ПОРТА 3 број 293

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

293 ЈУНИ 2020

Заштитатата на археолошкото наследство во Охрид целосно отстапува од принципите Никола Тесла – ненадминат гениј Во земјата на дабот и железото

90 ДЕНАРИ



ПОРТА


СОДРЖИНА

10

16

РЕГИОНИ 6 ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АКВА-ПАРКОТ ВО ШТИП СЕ РЕКОНСТРУИРА ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ ВО БИТОЛА

ИН МЕМОРИАМ 8 МИХАЈЛО ВОЛКАНОВ 1941 – 2020

ГРАДЕЖНИШТВО 10 НОВИ МОСТОВИ НА РЕКИТЕ ПЧИЊА И БРЕГАЛНИЦА

AРХИТЕКТУРА 12 ВО ЗЕМЈАТА НА ДАБОТ И ЖЕЛЕЗОТО

20

АРХИТЕКТУРА 16 ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ОДНОС КОН АРХИТЕКТУРАТА НИ ОСТАВИ ТРАЈНИ ДЕЛА

АРХИТЕКТУРА 20 УСПЕШНА ПРИКАЗНА КОЈА НЕ ЗАВРШУВА ОВДЕ...

АРХИТЕКТУРА 28 ПРЕОСМИСЛУВАЊЕ НА ПРАЗНИНИТЕ МЕЃУ ПЛАНИНАТА И ГРАДОТ

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 32 ЗАШТИТАТАТА НА АРХЕОЛОШКОТО НАСЛЕДСТВО ВО ОХРИД ЦЕЛОСНО ОТСТАПУВА ОД ПРИНЦИПИТЕ

32

ТЕХНОЛОГИЈА 38 НИКОЛА ТЕСЛА – НЕНАДМИНАТ ГЕНИЈ

ЕКОЛОГИЈА 42 ЛЕКОТ Е ВО ПЛАНИНАТА

РЕПОРТАЖА 46 ОЛИЦЕТВОРЕНИЕ НА АМЕРИКАНСКОТО НАСЛЕДСТВО

46

ХОРТИКУЛТУРА 50 ДОБРЕ ДОЈДЕ НА ЛЕТОТО ВО ВАШИОТ ДВОР

АРТ И ДИЗАЈН 54 ЕДНА ОД НАЈЗНАЧАЈНИТЕ АВАНГАРДНИ УМЕТНИЦИ НА 20 ВЕК

ПОРТА

25 јули 2014

54


ГОДИНА XII

БРОЈ 293 ПЕТОК 26.6.2020 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Со почетокот на летото доаѓа и нов број на Порта 3. Високите температури кои се најавуваат, но и опасноста од движење заради ширење на коронавирусот се доволна причина овој месец да посветите уште повеќе внимание за читање на Порта 3 и за проширување на знаењата. Содржински и овој број не се разликува многу од претходните. Стандардните рубрики за градежништво, архитектура и екологија повторно се збогатени со теми од културното наследство, технологија, уметност. Информациите за активностите на локалните самоуправи содржински го отвораат и овој број, а тука може да се прочита за реконструкцијата на Офицерскиот дом во Битола и Мултикултурниот центар во Кочани, како и за активностите околу изграбата на Аква- паркот во Штип. Во рубриката градежништво може да се прочита за изградбата на новите мостови на реките Пчиња и Брегалница, од кои едниот е за сообраќај, а другиот пешачки. Нашиот дописник од Англија ја отвора рубриката архитектура со опис на проектот за Центарот за наследство „Во земјата на дабот и железото“. Центарот е атрактивна дестинација за посетителите и двигател на дополнителни унапредувања на местото во североисточна Англија. Со своите реализирани објекти и обемното архитектонско творештво, Прохирија Хаџи Костова – Пешиќ се вбројува во многу плодните творци кои создавале на територијата на нашата држава. Во овој број ќе може да се видат дел од нејзините дела кои сè уште ги има во Скопје. Иако од различни земји на Балканот, со заедничка замисла и цели, како и со помош на денешната современа технологија, остварена е одлична комуникација и соработка во архитектонското студио Konntra кое има исклучително успешни резултати во низа натпревари од областа на архитектурата и дизајнот. Станува збор за една успешна приказна која не завршува овде... Планината и зеленилото се симнуваат во градот, низ ортогонална шума и „шума“ од

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

столбови: покриени урбани променади кои ги врамуваат погледите кон пејзажот. Вака млади архитекти ја имаат замислено да изгледа локацијата за стадионот „Влазерими“ кој се наоѓа на источниот раб на градот Кичево. Нашиот соработник, историчар на уметноста, дава свое видување на ситуацијата со заштитата на археолошкото наследство во Охрид кое целосно отстапува од принципите. Тука се и ставовите на невладините организации за она што е направено во македонскиот бисер околу препораките на УНЕСКО од Баку до денес. Рубриката технологија овој пат ја посветуваме на ненадминатиот гениј Никола Тесла кој не им остави на другите да направат нешто повеќе. „Извонреден“ е млак збор за да се опише неговата генијалност, а епитетот „чудесен“ е исто така потценување за неговиот ненадминат креативен жар и талент. Екологијата овој пат ја посветуваме на планината зошто таа е лек. Наспроти современиот начин на живеење, во урбаните и во индустриските средини, потребно е бегство во планина и тоа од сообраќајниот метеж, гасовите на улиците, смогот, обезвреднетиот пејзаж, секојдневниот психолошки пресинг и на младите и на старите. Нашиот дописник од Вашингтон во овој број, со својата репортажа, не води во музеите на Смитсониан кои се најголем комплекс музеи и образовни и истражувачки центри во светот. Ситуацијата со коронавирусот во која сè уште се наоѓа нашата држава, но и целиот свет, веројатно ова лето ќе не натера да заборавиме на вистинските плажи и уживања. Во рубриката хортикултура ви пренесуваме идеи како да му кажете добре дојде на летото во вашиот двор. Рубриката уметност ќе го затвори и овој број на Порта 3 со интересен текст за една од најзначајните авангардни уметници на 20 век Наталија Гончарова. Нејзиното творештво е спој на традицијата и на модерното, а за неа уметноста е постојан дијалог помеѓу Истокот и Западот. ОД РЕДАКЦИЈАТА 293

графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Никола Тесла – ненадминат гениј

AРХИТЕКТИ МАТЈУ ГЛОВЕР, ВЛАДИМИР Б. ЛАДИНСКИ

90 ДЕНАРИ

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ

ЈУНИ 2020

Заштитатата на археолошкото наследство во Охрид целосно отстапува од принципите

Во земјата на дабот и железото

Насловна страница ЦЕНТАР ЗА НАСЛЕДСТВО ВО СЕВЕРОИСТОЧНА АНГЛИЈА

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 25.6.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.


региони

Се реконструира Офицерскиот дом во Битола Постепено и надворешно стануваат видливи, големите реконструктивни зафати кои се во тек во Офицерскиот дом во Битола. Објектот ќе биде Дом на уметноста, исполнет со културни настани, отворен за невладини организации и нивните настани, за бизнис-заедницата, за културните настани, но и за музејски поставки. Исто така, предвидено е и хортикултурно партерно уредување, што треба да даде сосема поинакво по изглед место во градот, а ќе има зафати и на контролирано регулирање на сообраќајното решение. Средствата за реставрација на Офицерскиот дом во висина од 58 милиони денари, се обезбедени преку Европската Унија и во соработка со ЛРЦП и поддршка на Владата на Република Северна Македонија. Општина Битола има обезбедено дополнителни два милиони денари за современ систем на канализација, со кој домот ќе го приклучи до уличната канализациона мрежа. n

Нов изглед на Мултикултурниот центар во Кочани Реконструкцијата на зградата на Мултикултурниот центар во Кочани е во полн ек. Дел од активностите се одвиваат на приземниот дел од северната страна на објектот, каде се работи на хидроизолација, поради што се направени ископи до нивото на темелите. Се поставува комплетно нов водовод, канализација и електрична инсталација, а објектот ќе добие ПВЦ-врати и прозорци, 6

ПОРТА

26 јуни 2020

термичка фасада, нови подови и осветлување, сигурносна и видеоопрема, противпожарна и громобранска инсталација. Изминатиов период е променета кровната конструкција, во внатрешноста се отстранети старите слоеви на ѕидовите и се изградени нови тоалети. Со реализацијата на овој проект Кочани ќе добие современи простории, на кои

културните работници и публика чекаат со децении. Реконструкцијата на Мултикултурниот центар е во рамките на реализацијата на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“, каде водечки партнер е Центарот за развој на Источниот плански регион, заедно со Општина Гоце Делчев од Бугарија, која се јавува како втор проектен партнер. n


Интензивно се гради Аква-паркот во Штип о Штип, веќе неколку месеци во тек е изградба на базенскиот комплекс познат како СРЦ „Брегалница“. Станува збор за приватна инвестиција на „Оаза Екстра-Скопско“, која во 2017 година, го купи земјиштето на некогашниот градски базен. Иако рокот за завршување на градбата беше две години, заради компликации при лицитацијата, но во ДУП-от, рокот се пролонгираше, сè додека одредени институции не направија сондажи. Освен тоа, беше побарана и промена на ДУП-от, со цел да се овозможи забрзување на постапката за градба. Според градоначалникот на Штип, Благој Бочварски, било констатирано дека проектот за изградба на СРЦ „Брегалница“ сега не соодветствувал со измените на ДУП-от, па проектот затоа бил вратен на доработка. На продадената површина од 14.970 квадратни метри по цена од 1.080 денари за квадратен метар, веќе се гради акваленд, или базенски комплекс кој вклучува и тобогани и неколку помали базени. Зоната за спорт и рекреација зафаќа површина од околу 11.000 квадратни метри. Големиот базен, веќе се реконструира, со помала

В

длабочина, а се поставуваат и тобоганите. Инвеститорот сака проектот што поскоро да заврши и штипјани да имаат аква-парк уште во текот на оваа сезона. Имајќи го предвид, лошото искуство претходните две години, со пуштањето во употреба на аква-паркот, штипјани ќе имаат место каде да се разладуваат ова лето. Иако градот и земјата се под строгите мерки, заради коронавирусот,

сепак и приватниот инвеститор и граѓаните имаат заеднички интерес комплексот да отпочне со работа ова лето. Општината од продажбата на земјиштето профитираше со околу 600 илјади евра. Паралелно со овој проект, се гради и затворен базен, проект на Владата, но на сосема друга локација, кој треба да биде готов до крајот на есента. n

26 јуни 2020

ПОРТА

7


ПОРТА


ин мемориам

Михајло ВолканоВ 1941 – 2020

Верен на идеалите за егалитарен свет кој може да се оствари преку архитектурата Спортска сала „Јане Сандански“ во Скопје од 1982

Домот на пензионерите во Чаир, Скопје од 1980

осле кусо боледување, почина проф. д-р Михајло Волканов, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје. Најсилниот белег на четиридецениското делување на проф. д-р Михајло Волканов како педагог и архитект е неговата исклучително конзистентна мисловна траекторија, формирана под влијание на социјалната идеологија и изворните принципи на модернизмот на Баухаус, што се должи пред сé на неговата наобразба во германските интелектуални центри. Роден е 1941 година во Призрен. Студирал и дипломирал на Архитектонскиот оддел при Техничкиот факултет во Скопје и минал двосеместрален стипендиран престој на Архитектонскиот факултет при Техничкиот универзитет во Западен Берлин на катедрата на Проф. Петер Пелцих (Peter Poelzig). Во 1976 ги завршил специјалистичките студии, во 1977 остварил студиски престој на Архитектонскиот факултет во Вајмар, a во 1979 година докторирал на Архитектонскиот оддел на Техничкиот универзитет во

П

Спортска сала „Расадник“ во Скопје од 1983

Дрезден, Германија кај проф. Хелмут Тројцетл (Helmut Trauzettel). Влијанието на протагонистите на социјалната идеологија на модернизмот, особено по прашањето на програмската типизација, стандардизација и нормативното проектирање како квалитативни критериуми на општествено одговорната архитектура, неспорно се клучни за личниот идолум на проф. Волканов и за неговото понатамошно позиционирање на рационалната, функционалистичка, и пред сè етичка линија на архитектурата. Од 1968 до 2006 година, проф. Волканов образувал генерации македонски архитекти на Катедрата за проектирање на општествени згради при Институтот за архитектонско проектирање на Архитектонскиот факултет. Како помлад соработник на проф. Славко Брезоски, (со проф. Мартин Гулески) учествувал на повеќе проекти и реализации, како Домот на пензионерите во Чаир, Скопје од 1980 и хотелот Славија на Попова Шапка од 1982 година. Зградите за физичка култура - Затворен пливачки базен во Чаир, Скопје од 1981,

Спортска сала „Јане Сандански“ во Скопје од 1982 и Спортска сала „Расадник“ во Скопје од 1983 го одбележуваат неговиот самостоен проектантски и истражувачки опус. Проф. Михајло Волканов учествувал и на бројни архитектонски конкурси, а во 1981 ја добива првата награда за типска спортска сала и затворен пливачки базен во Скопје, за кои е добитник и на специјалната награда на БИМАС истата година. Добитник е на специјално признание на БИМАС ‘97 за Училишна спортска сала во Демир Хисар (со Ж. Поповски, М. Гулески, А. Христова). Проф. Михајло Волканов до крајот на својот живот остана верен на идеалите за егалитарен свет кој може да се оствари преку архитектурата. Тој веруваше дека едукациската моќ на архитектурата е најсилното оружје во борбата за остварување на тој социјално правичен свет. И тоа е уникатниот легат на патот што тој го отвори за новите генерации, како поука, но и обврска од Професорот којшто ќе остане вечно во наш незаборав. n Слава му Проф. д-р Анета Христова-Поповска 26 јуни 2020

ПОРТА

9


градежништво

Нови мостови на реките Пчиња и новиот мост на реката Пчиња ќе биде готов до крајот на јули годинава, а оној во Делчево, кој е пешачки веќе е пуштен за движење

а две реки во Македонија има нови мостови. Едниот е на реката Пчиња на стариот пат од Петровец до Свети Николе, а другиот е пешачки и тој се наоѓа во градот Делчево. Новиот мост на реката Пчиња на регионалниот пат Петровец – Свети Николе ќе биде готов до крајот на јули годинава. За него ќе бидат инвестирани околу еден милион евра обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта. Мостот ќе биде во должина од 135 метри и широк осум метри со две сообраќајни ленти и пешачки патеки со заштитни огради. Ќе се градат и пристапни патишта од околу 100 метри кои водат до мостот и кои ќе го поврзат со регионалниот пат. Според директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов, за прв пат по триесетина години се гради нов мост на овој потег и тоа ќе биде најдолгиот изграден досега кој е сам за себе, односно не е во склоп на некој пат. „Ќе има две ленти со широчина од 2,95 метри и два тротоари со ширина од еден метар. Со проектот е предвидено и регулација на коритото на река Пчиња“, изјави Китанов.

Н

10

ПОРТА

26 јуни 2020

По завршување на изградбата на овој мост обврска на изведувачот „Жикол“ е да го урне стариот мост и да го среди речното корито. „Овој стар мост е премногу оштетен и затоа мора да се урне. Такви се препораките и од Градежен факултет, тоа е мост што си го отслужил своето“, додава Китанов. „Преземаме сериозни мерки и посветено работиме на зголемување на безбедноста во сообраќајот градејќи нови модерни и безбедни патишта и рехабилитирајќи ги постоечките, санирајќи свлечишта и градејќи и реконструирајќи

мостови. Новиот мост што го градиме ќе биде од огромно знаење за населението кое живее во околните места. Овој проект е дел од големиот инвестициски циклус во унапредување на патната инфрастуктура, во кој реализираме проекти во висина од околу една милијарда евра за изградба и реконструкција на преку 400 километри патишта. Во овој момент имаме силен фронт за работа, на терен континуирано и со добра динамика се работи насекаде низ државата и уверуваме дека ваквото темпо на изградба, не само на патишта и мостови,


ЕДниот сообраќаЕн, Другиот ПЕшачки

Брегалница

зголеми безбедноста на пешаците и ќе им бидат значително поблиску повеќе институции, како детската градинка, ООУ „Ванчо Прке“, Општина Делчево, градскиот пазар и сите фабрики кои се наоѓаат во индустрискиот дел во градот. Изградбата на мостот има и дополнителна вредност, бидејќи Општина Делчево има дополнителни инвестиции за изградба на пристапни рампи и пристапна улица со која се поврзуваат локалните институции, а неговата изградба е туку и канализации, водоводи, гасовод, болници и други капитални проекти ќе продолжи согласно нашите планови и програми, без какво било влијание од изборниот процес или здравствената криза. Исто така, сакам да нагласам дека сите овие проекти се почнати во изминатиот период, дел минатата, а дел оваа година, сите тие се влезени во годишните програми на Министерството и другите институции и како такви имаме обврска да ги реализираме“, вели министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Изградба на нов мост има и во Делчево, но тој таму е пешачки. Станува збор за прв пешачки мост на реката Брегалница во Делчево. Првиот пешачки мост на река Брегалница во Делчево, како што истакна градоначалникот на Делчево Горан Трајковски е од огромно значење за жителите од стариот дел на Делчево, бидејќи со ставањето во функција на мостот, ќе се зголеми безбедноста на пешаците, а на граѓаните ќе им бидат значително поблиску повеќе институции. -Со ставањето во функција на мостот, ќе се

во рамките на проектот „Збогатување на туристичката понуда“, вели Трајковски. Вредноста на мостот е 8,2 милиони денари. Околу 60 отсто од вредноста е обезбедена со средства од проектот за развој на Источнопланскиот развоен регион, преку Бирото за регионален развој, а останатите 40 проценти се обезбедени со кофинансирање од Општина Делчево. Изведувач на работите на овој мост беше компанијата „Жикол“. n

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


aрхитектура

Во земјата на дабот

д-р Владимир Б. ЛАдински, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Англија) кој воедно е водечкиот проектант по архитектура и на проектот. инлатон Мил е рурална населба, лоцирана во живописната долина на реката Дервент западно од Гејтсхед во Североисточна Англија, низ која поминува магистралниот пат и велосипедската патека коишто ги поврзуваат источниот и западниот брег на Северна Англија. Во близина на населбата во 1690-те години била изградена една од првите железарници каде што преку воденици водената енергија ги движела ковачниците со што биле поставени и зачетоците на индустриската револуција. Од овие скромни, но значајни почетоци населбата и долината до 1980-те години претставувале водечки светски центар за производство на железо и челик. По затворањето на овој индустриски комплекс локацијата била предмет на проект за обнова на земјиштето преку кој била трансформирана во парк. Центарот за наследство „Земјата на дабот и железото“ е сегмент од истоимениот проект на Одделот за североисточна Англија и Камбрија на непрофитната орагнизацијата Граундворк, која ги поддржува локалните заедници во процесот на трансформација преку спроведување на иницијативи за позитивни

В

12

ПОРТА

26 јуни 2020

промени на местата и животите на луѓето, преку кои се создаваат заедници коишто се поотпорни на идните промени. Преку овој проект била опфатена долината на реката Дрвент со околните населби со вкупна површина од 177 км2, при што бил формиран и поголем парк кој нуди можности за рекреација. Популарноста на паркот резултирала во потреба за дестинација каде бројните посетители ќе имаат можност не само да се сретнат и освежат, туку и да се запознаат со богатата историја и културното наследство. Оттука Граундворк во соработка со Советот на Гејтсхед се ангажирале во реализацијата на центарот за наследство со финансиска подршка на Фондот на лотаријата за

наследство на Национаната лотарија (National’s Lottery Heritage Lottery Fund) и Мрежата за рурален раст (Rural Growth Network).. Определбата да се дојде до уникатно решение за Центарот во услови на ограничени финансиски можности, резултирало во иновативен пристап. Проектот им бил зададен како семестрална задача и конкурс на студентите на магистерски студии по архитектура на Нортамбрија универзитетот во Њукасел. Од 35-те изработени студентски проекти биле селектирани неколку од кои, врз основа на изложба, локалната заедница го избрала проектот на студентот Матју Гловер. Неговото решение било базирано на концептот на воденичко тркало инспирирано


ЦЕнтар за наслЕДстВо Во сЕВЕроисточна англија

и железото

Врз основа на искуствата од изминатиот период, Центарот ги има исполнето очекувањата и станал атрактивна дестинација за посетителите и двигател на дополнителни унапредувања на местото од водениците во рамките на најстарата железарница на локалитетот. Избраното решение било прилагодено и реализирано од тим на Проектантското биро при Советот на Гејтхсед (архитектура, машинство, електрика, водовод и канализација, и конструкција до ниво на терен), Граундворк (проект-менаџмент, пејзажна архитектура и внатрешно уредување) и Еш констракшн (проект за конструкција над ниво на терен и изведба). И покрај малата површина на предложениот објект од околу 315 м2, проектот претставувал голем предизвик, како резултат на локацијата на објектот на обновено земјиште, геомеханичките услови, локација во рамките на зона подложна на поплави и заштитен зелен појас, ограничениот буџет и зададените рокови за реализација. Вообичаено, критериумите за проектирање на објект во рамките на заштитен зелен појас се со исклучителни барања и фокус на одржливост и архитектонски квалитет на истиот. Објектот во форма на потковица (3/4 од воденичко тркало) е лоциран веднаш до постоечки паркинг-простор, помеѓу магистралниот пат и велосипедската патека (која го следи текот на реката), во заштитен зелен појас и парк каде носивиот слој на тлото се наоѓа некаде над 20 метри длабочина од нивото на теренот, а погорните слоеви на земјиштето содржат повеќе метри длабок насипан материјал добиен при

процесот на обнова на земјиштето под поранешниот индустриски комплекс. Иако делумно обработен и прочистен од загадувањата, овој слој сè уште содржи загаден материјал, метан и јаглеводород сместен во „саркогаф“ прекриен со слој од непропусна глина над која се наоѓа почва во која е оформено зеленилото на паркот. Оттука, при проектирањето требало да се

зачува „саркофагот“ за да не се дозволи или испуштање на загадениот материјал во средината или продор на вода во истиот преку која загадувањето може да се прошири и надвор од парцелата. Со оглед дека објектот се наоѓа во зона подложна на поплави, котата на подот на приземниот објект била определена врз основа на проценките за нивото на 26 јуни 2020

ПОРТА

13


очекуваните поплавни води земајќи ги предвид и очекуваните идни последици од глобалните климатски промени. Ова овозможило да се зачува заштитниот слој на „саркофагот“ и над него во слоеви да се набие гранулиран материјал со што се подобриле и геомеханичките својства под објектот, но и подот на новиот објект бил лоциран над нивото на очекуваните идни поплавни води. Вака создадената работна зона овозможила сместување на темелите, подната конструкција и подземните

ПОРТА

инсталации. Фундирањето на објектот било направено преку здебелена по обемот на објектот темелна армиранобетонска плоча која се протега и низ дворот за да ги поврзе двата „крака“ на потковицата и преку тоа да го намали ризикот од диференцијални слегнувања и евентуални оштетувања на истата. Оригинално предвидената комбинирана мембрана за заштита од влага, метан и јаглеводород во текот на изградбата била заменета со мембрана за заштита од влага во

комбинација со активен систем на заштита преку воздушен слој. При ова преку мрежа под темелната плоча во слојот од гранулат се пумпа воздух под притисок преку кој се разредуваат и дисперзираат надвор од објектот евентуалните штетни гасови и испарувања од тлото. Големиот однос на обвивка наспроти површината на објектот наложил особено внимание да се посвети и на термичката заштита на обвивката, што овозможило да се стекне оценката „Б“ на Сертификатот за


енергетско однесување на објектот. Следејќи ги принципите на „модерниот метод на конструкција“, над нивото на подот обејктот е изграден со носива рамовска конструкција од челични профили во комбинација со високоизолирани панели со дрвена рамка и „топла“. Завршната обработка на фасадата е со примена на дрвена опшивка од западен црвен кедар во комбинација со алуминиумски прозорци со термопан стакло и вертикални панели од ’рѓосано железо коишто асоцираат на воденичките „лопатки“. Формата на објектот и малата длабочина на основата овозможиле да се искористат придобивките на пасивната соларна енергија, преку големите застаклени површини на дворната страна на објектот со претежно југоисточна ориентација во комбинација со напречна природна вентилација. Подот од полирана дебела бетонска кошулка, служи како акумулатор на сончева енергија преку својата термичка маса. Дополнителна термичка маса и заштита на објектот од прегревање е обезбедена преку зелениот кров на објектот, а стреите овозможуваат ниво на заштита на внатрешноста од сонцето во текот на летните месеци. Зелениот кров придонесува да се зачува и збогати биолошката разновидност на локацијата, но и помога во однос на визуелната перцепција на објектот од населбата лоцирана на брдото. Ограничувањата на локацијата не овозможиле примена на активните системи за обновлива енергија. Така греењето и топлата вода во рамките на објектот се обезбедени преку котли на гас регулирани од надворешната температура во комбинација со компјутерски систем за управување со објектот. Дистрибуцијата на топлинската енергија е преку радијатори на топла вода, осветлувањето е со лед светилки, а механичката вентилација е контролирана

преку детектори за присуство во вентилираните простории. Во рамките на парцелата поставена е инфраструктурна мрежа за поставување полначи за електрични автомобили. Зелениот кров и пермеабилното поплочување на дворот и дополнителниот паркинг-простор се делови од системот за одржлива атмосферска канализација, преку која времено се складира и со задоцнување се испушта атмосферската вода, со што се намалува ризикот од поплави при поројни дождови. Опкружувањето на објектот пејзажно е обработено и збогатено со скулптури и уметнички творби. Самиот објект содржи влезен простор во рамките на кој е сместен и Центарот за интерпретација на наследство на регионот, кафетерија со кујна, три деловни простории за изнајмување на локални мали деловни организации од креативниот сектор, со цел да се промовираат можности за вработување. Објектот и неговото опкружување се пристапни за лицата со посебни потреби, семејствата со деца, како и за домашни миленици. Врз основа на искуствата од изминатиот период, Центарот ги има исполнето

очекувањата и станал атрактивна дестинација за посетителите и двигател на дополнителни унапредувања на местото. Од отворањето на објектот во септември 2018 до јануари 2020 година, привлекол 132.332 посетители, има поддржано отворање на 18 работни места со неполно работно време (коишто се еквивалентни на 9,5 работни места со полно работно време) од кои 14 се пополнети од локални лица, и има овозможено 18 локални деловни организации да ги снабдат и понудат на продажба своите производи. Центарот за наследство „Земјата на дабот и железото“ е добитник и на повеќе награди и признанија во 2019 година, како националната Награда за нов објект на Овластената асоцијација на инженери за високоградба, националната Сребрена награда „Зелено јаболко“ за јавен објект, регионалната Награда за мал комерцијален објект на организацијата на градежни инспектори при локалните власти за северниот регион, национално Високо признание за одржливост од Овластената асоцијација на инженери за високоградба и регионално Признание за урбанистичко планирање на Кралскиот институт на градски планери за североисточниот регион. n

ПОРТА


aрхитектура

Професионалниот однос кон архитектурата ни остави трајни дела со своите реализирани објекти и обемното архитектонско творештво, Прохирија хаџи костова – Пешиќ се вбројува во многу плодните творци кои создавале на територијата на нашата држава

ПортА 3 рохирија Хаџи Костова – Пешиќ, позната како Пока со преку триесет реализирани објекти и уште повеќе проекти е една од најплодните македонски архитекти. Родена е 1935 година во Скопје. Дипломирала на Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на тема Дом на културата кај професор Борис Чипан. По дипломирањето својот професионален пат го почнала во проектантското биро на „Пелагонија“ за набрзо да се префрли во бирото на „Бетон“, кое во тоа време броело

П

Библиотека „Браќа Миладиновци“

16

ПОРТА

26 јуни 2020


„тоа суМ јас – Пока“ само 40 вработени, но набрзо прераснало во институт за проектирање со 300 вработени. Во проектантското биро на „Бетон“ работи како самостоен и водечки проектант цели 20 години сè до 1982 година. Потоа работи како раководител на проектантското биро на градежната компанија „Техника“. Еден од нејзините први, позначајни објекти е станбено-деловниот објект на улица „Македонија“. Овој објект е реализиран во 1967 година и е резултат на првонаграден проект на повикан конкурс помеѓу сите тогашни проектантски бироа во Скопје. Објектот пред да биде префасадиран во столбот на „Скопје 2014“, без согласност на авторот, претставуваше архитектонска целина со постојните објекти. Се состои од приземје, мезанин, четири ката и поткровје. Во приземјето се два локала, на мезанинот деловни простории до кои се стигнува од посебен влез во пасажот, а по останатите нивоа се распоредени по два стана на кат, еден од од 63 квадратни метри, а другиот 110 квадратни метри. Во 1968 година изградена е нејзината станбена зграда во Дебар Маало на улица „229г“ во која се проектирани современи, функционални станови. Фасадното обликување претставува современ архитектонски израз, актуелен и денес, а во времето кога е градена зградата, нов ветер во фасадното обликување на станбените објекти. Во 1970 година според проект на архитект Пока изграден е еден од најдобрите објекти во Скопје, библиотеката „Браќа Миладиновци“. Објектот е лоциран помеѓу Архитектонскиот факултет и пазарот „Буњаковец“. Главниот влез во објектот е од булеварот „Партизански одреди“, а останатите влезови (за персоналот, за детската библиотека и економскиот влез) се издвоени секој посебно. Библиотеката содржи четири групи простории: за читатели, магацини за чување на книжниот фонд, управни и помошни простории. Фасадата е во натур бетон, обоен со специјална „јагер“ бела боја за бетон. Објектот Сојуз на слепи лица на аголот на улиците „29 ноември“ и „Борка Талески“ во Скопје е од 1970 година. Проектиран е за сите потреби на слепите лица, содржи простории за друштвени активности, библиотека за издавање, звучна библиотека и печатница, деловни простории и 12 стана. Во 1972 година изграден е Воспитнопоправниот дом за малолетници во Тетово. Во склоп на објектот е интернат за престој кој го сочинуваат шест павилјони, по два поврзани со мост. Изградените објекти претставуваат една архитектонска целина.

Хаџи Костова – Пешиќ и тогашниот градоначалник Томислав Папеш со макета на библиотеката Станбено-деловниот објект на улица „Македонија“

ПОРТА

17


Станбеноделовните објекти во Општина Карпош, попознати како „Лептокарија“

Станбена зграда во Дебар Маало

Станбено-деловниот објект на булеварот „Партизански одреди“,

18

ПОРТА

Речиси сите објекти се приземни, освен интернатот кој е приземје и кат. Станбено-деловниот објект на улица „Теодосије Гологанов“ бр. 72 во Скопје кој го сочинуваат три ламели, изграден е во 1978 година. Во приземјето се сместени локали, а на катовите по четири стана. Во објектот има вкупно 48 стана. Фасадите се комбинација од црвена, фугована тула и бел ролопласт. Творештвото на Пока се состои од разновидни објекти, па така во 1979 година се гради Градежниот училишен центар „Нико Нестор“ во Струга со фасади кои се комбинација од црно-бел пран терацо. Погонско-техничката зграда на фабриката „Жито ориз“ од Кочани изградена е во 1979 година. Габаритот на објектот е од три скоро еднакви квадрати, меѓусебно поврзани со централен хол, а различни по височина. Станбено-деловниот објект на булеварот „Партизански одреди“, веднаш до пазарот „Буњаковец“ е добитник на специјално признание на второто Биенале на македонската архитектура (БИМАС) во 1981 година. Во приземјето се наоѓа продажен простор, првите четири ката се деловни, а од петтиот кат до поткровјето сместени се станови. Фасадата е од бел вештачки камен, а сите монтажни елементи се од бел цемент. Станбените згради во населбата Аеродром, Скопје изградени се во 1983 година. Нивната концепција се заснова на веќе дефинираните елементи на една од најурбанизираните населби во Скопје. Фасадите на објектите се црвена тула и бел ролопласт. Приземните станови во овие објекти имаат свои дворови, кои самите станари ги одржуваат. Во 1990 година изградени се станбеноделовните објекти во Општина Карпош, попознати како „Лептокарија“. Приземниот дел на објектите е наменет за локали, а трите блока имаат вкупно 180 стана со различна структура. На аголот меѓу булеварот „Илинден“ и улицата „Наум Наумовски- Борче“ во 1994 година изграден е станбено-деловен објект во кој се сместени 12 стана. Прохирија Хаџи Костова – Пешиќ продолжува со проектантската активност со нејзиниот станбено-деловен комплекс на улица „Теодосије Гологанов“, непосредно до Клубот на пратеници. Објектот има два влеза, вкупно 24 стана и паркинг-места во подрумот за секој стан. Во нејзиното плодно творештво влегуваат и преку 10 индивидуални куќи и многу други објекти со различни намени. Со своите реализирани објекти и обемното архитектонско творештво, Прохирија Хаџи Костова – Пешиќ се вбројува во многу плодните творци кои создавале на


територијата на нашата држава. Нејзинот талент и професионален однос кон архитектурата ни остави трајни дела и белег на Скопје и на останатите градови. Таа во

јануари годинава издаде и книга за своето творештво со наслов „Тоа сум јас – Пока“. Во книгата се содржани дел од нејзините дела, а меѓу останатото, покрај тоа што книгата го

документира нејзиното творештво, може да послужи и како патоказ и инспирација за младите архитекти да учат од повозрасните колеги. n

Станбено-деловен објект, булевар „Илинден“

26 јуни 2020

ПОРТА

19


архитектура

Успешна приказна која не

иако од различни земји на балканот, со заедничка замисла и цели, како и со помош на денешната современа технологија, остварена е одлична комуникација и соработка ONNTRA е младо архитектонско студио кое оствари исклучително успешни резултати во низа натпревари од областа на архитектурата и дизајнот. Основано е од Мирјана Лозановска, Силвија

ФОТО: ивица иВоШЕВиЌ

Мирјана ЛоЗАноВскА, дипл. инж. арх.

K

20

ПОРТА

26 јуни 2020

Тимот на KONNTRA INTRO


KONNTRA INTRO

завршува овде...

сплотиме идеите, сѐ со цел да се продуцира што е можно поквалитетна и уникатна архитектура. ПроЕкти Особено важни проекти и доказ за одлична соработка и успех помеѓу македонски, словенечки и хрватски млади архитекти каде KONNTRA се квалификува како супертим и со фокус на меѓусебно надоградување ја достигнаа заедничката цел. Од освоените награди, на реномирани архитектонско-урбанистички натпревари, дел од нив интернационални, би можеле да ги издвоиме: 1. Прво место - архитектонски проект за средно економско училиште и спортска сала во Вуковар, хрватска. 2. Прво место - архитектонски проект за општинска зграда и уредување на централниот градски плоштад со подземен паркинг во зеница, босна и херцеговина. 3. Прво место - архитектонски проект за уредување градски плоштад за традиционални занаети во Вараждин, хрватска. 4. четврто место - архитектонски проект за Детска градинка во загреб, хрватска. 5. Прво место - архитектонски проект за олимписка патека за боб санкање лоцирана на планината требевиќ, босна и херцеговина. 6. Второ место архитектонски проект за здравствен дом загреб, хрватска. 7. Признание од Македонската амбасада во р хрватска за постигнати големи успеси и примена на современи иновативни решенија во областа на архитектурата на територија на р хрватска.

Шалева и Ерик Јуришевич, и е препознатливо по нивниот пристап со современ, карактеристичен и колоритен графички израз за презентирање на архитектонските проекти. Студиото е формирано во Хрватска, Македонија и Словенија. Желбата за меѓународна соработка на инспиративни и успешни архитектонски проекти доведе до создавање на ова архитектонско студио. Карактеристично е тоа што како интернационален тим се обидуваме да прикажеме еден нов и поинаков начин на проектирање и реализирање на проектите. Она што е најспецифично во проектите е графичкиот израз. Обликувањето на визуелните прикази за секој проект

поминува низ повеќе фази, сè со цел на крај да се направи и прикаже нешто уникатно и ново. Секој нов предизвик за нас претставува шанса за натамошно подобрување, како и доказ за успешна соработка помеѓу македонски, хрватски и словенечки млади архитекти. За сите наши проекти можеме да кажеме дека се направени со иста количина на внимание, посветеност и ентузијазам. Тоа што доаѓаме од различни држави, растојанието и различноста помеѓу нас не е препрека, туку напротив, заеднички и тимски го искористивме како прилика, односно како позитивна страна да ги споделиме нашите различни гледишта кон архитектурата и да ги

Денес KONNTRA зафаќа повеќе локации во зависност од тековните проекти. Во моментов сме на релација Хрватска – Словенија каде работиме на завршни фази односно изведба на проектите на Средното економско училиште во Вуковар и уредување на Град-скиот плоштад во Вараждин. Секој од овие проекти има различна и специфична приказ-на. Проекти кои ни се особено драги и нѐ по врзуваат со Хрватска, каде што и започна на-шата приказна, на еднаква дистанца помеѓу нашите родни градови, Скопје и Порторож. По укажаната прилика на Порта3, да се претставиме со проект кој е изведен од нашето архитектонско студио, се одлучивме да прикажеме проект кој за нас е исклучително важен како млади архитекти. Урбанистичко-архитектонскиот проект за 26 јуни 2020

ПОРТА

21


уредување градски плоштад за традиционални занаети во Вараждин, Хрватска. Проект кој ни разбуди посебна инспирација, како при изработка на проектната документација, така и при изведбениот процес, севкупната соработка со корисниците, и трудот кој пред сè ние како архитекти го вложивме, за севкупен придонес на плоштадот во стариот дел во Вараждин. локаЦија Плоштадот за традиционални занаети во Вараждин се наоѓа во централниот дел на градот. Како многу важна точка што го засилува традиционалното производство на производи, таа бараше многу чувствителен пристап кој ќе го негува и зачува сегашниот идентитет на областа. Локацијата на плоштадот е на пресекот на различни видови објекти и активности; на северната страна е стариот град, од јужната и источната страна се станбени згради, додека на западната страна се наоѓа сакрален објект со исклучителна важност за таа област. Оваа локација веќе нуди еден вид традиционален амбиент, а тесните улици додаваат на посебниот шарм на местото. Целокупното функционално решение и пристап за дизајн требаше да го потенцираат и зачуваат квалитетот на локацијата. Во програмата покрај урбанистичкото решение и поставување на урбаната опрема, секако како главен доминантен елемент на плоштадот беа позиционирани модуларни киосци, во кои е планирана продажба и презентација на традиционални рачни изработки. Задржувањето само на позицијата од постоечките модуларни киосци, во нашиот проект овозможија главен фокус, размислување и имплементација на нов модерен дизајн, на новопроектираните киосци и флексибилност која ќе обезбеди подобар простор за презентација. урбан конЦЕПт Урбаниот концепт и поставеност ја збогатува врската помеѓу плоштадот како слободен простор и модуларните киосци. Одлуката за поставување мобилни киосци на југ и исток од постојните фасади е донесена со проценка на тековната состојба. Задржувањето на овие постојни позиции за киосците овозможуваат инсталирање на шест нови модули кои даваат една нова димензија на плоштадот, но го задржуваат карактерот на околината и се вклопуваат беспрекорно во неа. Отворениот централен простор на плоштадот е збогатен со поставување дрвја со средна височина како што се видовите: Gleditsia Sunburst и зеленило по соседните ѕидови Hedera helixПОРТА


Ivy, што ќе создаде сенка за местата за седење и ќе им даде на корисниците повеќе удобен простор за престој и одмор. Дополнителните елементи од севкупниот дизајн на плоштадот, кои не се фиксни, овозможуваат целосна флексибилност во централниот простор, кој овозможува да се трансформира спрема потребите на корисниците, во зависност дали се одржува презентација, проекција, собир и сл.

МоДуларни киосЦи Мобилните модуларни киосци се поставени во линија на фасадните ѕидови од постоечките објекти на исток и југ. На тој начин се гарантира пристапност од која било страна. Модулот е поставен да обезбеди одлична визуелна комуникација помеѓу посетителите и трговците како производители на традиционалните производи. Секој модул има платформа како

надворешно продолжение со соодветна висина што ја формира целата и ја потенцира линеарноста на модулот. Модуларен киоск е дизајниран да се отвори од три страни, иако неговиот намерен распоред варира според морфологијата на околниот простор. Создадени се минимални волумени во форма на квадрат со димензии 240/240/240 сантиметри. Со дизајнирање и избор на материјали и

ПОРТА


бои, главната цел беше да се вклопи во околината на градот. Модулите беа дизајнирани со цел да се постигнат различни атмосфери во различни периоди во текот на денот и ноќта. При отворање на самите киосци се дефинира сосем различна атмосфера, достапен е и видлив цел изложбен простор сè со цел истакнување и продажба на традиционалните производи. Додека пак кога е затворен во текот на вечерните часови, надворешната обработка со минимален дизајн и со живописна пастелно розова боја на материјалот на фасадата од дрвени табли се вклопува во околината. Надворешните елементи на модулот се многу важни. Платформата е планирана да биде поставена на левата или на десната страна, но има и можност да се постави на предната страна од модулот доколку е потребно. Покрај тоа, секој модул доаѓа со парчиња мобилен мебел што може да се поставуваат и да се преместуваат

на платформата или на плоштадот по потреба. Всушност главен архитектонски потег е модуларноста и флексибилноста на овие објекти. урбана оПрЕМа Во втората фаза за изведба која претстои и е планирана во наредните месеци, во тек на изработка се: урбаната опрема, зеленило и осветлување на плоштадот. Урбаниот мебел на плоштадот се состои од монолитни бетонски клупи, линеарно поставени на плоштадот долж улицата, спречувајќи паркирање на возила, канти за отпадоци со завршна обработка од бетон се фиксираат периферно на точно дефинирани позиции. Како еден од доминантните и важни сегменти од севкупниот дизајн на плоштадот е централниот елемент „витрина“, како елемент кој е централно поставен, изработен од челична мрежа со дополнителни позиции за дрвени кутии кои ќе овозможат изложба на производите. Таа точка претставува главно место за собирање на плоштадот, има за цел да ја едуцира јавноста за традиционалните занаети, создава простор за презентации и дизајни на производи и го промовира традиционалниот пазар на занаети. За надополнување на севкупниот амбиент и концепт на плоштадот, предвидени се ѕиден елемент, односно мрежа долж постоечките ѕидови поставени во заднина на модуларните киосци, по кое е предвидено густо зеленило, и амбиентално осветлување, како што е прикажано на приложените визуализации. *** Иако од различни земји на Балканот, со заедничка замисла и цели, како и со помош на денешната современа технологија, остварена е одлична комуникација и соработка. Проектите на нашиот интернационален тим и достигнувањата за краток временски пе-риод претставуваат успешна приказна која не завршува овде... Од особена важност е нашето претставување на 17-то Венециско биенале 2021 за Унгарскиот павилјон. Проектот на темата „Othernity“, е првиот меѓународен проект на унгарскиот павилјон. Изложбата има за цел да покаже нов, колаборативен метод за преиспитување на заштитата на наследството. Павилјонот ќе се прикаже како изложбен простор поделен на два дела: едниот што претставува претстави од минатото и сегашноста, додека другиот дел предлага нови развојни перспективи. Размислувајќи за тоа што е следно, секој ден претставува нов предизвик на кој му се радуваме, момент за споделување креативни мисли со кои нашата KONNTRA се надградува. n

24

ПОРТА

26 јуни 2020


ПОРТА


комерцијален текст

Нова дигитална експозитура на Комерцијална банка – простор кој нуди чувство на доверба и трајност Експозитурата, која нуди нов тип интегрирани, индивидуализирани услуги во текот на 24 часа, се наоѓа на улицата Македонија

о нова, целосно дигитализирана експозитура, Комерцијална банка АД Скопје на корисниците на банкарски услуги им понуди можност за брзо и едноставно извршување трансакции, надополнета со чувство на доверба и трајност. Експозитурата, која нуди нов тип интегрирани, индивидуализирани услуги во текот на 24 часа, се наоѓа на улицата Македонија. На овој простор од 20 метри квадратни, кој е идејно решение на архитектите проф. д-р Митко Хаџи Пуља и м-р Никола Стрезовски, сите корисници на банкарски картички влегуваат во дигиталниот свет на модерното банкарство и ги користат придобивките на современата технологија. „Нашето постоење, егзистенција, лична, колективна, цивилизациска, се темели на интуицијата ПРОСТОР-ВРЕМЕ. Нивната артикулација е од суштествено значење за нашиот опстанок. Архитектонскиот простор е

С

26

ПОРТА

26 јуни 2020


културолошки феномен, медиум на комуникација. Историски гледано организираниот простор, зависно од видот на субјективизација, поистоветување, може да го согледаме во две основни категории, како личен (приватен) и колективен (јавен) и понатаму, зависно од физичката дефиниција, како отворен или затворен. Во сегашниов цивилизациски постхуманистички дискурс, кога присутноста се заменува со телеприсутност и сеприсутност, извесноста со неизвесност и можност, а идентитетот со симулакрум, границите меѓу овие две просторни дихотомии стануваат подвижни и порозни. Затоа е од исклучителна важност организираниот простор да остане во својата човекомерна проективност“, велат архитектите Хаџи Пуља и Стрезовски. Според нив, новите јавни простори од затворен тип, урбани ентериери, нужно треба да ја антиципираат во себе повеќезначноста на човековото присуствување и со тоа да овозможат реална интерактивност, а во таа смисла е и осовременувањето на Експозитурата на Комерцијална банка АД Скопје. „Концептот, естетското единство или поетската слика на просторот се темели на неколку обликовни категории: видливост и јасност, потоа функционална структурираност и чувственост на материјалниот план. Поетската слика е синтеза на две онтологии. Од една страна е апстрактната рефлексивност на примарните просторни структури, нагласени со дематеријализацијата на просторниот план и неговото сведување на светлосни линии. Од друга страна е нагласеното присуство на „природен простор“ или фрагмент од градина како конститутивни, а не декоративни елементи во просторот. Единството на апстрактниот и наративниот план треба да овозможи целовито, релаксирачко чувство на присутност на

корисникот, чувство на урбаност и јавност, но и домашност и приватност. Просторот е дефиниран со материјали кои се природни и кои како такви создаваат чувство на доверба и трајност. Тоа се стакло, дрво, шпер и керамика, кои секогаш се дефинирани во јасни геометриски теми. Севкупната атмосфера е позитивно обединување на повеќе нивоа на прозрачност, рефлексија и впивање. Таа треба да овозможи необврзувачка хумана интеракција со техничкиот план на просторот“, објаснуваат Хаџи Пуља и Стрезовски. Влезот во Експозитурата е овозможен со сите банкарски картички, а услугите можат да ги користат клиентите на Комерцијална, но и на други домашни или странски банки. Кога ќе се овозможи влез во Ескпозитурата, визуелните и лесно читливи ознаки ги насочуваат клиентите кон поставените уреди. Опремена е со најнови дигитални киосци за бесплатно безготовинско плаќање сметки и со банкомати, од кои првиот овозможува и внес на готовина од физички лица и откуп на евра. На овој банкомат, без чекање ред и уживајќи во комфорот што го нуди Експозитурата, и правните лица може

да го внесуваат дневниот пазар доколку располагаат со дебитна картичка за правното лице. На киосците во Дигиталната експозитура, клиентите - физички лица кои имаат претплата на Интернет банка на Комерцијална банка можат да испечатат и извод од својата трансакциска сметка, а оваа можност набргу ќе ја имаат и правните лица Експозитурата нуди одличен комфор, бесплатен пристап до WiFi, постојано е под видеонадзор и приспособена е за лица со посебни потреби. „Граѓаните во земјава традиционално претпочитаат да посетат експозитура на банка кога сакаат да извршат некоја банкарска трансакција бидејќи на тој начин ја градат довербата кон таа институција. А, довербата е пресудна за секого кога треба да одлучи на која банка ќе ѝ ја довери својата заштеда и со која ќе ја финансира својата иднина. Дигиталната експозитура на Комерцијална банка уште повеќе ја потврдува довербата што ја уживаат нашите клиенти бидејќи им овозможува да ги уживаат погодностите на дигиталниот свет, а кои им штедат време и пари“, истакнуваат од Комерцијална банка АД Скопје. n

ПОРТА


aрхитектура

Преосмислување на празнините Планината и зеленилото се симнуваат во градот, низ ортогонална шума и „шума“ од столбови: покриени урбани променади кои ги врамуваат погледите кон пејзажот

Марија диМитриЕВскА, дипл. инж. арх. Постојна состојба Предложената локација за стадионот „Влазерими“ се наоѓа на источниот раб на градот Кичево: ја тангира Зајашка Река и има погледи кон падините на планинскиот појас од другата страна на

28

ПОРТА

26 јуни 2020

реката. На северната страна и западната страна парцелата е обиколена од две закривени улици, зад кои се протегаат блокови со индивидуални куќи. Кон југ парцелата се допира со неизградена површина, во чиј опфат влегуваат два објекти во поголем размер од индивидуалните куќи.

ПроЕктантски оДгоВор Посебните карактеристики на локацијата – близината до реката, пејзажната убавина на планината, граничната поставеност помеѓу природата и градот – во проектот е интерпретирана како премостување: просторен гест кој цели кон обединување на зелениот појас од другата страна на реката


МостоВи на слобоДното ВрЕМЕ

меѓу планината и градот со површините за рекреација во спортскиот центар. Издвоените волумени и површини кои ја содржат предвидената програма, се распределени низ парцелата на начин кој дозволува вметнување на зелени вертикали помеѓу нив: дрвореди поставени во ортогонална мрежа. Така, планината и зеленилото се симнуваат во градот, низ ортогонална шума и „шума“ од столбови: покриени урбани променади кои ги врамуваат погледите кон пејзажот. коМПозиЦиска ПостаВЕност на ПроЕктиранитЕ соДрЖини Ориентацијата на целосниот опфат ја следи линијата на заштитното зеленило на реката Зајашка. Решението претставува композиција од волумени (стадион, медијатека, тремови) и отворени површини (влезен плоштад, две попречни улици за колски пристап, атлетска патека, небесна променада, мост преку реката Зајашка, мултимедијален центар, повеќенаменско игралиште, тениско игралиште, павилјон за игралиштата на отворено, детско игралиште, трем покрај реката). Во парцелата, најголема површина зафаќа стадионот, првиот изграден волумен, кој е решен во три крила со трибини. Четвртата страна е слободна и гледа кон реката – планината претставува четврта трибина. Тоа овозможува насочување на бучавата од навивачите кон планината (не кон градот) и нуди поглед кон зеленилото од другата страна на реката. Атлетската патека е решена надвор од стадионот, која се издига како тенка небесна улица над кејот на реката, формирајќи приземен трем помеѓу слободната страна на стадионот и заштитното зеленило. Вториот изграден волумен – мултимедијалниот центар, е двокатен хоризонтален павилјон поставен паралелно на пократката страна на стадионот, во

ПОРТА


јужниот дел од парцелата. Последниот модул од стадионот, ориентиран кон улицата „Загорје“, прераснува во кула на југозападниот агол од парцелата. Следењето

ПОРТА

на ортогоналниот правец на целината носи до создавање на еден отворен плоштад кон улицата „Загорје“: наместо гушење на уличниот фронт со изграден волумен

решението предлага повлекување од улицата и вреднување на неизградениот градски елемент: плоштад-парк како inbetween простор за рекреација. Плоштадпаркот е мултинаменски простор кој содржи времено лизгалиште (преку зима) и цветен пазар (во приземната околина на кулата). Истовремено, содржините од приземјето на стадионот (гимнастичка сала, фитнес-сала, сала за пинг-понг) истекуваат кон плоштадпаркот и се создава една визуелна и светлинска врска помеѓу внатре и надвор. Така, пристапот до медијатеката кон улица „Загорје“ е нагласен со триаголна ПРАЗНИНА и КУЛА на аголот. Третиот изграден волумен е павилјонот за отворените игралишта поставен помеѓу три отворени терени во северниот дел од паркот: повеќенаменско игралиште, тениско игралиште и детско игралиште. Павилјонот е благо подигнат трем, чии рабови прераснуваат во дворедни гледалишта кон игралиштата. Проектот претставува одговор на Конкурс за идејно архитектонско-урбанистичко решение распишан од страна на Општина Кичево во јануари, 2019 година, награден со втора награда. n автори на трудот се архитектите Марија Димитриевска, Викторија богданова, Даница спасевска, Милка Докузова и христијан ивановски.


ПОРТА


културно наследство

Заштитатата на археолошкото наследство во Охрид целосно отстапува од принципите најголемиот злочин во современата заштита е направен на археолошкиот локалитет Плаошник со пренамената на локалитетот во градежна парцела за изградба на целосно нови градби

донка БАрЏиЕВА-трАЈкоВскА, историчар на уметност ога говориме за Охридскиот Регион како интегрирано светско, природно и културно наследство, посебно културното наследство на градот, мислиме на неговите исклучителни вредности и автентичност. Во најопшта смисла, автентичноста е духот на самото културно наследство, создадено и неделивo во облик, материјал и техника. Во однос на недвижното културно наследство/архитектурата, сите овие елементи ја прават целината на градбата. Од овде во сите меѓународни конвенции и повелби кога се говори за заштита на наследството се мисли на заштита на наследството како уметничко дело и

К 32

ПОРТА

26 јуни 2020

како историско сведоштво. Поаѓајќи од синтагмата за културното наследство како заедничко наследство, кое е од исклучително значење за историјата на човештвото, современа Европа уште од Атинската повелба (1931), преку Венецијанската повелба (1964), Европската конвенција за заштита на археолошкото наследство (Париз 1969/ревидирана 1999), Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство (Париз 1972), Европската повелба за архитектонско наследство (1975, Совет на Европа), Конвенцијата за заштита на архитектонско наследство на Европа (Гранада 1985), Нара документот за автентичност (Јапонија 1994), Европската конвенција за заштита на археолошкото наследство (Валета 1992), прави напори за воспоставување

договорени меѓународни принципи и стандарди за негова заштита. Во овој правец се обмислувани принципите кои ги дефинираат/одредуваат активностите на конзервирање, реставрирање, реконструирање, документирање, публикување... чија крајна цел е зачувување на автентичноста на културното наследство. Не постои заштита на културното наследство без ваков пристап ниту активност која несообразена со овие принципи може да се нарече заштита. Автентичноста третирана на ваков начин и потврдена во Венецијанската повелба, е преточена во Нара документот за автентичност (1994). Меѓународни принципи и стандарди во заштитата Во сложениот интердисциплинарен пристап на заштитата на културното наследство во секоја


зошто сЕ ПостаПуВа сПротиВно на ПрЕПоракитЕ на унЕско? (1) држава, клучна улога играат етаблираните принципи во меѓународните повелби, па одовде во базичниот документ од кој произлегуваат идните конвенции и препораки, Венецијанската повелба, поставени се основите на разбирањето на процесот на реставрација, кој се дефинира како „високоспецијализирана операција чија цел е да ги заштити и да ги истакне естетските и историските вредности на споменикот, базиранa на почитување на оригиналниот материјал и автентичното сведоштво разбрано како документ“. Во овој процес активностите нужно запираат во моментот кога ќе се појават претпоставките! Во повелбата се дадени препораки во кои услови старата техника може да се замени со модерната, како и принципите на презентација на историските фази на градбата. Во подоцнежните документи кои се однесуваат на заштитата на архитектонското наследство, наведени на почеток на текстот, а особено во Повелбата на ИКОМОС - Принципи за анализа, конзервација и структурална реставрација на архитектонското наследство (2003) во точката 1.3 јасно е дефинирано дека „вредноста на архитектонското наследство не е само во појавноста, туку и во интегритетот на сите компоненти како единствен продукт на специфична градежна технологија на неговото време. Доколку сите други компоненти се заменат со други структури, а се задржи само фасадата, тоа е спротивно на конзерваторските

критериуми“. Република Северна Македонија е потписничка на најголемиот број на меѓународни повелби и конвенции, а кога станува збор за принципите, дел од нив се вградени во релевантната законска регулатива како што е Законот за заштита на културно наследство (2004 - 2018). Член 10. „Конзервација“ е постапка и метод на зачувување на заштитеното добро во изворна, односно во состојба во која е затекнато, без додавање на елементите што се уништени или недостасуваат; член 11. „Реставрација“ е постапка и метод на автентично обновување на делумно уништено заштитено добро, со додавање на деловите што недостасуваат во форма и изглед што ги имале или со отстранување на несоодветните делови или додатоци. Член 12. „Реконструкција“ е постапка и метод на обновување на заштитено добро што во поголем дел е уништено или чии конструктивни и други делови се дотраени. какво е нашето искуство? Што ни говори искуството со процесот на реставрација во Македонија? За жал не постои ниту еден пример на реставриран споменик со автентични материјали и техника. Иако во нашата легислатива е содржан овој процес, сите досегашни активности се однесуваат на реконструкција , со употреба на целосно нови материјали и техники. 1.Конзервација на сакралното наследство од

византискиот период во Охрид Уште од периодот на 50-тите и 60-тите години на минатиот век, при конзервацијата на сакралните цркви од византискиот период започнува употребата на нови материјали за зајакнување на конструктивните системи поставување метални затеги на местата на старите дрвени, поставување на нови дренажни канали, кои во старите системи не постоеле. Таков е случајот со конзервацијата на црквата Св. Јован Канео (13 век), Св. Софија (11 век), Св. Наум (10 – 18 век), црквите Св. Никола Болнички (14 век) и Св. Богородица Болничка (14 век). Драстичен пример на неадекватна конзервација, сосема спротивна на принципите на реставрација содржани во меѓународните повелби претставува црквата Св. Богородица Перивлепта (13 век). Имено, на овој исклучително значаен споменик е аплициран целосно нов систем на покривна изолација со поставување бетонска конструкција премачкана со адитивно средство, без претходен атест и гаранција за компатибилност со останатите делови на конструкцијата и особено со фрескоживописот кој претставува ремек-дело на авторите Михаило и Евтихиј. Употребата на нови материјали, конструктивни системи продолжува до денес, како тренд кој ја деградира автентичноста на градбите и предизвикува нови и далекусежни последици на фрескоживописот (пр. конзервацијата на црквата Св. Богородица

ПОРТА

33


Захумска, која е во тек). 2.Конзервација на староградска архитектура Најдрастичните примери во заштита на културното наследство во Охрид се однесуваат на реконструкцијата на поединечните примероци од старата градска архитектура, која претставува не само целосно отстапување од принципите на реставрацијата, туку и целосно губење на автентичните својства во смисла на материјал и техника. Почнувајќи од 90-тите години на минатиот век, кога е извршена „реконструкцијата“ на познатата куќа на Робевци, се воведува принципот на целосно рушење на постојниот објект и нивна реконструкција со армиранобетонска конструкција. Во завршната обработка се обработува фасадата со дрвените опшиви и маскирање на бетонските еркери. Во внатрешноста над меѓукатната бетонска конструкција се поставува дрвен патос со премази од лак. Истиот принцип се применува и на дрвените прозорски рамки и на стреите. Се задржува стариот ориентален тип на ќерамиди и оригиналната висина. На овој начин не се врши ниту реставрација, ниту реконструкција. Се создаваат копии кои се спротивни на став 2 од точка 1.3 на Повелбата на ИКОМОС - Принципи за анализа, конзервација и структурална реставрација на архитектонското наследство (2003): „Доколку сите други компоненти се заменат со други структури, а се задржи само фасадата, тоа е спротивно на конзерваторските критериуми“. Истиот принцип е применет и на куќите на Уранија, Узунов, Патчеви, како и на многу други кои се реконструирани или се во процес на „реконструкција“. Овој проблематичен и радикален пример на 34

ПОРТА

26 јуни 2020

реконструкција дополнително е зајакнат со Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид како културно наследство од особено значење (2011) во кој е воведен терминот „факсимилна реконструкција“ и рекомпозиција - термини кои не се присутни во ниту една меѓународна конвенција и повелба. истражување и заштита на археолошки локалитети Во Венецијанската повелба стои дека археолошките ископувања треба да се вршат во согласност со научните стандарди, препораки и дефинираните интернационални принципи кои се усвоени од УНЕСКО во 1956. Ова се однесува на остатоците на градби/рушевини во обемот во

кој се затекнати, односно до степен кој овозможува преземање на заштитни мерки. Бидејќи се работи за остатоци од градби и структури како и комплекси на градби посебно е истакнато дека секое дејствие треба да биде во правец на истакнување на значењето на градбата, а не негово искривување. реконструкцијата на остатоците треба да се отфрли „а приори!“ Дозволена е само анастилоза, односно преуредување на постоечките изместени парчиња. Во сите следни документи археолошките остатоци се третираат според принципите на конзервација на архитектонското наследство. какво е искуството во конзервацијата на археолошките локалитети во охрид? Заштитата на археолошкото наследство во Охрид особено во изминатите 11 години целосно отстапува од принципите дадени во Венецијанската повелба и во Конвенцијата од Ла Валета. На археолошките локалитети од поодамна се вршеле мали надѕидувања со употреба на бетон или варов малтер, кој главно не е изработен според рецептура на оној кој бил првобитно употребен при градбата. Реставрација не се врши за сметка на реконструкцијата која во голем обем и со нов материјал е преземена на остатоците од ѕидините на Самуиловата тврдина која денес е скоро непрепознатлива. Иако во одредени делови е употребена оловна лента која треба да упатува на новите реконструктивни зафати, тоа не е направено соодветно кога станува збор за употребата на скриената армиранобетонска конструкција. Оловната лента која е поставена треба да упатува на степенот на зачуваност на оригиналот, а реконструкцијата само во исклучителни случаи треба да се применува со целосно почитување на старите материјали и техники. Тоа во Охрид не е случај, дополнително што во препораките на Венецијанската повелба стои дека реконструкцијата на остатоците треба да се отфрли „а приори“. Плаошник Најголемиот злочин во современата заштита е направен на археолошкиот локалитет Плаошник со пренамената на локалитетот во градежна парцела за изградба на целосно нови градби. При реализацијата на овој зафат направена е повреда на Законот за буџет и Законот за спроведување буџет бидејќи во надлежност на Управата за заштита се ставени работи поврзани со изградба на нови објекти, а не заштита на веќе постоечки со што во целост се прекршени одредбите од член 5 (Основи на заштита), член 6 (Остварување заштита), член 8 (Управни работи и работи на заштита), како и одредбите од член 145 (Надлежност на Управата) од Законот за заштита на културно наследство (2004).


Во постапката на донесување на Локална урбанистичка планска документација направена е повреда на одредбите од член 35 став 2 (Валоризација и ревалоризација) во кој стои: Предмет на ревалоризација во смисла на овој закон се заштитените добра за кои се донесува акт за промена и акт за престанок на заштитата. Во времето кога е започната постапката за изработка на Локалната планска документација сè уште на сила е Решението за заштита на археолошкиот локалитет Плаошник (бр. 02-694/1 од 26.7.2000 година, бр .02-694/1) за утврдување својство на споменик на културата на три катастарски парцели: КП15980 (Св. Пантелејмон), КП17378 (Поликонхална црква) и КП 17378 (меѓузона) со режим на заштита: -Не се дозволува урбанизација без претходна согласност од Завод-Музеј Охрид; -Целосно археолошко откривање. На изработката на Заштитноконзерваторските основи како услов за изработка на Локална планска документација (изгласана од Советот на Општината Охрид (Одлука бр. 07-999/33 од 29.4.2010 година) претходи ново Решение за промена на статусот на локалитетот издадено од Управата за заштита на културно наследство. Такво решение во постоечката документација не постои ниту постои Елаборат за ревалоризација на археолошкиот локалитет Плаошник, предвиден

во точка 3 од членот 35. Од увидот во вкупната документација за изградбата на новите комплекси, градби од т.н. проект „Возобновување на Светиклиментовиот универзитет на Плаошник“, не е евидентирана Одлука на Влада, како легализација за неговото внесување во Буџетите за 2007 – 2018, ниту

Одлука за формирање Одбор и Комисија која ја изработила Проектна програма. P.S. Текстот претставува дел од мојот исказ на Надзорната расправа на собраниската Комисија за култура, посветена на Охридскиот Регион како интегрирано светско природно и културно наследство (мај 2018). n

26 јуни 2020

ПОРТА

35


културно наследство

Поглед на Охрид една година по Баку Помина една година откако на седницата на комитетот за светско наследство на унЕско беше заклучено дека сè уште нема потреба охрид и охридското Езеро да се стават на листата на загрозено културно и природно наследство. со други зборови, македонската Влада ја убеди светската организација дека може да се справи со проблемите што го загрозуваат регионот. Досега се исполнети само дел од долгата листа задачи. Во продолжение ви пренесуваме како на ова гледаат експертите и засегнатите страни.

Се уриваат плажите на охридската ривиера ладата на Република Северна Македонија донесе Уредба плажите на охридското крајбрежје да се вратат во првобитна состојба поради истечените концесии на закупците. Општина Охрид ја урна плажата во населбата „Свети Стефан“, како и една од најатрактивните, плажата „Немо“ во „Горица 3“. “Објектите кои се наоѓаат во опфатот на Генералниот урбанистички план ќе бидат решавани со изготвување на Урбанистичкопланска документација за крајбрежје, согласно Планот за управување со природното и културното наследство на Охридскиот Регион“, информираат од Општина Охрид. Уредбата околу плажите останува на сила сè додека Министерството за транспорт и врски не го направи урбанистичкото планирање на сите плажи. Министерот без ресор задолжен за дијаспора и претседател на Националната комисија за УНЕСКО, Едмонд Адеми во емисијата Win Win на телевизија Телма беше дециден дека рушење на плажите ќе има. Адеми исто така напомена дека минатата година почнале со средување на колекторскиот систем кој откако е изграден, пред 30 години, воопшто не е исчистен. “Ги вративме сите долгови и формиравме ново Јавно претпријатие. Сите критични точки околу езерото од каде што се излеваа фекалии и црни води и беа

В

проблематични се сега санирани. Но, колекторскиот систем има уште работа, сепак важно е што овие што беа критични точки ги саниравме. Во 2021 година продолжуваме да го средиме целиот колекторски систем со пари од Европска Унија, односно преку ИПА 3 проектот за 2021 година. Тој проект ќе го истераме, тој е стратешки проект, УНЕСКО знае за тоа и го цени тоа што во овој момент го правиме во тој дел околу колекторот“, додаде Адеми.

Повеќе време и енергија се трошеа на лажирање на драгана ВЕЛкоВскА, Охрид СОС д Баку наваму, македонските институции неспоредливо повеќе време и енергија трошеа на лажирање на спроведувањето на препораките од Реактивната мисија на УНЕСКО од 2017 година, отколку на самото спроведување. Мораториумот во општините Охрид и Струга беше спроведен само на хартија - со низата исклучоци, градежните активности на терен се одвиваа безмалку непречено, а судската практика на Уставниот суд покажа дека локалните власти немаат надлежност да укинуваат плански документи. Регистрите на дивоградби на општините Охрид и Дебрца се изработени со две години задоцну-

О

36

ПОРТА

26 јуни 2020

вање, а непознат е регистарот на дивоградби на Општина Струга чијшто градоначалник јавно изјави дека Општината нема дивоградби наспроти обемниот корпус докази со кои се докажува спротивното. На терен наводно се отстрануваат градбите на плажите, но реалноста е дека некои од концесионерите си ги вратија платформите и доградуваат парапетчиња, а Струга е препуштена на самоволието на Мерко и на узурпаторите. Културата на неказнивост и комплетната дисфункционалност на институциите прават криминалот да е далеку поисплатлив од почитувањето на законите. Македонската влада го излажа УНЕСКО дека новиот Закон за управување со Охридскиот Регион е усвоен, во суштина предлог-текстот е само

усвоен на влада, а самиот закон беше повлечен од собраниска процедура непосредно по Баку. Планот за управување со Охридскиот Регион (20202029) и СОЖС на Планот беа со исклучително супстандарден квалитет, но финалната верзија драстично се подобри со корекциите на Охрид ЅОЅ. Сепак, не беа сите коментари на Охрид ЅОЅ прифатени, па во Акцискиот план има извонредно комотни рокови за усвојување на низа документи од кои зависи спроведувањето на самиот План за управување со Охридскиот Регион (2020-2029), а во самиот План сѐ уште има суштински пропусти што може да доведат до неприменливост или злоупотреба. Буџетот предвиден за санација на колекторот


Мора да се постапува свесно, совесно и одговорно Александра БуЈАроВскА, Еколошко здружение „Фронт 21/42“ о 2017 мисијата на УНЕСКО ја класифицира ситуацијата со природното и културното наследство во Охридскиот Регион како ранлива и критична и даде 19 препораки поделени во кластери - итни, краткорочни и долгорочни. За жал од сите 19 препораки досега, суштински онака како што бараше мисијата, е исполнета само препораката Македонија да се откаже од скицентар на Галичица. И ова со напомена дека во моментов се изготвува План за управување со Галичица и сè уште не можеме со сигурност да тврдиме дека некоја верзија на овој проект (или некој друг подеднакво апсурден) нема да се појави повторно. Понатаму, она што лажно се презентираше како успех и е завршено во Баку од страна на Владата – дека усвоиле нов Закон за управување со Охридскиот Регион, изработиле регистар на дивоградби, дека во тек биле консултации со јавност за Планот за управување со Охридскиот Регион, сè уште е далеку од некаква разрешница. Нацрт-законот за управување со Охридскиот Регион после Баку беше изменет со цел да се девалвира експертската вредност на управувачкото тело, а по објавување и обелоденување на оваа измена во јавноста, самиот закон беше повлечен. Сè уште нема никаква разрешница. Во отсуство на новиот закон, вистинската верзија, ненезаконски изменетата зад затворени врати, кој содржеше членови со кои се регулира Мораториумот – што се забранува, кој го контролира неговото спроведување, казни за негово прекршување итн. одлуките за т.н. Мораториум во пракса не спречуваат продолжување на деструкцијата, ниту наметнуваат некаква контрола и одговорност. Со тоа што овие одлуки се во согласност со стариот закон, се обезбеди дека нема правен механизам да се спречат и/или казнат прекршувањата, како на пример градење во строго заштитената зона. Во стариот закон нема ниту надлежен орган кој има законска ингеренција да врши инспекциски надзор на спроведувањето на Мораториумот – во новиот закон ова е јасно дефинирано. Не веруваме дека е случајно што во одлуките за Мораториум на двете општини е избегнат токму овој елемент – што ако не се спроведува и кој врши надзор (и казнување) за неспроведувањето. Во новиот закон за Охридскиот Регион членот кој го уредува Мораториумот навистина ја спроведува препораката на УНЕСКО – се однесува на сите урбани и крајбрежни трансформации, вклучувајќи ги и оние за кои се изда-

В

дени решенија за градби и усвоени планови. Во одлуките на општините т.н. Мораториум не се однесува на проектите и плановите кои имаат решение, како ни на серија други зафати (катни гаражи, паркиралишта, споменици, плоштади итн.). Мораториумот на општините не споменува ни можни трансформации „на мала врата“ и без учество на јавноста, како оние усвоени со општ акт (на пример планираната урбанизација на Елшани). Истото е и со Планот за управување – со изработка според стариот закон се избегнаа сите клучни обврски за изработката на Планот, неговата содржина, обврските за негово спроведување, мониторинг, транспарентно известување, казни за неспроведување итн. Носењето на Планот за управување беше дополнително проследено со серија на законски прекршувања, за кои, меѓу другото поднесовме и кривична пријава против Министерството за култура. Во однос на инвентарот на дивоградби, Владата презентираше дека „Министерството за транспорт и врски, во соработка со општините кои се наоѓаат во границите на Доброто и на Националниот парк Галичица, изработи инвентар на бесправно изградени објекти во регионот.“ Поднесовме Барање за пристап до информации за доставување на споменатиот Инвентар, до Националната комисија за УНЕСКО – без никакво образложение добивме известување дека го препратиле до Министерство за транспорт и врски; Од Министерството за транспорт и врски нè известија дека „не се иматели на информацијата Инвентар на бесправно изградени објекти на територијата на Доброто“, за подоцна да нè информираат дека се иматели на информацијата но истата не ни ја доставуваат. До денес имаме само делумна информација од страна на Општина Охрид дека на територија на нивната општина има 19.935 објекти за кои се водела или сè уште се води постапка за легализација согласно Законот за постапување за бесправно изградени објекти. Тоа се речиси 20 илјади нелегални градби само во една општина! Имајќи ја предвид планетарната вредност и значење на регионот за кој се донесува планот, како еколошко здружение на граѓани и како граѓани на оваа земја: сметаме и бараме Владата и надлежните институции да почнат да постапуваат свесно, совесно и одговорно со нашето најголемо природно и културно наследство, веднаш да го усвојат Законот за управување со Охридскиот Регион (верзијата за која се организираа консултации со јавноста и која е единствена правно важечка верзија) и уште веднаш да пристапат кон вистинско спроведување на сите 19 препораки од реактивната мониторинг мисија од 2017.

спроведувањето на препораките од УНЕСКО се скрати за една третина од вкупната сума и се санираа само три километри од предвидените вкупно 40 километри во трите општини и осумнаесетте пумпни станици. До денес нема посебен закон за Охридското Езеро, а Студенчишко Блато и покрај Нацрт-студијата за ревалоризација која сѐ уште не е усвоена, останува на удар на локалните бизнисинтереси и корумпираноста на Министерството за животна средина и просторно планирање кои го опструираат прогласувањето на Езерото и Блатото за Рамсар подрачје, со што регионот би добил уште една заштитна бариера, уште една титула – статус на водно живеалиште од интернационално значење.

Регионот е во очајна состојба и де факто припаѓа на Листата на светско наследство во опасност каде што го сместија експертите од Центарот за светско наследство на УНЕСКО во својот нацрт-извештај за седницата во Баку. Фи-

налната одлука на Комитетот на УНЕСКО во Баку беше политичка, а не експертска и беше донесена на огромна штета на регионот. Ваквата грешка очекуваме да се поправи на 44 седница на Комитетот на УНЕСКО.“

ПОРТА


технологија

Никола Тесла – ненадминат гениј „тесла не им остави на другите да направат нешто повеќе. кога од индустријата би ги исклучиле резултатите на теслината истражувачка работа, сите тркала на таа индустрија би престанале да се движат, нашите трамваи и возови ќе запрат, нашите градови би биле во мрак, а фабриките мртви“ даниела МЛАдЕноВскА звонреден“ е млак збор за да се опише неговата генијалност, а епитетот „чудесен“ е исто така потценување за неговиот ненадминат креативен жар и талент. Познатиот пронаоѓач и еден од најпознатите историски личности, најчесто е прикажан како архетип на осамен визионер, неразбран од општеството, кој се бори за подобар и поправеден свет. Но, помалку познато е дека тој и тоа како се експонирал во јавноста, сакал да биде слушнат (познати се неговите

„И

38

ПОРТА

интервјуа и насловни страници на пример за New York Times), учествувал на ексклузивни вечери со смокинг и бели ракавици и се дружел со тогашниот општествен крем. Во голем дел, неговите пронајдоци се базираат на неговото инстиктивно разбирање на електрицитетот и електричната струја. Нему не му биле потребни цртежи, имал фотографска меморија, и како што самиот велел - сите нацрти се во мојата глава. Автор е на над 700 патенти. Познато е дека имал отворени симпатии кон југословенската кралска династија Караѓорѓевиќ, па по повод убиството на кралот во 1934 година, Тесла објавил некролог во New York Times во кој го споредува со

Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн. Не ја разбирал многу глобалната политика, и дефинитивно немал основни познавања за бизнис. Или се откажувал од одредени хонорари во име на понатамошна соработка и реализација на големи проекти, или пак огромни средства вложувал во неизвесни проекти. Токму затоа умрел сиромашен и покрај многуте силни изуми, но затоа пак си обезбедил бесмртност во историјата. Во пресрет на неговиот роденден (10.7.), овој текст ќе се обиде да фрли светлина на некои помалку познати аспекти од неговиот живот и неговите истражувања. Некои од нив се митови и контроверзии за кои до денес се расправа. Со оглед дека потекнува од Балканот, во регионот сепак најзастапени се расправите за неговото потекло. Особено после распадот на заедничката држава, Србија и Хрватска постојано се убедуваат и докажуваат во врска со неговата национална припадност. Американците исто така го присвојуваат, бидејќи голем дел од својот живот и творештво го реализирал во САД. Роден е во селото Смиљан во Лика, Хрватска во 1856 година, а неговиот татко бил православен свештеник. Во тоа време, во административните обиди за попис на населението обично се беле-


Во ПрЕсрЕт на 164. роДЕнДЕн Водопади. Иако некои се сомневале дека оваа постројка би можела да го снабдува Бафало, Њујорк, Тесла ги убедувал дека има доволно капацитет и за целиот Источен Брег. Во 1896 година Бафало добива енергија од Нијагарините Водопади, а истата година веќе и General Electric го прифаќа концептот на наизменичната струја.

жела само вероисповедта, а не и националноста. Умрел на Божиќ, 1943 година, сам во апартманот каде живеел на 33. кат во хотелот „New Yorker“. На неговиот погреб, на кој присуствувале преку 2.000 луѓе, тогашниот градоначалник на Њујорк, Фјорело ла Гвардија, изјавил дека Тесла е роден во Југославија (иако Југославија како држава не постоела во времето на неговото раѓање). Ковчегот бил прекриен со американско и југословенско знаме. За крај, исполнети му се две желби, да го погребаат со музика и тоа со композицијата на Шуберт „Ave Marija“, и последната „Тамо далеко“, песна од периодот на Првата светска војна, настаната помеѓу српските војници на Крф. Сепак, позната е изјавата која често се повторува, а според која Тесла рекол дека „се гордее со својата хрватска татковина и со својот српски народ“. Всушност, оваа фраза потекнува од телеграмата која му ја испратил Влатко Мачек, хрватскиот политички лидер и наследник на Стјепан Радиќ, на 25.5.1936 година. Не е познато што честита Мачек со оваа телеграма, бидејќи Тесла својот роденден го прославил дури на 10.7. Одговорот од Тесла стигнал веќе утредента, во која е содржана претходно споменатата фраза, но и додатокот „да живеат сите Југословени“. До денес, и Србите и Хрватите ја користат оваа телеграма за докажување на неговото потекло преку различни интерпретации на неговите зборови, неретко сомневајќи се дека овој документ можеби е фалсификат.

како „војна на струите“. Едисон ја развил еднонасочната струја (DC - direct current), која во САД веќе била прифатен стандард. Но, постоел еден огромен проблем. Преносот на поголеми растојанија и трансформацијата на напонот на еднонасочната струја. Тесла верувал дека наизменичната струја (AC - alternate current) е решението за овој проблем, бидејќи може да се претвори во различни напонски нивоа, со користење на трансформатор. Едисон, со цел да не ги изгуби хонорарите кои ги заработувал од своите патенти во областа на еднонасочната струја, започнува кампања за дискредитирање на наизменичната струја. Ширел дезинформации дека наизменичната струја е поопасна. Врвот на оваа „војна“ е Светскиот саем во Чикаго во 1893 година. General Electric дава понуда за напојување на Саемот со еднонасочна струја за 554.000 долари, но губи од Westinghouse, кој нуди наизменична струја за Саемот за 339.000 долари, и ја добива зделката. Истата година, Niagara Falls Power Company одлучува да му го додели на Westinghouse (компанијата претходно го лиценцира Теслиниот полифазен AC индукциски мотор) за изградба на постројка за производство на енергија од Нијагарините

тЕсла и рЕнДгЕнскитЕ зраЦи Германскиот физичар Wilhelm Conrad Röntgen во 1901 година добива Нобелова награда за физика, за своето откритие на рендгенските зраци. Малку е познато, дека пред неговите експерименти, бројни други иноватори и инженери експериментирале во оваа област. Украинецот Иван ПавловичПулуј случајно ги открил рендгенските зраци, но не разбрал за што се работи. Никоа Тесла, исто така имал успешни експерименти со рендгенски зраци, па дури и ја снимил раката на својот пријател, писателот Марк Твен. Експериментирал со флуоресцентна светлосна цевка (Гајслерова цевка), која исто така емитувала рендгенски зраци. Кога Röntgen го објавил своето откритие во 1895, Тесла му ги испратил сопствените снимки, при што меѓусебно си честитале на достигнувањата. Со рендгенските зраци се занимавал и Едисон, заедно со својот асистент Кларенс Дели. слобоДна ЕнЕргија за ЦЕлиот сВЕт и кулата Во WARdeNClyffe На Тесла му се припишува намерата да обезбеди бесплатна електрична енергија за целиот свет. Безжичниот пренос на електрична енергија се развива веќе со децении, но е пропратен со големи загуби со порастот на растојанието, а постои сомневање и за негативно влијание врз животната средина и здравјето на луѓето. Оваа идеја, тој сакал да ја реализира со помош на својата лабораторија, кулата во Wardenclyffe за која барал околу еден милион тогашни долари (околу 35 милиони долари денес). Единствен инвеститор му е познатиот J. P. Morgan кој му дал само 150.000 долари и барал удел од 51

Војната на струитЕ (The WAR Of The CuRReNTs) Почнувајќи во доцните 1880-ти години, Томас Едисон и Никола Тесла започнуваат драматично и интензивно ривалство, познато ПОРТА

39


% во сите патенти кои Тесла би можел да ги создаде. Иако не ги добил сите потребни средства, Тесла во 1903 година го реализира овој објект, односно ја завршил изградбата на кулата која содржела трансформатор во облик на огромна метална сфера тешка 55 тони и шеснаесет шипки стотина метри во земјата, за да може да се емитува електрична енергија ширум планетата. Кога побарал уште средства, не ги добил. J. P. Morgan инаку бил Теслин конкурент, бидејќи порано ги финансирал проектите на Едисон, а само неколку години претходно ја презел компанијата на еден од Теслините финансиери. За да го увери Morgan дека неговата кула е корисна, Тесла тврдел дека може да им испорача енергија на сите на планетата, што била погрешна тактика - како би се наплатила таа енергија? Во кулата почнал да вложува сопствени пари и безуспешно да бара инвеститори. Веќе во 1905 морал да ги отпушти сите работници и да ја затвори лабораторијата. Се свртел кон други истражувања, со цел да обезбеди средства за повторно стартување на Wardenclyffe. Инженерите кои подоцна го проучувале овој концепт на Тесла, не можеле да разберат која била неговата намера, бидејќи имало повеќе можни насоки. Дали кулата требало да емитува енергија низ воздухот, во земјата, или и на двата начина? Се чини дека ниту самиот Тесла не бил сигурен која е вистинската опција, па сакал да ги покрие сите можности, воден од својата интуиција. Дури по Втората светска војна пронајдени се ефикасни начини на испраќање на електромагнетната енергија околу планатата со користење на јоносферата и резонанцијата (глобалниот електромагнетен резонантен феномен).

Поради неподмирените долгови, вклучувајќи ги и оние за неговиот апартман во хотелите (бидејќи постојано живеел во хотели), доверителите одлучиле да ја преземат неговата хипотека на имотот околу лабораторијата во Wardenclyffe. Со оглед на фактот дека Теслината кула ја намалувала вредноста на имотот, одлучено е да се сруши. Подоцна, Hugo Gernsback ја создал приказната дека тоа го сторила Американската влада поради странските шпиони, кои кулата ја користеле за комуникација со германски подморници. тЕслиниот зрак на Мирот или сМртта (deATh RAy) На Тесла му се припишува наводниот изум на зраците на смртта, чија технологија би ја дал на сите држави и така би се елиминирала војната. Веста за ова негово оружје се појавила во летото 1934 година на насловната страница на The New York Times. Иако насловот истакнувал дека, тогаш 78-годишниот пронаоѓач го изумил зракот на смртта, неговата изјава била дека тоа е всушност изум на мирот, бидејќи преку него секоја држава би добила „невидлив Кинески ѕид“. Сепак, овој проект пропаднал, a нема ниту доволно докази за истиот во вид на некакви пресметки и нацрти. Притоа, не бил проблемот само во тешкотиите за негово финансирање, туку и поради фактот што се потпирал на целосно непозната технологија и неодредена интуиција на авторот. тЕслинитЕ бЕлЕшки заПлЕнЕти оД аМЕриканскитЕ агЕнти Често се повторува фактот дека по неговата смрт во хотелската соба, неговите белешки биле запленети од агенти на FBI кои ги барале нацртите за супероружјето. Про-

ПОРТА

блематично е што тоа FBI го негира и укажува дека заплената е направена од страна на Канцеларијата за имот на странци при Американското министерство за правосудство. Тоа го сториле превентивно, според Законот за воена состојба, бидејќи само неколку дена претходно на послугата во хотелот им рекол дека во собата чува вредна и опасна направа. Семејството на Тесла и некогашната Југословенска амбасада, долго се бореле со американските надлежни институции за враќање на документите и личните работи. Конечно, неговиот внук од сестра, Сава Косановиќ, успева да дојде до дел од неговите лични работи, кои денес се сместени во музејот на Никола Тесла во Белград. Во музејот е сместена и урната со неговата пепел, која во Белград е донесена од САД во 1957 година. ЕксПлозијата Во сибир и тЕсла Еден од најзначајните настани кои се поврзуваат со Никола Тесла е експлозијата во областа Сибир, Русија од 30 јуни 1908 година. Идејата дека оваа експлозија ја предизвикал Тесла преку неговата лабораторија во Wardenclyffe се појавува во осумдесеттите години на минатиот век. Шума на површина од околу 2 000 km2 во ненаселената, оддалечена област на Сибир, била покосена како со ласер во концентрични кругови во однос на епицентарот, а на местото на пресекот немало термален ефект (изгореници). Уште понеобично е тоа што корењата на дрвјата биле јагленосани и спржени (податок кој се надополнува на претходниот аргумент). Сепак, факт е дека станува збор за огромна енергија која е незамисливо да се генерира во разумно време и да се испрати на тоа растојание. Зад овој настан и натаму остануваат бројни контроверзии и шпекула-


ции, но фактот кој се темели на реалните научни сознанија укажува дека најверојатно станува збор за астероид. личноста на тЕсла Познати се бројни примери за неговото необично однесување. Едно од најнеобичните е неговата незаинтересираност за жените - изјавил дека жените се инспирација за уметниците, но исцрпување за научниците. Имал патолошки страв од нечистотија и болести, избегнувал да се ракува, користел голем број салфетки при оброците, а не можел да поднесе некој да носи бисери во негова близина. Веројатно огромниот страв од болести и нехигиена води потекло од неговото рано детство, што се поклопува со епидемијата на колера, која не го одминува и неговото родно место. Иако често се тврди дека тој бил повлечен, тоа не било сосема точно. Своето чудно однесување го користел за одржување на јавниот впечаток за себе како брилијантна личност, далеку подобра од сите други. Сакал да објавува сензационалистички тврдења за спектакуларни изуми. На тој начин малку се изолирал од научната заедница, но стекнал обожавање од јавноста. Тесла со задоволство ги прифаќал поканите на новинарите да коментира различни настани. Митот за нобЕлоВата награДа Приказната е всушност гласина која се појавила во американскиот печат. Според неа, Нобеловата награда за физика за 1915 година, требало да ја добијат Тесла и Едисон, но двајцата одбиле да ја поделат истата. Сепак, дека ова е само гласина зборува и фактот дека добитниците за таа година веќе биле познати - William Henry Bragg и William Lawrence Bragg. Одборот за доделување на наградата изјавил дека некој би можел да ја одбие наградата дури откако ќе се прогласи за победник, а никако пред тоа. Едисон бил меѓу номинираните истата таа 1915 година, а Тесла бил номиниран во 1937. Иако славен како еден од научниците кои го

обележале дваесеттиот век, некои сметаат дека недобивањето на Нобеловата награда се должи на фактот што Тесла никогаш не го комплетирал своето формално образование. Тој не бил инженер. Иако студирал на Техничкиот универзитет во Грац, Австрија (TU Graz), се отпишал од оваа иституција, и никогаш не дипломирал. МЕрна ЕДиниЦа Во нЕгоВа чЕст Мерната единица за магнетна индукција, во 1960 година е преименувана во Тesla (T). Претходно оваа физичка големина се изразувала во Wb/m2. Најуспешната светска компанија која произведува електрични автомобили е наречена Tesla Motors во 2003 година, токму по Никола Тесла. Илон Маск, основачот на компанијата, рекол дека Тесла му е инспирација и според физозофијата и според визионерството, а покрај тоа сите нивни возила го користат Теслиниот индукциски мотор. Остатоците од кулата на Тесла во Wardenclyffe спасени се во 2013 година преку crowdfunding кампања. Matthew Inman, автор на популарниот веб-стрип The Oatmeal, активирал 1,37 милиони долари од независни донации, со цел кулата да ја претвори во музеј посветен на Тесла. И сосема за крај, за да се опише значењето на Тесла за индустријата, веројатно најдобро ќе послужи цитатот од американскиот професор и инженер Б. А. Беренд, кој во 1921 година, во својата книга напишал:

„Тесла не им остави на другите да направат нешто повеќе. Кога од индустријата би ги исклучиле резултатите на Теслината истражувачка работа, сите тркала на таа индустрија би престанале да се движат, нашите трамваи и возови ќе запрат, нашите градови би биле во мрак, а фабриките мртви“. n

најВаЖнитЕ ПронајДоЦи на тЕсла  Систем на повеќефазни струи и вртливо магнетно поле (наизменични повеќефазни мотори и генератори)  Наизменичен систем на пренос и дистрибуција на електрична енергија  Теслин осцилациски трансформатор (Теслина намотка)  Осветлување со помош на струи со висока фреквенција  Систем на безжичен пренос на сигнали  Телеавтоматика 9-далечинско управување со бродови)

ПОРТА


екологија

школа за МлаДи Планинари

Лекот е во планината наспроти современиот начин на живеење, во урбаните и во индустриските средини, потребно е бегство во планина и тоа од сообраќајниот метеж, гасовите на улиците, смогот, обезвреднетиот пејзаж, секојдневниот психолошки пресинг и на младите и на старите

косто ГрАоркоски, дипл. инж. арх. оследниве години планинарењето во нашава држава станува сè попопуларен спорт и атрактивен дел од алтернативниот туризам, но ни оддалеку објектите во кои престојуваат планинарите не ги задоволуваат потребните стандарди. Особено постојните планинарски домови не одговараат на потребите на младите идни планинари. Планинарите, планинарските друштва, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, љубителите на природата и екологистите, сите заедно се свесни дека ситуацијата е загрижувачка. Затоа е потребна итна проектна стратегија за изградба на нови објекти со нови содржини и реконструкција на постојните објекти. Само за споредба, Австрија има околу 700 планинарски домови и

П 42

ПОРТА

24 април 2020


планинарски куќи со највисоки стандарди, современи содржини и функции. Планинарењето во Австрија е фантастично, зашто е фантастична организацијата и затоа планините и планинарењето ѝ носат на Австрија една милијарда евра годишно во БДП. Во Македонија едвај некако функционираат 30 планинарски домови, кои работат главно само за викенд. Има уште петнаесетина, кои се запуштени и изгорени во пожари и со нерешена сопственост. Кога би направиле споредба со Австрија, имајќи ги предвид бројот на жителите и површината, следува дека треба да имаме некаде околу 180 објекти за сместување и за обука на планинарите. Со жалење може да констатираме дека сме многу далеку од тоа колку инвестира Австрија во планинарењето и како создава услови за овој масовен спорт. Нашите планинарски друштва би биле задоволни ако би ја имале поддршката на државата за масовно планинарење барем со една третина од бројот на горната споредбена бројка, односно 60 функционални и современи објекти. И во ваква состојба од каде би почнале? Без дилеми треба да се почне со поголема вклученост на децата во овој спорт, со всадување љубов кон планината, природата и изградба на објекти за младите. Ова треба да се стори што поскоро, ако имаме предвид што се случува околу нас. Ако прошетаме во Скопје, во градовите низ Македонија и општинските центри ќе видиме дека од многуте игралишта и сали изградени од Владата и од Агенцијата за млади и спорт, повеќето зјаат празни. Децата и младите ги нема. Се скриле дома и играат виртуелни спортови на нивните телефони, таблети и компјутери. Се отуѓиле од спортот, околината, од родителите и блиските. И да излезат надвор, тоа е само накратко, одма влегуваат во првите кафулиња и шопинг-центри и потоа пак на интернет, кој ги убива знаењето и учењето. Од училиштето и од учењето им е преку глава, трка за оценки, стресни тестови и контроли... Ретко од нивните телефони имаат време да прочитаат некоја книга, постојано седат, лежат и повеќето добиваат прекумерна тежина. Економските кризи постојано нè следат, тешко дека сите родители можат од својот скромен буџет да издвојат за одмор и за патување на море или на езеро. Лекот е во планината, таа нуди евтино патување во мајката природа, нуди љубопитност, возбуди, наместо бучава и загаден воздух, тишина и чиста средина,

ПОРТА

43


здравје, дружење, другарство и знаење. Планината е трезор на природните убавини и екологијата. Или најдобро за планинарењето и планината говорат мислите на Џон Мјур: „Искачете ги планините и присвојте ги нивните добри карактеристики… Илјадници уморни, потресени и прецивилизирани луѓе почнуваат да откриваат дека одењето на планини е всушност одење дома. Дивината е неопходност... Планините ме викаат и јас морам да одам“. Затоа е потребно најповиканите: Владата, Министерството за економија, а најмногу Агенцијата за млади и спорт конечно да сфатат дека планинарењето може да биде клучно за развој на младите и за растеж на алтернативниот туризам. Од овие причини треба да се почне со пилотпроект, кој би можел да се вика „Имаме преубави планини за планинарење“, и тоа првично со изградба на нов современ објект школа за млади планинари, која треба да исполнува нови вредности при обуката. Децата одат и посетуваат разни училишта и школи, но најинтересна, секако, ќе им биде оваа школа. Објектот треба да биде лоциран на соодветна локација, која ќе има автомобилски пристап во непосредната близина на градско населено место, како и на соодветна оддалеченост од постојните планинарски објекти. До локацијата треба да има потребна инфраструктура како електрична енергија, вода и сл. Капацитетот на објектот треба да има максимално 50 легла, 10 двокреветни и 10 трокреветни соби. Секоја

ПОРТА

соба треба да има засебна бања. Покрај делот за спиење треба да има заедничка трпезарија и заедничка кујна со повеќе единици електрични апарати и друга опрема. Посебно треба да се предвидат простор за дневен престој, простор за игра и забава, библиотека, остава за опрема. Простор што треба да импонира во школата е повеќенаменска сала за обука, предавања, проекции, тренинг и сл. За градба на објектот е потребно да се користат локални природни материјали, дрво, камен, термоизолациски материјали и современи материјали и инсталации, кои ќе го прават објектот одржлив, како и централно сопствено греење за целиот објект или поединечно за одредени ламели и делови. Исто така, во непосредна околина на објектот треба да има полигон за слободни активности и поголемо пространство, каде што децата што ќе ја посетуваат школата ќе садат шумски дрвца. Шумата што ќе се оформува со младите фиданки би можела да се вика шума на млади планинари. Школата, всушност, ќе претставува републички центар за обука на млади планинари, а ќе работи под закрила на Федерацијата за планинарски спортови на Македонија и планинарските друштва. Обуката ќе ја изведуваат лиценцирани планинарски водичи, инструктори, екологисти и лекари. На овој начин на младите ќе им се всади љубов кон планината и планинарењето, ќе заборават на модерните алатки, но истовремено ќе научат како да ја чуваат

планината, преку пешачењето ќе научат за географијата, историјата, културата, ќе бидат испровоцирани да сликаат, да фотографираат и за уште еден куп активности без да имаат стресови. Оваа школа ќе биде пример за тоа како преку игра може да се учи повеќе. Впрочем и фотографиите направени од неколкучасовен престој и обука на планина на малите деца со нивните родители ги прикажуваат нивните радости, среќа и импресионираност од планинските доживувања. Така ќе биде и во идната школа, каде што малите дечиња единствено само тука ќе може да се дружат и да учат со своите родители. Оваа школа нека биде само почеток, темелен никулец, а потоа нека следуваат други нови планинарски домови, кои можеби еден ден ќе имаат поголем удел во домашниот БДП како што е во Австрија. На крајот, може да се согласиме дека наспроти современиот начин на живеење, во урбаните и во индустриските средини, потребно е бегство во планина и тоа од сообраќајниот метеж, гасовите на улиците, смогот, обезвреднетиот пејзаж, секојдневниот психолошки пресинг и на младите и на старите. Потребна ни е планината како потрага по нов свет на радост, релаксација и слобода, како нови вредности, како нова ориентација кон здравата и чиста средина и алтернативниот туризам. n


ПОРТА


репортажа

Олицетворение на американското наследство сè на сè, смитсониан нуди околу 150 милиони уметнички дела и артефакти. институцијата, во чии рамки е и националната зоолошка градина, годишно ја посетуваат преку 30 милиони луѓе Јулија ВЕЛкоВскА, (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) Фото: Смитсониан осетата на Вашингтон едноставно е невозможна без да се видат барем некои од објектите во рамки на институцијата Смитсониан - најголем комплекс музеи и образовни и истражувачки центри во светот. Мисијата е едноставна, велат оттаму, да се обликува иднината, преку сочувување на наследството и споделување на информациите. За Џејмс Смитсон, британски научник, родум од Франција, со сигурност може да се потврди дека има огромно влијание за градот, иако никогаш немал прилика да го посети. Институцијата Смитсониан е основана пред 147 години токму со негови средства нешто повеќе од 500.000 долари. Според тестаментот, доколку неговиот внук останел без потомство, тогаш парите требало да се инвестираат во САД и во, како што напишал, „продлабочување и ширење на знаењето“.

П

46

ПОРТА

26 јуни 2020

Зошто одлучил да вложи во една ваква институција, во друга земја и на друг континент, останува мистерија. Во 1846-та американскиот Сенат усвоил акт за нејзино формирање, со претседателскиот потпис станал закон, а Смитсониан станала дел од процесот на развој на американскиот нацио-


МузЕитЕ на сМитсониан

нален идентитет, со корени во истражувањето, иновацијата и технолошкиот развој. Секој од 19-те музеи на институцијата

има свој уникатен стил. Два од нив се наоѓаат во Њујорк, останатите се во Вашингтон. Зградата на Смитсониан, позната како,

„Замок“ и Галеријата Ренвик, се дизајнирани од популарниот архитект Џејмс Ренвик. Двата објекта се сосема различни и претставуваат две различни фази од неговата кариера. Останатите 17 музеи се дела на различни архитекти, градени низ годините. Еден од нив е Националнит музеј за авијација и вселена, што важи за најпосетен во светот. Тука е и Музејот за дизајн Копер Хјуит, единствен музеј во САД посветен ексклузивно на историскиот и модерниот дизајн, а познат е и по понудата на едни од светски најразновидните и сеопфатни колекции, со преку 200.000 предмети кои опфаќаат период од 30 векови. Сè на сè, Смитсониан нуди околу 150 милиони уметнички дела и артефакти. Институцијата, во чии рамки е и Националната

ПОРТА

47


зоолошка градина, годишно ја посетуваат преку 30 милиони луѓе. Секако, примамливо е што влезот е бесплатен. Поради глобалната пандемија, музеите и галериите привремено се затворени, но затоа, вратите на дигиталната платформа се широко отворени. Виртуелно може да се посети секој од објектите, на располагање се 2,8 милиони фотографии со висока резолуција, 2,2 милиони книги, а секој посетител може да креира, рекреира и споделува свои содржини. Секојдневно се додаваат нови материјали, се организираат онлајн изложби и курсеви - сè со цел, иако во моментов учејќи од дома, преку уметност, наука, историја и култура, да се одржи континуирана поврзаност и интеракција со корисниците. Притоа, помага и фактот што Смитсониан е едно од неколкуте места коишто може да ангажираат и инкорпорираат експерти од бројни области. Пристапот до оваа „лабораторија за учење“ во моментов е бесплатен. И покрај проценетите загуби од 22 милиона долари поради пандемијата, од институцијата велат дека промоцијата на нови идеи преку споделување на знаењето, мора да продолжи и дека ова богатство мора да ѝ биде достапно на јавноста. Нејзини тимови сега работат на документирање и архивирање на сето она што е вредно, а поврзано со Ковид-19, и уште поактуелно, протестите против полициската бруталност. Така, со помош на грант на Банката на Америка (од 25 милиони долари), Смитсониан ќе истражува како Американците ги разбираат, искусуваат и се справуваат со расната припадност и расизмот во државата. Две третини од годишниот буџет на институцијата, во висина од 1,5 милијарди долари, доаѓа од федералната влада, а останатите 500 милиони се од грантови, договори, донации и различни настани. n

ПОРТА


ПОРТА


хортикултура

стилоВи за урЕДуВањЕ на оМилЕното катчЕ

Добре дојде на летото во вашиот двор има неколку корисни совети и идеи кои ќе го направат просторот околу вашата куќа поизразен, убав и секако попријатен

50

ПОРТА

26 јуни 2020


ко имате среќа да имате двор или мала градина која е во ваша сопственост, сигурно ќе сакате да уживате во сонцето и свежиот воздух во него во наредните летни месеци. Прашање е дали вашата градина изгледа како место што ветува моменти на уживање. Доколку не знаете како да го организирате на вистински начин и да го

А

поздравите летото во него, има неколку корисни совети и идеи кои ќе го направат просторот околу вашата куќа поизразен, убав и секако попријатен. Ако се сомневавте дека одреден стил може да преовладува во вашиот двор, знајте дека навистина може и треба, што е уште поважно. Стилот може да се изрази со растенија, украси, ткаенини и градинарски мебел. Важно е да одлучите дали ва-

шиот двор ќе биде модерен, рустикален, минималистички или во него ќе доминира јапонскиот систем за градина. Кога ќе го изберете вашиот стил, ќе можете да најдете соодветни растителни видови. Зелениот тревник е добра основа за скоро сите стилови на уредување. Без разлика дали ќе изберете модерен или рустикален стил, зелениот тревник ќе одговара совршено. Ако претпочитате просторност 26 јуни 2020

ПОРТА

51


и шик изглед, може да се придржувате до вообичаеното зеленило, трева и грмушки. Повеќето модерни градини не се цветни, но претпочитаат зеленило. Ако навистина уживате во шарените цвеќиња, тоа е одраз на рустикалниот стил. Јапонските градини вклучуваат, покрај зеленилото, многу камења, наместо класичните бетонски плочи. Кога украсувате градина, клучно е да бидете водени од работи што ве инспирираат. Куќи со приказни, фенери, градинарски мебел, фонтани и мали детали се карактеристични за стилот на бохо и слично. Ова лето, кое поради ситуацијата со коронавирусот ќе биде малку поразлично, може да се искористи за летно уживање во двор. А, копнеењето по некоја од омилените летни дестинации, нека ве натера вашиот двор да го претворите во летна оаза. На крајот на краиштата, летната забава и релаксација не мора да значи патување. Со малку инспирација, импровизација и правилен совет, одморот

ПОРТА

дома може да биде голема промена. Кога ќе го претворите дворот од вашиот дом во место каде што може да готвите, вечерате, да се опуштите или да организирате филмски маратон, тогаш тој добива сосема нов шарм. Дури и помалите простори лесно може да станат совршено место за одмор и забава ако ги збогатите со соодветни артикли. Со малку импровизација и малиот балкон може да биде нова локација за романтична вечера или одмор. Ако имате намера да го направите вашиот двор вистински мал рај на плажа, потребно ви е поставување лежалка. Додека ги впивате сончевите зраци испружени на лежалката, не заборавајте да додадете и неколку шарени перници за дополнителна удобност. Исто така, потребно е и чадор со цветна шема за пријатна сенка. Егзотичната атмосфера ќе ја надополни и висечка лежалка, кој има за цел да ве опушти додека пиете освежителен пијалак или ја читате вашата омилена книга. n


ПОРТА


уметност

Една од најзначајните авангардни уметници на 20 век за неа уметноста е постојан дијалог помеѓу истокот и западот, нејзиното творештво е спој на традицијата и на модерното

„Велосипедист“ д-р Петрула костоВскА, историчар на уметност (Специјално за Порта 3 од Лондон) а 6-ти јуни се наврши една година од отворањето на ретроспективната лондонска изложба на Наталија Сергеевна-

Н 54

ПОРТА

26 јуни 2020

Гончарова (1881 провинција Тула, Русија 1962 Париз, Франција) една од најзначајните руски уметници. Во време на отсуство на нови изложби и прашањето на опстанокот или реобмислувањето на физичкиот музејски и галериски простор, поради пандемијата, би сакала да се навратaм на оваа авангардна

уметница. Гончарова е плоден автор со раскошен репертоар кој опфаќа: сликарство, графика, илустрации, моден дизајн и костимографија. Лондонската ретроспектива која се одржа лани во Тејт Модерн, Лондон од 6-ти јуни до 8-ми септември, вклучуваше слики од сите периоди на нејзиниот творечки


наталија гончароВа (1881 - 1962)

Наталија Гончарова и Михаил Ларионов опус, но исто така и графички дела, постери и костими од балетски и оперски претстави. Родена во осиромашено аристократско семејство, во роднински врски со Пушкин, таа од малечка била импресионирана од животот на село: од обработувањето на земјата, сеењето и жнеењето. Таа исто така била запознаена и ангажирана во сите фази на изработувањето на текстил, од стрижењето на овците до ткаењето, па до валањето и декорирањето на ткаенините. Поради тоа уште од својата рана кариера, Гончарова обработува рурални теми и се идентификува со луѓето и културите на земјоделска Русија. Во текот на целиот свој живот влече инспирација од боите и стилизираните форми на традиционалните руски уметности и занаети. Овие земјоделски активности се чести теми во нејзините рани дела. Гончарова собирала и изложувала икони, популарни графики и сликани послужавници и активно се залагала за зачувување на

традиционалните уметнички форми. Како ќерка на аристократ, радикална уметница и жена, таа секогаш отскокнувала од средината. Во 1901 година се запишува на московската школа, Институт за сликарство, скулптура и архитектура, каде учи скулптура под покровителство на вајарот Павел Трубецкој. Таму го среќава Михаил Ларионов, нејзиниот животен партнер. Првите децении на 20 век Москва е едно од најдобрите места во светот каде може да се види и доживее одблиску модерното европско сликарство. Двајца индустријалци – Сергеј Шчукин и Иван Морозов, создале и посакувале да ги покажат во јавност своите богати уметнички колекции кои содржеле меѓу другите и дела од Пол Сезан, Пол Гоген, Пабло Пикасо и Анри Матис, но и вредните збирки на традиционалната руска уметност. Овие од народната руска уметност повлијаени дела, содржат многу карактеристики што ги одликуваат раните модерни дела – јаки бои, минимални форми, дводимензионални сплоснати површини. Гончарова и Ларионов не само што биле едни од првите руски уметници присутни во салоните на овие мецени кои одблиску се запознавале со најновите европски уметнички правци, туку и биле едни од првите млади руски уметници чии дела земале рамноправно место во колекцијата на Морозов. Во септември 1913 во Уметничкиот салон „Михаилова“ во Москва била отворена ретроспективна изложба на младата Наталија, која била исклучително плоден

творец и вклучувала повеќе од 800 дела, од кои 350 биле слики на платно. Импресивна бројка, која имено ја покажува амбицијата на уметницата која имала само 32 години. Гончарова продуцирала хетерогени дела во повеќе стилови и влијанија. Изложбата вклучувала слики, цртежи, костими за театар, текстил и модни дизајни, како и тапети и постери и графики. Овие рани дела го покажуваат влијанието од францускиот импресионизам, но вклучуваат и дела инспирирани од руските икони и народната уметност, дела инспирирани од селото и провинцијата, но и индустријализираните, механизирани градови. На изложбата биле вклучени и дела од мал формат, но и големиот полиптих од платна наречен „Жетва“ од 1911 година. Гончарова не само што била уметник во студиото, туку била уметник и на улица. Секогаш облечена во екстравагантни костими и ишарано лице и со нејзиниот единствен стил, имала големо влијание во боемските уметнички кругови на предреволуционерна Москва. Модата ќе биде нејзина животна преокупација и преку текстилниот дизајн и дизајните на костимите за балет Рус, но и како емигрант во егзил во Париз кога ќе соработува со тогашните големи модни куќи. Во април 1914 Гончарова и Ларионов за првпат пристигнуваат во Париз, повикани од Дјаѓилев да изработат костими и сценографија за балетот „Златното петле“, но во исто време тие имаат и заедничка изложба. Но, почетокот на Првата светска војна носи нови предизвици и за Ларионов, кој е повикан

„Селани берат јаболка“

„Автопортрет со жолти кринови“ ПОРТА

55


„Градот“

„Фабрика“ на фронт и за Гончарова која ќе ја започне серијата литографии „Мистичните слики од војната“, каде крилати ангели се борат со 56

ПОРТА

26 јуни 2020

двокрилни авиони, Богородица тажи за загинатите војници и директно преземената религиозна иконографија е искористена во

пропагандни цели. Традиционалното руско религиозно сликарство е централно за развитокот на руската модерна уметност, па така тоа не ја заобиколило ни Гончарова. Таа ги поттикнувала останатите руски уметници да се инспирираат од религиозната/византиската иконографија, што подоцна ќе најде силен одек во делата на Казимир Маљевич. Ова влијание е видливо уште во раното дело Евангелистите од 1910 до 1911, но и нешто подоцна во делата инспирирани од воените страдања (циклус литографии меѓу кои Архангел Михаил, св. Ѓорѓи, Ангели и авиони). Експериментот е централен за творештвото и развојниот пат на Гончарова и таа жедно ги впивала идеите на европските уметници, чии дела се наоѓале во колекциите на Морозов и Шчукин. Следејќи го развојниот пат на Гончарова може да го забележиме присуството на влијание на голем број современи уметнички правци, особено на француските постимпресионисти Сезан и Гоген, на фовистите како Матис и Деран, на кубистите Брак и Пикасо и футуристот Бочони. Во првата деценија на 20 век, импресионирана од живите бои на Гоген и Морис Денис ги слика „Автопортрет со жолти кринови“, „Белење на платното“ и „Селанката од Тула“. Под влијание на Матис создава дела каде главна улога имаат огромни фигури оградени со темни контури како „Борачите“, „Собирачи на сено“, „Селани берат јаболка“, „Црн акт“, но и на „Евангелистите“ и на триптихот „Христос спасител со ангелите“, кои се дел од нејзиниот циклус дела творени во таканаречениот руски примитивистички стил. Пејсажите пак на Сезан повлијаеле и на нејзините бројни теми и мотиви од рурална и урбана Русија („Овоштарник во есен“, „Пушач“, „Градот“). Од Пикасо ја прифатила расчленетата структура и загаситите бои, а од футуристите љубовта кон индустрискиот прогрес и брзина. За неа уметноста е постојан дијалог помеѓу Истокот и Западот, нејзиното творештво е спој на традицијата и на модерното. Но по сите впивања на европската авангарда, Гончарова во периодот 1911-1913 одлучува да отстапи од постојните уметнички практики и со Ларионов теоретски и практично го формулира рајонизмот/лучизмот („Ткајачка“, „Фабрика“, „Велосипедист“, „Орхидеи“). Влијанието на рускиот футуризам е видливо во подоцнежните слики. Почнала да меша кубистички и футуристички елементи во своите дела, што довело до почеток на кубо-футуризмот. Фракталната поделба на платното, иманента на рајонизмот и кубо-футуризмот како дистинктивни сликарски правци произлегува од радикалните експерименти во тогашните кругови на предреволуционерна Русија. Како


„Пушач“

„Евангелистите“ водачи на руските футуристи Гончарова и Ларионов организирале провокативни вечери на предавања на ист начин како нивните италијански колеги. Нејзината повеќедецениска активност и вклученоста во неколку уметнички здруженија и групи како Златното руно, Џандар Каро и

Магарешката опашка, како и соработката со балетскиот импресарио Дјаѓилев, но и професионалното и приватно партнерство со нејзиниот животен сопатник Ларионов, ја позиционираат Наталија Гончарова на пиедесталот на една од најзначајните авангардни уметници на 20 век. n

„Ткајачка“,

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.