Списание за градежништво, архитектура и екологија

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

307 АВГУСТ 2021

Објекти освојувачи Опасност од ерозија и појава на поплавни бранови после пожар Банкси - ангажиран уметник на нашето време



ПОРТА


СОДРЖИНА

18

ИНФО 6 ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УНИВЕРЗАЛНА САЛА

РЕГИОНИ 8 СТАВ 12 ОБЈЕКТИ ОСВОЈУВАЧИ

АРХИТЕКТУРА 18 РЕНОВИРАН ТОМОСОВИОТ БЛОК ВО КОПЕР

12 26

АРХИТЕКТУРА 22 „4 НЕ“ - НЕЗНАЕЊЕ, НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ, НЕЈАСНОСТ И НЕСООДВЕТНОСТ

ДИЗАЈН 26 ИКОНА НА 20 ВЕК: ШАРЛОТ ПЕРИЈАН

ЕКОЛОГИЈА 32 МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПРОДОЛЖИ ДА ДИШЕ БЕЗ БЕЛИТЕ ДРОБОВИ

ЕКОЛОГИЈА 36 ОПАСНОСТ ОД ЕРОЗИЈА И ПОЈАВА НА ПОПЛАВНИ БРАНОВИ ПОСЛЕ ПОЖАР

ЕКОЛОГИЈА 42

32

ДАЛИ ПОВЛАСТЕНИТЕ ТАРИФИ ВЕЌЕ ИЗЛЕГУВААТ ОД ИГРА?

РЕПОРТАЖА 46 ЕЛЕГИЈА ЗА ЕДНО СЕЛО

РЕПОРТАЖА 50 МЛАДИОТ ОВЧАР, БОРОВИНКИ И СПОКОЈ НА ШАРА

ХОРТИКУЛТУРА 54 ИДЕЈАТА ЗА ОВАА ПРЕКРАСНА ГРАДИНА СE УШТЕ ЖИВЕЕ И НАПРЕДУВА

УМЕТНОСТ 58 БАНКСИ - АНГАЖИРАН УМЕТНИК НА НАШЕТО ВРЕМЕ

ПОРТА

25 јули 2014

42 46


ГОДИНА XVII

БРОЈ 307 ПЕТОК 27.8.2021 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Крајот на летото носи нови интересни четива на страниците на Порта 3. Во овој број, како и секогаш, градежништвото, архитектурата и екологијата се надополнети со содржини како репортажа, дизајн, хортикултура и уметност. Сепак, поради актуелните случувања на полето на екологијата овој број наменски го направивме „позелен“, посветувајќи повеќе внимание на природата и на последиците од различните непогоди кои се случуваат во изминатиот период. Страниците ги почнуваме со информациите за конечниот почеток на реконструкцијата на Универзална сала, како и со останати сервисни информации. Активностите на локалните самоуправи, информираат за она што е најактуелно. Рубриката архитектура ја почнуваме со напис на нашиот соработник од Љубљана кој ни го опишува проектот за реновирање наТомосовиот блок во Копер кој годинава ја освои државната Прва награда за станбена архитектура, а во моментов е номиниран и за европската престижна Губио архитектонска награда за обнова на историските центри. Нашиот редовен соработник од Лондон пишува за енормните сметки за противпожарна санација на објекти коишто сопствениците на станови ги плаќаат во Британија. Сопствениците на станови протестираа против градителите со оглед дека ги сметаат за одговорни за проблемите со противпожарна заштита во становите и астрономските цени за санација во рамките на континуираната криза со фасадните облоги во земјата. Во рубриката дизајн може да се прочита за жената на новото време, која е икона на 20 век: Шарлот Перијан. Перијан се смета за една од најзначајните архитекти и дизајнери на мебел од средината на 20 век, таа е меѓу ретките дизајнери кои се благословени со спонтани, хармонични и современи мисли. Рубриката екологија овој пат ја отвораме со напис за пожарите кои ја зафатија Македонија и во кои изгореа стогодишни дрвја во можеби најубавиот дел од државата, Малешевијата. Силниот оган зафати огромен фронт и опустоши голема површина. Станува збор за катастрофа со огромни размери и тоа не само што е предизвикана материјална штета, опожарени се пчеларници и бројни објекти, туку штетата има и

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Насловна страница ГО ПОТСЕТИ СВЕТОТ НА БОРБАТА ЗА СЛОБОДА НА ОНИЕ ШТО ЖИВЕАТ НА ПАЛЕСТИНСКАТА СТРАНА

еколошки и биолошки последици. По овогодинешните пожари во источниот дел од државата, Македонија ќе продолжи да дише без белите дробови. Сите модели укажуваат на голема опасност од интензивна ерозија и појава на поголеми пикови на поплавни бранови после пожар. Со оглед на заштитната улога на шумата тоа е особено важно таму каде е изгорена шума во некој слив, од каде како резултат на интензивни дождови можно е поројно надојдување од поголеми размери и загрозување на некое населено место или пак значајна инфраструктура. Дали повластените тарифи веќе излегуваат од игра? Денес, откако ширум светот, а особено во ЕУ е постигната интензивна пенетрација на обновливците (со акцент на ветерните и соларните електрани), сè почести се дебатите во врска со соодветното дефинирање на субвенциите кои треба да бидат одобрени за одреден проект. Во околината на Велес може да се забележат моменти кои изчезнуваат. Трули огради, полураспаднати куќи од бондрук и непечена тула, листопадни дрвја и грмушки наоколу, е сликата во повеќе наши села. Може да се прочита и за едно поразлично секојдневие како терање стада овци на 2.000 метри надморска височина, пиење изворска вода и јадење диви плодови. Од другата страна на градот има поинаква реалност, за која многумина не се ни свесни дека постои. Во рубриката хортикултура пренесуваме интересни податоци за Butchart gardens кои од Канадската влада се прогласени за историски споменик на земјата. Територијата на неколку десетици илјади хектари е прекриена со миризливи градини, а кривулестите патеки водат до различни агли на ова вештачко чудо на дизајнот на пејзажот. Овој број го заокружуваме со уметноста, а во неа ќе може да се прочита за Банкси кој е ангажиран уметник на нашето време. Талентираниот, смел, одважен, провокативен, интелигентен, чувствителен и поетичен уметник Банкси и со последната јавна акција сака да шокира, да возбуди, да натера на размислување, како и жестоко да го критикува воспоставениот капиталистички систем и консумеристичкото општество. ОД РЕДАКЦИЈАТА 307 АВГУСТ 2021

Објекти освојувачи Опасност од ерозија и појава на поплавни бранови после пожар

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Иван БЛИНКОВ Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА Огнен АРСОВ (Словенија) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Банкси - ангажиран уметник на нашето време

АВТОР БАНКСИ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 26.8.2021 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

Почна реконструкцијата на Универзална сала Реконструкцијата на Универзалната сала во центарот на Скопје е во полн ек. Се поставува метална конструкција на новата сала со што ќе се овозможи брзо завршување на надворешноста на овој култен објект за Скопје и за скопјани. „Карактерот на објектот е таков што прво мора да се сработи надворешноста, зашто објектот е монтажен, за потоа да влеземе внатре. Во наредните 40-тина дена очекувам овој дел од работите да биде во целост завршен, а скопјани на почетокот на октомври да ја видат новата надворешност, со дел сработена внатрешност на Универзалната сала. Во изминатите два месеца работевме на фундаментите, на поставувањето нови темели кои можат да ја носат целата оваа конструкција која беше предмет и на сеизмолошки испитувања за да не се наруши статиката и стабилноста на објектот. Ова се всушност носечките столбови на новата Универзална сала“, вели градоначалникот Петре Шилегов. Со реконструкцијата целосно ќе биде обновена внатрешноста, фоајето и влезниот дел на Универзалната сала, целосно ќе биде обновена надворешноста, објектот ќе стане енергетски ефикасен, ќе има сериозна интервенција во машинскиот дел, во сценскиот дел и делот на техниката. Градоначалникот Шилегов исто така покажа и визуализации за тоа како ќе изгледа внатрешноста на објектот. Шилегов, вели дека според начинот на кој сега се работи, Скопје во наредните 50 години нема да има потреба од нова концертна сала со ваков обем. „Реконструкцијата на надворешноста на салата изнесува 1,9 милиони евра, а потребни се дополнителни средства коишто се веќе обезбедени во разговор со Владата, за да се опреми внатрешноста. Моите очекувања се дека веќе наредната концертна сезона, не оваа што ни претстои, ќе можеме да уживаме во убавината на Универзалната сала“, нагласува Шилегов. Овој култен објект ќе биде реконструиран во постојниот облик и габарит, задржувајќи го својот автентичен изглед како симбол на обновата на постземјотресно Скопје. Проектот за реконструкција на Универзалната сала е изработен и е донација од познатиот архитект Бујар Муча.

6

ПОРТА

27 aвгуст 2021


Привршува реализацијата на брзите мерки за санација на Русино На нестандардизираната депонија во Русино во тек е реализацијата на брзите мерки за санација на депонијата. Досега се реализирани сите подготвителни работи, поставена е колската вага за мерење на количини на отпад, во тек е изградба на насипи и воспоставување на системот за управување со протекување на исцедокот. Почнато е и асфалтирање на патот до депонијата, a паралелно се работи и на подготовката на документација на алтернативен пат до Русино од патот Гостивар – Маврово. Согласно динамичкиот план, се очекува брзите мерки да бидат целосно завршени до крајот на овој месец, по што ќе се почне со втората фаза од проектот и управувањето со Русино ќе биде предадено на заедничкото јавно регионално претпријатие Русино/Полог, формирано од сите општини од Полошкиот плански регион.

Автокоманда и Ченто се спојуваат со велосипедска патека Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот „Александар Македонски“ во Општина Гази Баба е во тек. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари. Освен на оваа делница се работи на велопатеката на булеварот „Видое СмилевскиБато“, како и на велолентите на улиците „Христо Татарчев“ и „Рузвелтова“ и на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Скопскиот градоначалник Петре Шилегов ги повика граѓаните во своето секојдневно движење да користат велосипеди или јавен превоз со што ќе придонесат за поздрава животна средина. Градот Скопје минатата година целосно го реконструираше коловозот на булеварот „Александар Македонски“ во должина од 5.300 метри кој е од исклучително значење бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје. Значајно е да се нагласи дека велосипедски патеки се предвидени и на новиот дел од улицата „Васко Карангелевски“, на булеварите „АСНОМ“ и „Никола Карев“ и на клучката кај Момин Поток.

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

27 aвгуст 2021

ПОРТА

7


региони

Почна минирањето на локацијата за браната Отиња Почна минирањето со цел да се направи простор за да се реализира браната Отиња која е децениски сон на штипјани. Градежните работни со силно темпо ја отпочнуваат градбата на брана на левата притока на Брегалница. Браната Отиња е еден од најголемите и најзначајни капитални проекти вреден пет милиони евра, обезбедени од Владата на Република Северна Македонија. Штип добива брана со корисен волумен од три милиони метри кубни вода и опфат од 120 хектари и градот ќе има сигурна заштита од поплави. Со изградбата на Отиња, дополнително, населбите Суитлак и Блок 2.000 ќе се поврзат со улица што ќе поминува по круната на браната. Браната Отиња ќе отвори нова можност за економски развој и напредок на Штип и регионот.

Градот ќе добие и ново место за спорт и рекреација коешто ќе се огледува во

водното огледало со заштитни зони од 50 метри.. n

Градежни активности на неколку улици во населбата Усова Чешма во Кочани Во тек се градежните работи на неколку улици во населбата Усова Чешма. Механизацијата на изведувачот „Ве-група“ од Радовиш работи на трасирање на улицата „Македонска“, каде ќе се асфалтира крак со должина од 210 метри. По изградбата на потпорниот ѕид со должина од 33 метри, сега се работи на широк ископ, транспорт на материјалот и формирање насип покрај потпорниот ѕид. Почетниот дел од кракот на „Македонска“ веќе се тампонира. На улицата „Ване Грдовјански“ изграден е потпорен ѕид, а се

8

ПОРТА

27 aвгуст 2021

асфалтира крак во должина од 150 метри, додека на улиците „Кресненско востание“ и „Никола Парапунов“ претстои валирање на тлото. Според предмер-пресметката, во Усова Чешма ќе се асфалтираат уште 650 метри, со што патната инфраструктура во оваа кочанска населба е речиси целосно реализирана. Градежни активности се одвиваат на коловозот и на тротоарот на улицата „Тодосија Паунов“, а се работи и на изградбата на потпорниот ѕид за втората коловозна лента на улицата „Стево Теодосиевски“. n


Подготовки за изградба на „Западниот булевар“ во Гевгелија Активно се работи на подготовките за изградба на „Западниот булевар“ во Општина Гевгелија - улицата „Св. Климент Охридски“. Градежната фирма „Еуроинг“ со својата механизација почна со изведбените работи за расчистување на теренот каде ќе се простира „Западниот булевар“, односно со отстранување дрвја и чистење хумус.

Улицата „Свети Климент Охридски“ во Гевгелија, поточно е продолжување на булеварот „Гевгелија“ и на неговиот западен крак, од колективната станбена зграда, позната како „Грчка“, на Караорман, па сè до Динќут. Со изградба на оваа значајна сообраќајница ќе се создадат услови за дислокација на товарниот

сообраќај од центарот на градот. Во првата фаза од оваа улица, со должина од 1.230 метри, предвидено е изведување подготвителни работи, изведба на долен строј и дел од горен строј на улицата по целата должина и спојување со Моински пат кај Динќут. Изградбата на „Западниот булевар“ е еден од четирите капитални проекти за подобрување на патната инфраструктура во Општина Гевгелија. Во тек се и изведбените работи за изградба на улицата „Александар Бел“ во станбената населба на Мрзенски Рид, чиј изведувач е градежната фирма „Жикол“. За продолжението на „Западниот булевар“, за сервисната улица кај Милци и улицата „Александар Бел“ во општинскиот буџет се обезбедени 37 милиони денари, додека изградбата на улицата „Методија Андонов-Ченто“ ќе чини 14 милиони денари. Овие средства се обезбедени од доделените 900 илјади евра од Светска банка, кој грант се реализира преку програмата на Министерството за транспорт и врски. n

Ново возило за отпад во ЈКП „Брегалница“ Комуналниот отпад во Делчево и во поголемите населени места во Општината ќе се собира со ново современо возило за оваа намена. Возилото е марка „рено“, со капацитет од 14 кубни метри и еколошки стандард ЕУРО 6. Неговото ставање во функција значи решавање на горливиот проблем на претпријатието со честите дефекти на старите и дотраени возила, неможноста навремено и редовно да се собира отпад, но и зголемена ефикасност и ефективност во работата. Со оваа набавка ќе се реализира планот за целосен опфат на поголемите населени места со услугите за собирање комунален отпад. ЈКП „Брегалница“ во текот на минатата година и во рамките на проектот за регионалната депонија доби ново возило за собирање отпад со капацитет од четири кубни метри, што не ги задоволуваше потребите, а заедно со новите 169 контејнери кои до крајот на овој месец ќе се распределат по населените места, целосно ќе се одговори на потребите на граѓаните. Ставањето во функција на новото возило ќе значи поредовно и поквалитетно собирање отпад, а ќе се вклучат и поголемите населени рурални места, Вирче, Стамер, Ѕвегор и останатиот дел од руралните средини. n 27 aвгуст 2021

ПОРТА

9


ПОРТА


ПОРТА


став

„На Скопје, Со љубов!“

Објекти освојувачи Професорот Живко Поповски беше една од најпрепознатливите фигури на Архитектонскиот факултет, но и воопшто на архитектонската сцена во нашата земја. Неговата појава, харизма и јасна мисла која погодува во центар секогаш ќе ни недостасуваат. Особено сега кога архитектонската самодоверба речиси непостои, важно е да се потсетиме и повториме што ни говореше професорот, опоменуваше, и да се запрашаме колку го послушувавме. Неговите луцидни пишувања секогаш ќе бидат актуелни, а особено значајни во време во кое талкаме по вистински архитектонски и урбанистички решенија. Недостасува да е меѓу нас, да ни помогне со неговата храброст, бескомпромисност и лоцирање на проблемите во нашаето талкање, но постои и дилемата дека можеби се спаси што не гледа до каде дојдовме, подалеку од сите негови непријатни предвидувања за градот и професијата. Како и да е, неопходно е повеќе од кога било, повторно да го слушнеме гласот на Живко Поповски, бидејќи лекциите не ги научивме. Ви претставуваме еден од текстовите објавени во „Нова Македонија“ ЛИК – додаток за архитектура, идеи и култура, 30.3.1988. Текстот е дел од книгата „На Скопје, со љубов!“ (Архитектонската мисла на Живко Поповски), приредена од Анета Христова-Поповска и Мери Батакоја, издадена во 2017 година. етки се градовите во кои голем дел од изградените објекти, наполно го заслужуваат или оправдуваат местото на кое стојат, и во тој случај секое друго место во градот, не би било нивно место. Тешко би било, поточно невозможно, да ги преместиме или дури да ги помрднеме од тоа место. На тие објекти гледаме како да се отсекогаш таму, тоа место како да е создадено за нив, како да произлегле од самото место, тоа како да им е посветено, како ништо друго да не би можело таму да се изгради освен тој објект, или дека без тој објект, таму, тоа место не би било тоа, што е! Веројатно, секој од нас би можел да изврши сопствен избор на такви објекти и такви места по лично убедување, со

Р 12

ПОРТА

27 aвгуст 2021


извесна толерантност да се разликува од другите. Меѓутоа, ќе се согласиме и со тоа дека постојат места за кои сите сме сложни и за кои нема алтернативи! Акропол не може без Партенон. Сега веќе не може ни оној мал полуостров во Сиднеј без новата оперска зграда, како од памтивека таму неа да ја чекал! Пробајте да го замислите пределот Канео во Охрид, без црквичката на Св. Јован, или плоштадот во Скопје без палатата „Ристиќ“! Тоа се тие објекти кои како да се отсекогаш, и засекогаш на сопственото место. Меѓутоа, има и такви објекти, кои со своето „однесување“ не го заслужуваат освоеното место, тоа се објекти освојувачи, кои ќе бидат оспорувани и несакани сè додека постојат. Можеби вака кажано ни се чини премногу шематски и нестручно. Се разбира, ова е само некаков обид, малку чуден за изградените објекти, бидејќи сигурно постои цел низ објекти кои се наоѓаат во сосема различни и тешко предвидливи обусловености. Такви кои имаат блескаво отвoрање и почеток, но не успеаjа да се задржат на тоа ниво и сега живеат од стара слава и чекаат нова шанса да бидат прифатени од местото, но која никако да се појави! Има и такви кои по првите неуспеси и одбивања имаа сила и среќа да не „потонат“, да се задржат на местото, мирно да чекаат да бидат прифатени од местото, или едноставно да ја дочекаат „судбината“ која ќе ги натера да се променат. Од сето ова за еден град најважно е колкав е бројот на објектите кои не си го заслужуваат местото кое го зафатиле и односот на граѓаните кон тие објекти, што ќе остане засекогаш непомирлив, без оглед на генерациите што ќе се менуваат, односно не е прашањето на односот на луѓето кон објектите, туку обратно, каков однос ќе воспостави објектот со луѓето. Среќни се оние граѓани во градовите каде што тој број на несакани објекти е мал и незабележлив. Ако сега им поверуваме на оние кои тврдат дека среќата е убавина, тогаш оние граѓани кои живеат во градови, каде што има малку несакани објекти се среќни, а и градот е убав. Или обратно! Несаканите објекти, со насила освоеното место во градот присилно ќе го пренесат сопственото расположение врз граѓаните па ќе се намалат шансите за среќа кај луѓето, а со тоа и можноста за убавина на градот. Дали е ова точно, секој ќе треба да провери преку сознанијата и расположението што го носи во себе за градот во кој живее, а и

Ж. Поповски - цртеж од конкурсниот проект за ГТЦ - Скопје

Ж. Поповски - цртеж од конкурсниот проект за ГТЦ - Скопје 27 aвгуст 2021

ПОРТА

13


со малку напор, преку проникнување и проценување на градовите што ги запознал со луѓето во нив? Нам, граѓаните на Скопје не ни останува ништо друго, туку да (по)чекаме и да видима како ќе завршат „засакувањата“ помеѓу објектите и местата, имајќи предвид дека не толку одамна на градот му е извршена „пластична операција“ и сега формира ново подмладено лице. Новото лице на градот треба да се негува и да се засакува онака како е обликувано со сите негови белези и детали што ги има и што ќе треба да ги има, или да се изневери и да се напушти, па секој по своето и на свое како умее и може, па како испадне! Имаме ли одговор како денес „Скопјанка“ (некогаш „Беко“), зградата на Лотарија на Македонија, Музејот на Македонија, Музејот на современа уметност, станбениот блок „под носот“ на бензиската пумпа од „Макпетрол“ на булеварот „ЈНА“, зградата на Радиотелевизија Скопје и многу други го заслужуваат своето место? Како станбените блокови и уште нешто друго покрај нив, што сега почнуваат да се градат во некогаш планираната зелена лента во Тафталиџе 2, на потегот север – југ, од зелениот појас покрај Вардар до зелените падини на Водно, со височини од шест ката и поткровје, со неколку илјади квадратни метри градежна површина, со паркинзи за стотина автомобили и асфалт за нив, ќе се усогласат со доброзамислениот зелен потег со основниот урбанистички план од далечните шеесетти години? Неусогласено и недоговорено со граѓаните дел по дел се бетонира и асфалтира, се одзема парче по парче земја што треба да биде претворено во шума, со терени и патеки за спорт, рекреација и прошетки, под високи дрвја и широки крошни, а со растрчани, весели, расположени, здрави и среќни граѓани. Што ќе ги пречека сега идните станари во новоизградените блокови на неполни сто метри од Топланата-запад? Постојан татнеж од согорувањето на нафтата, од испуштањето на „пречистениот“ чад и пареа, а вревата и „миризбите“ од пазарот се неважни во споредба да се има трет, втор или прв стан! Е, мој мајсторе, вредностите и убавината на објектот се докажуваат откако ќе се изгради и ќе си го зафати местото. Еднаква е тежината на одговорот, со да или со не. Кога од мајсторот некој ќе побара да му подготви проект за куќа, и обата одговора треба да се научат и да се знаат! 14

ПОРТА

27 aвгуст 2021

Ж. Поповски - цртеж од конкурсниот проект за ГТЦ - Скопје


27 aвгуст 2021

ПОРТА

15


ПОРТА


ПОРТА


архитектура

Симбол На ера која Никој Не Сака да ја избрише

Реновиран Томосовиот блок проектот за реновирање на Томосовиот блок во копер годинава ја освои државната прва награда за станбена архитектура, а во момементов е номиниран и во европската престижна Губио архитектонска награда за обнова на историските центри

Огнен АРСОВ, архитект и партнер - Коси и партнери, архитектурно проектирање, Љубљана

К 18

ПОРТА

ој автомобил е најеколошки? Дали оној за чијашто изработка имаме потреба од нови и модерни фабрики, што ги градиме на обработливи земјоделски 27 aвгуст 2021

површини? Или тие што работат на батерии кои содржат материјали за чиешто добивање создаваме еколошки катастрофи и коишто патем не знаеме да ги рециклираме? Оние што се поефикасни во потрошувачката, но коишто сепак се недостижни за секој корисник? Без желба за подлабоко навлегување во дебата на оваа тема, би дал одговор на

којшто понатаму би го надоврзал моето гледање за архитектурата на иднината - најверојатно (ова е сепак мое лаичко видување) најеколошки автомобил е одржуван модел во добра кондиција, стар помеѓу 20 - 25 години, редовно сервисиран којшто сосема ги задоволува сите потреби на еден просечен корисник.


во Копер

оГромеН проЦеНТ изГрадеНи проСТори кои Не Се кориСТаТ Да се вратиме на архитектурата. Денес, градовите се соочуваат со огромен процент на изграден простор со објекти, коишто одамна не се користат, не се одржуваат и пропаѓаат во своето постоење. Многу од нив се напуштени, празни, без корисници или пак се неискористени во

целиот свој габаритен потенцијал. Во дел од светот, каде наталитетот веќе подолго време има негативна ознака, од еколошки аспект новите градби и новото заземање на природната средина е недопустливо. Така, во голем обем за нас, архитектите на денешницата, наместо проектирање нови, во голема мера ни останува справувањето со постоечките згради. Справувањето со нив може да се случи на два можни начина - рушење на оние дотрааните и замена со нови или пак адаптирање на останатите. И не секогаш рушењето е опција. Така архитектурата на денешницата е архитектура на рециклираните згради и тоа би требало да биде агенда во развојниот план на секоја општина, град и секоја држава.

Нова домиНаНТа во ГрадоТ На едо миХевЦ Во областа на заштита на градителското културно наследство во светот припаѓа и периодот од 20 век - ерата на модерната, која го носи и преродбениот дух на денешницата. Заштитата на ова градителско наследство беше и цел на проектот на обнова кој сакам тука да го претставам. Станува збор за една модернистичка зграда во Словенија - работнички дом, изграден во историскиот центар на Копер во 1957 гододина, познат во јавноста како Томосовата кула. Објектот како таков веќе повеќе од 60 години поради своето постоење во голема мера е и спорен. Тоа започнало уште со политичката одлука за неговата изградба - во историскиот центар на средновековнот Копер (својот процут го доживува во времето на Венецијанската 27 aвгуст 2021

ПОРТА

19


Република во XV и XVI век), одлучено е на местото на некогашниот манастир да се изгради висококатница која ќе стане нова доминанта во градот, достигнувајќи ја камбанаријата на катедралата, и со својата програма (станбен објект за работниците вработени во новата фабрика за мотори Томос) симбол на новата ера. Проектот за архитектурата на објектот му е доделен на тогашниот професор, архитект Едо Михевц, кој успева на модерен начин да ги вметне медитеранските карактеристики на локацијата и со тоа објектот сепак ја добива својата позитивна струја на мислење во јавноста. Но, фабриката Томос веќе одамна не постои, а зградата, празна и напуштена повеќе од 10 години, била оставена на забот на времето.

ПОРТА

Нејзин последен корисник била јавна институција којашто ги користела само приземјето и првиот кат за административна намена, додека останатите катови ги оставила без интерес и во запуштена форма. проекТоТ за реНовираЊе На ТомоСоваТа виСококаТНиЦа Пред да почнеме со проектот за обнова, Томосовата висококатница или т.н. Томосовиот блок во Копер, беше ставен на листата објекти кои ги штити државниот Завод за културно наследство. Тоа значеше дека државата го признава културното значење на еден ваков симбол на градот, кој веќе 60 години постои и го обликува јавниот простор. Главна проблематика на обновата беше,

како во споменичко-заштитен објект да трансформираме 90 гарсоњери во современи, квалитетни станови кои ќе овозможуваат медитерански начин на живеење. Проектот започна со пребарување во Градскиот архив по старите проекти и пред сè оригиналните статички пресметки на објектот. Потоа на ред беа стручните елаборати кои ја испитуваа моменталната статичка состојба на конструкцијата и анализа на вградените материјали. Од оригиналните проекти на статика видовме дека во некој степен на рационализација при градењето не се извеле две вертикални армиранобетонски платна, за коишто понатаму било докажано дека поради добриот терен (под објектот се наоѓа цврста карпа) воопшто и не биле потребни. Доколку тие би биле изведени, објектот би ги задоволувал и денешните строги евро-кодови за градба, што беше клучен услов за продажба на новите станови. Изведбата на овие нови ѕидови на сопствени, нови темели и некои помали статички подобрувања беа само првиот чекор. Целосно беа сменети сите машински и електрични инсталации (за информација од објектот беа отстранети преку 3.500 метри азбестно-цементни цевки) и вградени нови енергетско-ефикасни системи. Заради предвидената енергетска санација, објектот доби нова фасадна изолација од минерална волна со нов површински слој, кој наново ја покажа оригиналната фасадна боја на објектот (беа направени спектрометарски анализи на длабинскиот пигмент од малтерот, кои ја покажаа оригиналната боја, која и во старите карти на боја била именувана


како „венето црвена“). Главните архитектонски промени ги постигнавме преку три интервенции: Малите станови ги здруживме во поголеми. Од 1 до 3 кат моравме да ја задржиме оригиналната логика на организација на основата - на овој начин на еден кат од 9 добивме по 5 станови. На јужната фасада постоечките балкони ги поврзавме со самоносечка челична конструкција и со тоа пред становите создадовме долги лоѓии со панели за засенчување кои се сложуват. Со тоа создадовме нова динамична интерактивна фасада, која во дадени делови од денот или годината, а и од расположението на корисникот, изгледа секогаш поинаку - панелите се различно отворени.

