ПОРТА 3 295 број

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

294 ЈУЛИ 2020

Браната Конско - акумулација за развој на гевгелиски регион Шнајдерски урбанизам во Тетово 22 јули – денот кога ја потрошивме планетата Земја за оваа година!



Беспрaвнaтa грaдБa поддржана со непреземање законски санкции

инфо

Случувањата во „Мавровка“ – круна на безвластие Здравко Рафаиловски, дипл. инж. арх. (автор на комплексот „Мавровка“) рoектoт „Мaврoвкa“ е реaлизирaн oд 1987 дo 1993 гoдина. Задачата беше да се испроектира комплексен објект кој ќе ги спои современото постземјотресно централното градско јадро со старата чаршија, препознатлива со своите архитектонски вредности. По сеoпфaтнa aнaлизa нa лoкaцијaтa вo oднoс нa пoстaвенoстa и вoлуменoт нa идниот објект, тогашниот Грaдски кoмитет зa aрхитектурa и урбaнизaм дaде oдoбрение на Идејниот проект, а подоцна и на Главниот прoект. Посебен третман во решението доби пристапот во објектот на ниво на приземје и сутерен и третирањето на аголот кон крстосницата. Проектот доби пoзитивни рецензии од еминентни урбaнисти зa пaртернoтo решение, инсoлaцијaтa нa oкoлните oбјекти и третмaнoт нa сooбрaќaјнoтo решение. Резултaт нa тoa беше функциoнирaњетo нa oбјектoт сo пуштaњетo вo упoтребa, кaкo и признaниетo кoе гo дoби зa нaјдoбрo реaлизирaн aрхитектoнски oбјект нa БИМАС 1993 гoдина. Зa жaл вo пoдoцнежниoт периoд, зaпoчнa сaмoвoлиетo нa пoединци кoи дoгрaдувaa делoви во и надвор од oбјектoт, ги узурпирaa зелените пoвршини и ги блокираа пристaпите. Непoврaтнo гo дегрaдирaa пристaпoт и движењето во транспарентното приземјето и плaтфoрмaтa на сутеренoт. Гo дегрaдирaa прoстoрoт нa приземјетo и сутеренот во кој доминираа локали од различни дејности кои пулсираа од утро до доцна во ноќта. „Мавровка“ беше посакувана дестинација за посетители од сите категории. За жал Советот на сосопственици, по повлекувањето на Службата за одржување на АДГ „Маврово“, немо ги следеше ваквите настани. Нa мoите укaжувaња вo нaдлежните oпштински и грaдски oргaни немaше никaквa реaкцијa. Безпрaвнaтa грaдбa прoдoлжи, поддржана со непреземање законски санкции кон узурпаторите и уништувачите на јавниот простор. Пoследните случувaњa се крунa нa безвлaстие и непoчитувaње нa бaзните зaкoни вo прoстoрнoтo-урбaнистичкo плaнирaње. Нерaзбирливo е индиферентнoтo oднесувaње нa сoсoпствениците нa прoстoрoт вo „Мaврoвкa“ кoј е рaзнoлик и чиј прoстoр е дегрaдирaн. Вo пешaчкa зoнa и зелени пoвршини нa непoстoечки грaдежни пaрцели, дoзвoлени се грaдби нa „времени oбјекти“ сo дoзвoлa нa нaдлежните oд Општинa Чaир и Грaд Скoпје. Зa жaл времетo и oвoј пaт ќе oстaви непоправлива грда слика, зa учесниците-уништувaчи нa прoстoрoт и на архитектонското наследство, oд тaкaнaречените „инвеститoри“ до oпштинските и грaдските oргaни кoи се зaдoлжени истиoт дa гo сoчувaaт вo функцијa нa сите грaѓaни. n

П

Со децении наназад јавноста, особено стручната, онаа независната, се бори со едно од најголемите зла во нашата држава дивоградби во режија на урбано политичката мафија. „Пола Македонија и особено Скопје е дивоградба" е најчесто повторуваната јавна парола за ова зло, кое во време на режимот доби масовно „хумано решение" – Закон за постапување со бесправно изградени објекти, односно, легализација на дивоградби. Овој закон и новата власт го продолжуваше. Врвот на тоа диво урбано зло секако е проектот „Скопје 2014“. Причините и

кривците се уште се во судски докажувања. Градбите за жал останаа…до кога? Барата од време на време се разбранува и толку. Од новите скопски ударни дивоградби, секако број еден е таа во ТЦ „Мавровка“, за која и инвеститорот е непознаница !? Но, тиквата конечно напукнува. Јавноста здушно ја очекува егзекуцијата на со сила насадената дивоградба. Само да не биде повторно многупати повторената „кучињата лаат, карванот си врви“. Да се надеваме дека конечно сме на почеток на вистинската борба со урбаната мафија и дивоградбите...

ПОРТА

3


СОДРЖИНА

10

16

ИНФО 6 СЛУЧУВАЊАТА ВО „МАВРОВКА“ – КРУНА НА БЕЗВЛАСТИЕ

РЕГИОНИ 8 ПУШТЕНА ЗА СООБРАЌАЈ ДЕЛНИЦАТА ШТИП – КРУПИШТЕ ПОЧНА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ОСТАНАТИОТ ДЕЛ ОД ПАТОТ ПОНИКВА – КОЧАНИ

ГРАДЕЖНИШТВО 10 БРАНАТА КОНСКО - АКУМУЛАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА ГЕВГЕЛИСКИ РЕГИОН

24

ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ 16 THERMOWOOD НОВ ПРОИЗВОД ЗА ВНАТРЕШНО И НАДВОРЕШНО УРЕДУВАЊЕ

ИНТЕРВЈУ 20 НАЈГОЛЕМИОТ СВЕТСКИ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА ГЛИНЕНИ ГРАДЕЖНИ МАТЕРИЈАЛИ

АРХИТЕКТУРА 24 НОВИ НАРАТИВИ ЗА ГРАДОТ СКОПЈЕ

УРБАНИЗАМ 28 ШНАЈДЕРСКИ УРБАНИЗАМ ВО ТЕТОВО

УРБАНИЗАМ 34

34

ШТО ПОСЛЕ ПАНДЕМИЈАТА?

КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 40 НА ПРЕСВЕТАТА МУДРОСТ СЕ И Е ЈАСНО

ТЕХНОЛОГИЈА 44 ГОДИНА НА ГОЛЕМА ИНВАЗИЈА НА МАРС

ЕКОЛОГИЈА 48 22 ЈУЛИ – ДЕНОТ КОГА ЈА ПОТРОШИВМЕ ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА ЗА ОВАА ГОДИНА!

ХОРТИКУЛТУРА 52 КАКО ДА ГИ ЗАШТИТИТЕ РАСТЕНИЈАТА ОД ТОПЛИНАТА

УМЕТНОСТ 54 ДАЛИ ЌЕ ПРОДОЛЖИМЕ ДА СИ ГИ ЗАБОРАВАМЕ ВРЕДНОСТИТЕ?

ПОРТА

25 јули 2014

44 54


ГОДИНА XII

БРОЈ 294 ПЕТОК 31.7.2020 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Летото е во полн ек, но тоа не значи дека на страниците на Порта 3 нема да може да се најдат интересни четива. И во овој број тука се задолжителните рубрики за архитектура, екологија, градежништво, урбанизам, технологија, културно наследство, уметност. Кратките информации пренесуваат теми кои се актуелни во Скопје. Јавноста чека да биде урната бесправната градба која никна кај „Мавровка“ и која е дивограба во режија на урбано-политичката мафија. Општина Центар го презентираше ДУП за „Мал Ринг 1“ со што предизвика бурни реакции во јавноста затоа што проектот „Скопје 2014“ останува потврден со сите свои градби. За активностите на локалните самоуправи секогаш има место на страниците на Порта 3. Тука ќе може да се прочита за пуштањето на патот од Штип до Крупиште, за уредувањето на дојранското крајбрежје, за реконструкцијата на делницата Кочани – Пониква. Рубриката градежништво ја отвораме со четиво за еден од најзначајните објекти во „Гевгелиско Поле“, браната Конско. Станува збор за најзначаен објект на планираниот Хидромелиоративен систем, а со изградба на браната, ќе се формира водна акумулација која ќе се користи првенствено за наводнување на земјоделски површини. Термомодифицирано дрво е новина во градежните материјали и веќе почнува да има широка употреба во градежништвото и индустријата. Thermowood е лесно за одржување, не се надува, не пука и природно е заштитено од микроорганизми, одбива вода и е лесно за чистење. Во овој број имаме интервју со директорот на најголемиот светски производител на глинени градежни материјали Винербергер Македонија, кој со добриот квалитет и сигурноста што ја нудат на купувачите се една од 100-те најуспешни компании во нашата држава, односно се на 63-тото место по успешност во работењето. Во рубриката архитектура може да се прочита за едни нови наративи за градот Скопје. Станува збор за првонаграден проект на конкурс за домување во станбени згради каде основниот принцип на решавање на објектот е формирање џебни отвори долж максималниот волумен, во правец југозапад-североисток, со цел непречено струење на воздушните струи од планината Водно. Урбанизмот е тема за која секогаш има место на страниците на Порта 3. Во овој број нашиот соработник

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

пишува за шнајдерскиот урбанизам во Тетово. Практично не постои урбанистичко планирање во вистинска смисла на зборот, туку механичко исцртување на нови и нови површини за градба, преку кои се стекнува правото тие да послужат како еден вид на инкубатор за генерирање профит. Градовите се во центарот на COVID-19 пандемијата. Но, што после пандемијата? Ако стравот од болест стане новото „нормално“, иднината во градовите би можела да биде блуткава и антисептичка, можеби дури и дистописка. Но, ако градовите во светот најдат начини да се прилагодат, како што секогаш правеле во минатото, нивната најголема ера сѐ уште лежи пред нив. Урбанизацијата отсекогаш била посилна отколку заразните болести. Она што изминатиот месец ја бранува светската јавност е и пренамената на Аја Софија од музеј во џамија, а во неа веќе се одржа и првата молитва. Во овој број ја пренесуваме историјата на Аја Софија од настанувањето до денес. Во рубриката технологија, нашиот дописник од Вашингтон, пишува за големата инвазија на Марс што треба да биде ова лето. Три земји: Соединетите Американски Држави, Кина и Обединетите Арапски Емирати, испраќаат беспилотно летало на црвената планета. За да се стигне до Марс потребни се минимум седум месеци, така што секое од леталата ќе помине 483 километри, за - ако сè оди по планот - да стигне до целта во февруари, 2021. Нашиот дописник од Лондон за овој број во рубриката Екологија нè потсетува дека на средината на овој месец жителите на Северна Македонија веќе ги потрошиле своите расположливи ресурси по лице на планетата Земја за оваа година. Поточно ова веќе се случило на 22 јули. Тоа значи дека од наредниот ден нашето салдо е веќе црвено и се живее на „кредит“, а кој, како, кога и со која „камата“ ќе го отплати овој долг допрва ќе се види. Вандализмот и уништувањето на културно-историските споменици е доста актуелно. Нашиот соработник прашува дали ќе продолжиме да си ги забораваме вредностите? Спомениците поради својата уметничка возвишеност и извонредна комуникација со просторот зрачат со убавина и заслужуваат почит и достоен третман од државата, од институциите и од граѓаните на Македонија. Ако светот до денес ја слави „Герника“ на Пикасо, зарем ние смееме да си дозволиме да не ги славиме Мазев, Чемерски, Грабуловски...

ОД РЕДАКЦИЈАТА

294

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

ЈУЛИ 2020

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Браната Конско - акумулација за развој на гевгелиски регион Шнајдерски урбанизам во Тетово 22 јули – денот кога ја потрошивме планетата Земја за оваа година!

ФОТО ORBON ALIJA

Насловна страница ШТО ПОСЛЕ ПАНДЕМИЈАТА?

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 30.7.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

Мал ринг – мала бара многу крокодили сања РаЃЕНовиЌ-ЈоваНовиЌ, дипл. инж. арх. о просториите на Општина Центар се одржа јавната презентација по Предлог – детален урбанистички план Градска четврт Ц 01 – Мал ринг 1, Општина Центар – Скопје, плански период 2019 - 2024. Мал ринг, повторно ја бранува јавноста и повторно е изработен од истата планерска куќа „ИНПУМА“, како и сите претходни скандалозни мали рингови. Приказната започна во далечната 1993 година со распишување конкурс трагајќи по идентитетот на градот и завршува со недоделување на првата награда, туку на втора и трета. Второнаградениот труд во 1997 година се изработува како ДУП за кој постојат и тогаш полемики во стручната јавност. Голем дел од површините за градење се вклучени во наредните планови. А наредните планови во период од пет години (2007 - 2012 година) со разни измени и дополни се изработени ни помалку ни повеќе девет, од кои три само во 2012 година. Во меѓувреме се направени и законски измени за да може да се реализира целиот ужас на проектот „Скопје 2014“, да биде легализиран криминалот и на крај да се најдеме во оваа состојба, наизглед безизлезна. Предлог-ДУП Мал ринг повторно ја бранува јавноста. Советничката Јана Белчева-Андреевска, достави до градоначалникот на Општината, до Комисијата за урбанизам и до Советот на Општина Центар, барање ДУП „Мал ринг“ да биде повлечен, одново стручно разгледан, а анкетата пред јавноста да биде одложена за периодот по септември 2020. Белчева-Андреевска изјави: „Ќе ги набројам само кусо објектите за кои се отворени постапки и дискусии, но сè уште се дел од планот. Тоа се: „Шпански скали“, меморијалниот објект „Мајка Тереза“, катната гаража во зеленилото зад Собранието, сите споменици од „Скопје 2014“, објектите во коритото на Вардар, па дури и онаа спорна ќебапчилница пред хотел „Холидеј Ин“. Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ испрати писмо до градоначалникот и до претсетадателката на Советот на Општината, каде меѓудругото се вели: „ААМ бара да се повлече и преработи предлог-планот каде се планирани истите објекти кои беа спорни и во претходниот криминален план со кој беше овозможена изградба на објектите од таканаречениот проект „Скопје 2014“. Во прилог на писмото е и Декларацијата на ААМ од март 2010 година за проектот „Скопје 2014“. Во планот суштински не е многу променето - да се сруши „Скопје 2014“, но за ваков радикален потег очигледно е дека расположение нема. За да се случи тоа треба Владата, удобно сместена во преобликуван објект, да заземе став (став нема) и решително да застане зад таа одлука. Но и

В

6

ПОРТА

31 јули 2020

Мал Ринг, 1997 г.

Мал Ринг, 2020 г. според она што го велат од Општина нема ни правна можност. Овој проект е веќе легализиран криминал и уништување на градот. Останува дилемата што е она што може да се спаси, бидејќи, како сега стојат работите очигледно е дека проектот „Скопје 2014“ ќе ни остане. Очигледно е дека има недоверба меѓу граѓаните, струката, институциите, а и дека Општината е заглавена во институционалните и правни лавиринти. Градоначалникот вели дека сите само зборуваат, а не прават ништо. Тој изјави: „Токму затоа и инсистираме на јавна расправа за предлог-планот и дадовме можност да се отворат дискусии, токму затоа што сите се прават мутави“ и додава „се формираа комисии, но никој не става потпис, никој не носи правен акт“. Тој вели дека успеал да го поништи одобрението за „Шпански скали”, поднесени се до ОЈО 29 кривични пријави поврзани со проектот „Скопје 2014“ и покренати се обвиненија и додава: „Во фиоки со години се чувале предмети, и откако кажав дали треба градоначалникот да се самозапали за некој да реагира, тогаш ме викнаа во Обвинителство, ајде да го отвориме тој предмет. Намерно го употребив тој збор оти сите седат, држат предмети во фиока, а никој не презема ништо“. Највеќе бура предизвикува

градежната парцела за „Шпанските скали“ и започнатиот споменик на „Мајка Тереза“. Градоначалникот вели дека за градежната парцела се води судски спор и само доколку е тој завршен и решението е правосилно може од ДУП да се избрише површината за градење, сè дотогаш таа површина мора да остане во планот. Искрено не гледам што многу ќе се спаси доколку овие два споменати објекта ги нема во планот, а другото сè остане исто. Во меѓувреме и Град Скопје изработил физибилити студија, доставена од раководно лице во Градот, кое претходно беше началник за урбанизам во Општина Центар и го спроведуваше планот за „Скопје 2014“. Замислете, студијата предлага од сите улички кои водат кон плоштадот со рампи ќе се влегува во подземен паркинг, а во меѓувреме за подземниот паркинг под зградата на Телеком, како и во моментов, ќе се вози по „Кеј 13 ноември“. Предлог-планот прави измени, поповолни од претходните, но козметички, нежни, онаму каде не се задира во отстранување на објектите и спомениците. И тоа, ќе повторам, Општината не може да го направи сама, без поддршка од државата. Дали Општина Центар сака на мала врата да ни го протне и потврди проектот „Скопје 2014“ јас не знам. Бев една од четирите архитекти на јавната расправа и мојот впечаток е дека се обидува нешто да направи, но повеќе од ова не може. И да се префрлеше јавната расправа, како што е барано во септември, не гледам разлика, дека нешто драматично ќе се променеше. Дека Општината требаше да организира расправи и дискусии пред да објави јавна расправа, со архитектите и сите институции кои се дел од процесот, вклучувајќи го и судот, да, требаше. И дека Мал ринг треба да се изземе од останатите планови и третира посебно, треба. И треба да се дискутира онолку колку е потребно да се дојде до решение. Мал Ринг, а и останатите планови кои се од прв до последен спорни, не може и понатаму да бидат дел од јавна набавка и изработувани, ревидирани и одобрувани од истите луѓе кои ги создале, речиси непремостливите проблеми. Она што во моментов е важно да се знае е дали е државата спремна да го реши радикално проблемот со „Скопје 2014“? Ако не е, а изгледа дека не е, тогаш овој предлог-план „џабе кречи“. Изработка на нови планови може да прави само внимателно избран обемен тим од планери, архитекти и останати инжери со единствена задача, изработка на планови и рок за нивно завршување. Во меѓувреме мора да се разговара и да се отворат сите карти. Од лично искуство, како поранешен претседател на ААМ знам колку е тешко и невозможен е резултатот кога не се


разговара со институциите, кога на апели остануваат глуви, а повици за разговор се игнорираат. Единствено позитивно од овој план е што се поттикна дискусија, бидејќи досега се молчеше. Разговарањето можеби нема да придонесе за подобар план, сугестиите од стручната јавност нема да се земат во предвид, можеби е само парада на надлежните, можеби е задоцнето. Но, со неразговарање тоа никогаш нема да го дознаеме, ноншалантното игнорирање, „нема за што да разговараме“, сигурно не дава резултат. Има многу за што да се разговара, сите дофрлања од далечина и препукувања остануваат само на претпоставки, а коментарите се произволни, недоречени, паушални, необмислени. Распишување меѓународен конкурс е нешто што го прави цивилизираниот свет, но за да може да се спроведе потребно е да се добие цивилизирана подлога, имотно- правно расчистена, проектна програма која прецизно ќе каже што е она што сакаме да го добиеме во центарот на државата. Сè дотогаш сè е само парола. Искрено се надевам дека овој предлог-план ќе ја размати

малата бара со многу крокодили, досега мудро се молчеше и кукавички чекаше да помине време, веројатно со надеж дека „Скопје 2014“ ќе го подзаборавиме, во меѓувреме ќе се навикнеме и

секогаш ќе имаме поважни проблеми за решавање, за на крај да станеме рамнодушни, да ни биде сеедно и го прифатиме единственото понудено, да ни остане. n

ПОРТА


региони

Пуштена за сообраќај делницата Штип – Крупиште елницата Штип – Крупиште во должина од 14,3 километри е пуштена за сообраќај. Оваа делница е дел од експресниот пат Штип – Кочани, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта. Изведувачи на работите на делницата се АД „Гранит“ и АД „Бетон“. Изградбата на новиот експресен пат на делница Штип – Кочани со должина 28.5 километри со 2 х 3.5 метри возни ленти, 2 х 2.0 метри ленти за принудно застанување и 2 х 0.2 метри рабни ленти, вкупен профил на патот 11.40 метри е во тек. Овој експресен пат е финасиран од ЕБОР, а вредноста на договорот изнесува 20.24 милиони евра. Што се однесува до делницата која ја гради кинески Синохидро од Крупиште до Кочани работите треба да се завршат во 2021 година. Планираниот датум на завршување на работите на експресен пат на делница Штип – Кочани беше декември 2019 година.

Д

Се инсталираат фотоволтаични панели на времената депонија кај Ново Конско а времената депонија кај Ново Конско се инсталираат фотоволтаични панели кои ќе обезбедуваат електрична енергија за функционирање на овој новоизграден комунален капацитет. Со тоа, всушност, се обезбедени сите предуслови за профункционирање на времената депонија. Инсталирањето на фотоволтаичните панели следува по завршената тендерска постапка и потпишувањето на договорот со фирмата „Елмотерм“ од Гевгелија која имаше најповолна понуда. „Со изградбата на патот до времената депонија кај Ново Конско со средства од ИОМ, обезбеденото снабдување со електрична енергија од општински средства, времената депонија полека станува функционална. До крајот на јули се очекува од страна на Министерството за животна средина да биде распишан тендер за ревитализација на старата депонија кај Сува Река што е предуслов и за профункционирање на новоизградената депонија. Имено, профункционирањето на новата депонија ќе се одвива паралелно со ревитализацијата на старата депонија“, вели градоначалникот на

Н

8

ПОРТА

31 јули 2020

Општина Гевгелија, Сашо Поцков. Целосната ревитализација на старата депонија е зафат што значително ќе ја подобри еколошката слика за Гевгелија. За таа цел,


Почна рехабилитацијата на останатиот дел од патот Пониква – Кочани о рехабилитацијата на 11 километри од патот Пониква – Кочани, почната е втората фаза од обновувањето и на останатите 7,4 километри. За овој градежен зафат се наменети 41,6 милиони денари, средства од Јавното претпријатие за државни патишта. „Ги направивме сите напори и овој дел од патот да биде реконструиран, со што целосно решаваме едно од најзначајните инфраструктурни прашања за развој на туризмот – квалитетна сообраќајна поврзаност. Проектот опфаќа нов асфалт, поставување рабници, сливници за атмосферската вода, еластични огради. Овој патен правец значи многу за развојот на Кочани, Пониква и на целиот регион. Сакам да истакнам дека паралелно со ова, на Пониква веќе се реконструираат двата постоечки ски-лифта, инвестираме во нов планинарски дом и во изградба на две велосипедски патеки од Кочани до Пониква, што значи правиме сѐ да ги зголемите туристичките потенцијали на Пониква и да придонесеме за побрз развој на регионот“, вели Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. Лани беше поправен најоштетениот дел од патот Пониква – Кочани. Градежните работи се одвиваа на потегот од паркингот на Пониква кон градот, во должина од 10,4 километри. Непосредно потоа беше реконструирана и улицата Страшо Ербапче која води кон Пониква, во должина од 2,4 километри од крстосницата кон Пониква, на влезот во Кочани, до клучката кај селото Бели.

П

потпишан е договор меѓу Грчката амбасада со Швајцарската агенција за развој (SECO) за пренасочување на 400 илјади евра од неискористениот грчки грант за изградба на Прочистителната станица кај Гевгелија за санација на старата депонија. Според веќе изработениот проект, по профункционирањето на времената депонија кај Ново Конско, предвидена е изградба на уште еден заштитен ѕид на Сува Река кај старата депонија. Потоа, транспортирање на исцедокот од отпадот до времената депонија, третирање на комуналниот отпад и уредување на целиот простор на старата депонија во зелена површина. Со ревитализација на старата депонија ќе се обезбеди не само заштита на Сува Река и крајбрежјето од загадување, туку и облагородување на овој простор на устието од реката Вардар, а во непосредна близина на Гевгелија.

Се уредува дојранското крајбрежје кај Николич

о пари од Европската Унија се расчистува крајбрежјето на Дојранското Езеро. „Се работи на расчистување на крајбрежјето од плажата Фуктак па сè до Полициските кампови, место што беше обраснато со вегетација. Сега тоа е целосно расчистено, така што се отвори поголем простор за плажите, сè

С

во прилог на потребите на туристите“, вели градоначалникот на Дојран, Анго Ангов. Во близина на дојранското село Николич почна уредувањето на езерското крајбрежје каде ќе никне нов кампинг за туристи и ќе се подготви и уреди за користење „дивата плажа“, велат од локалната администрација во Дојран. 31 јули 2020

ПОРТА

9


градежништво

Браната Конско - акумулација

под инвеститорство на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изградбата на браната конско со придружните објеки е доверена на турскиот конзорциум „Serka taahhut insaat a.s./ ak-eli insaat ticaretTурција и Kolo weideke – норвешка, како подизведувач на асфалт-бетонската дијафрагма. договорената инвестициона вредност на браната конско со придружните објеки изнесува околу 40 милиони евра славчо МиХаЈловски, дипл. град. инж. игор Николоски, дипл. град. инж. (ГИМ-Скопје) раната Конско е најзначаен објект на планираниот Хидромелиоративен систем „Гевгелиско Поле“. Со изградба на браната, ќе се формира водна акумулација која ќе се користи првенствено за наводнување на планирани

Б

10

ПОРТА

31 јули 2020

6.900 хектари земјоделски површини. Првите размислувања за технички решенија на искористувањето на водите на реката Конска за наводнување на Гевгелиско Поле, датираат од седумдесеттите години. Во 1979 година, од страна на „Мелиопроект“ – Скопје, изработен е Главен проект за Брана „Конско“. Во 2011 и 2012 година, на основа постојни инженерско-геолошки подлоги и обновени

хидролошки и топографски подлоги, од страна на Градежен институт„Македонија“АД Скопје, извршено е новирање на целокупната проектна документација за браната. Изработен е нов идеен проект со кој е дефиниран оптимален тип на брана и оптимална диспозиција на придружните објекти. Согласно усвоениот Идеен проект изработен е Основен проект и Тендерска документација. Новираната техничка


еден од најзначајните оБјекти во „гевгелиско поле“

за развој на гевгелиски регион

документација е ревидирана од Градежен факултет, Скопје. Техничкото решение, што е предмет на потпишаниот Договор за градба, се состои од: камено-насипна брана со асфалтбетонска дијафрагма, возводен загат во состав на телото на браната, челен преливник, опточен тунел (кој во фаза на експлоатација ќе се користи како темелен испуст и доводен орган), зафатна кула на темелниот испуст -доводниот орган, сигурносна затворачница и излезна затворачница на темелен испуст -доводен орган. основни Услови на преградниот проФил Хидролошки услови; Основните хидролошки параметри за Конска Река на кои се темели проектот се: Површина на

сливот до профилот Конско –F = 56 km2 , Среден повеќегодишен проток -Q = 0,62 m3/s , 10 000-годишна голема вода (0,01 %) –Q = 340 m3/s, 100-годишна голема вода (1 %) –Q = 160 m3/s и 20-годишна голема вода (5 % ) -Q = 110 m3/s. Инженерско-геолошки услови; Може да се каже дека на обете страни на преградното место и акумулацијата, застапени се габроидни карпести маси кои се делумно или наполно препокриени со квартарните наслаги од делувијален падински материјал

од разни видови на глина и глиновити дробини како продукт на површинско распаѓање на основната карпеста маса. Целиот габроиден масив бил зафатен со интензивни повеќекратни и тектонски движења. Како резултат на овие движења, габрото е доста испукано, здробено, а на некои места и трошно. Во врска со испуканоста, констатирано е дека на преградното место интензивната испуканост до здробеност варира со длабина и до 50 м. Хидрогеолошки услови; За преградното 31 јули 2020

ПОРТА

11


Прва поголема вода низ обиколна галерија место и акумулацијата, согласно инженерско-геолошките карактеристики на теренот (намалување на испуканоста во функција од длабината, непостоење ломови од ранг на раседи и сл.) се смета дека нема опасност од бегање на акумулираната вода од акумулацијата во други сливни подрачја, или губиток и во сопственото сливно подрачје кое не може да се контролира. локални градежни материјали; Од пораноизвршените геомеханички истражувања на локален градежен материјал за насипна брана, констатирано е дека камен за изработка на потпорните тела на браната може да се добие од акумулациониот простор, во непосредна близина на преградното место, додека глинест и филтерски материјал (чакал и песок) нема во близина на профилот. Со дополнителните геотехнички истражувања на посочениот каменолом, спроведени пред градба на објектот (2017 година) и согласно добиените комплетни резултати, заклучено е дека карпестата маса габро е со добри

12

ПОРТА

карактеристики и може да се користи како за камен за насипување во делот на браната така и со претходно дробење, просејување и гранулирање и како агрегат за филтерските зони во браната, агрегат за спремање бетон и агрегат за спремање асфалт-бетон. Во близина на испитаниот каменолом, со дополнителните геотехнички истражувања, откриено е позајмиште на глиновит материјал со поволни карактеристики, кое послужи за изградба на глинениот екран на возводниот загат. Хронологија од досегаШната изградБа на оБјектот Под инвеститорство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, изградбата на браната Конско со придружните објекти е доверена на Турскиот конзорциум „SERKA TAAHHUT INSAAT A.S./ AK-ELI INSAAT TICARET - Tурција и KOLO WEIDEKE – Норвешка, како подизведувач на асфалт-бетонската дијафрагма. Договорената инвестициона вредност на

браната Конско со придружните објеки изнесува околу 40 милиони евра. За надзор на работите, инвеститорот го одбра Градежен институт „Македонија“ АД , Скопје. Поради доцнење на Одобрението за градба, почетокот на градбата на браната беше одолжен за повеќе од една година. На почетокот на 2017 година почнаа договорените работи на браната Конско со придружните објекти. Согласно динамичниот план на градба, се почна со изведба на подготвителните работи (пристапни патишта, девијација на регионален пат, градилишна населба, стопански двор и дополнителни геотехнички истражни работи). Изведувањето на дополнителните геотехнички истражувања, е дел од договорените активности на изведувачот. Со нив беа опфатени опточниот тунел, речното корито под телото на браната, преливниот објект, зафатниот објект, девијација на регионалниот пат и низводниот траен пристап со мост. Врз основа на резултатите од дополнителните геотехнички истражувања и реалните геодетски подлоги, од страна на изведувачот направени се изведбени проекти за секој објект, со соодветни промени и усогласувања на техничките решенија. девијација на регионалниот пат гевгелија – ски-центар кожуф; Паралелно со изведување на подготвителните работи, се изведоа дополнителните геотехнички истраги на локацијата на девијацијата, на чија основа се обнови Основниот проект и се направи времена девијација за несметано одвивање на сообраќајот на регионалниот пат и работа на градилиштето на брана Конско. Поради проблемите со документацијата од Урбанистичко-плански аспект, конечната изградба на девијацијата е во мирување. обиколна галерија; Изградена наместо планираниот опточен тунел. Оваа промена е направена по предлог на изведувачот, а врз основа на утврдени полоши инженерско-


геолошки услови од прогнозираните во решението со опточен тунел во Основниот проект. Оваа промена овозможи рационализација на првобитното решение, односно, 10 отсто помало чинење, полесна градба и пократко време на градење. Промената на решението е одобрена од проектантот на Основниот проект, надзорот и инвеститорот. Тоа е проследено и со соодветна промена на Одобрението за градба. По завршената градба на обиколната галерија, водите од Конска Река се насочија да течат во неа со што се создадоа услови за фундирање и градење на возводниот загат. возводен загат; Овој загат треба да овозможи задржување на водите од Конска Река, нивно насочување во Обиколната галерија и заштита на темелната јама на браната и контролно-инекционата галерија. Според местоположбата, загатот е вклопен во телото на браната, тој е предвиден како камено-насипна брана, со максимална висина од речното корито од 10 метри, со глинен возводен екран - како водозаптивно тело. Круната на загатот е предвидена со ширина од пет метри со наклони 1:3 на возводната страна и 1:1,5 на низводната страна. Изградбата на загатот се изврши на основа на Изведбен проект за загатот. По изградбата на загатот се создадоа комплетни услови за фундирање на контолноинекционата галерија и потпорните тела на браната. тело на браната; Предвидено да се прави од нафрлен камен, на соодветен начин експлоатиран од наоѓалиштето (каменоломот) на габро, лоцирано на ~500 m возводно од преградното место, на левиот брег на Конска Река. Наклоните на низводната и возводната косина се 1:1,8. Водонепропусноста на браната е Изработка на инекциона завеса

Изградба средишен дел на контролна галерија обезбедена со централна асфалт-бетонска дијафрагма со константна ширина од 60 сантиметри. Возводно и низводно до дијафрагмата се предвидени соодветни филтерски (преодни) зони, широки по 1,45 метри. На косините на телото на браната, со ширина 1,5 метри се предвидува заштита од крупен дробен камен. Вкупната градежна висина на браната изнесува околу 78 метри, вкупната кубатура околу 1.375.000 кубни метри и должината на круната околу 330 метри. По завршените дополнителни геотехнички истражувања, изработен е Изведбен проект на браната, во кој се внесени сите прилагодувања и усогласувања со контролно-инекционата галерија. Досега извршено е само фундирање на потпорните тела на браната и изработка на неколку слоја на насипот, до круната на контролната галерија во речното корито. Во моментот се

одвиваат припремните работи за почеток на градба на асфалт-бетонската дијафрагма и паралелно продолжување со насипување на потпорните тела на браната. контролно-инекциона галерија; Местоположбата на галеријата е предвидена во средишниот дел од телото на браната односно поместена низводно за 1,85 метри од оската на браната и асфалтната дијафрагма. Обликот и димензиите на галеријата се прилагодени за успешно вршење на својата функција, прифаќање на товарот и негово предавање на карпата како и примена на современа лизгачка оплата за нејзино изведување. Дебелината на ѕидовите на галеријата се менува во зависност од оптоварувањето, применети се три различни типа. Врз основа на реалната геодетска ситуација и резултатите од дополнителните геотехнички истражувања беше изработен Изведбен проект по кој почна изведувањето на објектот. Согласно стварната положба на здрава карпеста средина во речното корито, во Изведбениот проект, се овозможи контролната галерија во дното да се постави за околу четри метри повисоко. По свртување на реката, се изврши фундирање на галеријата во речното корито. Во боковите изградбата на галеријата се одвиваше паралелно на двете страни. Изградбата на контролната галерија е во завршна фаза, останата е изградба на пристапите од двете страни на профилот. инекциони работи; Основна цел на инекционите работи е да се обезбеди вододржливост во карпестите маси во темелот на браната, вододржливост на двата бока во длабини во кои тоа е економски прифатливо и компактност на придружните објекти со карпестата средина. Изведбениот проект за инекционите 31 јули 2020

ПОРТА

13


Изградба на брзоток од преливен објект работи на брана Конско и придружните објекти, по кој се вршат работите, е изработен главно врз основа на изработениот Изведбен проект за контролноинекционата галерија. Досега, за инекционата завеса, завршено е основното инектирање и контрола на инектирањето. Со анализа на резултатите од контролата на инектирањето, се заклучува дека во поедини делови на завесата, не се целосно задоволени проектните барања и затоа за нив ќе следува дополнително инектирање. челен преливник; Преливникот е сместен на левиот брег на реката со задача да изврши безбедна евакуација на поплавните води над нормалното ниво (546 mnv) во акумулацијата. Тој е составен од: влезен дел, преливен праг, преоден дел, одводен дел

(брзоток) и завршен дел ски-отскот. Капацитетот на преливникот изнесува 148 m3/s, што претставува ретензирана 10 илјадигодишна голема вода. Изградбата на овој објект се одвива согласно Изведбен проект, кој е направен со прилагодување на решението од Основниот проект со резултатите од дополнителните геотехнички истражувања и реалната геодетска подлога. Паралелно со останатите придружни објекти се гради и преливникот, истиот е во завршна фаза. Останува да се изгради пристапниот мост над преливниот канал, преливниот праг, влезните крилни ѕидови и предвиденото консолидационото инектирање. темелен испуст - зафатна градба; Според концептот на Основниот проект, по завршувањето на изградбата на браната,

Завршена прва фаза од изградба на телото на браната

ПОРТА

обиколната галерија се адаптира во темелен испуст и објект за зафаќање и спроведување на водата до корисниците (доводен орган). Карактеристично за овој објект е што е сменет начинот на зафаќање на водата, имено на локацијата на кула зафатот утврдени се полоши инженерско-геолошки услови од прогнозираните во решението, така што усвоен е предлогот на изведувачот за зафат во вид на коса пруга. Со ова одобрено решение задржани се проектантските услови за зафаќање топла површинска вода, кота на влезниот праг и капацитет (15 m3/s) на темелниот испуст, што го прави еднакво функционално како првобитното решение со кула зафат. Во целина гледано ова променето решение, покрај прилагодувањето на реалните геолошки услови, практично значи и рационализација на решението односно истото се очекува, во конечна реализација да биде поевтино за околу 25 отсто. Усвоеното ново решение ги содржи следните делови: зафатна градба - коса пруга со затворачница, приклучен дел на обиколна галерија со преден бетонски чеп, тунелски дел - претходна обиколна галерија, средишен бетонски чеп, челичен цевковод, сигурносна затворачница со потребна опрема, излезна затворачница со потребна опрема, слапиште и канал за поврзување со речното корито. Техничката документација за променетото решение е во завршна фаза и за истата, слично како за обиколната галерија, ќе се бара корекција во Одобрението за градба за овој објект. техничко набљудување на браната; Техничкото набљудување на браната Конско е проектирано со цел да се контролира однесувањето на браната во текот на градбата, при првото полнење на акумулацијата и во времето на експлоатација на објектот. Предвидено е да се набљудува: општото однесување на браната и придружните објекти, поместувањата и притисокот во контактот брана-фундамент, филтрационите појави, сеизмички појави итн. Деталите околу изборот и распоредот на уредите за планираното техничко набљудување на браната, придружните објекти, боковите и акумулацијата се дадени во Изведбениот проект, според кој и ќе се изведуваат работите. Набавката и монтажата на овие специфични уреди ќе се врши од познати светски фирми и тоа: SISGEO-Италија преку LANS-Белград, GTC Kappelmeyier-Германија и KINEMETRICS-Швајцарија. Во изборот и монтажата на сеизмичките оскултациони уреди има договорно учество и ИЗИИССкопје.


