Списание за архитектура, градежништво и екологија

Page 1

ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

304 MAJ 2021

Лет во место или нова надеж за Скопје Неконтролираното „враќање дома“ на кинеската ракета Продолжуваме со ревизија на плановите до постигнување на целта



ПОРТА


СОДРЖИНА

16

ИНФО 6 ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧЕ ЛИ ЗАКОНОТ ЗА ЛЕГАЛИЗИРАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ? „СЕГА“ – МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА 17ТОТО БИЕНАЛЕ НА АРХИТЕКТУРА ВО ВЕНЕЦИЈА

РЕГИОНИ 10 ГРАДЕЖНИШТВО 12 ЛЕТ ВО МЕСТО ИЛИ НОВА НАДЕЖ ЗА СКОПЈЕ

12 30

ИНТЕРВЈУ 16 ПРОДОЛЖУВАМЕ СО РЕВИЗИЈА НА ПЛАНОВИТЕ ДО ПОСТИГНУВАЊЕ НА ЦЕЛТА

УРБАНИЗАМ 20 ДА СЕ ИМА ИЛИ ДА СЕ БИДЕ! ПРАШАЊЕ Е СЕГА!

УРБАНИЗАМ 24 СКОПЈЕ ГРАДОТ НА ВАРДАР

АРХИТЕКТУРА 30 ПО КОЛКУ ГОДИНИ АРХИТЕКТОТ Е АРХИТЕКТ, А ИНЖЕНЕРОТ ИНЖЕНЕР!?

АРХИТЕКТУРА 34

34

52

ВАШИНГТОН - ТИПИЧЕН СПОЈ НА КЛАСИЦИЗАМ И МОДЕРНИЗАМ

ЕНТЕРИЕР 40 ТРАНСПАРЕНТЕН И СВЕЖ ЕНТЕРИЕР

ТЕХНОЛОГИЈА 48 НЕКОНТРОЛИРАНОТО „ВРАЌАЊЕ ДОМА“ НА КИНЕСКАТА РАКЕТА

ЕКОЛОГИЈА 52 КЛИМАТСКА КРИЗА – НА ДЕЦАТА ИМ СЕ ЗАКАНУВААТ ВОЈНИ ЗА ХРАНА И ВОДА

ХОРТИКУЛТУРА 56 КАКО ДА СЕ ИЗБЕРЕ СОВРШЕН МЕБЕЛ ЗА ГРАДИНА

УМЕТНОСТ 60 СО ОВИЕ ОДЛОМКИ ГИ ПОТПРЕВ УРНАТИНИТЕ СВОИ

ПОРТА

25 јули 2014

60


ГОДИНА XVII

БРОЈ 304 ПЕТОК 28.5.2021 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Овој мајски број на „Порта 3“ е повторно со интересни четива, како од домашната градежна, архитектонска, еколошка област, така и од нашите дописници од Лондон и Вашингтон. Содржините ги почнуваме со информациите за (не)донесувањето на Законот за легализација на бесправно изградени објекти. Во Венеција се отвори 17-тото Биенале на архитектурата, а таму беше отворена и изложбата на Бирото за иновативна архитектура (БИНА) кое ја претставува Република Северна Македонија со проектот „Сега“. Град Скопје во северниот дел доби уште еден булевар, „Босна и Херцеговина“ кој е еден најсовремен по сите светски и европски стандарди. Преку механизмите на „МојГрад“, граѓаните за првпат добиваат можност да ги диктираат урбаните политики на локално ниво. Активностите на дел од локалните самоуправи се повторно застапени. Делчево ќе добие пречистителна станица за вода, а до манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ ќе може да се оди по реконструирана пешачка патека. Во рубриката градежништво ќе може да се прочита повторно за активностите во оваа област која е лет во место или нова надеж, но овој пат за градот Скопје. Темата што неколку месеци ја бранува јавноста, урбанизмот во Општина Центар, беше причина за да направиме интервју со градоначалникот во кое тој дава објаснување за локацијата кај „Холидеј Ин“, за Мораториумот на ДУП-вите, за локацијата кај Треска. Поранешен член на Комисијата за урбанизам на Општина Центар дава објаснување за тоа како треба да се планира и уредува градскиот простор во служба на граѓаните. Градовите се најчесто препознатливи по својот изглед, стил и карактер, историјат, но и по мирисот кој доаѓа од водата или од реката, ако ја има. Во рубриката урбанизам, нашиот редовен соработник, пишува за Скопје, градот на Вардар на кој му треба обнова на зелените појаси вдолж реката секаде каде што тоа е возможно бидејќи

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

тие ни се потребни повеќе од кога било. Во рубриката архитектура нашиот соработник од Лондон пишува за најголемата новина во Законот за градење - државен стручен испит и за тоа по колку години архитектот е архитект, а инженерот инженер!? Нашиот дописник пишува за Вашингтон кој е типичен спој на класицизам и модернизам и е дестинација за љубителите на дизајнот и архитектурата во овој број на „Порта 3“. Три фактори радикално влијаеле на стилот на архитектурата на Вашингтон: ограничувања на висината на градбите, класицизам и конзервативизам, и модернизмoт во средината на 20 век. Во рубриката ентериер може да се погледне уредувањето на кат од куќа, кој е транспарентен и свеж, а воедно и функционален. Друга актуелна тема е опфатена и во рубриката технологија. Изминатиов месец глобалната јавност беше вознемирана од сознанието дека остатоци од кинеска ракета се враќаат кон нашата атмосфера без контрола и дека соодветно на тоа не може да се процени местото каде остатоците од ракетата ќе се срушат. Long March 5B тешка 23 тони се сруши во океанот северно од Малдивите. Климатските промени се тема на која треба посебно да се посвети внимание. Потпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс за „Гардијан“ вели дека поради климатската криза на децата им се закануваат војни за храна и вода. Уредувањето на дворовите не подразбира само средување на тревниците и растенијата. За комплетен изглед на градината важен е и изборот на совршен мебел, а експертите велат дека за сето тоа доволно е да се следат четири клучни правила. Содржински овој број го затвораме со темата од уметноста. Елена Чемерска е добитничка на нагрaдата „Денес“ за млади визуелни уметници до 35 години, а во овој број на „Порта 3“ авторот го претставува своето дело за кое ја има добиено наградата. ОД РЕДАКЦИЈАТА 304 MAJ 2021

Лет во место или нова надеж за Скопје Неконтролираното „враќање дома“ на кинеската ракета

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Продолжуваме со ревизија на плановите до постигнување на целта

ФОТО ДУП И02 ОПШТИНА ЦЕНТАР, СКОПЈЕ

Насловна страница СПОРЕДБЕНА АНАЛИЗА – ПОСТОЈНА И ПЛАНИРАНА СОСТОЈБА

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.5.2021 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

„Сега” –македонскиот претставник на 17-то Биенале на архитектура во Венеција а 20 мај 2021 година официјално е отворена изложбата на Бирото за иновативна архитектура (БИНА) кое ја претставува Република Северна Македонија на 17. Биенале на архитектура во Венеција, Италија. Проектот на БИНА, со Комисионер Дита Старова Ќерими, директорка на Националната Галерија на РСМ е под кураторство на архитектот Бекир Адеми со тимот во состав: Ана Рафаиловска, Ивана Чалоска, Јордан Шишовски, Енис, Абовски, Енес Север, Амине Адеми, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Нита Чаволи, Аида Салиху, Дрен Невзати, Елмедина Хасани. Конструкција, материјализација и дизајн: Бекир Адеми / БИНА, логистика: Енис Абовски, Амине Адеми, Атанас Наумовски, аудио инсталација: Владимир Лукаш, Ѓорѓи. Сместен во атриумот на Палацо Зорзи, маркантна ренесансна палата во квартот Кастело во која се наоѓа седиштето на регионалната канцеларија за Европа на УНЕСКО. Тематската определба на овогодинешното венецијанско Биеналето е прашање поставено од страна на Хашим Саркис, еден од водечките умови во архитектурата и филозофијата во светот денес. Авторите на проектите одговараат на прашањето „Како ќе живееме заеднo?”. Проектот „Сега” ја зема предвид состојбата на итност за промени во општеството и ни открива два аспекта на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината. Концептот се материјализира во дрвена композиција составена од дрвени елементи меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура, архетипизирана рамка, асоцијација на куќа, дом и засолниште.

Н

ПОРТА


Нов булевар во Скопје – „Босна и Херцеговина“ о северниот дел на Скопје се пушти во употреба новозавршената делница на булеварот „Босна и Херцеговина“. Станува збор за целосно нов булевар со вкупна должина од околу 1.700 метри, ширина од 40 метри, со шест коловозни ленти, пешачки и велосипедски патеки, средишно и странично зеленило од двете страни и ново улично осветлување, од булевар „Словенија“ до булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“. Новиот булевар „Босна и Херцеговина“ заедно со булеварот „Словенија“ ќе ги поврзува Карпош, Бутел, Шуто Оризари и Чаир, а заедно со новиот булевар „Христијан ТодоровскиКарпош“ за жителите на овој дел од градот ќе претставува побрз излез до скопската обиколница. Развојот на сообраќајната инфраструктура во северниот дел од градот во голема мера освен што ќе ја унапреди мобилноста на населението во овој дел од градот, ќе значи и создавање услови за подобрување на работата на локалните бизниси кои функционираат на овој потег. „За реализацијата на овој капитален проект од Буџетот на Град Скопје се потрошени околу 100 милиони денари со пресметан ДДВ. Вложувањето на овие средства создаде услови за сериозен развој на инфраструктурата, но и сериозен развој на градот во северниот дел и е дел од концептот за кој јас зборував со

В

граѓаните во текот на 2017 година, секундарниот северен прстен“, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Тој додаде дека некогашната улица „Босна и Херцеговина“ била изградена пред 40-тина години и оттогаш асфалтот не бил променет, а улицата била широка само седум метри. „Сега имаме еден најсовремен булевар, по сите светски и европски стандарди, широк 40 метри, со пешачки и велосипедски патеки по целата негова должина, коловозот е веќе

спремен, пешачките и велосипедските патеки исто така, ни преостанува во следниот период да го уредиме и средишното булеварско зеленило. На овој булевар поставивме и ново лед осветлување. Новиот булевар за овој дел од градот ќе биде значителен инпут за неговиот развој, особено ако се има предвид дека се спојува со булеварот „Никола Карев“ кој е во завршна фаза, како и со клучката кај Момин Поток којашто треба да почнеме да ја градиме во текот на јули“, додава Шилегов. n

„МојГрад“ платформа за демократија и партиципативно одлучување латформата „МојГрад“ која е првa и единственa грасрутс алатка во Македонија за непосредна демократија и партиципативно одлучување почна да функционира. Преку механизмите на „МојГрад“, граѓаните за првпат добиваат можност да ги диктираат урбаните политики на локално ниво, и со тоа да го предизвикаат постоечкиот институционален систем во кој последниот збор го имаат партиските интереси. Овој проект за радикална демократска иновација почнува од Скопје, чија еколошка и урбана реалност претставува секојдневен кошмар за неговите жители. На веб-страницата mojgrad.mk, дизајнирана од авторот на МојВоздух и екоактивист Горјан Јовановски, скопјани ќе може да ги поднесуваат своите предлози за подобрување на животот во градот, меѓусебно да дебатираат за нив и да гласаат за тоа

П

кој да оди на разгледување во Советот на Град Скопје. Меѓу првите предлози се тие за претворање на напуштениот објект Купрум во Хром во студентски град, изградба на парк на местото на Треска и чистење на градот од хаварисани возила. Предлозите со најмногу гласови во својата оригинална форма до Советот отсега на секоја седница ќе бидат доставувани од страна на советничката и активистка за заштита на животни и животна средина, Драгана Велковска. Преку овој процес се гарантира константен канал за интеракција меѓу граѓаните и градот. Како членови на граѓанската коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, чија дигитална екстензија е токму платформата „МојГрад“, Драгана Велковска и Горјан Јовановски имаат за цел да промовираат нов начин на политичко дејствување, доведувајќи ги во прашање постоечките принципи на претставничка демократија и отфрлувајќи го партизмот како единствена форма на водење политика. Според двајцата претставници на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД, недостигот од демократски легитимитет и влијанието на крупните интереси е причина за сите блокади во остварувањето на јавниот интерес. „МојГрад“ има за цел да го адресира коренот на проблемот, прераснувајќи во вистинска виртуелна политичка заедница. Лансирањето на „МојГрад“ е почетокот на системска трансформација, која треба да стави крај на бирократијата и корупцијата, и на долг рок да овозможи целосно отворање на институциите за граѓаните. n 28 мај 2021

ПОРТА

7


инфо

Ќе се повлече ли Законот за легализирање на дивоградбите?

акедонското Собрание по скратена постапка го усвои Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти. Како ретко кој закон, овој беше поддржан и од власта и од опозицијата со 72 гласа „за“, три „воздржан“ и пет „против“. Со законот се отвора пат - гаражи, остави и базени кои сопствениците ги граделе без дозвола, како и дивоградби во национални паркови, природни резервати, споменици на природата и подрачје на заштитено недвижно културно наследство, да може да се легализираат. Легализација ќе биде дозволена и во прва и втора санитарно-

М 8

ПОРТА

28 мај 2021

заштитна зона на извори на вода за пиење, по добиена согласност од надлежниот орган. Со законот се предвидува легализација на дивоградби изградени до денот на стапување во сила на овој закон, односно осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“ и нема рок на важење – ќе важи до правосилно завршување на постапките кои се започнати. Исклучок се дивоградбите во границите на Охридскиот Регион во кој се наоѓа природното и културното наследство, како и дивоизградени станбени згради и дивоизградени доградби и надградби на станбени згради. Сопствениците на дивоизградените објекти за легализација ќе треба да платат поскапи

комуналии од она што би го платиле доколку имале дозвола за градба. Од плаќање комуналии со овој закон се изземени корисници на парична помош од социјална заштита, државните органи и локалната самоуправа, како и верските организации. Законот предизвика жестоки реакции во јавноста, а претседателот Стево Пендаровски одби да го потпише образложувајќи: „Мојата одлука да не го потпишам указот за прогласување на законот ја донесов врз основа на детална анализа на текстот, при што утврдив дека тој е во спротивност со некои од темелните вредности на Уставот, како и со уставни одредби кои произлегуваат или се во врска


со темелните вредности на Уставот. Исто така, сметам дека текстот на законот нема општествена оправданост, односно не е во насока на заштита и промоција на јавниот интерес, што е основна задача на секоја институција на јавната власт“. Реагираше и Асоцијацијата на архитекти на Македонија, која е против Законот за легализација на дивоградби. Во своето објаќање ААМ вели: „Законот е во колизија со важечките закони за урбанистичко планирање и Законот за градење бидејќи истиот ја негира нивната суштина која се однесува на процедурите востановени за стратегиско планирање и организирање на изградената средина и управување и заштита на природните ресурси. Дополнително, со ваквите законски решенија се поништуваат сите стручни процедури од план до градба, нешто кое треба да ги гарантира правниот, но и безбедниот статус на секоја градба, при што никако не смее да се елиминира аспектот на зачувување ниту на приватниот, ниту на јавниот интерес“ и додаваат „бесправното градење треба да биде казниво“! Според надлежните, во Македонија има околу 50.000 дивоградби, чиј статус мора да се регулира, а Антикорупциската комисија најави дека ќе го оспори законот пред Уставен суд. „Законот за легализирање на дивоградбите не е идеален, а до конечно решение ќе се дојде по стручна дебата“, вели министерот за транспорт и врски Бочварски по реакциите во јавноста и по одлуката на претседателот да не го потпише указот за законот.

Законот за легализација на дивоградби повторно ќе биде ставен пред пратениците, но ќе претрпи измени односно нема да се дозволи легализација на објекти во заштитени подрачја. На владината седница е одлучено Владата да поттикне јавна расправа со засегнатите страни. Претседателот Стево Пендаровски, во врска со повторно ставање пред пратениците на Законот за легализација, изјави дека ако пратениците повторно го изгласаат, нема избор освен да го потпише. Неговите уставни надлежности, на кои се повикува, се пропишани во членот 75 од Уставот кој вели дека во случај Собранието

повторно да го усвои законот со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, тогаш претседателот е должен да го потпише указот. „Немам намера да не го почитувам Уставот, да изигрувам некаков претседател кој има т.н. џебно вето, да не се произнесувам. Ако тој закон биде изгласан со потребното мнозинство по втор пат, се разбира истиот ден ќе го потпишам иако имам серија забелешки. Според она што го кажа премиерот, ќе бидат земени предвид, ќе се разговара за нив, меѓутоа тука завршува мојата уставна надлежност. Ако решат буквално истиот текст да го усвојат со потребното мнозинство, 61, немам избор“, изјави Пендаровски. n

ПОРТА


региони

Ќе се реконструира пешачката патека кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ отпишан е договор за изведување на градежните работи за реконструкција на пешачка патека од Спортскиот комплекс кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, место викано Бабин Дол.

П

Изведувач на градежните работи ќе биде компанијата, „Цвет компани“ ДООЕЛ. Реконструкцијата на пешачката патека е активност во рамките на прекуграничниот проект „Одржливо користење на културното

наследство во Дупница и Крива Паланка“, а проектот е аплициран и средствата за реализација се обезбедени од Програмата за прекугранична соработка на ЕУ помеѓу Бугарија и Република Северна Македонија. Станува збор за инвестициски проект чијашто цел е зголемување на туристичкиот потенцијал на регионот преку иницијативи за соработка за подобро зачувување и одржливо искористување на природното и културното наследство. Патеката ја опфаќа трасата од Спортскиот комплекс кон манастирот „Св. Јоаким Осоговски“, место викано Бабин Дол во должина од 885,33 метри со поставување осветлување и уредување на коритото на истоимениот дол. Во делот на неинвестициски активности кои ќе се одвиваат во Општина Крива Паланка, проектот предвидува организирање фестивал за промоција на локалната традиција со реконструкција на средновековна битка. Вкупниот буџет за реконструкција на патеката изнесува 185.485,68 евра, а рокот за реализација е шест месеци.

Со „Амфибија“ ќе се чисти Дојранското Езеро огласно Планот за управување и Годишната програма за заштита на природата на Дојранското Езеро, локалните власти набавија сувоземнопловен багер – „Амфибија“ за собирање пластичен и зелен отпад (бујна вегетација) во Зоната на одржливо користење на Дојранското Езеро. Набавката на возилото финансиски е овозможена од Европската Унија во рамки на Проектот „Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро“. Општина Дојран работи и ќе продолжи да работи во насока на подобрување на квалитетот на водите на Дојранското Езеро, овозможувајќи им на граѓаните да го остварат своето загарантирано право на здрава животна средина. Покрај ова, во Општина Дојран се работи и на уредување на најстарата плажа „Калдрма“ на која ѝ се враќа стариот и препознатлив сјај. Средствата за уредувањето на плажата се обезбедени од Буџетот на Општина Дојран.

С

10

ПОРТА

28 мај 2021

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;


Ќе се гради пречистителна станица за вода во Делчево вајцарската фирма „FELA Planungs AG“ ќе ја гради пречистителната станица за вода за пиење кај селото Тработивиште со што почнува реализацијата на инфраструктурниот дел од проектот „Водоснабдување на Делчево“ и се решава проблемот со квалитетот на водата за пиење во Делчево. Договорот го потпишаа директорот и сопственик на швајцарската фирма, Ханс Улман и директорот на ЈКП „Брегалница“, Стојче Стојковски. Вкупната вредност на Договорот е околу четири милиони швајцарски франци, а работите на терен ќе почнат наскоро. Договорот ја содржи техничката компонента за изградба на нова филтер-станица во рамките на кој влегуваат и изградбата на фотоволтаична централа и оперативна зграда со лабораторија на локација на денешната пречистителна станица. Станицата ќе биде со две линии и капацитет од 60 литри во секунда, додека фотоволтаичната централа ќе биде со номинален капацитет од 250 кw пик со кој се предвидува делумно покривање на потребите за електрична енергија за бунарите и станицата. Исто така, се предвидува рехабилитација на главната доводна цевка од браната Лошана до станицата во село Тработивиште, рехабилитација на главната водоводна цевка од селото до Делчево и рехабилитација на бунарите во Делчево и Тработивиште, како и рехабилитација на резервоарот за вода во близина на селото Ѕвегор. Во рамките на големиот проект „Водоснабдување на Делчево, следува и распишување тендер за изградба и поврзување дистрибутивна водоводна мрежа на селата Габрово и Ѕвегор од страна на Владата. Инаку, проектот „Водоснабдување на Делчево“ се реализира со донација од Швајцарската Конфедерација во висина од шест милиони швајцарски франци, приближно 1,3 милиони швајцарски франци се домашна контрибуција на Владата преку Министерството за животна средина и просторно планирање и Општина Делчево.

Ш

28 мај 2021

ПОРТА

11


градежништво

МАКЕДОНСКО ГРАДЕЖНИШТВО (2)

ЛЕТ ВО МЕСТО ИЛИ НОВА НАДЕЖ ЗА СКОПЈЕ

о минатиот број темата беше за капиталните инфраструктурни проекти во државата. Овој пат ќе се задржам на градежните проекти во Скопскиот Регион, како најдинамичен и економски најинтересен за секој инвеститор, домашен или странски. Што се гради и што ќе се гради во идниот период. И секако колку сме ние како градежна фела способни да ги реализираме квалитетно и навреме големите проекти кои следуваат во главниот град. Но пред тоа еден мал увод, што се случуваше со Скопје во минатите децении.

В

l Скопје - приказна за себе. За сите овие години не успеавме да најдеме решение, за според мене, еден од најголемите проблеми за севкупен развој на државата - прекумерниот и неконтролиран во секој поглед, раст на 12

ПОРТА

28 мај 2021


главниот град во станбени единици и градби, а за сметка на забрзаното исчезнување на провинцијата. Урбанизмот во Скопје е одамна мртов, а особено со затворањето на Градскиот завод за урбанизам, кој во свое време ја имаше главната проектанска, независна и регулаторна дејност. Дозволивме тоа да го преземат приватните фирми и фирмички, кои во содруштво со политичките - партиски елити и сомнителни бизнис-интереси, го нападнаа секој слободен и зелен простор особено во централниот дел/ Центар, Карпош, Аеродром, Кисела Вода /. Сè беше подредено на станбената градба, без задоволување на основните услови за урбано живеење. Пред неколку години се појави убава надеж кога градоначалникот на Центар со Мораториумот се обиде да ја стопира изведбата по старите и нехумани урбанистички планови. Новопечените градежни фирми, кои изникнаа како печурки по дожд во десетлетието пред тоа, одеднаш се расплакаа над својата „тажна судбина“ и заборавија што сè сторија против градот и урбанизмот во него станбените населби од типот на „касарни“/ Стар Аеродром /, комплексите низ Кисела Вода, Водно, Капиштец, Дебар Маало и Карпош.../, со непоправлива штета за урбаното живеење во големиот град. Како да единственото можно и исплатливо градилиште во државата е централното подрачје на Скопје. За жал добрата намера на градоначалникот пребавно се реализира, што придонесе повеќе проекти во централното подрачје да застанат, што секако не беше добро за градежниците. Со одлука на Уставен суд се укина и Мораториумот и се отворија староновите рани на можно градење без усул. Сепак се надевам, со зголемен притисок на пред сè стручната, но и на пошироката јавност, дека ќе се најде заедничко решение со инвеститорите, за да наредните урбанистички решенија бидат за доброто на сите, сè со цел да се обезбеди хумана и здрава средина за живеење во постојниот урбан хаос на Скопје... Во последните неколку години, а особено во последните 2 - 3, забележлив е рапидниот изведбен елан што го форсира актуелната градска управа, во изведбата на сите нови булеварски решенија и обнова на постојните, како и многубројните помали улици од локален карактер. Мора да се признае дека притоа проектанските идеи, /а можеби и изведбата/, се на високо ниво со сите потребни инфраструктурни, пропратни содржини, што ги задоволуваат потребите на граѓаните, како возачи и

особено како велосипедисти и пешаци, со поприлични зелени површини и нови садници. Сообраќајниот хаос во Скопје тешко се поправа, но сепак на повидок се надежни - постапни решенија за истиот. Кога ќе се погледне пак списокот на фирми што изведуваат проекти од нискоградбата, улици, булевари низ Скопје, а тоа се десетина, испаѓа дека секој може да биде изведувач. Па кај се сега тука тие критериуми и услови за тендерски учества. А после година, две се чудиме како е можно да ни се јавуваат аномалии по булеварите и улиците, па повторно да се поправаат итн. Или можеби овој пат ќе згрешам во негативното претчувство, што позитивно би ме изненадило. Во секој случај и во идните планови за развој на Скопје се планираат главно нови и обнова на постојните градски и приградски булевари, што полека градот го прават и поевропски и најважно сè позелен. ГОЛЕМИ ПРОЕКТИ КОИ ПРЕТСТОЈАТ Нов Клинички центар, Пречистителна станица, Брза автобуска линија... парцелата кај „Холидеј Ин“, старата локација на фабриката Треска, езерото Треска, неколку нови станбени населби l Нов Клинички центар – Еден од проектите кој се планира десетина години наназад и сè досега е едно големо НИШТО. Дали ќе го биде сега. На околу 100 илјади квадратни метри во месноста Веле Поле во Општина Ѓорче

Петров, до обиколницата, со првична проценка на вредност од 500 милиони евра. По завршените квалификациони процедури во игра останаа две големи европски фирми. Француската БУИГ и Германската / Австриско претставништво / ВАМЕТ, со можно заедничко договарање, со поделба на градежен и медицински дел, со условување големо учество на наша градежна оператива. Но по наш стар обичај веќе и во овој проект од насушна потреба за нашето руинирано здравство, се замешаа партиските условувања со неразбирливи негирања и противречности. Одамна стручната јавност, а пред сè мислам на градежно-архитектонската го кажа својот експлицитен став – стариот Клинички центар е невозможна локација за нов, пред сè од сообраќајна, инфраструктурна и еколошка страна. Новопредложеното решение со локацијата, која многу долго се истражуваше се покажа со сите анализи за најсоодветна. Клиничкиот центар со сите потребни содржини на едно место и под еден кров МОРА ДА СЕ ГРАДИ. Заради сите нас во државата, еднаш за наредните десетици години. Пандемијата многу добро нè опомена што ни значи здравството за севкупното живеење. И од нас од фелата повик, не го кочете градењето. Да се издигнеме еднаш над проклетството дека „сиромавиот секогаш двапати плаќа“ и да се искористат поволните финансиски услови што ни се нудат за овој проект во овој период. 28 мај 2021

ПОРТА

13


l Пречистителна станица - Конечно и Скопје како главен град на Северна Македонија е на пат да добие Пречиститена станица за отпадни води, веројатно како последни во Европа. И да, да го видиме нашиот сакан Вардар чист, како некогаш во нашето детство!!! Предвидена локација - покрај реката Вардар кај селото Трубарево... вредност – 170 милиони евра со поволни кредити од Еуро инвест банка и Европската банка за обнова и развој. Постапката е во фаза на тендерирање. l Брза автобуска линија, / Bus Rapid Transport / fotka od stara tema Линија 1 / исток – запад / - од Ново Лисиче до Ѓорче Петров од 12,81 километри Линија 2 / север – југ / од булеварот „Борис Трајковски“ до булеварот „Босна и Херцеговина“ од 10,4 километри. Двете линии се преклопуваат во Центар. Вкупната вредност е од околу 70 милиони евра. Проектот е финансиран од ЕБРД, со рок на отплата од 15 години. Во тек е изработка на техничка документација за договор за набавка, а потоа и тендерска постапка за изведба на овој зелен проект, кој освен брз транспорт ќе има и голем ефект на намалување на загадувањето на воздухот, како еден од најголемите екопроблеми во Скопје. l Гасификација – Во очекување сме и на почеток на реализацијата на еден од најзначајните енергетско-еколошки проекти, гасификација на централниот и на особено важниот приградски дел на градот. Тендерската постапка е во завршна фаза на избор на изведувач, односно избор на една од двете фирми од Турција, кои го минаа досегашниот филтер. Почетокот би требало да биде до крајот на 2021 година. Во очекување сме и на разрешницата на неколку големи проекти од високоградбата: Просторот кај „Холидеј Ин“, Станбениот блок кај фабриката Треска, Туристичкиот комплекс кај езерото Треска... Сите со крајно сомнителни урбанистички решенија за кои сè уште се водат големи дискусии. Да се надеваме дека покрај финансискиот интерес, овојпат ќе се задоволат и основните параметри за подобри урбанистичко- архитектонски решенија од сегашните предложени од инвеститорите. И да, да не го заборавиме тековниот бој за новиот Закон за легализација на дивоградбите, со можен компромис или уште едно легализирано диво месо во градскиот регион и рушење на сите принципи на правото и урбанизмот / ГУП; ДУП../. Севкупната јавност, а особено стручната архитектонско-урбанистичка, е остро против првиот закон, а и претседателот го врати во Собрание. 14

ПОРТА

28 мај 2021

Се плашам дека градежништвото е веќе длабоко навлезено во исклучиво бизнисинтереси. Ќе се најдат ли јунаци тоа да биде и во интерес на жителите на Скопје, а се разбира со истата судбина и на сите урбани места во Македонија. Да се надеваме дека овој пат сите ќе бидат попаметни и нема да се дозволи ИСКЛУЧИВО ПРОФИТОТ да биде интерес за градба. За тоа да се случи ќе мора и самите градежни компании да се воздигнат над своите досегашни краткогледи

амбиции и со поголеми вложувања во техничко-технолошка смисла и пред сè во подигање на релативно ниското ниво на сопствените кадровски потенцијали, да бидат поконкурентни во острата борба со странската конкуренција. СЕПАК ДО НАС ЌЕ ТРЕБА ДА Е, ПРЕД СÈ. Во спротивно и оваа надежна епизода во реализацијата на капиталните инвестиции, за нашите градежни компании, може да помине во веќе видениот долгогодишен ЛЕТ ВО МЕСТО.


ПОРТА


интервју

Продолжуваме со ревизија на плановите до постигнување на целта Тоа што некој смета дека со одредена закана или притисок ќе може да изврши одредено влијание, мислам дека такви работи не поминуваат, бидејќи досега сме покажале дека можеме да одoлееме на притисоците Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх али го потпишавте Одобрението за градење за објектот кај „Холидеј Ин“? n Управниот акт за тој објект е сѐ уште во тек. Кога ќе се исцрпат сите правни постапки, ќе го знаеме конечниот исход и како ќе постапи Општината. За да стигне проектот во Град Скопје на плаќање комуналии, тоа значи дека претходно имал потребна документација: Извод од ДУП, позитивни мислења и согласности од надлежните институции и бил одобрен од Одделението за градежништво при Општината. По одлуката на Уставен суд проектот веднаш се извади од фиока. Дали некој од петте советници за издавање одобренија за градба во Општината, Ве информираше дека проектот направен врз основа на еден од најспорните планови Ц08 ќе го испрати за мислења до институциите и потоа ќе го одобри за да може да се платат комуналии? n Проектот треба да биде оформен целосно, со целата документација и позитивни мислења од сите институции (БЕГ, ЕВН, ДЗС) и дури потоа се испраќа во Град Скопје за да се пресметаат комуналии. Ова не се однесува само на овој проект, туку и на сите останати проекти кои поднеле барање за документација, биле подготвени однапред и само чекале на пресудата на Уставниот суд на РСМ за укинување на нашата Одлука за неспроведување на плановите. Кога потпишавте Договор со планерската куќа „Билд“ за еден денар за ДУП Ц08, изјавивте дека секако Ви е сомнително, но така налагал Законот за јавни набавки. Зарем навистина очекувавте дека ќе добиете различен, поквалитетен план? Зошто не го

Д

16

ПОРТА

28 мај 2021

раскинавте Договорот многу порано? n Откако беше завршена јавната набавка, Општината реагираше и до самата планерска куќа, со намера да дознае зошто е толку ниска цената. Од нејзина страна добивме одговор дека тие ќе го изработат планот поради референца и некои други нивни видувања. Што се однесува до планерите, тие почнаа да ги извршуваат

сите упатства што ги добиваа од Општината и на почетокот имаше соработка. Тоа траеше до одреден момент, кога прекина таа соработка реагиравме за раскинување на Договорот. Едноставно, не може да го раскинете Договорот без да имате одредена причина. Кога престана соработката, тогаш реагиравме за да се раскине Договорот, со цел да одбереме


САША БОГДАНОВИќ, ГРАДОНАчАЛНИК НА ОПШТИНА ЦЕНТАР планерска куќа која ќе работи по насоките на Општината. Бевте првиот градоначалник кој влезе во отворена битка за поквалитетно урбанистичко планирање. Прогласивте Мораториум на градба за 33 спорни ДУПови. Мојот впечаток е дека ниту Град Скопје, ниту Владата застанаа зад вас, а очигледно е дека таа битка е речиси невозможно да се извојува сам. Разговаравте ли со градоначалникот на Скопје, со надлежниот министер и со премиерот за проблемите со плановите, побаравте ли помош? На премиерот јавно му се обратија и побараа помош архитектите. n Секако дека разговарав со сите нив. Одлуката за неспроведување на плановите беше наше предизборно ветување, но работата е што Уставниот суд, кој е над извршната и над законодавната власт, донесе одлука тоа да го спречи. Доколку немавме соработка, немаше да ги ревидираме и тие осум досега ревидирани планови. Таа соработка ја имавме пред сѐ со Министерството за транспорт и врски и со Град Скопје, со кои намаливме преку 14 илјади метри квадратни градежно земјиште, да го пренамениме во нешто што е општо добро, без разлика дали е зеленило, парк или нешто друго. Сме имале добра соработка, но за жал, Уставниот суд ценејќи по некои други критериуми, рече дека ние таква Одлука како Општина не сме смееле да донесеме. Кога поранешниот министер за транспорт и врски Горан Сугаревски продаде државно земјиште кај „Холидеј Ин“ се консултираше ли со Вас? n Реално, за тоа тој не треба да се консултира со нас, бидејќи ингеренциите за продажбата на државното земјиште во Општина Центар, во тој момент беа под Министерството за транспорт и врски. Оттука, не би можел да го коментирам тоа, бидејќи не ни имале потреба за каква било консултација. Доколку требало со некој да се консултираат, тоа е Државното правобранителство, кое дава мислење за каква било продажба на земјиште. Верувате ли во приказната дека инвеститорот кај „Холидеј Ин“, бил добронамерен и од дозволените со планот 200 илјади квадратни метри ќе гради 89 илјади? А замислете планот да предвидуваше 300 илјади, а добронамерникот да одлучи да изгради 150 илјади квадратни метри? n Не би можел да навлегувам во тоа дали се добри или лоши намерите, или пак која е целта, зошто го намалува капацитетот од претходно планираното. За

Ж

тоа најдобро е да си даде одговор самиот инвеститор. Мене како градоначалник ми е важно при носењето планови, но и за работењето по старите планови, да можеме целосно да ги испочитуваме критериумите и законските прописи и со тоа да ги дисциплинираме инвеститорите во некои параметри кои треба да ги имаат. На Совет на Општината донесен е Заклучок за постапување по член 23 од Законот за урбанистичко планирање. Со Заклучокот се задолжува Комисијата за урбанизам да изготви стручни елаборати за деловите од детални урбанистички планови за кои е неопходна примена на „суспензија на урбанистички план, на негов дел или планска одредба“. За кои делови и од кои ДУП-ови ќе се изработат

елаборатите и кога ќе ги доставите до министерот за транспорт и врски? Ако не се лажам рокот од 20 дена тече. n Елаборатите се завршуваат, очекуваме да се одвојат парцелите за кои има управни постапки, кривични, судски итн. сѐ со цел да не наштетиме на тие процеси, бидејќи веќе имаме позитивни ефекти на поединечни парцели за кои сме востановиле дека има одредени прекршувања, како полека ги враќаме и не дозволуваме таму со што било да се постапува. Оттука, можам да кажам дека паралелно ќе се водат тие процеси, суспензии ќе поднесеме секаде каде што ќе процениме дека има некакви прекршувања или надминувања, односно заштита на каков било можен јавен интерес. 28 мај 2021

ПОРТА

17


Инвеститорите и сопствениците на земјиштето кај фабриката „Треска“ се заканија со кривична пријава доколку не се прекине постапката за спроведување конкурсно решение. Дали се тоа истите оние инвеститори кои градат згради како фарми за бројлери и под чиј притисок и се прават плановите за максимизирање на нивниот профит? Спремни ли сте да не се предадете и одите до крај и на суд доколку е потребно? n Јас сум подготвен да ги застапувам интересите на Општината, односно на сѐ она што Општината ќе го донесе како заклучок. Истото тоа го правев и со Мораториумот, каде единствено само јас одев по институции да го бранам ставот на Општината и нашите заложби и пред Уставниот суд; и кога сме менувале планови, кога нѐ тужеле; и за сите предмети лично јас одам и во Јавно обвинителство и пред сите институции да го застапувам интересот на Општината. Тоа што некој смета дека со одредена закана или притисок ќе може да изврши одредено влијание, мислам дека такви работи не поминуваат бидејќи досега сме покажале дека можеме да одолееме на притисоците. Друг проблем е што имаме ситуации како пресудите на Уставен суд, коишто правно не овозможуваат некои започнати работи да ги завршиме, како што сме планирале и како што сакаме. Но, се обидуваме преку разни правни механизми тоа да успееме да го завршиме. Зошто не поднесете барање до Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ) за одземање овластувања во сè според Статутот на КОАИ, поради нестручност при планирањето утврдено од Комисијата за урбанизам при Општината? n Општината има во план да поднесе барање до Комората, бидејќи досега 18

ПОРТА

28 мај 2021

очекувавме самата Комора да реагира бидејќи тоа е во нивна надлежност. Не треба ние да се повикуваме, односно да бараме сами да си ги завршуваат работите. Меѓутоа, сега кога ќе ги поднесеме елаборатите, ќе ги дадеме забелешките до Комората, но и до други надлежни институции кои сметаме дека може да отворат каква било постапка. Поранешниот член на Комисијата за урбанизам на Општина Центар д-р Дивна Пенчиќ, вели: „Секторите имаат канцеларии едни до други, но никој не знае, ниту пак покажува желба да знае, што работи другиот. Дури воспоставена е пракса и да си ги кријат документите. Најголеми проблеми се увидоа во немање податоци за легализација и изводи или одобренија за градба“. Дали и зошто е тоа така? n Прво, дозволете ми да не се согласам со Дивна Пенчиќ. Има комуникација меѓу

сите сектори и одделенија. Моментот е што тие работат со жива материја и таа секојдневно се менува. Имате процеси каде е поднесен елаборат за легализација, па после се одбива, или веќе не е во фаза на легализација. Тоа е секојдневно менување на фактичката состојба, исто како што имаме секојдневно менување на самите предмети. Така што, во зависност од тоа како се менува ситуацијата, така колегите се информираат. Ние цело време контролираме одредени судски постапки кои ги имаме, сѐ со цел да бидеме координирани и да знаеме што треба да направиме. Зошто изминативе четири години во секторите ги задржавте истите оние кои го одобрија „Скопје 2014“, некои од нив сè уште се раководители на Секторот урбанизам. Повторно нема повикување на одговорност, зошто не работите со нови луѓе? n Не е точно дека немаме нови луѓе, напротив. Општинската админстрација ја „освеживме“ и во делот на урбанизмот и во Одделението за планирање, работата е што Законот за државни службеници е таков да не смеете да менувате одредени позиции, освен ако тоа менување не е направено по хоризонтала, односно да ги распоредувате. Многу од луѓето не учествувале во одобрување на проектот „Скопје 2014“. Знаете, проектот „Скопје 2014“ по сите оние документации кои ги гледаме е одобруван од повисоки инстанци, дали тоа е Министерството за култура, Владата, Министерство за транспорт и врски или Град Скопје. Многу мал дел ја зафаќа Општината, меѓу кои е и Деталниот урбанистички план, кој тогаш


неколку пати бил менуван и веќе знаеме на кој начин и во какви околности. Меѓутоа, луѓето кои работеа во изминатиот период дадоа максимален труд, независно дали е тоа Секторот за правни и нормативни работи или Секторот за урбанизам и урбанистичко планирање, за некои од работите да ги подобриме. Велите дека поради бранувањата меѓу Општината, инвеститорите и планерите, Општина Центар може да трпи штети. Спремен ли сте да одите до крај, па макар и на штета на Општината, а на добивка на градот и неговите жители? n Фактот дека два пати досега со Општина Центар го изодевме правниот пат за суспензија на ДУП-овите доволно говори за мојата подготвеност, но покажуваме и дека сме спремни да понесеме и лична одговорност. Но, по ниедна цена не би дозволил да се направи финансиска или каква било правна штета на Општината, знаејќи дека целта може да ја постигнеме по некој друг пат. Работата е што мора да бидеме многу претпазливи бидејќи правење каков било нелогичен потег нема да ја постигне целта, затоа што судот ќе пресуди некој да си го добие одобрението или да си ја заврши градбата, а на крајот ќе имаме огромна финансиска штета, а тоа значи и оштетување на буџетот, што е и кривична одговорност. Затоа мора да бидеме многу внимателни во сите овие постапки што ги водиме, сѐ со цел за некои нелогични штети коишто се направени досега и за жал, озаконети во тие постапки, мора да ги докажеме преку правен акт, преку правни инстанци, што е многу долг и тежок процес. Но, подобро е да постапиме така, отколку да направиме уште поголема штета. ќе се кандидирате ли за втор мандат и доколку ја добиете довербата од центарци може ли да се очекува брзо, ефикасно и конечно решавање на 33 спорни ДУП-ови за да конечно Мораториумот даде резултат? n Во повеќе наврати споменав дека сум подготвен да одам за втор градоначалнички мандат на Општина Центар. Поддршката од жителите за нашите најголеми борби од ден во ден е сѐ поголема и јас се чувствувам сигурен во моите планови. Тука ќе напоменам дека сум спремен да ја барам поддршката најпрво од телата и органите на мојата матична партија, СДСМ, а подоцна и поддршката од граѓаните на Општина Центар на непосредните локални избори. Продолжуваме со ревизија на плановите и цврсто верувам дека на крајот, ќе успееме да ја постигнеме целта. ПОРТА


урбанизам

Да се ИМА или да се БИДЕ! Прашање е СЕГА! Урбанистите за жал работат по системот ископирај/залепи! И воопшто не се ни занимаваат со предметниот плански опфат, ништо не знаат за него, никогаш не го посетиле, не ги интересира ниту еден друг документ кој се однесува на самиот простор и на неговата непосредна и поширока околина! Поразителен однос на професионалци! д-р Дивна ПЕНЧИЌ, дипл. инж. арх. (поранешен член на Комисијата за урбанизам на Општина Центар) „Да се има или да се биде? - е една од клучните книги на втората половина на 20 век. Ништо помалку од манифест за нова социјална и психолошка револуција за спас на нашата загрозена планета, оваа книга е резиме на продорната мисла на Ерик Фром (1976). Неговата теза е дека два начина на постоење се борат за духот на човештвото: режимот на поседување, кој се концентрира на материјални добра, моќ и агресија и е основа на универзалните зла на алчноста, зависта и насилството; и режимот битие, кој се заснова на љубов, задоволство од споделување и продуктивна активност.“ Моето „влегување“ во не баш пријатната улога на член на Комисија за урбанизам на Општина Центар, беше само и само затоа што верувам во „режимот битие“, или да биде појасно како што тоа го дефинира Е. Фром „кој се заснова на љубов, задоволство од споделување и продуктивна активност.“ Можеби се чини чудно еден архитект и професор на архитектонски факултет, да биде воден од вакви идеи и верувања, но моите длабоки убедувања се дека тоа и само тоа е тоа што може да нè чини човек, професионалец и учител. Не може да бидете во овие улоги ако не верувате во доброто за сите, во благородни идеи за еднаквост, правичност, потреба од споделување, љубов кон човекот и љубов кон својата околина, но и љубов кон својата професија! Преточено во професионален јазик: Јас верувам дека креирањето урбани политики, урбанистичкото планирање, уредувањето на просторот, архитектонското проектирање, но и раководењето со градот, единствено е можно само ако веруваме во право на секој за квалитетен градски простор и здрава и чиста животна средина, како и активно 20

ПОРТА

28 мај 2021

вклучување на секој чинител на процесот на донесувањето одлуки и спроведување. Поаѓајќи од своите убедувања, делејќи ги истите вредности со тогашната претседателка на Советот Јана Белчева-Андреевска и на градоначалникот Саша Богдановиќ, од Општина Центар тргнавме во своевидна авантура во достигнување, сега гледаме, многу високи цели! Целите се „избистрија“ во активна соработка со граѓанската иницијатива „За одбрана на Дебар Маало“, подоцна и „Здравје пред профит“, изборната програма на градоначалникот и нашите и моите сопствени убедувања за тоа како треба да се планира и уредува градскиот простор во служба на граѓаните. Основните поставки и цели ни беа: l Граѓанинот на прво место! l Здрава и квалитетна градска средина! l Вклучување на сите чинители во процесот на планирање! l Вградување на сите сознанија (снимки,

податоци, студии, стратегии, изработени планови, проекти, и сл.), при креирање политики и одредување насоки за идно планирање и изградба! l Вградување на сите достапни стандарди и нормативи за урбанистичко планирање и проектирање! l Вклучување на сите општински сектори во урбанистичко планирање и меѓусекторска координација и соработка! l „Отворено планирање“ – планирање и проектирање преку професионални конкурси! l Креирање „Визија-Центар 2030“! ПОЈАСНУВАЊЕ:

l Граѓанинот на прво место!

Општото добро на граѓаните е нешто за кое многу се дебатира, но од претходните сознанија (јас лично претходно во улога на член на неколку комисии кои одговараат на анкетните ливчиња на граѓаните и на


НА МНОГУ КОЛЕГИ ИМ ТРЕБА ПОДИГНУВАњЕ НА СВЕСТА институциите по спроведената Јавна презентација и анкета) се воочи дека овој „чекор“ во процесот на донесување урбанистички планови, е задоцнет и се земаат во обѕир само оние кои тука живеат и поседуваат имот на таа територија, или се заинтересирани инвеститори, или се некоја институција која по службена должност мора да дадат насоки и свое мислење. Правото на коментирање и поставување барања на останатите им се ускратува по разни основи. Но, уште пострашно е што „гласот на разумот“, односно реакциите на граѓаните, а и на професионалците, за многу прашања кои ги засегаат сите кои живеат на таа територија, но и пошироко, не се зема во обѕир. Повеќе се слушаат „агресивните“ и сопственици и инвеститори, и нивното право на градење го загрозува правото на сите останати. Затоа за мене, за нас, беше поважно и најважно правото на секој граѓанин во служба на подобра градска средина за целата заедница. Тешко дофатлива цел и за жал ние немаме таква култура! l Здрава и квалитетна градска средина!

Насетував/ме дека во многу од плановите не се третира доволно прашањето на здрава и квалитетна градска средина. За жал, тоа ни се потврди и тоа во размери кои беа шокантни! Се воочи дека воопшто се нема изградено знаење, ниту критериуми, па ниту волја, да се размислува и планира во таа насока. Скоро сите урбанистички планери, со потсмев реагираа на нашите барања да се одговори на овие прашања или при поставување насоки како да се постигне тоа. За мене, како професор на предмети по урбанизам, а и на предмет Одржлив урбан развој, ова беше премногу

поразително. Просто се прашував каде ни „забегала“ струката! На толку ислушани урбанистички, па и проектантски предмети, да не се изгради чувствителност кон овие прашања, ме разоружи тотално. Професионалците, имајќи ги предвид овие прашања, дури и забораваат дека се граѓани и дека и тие некаде живеат и сигурно им смета колку е загадено, валкано, загушено, изградено, ги нема достапни сите услуги и нема доволно јавен простор! l Вклучување на сите чинители во процесот

на планирање! Евидентно беше, по реакциите и на архитектите, и на планерите и на граѓаните, дека вклучувањето на сите чинители не е пропишано, ниту се спроведува на соодветен начин. Чинителите ги препознаваме како:

граѓани-сопственици-инвеститори-стручњацислужбеници-планери-политичари, но и како академска заедница. Сите овие треба и мора да бидат вклучени од самиот почеток и тоа од креирање визија за развој на општината/градот/државата, поставување генерални цели, преку изработка на интегрална и сеопфатна стратегија, секторски стратегии, акциски планови, планирање, но не само урбанистичко туку и социјално, економско, еколошко, па сè до конкретно изработување урбанистички планови и изградба. Напорите тука беа да се делува и на законската регулатива, и на информирање и поттикнување да се отворат прашањата, да се информираат сите чинители, да се користат разни достапни, но и да се креираат нови услови за отворени дебати, обуки, работилници и сл., сè со цел поактивно вклучување во сите нивоа/чекори на процесот. Секој има право да знае што и како ќе се случува во градскиот простор, како и право да учествува и одлучува! На многу колеги им треба подигнување на свеста и на знаењето во оваа област и обуки. Комората на овластени архитекти тука исклучително може да помогне, а и ЗЕЛС. Сметав/ме дека и активирањето на урбаните заедници може да е почетната позиција во градење вештини на граѓанско учество и добивање, но и разменување информации важни за збогатување на процесот на урбанистичко планирање. Но, иако постојат не се активирани или не функционираат. Таканареченото „Партиципативно планирање“ е нешто за кое ниту се слушнало, а и не сака да се слушне! l Вградување на сите сознанија (снимки, податоци, студии, стратегии, изработени планови, проекти, и сл.), при креирање политики и одредување насоки за идно планирање и изградба! Фрустрирачко е сознанието колку не се користат сите изработени снимки, анализи, 28 мај 2021

ПОРТА

21


стратегии... односно изработени документи кои многу може да помогнат во креирањето на политиките и изработката на програмите и урбанистичките планови. Урбанистите за жал работат по системот ископирај/залепи! И воопшто не се ни занимаваат со предметниот плански опфат, ништо не знаат за него, никогаш не го посетиле, не ги интересира ниту еден друг документ кој се однесува на самиот простор и на неговата непосредна и поширока околина! Поразителен однос на професионалци! Целиот сет на стратегии и документи, како: ЛЕАП, ЛЕР, Стратегија за справување со климатски промени, Стратегија за млади, Стратегија за спорт, и многу други, се изработуваат само затоа што треба да се изработат по опис на ингеренции на локалната самоуправа, а и на државата. Урбанистичкото планирање знае само еден закон и што има во него, и толку! l Вградување на сите достапни стандарди и

22

ПОРТА

28 мај 2021

нормативи за урбанистичко планирање и проектирање! Воспоставена е пракса на користење минимум стандарди и нормативи и тоа само оние пропишани порано со Законот за просторно и урбанистичко планирање, а сега Закон за урбанистичко планирање и нивните подзаконски акти, односно правилници. Но, и покрај барањето за одредување мерки по специфични прашања (мерки за заштита на природата, природното наследство и животната средина, мерки за справување со климатските промени, мерки за справување со отпад, мерки за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот, мерки за заштита од разурнувања, мерки за заштита и спасување од природни непогоди (земјотреси, поплави, лизгање на земјиштето, снежни лавини и наноси, пожари и друго), мерки за заштита на недвижното културно наследство, мерки за озеленување на населбите и нивната околина), за нив само се

наведува службениот весник во кој се наоѓаат правилниците кои се однесуваат за нив, без никакво препознавање на конкретни и специфични мерки и насоки. Уште повеќе владее и се работи по убедувањето дека ниту еден друг стандард и норматив не треба да се почитува и вгради, ако не е пропишан во Законот и во Правилникот за урбанистичко планирање. Сè што се учело на факултет, не важи, струката е поништена сосема, па во кисела шега си велиме дека нотар може да го спреми урбанистичкиот план (без навреда). Поразителна состојба! Од друга страна има разидување помеѓу планерите, едни ја форсираат идејата дека не требаат многу опширни и обемни правилници со стандарди и нормативи, а спротивно на тоа, други бараат сè да се пропише. Но, генерално сите не баш многу сакаат да ги читаат, вградуваат и почитуваат! l Вклучување на сите општински сектори во

урбанистичкото планирањето и меѓусекторска координација и соработка! Евидентирана е потреба од добивање информации и од други сектори, но главно не соработуваат по ниту една основа. Секторите имаат канцеларии едни до други, службениците пијат заедно кафе, одат на појадок, слават родендени и празници заедно, но никој не знае, ниту пак покажува желба да знае, што работи другиот. Дури воспоставена е пракса и да си ги кријат документите. Така не се добиваат податоци: за потребите во образование, во здравство, социјала, колку деловни субјекти има, кои се економските бенефити или пречки, што треба за култура, млади, спорт. Локалната самуправа е сосема „раштимана“ или подобро, сосема „расклопена машина“. Најголеми проблеми се увидоа во немање податоци за легализација и изводи или одобренија за градба. Урбанистичкиот план се работи со години, а потоа фрлате сè поради сознанија дека таму веќе се изградило или легализирало нешто или сл. Има проблем и во соработката со секторот каде се најголемите инвестициони проекти, каде паралелно се изработува и гради, а за тоa се нема никаква информација. Поразително! l „Отворено планирање“ – планирање и проектирање преку професионални конкурси! Но, една од најголемите битки, беше битката за воспоставување пракса на распишување конкурси! Сметавме дека само така ќе се „отвори“ урбанистичкото планирање, ќе се овозможи отворање дебата какви простори ни требаат, ќе се добијат квалитетни решенија, ќе се отвори можност за подобра архитектура, поквалитетен градски простор. Но, како сите да сакаат декларативно, но никој во суштина. При реализацијата се наиде на многу пречки, сопки,


отпор, подметнување, претекување, па ете дури и Уставен суд се најде да брани некои инвеститорски потреби! Архитектите, како и секогаш со многу различни ставови, многу префрлање вина и злонамерни коментари, а многу малку практична и конкретна помош и лично вложување. Секако имаше и такви што помогнаа, но генерално е многу зборување, малку делување. Некако и се очекува премногу од градоначалникот и од локалната самоуправа, но за ова треба сериозен ангажман и од ААМ и од Комората на овластени архитекти. Со лични заложби од нас малкумина, препознавме неколку исклучително важни локации за кои сметаме дека мора да се планираат и проектираат според квалитетни конкурси и решенија. На пример, ги одредивме локалитетите: Ф-ка Треска; Ново Маало 2 (некогашен Републички центар); СРЦ Кале со Парк 2, па дури и Мал ринг, Градски ѕид и сл., на кои им треба сериозно преобмислување. Идејата беше дека се интересни и неколкуте останати неразвиени делови од Општина Центар, како: Крњево, Маџир Маало... Идеи големи, можности никакви! За жал дојде отпор најмногу од архитектите кои работат за големи инвеститори и се разбира од самите инвеститори. Скоро сите урбанистички планери сериозно се влезени во деловни односи со инвеститорите, кои скоро по правило имаат по некоја спорна локација во секоја градска четврт и не само во Општина Центар, туку по цела Македонија. „Профит пред сè“ е нивното мото! Во овие „односи“ се влезени лица од скоро сите институции од државата. Против ова немаме доволно сила и поддршка, секако! l Креирање „Визија-Центар 2030“! Најблагородната идеја која ја имавме, а беше почетна точка во поставување и реализација на целите, беше креирање „ВизијаЦентар 2030“! Мојата професионална улога е наставник кој ги подготвува идните архитекти за креирање ВИЗИИ за град според принципите на одржлив развој! Поимот „одржлив урбан развој“ им е очигледно близок на многу широк круг на стручњаци од разни области, но на нашите колеги архитекти и планери, НЕ! Благородната идеја беше да направиме една таква визија, а од неа стратегија и акциски план, опфаќајќи ги основните одржливи аспекти од економската, социјалната и еколошката сфера. Но! Се изгубивме по пат, расправајќи се секојдневно со планерите, раководителите на Секторот за урбанизам, инвеститори, граѓани со нереални барања итн. Ние сме во 19 век според начинот на креирање и реализирање урбани политики, а 21 век ќе стигне веројатно во 23-тиот век. Можеби ова беше премногу за сите! Кај се видело архитект, електро инженер и правник, да креираат визија! Тоа никој не можеше да го прифати! ....

И за крај! Да се ИМА или да се БИДЕ! Одговор: Личниот интерес и материјалната добивка не ги градат ГОЛЕМИТЕ АРХИТЕКТИ! ГОЛЕМИТЕ ИДЕИ ги градат АРХИТЕКТИТЕ! Огромна БЛАГОДАРНОСТ до сите што

веруваа дека нешто може да се направи и помогнаа на разни начини. Најмногу благодарност до: Јана, Саша, проф. Цветанка, Биљана, Теа, Ивана, Снежана, Наташа, Оливера, Александра, Жанета, Невена, Даница, Стефан, Васко, Слободан, Миле, .... И сите знајни и незнајни кои беа со нас! n

ПОРТА


урбанизам

Скопје градот на Вардар

Реката ни е дар од природата, а крајбрежните простори во сите планови се дефинирани како рекреативна крајбрежна зона. Затоа се залагам за обнова на зелените појаси вдолж реката секаде каде што тоа е возможно, обнова и изградба на шеталишта со содржина и урбана опрема, плоштади и зелени оази. Тие ни се потребни повеќе од кога било Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх. радовите се најчесто препознатливи по својот изглед, стил и карактер, историјат, но и по мирисот кој доаѓа од водата или од реката, ако ја има. Скопје има реки, а често поетски е нарекуван по најголемата - градот на Вардар. Но дали градот живее на реката, е прашање кое често ми се наметнува? Ова ме поттикна да се впуштам во една аналитичка прошетка низ речното корито и неговите брегови. Од сливот на реката Треска во Вардар па сѐ до мостот на булевар „Србија“, брегот на реката Вадар со сите кривини има околу 20 километри. Ако се земе предвид дека низ

Г

24

ПОРТА

28 мај 2021

некои населени места во градот минуваат и реките Треска и Лепенец, должината на крајбрежјата се зголемува. Градот во шеесеттите години живееше на речните брегови. Старите скопјани ја паметат и поплавата од 1962 г. кога реката се излеа и ги поплави мостовите и околните куќи. По земјотресот во 1963 г. како еден од најкапиталните објекти во постземјотресниот период беше регулацијата на коритото на Вардар. Коритото на Вардар е оска на градот, а кејовите се дефинирани како рекреативни крајбрежни зони. Врвни експерти на Обединетите нации ја прогласија оваа зона во распон од 600 метри за забранета зона за градба. Реката Вардар, до денес, како нем сведок ни ја раскажува

својата приказна и приказната на градот крај река, но за жал градот веќе не живее на реката. Тој како да побегна од неа. Денес ако тргнете на прошетка од сливот на Треска, од запад спрема исток, по течението на реката Вардар, ќе забележите дека голем дел од бреговите се институционализирани и неинтересни за граѓаните. Зелените појаси постепено се претвораат во зона за сервиси, ситни стопанства, паркиралишта за тешки возила и депонии. Надеж буди препознатливата зелена агломерација во Карпош 4, дефинирана како спортско-рекреативна зона. Во оваа зона изграден е рекреативен парк за кој беше распишан јавен анонимен конкурс. Комплексот содржи адреналински


ДАЛИ ЖИВЕЕМЕ НА РЕКАТА? парк, две игралишта со песок, скејт-парк, сквер и детско игралиште - урбани содржини што се благодат за жителите на овие населби. Понатаму се надоврзува засега единствениот функционален спортско-рекреативен комплекс со салата „Борис Трајковски“, Олимпискиот базен, хотелот „Александар Палас“ со своите спортски терени, оранжериите на градското претпријатие „Паркови и зеленило“. Во агломерацијата на градскиот парк е најубавото нешто што им се случи на реката и на градот во последната деценија - шеталиштето и рекреативните патеки на кејот. На левиот брег, во увалата по мостот „8 Септември“, никнува нова станбена населба покрај речното корито на местото на старите куќарки. Модернизацијата на домувањето како содржина во овој дел од просторот ми влева оптимизам и пријатно чувство дека тоа е содржина што ќе го збогати овој дел од крајбрежјето. На возвишенијата се забележуваат Амбасадата на САД, Музејот на современа уметност, ѕидините на Калето, Камениот мост. Камениот мост е сочувана градба од посебно значење за градот, зборува за континуитет, историја и е белег на градот на секоја разгледница. Порано, ако застаневте на десниот брег кај Камениот мост, погледот ќе ви одлуташе кон Старата скопска чаршија, камбанаријата на црквата Свети Спас, сѐ до куполите на Даут-пашиниот амам. Кога ќе се најдевте на левата страна, имавте импресивна панорамска глетка на силуетата на градскиот ѕид и падините на Водно. Но, работите се променија, за жал на полошо.

ДАЛИ КВАЛИТЕТОТ И УБАВИНАТА НА ЦЕЛИОТ ОВОЈ ПОТЕГ СЕ ЗАчУВАНИ? Доживувањето кое беше овозможено вдолж рекреативната патека е веќе нарушено. Подградието под скопското Кале кое со ГУП е предвидено како контактна зелена зона е веќе зафатено со нови градби. Тие ја нарушуваат визурата и ја кријат силуетата на ѕидините. Калето и целиот рид кој се протега до Крив Дол и продолжува до касарната Илинден па се надоврзува на ридот на МСУ претставува единствена целина во континуитет која со ништо не смее да се наруши. Денес кога Калето со сѐ што му се случува влегува во класични бирократски лавиринти, а во подградието до бедемите на највредниот историски споменик од прва категорија, се изградени и се градат објекти со неадекватна архитектура и висина, не можам да не речам дека ја гледам целата беда што му се случува на брегот на реката и градот. Тажната слика продолжува со комплексот „Скопје 2014“, кој на левиот бег го зазеде просторот на зелениот појас и го затвори платото на МНТ и објектите од културниот центар. Отспротива пред кулите и трговскиот центар исчезна шеталиштето со клупи и урбана опрема низ кое трчаа деца и седеа луѓе во попладневните часови, а кое беше изведено по проектот на арх. Живко Поповски. Таму се сѐ уште истурени тенди од кафулиња и просторот е сѐ уште заградено градилиште. Со изградбата на новиот објект на банка на плоштадот Македонија, уништена е и можноста за изградба

на подземна сообраќајница низ центарот на градот. Се надевам дека според најавата градоначалникот ќе собере сили да ги расчисти узурпираните простори од шеталиштето и да им ги врати на граѓаните во првобитна состојба, а би било убаво да се влие во еден убав парк пред хотелот „Холидеј Ин“. Локацијата „Холидеј Ин“ која ја бранува јавноста подолго време, се чини влегува во својата завршна фаза со погубни резултати. Оваа локација е нереализирана визија од постземјотресниот период на Скопје. Овој простор како социјален градски простор во централното јадро со излез на река и шеталиште има речиси исто значење за градот како главниот градски плоштад. Скандалозниот предлог-проект за изградба на висококатници за домување ќе го претвори центарот на градот во најгусто населено подрачје со целосно нехумани услови за живеење. Покрај многуте неодговорени прашања, планот кој деновиве циркулира во јавноста, не предвидува зелен простор од 20 % од парцелата, согласно Законот за урбано зеленило. Не е познато ниту како ќе се обезбеди заштита на кејот на реката, ниту отвореност на просторот кон реката. Отворено е прашањето како ќе се сочува јавниот простор и постојното зеленило. Целиот процес од оформување градежна парцела, правење ДУП-ови, варијанти на планерски куќи, смалување на катноста и густината, па сѐ до „зелената кула“ на Мартин Пановски со 3Д презентација во која наводно ги решава сите проблеми, е нејасен и крајно нетранспарентен. После сѐ единствено ми е

ПОРТА


јасно дека: нелегален ДУП не е основа за легална дозвола, не се знае точно кој е ДУП-от за целиот простор вклучително со Ново Маало, нема јасна програма за содржината на трите кули, таа е во процес на менување. Засега е повеќе од јасно дека ДУП-от не добар, а е на сила по одлуката на Уставниот суд. Архитектурата и урбанизмот прават чуда во секој простор, но преку темелни анализи, современи проекти и идеи, преку конкурс и транспаренти постапки, што овде не е случај.

ПОРТА

Затоа го респектирам повикот на зелената партија ДОМ и сите нејзини барања. Урбанизам воден од приватно и политичко профитерство може да има разорни ефекти врз целото општество. Коритото на реката во центарот на градот сѐ уште изгледа жално. Галиите и ѓубрето околу нив сѐ уште се тука. Неуспешните уметнички инсталации, скулптури, настрешници од плажи кои не се во функција, како и новите објекти, го направија пејзажот во и околу ре-

ката тажен, неинспиративен и оптоварен со чувствителни теми од историјата. Го перципирам просторот околу бреговите со особена чувствителност бидејќи е полн со знаци за тоа кои сме, што сме и каде одиме. Наративниот потенцијал на овој простор заслужува посебно внимание и од струката и од политиката. Ако ја прочитате истражувачката сторија на новинарот Гоце Трповски за состојбата на скопскиот Акропол, ќе се запрашате кои луѓе живеат на овој простор. И господа градоначалници не се осмелувајте да зборувате за туризам додека не ги доведете во ред главните обележја на градот покрај реката. Споменикот на Александар и „Скопје 2014“ не се дестинации за туристичка понуда. Во централното јадро за мене од посебен интерес се и кејовите покрај населбата Маџир Маало. На просторот на старата населба Маџир Маало никнува нова гетоизирана населба според ДУП-от кој со незначителни корекции после мораториумот е ставен во сила. Тој не нуди некакво квалитетно решение за брегот на реката. Ако овој значаен простор со неспорни вредности за градот добил некаков урбанистички пиедестал во плановите на Кензо Танге, тогаш вреди да се подразмисли и да му се посвети посебно внимание, ако не на друго тогаш барем на кејските површини. Кон исток преку реката се протега транспортниот центар. Левиот брег после Железничкиот мост е запуштен и без зеленило, со ситна структура од куќи и супстандард, а зад


нив индустриски објекти. Спрема исток паралелно со течението на реката се развива населбата Аеродром. Бреговите имаат пешачки и велосипедски патеки, текот на реката е по мирниот рамничарски предел. Погледот не ви го задржува разигран пејзаж, туку нерамен хоризонт со посебно извлечени акценти во силуетата на фабрички оџаци и поединечни згради. Населбата Аеродром има привилегија да го користи десниот брег на реката Вардар. Кејот е уреден со пешачка и велосипедска патека, на места со клупи за седење со зелен појас, а дел од станбените објекти се ориентирани вдолж и кон реката. Покрај брегот се лоцирани: комплексот на хотел „Русија“, Спортската сала „Јане Сандански“ и придружните спортски објекти, Паркот на пензионерите, новиот хотел „Хилтон“, комплексот со авиончето и забавниот парк. На левиот брег е Европскиот факултет ФОН и станбениот комплекс „Космос“. Сите овие содржини го збогатуваат просторот и секојдневното живеење на жителите. Левиот брег кај населбата Керамидница е сѐ уште неуреден и можеби во иднина со нови согледувања за урбан развиток и спојување на левиот брег со мост, тој ќе добие адекватна содржина. На крајот од мојата прошетка ќе заклучам дека имаме река и речни брегови кои се на многу места неадекватно искористени, зелените појаси се на многу места уништени, а во централното јадро крајбрежјето е деградирано на начин кој е погореопишан. Денес кога се бориме за секое парче јавен простор во градското ткиво и за секое парче зеленило и кога сме свесни колку ни е потребен зелениот јавен простор, не смееме да си дозволиме да не го користиме или погрешно да го искористиме јавниот простор покрај реката. Реката ни е дар од природата, а крајбрежните простори во сите планови се дефинирани како рекреативна крајбрежна зона. Затоа се залагам за обнова на зелените појаси вдолж реката секаде каде што тоа е возможно, обнова и изградба на шеталишта со содржина и урбана опрема, плоштади и зелени оази. Тие ни се потребни повеќе од кога било. Познатата исландска поговорка „Човек на човека се радува“ ни е сѐ поприсутна во овие пандемични времиња. Скопје ако претендира да биде зелена престолнина треба да го впрегне сиот потенцијал на архитектонската професија, да му застане на пат на профитерскиот урбанизам и да ги реши проблемите во централното јадро. Здрав и квалитетен живот на граѓаните може да им овозможи само компетентна и одговорна градска власт во соработка со некорумпирана стручна фела. n ПОРТА


комерцијален текст

Koemmerling 88 Passivhaus

Прозорец како компонента на

о 22 години од изградбата на првата нискоенергетска куќа, денешниот термин „пасивна куќа“ станува стандард кон кој се стремиме и несомнено претставува една од водечките теми во областа на енергетската ефикасност. На популаризацијата на темата нискоенергетски објекти и вонархитектонската и градежната професија, придонесува и сеприсутното уверување за неизбежноста на климатските промени, со сите негативни последици предизвикани од човековото делување. Нарушен екобаланс, недостаток на енергенси и зголемувања на цените на традиционалните енергенси, како и сознанијата за негативните ефекти од штетните емисии во воздухот, ги охрабри властите во сите развиени држави да развиваат поефикасни стратегии, со цел поттикнување заштеда на енергија и развој на нови техники и технологии за поголем степен на искористеност и заштеда на енергија. Бидејќи повеќе од 40 % од енергијата произведена во Европа е поврзана со функционирањето на зградите, напорите да се постигнат значителни заштеди во градежништвото, произведоа сосема нови градежни техники и технологии, чии репрезенти се сосема нови термини, како: нискоенергетски куќи, тролитарски куќи, пасивни куќи, нулта енергетски куќи, енергетски самостојни куќи, плусенергетски куќи. Денес, само во Европа, постојат повеќе национални стандарди и насоки кои имаат за цел дефинирање на техниките и технологиите кои се употребуваат за да се намали употребата на енергија во објектите, и кои пропишуваат прилично строги стандарди со кои мора да се задоволат различните компоненти на нискоенергетските згради, особено на пасивните куќи. Неодамна во Сараево беше промовирана првата пасивна куќа, за чија реализација се заслужни домашни компании собрани на иницијатива на Промо од Долен

П

28

ПОРТА

28 мај 2021

Вакуф. Целта на проектот е првенствено да се покаже дека во Босна и Херцеговина е можно да се гради со пасивен стандард, со домашен ум и со домашни материјали (освен секако одредени технички капацитети) и дека таквата градба има своја економска и еколошка оправданост. Една од компонентите на првата пасивна куќа во БиХ се прозорците изработени од домашната компанија FTM од Нови Травник, според насоки на германскиот бренд Koemmerling. Станува збор за прозорци изработени според системот Koemmerling 88 и тоа во Passivhaus варијантата. Ваквите прозорци претставуваат врвен сегмент на технологијата и нудат state-of-theart технологија на прозорци. Како што е познато, само во Европа постојат повеќе стандарди и насоки кои настојуваат да ја дефинираат изградбата на нискоенергетски згради, сепак сите тргнуваат од стандардот дека прозорецот, како една од послабите точки на пасивните куќи мора да има коефициент на пренос на топлина под 0,8 W/m2K. Топлината се пренесува преку прозорецот на сите три нам познати начини на пренос на топлина, од кои кондукцијата е најзначајна. При таков пренос на топлина, прозорската рамка има поголемо значење од уделот што го остваруваат во површината на целиот отвор. Од една страна, тој го носи термоизолационото стакло, а од друга страна, настојува да постигне што подобар спој со објектот, по правило со несродни материјали. Ваквата улога на посредник помеѓу стаклото и објектот е логично предодредена за место на конфликтот, на што придонесуваат сите дополнителни функции на рамката, поврзани со статиката, термиката и акустиката, односно за генерална употреба на прозорците. Сепак, мноштвото компромиси и балансирањето на сите наведени функции, во случај на рамката на прозорецот, која е и сертифицирана компонента за пасивни куќи, ни најмалку не влијае на нејзините термички перформанси. Во конкретниот случај, рамката на прозорецот на


пасивна куќа

првата пасивна куќа во БиХ, изградена во системот Koemmerling 88 Passivhaus, има коефициент на пренос на топлина помал од 0,8 W/m2K, што заедно со стаклото за топлинска изолација, на крајот дава прозорец Passivhaus со пренос на топлина помал од 0,8 W/m2K. За да ни биде појасно ова достигнување, доволно е да се споредат термичките перформанси на Passivhaus прозорците со стариот дрвен прозорец од доцните 80-ти години, крило на крило, кој е сè уште значително присутен во куќите во БиХ. Иако неговиот коефициент на пренос на топлина е најчесто поголем од 3 (земајќи ја предвид староста на прозорецот), да го земеме овој коефициент како пример. Загубите на топлина низ таков дрвен прозорец во текот на еден ден изнесуваат најмалку 5 KW. Само со замена на таков прозорец со Passivhaus прозорец, ќе се оствари заштеда над 3,5 KW за еден ден или 105 KW месечно. За каков вид заштеда на крајот може да се работи е доволно да се помножи последниот број со бројот на прозорци на просечна куќа. (за внатрешна температура од +20° и надворешна -10°). Меѓутоа, термичките перформанси на новиот прозорец не значат многу, доколку не се придружени со високи перформанси на воздухонепропусност и стабилност на оптоварувања предизвикани од ветер и дожд. Бидејќи целиот концепт на енергетската ефикасност на пасивната куќа е заснован на поголеми почетни вложувања во замена за долгорочна ефикасност, која ќе резултира со конкретни заштеди, и прозорецот како компонента на пасивна куќата мора да има долгорочна, ако не и трајна енергетска ефикасност, која не смее да се намали со опаѓање на другите, погоренаведени перформанси. Во нашиот конкретен случај, прозорецот Koemmerling 88 Passivhaus ги има наведените перформанси на воздухонепропусност и стабилност на оптоварувањата предизвикани од ветер и дожд во премиум класата. Ова значи херметичност класа 4, E900 до E1350 за налети на дожд и C5/B5 класа за налети на ветер. Повторно, за да ги појасниме наведените вредности, прозорец, кој според своите перформанси на отпорност на ветер спаѓа во класата C5/B5, би требало да издржи притисок од 3000 Pa, односно

сликовито, налети на ветер со брзина од 250 Km/h. Такви брзини ветерот постигнува кај ураганите од категорија 4, а најпознатиот ураган во поновата историја, ураганот Катрина, кој го опустоши јужниот дел на САД, во контакт со копното беше ураган од 3 категорија. На крајот, прозорецот како компонента на пасивна куќа, покрај своите најзначајни перформанси, а тоа е отпор на пренос на топлина, мора да биде во состојба да ги задржи сите свои иницијални карактеристики. Passivhaus прозорецот мора да понуди највисоки перформанси во повеќегодишен период, од кои најважните се поврзани со еднаква заптивност, операбилност и употреба, како по вградувањето, така и по напрегањата, најчесто предизвикани од дожд и ветер и од температурни осцилации. Врвните перформанси на прозорците, како компоненти на пасивна куќа, мора да бидат долготрајни, бидејќи целиот концепт на пасивна куќа се заснова на максималните перформанси на сите компоненти во текот на целиот нивен животен циклус, со што самиот концепт на пасивна куќа би бил економичен и одржлив.

ПОРТА


архитектура

По колку години архитектот е архитект, а инженерот инженер!? Системот треба да бара други модалитети за средување на работите во струката, без оглед на тоа дали истото ќе биде сторено преку надворешно надгледувано работно искуство до полагањето на државниот испит или развивање на совеста на архитектите дека дел од одговорното професионално однесување е да се знае да се направи самопроценка на сопствените способности

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Англија) вие, веројатно се едни од многубројните прашања коишто произлегуваат од Предлог-законот за градење кој минува низ вообичаените процедури во моментов. Преку овој предлогзакон, на 104 страници, се иницира цела низа на можни промени во рамките на оваа правна регулатива, а при што само дел од нив се предмет на разгледување во овој текст.

О 30

ПОРТА

28 мај 2021

Веројатно како најголема новина е предложеното воведување државен стручен испит како предуслов за стекнување овластување. При ова, како одговорно, се посочува министерството надлежно за уредување на просторот, со тоа да спроведувањето на испитот би било доверено на Комората на овластени архитекти и овластени инженери во соработка со јавна високообразовна научна и стручна установа којашто има единици на соодветните стручни области согласно на законот. Според предложеното, испитот би се полагал усно пред мешовита комисија од

седум члена составена од професори на јавна високообразовна научна и стручна установа од соодветната област, и инженери со повеќе од 15 години професионално искуство (по стекнување на овластувањето) од редовите на членовите на Комората. Предложеното воведување на државниот стручен испит може да се оцени како позитивно со оглед дека ќе се овозможи проверка на релевантните обединети стручни знаења потребни за самостојно и одговорно вршење на работите во делокругот на овластувањето. Дополнително, преку ова ќе се воведе пракса


НАЈГОЛЕМА НОВИНА ВО ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕњЕ - ДРЖАВЕН СТРУчЕН ИСПИТ

којашто е вообичаена во многу земји низ светот, но којашто и постоела во земјата во период по Втората светска војна и подоцна, кога определбата за полагање посебен стручен испит била предвидена и со Законот за изградба на инвестициони објекти од 1983 година, и тоа како барање за стекнување овластување за проектирање сложени и специфични инвестициони објекти и работи. Генерално, според предлогот, принципот на овластување А (за повеќе сложени градби) и Б (за помалку сложени градби) останува за различни категории како на пример, за изработка на проектна документација, за ревизија на проектна документација, за надзорен инженер и за изведба. За да се стекне овластување покрај основната квалификација од 300 кредити според ЕКТСсистемот, ќе бидат потребни и три години работно искуство за овластување Б, односно пет години работно искуство за овластување А и положен државен стручен испит. За оние коишто ќе се стекнат со овластување Б, а сакаат да се стекнат и со овластување А ќе им бидат потребни уште три години работно искуство на повеќе сложени градби, значи вкупно шест. ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ ПРЕДИЗВИЦИ Дел од потенцијалните предизвици со предложеното решение веќе почнуваат тука, со оглед дека веројатно се предлага да се има еден државен стручен испит, а две овластувања: А („целосно“) и Б („делумно“). Барањата да се стекне „целосното“ овластување А во однос на комбинација на должина на студии (пет години) и должина на

минимално работно искуство (пет години), значи вкупно 10 години, плус државниот стручен испит веројатно ќе ја стави Северна Македонија како „лидер“ во светот во оваа смисла. Во моментот, се смета дека приматот припаѓа на САД и Кина каде комбинираната должина на студии и пракса пред да се пристапи на полагање на стручниот испит е осум години, период, коишто според предлогот, во Северна Македонија ќе води само кон „делумното“ овластување. Се разбира, прашање е на националното законодавство како ќе се реши стекнувањето на овластување и пристапот до струката во рамките на една земја, но веројатно е потребо да не се заборават и потенцијално далекусежните последици од предложениот систем во однос на идната меѓународна положба на овластените архитекти и инженери од Северна Македонија, особено кога ќе се земат предвид европските амбиции на земјата и мобилноста на струките коишто би требало да произлезат од идното членство во Европската Унија. Есенцијално, веројатно во најголемиот

број случаи архитектите и инженерите од другите земји на Унијата ќе се стекнат со целосно овластување во струката барем дветри години порано од нивните колеги од Северна Македонија. Како резултат на ова веројатно може да се постави дури и прашањето, дали и во која мерка предложениот пристап можеби ќе придонесе за намалување на довербата во образовниот и стручниот систем во земјата барем во согледувањата на состојбата однадвор - ако ние самите не ѝ веруваме на струката, како може да очекуваме некој однадвор да ни верува? РЕЗУЛТАТ НА ПРОМЕНАТА ВО ОБРАЗОВНИОТ СИСТЕМ Веројатно може да се каже дека ваквиот пристап не е нешто ново, туку нешто коешто од независноста на земјата и без некое поголемо образложение се провлекува во изминатите три децении. Почнувајќи од наводите дека петгодишните студии коишто водат до квалификацијата дипломиран инженер (по старо) траеле наводно „само“ девет семестри или пак дека кредитната вредност на оваа квалификација е само 240 ЕКТС, а не 300 ЕКТСкредити, иако матичниот факултет каде што 28 мај 2021

ПОРТА

31


дека еден архитект или инженер може да биде главен проектант, ревидент или главен ревидент на пример. При ова веројатно не треба да се отфрлат и евентуалните несакани последици за професионалниот развој на идните генерации на архитекти и инженери во земјата. На пример, ако некој и покрај овластувањето треба да работи 10 (за оние со лиценца Б) или 12 (за оние со лиценца А) години, есенцијално, како соработник или пак како проектант на сегмент или на фаза на објект пред да може да стане главен проектант, прашањето е дали лицето ќе „заборави“ да проектира чекајќи на можноста да се стекне правото. Колку свежи и современи ќе бидат идеите и пристапот 10 – 12 години по магистрирање и без проектирање во меѓувреме? лицето дипломирано може да издаде документ според кој се потврдува дека дипломата е со вредност од 300 ЕКТСкредити и слично!? Дури и, веројатно, во една од најконзервативните земји во светот, Велика Британија, со веројатно најстарата професионална организација на архитектите во светот, Кралскиот институт на британските архитекти основан во 1834 година, транзицијата во новиот образовен систем со примена на принципите на Болоњската декларација помина само со промена на името на квалификациите, но не и на статусот или вреднувањето, така бечелорите по архитектура или дипломите по архитектура „по старо“ станаа мастери по архитектура „по ново“. Таму, за разлика од други земји во Европа, не може да отидете до Вашиот факултет и Вашата стара диплома да ја замените со нова на која ќе се водите како мастер, но статусот во струката на старите квалификации не е променет како резултат на промената во образовниот систем. Веројатно дополнителен проблем со којшто се соочуваме во земјата е веројатно и несоодветната дистинкција помеѓу завршните квалификации по старо и по ново, така што веројатно лесно може, особено кај пошироката јавност, да дојде и до забуна за тоа дали лицето има завршено само прв циклус на студии по ново или пак е дипломиран инженер по старо, а коешто веројатно не е најдобриот исход. НА КОЈ НАчИН ќЕ СЕ РЕГУЛИРААТ ИЛИ ДОКАЖАТ ПРАВАТА? За жал искушенијата не престануваат тука. Според Предлог-законот за градење се воведуваат и дополнителните видови на категории за вршење на стручните работи 32

ПОРТА

28 мај 2021

како на пример, главен проектант, главен ревидент, главен инженер на градилиште, управител на градба, главен надзорен инженер итн. При ова според предложеното, на пример, за да може да се врши функцијата на главен проектант лицето ќе треба да има седум години работно искуство од стекнување на овластувањето (значи 12 години вкупно за оние со лиценца А), 10 години работно искуство по стекнување на овластувањето за да се врши функцијата ревидент (значи 15 години вкупно за оние со лиценца А) и 15 години работно искуство по стекнувањето на овластувањето за да ја врши функцијата главен ревидент (значи најмалку 20 години работно искуство за оние со лиценца А). Евентуалното прифаќање на предложените промени само дополнително ќе ги искомплицира работите и најверојатно ќе отвори енормна дополнителна административна работа, особено што не е баш најјасно од Предлог-законот, на кој начин ќе се регулираат или докажат правата

ДОБИВАњЕТО ОВЛАСТУВАњЕ А НЕМА ДА ГО НАПРАВИ АРХИТЕКТОТ АВТОМАТСКИ СПОСОБЕН ДА ПРОЕКТИРА Оттука, веројатно се поставува прашањето дали можеби е дојдено времето да се разврзе јазолот пред да стане толку голем за да веќе не може да се стори тоа? Да речеме во Велика Британија, овластувањето, во тамошниот случај регистрацијата, е одраз на проценката од струката дека лицето се стекнало со минималните предуслови за самостојно и одговорно вршење на работите во доменот на струката. Регистрираниот архитект следниот ден може да отвори свое проектантско биро и да стане директор и архитект. Тој не мора да чека повеќе години пред да стане главен проектант или слично. Од друга страна, кај нас со добивањето на овластување А врз основа на проектирање универзитетски објект со училници за настава нема да го направат


овластениот архитект автоматски способен да проектира термо или хидроцентрали или рафинерии за нафта. ОСИГУРИТЕЛНИ ПРЕМИИ ЗА ПРОфЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ Системот треба да бара други модалитети за средување на работите во струката без оглед на тоа дали истото ќе биде сторено преку надворешно надгледувано работно искуство до полагањето на државниот испит, развивање на совеста на архитектите дека дел од одговорното професионално однесување е да се знае да се направи самопроценка на сопствените способности и на инвеститорот отворено да му се каже дека задачата ги надминува неговите способности за нарачателот да си побара некој поискусен архитект, или пак архитектот да склучи договор за соработка со поискусен архитект кој ќе ја земе функцијата на главен извршен проектант или сл. Во оваа смисла не може да се потцени и улогата на осигурителните компании преку процесите за проценка на ризикот каде помладите овластени архитекти може да се соочат со повисоки осигурителни премии за професионална одговорност, при што прифаќањето на поголеми и поризични проекти може да ги направи економски неприфатливи за помалите бироа или пак за оние со помалку

искусни вработени. Се разбира тука добар удел може да одигра и едукацијата на идните инвеститори, затоа што за нив ќе биде најдобро да си ги заштитат своите интереси преку избор на доволно искусни овластени архитекти врз основа на специфичноста и сложеноста на објектот. Ова во голема мерка може да помогне во сегментирање на пазарот, веројатно на „пооргански“ начин отколку со примена на цел куп на овластувања и потврди за тоа што точно овластениот архитект или инженер може да работи. Веројатно можно сценарио би било да се преиспита листата на категории на објекти за

на истата да влезат сите оние коишто во најголем број на случаи би влегле во доменот на работење на просечниот архитект. По три години соодветно организирано и надгледувано работно искуство магистрите да може да го полагаат државниот стручен испит и по успешното полагање да се стекнат со овластувањето, при што тоа би било овластување во професијата, значи без овластување А и Б. Доколку навистина има потреба, веројатно може да се разгледа можноста за стекнување за некое специјално овластување за работа на исклучително комплексни капитални проекти за потребата на државата или слично, но врз основа на поинаков систем од сегашниот и на некој начин издвоено од примарниот систем за стекнување овластувања во струката. По углед на економската струка да се раздели ревизиската улога од основната услуга, па така да се воведе посебно звање ревидентархитект или ревидент за проектирање коешто би било одделено од овластувањата. На ваков начин веројатно би се создала можност едновремено и да се зајакне и поедностави системот, при што спецификите на локалните законодавни барања би се издвоиле од основните принципи за стекнување овластување на архитектите и инженерите. n 28 мај 2021

ПОРТА

33


архитектура

Вашингтон - типичен спој на

класицизам и модернизам Три фактори радикално влијаеле на стилот на архитектурата на Вашингтон: ограничувања на висината на градбите, класицизам и конзервативизам, и модернизмoт во средината на 20 век Јулија ВЕЛКОВСКА (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) ашингтон бил основан на 16-ти јули, 1790 година, кога со акт на Конгресот бил одобрен федерален округ меѓу сојузните држави Вирџинија и Мериленд. Идејата на првиот претседател на САД, Џорџ Вашингтон била главниот град на Америка да се подигне од нула, земјиштето да биде така локализирано, да не се фаворизира ниту една од државите во унијата, да се постави на централно место во рамки на територијалните граници во тоа време, и да биде до пловна морска површина. Вашингтон се наоѓа на сливот на реките Потомак и Анакостија и на притоката Рок Крик. Локацијата важи како потсетник дека богатството на елитата на оваа земја, особено на почетокот, зависело од навигацијата, од широки, достапни утоки, а подоцна и од пристаништа и канали. Можеби денес, и особено со подемот на модернизмот во регионот од 1950-те, наваму, Вашингтон изгледа како совршено место да биде главен град на Америка. Но, во екот на борбата за превласт меѓу Северот и Југот, требало да се избере меѓу комерцијален центар од една, и земјоделски регион или противтежа на концентрација на финансиска и политичка моќ, од друга страна. Имало уште еден проблем - Вашингтон бил пустелија, агломерација на калливи патишта, мочуришта, со по неколку скромни куќи наоколу. Претседателот сепак останал доследен на визијата, кога станува збор за дизајнот, новите цели и идеали да бидат соодветни за сегашноста, иако потсетуваат на некое далечно минато. Со осврт на симболите на грчката и римската историја и нивното реторичко значење, со препознавање на значењето на хероите, целта му била и да се постигне политичко и културно обединување, и да ѝ се даде идентитет на младата нација. Во 1791 година тој побарал помош од Французинот Пјер Чарлс Ленфант, тогаш веќе етаблиран архитект. Инспириран од природната топографија, Ленфант замислил град со широки авении, каде важните згради ќе заземаат стратешки места. Вашингтон зборува два архитектонски јазици: класичен - на Националното шеталиште и еклектичен, во остатокот од градот. Главната реализација на проектот на

В

34

ПОРТА

28 мај 2021


ДЕСТИНАЦИЈА ЗА љУБИТЕЛИТЕ НА ДИЗАЈНОТ И АРХИТЕКТУРАТА

Ленфант е токму шеталиштето - тревна површина којашто почнува од зградата на Конгресот. Вашингтон воедно сведочи за фактот дека убавината на еден главен град може да произлезе не само од величественоста на неговите јавни згради, туку пред сè од урбанизмот и големината на неговите простори. Зад лесната пристапност на шеталиштето, стои идејата сите посетители да се чувствуваат комотно и еднакво. Темелното познавање на барокната пејзажна архитектура од 18 век и блискоста со Париз и Версај, придонела Ленфант внимателно да ги избере локациите за зградите врз основа на редоследот на нивната важност, почнувајќи од Конгресот, поставен на висок гребен. Со конгресната зграда во средина на скицата, градот лесно можел да се подели на четири дела: северозапад (најголемиот квадрант), североисток, југоисток и југозапад. Оттука произлегле и дијагоналните авении именувани по секоја сојузна држава одделно. Вака уредениот уличен систем, надополнет со беспрекорните дрвореди, создал впечатлива глетка на импозантни фокусни точки и отворени јавни простори. Планот на Ленфант бил рафиниран во 1900 година, на одбележувањето на стогодишнината на градот. Сенатската Комисија за паркови предводена од сенаторот Џејмс Мекмилан за таа цел ги повикала најистакнатите архитекти, уметници и дизајнери во земјата, по што Националното шеталиште било проширено со уште околу два километра, до меморијалот на Линколн, а биле изградени и многу нови споменици, федерални згради, паркови и музеи. Со проектот на Националната комисија за урбано планирање „Проширување на наследството“ во 1997 година, планот на Ленфант требало дополнително да се заштити. Во овој случај фокусот бил ставен на заживување на некои од занемарените населби во градот. АРХИТЕКТУРАТА И МИНАТОТО „Архитектурата е моја радост“, рекол третиот американски претседател Томас Џеферсон, кој исто така имал голем удел во изградбата на Вашингтон. Токму Џеферсон ја дефинирал класичната ера на првите официјални згради. На посегнувањето кон минатото за да се изгради нешто ново, се гледало како на обид државата да биде еднаква со другите, но сепак поинаква. Со лежерната, но прагматична употреба на класичните форми - карактеристика на еклектицизмот што оттогаш наваму ја одбележал архитектурата на САД, Америка барала идеолошка и културолошка поврзаност со Стариот Свет, истовремено изразувајќи ја сопствената независност. Оттука, неокласицизмот бил вистинскиот јазик за на младата држава да ѝ се обезбеди достојно реноме. Три фактори радикално влијаеле на стилот на архитектурата на Вашингтон: ограничувања на висината на градбите, класицизам и

конзервативизам, и модернизмoт во средината на 20 век. Конгресот уште во 1899 година усвоил правила за ограничување на висината на зградите, поради загриженост од пожари и естетиката на висококатниците. Потоа, со Законот за висина од 1910 година се обезбедил хоризонталниот пејзаж на градот. Според овој акт, ниту една зграда во Вашингтон не смее да биде повисока од 40 метри, со исклучок на делови на авенијата Пенсилванија, каде одредени градби имале дозвола за продолжување на висината на дополнителни 9 метри. Како што се развивал, градот практично се ширел, наместо да се издигнува по височина. Од 1800 година, архитектурата и дизајнот на многу згради во Вашингтон се инспирирани од класицизмот (стил познат по рационалност, убавина, ред и рамнотежа). Класичната архитектура еволуирала низ неколку фази, сукцесивно подлегнувајќи на влијанието на џорџијанските и паладијските стилови од 18 век, оние на грчката преродба и Втората Империја од 19 век; неокласичен стил под 28 мај 2021

ПОРТА

35


влијание на арт-деко од почетокот на 20 век, модернизам во средината на 20 век и постмодернизмот кон крајот на 20 и почетокот на 21 век. Зградата на Конгресот е една од најпознатите градби во Америка и еден од најимпозантните примери за неокласичен архитектонски стил во Вашингтон. Се наоѓа над реката Потомак, на источниот крај на Националното шеталиште, со поглед којшто се протега кон запад кон Споменикот-обелиск Вашингтон и Меморијалот Линколн. Како фокусна точка на американската политика, изминативе преку 200 години, Конгресот е дом на законодавната власт на државата. Проектот е на Вилијам Тортон, којшто претседателот Вашингтон го одобрил во 1793 година од голем број конкурси. Оттогаш зградата е проширувана, надградувана и обновувана. Инспирацијата била употреба на антички, грчки и римски стил на важни јавни згради - препознатлив по високи столбови, симетрични форми, триаголни тимпанони и куполни покриви. Оригиналната зграда била составена од три дела. Централниот, на кој требало да се надоврзе ниската купола, од каде, на северната и јужната страна произлегле двете правоаголни крила, едно за Сенатот, друго за Претставничкиот дом. Во 1850-те години оригиналната ниска купола била заменета со сегашната, изработена од бело леано железо, а инспирирана од базиликата Свети Петар во Рим. Зградата е висока 87 метри, со приближно 540 простории и 658 прозорци. Во центарот под куполата се наоѓа Ротондата, а лачните sидови се изработени од песочен камен поделени со дорски пиластри. Во горниот фриз впечатливи се издлабените венци од маслинови гранки. Во 2008 година Центарот за посетители на Конгресот, за јавноста беше отворен како Историски музеј, којшто сега привлекува неколку милиони 36

ПОРТА

28 мај 2021

туристи годишно. Железничката станица (Union Station) во непосредна близина на Конгресот е друг пример за класична градба во Вашингтон. Зградата била завршена во 1906 година, според проект на Даниел Бурхам. „Малите планови не би ги возбудиле умовите на луѓето“, рекол овој познат архитект. Белата куќа е уште еден пример за класицизам во вашингтонската архитектура. Проектот е на ирскиот архитект Џејмс Хобан во 1790-те години, избран на конкурс. Темелите сепак биле по теркот на оригиналната замисла на Пјер Ленфант, а претседателот Вашингтон имал увид во изготвувањето на проектот за изведба. За осум години, ангажман на ослободени и сè уште притворени робови, како и имигранти од Европа, и за цена од околу 230.000 долари, никнал објект во ирско-грегоријански стил, идентичен со куќа Леинстер, која се наоѓа во Даблин, Ирска. Претседателот Вашингтон инсистирал објектот да биде изграден од камен и декорации од камен. Песочниот камен Акија Крик (Aquia Creek), којшто варира од кафеава до светлосива боја, значително се користел во градежништвото во Вашингтон кон крајот на 18-тиот и почетокот на 19тиот век. Овој песочен материјал, кој се наоѓал во областа Стафорд во


Вирџинија, имал особена вредност бидејќи можел лесно да се обликува, каменоломот бил достапен и преку реката Потомак и материјалот можел брзо да се пренесе до градилиштето. Каменот бил порозен и подложен на пукнување при ниски температури, но на крајот бил заштитен со материјал на база на вар, и оттука е добиен називот Бела куќа. По неколку големи реновирања и закани да биде преместена, Белата куќа сепак останала на актуелната локација. Денес има 142 соби на шест нивоа. Претседателскиот дом е единствената приватна резиденција на шефот на државата отворена бесплатно за јавноста. Белата куќа ја рефлектира историјата на една нација преку насобраните колекции на 46 претседатели досега и служи како светски симбол на американската република. Министерството за финансии од 19 век и зградите на Врховниот суд во 20 век, дополнително ја одразуваат традицијата на класицизмот. Врховниот суд, дизајниран од њујоршкиот архитект Кас Гилберт бил завршен во 1935 година, и е уште една форма на голем мермерен храм во римски стил, со впечатливи широки скали и трем со високи коринтски столбови. Деловните згради во таканаречениот Федерален триаголник, изградени по Првата светска војна (1914 - 1818) како одговор на потребата на Владата за поголем канцелариски простор, се примери за помодерни и неокласични стилови под влијание на арт-деко. Меѓу нив се Министерството за трговија, Поштенската служба, Службата за даноци, Министерството за правда, Националниот архив и зградите на Федералната комисија за трговија. Традицијата на конзервативизам е очигледна и при проектирање на многу приватни згради во Вашингтон. Неколку згради од почетокот на 19 век и натаму постојат во центарот на градот. Кон крајот на 20 век, движењата за зачувување на историското наследство успешно ги спасиле фасадите на бројни постари градби, вметнувајќи ги во рамките на новите деловни објекти. Резиденцијалните области од средината на 19 век се карактеристични со редици куќи, кои како да се прикачени една до друга и кои незначително се разликуваат по големина, висина, стил и градежен материјал. Подоцнежните населби нуделе поголеми дворни места и разновидни единични куќи наменети главно за средната и за високата класа. Во 1870-те, елегантните куќи-дворци биле градени од варовник или од декоративна тула и теракота, особено во населбите Дупонт и Калорама во северозападниот дел на градот. На почетокот на 1930-тите, многу од овие објекти биле претворени во амбасади, приватни клубови и деловни простори. За време и веднаш по Првата светска војна, и повторно по Втората светска војна (1939 - 1945), во Вашингтон бил забележан подем на изградба на станбени згради, поради порастот на бројот на државни службеници. До крајот на 20-тиот век, во некои од

претходно запоставените населби во Вашингтон никнале нови градби за повеќенаменска употреба и луксузни хотели. АРХИТЕКТУРАТА И СЕГАШНОСТА „Архитектите успеваат, кога заземаат убав пристап, ја почитуваат урбанистичката рамка и соодветно ја приспособуваат архитектурата“, вели Томас Лубки (Thomas Luebke), секретар на Комисијата за ликовни уметности на САД. Употребата на класичните форми за дизајн на монументалниот дел на Вашингтон се одвивала околу 150 години, сè до 1941-та, со изградбата на западното крило на Националната уметничка галерија дизајнирано од Џон Расел Поуп. По дизајнот на Меѓународниот аеродром „Далс“ во 1962

28 мај 2021

ПОРТА

37


на Еро Саринен, и триаголниот модул на источното крило на Националната уметничка галерија благодарение на И. М. Пеи, Вашингтон почна да се вбројува меѓу градовите со најдобра модерна архитектура. Уште еден од примерите за подем на модернизмот во овој град е и проширувањето на меморијалот и на концертната сала Џон Кенеди.

ПОРТА

Проектот е наречен „Рич“ (Reach) или „Достигнување“. Трите футуристички бели павилјони проектирани се од тим под водство на архитектот и теоретичар на архитектурата, Стивен Хол. „Рич“ е првото проширување на оваа локација, додаден е и нов ресторан и повеќе простори за изведби на модерен балет, опера, комични шоуа, џез, па дури и експериментални диџеј сесии. Се чини дека со години репутацијата на Вашингтон зависела од политиката, спомениците, и, се разбира, од скандалите. Но, од неодамна, главниот американски град се претвори во дестинација за љубителите на дизајнот и архитектурата. Со голем број нови хотели, ресторани и културни настани, градот никогаш не се чувствувал посвеж и поживописен. Така, денес новите проекти во Вашингтон се проектирани да ја преиспитаат морфологијата на градот, притоа почитувајќи го неговиот идентитет. Денес, Вашингтон останува слоевит и културно разновиден. Денес, може да го имате најдоброто од двата света, истражувајќи во минатото со посета на Националното шеталиште и музеите или фокусирајќи се на авантуристичкиот дух на модерните соседства.


ПОРТА


ентериер

Транспарентен и свеж ентериер Главната цел при изборот на материјали и бои, како и парчиња мебел и опрема, беше да се покаже токму природната светлина што ја исполнува внатрешноста на просторот и ги нагласува сите прекршувања на рамнините кои ја дефинираат просторната целина

ПОРТА

Автори: Владо Данилов, дипл. инж. арх. и Елена филиповска, дипл. инж. арх. Проектантско биро: „Студио 90“ Година на проектирање и изведба: 2021 Фотографии: Марко Костовски


KАТ ОД СЕМЕЈНА КУќА ВО ЦРНИчЕ росторот за домување прикажан на фотографиите е кат од семејна куќа во скопската населба Црниче, во кој живее брачен пар со три деца. Клиентите се одлучија да нè ангажираат со цел да добијат транспарентен и свеж ентериер, а водено и функционален. Нивниот дом е прибежиште каде се собира фамилијата и често доаѓаат пријателите. Станува збор за стан на последен кат, со нестандардна висина која произлегува од обликот на плафонот, т.е. ја следи формата на кровната конструкција. Еден од квалитетите на просторот е тристраната

П

ориентација на станот и големите отвори кон југозападната, северозападната и североисточната страна, кои пропуштаат голема количина на природна светлина внатре во домот. Главната цел при изборот на материјали и бои, како и парчиња мебел и опрема, беше да се покаже токму природната светлина што ја исполнува внатрешноста на просторот и ги нагласува сите прекршувања на рамнините кои ја дефинираат просторната целина. Важно беше да се зачува чувството на отворен простор, поврзан со околината преку многуте прозорци, кој воедно ќе ги исполнува сите

потреби и начин на живот на петчленото семејтво. Дневниот престој е поделен во две зони – со две посебно организирани седења; едниот дел е наменет за возрасните и за пријателите, а другиот е наменет за децата, каде што може да гледаат телевизија и да играат плејстејшн со другарите. Делот во дневниот престој каде семејството се опушта и гледа телевизија е главно опкружен со бели ѕидови, а поединечен сегмент е во сив тон. Како контраст на белината организиран е орман во црна боја кој служи како библиотека и место за складирање, каде се претопува и

ПОРТА


телевизорот. Таканаречениот „детски дел“ на дневната соба е со комотни парчиња мебел и ниска комода во боја на природно дрво. Трпезарискиот дел исто така е дел од овој заеднички простор, каде централно е поставена трпезариска маса која се трансформира во маса за билјард и каде често се собираат гостите. Кон југозападната страна организирана е кујната, која заедно со трпезаријата и дневната соба сочинуваат еден простор подреден на различните намени. Кујната е одвоена од трпезарискот дел со висок бел пулт, каде семејството често се собира, заедно приготвува храна и ги споделува своите оброци. Кујната е бела со чисти рамни линии на елементите истакнати на сивиот ѕид. Белината доминира и во целиот простор, по ѕидните и плафонските површини. Контраст е постигнат со поставување елементи од мебел во топла, темносива нијанса, во комбинација со подот изработен од природно дрво. Нијанси на сина и зелена боја се појавуваат во детали од парчињата мебел, кои како секвенци го 42

ПОРТА

28 мај 2021


заживуваат просторот и го прават повозбудлив. Во изолиран помирен и приватен дел од катот се наоѓа спалната соба која е проектирана по желба на корисниците, со гардеробер и комплетно интегрирана бања за чија изведба употребени се големи парчиња стакло. Елеганцијата и едноставноста беа основни насоки при проектирање на овој интимен дел. Дозата на елеганција во спалната соба постигната е со прочистеност од детали, смиреност на линиите и боите и присуство на многу природна светлина. Сè ова заедно ја прави собата многу удобна и дава чувство на безбедност, додека интегрираната бања дава доволна гламурозност на целиот простор. n

ПОРТА


комерцијален текст

НОВО ВО ПОРТфОЛИОТО НА ПРОИЗВОДИ НА ВИНЕРБЕРГЕР!

Покривни прозорци Tondach Нов елемент на паметниот покрив

К

ако водечки добавувач на градежни материјали ширум светот, Винербергер се развива врз основа на иновации и системски решенија што ќе го подобрат квалитетот на

живот. Постојано бараме решенија што ја редуцираат потрошувачката на енергија, што ја штитат животната средина и обезбедуваат здравје и безбедност на сите членови на семејството. Нашата мисија е да имаме целосна понуда на одржливи градежни материјали и системски решенија за да објектите изградени со производите на Винербергер се со највисок квалитет. Зошто да ги одберете покривните прозорци Tondach? Висок квалитет и функционалност l Одлична топлинска изолација l Непропустливост и долг животен век l Лесно ракување и одржување l Температурна постојаност во просториите Безбеден и удобен простор l Повеќе природна светлина l Здрава и природна микроклима l Постојано проветрување на домот Целосно решение l Компатибилност со сите модели на ќерамиди l Комплетна системска опрема 44

ПОРТА

28 мај 2021

l Лесна и брза монтажа

l Овластени изведувачи и партнери

l Доживотна гаранција за оштетувања од град

Светлина и свеж воздух во домот Здравjето е на прво место Со покривните прозорци Tondach, поткровниот простор ќе воодушевува со свеж воздух, природна светлина и здрава микроклима. Целосно решение на едно место Сигурен и издржлив покрив Tondach Со покривниот систем Tondach, брзо и лесно ќе изградите совршен покрив, што истовремено ќе гарантира трајна вредност и безбедност на објектот. Oдберете го најсоодветниот модел на покривен прозорец Comfort, Project, energy + или smartPro? Разновидноста на модели и големини на покривните прозорци Tondach ќе ви овозможат да одберете од најпопуларните и сигурни модели на покривни прозорци Дизајнот на покривните прозорци Tondach е проектиран така што

хоризонталната оска на прозорецот се наоѓа на средината, што ви овозможува да го ротирате крилото околу својата оска 180°, што го прави едноставен за миење однадвор и генерално лесен за одржување. Рачката лоцирана на дното на прозорецот ви овозможува да ја затворите цврсто или да го оставите крилото во две главни положби за да влезе свеж воздух во просторот. Бидејќи отворот за вентилација се наоѓа на горниот дел од рамката, ефективната застаклена површина на прозорците Tondach е приближно 6% поголема од другите покривни прозорци што се достапни на пазарот. Ова придонесува за подобро осветлување на просторот. Зошто да одберете прозорци со централна оска на отворање? l Најпопуларниот дизајн на покривни прозорци е оној со централна оска на отворање l Овој тип на прозорци се изработени од најквалитетно борово дрво, импрегнирани со вакуум и заштитени со акрилен лак l Лесен и едноставен начин на употреба преку рачка која се наоѓа на долниот дел на крилото


l Рачката има две фази на отворање и лесно

се ракува

l Лесно се чисти и одржува l Безбедносни додатоци

l Можност за поставување на покриви со

наклон од 15 ° - 90 ° Tondach Comfort Модерен покривен прозорец Tondach со стандардно застаклување по достапна цена: Технички карактеристики: U-коефициент на рамката на прозорецот: 1,3 W / m2K l U-коефициент на стакло: 1,1 W / m2K l Звучна изолација: 31dB l Двојно застаклување со аргон l Капацитет за вентилација: до 20 m³ / h l Рачка: стандардна l Еден дихтунг Tondach Comfort Квалитетен процорец по прифатлива цена! Предности: l V10 вентилација за рачно регулирање на вентилацијата на воздухот l Енергетски ефикасно стакло l Модерен и привлечен изглед l Високо квалитетно борово дрво, ламелирано и импрегрирано со вакуум l Дрвена рамка покриена со еколошки акрилен лак во природна боја l Дополнителна заштита преку алуминиумски профили, отпорни на атмосферски влијанија и УВ зраци Tondach Project Прозорец со стакло кое штеди енергија Технички карактеристики: l U-коефициент на прозорецот: 1,3 W / m2K l U-коефициент на стаклото: 1,1 W / m2K l Звучна изолација: 32 dB l Двојно застаклување со аргон l Капацитет за вентилација: до 31 m³ / h l Рачка: стандардна l Прицврстување: двострано Tondach Project Предности: l Вентилација V10 l Стакло кое штеди енергија l Модерен дизајн со централна оска на отворање l Високо квалитетно борово дрво, ламелирано и импрегрирано со вакуум l Дрвена рамка покриена со еколошки акрилен лак во природна боја Прозорци со зголемена заштита од провала Tondach energy + Прозорец со енергетски ефикасно стакло и зголемена заштита од кражба Технички карактеристики: l U-коефициент на прозорот: 1,3 W / m2K

l U-коефициент на стаклото: 1,0 W / m2K

l Високо квалитетно борово дрво,

l Застаклување со аргон

l Три слоја полиуретански лак - идеален за

l Звучна изолација: 35 dB

l Капацитет на вентилација: V40P; до 49 m³ / h l Рачка: елегантна

l Четири дихтунга Tondach Energy + l Вентилација VP40 со автоматска регулација l Систем со зголемена заштита од провала (антипровално застаклување во согласност со европските барања за провала RC 2 N, класа II, според EN 1627) l Не бара дополнителна заштита l Подобрен квалитет и енергетска ефикасност на покривниот прозорец l Сигурносно копче l Високо квалитетно борово дрво, ламелирано и импрегрирано со вакуум l Дрвена рамка покриена со двослоен еколошки акрилен лак во природна боја l Преку иновативен систем, прозорот е заштитен од можни обиди за: удар на надворешната страна на прозорот, кршење на рачката со алат, кршење на стаклото на прозорот, разбивање на рамката

Tondach smartPro Интелигентни прозорци со стакло кое штеди енергија и заштитува од кражба l Технички карактеристики: l U-коефициент на прозорецот: 1,3 W / m2K l U-кеофициент на стаклото: 1,0 W / m2K l Акустична изолација: 35 dB l Двојно застаклување со аргон l Капацитет за вентилација: V40P; до 49 м³ / ч l Рачка: елегантнаж l Четири дихтунга

ламелирано и импрегрирано со вакуум

создавање на издржлива и мазна површина на рамката со бела боја l Заштитниот слој на рамката обезбедува дополнителна заштита од влага l Наменето за простории кои се изложени на висока влажност (кујна, бања) l Преку иновативен систем, прозорот е заштитен од можни обиди за: удар на надворешната страна на прозорот, кршење на рачката со алат, кршење на стаклото на прозорот, разбивање на рамката Секогаш свеж воздух во поткровјето! Добрата вентилација обезбедува здраво домување, затоа е важно да се обезбеди соодветна вентилација. Вентилација v40P обезбедува автоматско регулирање на протокот на воздух Големата функционалност обезбедена од автоматската вентилација V40P оптимално ја дозира количината на чист воздух, обезбедува здрава микроклима во покровјето и спречува претерано ладење на просторијата. Со задржување на топлината во студените денови, се обезбедува постојана температура во зима, што значи пониски сметки за греење. Дифузерот обезбедува висока непропустливост и штити од прашина и инсекти однадвор. Гаранција Долгорочна гаранција за долгорочна безбедност на сите членови во семејството. l 10 години гаранција на прозорците l 20 години гаранција на стаклото l Доживотна гаранција против провала

Tondach smartPro: Предности: l Вентилација VP40 со автоматско прилагодување 28 мај 2021

ПОРТА

45


ПОРТА


ПОРТА


технологии

Неконтролираното „враќање Вселенскиот отпад во вид на употребени ракети, нефункционални сателити, разни метални остатоци од инструменти и метални олупини можe да останат во орбитата со години. речиси 300 сателити се присутни и оперираат во вселената, но најмалку три пати повеќе има нефункционални сателити или типичен вселенски отпад Даниела МЛАДЕНОВСКА зминатиов месец глобалната јавност беше вознемирана од сознанието дека остатоци од кинеска ракета се враќаат кон нашата атмосфера без контрола и дека соодветно на тоа не може да се процени местото каде остатоците од ракетата ќе се срушат. Секако, најсреќната околност беше тоа да се случи во океанот, но шансите тоа да биде во населена област и да предизвика жртви беа многу веројатни. Во најкритичните десетина дена пред падот на ракетата, многумина се обидуваа да направат што попрецизна про-

И 48

ПОРТА

28 мај 2021

ценка за можната локација. Ваков неконтролиран пад на една употребена ракета не се случува за прв пат, но станува збор за прв објект со голема маса (над 20 тони) кој неконтролирано паднал после 20 години. Пентагон ја следеше ракетата една седмица, но официјално соопшти дека е тешко да се предвиди каде ќе падне огромното парче метал. Aerospace.org исто така го следеше падот на ракетата и ден пред нејзиното рушење предвиде декa тоа ќе се случи во Тихиот Океан. Спорната ракета го овозможи лансирањето на Tianhe, главниот модул за амбициозниот проект на Кина - нова вселенска станица на идната генерација. Ова лансирање беше реализи-

рано на 28 април 2021. Комплетирањето на новата вселенска станица се очекува до крајот на 2022 година, и ќе овозможи сериозен придонес во кинеската наука во следната деценија. Тоа ќе биде второто од единствените две места во вселената (покрај Меѓународната вселенска станица) со човечки екипаж. После повеќедневната драма, остатоците од ракетата Long March 5B тешка 23 тони се срушија ноќта на 8 мај во океанот северно од Малдивите, по што започна широка дебата во врска со вселенскиот отпад во орбитата на Земјата и почитувањето на принципите за одржливост на вселенските мисии. Но, како изгледаше оваа глобална


long marCh 5B ТЕШКА 23 ТОНИ СЕ СРУШИ НА 8 МАЈ

дома“ на кинеската ракета опасност пред да се сруши? Gianluca Masi од Италија, успеал да ја слика ракетата и да ја сподели преку неговиот веб-сајт Virtual Telescope Project 2.0. Во времето кога е сликана „ракетата беше на околу 700 километри оддалечена од нашиот телескоп, додека Сонцето беше само неколку степени под хоризонтот, па небото беше исклучително бистро“, пишува Masi. „Ова е огромно парче отпад - 22 тони, 30 метри долго и 5 метри широко, но малку е веројатно дека може да направи сериозна штета“ додал Masi. Многумина ја обвинија Кина дека е единствената земја која сè уште се осмелува да извршува неконтролирано спуштање на вселенските ракети. И сосема со право, бидејќи ваква закана, а за жал и катастрофа предизвикана од истите причини, не е без преседан. Во 2018 година, сличен настан предизвика загриженост. Имено, тоагаш кинескиот Tiangong-1 со маса од 8 тони, исто така неконтролирано влезе во атмосферата и се урна во близина на Тахити. За среќа никој не е повреден при оваа несреќа, а вселенскиот отпад делумно изгорел во атмосферата, а делумно „се населил“ во јужниот Пацифик. Минатата година истото се случи со малку поинаква ракета од ист тип - Long March 5B, која падна неконтролирано во Атланскиот Океан, во близина на западниот африкански брег. Некои големи парчиња од овој отпад се срушиле на копно на Брегот на Слоновата Коска, но повторно за среќа немаше повредени. Досега во историјата, само три вселенски објекти потешки од оној во последниов инцидент (потешки од 23 тона), се срушиле неконтролирано на Земјата. Станува збор за вселенската станица Skylab со маса од 83 тони, која се урнала над Австралија во јули, 1979, потоа 50-тонскиот горен сегмент од ракетата Saturn V, која всушност и ја лансирала вселенската станица Skylab, и која се срушила над Атланскиот Океан западно од Мадера во јануари 1975, и остатоците од советската Salyut 7 вселенска станица и составниот модул Kosmos-1686, кои заедно тежеле околу 43 тони. Последниов „проектил“ се срушил над Аргентина во февруари 1991. Но, оттогаш се минати многу години, а напредокот на технологијата веќе го има поставено како стандард контролираното враќање на ракетите преку механизми вградени во самиот дизајн. Кина е релативно нов играч во вселенската трка, но оства28 мај 2021

ПОРТА

49


рува сериозен напредок. Дека Кина мора да работи посериозно на безбедноста на својата вселенска програма, особено во однос на инкорпорирањето на споменатиот елемент на безбедноста во дизајнот на ракетите е повеќе од јасно и нужно, доколку се има предвид дека нејзините ракети од типот Long March 5B се познати

50

ПОРТА

28 мај 2021

како heavy lift односно ракети за подигање исклучително големи товари. Тие вообичаено се користат кога е потребно да се транспортираат во вселената тешки модули и други компоненти при градба на вселенски станици. Такви ракети се и американските Falcon 9 и Atlas 5, како и француската Ariane 5.

Секогаш кога вселенските агенции лансираат големи ракети, вообичаено тие не стигнуваат во орбитата, односно истите се специјално дизајнирани да паднат во океанот. Ракетите и сателитите имаат вградени механизми со помош на кои намерно се исфрлаат од орбитата и безбедно се наведуваат назад кон Земјата. Најголем дел од нив, намерно се насочуваат кон т.н. „гробишта за вселенски летала“ - голема ненаселена област на Тихиот Океан. Оваа локација е најоддалечена од кое било копно на планетата. Во конкретниов случај, ракетата која го носела модулот Tianhe стигнала во орбитата, но веднаш по исклучувањето на моторите, таа е „уловена“ од гравитацијата на Земјата. Секоја ротација околу Земјата ја носи поблиску до точката каде влегува во атмосферата и паѓа со голема брзина, а притоа во значителен дел се троши и согорува. Но, како и да е, генерирањето на вселенскиот отпад е сериозен и веќе долгогодишен проблем. Вселенскиот отпад во вид на употребени ракети, нефункционални сателити, разни метални остатоци од инструменти и метални олупини може да останат во орбитата со години. Речиси 300 сателити се присутни и оперираат во вселената, но најмалку три пати повеќе има нефункционални сателити или типичен вселенски отпад. „Како што лансираме сè поголем број сателити во вселената, проблемот со вселенскиот отпад сè повеќе се влошува“, вели Џејмс Блејк докторанд во областа на вселенски отпад на University of Warwick. Но, ривалството во вселенската трка и воопшто во областа на технолошкиот и економски прогрес меѓу големите сили веќе неодминливо станува и закана за општата безбедност. Поинаку не може да се протолкува изјавата на американскиот секретар за одбрана Лојд Остин, кој на 6-ти април рече дека „САД немаат план да ја соборат ракетата“ изразувајќи надеж дека „таа веројатно ќе падне во област каде нема никому да му наштети“. Многумина ова го толкуваат како ликување на САД над ситуацијата, бидејќи во случај на евентуални жртви и штети би било многу ефектно да се обвини Кина и нејзината неспособност и негрижа. Зошто би интервенирале, кога би можеле добро да профитираме од оваа ситуација? Сурово, но за жал вистинито. После за среќа „безбедното“ враќање на ракетата, администраторот на НАСА Бил Нелсон се обрати преку писмена изјава критички настроена кон Кина. „Државите кои развиваат своја вселенска програма мора да ги минимизираат ризиците по луѓето и по имотите на Земјата, при враќањето на вселенските објекти и да ја максимизираат транспарент-


носта во врска со овие операции“. „Јасно е дека Кина потфрли во исполнувањето на стандардите во однос на својот вселенски отпад“, се заклучува во изјавата. Од друга страна пак, Кина уште еднаш се коцкаше на статистичкиот факт дека рушењето над водена површина е најверојатниот исход, и излезе како победник. Единствено за ракетите со помала тежина е извесно дека ќе согорат во атмосферата при нивното враќање на Земјата. Но секако, користењето тешки ракети и неконтролираното нивно враќање е неодржливо. Доколку безбедноста не биде првиот приоритет, нема да знаеме што може да ни донесе небото. И тоа во најбуквалната смисла на овој израз. n

ПОРТА


екологија

Климатска криза – На децата им се закануваат војни за храна и вода

Постарите ќе мора да се жртвуваат во борбата против климатските промени или во иднина децата ќе се соочат со војни за вода и храна, предупреди потпретседателот на Европската комисија франс Тимерманс во интервју за „Гардијан“ ПОРтА 3 отпретседателот на Европската комисија Франс Тимерманс предупреди дека социјалната и климатската политика треба да се координираат со цел рамномерно распределување на товарот и придобивките од создавањето „зелена економија“. Во спротивно, светот би можел да се соочи со бунт на луѓе кои стравуваат од губење работа и приход, поттикнат од популистичките политичари и индустријата за фосилни горива.

П

52

ПОРТА

28 мај 2021


ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА фРАНС ТИМЕРМАНС ЗА „ГАРДИЈАН“ „Тоа е многу сериозен проблем што треба итно да го решиме. Треба да ја трансформираме нашата економија таму каде што ќе имаме огромни предности, но и предизвици. Но, најголемата закана е социјалната и ако не ја решиме, нашите деца ќе војуваат околу вода и храна. Нема сомнеж во тоа“, рече Франс Тимерманс. Справувањето со климатските промени ќе биде многу пати поевтино од хаосот што ќе го предизвика глобалното затоплување. На овој начин, можеме да го зачуваме здравјето и благосостојбата на населението, а покрај тоа, во последниве години бевме сведоци на голем пад на цената на обновливите извори на енергија што ни помагаат на патот. Сепак, напуштањето на фосилните горива ќе значи крај на некои традиционални работни места како рударството, а трошоците за промени нееднакво ќе влијаат на различните делови од општеството, ако светските политичари не го спречат тоа. „Ние сме во голема опасност да се приклучиме на групи на интереси кои не сакаат промени затоа што се загрозени нивните работни места и заработка, без разлика дали станува збор за фосилни горива или за традиционални економски кругови“, изјави Тимерманс за „Гардијан“. „Овие интереси се комбинираат со стравот од негативни социјални последици. Тогаш би можеле да добиеме ситуација кога луѓето ќе почнат да се плашат од промени затоа што мислат дека нема да им донесат ништо добро. Луѓето кои се свесни за неопходноста од брзи промени треба да го направат социјалното прашање клучно во сето ова. Затоа ги повикувам сите поддржувачи на климатското движење да се фокусираат на социјални теми, многу повеќе отколку што правеа во минатото. Затоа што тоа прашање може да стане најголемиот камен на сопнување“, нагласува Тимерманс. Тој предупреди дека жртвите од постарата генерација ќе бидат потребни за да им овозможат на младите луѓе безбедни климатски услови. „Денешните постари луѓе беа жртви на претходната генерација и сега се повикани сами да ги направат промените“, рече потпретседателот на Европската комисија. Промените во секојдневниот живот ќе бидат тешки, но придобивките ќе ги почувствуваат денешните деца“, додаде Тимерманс. Ова е огромен предизвик за политиката. Но, треба повторно да најдеме цел во животот - да направиме нешто добро не за нас самите, туку за другите, што мислам дека отсекогаш водело кон подобро општество. Предупредувањето на Тимерманс ја одразува растечката загриженост кај експертите за клима дека политичарите не успеаја да ги насочат луѓето кон придобивките од нискојаглеродно општество, кое вклучува почист воздух и вода, удобни градови за живеење, повисоки нивоа на јавно здравје и општа благосостојба и ублажување на кризата од климатските промени. Многу политичари го претставија справувањето со климатските промени

п п

о

28 мај 2021

ПОРТА

53


како трошок, поради што многу луѓе стравуваат за своите работни места и приходи. Тимерманс признава дека промените ќе следуваат и за работниците во традиционалните индустрии, но улогата на политичарите е да им го олеснат тоа, а клучна треба да биде преквалификацијата на работниците во индустриите на фосилни горива и електрична енергија. Не бараме од луѓето да се вратат во ситуациите во 1930-тите, не бараме од луѓето да живеат во пештери. Потребни се можеби еден или два чекори назад за да можеме да скокнеме многу подалеку во иднината, додава тој. Да потсетиме, ЕУ ја постави својата климатска цел за намалување на емисиите на стакленички гасови за најмалку 55 отсто до 2030 година во споредба со нивото од 1990 година. Ова е една од најтешките климатски цели на патот кон постигнување климатска неутралност до 2050 година, иако преговарачите бараа намалување од 60 отсто.

54

ПОРТА

28 мај 2021

Тимерманс рече дека не е можно понатамошно зголемување на целта за намалување на емисиите, но побара од земјите членки на ЕУ да дадат повеќе пари

за финансирање на заштитата на климата помагајќи им богатите на сиромашните земји да ги намалат емисиите и да се справат со ефектите од климатската криза.. n


ПОРТА


хортикултура

СОВЕТ ОД ЕКСПЕРТИ

Како да се избере совршен мебел за градина Луѓето почнаа да ја разбираат вредноста на внимателно уредениот простор за одмор во градината, на тераса или балкон, а за сето тоа доволно е да се следат четири клучни правила наведени од експерти за мебел на отворено

ПОРтА 3 ветски познати дизајнери велат дека отворениот простор дефинитивно веќе не е место за случајно избрана маса и стол. Луѓето почнаа да ги украсуваат своите градини и тераси со љубов и карактер и тие се сè поподготвени да експериментираат во тоа. Откриваме некои од најважните трендови што се појавија под влијание на коронавирусот, бидејќи, според експертите, луѓето почнаа да ја разбираат

С

56

ПОРТА

28 мај 2021

вредноста на внимателно уредениот простор за одмор во градината, на тераса или балкон. Со цел да се создаде токму таков простор, доволно е да се следат четири клучни правила наведени од експерти за мебел на отворено. 1. Златното правило за мебел на отворено е: удобност, удобност, удобност. За дизајнот, боите, материјалите може да се разговара, но за едно веќе не може да се разговара, а тоа е удобноста. Удобноста е дефинитивно првото правило што треба

да го следите при изборот на мебел на отворено. Поради коронавирусот, луѓето поминуваат сè повеќе време дома, што доведе до зголемено значење за создавање релаксирачка и спокојна надворешна средина. Затоа, удобноста е првото и златно правило на кое секој треба да се придржува при изборот на мебел на отворено. Експертите наведуваат дека одржувањето удобност и релаксација е најважно. Затоа стилските, а во исто време удобно тапацирани седишта


станаа најважното правило при купувањето. Причината е едноставна - релаксацијата и одморот се можни само ако се пријатни, а ефектот е дополнително подобрен доколку вашиот простор е исто така стилски украсен. Затоа модерните текстили добиваат нова димензија за да ја постигнат оваа победничка комбинација на удобност и стил. Едно од многуте забелешки на светските дизајнери е дека материјалите инспирирани од 70-тите години на минатиот век, како столови со синтетички ратан, трска или јаже, го подобруваат изгледот на вашиот мебел на отворено и го следат трендот за 2021 година. Дополнително, употребата на реални синтетички материјали ја зголемува издржливоста на секое парче мебел. Сепак, кој сака да седи на стол или на сет што се распаѓа по еден месец употреба? 2. Водечки тренд за мебел на отворено: чувство на луксуз. Удобноста е секогаш најважна, но на следното место на списокот со приоритети е чувството на луксуз што треба да го произведува мебелот на отворено. Ефектот на луксуз на отворено денес е најбараниот амбиент во дворот, велат светски познати дизајнери. Крајната цел е едноставна - да се создаде друга дневна соба под отворено небо. Ова може да се постигне со купување

кревети со лулка, а внимателен избор на привлечни ќилими на отворено може да биде полн погодок за создавање повеќе луксузен амбиент. Ако лулката не е ваш прв избор, може да се свртите кон стилска лежалка и странична маса што ќе ја симулираат вашата дневна соба. Уникатното надворешно осветлување придонесува и за чувството на луксуз, велат експертите. Ова е одличен начин навистина да внесете неочекувани

елементи на дизајнот и да создадете чувство на луксуз под небото. 3. Престој преку целата година на отворено. Не само што луѓето денес бараат луксузни отворени простори, туку сакаат да функционираат во нив во текот на сите сезони. Еден од предусловите тоа да се случи е обезбедување греење. Огништата за камин се дефинитивно најдобриот

28 мај 2021

ПОРТА

57


можен избор. Можете да се забавувате избирајќи плочки и други елементи, и што е најважно - обезбедувате услови за уживање на отворено во поголемиот дел од годината. За оние кои сакаат топлина без камин и дополнителни грејачи, теписи и друг текстил за надворешна употреба се совршен избор. Денес, тие се толку добро дизајнирани што стануваат вистински естетски скапоцен камен не само за терасата, туку и за дневната соба внатре. 4. Совршен избор: мултифункционални парчиња мебел. Водечките светски дизајнери укажуваат на важноста од избор на мултифункционален мебел на отворено при украсување балкони, тераси или тремови на куќи. Истиот принцип што го применивте кога дневната соба ја претворивте во теретана, канцеларија или училиште за вашите деца, доколку е потребно, сега може да се примени и на отворен простор, а за тоа првенствено е потребен мултифункционален мебел. Екипи на светски дизајнери минаа многу време во последните години фокусирајќи се на материјалите и на конструкцијата на нови парчиња мебел за да ја осигураат нивната долговечност, но истовремено извршуваат повеќе функции, приспособувајќи се на различните потреби на луѓето. Конкретен пример за мултифункционален мебел се помошни маси, кои благодарение на сегашниот дизајн и употреба на материјали со високи естетски вредности и отпорност на временските услови, може да се користат во затворени простории и во градината. n ПОРТА


комерцијален текст

TERMOWOOD - новост на пазарот во Македонија овост на пазарот во Македонија е ТЕРМОМОДИФИЦИРАНО ДРВО, со трговски назив TERMOWOOd. Термообработката е сосема нов природен технолошки пристап на создавање на нов вид на дрво со изменети хемиско - механички својства на материјалот. При овој процес на обработка не се користат никакви хемиски средства. Целиот процес e природен и се изведува во средина со заситена водена пареа, без присуство на кислород, на висока температура од 170 до 212 целзиусови степени. Во вака создадените услови, се менуваат хемиските својства на дрвото и доаѓа до топење на полисахаридите и карамелизација на материјалот. На овој начин се прави заштита на дрвото од влијание на вода, влага, гнилеж и бактерии и добиваме долговечност на дрвото, стабилност на материјалот и материјал кој е лесен за обработка. При пожар дрвото е безбедно затоа што оддава мала количина на јаглероден диоксид. Исто така, дрвото е со подобрени карактеристики дури и до 70 отсто од обичното дрво, не подлежи на деформации и ги поседува својствата на тропските дрва (голема отпорност на влага, вода и гниење). Бојата му е од светло до темно кафеава, со пријатен изглед, зависно од температурата

Н

на која се обработува и понатамошната намена. На допир се добива чувство на мекост и топлина на префинет материјал. Производот е целосно безбеден по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво е стерилно и на него не може да опстојат бактерии, вируси или паразити кои се опасни по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво-Termowood е алтернатива на тиковото и другите тропски дрва, но со пониска цена. Се употребува при/за изработка на: l Внатрешно и надворешно уредување l Мебел, маси,кујни и плотни за кујни

l Подови, паркет, плочки од дрво и патос l Ѕидни облоги за ентериер

l Бања (ѕидни облоги, подни плочки,

мијалник и аксесоари)

l Сауни и парни бањи

l фасада и облоги на фасада

l Мебел за двор, балкони, површини околу

базени

l Патеки и пристаништа

ДИСАРТ ДОО Гевгелија е единствена фирма која произведува термомодифицирано дрво во Македонија

+389 70 363 877 disartltd@yahoo.com www.disart.mk facebook.com/disartmk

ПОРТА


уметност

Со овие одломки ги потпрев Просторна инсталација, масло на платно, звук, светлина, боја, метал 500 цм х 700 цм х 260 цм, 2020/21

Елена Чемерска е добитничка на нагрaдата „Денес“ за млади визуелни уметници до 35 години и ќе престојува два месеца во Њујорк, во студијата на Residency Unlimited (RU) Inc. Таа беше една од четирите финалистки, заедно со Ана Јовановска, Ана Лазаревска и Симона Манчева. За наградата одлучуваше меѓународно жири во кое членуваа Катја Крупеникова, Пол Ластер, Биљана ТануровскаЌулавковски, Алберт Хета и Верица Ковачевска. Наградата ја организираат „Факултет за работи што не се учат – ФР~У“ и Центарот за современи уметности – Скопје.

Елена ЧЕМЕРСКА, академски сликар реговарајќи со Јанусовата глава на модерноста Со овие одломки ги потпрев урнатините свои се стреми да отвори дијалог со домашното и регионалното уметничко модернистичко наследство и, од денешна перспектива во овој специфичен културен контекст - да допре до некои критични точки во односот на човекот кон начинот на којшто ја гради сликата за историјата и за иднината.

П

60

ПОРТА

28 мај 2021

Инсталацијата е сочинета од видео (Чекор кој ветува, 15’39, 2021) архитектонскоскулптурална конструкција и насликано платно (Значењето им бега на моите зборови, 310 cm x 180 cm, 2020). Во неговата оригинална поставка, делото е ставено во релација со некогашниот објект на Месната заедница Тафталиџе во Скопје, проект на архитект Кирил Муратовски. Соработници: l Архитект: Владо Данаилов l Актерка: Ивана Павлаковиќ

l

Камера: Александар Мижимаков Звук: Еми Емилова „Со овие одломки ги потпрев урнатините свои“ претставува еден вид на продолжување на некои мои интереси врзани со модерниот поглед на светот кој е тесно врзан со идеата за напредок. Земајќи ја предвид човечката потреба за проективност и значење, со ова дело се обидувам да допрам - од некоја денешна точка на порозност и расчленување - до некои болни точки кои ја признаваат и опачината - насилството впишано во l


НАГРaДАТА „ДЕНЕС“ ЗА МЛАД ВИЗУЕЛЕН УМЕТНИК

урнатините свои човечкиот напредок така како што е тој освојуван, извојуван и реализиран низ целата западна модернизација. Во оваа инсталација, како и во некои други од моите поскорешни истражувања, се обидувам да си играм со различната фреквентност, материјалност и односот кон време на различни типови на слики. Живееме во свет кој е навистина сатуриран со слики, нашето искуство за светот е визуелно и визуализирано веројатно како никогаш досега. Така, во оваа просторна инсталација, шпекулирам некоја композиција сочинета најпрвин од еден простор кој се дава да се насели - просторот на дворот на Месната заедница Тафталиџе. Овој простор го замислувам како театарски проскениум со своја тежина кој ги одредува на едно ниво координатите на контекстот со кој ова дело се занимава - оној на денешната материјална и духовна состојба на модернистичкото уметничко и архитектонско наследство кај нас. Понатаму, делото го сочинуваат неколку елементи, одново со различни материјални, временски и просторни конфигурации; имено архитектонско-скулптурална конструкција поставена во простор, насликано платно (Значењето им бега на моите зборови, 310 cm x 180 cm, 2020) и видео (Чекор кој ветува, 15’39, 2021). Перспективите кои се отвораат кога овие различни елементи со различни

материјалности и третмани на времето ќе се постават во некаква композиција, создаваат одредени слики кои се остваруваат во телата на гледачите кои го искусуваат делото. Важна улога во создавањето на тие слики имаат и просторот (и сè што претставува живот кој го населува), светлината и звуците кои тука постојат,

заедно со оние кои се создадени за таа инсталација. Истиот овој пристап е применет и кога станува збор за сликата Значењето им бега на моите зборови. Сликата воспоставува внимателно избран референтен систем кој укажува на создадени дела од историјата на сликарството во одредена временска и географска рамка. Секако, кога реферираме на одредени дела, ние всушност реферираме и на контекстите во кои тие се создадени, на нивното влијание на светот надвор од нив, а и на нивните сопствени референтни системи. Преку воспоставување внимателно селектиран референтен систем, се обидувам да го заземјам делото во просторот кој го отвора физичкото присуство на уметничкото модернистичко наследство во нашиот контекст и нашиот регион - модернизам кој е сепак алтернативен во однос на доминантното западноевропско сфаќање, земајќи ги предвид специфичните историски околности во кои кулминира - оние на СФРЈ. Но, понатаму од референците и од начинот на којшто преку нив сликата се обидува да го третира времето - времето кое го имплицира, кое го претставува, кое 28 мај 2021

ПОРТА

61


го отелотворува или она вистинското време кое минува; поставувајќи ја сликата како еден елемент од оваа инсталација, се обидувам да пристапам кон можноста за нејзина современа анализа. Анализа која повторно ќе постави некои прашања врзани со нашето разбирање за тоа што всушност претставува сликата - помеѓу нејзиното влечење кон радикална автономија, репрезентација, и нејзината физичкост - која истовремено ја прави дел од хетерономни мрежи на истории, начини на производство и комодификација. Целта не е да се заземе страна, туку да се соберат заедно и така да се направат видливи фрагменти кои се всушност расфрлани наоколу како артефакти, но и како процеси - и кои остануваат да постојат и да се случуваат во нашето опкружување. Овие фрагменти имаат различни просторни, временски и материјални конфигурации кои одекнуваат на различни фреквенции, а со нивното компилирање во една отворена композиција, сакам да укажам пред сè на можноста за една таква компилација. Она што го „заговарам“ е отворањето на еден цврст простор кој е резервиран за знаењето кон процесите кои ги подразбира мислењето. Делото е обид да се разгледа можноста за распуштање на некои цврсто одредени категории и омекнување на границата што го дели човекот од неговото опкружување, со надеж дека тука некаде може да се отвори простор за замислување подобар живот во капиталистичките урнатини. Делото ќе биде поставено во Музејот на современа уметност во Скопје од 19 мај до 2 септември, 2021 година во рамки на XIII Биенале на млади уметници. n 62

ПОРТА

28 мај 2021

Елена чемерска (1991) е визуелнa уметничка и истражувачка од Скопје. Таа се интересира за врската помеѓу сеќавањето и начинот на којшто човекот ја создава основата на која ја темели иднината, и тоа како се обидуваме да ја разбереме и фиксираме историјата во нејзината слика. Дипломирала на Ликовната академија при УКИМ во Скопје, магистер е по уметност на Master Institute of Visual Cultures, AKV St. Joost School of Art and design, Сертогенбош, Холандија. Изложби и проекти во земјата и меѓународно: „Ничии прагови конкретно“, МКЦ, Скопје, Северна Македонија; “Monumental Fluxus”, Expoplu, Најмеген, Холандија; “Monument to Freedom - Conversations”, Private Print Studio, Скопје, Северна Македонија; “Transition”, Eye Museum, Амстердам, Холандија итн. Моментално живее и работи помеѓу Скопје и Берлин.


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.