која е изграден, е купена за 288 милиони долари во 2013 година, објектот почнал да се гради во 2015, а е отворен за јавноста на 19 ноември 2019 година. Зад дизајнот, стои потписот на славниот архитект Заха Хадид. Ова е само еден од предвидените три облакодери, со ваков дизајн, кои се градат во околината. Облакодерот е висок 190 метри, има ротирачка фасада во чие средиште е огромен и неверојатен атриум. Зградата има 45 ката и површина од 172.800 квадратни метри. Иако објектот е многу помал од Бурџ Калифа (највисоката зграда во светот во Дубаи), атриумот на Ли Зе е најголем во светот. Атриумот е дизајниран во распон од 45 степени, со што се овозможува да влезе природна светлина на секој кат. Структурални прстени на секое ниво, четири небесни мостови, и двојна изолирачка-стаклена фасада ги обединува двете „кожи“ на овој облакодер. Пристапот до објектот е многу лесен, преку метрото кое поминува под неа. Иако облакодерот, според висината се смета за објект од средна големина, фасадата и атриумот ја прават посебна, и вистинско место да бидете на еден од мостовите и да уживате во внатрешноста. 31 јануари 2020

ПОРТА

57


НОВИОТ НАЦИОНАЛЕН МУЗЕЈ НА КАТАР ВО ДОХА Националниот музеј на Катар во Доха, не е обичен музеј. Отворен е за јавноста на 28 март 2019 иако било планирано, градбата да биде завршена три години порано. Во основа, новиот музеј, никнал близу местото на стариот, но со една нова димензија, која го прави „неверојатен“. Објектот го дизјанирал архитектот Жан Нувел, кој црпел инспирација од пустинскиот кристален цвет. Целиот музеј, гледан од птичја перспектива, повеќе изгеда како станица за НЛО, или седиште на некоја вселенска агенција, бидејќи има таква модерна форма, што ретко може да се види низ светот. Во срцето на музејот, се наоѓа т.н. палата на шеикот Абдула бин Џасмин Ал Тани. За да бидат сигурни дека сè ќе биде во ред, властите ја довериле изградбата на германска градежна компанија. Музејот зафаќа површина од 40 илјади квадратни метри. Освен објектот, има парк со површина од 115 илјади квадратни метри, со вештачка лагуна, паркинг место за 400 возила, аудиториум со 220 седишта, лаборатории, два ресторани, кафетерија и музејска продавница. Основен елемент на дизајнот е големиот диск, кој штити од високите температури со фрлање на сенки, 58

ПОРТА

31 јануари 2020

а испреплетувањето на катовите, остава впечаток дека се движите низ клисура со слоеви на земја. Внатрешноста е уште поимпресивна од надворешноста. Доволно е само еден поглед, за да сфатите дека се

наоѓате во некаков вонземен свет, а не во музеј. Според веб-порталите за архитектура, овој музеј е на листата на топ дестинации за посета во 2019 и 2020 година.


МОРФЕУС ХОТЕЛ ВО МАКАО Досега немате видено објект, зграда, дизајн, во чие средиште се наоѓаат дури три дупки! Таков е дизајнот на хотелот Морфеус во Макао. Дизајнот, повторно ѝ припаѓа на Заха Хадид. Иако, објектот бил завршен во 2018, малку подолго се чекале безбедносните тестови за да може да ги прими првите гости на почетокот на 2019 година. Според архитектите, овој хотел, според дизајнот е првиот од таков вид, на слободна структура со егзоскелет, како фасада. Во суштина, егзоскелетот, дополнително ја стабилизира внатрешноста, па нема потреба од дополнителни потпорни столбови или колони на внатрешни ѕидови за стабилност. Со тоа, објектот има интегритет, но и форма на гигантска скулптура. Самиот дизајн, е доволно интригантски, бидејќи е надвор од традиционалата градежна форма и структура. Уште кога студиото на Хадид во 2012 го претставило дизајнот, постоел голем интерес за да се откупи и изгради. Суштината на објектот, како што се гледа од фотографиите, е дизајн на две странични структури кои се споени во основата и на врвот. Егзоскелетот, е како „паразит“ врз основната фасада, и е инспириран од начинот на резба со кој традиционално во Кина се обработувале тврди минерали. Три хоризонтални вители (дупки) во правоаголната структура на објектот,

генерираат празнини низ зградата и ги дефинираат драматичните внатрешни јавни места на хотелот. Тие создаваат уникатни аголни апартмани со спектакуларен поглед на атриумот и градот. Овој аранжман го зголемува бројот на хотелски соби со надворешен поглед и гарантира еднаква дистрибуција на простории од двете страни на зградата. Зошто било важно, да се направи ваков дизајн, кој ќе го привлекува секој поглед, доволно е да се каже, дека Макао го

посетуваат годишно над 30 милиони туристи, а едно ноќевање во обична еднокреветна соба во Морфеус хотелот чини над 70.000 денари, во зависност од времето и букирањето. Објектот има 40 катови, содржи 770 соби, има подиму од три ката, содржи луксузни апартмани на самиот врв, од чии цени ќе ви се заврти во главата, а освен кафулиња, ресторани, стандардни придружни објекти има и специјален салон за видеоигри и базен на кровот со уникатен поглед. n

31 јануари 2020

ПОРТА

59


уметност

Дигитална изложба Monet,

Елена СИМЈАНОСКА, дипл. инж. aрх.

Б

арселона е еден од оние градови со широк спектар на уметности. Архитектура сочинета од историски објекти, добро познатите дела на Антони Гауди, спектакуларната уметност на Лудвиг Мис ван дер Рое, па сè до модерната архитектура на маестралните творци Сантијаго Калатрава, Френк Гери, Норман Фостер, Тојо Ито... Кога на сето тоа ќе додадете медитеранска клима, улици исполнети со дрвореди и прекрасни плажи, Барселона е одлична дестинација за посета во текот на целата година. Покрај беспрекорната архитектура, градот изобилува со бројни културни настани и изложби. Имено, со развивањето на новите технологии, сè повеќе сме сведоци на различната интерпретација на уметноста, почнувајќи од светлосната инсталација на Ивана Јелиќ и Павле Петровиќ на делото на Винсент ван Гог – Ѕвездена ноќ – кое беше презентирано преку Лед инсталација над каналите на Амстердам, како дел од Амстердамскиот фестивал на светла, потоа дигитална изложба на познатите дела на Винсент ван Гог во Париз, па сè до

60

ПОРТА

31 јануари 2020

дигиталната изложба со 360 ° проекција и виртуелна реалност на изложбата на Клод Моне – Monet, the immersive experience во IDEAL – Центар за дигитална уметност во Барселона. Изложбата Monet, the immersive

experience е отворена од ноември па сè до крајот на февруари 2020 година. Презентирани се најпознатите дела на Клод Моне, кој е еден од основачите на правецот импресионизам, правец кој го добива името по неговата слика „Импресија,


БАРСЕЛОНА, УБАВИНИТЕ И УМЕТНОСТИТЕ

the immersive experience изгрејсонце“. Делата иновативно се презентирани на екрани од илјада метри квадратни со дигитална проекција во целиот простор, при што преминот од една слика кон друга е пропратен со добро селектирана музика, што ѝ дава посебна хармонија на целата изложба и ни овозможува едно сосема поинакво доживување. Пред самиот крај од изложбата посетителите имаат можност на една невообичаена прошетка низ уметничките дела на Клод Моне преку виртуелна реалност при што поминувате од една слика во друга со 360 ° проекција, така што за момент и вие сте дел од таа приказна. Создавањето на една ваква врска меѓу новите технологии и безвременските дела е токму тоа што ги прави овие изложби посакувани и широко посетувани. Сè додека се развиваме и напредуваме паралелно со развојот на технологиите и можностите кои ни ги нуди ова време, а притоа сè уште ги славиме и ги запознаваме новите генерации со делата на спектакулрните уметници од едно друго време, на вистинскиот пат сме!

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.