околу 60 отсто од изградбата е завршена Изградбата на браната е почната пред две години и досега согласно договорот со изведувачот, околу 60 отсто од изградбата е завршена. Се очекува до крајот на оваа година да заврши целосната изградба на браната. Овој капитален проект е финансиран од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство од Програмата за рурален развој и од буџетот за таа намена се издвоени 40 милиони евра. Браната „Конско“ е од исклучително значење за наводнувањето на земјоделските површини од овој регион, но оваа брана истовремено има мултифункционална намена. Со изградбата на браната, ќе се обезбеди редовно снабдување со квалитетна вода за пиење, за наводнување на земјоделските површини, за производство на електрична енергија, но ќе значи и обезбедена вода за дотур за спас на Дојранското Езеро. Браната „Конско“ ќе обезбеди вода за наводнување на нови осум илјади хектари земјоделски површини, со што наводнуваните земјоделски површини ги зголемуваме за пет пати. Дополнително, вештачкото езеро на браната „Конско“ кое

се наоѓа веднаш под излетничко-рекреативниот локалитет Смрдлива Вода на Кожув, на само 20-тина километри оддалеченост од градот, претставува нова содржина во локалната туристичка понуда на Гевгелија. Глобално, ова ќе значи зголемување на економскиот раст, животниот стандард на населението, унапредување на здравјето и квалитетот на живот на граѓаните од целиот овој крај и развој на Општина Гевгелија на повеќе нивоа. Водостопанството како стопанска гранка е една од клучните области, низ чиј развој се реализираат сите стратешки планови за напредок. Браните со акумулации обезбедуваат повеќенаменско искористување на водите, придонесуваат за енергетска стабилност и безбедност на храната на национално и регионално ниво и токму затоа претставуваат едни од најзначајните приоритетни инвестиции на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство наменети за развој на земјоделството.

Изведувачи и Надзори Билансни податоци од досегаШната изградБа и можно Финализирање на оБјектот Согласно физичкиот обем на извршени работи, финансиската реализација е околу 50 отсто од договорената вкупна цена со изведувачот, што е во рамките на предвидените и договорени чинења. Досега посебни поголеми изненадувања за зголемување на чинењето на одредени делови од објектот не се појавени. Со усвоените рационализации на обиколната галерија и темелниот испуст - зафатен објект, се очекува, финално објектот да се заврши во рамките на очекуваната договорена цена. Временски гледано, објектот се гради со зголемено време на реализација, предизвикано во најголема мера од усложнетата законска регулатива за добивање одобрение за градба, одобрение за промени во текот на градбата како и од тромоста на државната администрацијата за вршење на своите обврски во процесот пред и за време на градба на овој инвестиционен проект. n ПОРТА


градежни материјали

Thermowood нов производ за внатрешно и надворешно уредување термичкото дрво е лесно за одржување, не се надува, не пука и природно е заштитено од микроорганизми, одбива вода и е лесно за чистење

ногу луѓе мислат дека дрвото е толку стар материјал што нема ништо ново да се каже за него. Оние што нешто слушнале за термичкото дрво, знаат дека тоа не е така. Во последниве години, се измислени и имплементирани нови технологии за обработка на дрво, а на пазарот се појави и нов материјал - термодрво. Во што е разликата и зошто е толку исклучително, се некои од прашањата на кои ќе се обидеме да одговориме. Создавањето нови материјали стана дел од современата реалност и се чини дека веќе никој не се изненадува. Научниците развиваат и синтетизираат десетици од нив на ден. Во многу случаи, тие стануваат алтернатива на конвенционалните и ги заменуваат во пракса. Вниманието на многу производители е насочено кон подобрување на класичните материјали преку нови технологии, а резултатот е напредни карактеристики и соодветно на тоа нови апликации. Истото важи и за обработката на

М

16

ПОРТА

31 јули 2020

дрвото кое е широко користено во градежништвото како и во завршните работи во градежништвото. нови квалитети на природниот производ Релативно неодамнешната патентирана технологија доведе до создавање нов материјал - топлинско дрво, комбинирајќи ги придобивките

на класичен природен производ со нови квалитети. Производството на топлинско дрво поминува низ три главни чекори. Во текот на првиот, суровината се загрева без сушење. За време на процесот на греење, пареата се доставува во комората, со што се зголемуваат температурата и влажноста. Втора фаза е сушење на дрвото и отстранување на влагата од материјалот.


термомодиФицирано дрво со Широка УпотреБа во градежниШтвото и индУстријата Конечно, во третата фаза се менуваат хемиските и физичките својства на дрвото со топење на полисахаридите и карамелизација на дрвото со што се создаваат специфични технички и естетски квалитети. Како резултат на целиот процес, од комората излегува еден нов материјал - термодрво. Кои се новите квалитети? Не е порозно како обичното дрво, но е густо. Ова во голема мера ја намалува неговата способност да апсорбира влага од воздухот. Неговиот капацитет на апсорпција се намалува од 30 на 90 отсто, во зависност од температурата и времетраењето на сушењето. Ова значи дека дрвото може да ја одврати водата без потреба од дополнителна импрегнација со специјални хемиски средства. Термичкото дрво се покрива со патина и кога влагата ќе се појави на неговата површина, овој заштитен слој делува како масен слој на пердувите на водени птици. Тоа е причината зошто овој материјал е погоден и за примена на отворено, вклучително и на места со влажни клими, и во близина на природни и вештачки базени со вода (пристаништа, понтони, базени). Јаглените хидрати кои ги содржи дрвото при термичка обработка се трансформираат и карамелизираат, и со тоа се уништуваат микроорганизмите кои доведуваат до распаѓање на дрвото. Со биохемиските промени производот добива еколошка заштита од влијание на бактерии без употреба на хемикалии. Секој вид дрво по термичка обработка се приближува на отпорност на гниење на дрво од ариш кое не скапува со векови. Новата технологија за обработка на дрво исто така ја зголемува издржливоста на дрвото и го намалува ризикот од пукнатини. Во исто време, својствата на дрвото што се резултат на термичката обработка остануваат непроменети. Ова се должи на максимално сушење и намалена апсорпција, што резултира во рамнотежа на влажноста. Со различни технологии за третман на топлина, дрвото поминува низ различни режими на температура. Ова исто така води до разлики во некои од крајните параметри на нивните карактеристики. На пример, колку е поголема температурата во процесот, толку е помала топлинската спроводливост на материјалот, нејзините геометриски димензии се постабилни и неговата релативна влажност е помала. Како што

температурата се зголемува, масата на дрвото се намалува и нејзината боја станува поинтензивна. Обично густината се намалува за 5 до 10 отсто. Тука треба да објасниме и нешто друго. Во принцип, јачината на дрвото е строго поврзана со нејзината густина. Ова значи дека термичката обработка намалува некои карактеристики на јачината. Сепак, искуството покажа дека ако температурата на третманот е

под 200 °C, тоа не влијае на јачината. Намалување на јачината се забележува само на повисоки температури. отпорно на надвореШни влијанија Во однос на декоративните квалитети, треба да се спомене дека за време на термичката обработка дрвото ја менува бојата, стекнувајќи убава темникава нијанса. Покрај

ПОРТА


тоа, промената на бојата не е површна - го покрива материјалот низ целата длабочина, што е јасно видливо во пресекот на дрвото. Со промена на температурата во процесот на обработка се добиваат различни нијанси. Потемните бои обично осветлуваат со тек на годините. Без оглед на нијансата, површината

ПОРТА

на дрвото има секогаш свеж изглед. Поради своите добри квалитети, термичкото дрво е лесно за одржување. Не се надува и не пука и природно е заштитено од микроорганизми, одбива вода и е лесно за чистење. Главна предност е тоа што е еколошки и целосно безопасен производ, непогодна

подлога за развој на бактерии и вируси. За разлика од конвенционалното дрво за кое е потребна импрегнација со антисептички хемикалии, термодрвото не се третира со хемиски средства, но е доволно отпорно на надворешни влијанија. Во последниве години, нагло се зголемува употребата на термичко дрво во Европа како резултат на некои законски ограничувања за употреба на хемиски обработено дрво во Европската Унија, кои стапија на сила во 2004 година. Термичкото дрво е добра алтернатива и на тиковото дрво, кое е исклучително квалитетно, но многу скапо. Каде може да се користи термички обработеното дрво? Поради прекрасниот изглед и техничките карактеристики, се препорачува за надворешна употреба (за обложување фасади и тераси, изградба на дрвени куќи, огради, перголи, врати, прозорски профили, базени, мебел за градина, чамци итн.) и внатрешна употреба (тавани, ѕидни и подни облоги, мебел, украсни елементи, плотни за кујни, комплетно уредување бањи (умивалници, кади, ѕидни и подни облоги наместо плочки). Со други зборови, овој материјал може да се користи насекаде каде што сакаме да постигнеме добра издржливост во комбинација со естетски изглед. Како што веќе споменавме, термичкото дрво се однесува многу добро без да ги менува неговите квалитети и при употреба на отворено на места со влажна и променлива клима и внатрешно вклучително и во простори агресивни за обично дрво, како што се сауни и бањи, каде амплитудите во температурата и влажноста се големи. Благодарение на овој нов метод на преработка, буковото дрво, кое се сметаше за најмногу склоно кон апсорпција на влага и деформација и не беше најпосакувано за патеки, веќе се здоби со пристојно место во оваа област. По термичката обработка, има доволно намалена апсорпција и гарантирано стабилизирање, и може да се користи и на места каде што не се препорачува хемиски обработено буково дрво. Благодарение на новата технологија, на пазарот веќе се достапни висококвалитетни дрвени куќи, кои имаат многу предности во однос на познатите куќи од минатото. Дрвената термичка структура ги исполнува барањата за заштеда на енергија. Овие куќи ги минимизираат трошоците за суровини и енергија. Нема опасност од запалување и при пожар горењето е забавено и испушта мала количина на отровни гасови. Објектот се гради многу брзо, за неколку дена, а изградбата се карактеризира со добра стабилност - не се забележани деформации што се карактеристични за обичното дрво. n


ПОРТА


интервју

Најголемиот светски производител на глинени градежни материјали со добриот квалитет и сигурноста што ја нудиме на нашите купувачи ние сме една од 100-те најуспешни компании во нашата држава, односно сме на 63-тото место по успешност во работењето

поРта 3 то претставува винербергер во градежната индустрија и кои брендови ги вклучува производственото портфолио на винербергер во македонија? n Винербергер е водечки производител на глинени градежни материјали во нашата земја. Освен ќерамидите кои ги произведуваме во нашата фабрика во Виница под најпознатиот бренд Tondach, ние во нашата понуда нудиме и ќерамиди од нашите фабрики од Хрватска, Унгарија и Србија, секако под брендот на Tondach. Освен тоа ги имаме и најдобрите тули кои се нудат во нашата земја под брендот Porotherm, што претставува синоним за квалитетна тула. Во нашето портфолио имаме термоизолациски тули од нашите фабрики во Хрватска и Бугарија. Можам слободно да кажам дека сме единствените на македонскиот пазар кои

Ш

20

ПОРТА

31 јули 2020

нудиме брусена тула, која се употребува со ПУ-лепило наместо класичниот метод со малтер, што овозможува минимизација на термичките мостови и подобра звучна изолација на објектите. претходната година одбележавте 200годишно постоење на пазарот. раскажете ни повеќе за историјата на винербергер и за присутноста на македонскиот пазар? n Винербергер е најголемиот светски производител на глинени градежни материјали. Постоењето од 201 година, самото по себе кажува дека имаме сплет од искуство и традиција во производството на природни градежни материјали. За нас е огромна чест како производител на ќерамиди од нашата земја да сме дел од групација како Винербергер. Нашата фабрика во Македонија започнува со работа во далечната 1947 година како ИГМ Пролетер за да во 2001 година следува преземање од австриската групација Тондах Глајнштетен. Во 2004 година се врши целосна модернизација на производството и веќе од

2004 па сè до ден денес сме најприфатениот бренд за ќерамиди во нашата земја. Од 2015 година ние сме дел од австриската групација Винербергер, рамо до рамо со останатите 250 фабрики во цела Европа. покривот не е само ќерамиди, што всушност претставува вашата понуда на системско решение за покрив? n Многумина мислат дека покривот на една куќа се само ќерамидите, но долгогодишното искуство во оваа индустрија покажа дека покривот треба да ни биде 5тата и најважна фасада на нашата куќа. Според тоа ние разработивме целосни системски решенија за покрив од керамички и некерамички додатоци кои имаат за цел да обезбедат сигурност и долготрајност на покривот. Правилното поставување на елементите за покрив овозможува оптимален проток на воздух и дишење на покривот, дифузија на водата и на водената пареа од просторот во околината како и температурна постојаност. За покрив изведен спрема техничко упатство


владимир златковски – директор на комерција и маркетинг на винерБергер македонија нудиме 33 години гаранција. во овие предизвици со ковид-19 со кои се соочуваме, дали македонскиот потрошувач умее да го цени и вреднува македонскиот производ на пазарот? n Мислам дека во Македонија се цени домашниот производ. Ние како Винербергер Македонија освен што нудиме производи нудиме и широк спектар на бесплатни услуги за нашите директни и индиректни купувачи како што се: калкулација на количина на материјал за покрив, техничка поддршка, контрола на изведба, обуки на мајстори, семинари за архитекти и др. Сметам дека ова се цени од македонските потрошувачи бидејќи тие знаат дека ние секогаш им го нудиме најдоброто и тука сме во следните 33 години да им гарантираме дека ќе имаат сигурен покрив на нивната куќа. на градежната индустрија секојдневно ѝ се наметнуваат новите трендови, во однос на енергетски ефикасното градење како и еколошки прифатливото производство. какви се вашите практики? n Како одговорна компанија и лидер во производството на овој вид на материјали ние секогаш се трудиме да ги следиме најновите трендови, но и како лидери создаваме и сопствени трендови кои се следат од другите компании. Нашата цел е секогаш ефикасно градење како и еколошко производство за што и самите имаме

интегрирана дозвола од Министерството за екологија на нашата земја. како компанија која поставува стандарди, во време на ковид-19 неодамна успеавте да организирате вебинар на тема „проектирање на nZEB-објекти“ кој покрена голем интерес кај архитектите. како сте задоволни од одзивот и дали планирате да продолжите со реализација на вебинари со привлечни теми за архитектите и во иднина?

n Како и сите останати, ситуацијата со Ковид-19 и препораките од нашата влада и ние се пренасочуваме во организација на вебинари наместо симпозиуми за архитекти. Вебинарот кој го одржавме минатата недела, уште повеќе нè мотивираше да продолжиме со нашата работа бидејќи огромен број на учесници покажаа мотивација дека секогаш се расположени да дознаат нешто ново. Темата енергетска ефикасност е секогаш интересна особено во делот на проектирање и мерење

31 јули 2020

ПОРТА

21


на резултатите по изведбата. Нашиот добар пријател проф. д-р Бојан Миловановиќ од Градежниот факултет во Загреб, тоа умешно го направи и ја испровоцира публиката да поставува многу прашања како и да даде предлог-теми за што би можеле да зборуваме на нашите идни вебинари. Секако подготвуваме интересни теми и се надеваме дека во иднина ќе имаме уште поголем одзив од архитектите кои сакаат да научат нешто нови и интересно со претставување на трендовите од другите земји кај нас. иднината ги носи и новите предизвици за градење со рамен покрив, големоформатни ќерамиди како и изведба на проекти со помал наклон на покрив. каков е вашиот одговор на овие современи барања? n Благодарение на нашата групација, ние сме секогаш спремни да одговориме на трендовите во кои се движи нашиот градежен сектор. Во последно време сè поголемо е барањето на различни бои на покривот, а секако и црната ќерамида сè повеќе е барана во нашата земја. Во нашето портфолио освен широкиот спектар на бои (енгоби) и глазури, нудиме и ќерамиди кои може да бидат поставени на наклон од 10 степени што е директен одговор за покривите со мал наклон. Исто така имаме ќерамиди од 9,3 парчиња на м2 до 12,3 парчиња на м2 што значи дека имаме производ за секого и за сечиј џеб. со оглед дека работите под еден од најпознатите брендови на светскиот пазар, како може винербергер македонија да се претстави низ бројки? Што е главната причина за големината на компанијата и постигнатите резултати? n Винербергер Македонија е компанија која освен на домашниот пазар извезува и

ПОРТА

во: Бугарија, Косово и Албанија. Благодарение на добриот квалитет и сигурноста што ја нудиме на нашите купувачи ние сме една од 100-те најуспешни компании во нашата држава односно сме на 63-тото место по успешност во работењето. Посветеноста во нашето работење, вложениот труд од страна на нашите работници во производство на најдобрите ќерамиди на нашиот пазар, довербата од страна на нашите партнери и секако довербата на нашите крајни купувачи е единствениот пат за постигнување на резултатите кои ги имаме во моментов. за крај, кажете ни каква иднина му предвидувате на градежништвото и кои се вашите идни планови?

n За жал ситуацијата во која нè доведе пандемијата од Ковид-19, градежништвото во нашата земја во 2020 бележи сериозен пад од најмалку 30 % и доцнење на стартот на градбите кое по принцип се прави во 3-ти и 4-ти месец од годината. Очекувам во 2021 година да имаме стабилизација во градежниот сектор и секако очекувам сериозно подобрување во изборот на соодветните материјали за градба односно тренд за поквалитетни градежни материјали. Што се однесува до нашето производство, очекувам да има дополнителна модернизација на производството како и зголемување на производственото портфолио со нови производи кои се барани на пазарот. n


ПОРТА


aрхитектура

Нови наративи за градот Скопје основниот принцип на решавање на објектот е формирање џебни отвори долж максималниот волумен, во правец југозапад-североисток, со цел непречено струење на воздушните струи од планината водно Елена аНДоНова, м-р инж. арх. Натали МицЕвска, м-р инж. арх.

В

24

ПОРТА

о декември 2019 Агенцијатa за стопанисување на станбен и деловен простор распиша конкурс за изработка на конкурсна документација за

31 јули 2020

Идеен проект за објект со намена А2домување во станбени згради, П + 6 + Пк на ГП.04.17, Градска четврт И 04, Даре Џамбаз, Општина Центар, Скопје. Во јуни 2020 распишан е и тендер за негова реализација. Првонаградениот проект е решение на Елена Андонова, м-р инж. арх. и Натали

Мицевска, м-р инж. арх. млади архитекти, магистрирани на Архитектонски факултет при УКИМ во јуни 2019. (консултант Предраг Андонов, дипл. инж. арх.) За нас овој конкурс е еден од низата локални и меѓународни учества на изложби, работилници и конкурси, но е од посебно значење бидејќи игра директна улога во формирањето на нови урбани пејзажи во Скопје. Како архитекти кои во моментот на распишување на конкурсот титулата магистер инженер архитект ја поседувавме помалку од една година, бевме предводени од поривот за докажување и покажување на професионално ниво, и ја поздравуваме одлуката за анонимен конкурс за решавање плански опфат, бидејќи можеби сè уште наивно веруваме во институцијата конкурс како објективен филтер за проценка на еден проект. За нас, графичкиот израз игра голем удел во квалитетот на архитектонскиот проект и цртеж, а специфичноста на истиот е препознатлив белег за нашето авторство. Основниот принцип на решавање на објектот е формирање џебни отвори долж максималниот волумен, во правец југозапад-североисток, со цел непречено струење на воздушните струи од планината


првонаграден проект на конкУрс за домУвање во станБени згради

Водно. Со овие продори се избегнува формирањето на условно кажано „ѕид“, кој би го задушил јадрото на градот Скопје. Се добиваат шест волумени кои се моделираат според зададените параметри на проектната програма, а се физички и визуелно поврзани со балкони на катовите. Проектниот концепт создава објект кој влегува во зададените урбанистички параметри и јасно ги одредува содржините односно намените на секое ниво. Според изводот од план, проектниот опфат е со основна класа на намена А2 - домување во станбени згради и компатибилни класи на намени. Максимално дозволен процент на учество на збирот на компатибилните класи на намена во однос на основната класа на намена е 40 %. Градежната парцела се наоѓа помеѓу две улици: сервисна улица 3, дел од улица „11 Октомври“ и булевар „Македонија“. Колскиот пристап е предвиден да биде од сервисна улица 3. На југозападната фасада е поставен систем на засенчување заради директната изложеност на сонце. На приземјето е сконцентрирана намена Б1 со директен пристап, и тоа: продавница за електротехника, cowork простор, детски престој, козметички салон, минимаркет, аптека и кафуле, со вкупна површина од 338 м2. Продорите формираат пет пасажни премини. Исто така се лоцирани и осум сервисни јадра од кои две се за подземните нивоа за паркирање, а шест се за станбените единици. Обезбедени се еднособни/едноиполсобни станови, двоиполсобни станови, трособни станови и поголеми станови, со вкупна површина ПОРТА


од 6.476 м2. При решавањето на станбените единици водено е сметка за рационална искористеност, без нарушување на основните принципи за начинот на користење и хуманизација на просторот. На шестиот кат предвиден е зелен прооден кров од екстензивен тип кој е достапен за сите жители и корисници на објектот. Конструктивното решение е систем кој потполно одговара за сеизмичките подрачја третирани во современи услови по најнови технички методи. Основниот конструктивен систем е мешовит, го сочинуваат носечки а.б. столбови со а.б. греди и а.б. платна. Со цел оптимална енергетска ефикасност избрана е контактна фасада со термоизолационен незапалив материјал и завршна обработка абрихт. Системот за засенчување е од леснопенасти бетонски префабрикувани елементи анкерисувани за а.б. елементите на објектот. Ентузијазмот, и токму таа студентска наивност ни помогна пречките, како ПОРТА


краткиот временски рок за изработка (тема на која и претходно е говорено во македонските архтектонски кругови), и обемната проектна програма да ги гледаме како предизвик. Станбеното прашање е скокотлива тема за Скопје, и ако се има предвид моменталната ситуација во архитектурата и урбанизмот во рамките на нашата држава каде општото добро е второстепено, а желбите на инвеститорот за квадрат повеќе се императив, за голема почит и поздрав е одлуката на Агенција за стопанисување на станбен и деловен простор да избере решение кое на прво место ја става благосостојбата и квалитетот на живот на крајниот корисник на просторот наспроти максималното искористување на можностите на парцелата зададени од ДУП-от. Ние, како млади архитекти, се надеваме дека ќе продолжиме да играме активни улоги во архитектонските наративи за нашиот град Скопје. n

ПОРТА


урбанизам

дУп 57а за локацијата на поранеШниот гигант „Шик јелак“

Шнајдерски урбанизам во Тетово како тоа, сѐ е регуларно, и просечен истражен и судски орган не може да најде, потврди и докаже криминал во просечен македонски новокомпониран дУп, додека истиот тој дУп, заедно со десетици други го уништил градското ткиво?

Бошко виДоЕски, дипл. инж. арх. зминатиов период стручната, но и пошироката јавност во Тетово беше заинтересирана за една седница на Советот на Општината која се одржа во услови на светска пандемија, но со точка на дневен ред која не беше неопходна да се одржи во едни такви услови. Станува збор за донесување два детални урбанистички планови за одвоени плански опфати. Посебно спорен беше еден од нив, ДУП за дел од урбан блок 57, именуван за потребите на планската документација како ДУП 57а, односно урбаниот модул од градскиот блок кој гравитира кон булеварот „Видое Смилевски – Бато“ (т.н. „Индустриска“), и тоа на потегот од раскрсницата со булеварот

И 28

ПОРТА

31 јули 2020

„Маршал Тито“ и улицата „29 Ноември“. Овој опфат во најголема мера е зафатен од индустриските капацитети на поранешниот гигант „Шик Јелак“, а опфаќа и други помали парцели југозападно од нив. Планери потписници на спорниот ДУП кој е изработен од проектантското биро „Урбан План“ од Тетово, се дипл. инж. арх. Мирослав Илиевски (кој воедно е и управител на бирото) и дипл. инж. арх. Рада Илиевска. Ова биро и во минатото беше изработувач на други планови кои знаеја да предизвикаат интерес во јавноста, особено поупатената. дУп за УрБан Блок 57а И на самиот почеток веднаш би сакал да потенцирам една работа која мора да е јасна кога се дискутира или анализира


урбанизмот како мултидисциплинарна наука. А тоа е: сето она што е законски легално, не мора да значи дека е и суштествено легитимно. Или, вие можете да имате широко елаборирана планска документација, навидум квалитетна, која притоа може ги запазува законските минимуми при планирањето; документација која често се повикува и е изработена врз основ на некаква си важечка каква-таква подлога, аминувана од народот (!) преку неговите претставници (советниците во Советот); со запазени ред постапки како јавни анкети, набавки, презентации итн., но тоа не мора да значи дека понудениот план за одреден опфат ќе донесе развој или ќе биде од јавен интерес на/за сегментот од градот во кој се наоѓа, или на целиот град воопшто. Од приложеното се стекнува впечаток дека новопредложениот ДУП, за урбан блок

57а, по ништо не се разликува во лајтмотивот од другите ДУП-ови насекаде низ градот и државата - добивање на што е можно повеќе бруто-развиени градежни квадратни метри, преточени во огромна бројка на станбени единици (и по некоја комерцијално-деловна, секако), кои би требало да генерираат профит како за инвеститорот, така и за сите вклучени и засегнати страни во постапката. Целата постапка кокетира на работ на законски пропишаните правила и нормативи, и генерално можеме да ја сметаме за легална. Дискутабилните т.н. „сиви“ зони и недоречености во законите и законските акти, како и скоро секогаш, се вешто манипулирани од градежната мафија која знае како да ги користи и ползува за своја корист. практично не постои урбанистичко планирање во вистинска смисла на зборот,

туку механичко исцртување на нови и нови површини за градба, преку кои се стекнува правото тие да послужат како еден вид на инкубатор за генерирање профит. И за приказната да биде во целост „согласно законите“, овој ДУП се повикува на Измена и дополнување на последниот Генерален урбанистички план за Тетово, изработена исто така од „Урбан План“, донесена од страна на Советот на Oпштината во февруари 2017. Со оваа Измена се менува намената на цели 4ha од блок 57, и од зона за индустрија определена во ГУП-от од 2003, сега се трансформира во зона на домување и се дозволува во рамките на овие 4ha да се предвидат станбени згради (со вклучени компатибилни намени до 40 %). Дополнително, други 2,6 ha од зоната за индустрија се трансформираат во зона со класа на намена Б2 – големи трговски единици. Потребата за да се направат вакви

ПОРТА

29


трансформации во класите, на големи површини од блокот, не се образложени и поткрепени со посебна и исцрпна студија. тоа што е уште поважно, е дека генералниот урбанистички план за тетово во суштина е одамна истечен и нерелевантен, иако за жал, законската регулатива вели дека и таквите истечени планови се важечки сѐ до донесување на нови. имено, овој гУп е донесен во 2003, направен е врз пописни податоци од 2002; како што старее губи на релевантност, но се обидува да биде рехабилитиран со донесување измени и дополнувања за поедини опфати по истекот на тие 10 години важност колку што треба да важи еден гУп. Но, нели, сѐ што не е законски забрането во Македонија, во принцип е дозволено (дури и да е суштински нелегитимно и погрешно), а особено кога треба да се

30

ПОРТА

31 јули 2020

искористи за нечиј профит. Така е и со стареењето на генералните урбанистички планови, кои се важечки до донесување нови. Со тоа, изречно не се забранува да се изработуваат измени и дополнувања за поедини опфати од нив, ниту е изречно забрането ваквите ГУП-ови да служат како подлога за сомнителни ДУП-ови. небулоза е да носите измени и дополнувања на веќе неколку години истечен легислативен акт. ваквата магловита легалност, нималку не може да биде легитимна. Ваквото манипулирање со законската регулатива не носи можности и перспективи за иден развој на градот, ниту пак го штити јавниот интерес. дополнително, вертикалниот принцип на субординација со кој плановите од пониско ниво мора да бидат усогласени и територијално да „се содржат“ во плановите од повисоко ниво, е прекршен во три случаи во спорниот дУп

за блок 57а. На споредбата на фотографиите е видливо ова кршење на и онака дискутабилната Измена од 2017 на ГУП-от од 2003. Трите спорни парцели се наоѓаат некаде на средината во урбаниот блок, а територијалното прекршување на Измената од 2017 е видлива без посебно графичко потенцирање. Од оваа споредба, може да се забележи дека на парцелите со броеви 12, 13 и 16 е предвидено да се изградат три станбени згради без компатибилни намени, и тоа осумкатници со вкупна етажна развиена површина од 21 141 m2, иако овие парцели со Измената на ГУП-от од 2017 припаѓаат на зона за големи трговски единици, а не за станбени згради. Во наредниот прилог е табелата со нумерички податоци од синтезниот план за дел од блок 57 (57а) од која може да се увидат неколку работи. Забележуваме дека со планот се предвидува приближно 120 000 m2 да станат станбени згради со компатибилни намени до 40 %, и 20 000 m2 станбени згради без компатибилни намени (или поточно 21 141 m2 - односно истите оние осумкатници со кои територијално се крши Измената на ГУПот од 2017). или вкупно, сигурно барем околу 100 000 m2 бруто-градежна површина (не сметајќи ги компатибилните намени, комуникациите и заедничките простории во зградите) ќе станат станови, ако не и повеќе. оптимистички гледано, тоа се барем 1.100 станбени единици. Ваквата проста математика повлекува сериозни прашања. тетово - силУвање на градското ткиво Дали воопшто постои проектна програма и ако постои врз основа на каква анализа дозволува олкав број на нови станбени единици само во еден плански опфат? Дали Тетово реално има потреба од олкав број на нови станови само во овој опфат? Зошто ваквите дилеми не се одговорени во текстуалното образложение на ДУП-от? Или, ако одиме пошироко, колку нови станови се предвидуваат насекаде низ градот? Дали некој има направено студија и анализа, колку од постоечкиот станбен фонд во Тетово е на продажба? Колку од становите


градени последните две децении сѐ уште немаат најдено сопственик, сѐ уште се водат на име на инвеститорот и се невселени? Колку од новопредвидените станови реално ќе се продадат? Какви се миграционите движења? Со каква стапка расте бројот на жители во Тетово, и дали расте воопшто? Дали Тетово расте со таква брзина со која некој може да го оправда ваквото силување на градското ткиво? пописни податоци нема, релевантен гУп исто така, а некој се дрзнал во град со едвај 65.000 жители и илјадници (привремено?) отселени, во рамките на само еден плански опфат да истурка постапка со која се предвидуваат 1.100 нови станови, или преведено во жители – околу 4000 нови? дали тетово и полошката котлина имаат капацитет истите да ги населат? ако да, што ќе значи тој нов број на жители за градот, за неговата инфраструктура? Што ќе значи за постојните сообраќајници кои гравитираат во тој дел од градот, за постоечката водоводна мрежа, за постоечката канализациона мрежа, за капацитетот на одлагање на отпадот, за аерацијата на воздухот, за капацитетот на постоечките основни училишта, за капацитетот на градинките? Каков живот ќе имаат новите жители? Дали ќе имаат обезбедено место за децата во и онака полните градинки? Дали ќе можат да уживаат во парковско зеленило, дали ќе имаат терени за рекреација? Каква интимност ќе понудат некои од сомнителните (а сепак законски) дистанци меѓу зградите? Можеби ќе се мачат со слаб притисок на водата од водоводните

цевки од и онака слабиот тетовски водовод? Постојат безброј дилеми. А да не ги заборавиме и тие 80 000 m2 видливи од приложената табела кои се предвидени за голема трговска единица. Таквиот трговски центар дополнително ќе го отежне нормалното функционирање во овој дел од градот. Земајќи ги предвид овие најважни отворени прашања, веќе беспредметно е да се влегува во конкретна темелна анализа на спорниот ДУП за параметри од типот на бројот на паркинг-места, површината на зеленило по глава на жител, евентуалното блокирање на карактеристичните ветрови, фреквенцијата на возила според претпоставени параметри, изложеноста на бучавата на становите на булеварот „Индустриска“, процентот на лошо осветлени станови итн. Дополнително, силно присутен е и впечатокот дека во Македонија речиси секогаш се планира согласно минималните параметри за секој еден планерски аспект, иако силно се препорачува да се земаат оптимумите, имајќи предвид дека градот е жива материја, и со планирање според оптимуми, а не според минимуми, планерот овозможува своевидна „резерва“ за иднината доколку развојот на планираниот сегмент од градот отиде во поинаков правец од првично предвидениот. зоШто ако сѐ е согласно законите градовите ни назадУваат? И, на крајот на краиштата, остануваат и неколку други, општи, пошироки дилеми:

како тоа, сѐ е по закон, сѐ е легално во поглед на урбанизмот, а градовите ни тонат во урбанистичка смисла? зошто ако сѐ е согласно законите и процедурите, градовите ни назадуваат, квалитетот на животот е сведен на „паланечко“ ниво во кое нема ни култура, ни уметност, ни рекреација, ни здрава животна средина, ни нормална инфраструктура? како тоа, сѐ е регуларно, и просечен истражен и судски орган не може да најде, потврди и докаже криминал во просечен македонски новокомпониран дУп, додека истиот тој дУп, заедно со десетици други го уништил градското ткиво, ги осакатил можностите за иден развој, и не го заштитил јавниот интерес? до кога со тоа? Значи ние или си имаме работа со холивудски криминалци, шема од перфектни и перфидни алки во синџирот на градежната мафија, алки од најразличен профил: од градоначалници, инвеститори, урбанисти, проектантски и планерски бироа, советници, ревиденти, референти, службеници итн., штом и покрај сѐ, „по закон“ е постапувањето во урбанизмот, а градовите ни назадуваат. Или е тоа или законската регулатива која се однесува директно или индиректно на прашањата врзани за градоградењето, планирањето и манипулацијата со градежното земјиште се ужасни и полни со дупки. По сѐ изгледа дека ќе е некоја мешавина од двете. Ниеден закон не е идеален, но и таков каков што е, со своите дупки, кога не би бил грубо користен за

ПОРТА


репортажа криминална гимнастика со дупките од други закони, не би овозможил ваква ерозија на градовите. само на криминално настроени умови им текнува да ги злоупотребуваат дупките и „сивата“ зона во законската регулатива, за разлика од чесните и прогресивни умови кои секогаш ќе гледаат да ги исползуваат законите за јавен интерес, воопшто не обрнувајќи внимание на тоа како одреден закон може да се заобиколи. дУп-овите се само парчиња од „целото“ И, за крај, наместо поговор или заклучок, ќе изнесам една единствена констатација: во тетово, но и општо во македонија, се соочуваме со т.н. „шнајдерски“ урбанизам. Ваквата кованица ја чув од еден мој постар колега, кого исклучително го ценам, и кој успеа со една единствена, ни малку вулгарна или навредлива придавка, да го долови сиот галиматијас кој ни се случува во урбанистичкото планирање. Да, тука имаме шнајдерски урбанизам. И ова не го изнесувам со намера да ја потценам, навредам, омаловажам или да ја поставам архитектонската или планерската професија над шнајдерската. Напротив, секоја професија си има своја убавина, тежина и одговорност. Но во случајов оваа кованица

ПОРТА

овозможи одличен опис, па ако сакате и паралела. Шнајдерот му зема мерка на човекот, има одредени претпоставени човекомерности, шаблони, шеми, постапки и чекори во моделирањето, кроењето, шиењето. Урбанистот не смее така едноставно, така простодушно, низ веќе повторливи и разработени шеми (особено веќе препознаени како нефункционални) да му пристапи на феноменот на градот. Секако, постојат класични процесни дијаграми кои треба да се следат, но освен повремено како наслови на глави во

текстуалните образложенија на дискутабилните ДУП-ови (а под нив ископирани пасуси од претходни документации, со сменети податоци за односниот ДУП), речиси и да не забележуваме дека суштински постојат во планско решение. градот е жив организам. Деталните урбанистички планови се само парчиња од „целото“. А целото, си има свои болести, аномалии, состојби, предности, квалитети и потенцијали, кои мора да бидат земени предвид. n


ПОРТА


урбанизам

Што после пандемијата?

планерите зборуваат за фаворизирање пешачки улици - места каде што луѓето се движат, дружат, забавуваат, муабетат. прашањето е: дали тие напори ќе продолжат или во која насока треба да се променат? дали сè уште можеме да постигнеме поврзаност ако сите држиме физичка дистанца? Невена ГЕоРГиЕвска, дипл. инж. арх. радовите се во центарот на COVID-19 пандемијата. Како што биле и за време на многу зарази во историјата. Овој вирус потекнува од пренаселен град во централна Кина. Се шири меѓу градовите и однесе најмногу животи во градовите. Затворени дома, ретко впуштајќи се во празни улици, повеќето од нас сè уште се

Г

34

ПОРТА

31 јули 2020

изгубени во идејата како ќе изгледа урбаниот живот. Дали рестораните ќе преживеат и дали работните места ќе се вратат? Дали луѓето ќе патуваат во преполни автобуси? Па дури и дали ни требаат толку деловни објекти кога сите се на ZOOM? Размислувајќи така, идејата да се живее надвор од градот е одеднаш исклучително привлечна. Градовите напредуваат во можностите за работа и забава и бескрајна разновидност

на достапни стоки и услуги. Ако стравот од болест стане новото „нормално“, иднината во градовите би можела да биде блуткава и антисептичка, можеби дури и дистописка. Но, ако градовите во светот најдат начини да се прилагодат, како што секогаш правеле во минатото, нивната најголема ера сѐ уште лежи пред нив. Урбанизацијата отсекогаш била посилна отколку заразните болести.


УрБанизацијата отсекогаШ Била посилна отколкУ заразните Болести да ги тестираат идеите Пандемијата на коронавирус го трансформира градскиот живот. Ги преполни болниците, ја сруши економијата, го ограничи пристапот до јавните места, ја засили дигиталната инфраструктура, ги интензивира предизвиците за менталното здравје и ги принудува луѓето да седат дома. Во отсуство на вакцина, многу од овие пречки може да станат постојани. Градовите веќе се соочуваа со хронични недостатоци на приходи и буџетски дефицити и пред пандемијата. Сега приоритет е да се спасат животи, да се обезбедат основни услуги и да се одржи законот и редот. Ова е особено важно во градовите во развој во светот и неформалните населби, каде зголемувањето на цените на храната го зголемува ризикот од глад и социјални немири. Градските татковци веќе ги ревидираат урбанистичките планови за да се спречи следната пандемија. На краток рок, се воведува масовно тестирање и дигитално следење на контактите, поинакви објекти и јавни места за одржување на социјалното растојание и се зајакнуваат здравствените системи за справување со идните закани. Пандемијата исто така ги забрза и подлабоките и долгорочни трендови кои влијаат на градовите, како што се дигитализацијата на трговијата, движењето кон економија со безготовински средства, работа од дома и виртуелна испорака на услуги, како и „опешачување“ на улиците. Јавниот превоз, пак, се бори да го задржи транспортот без прилагодување кон мерките за физичко растојание. Оваа пандемија го истакнува квалитетот на управувањето со градот и обемот на нееднаквостите во нив. Исто така, им дава можност на урбанистите, планерите, архитектите и инвеститорите можност за подобро изграден град. Многу од нив ги истражуваат начините за ревизија на урбанистичките планови, за да промовираат паметна густина и позелена инвестиција. Градовите се совршена подлога за тестирање нови иновации. За промоторите на идеи за градови соодветни за пешачење, без загадување и возила, изминативе неколку месеци се отвори големо поле и досега невидена можност тие да ги тестираат идеите за кои долго време лобираа. Со рестриктивните мерки, поради пандемијата на COVID-19, се почувствува огромно намалување на употребата на улиците и јавниот транспорт. Ширум целиот свет, градските власти применуваат затворање на улиците за автомобилите, отворање на други за велосипедите и проширување на тротоарите, за да им помогнат на жителите да го одржат дистанцирањето од 2 метри, препорачано од глобалните здравствени власти. И, како

враќањето на медузите во каналите во Венеција или фламингата кои летаат во Мумбаи, пешаците и велосипедистите излегуваат на места на кои претходно не се осмелувале ни да помислат. Многу градови експериментираат со разни мерки. Постојат многу придобивки од „ослободувањето“ на улиците за време на пандемијата. Охрабрувањето да се вози велосипед може да го намали преполнувањето во автобусите, каде што луѓето се борат да се оддалечат еден од друг. Воведени се и други урбани иницијативи со кои директно се контролира ширењето на вирусот. Градовите во САД, Канада и Австралија ги конфигурираа семафорите за пешаци, да не треба повеќе да ги допираат копчињата. Треба да се знае и дека, во многу случаи, многу пешачки премини се опремени со „плацебо копчиња“, кои немаат никакво влијание на вклучувањето на зеленото светло. држиме Физичка дистанца (која доведУва и до социјална) дистанца? Не е уште јасно дали овие урбани интервенции ќе продолжат и откако ќе заврши пандемијата. Некои градови планираат нови ленти за велосипеди и трајно проширување на тротоарите и после рестриктивните мерки. Во други, властите посочуваат дека новите ленти за велосипеди може да станат постојани ако мерките „се покажат поволни“. Но, затворањето на улиците за автомобили за да им се помогне на луѓето што се доволно привилегирани да останат дома, да џогираат, не ги нудат истите придобивки за луѓето што ги користат тие улици за да се вратат на својата основна работа. Разговорите за тоа колку километри улици има отворено секој град е како на некаков натпревар, да се види кој град може да победи наместо дискусија за она што навистина им треба на луѓето за кои улиците се есенцијални. Не значи дека градските власти не треба да

преземаат вакви мерки или дека нивните жители нема да имаат корист од некои од овие измени, но бидејќи многу одлуки се донесуваат во рамките на оваа криза, па и претходно многу брзо, потребно е зрело размислување за резултатите. Во многу градови, земји, брзо се заборават придобивките од ослободувањето на улиците од возила, особено поради тоа што недостасуваат соодветни сообраќајни решенија и со самото ослободување на едните, се обременуваат други, па настанува сообраќаен метеж, особено во земји каде луѓето се исклучително врзани, или поточно се навикнати да користат возила, како на пример кај нас. Со други зборови, пандемијата послужи само како катализатор. Како и земјотресите, и коронавирусот ќе ги натераа луѓето да бидат претпазливи во врска со нивната безбедност во градот: заради блискоста со околните згради и соодветно, со другите корисници на просторот. Да се биде заедно, но посебно. И, градовите не се создадени само од социјални простори, и не сите жители сакаат иста работа. На луѓето им треба избор при користење на урбаните простори за да се чувствуваат безбедни и да бидат безбедни. Додека поголемите социјални простори се живописни, го поддржуваат јавниот транспорт и локалните економии, урбаните повлечени места ја применуваат идејата за просперитет и заштитеност: тие ги исполнуваат нашите психолошки потреби да набљудуваме и да бидеме дел од јавниот простор, додека се чувствуваме безбедно и подалеку од местото на настанот. Но, урбанистичкото планирање е долга игра во која промената е парцијална и потребно е време да се надмине наследството од минатите одлуки. Јавните простори и комфорот не можат секогаш да се прошират или повторно да се конфигурираат по желба. Фактот дека истите сили што нè зближуваат да споделуваме, да создаваме, создаваат и можност за зараза, е проблем со урбанизмот, стар колку и самите 31 јули 2020

ПОРТА

35


градови. Значи, ако гледаме кон наредните години, а не кон наредните месеци, како поинаку може вирусот, или обидот да се спречат идни пандемии, да ги преобрази нашите градови? Дали сè уште можеме да постигнеме поврзаност, комуникација, ако сите држиме физичка (која доведува и до социјална) дистанца? Прерано е да се знае што, доколку постои, може да се реализира. Но, секоја идеја сугерира дека практиката на физичко дистанцирање и вознемиреноста при споделување простори може да продолжи долго по тековната криза. Нашироко објавените упатства за растојание од 2 метри може да го редефинираат и распоредот и растојанието на новите јавни објекти. 2 метри би можеле да бидат новата единица што ја користиме кога размислуваме за градовите и јавните паркови, но и уредувањето на просторите. Сепак, идејата да се држат луѓето настрана се чини дека е во спротивност со традиционалната заложба што планерите ја ставаат врз интеракцијата меѓу луѓето. Урбанистите, архитектите, без оглед дали проектираат паркови или социјални станови, честопати ги потенцираат местата за сретнување како извор на дружење и градење заедница. Луѓето ги примаат своите пријатели, комшии, како дел од заедницата. Планерите зборуваат за фаворизирање пешачки улици места каде што луѓето се движат, дружат, забавуваат, муабетат. Прашањето е: дали тие напори ќе продолжат или во која насока треба да се променат? Дали сè уште можеме да постигнеме поврзаност ако сите држиме физичка дистанца? Наместо да даваме решенија во оваа рана фаза, треба да се свртиме кон прашањата со кои веќе се соочуваат урбанистите. Многу се однесуваат на тоа како градовите, воедно и градските власти ќе управуваат со зелените простори, кои, во целост, треба да бидат повеќе ценети после оваа криза. Дали прекумерната урбанизација ќе запре во име на јавното 36

ПОРТА

31 јули 2020

здравје? Зелените градови се очекува да бидат поотпорни на идните пандемии. Една студија на Харвард посочува за можна корелација помеѓу загадувањето на воздухот и веројатноста за умирање од COVID-19, додека италијанските научници пак открија вирус и на честичките кои загадуваат, па испитуваат дали загадувањето придонесува во неговото ширење. Нема уште конечни резултати. Но, доколку се појави конечна врска помеѓу загадувањето и вирусот, тоа навистина ќе ги смени правилата на игра кон зелено урбанистичко планирање. Тогаш, ќе можеме да речеме: ги редизајнираме нашите улици не само затоа што ни треба физичко растојание, туку затоа што треба да ја зголемиме веројатноста за преживување. гУстината ги прави одржливи системите Друго прашање кое се наметнува е и густината на населението. Стравот дека болеста се шири полесно во просторите со многу луѓе може да има влијание врз ставот на луѓето кон живеење во градовите. Многу луѓе веќе размислуваат за преселба во помали места како резултат на појавата на COVID-19. Просторот веќе не се пресметува во метар квадратен. Вирусот ги принудува урбанистите да го сметаат социјалното дистанцирање како начин на живот. Па, дали ќе има долгорочен притисок градовите да се шират нанадвор за да се намали популацијата во центарот на градот, останува да се види. Сепак, потенцијалното повлекување од градовите ќе чини. Густината ги прави одржливи системите за јавен превоз, го подобрува пристапот до јавните установи (вклучувајќи ги и болниците) и промовира иновации и креативност. Како архитекти и урбанисти треба да размислиме како да ги потенцираме придобивките од густината. Затоа што сега, уште повеќе од досега, секогаш кога

некој ќе се обиде да изгради нови станбени згради, густината веројатно ќе биде првото прашање што ќе го имаат граѓаните. За потсетување, или запознавање, еден пример на живот во комплекс со висока густина: „Градините Амои“ во Хонг Конг, комплекс од 19 згради со висина од 30 до 40 ката со трговски центар, беше најсериозно погодената локација за време на избувнувањето на силниот акутен респираторен синдром (САРС) во 2003 година, со над 300 заразени луѓе. Во средината на 2003 година, властите откриле дека во проектот за одвод, во бањите не бил предвиден систем за повторно полнење на подните сифони со вода, дозволувајќи им на аеросолите, полни со вируси, да не истекуваат и да остануваат во бањите. Ова беше меѓу причините кои придонесоа за брзо ширење на САРС во комплексот. (Википедија, слободен превод) Во овој град, владата инвестираше многу во зголемување на капацитетите за справување со инфективни болести после епидемијата на САРС. Но, сè уште не постои јасен доказ што ја поврзува густината на населението со ширењето на COVID-19. Хонг Конг (кој е погусто населен сега отколку што беше во 2003 година, со тоа што во некои населби живеат повеќе од 60.000 луѓе на квадратен километар) многу поефикасно се справи со локалниот пренос на COVID-19 отколку поретко населени градови во Европа и САД. Податоците од САД, каде високите стапки на пренос во релативно ретко населениот Њу Орлеанс, на пример, го негираат тврдењето дека густината е опасна. Дали ја знаете вистинската причина зошто Сан Франциско, мал, но густ град, помина подобро од Њујорк во борбата против COVID-19? Бидејќи Сан Франциско, каде има по еден милијардер на приближно секои 11.600 жители, ги истера повеќето луѓе, изложени на најголем ризик од умирање од COVID-19, во предградијата многу пред да пристигне пандемијата. Дали, пак, употребата на јавниот превоз е значаен фактор во ширењето на COVID-19 е теорија, која сè уште се истражува. И додека, повторно, наодите остануваат далеку од конечни, недовербата кон автобусите забележува дека нивната употреба е намалена. Наместо нив, се очекува зголемена употреба на скутери и електрични тротинети. реална можност да се преиспитаат јавните простори Пандемијата може да има радикални и неочекувани ефекти врз архитектурата и дизајнот воопшто. Во минатиот век, санаториумите изградени за лекување туберкулоза беа инспирација за белата, клиничка естетика на модернистичката


архитектура, а верувањето дека болеста може да се отстрани со сончева светлина, пак, влијаеше на проектирање кровни тераси и кровни градини. Иако влијанието на COVID-19 е во рамки на шпекулација, веќе се наѕираат куп иновации. Голем број урбани поборници го користат коронавирусот како можност да ги забрзаат нивните претпандемични агенди, кои ги игнорираат прашањата што го направија COVID-19 покатастрофален отколку што требаше. На пример, најверојатно, нашироко ќе се усвои употребата на автоматски врати. Или сѐ попопуларното урбано земјоделие ќе понуди ослободување од заканата од празни полици по супермаркетите, на што бевме сведоци во последниве месеци. Или можеби ќе се инсталираат монитори на канализацијата, која ќе се користи за инспекција дали и каде одредени болести се шират меѓу градското население. Наплив од идеи... Без оглед на одржливоста на ваквите предлози, постои многу оптимизам дека оваа криза може да го подобри начинот на кој се проектираат и живеат градовите. Политиката ќе одигра голема улога во оплодувањето на идеите. Секако, пандемијата создаде реална можност да се преиспитаат јавните простори. Но, исто така, голем е процентот на граѓани кои секојдневно повторуваат дека коронавирусот не постои, како некаква мантра што, ако се повтори доволно, ќе го натера коронавирусот да замине, за да можеме сите да се вратиме на животот претходно. Тоа, ниту е возможно, ниту пак ќе се случи набрзо. Многу практики, нашето однесување кон другите, кон градот воопшто, се менуваат и ќе мора да се соочиме со новото секојдневие. Оваа криза е можност за ремоделирање на градовите. Не само истата да се преживее, туку и да се создаде можност за наредните децении. Како архитект, тешко ми е да признаам дека често и не ни требаат комплетно нови идеи за да ги подобриме нашите градови. Но, за жал, некогаш изгледа ни е потребна криза.

градовите нема да Умрат Долгорочните влијанија на коронавирусот врз нашите градови е тешко да се предвидат, но едно е сигурно: градовите нема да умрат. Историјата покажува дека болестите биле многу влијателни во обликувањето на нашите градови. Градовите претставуваат континуитет без оглед на кризите - тие траат, се прилагодуваат и растат. Кога ќе можеме да се вратиме на нашиот стар живот, ќе се вратиме на познатите рутини и нашите спомени за полицискиот час и изолацијата ќе почнат да бледеат. Додека нашиот недостаток на меморија е дискутабилно еластичен ресурс, урбанистите и планерите имаат долготрајна улога во обезбедувањето на здрав живот во урбаните средини. За борба против заразните болести на градовите им треба добро проветрени урбани простори со добар пристап до сончева светлина. Улогата на урбанистите и планерите е да создадат подлога за одвивање на животот на социјален и здрав начин. Редизајнирањето на нашите урбани простори, на начин да се уверат корисниците во нивната безбедност и да се обезбеди избор на заедницата, не е праволиниски процес. Додека

сега можеби само ќе сакаме да ги задржиме сите добри работи што ги имавме пред коронавирусот, решенијата на урбанистите и архитектите треба да го направат животот побезбеден долгорочно. Нашите одговори не смеат да бидат едноставни реактивни интервенции, како што се знаци на предупредување, ограда, пошироки патеки и слично. Таквите пристапи на крајот имаат импликации врз правичноста и квалитетот на животот. Оваа криза претставува можност да се воспостават безбедни, еластични и здрави урбани простори. Потребен е значителен ангажман во заедниците, кај проектантите и градските власти сега, пред колективната амнезија околу проблемите и загубите со COVID-19 да се вдоми и ние повторно да му се вратиме на бизнисот, како и обично. Многу работи, кои порано не беа возможни, сега стануваат реалност и потреба. Градските татковци да не го чекаат крикот на граѓаните. Да го заштитат секое дрво што живот значи. Да се погрижат урбанизмот и архитектурата да обезбедат пристојни, безбедни градови и благосостојба за граѓаните. Време е да се одважат и да бидат смели!. n

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


културно наследство

На Пресветата Мудрост се и е јасно црквите ги следат, како сенка, судбините на градовите, па така и на луѓето. низ историјата, случувањата и превирањата, подемите и падовите, победите и поразите, среќата и тагата, одат рака под рака со судбините на црквите

сања РаЃЕНовиЌ-ЈоваНовиЌ, дипл. инж. арх. етнаесет векови старото христијанско светилиште, црквата на Пресветата Мудрост во Истанбул никако да го најде својот мир. Сместена е веројатно на најубавото место, единствениот град на светот кој се простира на два континента, град кој предизвикува стравопочит и воодушевување, кој заробува и заведува кога прв пат ќе го видите, кој поседува магија и ве тера секогаш да му се враќате, повторно и повторно, нудејќи ви сè повеќе и повеќе. Но, човек да се запраша дали овој величествен и прекрасен град кој отсекогаш сите посакувале да е нивни, па макар и потајно, за Аја Софија е предност, или некој вид проклетство на убавината? Црквите ги следат, како сенка, судбините на

П

40

ПОРТА

31 јули 2020

градовите, па така и на луѓето. Низ историјата, случувањата и превирањата, подемите и падовите, победите и поразите, среќата и тагата, одат рака под рака со судбините на црквите. Црквата на Пресветата Мудрост, сместена на најпосакуваното место на светот, во градот кој многумина го чувствуваат свој е можеби најизразениот пример. Аја Софија стамено стои повеќе од 1500 години, нè набљудува, живее со нас, сочувствува, се радува и тагува, достоинствено ги поднесува сите напади и со сета своја мудрост и наталожено искуство се чуди на човековата глупост. На Пресветата Мудрост се ѝ е јасно, таа знае дека повторно ќе биде искористена во политички цели, но знае дека луѓето се минливи, а таа е тука засекогаш. Затоа е толку голема, таа е и тука кога и нас нема да не биде. Мудрата Аја Софија знае дека е направена да

биде христијанска базилика и дека е бисер роден во Византиското Царство или Источното Римско Царство, термин кој се користи да се опише хеленизираното поделено Римско Царство. Византијците себеси се сметале за Ромејци, зборувале грчки јазик, кој бил доминантен во регионот уште од времето на хеленизмот. Во тек на средниот век развиле сопствена култура базирана на трите основни столба, класично античко наследство, христијанска религија и грчки јазик. Царството доживеало многу подеми и падови, а и Аја Софија заедно со него. Од времето на завршување на градбата 537 па сè до 1453 година, служела како православна соборна црква, освен помеѓу 1204 и 1261 година, кога е претворена во католичка црква за време на Латинското Царство. Значи Аја Софија е навикната да ѝ ја менуваат намената и мудрата


аја соФија – од црква до џамија

величествената црква над црквите на 27 декември 537 година извршено е осветување на црквата посветена на Божјата премудрост – аја софија. воодушевен од големината и убавината на градбата, царот јустинијан рекол – соломоне! те надминав! андреја ЈоваНовски, дипл. инж. арх. о поделба на Римското Царство, градот Бизант (Визант) станал престолнина на Источното Римско Царство под име Константинопол. Во градот била изградена голема црква во чест на востановувањето на христијанството како официјална државна религија. Но, два века подоцна таа црква и голем дел од градот се изгорени во пожар. На тоа место, царот Јустинијан, наредил да се изгради нова црква, поголема и поубава од претходната. таква, каква што немало, ниту ќе се изгради после адам – наредил царот. Главен архитект - проектант, мајстор и раководител на градењето бил Исидор од Милет, а пресметките ги правел Антемије од Трал. Тие биле најголемите и најпрочуени градежници во Источното Римско Царство. Царот со свои мислења и идеи постојано учествувал во изработката на скиците и проектите на црквата. Во народот се зборувало дека „некој ангел на царот на сон му ги покажувал плановите за изградба на црквата“. Градењето на црквата започнало во 532 година. Одличната организација на изведување на работите овозможила непречен напредок на изградбата на објектот. Биле ангажирани десет илјади работници и мајстори поделени во групи од по сто. Потребните градежни материјали биле набавувани од поблиски или подалечни места – мајдани, но секогаш со највисок можен квалитет. Така на пр. жолт мермер е носен од Нумидија, зелен од Еубеа, темноцрвен од долината на Нил, бел од острови од Мраморно Море, црвено-шарен од Фригија и други градежни материјали од градовите Ефес, Балбек и Пергам. Финансирањето на градбата функционирало без никаков застој. Сите државни службеници подолго од една година останале без личен доход, а биле воведени и посебни даноци за изградба на црквата. Градењето било многу скапо. Само подот и проповедалницата во црквата чинеле колку целиот годишен буџет на тогашен Египет. Сите вработени биле финансиски исплаќани секој ден по завршетокот на работното време. Во црвката се вградени 107 мермерни столбови со богато изрезбани капители. Висината на црквата од подот до темето на куполата изнесува 56 метри. Централно поставената купола се издига на четири пандантифи, а од две спротивни страни е потпрена на апсидални полукалоти. Над пандантифите се 40 прозорски отвори и над нив е куполата со распон од 31 метар, а висината на „стрелата“ изнесува 16 метри. Со тоа е постигнато природното осветлување во внатрешноста да се менува светло – сенка и уште е збогатено со разнобојноста на вградените мермери и извонредно изработените златни мозаици. Градењето на црквата било баснословно скапо – потрошени биле тогашни 360 центери злато. Кога градбата била завршена, некој хроничар запишал: „црквата како да не е издигната од земја, туку со златни ланци спуштена од небото“. На 27 декември 537 година извршено е осветување на црквата посветена на Божјата премудрост – Аја Софија. Воодушевен од големината и убавината на градбата, царот Јустинијан рекол – соломоне! те надминав! Во времето на Јустинијан биле доградени контрафори и извршени се други помали поправки и реконструкции на делови од црквата. Големи оштетувања се случиле од земјотресите во 869, 989 и 1344 година. Во 1204 година, француските крстоносци во IV Крстоносна војна влегле во Константинопол и направиле големи оштетувања во црвката. На 29 мај 1453 година, Турците Османлии со султанот Мехмет II го

С

освоиле Константинопол. Црквата била запуштена и во многу лоша состојба. Турците ја санирале, доградиле едно минаре и ја претвориле во џамија покривајќи ги мозаиците со дебел слој малтер. Стабилноста на црквата – џамијата, била зајакната со нови контрафори и доградени се 4 минариња со по 1 шерефет за да се нагласи исламскиот карактер и функција на објектот. Со тоа бил сосема изменет оригиналниот надворешен изглед на фасадата на црквата. Со текот на времето, се појавиле помали и поголеми оштетувања на објектот. Во 1847 година, швајцарските архитекти – браќата Гаспар и Џузепе Фосати, извршиле големи конзерваторски реставраторски работи на џамијата. Мустафа Кемал – Ататурк во 1923 година го сменил последниот султан и прогласил Република, а во 1935 година, со декрет, џамијата Аја Софија станала музеј. Тогаш е симнат малтерот од ѕидовите во внатрешноста на црквата и после пет века, повторно се гледаат прекрасните мозаици со христијански мотиви. Од исламските обележја, во црквата – музејот, има 4 големи медалјони со текстови за Бакр, Омар, Осман и Али – Халифет (наследници на Пророкот). Илјадници љубители на уметноста и архитектурата на Аја Софија секојдневно доаѓале да се воодушевуваат на нејзината неповторлива убавина. Но, што ќе биде утре? Сведоци сме на најновиот потег на турските власти, величествената црква над црквите да се претвори во сосема друга религиска намена – џамија. Несфатливо и неприфатливо! На таквата тенденција веднаш остро се спротивставија САД, Русија и ЕУ. Дали човековата маленкост ќе ја надвладее Божјата премудрост останува да видиме. n

ПОРТА


црква не е изненадена. Таа својата космополитска улога ја знае, истата онаа која секогаш ја имала, ги собира луѓето, ги прима во своите пазуви, ги ориентира, штити и го сочувала и го предава своето духовно наследство на сите народи. Последната христијанска молитва во Аја Софија почнала веднаш по залезот на сонцето, во понеделник, 28 мај 1453 година. Тогашниот цар на Византија, Константин IX Драгаш им се обратил на војниците, бранителите на Константинопол: „Постои време кога човек мора да биде спремен да се бори за својата вера, држава, семејство или суверен. Денес, сите четири причини се присутни. Вие, моите поданици кои сте потомци на Грци и Римјани, мора да ги надминете своите предци. Мора да се борите и жртвувате без страв, бидејќи живеевте во голем град и сега ќе загинете бранејќи го“. Царот, кој ја симнал царската одора, освен пурпурните чизми, и облекол војничко одело, стигнал во Аја Софија час пред полноќ и се молел за спас на царството. Но, молитвите не помогнале и утредента, 29 мај, Мехмед Освојувачот јавајќи на коњ влегол во Аја Софија со својата војска и наредил да се погубат верниците и црквата да се претвори во џамија. Еден муслимански духовник го изговорил шехадетот: „Нема друг Бог кој е достоен да се обожува освен Алах и Мухамед е Божјиот роб и пратеник“. Со тоа отпочнал процесот на конверзија на ова Јустинијаново наследство од соборен храм во исламски верски објект. Султанот Мехмед доградил и едно минаре и во неа лично се молел на Алах. Биле тоа ѕвездени моменти на младиот султан. Уништувајќи го Византиското Царство, станал „господар на светот“ со тукушто наполнета 21 година. Тој бил борбен, храбар и мошне образован, веднаш ја видел вредноста на Аја Софија. Импресиониран од величественоста на храмот, султанот долго замислено чекорел по пустите одаи. Видно инспириран рецитирал во храмот персиска поезија. Го сфатил значењето и вредноста на Аја Софија и претворајќи ја во џамија сакал уште повеќе да ја покаже својата моќ. 42

ПОРТА

31 јули 2020

Оттогаш во Аја Софија муслиманите полни девет века се поклонувале на Алах, сè додека на власт не дошол Мустафа Кемал Ататурк. Најголемиот реформатор во исламскиот свет веднаш сфатил дека не може да се доближи на Западна Европа со тој средновековен багаж. Ја поправил историската грешка, но и тој не се осмелил да биде чесен до крај, бидејќи се плашел од реакциите на домашните исламисти. Смислил компромис и на 24 ноември 1934 година Аја Софија ја претворил во музеј. Многумина Турци тоа и ден денес не му го простиле и го обвинуваат за национално предавство. Како и во времето на Византијците и Османлиите, народот не го сметал царскиот/султанскиот кандидат за легитимен суверен, доколку не обезбеди некоја престолнина или област која ќе се смета за светска моќ и престиж. Султанот Мехмед Освојувачот тоа го постигнал со освојувањето на Цариград, а денес, претседателот на Турција, Ердоган со потпишаниот декрет да се поништи одлуката на Ататурк и „врати наследството“ на турската нација, која 86 години чека да слушне повик за молитва од доградените минариња на Света Софија. Па така 567 години по падот на Константинопол, во Аја Софија повторно е одржана молитва и повторно е прекршено правилото во овој музеј. И Султанот Мехмед и

претседателот Ердоган воодушевени од убавината на Аја Софија, одлично знаејќи дека христијанството го погодуваат во срце се подзабораваат, бидејќи целта не ги бира средствата во желбата да се покаже моќта. Аја Софија, уште перед раѓањето на Мухамед (околу 570. година) и пред во пештерата да го посети ангелот Гаврил (610. година) повторувајќи му дека Бог е еден, знаела и за Гаврил, и за Бог, и за молитва, и знаела дека е божји храм. Во земја во која половина од 82 милиона жители се помлади од 30 години, оваа одлука која ја донесе Државниот совет, највисок административен суд во Турција, може да има значајно влијание на турската политика во иднина. Турција од 1972 година е потписник на Конвенцијата за светско наследство. Од УНЕСКО изјавија дека ќе извршат ревизија на статусот на Аја Софија, по нејзиното прогласување за џамија. „Жално е што одлуката на Турција не беше предмет на дијалог, ниту претходно известување. УНЕСКО ги повикува турските власти без одлагање да отворат дијалог, за да се избегне чекор наназад од единствената вредност на ова извонредно наследство, чие зачувување ќе биде предмет на ревизија на наредната седница на Комитетот за светско наследство“, се наведува во соопштението на оваа организација на ООН. Аја Софија е пријавена во УНЕСКО и ставена на листата културно наследство од 1985 година, како дел на сериски упис, не само како Аја Софија, не како поединечно културно наследство. Деликатноста е во тоа што тој сериски упис всушност значи – историски споменици на Истанбул и невозможно е Аја Софија да се издвои посебно. Од друга страна, друга деликатност на прогласување на ова наследство за џамија е во тоа што во Конвенцијата за светско наследство од 1972 година не стои намената на ниту едно наследство. Во Конвенцијата, УНЕСКО не специфицирал со која намена ќе биде некое наследство. Тоа е исклучиво право на одлучување во државата на која некое наследство ѝ припаѓа. Поради тоа и ова се случи, реакциите се прилично благи. Ова е нешто што треба да го возбуди целиот свет, имаме историско наследство кое е симбол на врската меѓу мистичниот Исток и пресметаниот Запад, кое всушност е запишано како музеј, а сега се претвора во џамија. УНЕСКО предупреди дека овој настан ќе ја возбуди меѓународната јавност и ќе се обиде со некои механизми да ја убеди Турција да ја промени одлуката. Но тоа нема да биде лесно, законска препрека во смисла музеј да се претвори во џамија не постои. Доколку УНЕСКО би посакал да ја симне Аја Софија од листата тоа би бил скандал над скандалите – не би


можел ни да ја симне само Аја Софија, бидејќи е сериски упис, постојат и други историски споменици на Истанбул кои заедно со Аја Софија се ставени на листата и тоа не може да се направи. Ова и не е прв случај на пренамена на објект. Минатата година византиската црква Хора – Светиот Спасител во Истанбул исто така е претворена во џамија. Црквата мала Аја Софија во Никеа, која исто така била музеј во 2014 година е претворена во џамија. Ова само покажува дека единствено со превентивни работи може нешто да се промени. Во меѓувреме Европската Унија се однесува исто како кога требало да му испрати помош на царот Константин во битката за Цариград, нејзините бродови никогаш не стигнале, зафатени со меѓусебните војувања. Па така министрите за надворешни работи на Европската Унија ја критикуваа Турција и изразија жалење поради промената на статусот на Аја Софија. Руската дипломатија оцени дека пренамената на Аја Софија од музеј во џамија е внатрешно прашање на земјата. Американскиот државен секретар изјави: „Ја повикуваме Владата на Турција да продолжи да ја одржува Аја Софија како музеј, како пример на нејзината посветеност на почитување на верските традиции и разновидната историја“. Папата за време на неделната молитва на Плоштадот свети Петар изјави: „Моите мисли одат во Истанбул. Мислам на Аја Софија и многу сум повреден“. Руската православна црква изрази жалење што турскиот суд не ја земал предвид нивната загриженост кога ја донел пресудата и дека таа може да доведе до уште поголеми поделби. Вселенскиот патријарх Вартоломеј вели: „Претворањето на Аја Софија во џамија ќе разочара милиони христијани ширум светот. Промената на статусот „ќе ги разбие овие два света“ во време кога на човештвото му е потребно единство повеќе од кога било поради пандемијата“. Грција е најгласна: „Ова е историска грешка и меѓународната заедница мора одлучно да реагира. Ова не е прашање меѓу Грција и Турција, ова е глобално прашање и тоа е она што непрекинато го истакнувавме, и пред и после одлуката на Ердоган“. Турските официјални лица мислењата не ги интересираат, тие сметаат дека е тоа прашање на националниот суверенитет и велат: „Не ни треба ничиј совет, ниту препорака за нашите работи“. Донесувањето на одлуката некогашниот христијански храм, повторно да стане џамија само го потврди и понатаму доминантното правило на колективната свест во светот – сè што е во интерес на мојот народ е правда. Ништо ново во остварување на своите цели, верниците и војниците не почитуваат правила, ниту се осврнуваат на моралните норми. Така е откако е светот и векот. n 31 јули 2020

ПОРТА

43


технологија

Година на голема инвазија на Марс за да се стигне до марс потребни се минимум седум месеци, така што секое од леталата ќе помине 483 километри, за - ако сè оди по планот - да стигне до целта во февруари, 2021

Јулија вЕлковска (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) ако идејата за колонизација на Марс не е ништо ново, особено изминатава година станува сè поактуелна. Меѓу причините -

И

ПОРТА

потенцијалот луѓето да обезбедат потемелни истражувања споредено со беспилотните возила или ровери, економски интерес за ресурсите на црвената планета и можноста дека населувањето на други планети би ја намалило веројатноста за исчезнување на човештвото.

Според славниот Стивен Хокинг, на човештвото му преостануваат само уште 100 години опстанок на Земјата. Соочени со бројни закани, вклучувајќи ги и климатските промени, немаме избор, освен да станеме мултипланетарни суштества, а колонизацијата на Марс би била добар почеток, велеше тој.


сад, кина и оае испраќаат Беспилотно летало на црвената планета Меѓу големите промотори на планот е и Елон Маск, првиот човек на „Спејс Икс“, којшто неколкупати посочи дека ни е потребен „План Б“ во случај на апокалипса, како судир на астероиди, на пример, при што би дошло до целосно уништување на Земјината топка. Како други фактори за можноста Земјата некогаш да стане неподобна за живот се и зголемувањето на температурите, зголемувањето на нивото на водните површини или поради евентуална глобална нуклеарна војна. Токму затоа, доколку воопшто се случи ваква катаклизма, владиниот и приватниот сектор во неколку земји во светот, градат или поддржуваат изградба на сè поголеми вселенски ракети и го симулираат човечкиот живот на Марс на различни локации на Земјата. Ова лето ќе бидеме сведоци на обид за голема инвазија на Марс. Три земји: Соединетите Американски Држави, Кина и Обединетите Арапски Емирати, испраќаат беспилотно летало на црвената планета. најнов ровер „истрајност“ Американската мисија „Марс 2020“, дел од програмата на НАСА за истражување на Марс, го нуди својот најнов ровер наречен „Истрајност“. Мисијата се осврнува на клучни прашања на астробиологијата за можноста дека на црвената планета некогаш имало и во иднина може да има живот. Роверот досега е најголемото, најтешкото и најсофистицираното возило коешто НАСА го испратила на Марс. Една од задачите ќе биде дупчење на строго прецизирани карпи и складирање на примероците во стерилизирани цевки од титаниум. Ова е и прва планетарна мисија за собирање и зачувување на карпестиот материјал и оној од скршени карпи и прашина. Преку последователни мисии, кои НАСА можно е да ги изведе во соработка со Европската вселенска агенција, во рок од 10 години на Марс ќе биде испратено друго вселенско летало кое ќе ги собере примероците и ќе ги врати на Земјата за детална анализа. Воедно, „Истрајност“ ќе се обиде да произведе и кислород од јаглерод диоксидот содржан во тенката атмосфера на Марс, којшто може да се употреби за идните астронаути. Истовремено, ќе се набљудува и што ќе се случи со примероците од материјалот од кој се направени космонаутските одела, за да се види како ќе се справат со суровата околина. три лансирања во исто време Трите лансирања ќе се остварат речиси истовремено, и тоа не е случајност. Во период од средина на јули до средина на 31 јули 2020

ПОРТА

45


август, Марс и Земјата се во идеално порамнување на истата страна од Сонцето, што пак го минимизира времето за патување и употребата на гориво. Ваков тајминг се појавува еднаш на секои 26 месеци. За да се стигне до Марс потребни се минимум седум месеци, така што секое од леталата ќе помине 483 километри, за - ако сè оди по планот - да стигне до целта во февруари, 2021. Во моментов НАСА на Марс има два ровера, а шест други летала ја истражуваат планетата од орбитата - три американски, две европски и едно од Индија. Засега САД се единствени со свои возила на црвената планета. Досега се извршени осум лансирања, а првото било во 1976-та година. Кина во соработка со Русија имаше обид во 2011-та, но заврши неуспешно. Американската вселенска агенција планира да ги врати астронаутите на

