ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
309 ОКТОМВРИ 2021
ПОРТА
СОДРЖИНА
20
ИН МЕМОРИАМ 6 БЛАГОЈА ДОНЧЕВ (1951-2021)
ИНФО 10 ДО КРАЈОТ НА ГОДИНАТА СЕ ОЧЕКУВА НОВ ПРЕДЛОГ-ТЕКСТ НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ БИЕНАЛНА СТУДЕНТСКА ИЗЛОЖБА НА ФАД ИЗЛОЖБАТА „50 ДО 50“ УВЕРТИРА ЗА БАЛКАНСКОТО АРХИТЕКТОНСКО БИЕНАЛЕ - ВАВ21 ДИГИТАЛНА МОНИТОРИНГ ПЛАТФОРМА НА УХМР ЗА КВАЛИТЕТОТ НА ПОВРШИНСКИТЕ ВОДИ
6 24
РЕГИОНИ 15 ГРАДЕЖНИШТВО 16 ЗАПОЗНАВАЊЕ СО АКТУЕЛНИТЕ ПРОБЛЕМИ ОД РЕАЛНОТО ИНЖЕНЕРСТВО ЗА БРАНИ
ГРАДЕЖНИШТВО 20 ГРАДБАТА НА ПРУГАТА ДЕЛ КУМАНОВО ДЕВЕ БАИР ТРАЕ ВЕЌЕ 27 ГОДИНИ
ИНТЕРВЈУ 24 ЗАНИМАВАЊЕТО СО СЦЕНОГРАФИЈА Е ИНТЕНЗИВНО ЗАНИМАВАЊЕ СО АРХИТЕКТУРА
АРХИТЕКТУРА 30 КИНГСТОН УНИВЕРЗИТЕТ ЛОНДОН - ГРАДСКА КУЌА ОД ГРАФТОН АРХИТЕКТИТЕ
46
АРХИТЕКТУРА 36 АРХИТЕКТОНСКА ВИЗУАЛИЗАЦИЈА – ПОСЕБНА ИНДУСТРИСКА ГРАНКА
ТЕХНОЛОГИИ 42 ОД ГАРАЖАТА НА СВОЈОТ ТАТКО ДО ПРЕВЗЕМАЊЕ НА BUGATTI
ЕКОЛОГИЈА 46 ЗЕЛЕНИ ПОТРЧКОВЦИ ПО „ЗЕЛЕНИ ДОГОВОРИ“, „ЗЕЛЕНИ АГЕНДИ“ И „ЗЕЛЕНИ РАБОТНИ МЕСТА“
РЕПОРТАЖА 46 СКИЦИ ОД МАРИОВО
УМЕТНОСТ 58 INSIDE OUT: НЕ Е СКАПО ДА СЕ ПРОИЗВЕДЕ УМЕТНОСТ – СКАПО Е ИСТАТА ДА НЕДОСТИГА
ПОРТА
25 јули 2014
52 56
ГОДИНА XVII
БРОЈ 309 ПЕТОК 29.10.2021 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, И во овој број на Порта 3 шареноликост од текстови. Редовните рубрики за градежништво, архитектура и екологија се надополнети со четива од областите технологија, репортажа, уметност. Овој број содржински го отвораме со ин меморијам за еден од идејните творци на списанието Порта 3, Благоја Дончев. Неговите другари и пријатели ги пренесуваат спомените за него. Прва е информацијата за студентската биенална изложба на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ. Потоа следува инфо за изложбата „50 до 50“ која е увертира за Балканското архитектонско биенале - ВАВ21 е афирмација, презентација и промоција на 50 домашни автори, кои припаѓаат на новиот бран на творештво, односно имаат до 50 години. Јавен преглед и редовно следење на квалитетот и загадувањето на реките во Македонија се овозможува со дигиталната мониторинг платформа на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во рубриката региони има информација за ветерниот парк кој германската компанија WPD, ќе го гради на потегот Куманово - Старо Нагоричане - Ранковце - Крива Паланка. Рубриката градежништво ја отвораме со извештајот од петтиот Конгрес за брани, реализиран од ЗМКГБ. Задачите на ЗМКГБ во следниот период се базираат на основната мисија на Здружението - следење на најновите сознанија и размена на искуства од практичен и теориски аспект за истражување, проектирање, градење и одржување на браните. Градбата на пругата дел Куманово - Деве Баир трае веќе 27 години, а железничкиот коридор број 8 за функционирање низ нашата држава бара ремонт и реконструкција на постојните делови и градба на делот Бељаковци - Деве Баир и Кичево –Ќафасан. Во овој број има интервју со Крсте С.
ПОРТА
Џидров - Џиби кој е добитник на Наградата за животно дело на „Војдан Чернодрински“. Џиби вели дека занимавањето со сценографија е интензивно занимавање со архитектурата. Во рубриката архитектура нашиот дописник од Лондон пишува за Кингстон Универзитет Лондон - Градска куќа од Графтон архитектите кој е годинашен добитник на 25-тата Стирлингова награда на RIBA. Наградениот објект се смета за нов прогресивен модел за проектирање објекти во доменот на високото образование, при што динамичната „Градска куќа“ вешто го отсликува духот на образованието и вредноста на кохезијата во рамките на локалната заедница. Нашиот соработник од Србија во овој број пишува за архитектонска визуализација – посебна индустриска гранка со која се добива можност подобро да ги видиме идните објекти, но во исто време и можност за манипулација, бидејќи има случаи кога изградениот објект остава далеку полош впечаток отколку што бил случајот со визуализацијата. Мате Римац од гаражата на својот татко стигна до преземање на Bugatti. Денес, Rimac Automobili е најпозната токму по ексклузивните хиперавтомобили, но според Мате Римац, автомобилите се само еден сегмент од бизнис-моделот. Во рубриката екологија може да се прочита за зелени потрчковци по „зелени договори“, „зелени агенди“ и „зелени работни места“. Во овој број репортажата е од Мариово кое е место како во одјавна сцена од филм на Џон Форд. Овој број содржински го затвораме со рубриката уметност, а тука може да се прочита интревју со иницијаторите и лидерите на акцијата Inside Out кои говорат за културата, светлината и за тоа дали пораката е примена од оние до кои е упатена. ОД РЕДАКЦИЈАТА 309 ОКТОМВРИ 2021
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Насловна страница КИНГСТОН УНИВЕРЗИТЕТ - ГРАДСКА КУЌА, ЛОНДОН
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Иван БЛИНКОВ Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА Огнен АРСОВ (Словенија) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
АВТОР GRAFTON ARCHITECTS
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 28.10.2021 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
90 ДЕНАРИ
ин мемориам
Визионер и мечтател Н е е лесно да се пишува за смртта на човек со кого си се чул пред десетина денови. Не можеш да разбереш дека тоа може да се случи со човек со кого неколку децении гаите заедно една идеја. Една негова мечта. Ја чувате како растение. Го полевате, го поткаструвате, некогаш повеќе од што треба, некогаш со поткастрена погрешна гранка, но тоа се извишува, се извишува и не губи од убавината. Напротив станува сè поубаво. Идејата е на човек со визија. Благој Дончев. Со денови и месеци се убедувавме. Тој ме убедуваше, дека има идеја, а јас знаење и дека можеме заедно да ја реализираме. Дали кај него на работа во „Адинг“, дали во кафеана, дали во автомобил... постојано дискутиравме. И еден ден, кога ја напуштив „Нова Македонија, поради недоразбирање со новиот сопственик, започна реализацијата на неговата идеја. Во сериозни моменти, наместо со Мирче ми се обраќаше со „Мирко“. Така и во некои разговори околу основањето и издавањето на списание за градежништво и архитектура. Ќе речеше „Мирко, ова мора да го направиме.“ Ми носеше списанија од регионот и пошироко. И во ноември веќе беше готов „шпигелот“. Идејата беше да се издава списание, кое нема да биде сопственост на компанијата АДИНГ, но таа ќе биде негов главен поддржувач. Кога дојдовме до името на списанието имаше неколку предлози, но се одлучивме да биде „Порта“. Ама во Македонија имаше веќе едно списание „Порта“. Ние додадовме една „тројка“, како симбол на она што ќе опфаќа списанието, градежништво, архитектура и екологија. И така идејата на Благој стана стварност и кон крајот на ноември 2004 година излезе првиот број на списанието „ПОРТА 3“. Благој, и покрај своите сериозни службени обврски, не оставеше ништо на случајноста. Сè беше студиозно подготвено. Се подготвуваше и кога дискутиравме за развојот на списанието. Секогаш излегуваше со нови идеи и нудеше нови предлози. Влијаеше мотивирачки врз соработниците. Кога гледаш колку тој се ангажира, не можеш ти да се однесуваш поинаку. Имаше „ПОРТА 3“ во своето пловење многу сцили и харибди, но Благој секогаш ќе помогнеше бродот спокојно да ги помине.
6
ПОРТА
29 октомври 2021
И така, еве веќе 17-та година. Списанието од година во година одеше само нагоре, особено во надградувањето на квалитетот. „ПОРТА 3“ и по моето заминување од списанието, пред неколку години, продолжува да се надраснува. И цело време со јавно ненаметливата грижа на неговиот идеен творец. Сега, откако замина, може да се каже дека остана нереализирана идејата на Благој Дончев, „ПОРТА 3“ да стане регионално списание. Одевме и во Косово и во Албанија, во Бугарија, разговаравме, но идејата не се оствари. Еве, во спомен на идејниот татко на „ПОРТА 3“, и во негова чест, луѓето кои сега го водат списанието нека се обидат да ја реализираат таа идеја.
Се надевам дека суптилното влијание на Благој врз списанието, ќе биде пополнето со ентузијазам и практична желба да продолжи негувањето на реализираната идеја, реализираната мечта - списанието. И дека и тие ќе мечтаат за нешто подобро, нешто поквалитетно, повисоко. На тој начин само ќе се потврди дека успешни се оние коишто создаваат, а не оние коишто уриваат. А Благој Дончев, покрај другото, беше и создавач, градител. Сведоштво за тоа се неговото семејство, компанијата којашто ја водеше, но и дружењата кои се незаборавни. Нека му е вечен спомен. Мирче Адамчевски, прв главен и одговорен уредник на Порта 3
БЛАГОЈА ДОНЧЕВ (1951-2021)
Tвоето лидерство е посебна приказна Многу дни пребродивме ние Како чун на немирно море Насмеј се на ветрот што бие Љуби ме и главата горе ( Зафир и Сенка) Музичката химна на Дончеви ога го пишувам ова слово сè уште сум под шокантното и болно чувство на заминувањето во вечноста на мојот голем пријател Благоја. Но во исто време сум и многу горд што бев и јас дел од неговата богата животна приказна. Присуството на стотици пријатели, колеги и се разбира роднини на испраќање на неговиот последен пат, во време на КОВИДпротоколи, само ја докажува огромната почит и љубов кон неговата личност пред сè. И како што во инспиративното слово на испраќањето, на крајот ќе каже неговиот заменик во нашиот Адинг, Зоран Петровски – „Наместо минута молк, ве молам за една минута ракоплескање за МАЕСТРО ДОНЧЕВ“. И така би.
К
Ја заслужи оваа почит мој драг пријателе. Твоето постоење ќе продолжи во спомените на твојата прекрасна фамилија и секако во нашите, твоите блиски пријатели и почитувачи, а нè има многу. 40-те години на нашето дружење во кое ги делевме истите вредности, идеи и стремежи, многуте заеднички битки во издигнувањето на нашиот Адинг, кој ни ги спои животните текови и сè тоа преку заедничките дружби, бизнис и многу повеќе фамилијарни, другарски, се највредното во нашата заедничка историја. Спомени за лавовската борба за издигнувањето на нашиот Адинг од пепелта во деведесеттите години, преку борбата за враќање на изгубениот стар сјај во неверојатно тешките десетина години од крајот на дваесеттиот век, па до твоето доаѓање на директорското место во 2006 година. Твоето лидерство е посебна приказна. Умееше и кога доаѓаа неминовни падови како во секој бизнис, да го водиш бродот кон помирните води за Адинг од тоа да излезе уште посилен. Фирмата растеше, доаѓаа нови генерации во кои ти имаше верба и кои се докажуваа во постигнување
на сè подобрите резултати со кои сите „адинговци“ се гордеат. Постојаната желба за доградување, обновување, и прифаќање на новитетите од технолошки и естетски аспект, беа твој личен печат на севкупниот раст на Адинг. Сè тоа беше можно, благодарејќи на твојата неисцрпна енергија, верба и смисла за комуникација и лидерство, но и работната етика и принципите на верност кон заедничкиот дом - Адинг, што ја наметна и кај помладата генерација. Вработените веруваа во твоето водство и го ценеа тоа. Надвор од Адинг, отсекогаш најмногу од сè ја почитував твојата способност да бидеш МАТИЦА на нашите дружби. Околу тебе се случуваа заедничките прослави, по многу поводи на нашето поголемо шарено друштво, во кое ти беше основната мрежа на поврзување. Незаборавни се многубројните наши заеднички, што службени и многу повеќе приватни патувања и доживувања низ Македонија, Балканот, но и низ Европа, а најмногу на прекрасната викендица во твојата родна Вељуса. Со годините заеднички стареевме/со годините, не со духот/, радувајќи се на нашите најнови фамилијарни радости –
29 октомври 2021
ПОРТА
7
внуците, кои полека но сигурно ја презедоа нашата љубов и внимание. Меѓу нас, секогаш и после секој наш разговор и тековна „расправија“, излегувавме уште поблиски со своите видувања на бизнисот, на живoтoт и на сè околу нас. Животот немилосрдно и пребрзо се движи напред. Но сепак, болеста прерано те зема од нашите животи. Твоите најблиски тоа особено ќе го почувствуваат. Останаа
сигурно многу незавршени почнати идеи и животни желби и соништа во кои веруваше со твојата неверојатна енергија и визионерство... Секогаш беше на чекор пред сите, за жал и при одењето во вечноста. Но додека сум жив ќе се гордеам што бев дел од твојата животна приказна, а сигурен сум дека е тоа чувството и на сите од нашата дружба па и многу пошироко. Ти благодариме за заедничките моменти и
Благоја Дончев е роден во Вељуса, Струмица, Р Македонија во 1951 г., а дипломирал на Градежниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Беше претседател на Управен одбор и генерален директор на АДИНГ АД, Скопје и оваа одговорна функција ја извршуваше во континуитет од четири мандати, почнувајќи од 2006 година и беше реизбран за нов четиригодишен мандат во јуни, 2021. Професионалниот пат го започнува во 1980 година минувајќи низ сите скалила на компанијата, што е една и од карактеристиките на адинговата школа која своите водечки кадри секогаш ги црпела директно од факултетските клупи. Најпрво, работи како инженер во лабораторија на АДИНГ, потоа е на неколку одговорни раководни позиции во компанијата, а од 1990 година е на местото директор за техничка примена и инженеринг, работи и комерцијала, односно до 2006 година паралелно ги врши и заменичките први функции во Управниот одбор на компанијата. Во целиот овој период раководи со целокупното работење на Деловниот систем АДИНГ, во чиј состав покрај матичната компанија се и три компании во целосна сопственост во земјава и три компании во целосна сопственост во странство, во Р Србија, во Р Бугарија како земја членка на ЕУ (со сопствени производни погони и производство на дел од производната програма) и во Р Казахстан. Покрај ова, АДИНГ како целосно 8
ПОРТА
29 октомври 2021
за позитивната енергија која ја истураше околу тебе. Ти благодариме што и на сите нас кои бевме во твоја близина, влијаеше да бидеме посреќни и почовечни. Тоа никогаш нема да ти го заборавиме и за навек ќе го почитуваме. Почивај во мир ДРУГАР. Љупчо Атанасовски, поранешен генерален директор на Адинг
македонски бренд денес е присутен и во уште во 10-тина земји во регионот и пошироко. Во текот на својот личен и професионален пат, добитник е на низа награди и признанија од областите на бизнисот, менаџментот и општествено одговорните практики во земјава и странство, од кои како последна е големата награда на Средна и Југоисточна Европа „Креатори на столетието“, за животно дело во развојот на претприемништвото во Северна Македонија во 2019 година. Беше еден од најголемите акционери во компанијата со 53-годишна традиција, која е со 100 отсто акционерски капитал и која котира на Македонската берза од нејзините почетоци. Благоја Дончев беше лидер и визионер, кој ги учеше идните генерации на висока работна етика, принципиелност и достоинство, вредности кои ги вгради во темелите на компанијата и кои се нераскинлив дел од нејзиниот код. Преку неговото мото дека „АДИНГ е и ќе биде состојка на секоја градба“, изгради и постави здрави основи за понатаму, што гордо го сметаше за еден од своите најголеми успеси. Преку негов личен пример и пожртвуваност, успеа несебично да го пренесе ентузијазмот многу пошироко од рамките на компанијата, секогаш нагласувајќи дека македонските компании можат и мораат да создаваат брендови кои ќе излезат надвор од нашите граници. n
ПОРТА
инфо
До крајот на годината се очекува нов предлог-текст на Законот за градење Дел од стручната фела мисли дека ова е само основа за закон, но не и закон и апелираат побрзо да се формира комисија, која ќе го преработи законот кој не е целосен редлог-законот за градење е повторно актуелен и за него дискутира стручната фела. Комплетното ново предлогзаконско решение за градење, според властите, се очекува до крајот на годинава да биде готово. Стручната фела, пак, на дебата организирана од Комората на овластени архитекти и овластени инженери – КОАИ, го кажа своето мислење околу новиот предлогтекст на Законот за градење. На дебатата обраќање имаа Благој Бочварски, министер за транспорт и врски, Кристинка Радевски, претседател на Комора ОАИ и проф. д-р Мирослав Грчев, изготвувач на предлогтекстот на законот. Професор Грчев им се обрати на присутните и напомена дека законот има либерална намена. Во законот се предвидени соодветни и основни струки што ги вршат работите на изградбата: архитектонската и градежната струка, а соодветни и придружни струки се машинската и електротехничката струка, останатите струки се помошни во процесот на изградба. Законот предвидува дека не треба секоја струка, потструка, специјалност во процесот на изградбата да има свое овластување за да го добие своето место во градењето. Професорот исто така коментираше дека во законот треба да се вградени основните разлики меѓу инженерски објекти и нискоградбата. Бидејќи разликата меѓу високоградбата и нискоградбата е огромна, законот, кој веќе предолго ферментира има слабости, ја нема обработено материјата на инженерски објекти, туку ги третира во рамки на општи форми. Професорот смета дека најголема иновација е категоризација на градбите. Но, класификацијата на градби не се споменува, не се уредува. Градбите кои се покриени со законот се поделени на две произволни категории: градби од државно значење и градби од локално значење, што професорот смета дека е погрешно. Градбите се делат не поради надлежност на државата, туку како значење на градбата и нејзината сложеност,
П
10
ПОРТА
29 октомври 2021
која самата може да има државно значење. Смета дека целиот закон се раздвојува околу видови градби, а централното јадро, класификација на градбите, го нема. Сите земји во своите закони имаат класификација на градби, ние последен пат сме ја имале во 1991 година, додека сè уште го користевме стариот, југословенски закон. Актуелниот закон и досегашната пракса покажале слабости. Најголемиот дел од работите ги вршат инвеститорот и проектантот со согласност од инвеститорот. Тие се тие кои трчаат по сите институции и собираат согласности, кои ги издаваат голем број органи со подзаконски акти или со други закони. Професорот смета дека надлежниот орган е тој кој треба да ги собере сите неопходни документи и податоци. Со новиот законот е направен обид овој процес да биде обединета постапка, но наиде на голем отпор, вели професорот, кај оние кои се занимаваат со процедури, поради нивната зголемена одговорност. Досега, единствен активен учесник беше инвеститорот и стручните кадри. Тие се товарат со сите одговорности, а во досегашната пракса евидентно е дека институциите се штитат себеси и настојуваат за себе да ги направат процедурите полесни. Со предлог-законот, додава професорот, направен е обид да се префрли целата постапка и да се обезбеди позиција во која институциите, на кои државата им дава
монопол, да не го гледаат само својот интерес и да имаат главен збор, туку да спроведуваат по службена должност процедури уредени со урбанистички планови. Бидејќи во општиот акт, парцелата е веќе уредена и нема што инвеститорот да трча, само е потребно институциите навремено да си ја вршат работата. Покрај застојот на донесување на законот дел од проблемите ни станаа појасни, вели професорот, а воочено е дека законот не ги решава. Праксата ни покажува дека неретко објектите не можат да се приклучат на потребната инфраструктура, воочено е дека општините не можат да ги решат проблемите, посебно ако е потребен нов проект. Во законот не е уредена постапката за приклучување на инфраструктурните мрежи. Дел од присутните се јавија за дискусија со свои забелешки. Генералниот секретар на Комората ОАИ, Димче Атанасовски вели дека на законот се работи од 2019 година и дека досега КОАИ доставила 40 измени и дополни и 100 формулари со конкретни предлози. Според анкетите на КОАИ, 57 отсто од нејзините членови сметаат дека е потребен нов закон. КОАИ смета дека со предлогот овластувањата се полошо регулирани, дека задолжителни ќе останат само четири овластувања, дополнително и она за урбанизам, а дека останатите струки се укинуваат. Најголема новина е државен стручен испит што е услов за стекнување