Од 4 до 10 кат централниот ходник го поместивме на северната фасада и на тој начин создадовме надворешен ходник, кој служи како полуприватна ладна лоѓија на двострано или тространо ориентираните станови. Овој модел се покажа како многу атрактивно решение за додатно меѓусоседско дружење и користење, особено во топлите летни денови. Со новото решение на становите им обезбедивме добра осенченост и природна вентилација. По реновирањето, блокот доби седум станбени типологии, од првичните 90 единици се добија 37 станови и еден стан на самата тераса на објектот, кој има 360-степенска ориентираност и погледи. Проектот за реновирање на Томосовиот блок во Копер годинава ја освои државната

Прва награда за станбена архитектура, а во моментов е номиниран и за европската престижна Губио архитектонска награда за обнова на историските центри. Градот Копер ја задржа својата необична доминанта што претставуваше симбол на ера која никој и не сакаше навистина да ја избрише. Облечена во ново руво, таа стана од симбол на социјализмот во нов симбол на демократијата, а можеби и на капитализмот. n проектантски тим: огнен арсов, петар Цесар, ана коси, бине Текавец статика: јани рамшак година на градење: 1957 - 2020 бруто-површина: 6.040 м2 локација: копер, Словенија фотографии: миран камбич

ПОРТА


архитектура

„4 НЕ“ - незнаење, незаинтересираност, нејасност и несоодветност проценетата вредност на сите оние станови кои не добиле потврда дека фасадата на објектот е безбедна од противпожарен аспект била регистрирана како „нула“. како резултат на ова, сопствениците на станови и да сакаат веќе не можат да ги продадат своите станови со оглед дека ниту една банка нема да му одобри кредит на потенцијалниот купувач. истовремено, сопственикот на станот треба да го исплаќа земениот кредит за сега безвреден стан

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Англија) клуЧНи ГлобалНи СиСТемСки СлабоСТи во ГрадежНишТвоТо? о јуни, со преку 17 закажани, но скромно медиумски покриени, протести низ Англија и Велс се одбележа Националниот ден на про-

В 22

ПОРТА

27 aвгуст 2021

тест против градителите (National Day of Developer Protests). Преку овој протест сопствениците на станови протестираат против градителите со оглед дека ги сметаат за одговорни за проблемите со противпожарна заштита во становите и астрономските цени за санација во рамките на континуираната криза со фасадните облоги во земјата отпочната со пожарот во Kулата Гренфел (Grenfell Tower Fire). Во овој најтрагичен

пожар во станбен објект во Велика Британија по Втората светска војна на 14.6.2017 во Лондон трагично го загубија животот 72 лица, 70 беа повредени, додека 223 успеаја да избегаат. Четири години подоцна, последиците од овој пожар сè уште одекнуваат во јавноста. Криминалната истрага отпочната на 15.6.2017 и официјалната јавна истрага по овој пожар (Grenfell Tower Inquiry) под пре-


во бриТаНија еНормНи СмеТки за проТивпожарНа СаНаЦија На објекТиТе тседателство на Сер Мартин Мур-Бик (Sir Martin Moore-Bick) отпочната на 14.9.2017 сè уште се во тек, додека во Филаделфија, САД, од 11.6.2019 се води граѓанска парница од преживеаните во пожарот и семејствата на починатите против производителите на фасадните панели Арконик (Arconic) и термичката изолација Целотекс (Celotex), обете со седиште во Пенсилванија. Меѓу другите, пожарите во шестокатниот станбен блок Семјуел Гарсиде Хаус (Samuel Garside House), Баркинг Риверсајд (Barking Riverside) во Баркинг, Лондон, на 9.6.2019, приватниот шестокатен студентски дом „Болтон Кјуб“ (Bolton Cube) во Болтон за потребите на Универзитетот во Болтон на 15.11.2019 и 19-катната станбена кула „Поплар“ (Poplar) во источен Лондон на 7.5.2021, за среќа сите без жртви и само со повредени, се континуирани потсетници за опасноста која ги демне корисниците на повисоки објекти во земјата.

одветна противпожарна сепарација, несоодветни противпожарни врати, балкони од запаливи материјали – дрво и низа други. Ова довело до проширување на обемот на објекти подложни на овој преглед. проЦеНеТаТа вредНоСТ На СТаНови кои Не добиле поТврда дека Се безбедНи е „Нула“ Во декември 2018 година Владата издала упатство за тоа како да се постапи со ваквите објекти. Ова било проследено со „одговор“ на банките и штедилниците кои нудат станбени кредити. Проценетата вредност на сите оние станови кои не добиле потврда дека фасадата на објектот е безбедна од противпожарен аспект била регистрирана како „нула“. Како резултат на ова сопствениците на станови и да сакаат веќе не можат да ги продадат своите станови со оглед дека

ниту една банка нема да му одобри кредит на потенцијалниот купувач. Истовремено, сопственикот на станот треба да го исплаќа земениот кредит за сега безвреден стан. Според препораките на Владата за сите повисоки објекти кои не се безбедни од пожарен аспект било препорачано да се воведе противпожарна патрола (Walking Watch) за објектот, сè додека објектот не се саниран, а сè со цел да се заштитат животите на станарите и посетителите на објектите. При ова станува збор за секојдневна 24-часовна патрола за да ги предупреди станарите во случај на пожар на фасадата или во објектот, како би можеле со време да го напуштат објектот. Според анализите на Министерството за домување, заедници и локална власт, средната месечна цена за противпожарната патрола по стан е околу 158 евра, а истата е на товар на сопственикот на станот. Во декември 2020 година Владата формирала

„преГлед На НадворешНаТа ФаСада“ За жал, трагичниот пожар во Гренфел кулата и наведените три пожари го претставуваат само врвот на проблемот со кој се соочуваат корисниците на повисоките објекти во земјата. Непосредно по пожарот во Кулата Гренфел Министерството за домување, заедници и локална власт (Ministry of Housing, Communities and Local Government) иницираше програма за идентификување на објектите повисоки од 18 метри со фасадна облога од алуминиумски композитен материјал, каква што била користена на опожарената кула, а за која се смета дека придонела за исклучителното брзо ширење на пожарот по фасадата на објектот. Според К. П. Стевен (Fire Safety Forum, 22.9.2017) во 2017 година весникот Тајмс известил за истражување изготвено за потребите на Истрагата за пожарот во Кулата Гренфел, според кое, горивната вредност на панелите и термичката изолација на фасадата на Гренфел кулата била еквивалента на пожар предизвикан со горење на 32.000 литри бензин!!! „Преглед на надворешната фасада“ (External Wall Survey – EWS1) е името на програмата за идентификување на објектите повисоки од 18 метри со фасадна облога од алуминиумски композитен материјал. Овие прегледи укажале дека проблемите со противпожарната заштита на повисоките објектите се многу поголеми од оние оригиналните сврзани само со примената на фасадни облоги од алуминиумски композитен материјал. Користење други видови на запаливи фасадни облоги, термичка изолација од запаливи материјали, немање со27 aвгуст 2021

ПОРТА

23


фонд од околу 34,5 милиони евра за плаќање на противпожарните патроли, но нема доволно информации за да се утврди во која мерка овој фонд ќе биде во можност да ги покрие овие трошоци. Според британскиот систем, сопственикот на земјиштето е и сопственик на објектот, што во суштина значи дека „сопствениците“ на становите кога ќе ги купат, тие всушност само го изнајмуваат станот на од 99 до 999 години (за првиот купувач) и треба да платат годишна наемнина за земјиштето, вообичаено во износ од околу 170 до 575 евра. Дополнително, „сопствениците“ треба задолжително да ги платат трошоците за управување со објектот, градежното осигурување на објектот, комуналните сметки за заедничките простории, како и за тековното и инвестиционото одржување на заедничките простории и конструкција на објектот, коишто во централното градско подрачје на Лондон изнесуваат помеѓу 4.600 и 5.750 евра годишно. Се разбира погоренаведените сметки не го вклучуваат данокот за имот, осигурувањето за предметите во рамките на станот, комуналните сметки за станот или пак тековното или инвестиционото одржување на самиот стан. Дополнително, неодржувањето на станот и неплаќањето на сметките кон сопственикот на земјиштето / зградата во екстремни случаи може да резултира и во судско одземање на станот од „сопственикот“ и враќање на станот во сопственост на сопственикот на земјиштето / зградата, без оглед на тоа што претходно купениот рок за изнајмување не е истечен.

ПОРТА

еНормНи СмеТки за проТивпожарНа СаНаЦија На објекТиТе Како резултат на утврдените проблеми со противпожарната заштита на повисоките објекти, осигурителните премии за становите во објекти со несоодветна противпожарна заштита многу се зголемени, како и месечните давачки на станарите. Дополнително, „сопствениците“ на становите се соочуваат и со енормни сметки за противпожарна санација на објектите. Има ситуации кои резултираат и во случаи кога „сопственикот“ на станот е принуден да ги врати клучевите од станот на банката која го држи станот под хипотека, го напушти станот и ефективно стане бездомник, како и да прогласи „личен банкрот“ за да го избегне плаќањето на преостанатиот кредит. Се разбира, прогласувањето на „личниот банкрот“ има далекусежни последици како финансиски така и во однос на идните можности за вработување на лицето. Според последниот објавен Извештај (Building Safety Programme Monthly Data Release, England: 30 April 2021) од Министерството за домување, заедници и локална власт од 30.4.2021 до крајот на март 2021 година биле идентификувани вкупно 469 високи станбени и јавни згради повисоки од 18 метри со облога од алуминиумски композитни материјали за коишто се сомнева дека нема да ги задоволат Градежните прописи (Building Regulations). Според истиот извештај е утврдено дека до крајот на месец март

2021 година кај 98 % (157 објекти) од идентификуваните објекти во социјалниот сектор или е завршена или е отпочната санација, а дека кај 93 % сомнителната фасадна облага веќе е извадена. За разлика од ова напредокот на санацијата кај објектите во приватниот сектор е нешто побавен, со оглед дека само кај 88 % (190) објекти или е завршена или е отпочната санацијата, а само кај 64 % е извадена сомнителната фасадна облога. Во неколку наврати досега британската Влада има одвоено вкупно околу 5,75 милијарди евра за замена на запаливите фасадни облоги на станбените објекти повисоки од 18 метри, а во февруари 2021 година најави дека за пониските објекти „сопствениците“ ќе треба да земат долгорочен заем со месечна рата не поголема од околу 58 евра. И покрај овие напори, проценките се дека реалната сметка за противпожарната санација (замена на запаливите фасадни облоги и отстранување на сите други противпожарни дефекти) на повисоките објекти во земјата ќе биде околу 17,25 милијарди евра. Проценките од февруари 2021 година во Извештајот на Министерството за домување, заедници и локална власт, укажале дека само во Англија има околу 2.110.000 станбени единици во објекти повисоки од 11 метри, во коишто живеат околу 3.870.000 жители. Недоволниот број на стручни лица за оценка на противпожарната безбедност на фасадите на повисоките објекти го одолговлекува процесот на проценка на безбедноста и како резултат на тоа, сè уште нема дефинитивни податоци за вистинскиот број на објекти кои не се безбедни. НезавиСеН преГлед На ГрадежНиТе пропиСи и безбедНоСТа од пожари Според кампањата на групата „Крај на нашиот скандал со фасадни облоги“ (The End Our Cladding Scandal), покрај претходно идентификуваните високи објекти со запалива фасадна облога, уште дополнителни 2.957 објекти имаат регистрирано барање за замена на постоечките фасадни облоги со нови отпорни на пожар. Според проценките на групата, овие објекти претставуваат околу 28 % од сите повисоки станбени објекти во Англија и во рамките на овие објекти се наоѓаат околу 700.000 станови. Без сомнение се поставува прашањето, како вакво нешто можело да се случи во една од седумте најразвиени земји во светот!? Веројатно, барем делумен одговор на ова прашање може да дадат заклучоците од веќе завршениот Независен преглед на градежните прописи и безбедноста од пожари (Independent Review of Building Regulations and


Fire Safety), инициран од Министерството за заедници и локална власт (Department of Communities and Local Government) на 30.8.2017 година, а спроведен под раководство на дамата Џудит Хакит (Dame Judith Hackitt). Резултатите од Завршниот извештај под наслов „Градење побезбедна иднина“ (Building as Safer Future) во мај 2018 година биле презентирани од министерот за домување, заедници и локална власт (Secretary of State for Housing, Communities and Local Government) во британскиот Парламент. Во рамките на овој извештај, како свое лично видување, претседавачот на независниот преглед, Хакит ги наведува овие четири фактори како клучни за затечената состојба: Незнаење „Прописите и препораките не секогаш се прочитани од оние коишто треба, но и кога се прочитани, или не се разбрани, или соодветно не се интерпретирани.“ Незаинтересираност „Основна мотивација е да се извршат работите најбргу и најевтино што може, наместо да се изготват квалитетни домови во кои луѓето ќе може безбедно да живеат. Кога ќе се изрази загриженост од други лица вклучени во процесот на градба или од станарите, тие честопати се игнорирани. Некои од оние кои изведуваат градежни работи не даваат приоритет на безбедноста, користејќи ја недореченоста во прописите и препораките за да го изиграат системот.“ Нејасност (на улогите и одговорностите) „Постои недоречност околу тоа кај кого е одговорноста, што е нагласено преку нивото на фрагментација во индустријата, а попречува соодветно да се определи носителот на одговорноста.“ Несоодветност (во назорот на пропосите и мерките за принуда) „Се чини дека големината или комплексноста на проектот не го информира начинот на којшто истиот ќе биде надгледуван од надлежните органи. Кога е потребно да се изврши имплементација на прописите, ова честопати не се спроведува. Кога се спроведува, казните се премали за да бидат ефикасна заштита.“ Според дамата Џудит Хакит, овие проблеми придонеле да се создаде несоодветното однесување во целиот сектор, кое може да се дефинира како „трка кон дното“ предизвикано или како резултат на незнаење, незаинтересираност или затоа што системот не ја поддржува добрата пракса. Според неа во рамките на учесниците во процесот на

градење, нема соодветен фокус врз испораката на најдобриот можен квалитет на градби, а со цел да се обезбеди станарите да бидат безбедни и да се чувствуваат безбедно. Во рамките на својот независен преглед и поддржана со факти за слични проблеми и во други развиени средини во светот, таа заклучува дека најверојатно станува збор за глобален проблем. Како резултат на ваквите состојби, градежната индустрија во Велика Британија се наоѓа на прагот на темелни промени, од кои во иднина се очекува да се надминат досега утврдените проблеми. може ли Со мирНа душа да купиТе СТаН? А сè до надминување на проблемите, може ли со мирна душа да купите стан? Ако се земе предвид дека „сопственикот“ на станот

платил илјадници евра за правни трошоци, трошоци за собирање на потребните податоци за купување на станот, проценка од проценител најчесто со преглед на состојбата на станот и објектот од стручно лице, банкарски трошоци и провизии, надомест за пренос на станот и упис во катастар, селидбени трошоци, сето ова во комбинација со кредит на 20 години. И по сè ова да добиете извештај дека објектот не ги задоволува противпожарните прописи и дека Вие треба да платите за санацијата на објектот? Сè ова се случува и покрај тоа што за објектот постои урбанистичка согласност, градежна дозвола и употребна дозвола, вообичаено за објектите до 10 години старост и гаранција за конструкцијата на објектот, и дека сите оние што Ви наплатиле за проверки и посреднички услуги во текот на купувањето на објект утврдиле дека сè е во ред. n 27 aвгуст 2021

ПОРТА

25


дизајн

Икона на 20 век: Шарлот Перијан „Стегајќи го портфолиото со цртежи, едно октомвриско попладне 1927 се најдов лице в лице со очилата на ле корбизје. Строгите канцеларии беа некако застрашувачки, а неговиот поздрав прилично ладен. ’што сакаш?’ - праша, со очи покриени со очилата. ’да работам за вас.’ Тој брзо погледна преку моите цртежи. ’Ние овде не веземе перници’, одговори и ми ја покажа вратата“

Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.

З 26

ПОРТА

аедно со Жан Прув, Пјер Жанере и Ле Корбизје, Шарлот Перијан (1903 - 1999) се смета за една од најзначајните архитекти и дизајнери на мебел од 27 aвгуст 2021

средината на 20 век. Жан Прув велел дека таа е меѓу ретките дизајнери кои се благословени со спонтани, хармонични и современи мисли. Шарлот Перијан е родена во Париз, татко ѝ бил морнар, а мајка ѝ шивачка на креации на висока мода. Нејзината професорка во средно училиште ги забележала нејзините

вештини за цртање многу рано, а мајка ѝ ја охрабрила да се запише на Ecole de L’Union Centrale de Arts Decoratifs (Школа за декоративна уметност) во 1920 година и тоа на насока – дизајн на мебел. Еден од нејзините учители во овој период бил познатиот дизајнер на ентериер арт деко, Хенри Рапин.


жеНа На безГраНиЧеН дизајН и На НовоТо време реФормаТор На дизајНоТ На еНТериери По дипломирањето, Шарлот го продолжила своето образование со посета на оддели во стоковните куќи кои имале работилници за дизајн. Таа, исто така, присуствувала и на предавања на Mauriciо Dufrene, директор на студиото „La Maitris“. Во 1925 година, нејзините училишни проекти биле избрани да бидат дел од Меѓународна изложба на уметност. Шарлот Перијан има полноправно членство во авангардното културно движење кое, од првите децении на 20 век, доведе до длабоки промени во естетските вредности и доведе до вистинска модерна чувствителност кон секојдневниот живот. Во овој контекст, нејзиниот специфичен придонес се фокусира на внатрешната композиција, замислена како создавање нов начин на живот, кој и денес претставува современ дизајн. Во сферата на историјата на дизајнот на ентериер на 20 век, доаѓањето на модернизмот овозможи претприемачка храброст на овој вистински реформатор на дизајнот на ентериери. приСуСТвоТо во СТудиоТо На корбизје е оЧиГледНо На почетокот на нејзината професионална кариера, критичарите ја пофалиле за проектот Bar under the roof, изложен во Salonu d’Automne, кој бил целосно изработен од никлуван бакар и алуминиум. Шарлот ја измислила и бар-кујната, со шибер кој гледа кон дневната соба и ѝ овозможува на домаќинката да комуницира со гостите. Кога имала само 24 години, започнала нејзината десетгодишна соработка со Ле Корбизје и неговиот роднина Жанере, во прочуените дизајнерски студија на авенијата Rue de Sevres 35 во Париз. Тоа било во 1927 година, а Ле Корбизје

изјавил: „Куќата е машина за живеење“. Но, тој не сфатил од практична, секојдневна гледна точка, како да се живее во машината во дневната или во спалната соба. Да, машината била месија на новиот модернизам, но како да седите во неа? Како да спиете и јадете? Едноставно, како ја опремувате модерноста? Истата година, Корбизје се вратил во Париз од изложбата на објекти во интернационален стил во Штутгарт, каде што неговите куќи биле опремени со столови од „Тонет“ од свиткано дрво, кои делувале ретроградно во споредба со мебелот со челични цевки на неговите германски колеги. Тој стапил во контакт со младата париска дизајнерка на мебел Шарлот Перијан, која неодамна ја одбил како кандидат за работа. Тоа интервју Перијан го

Bar under the roof, изложен во Salonu d’Automne

опишала на следниов начин: „Стегајќи го портфолиото со цртежи, едно октомвриско попладне 1927 се најдов лице в лице со очилата на Ле Корбизје. Строгите канцеларии беа некако застрашувачки, а неговиот поздрав прилично ладен. ’Што сакаш?’ праша, со очи покриени со очилата. ’Да работам за вас.’ Тој брзо погледна преку моите цртежи. ’Ние овде не веземе перници’, одговори и ми ја покажа вратата“. Но, откако ја видел нејзината работа на изложбата во Есенскиот салон, каде што била нејзината рационализирана Bar under the roof инсталација на мебел, со што таа го преточила духот на машината во соба, Корбизје се предомислил. Присуство на Перијан во студиото на Ле

Ле Корбизје и Шарлот Перијан 27 aвгуст 2021

ПОРТА

27


LC2 Grand Confort

B301

Корбизје е очигледно во сите парчиња мебел дизајнирани со него и Жанере. Шарлот станала камен-темелник во реформскиот проект кој ја промовира архитектурата, додавајќи посебна димензија на хуманост на често студениот рационализам на Ле Корбизје. Во нејзините производи, таа успева да ја анимира основната супстанца на

B306 28

ПОРТА

27 aвгуст 2021

секојдневниот живот со нови естетски вредности: особено нејзиниот талент и интуиција во откривањето и користењето нови материјали. Во 1928 година, заедно со Корбизје и Жанере, дизајнирала три стола според принципите столот е „машина за седење“, секој стол имал различни позиции за

различни задачи. На молба на Корбизје, направени се - стол за разговор: B301; друг за релаксација: LC2 Grand Confort; и последниот стол за спиење: лежалката B306. Лежалката B306, „лежалка-фотелја“ на полукружна потпора со подвижен наслон е едно од брилијантните остварувања на уметноста на 20 век, на граница меѓу употребен предмет и скулптура. На еден цртеж од 1927 година, Корбизје опишал типични положби на седење и лежење, без да предложи вистински дизајн. Пронаоѓањето на мебелот било работа на Шарлот. На скица од 1928 година, таа го сместила опуштеното држење во познатата „chaise longue basculante“, цртајќи подвижна лежалка која се ниша во челична лулка. Со децении, Ле Корбизје во основа го „поседува“ авторството на неколкуте столови на кои соработувале, пред сè затоа што неговото име стоеше на вратата, беше познат и беше машко. До ден денес, италијанскиот производител на мебел Cassina продава четири свои парчиња во рамките на „колекцијата Ле Корбизје“, тој сè уште ги замаглува нејзините достигнувања. Цртежите сугерираат дека Перијан ги


решавала проблемите што ги дефинирал Ле Корбизје. „Ле Корбизие нестрпливо чекаше да го оживеам мебелот“, напишала во 1991 година во својата автобиографија. А тој во писмо од 1932 година, потврдил дека „целата одговорност“ за реализација на „домашната

Tokyo Lounge

опрема“ на неговите згради е нејзина: „Мадам Перијан поседува исклучителни квалитети на инвентивност, иницијатива и реализација во овој домен“, ќе напише. Рекреирањето на нивната инсталација, „Модеран стан“, во Есенскиот салон во 1929

година, го прави нејзиното мајсторство за ентериери потполно јасно. Неколку од нивните столови, заедно со модуларните единици за складирање, слободно кружат во отворен простор. Ле Корбизје долго заговарал отворен план, без ѕидови, а во негови рамки Перијан го опремувала просторот со мебел, кој правел тој да „пее“, како што милувала да каже. Мебелот припаѓал на просторот во конфигурации на слободна форма, кои повеќе не беа залепени до камин и буржоаски правила на симетрија. увезува модерНоСТ во јапоНија Десетгодишната соработка со Корбизје и Жанере, како и нејзиното јапонско искуство, претставуваат периоди на интензивна креативност во животот на оваа уметница. Перијан воспоставила сопствен дизајн. Непосредно пред војната била повикана во Јапонија, иницирала програма за индустриски дизајн за култура која увезува модерност. За време на нејзиниот долг престој на Далечниот Исток од 1940 до 1946 година, целосно го открива својот уметнички талент, преку реинтерпретација на стварноста на животот за да ги одрази и традицијата и модернизмот. Патувала во Јапонија како официјален консултант за индустриски дизајн во Министерството за трговија и индустрија. На пример, вредно е да се спомене мебелот произведен користејќи традиционални техники за обработка на бамбус, способен да ги подобри новите форми кои веќе се експериментирани со употреба на челични цевки. Приказната за столот Tokyo Lounge е приказна за патување, соништа, разговори помеѓу еден начин на гледање и размислување за светот и друг. Донесувајќи го мекиот допир на нејзината рака, инспирирана од ориентот во технолошки софистициран дизајн, Шарлот се повлече од острите рабови на модернизмот и 27 aвгуст 2021

ПОРТА

29


повторно се вклучи во природниот свет. Успеала да постигне не само рамнотежа, туку и длабока синергија на културата и природата. иСкуСТво во разлиЧНи диСЦиплиНи Враќајќи се во повоена Европа, таа се свртела кон реконструкција, проектирајќи соби со минимални димензии во универзитетските домови, кои синтетизираат боја, форма и композиција во концизни ремек-дела на функција. Работејќи во студиото на Ле Корбизје, таа всушност, станала архитект. Нејзиното искуство во различни дисциплини, од мебел, индустриски дизајн до архитектура,

кулминирало со големиот ски-комплекс со 30.000 кревети на француските Алпи, Les Arcs, каде закосените станбени блокови ги следат контурите на падините. Скијачкиот ресорт во Les Arcs во Франција е нејзино ремек-дело, ги комбинирала интересите во префабрикација, стандардизација, индустријализација и планинска архитектура. Бидејќи гостите поминувале поголем дел од времето на отворено, Шарлот проектирала минимални соби и тоа бил заштитен знак на нејзиниот проект. Наместо тоа, зградите имаат големи простори отворени за природата. Во 2009 година, оддадено ѝ е големо признание со голема изложба во Центарот

LC7 ПОРТА

„Помпиду“ во Париз. Изложбата се селела низ целиот свет, доживувајќи голем успех. Шарлот била алпинистка, скијачка, спелеолог и до осумдесеттата година ги негувала телото и духот. Таа била жена на новото време, која ги поттикнувала другите дами да се еманципираат. Била левичар, жесток бранител на културните разлики, противник на конзервативизмот и национализмот. Шарлот Перијан била жена на безграничен дизајн и неуморно работела на тоа, своите искуства од светот, преку дизајнот, да ги претвори во визии на современиот живот. Била архитект, уметник, патник, дизајнер. Починала три дена по нејзиниот 96-ти роденден во 1999 година. n

Les Arcs во Франција


ПОРТА


екологија

по пожариТе кои опуСТошија СТоГодишНи шуми

Македонија ќе продолжи да дише без белите дробови првичните проценки се дека во пожарите во малешевијата се изгорени меѓу четири и шест илјади хектари шума и тоа најмногу борова шума и помали делови со даб и смрека. штетите се огромни, а тие нема да може да се санираат за година или две

Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА умите покриваат 9,4 отсто од површината на Земјата или 30 отсто од вкупната копнена површина, но некогаш покривале дури 50 отсто. Оваа година бројките уште повеќе ќе се намалат поради големите пожари кои зафатија делови од Европа, а не остана поштедена ниту Македонија. Стогодишни шуми изгореа во пожарите во Малешевијата, во високите делови на месноста викана Бајастепе, која се наоѓа на потегот меѓу Делчево и Пехчево. Силниот оган зафати огромен фронт и опустоши голема површина. Станува збор за

Ш 32

ПОРТА

27 aвгуст 2021

катастрофа со огромни размери и тоа не само што е предизвикана материјална штета, опожарени се и пчеларници и бројни објекти, туку штетата има и еколошки и биолошки последици. По овогодинешните пожари во источниот дел од државата, Македонија ќе продолжи да дише без белите дробови. оГромНа и НеНадомеСТлива шТеТа Колкава е штетата од годинешните пожари, допрва ќе се проценува, иако, несомнено, таа е огромна и ненадоместлива и веројатно бројките ќе покажат дека Македонија оваа година изгуби најголема шумска површина. Минатата година биле евидентирани 102 пожари, со вкупно опожарена површина од

1.233,92 хектари, опожарена е дрвна маса од 8.138 кубни метри, при што е причинета штета од 81.071.150 денари. Вкупните трошоци за гасење на минатогодишните пожари изнесувале 1.329.734 денари. Бројот на пожари во 2019 година бележи зголемување во однос на бројот на пожари во 2018 година, за три пати. Шумските пожари просечно годишно уништуваат околу 9.076,51 хектари шума. Годишно во просек во периодот од 1999 до 2019 година има по 217 пожари. Во 2007 година поради екстремни суши и човечки фактор имало 652 пожара на околу 35 илјади хектари површина. Пропорционално со разгледуваните параметри претходно, вкупната штета од пожарите по години изразена во денари е


најголема во 2007 година со вредност од 1.311.167.721,95 денари, а во 2019 година е со вредност од 808.669.316 денари. Годишно во просек во периодот од 1999 до 2019 година вкупната штета од пожарите изнесува 404.138.772,86 денари. Првичните проценки се дека во пожарите во Малешевијата се изгорени меѓу четири и шест илјади хектари шума. Огнот имаше зафатено површина од Тработивиште и Стар Истевник на север до селото Мачево и градот Пехчево на југ, или околу 18 километри оддалеченост. Станува збор за еден од најубавите планински предели во земјата - Берово, Пехчево, Делчево, а пожарите ги зафатија и околината на Кочани, Битола, Гевгелија, Старо Нагоричане. поТребНи Нови пошумуваЊа Во пожарите најмногу има изгорено борова шума и помали делови со даб и смрека. Експертите велат дека штетите се огромни и дека тие нема да може да се санираат за година или две. Доколку надлежните почнат веднаш со расчистување на опожарените места од пролет веќе ќе може да се почне со пошумување на овие делови. Но, сепак како што велат експертите при пошумувањето ќе треба да се менуваат видовите со кои ќе се пошумува, да се изберат видови што се потешко запаливи, видови што брзо се обновуваат. Јавното претпријатие „Национални шуми“ пошумувањата ги реализира според посебните планови за стопанисување со шуми во неколку фази според предвидената динамика, обработка на почвата (механизирана или рачна обработка на почвата, а во зависност од теренските услови). Изборот на дрвните видови за пошумување на предвидените површини е според едафско-климатските и педолошки услови, адаптибилни за успешнa прифатеност и понатамошен развиток на садниците. Во зависност од надморската височина и географската местоположба на локалитетите се пошумува со дрвни видови кои се адекватни во согласност со педолошката структура на почвените и климатските услови. Претпријатието, со годишниот изведбен план, кој е во согласност со посебните планови за стопанисување со шумите, реализира одгледни мерки како пошумување со шумски садници, подсејување со пошумување со семенски материјал, пополнување, санирање опожарени површини со пошумување и други одгледни мерки. ЈП „Национални шуми“ одгледувањето и

користењето на шумите го врши плански, во согласност со посебните планови за стопанисување со шуми, на начин што

обезбедува трајно зачувување на нивната површина и зголемување на вредноста на шумите, постојано зголемување на нивниот 27 aвгуст 2021

ПОРТА

33


пожарите големо количество на дрвна маса се уништува и тоа претставува економски проблем. Пожарите на шумите предизвикуваат загадување на воздухот, почвата и водата. Изгорените дрвја се извор за развој на патогени штетници. Потоа, постои зголемување на ерозивните процеси во изгорените површини, дебалансирање на водниот режим, губење на вегетацијата и опустување. Речиси 95 отсто од шумските пожари се предизвикани од човекот. Во овој период Министерството за внатрешни работи и обвинителството веќе работат на собирање докази за да утврдат дали за предизвикување на овие пожари е виновна човечка рака.

прираст и принос, како и зачувување и унапредување на нивните општокорисни функции, кои се во насока на одржлив развој и унапредување на животната средина. Заштитните функции на шумите се остваруваат преку заштита на земјиштето и други објекти од ерозија, влијание на водниот режим и режимот на ерозивните наноси, заштита на хидромелиоративните системи и објекти, заштита на населби и објекти од јавен и локален интерес во државна и приватна сопственост. Производствените функции, пак, на шумите се во насока на производство на дрво и

34

ПОРТА

27 aвгуст 2021

други производи од шумата, како и производство на кислород. Податоците од пошумувањето на нови површини покажуваат дека тие не се на нивото од пред неколку години. Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2020 година во земјата биле засадени нови дрвја на површина од 569 хектари, што е второ најниско ниво во изминатава деценија по 2017 година, кога биле пошумени 553 хектари. Шумските пожари се еден од најголемите проблеми во шумарството, но и за животната средина во целост. Поради

државаТа Нема разрабоТеН СиСТем Последните пожари во земјава во кои беа загрозени голем број населени места и градови, а изгоре непроценливо богатство, покажаа дека државата нема систем за справување со огнената стихија, има ограничени човечки и технички ресурси, а сите решенија ги носи ад хок. Во вакви услови, јавноста повторно го поставува прашањето зошто државата нема разработен систем на цивилна заштита. Нема одговор ниту на тоа зошто не се наменети средства за набавка на нови противпожарни камиони, зошто постоечките не се обновени половина век, зошто не се одржуваат постојните „ер-


трактори“, но и зошто нема обуки на цивилни лица за вклучување во спасувачки акции при природни непогоди. За сето ова потребно е да има нов систем во кој цивилното население би имало поголема

улога во справувањето со стихиите предизвикани од климатските промени, а кои од година на година стануваат сè поинтензивни на овие простори. Ова е систем што државата мора да го воведе и

да се работи на усовршување затоа што помошта од соседите е добредојдена, но огнените стихии беснеат и во останатите држави, а секогаш се гледа прво во сопствениот двор, а потоа настрана. n

За санација ќе биде потребно многу долго време

Шумата што ќе изгори тешко може да се обнови. Станува збор за непроценливо богатство, еден од најважните ресурси за секоја држава. Последиците од пожарите и уништувањето на шумите се рефлектираат во многу сфери од нашето живеење, вели Јулијана Николова, директор на ЈП „Национални шуми“. По првичниот увид од теренот, според неа, може да се забележи дека на одредени места огнот направил вистински пустош. „Веќе се работи на собирање на податоците од сите подружници за да видиме точно колкава е штетата што беше предизвикана. Потоа ќе чекаме Инспекторатот за шумарство и ловство да изготви решение со кое ќе нè задолжи да направиме санација на теренот и во рок од две години да извршиме пошумување. Пошумувањето ќе се врши во консултација со стручни лица, кои ќе треба да одредат

на кој терен какви садници треба да се садат, дали тоа ќе бидат истите дрвја што изгореа или, пак, ќе се пошумува со други видови. Секако располагаме со доволно садници со коишто ќе се обидеме да го спасиме шумското богатство проголтано од огновите“, додава Николова. Според неа за санација ќе биде потребно многу, многу долго време. За обнова на изгорените површини сметам дека е реално да очекуваме дека ќе ни требаат повеќе децении за да дојдеме до фазата во која се наоѓала шумата која изгорела. Тоа е страшно долг период, што пожарите кои ни се случуваат ги прави катастрофални, додава таа. Од јавното претпријатие се согласни дека преземањето на различни мерки за превенција и едукација, како и измена на одредени закони се најдобриот начин да се заштитат шумите од пожари. Директорката

Николова вели дека неопходно е воведувањето на модерни технологии, кои можат да го надоместат недостатокот на човечки кадар во чувањето на шумските површини. „Клучни фактори се подигнување на свеста на граѓаните, преку постојано апелирање до сите граѓани на крајно внимание и одговорност да ги зачуваме шумите од пожари со добро осмислени кампањи за важноста на шумите, како и совесно однесување од страна на сите посетители на шумите. Од друга страна потребно е обезбедување смарт системи со сензори за рано детектирање пожари. Сензорот во голем радиус детектира дим и алармира уште во раните стадиуми, а технологијата е толку напредна што може да предвиди каде може да се движи пожарот или со која јачина да биде“, посочува Николова.

27 aвгуст 2021

ПОРТА

35


екологија

Опасност од ерозија и појава на во периодот од 1914 до 2020 во државата се пошумени преку 250.000 ha ерозивни голини за кои по сегашни цени се потрошени најмалку 500 милиони евра само за пошумување, плус трошоци за одгледување и заштита. ако се смета успешност на пошумувањата од околу 65 отсто, тоа значи дека само во пожарите за последните 20 години е изгубена површина колку што е пошумена во минатите 100 години д-р Иван БЛИНКОВ, редовен професор, УКИМ Скопје Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем“, Одделение за заштита на шумите и природните ресурси, Катедра за земјиште и вода Со посебен осврт на почвата, водата и некои природни непогоди природНи НепоГоди Во Законот за заштита и спасување („Сл. весник на РМ“ бр. бр.36/04 од 10.6.2004 година) постои следната дефиниција: 1. „Природни непогоди“ се настани предизвикани од неконтролирано дејство на природните сили кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето и животните и предизвикуваат штети на имотот, културното наследство и животната средина (земјотреси, поплави, лизгање на земјиштето, снежни лавини, наноси, луњи, уривање високи брани и насипи, суша, атмосферски и други непогоди). Има разни поделби на природните опасности од кои во овој текст е презентирана следната каде што опасностите се делат на: атмосферски (невреме со град, ветер, урагани, бури -грмотевици и молњи, торнада, тропски бури), сеизмичко-геолошки (пропасти, земјотреси, латерални пукнатини, ликвифација, цунами, стоечки бран), геолошко-хидролошки (урвински процеси, експанзивна почва, подводно свлекување), вулкански (тефра –прашина и пепел, гасови, исфрлање лава и кал, странични експлозии, експлозивен бран, пирокластична лава), органски (епидемии, епизоотии, епифитотии), хидролошки (крајбрежно поплавување, речни и поројни поплави, десертификација, салинизација, хидролошка суша, ерозија и седиментација и пожари (грмушки, шуми, трева, савани). Иако човекот може да направи малку или незначително во промените на случувањата или интензитетот на повеќето природни феномени, тој игра важна улога во одвивањето на овие природни настани, недозволувајќи на тој начин, да 36

ПОРТА

27 aвгуст 2021

се претворат во катастрофа. Но важно е да се каже дека човечката интервенција може да ја зголеми честината и јачината на природните опасности. Човечкото присуство може исто така да предизвика природна опасност каде никогаш ја немало. И конечно, човечката активност го намалува ефектот на проширување на природните екосистеми. Еден екстремен

случај на деструкција од страна на човекот на еден екосистем претставува и десертификацијата (опустинувањето). Далеку најдеструктивна непогода во Република Северна Македонија се поплавите, било да се речни (предизвикуваат огромни штети и загуби) или пак поројните (кои покрај штети и загуби предизвикуваат и човечки жртви). Пожарите

Слика 1 - Број на пожари по површина на регион 2001 - 2017


еФекТи од шумСки пожари

поплавни бранови после пожар се исто така фрекфентна непогода која предизвикува големи штети и загуби но има и дополнителни негативни ефекти. пожари На оТвореНо Пожарите на отворено (според македoнската терминологија или Wildfires – ang.) особено оние поголемите, често зафаќаат големи и по неколку стотини илјади квадратни километри и може да траат и по неколку денови, a најголемите и неколку месеци. Пожарите на отворено се јавуваат речиси во целиот свет на сите континенти. Тие се нормална природна појава и често се предизвикани од молњи, но и од запалување поради разни други причини. Сепак човечките активности се пресудни. Според извештаите на експертите, за > 95 % од пожарите во РСМ, причинител е човекот, дали намерно или ненамерно. пожари во република Северна македонија Според проф. Н. Николов, нашата земја секоја година во шумски пожари, губи преку 9 илјади хектари што е штета од 6,6 милиони евра. Најкатастрофалните пожари во државата се регистрирани во 2000 и 2007: ⦁ 2000 година - 476 пожари, 46.346 ha опожарена површина, 711.782 m3 изгорена дрвна маса, 15,6 милиони евра вкупни штети и загуби; ⦁ 2007 година - 652 пожари, 35.249 ha опожарена површина, 617.679 m3 изгорена дрвна маса, 21,5 милиони евра вкупни штети и загуби. Според достапните податоци 1999 - 2020, вкупната опожарена површина изнесува 158.665 ha или просечно годишно се губи 9.917 ha шума. Треба да се напомене дека во периодот од 1914 до 2020 во државата се пошумени преку 250.000 ha ерозивни голини за кои по сегашни цени се потрошени најмалку 500 милиони евра само за пошумување, плус трошоци за одгледување и заштита. Ако се смета успешност на пошумувањата од околу 65 %, тоа значи дека само во пожарите за последните 20 години е изгубена површина колку што е пошумена во минатите 100 години. екоСиСТемСки уСлуГи од шумиТе Шумскиoт екосистем не е едноставно множество од дрвја туку претставува заедница на растенија, животни, микроби и на сите други организми во интеракција со хемиските и физичките карактеристики на нивната околина: Поточно, копнена средина во која доминираат дрвја што растат во затворена крошна – шума. Организмите вклучени во дефинирањето на шумскиот екосистем се меѓусебно зависни еден од друг за опстанок и можат да бидат широко класифицирани според нивната еколошка улога

Слика 2 – Екосистемски улоги од шумските екосистеми 27 aвгуст 2021

ПОРТА

37


како производители, потрошувачи и распаѓачи. Експертите за шумска економика, наведуваат околу 5.000 добра и услуги од шумските екосистеми. екосистемските услуги од шумите се категоризираат во четири главни категории: - снабдувачки - дрво за разни потреби за домаќинствата и стопанството, шумски плодови, шумски лековити растенија, габи, мовови, лишаи, месо од дивечот, свежа вода итн., - поддржувачки - хабитат за флора и фауна, фотосинтеза (примарна продукција), педогенеза, нутритивен циклус, оплодување итн., - социјално-културни - рекреациски, естетски, духовни, едукациски, - регулирачки – складирање јаглерод, прочистување воздух, прочистување на водите, регулирање на климата. Kако поткатегортија на регулирачките, а некаде и како посебна категорија се наведува ⦁ заштитна улога - заштита на почвата од ерозија, заштита од крајбрежна ерозија, заштита од свлечишта и одрони, од поројни поплави, намалување на поплавните пикови особено кај сливови до 100 km2. Пожарот има негативно влијание на сите овие услуги од шумските екосистеми. еФекТи од пожариТе Пожарот е дел од природата. Тој игра клучна улога во обликувањето на екосистемите со тоа што служи како агент за обнова и промени. Некои видови како на пр. Pinus banksiana (расте во Северна Америка) не ни може да се размножуваат доколку нема пожар кој ги отвора шишарките и потоа се рaзлeтува семето. Дури и се прават контрoлирани пожари од Американската шумарска служба. Но, пожарот може да биде и смртоносен, уништувајќи ги домовите, живеалиштата на дивите животни и дрвјата. кои се негативните ефекти од шумски пожар? ⦁ Најстрашни се човечките загуби, било да се работи за резиденти, туристи или пак за луѓе кои се дел од единиците за справување со пожар, ⦁ Има тешки последици по здравјето на луѓето, не само за време на пожарот, туку и после, поради огромните количини на ослободен CO2. економски ефекти ⦁ Уништување објекти подигнати од човек (без разлика дали се стопански – производни или услужни, домување, рекреација и сл.), ⦁ Големи загуби на дрвна маса и иден прираст на дрвна маса, ⦁ Голема загуба на шумски плодови и лековити растенија, ⦁ Доколку е зафатено и земјоделско земјиште се уништува и приносот, ⦁ Во некои случаи може да резултира и со подигање на пазарната цена на дрвни сортименти, шумски плодови и лековити растенија, како и 38

ПОРТА

27 aвгуст 2021

земјоделски култури поради намалена понуда, ⦁ Во земјоделството може да предизвикаат и невработеност, што доведува и до миграција на населението во урбаните средини, оставајќи ги опожарените подрачја напуштени; ⦁ Државниот буџет се оптоварува со огромните трошоци за справување со пожарите, но и за обновување на шумата, ⦁ Ако пожарот е во туристичко подрачје, може да доведе и до намалување на туристи, ⦁ Реални се и штети и загуби по ловот. (се намалува животниот простор на дивите животни, со што се намалува и нивниот број) ефекти од пожарот врз воздухот ⦁ За време на пожарот се ослободуваат огромни количини на CO2. Зголемувањето на CO2 значи зголемување на глобалното затоплување. ⦁ Намалувањето на шумската површина повлекува и намалено производство на кислород и апсорпција на CO2 од страна на шумата. ⦁ Големото количество на пепел во атмосферата може да предизвика намален раст на растенијата, да ја намали видливоста и да предизвика тешкотии при дишењето на човекот и животните. ефекти од пожарот врз почвата Кога големите дрвја горат, топлината зрачи и нагоре и надолу во површинскиот лисник, а потоа подлабоко во почвата, што може да им наштети на микробите на почвата дури и да ги усмрти. Пожарот има ефект врз својствата на почвата. Во текстот се презентирани само дел од последиците по својствата на почвата. Физички, физичко-хемиски и минералошки својства на почвата: Природната водопропусливост на почвата често се намалува поради формирање континуиран, водоотпорен слој неколку сантиметри под површината, a тоа подразбира ограничувања во водопропустливоста на почвата и на тој начин се зголемува истекувањето и ерозијата. Стабилноста на структурата на почвата се намалува како резултат на согорување органска материја. Густината се зголемува поради пропаѓање на агрегатите и затнување на порите од пепелта и дисперзираните глинени минерали, а како последица на тоа, порозноста и пропустливоста на почвата се намалуваат. Хемиски својства Количината на органска материја се намалува веднаш по пожарот, но на долг рок генерално го надминува нивото пред пожар. Јагленисаниот материјал, производ на нецелосно согорување, долго останува во почвата дури и милениуми. биолошки својства Микробиолошката биомаса се намалува, а самореставрацијата на нивото пред пожар зависи главно од брзината на повторна колонизација на растенијата. Генерално, габите се намалуваат повеќе од бактериите. Биомасата на безрбет-

ници кои живеат во почвата се намалува, но помалку од микроорганизмите, благодарение на повисоката подвижност на безрбетниците. ефекти од пожарите врз водите ⦁ Се нарушуваат елементите на водниот режим во шума – се минимизира интерцепцијата (прифаќање на водите од органската маса која изгорела), се минимизира транспирацијата, а се намалува ретеницијата и се зголемува истекот поради повеќе причини (обесшумување промени на почвените својства), а со тоа се намалуваат и надополнуваат аквиферите и издашноста на изворите, ⦁ Водите во околината се загадени од огромните количини на пепел кој се разнесува после пожарот, што директно влијае на рибите и растенијата, ⦁ Подземните води и изворите не се обновуваат повеќе со свежа вода, па се намалува нивниот капацитет, како и квалитетот на водата за пиење. ефекти од пожарите врз заштитната улога на шумата Моделите за интензитет на ерозијата и за поплавни пикови ги вклучуваат следните параметри: ⦁ Топографски (нема промена после пожар), ⦁ Карактеристики на геолошката подлога (нема промени), ⦁ Климатски, особено врнежите (мали промени), ⦁ Карактеристики на почвата (огромни промени после пожар): а) од аспект на ерозија (разбиена структура на почвата и изгубена кохезија помеѓу почвените зрна со што стануваат како песoк, а со тоа значително расте еродибилноста), б) од аспект на истек и протек (зголемување на водонепропусливост и појава на поголем површински тек кој пак низводно влијае и на зголемување на ерозијата). ⦁ Покровноста на подлогата (уништена шумска покровност): а) од аспект на ерозија – уништена шумска покровност, вклучувајќи ја и шумската простирка, почвата е изложена на директен удар на дождовите со што настанува дождовна ерозија, но и на ветровата ерозија. б) од аспект на истекот и протокот - уништена покровност со што се зголемува значително истекот, но и пикот на поплавен бран. Значи, после пожар значително растат ерозијата и пикот на поплавните бранови, вклучувајќи го и количеството на седимент во поплавниот флуид. Доколку се обесшуми слив над некое населено место значително расте и ризикот. Ова е особено важно кај помалите сливови. во наредниот дел се презентирани примери за промена на интензитетот на ерозија и големина на поплавни пикови пред и после пожар добиени со моделирање.


Според ова после пожарот настанува радикална промена на земјишниот покров, а со тоа и зголемување на интензитетот на еродибилност на подлогата изразен преку коефициентот на ерозија. После пожарот просечната ерозија на сливот се зголемила скоро 2 пати (од 0,43 на 0,83). Со зголемување на еродибилноста на подлогата, се зголемува и количеството на продуциран ерозивен материјал изразено во [m3/km2 god]. Моделот покажува, дека ако еродибилноста се зголемила двојно, тогаш вкупниот просечен годишен интензитет на ерозија изразен преку количеството на ерозивен материјал – Е – се зголемува 2,7 пати, при што на најекстремните места е зголемен и три пати.

Слика 3 - Пожар во м.в. Паркач (Малешевија) - 2007 пример 1 - пожар во сливот на колачински андак (малешевија) Во летото 2007 беше опожарена огромна површина од 1.000 ха шума (најмногу борова шума) во м.в. Паркач во Малешевијата. Околу 400 ха од опожарените припаѓаат на сливот на Колачински Андак, кој тече покрај с. Смојмирово.

Моделирањето на интензитетот на ерозијата според ЕПМ-методот ги покажа следните резулати

пример 2 – водно – Скопје Познато е дека на планината Водно се реализирани околу 1.000 ха пошумувања во минатото. Најголем дел од нив се реализирани токму во најзначајниот дел од аспект на заштитата на градот Скопје од ерозија и поплавување т.е. делот Нерези – Припор. Во тој дел има и многу борови вештачки насади кои се и најопасни и најтешки за справување во случај на пожар. Интересно е да се направи што-ако сценарио (what-if scenario) од аспект на ерозијата, но и пик на поплавен бран кој би се јавил.

Направено е моделирање на ерозијата и продукцијата на наноси пред и после пожарот.

Слика 5 - Интензитет на ерозијата на Водно, нормална состојба и во случај на пожар

Слика 4 - Колачински Андак - моделирање на интензитетот на ерозијата пред и после пожар

Ова моделирање е правено глобално во рамки на проектот Рима Дима (Блинков ет ал., 2008) во период пред градбата на патот Средно Водно - Сопиште со крај за Сончев Град. Во нормална состојба, интензитетот на 27 aвгуст 2021

ПОРТА

39


Слика 6 - Интензитет на ерозија пред и после пожар - Горноводњански порој (Блинков ет ал, 2007)

ерозија е слаб и изнесува Z = 0,37, додека во случај на евентуален масовен пожар на цела планина би станал висок Z = 0,78. Особено е значаен делот кој гравитира кон централното градско подрачје на Скопје (на картата тоа е североисточниот дел) т.е. подрачјето од Нерези до Припор. Затоа е интересно да се види и подетална анализа на сливот на Горноводњански порој – најзначајниот слив за градот Скопје. Во овој слив се реализирани огромен дел

од противерозивните мерки (терасирање, пошумување, административни забрани, обврски) и противпоројни (канали, прегради, прагови) мерки. Тоа е поројот кој минува покрај Клинички центар и Мала станица. Во целиот урбан дел е покриен. Во случај на пожар во овој слив, ерозијата би се зголемила 4,48 пати, додека просечната годишна продукција на нанос (W), би се зголемила 9,6 пати, а пак количествата на транспортиран нанос (G) 9,1 пат.

Слика 7 – Карта на опасност од поплава од Горноводњански порој (Поинт Про, 2017) 40

ПОРТА

27 aвгуст 2021

Тоа е што се однесува на ерозијата, но интересно е да се види и максималниот проток на поплавен флуид (вода + нанос) во сегашен случај и во потенцијален случај ако се опожари целиот слив. Во модeлот на Слободан Гавриловиќ (Универзитет Белград), како променлива е земен само параметарот на покровноста – S2. Тој параметар во сегашна состојба изнесува Ѕ2 = 0,66 додека во случај на опожарување би изнесувал Ѕ2 = 0,94. Бидејќи параметарот е правопропорционален и зголемувањето на пикот на поплавна вода би се зголемил за околу 40 %. Моделирањето на поплавен бран со појава 1 во 100 години, изработено од Поинт Про (Студија за поплавување на град Скопје, 2017) е загрижувачко. Од моделот се забележува дека и дел од Клинички центар би бил под вода од најмалку 0,5 m. Е сега замислете пикот на бранот да биде најмалку 40 % поголем, поради зголемениот истек од гола површина, плус флудиот во кој има значително количество на нанос кој го зголемува волуменот и протокот. Застрашувачко сценарио за град Скопје, но и за државата поради огромниот број на т.н. критични објекти, лоцирани во централното градско подрачје. Но, мора да ни станат јасни евентуалните последици. проЦеНка На шТеТи од пожариТе Во официјалните статистички податоци при проценка на штетата од пожарите се проценува само економска штета т.е. трошоците за изгубена дрвна маса, изгубен иден прираст на дрвна маса како и трошоците за справување со пожарот. Сепак тоа е само ситница во споредба со вкупните штети во еден шумски екосистем. Шумата не е едно обично множество од дрвја. Вкупната вредност на еден шумски екосистем е најмалку 10 пати поголема од вредноста на дрвната маса. А во случајов на Водно таа вредност е можеби и до 50 пати поголема, токму поради огромната улога на шумата на Водно, пред сè заштитна, а потоа за прочистување на воздухот, рекреативна улога итн. ЗАВРШНИ НАВОДИ Сите модели укажуваат на големата опасност од интензивна ерозија и појава на поголеми пикови на поплавни бранови после пожар. Со оглед на заштитната улога на шумата тоа е особено битно таму каде е изгорена шума во некој слив, од каде како резултат на интензивни дождови можно е поројно надојдување од поголеми размери и загрозување на некое населено место (пр. Белско маало – Кочани или некои населени места во Малешевијата) или пак значајна


инфраструктура. Шумата на Водно е веројатно најзначајниот шумски екосистем во државава, чија вредност по слободна проценка оди и до 50 пати помножено со вредноста на дрвната маса. Токму затоа постои залагање на голема група на експерти од разни струки и невладиниот сектор да се заштити Водно со посебен закон. Да го заштитиме Водно, за да нè заштити нас, граѓаните на Скопје. Најновиот 6-ти извештај на Работната група I на IPCC (Интернационален панел за климатски промени), покажува дека светот уште во следните две децении најверојатно ќе го достигне или надмине прагот од затоплување од 1,5˚С, ги посочува последиците од затоплувањето од 1,5˚С и објаснува колку полоши ќе бидат последиците ако температурата се зголеми за 2 или 4˚С. Секој дел од степенот навистина е важен - без разлика дали ефектите се поврзани со интензитетот и зачестеноста на екстремните врнежи, сериозноста на сушите и топлотните бранови или губењето на мразот и снегот. Сите проекции за климатски промени се дека не само што ќе се намалат вкупните врнежи, а ќе се зголемат температурите, туку и дека ќе се зголеми фреквенцијата на екстремните појави: екстремни суши кога се јавуваат шумските пожари, но и фреквенцијата на екстремни врнежи ќе се зголеми, што пак носи интензивни ерозивни процеси и големи поплавни бранови. Сушите и поплавите се поврзани една со друга. Во моментов една третина од државата е ранлива на процеси на опустинување (Блинков ет ал., 2021) . На состанок на конвенцијата за борба со опустинување во 2020, се постави една теза која е сосема реална „Сахара го прескокнува медитеранот во европа. Глобалното затоплување се заканува да создаде појас на прашина низ целиот свет“. крајно време е да се замислиме сите! Постојат национални планови/програми/платформи во врска со: климатските промени (Национална комуникација за климатски промени) со деградација на земјиштето и опустинувањето (Национален акциски програм за справување со суша и опустинување), со природните непогоди (Национална платформа за намалување ризици од природни катастрофи; Планови за управување со поплави; Планови за стопанисување (одгледување и заштита) со шуми, вклучувајќи и планови за заштита од шумски пожари итн.). Е сега е ред државните власти да се фокусираат на овие проблематики за конечно да се имплементираат мерките во сите овие документи за да не останат само на хартија. n ПОРТА


eкологија

Дали повластените тарифи денес, откако ширум светот, а особено во еу е постигната интензивна пенетрација на обновливците (со акцент на ветерните и соларните електрани), сè почести се дебатите во врска со соодветното дефинирање на субвенциите кои треба да бидат одобрени за одреден проект

Даниела МЛАДЕНОВСКА овластените тарифи (feed-in tariffs) одиграа значајна улога во растот на капацитетите на обновливи извори на енергија на многу енергетски пазари, но веќе има сериозни индиции дека „акциите“ на овој важен механизам за поддршка веќе почнуваат да паѓаат. Според тоа, за анализа се наметнува едно многу важно прашање - дали сè уште постои простор за овој механизам на енергетските пазари на денешницата и иднината?

П

ЦрНа Гора Најави укиНуваЊе Прашањето добива на актуелност откако неодамна една од земјите од регио42

ПОРТА

27 aвгуст 2021

нов - Црна Гора најави нивно укинување. Имено, Владата на Црна Гора го усвоила извештајот според кој уделот на производството на електрична енергија од обновливи извори во вкупната финална потрошувачка во 2018 година бил 39,75 отсто, а во 2019 година 38,69 отсто, со што е исполнета националната цел (33 отсто). Затоа, Владата во најскоро време ќе ја стави вон сила Уредбата за повластени тарифи за електрична енергија од обновливи извори. Инаку, државата одобруваше повластени тарифи како поттик за изградба на електрани на обновливи извори на енергија, Законот за енергетика предвидува Владата да престане да ги субвенционира новите капацитети за производство на енергија од обновливи извори, доколку се постигне националната

цел, односно Регулаторната комисија за енергетика да престане да доделува статус на повластен производител. Дополнително, Црна Гора засега е единствената земја на Западен Балкан која веќе има данок на емисиите на јаглерод диоксид од енергетскиот сектор, со што е чекор понапред во однос на опкружувањето кога станува збор за реалните несубвенционирани цени на производството на енергија од јаглен. македоНија Го Нема иСполНеТо зададеНиоТ ТарГеТ Македонија сè уште го нема исполнето зададениот таргет за удел на обновливите извори во финалната потрошувачка од 23 отсто. Во 2018 година тој удел бил 18,1 отсто и е понизок од оној регистриран во


обНовливи извори На еНерГија

веќе излегуваат од игра? 2017. Што се однесува до повластените производители на електрична енергија, нивната вкупна инсталирана моќност е сè уште многу ниска – 7 отсто во вкупниот инсталиран капацитет во земјата. Во целиот период на примена на повластените тарифи во Македонија, освен во 2015 година, малите хидроелектроцентрали доминираат во поглед на исплатените средства за произведена електрична енергија во однос на другите видови на електроцентрали - 38,5 отсто од вкупно исплатените средства по повластена тарифа. Во 2020 година за произведената електрична енергија од мали хидроелектроцентрали исплатени се 981.361.180 денари, за електричната енергија произведена од ветерни електроцентрали исплатени се 641.745.336 денари, за термоелектроцентралите на биогас

636.257.144 денари, и за фотонапонските електроцентрали 294.351.129 денари. Без сомнение, на глобално ниво овој механизам овозможи раст на индустријата на обновливите извори на енергија, и тоа беше забележливо во периодот веднаш по потпишувањето на Парискиот договор, кога моментумот зад обновливците стана посилен од кога било. Според податоците на REN21 Renewables 2016 Global Status Report, околу 147 GW инсталиран капацитет во обновливи извори бил активиран во 2015 година, што било најголем дотогаш регистриран раст во една година - еднаков на целокупниот инсталиран капацитет во енергетскиот систем на целиот африкански континент. Она што е особено значајно во врска со овие резултати е дека истите се постигнати во време кога цените на фосилните горива биле на исто-

риски минимум. Се разбира, за да се постигнат тие резултати била неопходна поддршка од страна на националните влади, првенствено во вид на субвенции за инвестирање и развој на вакви капацитети. Денес, откако ширум светот, а особено во ЕУ е постигната интензивна пенетрација на обновливците (со акцент на ветерните и соларните електрани), сè почести се дебатите (но веќе и конкретните мерки во однос на политиките) во врска со соодветното дефинирање на субвенциите кои треба да бидат одобрени за одреден проект, имајќи го предвид товарот кој овие политики на поддршка го пренесуваат врз сметките за електрична енергија на крајните корисници и врз и онака затегнатиот и ограничен буџет. Во Европа, повластените тарифи (feed in tariffs) одиграа главна

27 aвгуст 2021

ПОРТА

43


улога во промовирањето на обновливите извори низ целиот континент. Во Германија, која сè повеќе се наметнува како лидер во енергетската транзиција во ЕУ, повластените тарифи претставуваа важен инструмент во транзицијата на земјата Energiewende, и помогнаа во зголемување на уделот на обновливи извори во националниот енергетски микс од состојба со удел помал од четири отсто во 1990 година (кога стартува концептот на субвенционирање) до над 30 отсто во 2015 година. земјиТе поЧНаа да Се оддалеЧувааТ од повлаСТеНи ТариФи Во последните години, земјите во Европа, но и пошироко, почнаа да се оддалечуваат од концептот на повластени тарифи, обидувајќи се да се придвижат кон повеќе пазарно ориентирани механизми за промовирање на обновливите извори на енергија. Транзицијата кон пазарно ориентирана поддршка за обновливците во Европа е цел на Европската комисија - високите сметки на крајните корисници во комбинација со потенцијалниот дебаланс кај обновливците кои користат субвенции, како и актуелните барања и потреби на националните и прекуграничните преносни капацитети, ја наметнуваат неопходноста од поголема контрола во развојот на капацитетите на обновливи извори на енергија и првенствено ревидирање на субвенционирањето. Повторно Германија, која беше предводник на концептот на повластени тарифи на континентот заедно со Шпанија и Данска, сега го предводи напуштањето на истите. Уште пред неколку години, стартуваше со реформа на Energiewende актот, со кој го воведе принципот на feed in premiums, со 44

ПОРТА

27 aвгуст 2021

кој производителите на енергија од обновливи извори во земјата започнаа да се натпреваруваат преку пазарно ориентиран процес на аукции. Според германската Влада, овие аукции во комбинација со ограничување на инсталираниот капацитет кој е опфатен со повластени тарифи, дава поголема контрола врз интеграцијата на обновливците во линија со проширувањето на мрежата, а обезбедува и сигурност во планирањето на развојните проекти и намалување на трошоците кај крајните корисници. Од почетокот на оваа 2021 година, постоечките „пионерски“ ветерни електрани, соларни електрани и биогас-постројки во Германија, престанаа да добиваат повластени тарифи, со оглед на изминатиот предвиден временски период (20 години) за субвенционирање. Ова значи дека во отсуство на соодветен

нов бизнис-модел, овие капацитети е можно да се соочат со опасност од нивно затворање. Експертите, креаторите на политики и инвеститорите се обидуваат да најдат и предложат решенија. Тие вклучуваат Power Purchase Agreements (PPAs), реконструкции и надградби, и секако повторно соодветна поддржувачка правна рамка. Далеку поголем предизвик е пронаоѓањето начин за консолидација на огромниот број мали приватни соларни електрани на покривите. Секако, другите земји внимателно ќе ги следат потезите на Германија и соодветно ќе делуваат. Разбирливо е дека токму од оваа година, сè повеќе инсталации на обновливи извори на енергија ќе ја загубат гарантираната финансиска потпора, со оглед на истекот на 20-годишниот договорен период. Ќе можат ли сите овие капацитети да продолжат да работат рентабилно во услови на флуктуирачка и ниска цена на електричната енергија на отворениот пазар? Ќе биде ли законската рамка погодна за вистинско излегување на овие капацитети на слободниот пазар? Не постои едно универзално решение за оваа состојба. Способноста на старите ветерни паркови да продолжат да работат во пазарни услови зависи првенствено од нивните трошоци за одржување, велат од Германската асоцијација за ветерна енергија (BWE). НадГрадба На поСТоеЧкиТе капаЦиТеТи На СТариТе веТерНи Фарми? Надградбата односно зголемувањето на моќноста на постоечките капацитети на старите ветерни фарми може значително


да придонесе во зголемување на производството на енергија од обновливи извори. Но, денес легислативата во однос на изградбата на овие капацитети е сериозно заострена во споредба со периодот од пред 20 години. Тоа вклучува и зголемување на минималното растојание од турбините до резиденцијалните области. Со оглед дека денешните турбини се со многу поголема моќност од некогашните, добивањето на овие дозволи станува проблематично од аспект на почитување на тоа минимално растојание. Консултантската компанија за ветерна енергија Deutsche Windguard проценува дека околу 50 отсто од денешните локации на ветерни фарми, не се соодветни за реконструкција и надградба, поради изменетите планови за управување со земјиштето, а дополнителни 20 - 30 отсто не се соодветни поради новите рестрикции во однос на заштитата на екосистемите. Надлежните се сè уште загрижени во врска со „големиот непознат фактор“ - милионите мали соларни PV-кровни инсталации кај домаќинствата. Прво, затоа што малку е веројатно дека овие домаќинства ќе најдат нов бизнис-модел за нивните инсталации по истекот на субвенционирањето. Овие типови на PV-инсталации заработуваат околу 170 евра годишно, преку енергијата која ја заработуваат, под услов целата количина да биде предадена на мрежа. Потребно е дополнително вложување во автоматизација и паметни мерачи со цел тие да бидат конкурентни на пазарот.

полиТикаТа На СубвеНЦиоНираЊе Не е одржлива На долГ рок Сепак, разбирливо е инвеститорите и операторите од областа на обновливите извори да се жалат на новонастанатата состојба со оглед на претходно стекнатите привилегии, грижејќи се за сè поголем профит. Реално, обновливите извори веќе се изборија за својата улога на пазарот, а нивната конкурентност и без субвенции во иднина се очекува да се зајакнува. Главната причина е во агендата за декарбонизација на енергетскиот сектор, односно напуштање на фосил-

ните горива, како и воведување такса на јаглерод диоксид за произведената енергија од фосилни горива. Со тоа цената на последните се прогнозира дури и двојно да се зголеми споредено со сегашното ниво. Конечно, јасно е дека политиката на субвенционирање не е одржлива на долг рок, туку само како преодно решение. Главен двигател треба да биде пазарот, развојот на неговата компетитивност и интеграцијата на националните пазари. Само така ќе се реализира ефикасна и правична енергетска транзиција. n

27 aвгуст 2021

ПОРТА

45


репортажа

момеНТи кои иСЧезНувааТ

Елегија за едно село

Ангел СИТНОВСКИ, дипл. инж. арх. Селата Богомила, Теово и Оморани се наоѓаат во околината на Велес, во областа Азот, во јужниот дел на територијата на Општина Чашка во сливното подрачје на реката Бабуна. Теово и Оморани се рамничарски села на надморска висина нешто повеќе од 200 метри, додека Богомила е ридско село и се наоѓа на надморска височина од 510 метри. Сите три села имаат цркви сместени на најубавите места како онаа во Теово веднаш под јаворот, низ Богомила тече и малата река Сушица, која се влева во Бабуна, а Оморани е познато по тоа што во него е роден Васил Антевски-Дрен. Денес населението во овие села е малубројно, Оморани има 143 жители, Теово 189, а Богомила брои 476 жители. 46

ПОРТА

27 aвгуст 2021


рули огради, полураспаднати куќи од бондрук и непечена тула, листопадни дрвја и грмушки наоколу, дојдов во едно од нашите села. Блиску до градот, а сепак толку далеку, во секој поглед. Сокриени меѓу дрвјата и зеленилото, расфрлани низ селото, куќите полека се распаѓаат како некакви огромни, неупотребливи и испокршени садови, фрлени во коровта и лепешките на стоката, наоколу. Куќите се мали и трошни. Над нив лебди мирис на овчи лој, сено и лепешки. На една од куќите, врамени во мал формат на сиромашно пенџере, наредени кукли тажно гледаат како поминува времето. Сигурно внатре живее неко дете. Наоколу, меѓу куќите, се влече, како некаков искинат ланец, животот низ селото. Сонцето како да полуде, тоа веќе не сјае – боли. Денес е многу топло. Августовското сонце ги палеше крововите на селото. Две кокошки бараа нешто низ сеното. Од некаде се слушна песна, стара македонска. Напладне ќе исчезнат сите сенки, ќе исчезне синилото од небото и ќе биде сè бело. Вжештено и бело. Напладне никој нема да има надвор. Ќе останат само трагите од луѓето и од возилата по прашливите сокаци и премини. Брзаме со мојата другарка Билјана да направиме некоја фотографија

T

додека сè уште го има небесното синило. Помина една крава. Подолу магарето врзано со ортома за трошната ограда обрасната со трње почна да рика. Барам куќа каде што има луѓе и каде што може да се напијам вода. Помина и друга крава и две кози зад неа. Најпосле вода. Влегувам во една од куќите, потоа во друга и во многу други. Во некои има луѓе, но повеќето се напуштени одамна. Правиме фотографии

бележејќи моменти кои исчезнуваат! Светлоста се крие од мракот во замачканите сијалици од шеесет вати, во зачадените соби. Во темнината на сиромашните ентериери на селските соби ќебиња и ќилими префрлени преку распаднати „троседи“, пајажини и мирис на непроветрени простории. Кујнски креденци офарбани светло зелено, трокрилни политирани ормани, стари фотелји, брачни

ПОРТА


соби и столови, некои паднати на подот, други оставени која каде. Недостауваа заборавени дуњи на некој од орманите, го чувствував нивниот мирис во мојата глава. Чаши и бокали од скопска Стаклара, бугарски сервиси за чај, пластичен соларник, сервис за ручање за дванаесет лица, тави, леѓен исчукан на едниот крај, нокшир, емајлирани садови и по некој стар весник. И еден кавијор, купен некогаш во Трст на Понте Росо со навезени пауни и некаков мотив од Венеција. Што ли нема да најдеш на вакви места? Да, и многу спомени од минатото. На прозорците завеси кои некогаш биле во мода и кои заедно со одамна неизмиените стакла не ѝ дозволуваат на дневната светлина да влезе. Понекаде, во некоја соба велосипед, контраш со издишани гуми, потпрен на ѕидот. Не е возен со години, ќе стои тука додека не падне ѕидот. И малтер паднат на подот од таваните кои се распаѓаат и муви кои умреле барајќи како да излезат од овие соби. Убаво е за правење фотографии, но како ли е тука да живееш? Некогаш во овие куќи, во овие соби се живеело, се славеле слави, се правеле свадби, се умирало... Поминува трактор, во еден двор ставен ралник, во друг на дрвени рамки се суши тутун. И две деца, насмеани, седнати на една клупа. И еден пес некаде лае. Има живот! Денот брзо минува. Потемнуваат искривените капии. И кога во самрак ќе заминат во своите домови затворајќи ги капиите на своите мали светови, почнуваат самотните ноќни бдеења на старите преостанати жители кои, кој знае по чија волја, своја или нечија, од каде, како и зошто останале во овие трошни одаи, заедно со своите мачки и селски кучиња, икони и венчални слики врамени во едноставни дрвени рамки и закачени на исшараните ѕидови од молерски валјаци. На небото се појави месечината, жолта и искривена како кифла и безброј ѕвезди кои не се гледаат од градот. Време е за одење. Селото ме испрати по мрак кој, како и насекаде по вакви зафрлени места, доаѓа наеднаш и се спушта со сета жестина и од сите страни. Темнината легнува врз куќите, по луѓето, по недовршените работи, по движењата. Во овие села има ноќи за цел еден град, за цел еден свет... Во девет часот навечер нигде жива душа. И наеднаш сè замира. Околните карпи се исправаат, се ладат и исчезнуваат во планините. Четинарите го повикуваат со своите зелени раце небото. Рекичката што тече сред село ќе се уплаши, ќе побегне и ќе се закатанчи во своето дно. Кога ќе се раздени ПОРТА


продолжува да тече некаде, не знаеш каде, како да не се влева во некоја голема река, потоа во обично море, туку право во историјата. Заморен од силната светлина,

жештината, зеленилото и чистиот воздух се вратив дома, во сивилото на мојот град, и веднаш седнав да пишувам елегија за едно од азотските села. n

Фотографиите се направени од Ангел Ситновски во Оморани, Теово и Богомила во општина Чашка.

ПОРТА

49


репортажа

Младиот овчар, боровинки и спокој на Шара бистрички врв, кој е на 2657 надоморска височина, е наречен по реката бистрица која се наоѓа во подножјето на шар планина. Турата има околу 28 километри или повеќе од oсум часа пешачење

Текст и фото: Кате АНТЕВСКА д другата страна на градот има поинаква реалност, за која многумина не се ни свесни дека постои. Ако за некои секојдневие е седење во кафулиња, одење на работа низ сообраќаен метеж, шетање низ скопските улици, за други е терање стада овци на 2.000 метри надморска височина, пиење изворска вода и јадење диви плодови. Скоро осумдесет проценти од територијата на Македонија е покриена со планини, со стотици врвови над 2.000 метри надморска височина. На колку од нив сте биле вие? Искрено, јас не на многу, сега почнувам да ја откривам земјава. Мора да признаам дека

О 50

ПОРТА

27 aвгуст 2021


од друГаТа СТраНа На ГрадоТ – биСТриЧки врв секогаш кога ќе се најдам пред некој неверојатен планински пејзаж, стојам засрамено што досега го немам видено. Без никакви наметнувања, секој од својата перспектива за тоа што е убаво, но за мене, Македонија нема да има смисла без откривањето на планините. Затоа решив да раскажам за еден таков ден на планина, една недела пред да стапи во сила забраната за движење низ шумите. Шест часот наутро, Скопје е празно, улиците чисти, а ние одиме во правец на Тетово со цел да го искачиме Бистрички врв на Шар Планина. Шара е една од најголемите и највисоките планински масиви во Македонија, сместена во северозападниот дел на земјата, а од неодамна и со статус на национален парк. Пред нас имаме предизвик – врв од 2.657 метри надморска височина и околу 28 километри или повеќе од осум часа пешачење. За физички поспремните ќе биде некој час помалку одење, во секој случај, тура која не е за потценување. Поминуваме низ неколку тетовски села, и веднаш по село Лешок стигнуваме до село Брезно, кое е на 938 метри надморска височина и од каде почнува нашата тура. Живописно мало село, камени куќи и фантастичен поглед. Мојот сопатник Миле, кој е во одлична форма за качување, на прсти ја знае Шара и е водич на оваа мала експедиција. Вели дека последен пат бил на истава тура пред многу години и со радост се сеќава на тоа што нè чека. Почетокот е питом, минуваме низ шума и длабока сенка, идеално за загревање. Имам

чувство дека сум во тропска шума, извори ечат од сите страни. Папрати, кантарион и мајчина душица има секаде. Врвот го добил името Бистричин бидејќи се наоѓа во подножјето на Бистричка Река, која се влева во уште една река – Чаушица. Спојот на овие две реки е всушнот крајот на рамниот шумски терен. Оттука почнува тешкиот дел – искачувањето. Патот е широк и очигледно пробиен до првото бачило. Миле се сеќава дека вака не било пред неколку години. Двајцата се сложуваме дека е штета што дел од коритото на Чаушица е поткопано, а очигледно е дека

има и сеча на дрвја. Продолжуваме трпеливо, а сонцето станува сè посилно. Уморот ме совладува, ама не се давам, правам кратки паузи и му верувам на Миле кога ќе рече имаме „уште малку“ до бачилата. И конечно сме таму – не пречекува љубезното лице на овчарот и нè нуди со ладна изворска вода и храна. Тој вели дека има стотици овци пуштени по падините на Шара, за некој час, ќе оди да ги собере. Ние продолжуваме, сакаме да стигнеме до целта побрзо. Второто бачило не е на големо растојание од првото и не сум сигурна на која надморска височина е,

ПОРТА


ама оттука почнуваат падините со боровинки. По пат береме и јадеме колку што ни дозволува времето. Почнува да станува стрмно, до врвот има уште многу. Миле е веќе видно побрз од мене и за него врвот е „уште малку“. Се тешам дека е така. Целта се гледа, не ни преостанува ништо друго освен да одиме, молчиме и тивко да се радуваме што сме тука – во овој сосема друг, спокоен, неизвалкан свет, каде сè функционира во совршена хармонија. Конечно врвот Бистрички! Има неколку други планинари од Косово, кои дошле од косовска страна. Меѓу нив и десетгодишно момче, останатите му аплаудираат. Јас сум изморена и веднаш заспивам. Нема поубава дремка од дремка на 2.657 надморска височина. Во меѓувреме,

ПОРТА

Миле качи уште еден врв – Пескови на 2.601 надморска висина. Веднаш потоа се спуштаме надолу, одиме брзо. Пред нас огромно стадо овци и кучиња во придружба на Петрит од село Теарце. Вели дека има 12 години и дека работи како овчар. „Работам летно време и имам месечна плата. Терам стадо од 500 овци. Убаво ми е. Вака му помагам на моето семсјтво“ – вели Петрит, а јас не можам а да не помислам на сите негови врсници кои се постојано на социјалните мрежи ослободени од секакви обврски. Петрит е искрен и мил, ни покажа точно каде се наоѓаат најубавите боровинки за да набереме за дома. Радосно се отпоздравуваме и продолжуваме. Симнувањето е секогаш полесно од качувањето, барем за мене. Со милина во срцата се спуштаме надолу и мислиме на едно – каде има највкусна храна во овој крај. Миле ги знае сите кафеани и рибни ресторани во тетовските села. Одиме во правец на село Беловиште, среќни што зад себе имаме ваков ден, ден што ќе се памети. n


ПОРТА


хортикултура

Идејата за оваа прекрасна градина

Butchart Gardens веќе ја прославија својата стогодишнина (2004), а канадската влада ги прогласи градините за историски споменик на земјата. Територијата на неколку десетици илјади хектари е прекриена со миризливи градини, а кривулестите патеки водат до различни агли на ова вештачко чудо на дизајнот на пејзажот 54

ПОРТА

27 aвгуст 2021


Butchart Gardens во каНада

, сe уште живее и напредува ПОРТА 3 utchart Gardens e група цветни градини во Канада (Британска Колумбија, во близина на градот Викторија на островот Ванкувер). Градините примаат над милион посетители секоја година и назначени се за Национално историско место на Канада. Територијата на неколку десетици илјади хектари е целосно прекриена со миризливи градини, а кривулестите патеки водат до различни агли на ова вештачко чудо на дизајнот на пејзажот и насекаде може да се ужива во погледот на прекрасните цвеќиња, елегантните фонтани, прекрасните тревници и нежниот шум на потоците. Основата на овој сјај на природни бои е поставена на почетокот на 20 век од Robert Pim Butchart и неговата сопруга Jenny. Овој брачен пар се пресели во градот Викторија поради работата на Robert за производство на цемент, бидејќи резерви на вар беа пронајдени во близина, и наскоро тука започнала да работи неговата фабрика за цемент. Брачниот пар, изградил куќа за себе, но кога неколку години подоцна варовникот се исцрпил, Jenny Butchart се одлучила за храбар потег - да формира прекрасна градина на местото на поранешниот каменолом. Биле

B

ПОРТА


донесени тони плодна почва, дното на каменоломот било израмнето и наскоро е засадена градина. Во 1907 година Robert Butchart се запознал со дизајнерот на пејзажи, Јапонецот Isaburo Kishida од Јокохама, кој сакал да изгради градини за својот син. Butchart бил инспириран од идејата за градина, го ангажирал Kishida и не

ПОРТА

дозволил да ја напушти Канада до 1912 година, кога како резултат на оваа соработка, се родил неверојатно убав парк наречен Јапонски. Но овој пар не сопрел тука. Во 1926 година, тие ги замениле своите тениски игралишта со италијанска градина, а во 1929 година ја замениле својата зеленчукова градина за

кујната со голема градина со рози по дизајн на Butler Sturtevant од Сиетл. Samuel Maclure, кој бил консултант во Butchart Gardens, ја отсликува естетиката на Англиското движење за уметност и занаети. Помагајќи ѝ на својата сопругата во уредувањето на градината, Robert Butchart од своите патувања носел птици од целиот свет. Благодарение на тоа, разни видови патки се појавиле во Ѕвезденото Езеро, пауните почнале да шетаат по предниот тревник, а папагалите се населиле во куќата. Robert Butchart изградил повеќе сложени куќички за птици, а исто така тренирал и гулаби. Гласините за прекрасните градини наскоро ги преминале границите на Канада, секоја година до 50 илјади и повеќе луѓе доаѓале да ги видат неверојатните пејзажи. Одржувањето и понатамошниот развој на градините на Robert и Jenny Butchart го продолжиле нивниот внук Jan Ross и неговата сопруга Ann Lee Ro. Во конзерваториумот, кој станал ресторан, тие отвориле кафе-бар и продавница за сувенири каде што може да се купат и семиња. Во 1964 година, во градините Butchart се појавила нова атракција - прекрасната фонтана Рос, која сите гости сакаат да ја видат. Уникатната градина со рози е заштитен знак на Butchart Gardens. Се простира на површина од 22 хектари и во неа растат над сто вдовици чајни рози, повеќе од 50 видови рози флорибунда и многу други видови рози. Членовите на семејството Butchart настојувале да донесат оригинални скулптури од нивните патувања низ светот, кои станале нова декорација на градините. Butchart Gardens веќе ја прославија својата стогодишнина (2004), одбележана со подигање два темни столба. Канадската влада ги прогласи градините за историски споменик на земјата. Идејата на Robert и Jenny Butchart живее и напредува во буквална смисла, а денес со градините најмногу се занимава Robin Lee Clark, правнука на основачите на градината. n


ПОРТА


уметност

Банкси - ангажиран уметник загадочниот уметник одамна им се потсмева на аукциските куќи, исмејувајќи ги колекционерите, тврдејќи дека тие купуваат ѓубре, особено кога неговите дела може секој да ги испечати дома со дозвола на уметникот

д-р Петрула КОСТОВСКА, историчар на уметност еновиве осум нови дела кои по својот стил наликуваат на опусот на Банкси се појавија на ѕидовите на јавни објекти околу градот Нориџ во источниот дел од Англија. Иако овој уметник сè уште се немаше изјаснето и го немаше јавно прифатено авторството на овие мурали, според техниката на користење матрици (stencil), медиумите излегоа со приказни за „летувањето“ на Банкси во Нофок и Сафок, промовирајќи ја годинешната британска постковид стратегија за домашен летен одмор. Последователно делата беа потврдени вербално и од самиот Банкси, но и преку порака на едниот од графитите каде самиот

Д

58

ПОРТА

27 aвгуст 2021

си поигра со играта на зборови staycation – spreycation (домашен одмор наспроти Големиот британски одмор) со помош на спреј боја. Талентираниот, смел, одважен, провокативен, интелегентен, чувствителен и поетичен уметник Банкси и со последната јавна акција сака да шокира, да возбуди, да натера на размислување, како и жестоко да го критикува воспоставениот капиталистички систем и консумеристичкото општество.

„Љубовта е во воздухот“


криТика На капиТалиСТиЧки СиСТем и коНСумериСТиЧко опшТеСТво

на нашето време

Ѕидот во паркот Nicholas Everitt Park, Lowestoft

Приказни за „летувањето“ на Банкси покрај брегот на Нофок и Сафок

„Мекиот мек запад“

идеНТиТеТоТ предмеТ На шпекулаЦии Псевдонимот Банкси му се припишува на британскиот уличен уметник, политички активист и филмски режисер чие вистинско име и идентитет остануваат предмет на шпекулации. Од 2008 година Банкси сè почесто се поистоветува со Робин Гунингем, уметник, којшто е роден во близина на Бристол на 28 јули 1973 година, а чија траекторија се совпаѓа со потврденото движење и престој на Банкси. Приказната за Банкси е нераскинливо врзана за градот Бристол и алтернативната музичка и уметничка сцена во градот од крајот на 80-тите и почетокот на 90-тите години на 20 век. Музичките групи и колективи како Масив Атак, Трики, Портисхед, Трип Хоп сцената и уличните уметници како Ник Вокер, Инки и 3D како дел од бристолската андерграунд сцена беа голема инспирација за Банкси. Првите негови дела речиси по ништо не се разликуваат од останатите улични графитиуметници, како Като и Тес со кои ја формира групата DryBreadZ Crew (DBZ). Тој со спреј-боја ги „украсува“ или вандализира ѕидовите, улиците, мостовите и возовите на Бристол или остава свои личен печат преку етикетата Банкси. Но, пресвртот настанува кога почнува да користи матрици за кои самиот вели дека бил поттикнат кога криејќи се од полицијата наишол на отфрлена матрица со сериски број. Од друга страна пак, доајенот на париската улична уметност Блек ле Рат, укажува на големата сличност меѓу стилот на неговите матрици со оние кои Банкси започнува да ги користи при своите улични герилски интервенции, но и честото преземање на стаорецот кој е симбол на Пру кој се смета за татко на матричните графити. Но Банкси не бега од споредбата со Блек ле Рат, напротив тој искрено му се восхитува, нагласувајќи ја неговата оригиналност и инвентивност. Сурова СликовНа виСТиНа Активен од 1990-тите, и светски прославен од 2000-тите за Банкси анонимноста е од витално значење поради нелегалноста на графитите, но и поради етичката димензија на прочуеноста која ја поврзува славата со консумеризмот и пазарниот аспект на уметноста. Делата на овој создавач на визуелни шокови, крадач на празни ѕидни простори и таен и нелегален уличен творец, маѓепсува со едноставноста и јаснотијата и 27 aвгуст 2021

ПОРТА

59


„Напалм девојче“

„Бакнувачки цајкани“, Пример за неговите „вандализирани“ слики се „Езерцето со водени лотуси“ на Клод Моне, „Ноќни јастреби“ на Едвард Хопер, „Мислителот“ на Огист Роден, „Мона Лиза“ на Леонардо да Винчи, „Богородица која седи“„ на Вилјам Адолф Бугеро, „Сплавот Медуза“ на Теодор Жерико, „Милоска Венера“ „Сончогледите“ на Винсент Ван Гог на кои Банкси им дава нова содржина и имиња. Овие слики со масло и акрилик на платно или скулптури беа најчесто прикажувани на повремените, куси и привремени изложби кои предизвикуваа неверојатен интерес кај публиката и покрај најчесто тајната локација, но и кај голем

број познати личности кои мораа да бидат видени на овие Банкси настани. „Мирот е мисла“ во Глазгов во 2002, „Војна за превласт“ во Лондон во 2003, „Нафта“ во Лондон во 2005, „Едвај легално“ во Лос Анџелес во 2006, „Банкси во Гластонбери“ во 2007, „Банкси наспроти Бристолскиот музеј“ во 2009. Некои од овие изложби вклучуваа и перформативни моменти во кои главни протагонисти пред и помеѓу посетителите беа и обоени и нашминкани слонови, свињи во боите на полицијата, овци во логорашки облеки, крава со лицето на Енди Ворхол, Кралицата Елизабета Втора како шимпанзо, живи стаорци или аниматроники на животни.

Сончогледи на Банкси - не се баш толку весели како на Ван Гог

Maртин Лутер Кинг

суровата сликовна вистина. Неговата сатирична уметност на мурали и субверзивни епиграми го комбинираат црниот хумор со графити изведени во карактеристична техника на матрици, вткаена со политички и социјални коментари. Матриците на Банкси прикажуваат впечатливи и хумористични слики повремено комбинирани со слогани. Во сликите често се вклучени стаорци, мајмуни, полицајци, војници, деца и постари лица. Едно од првите матрични дела на Банкси беше „Мекиот мек запад“ насликан во 1997 година каде е прикажано плишано мече кое фрла молотов коктел кон тројца антипротесни полицајци. Други познати дела од овој период се: различни верзии, и на платно, и на ѕид од „Девојчето со балон“, „Љубовта е во воздухот“, „Полицаецот Смешко Х“, „Стаорци“, „Ленин панкер“, „Фрли и бомба на средна Англија“, „Ѕид и парче“, „Отстранувањето на пештерната уметност“, „Не го заборавај шалот“, „Старо училиште“, „Напалм девојче“, „Труд на роб“„, „Чувај си го ситното, јас сакам промена“, „Смеј се сега, но еден ден јас ќе бидам главен“, „Бакнувачки цајкани“, „Палп Фикшн“ и други. „ваНдализираНи“ Слики Неретко, предмет на негово делување и творештво се и познати уметнички дела врз кои тој субверзивно дејствува. 60

ПОРТА

27 aвгуст 2021


Го потсети светот на борбата за слобода на оние што живеат на палестинската страна

„љубовТа е во каНТа“ Мултиталентираниот Банкси кој е перформанс артист во отсуство, герила уметник кој се мајтапи со светските музеи додавајќи свои дела во нивните постоечки колекции, автор на четири илустрирани книги, режисер на наградуван документарен филм „Излези низ продавницата за подароци“ од 2010, па дури и туристички промотер („Заградениот Хотел“ од 2017) и бизнисмен – малостопанственик со редовнa

Бог да го благослови Бирмингем

„Љубовта е во канта“

НајГолемиоТ оТвореН заТвор во СвеТоТ Субверзивниот фарбач, кој ги тероризираше галериите од двете страни на Атлантикот, се осмели и отиде и физички и етички уште подалеку со неговата прва посета на окупираните територии во 2005 година. Пакувајќи ги матриците и лименките за прскање, тој го посети Блискиот Исток за да ја сподели својата визија и да го потсети светот на борбата за слобода на оние што живеат на палестинската страна. Неговата посета е овековечена во деветте слики, некои надреални, некои потресни, оставени на џиновската бариера, со етикета „празнични снимки“. Иако самите слики не се отворено политички, неговите чувства за ѕидот се очигледни од неговата изјава: „Израелската влада гради ѕид околу окупираните палестински територии. Ѕидот е нелегален според меѓународното право и во суштина ја претвора Палестина во најголемиот отворен затвор во светот“. За Банкси бетонскиот ѕид не само што беше политички и морален протест, туку и предизвик чија огромна празнина го примамуваше. Сепак дури и Банкси ја призна беспомошноста на неговиот уметнички акт кој го спореди со ироничен графит и туризам.

„Девојчето со балони“ 27 aвгуст 2021

ПОРТА

61


продавницa на Божиќни подароци во Лондон „Дедомразовото Гето“ (2002 - 2007) и сувенирница во Кројдон (2019), прерасна во институција поддржувана од бројни соработници и асистенти. Крајниот, пак најпровокативен акт на перформанс, кој во крајна линија беше дефиниран како уникатно создавање на дело за време на уметничка аукција е долгопланираниот подвиг, при кој едно од неговите уметнички дела „Девојчето со балони“ се престори во новосоздаденото „Љубовта е во канта“. За време на наддавањето на аукцијата, делото кое беше проценето околу 1,3 милион Верзија на Банккси на „Сплавот на Медуза“ (не сме сите во истиот чамец) долари, вградената машина за уништување хартија во рамката започна да го ренда делото, кое од тој момент се здоби со нов наслов и нов ентитет. Поривот да се уништи е и креативен порив ќе напише Банкси, преземајќи го мотото од Пабло Пикасо, кој пак го цитирал деветнаестовековниот анархист Михаил Бакунин, истовремено издавајќи видео каде го документира процесот на долгорочното планирање на ова перформативно дело. Загадочниот уметник одамна им се потсмева на аукциските куќи, исмејувајќи ги колекционерите, тврдејќи дека тие купуваат ѓубре, особено кога неговите дела може секој да ги испечати дома со дозвола на уметникот, но уметничкиот пазар го возврати ударот кога после првичниот шок од сечењето на делото среде аукција, го поздрави создавањето уметност во живо и ја процени вредноста на новосоздаденото „А Great British Spraycation“ дело како двојно повисока. n Mурал на Банкси на кој е прикажан работник како отсекува жолта ѕвезда од синото знаме на Европската Унија во август 2019 година исчезна од зградата во крајбрежниот англиски град Довер, без трага или објаснување. Уметничкото дело, кое го симболизираше излегувањето на Велика Британија од ЕУ, стана туристичко обележје во југоисточниот пристанишен град на Ламанш, кој ги поврзува Велика Британија со континентална Европа. Муралот беше насликан во мај 2017 година, еден месец пред изборите на кои во центарот на вниманието беа дискусиите поврзани со Брегзит. Според жителите, биле поставени скелиња на зградата, а сликата ја снемало веднаш следниот ден. „Мило ми е што го снимив ова оригинално дело пред да биде префарбано, сметам дека е неправедно некој да одлучи да уништи туѓо уметничко дело“, е еден од многуте коментари на социјалните мрежи. 62

ПОРТА

27 aвгуст 2021

Не е јасно што точно се случило со муралот. Сопственикот на зградата, претходно изјавил дека ги истражува опциите за отстранување, одржување или продавање на уметничкото дело. По повод ова случување Банкси го изразил својот став на Инстаграм, прикажувајќи преку слика што е она што тој

имал намера да направи со муралот доколку останел. Сликата прикажува човек на скалата и ѕвездата на Британија, додека знамето на ЕУ е оставено стуткано во подножјето на зградата. За жал, тоа сега можеби никогаш нема да се реализира, но како што рекол Банкси, белиот ѕид остава различна, но сепак потресна порака.


ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.