ПОРТА

Месечината до 2024 година, и во 2030-те, оттаму да ги испрати на Марс. Овие мисии не само што се ризични, туку и скапи. Конкретно за летот на најновиот ровер и минимум двете години планирани за операции, ќе бидат потребни три милијарди долари. Секако, не се сите согласни дека ова треба да му биде приоритет на човештвото, со оглед на бројните проблеми на Земјата. Тие средства, според неистомислениците, подобро би се искористиле инвестирајќи во обновливи форми на енергија, во предизвиците со глобалното затоплување или во одбранбени механизми во случај на судир на астероиди. Оттука, бидејќи на Марс засега нема услови за живот, јасно е дека сите аргументи наведуваат дека не сме подготвени да одиме на Марс, барем не сега. Но, она што е кристално јасно е фактот

дека додека работиме на проблемите во единствениот дом што го имаме, особено во овие услови на глобална пандемија, не треба да ја потцениме човековата уникатна улога во истражувањето, со цел да овозможиме постојан напредок на науката и технологијата. Стратешки, истражувањето на Марс освен економска, значи и политичка доминација, но и подобрување на животот на Земјата. Од практична гледна точка, познато е дека на Марс има копно, атмосфера, мошне разновидна и сложена геологија, исто како и кај Земјата, но има и клима, која со текот на времето се сменила, исто како и кај Земјата. Пред четири милијарди години, обете планети биле топли, обвиткани со заштитна атмосфера и изгледале како да се изрезбани со реки и предели со вода во течна состојба. Но, денес Марс е озрачена, студена и неплодна пустина обвиткана со густ и отровен слој на јаглерод диоксид. И оттука, таа љубопитност и порив на брилијантните умови да се дознае што се случило во меѓувреме, поставувајќи уште похрабри цели. „Добрата работа за вселената е тоа што ги поставува стандардите многу високо“, велат од НАСА. Сè на сè, со истражувањата на Марс може да се посегне по бројни клучни прашања во науката за Сончевиот Систем, а оваа своевидна авантура, може само да ја инспирира следната генерација научници и да го збогати човековото знаење. Лансирањето на роверот „Истрајност“ е планирано за не порано од 30-ти јули и не подоцна од 15-ти август, 2020 година. n


ПОРТА


екологија

светски „ден на пречекорУвање на планетата“

22 јули – денот кога ја потрошивме планетата Земја за оваа година! општо гледано резултатите на република северна македонија не се за пофалба со оглед дека овогодишниот светски „ден на пречекорување на планетата“ се паѓа во сабота 22 август, што значи дека жителите на нашата земја веќе го потрошиле својот дел, месец дена пред „просечниот“ жител на планетата

д-р владимир Б. лаДиНски, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Англија) очитувани, кога ќе го читате овој текст жителите на Северна Македонија веќе ги потрошиле своите расположливи ресурси по лице на планетата Земја за оваа година. Поточно ова веќе се случило во средата на 22 јули. Овој датум го искажува денот кога жителите на територијата на

П 48

ПОРТА

31 јули 2020

нашата република преку својата потрошувачка веќе ги пречекориле расположливите природни ресурси на нашата планета коишто можат да се самообноват во текот на оваа година. Значи од четврток 23 јули нашето салдо е веќе црвено и се живее на „кредит“, а кој, како, кога и со која „камата“ ќе го отплати овој долг допрва ќе се види. Општо гледано резултатите на Република Северна Македонија не се за пофалба со

оглед дека овогодишниот светски „Ден на пречекорување на планетата“ се паѓа во сабота 22 август, што значи дека жителите на нашата Земја веќе го потрошиле својот дел месец дена пред „просечниот“ жител на планетата. Инаку во светски рамки најрано својот удел во расположливите одржливи ресурси за оваа година го има потрoшено Катар на 11 февруари, а најдоцна ќе ги потроши Киргистан на 26 декември. Од друга страна пак, во рамките на бивша СФРЈ,


резултатите на Северна Македонија се дури и релативно добри со оглед дека другите бивши републики го достигнале овој ден пред нас: Словенија на 26 април, Хрватска на 31 мај, Босна и Херцеговина на 10 јуни, Црна Гора на 12 јуни, а Србија на 18 јули. За „среќа“ оваа година се проценува дека светскиот „Ден на пречекорување на планетата“ ќе биде шест недели подоцна отколку што се очекувало. За жал ова не е резултат на координирана акција на светско ниво, туку е резултат на глобална катастрофа - пандемијата на Ковид-19 која, според Џон Хопкинс Универзитетот (John Hopkins University) заклучно со 14:33 часот на 5 јули има заразено (со потврдена дијагноза) 11.294.859 милиони лица на

планетата, од кои 531.438 подлегнале на вирусот Ковид-19. Се разбира со оглед дека пандемијата сè уште е во тек, поточни резултати се очекува да се добијат по завршувањето на пандемијата. Според некои согледувања, преку оваа пандемија „планетата го возвраќа ударот“ на со векови паразитскиот наместо симбиотски однос помеѓу човекот и природата. Како резултат на ова во моментов глобално ни се потребни 1,6 планети Земји, а ние имаме само една. Пресметката на „Денот на пречекорување на планетата“ (Earth Overshoot Day) ја спроведува „Мрежата за глобален отпечаток“ (Global Footprinth Network). Преку нивните пресметки лесно може да се види како драстично се влошени состојбите

во последните 50-ти години кога ќе се споредат „Деновите на пречекорување на планетата“, а пресметани според податоците од 2019 година: 29.12.1970, 4.11.1980, 11.10.1990, 23.9.2000, 7.8.2010 и 22.8.2020. За последниот ден веќе знаеме дека „подобрувањето“ е резултат на пандемијата, а не на глобална координирана акција за одржлив пристап кон нашиот живот на планетата Земја. Оттука може да се види дека некаде до доцните 1960-ти години на човештвото нашата планета веќе престанала да ни била доволна, но дека оттогаш значително се влошени состојбите и покрај напорите за воспоставување поодржливи пристапи кон развојот на човечкото општество.

ПОРТА


Отсекогаш природните ресурси се користеле за задоволување на човековите потреби и за подобрување на квалитетот на животот на луѓето. Во оваа смисла се чини дека претходните генерации биле многу посвесни дека треба да се живее во границите на расположливите можности и ресурси коишто опкружувањето ни ги нуди иако се смета дека биле „помалку развиени“ од сегашните. Ова вообичаено се поврзува со фактот дека во минатото луѓето повеќе ги задоволувале своите потреби преку обработка на земјата, одгледување домашни животни, лов, риболов и собирање плодови. Во вакви случаи веројатно било поочигледно дека ако многу плодови се соберат или многу риби се уловат денес, дека утре ќе има помалку и дека лесно може да се остане гладен. Раскинувањето на овој однос помеѓу човекот и неговото опкружување и производството на храна од една страна го помогнало развојот на индустриската револуција, но од друга страна ја намалила видливоста на тоа како поединечната акција влијае не човековото опкружување локално, но и на природата глобално. Се разбира никој не сугерира дека треба да се вратиме со векови наназад за да живееме поодржливо, но секако е потребно подобро да се размисли и да се осмислат нашите активности и начин на размислување за постепено, но одлучно да го смениме начинот на нашето однесување и со тоа да го поместиме и националниот и глобален 50

ПОРТА

31 јули 2020

датум на „Денот на пречекорување на планетата“ барем до 31-ви декември во анализираната година. Веројатно во желбата за еден ваков позитивен исчекор во односот помеѓу човекот и природата почнува да се истакнува и мудроста на минатите генерации и правилата според коишто тие се однесувале. Оттука веројатно во оваа смисла можеби треба да ги споменеме Хоу-дe-ноушо-ни-те (The Hau de no sau nee) и нивните правила за однесување според коишто пред некоја одлука да се донесе треба да се согледаат последиците

од одлуката за наредните седум генерации. Со други зборови одлуките што се носат денес не треба да предизвикаат негативни последици за следните седум генерации, односно приближно за следните 140 години и континурано така од генерација на генерација. Оттука одредени автори го имаат промовирано и концептот на Одржливоста на седумте генерации (The Seventh Generation Sustainability) базиран на споменатите принципи. Хоу-дe-ноу-шо-ни-те, или „Луѓето од долгата куќа“, е всушност Конфедерацијата на шесте нации (The Sixth Nations Confederacy), исто така позната под името на јазикот кој го говореле како Ироки Конфедерација (The Iroquois Confederation), која ги опфаќала нациите на Мохиканците (Mohawks), Онеидите (Oneidas), Онондагосите (Onondagos), Сенкасите (Senecas), Кајугасите (Cayugas) и, нацијата која последна се приклучила кон конфедерацијата, Тускараросите (Tuscaroras). Нациите на оваа конфедерација оригинално ја населувале територијата на делови од сегашните САД и Канада коишто


се распростирале од Вермонт до Охајо и од Квебек до Тенеси во период од околу 4.000 години пред доаѓањето на Европејците. Овие нации меѓусебно војувале некаде до 1500-те години кога се здружиле во сила конфедерација со софистициран општествен систем, впечатлива политичка и воена организација, комплексен начин на живеење и истакната положба на жените во општеството, со оглед дека општеството било матријархално. Според преданијата тие практикувале она што ние денес го спознаваме како консензуална партиципаторна демократија, каде одлуките се носеле со 75 отсто мнозинство на гласови од сите нации при што требало да се добијат и 75 отсто гласови и од мажите и од жените поединечно. Нивниот систем на правна власт бил со два дома и непишан устав за којшто се смета дека потекнува од околу 1590-та година, далеку пред воспоставувањето на слични комплексни системи на политичка организација во Европа. За жал по два века опстојување, колонизација на териториите од страна на европските населеници и меѓусебните борби за превласт помеѓу истите довеле до распаѓање на оваа конфедерација. Според одредени историчари се смета дека Уставот и политичкото уредување на Конфедерацијата на шесте нации одиграле влијание во воспоставувањето на Уставот и политичкото уредување на САД: Погорново само е еден пример за тоа како луѓето во минатото се обидувале да ги организираат своите општества на начин којшто го хармонизира животот на човекот со природата. И додека научните дебати сè уште траат, во отсуство на пишани докази, за тоа дали Конфедерацијата на шесте нации навистина ги практикувала принципите на Одржливост на седумте генерации во пракса, не треба да се заборават ниту принципите за „Меѓугенерациска правда“ и идните и изминатите генерации имаат свои права. Според зборовите на визионерот, поетот, уметникот и социјалниот реформатор Вилијам Морис (William Morris, 1834-1896) „Ние само сме чувари за оние што ќе дојдат по нас“. Оттука она што ние го правиме денес за да ги задоволиме нашите потреби не треба да го попречи задоволувањето на потребите на идните генерации. n

ПОРТА


хортикултура

корисни совети

Како да ги заштитите растенијата од постојат неколку трикови за цвеќињата и растенијата да можат да го издржат силното сонце

етните температури и силното сонце може да претставуваат опасност за растенијата во вашиот двор и да го загрозат нивниот понатамошен раст. Сепак, со неколку трикови и совети, вашите цвеќиња и растенија ќе можат полесно да ја издржат топлината, а дворот ќе остане беспрекорно уреден во текот на летото.

Л

саксии во Боја Ако чувате цвеќиња во саксии, проверете дали тие се со светла боја. Се чини тривијално, но помага. Светлите садови ја рефлектираат сончевата светлина и апсорбираат помалку топлина, додека темните се загреваат побрзо и ја исушуваат почвата во садовите. 52

ПОРТА

31 јули 2020


топлината наводнУвање Редовно наводнување е неопходно за растенијата да напредуваат, но наводнување во погрешно време може да им наштети на растенијата. Затоа е најдобро да ги наводнувате во одредено време - рано наутро кога сонцето е слабо или доцна навечер, кога не постои опасност сончевите зраци да ги изгорат. ЃУБриво од калиУм Калиумот е еден од најважните макронутриенти во исхраната на растенијата затоа што, меѓу другото, тоа влијае на навлегувањето на водата од почвата и задржувањето на водата во растителното ткиво. Бидејќи калиумот е присутен во многу мал процент во почвата, пожелно е да додадете калиумско ѓубриво во саксиите. Борова кора Ставете парчиња борова кора во саксии: кората од четинари задржува вода, така што почвата ќе се исуши побавно и растенијата ќе имаат пристап до вода подолго. оБезБедете им сенка на растенијата Ако при планирање на градината не сте го земале предвид движењето на Сонцето и изложеноста на растенија на неговите зраци, подоцна може да обезбедите сенка за чувствителните растенија. Користете мрежи за сенка или некоја друга светла ткаенина што ќе ги омекне сончевите зраци и ќе ги спречи растенијата да се исушат. n

31 јули 2020

ПОРТА

53


светлина во просторот можност за добивање лачни форми * транспарентост и провидност * добри термоизолатори. Помал губиток на топлина од стаклото, а структурираните плочи, зависно од структурата и дебелината, имаат значајно пониски коефициенти на губиток на топлина * поликарбонатните плочи не горат, сами се гасат * Добри изолатори на звук * едноставно сечење и вградување

aglas® термопан, Хотел александар палас скопје sип Литинг ДООЕЛ Скопје е лидер и промотор во градежната индустрија со термопластични полимерни материјали на територијата на Македонија. Постоиме од 1975 година и имаме големо искуство и традиција, како и знаење во оваа област. Имаме магацински простор за големопродажба и залиха од 100 тони материјали. Вршиме и професионална инсталација, вградување, со сопствен тим. акрилните плочи (PMMA, Polymethyl methacrylate) и поликарбонатните плочи (PC, Polycarbonate) се термопластични полимерни материјали во градежништвото се познати како плексиглас и лексан. Овие материјали постојат како полни плочи и структурирани, повеќеслојни плочи (Multiwall). Од истите се изработуваат најразлични готови производи, меѓу кои и светлосни траки, куполи, панели и слично. поради нивните карактеристики често се користат во градежништвото и даваат особен белег и придобивки на објектите. * стаклото е двојно потешко од полните акрилни или поликарбонатни плочи, а од структурираните плочи е неспоредливо потешко. Како пример, стакло од 6 mm тежи 14,4 kg, полна акрилна или поликарбонатна плоча од 6 mm тежи 7,2 kg, а структурирана плоча од 6 mm тежи од 1,2 до 1,3 kg * Безбедност, oтпорност при удар.

Д

54

ПОРТА

31 јули 2020

Акрилните полни плочи се околу 17 пати поотпорни на удар од стаклото, додека поликарбонатните полни плочи се и до 250 пати поотпорни, практично некршливи (одредени типови на полните поликарбонатни плочи се отпорни и на огнено оружје) * Плочите кои се УВ-нестабилни имаат заштита од ултравиолетови сончеви зраци, што значи имаат трајност и постојаност на механичките својства и транспарентност, како и целосна светлопропустливост, со стандардна фабричка гаранција 10-30 години * Издржливост на температури од -40 °C до +120 °C * еластичност. Плочите се еластични и лесно совитливи во одреден радиус, со

Во нашето долгогодишно искуство сме учествувале во изведба на стотици објекти со вградување на нашите материјали во светлосни куполи, потоа покривање и застаклување со акрилни и поликарбонaтни плочи, изведба на провидни сообраќајни звучни бариери итн. Примери се Градскиот стадион во Скопје, Спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје, спортските сали во Кавадарци и во Куманово, наплатните станици Глумово, Желино, Тетово, граничните премини Богородица и Табановце, Лечилишен комплекс Заполарје Сочи, Русија, бензински пумпи во Узбекистан, во Косово, Албанија и низ нашата земја, многубројни производни погони и фабрики во Србија, а најмногу кај нас, на територијата низ цела Македонија. 1. aglas®, Бензинска пумпа Љач, Албанија 2. aglas® термопан, Хотел Александар Палас Скопје 3. akrylon® лачна натстрешница, Lexan® Thermoclear* Plus, лантерни, Граничен премин Табановце 4. Обиколница Скопје, полни поликарбонатни плочи од 15 mm, во форма на „Z”, за подобро одвивање и прекршување на звукот 5. Lexan® Thermoclear* Plus 2UV Solar Control IR, должини до 13 м и заштита од инфрацрвени сончеви зраци heat stop, соодветна на нашето климатско подрачје,

различна изведБа на кУполи, EN 1873 Според слојност: еднослојни, двослојни, повеќеслојни. Според материјал: акрилни, поликарбонатни, комбинирани. Со IRR HEaTSTOP горен слој, соодветно на нашата клима со високи летни температури. отворање: фиксно, електромотор за вентилација, за оддимување, комбинирано, за излез на кров.


Градски стадион Скопје 6. Погон АКТИВА Штип, комбинирана трака и куполи кај слеме, траки: Lexan* Thermoclear® Plus 16 mm, куполи: POLUVISS MW16 со електричен механизам за вентилација 7. Погон ИГМ 9 Кавадарци, комбинирани траки и куполи кај слеме. Куполи: POLUVISS MW10 со комбиниран систем, електричен механизам за вентилација и систем за одвод на чад и топлина. големопродажБа За производите кои ги нудиме, поседуваме декларации за квалитет согласно со земјата на потекло, со кои се потврдуваат сите наведени карактеристики, а некои се и дополнително надградени како IRR HEATSTOP SolarControl (заштита од зрачење на инфрацрвени сончеви зраци) или Spectrum LED (поголема дисперзија на светлината од светлосното тело, како на пример ЛЕД освестлување) итн. 1. Акрилни плочи (ПММА), димензија 2050 х 3050 мм / 2030 х 3050 мм, дебелини 1, 5, 2, 3, 4, 5, 6, 8, 10, 15, 20, 40 мм, боја разновидна: - Перспекс*, произведен во Англија, ОК, ВБ - Акрилон* (Перспекс* ХТ), произведен во Словачка (3А Композитес Швајцарија) 1. Полни поликарбонатни плочи (ПЦ), димензија 2050 х 3050 мм, дебелина 2, 3, 4, 5, 6, 8, 10 мм, безбојни: - Лексан* (9030*, Ексел-Д*, Маргард*, Лексгард*), произведен во Холандија - Импекс* УВП, произведен во Германија 3. Структурирани поликарбонатни плочи (СПЦ), димензија 2100 х 6000 мм, дебелина 4, 6, 8, 10, 16 мм, безбојни, бели и кафени: - Лексан* Термоклиер* Плус, произведен во Австрија - Вајт Лабел* 1 УВ, произведен во Австрија - Импекс* Мулти Вол 1 УВ, произведен во Германија 4. Пенести ПВЦ-плочи, димензија 2030 х 3050 мм, дебелина 2, 3, 4, 5, 6, 8, 10, 19 мм, боја бела: - Форекс*, произведен во Швајцарија 5. Полиестерски (ПЕТГ) плочи, димензија 800 х 1000 мм / 1250 х 2050 мм, дебелина 0,5 мм, 0,8 мм, 1 мм, боја безбојна: - Хипекс*-Г, произведен во Германија 6. Светлосни куполи (акрилни и поликарбонатни) со механизми: - Алукс*, произведени во Словенија 7. Асортиман за монтажа (профили, гуми, траки) 8. Провидни, звучни и сигурносни бариери за автопатишта (акрилни и поликарбонатни)

Akrylon® лачна надстрешница, Lexan® Thermoclear* Plus, лантерни, Граничен премин Табановце

Бул. „кочо рацин“ бр. 8, скопје, македонија

www.liting.mk 31 јули 2020

02 3114 360 ПОРТА

55


уметност

Дали ќе продолжиме да си ги поради својата уметничка возвишеност и извонредна комуникација со просторот зрачат со убавина и заслужуваат почит и достоен третман од државата, од институциите и од граѓаните на македонија. ако светот до денес ја слави „герника“ на пикасо, зарем ние смееме да си дозволиме да не ги славиме мазев, чемерски, грабуловски... Душанка ШУловиЌ, дипл. инж. арх. лементарни непогоди, војни, миграции се судбински врзани за секој град и држава. Историските, политичките и миграциски промени го менуваат карактерот на градот и на државата, културните, менталитетските и сите видови на обичаи и навики. Според дијалектиката на промени, историјата не застанува ниту во моето опкружување. Така, ја снема сликата од моите спомени, она што го паметам стана нешто друго. Градот и државата во кои живеам се исти, но со поинакви жители, поинакво време и поинакви поимања на нештата. Покрај неминовниот позитивен технолошки развој, кој не нѐ одмина ни нас, за жал поминавме и низ еден период на целосна узурпација на градителското наследство, архитектурата и културата. Појавата на вандализам и уништување на културно-историски споменици и спомен-обележја е прашање кое вознемирува и води кон заклучокот дека простаклакот и неукоста оди рака под рака со неспособноста и негрижата на институциите. Неодамна ме вознемири веста и сликата за еден графит - вандализам во Маврово врз „Споменик на антифашистичката борба“ од 70-тите години, дело на арх. Радован Раѓеновиќ и академскиот сликар Глигор Чемерски. Станува збор за едно од помалку познатите дела на тандемот Раѓеновиќ - Чемерски од периодот на синтезната архитектура и уметност. Делото е препуштено на забот на времето, а покрај него нема никаква ознака која би означила дали објектот е под заштита на закон. Така, оној што си дозволил да црта графити под муралот на Чемерски не морал ниту да биде свесен дека прави прекршок. Сепак останува прашањето зошто тој што го ангажирал не бил свесен за значењето на споменикот? Ова ме поттикна да се позанимавам со спомениците од Народно-ослободителната борба (НОБ) во нашата земја градени во периодот меѓу шеесеттите и седумдесеттите години на 20 век. Спомениците од НОБ биле места од посебно значење во Југославија. Внимателно планирани и уредувани како

Е

56

ПОРТА

31 јули 2020

Споменик на Мавровскиот партизански одред

места за евоцирање спомени за големите битки на нашите претци, биле воедно и места за рекреација, образование и одмор. Со распадот на Југославија овие места станаа товар на новите власти. Тие престанаа да бидат вградени во училишните програми и екскурзии и многу од нив беа заборавени. Во нашата земја, во Скопје и скоро во сите

други градови има спомен-обележја, споменкостурници и меморијални комплекси од овој период, кои се авторски дела на најеминентните уметници, скулптори и архитекти од нашата земја и од бившите југословенски републики. Ако тргнете на прошетка низ градот и републиката со намера или не, ќе сретнете запрепастувачки информации и слики од


вандализам и УниШтУвање на кУлтУрно-историски споменици интервју По повод овој значаен јубилеј, разговараме со Благоја Дончев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АДИНГ.

Во тој период имавме многу успеси но и падови, кои нè направија поцврсти и отпорни за да можеме и понатаму да бидеме фирма - лидер во Југоисточна Европа со мотив тоа и да останеме. македонскиот народ од периодот на ОсманНесреќата во 1987 година во фабриката лиите до деведесеттите години на 20 век. на АДИНГ во која загинаа седум наши Објектот до скоро имаше видливи оштетувработени, можеби беше најтешкиот период вања, но Министерството за култура презема за АДИНГ. Но успеавме да се преродиме мерки и во 2016 година завршена е реконкако феникс, за две години ги саниравме последиците со помош на тогашниот ОХИС, и во 1990 година ја започнавме новата историја на АДИНГ, во време кога Македонија стануваше независна држава, а фирмите се трансформираа од општествени во приватни на акционерски принцип. АДИНГ беше една од првите пет фирми во Македонија кои успешно ја завршија приватизацијата. Таа стана сопственост на вработените на многу транспарентен и

правичен начин, без потреси и превирања бидејќи сите вработени имаа еднакви шанси да учествуваат во приватизацијата спрема тогашните закони. Со 100% акционерски капитал продолжи подемот струкцијата и реновирањето на објектот. на компанијата, чувствувајќи ги сите споменик на слободата на ридот локутранзициски тешкотии и кризни години бија во кочани подигнат во 1981 година во сè до денешниот 45-годишен јубилеј. чест на 40- годишниот јубилеј од НОБ, претставува монументално дело на уметникот

забораваме вредностите? Дончев, деновиве се навршуваат Господине обезглавени бисти, графити и чкртаници врз основањето на АДИНГ, од години 45 спомениците, оштетувања и запуштени мемочие чело денес сте Вие. Во неа на компанија ријални комплекси. Ваш работен век. Можете целиот речиси стеЌе се осврнам на позначајните дела од да издвоите некои моменти, кои според ли овој период: спомен-костурници и мемосе најзначајни за она што е АДИНГ денес? Вас ријални комплекси за да потсетам дека пре-

Q Четириесет и пет години постоење на тставуваат своевидна иконографија за една фирма се години на искуство, знаење славење на слободата, на победата на живои потенцијал да се продолжи по утврдениот тот над смртта и вознес на жртвите. пат со сигурни чекори. Тие 45 години споменикот на непобедените во прилеп, АДИНГ се развиваше во опкружување кое изграден во 1961 г. е дело на арх. Богдан носеше многу турбуленции, со промените Богдановиќ. од еден во друг општествен систем, со Сместен на брдото Могила претставува распаѓање на една голема држава и меморијален комплекс во Паркот на револураѓање на нова, а притоа проследени цијата и е изграден во чест на паднатите со војни и транзиција која сè уште трае. борци за ослободување на Прилеп. Според проектот на еден од најеминентните светски АБ преднапрегнати прагови, Скопје, Македонија познати архитекти за меморијална архитектура на 20 век во поранешна Југославија, споменикот претставува меморијална урна од осум деформирани столбови кои попримаат атрибути на древните божици на плодноста. Тоа е заедничка гробница со мермерна плоча на која се испишани имињата на загинатите борци. Споменикот е изработен од бел мермер и ја покажува големината на ослободителната борба и храброста на жителите на градот и околината. Овие осум фигури како да ја играат древната игра на балканските народи орото и така ѝ пркосат на смртта (Comac Gullien). Како што вели Бурград „изгледаат како дојденци од друга планета или свештеници кои со рацете дигнати кон небото оддават почит на борците против фашизмот и нацизмот.“ (Kiru Burghard) Споменикот има оштетувања и е недоволно одржуван. спомен-костурницата велес е изградена Разладни кули, РЕК Битола, Македонија во 1979 година и е дело на инг. арх. Сава Суботин, академскиот вајар Љубомир Денковиќ и академскиот сликар Петар Мазев. Објектот е импозантен, монументален споменик, лоциран на брдо со прекрасна глетка на градот и околината и претставува вечно почивалиште на стотина велешки борци загинати во НОБ. Објектот има форма на расцутен афионов цвет и означува раѓање на нешто ново. Присутна е и асоцијацијата на распукан шлем - симбол на победата над фашизмот. Во центарот на ентериерот поставена е скулптура на расцутено дрво како симбол на слободата, а под неа се наоѓа криптата на борците. По должината на ѕидовите лежи најголемиот мозаичен комплекс во Македонија, од околу 220 м2, дело на академскиот сликар Петар Мазев. На мозаикот од пет делови претставена е историјата на

Неодамна во едно интервју го споменавте проектот „Нови профитабилни бизниси на не ни кажете нешто АДИНГ 2019“. Можете ли даСпоменикот во Прилеп но и неговите цели, поподробно за него, запобедените за очекувањето од неговата реализација? Q Во овие 45 години АДИНГ ја профилираше својата производствена програма, по што е препознатлив на пазарот, како на домашниот така и на странскиот. Сакајќи да ја прошириме нашата дејност, на почетокот на оваа ii

Тениско игралиште - Х.Гранит, Охрид, Македонија

Спомен-костурницата Велес

Споменик Македониум, Крушево, Македонија

Споменик на слободата на ридот Локубија во Кочани

30 мај 2014

ПОРТА

17


градежништво

ЛЕТО ГОСПОДОВО, 2014 ГОДИНА

Москва Сити Тргнувам пешки од авенијата „Кутузовски“, една од главните сообраќајници на Москва, преку мало паркче со споменик на г. Багратион (од времето на битките со Наполеон), до „Кула 2000“ и мостот „Багратион“ на самиот брег на реката Москва. Тоа се првите објекти од проектот „Москва Сити“. Од високата платформа пред Глигор Чемерски и архитектот Радован Раѓемостот го имам новиќ. Во овој споменичен комплекс, архиспектакуларниот поглед кон другиот и сликарството се тектурата, скулптурата брег и московското преплетуваат во една целина. Ѕидните чудо „Мосва Сити“. платна се истовремено градежни и вајарскоПриказната сликарски елементи, кои носат мозаици во почнува...

Спомен-костурницата Кавадарци

Некогаш беа почитувани и незаборавни места, јавни простори за лични и колективни спомени. Денес повеќето од нив се скоро заАТАНАСОВСКИ , дипл.инж.арх. боравени,Љупчо препуштени на забот на времето, без статус на заштита. Спомнав само дел, од за мене лично најзначајните споменични објекти, со намера да потсетам на нивната огромна важност за македонската култура и историја. Нивната морфологија и дизајн се модерни и футуристички дури и од денешна перспектива. Секој од нив раскажува прекрасна приказна. Историско-политичкиот контекст во кој настанале секако бил идеолошки обоен, како впрочем и секој друг историко-политички контекст во човечката историја, но факт е дека тие споменици зборуваат за најсветлите достигнувања во целокупната македонска историја, која довела до создавање на првата македонска држава во историјата. Дополнително, од архитектонска и уметничка гледна точка, во споредба со сѐ што тогаш се градело во светот, овие објекти изгледаат вонсериски и вонвременски. Поради својата уметничка возвишеност и извонредна комуникација со просторот зрачат со убавина и заслужуваат почит и достоен третман од државата, од институциите и од граѓаните на Македонија. Ако светот до денес ја слави „Герника“ на Пикасо, зарем ние смееме да си дозволиме да не ги славиме Мазев, Чемерски, Грабуловски и нивните генијални мозаични остварувања со кои е раскажана и опеана епопејата кога македонскиот народ бил на вистинската страна на историјата, на страната на антифашизмот. n

дена во 1976 година и е дело на архитект, професор Петар Муличковски. Објектот е изграден во градскиот парк на надморска височина од 305 метри, со панорамски поглед на градот и околината. Тоа е монументален објект кој симболизира стара македонска куќа, како вечен дом на паднавкупна површина од 330 м2. На мозаикот е тите борци во НОБ. Во неа се сместени поовековечена борбата на македонскиот смртните останки на загинатите борци од народ за слобода. На споменикот се испиКавадарци и жртвите на фашистичкиот терор шани имињата на загинатите борци од во периодот 1941- 1945 година. Спомен-коКочани и Кочанско. Покрај историската и стурницата е изработена од бетон, а на грауметничката вредност, споменикот има и нитни плочи се испишани имињата на 328 употребна вредност со изградената амфитеборци. атрална сцена која се користи за свеченоСпомен-костурницата Куманово спомен-костурница на дванаесетте стрести, театарски претстави, концерти и други лани ваташки младинци се наоѓа во меснособири. Споменикот е прогласен за споместа моклиште, кај селото ваташа, ник на културата и е влезен во регистарот на кавадаречко. Таа е авторско дело на акаРепубличкиот завод за заштита на споменидемскиот вајар Јордан Грабуловски. Костурците на културата. Од 1991 година наваму, ницата не е одржувана и има оштетувања, споменикот е препуштен на забот на вреовој споменик е неколку пати и ограбуван, за мето и е значително оштетен. Оштетувањата на крај да биде украден и 50-тина килограми се направени од несовесни граѓани кои оттешкиот метален дел. корнале дел од мозаикот и нанесувале Спомен-костурницата Куманово е изграчкртаници на споменичната површина. Дел дена во 1957 година како авторско дело на од оштетувањата се поправени во 2004 гоарх. Зардумис и академскиот вајар Сретен дина. спомен-костурницата кавадарци е изгра- Стојановиќ. Објектот се состои од обелиск и крипта во која се сместени посмртните останки Спомен-костурница на дванаесетте на 300 загинатите борци стрелани ваташки младинци година, на градскитево власти, архитектот окрај големата и НОБ. Објектот има се- почнува да се реализира во 1996 Борис Иванович Тор риозни и градоначалникот прекрасна историја оштетувања и пре-година со комплексот „Кула 2000“ и пешачкиот мост „Багратион“ отворен Лушков, веројатно како и многупати, што на посетителите им земени се меркида за во 2000 година, кој ги спојува новиот се копира Америка вореконструкција. многу „лудории“, ја нуди Москва, сега е Во па еве да се има московски Менхетен.се дру- центар со еден од главните булевари тука и оваа современа очајна состојба Избран е просторот помеѓу Третиот споме- „Кутузовски“. На површина од 60 хектари атракција која станува гите меморијални транспортен круг, реката и и бисти восе проценува дека 250.000 - 300.000 луѓе неизбежна алтернатива и контраст ници,Москва обележја постојниот саемско хотелски комплекс на старото централно јадро околу кумановскиот крај, тие се ќе живеат и работат во овој комплекс. „Международнаја“ вооштетени, близина на Црвениот плоштад и околината. оскрнавени илиПроектираната цена од 12 милијарди долари по руските обичаи на „лесно Белиот дом. Футуристичката Идејата за „Москва Сити“ е од 1992 целосноидеја уништени.

П 58 18

ПОРТА

31август јули 2020 29 2014


интервју По повод овој значаен јубилеј, разговараме со Благоја Дончев, генерален директор и претседател на Управниот одбор на АДИНГ.

Господине Дончев, деновиве се навршуваат 45 години од основањето на АДИНГ, компанија на чие чело денес сте Вие. Во неа сте речиси целиот Ваш работен век. Можете ли да издвоите некои моменти, кои според Вас се најзначајни за она што е АДИНГ денес? Q Четириесет и пет години постоење на една фирма се години на искуство, знаење и потенцијал да се продолжи по утврдениот пат со сигурни чекори. Тие 45 години АДИНГ се развиваше во опкружување кое носеше многу турбуленции, со промените од еден во друг општествен систем, со распаѓање на една голема држава и раѓање на нова, а притоа проследени со војни и транзиција која сè уште трае. АБ преднапрегнати прагови, Скопје, Македонија

Разладни кули, РЕК Битола, Македонија

Во тој период имавме многу успеси но и падови, кои нè направија поцврсти и отпорни за да можеме и понатаму да бидеме фирма - лидер во Југоисточна Европа со мотив тоа и да останеме. Несреќата во 1987 година во фабриката на АДИНГ во која загинаа седум наши вработени, можеби беше најтешкиот период за АДИНГ. Но успеавме да се преродиме како феникс, за две години ги саниравме последиците со помош на тогашниот ОХИС, и во 1990 година ја започнавме новата историја на АДИНГ, во време кога Македонија стануваше независна држава, а фирмите се трансформираа од општествени во приватни на акционерски принцип. АДИНГ беше една од првите пет фирми во Македонија кои успешно ја завршија приватизацијата. Таа стана сопственост на вработените на многу транспарентен и

правичен начин, без потреси и превирања бидејќи сите вработени имаа еднакви шанси да учествуваат во приватизацијата спрема тогашните закони. Со 100% акционерски капитал продолжи подемот на компанијата, чувствувајќи ги сите транзициски тешкотии и кризни години сè до денешниот 45-годишен јубилеј.

Неодамна во едно интервју го споменавте проектот „Нови профитабилни бизниси АДИНГ 2019“. Можете ли да ни кажете нешто поподробно за него, за неговите цели, но и за очекувањето од неговата реализација? Q Во овие 45 години АДИНГ ја профилираше својата производствена програма, по што е препознатлив на пазарот, како на домашниот така и на странскиот. Сакајќи да ја прошириме нашата дејност, на почетокот на оваа ii Тениско игралиште - Х.Гранит, Охрид, Македонија

Споменик Македониум, Крушево, Македонија

30 мај 2014

ПОРТА

17


градежништво

ЛЕТО ГОСПОДОВО, 2014 ГОДИНА

Москва Сити

Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх.

Тргнувам пешки од авенијата „Кутузовски“, една од главните сообраќајници на Москва, преку мало паркче со споменик на г. Багратион (од времето на битките со Наполеон), до „Кула 2000“ и мостот „Багратион“ на самиот брег на реката Москва. Тоа се првите објекти од проектот „Москва Сити“. Од високата платформа пред мостот го имам спектакуларниот поглед кон другиот брег и московското чудо „Мосва Сити“. Приказната почнува...

окрај големата и прекрасна историја што на посетителите им ја нуди Москва, сега е тука и оваа современа атракција која станува неизбежна алтернатива и контраст на старото централно јадро околу Црвениот плоштад и околината. Идејата за „Москва Сити“ е од 1992

П 18

ПОРТА

29 август 2014

година, на градските власти, архитектот Борис Иванович Тор и градоначалникот Лушков, веројатно како и многупати, да се копира Америка во многу „лудории“, па еве да се има московски Менхетен. Избран е просторот помеѓу Третиот транспортен круг, реката Москва и постојниот саемско хотелски комплекс „Международнаја“ во близина на Белиот дом. Футуристичката идеја

почнува да се реализира во 1996 година со комплексот „Кула 2000“ и пешачкиот мост „Багратион“ отворен во 2000 година, кој ги спојува новиот центар со еден од главните булевари „Кутузовски“. На површина од 60 хектари се проценува дека 250.000 - 300.000 луѓе ќе живеат и работат во овој комплекс. Проектираната цена од 12 милијарди долари по руските обичаи на „лесно


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.