ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
301 ФЕВРУАРИ 2021
Интервју: Ѓоко Радовановиќ Американскиот институт на архитекти специјално за Порта 3 Планот за Езеро Треска го менува карактерот на просторот
ПОРТА
СОДРЖИНА
16
ИНФО 6 РАСПИШАНИ ИЗБОРИ ВО КОМОРА ОАИ МОРАТОРИУМОТ СТОИ, БРАЊА ЗА ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ ПРИСТИГААТ ВО ЦЕНТАР
РЕГИОНИ 7 БЕРОВО И ПЕХЧЕВО ИНИЦИРАА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАШТИТЕНО ПОДРАЧЈЕ ,,МАЛЕШЕВО“ ЌЕ СЕ ГРАДИ ВЕТЕРЕН ПАРК ВО МИРАВЦИ НОВ ИЗГЛЕД ЗА ГРАДСКИОТ ПАРК ВО КАВАДАРЦИ
8
ГРАДЕЖНИШТВО 8
22
„ГРАДЕЖ“ - EДЕН ОД НАЈВАЖНИТЕ ЗБОРОВИ ЗА ГРАДЕЊЕТО ВО ЗЕМЈАТА!
ГРАДЕЖНИШТВО 12 ПЕШАЧКИ МОСТ НА РЕКАТА РАЈНА КОЈ ПОВРЗУВА ДВЕ ДРЖАВИ
ИНТЕРВЈУ 16 АРХИТЕКТУРА СО ЕЛЕМЕНТИ НА УРБАНА СТРУКТУРА
АРХИТЕКТУРА 22 ПРОФИЛ НА АМЕРИКАНСКИОТ ИНСТИТУТ НА АРХИТЕКТИ
АРХИТЕКТУРА 28
34
РЕЗИДЕНЦИЈА СО ПОГЛЕД НА ЕЗЕРОТО ОСТИН
УРБАНИЗАМ 34 ПЛАНОТ ЗА ЕЗЕРО ТРЕСКА ГО МЕНУВА КАРАКТЕРОТ НА ПРОСТОРОТ
ЕКОЛОГИЈА 40 ПЛАНОТ ЗА ВОДНО МОРА ДА БИДЕ СЕОПФАТЕН И ДА ГИ ПОЧИТУВА РАЗЛИЧНИТЕ ЗАКОНИ, А НЕ САМО ЗАКОНОТ ЗА ПРИРОДА
ТЕХНОЛОГИЈА 46 ЌЕ БИДЕ ЛИ ЛИТИУМОТ „НАФТАТА НА 21-ОТ ВЕК“?
ХОРТИКУЛТУРА 50 ORTO BOTANICO - НАЈСТАРА АКАДЕМСКА БОТАНИЧКА ГРАДИНА ВО СВЕТОТ
УМЕТНОСТ 54 НЕГОВИТЕ ИНТЕРВЕНЦИИ САМИТЕ СТАНУВААТ ПЕЈЗАЖИ
ПОРТА
25 јули 2014
54
40
ГОДИНА XII
БРОЈ 301 ПЕТОК 26.2.2021 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Како и во секој број така и во ова февруарско издание на Порта 3 ви нудиме интересни, актуелни и читливи текстови. Овој број го почнуваме со информацијата за Комората на овластени архитекти и овластени инженери која распиша избори за сите изборни позиции. Она што повеќе месеци е актуелно во Општина Центар е Мораториумот, а Уставен суд на почетокот на месецот по вторпат донесе времена мерка за негово укинување. Оттогаш досега се пристигнати зголемен број барања за добивање одобрение за градба, а досега ниту едно не е издадено. Информациите за работата на локалните самоуправи се застапени и во овој број. Општините Берово и Пехчево иницираа прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево“. Паркот во Кавадарци има нов изглед, а во Миравци ќе се гради ветерен парк. Во рубриката градежништво нашиот соработник од Лондон дава објаснување на Законот за облигациони односи. Иако законот изгледа дека не дозволува одговорноста да се исклучи или ограничи со договор, се чини дека веројатно тој веќе тоа го има сторено барем во однос на тоа дека како одговорни субјекти се наведуваат само изведувачот, проектантот и лицето кое вршело надзор, но не и другите учесници во процесот на градење, како на пример ревидентите, градежните инспектори или пак нарачателот. Во оваа рубрика, исто така, може да се прочита и за пешачкиот мост на реката Рајна во градот Рајнфелден кој поврзува две држави, Германија и Швајцарија. Архитектурата, во овој број, ја почнуваме со интервју со Ѓоко Радовановиќ, добитник на наградата за животно дело „Андреја Дамјанов чии дела се архитектура со елементи на урбана структура. На езерото Остин, кое е формирано од реката Колорадо има резиденција која е ридесто издигната, нудејќи на тој начин можност за широкоаголна визура кон водената површина долу. Сепак, дабовата шума токму во овој дел е исклучително густа, па погледите кон езерото се испресечени од дрвјата, и практично се врамувани од нив: секоја
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
една визура е уникатна, и веќе со наредниот чекор добивате нова, друга, различна од првата. Нашиот соработник од Вашингтон во овој број ни дава профил на Американскиот институт на архитекти, и пренесувајќи ексклузивна изјава за Порта 3, се осврнува на областите каде е најзастапен, и за што сè се залага. На полето урбанизам имаме повторно една актуелна тема. Предлог-урбанистичкиот план за комплексот „Езеро Треска“ го менува карактерот на просторот. За она што го предвидува планот и анализа на изработеното ни дава архитект кој е дел од проектанскиот тим на Спортско-рекреативниот центар „Треска“. Во рубриката екологија повторно се осврнуваме на планот за прогласување на Водно за заштитетно подрачје. Експертите велат дека планот мора да биде сеопфатен и да ги почитува различните закони, а не само Законот за природа. Со прогласување на Водно за заштитено подрачје согласно Законот за природа се занемарува дури и можеби клучната улога на Водно, заштитата од ерозија и поројни поплави на централното градско подрачје, каде е и најголема густината на население и каде се наоѓаат многу т.н. критични објекти (болници, школи, институции на државата), што значи и заштита и на државата. Кај хортикултурата може да се прочита за Orto botanico - најстара академска ботаничка градина во светот која се наоѓа во Падова, Италија. Градината во Падова, која била прогласена за подрачје од светско наследство од страна на УНЕСКО, денес е вклучена во зачувувањето на загрозените растенија од околните региони. Овој број го завршуваме со рубриката уметност каде има опис на Javier Riera чии интервенции самите стануваат пејзажи. Riera, со своите осветлени проекции, не само што се обидува да го реоткрие пејзажот, давајќи му нова дефиниција трансфигурирајќи го, туку и кај гледачот буди нова сензација на духот на местото. ОД РЕДАКЦИЈАТА 301 ФЕВРУАРИ 2021
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
Интервју: Ѓоко Радовановиќ Американскиот институт на архитекти специјално за Порта 3
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Планот за Езеро Треска го менува карактерот на просторот
АРХИТЕКТИ „A PARALLEL“, САД
Насловна страница РЕЗИДЕНЦИЈА НА ЕЗЕРОТО ОСТИН
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 25.2.2021 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
90 ДЕНАРИ
инфо
Распишани избори во Комора ОАИ обранието на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, на седницата одржана на 13 февруари 2021 година распиша избори во Комората за сите изборни позиции. Право да бидат кандидирани и да гласаат имаат сите активни членови на Комората, во рамките на своите матични одделенија. Упатствата за спроведување на изборите, прелиминарниот термин план и други документи поврзани со изборите можат да се видат на веб страната на Комората: l Одлука за распишување избори 2021 - 13 фев 2021 година l Упатство за избор на делегати, 2021 l Упатство за избор на Претседател, 2021
С
l Упатство за избор на УО, 2021 l Предлог план за изборите 18 февруари -
по датуми
l Детален план за избори раководители и
претседател 2021 - Верзија 2 18 фев
l Детален план за избори за делегати, 2021 -
Верзија 2, 18 февруари Повеќе детали за изборите и повик за достава на кандидатури ќе следи околу 5 март 2021 година. За изборен ден за делегати во Собранието на Комората се планира 3 април 2021 година, а новиот состав на Собранието ќе се конституира на 30 април 2021 година. Новиот состав на Собранието на Комората
ќе избере нов Претседател на Комората на седница која е планирана за 29 мај 2021 година. n
Мораториумот стои, бaрања за одобренија за градење пристигаат во Центар ставен суд на Република Северна Македонија на 5 јануари 2021, по вторпат донесе времена мерка за укинување на мораториумот за градба во Општина Центар. Од Центар велат дека од кога е објавена одлуката на Устованиот суд до 8 февруари, годинава се доставени 23 барања за добивање одобрение за градба. Досега ниту едно не е издадено, но интересот е зголемен. Барањата се нижат, постапката за суспензија веќе месец и половина е заглавена на релација локална самоуправа - Министерството за транспорт и врски. Од Центар велат дека тие поднеле материјали за неусогласеност на деталните планови со Генералниот урбанистички план на Град Скопје, по што чекаат одговор како да постапуваат. Додека се чека епилог, инвеститорите слободно ќе прават профит на сметка на јавното добро. Општина Центар за прв пат донесе мораториумот за градби на 28.12.2017. година со кој 31 ДУП се вратија на повторна доработка, а истовремено се забранува издавање на одобренија за градби на територија на општината, со што идејата на општината беше да воведе ред во урбанистичкото планирање. Во меѓувреме мораториумот беше продолжуван неколкку пати, но има и свои непријатели: незнаењето, несфаќањето, неправењето разлика што е тоа „квалитетен животен простор“, шпекулантско и примитивно урбанистичко планирање, притисоците од т.н. „урбана мафија“, која за жал не е мит, поплаките од граѓани - сопственици на локации и што е најтрагично и од дел архитекти, проектанти кои се жалат дека останале без работа.
У
6
ПОРТА
26 февруари 2021
Дека сите инволвирани работат за профит е разбирливо, но не е разбирливо кога тоа се прави на сметка на јавниот интерес и на јавните површини. „Денеска, урбанистичкото планирање е сведено на задоволување на одредени интереси, лични интереси, партиски интереси, интереси на моќниците, на партиски функционери и на раководители на општини и на градови, така да планирањето денеска фактички се врши во приватен интерес, во сопствени интереси, сосема занемарувајќи го
јавниот интерес и општото добро. Зошто го велам тоа? Затоа што ние имаме ситуација, не велам дека и тие што се нарачатели на планови и извршители на планови не го знаат сето тоа што го кажав, и дека тоа не го знаат и планерите, сите го знаат, меѓутоа под одредени притисоци, поготово на моќ и на пари, принудени се да ги изготвуваат плановите према некои туѓи желби, кои во принцип се лаици и кои воопшто не ги интересира јавниот интерес“, вели архитект и урбанист Миаодраг Радоњиќ Бато за „Само прашај“. n
региони
Општините Берово и Пехчево иницираа прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево“ пштините Берово и Пехчево иницираа прогласување на заштитено подрачје ,,Малешево“, на пределот на Малешевски Планини и Влаина. Во присуство на државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, стручните лица од МЖСПП, градоначалниците на Берово и на Пехчево, како и на претставници од ПЗП Фармахем и од Македонско еколошко друштво, разговарано е за условите под кои овој предел може да се прогласи за заштитено подрачје и за начинот на управување со истиот, согласно постоечките стратегии и законски прописи. Заеднички е ставот дека е потребно активно вклучување на сите чинители и инволвирани страни, со цел да се изнајде најприфатливото решение за локалното население, а од друга страна ќе биде од големо значење за општините Берово и Пехчево, со единствена цел зачувување и успешно управување со природните богатства од регионот.. n
О
Ќе се гради ветерен парк во Миравци роектот „Изградба на ветерен парк во Миравци“ влезе во приоритетната листа на поддржани проекти утврдена од Владата на Република Северна Македонија за изградба на енергетски системи со обновливи извори на енергија. Со потпишувањето на договорот за доделување грант во висина од 2,4 милиони евра од „Програмата за обновливи извори“ за поттикнување на енергетската транзиција, од јаглен кон обновливи извори на енергија помеѓу Електрани на Северна Македонија и Германската банка за развој банка „KFW“, се поддржуваат пет проекти, за кои доделените средства ќе се искористат за изработка на технички студии и документи. Грант-средствата овозможуваат дополнителни
П
80,5 милиони евра евтини кредити за изградба на енергетски објекти. Со средствата од грантот се поддржани и: фотоволтаични електрани во РЕК Битола со
капацитет поголем од 140 MW, рехабилитација на трета фаза на големите хидроелектрани, изградба на нов ветерен парк во Миравци, модернизација и надградба на комплексот Енергетика во Гази Баба, и соларна топлификација во Битола. Со имплементацијата на овие енергетски проекти би се зголемило производството на електрична енергија за околу 650 GWh (гигават/ час), со што ќе се обезбедат дополнителни економски и еколошки бенефити. Целта е да се забрза темпото кон енергетската транзиција за почисто производство на електрична енергија, што повеќе да се користат обновливи извори на енергија, а јагленот да се замени со природен гас и да се намалат јаглеродните емисии на долгорочен план.. n
Нов изглед за градскиот парк во Кавадарци пштина Кавадарци го реконструираше градскиот парк „Љупчо Шкартов“ кој претставува природен филтер за чист воздух во Општина Кавадарци. Градскиот парк е подигнат во 1955 година и зафаќа површина од 85 илјади метри квадратни. Во паркот има ново, современо осветлување кој го прави безбеден за рекреација и прошетка и во текот на ноќта. Направено е хортикултурно уредување, обновена е урбаната опрема, дрвените клупи кои се ставени во функција на граѓаните за одмор и рекреација, обновени се старите патеки, изградени се нови, a ставена е во функција и фонтаната. Во склоп на градскиот парк се наоѓа и Винскиот музеј кој е отворен за сите љубители на виното и ентузијасти кои сакаат да се запознаат со историјата на Тиквешкиот вински регион. Градскиот парк кој е уреден во слободен, пејзажен стил, во склад со современите потреби и барање на современото живеење е од непроценливо значење за градот како место каде граѓаните може да се одморат или рекреираат. n
О
26 февруари 2021
ПОРТА
7
градежништво
„ГРАДЕЖ“ - Eден од најважните
Иако законот изгледа дека не дозволува одговорноста да се исклучи или ограничи со договор, се чини дека веројатно законот веќе тоа го има сторено барем во однос на тоа дека како одговорни субјекти се наведуваат само изведувачот, проектантот и лицето кое вршело надзор, но не и другите учесници во процесот на градење, како на пример ревидентите, градежните инспектори или пак нарачателот 8
ПОРТА
26 февруари 2021
Законот За облИгацИонИ односИ
зборови за градењето во земјата! д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. еројатно се прашувате зошто именката од машки род „градеж“ која е рангирана како 52.476 збор во македонскиот јазик според Дигиталниот речник на македонскиот јазик е толку важна за градењето во земјата, и покрај тоа што женската именка „градба“ која е рангирана како 2.524 збор е многу попозната? Без сомнение, за оние во „пракса“, значењето на зборот е повеќе од јасно, а за оние другите и за пошироката јавност ова е збор со дефинирано значење со закон. Според член 650 од Законот за облигациони односи (2001 - 2013) „под градеж, ..., се подразбираат зградите, браните, мостовите, тунелите, водоводите, канализациите, патиштата, железничките пруги, бунарите и другите градежни објекти чија изработка бара поголеми и посложени работи.“ „Градеж“ е терминот преку кој во рамките на овој закон се регулираат облигационите односи помеѓу страните вклучени во процесот на градење. Со оглед на сложеноста и на правната и на градежната регулатива, овој текст не претставува некое правно толкување на оваа материја, туку е само обид за презентирање на некој од основните постулати искажани во рамките на Законот за облигациони односи и евентуалните прашања кои произлегуваат од истите за некој од учесниците во процесот на градење и за други заинтересирани лица. Од овие аспекти веројатно најинтересни се членовите 663 – 666 од законот преку кои се регулира одговорноста на изведувачот и на проектантот за солидноста на градеж, иако изгледа дека во рамките на законот поимот „солидност“ не е дефиниран.
В
одгоВоРност на УЧЕснИцИтЕ Во ПРоцЕсот на гРадЕЊЕ Врз основа на одредбите на законот се чини дека како единствени субјекти со одговорност се: изведувачот, проектантот и лицето кое вршело надзор, при што нивната одговорност изгледа дека е ограничена на период од 10 години од предавањето и приемот на работите, но истата не е само пред нарачателот туку и пред секој друг стекнувач на градеж. Последново веројатно укажува на можноста, да речеме, и лице кое купило стан од оригиналниот нарачател на објектот да може да пријави недостаток кај градеж. Од една страна, ова најверојатно овозможува да се заштитат и интересите на третите лица во процесот на градење, но од друга страна, го зголемува обемот на одговорност на учесниците во процесот на градење. Иако законот изгледа дека не дозволува
одговорноста да се исклучи или ограничи со договор, се чини дека веројатно законот веќе тоа го има сторено барем во однос на тоа дека како одговорни субјекти се наведуваат само изведувачот, проектантот и лицето кое вршело надзор, но не и другите учесници во процесот на градење, како на пример ревидентите, градежните инспектори или пак нарачателот. Дали ова значи дека ревидентите и градежните инспектори немаат никаква одговорност за солидноста на градеж? Дополнително, законот говори за изведувачот, проектантот и лицето коешто вршело надзор. Дали се мисли на поединецот или пак на правниот субјект кај кој поединецот е, или бил вработен, или пак и на поединецот и на правниот субјект, со оглед дека во зависност од одговорот ова може да има различни и далекусежни последици? како сЕ толкУВа тЕРМИнот „Погодно ЗЕМЈИШтЕ“? Во оваа смисла интересни се одредбите во членот 663 на законот според кој одговорноста на изведувачот, на проектантот и на лицето кое вршело надзор не се ограничени само на
26 февруари 2021
ПОРТА
9
градежот туку и на замјиштето, и тоа во однос на недостатоците на земјиштето на кое е подигнат градежот, освен „ако специјализирана организација дала стручно мислење дека земјиштето е погодно за градење, а во текот на градењето не се појавиле околности кои ја доведуваат во сомневање основаноста на стручното мислење“. Веројатно од ова произлегува можна поука дека е добро да се направат потребните истражувања за земјиштето на кое ќе се гради и да се добие стручно мислење од специјализирана организација дека земјиштето е погодно за градење, а со цел да се намали законската одговорност на учесниците во процесот: изведувачот, проектантот и лицето кое вршело надзор. И покрај тоа што можеби изгледа навидум релативно лесно да се намали одговорноста во однос на земјиштето, веројатно како и секогаш, прашањата произлегуваат од деталите. На пример, дали е доволно јасно што законот точно подразбира под терминот дека „земјиштето е погодно за градење“, односно за
10
ПОРТА
26 февруари 2021
кои точно карактеристики на земјиштето станува збор? На пример, земјиштето може да биде погодно за градење од геомеханичка гледна точка, но да биде потенцијално нездраво како резултат на емисии на метан или радон, или пак загадувања на почвата. Дали „погодно земјиште“ во смисла на законот го подразбира поширокиот опсег и кој всушност е тој, или пак исклучиво се однесува да речеме на носивоста на земјиштето? Се разбира дека ќе има голема разлика во нивото на одговорноста во зависност од тоа како ќе се толкува терминот „погодно земјиште“.
земјиштето е погодно за градење или не. Дали фактот дека проектанот ја следи зададената површина за градење и го лоцира објектот на пропишаното место всушност претставува своевиден пренос на одговорноста и на урбанистот со оглед дека тој ја определил локацијата на објектот на парцелата, а не проектантот на градбата? Вакво нешто не е очигледно евиденто од законот. Што ако по добивањето на мислењето од специјализираната организација се покаже дека делот од земјиштето кој се наоѓа во урбанистичкиот проект, предвидената површина за градење на објектот, не е погодно земјиште за градење, а остатокот на парцелата е? Се разбира прашањата не престануваат тука. Според членот 664 на законот, нарачателот или друг стекнувач има рок од шест месеци од денот на утврдување на недостатокот да ги извести изведувачот, проектантот и лицето кое вршело надзор со оглед дека во спротивно ќе го изгуби правото? Дополнително, правата на нарачателот или на друг стекнувач престануваат во рок од една година, сметајќи го и денот, од денот кога е поднесено известувањето за недостатоците. Многу прашања произлегуваат од ова. На пример, дали периодот врзан со известувањето на недостатокот и периодот за надминување на недостаток се вклучени во 10- годишниот период на одговорност. Во зависност на одговорот на ова прашање, всушност одговорноста може да биде или пократка или подолга од пропишаната!
УРбанИстот Ја оПРЕдЕлИл локацИЈата на обЈЕктот, а нЕ ПРоЕктантот Веројатно дополнителни прашања произлегуваат од фактот дека севкупниот процес на изградба може да се смета за парцијализиран во значителна мерка. Имено урбанистот преку урбанистичкиот проект утврдил ефективно фиксна површина за градење со зададени карактеристики и услови веројатно без да има информација дали
коЈ РакоВодИ со ИЗгРадбата, ИнЖЕнЕРот ИлИ наРаЧатЕлот? Многу е интересен членот 665 на законот во кој изведувачот не се ослободува од одговорност од штета настаната поради тоа што при изведувањето постапувал според барањата на нарачателот, но нивото на одговорност може и да се намали, па дури и исклучи, доколку пред извршувањето на определената работа изведувачот го
предупредул нарачателот дека постои опасност од штета? Гледано од екстремно карикирана точка, дали тоа значи дека изведувачот ќе биде изземен од одговорност доколку го предупредил нарачателот дека со рушењето на постоечкиот столб во објектот постои опасност од штета!? Ова дополнително го поставува прашањето кој раководи со изградбата на објектот: изведувачот, нарачателот или пак некој друг? Членот 666 од законот утврдува дека одговорноста на вината за настанатата штета се определува според големината на поединечната за секој учесник во градежот, при што законот дава можност изведувачот, проектантот и лицето кое го врши надзорот меѓусебно да побаруваат надоместоци за штетата во рамките од уделот во вината на другата страна. Се разбира дополнителни компликации може да се создадат во оние случаи кога да речеме еден или повеќе учесници во процесот на градењето престанале да постојат како правни субјекти во текот на периодот во кој тие имаат одговорност кон нарачателот или кон друг стекнувач на градеж? Какви се тогаш правата на нарачателот или на другиот стекнувач? Веројатно исклучително интересен е членот и 169-ј од законот преку кој се регулира одговорноста за штета од градеж, како резултат на уривање или пад на некој дел или пак на кој било друг начин. Во вакви случаи одговорен е сопственикот на зградата или на друг градеж, освен ако не докаже дека штетата настанала поради виша сили или со вина на оштетениот. При ова сопственикот има право да бара надоместок од лицата кои се виновни за настанувањето на штетата, но одредбите не ја исклучуваат солидарната одговорност на нарачателот и на изведувачот на работи врз недвижност за штетата претрпена од трети лица. Се разбира и овој член исто така отвора многу други прашања. Запознавајќи се, колку е можно тоа за некој кој не е правник по струка, со 280-те страници долгиот пречистен текст на Законот за облигациони односи веројатно само укажува на прашањето дали и во која мерка овластените архитекти и инженери, другите учесници во процесот на градење, како и пошироката јавност навистина се запознаени со своите права и обврски сврзани со градежот и дали можеби не се потребни пошироки активности за промовирање на истите, како во рамките на струката, така и пошироко? n ПОРТА
градежништво
Пешачки мост на реката Рајна кој поврзува две држави
Концептот е инспириран од природен модел, дрвјата кои растат покрај брегот на реката Рајна се извишуваат високо кон небото. Паровите столбови на мостот се спуштаат кон реката, а потоа се прекршуваат и се издигаат високо по вертикала Натка ЌОСЕВА, дипл. инж. арх. о голем дел границата помеѓу Германија и Швајцарија е реката Рајна и тоа по средината на нејзиното течение. Реката Рајна, градот Рајнфелден го дели на два дела и тоа еден дел од градот е во Германија (Областа Баден), а другиот дел е во Швајцарија
В
ПОРТА
(во кантонот Аргау). Бреговите на реката од двете страни на градот Рајнфелден, иако со различна топографија, густо се изградени, а двата дела на градот се поврзани со неколку мостoви кои ја премостуваат реката. Во 2017 година градот, двете области, Рајнфелден (Германија) и градот Рајнфелден (Швајцарија), заеднички распишале анонимен конкурс за пешачки
ПоМЕѓУ РаЈнфЕлдЕн Во гЕРМанИЈа И РаЈнфЕлдЕн Во ШВаЈцаРИЈа мост широк 4,5 и долг до 250 метри како нова врска преку реката Рајна. Мост кој ќе ги поврзува двата дела од градот, двете држави и ќе овозможи поблиска врска меѓу областите. Мостот е ново поврзување, нова врска за пешаци и велосипедисти, а целта е зближување на луѓето, жителите од двата дела на градот од две различни држави. Исто така, целта е и развивање на источната урбана зона на градовите, која претежно е зелен појас и место за спорт и рекреација. На конкурсот пристигнале осум труда, а победник е пешачки висечки мост, дело на инженери од неколку проектантски бироа и тоа Конструктивно биро Мибах (Miebach) од Рајнфелден – Германија, Архитектонско биро Свилус архитекти (Swillus architekten) од Берлин и Биро за пејзажна архитектура ХХВХ (HHVH) од Берлин. Комплетната проектна документација за изградба на мостот е работена сè до 2019 година. Мостот е со должина од 213,5 метри и широчина од 4,5метри, а е проектиран како висечки пешачки мост и со дрвена конструкција на коловозот. Главните носечки столбови се челични со висина од 30 метри. Столбовите се прекршуваат по висина над коловозот. Двата столба од долниот дел имаат форма на буквата ,,Y,“, превртена наопаку, за во горниот дел, над прекршувањето, да преминат во еден столб, формирајќи елегантна прекршена силуета. Секој столб се прекинува во бетонскиот темел на брегот. Распонот на столбовите е статички разумен и е 180 метри. Овој концепт - комбиниран со хоризонтална конструкција од ламелирано дрво, бара дополнителни кабли за да се задржи еластичноста на столбовите и стабилноста на коловозот, а исто така каблите го штитат мостот од вибрации. На главните, подолжни кабли, поставен е да виси коловозот и тие ја елиминираат потребата од попречни греди, а главните столбови се врзани со сајли одзади, меѓу две точки, една кај прекршувањето на столбот, а друга на почетокот на коловозот на брегот. Дополнителни вертикални кабли предвидени се од двете страни на коловозот и се обесени на двете подолжни главни сајли. Со тоа е овозможена стабилност на мостот и спречени се вибрации на коловозот. Лентата на коловозот е обложена со плочи од природен камен со големи димензии. Камените плочи излегуваат над работ на дрвената потпора со што ја штитат дрвената конструкција од дожд и нечистотија, гарантирајќи долг век на
траење. Оградата на мостот е од челични профили, се мултиплицира формата на столбовите „Y“, исполната меѓу нив е со мрежа од нерѓосувачки челик, а ракохватот е од модифицирано дрво. Концептот е инспириран од природен
модел, дрвјата кои растат покрај брегот на реката Рајна се извишуваат високо кон небото. Паровите столбови на мостот се спуштаат кон реката, а потоа се прекршуваат и се издигаат високо по вертикала, со благо навалување кон брегот за да по-
29 јануари 2021
ПОРТА
13
могнат во балансот. Концептот и идејата покажуваат два пара столбови кои излегуваат од брегот на реката Рајна и се наведнуваат кон неа. Импресивниот речен слив на Рајна останува речиси целосно слободен, а двата
ПОРТА
брега на реката се уредуваат со различни структури. Визурите кон стариот град Рајнфелден остануваат непречени. Изборот на природни градежни материјали го подвлекува аспектот на одржливост и го нагласува природниот
контекст на реката Рајна. При изборот на победничкиот проект на конкурсот, жирито ја истакнало употребата на дрвото како главен градежен материјал, бидејќи постои долга традиција на дрвени мостови во областа и дрвото е одржлив и иновативен материјал. Мост, кој совршено е вклопен во природниот амбиент, не се наметнува со својата форма и големина во целокупниот пејсаж. Како да е стопен со амбиентот. Кога се гледа оддалеку тој е транспарентен, како пајажина растегната меѓу двата брега, а преку него се гледа стариот град Рајнфелден и реката Рајна. Совршен спој на градба со природниот амбиент. Иако сите припреми за негова изградба се завршени, мостот сè уште не почнал да се гради, поради неуспешниот референдум во Швајцарија, Кантон Аргау, град Рајнфелден. На референдумот граѓаните од градот Рајнфелден, Кантон Аргау се изјасниле со „не“ за изградба на овој мост, во ова време на пандемија. Мостот ќе чека реализација, понатаму во некои подобри времиња. n
ПОРТА
интервју
ѓоко РадоВаноВИќ, добИтнИк на нагРадата „андРЕЈа даМЈаноВ“
Архитектура со елементи на урбана структура За успешно дело, покрај архитектот треба да имате и инвестирор кој знае што сака, како да го добие тоа што го сака и од кого архитект ѓоко Радовановиќ Роден 1949година Техничко архитектонско школо во Ниш – 1968 година Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – 1978 година 1978 - 1980 – слободен уметник 1980 - 1982 – биначка Морава – главен инженер за проектирање и изведување на пренапрегнати носачи, монтажна градба од панелен систем 1982 – 1988 – Маврово Монт – главен инженер за проектирање и изведување на монтажни санитарни блокови и монтажни елементи 1988 – Инженеринг инвест – градежен инженеринг 1994 – 2002 – Јукан инженеринг проектирање и изведување на ентериери 2002 - Радо инженеринг – основач Позначајни реализирани проекти спортска сала Јане сандански куќа со посебен режим на живеење Town house соравија инвест соравија ресорт 15 меѓународни групни изложби 2 самостојни изложби (скопје и белград) Награди голема годишна награда 2014 проектот “спортска сала Јане сандански голема годишна награда 2016 – куќа со посебен режим на живеење BigSEE Architecture Awards 2020 Town house андреја дамјанов 2020 16
ПОРТА
26 февруари 2021
Љупчо АтАНАСОВСКИ, дипл. инж. арх одините си врват, врват... Остануваат носталгијата и спомените на изминатите времиња. Во третата доба од животот, се прават резимеата од започнатите и често нереализирани животни планови и се разбира за некого добивање на заслужената награда за животно дело, како круна на успешната кариера. Честитки за добивањето на Наградата за
Г
животно дело во архитектурата - Андреја Дамјанов, мој драг пријателе. Според мене требаше да се случи многу порано, но тоа е тоа. Делата и квалитетот сепак накрај се признаваат. Ова интервју во Порта 3 после оваа награда веројатно ќе биде последно за тебе кај нас/дај Боже да грешам/, а веројатно последно и јас што го правам. И баш сум радосен и горд што е тоа со мојот стар пријател. И прашањата и разговорот ќе бидат на „ти“, без вообичаеното персирање. Па да започнеме.
Спортски центар „Јане Сандански“ Што значи за тебе ова признание? - оскар за животно дело. Печат на една убава кариера и резиме на сето сторено во архитектурата, можеби почеток на некое ново творештво, бројаница во рацете и грижа за внуците... n Печат на една убава кариера и резиме на сето сторено во архитектурата - да, можеби почеток на некое ново творештво, но без бројаница во рацете и грижа за внуката. кога започна вистинската проектантска работа, кога го отвори твоето проектантско биро „Радо инженеринг“ и со кои проекти? n Со вистинската проектантска работа започнав на крајот на минатиот век. Секако најважен проект од тоа време беше куќата за Дарко Панчев со сите специфики за барањата и локацијата на истата.
меѓународно познат , а особено по големите успеси на Рк Вардар со двете европски титули. n Специфичните содржини, прописи и стандарди дефинирани од повеќе меѓународни спортски федерации со цел да се овозможи одржување натпревари од
највисока категорија, наметнуваа потреба од задоволување на сите потребни функции, нивно усогласување и синхронизација, да се сочува единството и сето тоа да е економски издржано. Објектот е функционална машина со карактеристики на урбана скулптура. Како таков е награден Резиденција „Панчев“
Во 2014 год. во ерата на финалната реализација на урбанистичкоархитектонската трагедија од проектот „скопје 2014“, проектот спортска сала „Јане сандански“ ја доби големата награда за архитектура. комплекс кој освен спортски има и угостителски содржини, кои го прават и ПОРТА
Куќа со посебен режим на живеење во Скопје
со Големата годишна награда за архитектура во 2014 година. Односот инвеститорот со проектантот секако е најважната алка во реализацијата на еден проект... n Архитектот отсекогаш морал да биде поливалентен, водејќи се од принципите на својот проект кои влегуваат во сите пори на човековото живеење. Со други зборови архитектот мора да се информира за што
поголем број аспекти кои влијаат врз квалитетот на објектот. За успешно дело покрај архитектот треба да имате инвеститор кој знае што сака, како да го добие тоа што го сака, и од кого. Во овој случај инвеститорот и проектантот со заеднички сили и разбирање треба да го создадат објектот со заемно задоволство. Еден од најубавите проекти, според мене, секако ти е објектот под кодно име - „Куќа со
посебен режим на живеење“ за кој ја доби Големата годишна награда за архитектура во 2016 год. n За успешно дело, покрај архитект, треба да се погоди и инвеститорот - нарачател на проект кој знае што сака, како да го добие тоа што го сака и од кого. Како се случи овој прекрасен проект? Архитектура која антиципира радост на живеење, неприкосновена удобност и хармонија помеѓу човекот и природата. Објектот е дефиниран како скулптура. Композицијата се темели на дефинирани форми промислени во пропорциски систем. Играта на волумените во контраст со играта на материјалите, сенките и судирот помеѓу полното и празното, придонесуваат ентериерот да се преклопува со екстериерот со нагласени елементи на органска архитектура. Од многубројните куќи за живеење би ја издвоил типично градската, урбана Town house - објект во централниот дел на Скопје. n Со ограничен простор. Па сепак објектот изгледа богат во секој поглед. И како архитектура , ентериер, зелен кров... Town house е награден на BigSEE Architecture Awards 2020 во категорија на станбени објекти.
Town house во Скопје ПОРТА
Твоето студио важи за престижно, но и скапо. Дали вашето проектирање е скапо или останатите проектански бироа работат под цена. Како успевате да го одржите нивото, но и цената на услугата во ова наша нискобуџетна средина.
n Отсекогаш имав став дека најскап проект е лошиот проект. Тој став го имам посебно откако го создадовме бирото пред 20 години. За мене особено е интересна приказната за вашите обиди за настап на хрватскиот пазар... Домашен или светски архитект кој оставил траги во твојата архитекстонска мисла или пракса. n Даниел Либескинд е интернационално призната личност, како во праксата така и во теоријата. Во класичната пракса, со мултидисциплинарен пристап неговит вештини му овозможуваат студии и проекти со најразлични намени. По случајност или игра на судбината, имав можност да го посетам Музејот на холокаустот пред официјалното отворање.Празен, без ентериер, само со голите/босите материјали, атмосферата ми предизвика чувство на смрзнување. Без опрема и без боја беше посетен исто како и кога беше завршен, дневно од 1.400 посетители во просек. Имаме ли ние современа македонска архитектура и зошто немаме светски архитектонски дела кај нас. Дали проектот „Скопје 2014“ беше единствената вистинска можност што ја пропуштивме? n Имаме, како сите така и ние. А за тоа каква е, за тоа сме сите ние виновни. Шансите се мали, дури би рекол и невозможни, да се спаси центарот на Скопје. Тоа што би ги решило сите проблеми се единствено земјотрес или војна, што е незамисливо. Сите значајни објекти во светот се нарачани од страна на диктатура без демоктратија, и од тоа произлегува ова што го гледаме. Сега нас, може да не спаси само големиот архитект творецот на вселената..
Соравија центар во Скопје; Соравија ресорт
ПОРТА
Куќа со поглед во Куманово Професорот, нашата архитектонска икона Ѓ. Константиновски еден добар период од неговото подоцнежно творештво го мина со проектирање мегаструктури. Знам дека и ти имаш особен мерак за проектирање/за своја душа/проекти со имагинарни мегаструктури... n Мегаструктурите кои јас ги изработувам како макети ги нарекувам стилски вежби за убав живот. Многу често се случува најдобрите проектантски дела да не се реализираат. Го имаш ли и ти тоа горко искуство? n Моето лично искуство е делумно горчливо. Но не би го споделувал со јавноста. Ако имате стотина реализирани проекти сепак не би требало да се жалам за некои поединечни случаи. Куќа на Водно
ПОРТА
Прет-А-Порте Знам дека „Радо инженеринг”, во моментов има и премногу започнати проекти. Дали помладата и надежна генерација те остава да бидеш сè уште главен или сега уживаш во функцијата советник. n За архитектите никогаш не е премногу, отсекогаш уживав во работата. Кога веќе ми
го наметнувате поимот пензија, имам одличен тим околу себе, па веќе не мора да трчам по секоја цена. На својот тим му помагам така што им укажувам во која насока да се движат, а таму некаде е кружната маса и светиот грал кој ќе нè спаси од лошите инвеститори. n
Резиме на ова атипично интервју со Ѓоко Радовановиќ Лесен на цртање, проектирање и збор.Тежок на пишување до толку, што и неколку прашања планирани за ова интервју останаа неодговорени. Но, тоа е Ѓоле. Црногорец во Македонско руво. Но, затоа и главно стотината проекти низ неговата кариера се неговото најголемо животно интервју. Се надевам дека на престојното пролетно Биенале на Архитектурата ќе може да се види ретроспективата на неговото творештво, при доделувањето на наградата Андреј Дамјанов. И за крај , а можеби и најважното. Неговиот најдобар асистент, подржувач и муза секако беше а ќе биде и натаму неговата диа.Ацка.
Викенд куќи Матка
ПОРТА
архитектура
АИА
Профил на Американскиот институт на архитекти Пристапот до добар проект е фундаментално право, а архитектите се спроведувачи на промени, сè со цел, ова право да стане реалност
Јулија ВЕЛКОВСКА, (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) ФОТО Кредит – Американски институт на архитекти екоја зграда има последици, секоја зграда зазема простор, 'дише' и креира спомени за непредвидливо разновидни луѓе. Одговорноста на архитектурата не е само да креира убави нешта, туку треба и да биде во тек со случувањата околу неа, дури и на политички план. Зачувањето на историските објекти за мене е особено важно, а особено кога старото, но одржано, се спојува со новото. Архитектонската професија има исцелувачка моќ, малите нешта може да имаат огромно влијание. Без компромис на убавината и елегантноста на една зграда во поширок
„С
22
ПОРТА
26 февруари 2021
формат, со сите детали, архитектурата не може да има трајно влијание врз цивилизацијата“, вели Џејмс Стјуард Полшек, којшто важи за легенда во американската архитектура и воедно е член на
Американскиот институт на архитекти. Иако одамна ја следам неговата работа, токму оваа изјава ме инспирираше да истражам повеќе за тоа како функционира ова реномирано тело, со седиште во
Вашингтон. Американскиот институт на архитекти (АИА), е професионална организација којашто е целосно посветена на промовирање на архитектурата. Меѓу бројните одлики е постојаната работа на создавање повредни, еколошки поздрави, безбедни и одржливи објекти и навремена комуникација со своите членови, експертите и јавниот сектор, за важноста на оваа професија. Во ексклузивна изјава за Порта 3, Институтот на архитекти се осврнува на областите каде е најзастапен, и за што сè се залага. „Сега, повеќе од кога било порано, колективниот глас на архитектите е од суштинско значење за создавање подобра иднина, како за САД, така и за планетата Земја. Дури и во време на промени, вредностите на АИА остануваат непроменети. Денес САД се соочуваат со невидени предизвици, како влијанијата на климатските промени и критичната инфраструктура којашто се влошува заради занемарување. АИА повикува на потребата од законодавци коишто ќе ја остават политиката настрана и ќе се фатат за работа. Нема повеќе одлагање, време е да се дејствува“, вели Мет Тиндер, главен во Одделот за медиумски прашања во АИА. Американскиот институт на архитекти изминативе преку 150 години континуирано работи на изградба на следна генерација објекти, подобни за заштеда на енергија, со жителите на ум. „Се водиме по овие приоритети и архитектите и нивните партнери потоа нашите вредности се пренесуваат до избраните законодавци во Конгресот“, додава Тиндер. Правичност и човекови права „Пристапот до добар проект е фундаментално право, а архитектите се спроведувачи на промени, сè со цел, ова право да стане реалност. Се залагаме за човекови и граѓански права, универзално почитување на човечкото достоинство и непристрасно постапување кон сите лица при вработување, како и при граѓански и деловни трансакции, без оглед на расна, полова припадност, сексуална ориентација, родов идентитет, физички способности или верски обичаи. За нашата посветеност кон толеранцијата сведочат не само политиките што ги носиме, туку и фактот дека зборовите се преточени во дела - беспрекорно дизајнираните згради“. Архитектура што ги зајакнува општините „Инфраструктурата е повеќе од патишта и мостови. Јавните згради, како училиштата, болниците, библиотеките, полициските и
противпожарните станици, парковите, па и владините објекти, се темел на нашите општини. Одредени законодавци предолго дозволија состојбата на овие простори да се влоши, намалувајќи ја безбедноста и квалитетот на живот за милиони лица низ целата држава. Архитектите имаат уникатна улога да ги насочат законодавците кон донесување издржани одлуки за реинвестирање во неопходните згради и простори“. Одржлива иднина „Во време кога светот ги чувствува штетните ефекти на прекумерниот јаглерод диоксид во атмосферата, АИА ќе продолжи да предлага политики што ја штитат животната средина и економијата, поттикнувајќи дизајн, зачувување и изградба на енергетски ефикасни згради со високи перформанси“. Заштита од влијанието на климатските промени „Глобалното затоплување и опасностите предизвикани од човекот, претставуваат сè поголема закана за безбедноста на јавноста и виталноста на државата. Зголемувањето на нивото на водените површини и разорните природни катастрофи, резултираат во неприфатливи загуби на животи и имоти.
Цврсти и прилагодливи објекти се првата одбранбена линија во услови на променливи услови на живот. Затоа се залагаме за стабилни градежни кодови и политики што ќе водат кон поголема отпорност“. Економски можности „Архитектите, столбот на проектирањето и градежната индустрија на САД, се претприемачи и мали бизниси. Проектантските компании придонесуваат повеќе од едноставно создавање впечатливи простори - тие креираат добро платени работни места и можности. Но, со тесни маргини на профит и зголемени трошоци за водење фирма, многумина се борат само да го исполнат минимумот. АИА се залага за федерални политики, коишто на компаниите им помагаат да напредуваат, а не да стагнираат. Тоа значи даночен код кој обезбедува фер третман за архитектите, програми за мали бизниси кои обезбедуваат заеми и финансиска поддршка, и коишто ќе им дадат шанса да се натпреваруваат. Затоа АИА се залага за политики што ќе значат малите бизниси да останат силни придонесувачи за економијата во државата“. Инвестирање во иднината „Генерација млади луѓе се кочи заради недостиг на пристап до образование и 26 февруари 2021
ПОРТА
23
огромниот товар на студентски долгови. Ова никаде не е поверодостојно отколку во архитектурата, каде неодамна дипломираните студенти честопати се принудени да ја напуштат професијата за да може да ги отплаќаат заемите. Без група квалификувани архитекти, нема економски развој. Затоа АИА се залага за политики кои обезбедуваат подобар пристап и финансирање, за младите да влезат и да останат во професијата“. Моќта на гласот „Членовите на АИА поседуваат моќен глас за вредностите коишто се составен дел од нашите секојдневни активности. Преку
24
ПОРТА
26 февруари 2021
културата на застапување на тие вредности, овие членови се посветени на вклучување во процесот на креирање политики и насочување на моќта на дизајнот кон решавање на предизвиците со кои се соочуваат САД. Организацијата ги претставува своите членови во владините одлуки што влијаат на градежната индустрија. Сите членови на АИА, без оглед дали се од локално, државно или федерално ниво, се подеднакво и правично претставени“, изјави АИА за Порта 3. Моќта на проектот На едноставното прашање - зошто архитектите се толку важни - одговорот
вообичаено е исто така едноставен. Моќта на проектот носи позитивни промени, така што при проектирање на една зграда, архитектите треба да осигураат дека објектот има смисла, дека е лесно и безбедно да се движите низ него. Добропроектираните училишта, создаваат подобри средини за учење, на пример, а квалитетно проектираните работни места, може да се пофалат со поголема продуктивност. Во основата на АИА се токму овие вредности. Организацијата верува дека, незадржливиот дух на архитектите може да се искористи за поддршка и зајакнување на следната генерација проектанти. Но, нешто и за нејзините почетоци: Моќта на 13-темина Американскиот институт на архитекти (АИА) е основан во 1857 година, во канцеларијата на њујоршкиот архитект Ричард Aпџон, каде се состанале тринаесет архитекти. Нивната цел била формирање организација за унапредување на архитектите и архитектурата. АИА почнал со работа два месеца подоцна, а во моментов има околу 95.000 активни членови ширум светот. Десет години подоцна, во 1867 година, АИА го отворил своето прво таканаречено поглавје или канцеларија во Њујорк, а сега брои преку 260 филијали низ САД и светот. Истата година АИА ја одржал првата конвенција во Њујорк и ова и натаму е настан на годината за целата индустрија, посетуван од илјадници луѓе. Седиштето на АИА е во Вашингтон, а првично било сместено во историска куќа во непосредна близина на Белата куќа. Осмоаголниот објект е дизајниран од д-р Вилијам Торнтон, архитектот на зградата на американскиот Конгрес. Седумдесет и пет години подоцна седиштето на организација е на истиот имот, но во друга зграда.
дефинирање на стандард за индустријата Во 1911 година АИА се консултирал со градежници и адвокати за да го објави својот прв интегриран пакет на стандардизирани документи за договор, кој ги дефинира односите и условите при проектирање и изградба. Сега, како стандард во индустријата, документите на АИА опфаќаат широк спектар на области, вклучувајќи и одржливи проекти. Историјата на една зграда може да се изгуби со текот на годините. Чарлс Петерсон, почесен научен соработник во АИА, предложил Институтот, Службата за национални паркови и Конгресната библиотека, да спонзорираат програма за проектирање и документирање историски градби, создавајќи една од најголемите колекции на записи за постојните згради во светот. Пристапни стандарди за проектирање Во 1958, претседателот Ајзенхауер го назначил тогашниот претседател на АИА Леон Шатлејн, да помогне во изработката на првите национални стандарди за пристапност. Овие принципи станале закон во 1961, 1968 и 1980 година, кулминирајќи со Законот за Американците со попреченост во
1990 година. Предизвик за разновидност За време на говор на Конвенцијата на АИА во 1968 година, лидерот за граѓански права Витни Јанг, ги повикал архитектите да ја погледнат малцинската застапеност во рамките на сопствената професија. Неговиот говор ги инспирирал програмите на АИА за зголемување на различноста, финансирање стипендии за малцинства, признавање малцински и жени-лидери во АИА и пласирање квалитетен проект во недоволно заштитените општини. Меѓународни поглавја или филијали Создавањето меѓународни поглавја за членовите на АИА кои работат во странство го одразува глобалниот опсег на пракса за американските фирми. АИА ја отвори својата прва филијала во странство во 1993 година, со канцеларија во Лондон, проследена со претставништва во Хонг Конг (1997), Јапонија (2005), Блискиот Исток (2010) и Шангај (2015). Обнова од природни катастрофи По ураганите Катрина и Рита во 2005-та, АИА и Американското здружение за планирање, ја организираа Конференцијата за закрепнување и обнова на сојузната држава Луизијана, на која учествуваа преку 650 официјални лица, експерти и граѓани,
коишто помогнаа во изготвување долгорочни планови за повторна изградба на опустошените области. Денес, ваквите планови се редовна пракса. неутрални згради против јаглерод Зградите се најголемиот единствен придонесувач за производство на ефект на стаклени градини. Затоа, во 2009 година, АИА ја започна Обврската 2030-та, повикувајќи ги проектантските компании да предложат планови за неиспуштање јаглерод диоксид во атмосферата. На иницијативата се обврзаа преку 350 компании. Иновации за дизајн и здравје Архитектурата и дизајнот може да го подобрат јавното здравје, помагајќи да се заштедат ресурси и животи. Во 2014 година, АИА почна да истражува што може дополнително да се направи во таа насока, организирајќи го првиот Самит за проектирање и здравје. кампања за јавна свест Во 2015 година, АИА започна кампања наменета за прикажување на вредноста на архитектите и архитектурата. Целта на интегрираната иницијатива е подигање на јавната свест за важноста од постоење безбедни објекти, нови училишни згради, но
26 февруари 2021
ПОРТА
25
и потребата од одржување и натамошна употреба на постојните објекти. „Архитектите и градежниците градат структури од стакло, челик, дрво, но што е поважно, градат мостови кои водат кон подобра иднина и благосостојба за земјата“, велат од АИА.
ПОРТА
Унапредување на различноста Постигнувањето правична пракса е клучно за релевантноста, економското здравје и иднината на архитектурата. Во 2015 година, АИА формираше нова Комисија за еднаквост во архитектурата - панел од архитекти, образовни работници и експерти, со мисија
за истражување на разновидноста и вклученоста во професијата и креирање план за акција. Промоција на иновативноста АИА е познат и по Програмата за помош при проект. Од 1966 година, наваму, катализирал милијарди долари во нови инвестиции, креирала милиони работни места во индустријата и ревитализирала некои од најистакнатите места и паркови во Америка. Институтот редовно нуди бројни награди и рејтинзи коишто помагаат во промовирање на иновативноста и креативноста во архитектурата. Рејтинзите се ограничени на членовите со своевидно влијание врз професијата, кои постигнале ниво на извонредност, а со тоа имаат влијание и врз општеството во целина. Овие членови се дел од престижниот Колеџ на соработници, што е приближно три проценти од вкупното членство. Признанието им се дава на професионалци со најмалку 10 години членство во АИА. Тие се номинирани во една или во неколку од следниве категории: - Промовирање научна, естетска и практична ефикасност на архитектурата. - Координација на индустријата и конкретно архитектурата, преку лидерство во АИА или во други засегнати организации. - Унапредување на уметноста, науката и стандардите за изградба - планирање, образование, обука и практикување на архитектурата. - Подобрени услови за живот на општеството, а со тоа, подобрување на животниот стандард. Поддршка на потенцијалот на членството Соработката опфаќа унапредување на ресурсите и зајакнување на мрежите на комуникација меѓу членовите, и други професионалци за непречено одвивање на тимската работа. Членовите на АИА уживаат можности за професионален развој. Младите архитекти може да посетуваат курсеви и семинари за подготовка за испити за лиценци, некои добиваат и стипендии, што потоа им отвора врати за идни вработувања. Карактеристично за АИА е и што во изнаоѓање решенија за итни прашања, ја ангажира и јавноста, и граѓански и владини претставници. АИА важи и како платформа каде различни компании и групи за проектирање може да споделат информации и знаење. Членовите на овие заедници, составени од индивидуални архитекти со различен стил, потекло, области на специјализација и интереси, стекнуваат експертиза, остануваат
инволвирани и се поврзуваат едни со други како дел од моќната мрежа на архитекти. Членовите на АИА се сметаат за луѓе со непоколеблива страст кон професијата, нашироко се познати по придржување до
етичкиот кодекс и однесување, за да обезбедат највисоки професионални стандарди. АИА тоа го постигна поттикнувајќи ги своите членови да ги почитуваат федералните закони, законите за
аИа ИА има Национална библиотека, издава месечен магазин и поседува неверојатно богата колекција на ресурси, податоци и други средства за историјата на организацијата и за нејзините членови. Архивата на АИА вклучува евиденција за политиките, програмите, публикациите, членовите и наградите на организацијата - вклучувајќи и информации за првиот состанок на АИА на 23-ти февруари, 1857 година. Датотеката за историјатот на АИА обезбедува бројни информации за членовите на АИА од 19-тиот и 20-тиот век. Се ажурира постојано и очигледно претставува непроценлив извор за истражување, како за членовите, така и за компании и научници. Еден од илјадниците податоци е дека Кортни Брет, на пример, на 24 години станала најмладиот лиценциран архитект во историјата на Американскиот институт за архитекти. АИА воедно е популарно, ако не и совршено место за важни деловни состаноци или приватни настани, како венчавки, на пример. Локацијата секако е меѓу примамливите компоненти. Зградата се наоѓа во центарот на Вашингтон, близу Белата куќа, Националното шеталиште и Уметничката галерија Коркоран. АИА нуди пет одделни простории за состаноци и настани, опремени со најсовремена технологија, природно осветлување и поглед на историската осумаголна зграда. АИА се залага за јавни политики коишто ја промовираат економската виталност и јавната благосостојба. Целта е едноставна
А
монопол и сопствените, интерни закони. Согласно овие мерки, АИА го заштити интегритетот на архитектурата како професија, a истовремено и сопствениот углед.n
- преку добар проект, да се постигнат позитивни промени не само во архитектурата во САД, туку и низ целиот свет. Во јуни годинава АИА ја најави својата прва дигитална конференција за архитектура. A’21 ќе биде серија од четири уникатни настани коишто ќе се однесуваат на деловните потреби на компаниите, во услови кога светската економија истовремено е погодена од пандемија, климатски промени и расна нееднаквост.
26 февруари 2021
ПОРТА
27
архитектура
Резиденција со поглед на
контекст во кој како затекнати локациски атрибути се теренот во пад, густата шума, острите ридови отспротива на езерото, и „борбата“ низ дрвјата да се дофати поглед кон водата, но и гребенот отспротива претставува маестрален предизвик за проектантите на овој објект 28
ПОРТА
26 февруари 2021
ПРоЕктантското бИРо „A PArAllEl“
езерото Остин
Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх. роектантското биро „A Parallel“, лоцирано во Остин, Тексас постои од 2008 г., и почнува како соработка на младите архитекти Ерик Барт и Рајан Бурк. Засилени со уште неколкумина млади архитекти, ова биро веќе се афирмираше на тамошната локална
П
сцена како едно од оние бироа кои на фантастичен начин ги обединуваат архитектонското проектирање, пејзажното обликување и внатрешното уредување, нудејќи на тој начин комплетен дизајн во кој секој детал е „на место“, и во објектот ништо не е случајно направено туку однапред осмислено и аргументирано. Можеби и затоа најмногу се истакнуваат нивните резиденцијални проекти во
приградски или рурални средини каде што до максимум доаѓа до израз хармонијата на објектот со природата. Еден од таквите објекти е „Lakeview residence“, што во превод значи „Резиденција со поглед на езеро“. Името на објектот доаѓа токму оттаму: сместен е на езерото Остин, кое е формирано од реката Колорадо. Издолженото езеро всушност претставува проширување 26 февруари 2021
ПОРТА
29
на овој дел од реката, подрачје кое е карактеристично по многуте меандри, свиоци и издигнати брегови, и е лоцирано на североистокот од Остин, недалеку од самиот град. Шумовитите брегови на езерото со текот на годините станале идеално место за формирање приградски населби со слободностоечки куќи, грото од нив луксузни вили и резиденции кои имаат привилегија да „тонат“ во зеленило, да поседуваат фантастични визури кон езерото, и да уживаат во станбена интима којашто во американското општество е на цена дури и во поурбаните градски јадра. Една од таквите резиденции е и „Lakeview“. Изградена е во 2018 г., и е сместена на една од меандрите на езерото Остин, на нејзината конвексна страна во овој дел, која тука е ридесто издигната, нудејќи на тој начин можност за широкоаголна визура кон водената површина долу. Сепак, дабовата шума токму во овој дел е
30
ПОРТА
26 февруари 2021
исклучително густа, па погледите кон езерото се испресечени од дрвјата, и практично се врамувани од нив: секоја една визура е уникатна, и веќе со наредниот чекор добивате нова, друга, различна од првата. Ваквиот контекст во кој како затекнати локациски атрибути се теренот во пад, густата шума, острите ридови отспротива на езерото, и „борбата“ низ дрвјата да се дофати поглед кон водата, но и гребенот отспротива претставува маестрален предизвик за проектантите на овој објект. Одговорот на ваквиот предизвик е оваа вила за која веќе имаат добиено и една награда на локално ниво. Како што и самите проектанти ќе запишат во описот на изведениот објект, оваа вила е „внимателно сместена на локацијата со цел да ги прифати постоечките заштитени визури; да ги истакне можностите кои ги нуди стрмниот терен; и да понуди неочекувани и драматични
вертикални панорами кои почнуваат од работ на водата најдолу, па сè до високоиздигнатите карпести ’ртови најгоре во погледот“. Формата на објектот наликува на блага, нецелосна потковица чии прекршувања се обидуваат да ја следат формата на брегот, овозможувајќи на тој начин повеќето од просториите да се ориентирани кон езерото, а влезот да биде „прегрнат“ во полуотворениот двор кој е суптилно формиран од габаритот. Објектот, освен што со формата во основа го следи брегот, го следи и теренот со формата во пресек. Влезот е од горната страна, на исто ниво со главните простории во куќата, а под него се гостинските простории. Воодушевува гестот со кој влезната партија е надополнета со влезно лоби налик на мини-дневна просторија кое има поголема висина од останатите простории, искористена за дополнителни прозорски стакла и продор на дневна светлина, со што се добива
чувство на монументалност веднаш штом некој ќе влезе во куќата. Скалишното јадро е сместено централно на основата, инкорпорирано со дневните простории и на тој начин осветлено од двете страни, со што се добива впечаток дека е дел од атриум. Кон овој впечаток придонесува и обликувањето на скалите: изведени се од челична минималистичка конструкција, бојадисани бело, со дрвени газишта и стаклени огради. Комбинацијата на бела боја со природната боја на дрвото фантастично го надополнува природниот амбиент кој се гледа низ стаклените отвори, било да е тоа кон дворот или кон езерото. Внимателно одбраните парчиња мебел сместени во скалишниот простор, како што е на пример клавирот, само укажува на тенденцијата на проектантите да се однесуваат кон секоја просторија во куќата со еднаква внимателност и посветеност, што само по себе гарантира целовитост во изразот, а со тоа и одличен проект. Впечатлива е желбата по секоја цена да се предвидат неколку катчиња за дневен престој со цел максимум да се експлоатираат различните амбиенти кои ги нуди околината на објектот. Затоа и секое катче од нив има различна, уникатна визура, но проектантите им дале и различни програми: едно е за фамилијарни седенки и разговори, друго е за гледање телевизија и пречекување гости, трето за поинтимна релаксација итн., но сите се слични во изразот: употребата на природни и ненападни тонови и дрвото како материјал, дизајнерските столови и фотелји и отсуството на
непотребни орнаменти и декорации се карактеристики кои ги поседуваат практично сите ќошиња од куќата. Во ентериерното уредување се забележуваат и уметничките слики, употребата на цвеќе, но и неколкуте „lounge“ фотелји наменети за удобно седење, кои претставуваат круна со која се заокружуваат и онака претходно добиените удобност, топлина и пријатен амбиент во куќата, стекнати преку покрупните обликовни постапки. Една од таквите обликовни постапки кои го
овозможуваат тоа, се секако огромните прозорци низ чии големи стакла „навлегува“ природниот амбиент однадвор, а низ чии дрвени рамки јасно се одразува волјата на проектантите да ги избегнат вештачките материјали таму каде што е можно. Освен тоа, видлива е и тенденцијата да се ускладат боите на дрвените површини во мебелот со боите на надворешните дрвја, како и да се ускладат боите на искористените детали од камен во внатрешноста со оние на каменестите гребени 26 февруари 2021
ПОРТА
31
кои се гледаат од куќата. Такво ускладување со околината е направено и преку масивните бетонски плочи со кои се формира пристапната патека на влезот. Вредни да се споменат се и отворениот базен до кој се пристапува од долното ниво, како и целосно одвоената бродска куќарка во рамките на парцелата, лоцирана долу, до самиот брег на езерото. Како посебен проектантски гест за кој самите проектанти сметале дека е вреден да го споменат е тоа дека „неколкуте простори за дневен престој се внимателно дефинирани со масивни ѕидови кои за возврат држат тенки лебдечки кровни платформи и конзолни
ПОРТА
балкони кои стратешки ги врамуваат неверојатните погледи на гребенот кој се наоѓа стотина метри над самото место“. Сметам дека токму преку овој гест е најмногу видлива луцидноста на еден проектант, со која преку едноставно, но умешно компонирање на различни конструктивни материјали (челик и бетон) по вертикала и хоризонтала; и со која преку едноставно, но умешно компонирање на различни геометриски форми: и тоа масивен вертикален ѕид и тенка хоризонтална површина кои во оваа ситуација се однесуваат како египетски столб наспроти лист хартија, да го извади максимумот од понудената локација. Со овој гест, проектантското биро „A Parallel“
го потврдуваат еден од нивните главни стремежи во проектирањето, кој стои на нивната веб-страница: „Сфаќаме дека објектите припаѓаат на нивната локација, било да е тоа физички, климатски или контекстуално. Секоја локација нуди единствени можности и ограничувања, а проектирањето во рамките на овие параметри поттикнува значајни иновации и ѝ всадува соодветност на секоја зграда.“ Резиденцијата „Lakeview“ е олицетворение на оваа заложба, и во целост го отсликува нивниот стремеж, исто како што отсликува и една друга нивна мисла „ние веруваме дека добар дизајн е зелен дизајн“. Нешто за коешто секако се залагаат многумина. n
ПОРТА
урбанизам
ПРЕдлог-УРбанИстИЧкИ План
Планот за Езеро Треска го менува карактерот на просторот
Воведувањето локации за викенд-куќи во урбаниот блок б1 во кој спаѓа езерото и просторот непосредно околу него наменет за спорт и рекреација е грубо приватизирање на простор од јавен интерес 34
ПОРТА
26 февруари 2021
Билјана ФИЛИПОВСКА, дипл. инж. арх. резентацијата на Предлог-урбанистички план за вон населено место за Спортскорекреативен центар Треска м.в. Ливада, КО Глумово и КО Шишево, Општина Сарај (2017 -2027) од страна на градоначалникот на Општината, а изработен од „Про – Инженеринг“, Тетово, планер Елена Зафировска, ја вознемири пошироката јавност, а особено граѓаните на градот Скопје и околината. Иницијативата за ревитализација и на ново урбанизирање на овој простор кој не ја опфаќа само рекреативната зона на езерото Треска од 54 ха туку и дел од неизграденото земјиште во негова близина со додатни 22 ха потекнува уште од 2016 година. Целокупниот опфат од 75,84 ха е територија приближна на територијата на која се протега селото
П
Глумово или пак Шишево. Овој простор претставува контактна зона на територијата на град Скопје опфатена со Генералниот план на градот, односно не влегува во неговиот опсег и затоа планот се третира како план вон населено место. Во Просторниот план на РМ и во некои парцијални плански документи просторот е дефиниран како погоден за развој на туризмот заради погодните природни ресурси, реката Треска, езерото Треска и близината на кањонот Матка, но се нагласува дека неговата употреба треба да се базира на законитостите на пазарната економија како би се обезбедила и негова економска оправданост. Забележано е и дека активностите на нотираниот простор треба да бидат во рамките на регулативата за заштита на животната средина и да не се пренаменува прекумерно земјоделското во градежно земјиште. Земјиштето во голем дел ѝ припаѓа
на Република Македонија. Врз основа на овие плански документи во 2016 година е изработена Програма од страна на Општина Сарај за изготвување Детален урбанистички план за Спортско-рекреативен центар - Треска во м.б. Ливада во КО Глумово и КО Шишево. Истиот веќе беше на јавна расправа и е во фаза на донесување. Очигледно е дека изготвениот Предлог-урбанистичкиот план е доставен до сите компетентни институции кои влегуваат во процедурите на донесување ваков вид планови, приближно повеќе од 15 на број, меѓу кои Министерството за заштита на човековата околина, Министерството за култура, Град Скопје, Министерство за транспорт и врски... и нивните мислења доколку се доставени навреме треба да бидат вградени во Предлог-планот. Не е познато дека некоја од надлежните институции реагирала на некои
ПОРТА
Проектантски тим од „Пелагонијапроект“, 1977 г. аспекти на планот, но реакцијата на јавноста не е занемарувачка. Не е спорно дека постојната состојба на Рекреативниот центар Треска е руинирана, просторот е запуштен, не се одржува и само ја потхранува меморијата на жителите на градот Скопје и околината на неговите златни времиња. Секако дека беше неопходен плански документ кој ќе овозможи ревитализација на просторот, ќе ја зголеми неговата употребна вредност како рекреативен простор и ќе внесе нови комерцијални содржини за да се создадат услови за одржување на сега напуштената водена површина на езерото кое претставува срце на просторот. Овој магичен рамнински простор со прекрасни визури кон шилестите карпи на кањонот Матка и кон врвовите на Шара со звуците од жуборењето на реката Треска беше препознат од тогашниот главен архитект на град Скопје, Тихомир Арсовски и предложен на Одборот за реализација на Програмата за спортско-рекреативни објекти од самопридонесот на граѓаните на Скопје во дамнешната 1977 –1980 година. Понудената локација за реализација на комплексот „Езеро Треска“ беше една од најголемите инвестиции во рамките на споменатата програма. Најнапред беше подготвен Урбанистички проект од Заводот за урбанизам на Град на Скопје, а потоа проектантски тим од „Пелагонијапроект“ со голем ентузијазам пријде кон уредување на просторот. Мајчински е пријдено кон дефинираниот природен облик на езерото во облик на матка, направен е мек контакт на водената површина со тлото, изградени се транспарентни и лесни објекти за угостителство, санитарии и гардероби за посетителите, натстрешници за заштита од сонце, дрвени платформи за сончање, детски мали базени и хортикултурното и партерно уредување за надополнување на природниот амбиент. Проектанскиот тим на комплексот доби Борбина награда за архитектура на РМ 1978 го36
ПОРТА
26 февруари 2021
дина и во образложението на комисијата за доделување награда особено беше нагласена грижата на проектантите за максимално зачувување на апсолутната вредност на просторот, и на неговите пред сè природно зададени вредности. Низ годините потоа езерото Треска стана култно место за рекреација во градот, а апсолутната природна вредност на просторот се надополни со мемориска вредност од живеењето на градот. За жал големиот проект за изградба на нови објекти за спорт и рекреација кој се реализираше со пари од самопридонес на граѓаните не ги исполни своите очекувања. Покрај езерото Треска како најсложена и најголема инвестиција изградена во 1978 година во рекордно време од шест месеци, сукцесивно беа изградени и четири повеќенаменски мали спортски сали како и четири покриени мали базени за секоја од тогашните општини на град Скопје. Беше изграден покриениот базен во Општина Кар-
пош,сега кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и големиот пливачки Олимписки базен со гледалиште во Општина Центар. Повеќето од овие објекти не се користат повеќе за својата намена, покриените мали базени се претворени во магацински простори, некои од малите спортски сали се користат како ресторани за свадби. За среќа, и покрај големи тешкотии при одржувањето, останаа активни покриените базени во Карпош и Олимпискиот базен во Центар. Езерото Треска веќе подолго време боледува. Презентираниот Предлог-план е поделен на 4 урбани блока, Б1 во кој е вклучено езерото со површина од 31 ха и основна намена Д3 спорт и рекреација, Б2 со површина 9,6 ха со основна намена времено домување, Б3 со површина 7,9 ха, основна намена Б5 хотелски комплекси и Б4 со површина 11,25 ха и основна намена Б2 големи трговски единици. Урбаниот блок Б1 во кој е вклучена водената површина на езерото од 13 ха покрај основната намена спорт и рекреација, согласно Правилникот за урбанистичко планирање се предвидени 40 % компатибилни намени, како што е времено домување – викенд-куќи и други комерцијални и деловни намени. Предвидената вкупно изградена површина изнесува 248.000 м2, односно 50 % изграденост на локацијата. Притоа се дозволени висини за објектите од времено домување со висина од П + 2 + поткровје, а за комерцијалните објекти до 15 метри височина. Ваквата густа изграденост веднаш после заштитниот појас на езерото сосема го изменува карактерот на просторот, ги по-
пречува прекрасните визури кон Матка и ја менува микроклимата, а со тоа се губат природните вредности кои го прават просторот погоден за спорт, рекреација и развој на туризмот. Забележително е дека 20 % од овој простор ќе премине во рацете на сопствениците на објектите за времено домување и комерцијални објекти со што значително ќе се изгуби јавниот карактер на локацијата во овој урбан блок и ќе се наруши досегашниот јавен карактер на просторот. Сличен урбан пристап има при конципирањето на вториот урбан блок Б2 од 9,67 ха кој се наоѓа непосредно на брегот на реката Треска оддалечен со заштитен појас од само седум метри од водената површина. Основната намена на овој блок е времено домување – викенд- куќи со можност за имплементација на комерцијални намени со вкупна дозволена површина за градба од 66.000 м2. И овде има опасност од приватизација на крајбрежјето на реката. Последните два урбани блока имаат значително помала површина на територија Б3 -9,53 ха и Б4 -2,41 ха, но затоа имаат уште поголем процент на изграденост. Овде се предвидуваат комерцијални содржини, па дури и групно домување во станбени згради. И на овој простор се овозможува изградба на нови 65.000 м2. Вкупните предвидени градби на урбанизираниот простор достигнуваат површина од 379.938 м2 со разнородни намени, станбени површини во мали станбени единици, колективно домување во згради, хотелско сместување во големи габарити, мали и големи комерцијални единици, деловни објекти и објекти од инфаструктура. Ако сметаме дека согласно усвоените стандарди 25 м2 површина му припаѓа на секој корисник, не е чудо да се појави концентрација од 15.000 корисници на изградената површина. Затоа е неопходно како основни документи за уредување на овој простор одреден во планот како Спортско-рекреативен центар Треска и посочен во пошироките плански документи како туристичка зона, изработка на Студија за влијание на предвидените градби врз животната средина и заштита на водите и подземниот слив на бунарите Нерези - Лепенец, хидролошки испитувања на сливот на реката Треска и одредување на заштитната зона на нејзиниот брег. Студијата за ревитализација на езерото Треска и одржлив начин на неговото снабдување со вода, одржување на водата во рамките на дозволен бактериолошки и хемиски состав за употреба на корисниците е нужен дел од планот, но не би сакале да видиме еден ден да биде натрупан со нови градежни површини.
Прашањето на сопственоста на просторот и инвестициското учество на граѓаните е правничко прашање кое исто така не треба да се занемари. Рекреативниот центар на езерото Треска е несомнено простор од јавен интерес и тој треба да им служи на
сите жители на градот и околината. Планот се надевам преку јавни дискусии и укажувања ќе успее да ги избалансира потребите за рекреација на граѓаните особено во летниот период и потребите за развој на туризмот во овој регион за да може економскиот 26 февруари 2021
ПОРТА
37
развој да го направи одржлив просторот. Воведување локации за викенд-куќи во урбаниот блок Б1 во кој спаѓа езерото и просто-
ПОРТА
рот непосредно околу него наменет за спорт и рекреација е грубо приватизирање на простор од јавен интерес.
Со новиот Предлог-план на просторот му е пријдено со ентузијазам, но планот предвидува максимално да се изгради и комерцијализира просторот, не водејќи сметка за девалвацијата на природните вредности и потребата на сочувување на просторот како рекреативна зона на градот. Овој простор е во сопственост на Република Македонија, досега бил простор од јавен карактер. Неизбежно е при планирањето на вакви простори кој ги има сè помалку во градот Скопје и неговата околина да се вклучат што повеќе фактори во процесот на планирање: урбанисти, архитекти ,екологисти, локална власт, инвеститори и граѓански здруженија и со така формираната мрежа на соработка да се реобмисли планирањето на овој извонредно значаен природен ресурс, кој претставува дел од оската Рекреативен центар Сарај, Рекреативното езеро, езерото Матка. Треба да се прашаме има ли градот доволно рекреативни и зелени зони? Имаат ли жителите на Скопје и околните општини потреба од дружење, спортување и рекрација? Одговорите на овие прашања треба да бидат основни водилки при планирањето на овој простор и при предвидувањата на неговиот иден развој. n
ПОРТА
екологија
Планот за Водно мора да биде сеопфатен и да почитува различни закони со прогласување на Водно за заштитено подрачје согласно Законот за природа се занемарува дури и можеби клучната улога на Водно, заштитата од ерозија и поројни поплави на централното градско подрачје, каде е и најголема густината на население и каде се наоѓаат многу т.н. критични објекти (болници, школи, институции на државата), што значи и заштита и на државата д-р Иван БЛИНКОВ, редовен професор на Шумарски факултет при УКИМ о 1913/1914 година специјална комисија делегирана од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците,извршила увид во состојбата со шумите, меѓу кои и оние на Водно, при што е утврдена катастрофална состојба. Во 1922 година е донесен и Закон за шумите на Кралството СXС. Во Драчевската резолуција (1923 г. или 1925 г.) на Друштвото на инженери и теxничари на Вардарска Бановина, покрај другите работи е наведено и дека поради перманентните поплави од пороите од Водно, треба да се преземат мерки за заштита од поплавување.
В
Закон За ПоШУМУВаЊЕ од 1951 годИна Веднаш потоа формиран е шумски расадник на падините на Водно (прво кај Нерези во 1924 година), а во 1925/1926 инженерот В. Шјацки да врши експеримент со пошумувањето со различен вид, разни типови на садници, различна подготовкa нa почвата, а со садници произведени од расадникот кај Нерези. Иницијалните пошумувања на Водно се извршени во 1928 година, кога е формиран и шумски расадник на локацијата кај денешниот деканат на Медицински факултет. По Втората светска војна во 1946 и 1948 година продолжуваат пошумувањата. Во 1951година е донесен и Закон за пошумување (Сл. весник на НРМ бр. 1, 1951 г.) На 1.6.1951 година се случува една голема поплава, поројна катастрофа со огромна материјална штета, големи наноси по куќите и улиците и една жртва. Тоа е пресврт во односот кон Водно. Оваа катастрофа била и 40
ПОРТА
26 февруари 2021
состоЈба со ШУМИтЕ
Водно, 1920 година
НАцРТ-ОДЛуКА ЗА ПРОгЛАСуВАњЕ НА ДЕЛ ОД ПЛАНИНАТА ЗА ЗАшТИТЕНО ПОДРАчјЕ
Лево – исфрлен градежен шут во долот , а камењата веке се на околу 70 м од првите куки долу во Кисела Вода. Десно - силно еродиран лев брег на долот повод да се донесе посебна легислатива во врска со заштита од ерозија и порои. -Закон за заштита на стрмните земјишта од смивање и однесување (Службен весник на НРМ бр. 23/52) - Закон за заштита на стрмните земјишта од ерозија и уредување на пороите, (донесен војули 1957 г.) - Упатство за спроведување на мерките за заштита на стрмните земјишта од ерозија (Службен весник на НРМ бр. 29/57) Врз основа на законот од 1952, дел од Водно (Нерези – Припор) е прогласен за „ерозивно подрачје“ (според денешната терминологија во Законот за води). Согласно барањата на легислативата oд 50титe години, изработен е комплексен проект за заштита од ерозија и уредување на порои од планината Водно кои го загрозуваат градот Скопје. Со овој проект се планирани и проектирани мерки од сите групи на противерозивни/ противпоројни мерки: ⦁ Административни мерки (раселување на две села, забрани за разни градежни, земјоделски активности, забрана за чување кози, обврска за пошумување)
⦁ Техничко-мелиоративни мерки (кордони, мини-тераси, бразди...) ⦁ Биотехнички мерки (разни пошумувања во дупки, кордони, отворање дупки со експлозив ⦁ Хидротехнички мерки (собирни и одводни канали со прагови, прегради за задржување наноси итн.) ⦁ Финансиски мерки (обезбедување финансии за сите гореспомнати активности) Во овој мегапроект била вклучена целата шумарска фела (инженери и теxничари) на чело со професорите од Земјоделско-шумарскиот факутет. При изборот на садниците се бирани такви, кои имаат широка еколошка валенца, кои може да преживеат на екстремни почвени услови во тој дел од Водно (почва со длабочина 5 – 23 cm) и кои колку што е можно повеќе, ги задоволуваат барањата за инженерските својства на вегетацијата. За таа цел се користени 106 алохтони (туѓи) видови за пошумување. За отворање дупки на најтешките терени е користен и експлозив, а носена е плодна почва. Во најтешките работи учествувале војници и затвореници. Сфаќајќи ја неопxодноста од овој проект за спас на градот, во изведба на работите волонтерски
Неправилно затрупување на каналот Падарница (ул. Нерези)
учествувале и најголем дел од граѓаните на Скопје кои со радост ги изведувале работите (сведочење на родители и роднини). Така од некогашните 451 xектари во 1951 година, веќе во 1971 година имало 978 xектари шума во тој дел. ПРЕДЕЛ СО ПОСЕБНИ ПРИРОДНИ КАРАКТЕРИСТИКИ Со престанок на важност на Законот во врска со ерозија од 1952 г. се формира правен вакуум. Водно има исклучително висока безбедносна улога, воено-безбедносна, а обезбедува и безбедност на граѓаните од ерозија и од поројни поплави и не смее да се дозволи да остане незаштитено. Поради тоа, а со цел трајно зачувување и унапредување на шумата во функција на потребите на граѓаните се наоѓа решение, тоа е Законот за природни реткости. Со одлука на Собранието на Град Скопје од 1970 г. претxoдно прогласеното ерозивно подрачје (потегот Нерези - Припор) е прогласен за предел со посебни природни карактеристики (ПППК). Подоцна врз основа на Законот за заштита на природни реткости (Сл. весник на РМ, бр. 41од
26 февруари 2021
ПОРТА
41
Ерозивни (црвено) и подрачја загрозени од ерозија (жолто) 1973 г.), каде се споменува и терминот паркшума, според член 19, Водно се става под заштита како ПППК ПАРК-ШУМА. Одлуката е на Собранието на град Скопје бр. 28/76, а подоцна се дополнува и во 8/89; 9/90; 9/91. Со оваа одлука од 1976 година целото подрачје како што ни е познато и денес (не само делот Припор - Нерези како претxодно) се става под заштита. Имено, во моментот на прогласување на Водно ПППК според тој закон (1976 г.) на површина од околу 4.450 xектари, околу 15 % се природни шуми и шибјаци (даб габер), 40 % се камењари, треви и грмушки, околу 20 % се вештачки пошумувања и околу 25 % се ниви и лозја. што е спорно тука? Убаво е напишано во тој член 19 – подрачја НАСТАНАТИ НА ПРИРОДЕН НАЧИН. Но, она што особено во тоа време го гледале на Водно граѓаните на Скопје, делот кој е зона која најчесто се посетува, во најголем дел е настанат НА ВЕШТАЧКИ НАЧИН. Пошумените површини и земјоделското подрачје се ВЕШТАЧКИ и не се препознаваат со дефиницијата од член 19 воопшто. Покрај тоа и дефиницијата за парк-шума – подрачје обраснато со шумска вегетација, кое приоритетно служи за рекреативни потреби на човекот, во оваа дефиниција не се препознава ниту земјоделското земјиште (ниви и лозја), ниту каменливи тревни површини на јужните падини на Водно. Јасно е дека зад оваа одлука се крие и друга намена, а тоа е најверојатно военобезбедносната улога. Поради геостратешката положба, нормално е во секој главен град ваквите подрачја да ја имаат таа намена. Не случајно, иако голем дел од Водно администативно е дел од Општина Сопиште, Општината нема никакво право во одлучувањето, туку тоа е право само на Град Скопје. Таа прикаска за заштитено подрачје поради природна реткост, односно природно наследство се пренесува сè до ден денешен. И не само обичниот народ, туку и вработените од Секторот за природа во уЖС/МЖСПП, а и од Секторот за ЖС во град Скопје, но и голем 42
ПОРТА
26 февруари 2021
Потенцијална опасност од ерозијата (1 и 2 катег).
дел од стручната јавност се доведени во ЗАБЛуДА. Затоа целата оваа активност околу прогласување на Водно согласно Зкаон за природа е потполно погрешна, а плус носи и можни последици. Водно има повеќенаменска функција: Подрачје од значење за одбраната на Република Северна Македонија; Заштита на градот Скопје и околните населби од ерозија и поројни поплави; Рекреативна функција; Еколошка функција - прочистување на воздуxот; Останати социјални вредности – култура итн.; Заштита на природното наследство; Други функции (земјоделство). Со прогласување на Водно за заштитено подрачје согласно Законот за природа се занемарува дури и можеби клучната улога на Водно, заштитата од ерозија и поројни поплави на централното градско подрачје каде е и најголема густината на население и каде се наоѓаат многу т.н. критични објекти (болници, школи, институции на државата...) што значи и заштита и на државата Република Северна Макеоднија.
Секој закон, секоја студија и план правени според барањата од некој закон се еднострани т.е. фокусирани на барањата од легислативата според која се изработуваат. НАцРТ-ОДЛуКАТА ЗА ПРОгЛАСуВАњЕ НА ДЕЛ ОД ВОДНО ЗА ЗАшТИТЕНО ПОДРАчјЕ Најновата Нацрт-одлука за прогласување на дел од Водно за заштитено подрачје во категорија V, произлегува од Студијата за валоризација на природните вредности на Водно. Во Студијата за валоризација на природните вредности на Водно, (во натамошниот текст Студијата) изработена според Законот за природа и Правилникот за подготовка на таква студија, фокусот е ставен на природното наследство (биодиверзитет и геодиверзитет) со споменување на делови за рекреација/туризам и култура. Република Северна Македонија ги има ратификувано и УН -кoнвенциите за климатски промени како и за борба со деградација на земјиштето и опустинување (UNCCD). РСМ е
Карти на опасност од поплави (Припорски порој, при веројатност на појава 1%, поврпински опфат и длабочина,, –Студија за поплавување на град Скпје,
Карти на опасност од поплави (Водњански порој, Љути Дол, при веројатност на појава 1%, поврпински опфат и длабочина,, –Студија за поплавување на град Скпје, (PointPro – Студија за поплавуавње н аград СКопје , 2016г.): https://zivotnasredina.skopje.gov.mk/poplavi-slikata-za-skopje- shto-nikoj-ne-ja-posakuva/ ) потписник и на УН- декларацијата за ECODisaster Risk Reduction. Во Законот за води се транспонирани и xaрмонизирани Рамковната директива за води од нејзините т.н. 14 ќерки директиви, како и Директивата за поплави, а РСМ е потписник и на Резолуција за шуми-води на Forest Europe. Сите овие документи значат и обврска на државата. За Водно се изработени и неколку студии со акциски планови во последните пет години: за одгледување и заштита на шумите (соглaсно Законот за шуми); во врска со одбрана од поплави, за ерозијата, за ефикасност на системот за заштита од ерозија и порои на Водно (согласно Законот за води, но и од oдредби од Законот за заштита и спасување и Законот за управување со кризи); генерален план за пошумување и рекутивација на Водно со средствата кои ги плати МЕР за оштета за гасоводот (согласно Одлука на Владата), детален проект за приоритено пошумување (во врска со претxодната одлука, но и барањата од гореспоменатите закони). Освен во Студијата за поплавување, во сите останати документи каде нема мерки, во другите проекти мерките и активностите се детализирани. Со прогнозираните климатски промени, ќе се зголеми фреквенцијата на интензивни врнежи и поројни поплавувања. Соочени со таков предизвик, мора посериозно да се осврнеме на тоа. Теренските и моделските анализи за ерозијата, подложноста на површински процеси на свлекување и одронување, како и картите на опасност од поројно поплавување од пороите од Водно се многу загрижувачки. Со детална теренска анализа на делот Нерези - Припор е воведена и категорија Еекстремна ерозија, за најтешко нарушените локалитети долж патот Средно Водно – Сопиште со крак за Сончев Град. Студијата за валоризација на природните вредности, врз основа на кои е направена и нацрт-одлуката за прогласување на дел од
Водно за заштитен предел, со предложеното зонирање и дозволени/недозволени активности по зони, ни оддалеку не ја зема предвид опасноста од ерозија, поројни поплави, па и пожари што е во директна колизија со барањата од другите закони. Со предложените зонирања и активности се оневозможуваат активности кои се задолжителни според други закони. Постои колизија со Законот за шуми, во делот за одгледување и заштита кои се задолжителни обврски за сите шуми, а за неспроведување на обврските следуваат казнени одредби, во висина и до 30 000 евра за одговорно лице за секоја неспроведена обврска. Слично е и со шумските пожари (Закон за шуми, Закон за пожарникарство), каде има задолжителни активности за чие неспроведување има и казни до 30.000 евра, а со Студијата за валоризација се оневозможуваат. Дури има и дозволени активности во Студијата (на пр. напасување добиток) кои се незамисливи според Законот за шуми и Законот за води во делот каде има шума или ерозивно подрачје. Колизиите со Законот за води се во делот одбрана од штетно дејство на водата. Според чл. 135, обврска на секоја ЕЛС (единица на локална самоуправа) е да прогласи ерозивни подрачја и за истите да пропише забранети активности, како и задолжителни мерки, а врз основа на теxничка документација. Студијата за ерозија и акциски план на град Скопје, како и додатокот Ревизија на системот за одбрана од поплави од Водно, се документи во кои се дефинирани ерозивни подрачја и подрачја загрозени од ерозија (сликата погоре за Водно) и се предложени разни забрани како и обврски. Досега само Кисела Вода и Гази Баба прогласија ерозивни подрачја на своите територии и пропишаа мерки, додека останатите општини не ја исполниле својата обврска согласно Законот за води, иако ги
имаат сите податоци и студии. Дури откако советите на општините ќе донесат одлука, Советот на Град Скопје, врз основа на сите одлуки, прогласува такви зони на ниво на град. Зонирања според опасноста од ерозија како и ризик од поројни поплави се дијаметрално спротивни од она во Студијата за валоризација. А законот е јасен, секоја ЕЛС треба и да презема мерки за заштита од ерозија, порои и поплави (чл. 121 - 141 од Закон за води). А и мерките кои се преземаат на вакви терени се делумно и оневозможени затоа што според Студијата за валоризација се недозволени. Некои одредби во Студијата се дури и беспредметно ставени, а други пак многу наивно напишани поради непознавање на приликите и на легислативата во други области. Студијата за валоризација претставува едностран поглед на работите, а ваков пристап како и прогласување на подрачје согласно Законот за природа, може да се користи во некој предел во дивина на пример во Мариово, а никако во непосредна близина на големо населено место, а за Водно и град Скопје никако, затоа што ова подрачје има далеку поприоритетни намени. ДА СЕ СТОПИРА ПРЕДЛОг-ОДЛуКАТА ЗА ЗАшТИТА НА ВОДНО Како би требало да се постапи? ⦁ Стопирање на Нацрт-одлуката за прогласување на дел од Водно согласно Законот за природа ⦁ Ургeнтно подготовка на lex specialis за Водно ⦁ Изработка на Просторен план ⦁ Изработка на План за управување со Водно од сите аспекти согласно тој посебен Закон за Водно Како прво мора да се стопира Предлогодлука за заштита на Водно согласно Законот за природа, затоа што како што е погоренаведено е еднострано гледање на работите, а плус е и во колизија со повеќе закони што би можело да придонесе и кон 26 февруари 2021
ПОРТА
43
Нарушувања видливи од цел град - со фрлање материјал од ископ во доловите, создадени се вештачки сипари особено во слив на Припорски Порој и Љути Дол (Кисела Вода) загрозување на безбедноста на граѓаните. Потоа ургентно, да се пристапи кон изработка на lex specialis за Водно. Треба да се формира меѓуресорска група од повеќе министерства и владини агенции: MЖСПП (сектори за природа, води и просторно планирање), МЗШВ (сектори за шумарство и за земјоделство), Министерство за транспорт и врски (градежништво), Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, а секако и од Град Скопје. Тој закон не само што треба да ја апострофира мултинаменската функција на Водно, туку треба и да даде основа како треба да изгледа зонирањето на подрачјето, како треба да изгледа Планот за управување со подрачјето, да ги поврзе надлежностите во разни зони со другите зони, но и во казнената политика да се внесат дури и драконски казнени одредби во случај на загрозување на безбедноста на населението, градот и државата со несоодветни активности. Не е исто да правиш некое дело во
градот или пак во некоја на пример, безбедносна зона и со тоа дело да влијаеш и на безбедноста на граѓаните. Тука да се специфицираат тешки казни за прекршителите, без разлика дали се физички лица, правни лица или пак службени лица кои несоодветно ја вршат својата работа. Во разните закони (Закон за градење, казните се движат до 9.000 евра), во Закон за води има слична висина на казни, особено за физички лица, но на Водно тоа би можело да се оквалификува и како загрозување на безбедноста, па казните би требало да бидат не само парични туку и затворски. Само така би се стопирале бројни несоодветни работи на Водно. Направените градби на северните падини ја загрозуваат безбедноста на граѓаните на Скопје. Затоа такво нешто не смее да се дозволи законски. Најопасна е состојбата настаната од патот Средно Водно – Сопиште со крак за Сончев Град (слики во прилог).
Размислување - како би требало да изгледа едно реално глобално зонирање на теренот 44
ПОРТА
26 февруари 2021
Просторниот план (ПП) е всушност детална разработка на ПП на државата и е во согласност со Законот за просторно и урбанистичко планирање, бидејќи се подготвува и за подрачја со посебно значење за државата (околу изворот Рашче, за националните паркови итн). Со ПП треба да се реши соодветното зонирање согласно приоритетот на земјиштето и барањата од сите закони кои се на сила и релевантни за Водно, како на пример Законот за води, Законот за шуми, Законот за управување со кризи, Законот за заштита и спасување, Законот за пожарникарство, Законот за заштита на природата, Законот за заштита на животната средина, Законот за заштита на културното наследство. Изработени се скоро сите потребни сепаратни студии и за Водно и за Скопје и за регионот каде е опфатено и Водно, па затоа се олеснува и забрзува процесот на изработка на ПП. А теxнички, самото зонирање лесно се прави. Постојат едноставни методи на мултикритериумска анализа, при што ако резултатите покажуваат дека една намена има далеку повисок резултат од другите тогаш се дава апсолутен приоритет на таа намена и на легислативата во врска со тоа. Пример согласно Студијата има една црвена зона – строго заштитена зона (накај Матка), а таму нема никаков интерес од други барања, па логично е дека во таа зона апсолутен приоритет би имал Законот за природа. Од друга страна пак, делот од Нерези – Припор, кој гравитира кон градот Скопје, премногу е значаен за безбедноста на градот од ерозија и поројни поплави, каде приоритет би биле одредбите од Законот за води и другите закони каде се третираат природните непогоди. Се разбира во делот околу Пантелејмон, и другите објекти кои се културно наследство, апсолутен приритет се дава на Законот за култура. Доколку некаде има приближни резултати се користат принципи на конфликт менаџмент со барање компромисни решенија, доколку се дијаметрално спротивставени. Потоа, во ПП се даваат и насоки и цели за идно управување. Доколку има теxнички проблеми околу изработка на ПП за Водно поради легислативните барања, тогаш би требало зонирањето да се вметне како прв дел од идниот сеопфатен план за управување со користење на истите гореспоменати методи. Планот за управување мора да биде согласно насоките до идниот Закон за Водно и ПП. Во сите сепаратни студии и проекти (за заштита од ерозија и порои, за одгледување и заштита на шуми...) има и акциски планови, па така за секоја зона може да се преземат тие активности. Планот за управување мора да биде сеопфатен и да ги почитува законските барања од различните закони, а не само Законот за природа. n
комерцијален текст
TERMOWOOD - новост на пазарот во Македонија овост на пазарот во Македонија е ТЕРМОМОДИФИЦИРАНО ДРВО, со трговски назив TERMOwOOD. Термообработката е сосема нов природен технолошки пристап на создавање на нов вид на дрво со изменети хемиско - механички својства на материјалот. При овој процес на обработка не се користат никакви хемиски средства. Целиот процес e природен и се изведува во средина со заситена водена пареа, без присуство на кислород, на висока температура од 170 до 212 целзиусови степени. Во вака создадените услови, се менуваат хемиските својства на дрвото и доаѓа до топење на полисахаридите и карамелизација на материјалот. На овој начин се прави заштита на дрвото од влијание на вода, влага, гнилеж и бактерии и добиваме долговечност на дрвото, стабилност на материјалот и материјал кој е лесен за обработка. При пожар дрвото е безбедно затоа што оддава мала количина на јаглероден диоксид. Исто така, дрвото е со подобрени карактеристики дури и до 70 отсто од обичното дрво, не подлежи на деформации и ги поседува својствата на тропските дрва (голема отпорност на влага, вода и гниење). Бојата му е од светло до темно кафеава, со пријатен изглед, зависно од температурата
Н
на која се обработува и понатамошната намена. На допир се добива чувство на мекост и топлина на префинет материјал. Производот е целосно безбеден по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво е стерилно и на него не може да опстојат бактерии, вируси или паразити кои се опасни по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво-Termowood е алтернатива на тиковото и другите тропски дрва, но со пониска цена. Се употребува при/за изработка на: l Внатрешно и надворешно уредување l Мебел, маси,кујни и плотни за кујни
l Подови, паркет, плочки од дрво и патос l Ѕидни облоги за ентериер
l Бања (ѕидни облоги, подни плочки,
мијалник и аксесоари)
l Сауни и парни бањи
l Фасада и облоги на фасада
l Мебел за двор, балкони, површини околу
базени
l Патеки и пристаништа
ДИСАРТ ДОО гевгелија е единствена фирма која произведува термомодифицирано дрво во Македонија
+389 70 363 877 disartltd@yahoo.com www.disart.mk facebook.com/disartmk
ПОРТА
технологија
Ќе биде ли литиумот „нафтата на 21-виот век“? Наскоро ќе бидеме сведоци на формирањето на еден од најмоќните картели на 21виот век - „земји производители и извозници на литиум“, пандан на денешниот OPEC
Даниела МЛАДЕНОВСКА è поизвесно е дека прашањето од насловот ќе стане констатација, но за жал многу е веројатно дека освен економската и геополитичката моќ, литиумот од нафтата ќе ги наследи и негативните влијанија врз животната средина. Во еден ваков контекст, се поставува прашањето: „Колку се навистина „чисти“ електричните возила“? Како што електричните возила полека ќе ги истиснуваат оние со мотори со внатрешно согорување погонувани на бензин или дизел, литиумот ќе добива на стратешко значење на
С
46
ПОРТА
26 февруари 2021
сметка на нафтата. Така Боливија, една од најсиромашните земји во Јужна Америка, би можела да биде „Саудиска Арабија на литиумот“. Но, зошто токму литиумот е сè повеќе во фокусот? Одговорот е многу едноставен. Денес, веројатно нема подобар квалификатив за опис на животот на модерниот homo sapiens, од литиум јонските батерии. Настрана од (не) користењето на електрични возила, тие се срцето на сите за нас „неопходни“ средства - мобилни телефони, таблети, преносни компјутери и сл. Трката за електричен автомобил кој ќе биде поефикасен и со поголем домет од конкуренцијата, е разгорена меѓу автомобилските гиганти повеќе од кога
било. Во суштина, оној кој ќе ја има најлесната, најиздржливата и најмоќната батерија, разбирливо ќе ја добие таа трка. Батериското пакување учествува значително во цената на електричното возило. Токму електричните возила се сферата на најголемата побарувачка на литиумот, особено сега, кога во фокусот се транзицијата кон одржлива мобилност и борбата против климатските промени. Многумина гледаат на овој пробив на „електричната моќ“ како на начин за ставање крај на зависноста од нафтата од Блискиот Исток. Реално, тоа веќе се случува. Растечката побарувачка на батерии, веќе предизвикува изместување на
геополитичкиот фокус од песоците на Саудиска Арабија кон височините на Андите, кои ги кријат најголемите резерви на литиум, потребен за производство на батериите. Имено, Боливија, Чиле и Аргентина заедно, поседуваат над 60 % од светските резерви на литиум. Наоѓалиштето Salar de Uyuni, на површина од 10.000 квадратни километри, на надморска височина од 3.600 метри, е најголемо во светот. Овој простор е видлив од вселената. Лоцирано е во близина на Потоси, најважниот рударски центар во Јужна Америка за време на шпанската колонијална ера. Ова наоѓалиште кое е исто така богато и со магнезиум, калиум и натриум, е водечко во светот според расположливите резерви на литиум. Со цени во опсегот од 8.000 – 10.000 УСД по метрички тон, потенцијалот е сосема јасен. Сите индустриски и економски развиени земји го сакаат литиумот на Јужна Америка САД, Јапонија, Јужна Кореја и се разбира Кина. Токму Кина најинтензивно вложува во истражувања на наоѓалиштата и соодветната технологија за екстракција. Иако наоѓалишта на литиум поседуваат и САД, Кина и Австралија, сепак оној од „литиумскиот триаголник“ на Јужна Америка е најпогоден за експлоатација бидејќи станува збор за површински копови. Нафтата долго е извор на геополитичка и економска моќ. Но, сосема очекувано, со развојот и масовното производство на потрошувачката
електроника, глобалната продукција на литиум достигнува рекорди. Во 2014 година, за прв пат 30 % од светското производство на литиум е насочено во производството на батерии. Цената на литиумот постојано расте, иако цената на литиумските батерии континуирано паѓа. Консултантот за обновливи извори на енергија Tam Hunt смета дека наскоро ќе бидеме сведоци на формирањето на еден од најмоќните картели на 21-виот век - „земји производители и извозници на литиум“, пандан на денешниот OPEC. Несомнено, трите земји од Андите би имале значајна
економска и политичка моќ олицетворена преку контролата на ресурсот кој е критичен за функционирањето на модерната економија. Но, експлоатацијата на литиумот за жал е поврзана со негативни последници по животната средина. Оттука, се поставува прашањето колку се „зелени“ електричните возила, не само од аспект на тоа дали користат електрична енергија од обновливи извори, туку и од аспект на нивното производство. Ќе се сложиме, во ваков случај неспорни се сличностите со нафтата. Имено, процесот на екстракција на
26 февруари 2021
ПОРТА
47
литиумот троши огромни количества вода. На пример, во Чиле, рударењето на литиум троши околу 65 % од потрошувачката на вода во целиот регион. Но, процесот е одговорен и за ослободување на токсични материи во почвата, површинските и подземните води. Истражувачите забележале промени кај дивиот свет на растојанија и до 150 километри од рудните наоѓалишта на литиум. Според тоа, на крајот на денот, процесот на експлоатација на литиум е сепак рударски процес, што значи дека предизвикува штета врз животната средина. Со оглед дека станува збор за минерал со
ПОРТА
растечка побарувачка и кој има експлоатациски резерви за најмалку неколку стотини години, мора да се работи на оптимизација на процесите на експлоатација од аспект на влијанието врз животната средина. Во овој контекст, особено е ветувачка можноста за рециклирање на литиумските батерии. Тоа е нов и не многу распространет процес. Но, и овој процес се соочува со тешкотии, со оглед дека производителите на батерии ја држат „под клуч“ својата технологија поради конкуренцијата. Тоа значи дека компаниите за рециклирање не можат да пропишат како да се рециклира одредена батерија, без целосен увид во производството на истите, но и постојаните иновативни циклуси се исто така една од бариерите. На крајот од денот, извесно е дека светла е иднината на производството на литиумски батерии, но за жал иднината на животната средина под влијание на експлоатацијата на литиум изгледа неизвесна. Можеби зајакнувањето на свеста кај корисниците не само на електрични возила туку и на корисниците на потрошувачката електроника, може да влијае врз развивање на поодржливи практики и технологии на експлоатација на литиумот. Сепак, едно е повеќе од јасно - рапидниот развој на новите технологии, го рангираат литиумот како најсериозен кандидат да биде „нафтата на 21-виот век“. Но, навистина е парадоксално како транзицијата од фосилни кон обновливи енергетски системи, неретко води кон зависност од целосно необновливи и еколошки штетни ресурси. n
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
26 февруари 2021
ПОРТА
49
хортикултура
Orto botanico - најстара академска
градината во Падова, која била прогласена за подрачје од светско наследство од страна на уНЕСКО, денес е вклучена во зачувувањето на загрозените растенија од околните региони ПОРТА 3 rto botanico во Падова е ботаничка градина, во североисточниот дел на Италија. Основана во 1545 година од страна на Венецијанската Република, таа е најстарата академска ботаничка градина во светот што сè уште е на првобитната локација. Оваа ботаничка градина била основана за потребите од изучување и одгледување на медицински растенија од Италија, Грција, Средниот Исток, Арабија и бреговите на Африка. Градината во Падова, која била прогласена за подрачје од светско наследство од страна на УНЕСКО, денес е вклучена во зачувувањето на загрозените растенија од околните региони.
O
НАСТАВЕН ОБјЕКТ НА уНИВЕРЗИТЕТОТ Проектот на Ботаничката градина му се припишува на архитектот Андреа Морони, кој ги создал некои од најважните јавни споменици во Падова, како што е Базиликата ди Санта Гиустина во Прато дела Вале, Градското собрание и Универзитетот во првата половина од 16 век. Сепак, вистински архитект бил Даниеле Барбаро, венецијански благородник 50
ПОРТА
26 февруари 2021
кој бил многу учен човек и преведувач на „Де Архитектура“ на Витрувиј. Тој го следел примерот на средновековниот Хорти Конклуси, (затворени градини), обележувајќи ја архитектурата со совршена шема на квадрат во круг, поделена на четири дела со две патеки ориентирани според кардиналните точки. Ботаничката градина е инаугурирана во 1545
година, а следната година се користела како наставен објект од Универзитетот во Падова. До крајот на 16 век, градината била збогатена со многу фонтани. Во 1704 година биле изградени четири порти со огромни украси во црвен камен, украсени со растенија изработени од ковано железо. Денешниот изглед на главната палата датира од 17 и 18
МЕСТО ЗА ЗАчуВуВАњЕ НА ЗАгРОЗЕНИТЕ ВИДОВИ
ботаничка градина во светот век. Во текот на првата половина на 18 век, ѕидот бил декориран по надворешниот периметар со балустрада, направена од камен донесен од Истра, на која биле поставени вазни и портрети на важни личности. Била направена статуа на Теофраст покрај јужната врата, како и статуа на Соломон, (потпишана од Антонио Боназа), локална точка за источната врата и фонтаната за четири сезони, која била збогатена со портрети од 18 век направени од мермер. Во првата половина на 19 век биле изградени оранжерии и ботанички театар, а на корнизот биле поставени портрети на еминентни ботаничари, како Карл Линеус. На една од оранжериите сè уште се присутни овие историски лакови и мали колонади од леано железо. Во градината има и три сончеви часовници: еден во форма на кубус, еден кружен и цилиндричен. Во внатрешноста, четири гледишта се расподелени во цветни леи. ОРИгИНАЛ НА СИТЕ БОТАНИчКИ гРАДИНИ Градината е сведок на еволуцијата на ботаниката од наука која првично се применувала во медицината, до независна наука со разни гранки. Ботаничката градина дава можност пошироката јавност да дознае повеќе за растенијата, таа е ресурс за научниците, а има за цел зачувување на ретки и загрозени растителни видови. Ботаничката градина во Падова е оригинал на сите ботанички градини низ целиот свет, таа претставува раѓање на науката, на научните размени и на свеста за односот меѓу природата и културата. Дала голем придонес во развојот на многу современи научни дисциплини, особено ботаника, медицина, хемија, екологија и фармација. ДОМАЌИН НА „ИСТОРИСКИ ДРВјА“ Orto botanico е домаќин на неверојатно стари растенија, обично наречени „историски дрвја“. Како и сите растенија во Градината, тие се обележани со научно име на видот, иницијалите на научникот кој прво ги деноминирал и ги опишал правилно, нивното семејство и местото на потекло и годината кога се засадени во Градината. Hortus sphaericus е медитеранска палма (Chamaerops humilis L.), која во моментов е најстарото растение во Градината, бидејќи е засадена во 1585 година, а позната е благодарение на Гете, кој ѝ посвети неколку свои есеи и научни дела. Исто така, постои и гинко (Гинко билоба Л.) датирано од 1750 година и јужна магнолија која најверојатно била засадена во 1786
година и која се смета за најстара во Европа. Други историски дрвја растат во Арборетумот (надвор од кружниот ѕид), кој е создаден во втората половина на 18 век благодарение на префектите Џовани Марсили и Роберто де Висијани. Оваа област исто така содржи вештачки рид („Монтањола“ или Белведере) со патеки кои потсетуваат на романтични англиски градини. Тука станува збор за огромен ориентален шуплив трупец (Platanus orientalis L.) (1680) и хималајски кедар (Cedrus deodara (D.Don) G.Don fil.) кој не е стар како претходното дрво и затоа сè уште не е историски, но сепак е важен, бидејќи е првиот од овој вид што е воведен во Италија (1828). Интересни, иако не историски дрвја, се стариот ќелав чемпрес (Taxodium distichum (L.) Rich.), роден во мочуриштата на Флорида и Луизијана, покрај каналот Еднорог во близина на влезниот мост (Ponte delle Priare) и црвено дрво во зори (Metasequoia glyptostroboides Hu & Cheng), вид познат само како фосил до 1941 година, кога е пронајден како живее во западна Кина. Неговите семиња биле
дистрибуирани низ целиот свет, а примерок живее во Ботаничката градина во Падова од 1961 година, во медицинскиот кварт во близина на јужната порта. До 1984 година, во близина на северната порта живеел антички примерок на чисто дрво (Vitex agnus-castus L.), кој датирал од 1550 година. Арборетумот содржи и два фрагменти од стебла за наставни цели. Напречниот пресек на основата на европскиот полски брест (Ulmus minor L.), кој живеел во Градината околу 150 години и починал од габична болест во 1991 година. Растенијата главно се наоѓаат на отворено, поради недостиг на пластеници. Во моментов се одгледуваат и уредуваат шест илјади видови растенија според таксономските, утилитарните, еколошките и историските стандарди. Систематската колекција е концентрирана во четирите најголеми централни цветни леи. Меѓу утилитарните колекции, лековитите растенија се најважни. Овие се класифицирани според системот Енглер, засновани на еволутивните односи меѓу семејствата. Секое растение е означено
ПОРТА
со своето научно име и неговите главни терапевтски својства. Неодамна беше формирана колекција на отровни растенија со дидактички цели: многу од овие отровни растенија се наоѓаат и во секторот лековити растенија, бидејќи во соодветни количини може да се користат за лекување болести. гО НАМАЛуВА ВЛИјАНИЕТО НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Објектот е проектиран да го намали влијанието на животната средина на минимум, а формата, распоредот на просторите и инсталациите се оптимизирани за да се искористи во целост достапната сончева енергија. Зградата игра активна улога во трансформацијата и на внатрешната и на надворешната средина, благодарение на дизајнот и на технолошките карактеристики што го намалуваат влијанието врз животната средина. Природните врнежи го полнат базенот за собирање вода до 450 кубни метри. Истото тело со вода што го означува влезот во градината за биодиверзитет, исто така, обезбедува постојано мешање и оксигенација на резервоарот за вода. На длабочина од 284 метри бунарот ја одржува водата на константни 24 Целзиусови степени, дозволувајќи им на тропските водни растенија да живеат цела година. Исто така, го интегрира резервоарот за вода во периоди на суша. Електричната енергија произведена од фотоволтаични панели ги напојува пумпите што го регулираат циклусот на вода и придонесува за работа на целиот систем на стаклена градина. Преобразувањето на овие области во места каде што растенијата може да растат има позитивни ефекти врз животната средина, од намалување на потрошувачката на енергија во зградата, до производство на кислород и намалување на јаглерод диоксид и честички. Ефектот на стаклена градина се искористува за заштеда на енергија и истовремено одржување на животната средина во рамките на температурните и влажните параметри
ПОРТА
специфични за секоја климатска зона. Топлината произведена од сончевите зраци останува затворена во оранжериите. Во зима, ѕиданите делови ја акумулираат топлината и ја ослободуваат во текот на ноќта. Во текот на летото, топлината се ублажува со отворање на стаклените sидови и покривите на оранжериите. И сигналот за отворање и затворање на прозорците доаѓа од самите
растенија, бидејќи тие реагираат на условите на животната средина ослободувајќи јаглерод диоксид и кислород во различни степени, бидејќи влажноста и температурата се разликуваат. Компјутеризиран и автоматизиран систем ги поврзува податоците обезбедени од растенијата со оптималните параметри за живот во секоја од климатските зони. n
ПОРТА
уметност
JaviER RiERa
Неговите интервенции самите стануваат пејзажи Riera, со своите осветлени проекции, не само што се обидува да го реоткрие пејзажот, давајќи му нова дефиниција трансфигурирајќи го, туку и кај гледачот буди нова сензација на духот на местото Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. avier Riera е роден во 1964 година во Авилес, Шпанија. Студирал ликовна уметност во Саламанка, а се обучувал и во работилницата на Contemporary Art workshops of El Círculo de Bellas Artes во Мадрид. Неговата кариера била фокусирана на сликарството до 2008 година, кога за првпат изложил фотографии на интервенирани пејзажи, во рамките на својата изложба во
J
54
ПОРТА
Националниот музеј и центар за уметност Reina Sofía во Мадрид. Тој се фокусира кон истражување на односот помеѓу геометријата и природата, насочувајќи светлосни проекции директно на природната околина, зеленилото и пејзажот со што им дава скулптурален ефект. „Сè што се случува во пејзажот, би можело да се опише и објасни со математика, физика и геометрија, исто како и во аспектите на невидливата, но мерлива енергија“. Тој прави пресврт во својата работа со истражување на фотографскиот медиум за кој уметникот смета
дека е продолжение на неговите слики. Сликата ја напушта традиционалната потпора на платното за да се прошири и изрази во други медиуми; посебно го интересира искуството на светлината, како би можел да предложи различни начини на претставување на светот. Пејзажот го користи како подлога, средство за регистрација, но неговите интервенции самите стануваат пејзажи. Неговата работа се заснова на искуството на вистинска интервенција во „просторот и времето на пејзажот“, што го приближува до уметноста на
„Land Art“. На овој начин во неговата работа односот помеѓу геометријата и природата добива медитативен карактер. Преку сила на сугестијата за модификацијата на пејзажот, која може да ја види публиката, тој тежнее да ја прошири перцепцијата со поставување мостови кон скриените квалитети и димензии на просторот во кој се одвива настанот, апелирајќи на соживот со јавноста. Riera геометријата ја сфаќа како природен јазик пред материјата, способен да воспостави со неа еден вид суптилна и откривачка резонанца. Она што Riera го прави е проектирање врз дрвјата, пејзажите - драперии по сопствен избор, направени од светлината на неговата уметност, облекувајќи ги дрвјата или градината со драги камења на своите чувствителни дизајни. Javier Riera трансформира со светлосен и геометриски премаз кој ги обвиткува пределите со цел да доведе до нивно повторно откривање и со цел да предизвика, со повторното откривање, повторно пронаоѓање на Земјата. Светлината не ги осветлува само пејзажите - таа продира во нив, поминувајќи низ ходници во шумата. Крошните на дрвјата јасно се издвојуваат наспроти небото, попримајќи геометриски или кристализирани форми. Riera, со своите осветлени проекции, не само што се обидува да го реоткрие пејзажот, давајќи му нова дефиниција трансфигурирајќи го, туку и кај гледачот буди нова сензација на духот на местото. Нешто што не е толку лесно во овој свет каде што телевизијата и другите аудиовизуелни медиуми прават секој да има чувство дека бил насекаде во светот, па дури и во вселената, и тоа без да излезе од вратата на
ПОРТА
својот дом. Неговите интервенции во пејзажот ја користат фотографијата како средство за комуникација, но во исто време сликите се повеќе од обичен запис за интервенцијата. Тој фотографиите ги прави сам, вели дека тие се најприродниот медиум со кој може да се изрази, но истовремено се труди фотографиите да имаат свој ентитет. Тој вели: „Верувам дека е мошне тешко да се каже нешто ново за пејзажот
56
ПОРТА
во фотографијата и клучот за мене е во искуството. Фотографиите се средства за комуникација на нешто што се случило, светлината што била на тоа место, живеела заедно со светлината на околината и е регистрирана на сликата, ова е појдовна точка без која нема ништо“. Пределите кои ги избира не се случајни, по внимателно набљудување се определува за
одредена локација и форми за кои чувствува дека меѓусебно одекнуваат. Голем дел од процесот вклучува истражување на историјата на пејзажот, вклучувајќи ги и луѓето кои го населуваат или посетуваат местото. „Светлосните проекции што ги создавам се статични или благо и суптилно се движат, повикувајќи на одредено медитативно искуство“, вели тој. „Тие целосно го трансформираат просторот и интервенираат како лесни скулптури или сценографии, генерирајќи дијалог помеѓу природата, геометријата и гледачот“. Светлината во неговите дела не служи само за осветлување на пејзажот, туку и го обликува, му наметнува своја архитектура. Работата на Riera се обидува да илустрира и предизвика преиспитување на односот помеѓу луѓето и природниот свет. Геометриските обрасци што ги користи стануваат симболични за поредокот кој луѓето се обидуваат да му го наметнат на светот, како и репрезентативни елементи на основните системи кои постојат во природата. Наменети лично да се доживеат и видат, фотографиите на Riera делуваат како запис за настанот. Тој се надева дека фотографиите на публиката ќе ѝ изложат мноштво слоеви кои го
сочинуваат природниот свет. Со својата работа сака да ја разбуди врската помеѓу природата и публиката. Специфичните пејзажни зафати, интервенции и перформанси во јавен простор на Riera публиката може да ги види во живо ширум Европа. Меѓу неговите институционални изложби, се издвојуваат: Noche Áurea in Museo Nacional y Centro de Arte Reina Sofía (Madrid, 2008), Secuencias in Museo Barjola (2010); Sincronicidad in DA2 (Salamanca, 2014), Luz Vulnerada in Centro Niemeyer (2015), Sector Primario in (MUSAC ,collective 2015), Luz natural, Bonaval in CGAC (Santiago de Compostela, 2018). Кога станува збор за неговата работа во јавни простори, спроведувал специфични интервенции за Photoespaña, MUSAC (León) или CAB (Burgos). Се истакнуваат интервенциите како Alameda llum (2012) во која единаесет инсталации два месеца останале во Los Jardines del Turia или Gráficos Paramétricos (2017) во El Real Jardín Botánico de Madrid, како дел од фестивалот
Lune de Octubre, каде имало преку 6.000 посетители. Изведувал интервенции на места како што се Annecy (Франција, 2018/2019) или паркот Karlovo Námestí во Прага
(2016/2018). Интервенирал во градината Bonavala, припоена на музејот CGAC (2019). Учествувал на UMBRA со дело специјално направено за Gardens of Florida. n
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА