ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
290 МАРТ 2020
Да се погледнеме и да проговориме за нашиот професионализам Манастирот Трескавец, бисер на архитектурата и духовноста Ивон Фарел и Шели Макнамара добитнички на Прицкер наградата за архитектура за 2020 година
90 ДЕНАРИ
ПОРТА
СОДРЖИНА
10
14
ИНФО 6 ПОРАДИ КОРОНАВИРУСОТ СЕ НАМАЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО ВО КИНА И ВО ИТАЛИЈА
РЕГИОНИ 8 ИНТЕРВЈУ 10 ДА СЕ ПОГЛЕДНЕМЕ И ДА ПРОГОВОРИМЕ ЗА НАШИОТ ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ
АРХИТЕКТУРА 14 УСППЕАЛЕ ДА ЈА СОВЛАДААТ ПРОПОРЦИЈАТА И ИГРАТА СО ГОЛЕМИНАТА НА ВОЛУМЕНОТ НА ПРОСТОРИТЕ
28
АРХИТЕКТУРА 22 ВРЕМЕ Е ЗА МУЗЕЈ НА АРХИТЕКТУРА
АРХИТЕКТУРА 28 МУЗЕЈСКИ КОМПЛЕКС СУШ ВО ДОЛИНАТА ЕНГАНДИН, ШВАЈЦАРИЈА
УРБАНИЗАМ 32 КАТНОСТ И ПОВРШИНА НА ОБЈЕКТ СЕ ВАРИЈАБИЛА И СЕ СТЕКНАТО ПРАВО ОТКАКО ЌЕ СЕ ВПИШЕ ВО ЈАВНА КНИГА
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 38 МАНАСТИРОТ ТРЕСКАВЕЦ, БИСЕР НА АРХИТЕКТУРАТА И ДУХОВНОСТА
38
ЕНТЕРИЕР 44 ИДЕЈАТА НА РИТАМОТ И ХАРМОНИЈАТА ПРОВЛЕЧЕНИ КАКО МОТИВ
ТЕХНОЛОГИЈА 48 КОЛКУ Е ШТЕТНА 5G ТЕХНОЛОГИЈАТА – ФАКТИ И/ИЛИ КОНТРОВЕРЗИИ?
ЕКОЛОГИЈА 52 „ЗЕЛЕНАТА ЗЕМЈА“ МОЖЕ ДА ГО ПОПЛАВИ СВЕТОТ
НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 56 ЧЕЛИЧЕН ОСТРОВ ВО ФОРМА НА ШКОЛКА НА СРЕДИНА НА РЕКА
ПОРТА
25 јули 2014
44 48
52
ГОДИНА XII
БРОЈ 290 ПЕТОК 27.3.2020 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Ситуација со која се соочува светот, а која не ја одмина ниту нашата земја, вирусот Ковид 19, предизвика бројни здравствени проблеми, однесе многу човечки жртви, светот ги затвори своите граници, се затвораат многу фирми, економијата има големи последици. Она што целиот свет го вели е седете дома. Порта 3, како општествено одговорен медиум, речиси целиот овој број го подготвуваше од домашни услови. Но, тоа не значи дека нема да понудиме, како и секогаш, интересни и читливи текстови, а се со цел да ви помогнеме за полесно поминување на времето дома. Содржините ги почнуваме со информации дека во земјите најпогодени од Корона вирусот, Кина и Италија, има големо намалување на загадувањето. Кризата со корона вирусот во се проценува дека спасила десетици илјади животи преку драстичниот пад на аерозагадувањето од фабриките и возилата, Во рубриката Региони може да се прочита за активностите што ги имаа некои локални самоуправи, а кои се одвиваа пред воведувањето на вонредната состојба за намалување на ширењето на коронавирусот. Оваа година Инженерската институција на Македонија прославува 100 години постоење. Претседателот на Асоцијацијата на здруженија на инженерите - Инженерска институцијана Македонија, во интервју за Порта 3, дава одговори за тоа кои се активностите на оваа Институција, што е направено низ овој век во македонската индустрија, за сертифицирањето на инженери, техничари и работници од градежниот сектор за познавања од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, што тоа значи за домашните компании, кој сегмент од инженерската професија е најбаран како кај нас така и во светот. Како и секоја година, во мартовското издание на Порта 3 може да се прочита за добитниците на Прицкеровата награда за архитектура. Нашиот дописник од Лондон, во овој број, дава осврт за годинешните добитници и нивната работа. Ивон Фарел и Шели Макнамара, тие се првите лауреати на оваа награда од Ирска, првите две жени добитнички заедно. Ниската грижа и посветеност на институциите наложува потреба од отворање на Музеј за архитектура. Тоа треба да биде музеј со многу бази на податоци за архитектурата. Музејот да биде втор дом за архитектите, а негова цел да биде афирмација на архитектонското културно наследство, развојот на
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
архитектурата, истражувањето и размената на идеи. Најдобар објект за 2019 година во Швајцарија е Музејскиот комплекс Суш во долината Енгандин. За оформување на овој музејски комплекс адаптирани се и реконструирани неколку објекти од руралниот манастирски комплекс. Музејот во објектот е ,,залепен до карпа“. Во областа урбанизам експертите даваат објаснување за терминот „Стекнати/Стечени права“ и за заблудите околу тоа. Објаснувањето следува откако се актуализираше во јавноста прашањето за просторот кај поранешната фабрика „Треска“ со што повторно се јавија старите болки за тоа што да се прави со конкретен простор и како тој да се подведе во урбанистичко планските документации во изработка. Убавото време минатиот месец, екипата на Порта 3 го искористи за посета на манастирот Трескавец кој е бисер на духовноста и архитектурата. Зачувувањето на објектот како автентичен споменик на културата, неговата првобитна функција или на места воведување на нова, со унапредувањето на комфорот во конаците кои се предмет на реконструкција и смалување на потрошувачката на енергија, се тежело кон воспоставување на модел на одржливост. Интересно четиво во овој број има во областа технологија. Нашиот соработник ги пренесува стручните и помалку стручните мислења и бројните шпекулации за тоа колку е штетна 5G технологијата која се одликува со поголема ефикасност на уредите, поголема сигурност на мрежата, како и можност за спојување до милион уреди на квадратен километар. Во областа екологија во овој број ќе може да се прочита за опасноста која му се заканува на светот од „Зелената земја“. Гренланд можеби е далеку, но брзото топење на мразот заради климатските промени, може да го поплави светот. Секој сантиметар пораст на нивото на морето носи ризик од поплавување на крајбрежјето и ерозија на почвата, што ги загрозува животите на луѓето низ целиот свет. Во рубриката Најчудни градби може да се прочита за челичен остров во форма на школка кој се наоѓа на средина на река. Оваа екстравагантна челична конструкција на американскиот уметник Вито Аконси е островот во реката Мур во австрискиот град Грац. Она што се нарекува остров, всушност е еден вид на брод е врска меѓу реката и градот, прекрасно место за пиење кафе или уживање. ОД РЕДАКЦИЈАТА 290
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Манастирот Трескавец, бисер на архитектурата и духовноста
AРХИТЕКТИ ИВОН ФАРЕЛ И ШЕЛИ МАКНАМАРА ФОТО ROS KAVANAGH 90 ДЕНАРИ
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ
МАРТ 2020
Да се погледнеме и да проговориме за нашиот професионализам
Ивон Фарел и Шели Макнамара добитнички на Прицкер наградата за архитектура за 2020 година
Насловна страница УРБАНИСТИЧКИОТ ИНСТИТУТ НА ИРСКА, ДАБЛИН
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 26.3.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
Поради коронавирусот се намали
Намалувањето на аерозагаденоста за два месеца најверојатно спасило животи на четири илјади деца до петгодишна возраст и на 73 илјади луѓе на возраст над 70 години во Кина Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
К
6
ПОРТА
орона вирусот со кој светот се бори веќе неколку месеци однесе многу човечки животи. Светот ги затвори своите граници, луѓето седат во домовите затоа што тое е единствената заштита од вирусот. Последиците од корона вирусот светот допрва ќе ги
брои, но она што како „корист“ излезе од него е што во деловите кои беа најпогодени како Кина и Италија, доведе до намалување на загадувањето. Кризата со корона вирусот во Кина се проценува дека спасила десетици илјади животи преку драстичниот пад на аерозагадувањето од фабриките и возилата, покажуваат анализите на професорот Маршал Бурк, научник од Стенфорд универзитетот. Бурк во студијата, што ја објави магазинот „Форбс“, користел податоци од сензорите на Американската влада во четири кинески градови за мерење на нивото на 2,5 ПМ честичките, коишто се сметаат за главна причина за смртност предизвикана од аерозагадувањето. Тој ги пресметал ефектите врз смртноста на национално ниво земајќи го просекот од падот на намалување на загаденоста на воздухот. Утврдил дека намалувањето на аерозагаденоста за два месеца најверојатно спасило животи на четири илјади деца до петгодишна возраст и на 73 илјади луѓе на возраст над 70 години во Кина. При ваквата конзервативна пресметка на Бурк не биле земени предвид други смртни случаи кај лицата од пет до 70-годишна возраст. Тој ги тестирал неговите предвидувања и со многу поконзервативна пресметка и повторно дошол до бројка од спасени животи на 1.400 деца и
загадувањето во Кина и во Италија
на 51.700 возрасни. „И во услови на многу поконзервативни претпоставки спасените животи како последица на падот на аерозагадувањето се за околу 20 пати повеќе од бројот на жртви на корона вирусот“, напишал Бурк. Тој предупредува дека неговите пресметки се всушност предвидувања за влијанието врз морталитетот, а не мерења, а неговите бројки не ги вклучуваат другите негативни последици од кризата со Ковид 19. „Сепак, пресметката е можеби корисен потсетник на често скриените последици по здравјето, односно на значителната цена по нашето здравје која ја плаќаме поради нашиот востановен начин на живот. Ковид-19 може да ни помогне да ја видиме многу појасно цената што ја плаќаме. Гледано пошироко, падот на загадувањето од ваков размер може да
води и до многу поголеми бенефити, сугерирајќи ни дека треба да го промениме начинот на живеење“, вели Бурк. Ефектите се најдраматични во јужна Кина, во градовите Шангај и Вухан, но веројатно тие би можеле да се повторат глобално како расте бројот на земји соочени со кризата предизвикана од корона вирусот. Тоа е особено евидентно во долината на реката По во северниот дел на Италија каде што е забележан пад на емисиите на јаглерод диоксид и на азот диоксид како резултат на редуцираниот сообраќај и намалената индустриска активност, потврдуваат од Европската вселенска агенција. Според Центарот за истражување на енергија и чист воздух, ова намалување на бројката на смртни случаи како последица од аерозагадувањето треба да се случува и на глобално ниво. Само за еден месец тоа би значело избегнување на неколку десетици илјади смртни случаи поради загаденоста на воздухот. „Ова не значи дека пандемијата се смета како некој вид прикриен благослов, имајќи ги предвид сите страдања што таа им ги донесе на луѓето, но покажува дека може лесно да се надмине хроничната и долготрајна закана по здравјето како што е аерозагадувањето, за кое се сметаше дека е тешко да се најде соодветен одговор“, велат од Центарот. Во меѓувреме, сателитот започнал да регистрира пораст на нивото на загаденоста на воздухот во Кина, како што Владата ги олеснува мерките за кризата со корона вирусот. Како што беше случај и со Кина, изгледа дека потполната блокада на Италија поради корона вирусот доведе до „прочистување“ на воздухот, а доказ за тоа се сателитските снимки кои покажуваат дека ситуацијата е значително подобра, барем кога станува збор за загадувањето на воздухот на северот на Италија. Европската вселенска агенција преку своите снимки покажа како нивото на штетни гасови драстично е намалено. Цела Италија е во потполн карантин поради катастрофалното ширење на корона вирусот. Блокадата придонесе до намалени активности, како на фабриките, така и на патувањата, па емисијата на штетни гасови значително е намалена. n
27 март 2020
ПОРТА
7
региони
Се реконструира Мултикултурниот центар во Кочани
Р
еконструкцијата и адаптацијата на Мултикултурниот центар во Кочани е во тек. Стручните служби од Општина Кочани велат дека се работи на промена на кровната конструкција. Новото решение ќе биде со изолација и ќерамиди. Во внатрешноста се отстрануваат старите
слоеви на ѕидовите. Се прават нови тоалети, а на приземниот дел од северната страна на објектот се копа до нивото на темелите за хидроизолација, која низ годините се покажа како неопходна за нормално функционирање на овој објект. Градежните работи што следуваат
опфаќаат комплетно нов водовод и канализација, ПВЦ врати и прозорци, термичка фасада, нови подови, промена на осветлувањето на објектот, сигурносна и видеоопрема, противпожарна и громобранска инсталација. Изведувач на градежните работи е „Анол импекс“ од Скопје.
Нови мурали на ѕидот кај Атомските згради
Л
иковните уметници кои пред неколку месеци почнаа да изработуваат мурали и графити на потпорниот ѕид кај Атомските згради во Кочани, на булеварот „Тодосија Паунов“, продолжуваат со работа. Поволната временска состојба овозможи овие денови таму да бидат создадени нови уметнички креации. Орхан Ќамилов, Иван Шапков, Давид Јосифов и други творци, со насликаните дела упатуваат универзални пораки за повеќе љубов, толеранција и грижа за човековата околина. Според службите за јавни дејности во Општина Кочани, оваа активност е дел од општинската Програма за култура, со која се дава акцент на урбаната односно на уличната уметност. Целта е сивите и празни ѕидови во градот да добијат уметничка димензија. На просторот на ѕидот кај Атомските згради што нема да биде насликан во оваа фаза, ќе се работи и догодина. Едновремено ќе се идентификуваат и нови локации за вакви или слични уметнички дела.
ПОРТА
Почнува реализацијата на проектот „Прилепско Езеро – Нови авантури, нови можности“
О
ткако на крајот на јануари минатата година членовите на Советот на Општина Прилеп го усвоија урбанистичкиот план за КО „Дабница“, а Општина Прилеп ги имплементираше сите потребни мерки и активности, со потпишување на договорите со изведувачот и со надзорниот орган од страна на градоначалникот Илија Јованоски, започнува реализацијата на еден од најатрактивните проекти во Општина Прилеп – „Прилепско Езеро – Нови авантури, нови можности“. Рокот за изведување на градежните работи на проектот е шест месеци, а со него ќе се подобри и унапреди областа околу езерото и ќе се придонесе за промоција на овој атрактивен предел, кој е популарно излетничко место за прилепчани. На почетокот на октомври минатата година, во Општина Прилеп беше организирана јавна презентација на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти, за потпроектот „Прилепско Езеро – Нови авантури, нови можности“. Тогаш беше презентиран списокот на активности и интервенции кои се предвидени со проектот, со посебен осврт на мерките од списокот за проверка на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти. Притоа, проект-менаџерот на овој потпроект, Борче Јанкулоски истакна дека тој е изработен врз основа на Националната правна рамка и Политиката за заштита на животната средина и социјална политика на Светска банка. „Во проектот е планирано да се изведат пет поединечни потпроекти: изведба на целосно осветлена велосипедска патека од потегот „Маркова чешма“ до село Присад во должина од 7,3 километри и ширина од три метри, со простор за паркинг на велосипеди, уредување на пристапна улица со паркинг-простор од некогашниот мотел на вештачкото езеро. Оттаму продолжува рекреативно-излетничката зона, како дел од проектот за уредување на мултимедијален простор за изведување културни и забавни манифестации, концерти и место за дружење на посетителите, со три тераси, шест летниковци и урбана опрема. Исто така, планирано е да се изградат две асфалтни спортски игралишта за кошарка, пинг-понг и за одбојка, пешачка патека во должина од 750 метри, а ќе бидат
поставени клупи и канделабри. Имплементацијата на проектот има за цел да ја зголеми пристапноста на ова подрачје како зона за активен туризам и да го врати некогашниот сјај на езерото“, изјави Јанкулоски. Поаѓајќи од фактот дека спортско-рекреативниот комплекс е на оддалеченост од околу шест километри од градот, со изградба на планираните содржини се очекува тој да биде најпосетуваната локација за граѓаните на Општина Прилеп, кои ќе имаат можност да ги користат сите содржини за спорт, рекреација, излети во природа. Изведувач на работите на проектот е компанијата „Ленди груп ДООЕЛ“ од Скопје, а надзорот на работите ќе го врши „Диви Македонија ДОО“, исто така од Скопје. Потпроектот „Прилепско Езеро – Нови авантури, нови можности“ е со вредност од 850 илјади евра. Вредноста на градежните работи изнесува 36.547.734 денари без ДДВ. Потпроектот се финансира од страна на Европската Унија и од Владата на Република Северна Македонија преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Проектот го администрира Светска банка, а истиот се спроведува од Кабинетот на заменикпретседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори.
Ќе се гради нова трибина на стадионот „Билјанини извори“ Почнати се подготвителните активности за изградба на новата трибина на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ во Охрид. Трибината согласно договорот и согласно проектот усвоен од ФФМ ќе се гради од спротивната страна на сегашната монтажна трибина на место каде досега се наоѓаа отворените асфалтни кошаркарски терени. Трибината ќе биде изградена по највисоки светски стандарди со капацитет од 1.480 седишта. Проектот го реализираат Општина Охрид и Фудбалската федерација на Македонија. 27 март 2020
ПОРТА
9
интервју
Да се погледнеме и да проговориме Христина Спасевска, универзитетски професор на ФЕИТ и претседател на Асоцијацијата на здруженија на инженерите - Инженерска институција на Македонија: „ Бидејќи сите инженерски професии не се регулирани со закон, индивидуалниот професионален ангажман и однесувањето на инженерите оставаат белег на тоа како се перципира фелата во целост“. Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. aрх.
И
нженерската институција на Македонија е најстаро здружение во државава, постои 100 години. Кој членува во Инженерската институција на Македонија и кои се Вашите активности? n Инженерската институција на Македонија е единствената професионална, непрофитна и невладина организација што ги обединува инженерите од нашата држава преку нејзините членки, а тоа се 20 здруженија од сите области на инженерството. Првото здружение на македонските инженери и архитекти е основано на 21 март 1920 година во Скопје, кога педесетина инженери и техничари се одвојуваат во посебна секција од Здружението на југословенските инженери и архитекти. Оттогаш здуржението се менувало и реорганизирало согласно општествените, економските и политичките случувања, за да денес прерасне во модерна инженерска асоцијација, членка на Асоцијацијата на европските национални инженерски организации и членка на Европската организација на млади инженери. Нејзина основна цел е организирано дејствување на инженерите при етаблирање на нивната улога во општеството и придонес во интердисциплинарната соработка, што овозможува развој на науката и на новите технологии во државата. Поради овој придонес во 2016 година, нашата организација го доби највисокото национално признание - Повелба на Република Македонија. Посветена на подигнување на свеста за родовата еднаквост, Инженерската институција на Македонија, секоја година со ЕВН, е организатор на Меѓународната конференција за жените во енергетиката и индустријата. Во работењето на Инженерска институција на Македонија особено се акцентира промовирањето на инженерството кај младите за нивна поголема професионална ориентација кон техничките факултети. Токму затоа Инженерска институција на Македонија веќе 16 години, на почетокот сама, а од 2012 година заедно со Комората на овластени архитекти и овластени инженери, под покровителство на претседателот на државата, го
10
ПОРТА
27 март 2020
доделува признанието Инженерски прстен на најдобрите дипломирани инженери. Признанието досега го имаат добиено 170 инженери кои сега се врвни експерти или универзитетски професори во земјата и странство. Во рамките на Инженерска институција на Македонија работат и Клубот на носители на инженерски прстени и Клубот на млади инженери. Наша цел е токму преку поддршката на младите, да овозможиме одржливост на нашата организација, што е и мото на овогодишниот јубилеј: „Еден век соработка за одржлив развој“. Што значи оваа асоцијација за инженерите и за Македонија и што е направено низ овој век во македонската индустрија? n Професионалниот ангажман на инженерите, независно дали е академски или стручен, секогаш е строго дефиниран во зависност од активностите или од проектите што треба да се реализираат по поставени правила и процедури, секогаш правејќи оптимизација помеѓу идејното решение и реалната употребна вредност. Она што оваа професионална организација, како невладина и непрофитна, може да придонесе е дефинирањето на генералните начела и правилата по кои инженерите треба здружено да дејствуваат, особено кога станува збор за суштинските прашања за развојот на општеството и
100 ГОДИНИ ИНЖЕНЕРСКА ИНСТИТУЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА
ме за нашиот професионализам потребите на граѓаните. Впрочем во овој еден век на дејствување многу пати инженерската фела, преку оваа организација, ги застапувала интересите на граѓаните. На пример во 1925 година на Собранието на Здружението на југословенските инженери и архитекти, македонските инженери со резолуција побарале да се подобри електрификацијата и сообраќајната инфраструктура во тогаш т.н. „јужни краеви“, но и да се отворат нови рудни наоѓалишта. Во 1945 година, согласно заклучоците на АСНОМ, почнала да дејствува како Друштво на инженерите и техничарите со цел да одговори на поставената задача - од аграрна земја, македонската држава да се индустријализира. Сведоци сме дека во тој период се направени најголемите индустриски капацитети и комуникациската инфраструктура. По формирањето на самостојна Република Македонија во 1991 година, една од наjбитните задачи на инженерските здруженија е нивно етаблирање во меѓународните струкови организации, но и ангажманот во здржувањето на младите инженери во земјата. Во 1962 година се основа и Суд на честа во склоп на здружението на инженерите. Што значело тоа? Потребен ли ни е ваков Суд денес? n Бидејќи сите инженерски професии не се регулирани со закон, индивидуалниот професионален ангажман и однесувањето на инженерите остава белег на тоа како се перципира фелата во целост. На пример, во архивските документи се кажува дека Судот на честа треба да го разгледува и казнува однесувањето на некои инженери кои работат државна работа, а сепак примаат хонорари за приватни ангажмани. Дали треба да има таков Суд денес? Секако! Можеби не како формална структура, но како фела треба, така како што нè учеле нашите професори и постари колеги, да се погледнеме и да проговориме за нашиот професионализам. Затоа што критиката на неетичното однесување може да биде само добар начин кон подобрување. Технолошкиот развој на општеството, стремењето кон брза заработувачка, без да се испорача квалитет, секако води
и до нарушување на основните инженерски начела и предизвикува нелојална конкуренција, што секако треба да биде разобличена. Последната новина што ја воведовте се сертификатите за работници кои работат во градежниот сектор, а кои имаат познавања од енергетска ефикасност. Што значи ова, како се добива сертификатот и зошто се воведе? n Инженерската институција на Македонија последните неколку години се стреми кон активности кои се сосема поразлични од досегашните, па својата самостојност и одржливост ја остварува со вклучување во меѓународни проекти. Таков е и проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ во програмата Хоризонт 2020 на Европската комисија. Во рамките на овој проект е направена сертификација на инженери, техничари и работници од градежниот сектор за познавања од областа на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија, со специјален акцент на сончевата енергија. Сертификацијата на нивните вештини е во согласност со европските директиви за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Околу 400 поединци се стекнаа со сертификати за вештини преку обуки, а уште толку треба да се стекнат преку процесот на препознавање на претходните знаења и вештини. Овој процес е многу значаен во градежниот сектор како специфична гранка, каде што голем дел од работниците немаат формално образование, а своите вештини ги стекнале преку работа, па на овој начин ќе имаат документ кој сведочи за нивните стручни квалификации.
27 март 2020
ПОРТА
11
Што значи сертифицирањето на работниците за домашните компании? n Во секој случај компаниите коишто имаат работници со документи за нивните компетенции и вештини се поконкурентни на пазарот на трудот, иако кај нас тоа не е критериум за добивање работа. Но, во европската директива за јавни набавки е нотирано дека при конкурирање на тендери потребно е градежните компании да имаат работници сертифицирани за енергетска ефикасност. Во Македонија, согласно Законот за енергетика во најскоро време треба да се подготви база на сертифицирани инсталатери на обновливи извори на енергија и само тие компании што го имаат овој тип на работници ќе може да градат објекти со обновливи извори на енергија. Последниве години сведоци сме на сè поголемиот одлив на квалификувани работници од нашата земја во Европа. Кои категории работници се најбарани? Овозможува ли сертифицирањето уште поголемо одливање на квалификувана работна сила во странство? n Проблемот со одлив на квалификувана работна сила го имаат не само државите во развој, како што е нашата, туку и високоразвиените земји. Кога на европско ниво се дебатира на оваа тема, веќе не се употребува терминот „одлив“, туку терминот „движење“ на работната сила. Секако најбарани се работниците кои имаат вештини од новите технологии. Веднаш по започнувањето на нашиот процес за сертифицирање на работниците, дел од јавноста имаше мислење дека на тој начин ќе им се даде можност да заминат од државата. Движењето на работната сила е процес, иако е поизразен во земјите во развој, сепак тоа не значи дека да застанеме со образованието, тренингот и сертификацијата на работната сила. Впрочем, како ќе се развива економијата во секоја држава, зависи токму од тоа дали има квалификувана работна сила.
12
ПОРТА
27 март 2020
Дали сертифицирањето ќе се прошири и на инженерите? n Токму во проектот „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ од страна на проектниот тим на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ се разви методологија за препознавање на знаењата и вештините на инженерите, што е направена согласно европските стандарди. Сертифицирањето на инженерите со работно искуство е многу значајно бидејќи на тој начин, тие ќе може да имаат уверение за своите познавања што ги стекнале во пракса, особено сега кога користат нови технологии кои не постоеле во текот на нивното студирање. Инженерската струка во светот се развива многу брзо со сè повеќе нови технологии. Каде сме ние во светски рамки? n Како универзитетски професор можам слободно да кажам дека нашето формално образование ги следи светските трендови во науката и новите технологии. Она што видно недостасува да бидеме подобри е недоволната развојна компонента при примената на нашите научни достигнувања, што се должи на малата соработка помеѓу универзитетите и компаниите, која се надеваме ќе се подобри со средствата што се обезбедуваат преку Фондот за иновации и технолошки развој. Работата на нови научни достигнувања и нивна имплементација бара сериозни финансиски средства. За жал, години наназат националниот буџет за истражување сè повеќе и повеќе се намалува и единствен начин за финансирање се европските фондови, за кои конкуренција ни се европските универзитети и истражувачки центри.
инженерите што се образувани интердисциплинарно, со особени познавања од природните науки. Кога станува збор за тоа кои инженери се најконкурентни, како професор на ФЕИТ, можеби ќе бидам малку пристрасна, но тоа се инженерите од ИТ-секторот, автоматиката и енергетиката.
Кој сегмент од инженерската професија е најбаран како кај нас така и во светот? Во која област од широкиот спектар инженери сме најконкурентни? n Не е далеку времето кога компаниите побаруваа тесно специјализирани инженери, кои многу брзо ќе заштедат време и средства во дефиниран производствен процес. Големите светски корпорации сè повеќе ја напуштаат оваа стратегија и сега бараат широко образувани инженери со одлични теоретски познавања, за да може да се прилагодат на која било работна задача, а истовремено да анализираат и иновираат. Тука спаѓаат и
За која инженерска област најмногу се заинтересирани младите, каде највеќе се насочуваат? n Младите секогаш се прагматични и повеќето од нив ја избираат својата професија следејќи ја побарувачката на пазарот на трудот и перспективноста. Последниве години сè повеќе млади студираат инженерство, особено оние најатрактивните струки, како што се ИТ, автоматика и енергетика, иако има сериозен број студенти и на другите. Едноставно, рангот на заработувачка, типот и условите за работа се пресудни фактори за нивното професионално определување. n
27 март 2020
ПОРТА
13
архитектура
Успеале да ја совладаат пропорцијата и играта со големината и волуменот на просторите „Заради нивниот интегритет во нивниот пристап и кон нивните објекти и заради начинот на однесување на нивното биро, нивната верба во соработка, нивната несебичност кон нивните колеги, особено како што било евидентно на настани како Биеналето во Венeција во 2018 година, нивната несопирлива посветеност кон одличност во архитектурата, нивниот одговорен начин кон животната средина, нивната способност да бидат космополитски, додека ја прифаќаат уникатноста на сите места во коишто работат, за сите овие причини и повеќе.“ Универзитетскиот кампус УТЕЦ Лима во Лима
14
ПОРТА
ИВОН ФАРЕЛ И ШЕЛИ МАКНАМАРА ДОБИТНИЧКИ НА ПРИЦКЕРОВАТА НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА ЗА 2020 ГОДИНА Урбанистичкиот институт на Ирска при Универзити колеџ Даблин
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Лондон)
В
о пресрет на Меѓународниот ден на жената, на 3-ти март оваа година во Чикаго, г-динот Том Прицкер (Tom Pritzker), Претседавачот на Хајат Фондацијата (The Hyatt Foundation), ги прогласи лауреатите на овогодишната Прицкерова награда: Ивон Фарел (Yvonne Farrell,1951) и Шели Макнамара (Shelley McNamara, 1952) од Дублин, Ирска. Со оваа тие станаа 47-от и 48-от добитник на најпрестижната награда за архитектура во светот. Тие се првите лауреати на оваа награда од Ирска, првите две жени добитнички заедно, како и 4-та и 5-та жена добитничка на наградатa по Заха Хадид (Zaha Hadid) во 2004 година, Казујо Сеџима (Kazuyo Sejima) во 2010 година и Карме Пигем (Carme Pigem) во 2017 година. Почетоците на соработката помеѓу Ивон Фарел и Шели Макнамара може да се проследат скоро пет децении наназад кога тие се запознале како колешки студентки на Школата за архитектура при Универзити Колеџ Даблин (School of Architecture, University College Dublin). По завршувањто на студиите
во 1976 година на обете им било понудено да предаваат на Факултетот каде што тие тоа и го сториле во текот на наредните 30 години се до 2006 година, за подоцна во 2015 година да бидат назначени за професори од пракса. Спред Фарел, “Наставата за нас од секогаш била паралелна реалност“ „И тоа е начин за да се дестилира нашето искуство и да се подари на другите генерации коишто даѓаат за тие да ја играат улогата во подемот на таа култура. Така, тоа е двонасочен процес, ние учиме од струдентите и се надеваме дека студентите учат од нас.“ И покрај наставниот ангажаман желбата да се практикува архитектурата резултирала во основањето на архитектонското биро Графтон архитектс (Grafton Architects) во 1978 година. Фарел и Макнамара влегле во партнерство со уште три колеги за да го основаат ова атеље кое невообиачено, наместо според имињата на партнерите, било именувано според улицата на која што се наоѓало со што се обиделе да дадат приоритет на постоењето на местото наместо на личностите. Долгорочно од петте оргинални партнери основачи на бирото останале само нив двете. Првите 25 години од професионална пракса фоксуирале на објекти во рамките на нивната татковина за потоа нивото делување во доменот на архитектурата да се
интернационализира преку објектот нa Универзитетот Луиџи Бокони (Universita Luigi Bocconi) во Милано, Италија (2008), за којшто станале добитници на Наградата за најдобар објект во светот за 2008 годината (World Building of the Year) на инагуралнот Светски фестивал на архитектура (World Architectural Festival) во Барцелона. По ова следеле низа на високо признаети меѓународни проекти низ светот. Во доменот на нивното творештво во Ирска особено се истакнуваат: Домувањето на Норт Кинг улицата (North King Street Housing) во Даблин (2000), Урбанистичкиот институт на Ирска (Urban Institute of Ireland) при Унивезрити колеџ Даблин во Даблин (2002), Лорето комунити школата (Loreto Community School) во Милфорд (Milford), Ирска (2006), Солстице центарот за уметности (Solstice Arts Centre) во Наван (Navan), Ирска (2007), Канцелариите на Министерството за финансии (Offices for the Department of Finance) во Даблин (2009), Медицинската школа при Унивезритетот во Лимерик (Medical School, University of Limarick), Лимерик, Ирска (2012), како и Градската бибилиотека во рамките на Културниот кварат на Парнел плоштадот (Parnell Square Cultural Quarter, City Library) во Даблин во изградаба. На меѓународен план покрај веќе 27 март 2020
ПОРТА
15
Медицинската школа при Универзитетот во Лимерик споменатиот Унизвезитет Луиџи Бокони во Милано особено се истакнуваат Универзитетскииот капмус УТЕЦ Лима (University Campus UTEC Lima) во Лима, Перу, добитник на инагуралната Меѓународна награда на Кралкиот институт на британските
архитекти (RIBA International Prize, 2016), Школата за економија при Универзитетот Тулуз 1 Капитол (School of Economics, Université Toulouse 1 Capitole) во Тулуз, Франиција (2019), Институтот Минес Телеком (Institut Mines Télécom) во Париз (2019), Зградата на
Школата за економија при Универзитетот Тулуз 1 Капитол
ПОРТА
градската куќа при Кингстон универзитетот (Town House Building, Kingston University) во Кингстон упон Тајмс (Kingston upon Thames); Велика Британија (2019), како и објект за Лондонската школа за економија и политички науки (London School of Economics and Political Sciences) во Лондон во изградба, За г-динот Прицкер, „Како архитекти и едукатори од 1970-те години, Фарел и Макнамара создаваат простoри коишто веднаш стануваат почитувани и нови, оддаваат почит кон историјата додека укажуваат на мајсторство во домент на урбаната средина и уметноста на градење. Балансирајќи ја силата и деликатноста, и почитувајќи ја вредноста на контекстот на локацијата, нивните академски, јавни и културни институции, како и станбените комплекси, резултираат во модерни и забележителни реалзиации коишто никогаш не се повторуваат или имитираат, но се одлучен одраз на нивниот архитектонски израз.“ Се смета дека тие се инспирирани од нивната татковина Ирска, остров богат со планини и карпи коешто веројатно влијаело врз создавањето на чувството на сензибилитет кон географијата, промените на климата и природата на секој нивен објект. Како резултат на ова нивните објекти се сметаат за скромни но богати во однос на нивната намена, коишто истовремено ги подобруваат градовите и одржливоста, а и ги задоволуваат локалните потреби. Ваквиот пристап, на пример во Медицинската школа при Универзитетот во Лимерик, Ирска
Градската куќа при Кингстон универзитетот, Лондон случајот на Универзитетскиот кампус УТЕЦ Лима, резултирал во вертикален, но каскадриачки објект којшто е одраз на локацијата и климатските потреби. Имено, во овој сличај локацијата на кампусот била помеѓу голема сообраќајница од една страна и станбена населба од другата страна. Како одговор на климатските потреби во рамките на објектот биле вклучени отворени простори поставени така да ги прифатат свежите ветрови од Пацификот и на тој начин да се намали потребата за климатизација на објектот. За нив исто така се смета дека успеале да ја совладаат пропорцијата и да постигнат интимни простори во рамките на високи и огромни објекти, како и играта со големината и волуменот на просторите, овозможувањето на пристап на природна светлина од повеќе места, како и обид за одсликување на пејсажот преку формата на објектот. Дополнително примената на природното осветлување не само што го заживува просторот туку и го одразува изминувањето на времето додека ја поврзува вантрешноста и надворешноста на објектите. За овогодишното жири Ивон Фарел и Шели Макнамара се наградени со Прицкеровата награда за 2020 година „Заради нивниот интегритет во нивниот пристап и кон нивните објекти и заради начинот на однесување на нивното биро, нивната верба во соработка, нивната несебичност кон нивните колеги, особено како што било евидентно на настани како Биеналето во Венција во 2018 година, нивната несопирлива посветеност кон одличност во архитектурата, нивниот одговорен начин кон животната средина, нивната способност да бидат космополитански, додека ја прифаќаат уникатноста на сите места во коишто работат, за сите овие причини и повеќе.“ Според Макнамара „Архитектурата е рамка
за човечкиот живот, таа не анкерисува и поврзува со светот на начини на кој веројатно ниту една дисциплина за креирање на простор го може. Во центарот на нашата пракса е вистинското верување дека архитектурата значи нешто. Тоа е културно просторен феномен измилсен од луѓето“. Во своите коментари по повод наградата Фарел нагласува дека „Архитектурата може да се опише како една од нај комплексните и најзначајните културни активности на планетата“. „Да се биде архитект е исклучителна привилегија. Да се добие оваа награда е прекрасно одобрување на нашето верување во архитектурата. Ви благодрам многу за оваа голема почест.” Кон овие согледувања се надоврзува и Макнамара за која „Во рамките на етосот на една пракса како нашата, ние честопати се
боревме да најдме простор за имплементацијата на такви вредности како хуманизам, занает, великодушност и културна поврзаност сo ское место и контекст во коишто работиме. Затоа е искличително задоволство дека ова признание ни е дадено нам и на нашата пракса и за опусот којшто ние успаевме да го реализираме во долг временски период.“ „Тоа исто така е прекрасно признание за амбицијата и визиајата на нашите клиенти коишто не анагжираа и ни овозможија да ги реализираме нашите објекти:“ Лауреатите на овогодишната Прицкерова награда се Заслужи членови на Кралскиот институт на архитектите од Ирска (Fellows of The Royal Institute of Architects of Ireland - RIAI) и Меѓународни почесни заслужни членови на Кралскиот институт на британските архитекти 27 март 2020
ПОРТА
17
Универзитет Луиџи Бокони во Милано
Институтот Минес Телеком во Париз
ПОРТА
(International Honorary Fellows of Royal Institute of British Architects - RIBA). Тие биле претходни носители на Професурата Кензо Танге (Kenzo Tange Chair) при Харвард постдипломската школа за дизајн (Harvard Graduate School of Design, 2010) и Професурата Луис Кан (Louis Kahn Chair) при Универзитетот во Јел (Yale University, 2011) и предавале на многу други институции вклучително со Федерланата политехничка школа во Лозана (École Polytévhniqué Federale de Lausanne) и Академијата за архитектура во Мендрисо (Accademia di Architettura di Mendrisio – ААМ), Швајцарија. Нивоното биро Графтон архителтс е добитник на Наградата сребрен лав на Биеналето во Венеција во 2012 година (2012 Biennale di Venezia Silver Lion Award) за изложбата „Архитектурата како нова географија“ (Architecture as New Geography), додека Фарел и Макнамара биле назначени за ко-куратори на 16-та Меѓународна архитектонска изложба, Биеналеото во Венеција (16th International Architecture Exhibition, la Biennale di Venezia) во 2018 година на тема „Слободен простор“ (FREESPACE). Тие се добитнички на Џејмс Гандон медаљата за животно псотигнување на Кралскиот институт на арахитектите на Ирска (RIAI James Gandon Medal for Lifetime Achievement) во 2019 година и добитници на Карлскиот златен медал на Кралскиот институт на британските архитекти (RIBA Royal Gold Medal) во 2020 година. n
ПОРТА
SCHÜCO акустика Градовите У
рбаната густина на градби, возила и луѓе резултира во континуирано растечка врева во градовите. Тоа не само што предизвикува нарушување и намалување на квалитетот на живот, туку може да влијае и на здравјето. Светската Здравствена Организација (СЗО) препорачува намалување на нивото на вревата до помалку од 53 dB. Алармантно е тоа што на денешните прометни улици се
измерени повеќе од 80dB. Со оглед на тоа, клучни се подобрени мерки за спречување на ширењето на вревата при планирање на згради во урбаните средини. Schüco презентира нови решенија за обвивката на зградите со кои може да се редуцира нивото на вревата како внатре во просториите, така и надвор во урбаната околина на градбите.
Звучна изолација со природна вентилација Двоен комфор: висока редукција на звукот и природна вентилација со новиот прозорец Schüco AWS 90 AC.SI. Прозорецот го изолира звукот и ја намалува вревата дури и при отворена положба на кип. Тоа се овозможува со тоа што воздухот не влегува директно, туку поминува преку звукоизлирачките профили на крилото. Нивото на бучава се намалува до 30dB.
Schüco ANC ventilation module – Active Noise Cancellation е модул за активно поништување на шум, кој може да биде вграден во лизгачки системи. При отворање на лизгачкото крило од 80мм (отвор 80х2700) , инсталираната ANC технологија ја намалува надворешната бучава до 25dB. Со типични нивоа на бучава во урбаните области од околу 80dB (сообраќајна бучава на главен пат), ова значи намалување до 55dB (нормално ниво на говор). Модулот за вентилација ANC користи активно поништување на шумот за да ги намали околните нивоа на бучава. Звучниците и микрофоните се инсталираат во вентилациониот канал. Микрофоните ги апсорбираат нивоата на бучава. Вградените звучници веднаш генерираат соодветен контра шум, кој се меша деструктивно со звучните бранови однадвор. Бучавата и контра-шум се мешаат на таков начин што целокупното ниво на звук е намалено.
20
ПОРТА
27 март 2020
на иднината се ТИВКИ! Микроперфорирани површини за фасади кои го намалуваат звукот За разлика од стандардните компоненти, апсорбирачките компоненти го впиваат звукот наместо да го рефлектираат. Кај микроперфорираните површини, површината и волуменот на воздухот во шупливиот простор зад површината се критични. Во процесот, површината е вибрирана од звучните бранови што влегуваат. Оваа вибрација е задушена од воздухот од празниот простор позади.
Perforated Sheet Absorbing Panel
Schüco FACID Absorbing Panel
Пасивното намалување на звукот преку интегрираните апсорбирачки фасадни единици го намалуваат ширењето на звукот во урбаните простори. Зголеменото ниво на апсорпција бара звукот да има ниско одбивање од површината. Ова го намалува ширењето на звукот на улиците, дворовите и паркиралиштата. Schüco ALB Absorbing Lamella
Schüco Microperforated Profile
ПОРТА
архитектура
НИСКА ГРИЖА И ПОСВЕТЕНОСТ НА ИНСТИТУЦИИТЕ
Време е за музеј на архитектурата Музејот треба да биде современа институција за иновации во архитектурата и градежништвото
Баухаус музеј во Десау, Германија
„Архитектурата е сè заедно. Познавање и живеење на животот. Магија на хуманистичката алхемија. Потрага по каменот на мудроста. Напор да се открие досега неоткриеното. Архитектурата се раѓа и се создава...“ БОРИС ЧИПАН
Косто ГРАОРКОСКИ, дипл. инж. арх.
М
ногу држави во светот и во нашето непосредно соседство, посебно внимание ѝ посветуваат на архитектурата и за таа цел имаат изградено соодветни музеи
22
ПОРТА
27 март 2020
во кои се чува нивното архитектонско културно наследство. Такви музеи фантастично функционираат на пример во Лондон, Франкфурт, Вајмар, Хелсинки, Талин, Рим, Москва, Монтреал, Токио, Загреб, Љубљана, Украина, САД и многу други. Тие ја имаат секогаш целосната поддршка од надлежните институции. Ова не е случај со институциите на Република Северна Македонија. Така најповиканите Владата и Министерството за култура многу малку средства издвојуваат за македонската архитектура и градежништво како и за архитектите наспроти другите уметности и културни области. Доволно е само да се погледнат сите досегашни буџети и национални
програми на Министерството за култура и да ни стане јасно колкава е грижата и посветеноста на архитектурата и на нејзините творци. Иако сите добро знаат дека според градбите се препознава еден народ, неговите културни особености и неговиот идентитет, вложените средства во Македонија за заштита и афирмација на архитектонските вредности се минимални и незначителни. Сликата треба да се промени зашто народот во нашава држава се идентификува според архитектонските ремек-дела „Света Софија“, „Свети Јован Бигорски“, „Свети Пантелејмон“, „Шарената џамија“ и многу други средновековни цркви и манастири,
исламски градби, зачувани станбени и јавни објекти од 19 и почетокот на 20 век. Исто така идентификацијата ја поврзуваме и со цели градови и англомерации како во Охрид, Крушево, Велес, Кратово, Скопје, Битола, Штип, Мијачијата и други. Кон ова архитектонско наследство без дилеми се надоврзува современото архитектонско творештво како нераскинлива нишка во многувековниот развоен континуитет на градителството. Голем број од тие нови објекти имаат посебен современ просторно-ликовен концепт и заедно со целокупната создадена архитектура претставуваат наш траен корен, на кој стоиме и растеме во сегашноста и иднината како народ со висок степен на градителска енергија, кој Баухаус музеј во Вајмар, Германија отсекогаш имал чувство за убавина, хуманост и култура. Слободно може да се констатира дека архитектите во секое општество се градители и културни творци, а архитектурата столб на нацијата. Сосема е јасна и наместо размислата на мојот драг професор по архитектура Борис Чипан кој вели: „Архитектурата е како и сите уметности, а многумина ја споредуваат со музиката“. Архитектурата е филозофија на животот на еден народ. Тука треба без дилеми да се истакне и ликовниот јазик на архитектурата. Голем број на проекти, урбанистички планови, скици, графики, фотографии, да не речам слики, ликовни записи, студии, фасади, детали, перспективи, аксонометрии, Mузеј на архитектура, Москва макети, ракописи, книги и изградени објекти се обединуваат во една важна културна сфера. Архитектите преку архитектонскиот цртеж размислуваат за иднината, за визијата на културата, за културата на новиот милениум и цивилизација. Ликовниот јазик на архитектурата не ги опфаќа само градбите, туку и природата, луѓето, предметите, светот. Архитектурата е составен дел од културата во секоја историска ситуација, и затоа македонската архитектура мора денес да си го заземе нејзиното место во културата, а за неа мора да се грижи и Министерството за култура.
Mузеј на архитектура, Загреб
ПРОСТОР СО БАЗИ НА ПОДАТОЦИ Македонската архитектура тоа го заслужува и затоа на прагот пред пристапните преговори со Европската Унија кога од нашата држава ќе се бараат бази на податоци од сите општествени и стопански дејности, време е за 27 март 2020
ПОРТА
23
Edo-Tokyo Open Air архитектонски музеј во Јапонија
Mузеј на естонска архитектура во Талин
формирање и изградба на една нова музејска институција – музеј на македонската архитектура. Тоа треба да биде музеј со многу бази на податоци за архитектурата, но кој ќе биде и насочен кон најшироката јавност, односно кон подигнување на свеста за значењето на архитектонското наследство и кон активно учество на стручната јавност во диктирање на правецот на проектирање, 24
ПОРТА
27 март 2020
обликување и дизајнирање на новите објекти во 21 век. Со овој музеј треба да ја потврдиме констатацијата: оној народ кој ја афирмира и негува својата архитектура го трасира и го знае патот за сопствената иднина. Во музејот за архитектура и градежништво би било пожелно најмалку да ги има следните содржини, како на пример простор за постојана поставка,
простор за повремени и камерни поставки, дигитална поставка, мали сали за трибини, дебати и работилници, простор за ААМ, читална, библиотека со книги и трудови од областа на архитектурата. Посебно во музејот треба да бидат претставени врвните македонски архитекти, победниците на јавните конкурси за значајни објекти, добитниците на наградата „Андреја Дамјанов“, странските архитекти кои со свои проекти учествуваа во изградбата на Скопје по катастрофалниот земјотрес, како и наши архитекти и инженери кои проектирале и граделе во странство и добивале награди и признанија. Покрај афирмацијата на националната урбанистичка и архитектонска мисла музејот ќе организира изложби на архитекти и градители од регионот и светот со публикување на нивното творештво и истражувачка дејност. Музејот да биде втор дом за архитектите, а негова цел да биде афирмација на архитектонското културно наследство, развојот на архитектурата, истражувањето и размената на идеи. Музејот треба да биде современа институција за иновации во архитектурата и градежништвото, место каде професионалци и пошироката јавност доаѓаат да разгледуваат, да учат и да се информираат за поедини периоди и трендови во архитектурата преку предавања, изложби, курсеви, дебати и конференции. ПОТРЕБНА Е СООДВЕТНА ПРОГРАМА За реализација на новиот музеј за архитектура потребно е најнапред да се отвори јавна дебата и врз основа на неа да се изготви соодветна програма од Министерството за култура, а со ангажирање стручни лица од повеќе области, како на пример архитекти, урбанисти, дизајнери, уметници и музејски работници. Потоа би следувало конкурс, избор на три наградени конкурсни труда, изложба на сите пристигнати трудови, изработка на основни проекти и на крај јавни набавки за изведување и комплетно опремување на музејот. Посебно треба да се внимава да се изнајдат изворите на сите потребни елементи за организирање на музејот, почнувајќи од личните архивски фондови на македонските архитекти, фондовите на проектантските фирми, градежните фирми, јавните претпријатија за градење станбен и деловен простор,
MAXXI Museum/ Zaha Hadid Architects, Рим
Асоцијацијата на архитекти, Комората на инженери и архитекти, заводите за урбанизам, Министерството за култура, надлежното министерство кое ги опфаќа урбанизмот, архитектурата и градежништвото, локалната власт -
општините со одделенијата за урбанизам, архивите, библиотеките, музеите и медиумите. Искрено се надевам дека оваа моја, пред сè, оправдана и емотивна заложба ќе поттикне нови идеи за натамошни
подлабоки и покритички анализи за местото на архитектурата во културата, со стремежи и размисли да се воспостави поактивен однос на културната јавност, власта и воопшто на општеството кон архитектурата. n
ПОРТА
ПОРТА
aрхитектура
Музејски комплекс Суш
Натка ЌОСЕВА, дипл. инж. арх.
Д
олината Енгандин се наоѓа во најголемиот кантон на Швајцарија, Гројбунден, на југот од земјата. Се граничи со Австрија и Италија. Енгандин е познат по најголемите зимски скијачки центри на швајцарските Алпи, како Давос, Ст. Мориц и Клостер. Но долината Енгандин одамна се развива и како место за уметност во која има многу музеи и културни центри. Како места за повремени изложби се користат и многуте ресторани и делови од хотелски холови. Важен 28
ПОРТА
27 март 2020
меѓународен уметнички настан во Енгандин е ,,Енгандин-уметноста зборува“, кој се одржува секоја година. За развојот на Енгадин како центар за уметност помогнале и многу познати фамилии на уметници како фамилијата на Алберто Ѓакомети (1901-1966), фамилиите на писателите Кла Биерт (1920-1981) и Романа Ганзоли како и поетесата Лета Самедини. Треба да се споменат и архитектите кои дале голем придонес за развој на овој дел на Швајцарија како место за уметност како Николау Хартман, Ханс Јорг Рух, Дури Витал како и британскиот интернационален архитект Сер Норман Фостер. На 2.1.2019 отворен е нов музејски комплекс Суш во областа Енгандин. Лоциран е во мало
село и историско место покрај реката Ин, покрај остатоци од средновековен манастир. За оформување на овој музејски комплекс адаптирани се и реконструирани неколку објекти од руралниот манастирски комплекс и тоа куќата на Викарот, објектот со економски простории и болница. Манастирот бил изграден во 1157 година, а во 19 век додаден е уште еден објект над природниот планински извор на вода, за пиварница. Основач и инвеститор на целиот музејски комплекс е полскиот колекционер на уметнички дела Grazyna Kulcyk.Тој долго време е поддржувач и на современите уметности, особено ги проучува делата на жените уметници. Секогаш бара емоционална врска
в
НАЈДОБАР ОБЈЕКТ ЗА 2019 ГОДИНА ВО ШВАЈЦАРИЈА
во долината Енгандин, Швајцарија
помеѓу современите уметнички дела и секојдневните нешта кои понекогаш можеби се испуштени, занемарени или погрешно прочитани. Музејот Суш треба да придонесе за препознавање и поголема видливост на современите уметници и нивните уметнички дела со кои укажуваат на актуелните проблеми. Проектната програма за музејскиот комплекс е заснована на овие познавања и проучувања на Grazyna со цел да се добие музејски комплекс во едно инспиративно опкружување и прекрасен пејзаж за уметничка продукција, медијација, интересен простор за изложби, експериментални презентации, перформанси, едукација, работилници за уметници, интересни доживувања за посетителите и поголемо
приближување и разбирање за современите уметности. Grazyna Kucyk е и долгогодишен посетител и вљубеник во областа Енгандин. Автори на оваа реконструкција и адаптација на постојни манастирски објекти во музејски комплекс се швајцарските архитекти Chasper Schmidlin и Lukas Voellmy со тимови од нивните проектантски бироа. Постојните руинирани структури се суптилно реконструирани, адаптирани и рекомбинирани во една нова комплексна форма, музејски комплекс, во прекрасно природно опкружување. Кога ќе пристигнете до комплексот, однадвор тој и не е многу необичен или спектакуларен. Скоро сè е задржано во првобитниот изглед. Објектите однадвор си ја задржале постојната форма и обработка на фасадите. Фасадите се бели, косите кровови се покриени со камени плочи, стреите се обработени со дрвени штици и греди, а сите надворешни прозорци и врати се дрвени како што биле отсекогаш. Прозорците имаат и дрвени капаци. Во двата објекти покрај реката, веднаш до селската црква сместени се различни придружни простории за музејот: сала за заеднички настани, библиотека, бистро, канцеларии и простории за престој на уметниците. Музејот во објектот е ,,залепен до карпа“. За 27 март 2020
ПОРТА
29
да се добие поголем и нов простор за изложби, проширувањето е направено под земја и во влажна карпа, со длабење на 900 тони карпа, со што се добил нов и поголем простор за изложби, кој е и уникатен и необичен. Овие нови простории се климатизирани и едноставно осветлени. Во внатрешните простории на музејот во постојниот објект архитектите задржале многу од постојните детали и елементи, но додале и многу новини, во сè со консултација и одобрување на Одделот за зачувување на историски објекти и знаменитости на кантонот Гројбунден. Музејските простории се движат од централната
ПОРТА
бела коцка лево и десно, па сè до просториите издлабени во карпата. Музејските простории во постојниот објект имаат и зенитално природно осветлување. За оваа реконструкција користени се современи технологии за градење и нови градежни материјали, но вградени се и многу локални и регионални материјали. Дрвото потекнува од шумите во Енгандин, песокот од локалната река Ин, карпите извадени за време на градењето се ставени во бетонот или се вградени во надворешните ѕидови или патеки. На објектот работеле столари, лимари и бравари од регионот.
Перцепцијата и читањето на местотолокацијата се двосмислени, и религиозноманастирски комплекс и природно-историско место. На швајцарските архитекти им било порачано да ги реконструираат, пренаменат и прошират овие постоечки структури според индивидуална визија. Целиот проект успешно балансира помеѓу историјата на зградите и дизајнирањето нов простор за изложување современи уметнички дела без многу интервенции на постојните објекти. Манастирот е објект за продукција и новиот музејски комплекс е објект за продукција на уметност, природната историја и пејзажот не се нарушени
однадвор со новите реконструирани објекти, а се провлекуваат и во внатрешноста. Природната историја на местото се чита секаде. Многу успешна и суптилна реконструкција и пренамена на постојни објекти. Сè е исто, но не е. Нов живот на стари објекти, без нарушување на постоечкиот баланс природа – Алпи - повеќе градежни структури - бели коцки - река. Швајцарските архитекти сè повеќе постојано и континуирано покажуваат посебен осет и баланс при големи интервенции, реконструкции, адаптации и пренамена на постојни објекти, при што на самата структура на постојниот објект ѝ приоѓаат со голем респект и потенцирање на историските и другите вредности на објектот. Традиционалните занаетчиски техники и регионалните градителски традиции сè повеќе се применуваат при вакви градежни зафати, а тоа е додадена вредност на секоја реконструкција и пренамена на постоен објект. Со ваква мисла и работа секогаш се добива нов современ објект кој со многу суптилно избрани материјали и детали потсетува на старото. Музејот Суш во долината Енгандин е прогласен за најдобар објект за 2019 година во Швајцарија, а е номиниран и за годишната наградата ,,Европски музеј за 2020 година“. Музејот за една година , откако е отворен има неочекуван број на посетители, 30 000. n
ПОРТА
урбанизам
Катност и површина на објект се варијабла и се стекнато право откако ќе се впише во јавна книга Предвидената катност на конкретна градежна парцела не е стекнато право, туку е основ за да се стекне право на градење врз конкретна сопственост, тоа е она што не се смее да се намалува, а не катноста и бруто-развиената површина на објектот дадена во ДУП
Владимир ПАТЧЕВ, м-р (магистер по казнено право)
О
ткако се актуализираше во јавноста прашањето за просторот кај поранешната фабрика „Треска“ повторно се јавија старите болки за тоа што да се прави со конкретен простор и како тој да се подведе во урбанистичко планските документации во изработка. Последното е од особено значење затоа што Општина Центар Скопје воведе т.н. мораториум на градење на конкретни, издвоени Детални урбанистички
32
ПОРТА
27 март 2020
планови. Ако се погледне изворната одлука во суштина станува збор за „начин на применување на деталните урбанистички планови“ кои се таксативно наброени. Тоа е така за терминолошки да се избегне необременоста на Законот за просторно и урбанистичко планирање, кој не предвидува суспензија на веќе донесените детални урбанистички планови, нешто што е овозможено со новиот Закон за урбанистичко планирање донесен на 10.2.2020 година. Новиот закон има одложно дејство, па ќе започне да се применува наскоро. До тогаш сè
уште ќе важи стариот Законот за просторно и урбанистичко планирање. Градежните парцели на кои се наоѓа поранешната Фабрика „Треска“ се дел од ДУП „Буњаковец 2“ кој е во изработка, и благодарение на актуелноста на темата, очигледно се соочува со низа проблеми. Но за тоа нема да дискутираме овде. Она што е мошне впечатливо е фактот дека при дискусија на сите насобрани проблеми и прашања, некако се провлекува во јавноста терминот „стекнати/стечени права“. Актуелноста и вербализацијата на овој термин,
ЗА ТЕРМИНОТ „СТЕКНАТИ/СТЕЧЕНИ ПРАВА“ И ЗА ЗАБЛУДАТА
за жал, доведува и до многу заблуди, истовремено и од оправдани и од неоправдани причини. Тоа е така затоа што и при самото дискутирање на оваа тема, терминот „стекнати/стечени права“ се користи како сликовито изразно средство во вербалниот говор, без притоа да се обрне внимание што претставува, кои се неговите причини, какви последици и сфаќања произведува, но и што значи во правниот живот воопшто. Не сум сигурен дека ќе го дадеме целосниот одговор на тоа прашање, бидејќи самиот збор „стечени/стекнати“, морфолошки претставува придавка на „права“, а самата теорија, но и пракса многу малку се занимава со ова прашање. За волја на вистината, праксата е несвесна за примената и за значењето на овој термин. Поради ова сметам дека и настануваат низа дезинформации, погрешни толкувања, а особено погрешна примена на самиот правен термин, со што доведува до заблуда кај оние кои треба да ползуваат од стечените/стекнатите права.
(inter partes и erga omnes). Терминот „стекнати права“ не претставува ниту принцип, туку е еден специфичен вид на доктрина која ја заштитува целта до која е потребно да се дојде или стекне конкретно право, и истото да се напушти за да се утврди подоцнежниот статус. Оваа доктрина е флуктуирачка во рамките на тие права и не е апсолутна, едноставно затоа што ниту едно право не е апсолутно, туку со самото тоа што се располага со него по принципот на слободна диспозиција, на ист начин се менува и смислата за стекнување, т.е. нејзиниот основ. Стекнувањето оди правопропорционално со правото, односно за да некакво право постои, да биде воспоставено, мора да биде определено како такво и да постои можност да биде фактично држено, располагано и уживано, а со тоа и да биде дефинирано како „стекнато“. На пример, статусното право претставува едно од најосновните права. Старите Римјани под статусно право (Jus quod ad personas pertinent) подразбирале право кое се однесува
на лица – лично право. Тоа ја регулирало правната положба (status) на лицата во римското општество преку конкретни правни правила. За волја на вистината, оваа смисла до ден денес, помалку или повеќе, не е променета, туку е адаптирана на модерните сфаќања за односот на граѓанинот кон државата. И обратно, неговиот статус и улога во општеството и државата. Правата кои граѓанинот ги ужива се регулирани со највисокиот правен акт – Уставот, а потоа и со законите кои произлегуваат од замислата на „уставотворецот“. Во денешна смисла на зборот граѓанинот преку Уставот стекнува конкретни права, кои се јасно дефинирани и кои го регулираат неговиот статус во општеството во однос на државата. И оттука е јасно дека, веќе стекнатите права, во оваа смисла на зборот, само може да се унапредат, да останат исти, но не и да се уназадат. Тоа е суштината на оваа „нејасна“ доктрина, бидејќи токму преку оваа врска на граѓанинот со општеството – државата, како негов творец, се поврзува со неговата волја и желба да се унапреди себе си, но и другите. Значи, граѓанинот е моќно битие, меѓутоа со самото тоа што тој својот суверенитет го предава на демократски начин на избори, тој практично дава легитимитет и легалитет да во негово име и за негова сметка, определени тела одлучуваат и донесуваат закони и прописи кои ќе влијаат во општествениот живот. ФИКЦИЈА КОЈАШТО НЕ Е ПРОИЗЛЕЗЕНА ОД ПРАВОТО, ТУКУ Е НАСТАНАТА ПРОИЗВОЛНО Иако до овде, во овој текст, ни се чини дека материјата околу „стекнатоста“ на правата излезе надвор од темата во насловот, сепак, целта на ова раслојување е да покаже дека, прво, правото не е апсолутно, ниту апсолутистичко; второ, дека основот – стекнувањето исто така не е апсолутно и
СТЕКНАТИТЕ ПРАВА НЕ СЕ АПСОЛУТНИ Терминот „стекнати права“ е општ и комплексен термин и како таков не може да се стави во некоја потесна рамка за да се објасни неговото правно животворење во легалистичка, но и во практична употреба. Самиот термин суштински претставува една кованица од два апстрактни поими. Првиот поим е „стекнува/стекнување“, додека вториот е „право/правда/правичност“. Стекнувањето подразбира дејствие, коешто може да биде активно, но и пасивно по својата природа, додека правото/правдата/правичноста ја претставуваат причината поради која се преземаат тие дејствија, нивен основен извор. Кога се зборува за „права“ се мисли на оние коишто произлегуваат од Уставот, од конвенциите и од меѓународните договори 27 март 2020
ПОРТА
33
апсолутистичко; и трето, дека стекнувањето, како и правото, имаат своја вредност, која е варијабла и која како таква постои зависно од условите под кои правото ги диктирало и ги создало. Стекнатоста/стекнувањето не е само по себе основ, туку тоа произлегува од правото и е нераскинливо од правото, па така не претставува настанување само по себе, оти во спротивно би претставувала чиста фикција, а не одраз на моменталната состојба која е фактички присутна. Секоја фикција којашто не е произлезена од правото, туку е настаната произволно, нема правен основ и таа само му штети на правото за да воспостави нов однос кој нема да влијае апсолутно, апсолутистички и узурпаторски врз правото и правата на другите. Ова последното е основа за рамноправност, еднаквост и еманципација на правото, правдата и правичноста за сите луѓе подеднакво. Најсвеж пример претставува т.н. Брегзит (Brexit), односно напуштањето на Велика Британија на Европската Унија. За Британија сега постои опасност да се соочи со недостаток на правна заштита на правата, кои претходно беа гарантирани под правото на ЕУи тоа претставува огромен ризик по нејзиното напуштање на Унијата. Есенцијата на овие права се содржи во фактот дека тоа е загарантирано право, за сметка на мислењето дека тоа е очекувано право во континуитет и дека таквото право треба да има економска вредност, што сугерира дека е возможно да биде пренесено. Меѓутоа потешкотијата произлегува кога треба да се дефинира „границата/опсегот“ на сопственоста. Значи, терминот „стекнати права“ не претставува ниту принцип, туку е еден специфичен вид на доктрина која ја заштитува целта заради која е потребно да се дојде или стекне конкретно право, и истото да се напушти како би се утврдил подоцнежниот статус. Како што погледнавме на почетокот од ова излагање, практично стекнувањето мора да има определена вредност, а вредноста е утврдена 34
ПОРТА
27 март 2020
согласно конкретни права. Така, како најчеста и најосновна вредност во животот на човекот, помеѓу другите, претставува и сопственоста. Сопственоста во нашето право, согласно нашиот Устав претставува една од темелните вредности (член 8). Шестата темелна вредност е правна заштита на сопственоста. Меѓутоа, во Уставот постои една недоследност кога се потенцира сопственоста како темелна вредност. Терминот „јавна сопственост“ речиси да не постои во Законот за сопственост и други стварни права. Воведен е терминот „добра од општа употреба“, па многу лесно овој термин се претвори во државна сопственост, и нејасно стана до каде се граничи моќта на државата со располагањето на јавниот простор. Се чини дека Државата може многу лесно да располага со стварите од нејзина сопственост, без да има јасна дистинкција што точно Државата може, а што не може да отуѓува и под каков режим истото да го става. Оттука произлегоа и многу лесни постапки за отуѓување на државно земјиште (градежно или земјоделско) под сомнителни услови, а со тоа се доведе и до нерамномерен и неправилен економски развој на Државата. Во таа смисла, членот 30 пак од Уставот, го гарантира правото на сопственост и правото на наследување, и притоа создава права и обврски сопственоста да служи за доброто на поединецот и на заедницата. Притоа, никому не може да му бидат одземени или ограничени сопственоста и правата кои произлегуваат од неа, освен кога се работи за јавен интерес утврден со закон. Токму низ овие редови се гледа нејасниот статус на сопственоста како право и нејзиното стекнување. Од една страна, уставотворецот не се впушта во наведување на облиците на сопственоста, но од друга страна со самото тоа што наведува дека сопственоста како право создава права и обврски и дека истата треба да му служи за доброто на поединецот и на заедницата, делува рестриктивно. Рестриктивноста се наоѓа во фактот што самиот
уставотворец наметнува дека сопственоста предизвикува да постојат права и обврски, и дека таа не е апсолутна, неограничена, апсолутистичка. Таа има вредност и вредноста произлегува од правата и обврските, особено од обврските. Тоа значи дека сопственоста, сама по себе, има вредност која значи унапредување и економисување со ова право, а не штета и наштетување по секоја цена. Меѓутоа, нејасниот и неодредениот став на Уставот во овој дел, придонесува за една семоќност и самоволност на Државата да управува и располага со сопственоста по нејзина волја, па со тоа се создава и една нерамномерна општествена култура на семоќ на секој оној што е држател на правото на сопственост, што во суштина и не е така. Тоа не било случај со поранешните устави во поранешниот социјалистички систем. Тоа не било случај ни кај Старите Римјани, каде што правата на приватните сопственици plena in re potestas, никогаш не биле апсолутни и наполно ексклузивни. Секогаш постоеле ограничувања, па дури и во класичното и посткласичното право надвладеало правилото дека ниеден сопственик не смее да го искористува правото на сопственост со цел да му наштети на друг – male enim nostro iure uti non debemus; malitis non est indulgendum. Се сметало дека е должност на секој сопственик да го ползува своето право во допуштени рамки и да го одбегнува намерното оштетување на друг. Тоа не е ниту случај во Протоколот кон Европската конвенција за заштита на човековите слободи и права каде е допуштено секое физичко и правно лице да има право на непречено уживање во својата сопственост, и дека тоа на никаков начин не го спречуваат правото на Државата да ги примени оние закони кои се неопходни за да се контролира користењето на сопственоста, согласно на општите интереси или да се обезбеди плаќање на даноците или други придонеси или парични казни. Ако, притоа, се погледне Законот за сопственост и други стварни права (ЗСДСП), правен основ за стекнување сопственост може да биде според закон, врз основ на правна работа и со наследување. Правото на сопственост се стекнува и со одлука на надлежен државен орган, на начин и под услови определени со закон (член 112 од ЗСДСП). СТЕКНУВАЊЕ ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ ВРЗ ОСНОВ НА ГРАДЕЊЕ За нас, во овој случај од особено внимание се одредбите од овој закон кои се однесуваат на стекнување право на сопственост врз основ
на градење. При изградба на објект на градежно земјиште, кога станува збор за градење на земјиште, сопственикот на земјиште предвидено со закон или врз основ на закон за градежни работи стекнува право на сопственост и на градежниот објект кој го изградил на земјиштето согласно градежните прописи и со запишување на правото во јавните книги за запишување на правата на недвижностите. Градителот на објектот со согласност на сопственикот на земјиштето стекнува сопственост врз објектот само под услови кои погоре ги наведовме. Оваа одредба (член 116 од ЗСДСП) претставува наједноставен начин да се објасни како функционираат стекнатите/стечените права кога станува збор за градење. Определено лица „А“ се здобило со право да гради на сопствено или на туѓо земјиште. Тоа лице „А“ не може да се стекне со сопственост на објектот, или на дел од објектот, без претходно за тоа да се согласи сопственикот на земјиштето (субјект „Б“), ако тој објект се гради на туѓо земјиште. Секако, тоа право да гради, субјектот „А“ не би го добил ако претходно не ја испочитува процедурата согласно друг закон – lex specialis, кој тоа му го дозволува (Законот за градење). Значи, субјектот „А“ не е сопственик на земјиштето, но не е сопственик ниту на градбата, тој само има стекнато право да гради објект. Субјектот „А“ ќе стане сопственик на градбата (или дел од неа) оној момент кога таа градба ќе ја впише во јавна книга и врз основ на уписот ќе се стекне со сопственост врз новонастанато право – на недвижност. Слично е и кај субјектот „Б“. Тој, под претпоставка, може врз основ на договор да се спогоди со субјектот „А“ од градбата да добие определен дел, кој понатаму ќе го впише во јавна книга, и врз основ на тоа да се стекне со право на сопственост. Субјектот „Б“, притоа, се стекнал со можност да се стекне со право на сопственост на дополнителна недвижност, покрај недвижноста – земјиштето кое го има. Тој може и да го отстапи правото на сопственост врз земјиштето, како би се здобил со право на сопственост еквивалентно или поголемо, од вредноста на сопственоста која има во моментот (која ја стекнал по претходен основ). Ова укажува дека, ниту субјектот „А“ и ниту субјектот „Б“ се сопственици на една идна ситуација, која е непредвидлива и која е правно извесно дефинирана, но неизвесна да се случи. Нивниот однос претставува една правна фикција. Извесно е дека субјектот „А“ сака да гради, но неизвесно е дали ќе го комплетира и ќе се здобие со право на сопственост. Извесно е дека субјектот „Б“ има сопственост врз
земјиште каде што субјектот „А“ сака да гради, но неизвесно е дали ќе дозволи да се гради на неговата сопственост. Со други зборови, ниту субјектот „А“ ниту субјектот „Б“ немаат стекнато право на сопственост на нешто коешто треба да се случи во иднина, а е неизвесно дали тоа ќе се оствари. Она што е извесно е дека субјектот „А“ има стекнато право да гради, а субјектот „Б“ има стекнато право на земјиште коешто е од интерес на субјектот „А“. Мошне интересна е ситуацијата од членот 117 од ЗСДСП каде градител може да се стекне со право на сопственост врз основ на одобрение од надлежен орган и ќе изгради објект на земјиште врз кое друг има право на сопственост без негова согласност, па така се стекнува со сопственост и на земјиштето на кое го изградил објектот, но и на земјиштето што е во функција на објектот за редовна употреба, но само во ситуација ако не знаел, ниту можело да знае, дека гради на туѓо земјиште, а сопственикот на земјиштето знаел за градбата и не се спротивставил веднаш. Ова е можно само во ситуации кога одобрението за градење е дадено врз основ на неверодостојни документи за правото на сопственост на земјиште, што подоцна ќе се утврди. Во тој случај, сопственикот на земјиштето има право дури и да бара надомест на штета од страна на градителот во вредноста на земјиштето во висина на пазарна цена. Тоа значи дека градителот е совесен, додека сопственикот е несовесен сопственик на земјиштето кое е под негова сопственост. Сосема спротивна е ситуацијата кога постои несовесен градител, а совесен сопственик (член 118 од ЗСДСП). Градителот имал одобрение за градење, но знаел или можел да знае дека документот за правото на сопственост на земјиште не е веродостоен, тој гради на туѓо земјиште, а сопственикот се спротивставува. Сопственикот може да бара да му припадне правото на сопственост на
градежниот објект, или градителот да го сруши изградениот објект и да му го врати земјиштето во првобитна состојба, или градителот да му ја исплати прометната цена. Постојат и други модалитети предвидени во Законот за сопственост и други стварни права, но овие неколку споменати се едни од клучните за да се објасни односот на сопственоста и земјиштето како предмет на сопственост, основот за градење, како и стекнувањето на правата кои произлегуваат од градењето, односно сопственоста на земјиште како првобитна состојба пред да настане градењето воопшто. За ова, во стварното право се вели дека accessorium sequitur principale, односно дека сè до одвојување/сепарација на споредната ствар (објектот) од главната ствар (земјиштето), дотогаш тие ја делат истата правна судбина. Со чинот на одвојување на непосредниот плод од стварта, настанува и чинот на физичко одвојување од матичната ствар, особено кога станува збор за човеково дејствие, во овој случај градење. Совесниот градителот кој има стекнато право исклучиво да гради, но не и право на сопственост, може да се стекне со сопственост на градбата, врз основ на соодветен правен основ во моментот на одвојување. Моментот на одвојување, во овој случај претставува завршување на градбата и упис на правото во јавна книга. Сè до тогаш, ниту градителот има право на сопственост, ниту сопственикот на земјиштето се откажал од сопственоста (ја пренел) и ниту пак се стекнал со нова сопственост. Од тие причини не може ни да стане збор за некаква вредност којашто не е воспоставена ниту констатирана, а камо ли да стане збор за стекнати права по тој основ. „НЕСРЕЌНА“ ОДРЕДБА ОД ПРАВИЛНИКОТ ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ НА УРБАНИСТИЧКОТО ПЛАНИРАЊЕ И тука завршува приказната со тоа како функционира стекнатото право во случајот „Треска“, како и во кој било друг случај кога станува збор за толкување на доктрината „стекнати/стечени“ права. 27 март 2020
ПОРТА
35
ДА СЕ ВНИМАВА КАКО И НА КОЈ НАЧИН СЕ РАСПОЛАГА СО СОПСТВЕНОСТА СО ЛОКАЦИЈАТА „ТРЕСКА“ Треба да се биде многу внимателен кога се пристапува кон решавање на проблемот со поранешната фабрика „Треска“. Впрочем, треба да се биде особено внимателен во иднина и со многу други слични такви случаи, бидејќи веќе такви се случиле неколку пати досега. Најдобра водилка во оваа ситуација треба да биде и Пресудата од Судот за човекови права од Стразбур, случајот Виќентијевиќ против Република Македонија (жалба бр. 50179/07) од 4.2.2014 година. Судот во Стразбур го нагласил и истакнал правото на сопственост, односно законското очекување дека правото стекнато по основ на денационализација претставува основ во рамките на членот 1 на Протоколот 1 од Конвенцијата. Тој дополнува и дека вонредното преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на Република Македонија, каде биле констатирани фундаментални грешки во постапката за денационализација, па констатирал правна неизвршливост, се предуслов да се случи мирното уживање во сопственоста, а со тоа правично да се заштитат стекнатите/стечените права. Грешките кои ги констатирал Врховниот суд, а Стразбур ги потврдил биле ненадминливи при спроведување на постапката за денационализација и истите довеле до неможност од извршување. Сума сумарум, ако се земат предвид сите околности досега изнесени во овој текст, треба особено да се внимава како и на кој начин се располага со сопственоста. Истовремено треба да се внимава и како се дава можност да се стекне право на градење, а врз основ на тоа да се стекне право на сопственост. Не е воопшто едноставно да се зауздат, некогаш нерационалните барања на инвеститорите, а истовремено и правопропорционално неразумните желби на граѓаните, кои сакаат да се стекнат со дополнителна сопственост од онаа што веќе ја имаат. Секое невнимание носи грешки коишто се ненадоместливи во правниот промет, а со тоа и правната култура во Република Северна Македонија. Не треба воопшто да бидеме наивни, бидејќи таквите грешки не се продукт на неумесност или небрежност. Палетата на кривични дела во Кривичниот законик е голема, а таа започнува од Злоупотреба на службената положба и овластување (член 353), па сè до Давање поткуп (член 358), Давање награда за противзаконито влијание (член 358-а), Примање награда за противзаконито влијание (член 359), односно Противправно стекнување и прикривање имот (член 359-а).
ПОРТА
Економската вредност на стечените/стекнатите права произлегува од конкретен правен однос кој веќе бил воспоставен и кој дал одреден плод, но не којшто нема никаков плод, никаква вредност, а тежнее да приграби некаков плод. Во примерот што го наведовме, мора субјектот „Б“ да има право на сопственост, односно субјектот „А“ да има стекнато право да гради. Правото на сопственост само по себе не е апсолутно кога станува збор за градење објект врз земјиште, туку тоа е основ за здобивање на други права. Тоа право на сопственост е долната граница и истото не може да се одземе, туку само може да се зголеми (да се добие ново право на сопственост). Исто и со правото на градење, тоа е само стекнато право да се гради, но не и да се стекне со право на сопственост, тоа е идна околност која треба да настапи. Слично и при онаа „несреќна“ одредба од Правилникот за стандарди и нормативи на урбанистичкото планирање каде во членот 3 став 1 точка 4 се предвидува: „Сукцесивно зголемување на стечените права по основ на сопственоста на градежното земјиште, уредувањето на земјиштето и правата на градење, освен ако тоа не е спротивно на јавниот интерес;“ не се однесува на желби и посакувања за поголема катност на инвеститорите, односно на сопствениците на земјиштата, и придодавање на вредност на стекнување каде што не постои. Таа се однесува на стекнатите права по основ на сопственоста кои биле претходно воспоставени, сопственоста како основ да не биде намалена, а врз основ на која е стекнато право да се гради врз таа сопственост (недвижност). Значи, сопственоста не може да се намалува (квадратурата на земјиштето врз кое се гради), а со тоа и да се намалува стекнатото право да се гради на конкретната сопственост (градежно земјиште). Со други зборови, предвидената катност на конкретна градежна парцела не е стекнато право, туку е основ за да се стекне право на градење врз конкретна сопственост, тоа е она што не смее да се намалува, а не катноста и бруто-развиената површина на објектот дадена во ДУП. Катноста и бруто-развиената површина се варијабла и добиваат во вредност како стекнато право откако ќе се изгради во целост и впише во јавна книга, а не додека е во фаза на градење, особено не пред да отпочне градење на објектот, односно пред да се стекне правото да се гради. Само откако ќе се стекне правото да се гради, може да се стекне идна сопственост, но таа треба најпрво да се изгради, а не пред тоа.
ПОРТА
културно наследство
Манастирот Трескавец, бисер Улогата на реконструкцијата на опожарените конаци од манастирот Трескавец можеби е во тоа да ги залечи раните, да ги премости празнините предизвикани со изгубеното, но таа подеднакво мора да биде квалитетна, добро изведена и во духот на амбиентот, впрочем како и секој друг објект
Ангел СИТНОВСКИ, дипл. инж. арх.
Б
исер на архитектурата и духовноста, а како што на бисерите им прилега, сè е во нив и околу нив, вистинскиот сјај, достоинството и мирот. Накратко, ова е впечатокот за манастирот
38
ПОРТА
27 март 2020
Трескавец кога ќе го посетите. Композицијата на гранитните карпи што го опкружуваат просторот и духовноста што извира од манастирот го прави ова место исклучително за оние кои сакаат да слушнат приказни за неговиот средновековен живот, но и да уживаат во прекрасната глетка што оттука се пружа на
околината. Кога ќе се најдете горе, меѓу карпите под врвот Златоврв ќе почнете да се восхитувате на длабоката посветеност кон Бога, видена во неверојатни парчиња духовност и уметност, ставени во фреските, иконостасите, градбата на конаците на манастирот и црквата, убавината на
н
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ОПОЖАРЕНИТЕ КОНАЦИ
на духовноста и архитектурата
околните, камени структури на ридовите и планините со прекрасна локација и прекрасен поглед. Целиот простор околу манастирот има исклучителни природни вредности. Овие вредности според бројноста, манифестацијата и изразеноста на Златоврв претставуваат раритетна појава,
која ги надминува и балканските граници. Затоа Златоврв – Маркови Кули е ставен на привремената листа на УНЕСКО во Париз за заштита на природното наследство. Манастирот Трескавец се наоѓа само на десетина километри од градот Прилеп, на надморска височина од 1280 м. Тој е еден од најубавите манастири во Македонија
значаен монашки и духовен центар на Охридската архиепископија. Претставува сложен комплекс од градби изградени во различни временски периоди. Во рамките на манастирот се наоѓа и црквата „Успение на Пресвета Богородица“. Црквата во својата основа има облик на еднокорабна градба, чија 27 март 2020
ПОРТА
39
внатрешност е расчленета со пиластри на неколку травеи, а централниот дел е надвишен со купола. Живописот во црквата е од различни временски периоди. Најстарите фрески се од првата половина на 14 век, а има фрески и од 15 па сè до 19
ПОРТА
век. Манастирската црква покрај големото богатство на фрески од различни временски периоди, содржи и вредни уметнички предмети. Внатрешниот амбиент на црквата е надополнет со икони – дело на непознати иконописци кои работеле во
17 и 18 век. Црквата однадвор, во моментов конзерваторски е заштитена и треба да се продолжи со проектот за внатрешна конзервација. Црквата, заедно со трпезаријата е на списокот на културни добра во опасност.
Манастирот има свои конаци и трпезарија. Конаците биле подигнати околу црквата во 19 век. Конаците се на два ката со проширени чардаци. Конаците биле опожарени колку што се знае, за прв пат во 1867 година, потоа вториот пат во 1990 година и последниот, пожарот кој се случи на 4-ти февруари 2013 година. Во овој пожар целосно изгореа источниот, северниот и западниот конак од манастирскиот комплекс. За манастирот Трескавец може да се каже дека до неодамна претставуваше најнепристапното и најскриеното светилиште во Македонија, затоа што до него можеше да се стигне само пеш по тесна, кривулеста патека која поминува покрај неверојатни карпи и различни карстни форми. После пожарот до манастирот се направи асфалтен пат, преку кој брзо и лесно се стигнува до него. Во бројот 275 на „Порта 3“, од декември 2018 објавивме репортажа за обновата на манастирот. Кога го посетив манастирот, во ноември 2018 сè уште имаше многу активности околу реконструкцијата. Имаше повеќе работници кои работеа на обнова на конаците и црквата, а таму беше и сопственикот на белградската фирма „Кото инженеринг“, која ги изведува градежните работи. Оваа фирма има големо искуство во реставраторскоконзерваторските работи, особено во обнова на манастири, а соработува и со УНЕСКО и ЕУ. Работеле во повеќе земји од Европа и затоа беа одбрани да ги изведуваат работите во обновата на Трескавец. Повторно го посетивме манастирот на 26 февруари оваа година, за да видиме до каде е стигнато со реконструкцијата на конаците и на манастирската црква „Успение на пресвета Богородица“. Освен отец Калист, кој е единствен станар во овој момент во манастирот и двајца планинари кои дошле пеш од Прилеп, во комплексот немаше никој. Отецот рече дека за неколку дена се очекува да дојдат повторно работниците од „Кото инженеринг“ и да продолжат со активностите. После пожарот изработен е Основен проект за реконструкција на опожарените конаци на манастирот Трескавец, за кој Министерството за култура во тоа време издвоило 500.000 денари. „Проектот е работен за да се врати автентичноста на самиот манастир, не она што луѓето го паметат пред пожарот, туку според автентична слика на конаците од најстарите фотографии. Најстарата фотографија е од 1846 година на која се сликани прилепските еснафи“, посочи ПОРТА
монахот Калист. Согласно проектот, изработен од стручните служби при НУ Завод и музеј Прилеп, предвидено е враќање на автентичниот изглед на конаците и изградба на параклис на југоисточната страна од манастирот. Во реконструкцијата
42
ПОРТА
27 март 2020
на конаците се употребуваат современи градежни материјали отпорни на пожар, поставена е армиранобетонска конструкција како и секторско одвојување на конаците, со што при евентуален пожар би се спречило неговото пренесување во другите делови од манастирскиот
комплекс. Според Илија Ристески, раководител на проектот за реконструкција на опожарените конаци, работите, во согласност со планот и проектната документација, требало да завршат кон крајот на 2018 година. Меѓутоа, со оглед на специфичноста на работите и на самиот терен работите продолжија во 2019, а се работи и во оваа 2020 година. Во моментов завршени се конаците, вградена е дрвенаријата и покриен е кровот на конаците со камени плочи. Прозорците се заменети со нови, со дрвена рамка од 9 см и двојно нискоемисионо термоизолационо стакло исполнето со гас. Сменети се и вратите во собите на конаците. Ставени се нови од полно дрво. Подовите во собите се поплочени со керамички плочки, а во секоја соба направена е бања и камин. Вода сè уште нема, а не е направена ниту пречистителната станица за фекалните води, така што во догледно време санитариите не ќе може да се користат. Во дворот на манастирот направена е нова камена чешма и од неа тече вода. Собите се со природна вентилација. Водејќи сметка за автентичноста на објектот, како и за неговиот архитектонски израз и изглед, како што пропишуваат
конзерваторските услови, термоизолацијата е изведена од внатрешна страна на фасадните ѕидови, така што не е нарушена неговата концептуална автентичност и целина. При изведба на просториите во конаците водена е сметка за дополнителни
мерки за заштита од пожар како и можност за појава на ладни мостови и проблеми врзани за дифузија на водена пареа. Старите неимари граделе во склад со биоклиматските принципи, со специфични конструктивни решенија и
материјализација, со правилно бирање на трајни локални градежни материјали, водејќи сметка за опкружувањето. Трајноста на употребените материјали се мери со стотици години, што сведочи за нивната одржливост. n
Автентичноста на комплексот е во поголем дел остварена Со реконструкцијата некои од оштетените ѕидови на конаците се преѕидани со камен и со автентичен материјал. Конаците се реконструирани со примена на индивидуални градежни мерки во склад со конзерваторските услови, трудејќи се да го задржат автентичниот изглед на објектите во целост (камените фасадни ѕидови, кровната конструкција и кровниот покривач). Зачувувањето на објектот како автентичен споменик на културата, неговата првобитна функција или на места воведување на нова, со унапредувањето на комфорот во конаците кои се предмет на реконструкција и смалување на потрошувачката на енергија, се тежело кон воспоставување на модел на одржливост. Автентичноста на комплексот е во поголем дел остварена со реконструкцијата во поглед на бирање на автентичен материјал, со потполно задржување на висината, формата на конаците и обликот на крововите. Со користењето на современи методи на градење, материјали и технологија, покрај користење на автентичните материјали, направен е обид да се унапреди целиот комплекс.
Улогата на реконструкцијата на опожарените конаци од манастирот Трескавец можеби е во тоа да ги залечи раните, да ги премости празнините предизвикани со изгубеното, но таа подеднакво мора да биде квалитетна, добро изведена и во духот на амбиентот, впрочем како и секој друг објект. Разликата е што реконструираните градби носат повеќе емоции со себе, од нив повеќе се очекува затоа што мора да застанат веднаш покрај претходната градба без да ја заменат на начин сите да заборават на неа. Нашето наследство е дел од нас самите, треба со него внимателно да се однесуваме и да го пазиме. Нашата највредна врска со минатото всушност се нашите споменици и нашите вредни градби. Преку нив се враќаме во времето кога не сме постоеле, а нив ги оставаме на нашите наследници да се поврзат со нас и со нашите предци. Доколку дозволиме да се случи нешто со нашето неподвижно наследство, како ова со Трескавец, тогаш наша одговорност е да се исправат грешките на најдобар можен начин и да се потрудиме понатаму да продолжиме со внимание и почит кон него. 27 март 2020
ПОРТА
43
eнтериер
МУЗИЧКО СТУДИО САША НИКОЛИЌ ВО БЕЛГРАД
Идејата на ритамот и хармонијата провлечени како мотив
Пријатен простор за создавање и работа, како и место за одмор и дружење на младиот композитор со неговите пријатели и колеги. Гете изјавил дека „музиката е течна архитектура, а архитектурата е замрзната музика“.
ПОРТА
Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Белград)
П
роектирање музичко студио за млад композитор претставуваше професионален предизвик за тим архитекти од Белград, кој се собрал во текот на 2019 година со идеја да ѝ даде најдобро решение на оваа деликатна проектна задача. Автори на проектот се Ангела Шуќур, Ѓорѓе Јокиќ и Петар Мишковиќ. Проектот за акустика со прецизен ергономски и технолошки распоред на елементите, како и проектот за осветлување ги изработил Владимир Малетиќ. На почетокот беше потребно да се вклопат неколку важни аспекти во единствена и функционална целина, каде ниту еден сегмент од дизајнот, било да станува збор за акустичниот, естетскиот или функционалниот не биде доведен во прашање, ниту да биде подреден. Проектирањето на музичко студио, освен правилата на акустиката, кои мора да бидат испочитувани, требаше да претставува и пријатен простор за создавање и работа, како и место за одмор и дружење на младиот композитор со неговите пријатели и колеги. Гете изјавил дека „музиката е течна архитектура, а архитектурата е замрзната музика“. Идејата на ритамот и хармонијата на некој начин е земена како
почетна водилка за проектирање на овој простор и тој елемент е провлечен како мотив, кој ги карактеризира сите простории и визуелно ги поврзува во единствена целина. Студиото е со површина од 124 квадратни метри и се состои од три засебни целини. Влезен дел со остава, кој претставува простор за одмор и дружење, режија и глува соба. Сите три простори се визуелно и физички поврзани, како три засебни амбиенти. Целокупниот простор, во секој амбиент го карактеризираат четири основни бои: кафена, петролеј сина, сива и бела. Кафените елементи, подот, поедини ѕидни облоги, рамките на вратите, прозорците помеѓу просторијата за режија и глувата соба, како и дифузерот за режија ги сочинуваат дрвени облоги во нијанса на даб. Покрај тоа, во просторијата за режија и во глувата соба, користени се кафени платна за плафонскиот дел, како своевидна естетска врска меѓу подот и плафонот. Петролеј сината боја го создава најдоминантниот визуелен елемент, кој е провлечен низ амбиентот на целото студио. Додека во собата за режија и во глувата соба се користени платна поради нивните акустични карактеристики, во влезниот дел ѕидовите се прекриени со тапети во петролеј сина боја. Сивата боја е додадена со идеја да се истакнат поедини елементи, без да се 27 март 2020
ПОРТА
45
наруши хармонијата на материјалите во просторот. Белата боја, која ги карактеризира поедините ѕидни облоги, дополнително го „отвора“ просторот, го прави визуелно поголем, потранспарентен и го нагласува контрастот помеѓу светлите и темните делови. Секоја просторија поседува специфични правоаголни сегменти со различни димензии, поставени во елементи кои треба да ја претставуваат графичката и просторна идеја на ритамот. Во влезниот дел тоа е видливо на плафонот, каде е поставена линиско осветлување со различни димензии и позиции. Во собата за режија, како и во глувата соба, отворите на бочните ѕидови ја следат истата логика. Тие отвори претставуваат маски, зад кои се наоѓаат прозорци кои овозможуваат природно светло и вентилација. Влезниот дел, како прв амбиент на студиото го сочинува правоаголна просторија со доминантно огледало на пократкиот ѕид, кое има улога визуелно да ја прошири просторијата и истовремено да го сокрие влезот во малата остава. Прозорците, кои се наоѓаат на еден од ѕидовите, дополнително се нагласени со рамки во сива боја, додека радијаторот е скриен во сива кутија, која е поставена асиметрично во просторијата. Собата за режија е суштината на студиото. Таа претставува најважен простор, каде композиторот поминува ПОРТА
највеќе време. Овој простор го карактеризира симетричен ритам на ѕидните облоги, отворите, вратата и прозорците, како и со светло нагласен подиум со софа, зад која се наоѓа дрвен дифузер на звук. Дифузерот со својата форма отскокнува од стандардните правоаголни дифузери кои се поставуваат во музичките студија. Изработен е како единствен елемент, составен од седум различни делови со централна оска на симетрија. Освен симетричните отвори на ѕидовите во таа ширина, на плафонот е поставено надградено линиско осветлување во влезниот дел, како и надградено линиско осветлување и рефлектори како дополнително осветлување. Линиското осветлување во сите простории и на подот има иста ориентација, паралелно е, сè е на своето ниво. Глувата соба визуелно е поврзана со режијата преку застаклен отвор, кој исто така претставува посебен детал, стаклото е асиметрично поставено во однос на вертикалната оска. Глувата соба ја следи истата естетска логика како и останатиот простор во студиото. Подот е од даб, плафонот се карактеризира со употреба на кафено платно, исто како и во режијата, на ѕидот е поставена комбинација од петролеј сино и сиво платно, додека дефлектордифузерите се во светлосива боја, а ѕидовите се бели. На местото каде се наоѓа скриениот прозорец поставен е вертикален елемент со идентични ритмички отвори како во собата за режија. Во глувата соба поставено е висечко линиско осветлување со заоблени дифузери и спот осветлување. Студиото не е големо по својата површина, но е сложено по својата технолошка функција и неопходноста од што подобри акустични услови и три меѓусебно одвоени простории, потполно звучно изолирани. Со особено почитување на строгите параметри на акустиката, на времето на реверберација и дифузноста на просторот, создаден е простор кој ги исполнува неопходните технички услови, а воедно создава и свој свет, свет на звук исполнет со смирена атмосфера, која го почитува нејзиното височество музиката. Саша Николиќ Студио е едно од поголемите и по зборовите на корисниците, едно од пубавите музички студија во Белград. Со внимателен пристап во проектирање на ентериерот, постигнат е визуелен скалд меѓу сите амбиенти на просторот, додека истовремено е постигната целта која беше зацртана на почетокот. Проектот е избран да биде изложен на Салонот на архитектура 2020 во Белград во категоријата Ентериер. Но поради новонастанатата ситуација во светот Салонот е одложен. Во некој момент и пошироката публика ќе има можност да го види овој проект и да де својот суд. n ПОРТА
47
технологија
Колку е штетна 5G технологијата 5G технологијата се одликува со поголема ефикасност на уредите, поголема сигурност на мрежата, како и можност за спојување до милион уреди на квадратен километар
Даниела МЛАДЕНОВСКА
П
рвите 5G мрежи во светот стартуваа во април 2019 година, во Јужна Кореја и во САД. Потоа следуваа во многу други земји, а токму оваа година се очекува вистинскиот бум на оваа технологија. Но, од друга страна, имплементацијата на оваа технологија е одбележана и со започнување па откажување на процесот во неколку земји. Со тоа се интензивираа и расправите во врска со штетноста на оваа технологија врз здравјето на луѓето и врз животната средина. Некои стручни, некои помалку стручни и секако бројни шпекулации. Минатиот месец, Владата на Словенија го запре воведувањето на 5G технологијата, на предлог на министерот за управа, сè додека не се испитаат ефектите на оваа технологија врз здравјето на луѓето и врз животната средина. Министерот кратко ја образложил оваа одлука со констатацијата дека „сомнежите во штетноста на 5G технологијата се оправдани.“ Неодамна и Швајцарија го одложи воведувањето на 5G технологијата, после бројните протести во текот на минатата година. 48
ПОРТА
27 март 2020
Но, што всушност означува терминот 5G? Тоа е петтата генерација на мобилни телекомуникациски мрежи со соодветна инфраструктура и уреди. Главната карактеристика е наглиот скок во брзините на пренос на податоци и можноста за поголем број поврзани уреди. Со време, мрежите би требало дополнително да се развиваат и да ги зголемуваат брзините, а понудата на уреди ќе се прошири и на поширок спектар (IoT Internet of Things). ПРЕСВРТНА ГОДИНА ВО МОБИЛНИТЕ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ МРЕЖИ Нема сомнение дека 2020 година е замислена како пресвртна точка во смената на генерации во технологијата на мобилни телекомуникациски мрежи, имајќи ги предвид досегашните интервали од околу десет години. Што се однесува до фреквенцискиот спектар, 5G мрежите во ЕУ се разделени на две групи. Фреквенцијата од 700 MHz ќе се користи во рурални средини и помалку населените подрачја, на море и слично, имајќи предвид дека подолгиот бран, односно помалата фреквенција овозможува поголем домет. Од друга страна пак, повисоките фреквенции се потребни во
урбаните подрачја каде е поголема густината на корисниците, како и од аспект на потребата за поголема брзина на пренос на податоците. Основната брзина која би требало да ја постигнуваат 5G мрежите е 1 Gbps во download, што е десет пати повеќе од моментално актуелните 4G брзини. ПРЕМНОГУ Е РАНО ЗА ЦВРСТИ ЗАКЛУЧОЦИ Во однос на ризиците по здравјето, засега единствено со сигурност може да се каже дека сè уште е рано за одредени цврсти заклучоци, со оглед на краткото време кое е поминато од почетокот на имплементацијата. Секоја студија од овој аспект треба да опфати одреден минимален временски период на изложеност на ова зрачење. Од друга страна пак, во мноштвото од различни инфраструктурни мрежи и уреди во современото живеење (инфраструктура за пренос и дистрибуција на електрична енергија, опрема за медицински испитувања, мобилни телефони и сл.), тешко е изолирано да се утврди само влијанието од зрачењето кое се должи на 5G мрежата. Во јавноста се појавија тврдења дека 5G мрежите, особено повисоките фреквенциски спектри лошо делуваат на живиот свет, а некои отидоа
СТРУЧНИ И ПОМАЛКУ СТРУЧНИ МИСЛЕЊА И БРОЈНИ ШПЕКУЛАЦИИ
- факти и/или контроверзии?
дотаму да тврдат дека тие се погубни за птиците. Други пак уверуваат дека штетноста е иста како и со постоечките базни станици за 2G, 3G и 4G мрежите. Сепак, факт е дека Брисел меѓу првите го одложи имплементирањето на оваа технологија, бидејќи нивоата на зрачење ги надминуваат граничните вредности согласно тамошната регулатива која е значително построга од европскиот просек. Но, секако, сосема би било неодговорно да се тврди дека не постои никаква опасност. Имено, со додавање на уште еден слој на „инфраструктура“ се зголемува електромагнетното зрачење, покрај антените кои веќе постојат од другите генерации на мобилни телекомуникациски мрежи. Според тоа, целиот проблем со електромагнетното зрачење мора да се разгледува интегрирано, а не селективно. Денес, речиси не постои човек кој повеќе или помалку не е изложен на т.н. нејонизирачко електромагнетно зрачење кое потекнува од модерните електрични уреди што ги употребуваме во секојдневниот живот. Радиофреквентното електромагнетно зрачење е невидливо, но кога би можеле да го видиме, тоа би изгледало како магла насекаде околу нас, со посебно густи „облачиња“ околу луѓето кои зборуваат преку мобилни телефони. Особено густи облаци од континуиран електромагнетен смог „би забележале“ околу антенските столбови преку кои се емитува радио и ТВ-програма, како и околу антените на базните станици за мобилна телефонија. Ваквото нејонизирачко електромагнетно зрачење понекогаш го нарекуваме „електромагнетен смог“. Зборот смог е изграден од два англиски збора: „smoke“ - што значи чад, и „fog“ - што значи магла. Како и вистинскиот смог, електромагнетниот смог исто така може да има сериозно негативно влијание врз здравјето на луѓето и живите организми, особено ако јачината на електромагнетното
зрачење е поголема од препорачаната гранична вредност. Според Светската здравствена организација (WHO-World Health Organization), електромагнетното зрачење е поврзано со појавата на леукемија кај деца и генерално е потенцијално канцерогено за луѓето. Во Македонија нема многу истражувања кои се однесуваат на оваа тема, односно за поврзаноста на овој вид зрачење со јавното здравје, но мора да се потенцира дека информирањето на јавноста за овие теми е од особена важност. Дотолку повеќе што секоја, особено урбана средина е испресечена со инфраструктура која емитува електромагнетно зрачење, а извори на вакво зрачење се и електричните и електронските уреди кои секојдневно ги користиме. МОМЕНТАЛЕН ТРАНСФЕР СО 5G ТЕХНОЛОГИЈАТА Денешната технологија во дел од секундата испраќа и прима податоци помеѓу паметните уреди и интернетската мрежа. Кај 5G технологијата овој трансфер се одвива речиси моментално. Брзината е илјада пати поголема во споредба со 4G мрежата. Се одликува со поголема ефикасност на уредите, поголема сигурност на
мрежата, како и можност за спојување до милион уреди на квадратен километар. Ќе се намали доцнењето на сигналот, со што ќе се подобрат на пример преносите на натпреварите во живо. Но, сепак самата 5G технологија нуди многу повеќе од побрз интернет и уживање во забавните содржини. Со употребата на 5G мрежата ќе се развива вештачката интелигенција и ќе се отвораат можностите за нејзина поширока примена во индустријата, земјоделството, образованието, здравството, а ќе се гради и паметна градска инфраструктура, унапредувајќи го начинот на функционирање на јавните служби. Со ваква технологија, возилата ќе може да комуницираат помеѓу себе и ќе разменуваат податоци. Хирурзите ќе може да разменуваат податоци со своите колеги во операциските сали во реално време, без оглед каде во светот во моментот се наоѓаат. Изведувањето на операции на далечина преку роботски раце, исто така ќе биде пракса. И конечно, 5G мрежата ќе го промени начинот со кој ракуваме со нашите домашни апарати, преку можноста за нивно вмрежување и далечинско управување со нив. Штетното дејство од изложеноста на радиофреквенциите е долгогодишна грижа за многу граѓани, која неретко резултира и во јавно спротивставување на поставувањето на
ПОРТА
базни станици во одредено подрачје и слично. Во 2017 година направено е истражување од страна на Питер Видман од Универзитетот во Волонгонг во Австралија, кое опфаќа 2.450 граѓани од шест европски земји, и утврдено е дека околу 40 отсто од испитаниците имаат одредена загриженост, додека 12 отсто се сериозно загрижени за последиците од електромагнетното зрачење. ЗРАЧЕЊЕТО ОД 5G МРЕЖАТА НЕМА ЗНАЧИТЕЛНО ДА СЕ РАЗЛИКУВА Иако ефектот од зрачењето предизвикано од 5G мрежата сè уште не е истражувано во детали, веројатно е дека нема значително да
се разликува од постоечките мобилни мрежи бидејќи основите на технологијата се исти: обезбедување доволно силен сигнал за овозможување комуникација. Извештајот од 2019 година (Public exposure to radiofrequency electromagnetic fields in everyday microenvironments: An updated systematic review for Europe, Environmental Research Volume 176, September 2019) за влијанијата на радиосигналите врз животната средина, не укажува на зголемување на нивоата на зрачење, и покрај драматичното зголемување на безжичните комуникации. Во извештајот се тврди дека нема зголемување на вкупните нивоа на зрачење од 2012 година наваму,
делумно поради „подобрувањата во ефикасноста на овие технологии“. Уште од шеесеттите години на минатиот век, многу студии ги испитувале можните биолошки и здравствени аспекти од изложеноста на овој вид зрачење, а денес постојат неколку илјадници трудови од оваа област. Првично, изработката на овие студии била мотивирана од загриженоста за здравјето на работниците кои биле изложени на зголемени вредности на електромагнетно зрачење. Дури во последните години, се појавуваат студии кои се фокусирани на потенцијалните ризици за здравјето и за животната средина предизвикани од телекомуникациската инфраструктура, но сè уште многу малку истражувања се од областа на 5G мрежите. Повеќето земји имаат усвоено гранични вредности на изложеност на радиофреквенции, кои се главно во сличен ранг, но некои како на пример Италија, Белгија и Индија, како и некои градови (Брисел, Париз) поради претпазливост имаат усвоено пониски гранични вредности (better safe than sorry). Во својот извештај за 2018 година, Swedish Radiation Safety Authority (2019:08 Recent Research on EMF and Health Risk, Thirteenth report from SSM’s Scientific Council on Electromagnetic Fields, 2018) заклучува дека „и покрај непостоењето на воспоставен механизам (ми) за следење на влијанието врз здравјето и животната средина, секако постои потреба за поголем опфат на истражувања во делот на новиот опсег на фреквенции, како што е тоа 5G мрежата. ДЕЛ ОД НАУЧНИЦИТЕ СЕПАК УКАЖУВААТ НА ШТЕТНОСТА Меѓу научниците кои најостро се спротивставуваат и укажуваат на штетноста од 5G технологијата, се чини дека
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
најрадикални се ставовите на Martin Pall, пензиониран професор по биохемија од Washington State University. Тој е еден од најекспонираните научници на јавната сцена во оваа област. Во своите бројни јавни презентации и во својата online book on 5G, тој пласира бројни сензационални тврдења како на пример дека 5G ќе предизвика „речиси моментален“ пад во човечката репродукција на вредности „блиску до нула“. Тој вели дека „поставувањето на десетици милиони антени без ниту еден биолошки тест за безбедноста е најглупавата идеја во историјата на светот“. Pall е категоричен дека сегашните зрачења од 2G, 3G и 4G технологиите, се поврзани со: намалување на плодноста, несоница, замор, депресија, големи промени во структурата на мозокот кај животните, оштетувања на ќелиските структури на ДНК, оксидативен стрес, хормонски пореметувања, рак и уште многу болести и состојби. Како најсериозни тој ги посочува влијанијата врз нервниот систем и ендокриниот (хормонален) систем. Ако се продолжи по овој пат, стапката на болести само ќе расте, тврди тој. Свесноста е клучна и едноставно информирањето за овој проблем е голем чекор во вистинската насока. Други групи пак, особено во Европа, вршат притисок за мораториум во имплементацијата на 5G. Во август 2019 година, потпишан е апел од страна на 245 научници со кој се бара одложување на имплементацијата на 5G додека не се истражат целосно потенцијалните штети за човечкото здравје и животната средина. Меѓу останатото, во овој апел се вели: „И покрај општото одрекување, доказите дека радиофреквентното зрачење е штетно за животот се непобитни. Акумулираните клинички докази, експерименталните докази за оштетувањето на ДНК на клетките и на органските системи на растенијата и животните, како и епидемиолошките докази дека главните болести на модерната цивилизација - рак, срцеви заболувања и дијабетес, во голема мера се предизвикани од електромагнетното загадување, сочинуваат документациска база од над 10.000 стручно рецензирани научни трудови. Ако плановите на
телекомуникациската индустрија за 5G се остварат, никој на Земјата не ќе може да ѝ избега на опасноста, која ќе предизвика непоправливи влијанија врз луѓето, но и трајни оштетувања на сите екосистеми на Земјата. Но, сепак, уште во 2017 година од Европската комисија беа јасни дека какви
било барања да се запре имплементирањето на 5G технологијата се драстични и непотребни. Тие се согласни дека штетните влијанија на оваа технологија мора да се испитаат, но тоа не може да се направи без да помине одредена временска дистанца од нејзината имплементација. n
ПОРТА
екологија
„Зелената земја“ може да го п Секој сантиметар пораст на нивото на морето носи ризик од поплавување на крајбрежјето и ерозија на почвата, што ги загрозува животите на луѓето низ целиот свет
Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Г
ренланд е остров што во последните години станува особено важен за светот и за популацијата. Она што секој ќе се запраша е: Зошто е навистина важен? Важен е затоа што ледената прекривка на Гренланд, која во некои делови е дебела од два до три километри, е седумпати поголема од површината на Велика Британија. Кога таа ледена прекривка целосно би се стопила, би дошло до подигнување на глобалното ниво на морето за цели седум метри. Дури и малото зголемување во стапката на топење во наредните децении би можело да загрози милиони луѓе што живеат на ниски надморски височини. Бангладеш,
52
ПОРТА
27 март 2020
Флорида и источна Англија се само некои од многубројните области што се загрозени од подигнувањето на нивото на морето во последниот век. Иако Гренланд е далеку, се протега од северот на Атлантикот високо кон Арктикот, топењето на ледот може да има големо влијание врз обемот на поплавите со кои ќе се соочиме во иднина. Односно може да го промени изгледот на крајбрежјето низ целиот свет и да го присили населението да се пресели подлабоко на копно. БРЕГОВИТЕ СЕ ТОПАТ МНОГУ ПОБРЗО Ледените брегови во Гренланд и Антарктик сега се стопуваат шест пати побрзо од 1990-тите години поради зголемувањето на температурите, се вели во најновиот извештај на 89 научници од
50 меѓународни организации. Според најсеопфатниот поларен извештај за загуба на мраз до денес, заклучено е дека забрзаното одмрзнување на ледените плочи во Гренланд и Антарктикот ќе доведе до дополнителни 17 сантиметри пораст на морското ниво до 2100 година, во споредба со веќе доволно песимистичките податоци од Меѓувладиниот панел за климатски промени. Меѓународен тим на научници што го следат и проценуваат влијанието на топењето на ледениот лим врз порастот на нивото на морето (IMBIE) има комбинирано податоци од 26 различни истражувања за да ги пресмета промените во ледените плочи на Гренланд и Антарктикот меѓу 1992 и 2017 година. Користени биле податоци од 11
ПОЛАРНИОТ МРАЗ СЕ ГУБИ ШЕСТ ПАТИ ПОБРЗО ОТКОЛКУ ВО 1990-ТИТЕ ГОДИНИ
о поплави светот различни набљудувања на сателитите, вклучително и мерења на волуменот, стапката на проток и тежината на ледените плочи. Научниците ги откриле своите откритија во списанието „Природа“ и потврдија дека Гренланд и Антарктикот од 1992 до 2017 година имаат изгубено 6,4 трилиони тони мраз, што беше доволно за да се подигне нивото на морето за 17,8 милиметри. Од вкупното покачување на морското ниво, 10,6 милиметри (60 %) се должи на загубите на Гренланд, а 7,2 милиметри (40 %) се должи на загубите на мразот на Антарктикот. „Три четвртини од мразот беа изгубени поради зголемената топлина околу Гренланд и Антарктикот. Иако зборуваме за само половина степен Целзиусов, ова е доволно за да се дестабилизираат глечерите“, рече еден од авторите на студијата, професорот Ендру Шепард од Универзитетот во Лидс. Секој сантиметар пораст на нивото на морето носи ризик од поплавување на крајбрежјето и ерозија на почвата, што ги загрозува животите на луѓето низ целиот свет. Доколку Антарктикот и Гренланд продолжат да го следат најлошото сценарио за глобално затоплување, тоа ќе предизвика дополнителни 17 сантиметри пораст на нивото на морето до крајот на векот и без значително намалување на емисиите на СО2. Ова значи дека до 2100 година 400 милиони луѓе ќе бидат загрозени од поплави секоја година, тоа веќе се случува и ќе биде штетно за опстанокот на крајбрежните заедници, велат научниците. „Моделите досега беа премногу конзервативни, бидејќи влијанието од топењето на ледот врз зголемувањето на нивото на морето во 1990-тите беше скоро занемарливо - околу пет проценти. После 20 години, мразот се распаѓа многу побрзо, а од 81 милијарди тони мраз годишно во 1990-тите дојде на 475 милијарди тони годишно во 2010 година. Ова значи дека поларните ледени плочи сега се одговорни за третина од покачувањето на морското ниво, така што наместо да се искачи морското ниво од 50 сантиметри, треба да очекуваме уште 15 или 20 сантиметри“, вели Шепард додавајќи дека сме во услови на климатска криза што ќе има огромно влијание врз иднината на човештвото и мора да направиме нешто за да ги ублажиме нејзините ефекти. Светските
влади треба да го решат овој проблем за идните генерации , заклучува Шепард. ПОТЕНЦИЈАЛНА ОПАСНОСТ ЗА ГЛОБАЛНИТЕ ГРАДОВИ Скоро половина од губитокот на мраз на Гренланд е резултат на покачените температури и испарување. Океаните го апсорбираа поголемиот дел од вишокот топлина предизвикана од климатските промени, но и тие ги достигнуваат своите лимити. Доктор Џејсон Бокс од Геолошкиот
завод на Данска и Гренланд, кој ја проучува ледената прекривка, вели дека го вознемирува потенцијалната опасност и дека луѓето што се занимаваат со планирање во глобалните градови мора да бидат подготвени. Изминатите години Гренланд изгуби стотици милијарди тони мраз - грубата пресметка вели дека за влијание врз нивото на морето потребно е да се стопат 362 милијарди тони мраз за нивото на океанот да се зголеми за околу еден милиметар. 27 март 2020
ПОРТА
53
ЗЕМЈА ПОД МРАЗ
Тоа не звучи многу, но во 2012 година вкупната загуба на мраз била 450 милијарди тони, а овогодишното затоплување е на добар пат да произведе исто толку или повеќе, додека научниците сугерираат дека може да го подигне нивото на морето за два милиметри. Доктор Бокс вели дека врз мразот на Гренланд влијае и зголемувањето на просечната температура што неодамна е забележана. Бокс ги собира податоците од последните читања, а тие покажуваат дека само ова лето глечерот се намалил за околу девет метри. НЕМА БЕСПРЕКОРНА БЕЛИНА Арктикот, всушност не е една беспрекорна белина. Постојат многу големи бледосиви области и помали делови што се многу потемни, покриени со нешто што личи на кал или тиња. Некогаш се сметаше дека овие темни делови се предизвикани главно од мешавина на прашина и честички од загадувањето што ги носат ветровите од далечните електрани и индустриски центри. Но, неодамна научниците дошле до важно откритие дека најголемата причина за ова потемнување е всушност од биолошка природа – алгите и
ПОРТА
микроскопски ситни растенија почнаа да цветаат на мразот што се топи. Површината покриена со сиво или црно, за разлика од вообичаеното сјајно бело, впива повеќе сончева светлина. Тоа го забрзува затоплувањето и со самото тоа доведува до дополнително топење. Дури и ако се намалат емисиите на гасови од глобалното затоплување, стапката на топење на мразот во Гренланд сè уште може да продолжи да расте - иако можеби побавно. Младите борци за климатските промени од Гренланд, и научниците чувствуваат потреба сами да направат нешто во врска со ова прашање. Тие почнале програма што ќе се обиде да апсорбира дел од јаглеродниот диоксид што се ослободува поради летовите кога експертите доаѓаат да спроведуваат истражувања. Во близина на аеродромот во Нарсарсуак истражувачите засадуваат шест илјади садници на сибирски ариш, вид дрво за кое е познато дека успева во такви услови. Научниците велат дека 10 од овие дрвја ќе треба да растат 60 години за да го апсорбираат јаглеродот произведен од повратен лет од Лондон до Сан Франциско, но велат дека тоа сепак е почеток. n
На Гренланд живеат околу 56 илјади Гренланѓани во заедници изградени на тесниот појас на Земјата на работ од ледената прекривка. Потоплите услови овозможуваат развој на земјоделството, но за некои млади Гренланѓани климатските промени се сериозна причина за загриженост, делумно поради влијанието на мразот врз другите области на планетата. Гренланд значи „зелена земја“. Тоа денес тешко е да се замисли затоа што овој остров е 85 отсто со мраз, но Гренланд некогаш бил многу потопол. Истражувачите во ситуациите кога го дупчеле мразот, под него нашле ДНК од дрвја, пеперутки и други инсекти. И затоа се дошло до заклучок дека пред 450.000 до 900.000 години Гренланд бил покриен со шума. Во меѓувреме климата повторно се менува, температурите растат, а Гренланд е погоден од тоа. Денес Гренланд е населен само во некои делови од крајбрежјето. Благодарение на Голфската струја, климата е пријатна за луѓето на западното крајбрежје. Таму има поголем дел на села и градови, вклучувајќи го и главниот град Нук со 18 илјади жители. На островот нема патишта или железнички пруги кои ги спојуваат селата и градовите. Во внатрешноста на градовите има патишта кои завршуваат на периферијата. За да се стигне од еден до друг град на Гренланд патуваат со авиони, бродови, хеликоптери, мотори или пак санки кои ги влечат кучиња.
ПОРТА
најчудни градби
Челичен остров во форма на ш Она што се нарекува остров, всушност е еден вид на брод и е со должина од 47 метри, а направен е од конструктивен челик
Драган РИСТОВ
О
стров или брод? Не е лесно да се каже за оваа екстравагантна челична конструкција на американскиот уметник Вито Аконси. Островот во реката Мур во австрискиот град Грац беше само вовед за титулата „Европски град на културата“ во 2003 година. Она што е јасно е неговата функција како врска меѓу реката и градот, прекрасно место за пиење кафе или уживање во коктел, со тоа што реката Мур тече весело, од левата и од десната страна. Од оваа позиција градот добива една сосема нова перспектива. Островот ја врати реката Мур пред луѓето од Грац. Пред да биде конструиран пловечкиот мост, реката била загадена од канализациска вода и од индустриски отпадни води. Значи, фактот дека заради мостот се ископале дополнителни 12 метри, довел и до комплетна санација што овозможило и средување на подземните мрежи. Сега, реката што го 56
ПОРТА
27 март 2020
ВО ГРАЦ, АВСТРИЈА
школка на средина на река поврзува и го раздвојува градот има добар квалитет на вода, а самата таа повторно стана привлечна. Роберт Пенкенхофер, роден во Грац, го инспирираше њујоршкиот уметник Вито Акончи да дизајнира достапен вештачки остров. Опишан од уметникот како „Чаша како купола, што се лепи на чинија…“ Островот Мур е во форма на џиновска морска школка и е со должина од 47 метри. Направен е од конструктивен челик. Заоблената и искривена форма може да биде поврзана со полуотворена школка. Во својот отворен дел, сините клупи во форма на бранови формираат амфитеатар за настани од сите видови. Под куполниот стаклен покрив кој се лади со вода, кафуле во сино-бела боја, нуди можност да се ужива и да се биде близу до Мур, односно да се восприема едно ново чувство дури и за локалното население. Меѓу кафе и амфитеатар, тродимензионален лавиринт изработен од јажиња, е еден вид на „островска авантура“ за деца. Она што се нарекува остров, всушност е еден вид на брод, кој се држи стабилен со помош на сидро и дополнително е стабилизиран од страна на двете корита што го поврзуваат со брегот на реката. Има дури и светло за навигација, како предупредување за другите бродови што пловат низ реката Мур. Сината светлина, му дава посебен шарм на пловечкиот мост навечер. n
ПОРТА
ПОРТА
СИСТЕМ - ЗЕЛЕН КРОВ
ПРЕСЕК
ДЕТАЉ ЗА РЕВИЗИОНА ШАХТА
Официјален дистрибутер: Бизнис Центар Адинг Тел.: +389 (0)2/20 50 976; info@bc-a.com.mk, www.bca.mk
ПОРТА
ПОРТА