295-ти број на Порта 3

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

295 АВГУСТ 2020

Мултифункционална сала, нова реперна точка во Бања Лука Двете вистини за рудникот Иловица Штука Универзална сала не е објект, затоа и нема да може да се сруши



ПОРТА


СОДРЖИНА

10

20

ИНФО 6 ПОЧНА ПРОБИВАЊЕТО НА УЛИЦАТА ЕСЕНИНОВА КАМПАЊА ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ОСОГОВСКИТЕ ПЛАНИНИ ЗА ЗАШТИТЕН ПРЕДЕЛ

РЕГИОНИ 8 СТАВ 10 РУИНА ВО БЕЗВРЕДЕН ЛИМ ИЛИ МЕМОРИЈА ВРЕДНА ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ?

СТАВ 14 УНИВЕРЗАЛНА САЛА НЕ Е ОБЈЕКТ, ЗАТОА И НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ СРУШИ

24

ГРАДЕЖНИШТВО 16 ИДНАТА ГОДИНА ПОЧНУВА ИЗГРАДБАТА НА БРАНА НА РЕКА ОТИЊА

ГРАДЕЖНИШТВО 20 БРИТАНСКИ ОДГОВОР НА ПАНДЕМИЈАТА?

АРХИТЕКТУРА 24 МУЛТИФУНКЦИОНАЛНА САЛА, НОВА РЕПЕРНА ТОЧКА ВО БАЊА ЛУКА

АРХИТЕКТУРА 30 УЛТРАМОДЕРЕН МИНИ-ГРАД ВО МОСКВА – „ВТБ AРЕНА ПАРК“

30

АРХИТЕКТУРА 34 ДРВОТО ЗАЗЕМА ЦЕНТРАЛНА УЛОГА ВО РАЗВОЈОТ НА ПРОЕКТОТ

УРБАНИЗАМ 38 ТРАНСФОРМАЦИЈА НА УРБАНИ ПРОСТОРИ И АРХИТЕКТУРА ПОД ВЛИЈАНИЕ НА ПАНДЕМИЈА

УРБАНИЗАМ 42 ПРИСТАПОТ ДО ГРАДЕЖЕН ПРОФИТ ВО ВЕЧЕН КОНФЛИКТ СО ПРИСТАПОТ ДО ПРАВДА

ТЕХНОЛОГИЈА 48 МИСИЈА – ЖИВОТ ПОСВЕТЕН НА СОНИШТАТА

ЕКОЛОГИЈА 52 ЕКОЛОГИЈА ИЛИ ЕКОНОМИЈА ДВЕТЕ ВИСТИНИ ЗА РУДНИКОТ ИЛОВИЦА ШТУКА

РЕПОРТАЖА 56 ЗОШТО ГЛЕНСТОУН Е ПОИНАКОВ ВИД МУЗЕЈ?

ХОРТИКУЛТУРА 60 ГРАДИНАТА ВО УСЛОВИ НА ЛЕТЕН, ПОРОЕН ДОЖД

ПОРТА

25 јули 2014

42 56


ГОДИНА XII

БРОЈ 295 ПЕТОК 28.8.2020 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Крајот на летото носи нови интересни четива на страниците на Порта 3. Во овој број, како и секогаш, градежништвото, архитектурата и екологијата се надополнети со содржини од урбанизам, технологија, хортикултура. Страниците ги почнуваме со активностите на локалните самоуправи. Министерството за животна средина и просторно планирање ја почна кампањата за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел. Екипите на Град Скопје почнаа со изградба и пробивање на улицата „Есенинова“, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар. Во Општина Кочани се гради пешачко-велосипедската патека покрај езерото Гратче. Општина Радовиш добива ново улично осветлување со ЛЕД светилки. Во Гевгелија се изработува нов проект за пат од мостот на Сува Река до македонско-грчката граница. Општина Делчево ја почна тендерската постапка за изградба на пречистителна станица. Актуелноста на темата за уривањето на Универзална сала ги поттикна архитектите да ги изнесат своите ставови околу важноста на овој објект. Што со Универзална сала? Дали овој наш монтажно-демонтажен објект (кој какотаков, некои, по често погрешен автоматизам, го сметаат за времен) се стекна со право на трајно постоење. Ако некој е повикан да препознае и заштити по секоја цена значаен градски амбиент, значајна градска слика, значајно физичко сеќавање, тоа мора да е архитектот! Професијата ни налага да укажуваме на постоењето на таквите, за лаиците, често невидливи вредности и да ги заштитуваме. Исто така, ќе може да се види и едно поинакво изразување за Универзална сала, пренесено преку цртежи на нашиот соработник. Рубриката градежништво ја почнуваме со информации за браната на река Отиња во Штип, чија изградба ќе почне идната година. Нашиот дописник од Лондон за овој број ја пренесува програмата на британската Влада на премиерот Борис Џонсон, за справување со рецесијата во земјата под слоганот „Гради, гради, гради“. Рубриката архитектура ја почнуваме со опис на првонаградениот проект на конкурсот за мултифункционална сала/конгресен центар во Бања Лука. Во овој број победничкиот тим на конкурсот објаснува како новата мултифункционална сала, со својата нагласена вертикалност и обилна културна програма, станува

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

нова реперна точка во новата градска матрица. Нашиот дописник од Москва ги пренесува податоците за ултрамодерниот мини-град во Москва – „ВТБ Aрена Парк“ кој е веќе завршен и е еден од најпознатите и најквалитетни градски проекти. Потрага по прилагодување на објектите на условите на животната средина, интеграција помеѓу надворешните и внатрешните простори, како и експериментирање со врвни технологии се главни елементи на нивното поимање на архитектурата. RN house во Бразил е објект каде дрвото зазема централна улога во развојот на проектот. Рубриката урбанизам ја почнуваме со текст за потребата од трансформација на урбани простори и архитектура под влијание на пандемија. Потребно е создавање соодветни просторни услови кои ќе помогнат за одбегнување пренесување на заразните болести, како придонес на архитектурата за заштита на населението во услови на пандемија. Друга тема во оваа рубрика е дека во урбанистичкото планирање нема доволно инструменти за граѓаните да влијаат врз уредувањето на просторот во којшто живеат. Пристапот до градежен профит е во вечен конфликт со пристапот до правда. Во рубриката технологија може да се прочита за веројатно еден од најпознатите бизнисмени во светот, Илон Маск, човекот кој никогаш не гледал на успехот и на бизнисот низ призмата на капиталот, туку како средство за остварување на неговата мисија за спас на човештвото. Кај рубриката екологија повторно една актуелна тема за која се кршат копјата и трае неизвесноста. Околу отворањето на рудникот за злато и бакар Иловица – Штука има различни барања и ставови. Екологистите се против отворање на рудникот, додека концесионерот „Еуромакс Ресурси“ тврди дека се развива согласно најновите законски измени – без цијанид и сулфурна киселина. Нашиот дописник од Вашингтон преку слики и опис нè води во музејот за современа уметност Гленстоун сместен во Сојузната Држава Мериленд. Гленстоун e основан во 2006-та година со визија да биде спој на уметност, архитектура и природа. Овој број го заокружуваме со рубриката хортикултура, а во неа има совети како да ја заштитите вашата градина во услови на летен, пороен дожд. ОД РЕДАКЦИЈАТА 295

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Ненад ТОНИЌ Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

АВГУСТ 2020

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Мултифункционална сала, нова реперна точка во Бања Лука Двете вистини за рудникот Иловица Штука Универзална сала не е објект, затоа и нема да може да се сруши

АВТОР ПЕРО ГЕОРГИЕВ

Насловна страница УНИВЕРЗАЛНА САЛА НЕ Е ОБЈЕКТ, ЗАТОА И НЕМА ДА МОЖЕ ДА СЕ СРУШИ

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.8.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

Кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел

инистерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Македонското еколошко друштво, Јавното претпријатие „Национални шуми“ и општините во идното заштитено подрачје почнува кампања за прогласување на Осоговските Планини за заштитен предел. Целта на кампањата е да се информира и запознае јавноста за тоа што претставува

М

„заштитено подрачје“, како може да се зачуваат природните вредности и воедно да се обезбедат економски придобивки од заштитените подрачја. Во рамките на кампањата ќе се зборува за природните вредности, биодиверзитетот, туризмот, планинарството, културата и традициите во Осогово, а ќе се споделат и важни информации за идното заштитено подрачје. Кампања е поддржана од Програмата за

зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје. Кампањата е поддржана и од општините Кочани, Чешиново-Облешево, Пробиштип, Македонска Каменица, Кратово и Крива Паланка. Слоганот на кампањата е „Осогово какво што сакаме да биде: чисто, зелено и развиено!“. n

Почна пробивањето на улицата Есенинова Екипите на Град Скопје почнаа со изградба и пробивање на улицата Есенинова, која ќе ги поврзува Кисела Вода, Аеродром и Центар, односно булеварите Борис Трајковски и Трета македонска бригада. Новоизградената улица Есенинова ќе биде долга 730 метри, со променлива ширина, односно, ќе има две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во Трета македонска бригада. Предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и да се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација. Вредноста на договорот изнесува околу 71.000.000 денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 22 месеца. Улицата Есенинова е од огромно значење за жителите на Кисела Вода, Аеродром и Центар, зашто претставува трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода. Булеварот Трета македонска бригада со должина од 2,5 километри има само две поврзувања со 6

ПОРТА

28 август 2020

Кисела Вода, едното преку булевар Србија со булевар Борис Трајковски, а второто, познатото тесно грло кај „Тутунски

комбинат“, кое воедно претставува поврзување на Аеродром и со Кисела Вода и со Центар. n

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


ПОРТА


региони

Се гради пешачко-велосипедската патека покрај езерото Гратче Паралелно со реконструкцијата на објектот наменет за планинарски дом на Пониква, во рамките на проектот „Планински велосипедски рај“ се гради пешачко-велосипедската патека што ги поврзува новиот мотел и круната на брана Гратче. Во овој период се завршува машинскиот ископ на патеката, а активностите ќе продолжат со порамнување на теренот и тампонирање. Патеката просечно е широка 1,5 метар, долга е 520 метри и ќе биде поплочена со бехатон. Со овој проект ќе се реконструира и постојната патека од месноста Бавчалук до локацијата Тополник. Тоа ќе значи подобрување на познатата релација која љубителите на пешачењето и на велосипедот вообичаено ја минуваат по асфалтниот пат од Кочани до Гратче. Патеките ќе бидат означени со патокази, со уредени места за одмор, видиковци, клупи, канти за отпад и друга урбана опрема. Проектот „Планински велосипедски рај“ вклучува изградба, реконструкција и надградба на постојните земјени велосипедски патеки и на Осоговските Планини: двете се на релација од Грaтче до Пониква и обратно, со должина од по 15 километри, а третата планинска велосипедска патека е два километри и води од круната на брана Гратче до водопадите. Уредувањето на пешачко-велосипедските патеки и патеките за планински велосипедизам и планинско пешачење во вкупна должина од 35 километри, се очекува да ја зголеми атрактивноста на

кочанскиот дел од Осоговијата и ќе ги промовира нејзините природни и културни локации. Средствата што ги доби Општина Кочани за проектот „Планински велосипедски рај“ се во рамките на подгрантовата шема на проектот „Локална и регионална конкурентност“ финансиран од ИПА 2 доверителскиот фонд на Европската Унија, администриран од Светска банка.

Нов проект за пат од мостот на Сува Река до македонско-грчката граница 1.211 метри и ширина од девет метри, како и пешачки тротоари по три метри од двете страни на сообраќајницата или вкупно 15 метри. Предлогот е прифатен од страна на Југоисточниот плански регион, кој аплицира на вториот повик на УНДП за изработка на документација за три патни правци, кои се од посебно значење за локалниот економски развој на регионот. Со проект за изградба на улица од мостот на Сува Река до македонско-грчката граница всушност ќе се обезбедат услови за поврзување на Гевгелија со државната граница со Република Грција.

Општина Гевгелија, преку Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, аплицираше за изработка на техничка документација преку проектот „Градење на општинските капацитети за имплементација на проекти“ на УНДП. Една од главните цели на овој проект е да се дефинира, воспостави и да се управува со Фондот за техничка документација што ќе ги обезбеди финансиските ресурси што им се потребни на општините за да ги завршат неопходните подготвителни работи за изработка на проекти со коишто ќе може да конкурираат за фондови од ЕУ. Со новиот проект се предвидува предметна улица со должина од 8

ПОРТА

28 август 2020


Општина Радовиш добива ново улично осветлување со ЛЕД светилки Општина Радовиш ќе добие ново улично осветлување со ЛЕД светилки. Локалната самоуправа и фирмата „ИНТЕРЕНЕРГО“ ДООЕЛ потпишаа Договор за воспоставување јавно-приватно партнерство за давање енергетски услуги за јавно осветлување по ЕСКО модел. Станува збор за проект во вредност од 1,6 милиони евра поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) кој ќе се изведува по ЕСКО модел на јавноприватно партнерство. ЕСКО моделот предвидува развој, изведба и финансирање на проектот со цел да се подобри енергетската ефикасност и да се намалат трошоците за електрична енергија и одржување. Предвидено е проектот да се реализира за три до четири месеци при што сите стари електрични светилки на територијата на општината ќе бидат заменети со нови еколошки висококвалитетни ЛЕД светилки од англиско производство.

Ќе се гради пречистителна станица во Делчево Општина Делчево ја почна тендерската постапка за изградба на „Пречистителна станица за питка вода и придружни објекти “ вклучувајќи набавка, монтажа и останати услуги. Изградбата на пречистителната станица и придружните објекти во Делчево што е

во рамките на проектот „Водоснабдување на Делчево“, вклучува изградба на пречистителна станица за вода, бунари на подземни води и пумпни станици, водоводи и резервоари за вода, како и фотоволтаична централа. Тендерот завршува на 30 септември оваа година, кога и ќе се отворат понудите. Презентацијата на понудите ќе се одржи од 14 до 16 октомври, а договорот со најдобриот понудувач ќе се потпише во текот на месецот ноември 2020. Тендерот се спроведува според упатствата за набавка на СЕКО. Имплементацијата на проектот почната во 2018 година, треба да заврши во март 2022 година. Проектот е вреден 7,3 милиони швајцарски франци од кои шест милиони се донација од Швајцарската конфедерација преку Амбасадата на Швајцарија, а останатото е учество на Македонија преку Министерството за животна средина и Општина Делчево. Проектот го спроведува EBP Schweiz AG, Zollikon Switzerland, а краен корисник е ЈКП Брегалница-Делчево.

ПОРТА


став

Руина во безвреден лим или

меморија вредна за зачувување?

