ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
308 СЕПТЕМВРИ 2021
Интервјуа со архитекти, кандидати за локални избори Опасност од ерозија и појава на поплавни бранови после пожар Последна можност да се избегне климатскиот „пекол“
ПОРТА
СОДРЖИНА
16
ИНФО 6 ДЕЛА НА ПЕТАР ХАЏИ БОШКОВ ИЗЛОЖЕНИ НА ЛОКАЛИТЕТОТ СТОБИ ИЗГРАДБАТА НА МОСТОТ НА БУЛЕВАР АСНОМ ВО ЗАВРШНА ФАЗА КОНЦЕПТ ЗА КУЛТУРА СКОПЈЕ
РЕГИОНИ 10 СТАВ 12 СКОПЈЕ МЕЃУ МОЖНОСТИТЕ И НАДЕЖТА
12 30
ИНТЕРВЈУ 16 АНА ПЕТРОВСКА: ДИРЕКТНАТА ДЕМОКРАТИЈА Е АЛАТКА ЗА СКОПЈЕ ДА СТАНЕ ЗЕЛЕН И ХУМАН ГРАД
ИНТЕРВЈУA 22 Д-Р ДИВНА ПЕНЧИЌ“ БИЛЈАНА ФИЛОПОВСКА ДАНИЦА ПАВЛОВСКА ЦИГИ НЕВЕНА ГЕОРГИЕВСКА ПОРТА 3 ВЛЕЗЕ ВО ФОЛИНГВОТЕР
АРХИТЕКТУРА 30 KУЌА ШТО ЈА РЕДЕФИНИРАШЕ ВРСКАТА МЕЃУ АРХИТЕКТУРАТА, ПРИРОДАТА И ЧОВЕКОТ
38
АРХИТЕКТУРА 34 СКУЛПТУРАЛНА ЕКСТЕНЗИЈА НА ПУСТИНСКИОТ ПЕЈЗАЖ
АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 38 КУЛТУРЕН ЦЕНТАР САРА ОДРЖЛИВО РЕШЕНИЕ ЗА ИДНИНАТА
ДИЗАЈН 42 ЕКОЛОШКО СОВЕСНИ ПАРЧИЊА МЕБЕЛ
EНТЕРИЕР 46 ПАЦИЕНТИТЕ КОИ ДОАЃААТ КАЈ СТОМАТОЛОГ МОЖЕ ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ УДОБНО
EКОЛОГИЈА 50 КРАТОК ИСТОРИЈАТ НА НАУКАТА ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
EКОЛОГИЈА 54 ПОСЛЕДНА МОЖНОСТ ДА СЕ ИЗБЕГНЕ КЛИМАТСКИОТ „ПЕКОЛ“
ХОРТИКУЛТУРА 58 ЕКОЛОШКИ РАСТЕНИЈА ОД УРБАНА ГРАДИНА
ПОРТА
25 јули 2014
46 50
ГОДИНА XVII
БРОЈ 308 ПЕТОК 24.9.2021 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нов месец и нов број на Порта 3. И на почетокот на овој месец Порта 3 нуди интересни четива за секој читател. Страниците на списанието ги отвораме со информациите за изложбата која е поставена во Стоби со дела на Петар Хаџи Бошков. Изложени се 40-тина дела, кои досега како семејно наследство беа чувани во ателјето на авторот. „Нека светлината на уметникот се одрази на целото општество“ е мотото на акцијата со која се поставуваат портрети од 150 уметници на фасади на згради во Скопје, а со цел да се упати порака дека уметноста постои за народот. Може да се прочита и за нов портал кој постои на медиумскиот пазар, а е насловен „Концепт за култура Скопје“. Информациите за активностите на некои од локалните самоуправи се следни за читање. Ставен е во функција спортско-рекреативниот комплекс кај Прилепското Езеро, а исто така реконструирана е и филтер-станицата на хидросистемот Злетовица. Билансот на постигнувања во нашиот град е негативен. Многу актуелни теми останаа мртво слово на хартија, многу очекувања се изневерени. Партиите не покажаа дека се обединети околу вредностите на градот, а Скопје живее меѓу можностите и надежта. Во овој број Порта 3 пренесува интервју со единствениот кандидат за градоначалник кој по професија е архитект, а воедно и експерт за екологија, Ана Петровска. Според неа директната демократија е алатка за Скопје да стане зелен и хуман град. Исто така, Порта 3 одлучи да разговара со архитектите кои се на независните листи за советници во општините Центар и Карпош, а со единствена надеж дека конечно ќе дојдеме до квалитетни урбани решенија. Ви пренесуваме четири интервјуа со четири архитекти, кои одговараат на истите прашања со цел да видиме какви се нивните размислувања за урбаните проблеми. Нашиот редовен дописник од Вашингтон за овој број влезе во Фолингвотер, куќата што ја редефинираше врската меѓу архитектурата,
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Насловна страница „SUNDIAL HOUSE“, САНТА ФЕ - САД
природата и човекот. Директорот на куќатамузеј, во ексклузивна изјава за Порта 3 вели дека Фолингвотер е повеќе од само зграда - тоа е естетско искуство кое се фокусира на уникатната врска помеѓу беспрекорното дело и впечатливо убавиот предел. Во Санта Фе во Ново Мексико има куќа на контрасти која е скулптурална екстензија на пустинскиот пејзаж. За вредноста и за квалитетите на оваа куќа сведочат неколкуте престижни американски награди за архитектура. Културниот центар Сара во шведскиот град Скелетео е одржливо решение за иднината, кој е изграден целосно од материјали од локално потекло. Јаглероднегативната зграда е една од највисоките дрвени кули во светот изградена од дрво. Во рубриката Дизајн може да се прочита за еколошко совесни парчиња мебел. Денешното модерно живеење и грижа за животната средина привлече голем број светски дизајнери да се занимаваат и да истражуваат обновливи материјали и екомебел, а Порта 3 ви претставува неколку од нив. Пациентите кои доаѓаат кај стоматолог може да се чувствуваат удобно, а ентериерот на стоматолошката ординација кој е направен од нашите соработници има голем придонес за тоа. Рубриката Екологија овој пат е посветена на најголемата опасност која ја имаме, а тоа се климатските промени. Глобалното затоплување е реалност кое носи страшни последици. Ја имаме последната можност да се избегне климатскиот „пекол“, а за тоа ни останува околу една деценија. Овој број го затвораме со рубриката Хортикултура, а тука пренесуваме репортажа од посетата на првата општествена градина „Бостание“ која е сместена во скопската населба Ново Лисиче. Културите кои се одгледуваат во „Бостание“ се еколошки, без вештачки ѓубрива и пестициди, а идејата е да се зачуваат старите сорти и семиња кои сè помалку ги има.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
308 СЕПТЕМВРИ 2021
Интервјуа со архитекти, кандидати за локални избори Опасност од ерозија и појава на поплавни бранови после пожар
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Иван БЛИНКОВ Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА Огнен АРСОВ (Словенија) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Последна можност да се избегне климатскиот „пекол“
АВТОР SPECHT ARCHITECTS
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 23.9.2021 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
90 ДЕНАРИ
инфо
Дела на Петар Хаџи Бошков изложени на локалитетот Стоби о античкиот локалитет Стоби, до 11 октомври, ќе биде поставена репрезентативна изложба на дела од македонскиот вајар и скулптор Петар Хаџи Бошков (1928-2015). Изложени се 40-тина дела, кои досега како семејно наследство беа чувани во ателјето на авторот. Делата се поставени на 24 локации низ локалитетот Стоби, специфични простори, не случајно одбрани. Оваа поставка, на посетителите ќе им овозможи движење во две насоки, помеѓу прекрасните и инспиративни објекти на локалитетот, меѓу кои се: Полукружниот плоштад, Виа сакра, сцената на Античкиот театар и коридорот под гледалиштето, Храмот на Изида и Серапис, како и големиот неистражен простор, кој се протега до Градбата со Арки. Овие локации се избрани како специфични, бидејќи на најинтересен начин овозможуваат заемно разоткривање на модерната и античката култура и посочуваат на суштинска врска меѓу врвните вредности на овие две епохи. Изложбата насловена „Откривање на иднината, археологија на модерноста“, претставува обид за компаративна анализа на сличностите и разликите помеѓу античкото и модерното наследство, за културните континуитети и дисконтинуитети, за значењето на делата на Хаџи Бошков, но и генерално за улогата на културата и уметноста во развојот на општеството. „Тој спој на овие два света можеме да ги погледнеме на еден компаративен и некомпетативен начин. Редок случај е во опусот на еден модерен скулптор на специфичен начин да се проткајуваат класични вредности, не како видлива форма, туку како ликовни принципи. Со оваа поставка сакаме да го преиспитаме каков е нашиот однос кон модерното наследство, наспроти односот кон културно наследство, кое опфаќа повеќе епохи. Правиме обид на несекојдневен спој со цел да се отворат прашања, кои можеби не би се отвориле во затворените галерски простори. Постои една важна линија во опусот на Хаџи Бошков, а тоа е неговиот однос со отворениот простор и амбиентот. Многу од неговите скулптури се на несекојдневни позиции лоцирани, преку кои, авторот сакал да акцентира на кој начин тие коегзистираат со средината. Интимно верувам дека е тоа недоостварена желба на авторот и со оваа изложба во негова чест правиме обид да му го овозможиме тоа со еден постхумен омаж“, објаснува кураторот на изложбата Владимир Јанчевски. Изложбата нема за цел да биде постхумна комеморативна ретроспективна изложба на
В
6
ПОРТА
24 септември 2021
еден голем автор, туку обид за заемно разоткривање, врски помеѓу античкото и модерното, за континуитетите и дисконтинуитетите, за значењето на делата на Хаџи Бошков, за неговата личност, пристап и за улогата како општествен чинител, и значењето на локалитетот Стоби. Изложбата е дел од визијата на директорот на Националната установа „Стоби“ Спасе Перовски, локалитетот до биде жив град, да има активности и настани. Така по театарот и музиката, просторот се отвора за нова уметност, преку изложба. Таа во целост е финансиски поддржана од Министерството за култура и дел од годишнатапрограма на Музејот на современа уметност (МСУ).
Групна акција „Нека светлината од уметниците се одрази врз целата заедница“ о 2011 година, светски познатиот француски уметник JR го започнува проектот Inside Out како партиципативна платформа која им помага на поединците и заедниците да дадат изјава во општеството, преку групна акција, со прикажување на црно-бели портрети од големи размери на јавни површини, видливи за јавноста. Во текот на изминатата деценија, повеќе од 400 илјади луѓе се опфатени низ 138 земји во светот, кои со свои акции учестувале во Inside Out проектот. Марија Коробар и Весела Моловска како иницијатори и лидери на оваа групна акција, а во соработка со Максим Ристевски, ја создаваат оваа идеја како апел за неопходноста од позастапена уметничко културна програма на јавен простор. INSIDE OUT во Скопје „Нека светлината од уметниците се одрази врз целата заедница” Се почесто среќаваме социјално-општествени мислења кои изразуваат впечаток на дистанцирање од уметноста, која чекор по чекор станува се подалечна од секојдневието и наместо да инспирира се расчленува од перспективата на граѓаните. Иако не би го употребиле терминот „замижува“, би прифатиле дека се работи за недоволна перцепција на стварноста од страна на институциите и уметничката фела. А, тоа сепак се должи на свесноста на уметникот за неговата немоќ да делува сам. Во моментов ситуацијата е таква што европските фондови се главен извор на финансирање и многу често се влегува во различни програми и партнерства за кои е потребно да бидат исполнети низа услови, со што се поставува прашање на целосен интегритет на уметникот. Голем дел од квалитетните уметници кај нас не можат, ниту сакаат да функционираат на овој начин, со што се изоставени од целата приказна. Која е улогата на културата во нашето општество? Кои чекори треба да ги преземеме за да поттикнеме инспирација и да ја промениме перспективата кај граѓаните? Уметноста има објективни можности да биде двигател за промени, може да ги постави вистинските прашања, да отвори нови можности, поттикне промена, го разбуди општеството и да влијае на колективната свест. Преку мотото „Нека светлината од уметниците се одрази на целата заедница”, обединуваме 130 уметници, културни работници и граѓани кои стојат позади оваа порака – адресирана до јавноста, но и до институциите, дека уметноста постои за граѓаните.
В
ПОРТА
инфо
Изградбата на мостот на булевар АСНОМ во завршна фаза
зградбата на новиот мост на реката Вардар во Аеродром, на булеварот АСНОМ, е во завршна фаза. Новиот премин преку Вардар ќе ги поврзе улицата Васко Карангелевски во Аеродром со улицата Индустриска во населбата Ќерамидница, во Гази Баба. Вкупната должина на трасата изнесува 400 метри. Самиот мост е долг 150 метри, со шест коловозни ленти, како и велосипедски и пешачки патеки од двете страни. Порта 3 за наредниот број најавува детален опис на проектот за мостот, а кој текст ќе биде изработен со помош на надзорните органи и изведувачите од „Гранит“. n
И
8
ПОРТА
24 септември 2021
Концепт за култура Скопје Концепт за култура Скопје е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение, формирано со слободно здружување на граѓани. Основни цели и задачи на Здружението се: l Да ја промовира македонската култура и творештво во рамките на програмите на УНЕСКО и други меѓународни асоцијации од областа на културата и творештвото; l Да работи на подигање на свеста за загрозеноста на културните добра; l Да обезбеди соодветни форми на заштита и презентација на културните добра; l Да обезбеди усовршување на својот стручен кадар кој ефективно ќе влијае на реализација на целите на Здружението; l Остварување на висок степен на заштита и промоција на трајни вредности од традиционалната и современата култура во и надвор од Република Македонија; l Промоција, развој и унапредување во областа на визуелните и апликативните уметности и креативен дизајн; Издавања на материјали поврзани со унапредување, едукација, промоција и заштита на културата и уметноста во и надвор од Република Македонија; Промоција и поврзување на културата, културносто наследство и творештво во развојот на туризмот во Република Македонија. Здружение на граѓани Концепт за култура Скопје конкурираше со два проекти Изработка на виртуелни прошетки на 20 цркви и манастари и Изработка на виртуелни прошетки на 20 археолошки локалитети на Конкурсот за учество во финансирање проекти од национален интерес во областа на културата од областа на заштитата на недвижното културно наследство за 2021 година, објавен од страна на Министерството за култура. Концепт за култура Скопје потпиша Договор со министерството на Изработка на виртуелни прошетки на 20 цркви и манастари и Изработка на виртуелни прошетки на 20 археолошки локалитети. Проектите се во процес на реализација, а некои и реализирани. Во август месец годинава почнаа со презентација на нивните виртуелни прошетки низ културното наследство на Македонија. На нивниот сајт http://kks.org.mk/ можете да уживате во прошетки низ прекрасните места на нашата земја. Изработка на виртуелни прошетки на 20 цркви и манастири. Досега се подготвени 10 прошетки: l Виртуелна прошетка на црквата Св. Пантелејмон во с. Горно Нерези, општина Карпош l Виртуелна прошетка на црквата Св. Ѓорѓи во с. Старо Нагоричане, општина Старо Нагоричане
l Виртуелна прошетка на црквата Св. Ѓорѓи,
l Виртуелна прошетка на археолошкиот
Полошки манастир с. Праведник, Општина Кавадарци l Виртуелна прошетка на црквата Св. Никита, с. Горњани, општина Чучер Сандево l Виртуелна прошетка на црквата Св. Архангел Михаил, Берово l Виртуелна прошетка на црквата Јован Претеча, Манастир Продром, с. Слепче, Општина Демир Хисар l Виртуелна прошетка на црквата Св. Преображение, с. Зрзе, Општина Долнени l Виртуелна прошетка на црквата Св. Богородица Заумска, с. Трпејца, општина Охрид l Виртуелна прошетка на црквата Св. Леонтиј, с. Водоча, општина Струмица l Виртуелна прошетка на црквата Св. Димитрија, с. Маркова Сушица, општина Студеничани Проект за изработка на виртуелни прошетки на 20 археолошки локалитети, исто така подготвени се 10 презентации: l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Павла Чука, село Подмол, општина Прилеп
локалитет Девини Кули с. Девич, Општина Македонски Брод l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Исар кај село Марвинци, Општина Валандово l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Исар, Штип l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Тетовско Кале – Балтепе, с. Лавце, општина Тетово l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Св. Петка, село Чифлик, општина Пехчево l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште – Славков дол – Билазора, село Кнежје, општина Св. Николе l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште, село Град, општина Делчево l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Маркови кули, с. Корешница, Општина Демир Капија l Виртуелна прошетка на археолошкиот локалитет Градиште – Антигонеа, Општина Неготино. n 24 септември 2021
ПОРТА
9
региони
Ставен во функција спортско-рекреативниот комплекс кај Прилепското езеро Спортско-рекреативниот комплекс „Прилепско езеро – нови авантури, нови можности“ е ставен во функција. Спортско-рекреативниот комплекс располага со содржини за сите возрасни категории на граѓани и тоа мултимедијален простор под сенки, комплекс од три летниковци и 20 клупи за седење, плато за одржување на културни и забавни манифестации, концерти и место за дружење на посетителите, кошаркарско игралиште со трибина, игралиште за одбојка и четири маси за пинг-понг, оградени и осветлени за користење во вечерните часови, четири детски игралишта со соодветни содржини за најмладите посетители, пешачкa патекa со широчина од 1,5 метри и должина од 700 метра, осветлена со канделабри по целата должина, пристапна рампа, со што на лицата со инвалидитет им е овозможен пристап до сите содржини од спортско-рекреативниот комплекс. Исто така, за одржување на чистотата, набавени се контејнери и ново комунално возило за подигање на сметот, со капацитет од 13 метри кубни, изграден е паркинг простор за моторни возила и за велосипеди, а на целиот потег во зоната
поставени се клупи, корпи за отпадоци, информативни табли и патокази. Целиот објект е изграден од природни материјали – камен и дрво, со цел да се задржи природниот амбиентален изглед. Вкупната вредност на проектот изнесува 49.5 милиони денари, од кои шест милиони се сопствено учество на Општина Прилеп. Подпроектот „Прилепско езеро – нови
авантури, нови можности“, е финансиран од страна на Европската Унија и од Владата на Република Северна Македонија, преку Проектот за локална и регионална конкурентност. Проектот го администрира Светска Банка, а истиот се спроведува од Кабинетот на Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори. n
Реконструирана филтер станицата на хидро-системот ,,Злетовица” По извршениот увид во завршна фаза на супер модерената пречистителна станица со ултрафилтрација на вода за пиење, штипјани ќе добиваат најквалитетна питка вода по светски стандарди. Штип ја има најголемата станица од ваков тип во државата и соседните земји. Почнува тест периодот за користењето на водата од Хидро-системот ,,Злетовица”, систем изграден со помош на Јапонската Влада и Јапонската агенција за меѓународна соработка. Капацитет на водата која што ќе биде испорачувана до домаќинствата е 300 литри во секунда. Постоечкиот систем од филтер станицата останува во функција, и ќе служи како резервен систем. Капацитетот на новата станица е доволен да ги задоволи сегашните потреби на Штип и штипјани за вода и во најкритичните периоди. Објектот и опремата за новата станица за ултра-филтрација се набавени со одобрени 3,6 милиони евра неповратна финансиска помош, средства добиени од Владата на Република Северна Македонија преку ресорното Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за водостопанство. n 10
ПОРТА
24 септември 2021
ПОРТА
став
ПредИЗвИцИте не ЗавИСат Од ИЗбОр туку Од неОПхОднОСт
Скопје меѓу можностите и надежта билансот на постигнувања во нашиот град е негативен. Многу актуелни теми останаа мртво слово на хартија, многу очекувања се изневерени. Партиите не покажаа дека се обединети околу вредностите на градот
Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх. ои се шансите на Скопје да стане убав град, има ли надеж? Ова се прашања кои секојдневно се надвиснуваат во сите сфери на нашето живеење. Скопје денес е деградиран град со окупирани јавни простори, исечени дрвореди, уништени зелени појаси, деградирани градски симболи, зголемен број на жители и инфраструктура што е несоодветна да опслужи толкав број на жители. Но, шанси да се променат нештата има. Градот ја има задржано урбаната и
К
12
ПОРТА
24 септември 2021
архитектонска структура, тој е сѐ уште значаен град - метропола во која функционираат белезите на постземјотресно Скопје, кои зрачат со креативност и сведочат за сите врвни странски и домашни архитекти кои го истуриле своето знаење и умеење во овој град. Ако градот денес се бори да направи баланс меѓу побарувањата на општеството и интересот на поединецот и делува бавно, а некаде и неодговорно, во заздравувањето на градот, сериозно се поставува прашањето како понатаму? Климатските промени кои чукаат на вратите, топлотните бранови што се повторуваат секое лето и зимите со драматично
загадениот воздух треба да нѐ оттргнат од летаргијата која владее во локалната и централната власт. Притисокот од глобалните предизвици го менува светот. Урбанистите трагаат по нови концепти за живеење и градење. Живееме во ера во која брзината на промените тешко се контролира и управува. За најдобар можен развој на градот може да се зборува ако се претпочита јавното добро во однос на индивидуалното. Неопходна ќе биде децентрализација на развојот на целата територија на земјата, модернизација на постојниот градежен фонд, стопирање на градбите кои се најавени и ослободување простори и зелени оази. Ова Олимписки пливачки центар – Скопје
се теми со кои ќе се занимаваат изработувачите на ГУП-от, но додека тој долгорочен процес трае, неопходно е да се делува на горливите прашања и проблеми во опкружувањето кои не трпат одложување. Гледајќи ги анализите од последниот топлотен бран, забележувам дека најзагрозените точки со измерена температура од 50 степени Целзиусови, а некаде и повисока, се наоѓаат во потесното централно подрачје на градот. На централното градско подрачје му е потребна длабока стручна анализа во поширок контекст каде пејзажот и слободните простори ќе бидат неизбежен дел од целокупниот комплекс. Јас ќе ги посочам нештата што треба ургентно да се решаваат и со кои неодложно треба да се занимаваат архитектите заедно со локалната и централна простор на кој треба нешто да се стори. власт во наредниот период. Додека се отплеткува бирократскиот Реката ни е дар од природата, а лавиринт околу незавршените објекти - хотел крајбрежните простори во сите планови се и офицерски дом, кои ја сочинуваат главната дефинирани како крајбрежно-рекреативни сценографија на хаотичност, може нешто да зони. Затоа забрзано треба да се делува на се стори со другите проблематични објекти. обнова на зелените крајбрежни појаси таму Да се сруши споменикот на Мајка Тереза и да каде се уништени или пренаменети. Да се се отвори влезот на улицата „Орце Николов“ работи на обнова и изградба на шеталишта и на плоштадот. Да се отстрани Триумфалната зелени оази со содржина и урбана опрема. порта која е анахрон, ирационален објект Во централното подрачје од посебна важност поставен на погрешна локација и ниту слави се кејовите и крајбрежното зеленило победа, ниту има оправдана намена. Да се особено покрај населбите Ново Маало и интервенира на барокната фасада на Маџир Маало. Стоковната куќа, да се заврши фасадата на Скопското кале е еден од најзначајните ЕСМ и да се пронајдат простори за зеленило белези на градот. Ако ја прочитате на целиот заробен простор на и околу истражувачката сторија на новинарот Гоце плоштадот. Трповски за состојбата на Калето - скопскиот Реконструкција на шалтер-салата на Пошта Акропол, неминовно ќе ви се наметне сѐ уште не е почната, а неодамна одржаниот прашањето кои луѓе живеат на овие концерт во неа покажа колку тој простор нуди простори. Додека се чекаат документи, можности за нови содржини. Трите актуелни тврдината стои во очајна состојба. Блокирана локалитети: Холидеј Ин, Треска и Расадник се главна порта, недостиг од каква било во некое привидно мирување после информативна содржина, раскопани делови жестоката битка околу нивната содржина. За што се ризични за посетители, делови што не се пристапни и околина во која се градат објекти со сомнителна архитектура. Сѐ што е постигнато на археолошкото наоѓалиште, како и предметите кои требаше да бидат музејски изложени се во фаза на пропаѓање. Тажна е каква било констатација, а највистинита е онаа на Гоце Трпковски: „Многу војски го чувале бедемот, но сегашната, бирократска војска, се покажува најнеподготвена да го одбрани.“ Господа градоначалници, тврдината е најрепрезентативното катче и за граѓаните и за туристите, а контактната зелена зона околу неа драгоценост за сегашните услови на живеење. Главниот градски плоштад „Македонија“ со повеќевековна историја, за кој се испишани многу страници и стручни констатации, е Вила во Маврово
локалитетот Треска распишан е јавен анонимен конкурс со краток рок и се разбира со малку пари за архитектите, па во од е нешто коригирано. Но, мене повеќе ме загрижува резултатот од тоа, бидејќи сум убедена дека компромисните решенија се секогаш лоши решенија. За локалитетот Холидеј Ин недвојбено сум убедена дека државата со нејзините институции треба да покаже државничка храброст за заштита на јавниот интерес, да си ја врати сопственоста на земјиштето и да овозможи интегрално решение на целиот урбанистички зафат. Локалитетот Расадник треба да е парковски третиран без компромиси со сопствениците на земјиштето. Сите поинакви решенија водат кон уништување на срцето на градот и на неговото централно подрачје. Во населбите Аеродром, Кисела Вода и Карпош бројот на жители двојно е зголемен. Изградени се нови блоковски комплекси во кои не се решени основните придружни содржини (инфраструктурат, училишта, градинки, зеленило). Старите блокови од 50-70-тите години
ПОРТА
се обезличени со доградби и надградби, а меѓублоковските простори се запуштени со супстандардни гаражи и малку зеленило. Градот Париз спроведува план за спас од топлотните бранови. Суштината на концептот е дека „секој треба да има сѐ што му ги задоволува секојдневните потреби на најмалку 15 минути пешачење од својот дом. Тоа значи училишта, здравствени услуги, јавни услуги, места за релаксација, а по можност и работни места. Не се доволни големи градски паркови на едно место, секоја населба, секое маало треба да има паркче, шеталиште, парче јавен простор“.
ПОРТА
Билансот на постигнувања во нашиот град е негативен. Многу актуелни теми останаа мртво слово на хартија, многу очекувања се изневерени. Партиите не покажаа дека се обединети околу вредностите на градот. Како позитивен зрак на надеж во изминатиот период го сметам реализирањето на адреналинскиот парк и парковскиот дел покрај кејот во Карпош 4 и првата урбана градина „Бостание“. Ова прва урбана градина е сместена во паркот Ново Лисиче. Проектот е придонес кон климатските промени и концептот за отпорен град. Урбаното градинарство кое зема сè поголем замав во
светот има за цел дружење, едукација и претворање на јавните површини во оази за производство на здрава храна. Се надевам дека оваа граѓанска иницијатива ќе биде следена и на други локации. Редизајнирањето на нашите урбани простори ќе биде неопходно. Градот радикално треба да се трансформира и да се одзатне од градежната утопија што подразбира и рушење. Улогата на урбанистите и планерите е да создадат услови за здрав, социјален и безбеден живот. Предизвиците не зависат од избор туку од неопходност. Решенија и начини како тоа да се стори постојат. Светот забрзано се подготвува. Секојдневно сме сведоци на радикални решенија. Никнуваат повеќенаменски зелени структури. Напуштени железнички станици и простори се претвораат во паркови и шеталишта, градот Париз Елисејските Полиња ги претвора во зелена парковска оаза. Јавниот интерес е уставно загарантирано право. Затоа им порачувам на градските избраници да не го чекаат крикот на граѓаните, туку, рака под рака со архитектите и урбанистите да го заштитат секое дрво во градот и да обезбедат здрав и безбеден живот за граѓаните. Тоа треба да е главната премиса на секој што претендира да води општина или град. n
комерцијален текст
TERMOWOOD - новост на пазарот во Македонија овост на пазарот во Македонија е ТЕРМОМОДИФИЦИРАНО ДРВО, со трговски назив TeRmOwOOd. Термообработката е сосема нов природен технолошки пристап на создавање на нов вид на дрво со изменети хемиско - механички својства на материјалот. При овој процес на обработка не се користат никакви хемиски средства. Целиот процес e природен и се изведува во средина со заситена водена пареа, без присуство на кислород, на висока температура од 170 до 212 целзиусови степени. Во вака создадените услови, се менуваат хемиските својства на дрвото и доаѓа до топење на полисахаридите и карамелизација на материјалот. На овој начин се прави заштита на дрвото од влијание на вода, влага, гнилеж и бактерии и добиваме долговечност на дрвото, стабилност на материјалот и материјал кој е лесен за обработка. При пожар дрвото е безбедно затоа што оддава мала количина на јаглероден диоксид. Исто така, дрвото е со подобрени карактеристики дури и до 70 отсто од обичното дрво, не подлежи на деформации и ги поседува својствата на тропските дрва (голема отпорност на влага, вода и гниење). Бојата му е од светло до темно кафеава, со пријатен изглед, зависно од температурата
Н
на која се обработува и понатамошната намена. На допир се добива чувство на мекост и топлина на префинет материјал. Производот е целосно безбеден по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво е стерилно и на него не може да опстојат бактерии, вируси или паразити кои се опасни по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво-Termowood е алтернатива на тиковото и другите тропски дрва, но со пониска цена. Се употребува при/за изработка на: l внатрешно и надворешно уредување l Мебел, маси,кујни и плотни за кујни
l Подови, паркет, плочки од дрво и патос l Ѕидни облоги за ентериер
l бања (ѕидни облоги, подни плочки,
мијалник и аксесоари)
l Сауни и парни бањи
l Фасада и облоги на фасада
l Мебел за двор, балкони, површини околу
базени
l Патеки и пристаништа
дИСарт дОО Гевгелија е единствена фирма која произведува термомодифицирано дрво во Македонија
+389 70 363 877 disartltd@yahoo.com www.disart.mk facebook.com/disartmk
ПОРТА
интервју
ана ПетрОвСка
Директната демократија е алатка за Скопје да стане зелен и хуман град Ана Петровска е архитект, просторен планер и екологист со професионално искуство од над 30 години. Работела на законски решенија и голем број проекти за заштита на животната средина и просторното планирање, од кои релевантни за идниот развој на Градот Скопје се Просторниот план на државата, на заштитните зони на изворот Рашче, Генералниот урбанистички план на Скопје и Локалниот еколошки акциски план за Скопје. На меѓународно ниво, била помошник раководител на работната група за паметни мрежи и енергија во рамките на Платформата за паметни градови (20112012, Европска Комисија) и раководела со глобалниот проект за подобрување на квалитетот на горивото и електрификација на транспортот за Западен Балкан (20082018 година, УНЕП) Како директор на државниот инспекторат за животна средина ги подобри контролите, го зголеми бројот на надзори, го олесни пријавувањето на загадување од страна на граѓаните и ја зајакна соработката со граѓанскиот сектор. Поради наталожените проблемите во градот во однос на урбанизмот и екологијата, нивното несистемско решавање, Порта 3 одлучи да разговара со единствениот кандидат за градоначалник архитект, а воедно и експерт за екологија, Ана Петровска од Зелен хуман град. Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА ие сте инженер архитект со долгогодишно искуство во животната средина и просторно планирање. Што е она што ве натера долги години да водите битка за заштита на животната средина? n Имав среќа уште во 1989 година да бидам вклучена во првиот еколошки проект „Заштита на реката Вардар од загадување“ и тогаш учев од врвни стручњаци во тоа време, а ги запознав и загадувачите на
В
16
ПОРТА
24 септември 2021
реката Вардар. Меѓутоа, од она што го видов на терен длабоко ми остана врежана зелената боја на шестовалентниот хром како резултат на штавењето кожа од кожарите во Гостивар, Скопје и Куманово и, исто така, ми остана во сеќавање силната црвена боја од отпадните води од свиларата „Нонча Камишова“. Во 2002 година со 10-тина момци во разрушено училиште селектиравме еден тон отпад и тогаш можев навистина да посведочам дека во отпадот има корисни елемeнти, корисни фракции кои може да се искористат за рециклирање или повторна употреба. Значи, на најдиректен начин видов што има во отпадот и како тој отпад може да се спречи да заврши на депонија. Сум учествувала и во многу други проекти каде што одблизу сум се запознавала со проблемите во животната средина, проблемите што ги засегаат сите граѓани и
самото тоа што сум ги запознала проблемите и сум работела на нивни решенија, ме направило борец и активист низ сите овие години. Можно е да се решаваат проблемите во животната средина, но за решенијата мора посветено да се залагаме сите во општеството. Јавноста ве запозна како директор на Инспекторатот за животна средина каде навистина им застанавте на патот на капацитетите кои загадуваат. Сметате ли дека успеавте во таа мисија и што е она на што ќе треба да продолжи да работи Инспекторатот? n Во Државниот инспекторат за животна средина направивме големи промени, но постигнавме и резултати. Со акредитирана лабораторија за животна средина успевавме да детектираме загадувачи и кога ќе го докажевме загадувањето дефиниравме рокови за корекција на
неправилностите или изрекувавме казни. Исто така, го зголемивме бројот на вонредни надзори, па успевавме загадувачите да ги изненадиме ноќе и во текот на викендите. Правевме многу координирани акции заедно со овластени инспектори со што ги подигнавме квалитетот и стандардот на инспекциските контроли на локално ниво. Го изработивме и Нацрт-законот за инспекциски надзор на животната средина со кој сакавме прво да ги детектираме слабостите, а потоа сакавме и да ги стандардизираме инспекциските постапки, да го подигнеме нивниот квалитет со примена на листи за проверка, а соработката со другите институции при покомплексни случаи на загадување да ја уредиме со стандардни оперативни процедури. Со помош на „Зелен институт“ и во соработка со Горјан Јовановски направивме мапа на загадувачи во градот Скопје, ги лоциравме на карта сите големи, средни и мали загадувачи што всушност требаше да овозможи полесно детектирање на изворите на загадувањето. Со Институтот за комуникациски студии направивме алатка за пријавување загадување од страна на граѓаните и тие навистина се охрабрија во секое време да пријавуваат случаи на загадување за кои имаше интервентни реакции од страна на инспекторите. Сето ова беше постигнато за многу краток период, за нецели 10 месеци. Очекувам итно да се усвои Законот за инспекциски надзор на животна средина за да обезбедиме одржливост на овие инспекциски практики. Сметам дека мора да продолжи функционирањето на Граѓанскиот инспекциски совет кој, исто така, го формиравме со преку 30-тина граѓански организации кои придонесоа кон поголема отчетност, но од друга страна беа и помош за работата на Инспекторатот. Оваа пракса мора да продолжи и доколку тоа се случи, навистина сум оставила позитивен печат врз оваа институција. Сега сте повторно во Секторот за отпад
во Министерството за животна средина и просторно планирање каде ќе продолжите да работите на стратегиите за третман на отпадот. Ќе почне ли сега реализацијата на сето она што беше запоставувано со години? n Министерството за животна средина и просторно планирање ги утвдрдува политиките, стратешките приоритети и донесува стратегии и планови кои, за жал, не секогаш се спроведуваат поради поделените надлежности. Надлежноста за управување со комуналниот цврст отпад е на локално ниво, а приватниот сектор е вклучен во активностите за селектирање, транспорт, преработка и извоз на посебните видови на отпад што не може да се преработат во земјата. Како член на тимот во Секторот за управување со отпад целосно ќе се вклучам и ќе се посветам на сите оние активности кои во моментот се реализираат, тука пред сѐ се европските проекти кои се спроведуваат во Источниот и во Североисточниот плански регион и тука сум, исто така, да помогнам во решавањето на проблемите со Буково. Затворањето на Буково е една од препораките на УНЕСКО, а јас сум емотивно поврзана со процесите што се насочени кон нивно спроведување, бидејќи долго време се занимавам со оваа проблематика. Може ли да ни кажете кои се најголемите еколошки проблеми со кои се соочуваме како држава, кои вие од другата страна ги идентификувавте, а за кои јавноста можеби и не е ниту свесна? n Јавноста главно ги знае овие прашања, меѓутоа мора уште еднаш да се навратиме за да потенцираме колку е важно нивното решавање. Пред сѐ тука е загадувањето на воздухот, за кое главни причини се индустријата, транспортот, јавните објекти (болници, училишта, студентски домови), домаќинствата и
градежништвото. Она што малку се знае во јавноста е дека во индустријата сѐ уште се согоруваат горива кои во современите земји се веќе и забранети, а тоа се јаглен, петрол кокс, мазут, нафта. Значи и овие горива кои понекогаш се со сомнителен квалитет се горат во големи количини во печките на големите загадувачи. Иако има систем на дозволи со кои се ограничуваат концентрациите на загадувачки материи во емисиите на издувните гасови, сепак никој не ја ограничува количината на гориво што го согоруваат овие инсталации. Имајќи го предвид фактот дека е многу тешко да се следи кои се вистинските емисии, бидејќи многу опасни загадувачки материи и воопшто не се пропишани во дозволите додека емисиите ретко се следат континуиано, загадувањето на воздухот од индустријата мора да се решава во блиска иднина. Неопходно е најпрво да се воведе ограничување на количините на емитираните загадувачки материи (прашина, сулфурен диоксид, азотни оксиди) и по истекот на определен период на (праведна) транзиција, да се забрани користењето на овие фосилни горива. Во однос на управувањето со водите имаме ситуација каде што голем дел од градските средини немаат пречистителни станици, односно урбаните и отпадните води од некои индустриски капацитети се испуштаат директно без пречистување. Таков е случајот и со градот Скопје; освен тоа, речиси 20 отсто од домаќинствата не се приклучени на фекалната канализација, туку испуштаат отпадни води во септички јами или директно во отворените канали, во Тафталиџе, Серава и Усјанскиот канал. Исто така, во Градот Скопје изградени се само 30 проценти од атмосферската канлизација и кога има поројни дождови улиците се целосно непроодни за движење поради излевање на измешана атмосферска и фекална отпадна вода од шахтите. Загадувањето на водите е предизвикано и од рудниците. И покрај тоа што со нивните интегрирани еколошки дозволи се пропишани емисиите на загадувачки материи во водите, сепак многу често се случува да се излее јаловина и да ги загади и реките и почвата. И тоа се огромни штети кои се направени поради тоа што во составот на јаловината се среќаваат токсични хемикалии и тешки метали. Очигледно прашањето со рудниците е многу сериозно и овие чести хаварии не смее да се третираат како резултат на небрежност туку институциите мора сериозно да се занимаваат со превенција и санкции. Да, економските аспекти не треба 24 септември 2021
ПОРТА
17
да се занемаруваат, но мора да преовлада еколошката мисла и да се стави крај на загадувањето од рудниците. Управувањето со отпадот е, исто така, голем проблем. Освен што гледаме голем број на диви депонии насекаде во природата, имаме ситуација и некои општински депонии да претставуваат големи ризици за животната средина. Ќе ја споменам како пример депонијата во Гевгелија која е направена на брег на река. Често, кога ќе надојде реката, се испира отпадот и се транспортира со водотекот, а истовремено не се применуваат ниту минималните технички услови, односно компактирање на отпадот и прекривање со земја. Депонијата често се пали. Има повеќе вакви депонии низ земјата, а многу малку се работи за решавање на проблемите што произлегуваат од непрописното отстранување на отпадот. Сметам дека општините и комуналните претпријатија не успеаја во претходниот период да направат промени, односно да ја намалат количината на отпадот за депонирање и да ги искористат вредните компоненти. Така, на пример, биоотпадот, кој учествува со преку 60 проценти во составот на отпадот – не смее да се носи на депонија, бидејќи распаѓањето на органската фракција е една од причините за запалувањето на депониите. Депониите горат дури и во зимскиот период, а во текот на летото нивното палење е редовна појава. Искористувањето на овој биоразградлив органски отпад преку компостирање е можно и неопходно. Компостот, односно органското ѓубриво што е резултат на зреењето на органската компонента на отпадот во компостарите, може да се добива во самите градини на станбените куќи или во компостари што би ги поставиле општините. Компостот може да се користи за различни намени, во градините, парковите, како и за рекултивација на деградирани простори.
ПОРТА
Отпадот во овој момент не се гледа како ресурс, туку како нешто што само се отфрла и понатаму никој за него не се грижи. Многу финансиски средства се потрошени на различни стратегии и студии, меѓутоа сметам дека е конечно време општините во согласност со своите надлежности да почнат со селекција на отпадот во соработка со колективните постапувачи кои се одговорни за посебните текови отпад (отпадот од пакување, батериите и акумулаторите, електричната и електронската опрема и друго). Крајно време е сите чинители да се здружат и заедно со граѓаните да се погрижиме што е можно помалку отпад да се отстранува со депонирање. долго време зборувавте и за проблемите околу Охридското езеро. колекторскиот систем е во лоша состојба, отпадните води се испуштаат во езерото, камповите и останатите објекти исто така се потенцијални загадувачи. Од каде треба да се почне решавањето на овие проблеми и имаат ли институциите доволно сила и мотив да застанат на патот на сето ова? n Не само што зборував за проблемите во Охридскиот Регион кој ужива статус на светско културно и природно наследство, туку како државен секретар на МЖСПП директно бев вклучена во изработката на Планот за управување со ова светско природно и културно наследство. Како директор на Инспекторатот за животна средина организирав и учествував во бројни еколошки акции, некои од нив резултираа и со кривични пријави, како на пример онаа за насипувањето земја и градежен шут на Далјан и кривичната пријава за насипувањето земја и шут и палење трски во Калишта. Во овој момент сум сѐ уште член на Комисијата за управување со светското природно и културно наследство, а од неодамна сум член и на работната група формирана од
Владата како помош на Агенцијата за планирање на просторот за изработка на урбанистичкиот план од државно значење за крајбрежјето на Охридското Езеро. Значи, пред сѐ, мора да се запре непланската урбанизација и градежната офанзива, сѐ со цел да се спречи натамошното уништување на пределските вредности и традиционалната архитектура во градот која постапно се уништува со реконструкција на постојните и изградба на нови објекти. Освен тоа, мора да се воспостави одржлив транспорт и туризмот да не биде масовен и да не се базира само на искористување на капацитетите на плажите, односно на хотелските комплекси во текот на летната сезона. Мора да се овозможи развој на одржлив и еколошки туризам што ќе се базира на атрибутите на исклучителните универзални вредности на ова наследство. Државата мора редовно да одделува финансиски средства за да се спречи натамошно загадување на Охридското Езеро, пред сѐ за доизградба на колекторскиот систем кој е во лоша состојба, и покрај тоа што веќе се реализираа одредени активности за негова реконструкција. Неопходно е редовно финансирање од страна на државата, односно мора да се обезбедуваат средства колекторот континуирано да се одржува како што треба. Имено, во текот на самата реконструкција се утврди дека има голем број на нелегални приклучоци што направиле оштетувања, дека корења од дрвја ги пробиваат цевките и пропусноста на колекторот за определени делници е значително намалена. Исто така, мора итно да почне реконструкција на пречистителната станица за отпадни води во Враништа. Управувањето со Охридскиот Регион е фрагментирано и многу институции се вклучени во различни аспекти на просторниот, социјалниот и економскиот развој, меѓутоа решенијата за проблемите се многу едноставни. Во овој момент Комисијата за управување со светското природно и кулутурно наследство со своите мислења кои навистина се почитуваат од институциите, на некој начин претставува бариера за да се спречи непланската, односно неконтролираната урбанизација, што особено ме радува. Но, не е доволно интегрираната заштита на целиот Охридски Регион да зависи само од издадените мислења од страна на Комисијата за управување. Природното и културното наследство на Охридскиот Регион има голема површина и поседува извонредни пределски карактеристики што е задолжително да ги
заштитува едно стручно и оперативно тело. Во блиска иднина неопходно е да се формира тело за интегрирано управување согласно Законот за заштита на природата и поврзаните закони. урбанизацијата и бетонизацијата на Скопје е долгогодишен проблем. Има ли спас од сето ова? Од каде и како треба да се почне враќањето на нормалниот „зелен“ живот во Скопје? n Започна изработката на Генералниот урбанистички план за Скопје, што значи дека Градот има можност да воспостави нови правила на игра, односно да ја спречи натамошната бетонизација. Тоа е можно бидејќи имаме регулатива што мора да се почитува. Пред години јас бев иницијатор за изработката на Законот за урбано зеленило, а откако законот беше донесен, како државен секретар во МЖСПП работев и на Правилникот за урбано зеленило. Согласно овој Правилник, како прв чекор пред почнувањето на работата на ГУП-от треба да се изработи Стратегија за урбано зеленило. Јас мислам дека е крајно време таа Стратегија за урбано зеленило да почне да се реализира. Претходно мора да се заврши изработката на Катастарот на урбано зеленило, потоа да се идентификуваат сите празни непарцелирани локации кои имаат потенцијал за развој на убави урбани паркови и градини. Понатаму, неопходно е да се направи биотопско картирање за да се востанови мрежата на урбано зеленило во градот која треба да ја спречи натамошната фрагментација на биолошките заедници. Задолжително е да се идентификуваат сите подрачја кои се изложени на енормно
загадување и локациите на топлотните острови, за да се интервенира со засадување урбано зеленило што ќе влијае врз намалување на загадувањето и врз локалната клима. Исто така, задолжително е да се мапираат сите потенцијали за урбано зеленило, постојно и идно, и нивната достапност преку постојната сообраќајна инфраструктура, а особено велосипедските патеки, сѐ со цел на секој граѓанин да му се овозможи во временска дистанца од 10 минути (со велосипед или пеш) да стаса до парк во којшто ќе може да дише свеж воздух и да се одмори. Оваа стратегија за урбано зеленило не е само форма, туку таа треба да даде суштина на идниот урбан развој на градот. Без оваа стратегија никој не смее да продолжи со урбанизација, бидејќи ако продолжиме со ова темпо на градење, ќе ги уништиме сите празни простори со кои можеме, доколку правилно го планираме урбаното зеленило, да обезбедиме минимум 25 метри квадратни зеленило по глава на жител за да имаме хумани услови за живеење. Понекогаш токму граѓаните се тие што даваат отпор кон воведување зелени политики – намалување на габаритите на нивните објекти, ограничување или отежнување на употребата на автомобилите, промена на начинот на греење итн. Мислите ли дека институциите се способни да спроведат непопуларни, но потребни мерки? n Зелените политики всушност немаат за цел да го влошат, туку тие го подобруваат квалитетот на животот. Но, разбирлив е отпорот на граѓаните кон промени кога тие
се исклучени од процесот на носење одлуки и промени со кои се ставаат пред свршен чин. Затоа, сите мерки што значат воспоставување зелени политики зазеленување на градот, намалување на густината на населеност и слично, мора да бидат искомуницирани со граѓаните и тие мора да имаат можност да учествуваат во носењето на одлуките, но и да добијат соодветни алтернативи. Во развиените земји, на пример, се воспоставувале политики за урбана мобилност со кои се обесхрабрувало поседување сопствено возило, но не пред да се оптимизираат јавниот транспорт, вело и пешачката инфраструктура. Доколку на популарен начин се објаснат придобивките за животната средина, за локалната клима и за здравјето на луѓето од примената на овие мерки, односно користењето на јавниот превоз, споделувањето автомобил, возењето велосипед или одењето пеш, доколку на луѓето им се обезбеди безбедна инфраструктура за алтернативен транспорт, ефективен и евтин јавен транспорт, тогаш мислам дека полесно ќе биде прифаќањето на овие мерки. Значи транзицијата е процес кој мора внимателно да се управува, меѓутоа најголемите придобивки ќе ги имаме за градот само тогаш кога граѓаните непосредно ќе учествуваат, ќе ја добијат вистинската информација, ќе бидат вклучени во носењето на одлуките, но и ќе ги имаат добиено алтернативните опции. Впрочем директната демократија е иднината за развој на градот и е исклучително важна алатка за Скопје да стане зелен и хуман град. n 24 септември 2021
ПОРТА
19
ПОРТА
ПОРТА
интервју Од досегашното искуство не видовме дека политичките партии, кои ја кројат судбината на нашите градови, некогаш имале стручен однос кон архитектурата и урбанизмот, не видовме ни вистински професионалци од овие области помеѓу членовите на советите во локалната самоуправа. Секако дека локалната власт треба да има вклучено стручни лица од повеќе сфери, но она што се случува со урбанистичките планови во Скопје кулминираше со непланиран град, кој имаше простор како ресурс, но кој е неповратно, изгубен засекогаш. Поради децениските проблеми со урбанистичките планови и нивното „кроење“ и „прекројување“ исклучиво и само според желби поттикнати единствено од профит – инвеститорите и сопствениците на локациите, кои секогаш се повикуваат на „божјата заповед“, „стекнатото право“, Порта 3 одлучи да разговара со архитектите кои се на независните листи за советници во општините Центар и Карпош. Со единствена надеж дека конечно ќе дојдеме до квалитетни урбани решенија, на оној малку простор кој ни преостана. Во продолжение ви пренесуваме четири интервјуа со четири архтекти, кои одговараат на истите прашања со цел да видиме какви се нивните размислувања за урбаните проблеми. Прочитајте што велат: д-р Дивна Пенчиќ, Билјана Филиповска и Даница Павловска – Циги од „Шанса за Центар“, како и Невена Георгиевска од „Независни за Карпош - За Заштита на Карпош“, кои воедно се и долгогодишни соработници на Порта 3. Порта 3 е подготвена да разговара и со останатите кандидати кои се на советничките листи на политичките партии, кои по професија се архитекти, градежни инженери или екологисти, а кои би сакале да го дадат својот став околу решавање на проблемите кои се од најтесен интерес на нашето списание. Подготвени сме да отстапиме простор за промовирање на идеите и иницијативите во некој од следните броеви на списанието или на порталот. Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. ожеби за прв пат кај нас на една советничка листа се пријавуваат повеќе архитекти. влева ли ова надеж дека конечно за плановите навремено ќе реагираат стручни лица? n Да, голем дел од надлежностите на советот на општините, градоначалниците и локал-
М
22
ПОРТА
24 септември 2021
Мораториумот не успеа, затоа што власта и опозицијата не сакаа да успее
Д-р Дивна Пенчиќ својата професионална кариера ја започнува работејќи кај истакнатиот турски архитект Џенкис Бекташ во Истанбул. Денес е професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ. Предметите кои ги предава се од областа на урбанизмот, со фокус на одржливиот урбан развој. Својот професионален ангажман го збогатува со соработка со невладин сектор и меѓународни организации, работејќи на проекти, меѓу кои позначајни се: „Замисли град - дискусија за (отворање на) процесот на планирање на градот“, „Незавршени модернизации – помеѓу утопија и прагматизам“, „Оживување на градските плоштади на балканските градови“ и др. Едно од позначајните делувања е реализирањето на проектите и активностите со НВО „Коалиција за одржлив развој“. Таа е и поранешен член на Комисијата за урбанизам на Општина Центар. ната администрација, опфаќаат аспекти кои се тесно врзани со архитектурата и урбанизмот, па оттука многу е значајно да има поголем број на стручни лица од таа област. Придонесот и активното учество на архитектите е од големо значење во креирањето на визиите за просторниот развој на општината, креирањето на градските политики кои ќе понудат обликување поквалитетен градски простор, во кој ќе има услови за одржлив економски, социјален и еколошки напредок. Но, дополнителна е и можноста на архитектите, како ексклузивна способност, да гледаат во иднината и уште во фаза на изработка на планови и проекти, да ја визуализираат очекуваната изградба и да поддржат добри проекти, но и да спречат лоши. По сите оние грешки кои имавте можност да ги воочите во дуП-овите, направени од планерските куќи, ќе можете ли да влијаете да не се изработуваат дуП-овите како досега? да се добиваат на јавна набавка и да ги изработуваат истите планерски куќи? n Учеството во Комисијата за урбанизам на Општина Центар, е исклучително вредно, иако
прилично фрустрирачко искуство и дава добра почетна позиција за иницирање и инсистирање изработка на посоодветни и поквалитетни урбанистички планови за подрачјето на Општината. Имајќи увид во скоро сите детални урбанистички планови, заедно со останатите членови на Комисијата, воочивме генерално исти проблеми кај сите и тоа: безидејност со слаба планска програма, непочитување на ГУП за Скопје, но и проблеми предизвикани од него и непознавањето на локалниот контекст, грижа само за што повеќе површина за градба и катност, а никакви насоки или услови за изградба на земјиштето за општа употреба (улици, плоштади, паркови, игралишта и друг јавен простор). За проблемот да биде поголем не се дадени ниту конкретни: мерки за справување со климатските промени, мерки за справување со отпад, мерки за одржлива мобилност и безбедност во сообраќајот, мерки за заштита од разурнувања, мерки за заштита на недвижното културно наследство, мерки за озеленување на планскиот опфат и други мерки за остварување на целите на пла-
д-р дИвна ПенчИЌ“ нирањето. Прашањето на јавните набавки исто така е детектирано не само како проблем предизвикан од законски пропишаните начини и услови на спроведување, туку и како немање волја на одговорните лица да пропишат соодветни критериуми и да го употребат механизмот на давање негативно мислење за оние планерски фирми кои не ги почитуваат пропишаните стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, а тие најчесто се причина за лоши планови. Увиден е и проблемот на штетно припремени договори, каде нема рокови и услови за изработка на плановите. Сето ова е нешто за кое можеме да воспоставиме позитивни практики и во корист на граѓаните, нo и во корист на Општината за заштеда и на време и нa пари, како и подигање на квалитетот. дали сметате дека градоначалникот треба да има повеќе советници архитекти од пракса? n Не се работи за број, туку за докажани стручњаци со граѓански вредности, кои јавно и приватно се однесуваат и се залагаат за вредности кои се поврзани за доброто на заедницата, колективот, струката, квалитетот на живот. Архитекти кои не го познаваат градот, кои автомобилот им е главно превозно средство, чии деца не одат пешки во градинка и училиште, кои не се грижат каде и како го фрлаат ѓубрето, кои не се грижат за својата животна средина, не ја гледаат својата иднина локално, кои ги претпочитаат парите над правите вредности на својата струка, можат да бидат добри стручњаци, но не за својата заедница. Затоа сметам дека советниците треба да имаат исти вредности и цели кои ќе нè водат кон подобар, поквалитетен и подостоинствен живот во нашата општина. Но, токму затоа и целите и вредностите на градоначалникот треба да се кон заедничко добро, а не личен интерес или интерес на некои структури од партијата. досега не видовме дека државата, застана зад градоначалниците во борбата за подобро урбанистичко планирање. Откако најдиректно имавте можност да се соочите со начинот на кој се изработуваат дуП-овите сметате ли дека е неопходно да ги изработува исклучиво стручен тим составен од професионалци од својата област, кој ќе работи со јасно зададени задачи, програми и рокови, наместо плановите да одат на јавна набавка? n Јавната набавка е вообичаена постапка за набавка на урбанистички планови, но не е таа суштински проблем. Суштинскиот проблем е како општината, и понатаму планерската фирма го подготвуваат и изработуваат планот. Прашањето е врз основа на кои претпоставки (планска програма), врз кои податоци и информации, врз какви сознанија и со какви заклучоци се изработува урбанистичкиот план.
За жал, кај нас е напуштена праксата која постоела во подготовка на документациска основа, како сериозно собирање податоци, анализирање и синтетизирање. Денес никој сериозно не оди и пребројува жители, објекти, станови, градинки и училишта и друг вид на јавни објекти, потоа игралишта, зелени површини и дрвја, контејнери, покриеност со инсталации и низа на вакви податоци кои се клучни за да се има почетна претстава за покриеноста со одредени содржини и инсталации, капацитетот и можностите на просторот. Уште помалку некој ги прашува жителите за нивно мислење и потреби, а уште помалку другите субјекти кои се на тој простор (јавни и приватни институции и правни лица). Прашањето на партиципативно планирање, иако пред дваесетина години се отвори, сега се третира како сериозна опасност по планирањето. Прашањето на стручен тим отвора прашање што е стручен тим. Дали само архитектите се стручни? Со моето не многу големо искуство, сè повеќе гледам недостаток на сериозни економски анализи, сериозни социолошки, па и културолошки. Дефинитивно, за мене, урбанистичките планови не се само просторно разместување на градби и одредување услови за градење. Сè повеќе верувам дека архитектите, освен оние кои се одважиле да се надоградат и со познавање од урбана социологија и урбана економија, па и некои урбано-културолошки аспекти, не се доволни за креирање квалитетни урбанистички планови. Секако самиот урбанистички план како технички документ, не може во себе да ги содржи сите студии, но многу е важно во припремната фаза да е сето ова апсолвирано и да обезбеди сериозна и квалитетна база за изработка на техничкиот документ. Постои ли доволно развиена свест и кај политичарите и кај граѓаните кога станува збор за планирање, а кога станува збор за личниот или јавниот интерес?
n Некако свеста кај сите оди горе-долу, се менува, расте и се намалува. Сè зависи од личниот интегритет и личните преференци. Неолиберализмот, според мене е голем кривец за губење на јавниот интерес и вредностите кои ги дели заедницата. Во опкружување кое е водено само од материјалистички интереси, од лични интереси, од краткорочни потреби и без долгорочна визија, немаме ниту политичари, ниту граѓани за едно поинакво урбанистичко планирање. Општина центар беше единствена која влезе во борба со урбанистичкото планирање. Зошто мораториумот не даде очекуван резултат? n Навистина Општина Центар беше ластовицата која ја најавуваше пролетта, и многу други ластовички посакаа да дојде, но преовладаа нечии интереси за кои беше подобро тоа да не се случи. Ниту партиите, ниту власта кои некои од нив ја имаа и на локално и на централно ниво, сè уште не се спремни за едно демократско и граѓанско општество. Стагнираме и дури се враќаме кон едно примитивно клиенталистичко општество. Урбанистичкото планирање во контекст на „нати-дај ми“ политика, нема услови да си ја оствари својата примарна улога – создавање услови за квалитетен, рамномерен, рамноправен развој, со акцент на заштита на јавниот интерес. Мораториумот не успеа, затоа што власта и опозицијата не сакаа да успее. во затечената состојба во Скопје има ли воопшто шанса да добиеме поквалитетен град? n Секако! Не сме единствени, ниту први кои се соочиле со проблеми во градот кои навидум се нерешливи. Но градови од поголеми размери и со поголеми проблеми успеале да создадат квалитетен и достоен живот за своите граѓани. И Скопје има шанса, само треба да се сака и да се работи посветено и чесно, за својата заедница! Скопје и сите општини имаат и граѓани и стручњаци и политичари, кои можат и сакаат! n
ПОРТА
интервју
Да го препознаеме градот како
Билјана Филиповска е архитект со професионална кариера како проектант од над 40 години. Се уште професионално активно и општествено ангажирана. Заговорник на идејата на градби во контекст на средината. Наградувана на конкурси, добитник на повеќе награди на БИМАС, а како круна на нејзината кариера добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ на ААМ за животно дело и член на Архитектонската академија при ААМ. Можеби за прв пат кај нас на една советничка листа се пријавуваат повеќе архитекти. влева ли ова надеж дека конечно за плановите навремено ќе реагираат стручни лица? n Сведоци сме дека архитектите станаа се повидливи во јавниот простор, особено после проектот „Скопје 2014“, и тоа не како „џавкачи“, туку истапуваа со свој 24
ПОРТА
24 септември 2021
личен, професионален став со сиот свој интегритет по многу горливи прашања од областа на урбанизмот и градбите. Се огласија колеги од образовната сфера, професионалци од јавните институции кои делуваат како урбанисти и колеги архитекти со долгогодишна професионална кариера. На неколку пати се огласи и ААМ. Тоа беше предигра тие активно да се вклучат во советничките листи за да можат повлијателно да го канализираат своето делување при планирањето на градот. Сметате ли дека е возможно да се изработуваат дуП-овите како досега? да се добиваат плановите на јавни набавки и да ги изработуваат неколкуте планерски куќи, одамна етаблирани по лошо урбанистичко планирање? n Се виде кои се последиците од парцијално обликување на просторот, без стратешки документи за визија за развој на
урбаните средини на ниво на целата Република, несразмерен развој на метрополата и тоа само две три нејзини општини. Густината на населеност директно го загрози здравјето на луѓето и нивното нормално обавување на секојдневните активности. Од друга страна се девастираа цели области каде населението ги напушта масовно своите огништа. Овие проблеми не се решаваат со тендери и вклучување на мали планерски куќи кои имаат капацитет да се занимаваат со урбанизам само на ниво на урбанистички проекти. Во државата недостасуваат сериозни институти за урбанизам какви што постојат во развиени средини, со специјализирани истражувачки тимови на кои не им се страни академските титули. дали сметате дека градоначалникот треба да има повеќе советници архитекти од пракса?
бИлЈана ФИлОПОвСка
наш чист и среден дом n Градоначалниците треба да имаат на располагање институции со кои ќе го планира развојот на градовите и општините и непосредни советници од пракса. Градоначалникот на Љубљана во своите два мандата го имаше покрај себе за заменик градоначалник истакнатиот архитект, професор и теоретичар Јанез Кожељ. Нивната тесна соработка ја доведе Љубљана на првото место за Зелен град во Европа. Со паметни урбани зафати се промени дури и микроклимата на градот и се изгубија неговите познати долготрајни периоди со густа магла. досега не видовме дека државата, застана позади градоначалниците во борбата за подобро урбанистичко планирање. Сметате ли дека е неопходно оптштините да формираат стручен тим составен од професионалци кој ќе работи исклучиво на плановите со јасно зададени задачи, програми и рокови, наместо плановите да одат на јавна набавка? n За жал новиот Закон за Урбанистичко планирање, поддржан од државата, доби само некои козметички измени и понатаму задржувајќи се до строго дефинирани површини за градби, одејќи од поединечно кон општо на сметка на општиот интерес. Легислативата не остава можност на послободно визионерско третирање на од-
делни територии од населените места и квартови кои по потреба можат да се решаваат со архитектонско урбанистички конкурси . Ако се постават јасни цели за развој на одржлив град за сите, ќе бидат задоволни и жителите и оние кои со градежништвото остваруваат доход ,односно профит. Рамнотежа мора да има, мора да биде остварена на принципи, а не на коруптивни дејности. Постои ли доволно развиена свест и кај политичарите и кај граѓаните кога станува збор за планирањето, а кога станува збор за личниот или јавниот интерес? n За жал не , тоа е најтешката задача како да се влијае на јавноста, на граѓаните да го бранат општото добро, откажувајќи се понекогаш од дел од својот, навидум голем парциален личен интере, а кој во крајна инстанца и ним им се враќа како бумеранг во уништување на квалитетот на живеење. Звучи утопистички, но со упорно објаснување на концептот здравје пред профит ќе се подготви јавноста за поинаков однос кон развојот на нивниот непосреден простор во кој живеат. Општина центар беше единствениот кој влезе во борба со урбанистичкото планирање. даде ли мораториумот очекуван резултат? И зошто? n Мораториумот овозможи да се анализираат повеќето ДУП-ови во Општина Цен-
тар и нивните неусогласености со ГУП на град Скопје, како стратешки документ и документ од повисок ранг. Но, за жал не се влезе во следната фаза на нивно ефикасно ревидирање со паралелна работа со јавноста, да ја придобијат за основната идеја, да се подобрат условите за живот и приближувањето кон здрава животна средина во услови на енормна загаденост токму во тој период. во затечената состојба во Скопје има ли воопшто шанса да добиеме поквалитетен град? n Сега сме на пресечна точка кога се изготвува нов ГУП, кога постои квантум на енергија меѓу скопјани, која може да покрене промени, кога се појавуваат млади, слободоумни кадри, свесни за јавен интерес и добробит на пошироката заедница. Треба да се постават јасни цели и да се работи посветено на нив во повеќе мандати, а не само шест месеци пред избори. Наука и сознанија постојат, советите на општините со градоначалниците се на потег со лидерство да ги остварат зацртаните цели во интерес на сите, не само на мал број пединци. Да го препознаеме градот како наш чист и среден дом, со мемориски точки кои ќе се прифаќаат и ќе се надополнуваат со секоја генерација што доаѓа. n
24 септември 2021
ПОРТА
25
интервју
данИца ПавлОвСка цИГИ
Потребна е синергија во делувањето и на жителите и на креаторите на политиките Даница Павловска Циги е архитект – планер, својот професионален работен век го поминива во Заводот за урбанизам Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање, каде работи како раководен државен службеник. Таа е граѓанска активистака и општествено ангажирана, поранешен претседател на ААМ, иницијатор на повеќе граѓански акции како „Го Сакам ГТЦ“ и организирањето на гушкање на ГТЦ. Една е од иницијаторите да се обжали на Уставен суд членот 50 од Законот за урбанизам и просторно планирање. Овој член овозможи на поранешната влада ГТЦ, Македонската опера и балет и НУБ „Св. Климент Охридски“да ги прогласи за објекти од посебен интерес и ја одземе ингеренцијата на општина Центар за нив. Таа е „главниот кривец“ за соработката со професорот Јан Гел и превод на неговата книга „Градови за луѓе“. Добитник е на наградата „13 Ноември“ на Град Скопје за 2018 година за долгогодишна посветеност за зачувување на автентичноста и вредностите на Скопје во сферата на планирање и управување со просторот. Можеби за прв пат кај нас на една советничка листа се пријавуваат повеќе архитекти. влева ли ова надеж дека конечно за плановите навремено ќе реагираат стручни лица? n Да, влева надеж и пожелно е. Архитектите имаат широк дијапазон на професионално делување во сферата на подобрувањето на квалитетот на живеењето
ПОРТА
на заедницата. Нивното присуство во тимовите што одлучуваат само може да помогне во градење на локалните урбани политики, но друго прашање е колку објективно системот дозволува и предвидува нивно влијание како стручни лица. Генерално, со нив може да се очекуваат поголеми ефекти од стручните контроли и проверки на плановите Сметате ли дека е возможно да се изработуваат дуП-овите како досега? да се добиваат плановите на јавни набавки и да ги изработуваат неколкуте планерски куќи,
одамна етаблирани по лошо урбанистичко планирање? n Сметам дека ситемски реформи не се направени во сферата на плнирањето и градењето така да со делување во постојната законска рамка ДУП-овите ќе се изработуваат како и до сега, но можна е создавање на една освестеност на спецификите на тој креативен и високо стручен производ и формирање на сензитивен пазар со вистинско вреднување на квалитетот во урбанистичкото планирање дали сметате дека градоначалникот треба да има повеќе советници архитекти од пракса? n Секако, особено со наследените, обременети и деликатни состојби, а за еминентна современа визија за развојот на општината и теоретичари, авторитети, мегународни потврдени ликови и др. Досега не видовме дека државата, застана позади градоначалниците во борбата за подобро урбанистичко планирање. Сметате ли дека е неопходно оптштините да формираат стручен тим составен од професионалци кој ќе работи исклучиво на плановите со јасно зададени задачи, програми и рокови, наместо плановите да одат на јавна набавка? Јавните набавки го девалвираат процесот
на одбирот врзан за урбанистичките планови, така да стручните тимови само можат да помогнат и да го ублажат навредливиот однос кон нивниот значај, нивната креативност, вреднување... Постои ли доволно развиена свест и кај политичарите и кај граѓаните кога станува збор за планирањето, а кога станува збор за личниот или јавниот интерес? n За жал, не. За жал голем дел од граѓаните не се свесни дека јавниот интерес всушност го подигнува и личниот квалитетот на живеење. Сведоци сме на сега веќе култото „Не сакаме зеленило, сакаме станови за децата“. Тоа е вистинската слика на размислување на просечниот граѓанин. А профитот на инвеститорите им е поважен од се, спремни се на секоја цена, што впрочем и е видливо во градот со голо око. Општина центар беше единствениот кој влезе во борба со урбанистичкото планирање. даде ли мораториумот очекуван резултат? И зошто? n На оваа тема веќе има направено квалитетна анализа (проф Д. Пенчиќ) и допрва ќе се прават проценки на нови аспекти на периодот со мораториумот и неговите ефекти, но и покрај неговото лошо менаџирање тој направи помак во осознавање на моќта на локалната самоуправа, на слабостите на одлуките на Уставниот суд. во затечената состојба во Скопје има ли воопшто шанса да добиеме поквалитетен град? n Можеби треба да се залагаме за стариот концепт на еден град - една единствена управувачка единица со заедници, маала, населби...како помали колективни субјекти со свои специфики, можности, потреби...но, дотогаш градот Скопје како заедница на општини треба да има интенција да ги обединува, хармонизира и координира општините како пазли што градат една слика. Секоја општина мора да е по мерка на граѓаните, со вградено достоинство на граѓаните, со политики во интерес на граѓаните, со приоритетен јавен интерес (не, на моќни поединци; не, за спроведување партиски интереси). Но, ако граѓаните одговорноста ја делегираат единствено кај креаторите на политиките, а самите не ги почитуваат правилата кои значат поквалитетен живот, мисијата на новите избраници нема да успее. Ако креаторите на политики нудат решенија кои не ги земаат предвид интересите на целата заедница, големата слика за развој на било која општина, па и градот во целина, само ќе се мултиплицираат проблемите. Оттука, потребна е синергија во делувањето и на жителите и на креаторите на политиките кон раст и рамномерен развој за доброто на сите. Значи, има шанса. n ПОРТА
интервју
Ако сакаме здрав град, инвеститорите Невена Георгиевска: архитект, магистер за програмирање, планирање и управување со здравствени објекти, предавач од пракса на Факултет за архитектура и дизајн при Универзитет Американ Колеџ Скопје. „Стар Гранитовец“ и долгогодишен сопственик на биро за проектирање.Специјалист за здравствени објекти и проект-менаџер на Проектната единица при Министерството за здравство, проектант на чисти соби. Денес работи како асистент за развој и проширување во првата приватна општа болница Ре-Медика, во Скопје. Желбата за едукација и запознавање на пошироката публика со теми поврзани со здрави градови често ги споделува во своите колумни во Порта 3. Можеби за прв пат кај нас на една советничка листа се пријавуваат повеќе архитекти. влева ли ова надеж дека конечно за плановите навремено ќе реагираат стручни лица? n Се надевам дека, да. Со Циги и Дивна од Шанса за Центар, сме во постојан контакт, секоја искра во која гледаме пожар се обидуваме да ја презентираме, соработуваме со разни здруженија на граѓани, се консултираме околу случувањата, учествуваме во разни иницијативи, предлози и сл. Речиси секојдневно пишуваме за некој проблем, собираме потписи, се препишуваме со колеги или со граѓани кои забораваат на вредностите на здрав град. Учеството на повеќе архитекти во советот на општината е секако пожелно.
ПОРТА
Архитектурата е една од најважните работи со кои треба да ѝ помогнеме на заедницата да се обликува, буквално и фигуративно. Ние, архитектите, можеме да одговориме на предизвиците со објективна и аналитичка перспектива. Во светот, сѐ повеќе е распространет интересот кај архитектите да направат нешто за својата средина. Дури има истражувања кои покажуваат дека кај 8 од 10 студенти желбата за подобрување на квалитетот на животот во нивните заедници се зголемила откако влегле на архитектонски факултет. Но, иако чувството на изолираност е неспорно, како практичари, треба да се обидеме, во општинскиот совет, да ја искористиме својата експертиза при решавање локални прашања. Но има и други предуслови, а не само желбата. Мојата општина, Карпош, е рангирана, според нивото на транспарентност, како прва во Скопје и втора во државата. А баш пред некој ден се случи токму обратното: два часа пред седница се објави дека ќе има седница на Совет со дневен ред, во кој ,меѓудругото, треба да се гласа усвојување на ДУП. Иако седниците се ЈАВНИ, правилата се, кога граѓани присуствуваат на седница, дека НЕ СМЕАТ да зборуваат, коментираат. Зборувајте ми за транспарентност! Сметате ли дека е возможно да се изработуваат дуП-овите како досега? да се добиваат на јавна набавка и да ги изработуваат неколкуте планерски куќи, одамна етаблирани по лошо урбанистичко планирање?
n Јас одамна сметам дека е ова погрешно. ДУП-овите исклучиво треба да одат на јавен конкурс, кои ќе ги објавува општината и условите да бидат што поедноставни да може секој поединец или планерска куќа да се пријави. Во планирањето, урбанизмот, архитектурата, идејата е таа што е важна. Мора да видиме борба на идеи. Јавните набавки бараат докажување на личната состојба на операторите: платени даноци, придонеси и сл. Знаејќи ги цените за проектирање, ќе се сложите дека многу од планерите и архитектите не се во можност да ги подмират секогаш навремено. Затоа, пак, својата одговорност треба да ја преземе Комората и што побрзо да ги реши овие горливи прашања за струката. А на тендер се јавуваат едни исти планерски куќи, кои ја утапкале
невена ГеОрГИевСка
да ги тргнат рацете од плановите личната состојба. Документите спремни, само се чека нов тендер. За електронската аукција и да не зборуваме: многу ретко покрај најниската цена како услов стои и квалитетот. Затоа, сметајте дека утре да има јавна набавка за нов ДУП ќе се јават истите планерски куќи. Жалниот момент е што заради сите овие постапки на сите влади, изгубена е довербата на граѓаните кај планерите. Планерите мора да работат за интересите на граѓаните, треба да соработуваат со нив и за тоа треба да им се обезбеди независност. дали сметате дека градоначалникот треба да има неколку советници архитекти од пракса? n Во моменталната ситуација во која се наоѓа нашиот град, секоја помош е добредојдена. И да, добро е тоа да бидат архитекти од пракса. Има такви примери: Лондон, Хелсинки, но има и такви каде системот беспрекорно функционира и градоначалникот нема свои советници – Ротердам на пример. За жал, многу често и ваквите функции се искористуваат за своја лична промоција и добробит. Имаме такви примери и во Асоцијацијата на архитекти. Би сакала да видам пример кој навистина ќе се вложи со своето знаење, некоруптивност, отвореност кон спротивни мислења и дискусија. Се разбира за тоа треба да има и слух и самиот градоначалник. досега не видовме дека државата, застана зад градоначалниците во борбата за подобро урбанистичко планирање. Сметате ли дека е неопходно општините да формираат стручен тим составен од професионалци кој ќе работи исклучиво на плановите со јасно зададени задачи, програми и рокови, наместо плановите да одат на јавна набавка? n Мене, искрено, ми е малку чудно кој, зад кого стои кога зборуваме за планирање град, општина, место во кое и едните и другите, сите ние живееме. Лошиот план во Козле е лош и за Чаир. Климатските промени се доказ дека мора сите заедно да работиме. Лошите планови се лоша средина, лош воздух. Воздухот од Козле нема граница кај Тафталиџе. Сите треба да работат на иста линија, да соработуваат и да се поддржуваат за подобар и поздрав град. Можеби звучи наивно, но тоа е единствениот рецепт за излез од нималку светлата состојба. Тим од професионалци е секогаш добра идеја, сега особено: треба да се формира „кризен штаб“ за насоки во ГУПот, кој сега се изработува и работи на плановите за „спас“ на Скопје. Тим, кој ќе биде платен, ќе работи за општината, ќе биде неза-
висен во одлуките, градоначалник кој ќе ја испочитува одлуката и политички партии и други инволвирани, кои „со крв“ ќе потпишат дека ќе ја почитуваат стратегијата, независно кој е на власт. Постои ли доволно развиена свест и кај политичарите и кај граѓаните кога станува збор за планирање, а кога е во прашање личниот или јавниот интерес? n Не. Интересно е дека во Македонија, генерално преовладува личниот интерес. Мислев дека со пандемијата ќе сфатиме дека интересот на заедницата мора да биде пред личниот, но не, не се случи тоа. Сè уште општината вели: тоа е приватно земјиште. Еве на пример: пред мојата зграда, ќе се гради станбен блок П+9, и тоа не еден, туку два по ред на приватен имот. Значи приватен интерес. Како тоа се заборава дека сите ние во постојните објекти, имаме приватен имот, нашиот стан и наш личен интерес. И со поставувањето такви зградурини се загрозува и нашиот личен интерес: погледот, осончувањето, пристапот, паркирањето, зеленилото, пристапот на децата до игралишта на трева, а не бетонски плочници итн. Прашањето е: како нечии лични интереси се полични од нечии други? Јавниот интерес не треба многу да се анализира. Доволно е да се погледне колку отпад има наоколу, колку измет од миленичиња... како што ми рече една госпоѓа: Ах знам, Вие сте од Скопје, градот каде летаат пластични кеси! Општина центар беше единствената која влезе во борба со урбанистичкото планирање. даде ли мораториумот очекуван резултат? И зошто? n Па тоа е она на што одговорив и претходно. Идеи има, можности и решенија постојат, но нема консензус. Ако се договараме дека сакаме здрав град, инвеститорите треба
да ги тргнат рацете од плановите, општините мора да го овозможат тоа, Владата мора да даде поддршка, за да можат планерите да почувствуваат независност дека можат да го спроведат најдоброто решение. Многу често сме сведоци на револуционерни мерки, но овозможувањето е само паѓање во замка. Мораториумот беше исклучително добра мерка. Но, како времена. Јасно беше дека одолговлекувањето на мораториумот ќе предизвика негодувања и реакции кај приватните сопственици и кај инвеститорите. Некои повеќе го гледаа само како прилика за корист повеќе, но некои се заглавија со кредити и сл. А, се разбира дека на сите треба да ни биде јасно дека ДУП-ови нови или за промена не се работат преку ноќ. Роковите, па ако сакате и на конкурсните решенија, се смешно кратки. И не може да се дадат очекуваните решенија. во затечената состојба во Скопје има ли воопшто шанса да добиеме поквалитетен град? n Секогаш има. Иако изградените објекти имаат животен век по 50, 100 години. И што е направено тешко дека брзо ќе се поправи, но затоа треба под итно да се ревидираат сите „спорни“ ДУП-ови во најава. Моите содружници, членовите на невладините организации од советничката листа на Независни за Карпош, верувам и независните од другите општини, ги имаат сите тие податоци. Вака „екипирани“ со нивна поддршка и со широка инволвираност на граѓаните и ние како професионалци, со зголемена меѓуопштинска соработка, треба одма, сега, да почнеме со работа. Градовите мора да бидат здрави и тука нема дилема. Инвестирањето во урбано планирање, засновано на здравје, обезбедува долгорочно наследство на здравје и благосостојба за граѓаните. Ако целта на урбанистичкото планирање не е за здравјето на луѓето, тогаш за што е? n
ПОРТА
архитектура
Kуќа што ја редефинираше врската меѓу архитектурата, природата и човекот „Ознаката за Светско наследство засекогаш ги признава придонесите на рајт, кој живеел пред своето време. Зголемената свест е клучна за опстанокот на неговото наследство. неговата брилијантност е потврдена, а неговата визија ќе продолжи да инспирира како да градиме денес и да планираме за иднината“, вели Џастин Гунтер, директор на Фолингвотер, во ексклузивна изјава за Порта 3
Фoтo 1
Јулија ВЕЛКОВСКА, (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) „Архитектурата е мајка на уметноста. Без сопствена архитектура, нашата цивилизација ќе биде без душа. Таа е триумф на човечката имагинација над материјалите, методите и луѓето“. - Френк Лојд Рајт о гратчето Мил Ран (mill Run), блузу Питсбург, Пенсилванија, во природниот резерват Беар Ран (Bear Run) каде поток тече на околу 400 метри надморска височина и одеднаш се прекршува на околу 10 метри, Френк Лојд Рајт (1867 - 1959) го проектирал едно од најпознатите архитектонски ремекдела, куќата Фолингвотер (Fallingwater). Из-
В
30
ПОРТА
24 септември 2021
ФОТО Кредит / Конгресна библиотека (Library of Congress)
ПОрта 3 влеЗе вО ФОлИнГвОтер градена е како викендичка за реномираниот бизнисмен Едгар Кофман и неговото семејство. Планинскиот предел со години им бил омилено место за одмор, така што од Рајт побарале да проектира куќа спроти потокот. Но, архитектот понудил нешто дотогаш невидено - куќа над самиот водопад. (Фото 1) Со околу 70-годишната кариера, придонесот на Рајт во модерниот архитектонски дизајн е легендарен - од Роби хаус, неговата најдобра манифестација на прерискиот градежен стил, до импозантноста на Соломон Гугенхајм - првиот музеј што објави дека архитектурата е битна исто како и уметноста во објектот. Зад Рајт стојат модерни куќи во предградијата, деловни згради, верски објекти и музеи, но Фолингвотер нема потомство, туку неизмерно наследство. Фолингвотер е родена во 1935 година, а голем дел од инспирацијата произлегла од восхитот на Рајт кон јапонската архитектура. „Не постои место каде архитектурата на Рајт може да се почувствува со таква топлина и да се почитува со таква интуитивност“, рекол Кофман Јуниор за време на церемонијата на донација на куќата и стотиците хектари природно земјиште на Конзерваториумот на Западна Пенсилванија (wPC) во 1963 година. Неодамна имав прилика одблизу да го видам тој склад меѓу архитектурата и природата. Штом ќе влезете на имотот, куќата само наѕира зад дрвјата. Како најдобар важи погледот на југозапад, каде се чини дека објектот се издига од водопадот и како да лебди над него. Доближувајќи се, едно е јасно, едноставно таму припаѓа, куќата е сплотена со опкружувањето, а водопадот е нејзиното срце. За перцепцијата секако е заслужен и изборот на материјалите - светлокафеавите цигли низ целата куќа се правени од локален песочен камен. Она што плени е совршенството во нивната несовршеност или нерамномерност, и идејата да се наредат хоризонтално, имитирајќи ги камењата во природни услови. Потоа, до вас допираат звуците на водопадот. Присутни се насекаде, дури и внатре, што е дел од дизајнот на Рајт. Жуборот е особено јасен околу каминоткарпа, а неговата достапност била можна и преку драматично издигнување на оџакот, како највисока точка на надворешноста на куќата. (Фото 3) Фолингвотер се состои од два дела: главната куќа, изградена меѓу 1936 и 1938 година и гостинската соба завршена во 1939-та. Просториите се едноставни, отворена дневна соба и компактна кујна на првиот кат, три мали спални соби на вториот и работната со спалната соба на Кофман Јуниор на третиот кат. Мебелот, што боја на орев за
Фoтo 3
Фoтo 4 идеално да се вклопи со природните бои надвор, е исто така проектиран од Рајт. (Фото 4) Премините и ходниците се темни и тесни, а замислата е луѓето да имаат чувство на компресија споредено со она на широчина штом се поблиску до отворено. Таваните се ниски, на некои места достигнуваат само до два метра, со цел хоризонтално да го насо-
чат окото кон погледот надвор. Долгите конзолни тераси важат како продолжетоци кон природата. Изведени под серија прави агли, покрај функцијата, и особено со заоблените рабови, додаваат и скулптурен елемент. Испакнатоста е постигната со армиранобетонска конструкција и токму овде Рајт за прв пат се одлучил да го употреби бетонот како материјал. Прозорците се обложени 24 септември 2021
ПОРТА
31
Фoтo 6 со челик во црвена боја, а очигледно е дека дрвото како материјал било минимално користено. Фолингвотер е единствениот познат проект на архитектот, што влегол во јавниот домен со своите поставки, богата колекција уметнички дела, придружни архивски документи и оригинален мебел. Во документот за донација било утврдено непречено одржување и заштита на имотот, забрана за подигање нови градби видливи од Фалингвотер, и гаранција, куќата перспективно да биде отворена за јавноста. „Фолнингвотер е комбинација на иновативно инженерство и дизајн со модерни материјали. Напорите на Рајт не само што ја зајакнале моќта на модернизмот како влијателно движење, наспроти традиционалниот класицизам, туку претставуваат и обид за баланс на односите меѓу модернистич-
Фoтo 7 ПОРТА
киот пристап и природната средина на локалитетот, во секаква смисла на зборот“, вели Џастин Гунтер, директор на куќата-музеј, во ексклузивна изјава за Порта 3. „Префинетото издигнување на куќата над водопадот, е широко препознаено во историјата на американската архитектура. Токму оваа сплотеност е дел од она што го прави Фолингвотер повеќе од само зграда - тоа е естетско искуство кое се фокусира на уникатната врска помеѓу беспрекорното дело и впечатливо убавиот предел“, изјави Гунтер. За локалното население, Фолингвотер е дел од неговото индивидуално, семејно и општествено минато. Дел од жителите дури имаат и членови на нивните семејства кои директно придонеле за изградбата. За регионот и пошироко, објектот е национално богатство. Куќата е заведена во Националниот регистар на историски места во 1974 година, и назначена за Национално историско обележје во 1976. Во 1991 година, Американскиот институт за архитекти (АИА) го избра Фалингвотер за најдобро дело на американската архитектура на сите времиња. Во 2007-ма, Фолинвотер беше на 29-то место во „Омилена архитектура на Америка“ во јавна анкета како дел од Иницијативата на АИА за 150 омилени дела. За меѓународната заедница, Фолингвотер е пример за место со извонредна универзална вредност, што резултираше во негов запис на листата на Светско наследство на УНЕСКО во 2019-та.
Зошто е важна ознаката дел од Светското наследство? Да се биде на оваа листа е највисоката чест што може да ја добие една културна знаменитост, којашто вообичаено е резервирана за места со значење за целото човештво. Фолингвотер, и другите седум локалитети на Френк Лојд Рајт се придружуваат на листата безвременски, незаменливи места како Индепенденс хол (Independence Hall) и Монтичело (monticello) во САД, и пирамидите на Египет и Таџ Махал во странство. (Фото 6) Американската служба за национални паркови во 1976 година, куќата ја прогласи за национално историско обележје. „Но, означувањето на Фолингвотер како дел од светското наследство оди подалеку, официјално признавајќи го значењето на објектот и Рајт на меѓународната сцена, го признава светското влијание на архитектот врз социјалниот, културниот и архитектонскиот развој на 20 век“, додава Гунтер. (Фото 7) Ознаката е и потврда дека без овој архитект, светот во кој живееме денес би изгледал сосема поинаку. Тој ги прифати промените и користеше нови технологии за да ги прошири ограничувањата и архитектурата да ја турне во досега невидени насоки. Ослободувајќи се од традиционалните форми за да го олесни модерниот живот, Рајт создаде драматични нови концепции за
Фoтo8 домување, обожување, работа, образование и одмор, секогаш издигнувајќи го човечкиот придонес и интимно поврзувајќи ги проектите со природата, и во форма и при употребата на материјали. Според Рајт, структурата и просторот можат да бидат моќни алатки за пренесување на културните вредности. „Токму Фолингвотер, има можност и одговорност да ги промовира тие вредности. Како никаде на друго место, објектот има моќ да ја демонстрира способноста на Рајт да ги искористи лекциите и од технологијата и од природата за да создаде архитектура која беспрекорно се вклопува со својата околина“, изјави Гунтер за Порта 3. Во денешното брзо менливо општество, каде новите технологии нудат неограничени можности, научените лекции од Фолинвотер имаат поголема важност од кога и да е, особено додека човештвото работи на создавање поодржливи стандарди за градење и живеење. Во таа смисла, тоа што куќата е на светската сцена, придонесува да има поширока платформа за учество во дискусиите за односот помеѓу одржливоста, технологијата и добриот дизајн. Токму со отвореноста за јавноста и опфатеност на училиштата преку својот Институт, Фолингвотер овозможува дополнително образование и развој на иновативни програми, особено за помладите генерации. (Фото 8) Во меѓувреме, Конзерваториумот објави дека склучил договор со Архитектонско студио за зачувување со седиште во Њујорк, со цел да се направи целосна анализа на потребите за заштита на објектот и да се изработи стратешки план за зачувување за следната деценија. Со приматот дел од Светско наследство разбирливо следува и поголем туризам. За да има ефикасен баланс на барањата на заинтересираните и придржување кон мерките за заштита на објектот, Фолинвотер може да се посети исклучително со резервација.
„Ознаката за Светско наследство засекогаш ги признава придонесите на Рајт, кој живеел пред своето време. Зголемената свест е клучна за опстанокот на неговото наследство. Неговата брилијантност е потврдена, а неговата визија ќе продолжи да инспирира како да градиме денес и да планираме за иднината“, вели Џастин Гунтер,
директор на Фолингвотер, во ексклузивна изјава за Порта 3. Во моментов низ САД постојат околу 400 објекти на Рајт. n ФОТО Кредит – Конзерваториум на Западна Пенсилванија (Western Pennsylvania Conservancy)
ПОРТА
архитектура
Скулптурална екстензија на пустинскиот пејзаж архитектите внимателно ја следеле премисата дека во архитектурата, особено во резиденцијалната, важно е да се градат објекти кои нема невкусно да отскокнуваат од својата средина, небаре се слетани вселенски бродови, туку напротив, треба да претставуваат нејзина фина, ненаметлива екстензија, почитувајќи го затекнатиот контекст, без разлика дали се работи за затекната природа или за изградено ткиво околу
34
ПОРТА
24 септември 2021
SUNDIal HOUSE - куЌа на кОнтраСтИ вО Санта Фе Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх. анта Фе во Ново Мексико, САД е најстар главен град на една Сојузна Американска Држава. Официјално е основан на почетокот на XVII век од шпанските колонизатори, но континуирано е населена уште од домородното индијанско население седум-осум века пред тоа. Мало гратче за американските стандарди за град, но привлечно за туристи поради своите историски знаменитости, фестивали, занаети и народни уметности. Еден од двата градови во светот кои во 2004 г. станаа дел, од тогаш новата програма на УНЕСКО, за светски градови на занаетите и фолклорните уметности, од која денес се дел 40-тина други градови во светот. На периферијата на Санта Фе се наоѓа оваа извонредна куќа. Архитектите ја нарекле „Sundial House“. Нејзиното име на македонски може да се преведе како „Сончева куќа“, но попрецизен термин би бил „Куќата ’Сончев часовник‘ “, бидејќи „sundial“ всушност е англиски термин за сончев часовник – направа која е најстар познат човеков инструмент за мерење на времето. Со ваквото име, архитектите имплицираат дека инспирацијата за мноштвото обликовни постапки при проектирањето ја црпеле од сончевите часовници, што можеби е воочливо и од фотографиите. Куќата е дело на наградуваните Specht Architects со седиште во Њујорк, основани од Скот Спехт. Биро кое е фокусирано на елегантни, комфорни и безвременски објекти кои се вкоренети во уникатните амбиенти во кои постојат, и обликувани од карактерот на луѓето кои ќе ги населат. Еден од таквите елегантни и безвременски објекти е куќата Sundial. Сместена на возвишение над Санта Фе, кое е дел од планината Сангре де Христо, куќата, како што ќе речат и самите архитекти, „потекнува“ од два бетонски ѕида меѓусебно наместени под прав агол, околу кои се развива нејзината содржина. Бетонските ѕидови се бруталистички, намерно се оставени необработени: видливи се трагите од оплатирањето кое било внимателно поставувано како нешто што претставува дел од самата приказна од која е создадена куќата. Дури и во внатрешноста на објектот, бетонот е без внатрешна обработка, и на овој начин куќата гради однос со надворешноста и со околниот контекст. Куќата е изградена на потонато плато на локацијата, за да може да се вклопи во административните рестрикции околу висината на објектите во месноста. Токму таквата ненаметливост, заедно со нејзината волуметрија и користените природни
С
материјали, го прави објектот своевидна скулптурална екстензија на пустинскиот пејзаж. Споменатите два доминантни бетонски ѕида ограничуваат два правоаголници во основа и го „прегрнуваат“ влезот: едниот ѕид од неговата десна страна, а другиот ѕид гледано право од него, формирајќи на тој начин превртена буква „Т“ во основа. Ѕидот право од влезот е помал од двата, но неговата лева страна гледано оттука е воочливо
продолжена, надвор од габаритот на куќата, формирајќи своевиден портал за пристапот за возило, кој всушност продира низ отвор во него. Помеѓу двата бетонски ѕида е влезната врата со претпросторот кој се наоѓа во левиот, помалиот правоаголник од куќата. Во него се и гаражата, гостинската спална, кујната и други сервисни содржини. Конекцијата со другиот правоаголник е преку претпросторот и преку кујната. Двата простора упатуваат во заедничкиот простор 24 септември 2021
ПОРТА
35
за дневната соба и трпезаријата, сместен централно во овој дел. Бетонскиот ѕид го ограничува овој правоаголник по една од неговите подолги страни, но заради скулптурален ефект ја надминува неговата должина од двете страни за по неколку метра. Долж целата негова должина е тесен кровен стаклен отвор, преку кој сонцето во комбинација со дрвените греди создава драматичен контрастен ефект, фрлајќи сенки врз необработениот бетон. Ваквиот застаклен потег се наоѓа над комуникацијата кон двете спални соби кои гледајќи во основа се сместени од двете страни на дневната. Секоја од спалните има сопствена бања и гардеробер, и излегува на заедничката тераса со која е ограничен овој поголем правоаголник од куќата по целата должина на
ПОРТА
оваа страна. Оваа тераса е прекршена во основа со „излегувањето“ на бањите надвор од замислениот габарит на куќата, со што практично се добиваат три одвоени катчиња во заедничката тераса во кои е овозможена поголема приватност за корисниците. Ентериерното уредување е доверено на Норин Хајнес. Таванските греди, исто како и армиранобетонските ѕидови се оставени необработени, давајќи на тој начин нота на природа внатре во објектот. Останатите ѕидови се обоени бело и се ослободени од орнаменти и декорации, создавајќи впечаток на чистина, едноставност и елеганција. Особености карактеристични за современата архитектура и минимализмот. Едноставни и стилски се сите парчиња мебел: од дизајнерските столови и фотелји, преку
софите и комодите, па сè до изборот на кујнските врати. Употребувани се ненападни бои, користени се претежно светли тонови, а забележлива е и екстензивната употреба на природното дрво и дрвените нијанси, дури и во бањите. Со тоа е избалансиран студениот бетон и внесена е вистинска топлина која треба да ја поседува секој дом. Користен е дрвен под во сите простории, а неговата боја е складна и речиси идентична со бојата на дрвените тавански греди. Големите стаклени отвори кои се протегаат по целата катна висина, нудат фантастични погледи кон околината, особено кон планината Сангре де Христо. Проектантите се труделе стаклата да бидат што е можно поголеми за да се намали бројот на вертикалните и на хоризонталните профили
неопходни за неговото врамување, на тој начин сакајќи погледот кон надвор да биде што е можно повеќе непречен. Користени се црни метални профили за стаклените отвори кои одлично се вклопиле со останатите користени текстури во објектот. Особен квалитет кој го истакнуваат и самите проектанти е конзолното покривање на стаклените отвори, кои освен што ги штитат просториите од влез на топлите сончеви зраци во летните месеци, оддаваат и вистинско чувство на засолниште. Освен тоа, ваквото покривање е добредојдено и за надворешните тераси. Приказна за себе е стаклениот продор долж поголемиот бетонски ѕид, кој се протега цели 38 метри. Изведен е врз таванските греди кои го „прободуваат“ бетонскиот ѕид од едната страна, а во другиот дел, веднаш после стакленикот, продолжуваат до спротивниот ѕид носејќи ја таваницата. Освен конструктивна улога тие се и возбудлив плафонски декор во спалните соби, а нивното присуство и репетиција во различни простории го зацврстува идентитетот на куќата и нејзината концептуална и обликовна неделивост. Секако, драматичниот ефект кој гредите, заедно со кровното светло го даваат врз необработениот бетон, но и врз подовите и останатите ѕидови е можеби најсилниот проектантски квалитет во куќата. Сигурно е интересно чувството да се биде сведок на движењето на сенките во сончевите денови во еден ваков објект во текот на целиот ден. Тоа би било уште една дополнителна поврзаност на објектот со природните закони, настрана од визурите, материјалите и волуметријата. Овој ефект во куќата, ова драматично шетање на сенките е во релација со сончевите часовници и веројатно оттука е и името кое ѝ го дале самите архитекти. Инаку, концепцијата на основата овозможува да се формираат преден и заден двор. Предниот двор има издолжена фонтана и патека од големи камени блокови. Во него се стигнува слегувајќи преку партерни скали,
бидејќи како што напоменав, куќата е на потонато плато во однос на улицата. Во задниот двор е сместена летна трпезарија, и тоа во аголот каде што гравитираат кујната и трпезаријата. Двата двора, како и обработките на надворешните тераси се внимателно осмислени и проектирани од пејзажниот архитект Џејмс Дејвид. Изборот на материјалите употребени во двориштата, било да се тоа пристапните патеки или оградите, се внимателно избрани, исто како и материјалите употребени за обработката на подовите и плафоните на терасите. Не
случајно се избрани и големината, типот и бојата на камењата за дворовите. Сè е складно со останатите материјали, но и со сувата околина и пустинскиот пејзаж. Тоа е доволно за да се воочи дека архитектите внимателно ја следеле премисата дека во архитектурата, особено резиденцијалната, важно е да се градат објекти кои нема невкусно да отскокнуваат од својата средина, небаре се слетани вселенски бродови, туку напротив, треба да претставуваат нејзина фина, ненаметлива екстензија, почитувајќи го затекнатиот контекст, без разлика дали се работи за затекната природа или за изградено ткиво околу. Затоа и изборот на зеленило е сведен на грмушки и дрвја кои успеваат во локалната средина, односно во средина со долги и суви лета и со зими без врнежи. Воочливо е и правилното редоследно сеење на вегатацијата во предниот двор, со што сликата за објект кој меѓу другото, е и геометриски внимателно осмислен е целосно комплетирана. За вредноста и за квалитетите на оваа куќа која е изградена во 2018 г. сведочат неколкуте престижни американски награди за архитектура, како и написите во десетина реномирани магазини за архитектура, меѓу кои Archdaily, dwell и dezeen. n 24 септември 2021
ПОРТА
37
архитектура од дрво
Културен центар Сара одржливо решение за иднината архитектонското биро White arkitekter го гради својот културен центар Сара целосно од материјали од локално потекло. дрвото се добива од регионални одржливи шуми, обработени во пилана на околу 50 километри од градежната локација
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија СОвреМена технОлОГИЈа СПОена СО традИцИЈа Дизајнирана од архитектонското биро white Arkitekter, највисоката дрвена зграда во светот конечно ги отвора вратите за јавноста. „Културниот центар Сара“ се издига 75 метри над шведскиот град Скелетео (Skellefteå). Оваа градба го претставува потенцијалот на дрвото како материјал на иднината во вистинско светло. Објектот е проектиран како културен центар и хотел што позитивно 38
ПОРТА
24 септември 2021
придонесува за локалната заедница, додека стои како меѓународен доказ за одржлив дизајн и градба од дрво. Јаглероднегативната зграда е една од највисоките дрвени кули во светот изградена од дрво и нов центар за креативност во Скелетео. white Arkitekter го проектира дрвениот културен центар во прослава на историското и културното наследство на неговата локација. Пред да се модернизира центарот на градот, во него можело да се забележи богата историја на дрвена архитектура. „Сара културен центар“ го започнува заживувањето на оваа традиција. Комбинирајќи
традиционални материјали со модерна технологија, архитектите користат одржливи и ефикасни градежни методи за изградба на објектот, којшто има за цел да биде негативен на јаглерод во рок од 50 години. WHITE aRKITEKTER Ја ПОПуларИЗИраат уПОтребата на дрвОтО Културниот центар Сара означува важна пресвртница за архитектонското биро white Arkitekter во напорите за градење објекти кои се јаглеродно неутрални до 2030 година. Јаглерод-негативната зграда има за цел да ги прошири можните апликации и да предизвика
неГатИвен на ЈаГлерОд вО рОк Од 50 ГОдИнИ
распространет напредок на глобално ниво во користењето на дрвото како одржлив конструктивен материјал за сложени и високи згради. Хотелот, кој се наоѓа во повисокиот дел на
објектот е изграден од префабрикувани 3Дмодули од плочи од вкрстено ламинирано дрво (Cross Laminated Timber CLT), поставени помеѓу две јадра за лифтови целосно изработени од CLT. Ова е своевидна
иновација со оглед на тоа што високите дрвени згради кои беа градени претходно, конструктивно се решени со изградба на бетонски јадра за лифтовите кои служеа за конструктивна стабилност. Нискиот дел на 24 септември 2021
ПОРТА
39
Културниот центар е конструиран со столбови и греди од лепени ламинирани носачи (Glue laminated Timber GLT) и ѕидови од плочи од CLT. Конструктивниот дизајн ја елиминираше потребата за бетон целосно од носечката конструкција, со што ја забрза изградбата и драстично го намали јаглеродниот отпечаток на зградата. ЈаГледнО неГатИвна ИднИна Архитектонското биро white Arkitekter го гради својот културен центар Сара целосно од материјали од локално потекло. Дрвото се добива од регионални одржливи шуми, обработени во пилана на околу 50 километри од градежната локација. Дрвената структура на културниот центар Сара заштедува повеќе од двојно емисии на јаглерод предизвикани од оперативната енергија за изградба и вградениот јаглерод од производството на градежните материјали, транспорт и изградба на терен. Интелигентниот дизајн, заедно со револуционерниот енергетски систем развиен од компаниите Skellefteå Kraft и ABB, ја намалува потрошувачката на енергија во зградата. Соларните панели на покривот 40
ПОРТА
24 септември 2021
произведуваат чиста и обновлива енергија која, во комбинација со дрвената конструкција, ги компензира емисиите на СО2 произведени од функционирањето на
објектот. Објектот е дизајниран да има животен век од најмалку 100 години и ќе го достигне предвиденото ниво за јаглеродна негативност во рок од 50 години.
Роберт Шмиц и Оскар Норелиус, водечки архитекти на Архитектонското биро white Arkitekter коментираат: „Конструктивните материјали од дрво се појавија како едни од најодржливите решенија за градежни објекти познати денес. Согледувајќи ја целосната дрвена конструкција на комплексната зграда, различната употреба, различната волуметрија и високата катност од 20 ката, културниот центар Сара ја проширува примената на дрвото како констуктивен материјал и докажува дека дрвото е одржливо решение практично за секој тип на градба. Се надеваме дека овој проект ќе им помогне на другите во нашата колективна транзиција кон неутралност на јаглеродот“. n
ПОРТА
дизајн
Еколошко совесни парчиња мебел денешното модерно живеење и грижа за животната средина привлече голем број светски дизајнери да се занимаваат и да истражуваат обновливи материјали и екомебел. ви претставуваме неколку од нив со своите современи и функционални, но пред сè еколошко совесни парчиња мебел Ангела СТЕФАНОВСКА, дипл. инж. арх. Одржливоста и грижата за животната средина е доста актуелна тема која сè повеќе и повеќе зема залет во сите сфери, па и во дизајнот. Кога станува збор за дизајн, прашањата во врска со употреба на нови материјали и рециклирање на отпадните, алтернативниот начин на нивното производство, како и заштедата на енергија во просторот станаа важни водилки за дизајнерите и произведувачите во рамките на ова поле. Иако екологијата е секогаш во прв план, не се занемарува и основната карактеристика која го прави дизајнот - естетика. Целта на одржливиот дизајн, всушност, е негување на она што е убаво, но и ставање акцент на здравјето, подигнување на свеста и на чувството за заедништво. Дизајнерските парчиња и произвоиди кои се одржливи треба да подлежат на едноставна и лесна поправка, расклопување и рециклирање, со користење минимални средства за испорака и одржливост, чија цел е скратување многу енергија и ресурси при производството. Одржливи производи се оние производи кои обезбедуваат еколошки социјални и економски придобивки, а истовремено ја штитат животната средина во текот на целиот животен циклус: од самата екстракција на суровини до конечно отстранување. Денешното модерно живеење и грижа за животната средина околу нас привлече голем број светски дизајнери да се занимаваат и да истражуваат токму ваков тип на обновливи материјали и екомебел. Ви претставуваме неколку од нив со своите современи и функционални, но пред сè еколошко совесни парчиња мебел. accaNTa МаСИ Од ИталИЈанСката дИЗаЈнерка MaDDalENa caSaDEI Година: 2021 Accanta колекцијата претставува дизајнерски сет од три маси со различни димензии и намена, дизајнирани и изработени за брендот Pretziada. Она што ја прави колекцијата уникатна, а истовремено и еколошко одржлива е материјалот од кои се изработени масите – дебел слој на компресирана плута која е целосно природна без никакви додатоци и премачкувања со лак, хемикалии или вештачки 42
ПОРТА
24 септември 2021
ПОдИГнување на СвеСта И на чувСтвОтО За ЗаеднИШтвО ројатно силни, лесни и целосно компостибилни парчиња дизајн. Себастиан Кокс е познат по својата работа со природни материјали и дрво, односно проекти и дизајн на мебел од даб, бука и леска. Трагајќи по алтернатива за лепило, која пред сè ќе има еколошка и органска природа, наидува на Нинела Иванова, која долги години ги истражува својствата и потенцијалот на примена на мицелиумот, како дел од својата докторска теза. На тој начин создаваат одлична и цврста симбиоза на два природни материјали чиј краен продукт има значајно биолошко, функционално, но и естетско значење кое наоѓа широка примена во секојдневните продукти.
бои. Инспирирани од едноставноста на нивната форма и конструкција, масите се лесни и издржливи, што ги прави флексибилни и достапни при рака за секоја намена. Името Accanta значи ,,во близина“ на сардиниски, јазикот на островот во Италија, од каде и потекнува плутата од која се изработени. „Плута е материјал што отсекогаш ме фасцинирал бидејќи е дел од медитеранската, а особено од сардиниската култура“, вели дизајнерката. „Плутата од даб е од суштинско значење за локалниот екосистем чија обработка не влијае штетно на растенијата, животните или на луѓето.“ Целата колекција е изработена и реализирана во колаборација со Falegnameria Pisu, традиционален семеен бизнис за обработка на дрво во Калиари, кои всушност ги создадоа специфичните густи блокови плута од отпад, од кои се изработуваат самите маси, каде секој блок е уникатен и единствен.
ПарчИња Мебел И СкулПтурИ Од лОндОнСката дИЗаЈнерка ШарлОт кИдГер Шарлот Кидгер е дизајнерка од Лондон која е позната по својата колоритна колекција на парчиња мебел и декор изработени од прашливи остатоци на полиуретанска пена, но и други отпадни материјали. Преку практичен и истражувачки пристап, за тоа како индустрискиот отпад може да се преработува и трансформира во нов дизајн,
ријали кои може да се одгледуваат на локално ниво и може да се компостираат по употреба. Ламбите од мицелиум се дел од проектот mycelium + Timber од познатиот англиски дизајнер Себастан Кокс, во соработка со Нинела Иванова, изложени на Лондон дизајн фестивал во 2017 година. Серијата претставува смел експеримент кој вклучува столови и светла од дрвен отпаден материјал (отпадоци од врба) кој е сврзан со мицелиум од видот Fomes fomentarius. Ваквото врзување на мицелиумот, додека расте со дрвото резултира со невелаМбИ Од МИцелИуМ Од дИЗаЈнерИте СебаСтан кОкС И нИнела ИванОва Година:2017 Во изминативе неколку години, мицелиумот како органски материјал наоѓа широка примена во градежните материјали, но исто така и во светот на иновациите и дизајнот. Дефиниран е како вегетативното тело на габите кое е составено од комплексна мрежа на тенки разгранети конци наречени хифи. Неговата структура може да се користи како природен лепак за врзување, но и со присуство на соодветните нутритивни материи, тој може да расте во широк спектар на биокомпозити, кои се целосно природни, нетоксични, биолошки мате24 септември 2021
ПОРТА
43
Кидгер експериментира со цел да ги трансформира често несаканите и безвредни материјали во уникатни и функционални објекти. Клуб маси, масички за кафе, скулптури, вазни, па и огледала се дел од последната Industral Craft колекција од отпаден материјал (70 % е прашина од полиуретанска пена и 30 % смола, која е во улога на врзно средство). Ваквиот избор на материјали, нивната комбинација како можност за нивно одново и одново трансформирање и сечење со помош на CNC-машини има по-
44
ПОРТА
24 септември 2021
тенцијал да развие широк спектар на тридимензионални форми и продукти од различни размери и намени. Оваа колекција зазема дел од многу уметнички изложби, саеми за мебел, но и како декоративен дел од излозите на светски познати модни брендови. SlINg СтОлОвИ За лежење Од дИЗаЈнерИте СаМ хехт И кИМ кОлИн Слинг столот за лежење, креиран од Сам Хехт и Ким Колин од лондонското
студио Industrial Facility, е ново и смело парче мебел наменето за данската компанија ТАКТ. Со акцент ставен на комфорот, Слинг столот е место каде може да се потоне во удобноста, да се пие кафе и прочита книга, но и да се разговара во целосно опуштен амбиент. Дизајнерите всушност велат дека столот како производ го отсликува начинот на денешното живеење усвоено како „лежерен живот“, - младешки, комфорен, понизок од стандардните столови, лесен и флексибилен за поместување и движење. „Дизајнерското решение на столот претставува храбра и нова формална насока сосема поинаква - но удобно препознатлива - типологија погодна за реалноста на модерното живеење“- изјавува ТАКТ. Наспроти својот естетски и функционалнен карактер, столот е изработен од природни и одржливи материјали, и тоа од цврсти дабови парчиња, издржлив материјал кој доминира со својата карактеристична и елегантна текстура, позната по својата специфична површинска структура совршена при допир. Обработувано и третирано со природни масла, дрвото може да развива карактеристична патина со текот на времето, овозможувајќи при оштетување на површинскиот слој повторно измазнување со примена на шмиргла и нов третман со масло. Средишниот дел за седење е изработен од природен лен, чија продукција троши најмало количество на вода во споредба со останатите текстилни материјали. n
24 септември 2021
ПОРТА
45
eнтериер
СтОМатОлОШка ОрдИнацИЈа вО кавадарцИ
Пациентите кои доаѓаат кај стоматолог може да се чувствуваат удобно бидејќи одењето кај стоматолог може да претставува стрес, со цел да се ублажи стравот и одбивноста на голем број луѓе кон стоматолозите, особено внимание посветивме на дизајнот на ентериерот во стоматолошката ординација на доктор камчев во кавадарци
ПОРТА
БИРОПРОЕКТ ема сомнение дека за повеќето од нас, столот на кој не би сакале да седиме е оној во стоматолошка ординација. Сепак, одењето и престојот во стоматолошката ординација не мора да биде толку стресно и страшно, а верувале или не, само благодарение на добро уреден ентериер. Овој ентериер треба да ве асоцира на нешто убаво, да го направи вашиот престој на стоматолог пријатен и да ви даде чувство на сигурност. Бидејќи одењето кај стоматолог може да претставува стрес, со цел да се ублажи стравот и одбивноста на голем број луѓе кон стоматолозите, особено внимание посветивме на дизајнот на ентериерот во стоматолошката ординација на доктор Камчев во Кавадарци. Ординацијата е со површина од 300 квадратни метри сместена во приземје на станбено- деловен објект. Содржи три ординации со стоматолошки столови, една операциона сала со предоперационен простор, лабораторија, гардероба за вработените и докторска канцеларија. Со цел да се ослободат пациентите од страв уште во чекалната, важно е таа да биде добро уредена, односно со својата удобност и амбиент да го направи престојот пријатен и релаксирачки. Добро испланираната и уредена стоматолошка ординација обезбедува удобност за вработените и безбедност за пациентите. Бојата на sидовите
Н
има посебно место бидејќи може многу да помогне во одржувањето позитивен став што е многу важно за пациентот. Бојата на sидовите во ординацијата е бела, со цел просторот да се одликува со чистота и смиреност, која на пациентите им значи. На некои места на 24 септември 2021
ПОРТА
47
ѕидовите поставени се натписи од форекс кои ги охрабруваат пациентите, како оној „Сè започнува со насмевка“, и навистина, сè е поубаво кога се смееме. Натписите помагаат да се расположите, постигнете и зајакнете позитивен став и да се подготвите за борба против стресот. Формите и дизајнот се максимално 48
ПОРТА
24 септември 2021
поедноставени и прочистени, на места се поставени парчиња мебел во различна боја, црни или интензивно зелени столови, кои во мали дози ја разбиваат хармонијата на просторот и придонесуваат при внатрешна рамнотежа во стресни ситуации. На некои ѕидови и во чекалната и во најстресната просторија, онаа каде се вршат стоматолошки
интервенции, поставени се големи црно-бели фотографии, принтови, преку целата површина на ѕидот, на кои се прикажани млади, среќни и весели лица, со широка, бела, блескава насмевка. Ова е посебен мотив кој позитивно влијае на расположението на секој оној кој се наоѓа пред стоматолог и веднаш ја подобрува атмосферата. Пултот во чекалната отскокнува од останатиот простор, тој е намерно нагласен елемент, кој го акцентира местото и со својата брановидна форма и различна боја, боја на природно дрво, добиена со облоги од фурниран медијапан, помага во збунетоста кога се влегува во стоматолошка ординација, особено прв пат, каде токму треба да се обратите.
Кога станува збор за работниот дел на стоматолошка ординација, естетиката се повторува и е во контекст со целиот амбиент. Просторот е транспарентен, се влегува преку елегантна лизгачка врата од пескарено сигурносно стакло, со кое е преграден и просторот до одредена висина. Просторот е чист и светол, но доволно засолнет од надворешни погледи, како би се заштитила интимата на пациентот, а на стоматолозите им овозможува непречена работа. Стоматолошкиот стол e свртен кон прозорецот со цел да се пренасочат мислите на пациентот од интервенцијата на забот. Подот зазема подеднакво важно место во уредувањето на стоматолошката ординација. Неопходно е да биде едноставен и лесен за
одржување за што подобра хигиена на просторот. Подот е од големи, порцелански плочки со мермерен дезен во бела боја, не отстапува од целокупниот амбиент. Капиларно е прошаран со црна боја, со што е постигната поголема елеганција на целиот простор. Осветлувањето е во истиот манир и во чекалната и во работниот простор. Покрај централното, поставено е и индиректно осветлување со што се дава посебна димензија и се нагласува просторот и елементите во него. На делови во плафонот поставени се и ЛЕД ленти во канали. Ентериерот на стоматолошка ординација може да го промени целокупниот впечаток и да направи пациентите кои доаѓаат кај стоматолог да се чувствуваат удобно. n
ПОРТА
eкологија
кратОк ИСтОрИЈат на науката За клИМатСкИте ПрОМенИ
Глобалното затоплување е реалност кое носи страшни последици Првиот глобален договор за намалување на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, е кјото Протоколот, усвоен во 1997 година. во 2015 година, договорот за климата од Париз го потпишаа 197 земји кои се обврзаа да ги намалат своите емисии на стакленички гасови и да известуваат за својот напредок во остварувањето на зададените цели
Даниела МЛАДЕНОВСКА лиматските промени во последно време се високо на агендата на секоја сериозна држава во светот. Многу од нив веќе си зададоа и амбициозни рокови за постигнување климатска неутралност. Климата и климатските промени се во фокусот повеќе од кога било. „Климатските промени мора да се ублажат; Рекордно високите температури резултат на климатските промени; Климатските промени причина за шумските пожари; Производството на храна под закана од климатските промени...“ Ова се само некои од насловите кои најчесто преку медиумите нè алармираат за значењето на климатските промени. Но, што всушност претставува тој
К
50
ПОРТА
24 септември 2021
термин? Кога се појавил? Од кога датираат почетоците на развојот на науката за климатските промени? Овие прашања не се толку познати за пошироката јавност, па низ овој текст ќе се обидеме да дадеме краток преглед на историјатот на климатските промени. Климатските промени претставуваат долгорочни отстапувања од климатските и временски обрасци на Земјата. Бил потребен речиси еден век обемни истражувања и податоци, за да се убеди мнозинството од научната заедница дека човековата активност може да ја измени климата на целата наша планета. Во 19-тиот век, истражувањата кои укажувале дека јаглерод диоксидот генериран од активностите на човекот може да се насобира во атмосферата и да ја „изолира“ Земјата, повеќе биле примени со љубопитност отколку со загриженост. Но, веќе на крајот на 50-тите години од 20-тиот век, мерењата на јаглерод диоксид нудат солиден индикатор во поставувањето на теоријата за глобалното затоплување. И не само што покажале дека глобалното затоплување е реалност, туку дека тоа носи со себе многу страшни последици. еФект на Стаклена ГрадИна Во 1820 година, францускиот математичар и физичар Joseph Fourier, го поставува следното равенство – енергијата која стигнува на Земјата преку сончевото зрачење, мора да биде во баланс со енергијата која се емитува назад, надвор од атмосферата. Но, дел од таа енергија, сметал тој, веројатно некако се задржува во склоп на атмосферата, односно не се враќа назад, и на тој начин ја загрева Земјата. Тој заклучил дека атмосферата на Земјата се однесува како една стаклена градина. Енергијата влегува низ стаклените ѕидови, но таа е заробена внатре. Уште тогаш, многумина научници сметале дека се работи за претерано упростување, но 40 години подоцна, ирскиот научник John Tyndall почнал да истражува кои гасови од атмосферата на Земјата имаат поголема способност за апсорбирање на сончевата светлина во оваа т.н. стаклена градина. Испитувањата направени во неговата лабораторија во 1860-тите години, покажале дека гасовите кои содржат елементи на јаглерод (јаглерод диоксид, метан и испарливите органски соединенија) биле исклучително ефективни во апсорбирањето на енергијата. Тој демонстрирал дека CO2 се однесувал буквално како сунѓер во апсорбирањето светлина со различни бранови должини.
би се случило доколку нивоата на CO2 се намалуваат – дали тоа ќе ја „излади“ Земјата? Неговите пресметки покажале дека доколку емисиите на CO2 се преполоват, глобалните температури ќе се намалат за околу пет степени Целзиусови. Понатаму, Arrhenius се прашувал дали и обратното е точно? Се вратил на своите претходни пресметки, и утврдил дека во случај на удвојување на емисиите температурите ќе се зголемат исто така за пет степени. Децении подоцна, модерното климатско моделирање покажува дека тој не погрешил многу. До 1930-тите години, ретки биле научниците кои започнувале да тврдат дека јаглеродните емисии веќе придонеле за повисоки глобални температури. Британскиот инженер Guy Stewart Callendar забележал дека САД и регионот на Северен Атлантик веќе имаат потопла клима како резултат на налетот на индустриската револуција. Неговите пресметки укажале дека двојното зголемување на емисиите на CO2 ќе доведе
до загревање на атмосферата на Земјата за дополнителни два степени Целзиусови. И во 1960-тите години тој продолжува да аргументира дека глобалното затоплување како резултат на ефектот на стакленичките гасови веќе се случува. Иако неговите тврдења се дочекувале со скептицизам, сепак тој успеал да привлече внимание и да започне со неколку проекти финансирани од Владата за мониторирање на климата и нивоата на CO2. Најпознато меѓу тие истражувања, било основањето на мониторинг станицата во 1958 година од страна на Scripps Institution of Oceanography во склоп на mauna Loa Observatory на Хаваи. Геохемичарот Charles Keeling од тимот на споменатиот Институт се обидувал да најде попрецизна зависност помеѓу емисиите на CO2 и глобалното затоплување, и ја создал познатата Килингова крива (Keeling Curve). Со почетоците на компјутерското моделирање во 1960-тите години, се потврдуваат сознанијата од претходните
ГлОбалнО ЗатОПлување - теОрИЈа До 1895 година, шведскиот хемичар Svante Arrhenius почнал да се интересира за тоа што ПОРТА
истражувања, односно се потврдува дека удвојувањето на емисиите на CO2, ќе резултира во покачување на температурите за два степени Целзиусови во следниот век. Но, сепак, станувало збор за прелиминарни модели, а идниот век бил далеку, па немало простор за загриженост. Во тој период многумина укажувале на појава на спротивниот ефект – ладење на Земјата. Навистина, во периодот 1940 - 1970 поствоениот бум на полутанти во вид на аеросоли придонеле за рефлектирање на сончевата светлина надвор од „стакленикот“. Но, тоа е само краткотраен тренд, по кој кривата на глобалното затоплување започнува стрмно да се искачува. ГлОбалнОтО ЗатОПлување Станува реалнО Во раните 1980-ти години, се забележува остар скок во растот на глобалните температури. Многу експерти ја посочуваат 1988 година како пресвртна точка, кога многу настани почнуваат да го ставаат глобалното затоплување во фокусот. Летото 1988 година е најтоплото дотогаш и забележани се големи суши и шумски пожари. Станува јасно дека „ѓаволот ја однел шегата“. Научниците го активираат алармот за климатските промени, и тие прашања стануваат повидливи во медиумите и во јавноста. Една година подоцна, во 1989 година, формиран е Меѓувладиниот панел за климатски промени (Intergovernmental Panel on Climate Change IPCC) во склоп на Обединетите нации, со цел да се обезбеди научен пристап кон климатските промени и да се проучува нивното економско и политичко влијание. Првиот глобален договор за намалување на емисијата на гасови со ефект на стаклена градина, е Кјото Протоколот, усвоен во 1997 година. Во 52
ПОРТА
24 септември 2021
2015 година, Договорот за климата од Париз го потпишаа 197 земји кои се обврзаа да ги намалат своите емисии на стакленички гасови и да известуваат за својот напредок во остварувањето на зададените цели. Но, климатските промени и натаму се предмет на многу контроверзии, политички несогласувања, избегнување на најбогатите земји и најголеми емитери на емисии да го исполнат својот дел од обврските и сл. Многу скептици по однос на прашањето за климатските промени се појавија и меѓу политичарите. Меѓу нив, еден од најгласните беше поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп кој на својот твитер-профил своевремено напиша: „Концептот на глобалното затоплување е креиран од страна на Кина и за интересите на Кина, а со цел да се направат неконкурентни производствените капацитети на САД“.
Во август 2018 година, шведската тинејџерка и климатска активистка Greta Thunberg започна да протестира пред зградата на Шведскиот парламент со знакот: School Strike for Climate. Нејзиниот протест за подигање на свеста за климатските промени брзо се прошири низ целиот свет и до ноември 2018 година над 17 илјади студенти во 24 земји учествуваа во протестите за климата. Евидентно е дека денес свеста кај пошироката јавност за климатските промени е повисока од кога било, времето не работи за нас, а Самитот на ОН за климатска акција истакна дека вредноста од 1,5 Целзиусов степен е социјално, економски, политички и научно безбедна граница за глобалното затоплување до крајот на овој век и постави краен рок за постигнување нулта емисии до 2050 година. n
ПОРТА
eкологија
Последна можност да се избегне климатскиот „пекол“ Од 1880 година досега просечната температура на планетата е покачена за над 1,23 степени целзиусови и како резултат на тоа се останати уште само околу 11 години, 5 месеци и 15 дена пред да се достигне максимално дозволеното покачување на температурата од 1,5 степени целзиусови според Парискиот договор за климата од 2015 година д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Лондон) Се чини дека ова лето долготрајно ќе биде запаметено ширум светот. Веројатно единствено нешто на коешто може да се надеваме е дека ова лето ни дава на сите нас на оваа планета повеќе од добра илустрација за тоа каква иднина нè очекува доколку не успееме или не сакаме да ја искористиме последната можност да направиме нешто за да ги ублажиме климатските промени со коишто се соочуваме. Рекордни температури на воздухот и водите пропратени со катастрофални пожари, високо ниво на топење на мразот, поројни дождови и поплави во северната хемисфера, суши и наезди од глодари во делови од јужната хемисфера. Како пандемијата на Ковид-19 да не ни беше доволна? Веројатно она што е најтрагично во сето ова е дека во голема мерка се покажа не само немоќта, туку и неподготвеноста или можеби и несакањето на дури и најразвиените земји во светот да се соочат со овие предизвици. Следејќи ги видеорепортажите за актуелните случувања низ светот летово веројатно и ќе помислите дека станува збор за подготовка на видеоприлози како илустрации за „Пеколот“, на Данте. ПОтребнИ Се навреМенИ кООрдИнИранИ актИвнОСтИ Со оглед дека климатските промени главно се поврзани со емисијата на јаглероден диоксид во атмосферата веројатно е потребно подобро да се разбере не само состојбата во која се наоѓаме туку и што се очекува од сите нас за да го избегнеме можниот „пекол“ во отсуство на соодветни и навремени координирани активности. Така, според порталот Аур Волд Дата (Our wold in data) од 1751 до 2017 година светот емитирал 54
ПОРТА
24 септември 2021
над 1,5 трилиони тони јаглероден диоксид во атмосферата на планетата Земја од кои околу 37,5 проценти отпаѓаат на емисиите на само две држави: Соединетите Американски Држави (25 проценти) и Кина (12,5 проценти). Наспроти ова, Африка учествувала со помалку 0,01 отсто во истиот овој период од 266 години. Според истиот извор просечната емисија на јаглерод диоксид по жител на глобално ниво во 2017 година изнесувала 4,8 тони. Северна МакедОнИЈа Ја ЗГОлеМува еМИСИЈата на СО2 Порталот Ворлдомитер (worldometer) укажува дека Северна Македонија со емисија од 8.896.732 тони јаглерод диоксид во 2016 година се наоѓала на 108 место од 209 земји
на табелата. Со овој износ земјата во 2016 година учествувала со 0,02 проценти во севкупните емисии на јаглерод диоксид на планетата. И покрај релативно малиот удел на Северна Македонија во глобалните емисии веројатно она што е загрижувачки е дека во 2016 година емисијата на јаглерод диоксид во земјата се зголемила за 1,62 проценти во однос на претходната година за разлика од земјите каде што било забележано намалување на емисијата, како на пример: Велика Британија (6,38 отсто), Бразил (6,08 отсто) и Бугарија (6,00 отсто). Гледано од аспект на емисија на јаглероден диоксид по жител во 2016 година веројатно Севрена Македонија и не била толку лоша со своите 4,28 тони по жител доколку се спореди со Катар (37,29 тони), Црна Гора (25,90 тони) и
ОСтанува ОкОлу една деценИЈа За да Се ублажат ПОСледИцИте Од клИМатСкИте ПрОМенИ
Кувајт (25,65 тони), но е далеку од достигнувањата на Гренланд (0,03 тони), Фарските Острови (0,04 тони) и Демократската Република Конго (0,08 тони) како и од нашиот западен сосед Албанија со само 1,80 тони по жител. Приближната споредба на податоците од двата извори укажува дека годишната емисија на јаглероден диоксид во Северна Македонија по жител веројатно била нешто малку помала од онаа просечната на глобално ниво за разгледуваниот период. ГОдИнава Се ПОтрОШенИ раСПОлОжлИвИте ОбнОвлИвИ реСурСИ Гледано од нешто подруг и поширок аспект, порталот Ерт Овершут Деј (earth Overshoot day) ни укажува на фактот дека годинава жителите на планетата Земја ги потрошиле расположливите обновливи ресурси на истата на 29.7.2021 за разлика од 22.8.2020 и 26.2.2019 последователно во изминатите две години. Следејќи ги трендовите во изминатиот период очигледно е дека „старите трендови“ преовладуваат и
дека минатата година била исклучок како последица на намалените глобални активности на почетокот на пандемијата на Ковид-19. Веројатно своевиден показател дека работите не се одвиваат во најсоодветните насоки на територијата на Северна Македонија е фактот дека во минатата пандемска година денот кога граѓаните на Земјата ги потрошиле расположливите природни ресурси бил 22.7.2021 за разлика од 10.7.2021 оваа година. Како резултат на ова, и оваа година жителите на Северна Македонија потрошиле повеќе и го истрошиле „својот дел“ 18 дена пред просечниот жител на планетата Земја. Дополнително, анализите на порталот укажуваат на фактот дека на просечниот жител на планетата Земја веќе му се потребни расположливите ресурси на 1,7 планети Земји во текот на една година, а на просечниот жител на Северна Македонија и нешто повеќе од тоа. Фред Пирс (Fred Peace) во својот текст од 6.11.2014 се обидел преку компаративна анализа да даде одговор на прашањето за тоа колку јаглероден диоксид може да се емитира во атмосферата, а притоа да не се предизвикаат опасни климатски промени на планетата Земја. Притоа станува збор за таканаречениот јаглероден буџет на планетата. Неговите анализи укажеле дека научните истражувања варираат во своите проценки и тоа помеѓу 100 и 500 милијарди тони на глобално ниво (севкупно, а не на годишно ниво), а во зависност од методолошкиот пристап кон истите. Како и да е, се чини дека во моментов како сè уште да нема согласност за тоа колкав е јаглеродниот буџет на планетата, со оглед дека врз основа на истиот би можеле да се распределат глобалните квоти за тоа колку просечниот жител на Земјата би можел да емитира без негативни последици по животната средина.
клИМатСкИте ПрОМенИ Се неИЗбежнИ И траЈнИ Завршувањето на првиот дел од Шестиот извештај за оценка „Климатските промени 2021: Основите на физичката наука“ (Sixth Assessment Report, Climate Change 2021: The Physical Science Basis) на Меѓувладиниот панел за климатските промени (Intergovernmental Panel on Climate Change IPCC) на 6.8.2021 ја нагласува итната потреба за координирана акција на глобално ниво за да не се надмине прагот утврден со Парискиот договор за климата од 2015 година за ограничување на зголемувањето на температурата не повеќе од 1,5 степени Целзиусови во споредба со температурите во прединдустриското време. Извештајот наведува дека согледувањата укажуваат дека дел од климатските промени се неизбежни и веројатно трајни, така што веројатно можеме само да ги ублажиме, но не и наполно да ги избегнеме. Веројатно како дополнителен показател за сериозноста на проблемот и потребата за подобра информираност на пошироката јавност за проблемите поврзани со климатските промени укажува и фактот дека од среда 7.4.2021 Скај Њуз (Sky News) почна со емитување на Дневната климатска програма (daily Climate Show) во траење од 15 минути со почеток во 18:30 и 21:30 часот и тоа пет дена во неделата (од понеделник до петок) при што значајно место во програмата е дадено на прикажување на Климатскиот часовник (Climate Clock) според кој од 1880 година досега (17.8.2021) просечната температура на планетата е покачена за над 1,23 степени Целзиусови и како резултат на тоа се останати уште само околу 11 години, 5 месеци и 15 дена пред да се достигне максимално дозволеното покачување на температурата од 1,5 степени Целзиусови според Парискиот договор за климата од 2015 година. Од ова веројатно лесно може да се види дека на сите нам ни останува само околу една деценија од обмислени и координирани активности на глобално ниво за да се обидеме најмногу што можеме да ги ублажиме последиците на глобалните климатски промени и да си дадеме подобра можност за приспособување на истите, а со тоа и да создадеме подобра оставнина и иднина за генерациите коишто растат или допрва доаѓаат. СПаСОт е вО ШуМИте Враќајќи се на она со што се соочуваме ова лето, неопходно е да не се заборави на потребата за зачувување и негување на шумите, и особено на нивната заштита од пожари. Повикувајќи се на истражувања од 24 септември 2021
ПОРТА
55
различни автори, порталот на производителот Вајсман (Viessma укажува на основните показатели за придобивките од дрвјата во однос на заштита од климатските промени. Така, тие укажуваат на фактот дека просечното дрво апсорбира околу 21 килограм јаглероден диоксид годишно во рамките на природен процес при што дрвото ослободува кислород во атмосферата. Дополнително се наведува дека во текот на 100-годишниот живот на едно дрво, истото ќе апсорбира околу еден тон јаглероден диоксид, којшто за жал ќе се испушти во атмосферата во случај на пожар или пак во случај на користење на дрвото како гориво, со што ќе се придонесе не само за зголемено загадување на атмосферата, туку ќе се намали и капацитетот за природно апсорбирање на јаглерод диоксид од атмосферата и производство на кислород. Се разбира заштитата на постојните дрвја и шуми, и садењето нови може да придонесе за ублажување на загадувањето и на последиците од климатските промени, но овој пристап веројатно може да се користи само како дополнување на определбите за замена на користењето на фосилните горива со обновливи извори на енергија. Земајќи ја предвид емисијата од 8.896.732 тони јаглерод диоксид од Северна Македонија во 2016 година и капацитетот за апсорпција на јаглерод диоксид од 21 килограм за едно просечно дрво, произлегува дека во 2016 година на територијата на Северна Македонија ѝ биле потребни околу 423.653.905 просечни дрва за да се апсорбира севкупната емисија на јаглерод
ПОРТА
диоксид. Оттука, ако се изземат водените површини, на секој километар квадратен од копнената површина на Северна Македонија од околу 26.201,55 би требало да има барем по 16.169 дрвја, или по едно дрво на секој 61,85 метри квадратни површина од територијата на Северна Македонија. Во една ваква состојба не би останале доволно површини за живеење, работа, производство, и особено не за одгледување производи неопходни за основна исхрана на населението. Се разбира, нерационалноста на еден ваков пристап не смее да биде
изговор за неконтролирано или непотребно сечење на дрвјата или пак да не се прават обиди изгубените дрвја како резултат на нивното сечење или загуба во случај на пожар да не се заменат и уште повеќе да се збогатат со нови. Како и да е, се чини дека само уште околу една деценија ни останува на сите нас да ја искористиме последната можност за заштита на нашата планета, ублажување на последиците од климатските промени, и избегнување живеење во „пеколот“. n
24 септември 2021
ПОРТА
57
хортикултура
Еколошки растенија од урбана градина
културите кои се одгледуваат во „бостание“ се еколошки, без вештачки ѓубрива и пестициди. Идејата е да се зачуваат старите сорти и семиња, кои сè помалку ги има 58
ПОРТА
24 септември 2021
вО СкОПЈе е ОтвОрена „бОСтанИе“ Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Еколошки домати, пиперки, сончоглед, тикви се сликата и мирисите што ќе се обземат при влезот во првата општествена градина „Бостание“ која е сместена во населбата Ново Лисиче. Градинари ентузијасти, од различни возрасти, секојдневно доаѓаат да се грижат за своите растенија, да ја исчистат тревата, да ги подврзат стеблата ако се пораснати повеќе, да проверат дали им треба дополнителна количина на вода и се разбира на крајот да уживаат во собирањето на плодовите кои не се за масовна продажба туку само за нивно уживање. Повеќе од 40 градинари се грижат за парцелите од околу 50 квадратни метри, кои се групирани по четири во седум маала и тоа на површина од три илјади квадратни метри. На влезот во „Бостание“ прво е едукативната патека, во која има дрвени леи со различна висина, а кои се наменети за децата од различна возраст да можат да го научат процесот на садење и одгледување градинарски култури. На средината од едукативната патека погледот запира на една уметничка инсталација. Делото „Симбиом“ е направено од природни материјали, во средината е предвидено да се одгледуваат печурки, а надворешноста се чека да зазелени со саморастечки растенија. Откако растенијата ќе овенат инсталацијата ќе се распадне и тоа ќе се користи како компост. Во средината на „Бостание“ сместен е делот за дружење на градинарите, место каде се одржуваат состаноци, а има можност и да се спушти платно за да се гледаат филмови или некои едукативни презентации. Околу овој простор засадени се овошни дрвја кои со текот на годините ќе направат овошна шума. Веднаш до овој дел се наоѓа езерце во кое ќе се одгледуваат водни култури. Планирано е
да се засадат трски, да се пориби и на крајот да се засади лотос кој со цветот би придонел за уште поголемо визуелно уживање. Околу секое маало со четири парцели има компостари, а новина е и тоа што се почнува со правење вермикомпост, кој е компост со црви кои веќе наголемо си ја работат својата работа во компостарата. Како материјал за компостирање се користи и потрошен супстрат од печурки кој е како дополнителен материјал. Помеѓу градинарските култури се забележуваат разнобојни цвеќиња кои придонесуваат за дополнителна пријатна
слика. Цветните култури се многу важни за растенијата, тие освен што разубавуваат ги бркаат штетните, а ги привлекуваат корисните инсекти. Културите кои се одгледуваат во „Бостание“ се еколошки, без вештачки ѓубрива и пестициди. Идејата е да се зачуваат старите сорти и семиња, кои сè помалку ги има. За одгледување расад во подготовка е просторија каде се поставуваат рафтови за во текот на зимата да се одгледуваат корењата кои напролет ќе бидат засадени во градината. Некои од градинарите ги имаат расчистено леите од сезонските растенија, па веќе имаат
ПОРТА
насадено грашок, лук, кромид, спанаќ, марула и слични градинарски култури што се поотпорни на студ. Наводнувањето на растенијата е со систем капка по капка кој е овозможен од бунарот со пумпа кој е донација од страна на Градежниот институт Македонија (ГИМ) кои имаа направено бушотина за да може да се зема вода и да се овозможи овој систем. Проектот „Развивање на прва урбана градина во град Скопје“, подразбира примена
60
ПОРТА
24 септември 2021
на пермакултурен дизајн за изведба на градина во согласност со природата. Урбаното градинарство кое зема сè поголем замав во градовите низ светот има за цел дружење и зближување на граѓаните преку претворање на јавните површини во градини, односно во оази за производство на здрава храна преку споделување на искуствата и одговорностите. Од граѓанското здружение „Зелената арка“ велат дека заедничкото градинарство
ја одржува психофизичката благосостојба на градинарите, нуди можности за стекнување нови животни вештини и за заедничко делување. „Овде секојдневно се разменуваат мислења, се делат совети, се учат новини. Градинарите уживаат во својата работа“, вели Александар Николовски од „Зелената Арка“. Тој додава дека интересот меѓу граѓаните постојано расте, така што сите парцели се доделени, додека одреден број
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
новопријавени се на списокот на чекање за следната градинарска сезона. Исто така, Николовски вели дека имаа помош и од учесници кои не сакаат да градинарат, но им помагаат околу останатите работи за уредување на градината. Очекувањата на „Зелената Арка“ се дека градината постепено ќе стане самоодржлива, ќе произведува доволно расад и компост за да се задоволат потребите. „Бостание“ е проект на здружението на граѓани „Зеланата Арка“, реализиран со финансиска поддршка на Град Скопје и со помош од Градежниот институт Македонија.. n 24 септември 2021
ПОРТА
61
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА