ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
306 ЈУЛИ 2021
Ин мемориам: Радован Раѓеновиќ Скопје меѓу очајот и надежта Од земјотресот наваму
ПОРТА
СОДРЖИНА
16
ИНФО 6 ПО СУГЕСТИИТЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА КОМИСЈАТА НА КОНКУРСОТ „ТРЕСКА“, ОПШТИНА ЦЕНТАР ГО ЗГОЛЕМИ НАГРАДНИОТ ФОНД И ГО ПРОДОЛЖИ РОКОТ
РЕГИОНИ 8 ИН МЕМОРИАМ 10 ЗАМИНА, НО ДЕЛАТА СЕ ПАМЕТНИЦИ НА НЕГОВОТО ПОСТЕЊЕ ВО АРХИТЕКТУРАТА
10
СТАВ 16
34
СКОПЈЕ 1963, СКОПЈЕ 2014, СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2050
СКОПЈЕ 22 ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ НАВАМУ
СКОПЈЕ 28 СКОПЈЕ МЕЃУ ОЧАЈОТ И НАДЕЖТА
АРХИТЕКТУРА 34 ПЛИВАЧКИОТ КОМПЛЕКС НА САМИОТ БРЕГ НА ТОКИСКИОТ ЗАЛИВ
АРХИТЕКТУРА 38 АРХИТЕКТОНСКИ АПСТИНИЗАМ
ДИЗАЈН 42
38
ГЕОМЕТРИЈА И ПОСТОЈАНА ИГРА СО ФОРМИ И БОИ
ЕКОЛОГИЈА 50 ЗАГАДУВАЧОТ (ТРЕБА ДА) ПЛАЌА“, НО РАБОТИТЕ МОРА ДА СЕ ДЕФИНИРААТ ТРАНСПАРЕНТНО И МНОГУ ПРЕЦИЗНО
ЕКОЛОГИЈА 54 КЛИМАТСКА КРИЗА: НАЈЛОШОТО ДОПРВА СЛЕДУВА
ЕКОЛОГИЈА 58 НЕМААТ СИТЕ ИСТИ МОЖНОСТИ ДА СЕ ПРИСПОСОБАТ НА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
ХОРТИКУЛТУРА 61 ПРАВИЛНО НАВОДНУВАЊЕ НА ГРАДИНАТА ВО ЛЕТО
ПОРТА
25 јули 2014
54 61
ГОДИНА XVII
БРОЈ 306 ПЕТОК 30.7.2021 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нов месец и се разбира нов број на Порта 3. А, во него секако застапени се редовните содржини и може да се прочитаат интересни четива од областите архитектура, урбанизам, екологија, дизајн, хортикултура. Како и секој број, така и овој го почнуваме со најактуелните информации. Овој пат го пренесуваме дописот кој претседателот на Жири комисијата за оценување на трудовите кои се очекуваат да пристигнат на распишаниот Конкурс за идејно решение на локалитетот на фабрика „Треска“ го има испратено до Општина Центар со кој се бараше продолжување на рокот за достава на трудовите и зголемување на наградниот фонд, за што одговорот од надлежните е позитивен и предлозите се прифатени. Понатаму следуваат информациите за активностите на дел од локалните самоуправи. Може да се прочита за чистењето на депонијата во Штип, за градежните активности за изградба и реконструкција на патиштата во Прилеп, за изградбата на новата детска градинка во Кочани. Во овој број Ин мемориам е за Радован Раѓеновиќ, ценет архитект кој замина, но делата ќе останат паметници на неговото постоење во архитектурата. Во месецот кога се одбележува 58-мата годишнина од земјотресот во Скопје од 1963 година и поучени од искуствата од обновата и изградбата, како и од проектот „Скопје 2014“ се поставува прашањето кој пат ќе го избереме на крстопатот меѓу јавните и индивидуалните интереси за да ги исполниме очекувањата за климатски неутрална економија и живот како членка на ЕУ. Нашите редовни соработници, архитекти, пишуваат за Скопје меѓу очајот и надежта и за тоа како градот се развивал од земјотресот наваму. Ставот е дека градот мра да се гради и архитектите неможат да бидат против тој процес, но не смеат ни понизно да им
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Насловна страница ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ „СКОПЈЕ 63“
служат на инвеститори и алчни профитери. Во рубриката Архитектура може да се прочита за тоа дека архитектот е целосно неслободен и заглавен во интересите на инвеститорите. Нашиот соработник говори за архитектонски апстинизам. Овој период, на спортско поле, актуелни се Олимписките игри во Токио, а пливачките спортови се можеби најпопуларните настани. Во овој број може да се прочита за објектите каде се одигруваат овие спортови, а кои се дело на Paul Noritaka Tange, син на „нашиот“ Кензо Танге. Во рубриката Дизајн го претставуваме „Студио анго“ кое дизајнира и рачно изработува ѕидни скулптури од дрвен материјал. Рубриката Екологија ја почнуваме со тема која е доста актуелна изминатиоте период, а тоа е воведувањето на еколошка такса за горивата која е во согласност со Зелената агенда. Нашиот експерт за ова прашање вели дека загадувачот (треба да) плаќа, но работите мора да се дефинираат транспарентно и многу прецизно. Советниците за клима на ООН имаат подготвено Нацрт-извештај во кој предупредуваат дека во климатската криза најлошото допрва доаѓа. Заканите стануваат се поголеми и поблиски отколку што се мислеше, а ужасните последици што произлегуваат од деценискиот нескротлив раст на количината на стакленички гасови во атмосферата се неизбежни на краток рок. Исто така, проблем е и тоа што не сите држави имаат можност да се прилагодат на климатските промени. Овој број го затвораме со рубриката Хортикултура во која има совети како правилно да се наводнува градината во овие летни месеци за да не дојде до уништување на тревата и растенијата. ОД РЕДАКЦИЈАТА
306 ЈУЛИ 2021
Ин мемориам: Радован Раѓеновиќ Скопје меѓу очајот и надежта
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Од земјотресот наваму
ФОТО ВЕЉКО БУЛАЈИЌ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 29.7.2021 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
90 ДЕНАРИ
инфо
По сугестиите на претседателот на Комисјата на конкурсот „Треска“, Општина Центар го зголеми наградниот фонд и го продолжи рокот пштина Центар го објави Конкурсот за изработка на идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот „Треска“. Заинтересираните кандидати може да аплицираат во периодот од 24 јуни до 1 септември оваа година. Право на учество на конкурсот имаат домашни и странски физички и правни лица. Идејата за уредување на локацијата на фабрика „Треска“ по пат на конкурс беше иницирана по предлогот на Граѓанската иницијатива со барање за распишување Архитектонско-урбанистички конкурс, а доставен до Општина Центар на 17.1.2020 година од предлагачот Даница ПавловскаЦиги, дипл. инж. арх., и поддржан од повеќе професори, архитекти, членови на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Академијата на архитекти, Комората на овластени архитекти, како и граѓанските здруженија „Здравје пред профит во Центар“, „О2 коалиција“ и „Транспарентност Македонија“. Стручен тим од Општина Центар изготви проектна програма, услови за учество на конкурсот и состави жири кое ќе ги оценува трудовите. Претседателот на Комисијата, архитет Миодраг Радоњиќ-Бато делегиран член од Архитектонската академијата при ААМ, е назначен за претседател на Комисијата. Тој по детално разгледување на предложената проектна програма и условите за учество, смета дека доколку останат предвидените услови, не е спремен да биде ниту претседател, ниту член на жири, бидејќи смета дека пропозициите на конкурсот се несоодветни и деградирачки за струката и вели: „Како еден од иницијаторите за распишување конкурс за идејно архитектонско-урбанистичко решение за локалитетот на фабрика „Треска“, морам да го изразам моето задоволство по повод , одлуката на Општина Центар и објавата на Конкурсот од страна на градоначалникот Саша Богдановиќ. Голема чест е да бидеш назначен за претседател на Комисијата која ќе ги оценува пристигнатите трудови, но уште поголема е одговорноста пред јавноста и стручната фела како и пред самите учесници на конкурсот. За преземање на доделената чест и одговорност се произнесов со мој личен став,
О
6
ПОРТА
30 јули 2021
усогласен со ААМ и Архитектонската академија при ААМ, кој со допис е доставен до градоначалникот Саша Богдановиќ“. Ви го пренесуваме дописот во целост: Почитуван, по известувањето дека, како делегиран член од Архитектонската академијата при ААМ, сум назначен за претседател на Жири-комисијата за оценување на трудовите кои се очекува да пристигнат на распишаниот Конкурс за идејно решение на локалитетот на фабрика „Треска“ побарав состанок со градоначалникот кој беше закажан на 12.7.2021 година. На одржаниот состанок го изложив мојот став во однос на пропозициите и условите за изработка на конкурсните трудови. Имено, по детално разгледување на предложената проектна програма и условите за учество, изготвени од избраниот стручен тим, дојдено е до следните сознанија: Стручно и професионално припремениот материјал и проектната програма, нудат поволни услови за изготвување на конкурсните решенија, но условите и програмските барања се преобемни и како такви не се во согласност, ниту со предвидените рокови за завршување и предавање на трудовите, ниту предвидениот награден фонд соодветствува со бараниот обем на задачата, како и на значењето на предметниот простор. Согласно горенаведените забелешки, изјавив дека, доколку останат предвидените услови во расписот на конкурсот, не сум спремен да бидам ниту претседател, ниту член на Жирикомисијата, бидејќи сметам дека ваквите пропозиции се несоодветни и деградирачки за струката. Со самото тоа и мојот професионален интегритет е доведен во прашње, со оглед на мојата перманентна заложба за подигање на нивото и зачувување на достоинството на струката. Притоа, повторно е изразено жалење во однос на неадекватната вклученост на ААМ во организацијата и реализацијата на овој значаен Конкурс за чие распишување Асоцијацијата и нејзините членови целосно и професионално се залагаа. Од ваквиот став, усогласен со претседателот на ААМ арх. Мишко Ралев и претседателот на АА при ААМ арх. Мартин Гулески произлегоа и следните барања од страна на Асоцијацијата: - Да се продолжи рокот за предавање на трудовите за минимум 30 дена.
- Да се зголеми повеќекратно наградниот фонд за наградените и обесштетени трудови. Сметаме дека ваквите барања се во интерес на целта на распишаниот конкурс за добивање поголем број трудови и поквалитетен избор од истите, како и во интерес на подигање на нивото на стручниот и професионален ангажман на учесниците, како и на нивото на архитектонската професија. Се надеваме дека ќе изнајдете можности и средства да ги реализирате нашите барања и со тоа да придонесете за поуспешна и поквалитетна реализација на распишаниот КОНКУРС. Со почит, арх. Миодраг Радоњиќ-Бато претседател на ААМ арх. Мишко Ралев Скопје 15.7.2021 По доставениот допис одржан е состанок помеѓу градоначалникот и Миодраг Радпњиќ – Бато. Општината ги послуша неговите сугестии и го продолжи рокот за аплицирање на Конкурсот, го зголеми наградниот фонд за најдобрите трудови и го продолжи за еден месец, до 1 октомври 2021 година, рокот за предавање на трудовите. n
ПОРТА
региони
Исчистена депонијата во Штип Екипи на Општина Штип заедно со ЈП „Исар“, како и со помош од градежни претпријатија, во брза акција ја исчистија депонијата во Штип! Од Општина Штип велат дека работите не запираат со чистењето на депонијата, туку е завршен тендерот за нејзино обезбедување и се почнува со оградување со што ќе се воспостави строга контрола за влез и излез
од местото. „Ова е позитивен пример како треба да биде и верувам дека токму ние, ќе покажеме како треба да изгледа една депонија, зашто знам и уверен сум дека нашите граѓани ќе покажат висока општествена одговорност и одложувањето на отпадот ќе го вршат на место кое е плански предвидено. Ова не е седумдневна акција, ова е начин на
функционирање на Општина Штип. Апелирам до нашите граѓани да ги почитуваат законите и мерките, да си ја почитуваме животната средина. Бидејќи ако ние самите не си ги почитуваме законите тогаш нема да имаме чиста околина, нема да имаме уредена депонија и ќе живееме во загаден и хаотичен град“, вели градоначалникот на Штип, Сашко Николов. n
Привршува изградбата на новата детската градинка во Кочани Градежните работи на новата детска градинка во населбата Драчевик во Кочани влегуваат во завршна фаза. „Од внатрешното уредување се изведуваат активности за спуштање на таваните, во тоалетите се поставени плочки, вградена е инсталација за греење. Паралелно се работи и на дворното уредување и на фасадата“, соопштуваат од Општина Кочани најавувајќи дека наскоро градинката ќе биде целосно завршена. Организирајќи го поширокиот простор, Општина Кочани го гради и тротоарот на улицата „Февруарски поход“, а се планира и изградба на детско игралиште во vнепосредна близина на новиот објект. Новата градинка е проектирана на две нивоа, ќе има шест занимални, дистрибутивна кујна, две заеднички, таканаречени дневни соби поврзани со тобоган. Во игралиштето ќе 8
ПОРТА
30 јули 2021
има рингишпил, јажиња, ѕидови за качување и тактилна патека. Фасадата е фотокаталитичка, со ефект на 40 дрвца, со можност да го прочистува воздухот во околината.
Кочани е една од првите општини во државата каде што се гради нова детска градинка со грант од Проект финансиран од Светска банка. n
Градежни активности за изградба и реконструкција на патишта во Општина Прилеп Со изградбата на целосно новата улица „Кеј 1 Мај“, Општина Прилеп ги почна градежните активности за подобрување на патната инфраструктура на територијата на целата Општина. „Должината на новата улица изнесува 650 метра, која опфаќа и изградба на кејски ѕид во должина од 170 метра. Истовремено, почнаа работите и на улица „Целе Мавроски“ чија должина е околу 320 метра, а следува изградбата и на „Цане Илиески“ и „Трајко Николоски“. Ова се четирите улици кои ќе бидат комплетно изградени, со целата потребна инфраструктура. После тоа, следува реконструкција и рехабилитација на голем број улици во градот и во населените места“, вели градоначалникот Илија Јованоски, најавувајќи ги интензивните работи на полето на патната инфраструктура, кои континуирано ќе се одвиваат во летниот период. Реконструирани ќе бидат улици во вкупна површина од 22 илјади квадратни метри, што опфаќа нивно тампонирање и асфалтирање,
како и рехабилитација, односно гребење и асфалтирање на улици на површина од 18 илјади квадратни метри. Течат активностите за поставување бекатон плочки на тротоари на површина од 5.500 квадратни метри. Сега се работи на уредување на тротоарите на улица
Горно Коњско во Охрид доби нов резервоар за вода Изграден е нов резервоар за вода во селото Горно Коњско со што ќе се реши деценискиот проблем со водоснабдувањето и недостигот од вода за пиење, со кој беа соочени жителите на оваа рурална населба. Резервоарот има капацитет од 100 метри кубни и ги задоволува сите современи стандарди за изградба на вакви објекти. Овој проект беше предвиден во Програмата за водоснабдување за 2020 година и за оваа намена од опшинскиот буџет беа наменети 1,8 милиони денари. Во рамки на овогодинешната програма за водоснабдување, Општина Охрид веќе ја заврши тендерската постапка за изградба на нов резервоар за вода во селото Подмоље. Градежните активности за реализација на овој проект се очекува да почнат наскоро. n
„Тризла“, а планирано е да се изврши нивелирање на 160 шахти низ улиците во градот. Со реализација на овие градежни активности за реконструкција на улици и патишта се очекува да се подобри патната инфраструктура во Општина Прилеп.. n
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
ин мемориам
Замина, но делата се паметници на неговото постење во архитектурата Ни беше учител, а добрите учители вечно се помнат и на некој начин беше оној кој нè научи да ја поимаме, сакаме и почитуваме архитектурата. Нè научи како несебично да ѝ се даваме и што е многу важно, да бидеме доследни, да имаме како проектантски, така и човечки интегритет, а конечно и да разбереме дека личниот и професионалниот интегритет и архитектурата, едно без друго не одат
Владимир ПОТА, дипл. инж. арх. очина Радован Раѓеновиќ. Згасна животот на архитектот Ратко, посветеник на архитектонската наука во која се внесуваше со сиот свој креативен творечки занес, создавајќи неизбришлива трага со трајните белези од својот творечки опус на територијата на Македонија, Русија, Украина. Се наметнува прашањето дали архитектот творец, Радован Раѓеновиќ со неговото физичко заминување од овој свет, заминал од ахритектурата и архитектонското опкружување? Одговорот е: „Не е невозможно“. Всушност тој само физички не е присутен. Архитектот Радован, никогаш нема да замине, тој ќе биде секогаш присутен, засекогаш вграден во архитектонската историја, со своите авторски дела, трајни авторски архитектонски паметници, кои го отргнуваат од заборавот. Јас, неговиот следбеник и поборник за искреност и чесност во архитектурата го имав и ќе го имам како меѓник за архитектонското разбирање и применување на архитектонската вештина.
П
10
ПОРТА
30 јули 2021
Како млад архитект, вработен во „Пелагонијапроект“ со некакви предзнаења за мојата идна професија имав среќа да се сретнам со мојот иден, непосреден раководител, архитектот Радован Раѓеновиќ. Денес можам да кажам дека сета моја професионална дејност, по игра на судбината се преплетуваше со неговата професионална дејност. Ратко својата хиерархиска поставеност никогаш не ја истакнуваше во прв план. Напротив, тој успеваше ненаметливо, низ работните задачи, нас помладите архитекти да нè упатува во тајните на проектирањето. Ни беше учител, а добрите учители вечно се помнат и на некој начин беше оној кој нè научи да ја поимаме, сакаме и почитуваме архитектурата. Нè научи како несебично да ѝ се даваме и што е многу важно, да бидеме доследни, да имаме како проектантски, така и човечки интегритет, а конечно и да разбереме дека личниот и професионалниот интегритет и архитектурата, едно без друго не одат. Ни покажа дека знаењето, проектантската вештина, никој не може да ни ги одземе, дека тоа е нешто свето, кое мора да го негуваме и да не потпаѓаме под негативни влијанија и прифаќаме сè нешто, без разлика колку ни изгледа тешко и невозможно, а финансиски примамливо.
РадоваН РаѓеНовиќ (1940 - 2021)
Споменик – 30 години од формирање на големите македонски партизански одреди – Митрашинци Овие денови често размислувам, дека Ратко беше пред времето, дека беше авангарден, создаден за некое време кое тек треба да дојде. Потоа си велам, дека ние творевме во некое време кое е минато, но понапредно од она што следуваше потоа. Него тоа му пречеше, никако не можеше да се помири со очајната состојба во професијата. Невозможно е тоа и да се очекува од архитект кој творел во светски рамки, проектирал објекти од неколку стотици илјади квадратни метри, а проектната документација се плаќаше во милиони долари – во она време. Велеше: „Градежништвото на Македонија некогаш броеше над 50.000 вработени. Своето умеење го покажуваа главно надвор од Македонија – 78 %. Работите ги добиваа како афирмирани проектанти и градители, а во рамки на пазарните критериуми. Проектирањето е извоз на интелектуални услуги. Не се извезуваше работна рака на саат. Се преземаше градба од проект до целосна изградба на објектот, по Европа, Азија и Африка“. Како и да е, личности како Ратко се сè поретки, сè повеќе ги снемува, а времето кое го живееме многу тешко изнедрува луѓе и професионалци како него. Ратко не трпеше импровизации, за да не го изгубиме и за да не го заборавиме она многу кое го научивме од него, треба да го следиме неговото дело и личност за да се избориме за квалитет и доблест. Низ работата ни влеваше лична самодоверба, умееше да ни укаже дека ние знаеме, ние можеме, дека ние ќе успееме. И навистина почнавме да градиме лична самодоверба како архитекти, но секако со негова сесрдна поддршка, што во блиска иднина ни овозможи да
Хотелски комплекс „Запољарије“ - Сочи, Русија
Радован Раѓеновиќ е роден во 1940 г. во Скопје. Дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје 1964 г. Постдипломски студии завршил на интернационалната школа „Бауцентрум“ - Ротердам, Холандија 1972 г. ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЈНОСТ „Алумина“- Скопје – проектантско биро 1965 – 1967 г. „Пелагонијапроект“- Скопје 1968 – 1980 г. „Мавровопроект“- Скопје 1980 – 1992 г. „Римако“ - Москва – градежништво од 1996 – 2002 г. „Бидимекс“ - Лавов, Украина 2007 – 2008 г. „Студио Р“ - Скопје 2002 г. ПРоеКТи и РеаЛиЗиРаНи оБЈеКТи Станбени објекти – Станбена зграда П+4 – Кисела Вода, Скопје – 85 станбени единици – Станбен објект П+3 во Дебар Маало, Скопје – Станбен објект П+10 во Лавов, Украина – Станбен објект П+3 – апартмани во Будва, Црна Гора – Повеќе индивидуални куќи, вили во Скопје, Маврово, Будва, Солун, Грција. Туризам и угостителство – Туристичка населба „Мрдаја“ - Дојран – бунгалови, ресторан, плажни објекти – Автокамп – Љубаниште, Охридско Езеро – Хотел „Скопје“- Мавровско Езеро – Хотел „Еуротел“ - Струга – Хотелски комплекс „Запољарије“ - Сочи, Русија Спортски објекти – Олимписки пливачки центар – Скопје – Ски центар Маврово – жичарница деловни објекти – Административна зграда „Југобанка Пелагонија“ - Струмица – Спортска медицина – Пелагонија – Скопје – Деловен објект – Москва – Деловен, повеќенаменски објект „Будимекс“ – Лавов, Украина – Деловен објект „КМК“ - Ново Кузњецк, Русија – Регионален архив – Москва, реконструкција на објект изграден во XVIII век – Деловен, сообраќаен центар – Рамади, Ирак индустриски објекти – Автобаза на ЈП Градски сообраќај – Ѓорче Петров, Скопје – Нова фабрика за масло „Благој Ѓорев“ - Велес Меморијални објекти – Споменик – 30 години од формирање на големите македонски партизански одреди – Митрашинци – Спомен-чешма, фонтана – Мавровски партизански одред – Маврово – Меморијален комплекс „Слобода“ - Кочани КоНКУРСи Југословенски конкурси – Меморијален комплекс „Слобода“ - Кочани – I награда – Деловен објект „Радоје Дакиќ“ - Подгорица – откуп Македонски конкурси – Деловен објект Сојуз на борци на РМ – Скопје – III награда – Спортски сали – Скопје – откуп – Деловен објект ГП Пелагонија – Скопје – откуп – Хотел во Скопје (Ново Маало) – откуп – Градска куќа Скопје – Плоштад Македонија – откуп – Деловен објект „Мавровка“- откуп ПРиЗНаНиЈа Повелба на почесен граѓанин на Кочани „Грамота“ (Повелба) на град Запорожје, Украина за творечко присуство во областа Запорожје БиМаС: – Диплома за реализирани објекти во 1981 – 1982 – Диплома за труд од областа урбанизам, проектирање, ентериер и дизајн 1985 – Диплома за афирмација на македонската архитектура во странство 1985 оПШТеСТвеНо-ПРоФеСиоНаЛНи ФУНКЦии, аКТивНоСТи – Во два мандата член на Претседателство на Сојуз на архитекти на Македонија 1978 – 1986 г. – Член на Комисија за реорганизација на Сојуз на архитекти на Југославија 1984 г. – Член на Сојузно жири на Конкурсот за проектирање објект Дом на култура во Сремска Митровица – Член на жири за Конкурс на проектот за изградба на населба Визбегово, Скопје – Соработка со Македонска телевизија и Вардар филм во реализација на прилози и емисии за афирмација на архитектонското творештво – Соработка со Заводот за заштита на културното наследство на РМ и Катедрата за историја на архитектура на Архитектонскиот факултет во Скопје (проф. С. Томовски) – проектна документација на постоечки објекти во Крушево, Гари, Тресонче и Лазарополе ПРеЗеНТаЦиЈа На РеаЛиЗиРаНоТо во ПРоФеСиоНаЛНаТа деЈНоСТ во аРХиТеКТоНСКа ЛиТеРаТУРа – „Интерах“ - Биенале на светска архитектура – Софија, Бугарија 1985 г. – „Архитектура комплекса одиха“ – Москва, Русија 1988 г. – „55 истакнутих архитеката Југославије“ - Ивица Млаѓеновиќ, Белград, Србија 1990 г. 30 јули 2021
ПОРТА
11
Хотелски комплекс „Запољарије“ - Сочи, Русија станеме самостојни проектанти. Во почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, Ратко го создаде проектантското биро на „Мавропроект“ со кадри во сите фази на проектирање во кои веруваше, заедно со затечените кадри од проектанското на ГП „Маврово“. Создаде биро кое покажа исклучителни резултати во проектирањето во високоградбата и нискоградбата. „Мавровопроект“ под негово директно раководење и едновремено активно проектирање, прерасна во респектибилна проектантска куќа
ПОРТА
надвор од границите на тогашна Југославија со преземање за проектирање реконструкција и изградба на санаториум Запољарје во Сочи, СССР. Проектирање и изведување пристанишна аеродромска зграда на аеродром Адлер во Сочи. Овие текстуални фрагменти се само дел од неговиот професионален животен опус во кој тој беше секогаш колега, другар и коректор, кого го консултиравме за нашите проекти во кои нашата индивидуалност доаѓаше до израз во позитивната конкуренција. Како раководител на проектантското биро на
Олимписки пливачки центар – Скопје
Меморијален комплекс „Слобода“ - Кочани „Мавровопроект“, на сите колеги (и колешки) ни се обраќаше со „види сине“. Подоцна, нашите патишта се разидуваат по неговото заминување во Москва, Русија. Но и тоа беше само привремено раздвојување поради различни професионални дејности. Ние, неговите колеги и соработници избравме свои патишта на професионална дејност, но секогаш бев во директен контакт со нашиот ментор. Подоцна тој во својата фамилија создаде двајца архитекти Сања и Ненад, со кои пак јас директно соработував во нивната
проектантска фирма „Студио Р“. Патиштата секогаш ни се вкрстуваа, па така неминовно на крајот од нашите професионални кариери повторно се сретнавме како рамноправни архитекти професионално да соработуваме. Во нашата соработка секогаш сум имал респект и уважување кон Радован, Ратко или Рале како од милост го викавме. Уште еднаш со мојот текст сочувствувам со неговото заминување, но секогаш ќе остане во моите мисли и мислите на колегите во трајно сеќавање со длабок пиетет кон неговата личност и дело. n
Вила во Маврово ПОРТА
Половина век посветен на архитектурата а многу краток период, за само 7 месеци, македонската архитектура остана без уште еден нејзин истакнат творец. Замина архитект Радован Раѓеновиќ, оставајќи трага со своето богато и разновидно творештво. Неговото име ќе заземе значително место во историјата на модерната архитектура во нашата и во повеќе други држави. Ќе останат убави сеќавања за работата и дружењето со колегите, пријателите и клиентите. Моето сеќавање на архитект Ратко, е поврзано со почетоците на неговата професионалната кариера, кога во 1969/1970 година учествуваше во работата на главниот проект за објектот „Театар на народности“ на Бит-пазар во Скопје (сега Албански театар). Архитект Ратко беше тогаш млад, но амбициозен архитектпроектант, со стремеж да биде актуелен архитект во времето и афирмиран македонски градител, што низ годините, со својот трудољубив пристап кон професијата и го оствари. За ликот и творештвото на архитект Раѓеновиќ пишувале повеќе познати архитекти во поранешна Југославија. Познатиот белградски архитект Богдан Богдановиќ, на крајот од својот осврт за меморијалниот комплекс „Слобода“ во Кочани напиша: „Мајсторе сега си
З
Протомајстор“. Архитект Ивица Млаѓеновиќ (Белград, 1990 година) во книгата „55 истакнати архитекти во Југославија“, помеѓу другото пишува: „Раѓеновиќ е архитект кој го исцртува обликот, како извор на архитектонската инспирација“. Во 1988 година академик А.Т. Полјански од Москва пишува за Ратко во „Архитектура на одмаралишните комплекси“, а во 1985 година „Интераx“ Софија, Биенале на светската архитектура. Раѓеновиќ ги презентираше своите објекти и пишуваше статии во стручните списанија, „Човек и простор“ - Загреб, неделникот НИН - Белград и во неколку домашни. За своето богато творештво бил повеќе пати наградуван, БИМАС 1981/1982 година за реализирани објекти, а 1985 година на БИМАС награден е со диплома за афирмација на македонската архитектура во странство. Добитник е и на Повелба од град Запорожје, Украина, а за меморијалниот комплекс „Слобода“, стана и почесен граѓанин на Кочани. Како резултат на обемното и успешното творештво на архитект Ратко Раѓеновиќ му е доделена во 2016 година од Асоцијација на архитекти на Македонија (ААМ) наградата „Андреја Дамјанов“, за животно дело, особени достигнувања и личен придонес во развојот на архитектурата и градителството. Со оваа награда стана и
член на Архитектонска академија на ААМ. Имав чест како претседател на АА на ААМ да му честитам и посакам продолжување на неговите залагања за македонската архитектура и за успех на младите македонски архитекти. Пет години потоа, на 10 јули годинава, бев поканета како проектант на објектот на Албански театар на свеченост по повод 71 година од првата премиера на албанскиот театар и 50 години од повторното отпочнување со работа во реновираниот објект. По свечениот настан, сакав моите позитивни импресии од успешното реновирање на објектот да ги пренесам на колегата Ратко (учесник во работата на оригиналниот проект), но за жал ја немав таа можност, бидејќи само два дена по настанот, заврши животниот пат на истакнатиот македонски архитект Радован Раѓеновиќ. Неговото богато творештво ќе остане запишано во историјата на модерната архитектура, а ќе биде и патоказ на младите архитекти кои ќе го следат неговиот успешен професионален пат. Вечен спомен на почитуваниот архитект Радован Раѓеновиќ! вера ќосевска, член на архитектонската академија на ааМ
ПОРТА
комерцијален текст
TERMOWOOD - новост на пазарот во Македонија овост на пазарот во Македонија е ТЕРМОМОДИФИЦИРАНО ДРВО, со трговски назив Termowood. Термообработката е сосема нов природен технолошки пристап на создавање на нов вид на дрво со изменети хемиско - механички својства на материјалот. При овој процес на обработка не се користат никакви хемиски средства. Целиот процес e природен и се изведува во средина со заситена водена пареа, без присуство на кислород, на висока температура од 170 до 212 целзиусови степени. Во вака создадените услови, се менуваат хемиските својства на дрвото и доаѓа до топење на полисахаридите и карамелизација на материјалот. На овој начин се прави заштита на дрвото од влијание на вода, влага, гнилеж и бактерии и добиваме долговечност на дрвото, стабилност на материјалот и материјал кој е лесен за обработка. При пожар дрвото е безбедно затоа што оддава мала количина на јаглероден диоксид. Исто така, дрвото е со подобрени карактеристики дури и до 70 отсто од обичното дрво, не подлежи на деформации и ги поседува својствата на тропските дрва (голема отпорност на влага, вода и гниење). Бојата му е од светло до темно кафеава, со пријатен изглед, зависно од температурата
Н
на која се обработува и понатамошната намена. На допир се добива чувство на мекост и топлина на префинет материјал. Производот е целосно безбеден по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво е стерилно и на него не може да опстојат бактерии, вируси или паразити кои се опасни по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво-Termowood е алтернатива на тиковото и другите тропски дрва, но со пониска цена. Се употребува при/за изработка на: l внатрешно и надворешно уредување l Мебел, маси,кујни и плотни за кујни
l Подови, паркет, плочки од дрво и патос l Ѕидни облоги за ентериер
l Бања (ѕидни облоги, подни плочки,
мијалник и аксесоари)
l Сауни и парни бањи
l Фасада и облоги на фасада
l Мебел за двор, балкони, површини околу
базени
l Патеки и пристаништа
диСаРТ доо Гевгелија е единствена фирма која произведува термомодифицирано дрво во Македонија
+389 70 363 877 disartltd@yahoo.com www.disart.mk facebook.com/disartmk
ПОРТА
став
Скопје 1963, Скопје 2014, во месецот кога се одбележува 58-мата годишнина од земјотресот во Скопје од 1963-та година и поучени од искуствата од обновата и изградбата, како и од проектот „Скопје 2014“ се поставува прашање кој пат ќе го избереме на крстопатот помеѓу јавните и индивидуалните интереси за да ги исполниме очекувањата за климатски неутрална економија и живот како членка на европската Унија
д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. ред неколку години на меѓународна истражувачка конференција во Кембриџ, Велика Британија, беше презентиран труд за станбената реконструкција во Скопје по земјотресот од 1963 година. Во текот на презентацијата беа прикажани илустрации од станбени делови во Скопје изградени на почетокот на 20-тиот век како и од оние изградени по земјотресот. Во рамките на дискусијата, професорка од Брисел го искажа своето восхитување од постигнатиот напредок во градежништвото во земјата и тоа во период од само околу 50 години. Се разбира постигнувањата се позначајни кога ќе се земе дека во тој период од околу половина век земјата поминала низ две балкански и две светски војни, промени на држави, политички и економски си-
П
16
ПОРТА
30 јули 2021
стеми, како и дека во март 1920 година кога била основана „Секцијата Скопје“ при тогашната Југословенска асоцијација на инженери и архитекти на целата територијата на градежната дирекција која ја покривала денешна Северна Македонија имало само околу 50 или нешто малку повеќе инженери и архитекти. Несомнено, повод да бидеме горди со постигнувања во струката и со нашите колеги кои твореле во тој период. Како месец јули ја означува годишницата од катастрофалниот земјотрес од Скопје од 26.7.1963 година, ова е уште една можност да се потсетиме не само на оние коишто трагично ги изгубија своите животи оставајќи трајно ожалостени семејства, роднини и пријатели, на оние коишто останаа со трајни последици како резултат на своите повреди, туку и на сите оние коишто помогнаа во обновата и изградбата на разрушениот главен град на земјата.
од иСТоРиСКа диСТаНЦа Гледано од историска дистанца, во рамките на научната и стручната јавност активностите преземени по земјотесот во Скопје од 1963-та година главно се оценуваат како позитивни и во западните земји и покрај политичко-идеолошките разлики кои постоеле во тој период. Главно, како особено позитивни се сметаат активностите поврзани со обезбедувањето привремено сместување, изградбата на станбени единици за домување на среден рок како бараките, евакуацијата на повредливото и неактивното население, одложувањето на реконструкцијата на централното градско подрачје за да се овозможи истата соодветно да се испланира, преземањето јавна контрола врз сопственоста и управувањето со земјиштето во урбаната зона на градот итн. Од друга страна веројатно како помалку соодветни, особено во поново време, се сметаат
На КРСТоПаТоТ ПоМеѓУ иНдивидУаЛНиоТ и ЈавНиоТ иНТеРеСТ
Северна Македонија 2050 отсуството на партиципација на граѓаните во процесот на одлучување, нарушување на кохезијата на постојните заедници преку селење на домаќинствата во новоизградените населби, без обиди да се сочуваат постоечките соседства, изградбата на нови населби на плодно земјиште итн. Дополнително, се поставуваат прашања за тоа во која мерка биле соодветни одлуките, дел од средствата за обнова и изградба по земјотресот да се насочат кон производните капацитети во очекување дека придобивките од истите ќе го поддржат завршувањето на реконструкцијата на градот, или пак со одлуката да не се ограничи населувањето во градот. Првиот аспект е сврзан со согледувањата дека инвестициите во производните капацитети не ги реализирале очекуваните економски резултати и како резултат на тоа обновата и изградбата на градот останала недовршена. Поновите согледувања во областа на економијата укажуваат на мислења според кои политичко-економскиот систем кој преовладувал во времето на тогашна СФРЈ бил од таков карактер да можел посоодветно да функционира и да се натпреварува во глобални рамки во условите на индустриските општества, но тие компетитивни предности биле надминати со транзицијата во постиндустриски општества. Вториот аспект најчесто се поврзува со неконтролираниот урбан раст на градот и проблемот со дивоградби. Имено земјотресот во Скопје се случил во период на економска криза во тогашна СФРЈ и фактот дека по земјотресот Скопје станало фокус на градежни активности, придонело во голема мерка да се привлечат работници не само од други места во тогашна СРМ, туку и од цела СФРЈ, а тоа придонело за значително зголемување на популацијата над она што плански било предвидено за наредниот период. Во одредена мера, дел од ова се припишува на тогашните политички одлуки да не се ограничи населувањето во Скопје, а со кои веројатно сакало да му се покаже на светот дека граѓаните на државата слободно може да патуваат и да се населуваат во рамките на истата, наспроти од она што се препишува дека се случувало во други земји на тогашна Источна Европа. За разлика од овој пристап во други делови на тогашна СФРЈ дури и неколку децении подоцна се применувале мерки за работниците од други средини да можат да престојуваат на своите работни места во текот на работните денови, но неработните денови да ги поминат кај своите семејства со што ефективно била отежната нивната преселба во местото на работење. Во случајот на Скопје, неограничениот ПОРТА
прилив на население од други средини во комбинација со потребата за обезбедување станбени единици за домаќинствата кои ги изгубиле своите во рамките на земјотресот создал дополнителен недостаток на станбен простор, што придонело и за изградбата на нелегални станбени објекти, проблем кој и по половина век сè уште трајно не е решен. Се СЛУЧи „СКоПЈе 2014“ Приближно половина век по земјотресот од 1963-тата година на главниот град му се случи проектот „Скопје 2014“. Со оглед дека оттогаш досега не е помината ниту една деценија веројатно емоционалниот набој кај сите заинтересирани лица е преголем за да може навистина непристрасно да се разгледа оваа проблематика, а особено настрана од дневната политика. Оттогаш досега прилично многу е напишано во светски размери за овој проект и претежно доминираат негативни оценки за истиот. Претполагам дека за оние кои сè уште се сеќаваат на Скопје пред земјотресот од 1963-та година, проектот „Скопје 2014“ веројатно може да се спореди со второ бришење на хард дискот на кој се чувале мемориите за градот во кои израснале и живеат. Ако првото беше резултат на при-
ПОРТА
родата, оваа промена беше предизвикана од човек. Како резултат на овие два настани само фрагменти се останати од сеќавањата на градот од нивната младост, а познатото скоро преку ноќ е заменето со нешто непознато и туѓо, веројатно како некое летало од научнофантастична визија да ги испуштило кулисите за нов дистопијски филм во Скопје. Дополнително, претполагам дека оние кои се залагаат за искрен израз во архитектурата многу потешко ги дигестираат понудените решенија преку овој проект. Настрана од политичките, партиските или личните интереси, одлуката да се инвестира во јавни работи во период на светска економска депресија отпочната како резултат на колапсот на пазарот на станбени кредити во САД може да се смета како соодветна од аспект на поддршка на економската активност во земјата во услови на глобална криза. На кои капитални градежни активности биле насочени овие средства поточно, е веќе значително поинакво прашање. Вообичаено светските трговски правила не дозволуваат државите да инвестираат средства во производни капацитети со оглед дека на тоа се смета како на директна државна интервенција која го нарушува нормалното функционирање
на пазарот, како резултат на што, ваквите инвестиции најчесто одат во инфраструктурни проекти со кои се создаваат погодности за иден развој. Дури и во стариот политичко-економски систем во времето на СФРЈ се водело сметка каде да се инвестираат расположливите средства во периоди на економска стагнација. Така, во периодот на економската криза во 1980-тите години не беше дозволена инвестиција во изградба на непроизводствени објекти. Во случајот на проектот „Скопје 2014“, без да се влегува во детали, веројатно грубо може да се сумира дека јавните средства беа насочени кон изградба на нови јавни објекти, промовирано „разубавување“ на централното градско подрачје преку прекривање на постојните фасади со декоративни, како и преку изработка и поставување значителен број на нови споменични обележја и склуптури. КаКва вРСКа иМа ПаНдеМиЈаТа На Ковид -19 Со „СКоПЈе 2014“? Според трудови и текстови објавени во списанијата Американски журнал за превентивна медицина од 15.6.2020 година и ВебМД од 22.6.2020 година просечната цена за болничко лекување со четиридневен престој на респиратор во САД минатата година била околу 88.000 американски долари, а за некои од лицата со „долг Ковид-19“ кои морале подолг временски период да поминат на болничко лекување, цената на лекувањето достигнала и до 1,1 милион американски долари. Исто така во екот на пролетниот бран на Ковид-19 и во земјата дел од населението мораше да бара помош и лекување во приватните болници во Северна Макдонија при што се споменуваа исклучително високи, особено за локалните економски услови, цени за дневно лекување во нив. Вообичаената мудрост за лекување во земји со јавен здравствен систем е дека во приватна болница се оди главно за хируршка или слична интервенција за акутно заболување коешто може да се третира. Третманот на хронични и заразни болести главно се остварува во рамките на јавното здравство, со оглед дека ваквите услуги би биле целосно финансиски неодржливи за просечниот граѓанин во приватните болници. Каква врска има пандемијата на Ковид-19 со проектот „Скопје 2014“? Може да се каже дека врската е повеќе од очигледна ако се земе предвид дека според сумите искажани во медиумите вредноста на досега инвестирани средства во проектот „Скопје 2014“ го надминува најавениот износ за изградба на нов клинички центар во Скопје, или е веројатно доволна за изградба или модернизација на повеќе универзитетски и регионални болници низ земјата. Ние се чини дека оваа пандемија ќе ја поминеме со оставнината на болнички капацитети од времето на СРМ и СФРЈ. Се претполага дека светските трговски пра-
вила нема да ја попречат инвестицијата во јавниот здравствен систем со кои би се модернизирала постојната и застарена инфраструктура. Ова би придонело за подобрување на капацитетот и квалитетот на услугите во рамките на јавното здравство во земјата, а потенцијално би отворило и можности за здравствен туризам каде лица од други земји би доаѓале на лекување во Северна Македонија, заради попристапните цени на здравствените услуги од нивната матична земја, а со тоа и можности за дополнителни економски придобивки. Тешко е да се верува дека „разубавеното“ централно градско подрачје на Скопје придонесува повеќе за надминување на пандемијата отколку поголеми и посовремени капацитети за болничко лекување во јавното здравство. Еве дури и финансиските средства за замена и модернизација на постојната инфраструктурата на јавното здравство да можеле да се обезбедат од други извори, не треба да се исклучи и можноста дека инвестицијата во изградба на јавни објекти и јавни административни објекти би можела да искаже дополнителни развојни и економски придобивки, но на еден поинаков начин. ПРидоБивКи од диСПеРЗиЈа На адМиНиСТРаЦиЈаТа Пред повеќе години британскиот Би-би-си ефективно релоцираше голем дел од своите функции од центарот на Лондон во новоизграден комплекс во Салфорд во близина на Манчестер. Дополнително со години јавните административни функции се дисперзирани низ земјата. На пример, службата за придонеси (даноци, социјални и пензиски) е лоцирана во Њукастел, службата за сообраќајни и возачки дозволи во Кардиф, Велс итн. Иако министерствата сè уште се лоцирани во Лондон, во денешно време на дигитални комуникации нема никаква потреба бројната администрација на министерствата да се наоѓа во главниот град на државата. Како резултат на атрактивноста на главниот град, оние на „периферијата“ имаат тешкотии да генерираат соодветно ниво на економска активност за да ги одржат своите градови и да го поддржат отворањето на доволно нови работни места за локалното население. Ова е дотолку повеќе што градовите на „периферијата“ од земјата имале големо значење во времето на индустриското минато на земјата, кое во меѓувреме во голема мерка е изгубено како резултат на преселбата на индустријата во подалечните земји со поевтина работна сила. Замислете ги потенцијалните придобивки од дисперзија на административните служби на министерствата и агенциите, и тоа особено на службите коишто работат со јавноста, во регионалните центри низ земјата. Градежна активност, отворање нови работни места за
локалното население, зголемување на економската активност, отворање нови перспективи за локалното население, причина за зачувување и раст на локалното население, како и намалени трошоци на работење за јавната администрација. Со еден ваков пристап, би се создала и можност за зачувување или создавање дополнителни отворени зелени површини во центарот на Скопје, намален притисок за доселување во градот заради вработување, намален притисок врз домувањето во градот, намален притисок врз јавниот и личниот сообраќај во градот со можности за подобрување на микроклимата и нивото на загадување. За целата земја ова ќе придонесе за порамномерен економски развој и подобра распределба на ризикот од идни елементарни и други непогоди низ целата територија на земјата. Како што би рекле повозрасните, никогаш не е добро сите јајца да се чуваат само во една кошница. МУдРоСТа За ПоСТавУваЊе СПоМеНиЦи Спомениците се приказна за себе. Современите примери од она што се случува и во најразвиените земји во светот кои се сметаат и за најдемократски навистина ја доведуваат во прашање мудроста за поставување споменици за знаменити личности од минатото. Претполагам
дека сите ние сме виделе барем на телевизија и на филмови како се рушат статуите и симболите на владеење по промена на власта во недемократските и тоталитарни држави Но, во текот на изминатите неколку години сè почесто се јавуваат случаи на израз на нетрпеливост кон постоечки споменици на знаменити личности дури и во најразвиените земји во светот. Така на пример, неодамна во Канада беа урнати од демонстранти спомениците на Кралицата Викторија, Кралицата Елизабета Втора и Премиерот Винстон Черчил, по откривањето на масовни гробници на деца од домородното население на Канада во рамките на верски комплекси. Исто така, по убиството на Џорџ Флојд во Америка, во Бристол, Англија, во јуни 2020 година беше срушен и споменикот на Едвард Колстон. Тој бил трговец, филантроп и член на Британскиот 30 јули 2021
ПОРТА
19
парламент како претставник на Конзервативната партија во текот на 18-тиот век, а кој како член на Кралската африканска компанија бил вклучен во трговијата на робови од Африка. Деновиве се искажуваат видувања дека дури и американското знаме не ги претставува сите заедници во земјата. Како резултат на глобалната еманципација знаменито лице во една земја од бројни причини може да се доживее и како несоодветно лице од одредени заедници или групи дури и во истата земја. идНиНаТа На СевеРНа МаКедоНиЈа 2050 Зошто Северна Македонија 2050? За Европската Унија, кон чие членство земјата се стреми, 2050 година е годината до која Европската Унија сака да стане климатско неутрална и преку тоа да ја реализира долгорочната визија за просперитетна, модерна, компетитивна и климатски неутрална економија. Како Северна Македонија ќе ги исполни своите обрски и ќе стане климатски неутрална економија во рамките на Европската Унија? Дали искуствата од Скопје 1963 и Скопје 2014 укажуваат на одредени поуки коишто ќе ни помогнат да ги исполниме очекувањата и да станеме климатски неутрална економија најдоцна во текот на наредните 29 години? Базирано на искуствата искажани од обновата и изградбата на Скопје по земјотресот од 1963 година, веројатно може да се каже дека во тоа време како да преовладувале јавните интереси, но согледани од ограниченото видно поле на тогашниот еднопартиски систем и без соодветна партиципација на граѓаните. И покрај
ПОРТА
искажаната помош од меѓународната заедница, најголемиот дел од финансискиот товар сврзан со обновата и изградбата бил поднесен од граѓаните на тогашна СФРЈ, преу дополнителни даноци, придонеси и наменски обврзници. Со оглед на кусиот период од реализацијата на проектот „Скопје 2014“ досега веројатно потешко е целсоно да се согледаат работите. Веројатно засега може да се рече дека одлуките биле донесни од претставниците на власта. Прашање е во која мерка граѓаните имале можност да партиципираат во носењето на одлуките сврзани со проектот. Под претпоставка дека поголемоиот број на средства се обезбедени од странски кредити, бремето од оваа инвестиција ќе го поднесат сегашните и идните генерации на даночни обврзници. Веројатно најголемото прашање кое се поставува е каде натежнува вагата во однос на балансот помеѓу личниот и јавниот интерес во рамките на овој проект, за што секој индивидуално може да си изведе свој заклучок. Во однос на иднината и Северна Македонија 2050 несомнено е дека треба да бидеме свесни дека земјата е средноразвиена и со ограничени капацитети. Се разбира, тоа не треба да не ограничи, туку напротив да нè мотивира сите ние да го дадеме најдоброто и да достигнеме најдобар можен развој во наредниот период, но развој базиран на одржливост и ублажување на последиците од глобалните климатски потреби. Тоа не ќе може да се постигне без претпочитање на јавното добро во однос на индивиуалното, или пак без соодветна партиципација од сите субјекти во земјата. Оттука веројатно треба поинтензивно да се
промовираат определбите за децентрализација на развојот низ целата територијата на земјата со кој пристап, подобро би се распределил постојниот и идниот ризик во земјата. Дополнително, треба да се размислува за пренасочување од изградба на нов, на модернизација на постоечкиот градежен фонд, со оглед на тоа дека главно доминираат постари енергетски неефикасни како и помалку отпорни сеизмички објекти. На овој начин во голема мерка ќе може да се поддржат активностите за постигнување на определбите за климатски неутрална економија, а и ќе се зачуваат повеќе слободни и зелени површини за ублажување на климатските проблеми и загадувањето. Со ова дополнително ќе се обезбедат и подобри услови за развој и квалитет на живот на идните генерации. Дали навистина сакаме да ги повториме искуствата од Шпанија од перидот на кредитната криза во која во земјата биле евидентирани од 3 до 4 милиони празни станбени единици. Големо прашање е во која мерка воопшто е оправдано градењето на нови станови во земја каде демографските податоци укажуваат на стареење на населението, емиграција од земјата и депопулација на земјата. Оттука во месецот кога се одбележува 58мата годишнина од земјотресот во Скопје од 1963-та година и поучени од искуствата од обновата и изградбата, како и од проектот „Скопје 2014“ се поставува прашање кој пат ќе го избереме на крстопатот помеѓу јавните и индивидуалните интереси за да ги исполниме очекувањата за климатски неутрална економија и живот како членка на Европската Унија. n
ПОРТА
скопје
Од земјотресот наваму
Сите тие домашни и странски врвни архитекти, можеби токму поради утопизмот на мастер-планот на Танге, добиле поттик и прилика да го „истурат“ своето знаење, умешност, остроумност и квалитет токму во Скопје, и тоа во релативно тесен временски интервал од 15-тина години. Ретко кој град, ретко кој план, создал таков фронт за слободна работа и креација Бошко ВИДОЕСКИ дипл. инж. арх о нашата колективна меморија, а особено онаа на скопјани, датумот 26.7.1963 г., останува врежан еве веќе нецели шест децении. Извесно е дека ќе остане и кај идните генерации во наредните векови. Самиот земјотрес не е во рангот на најсилните
В 22
ПОРТА
30 јули 2021
кои ги знае човештвото, ниту пак во рангот на најсмртоносните, но го остави градот во руини. Дополнителна причина за неговото паметење ќе остане реакцијата на тогашната држава и тогашното општество непосредно по земјотресот, но и поради солидарноста на тогаш длабоко поделениот свет кој се обединува во хуманата мисија за Скопје. Датумот е капитално значаен поради тоа што е своеви-
ден пресек, пресек на времето „пред“, и времето „потоа“. За современо Скопје, земјотресот е временско мерило на начин какво што за христијанството е раѓањето на Исус Христос. И токму затоа изразите „постземјотресно Скопје“ и „предземјотресно Скопје“, кажуваат доволно за значењето на тој настан. По него, разурнатото Скопје стана обединувачко место на двата длабоко поделени
ГоЛеМа НедоРеЧНоСТ
а) План од 1914 г.; b) блоковски структури на централното градско подрачје, план Димитрије Леко, 1914 г., с) Јосиф Михаиловиќ, план 1929 г.
План на Кензо Танге политички блока – Западниот и Источниот блок – спонтано обединети во солидарна идеја да помогнат во изградбата на градот. И – градот бил изграден и релативно брзо заживеал после катаклизмата. Се правеле планови, проекти, времени и постојани населби, се пробивале улици, се воспоставувале пунктови за помош од секаков вид. И не ми е намерата во овој текст да ги елаборирам плановите и проектите на Танге, Мишчевиќ, Венцлер, Циборовски и другите, ниту улогата на нашите Пота и Галиќ, ниту пак одлучниот одговор во целост на тогашното општество - ценам дека тие теми се веќе широко познати на читателите, а верувам и дека повторно ќе бидат од некого кажани и напишани и по повод годинешниот јубилеј од земјотресот. Би сакал во овој текст да направам обид за извесно резиме на преодот од старата скопска ера кон новата, како и на
Панорама на Скопје пред земјотресот во 1963 г. патот по кој тргна Скопје сметано од земјотконтинуитетот на радијален тип на град наресот наваму. метнат со плановите на Леко и Михаиловиќ. Со таквата радијална типологија на претходно носените планови, најлесно можело НеПоСРедНо ПРед ПоТРеСоТ да се изведе своевидна регулација на векови Тоа утро, на 26 јули 1963 г., Скопје бил во наназад неплански таложеното градско својата 15-та година од Генералниот регулаткиво. Кубеш решава да направи пресек на ционен план на Чехословакот Лудјек Кубеш таквиот континуитет и да го трансформира од 1948 г., со кој практично бил завршен Скопје во линеарен тип на град, да го издолжи по оската запад -исток со нови населби, притоа пробувајќи новата линеарна концепција да ја приспособи на старата радијална, на начин што таа го впива веќе изграденото централно градско јадро во рамките на денешниот Голем ринг. Ваквиот поствоен план на Кубеш, бил во чекор со модерните трендови во тоа време, но со него практично почнува интензивниот раст на Скопје, кое токму во овие 15-тина години го дуплира населението, и на пописот од 1961 г. градското подрачје на Скопје има речиси 200 000 жители, за разлика од првиот поствоен попис од 1948 г., кога градот едвај и да ја преминува границата од 100 000 жители. Секако, ова се должи и на забрзаната индустријализација насекаде во светот, поради што се зголемуваат миграционите движења во правец село - град, со кои тогаш растат и другите градови во Македонија за сметка на дел од селата. 30 јули 2021
ПОРТА
23
МАНУ - Скопје ШаНСа За ГРадоТ Како и да е, тоа јулско утро скопските жители го дочекуваат земјотресот во домови претежно градени без асеизмичка пресметка. Резултатот е десетици илјади жители без кров над глава и за жал, 1 070 починати, како и рушење на поголемиот број од јавните објекти во градот. Иако звучи неблагодарно и непристојно, ваквата катаклизма и обемот на рушените објекти, како и оние кое морале да се срушат поради степенот на оштетеност, му дала шанса на Скопје која ретко кој современ град ја имал добиено по завршувањето на Втората светска војна. Тоа било шанса да се рехабилитира градот во секоја смисла и да се испланира речиси од нула. Југославија, сфаќајќи го обемот на катастрофата, побарала помош од Организацијата на обединетите нации. Така, под покровителство на ООН, регионот на Скопје добил нов регулационен план изработен од тим на домашни и странски експерти водени од полскиот архитект Адолф Циборовски, како и урбанистички план за централното градско подрачје изработен под водство на Кензо Танге. Градот се обновил, биле поставени насоки за иден развој, и генерално била задржана линеарната концепција на Кубеш, но како што подоцна ќе оцени Љубе Пота, цитирам: „со Генералниот регулационен (ГР) план е предвидено Скопје да се шири како ладало и да се развива во три можни насоки: кон север, запад и кон исток“ Кубешовата линеарна концепција е „појачана“ и со развој на север, со што плански се третира и историското јадро на градот. Скопје станал своевидна лабораторија во која биле тестирани најновите урбанистички и архитектонски парадигми на доцниот мо24
ПОРТА
30 јули 2021
Архив на Град Скопје дернизам, но и преиспитувани одредени премиси на функционализмот. Планот на Танге, футуристички каков што е, е до толку амбициозен и храбар, не само во урбанистичка, архитектонска и естетска смисла, туку и во политичка, но и во економска смисла. Последната, веројатно ќе потврди дека планот е сепак една утопистичка визија која практично и не можела да биде во целост реализирана во констелацијата во која тогаш се наоѓало Скопје. За волја на вистината, ниту денес тешко дека во одреден историски град во светот може да се реализира таква утопистичка визија. Но, самиот нејзин утопистички карактер, практично ја подигнал „лествицата“ на креативноста на сите оние кои во наредните деценија-две ќе ги создадат белезите на постземјотресно Скопје: ГТЦ, МАНУ, МОБ, Телекомуникацискиот центар и Главната пошта, Студентскиот дом „Гоце Делчев“, Ансамблот Банки (НБРМ), МСУ, Ректоратот на УКИМ, Архивот на град Скопје, МТВ, Зградата на управата (денес објектот на Владата), ОУ „Песталоци“ итн. Со ова се-
МСУ - Скопје
како не мислам да ги оспорам личните квалитети на Константиновски, Чипан, полските „Тигри“, Биро 77, Константинов, Мушич и другите (кој сум јас, нели!), туку да потенцирам дека сите тие домашни и странски врвни архитекти, можеби токму поради утопизмот на мастер-планот на Танге, добиле поттик и прилика да го „истурат“ своето знаење, умешност, остроумност и квалитет токму во Скопје, и тоа во релативно тесен временски интервал од 15-тина години. Ретко кој град, ретко кој план, создава таков фронт за слободна работа и креација, растоварена од бирократски и политички сугестии и опструкции каков што фронт се отворил во Скопје во годините по земјотресот. Во регионална смисла пак, фасцинантна е забелешката на Циборовски лично, кој го посетил Скопје во 1985 г., две децении по носењето на неговиот ГРП, а две години пред неговата смрт. Во таа прилика, ќе забележи дека е воодушевен од степенот на реализација на неговиот регионален план. Имено, праксата велела дека ретко кој план се
прилика градот да стекне сопствен современ имиџ; се градело несразмерно, нерационално, несинхронизирано, сегрегирано; времените населби станале трајни; повеќето од големите јавни пространства останале нетретирани, запуштени, односно се претвориле во т.н. урбани празнини.
План на Кензо Танге (паркингот кај Холидеј Ин) остварувал барем 50 %, и оттука, и тој самиот не очекувал дека неговиот план од 1965 г. ќе биде реализиран со нешто поголем процент од тоа, но останал воодушевен дваесет години подоцна, бидејќи оценил дека процентот на извршување во Скопје е околу 90 %. Тогаш потенцирал дека Скопје е единствен случај, случај што треба да се проучува во корист на сите теории за физичкото планирање, во корист на науката. Сепак, посочува дека 20-тина години по земјотресот, Скопје пораснало на повеќе од половина милион жители, во споредба со планираните 390 000, што секако не било добро од аспект на рамномерниот развој на Републиката. Сето ова е пренесено во публикацијата „50 години од земјотресот во Скопје“, а како извор е посочено списанието „А“ за култура на просторот, јуни 1985 г. Лично ме интересира што би рекол Циборовски денес, 2021 г., за концентрацијата на население во Скопје на сметка на остатокот од Македонија? Меѓутоа, мора да се забележи дека констатацијата на Циборовски веројатно се однесува за физичката реализација на инфраструктурните аспекти од Планот како регулацијата на коритото на Вардар, пробивањето на дел од булеварите, изградбата на водоводот од Рашче, изградбата на топлификационен и разводен електросистем и друго. Години подоцна, општата констатација на дел од критичарите, особено во годините околу осамостојувањето е дека Планот сепак не се реализирал во неговите стратешки цели кои меѓу другото би подразбирале и градење или надградба на градскиот идентитет. Силно е присутен впечатокот дека со неконтролираното доселување во Скопје во краток временски период, не се оставило
од НеЗавиСНоСТа НаваМУ Со такви впечатоци Скопје ја дочекува независноста на Република Македонија. Независноста која најпрво носи една неизвесност во планирањето и неизвесност за начинот на којшто новиот политички систем ќе се однесува кон јавниот простор како еден ресурс кој во социјализмот бил земан „за готово“ и како простор кој не може да биде пренаменет, особено просторите зацртани да останат неизградени. За жал, деценија по независноста, таквата неизвесност станува јасна извесност: јавниот простор, урбаните празнини, старите куќи во центарот и напуштените фабрики стануваат инкубатор за правење профит на приватните капиталисти, кои незауздани од механизмите на државата, практично стануваат главни планери на урбаното ткиво, градејќи нови и нови станови со што Скопје се пренаселува, инфраструктурата се преоптоварува, се намалува зеленилото, дистанците, се зголемува загадувањето и просечната температура на воздухот, а неповратно се наштетува на регионалниот рамномерен развој на државата. Парадоксално, аномалиите детектирани со анализите работени за потребите на (од сегашна перспектива дискутабилниот) ДУП „Мал Ринг“ од 1997 г., на Мирослав Грчев, Влатко П. Коробар и Мирјана Пенчиќ, кои зборувале дека во средината на 90-тите центарот на градот изобилувал со неповолни урбанистички параметри какви што биле недоволниот процент на изграденост, малиот индекс на искористеност на земјиштето, нерамномерната изграденост на центарот, недооформеноста на основните потези, оски и
простори, се до толку променети што денес, 25 години подоцна, веќе можеме да зборуваме за преизграденост, пренаселеност, а основните потези, оски и градски силуети не само што не се недооформени, туку се нападно оформени, без некоја посебна естетска, урбанистичка и хумана смисла. Таканаречениот проект „Скопје 2014“ одигра голема улога во тоа, иако и без него патот по кој во урбанистичка смисла тргна Скопје во новиот милениум беше далеку од среќен. Поразително е што не се почитуваат ниту безбедносните насоки од 1965 г., за забрането градење во појасот од 600 метри околу реката Вардар поради сеизмичката активност, како и насоките за оставање на т.н. зелени џебови издолжени по оската север - југ за да се овозможи струење на воздухот од Вардар кон Водно и обратно. Каде е СКоПЈе деНеСКа? Денес на Скопје може да се гледа како на една голема недоречност во која ваму, таму или онаму може да се забележи дека нешто некогаш е коректно испланирано, но останало недореализирано. На местото на недореализираното дошло нешто друго – несреќно планирано, па се налепило трето – непланирано, а слетува четврто – вонземјанско. Затоа Скопје стана една мачна мешавина од стилови, правци, окупирани јавни простори, автоцентрични сообраќајни решенија, исечени дрвореди, бекатонирани или асфалтирани некогашни зелени појаси и за жал, стана град на деградирани градски симболи кои го носеа идентитетот (каков-таков) на градот по земјотресот, и мораа да го носат уште долги децении, но не успеавме да ги зачуваме од деградација, камоли да ги надградиме. Фасцинантна е и леснотијата со која се дозволи градот во последните три децении да порасне до таа мера што постоечката мрежа од сообраќајници не би функционирала ни со половина од сегашното население. За волја на вистината, се пробиваа и
ПОРТА
инфо прошируваа одредени булевари последниве 15-тина години, но таквите инфраструктурни зафати се правеа, или се прават од крајна нужда, доцнат добри 40-тина години, кога во светот било „ин“ да се пробиваат и шират улици и булевари за автомобили и секако, не се дел од некоја сеопфатна визија за иднината на градот. Таква сеопфатна издржана визија, за жал не гледаме. Градот се развива по инерција: плановите, вклучително и генералните, се носат колку за да се донесат, и не носат развој на градот. Носат исклучиво раст на население, профит за нарачателите на плановите, а нуспојава од таквото планирање на Скопје и преголемата негова отвореност за нови жители е умирање на остатокот од државата. Борис Чипан, во интервју за Порта 3 во 2008 г., зборувајќи за концентрацијата на население во Скопје, ќе рече дека „само во примитивните средини сè се концентрира во еден град.“ КаКо ПоНаТаМУ? Ако еден Живко Поповски, во 2004 г., за весникот „Дневник“ ќе изјави дека Скопје е промашен град, што да речеме сега, откако во меѓувреме се изгради „Скопје 2014“; откако во меѓувреме Стар Аеродром, Кисела Вода, Панорама, Ново Лисиче, Аеродром, Расадник, Чаир итн., од населби школски урбанизирани, или населби со едносемејни куќи, или со подрачја на обични голи полјани, прераснаа во населби со повеќекатници; откако се исекоа дрворедите на „Илинденска“, „Климент Охридски“, „Гологанов“; откако се запуши Карпош со изградбата на „Сити Мол“; откако се гради кај Старата железничка, некогашната „Алумина“, а има најави за градење кај поранешната „Треска“, паркингот пред „Холидеј Ин“? Ако тогаш, во 2004 г., без сите промашувања последниве 17 години, Поповски ќе рече дека на Скопје му е потребен голем напор за да заздрави, што да се рече сега? Седумнаесет години старата констатација дека Скопје е промашен град сега е посилна од кога било. Лично ценам дека Скопје веќе и да нема шанси за радикални промени на подобро во блиска иднина. Мали, бебешки чекори кон подобро гледам во менување на навиките за возење автомобил, промовирање на велосипедскиот сообраќај, зачувување на постоечкото зеленило, стопирање на градбите кои се најавени, но сè уште не се изградени. И нормално, без ослободување окупирани простори, или непопуларното „рушење“, не гледам друго чаре. Потребен би бил светски тим од планери, воден од ООН, за да му го најде чарето на градот без рушење. Но, лично не сум оптимист и по тоа прашање – сепак би се работело за тим од урбанисти, а не за тим од магионичари. n 26
ПОРТА
30 јули 2021
ПОРТА
скопје
Каде БевМе и Каде СМе СеГа?
Скопје меѓу очајот и надежта Градот мора да се гради и архитектите не може да бидат против тој процес, но не смеат ни понизно да им служат на инвеститори и алчни профитери. и на претходните заблуди и креативни лудости им служеа архитекти и урбанисти
Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх а се пишува за градот кој ти го одбележал долгогодишниот живот, те обликувал и навлегол во сите пори на твоето живеење, е чест и предизвик. Да се набљудува градот низ сите падови и подеми, премрежиња и сè што му се случувало и му се случува можеби е света должност на еден архитект. Секој град има своја приказна ваква или онаква, но приказната на мојот град за мене е особена и посебна. Растеше и се обликуваше врз база на различни урбани модели од првата и втората половина на 20тиот век. Поминувајќи низ разни временски
Д
28
ПОРТА
30 јули 2021
периоди имал континуиран развиток, но и големи пресврти во постојната урбана матрица. Историски, драматично се менувал, луѓето и природата не го оставиле на мира, го палеле, го рушеле, го граделе. Во него се вкрстувале обележјата на западните и источните царства, бил крстопат на народи и цивилизации, со еден збор еден чудесен град. Денес мојот град е скоро милионски, метропола како што многумина милуваат да го нарекуваат. Мене ми е поблиско неговото поетично име Скопје - градот на Вардар. „Во него тече една река, матна и не така брза нашата река. Над реката, како впрочем, и над сите реки во светот се протегаше мост стар направен од камен пред многу векови“, ќе рече
Братислав Димитров. Тоа е вечната и најавтентична разгледница на овој град. Денес кога стоиме пред секојдневната материјализација на архитектурата и урбаниот простор на нашето опкружување, збунети или восхитени, неопходно е да погледнеме наназад како градители, сведоци и современици. Во секојдневните разговори градот најчесто го именуваме како предземјотресно и постземјотресно Скопје. Со првиот урбанистички план на Димитрије Леко во 1914-та година врз постојната урбана матрица на спонтан урбанизам почнува да се оформува градот на десниот брег на реката. Подоцна се оформувал и развивал во неколку фази, предводен од еден од најзначајните
негови градоначалници, архитект Јосиф Михаиловиќ. Во 1944-та година на десниот брег на реката, Скопје наследи: плоштад пред Камениот мост опкружен со објектите на Офицерскиот дом, Народна банка, Ристиќева палата, хотел Магор. Покрај денешната улица „Македонија“ во плоштадот се влевале и неколку радијални улици со веќе оформени блокови. Периодот 1950 - 1960 година го одбележа првата генерација архитекти школувани на универзитетите во Белград и Загреб, која го претпочиташе интернационалниот стил, барајќи потпора во делата на Корбизие, Гропиус, Мис, Нимајер. Според нивните проекти се изградија: Стоковната куќа - НАМА, хотел „Метропол“, станбено-деловниот објект „Пелистер“, зградата на Електростопанство. По тогашната улица „Маршал Тито“ (денешна ул. „Македонија“) изградени се неколку станбени објекти и зградата на Инвалидски дом. Се градат станбените населби Карпош 1 и 2 и трасиран е булеварот „Партизански одреди“ според сите пропозиции на модерниот урбанизам. Постземјотресниот период е следната фаза што најсилно и најобемно ќе го одбележи прoсторот. По земјотресот во 1963 година разрушениот град Скопје ќе се најде во средиштето на урбанистичко-архитектонски активности. Под покровителство на ООН се изработува ГУП. Скопје се урбанизира по сите правила на модерниот урбанизам и е поприште на светската архитектонска елита. Расте градот на солидарноста. Високиот степен на разрушување ќе ја овозможи изградбата на Градскиот ѕид, Градскиот трговски центар, просторната организација на плоштадот, Камениот мост со кејските површини и Паркот „Жена борец“. Особен печат ќе остави генерацијата архитекти од периодот 1970 - 1980 година школувани на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Некои од нив по својот престој во Америка ќе го донесат брутализмот во архитектурата. Ќе се изградат: Телекомуникацискиот центар, Државниот архив, Транспортниот центар, зградата на Вардар увоз-извоз, Домот на ЈНА, Културниот центар, Народна банка, станбените населби Карпош 3 и 4 и населбата Аеродром. Мора да се констатира дека е тоа блескавиот период на македонската архитектура. По осамостојувањето на државата, од 1991 година почна нова градителска ера. Постсоцијалистичкиот период во кој се понадевавме и видовме нови можности за градот и градењето, донесе нови разочарувања. Архитектурата на градот се најде во длабока криза и екстремни визии со поништувачки тенденции на постојното. Последните дваесет и пет години Скопје доживува деградација и маргинализација во
Скопје, Народна банка и Офицерски Дом
Скопје, Градска болница
Скопје, Стоковна куќа НАМА ПОРТА
Скопје, Телекомуникациски центар
ПОРТА
секоја смисла. Бетонска џунгла демне од скопските ДУП-ови. Алчноста за максимум градежна површина и профит ги помина сите граници на возможното. Се изгради „Скопје 2014“ како политички конструкт за нов идентитетски репер. Започна градба на целиот централен простор кој беше до несфатливи размери злоупотребен од проектот „Скопје 2014“. Денешниот главен Градски плоштад „Македонија“ со повеќевековна историја наликува на сценографија за холивудски филм. Улицата „Македонија“ претрпе комплетна метаморфоза. Задушена од објекти со недефиниран архитектонски јазик, пулсира со својот живот на главна пешачка улица, но изобилува со кич, какафонија од стилови, исфрлени платформи од кафетерии и ресторани со дополнителен декор. Запуштени се и неодржувани и многу од капиталните објекти со значајна архитектура (шалтерсалата на Поштата, библиотеката „Климент Охридски“, Студентскиот дом „Гоце Делчев“ и др.) Срушени се објектите на Сајмиште и Беко, а сомнителна е и градбата Стара железничка станица во сообраќајна смисла. И како резултат на сите интервенции деградиран е просторот на градот по едновековен слоевит развој во кој својата љубов и креативност ја вградија повеќе генерации. Се затворија струењата на воздух по главната оска Водно Стара чаршија, се уништија сите зелени оази и парковски катчиња, деградирани се многу објекти кои беа историски маркери на градот, од одредени историски периоди, културното и историско наследство е во очајна состојба. Станбената изградба ги окупира сите населби и слободни простори и старите индивидуални куќи ги замени со блокови и висококатници. Денес кога е евидентно дека има околу 6.000 невселени новоизградени станови и вишок слободен деловен простор, се актуализираат нови локалитети за градба со по 6.000 до 15.000 жители (Расадник, Ф-ка „Треска“, Холидеј Ин ). Дел од јавноста ги поставува прашањата „Каде бевме и каде сме сега?“, „Да се биде или да се има?“ По сите заложби на стручната фела, Асоцијацијата на архитекти, граѓанските организации и здруженија (Здравје пред пррофит, За одбрана на Дебар Маало и др.) за уредување на градскиот простор во служба на граѓаните, се чини дека достигнувањата наликуваат на лет во место. Гласот на разумот се губи меѓу агресивниот крик на сопствениците на парцелите и нивното право на градење и правните лавиринти на законската регулатива. Ако Скопје не успеа да сочува објекти кои симболично го означуваа статусот на градот и го впишаа во современите европски метрополи, ако не успеа низ целиот овој период на градежен бум да реконструира
и реинтерпретира ниедна улица од старото историско јадро, крајно време е и последна шанса за спас на последните три локалитети. Локацијата Расадник е последното слободно неизградено парче со сочувано постојно зеленило во една населба заситена со градби. Локацијата фабриката „Треска“ сместена е во централното подрачје на градот во радиус на голем број јавни и културни дејности. На локацијата постојат напуштените објекти од фабриката и зеленило кое е плански засадено, но и самоизраснато. Фабриката има култно значење и е последна трага од индустриското наследство, со евидентно висок јавен интерес. Затоа од посебна важност е што Општина Центар распиша јавен анонимен конкурс за урбанистичко решение. Локалитетот Холидеј Ин е урбан простор многу значаен за градот и за потесното централно подрачје, опкружен со фрагменти од културното и природно наследство на градот. Неговото решавање и реализација не треба да биде препуштено на тековната урбанистичка пракса. Тоа место има доминантна репрезентативна положба како зглоб што ги поврзува сите значајни точки на центарот источно и западно и од двете страни на реката. Затоа и има доминантна положба особено во концептот на Кензо Танге. Но за жал во случајот битката повторно ја извојуваа парите и профитот на сметка на јавниот интерес. По долгата административна бурлеска меѓу институциите, Општина Центар издаде градежна дозвола на фирмата Фешн-груп и МПЦ-ОА за почеток на градба на една од трите кули на локацијата Холидеј Ин. Сите овие локалитети треба да добијат шанса за покреативни решенија во интерес на градот и граѓаните преиспитани преку јавни и анонимни конкурси. Општината
Центар која ја има привилегијата и одговорноста да управува со центарот на државата и градот треба да опстои во напорите за изнаоѓање решение. Не сакам да ја минимизирам работата на градоначлниците, ме радува секој обновен булевар, сообраќајница, велосипедска патека, закрпена дупка, исчистена депонија, нова парковска оаза и зелен покрив, ново сообраќајно решение кое го олеснува сообраќајот и го намалува загадувањето. Ми се допаѓаат и многу од новоизградените објекти кои ги следат трендовите во архитектурата и служат на својата намена во позитивна смисла, но сите алармни светла светкаат дека градот ги губи шансите за санација и поправка на изгубените вредности. Без постоење визија за развој на градот се оди во фрагментации кои водат во ќор-сокак. На централното подрачје му е потребна длабока анализа во поширок контекст. Тоа впрочем го покажа и активирањето на локалитетот Холидеј Ин кој не може да биде набљудуван фрагментарно без територијата
на Ново Маало и Маџир Маало, која носи квалитети и остатоци од град што треба да се меморираат или реинтерпретираат. Освен тоа пејзажот и слободните простори се неизбежен дел од целокупниот комплекс. Градот мора да се гради и архитектите не може да бидат против тој процес, но не смеат ни понизно да им служат на инвеститори и алчни профитери. И на претходните заблуди и креативни лудости им служеа архитекти и урбанисти. Оние кои помагаат при нанесување трајни просторни и културолошки последици треба да бидат бојкотирани од струката и од граѓаните, а МПЦ како духовен водач треба да докаже дека го живее тоа што го проповеда. Ми одѕвонува рефренот „Градот убав пак ќе никне“ и се прашувам ќе остане ли тој само детска песничка. Мојот град, нашиот град заслужува шанса. Здрав и квалитетен живот на граѓаните може да им овозможи само квалитетна и одговорна градска власт во соработка со некорумпирана стручна фела со кредибилитет, интегритет, стручност и чесност. n
ПОРТА
комерцијален текст
Опис на позициите на отворите во архитектурата
есто сме сведоци на непотполни и неточни описи на поедини позиции на отвори, кои се изработуваат за главни, односно за изведбени проекти. Она што претпоставувам, најмногу придонесува за тоа е старата болка – недостаток на време, но можно е и игнорантскиот однос на проектантите. Описите на позициите се занемаруваат и се сведуваат на „копирање“ од разни проекти, па така нивната „примена“ станува универзална на секој нов проект. Со оглед на тоа што вредноста на работите во оваа област знае да промашува и 20 % од вредноста на објектот, коректни и технички правилни описи се од исклучителна важност. Денес, сè уште се чести ситуации во кои во описот на позицијата се бара на пример: „Трокрилен прозорец од ПВЦ-трокоморен профил со прекинат термички мост, изведен со сува монтажа, отворање околу вертикална и долна хоризонтална оска...“ Веројатно некои сега се прашуваат: „Што е тука спорно“? Имено, проблемот е во суштинското непознавање на ПВЦ како материјал за изработка на прозорски
Ч
32
ПОРТА
30 јули 2021
профили. Не е важно дали е тоа трокоморен, петкоморен или повеќекоморен систем, она што е битно е дека ниту еден прозорец изработен од ПЦв-профил нема ТеРМиЧКи МоСТ, така што барањето за „профил со прекинат термички мост“ кај ПВЦ-прозорец се поистоветува со браварија, со метални или алуминиумски прозорци, кој навистина треба да имаат т.н. прекинат термички мост, кој не е ништо друго туку пластика, како „мост“ помеѓу два метални профила, надворешен „ладен“ и „внатрешен“ топол. Исто така, она што се појавува во описите на позициите се и барањата поврзани со термичката изолација, каде неретко се повикува на одамна надминати стандарди, за што најдобар пример е барање за одредена „к - вредност“ од да речеме k = 2,4 w/m²K или пак, друга крајност, k = 0,8 w/m²K. Во ЕУ одамна не се користи „к - вредност“ како релеванта и таа е заменета со „U – вредност“, која според правилата е нешто повеќе од старата „к“. Со Правилникот во Босна и Херцеговина за техничките својства на прозорци и врати („Службен весник на БиХ“ бр. 6/09), Правилникот за технички барања за
топлинска заштита на објектите и рационална употреба на енергијата („Службен весник на БиХ“ бр. 49/09), во Босна и Херцеговина во оваа област работите се измениле од темел. Денешните стандарди бараат надворешните прозорци, балконските врати и кровни прозорци да задоволуваат коефициент на премин на топлина во вредност Uw = 1,8 W/m²K, каде Uw е готов прозорски елемент, каде се вклучени и крилото и штокот, и секако самото стакло.
„U-вредноста“ (коефициент на премин на топлина) е прилично слична на „к-вредноста“ во тоа што претставува мерка на количеството топлина која ќе премине низ одреден квадратен метар во тек на еден час, каде постои температурна разлика топло-ладно од 1 К. Значи U-вредноста мери топлинска трансмисија, односно топлински губитоци, колку е помала U-вредноста толку е подобра изолацијата. Така што можеме слободно да ја потврдиме претходната констатација дека бројот на комори на ПВЦ-прозорци повеќе не е релевантен за подобра топлинска заштита, односно дека повеќе комори не мора да значат и подобра изолација, како ниту дебелината и широчината на самиот профил, релевантна е Uf вредноста на ПВЦ- профилот, односно Uwвредноста на комплетниот прозорец. Покрај со проектот барани U-вредности за ПВЦ, алуминиумски или други материјали за прозорските профили, често се наведуваат и посебни барања за застаклување. Со оглед на тоа дека технологијата за производство на стакло значително е напредната, посебните барања за траспареција, соларен фактор итн., секако имаат смисла. Меѓутоа, сите барања кои се предвидуваат за прозорците со проектот, мора да бидат во корелација, односно треба да се усогласат на таков начин едното да не го исклучува другото. Во спротивно, освен естетските барања во однос на бојата на стаклото и неговата технолошка обработка (на пример; боено зелено, сатинато итн.) и евентуално дополнително барање за сигурност, доволно е да се постават само неколку услови со кои ќе се сумира сè друго. На пример, правоаголен прозорец, двокрилен со подвижна пречка, Uw ≤ 1,8 w/m2K, rw ≥ 33 dB. Со ова се подразбира дека комбинацијата на рамот и стаклото, без оглед на нивните поединечни U-вредности, во однос на готов прозорец мора да задоволи коефициент Uw ≤ 1,8 w/m2K, односно дека застаклувањето мора да биде такво што покрај топлинската изолација треба да има и добра звучна изолација, каде во корелација со рамот, прозорецот има звучна изолација не помала од
33 dB. Со ова ги игнорираме поединечните вредности, бидејќи ни е важен само крајниот резултат, да ја задоволиме топлинската и звучната изолација, а можните комбинации на профилот, стаклото, гасот итн., ги оставаме на волјата на производителот на прозорци. Бидејќи на пазарот се присутни различни производители каде разликата во цената и димензиите на истиот елемент може да биде двојно поголема, важно е да се утврдат минималните барања во однос на квалитетот на материјалите за изработка на рамката на прозорецот. Важно е повторно да се напомене дека дебелината на ѕидот на профилот, исто така, не игра значајна улога, едноставно затоа што сите производители немаат иста рецептура за ПВЦ. Она што треба да нè интересира е механичка цврстина, отпорност на атмосферските влијанија и на крајот на краиштата, гаранцијата! Во случај на ПВЦпрофили, сегашниот стандард на БиХ е BAS eN 12608, кој пропишува категории во однос на дебелината на ѕидот на ПВЦ- профилите. Според BAS eN 12608, ПВЦ-профилите се поделени според дебелината на ѕидот на класи: класа А (невидливите sидови мора да бидат ≥ 2,5mm, а видливите, надворешни ≥ 2,8 mm), класа B (невидливите sидови мора да бидат ≥ 2,0mm, а видливите, надворешни ≥ 2,5mm) и класа С - нема барања.
Според наведеното, секој елемент треба да ги задоволува и другите со закон, односно со правилници пропишани вредности. Задолжително треба да се одреди класата на отпорност на оптоварување со ветар, според стандардот BAS eN 12210, каде што е пропишана класа на отпорот, во зависност од дозволената фронтална девијација (A < 1/150; B < 1/200; C < 300) и предвиденото оптоварување на дадената локација. Класа на водонепропустливост според нормата BAS eN 12208 и класа на херметичка отпорност според BAS eN 12207 (Со Правилникот за технички барања за топлинска заштита на објекти и рационално користење на енергијата пропишана е минимално Класа 2 херметичност за објекти до 2 ката и Класа 3 за објекти над 2 ката). Последни, но не и најмалку важни се безбедносните квалификации, каде што се пропишани часови за заштита од провали според местото на употреба и желбите на корисниците, во термини rC1 (resistance Class), rC2, rC3 итн. Меѓутоа најчесто се користат термините како што се „аголен сигурносен оков“, а станува збор за стандарден дел на оков, т.н. затворач, кој се наоѓа во долниот десен или лев агол на рамката и кој е составен дел на секој систем на „основниот сигурносен оков“. Комплетна безбедносна опрема е онаа која има заклучување, т.е. безбедносно затворање на минимум пет места на рамката. Со цел да се избегне каква било конфузија, доволно е да се препише класата на отпор, на пр. rC2, со што сме ги дефинирале сите други карактеристики на оковот, покрај безбедноста, а во случајот на rC2 тоа значи низа статички и динамички проверки (на пр. за rC2 удар на цилиндар обложен со гума со тежина од 50 кг, со висина од 45 cm, и за rC3 со висина од 70 cm) и мануелни обиди за провала со различни алати во зависност од класата на отпор. n
ПОРТА
архитектура
Пливачкиот комплекс на самиот Кога Paul Noritaka Tange ги доби правата за проектирање на Aquatics Centre, една од првите работи кои ги направил, била посетата на гробот на неговиот татко, големиот, „нашиот“, Кензо Танге. „Сакав да му кажам дека и јас доволно пораснав за да го направам ова. дека канцеларијата што ја основаше сè уште се бори“, изјави Пол (63) за неговиот татко Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. лимписките игри му донесоа на Токио подарок во вид на компромис. Од иновативни проекти до постари спортски објекти, најголемиот спортски настан на светот го прават Токио да гледа како на минатото, така и на иднината. Токму тоа е случајот со објектите каде се одржуваат натпреварувањата во водени
О
спортови, а тоа се објектите Tatsumi International Swimming Cente и Tokyo Aquatics Centre. Пливањето може да се смета за еден од најпопуларните настани на кои било Летни олимписки игри. Пливачкиот комплекс во Токио, сместен е во Tatsumi, подрачјето Кото на самиот брег на Токискиот Залив. Област од сите страни опкружена со вода, но поврзана со копното со четири моста: Shiomi на север, Shin-Kiba и Yumenoshima на исток и Shinonome на запад. Западната страна е
главно станбена, додека источната во голема мера се состои од паркови. Името „Tatsumi“ значи „југоисток“ и е преземено од правецот на подрачјето на Царската палата во Токио. Натпреварувањата во водени спортови на Летните олимписки игри 2020 година ќе се одржат во пространите тревни површини Tatsumi во југозападниот дел на паркот каде се сместени пливачките центри, Tatsumi International Swimming Cente и Tokyo Aquatics Centre.
Tokyo Aquatics Centre 34
ПОРТА
30 јули 2021
TATsUmi iNTerNATioNAl sWimmiNg CeNTe и ToKyo AqUATiCs CeNTre
брег на Токискиот Залив
TATsUmi iNTerNATioNAl sWimmiNg CeNTe Еден од постарите објекти кој ќе се користи на Олимписките игри е Tatsumi International Swimming Cente, кој е домаќин на натпреварите во ватерполо. Овој иконичен и простран простор проектиран е во 1990 година да служи како главен објект за пливање и за други спортови на вода во
Токио. Објектот е проект на mitsuru Senda и environment design Institute, фирма за архитектура во Токио, и е инспириран од обликот на крилјата на птицата додека се вивнува на небото. Нарачан е од Бирото за пристаништа, единица на токиската градска власт. Зградата во најголем дел е изградена од армиран бетон, освен покривот, кој е лачна решеткаста челична 30 јули 2021
ПОРТА
35
конструкција. Пет лачни покривни површини се надвиснуваат и навлегуваат една во друга. Проектот за конструкција е на Kozo Keikaku engineering, а објектот е пуштен во употреба во март 1993 година. Уникатната форма и дизајн на објектот со капацитет за 5.000 гледачи го прави да се истакнува во областа Tatsumi. Објектот го надминува времето кога е изграден. И по речиси 30 години зградата е привлечна и се чини дека е современа. ToKyo AqUATiCs CeNTre Tokyo Aquatics Centre, последниот од новоизградените објекти за Олимписките игри во Токио 2020 година, беше претставен во октомври 2020 година со седум месеци задоцнување поради глобалната пандемија - но вредеше да се чека. Проектот на Yamashita Sekkei и Tange Associates е во непосредна близина на старата „мека“ на јапонското пливање. Кога Paul Noritaka Tange ги доби правата за проектирање на Aquatics Centre, една од првите работи кои ги направил, била посетата на гробот на неговиот татко, големиот, „нашиот“, Кензо Танге. „Сакав да му кажам дека и јас доволно пораснав за да го направам ова. Дека канцеларијата што ја основаше сè уште се бори“, изјави Пол (63) за неговиот татко, кој почина во 2005 година на 91 година. Школуван во Швајцарија и на Харвард, помладиот Танге се приклучил на фирмата на неговиот татко по дипломирањето во 1985 година. Тој вели: „Верувам дека сме единствени татко и син на светот, кои проектирале исто олимписко место. И навистина, силното чувство на почит кон мојот татко е дел од тоа зошто сакав ова да го направам.“
Tokyo Aquatics Centre 36
ПОРТА
30 јули 2021
Tatsumi International Swimming Cente Кога постариот Танге ја изгради Yoyogi National Gymnasium како арена за пливање за Игрите во 1964 година, нејзиниот
смел лебдечки покрив и кули - евоцирајќи јапонски храмови и висечки мостови стана симбол за триумфалното враќање
на Јапонија на светската сцена по воениот пораз, помагајќи да се направи Првите олимписки игри во Азија да бидат прослави на воскресение и обновување. Tatsumi International Swimming Cente претставува високотехнолошки објект со 15.000 места за гледање за времетраење на игрите. Изграден е од градската влада на Токио - Tokyo metropolitan Government (TmG). Објектот е домаќин на натпреварувачите во пливање, нуркање и уметничко пливање. Зградата е на пет нивоа, четири ката над земја и еден под. Се издига на висина од 37 метри со вкупна површина од 65.500 квадратни метри. Вклучува главен базен со 10 пливачки патеки, базен за обука и базен за нуркање. И главниот базен и базенот за загревање, имаат подвижни подови и sидови и имаат опции за приспособување на длабочината со што е овозможена единствена флексибилност. Базенот може да се подели на два соседни базени со краток тек, со почетните блокови способни да се приспособат каде било во рамки на 50 метри. Длабочината може да се менува и до три метри. Внимателно се разгледуваа сите детали, од бањите до греењето на водата во базените. Врз основа на Токио 2020 насоките, објектот е проектиран да биде достапен за сите, вклучувајќи стари лица, лица со инвалидитет, родители со мали деца и оние со кучиња водичи. Особено внимание е посветено на рамноправното седење, овозможувајќи им на сите гледачи јасно да ја видат акцијата во пливалиштето, дури и ако гледачите стојат пред луѓето во инвалидска количка. Температурата на водата ја одржува еколошки уред за геотермално греење, значително намалувајќи ги емиисите на јаглерод, а изгледот на плафонот е инспириран од оригами, јапонски форми од хартија. Јапонската пливачка ѕвезда, rikako Ikee, државна рекордерка во 50 метри слободен стил и 100 метри пеперутка, го пофали модерниот објект: „Беше пријатно да се плива затоа што е длабоко 3 метри и мислам дека е одлична арена.“ Додека не завршат игрите, објектот е со ограничен пристап само за спортски федерации. После игрите, плановите се да се отвори објектот за јавноста за сите „да се занимаваат со спорт и да го подобруваат здравјето и благосостојбата“, велат од јапонската Влада. n
Tokyo Aquatics Centre
ПОРТА
aрхитектура
Архитектонски апстинизам архитектурата отсекогаш била и политички инструмент, давајќи форма на догма и доктрина, идеологија или верување. Но, идејата дека уметникот треба да го рефлектира времето нужно поставува критична врска со актуелните политики од страната на општествената опресија, нееднаквоста и слободниот дух на говорот Никола ЃОРЃИЕВСКИ, м-р арх., м-р пејз. арх. олжноста на еден уметник, што се однесува до мене, е да го рефлектира времето. Сметам дека тоа е вистинито за сликари, скулптори, поети и музичари. Сепак, тоа e личен избор. Но, јас, одлучно го рефлектирам времето и ситуациите во кои се наоѓам. Тоа е моја должност, и во овие критични времиња во нашите животи, кога сè изгледа очајно, кога секојдневието е прашање на преживување, мислам е невозможно, а да не си вмешан. Младите луѓе, црни и бели, го знаат тоа и затоа се толку вклучени во политиките. Ние, или ќе ја оформиме нашата држава, или нема да биде оформена воопшто! Па така, сметам дека немаме избор; како може да се наречеш себеси уметник ако не го рефлектираш времето во кое живееш. Тоа, според мене, e дефиницијата за еден уметник.“ – Нина Симон, интервју во Монтреал, Канада, 1980 Ако архитектурата е форма на уметност, тогаш, архитектот, како уметник, ја сноси должноста и одговорноста што ја препишува Нина. Практично, историјата на човештвото пресликана низ инвентар од архитектонски објекти, од атинскиот Партенон, 447 година пр. н. е до данскиот Копенхил/Амагер Баке, 2017 година, го рефлектираат времето на нашата
„
38
Д
ПОРТА
30 јули 2021
аРХиТеКТоТ ЦеЛоСНо НеСЛоБодеН и ЗаГЛавеН во иНТеРеСиТе На иНвеСТиТоРиТе цивилизација долж различните општествени ситуации и амбиции. Архитектурата отсекогаш била и политички инструмент, давајќи форма на догма и доктрина, идеологија или верување. Но, идејата дека уметникот треба да го рефлектира времето нужно поставува критична врска со актуелните политики од страната на општествената опресија, нееднаквоста и слободниот дух на говорот. Овој став е главната премиса на текстот, и првиот проблем со кој се среќава архитектот. Сетот на експресивни алатки кои ги користи се длабоко инфилтрирани низ општествените процеси, процедури, бирократии и истовремено заклучени и условени од страна на управителите, инвеститорите или политичарите. Всушност, архитектот твори под одредени услови, за туѓи цели и тивко се обидува да вреже дел од своите верувања и принципи во проектот. Објектите кои архитектурата ги издвојува како ремек-дела се најчесто исклучок од правилата, создадени во ретки и спорадични периоди, кога архитектот доживува ослободување – изолирана естетика, атмосфера и чувство; истакнување на човековиот интелектуален етос. Ваквите згради заземаат зрно од изградениот свет, а истовремено, нивната документација илустрира сценирана општествена онтологија, иако тие не ја рефлектираат вистинската критична слика на времето, туку таа посакуваната или нарачаната. На пример, првиот облакодер во Чикаго, 1885 година – „ Home Insurance Building“ е изграден две децении по потпишување на тринаесеттиот амандман на Уставот на Соединетите Американски Држави во 1865 година, по Американската граѓанска војна. Америка во тој период бои
избор.“ Архитектот во пракса, се чини, како секогаш да е на спротивната страна од критичните општествени случувања, иако архитектурата, парадоксално, секогаш го изучува и зема предвид општествениот социополитички контекст. Дали облакодерот во Чикаго може да го сметаме како директен одраз и одговор на вистинските проблеми во доцната половина на 19-тиот век во Америка? Дали облакодерот е став на архитектот, и воедно, одбив да се занимава со актуелните проблеми во општеството?
слика на прогресивна земја, со научна агилност и спремност. Облакодерот го рефлектира човековиот идеал додека, истовремено, маргинизираните групи во општеството се ослободуваат од ропство. Нормално, архитектот, фасциниран од новите материјали и мирисот на индустриската револуција го канализира отскокот на дисциплината, додека поети, текстописци и музичари ја истураат својата мисла низ стих, што ја изразува човековата состојба на секојдневието. Меѓутоа, двете секојдневија постојат паралелно, и ниту еден не е грешен во своите намери, но, како што вели Нина Симон, „сепак, тоа е личен
даЛи аРХиТеКТоТ е ХиПоКРиТ? Сепак, како што напоменав, агенсот на архитектот не е ист како тој на сликарот или пејачот. Алатот на архитектот е многу посложен и поскап во споредба со спреј за графити или снимен испеан збор. Меѓутоа, архитектурата, во својата финална форма, еднакво испраќа порака како и секоја друга форма на уметност. Прашањето е, дали архитектот го има револуционерниот слободен дух на пејачот или сликарот судејќи според архитектонските творби во времиња на морална криза. Дали архитектот е секогаш неутрален? Овој текст нема за цел да го дискредитира трудот на архитектот, туку да ја запраша неговата вистинска улога, како уметник, во општеството, земајќи ги предвид филтрите низ кои минува архитектонската идеја пред да добие формална манифестација во физичкиот свет. Ако политиката има за цел да го развива, трансформира и води општеството и околината, ставајќи приоритет на одредени идеологии, политички креации, редистрибуција на ресурси и моќ, тогаш архитектурата, или пак, политичката архитектура, мора да започне како критичен соучесник на таквите нови процеси, преземајќи ризик од можноста да стане алиби на непосакувани случувања, и истовремено еднакво виновна. Исклучително е битно да се сфати улогата на архитектурата, и нејзината значајност вон политичките намери, но и неизбежната врска која мора да постои ако архитектот реши да има критична општествена позиција. Всушност, тука архитектот доживува дилема и диференцијација од другите уметници, бидејќи еден текстописец или сликар кој ги рефлектира проблемите во општеството, нема потреба, и некогаш нужно не треба да биде асоциран со актуелните политики, додека архитектот мора да биде медијана за неговите дела да доживеат финална форма, односно, физичка манифестација. Можеби, ако средишната позицијата на архитектот почне 30 јули 2021
ПОРТА
39
да се менува, тогаш архитектот ќе се занимава со вистинските проблеми над нечии владејачки каприци и потреби, користејќи ги нивните агенси за остварување на вистинските потенцијали на архитектурата. Но, како може да зборуваме за вистински вредности и потенцијали на архитектурата, кога архитектонската едукација сè уште нема исчекорено доволно напред во процесот на архитектонско освестување токму за ваквата критична позиција на архитектот, акцентирајќи ја опасноста од завршување под нечија диригентска палка. Дали архитектот бил отсекогаш злоупотребен, и дали таквата пракса овозможува перфидна комоција која го занемува и задоволува архитектот?
40
ПОРТА
30 јули 2021
аРХиТеКТоТ МоРа да вНиМава и да Биде СвеСеН Зад ЧиЈа ЛиНиЈа СТои Архитектонската едукација сè уште се фокусира на естетика, детали и создавање атмосфери, и притоа, го дифузира осетот за реалноста. Наместо да ја употребува својата единствена и специфична моќ – давање форма на инвентар од информации, архитектот излегува надвор од школото и слепо ги нуди своите услуги за естетика, детаљ и атмосфера на разноразни институции, кои не секогаш се на страната на подобрување на општествената состојба. Секако, архитектурата може да биде елитистичка, и нема потреба да биде критична и да се занимава со актуелните проблеми, но тогаш архитектот мора да внимава и да биде свесен зад чија линија стои, за да не се најде, непосакувано, таму каде труло ќе твори. Токму идејата за давање форма на секојдневните проблеми и околности, ме наведува да размислувам за отворање на инвентарот на архитектот вон триото наречено „естетика – детаљ – атмосфера.“ Оттука и мислата за квалификација на други елементи како исконско архитектонски, како на пример неупотребен простор, парче пејзаж, или вода и воздух. Ако треба и нужна дисоцијација на зградата како единствената физичка појава на архитектурата. Но, во денешно време, кога зградата е толку длабоко поврзана со
манифестот на архитектурата, неградењето е можеби став на архитектот кој критично го рефлектира времето и ситуациите во кои се наоѓа, односно архитектонска апстинација. аРХиТеКТоТ ЦеЛоСНо НеСЛоБодеН и ЗаГЛавеН во иНТеРеСиТе На иНвеСТиТоРиТе Погледнете го Скопје, натрупано, небезбедно и загадено. Архитектот целосно неслободен и заглавен во интересите на инвеститорите, политичарите и управителните организации. Уметност сведена на административна логика, а архитектот заробен во маргините на РЛ и ГЛ. Нема крај, нема крик, нема слобода, нема бунт, нема протест, нема спротивставен став, нема глас. Во еден ваков критичен момент, моќта на архитектот е да каже „не“, и да почне да ги гледа вистинските проблеми во општеството, и да нуди архитектонски решенија таму каде има потреба. Зошто архитектот мора исклучително да биде поврзан со глаголот гради? Зошто архитектот да не руши, трансформира и апстинира? На пример, во Скопје има потреба од рушење, а не од градење. аРХиТеКТУРаТа Се СведУва На ТеХНиЧКи ЧиН Зад ТУѓи и НеиСКРеНи веРУваЊа Конечно, архитектот, во време на морална, градска и климатска криза, мора внимателно да одбира каде работи и што работи, и истовремено да разбере дека неговата архитектонска едукација нема потреба секогаш да заврши со зграда. Тој креативен процес на давање форма од мноштво информации, физичка или метафорична, може да биде искористен во други мултидисциплинарни проекти кои немаат амбиција да изградат зграда. Архитектот може да работи многу посложени задачи од градење зграда и ова мора да ни стане јасно, што побрзо, бидејќи неодржливата пракса на бетон што го гриза природниот предел само побрзо ќе ја влоши човековата состојба на планетата Земја. Градењето уште една зграда треба да биде одговор на некаков општествен проблем во момент кога ниедно друго решение нема да даде резултат, и ако веќе се донесе таква одлука, од исклучително
значење ќе биде начинот и материјалите кои ќе се употребат за да се изгради таа зграда. Последно, архитектот, како научник, истражувач и градител, но и како уметник, може да доживее слобода кога сам ќе ги детектира проблемите во околината, градот и општеството, и ќе интервенира без туѓи влијанија, желби и идеологии. Тогаш, архитектонската интервенција искрено би го рефлектирала времето и ситуациите во кои се наоѓаме. Во спротивно, улогата на архитектот доаѓа до можна злоупотреба, а архитектурата се сведува на технички чин зад туѓи и архитектонско неискрени верувања. n
ПОРТА
дизајн
Геометрија и постојана игра со форми и бои инспирацијата за брендот и уметничките дела е насекаде и во секое време, од секојдневни предмети и случувања до најпознати уметнички дела. Но, главно, како архитект и дизајнер, инспирацијата е црпена од модерната како уметнички правец, и од некои од најголемите уметници од претходниот век
ПОРТА 3 Општо за студиото: „Студио аннго“ е креативно студио од Скопје кое дизајнира и рачно изработува ѕидни скулптури од дрвен материјал. Студиото е основано во јуни 2020 година од архитектот Ангела Стефановска. Архитектурата, уметноста и дизајнот се сфери испреплетени и меѓусебно поврзани, па преку скулптурите авторот ги интегрира, каде како главен и препознатлив елемент се појавува геометрискиот шаблон или „pattern“. Она што ги прави дизајните впечатливи и единствени, е токму тој геометриски шаблон или „pattern“ кој е главен мотив во сите уметнички дела. Шаблонот, кој воедно претставува идентитет на самиот бренд, ги содржи основните форми во геометријата - круг, триаголник и квадрат, како и нивните модификации. „Водејќи се по познатата мисла дека она што е најлично за уметникот е креативната енергија која ја носи во себе и која искрено доаѓа од внатрешноста, како и начинот на кој избираме да ја пренесеме на светот околу нас. Тоа ја опишува нашата ментална 42
ПОРТА
30 јули 2021
слика и пренесува силна субјективна порака преку која ние се издвојуваме како уметници и дизајнери со нашиот стил. Па така првичната идеја за брендот произлегува од континуираниот интерес за геометријата и постојаната игра со форми и бои, на тој
начин создавајќи секогаш впечатлив минималистички дизајн. Бидејќи ваквиот пристап нуди голем број на комбинации со геометриски форми и бои, креативниот процес на работа е секогаш интересен, различен и динамичен, и овозможува секое
СКУЛПТУРи од дРвеН МаТеРиЈаЛ дело да е уникатно и единствено“, вели Ангела за својата идеја за брендот и додава како ја наоѓа својата инспирација „Инспирацијата за брендот и уметничките дела е насекаде и во секое време, од секојдневни предмети и случувања до најпознати уметнички дела. Но, главно, како архитект и дизајнер, инспирацијата е црпена од модерната како уметнички правец, и од некои од најголемите уметници од претходниот век, од Василиј Кандински до Казимир Малевич, па сè до големите пионери на модерното движење, како што се Реј Имс, Пјет Мондријан и многу други уметници во чии дела се препознава имплементирање и изразување со геометриски форми“. Начин на изработка: Скулптурите имаат свој систем на составување по модули и слоеви. Тие се составени од исечени парчиња дрво, подредени во неколку слоеви, во разни бои и геометриски форми, создавајќи на тој начин истовремено тродимензионален и дводимензионален ефект. Ваквото моделирање во неколку слоеви и спојување на парчињата нуди голем број варијации и комбинации со форми, бои и димензии, правејќи ги скулптурите уникатни и достапни за секој простор. Креативниот процес во студиото најчесто започнува со работни скици-цртежи, преку кои идеите и дизајните се пренесуваат на лист хартија. Потоа се изготвуваат технички цртежи со прецизни димензии според кои дрвениот материјал ласерски се сече. Важна улога игра изборот на палета на бои со кои рачно се фарбаат сите исечени парчиња. Завршен и финален дел во целиот процес е
лепењето и спојувањето на парчињата едно врз друго по слоеви, кои на крајот ја градат финалната уметничка композиција. Серии и продкути: Уметничките дела во студиото се поделени на неколку серии: Puzzle (Сложувалка) серија, shape (Форма) серија, As part of the furniture (дел од мебел) серија и најновата Accessories (додатоци)
серија. Секоја серија го содржи геометрискиот аннго шаблон, но е различна и препознатлива на свој сопствен начин. Обидот за имплементирање и експриментирање во дизајнот, наспроти ѕидните скулптури, со мебел и секојдневни предмети потекнува од љубопитноста и желбата уметноста да се изрази и преточи на различни начини и во различни функции.
30 јули 2021
ПОРТА
43
Puzzle (Сложувалка) серија Серијата Сложувалка е првата серија која е лансирана во студиото. Концептот на повеќе колоритни парчиња дрво и начинот на нивното составување и подредување во една финална целина наликува на сложувалка, од каде што потекнува и самото име на серијата. Дрвените парчиња имаат слободен редослед на составување, но некогаш и претходно подготвен цртеж-скица за усогласено распоредување на геометриските форми, големината и боите по слоеви.
44
ПОРТА
30 јули 2021
Скулптурите може истовремено да бидат поставени хоризонтално или вертикално во просторот. Тотем скулптура (Totem sculpture) од серија Сложувалка (Puzzle series) Стариот свет објект наречен Тотем, кој претставува духовен и симболичен амблем, изменет и прикажан со модерен геометриски изглед. Со нагласен вертикален изглед и во кубистички стил, Тотем скулптурата се издвојува како најдобро оценето уметничко дело од страна на публиката во студиото досега.
Триптих скулптура (Triptych sculpture) од серија Сложувалка (Puzzle series) Триптих скулптурата претставува сет од три поединечни дела кои со заедничка поставеност градат една геометриска целина. Серија Форма (shape series) Серијата Форма претставува послободна експресија на формите кај скулптурите. Во оваа серија е занемарено она шаблонско подредување како кај останатите серии од аннго и се става акцент на асиметричен, минималистички и разигран композициски ритам, изработен низ препознатливиот слоевит модул. Секое парче е единствено и уникатно. Серија дел од мебел (A s part of furniture series) Дел од мебел серијата претставува серија преку која се имплементира препознатливиот шаблон на аннго на парчиња стар или нов мебел, чијашто главна цел е уникатна и динамична трансформација на истиот. Идејата е
дека секое парче мебел што изгледа старо, обично или дури здодевно да добие втора шанса во ентериерит со
модерен и разигран изглед преку геометрискиот шаблон. Од оваа серија досега се издадени странични маси за
ПОРТА
Ангела Стефановска има 26 години, живее и работи во Скопје. Магистрира на Архитектонскиот факултет во 2019 година, и моментално работи внатрешен дизајн и апликативна уметност или дизајн
кафе и комоди за телевизор. Accessories (Додатоци) серија Најновото од студиото е серијата Додатоци која го имплементира геометрискиот шаблон на предмети кои ги среќаваме и користиме низ секојдневието. Првиот продукт е табла за играње, рачно изработена – една од најстарите и најпознатите друштвени игри добива геометриски аннго израз и поинаков
ПОРТА
специфичен уметнички изглед. Она што доаѓа следно од студиото е стремеж кон создавање целосен уметнички или дизајнерски правец кој ќе биде препознатлив на овие простори и интернационално, односно препознатлива аннго геометриска и апликативна уметност, со фокус кон постојано развивање и трансформација на идеите. n
ПОРТА
комерцијален текст
СОНЦЕТО НЕ МОЖЕ ДА СЕ КОНТРОЛИРА, НО МОЖЕ ДА СЕ УПРАВУВА! ФЛеКСиБиЛНа и СТиЛСКа ЗаШТиТа од СоНЦе Со НадвоРеШНиТе веНеЦиЈаНеРи На WAremA
Целта на елементите за заштита од сонце не е целосно да се избегне дневната светлина, туку интелигентно и флексибилно да се искористи истата. Заштитата од сонце може да го промени изгледот на фасадата, но и квалитетот на престој внатре во просториите. Надворешните венецијанери на германскиот бренд Warema се одликуваат со чист и јасен дизајн, многубројни варијанти за секој вид и естетика на фасада, како и можности за покривање на големи површини (до 5m широчина на самостоен елемент).
ПОРТА
изборот на форма на ламелите се одредува од индивидуалните желби и потреби- класичен изглед со заоблен профил; речиси целосно затемнување со помош на извиткани профили или минимален пакет ламели во собрана положба со сплесканиот рамен профил. easy Clean хидрофилна површина за разградување на органска нечистотија и честички од смог. Фотосензитивната облога од титаниум диоксид при контакт со вода ги ослабнува честичките на нечистотија и истите се елиминираат без задржување на капки вода по површината.
опција за отворена глетка однатре нанадвор, истовремено чувајќи ја приватноста блокирајќи погледи однадвор- со Warema Pro Visio. Со помош на нерамномерна ротација на ламелите- отворен агол на ниво на очите и постепено намалување (затворање) на аголот во долната зона, се постигнува блокирање на погледи однадвор, додека внатре се искористува дневната светлина и се задржува беспрекорна глетка нанадвор.
Заштита од сонце на целосно застаклен агол- конечно без конструкција која го попречува транспарентниот изглед! Со помош на иновативни аголни споеви на ламелите, се постигнува непречен изглед на модерниот целосно застаклен агол. Во состојба на собрани венецијанери не останува видлива конструкција во зоната на аголот.
која фасада, во комбинација со заштита од сонце или како самостоен елемент. Warema системи за интелигентно управување со заштитата од сонце. Можност за различни видови централно или далечинско управување. Моторите на заштитните елементи може да бидат поврзани со далечински управувачи, контролни панели, како и со сензори за автоматско придвижување при одредени временски услови. n
Visio Neo- заштита од пад, интегрирана во профилот на елементот за заштита од сонце. Комбинација на елеганција, минималис-тички изглед и сертифицирана безбедност. Тенката стаклена површина може да биде интегрирана во било 30 јули 2021
ПОРТА
49
екологија
Загадувачот (треба да) плаќа“, но работите мора да се дефинираат транспарентно и многу прецизно
иако оправданоста од воведувањето на ваква такса генерално не е спорно, владата не се потруди конкретно и детално, да ги изрази екстерните трошоци од употребата на фосилните горива кај нас, пред да испроектира дополнителен годишен прилив од над 50 милиони евра во буџетот собрани од новопредложената „еколошка“ такса. Aна М. ЛАЗАРЕВСКА, редовен професор
С 50
ПОРТА
о Софиската декларација од ноември 2020 година, земјите од т.н. Западен Балкан се обврзаа на имплементација на активностите вградени во петте столба од „Зе30 јули 2021
лената агенда“ (I. Клима, енергија и мобилност; II. Циркуларна економија; III. Деполуција на воздух, вода, почва; IV. Одржливо земјоделие и производство на храна; V. Биодиверзитет),,,. Во рамки на првиот столб, во фокус се енергетската ефикасност, транзицијата кон обновливи извори на енергија на сметка на класичните, т.е.
постапно укинување на фосилните горива, како сериозни загадувачи, и нивна замена со обновливи и/или алтернативни извори на енергија, од една страна, и намалување на потребата за енергија преку примена на мерки за енергетска ефикасност (во согласност со Европската директива за енергетска ефикасност), од друга.
„еКоЛоШКа“ ТаКСа На ГоРиваТа во СоГЛаСНоСТ Со „ЗеЛеНаТа аГеНда“ Ваквиот пат, се разбира, е неминовност. Сепак, во центарот на овие промени треба да биде благосостојбата на граѓанинот, бидејќи само на тој начин транзицијата кон „позелен“ и поодговорен кон животната средина начин на битисување, ќе биде одржлива, прифатлива и праведна. Во спротивно, зборот „транзиција“ ќе се поврзува со истата горчина и непопуларност, стекната на преминот од еднопартискиот во повеќепартискиот систем на нашиве простори во текот на неправедната приватизација на општественото добро. На крајот на јуни 2021, јавноста се разбранува од потегот на Владата на Република Македонија за воведување т.н. „еколошка“ такса на горивата. Според предлогот, „еколошката“ такса нема да биде еднаква за сите горива. За дизелот, екстра лесното масло и мазутот таа ќе изнесува 3,5 денари/литар (или кг соодветно), односно 4,13 денари со пресметан ДДВ. Додека пак за безоловниот бензин, „еколошката“ такса ќе изнесува 3,1 денари за литар без пресметан ДДВ. Пресметките се дека, годишно, по овој основ, во буџетот ќе се обезбедат дополнителни приливи од над 50 милиони евра. Оправдано или не, Законот во Собранието ќе добие и европско знаменце,,, поради што, опозицијата најави и блокади на донесувањето на законот. Според Законот за животна средина, член 184 (Висина на надоместоци за нафтени деривати) и во моментов се пресметува „симболична“ „еколошка“ давачка за горива, која се движи од 0,03 денари/литар кај дизелот до 0,08 денари/литар кај бензините. Определувањето на оваа такса на постоечкото ниво, долго време е еден од клучните фиксни фактори, цените на горивата кај нас да се држат на пониско ниво споредено со други држави од регионот, а особено со Европската Унија. Но, веднаш се поставува прашањето дали со оваа такса се опфатени сите фосилни горива кои се увезуваат во земјата? За жал, одговорот е не! Загрижувачки, но еден од најголемите загадувачи – нафтениот кокс (рус. нефтяной кокс, анг. petroleum coke, разг. петрол-кокс, петкокс и сл.) не е опфатен со предлогот. Според јавнодостапните податоци од Интегрираните еколошки дозволи, во земјава повеќе компании користат нафтен (петрол) кокс: УСЈЕ Цементарница Скопје, Нова Слога 2007, Ресен, АД ИГМ Еленица Струмица, ТД ИГМ Џумајлија, Лозово и др. Петрол-коксот,, е високозагадувачка материја (повеќе од мазутот) со високи концентрации на сулфур во опсег од 4,5 до 8 % (горната дозволена граница за мазут е 1 %), летечка пепел: 0,9 ‐ 1,53 % (горната дозволена граница за мазут 0,1 %), ванадиум: 500 ‐ 2.000 ppm (за мазут 120 ppm), содржина на тешки метали: никел (токсичен) 510 ppm, манган 40 ppm. За
споредба, во согласност со законите во еден од нашите соседи, член на Европската Унија (ЕУ), Р Грција17, дозволените типови горива за индустриските инсталации се следните: дизел, мазут, втечнет природен гас и природен гас. Можноста за дозвола за користење петролкокс од страна на некои инсталации е регулирана т.е. тие може да побараат дозвола за користење, но притоа, мора да понудат детално објаснување (како пример може да се посочат компании за производство на тули во Лариса). Искуството покажало дека, и покрај оваа пракса за добивање дозвола од надлежните за користење на наведените видови горива, граѓаните имале голема реакција против дозволата на инсталацијата да користи петрол-кокс.
Клучните прашања на кои овој осврт се обидува да даде одговор, се: l дали со ваквиот предлог од Владата, товарот ќе биде рамномерно распореден – т.е. оној што загадува повеќе, да плати повеќе – и l дали собраните средства од вака дефинираните „еколошки такси“ ќе се трошат наменски и под кои критериуми ќе биде тоа трошење? Одговорот на првото прашање веќе се наговестува со фактот дека согласно предлогот од Владата, со „еколошката“ такса не е предвидено опфаќање на петрол-коксот. Значи, примарното начело кај „ еколошките“ даноци – т.е. тие да бидат насочени кон загадувачот или кон неговото однесување/работење/менаџирање со постројката која загадува (а во согласност 30 јули 2021
ПОРТА
51
со начелата за заштита на животната средина од Законот за животна средина, член 9, т.е. „загадувачот плаќа“ ), не е исполнето. Во Законот за животна средина, овој член предвидува дека „загадувачот е должен да ги надомести трошоците за отстранување на опасноста од загадување на животната средина, да ги поднесе трошоците за санација и да плати правичен надомест за штетата причинета врз животната средина, како и да ја доведе животната средина, во најголема можна мера, во состојба како пред оштетувањето“. Одговорот на второто прашање е испреплетено со второто клучно начело кај „еколошките“ даноци, а тоа е, предвидената даночна стапка да биде сразмерна со штетата нанесена врз животната средина и врз здравјето на луѓето, односно даноците мора да бидат веродостојни, целисходни, а собраните средства да се користат наменски, односно стапката на „еколошките“ даноци мора да биде оправдана, јасно образложена и резултат на јавна дебата со сите засегнати страни. Јасно е дека брзањето во донесувањето на овој закон, надополнето со скратување на постапките за негово донесување во Собранието на РМ преку примената на т.н. европско знаменце, никако не помага во насока на образложувањето и отворањето јавна дискусија околу содржината и оправданоста на еден ваков закон, особено не во услови на светска пандемија од CoVid-19, економска криза која е резултат на пандемијата, и помалку од 6 месеци од следните локални избори. Имено, иако оправданоста од воведувањето на ваква такса генерално не е спорно, Владата не се потруди конкретно и детално, да ги изрази екстерните трошоци од употребата на фосилните горива кај нас, пред да испроектира дополнителен годишен прилив од над 50 милиони евра во буџетот собрани од новопредложената „еколошка“ такса. Наместо усогласување со граничните вредности на емисиите на индивидуална основа, за ре52
ПОРТА
30 јули 2021
гулирање на емисиите од големите постројки за согорување (вкупно осум – термоелектраните во РМ и скопските топлани), Македонија има усвоено т.н. Национален план за намалување на емисиите (анг. National emissions reduction Plan – NerP). Сепак, во последниот годишен извештај на Енергетската заедница (ЕЗ) за напредокот на договорните страни,, нотирано е дека согласно NerP, во однос на емисиите од сулфур диоксид (So2) и прашина, Македонија неколкукратно гo надминала т.н. плафон. Како позитивна забелешка е фактот дека во однос на емисиите нa азотни оксиди (Nox), таа е во рамките на дозволеното и предвиденото. Дополнително, во Извештајот се нотира дека земјата платила директни субвенции во вредност од 1,6 милиони евра за поддршка на производството на електрична енергија базирано на јаглен. Ваквите ставови искажани во Извештајот од ЕЗ, но и реалната ситуација на терен, укажуваат дека всушност Владата нема изградено конзистентност во однос на политиките поврзани со превенција и намалување на загадувањето, туку реагира некако хаотично и кампањски или како резултат на санкции, ургентни потреби од при-
лив на свежи пари во буџетот и сл. На пример, некои компании од преработувачката индустрија (металургија, цементна индустрија) добија повластен статус во врска со акцизата на нафтен кокс, по што следува период на драматичен пораст на увозот и потрошувачката на овој енергент. Според податоците од Државниот завод за статистика, потрошувачката на нафтен кокс била 36.226 t во 2018 година, 57.079 t во 2019 година и 135.110 t во 2020 година. Друг пример за недоследност во политиките се однесува на имплементацијата на стратешките документи, а е поврзан со концептот на создавање т.н. „Зелени индустриски зони“. Иако во 2018 година, е донесена Стратегијата за индустриски развој која ја потенцира важноста од катализирање на зелената индустрија како прв приоритет, соодветниот акциски план, за жал, не се имплементира согласно предвидената динамика. Постои и Закон за зелени индустриски зони од 2013 година, но до денес во земјата нема ниту една зелена индустриска зона. Значи, од една страна, се доцни со трансформацијата на индустријата во насока на почисто производство и намалување на загадувањето, а од друга страна загадувачите се толерираат, и дури се субвенционираат (директно или индиректно, јавно или прикриено). Во ЕУ и во светот, ваквите давачки не се новост. Но, средствата собрани по овој основ, се трошат плански, наменски, транспарентно и рационално. На пример, во 2019 година, државите членки на ЕУ оствариле приходи од „еколошки“ даноци во висина од 330,6 милијарди евра, односно 2,4 % од БДП на ЕУ и 5,9 % од нивниот вкупен приход од даноци и социјални придонеси. 77,9 % од овие приходи доаѓаат од даноци на енергија во кои се вклучени такси на моторни горива. За споредба, екоданоците за транспорт учествуваат со 18,9 %. Според законите за животна средина, за управување со отпад, за води и за заштита на природа, во Македонија, на име „еколошки“ такси, се наплатуваат надоместоци по различни ос-
нови. Најголемиот дел од нив завршуваат во централиот буџет на државата, а многу помал дел се прибира на сметката во mинистерството за животна средина, на пр. надоместоците наплатени при регистрацијата на возилата и таксите од интегрираните еколошки дозволи. Тоа се целосно наменски средства за кои, секоја година, се објавува Програма за инвестирање во животна средина, при што се спроведува конкурс за распределување на средствата за финансирање и реализирање програми, проекти и други активности кои се од областа на животната средина. Од друга страна, во државниот буџет од „еколошки“ такси се влеваат над 280 милиони денари или околу 4,6 милиони евра, за кои, јавноста нема транспарентна информација дали тие се трошат наменски (за проекти за унапредување и заштита на животната средина) или се влеваат во морето давачки собрани по основ на секакви буџетски приливи. „Еколошката“ такса платена минатата година за производство на енергија од фосилни горива била над 20 милиони денари, од кои, најголемиот дел се уплатуваат на сметката на Општина Новаци (РЕК Битола е лоцирана на територијата на оваа општина). Неодамна, оваа општина се прослави по фактот дека на национално ниво, е рекордер по потрошени средства за јавни набавки по жител,, но на сајтот на Општината, нема јавна информација колку средства се собрани од споменатата еколошка такса и за какви проекти, односно инвестиции, се потрошени собраните средства по овој основ. Владата се повикува на „Зелената агенда“: „Еколошката такса е наш одговор за грижата за животната средина и на повикот на граѓаните да преземеме мерки во однос на ова важно прашање, и затоа сите пари прибрани од оваа такса ќе одат во Еколошкиот фонд кој ќе ја помогне праведната транзиција од фосилните кон енергенсите од обновливи извори на енергија. Оваа мерка никој не би ја донел во време на изборна година и треба граѓаните да знаат дека влијанието на оваа мерка нема да биде поголемо од 0,07 %. Со падот на цената на нафтата на светските берзи се анулира висината на акцизата од 3 денари која ја воведовме заради ублажување на последиците од Ковид-19 и со тоа навистина не се очекува поголемо влијание на цената заради еколошката такса“, вели премие-
рот Зоран Заев. Но, тука се поставува уште едно прашање, зошто прво не е формиран Фондот за заштита на животната средина (кој патем е дел од изборните програми на сите поголеми политички партии во државава), па потоа да се воведуваат разни еколошки такси? Владата уште во својата Програма за работа за периодот 2017 – 2020 година (т.е. претходната влада, но со истите коалициски партнери) на стр. 49, во делот од Програмата наменет за заштита и унапредување на животната средина и природата, најави дека ќе се формира Фонд за животна средина: „Владата ќе формира Фонд за животна средина, како гаранција дека средствата добиени од такси за животна средина, ќе бидат наменети за проекти за подобрување на квалитетот на медиумите во животната средина, а нема да се користат за комодитет на администрацијата“. Но, тука се поставува прашањето, зошто со Законот за животна средина од 2005, Фондот за заштита и унапредување на животната средина престана со работа, а неговите вработени, прераспределени соодветно по администрацијата (член 220) за во следните изборни циклуси, без оглед на политичките провениенции, претендентите за државната власт „со големи фанфари“, да најавуваат формирање на строго наменски „еколошки фонд“. Кога се отвора прашањето на фондови, дали можеби не треба да се примени современиот интегриран пристап кон собирањето средства и
нивната распределба во согласност со испреплетеноста на секторите кои загадуваат и оние кои се погодени од тоа загадување, т.е. земање предвид на интегрираната рамка на Целите на одржлив развој, наспроти едностраниот и сегрегиран пристап презентиран и во партиските програми предизборно, но и во владините програми постизборно, без оглед за која политичка опција станува збор? Впрочем, парадигмата на одржливиот развој е проткаена во сите пет столба врз кои е заснована „Зелената агенда“ на која се повикуваат политичките претставници. Според претходно изложеното, се наметнува заклучокот дека, ако конечно се сака да се стави ред во оваа сфера, која треба да резултира од принципот „загадувачот (треба да) плаќа“, работите мора да се дефинираат транспарентно и многу прецизно, т.е. да се знае кој, како и колку загадува (инвентаризација на загадувачите), соодветно на тоа, кој и колку треба да плаќа, чинителите (загадувачите и корисниците) да знаат зошто мора да плаќаат, и притоа, да се имплементира транспарентност и во собирањето и во трошењето на собраните средства по основ на т.н. „еколошки такси“? Во спротивно, јавноста оправдано ќе се сомнева дека вистинскиот мотив за секоја нова буџетска давачка, па макар тоа било под превезот на „Зелената агенда“, всушност не е заштитата на животната средина, туку едноставно станува збор за проширување на „комодитетот на администрацијата“. n
ПОРТА
екологија
НаЦРТ-иЗвеШТаЈ На СовеТНиЦиТе За КЛиМа На ооН
Климатска криза: Најлошото допрва следува
Заканите стануваат сè поголеми и поблиски отколку што се мислеше, а ужасните последици што произлегуваат од деценискиот нескротлив раст на количината на стакленички гасови во атмосферата се неизбежни на краток рок Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА лиматските промени фундаментално ќе го преобликуваат животот на Земјата во следните децении, дури и ако успееме да ги спречиме емисиите на стакленички гасови што ја загреваат нашата планета, се вели во Нацрт-извештајот на советниците за клима на ООН, објавен од АФП. Исчезнување на видовите, ширење болести и инфекции, неподнослива топлина и недостиг на вода, колапс на екосистемите, покачување на нивото на морето и многу други разорни климатски влијанија се забрзуваат и ќе станат болно очигледни дури и пред 2050 година кога децата родени во 2021 година ќе немаат ниту 30 години предупредува ООН во извештај подготвен од стотици научници на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC). Одлуките што ќе ги донесеме сега ќе утврдат дали нашиот вид ќе успее или ќе мора да се бори за опстанок во текот на 21виот век, велат експертите од IPCC во Нацрт-извештајот. Заканите стануваат сè поголеми и поблиски отколку што се
К
54
ПОРТА
30 јули 2021
мислеше, а ужасните последици што произлегуваат од деценискиот нескротлив раст на количината на стакленички гасови во атмосферата се неизбежни на краток рок. „Најлошото допрва следува и тоа ќе влијае на животот на нашите деца и внуци, далеку повеќе отколку на нашите животи“, гласи досега најсеопфатниот извештај на 4.000 страници, многу поалармантен од претходниот во 2014 година. Сепак, овој клучен документ официјално треба да биде објавен дури во февруари 2022 година, откако беше одобрен со консензус од 195 земји членки. Според некои научници, за жал, доцна е за претстојната Централна конференција на ОН за клима CoP26, што ќе се одржи во ноември годинава во Глазгов. ПРиРодНиТе СоЈУЗНиЦи Ги ПРеТвоРаМе во НеПРиЈаТеЛи Нацрт-извештајот доаѓа во време на глобално „еколошко будење“. Во него се потенцираат системските предизвици што се вткаени во самата структура на секојдневниот живот, а кои се исто така длабоко неправедни затоа што најмногу ќе страдаат оние кои се најмалку одговорни за глобалното затоплување, се појаснува во Извештајот. Ова покажува дека дури и додека испуштаме рекордни количини на стакленички гасови во атмосферата, ние ја поткопуваме способноста на шумите и океаните да ги апсорбираат, со што нашите најголеми природни сојузници во борбата против глобалното затоплување ги претвораме во непријатели. Извештајот исто така предупредува дека претходните големи климатски шокови драматично ја сменија животната средина и ги збришаа повеќето видови, покренувајќи го прашањето дали човештвото е свесно загрозено. „Животот на Земјата може да закрепне од драстичното поместување на климата со развој на нови видови и создавање нови екосистеми, но не и човечки вид“, се вели во Извештајот.
глобалното затоплување на најмалку два степени Целзиусови над прединдустриското ниво е доволно за да се заштити нашата иднина. Оваа цел е содржана во Парискиот договор од 2015 година, кој беше усвоен од скоро 200 држави кои се обврзаа колективно да го ограничат затоплувањето на „далеку под“ 2 Целзиусови степени односно - 1,5 Целзиусов степен ако е можно. Сепак, според сегашните трендови, во најдобар случај одиме кон затоплување за три степени Целзиусови. Поранешните модели предвидуваа дека климатските промени веројатно нема значително да ја променат климата на Земјата пред 2100 година. Но, во Нацрт-извештајот на ООН се вели дека продолженото затоплување дури и над 1,5 Целзиусов степен може да донесе „постепено сериозни, вековни и, во некои случаи, неповратни последици“. Минатиот месец, Светската метеоролошка организација (СМО) предвиде 40 отсто шанса Земјата да го
надмине прагот од 1,5 Целзиусов степен во најмалку една година до 2026 година. За некои растителни и животински видови, можеби е предоцна бидејќи „дури и со затоплување од 1,5 Целзиусов степен, условите ќе се променат над можноста на многу организми да се приспособат“, се вели во Извештајот. Коралните гребени екосистеми од кои зависат половина милијарда луѓе - се еден пример. Населението на Арктикот се соочува со културно истребување бидејќи околината врз која се изградени нивните егзистенцијални услови и историја се топи под нивните нозе. Глобалното затоплување ги продолжи сезоните на пожари, двојно ги зголеми потенцијално ранливите области и влијаеше на големи загуби во системите за храна. ЗГоЛеМУваЊеТо На НивоТо На МоРеТо ќе ЗаГРоЗи СТоТиЦи МиЛиоНи ЛУѓе Светот мора да се соочи со оваа реалност и да се подготви за одредено
НеПовРаТНи ПоСЛедиЦи Постојат најмалку четири главни заклучоци во Нацрт-извештајот, кои претрпеа темелна ревизија и веројатно нема да се променат пред официјалното објавување на документот во февруари 2022 година. Првиот заклучок е дека климата со моменталното затоплување од 1,1 степен Целзиусов веќе се менува. Имено, пред десет години, научниците веруваа дека ограничувањето на 30 јули 2021
ПОРТА
55
влошување на ситуацијата - втор главен заклучок на Извештајот. „Тековните нивоа на адаптација ќе бидат несоодветни за да одговорат на идните климатски ризици“, предупредува Извештајот. Проекциите од средината на векот - дури и со оптимистичко сценарио за затоплување од +2 Целзиусови степени, веќе не се валидни. Десетици милиони повеќе луѓе, најверојатно, ќе се соочат со хроничен проблем на глад до 2050 година, а други 130 милиони би можело да доживеат екстремна сиромаштија во рок од десет години ако се дозволи продлабочување на нееднаквоста. Се проценува дека во 2050 година, во крајбрежните градови - на „линијата на фронтот“ против климатската криза,
ПОРТА
стотици милиони луѓе ќе бидат изложени на ризик од поплави и почести бури, кои се сè повеќе смртоносни со зголемувањето на нивото на морето. Околу 350 милиони луѓе кои живеат во урбани средини ќе бидат изложени на недостиг на вода поради тешките суши со пораст на температурата од 1,5 Целзиусов степен и 410 милиони со пораст од 2 Целзиусови степени. Оние дополнителни половина Целзиусов степен ќе загрозат дополнителни 420 милиони луѓе кои ќе бидат изложени на екстремни и потенцијално смртоносни топлотни бранови. ПРеСвРТНа ТоЧКа БеЗ вРаќаЊе Како трет заклучок, Извештајот ја наведува опасноста од комплексни и
каскадни влијанија, заедно со пресвртници без враќање во климатскиот систем, кои сè уште се непознати за научниците. Десетина „предизвикувачи“ за пораст на температурата поради неповратни и потенцијални катастрофални промени сега се идентификувани во климатскиот систем. Неодамнешните истражувања покажаа дека затоплувањето од +2 Целзиусови степени може да предизвика топење на ледените плочи на врвот на Гренланд и западен Антарктик, што би го подигнало нивото на океанот за 13 метри - и по тоа нема враќање. Исто така, постои можност за трансформација на сливот на Амазон од тропски шуми во област на савана, како и ослободување милијарди тони СО2 од сибирскиот вечен мраз, што би поттикнало натамошно забрзано затоплување. Во блиска иднина, одредени региони во светот, како што се источен Бразил, југоисточна Азија, Медитеранот, централна Кина и скоро сите брегови на светот, може да бидат загрозени од низа климатски катастрофи: суша, топлина, циклони, пожари и поплави. Ефектите од глобалното затоплување се засилени со сите други начини со кои човештвото ја нарушило рамнотежата на Земјата. Овие вклучуваат „загуба на живеалишта и биодиверзитет, прекумерна
употреба на природни ресурси, особено вода, загадување, инвазивни видови и ширење штетници и болести“, се вели во Извештајот. „Нема лесно решение за таквата мешавина на проблеми“, рече Никола Стерн, поранешен главен економист на Светска банка и автор на „Stern review of the economics of Climate Change“. „Светот е соочен со комплексен сет на испреплетени предизвици и ако не ги решите заедно, нема да успеете во ниту еден од нив“, додаде Стерн, кој не соработуваше во подготовката на Извештајот на IPCC. ТРаНСФоРМаЦиоНи ПРоМеНи Во Извештајот има многу малку добри вести, но IPCC нагласува дека може да се стори многу за да се избегнат сценарија во најлош случај, со цел да се подготват за последиците што повеќе не може да се избегнуваат, што е конечен заклучок на Извештајот. Со зачувување и враќање на таканаречените екосистеми на син јаглерод, како што се крајбрежните шуми од мангрова, ќе ги зголемиме залихите на јаглерод и ќе се заштитиме од невреме, но исто така ќе обезбедиме живеалиште за дивиот свет, ќе им помогнеме на крајбрежните заедници и ќе обезбедиме
безбедност на храна. Преминувањето на растителна исхрана може исто така да ги намали емисиите поврзани со храна за дури 70 отсто до 2050 година. Но, нашите емисии нема да бидат намалени со електрични возила или со засадување милијарди дрвја, предупредува
Извештајот. „Потребни ни се трансформациски промени што влијаат на процесите и однесувањето на сите нивоа поединци, заедници, компании, институции и влади. Треба да ги редефинираме нашиот начин на живот и потрошувачка“, заклучува Извештајот на IPCC.. n
30 јули 2021
ПОРТА
57
екологија
СоЦио-еКоНоМСКи аГоЛ За ПоБоГаТиТе и За СиРоМаШНиТе ЗеМЈи
Немаат сите исти можности да се приспособат на климатските промени Не е исто кога топлотен бран ја погодува побогата земја каде што голем број граѓани работат во услужниот сектор и имаат пристап до климатизирани простории, и кога истото се случува во сиромашна земја каде што населението најмногу се занимава со земјоделство и е изложено на сите надворешни влијанија
ПОРТА 3 росечната глобална температура во моментов е повисока за околу 1,1 степен Целзиусов отколку пред Индустриската револуција. Климатските промени што ги донесе глобалното затоплување низ целиот свет ги менуваат животите на луѓето и нивните заедници. Научните методи се сè понапредни во препознавањето на влијанието на човекот врз она што инаку го нарекуваме состојба на природни катастрофи, како што се топлотен удар, поплави, суши, урагани, па дури и пожари. Со други зборови, со помош на статистички методи, можно е да се утврди каде завршува природниот придонес и почнува човечкиот придонес кон временските проблеми. Интензитетот и фреквенцијата на природните, односно човечките катастрофи се
П 58
ПОРТА
30 јули 2021
зголемуваат со секој десетти степен на затоплување, што е последица на зголемувањето на концентрацијата на стакленички гасови. Во согласност со тоа, јасно е дека најважната стратегија за борба против климатските промени е итно и драстично намалување на употребата на фосилни горива во сите гранки на економијата, промена на неодржливи земјоделски практики и енергетска транзиција кон обновливи извори на енергија, пишува Клима 101. Сепак, брзината со која се случуваат климатските промени и несоодветноста на досега преземените мерки укажуваат дека спречувањето на негативните последици од климатските промени бара одредено ниво на приспособување на населението и на економските активности на различни и поекстремни климатски услови.
ПРиСПоСоБУваЊе КоН КЛиМаТСКиТе ПРоМеНи Приспособувањето кон климатските промени, во зависност од географската локација, може да вклучува монументални проекти како што се изградба на брана и заштита од покачување на нивото на морето, инфраструктурни промени на единиците за домување и производствените капацитети, така што тие се отпорни на екстремни временски услови, проширување на системите за наводнување во земјоделството и безброј други мали интервенции. Трошоците за приспособување кон климатските промени може да достигнат бројки од повеќе милиони. Покрај финансискиот капацитет, овие проекти честопати бараат стабилни политички и институционални можности, човечки ресурси, технологија, иновации, па дури и културни промени.
Стратегијата за адаптација е донекаде контроверзен дел од дискурсот за климата, заснована на загриженост дека легитимирањето на потребата за адаптација може да доведе до слабеење на амбициите за неопходни интервенции за намалување на емисиите на стакленички гасови. Набљудувањето на интервенциите за намалување на емисиите на стакленички гасови и интервенциите за адаптација на климатските промени како еднакви или комплементарни стратегии го покренува прашањето за правичност, бидејќи делови од светот со најголема потреба за адаптација се истовремено најмалку виновни за климатските промени. СоЦио-еКоНоМСКиоТ РаЗвоЈ вЛиЈае На КЛиМаТСКиТе РиЗиЦи Кога се зборува за ризиците од негативни последици од климатските промени врз човечките и другите екосистеми, мора да се земат предвид три основни фактори: 1. Геофизички реакции на климатските системи (поплави, топли бранови, суши и сл.), 2. Изложеност на временски услови (на пр. имот и население населено во области изложени на климатски услови). 3. Ранливост на областа или популација на негативните последици од климатските промени (на пр. ниво на подготвеност за одредени временски услови и социо-економски капацитет да се справат со последиците). Директните последици од климатските промени најмногу зависат од глобалното затоплување, што е директен резултат на зголемената концентрација на стакленички гасови во атмосферата. Сепак, другите две компоненти - изложеност и ранливост на климатските промени - зависат од низа социоекономски фактори кои варираат од заедница до заедница, од земја до земја, кои се варијабилни и меѓусебно поврзани со сложени динамички врски. Затоа не е исто кога топлотниот бран ја погодува побогатата земја каде што голем број граѓани работат во услужниот сектор и имаат пристап до климатизирани простории, и кога истото се случува во сиромашна земја каде што населението е претежно ангажирано во земјоделството и изложено на сите надворешни влијанија. Бидејќи тие во голема мера зависат од социјалните и од економските околности, ризиците од негативни последици не се рамномерно распоредени низ целиот свет. Иако сега е широко познато дека оние кои најмалку придонеле за климатските промени ќе страдаат најмногу, важно е да се имаат на располагање научни методи за да се идентификува кој придонесува за понатамошно затоплување, кој има најголема
одговорност да ги намали емисиите на стакленички гасови, кој е најмногу изложен на климатските промени и кој и колку може да се приспособи на нив. Покрај прашањата на еднаквоста, практичните прашања како што се планирање на соодветни стратегии за управување со ризик, исто така, бараат увид во очекуваното ниво на ризик, предизвикано од климатски промени. Паралелно со дипломатските и политичките поместувања кон глобалната цел за запирање на климатските промени, а особено по Парискиот договор во 2015 година, науката за климатските промени континуирано напредува во прогнозирање ризици и последици врз населението и економијата. Проценките на ризиците се прават со помош на научни модели и алатки кои го симулираат климатскиот систем од геофизички аспект и го поврзуваат со модели на раст на населението, динамика на енергетски и економски системи. Ваквиот систематски пристап кон моделирањето на климатските промени овозможува тестирање на различни сценарија на климатски и социоекономски услови, со цел да се утврдат последиците, односно предностите од спречување понатамошно затоплување.
МодеЛиРаЊе На ПоТеНЦиЈаЛоТ За ПРиСПоСоБУваЊе На КЛиМаТСКиТе ПРоМеНи Истражувачките групи ширум светот континуирано ја подобруваат точноста на проценките и работат на подетална презентација на енергетските и на економските системи. Моделите, на пример, имаат многу детални патеки за намалување на емисиите на стакленички гасови и регионални процеси на карбонизација на регионално ниво. Така, знаеме, на пример, дека за да се постигне целта на Парискиот договор да се запре растот на просечната глобална температура од 1,5, а најмногу 2 °C, целиот свет ќе треба да биде јаглерод нето-неутрален со 2050 година. Со оглед на сега прифатената неизбежност на потребата да се приспособат на климатските промени, овие модели исто така проценуваат дел од ризикот што може да се отстрани со адаптација. Сепак, повеќето модели симулираат приспособување прилично едноставно, главно следејќи ја бинарната логика со која одредена гранка на економијата, заедницата или целата земја се прикажува како целосно или воопшто не е приспособена на климатските промени. 30 јули 2021
ПОРТА
59
Земете го, на пример, земјоделството, кое е една од, барем во однос на климата, најчувствителните гранки на економијата и често е еден од најважните сектори во однос на учеството во бруто-домашниот производ
ПОРТА
на земјите во развој. Зголемувањето на температурите, непредвидливите временски услови, промените во почвата, ширењето на штетници, намалувањето на водните ресурси се некои од последиците од климатските
промени кои директно влијаат на земјоделската продуктивност, па дури и на преживувањето на некои растителни видови. Теоретски гледано, земјоделците може да ги променат практиките на сеење, одгледување, наводнување, така што земјоделските добра се отпорни или оптимално приспособени на климатските услови. Со целосна адаптација, земјоделскиот сектор, во принцип, нема да ги почувствува штетите од климатските промени. Од друга страна, целосната некомпатибилност со климатските услови може да резултира со, да речеме, неуспешна жетва и сите последици што ги носи ова. Реалноста е веројатно некаде помеѓу. Она што сигурно го знаеме е дека секое ниво на приспособување кон климатските промени ќе бара финансиски, институционални, човечки и други социо-економски ресурси. За многу земји на фронтот во борбата против ефектите од климатските промени, овие ресурси не се достапни, или барем не во оној степен колку што се потребни. Покрај тоа, земјите во развој, како што сугерира името, се соочуваат со различни развојни предизвици, како што се подобрување на здравството, социјалната заштита, образованието, подобрувања во инфраструктурата и други економски инвестиции. Неможноста на приспособување на климатските промени може дополнително да ги комплицира веќе сложените развојни проекти и целокупниот социјален напредок. Со оглед на важноста на приспособувањето кон новите климатски услови за земјите во развој, постои голема потреба да се подобри разбирањето на оваа област, така што ќе може да се изготват соодветни стратегии за да се минимизираат негативните влијанија од климатските промени.. n
КоРиСНи СовеТи За виСоКиТе ТеМПеРаТУРи
хортикултура
Правилно наводнување на градината во лето
ПОРТА 3 а време на големите жештини, правилното наводнување на градината е од голема важност за опстанокот на цвеќињата и растенијата. Ако сакате вашата градина и цвеќињата на терасата да бидат негувани, убави, зачувани и свежи во текот на летните месеци, клучно е правилно да ги наводнувате растенијата. Колку ќе ги наводнувате растенијата зависи од многу фактори, како што се положбата на градината и количината на врнежи. Колку ќе ја полеете земјата, зависи и од тоа дали вашата градина е на отворено или станува збор за цвеќе на терасата. Ако
З
ПОРТА
станува збор за тераса, ќе обрнете внимание на која страна е поставена терасата, на сонце или во сенка. Еве четири правила за наводнување на градината за време на високи температури: НаЈдоБРо вРеМе За НаводНУваЊе Најдобро време за наводнување е рано наутро. Ако не успеете во тој период тогаш, наводнете ја градината навечер, кога сонцето ќе зајде. Тогаш земјата се лади и водата ќе навлезе подлабоко. Нема да испари веднаш и растенијата ќе имаат доволно влага. ПоТРеБНа КоЛиЧиНа На вода Друго важно правило е дека најдобро е да се наводнат растенијата поретко, но со поголема количина вода. На растенијата во саксии почесто им треба вода затоа што околу нив нема голема количина на почва што ќе ја држи влагата. Пластичните саксии не се толку привлечни, но тие не се загреваат брзо и складираат помалку топлина. Ако немате многу време, може да купите саксии со вградени системи за наводнување. Индикаторот може да биде од голема помош при наводнување, ако постојано не сте сигурни дали растението имало доволно вода или му треба уште малку. Важно е сите видови саксии да имаат дупки низ кои вишокот вода може да се исцеди. Може да спречите сушење на почвата со редовно растресување на горната површина на земјата и додавање нов слој ѓубриво. НаЧиН На НаводНУваЊе - Не Ги ПоЛеваЈТе ЛиСЈаТа Без разлика дали наводнувате поголеми површини со градинарско црево или саксии, внимавајте да не ги наводнувате растенијата одозгора, бидејќи влажните лисја се идеални за развој на разни болести. Не напојувајте само од едната страна. Најдобро
62
ПОРТА
30 јули 2021
е да се напои растението во круг, така што водата е рамномерно распоредена. ПРСКаЛКи Ако имате опција, најдобро е да инсталирате прскалки за тревникот. И тоа најдобри се оние со подобар квалитет, што може да го сменат аголот и опсегот на наводнување. Може да поставите повеќе и
да ги вмрежите со систем на црева, така што ќе ја покриваат целата површина. Исто така, особено е важно доколку се закани топол бран, градинарите да не го косат тревникот премногу кратко и да ја косат тревата без да ја собираат во корпи. Искосената трева останува на тревникот и служи како прекривка која складира влага и го штити тревникот од сушење. n
ПОРТА