овластувања, за што имало најмногу коментари и спротивставени мислења меѓу членовите на КОАИ. Констатацијата на секретарот беше дека од нашата комора најлесно се добиваат овластувања во споредба со другите стручни комори во земјата, а единствени кои даваат овластувања без полагање државен испит се коморите во Словенија и Бугарија. Секретарот напомена и дека тарифникот за урбанизам кој е донесен, сè уште не се применува во пракса. Напомена дека е одамна подготвен и тарифник за проектирање во високоградба за кој сè уште нема одговор од надлежните. „Многу е важно да се спроведува контрола на примена на ценовникот. Поради манипулации на фирмите со вработени, сè поради добивање соодветни лиценци, често се случува еден инженер да биде вработен во повеќе фирми со скратено работно време. КОАИ предлага во законот да се внесе дека лице кое е носител на овластување во фирмата мора да биде вработен со полно работно време“, нагласи Атанасовски. Тој, исто така, смета дека по донесување на законот, истиот треба да има одложена примена од шест месеци за да може стопанството да се приспособи и да се спроведе заедно со подзаконските акти. Учество во дискусијата зема и професор Горан Миновски, претседател на Друштвото за патишта, кој цени дека е добро да се донесе нов закон, но дека предложениот недоволно ја третира нискоградбата. Забележуваат дека се пропуштени два проекти: проект за коловозна конструкција и проект за одржување кои се суштински. Исто така смета дека треба да се предвиди тип на овластување, дека е неопходно да се издаваат овластувања согласно насоката за која градежните инженери се едуцирале, како не би имало мешање во стручните области. Исто така, Миновски смета дека не се доволно дефинирани критериумите за добивање овластувања, особено оние за надзор и ревизија. Професорот Грчев одговори дека со законот сакале елегантно да ги поедностават овластувањата. Дека овластување за ревизија бара значително поголемо искуство, а дека тоа КОАИ може да го уреди со системски акти. Да не биде како досега, ревизијата формално да ја прави секој, а доколку сметаат дека треба да постојат повеќе од четири овластувања, тогаш мора да се знае дека еден човек не може да има 30 овластувања. Свој коментар имаше и Ивица Јакимовски претседател на Градежната комора на Македонија при Сојузот на стопански комори, кој смета дека КОАИ треба со закон да се обврзе да го обезбеди инженерскиот кадар и јасно да ги дефинира правата и обврските на инженерите, и дека во општините имаме недоволен кадар за спроведување постапки. Верица Дамчевска, професор на Техничкиот
факултет Битола, смета дека во законот треба да се додадат сообраќајните проекти, поради својата важност, дека без тоа уште повеќе ќе се зголеми сообраќајниот хаос. Професорот Грчев искоментира дека архитектонската и градежната струка се основни во процесот на градење, машинската и електротехничката струка ги следат, а постојат градби каде тие преовладуваат. Дека не станува збор за тоа колку е сообраќајната струка важна, секако дека и таа е учесник во процесот на градење, но дека овие четири се основни. Аспекти како сообраќај, кои влијаат на функционирањето има повеќе и дека е невозможно да се лицитира со повеќе струки, а дека сообраќајното инженерство влегува во помошни струки. Ана Георгиевска од Министерството за транспорт и врски, прокоментира дека се работат основни проекти кои имаат повеќе фази, каде една од фазите е и сообраќајот. Андреа Серафимовски, претседател на Здружението на градежништвото, индустријата на градежни материјали и неметалите при Стопанската комора на Македонија се јави за дискусија велејќи дека неколку пати се сретнале со професорот Грчев за да им го образложи предлог- законот. Тие сметаат дека изгубиле три години, бидејќи ова не е закон, туку припрема за закон и дека овој текст не соодветствува и дека тие не разбираат ништо. На средбите со професор Грчев сфатиле дека треба се формира комисија при ресорното
министерство за да се работи на законот. Доставиле како здружение допис до МТВ, кој до денес е без одговор. Смета дека со предложениот закон нема ништо да се реши, како проблемите со нелојалната конкуренција и неквалитетните кадри. Вели дека законот нема да го реши ниту Сончев град, ниту патот Кичево – Охрид, а во меѓувреме ќе слушаат дека нашите компании немаат капацитет. Смета дека не можат да работат додека нема закон. Дека состојбата е поразителна, не ја регулира инфраструктурата, апелира дека очекувањата се огромни, но и застоите и загубите се огромни. Се плашат дека ќе се донесе нефункционален закон, бидејќи мислат дека ова е само основа за закон, но не и закон. Како здружение немаат за што да дадат забелешки, апелираат побрзо да се формира комисија, која ќе го преработи законот кој не е целосен. Професорот Грчев им се обрати на присутните велејќи дека напорот бил токму да се премости процедуралниот проблем на постојниот закон, ставот дека законот е неразбирлив е во ред, но при таков став апелира да им се дадат на изготвувачите конкретни решенија и акти. Доколку е неразбирливо од аспект на процедура нека ја напишат која е соодветна за здружението, за градителите, за правните лица и дека доколку добијат конкретни предлози и решенија од сите заинтересирани, сè ќе се направи да се вградат во новиот закон. n
29 октомври 2021
ПОРТА
11
инфо
Биенална студентска изложба на ФАД
тудентската биенална изложба на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитет Американ Колеџ (УАКС) се отвори на 20. oктомври во Мала станица, Скопје. На изложбата учествуваа студенти од додипломски и постдипломски студии со 40-тина проекти, како и проектот ENABLE, кој иницира вмрежен академски пристап-соработка, меѓу три високообразовни институции Факултетот за Архитектура и Дизајн при УАКС, Институтот за просторно планирање при Техничкиот факултет во Виена и Катедрата за архитектура и теорија при Универзитетот Mediterane
С
12
ПОРТА
29 октомври 2021
од Реџо Калабрија, чиј пристап води кон синтеза на концепти за одржлив град во форма на предлог проекти за градот Прилеп, преклопени во хипотетички стратешки план.
Исто така, со оваа изложба се одбележа 15 години од формирањето на ФАД. Поддршка за изложбата дадоа и Министерството за култура и Националната галерија на РСМ. n
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
Изложбата „50 до 50“ увертира за Балканското архитектонско биенале - ВАВ21
алканското архитектонско биенале ВАВ21 оваа година слави 10 години постоење. Членовите на здружението сакаа заедно со своите колеги и соработници да го одбележат овој значаен јубилеј со претставување на домашната архитектонска и дизајнерска сцена на изложба, која симболично се нарекува „50 до 50“ и која е увертира за централниот настан - ВАВ21. Изложбата беше отворена на 12 октомври во галеријата ЛАГ во Белград, која е во склоп на трговскиот центар „Галерија Белград“. Целта на „50 до 50“ е афирмација, презентација и промоција на 50 домашни автори, кои припаѓаат на новиот бран на творештво, односно имаат до 50 години. „Избраните изложувачи беа обврзани да имаат активна продукција во последните пет години. Во случајот на архитектонските бироа континуирано да проектираат објекти и ентериери. Од дизајнерите на мебел се бараше да имаат сериски произведени парчиња, кои се во продажба последните пет години “ - вели Марко Стојановиќ, историчар на уметност и селектор на изложбата. Архитектонските бироа се претставени преку плакати со димензии 70 × 100 сантиметри и макети на изградените објекти, додека производителите на мебел ги претставија своите истакнати производи - мебел и осветлување. Изложбата ќе биде отворена до 5 ноември. Изложбата „50 до 50“ е обид да се соберат и претстават на едно место, делата на една генерација автори од територијата на Србија. Бидејќи станува збор за единствен настан, отворањето на изложбата привлече големо
Б
внимание на медиумите, професијата и публиката. Рекорден број изложувачи и гости се појавија на отворањето. Покрај тоа, голем број посетители на изложбата покажаа интерес за купување на изложените парчиња мебел и желба да стапат во контакт со архитектите. Но, беше забележано дека и покрај обврската бироата да ги претстават освен преку плакати и со макети своте објекти, а и просторните капацитети на галеријата беа значајни, свои макети прикажаа само четири архитектонски бироа.
Изложбата „50 до 50“ е најава за централниот настан, 5. Балканско архитектонско биенале - ВАВ21, кое ќе се одржи од 8 до 16 декември во киното „Балкан“ во Белград. Како и четири пати досега, на Балканското архитектонско биенале, архитекти и дизајнери од регионот ќе ги претстават своите дела и активности на сличен начин. Архитекти и дизајнери од Хрватска, како земја гостин оваа година, ќе имаат видно место на настанот, чиј комесар и селектор ќе биде Саша Беговиќ од загрепското студио 3LHD. n
ПОРТА
инфо
Дигитална мониторинг платформа на УХМР за квалитетот на површинските води авен преглед и редовно следење на квалитетот и загадувањето на реките во Македонија се овозможува со дигиталната мониторинг платформа на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), која е изработена во рамките на кампањата „Разбистри сè“. Податоците од мониторингот на УХМР се од исклучителна важност за да се проценат промените што настануваат во реките поради интензивните испуштања на отпад, отпадни води, пестициди и други загадувачки материи од домаќинствата, земјоделството и индустријата во речните води. Целта на мониторингот е да обезбедува информации за статусот на водните тела, но и да дава податоци за креирање оправдани, одржливи и ефикасни политики за користење и заштита на водите. Оттука, дигиталната мониторинг платформа ќе го подобри системот за собирање и трансфер на податоците од мониторингот на УХМР, обезбедувајќи јавна проценка на биолошките, физичко-хемиските, морфолошките и еколошките карактеристики на водните тела во различни речни сливови, како и на можните негативни влијанија од природните услови и човечките активности.
Ј
ПОРТА
Платформата ќе обезбеди и слободен и едноставен пристап на јавноста и инспекциските служби до податоците од системот, без посебни барања и постапки. На овој начин, ќе се воспостави кохерентен и сеопфатен преглед на податоците од мерењата што се користат за следење и проценка на квалитетот на површинските води во државата и за дизајнирање на ефикасни и ефектни
мониторинг програми. Дигиталната мониторинг платформа на УХМР е достапна на македонски, албански и англиски јазик на www.waterquality.uhmr.gov.mk. Кампањата за застапување и лобирање „Разбистри сè“ ја спроведува Институтот за комуникациски студии и е финансирана од Британската амбасада во Скопје. n
региони
Германска компанија ќе гради ветерен парк од Куманово до Крива Паланка ерманската компанија WPD, ќе гради 415мегаватна ветерна електрана на потегот Куманово - Старо Нагоричане - Ранковце - Крива Паланка, во вредност од околу 500 милиони евра. Станува збор за проектот „Вирови“, кој треба да биде готов за шест години. На полињата на потегот од Куманово кон Крива Паланка за ќе бидат поставени 69 нови ветерни турбини, што е за четири пати повеќе од досегашните 16 кои ги гледаме на границата со Грција, и најважно, ветерници кои ќе создаваат над 400 мегавати струја од македонскиот ветер. Во зеленото сценарио на брзорастечки технологии се токму фотонапонските и ветерните електрани и во Стратегијата се предвидени околу 1.500 мегавати на фотонапонски електрани и околу 700 мегавати на ветерни електрани. Овој проект е повеќе од половина од тие 700 мегавати предвидени во Стратегијата и заедно со веќе изградената кај Богданци и со издадените досегашни овластувања од Владата, бројката поминува над 600 мегавати, што е 85 проценти од предвидените во Стратегијата. Ветерниот парк „Вирови“ нема да користи никакви повластени тарифи од државата. Ова значи и снабдување на 290 илјади домаќинства со електрична енергија, а инвестицијата ќе се одвива во неколку фази. Од македонската Влада велат дека ова не е само најголемата германска инвестиција во земјава, тука ова е најголемата директна гринфилд инвестиција во македонската економија, воопшто, од независноста до денес. Ветерниот парк „Вирови“ ќе биде најголемиот капацитет од обновливи извори на енергија во Северна Македонија. Станува збор за капацитет кој го имале двата блока на инсталиран капацитет од РЕК Битола во најдобрите години. РЕК Битола има вкупно три блока. Властите додаваат дека ќе продолжат со преминот кон извори на чиста енергија преку примена на еколошките извори на енергија: вода, сонце и ветер, сè со цел исфрлање на употребата на јагленот како извор на енергија. Токму поради ова донесена е нова легислатива усогласена со ЕУ-директивите, нов начин на поддршка на инвестициите во фотонапонските централи и ветерните електрани. Со изградбата на двете 50-мегаватни
Г
електрани во Осломеј на приватни инвеститори, како и на две по 10 мегавати сопствена инвестиција на ЕСМ, од Владата велат дека ја прават првата енергетска транзиција на електрана на јаглен со фотонапонска електрана. Односно на полињата на старите јагленокопи се монтираат фотонапонски електрани, а ова е пример за останатите земји во регионот на Западен Балкан и на Југоисточна Европа. Примената на обновливите извори на енергија и енергетска ефикасност се дел од рамките на реализацијата и на Зелениот договор на Европската Унија кој има јасна цел – климатски неутрална и поотпорна Европа до 2050 година. И нашата земја го поддржува Европскиот зелен договор за одржлива економија преку претворање на климатските и еколошките предизвици во можности и правење транзиција, праведна и инклузивна за сите. Германската амбасадорка Анке Холштајн вели дека проектот ќе овозможи годишно
намалување од 310 илјади тони јаглерод диоксид. Андреас Бјорн Шолет, овластен претставник за германската компанија ВПД вели дека ова е прва земја од Западен Балкан која размислува за елиминација на јагленот како средство за обезбедување електрична енергија до 2030 година. „Преку успешното деловно работење, ветерниот парк ’Вирови‘ ќе придонесе кон националниот и кон локалните буџети преку издавање земјиште и даноци, додека системот од 69 ветерни турбини ќе користи вешти локални работници за техничко и оперативно управување и во текот на проектот постојано ќе се ангажираат надворешни локални добавувачи во различни сектори. Во текот на градежната фаза, ќе инвестираме во подобрување на инфраструктурата, вклучително и капацитетите за пренос на енергија и патишта, овозможување пристап до некои од подалечните области и нивно приспособување на земјоделство и земјоделски развој“, вели Шолет. n
29 октомври 2021
ПОРТА
15
градежништво
Петти КонГрес За Брани, реалиЗиран оД ЗМКГБ
Запознавање со актуелните проблеми од реалното инженерство за брани Задачите на ЗМКГБ во следниот период се базираат на основната мисија на Здружението - следење на најновите сознанија и размена на искуства од практичен и теориски аспект за истражување, проектирање, градење и одржување на браните
проф. д-р Љупчо ПЕТКОВСКИ, Градежен факултет во Скопје, УКИМ толбот на водостопанската инфраструктура во РС Македонија се 43 брани со регионално значење, од кои 4 се јаловишни брани, и околу 110 се пониски насипни брани со локално значење. Според критериумот на ICOLD, браните во Македонија од посебно значење, но и одреден број пониски брани, спаѓаат во категоријата на „големи брани“, што
С
16
ПОРТА
29 октомври 2021
покажува дека пропорционално на големината на државата, РС Македонија е позиционирана во врвот на инженерството за брани во Европа. Во периодот од 2004 до 2017 година беа успешно организирани четири конгреси за брани во РС Македонија. Со цел да се унапреди индустријата за брани, која е од витален интерес за развојот на државата, и да се одржи воспоставената традиција, во 2021 година се одржа Петтиот конгрес за брани. Потребата за одржување на Петтиот конгрес за брани е поради исполнување на
следниве три основни цели. Како прво, денешната генерација хидротехничари имаат одговорност да ја одржат оваа вредна традиција. Ваквите манифестации се незаменливи затоа што обезбедуваат на едно место да се состане хидротехничката фела и да размени искуства и знаења. Второ, во последните неколку години инженерите се судираат со многубројни проблеми поврзани со начинот на финансирање, со условувањата при проектирањето и градбата од честите промени на легислативата, како и со Олимписки пливачки центар – Скопје
исполнувањето одредени еколошки и социолошки стандарди на капиталните хидротехнички објекти. Овие проблеми придонесоа да се стопира реализацијата на неколку хидросистеми (Луково Поле, Бошков Мост), кои се исклучително значајни за развојот на нашата држава. И трето, во сегашниот период, во градба се четири значајни големи брани во Македонија: Конско (Гевгелија), Речани (Кочани), Саса-4 (М. Каменица) и Отиња (Штип) и ова е најпогодна можност, членовите за Здружението за брани и учесниците на Конгресот непосредно да се запознаат со актуелните проблеми од реалното инженерство за брани. Во организација на Здружението македонски комитет за големи брани (ЗМКГБ), во Струга, во периодот од 30 септември до 2 октомври 2021 година, се одржа Петтиот конгрес за брани. За Петтиот конгрес за брани пристигнаа одреден број реферати, од кои 33 беа прифатени од Редакцискиот одбор да бидат отпечатени во Зборникот посветен на Конгресот. Рефератите беа на македонски јазик (19) и на англиски јазик (14), а беа подготвени од експерти од Македонија, Турција, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина. Рефератите во Зборникот беа подредени според четирите теми предвидени за Конгресот: 1. Истражување и проектирање хидротехнички објекти, 2. Искуства од градење брани и хидројаловишта, 3. Одржување, оскултација и санација на брани и придружни објекти, и 4. Регулатива, финансирање и оперирање со хидросистемите. Во склоп на Конгресот се одржа и Тркалезна маса „Можности за надградба на постојните хидроенергетски системи со реверзибилни хидроцентрали“. Пет реферати се однесуваа на браната Конско, која е во напредната фаза на градба и претставуваше главно обележје на Петтиот конгрес. Затоа, за оваа каменонасипна брана со височина од 80 м, со асфалтно јадро како водонепропустливо тело, се организира стручна посета, која е традиционална за сите манифестации на ЗМКГБ. На 30.9.2021 година, на свеченото отворање на Конгресот во конференциската сала на хотелот Дрим во Струга, поздравен збор беше даден од проф. Љупчо Петковски, претседател на ЗМКГБ и претседател на Организациониот одбор. До делегатите на Конгресот беше проследен поздравен збор од деканот на Градежен факултет, проф. Златко Србиноски. На Конгресот имаше околу 70 учесници, со строго почитување на здравствените протоколи за сегашната КОВИД-19 пандемија.
Со одржувањето на Конгресот беше исполнета основната цел на собирот размена на искуства и трансфер на знаења во „инженерството за брани“ во Македонија, чиј главен стожер е токму ЗМКГБ. Професионалната презентација на рефератите и бројните дискусии, како и заинтересираните учесници во скоро секогаш полната сала, беа најдобра потврда за квалитетот на одржаниот Конгрес за брани. Со овој конгрес, од една страна, се продолжи традицијата на ЗМКГБ на секои четири години да одржува ваква манифестација, и од друга страна, со меѓународниот карактер се унапредија активностите од претходните години, кои се карактеризираа со проширена соработка со националните комитети за брани од нашиот регион.
Во рамките на Конгресот за брани, по завршувањето на научниот и стручниот дел, се одржа Изборно собрание на Здружението МКГБ. На Изборното собрание одржано на 1.10.2021 во Струга, беа избрани органи на ЗМКГБ за следниот мандатен период од 4 години. Беше избрано ново Претседателство составено од 11 членови, истакнати и докажани експерти за брани, како од компании за изградба на брани и оперирање со хидросистеми, така и од институции и фирми за истражување и проектирање на истите. За претседател на ЗМКГБ беше избран проф. д-р Љупчо Петковски (ГФ, УКИМ, Скопје), а за генерален секретар беше избран м-р Славко Милевски (АД ЕСМ, подружница ХЕС „Црн Дрим“, Струга).
29 октомври 2021
ПОРТА
17
Новото Претседателство на ЗМКГБ ќе треба да ја координира работата на Здружението во идниот период, со цел да го одржи континуитетот востановен од нивните претходници. Задачите на ЗМКГБ во следниот период се базираат на основната мисија на Здружението - следење на најновите сознанија и размена на искуства од практичен и од теориски аспект за истражување, проектирање, градење и одржување на браните. Затоа, активностите на ЗМКГБ ќе се однесуваат на организација на барем една манифестација во тек на годината, зајакнување на соработката со националните комитети за големи брани во
ПОРТА
регионот, како и активно учество на нашите членови во работата на: Меѓународната комисија за големи брани (ICOLD) најавторитетната институција за брани во светот и Европскиот клуб на ICOLD. Целта на наведените активности е унапредување на индустријата за брани во РС Македонија, чија основна карактеристика е мултидисциплинарноста и континуитетот на знаењето. На крај, треба да се истакне, дека покрај теоретскиот дел на Конгресот, успешно беше спроведен и практичниот дел, со стручна посета на браната со придружните објекти Конско, Гевгелија на 2.10.2021
година. На обиколките на објектите на преградниот профил, во фаза на градба, им претходеше презентација на браната со придружните објекти од изведувачот (СЕРКА, Турција) и надзорот (ГИМ, Скопје). Ја ползуваме оваа можност, во името на Здружението МКГБ да се заблагодариме на љубезните домаќини за професионалната презентација на хидројазелот Конско и организацијата на теренска посета, како и на сите фирми и институции (докажани пријатели на ЗМКГБ), кои со својата несебична финансиска поддршка помогнаа во реализацијата на Петтиот конгрес за брани. n
www.koemmerling.com ПОРТА
градежништво
Градбата на пругата дел Куманово - Деве Баир трае веќе 27 години Пругата Деве Баир - скопје - Кичево - Ќафасан нема локално значење освен во одредена мера за патничкиот сообраќај. Во нашата држава со оглед на кратките растојанија, внатрешниот локален сообраќај се одвива главно преку друмскиот транспорт. транзитниот товарен сообраќај кој би се одвивал на оваа пруга е од непозната големина, а овој податок е исклучително важен од економски аспект за градба на пругата
Филип ИВАНОВСКИ, дипл. град. инж.
Ж
елезничкиот коридор број 8 за функционирање низ нашата држава бара ремонт и реконструкција на постојните делови и градба на делот Бељаковци - Деве Баир и Кичево -Ќафасан.
Железничкиот сообраќај е дел од копнениот сообраќај кој се одликува со голем капацитет на превоз на стоки на големи растојанија. Железничкиот сообраќај во принцип е независен од временските услови, а особено е економичен на долги релации и масовен транспорт на стоки. Правецот Ќафасан - Кичево - Куманово - Деве Баир датира уште од римскиот период. Од главниот правец „Via Egnatia“ од Валона, Албанија се одделува крак во насока Охрид - Кичево - Скопје, кој преку Деве Баир стигнува до Фи20
ПОРТА
29 октомври 2021
липополис (Пловдив). Постојат податоци од пред повеќе од 150 години, од 19 април 1869 година, кога овој правец прв пат е обележан. Пругата Куманово – Бељаковци - Деве Баир е градена во текот на Втората светска војна, а делот Куманово - Бељаковци конечно е пуштен во сообраќај во 1956 година. соЗреВаЊе на иДеЈата За КориДорот 8 Грчкото ембарго од почетокот на деведесеттите години ја блокираше економијата во Македонија. Тоа се одрази со прекин на снабдувањето преку Грција, особено со енергенси и ресурси за нормално работење на стопанството. Во тој период се транспортираше околу 1,4 милиони тони сурова нафта и деривати како и руда, концентрат, фосфати, старо железо и друго во вкупна количина од околу 2 милиони тони на годишно ниво. Но, исто така беше оневозможен и извозот на Р Македонија преку Солун, а во исто време
еВроПсКи ЖелеЗниЧКи КориДор БроЈ 8 транзитната стока за Европа ги заобиколуваше патиштата на нашата земја. Од ваквата состојба покрај стопанството беше погодена во голема мера и железницата. Незавидната состојба доведе до созревање на идејата за коридорот 8 Исток - Запад. На Паневропската конференција на министрите за транспорт одржана 14 - 16 март 1994 година на Крит, конечно беше усвоен коридорот Исток - Запад зацртан како меѓународен транспортен коридор Јадран Скопје - Црно Море. Во Македонски железници (МЖ) по налог на државата беше оформен Сектор за градба на нови пруги со значителен број на инженерски и друг технички кадар кој имаше за задача да ја извршува улогата на инвеститор со ангажман и одговорност во сите делови на проектот. Во такви услови МЖ, односно Секторот за градба на нови пруги се зафати за исклучително сериозна работа, градба на капиталниот проект „железничка пруга Куманово - Бељаковци - Крива Паланка - Деве Баир“. Најнапред беше повлечена на генералштабна карта можната траса на пругата. Со оглед што до Бељаковци постоеше каква-таква пруга, тој дел остана на своето место. Од Бељаковци кон Крива Паланка и Деве Баир трасата се движи на десната страна од Крива Река, но многу повисоко напуштајќи ја некогашната траса која е во долината на Крива Река. Некаде околу 77. километар трасата ја преминува Крива Река и се упатува кон граничниот тунел под Деве Баир. За градба на пругата беа ангажирани пет организации: 1. МЖ Ремонт на пруги - дел Куманово - Бељаковци 30 км долен и горен строј со целосна реконструкција на трасата 2. Бетон 8,6 км нова пруга и 6 мостови 3. Маврово 6,6 км, 9 мостови и 5 тунели 4. Гранит 11,2 км, 10 мостови и 4 тунели 5. Пелагонија 17,5 км, 26 мостови и 14 тунели и ангажирана фабриката „Карпош“ за производство на прагови МП 94 МЖ. Делот Крива Паланка - Деве Баир не беше дефиниран. Сите ангажирани организации сериозно ја сфатија доверената работа со вредност од 170 милиони долари, извршија припремни работи и во 1994 година отпочнаа со работа. Во тој период градежните организации немајќи друг вид на работа посветено работеа на земјани работи, ископ и насип на материјал, бетонски работи, мостови и работа на тунели. За период од 20 месеци физичкиот обем беше околу 38 %, при што беше пробиен тунелот бр.1 - 585 м и уште неколку помали. Во овој период заостануваа мостовите. На делот Куманово - Бељаковци беа извршени земјани работи од околу 150.000 м3 за санација на постојниот труп на пругата и
беше положен колосек во должина од 18,5 км, по кој сообраќаа работни возови и возови за дотур на материјал. Долниот строј беше изработен во должина од 25 км. Должината на железничката пруга Деве Баир – Скопје – Кичево - Ќафасан изнесува 296 км од кои 147 км е постоечка пруга од кои 32 км е електрифициран дел. Делот Куманово - Бељаковци - Деве Баир со должина од 86 км е во фаза на градба повеќе од 27 години, започната во 1994 година. Делот Кичево - Ќафасан во должина од 63 км е во фаза изработена техничка документација. Надолжниот профил на пругата е крајно неповолен од аспект на влечата на возовите, кој претставува дисконтинуитет од падови и угорнини кои се движат во рамките на 15 о/оо . Карактеристични се четири висински точки: тунел Деве Баир кота 946, км 416 + 685 превој кота 428, тунел Буковиќ кота 758 и превојот Пресека. Најниски точки на пругата се Шупли Камен кота 291 и Маџари кота 235. Дополнителен ограничувачки фактор е и делот Куманово - Маџари во должина од 32 км кој е заеднички дел на коридорите 8 и 10. За да има оправданост градбата на една железничка пруга, треба да се утврди нејзиното економско, локално и транзитно значење. не Постои ВалиДен ПоДатоК За ВиДот и За КолиЧината на стоКа КоЈа Би ПоМинУВала По ПрУГата Пругата Деве Баир - Скопје - Кичево - Ќафасан нема локално значење освен во одредена мера за патничкиот сообраќај. Во нашата држава со оглед на кратките растојанија, внатрешниот локален сообраќај се одвива главно преку друмскиот транспорт. Транзитниот товарен сообраќај кој би се одвивал на оваа пруга е од непозната големина, а овој податок е исклучително важен од економски аспект за градба на пругата. Разбирливо, логиката на бизнисот е профитабилна работа. Македонската, бугарската и албанската економија се мали и не е за очекување дека токму железничкиот сообраќај ќе биде значаен. Евентуално може да се смета на транзитниот сообраќај кој би поминувал по оваа пруга и тоа помеѓу Русија, Турција и Блискиот Исток од една страна кон јужна Европа пред сè кон Италија, јужна Франција и Шпанија. И покрај изработените неколку студии не постои валиден податок за видот и за количината на стока која би поминувала по пругата. Од друга страна пак количината и видот на стока е најзначаен фактор за 29 октомври 2021
ПОРТА
21
очекуваните сообраќајни приходи и за економската оправданост за градбата на пругата. наЈВаЖни КараКтеристиКи на ПрУГата Тежината и брзината на возовите се најважни карактеристики на пругата со која се одредува искористената сила на влечната локомотива, а со тоа и пропусната моќ на пругата. Најголема тежина на возот се смета онаа, која како најголема тежина може да ја влече локомотивата со сигурност. Меродавен за одредување на пропусната моќ на пругата е делот Гостивар - Зајас во должина од 22,3 км и меродавен отпор 23 daN/t. Пропусна моќ на пругата е парови на возови кои можат да поминат низ еден сектор (меѓустанично растојание) за 24 часа. Од табелата е видливо дека тежината на возот е во корелација со брзината. Колку е поголема брзината на возот толку е помала влечната сила на локомотивата, а со тоа и тежината на возот. Од табелата јасно се гледа дека електровлечата EL 461 е доминантна над дизел-електричната DEL 661. Анализата покажува дека сè додека не се електрифицира пругата, сообраќајот ќе се одвива со DEL 661 која може со сигурност да превезе 640 t со брзина V =25 km/h.
При анализата земени во обзир беа и случаите: двојна влеча, односот на тежина на возот со време на поаѓање, како и вкрстување на возови во попатни станици. Во сите случаи најповолна варијанта е DEL 661 со превезување 640 t за време на патување од Гостивар до Зајас за 54 минути. Врз база на извршените анализи пропусната моќ на пругата изнесува 20 пара возови за период од 24 часа. И тоа два пара експресни возови, два пара патнички и 16 пара товарни возови. Со оглед на тоа што сопствената тежина на вагоните изнесува околу 35 % од вкупната тежина на возот, но и ако се земат предвид празни и товарени вагони во еден и друг правец, максималната тежина на корисниот товар би изнесувала не повеќе од 350 t. Со тоа годишниот превоз би изнесувал околу три милиони тони стока. Спроведувајќи ја истата анализа за евентуално електрифицирана пруга, влечната локомотива EL 461 би повлекла воз со тежина од 870 t со брзина од 50 км/час за време од 27 минути на делот Гости22
ПОРТА
29 октомври 2021
вар - Зајас во должина од 22,3 км. За електрифицирана пруга пропусната моќ на пругата ќе биде 24 пара возови за време од 24 часа, односно 20 пара товарни возови. Во ваков случај ќе бидат превезени 6,2 - 6,5 милиони тони стока на годишно ниво. ПрУГата еКоноМсКи нерентаБилна Економистите велат, за секое евро вложено во инфраструктурата се враќаат четири. Експертите по економија својата теза нека ја докажат на градбите на инфраструктурните објекти, автопатиштата, а посебно за пругата Деве Баир - Скопје - Ќафасан. Градбата на пругата дел Куманово - Деве Баир трае веќе 27 години, но не се гледа крајот. Делот пак, Кичево - Ќафасан е во фаза изготвена техничка документација. На делот Куманово - Деве Баир работено е во два наврати 1994 - 2002 и 2014 - 2020 година и потрошени се повеќе од 220 милиони евра или ревалоризирани се 340 милиони евра. Вкупната сума за градба на целата пруга Деве Баир - Ќафасан официјално не е позната, меѓутоа претставници на власта манипулираат со суми, за делот Куманово - Деве Баир, 500 милиони евра, а за делот Кичево - Ќафасан, 540 милиони евра. Споменатите суми се практично градежни работи кои не содржат електрификација и сигнализација на пругата. Делот на пругата Ѓорче Петров Гостивар - Кичево во должина од 103 км со ширина на планум 5,40 м, кој е стар 50 години и истиот е потребно да се реконструира. Поразително е и дека од вкупната должина 296 км, електрифицирана е само 32 км пруга. За реконструкција на делот Ѓорче Петров - Кичево и за електрификација на останатите 264 км ќе бидат потребни најмалку 400 милиони евра. Практично за градба на неполни 150 км пруга Куманово - Деве Баир 86 км и Кичево - Ќафасан 63 км ќе бидат потрошени 1,8 милијарди евра, односно некаде 14 милиони евра за еден километар!! А ќе има годишен приход од околу 30 милиони евра сè до електрификација на пругата, чија реализација се очекува во 2050 година. Во ваков случај економските експерти со својата теза да докажат колку евра ќе се загубат за вложено едно евро во градбата на пругата. Реалната цена на еден километар пруга, споредувајќи со инфраструктурни објекти во околината е околу 4 - 5 милиони евра/км. Се-
која сума поголема од наведените е економски неоправдана, а прашање е дали и оваа е издржана, ниту пак нашата економија и општество можат да ја поднесат. За да бидат постигнати овие суми потребно е да бидат исполнети неколку услови: l најнапред треба да се знае титуларот инвеститор со полни права, ингеренции и обврски; l потребен е стручен кадар со многу знаење и искуство, оперативен и консултантски; l горниот строј со шина тип 60 е непотребен за овој проект, брзината и товарите се ограничени. Типот 60 на горен строј се применува за брзини поголеми од 120 км/час и истиот е поскап за 25 – 30 % од стандардниот тип со шина 49. l Градбата на пругата треба да се сведе на минимален рок (секоја година на градба, продолжен рок ја зголемува цената 5 %, инфлација и камати на кредити, 5 години рок на градење 30 % поскап објект). l Трасата да се подели на два или на три дела, а градбата на горниот строј да биде посебен дел и да биде доверен на градба на специјализирана компанија. l Постојат и други нешта кои влијаат на цената на пругата како видот и типот на механизација, набавка на материјал од горен строј, надзор над работите, парцијален учинок и генералната динамика. Целата пруга изградена на ваков начин чија крајна вредност би изнесувала 750 - 850 милиони евра повторно економски ќе биде нерентабилна. Товарните возови кои се единствени кои го носат приходот, растојанието од 300 км ќе го поминуваат за повеќе од седум часа и ќе бидат потребни голем број на влечни средства за скромен превоз на стока поради исклучително неповолниот надолжен профил. Дури и при електрифицирана пруга каде би имало значителен превоз на стока 6,2 - 6,5 милиони тони годишно не би бил рентабилен превозот заради ангажманот на голем број влечни средства. општо гледано пругата Деве Баир – скопје - Ќафасан нема позитивни атрибути: - Поради карактеристика на надолжниот профил ограничен е превозот на стока со значителен ангажман на влечни средства, поради значителните падови од 15 о/оо и поголеми ограничена е брзината од услов на кочење. Кај патничкиот сообраќај во станица Скопје потребно е промена на локомотива поради промена на насока. Пругата ќе има само една позитивна страна. Ќе биде дел од паневропските коридори и ќе нè поврзува со соседните земји. Во Европа не постои држава која железнички не е поврзана со соседите.
И на крајот само уште две-три реченици за ова што е напишано да стане појасно, но и за споредба. Каков апсурд, кај нас нема автопат кој чини помалку од 10 милиони евра/км и се градат и по 10 години. Автопатот во соседна Србија, Ниш - Димитровград 87 км во исклучително тежок терен чини вкупно 468 милиони евра или 5,4 милиони евра/км, завршен за две и пол години и на објектот работеа 120 машини. Во Србија се гради двоколосечна брза пруга за 200 км/час Белград - Нови Сад 75 км, изграден е делот Стара Пазова - Нови Сад 50 км. Вкупната сума за градба на пругата е 850 милиони евра или 11,3 милиони евра /км односно 5,65 милиони евра/км колосек, 2 х 75 = 150 км, електрифицирана со полна сигнализација и додатна опрема за брзи пруги. Пругата Солун - Скопје е изградена за две и пол години од февруари 1971 до август 1973 година во должина од 243 км. За сè она каде што нема доволно знаење, потребни се многу повеќе пари! n
ПОРТА
интервју
Занимавањето со сценографија е интензивно занимавање со архитектура Двете работи одат испреплетено, читаш, го откриваш сугерираниот простор, драмата, дејството, просторот во кој се движат актерите, а потоа правиш своја имагинација. размислувам за амбиентот кој би го сугерирал со употреба на формата, изборот на материјалот, бојата, какво светло да се употреби, за наметливоста на декорот во просторот да не го фрли во сенка дејството, односно играта на актерите и сл. на крај при реализацијата сепак одучува архитектонскиот концепт
„Пантаглез“ Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх.
А
рхитект Крсте С. Џидров – Џиби е роден во 1950 година во Скопје, каде завршил основно училиште, гимназија и дипломирал архитектура на Архитектонско-градежниот факултет, кај професор Борис Чипан.
Од 1980 до 2004 како архитект проектант, работи во АД Алумина, во почетокот во службата за пропаганда, а потоа во проектантското биро и работи на проекти за фасади, според производната програма на Алумина, за објекти во Македонија, СФР Југославија, Бугарија, Романија, Албанија, Русија, Алжир, Кувајт. Овој дел од работата го третира како „стручен сервис“ на колегите архитекти проектанти за квалитетно реализирање на нивните проекти. Од 1976 до 1990 е дел и член на архитектонско-проектантската група АЈВАР и работи на десетина проекти: училиште, музеј, административни објекти, библиотека, спортски сали, гробишта, хотели и друго. 24
ПОРТА
29 октомври 2021
Крсте с. ЏиДроВ - ЏиБи - наГраДа За ЖиВотно Дело на МтФ „ВоЈДан ЧерноДринсКи“ Тој во периодот од 2002 до 2020 е технички директор на Детскиот театарски центар, (поранешно кино „Напредок“ во Старата скопска чаршија). Во 2003 е избран за доцент на Факултетот за драмски уметности, предмет сценографија за театар и филм. Од 2005 Џидров по одењето на АД Алумина во стечај, станува „фриленсер“ и има статус на слободен уметник. Работи сценографии за театар, филм, телевизија и др. Работи и графички дизајн, плакати, пропаганден материал, уредување саемски изложби, уметнички поставки и разновидни манифестации. Крсте С. Џидров е присутен во македонскиот театар од 1970 година, на почеток како актер во авангардната и култна театарска група „Театарот кај Св. Никита Голтарот“, а подоцна од 1980 година е член во Театарската работилница ФФ, при Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет во Скопје. Во 1982 година режисерот Владимир Милчин заедно со Симе Узуновски ги ангажира како сценографи во Театарот на народностите – Албанска драма, во претставата „Бовча“. Оттогаш до денес, Џидров е присутен како сценограф, овде започнува неговиот интерес и љубов за сценографијата и никогаш не завршува. Работел на 160 претстави во 33 театри со 44 режисери во десетина држави. Тој за сценографските ангажмани е „сценограф на повик“, бидејќи никогаш не бил вработен во театарска установа! Добитник е на голем број награди за сценографија во земјава и регионот, а добитник е и на повеќе награди на БИМАС. Како круна на неговата кариера ја доби Наградата за животно дело на 55. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што од 1 до 8 октомври оваа година се одржа во Прилеп. Порта 3 со задоволство му ја честита наградата. Морам да признаам, импресивна и многу разнолика професионална биографија. Мислам дека сте најпрепознатлив како театарски сценограф. Дали кога запишавте архитектура имавте желба да се занимавате со сценографија? Пред сè благодарност за честитките на Порта 3, по повод добиената награда за животно дело на 55. МтФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп и поканата за ова интервју! n Кога млад човек одлучува да го продолжи своето школување на некој факултет освен општиот впечаток и информација за тоа што ќе учи т.е. студира другото е непознато, што од тоа што ќе го добие како знаење ќе го заведе и во кој превец ќе се одвива професионалното ангажирање. На Архитектонско-градежниот факултет се запишав во 1969 година и тогаш сите кои се
„Бовча“
„Кралот Иби“ - НУ Театар Битола, режија В.Милчин пријавивме да студираме бевме генерација која расте во постземјотресно Скопје, кога се појавија некои светски архитекти кои учествуваа на конкурсот за урбанистичко уредување на централното градско подрачје. Бевме една многубројна генерација на запишани студенти, поради слободниот упис, и наставата и вежбите се одвиваа во две смени! Тогаш немав некои поблиски врски со театарот освен како
гледач. Со следните години во своите слободни активности заради некое „офф“ ангажирање станав член на „Театарот кај Св. Никита Голтарот“, кој веќе беше култна група која ја водеа режисерите В. Милчин и С. Унковски каде бев актер. Тогаш почнав да се „заразувам“ со појавата наречена театар која ми стана дел од моите креативни преокупации. Последица од оваа театарска зараза беше изработ29 октомври 2021
ПОРТА
25
„Балкан експрес“
„Хармс случки“
„Подемот и падот на кабарето“ ПОРТА
ката на мојата дипломска работа „Мобилен патувачки театар“. Бидејќи сите работи кои беа потребни за реализација на претставата ги правевме сами се вклучив во она што знаев да го работам, изведба на реквизити и елементи за сценографијата и костимите, кукли, правење плакати и програмчиња и работа со боја... Можеби тоа беа некои од најавите за работа на сценографија, но тоа како идеја се појави десетина години подоцна (1979 1980 год.) кога се оформи „Театарската работилница ФФ“, попозната како „Зелената гуска“, при Естетичката лабораторија на Филозофскиот факултет. Таму мојот ангажман заедно со архитектите Симон Узуновски, и Слободан Живковски, и академскиот сликар Драган Петковиќ, беше исклучиво во делот на смислување и реализација на сценографијата која сега беше поконкретна (пред сè подвижна сцена, кулиси, елементи во простор, реквизити, костими, плакати и сл.), за разлика од тоа што го правев во „Голтарите“. Е тука режисерот Милчин ни даде можност, мене и на Симе да се обидеме да направиме сценографија за претставата „Бовча“ од Е. Бонд во „прав професионален театар“ – Театарот на народностите на Албанската драма во Скопје. Тоа беше во 1982/1983 год. И на фестивалот МТФ „Војдан Чернодрински“, таа 1983 година ја добивме првата награда за сценографија. Тогаш почна мојот професионален почеток на занимавање со сценографија. на архитектонскиот факултет сценографија не се учи. режисерот Владимир Милчин, човекот со кого најмногу сте соработувале, ќе рече: „со појавата на Крсте с. Џидров се покажа дека образованието архитект во областа на сценографијата е предност, при што нему му овозможи полесно совладување на просторот, како и поинаков начин на изведбата на сценографијата-декорот-кулисите“. Каде го учевте занаетот и колку тоа што сте архитект Ви помогна да ги совладате предизвиците? n За да правиш сценографија потребно е да има текст-драма која е предлог за претстава и оттаму произлегуваат историскиот и временскиот период во кои се одвива дејството, потоа дали е во ентериер или отворен простор, или се случува и во различни простори итн. Битно во сето тоа е и концепцијата, а и режисерот кој има некаква своја визија за тоа каде и како ќе се одвива дејството, бидејќи понекогаш се занемарува она што е во текстот како простор на случување. Е, кога почнавме со Симе да ја пакуваме сценографијата за „Бовча“, која ја дефиниравме како простор заедно со режисерот Милчин, немавме поим како тоа се презентира со цртеж, скица, димензии и слично. Добивме штура информација дека тоа се прави со сликарски цртеж, каде се гледа сè што треба, ѕидови, сценографски елементи, претставено со боја. За димензионирање се користи летва со метар и тогаш сценскиот работник шета по сцената, а сценографот ја одредува пози-
„Мост“ цијата на кулисата и со покажување до која висина треба да биде димензионира спрема метрото на летвата! Тој процес се нарекуваше „планировачка проба“, што ме збуни бидејќи не разбирав што е, па ми го објаснија она што претходно го кажав... Ние сфативме дека тешко ќе се разбереме во работилниците за изведба на декорот и бидејќи и двајцата сме архитекти, седнавме на нашите цртачки маси и покрај слободорачните цртежи, направивме комплетен проект со основа на сцената, изгледи и пресеци и димензионирање на сите елементи од сценографијата и предмер на материјалите од кои ќе се изведува. На крај направивме и макета за полесно да се види идејата и како треба тоа да изгледа. Тоа ги збуни сите кога видоа папки со проект и макета, но сфатија дека можеби тоа е начинот на кој нешто треба да се прави! Тоа значеше нов начин на прикажување проект за сценографија! Другите работи ги учев во „од“ со мајсторите во работилниците, сликарите, а највеќе од сценските работници, кои ги знаат триковите за монтажа на декорот, функционирање на сценските машини, ротација, чиги (лифтови),продори низ подот на сцената, движење на кулисите и многу други „штосови“. Во таа прва сценографија поставивме посебна просторна условеност за актерите бидејќи имаше река дијагонално поставена на сцената во која пловеше скела, два раздвоени брега, беа употребени и материјали кои дотогаш не беа видени на сцената: пластика, камен, пластични туби специјално дизајнирани извори на светло и... затоа режисерот Милчин ќе констатира дека: „Со појавата на Крсте С. Џидров се покажа дека образованието архитект... во областа на сценографијата е предност“. Дали кога работите сценографија се фаќате како пред сè размислувате како архитект? Влијаат ли некои значајни архитекти и дела на вашите сценографии?
n Хм, еднаш изјавив и сè уште го мислам тоа дека занимавањето со сценографија е интензивно занимавање со архитектурата! Двете работи одат испреплетено, читаш, го откриваш сугерираниот простор, драмата, дејството, просторот во кој се движат актерите, а потоа правиш своја имагинација. Размислувам за амбиентот кој би го сугерирал со употреба на формата, изборот на материјалот, бојата, какво светло да се употреби, за наметливоста на декорот во просторот да не го фрли во сенка дејството, односно играта на актерите и сл. На крај при реализацијата сепак одучува архитектонскиот концепт. Како архитект и сценограф морам да имам познавања од многу области од културата, актуелности од архитектурата и театарот, трендови и хитови, да ја следам модата. Во делот на влијанијата на значајни архитекти кои влијаат на она што го работам се пред сè делата на великаните архитекти, Корбизје, Виктор Гропиус, Мис ван де Рое, и посмодернистите Паоло Портогези, Рикардо Бофиљ, Браќата Криер, посебно Ото Фрај, Алдо Роси, Норман Фостер, Ренцо Пиано, движењето Артроподс, групата Архиграм и јапонските архитекти Изосака и Минору. Од уметноста влијанијата ми се од Енди Ворхол, Роберт Раушенберг, Рој Лихтенштеин, посебно од Кристо Јавашев, руската авангарда и конструктивизам, Ешер, Пиранези и др. Најважни за успешноста во работата се имагинацијата и креативноста. Сепак за да работиш сценографии потребна е љубовта кон театарот. Веќе со децении кај нас стана пракса инвеститорите да се мешаат и да знаат повеќе од архитектите. Прекрасниот свет на сцената дава ли поголема можност за имагинација, кретивност, слобода? се мешаат ли режисерите како и инвеститорите?
n Сцената дозволува сè што ќе замислиш, а да е во рамки на техничките можности да се изведе. Затоа еднаш за она што го работев критичарката Л. Мазова напиша: Во сценографиите кои ги слика и обликува сценографот обединети се слободата на креацијата и мајсторството на реализацијата. Просторот на сцената е оформен со креации во чија изработка се употребени материјали како плексиглас, пластика, камен, песок, вода, метал, дрвени струготини. Во тој простор се движат актерите осветлени од светлосниот парк на театарот и од нови идеи и креации. Режисерот е логично да учествува во работата со свои потребни забелешки, кои влијаат на неговата работа со актерите. Директорите на театрите многу ретко интервенираат во уметничкиот дел, но се вмешуваат во она што е буџет на претставата во делот на сценографијата и на секој начин се трудат тоа да биде поевтино и на некој начин да се заштедат некои средства за да им послужат за реализација на нешто за што не добиле пари! Многу ретко дозволувам заради овој нивен стил да страда реализацијата на сценографијата. сте работеле сценографии заедно и со вашите пријатели, исто така архитекти и сликар (со Узуновски, Живковски, Петковиќ). има ли кај нас и други архитекти кои се занимаваат со сценографија, кои Ве консултираат и учат занает од Вас? n Од она време кога почнав да се занивамам со театарска сценографија во осумдесетите години во тогашна Југославија веќе повеќе колеги архитекти се занимаваа со сценографија и беа веќе афирмирани и работеа во многу театри. Меѓу нив најпознати беа: Мета Хочевар, Миодраг Табачки, Марина Чутурило и други и ги освојуваа првите награди на театарските фестивали. Кај нас исто така има архитекти кои 29 октомври 2021
ПОРТА
27
„Кралот Иби“ се занимаваат со сценографија и тоа Валентин Светозарев од Битола, кој е еден од најуспешните и најпродуктивен и еден помлад колега Филип Јовановски, исто така од Битола. Учењата за сценографија кај овие колеги се многу слични со моите искуства. Инаку сме во суперколегијални односи! Која сценографија Ви е најдрага, а со која највеќе се измачивте? n Посебни или најсценографии ми се: „Бовча“, „Натемаго на Филозофскиот факултет“, „Бакхи“, а исто така не можам да не ги споменам и „Коските што доаѓаат доцна“, „ЦЗ“, „Медеја“, „Ревизор“(Сараево), „Силфида“ (балет), „Прст“, „Подемот и падот на кабарето“, „Нашиот клас“, „Сомнително лице“, „Хармс случки“, „Револвер“, „Злосторство на 21 век“, „Пантаглез“ и „Вишновата градина“. Знаете, секоја сценографија е оригинална и секоја има своја убавина! Дали сум се измачил посебно со некоја не би можел да наведам бидејќи сите имаат слични проблеми и најголем проблем е кога не пристигаат средствата за набавка на материјалите за реализација. Љубител сте и чувар на уметноста и културата. Па така на Музејот на современа уметност дониравте серија концептуални дела од
циклусот„Белешки“ на Вашиот добар пријател, починатиот уметник симон Узуновски (1949 – 2018). Колку е значајно да ги чуваме и почитуваме вредностите? n Во врска со донирањето на концептуални дела од циклусот„Белешки“ на мојот другар Симон Узуновски во МСУ ќе ја цитирам еминентната ликовна критичарка Соња Абаџиева: Уметникот Симон Узуновски, еден од пионерите на уметничките интерактивни инсталации во Македонија беше активен на сцената речиси 50 години, а повеќе години живееше и работеше на италијанскиот остров Капри. Од овој период датираат и неговите ‘Списоци’ (1975), обични анотации кои, речиси, секој од нас ги пишува на мали ливчиња, пред да ги направи секојдневните набавки. Издигнувањето на списочињата, од најтривијални дневни дребулии, на ниво на ликовни концепти, е во природата на транслацијата на редимејдите во ликовни дела. Во случајов Узуновски е повеќе на страната на хоризонтализацијата на претставата особено за сликата, отколку на ниво на третата димензија. Во врска со моето донирање, јасно е дека заради значајноста на овие дела, требаше да бидат дополна на збирката на Симе во Музејот
на современа уметност во Скопје. Чувањето и почитувањето на вредностите од кој било вид е многу важна работа, бидејќи ја покажуваат историјата, идентитетот на луѓето и државата во која живееме, ги чува спомените и корените на оние кои овде живееле и твореле. Во оваа наша држава очекувам еден ден да го основаме Музејот на архитектурата за да може памтењето на нашето дело да биде трајно. Во 2005 година бевте известител и организатор на анкетниот конкурс за старо-новиот театар (денес Мнт). се отвори ли тогаш Пандорината кутија и ни се случи „скопје 2014“? n Пандорината кутија за „Скопје 2014“ се отвори малку подоцна од идејата за изградба на Старо-новиот театар (денес МНТ). Есента 2006, новата власт која веќе го промовираше проектот „Скопје 2014“, само ја искористи приликата „сервирана на тацна“, готов изведбен проект за театарот кој беше изготвен во времето на претходната влада кога министер за култура беше сега починатиот Благоја Стефановски. Како делегиран член од ААМ, мојата улога во почетокот на целата таа работа беше да помогнам во подготовката за распишување Анонимен конкурс по сите правила, за да не се случи како со некои други конкурси, да се реши со директна „Силфида“ (балет),
ПОРТА
„Вишновата градинка“ покана на проектант без консултација на ААМ. Неколку пати организиравме дебати на кои поголем број архитекти колеги беа против конкурсот и дури паѓаа погрдни зборови на сметка на министерот! За да нема обврска за реализација на проектот по објавување на резултатите, успеав само да го сведам барањето во конкурсот да биде анкетен, бидејќи министерот инсистираше на уште една локација (на местото на стариот Офицерски дом). Конкурсот беше игнориран од голем број архитекти. Министерството за да ги избегне проблемите, Конкурсот го распиша по член 68 од Законот за јавни набавки, каде важат други правила! За тоа како се одвивале работите ќе ја цити-
рам тогашната нова министерка: Во програмата на Министерството за култура, а и во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, беа ставени некои деловни објекти што започнавме да ги реализираме. Прво ќе спомнам за театарот. Иницијативата за изградба на театарот е започната уште пред да дојде оваа влада, од страна на Министерството. Всушност, иницијативата за изградба на Стариот театар постои уште од 1984 година. Од професорот Дамјан Жерновски е изработена студија, при што во првата фаза е извршено анкетирање на околу илјада граѓани, на сите тогашни актери во Скопје и проектантски организации на големите претпријатија. Потоа, оваа иницијатива
во 1990 година е доставена до Републичкиот секретаријат за образование, култура и наука, во времето кога го водеше Саво Климовски и е прифатена оттаму. Значи, направивме еден континуитет. Беше објавен конкурс за идејно решение и тимот на архитектот Жан Стефановски ја доби првата награда. Само продолживме во однос на тоа што беше сработено претходно. (Утрински весник од 18.1.2007, Трибина на „Утрински весник“ за прашањето дали е неопходно во центарот на Скопје да се градат објекти како реплики). Само едно е евидентно дека ААМ и некои други немаа моќ да го затворат капакот на Пандорината кутија. За жал! n
„Наследникот“ 3Д
ПОРТА
архитектура
ДоБитниК на 25-та стирлинГоВа наГраДа на RIBA
Кингстон универзитет Лондон
- Градска куќа од
Графтон архитектите наградениот објект се смета за нов прогресивен модел за проектирање објекти во доменот на високото образование, при што динамичната „Градска куќа“ вешто го отсликува духот на образованието и вредноста на кохезијата во рамките на локалната заедница. се очекува дека овој високоадаптибилен објект ќе може со години да ги задоволува потребите на студентите, жителите и посетителите.
д-р. Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Англија) а 14.10.2021 беше доделена јубилејната 25-та Стирлингова награда (Stirling Prize) на Кралскиот институт на британските архитекти (Royal Institute of British Architects – RIBA). Со оваа
Н 30
ПОРТА
29 октомври 2021
награда, која го носи името на прочуениот британски архитект Сер Џејмс Стирлинг (Sir James Stirling), се одбележува архитектот на најзначаниот објектот за еволуцијата на архитектурата и за изградената средина во годината. Жирито во состав Лорд Норман Фостер (Lord Norman Foster, претседавач), Сајмон
Алфорд (Simon Allford, претседател на Кралскиот институт на британските архитекти), Дамата Филида Барлоу (Dame Phyllida Barlow, лице кое не е од струката), Анали Ричес (Annalie Riches, добитник на Стирлинговата награда за 2019 година) и Мина Хасман (Mina Hasman, експерт за одржливост) имало сложена задача од шесте
објекти влезени во најтесниот избор за наградата да го изберат овогодишниот добитник: Кингстон универзитет Лондон – Градска куќа (Kingston University London – Town House) од Графтон архитектите (Grafton Architects). Графтон архитектите се проектантско биро од Даблин, Република Ирска, коешто во 2013 година ја добило првата награда на Архитектонскиот конкурс на Кралскиот институт на британските архитекти за проектот на „Градската куќа“, а новоизградениот објект е нивниот прв реализиран објект во Обединетото Кралство. „Градската куќа“ е објект со површина од 9.056 м2 и договорна градежна вредност од нешто повеќе од 50 милиони евра (42.460.000 фунти) изграден за потребите на Кингстон универзитетот. Објектот е повлечен од улицата со што се овозможило да се прошири јавниот простор и великодушно да се избегне јасното разграничување помеѓу градбата и тротоарот, укажувајќи и повикувајќи дека секој е добредојден: студентите, локалното население и посетителите. 200 метри долгата и шест ката високата колонада овозможува и сенка и засолниште, вклучително со тераси и градини на горните нивоа коишто создаваат меѓусебно поврзани јавни простори. Фасадите се пермеабилни: отворени и транспарентни на подолните нивоа со што овозможуваат погледи од минувачите кон интересните активности коишто се случуваат во внатрешноста на објектот. Внатрешноста на објектот е подеднакво отворена и пространа. Корисниците и посетителите се пречекани од јавниот форум кој ги води кон амфитеатарот. Визурите од приземјето преку отвори и скали се протегаат низ објектот кон повисоките катови, при што овие отвори и скали ги ПОРТА
надополнуваат просторите за дружење и учење. Исклучителното внимание посветено на проектот за акустика и заштита од бука овозможило исполнетиот јавен форум, тивката библиотека, архивот, студиото за танц и театарот сите заедно да коегизистираат во рамките на објектот и преку тоа да го збогатат доживувањето на корисниците на истиот. Дарежливите волумени им овозможуваат природен проток на луѓето, светлото и воздухот низ објектот. Примената на термички активна армиранобетонска рамовска конструкција каде преку систем на цевки вградени во носивата конструкција на објектот е овозможен проток на топла или студента вода со кои се модулираат микроклиматските промени во рамките на објектот, исто така придонесува за намалување на потребната енергија во неговата употреба. Во рамките на оваа реализација се смета дека Графотн архитектите намерно испроектирале демократски и отворен простор, при што „градот“ во името се однесува на јавната димензија на објектот, додека „куќата“ е одраз на чувството на дом ПОРТА
и припадност. Ова се чини дотолку поважно со оглед дека половина од студентите на Кингстон универзитетот се првите во своите семејства коишто посетуваат високо образование. Оттука, се смета дека објектот испраќа важна порака до нив, нивните едукатори и локалната заедница, дека станува збор за место каде секој е добредојден и ценет. Наградениот објект се смета за нов прогресивен модел за проектирање објекти во доменот на високото образование, при што динамичната „Градска куќа“ вешто го отсликува духот на образованието и вредноста на кохезијата во рамките на локалната заедница. Се очекува дека овој високоадаптибилен објект ќе може со години да ги задоволува потребите на студентите, жителите и посетителите. Кингстон универзитетот Лондон – Градска куќа од Графтон архитектите е добитник и на Наградата за Лондон (RIBA London Award
2021), на Наградата на Лондон за клиент на годината (RIBA London Client of the Year 2021) и на Националната награда (RIBA National Award 2021), сите на Кралскиот институт на британските архитекти за 2021 година. Според претседавачот на овогодишното жири, Лорд Норман Фостер: „Градската куќа на Кингстон универзитетот е театар за цел живот – работилница на идеи. Таа беспрекорно ги поврзува студентите и заедниците на градот, при што создава нов модел за високо образование, којшто заслужува меѓународно признание и внимание. Станува збор за високооригинална архитектура, читање во тишина, бучни претстави, истражување и учење, коишто прекрасно може да коегзистираат. Ова е големо достигање. Образованието треба да биде нашата иднина – и ова мора да биде иднината на образованието.“ n
Преостанатите пет проекти коишто влегле во најтесниот избор за стирлинговата награда на Кралскиот институт за британските архитекти за 2021 година покрај наградениот се: l Станбено-деловниот објект на 15 Клеркенвел клозе (15 Clerkenwell Close) од Групворк (Groupwork), добитник на Наградата за Лондон (RIBA London Award 2018) и Националната награда (RIBA National Award 2018) на Кралскиот институт на британските архитекти за 2018 година. l Централната џамија во Кембриџ (Cambridge Central Mosque) од Маркс Барфилд Архитектите (Marks Barfield Architects), добитник на Наградата на источниот регион (RIBA East Award 2021), Наградата на источниот регион за архитект на проект (RIBA East Project Architect of the Year 2021), Наградата на источниот регион за клиент на годината (RIBA East Client of the Year 2021), Наградата за објект на годината на источниот регион (RIBA East Building of the Year 2021) и Националната награда (RIBA National Award 2021) сите за Кралскиот институт на британските архитекти за 2021 година. l Домување за клучните работници (Key Workers Housing) во Едингтон (Eddington), Кембриџ, од Стантон Вилијамс (Stanton Williams), добитник на Наградата на источниот регион (RIBA East Award 2021) и на Националната награда (RIBA National Award 2021) обете на Кралскиот институт на британските архитекти за 2021 година. l Пешачкиот мост при дворецот Тинтагел (Tinatgel Castle Footbridge) од Неј и Партнерс (Ney & Partners) и Вилијам Метјус Асошиетс (William Matthews Associates), добитник на Наградата на југозападниот регион (RIBA South West Award 2021) и на Националната награда (RIBA National Award 2021), обете на Кралскиот институт на британските архитекти за 2021 година. l Пристаништето во Виндермиар (Windermere Jetty) од Кармоди Гроарке (Carmody Groarke), добитник на Наградата на северозападниот регион (RIBA North West Award 2021), Наградата на северозападниот регион за објект на годината (RIBA North West Building of the Year 2021), Наградата на северозападниот регион за клиент на годината (RIBA North West Client of the Year Award 2021) и на Националната награда (RIBA National Award 2021), сите на Кралскиот институт на британските архитекти за 2021 година. 29 октомври 2021
ПОРТА
33
Катна гаража на Schüco во Билефелд, Германија, 2019 г.a
ИНОВАТИВНИ ТЕКСТИЛНИ ФАСАДИ ЗА ФЛЕКСИБИЛНОСТ НА ЗГРАДИТЕ Спортска продавница Sport Box во Софија, Бугарија, 2017 г.
Впечатлив лик и за едноставно практичните згради арањата за функционалност на зградите непрестајно се зголемуваат, а од суштинска важност е и архитектите, инвеститорите и клиентите да можат да ги остварат своите творечки импулси. Флексибилната текстилна фасада Schüco FACID овозможува различни фасадни концепти, како на пример да се даде нов лик на веќе постоечка зграда, да се пренамени нејзината функција или да се создаде впечатлив дизајн на објекти како катни гаражи, трговски центри, училишта и болници само со помош на исклучителната слобода на дизајн на фасадата.
Б 34
ПОРТА
29 октомври 2021
Деловен објект Gotha Cosmetics, Бергамо, Италија, 2020 г.
Деловен објект Schuhhaus Mücke, Кулмбах, Германија, 2018 г.
Деловен објект Gantner Instruments, Шрунс, Австрија, 2019
ПОРТА
архитектура
Архитектонска визуализација – Пред сè, со поместување на границите, добивме можност подобро да ги видиме идните објекти, но во исто време и можност за манипулација, бидејќи има случаи кога изградениот објект остава далеку полош впечаток отколку што бил случајот со визуализацијата Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Србија) апоредно со употребата на компјутери за архитектонско проектирање и појавата на CAD- програмите, помалку незабележливо се одвиваше и развојот на програми за архитектонска визуализација, првенствено преку програми за анимација. Денес, тоа претставува голема, одделна индустрија која ги поместува поставените граници.
Н
ЗаМена За арХитеКтонсКите МаКети Визуализацијата и, пред сè, моделирањето доаѓаат како замена за архитектонските макети. Побрзо, а веројатно е и поевтино да се направи 3Д модел на иден објект, отколку да се направат макети кои не се целосно исчезнати, но нивната употреба е значително намалена. Некаде на почетокот на новиот милениум, архитектите помалку срамежливо користеа програми за анимација, кои им овозможуваа да направат релативно скромни модели на идните објекти. Материјализацијата, осветлувањето, а често и деталите на ваквите архитектонски визуализации беа револуционерни во периодот кога се појавија, но технологијата е таква, што архитектонските прикази, многу често, по само неколку години, изгледаат застарени во споредба со оние што се актуелни. На некој начин, тоа е и добро и лошо во исто време. Пред сè, со поместување на границите, добивме можност подобро да ги видиме идните 36
ПОРТА
27 aвгуст 2021
објекти, но во исто време и можност за манипулација, бидејќи има случаи кога изградениот објект остава далеку полош впечаток отколку што бил случајот со визуализацијата. Од друга страна, клиентите, пред сè крајните клиенти, станаа „разгалени“ со барањата за визуализација, без каква било потреба да ја користат својата имагинација за да се обидат да го видат идниот објект. Авторот на овој текст започна со архитектонска визуализација пред околу десетина години, при крајот на факултетот. Тоа беше начин, студент, а потоа и архитект да ги претстави своите проекти на нешто подобар начин, а во исто време има можност да зависи помалку од луѓето кои би требало да работат за него. Во тоа време, архитектонската визуализација не се изучуваше на Архитектонскиот факултет, иако огласните табли беа облепени со огласи каде што други студенти или професионалци ги нудеа своите услуги. Една од идеите беше и зошто тоа не би можел и јас да го работам? Пред десетина години, за разлика од денес, потребните информации за стекнување вакви
Клиентите станаа „раЗГалени“
посебна индустриска гранка
вештини беа оскудни. Денес, доволно е да напишете „како да…“ на YouTube, без многу мака, за каков било проблем, и многу е веројатно дека ќе бидат пронајдени неколку клипови каде што може да се види одговорот на прашањето. Во тоа време, беше потребно повеќе труд за да се дојде до информации, од туторијали кои ги имаше малку, но постоеја, до книги, сè доаѓаше предвид за да се дознае нешто повеќе. Исто така, се чини дека програмите во кои се работеше во тоа време, бараа повеќе подесувања и имаа повеќе грешки отколку што е случај денес. На некој начин, сè делуваше потешко отколку што изгледа денес, што може да биде и погрешен впечаток. Потребни беа многу напори, и пред сè подготовка и учење, за да се добие некој скромен резултат, кој тогаш, од тогашна перспектива изгледаше одлично.
требите и знаењето. Пластично кажано, архитектите со репутација имаа клиенти и проекти, клиентите и тогаш беа навикнати да бараат да видат што е можно повеќе од идниот проект, а тие архитекти често немаа знаење да ги исполнат таквите барања на клиентите. Тогаш на сцена стапува нова генерација, која повеќе или помалку добро се справува со програмите за визуализација, но нема свои клиенти и проекти. Таканаречена ситуација win-win, барем така му изгледаше на авторот на овој текст. Не само што е добиена прилика стекнатото знаење да се наплати, туку е добиена можност, преку работа на визуализација, да се запознае реалноста на про-
ектирањето во пракса, разбирање на одредени фази на работата и да се научи многу во пракса. Во животот е потребно да имате малку и среќа, така што се случуваше еден архитект да му препорача на друг архитект млад колега кој се занимава со визуализација, и така работата се шири. Колку повеќе човек има работа, толку работата станува рутина, а покрај развојот на технологијата, се развива и личното знаење. Сè уште го паметам моментот кога требаше да моделирам лустер, бидејќи никаде не можев да најдам нешто слично, па со часови гледав во книгата и во сите можни туторијали кои ги имав во тоа време.
на сЦена стаПУВа МлаДата ГенераЦиЈа Тоа се годините кога во Европа сè уште постои релативна криза во архитектурата. Едноставно немаше работа, особено немаше доволно работа за младите архитекти. Додека постарите архитекти сè уште имаа одредени клиенти и проекти, младите многу тешко доаѓаа во ситуација некој да ги ангажира. Она што беше добро во сето ова е тоа што постоеше јаз во поПОРТА
ноВа ГранКа на инДУстриЈата На глобалниот пазар, имаше луѓе кои навреме разбраа дека се роди нова гранка на индустријата која веќе не е тесно поврзана со проект или со одреден архитект, туку дека може да ги понудат своите услуги на глобално ниво како агенција. Тие станаа специјализирани агенции, нешто како бироа кои се занимаваат само со изработка на модели, кои немаат проектанти во својот тим, туку исклучиво луѓе кои се занимаваат со визуализација. Со текот на времето, бизнисот кој е профитабилен, порасна толку многу што тоа е индустрија во која „се вртат“ милиони и која на некој начин влијае врз самата архитектура. Едноставно, многу добрата визуализација ги зголемува шансите за да се победи на конкурс, ги зголемува можностите за добивање работа и да се биде избран меѓу многу конкуренти. Еден од деловните модели во конкретниот
ПОРТА
случај е договор помеѓу студиото за визуализација и архитектонското биро за „заедничко учество“ на конкурсот на следниот начин, студиото за визуализација ќе го вложи своето време за да ја направи најдобрата можна визуализација и тоа ќе го наплати 50 отсто од цената. Во случај да се добие некоја награда на конкурс, вкупната цена ќе биде двојно поголема од почетната, односно четири пати повисока од онаа што е платена во случај конкурсот да не е добиен. Како што конкуренцијата и квалитетот се сè поголеми на глобално ниво, покрај фотореалистичноста, која практично веќе е постигната, студијата за визуализација додаваат и дополнителна вредност на своите прикази. Едноставно кажано, да се има добар приказ не е доволно, потребно е тој да раскаже приказна, да има таканаречен Storytelling, да предизвика емоција кај луѓето кај кои треба да предизвика емоции. Така, денес честопати може да видиме
прикази што се многу повеќе од обично претставување згради. Иако економски можеби звучи неоправдано, денес најголемите студија за визуализација се во Западна Европа и Северна Америка, и покрај многу пониската цена во Азија или Јужна Америка. Можеби една од причините е што најголемите архитектонски бироа сè уште се наоѓаат токму таму, иако не е редок случај нивните азиски филијали да бидат попрофитабилни и поуспешни од централите. Индустријата како таква, тежи да се однесува како посебна гранка на индустрија, така што честопати се организираат семинари кои се занимаваат исклучиво со состојбата во индустријата. Еден од попознатите беше, до избувнувањето на епидемијата на коронавирусот, семинарот Академски денови во Венеција. Она што е интересно е дека минатата година, на крајот на 2020 година, за прв пат, тој семинар беше организиран преку интернет и имаше говорници од целиот свет. Семинарот беше бесплатен со молба да се уплатат средства на италијанскиот Црвен крст. Каква е иднината на архитектонската визуализација, веројатно никој не може да каже. Одредени предвидувања одат во насока дека програмите ќе станат уште поедноставни за користење, како што се случи во претходните десет години, како и дека фокусот може да се префрли на анимација или поголема можност за интеракција на самите прикази. Постојат и денес можности за интеракција преку употреба на ВРкациги, но се чини дека квалитетот сè уште не го достигнал својот целосен потенцијал. Она што е добро е што самата гранка на индустрија дава одлични можности како за архитектите, така и за луѓето кои се подготвени тоа да биде нивна кариера. Сè додека се гради, ќе има клиенти кои ќе мора да ја видат инвестицијата што е можно пореално, а колку некој и да има идеја постојано да учи, човечкиот ум со годините ја губи можноста да усвојува знаење, така што секогаш постои тој јаз помеѓу оние кои имаат работа во проектирање, но немаат знаење во визуализација и оние кои сè уште немаат клиенти за проектирање, но имаат знаење за визуализација. Тоа може да биде добра прилика, а приликите е добро да се искористат. n
ПОРТА
комерцијален текст
Винербергер повикува на одговорен однос кон природата
омпанијата „Винербергер“ во Македонија ја претставува својата ангажираност за зачувување на биоразновидноста кај нас. Во исто време, упатува повик и кон другите компании во заедницата да ѝ се придружат во одговорниот однос кон природата. Според верувањата на нашиот народ, ластовиците носат среќа во куќата каде што ќе свијат гнездо, како и здравје, плодност и бериќет на жителите на тој дом. Како компанија со традиција од 200 години, природата е во срцевината на работењето на Винербергер. Човекот отсекогаш се вртел кон природата за да бара инспирација и за да наоѓа решенија во секое поле на своето живеење. Слично како и ластовичките, и ние сме почнале домовите да ги
К
40
ПОРТА
29 октомври 2021
правиме од глина и слама. Знаејќи дека природното е најдобро, производите во Винербергер се прават од целосно природни материјали, кои ќе овозможат енергетски ефикасни градби за живеење, во кои ќе има пријатна атмосфера во секое годишно време. Сите знаеме дека под влијание на климатските промени, милиони животински видови низ целиот свет се во опасност од изумирање. Истото се случува и на Балканскиот Полуостров, каде што се наоѓа Македонија, кој е еден од најбогатите европски региони со биоразновидност, но воедно и со висок степен на ендемизам. Во време на најголемото нарушување на природната рамнотежа на целата планета, наша одговорност е да ѝ вратиме на природата со добро.
Затоа, компанијата „Винербергер“ во Македонија се придружува на идејата за зачувување на биоразновидноста на целата групација „Винербергер“. Нивната приказна за производство на градежни материјали е тесно поврзана со градителската приказна на ластовичките. Со години наназад, под стреите на фабриката во Виница гнезда свиваат сè повеќе и повеќе ластовички. Зградата во која се произведуваат природни материјали од кои се изградени многу наши домови, во исто време е и дом на ластовичките – тука се размножуваат и оттука ги подготвуваат своите малечки за лет кон потоплите краишта на есен. Како што нивниот број се зголемува,
така тие сè повеќе придонесуваат за „чистење“ на воздухот во Виница и околината од инсекти (во текот на летото една ластовица јаде околу еден милион инсекти!), со што и директно враќаат за гостопримството, правејќи ги летните навали од инсекти помали. Како што се вели кај нас, една ластовичка пролет не носи, но штом се сторат цело јато – пролетта е тука. Се надеваме дека со нашата практика на живеење во хармонија со ластовиците ќе инспирираме многу слични практики во нашата заедница, за заедно да ја донесеме пролетта, односно почетокот на нашиот нов и одговорен однос кон природата, вели Владимир Златковски, директор на „Винербергер“ во Македонија.. n
29 октомври 2021
ПОРТА
41
технологии
Од гаражата на својот татко Денес, Rimac Automobili е најпозната токму по ексклузивните хипер автомобили, но според Мате римац, автомобилите се само еден сегмент од бизнис моделот. тие работат според бизнис модел кој посветува големо внимание на обезбедување на технологија за другите автомобилски компании, помагајќи им да развијат сопствени модели на електрични автомобили со високи перформанси.
Даниела МЛАДЕНОВСКА мето Римац денес е веќе синоним за модерни хипер автомобили. Амбициозниот Хрват изгради импресивна кариера со молскавична брзина, иако со само 33 години, јасно е дека најдоброто од него допрва треба да го очекуваме.
И
реЧиси и Да неМа ПреПреКа КоГа станУВа ЗБор За елеКтриЧните аВтоМоБили Во 2010 година, Rimac Automobili имал само еден вработен, покрај самиот сопственик. Денес, компанијата има над 1000 вработени и вреди околу 929 милиони УСД. За речиси една деценија, компанијата се најде рамо до рамо со најголемите играчи во автомобилската индустрија, вклучувајќи ги Porsche, Mercedes-Benz, Hyundai, а од 42
ПОРТА
29 октомври 2021
Мате риМаЦ
до превземање на Bugatti
неодамна и Bugatti. Сето тоа благодарение на решеноста на Римац да се втурне во непознатото и да ги следи своите соништа. Иако компанијата е школски пример на успешен стартап, Мате Римац не е класичен бизнисмен. Тој е иноватор, чиј идол е Никола Тесла. Роден е во Ливно, Босна и Херцеговина во 1988 година, и живеел таму до својата тригодишна возраст кога со своето семејство се сели во Германија, а во 2000 година, семејството се сели во Хрватска. Како дете покажувал посебен интерес за втомобилите и технологијата. Иако не се истакнувал посебно во училиштето, бил предмет на врсничко малтретирање поради својот хрватски јазик со „тежок“ германски акцент. Најмногу сакал да работи на автомобили и електронски уреди во гаражата на својот татко. Пред да наврши 18 години, тој веќе имал неколку меѓународни награди од различни натпревари за технологија и иновации. Една од неговите први иновации била дигитална ракавица, како замена за глувче и тастатура. Ова е долго пред појавата на екраните на допир. Потоа освоил многу први награди на натпревари за иновации со својот изум Active Mirror System систем за елиминирање на мртвиот агол кај автомобилите. Дипломирал применети науки на приватниот Универзитет ВЕРН (Sveučilište VERN) во Загреб. Во 2006 година, поради неговата пасија за тркање набавува E30 BMW 323i, но после само неколку трки моторот на
овој автомобил е целосно уништен. Тој вградува електричен мотор од 600hp, и прави модификации во каросеријата со што го трансформира BMW-то во она што Римац го нарекува e-M3. Се разбира почетокот бил тежок, но оттогаш за Римац речиси и да нема препреки кога станува збор за електричните автомобили. Тој победил на првата трка во 2010 година, а овој автомобил срушил серија рекорди во брзина кои влегле во Гинисовата книга.
соПстВени иЗВори на ФинансираЊе Компанијата Rimac Automobili била основана во 2009 година, во исто време додека Мате Римац се натпреварувал со својот Rimac e-M3. Токму овој автомобил ќе му послужи како тест платформа за различни технологии на електрични возила. Во тој период во компанијата работеле само Мате Римац и неговиот пријател Адриано Мудри, кој подоцна станува директор на проектантскиот тим. Се разбира, првите
ПОРТА
денови на компанијата биле тешки во финансиска смисла, но тие имале среќа да обедбедат финансирање од кралското семејство на Обединетите Арапски Емирати, па во 2011 година го презентираат првиот супер автомобил Rimac Concept One, на Frankfurt auto show. Првиот хрватски 44
ПОРТА
29 октомври 2021
електричен автомобил развива брзина од 200km/h за 6,2 секунди, а достигнува максимална брзина од 355 km/h. Производтвото на овој модел е лимитирано само на осум автомобили, но позитивниот моментум продолжува на развојот на нов хипер автомобил C_Two. Во својата
продукциска верзија, денес тој е познат како Rimac Nevera, хипер автомобил со 1,914hp и максимална брзина од 412 km/h. Денес, Rimac Automobili е најпозната токму по ексклузивните хипер автомобили, но според Мате Римац, автомобилите се само еден сегмент од бизнис моделот. Тие работат според бизнис модел кој посветува големо внимание на обезбедување на технологија за другите автомобилски компании, помагајќи им да развијат сопствени модели на електрични автомобили со високи перформанси. Ваквиот модел е создаден од практични причини. Во своите рани денови, не постоел интерес за финансирање на развојот на мала компанија за хипер автомобили, но Мате брзо сфатил дека единствениот начин компанијата да опстане е преку обезбедување на сопствени извори на финансирање од испорачување на технологија и експертиза за други производители. Ваквата стратегија, досега се покажува успешна за Rimac Automobili, привлекувајќи за соработка звучни имиња од автомобилската индустрија. Во 2018 година, Porsche ќе затропа на нивната врата со понуда за превземање на 10% од акциите. Денес, тој удел е 24%. Следен е Hyundai, кој заедно со својата сестринска компанија Kia, инвестирал над 93 милиони УСД, за удел во
Rimac Automobili, и за техничко партнерство во развојот на електрични возила. Неодамна, успехот е крунисан со превземањето на Bugatti, со контролирачки 55% од акциите на овој луксузен бренд. Листата на автомобилски компании на кои Rimac Automobili, им продава технологија и експертиза е навистина импресивна: AMG, Aston Martin, Cupra, Ferrari, Hyundai, Jaguar, Koenigsegg, Magna, Mercedes, Pininfarina, Porsche, Renault,... Мате Римац е најголемиот акционер со удел од 37%, потоа следуваат Porsche со 24%, Hyundai со 12%, додека 27% од акциите поседуваат повеќе помали акционери. Но, ова лето, освен за косопствеништвото на Bugatti, медиумите пишуваа и за неговата свадба во родното Ливно. На свадбата свиреле трубачи од Лесковац, Бајага ја отпеал „Бадеми и сол“, а младенците после црквената венчавка и буквално кренале прашина низ Ливо возејќи се во жолта Nevera, автомобилот кој е изум на младоженецот. ROBOTAXI Во ЗаГреБ Римац веќе сериозно работи и на технологијата на автономни возила. Rimac Аutomobili започна со реализација на проект тежок 454,2 милиони евра во Загреб. Се работи за развој и воспоставување на мрежа на електрични автономни такси возила во Загреб. Во 2024 година, Загреб ќе стане првиот град во светот во кој ќе биде достапна услугата robotaxi – користење на самовозечки, електрични такси возила преку апликација. Основачот на компанијата Rimac Automobili започнува со изградба на комплекс за полнење и сместување на возилата на Сава – на ливада наспроти загребскиот студентски дом Стјепан Радиќ. Целиот комплекс би требало да биде завршен до крајот на 2022 година. Услугата на robotaxi во Загреб би требало да биде лансирана до 2024 година. Комплексот со службено име „Центар на мобилноста“, кој вклучува градски плоштад, парк и објект со е-полначи, е само прв чекор во реализацијата на овој проект најавен во март годинава. Идејата е „Центарот на мобилноста“ на Сава да служи за две цели. Од една страна тој ќе има општествена улога, како место на кое луѓето ќе доаѓаат да се запознаат со новите технологии и во пријатен амбиент да поразговараат со стручњаците. Втората цел е се разбира онаа практичната и функционална – полнење на возилата, но и нивно одржување на еколошки одржлив начин. Навистина метеорски успех на еден млад човек, од кој оправдано уште многу се очекува. Хрватска, со право е горда на оваа своја автомобилска компанија. Од земја без
автомобилска индустрија, се позиционираше на врвот. Денес не само што во Хрватска се произведуваат автобобили, туку се произведуваат едни од најмодерните автомобили. Во опкружување
во кое многу држави од развиениот свет се посветени на забрана за автомобилите со мотори со внатрешно согорување, Rimac Automobili подготвено ги чека новите предизвици. n
ПОРТА
екологија
Зелена сУштина или саМо еДно Зелено ПаКУВаЊе?
Зелени потрчковци по „зелени договори“, „зелени агенди“ и „зелени работни места“ Како може да се очекува реализација на често многу скапите проектни активности кои обезбедуваат чиста животна средина, кога одвојувањата во буџетот на Македонија за ставката заштита на животната средина се во опсегот од 0,4 до 0,7 % за периодот од 2011 до 2021
46
ПОРТА
29 октомври 2021
Aна М. ЛАЗАРЕВСКА, редовен професор о февруари 2019 г., како иницијатива оддолу-нагоре1,2,, т.е. од законодавната (каде пратениците – посредно или непосредно – се бираат како претставници на гласачкото тело) кон извршната власт, Конгресот на САД, на својата 116-та Седница, ја прифати 109-тата Резолуција, со која Владата на САД се задолжува да го создаде т.н. „Зелен нов договор“ (анг. Green New Deal 3,4,) (GND). Накратко, преку 10-годишна националнa рамка, GND треба да го поплочи патот кон реализација на следните цели: GND_G1. постигнување „нето-нула емисии“ (анг. net-zero emissions) на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина (анг. green-house gasses - GHG); GND_G2. отворање неколку милиони високоплатени работни места, при што, за сите ќе биде обезбедена економската сигурност; GND_G3. инвестирање во инфраструктура и индустрија; GND_G4. обезбедување чист воздух и вода, отпорност кон климатските промени и отпорност на заедницата, здрава храна, пристап до природата и одржлива животна средина за сите; и GND_G5. промовирање правда и еднаквост за сите. Дополнително, наведени се активности и проекти преку кои би се реализирале договорените цели, како на пр. GND_A1. воспоставување „паметни“ електрични мрежи (т.е. мрежи со кои на клиентите им се овозможува да ја намалат нивната енергетска потрошувачка во периодите на најголема дневна побарувачка, од една страна, заради оптимирање на потребата за електрична енегија во рамки на мрежата, но од друга страна, и во насока на избегнување непотребни економски реперкусии бидејќи обично во тие периоди цените на електрична енергија се највисоки); GND_A2. реконструкција на сите постоечки згради и изградба на нови, заради постигнување максимална ефикасност во потрошувачката, преку оптимирање на потребите од енергија и вода; GND_A3. отстранување на загадувањето и емисиите на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина од секторите транспорт и
В
земјоделие; GND_A4. расчистување на постоечките локации каде се депонира(л) опасен отпад, како и на напуштените диви депонии; GND_A5. обезбедување непостоење нелојална конкуренција меѓу деловните лица; и GND_A6. обезбедување високо образование, висококвалитетна здравствена заштита и достапно, сигурно и соодветно домување за сите. Во април 2021 г.5 Резолуцијата 332 го потврди и попрецизно го прошири (во дел и квантитативно) дефинирањето на целите. Имено, во однос на GND_G1, додефинирана е рамката за глобалното затоплување да остане под 1,5 °C, додека во GND_G2 специфизирано е дека работните места треба да бидат синдикатски (што е многу интересно од аспект на тежината и влијанието на работничките синдикати во политичкиот систем на САД). Од наведеното, јасно е дека фокусот на GND е во (види табела 1.) 1 исполнување на целите на одржлив развој (анг. Sustainable Development Goals – SDGs6,7), со директен акцент на одржување и зачувување на почиста животна средина, и тоа, чиста и достапна вода – SDG6, справување со климатските промени –
SDG13, запазување на животот под вода – SDG14 и животот на земјата – SDG15, на развојот на индустријата преку исползување на обновливите видови енергија – SDG7 и целење кон иновативност и кон подобрување на инфраструктурата – SDG9, на обезбедувањето квалитетно образование – SDG4, справување со сиромаштијата – SDG1 и со гладта – SDG2, обезбедување добро здравје – SDG3, родова еднаквост – SDG5, мир и правда – SDG16; 2 нивна реализација преку одржлива економско-социјална рамка (преку обезбедување партнерство за остварување на сите наведени цели – SDG17), која гарантира нови т.н. „зелени“ работни места, преку реализација на следните цели на одржлив развој: обезбедување пристојни работни места и економски раст – SDG8, намалување на социоекономската нееднаквост – SDG10, практикување одговорна потрошувачка – SDG12, а сето тоа преку проекти и активности кои ќе водат кон одржливи градови и населби – SDG11. На европско тло, онаму каде (барем декларативно) цели македонското општество, ситуацијата е слична, но и помалку различна. Европската комисија (ЕК), како законодавно тело на Европската Унија, разработи,
29 октомври 2021
ПОРТА
47
предложи и донесе слична иницијатива под името „европски зелен договор“ (анг. European Green Deal,8,9,) (EGD), во која, споредено со NGD на САД , рамките – без оглед дали временски, финансиски, бројчени и сл. – границите, таргетите и заложбите се многу попрецизно дефинирани. Накратко, препознавајќи ги климатските промени и деградацијата на животната средина како егзистенцијална закана за Европа и светот, ЕК го предлага EGD како рамка и иницијатива која ќе го трасира патот кон надминуање на овие предизвици, преку трансформирање на економијата во земјите членки на ЕУ во модерна, конкурентна и економија ефикасна во однос на ресурсите. Главните цели на EGD се да се обезбеди: EGD_G1.„нето-нула емисии“ на гасовите кои предизвикуваат ефект на стаклена градина до 2050 година; EGD_G2.раздвојување на економскиот раст од (заб. авт.) достапноста и користењето на ресурсите; EGD_G2.обезбедување ниту едно лице и ниту едно место да не е превидено, прескокнато или запоставено.
48
ПОРТА
29 октомври 2021
И за оваа иницијатива патот на усогласување на содржината и нејзиното прифаќање е оддолу-нагоре, т.е. од законодавната до извршната власт. Другите релации меѓу NGD на САД и EGD се дадени во табела 1. Активностите со кои овие цели може да се постигнат се групирани во 5 категории и тоа EGD_A1. Активности со кои се намалуваат емисиите , EGD_A2. Креирање работни места и промовирање и постигнување (економски) раст , EGD_A3. Справување со енергетската сиромаштија , EGD_A4. Намалување на зависноста од надворешни увози на енергија, т.е. (заб. авт.) постигнување поголема енергетска независност и отпорност ,и EGD_A5. Подобрување на здравјето и добросостојбата . Каква е состојбата во Македонија? Според објавените дневни редови на седниците во македонското Собрание, кое е пандан на Конгресот на САД или на Европската комисија
(заб. авт. - еквиваленцијата сепак не е потполна поради посложената општественополитичка структура на трите наведени политички системи), како законодавна власт во Македонија, Софиската декларација од ноември 2020 година11, со која земјите од т.н. Западен Балкан се обврзаа на имплементација на т.н. „Зелена агенда“ никогаш не била разгледувана, дискутирана и/или прифатена од македонските народни пратеници. Од друга страна, на седниците на Владата, има само едно и единствено известување12 и листа на заклучоците преземени од текстот на декларацијата, за учеството на наши претставници на состаноците и (cit.) „потврдување, препознавање, прифаќање на постулатите на т.н. „Зелена агенда“12,13,14,15 за Западен Балкан“. се поставува прашањето, 1. каде е тука застапеноста на секој граѓанин од Македонија, неговото вклучување во донесувањето одлуки во врска со, во Уставот, загарантираните права на чиста животна средина, слободен пристап/достапност до работни места и сл., кои преку пратениците, секој граѓанин би требало да има можност да ги пренесе на законодавното тело, а потоа и до извршната власт. 2. дали ваквите постапки на политичките и граѓанските претставници кои делуваат во собранието како законодавна и во Владата како извршна власт, може да се препознаат како вистински, суштински и искрени заложби за реални акции во насока на заштита на околината, создавењето и еднаквата достапност на зелени работни места... или, се всушност само зелена обвивка за празните, но „интригантни“ предизборни ветувања, со кои авторите на ваквите ветувања се претвораат во „Зелени ПотрЧКоВЦи“ по „зелените договори“ и по „зелените агенди“. 3. дали македонското општество има подготвено ресурси (материјални, енергетски и човечки) со кои одговорно може да пристапи кон препознавање на најгорливите проблеми кои се дефинирани во Зелената агенда за Западниот Балкан, нивна приоретизација и соодветно планирање активности за најсоодветно пристапување кон разрешување на секој од препознаените проблеми. Одговорот на првото прашање е кристално јасен, од фактот дека ниту Собранието продложило или наложило, ниту Владата дискутирала и/или прифатила некаков правен обврзувачки акт со кој македонското општество се приклучува кон Зелената агенда. Се чини дека наложувањето за балканските
земји секојпат е одгоре-надолу и тоа од суфлерите кои најчесто се стационирани во дипломатските претставништва на земјите членки на ЕУ, европските мисии и/или на САД и Британија. Оттука произлегува и следното прашање, дали нешто што е натурено или насадено без да се земат предвид специфичностите на земјата каде нешто треба да се имплементира, има реална можност за позитивен исход. Или пак, поправилен и логичен би бил патот кој е одбран и од САД и од ЕК, т.е. искрените и суштински зелени иницијативи да произлегуваат од секој граѓанин, да се презентираат и прифатат во Собранието и согласно тоа да се реализираат доследно, одговорно и отчетно од извршната власт, како на државно, така и на локално ниво. Одговорот на второто прашање е уште појасен. Устите на политичарите и програмите на политичките партии се преполни со зелена енергија, зелен сообраќај, зелен живот, чиста средина, чиста вода, чист воздух и т.н., и „секако“, зелени работни места кои сето претходно наведено „наводно“ ќе го реализираат. Но, повторно се отвораат нови прашања, т.е. колку јавни претпријатија, колку јавни образовни институции, колку зданија кои се под државна или општинска надлежност, може да се пофалат со зелена стратегија, преточена во зелена политика, која гарантира посветеност, овозможува конципирање акциски планови и веќе спроведува одржливи активности кои навистина може да се именуваат како „зелени“? Чест на спорадичните исклучоци ограничени во просторот и времето, но нивниот број е навистина мал. Одговорот на третото прашање е уште позасрамувачко. Не дека се бараат оправдувања, но како и може да се очекува реализација на, често, многу скапите проектни активности кои обезбедуваат чиста животна средина, кога одвојувањата во буџетот на Македонија за ставката заштита на животната средина се во опсегот од 0,4 до 0,7 % за периодот од 2011 до 2021 (табела 2, притоа треба да се има предвид големината на македонскиот буџет, наспроти буџетите на земјите од ЕУ и САД, т.е. апсолутата вредност на наведените проценти, кои се реално на располагање за реализација на проектите за справување со загадувањето на животната средина). Причината за тоа е дека секторот заштита на животната средина, многу почесто бара финансирање, додека повратот на инвестицијата (барем финансиската) се цени за мал или никаков, па ретки се тие кои ќе пројават интерес, финансиски да поддржат и реализираат вакви активности. Но, ова е само едно кусогледо и
несеопфатно гледање на проблемот! Ако на една страна се стават инвестициите за превенирање на загадувањето на животната средина, кое со себе повлекува и превенција од загубено здравје, работоспособност, неисплата на здравствено осигурување поради загубено здравје, намалени трошоци за лекување на нарушеното здравје, избегнат загубен живот на старател или родител и со тоа префрлање на грижата на децата во домови за згрижување или згрижувачки семејства и слични вакви превенирања познати под терминот приод кој го решава проблемот на почеток (анг. beginning-of-pipe approach), пред тој да произведе поголеми последици, а од другата се ставаат трошоците за отстранување на последиците од претходно наведените ризици, пресметката укажува на неколку стотини пати повисоки трошоци за второто – т.е. т.н. приод кој се справува со последиците (анг. end-of-pipe approach). Една од мерките, која се покажала како успешна во превенција на горенаведените реперкусии, е подигнување на нивото на знаење и свеста за предочените
проблеми, а тоа се постигнува со воведување наставни единици во сите нивоа на образование, почнувајќи од претшколската возраст до високото образование, а потоа и низ целиот живот. Секако, не смее да се заборави и моментот на домашното воспитание. Во табела 1, дадена е споредба на некои карактеристики во врска со предлагањето, дискусиите во претставничките тела на соодветните држави/заедници, процесот на донесувањето, како и постоење и расположивост на ресурси кои овозможуваат/се неопходни за имплементација на „Зелениот нов договор“, Европскиот зелен договор“ и „Зелената агенда“ на која се договорија балканските земји. Направената анализа говори сама за себе во врска со посветеноста на македонската извршна и законодавна власт околу имплементацијата на Зелената агенда, зелените работни места, зелениот начин на функционирање и делување. Од сите претходно наведени причини, станува појасно зошто обично зад проектните активности кои финансиски застануваат или даночните обврзници на некоја земја членка на ЕУ и/или другите економски поразвиени земји на глобално ниво (САД, Јапонија, В. Британија), меѓународни и глобални фондови за поддршка на зелените агенди, како и поволни кредити од развојни банки. Во 30годишното постоење на Македонија, постојат неброени примери за ваквата пракса кога со директна помош од разни донатори се реализираат проекти во поддршка на дефинирањето државни или локални политики (на пр. Стратегијата за одржлив развој финансирана од нордиските земји и Германија, Стратегијата за менаџмент на отпад финансирана исто така од претходните, оценка на ризиците и последиците од поплавите и справувањето со нив, поддржано од УНДП и/или Швајцарската влада и т.н.), но и за реализација на конкретни 29 октомври 2021
ПОРТА
49
активности кои имаат потенцијал да се вбројат во Зелената агенда на Владата. Уште повеќе, под изговорот дека сме „економија во развој“ или општество во кое најголемиот број од локалните буџети се директно зависни и редовно се дотирани од државниот буџет, реализацијата на т.н. „Зелена агенда“ најчесто е во рацете на невладиниот сектор. Тој пак, преку грантови од редовните донатори (како на пр. фондови на Обединетите нации, Европската комисија и наменски грантови линии од пријателски економски развиени земји како на пр. скандинавските држави, САД, Швајцарија, 50
ПОРТА
29 октомври 2021
Јапонија, Британија и др.) Затоа, однапред се извинувам за горенаведеното именување, но едноставно тој опис сам по себе ми се потврди и наметна откако случајно изгледав еден спот од неодамна започнатата предизборна кампања, за кој првично не знаев од која партија е, додека не го видов главниот потрчко. Па Ве бендисувало тоа или не, јас стојам на ставот дека ова е вистинскиот епитет за нашите извршни-властелини – Зелени ПотрЧКоВЦи. Тие со право ќе си го носат овој назив, сè додека самостојно не произлезат со автохтони иницијативи за решавање автохтони
проблеми, а нема да го користат т.н. copypaste приод со кој стратегии и политики релевантни за на пр. јапонски услови, се обидуваме да ги реплицираме во балкански манир. Најнагледен пример за тоа се последните поместувања во секторот на глобалната енергетика, кои секако не ја одминува ни Македонија. Се чини дека нашите одговорни репрезенти во власта, делуваат ad hoc, наместо стратешки да се пристапи кон решавање на проблемот со вртоглаво растечките цени на електричната енергија, поттикнато од напоредно растечките цени
на горивата и на т.н. карбон кредити. Но, оваа тема ги надминува границите на овој напис. Одговорот на Владата на РМ на овие поместувања е со УВОЗ НА ЈАГЛЕН и со активирање на ТЕЦ Осломеј, ТЕЦ Неготино и/или третиот блок во ТЕЦ Битола. Ако се знае дека согласно декларираната посветеност за намалување на емисиите од 1
гасови кои предизвикуваат ефект на стаклена градина, термоцентралите на јаглен треба да се стават вон употреба до 2030, што е во директна корелација со континуирано растечките цени на т.н. јаглеродни емисии (анг. carbon prices) на берзата на ЕУ за емисии на еквивалент на јаглероден диоксид,, се прашувам, во која
https://www.usa.gov/branches-of-government https://www.google.com/url?sa=i&url=https%3A%2F%2Fwww.statista.com%2Fchart %2F7949%2Fhow-the-united-states-aregoverned%2F&psig=AOvVaw16giqLcCtSTwETb2jqKo_S&ust=1632567157138000&sour ce=images&cd=vfe&ved=0CAsQjRxqFwoTCPjr-d24l_MCFQAAAAAdAAAAABAD 3 https://www.congress.gov/bill/116th-congress/house-resolution/109/text 4https://reader.elsevier.com/reader/sd/pii/S2214629620301067?token=62AC05E18B26 FE8E51D8D488379F0D0F46D4AC21B9A6093C3E55E99109E0A9B6B99413C26D4887F 0B08CC374C9E35566&originRegion=eu-west-1&originCreation=20210924104610 5 https://www.congress.gov/bill/117th-congress/house-resolution/332/text?r=5&s=1 6 https://sdgs.un.org/goals 7 https://www.unsdsn.org/sdg-index-andmonitoring?gclid=CjwKCAjw7rWKBhAtEiwAJ3CWLFduLUfESY4qojD6BqgUDRkIoTcpG kgpC_uT9K4pZNKmqpFvZfsb6BoCatsQAvD_BwE 8 https://ec.europa.eu/info/strategy/priorities-2019-2024/european-green-deal_en 9 https://ec.europa.eu/info/publications/delivering-european-green-deal_en 10 https://foreignpolicy.com/2019/12/17/united-states-democrats-green-new-deal-eueurope-technically-feasible-environment-progress/ 11 https://www.rcc.int/docs/546/sofia-declaration-on-the-green-agenda-for-thewestern-balkans-rn 12 https://vlada.mk/node/23131 13 https://vlada.mk/node/25830 14 https://vlada.mk/budzet 15 https://www.rcc.int/docs/546/sofia-declaration-on-the-green-agenda-for-thewestern-balkans-rn 16 https://ec.europa.eu/jrc/en/science-update/eu-support-decarbonising-westernbalkans 2
„зелена агенда“ може да се впишат постапките на нашата Влада? Епа мои ЗЕЛЕНИ ПОТРЧКОВЦИ, чукнете се по глава и сменете го однесувањето, затоа што со ваква стратегија и со вакви тактички дејства НИКОГАШ НЕМА ДА (ПО)СТИГНЕТЕ НИТУ ЕДНА од целите на „зелените агенди“ и на „зелените договори“. n
17 https://eur-lex.europa.eu/legalcontent/EN/TXT/PDF/?uri=CELEX:52020SC0223&from=EN 18 https://mk0eeborgicuypctuf7e.kinstacdn.com/wp-content/uploads/2020/12/GreenAgenda-Summit-Civil-Society-Statement-09Nov2020-003.pdf 19 https://www.rcc.int/docs/548/green-agenda-for-the-western-balkans 20https://mk.usembassy.gov/mk/%D0%BF%D0%B0%D1%80%D1%82%D0%BD%D0%B5 %D1%80%D1%81%D1%82%D0%B2%D0%BE-%D0%B7%D0%B0%D1%83%D1%81%D0%BF%D0%B5%D1%88%D0%BD%D0%B0%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%84%D0%B5%D1%80%D0%B5%D0%BD%D1%86%D 0%B8%D1%98%D0%B0-2/ 21 https://www.epa.gov/planandbudget/budget 22 https://ballotpedia.org/Environmental_spending_in_the_50_states 23 https://www.nationmaster.com/nmx/ranking/total-expenditures-on-environmentalprotection 24 https://ec.europa.eu/eurostat/statisticsexplained/index.php?title=File:Total_general_government_expenditure_on_environmen tal_protection,_2019_(%25_of_GDP)_.png 25https://finance.gov.mk/%D0%B4%D0%BE%D0%BA%D1%83%D0%BC%D0%B5%D0% BD%D1%82%D0%B8-2/ 26 https://www.mkbudget.org/ 27 https://www.bloomberg.com/news/articles/2021-01-19/europe-carbon-marketemissions-permits-set-price-records-in2021?utm_medium=cpc_search&utm_campaign=NB_ACQ_DSAXX_DSATESTTCPAXX_ EVG_XXXX_XXX_COALL_EN_EN_X_BLOM_GO_SE_XXX_XXXXXXXXXX&gclid=Cj0KCQj wqp-LBhDQARIsAO0a6aIWqny274ViyNWHsJ8PLsimSNUTzLqgnpFCEsSLoCrczlwpLfb4jIaAlDOEALw_wcB&gclsrc=aw.ds 28 https://tradingeconomics.com/commodity/carbon
29 октомври 2021
ПОРТА
51
репортажа
КаКо Во оДЈаВна сЦена оД ФилМ на Џон ФорД
Скици од Мариово
изборот за посета на одредени места најчесто е одреден од нивната туристичко-маркетиншка актуелност, но сепак најголем е предизвикот кога ќе откриете скриени места чии мириси, луѓе, слики ќе се врежат во вас и ќе создадат желба постојано да се навраќате во нив исто како да сте за прв пат таму 52
ПОРТА
29 октомври 2021
Стоиме на карпите над реката, Сонцето пополека заоѓа зад ридот како во одјавна сцена од филм на Џон Форд, небото е мастилаво сино и на него срамежливо се појавуваат првите ѕвезди за да ја најават топлата летна ноќ. Владее потполна тишина која одвреме-навреме ја пресекуваат звуците на јагнињата кои пред крајот на денот се прибрани во бачилата да преноќат, светулките срамежливо ги започнуваат ноќни игри, мракот започнува да допира сè наоколу нас, а ние го забораваме тешкиот пат што сме го поминале да дојдеме дотука. Мариово 2021 год. Петар ЧАУШЕВСКИ ознато по приказните за Итар Пејо, неретко употребувано и со пејоративно значење многумина за Мариово зборуваат како за едно село, но Мариово е област која се протега на површина од над 1.300 квадратни километри во кои се наоѓаат триесетина села кои се поделени помеѓу Прилеп, Кавадарци и Битола. Реката Црна ја дели областа на два дела или Старо Мариово од десната страна и Младо Мариово од
П
29 октомври 2021
ПОРТА
53
левата страна на реката. Пронајдените артефакти на територијата на Мариово покажуваат дека на овој простор постоел организиран и динамичен начин на живот уште од античкото време. Но сепак Мариово е најпознато за време на Првата светска војна, кога на неговата територија се сечат фронтовски линии и во него се стационирани војските на завојуваните страни. За да дојдете во Мариово наједноставно може да го направите тоа преку Прилеп или Битола, по асфалтен пат пристигнувате во првите мариовски села, а оттаму пеш или со велосипед може да ги откривате пределите, низ кои додека се движите, имате чувство дека патувате низ разни историски епохи. Селата се речиси напуштени и главно се празни, останале претежно стари луѓе кои не сакаат да го напуштат своето родно место. Иако кон крајот на 1948 година Мариово бил регион со највисока стапка на наталитет во поранешна Југославија, денеска е реткост да сретнете деца во мариовските села, не може ни детски глас да слушнете некаде во далечината. Луѓето кои ќе ги сретнете се гостопримливи и отворени за разговор. Темите за разговор, без оглед дали се зборува за нешто што се случило пред 100 години или денес, ги раскажуваат во сегашно време, како да биле таму и како и тие да се живи учесници во настаните. Најчесто разговорите им започнуваат со тоа како се живеело порано, па продолжуваат за војниците од Африка со ,,алки на лицето“, кои биле стационирани тука за време на Првата светска војна, па неретко некои од
54
ПОРТА
29 октомври 2021
жителите се изразито црномурести, потоа приказни за закопано злато по околните ридови, па сè до секојдневните проблеми. Мариовските куќи се изградени од градежни материјали кои се наоѓале во непосредна близина на селата. Куќите целосно се изградени од камен, а покриени се со гранитни камени плочи. Куќите се на приземје и кат. Во приземјето се чувала стоката и храната (во овој простор најчесто се раѓале децата), а катот бил наменет за живеење. Во дворот на секоја куќа има фурна како и оградени места за чување добиток или за одгледување градинарски култури. Секое село има селска црква, а во околината често има и по неколку манастири на кои за празниците се собирале луѓето од околните села. Мариово било доста актуелно во античкиот период за што зборуваат археолошките наоѓалишта од кои одредени артефакти може да ги сретнете вградени во нивните куќи, штали или во селските чешми. Изборот за посета на одредени места најчесто е одреден од нивната туристичкомаркетиншка актуелност, сепак најголем е предизвикот кога ќе откриете скриени места чии мириси, луѓе, слики ќе се врежат во вас и ќе создадат желба постојано да се навраќате во нив исто како да сте за прв пат таму. n ПОРТА
уметност
Inside Out: Не е скапо да се произведе уметност – скапо е истата да недостига нашата акција беше апел за поддршка на уметниците. Кај нас ситуацијата е таква што европските фондови се главен извор на финансирање и се влегува во различни партнерства со што се доведува во прашање интегритетот на уметникот
ПОРТА 3 а културата, светлината, Inside Out, за тоа дали пораката е примена Порта 3 разговараше со иницијаторите и лидерите на оваа акција Весела Моловска и Марија Коробар Дали на скопје му фали јавен простор, па потоа култура или му фали квалитетна култура на јавен простор? ВМ: Тоа што на Скопје одамна му фали е живот, му фали разновидност во програмата, му фали екстаза, му фали доживување, му фалат многу нешта што ќе ги натера луѓето да посакаат и нешто поразлично од „кафич и кафана“. Не оспорувам ниту една институционална уметничка програма, не го
З
56
ПОРТА
29 октомври 2021
оспорувам турбофолкот, не ги оспорувам кафеаните, не ги оспорувам кафулињата, тие отсекогаш биле дел од нашето живеење, но го оспорувам моментот дека не знаеме или не посакуваме ништо друго понатаму од тоа. Оние кои посакуваат поразлична културноуметничка програма се едно те истата малубројна публика. Дебар Маало, на пример, од најкултното место во градот се претвори во турбо естрада, Старата чаршија повторно не е разновидна и достапна за сите, се повлековме и од неа... И така, секој човек што има потреба од квалитетна култура, полека, полека се повлекува и доминира сè, освен урбаното и убавото. Што значи, на Скопје јавен простор не му фали, туку му фали добро осмислен и креативен јавен простор што ќе предизвикува интерес
кај минувачите. Значи му фали квалитетна култура на јавен простор за да се предизвикаат промени во потребите и однесувањето кај луѓето. МК: На градот му недостасува култура, како и повеќе културна програма на јавни површини. Малубројните случувања од овој карактер собираат значаен број на публика што ни укажува за потребата на граѓаните. А ако по дефиниција јавен простор се плоштадите и парковите, сметам дека може да се каже дека на Скопје му недостасува јавен простор. архитектурата е таа која го формира или го одзема јавниот простор? одземен ли ни е многу јавен простор? ВМ: Кога дојде мојот другар Хавиер од Мадрид на гости во Скопје ми рече вака:
„неКа сВетлината оД УМетниЦите се оДраЗи ВрЗ Целата ЗаеДниЦа“ „Боже колку ви е грд градов, а колку сте вие убави“. Секако, не е само Скопје. За останатите градови можеме само да молчиме и да подголтнуваме. Јасно ни е дека секое парче земја се силува од денот на нашата независност, од денот кога македонските партии ја презедоа сета контрола врз државата. Да не зборуваме, пак, за времето кога во името на напредокот и културата не се доведовме на самото дно туку се самозакопавме. Така што кај нас напредок не постои и преку архитектурата континуирано ни го одземаат секое делче, а воедно нема никаков повидок за тие одземени зданија да можат, преку интервенции на уметниците, да бидат разубавени. МК: Урбаниот хаос во нашиот град сите го дишеме и живееме. Ако се водиме по стандардите за хумано живеење ние практично и немаме вистинска градска средина. Сепак сметам дека одмина времето за потенцирање на проблемите, време е за решавање на истите. Дали се парите и вложувањата од институциите во културата, пресудни за нејзиниот квалитет? Максим ристевски вели дека „не е скапо да се произведе уметност – скапо е истата да недостига“. ВМ: Во нашиов крајно криминален и коруптивен систем никој не размислува на квалитет. Сите вметнати во културата размислуваат за своите проекти, во кои е напишано дека се создаваат за општествено добро и за развој на што поширока публика и што поголема промена на културолошката свест, а напишаното ретко е поврзано со реалното. Се откорнавме од дебатирање во празно. Ние де факто функционираме институционално, а институциите ни се загниени. Институциите ни се партиски. Гнили. Со чест на исклучоци каде некои од тие институции се обидуваат, а некои навистина преземаат. Но како и да е, луѓето не одат по музеи, не одат во театар, не одат на опера и балет, филхармонија... не одат. Тоа е малубројна публика во однос на масовноста што ни е потребна за воопшто да почувствуваме промена. МК: Квалитетот во уметноста се изразува преку уникатното искуство на поединецот. Успехот на едно креативно дело е во потенцијалот кој го поседува да остава впечаток неважно од неговите површински вредности. Тоа се постигнува преку квалитетот на идеите, иновативноста и мајсторството на авторот да ги пренесе истите. Всушност претставува синтеза на вештина со иновативна перспектива на уметникот. Нашата акција беше апел за поддршка на уметниците. Кај нас ситуацијата е таква што
европските фондови се главен извор на финансирање и се влегува во различни партнерства со што се доведува во прашање интегритетот на уметникот. Голем дел од квалитетните уметници кај нас не можат, ниту сакаат да функционираат на овој начин. Се случуваат и квалитетни настани од областа на културата, но неретко публиката е малубројна, тоа се главно истите луѓе. Како да се привлече нова публика?
ВМ: Како? Со креативност! Со излегување надвор од институциите. Со создавање програма што ќе вознемирува, возбудува и ќе допре до сите сетила, а не пародии, парадички и настанчиња. И тоа не институциите да ангажираат уметници кои самите ќе ги определат, туку уметниците сами да се ангажираат и слободно да почнат да се изразуваат во јавноста. Не се прави култура со по 500 евра 29 октомври 2021
ПОРТА
57
поделени на рој независни уметници од скромниот буџет на РМ. И тука ни е промашена стратегијата. Културата е скапа играчка, но како што рече Максим, не е толку скапа колку што е скап недостатокот од истата. Што значи, бидејќи е скапа играчка, главното олеснување би било со менување на Законот за донации и спонзорства кој е создаден крајно нефункционално во однос на културата. Даночното ослободување со 5 % од профитот на големите и успешни фирми може многу да промени, а воедно да има буквално за сите без да се оптоварува Министерството за култура во неговите институционални програмирања. Доста е со изговорот дека преку културата ќе можело пари да се проперуваат бидејќи досега преку што сè не ги пропраа, ништо на народот не му дадоа. Постои начин, постои создавање стручно независно тело во „Култура“ (значи, не партиско туку стручно), кое ќе биде одговорно за одобрување на проектите, постои исто така создавање стручно тело во „Финансии“ кое ќе го контролира приливот и одливот само на проектите од култура. Сè може да се докаже и покаже. Треба да се сака истото да се направи. Како една Европска Унија успева да ги исконтролира сите возможни проекти во однос на финансиите и изведбите? Ние едноставно не сакаме, не се ни обидуваме, 58
ПОРТА
29 октомври 2021
не размислуваме за општественото добро, живееме во институционална лага на една квазиинтелектуала. Друга стратегија, откако ќе се создаде олеснителен закон за употреба на средства за креација е вклучувањето на граѓаните во културните процеси и разубавување на јавниот простор, создавање мали плоштатчиња каде младите ќе се собираат, константна разновидност на креативни програми и што уште не, но пред сè, со ангажирање што повеќе уметници од нашето поднебје. Тие се создатели. Па не сме свесни колку уметност и креатива кубури во овој безизлез кај нас. Уметникот може чуда да направи! А да не зборуваме за тоа дека што повеќе култура и публика, тоа поголем економски раст доживува една земја. И тоа не го знаат нашиве. Кога еден Черчил го прашале дали да скратат од средствата на културата за да можат да ја финансираат војната, знаете што им одговорил? Рекол: „Па за што тогаш се бориме ние?“ Ете така.Топлата вода одамна е измислена, само треба да ја пуштиме за да се измиеме. МК: Решението за оваа проблематика го гледам во едукација на новите генерации. Треба да работиме сега, веднаш, за во иднина да имаме резултати. институциите се декларираат дека ја поддржуваат културата, точно ли е тоа?
Умеат ли да разграничат квалитетни од неквалитетни случувања? ВМ: Од една страна имаме недостаток од квалитетно обучена администрација, а од друга администрација што сака, а нема можност ништо да преземе, така што немаме ниту квалитетно декларирани институции. Ќе повторам, со чест на исклучоци кои сериозно водат борба за нешто да постигнат и постигнуваат, за одредена мала публика која живее во меурот на квалитетните случувања и задоволства. МК: Не сакам да коментирам за програмските активности на институции од кои не сум дел. Како и врз база на што ги креираат програмите. Резултатите ги гледаме и чуствуваме сите. Нам ни недостасува стратегија за развој на културата, а особено недостасува поддршка на уметниците. скопската „Inside Out“ акција вклучува 130 портрети. Кој ја правеше селекцијата на луѓето? се среќававте ли со коментари, кои сте вие да решавате, и кај ги најдовте токму нив? ВМ: Селекцијата ја правевме ние и главно тоа се луѓето од нашето опкружување кои ги познаваме лично, а некои ги познаваме преку пријатели или ги добивме по препорака од другите уметници. Имавме многу кратко време за реализација на портретите, а сред лето, многу беа исто така
ако не ги поддржиме уметниците, ќе продолжиме да го жртвуваме креативното Промени и напредок што ќе се почувствува во општеството, сакаме да видиме сите; истовремено свесни дека ставовите и вредностите за кои се залагаме како општествени чинители ги дефинира нашата култура; чиј недостиг е директно поврзан со кочењето на прогресот. А сепак, големо мнозинство од нас, културата, односно уметноста како нејзин најпрефинет израз, ја доживуваат како нешто што постои за мал број луѓе. Поради тоа останува неискористен најсилниот потенцијал на општеството за промени, кои додека ги чекаме од политиката, ги занемаруваме културата и уметноста. А тие можат многу побрзо и поефикасно, со мали вложувања, да вратат бесценети резултати. Ова е парадигмата на нашиот културен/општествен моментум што сакаат да ја променат иницијаторите на акцијата: Весела Моловска и Марија Коробар во соработка со Максим Ристевски - „Нека светлината од уметниците се одрази врз целата заедница“. Таа се реализира во рамките на проектот „Inside Out“, осмислен од познатиот француски уметник JR, како глобална платформа што овозможува поединци и групи ефектно да се изразат, визуелно претставени – заедно со својата кауза - преку големи фотографски портрети во црно-бела техника, колажно распоредени и изложени на јавен простор. Акцијата со слоганот „Нека светлината од уметниците се одрази врз целата заедница“ порачува дека ако не ги поддржиме уметниците, ќе продолжиме да го жртвуваме креативното и инспиративното, на олтарот на прозаичната политичка реалност со
сѐ поограничени можности, веќе полна со ќор-сокаци. Зашто на работата на уметниците предолго се чувствува одекот од ставот на општеството: Овде е бесмислено да се вложува во култура. При што како доказ се користи и малубројноста на публиката која ги следи случувањата од областа на културата и уметноста. Иницијаторите на оваа акција сакаат да ја демаскираат привидната оправданост на дефетистичките: „Криза е“, „Не е време за култура“, „Нема буџети“ ...; повикувајќи се на фактот дека не е скапо да се произведе уметност – скапо е истата да недостига поради предрасудата оти е привилегија на мал број луѓе. Скопската „Inside Out“ акција вклучува 134 портрети на уметници и останати профили од сферата, кон кои ако се сврти рефлекторот на јавноста можат да влијаат да се зголеми критичната маса потребна за промена на односот на нашето општество кон културата. Акцијата индикативно се случува во Скопје, градот граден, а по земјотресот од 1963 година и реизграден на култура. Каде како никаде на друго место се испреплетувале различните култури и обичаи – Истокот и Западот; правејќи го Скопје крстопат на културите, а по земјотресот и сцена на глобалната солидарност чиј карактер го изразил големиот Блаже Конески во својот говор при отворањето на Музејот на современата уметност во 1970 година: „Од таков дух тоа е и зачнато - од чувството на соработка и солидарност во културната акција за утврдување на човечките вредности.“ Максим ристевски
недостапни. Се сретнавме со тој тип на коментари од професионалци, од куратори и од пријатели дури, но мене сериозно ме иритираше таквото прашање бидејќи што е до нас би сакале сите да ги вклучиме, би сакале цел град и сите згради да ги облепиме и насекаде да одекне пораката за неопходноста од поразвиена култура на нашево поднебје која ќе опстојува и надвор од институциите, независно и самостојно. Целта не беше кој е застапен на портретите, целта беше да се продре, а воедно и да се прочита и сфати пораката која сите заедно ја испративме. МК: Свесни за тешкиот избор кој следува и за ограничувањето во однос на средствата, одлучивме да се водиме според основната идеја, тоа да бидат уметници, културни работници и поддржувачи на културна сцена, кои на свој начин оставиле белег во општеството, личности политички неискомпромитирани, етаблирани во својата дејност. се судиравте со проблеми при изборот на локација за портретите, не сите беа расположени да ви отстапат простор. Дали и ова е знак на незаинтересираност, несфаќање на културата и недоверба? ВМ: Знаете, ние сме прекрасни, но исто така сакаме и да му умре козата на комшијата. Секако дека се сретнавме со сериозни проблеми. Па мене дури човекот од мојата зграда кој мислев дека со ПОРТА
воодушевување ќе ме поддржи, навидум секогаш зборувајќи за култура и претставувајќи се како едуциран и културолошки продуховен, ме пријави кај администраторот со предупредување дека ќе подлежам на судска жалба ако не ја вратам фасадата во првобитна состојба. Голем дел од луѓето едноставно не знаат дека уметноста создава, а не уништува. Од другата зграда поголемиот дел од соседите ме познаваат од дете и не само што ми дозволија туку се воодушевуваа и беа пресреќни, мал дел негодуваа, а некои од нив дури сакаа да спечалат од оние што денар не заработуваат од создавање уметност. Од друга страна, да не зборувам за другите локации каде одев од врата на врата и се соочував со сериозна недоверба кај граѓаните, а уште помалку, пак, да зборувам за барањето до Министерството за култура за користење на една институционална локација за кое еве сè уште немаме никаков одговор. МК: Секако ова беше можеби најтешкиот дел од акцијата. Мислите ли дека светлината ќе допре до заедницата, ја разбраа ли пораката? ВМ: Во однос на заедницата, немаше човек што помина, а што не застана да праша што се случува, да ја изрази најискрената желба за културен напредок и поддршка за иницијативата. Така што народот бидејќи живее во недостиг и тоа како ја разбира пораката. Но, не станува збор за тоа дали тие ја разбрале или не ја разбрале пораката туку станува збор за тоа колку оваа порака ќе одекне кај одговорните за создавањето на стратегиите за култура и колку ќе се преземат чекори за истата да биде позастапена. Но, не да се создаваат стратегии за институциите, туку стратешки да се организираат институциите и да ѝ се даде на сцената независно да функционира. МК: Со нашата акција сакавме да ги потсетиме сите граѓани дека уметноста е моќна алатка за социјални промени која дава глас на младите, студентите, политички и социјално загрозените. Всушност таа директно инспирира промена и влијае во прогресивниот напредок на општеството и социјалните кругови. Не сметам дека едно уметничко дело може да направи промена, така што не сметам дека ниту со оваа акција можеме да ја направиме истата, но сметам дека ставање фокус на лицата кои стојат зад нашата порака може да поттикне на актуализирање на прашањето за неопходноста од колективен труд на уметниците и институциите околу таа идеја. n ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА