Списание за градежништво, архитектура и екологија

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

302 МАРТ 2021

Скопје на приземје и први Отчукува часот за спас на планетата Земја Ан Лакатон и Жан-Филип Васал Добитници на Прицкеровата награда за 2021 година



ПОРТА


СОДРЖИНА

14

ИНФО 6 16-ТА БЕЛГРАДСКА МЕЃУНАРОДНА НЕДЕЛА НА АРХИТЕКТУРА - БИНА ОД 22 АПРИЛ ДО 20 МАЈ

ИНФО 7 ФОТОСОЈУЗОТ НА МАКЕДОНИЈА ОБЈАВИ КОНКУРС „ДЕНОВИ НА МАКЕДОНСКА ФОТОГРАФИЈА 2021“

РЕГИОНИ 8 ИН МЕМОРИАМ 10

10

ДАДЕ ГОЛЕМ ПРИДОНЕС ВО РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ

30

ИН МЕМОРИАМ 11 НАШИОТ ДОЛГОГОДИШЕН СОРАБОТНИК ДРАГАН РИСТОВ ЈА ЗАГУБИ БИТКАТА СО КОВИД-19

СТАВ 12 ЗА AРХИТЕКТУРАТА, ЗА УНИВЕРЗАЛНА САЛА, ЗА ДОНАЦИЈАТА, ЦЕНОВНИКОТ, ЕСНАФОТ...

СТАВ 14 КОЈ Е БЕЗ КВАДРАТЕН МЕТАР НА ДИВО, ПРВ НЕКА ФРЛИ КАМЕН!

АРХИТЕКТУРА 18 ЈА ОТФРЛААТ СПРОТИВСТАВЕНОСТА ПОМЕЃУ КВАЛИТЕТОТ НА АРХИТЕКТУРАТА...

АРХИТЕКТУРА 24

40

46

МОДЕРЕН ДИЗАЈН ВО СПОЈ СО ИСТОРИЈАТА

УРБАНИЗАМ 30 ГРАДОТ НА СЕРАВА – МИТ ИЛИ РЕАЛНОСТ

УРБАНИЗАМ 34 СКОПЈЕ НА ПРИЗЕМЈЕ И ПРВИ

EНТЕРИЕР 40 ПРОСТОРОТ КОЈ ИМА ПОВЕЌЕ ОД ТРИ ДИМЕНЗИИ - ВО СЕБЕ СОДРЖИ И ЕМОЦИИ

ТЕХНОЛОГИЈА 46 МАРС, ПОЧЕТОК НА НОВАТА ВСЕЛЕНСКА ТРКА

ЕКОЛОГИЈА 50 ОТЧУКУВА ЧАСОТ ЗА СПАС НА ПЛАНЕТАТА ЗЕМЈА

ХОРТИКУЛТУРА 54 АВСТРАЛИСКАТА ГРАДИНА ИЗРАЗУВА ПОЧИТ И СТРАВОПОЧИТ КОН ПЕЈЗАЖОТ

УМЕТНОСТ 58 ПРВИОТ ГРАДСКИ ФОТОГРАФ ВО ВРАЊЕ

ПОРТА

25 јули 2014

60


ГОДИНА XVII

БРОЈ 302 ПЕТОК 26.3.2021 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нов месец и нов број на Порта 3. Иако сè уште сме соочени со пандемијата и кризата, сепак не отстапуваме од желбата на нашите читатели да им понудиме интересни четива. Секако сето тоа сместено во редовните рубрики за градежништво, архитектура, екологија, став, урбанизам, технологија, хортикултура, уметност. Овој број го почнуваме со информации за 16-татa Белградска меѓународна недела на архитектура – БИНА која ќе се одржи од 22 април до 20 мај. Фотосојузот на Македонија, кој годинава одбележува 75 години постоење, го објави конкурсот за 59. Државна изложба на фотографии „Денови на македонска фотографија 2021“, а рокот за прием на фотографии е 15 април. Информациите за активностите на локалните самоуправи се повторно застапени. Во Богданци ќе се гради нов ветерен парк за поголемо производство на чиста електрична енергија. Велес е вклучен во проектот за изградба на пречистителна станица со колекторски систем. Општина Илинден против загадувањето ќе се бори со засадување ново зеленило. Во тек се и градежни работи за регулација на коритото на Кочанска Река. Во овој број се потсетуваме на двајца врвни професионалци кои изминатиот период ги загубија животите. Професор Андреј Токарев даде голем придонес за развојот на нашето општество во различни области. Нашиот редовен соработник Драган Ристов ја загуби битката со Ковид-19. Во овој број се сеќаваме на него и на неговите најчудни градби за кои пишуваше во нашата редовна рубрика. За aрхитектурата, за Универзална сала, за донацијата, ценовникот, еснафот, во рубриката „Став“ пишува авторот на проектот за реконструкција на овој значаен објект за градот. Продолжувањето важење на Законот за легализација на дивоградби е повод за „Кој е без квадратен метар на диво, прв нека фрли камен!“ Рубриката архитектура ја почнуваме со текст од нашиот редовен соработник кој за овој број дава опис на годинешните добитници на наградата Прицкер. Во рубриката архитектура од дрво имаме модерен дизајн во спој со историјата. Според

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

проектантското биро, елените на островот се вистински архитекти на пејзажот. Оваа архитектура се стреми да предизвика безвременско, архетипско искуство на живеење во шума. Урбанизмот е тема што секогаш предизвикува интерес кај читателите. Нашиот редовен соработник во овој број пишува за урбаните трансформации во Општина Чаир. Сѐ ова наликува на бразилска фавела и тоа речиси во центарот на градот. Мора да се запрашате: „И ова ли е Скопје?“, и градот на Серава дали е мит или реалност. Само за момент, замислете, што ако сите приземја во сите згради во Скопје се отворат и го пуштат воздухот да тече? Што ако сите приземја (влезови) ги препознаеме и како потенцијална зелена инфраструктура во процесот на нивно отворање и ревитализирање? Oдземање и додавање „слобода“,Скопје на приземје и први е исто така тема за која пишува нашиот редовен соработник. Рубриката ентериер е резервирана за Огнен Арсов, архитект од Македонија кој работи во Љубљана и кој вели дека просторот кој има повеќе од три димензии - во себе содржи и емоции. НАСА има нови надежи до 2030 година. Марс, почеток на новата вселенска трка. Но, она што досега е извесно од истражувањето на Марс не е само фактот дека можеби некогаш оваа планета имала услови за живот, туку дека дури и денес би можела да биде инкубатор за живот на микроорганизми. Ова е темата за која ќе може да се прочита во рубриката технологија. Во рубриката екологија може да се прочита за глобалната еколошка акција која ќе се одржи на крајот на овој месец, а која е насловена „Часот на планетата Земја“ чија цел е милиони луѓе ширум светот виртуелно да се обединат во испраќање заедничка порака за спас. Во рубриката хортикултура пренесуваме за Cranbourne Gardens - австралиска градина која изразува почит и стравопочит кон пејзажот. Овој број го затвораме со рубриката уметност каде може да се прочита за Александар Алекса Ѓиноски кој бил Македонец, прв градски фотограф во Врање. ОД РЕДАКЦИЈАТА 302 МАРТ 2021

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

Скопје на приземје и први Отчукува часот за спас на планетата Земја

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Ан Лакатон и Жан-Филип Васал Добитници на Прицкеровата награда за 2021 година

АРХИТЕКТИ АН ЛАКАТОН И ЖАН-ФИЛИП ВАСАЛ

Насловна страница ТРАНСФОРМАЦИЈА НА ЗГРАДИТЕ G, H, I, 530 СТАНОВИ, СОЦИЈАЛНО ДОМУВАЊЕ, БОРДО

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 25.3.2021 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

16-та Белградска меѓународна недела на архитектура - БИНА од 22 април до 20 мај

еснаесеттото издание на Меѓународната недела на архитектурата во Белград - БИНА ќе се одржи од 22 април до 20 мај 2021 година, во организација на Здружението на архитекти од Белград и Центарот за култура од Белград. Во фокусот на годинешната програма БИНА е Белградската школа за домување, која опфаќа широк спектар на под-теми (урбани решенија, домување, јавни простори, зелени површини, сообраќајни решенија и комуникација, придружни функции, организација на станови, изградба, материјализација, детали ) блиски како на експертите, така и на најшироката публика и непосредни корисници, т.е. станарите. Четири програмски целини Оваа година, БИНА се реализира преку четири програмски целини, а намерата на организаторите е преку низа програмски формати изложби, предавања, придружни програми и тематски прошетки, претстават квалитетни достигнувања реализирани во областа на

Ш

ПОРТА

архитектурата, со посебен осврт на Белград и регионот, како и придонесот и достигнувањата кои домашните архитекти ги постигнале во сферата на современото домување. Сите програми на БИНА се бесплатни. БИНА фокус БИНА фокус е централна програмска целина во рамки на која ќе биде отворена студијска изложба „Белградска школа на домување од крајот на 50-тите до средина на 80-тите години“ и ќе бидат одржани повеќе предавања, дебати, креативни работилници за деца и средношколци. БИНА изложби Покрај горенаведената „Белградска школа за домување“, ќе бидат отворени уште пет изложби. Меѓу позначајните е изложбата „Церак_40 години подоцна“ од авторката и кустос Миленија Марушиќ. Во 2019 година, населбата Церак-Виногради доби статус на заштитено културно богатство, што е единствениот случај во овој дел на Европа. Истата го-

дина, документацијата за оваа населба беше вклучена во колекцијата на современа архитектура на Музејот МоМА во Њујорк. БИНА манифестации БИНА е настан кој има за цел едукација на пошироката јавност и намера да придонесе за разбирање, чувување, создавање и подобрување за поквалитетен урбан простор. Имајќи го тоа предвид, важен сегмент од настанот се едукативните програми БИНА. рамките на овој сегмент ќе биде организирана презентација на проекти од млади архитекти и филмска програма. БИНА прошетки Тематски прошетки низ архитектурата на градот, прават посебен сегмент и се наменети за најшироката публика. Тие се организираат во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата на градот Белград, здружението Do.co.mo.mo Srbija, ЈП Градско зеленило, ЈП Погребални услуги, Друштво на архитекти од Белград, Женско архитектонско друштво (ЖАД). n


Фотосојузот на Македонија објави конкурс „Денови на македонска фотографија 2021“ отосојузот на Македонија, кој годинава одебележува 75 години постоење, го објави конкурсот за 59. Државна изложба на фотографии „Денови на македонска фотографија 2021“ – реномиран и најстар фотографски настан во нашата држава. Рокот за прием на фотографии е 15.04. 2021, а за победниците ќе одлучува жири во состав: Цветан Гавровски – мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија, Душан Доцевски – кандидат мајстор на фотографија на Фотосојузот на Македонија и Мирослав Масин, академски сликар. Ррезултатите ќе бидат објавени на 30.04.2021., а отварањето на изложбата ќе се случи на 29.05.2021. Теми на конкурсот се: „Слободна“ за поединечни фотографии; „Слободна“ за колекција; „Документарна“ фотографија. На тема „слободна“ ќе се примаaт црно-бели и колор фотографии. Секој автор може да испрати 4 фотографии во поединечна и 4 фотографии во колекција. На тема „Документарна“ можат да се испратат 4 фотографии кои ќе содржат приказ на случувања од јавниот живот во Р.Македонија, или надвор од границите на нашата држава. Покрај награди ќе се додели и посебно признание Плакета „Благоја Дрнков“. n

Ф

ПОРТА


региони

Нов ветерен парк во Богданци за поголемо производство на чиста електрична енергија ова инвестиција во ветерен парк ќе се гради на просторот помеѓу селата Стојаково и Селемли. Се работи за инвестиција од 30 мегавати ветерна електрана на подрачјето на Општина Богданци со вредност од над 40 милиони евра за производство на електрична енергија од околу 72-гигават часови. Тоа значи обезбедување стабилно снабдување со зелена и еколошка електрична енергија за околу 18 илјади домаќинства. „Она што е од голема важност за целиот инвестициски циклус е тоа што при изградбата ќе се вклучат и локални изведувачи со што дополнително ќе се придонесе за развој на локалната економија во земјата. Станува збор за современа инвестиција со имплементирање на најмодерна технологија, која се очекува да

Н

заврши за две години. Деновите на производство на електрична енергија од фосилни горива изминуваат. Силно веруваме дека и новиот ветерен парк во целост ќе ја оправда инвестицијата на ветерот како обновлив извор на енергија. Како што е познато на територија на Општина Богданци веќе е реализиран ветерниот парк на „АД Електрани на Северна Македонија“, од 36,8 мегавати со 16 ветерници, секоја со единична снага од 2,3 мегавати, трафостаница 20/110 киловолти, далекувод од 110 киловолти и пристапни патишта. Инвестиција која чинеше 55 милиони евра. Во фаза на развој е проширувањето на овој ветерен парк за дополнителни 13,2 мегавати со поставување нови четири ветерници во наредниот период во вредност од 21 милион евра“, истакна

премиерот Зоран Заев. Блаж Штерк, директор на „Интеренерго“, Љубљана истакна дека како едни од најактивните инвеститори во Југоисточна Европа, посветени се на производство на електрична енергија од целосно „зелени“, обновливи извори. Според Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година, уделот на обновливите извори на енергија во вкупната потрошувачка на финална енергија се планира да биде над 50 отсто. Фотонапонските и ветерните електрани ќе бидат најбрзорастечки технологии за производство на електрична енергија во сите сценарија, и тоа до 1.400 мегавати фотонапонски електрани и до 750 мегавати ветерни електрани. n

Регулација на дел од коритото на Кочанска Река о тек се градежни работи за регулација на коритото на Кочанска Река, од мостот во месноста Бавчалук кон југ, во должина од околу 450 метри. Се работи на дефинирање на поголемо корито со широчина од 12 до 15 метри, а во

В

ПОРТА

него помало коешто ќе ја прифаќа водата. Изведувачот го гради кејот од масивни бетонски ѕидови со висина од два до три метри, кој на одредени делови ќе има бетонски скали и каскадни решенија. Надвор од главното корито, на десниот брег од реката

е планирана патека со широчина од три метри, од кои два метри се наменети за пешаци, а останатиот дел е предвиден за зелен појас. „Со реализацијата на овој проект ќе се подобри и пропусната способност на речното корито, кое ќе се ослободи од обрасната вегетација и импровизирани објекти. По целата должина на регулираното речно корито од двете страни ќе се постават канделабри, клупи и метални корпи за отпадоци“, вели Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани. Договорот за реализација на проектот изнесува 14,4 милиони денари, од кои грантот од Проектот за подобрување на општинските услуги е 10,6 милиони денари, а учеството на Општина Кочани е 3,8 милиони денари. Изведувач на работите е Здружено вложување – АГП од Свети Николе и Промонтинг од Скопје. n


Велес вклучен во проектот за изградба на пречистителна станица со колекторски систем пштина Велес е вклучена во финансискиот пакет за ИПА 3 на Европската Унија за поддршка на проекти за заштита на животната средина. Општина Велес во ИПА 3 програмата е вклучена заедно со Општина Штип за реализација на проект за изградба на пречистителна станица со колекторски систем. Почетокот на градење се очекува да биде во втората половина на 2022 година, а очекуваната вредност според проектната документација е од 23,5 до 24 милиони евра. „Општина Велес има обврска во наредниот период да отпочне процес на експропријација на градежно земјиште и други витални, посебно геодетски работи за потребите за реализација на овој проект“, вели градоначалникот Аце Коцевски. Само техничката документација подготвена во рамките на овој капитален проект чини околу 1,5 милиони евра. Досега завршена е физибилити студијата или студијата на изводливост на проектот, кост-бенефит анализата односно анализата на економската исплатливост на проектот и основниот проект за изградба на колекторски систем, реконструкција на канализација и изведба на нови линии.

О

Завршен е и идејниот проект за изградба на пречистителната станица. По заокружувањето на оваа скапа и комплексна тендерска документација се отвораат можностите за реализација на проектот. Голем број реномирани компании од земји членки на ЕУ кои се специјализирани во сферата на управување со води и отпадни води пројавија интерес за овој значаен проект.

„Овој капитален проект вреден милиони евра ќе обезбеди управување со отпадните води во Велес кои веќе нема да се исфрлаат во Вардар. Искрено се надевам дека програмите и плановите за реализација на ИПА 3 инструментот ќе се реализираат наскоро и дека велешани конечно ќе добијат систем за управување со отпадни води според највисоките европски стандарди“, додава Коцевски. n

Со зеленило против загадување во Општина Илинден о засадување листопадни и зимзелени дрвца и озеленување на просторот на повеќе локации, во Општина Илинден се реализира еколошкиот проект за почист воздух „Со зеленило против загадувањето“. Како дел од континуираните активности за заштита на животната средина, со активностите од проектот за озеленување опфатени се 16 локации на површина од 130 илјади квадратни метри. Целта на овој проект е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на Општината, односно покрај пешачко-велосипедските патеки, површини покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, локалните економски зони, просторот околу детските градинки, површините околу спортските терени и останатите јавни површини, да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како и за подобрување на условите за живеење и на квалитетот на живот во локалната заедница. n

С

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака; ПОРТА


ин мемориам

професор АНдреј ТокАрев

Даде голем придонес во различни области а 6-ти март престана да чука племенитото срце на проф. Андреј Токарев (1935-2021), дипл.инж.арх., кој даде голем придонес за развојот на нашето општество во различни области. По завршувањето на средното образование во Струмица, со голем успех го завршува и Архитектонскиот отсек на Техничкиот факултет во Скопје. Тој се вработува во Општина Струмица, каде набрзо станува началник на одделението за станбено-комунални дејности. Во тоа време, тој изработува неколку проекти за административни згради (Комерцијална банка, Водостопанска заедница и Електродистрибуција), како и станбена кула на градското пазариште и план за реконструкција на тогаш познатото кино Балкан. Во тој период, Заводот за урбанизам и станбено-комунална техника на Македонија, започнува да работи нов урбанистички план на Струмица, при што Андреј. Г. Токарев ста-

Н

нува копланер во изработката. Неговите стручни квалитети придонесуваат да биде поканет на работа во Заводот. Како овластен урбанист, учествува и раководи со изработката на неколку урбанистички планови во Македонија (бања Банско-Струмица, Гевгелија, Делчево, рекреативен центар Голак, Маврово и др). Тој станува претседател на Друштвото на урбанистите на Македонија и член на претседателството на Сојузот на урбанистите на Југославија. Истовремено со урбанистичката дејност, А. Г. Токарев се истакнува и како архитект ко/проектант и изработува голем број проекти за станбени згради и хотели (Инекс на Попова Шапка, Инекс Дрим во Струга, Белви во Скопје, во Делчево, мотел во Гевгелија) и други јавни објекти, меѓу кои и Драмскиот театар во Скопје. Квалитетите на А. Г. Токарев стануваат пошироко познати, така што тој е избран за доцент на Архитектонскиот факултет во Скопје по предметот Урбанизам. Таму ги поминува сите наставни звања, се до редовен професор. Во периодот од 1980-1985 год е продекан и декан на факултетот. Како познат урбанист, тој е често присутен во својство на консултант или советник при изработката на низа урбанистички планови, меѓу кои ГУП на Скопје и Просторниот план на Р. Македонија. Стручно-научните квалитети на А. Г. Токарев придонесуваат тој да биде избран и за Републички министер по урбанизам, градежништво, сообраќај и заштита на човековата околина (1985-1990). Во тоа својство, тој многу придонесува во изградбата на колек-

торските системи за заштита на водите на нашите три природни езера, како и во изградбата нови патишта на следниве делници: Струмица-Берово-Бугарска граница, регионалниот пат за Крива Паланка и ГостиварКичево. По пензионирањето (2000 г.), А. Г. Токарев станува генерален координатор на Конзорциумот за изработка на инфраструктурниот мегапроект за интегрален развој на Вардарската долина, во соработка со француската Национална компанија Рона. Поради разни економски - политички и други причини, истиот постепено и делумно се реализира. Уште во далечната 1978 година А. Г. Токарев раководи со тим, кој го изработува урбанистичкиот проект за 9–та станбена заедница во Струмица наменета за околу 8000 жители, што во вид на амфитеатарска структура беше предвидено да се смести кај старите лозја, близу фабриката Еленица. На таков начин би се создало хигиенско здраво домување и би се спасило плодното земјиште, кое подоцна е зафатено со проширувањето на градот. За жал, овој локалитет подоцна е нападнат со дивоградби, кои ја загрозуваат животната средина. За саканата Струмица, А. Г. Токарев го прави и го презентира проектот за културно-забавен центар Струма, во вид на стаклена пирамида изработена по методата на златен пресек. Посебно внимание тој посветува на проучувањето и проектирањето верска архитектура. Најпрво, тој го проектира верскиот ансамбл во Делчево, продолжувајќи ги традиционалните вредности на овој вид архитектура. Подоцна, тој се занимава со изнаоѓањето начини за современа интерпретација на наследните вредности со користење на нови просторни композиции и градежни техники. За своите напори, тој добива пофалби од раководството на Православната црква. n М. Токарев

10

ПОРТА

26 март 2021


ин мемориам

Нашиот долгогодишен соработник Драган Ристов ја загуби битката со ковид-19 едакцијата на Порта 3 изразува длабоко сочувство до семејството на нашиот долгогодишен соработник, Драган Ристов, кој почина поради компликации од ковид-19. Нашиот драг соработник секогаш не изненадуваше со интересни текстови во неговата рубрика – најчудни градби на големо задоволство на нашите читатели, кои со осбено внимание ги следеа неговите приказни. Ристов беше член на ЗНМ, во својата новинарска кариера, беше вработен во Радио Канал 77 во Штип и последниот период во секторот за односи со јавност во Општина Штип. Драган аматерски се занимаваше и со цртање. 47-годишниот Драган Ристов зад себе остави сопруга и две деца. Почивај во мир Драган.. n

Р

ПОРТА


став

За aрхитектурата, за Универзална сала, за донацијата, ценовникот, еснафот...

во оваа држава преовладува бројот на добри проектанти наспроти оние помалку добрите. А лошата архитектура потекнува од лошите клиенти, кои мислат дека се успешни бизнисмени ако евтино се испазариле за проектот, со оние кои откако изгледале три емисии на Fine Living мислат дека ни се колеги Бујар МУЧА, дипл. инж. арх. Мегарон - Скопје ште на почеток треба да разјасниме дека мотивот за овој текст не е потребата читателите да дознаат што тоа во меѓувреме работи Бујар и колегите од Мегарон, туку: Зошто донација?... Зошто Мегарон?... Зошто Универзална сала...? Бидејќи ниту едно од овие прашања нема

У

12

ПОРТА

29 јануари 2021

интригантска или не дај Боже криминална заднина, со задоволство ќе ја споделам приказната со вас. Веќе долго време наназад, критериум за најдобар проект кај големите јавни работи е најниската цена која се постигнува со понижувачката негативна аукција на која „си вадиме очи“ едни со други за да ја добиеме работата. Новитет кај јавните претпријатија е што негативната аукција по ново е зачинета со претходни барања за достава на

идејни решенија кои ги бодува внатрешна комисија, која има проектантско знаење и компетенција колку син ми кога престана да гради со лего коцки. Во последниве неколку месеци, наголемо се зборува за Универзална сала, дали треба да се руши, дали треба да изгледа исто, дали е уметничко дело, дали има добра акустика, дали треба да ја гушнеме, па дебатни емисии, па стручни расправи... За мене објектот нема некоја посебна ар-


ЗошТо проекТ кАко доНАцИјА?

хитектонска вредност, нема добра акустика, нема добра функционална шема и нема поливалентност која ја прави да биде универзална. Настрана што е градена во време кога воопшто не се внимавало на енергетската ефикасност никаде во светот, а камо ли кај нас. Но, објектот има несомнена вредност како симбол на меѓународната солидарност кон Скопје и кон скопјани и има бесценета мемориска вредност за сите во државата, особено во делот на музичките фестивали од локално и меѓународно значење кои тука се одвиваа со децении. Бидејќи намирисавме распишување тендер за проектирање на Салата, таков, со понижувачката негативна аукција, со очекуван исход од 2,5 евра за метар квадратен испроектирана површина за основен проект со сите фази, решивме да ги понудиме нашите капацитети на Град Скопје и проектот да го врачиме како донација... Зошто? Затоа што имаме позитивна референца за таков вид на објекти, затоа што со помош на пријателски фирми може да си дозволиме скапи техники на длабинско 3Д евидентирање на постојната состојба на објектот, затоа што сакаме да го испроектираме објектот, притоа не срамејќи се од постигнатата цена и најважно од сè: во нашиот Договор за донација стои реалната цена на архитектонскиот и инженерскиот труд, која се надеваме дека во иднина ќе стане референтна цена на трудот на сите наши колеги.

Во оваа држава преовладува бројот на добри проектанти наспроти оние помалку добрите. А лошата архитектура потекнува од лошите клиенти, кои мислат дека се успешни бизнисмени ако евтино се испазариле за проектот, со оние кои откако изгледале три емисии на Fine Living мислат дека ни се колеги, оние кои нè озборуваат после три ракии со комшијата чиј баџанак е статичар и

правел оптимизации на конструкцијата. Ете затоа драги колеги, овој текст е за проектот за објект што го сакаме го донираме, а Град Скопје и градоначалникот храбро ја прифатија фрлената ракавица. А инаку да, имаме голема трема која е резултат на одговорноста која ја прифативме. И сакаме овојпат, на овој подарен коњ, да му се гледаат забите. n

29 јануари 2021

ПОРТА

13


став

БеспрАвНо ИЗгрaдеНИ оБјекТИ

Кој е без квадратен метар на оние што легално граделе, што живеат во своите недвижности онакви какви што ги проектирале архитекти, без притоа да украдат квадрат повеќе, плаќале даноци, вода, струја, проекти, поминувале време по институции за чесно да дојдат до сите потребни дозволи, гледаат збунето

Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх Н-Хабитат е програма на Обединетите нации која е насочена кон подобра урбана иднина. Нивната мисија е да промовира развој на социјални и еколошки одржливи населби и постигнување соодветно засолниште за сите. Тие велат дека градовите се соочуваат со невидени демографски, еколошки, економски, социјални и просторни предизвици. Постои огромно поместување кон урбанизацијата, се очекува секој шести од 10 луѓе во светот да живее во урбани области до 2030 година. Над 90 отсто од овој раст ќе се случи во Африка, Азија, Јужна Америка и на Карибите. Во отсуство на ефективно урбанистичко планирање, последиците од оваа брза урбанизација ќе бидат драматични. Легализацијата на дивата градба е активност на формализирање неформална

О

14

ПОРТА

26 февруари 2021

градба, која не треба да се нарекува дивоградба бидејќи тоа е дискриминирачки поим, сметаат од ОН-Хабитат. Тие го следат и насочуваат решавањето на неформалните населби со цел да се избегнат повредите на човековите права на нивните жители. Според ООН, над милијарда луѓе во светот живеат во нелегални домови. Многу милионски градови ширум светот имаат повеќе нелегални куќи и станови отколку оние со дозволи, така што ова е огромен глобален проблем. Многуслојноста и крутоста на законите и регулативите ги принудуваат граѓаните да следат неформални патишта во трансакциите со земјиштето и имотот, така што урбаната правна неформалност станува норма. Кај нас повторно и повторно се пролонгира Закон за утврдување правен статус на бесправно изгрaдените објекти. Новиот Предлог -закон е веќе во собраниска процедура по предлог на локалните самоуправи. Секој министер за транспорт и врски дава нова шанса на легализација на

дивоградби продолжувајќи го рокот. Да потенцирам, не само рокот за поднесување документи, туку и рокот за нелегално изградени објекти. Кога прв пат се донесе законот се однесуваше на објекти изградени до март 2011 година, а сега се однесува на објекти изградени до 1 октомври 2019 година. Што значи дека и покрај закон и наредните 8 години се дивеело со градењето. Ќе си помисли човек, претходниот министер беше правник, па веројатно разбирал, како што велат правниците „толкување на правото“, но не и урбанизам, сегашниов е архитект, па би требало да му биде јасно дека просторот е неповратлив ресурс. И да нема забуни и некој си помисли дека ете и Обединетите нации се борат за легализација и за кров над глава за сите луѓе. Тоа го прават во неразвиените земји, места каде нема ни вода, ни пат, ни храна, ни лекар, каде има големи миграции кон градовите. Ние сме земја која сè од ова има и која беше урбанизирана. А кога ОН велат


диво, прв нека фрли камен!

дека дивоградба е дискриминирачки поим, мислат на правото на секого на дом и создавање услови за планирање на просторот. Од 2011 година кога почна процесот, досега се легализирани 256.264 бесправно изградени објекти, а во роковите кои беа два пати продолжувани поднесени се 430.000 барања. Тоа се 656.246 објекти(за кои се знае)! Да се замислиме легална ли ни е државава!? Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на 2019 година, на територијата на Република Северна Македонија се регистрирани 866 бесправно изградени објекти. Според видот на објектот, бесправно се изградени 160 објекти за домување (18,5 %), 94 доградби, надградби и адаптации (10,9 %), 55 деловни објекти (6,4 %), 64 гаражи (7,4 %), 196 огради (22,6 %), 14 скалила (1,6 %), 27 тераси (3,1 %), 46 летни тераси (5,3 %), 92 настрешници (10,6 %), 14 времени објекти (1,6 %) и 104 помошни објекти (12,0 %). Најголем број бесправно изградени објекти (98,4 %) се во приватна сопственост. Ова е она што е констатирано, а она незаведеното никој не го знае. Бесправната градба урбанистички ја унакази државата. Но, доколку некој ги сруши сите градби изградени без дозвола, тоа би бил урбанистички масакр. Нема влада која би се осмелила да нареди рушење на толку многу објекти, кои за луѓето претставуваат дом или место каде заработуваат за живот. Не само што ќе треба да се срушат поединечни објекти, туку

некаде ќе треба да се срамнат со земја цели населби. Влада која ова би го направила, рушењето би ја чинело власт. Проблемот не би постоел, барем не би бил во вакви застрашувачки размери, да не одлучеше државата да купува социјален мир. Гледа низ прсти на осиромашениот народ кој сака да се вдоми, а државата не сака да ги иритира граѓаните, бидејќи секогаш доаѓаат некои нови избори. Станува збор за еден вид корупција, поткупување на народот, не во материјална смисла, туку тоа е порака „нема да ве рушиме, гласајте за нас“. Голем дел од дивоградбите се размножија затоа што луѓето се премногу сиромашни да градат по прописи, но испаѓа дека и

државата е сиромашна и немоќна да се справи со проблемот. Луѓето кои градат на диво на периферијата на градот и можам да ги разберам. Но, не и оние кои во урбанизираните делови на градот, таму каде на пример е дозволено приземје, четири ката и поткровје, градат пет ката и дупло поткровје, таму каде градат високи кровови (4,5 метра од венец до слеме, рака на срце ДУП-овите предвидуваат) за да поткровниот стан добие соба во кровот, таму каде затвораат тераси, надградуваат згради, затвораат пасажи, тремови, дворови на кафеани со најлони, за потоа да ги застаклат, а на крај заѕидаат, паркинг-места во гаражи претвораат во магацини, работилници. И наместо општините ова да го исечат во корен, дозволуваат дивеењето да цвета, стално жалејќи се дека има недостаток од градежни инспектори. Дивата градба е последица на спрегата на власта, сопствениците и инвеститорите. За оние првите, кои можам да ги разберам, кога веќе државата ги легализира, треба да вложи средства, да ги унапреди тие нелегални населби и да им донесе инфраструктура и други содржини (градинки, училишта, здравствени домови), за најсиромашните (за да не продолжи нелегалното градење), да обезбеди социјални станови. Затоа што државата средствата од надоместокот за утврдување правен статус на сите видови бесправни објекти ги распределува во сооднос 60 % за градот Скопје и 40 % за единицата на локалната самоуправа на чие подрачје е изграден бесправниот објект.

ПОРТА


И спомениците на скопје 2014 се дивоградби Во Елаборатите за неколку споменици, дел од т.н. „Проект Скопје 2014“, кои ги изработи Работната група формирана од Министерството за култура за сите забелешките е заедничко: ги кршат уставните одредби, кршат повеќе закони, како Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, Законот за буџет, за градење, за просторно и урбанистичко планирање, за јавни набавки. Елаборатите се предадени на министерството и информациите доставени до Владата, која во своето Мислење за предлог ДУП-от Мал Ринг ги вгради и ги даде во рамки на јавната анкета. Според ова се очекува во финалниот предлог-план да се третираат сите овие објекти како криминални дивоградби. Но, нејасни ми се две работи. Прво, зошто во предлог- законот не се наведе посебен член како ќе се третираат овие дивоградби и зошто? Второ, дали овие објекти според овој Закон можат да се легализираат? И бидејќи никој веќе не ги споменува и не постапува, може ли утре кога ќе се смени власта, некоја друга власт, што постапува, да ги легализира? И така, и со нив да си живееме среќно до крајот на животот, како и со останатите објекти кои се легализирале, а исто така кршеле одредби, закони, планови .

Државата мора да обезбеди зонирање на целата територија, планови за регулација, односно каде што може да се прави. И со овој закон е нејасно како тоа „може“ потребни документи за легализација да бидат уверение за државјанство или копија од лична карта, копија од пасош за странско физичко лице, доказ за приклучок на комунална инфраструктура (сметка за струја, вода), геодетски елаборат за утврдување фактичка состојба на бесправен објект со имотен лист за земјиштето, а без техничка документација. Под техничка документација се подразбира геодетски елаборат со информации за нивелација на парцелата и околните парцели, архитектура; проект на изведена состојба, конструкција; анализа на конструкцијата изработена од градежен 16

ПОРТА

26 март 2021

инженер за механичка и сеизмичка стабилност на објектот; шема на инсталациите и приклучување на надворешната мрежа и сè ова изработено од овластени инженери. А оние вторите, кои не ги разбирам слатко ни се смеат. Тие ја исмејуваат правната држава, бидејќи на граѓаните им се испраќа порака дека се исплатува непочитување на законите, наместо да се воведат драконски казни со кои во иднина ќе се обесхрабрат да прават соби во кров и кујни на балкон и да градат повеќе од дозволеното со и од онака катастрофалното урбанистичко планирање. Легализацијата не смее да биде општа наплатна амнестија. Собранието ќе го дискутира законот, повторно, а не така одамна тоа го правеше

повеќе пати. Претходните закони кои беа донесени не ја променија волјата на нелегалните градители, напротив ја стимулираа да го легализира своето градителско дело, па така само се продолжува и рокот и нелегалното градење. Оние што легално граделе, што живеат во своите недвижности онакви какви што ги проектирале архитекти, без притоа да украдат квадрат повеќе, плаќале даноци, вода, струја, проекти, поминувале време по институции за чесно да дојдат до сите потребни дозволи, гледаат збунето и веројатно имаат проблем со капите бидејќи им растат рогови. Јасно е дека законот ќе се донесе, ќе се нашминка со некои измени, ќе поглуми демократија, ќе нè тешат дека комуналиите сега ќе бидат 50 отсто повисоки од пропишаните за оние кои нелегално граделе, но суштината нема да се смени. Граѓаните ќе бидат поделени на две класи во ова бескласно општество, едните ќе бидат наградени затоа што го кршеле законот, а оние другите ќе треба да си купат поголеми капи. А просторот, па просторот секогаш е неповратен. Кој е без квадратен метар на диво, прв нека фрли камен!. n


ПОРТА


архитектура

Ја отфрлаат спротивставеноста и потрагата за етичко општество

Надежите и соништата на модернистите да се подобрат животите на многумина се обновени преку нивното дело кое одговара не само на предизвиците на климатските и еколошките, туку и на социјалните кризи во доменот на урбаното домување 18

ПОРТА

26 март 2021


АН ЛАкАТоН И ЖАН-фИЛИп вАсАЛ доБИТНИцИ НА прИцкеровАТА НАгрАдА ЗА 2021 годИНА

помеѓу архитектурата

Трансформација на зградите G, H, I, 530 станови, социјално домување, Бордо

Сламена колиба, Niamey, Нигер - првиот заеднички проект

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Англија) о вторник на 16 март Tом Прицкер (Tom Pritzker), претседавачот на Фондацијата Хајат (The Hyatt Foundation), ги прогласи француските архитекти Ан Лакатон (Anne Lacaton, 1955) и Жан-Филип Васал (JeanPhilippe Vassal, 1954) за 49-тиот и 50-тиот добитник на Прицкеровата награда за архитектура за 2021 година (The 2021 Pritzker Architecture Prize), највисокото светско признание во доменот на архитектурата. Според жирито предводено од архитектот Алехандро Аравена (Alejandro Aravena), „творештвото на Лакатон и на Васал го искажува демократскиот дух на архитектурата. Преку своите идеи, пристап кон струката и објекти тие покажале како технолошки напредна, иновативна и еколошки одговорна ресторативна архитектура може да се реализира... Надежите и соништата на модернистите да се подобрат животите на многумина се обновени преку нивното дело кое одговара не само на предизвиците на климатските и еколошките, туку и на социјалните кризи во доменот на урбаното домување. Тие го реализирале ова преку силното чувство на простор и материјали коишто создаваат архитектура што е подеднакво силна и по својата форма и по убедување, како што е и транспарентна во однос на својата естетика и етика.“ Преку создавањето архитектура, „која е веднаш и прекрасна и прагматична, тие ја отфрлаат спротивставеноста помеѓу квалитетот на архитектурата, одговорноста кон животната средината, и потрагата за етичко општество.“ Основањето на нивното заедничко биро Лакатон и Васал во Париз во 1987 година им овозможило тие да отпочнат со примената на своите убедувања во доменот на архитектурата и да го искажат својот исклучителен пристап преку проектирање нови и адаптација на постоечки објекти. Ова резултирало во бројни проекти на индивидуално и социјално домување, културни и академски институции, јавни простори и урбани стратегии во изминатите над три децении. Тие се сметаат за застапници на социјалната правда и одржливоста преку приоритизација на големината на просторот и примената на економични и еколошки материјали. По дипломирањето на Високата национална школа за архитектура во Пајсаж де Бордо (École Nationale Supérieure d’Architecture et de Paysage de Bordeaux) каде и што се запознале, Лакатон продолжила со магистерски студии по урбанистичко планирање на Бордо Монтањ Универзитетот (Bordeaux Montaigne University) додека Васал, инаку роден во Мароко, се преселил во Нигер за да практикува

В

26 март 2021

ПОРТА

19


Куќа во Бордо

Latapie House

Школа за архитектура во Нант ПОРТА

урбанистичко планирање каде Лакатон често го посетувала. Оттука се смета дека оформувањето на нивниот архитектонски пристап отпочнало токму во Нигер каде убавината и скромноста на органичените ресурси на оваа претежно пустинска земја во голема мерка влијаела врз нив. Така, тие во Ниами (Niamey), Нигер, го изградиле и својот прв заеднички објект - колиба од слама користејќи гранки од локалните џбунови. Притоа тие се соочиле со непостојаноста на ваквите градби, со оглед дека по две години градбата подлегнала на локалните ветрови. Како резултат на ова тие се обврзале никогаш да не сруши нешто што може да се искористи и преку доградби да го направат одржливо она што веќе постои. Нивното творештво се протега над 30 години и оттогаш тие реализирале повеќе од 30 проекти низ Европа и Западна Африка. Во овој период тие се залагале и за просторност во рамките на објектите, но и за економичност во однос на расположливите средства, материјали и обликување. Ваквиот пристап резултирал во иновативни проекти за станбени, културни, образовни и деловни објекти. Уште на почетоците на својата кариера тие го насочиле своето внимание на биоклиматска архитектура и на примената на принципите на стаклената градина за преку пасивното искористување на сончевата енергија, преку природна вентилација, осенчување и изолација да се создаде поприлагодлива и посакувана микроклима во рамките на објектите. Ваквите определби отпочнале со нивниот проект за Куќата Латапие во Флоирак (Latapie House, Floirac, 1993), Франција. Така тука, на источната страна на објектот преку поставување подвижни транспарентни панели од поликарбонат тие балконите ги трансформирале во стаклени градини со што овозможиле и природно осветлување и лесна контрола на микроклимата, но и преку кои исто така ги зголемиле и внатрешните заеднички простории на дневната соба и на кујната. На овој начин тие ја зголемиле големината на домот со релативно скромен буџет. Вакво економично и значително зголемувале на просторот за живеење преку зимски градини и балкони коишто им овозможуваат на жителите да заштедат енергија и да имаат пристап кон природата низ сите годишни времиња во голема мерка станало значајно обележје на нивниот архитектонски пристап, како што е прикажано преку конструкцијата на повеќе објекти. Меѓу нив се истакнуваат 14 куќи за социјално домување во Сите Манифесте (Cité Manifeste, 2005) и 59 социјални станови во Неперт градините (Neppert Gardens, 2015), обете во Мулхаус (Mulhouse), и станбените блокови со 96 стана во Шалон сур Саон (Chalon-sur-Saône, 2016), сите во Франција.


Во текот на своја кариера, Лакатон и Васал ги отфрлале урбанистичките планови коишто повикувале на рушење на социјалното домување и го насочиле своето внимание на проектирањето од внатре кон надвор за да се даде приоритет на благосостојбата и на поголеми простори за станарите. Така, тие со Фредерик Друот (Frédéric Druot) во 2011 година го трансформирале 17-катниот станбен објект, оригинално изграден во 1960 година, со 96 станбени единици за социјално домување Тур Боис ле Претре (Tour Bois le Prêtre, Social Housing) во Париз. Тука, тие ја зголемиле внатрешната површина на секоја единица преку отворање на оригиналната бетонска фасада и зголемување на основата на објектот со примена на биоклиматски балкони. Како резултат на ова, претходно ограничените дневни соби сега се прошируваат во нови тераси како флексибилни простори со големи прозорци и погледи кон градот, а со што се дава и нова естетиката на социјалното домување. Ваквиот пристап слично бил применет и при трансформацијата на три објекти (Г, Х и И) со 530 социјални стана во Гранд Парк (Transformation of G, H, I Buildings, Grand Parc, 2017) во Бордо со Фредерик Друот (Frédéric Druot) и Кристоф Хутин (Christophe Hutin). Трансформацијата резултирала во драматично визуелно преобликување на комплексот за социјално домување, со модернизација на инсталациите и лифтовите во комбинација со зголемување на површините на становите, при што дел од нив скоро двојно се зголемиле, и тоа без потреба за преселба на станарите и за една третина од цената на рушење и изградаба на нови објекти. Како резултат на ова тие не само што го трансформирале и подобриле квалитетот на живеењето, туку тие и овозможиле жителите да останат во рамките на своето соседство. Во моментов тие работат на трансформација на поранешна болница во станбен објект со 138 стана во Париз, станбен објект со 80 стана во Андерлехт, Белгија, трансформација на деловен објект во Париз, објект со мешовита намена (хотел и деловни простории) во Тулуз и 40 станбени единици во Хамбург, Германија. Изградба на нови и адаптација/трансформација на постоечки објекти, почитување на постоечкото е автентично за нивното творештво. Ова се огледува и во нивниот проект за индивидуалниот објект во Кап Ферет (Cap Ferret House, Cap Ferret, 1998) којшто бил изграден на претходно неизградена парцела. И тука тие се определиле изградбата на објектот минимално да ја наруши природната средина. Така, тие наместо да исечат 46 дрва на локацијата, ја зачувале природната вегетација и го издигнале домот градејќи го околу стеблата на парцелата со што им овозможиле на жителите да се интегрираат во своето опкружување.

53 единици, станови со мал буџет, социјално домување

Palais de Tokyo ПОРТА


FRAC Nord-Pas de Calais - Регионалниот фонд за современа уметност Творештвото на Лакатон и на Васал не е ограничено исклучиво на станбените објекти и тие својот архитектонски пристап успешно го применуваат и на други видови на објекти. Така, тие преку ребалансирање на напуштените и неефикасни простори создаваат отворени површини коишто може да поддржат не само поголема фреквенција на движење и задоволување на променливите потреби, туку и продолжување на животниот век на објектите. Веројатно добар пример за ваквиот пристап е трансформацијата на Палс де Токио (Site for Contemporary Creation, Phase 2, Palais de Tokyo) во Париз од 2012 година. Тие тука успеале да ја зголемат подната површина на музејот за 20.000 метри квадратни и тоа делумно преку оформување подземни простори и определбата секој простор во објектот да биде на располагање на посетителите. Напуштајќи го вообичаениот концепт на бели коцкести галерии со дефинирани патеки тие создале волуменозни недовршени простори. Со ваквиот пристап, тие им овозможиле на артистите и кустосите да формираат неограничени изложби за сите медиуми во простори коишто ги поттикнуваат

ПОРТА

посетителите да се задржат подолго. Придржувањето до постулатот „никогаш да не се сруши“ е евидентно и во рамките на проектот ФРАК Норд-Пас де Кале во Данкрк (FRAC NordPas de Calais, Dunkerque) од 2013 година. Тие и тука преку воздржана интервенција успеале да ја надградат застарената инфраструктура, но притоа овозможиле и трајните вредности на постојниот објектот да бидат сочувани. Оттука, наместо да го исполнат и изгубат импресивниот слободен простор во рамките на повоениот бродоградилишен хангар, тие се определиле да изградат втор објект со идентична форма и големина на истиот. Преку промена на транспарентни префабрикувани материјали тие овозможиле трајно визуелно поврзување на старото и новото. Објектите исто така меѓусебно се поврзани и со внатрешна улица лоцирана во празнината помеѓу двата објекта. Како резултат на ваквиот пристап, оригиналниот репер објект останал достапен за јавната програма на објектот на овој проект за реконструкција на крајбрежниот појас, додека во новиот објект биле сместени галерии, канцеларии и магацини за регионалните колекции на современа

уметност, а коешто дозволило двата објекта да функционираат и поединечно и колаборативно заедно. Меѓу новоизградените објекти на Лакатон и на Васал се истакнува Националната висока школа за архитектура во Нант (École Nationale Supérieure d’Architecture de Nantes, Nantes, 2009). Во овој објект нагласено е значењето на изборот на употреба на просторите. За да ги сместат академските програмски барања за потребите на зголемен број на студенти, архитектите ја максимизирале искористеноста на парцелата како резултат на што успеале скоро двојно да го зголемат бараниот простор во споредба со програмските барања, но истовремено и да останат во рамките на зададениот буџет. Лоциран на брегот на реката Лоара, овој голем трикатен објект со простори со двојни висини е изграден во комбинација на бетонска и челична рамка која е обвиткана со подвижни поликарбонатски ѕидови и шибер врати. Комбинацијата на простори со различни големини и намерно недефинирана намена ја нагласува адаптибилноста на објектот. Како резултат на ова аудиториумот може да се


прошири кон екстериерот на објектот, а двојните висини на просториите ги поддржуваат и потребите за градежните работилници и слични простори. Дополнително, широка рампа го поврзува приземјето со 2.000 метри квадрати големата кровна тереса наменета за флексибилно учење и социјализација. Како други значајни проекти на Лакатон и на Васал се и Куќата во Бордо (House in Bordeaux, Bordeaux, 1999), Поле универзитетот де сциенсе де гестион во Бордо (Pôle Universitaire de Sciences de Gestion, Bordeaux, 2008), 53-те социјални станови во Сен Назар (Saint-Nazaire, 2011), 129-те станбени единици за студенти и за социјално домување Орк-Жарес (Ourcq-Jaurès Student and Social Hosuing, Paris, 2013) во Париз, Повеќенаменскиот театар во Лил (Multipurpose Theater, Lille, 2013) и Станбено-деловниот објект во Шене-Бург (Residential and Office Building, Chêne-Bourg, Geneva, 2020) во Женева. Нивниот придонес кон архитектурата може да се види и од бројните академски позиции, награди и публикации. Така, Лакатон сега е вонреден професор по архитектура и дизајн на Швајцарскиот федерален институт за технологија (Federal Institute of Technology - ЕТН) во Цирих од 2017 година и гостин професор на Политехничкиот универзитет во Мадрид (Polytechnic University of Madrid) од 2007 година, додека Васал е вонреден професор на Универзитетот на уметности (Universität der Künste) во Берлин од 2012 година. Претходно тие поединечно биле назначени за професори или гости професори на универзитети низ Европа и САД, и како и претседавачи и членови на жирија за архитектонски награди низ Европа. Тие исто така се добитници на Шелинговата награда за архитектура (Schelling Architecture Award, 2006), на Националното гран-при за архитектура (Grand Prix National d’Architecture, France, 2008), на Интернационал фелоушип на

Кралскиот институт на британските архитекти (International Fellowship, Royal Institute of British Architects, 2009), Ролф Шок наградата за визуелни уметности (Rokf Schock Prize, Visual Arts, 2014), Медалот Хејнрих Тесенау (Heinrich Tessenow Medal, 2016), Златниот медал на Академијата за архитектура (Académie d’Architecture, Gold Medal, 2016), Глобалната награда за одржлива архитектура (Global Award for Sutainable Architecture, Cité de l’Architecture & du Patrimone, 2018), на Големата награда БДА (BDA Grand Prize, 2020) и на други награди. Бирото „Лакатон и Васал“ е исто така добитник и на наградата за Животно делo на Триеналето во Лисабон (Lifetime Achievement Award, 2016) и на наградата на Европската Унија за современа архитектура од Фондацијата Мис ван де Рое (Fundació Mies van der Rohe, European Union Prize for Contemporary Architecture, 2019) со Фредерик Друот и Кристофер Хутин Архитект за трансформацијата на станбените блокови Гранд Парк во Бордо. Говорејќи за своето творештво, Лакатон објаснува: „ние никогаш не го гледаме постоечкото како проблем. Ние гледаме позитивно со оглед дека постои можност да се направи повеќе со она што веќе го имаме... постоечкото секогаш има вредност доколку издвоите време и напор внимателно да го проучите. Всушност, станува звор за прашањето на опсервација, од пристап кон просторот со свеж поглед, внимание и прецизност, за да се препознае и вредноста и непостоењето на истата, и да се види како може да се смени состојбата додека се зачувуваат сите вредности на она што е веќе таму.“ Васал се надоврзува кон ова појаснувајќи дека нивната „работа е решавање ограничувања и проблеми, изнаоѓање простори коишто може да создадат промени, емоции и чувства. На крајот на процесот и на сите овие

100 единици, социјално домување, Tour Bois le Pretre напори, мора да има леснотија и едноставност, кога сè она што беше порано беше толку комплексно... добрата архитектура е простор каде што нешто специјално се случува, каде што Вие сакате да се насмевнете, само затоа што сте таму... Тоа исто така е и односот кон градот, однос со она што може да го видите, и место каде што се среќни, каде луѓето се чувствуваат добро и комфорно – простор кој создава емоции и задоволство.“ За претседавачот на Фондацијата Хајат Том Прицкер: „Ан Лакатон и Жан-Филип Васал отсекогаш знаеле дека архитектурата може да го позајми својот капацитет за да изгради заедница за сите во општеството. Нивната цел е да му служат на човечкиот живот преку нивната работа, искажување јачина преку скромноста, и култивација на дијалог помеѓу старото и новото, со што тие го прошириле полето на архитектурата.“ n

Multipurpose Theater ПОРТА


архитектура од дрво

Bigwin isLand CLuB CaBins

Модерен дизајн во спој со

Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ , инженер по дрвна индустрија стровот Бигвин (Bigwin) кој е крстен по големиот поглавар на локалното племе John Bigwin, е познат по голф терените изградени од 1922 година и пo луксузните хотелски комплекси за одмор и рекреација на големите индустриски моќници, на холивудските ѕвезди па дури и нa холандското кралско семејство. Островот кој се наоѓа во Бејското Езето во Северно Онтарио, Канада е исто така свето место за домородното племе Ojibwe. Во 2018 година сопственик на имот на островот распишал конкурс каде биле поканети шест архитектонски куќи да дадат концептрешенија за изградба на комплекс за одмор. Визијата, изнесена во конкурсот, била проект кој

О

24

ПОРТА

26 март 2021


историјата

според проектантското биро, елените на островот се вистински архитекти на пејзажот. Линијата на пасење на елените го оформува долниот дел од крошните и овозможува поглед од куќите до езерото. оваа архитектура се стреми да предизвика безвременско, архетипско искуство на живеење во шумата. ќе ја почитува историјата на островот, околината и карактеристичната архитектонска естетика на регионот Мускока, истовремено користејќи практични градежни техники и максимизирање на енергетската ефикасност и одржливост. Сопственикот на имотот ги отфрлил големите хотелски комплекси со по 150 соби, и го одбрал проектот на архитектонската куќа MacKay-Lyons Sweetapple Architects кои предложиле концепт со куќи од 114 до 125 квадратни метри. Според архитектите овој проект е инспириран од неговата околина, додека процесот на дизајнирање започнува со таканаречено „слушање на земјата“, а на овој остров има многу што да се слушне од домородното население. Со почит и наметливост, елегантно повикувајќи се на историското наследство и убавина, куќите на островот Бигвин нудат балансиран, инвентивен и одржлив одговор на сложениот архитектонски предизвик. Важен 26 март 2021

ПОРТА

25


принцип во процесот на дизајнирање, и за клиентот и за архитектот е лесно да ја допираат земјата, односно да се минимизира нарушувањето на пејзажот. Според проектантското биро, елените на островот се вистински архитекти на пејзажот. Линијата на пасење на елените го оформува долниот дел од крошните и овозможува поглед од куќите до езерото. Оваа архитектура се стреми да предизвика безвременско, архетипско искуство на живеење во шумата. MacKay-Lyons Sweetapple Architects победија на натпреварот со проект кој користи модернистички стилски речник за да ги изрази архетипските концепти.

ПОРТА

Извонредно изработени од природни материјали, со ненаметлив дизајн, кој не претендира спектакли, а препознатлив во својата едноставност и пропорција, и остава впечаток токму толку колку што е потребно, секоја кабина е составена од едноставен сет простории: украсен трем, дневен престој, огниште, соба за спиење, кујна, трпезарија и бања - сите непречено поставени заедно. Интересно е да се забележи дека кровот е легнат на стаклен павилјон во кој се сместени дневната, трпезаријата и кујната. Во средината на таванот има отвор, обложен со дрвна оболга, кој оди до врвот на кровот и овозможува

зголемување на дневната светлина во просторијата. Геотермалниот систем за греење собира топлина од езерото и ја зрачи од подното греење; а во лето, природен, пасивен систем за вентилација канализира топол воздух нагоре низ покривот. Куќите се поврзуваат не само со пределот, туку и меѓусебно се поврзани едни со други; тие се сместени во групи, каде што нивната транспарентност и отвореност ги ставаат во разговорните односи. Просторите меѓу нив се доволно мали за да им овозможат на соседите блискост, да се поздравуваат едни со други, а некои од кабините имаат заеднички содржини идеални за готвење и игри. n


комерцијален текст

TERMOWOOD - новост на пазарот во Македонија овост на пазарот во Македонија е ТЕРМОМОДИФИЦИРАНО ДРВО, со трговски назив TERMOwOOD. Термообработката е сосема нов природен технолошки пристап на создавање на нов вид на дрво со изменети хемиско - механички својства на материјалот. При овој процес на обработка не се користат никакви хемиски средства. Целиот процес e природен и се изведува во средина со заситена водена пареа, без присуство на кислород, на висока температура од 170 до 212 целзиусови степени. Во вака создадените услови, се менуваат хемиските својства на дрвото и доаѓа до топење на полисахаридите и карамелизација на материјалот. На овој начин се прави заштита на дрвото од влијание на вода, влага, гнилеж и бактерии и добиваме долговечност на дрвото, стабилност на материјалот и материјал кој е лесен за обработка. При пожар дрвото е безбедно затоа што оддава мала количина на јаглероден диоксид. Исто така, дрвото е со подобрени карактеристики дури и до 70 отсто од обичното дрво, не подлежи на деформации и ги поседува својствата на тропските дрва (голема отпорност на влага, вода и гниење). Бојата му е од светло до темно кафеава, со пријатен изглед, зависно од температурата

Н

на која се обработува и понатамошната намена. На допир се добива чувство на мекост и топлина на префинет материјал. Производот е целосно безбеден по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво е стерилно и на него не може да опстојат бактерии, вируси или паразити кои се опасни по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво-Termowood е алтернатива на тиковото и другите тропски дрва, но со пониска цена. се употребува при/за изработка на: l внатрешно и надворешно уредување l Мебел, маси,кујни и плотни за кујни

l подови, паркет, плочки од дрво и патос l Ѕидни облоги за ентериер

l Бања (ѕидни облоги, подни плочки,

мијалник и аксесоари)

l сауни и парни бањи

l фасада и облоги на фасада

l Мебел за двор, балкони, површини околу

базени

l патеки и пристаништа

дИсАрТ доо гевгелија е единствена фирма која произведува термомодифицирано дрво во Македонија

+389 70 363 877 disartltd@yahoo.com www.disart.mk facebook.com/disartmk

ПОРТА


KOEMM 76 PremiSlide AC Edelstah

KOEMM 76 PremiSlide Mittelpartie

Предностите на лизгачките прозорци за јавните згради аедничкиот училишен комплекс на основното училиште ,,Луцерат“ и средното училиште ,,Вулканеифел“ во заедницата Улмен (регионот Ајфел) беше целосно реновиран со цел да се модернизираат сите училишни згради. Ова исто така опфаќаше сеопфатна енергетска фасада и модернизација на прозорците на 40годишните училишта со едeн, двa и со три ката. Идеално за проветрување во времето на корона: лизгачки прозорци Сите згради добиле изолациона фасада која се одликува со сопствена концепција од боја. Покрај тоа, биле вградени нови прозорци, архитектонски прилагодени на идејата. Лизгачките прозорци биле вградени насекаде во училниците, овозможувајќи едноставно и лесно проветрување на просториите, особено во времето на Корона. За разлика од прозорците кои се навалуваат и отвараат – кои

З

28

ПОРТА

навлегуваат и зафаќаат дел од внатрешниот простор при отворањето - лизгачките прозорци не „пречат“ во просторијата, а со тоа нудат покорисен простор, па затоа, може да се задржи потребното растојание. Производството и вградувањето на новите прозорци ги извршила специјализираната компанија „Schreinerei Kaspari GmbH & Co. KG“ од Луцерат. Компанијата исто така ги демонтирала старите алуминиумски прозорци, ги одделила материјалите според видот и ги рециклирала. Покрај новите лизгачки прозорци, истата компанија извршила и внатрешно обложување и обложување на внатрешните ролетни. робустен и стабилен дизајн за секојдневниот училишен живот Иако Корона кризата не можела да се предвиди за време на тендерот во 2018 година, клиентот и

канцеларијата за планирање „IBS Ingenieure“ се одлучиле за идно-ориентирано решение: Лизгачки систем KÖMMERLING PremiSlide 76. Управниот директор и производител на прозорци Холгер Каспари изјави: „Бев ентузијаст при изборот, бидејќи тоа е најдобрата алтернатива во однос на конвенционалните прозорци кои се навалуваат и отвораат. PremiSlide нуди многу повеќе простор за модерни концепти за внатрешен дизајн, бидејќи отворањето на прозорците не го нарушува внатрешниот простор на кој било начин“. Компанијата за изградба на прозорци инсталираше 105 лизгачки прозорци PremiSlide во училниците и 70 прозорци во другите простории, кои се навалуваат и отвораат. PremiSlide ја докажа својата сигурна и долготрајна функционалност, има одлична топлинска и звучна изолација и со тоа носи огромни предности во однос на удобноста и работењето, особено во јавните згради. Покрај едноставното отворање за проветрување со вкрстување, системот за лизгање на прозорецот овозможува и проветтрување на јазот без чекори, што обезбедува трајна размена на воздух. Со оглед на високите побарувања, особено робусни и


KOEMM 76 PremiSlide Anthrazit

KOEMM 76 PremiSlide Golden Oak

стабилни решенија се избрани за рачките на прозорците, за да се обезбеди долг работен век и долгорочна функционалност. добро решение за климата Канцеларијата за планирање одговорна за проектот за модернизација беше „IBS Ingenieure“ од Алфлен. Одговорниот инженер Кристоф Браун вели: „Видот и дизајнот на прозорците, како и изборот на системот беа многу важен фактор за нас при планирањето и дизајнот, бидејќи прозорците го сочинуваат поголемиот дел од фасадата. Бевме многу задоволни од изборот на лизгачкиот систем KÖMMERLING PremiSlide 76. Со тројно застаклување, постигнуваме високо ниво на топлинска изолација. Со оваа особина постигнавме вредност на Uw од околу 0,84 w / (m²K). Ова е одлична енергетска вредност за ваков систем на прозорци. Покрај тоа, решението е многу ергономско благодарение на мазниот лизгачки механизам и не бара никаков простор, така што можностите за дизајн и концептите на ентериерот се во голема мерка неограничени. Накратко:

лизгачките прозорци се многу добар избор во јавните згради, особено во училиштата “. Лизгачкиот систем KÖMMERLING PremiSlide 76 има вкупна длабочина на инсталација од 158 mm и длабочина на инсталација на лизгачкиот појас од 76 mm. Профилот ПВЦ-У се состои од конструкција од 5 комори со тенки линии на видот кои обезбедуваат најголема можна појава на светлина и ги зголемуваат придобивките од сончевата енергија. Системот за прозорци е изработен од одржлив ПВЦ-У со стабилизатори без олово и висок процент на рециклиран материјал. Усогласеност со правилата на корона, заштеда на трошоците за греење Менаџерот за објектите, Манфред Дивалд е исто така задоволен од новите лизгачки прозорци и истакнува: „Прво, едноставно можеме да ги спроведеме барањата за проветрување на владата за зимската сезона, имено да проветруваме по 5 минути на секои 20 минути и со тоа да го минимизираме пренесувањето на Корона вирусите. Второ, проветрувањето ја подобрува климата во затворените простории, што позитивно влијае на односот кон учењето. Трето, ние се грижиме за

климата преку високоефикасна топлинска изолација, ги намалуваме емисиите на СО2 и значително ги минимизираме нашите трошоци за греење. И четврто, новите прозорци обезбедуваат значително подобра звучна изолација. Особено ни се допаѓа едноставниот и многу робустен механизам за отворање. Со лизгачките прозорци исто така се избегнува ризикот од повреда, бидејќи не е невообичаено учениците да налетаат и да се повредат на отворен прозорец - особено сега кога редовите на масите во училниците треба да бидат доволно оддалечени поради Корона-вирусот. Благодарение на лизгачките прозорци, сега можеме да ја користиме целата училница со максимални празнини .“ Заклучок: побарувачката за лизгачките прозорци се зголемува Успешниот проект за реновирање на училишниот комплекс на основното училиште ,,Луцерат“ и средно училиште ,,Вулканеифел“ ги покажува предностите на лизгачките прозорци за јавните згради. Каде и да се користат големи површини на прозорците, лизгачките прозорци се функционални, енергетски ефикасни, ергономски и, пред сè, вистинска алтернатива што треба да се земе предвид при планирањето. ПОРТА

29


урбанизам

УрБАНИ ТрАНсфорМАцИИ во опшТИНА ЧАИр

Градот на Серава – мит или реалност

сѐ ова наликува на бразилска фавела и тоа речиси во центарот на градот. Мора да се запрашате: „И ова ли е скопје?“ Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх. радовите на река секогаш будат посебен интерес. Скопје е град на река која поминува низ срцето на градот и го дели на два дела, лева и десна страна. Затоа се градат мостови кои спојуваат, а мостовите се можеби најхуманите градби кои ги измислило човештвото. Има ли разлика во урбанистичко-

Г

30

ПОРТА

26 март 2021

архитектонските случувања и меѓу десната и левата страна на Вардар. Прашањето ме испровоцира да фрлам поглед на најкарактеристичните делови од левата страна на Вардар, бидејќи овој дел на градот не сум го третирала во моите досегашни текстови. НеМАње едИНсТвеНА И цеЛокУпНА вИЗИјА И во овој дел на градот, како и во останатите, се случија урбани трансформации во урбаното ткиво на наследениот градски простор, неговите физички делови, амбиентални целини и карактеристични локалитети. Просторот каде почнува Старата скопска чаршија, меѓу булеварите „Гоце Делчев“, „Крсте Мисирков“, „Цветан Димов“, „Босна и Херцеговина“ и улицата „Самоилова“ го управуваат Општина Центар и Општина Чаир. Овој простор во средновековието познат како градот

на Серава буди посебен интерес од повеќе аспекти. Во централното јадро зачувана е симболиката на историските комплекси Тврдината Кале и Старата скопска чаршија, како простори со посебни градски, идентитетски и неспорни историски, културни, урбанистички, архитектонски, амбиентални, социолошки и други вредности. Старата скопска чаршија на чија територија и во нејзината непосредна околина се наоѓаат околу 20 културно-историски споменици потпаѓа под надлежност на двете споменати општини Чаир и Центар, додека за нејзините културно-историски споменици е задолжен Конзерваторскиот центар - Скопје. Поради парцијални интервенции и немање единствена и целокупна визија за развој и заштита се случија низа неправилности и штети при зачувувањето на најзначајните вредности на градот.


ЧАИр - ЛИвАдА опкрУЖеНА со дрвјА!? Територијата на Општина Чаир, со територијалната поделба од 2004 година, опфаќа простор од 3,2 км2, има 64 773 жители (според пописот од 2002 г.) и има најголема густина на населеност од сите општини. Поделена е на шест урбани целини: делови од Гази Баба, Дуќанџик, Стара чаршија, Топаана, Циглана и Чаир. Најголем дел од населението е од албанска етничка припадност, а потоа следуваат Македонци, Турци, Роми и Бошњаци. Распослана во централниот дел на Скопската Котлина оваа питома рамнина - Топанско Поле крие бројни одамна раскажани приказни. На овој простор забележан е живот уште во неолитот. На овој простор бил сместен Централниот гарнизон на Турската Империја заедно со тешката артилерија. Местото каде биле поправани топовите е наречено Поле на топовите (Топхане), а името Чаир потекнува од турскиот збор чаир што значи ливада опкружена со дрвја. Дијалогот меѓу времето минато и времето сегашно, тој тих разговор секогаш буди посебни чувства и интереси. Ослушнувајќи го си ја потпевнувам „Чаирска романтика“ на Владо Јаневски. Со симпатичниот рефренот „да ми дојдеш на романтика“, кој иако јазично погрешен се задржа во паметењето на Скопјани, се втурнав на прошетка низ чаирските улици. Не се рАЗЛИкУвА кАде НИкНУвА ЅИд, кУќА, гАрАЖА ИЛИ рАБоТИЛНИцА Кога ќе се помине Старата скопска чаршија и Бит-пазар, во просторот меѓу бул. „Никола Карев“, улицата „Цветан Димов“, бул. „Босна и Херцеговина“ и улица „Самоилова“ се наоѓа станбениот комплекс на Општина Чаир кој е исполнет со градби од разни периоди. Движејќи се по улица „Цветан Димов“ на која од една и друга страна има и стари и нови објекти, не забележувате никаква улична панорама освен продавници, дуќанчиња, пиљарници, обложувалници и истурени тезги на тротоарите. Кога ќе свртите по булеварот „Никола Карев“, популарно наречен „пластичарска улица“, изненадувањето е уште поголемо. Стока од секаков вид: пластика, мебел, лустери, разна галантерија, сѐ истурено на тротоарите, заедно со паркирани автомобили, камиони и врвулица од купувачи по булеварската сообраќајница. Спонтано ви се наметнува прашањето дали ова го има некаде на друго место. Просторот северно од оваа улица сѐ до улицата „Џон Кенеди“ е Топанско Поле - комплекс исполнет со индивидуална станбена градба. Покрај улицата „Серава“ зачувана е стара структура на индивидуални куќи. Испреплетени улици исполнети со индивидуални куќи ПОРТА


од поново време, остатоци од стара Топаана со куќички-уџерици, супстандардни градби, улички со кал и без инфраструктура. Сѐ ова наликува на бразилска фавела и тоа речиси во центарот на градот. Мора да се запрашате: „И ова ли е Скопје?“ Изненадувањето нема да ве напушти ако продолжите и понатаму. На улицата „Џон Кенеди“ се протегаат станбени блокови од 70-тите и 80-тите години на 20 век во стилот на модерната архитектура. Објектите

ПОРТА

се архитектонски издржани, сѐ уште во добра состојба, улицата е со богат дрворед и зеленило, а автомобилите се паркирани по тротоарите. Долж улиците „Кемал Сејфула“, „Дижонска“, „Лазо Трповски“ и „Македонско- косовска бригада“ изградени се комплекси колективни станбени згради и стари јадра со индивидуални куќи. Комплексот колективни станбени згради од 50тите години од херојскиот период на македонската архитектура со доградени и

затворени балкони, чудни баџи, надградби и прикрпени нови прозори, го живее својот продолжен век. Меѓублоковскиот простор е исполнет со зеленило, дрвја со стари крошни кои пружаат необичен мир и спокој. Помеѓу се забележуваат и нови станбени згради и блокови со модерна архитектура, а станбени блокови во изградба има на улиците „Лазо Трповски“ и „Втора македонска бригада“. Има доста деловни објекти, Веро-центар, медицински установи. Комплексот на и околу улицата „Дижонска“, испреплетен во повеќе тесни улички, е исполнет со индивидуални куќи, главно слепени една до друга, инцидентно никнати нови недовршени куќи и продавнички напикани меѓу куќите. Не се разликува каде никнува ѕид, куќа, гаража или работилница. И овој комплекс раскажува своја приказна. Има улици со индивидуални куќи од поново време со разни недефинирани стилови, какафонија од архитектура, приземја со продавници и работилници од разни видови. Во Општина Чаир функционираат осум основни училишта и шест детски градинки. Видлива е грижата за училиштата и детските установи. Некои се од поново време, некои се реновирани. Во оваа населба има доста зелени површини, дрвореди, мали парковски оази, меѓублоковско зеленило, но неодржувано и неуредено, на многу места препуштено само на себе, дури и со паркирани автомобили во тревниците.


ИЗосТАНУвА ЧУвсТвоТо ЗА јАвеН УредеН просТор По сѐ видено, мора да констатирам дека населбата делува хаотично и збунувачки. Таму каде што се градат нови станбени блокови нема целосен, издржан и забележлив урбан потег. Тоа се по 2 - 3 згради и околу празен простор. Изостанува чувството за јавен уреден простор, за дружење и рекреација, а просторни можности има. Не ми е намерата да откривам дивоградби, но прашувам по кои ДУП-ови се гради? Мислам дека целиот овој простор бара сериозно стручно препрочитување, исто како и останатите делови на центарот на Скопје, затоа што неговите жители имаат право на квалитетен живот, затоа што овој простор е значајна туристичка дестинација, затоа што е скап ресурс и затоа што во целина зборува за деградирано градско живеење. Се враќам од оваа прошетке со главоболка, без рефренот „да ми дојдеш на романтика“. Се враќам во Старата скопска чаршија која е белег на мојата младост и која отсекогаш сум ја сакала. Се прави зелен кров на Мавровка, а дивоградбата на кафулето се чини повторно никнува. Плоштадот „Скендер бег “ - со издржани архитектонски елементи, но со дискутабилна урбана поставка зјае празен, што значи дека не ја исполнува функцијата за која е наменет – јавен простор за спонтано собирање на граѓаните. Служи за празнични и за други видови собири. Ми паѓаат на ум основните премиси на урбанистичкото планирање, создавањето и негувањето град: сѐ што се планира и гради во општините мора да е усогласено со потребите, визиите и проектите на градот. Културно-историските споменици, историските агломерации и природни богатства им припаѓаат на сите граѓани на државата. Тие се богатство што се чува и негува. Денес кога на голем број дуќани во чаршијата веќе им се сменети излозите во конфекциски манир, бројни објекти се надградени и многу вредности изгубени, треба да биде јасно дека грижата за заштитата и управувањето со Старата скопска чаршија не им припаѓа само на општините во кои административно се наоѓа. Со неа одговорно треба да се занимаваат добрите познавачи на проблематиката за заштита, ревитализација и туристичка промоција. Шетајќи низ Чаршијата се присетувам на пророчката мисла на професорот Живко Поповски: „Скопје е како турли-тава полна со различни национални, социјални, културни и економски содржини. Во неа ќе се ’печат‘ сите македонски проблеми. Потребна е умешност за сѐ подеднакво да биде ‘печено’. Не смее ништо да изгори за да не се расипе вкусот на тавата.“. n ПОРТА


урбанизам

OдЗеМАње И додАвАње „сЛоБодА“

Скопје на приземје и први само за момент, замислете, што ако сите приземја во сите згради во скопје се отворат и го пуштат воздухот да тече? што ако сите приземја (влезови) ги препознаеме и како потенцијална зелена инфраструктура во процесот на нивно отворање и ревитализирање?

Никола ЃОРЃИЕВСКИ, м-р арх., м-р пејз. арх. о овој текст имам за цел кусо да го истражам физичкиот простор на ниво на приземје како единствена обединувачка рамнина во градот, и да ја испитам неговата политичка, правна, архитектонска, социјална, и филосовска улога во обид за пронаоѓање извор на потенцијални решенија и размисли кои имаат капацитет да се справат со актуелните проблеми во градот. Имено, целиот овој дискурс произлегува од потребата за акцентирање на секојдневните градски проблеми кои упорно ги решаваме со административна логика, срамежлива инвентивност и кумулативна немоќ.

В 34

ПОРТА

26 март 2021

Заглавени во градски неред што фаќа ’рѓа, од исклучително значење е да отвораме теми за радикални ретроактивни трансформации бидејќи времето за „планиран“ град помина, и колку побрзо го сфатиме тоа толку полесно ќе почнеме да делуваме во специфичните дисциплинарни полиња преку конкретните општествени институции. Оваа констатација ја поддржува фактот на незаинтересираноста на актуелните градски тенденции за инфраструктурни интервенции кои може да ја разбијат денешната густа неметрополитентска граѓа на Скопје и затоа мора да работиме на случајот наречен „ослободување“ . За подобро да го поставиме терминот „слобода“ или „ослободување“ во контекстот на овој текст, ќе

се повикам на два филосовски концепти кои, прелиминарно, ја објаснуваат состојбата на слобода како позитивна и негативна. Овие два концепта прв ги поставил либералниот философ Исаија Берлин на своето инагурално предавање на универзитетот во Оксфорд, во 1958, подоцна објавени во форма на памфлет. Преку овие два концепта ќе се обидам да го аргументирам физичкиот простор на ниво на приземје и потенцијално првиот кат, како две унифицирани рамнини, земајќи ја предвид изградената градска маса како предмет на рефлексија и реконструкција. Ако се прифати, како прв услов, тезата на недостигот од инфраструктурна експанзија, тогаш, како причинско-последичен втор услов, идните


трансформации ќе се случуваат токму во изградениот простор во градот. Овие интервенции подразбираат операции на одземање и додавање слобода во градот, преку процеси на физичко одземање и додавање „слобода“ во формална смисла низ процеси на реконструирање, релоцирање, намалување и зголемување, и конечно отстранување. „сЛоБодА“ ИЛИ „осЛоБодУвАње“ За подобро да го сфатиме „ослободувањето“ нужно е да ги објасниме двата концепта на слобода, негативна и позитивна, каде првиот концепт ја заштитува слободата на субјектот (индивидуата) преку елиминација на пречки, бариери и ограничувања од други субјекти во процесот на остварување на посакуваните цели, додека вториот концепт ги акцентира потребните „ресурси“ за делување како основа за остварување на посакуваните цели на индивидуата. Негативната слобода најчесто е поврзана со субјектот како единствен ентитет, додека позитивната слободна најчесто е поврзана со колективот, или со единката како дел од колективот. поЗИТИвНАТА сЛоБодА преТсТАвУвА поседУвАње „ресУрсИ“ Битно е да се нагласи дека зборовите позитивна и негативна не се поврзани со значењето на придавките, односно служат само за диференцијација и класификација на концептите. Берлин исто така не зазема став дека едниот концепт е подобар од другиот, напротив, смета дека двата вида на слободи се потребни да коегзистираат во едно здраво општество, имајќи предвид дека негативната слобода се наклонува кон либералните додека позитивната слобода кон социјалните идеологии. Со други зборови, ако сакаме да изградиме куќа меѓутоа некој физички ни попречува, тогаш нашата негативна слобода е прекршена, додека пак ако сакаме да изградиме куќа но немаме доволно ресурси, тогаш, од аспект на позитивна слобода, иако никој физички не ни попречува, недостигот на ресурси нè прави неслободни. Без разлика на овие два концепта, според „таткото на либерализмот“ Џон Лок „Во природната состојба, слободата ја среќаваме во форма на непопреченост на поединецот од страна на каква било надмоќна сила. Ваков тип на слобода поседуваат луѓето кои не подлежат на туѓата волја или на законодавна власт, туку се потчинуваат само на законите на природата. Во политичкото општество, поимот слобода го добива значењето на непопреченост од страна на каква било законодавна власт освен од онаа на која по пат на општа согласност ќе ѝ се потчини заедницата“. Последователно, секоја единка во едно политичко општество има

Ecole normale superieure de Cachan, Лакатон и Васал ПОРТА

35


право да ги изразува своите слободи, позитивни или негативни, сè додека не предизвикува штета и не се коси со законите. Овие ставови ја прават улогата на градот многу комплексна бидејќи политичкоопштествените процеси директно се манифестираат врз физичкиот простор на градот.

ПОРТА

поЗИТИвНАТА сЛоБодА преТсТАвУвА поседУвАње „ресУрсИ“ Тогаш би се запрашале, како градот може да генерира, односно овозможува и гранатира, граѓанинот да ги ужива своите слободи, негативни или позитивни. Ако позитивната слобода претставува поседување „ресурси“ кои овозможуваат човекот да ги оствари своите

цели, како образование, здравство, работа, храна итн., тогаш местото кое нема училиште или болница ја нарушува позитивната слобода во случај кога човекот треба да се лекува или образова. Двата концепта на слобода исто може да се објаснат преку првиот Њутнов закон или законот за инерција – „Секое тело, кое се разгледува како материјална точка, ја задржува состојбата на мирување или рамномерно праволиниско движење сè дотогаш додека некое друго тело не го принуди да ја промени таа состојба.“ Со други зборови, ако индивидуата ја споредиме со телото кое мирува, и во обид да ги оствари своите цели почнува да се движи праволиниски, тогаш, во негативна смисла на слободата, сè додека никој физички не ѝ попречува таа е незапирлива, додека пак, во позитивна смисла на слободата, недостигот на „ресурси“ за остварување на своите цели влијае како надворешна сила која може да ја запре нејзината инерција. Во тој контекст, дали навистина еден човек во едно урбано општество може паралелно да биде негативно слободен без позитивна слобода и обратно? И ако градот е рефлексија на човековата слобода, тогаш дали Скопје денес е повеќе позитивно или негативно слободен град? За подобро да го разбереме ова, мора да ги опсервираме либералните и социјалните афилијации и тенденции, не само како општествени уредувања туку како катализатори на методологии за просторното уредување.


поЗИТИвНАТА сЛоБодА преТсТАвУвА поседУвАње „ресУрсИ“ Модерните либерални ставови не го поддржуваат концептот на позитивна слобода бидејќи две индивидуи не може да бидат еднакво и паралелно слободни ако едната треба да земе нешто од другата за да ги оствари своите цели, и според Џон Стујарт Мил - „една индивидуа не му должи ништо на едно општество сè додека таа индивидуа не прави штета врз тоа општество.“ Но за да се обезбеди позитивна слобода тогаш сите ресурси мора рамномерно да се распределуваат низ општествените слоеви, овозможувајќи еднаков пристап до јавните добра на сите индивидуи, бидејќи спротивното ќе генерира позитивна неслобода. Ако денешното општество го гледаме ексклузивно од страна на позитивната слобода, тогаш голем дел од популацијата е неслободен бидејќи нема пристап до овие основни ресурси. Имено градот претставува збир од физички изрази и манифестации на позитивни и негативни слободи на индивидуите односно на граѓаните. скопје од поЗИТИвНо сЛоБодеН во НегАТИвНо сЛоБодеН грАд Социјално Скопје во втората половина на ХХ век имало една друга градска динамика на дистрибуирање на просторот, нормално, под влијание на СФРЈ. Во едно такво социјално политичко општество, позитивната слобода на колективот, а со тоа и позитивно слободниот град ги приоретизирал целите на колективот, сметајќи дека граѓанинот е слободен кога има еднаков пристап до сите јавни ресурси, акцентирајќи го градот како најзначајниот социјален ресурс. Меѓутоа тенденциите во западниот свет, особено кон крајот на 1970-тите, поддржани од либералните политики на Маргарет Тачер и Роналд Реган, асфалтираа пат за едно друго поинакво слободно општество каде негативната слобода, манифестирана преку отсуството или преку минималното влијание врз пазарот, го дефинира она што денес го нарекуваме неолиберализам. И како што напоменавме дека политичкоопштествените процеси имаат физичка манифестација во просторот на градот, така и Скопје, по распадот на Југославија, во процесот на денационализација и приватизација, се претвори од позитивно слободен во негативно слободен град. Во овој процес, низ призма на теоријата на негативна слобода, личните интереси на индивидуите се ставени над целите на колективот. Државата не успеа да задржи клучни градски простори, тежишта, со кои би можела да управува во време на криза, а тоа време штотуку не заѕвонило на врата. Скопје во последните 10 години е ставено на тест, справувајќи се со последиците од климатските

Ecole normale superieure de Cachan, Лакатон и Васал 26 март 2021

ПОРТА

37


компонента ќе биде утврдена, нужно е да истражуваме просторни капацитети на делување. Идејата на овој текст е да ги доведе читателите до овој заклучок, односно до една системска равенка во која „ресурсот“, „слободата“, „стратегијата“ и „просторот“ се заменливи материјални и нематеријални варијабли, и во тој контекст, ваквото размислување и пристап има бенефит од мултиинтерпретативност, сè додека соодносите помеѓу ресурсот и слободата, стратегијата и просторот не се изместени.

промени, надополнети со енормно загаден воздух, загадена вода за пиење, недостиг на зеленило во борба со топлотните острови, отежната циркулација на воздух, затрупан сообраќај и девастиран јавен простор. И сега, откако ги разбираме двата концепта за позитивна и негативна слобода во градот, и двата услова за неекспанзивни инфраструктурни тенденции и ретроактивни операции, во град кој го достигнува својот процент на максимум

изграденост, се прашуваме како, каде и со што да делуваме кога буквално повеќе нема простор? Во обид за просторно лекување на градот, пред сè, но и како одговор на прашањето „со што да делуваме,“ потребно е да откриеме обединувачки „ресурс“ кој ќе гарантира позитивна и негативна слобода преку стручно издржана стратегија во форма на „априори“ анализа, емпирична студија и физичка имплементација. Откако оваа прва

прАшАњА во посТоеЧкАТА (Не)УрБАНА АгЛоМерАцИјА Скопје на приземје и први, како што вели насловот, е само една интерпретација од можни сценарија за ретроактивни операции во градот кои природно го бараат одговорот на градските прашања во постоечката (не)урбана агломерација. А пропо, првиот чекор во решавање на горепоставената равенка е изборот на обединувачкиот ресурс. Според мене, животната средина, поточно природниот предел во градот, од повеќе аспекти, претставува ресурс на позитивна и негативна слобода. Имено, заштитената природна околина во градот генерира негативна слобода со тоа што на човекот му обезбедува здрава животна средина наспроти небезбеден и нехуман бетонски ансамбл, односно местото во кое човекот ги извршува личните потреби за да ги оствари посакуваните цели го прави безбедно и пријатно место за живеење. Позитивната слобода во една чиста урбана средина е претставена преку обезбедување на потребните ресурси за делување како чиста вода, чист воздух, сончев простор, здрава храна, зелени простори за рекреација итн. Поконкретно, ќе го земам чистиот воздух како ресурс, односно варијабла во равенката која го исполнува условот за позитивна и негативна слобода. Понатаму, како да се справиме со загадувањето доколку знаеме дека циркулацијата на воздухот е еден од главните проблеми во Скопје? Во физичка смисла, обезбедување на протокот на воздух е всушност прашање на „каде“, а мојот одговор е на приземје и први. вЛеЗоТ, прИЗеМјеТо И вИсокоТо прИЗеМје Во целиот овој процес на транзиција од социјално кон неолиберално општество, една просторна и архитектонска типологија успеа да го преживее овој бран, а тоа е влезот, приземјето и високото приземје. Овие простори сè уште важат за заеднички простори, и како такви, сè уште го одржуваат социјалниот аспект во едно негативно слободно општество. Со други зборови, овие места во градот се позитивно слободни во рамките на еден негативно слободен периметер (габарит) на

ПОРТА


зградата. Улогата на овие просторни капацитети ги става целите на колективот над целите на индивидуата и затоа претставуваат таргет група која отвора можности за просторни сценарија и шпекулации. Уште поважно е да ги разгледуваме овие простори не само на ниво на една зграда, туку како множество на илјадници влезови ширум градот кои како „тајна“ инфраструктура мирно чекаат да добијат нова улога и функција. Исто така, од правен аспект, овој простор не припаѓа ексклузивно на една индивидуа туку на колективот во зградата, па така, во процесите на креирање нови политики влезовите и приземјата може да станат државно земјиште обезбедувајќи простор за потребни трансформации без масивни рушења и тектонски поместувања. Во тој контекст, имајќи ја на ум потребата од обезбедување силна воздушна циркулација, влезовите, односно приземјата и високите приземја (прв кат) може да почнат да се отвораат. Во овој стратешки процес, потребно е да се направи симулација на работењето на Скопската Котлината во својата автентична состојба и преку постепено надодавање на градската граѓа, да се подвлечат жешките точки кои го блокираат и задушуваат воздухот. Низ категоризација од повеќе степени во однос на тоа дали високо, средно или ниско го попречуваат природниот тек на воздухот, зградите ќе мора да доживеат низа физички трансформации соодветни на проценката, за да ја подобрат „крвната слика“ на скопскиот воздух. Основниот урбанистички план (ОУП) за Скопје во 1965 година укажува концепт за формирање зелени коридори од планината Водно кон планината Скопска Црна Гора. Една од придобивките од овие зелени коридори е токму пренесувањето на свежиот воздух од планината Водно кон реката Вардар, каде реката понатаму ќе го дистрибуира низ котлината. Овој основен концепт зборува за механизмот со кој котлината управува со воздухот, а единствениот ваков зелен коридор, на булеварот „Св. Климент Охридски“, беше уништен пред неколку години за проширување на сообраќајницата. Втората лекција од овој ОУП е дека катноста на објектите мора праволиниски да се зголемува од планината кон центарот на котлината, односно градбите во перифериите на Водно треба да бидат со најмала катност, додека висококатниците треба да се позиционираат во средината на котлината, а уличната мрежа која ќе ги оформува градските четврти треба паралелно да ги следи правците на ветровите. Овој навидум едноставен и лесно разбирлив концепт е во тотална спротивност и контрадикција од она што денес го гледаме во Скопје. Населбите долж Водно се со огромна катност, додека предградските населби длабоко во котлината се резиденцијални енклави од П+1 или П+2. Освен тоа, ориентацијата на уличните мрежи се коси со правците на ветровите, а со

Макета Скопје, Кензо Танге

ОУП 1965, концепт за формирање зелени коридори од планина Водно кон планината Скопска Црна Гора тоа и поставеноста на зградите, и листата продолжува понатаму. прИЗеМНА рАМНИНА кАко опшТесТвеН ресУрс Конечно, ова треба да се сфати како концептуална проба отколку како стручна студија. Но само за момент, замислете, што

ако сите приземја во сите згради во Скопје се отворат и го пуштат воздухот да тече? Што ако сите приземја (влезови) ги препознаеме и како потенцијална зелена инфраструктура во процесот на нивно отворање и ревитализирање. Можеби Скопје нема простор за нови зелени коридори во форма на дрвореди, но можеби има простор за зелени инфраструктури на ниво на приземје. Што ако ја препознаеме цела оваа приземна рамнина како најзначаен општествен ресурс кој може да генерира и позитивни и негативни слободи. Што ако понатаму продолжиме да проектираме згради кои ќе му даваат вистинско значење на приземјето поврзувајќи го со природата. Што ако почвата на ниво на приземје не ја третираме само како технички простор што треба да се ископа туку како композитен простор кој ќе го подобрува природниот предел во градот. И конечно, доколку постојат видливи резултати од една ваква студија за справување со загадениот воздух преку ослободување и зазеленување на приземјата ширум градот, тогаш дали еден ваков утописки концепт може да добие своја правна, политичка, архитектонска и конечно идентитетска рамка во ретроактивниот процес на ултимативно подобрување на квалитетот на просторот во Скопје. n 26 март 2021

ПОРТА

39


eнтериер

огНеН Арсов, АрхИТекТ – „косИ И пАрТНерИ“, ЉУБЉАНА

Просторот кој има повеќе од три димензии - во себе содржи и емоции За развојот или подобро кажано во заклучокот на секој проект во нашето биро воведовме една нова креативна алатка која нема посебна конкретна употреба. Алатка која за нас е прилично забавна, а е поврзана со целиот процес на договарање, проектирање и изведба. воведовме изработка на проектен колаж Огнен АРСОВ, дипл. инж. арх. о Словенија дојдов како студент на постдипломски студии на Одделот за индустриски дизајн на Академијата за ликовни уметности, веќе далечната 2004 година, веднаш по дипломирањето на Архитектонскиот факултет во Скопје. Уште за време на студиите почнав да работам најпрво како надворешен соработник во проектантски бироа за помали идејни проекти, кои подоцна доста брзо пораснаа

В

во поголеми со коишто и практично „бев во бетон до колена“. Како архитект своето професионално искуство го добивав во повеќе докажани архитектонски студија во коишто имав можност многу да научам. Како аутсајдер во една прилично херметична професионална сцена, каде што апсолутна „alma mater“ е Факултетот за архитектура на Љубљанскиот универзитет, на почетокот бев прилично загрижен дали сум доволно добар и дали ќе можам да им „парирам“ на останатите млади локални архитекти.

„Стравот за мојата наводна „неподготвеност“ се покажа дека е неоснован. Токму нашето образование ми беше и предност. Добрата техничка поткованост, широкогледноста, креативниот пристап и историската писменост се адутите заради кои и денес од помладите архитекти во бирото добивам прашања од типот „Од каде ги знаеш сите овие работи?“ - на коишто следува одговорот „Сме ги учеле на факултет!“ На некои предавања од професорите од Архитектонскиот факултет и ден денес многу добро се сеќавам, и тие секојдневно ми користат.“

Љубљанска берза ПОРТА


Љубљанска берза

Првите посериозни проекти се поврзани со проектирање семејни куќи во нискоенергетска и пасивна изведба во специјализирани за тие намени градбени системи. Понатаму со бирото Садар+Вуга, едно од водечките студија на словенечката сцена, работев на објекти од поголем обем. Посебно сум горд на спортската и повеќефункционална сала - арената Стожице, каде што го водев проектирањето на главниот проект и вршев проектантски надзор. И токму тоа искуство беше причина да ме повика професорот Томаж Крушец во својот тим, за да соработувам на проектот за новиот Фудбалски сојуз на Словенија (новиот спортски објект и новата зграда на Управата). Во тоа време стекнав државен статус преку словенечкото Министерството за култура, посебен тип на статус кој се доделува на докажани уметници кои придонесуваат кон државната култура и уметност. И токму ова „признание“ лично ми овозможи неврзано да работам и да соработувам на проекти во повеќе различни по карактер архитектурни студија (во едно такво студио ја сретнав и мојата сегашна бизнис-партнерка и пријателка Ана Коси, со којашто во 2017 г. основавме наше сопствено биро, „Коси и партнери“). Во 2019 година конечно ја стекнав државната лиценца за овластен главен и одговорен проектант. Моментално нашиот тим брои 8 архитекти.

Љубљанска берза

ПОРТА

41


„креАТИвНоТо его“ НАспроТИ прАгМАТИЧНоТо - шТо е НАјдоБро ЗА едеН проекТ?“ „Коси и партнери“, бирото што го водам и сум главен проектант, за неколку години веќе доби некој таканаречен „имиџ“ којшто постојано го градиме, и во последно време добиваме сè поголеми и поинтересни проекти, победуваме на конкурси... За некои од проектите веќе добивме награди на државно и на меѓународно ниво, како на пример два пати во последните три години за државен ентериер на годината. За интериерот на Љубљанската берза ја добивме и Златната награда на интернационалната Германска награда за дизајн, со одликата „одлична архитектура“. Во нашиот млад тим кој сè уште е во развој, ги согледуваме и предностите во здружувањето со други тимови и поединци со цел што подобра изработка на квалитативна архитектура. Пробуваме да го кротиме „креативното его“ и да размислуваме прагматично - Што е најдобро за еден проект?“ Конкурираме со нашиот „непретенционизам“. На тој начин им конкурираме на поголемите и подокажани студија, а во скоро сите наши проекти соработуваме и вклучуваме

42

ПОРТА

26 март 2021

Љубљанска берза


Депанданс на хотелот Лев во Љубљана дополнителна армија од графички дизајнери, илустратори, сликари, кипари, индустриски дизајнери, дизајнери на светло итн. АрхИТекТУрНИоТ рИТАМ кАко просТореН АдУТ Проектот за Љубљанската берза (https://www.kip.si/colonnade) e добитник на Златната награда на интернационалната Германска награда за дизајн, со одликата „одлична архитектура“ како и словенечката државна награда Интериер на годината за 2018 година. Проектот подразбираше целосна обнова на деловниот простор на берзата којшто целосно нефункционален, со дотраени инсталации, непотребен мебел, декор од некое друго време... Започнавме од идејата да се нагласи носечката конструкција како доминанта во просторот. Како вистински квалитет на просторот го одбравме архитектурниот ритам. За таа цел на постоечките конструкциски столбови им додадовме нови, таканаречени „лажни“ столбови, кои ги следат постоечките низ целиот простор. Создадовме симетрична колонада како нов архитектурен елемент што го дели просторот на помали амбиенти коишто обезбедуваат еднакви услови за работа и престој. Ритамот беше препознаен како најголем адут на просторот и тоа сакавме да го искористиме. Одлуката, да додадеме „лажни“ елементи беше предизвик, посебно кога сите се залагаме, за т.н. искрена архитектура“. Со

иста лудост (или храброст) пристапивме и кон материјалот „beton look“ којшто го употребивме како декоративна облога во ходникот. Во генеричниот канцелариски простор колонадата создадава апстрактно и монументално чувство. Стабилната просторска композиција ја сочинуваат симетричниот дизајн, изедначените материјали и ритмичното повторување на

еден ист елемент. Со движење низ апстрактниот простор, перспективата на набљудувачот е консистентно променлива. Во просторот по ширина се отвораат различни секвенци во еднаков ритам. Ритамот го нагласува и осветлувањето создадено од природен и вештачки карактер. Строгата и праволиниска архитектура создадена од долгиот ходник и низот канцеларии и амбиенти е на уште еден 26 март 2021

ПОРТА

43


Депанданс на хотелот Лев во Љубљана начин поврзана и со дискретната употреба на бојата, и тоа онаа од банкнотата од 20 евра. во НИТУ едеН МоМеНТ еНТерИероТ Не е препУшТеН НА НеговАТА сЛУЧАјНосТ Друг проект, за којшто повторно ја добивме наградата Интериер на годината 2020 за проектот за просторот за конвенции Технолоев во депандансот на хотелот Лев во Љубљана. Хотелот Лев е урбан хотел во центарот на Љубљана во кој претежно престојуваат бизнис-ориентирани гости на коишто им е потребна дополнителна содржина од типот на простории за работа и состаноци, предавања и формално/неформални дружења. Се работи ПОРТА


за објект првенствено наменет за млади луѓе, милениумци, со посебно развиено чувство за функционална динамика и брзо размислување/делување, но и со истенчено чувство за естетика и дизајн. Центарот за конвенции е атипично лоциран во поранешен автосалон. Предизвикот на просторот беше во негово осмислување - од простор целосно детерминиран од неговата масивна носива конструкција требаше да се добие флексибилен простор со повеќе сценарија на употреба - сценарио три помали предавални, сценарио голема предавална и сценарио отворен простор за поголеми случувања. На овие барања од страна на инвеститорот успеавме да одговориме со употребата на два архитектурни елементи: рефлективен технички демонтажен ѕид и испечатена набрана завеса. Различните комбинации од овие два елемента дозволуваат различни просторни амбиенти. Се одлучивме просторот да биде сосема исчистен од сите непотребни елементи - сите инсталации се скриени или вградени. На

демонтажниот ѕид (што и самиот по себе е high-tech продукт) му додадовме огледало на секој сегмент (нивната монтажа беше предизвик) коешто има функција да го дематеријализира целиот простор. Во ниту еден момент ентериерот не е препуштен на неговата случајност - се одлучивме и рефлексијата на огледалото да биде контролирана. Таа рефлексија сакавме да ја ограничиме само на долниот дел на ѕидот само на подот, кој понатаму го третиравме како уметничко дело. Тоа го направивме со аплицирање на сито-тиск „fade effect“ или „магла“, добиена со мрежа на крукчиња којашто има различна густина. Просторот е обликуван како галерија, во неутрална бела боја, во којашто е изложено делото на ликовниот уметник Јуре Маркота. Завесата и подот ги третиравме како бело платно - како подлога за уметничка графика. Главниот мотив на графичкиот дизајн беа секојдневни скици, да кажам чкртки, коишто сите ние ги правиме во моменти кога можеби за тоа не сме ни свесни - кога зборуваме по

телефон, кога сме на досадно предавање, брзи и лесни цртежи кои се појавуваат на корици од тетратки, салфетки итн. Композицијата на графики е составена од вистински цртежи од случајни луѓе. Резултатот што го добивме е аплицирана графика што нуди интересен поглед на несвесните креации и којашто ги збогатува просторот и времето. За развојот или подобро кажано во заклучокот на секој проект во нашето биро воведовме една нова креативна алатка која нема посебна конкретна употреба. Алатка која за нас е прилично забавна, а е поврзана со целиот процес на договарање, проектирање и изведба. Воведовме изработка на проектен колаж. Тој за нас претставува на некој начин симболична слика за еден дистопичен простор кој има повеќе од три димензии - во себе содржи и емоции. Во примерот на проектот на берзата тој го претставува светот на капиталот и градежништвото - инспиративниот класичен храм изграден врз калливиот рудник и врз грбот на копачите на скапоцените камења... n

Депанданс на хотелот Лев во Љубљана 26 март 2021

ПОРТА

45


технологија

НАсА со НовИ НАдеЖИ до 2030 годИНА

Марс, почеток на новата вселенска трка НАсА се надева дека до 2030 година ќе го спушти и првиот човечки екипаж на Марс. Но, она што досега е извесно од истражувањето на Марс не е само фактот дека можеби некогаш оваа планета имала услови за живот, туку дека дури и денес би можела да биде инкубатор за живот на микроорганизми

Даниела МЛАДЕНОВСКА ет децении по настаните кои ја одбележаа вселенската трка помеѓу главните соперници на Студената војна, сведоци сме на ново натпреварување. Неодамнешното слетување на Марс на роверот кој за прв пат ќе треба да обезбеди примероци од оваа планета кои ќе се донесат на Земјата, но и да синтетизира кислород од атмосферата на Марс, е веројатно само почеток на нешто исто толку возвишено како што беше првата човекова стапка на Месечината. Денес, како резултат на повеќедеценискиот brain drain, Балканот може да се пофали со свои „деца“ кои работат во НАСА и кои раководат со одредени операции од мисијата Mars 2020. Затоа и не е случајно што кратерот на Марс е наречен Jezero.

П

46

ПОРТА

26 март 2021

МАрс – НекогАш сАМо МеЧТА, деНес реАЛНосТ Марс - црвеникавата мистериозна планета, отсекогаш впечатливо се издвојувала на ноќното небо меѓу небесните тела кои трепкаат. Далечна и недостижна со векови. Во 19 век, телескопите за прв пат допираат до површината на оваа планета откривајќи релјеф со одредена правилна шема, па многумина тоа веднаш погрешно го поврзале со постоење цивилизација на Марс. Денес знаеме дека нема никакви вештачки градби на Марс, но исто така знаеме дека пред 3,5 милијарди години, сега сувата и токсична планета била средина на која можеби можело да се живее исто како и на Земјата. Уште од 60-тите години на минатиот век, луѓето се обидуваaт да откријат што може да се научи од Марс за начинот на формирање и за развојот на планетите. НАСА се надева дека до 2030 година ќе го спушти и првиот

човечки екипаж на Марс. Но, она што досега е извесно од истражувањето на Марс не е само фактот дека можеби некогаш оваа планета имала услови за живот, туку дека дури и денес би можела да биде инкубатор за живот на микроорганизми. Марс е четвртата по ред планета од Сонцето, веднаш по Земјата. Незначително е поголема од половина од Земјата, а нејзината гравитација е 38 отсто од онаа на Земјата. Тоа значи дека она што на Земјата тежи 100 килограми, на Марс ќе тежи само 38 килограми. Марс подолго од Земјата прави една ротација околу Сонцето, но ротира околу својата оска речиси со иста брзина како и Земјата. Затоа годината на Марс трае 687 Земјени денови, додека еден ден на Марс трае само 40 минути подолго од оној на Земјата. И покрај помалите димензии, површината на Марс е еквивалентна на површината на сите


континенти на Земјата, бидејќи на Марс нема течност. Доминантно во атмосферата на Марс е застапен јаглерод диоксидот, а има и метан. Тлото на Марс содржи соединенија кои се токсични за животот каков што ние го познаваме. Температурата е околу -50, односно -60 Целзиусови степени. Но, некогаш на Марс имало течни површини. За тоа сведочат бројните кратери, басени и долини видливи на површината. Но, во некоја точка од еволуцијата на Марс, планетата минала низ драматична трансформација, па светот кој некогаш бил сличен со оној на Земјата станал карпест, сув и правлив, каков што го знаеме денес. Научниците сè уште се обидуваат да одговорат што се случило. МИсИИ ЗА ИсТрАЖУвАње НА МАрс Од 60-тите години на минатиот век, до денес, испратени се десетици вселенски летала за проучување на Марс. Во прво време, тоа се летала кои само минуваат во близина на планетата и ја опсервираат, а подоцна се поставуваат и сонди за испитување на атмосферата. Во најново време специјалните ровери за истражување стигнаа на површината на Марс. Првиот е оној на НАСА, во 1996 година, кој испрати на Земјата над 100 илјади фотографии, пред песочна бура да ги уништи неговите соларни панели за напојување со енергија. Но, испраќањето на вселенски брод кој ќе се спушти на Марс е посебен предизвик. Ретката атмосфера (1 отсто од атмосферата на Земјата) го прави спуштањето многу опасно, па повеќе од 60 отсто од ваквите обиди завршиле неуспешно. Досега четири вселенски агенции имаат испратено вселенски бродови во орбитата на Марс - НАСА, „Роскосмос“ од Русија, European Space Agency (ESA), и Indian Space Research Organization (ISRO). Со осум успешни слетувања на површината на Марс, САД се предводник во оваа нова вселенска трка, односно се единствената земја која управува свое летало по површината на Марс. Заедно, сите овие мисии им покажуваат на научниците дека Марс е една активна планета која е богата со состојки потребни за животот каков што го познаваме – јаглерод, извор на енергија и можеби вода. Сега клучното прашање е: Дали постоел живот на Марс, и дали е сè уште постои? Еднаш на секои 26 месеци, Земјата и Марс се порамнуваат на начин кој го минимизира времето на патување и трошоците, овозможувајќи им на вселенските летала интерпланетарно патување кое трае околу половина година. Вселенските агенции од Земјата настојуваат да ги лансираат своите летала токму во тој лансиран „прозорец“, кој последно се случил во летото 2020. Тогаш три земји испратиле свои летала кон Марс - ОАЕ го лансира Hope на 20-ти јули, кој ќе орбитира околу Марс за да ја истражува неговата

атмосфера и временските услови, Кина на 23 јули го лансираше Tianwen-1, додека САД на 30 јули го направи лансирањето на Perseverance (Истрајност). од МАрс 2020 до ЧовеЧкИ екИпАЖ во 2030 Perseverance е голем ровер со шест тркала, опремен со мноштво софистицирани инструменти. Работи на нуклеарен погон и е проектиран на експлоатациски век од 14 години. Негов таргет за истражување е кратерот Jezero, место на некогашна речна

делта, каде што се спушти на 18 февруари 2021 година, седум месеци по лансирањето. Овој кратер се смета за веројатна локација за појава на прастари форми на живот на оваа планета. Perseverance ќе ја проучува и климата на Марс, но и ќе тестира технологии кои би им помогнале на луѓето некогаш да ја населат Црвената Планета. Ќе собере и примероци од карпи и камења кои ќе се донесат на Земјата. Исто така, оваа мисија има задача да се обиде да синтетизира кислород од атмосферата на Марс. Во основа на сите овие активности лежи идејата за испраќање луѓе на соседниот до нас

ЗошТо ТокМУ МАрс? Марс е еден од најблиските соседи на Земјата. Доволно е блиску до Сонцето, па има пристојна светлина. Има ниски температури, но тие се совладливи. Атмосферата примарно се состои од CO2, но има и метан, азот и аргон. Марс заедно со Земјата, Меркур и Венера се единствените планети кои имаат цврста карпеста површина, односно се терестријални планети. Останатите се составени од гасови. дијаметар 6.791 km должина на денот 24 часа 40 минути гравитација 38 % од онаа на Земјата Oддалеченост од Земјата min. 33,9 милиони km/max. 250 милиони km старост 4,5 милијарди години 26 март 2021

ПОРТА

47


д-р Сара Милковиќ и д-р Тања Босак свет. НАСА ја таргетира 2030 година како разумна временска рамка за испраќање на првата „човечка стапалка“ на Марс, и ја развива вселенската капсула Orion. Приватната компанија SpaceX исто така е вклучена во трката за Марс. Извршниот директор на SpaceX постојано вели дека „човештвото мора да стане мултипланетарен вид доколку сака да опстане“ па неуморно работи на планот од Марс да создаде живеалиште за еден милион луѓе до крајот на овој век. Наскоро, на еден или на друг начин човештвото може конечно да дознае дали нашата соседна планета некогаш имала живот и дали има иднина за нашиот вид некаде на друго место. НАУЧНИцИТе од БАЛкАНоТ во НАсА, со одговорНИ УЛогИ во МАрс 2020 За нас на Балканот, оваа последна мисија има посебно значење од повеќе аспекти. Прво, тоа е називот на кратерот Jezero, име кое НАСА го избрала од подолга листа со 80 имиња и кое значи „езеро“ на повеќе словенски јазици, но се поврзува и со името на истоименото мало место во Босна и Херцеговина. Понатаму, во тимот стручњаци кои стои зад оваа мисија има три жени од нашиве простори - една Србинка и две Хрватки. Д-р Драгана Перковиќ-Мартин, е предводник на стручниот тим на НАСА задолжен за радарските системи на мисијата. После седуммесечниот пат до Марс, следувале 48

ПОРТА

26 март 2021

„пеколни“ седум минути во кои е извршено слетувањето и во кои тимот на д-р ПерковиќМартин, односно радарот кои тие го конструирале имал клучна улога. По слетувањето радарот се распаѓа, бидејќи понатаму тој нема никаква улога. Работите ги презема друг радар одговорен за собирање на научните податоци. Следниот предизвик е да се реализира полетување на „хеликоптерот“ кој се наоѓа под самиот ровер. „Ова ќе биде прв пат некое летало да се обиде да полета од површината на Марс. Сè до оваа мисија не сме ни помислувале дека тоа е возможно“ - вели др Перковиќ-Мартин која е вработена во Лабораторијата за млазен погон (Jet Propulsion Laboratory) на НАСА, која има докторат од престижниот МИТ во областа на електротехниката и електрониката. Откако веднаш по успешното слетување на Марс, медиумите побрзаа да дознаат кој сè стои зад овој успех, откривајќи голем меѓународен тим од 450 научници, меѓу останатите пораки пренесен е и твитерстатусот на д-р Сара Милковиќ, планетарен геолог и систем инженер во истата Лабораторија за млазен погон на НАСА каде што работи и нејзината претходноспомената колешка Перковиќ-Мартин. Нејзина специјалност се научните операции на роботските вселенски летала, на начин што ги поврзува научните и инженерските тимови во собирањето на најдобрите можни податоци. Имено, веднаш по слетувањето на

Perseverance, Милковиќ објавила: Еве нè! Да, ова што го имам на себе е марсовски тартан примерок, во чест на црвената планета!“ Американските медиуми веднаш додале: „Не, д-р Mилковиќ не е Шкотланѓанка! Таа е Американка!“ Се разбира, тоа е навистина така, но неспорно е дека таа има хрватски корени. Повеќепати изјавила дека со гордост го носи презимето на своите татко, дедо, прадедо и прапрадедо. Последниов дошол во САД на почетокот на дваесеттиот век. Таа се школувала на California Institute of Technology, а докторирала на ексклузивниот Brown University, во областа на планетарната геологија. Д-р Тања Босак е дел од проектно-научниот тим кој го сочинуваат експерти кои ги донесуваат одлуките во врска со целите на мисијата „Марс 2020“. Освен што работи во НАСА, таа е и професор на еден од најпрестижните универзитети во светот од областа на природните и техничките науки МИТ. Токму д-р Босак заедно со нејзиниот сопруг и колега Benjamin weiss, ќе се обидат да одгатнат дали пред 3 милијарди години имало живот на Црвената Планета? Нејзината специјалност е изучувањето на строматолитите, кои се фосилни остатоци од делувањето на модрозелените микроби и најстарите физички докази за постоењето живот на Земјата. Датираат од времето на протерозоикот. Сега ќе бара вакви форми на Марс, во кратерот Jezero, кои Американците и покрај настојувањата на д-р Босак да ги поправи, го изговараат „Џезеро“! шТо НÈ оЧекУвА во ИдНИНА? Огромниот интерес на јавноста за истражувањата на Марс, покажуваат дека по подолго време очите на човештвото се подеднакво восхитувачки свртени кон вселената исто како пред половина век кога човекот за прв пат стапна на Месечината. По сè изгледа започна новата вселенска трка, откако крајот на Студената војна веќе го означи нејзиниот крај. Русија имаше поголеми приоритети од истражувањето на вселената, а САД го изгубија главниот ривал во докажувањето. Интересот повторно се буди кога Кина започна да ја развива својата вселенска програма. Првиот кинески астронаут во вселената, во кинеска ракета полета во 2003 година, со што Кина стана третата земја на која ова ѝ успеало. Отприлика во истиот период започнува и формирањето на приватни компании во САД чија цел е истражување на вселената па дури и вселенски туризам. Така се формираат Blue Origin на Џеф Безос, Space X на Илон Мас, како и Virgin Galactic на Ричард Бренсон. Вселената стана „жешка стока“ помеѓу инвеститорите, исто како што беше world wide web во своите рани денови. Space X


забрзано работи на развојот на Starship, целосно нова реупотреблива ракета со супертежок капацитет, која би требало да ги испрати луѓето на Месечината и на Марс. Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, планираше програма за враќање на Месечината (Artemis), како затворен клуб за достојните сојузници, од кои намерно се исклучени Кина и Русија. Но, неговиот потег дополнително го продлабочи јазот на новата вселенска трка, бидејќи соработката е клучна во истражувањето на вселената - секоја од агенциите има нешто различно да понуди, нешто во што е подобра. Засега првак во соработката е Европската вселенска агенција (ESA). Таа не е формално врзана за ЕУ, па затоа е и послободна во политиките од другите агенции и има успешна историја на соработка речиси со сите. Заедно со руската „Роскосмос“ соработува на истражувањето на Марс, а веќе за следниот лансирен „прозорец“ во 2023 година планирано е лансирање на новиот европски ровер Rosalind Franklin, во склоп на заедничката мисија ExoMars. Како и да е, сосема е извесно дека во оваа нова вселенска трка нема да има губитници, а добива целото човештво. Развојот на новите

технологии речиси сигурно ќе доведе до економски раст, но и до развој на нови стопански гранки (рударење на Марс и сл.). Помина повеќе од половина век откако човекот стапна за прв пат на друго небесно тело, а едно време се чинеше дека тој пат засекогаш го напуштаме. Но, политиката, економијата и технологијата повторно се сретнуваат на исто место, во откривање на нов свет. Овој пат, амбицијата и целта се многу повисоки - да се утврди дали таму ќе може и да се остане. n

фИкцИјА преТоЧеНА во реАЛНосТ карл саган, (1934 - 1996 ) астроном, научник и писател на научна фантастика Во очи на залезот на првата ера на човечкото истражување на вселената, познатиот писател на научна фантастика, Карл Саган рекол. „Можеби е малку прерано. Можеби сè уште не е вистинското време. Но сите тие други светови кои ветуваат неизречливи прилики нè повикуваат, Во тишина, тие кружат околу Сонцето и чекаат“. Неколку месеци пред својата смрт, снимил инспиративна порака до идните истражувачи на Марс, во која меѓу другото вели: „Можеби веќе сте на Марс поради извонредната наука со која таму можеме да се занимаваме. Можеби заради номадската природа на човештвото. Но, без оглед која е причината поради .

коЛкУ ЧИНИ ИспрАќАњеТо НА едеН кИЛогрАМ во всеЛеНАТА? Колку и да се ограничувачки сите факти во врска со корисниот товар кој може да се испрати во вселената, сепак се чини дека човештвото сепак имало и среќа. Доколку гравитацијата на Земјата била малку поголема, патот на Месечината би бил невозможен, дури и испраќањето на сателити во орбитата би барало исклучително масивна ракета. Лансирањето на една ракета Saturn V чинело околу 1,2 милијарди УСД, без притоа да се смета цената на развојот на системите. Така испраќањето на еден килограм во вселената би чинело повеќе од 25.000 УСД. Токму на овој план Space X направи револуција. Денес, ракетите „Сојуз“ може да испратат килограм во орбитата за околу 18.000 УСД, американската Delta IV и европската Ariane 5 за околу 10.000 УСД, кинеската Long March 4 за околу 7.500, а Falcon Heavy на Space X за само 1.500 УСД. Space X успеа да ја сруши оваа цена благодарение на својот амбициозен план на развој на реупотребливи ракети (ракети за повеќе лансирања). Концепт кој се чини толку едноставен што е незамисливо како претходно никој друг не се сетил за тоа.

НеМИЛосрдНА форМУЛА константин циолковски, (1857 - 1935) руски физичар и инженер Циолковски, кој се смета за основоположник на ракетната наука, на човештвото му остава т.н. „ракетна равенка“, немилосрдна формула која господари со секој лет во вселената. Во сржта на неговата равенка е вткаен главниот проблем на вселенските летови, односно причината за тоа зошто е напуштањето на Земјата толку тешко: Колку е поголем товарот кој сакаме да го испратиме во орбитата, толку е поголем процентот на леталото кој мора да биде исполнет со гориво. Ова води до изградба на сè поголеми и сè потешки летала. Многу брзо доаѓаме до речиси непремостливи препреки за ракетните инженери. Досега најмоќната ракета во историјата - Saturn V, која ги испрати луѓето на Месечината, имала речиси 3.000 тони, но само 1,6 % од нејзината маса (околу 48 тони) бил корисен товар.

26 март 2021

ПОРТА

49


екологија

Отчукува часот за спас на

сегашниот начин на живеење доведува до катастрофално уништување на природата што ја зголемува нашата ранливост кон пандемии, ги забрзува климатските промени и ја става во ризик нашата егзистенцијата. Затоа е важно да сфатиме дека секој од нас има моќ да направи промена, а нашата акција е мал поттик и повик за акција кон целиот свет Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА илиони луѓе ширум светот виртуелно ќе се обединат во испраќање заедничка порака за спас на планетата Земја, во сабота на 27 март, кога ќе се одржи глобалната еколошка акција „Часот на планетата Земја“. Точно во 20:30 часот, по локално време, во мрак ќе потонат илјадници споменици ширум светот за да предупредат дека климатските промени се случуваат сега и тука. „Часот на планетата Земја“ е предводник на глобалното движење за животна средина на wwF. Започнато во Сиднеј во 2007 година, „Часот на планетата Земја“ стана едно од најголемите движења во светот за животната средина, инспирирајќи ги поединците, заедниците, бизнисите и

М 50

ПОРТА

26 март 2021


гЛоБАЛНА екоЛошкА АкцИјА

планетата Земја владите во повеќе од 180 земји и територии ширум светот да преземат активности за спас на животната средина. Историски гледано, „Часот на планетата Земјата“ во минатото се фокусираше на климатската криза, но од неодамна, се обидува да го донесе и нагласи прашањето за загубата на природата. Целта е да се создаде незапирливо движење за природата, препознавајќи ја улогата на поединците во креирањето решенија за најгорливите предизвици на планетата, како глобален момент на солидарност за планетата. кЛУЧНА МоЖНосТ ЗА сИТе Глобалните истражувања покажуваат дека светот не успеал да ги исполни целите за зачувување на биодиверзитетот во 2020 година. „Часот на планетата Земја“ како еколошка акција е клучна можност за поединците, невладините организации, бизнисите и сите други да ги повикаат светските лидери да го стават фокусот на зачувување на природата, како најважна алка за опстанокот на животот на Земјата. „2021 година е клучна година за човештвото. Додека светот се обидува да закрепне од пустошот на пандемијата со

КОВИД-19 и да се изгради повторно, треба да ја ставиме природата во центарот на нашите напори за обновување за да ја осигураме нашата иднина на оваа планета. „Часот на планетата Земја“ е критичен момент за поединците, лидерите и еколозите да се обединат и да повикаат на итни мерки за да се врати загубата на природата и да се обезбеди природен позитивен свет до 2030 година!“, вели Марко Ламбертини, генерален директор на Светскиот фонд за природа (wwF). МАкедоНИјА дАвА поддршкА веќе 12 годИНИ Во оваа глобална акција, нашата земја се приклучува веќе по 12 пат. Ѓорги Селков од локалната канцеларија на акцијата во Македонија, од својата 16 година ја организира оваа акција кај нас. „Пораснав со оваа акција и е навистина дел од мојата младост и голем фактор во градењето на мојата личност. Уште од средношколските денови имав новинарска пасија, па така редовно пишував и известував за оваа акција, затоа што бев фасциниран од моментот дека светот се обединува во едночасовен еколошки мрак, па така

промовирајќи ја акцијата бев контактиран од тимот на Светскиот фонд за природа, кој две години подоцна ми понуди и официјално да бидам претставник на оваа глобална организација во Македонија и да ја пренесувам пораката со нашите сограѓани“, објаснува Селков. Минатата година полицискиот час, како една од превентивните мерки против ширењето на коронавирусот почна на истиот ден кога се одржуваше акцијата, и сега еве една година подоцна, ние сè уште сме во ситуација ваквите настани да ги одбележуваме виртуелно, додава Селков. Но, тоа им било предизвик, па годинава одат чекор понапред од лани и ќе организираат дигитална конференција за климатски промени насловена #EarthHourMK: Дали природата го возвраќа ударот? за која имаат богата програма. „На конференцијата своја презентација за климатските промени ќе има Павлина Здравева, координатор за климатски промени во УНДП Македонија, а следуваат и три дебати со претставници на локалната и на извршната власт, млади екоактивисти и претставници на бизниссекторот, кои накратко ќе ја презентираат својата климатска акција и ќе пратат порака

ПОРТА


претседателот на Република Северна Македонија - Вила „Водно“, Владата, скопскиот градски плоштад и сите оние атрактивни објекти на кејот на реката Вардар, скопската тврдина „Кале“, Порта „Македонија“, улица „Македонија“, парковите во скопските општини Аеродром и Карпош, како и атрактивните Самоилови тврдини и црквите „Канео“, „Света Софија“ и „Плаошник“ во Охрид.

за актуализирање на проблемите со кои човештвото се соочува“, нагласува Селков. Тој додава дека освен оваа конференција, ќе го има и тоа традиционално исклучување на осветлувањето на зградите во период од еден час, но секако, ова зависи во однос на тековната ситуација, ако рестриктивните мерки се зголемат, овој момент ќе биде откажан. Свое учество потврдиле

ПОРТА

поддршкАТА е гоЛеМА, Но свесНосТА кАј грАЃАНИТе Не За тоа колку Македонија придонесува кон спас на планетата Земја, Селков вели дека како што годините минуваат, навистина прашањето за климатските промени, за загубата на природата и животната средина станува сè поактуелно како кај граѓаните, така и кај владиниот, невладиниот сектор и бизнисите. Само почитувањето на правилата кои ги диктира природата е услов да го вратиме изгубениот баланс на Земјата. „Нашиот сегашен начин на живеење доведува до катастрофално уништување на природата што ја зголемува нашата

ранливост кон пандемии, ги забрзува климатските промени и ја става во ризик нашата егзистенцијата. Затоа е важно да сфатиме дека секој од нас има моќ да направи промена, а нашата акција е мал поттик и повик за акција кон целиот свет“, вели Селков. Тој додава дека поддршката на акцијата е голема, но свесноста кај граѓаните не. Треба да сфатиме дека ова не треба да биде еден час во годината кој ќе го посветиме на нашиот единствен дом, туку секојдневно да создадеме навики, дури и најмали, кои на глобално ниво многу би помогнале за враќање на хармонијата во природата. Со докази кои упатуваат на тесна поврзаност меѓу уништувањето на природата и светските пандемии како таа со КОВИД-19, „Часот на планетата Земја“ и Светскиот фонд за природа (wwF) оваа година ќе го искористат светскиот едночасовен мрак да алармираат дека зачувувањето на природата и биодиверзитетот, намалувањето на ефектот од климатските промени и одржливото живеење се пресудни за нашата иднина на оваа планета, додава Селков. поддршкА од опшТесТвеНо одговорНИТе коМпАНИИ Тој нагласува дека во акцијата, активно, години наназад, им се приклучуваат Црвениот крст и Сојузот на извидници на Македонија, училиштата, локалните самоуправи. „Тоа се навистина илјадници луѓе од сите генерации кои имаат една заедничка порака - да заблеска светлината на климатските промени. За време на акцијата добиваме илјадници пораки и фотографии од граѓаните како ја одбележуваат акцијата во своите домови, со исклучени светилки, и навистина е за голем поздрав и за нас голем предизвик и мотив да продолжиме да ја актуализираме акцијата „Часот на планетата Земја“ во Македонија“, вели Селков. Тој додава дека за невладините организации поддршката од бизнис-секторот е навистина важна. „Нашата организација има навистина моќни сојузници во борбата против климатските промени, па како глобално, така и локално имаме голема поддршка од бизниссекторот. Има компании кои години наназад се покажуваат како општествено одговорни кои ја препознаваат пораката во нашето движење. Нема да ги заборавиме и нашите пријатели од УНДП Македонија кои се секогаш подготвени да помогнат, особено кога станува збор за екологијата и за животната средина“, нагласува тој. Она што е дополнителен поттик за Селков и останатите организатори за да се организира акцијата секако се моментите


кои остануваат запаметени. „Моменти за паметење има многу, а нешто што мене најмногу ме исполнува по секоја акција е кога светот ќе види дека мала земја како Македонија е еден од најголемите поддржувачи на оваа акција. Па така, низ годините имало ситуации на тие глобални видеа кои завршуваат по светските медиуми да видите снимки од исклучуваања на осветлувањето на големи споменици и згради од светските метрополи, и потоа инсерти како нашите најмлади поддржувачи од мали места во Македонија како Крива Паланка или Гевгелија ги исклучуваат светилките“, вели Селков.

помагајќи во кревање на свеста за проблемите со кои се соочува нашата планета. Изминатите години, движењето помогна во создавање на 3,5 милиони хектари заштитена морска област во Аргентина, шума од 2.700 хектари во Уганда и помогна да се донесе нова законска регулатива за заштита на морињата и

шумите во Русија. Минатата година, wwFЕквадор се заложи за закон за забрана за употреба на пластични кеси, други пластични еднократни производи и производи од стиропор во главниот град, додека пак wwF-Индонезија иницираше засадување на 20 илјади садници од мангрови во 13 градови. n

гЛоБАЛНо УЧесТво во крИТИЧНИ ИНИцИјАТИвИ Инаку, во минатата деценија, „Часот на планетата Земја“ инспирираше глобално учество во критични иницијативи за природата, климата и животната средина,

ПОРТА


хортикултура

CranBOurne gardens

Австралиската градина изразува почит и стравопочит кон пејзажот

оваа градина го користи австралискиот пејзаж како своја инспирација за да создаде низа моќни уметнички и скулпторски пејзажни искуства, кои ја препознаваат неговата разновидност, ширина, обем и прекрасни природни контрасти 54

ПОРТА

26 март 2021


ПОРТА 3 о Австралија во каменолом за песок направена е ботаничка градина, која им овозможува на посетителите да следат метафорично патување и по вода низ австралискиот пејзаж, од пустината до брегот. Cranbourne Gardens е оддел на Royal Botanic Gardens Victoria која се наоѓа во срцето на Мелбурн, додека Cranbourne Gardens е 30 километри јужно од Мелбурн кај Кралските ботанички градини, во Кранборн. Тоа е градина која ја прикажува флората на Австралија на креативен, интерактивен и едукативен начин. Градината е специјализирана за австралиски автохтони растенија. Во површина на овој оддел вклучени се пустина, мочуришта и шуми. Градините исто така обезбедуваат живеалиште за автохтони птици, цицачи и влекачи, вклучително и некои ретки и загрозени видови. Оваа градина го користи австралискиот пејзаж како своја инспирација за да создаде низа моќни уметнички и скулпторски пејзажни искуства, кои ја препознаваат неговата разновидност, ширина, обем и прекрасни природни контрасти. Преку креативни пејзажни композиции, градината има за цел да ги охрабри и едуцира посетителите за разновидноста на австралиската флора. Cranbourne Gardens ги ангажира посетителите со изразување на односот љубов и омраза, кои Австралијците ги имаат кон својот пејзаж. Луѓето го прифаќаат или го избегнуваат, го сакаат поради неговата возвишена убавина или се гнасат од него како причина за многу тешкотии. Пејзажните архитекти Paul Thompson и Taylor Cullity Lethlean, проектанти на градината велат дека „овие тензии се креативна генеза на дизајнот, кој ја изразува нашата почит и чувство на стравопочит кон природниот пејзаж и нашиот вроден импулс да го смениме, да го претвориме во убава форма измислена од човек“. Преку уметноста на пејзажната архитектура, овој интегриран пејзаж, комбинирајќи ги хортикултурата, архитектурата, екологијата и уметноста, создава најголема ботаничка градина посветена на австралиската флора. Изградбата на оваа ботаничка градина во 2012 година, доаѓа во време кога во светот, поимот ботаничка градина се испитува преку постојните истражувачки и рекреативни парадигми и повторно се пренасочува кон пораките за зачувување на пределот и обновување на интересот за значаен ангажман на посетителите. На источната страна од градината има изложба на зеленило, приказ на пејзаж, низ дрвореди кои ја илустрираат тенденција да се гради пејзаж на поформални начини, додека на

В

26 март 2021

ПОРТА

55


западната страна, посетителите се во втор план во споредба со градините кои се инспирирани од природни циклуси, а тоа се тродимензионални предели и неправилни флористички форми.

ПОРТА

Австралиската градина во рамките на својот прекрасен пејзаж е дом на изложбени градини каде што може да се истражува убавината и разновидноста на австралиските растенија и врските што се развиваат помеѓу луѓето,

растенијата и пејзажите. Австралиската градина е исто така место каде што може да откриете инспирација и информации за тоа како да користите австралиски растенија во вашата домашна градина. n


ПОРТА


уметност

Првиот градски фотограф во Врање првиот градски фотограф во врање, Алекса печател посебен напис на реверсната страна на своите фотографии дека е родум од галичник Косто ГРАОРКОСКИ, дипл. инж. арх. о македонската културна историографија, сè уште постојат големи празнини за дејствувањето и за творештвото на голем број културни дејци. Таков пример е и делото на Александар – Алекса од прочуениот галички род Ѓиноски. Роден е во Галичник, во 1851 година, во уметничката и преродбенска фамилија Ѓиноски, од татко Крсте Ѓиноски и од мајка Катерина Пејчиноска од Лазарополе. Алекса е најмладата рожба на посветените родители, која растејќи учела од своите постари браќа Панајот, Теофил и Василко. Во фамилија во која се негувале писменоста, убавината на резбата и зографството, Алекса мошне рано добил основно образование и пројавил посебен интерес за уметничко изразување. За разлика од своите браќа, кои се определиле за црковното сликарство и за пишаниот збор, Алекса повеќе афинитет покажал за резбата и за изучување на фотографските вештини од татко му Крсте.

В

НАпУшТАње НА родНИоТ крАј Плашејќи се од крвна одмазда поради убиството на еден качак – арамија, кој сакал да ја ограби нивната фамилијата, браќата го напуштиле родниот крај и пребегале во Врање. И во туѓина, браќата Ѓиноски стекнале голем углед како чесни и инвентивни уметници, работејќи по околните цркви и манастири околу Врање во градовите и во селата. Алекса, бидејќи го имал добро запознато

ПОРТА


АЛексАНдАр – АЛексА ЃИНоскИ

фотоапаратот на својот татко Крсте и владеел со фотографската вештина, во Врање отворил сопствено фотографско ателје, прво во градот и во пошироката околина на Јужна Србија. Ателјето се наоѓало на денешната улица „В. Антиќ“, а пред тоа улица „Кнез Михаилова“. Ателјето станало сврталиште на многу познати јавни личности од тоа време. Првиот градски фотограф на Врање Алекса печател посебен напис на реверсната страна на своите фотографии дека е родум од Галичник. Во името на фирмата истакнувал дека е фотограф во Македонија и Стара Србија, а исто така името на фирмата било напишано со кирилични и латинични букви. Меѓу првите во Србија на картонот од фотографиите ја печател годината на изработката. фоТогрАфИИ – првИ рАЗгЛедНИцИ Направил многу семејни фотографии на граѓаните од Врање, на војската во Врање, фотографии од Југот на Србија како на пример Предејане, Џеп и други места. Некои од фотографиите биле и првите разгледници. Посебно се интересни фотографиите од

родниот Галичник, од Мијачијата, од скоро цела етничка Македонија (Скопје, Охрид, Битола, Солун, Калишта, Серез) и од Србија, оставајќи богато фотографско наследство кое сè уште не е целосно пронајдено и проучено, освен некои објавени фотографии. Хроничарот и професор по француски јазик, Ристо Лоноски-Огненоски од Галичник, во својот труд за Галичник ќе запише: „Алекса е прв фотограф нашинец кој го има фотографирано манастирот Свети Јован Бигорски. Се чини дека никогаш не е доцна да се валоризираат историските фотографии и другите уметнички заслуги на овој несекојдневен македонски уметник“. Во 1890 година Алекса заедно со своите браќа трајно се населува во Подгорица, каде што подоцна му се придружува и сопругата Сава со децата. Во Подгорица со брат му Василко се занимаваат со многу други креативни работи, како на пример, со режирање театарски претстави, а исто така покажуваат и мајсторство за театарски декор, со што се вградуваат во историјата на театарот во Подгорица.

ТрАгИ И НА поЛеТо НА копАНИЧАрсТвоТо Алекса (со своите попознати браќа Василко и Теофил, кои работат црковно сликарство, зографисале, иконописале 130 цркви), оставил големи траги на полето на копаничарството во споредба со другите мијачки зографи. Алексa во своите дела ни презентира убави хармонични решенија преку резбите на црковните иконостаси кои се во импозантен број. Во сите овие решенија се среќаваат стилизирани, флорни елементи, односно префинета стилизација на растителни декорации (лисја од акантус, од лоза и сл.), потоа профилирани конзоли, столпчиња и слично. Резбите ги работел како распната мрежа од пајак, потпирајќи се на мијачката традиција. Кога се гледаат неговите олтари, се добива впечаток дека се лесни, односно без тежина. Тој имал дарба да го почувствува дрвото во секоја смисла, ги познавал и неговите карактеристики, а работејќи со него ја истакнувал неговата природа и неговата чувствителност. Во повеќе цркви, Алексовите олтарни прегради се изведени како ажурни тантели, сосема позлатени делувајќи раскошно. Затоа,

ПОРТА


неслучајно големиот истражувач на делата на браќата Ѓиноски, д-р Анѓа Капиџиќ во својот труд „Браќа Ѓиноски во Црна Гора“ ќе напише: „Иконостасите изработени во ателјето на браќата Ѓиноски од 'најдобра борина' им припаѓаат на високите барокни иконостаси кои кај нас се појавуваат дури во 19 век“. Резбарот и фотографот или поточно сестраниот уметник Александар – Алекса Ѓиноски, умира многу млад во 1894 на 43

ПОРТА

години оставајќи ги своите фотографии и резби да сведочат за неговиот голем талент и да бидат присетување за неговите потомци од

родниот Галичник и Македонија, да го афирмираат и да го сочуваат од незаборав својот Алекса. n


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.