Број 292 на Порта3

Page 1

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

292 MAJ 2020

Бројот на завршени студенти е најголемиот капитал со кој се гордееме Музеј, џамија, повеќенаменски центар и опера Сите вредности на Шар Планина

90 ДЕНАРИ



Коронавирус... Здравје... Економија... Порта 3 Почитувани пријатели, читатели и поддржувачи на Порта 3 Повеќе недели сме во амбиент на живеење и делување во борба за спас на здравјето на жителите на целата Земјина топка, во услови на пандемија на коронавирусот. Човештвото е исправено пред можеби најстрашниот и непознат предизвик после Втората светска војна. Во оваа исклучително опасна ситуација, приоритет на секоја држава па и на нашава е да носи ургентни и правилни мерки , а на сите нас како одговорни човечки суштества да ги почитуваме и спроведуваме. Сериозноста на моментумот и можните последици по здравјето и нормалното делување на државата, е голем предизвик за секој субјект и поединец. Ова е за доброто на сите и буквално зависи од секој поединец. Која било епидемија е опасна, но оваа по својот размер и пред сè поради непознатоста е невидена во поновата историја на човештвото, па затоа е и особено опасна. Тоа го нагласија сите најголеми светски фактори и се разбира и нашите најодговорни. Најсигурниот пат за сузбивање на епидемијата во недостапност на вакцина за истата, е секако самоизолацијата и исполнување на условот ОСТАНЕТЕ ДОМА / се разбира за сите што не мора да се на своите работни места /. Непознатоста за времетраењето и последиците од оваа мерка е извонреден предизвик за нашето општество, но и

тешка и одговорна задача за секој поединец. Следува период на неизбежна глобална економска криза и за нашата држава долготрајна борба за опстанок на економијата и сè што зависи од тоа. Сите ќе бидеме во тој амбиент и секако само со заемно помагање и солидарност ќе може да го пребродиме лошиот период што доаѓа. Паролата „Купувајте македонски производи“ ќе мора да стане приоритет за сите нас.

Порта 3 со своето печатено издание и портал, си постави за задача да го задржи нивото на својот квалитет на теми и информации со цел да внесе во секојдневието на изолации и забрани , позитивни вибрации за полесно справување со неизбежните ограничувања на социјални дружења и секојдневни контакти - во еден сосема подруг начин на живеењето на нашето секојдневие. Помогнете и ѝ Вие на Порта 3, да остане во добра кондиција, со исполнување на вашите обврски кон нас, било како претплатници и уште повеќе како наши спонзори и рекламодавачи. Тоа ќе помогне за опстанок на Порта 3 во ова време невреме, ќе ни помогне да го одржиме ентузијазмот и да продолжиме и понатаму успешно, пред сè и над сè поради ВАС.

Редакција на Порта 3

ПОРТА


СОДРЖИНА

14

18

ИНФО 6 СКОПСКА СООБРАЌАЈНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА НАД 5 000 ПОСЕТИТЕЛИ ЗА ДВЕ ГОДИНИ ВО СПОМЕН – СОБАТА НА КИРО ГЛИГОРОВ

РЕГИОНИ 12 ИНТЕРВЈУ 14 БРОЈОТ НА ЗАВРШЕНИ СТУДЕНТИ Е НАЈГОЛЕМИОТ КАПИТАЛ СО КОЈ СЕ ГОРДЕЕМЕ

СТАВ 19

38

КУЛТУРНОТО И АРХИТЕКТОНСКОТО НАСЛЕДСТВО – БЕЗ ПОЧИТ

АРХИТЕКТУРА 24 СВЕТОЛ МОМЕНТ

АРХИТЕКТУРА 28 МУЗЕЈ, ЏАМИЈА, ПОВЕЌЕНАМЕНСКИ ЦЕНТАР И ОПЕРА

АРХИТЕКТУРА 34 АРХИТЕКТОНСКИ МЕДАЛЈОН НА ВЛЕЗОТ ВО ГРАДСКИОТ ПАРК

АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 38 ИНОВАТИВНИ ДРВНИ КОНСТРУКЦИИ - 111 EAST GRAND

40

ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО 42 КОНТИНУИРАНО ГРАДЕЊЕ СЕИЗМИЧКИ СИГУРНО ОПШТЕСТВО

ТЕХНОЛОГИЈА 48 ФИЗИЧАРКАТА КОЈА 48 ПАТИ БИЛА НОМИНИРАНА ЗА НОБЕЛОВА НАГРАДА, НО НИКОГАШ НЕ ЈА ДОБИЛА

48

ЕКОЛОГИЈА 52 СИТЕ ВРЕДНОСТИ НА ШАР ПЛАНИНА

58 АРТ И ДИЗАЈН 58 МЕША УМЕТНОСТ И ДИЗАЈН ЗА ДА СОЗДАДЕ ОПШТЕСТВЕНО СВЕСНИ ПАРЧИЊА

ПОРТА

25 јули 2014


ГОДИНА XII

БРОЈ 292 ПЕТОК 29.5.2020 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нов месец и нов број на Порта 3. Соочени со кризата, како и сите останати гранки од економијата, сепак не отстапуваме од желбата на нашите читатели да им понудиме интересни четива. Секако сето тоа сместено во стандардните рубрики за градежништво, архитектура, екологија, технологија, став. Овој број го почнуваме со информациите за скопската сообраќајна градежна офанзива, за Спомен-собата на Киро Глигоров во Штип, како и за вандализмот којшто е направен врз Mеморијалниот комплекс на Богдановиќ во Штип. За активностите на дел од локалните самоуправи може да се прочита во рубриката „Региони“. Во овој број имаме интервју со проф. д-р Златко Србиноски, декан на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје. Деканот говори за местото на Градежниот факултет во образовниот систем, за основните заложби и програма во однос на работењето на Факултетот во наредниот период, за студиските програми, за тоа како се одвива научноистражувачката дејност, за соработката со другите универзитети од странство. Во рубриката „Став“ говориме за немањето почит кон културното и архитектонското наследство. Отсуството на култура, непочитувањето на науката и струката, но и алчноста која во нестабилни системи оди рака под рака со корупцијата, направија многу штети во овој град, иако поседувавме и знаење и стручност како тоа да не се случи. Поттикнати од сите случувања поврзани со Градскиот трговски центар, Редакцијата на Порта 3 одлучи да објави текст од големата личност, професор и архитект Борис Чипан. Овој текст е објавен во весникот „Политика“, рубрика „Култура“, број 1084 во една сабота на 29 мај 1976 година, на ист датум кога излегува и денешниот број на Порта 3. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) прославува 55 години. Голем љубилеј, проткаен со значителни успеси и достигнувања во полето на науката, образованието и применувачката дејност,

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

препознаени на регионално и светско ниво. Во рубриката „Архитектура“ нашиот дописник од Лондон дава објаснување за специјалните награди на Цивик траст за 2020 година. Музеј, џамија, повеќенаменски центар и опера се објектите кои се стекнаа со специјални награди, а во овој број на Порта 3 може да се прочита збор-два повеќе за нив. Фонтаната „Лотос“ во Скопје е архитектонски медалјон на влезот на Градскиот парк. Таа е обележје на градот. Денес, фонтаната е стивната, вода нема или тече тажно, руинирана е, направени се обиди за реновирање, сите до еден неуспешни. Во овој број на Порта 3 ќе прочитате за целата историја на фонтаната „Лотос“ и за потребата од враќање на нејзиниот вистински сјај. Кај архитектура од дрво нашиот соработник ги објаснува карактеристиките на еден иновативен објект од дрвена конструкција. Конструктивните елементи се отворени и видливи во ентериерот на целиот објект, но може да се видат и однадвор бидејќи фасадата на еден дел е отворена со што доаѓа до израз вистинската убавина на дрвото. Во рубриката „Технологија“ ќе може да се прочита за Лизе Мајтнер, физичарката која 48 пати била номинирана за Нобелова награда, но никогаш не ја добила. Станува збор за една од најголемите научници на 20-тиот век, која направила значајни откритија во областа на нуклеарната фисија, и на која ѝ е направена голема неправда со недоделување на најпрестижната светска награда за физика. Она што на полето на екологијата ја израдува јавноста изминатиот месец беше одлуката на Владата за прогласување на Шар Планина за национален парк. Во овој број ќе може да се прочита што велат експертите од разни области во Студијата за валоризација која е изработена за националниот парк во најава и во која ги има сите вредности на Шар Планина. ОД РЕДАКЦИЈАТА 292

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

MAJ 2020

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Бројот на завршени студенти е најголемиот капитал со кој се гордееме Музеј, џамија, повеќенаменски центар и опера Сите вредности на Шар Планина

Насловна страница ШАР ПЛАНИНА

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Фото КАТЕРИНА СПАСОВСКА -ТРПКОВСКА

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 28.5.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

Скопска сообраќајна градежна

рад Скопје во изминатите месеци направи сообраќајна градежна офанзива. Скопје доби нов булевар, а се реконструираа и неколку други булевари и улици кои години наназад беа оштететни или претесни. Северниот дел од градот за првпат е целосно поврзан со булеварско решение од обиколницата до централното градско подрачје. Новиот булевар Христијан Тодоробвски Карпош е со ширина од 40 метри, со вкупно шест коловозни ленти од по 3,5 метри (по три ленти во двата правци), велосипедски патеки од двете страни со ширина од 2,5 метри, пешачки патеки од двете страни со променлива ширина и простор за средишно зеленило и зелен појас од двете страни на булеварот. На новиот дел од булеварот Христијан Тодоровски Карпош е поставена нова водоводна, атмосферска и фекална мрежа, како и целосно ново улично осветлување со 140 столбови. За изградбата на оваа делница во должина од два километра, која се протега од крстосницата со булеварот Босна и Херцеговина до клучката на скопската обиколница, Град Скопје потроши 285 милиони денари или околу 4,6 милиони евра

Г

6

ПОРТА

29 мај 2020

со вклучен ДДВ. Исто така, Град Скопје почна со изведба на втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина, на потегот од крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски Карпош до крстосницата со улиците Ќемал Сејфула и Бутелска. Овде станува збор за нови 1.700 метри булевар, со ширина од 40 метри, со

шест коловозни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки и централно и странично зеленило. За реализацијата на втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар Босна и Херцеговина од Буџетот на Град Скопје се издвоени околу 100 милиони денари со пресметан ДДВ. Град Скопје изминатите месеци работи и на реконструкција на булеварот Никола


офанзива Карев, односно познатата Пластичарска улица. Со ова Скопје доби уште една современа сообраќајница која има четири сообраќајни ленти, велосипедска и пешачка патека и средишно зеленило. Градските власти информираат дека во тек е проектирањето на втората фаза која ќе опфати градежни активности на потегот од влезот во касарната „Илинден“ до спојувањето со булеварот Словенија, како и изградба на голема клучка кај Тетовска трошарина. Со нанесување на последниот асфалтен слој на коловозот на булевар АСНОМ во општина Аеродром, Град Скопје, ја заврши првата фаза од реконструкцијата на овој булевар на потегот од крстосницата со улица Васко Карангелевски до крстосницата со булевар Србија кај мостот Близнак. Проширениот булевар добива по три коловозни ленти во двете насоки, пешачки и велосипедски патеки од двете страни на булеварот и средишно зеленило. По завршувањето на оваа фаза, булеварот преку новиот мост, којшто е веќе во изградба, треба да се поврзе со населбата Ќерамидница во општина Гази Баба, а оттука и Аеродром ќе добие нова сообраќајна релација кон Центар кај поранешен Скопски саем. Освен овие булевари, град Скопје најави и интензивна изградба и реконструкција на градските сообраќајници, односно, до крајот на 2020 година ќе бидат завршени тендерските постапки и ќе почне изградба и реконструкција на повеќе сообраќајници. Се очекува изградба и реконструкција на дел од булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, кај Клубот на пратеници, на улицата Македонско-косовска бригада, на булеварот Никола Карев до Момин поток, изградба на улицата Есенинова, реконструкција на булеварите Александар Македонски, Киро Глигоров, Видое Смилевски Бато, 8.Септември. Со реконструкција ќе бидат опфатени и улиците 11.Октомври, од раскрсницата со булевар Кочо Рацин до раскрсницата со улица Филип Втори Македонски, улицата Востаничка, Васил Ѓоргов од улицата Франклин Рузвелт до булеварот Мајка Тереза, Никола Парапунов, Никола Карев, од раскрсницата со булевар Трета македонска бригада до раскрсницата со булевар Кузман Јосифовски – Питу, улицата Џон Кенеди, Лазар Личеновски и улицата Благоја Стефковски. n 29 мај 2020

ПОРТА

7


инфо

Над 5.000 посетители за две години во Спомен-собата на Киро Глигоров

Драган РИСТОВ а 3 мај се одбележаа 103 години од раѓањето на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров. Во Штип, родното место на Глигоров, веќе четири години функционира општинскиот Мултимедијален центар. Со одлука на Советот на Општина Штип, во декември 2017 година, истиот беше именуван во чест на Киро Глигоров. Половина година подоцна, беше отворена и Спомен-соба на Глигоров, како еден вид на музејска поставка. Она што може да се види, е резултат на дарежливоста на неговото потесно семејство, кое отстапи поголем дел од неговите лични предмети и подароци, со што беше овозможено да се оформи Спомен-собата.

Н

8

ПОРТА

29 мај 2020

Лоцирана е на приземјето на Мултимедијалниот центар, а предметите може да се поделат на три категории: лични документи, ордени и признанија и лични предмети. Личните документи и фотографии на Глигоров, сè она што тој го имал за себе и го чувал сиот свој живот, вклучително и легитимациите од времето на бугарската окупација, партизанските евиденции како и поствоените идентификациски документи. Тука влегуваат и неговите говори и осврти на повеќе теми, вклучително и неговата мелодија „Ленка“, за која малкумина знаат, а самиот Глигоров ја напишал. Во вториот дел, се содржани речиси сите ордени, признанија, пофалници и подароци кои Глигоров ги добил и примил во текот на неговиот политички ангажман. Овде може да се видат ордени од португалскиот крал,

австриската влада и одликувања од држави како што се Того и Малезија. Голем дел од поставката е посветена токму на неговите одликувања како државник, а меѓу другото може да се видат и различни подароци, кои ги добивал на приемите за време на посета на странски држави или како домаќин во Македонија. Во последниот дел од поставката, може да се види неговото работно биро, и клавирот на неговата сопруга Нада, кои се отстапени на Мултимедијалниот центар. При посетата на Спомен-собата, може да се погледне и изложба на фотографии, од неговите детски денови, преку средби со светските државници, сè до фотографии со најблиските членови на семејството и внуците, како и филм посветен на животот и делото на Киро Глигоров. На самиот крај, може да се види највисокото државно одличие, кое Глигоров го добил, „Орден на Република Македонија“, како и неговата книга „Македонија е сè што имаме“. Секој посетител може да се потпише во Споменкнигата и да добие флаер, со основните информации за Спомен-собата и за претседателот Глигоров. Откако е отворена Спомен-собата, досега ја посетиле над 5 000 посетители. Голем дел од нив се и ученици, дури и од соседните општини, како Кочани и Пробиштип, кои ја посетиле во рамките на отворената настава. Меѓу посетителите се и голем број на домашни и странски политичари, министри од Владата, бивши премиери и странски амбасадори. Највисок претставник кој ја посетил Спомен-собата е поранешниот


шеф за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, а делегации од Грузија, Израел, Чешка и други земји, како дел од работните посети во Мултимедијалниот центар, исто така ја посетиле и Спомен-собата на Глигоров. Мултимедијалниот центар и Споменсобата официјално беа отворени на 19 јули 2018 година. Спомен-собата е осмислена и реализирана од страна на Кирил Панајотов, советник за јавни дејности во Општина Штип, и долгогодишен пријател на Глигоров. Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“ е изграден на локација на некогашното летно кино во Штип, преку проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион Креатива“ кој беше финансиран преку ИПАпрограмата за прекугранична соработка на ЕУ. Почна да се гради во 2014 година во месноста Суитлак. Носител на проектот беше Центарот за развој на Источниот плански регион со седиште во Штип и народното читалиште „П. Р. Славејков 1938“ од село Брезница, Општина „Гоце Делчев“ од Бугарија. Вредноста на проектот е 448.840 евра, од кои Општина Штип доби 300.000 евра (половина се инвестиција на локалната самоуправа), а бугарската страна 148.000 евра. Градежните активности преку тендерска постапка ги реализираше штипската фирма „Актива“. Освен Споменсобата на Глигоров, Центарот содржи и нова сала за проекции (мала киносала), сала за состаноци и едукација и друго. Во овој Мултимедијален центар е сместена дирекцијата и одговорните за културните настани во градот како што се „Штипско културно лето“, „Макфест“ и други. n

29 мај 2020

ПОРТА

9


инфо

Меморијалниот комплекс во Штип на Богдановиќ, мета на вандалско однесување Драган РИСТОВ еморијалниот комплекс на паднатите борци на револуцијата во Штип — меморијален комплекс кој се наоѓа на источната страна од штипската тврдина Исарот, посветен е на партизаните кои загинале во НОБ. Автор на споменикот е големиот архитект Богдан Богдановиќ, кој ја добил првата награда на конкурсот распишан за споменикот. Изградбата на комплексот започнала во 1969 година, а завршен е во 1974 година. Се состои од два дела. Во првиот дел, поставени се три исправени блокови од прилепски мермер, кои ја отвораат содржината од 92 мермерни столпчиња на кои се испишани имињата на загинатите борци во Втората светска војна. Во првичната верзија биле 88 мермерни столпчиња, но потоа се дополнети со уште 4 имиња на загинати. Вториот дел, се надоврзува на првиот, се отвора кон галеријата на повисокото ниво. Во вториот дел се поставени 12 мермерни амфори, во чиј центар се единствени геометриски орнаменти во форма на сонце, афион, цветови и друго, кои го симболизираат нашето поднебје и една мермерна амфора на која има стихови од Ацо Шопов: Тука е тој оган под овие улави води, под овој бигор животот што го плоди. Под овој венец со сончеви глави, под оваа далга со карпи што се дави. Со него за убост поубав е цветот, без него за цел свет посиромав светот. Крстот ни е лесен, пепелта не ни е лесна мртвите живеат со нас и со нашата песна.

М

10

ПОРТА

29 мај 2020

Споменикот ги преживеа сите овие децении, без видливи механички оштетувања на формата. Освен повремени вандализирања, од типот на графити. - Согласно надлежностите дадени со Законот за меморијални споменици и спомен-обележја и Законот за локална самоуправа, Општина Штип покажува посебна грижа за спомен- обележјата кои

се на нејзина територија, но и за одбележување на настаните и личностите, низ посебна Програма која ја усвојува Советот на секои пет години. Водејќи сопствен регистар за евиденција на спомен-обележјата, кои се 70 на број, периодично се следи нивната состојба и во случај на какво било нарушување на истите се преземаат мерки за заштита и обновување. Годишните извештаи за состојбата на спомен-обележјата говорат за перманентни сериозни оштетувања на голем број на спомен-обележја кои се израз на вандалско однесување на неодговорни поединци. Најчесто се тоа испишани графити, но во потешки случаи и механички оштетувања. Во таа смисла како најкомплексен, веројатно и според местоположбата, на удар е Споменобележјето на паднатите борци од НОБ на Исарот, кое последните неколку години е мета на вандалско однесување. Општина Штип на неколку наврати со „пескарење“ ги отстрануваше графитите, за да следното утро се појават нови - вели Кирил Панајотов, советник во Општина Штип. n


ПОРТА


Се враќаат белите дробови на езеро „Младост” ите садници што минатата година во декември беа посадени на опожарениот просотор на езерото Младост, успешно се зафатени. Ова го истакна градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски. „Со цел да се зачуваат садниците засадени во околината на езерото, сите ние треба да имаме во предвид дека ни претстои најтешкиот период, садниците да го издржат првиот налет на високите летни температури. Упатувам апел до сите општествено-одговорни компании,

С

12

ПОРТА

29 мај 2020

невладини организации и поединци кои помогнаа во пошумувањето, доколку се во можност да помогнат во наводнувањето на сопствените посадени садници” апелира Коцевски. Градоначалникот Коцевски најави дека следната акција за пошумување е планирана за во месец ноември оваа година, односно кога временските услови ќе го дозволат тоа. Исто така, на пет локации на езеро „Младост” се поставуваат хидранти за наводнување на садниците со кои е

пошумено опожареното подрачје на езерото „Младост”, но и поради превенција од можни пожари. Во Еко-кампот од проектот „Паметно езеро Младост”, на пристапниот пат кон истиот (во непосредна близина на пошумената површина), во близина на брод „Панини” и ресторан „Глориус”, наспроти хотел „Романтик” и во близина на академија „Прокредит” и Сателитската населба, се локациите на кои ќе бидат поставени овие хидранти, а се утврдени од страна на стручните служби на ЈКП „Дервен”, Општина Велес и Територијалната противпожарна единица – Велес. Хидрантите се поставени на водоснабдителниот систем за езерото, кој е предаден на управување на ЈКП Дервен и е дел од градскиот водоснабдителен систем и се снабдува од хидроценталата Лисиче. Притисокот во системот е константно 6-7 бари и не се очекуваат проблеми со снабдувањето со вода. „На одредени површини размислуваме да поставиме систем капка по капка за континуирано наводнување во текот на летото, но доколку тоа не се случи пошумениот материјал ќе се наводнува со цистерни”, вели Коцевски. n


региони

Трговскиот центар во Кочани со ново осветлување овото осветлување наТрговскиот центар оформи уште една фаза планирана со реконструкцијата на оваа локација во Кочани. Вградени се ЛЕД-светилки со ленти на сите скали, поставени се светилки на подот и на парапетните ѕидови, рефлектори во зеленилото и осум канделабри. Светлината што доаѓа од различни нивоа и страни ѝ дава поинаква естетска димензија на една од најпрометните пешачки површини во Кочани. До крајот на реконструкцијата останува да се постави дел од придружната комунална опрема и да се поправат и доуредат детали, со што ќе бидат комплетирани сите активности. Со проектот за реконструкција на Трговскиот центар, беше опфатена површина од 2.800 метри квадратни, на која бетонските се заменија со гранитни, нелизгави плочки, се постави атмосферска канализација, урбана опрема, а постојните дрвја се надополнија со нови 80 садници од видот туја. На јужната страна на Трговскиот центар се планира изградба на детско игралиште, за кое постапката за избор на изведувач е во тек. n

Н

Кривопаланечкиот музеј гради културно-историски парк „Градец“ Локалната установа Градски музеј од Крива Паланка почна со реализација на нов долгорочен проект наречен Културно историски парк „Градец“ во истоименото село, проект од големо значење за развој на туризмот базиран на културно – историското наследство. Во 2020 година веќе се во фаза на реализирација неколку потпроекти. Изработена е локална урбанистичка планска документација за локалитет „Училиште“ и дворно место во Градец, како и Основен проект за водоснабдување на објектот „Училиште“ и црквата „Св. Никола“. Ќе се санира и адаптира дел од објектот „Училиште“ и дворното место, валоризација на археолошки локалитет „Градиште“, заштитни археолошки ископувања на локалитет „Градиште“ сите во селото Градец. n 29 мај 2020

ПОРТА

13


интервју

Бројот на завршени студенти е најголемиот капитал со кој се гордееме Градежниот факултет е најстарата и најзначајната научноистражувачка установа во Република Северна Македонија, од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката. Факултетот врши високообразовна дејност од прв, втор и трет циклус на студии, научноистражувачка и апликативна дејност во подрачјето на техничкотехнолошките науки, на полето на градежништвото и геодезијата, како и други со нив поврзани наставно-научни, истражувачки и стручни области ПОРТа 3 ожете ли да ни дадете слика за местото на Градежниот факултет во образовниот систем на нашата земја? n Градежниот факултет е членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и е најзначајна образовна институција во државата, кој образува интелектуален потенцијал од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката. Факултетот ја организира и ја остварува својата дејност како единствен процес на наставната, научната и високостручната применувачка дејност во високото образование. За улогата и значењето на Факултетот во општествениот развиток на земјата, најдобро зборуваат голем број капитални објекти во земјата и надвор од неа проектирани и изградени токму од градежните инженери едуцирани во изминативе 70 години. Во изминатиот 70-годишен период, голем број студенти го стекнале своето образование на Градежниот факултет - Скопје, при што: -со звањето дипломиран градежен инженер се здобиле повеќе од 4.000 студенти, -со звањето дипломиран геодетски инженер се здобиле повеќе од 550 студенти, -со звањето дипломиран инженер по геотехника се здобиле повеќе од 130 студенти, -со звањето магистер на технички науки се здобиле повеќе од 370 студенти, -со звањето доктор на технички науки се здобиле повеќе од 100 студенти. Тоа е всушност најголемиот капитал на Градежниот факултет - Скопје, со кој ние искрено се гордееме.

М

14

ПОРТА

29 мај 2020

Минатата година беа прославени 70 години од постоењето. n Во октомври минатата година Градежниот факултет го прослави големиот јубилеј 70 години постоење и континуирана едукација на студентите од овие специфични области на техничките науки. Големиот јубилеј всушност се однесува на 6 октомври, денот на кој во далечната 1949 година е одржано првото предавање на Градежниот оддел на тогашниот Технички факултет. Прославата на големиот јубилеј се одбележа со низа пригодни манифестации, од кои

централна беше Свечената академија, која се одржа на 5.10.2019 година, во просториите на хотелот „Александар палас“ во Скопје. На свеченоста беа присутни повеќе од 250 гости, меѓу кои настанот го збогатија високи претставници од Владата на Република Северна Македонија, ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ректори и проректори од други државни универзитети од земјата, високи гости од повеќе европски универзитети, директори на јавни претпријатија, како и голем број високи претставници од градежните компании во државата, кои се


ПРоФ. д-Р ЗлатКо СРбиноСКи, деКан на ГРадежен ФаКултет ПРи уКиМ долгогодишни драгоцени соработници на Градежниот факултет. Притоа, најблиските соработници на Факултетот добија пригодни плакети во име на големиот јубилеј. Нескриено е задоволството кое потекнува од почитта која му беше укажана на нашиот Факултет со присуството на големиот број високи гости, драги пријатели и колеги од земјата и од странство. Почит, која за нас претставува и огромна одговорност да ја продолжиме традицијата и да обезбедиме Градежниот факултет да продолжи сигурно да чекори во иднината и да ги исполнува најблагородните цели во процесот на образувањето на новите генерации на градежните, геодетските и геотехничките инженери. Кои се основните заложби и програма во однос на работењето на Факултетот во наредниот период? n Програмските заложби за работењето на Факултетот се систематизирани во тригодишната Програма за работа на Градежниот факултет, која во основа се базира на однапред дефинираните визија и мисија на Факултетот. Основна визија на Градежниот факултет Скопје во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, е едукација и образование на квалитетни, високостручни, наставни и научноистражувачки кадри од областите на градежништвото, геодезијата и геотехниката, како и други со нив поврзани наставно-научни, истражувачки и стручни области. Согласно наведеното, програмските заложби примарно се насочени кон одржливост и развој на институцијата, студиските програми и едуцирање на квалитетни кадри со основни и проширени знаењa, компетентност и вештини од соодветната специјалност, оспособени да одговорат на современите барања и трендови на пазарот. Својата мисија, Факултетот, како единица на УКИМ, ја остварува врз основа на следните стратешки, плански и програмски заложби и активности: -Обезбедување квалитетно и компетитивно високо образование на кадри од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката, на ниво на додипломски, постдипломски и докторски студии; -Едукација на кадар којшто е конкурентен и оспособен за самостојна работа со широка основа за понатамошна континуирана надградба во професијата; -Континуирано обезбедување на услови за реализирање на зацртаната програма за работа и реализирање на студиските програми со перманентно надградување и имплементација на највисоките научни и стручни сознанија во рамките на наставните дисциплини; -Спроведување на интерактивност и транспарентност во наставата, како и имплементација на информатичката технологија

и современи, автоматизирани мерни системи како базични ресурси во изведувањето на практично-стручната подготовка на студентите; -Имплементација на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) во иновирањето на студиските програми и континуитет во обезбедувањето услови за реализирање на зацртаната програма; -Интензивирање на билатералната и мултилатералната соработка со Универзитети и факултети во Европа и светот и обезбедување услови и можности за двонасочна мобилност на студентите и наставно-соработничкиот кадар; -Постојано подигање на рамништето на научноистражувачката работа во специфични пропулзивни подрачја од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката; -Развивање на соработката со стопанството, градежната и геодетската оператива, со цел научните сознанија и искуството во применувачката дејност на брз и едноставен начин да се трансферираат и да се применат за развој на нови технологии на градење и производство; -Поттикнување и организирање на сопствената издавачка дејност согласно актите на Универзитетот. Предизвикот да се студира на Градежниот факултет? n Секогаш е прашање на престиж да се студира на најреномираниот Универзитет во нашата земја и во негови рамки да се студира на најстариот и еден од најпрестижните технички факултети - Градежниот факултет во Скопје. Градежниот факултет со својата понуда на класични и добро препознатливи студиски програми секогаш одел во чекор со потребите на градежната индустрија во нашата земја, а никако не смее да се заборави дека Република Северна Македонија спаѓа во редот на земјите со исклучително богата градителска традиција, која се протега векови наназад. Неуморни

сведоци за тоа се бројните градби на целата територија на нашата земја. Во таа насока, со големо задоволство и нескриена професионална гордост, можам да истакнам дека речиси и да не постои позначаен објект од областа на градежништвото во нашата земја, во кој не е вткаен трудот и знаењето на професорите и студентите од Градежниот факултет - било во улога на проектанти, консултанти или ревиденти на проектната документација. Градежниот факултет од своја страна прави сè во насока на зголемување на квалитетот на едукацискиот циклус од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката. Имајќи предвид дека едукацијата е основата на развојот на секоја успешна стопанска гранка, очекуваме дека нашите напори нема да бидат залудни и дека во извесна мерка ќе се намали трендот за емиграција на нашите високообразовани кадри од областа на градежништвото во развиените западни економии. Сепак, кога станува збор за „одливот на мозоци“, мора да се истакне фактот дека дипломите од Градежниот факултет се признаени во целиот свет, за што сведочат голем број наши колеги - завршени студенти на Градежниот факултет кои градат успешни професионални кариери на сите континенти. Тие наши колеги се вистинските амбасадори на Градежниот факултет. По кои студиски програми е препознатлив Градежниот факултет? n На Градежниот факултет има три студиски програми: градежништво, геодезија и геотехничко инженерство. Системот на студирање е 3 + 2 + 3 (три години за прв, две за втор и три за трет циклус на студии) следејќи го трендот дека најголем дел од градежните факултети во Европа преминаа на овој концепт. Главната цел на студиската програмата на студии за градежништво е да понуди 29 мај 2020

ПОРТА

15


мултидисциплинарни знаења од областа на составните модули, односно од градежното конструкторство, транспортна инфраструктура, хидротехниката и организација и менаџмент во градежништвото и обезбедуваат современ пристап во утврдување на базични знаења. Студиската програма е конципирана со цел на студентите да им овозможи сеопфатно образование, најнови научни и стручни знаења и вештини со посебен акцент на развој на креативните способности и самостојност при стручната работа. Оваа студиска програма образува експерт кој ќе поседува потребни теориски, научни и практични знаења од областа на градежништвото. Програмата ги оспособува студентите, идни градежни инженери, со стекнатите компетенции да бидат креатори на политиката на спроведување на науката во практика. Во првата фаза, по завршување на првиот циклус на студии, дипломираните инженери би биле оспособени за изведба на објекти, а би можеле да учествуваат како соработници и при проектирање, ревизија и надзор на објекти од пониска категорија. Студиската програмата по геодезија нуди напредни мултидисциплинарни знаења од областа на геодезијата и клучните нејзини сегмети, како што севишата геодезија, инженерската геодезија, катастарот, геоинформационите системи, картографијата, фотограметријата, администрирањето со недвижностите од просторни, економски и правни аспекти. Во контекст на овие насоки студиите ќе обезбедат современ пристап во утврдувањето на базичните и напредните методологии за аквизиција, оформување, организација, обликување и дистрибуција на просторните податоци базирајќи ја неговата компетентност, интегритет и референтност во единствени координатни и проекциски системи. Студиската програма е конципирана со цел на студентите да им овозможи сеопфатно образование, најнови научни и стручни знаења и вештини со посебен акцент на развој на креативните способности и самостојност при стручната и истражувачката работа. 16

ПОРТА

29 мај 2020

Студиската програмата на студии по геотехничко инженерство обработува мултидисциплинарни теми од областа на геотехниката, истражување на теренот и инженерството во заштита на животната средина. Наставните содржини постојано се иновираат, а во успешната реализација централна улога играат лабораториските инструменти и теренската опрема донирани од нашата Влада и од Владата на Германија, или набавени во соработка со домашни компании. Истражувачкото поле од областа на геотехниката е многу широко: геотехничко моделирање на физички и нумерички модели, примена на современи методологии и инструменти за истражување и класификација на теренот, нумерички методи во решавање геотехнички проблеми, нестабилни појави, работа на еврокодовите, депонии, геотермална енергија и др. дали предметот Пракса го има во Вашите студиски програми и колку тој предмет има важна улога пред завршување на студиите? n Општо е познато дека на Градежниот факултет преовладува теоретско-практична настава, така што е евидентно дека студиите имаат директна отвореност кон стопанството, кон потребите за остварување на секојдневните граѓански и државни обврски и привилегии. Преку студиите, се воспоставува рамнотежа и тесна соработка за перманентна едукација на кадрите од повеќе градежни компании, потоа со специјализирани фирми за изведба на градежни работи и проектирање, стопанските организации, јавните претпријатија кои се занимаваат со водење проекти, градба и одржување на патишта и железници, во единиците на локална самопурава, јавни комунални претпријатија кои посебно се занимаваат со комунална хидротехника, јавните водостопански организации и други субјекти, со што реално се создаваат предуслови за вработување на кадрите кои би ги завршиле студиите на Градежниот факултет.

Практичната настава е обезбедување работно искуство за студентите, со цел да ги применат своите знаења, да ги подобрат своите вештини и да се здобијат со професионално искуство во својата избрана област. Студентите ќе стекнат практично искуство во професионална средина, а се зголемува и нивната мрежа на познанства што овозможува подобра комуникација со деловната заедница. Практичната настава ја зголемува професионалната посветеност на студентите кои се стекнуваат со практично животно искуство. Теренската настава е организирана со посета на позначајни објекти, како објекти во изградба, така и во фаза на нивна реконструкција низ државата. Се организира посета на саеми, семинари, симпозиуми и работилници поврзани со градежништво, геодезија и геотехника. Како се одвива научноистражувачката дејност на Факултетот? n Паралелно, покрај наставата, Градежниот факултет големо внимание посветува и на научната дејност. Научноистражувачките проекти Факултетот ги реализира во сите дисциплини од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката базирани врз сопствените ресурси во истражувањата. Преку соработка со реномирани научни институти и компании од земјата и странство се овозможува реализација и на комплексни истражувања од различни научни области. Генерално финансирањето на научноистражувачката работа се врши преку учество на научноистражувачки проекти финансирани од: Европската Унија (TEMPUS и ERASMUS проекти); Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија; Универзитет „Св. Кирил и Методиј“; стопански субјекти кои финансираат научни проекти поврзани со нивната дејност од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката и сопствени средства. Горди сме на фактот што досега на Градежниот факултет се реализирани (или сè уште се во фаза на реализација) повеќе од 30 научноистражувачки проекти. Меѓутоа, иако станува збор за релативно успешна дејност, впечаток е дека научноистражувачкиот потенцијал на Факултетот не е целосно искористен за откривање нови научни сознанија и унапредување на научната мисла. Една од причините е недостатокот на материјални средства, но секако, и несоодветното вреднување на научноистражувачката работа на ниво на државата. Научноистражувачката дејност на Градежниот факултет е поддржана и со издавање на научно списание од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката: Scientific Journal of Civil Engineering. Првиот број од ова списание е објавен во декември 2012 и оттогаш се објавува два пати годишно. Списанието е достапно во електронска форма на веб-страницата на


Градежен факултет – Скопје (www.gf.ukim.edu.mk). Во списанието се објавуваат оригинални трудови од пошироката област на градежното инженерство, како: сите видови на инженерски конструкции од високоградба и нискоградба, материјали, геотехника, геодезија, заштита на животната средина, менаџмент во градежништвото и сл. SJCE претставува медиум преку кој техничкото знаење и иновативните инженерски решенија стануваат достапни до пошироката научна и стручна јавност. Следниот број на списанието е веќе во подготовка и ќе биде објавен во јули 2020 година. Меѓународниот уредувачки одбор на списанието упатува повик до сите научници, истражувачи, инженери и членови на академската заедница да достават свои трудови и на тој начин да придонесат за развојот и одржливоста на списанието. Покрај научното списание, Градежниот факултет е периодичен издавач и на Зборникот на Факултетот, во кој исто така се објавуваат квалитетни научни трудови од наставниот кадар на Факултетот. Горди сме на фактот што Факултетот располага со квалитетен академски кадар којшто покажува значајни резултати во научноистражувачката дејност, која континуирано се збогатува преку редовно учество на голем број на меѓународни научни конференции, организација на научни собири, семинари, практични обуки, работилници, студиски престои во странство и друго, каде покрај теоретските аспекти се анализираат и практичните аспекти во градежништвото, геодезијата и геотехниката. Нашите наставници се трудат да ги следат најсовремените трендови од градежната и геодетската пракса. Во последните години се забележува значителен пораст на научноистражувачката работа што доведе до зголемен број на објавени научни и стручни трудови во реномирани научни списанија со меѓународен уредувачки одбор, како и во зборници од меѓународни симпозиуми. дали Градежниот факултет има соработка со други универзитети во странство? n Свесни сме дека меѓународната соработка претставува основа за креирање на стратегија за успешен развој на нашиот Факултет. Воспоставувањето, негувањето и развивањето на соработка со други универзитети и научноистражувачки институции од земјата и странство, било и ќе остане јасна мисија на Градежниот факултет. За тоа сведочат големиот број меморандуми за соработка кои Факултетот ги има склучено со бројни реномирани факултети и институции од Европската Унија и светот на полето на образовниот процес и научноистражувачката дејност. Градежниот факултет успешно ја развива меѓународната соработка преку размена на наставен кадар, користејќи проекти за размена

на студенти и професори по програмите на ERASMUS+, ERASMUS MUNDUS и CEEPUS (Central European Exchange Program for University Studies). Покрај тоа, Факултетот континуирано учествува во големи меѓународни проекти во рамките на Horizon 2020, ERASMUS, COST, FP7 итн., каде што нашите истражувачки кадри се дел од меѓународни конзорциуми. Може да се пофалиме со низа успешни апликации прифатени за финансирање во рамките на различни меѓународни програми. Каква е соработката на Факултетот со стопанството? n Градежниот факултет може да се пофали со одлична соработка со стопанството. Многу често соработуваме со реалниот сектор во поглед на консултативни услуги, ревизии, стручни мислења и слично. Заедничкиот настап на нашиот пазар како партнер на дел од поголемите компании и институции во нашата земја е од исклучително големо значење за нас. На тој начин, голем дел од стекнатото академско и истражувачко знаење се пренесува на инженерите од праксата. Скоро и да нема поголем проект од аспект на значењето за нашата држава, но и во поглед на големината на инвестицијата во кој нашиот Факултет нема некој вид на учество. Сепак, она што останува недоволно покриено, односно каде што има голем простор за

соработка со стопанството е во делот на истражувањата, развојот на нови процеси, технологии, материјали. Постојат мал број примери каде компаниите и Факултетот оствариле ваков вид на меѓусебни релации. Имам чувство како да постои одреден вид на недоверба, недоволно јасни придобивки, но и отсуство на иновативност кај заедничките чинители. Обидите на кадарот на Факултетот да остварат некој вид соработка со реалниот сектор скоро секогаш се проследени со долготрајни преговори, дискусии и размислувања, па често и недоволно храбри одлуки на раководствата на институциите да одлучат да инвестираат за своите компании, за развојот на градежништвото во целост, за државата. На прсти може да се избројат овие заеднички проекти. Затоа, би сакал да ги охрабрам раководствата на компаниите, но и нашите вработени поенергично да размислуваат на оваа тема. Сите имаме должност кон себе, но и кон нашето општество. Да се ставиме во функција на развој на нашaтa земја. Во овие моменти на пандемија на коронавирусот станува сè поактуелно прашањето за електронско изведување на наставата. Како Градежниот факултет се соочи со овој предизвик? n Новонастанатата состојба со ширењето на вирусот SARS-CoV-2, којшто предизвика пандемија, во нашата земја го затекна образованието неподготвено да се соочи со оваа појава. Тука мислам на образованието во целост, од основното, па до високото образование, па дури и неформалното образование. Мислам дека и некои приватни образовни институции и центри коишто ги имаат делумно имплементирано дигиталните технологии во своето делување, не така вешто успеаја брзо да се прилагодат на состојбата, без последици. Сите сме сложни дека во вонредни услови образованието трпи големи штети. Првата

29 мај 2020

ПОРТА

17


недела по прогласувањето на прекинот на наставата на сите нивоа во државата беше проследена без некакви активности и размислувања околу начините што да се прави и како да се продолжи со образовниот процес. Тоа веројатно беше и очекувано, сепак досега се немаме соочено со ваква состојба. Потоа, сите почнавме да размислуваме што понатаму. Во рамките на Универзитетот, се донесе Правилник за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот и единиците во неговиот состав согласно со мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на болеста. Во слична форма, на Факултетот донесовме и Одлука за начинот на реализација на дејностите на Факултетот за време на вонредна состојба согласно мерките на надлежните органи во земјата. На тој начин ги дефиниравме начините на реализација на наставните програми, онолку колку што дозволуваат предметните програми. Во тој контекст продолживме со образовниот процес со користење на видеоконференциски сервиси и платформи за учење. Делумно, материјалот за настава се сподели со студентите во форма на скрипти и презентации, задачи, семинарски, проектни задачи со директен контакт преку електронска пошта. Сега засега, делот околу проверка на знаењата остана да се спроведе кога ќе се создадат услови за нормално функционирање. Досега одржавме неколку состаноци во рамките на органите на Факултетот. Спроведовме одбрани на дипломски работи, магистерски тези и една докторска дисертација користејќи видеоконференциски систем. Ова е одлична можност целосно да го преиспитаме наставниот процес на нашиот

ПОРТА

Факултет. Онаму каде што постојат можности за имплементација, пред сè поради природата на наставата, би требало да се стремиме да воведеме дигитални технологии и учење од далечина. Факултетот досега учествувал, но и предложил учество и водство на Еразмус+ проекти коишто се однесуваат на дигитализацијата во образованието. Не сме пионери, но сакаме да бидеме помеѓу првите кои ги имплементирале дигиталните алатки во образованието. Имаме искуство, не само во дигиталното образование, туку и во спроведување на дигитални пракси, виртуелни посети на компании. Дополнително, оваа состојба е шанса да го прилагодиме и административното работење на Факултетот согласно современите трендови без користење хартија, кои ќе се сложите многу го олеснуваат животот и работата. Која е Вашата порака до идните студенти на Градежниот факултет? n Студентите се бездруго најважниот и најблагородниот субјект во едукативниот

циклус кој се одвива на нашиот Факултет. Сите заложби за унапредување на наставата, подигнување на мобилноста, учеството во научната работа и др., за кои претходно стана збор се всушност во основа посветени на студентите. На Градежниот факултет просечно вкупно студираат околу илјада студенти на сите три образовни циклуси и на сите насоки. Тоа е бројка со која Факултетот може да се гордее, но во исто време тоа е бројка која обврзува. Илјада млади луѓе секоја година ни го доверуваат својот пат кон иднината и подготовката за предизвиците кои ги очекуваат во нивната професионална кариера. Одговорноста на наставниот кадар е толку поголема што, покрај процесот на едукација и совладувањето на „тајните на занаетот“, професорите имаат улога и на воспитувачи, кои треба да имаат за цел и подигнување на општото ниво на културата на овие млади личности. Драги наши идни колеги - студенти на Градежниот факултет во Скопје, мал е бројот на професионалци од која било област кои го имаат почувствувано задоволството од реализацијата на проектите кои резултираат со теренска материјализација на нивните капитални дела. Сметајте дека вие ќе бидете дел од таа привилегирана група на професионалци, чие образование ќе биде заокружено на Градежниот факултет во Скопје. Од друга страна, верувајте дека Градежниот факултет, носен на крилата на 70-годишната традиција ќе продолжи сигурно да чекори во иднината и да ги исполнува најблагородните цели во процесот на образувањето на новите генерации на градежните, геодетските и геотехничките инженери. n


објеКти од Витално Значење За оВој ГРад и За оВаа дРжаВа

став

Културното и архитектонското наследство – без почит отсуството на култура, непочитувањето на науката и струката, но и алчноста која во нестабилни системи оди рака под рака со корупцијата, направија многу штети во овој град, иако поседувавме и знаење и стручност како тоа да не се случи Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх. о време невреме кога целото внимание ни е насочено кон здравјето во екот на КОВИД-19 пандемијата и кон опстанокот после неа, културната и архитектонска јавност ја возбудија два чудни настани. Општина Чаир го активира потпроектот за „Промоција на Регионален центар за чаршиски туризам“ со санација на улица „Битпазарска“ и поставување сечени, травертински плочи на површина од 2.240 м2. Последователно директорот на Градскиот трговски центар (ГТЦ) реши да го разубави објектот и градот со градење панорамски лифт, непосредно до кружните скали на трговскиот центар. И кој знае по кој пат најповиканите луѓе од струката ги изнесоа своите ставови и негодувања. Јас ќе ја повторам само констатацијата дека Старата скопска чаршија со закон е прогласена за културно наследство од особено значење, а

В

изградбата на лифтот е дивоградба. На територијата на Старата скопска чаршија и во нејзината непосредна околина се наоѓаат над дваесет културно-историски споменици. Некаде при крајот на прекрасниот чаршиски амбиент се наоѓа

Музејот на Македонија, изграден наменски токму за музеј во 1970 година, дело на архитектите Кирил Муратовски и Мимоза Томиќ. Затоа решив да се позанимавам со објектите од оваа област. Како објект од постземјотресно Скопје сместен во срцето на

ПОРТА

19


Старата скопска чаршија меѓу Мустафапашината џамија и Куршумли-ан овој објект беше и е гордост на градот. Изграден во модерен стил со ништо не го нарушува чаршискиот амбиент, напротив, содржински го збогатува. Бетонските призми кои доминираат над ситната oколна структура зборуваат со посебен архитектонски јазик, а ентериерното решение нуди извонредни можности за разни музејски поставки. Со површина од 6.500 м2 изложбен простор објектот и денеска го вбројувам во еден од најубавите објекти за таа намена во државата и градот, покрај Музејот на современа уметност. Во каква состојба е денес овој музеј? Според истражувачката сторија на новинарот Гоце Трповски, дотраеноста на зградата веќе предизвикува значителни проблеми и зголемени трошоци за одржување. Галеријата на икони, со една од највредните колекции во државата, е затворена веќе две години поради паднат таван. Половина кат е испразнет поради влага. Видливи се траги од протекување на покривот, а подот е стар и необновен. Управата била принудена да ги извади 20

ПОРТА

29 мај 2020

големите стари килими и предметите од народното творештво, за да не ги оштети влагата. Огромни ѕидови во музејот одамна стојат празни. Музејот нема климатизација за постојано одржување соодветна температура и влажност на воздухот. Меѓу објектите што се запоставени е и

Музејот на град Скопје. Овој објект бил железничка станица изградена во 1938 година, во време кога градоначалник бил архитект, Јосиф Михаиловиќ, а е дело на архитект Велимир Гавриловиќ. Објектот е пренаменет во музеј како остаток од Старата железничка станица, делумно срушена во земјотресот во 1963 година. И како објект, и како содржина во срцето на градот, Музејот на град Скопје е од витално значење за градот и културата и претставува мемориско обележје на едно време и настан. Откако изгуби дел од својот надворешен простор сардисан од околните градилишта, овој објект се соочува со низа проблеми. Со површина од 2.283 м2 има пет пати помали трошоци од новосоздадените музеи - Археолошкиот и Музејот нa македонската борба, иако има приближно иста изложбена површина. Објектот на Музејот на град Скопје има неупотреблив простор кој е во девастирана состојба и нема доволно галериски простор. Останал без депоа затоа што техничката опрема е стара и неупотреблива. Но, наместо да се вложат ресурси за негово обновување, се граделе депоа на двата спомнати новосоздадени музеи покрај брегот на реката „Вардар“, кои се под нивото на водата и до денес се неупотребливи. Заради сето ова работата на Музејот на град Скопје е отежната и практично е оневозможено организирање сериозни и крупни уметнички настани. Дополнителен проблем кон сето ова е тоа што објектот е опкружен со градилишта веќе подолг период, така што целото опкружување воопшто не му оди во прилог. Сите четири објекти: Старата скопска чаршија, ГТЦ, Музејот на Македонија и Музејот на град Скопје се објекти од витално значење за овој град и за оваа држава. Старата скопска чаршија како компактна


агломерација претставува богатство кое треба да се чува и негува. Многу патеписци низ времето ја славеле, многу временски премрежија поминале и денес кога врвите низ неа го чувствувате времето на историјата. Одѕвонуваат зборовите на патеписецот Евлија Челебија од 1661 година: „Чаршијата е вонредно убава, со рамни калдрмисани улици со бела калдрма, со красен жив безистен, со прекрасен со олово покриен Карван-сарај. Улиците и плоштадите се окитени со разно зеленило, пред секој дуќан се засадени многу мирисни цвеќиња“. Потфрлија ли стручните институции кои ѝ дадоа одврзани раце на општината да ги унифицира излозите на 90 дуќани и да ја санира калдрмата. Денес кога на голем број дуќани веќе им се сменети излозите со термопан стакла, доста објекти се надградени, многу вредности се изгубени и голем дел од чаршијата е деградиран, уште ли ќе се прашуваме дали треба да се спасува тоа што може да се спаси. На оваа тема неопходна е огромна јавна дебата. Кога станува збор за ревитализација и туристичка промоција на Чаршијата според зборовите на Донка Барџиева-Трајковска, голем познавач на културното наследство и заштитата, таа треба да се третира како град во град и секој потег да биде осмислен, бидејќи заштитата на културното наследство не трпи импровизации. Градскиот трговски центар како објект со архитектонски вредности од времето на модерната и постземјотресното наследство, го бранеше масовно цела архитектонска и културна јавност од налетот на невкусни промени и скрнавење на неговата архитектура. Затоа ни сега не треба да се дозволи да се појавуваат неконтролирани идеи за разубавување, а во меѓувреме и натаму пропаѓа, препуштен сам на себе, без најави за негова целосна реконструкција. Музејот на Македонија и како архитектонско наследство и како музејска збирка го чува највредното што оваа нација и народ го поседува. Комплетното реновирање на овој тип на објекти е сложен и ризичен процес. Затоа, првенствено, не требаше да се дозволи Музејот да западне во состојба во

каква што е сега. Музејот на град Скопје заедно со огромниот простор и пероните врзан за објектот од Старата железничка станица требаше да биде реновиран според постојниот проект и ставен во употреба за културна намена. Денес старите перони и просторот од Старата железничка станица е израмнет со земја и избришан од колективната меморија на граѓаните на Скопје. Го пишувам ова со длабока резигнација, бидејќи сѐ ова што им се случува на овие објекти зборува за недостиг на грижа за културата и традицијата, недостиг на почит

кон сопственото минато и она што нѐ чини и претставува нас самите. Отсуството на култура, непочитувањето на науката и струката, но и алчноста која во нестабилни системи оди рака под рака со корупцијата, направија многу штети во овој град, иако поседувавме и знаење и стручност како тоа да не се случи. Архитектурата е огледало во кое најобјективно се пресликува општеството, а културата и нејзините институции се неизоставни, ако не и најбитни сегменти за градење на имиџот на една држава и народите кои живеат во неа. Без тоа не се ни осмелувајте да зборувате за патриотизам. n

ПОРТА


Wienerberger - Tondach

Vineam – македонска премиум

Иновацијата може да се види во најразлични форми, па и во производството на ќерамиди, каде што придонесува за нивна дополнителна вредност. Приказната за групацијата Wienerberger започнала во Австрија во 1819 година. Во текот на 200 годишното постоење, групацијата стана најголемиот светски производител на градежни материјали, со повеќе од 260 фабрики, присутни во 26 држави од кои и во Македонија. Тимот на Wienerberger е одлучен во развивањето на одржливи и иновативни концепти, преку асортиманот на производите на линиите Porotherm, Tondach и Terca. Покривот е важен елемент на домот. Керамичката ќерамида Tondach се состои од 22

ПОРТА

29 мај 2020

висококвалитетна глина - природен ресурс без хемиски додатоци штетни за здравјето и за животната средина. Глината е печена до изразено тврд степен, со што се постигнува нејзината уникатност и долготрајност. Тоа ја прави особено стабилна и отпорна на топлина и на замрзнување, како и на нечистотии од околината и од хемикалии. Докажаниот век на траење на една ќерамида е повеќе од 100 години. Користењето на најмодерни технологии во процесот на производство е гаранција за финален, енергетски ефикасен и одржлив производ, соодветен за модерни архитектонски проекти, но и за традиционалната архитектура. Високата енергетска ефикасност на градбите и одржливото градење стануваат сè поактуелни. Здравата животна околина може да се оствари единствено со користење на природни и еколошки прифатливи градежни

материјали. Wienerberger нуди иновативни системски решенија за одржливо, еколошки прифатливо и енергетски ефикасно градење. Винеам е нова генерација на целосно природна глинена ќерамида. Со векови глинените ќерамиди имаат докажана супериорност во однос на сите останати видови покриви на нашите простори. Со врвната технологија за нанесување заштитна енгоба на површината на сувата ќерамида, со печење од над 1.000 степени, се формира цврста неделива целина. Со тоа не само што се подобрува естетскиот изглед на покривот туку и се намалува впивањето на водата, се забрзува одводот на дождот и се обезбедува докажана издржливост. При печењето се користи исклучиво природен гас како единствено еколошко гориво без ефект на загадување на околината и на самиот производ. Совршената површина на ќерамидата изработена со оваа технологија, која е видлива и со голо око, се одликува со ненадминлива прецизност на формата и мазност на површината.


ќерамида Tondach Винеам е пресувана ќерамида која со својата широка рамна покривна површина на покривот му дава рамен изглед. Димензии: 25.5 х 43.5 cm Парчиња во м2: 12.3 парчиња Покривна ширина: 21,60 cm Покривна должина: 30.0-37.5 cm Тежина по парче: 3,20 kg Минимален нагиб на покрив со подконструкција: 15° Парчиња во палета: 300 парчиња (Пресек слика dwg или pdf фајл) Оптимално решение за покрив со наклон Моделот Tondach Винеам е континентален тип на ќерамида која се произведува во Македонија, во фабриката на Wienerberger во Виница. Ова е најпродаваниот тип на ќермамида на нашите простори, со минимален нагиб на покрив со подконструкција од 15° и лизгачка област 30.0-37.5 cm што ја прави особено поволна не само за градба на нов туку и за реновирање на покрив. Ќерамидата Винеам со поместување е идеална за санација на покрив, бидејќи оптимално може да се вклопи на старите летви. Винеам ќерамида веќе и во црна боја Големиот избор на бои може да излезе во пресрет на естетските очекувања на архитектите и инвеститорите. Освен природно црвената боја, Винеам е достапна и во енгоби: црвена, медена, кафеава, зелена и антрацит боја. Тondach Винеам совршено ќе се вклопи во смелите и модерни архитектонски решенија. Оваа ќерамида е трајна, отпорна и квалитетна. Нејзината убавина не бледнее зашто енгобата има заштитно својство што ја прави ќерамидата отпорна на УВ-зрачење и на други природни влијанија. Многу лесно се вклопува во модерни градби со рафинирани или дискретни фасади, бидејќи апсолутно одговара на секој тренд.

• •

• • •

• • • • • • • • •

Глинените Винеам ќерамиди може да се употребуваат: За семејни куќи, станбени згради, деловни и јавни објекти; За двоводни покриви каде накосувањето може да се избере во зависност од регионалната клима за да се постигне оптимална заштита од врнежи од дожд, снег или ветер; Како облога на фасади; За реновирање и нови градби; Од историски градби па сè до модерни семејни објекти. Предности на покрив со Tondach Винеам Wienerberger е водечки производител на ќерамиди во Европа Традиција од 200 години 100% природни производи 33 години гаранција Голема енергетска и финансиска заштеда Промислена техника, најдобра заштита од временски непогоди Флексибилна санација на сите форми на покрив Бесплатна пресметка на потребниот материјал Бесплатна техничка поддршка

29 мај 2020

ПОРТА

23


aрхитектура

Светол момент Поттикнати од сите случувања поврзани со Градскиот трговски центар (Гтц), неодамнешните интервенции, сите активности, укажувања и апели за спас на објектот, впечатокот и понатаму е дека на Гтц никако да му се помогне. никако да се сфати зошто е тој толку значаен, зошто им е важен на граѓаните, зошто му е неопходен на Скопје. По тој повод Редакцијата на Порта 3 одлучи да објави текст од големата личност, професор и архитект борис чипан. овој текст е објавен во весникот „Политика“, рубрика култура, број 1 084 во една сабота на 29 мај 1976 година, на ист датум кога излегува и денешниот број на Порта 3. искрено се надеваме дека текстот ќе помогне во разбирањето што всушност е Гтц.

24

ПОРТА

29 мај 2020


Што ВСуШноСт ние СаКаМе од тРадицијата?

проф. БОРИС ЧИПаН, дипл. инж. арх. нсамблот на Градскиот трговски центар во Скопје е архитектонско остварување кое непрекинато ме возбудува и тера на размислување. Тоа не е архитектура во смисла на наследени и сè уште живи заблуди, со кои нè воспитуваа (кунст)историчарите. Проучувајќи ги „големите дела“ на антиката и ренесансата, погрешно нè научија во архитектурата да ја гледаме декоративната површина, а не просторот, да ја цениме естетски, а не социолошки. Нивна заслуга е што општеството сè уште мисли дека архитектурата е работа на архитекти. Тоа исто општество, рамнодушно го прифаќа секој простор во кој може да се всели, за потоа да ја фали или критикува неговата надворешност и со обилна стручна рецензија на архитектите, ја наградува архитектурата која „достигнала високо ниво на пластично обликување и е значајно достигнување во естетскиот израз“. Зарем после сè, нели е парадоксално дека со револуција соборивме и неповратно осудивме историски минати општествени формации, додека во архитектурата ништо не се промени. Го одземавме производството и профитот на капиталистите, кои градеа „велелепни“ палати и ги соборивме апсолутистичките тирании, кои со народни пари создаваа монументални градски

А

ансамбли и споменици. Во производството се бориме секој динар најдобро да го искористиме, а во планирање на архитектурата се однесуваме, како тој ист динар да не е наш. Современата архитектура се диференцира во регионални (или национални) школи на основа на климатските, природноморфолошки и историски особености. Сфативме конечно, дека климата и природата

не се секаде исти, но со историските специфичности сè уште сме на лабилен терен. Што ние всушност сакаме од традицијата? Современиот живот, физички и социолошки потполно се измени. Остана единствено човекот со вечни потреби за меѓусебно контактирање, но во услови на речиси потполна физичка дезинтеграција. Тој е истеран од плоштадите, улиците и тротоарите,

29 мај 2020

ПОРТА

25


кои сувероно ги освои автомобилот. Затоа денес од традицијата го сакаме единствено она што слатките отрови на модерната цивилизација подмолно ни го одземаа. Додека ги немаше нив во овие историски епохи, човекот имаше и за себе и за средба со друг човек, простор во градот и простор во архитектурата. Дури сега ни станува јасно дека градовите не се монументи и дека архитектурата не е само естетска категорија. Тие се пред сè простор за потребите на човекот. Од ова се роди функционализмот како правец, кој на крајот на краиштата, единствен од сите „изуми“, остана како животворна ориентација, но неговото делување го стеснивме на технолошките аспекти на поедини објекти. Фасцинирани со новото мото на модерната технолошката револуција, повторно се запоставени потребите на човекот. Опасно е општеството и архитектурата повторно да се раздвојат. Како во фараонски услови, архитектот сè уште се обидува себеси да се стави во центарот на животните случувања. Тој останува трагично непризнаена величина, со што сака од себе да ја симне одговорноста, а општеството сè уште ПОРТА


ја толерира неговата изолираност, наместо, пред сè, да го впрегне во програмирање на човековите потреби. Бидејќи Трговскиот центар во Скопје сè ова не е, токму затоа ми изгледа како светол момент на современата архитектура. Со сплет на исклучителни околности, тој не е еднозначна функција во онаа смисла во која го расцепкавме градскиот живот, во изолирани, ладни, анализаторски и технолошки поединости. Во ансамбл, тој е збир на многу такви функции, домување, трговија, забава и култура. Во фаза на програмирањето, исклучителна околност е дека кај финансирањето се судрија дијалектичките интереси на поголемиот број коинвеститори од што се роди демократски интерес со најголема рационалност и е исклучен, лекомислениот однос на еден претенциозен „мал тиранин“. Од сосема други, може да се каже, луцидни интереси, од проектирањето е исклучен „архитект примадона“ и создадена е група, составена од повеќе проектантски организации. На оваа задача интересите на општеството и архитектурата се сретнаа на извонреден начин. Пет изолирани станбени деветокатници, опфатени се со двокатен организам на трговски, угостителски, производни, забавни и културни функции. Конечно и автомобилот е пикнат во длабоко подземје. Овој огромен ансамбл се потпира од едната страна на пешачкиот кеј покрај Вардар, а од другата на

градски парк. Тој простор живее од утро до доцна во ноќта. Со купување човекот среќава пријател и разговараат на клупа или во гостилница. Во предвечерието се полни со млади кои сè уште не се заробени со автомобил или телевизија. Во паркот се слуша детски џагор и преку овој простор се прелива до кејот. Обично, изолираниот продавач или занаетчија има можност да здивне од работата на масичка на тротоарот на соседната слаткарница. Во суштина, ова е модерен еквивалент на сентиментално драгиот и веќе исчезнат живот во чаршијата. Единствено вака и може да се сфати поуката на традицијата

како обнова на просторот за вечните човекови потреби, а не низ материјализирана форма. Сè што овој ансамбл има како најзначаен квалитет, тоа е невпечатливата симбиоза на животот. Поради тоа нема фасада и поради тоа не може да се анализира и цени врз основа на заблудите на естетицизмот. Тој не може да се презентира на слика и на дводимензионална репродукција. Може само да се доживува. Наспроти архитектурата на формата, која сакаме да ја надминеме, тој извонредно ја илустрира архитектурата на животот. n

ПОРТА


архитектура

Музеј, џамија, повеќенаменски оваа година биле поднесени 250 проекти од обединетото Кралство, Република ирска, Сад, австралија, јужна Кореа, Џерси, Кина, Канада, данска и Германија што укажува за широкиот географски опсег на наградата

Windermere Jetty Museum

ПОРТА


СПецијалните наГРади на циВиК тРаСт За 2020 Година

центар и опера

Beacon of Light

д-р Владимир Б. ЛаДИНСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Лондон) о услови кога вниманието на светската јавност е посветено на пандемијата на Ковид-19 годинава прогласувањето на овогодишните добитници на 61. по ред Награди

В

Цивик Траст (Civic Trust Awards) одржано во просториите на Севернииот империјален музеј на војната (Imperial War Museum North) во Манчестер на 6.3.2020 помина веројатно не толку забележително како во претходните години. Оваа година биле поднесени 250 проекти од Обединетото Кралство, Република Ирска, САД, Австралија, Јужна Кореа, Џерси,

Кина, Канада, Данска и Германија што укажува за широкиот географски опсег на наградата. Од овие 250 поднесени објекти 101 биле препратени од регионалите оценувачи на Националниот панел за жирирање. Од овие, во зависност од изворот 49 или 58 биле наградени, а четири од нив се стекнале и со специјални награди, и тоа: 29 мај 2020

ПОРТА

29


Cambridge Central Mosque

1. Виндермир музејот на пристанишниот мост (Windermere Jetty Museum) на Кармоди Гроарк (Carmody Groarke) добитник на Специјалната награда на националниот панел (National Panel Award), 2. Изворот на светлина (Beacon of Light) на Фокнер Браун Архитектс (Faulkner Browns Architects) добитник на Специјалната награда за придонес кон заедницата и вклученост (Special Award for Community Impact and Engagement), 3. Централната џамија во Кембриџ (Cambridge Central Mosque) на Маркс Барфилд Архитектс (Marks Barfield Architects) добитник на Специјалната награда за одржливост (Special Award for Sustainability) и 4. Кралската оперска куќа „Опен уп“ (Royal Opera House ‘Open Up’) на Стантон Вилијамс (Stanton Williams) добитник на Специјалната награда Мајкл Миделтон (Michael Middleton Special Award) за исклучителен проект во доменот на градителското наследство (переку обнова на постоечки или пак преку нов објект во заштитена средина на градителско наследство. добитникот на Специјалната награда на националниот панел, Виндермир музејот на пристанишниот мост на Кармоди Гроарк, се наоѓа на брегот на најголемото природно езеро во Англија, Виндермир, лоцирано во рамките на Националниот парк „Езерска област“ (Lake District National Park). Изградбата на новиот музеј овозможила да се создадат подобри услови за ПОРТА


излагање на интернационално значајната колекција на чамци. Меѓу другото, ова езерото е познато и според постигнатите светски рекорди за брзина на вода од страна на Сер Хенри Сигрејв (Sir Henry Segrave) во 1930 година и на Норман Бакли (Norman Buckley) во 1950-те години. Станува збор за музејски комплекс со акцент врз пејзажно обработените парковски простории помеѓу објектите, организиран околу малите пристаништа преку кои езерото не само што е донесено во центарот на комплескот, туку и коишто овозможуваат добар дел од колекцијата на чамци да се изложи во нивниот вообичаен амбиент - езерските води. Преку ваквиот пристап авторите создале врска помеѓу луѓето, чамците и водата. Дополнително, три нови дрвени пристанишни мостови се проектираат во езерото привлекувајќи ги оние коишто користат чамец да дојдат во посета на музејскиот комплекс. Тие исто така овозможуваат и пристап за посетителите коишто доаѓаат во рамките на езерските тури со брод. Пејзажното уредување на меѓупросторите е со акцент на природното опкружување на музејските објекти со примена на локални материјали како отпадоците, парчиња од шкрилец и езерски агрегат во комбинација со дрва и трска, како и дива трева и цвеќиња. Самостојниот објект на конзерваторската работилница на чамци е лоциран поблиску до нивото на езерската вода во рамките на работилницата за чамци на отворено. За разлика од ова другите објекти во коишто е сместен влезот, конзерваторските галерии, едукативниот простор и кафетеријата се поставени искачени на платформа (подиум) којшто се издига над нивото на очекуваните води. Архитектонското обликување на објектите е инспирирано и се надоврзува на локалната градежна типологија и на традиционалната архитектура на земјоделски и индустриски објекти во Езерската област. И покрај едноставната и фамилијарната форма на објектите истите се дистинктивни преку своите кровови чиишто исклучително длабоки стреи ги

Royal Opera House ‘Open Up’

ПОРТА


штитат надворешните простории од атмосферските влијанија овозможувајќи проширување на внатрешните простори кон надвор. Внатрешната организација на објектите се карактеризира со централно поставена голема просторија со поглед кон езерото и помошни простории од едната страна и голема натстрешница од другата страна. Ова овозможило објектот да се заврши со симетрично поставен двоводен кров. Дрвото доминира во внатрешната обработка на објектите додека истите надворешно се обработени со профилирани панели од оксидиран бакар прицврстени со бронзени шрафови. Преоксидираните профилирани панели од бакар не само што даваат исклучителна текстура на надворешноста на објектот одблиску туку и ја нагласуваат силуетата на поединечните објекти и на комплексот од подалеку, а коишто се видливи и пристапни од сите страни. Како контраст на овие големи надворешни метални површини се јавуваат и големи отвори или како прозорци или пак како врати, при што големината на вратите го олеснува внесувањето и изнесувањето на чамците. При планирањето, проектирањето и изградбата на објектот се водело значителна сметка комплексот да биде пристапен во најголема можна мерка, за изградената средина да не создаде пречки за креативноста, партиципацијата, учењето и вклученоста во активностите. Ова било промовирано преку назначувањето на шампион за пристапност којшто се јавил како врска помеѓу тимот задолжен за реализација на проектот и локалните групи за пристапност, а со цел преку процесот на консултација во најраните фази на проектот да се формулираат програмските барања во однос на пристапност во рамките на комплексот. Дополнително вклученоста на локалната заедница од самиот почеток на проектот одиграла клучна улога во оформувањето на проектот вклучително со селекцијата на проектантскиот тим. Според вообичаената пракса за реализација на објекти од овој вид, очекувањата се новиот објект да придонесе и за доброто на локалната заедница. Во овој случај се проценува дека реализацијата на проектот овозможила директно или индиректно, или да се отворат или да се сочуваат околу 94 работни места. Дополнително, преку изградбата на комплексот отворени се можности за обука и за стручна едукација преку работен ангажман во доменот на конзервацијата на чамци. Според жирито станува збор за прекрасен, детален, робустен, но усогласен објект кој претставува одлично дополнување на езерото: Дополнелно, за жирито „тоа е исклучителен објект и оставнина за сите оние вклчени во проектот“. n 32

ПОРТА

29 мај 2020

Royal Opera House ‘Open Up’

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


ПОРТА


aрхитектура

Архитектонски медалјон на „Предвидено е фонтаната да изгледа како воден цвет – лотос, смирен по својот колорит, како да никнува од земја. Во долната чинија на фонтаната, која е и носител на цветот, водата непрекинато се движи, паѓајќи од ’листовите на цветот‘ и од т.н. водени толчници. играта на водата се одвива во четири програми. Водата си игра меѓу цветовите со специјална структура на движењето на водените млазови“, изјавила архитектката Волињец за своето дело

ПОРТА

Сања РаЃЕНОВИЌ-ЈОВаНОВИЌ, дипл. инж. арх. радскиот парк во Скопје е најголемиот градски парк во Северна Македонија и со паркшумата Гази Баба единствен од ваков обем. Градскиот парк датира уште од 19 век, а во периодот пред Втората светска војна во времето на најголемиот скопски градоначалник Јосиф Михаиловиќ е

Г

проширен, уредени се патеките и направени се фонтани. Паркот е дооформен по земјотресот во 1963 година, кога е и направен еден од најголемите технолошки зафати во земјава, регулацијата на коритото на реката Вардар. Градски парк кој го знаеме денес е направен во 1970 година, кога е завршен насипот на Вардар, а како круна на паркот во 1971 година пуштена е во употреба фонтаната


Фонтаната „лотоС“ Во СКоПје

влезот во Градскиот парк

„Лотос“. Градскиот парк денес зафаќа површина од 486 илјади квадратни метри и се простира помеѓу улиците „Ленинова“ на исток, булеварот „Октомвриска револуција“ на запад, реката Вардар на север и булеварот „Илинден“ на југ. Фонтаната „лотоС“ ПоРта на ПаРКот Како и секој парк и нашиот парк има своја порта. Движејќи се со возило по овие улици единствено место кое гласно нè повикува и кое јасно им назначува и на оние кои случајно залутале во Скопје, каде се слави, почитува и архитектонски заокружува природата, а тоа во центарот на градот е фонтаната „Лотос“. Тоа е таа капија на паркот, свечена, акцентирана, каде ништо не е случајно. Тенденциозна, романтична сонувачка, елегантна, но модерна

таа е онаа која нè повикува да пристапиме, да одмориме, да се забавуваме, да уживаме, да се чувствуваме свечено и важно. Истовремено да бидеме и дел од природата, но да бидеме и урбани. Фонтаната „Лотос“ не е носталгична, таа е храбра и современа, таа не се покорува, таа придонесува и го надградува и паркот и градот. Фонтаната е мошне вешто проектантски балансирана, подредена на паркот токму онолку колку што е потребно да ја нагласи неговата важност и умерено претенциозно нагласена за да го надополни паркот, како нов, современ елемент кој придонесува на неговата убавина. На местото на фонтаната пред нејзината изградба имало мочуриште, полно со убави бели цветови. И токму оттаму потекнува инспирацијата за проектантот, лотосовиот цвет. Фонтаната „Лотос“ е дело на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец (1938-1982), која работела во Заводот за урбанизам и архитектура Скопје. Фонтаната уште пред нејзината реализација се очекувала со големо нетрпение и била најавувана во медиумите како најубава и најрепрезентативна во земјата. Токму онаква каква што била и каква што треба да биде и денес, ние поубава и немаме. Отворена е на 3 мај 1971 година со гламурозна вечерна свеченост на која покрај проектантот и градските власти присуствувале и голем број значајни гости, меѓу кои и легендарниот градоначалник на Белград Бранко Пешиќ, градоначалникот на Атина, англискиот амбасадор во тогашната Југославија, кој свечено ја пресекол лентата, пуштајќи ја во употреба, како и многу други видни гости. И тогаш се сечеле ленти, црвени, се пееле и песни, се сликале, но ленти се сечеле кога е создадено нешто капитално и вредно, а не за пешачки мост преку река за

29 мај 2020

ПОРТА

35


тежина од 100 килограми или засадена трева и понекоја жардиниера со елитистички пароли за грижата за зеленилото. Фонтаната била предвидена со Планот за Градскиот парк, а плановите тогаш биле стручни, изработени врз основа на опсежни анализи од сериозни тимови составени од професионалци. А не како денешниве, кои се изработуваат по желба на инвеститори и сопственици на локации. Овие последниве, веројатно сè би дале на оваа локација да може да изградат некоја станбена зграда, се разбира со ситна структура на станови. Поставена е на плато подигнато со скали од улиците, со висина пријатна за чекорење. Фонтаната чие корито е со дијаметар 10 метри е централна тема на просторот, но не и централно поставена. Таа е настрана, отмено повлечена, како девојка од добра куќа, која е доволно забележлива, но не и претенциозна.

ПОРТА

Главната осовина е оставена слободна за визура, а главниот влез води директно кон споменикот на Гоце Делчев, дело на вајарот Љубомир Делчев, (велат дека имал македонско потекло), а подарок од градот Софија. Пјацетата се развива лево и десно од влезот, а фонтаната изгледа како лотосов цвет кој никнува од земја. Коритото е спуштено до партерот, иако во идејниот проект било предвидено да биде одвоено и претставува еден вид чинија на цветот. Од коритото се издигнуваат четири топки, една поставена централно највисоко и три пониски околу, формирани од прскалки за вода. Во времето кога е направена фонтаната била и технолошки и технички многу напредна, препознатлива и по својата игра на водата, која е составен дел на архитектурата, а проектот за водоводните инсталации е изработен од италијанската фирма „Алпина“

од Ферара. Во ноќните часови била фасцинантна со својата игра на светло и сенки, постигната и со просторната композиција и со осветлувањето. „Предвидено е фонтаната да изгледа како воден цвет – лотос, смирен по својот колорит, како да никнува од земја. Во долната чинија на фонтаната, која е и носител на цветот, водата непрекинато се движи, паѓајќи од ’листовите на цветот‘ и од т.н. водени толчници. Играта на водата се одвива во четири програми. Водата си игра меѓу цветовите со специјална структура на движењето на водените млазови“, изјавила архитектката Волињец за своето дело. дел од уРбаниСтичКи анСаМбл Но фонтаната не е сама за себе, таа е дел од цел урбанистички ансамбл и партерно уредување решено вешто од почеток до крај, без ништо, како што вообичаено денес бива, особено кога станува збор за партерите, препуштено само на себе. Тој ансамбл е формиран како заокружена целина, каде преовладува бела боја, која се истакнува во однос на зелената заднина, но и обратно, природата се истакнува во однос на белината, и овие две главни слики се надополнуваат, почитувајќи се меѓусебно. Околу фонтаната, по контурите на платото поставени се клупи, кои делумно го оградуваат просторот. Клупите се организирани во полукружно седење, создаваат полујавни-полуинтимни простори, повлечени за точно половина круг, кои овозможуваат собирање на група посетители која има можност да седи и ужива во просторот, еден вид соба на отворено. Формата на клупите е формирана од бетон, има свој препознатлив дизајн со закосени страни, аголот се отвора како оди кон партерот и се создава современа силуета со препознатлива контура и пријатна димензија. Во истиот манир се проектирани и жардиниерите (во некои растат и смокви), со еден збор секој елемент е проектиран, а не набавен преку јавна набавка. Материјалот е натур бетон, облагороден со мермерен малтер во бела боја. „Колоритот на фонтаната со бела боја ќе доминира во просторот, имајќи го како фонд богатството на зеленилото од паркот“, изјавила Волињец. Животот на архитектката Мирјана Милановиќ-Волињец завршува ненадејно и прерано. Ни ја остави нашата фонтана за која професор Живко Поповски во ин меморијам издаден од тогашниот Сојуз на архитекти СДАМ, денес ААМ ќе напише: „Фонтаната во нескротен цвет, со партерно уредување на влезот во градскиот парк е естетска минијатура пред еден систем на просторно вреднување во облик на архитектонски медалјон, кој зборува


во особена светлина за творецот, како исклучителна личност и страстен читач на животот“. Фонтаната е СКоПСКа Оној кој е од Скопје и кој е малку повозрасен или во најдобри години, ја памети фонтаната во сиот свој сјај. Не постои скопјанец кој не шетал таму, не постои некој кој нема фотографии и спомени од својата младост или детство токму на ова место. Кога бевме деца на фонтаната нè носеа родителите да прошетаме и да ја посетиме, како споменик. Но не како било, туку сите облечени во најубавата облека и нови чевли. Играта на водата нè воодушевуваше, млазовите вода кои прскаа од топките беа бели и воздушести како пена. Големо доживување беше да се стави рака во коритото, во спротивно исто како да не си бил. Кога пораснавме одевме таму често, а мислам дека најчесто кога бегавме од часови и секој со своето друштво седеше на полукружните клупи, во својата соба на отворено. Фонтаната секогаш предизвикуваше радост, сите луѓе присутни во тој архитектонски ансамбл беа насмеани. Но фонтаната стивна, вода нема или тече тажно, руинирана е, направени се обиди за реновирање, сите до еден неуспешни, како

обложување на коритото со сив гранит, веројатно донесен од некој магацин, останат од некоја јавна набавка, поставен вертикално, под прав агол, со што е изгубен потегот на закосување на оригиналното корито. На подот се поставени сиви, безлични плочки (од некое од оние спомнати реновирања), наместо оригиналните кои беа во две нијанси на слонова коска, со различна текстура, поставени во штрафти. Клупите се скршени, бојата излупена, целиот просторот е исчкртан со графити. Не дека не почитувам уметност на графити, токму спротивното. Сите оние кои велат дека графитите не се уметност, туку вандализам, гадно се лажат. Уметниците тоа го прават од чиста љубов и обично сакаат да пренесат некоја порака. Но ова што ѝ е направено на фонтаната е обично чкртање, порака за чист вандализам, несфаќање на нејзината вредност, непочитување, недостаток на домашно воспитание. ЗаРеМ не иМ СМета КоГа СеКојднеВно ја Гледаат СоСтојбата? И сè ова не го велам со носталгија или жал за младоста. Ова го пишувам затоа што со ништо не можам да си објаснам две работи. Фонтаната „Лотос“ не е ниту прв, ниту единствен објект во градот, кој е вреден и

Со љубов , игор Волињец (син на авторката) Нека расцути белиот лотосов цвет со сета своја волшебност и убавина. Нека повторно нè запре и повика барем на миг, да му пријдеме и споделиме со него нешто наше носталгично, интимно и љубовно. Ја слушаме песната на водените самовили и божествената разнеженост на стотици и стотици капки по нашето лице и тело. Те посакуваме убавице како што и ти нас нè посакуваш. значаен, а препуштен сам на себе и секој обид да му се подобри состојбата, најчесто е декларативен или по обичај завршува неславно. Едната работа која не ми е јасна е: Овој простор е буквално, ама буквално „пред нос“ на официјалните лица и на Град Скопје и на Општина Центар. Зарем не им смета кога секојдневно ја гледаат состојбата? Си велам, веројатно човек и на убавина и на грдотија се навикнува кога тоа му е секојдневие, па очигледно се навикнале, во овој случај на нашата бивша убавица. Втората работа е: Помодарството во повикувањето за што повеќе паркови и зеленило, па градоначалниците сакајќи да соберат политички поени, а мислејќи дека се авангардни и којзнае што прават, се сликаат со секое дрвце и трева и даваат изјави како на избор за Мис на светот. И тоа не е лошо, не е нешто особено важно, бидејќи решенијата се спорадични, но нека садат зеленило. Со години се прашувам зошто не ја реновираат најубавата, единствената вистинска фонтана во центарот на градот? Зачудува и факот што често се спроведуваат конкурси за паркови и се презентираат некои недоречени решенија со нејасни визуализации, а „Лотос“ никој не ја споменува. Бидејќи во животот често не е сè така како што изгледа, па ни 3Д анимациите, особено кај нас, како ќе изгледаат тие новопредвидени паркови сè уште не е многу јасно. Па така во меѓувреме може да се охрабрат и да нарачаат проект за реновирање на фонтаната „Лотос“. Не треба ништо особено да направат, треба само да состават проектна програма која ќе бара реновирање на фонтаната во сè според тоа каква била, тоа значи да не ѝ се прави ништо повеќе и ништо помалку. Сите ќе им бидеме благодарни, нема потреба да ја „разубавуваат“, само нека ја направат иста и само нека најдат пари. Впрочем тоа им е и работа, нели, менаџери на градот. А кога фонтаната, нашата дама, повторно ќе блесне со сиот свој сјај, е тоа ќе биде нов ветер на култура кон просторот, односот кон природата и почитување на вредностите кои ги имаме. Така ќе покажат дека разбрале, можеби не сфатиле, 29 мај 2020

ПОРТА

37


архитектура oд дрво

Иновативни дрвни конструкции Конструктивните елементи се отворени и видливи во ентериерот на целиот објект, но може да се видат и однадвор бидејќи фасадата на еден дел е отворе на со што доаѓа до израз вистинската убавина на дрвото

александар ЧЕРЕПНаЛКОВСКИ, инженер по дрвна архитекстура кромниот главен град Де Мон (Des Moines) на Сојузната Држава Ајова, САД, е сместен помеѓу огромните пченкарни полиња кои се земјоделскиот мотор за голем дел од земјата. По течението на реката Де Мон, се наоѓа еден дел од градот East Village каде биле сместени големи фабрики и магацини кои некогаш работеле со целосен капацитет. Заради миграцијата на населението која се случувала подолго време овие големи објекти се пренаменети во ресторани, бизнис-центри и објекти за домување. На оваа локација, помеѓу големите бетонски објекти од минатиот век се појави првиот објект кој е конструиран од масивни дрвени плочи поврзани со големи дрвени

С

38

ПОРТА

29 мај 2020


добРи КаРаКтеРиСтиКи Во Случај на ПожаРи

- 111 East Grand

типли (dowel-laminated timber - DLT) во Северна Америка. Новиот објект е проектиран од архитектонската фирма Neumann Monson architects. Објектот е со висина од четири ката, каде на приземјето се предвидени продавници, ресторани и кафулиња, додека на останатите катови има канцелариски простории со вкупна површина од 6000 метри квадратни.

Конструктивните елементи се отворени и видливи во ентериерот на целиот објект, но може да се видат и однадвор бидејќи фасадата на еден дел е отворена со што доаѓа до израз вистинската убавина на дрвото. Архитектонскиот тим помина макотрпен процес на истражување за да одбере вистински партнер за реализација на проектот. За партнер е избрана

компанијата StructureCraft Builders, инженерска фирма која има огромно искуство и признанија во проектирање дрвни конструкции. Архитектите заедно со избраниот инженерски тим одлучиле дека масивна дрвна конструкција е вистински избор за овој проект. Конструктивниот систем се состои од скелетен систем од лепени ламелирани носачи и дрвени плочи поврзани со големи дрвени типли за 29 мај 2020

ПОРТА

39


меѓукатните и кровните конструкции. Овие масивни дрвени плочи подолго време се користат во Европа, но во Америка подоцна започнале со нивно испитување, производство и користење. Овој производ е изработен од повеќе дрвни елементи споени со голема дрвена типла која се набива попречно и создава цврста врска помеѓу елементите и ги поврзува во целина. Изградбата на објектот започнува во 2018 година со подигнување на неколку готови бетонски плочи за јадрото на зградата, односно делот каде што ќе биде лифтот. Бетонската конструкција ќе има функција на главна латерална поддршка. Секој дрвен столб и греда се нумерирани и испорачани на градежната локација, хронолошки по планот за подигнување на зградата. Подигнувањето на скелетната конструкција било завршено за шест недели со тим од осум луѓе, меѓу кои двајца инженери - раководители и шест локални работници - столари. Дрвените столбови и греди се испорачани од Австрија, како основен материјал, додека нивната дополнителна обработка се одвивала локално. Дрвените плочи биле произведени од страна на StructureCraft и со тоа се запишале во историјата како први производители на овој материјал за голем проект. Интересно е да се напомене дека овој објект има противпожарна заштита од 60 минути, односно при пожар,

40

ПОРТА


нема да се компромитира конструктивната стабилност за еден час. Континуираната иновативна работа на инженерите овозможува овие конструктивни системи да имаат многу добри карактеристики во случај на пожари, со што се отстранува една од главните бариери за употреба на дрвни конструкции во градежништвото. Овој објект има за цел да ги презентира сите овие достигнувања во дрвното инженерство и да го отвори патот на дрвните конструкции, помасовно да се градат во Ајова и насекаде во САД. n

ПОРТА


земјотресно инженерство

Континуирано градење сеизмички сигурно општество

Проф. д-р Влатко ШеШоВ Вонр. проф. д-р Радмила Шалиќ а 27 мај оваа година се навршуваат 55 години од формирањето на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Голем љубилеј, проткаен со значителни успеси и достигнувања во полето на науката, образованието и применувачката дејност, препознаени на регионално и светско ниво. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (првично Институт за oпшта и инженерска сеизмологија) е формиран во рамките на Универзитетот во Скопје, денешен Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје на 27 мај 1965 година со одлука на Универзитетскиот Совет (Одлука бр. 01-2/1) и по препорака на Меѓународниот консултативен одбор, одлуките на Владата на Република Македонија и градот Скопје со поддршка од UNESCO. Почетниот мандат на Институтот бил да ја надгледува и помага во реконструкцијата и обновата на градот Скопје после катастрофалниот земјотрес од 1963 г. Како подолгорочни цели биле и континуирани истражувања во полето на сеизмологијата и земјотресното инженерство, перманентно собирање и ажурирање на сеизмолошки и други

Н

42

ПОРТА

29 мај 2020

релевантни податоци и нивна имплементација во процесот на проектирање и планирање на градот. Институтот бил првата високообразовна и научна институција која на организиран начин овозможила обуки на градежни инженери, архитекти и планери со цел унапредување на планирањето, проектирањето и изведбата со примена на современи сознанија од областа на земјотресното инженерство. Во тој правец и започнуваат првите редовни магистерски и докторски студии со значителна поддршка од странски професори и експерти. Од своето основање во 1965 година, дејностите на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) се во насока на намалување на ризиците од катастрофи односно заштитата на населението и добрата, намалување на физичките и економските штети и заштита на социо-економските системи од дејството на земјотресите. Сите активности на ИЗИИС се во доменот на подготовка на системот, припрема на конзистентна легислатива, создавање на високо професионални човечки ресурси и градење на капацитети за сеизмички сигурно општество. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) е научноистражувачка и високообразовна установа, единица во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

(www.iziis.ukim.edu.mk). Институтот врши високообразовна дејност од втор и трет циклус студии, научноистражувачка и применувачка дејност во научноистражувачките области земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија, како и во сите научни полиња што се во врска со основната дејност на Институтот. Согласно Статутот на ИЗИИС, основната дејност на Институтот е организирана во 6 оддели, 5 лаборатории и 1 центар за меѓународна соработка. Остварувањето и реализирањето на основната дејност е поддржано од стручната и административна служба на Институтот. Со Институтот раководи Директор со двајца заменици преку органите на Институтот: Научен совет и Институтска управа. Научноистражувачките активности на ИЗИИС се ориентирани кон изнаоѓање можности и утврдување на основи за намалување на сеизмичкиот ризик и ризикот од други природни катастрофи. Во текот на своето постоење Институтот реализирал голем број меѓународни, билатерални и национални научноистражувачки проекти со огромен придонес во правец на градење и јакнење на институционалните капацитети за справување со природните ризици. За време на својот 55-годишен растеж Институтот развива и перманентно одржува интензивна соработка на меѓународен план. ИЗИИС е една од водечките научни институции во државата која партиципира во рамковните


55 години институт за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (изиис)

Организациона структура на ИЗИИС програми финансирани од Европската Комисија, уште од нивниот почеток. Како резултат на активното учество Институтот е една од ретките членки на УКИМ која се јавува во улога на координатор на проект во рамките на FP7 програмата. За истакнување е учеството на Институтот во низа проекти финансирани од НАТО во рамките на програмата „Наука за мир”. Исто така, досега се реализирани поголем број на билатерални проекти со САД, Кина, Германија, Турција, Австрија, Бугарија, Албанија, Словенија, Хрватска и др., како и голем број на национални научноистражувачки проекти финансирани од Министерството за образование и наука на Република С. Македонија и Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Институтот континуирано ги применува сознанијата од научноистражувачката дејност во професионалната инженерска пракса во

проектирање и градење современи конструкции отпорни на земјотрес. Со своите ангажмани , експертски и консултантски услуги, ИЗИИС има забележително присуство како во нашата држава така и на меѓународниот пазар (Обединетите Арапски Емирати, Канада, Турција, Австрија, Германија, Велика Британија и др.). Во последната декада, ИЗИИС реализирал преку 600 апликативни проекти од кои голем број претставуваат инженерски предизвици на национално, регионално и меѓународно ниво. Плодната соработка со домашни но и со големи интернационални компании како: Limak, Max Aicher, Cevahir, Lindner, Siemens, Kinemetrics, Rade Koncar, TAV, Put Inzenjering, Irgo, Arup, Gerb, Rofix, Johnson Matthey, IDOM и др., само го потврдува реноме на ИЗИИС како проверен и респектиран партнер. Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) како единка

Работилница на европски проект Infra-NAT (септември, 2018)

на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, веќе 55 години врши континуирана едукација на кадри од земјата и од странство во области кои се поврзани со развојот и унапредувањето на модерната технологија за контрола и намалување на сеизмичкиот ризик. ИЗИИС денес со право може да се гордее на фактот што првите магистерски студии во Република С. Македонија биле организирани и реализирани токму на ИЗИИС во 1965 год. Овие студии од ваков тип биле и први во Европа. Во ИЗИИС се образуваат млади научни кадри во специфични и комплексни области како што се земјотресното инженерство и инженерската сеизмологија. Овие научни области во себе интегрираат и широк спектар на инженерски под-области, како што се конструктивното инженерство, проектирање на сеизмички сигурни и стабилни објекти (згради, мостови, брани, инфраструктурни системи, специјални објекти), специфични проблеми од геотехничкото инженерство, дефинирање на сеизмичкиот хазард, подготвеноста за справување со катастрофи предизвикани од земјотресите и сл. Студиските програми од втор и трет циклус кои се реализираат на ИЗИИС се дизајнирани врз основа на сопствено искуство и искуствата на други универзитети во светот, посебно на земјите со развиено земјотресно инженерство. Овие програми се акредитирани и истите комплетно се реализираат на македонски, но и на англиски јазик. Како потврда на континуираната заложба на Институтот за градење на сеизмички сигурно општество, ИЗИИС добива законска надлежност за вршење на контрола на објектите во фазата на проектирањето и во текот на изведба на носечката конструкција на градбата. Врз основа на овие измени во Законот за градење од крајот на 2013 година, ИЗИИС континуирано прима барања, разгледува доставена проектна документација, излегува на терен, врши увид на изведени објекти, констатира дали изведените објекти се согласно доставената проектна документација и издава Мислења за проектиран и изведен степен на механичка отпорност и сеизмичка заштита (www.msz.iziis.ukim.edu.mk).

Испитувања на вибро-платформа, европски проект SERA (декември, 2019)

ПОРТА


Со учениците од ОУ Владо Тасевски од Скопје (декември, 2019) Од почетокот на воведување на овој Закон до мај 2020 г., Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија има издадено над 17.000 мислења со што преставува активен чинител во контролата на националниот сеизмички ризик. Во текот на изминатите 55 години Институтот остварува континуирана меѓународна соработка со бројни институции и универзитети ширум светот. На тој начин се потврдува едно од основните начела на ИЗИИС за постојана промоција и надградување на научноистражувачките и образовните капацитети. ИЗИИС е дел од програмите за размена и мобилност на академски кадар и студенти (ERASMUS, TEMPUS, DAAD) реализирајќи соработки со мултидисциплинарна содржина со единствена цел-изградба на сеизмички сигурно општество за сегашните и идните поколенија. Институтот во текот на своето постоење, но и денес, е член во голем број на тела, организации и асоцијации, допринесувајќи за јакнење на капацитетите на национално и светско ниво во 44

ПОРТА

29 мај 2020

разните сегменти на науката и праксата. Концептот на општествена одговорност и подигањето на јавната свест претставува императив за Институтот во текот на неговото долгогодишно постоење. Едукацијата и подигнувањето на јавната свест за опасноста и справувањето со земјотресите се вкрстени компоненти каде клучните столбови се

потпираат на постоењето на заеднички пристап и взаемна соработка со многу институции во текот на изминатите години. За таа цел, ИЗИИС со своето искуство и знаење реализира и спроведува активности и обуки во рамките на основните и средните училишта во земјата како една од најважните целни категории. Бројни обуки се реализирани и за вработените во разни организации и дипломатски претставништва. Институтот со свои тимови како експертска помош за проценка на штети после силни земјотреси учествувал во многу мисии на случени земјотреси ширум светот, придонесувајќи со својата докажана подготвеност и стручност. Во текот на постоењето на Институтот вакви експертски мисии се реализирани во поранешна Југославија (Бања Лука 1969, Црна Гора 1979, Копаоник 1980, Книн 1986), во Македонија (Гевгелија 1990, Битола 1994,) но, и надвор од земјата (Алжир 1980, Мексико 1985, Ерменија 1988, Иран 1996, Турција 1999, Пакистан 2005, Италија 2009 и 2016,). ИЗИИС со свои тимови беше носител на активностите поврзани со брза оценка на безбедноста на објектите после земјотреси во Скопје 2016 г. и Охрид 2017 г. За истакнување е и учеството на Институтот во државната помош на Албанија после земјотресот од крајот на ноември 2019 г кој го погоди Драч и неговата околина. За достигнувањата и напорите во градењето на сеизмички сигурно општество и успешната соработка со разни институции, организации и компании, во текот на своето постоење, Институтот е добитник на бројни награди, признанија и благодарници, од кои од најистакнатите последната е Орденот за заслуги за Македонија во 2015 г. Во името на целиот колектив на ИЗИИС сакаме да ја изразиме нашата длабока почит и огромна благодарност на сите претходни генерации на вработени во ИЗИИС кои во изминативе 55 години го дадоа својот придонес во она што е ИЗИИС денес, симбол на науката во Македонија. n

Последна реализирана мисија, земјотресот во Албанија (ноември, 2019)


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


технологија

Физичарката која 48 пати била номинирана за Нобелова награда, но никогаш не ја добила името на лизе мајтнер доаѓа на првите страници на американските весници, а некои ја нарекуваат „мајката на атомската бомба“, што е сосема во спротивност со нејзината научна идеја. сепак, останува во историјата како жена на која ѝ е направена огромна неправда Даниела МлаДеНоВСКа мето Лизе Мајтнер (1878 1968), веројатно на многумина не им значи ништо. Но, станува збор за една од најголемите научници на 20-тиот век, која направила значајни откритија во областа на нуклеарната фисија, и на која ѝ е направена голема неправда со недоделување на најпрестижната светска награда за физика. Дваесеттиот век носи вистинска ренесанса на полето на физиката. Од денешна дистанца звучи навистина неверојатен фактот, дека во 1891 година кога познатата Марија Кири се запишала на студиите по математика, физика и хемија во Сорбона, физиката не била атрактивна студиска група на Универзитетот бидејќи се сметало дека сите значајни откритија во оваа област се веќе зад нас. Но, само малку подоцна се појавува квантната физика или квантната механика, а останатото е историја. Дваесеттиот век го одбележуваат и најголемите откритија на подрачјето на структурата на атомите. Кога во 1938 година, се објавени пресметките на Лизе Мајтнер и Ото Хан за количината на енергија која се ослободува при нуклеарната фисија, јасно било дека станува збор за епохално откритие. Тие ја откриле нуклеарната фисија, но само еден подоцна ќе добие Нобелова награда за ова откритие. Рецептот за атомската бомба е тука. Седум научници пишуваат апел до министерот за војна на САД, со барање таква бомба никогаш да не се направи, бидејќи ако ја направи една земја, ќе успеат и други. Но, ова барање не е прифатено, а на крајот на Втората светска војна, светот го виде најразорното оружје направено од човекот.

И

48

ПОРТА

29 мај 2020

Тогаш, името на Лизе Мајтнер доаѓа на првите страници на американските весници, а некои ја нарекуваат „мајка на атомската бомба“, што е сосема во спротивност со нејзината научна идеја. Сепак, останува во историјата како жена на која ѝ е направена огромна неправда. Имено, во 1944 година Нобеловата награда по хемија му е доделена само на нејзиниот соработник Ото Хан, со кого заедно ја откриле фисијата. Во 1945 година наградата не можела да му се додели бидејќи лауреатот бил во заточеништво. Но, кога во 1946 година церемонијата се одржува, претседателот на Нобеловиот комитет, професорот Арне Вестгрин во својот воведен говор истакнува


лизе мајтнер – големата дама на атомската физика

дека Хан на проблемот на нуклеарната фисија работел заедно со Лизе Мајтнер во периодот од 1935 до 1938 година. Дел од паричната награда, Хан сепак ја поделил со Мајтнер, која овие средства ги уплатила на сметката на Ајнштајновиот комитет за борба против нуклеарното вооружување. Но, која навистина била Мајтнер? Нејзината биографија била блескава од перспектива на научник, но и од перспектива на жена која се борела во машки свет. На Меѓународниот научен симпозиум „Наука и слобода“ одржан во 1953 година во Хамбург, Лизе Мајтнер е единствената жена член на Почесниот комитет, рамо до рамо со Шемс Франк, Макс фон Лауе, Роберт Опенхајмер и Бертранд Расел. Тогашна Сојузна Република Германија во 1957 година ја одликува со орден за заслуги во науката Pour le Merite, а на свои осумдесет години учествувала на Втората меѓународна конференција на Обединетите нации за мирновременско користење на атомската енергија. Сосема е извесно дека до крајот на својот живот таа

се залагала и верувала дека трката во атомското вооружување може да се заврши. Особено ѝ пречело што како врвен домет во нејзиното истражување се прокламираат пресметките поврзани со атомската фисија, додека нејзините трудови кои се исто така извонредно важни, останале во сенка на нуклеарната енергија. Станува збор за истражувања за влијанието на алфа и бетазраците на другите материјали, но и откривањето на нови хемиски елементи. Несомнено, и самата нуклеарна фисија е основата на која се базира нуклеарната енергетика. Родена во Виена во 1878 година, како трето од осум деца во семејство на либерални родители, каде татко ѝ бил адвокат од еврејско потекло. Благодарение на нејзините либерални родители, Мајтнер рано извлекла корист од олеснувањата за школување на жени во Австрија. Па така била една од првите жени, која во 1901 година се запишала на Универзитетот во Виена. Студирала физика кај Лудвиг Болц-

мана, а веќе во 1905 година, на само дваесет и седум години, се стекнала со докторат на Виенскиот универзитет. Потоа заминува во Берлин каде почнува да работи со Макс Планк и со хемичарот Ото Хан на Институтот Кајзер Вилхелм. Академската клима во Германија била поконзервативна од онаа во Австрија. Мајтнер наишла на голем отпор на предоминантно машката истражувачка заедница. Поради тоа долго работела на Институтот, без официјално поставување и без плата. Лиза била мошне трпелива во своето напредување низ академските кругови, објавувала текстови и покрај тоа што нејзините истражувања рано добиле репутација на исклучително релевантни, нејзиното прифаќање во академската заедница се одвивало бавно. Но, конечно во 1926 година станува редовен професор на Универзитетот во Берлин и е прва жена во Германија која е избрана за ова звање. Лиза Мајтнер била шеф на Одделот за физика на Кајзер Вилхелм, сè до 1938, кога си заминува под налетот на нацизмот. Заминува во Шведска каде живеела долги години, но никогаш не ја прифатила како своја земја. Во 1960 година оди во Кембриџ, Велика Британија, каде живее нејзиниот внук од сестра Ото Роберт Фриш, со кого стануваат соработници. Фриш исто така има значајни откритија во полето на нуклеарната физика. И натаму ги следела новите достигнувања во својата област, но често 29 мај 2020

ПОРТА

49


знаела да каже: „Некогаш Ото Фриш беше внук на Лизе Мајтнер, а сега Лизе Мајтнер е тетката на Ото Фриш“. Во 1963 година, таа е повикана во Виена од страна на директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна физика, да зборува за својот живот. Нејзината приказна излегува под насловот „Лизе Мајтнер – поглед наназад“. Потоа, се бори со бројни здравствени проблеми – инфаркт и неколку мозочни

50

ПОРТА

29 мај 2020

удари, а умира во 1968 година во Кембриџ, Велика Британија. На нејзината надгробна плоча пишува: „Овде лежи физичарката која никогаш не ја изгубила хуманоста“. Подигнат е и нејзин споменик во дворот на познатиот Хумболт Универзитет во Берлин. И покрај тоа што не се закитила со Нобел, таа во текот на својот живот добила бројни признанија за својата работа. Била редовен член на Академијата на науки на Шведска, Данска, САД и дописен член на австриската и германската Академија на науки. Почесен доктор на четири американски универзитети, и многу други признанија меѓу кои и избор за Почесен граѓанин на Виена. Во Периодниот систем на елементите, елементот

под број 109, наречен е мајтнериум во 1992 година. Од 2008 година, германското и австриското Друштво за физика го организираат секоја година симпозиумот „Лизе Мајтнер“ во нејзина чест, а Европското здружение за физика ја вовело наградата „Лизе Мајтнер“ за остварувања во атомската физика. Во 2015, постхумно е избрана за член на Американското друштво на физичари. Не е Лизе Мајтнер единствената која за своите успеси во науката не ја добила Нобеловата награда, но веројатно е единствената која била номинирана 48 пати (29 пати за физика и 19 пати за хемија). И денес, постојат недоумици за вистинските причини, но општо е мислењето дека ѝ е направена неправда. Многумина се повикуваат и на фактот дека таа била дискриминирана бидејќи била жена. И навистина, без намера овој текст да звучи претенциозно, иако за прв пат воспоставена во 1901, Нобеловата награда за физика досега ја добиле само три жени: Марија Кири во 1903, Марија Геперт Мејер во 1963 и Дона Стрикланд во 2018. Патот го поплочила Марија Кири, а за тоа има големи заслуги нејзиниот сопруг кој јасно ѝ ставил до знаење на Академијата, дека за откривањето на радиоактивноста сопружниците се подеднакво заслужни. Подоцна, својата научна ингениозност Кири ќе ја потврди со својата прва самостојна Нобелова награда во 1911, овој пат во областа на хемијата. n


ПОРТА


екологија

Сите вредности на Шар Планина согласно законската процедура за прогласување на заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на национален парк

52

ПОРТА

29 мај 2020


научен поглед кон националниот парк во најава Катерина СПаСоВСКа-ТРПКоВСКа о повеќе од 20 години конечно почнува да се реализира идејата за прогласување на Шар Планина за национален парк. Владата на Република Северна Македонија ја усвои иницијативата за заштита на две подрачја во земјата и тоа Шар Планина и Осоговските Планини. Владата донесе одлуки за прифатливост на предлозите на Министерството за животна средина и просторно планирање за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата национален парк. Согласно законската процедура за прогласување на заштитени подрачја, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни, и по усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на национален парк. Научен поглед кон националниот парк во најава дава Студијата за валоризација на која работеле над 70 експерти од

П

разни области. Студијата за валоризација, со предлог за формирање национален парк Шар Планина, е изработена во рамки на проектот „Постигнување на заштита на биолошката разновидност преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето“, финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, а имплементиран преку Програмата на Обединетите нации (ОН) за животна средина, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Северна Македонија. Сите природни богатства на Шар Планина, растителниот и животинскиот свет, добрата во општа употреба, како и предметите и објектите од особено културно и историско значење, определени со закон, се добра од општ интерес за државата и уживаат посебна заштита. Република Северна Македонија ја гарантира заштитата, унапредувањето и збогатувањето на историското и уметничкото богатство на македонскиот народ и на националностите, како и на добрата кои го сочинуваат без оглед на нивниот правен режим, се нагласува во Студијата.

геодиверзитет Планината е карактеристична по тоа што има најголем број врвови над две илјади метри во однос на останатите планини во Северна Македонија. Имено, околу 220 врва се повисоки од две илјади метри, од кои 41 врв повисок од 2.500 метри и 12 врва повисоки од 2.600 метри. На Шар Планина има најголема застапеност на глацијални езера во Северна Македонија. За сите може да се каже дека претставуваат објекти кои се значајни за оваа планина, од кои особено се издвојуваат: Боговињско Езеро, Црно Езеро, Големо Караниколичко Езеро, Кривошиско Езеро и Белото Езеро. На Шар Планина се среќаваат низа водопади од кои најкарактеристични се водопадите на Беловишка Река чија должина надминува 70 метри. БиолоШка разновидност Во рамки на флористичките истражувања на Шар Планина, регистрирани се 662 дијатомејски таксони, од кои 188 се издвоени како значајни. Во рамки на оваа студија се утврдени вкупно 94 таксони кои се потенцијално нови за науката. Од бриофлората се регистрирани над 260 таксони, а според досегашните сознанија флората на васкуларни растенија на Шар Планина се состои од околу 1.260 таксони. Важни за валоризација, издвоени се 84 видови, од кои 57 се наоѓаат на Приоритетната листа на васкуларни растенија на Северна Македонија која беше финализирана во 2019 година. Што се однесува до фауната на ‘рбетниците

29 мај 2020

ПОРТА

53


на предлог-подрачјето за заштита на Шар Планина, регистрирани се вкупно 51 вид цицачи, 128 видови птици, 11 видови водоземци, 17 видови влекачи и само еден вид од рибите. Од цицачите, три вида се балкански ендемити: високопланинска полјанка, глушец камењар и реликтна кртица. Највисок конзервациски статус има балканскиот рис.

ПОРТА

Од птиците, три видови се сметаат за исчезнати од Шар Планина: голем тетреб, брадест мршојадец и црн мршојадец, а највисок конзервациски статус има египетскиот мршојадец, загрозен во согласност со Црвената листа на IUCN. Од посебен интерес за Шар Планина е присуството на Testudo graeca и Vipera ursinii, кои според IUCN црвената листа се означени

како ранливи (VU) и идентично се категоризирани и според Прелиминарната националната црвена листа на водоземци и влечуги. Во високите текови на реките на Шар Планина, застапен е само еден вид риба, балкански ендемит, Salmo macedonicus. Безрбетната фауна на Шар Планина е претставена со голем број таксони и тоа сплесканите црви, валчестите црви, коњските влакна. Од прстенести црви има од класата Oligochaeta и еден вид пијавица, од мекотелите се регистрирани 56 видови полжави и еден таксон од школките. Валоризацијата на сувоземните полжави на Шар Планина покажала присуство на 29 значајни видови. Вкупниот број на досега регистрирани таксони инсекти на Шар Планина изнесува 1.847. Габите се посебно царство на живи организми, кои во природата од еколошки аспект имаат особено значење како разградувачи. Добиен е список на габи од 517 вида, од кои 23 вида се дел од неофицијалната Црвена листа на габи на Северна Македонија, се наведува во Студијата за валоризација. На Шар Планина идентификувани се 11 тревести живеалишта. Исто така, идентификувани се 24 нешумски растителни заедници и 14 живеалишта во кои припаѓаат, од кои три се наоѓаат на приоритетната листа односно се живеалишта на кои им се заканува опасност од исчезнување и чиј природен ареал главно е на територијата на Европската Унија. На Шар Планина се среќаваат различни водни екосистеми, голем број различни шумски, тревести, карпести и различни влажни екосистеми . меЃународно значеЊе на подрачјето Заради високите природни вредности, Шар Планина е препознаена во повеќе европски иницијативи и е назначена за Емералд подрачје, значајно подрачје за птици, значајно растително подрачје и значајно подрачје за пеперутки. Со новите истражувања, дополнително се


потврдени вредностите на Шар Планина во насока за воспоставување на идно Натура 2000 подрачје. Во Студијата за валоризација исто така се нагласува дека масивот Шар Планина е и едно од најзначајните подрачја на Балканскиот зелен појас, со оглед на фактот дека овој регион е едно од последните преостанати засолништа за големите европски месојадци, како што се мечката, волкот и рисот. социоекономски вредности Опфатот на идното заштитено подрачје Национален парк Шар Планина зафаќа седум општини од Полошкиот плански регион и тоа: Боговиње, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Теарце, Тетово и Маврово-Ростуше. Резултатите и анализите за економските активности во предложеното подрачје за заштита Национален парк Шар Планина, покажуваат дека Шар Планина поседува голем потенцијал за развој не само на ниво на подрачјето, туку да влијае и врз регионалниот и националниот развој. Голем дел од природните вредности на Шар Планина не се искористени или пак се искористуваат на неправилен и несоодветен начин, притоа уништувајќи ја биолошката и пределската разновидност и квалитетот на живот кај локалното население. Во Студијата е нагласено дека со воспоставување на национален парк, на подрачјето на Шар Планина, ќе се овозможи поголема строгост во примената на одржливи практики во стопанисувањето во шумите, на дел од подрачјето, кое се предлага за заштита. Широко распространетите букови и дабови шуми во најголем дел ја отсликуваат

структурата на шумскиот фонд. Сепак, покрај овие видови, на Шар Планина се среќаваат и други значајни видови како што се: питомиот костен, елата, смреката, горскиот јавор, белиот габер, црниот габер и др. На Шар Планина застапени се 13 шумски заедници. Покрај нив, има и вештачки подигнати помали насади од: багрем, црн бор, смрека, бел бор и др. во дабовиот и буковиот шумски појас кои денес претставуваат антропогени шумски насади, немаат некое поголемо значење врз вкупниот природен амбиент на планината, а под нивниот склоп видливи се обновителни процеси на шумата од автохтони видови. Голем удел во развојот на економијата имаат и туристичките можности, кои ги нуди Шар Планина, посебно во зимски услови. Присуството на скијачки терени, неколку хотели и приватни вили, во голем дел

застапени на Попова Шапка, која се смета за туристички центар на Шар Планина, овозможуваат развој на туризмот и економски развој на регионот. Во однос на руралниот туризам, во рамки на истражувањата за пределите, шарпланинскиот рурален предел е вреднуван со особено висок индекс на визуелен квалитет, заради зачуваниот рурален изглед, заради што има висок потенцијал за развој на рурален туризам. Пределот е најрепрезентативен кај атaрите на селата Вејце, Бозовце, Вешала и Бродец. Вреди да се споменат и атарите на селата Ѓермо, Јеловјане, Ново Село, Ломница, Калиште и Дуф. анализа на закани Заради промената на традиционалниот начин на живеење во регионот и воопшто, растечката сиромаштија и политичката

ПОРТА


нестабилност, природните вредности на Шар Планина се под силен антропоген притисок. Тоа предизвикува појава на многубројни закани што може да доведат до деградација и уништување на сите природни вредности. Основни закани се напуштање на традиционалните практики во намената на земјиштето и искористувањето на природните ресурси со што се менува и осиромашува пределската разновидност, нерегулирана урбанизација и инфраструктура, илегалната сеча, непромислено искористување на водните ресурси (особено за добивање електрична енергија), прекумерно искористување на одделни медицински и ароматични растенија, неконтролираниот лов и риболов, климатските промени. Негативните влијанија врз биолошката

ПОРТА

разновидност на Шар Планина се однесуваат на заканата од напуштање на традиционалните практики во намената на земјиштето и искористувањето на природните ресурси со што се менува и осиромашува пределската разновидност, загуба или деградација на станишта или цели екосистеми, на заканата од напуштање на традиционалните практики и нерегулирана урбанизација и инфраструктура. Исто така, постои закана од напуштање на традиционалните практики, неодржливо искористување на водните ресурси, илегалната сеча, нерегуларна урбанизација и инфраструктура, неконтролираниот лов и риболов, климатските промени. Фактот дека на Шар Планина досега се изградени, во градба или планирани 70-тина мали хидроелектрани претставува едно од

најважните прашања и закана за зачувувањето на природата на планината. Досега, на планината видливи се конструкции поврзани со мали хидроелектрани, на 26 локации, од кои во предлог-подрачјето за заштита влегуваат 16 локации. Во рамки на предлог-подрачјето за заштита, за осум локации врзани со мали хидроелектрани се склучени договори за концесија, за кои или нема издадено дозвола за градење или сè уште не е почната градбата, а дополнително е планирана изградба на мали хидроелектрани на уште 32 локации. стратегија Во рамки на предлог-национален парк „Шар Планина“ предложени и дефинирани се четири зони, кои се воспоставуваат заради вршење на дејноста за заштита и унапредување на природата, а истите се во корелација со Законот за заштита на природа. Најголема површина, 230 километри квадратни зафаќа зоната за активно управување, а најмала од еден километар квадратен зафаќа заштитниот појас. Зоната за одржливо искористување зафаќа површина од 136 километри квадратни или 25,1 отсто што е во согласност со препораките на IUCN за подрачја во категоријата на национален парк. Зоната за строга заштита зафаќа површина од 175 километри квадратни или 32,2 отсто од вкупната предложена површина за заштита. Оваа зона претставува интегрална целина која ги опфаќа највисоките делови на Шар Планина што се граничат со Косово т.е. со Националниот парк „Шара“ во Косово. Во зоната за активно управување опфатени се најголем дел од значајните шумски екосистеми на Шар Планина, во прв ред зачувани букови шуми, шуми со смрека и ела или мешани шуми од зимзелени и листопадни видови, како и костенови шуми и некои рефугијални шумски заедници.


Зоната за одржливо користење е сочинета од две единици кои ги зафаќаат најниските делови од Шар Планина. Зоната на заштитен појас ја сочинуваат девет посебни површини, кои имаат за цел да ги заштитат зоните со примарна цел зачувување на природата. препораки за управуваЊе со природните ресурси Во Студијата за валоризација дадени се препораки за управување со природните ресурси. Дадени се насоки како да се заштитат и водните ресурси. Предложено е за сите мали хидроелектрани, планирани и оние за кои сè уште не е издадена дозвола за градење, да бидат стопирани постапките, со цел да се зачува природното богатство на идниот национален парк, а истовремено да се обезбедат можности за развој на одржливи форми на туризам, каде природата е најважниот елемент. Исто така, се препорачува, за сите мали хидроелектрани, кои ќе продолжат да функционираат во идното заштитено подрачје, да се преиспита влијанието врз заштитеното подрачје и доколку се оцени дека истите имаат значително влијание, со последици по основните природни карактеристики на заштитеното подрачје, да не се продолжува договорот за концесија. Препорака е дадена и за ловиштата, односно во согласност со договорите за концесија, склучени со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, концесиите за ловишта важат до прогласувањето на подрачјето во категорија на заштита - Национален парк. Во однос на искористувањето на шумите, се предлага во зоната за строга заштита да се зачуваат шумите во нивната природна состојба, во зоната за активно управување, да се преземаат мерки за ревитализација на деградираните шумски заедници, одгледувачки мерки и одгледувачки сечи со слаб интензитет и санитарни сечи и во зоната за одржливо користење, може да се преземааат комбинирани методи на природно обновување, пребирни сечи, одгледувачки сечи и санитарни сечи. Во Студијата е дадена препорака и за искористувањето на пасиштата. Предлогот е традиционалното сточарство да биде охрабрувано и во идниот национален парк, со посебно изработени планови за искористување на пасиштата, одредени со идниот план за управување со заштитеното подрачје и запазување на предвидените начини на користење, особено во зоната за строга заштита. Исто така, се препорачува да биде дозволено традиционално производство на

стари сорти на ограничени површини до еден декар во зоната за активно управување, додека во зоната за одржливо користење може да се одгледуваат земјоделски култури и на поголеми површини. Во однос на искористување на минерални суровини во идното заштитено подрачје, се предлага да не се отпочнуваат нови постапки на доделување концесии. А, препорака е дадена и за туризмот. Тој треба да се насочи кон одржливост, со цел заштита на природата и вклопување на туристичките понуди во идната програма за развој на туризмот, како составен дел од планот за управување со Национален парк „Шар Планина“. И покрај тоа што примарна цел на воспоставувањето на еден националниот парк е зачувувањето на природата, културното наследство има исто така големо значење. Сите активности, поврзани со културното наследство, може да продолжат да се одвиваат во целото предлог-заштитено подрачје. Во Студијата, даден е преглед и на пресметката на издржаноста и одржливоста на прогласување на Шар Планина за национален парк, изработена по методот на еколошкото сметководство. На овој начин, овозможено е сите засегнати страни, да имаат увид во економските ефекти од прогласување на ова подрачје за национален парк. Конечната целокупна вредност на Шар Планина е 382.103.590 американски долари со можност оваа вредност во период од пет години да стигне до износ од 452.881.388 американски

простран високопланински масив Шар Планина е простран високопланински масив кој се протега во северозападниот дел на Република Северна Македонија и на територијата на Јужно Косово. Во своите најшироки природни граници зафаќа површина од 2.480 километри квадратни, од кои 881 во Република Северна Македонија. Во потесни граници, долж главното било зафаќа површина од 1.670 километри квадратни, од кои 840 или точно половина, припаѓа на Република Северна Македонија. Делот од Шар Планина кој е предмет на Студијата за валоризација, има површина од 697,8 километри квадратни. долари. Секако дека овие вредности се однесуваат на монетарните вредности кои може да бидат пресметани. Имајќи ги предвид климатските промени, прогласувањето на Шар Планина за национален парк има непроценлива вредност и на национално и на глобално ниво. Шар Планина на страната на Косово прогласена е за национален парк пред 30 години. Ако се заштити и на македонската страна овој планински предел би претставувал најголем заштитен појас во Југоисточна Европа. n

ПОРТА


aрт и дизајн

СебаСтијан ераЗуриЗ, уметник, диЗајнер и активиСт

Меша уметност и дизајн за да создаде општествено свесни парчиња „ За да можам да ве натерам да видите нешто поинаку, јас вградувам функционални елементи на дизајнот кои припаѓаат на уметноста“, вели Себастијан

Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. ебастијан Еразуриз (Sebastian ErraZuriz) е Чилеанец, роден во 1977 година во Сантијаго, пораснат во Лондон и еден од најинтригантните и најактуелните дизајнери и уметници денес. Дипломирал дизајн на Pontifical Catholic University of Chile во Сантијаго, а завршил магистерски студии на Fine Arts на New York University во Њујорк. Уметник, дизајнер и активист, Себастијан Еразуриз се стекнал со меѓународно признание за своите оригинални и провокативни дела од различни дисциплини. Занимавајќи се со сè, од експериментални кинетички плакари, функционални скулптури и технолошки уметнички проекти до политички уметнички дела и огромни јавни уметнички проекти, неговата пракса тежнее да ги замагли границите помеѓу современата уметност, дизајнот, занаетот и технологијата. Неговото дело секогаш е изненадувачко и уверливо, повикувајќи го

С

58

ПОРТА

29 мај 2020

гледачот повторно да погледне во реалноста, која честопати е скриена пред неговите очи. Во 2017 година го основа студиото Cross Lab, во индустриски објект во Бруклин на 5.000 квадратни метри, кое функционира како мала, контролирана фабрика. Поделено е на лабораторија, работилница за дрво и простор за дизајн и проектирање, кои функционираат како мали студија. „Физички поделено студио на подрачја помага да се види работата како расте“, вели Себастијан. диЗајн Мисијата на Еразуриз никогаш не била користење на дизајнот за решавање на практични проблеми. Наместо тоа, тој меша уметност и дизајн за да создаде општествено свесни парчиња кој тој ги нарекува „функционална уметност“. На пример неговата комода Wave cabinet, изработена од летви од јавор се отвора како хармоника. Неговата маса наречена Билбао конзола ја акцентира формата на дрвото, дизајнот е едноставен, дрвото го нарушува само стаклена плоча. Дрвото е

донесено од шумите на Јужна Америка, тој всушност ја почитува природата, само ги реадаптира гранките кои паднале, задржувајќи го интегритетот на оригиналната форма. Неговата сијалица Duck Lamp делува морничаво, но и таа ја истражува границата помеѓу скулптуралното и функционалното и помеѓу уметноста и дизајнот. Патката е спасена од ѓубре на стар музеј за птици, пронајдена е со скршен врат, но уметникот ѝ дава нов живот, реконструирајќи ја со тенденција да стане иконичен класик. Неговото прво соло-музејско шоу, во Музејот на уметноста во Питсбург, Carnegie Museum of Art во 2014 година, му донесе споредби со Марсел Дишан и Маурицио Кателан, каде силен впечаток остави серијата столови Occupy Chairs, инспирирани од движењето Occupy Wall Street, протестна акција која се случуваше на улиците на Њујорк, против американските банки и мултинационалните компании. Столовите се така дизајнирани, преку ден да претставуваат знак на жаба, а навечер да служат за седење на протестантите покрај шаторите. Столовите одат


по границата меѓу уметноста и дизајнот, тие секако имаат функционален дел, кој може да се преклопи, но може и да се закачат на ѕид и да претставуваат слогани на политичка и општествена неправда. Намерата на уметникот не била да ја избегне лесната демагогија на политички коректен уметнички проект, туку едноставно да ги нападне богаташите. Целта му била да илустрира како 99 отсто од луѓето и еден отсто од богаташите може да бидат исти доколку се променат економските околности. Таргетирајќи еден отсто од богатите колекционери на уметност, столовите се продаваат за 2.500 долари со цел да се соберат пари за оние 99 отсто. Политички пароли, висока јавна свест и собирање средства за сиромашните, во оваа колекција сè е споено во едно. Себастијан Еразуриз го осмислил и салонот на луксузниот бренд за часовници Audemars Piguet за Art Basel, (во Хонг Конг, Мајами и Базел). Црпејќи инспирација од ледените места и снежните зими од домот на компанијата Le Brassus во Швајцарија, тој користи вода и лед за да ја изрази чистотата на природата и минливоста на времето. Со вода и лед како главни тематски елементи, му дава форма на концептот на циклусот на ледот како метафора на времето.

пантенон на најзначајните технолошки сили на денешницата. Тој реализираше изложба насловена „Почеток на крајот“ со принтани скулптури кои ја претставуваат технологија како уметнички медиум за истражување на идната автоматизација. Себастијан предвидува дека во наредните децении автоматизацијата ќе доведе до губење на половина од работните места што ќе создаде бран од социјални немири и глобални судири. Замислена како предупредување за престојната трансформација, „Почеток на крајот“, содржи скулптури кои прикажуваат нова митологија на ликови кои ја обликуваат нашата иднина, како што се Џеф Безос, Елон Маск и Марк Закерберг. Себастијан Еразуриз поминал пет години следејќи го влијанието на

„почетокот на крајот“ Еразуриз се занимава и со современи технологии. Користи отисоци и скулптури кои се 3Д принтани како би го прикажал новиот ПОРТА


технологијата, на широк спектар на дисциплини од социјална економија, геополитика, преку нано-роботика до биотехнологијата. Спектарот на работата на Себастијан Еразуриз е голем. Тој се занимава и со инсталација на виртуелна уметност, претставувајќи проширена реалност. Овие инсталации наречени ART, преместуваат дела и скулптури на познати уметници на точно означени локации, а гледачите може да ги видат на Snapchat апликација. Прва инсталација од овој тип направил во октомври 2017 година во Централ Парк во Њујорк, како дел од соработката со уметникот Џеф Конс. Посетителите се собрале во голем број да го видат познатото големо куче Balloon Dog на Конс, како се појавува на нивните екрани, како да е навистина во Централ Парк. На самото место бил и Еразуриз со својот тим од Cross Lab, кои ја набљудувале иницијативата. 24 часа подоцна го довршиле идентичниот 3Д Balloon Dog и ги означиле точните координати каде посетителите ќе можат да го видат повторно. Единствената разлика била што новата

ПОРТА

скулптура се појавила уништена со графити, како да е резултат на протести преку ноќ. Симболичен став против големите корпорации. Себастијан изјавил дека „од витално значење е да се започне истражување колку сме спремни да им дадеме на компаниите виртуелен јавен

простор. Во моментов такви скулптури постојат во царството на корпорациите на социјалните мрежи, нудејќи ни „бесплатни“ услуги на кои доброволно им се придружуваме. Сепак, со тек на времето границите на реалноста и виртуелната реалност бледнеат. Виртуелниот


свет во кој се одвиваат голем дел од нашите општествени интеракции, станува нашата реалност. Еднаш кога ќе почнеме да го доживуваме светот претежно виртуелно, со нашите јавни простори ќе доминираат корпоративни содржини дизајнирани потсвесно да нè манипулираат и контролираат“. Во уметничката заедница постојат голем број реакции, скептични кон корпорациите, кои „поставуваат“ дигитална уметност за да можат да ја наплатат каде и да посакаат. Група уметници од Њујорк ја исмејувала оваа „вандализирана“ верзија на Balloon Dog. Но треба да се биде коректен и да се каже дека ова секако е нешто што ќе се доведува во прашање и ќе се разговара кога станува збор за сопственост на физички дигитални локации. Себастијан со сликата на вандализирано уметничко дело поставува многу прашања. „Треба ли да им се овозможи на корпорациите сите содржини кои ги избрале да ги стават во нашиот дигитален јавен простор? Централ Парк му припаѓа на градот Њујорк. Зошто треба корпорациите бесплатно да ги означат своите GPS-координати? Знаеме дека ќе заработат пари изнајмувајќи им GPS-спотови на брендовите и дека ќе нè бомбардираат со реклами. Тие треба да плаќаат наем, треба да одобриме она што може да се означи на нашиот дигитален јавен и приватен простор“. Овие негови прашања поттикнуваат расправа неколку години пред своето време. Себастијан созде и колекција на чевли, кои на единствен начин се занимаваат со неговите

љубовни врски. Секој чевел со висока потпетица од колекцијата наречена „12 чевли за 12 љубовници“ доаѓа со кратка анегдота или опис, посветени на девојката од минатото на Еразуриз. Некои описи се убави и ласкаат, но некои и не. Меѓутоа сите чевли се моќни – делуваат како дело наменето за самооткривање. Несомнено е дека работата на Себастијан Еразуриз е популарна, провокативна, вредно уметничко делување и тера на размислување. Можеме да ја прифаќаме или не, да се

сложуваме или не со неговите ставови, но едно е сигурно тој никого не остава рамнодушен. За него се пишувани критики во списанија како, New York Times, The Financial Times и Wall Street Journal. Gestalten објави прва монографија на неговото дело, а неговата работа е прикажана на телевизии како BBC, CNN и ABC. „За да можам да ве натерам да видите нешто поинаку, јас вградувам функционални елементи на дизајнот кои припаѓаат на уметноста“, вели Себастијан.. n

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.