Ако некој е повикан да препознае и заштити по секоја цена значаен градски амбиент, значајна градска слика, значајно физичко сеќавање, тоа мора да е архитектот! Професијата ни налага да укажуваме за постоењето на таквите, за лаиците, често невидливи вредности и да ги заштитуваме Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх. он крајот на јули Град Скопје распиша конкурс за избор на идејно решение за парк со летна сцена на местото на Универзална сала, а тоа подразбира дека се планира таа да се сруши. Притоа, на градските власти намерата им било да изградат нова Универзална сала на друга локација. Лично сметам дека нејзиното рушење, и т.н. „префрлување“ на друга локација е по многу нешта погрешно, а во продолжение ги изнесувам и моите аргументи за тоа. Ќе започнам со паралела со Ајфеловата кула. Имено, и Ајфеловата кула е монтажен објект, наменет за изложба, предвиден да стои 20 години, и како и многу други објекти од тој период, да биде отстранет од локацијата по предвидениот рок. Сепак, независно од фактот што на грото од Французите не им се допаѓал,

К 10

ПОРТА

28 август 2020


УниверзАлнА сАлА поради сплет на околности опстојал и по тие први неколку децении. Низ годините прераснал во градски и национален симбол и на некој начин си го аргументирал своето постоење. Поради иконичноста и колективната меморија, ретроактивно стекнува право на трајно постоење, наспроти првично предвиденото времено. Што со Универзална сала? Дали овој наш монтажно-демонтажен објект (кој какотаков, некои, по често погрешен автоматизам, го сметаат за времен) се стекна со право на трајно постоење, по аналогијата на Ајфеловата кула? Мојот став, како млад архитект кој не доаѓа од Скопје, но кој студентските денови ги помина во Архитектонскиот факултет што се наоѓа спроти Универзална сала, е да - се стекна. И тоа се стекна, без воопшто да отворам дебати за архитектонската или естетската вредност на објектот; и независно од тоа дека објектот е реинтерпретација на софиски циркус, а авторот на проектот е непознат. Цврсто сметам дека не може да има посилен аргумент во прилог на тоа дека Универзална треба да опстои, од аргументот дека таа е прерасната во мемориско наследство, во објект-сеќавање поради мноштвото одржани врвни културни настани, во значајна колективна отелотворена меморија. Гледам го споменуваат проблемот со локацијата. Таквиот проблем, отежнатиот пристап поради густината на маалото и немањето паркинг за посетителите, практично е настанат отпосле, кога Универзална веќе постоела. Од една страна природно: поради зголемениот степен на моторизираност кој спонтано го донела втората половина на ХХ век, а од друга страна, пред сѐ, поради лошите урбанистички политики. И во контекст на урбанизмот, а низ дискурс за актуелната тема со предвиденото рушење на Универзална, се наметнуваат неколку дилеми. Прво, зошто своевремено, повторливо низ годините, не се размислувало поинаку: зошто во ДУП-овите за Буњаковец се дозволувале толкави габарити, знаејќи дека во иднина таквите габарити ќе предизвикаат проблем на околината поради јавниот објект кој веќе постои тука? Второ, зошто не се размислува во правец на тоа дека таквиот проблем може да се амортизира со ефикасен јавен превоз и квалитетна врска на салата со остатокот од градот која би била доволна за голем дел од посетителите да се откажат од идејата да дојдат со сопствено возило на некој настан тука? Зошто сега Универзална сала да ни биде проблем, кога веќе постоела тука пред да настане урбанистичкиот хаос, а не обратно? Зошто таа да се отстранува поради погрешни урбанистички одлуки таложени со години, наместо да се пристапи кон праведно решение во кое таа нема да биде жртва на урбанизмот? но како и да е, локацискиот проблем е веќе

настанат. Освен тоа, во градот има потреба за постоење мултифункционална сала со поголем капацитет. но не гледам апсолутно никаква причина, особено не разумна, таквиот проблем да го спојуваме со таквата потреба. Ова спојување им е најсилен аргумент на апологетите на идејата Универзална да се сруши. Сепак, кога вака ќе ги поедноставиме работите, гледаме дека е бесмислено да спојуваме две работи кои немаат врска една со друга, да спојуваме фактички проблем со практично немерлива потреба. Од друга страна, перверзна е помислата што таквото бесмислено спојување служи како аргумент за да срушиме еден од симболите на постземјотресно Скопје, за да отстраниме едно иконично наследство, за да избришеме отелотворена меморија градена половина век преку мал милион квалитетни

настани. лично, дури го сметам и за безобразен обидот, (иако можеби е само неумесен, неумешен и непромислен) тој некој иден нов објект на друга локација, колку и да личел на Универзална, да биде поистоветен со неа и/или да биде именуван исто како неа! Верувам дека своевремено именувањето на Универзална се случило спонтано и непланирано, станува збор за сала со универзална намена од која произлегува и нејзиниот неформален назив по кој низ годините станува позната, но како и претходните аргументации за самото постоење на објектот, сметам дека терминот „Универзална сала“ заслужува да добие ексклузивитет при користењето. Тој термин е еден, неодвоив е и неделив, не само од сегашниот објект туку и од

ПОРТА


таа отелотворена колективна меморија. А тој некој друг посовремен и поголем мултифункционален центар со универзална намена на друга локација кој треба да послужи како замена за сегашниот објект, не само што не треба, сметам дека и не смее да биде именуван како „Универзална сала“. Скопје познава и сентиментално се идентификува само со еден објект, само со една слика, само со една меморија со тоа име. И затоа сметам дека сегашниот објект, наместо да се сруши, треба да се реставрира во целост со сѐ партерот, да се направи статичка санација, и во иднина да служи само за неколкукратно помали настани со кои не би се отежнувало функционирањето на маалото; притоа, одреден негов дел може да прерасне во музеј преку кој идните посетители и настапувачи би се запознале со минатото на објектот и неговата сентиментална вредност. Во секој случај, ќе му остане потребата на 12

ПОРТА

28 август 2020

Скопје од мултифункционален центар/сала, со среден капацитет (1000 - 3000 гледачи), која во локациска смисла треба да функционира според стандардите. И тука се наметнуваат дилеми од финансиско-економски аспект. Според Град Скопје прескапо и невозможно било да се направат двете работи: и реставрирање на Универзална, и градење нова сала на друга локација. Можело или едното, или другото. Па велат, првото секако не функционира поради локацијата (во случај да остане досегашниот капацитет на Универзална), а можеби би профункционирало доколку се намали нејзиниот капацитет – но тогаш би останала потребата од нова сала. Второто подразбирало рушење на Универзална бидејќи веќе било непотребно и опасно да стои нереконструирана штом парите ќе се потрошат на нов центар. И што треба архитектот да прави, кога му наметнуваат ултиматуми од ваква природа?

Дали архитектот треба повеќе да се грижи за „немањето средства“ отколку да се грижи за тоа да биде поревносен во борбата за заштита на објект кој бил домаќин на маркантни настани кои силно учествувале во градењето на културниот идентитет на Скопје? Дали треба толку лесно и едноставно да се помириме со тезата дека „немало пари“? Вчудоневидувачки ми е кога гледам дека архитекти така лесно ја голтаат ваквата теза, а не можат (или не сакаат) да го увидат иконичното значење на Универзална сала. Уште повчудоневидувачки ми е кога гледам дека архитекти не можат да препознаат иконично наследство и отелотворена меморија. Ако некој е повикан да препознае и заштити по секоја цена значаен градски амбиент, значајна градска слика, значајно физичко сеќавање, тоа мора да е архитектот! Професијата ни налага да укажуваме за постоењето на таквите, за лаиците често невидливи вредности, и да ги заштитуваме борејќи се за нив. И не треба за возврат да очекуваме благодарност од лаиците што сме се избориле да живее нивната меморија преку нерушењето на иконични наследства, којашто меморија, патем, често и не е доволно вреднувана и ценета сѐ додека некој не го избрише физичкиот, опипливиот атрибут од неа, односно објектот. Доволно е што никој во иднина нема низ лута носталгична воздишка да се потсетува на „старите времиња“ и на објектите кои биле срушени, а граделе и изградиле мемории и сеќавања. И во овој текст немам намера да помогнам во неформалната едукација на одредени архитекти (или засегнати политичари, градски и државни службеници) посочувајќи литература од светски еминентни имиња од најразлични области кои се имаат занимавано со тематика врзана за соодносот на сеќавањата со архитектурата, на колективната меморија со зградата како физички објект. Но навистина е трагично во ситуацијата со Универзална сала да го занемаруваме таквиот аспект на гледање на работите. Освен тоа, неверојатна, и уште повчудоневидувачка, ми е реториката на некои наши архитекти, со која стануваат адвокати на политичарите или економистите, па така лесно ретерираат од борбата за заштита на иконично наследство само поради аргументот дека немало средства. вчудоневидувачка ми е леснотијата со која, во ситуација кога гледаме еден куп непродуктивни трошења на јавни пари, се прифаќа тезата дека нема јавни средства за да се зачува објектот кој создал спомени, сеќавања, објектот во кој гостувале еминентни светски ѕвезди, објектот кој за многу од таквите ѕвезди е единствена слика, единствен флеш од нивните гостувања во скопје и Македонија воопшто. Дури еве да речеме и дека им верувам на


властите кога велат дека нема пари за да се зачува Универзална, или не би имало доколку се задоволи потребата за нов мултифункционален центар на друга локација и се изгради таков. Што ме спречува да барам да најдат? Впрочем, не е ли тоа нивната работа – да финансираат работи кои стручната фела од дадена област ќе процени дека се важни за да бидат финансирани, без притоа да ја притискаат и да ја натераат да ретерира од првично разумните ставови? И на крајот на краиштата, зошто мора да се брза со одлуката? Зарем не е подобро фазно да се отпочне најпрво со санација на Универзална, па како што ќе се определуваат/наоѓаат средства, да се завршуваат работите околу неа, таа да се става во определена функција која нема да го отежнува функционирањето на маалото, па дури потоа да се гради нов мултифункционален центар на друга локација? Кому му се брза? И онака стоиме пет години без едното, а не можеме да знаеме колку без другото. велат, „брза кучка - слепи кучиња раѓа“. затоа не мора да брзаме. не мора да ја ослепуваме оваа градска и национална колективна меморија рушејќи го нејзиниот физички атрибут. Штом не се истакнуваме по пристојно негување на културното наследство во државата, барем да не си го рушиме самите нашето мемориско наследство. Универзална сала во суштина е токму тоа – меморија. n

28 август 2020

ПОРТА

13


став

ТАА е кУлТУрен ТОПОниМ

Универзална сала не е објект, затоа и нема да може да се сруши JohnMcLauglinTortoisePattiSmithDavidByrneAlDiMeolaNouvelleVagueDavidSylvianBryanFerryOrnettColemanQuartetMadeleinePeyreuxPa oloFresuRenaudGarciaFonsMercuryRevJaneBunnettAndTheSpiritsOfHavanaMcCoyTynerTrioMoreno+2ArtoLindsayOliverDragoevicB.BKingFo ltinAnastasiaCesariaEvoraLTJBukemZuco103KimoPohjonenТошеПроескиAlexanderHawkinsDavidMurrayQuartetSaulWilliamsWadadaLeoSmi thHarrietTubmanThurstonMooreMetteRasmussenTrondheimVoicesSusanaSantosSilvaAbBaarsHamidDrakeMopoТониКитановскиDavidTornF redFrithTrioSokratisSinopoulosQuartetJonbalkeBatagafArtEnsembleOfChicagoJoelleLeandreTordGustavsenTrioJamesBrandonLewisQuintet AnthonyBraxtonArthurBlytheTrioRoyAyersMoryKanteEddiePalmieriJoeMorrisTrioRovaSaxophoneQuartetSpanishFlyDavidTronzoJohnSurman АлександарЏамбазовHenrixProjectGotanProjectRayCharlesМакедонскаФилхармонијаRabihAbouKhalilTrioMedeskiRayAndersonTrioRoyHar groveQuintetBennyGolsonRoyCampbellHowardJohnsonMikeMainieriRichardGallianoAndrewHillTrioHenryThreadgillMuhalRichardAbramsQua rtetAlanHoldsworthGroupVernonReidJamesChanceGregBendianMyraMelfordQuintetMarcRibotJohnLurie&TheLoungeLizardsJohnScotfieldGr oupMikeSternBandJobimTaniaMariaGeriAllenTrioYoussouN'DurPhilipCatherineTrioВлаткоСтефановскиМирославТадиќZeenaParkinsCharles GayleElliotSharpTerraplaneSalifKeitaCubanismo!DJSoulSlingerHerbieHancockSpassovYazdijianVelezTrioSusanaBacaOmaraPortuondoОркес таротНаМакедонскатаТелевизијаDaveDouglasMingusBigBandCecilTaylorSoundVisionOrchestraChickCorea,StanleyClarkeLennyWhite

Перо ГЕОРГИЕВ, дипл.инж.арх. Таа е ентитет со (мулти) идентитет. Таа е парк, стара дама со изветвен фустан. Дух, Порака. Лимена звучна кутија. Ковчег (полн слики). Архив на колективни сеќавања. Трезор на лични возбуди. Шеталиште на звук. Културен бунтовник. Таа е и сведок, и воајер, и соучесник. (ја потпевнува Пети Смит и налева пиво во своето исушено грло. Нејзината архитектонска структура флуктуира помеѓу различни урбанистички и естетски толкувања. Во неа се вградени и се читаат мноштво слоеви. Некои се потпираат на чисти технички подлошки, повеќето од нив ја надминуваат состојбата на единствено архитектонско толкување и преминуваат во состојба на културолошки феномен. Тие слоеви се несрушливи и ја преземаат улогата на носечки фундамент на целата конструкција и архитектонска структура и стануваат главни елементи на препознавање, можна платформа за културна идентификација. Тие слоеви се како бранови кои со години преклопуваа и преплавуваа, генерираа енергија и го реобликуваа постоечкото тло. Во тие пластови сеуште ечи силен молк и нескротлив крик. Во тие зони трубите го пробиваа звучниот ѕид. Да се сруши еден ваков објект значи да се обеззначаи еден генерациски бран, од едната и од другата страна на сцената. И зад сцената. Да се избрише еден ваков објект од културната мапа, значи да се стави под 14

ПОРТА

28 август 2020


нож гласот на Цезариа Евора, да се искомпромитира целиот звуковен багаж, тој невидлив еманципатор! Нејзините црни кутии сведочат за долги музички летови, нејзиниот мотор-за небројлива минутажа. Зад секое седиштедух, под секое седиште-звук со сила да подигне задник. Звучната гравура длабоко втисната без можност за бришење и повторно полирање. Место полно со духови кои седат во Норвешка, Финска, Куба, Азербејџан и пијат пиво во неа, потпрени на полураспаднат шанк и бришат пена од брк. Таа е конглометат од фолии (како за анимиран филм), музикална дама со истенчено сетило за слух, дружељубка, звукољубка, љубољубка. А сите ние се фативме за нејзиниот фустан. И тука архитектурата нема ништо со тоа. Универзална сала не е објект, затоа и нема да може да се сруши. n

28 август 2020

ПОРТА

15


градежништво

Идната година почнува изградбата

По добивањето на дозволата, ќе следува и тендерската постапка од страна на Министерството за транспорт и врски Драган РИСТОВ пштина Штип пред извесно време го доби одобрението за градење за брана на реката Отиња. Претходно беше добиен и последниот документ за добивање на градежната

О

ПОРТА

дозвола за изградба на брана на река Отиња. Последниот од низата документи кои беа потребни е де факто, позитивното мислење од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС). Во рок од две и пол години Штип подготви основен проект со изработена ревизија, изработена студија за оцена на

влијанието врз животната средина, изработен и усвоен детален урбанистички план за брана Отиња. По добивањето на дозволата наесен, најверојатно ќе следува и тендерската постапка од страна на Министерството за транспорт и врски. Според експертите оваа брана ќе се гради од две до две и пол години, а сè зависи од изведувачот и од временските услови. Експропријација на земјиштето е извршено на круната на браната, а додека експропријацијата на земјиштето во самата брана ќе биде завршена во текот на наредниот период. “Веќе го имаме и одобрението за градење од Министерството за транспорт и врски. Mакотрпната работа во изминатите две и пол години од страна на Општината, Владата, неколку ресорни министерства, проектантите, инженерите, професорите има конкретен ефект и резултат. Јас на овој проект приоѓам со многу ентузијазам и желба заради тоа што за овој проект вреди да се даде сè од


ДОбиенО е и ОДОбрение зА ГрАДење ОД МинисТерсТвОТО зА ТрАнсПОрТ и врски

на брана на река Отиња себе, да се потроши многу енергија и време“, вели градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. СОН СТАР 60 ГОДИНИ Сонот за брана датира уште од пред 60 години. Во одредени периоди, постоеја засилени активности за остварување на овој сон. Во 80-тите години на минатиот век, во Општината постоел и проект за бетонска брана на река Отиња. Тој проект повеќе години беше заборавен, но во 90 -те години, штипјани од 1992 до 1997 година собираа пари за изградба на брана на реката Козјак. Проектот заглави исто како и собраните пари. Потоа, се јави повторно желбата да се искористат средствата, но се наиде на пречка, бидејќи тие не се наменети за изградба на брана на Отиња, туку на Козјачка Река. Имаше и референдуми за да се искористат парите од самопридонесот, но досега сите обиди беа неуспешни. Дваесетина години, политичките партии искажуваа добра волја, дури и ставаа свои потписи за консенус, дека заеднички ќе работат на остварување на проектот. Но, за жал, сè остана на таа добра волја. Околу 1,5 милиони евра, останаа на трезорска сметка, без никаква камата, а беа дадени и позајмици на локалните јавни претпријатија во висина од половина милион евра. Тие пари, сè уште не се комплетно вратени назад, па на сметката има околу еден милион евра. Се чинеше, дека средствата ќе останат заробени подолго, а сонот никогаш нема да стане јаве. Овие средства од самопридонесот се на сметката на Општина Штип. Досега секоја политичка партија пред да дојде на власт говореше дека овие средства ќе бидат искористени, но по неколку месеци на власт сфаќаат дека постапката е тешка за нивно искористување, бидејќи мора да се оди на уште еден референдум, на којшто граѓаните треба да се изјаснат за што би ги искористиле. Немањето на политички консензус е причината што градот Штип досега имаше два неуспешни референдуми за овие пари. Тие пари ни оддалеку не се доволни да се изгради оваа брана и затоа Владата влезе во реализација на овој значаен капитален проект.

На дел од овие пари имаат право и граѓаните на малата рурална Општина Карбинци. Но, додека не се организира референдум за нивна пренамена и Штип и Карбинци може само да сонуваат за нив и да ги гледаат на сметката. инвесТиЦиЈА кОЈА Ќе ДОнесе ПОзиТивни ПрОМени Инвестицијата чини точно 7,5 милиони евра, кои ги нема во општинскиот буџет, но затоа пак радува фактот што

македонската Влада се нафати да го финансира штипскиот сон. Првите средства пристигнуваат до крајот на годинава, кои се издвоени со ребалансот на буџетот. Општинските служби работат координирано со Министерството за транспорт и врски, и сега со добивањето на градежната дозвола за изградба на браната, можат да почнат и тендерските постапки. Браната на река Отиња на Штип ќе му донесе промена на климата, заштита од

28 август 2020

ПОРТА

17


поплави, но и место за рекреација. Населбите Суитлак и Блок 2.000 ќе се поврзат со улица, која ќе поминува по круната на браната, а ова е шанса за развој на овој дел на градот, каде што е предвиден Спортско-рекреативниот центар Суитлак, но и викенд населба. На почетокот на наредната година се очекува да се видат и првите градежни машини, коишто ќе работат на изградбата на брана на река Отиња. Според проценките на ревизорите кои работат на проектот изградбата би траела две години, а со добар градежен изведувач времето ќе се скрати и за половина година.

18

ПОРТА

28 август 2020

брАнА, викенД зОнА зА кУЌи, ПеШАЧки ПАТеки Според техничката документација, браната на река Отиња ќе зафаќа опфат од 120 хектари, а во него се водното огледало и заштитните зони од минумим 50 метри. Од ЈП „Стипион“-Штип, кое работеше на документацијата велат дека е издвоена и викенд зона, којашто е предвидена во Деталниот урбанистички план. Тоа ќе биде викенд зона за куќи, за домување со ограничени површини, максимални 50 отсто од самата градежна парцела и од приземје и кат. Просечната висинска разлика, помеѓу планинските сртови и рамнинските

предели, по теченијата на реките изнесува 1.300 метри, а средната надморска височина е 250 метри. За полнење на акумулацијата ќе се користат водите од реката Отиња и од нејзиното сливно подрачје. Околу самата брана предвидена е и пешачка патека. Акумулацијата ќе се полни од целото сливно подрачје на Отиња, па се очекува во текот на целата година коритото кое поминува низ централното градско подрачје да не е суво. Најдлабокиот дел, кај круната на браната ќе биде околу 34 метри или како една зграда на 11 ката, а вкупната количина е три милиони кубни метри. Предвидена е и изградба на мала хидроцентрала, којашто со годините може да ја исплати оваа инвестиција. Во втората фаза откако ќе почне експропријацијата на одредени имоти, според сегашни проценки, има многу мал дел бесправно изградени објекти, она што ќе биде зафатено во водното огледало и потопено со вода. Бесправните објекти се јавуваат повеќе во заштитната зона на браната. Зоната којашто е на страната на Суитлакот е заштитена од другата страна кон Калдрма, Кошево, Шашаварлија, и таму нема многу објекти. Надеж за браната Отиња, постои. Но децениското искуство ги направи штипјани песимисти. Со доаѓањето на секоја нова Влада, владее и стравот дека проектот ќе биде напуштен. Економската криза, во моментов состојбата со коронавирусот, но и други непредвидливи фактори, повторно ги плашат штипјани дека проектот ќе остане само на хартија. Но, надежта не умира. Ако Штип издржа 60 години со сонот, сега веќе е на чекор од него. n


ПОРТА


градежништво

Британски одговор на пандемијата? најрадикалната реформа на системот на урбанистичко планирање од периодот по втората светска војна па досега, со која се сака да се направи полесно да се градат подобри домови на оние места каде што луѓето сакаат да живеат

д-р Владимир Б. ЛаДИнСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Англија)

Н 20

ПОРТА

екоја полесно, некоја потешко, земјите во светот ја поминаа пандемската пролет оваа 2020 година. Летото, главно донесе ограничено

28 август 2020

олеснување на строгите мерки за социјално дистанцирање и заштита од вирусот Ковид-19, а со што дојде и најмалку до благо зголемување на бројот на заразени коешто засега во повеќето земји, за среќа, нема доведено до надминување на расположливиот капацитет на локалните здравствени

служби. Во меѓувреме бројот на заразени и починати континуирано расте низ светот. Во рамките на една ваква веројатно делумно стабилизирана ситуација со пандемијата, во услови кога на вакцина со надеж се очекува кон крајот на годинава, владите на земјите низ целиот свет се обидуваат да ја најдат најприфатливата за


„ГрАДи, ГрАДи, ГрАДи“ нив рамнотежа помеѓу контролата на пандемијата и потребата за заживување на економската активност за да се ублажи колку е можно повеќе недоминливата и несопирливата рецесија како на национално, така и на глобално ниво. Во една ваква состојба, британската Влада на премиерот Борис Џонсон ја промовираше својата програма за справување со рецесијата во земјата под слоганот „Гради, гради, гради“ (Build, Build, Build) на 30-ти јуни 2020 година. Преку оваа програма Владата планира да инвестира 40 милијарди фунти во проекти за изградба на инфраструктурни и станбени објекти во рамките на визија во која на градежната индустрија се гледа како на двигател на економската обнова во периодот на и по пандемијата. Така на пример мерките за поддршка на станбената изградба во Англија вклучуваат одвоени 12 милијарди фунти за изградба на 180.000 економски достапни станбени единици за купување или изнајмување во текот на наредните осум години, вклучително со 1.500 куќи коишто ќе им се продадат на купувачите со 30 проценти попуст. Дополнително, 400 милиони фунти од Фондот за претходно изградено земјиште (Brownfield Land Fund) се определени за изградба на околу 24.000 станбени единици во седум региони на Англија. Изградбата на уште 7.200 нови домови ќе биде поддржана и преку средства во износ од 450 милиони фунти од Фондот за изградба на домови (Home Building Fund), а преку кои на помалите градежни фирми ќе им се одобри пристап до финансиски средства за изградба на

истите. Се разбира, секоја влада како британската така и оние во другите земји се обидуваат да ги изнајдат, според нивното мислење, најдобрите мерки на финансиска поддршка коишто би придонеле за стимулирање на економската активност со цел постепено да се надминат последиците на рецесијата предизвикани од пандемијата. Веројатно, она што го чини британскиот пристап делумно исклучителен е значајната промена на законската регулатива со која Владата сака да ги поддржи најавените мерки за финансиска поддршка. Така премиерот Борис Џонсон ја најави најрадикалната реформа на системот на

урбанистичко планирање од периодот по Втората светска војна па досега, со која се сака да се направи полесно да се градат подобри домови на оние места каде што луѓето сакаат да живеат. Како резултат на предложените промени ќе биде олеснета промената на намената на земјиштето и на постојните објекти во централните подрачја без потреба од урбанистичка согласност преку што се очекува дека ќе се овозможи поголема слобода за изградба преку обнова на ненаселени (празни) или напуштени објекти. Така според новите правила ќе биде полесно постојните деловни објекти вклучително со новонапуштените продавници и слични објекти да се адаптираат во станбени објекти. Исто така, на пример продавниците ќе можат трајно да се користат како кафетерии или пак како канцеларии без урбанистичка согласност и одобрение на локалната власт. Но истовремено, други видови на клучни намени за локалните заедници, како на пример, пабовите, библиотеките и

28 август 2020

ПОРТА

21


селските продавници и слични објекти ќе бидат изземени од можноста за лесни пренамени. Дополнително, веќе нема да биде потребно да се добие вообичаената урбанистичка согласност за да се срушат и преизградбата на празните и напуштените станбени и комерцијални објекти доколку со нивната преизградба се изградат нови станбени објекти. Исто така, сопствениците на станбените објекти ќе можат да ги надградат сопствените објекти преку забрзана постапка за издавање урбанистичка согласност, но која ќе биде зависна од консултации со соседите. Во моментов, Владата работи забрзано на овие закони коишто се очекува да бидат

ПОРТА

донесени во септември годинава. Од гледна точка на Владата овие мерки треба да придонесат за обнова на централните подрачја во градовите и населбите преку пренамена на празните комерцијални објекти со што би се олеснила изградбата на претходно изградените парцели и би се намалил притисокот за потребата за изградба на зелените површини. При ова се очекува градителите да се придржуваат на високите стандарди и правила за изградба, но без непотребните бирократски процедури. Исто така, Владата ќе почне да разгледува како земјиштето во јавна сопственост може поефикасно да се

управува и може подобро да се искористи за изградба на нови домови, подобрување на квалитетот на животната средина, како и стимулирање на можностите за раст во заедниците ширум земјата. Подоцна во текот на оваа година британската Влада планира да го промовира и Националниот инфраструктурен план (National Infrastructure Plan) и мерки за понатамошна дерегулација, преку кои Владата во партнерство со населените места низ земјата ќе работи врз изградба на одржлива економска обнова. Веројатно најголемо внимание на медиумите предизвика Одлуката за измени и дополнувања на правилата за Дозволените права на изградба [The Town


and Country Planning (General Permitted Development) (England) (Amendment) (No. 2) Order 2020 (SI 2020.755)] која стапува на сила на 31-ви август годинава. Според оваа одлука секоја куќа израдена помеѓу 1-ви јули 1948 и 28-ми октомври 2018, којашто не е заштитен објект на градителско наследство, споменик, се наоѓа во заштитена амбиентална средина или сл., ќе може да се надгради за да се користи за домување, доколку надворешното обликување е слично на оригиналниот објект. Така индивидуалните станбени објекти и индивидуалните станбени куќи во низа со висина од два ката, ќе може да се надградат со дополнителни два ката, а оние коишто се само со еден кат, ќе можат да се надградат со еден кат. Дополнително, се дозволува и надградба на одредени нестанбени објекти со тоа да постојните објекти од два ката ќе можат да се надградат со два ката, доколку со надградбата се градат станови. Исто така постојните објекти со 3 или повеќе катови ќе можат да се надградат до најмногу 30 метри височина, итн. Во услови кога мнозинството вработени во јавниот и приватниот сектор работи на далечина, новите мерки на Владата претставуваат исклучителен предизвик од аспект на нивно соодветно разбирање, како истите би можеле да почнат да се имплементираат. Дополнително прашање е во која мерка сегашниот момент, овозможува соодветно согледување на долгорочните импликации од нивната имплементација?

Во периодот кога брзината на распростирање на пандемијата беше највисока и опасноста за заболување реална, особено како резултат на очекувањата за надминување на расположливите капацитети на националните здравствени служби, во медиумите почнаа да се појавуваат написи за тоа како по завршувањето на пандемијата, најверојатно ќе се создадат предуслови за создавање на еден подобар свет за сите жители на оваа планета.

Во која мерка очекувањата на јавноста ќе бидат исполнети преку имплементацијата на националната програма за економска обнова „Гради, гради, гради“ веројатно само времето ќе покаже. Со оглед дека најголемиот број од најавените мерки веќе биле спроведени во некоја друга или поограничена појавна форма и во минатато, веројатно може да се каже дека станува збор за нешто што е веќе видено и коешто веројатно не секогаш резултирало во вистински придобивки за локалната заедница. n

ПОРТА


архитектура

Мултифункционална сала, нова Градот Бања Лука кон крајот на декември минатата година распиша Меѓународен општ јавен конкурс за изработка на идејно архитектонско решение за мултифункционална сала/конгресен центар во Бања Лука. Поради големиот број пријавени трудови, победниците се избрани после шест круга одлучување, од мај до крајот на јули годинава. Градоначалникот на Бања Лука, Игор Радојичиќ, претставувајќи го победничкиот проект на архитектонски тим од Белград во чиј состав е и архитектот Никола Ѓорѓиевски од Скопје, изјави дека проектот во конкуренција од 110 труда од 38 држави ја заслужил конечната одлука на Комисијата за победа.

ПОРТА

Првата награда во износ од 30.000 евра припадна на архитектонскиот тим кој го сочинуваат: Милош Јокиќ, Ненад Стијовиќ, Никола Ѓеорѓиевски, Стефан Илиќ со соработниците и консултантот Миодраг Грбиќ. Во работата на Комисијата учествуваше и еден од најпознатите архитекти денес, професорот Борис Подрека. Покрај него членови на Комисијата беа: градоначалникот Игор Радојичиќ, Иван Рашковиќ, градски архитект, Владан Ѓокиќ, декан на Архитектонскиот факултет во Белград, Миомир Мијиќ, професор на Електротехничкиот факултет во Белград и архитектите Санела Кецман и Невена Предојевиќ.


ПрвОнАГрАДен ПрОекТ нА MEЃУнАрОДен кОнкУрс

реперна точка во Бања Лука никола ЃОРЃИЕВСКИ, м-р арх. и м-р пејз. арх. ез разлика дали станува збор за прослава на Дионис, извонредни костими и ѕидни фрески или комплексни мелодии, театарската култура отсекогаш била централен настан кој го одржува општеството. Сметана за највисока уметност, интегралниот чин на изведба може да се одвива само во една зграда театарот. Три физички елементи го формирале грчкиот ансамбл: театар, оркестар и сцена, а до денес, во суштина, композицијата на театарот останала непроменета. Без оглед на тоа што, духот на театарот ја задржал јасноста, проектирањето на оваа градежна типологија во 21 век, сред брзотрансформирачка урбана култура и дигитална утопија, станува ултимативен архитектонски предизвик. Објектите од оваа типологија ги трансформирале градовите, создавајќи физички репери, како по своето архитектонско значење, така и во рамките на менталните мапи на населението. Преку нивните структурални и организациски матрици тие фундаментално го менуваат начинот на кој градовите функционираат и го издигаат културолошкото ниво на една метропола. Земајќи го ова предвид, како и проектантските предизвици, одговорности и можности, нашата конечна цел е да се испроектира конгресен центар кој ќе го унапреди урбаниот идентитет на градот, ќе го акцентира новиот културноопштествен живот во Бања Лука и ќе го активира и интензивира околното градско ткиво. Новата мултифункционална сала има централна амбиција да стане симбол на градот и воедно да ја промени и збогати градската силуета.

Б

понатаму го генерираат развојот на целиот објект. Главен концепт во оваа фаза е „ослободување на просторот“. Со цел да се создаде јавен простор кој ќе обезбеди квалитет на градски „форум“, но и ќе го поврзе зелениот појас кој се протега низ пејзажот, одлучивме да создадеме вертикална интерпретација на објект кој традиционално би се развил по хоризонтала. Со позиционирање на главниот влез на југ, односно кон Булеварот на олимписките победници, ја отворивме првата третина од парцелата за потребите на платото. Во овој контекст, платото станува финалето на главната авенија од паркот, нудејќи единствено искуство при влегување во зградата од запад. Внатре во рамките на втората третина на објектот, се наоѓа инфраструктура - машина која го храни главниот настан, додека преку третата се протега шумскиот појас, обраснат со бреза, по која е препознатлив пејзажот на Бања Лука. Новата мултифункционална сала, со својата нагласена вертикалност и обилна културна програма, станува нова реперна точка во новата градска матрица.

The Theatre of Dionysus „Луѓето ги разбираат градовите преку препознатливи елементи кои пружаат читливост и емоционална сигурност на престој на позната територија“ – Кевин Линч

„За старите Грци, зборот бил жива материја и бесконечно префериран над мртвите симболи на пишаниот јазик“

кОнЦеПТ: УрбАнизАМ Локацијата на мултифункционалната сала главно се карактеризира преку три просторни аспекти. Првенствено, таа претставува парче урбана празнина која е добро поврзана и лесно пристапна преку сообраќајни оски со голем капацитет. Потоа, позиционирана е во средногусто изградена област која конституира просторен агломерат од отворени површини и објекти. Исто така, локацијата на парцелата, сместена долж зелениот појас на градот ги поврзува реката Врбас и паркот „Младен Стојановиќ“. Урбанистичко проектантскиот пристап се состои од три чекори кои

кОнЦеПТ: АрхиТекТУрА Комплексноста на нашата зграда бара кохерентна мисла, идеја и дизајн, во спротивно нејзиното сценарио станува нејасно. Во потрагата по чисто и јасно решение, а држејќи се кон нашиот став за вертикален просторнопрограмски развој, создадовме концепт на морфолошка и метафорична дихотомија. Овој потег одлучи зградата да ја поделиме, по вертикала, на две целини, односно две куќи – “Opera di Natura” и “Opera di Mano.” Првата куќа е срцето на зградата – машина која ги дистрибуира сите информации и која, во морфолошка смисла, претставува темел/постамент. Додека пак втората куќа претставува манифестација на креативен спектакл – фузија од дизајн, модерна технологија и уметност. Воздушен простор низ кој посетителот „лета“ до последната дестинација - параметрицистичката обвивка наречена облак. OpEra-di-Natura: Концептот на првата целина преставува фундаментален просторен склоп, неопходен за една добро-организирана мултифункционална сала. Со други зборови, она што преставува природниот наклон за грчкиот амфитеатар, е првата куќа за овој комплексен ансамбл. Прагматичен простор кој ја дефинира функционалната и просторната шема, и со тоа, станува првата природа на оваа зграда. Оваа целина е всушност скелетот кој врши лесна просторна дистрибуција за целокупен оптимален перформанс ширум сите програмски капацитети. Надворешниот впечаток на првата куќа е цврст и статичен, дополнително интензивиран со употребата на црни тули кои создаваат една универзална рамнина околу 28 август 2020

ПОРТА

25


Транзитна зона долниот периметар. Во програмска смисла, оваа куќа ги обединува сите неопходни целини, од складишта за декор, простории за проби, гардероби, балетски сали, студија, паркинг, канцеларии и други потребни простории, а кулминира со оперската куќа во своето јадро. Корпусот од простори зад сцената и операта се физички смолкнати како целина, создавајќи морфолошка граница помеѓу јавната и приватната програма. Циркулаторната шема е најважното оперативно средство за овој објект бидејќи овозможува непречена хоризонтална и вертикална комуникација. Сите програми се достапни во оптимално време, за потребите на движење на уметниците, вработените и посетителите, а нивните растојанија се конципирани така што секој што ќе се најде во оваа зграда да биде добро поврзан. Меѓутоа, аспектот на движење и Основа +0 м

ПОРТА

Главен влез поврзаност е уште позначаен за посетителите. Поминувајќи од една во друга целина се забележува внимателно проектираната волуметрија, а во неа Opera-di-Natura, игра пресудна улога – преку затворен, смирен и прочистен простор го подготвува посетителот за спектаклот во втората целина. ПрОсТОрен ПреМин Приказната започнува на ниво на приземје, каде главното плато е благо подигнато над земја - чинот на искачување претставува почеток на ритуалот, влегување во нов свет. Цврстата маса на целината Operadi-natura е пробиена само кај главниот влез, нагласувајќи го, а во исто време оставајќи впечаток на засек во карпа. Првата атмосфера е ускладена со скромната и затворена природа на Opera-di-Natura, а преку тој контраст ја назначува и комплиментира атмосферата на Детал фасада


Пресек 1-1

Аксонометрија целината Opera-di-Mano. Бидејќи вертикалната комуникација е основната динамична карактеристика на објектот, на посетителот му се нуди разновиден збир рути и средства за комуникација: скали, ескалатори и лифтови. Посетителот го одбира своето патување, и без разлика дали тоа е чекор по чекор или преку брз вертикален транзит, секој пат креира единствена импресија.

Перспективен пресек OpEra-di-MaNO Втората целина го преставува спектаклот на зградата. „Трудот на човековите раце“. Аспектите на светлина и слобода се сеприсутни низ муралот на “Opera-di-Mano,” – простор на визуелни задоволства. Дихотомијата помеѓу двете целини е нагласена најмногу преку употреба на материјалите, и во таа смисла, стаклената фасада не само што е контраст на црните тули, туку трепери и исчезнува, и со тоа ја истакнува внатрешната архитектура како интегрален дел од целокупната надворешна композиција. Овој воздушен транзитен простор отвора нов паралакс од висти, вертикални и дијагонални структури обземени од бранови светлина, и кулминира со најевидентниот дел во просторот – параметрицистичко транслуцентната обвивка. Во програмска смисла, структурална чипка го обединува главниот ресторан, малата и голема концертна сала, конципирајќи 28 август 2020

ПОРТА

27


персонификација на задоволството како круна на објектот. Покрај наведеното, внатре во транзитната зона се наоѓаат ресторани на национални кујни, отворен музеј и зелени балкони. Конечно, посетителот преставува последниот акт на оваа зграда – ритуално качување од долниот смирен и прочистен простор кон спектакуларното финале – облакот. Преку мноштвото вертикални врски кои го пробиваат облакот, посетителите имаат можност да го истражат и искусат овој лебдечки простор. кОнсТрУкЦиЈА Објектот е фундиран на масивна каскадна плоча. Подрумските ѕидови и столбовите се армиранобетонски и со темелната и плочата на приземје формираат соодветен постамент за надземната конструкција на зградата. Конструкцијата на долниот анекс е изработена од масивни

ПОРТА

армиранобетонски sидови со големи конзоли над влезната зона. Оваа настрешница е формирана од масивен фасаден ѕид кој е обесен на конзолни решетки испуштени од делот од зградата што го формира претпросторот на гледалиштето. Овој дел е дополнително укрутен во хоризонтален правец на фасадата, долж галериите за движење. Овие решетки на другиот крај се ослонети на предниот ѕид зад кој се наоѓа бината. Под овој испуштен дел отворен е слободен простор како влезна зона со застаклена транспарентна фасада без видлива конструкција, па така се добива впечаток дека тешката обвивка лебди. Четирите јадра што излегуваат од покривот на долниот анекс, може да бидат дилатирани со удвојување на sидовите, доколку се јави потреба да се формира дилатација заради пренесување на звук и вибрации. На овие четири армиранобетонски јадра поставен е горниот анекс на објектот. Таваните на горниот анекс се двојни плочи со ребра кои формираат касети. Овие касетирани таваници се потпираат на само четири јадра и нивната висина е значајна. Јадрата, кои се вертикални комуникации, служат да ги прифатат како вертикалните сили на горните сали, така и за прифаќање на хоризонталните сили од влијанието на ветер или сеизмички движења. n


ПОРТА


aрхитектура

Ултрамодерен мини-град во Москва – „ВТБ Aрена Парк“ „вТб aрена Парк“ во Москва е ултрамодерен мини-град со сè што е неопходно за одмор и работа: затворен стадион со две арени за спорт и концерти, трговски центар, огромен историски парк, станбен комплекс, деловни згради и хотел

ПОРТА


зАврШен еДен ОД нАЈПОзнАТиТе и нАЈквАлиТеТни ГрАДски ПрОекТи Предраг КОЧОВСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Москва) орта 3 во својот број 274 од ноември 2018 година пишуваше за проектот «ВТБ АРЕНА ПАРК» во Москва и системот на градба Top&Down. Во изградба на овој проект учествуваше градежната компанија АО Путеви Ужице од Република Србија, конкретно во изведбата на армиранобетонската конструкција на најголемиот станбен објект во овој комплекс - Б12 составен од 25 надземни и три подземни етажи, каде беше применет системот на градба Top&Down, кој подразбира едновремена градба на надземниот и подземниот дел на објектот. Објектите се веќе завршени и пуштени во употреба.

П

кОнЦеПЦиЈА нА ПрОекТОТ „ВТБ Арена Парк“ е уникатен девлоперски проект со квалитети кои се пред своето време и претставува нов престижен урбан центар, кој ги комбинира активностите и динамиката на современиот живот со атмосферата на мир и спокојство на стариот парк. Со проектот извршена е сеопфатна реконструкција на големата спортска арена, изградба на другите спортски објекти лоцирани на територијата на стадионот Динамо, и изградба на градски кварт кој содржи хотели, деловни објекти и станови апартмани. „ВТБ Арена Парк“ е еден од најпознатите и најквалитетни градски проекти кои се реализирани во последно време во центарот на Москва. Ова е пример, за тоа како еден огромен бучен мегаполис, едно хаотично градско сивило со површина од 32 хектари се претвори во пријатен и комфорен урбан ансабл. Во Москва, може слободно да се констатира дека не постојат слични проекти со вакво единство на содржини:

вТб АренА - ЦенТрАлен сТАДиОн «ДинАМО» сПОрТски ПАрк «ДинАМО» ГрАДски квАрТАл «АренА ПАрк» вТб Арена - Централен стадион Динамо - со име лав Јашин Една од предностите на проектот ВТБ Арена Парк е зачувување на историското наследство на реонот – стадион Динамо, и што е најважно – неговата реконструкција, која го претвори стадионот од една застарена и заборавена некогашна големина во една нова моќна архитектонска доминанта, еден од најсовремените спортски и забавни комплекси на светско ниво – ВТБ Арена – Централен стадион Динамо. За прв пат во Русија и Европа, изграден е комплексен стадион којшто содржи две арени под еден покрив: мала и голема спортска арена. Тоа значи истовремено можно е да се одржуваат и меѓународните спортски натпревари и концертни настани со користење на најсовремените технологии. Проектот е од 2010 година, изработен е од страна на архитектонското биро Manica Architecture, предводено од прославениот архитект David Manica. Проектот користи револуционерни идеи, нови материјали и технологии. Покривот е направен од транспарентен материјал, на јужната фасада, свртена кон „Ленинградскиот Проспект“ и метрото „Динамо“, изведен е гигантски екран. Вкупниот капацитет на Централниот стадион „Динамо“ е – 33 илјади места, има 26 VIP-ложи со 13-20 места секоја и една VVIP-ложа со 102 седишта. ВТБ Aрена, мала спортска арена, има три конфигурации: хокеј, кошарка и концертна музика. Капацитетот за разни настани е од седум илјади до 14 илјади посетители. Малата спортска арена има 44 VIP-ложи со 13-20 места секоја и една VVIP-ложа со 60 седишта. На територијата на стадионот на располагање е ресторан, класа премиум со 380 места, паркинг-простор за 742 автомобили, вклучувајќи и 23 паркинг-места за луѓе со

ПОРТА


ограничени можности. Спортскиот комплекс «ВТБ Арена – Централен стадион «Динамо» » го носи името на фудбалскта легенда, Лав Јашин, прославениот голман на Динамо и на репрезентацијата на СССР. Во 2018 година овој спортски комплекс е победник на конкурсот „Најдобро реализиран градежен проект на годината во областа на изградба на спортски објекти“. Наградата е организирана од страна на Одделението за урбанистичко планирање и политика на Градот Москва. сПОрТски ПАрк „ДинАМО“ Паркот е врската помеѓу неколку станбени блокови во реонот Динамо, која се протега од „Ленинградскиот Проспект“ до реконструираниот стадион Динамо и

ПОРТА

станбениот комплекс „ВТБ Арена Парк“. Површина на паркот е осум хектари со зеленило кое овозможува мир и апсолутна заштита на населението од метежот и вревата, чист воздух , одвојување на градскиот блок од буката на стадионот. Реновираниот парк е еден од бисерите на реонот Динамо и е вистинска атракција во Москва. Историскиот парк е сочуван, обновен, има пешачки, велосипедски и ролерски патеки, спортски игралишта, детски игралишта, места за физичка култура и многу други можности за мирна или активна рекреација. Во моментов, речиси и да нема места оставени во центарот на Москва, каде што човек може да се ослободи од метежот и вревата во близина на својот дом или канцеларија и да биде надвор со своето семејство и пријатели.

ГрАДски квАрТАл „АренА ПАрк“ Градскиот квартал „Арената Парк“ е една од главните компоненти на урбанистичкиот, градски ансамбл. Проектирана е од страна на архитектонското биро „SPEECH Чобан & Кузњецов“, врз основа на принципот на комфорна урбана средина со карактеристики на висококвалитетно ниво на живеење. Жителите на „Арена Парк“ имаат можност да уживаат во неговите привилегии, кои се ретки во десетмилионски градови, а тоа се живеење веднаш до ВТБ Арена - Централниот стадион Динамо, еден спортски комплекс од светско ниво, фитнес-клубот и спа- центар, ултрамодерен хотел „Hyatt Regency Moscow, Petrovsky Park“, деловни објекти од А- класа, и што е најважно, живеат веднаш до добро одржуван и уредрен историски парк на


фискултура и спорт „Динамо“. Сето ова Градскиот квартал „Арена Парк„ го прави единствен од својот вид за оние кои се грижат за хармоничен развој и здрава иднина на своите деца. Кварталот се состои од 12 згради, од кои шест се со станови - апартмани од бизнискласа, станбен објект од премиум класа со апартмани со завршна обработка, четири деловни згради и хотел кој е дел од меѓународниот ланец „Hyatt Regency Moscow Petrovsky Park“ 5*. Ресторани, кафулиња, банки, продавници, детски рекреативни и образовни центри, козметички салони и други услужни објекти се наоѓаат на првиот кат на станбените згради. Располага со повеќе од 1.000 станови со површина од 40 до 225 квадратни метри, катност од 10 до 25 ката. Вкупно, околу 3.000 луѓе може да живеат на територијата на станбениот комплекс. Становите се проектирани до најситни детали: дополнителни бањи, помошни простории за машини за перење алишта и садови, гардеробери . Малите станови се сосема удобни и комфорни, внимателно е пристапено кон распоред на функциите во станот. Предности на вТб Арена Парк: • Транспортна пристапност - Комплексот апартмани е многу блиску до метро станиците „Динамо“ и „Петровский парк“, околу пет минути пеш, а оддалечен е четири метро станици до центарот на Москва. * Можност да се купат станови под клуч со завршени занаетчиски работи. • Без автомобили во дворот, ограден простор, по системот „Умен дом“. Развиена социјална инфраструктура на реонот. * Врвен дизајн на изведени завршни занаетчиски работи на холовите и

заедничките простории. Кафулињата, салоните за убавина, продавниците, банките и детските рекреативни и образовни центри се на располагање на првиот кат на станбениот комплекс. Пространиот внатрешен двор и пријатните пешачки улички ја заокружуваат сликата на една удобна средина за живеење, каде сè што ви треба е во непосредна близина. На пет минути прошетка од комплексот се наоѓа живописниот „Петровски парк“ — споменик на парковската уметност од XIX век со површина од 22 хектари. Цените за апартманите започнуваат од 242.000 рубји за квадратен метар, (околу 3.000 евра за квадратен метар, состојба Shell and Core). На пример, цената на еден стан од 51,9 квадратни метри изнесува 12.579.055 рубји или 156 илјади евра. Инвеститори на проектот

Проектот „ВТБ Арена Парк“ е заедничка инвестиција на банката ВТБ и Управата на спортскиот клуб „Динамо“. ВТБ Банката на рускиот банкарскиот пазар, се рангира на второто место . Главен акционер на ВТБ Банката е Владата на Руската Федерација, која претставена од страна на Федералната Агенција, поседува 60,9 отсто од акционерскиот капитал. Спортскиот клуб „Динамо“ е основан на 18 април, 1923 година во Москва. ПАрТнери и кОнсУлТАнТи нА ПрОекТОТ CodestInternationalS.r.l. – Генерален изведувач SPEECH - Генерален проектант ManicaArchitecture – Разработка на архитектурно-проектната задача за спортскиот дел на проектот Bureau Veritas Russia – Менаџер на проектот за технички надзор. n 28 август 2020

ПОРТА

33


aрхитектура

Дрвото зазема централна улога

Потрага по прилагодување на објектите на условите на животната средина, интеграција помеѓу надворешните и внатрешните простори, како и експериментирање со врвни технологии се главни елементи на нивното поимање на архитектурата Сања РаЃЕнОВИЌ-ЈОВанОВИЌ, дипл. инж. арх. разил е една од најпосакуваните светски дестинации и земја која со самото име предизвикува насмевка. Главната асоцијација за Бразил е самба и карневал, фудбал (секој град има свој стадион), атрактивни девојки и прекрасна природа. Бразил бил населен со бројни племенски народи сè до доаѓањето на истражувачот Педро Алварес Кабрал во 1500 година, кој оваа територија ја прогласил за дел на Португалското Царство. Бразил останал португалска колонија сè до 1808 година, кога

Б 34

ПОРТА

28 август 2020

престолнината на Царството е пренесена од Лисабон во Рио де Жанеиро. Бегајќи пред Наполеон, португалското кралско семејтво своето засолниште го нашло во Рио. Во 1815 година колонијата е подигната на ранг на кралство со формирање на Обединетото Кралство на Португалија, Бразил и Алграва. Набрзо по заминувањето на кралското семејство во 1921 година, синот на португалскиот крал, принцот Pedro de Alcantara, прогласува независност од португалската круна и се прогласува за цар на Бразил, попознат како Dom Pedro I. Следува војна за независност на земјата и конечно Бразил е признат од Португалија во 1925 година. Ропството во Бразил е укинато дури во

1888 година, односно пред прогласување на Република на Соединетите Бразилски Држави во 1889 година. Оваа чудесна земја на чие знаме се испишани зборовите ordem e progresso, што во превод од португалски, значи ред и напредок е изградена на темелите на мултикултурализмот. Во петтата по големина земја на светот, која обединува различно население: староседелци Индијанци, Европејци, Африканци, но и Азијати, ова богатство од различни традиции ја прави место со единствена култура и посебни уметнички изрази и обичаи. Бразил е земја која на светот му ги даде Луцио Коста, Оскар Нимаер, Роберто Бурл Маркс, под чија палка е создадена Бразилија.


rN hOusE вО брАзил

во развојот на проектот

Модернистички град кој за три години и пет месеци е изграден на место кое било дивина и кој денес е под заштита на УНЕСКО. Во оваа земја се создава современа архитектура со многу влијание од историското наследство, начинот на живот, шареноликоста на културата и традиција. Земја во која сите овие фактори се разликуваат на контрастни начини, можно е да се види разновидност на проекти. Апсолутно сакаме современи домови, не само поради нивниот паметен дизајн и одлично решена функција, туку и поради нивната визуелна привлечност. Проектантското биро, Јacobsen Аrquitetura токму тоа го прави. Бирото основано во Рио де Женеиро, секогаш бара потенцијал во односот воспоставен помеѓу архитектонскиот дизајн и бујниот пејзаж. Нивното творештво придонело за развој на концептот на тропска архитектура, која е одраз на современ естетски јазик, заснован на интензивен дијалог со архитектурата на колонијалните и автохтони 28 август 2020

ПОРТА

35


корени, но под влијание на модернизмот. Тоа е архитектонско биро кое секогаш трага по интензивна интеграција помеѓу изградената средина и природниот контекст. Нивните проекти секогаш ја истражуваат локацијата, интерпретацијата на контекстот и природните материјали. Четириесетгодишната оставина на основачот Рaulo Јacobsen во комбинација со меѓународно искуство во Европа и Јапонија, придонеле за ширење на нивната активност ширум светот со различни проекти, вклучувајќи резиденции, хотели и музеи. Поимот тропска архитектура, потрага по прилагодување на објектите на условите на животната средина, интеграција помеѓу надворешните и внатрешните простори, како и експериментирање со врвни технологии се главни елементи на нивното поимање на архитектурата. Тимот архитекти од Јacobsen Аrquitetura вели: „Низ архитектонскиот проект просторно ги разработуваме концептите како флуидност, транспарентност, светлина и лесна конструкција, со оглед на тоа дека трагаме по вистинскиот концепт на одржливост“. Во 2013 година го прошириле своето размислување за начинот на проектирање на јавни простори со нивниот објект Музеј на уметност во Рио де Жанеиро (MAR-RJ). Објектот, MAR-RJ е избран за еден од 100 најважни архитектонски проекти на годината од изданието „Architecture Now“. Музејот е добитник на наградата Architizer A + Awards (2014), доделен му е сертификат Green Building Council (LEED), сребрена категорија и избран е за претставник на Биеналето во Аргентина, Buenos Aires Architecture Biennial (2017). Во земја како што е Бразил, каде сите влијанија и контрасти со векови функционираат заедно, неизбежно има одраз и на творештвото на архитектите од Јacobsen Аrquitetura. Тоа се локалниот историски контекст, обичаите и разноликата култура. Па така тие создаваат архитектура со отворени основи, чисти линии, минимална декорација и неутрална палета на бои, која е применета кај нивните резиденцијални објекти, куќи домови или куќи за одмор. Еден од нивните последни проекти е куќата RN house во Itaúna, во југоисточниот регион на Бразил. На парцела од 26.650 квадратни метри, поставена во зеленило е резиденција со површина од 1.250 квадратни метри. Брачен пар, нивните деца и внуци ги поминуваат викендите и одморите на ова пријатно место каде што се максимално искористени можностите за интеграција помеѓу архитектурата и природата. Проектантите го препознале сценскиот потенцијал на големата брана која доминира со пејзажот. Куќите во околината се сместени што е можно поблиску до водата. Но, анализата на локацијата им ПОРТА


покажала дека поради рамниот терен подобро е куќата да се повлече на повисока точка од каде се протега поширок и непречен поглед кон браната. На локацијата затекнале неверојатно, многу старо дрво Vinhático (Plathymenia, расте во Јужна Америка) и проектот го подредиле на ова прекрасно растение. Куќата е развиена околу дрвото, создадено е рамно и уредено подрачје, дефинирано со нивото на корените на дрвото. Приземјето е намерно асиметрично, го врамува дворот, кој бочно е обиколен со соби и тераси, а на задната страна се поставени спалните соби. Со ваква просторна конфигурација, сите простории имаат поглед на надворешноста. Друг значаен елемент на архитектурата е дрвен трем под крошната на дрвото кој на природен начин ја поврзува куќата со дворот. Архитектите експериментирале со материјали за завршна обработка, кои се однесуваат на типологијата на бразилска „селска куќа“. Се појавува гранит и на ѕидовите и на подовите на заедничките простории. Исто така користено е и локално дрво Freijó, кое е применето на плафоните и преградните ѕидови на спалните соби. Дрвото зазема централна улога во развојот на проектот, овозможувајќи конфигурација на современ простор. Обезбедувајќи интеграција на надворешниот и внатрешниот простор, употребата на дрвото е поврзана и со создавање на простори обдарени со филтрирана природна светлина, која придонесува и дава особен ефект на уметничките дела и мебелот во куќата. n ПОРТА


урбанизам

ОД зОни зА ДОМУвАње кОн ПОвеЌенАМенски УрбАни сТрУкТУри

Трансформација на урбани простори и архитектура под влијание на пандемија

Примена на терасеста структура во Швајцарија

создавање соодветни просторни услови кои ќе помогнат за одбегнување пренесување на заразните болести, како придонес на архитектурата за заштита на населението во услови на пандемија д-р Мирче КОКаЛЕВСКИ, дипл. инж. арх. поред секојдневните податоци, веќе неколку месеци сведоци сме на зголемен број заболени од коронавирусот Ковид-19 во голем број држави, со што епидемијата се наметна како глобална закана за развојот на човековата заедница.

С

38

ПОРТА

28 август 2020

Со оглед на динамиката на заразата и просторната распространетост, се наметнува потреба од соодветна реакција од сите аспекти, а секако и во сегментот на организирање на просторите на градовите и на архитектонските простори, поврзани со максимално намалување на процесот на пренесување на заразата. Тоа е очекуван придонес на архитектите преку можните

трансформации на просторот за егзистенција на човекот. Сите соодветни субјекти како Светската здравствена организација (WHO), Организацијата за човекови населби Хабитат (UN Habitat), Интернационалната унија на архитекти (UIA), Асоцијацијата на архитекти на Македонија (AAM), соодветните министерства и различни невладини


Слика 2. Примена на еколошка висечка иновативна транспортна технологија за патнички и товарен транспорт, која овозможува ефикасен меѓуградски и градски транспорт дистанца и децентрализација и заради помало движење во урбаниот простор, организирање на повеќе помали урбани целини. Наместо утврдено функционално зонирање да се насочува функционална синтеза и организирање оптимални урбани целини со повеќе намени за задоволување на потребите на граѓаните, од ниво на градски центар кон повеќе локални центри со различни содржини, од зони за домување кон повеќенаменски урбани структури. Јавните простори треба да се трансформираат со принцип на децентрализација, особено фокусните точки во урбаните простори, како што се централните подрачја, наместо концентрирање на градски центар, потребно е да се организират повеќе локални центри со заеднички содржини и со присуство на вегетација и зелени коридори, со цел рекреацијата на граѓаните да се организира во локални центри во близина на домувањето. Кај системите за транспорт наместо доминантен автомобилски транспорт треба да се промовираат безбедни еколошки системи кои овозможуваат квалитетно

патување во помали сепарирани целини (заради препорачаната социјална дистанца), со посебно преградени простори, просторни капсули и промовирање велосипедски транспорт. Велосипедскиот сообраќај се одива по велосипедска инфраструктура која е уште повеќе ефикасна кога работата и другите потреби се во близина на домувањето, а тоа е можно во услови на организирање мултинаменски просторни целини, особено се промовираат терасести структури на различни терени како повеќенаменски урбани целини со доста вегетација. Во такви урбани целини, велсипедот е ефикасно средство за мобилност во просторот и покрај соодветна мрежа на велосипедски патеки потребно е организирање простори за паркирање на велосипедите. Просторите за урбана вегетација наместо концентрација, треба да бидат децентрализирани во помали зелени оази кои ќе бидат поврзани со систем на вегетација, одреден вид на зелена инфраструктура, со предвидување велосипедски и пешачки патеки за движење низ вегетација, со повеќе зелени простори,

Слика 1. Шематски приказ на состојба на град (лево) со концентрација на градски центар и трансформација на урбани простори (десно) со децентрализација со повеќе локални центри и мултинаменски урбани содржини

Слика 3. Паркинг за велосипеди во Амстердам

организаци на национално како и на локално ниво, треба да се здружат против заедничкиот непријател во сузбивање на опасноста за пренесување на зарази кои се вршат во просторот. Потребна е синхронизирана сеопфатна насоченост на сите нивоа, со соодветни активности кон иста цел. Во овој материјал се оформуваат можни насоки за трансформација на просторот во функција на подобрување на состојбата со пандемијата, а предмет на согледување е трансформација на урбан и архитектонски простор. МОжни ТрАнсфОрМАЦии нА УрбАни ПрОсТОри Според препораките на Светската здравствена организација, клучен момент за намалување на пренесување на коронавирусот е практикување лична заштита, намалени социјални контакти меѓу луѓето, односно дистанца при користење на просторите. Тоа значи намалување на непосредни социјални контакти и во урбаните простори наместо примена на принципот на концентрација треба да се практикува принципот на изолација,

што во основа одговара на климата и на 28 август 2020

ПОРТА

39


поедноставни дизајнерски солуции за едноставна примена во секојдневната практика за сите старосни групации на населението, со повеќе запознавање за извршување на секојдневни административни, образовни, здравствени, снабдувачки, финансиски, деловни и сите потребни активности во дигиталниот свет. Заради согледување на обемот на трансформација на урбаните простори, за секој град треба да се согледа потребата за иновирање на одредени делови на урбанистички планови (особено за определување соодветни простори за инфективни болести) и според потребниот обем на трансформација на урбаните простори да се оформат измени на планските урбанистички концепти и да се насочат активности во конкретните просторни целини.

Слика 4. Примена на урбана вегетација во Венге, до Копенхаген менталитетот на населението. Урбаните простори за домување треба да се организираат како мултифункционални терасести структури со комбинирана намена за заеднички содржини во долните делови на структурите, а во погорните делови, домување во терасести организирани структури со зелени градини и комбинација на отворени и затворени простори, со максимално осветлување, осончување и проветрување, што е ефикасна заштита во услови на пандемија. При трансформирање на урбаните простори за здравство потребна е соодветна просторна диспозиција за оптимално функционирање на центри за инфективни болести, со сите мерки на безбедност и заштита на населението, а содржините ќе бидат соодветно урбанистички лоцирани. Базична програмска насока е функционирањето на центрите за инфективни болести да немаат

ТрАнсфОрМАЦиЈА нА АрхиТекТОнски ПрОсТОри Трансформацијата на архитектонскиот простор ќе се одвива со примена на функционална синтеза и организирање оптимални архитектонски целини со повеќе намени, за задоволување на потребите на граѓаните во соодветни повеќенаменски терасести структури. Во архитектонски простори за домување, треба да се промовира примена на различни терасести структури со примена на вегетација и овозможување

негативни ефекти врз другите содржини во здравствениот систем, со оглед на виталното значење на здравствените установи за населението. При програмирање на урбаниот простор за инфективни болести во градовите, треба да има одредена просторна резерва со резервен простор за предвидување монтажни капацитети, според потребите на развојот на пандемијата. Процесот на трансформација на урбаните простори и пошироката околина бара одлични комуникации и силни конекции на интернет-мрежите кои ќе бидат витални носители на комуникацијата. Потребен е силен развој на информатичките вештини, со акцент на Слика 6. Организирање урбана населба со вегетација во Шведска

Слика 5. Приказ на мултинаменски терасести структури со присуство на вегетација 40

ПОРТА

28 август 2020


Слика 8. Приказ на флексибилен простор за образование во Австралија поголем контакт на станарите со отворени простори. Потребно е подобрување во делот на комуникациите каде се движат станарите и треба да се практикува примена на помали станбени концентрации, помали височини на објектите, често вентилирање и дезинфекција на лифтови, скали и ходници во заеднички станбени згради, отворени платформи заради заштита од вируси. Во делот на образовните установи, наместо концентрација ќе се практикува децентрализација и работа со помали групи со онлајн предавања и пренесување знаења и вештини, со примена на флексибилни простори и можно преградување со мобилни лесни прегради за добивање помали простори за образование. Потребен е посебен акцент кон просторите за здравство, со можности за различни просторни трансформации на објектите во случај на зголемени потреби, со примена на експанзија на содржините. Промоција на модуларно проектирање и трансформации по хоризонтала и вертикала, со примена на медицински капсули за лекување на заразени пациенти, во услови на урбанистички солидно определени локации за инфективни болести, одвоени од другите клиники заради заштита од пренесување на заразите. Просторите за работа треба да се трансформирааат со помали просторни целини, со максимална примена на работа од дома. Тоа е особено изразено кај аминистративните работи кои ефикасно може да се извршуваат и без физичко присуство на граѓаните, со што се овозможува со дигитализирање на процесот, различни јавни услуги на граѓаните да се извршуваат на современ начин и со ефикасно извршување на работните обврски на аминистрацијата. Во

Слика 9. Примена на монтажни медицински капсули. Дизајн Кукил Хан

ситуацијата, пандемијата покажа дека е потребно забрзување на тој процес со многу поголема ефикасност, поголемо поедноставување на практикувањето и опфат на различни области на дејствување. Во услови на пандемија се промовира принципот на е-трговија. Наместо големи центри за снабдување ќе се трансформираат во помали целини и максимално ќе се насочува купување онлајн, од дома за секојдневно снабдување, со цел намалување непосредни контакти во продажни простори, а тоа бара развој на ефикасни сервисни служби за доставување на производите до дома. Просторите за угостителство треба да се трансформираат со поставување прегради со маси во кафетериите и рестораните, со цел поголема заштита на гостите и сооодветни мерки на хигиена со посебно дизајнирана санитарна опрема на база на сензори, со што се одбегнува потребата за непоседно допирање, како извор на зараза. Потребни се соодветни активности за имплементација на насоките, со конкретни

проекти според карактеристиките на секој град и соодветните архитектонски објекти во функција за создавање соодветни просторни услови кои ќе помогнат за одбегнување на пренесување на заразните болести, како придонес на архитектурата за заштита на населението во услови на пандемија. Независно од времето на траењето на пандемијата, најзиниот интензитет и нивото на справување, примената на горенаведените насоки не се дизајнирани како одговор само на пандемијата, туку во основа сите насоки за трансформација на урбаните и архитектонските простори се поврзани со организирање екопростори односно екоархитектура како хумана архитектура која нема да се карактеризира со квантитетот, туку е насочена кон квалитет на просторот. Предизвикот е присутен, потребни се системски активности за урбани и архитектонски трансформации на просторот во услови на пандемија. Тоа можеме и мораме да го направиме. n

Слика 10. Амбиенти на урбани терасести мултинаменски структури со вегетација како екоархитектура. Зелени урбани простори во Кина. Дизајн Стефано Боери 28 август 2020

ПОРТА

41


урбанизам

без доволно инструменти за граѓаните

Пристапот до градежен профит во вечен конфликт со пристапот до правда во урбанистичкото планирање нема доволно инструменти за граѓаните да влијаат врз уредувањето на просторот во кој што живеат

Градбата врз поранешниот парк на улицата Мексичка Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА еќе седум години жителите на улицата Мексичка во скопската населба Тафталиџе можат само беспомошно да го гледаат приватниот објект изграден врз нивното некогашно детско игралиште и парк. Две генерации израснаа на овој простор, опеан во песните на Леб и Сол. За третата веќе немаше место. Паркот беше приватизиран, на него се нацрта градежна маркичка и на него се изгради зграда. Веднаш до споменикот на мексиканската солидарност, таа денес стои

В 42

ПОРТА

28 август 2020

како споменик на несолидарноста и на борбата што локалното население ја водеше, но ја загуби. Мексиканскиот парк е само еден од многуте примери на уништување јавни простори и зелени површини и на директно нарушување на непосредната животна средина во урбаните центри. Ова е игра што е однапред наместена, порачуват експертите што ги консултиравме. Правилата за урбанистичко планирање им овозможуваат пристап до профит на градежните инвеститори и на граѓаните како сопственици на имоти, но не и пристап до правда на граѓаните како жители на одредено

подрачје, при носењето одлуки за непосредното уредување на просторот во кој што живеат. Ова е процес кој што трае повеќе од две децении. На сите засегнати фактори им е јасно дека со него значително се намалуват зелените површини по глава на жител во одредени области, инфраструтурата се преоптоварува, потрошувачката на енергија се зголемува, а просторот се користи крајно неодржливо. Исто така е јасно дека прекумерното градење е една од причините за загадениот воздух, поради густата градба, спречувањето на циркулацијата на воздухот,


ДУП Буњаковец 2 намалувањето на дрвјата и поради градежната прашина. Нејасно е само зошто никој не се обидува да ги смени правилата. јавни анкети што не се баш јавни Од Тафталиџе до Аеродром, од Бутел до Кисела Вода, како и во Тетово, Охрид и на други места низ земјава се одржале стотици протести и се воделе многу иницијативи откога во некое соседство ќе се загради одреден парк, игралиште или друг простор со градежни тараби, а булдожерите ќе почнат да копаат дупка за темели. Едноставно пребарување на Гугл покажува дека барем по 3-4 такви настани годишно го привлекуваат медиумското внимание. Во најголемиот број случаи локалните власти одговараат со аргументот на врзани раце – деталниот урбанистички план бил донесен одамна, инвеститорот имал сопственост или право да гради, и тие не можат да го спречат или да не му издадат дозвола. Понекогаш тие додаваат дека граѓаните, ако им пречела градбата, можеле и требало да реагираат кога деталниот план бил изложен на јавна анкета. За жал, јавната анкета е само име за процес кој што е далеку од јавен. Ниту целата заинтересирана јавност може да учествува на неа, ниту таа служи за решавање прашања од јавен интерес. Јавните презентации и анкети законски се определени на начин што повеќе ја исклучува јавноста, отколку што вистински ја вклучува, вели архитектката Дивна Пенчиќ. „Тие се остваруваат во фаза кога е веќе изготвен урбанистичкиот план и се однесуваат исклучиво на граѓаните кои се жители на делот од градот за кој се изготвува планот и на

институциите кои што тука имаат директен интерес. Во таа фаза се можни само мали корекции во однос на загрозени сопственички права или за инсталации на Водовод, ЕВН, БЕГ и други. Јавноста, граѓаните и граѓанските иницијативи и организации, кои се засегнати во смисла на загрозување на правата на квалитетни животни услови и здрава животна средина, односно поборниците за повисоки цели и за доброто на сите граѓани, всушност, немаат инструмент за делување. Грубо се отфрлаат какви било нивни барања и укажувања, па нивниот глас ниту се слуша, ниту се уважува“, објаснува Пенчиќ. Според нејзиното објаснување, кога станува збор за јавните анкети, секој плански опфат се

третира како да е изолиран од остатокот на градот, а секој имот како да се свет за себе. Буквално, ако некоја тесна уличка е граница меѓу два плански опфата (што е чест случај) луѓето што живеат на едната страна немаат никакво право да интервенираат ако тоа што се планира од спротива сериозно влијае вез нивните животи. Поднесувањето забелешки се прифаќа само ако подносителот е сопственик на некој имот, и само тие се разгледуваат. Други забелешки, кои се однесуваат на јавниот интерес или укажуваат на намалување на квалитетот за живот, најчесто се отфрлаат како барања без законска основа. „Тоа би било прифатливо ако претходно општината и планерот одговорно си ја вршат нивната улога и работа, а тоа е заштита на јавниот интерес, и не би изготвувале решенија кои ги загрозуваат условите за живот и предизвикуваат загадување и узурпација на земјиште и на објекти што им припаѓаат на сите граѓани. Но, сведоци сме на едно паушално, површно и инвеститорски-ориентирано планирање, кое без исклучок ги загрозува основните човекови права на квалитетна животна средина и достојни услови за живот“, нагласува Пенчиќ. Јана Белчева-Андреевска, доскорешната претседателка на советот на општина Центар и активист во движењето „Здравје пред профит во Центар“, пак, вели дека ако општините имаат правилна визија и постават стратешки приоритети за просторот што треба да го уредат, тогаш и сегашните правила би биле доволни за да обезбедат учество на граѓаните и заштита на нивните права во непосредната околина. Но бидејќи тие не поставуваат приоритети, планерите имаат слобода да да работат во корист на инвеститорите, од што имаат финансиски интерес. „Затоа планови се изработуваат за вредност

Густа изграденост во скопско Дебар маало

28 август 2020

ПОРТА

43


Протести на граѓаните за заштита на паркот од едно евро, а речиси никој не го гледа тоа како сомнителна пракса“, вели БелчеваАндреевска. Поглед само во својот двор Преку барања за пристап до информации од јавен карактер, побаравме извештаи и записници од јавни анкети за неколку урбанистички планови од четири скопски општини во кои градежниот бум беше најголем во изминатите години. Ни испратија две Центар и Карпош. Од податоците што ги добивме произлегуваат два неповолни тренда. Не само што ретко се земаат во предвид иницијативите поврзани со заедничките потреби (зеленилото, сообраќајните решенија и други фактори што влијаат врз животната средина), туку тие ретко и се поднесуваат. Бидејќи јавните анкети се отворени само за локалните жители, тие се обидуваат да го максимизираат својот личен интерес. Според записникот за јавната презентација за ДУП Маџир Маало 1 во Општина Центар, биле поднесени 38 анкетни листови, со кои во најголем дел се барало куќите да се пренаменат во згради, а се барало и да се зголеми површината за градба колку што може. Само една жителка рекла дека соседите немале интерес за заедничките потреби и ги следеле само личните интереси. Слични се податоците и од записникот за презентацијата на ДУП Парк 1 со дел од Дебар Маало 1. Со 120 анкетни листови се барало да не се намалуваат висините, да се зголемат висините дури и таму каде што уличниот систем не го овозможува тоа и да се исфрли обврската за зеленило во градежните парцели (од оваа презентација потекнува изреката „нејќеме зеленило, сакаме станови за децата“). Барањата поврзани со квадратурите и висините за градба биле најчести и во 82-та анкетни листови поднесени за ДУП Клинички 44

ПОРТА

28 август 2020

центар - Геолошки завод. Од Општина Карпош добивме подетални податоци за содржината на секој анкетен лист за ДУП-овите што ги побаравме. Еден од поинтересните примери е планот за дел од Тафталиџе, за кој на јавната анкета во 2015 година биле поднесени 102 анкетни листови. Од податоците може да се види дека општината целосно прифатила 22, а делумно 12 барања за корекции (најчесто зголемување) на површините за градба и на висините. Имало само 10 барања за зачувување зелена површина и сите биле прифатени бидејќи се однесувале на истата локација. битка со ветерници во институциите Александар Михајловски е еден од жителите на Мексичка што учествувале во борбата за да го спасат паркот и игралиштето, но не успеале, иако се обратиле до бројни институции. Дознал дека земјиштето веќе не е јавен простор од сосед што му дошол на врата за да го информира дека имало промени во урбанистичкиот план, со градежна маркичка на игралиштето, и дека може да поднесат приговори во законскиот рок. „Дознавањето за проблемот беше клучно, оти се случи 10 години по приватизацијата за која ние не знаевме дека се случила - по кој рок застарувале сите можности за жалби. Почекано е да помине времето од 10 години за да се активира правото на сопственост и да се заокружи градежна парцела со откуп на јавно земјиште, со дозвола од надлежното Министерство за транспорт и врски“, вели Михајловски. Поднеле приговори за нацрт ДУП-от, им биле одбиени како неосновани. Приговарале до општината дека не е побарана согласност од непосредните соседи за новата градежна парцела, ги одбиле бидејќи немало основа. Како што

вели, општината им ги развлекувала роковите за одговори додека инвеститорот ја спроведувал добиената дозвола за градба, а фирма за обезбедување го чувала градилиштето. Се обратиле и до градот Скопје кој што се прогласил за ненадлежен, бучавата од градилиштето ја пријавиле до МВР од каде им рекле дека немаат мерачи за бучава, барале податоци од градскиот архив, но не ги добиле итн. Поднеле и тужби до Основниот суд, Управниот суд и претставка до правобранителот. Најчестиот одговор им бил дека не се надлежни. Примерот со Тафталиџе покажа дека дури и кога локалните жители се борат за некое општо добро, немаат никаква гаранција за успех. Оние што не се жители, пак, можат само да покренат иницијатива надвор од законските процедури за урбанистичко планирање, користејќи ги уставните права за граѓанско организирање и активизам. Таков пример е случајот со имотот на фабриката Треска во Скопје, исто така денационализиран во последниве години, каде што неколку градежни фирми веќе купија парцели и очекуваат да им се дозволи да направат згради. Здружението Здравје пред профит во Центар поднесе петиција за просторот да се уреди на јавен конкурс, со цел да се задржи што повеќе од зеленилото во фабричкиот круг, која ја потпишаа поголем број архитекти и граѓани. Бидејќи не се дел од процедурата, судбината на ваквите иницијативи зависи исклучиво од волјата на локалните власти. за Промени, Правата треба да бидат над волјата Урбанистичкото планирање преку јавни конкурси, барем на позначајните урбани подрачја, е решението со кое ќе се обезбеди поголема јавност во постапката и поголема заштита на правата на граѓаните во уредувањето на просторот, вели архитектката Пенчиќ. „Преку нив ќе се добијат решенија кои ќе понудат најдобро исполнување на критериумите, ќе создадат позитивен натпревар помеѓу планерите и архитектите, ќе бидат на јавен увид и ќе понудат подобри решенија. Досегашната пракса на избирање фирма преку тендер, која не чувствува никаква одговорност да бара нови, современи и квалитетни решенија, туку напротив се однесува според „вие сте ме избрале и јас ќе го правам тоа што го сакам и го знам“, досега не даде добри резултати, напротив ја доведе планерската струка до дно на некомпетентност и несовесност, а градовите до најпримитивна, сурова шпекуланска и неквалитетна изградба“, истакнува Пенчиќ.


Старите куќи стиснати меѓу новите згради Според Белчева-Андреевска, граѓаните мора да се сензибилизираат за важноста да учествуваат во урбанистичкото планирање за да ги заштитат своите права во животниот простор. Како што објаснува таа, досегашното искуство покажало дека ниту една институција вклучена во урбанистичкото планирање не покажувала доволна грижа за јавниот интерес. Ниту градот Скопје се грижел за излегувањето од параметрите на Генералниот урбанистички план, ниту Министерството за образование за капацитетот на училиштата, ниту Министеството за труд и социјала за капацитетот на градинките преоптоварен поради доселувањето нови жители во одредено место, ниту МВР за сообраќајот, ниту ДЗС за заштита од ризици. Сите давале зелено светло. Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев вели дека засега, во отсуство на други механизми, граѓаните треба да ги користат можностите за поднесување приговори на јавните анкети. „Секој анкетен лист е важен и стручната служба, односно Комисијата составена од внатрешни и од надворешни членови мора да одговори на него“, вели Богоев. За да овозможи поголема јавност во урбанистичкото планирање и заштита на јавниот интерес, тој во општината формирал комисија од двајца внатрешни членови и тројца надворешни – планери и универзитетски професори. Но и самиот вели дека за остварување на граѓанските права е многу

важна волјата на градоначалникот и на општинската администрација. „Како локална самоуправа остануваме отворени и за изнаоѓање на други механизми за учество на граѓаните. Сметам дека тие треба да

бидат носени во координација со ЗЕЛС, Владата и другите засегнати странаи. Решенијата да бидат заеднички, да важат за сите. Само така ќе имаме системски промени“, истакнува Богоев. n

ПОРТА


комерцијален текст

Да се живее во мир Зошто бучавата не прави болни? На почеток едно прашање: „Колку е бучен вашиот дом“? Живеењето под константно високо ниво на бучава може да има долгорочни ефекти врз вашето здравје. Домот треба да биде оаза на мир и тишина, место каде ќе побегнете од секојдневието и бучавата ќе ја оставите надвор. Но, не живеат сите во мирна селска идила. Сообраќајниците во урбаните зони создаваат перманентна бучава. Бучавата брзо станува досадна и вознемирувачка, мошне иритантна и може да има негативно влијание врз нашето физичко, психичко и социјално здравје. Константната изложеност на бучава може да предизвика разни проблеми: • Неможност за концентрација • Кардиоваскуларни болести • Стомачни проблеми • Несоница • Депресија • Тешкотии при учење кај децата Сите овие симптоми не смеат да се потценуваат и нивната вистинска причина често

ПОРТА

е непозната. Загадувањето со бучава се потценува и игнорира, а тоа е нешто на што како човечки битија не можеме да се навикнеме. Гласните звуци предизвикуваат стрес на кој реагира нашето тело – дури и кога спиеме. Можеме да ги затвориме очите, но нашите уши секогаш се во рецептивна состојба. Бучавата е секаде околу нас, дури и на нашиот куќен праг, место каде сакаме да се одмориме од стресниот ден. Доволно причини да примените звучна изолација во вашиот дом. Екстерната бучава продира во домот и тамо каде отворот е најмал, на пример низ прозорец. Старите прозорци, најчесто се и најслабите места. Решението не е само во соодветното застаклување, туку подеднакво е важна и употребата на соодветен профил и можеби најважното, вградувањето да го направат стручни лица. Мерките за звучна изолација, не само што ја зголемуваат вредноста на вашиот имот, туку претставуваат долгорочна инвестиција во кавалитетот и здравјето на вашето семејство.

што е бучава? Бучавата може да се дефинира како „прекумерен и несакан, вознемирувачки звук“. Што сметаме за бучава, зависи од самиот звук, неговите физички карактеристики, фреквенции и акустичен притисок. Дали е нешто гласно исто така зависи и од нивото на позадинската бучава. Тоа е бучава која не следи деноноќно и за која често не сме свесни и ја сметаме за тивка. Нивото на позадинска бучава опаѓа во текот на ноќта, па така одредени извори на бучава изгледаат погласни отколку во текот на денот. На пример; камион кој поминува по фреквентна сообраќајница звучи потивко од оној кој поминува по некоја зона вон градот. Исто така, начинот на кој препознаваме бучавата е различен. Добар пример е гласна музика од стан покрај вашиот, вам може да ви се чини прегласна, а на соседот недоволно гласна. Ситуациите во кои се наоѓаме или она што го правиме, одредува дали бучавата ќе ја доживееме како непријатна. Доколку некој чита книга или сконцентрирано работи на компјутер, ќе биде чувствителен на тивки звуци. Темата звучна изолација се повеќе се наметнува и кај новите и кај реновираните објекти. Причините се јасни. Се повеќе автомобили предизвикуваат се повеќе бучава, која може само да се зголемува. Околу две третини од популацијата чуствува големо оптеретување, особено од сообраќајната бучава. За да се заштитиме од надворешните влијанија, барем во нашите домови, мораме да обрнеме внимание на материјалите кои ги употребуваме за градење. Дури и во старите куќи е можно да се осигура, во иднина бучавата да се задржи надвор. Во овие случаи


најслабите места обично се прозорците. Стари прозорци со еднослојно стакло можат да сепречат бучава максимум до 20 децибели. Што ни приближно не е блиску до денешното ниво на бучава (75 децибели на фреквентни сообраќајници). Прозорци со стандардно изолационо стакло можат да постигнат 32 децибели и успеваат да го редуцираат звукот за 1/10. Прозорци со функционално изолационо стакло постигнуваат и 45 децибели, редуцирајќи го нивото на бучава 1/24. Ударот на прозорците зависи од позицијата и конструкцијата на куќата. Застаклувањето, рамката и дихтунзите според тоа треба да се одберат. Потешко и пофлексибилно прозорско окно, бара повисока изплациска вредност, а ги зголемува и барањата кои се однесуваат на рамката на прозорецот. Прозорците мора да ги монтираат стручни лица, бидејќи тоа гарантира чисти и споеви кои нема да пропуштаат воздух во споевите на прозорците и ѕидот. Спој, отворен само еден милиметар, може да доведе до зголемување на звукот и до 10 децибели. Тоа е премногу, особено ако се земе во предвид дека, луѓето го перцепираат намалувањето на бучавата од 10 децибели, како намалување на интензитет на бучава за пола волумен.

Do 45dB zvučne izolacije i redukcija na 1/24 se može postići sa funkcionalnim izolacionim staklima.

Osnovna zadaća krila i okvira prozora je da osiguraju mehaničku stabilnost ostakljenja i da omoguće konstantan pritisak dihtovanja.

Факти за бучава! Бучавата се произведува прилично едноставно. Бучавата создава притисок на звучен бран и се шири во кругови подеднакво во сите насоки. Овие звучни бранови се молекули во воздухот кои вибрираат, при тоа воздухот станува средство за распростирање на бучавата. На овој начин се пренесуваат вибрациите (звук пренесуван преку воздух) до нашиот ушен канал и потоа, по пат на трите најмали коски во човековото тело (чекан, наковална и узенгија) до нервниот рецептор. Нивото на звучниот притисок се мери во децибели - dB. Генералната скала на звучниот притисок почнува од 0 (праг на горната граница на слухот) и расте нагоре без ограничувања на скалата. Ако нивото на звукот е зголемено за 10 децибели, ние тоа го доживуваме како зголемување на интензитетот на звукот за пола. Ако нивото го намалиме за 10 децибели, тоа го доживуваме како намалување на интензитетот на звукот за пола. Фреквенцијата на звукот е независна од ова. Таа се однесува на брзината на осцилациите по секунда. Како е фреквенцијата повисока, така е повисок и тонот. Човековото уво покрива спектар од 16 херци (бас) до 16000 херци (сопран) и е најчувствително од сите сетила. TROCAL, KOMMERLING и KBE, ќе ви овозможат да го изберете вашиот нов систем на прозорци за да почнете да живеете во оаза на мир и тишина во вашиот дом. Вашиот прозорец за подобар свет! ПОРТА


технологија

Mисија - живот посветен на соништата

„замислете дека живееме во пикот на римската империја. што ќе преземете за да го спречите падот или да ги ублажите последиците? воопшто не станува збор за реторичко прашање“ Даниела МЛАДЕНОВСКА еројатно еден од најпознатите бизнисмени во светот, и еден од ретките за кој тешко може да се прифати дека припаѓа на оваа категорија. Всушност тој е многу повеќе од тоа. Тој никогаш не гледал на успехот и на бизнисот низ призмата на капиталот, туку како средство за остварување на неговата мисија за спас на човештвото. И навистина, колку и да звучи претенциозно оваа констатација, само неколку факти од биографијата на овој човек уверуваат во нејзината вистинитост. Посветен на одржливоста и заштитата на

В

48

ПОРТА

28 август 2020

животната средина, Маск со неверојатна прецизност и исполнителност се впушта во планирање и реализација на сите свои револуционерни проекти - од електричен автомобил, вакуумски транспорт hyperloop, првата во светот приватна вселенска програма, која вклучува ракети за лансирање за повеќекратна употреба и секако последниот подвиг во оваа низа проектот за колонизација на Марс. Така, тргнувајќи од заложбите да ја направи нашата планета подобро место за живот, неуморно започнува да гради еден навистина радикален концепт колонизација на Марс како решение за пренаселеноста на Земјата, но и бројните

безбедносни закани со кои во иднина би се соочила нашата планета. Токму затоа, за него бизнисот и основањето компании не се цел сама за себе или средство за создавање капитал, туку начин на кој ќе направи технолошка револуција и ќе ја смени перцепцијата за светот каков што го познаваме досега. Мора да се признае, дека со Tesla електричните автомобили, тој веќе успеа да ја смени перцепцијата за автомобилите какви што отсекогаш сме ги познавале. Неговата појава и харизма се привлечни за медиумите. Неговите презентации на новите достигнувања на неговиот тим се несекојдневни, футуристички и со многу ефекти. Неговиот


илон маск

приватен живот е исто така предмет на интерес. Неодама се најде во фокусот на јавноста поради несекојдневното име на својот новороден син - X Æ A-12. Роден во Јужноафриканската Република во 1971 година, уште од дете бил многу повеќе посветен на STEM (Science , technology, engineering and mathematics) отколку на вообичаените интереси на неговите врсници. Веќе на свои 12 години создава и продава сопствена видеоигра. Подоцна студира економија и физика во Канада и во САД, и се сели во познатата Силициумска долина, со намера да се фокусира на три области: интернет, чиста енергија и вселена. Во светот на бизнисот започнува како косопственик на PayPal во

1999, и прави бум во светот на е-трговијата. Три години подоцна ја продава компанијата за 1,5 милијарди УСД. Тоа му овозможува да се посвети на реализација на своите проекти, односно на своите соништа. Потврда на констатацијата дека Маск не е воден од заработката. Во спротивно, дали човек чиј мотив е капиталот, би се одлучил

да формира компанија за реализација на вселенска програма? Space - X, формирана во 2002 година е единствената во светот приватна компанија која лансирала ракета во вселената. Пред него тоа им успева само на државите, поточно само на богатите држави. Сосема свесен за огромните вложувања кои се неопходни, неговиот тим неуморно работи на создавање ракета за повеќекратни лансирања. Решението е во ракетата Falcon 9, првата ракета на светот од ваков вид. Неверојатно голем скoк во период од само неколку години, од „стигнување во вселената со сопствена ракета“ до „реупотреблива ракета“, која ќе може неоштетена да се врати на Земјата наместо да изгори во атмосферата. На овој начин мисиите во вселената би чинеле околу 200.000 УСД - трошоци за гориво, наместо сегашните неколку десетици милиони долари. Еден куриозитет поврзан со родовата еднаквост или попрецизно со пробивот на жените во дисциплините кои традиционално биле резервирани за мажи е во фактот што претседател на Space - X e жена. Д-р Гвен Шотвел раководи со првото лансирање и првата мисија на компанијата во вселената. Пред неполни педесет години, во рамките на програмата Аполо, тешко дека на фотографиите од командниот центар во Хјустон би можеле да забележиме некој женски лик. Често ја нарекуваат „десната рака на Маск“ (Musk's right hand women). Space - X како компанија е потполна спротивност на бирократската НАСА, која освен на баснословните инвестиции во 28 август 2020

ПОРТА

49


истражување и развој се потпира на инвентивноста на брилијантните инженери. Таму сè е поинакво и неформално. Фармерки и маички се вообичаениот дрес код, а се работи макотрпно со цел да се стигнат исклучително амбициозните рокови кои Маск ги поставува. Но, неговите вработени се мотивирани. „Луѓето работат подобро кога знаат која е нивната цел. Важно е тие да уживаат во работата и со радост да доаѓаат наутро на работа“, вели Маск. 50

ПОРТА

28 август 2020

Загриженоста на Маск за колапс на нашата цивилизација е под големо влијание и од творештвото на писателот на научнофантастични романи Исак Асимов, особено од делото Foundation series, кое претставува еден вид футуристичка верзија на падот на Римската Империја. Затоа тој вели: „Замислете дека живееме во пикот на Римската Империја. Што ќе преземете за да го спречите падот, или да ги ублажите последиците?“ „Воопшто не станува збор

за реторичко прашање“, продолжува Маск. „Одговорот е едноставен - технологијата. Лекциите од историјата (учителката на животот прим. авт.) нè учат дека цивилизациите се појавувале и опстојувале во циклуси - Вавилон, Египет, Рим, Кина. Имајќи предвид дека за прв пат во 4,5 милијарди години постои шанса за продолжување на животот надвор од Земјата, доволно зборува за тоа колку треба да бидеме мудри додека прозорецот е отворен“, заклучува Маск. Неговата идеја за транспорт низ подземни коридори под вакуум со што би се елиминирале отпорите, се развива со не помала посветеност од вселенската програма. Неговото име е Hyperloop, а ќе овозможи патување од Лос Анџелес до Сан Франциско за половина час. Овој концепт на транспорт ќе овозможи брзини од 1200 km/h, се очекува да донесе револуција во копнениот сообраќај, а освен споменатата траса во игра се уште неколку траси во САД меѓу кои Њујорк - Вашингтон, но истражувањата сега се развиваат и во Германија, Холандија, Полска и Индија. Посветеноста на Маск за искоренување на фосилните горива е сеприсутна во секој неков бизнис-концепт. Електричните возила и компанијата Tesla веќе не се никаква новина и револуција во светот на индустријата, туку стандард. Технолошката извонредност се огледа не само во готовиот производ, туку и во начинот на кој тој се произведува. Станува збор за најсофистицирана фабрика со највисок степен на роботика и автоматизација, но и целосно обоена во црвено и бело, за да изгледа како работилницата на Дедо Мраз. Маск е основач и на компанијата SolarCity, која се занимава со производство на соларни покриви, соларни централи и батериски системи за складирање на електрична енергија. „Светот мора да се разбуди во врска со опасноста од климатските промени. Земјата е како лонец кој врие. Единствената најважна мерка која мора веднаш да се спроведе е оданочувањето на емисиите на јаглерод диоксид“ вели Маск. Според него, долгорочниот опстанок на човештвото е под голем ризик доколку остане лимитиран на само една планета. Порано или подоцна, некоја катастрофа - можеби астероид, супервулкан или нуклеарна војна, ќе стави крај на животот на Земјата. Маск ја основаше Spase - X во воден токму од идејата да обезбеди живот и на друго место. Тој е активен и во областа на истражување на вештачката интелигенција (AI - Artificial inteligence). Во 2015 година станува коосновач на компанијата OpenAI,


првенствено поради неговите заложби за заштита на AI од злоупотреба. Во некои свои интервјуа тој посочува на опасноста од AI потребата од регулација на оваа сфера. „Една од моите психолошки замки е дека можеби јас сум премногу убеден во она што го носи иднината. Но, би рекол дека станува збор за замка на мојата генерација. Пораснати во „златната“ ера на човековата историја, и иако природно сме загрижени за иднината, сепак потсвесно претпоставуваме дека нештата ќе продолжат да се подобруваат, но тоа не може да се гарантира“, вели Маск. „Затоа треба да се работи на технолошки унапредувања кои ќе можат да се соочат со најцрните прогнози за иднината на Земјата“, заклучува тој. Илон Маск не е совршен херој. Но тој без сомнение е брилијантен реализатор на една извонредна визија. Неговите соработници го опишуваат како човек со кој е тешко да се работи, но сепак го поттикнува најдоброто кај нив, бидејќи и самиот работи 80 часови неделно. Во комуникација со јавноста има направено бројни грешки. Често е присутен на twitter, но неретко избрзува со одредени твитови за кои потоа мора да се извинува. Сепак, неспорно е дека професионалниот живот на Маск е лекција за тоа како неколку едноставни принципи кои се доследно и ревносно спроведени можат да испишат историја. n ПОРТА


екологија

Двете вистини за рудникот Екологистите се против отворање на рудникот, додека концесионерот „Еуромакс Ресурси“ тврди дека се развива согласно најновите законски измени – без цијанид и сулфурна киселина

ЕКОЛОГИЈА ИЛИ ЕКОНОМИЈА Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх. екови наназад ваква дилема не постоеше. Екологијата беше нешто апстрактно и небитно.Индустриските револуции низ цел свет беа многу силни и немилосрдни.Рударските и преработувачки комплекси ги беа окупирале немилосрдно поголемите и особено помалите градови и тоа беше едноставно нормално.Тоа беше случај и со нашето поднебје. Ги паметиме големите “успеси” во развој на индустриските и рударски центри низ бившата ни држава од Јесенице, Сисак, Зеница, Тузла, Бор, Никшиќ, и кај нас Пробиштип, Велес, Кавадарци... Еколошката свест и потреба од спречување на фрапантниот раст на загаденоста и феноменот на стаклената градина, кон крајот на минатиот век драматично ја промени еколошката свест, особено кај големите невладини еко организации, кои успеаја да ја наметнат Екологијата како НАЈВАЖНА РАБОТА ЗА ОПСТАНОК НА ЧОВЕШТВОТО. Но како до развој на економијата ако еднострано заклучиме – екологија по секоја, па понекогаш и неразумно висока цена. Македонија е сиромашна земја, во која рударството од секогаш бил ресурс со солиден потенцијал, особено во југоисточниот дел. Без тоа поедини региони би биле едноставно без шанса за опстојување. Во последните десетина години се отвори една голема дилема. Што со можноста да во регионите на Гевгелија, Валандово, Струмица, како земјоделски, се активираат можните и надежни рударски и преработувачки капацитети за експлоатација на бакар, злато ... Државата во старт тоа го дозволи, големите зафати почнаа со засилено темпо. Сепак под силен притисок на екологистите и јавноста, Гевгелија и Валандово преку референдум тоа не го дозволија. Судските постапки продолжуваат... Сепак најголемиот зафат е рудникот Иловица - Штука.

В

52

ПОРТА

28 август 2020

Долгогодишните инвестирања на Канадската корпорација „Еуромакс Рисорсис“ на падините на Огражден, дојдоа до прилично големи наоѓалишта на бакар и злато и надежи за значааен бизнис и развој на Струмичкиот регион и голем бенефит за државата со 30-годишната концесија, потпишана во 2016 година. Екологистите, јавноста, а помалку и нашите познати партиски игри, ја доведоа ситуацијата до вриење. Дилемите се прилично големи. Дали екологија по секоја цена, ќе значи дека нема да можеме да ги користиме бенефитите што природата ни ги дала во длабочината на земјата и колку е тоа реално опасно влијание на еколошки чистата Струмичка котлина во реонот на општина Босилово. Во денешниот брз развој на светските преработувачки технологии, екологијата се повеќе ја има примарната улога. Дали во овој случај е постигнато се, за спречување на негативните последици врз природната околина. Дали е можен компромис . Сиромашијата, иселувањето е се поприсутно. Од земјоделие очигледно тешко се живее. И да не заборавиме накрај следуваат и судки одлуки од меѓународни судови кои се немилосрдни. Колку сме ние во овој случај реално можни, големи губитници. Можеби сепак постои компромис. Паролата „народот е во право, па дури и кога греши” е опасна работа. Затоа постои науката па и државата која треба да ја превземе својата одговорност пред да биде доцна. Цената на крај ќе ја плати народот, па дури да е и во “право”.


различни ставови и барања

Иловица – Штука ПОРТА 3 удникот за злато и бакар Иловица - Штука сè уште е актуелен со сите правни и еколошки проблеми. Екологистите се против отворање на рудникот, додека концесионерот „Еуромакс Ресурси“ тврди дека се развива согласно најновите законски измени – без цијанид и сулфурна киселина. И тука се кршат копјата и трае неизвесноста.

Р

екологија – „здрава котлина“ Активистите од Непрофитното граѓанско здружение „Здрава котлина“, кои се против изградбата на рудникот Иловица - Штука, бараат објаснување од државата зошто сè уште ја нема обжалено пресудата на Управниот суд во врска со рудникот. Со неа, се поништува решението на Второстепената комисија за одлуката на Министерството за економија за одбивање издавање на дозвола за експлоатација на концесионерот „Еуромакс Ресурси“. Тие се сомневаат дека никој досега не направил жалба, ниту пак планира да достави жалба до Виш управен суд.“ „Наводно причината за ова е непотврдена инфомација дека „Еуромакс Ресурси“ се жалеле на таа пресуда (која е во нивна корист) и поради тоа повторно ќе се суди случајот од почеток. Ваква информација е тешко да се разбере зашто никако не држи вода. Едноставно нема никаква логика. Нашите правници со кои се консултиравме изразија изненадување и сомнеж дека работите не се чисти по повеќе основи“, велат од „Здрава котлина“ на социјалните мрежи.

Прво, додаваат од „Здрава котлина“, доколку државата не поднесе жалба тогаш излегува дека се согласува со пресудата на Управниот суд и следствено признава дека погрешила. А, сите ги знаеме фактите дека ова не е така. Второ, доколку државата не поднесе жалба и чека поради наводно вложената жалба на „Еуромакс Ресурси“ да се суди повторно, тогаш може непријатно да

се изненади ако „Еуромакс Ресурси“ ја повлече жалбата на рочиштето, а поради истечен рок за жалба државата да биде насанкана на тенок мраз бидејќи не се жалела во предвидениот рок. Како мислите да облегнете и да чекате „Еуромакс Ресурси“ да се бори самиот на своја штета? Дали сте сериозни? Трето, нам целото ова ни личи на политичка саботажа или измама 28 август 2020

ПОРТА

53


кон гласачите или двете во едно, додаваат од „Здрава котлина“. Од „Здрава котлина“ ги повикуваат надлежните да ја напишат и поднесат жалбата до Вишиот управен суд во законскиот рок, но и јавно да ја објават преку медиумите. А, додека ја чекаат државата, од „Здрава котлина“ веќе имаат поднесено жалба до Вишиот управен суд. Тие, исто така, нагласуваат дека од Управата за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање имаат добиено одговор на Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер дека до МЖСПП нема стигнато нова или модифицирана Студија за оцена на влијанието врз животната средина без употреба на цијанид и сулфурна киселина. Оттаму нагласуваат дека се глупости вестите дека државата ќе плаќала пенали, тоа е само блефирање и пуста желба зашто според договорите со кои располагаат и ревидираните финансиски извештаи, „Еуромакс Ресурси“ ја зема концесијата од Фелпс Доџ за 1,5 милиони американски долари и оттогаш вкупно има инвестирано една барака, една табла, неколку милиони за плати на странските директори, еден милион за плати на вработените што постојано се намалуваат, дваесетина милиони за студии, нагласуваат од „Здрава котлина“. „Сумирано ова е далеку, далеку помалку, од сè што трубат за над 50 милиони. Типично за измамници. Не ни верувајте нам, верувајте им на ревидираните финансиски извештаи. Има и други документи кои укажуваат и докажуваат низа кривични дела, но тоа е секундарно зашто наша примарна цел е да се превенира екоцидот во институционална форма“, додаваат оттаму. Од горенаведеното, според „Здрава котлина“, произлегува дека Управниот суд во овој случај не ја остварил својата основна функција да работи за благосостојба и заштита на своите граѓани. Ние сме свесни дека проблемот со рудниците има подолга генеза и во него има низа законски прекршувања но сега сме донесени пред свршен чин и сега Вишиот управен суд мора да донесе правда и да го реши проблемот. економија – „еуромакс ресурси“ Наспроти нив, пак, од „Еуромакс Ресурси“ тврдат дека Иловица – Штука се развива согласно најновите законски измени – без цијанид и сулфурна киселина. „Одборот на ’Еуромакс Ресурси‘ во декември 2017 година донесе одлука за откажување од користењето на цијанид и сулфурна киселина во процесот на обработка на рудата, за што беа информирани надлежните органи и Владата на Република Македонија, а информирањето на пошироката јавност и локалната заедница во Струмичкиот Регион е процес кој трае. На тој ПОРТА


начин само ја потврдуваме посветеноста на компанијата кон заштита на животната средина и здравјето на луѓето и продолжуваме да работиме според највисоките и модерни стандарди од областа на рударската индустрија“, се нагласува во соопштението на веб-страницата на „Еуромакс Ресурси“. Оттаму велат дека остануваат во постојана комуникација со сите засегнати страни и надлежни институции во насока на понатамошен развој на проектот. „Еуромакс Ресурси“ имаа организирано и јавни дебати за жителите на овие општини за да ги запознаат со сите мерки за заштита на животната средина и на здравјето на луѓето предвидени во проектот за рудникот Иловица - Штука, како и со економскиот развој што ќе го донесе проектот. На нивната веб-страница во соопштение може да се прочита за ставот на експертите во однос на рудникот Иловица – Штука. ставот на ексПертите Во соопштението е наведено дека на една од средбите професорот Благој Голомеов од Факултетот за природни и технички студии при Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, нагласува дека проектот за најголемата гринфилд инвестиција во Македонија од осамостојувањето предвидува обработка на рудата со наједноставен физички процес, флотација, безбеден за животната средина, а потенцираше дека цијанид и сулфурна киселина нема да се користат. Исто така, пренесен е и ставот на

професорот Љупчо Петковски од Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Скопје кој ги објаснува карактеристиките на камено насипната брана, и примената на геотекстилната мембрана што ќе се користи во хидројаловиштето како и стабилноста на насипот. „Браната е каменонасипна со екран за водонепропустливо тело. Според конструкцијата е една од најстабилните затоа што водата се држи надвор од телото на браната и нема контакт со материјалот во потпорното тело. Кога ќе се исполни таложното езеро, тогаш тоа ќе дејствува како товар што ја стабилизира браната. Ако бараниот коефициент на браните е 1,5, тука е околу 3-4 за узводната косина, а со баластот со јаловишен руднички камен по низводната косина, нејзината стабилност ќе биде поголема од 2. Оваа конвенционална брана со текот на времето ќе стане постабилна споредено со брана за водна акумулација. Јаловишната кал со време ќе се зацврстува, а со тоа ќе се зголемува сигурноста на хидросистемот брана со таложно езеро. Во однос на геомембраната, која е вештачки материјал, направени се анализи околу нејзината трајност и кај експонирани таа се проценува на 100 години, доколку е заштитена трајноста двојно се зголемува, а во случај на длабоко вкопана геомембрана (во овој случај) трајноста се предвидува на 900 години. Дотогаш хидројаловиштето ќе биде рекултивирано, а со оцврснувањето на јаловината во длабочина, по узводната косина на камената брана, во дното на речното корито и во боковите на долината,

практично ќе се формира водонепропустлив материјал и воедно ќе нема ниту потреба од постоење на геомембраната. Од секој аспект, статички, филтрационен и сеизмички, ова е сигурна брана“, потенцира професорот Петковски. Иловица – Штука ќе биде модерен рудник на можности со вкупна инвестиција од околу 340 милиони евра. Вкупните резерви на руда се проценуваат на околу 230 милиони тони со содржина на околу 70 тони злато и околу 500 тони бакар. Животниот век на рудникот се предвидува на 23 години. Притоа, инвеститорот во наредните 20 години ќе потроши околу 74 милиони евра годишно, додека за даноци годишно ќе се двојат по 24 милиони евра. Од нив три милиони евра ќе се влеваат во локалните општини по основ на концесиски надомест. Со тоа, годишниот буџет на општините, расположлив за инвестиции во инфраструктурата и во развој на општината, ќе се зголеми за 40 отсто во однос на постојниот. Инвеститорот најави дека ќе обезбеди илјада директни вработувања за време на изградбата, а потоа 500 директни вработувања за време на работење на рудникот со приоритет на локалното население. Преку сорaботката со локалните бизниси, рудникот ќе овозможи и околу 2.700 индиректни вработувања. кој е во Право? Кои се можните финансиски последици по државата од евентуалниот прекин на големата инвестиција ? Кои се можните последици од работењето на рудникот по екологијата на блиската и подалечна регија, за тековниот но и за подалечен временски период. Да веруваме дека ќе се најде вистинското решение и дека ќе победи здравиот разум и економскиот интерес за регионот, но и за државата вкупно. n Деновиве канадската фирма Мет голд објави дека после неколкугодишни геолошки истражувања, утврдила богато наоѓалиште на злато и сребро во реонот на местото Тламино во Јужна Србија, на границата со Македонија и Бугарија. Вкупната вредност на резервите се проценува на околу една милијарда евра, со прилично висок процент на концентрација на злато од три грама и на сребро од 15 грама на еден тон руда!!.

ПОРТА


репортажа

Зошто Гленстоун е поинаков вид ме фасцинираа пространството, природната светлина - како фундаментален елемент на дизајнот, и креативноста на изложените уметнички дела

Јулија ВЕЛКОВСКА, (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) фото: извор Гленстоун (Glenstone) ленстоун e основан во 2006-та година од Емили и Мичел Рејлс и нивната непрофитна фондација, со визија да биде спој на уметност, архитектура и природа. Гленстоун е верзија на 21-виот век на музеите како Фрик (Frick), Колекцијата Филипс (Phillips Collection) или Изабела Стјуард Гарднер (Isabella Stewart Gardner Museum). Со она што нуди, еквивалентен е и со зданијата како Наошима (Naoshima) во Јапонија и Луизијана (Louisiana) во Данска. Емили и Мичел Рејлс велат дека нивната визија е од Гленстоун да се создаде не само место, туку состојба на умот, создадена со енергијата на архитектурата, моќта на уметноста и закрепнувачките квалитети на природата. Гленстоун е музеј на современа уметност и

Г

56

ПОРТА

28 август 2020


современа уметност во близина на вашингтон

музеј? Емили и Мичел Рејлс

е сместен сред буен парк на површина од околу 120 хектари, во сојузната држава Мериленд, близу Вашингтон. Неодамна имав прилика да го посетам. Ме фасцинираа пространството, природната светлина - како фундаментален елемент на дизајнот, и креативноста на изложените уметнички дела. Првиот објект на музејот е Галерија, проектиран од архитектот Чарлс Гватми (1938 -2009). Галеријата сместува изложби во извонреден простор и со тераса се отвора кон рибник. Замислена е да создаде дијалог меѓу уметноста и архитектурата, притоа беспрекорно интегрирајќи се во околината - потоците, тревниците, ливадите, шумите и езерцата. Дванаесет години подоцна и за двесте милиони долари повеќе, Гленстоун е проширен со нов галериски простор наречена Павилјони. Ова проширување, отворено за јавноста во 2018-та година е дело на архитектот Томас Фајфер, добитник на овогодишната Награда за архитектура на Американскиот архитектонски институт. Рафинираноста на просторот и, како што велат оттаму, промисленоста за секој елемент - од најмалиот детал, до начинот на кој како да се издига зградата од земјата, придонесува за едно уникатно искуство. Павилјони се збир на едноставни форми, кои се разликуваат по големина и пропорција. Содржат единаесет простории, а во девет е планирано да се сместуваат инсталации на по еден уметник. Во една од просториите вградени се инсталации на 52 уметника како дел од сталната поставка на музејот. Просториите се искличиво осветлени со природна светлина преку серија големи прозорци. Меѓусебно се поврзани со стаклени ходници кои гледаат на водата која ги опкружува во која има сезонски растенија. Палетата употребени материјали, како цинк, гранит, не’рѓосувачки челик, овозможува архитектурата да егзистира во склад со опкружувањето и уметничките креации 28 август 2020

ПОРТА

57


коишто датираат од периодот по Втората светска војна, наваму. Колекциите вклучуваат околу 1.300 слики, скулптури, фотографии и инсталации. Меѓу некои од славните имиња се Рут Асава, Линда Бенглис, Џексон Полок, Алберто Бури, Марк Ротко, Енди Ворхол и многу други. Истоврeмено, вреди да се споменат и искуствата на некои од посетителите, кои реагираат со доза на резервираност кога станува збор за Гленстоун, како за уметно-

ПОРТА

ста, така и за просторот. За нив, амбиентот е апстрактен, а изолираноста, помалку непријатна. Секој, секако, има право на свое мислење. Концептот на овој музеј е сосема поинаков од оној на Националната галерија за уметност во Вашингтон на пример, или други музеи сред урбан метеж и секојдневна динамика. Овде, целта е секој различно да го доживее она што ќе го види и чуе. Според мене, уметноста е неопходна

во нашиот живот и лично, знам дека таа можеби не е доволна за да се решат сите светски проблеми, но сепак не можам светот да го замислам без неа. Во оваа оаза, барем за момент, ослободени сте од секакви грижи, се чувствувате добредојдено и релаксирано. Гленстоун е отворен од четврток до недела, влезот е бесплатен, интересот е огромен, но посетите се ограничени на 400 лица дневно. n


ПОРТА


хортикултура

Градината во услови на летен, По дождот треба да се направи процена на штетата и да се засукаат ракавите

Филип ФИЛИПОВСКИ, Биропроект ушата е редовен проблем во летниот период поради што се посветува секојдневно внимание за полевање во градината. Во тој период какво било опаѓање на температурите и мал дожд е добредојден. Освежувањето кај растенијата е

С

60

ПОРТА

28 август 2020

очигледно, но обилните дождови понекогаш може да предизвикаат и несакани ефекти. Тоа е особено изразено кај растенијата што растат и се развиваат во глинеста почва. Поради големата количина на вода надојдена од една страна, како и слабата дренажа на почвата од друга страна, може да дојде до заситување и предолго задржување на водата, што предизвикува гниење

на коренот кај одредени растенија. Кај песокливата и добро дренирана почва ваквата појава е значително помала. Некои растенија, како што се лаванда, питом пелин (Artemisia sp.), зајачки уши (Stachys byzantina) и каранфили (Dianthus spp.), имаат мала толеранција за влажна почва и може да скапат за многу брзо време. Од особена важност е да се преземат од-


заштитете ја вашата градина

пороен дожд

ПОРТА


редени активности пред да настапи пороен дожд, со цел да ја заштитите вашата градина. Потребно е задолжително отстранување на сувите гранки од високите дрвја, како и фиксирање со дрвени или метални потпори на оние растенија со послабо стебло, затоа што силниот дожд може сериозно да им наштети. Доколку имате градинарски култури, задолжително покријте ги со заштитна мрежа или најлон, затоа што дождот или градот може да предизвикаат голема механичка штета и губење на целокупниот род. По дождот треба да се направи процена на штетата и да се засукаат ракавите. Поради разорната сила на поројните дождови треба да се проверат растенијата од механички оштетувања и по потреба се кројат сите оштетени делови. Задолжително треба да се провери почвата околу коренот на растенијата. Во тој дел почвата е порастресита и многу често дождот го раскопува тој дел и ги соголува корењата. Во зависност од состојбата по проверката, тој дел се дополнува со земја и мулч. По дождот тревниците на прв поглед повторно го враќаат пролетниот сјај, но не е препорачливо да пливаат во вода подолг период. Затоа пожелно е да се дренираат и аерираат. Присуството на поголем број инсекти по дождот е нормална појава. Доколку одгледувате зелјести растенија, задолжително треба да ги заштитите од полжави, кои секогаш излегуваат по обилни дождови. Исто така, по дождот можна е појава и на лисни вошки на поедини растенија. За заштита третирајте ги со соодветен инсектицид. n

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.