Списание за архитектура, градежништво и екологија

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

305 ЈУНИ 2021

Елаборатите за ДУП-овите „погрешни“ – обид за суспензија на туѓиот срам Интервју: Пјер Матео Фањони, претседател на Комората на архитекти на Фиренца Стадионот во Токио спремен да ги отвори вратите за Олимпијадата

90 ДЕНАРИ



ПОРТА


СОДРЖИНА

22

УРБАНИЗАМ 6 ЕЛАБОРАТИТЕ ЗА ДУП-ОВИТЕ „ПОГРЕШНИ“ – ОБИД ЗА СУСПЕНЗИЈА НА ТУЃИОТ СРАМ

ИНФО 12 19 ТИ МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ НА ДГКМ

РЕГИОНИ 16 ГРАДЕЖНИШТВО 18 ЛЕТ ВО МЕСТО ИЛИ НОВА НАДЕЖ ЗА СКОПЈЕ

6 28

ИНТЕРВЈУ 22 ПРОФЕСИЈАТА АРХИТЕКТ МОЖЕ ДА ПОМОГНЕ ДА СЕ НАПУШТИ СВЕТОТ ПОДОБАР ОТКОЛКУ ШТО ГО НАЈДОВМЕ

АРХИТЕКТУРА 28 „КАКО ЌЕ ЖИВЕЕМЕ ЗАЕДНО, СЕГА?“

АРХИТЕКТУРА 32 СТАДИОНОТ ВО ТОКИО СПРЕМЕН ДА ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ЗА ОЛИМПИЈАДАТА

АРХИТЕКТУРА 38 ИСЧИСТЕНИТЕ ФОРМИ И МИНИМАЛИЗМОТ ЈА ПРАВАТ ОВАА АРХИТЕКТУРА ИСКЛУЧИТЕЛНО МОНУМЕНТАЛНА

34

АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 42 SOLO - ИНОВАТИВЕН “OFF-GRID” ДИЗАЈН

АРХИТЕКТУРА 46 АРХИТЕКТУРА И ПОЕЗИЈА

EНТЕРИЕР 48 ФУНКЦИОНАЛЕН ПРОСТОР И АМБИЕНТ ВО КОЈ ЌЕ УЖИВААТ СТАНАРИТЕ

ТЕХНОЛОГИЈА 52 TEOHAROV - AУДИО СИСТЕМИ ЗА ИСПОРАКА НА СОВРШЕН ЗВУК

ЕКОЛОГИЈА 54 ЗЕЛЕНА АГЕНДА: ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ ЗА ЈАГЛЕНОТ, НО И ЗА ДРУГИ ЕНЕРГЕНТИ

УМЕТНОСТ 60 ЛЕТАЈЌИ ВО УНИЈА СО НОЌТА

ПОРТА

25 јули 2014

52 60


ГОДИНА XVII

БРОЈ 305 ПЕТОК 25.6.2021 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Со почетокот на летото доаѓа и нов број на Порта 3, а во него секогаш актуелни теми од задолжителните области како архитектура, градежништво и екологија, но тука се и урбанизам, ентериер, уметност. Списанието го отвораме со информацијата која Порта 3 ја има ексклузивно, а тоа е реакцијата на стручните лица од Општина Центар околу 11 стручни елаборати за суспензија од применување на деталните урбанистички планови. Потоа следува информација за одржувањето на 19. Симпозиум на ДГКМ, кој се најавува за септември. Град Скопје најавува летна градежна офанзива на улиците и булеварите, а кејот во делот „Кај Жабарот“ ќе добие нов изглед. Информациите на некои од локалните самоуправи се следните на страниците на Порта 3. Може да се прочита за тоа дека скаменетите сватови во Делчево се подготвени за гости, Штип добива најмодерна технологија за пречистување вода за пиење, водата во Дојранското Езеро е безбедна за капење, „Малешевијата – твојот дом на планина“ - нова понуда за активен туризам, дигиталната апликација #мЗаедница достапна за граѓаните на Општина Валандово. Во рубриката Градежништво пишуваме за големиот мост и тунел во Луцерн кој е мултифункционална инфраструктурна градба. Во овој број имаме интервју со Пјер Матео Фањони, претседател на Комората на архитекти на Фиренца. Тој за Порта 3 вели дека професијата архитект може да помогне да се напушти светот подобар отколку што го најдовме. Рубриката Архитектура ја отвораме со претставување на македонскиот проект на Биеналето во Венеција. Проектот „Сега“, македонскиот претставник на Биеналето 2021 година, упатува на итноста за делување во просторно-временските аспекти на постоењето. И додека целата јавност е свртена кон случувањата на фудбалските терени во Европа, стадионот во Токио се подготвува за одржување на Олимпијадата. На 23 јули во центарот на вниманието

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ќе биде Олимпискиот стадион во Токио, а во овој број на списанието може да се прочита за деталите околу историјата на стадионот и архитектурата. Нашиот соработник од Љубљана ни дава опис на Исламски верски културен центар во овој град, а исчистените форми и минимализмот ја прават оваа архитектура исклучително момументална. Објектот Solo - иновативен „off-grid“ дизајн е проект кој има нула емисии на јаглерод, а е добитник на наградите Wood Design & Building Awards за посебни достигнувања. Спојот и врската меѓу архитектурата и поезијата на најдобар начин ги доживуваме преку песната на академик Петре М. Андреевски „Галичките чардаци“. Со оваа песна, Андреевски е поет на архитектурата, а тоа е нишка што го поврзува со старите мајстори – спој на архитектурата и поезијата. Во рубриката Ентериер ќе може да се прочита за еден стан во Охрид кој е уреден од нашите пријатели од Биропроект, а кој има функционален простор и амбиент во кој ќе уживаат станарите. Технологијата овојпат носи еден интересен текст за Теохаров custom made системи за испорака на совршен звук, а кои се совршен баланс на науката, уметноста и музиката. Секој од производите е индивидуална, рачно изработена креација во која доминира беспрекорен квалитет и силен печат од конструкторот, правејќи го системот уметничко дело со трајна вредност. Во рубиката Екологија пишуваме за тоа дека со пробивот на обновливите извори на енергија во регионален контекст и интеграцијата на регионалниот енергетски пазар, јагленот станува неконкурентен. Со Зелената агенда доаѓа почеток на крајот за јагленот, но и за други енергенти. И овојпат бројот го затвораме со текст од рубриката Уметност. Нашиот дописник од Лондон пишува за изложбата на Линет Јадом Боaќе, насловена како „Летајќи во унија со ноќта“. Изложбата на доброетаблираната уметница од помладата генерација британски сликари беше во Тејт Британ.

ОД РЕДАКЦИЈАТА

305 ЈУНИ 2021

Елаборатите за ДУП-овите „погрешни“ – обид за суспензија на туѓиот срам Интервју: Пјер Матео Фањони, претседател на Комората на архитекти на Фиренца

соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Стадионот во Токио спремен да ги отвори вратите за Олимпијадата

Насловна страница JАПОНСКИОТ НАЦИОНАЛЕН СТАДИОН ЗА ОЛИМПИЈАДАТА ВО ТОКИО 2021

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ

АРХИТЕКТ КЕНГО КУМА

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 24.6.2021 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


урбанизам

Елаборатите за ДУП-овите „погрешни“ – обид за суспензија на туѓиот срам

пштина Центар беше единствената која влезе во отворена борба со лошото урбанистичко планирање. Откако одлуките за мораторум на лошите планови Уставниот суд два пати ги оспори, градоначалникот назначи Комисија која изработи Стручни елаборат за суспензија на применувањето на деталните урбанистички планови кои се доставени до Министерството за транспорт и врски, а со кои е утврдена штетата по јавниот интерес. Но, со демагогија, повторно се урна струката, а личниот кредибилитет е одамна урнисан. Комисијата при Министерството за транспорт и врски од дрво шума не виде, па така не успеа да види штета по

О

6

ПОРТА

25 јуни 2021

јавниот интерес, виде дека Комисијата од општината ги изработила „погрешно“ елаборатите. Комисијата се обиде да ја одбрани позицијата на министерството, која тие ја бранат уште од продажбата на државното земјиште за 312 евра квадратен метар. Па така инвеститорите на кои им се подари земјиштето, преку 3Д слики, „современ архитектонски дострел“ во обид, се обидуваат безобразно да не убедат во нивната способност и добра намера, а наша неспособност и потреба само да зборуваме, додека нели барем се гради. За да не не убие туѓиот срам, во продолжение ви го пренесуваме текстот изработен од стручни лица од Општина Центар.


Утврдена е штетата по јавниот интерес, но со демагогија, повторно се Урна стрУката ПОРТА 3 Факти наместо став... Повод: 11 (единаесетте) Стручни елаборати за суспензија од применување на Деталните урбанистички планови во Општина Центар-Скопје или откако МТВ настапи во духот на народната поговорка:„ ...после свадба тапани...“ Законот за урбанистичко планирање се донесе на 10 февруари 2020г. и започна да се применува на 10 јуни 2020. Си велевме: „Ете, конечно замина во историјата недоветниот Закон за просторно и урбанистичко планирање... и на сцена стапи темелно (н.з. повеќегодишно) сработен текст на Закон за урбанистичко планирање...“. И, во него разработени „тесните грла“ предизвикани од обврската да се спроведуваат донесените (штетни) плански документации (урбанистички планови, архитектонско-урбанистички проекти, проекти за инфраструктура) со помош на, замислете, стручни елаборати за суспензија од применување на детален урбанистички план! Каква среќа, зарем не?

30.9.2020г., изработи Стручен елаборат за суспензија на применувањето на деталните урбанистички планови кои влегуваат во опфатот на градската четврт З 10 дефинирана со Генералниот урбанистички план на град Скопје 2012-2022 („Службен гласник на Град Скопје“ бр.18/2012).“ Овој цитат е дел од Воведот во Елаборатот за суспензија и ја отсликува суштината затоа што во став (5) од член 23 од Законот недвосмислено е уредено дека урбанистичкиот план се суспендира од употреба поради неговата неусогласеност со планови од повисоко ниво за член 35, од истиот Закон, да ја апсорбира основата за суспензија (н.з. насловот на Главата е „неусогласеност на урбанистички планови“). Имено, став (2) од членот 35 одредува: (2) Под усогласеност на детален со генерален урбанистички план се подразбира совпаѓање, соодветност или согласност на разработените плански одредби од деталниот урбанистички план со поопштите плански одредби од генералниот урбанистички план, особено на намената на земјиштето, генералната регулација, и други одредби и урбанистички параметри специфични за тоа ниво на планирање.

(5) Детален урбанистички план или дел од детален урбанистички план што не е усогласен односно е во спротивност со одредбите од генерален урбанистички план не може да се применува. Во овој контекст се осврнуваме на дел од Мислењето издадено од комисијата при Министерството за транспорт и врски: „Елаборатот за суспензија не смее да се однесува паушално на целиот плански опфат од урбанистичкиот план, доколку штетата по јавниот интерес што треба да се докаже, односно предметот на елаборатот за суспензија е лоциран во дел од планскиот опфат или негова планска одредба“. „Постапките за суспендирање или неприменување на урбанистичките планови поради усогласување треба да бидат просторно и правно ограничени на исклучоци, со цел да не се наруши континуитетот на планирањето и да се обезбеди владеењето на правото воопшто“. за да се апострофира поентираната суштина во Стручните елаборати за суспензија дека станува збор за цели плански опфати токму поради докажаниот статус на интегрална неусогласеност со планот од повисоко ниво во смисла на:

денот кога теоријата требаше да се спроведе во пракса Сѐ што е подложно на тестот на реална примена понекаде во пракса се соочува со непознати од различен степен. Во случајот на стручните елаборати се детектираше непостоење на: l подзаконски акт што ја пропишува поблиската форма и содржина на елаборатот за суспензија и l пропишана методологија за докажување на несомнената штета по јавниот интерес (во член 5 од Законот е адресиран јавниот интерес, но не се еднозначно наброени кои „вид, намена, подрачје, локација и димензии на просторот, земјиште и градби“ се од јавен интерес).

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

како професионалното искуство врамено во најниската хиерархија во уредувањето на просторот ја надмина највисоката хиерархија

извадок од елаборат (по случаен избор) „Врз основа на став (2) и став (5) од член 35, а во согласност со член 23 од Законот за урбанистичко планирање („службен весник на рсм“ бр.32/2020), Комисијата за урбанизам, формирана од страна на Градоначалникот на Општина Центар – Скопје со Решение бр.09-4209/1 од ПОРТА


l

границата на планскиот опфат и регулационите линии на примарната сообраќајна мрежа, l нумеричките податоци – со надминување на нумеричките параметри во плановите, завршените управни постапки на субјектите кои веќе ги оставариле своите права со реализирани или делумно реализирани градби, како и започнатите управни постапки што се водат во моментов, се оневозможува остварувањето на правата на останатите субјекти – носители на право на градење, во иднина да ги оставарат своите права на земјиштето кое е дел од конкретниот плански опфат, како и заштита на земјиштето со сопственост на РСМ и веќе постоечките јавни површини и l непочитување на подзаконска регулатива, со што повторно се оневозможува остварувањето на правата на останатите субјекти – носители на право на градење, во иднина да ги оставарат своите права на земјиштето кое е дел од конкретниот плански опфат, како и заштита на земјиштето со сопственост на РСМ и веќе постоечките јавните површини. l Неусогласеност на класите на намени со намените планирани со ГУП (во смисла на процентуална застапеност на намените) Во секој од Стручните елаборати недвосмислено е покажано дека токму „генералната регулација“ односно регулационата линија (н.з. дебелата зелена линија) е линијата што го разграничува јавниот од поединечниот интерес односно: (4) Регулационата линија е линија на разграничувањето помеѓу градежното земјиште за општа употреба и парцелираното градежно земјиште за поединечна употреба, како и (5) Регулационата линија има асиметрично правно дејство, од двете страни на вертикалната површина по која се протега просторната граница на регулацијата: од една страна на линијата е градежното земјиште за општа употреба за кое со закон е утврден јавниот интерес, додека од друга страна е градежно земјиште за поединечна употреба. Кога графички ќе го презентираме погоре кажаното... (слика 1, слика 2) Во секој од Стручните елаборати прецизно е презентиран фактот дека урбанистичките параметри за конкретните Детални планови повеќекратно ги надминуваат нумеричките показатели утврдени во посебните услови за Градски четврти во ГУП на град Скопје, 20122022 (или, ако сакате, истите се повеќекратно намалени со нумеричките показатели утврдени во посебните услови за Градски четврти во ГУП). Како резултат на причинскопоследичен однос, пратечките содржини на домувањето (градинки, школи, спортски содржини, паркови) сообраќаната мрежа 8

ПОРТА

25 јуни 2021

Слика 1 Разликата од 547 метри покажана во наведениот пример е местото каде согласно генералниот урбанистички план треба да се предвиди тротоар и велосипедска патека.

Слика 2 Граници на плански опфат и регулациони линии на важечки план преклопени со плански опфат, граници на корито на река Вардар и регулациони линии на Градска четврт Ц08 Видливо од преклопот западниот дел од важечкиот план (дел од ГП 1.1) навлегува во регулационата широчина на примарната мрежа на улици дефинирани со ГУП на Град Скопје 2021-2022 (коловози, тротоари, велосипедски патеки) и комуналната инфраструктура (водоводна, фекална и атмосферска канализација, електродистрибутивна и итн.) ќе треба да задоволат капацитети што повеќекратно ги надминуваат нивните можности, односно максимално планираните показатели со ГУП. Со други зборови, сообраќајна и комунална инфраструктура планирана да опслужи 1.250 жители и/или корисници ќе треба да опслужува 15.000 жители и/или корисници, односно прикажано како Извадок од

елаборатот за суспензија на ДУП еве како изгледа споредбата: Во име на ублажување на врескавите бројки што се добиваат како резултат од анализите на планираните параметри, до скоро најодважниот минимизатор на линиските центри или „урбанистичкиот рецепт за надминување на повеќекратно намалените нумерички показатели во ГУП“ дефинирани во член 37 од ГУП на град Скопје, 2012-2022, со спокојна одлучност упати на нивно почитување во Мислењето


издадено од комисијата при МТВ. Неверојатно, но вистинито, и покрај несоборливиот факт дека тие линиски центри се директен упад во урбанистичкото планирање бидејќи не се дефинирани ниту со важечки Правилник ниту со Правилници вон сила, односно во најмала рака треба да побара да се направат анализи со изземање на параметрите во линиските центри, затоа што дури и тие имаат ограничување од само 25 метри во длабочина на одредена Градска четврт, под услов таа да е лоцирана по должина на сообраќајници од примарната мрежа и при тоа линиски центри да се предвидени од двете страни на сообраќајницата. Дополнително, линиските центри „се дозволува да се планираат“ во идните плански документации на растојание од новите регулациони линии од ГУП на Град Скопје 2012-2022. Планирањето не може да се изврши во минатото и особено не со сосема други регулациони линии. Во Мислењето издадено од комисијата при Министерството за транспорт и врски, спротивно од презентираното на брифингот е наведено: „Во сите понатамошни активности поврзани со надлежноста урбанистичко

планирање, се препорачува да се имаат предвид сите донесени управни акти или започнати управни постапки, доколку ги има, а произлегуваат од деталните урбанистички планови за кои се изработува стручен елаборат за суспензија, водејќи притоа сметка за правната заштита на сопственоста“. народски кажаното... За разлика од изработениот стручен елаборат кој за Изменување и дополнување

на Детален урбанистички план Голем Ринг јужен дел - исток (опфат меѓу улиците: ул. „Васил Аџиларски“, река Вардар, бул. „Кочо Рацин“ и ул. „Мирче Ацев“), плански период 2012- 2017, локацијата позната како Холидеј Ин, дава интегрална анализа на целокупниот опфат (вклучувајќи ја и парцелата каде е предвидено да се градат трите висококатници), Министерство насочува дека спорната локација - продаденото неизградено државно земјиште треба да се изземе од суспензијата (земено предвид дека издавање на одобрение за градба е управна постапка), со што ќе се легитимира изградбата на трите кули. Бидејќи со изградбата на кулите се искористуваат целокупните параметри дозволени во ГУПот, староседелците, ќе немаат право да градат до донесување на некој нов ГУП кој можеби ќе направи ревизија на предвидените параметри, и на нивната локација ќе треба да се задоволат сите пратечки содржини што не биле предвидени со претходните плански документации, а се неопходни за функционирање на просторот. Во дел од Стручните елаборати е посочено на локации кои со Генералниот урбанистички план или неговите разработки (Регулациските планови) имаат дефинирано намени поинакви од планираните во деталните урбанистички планови. На пример земјиште во државна сопственост испланирано со класата на намени како: Б – комерцијални и деловни намени и В4 – државни институции во важечки ДУП во Регулацискиот план е дефинирна како Д1 – парковско зеленило и Е1- комунална инфраструктура, јавни паркинзи кога графички ќе го презентираме погоре кажаното... (слика 3) несакани асоциации... Можеби е само коинциденција, но сепак не може, а да нѐ ве заскокотка љубопитството

25 јуни 2021

ПОРТА

9


Слика 3 Б – комерцијални и деловни намени Д1 – парковско зеленило В4 – државни институции Е1- јавни паркинзи зошто Предлогот за изменување и дополнување на Законот за урбанистичко планирање кој стигна до собраниска процедура и се води по скратена постапка (меѓудругото) целосно ги презема законските решенија очигледно нарачани во едно друго време, за нечии поинакви аспирации за грабеж на градскиот простор, како што следат:

ПОРТА

(1) „Детален урбанистички план донесен согласно со генерален урбанистички план кој престанал да важи, може да се применува само доколку намените на деталниот урбанистички план се во согласност со намените утврдени во новиот генерален урбанистички план“ и (2)„Во случаите од ставот (1) кога со генерален урбанистички план се планира

проширување на сообраќајната мрежа, деталниот урбанистички план донесен пред влегувањето во сила на генералниот урбанистички план од ставот (1) на овој член, може да се применува само доколку со реализација на планираните градби од деталниот урбанистички план не се попречува реализацијата на сообраќајната мрежа од генералниот урбанистички план“.


Со тоа, намената би станала единствената точка на проверка на усогласеноста меѓу деталниот и генералниот урбанистички план, а не и нумеричките параметри и генералната регулација. Односно со став (2) градежната парцела не би се третирала во нејзината целовитост како најмала единица на планирање.

Со оваа дигресија се враќаме на самиот почеток, на суштината на Стручните елаборати и наместо заклучок, неодминлив е впечатокот дека Министерството за транспорт и врски повторно манифестира симптоми на дислексија во однос на суштината на 11-те (единаесетте) Стручни елаборати (н.з. сите стручни елаборати се поместени и достапни на

Извадокот од Мислењето на комисијата при МТВ

www.centar.gov.mk). Но, ова сознание не предизвикува толкава вџашеност туку фактот дека најгласниот „бранител“ на урбанистичкиот правопис (урбанистичка ортографија), каде се одредени планските одредби со правно дејство во урбанистички план од редот на: регулациона линија, намена на земјиште и градби, плански одредби и урбанистички параметри во општи и посебни услови за изградба, граница на плански опфат и слично, со еден двиг ги денфуваше сопствените повеќедецениски заложби да едуцира генерации со поинакво ниво на професионални доблести. Во таа смисла, последиците од таквото јавно истапување директно го поништува credo-то на кандидатите за архитекти. Не само што резултираат со шизофрено прикажување на нивната идна професија туку апсолутно го делегитимираат целиот образовен процес и го претставуваат како низа од шегобијни семестри. За таквото поведение нема место во високото образование! Затоа, не ќе е претерано да се повикаат Министерството за образование и наука, од една страна, и Комората за овластени архитекти и овластени инженери, од друга, да поведат соодветни постапки во нивни надлежности. n

ПОРТА


инфо

19 ти Меѓународен симпозиум на ДГКМ 19тиот Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2021) ќе се одржи од 15. до 18. септември, 2021 во Охрид, Македонија. Зависно од актуелната ситуација, истиот ќе се држи во живо, или во комбинација со Еплатформа. Во септември 2020 година беа воведени Еврокодовите за проектирање на конструкции, во паралелна употреба со актуелните прописи. Ценејќи потребата од дополнителна подготовка на инженерскиот кадар за нивна примена, 19. Симпозиум ќе биде посветен токму на оваа тема, со мото „ЕВРОКОДОВИ-Порта кон Европа“. Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаење и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. Повикани се да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области. покрај главната тема „еврокодовипорта кон европа“, ќе бидат застапени и следните теми: l Теориски и експериментални анализи на конструкции l Современи методи за проектирање на конструкции l Стандарди, Еврокодови и Национални анекси l Современи техники за изведба на конструкции l Следење на состојбата и однесувањето на конструкциите l Одржување, санација, зајакнување и реконструкција на објектите l Доверливост и трајност на конструкциите

12

ПОРТА

25 јуни 2021

l Современи материјали и технологии,

предуслов за одржлив развој l Инфраструктурни објекти други теми поврзани со градежното конструкторство Во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Северна Македонија и Институтот за стандардизација, а во рамките на Симпозиумот, ќе се одржат две тркалезни маси на тема: l Имплементација на Еврокодовите како национални стандарди - размена на

искуства во регионот

l Взаемна поврзаност и усогласеност на

регулативата и стандардите за проектирање и изведба на објекти термини 10. август, 2021 – Доставување на трудот 25. август, 2021 – Повратна информација за рецензираниот труд 1. септември, 2021 – Доставување на конечна верзија на трудот Повеќе на веб-страницата на ДГКМ: http://mase.gf.ukim.edu.mk. n


ПОРТА


инфо

Град Скопје најавува летна градежна офанзива на улиците и булеварите рад Скопје најавува дека почнува летна градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и булевари. Во претстојниот период предвидено е да почнат градежни работи на 11 локации низ градот, во неколку скопски општини. Планирана е изградба или проширување на неколку делници и тоа: - Булевар Митрополит Теодосиј Гологанов, на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до кружниот тек кај Католичка, во должина од 530 метри; - Булевар АСНОМ, од булеварот Гоце Делчев до влезот во Ќерамидница, во должина од 300 метри; - Улица Васко Карангелевски, на потегот од булеварот Јане Сандански до булеварот Трета македонска бригада, во должина од илјада метри; - Раскрсница на улицата Скупи и булеварот 8 Септември, раскрсница на

Г

14

ПОРТА

25 јуни 2021

булеварот 8 Септември и булеварот Никола Карев и раскрсница на булевар Никола Карев и булевар Словенија (капиталниот проект за изградба на два кружни тека, подвозници и надвозници кај Момин поток). Градежни работи за реконструкција на постојниот коловоз, пак, ќе се изведуваат на: - Улица Бутелска, на потегот од улицата Александар Урдаревски до обиколницата, на должина од 850 метри; - Булевар Борис Трајковски, на потегот од Пинтија до Драчево, на должина од 2.000 метри; - Улица Лука Геров, на потегот од кружниот тек кај пожарната до улицата Волковска, на должина од 1.800 метри; - Булевар Киро Глигоров, од булеварот АСНОМ до булеварот Александар Македонски, на должина од 1.500 метри; - Улица Индира Ганди, втора фаза до обиколницата, на должина од 800 метри; - Булевар Кузман Јосифовски Питу, на

потегот од новата железничка станица до булеварот Кочо Рацин; и на - Булевар Крсте Мисирков, на потегот од булеварот Кузман Јосифовски Питу до булеварот Гоце Делчев, на должина од 650 метри; Од Град Скопје велат дека продолжува да се гради со засилено темпо, со рекордно кратки рокови во сите 10 скопски општини. Скопје продолжува да ја развива својата улична мрежа истовремено со мрежите на велосипедски и пешачки патеки за да обезбедиме одржлива урбана мобилност која подразбира безбеден и ефикасен сообраќај. Во текот на есенската градежна офанзива на Град Скопје, пред крајот на 2020 година, беа обновени многубројни сообраќајници во повеќе скопски општини, со посебен акцент на реконструкцијата на источниот влез во градот. Сите градежни акции се завршија во рекордно кратки рокови, од 10 до 30 дена. n


Реконструкција на кејот во делот „Кај Жабарот“ кипите на Град Скопје почнаа да го реконструираат познатото шеталиште пред Градски парк, од потегот кај скопската гостилница „Кај Жабарот“ па се до почетокот на влезот во градскиот парк, кај Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, веднаш спроти паркот на Франкофонијата. Во должина од 140 метри и со ширина од 10 метри, шеталиштето

Е

меѓу тројниот дрворед на скопските липи ќе добие целосно нова и реконструирана патека од лиен бетон, а ќе бидат поставени и нови клупи и канти за џебен отпад. Овој потег иако е еден од најфреквентните делови од кејот на Вардар, веќе подолго време е руиниран и преставуваше критично место при шетање или движење со велосипед. n

ПОРТА


региони

Скаменетите сватови во Делчево подготвени за гости Заврши уредувањето на еден од најинтересните природни раритети во Делчево познат како Скаменети сватови кај селото Нов Истевник. „Проектот за уредување и означување на туристичкиот локалитет (природна реткост) Истевнички Кукуље“ го реализираше Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот во партнерство со Општина Делчево.

Согласно проектот Агенцијата постави четири маси со осум вградени клупи, фотолетниковец со маса и клупи, пет канти за отпад и информативна табла. Претходно, ПСК Голак со поддршка на Општина Делчево ја уреди локалната планинска патека од Истевник до Разловци која е комплетно уредена со три информативни табли, 15 патокази и

маркација со боја. Овој проект претставува позитивен пример за соработка помеѓу локалната и централната власт и ќе придонесе да се збогати туристичката понуда на Општина Делчево и регионот, во која ќе уживаат како домашните така и странските туристи во делот на активниот и авантуристичкиот туризам. n

Дигиталната апликација #мЗаедница достапна за граѓаните на Општина Валандово Општина Валандово официјално започнува да ја користи дигиталната алатка мЗаедница која овозможува електронска двонасочна комуникација меѓу граѓаните и локалната самоуправа, без физичко присуство во општината. мЗаедница е дигитална апликација која е достапна преку IOS и Android уредите. Апликацијата нуди можност за директна комуникација меѓу граѓаните и општината, меѓусебно поврзување со другите корисници и преземање заеднички акции за подобар живот во заедницата. Граѓаните преку апликацијата мЗаедница можат да пријавуваат проблеми, да даваат свои креативни предлози и да почнуваат иницијативи за уредување одреден јавен простор, во секое време од денот преку сопствениот телефон. Целта на имплементирање на оваа алатка е поголема достапност 16

ПОРТА

25 јуни 2021

до локалната самоуправа, зголемување на директноста во комуникацијата и создавање можност за брза и ефикасна соработка меѓу граѓаните и институцијата. Дигиталната алатка мЗаедница е дело на Милан Танчески, директор на Центарот за социјални иновации БЛИНК 42-21. n


Штип добива најмодерна технологија за пречистување вода за пиење Штип добива најмодерна технологија за пречистување на водата за пиење преку поврзување на новата филтерстаница, која се гради со средства добиени од Владата на Република Северна Македонија во висина од околу пет милиони евра неповратни средства.

Со приклучувањето на Штип кон овој хидросистем, долгогодишно се решава прашањето за водоснабдување на градот и најблиските приградски населби со квалитетна вода за пиење. Со овој чекор се заокружува целината на хидросистемот во делот на обезбедување вода за пиење на пет општини. n

,,Малешевија твојот дом на планина“ – нова понуда за активен туризам Едукативниот центар за зачувување на природата во пехчевското село Негрево е локацијата која е претставена како новата туристичка понуда за активен туризам „Малешевија – твојот дом на планина“. Еден од приоритетите во овој план е да се создадат услови за развој на планински авантуристички туризам, преку воспоставување унифициран мрежен систем на пешачки и велосипедски патеки со вкупна должина од 230 километри. Оваа прилично голема работа ја заврши Mountain Experience, туроператор специјализиран за авантуристички туризам. n

Водата во Дојранското Езеро безбедна за капење Редовните испитувања, односно проверката на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро покажуваат дека истата е во одлична состојба и е безбедна за капење и рекреација на луѓето. Според последните извештаи од тестирањата на здравствената безбедност на водата од Дојранското Езеро, примероци земени од Градската плажа, плажата кај хотелот „Полин“ и плажата „Гранико“ е докажано дека водата кај трите споменати плажи е во одлична состојба и истата може да се користи за капење и за рекреација на луѓето. n 25 јуни 2021

ПОРТА

17


градежништво

Мултифункционална инфраструктурна градба којашто е и мост и тунел и парк

наизглед едноставна градба, но многу комплексна и повеќенаменска, која освен за одвивање побрз сообраќај збогатена е со многу нови содржини и простори, вклопена е во околината, одржлива и еколошка Натка ЌОсевА, дипл. инж. арх. вајцарија како алпска земја е многу важна за транзит на луѓе и стоки кои патуваат кон внатрешноста на Европската Унија. Поради својата географска положба, Швајцарија има големо значење во меѓународниот сообраќај со особено доброразвиена сообраќајна инфраструктура. Земјата има многу градби од нискоградба кои овозможуваат брз и безбеден сообраќај низ це-

Ш 18

ПОРТА

29 јануари 2021

лата земја и достапност до секое место, како патишта, крстосници, мостови, тунели, вијадукти, железница, жичарници итн. Вкупната должина на железничката мрежа во Швајцарија е 5.035 километри, така што Швајцарија има една од најгустите железнички мрежи во светот, а вкупната должина на патиштата е 71.011 километри, од кои 1.638 километри се автопати. Со железницата може да стигнете до врвовите на Алпите и до глечерите, а по пат да уживате во спектакуларните погледи на алпските предели, во погледот кон Матернхорн каде што е и долината Матер со највисоките

лозја на светот. Во Швајцарија должината на тунелите и на мостовите е импресивна, а сè што се гради иако е инфраструктура мора да се вклопи во природниот амбиент, да биде одржливо и еколошко. Посебно се обрнува внимание да не се наруши природниот амбиент, градбите добро да се вклопени во целокупниот пејзаж и да се градат на начин кој помалку ја загадува околината и ја нарушува природата. Секогаш, покрај одличните и иновативни конструктивни и архитектонски решенија, тоа се и одржливи и еколошки градби.


големиот мост и тУнел во лУцерн

Една необична инфраструктурна градба која сè уште е во фаза на изработка на проектната документација и со други припремни работи за почеток на градбата е Големиот мост и тунел во Луцерн. Оваа градба треба да поврзе два дела од градот и тоа делот на брдото Сонеберг и делот Кринс. Денес сообраќајницата која ги поврзува овие два дела од градот е многу оптоварена и неефикасна, со вкупно четири сообраќајни ленти, па поради тоа во 2017 година е распишан конкурс за изработка на нова инфраструктурна градба, која ќе овозможи подобро сообраќајно решение помеѓу двата дела од градот со што сообраќајот во овој дел на Луцерн ќе се одвива непречено и многу побрзо. Од осумте поднесени труда, жирито, составено од експерти, го избра предлогот да се изгради таканаречен „мост куќа“ со парк на покривот, што ќе му даде привлечно, ново лице на градот.

Инвеститор на оваа градба е Федералното биро за патишта ASTRA од Швајцарија. Добитници на првата награда на распишаниот конкурс се две проектантски бироа од Цирих, кои настапуваат како еден тим: „Smarch-Mathys&Stucheli Architekten“ и „ACS Partner AG Bauingenieure“. Пејзажната архитектура е дело на компанијата „Hager Partner AG“. Површината на градбата е 80.000 квадратни метри, а локацијата е во делот Кринс во Луцерн. Проектот ќе ги збогати околните населби на три нивоа: кантонален пат и немоторен сообраќај, автопат и вмрежување за пешаци и екосистеми. Ќе може да се користи и лифт за префрлување помеѓу првото и третото ниво. На второто ниво предвиден е автопат. Паркот над мостот и просторот под мостот овозможуваат врски и мрежи меѓу Луцерн и Криенс. Градбата започнува да се издига од брдото Сонеберг на север, продолжува над

автопатот Луцерн и почнува благо да се спушта кон југ, да се приклучува на постојните сообраќајници и се отвора кон постојниот пејзаж. Проектантите убедени дека ваква скапа градба не треба да се користи само за сообраќај, предлагаат мултифункционална градба со сообраќајница - автопат со шест сообраќајни ленти во тунел на полукат и прекрасен парк на кровот со визури кон Алпите и кон стариот дел на градот. Основниот елемент на целокупниот сообраќаен бајпас на тунелот Луцерн се состои од два тунели со две ленти. Должината на тунелот е 3.510 метри на север и 3.635 метри на југ. Оваа инфраструктурна градба не треба да се гледа само како таква. Таа го почитува и планираниот урбан развој на овој дел од градот. Новите планирани градби на север под брдото Сонеберг се поврзани во партерот под тунелот со многу богати содржини,

ПОРТА


така што новите згради ќе бидат поврзани со пешачка површина - мал плоштад. Шеталиштето кое почнува од брдото Сонеберг ќе се поврзе со пешачките површини под тунелот и со новите планирани згради. Конципиран како мост на почетокот кај брдото Сонеберг, се отвора на јужната страна и се стопува со пејзажот. Новата инфраструктурна градба, и мост и тунел внесува многу новини и совршено се вклопува во постојниот пејзаж на градот Луцерн.

ПОРТА

Пешачките патеки кои почнуваат од брдото Сонеберг се надоврзуваат со пешачките патеки на новиот парк над тунелот и се спојуваат со оние на јужната страна. Со оваа градба ќе се овозможи побрз и непречен сообраќај за возила во правец север - југ во тунелот кој се протега над постојната брза сообраќајница Луцерн во правец исток - запад. Пешачкиот сообраќај непречено ќе се одвива од брдото Сонеберг преку новиот парк кон југ, во делот Кринс. И секако големата пешачка површина под

тунелот со многу разновидни содржини ќе ѝ даде посебен белег на оваа градба, а истовремено овој простор ќе се поврзе со постоечките пешачки патеки и со шеталиштето во делот кај брдото Сонеберг. Засега само проект, но во скора иднина и нова инфраструктурна градба, наизглед многу едноставна, но многу иновативна и мултифункционална, која освен доброто сообраќајно решение на две нивоа, има и многу други новини, и на жителите од овој дел на Луцерн ќе им овозможи многу разнообразни секојдневни активности. Ќе им пружи побогато и поразлично секојдневие, а сообраќајните врски со делот Кринс а понатаму и со другите делови од градот ќе се одвиваат многу побрзо, а секако ќе се заштити и околината и пејзажот од негативните влијанија од издувни гасови и бука, што во Швајцарија се подразбира. Градот ќе добие простор кој ќе биде збогатен и со голема пешачка површина – плоштад под тунелот. Наизглед едноставна градба, но многу комплексна и повеќенаменска, која освен за одвивање побрз сообраќај збогатена е со многу нови содржини и простори, вклопена во околината, одржлива и еколошка. Паркот на покривот станува дефинитивен елемент, еколошката, како и сообраќајна врска меѓу „градските брегови“ ќе се реализира без никакви компромиси и исто така станува „зелена инфраструктура“. А се создава и дополнителен јавен отворен простор со спектакуларна пејзажна панорама во далечината. n


ПОРТА


интервју

пјер матео Фањони, претседател на комората на архитекти на Фиренца

Професијата архитект може да помогне да се напушти светот подобар отколку што го најдовме неолиберализмот произведе пазар без правила, а ова ослободи дива конкуренција во која преовладува максимален пад и губење на квалитетот. не случајно, најдобрите дела произлегуваат од меѓународните двофазни конкурси, на кои архитектите се натпреваруваат барајќи го најдоброто решение и инвестирајќи само во сопствените економски енергии Невена ГеОРГИевсКА, дипл. инж. арх јер Матео Фањони е архитект, доктор на науки, гостин професор на Архитектонскиот факултет во Фиренца и сопственик на студиото Fagnoni&associati. За четиригодишниот период 2017 - 2021 година е избран за член на Одборот на Комората на архитекти на Фиренца (Ordine Degli Architetti Della Provincia Di Firenze – OAF), а последнава година е и нејзин претседател.

П

која е вашата агенда, вашите цели како претседател? како ја гледате иднината на комората? n Па, треба да прецизираме дека Комората на архитекти во Италија е пред сè, институција. Основана е заради управување со професионалната коректност на архитектите кон граѓаните. Значи, тоа не е некакво трговско здружение (на пример, „работнички синдикат“), туку здружение кое се обидува да ги заштити граѓаните од професионалците. Во 22

ПОРТА

25 јуни 2021

исто време, Комората на архитекти ја промовира архитектонската култура како референтна точка за сите оние кои веруваат дека, преку добра архитектура (пејзажна архитектура, урбанистичко планирање, планирање на животната средина, реставрација итн.), општеството во кое живееме може да се подобри. Во оваа смисла, мојата агенда оди во таа насока. ја презедовте позицијата претседател во еден критичен момент, 2020 година и ковид-19 пандемијата. изјавивте: „проблемите се екстремно комплексни: пандемијата радикално влијаеше на животот во заедницата, пред сѐ од здравствен аспект и со големи економски последици, кои имаа и значаен импакт на професионалните

активности“. како успеавте да се справите со ваквата критична состојба? n Од почетокот на вонредната состојба, се обидовме да дадеме конкретен придонес преку разни иницијативи: креирање синергија со јавната администрација заради олеснување на паметниот (smart) систем на работа или баравме решенија за олеснување на соработката, средбите помеѓу јавната администрацијата и професионалците. Потоа, се обидовме да им дадеме финансиска поддршка на колегите кои имаа тешкотии, со донесување конкретни иницијативи како што е одложување на плаќањето членарина. Склучивме договори за олеснување на пристапот до системот за видеоконференција, давајќи им можност на членовите да користат професионални услуги, платени директно од Комората. Потоа, се обидовме да ја поддржиме јавната администрација во планирањето на „Firenze Futura“ (https://firenzeprossima.it/), партиципативна платформа за иднината на Фиренца. Нашиот град, својата економија секогаш ја темелел на туризам. За реално кратко време, сфативме


дека Фиренца, за време на пандемијата, се испразни и историскиот центар беше „мртов“. Оттука, потребата да се преиспита урбаната иднина на Фиренца, со план што нема да биде еднофункционален, на пример: обид да се врати домувањето во историскиот центар (не само за „богатите“ граѓани) или за производните активности (занаетчиството) или пак и понатаму, центарот да се приближи за граѓани и активности, кои со текот на годините се иселиле од него. Ова се предлози кои се обидуваме да ги направиме за градот. Сепак, политиката треба да ги даде одговорите. можете ли за нашите читатели да го опишете чувството на „празна Фиренца“. претпоставувам дека беше навистина посебно. n Искуството во деновите на карантинот беше тешко. Мислам на првиот карантин, оној меѓу почетокот на март и мај минатата година. Целиот град беше различен. Но, периферните реони сè уште имаа живот овозможен од неколку отворени продавници (за храна, аптеки и сл.). Покрај тоа, животот беше обележан и со движење на некои луѓе кои мораа да се преселат заради работата. Центарот, од друга страна, беше страотен: како што споменав, со години центарот е „населен“ главно од туристи, па дури и продавниците во центарот се главно отворени за да им служат ним. Рестораните и самопослугите беа затворени затоа што никој не влегуваше да купи храна. Аптеките, со закон, беа отворени, но се случуваше, во текот на денот, да влезе само еден купувач. Тоа се чувства што е тешко да се опишат: ситуацијата нè потсети на она што сме го гледале во некои „катастрофични“ филмови. како жител на град, држава, со енормен фонд на историски градби, живеејќи меѓу фасцинантни споменици, пред вас стои голем предизвик за нивна консолидација, трансформација, давајќи им го притоа заслужениот респект. многу од нив, не само национални, туку длабоко значаен дел од светската историја на архитектурата. секогаш се прашувам како успевате да ги сочувате функционални во овој модерен свет? n Историското и културното наследство претставува едно од најважните богатства на Италија. Во нашата земја, културата на реставрација и конзервација има долга историја. Заедно, од гледна точка на обука за архитектите и за можноста на градежните компании, успеавме да развиеме култура на реставрација што ни овозможи да го зачуваме, но и да го подобриме нашето историско и културно наследство. Сепак, ние мора да мислиме на реставрацијатата како на развојна

патека: при монументална реставрација, ние дејствуваме за зачувување, но реставрацијата во Италија, значи и повторна функционализација или интервенции кои создаваат мешавина на историското зајакнување и современите знаци. раскажете ни ја сторијата, битката која ја водевте за стадионот артемио Франки, дело на големиот луиџи нерви, обележје на градот Фиренца и исклучително важна градба, ремек-дело во историјата на архитектурата и значајна за меѓународното наследство. n Просто неверојатно: за да спасиме еден од најголемите италијански споменици на модерната архитектура мораше да издржиме ваква тешка битка. Сепак, ако не започневме да го креваме гласот во 2019 година, можеби денес ситуацијата ќе беше поинаква. Во 2019 година, фудбалскиот тим во Фиренца беше ПОРТА


купен од италијанско-американски претприемач, Роко Комизо. Требаше да се избере меѓу реновирање на делото на Пјер Луиџи Нерви или изградба на нов стадион. Тој веднаш изјави дека сака да изгради нов стадион. И покрај јавната сопственост на стадионот во Фиренца (сопственост на Општината Фиренца), во септември 2019 година, компанијата Фиорентина Калчо претстави проект за реновирање на стадионот Франки. Предлогот беше многу радикален и предвидуваше уривање на дел од постојните структури. Надзорниот орган на целокупниот проект се спротивстави. Комората на архитекти на Фиренца веднаш силно протестираше. Заедно со други здруженија и фондации започнавме долга битка преку написи во весници, дебати и конференции. Во август 2020 година, националната политичка гарнитура се обиде да протне ад хок Закон за рушење на стадионите, дури и ако е важен како стадионот во Фиренца. За среќа, во јануари 2021 година, италијанското Министерство за култура ја поддржа важноста на овој споменик. На крајот, Општина Фиренца, исто така, го прифати нашиот 24

ПОРТА

25 јуни 2021

предлог и, овие денови, ќе се објави меѓународен повик за конкурс за реставрација на стадионот и на неговата непосредна околина. Големо задоволство за нас, за битка која бараше многу енергија, но на крајот се покажа како победничка. што би кажале, каде стојат архитектите како група во однос на прашањата врзани за екологијата? дали мислите дека ќе успеете да ги придвижите членовите на оаФ кон еколошка свест? n Еколошкиот предизвик е еден од најголемите приоритети за оваа наша генерација. Архитектите имаат голема одговорност да се обидат да помогнат во подобрувањето на животната средина. Во областа на проектирањето, (од објекти до интервенции на животната средина, од урбанистичко планирање за реставрација), потребно е да се посветат на сите ресурси за да се генерираат одржливи интервенции што можат да ја подобрат околината. Од оваа причина, потребно е политиката да воведе норми што овозможуваат олеснување на компатибилните интервенции и доблесните

избори за животната средина. На клиентите, често, им е тешко да разберат дека понекогаш е потребно да се инвестира повеќе капитал за да се постигне одржлив резултат за животната средина. Предизвик за нас е да ги убедиме клиентите дека поголема почетна инвестиција може да овозможи, во иднина, да имаат големи заштеди со ограничување на трошоците за енергија, но над сè, во иднина поодржливите интервенции ќе имаат поголема вредност и ќе го дадат резултатот на инвестицијата одговорен и доблесен. сумирајте ги вашите најголеми достигнувања и предизвици, како претседател на оаФ. n Првиот предизвик на претседателот е секогаш да може да работи со кохезивна и партиципативна работна група. Од 2009 година, Комората на Фиренца го поддржува изборот за овозможување зајакнување на целокупниот Одбор со делегирање и ротација на одделите. Претседателот е претставник на Одборот. Значи, потребно е новиот Одбор брзо да стане добра,


архитектура. Ова значи дека, особено за изградба на јавни објекти, немаме регулаторен систем што ќе го издигне квалитетот на архитектурата над чинењето на градбата. Повторно, тоа е сериозна одговорност на политиката. Ако сакаме нашата земја повторно да биде конкурентна на меѓународно ниво, мора да се бориме да добиеме Закон за архитектура што е можно побрзо.

обединета работна група, во која сите се чувствуваат вклучени. Меѓу најважните предизвици е можноста да ги вклучиме нашите членови во комисиите (за урбанистичко планирање, одржливост на животната средина, еднакви можности итн.). Ние, исто така, соработуваме и на ниво на град заради дефинирање на новата алатка за урбанистичко планирање, ја развиваме работата на Фондацијата на архитекти за организирање културни и едукативни настани. Но, претстојниот предизвик се однесува на конкурсот за стадионот во Фиренца. Во врска со ова прашање, ние сме силно посветени на Општината Фиренца за изготвувањето на Повикот за конкурсот (кој треба да биде објавен кога ќе биде објавено и ова интервју), што ќе биде еден од најважните настани за Фиренца во наредните месеци.

многу нови архитектонски студија, кои се натпреваруваат на меѓународни натпревари и се успешни. Најинтересно е што тие често се интердисциплинарни групи составени од млади луѓе кои имаат многу ентузијазам и голема креативност. Најголемиот проблем е што во Италија сè уште нема Закон за

што мислите за модерната урбанизација, урбанистичкото планирање, приватните инвестиции и политиката во урбанистичкото планирање и архитектурата денес? n Ова прашање е поврзано со претходниот одговор. Во Италија, ги занемаривме аспектите на планирањето. Премногу често шпекулативните интереси ги освојуваа аспектите на квалитетот на урбанизмот. Имаме премногу комплициран и пред сѐ бавен законодавен систем. Потребни се многу години за да се направат значителни промени. Понатаму, премногу често во Италија сме навикнати да постапуваме (само) откако ќе се појави итен случај. Законите за заштита на пејзажното наследство се одобруваат после поплава или свлечиште; законите за сеизмичка безбедност доаѓаат после земјотрес. Треба да бидеме навремени и да проучуваме правила што веднаш се применуваат: меѓу нив, всушност, е и Законот за архитектура. Овој закон може да дејствува и при насочување на системот на приватните инвестиции. Доколку новиот закон успее да го поттикне квалитетот во архитектурата, и приватните инвеститори ќе можат да најдат дополнителен мотив за создавање одржливи згради, во рамките на одговорен систем за планирање што ги прави нашите градови, нашата територија, попријатни за живеење, гостољубиви и фасцинантни.

како би ги оцениле италијанските архитекти на глобалната архитектонска платформа? n Архитектурата во Италија доживува период на голема креативност. Постојат 25 јуни 2021

ПОРТА

25


подобар животен век. Сето ова, исто така, паѓа на грб на изборите и начините на постапување на архитектите. Првиот чекор мора да биде знаење, вториот чекор мора да биде акција. Сите живееме во ера во која брзината на промените станува феномен со кој е тешко да се управува. Дури и во специфичното поле на активности на архитектите: ние мора да направиме свесен избор за дизајн кој знае да се соочи со иднината. Но, за да го сториме ова, прво, треба да знаеме. За да знаеме дека треба да ги отвориме нашите умови, да се менуваме, да учиме, ажурираме и да го пренесуваме ова знаење на помладите. Тие се предизвици на највисоко ниво, но верувам дека се предизвици кои не зависат од избор, туку од неопходност.

што би кажале за хонорарите на архитектите? како успеавте да го дефинирате тарифникот за работа на начин да одговори на барањата на вашите членови? n Ова е исто така важно прашање и мора да биде дел од Законот за архитектура. Неолиберализмот произведе пазар без правила, а ова ослободи дива конкуренција во која преовладува максимален пад и губење на квалитетот. Не случајно, најдобрите дела произлегуваат од меѓународните двофазни конкурси, на кои архитектите се натпреваруваат барајќи го најдоброто решение и инвестирајќи само во сопствените економски енергии. Но, овој систем мора да се промени. Работата мора да биде наградена правилно, и ние мора да се бориме да ги натераме луѓето да разберат дека улогата на архитектурата и архитектот се фундаментални и бараат многу енергија: оваа енергија мора да биде наградена заради нивно фер вреднување. Дури и за младите луѓе кои влегуваат во професијата ова е особено важно. Инаку, за да можат да работат ја распродаваат својата работа, нудејќи цени кои никогаш нема да бидат доволни за покривање на трошоците. Но, сето ова бара и систем за контрола на квалитетот во нашата работа. Затоа, тоа не е само обичен Тарифник, туку систем на артикулирани правила, кои мора да обезбедат фер компензација и почитување на квалитетот на работата на архитектот. во вашата кариера, кој бил најголемиот предизвик со кој сте се соочиле на полето на архитектурата? кои беа вашите најголени достигнувања и предизвици? n Најважната промена беше секако преминот од аналогно во дигитално. 26

ПОРТА

25 јуни 2021

Дипломската работа ми беше една од првите проекти направени со дигитална технологија. Транзицијата, за мојата генерација беше предизвик и беа потребни многу години да влезам во дијалог со други проектни тимови или со јавната администрација, со дигитална технологија. Парадоксално, сега се соочувам со професијата без компјутерски вештини што ги имав пред 20 години. Мојата работа денес е главно менаџмент, прво затоа што главно ја вршам улогата на проект-менаџер за странски инвестиции. Тешко ми е да сум во тек со новите БИМ-технологии. Секако, се потпирам на БИМ- менаџерот заради развој на синергија во проектните активности. Сепак, верувам дека работата на архитектот е повеќеслојна и не може да се одвива без интеракција со големи тимови. Затоа, најважниот предизвик за архитектите, сè повеќе, ќе биде оној да знаат како да комуницираат со мултидисциплинарни технички тимови. Но, сигурен сум дека големата разновидност со која се обучуваат архитектите денес е голема предност. Значи, јас ги гледам архитектите како идеални субјекти да бидат водачи на тимовите на овие проектни групи. гледајќи нанапред, кој е најголемиот предизвик за архитектите во денешно време? n Верувам дека најсложениот предизвик е да се соочиме со целината, како за нејзините предности, така и за дефектите што целината ги наметнува на сите нас. Веќе не е можно да се замисли иднина што е исклучиво резултат на изборите на владата или нацијата. Почнувајќи од климатскиот предизвик и заштитата на животната средина, до управувањето со миграцијата помеѓу сиромашните територии или, во војна, кон земјите што можат да понудат

каков совет би им дале на неодамна дипломираните архитекти, идните професионалци? n Најдобар начин да станете добар архитект е да бидете љубопитни, да научите и да ѝ пристапувате на оваа професија со страст. Јас, секогаш, им предлагам на младите италијански архитекти да започнат да го продлабочуваат своето знаење со „читање“ на територијата на која живеат, а потоа максимално да го искористат своето време за патувања и запознавање на нашиот свет. Денес може да патувате со многу малку трошоци и патувањето е на дофат на скоро сите што имаат среќа да можат да студираат за да станат архитекти. Ова е првиот совет. Вториот совет е дека професијата архитект не се учи само од книгите. Навистина, како во минатиот век, некој стана архитект учејќи од она што другите архитекти го направиле пред нас. Затоа, искористете ги сите можности за обука, практикантска работа, дури и во други земји од онаа во која живеете. Во оваа смисла, Европскиот проект Еразмус е најдобрата инвестиција во мојата генерација и во наредните. Третиот совет е да се негува страста за оваа работа со решавање на проектите преку натпревар. Ви препорачувам да научите да работите во група, да развивате истражување на дизајнот преку експериментирање со натпревар: општо, започнуваме со оние поедноставните теми од сечиј опфат, а потоа разговараме за важни или тешки прашања, како што се оние за реставрација и реновирање на стадионот во Фиренца. Верувам дека професијата архитект може да биде убава професија, соочена со страст може да даде огромно задоволство и да помогне да се напушти светот подобар отколку што го најдовме. n


ПОРТА


архитектура

„Како ќе живееме заедно, сега?“

павилјонот се референцира на просветителскиот период во архитектурата, и на ставoт дека јазикот е нашата алатка за размислување, а во тој контекст елементите на архитектурата која ја создаваме нужно поттикнува дијалог, поставува прашања, а понекогаш истите и ги одговара 28

ПОРТА

25 јуни 2021


македонскиот претставник на биеналето во венеција Ана РАФАИЛОвсКА, дипл. инж. арх. енециското биенале за архитектура, по следот од десет непречено организирани меѓународни изложби, во 2020тата година повторно беше пресретнато од глобалните општественополитички околности. Светската здравствена пандемија доведе до одложено соочување на современите архитектонски и урбанистички артефакти и до неверојатна едногодишна „пауза“ за преиспитување на актуелните архитектонски стојалишта. Темата која беше поставена за 2020-тата година, прашање кое се однесува на одржливоста на светската човекова заедница, срочена во прашањето „Како ќе живееме заедно“, само ја потврди својата длабочина и суштественост останувајќи актуелна и оваа, 2021 година. Кураторот на овогодинешната експозиција, Хашим Саркис, декан на Факултетот за архитектура и планирање на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), очекува прашањето да поттикне воспоставување нов просторен договор, во контекстот на растегнатите политички поделби и растечкиот економски диспаритет. Според него заедништвото меѓу луѓето, но и генерално меѓу видовите, е сериозно загрозено од процесите на индивидуализација и дигитализација на реалниот простор. Во незавидна состојба е и архитектурата на домувањето исправена пред предизвикот да обезбеди поголема разновидност, достоинство и правичност, надминувајќи ги географските културолошки множества. Оттаму Саркис, повикува на една инклузивна глобална иницијатива во креирањето на новиот просторен идентитет, која би започнала со материјализација на архитектонските идеи, оваа година, во рамките на изложбените простори на венециското Арсенале, Џардини и Форте Маргера. Во таа насока, проектот „Сега“, македонскиот претставник на Биеналето 2021 година, упатува на итноста за делување во просторно-временските аспекти на постоењето. Павилјонот - еден симболичен отсечок од мноштвото ја следи дедаловата дијалектика на отвореното наспроти затвореното, врамувајќи ги човековите потреби: чувството на заштита кое го нуди домот, наспроти отворениот симбиотски однос со средината во која опстојува. Македонската експозиција воедно ја користи и можноста да одговори на поставеното прашање вклучувајќи го индиректно и своето непосредно опкружување, Палацо Ѕорѕи, регионалната канцеларија на УНЕСКО за Европа, поставувајќи ја својата архетипска појавност во атриумот на оваа сугестивна рене-

В

Графика 1: Ивана Чалоска

Графика 2: Ивана Чалоска, Енес Север сансна палата контрапунктирајќи ја нејзината високодиференцирана семантика. Павилјонот се референцира на просветителскиот период во архитектурата, и на ставoт дека јазикот е нашата алатка за

размислување, а во тој контекст елементите на архитектурата која ја создаваме нужно поттикнува дијалог, поставува прашања, а понекогаш истите и ги одговара. Дијалектиката се провлекува како структурен модел, 25 јуни 2021

ПОРТА

29


Графика: Ивана Чалоска не само во концептот, туку и во неговата материјализација. Притеснет од ѕидовите и кулите на Венеција, еден правоаголник, триаголник и една сфера, павилјонот комплетно пречистен од програма, ја елаборира релацијата меѓу високоапстрахираната форма и човечката сензација. Ставајќи ги еден наспроти друг дрвото и каменот, транспарентноста и масивноста, филигранството и робустноста, проектот цели кон медитација за населување на идни тектоники и дизајнирање на нови трансцедентални „тела“. Во оваа скулптура, набљудувачот се вовлекува во простор на шпекулативна гравитација, а неговите очекувања за целовитост и конечност на конструкцијата, се соочуваат со еден дисторзиран центар и порозна покривка, која дополнета со бинарната сенка фрлена на подот, ја разнишуваат неговата подлога и го дистрибуираат неговиот фокус во нејасна насока и еден Дедалов лавиринт на самопотрагата. Идејата „Сега“ произлегува од сеприсутните културолошки наслојувања на денешното македонско, но и светско општество, и како што вели Хајдегер, изразува само еден момент во една човечка епоха, како и за неа специфичните начини на перцепција.

Фотографија 1: Андреа Феро

ПОРТА


Фотографија 2: Андреа Феро

детали за проектот „сега“ Комесар: дита старова-Ќерими Куратор: бекир адеми Кокуратор: јордан шишовски Конструкција, материјализација и дизајн: бекир адеми/ бина [биро за инвентивна архитектура] Логистика: енис абовски, амине адеми, атанас наумовски Аудиоинсталација: владимир лукаш, Ѓорѓи митревски

Текст: ана рафаиловска, јордан шишовски, бекир адеми Графика: ивана Чалоска, енес север Учесници: бекир адеми, ана рафаиловска, ивана Чалоска, јордан шишовски, енис, абовски, енес север, амине адеми, атанас наумовски, гаврил бошковски, аида салиху, дрен невзати, елмедина хасани, нита Чаволи Покровител: министерството за култура на рсм

Воедно, истата се обидува да се издигне над и да ја надмине културата на сегрегација на човековото тело и дух, токму преку нејзината структура од едноставни линии, густо збиени во една топографска филигранска сукцесија, која постепено го зграпчува етерот во потрага за заедништво и соживот. Во таа насока почитуваниот професор Митко Хаџи-Пуља забележа: „Јас ја разбирам како дел од небесниот свод! Небото кое треба да го градиме заедно за сите! Небото е едно! Тоа е составено со соучество, партиципација на секој од нас, секој од нас е една вертикала, едно лично постојано воздигнување“. Македонскиот павилјон беше официјално отворен, во рамките на вернисажот на Биеналето за архитектура на Венеција, од страна на комесарот Дита Старова-Ќерими, авторот и куратор Бекир Адеми, кураторот Јордан Шишовски и министерката за култура на РСМ, Ирена Стефоска. Заинтересираните ќе имаат можност да го посетат до 21 ноември оваа година. n ПОРТА


aрхитектура

Стадионот во Токио спремен да ги проектот на кенго кума тесно го победи проектот на тојо ито, а јапонскиот спортски совет ги оценувал проектите според следните критериуми: намалување на трошоците и на времето потребно за изградба, концепт на холистички пристап, заштита на околината, конструкцијата и функцијата сања РАЃеНОвИЌ-ЈОвАНОвИЌ, дипл. инж. арх етните олимписки игри во модерната ера која датира од 1896 година кога се одржале во Атина, откажани се само три пати. Игрите во 1916 година во Берлин станале жртва на Првата светска војна, а истото се случило и со игрите планирани за 1940 и 1944 година, кои требало да се одржат во Хелсинки и во Лондон, односно откажани се поради Втората светска војна. Но и минатата година се откажаа Олимписките игри кои требаше да се одржат во Токио, овој пат не поради војна, туку поради невидливиот непријател Ковид-19. Во услови кога пандемијата која сè уште не е победена, Организацискиот комитет на Олимписките игри во Токио планира да го одржи овој спортски меганастан од 23.7. до 8.8. во еден вид „олимписки балон“. Околу 11.000 спортисти треба, како што е планирано, да прават коронатест секој ден, да се придржуваат на физичка дистанца и што е можно помалку да се движат надвор од спортските терени. Странските гледачи практично веќе се исклучени од игрите, а допрва ќе се одлучува дали некој воопшто ќе смее да биде на трибините. Пандемијата го заглави светот, Олимпискиот комитет на Јапонија

Л

32

ПОРТА

25 јуни 2021

непрекинато повторува дека безбедноста на игрите е загарантирана, а Јапонците се одговорен народ на кој може да му се верува. „Само благодарение на способностите на јапонскиот народ да ги надмине пречките, можно е да се одржат Олимписки игри во вакви тешки околности. Духот на истрајност е олимписки дух“, велат од Меѓународниот олимписки комитет. Но, дали е тоа доволно

да разуверат многу скептици и во самата Јапонија? За Јапонците се подразбира дека се подготвени на време, а спремни се и сега во овие неблагодарни околности и тоа како и секогаш, пред време. Со приближувањето на презакажаните Олимписки игри, до кои остана помалку од еден месец, сè повеќе доаѓа и наплив на


Jапонскиот национален стадион

отвори вратите за Олимпијадата

возбуда и исчекување. На 23 јули во центарот на вниманието ќе биде Олимпискиот стадион во Токио, каде што ќе се одржи церемонијата на свеченото отворање, а две недели подоцна и затворање на игрите. Една недела по отворањето најдобрите светски атлетичари и атлетичарки ќе пристигнат на реновираното место на Олимписките игри од 1964 година и спектаклот на кралицата на спортовите ќе

може да почне на обновениот стадион. Пред повеќе од половина век, кога Токио последен пат беше домаќин на Олимписките игри, стадионот беше местото каде Peter Snell од Нов Зеланд ја искина патеката за да го постигне својот најголем резултат на 800 и 1.500 метри, Тамара Прес од Советскиот Сојуз освои две златни медали во фрлање ѓуле и диск, Британката Ann Packer направи

изненадување и освои злато на 800 метри со светски рекорд, а Bob Hayes од САД го изедначи светскиот рекорд и победи на 100 метри. Па така ова лето ќе продолжи историјата на овој стадион. „Со нетрпение очекуваме и се радуваме да ги видиме спортистите од целиот свет како маршираат на новиот стадион на свеченото отворање, кога погледите на светот ќе бидат 25 јуни 2021

ПОРТА

33


свртени кон овој иконичен симбол на игрите во Токио 2021 година“, изјави извршниот директор на Токио 2021, Toshiro Muto по завршувањето на изградбата на стадионот, која траеше 36 месеци, а стадионот чинеше 1,4 милијарди американски долари. KoKuritsu KyōgiJō Националниот стадион, или „Kokuritsu kyōgijō“, кој ќе се користи за атлетика и фудбал, официјално беше завршен во ноември 2019 година. Уривањето на стадионот на Олимписките игри од 1964 година започна во 2015 година за да се направи место за стадион со 68.000 седишта, а притоа се има на ум одржливоста на објектот. Новиот олимписки стадион во Токио е проект на јапонскиот архитект, големиот

ПОРТА


Проектот на Заха Хадид Кенго Кума. Изгледот на стадионот - „живо дрво“ - потсетува на традиционалната јапонска архитектура на храмови со дрвена фасада и зеленило, кој се претопува со блиската област Meiji Jingu Gaien. Повеќеслојната настрешница на стадионот е направена од дрво собрано од 47 јапонски префектури, додека повеќе од 47.000 дрвја се засадени во кругот на стадионот. Внатре, 185 вентилатори кои создаваат проток на воздух и системи за ладење ќе создадат попријатни услови за натпреварување, а трибините на гледалиштето, во земјени и зелени тонови, имитираат филтрирање сончева светлина низ дрвјата или во овој случај покрив. проектот на Заха хадид по остри критики се откажа Кога Токио беше одбран за град домаќин на Олимпијадата, се одржа во 2012 година меѓународен архитектонски конкурс за

националниот стадион на кој победи Заха Хадид. Стадионот на Заха требаше да слета во токискиот парк Meiji како меѓугалактичка велосипедска кацига, издигната над ниското опкружување во футуристички бели лакови. Проектот наиде на остри критики во јавноста, пред сè од јапонските архитекти, предводени од лауреатите на Прицкер, Тојо Ито и Фумихико Маки. Со трошоци кои ескалираа речиси двојно повеќе од предвидениот буџет и правејќи го најскап стадион на модерното време, овој проект Јапонската влада го укина. За многумина, откажувањето на проектот е задоцнето речиси две години. Уште од неговото претставување во 2013 година, проектот се соочуваше со жестоки критики од сите страни, што укажува дека беше осуден на пропаст уште од самиот почеток. Најистакнатите јапонски архитекти организираа симпозиуми против проектот, што резултираше со петиција со која се

повикува на запирање на проектот, опишувајќи го како „монструозност целосно надвор од димензиите на опкружувањето“. Архитектите го истакнуваа фактот дека стадионот се наоѓа во историски дел со ограничување на висината на објектите од 20 метри, а проектот на Хадид оди до висина 70 метри, надвиснувајќи се над градините на паркот. Се организираше петиција против изградба на овој стадион, предводена од добитниците на Прицкер, како и од архитектите Кенго Кума и Соу Фуџимото, која собра преку 80.000 потписи – соодветно на капацитетот на планираниот стадион. Zaha Hadid Architects како одговор на одлуката да не се гради стадионот, изјавија дека зголемувањето на трошоците не се должи на дизајнот сам по себе, туку дека вистинската тешкотија е договорот за прифатлива цена за изградба. Во изјавата изразија уверување, засновано врз нивното големо искуство во проектирање стадиони (како на пример за Олимписките игри во Лондон 2012), дека ZHA со сигурност може да го изгради нивниот дизајн на рентабилен начин. Но и јавното мислење во Јапонија не беше воодушевено од дизајнот на стадионот на Заха, се изнедрија многу сатирични коментари, кои одеа дури и дотаму дека стадионот личи на женски полов орган. За нов проект „од нула“ се одлучи на меѓународен конкурс кој покрај проект, вклучуваше и трошоци на изградбата, откако Јапонската влада за новиот проект кој требаше да биде завршен до есента 2015 година го вклучи и ограничувањето на трошоците. Јапонскиот архитект, лауреат на Прицкер, Тадао Андо, кој беше дел од жирито кое го одбра проектот на ZHA, исто така се соочуваше со вина за преголемите трошоци за изградба, за што тој тврдеше дека не е виновен. Кенго Кума тесно го победи Тојо Ито На 28 август 2015 година, Јапонската влада објави нови стандарди за Националниот стадион. Фиксниот капацитет да биде 68.000 места и да може да се прошири на 80.000 со користење привремено седење на атлетската патека. Владата исто така ја напушти идејата за подвижен покрив и наместо тоа се одлучи за фиксно покривање само над трибините. Исто така, елиминирани се спортскиот музеј и небеската патека кои беа дел од претходниот проект, а намалени се и ВИП-салоните и подземниот паркинг. Ова намалување резултирало со површина од 198.500 квадратни метри, 13 отсто помалку од првобитно планираното. Проектот на Кенго Кума тесно го победи проектот на Тојо Ито, при што Јапонскиот 25 јуни 2021

ПОРТА

35


спортски совет ги оценувал проектите според следните критериуми: намалување на трошоците и на времето потребно за изградба, концепт на холистички пристап, заштита на околината, конструкцијата и функцијата. А Заха тогаш изјави дека им било голема чест што бил избран нивниот проект, но дека за жал јапонските власти со поддршка од некои колеги од професијата се договориле да го затворат проектот. Во изработка на проектот, архитектите се здружиле со изведувачите за да го предадат

36

ПОРТА

проектот заедно со трошоците за изградба и временските рокови. Тоа биле компнијата Taisei Corporation која често работи со Кума и конзорциум од неколку водечки јапонски изведувачи. Заха Хадид не успеа да пронајде изведувач спремен да работи со нејзиниот проект, па поради тоа била принудена да се откаже од напорите, повторно да предложи свој ревидиран проект на новиот конкурс. Националниот стадион е според концептот - стадион во шума, дрвото се користи во комбинација со челични рамки за

покривот, може да се пофали со универзален дизајн на највисоко светско ниво. Објектот пет нивоа над земја и две под земја, претставува најнова инкарнација на духовниот дом на јапонскиот спорт. „Фасадата се состои од преклопување, повеќеслојни стреи“, објаснуваат од канцеларијата на Кенго Кума. „Долната страна на секоја стреа е покриена со дрвени решетки во обид на соодветен современ начин да се изрази традицијата на убави стреи во јапонската архитектура“, додаваат од Бирото на Кума. Стадионот има околу 500 седишта и 100 тоалети достапни за инвалиди кои се сместени на приземниот дел, поставени така, што дури и гледачите кои стојат нема да им сметаат на погледот. Инсталирани се голем број Wi-Fi-места, што овозможува околу 30.000 корисници да се поврзат истовремено. На петтото ниво поставен е простор, еден вид тераса која го обиколува стадионот, која ќе биде отворена за јавноста по натпреварите, а посетителите ќе можат да уживаат во сезонските погледи, како што се пролетните цветови на црешите или променливите бои на есенските лисја. Стадионот ќе се користи за спортски и културни настани и со нетрпение се очекува на 23 јули да ја отвори вратата за најголемиот спортски настан на светот. n


ПОРТА


архитектура

исламски верски кУлтУрен центар во ЉУбЉана

Исчистените форми и минимализмот ја прават оваа архитектура исклучително монументална

ПОРТА


нетипичната иконичност на објектот во себе содржи мистична и краткотрајна двојност - таа се губи веднаш кога ќе го апсолвирате просторот. куполата, иако навидум заробена во конструкциската реинвентирана исламска геометриска матрица е неизбежно присутна и нејзиниот ефект е изразито моќен - во даден поглед таа претставува реминисценција на традиционалниот молитвен шатор. Огнен АРсОв, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Љубљана) фотографии: Давид ШРеЈеР овиот Исламски верски културен центар во Љубљана на проектантското студио Бевк и Перовиќ е можеби проект, којшто изминатата декада дигна најмногу прав, и истовремено проект, којшто со својата архитектура од дигнатиот прав на суптилен начин создаде квалитетно културно јавно добро. На деградирана локација близу центарот на Љубљана, Исламскиот верски културен центар генерираше простор кој успеа да ги задоволи сите зададени просторни задачи. Одлуката за поставувањето објект од овој тип за прв пат во една доста хомогоена верска и урбана култура е секако политичка, но пристапот кон проектот и начинот на којшто тој проект се реализираше беше сосема професионален. Токму тоа е она на коешто би сакал да се осврнам во следниве

Н

пасуси, без поголемо навлегување во спомнатата прва категорија. За задоволувањето на потребите на исламската заедница градот Љубљана, политичката јавност и професионалната фела како одговор успеаја да организираат отворен меѓународен анонимен архитектонски конкурс за изнаоѓање на најдоброто проектно идејно решение. Пред 10 години, во 2011 година за

конкурсот одлучуваше мешана и внимателно избрана комисија предводена од професорот Јанез Кожељ (архитект и заменикградоначалник на Љубљана): претставници на Исламската верска заедница, деканот и професори на Архитектонскиот факултет во Љубљана, претставници на Урбанистичкиот завод, претставници на Заводот за заштита на културното наследство, деканот на Архитектонскиот факултет во Сараево,

ПОРТА


претставници на архитектонски установи (директорот на Музејот за архитектура и дизајн), претставници на инвеститорот (претставник на државата Катар)... Како една од клучните точки во заклучната изјава на оценувачката комисија е описот на избраниот проект, како решение коешто претставува „најадекватна синтеза на двата културни аспекти и вклучува најмногу добри делови на решенија од нему сродни проекти“. Композицијата на Исламскиот верско културен центар ја творат пет волумени: на надворешниот раб на локацијата се поставени четири волумени, коишто содржат т.н. посветен програм кои го дефинираат и на некој начин го штитат она што е во центарот на комплексот. Поставувањето на џамијата во центарот на „гроздот“ од згради, произлегува првенствено од претпоставката за анонимноста на локацијата. Начинот на поставување на градбената „гмота“ со пропратниот секојдневен програм на периферните објекти му обезбедува примерен простор на централниот сакрален објект. Празниот простор меѓу објектите твори повеќе отворени плоштади за поинакво доживување на најсветите моменти на ансамблот. Кубусот на џамијата и фасадите на објектите свртени кон неа се облечени во геометриска мрежа која на ново ја реинтерпретира традиционалната мушарабија на традиционалната исламска архитектура. По ефектот што го создава можеби потсетува на фасадата на Исламскиот културен центар од Жан Нувел во Париз. Сакралноста на објектот на џамијата е прикриена, но заради тоа не и помалку моќна. Нетипичната иконичност на објектот во себе содржи мистична и краткотрајна двојност таа се губи веднаш кога ќе го апсолвирате просторот. Куполата, иако навидум заробена во конструкциската реинвентирана исламска геометриска матрица е неизбежно присутна и нејзиниот ефект е изразито моќен - во даден поглед таа претставува реминисценција на традиционалниот молитвен шатор. Поврзаноста со исламската архитектура е повеќеслојна, иновативна и убедлива во својата реинтерпретација. Кубусот на џамијата со димензии 32/32/24 метри, изработен е од конструктивна бела, челична мрежа. Во долниот дел е присутен масивен

40

ПОРТА

25 јуни 2021


ѕид, кој продолжува во застаклен горен дел и касетиран плафон. Во внатрешноста на молитвениот простор на џамијата е обесена сина транспарентна ткаенина во форма на внатрешна купола, којашто го претставува небесниот свод. Програмот на комплексот вклучува културен центар со библиотека, медреса, административен програм, станбен дел за вработените во заедницата, ресторан, подземен паркинг за 300 автомобили и се разбира, во самиот центар, џамија со молитвен простор и минаре со височина од 44 метри. Внатрешниот простор на џамијата во месеците со подобро време има можност за проширување кон надворешниот простор на плоштадот пред влезот, којшто пак е доволно интимен да биде и молитвен простор. Употребата на материјалите е типична за проектантското студио Бевк и Перовиќ: видлив бетон во светлосив, скоро бел тон, терацо под и од терацо изработени санитарни елементи, употреба на дабово дрво во ентериерот, дрвени прозорци, што повеќе вградени елементи и опрема, вградени светилки... Исчистените форми и минимализмот на Бевк и Перовиќ се токму тоа што ја прави оваа архитектура исклучително монументална, современа и вонвременска. Тоа е и причината зошто во моментов Исламскиот верски културен центар во Љубљана е кандидат за една од најпрестижните архитектонски награди на фондацијата „Мис ван дер Рое“. n ПОРТА


архитектура од дрво

проект кој има нУла емисии на јаглерод

Solo - иновативен “off-grid” дизајн ентериерот на куќата има само шест материјали, а елата се забележува низ целата структура и завршна обработка. како дел од заложба за унапредување на здравјето и благосостојбата, архитектите ја елиминираа употребата на штетни хемикалии

Александар ЧеРеПНАЛКОсКИ, Инженер по дрвна индустрија а најновите награди Wood Design & Building Awards, SoLo доби награда за посебни достигнувања. Дрвото беше избрано за примарен конструктивен материјал на ова живеалиште, што резултираше во проект кој има нула емисии на јаглерод. Дрвото е во целост изложено низ домот - „храм на елата“. Додека SoLo се истакнува како исклучителен пример за одржлива конструкција на предизвикувачка локација, дрвената конструкција исто така претставува клучен чекор во развојот на употребата на дрвото во поголемите згради. Со изведбата на овој дом, архитектите Perkins&Will, истражуваа различни можности

Н

42

ПОРТА

25 јуни 2021


за монтажата и детали за фасадата со масивна дрвена граѓа и начини како да се примени на средни и високи згради. Еден од следните проекти што го планираат архитектите е кула во Ванкувер, Канада со 37 ката - со што се поместуваат границите за комбиниран конструктивен систем дрво/бетон. За изведба на вакви големи системи неопходна е соработка со инженери и фабрики за префабрикување за развој на фасаден систем заснован на дрво кој би функционирал слично како и другите префабрикувани фасадни системи. Развојот на ваков фасаден систем треба да ги задоволи сите аспекти на квалитетна фасада, како издржливост на временски услови така и термички перформанс. нетипиЧен алпски дом Високите термички перформанси се дел од она што го прави овој дом единствен. Сместен на врвот на шумата, со поглед на спектакуларната долина Soo, северно од Вистлер во крајбрежните планини на Британска Колумбија, SoLo не е типичен алпски дом. Идејата на клиентот е да биде пионер во идната алпска заедница со нула емисии, и Perkins&Will дизајнираа прототип што демонстрира уникатен пристап кон

градење во тешко достапна средина. SoLo доби највисок рејтинг од EnerGuide, системот за оценување на енергетските перформанси во Канада и го надминува Чекор 5 од енергетскиот кодекс на Британска Колумбија, што укажува на највисоко ниво на енергетска ефикасност во покраината. За да се минимизира нарушувањето на

локацијата, модуларниот монтажен дом е поставен на лесна конструкција над нерамниот терен, зајакнувајќи ја неговата врска со локацијата како „посетител“. Со ваквиот пристап се дозволува природата и локацијата да останат во фокусот. SoLo поседува едноставна естетика и воздржана палета на материјали. 25 јуни 2021

ПОРТА

43


ентериер беЗ штетни хемикалии Ентериерот на куќата има само шест материјали, а елата се забележува низ целата структура и завршна обработка. Како дел од заложба за унапредување на здравјето и

ПОРТА

благосостојбата, архитектите ја елиминираа употребата на штетни хемикалии. Решавајќи ги предизвиците предвидени со оддалечената локација и кратката градежна сезона, на локалните градители им беше

наложено да ги монтираат дрвените модуларни градежни елементи надвор од локацијата. Ова беше од суштинско значење за да се овозможи брзо подигање на објектот во летната сезона, истовремено намалувајќи ја количината на опрема и материјали потребни на самото место - исто така со ваква организација се намали вградениот јаглероден отпечаток на проектот. Со оглед на екстремната клима, од клучно значење беше да се има пристап „пред затворање“ за да се обезбеди ефикасност и извонреден комфор. Запазувајќи ги принципите и стандардите на пасивна куќа, дизајнерите применуваа двослоен пристап кон куќиштето. Надворешната рамка од масивна конструкција делува како штит, спротивставувајќи се на времето, додека изолираниот внатрешен слој делува како топлинска бариера. За да се постигнат посакуваните термички параметри било спроведено детално термичко моделирање за секоја временска состојба. Дури и со огромните отвори за да се долови погледот на природата, домот има добиено сертификација за PHI Low Energy Building. Како „off-grid“ дом, потребни се неколку системи за оперативна независност на домот. Со цел да се елиминира согорување на фосилните горива, напојувањето се обезбедува со фотоволтаични панели монтирани вертикално на јужната фасада и со систем за геотермални пумпи, додека за дополнителна енергија инсталирани се батерии на водород. Во куќата е инсталиран систем за собирање и третирање вода за пиење и систем за прочистување на отпадните води. Резултатот е паметна куќа од 380 квадратни метри, што генерира повеќе енергија отколку што користи. SoLo ги спојува убавината и функцијата, истовремено оптимизирајќи ја употребата на дрво за да ги постигне своите цели. n


ПОРТА


архитектура

Архитектура и поезија инспирацијата како феномен за духовно возвишување е заедничка одлика и на андреевски и на старите градители. камените литици во галичник, од каде што може да ги допирате облаците на пространото небо, покриени со темносина покривка, изгрејсонцето, месечината, ѕвездите, шумските предели, студените извори и таинствената песна на ветрот, се прегрнати, прават хармонична целина и се дополнуваат како поезијата и архитектурата Косто ГРАОРКОсКИ, (дипл. инж. арх.) „И поетите, на свој начин, се градители на просторот и куќите, како што пејзажите, градовите и архитектурата се градители на поетот“ проф. ранко радовиќ, дипл. инж. арх. ислите и пишаниот збор преточени во песни од творецот поет се во испреплетена врска со мислите, цртежот и создадените објекти од творецот архитект. И поетот и архитектот се вткајуваат и втиснуваат во своите творби и дела. Проектираните и изградените архитектонски објекти умеат да го предизвикаат и инспирираат поетовиот свет во ритам и соновидение, односно, една куќа или архитектура да ја преточат во песна. Поетот го оградува просторот, измислува ѕидови, ги опишува парковите и градините, а архитектот воден од поезијата проектира архитектонски дела со високи вредности. Големиот ненадминат Рајт е поет на архитектурата или како што самиот говорел: „Секој голем архитект во своето битие е голем поет“. За него поезијата во архитектурата е длабок внатрешен закон, надвор од формалистичките игри, украси и гипсени каријатиди. Рајт е пример за органско и поетско создавање во архитектурата. Спојот и врската меѓу архитектурата и поезијата на најдобар начин ги доживуваме преку песната на академик Петре М. Андреевски „Галичките чардаци“.

М

Галичките чардаци Без нас ќе немаше ѕвезди на небото, ни кој да ја преземе нивната светлина. Без нас не ќе знаевте што е високо, ни каде се делат денот и ноќта. Од кај нас почнува и времето и затоа се гледа најдалеку, од кај нас нема што не се гледа на небото и на земјата. Качете се и ќе видите кај отишле нашите мајстори и кога мислат да се вратат дома. петре м. андреевски Ова се стихови на незапирлива возбуда и инспирација на Петре М. Андреевски за галичките куќи и за галичките чардаци, кои само што не зачекориле во волшебното синило на небото. Впрочем, кога се 46

ПОРТА

25 јуни 2021

пишува за нешто со што се идентификува сопственото постоење, не ни може да се има поинаква реакција – кога се пее за галичката архитектура, која по многу нешта е исклучителна и неповторлива. Со оваа песна, Андреевски е поет на архитектурата, а тоа е нишка што го поврзува со старите мајстори – спој на архитектурата и поезијата. Како што поетот на маестрален начин ни ја претставил народната архитектура, така нашите градители во Галичник направиле поезија од каменот и од дрвото. Тоа го потврдуваат стројните високи галички камени палати со дрвени и со бели чардаци, вклопени во природниот романтичен предел. Нивниот монументален изглед е потврда за градителските постигнувања на македонскиот човек.


петре м. андреевски „галиЧките Чардаци“

Очигледно е дека инспирацијата како феномен за духовно возвишување е заедничка одлика и на Андреевски и на старите градители. Камените литици во Галичник, од каде што може да ги допирате облаците на пространото небо, покриени со темносина покривка, изгрејсонцето, месечината, ѕвездите, шумските предели, студените извори и таинствената песна на ветрот, се прегрнати, прават хармонична целина и се дополнуваат како поезијата и архитектурата. Ова се само споредбени размислувања на еден архитект за една песна и архитектура без претензии за литературна критика, кои во секој случај не можат да се објаснат, да се насликаат или да се прикажат во споредба со вистинската инспиративна експлозија на Андреевски и на македонските градители, кои напишаа и изградија и песна и чардаци. Стиховите на Петре М. Андреевски го приближуваат кон вдахновените визуелни доживувања секој оној што застанал пред галичките куќи и потврдуваат дека поетот ја има впиено длабоко во себе галичката куќа, дека ја познава нејзината душа, како што неимарот ги познава сите тајни на градежништвото.

Просторот што најмногу импресионира во внатрешноста и на фасадата кај галичката куќа е затворениот чардак. Токму тој највпечатлив мотив со најразлична основа, позиција и димензии, кој секогаш е во фокусот на вниманието, без разлика дали е еркерно исфрлен или е во рамнина со камениот ѕид, страсно и интензивно го инспирираше Андреевски да го овековечи и да го спаси од незаборавот, чардакот – маѓепсникот што куќите ги поврзува со ѕвездите, со сонцето и со прекрасните пејзажи на Бистра, на Крчин и на Стогово. Секако, Петре М. Андреевски на чудесен начин ги спои архитектонското и поетското творештво и со својата песна нè врати на изворот на македонската народна архитектура и на трајните корени од минатото со порака и во иднина да стоиме како народ со висок степен на градителска енергија, кој секогаш има чувство за убавина и за хуманост. Оваа песна на Андреевски е своевиден светоглед за една специфична архитектура која нè вика и нè предизвикува да ја зачуваме вечно. На големиот Петре М. Андреевски искрено му благодариме. n 25 јуни 2021

ПОРТА

47


eнтериер

Функционален простор и амбиент

стан адаптиран на сопственикот и функционален за целото семејство во амбиент во кој ќе уживаат сите БИРОПРОеКТ вој трособен стан во Охрид со површина од 93 квадратни метри комплетно ќе се реновира и ќе добие нов ентериер во кој ќе можат да уживаат неговите сопственици. Инвеститорот сакаше да го уреди станот според своите потреби, секако со помош на архитекти. Неговите барања беа да се добие модерен и топол амбиент, а изборот за опремување на станот да биде согласно нашите стручни препораки и замисли. Со оглед на тоа што станува збор за наш клиент во континуитет од повеќе години, чиишто објекти се наши проекти, ни беше задоволство и предизвик повторно да го импресионираме со нашата работа, особено што години наназад покажа доверба кон нашето биро.

О 48

ПОРТА

25 јуни 2021

Станот претрпе помали градежни измени за да се адаптира на сопственикот и да добие што пофункционален простор за целото семејство. Адаптација на станот е направена со нови преградни ѕидови со што е овозможен покомфорен простор и можност во иднина, детската соба да се подели на две одделни простории и

да се користи за две деца независно, секое во своја соба. Приватниот дел на станот, спалните соби и бањата е сепариран од заедничките простории, дневната соба, трпезаријата и кујната. Од влезниот претпростор се влегува во засебен блок со спална соба, бања и простор за одлагање. Исто


стан во охрид

во кој ќе уживаат станарите

така директен пристап од претпросторот има до тоалетот и детската соба, а понатаму се продолжува во одвоено влегување во кујната и дневниот престој. Дневниот престој и трпезаријата сочинуваат единствен простор, додека кујната е одвоена од дневната соба со преграден ѕид налик на натур бетон, а е во директна комуникација со трпезаријата. Материјалите кои се употребени се иверка со дезен на даб во комбинација со боен медијапан во бела, графитна и жолта боја. Подот е предвиден да биде дабов паркет-шара шеврон, додека во кујната и трпезаријата аплицирани се порцелански плочки со мермерен дезен. Делови од ѕидовите обработени се со печатен бетон, принтови и облоги од иверица, кои на места продолжуваат хоризонтално по плафонот формирајќи засебни потези. Сè на сè, преовладуваат пријатни материјали и смирени тонови, одвреме-навреме разбиени со зелена боја, како со трпезариските столови и перници на гарнитурата, така и со природното зеленило насекаде низ станот, распространето во декоративни саксии и на ѕидот. Во дневниот простор вметнат е зелен вертикален ѕид-поларен лишај кој го разигрува и освежува просторот. Во дневната соба има го25 јуни 2021

ПОРТА

49


лема стаклена површина со што е овозможена многу природна светлина и директен пристап на закосена тераса во истиот манир на закосениот еркер каде е предвиден просторот за трпезарија. Големите прозорци овозможуваат транспарентност на врската внатре – надвор. Лустерите предвидени во ентериерот се модернистички, едноставни и елегантно обликувани, во црна боја, како контраст на белите плафони со што уште повеќе се истакнува нивната препознатлива форма. Кујната е со минималистички израз, едноставна, прочистена од вишок, бела, делува чисто, а белината е разбиена со шари на мермерната облога на ѕидот и подот и иверката со дезен на даб. Детската соба е со најживи бои, но сепак умерено шарена, но доволно разиграна. Креветите се поставени на спротивни страни покрај ѕидовите, работната маса покрај природна светлина, а под прозорците предвидена е клупа и две меки, удобни фотелји во интензивна зелена боја, каде децата можат да ги сместат своите

50

ПОРТА

25 јуни 2021


гости. Забележлив е белиот ѕид на кој се исцртани црни линии кои формираат квадрати и аплицирани се неправилни форми во истите бои кои се предвидени и на ѕидовите. Во просторијата доминира и црниот ѕид покрај работниот дел на кој се аплицирани детски цртежи, а ѕидот се огледува на спротивната страна каде се наоѓа ормарот со огледални лизгачки врати. Спалната соба е најсмирениот простор во станот кој оддишува со спокој. Материјалите во боја на даб ѝ даваат топлина, а природната боја на дрвото и ѕидот над креветот во загасито зелен тон ја прават суптилна и место за одмор и релаксација. Смиреноста и пријатното чувство не се одлика само на родителската спална соба, туку и на целиот ентериер на овој стан, кој ќе претрпи трансформација во функционален простор и амбиент во кој ќе уживаат станарите. Секој станар ќе добие свој простор зависно потребите и возраста, а заедничките простори ќе го задоволат начинот на живот на целото семејство. n

ПОРТА


технологија

совршен баланс на наУката, Уметноста и мУЗиката

teoharov - aудио системи за испорака на совршен звук

секој од производите е индивидуална, рачно изработена креација во која доминира беспрекорен квалитет и силен печат од конструкторот, правејќи го системот уметничко дело со трајна вредност ПОРТА 3 еохаров аудио – единствениот производител на Hi-End аудио опрема во Македонија, на почетокот на месецот, во хотел Хилтон, одржа промоција со која прослави заокружување на значајна фаза од своето постоење. Страста инспирирана од музиката и едноставната желба за совршена звучна репродукција силно ги возбуди чувствата … го создаде Теохаров. Со ваков вовед, пред значајна бројка на пријатели, поддржувачи, аудиофили и медиуми, започна перфектно организирана презентација на сè она што носи ознака Теохаров, раз-

Т

52

ПОРТА

25 јуни 2021


војниот пат до тука, но и најава на она што допрва ќе следи. За најголемиот број од присутните, приказната Теохаров е добро позната. Сепак, прикладното потсетување на почетоците, на јасно поставената визија и безрезервниот труд за нејзино реализирање, одново се инспирација и уверување дека и работата и посветеноста и истрајноста во изминатите 25 години се вредни за денешниот резултат. Благодарение на неуморно учење, истражување и многу работа, Теохаров ги довел во совршен баланс Науката, Уметноста и Музиката. Повеќе од 10 години, преку спој на модерна акустика и врвни аудио компоненти, успешно создава custom made системи со исклучителни перформанси и врвен дизајн кои успешно ја извршуваат својата мисија за испорака на совршен звук. Секој од производите е индивидуална, рачно изработена креација во која доминира беспрекорен квалитет и силен печат од конструкторот, правејќи го системот уметничко дело со трајна вредност кое цврсто чекори кон довербата на потрошувачите. Пред 1,5 година, развојниот проект на Теохаров е поддржан и од ФИТР. Дека ваквата поддршка е исклучително значајна за забрзан развој, говори големиот број на произведени продукти од утврдената производна програма на која се наоѓаат звучници, засилувачи, кабли за дистрибуција на сигнал и кабли за дистрибуција на струја. Водени од своето мото креирањето на звучниците да се потпира на основните закони на физиката и наклонетост кон науката за создавање на звучни кутии кои совршено ќе ја репродуцираат музиката, Теохаров презентираше три различни групи на звучници: H-type, C-type и Active, додека името Legendary беше најавено како иден и значаен проект кој ќе се реализира заедно со Влатко Стефановски. Теохаров во својата производна програма целосно го покрива и мошне значајниот дел од аудио системот во кој електрониката и технологијата доаѓаат до посебен израз – засилувачи. Претставени беа врвно изработени и комплексно конструирани претпојачало, интегрирано појачало, како и два вида на излезни засилувачи. Бескомпромисниот квалитет на производната програма која е достојна за почит, потврден е со СЕ сертификат и усогласен со сите европски регулативи за безбедност и квалитет. До името Теохаров стои ознака R, како симбол за заштитено име и лого во цела Европа. Со официјалното претставување како трговска марка, со поставени темели, дефинирани цели, врвна веб страна и елегантен каталог, како завршни финеси на секоја сериозна компанија, Теохаров е веќе бренд, спремен да застане рамо до рамо со врвните светски.

Кон таа цел како следно развојно скалило, на презентацијата беше најавена ексклузивна соработка со виртуозот Влатко Стефановски кој со краток говор ја долови големината на Теохаров и личното задоволство да биде нивен соработник во креирање на заеднички производ именуван Legendary. Лимитираната едиција од 15 пара на овој звучник, како основни карактеристики ќе ги носи инженерингот и бескомпромисниот квалитет на конструкторот надополнети со стилот и “бојата” на звукот на Влатко.

Нема сомнеж дека еден ваков производ кој во себе носи карактер, изострено чувство за добар звук, наука и беспрекорен квалитет е производ кој со леснотија ќе патува и комуницира со светот, неуморно борејќи се да надвладее чистотата на звукот, како моќ која ќе го одржи духот на уживањето, и тоа не е само личниот, туку и општествениот. Токму затоа, ваква страсна амбиција заслужува почит и поддршка...до исполнување на сите “луди” соништа. n

ПОРТА


екологија

Зелена агенда: Почеток на крајот за со пробивот на обновливите извори на енергија во регионален контекст и интеграцијата на регионалниот енергетски пазар, јагленот станува неконкурентен

Даниела МЛАДеНОвсКА о ноември 2020 година, лидерите на Западен Балкан се обврзаа на спроведување на т.н. „Зелена агенда за Западен Балкан“ со потпишување на Софиската декларација. Станува збор за програма која го пресликува познатиот European Green Deal за јаглеродна неутралност на Европа до 2050 година, на просторите на Западен Балкан. Но, за реализација на оваа амбициозна „зелена агенда“, потребни се значителни инвестиции, првенствено во трансформацијата на енергетскиот сектор кон обновливи извори на енергија, но секако и драматични промени во транспортот и во начинот на загревање на домаќинствата.

В 54

ПОРТА

25 јуни 2021


EuropEan grEEn DEal За до 2050 година

јагленот, но и за други енергенти македонија Зависна од јагленот Енергетскиот сектор кај нас несомнено го носи најголемиот товар од оваа транзиција, со оглед дека е најголем загадувач. Производството на електрична енергија во Македонија, но и во другите земји од регионот е доминантно зависно од јагленот (исклучок е Албанија каде доминира хидроенеријата). Тоа резултира во релативно ниска производна цена на енергијата, но само доколку се сметаат директните трошоци. Поголемата слика, опфаќа и индиректни трошоци, т.н. екстерни трошоци или екстерналии, а тоа е цената од ваквото производство на електрична енергија која ја плаќаме сите ние како општество - преку загадениот воздух, трошоците на здравствениот систем поради зголемен број случаи на заболени од респираторни и срцеви болести, па до илјадниците предвремени смртни случаи на годишно ниво. Со пробивот на обновливите извори на енергија во регионален контекст и интеграцијата на регионалниот енергетски пазар, јагленот станува неконкурентен. Најавите за воведување прекугранична такса на CO2, не само за извезената електрична енергија во ЕУ, туку и за цементот, вештачките ѓубрива, челикот и други производи, веќе ја загрозува и директната економска придобивка од производството базирано на фосилни горива. Имено, оваа такса би требало да важи од 2023 година, но полна примена би имала од 2026. Прекуграничната такса на CO2 ќе се однесува на директните и на индиректните емисии од производството на стоки, над кои производителот има директна контрола, вклучувајќи ги и емисиите од производството на енергија за греење и ладење која се троши во текот на производствениот процес. Значи, за да бидат конкурентни, економиите од регионот мора да се трансформираат кон иднина која ќе биде помалку јаглеродно интензивна и повеќе енергетски ефикасна. до 2030 година ЗгаснУвање на термоелектраните на јаглен Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година предвидува амбициозно зелено сценарио кое планира постепено згаснување на термоелектраните на јаглен и нивна замена со енергија од обновливи извори (првенствено ветерни централи и фотоволтаици). Актуелните вложувања во 2 x 50 MW фотоволтаици на локација во постоечката РЕК Осломеј, во вид на јавноприватно партнерство на државната ЕСМ со

партнери од Бугарија и Турција е добар почеток. Веројатно ќе се започне и со реализацијата на долгоочекуваниот проект за хидроцентралата „Чебрен“. Ветерната електрана „Богданци“ сопственост на АД ЕСМ беше една од првите од таков вид во регионот со инсталирана моќност од 37 MW. Од неодaмна, во нејзина близина се пушти во погон првата приватна инвестиција (словенечка) на ветерна електрана од 30 MW.

Но, ако 2025 година е означена како почеток на крајот нa РЕК Битола, тогаш овие инвестиции мора да се реализираат на „побрза лента“, а уште веднаш мора да се работи на подготовка на стратегии за т.н. праведна транзиција, односно соодветна трансформација на локалната економија во местата кои досега се потпирале на јагленот, како и преквалификација на рударите. Станува збор за бројка од околу 25 јуни 2021

ПОРТА

55


четири илјади вработени, додека бројката на луѓето кои индиректно ќе бидат погодени е барем неколкукратно поголема. Но, во процесот на подготовка на таква стратегија мора да бидат консултирани сите засегнати страни. Словенија веќе подготвува таква стратегија за транзиција по затворањето на рудникот за јаглен „Велење“ и термоелектраната „Шоштањ“. За таа цел, а поконкретно во функција на сублимирање на мислењата и потребите нa секој засегнат поединец, креирана е онлајн платформа, што е секако еден добар пристап. Во Полска, која е домаќин на најголемата термоелектрана на јаглен во Европа, и една од најголемите во светот (Belchatow), и чие производство на енергија исто така доминатно е базирано на јагленот, уште во 2018 година почнала да ги вклучува некогашните рудари во работи на енергетска реконструкција на објекти (термоизолација) и поставување мали фотоволтаици. Станува збор за работи во кои е прилично лесно да се преквалификуваат поранешните рудари. На тој начин Полска истовремено обезбедува ресурси за спроведување на својата програма за енергетска ефикасност кај домаќинствата под името Clean air, но и обезбедува работа за оваа категорија на луѓе. Но, неопходна е јасна и недвосмислена политичка одлука за напуштање на јагленот, без да се калкулира со социјалниот мир. Во

56

ПОРТА

25 јуни 2021

спротивно, транзицијата ќе биде долга и неефикасна. Дополнително, потребна е поголема инволвираност на академската и на бизнис-заедницата во креирањето на политиките, но првенствено соодветно уважување на нивната експертиза, како и доследност во реализацијата на спроведените стратешки документи. Се разбира, во фокусот секогаш неизоставно мора да биде енергетската сигурност на земјата. Токму овој аспект беше неодамна тергетиран во јавните критики упатени кон проектот за заедничко вложување со Грција во гасна електрана од 800 MW лоцирана во Александропулос. Професорот од Машинскиот факултет во Скопје, Константин Димитров освен на енергетската сигурност, укажа и на економските придобивки од еден ваков проект доколку тој би се реализирал во земјава, преку ангажирање компании и во фазата на изградба, но и во фазата на експлоатација (изведување ремонти и сл.), нови вработувања итн. Дополнително, еден ваков капацитет би го решил и снабдувањето со топлинска енергија за греење во градови како на пример Тетово или Куманово, кои сè уште немаат централно греење и се соочуваат со огромно загадување во зимскиот период. гасни интерконектори Меѓу проектите кои се опфатени во Економскиот и инвестициски план за Западен

Балкан, и кои ќе се финансираат преку IPA III, наведени се следните гасоводи – гасни интерконектори: Македонија – Србија и Македонија – Косово. Но, сè уште не е почната нивната реализација. Гасниот интерконектор Грција – Македонија има најголеми изгледи прв да биде реализиран, и тоа според најавите до крајот на 2022 година, но извесно е дека ќе има пролонгирање на првично зацртаните рокови. Дотогаш, Македонија останува зависна од само еден извор на снабдување со природен гас (преку Бугарија), иако земјата е потписничка на CESECиницијативата со која се обврзува да ги диверсифицира своите извори на снабдување со природен гас. Но, во однос на третманот на природниот гас како гориво прифатливо во енергетската транзиција (и покрај тоа што е три пати помал загадувач од јагленот, сепак тој е фосилно гориво и емитува јаглерод диоксид) од ЕУ доаѓааат вознемирувачки сигнали. Имено, 11 земји членки на ЕУ се залагаат проектите од областа на природниот гас, поточно гасните интерконектори да не бидат вклучени во програмата Project of Common Interests (PIC) кои можат да бидат финансирани со поддршка од ЕУ-фондовите. не смеат да се Запостават и дрУгите ЗагадУваЧи Се разбира и покрај тоа што фокусот е насочен кон енергетскиот сектор, не смеат да се запостават и другите загадувачи. Траснпортот е уште една болна точка за нашата „зелена“ транзиција. Овој сектор е значаен извор на загадување на воздухот, примарно поради застарената флота на патнички возила (во 2016 година просечната старост на патничките автомобили била 18,6 години). За споредба, во истиот период, просечната старост на автомобилите во ЕУ била 7,4 години. Јавниот транспорт учествува со мал удел во вкупниот транспорт на патници во споредба со ЕУ-просекот. Од друга страна, тој е главно ограничен на јавниот автобуски превоз, додека железницата е релативно


неискористен начин на транспорт. Одлуката на Владата во 2010 година да дозволи привремен увоз на возила со Euro 1 и Euro 2 стандарди, мотивирана од социјални причини, беше погубна за квалитетот на воздухот. Увозот на половни автомобили секоја година е неколкукратно поголем од оној на новите автомобили. Во таа насока, настојувањата да се ограничи увозот на минимум Еuro 5, како и неодамнешните најави за зголемување на акцизата на дизел горивото се добар исчекор. Имено, Македонија во моментот има најниска акциза за дизел горивото во регионот на Западен Балкан и една од најниските во Европа. Имено, дизел возилата се значително поголем загадувач од своите еквиваленти на бензински мотори. Што се однесува до домаќинствата и начинот на нивното загревање, ситуацијата е исто така неповолна од аспект на енергентите кои се користат. Системите за далечинско греење се недоволно развиени и се ограничени само на градот Скопје, иако е познато дека тие имаат најмал импакт врз

квалитетот на воздухот споредено со кој било друг извор, особено кога станува збор за производство на топлинска енергија преку комбинирани гасни постројки (какви што се во Скопје). Но, и покрај тоа недоволно се работи на развој на овие системи на териоријата на целата земја (помалку од 10 отсто од граѓаните во Македонија се греат преку топлификациски систем). Најмногу е застапено огревното дрво (повеќе од 50 отсто) но загрижувачки висок е и уделот на електричната енергија која се користи за греење (околу 30 отсто). Инвертерите односно топлинските пумпи, се добра опција само онаму каде нема приклучок на мрежа за централно греење, во спротивно таа опција е неодржлива. Имено, овие уреди трошат околу една третина од потрошувачката на класични греалки на електрична енергија, па имајќи предвид дека кај нас електричната енергија се добива главно од јаглен, на крајот приказната сепак не е сосема во доменот на „чистата енергија“. Паралелно со истиснувањето на фосилите енергенти од овој сектор, треба да се работи и на подобрување на енергетската ефикасност на објектите, за што веќе има

солидна правна рамка во Законот за енергетска ефикасност. Во развиениот свет, не само што се работи на постојано развивање и проширување на опфатот на топлификациските системи, туку тие се трансформираат да работат со обновливи извори на енергија. Еден таков пример е Австрија, која веќе има две постројки за топлинска енергија за греење произведена од вишоците на електрична енергија добиена од ветерните електрани (power 2 heat concept). Будимпешта почнува проект за замена на природниот гас во својот топлификациски систем со геотермална енергија и тоа со удел од високи 70 отсто. Кај нас општините мора да бидат поангажирани во спроведување на националните стратешки политики, но потребна е и доследност од страна на сите донесувачи на одлуки. „Зелената агенда“ треба да биде mainstream на сите релевантни документи и акциски планови, и да се воспостават механизми за контрола на реализацијата на поставените краткорочни и долгорочни цели. Професионалните критериуми и мерит системот мора да станат стандард. Во спротивно, и покрај сите политички усилби и ЕУ ќе биде само далечен сон, токму поради нашата неангажираност, неефикасност и инертност во реализација на суштинските реформи. Затоа, можеби наместо заклучок, овој текст е најдобро да се заврши, токму со рударскиот поздрав: „Среќно!“. n

ПОРТА


ПОРТА


ПОРТА


уметност

Летајќи во унија со ноќта кожата на мажите, жените и децата во сликите на линет е исклучително и решително темна, и во изборот на бојата одлучувачки фактор е „црноста“. вообичаено и неодредената, енигматска заднина е темна исто колку и ликот д-р Петрула КОсТОвсКА, историчар на уметност (Специјално за Порта 3 од Лондон) инет Јадом Боaќе (1977), е доброетаблирана уметница од помладата генерација британски сликари. Оваа родена лондончанка активна е од 2005 година и била во конкуренција за престижните награди како Тарнеровата награда и Наградата на Венецијанското биенале. Нејзините дела се дел од колекциите на големи светски музеи и приватни збирки и зад себе има реализирано повеќе од 20-тина самостојни изложби. Последната нејзина изложба која се одржа од 2 декември 2020 до 31 мај 2021 година во Тејт Британ, Лондон, собра околу 80 дела од 2003 година до денес, во најопсежното истражување на кариерата на уметницата досега. Сепак, последната нејзината поставка во Тејт Британ, не може, а да не се интерпретира делумно и во светлото на настаните по убиството на Џорџ Флојд во Минесота, САД во мај 2020 година. Против расизмот и полициската бруталност, но и како потсетување на историските неправди кон црните луѓе беа организирани масовни демонстрации. Статуата на трговецот со робови, Едвард Колстон во Бристол, беше симболично обесена и фрлена во морето, како што илјадници робови беа фрлани од прекуокеанските бродови во 17 и 18 век за време на срамната историска трансатлантска трговија со робови. Како институционален одговор на јавниот и уличен протест по повод убиството на Флојд мината пролет, големите музеи се свртеа кон обоените уметници.

Л

60

ПОРТА

25 јуни 2021

Уште од самите почетоци Линет Јадом Боаќе била решена да се посвети на фигуративното сликарство. Таа потреба потекнувала од желбата да ги направи црните луѓе видливи и јавни, но и неизбежен дел од историско-уметничкиот канон. И покрај сè, вистински портретирани личности отсуствуваат, а индивидуите на платното се производ на нејзината имагинација или фиктивен колаж од секојдневни лица. На изложбата сликите од голем


линет јадом боаЌе - ретроспективна иЗложба во тејт британ

формат се мешаат со мали, интимни платна. Присутен е динамизам и разговор кој не е хронолошки, иако изложбата е ретроспективна и опфаќа дела од 2003 до 2020. Сликарство на Јадом Боаќе е фигурално, но ликовите на платно живеат во апстрактен, вонвременски свет. Сепак, како што и самата ќе истакне темнотијата на кожата никогаш не било нешто надвор од нејзиното секојдневие или различност. Нејзината ангажираност не е во „измите“, туку во слободата да се биде своја и својствена на сопствениот искрен, автентичен свет. Насловот на изложбата „Летајќи во унија со ноќта„ е преземен од еден нејзин стих: Со леснотија додека денот ја брише ноќта и при болка додека ја ублажува светлината, Слободно како буфот кога потребата затропува летајќи во унија со ноќта. За оваа уметница поезијата и пишувањето е исто толку важно колку и сликањето. Таа не ја црпи инспирацијата од поезијата, ниту пак ги илустрира дополнително со поезија нејзините дела. Стиховите се дополнителните чувства, кои се раѓаат во моментот на создавање, но не наоѓаат директен одраз во сликите. Секоја слика е композит на различни движења и пози, набрзина скицирани директно на површината на платното. Таа започнува со боја, композиција, гест или светлосен одблесок. Иако дел од портретираните индивидуи се смеат, гестикулираат или гледаат директно кон нас, тие се преокупирани со сопствените мисли и изведба. Кожата на мажите, жените и децата во сликите на Линет е исклучително и решително темна и во изборот на бојата 25 јуни 2021

ПОРТА

61


линет јадом боaќе е родена во 1977 година во Лондон, каде живее и работи. Нејзините родители работеле како болничари во National Health Service по емирирањето од Гана. Дипломирала во 2000 година на Falmouth College of Art, а во 2003 магистрирала на Royal Academy Schools. Нејзината кариера оди по нагорна линија, откако, Okwui Enwezor, нигериски кустос, уметнички критичар, писател, поет и педагог, кој живеел во Њујорк и Минхен, и се смета за еден од најмоќните луѓе во светот на уметноста, во 2010 година ја препознава нејзината работа и ѝ приредува изложба во Studio Museum во Харлем. Линет Јадом Боaќе, покрај своите уметнички дела предава и на Ruskin School of Art, Oxford University, каде е и гостин тутор на програмата Master in Fine Arts. Таа исто така е на списокот меѓу „топ 10“ на највлијателните луѓе на африканско или африканско-карипско наследство во Велика Британија во 2020 година. одлучувачки фактор е „црноста“. Вообичаено и неодредената, енигматска заднина е темна исто колку и ликот. Единствениот одблесок на боја доаѓа почесто од монохромната облека, а поретко од геометриски орнаментираниот мебел. За портретираните субјекти и самата ќе истакне дека „не е важно кој се, туку што се“. Тоа се состојби на ликот, индивидуализирани карактери за кои чинот е примарен, а дијалогот е меѓусебен, односно помеѓу фигурите и хоризонтот или фигурите и животните (мачка, лисица, буф, папагал). За мене пак, најевокативните дела се токму оние, каде човековиот поглед, предизвикувачки отсуствува и каде ликот дрско му врти грб на посетителот окупирајќи, престојувајќи и уживајќи во сопствениот универзум. Свесно или несвесно, иако не се класични портрети, тие се модерни наследници на постренесансната европска уметност. n 62

ПОРТА

25 јуни 2021


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.