Списание за градежништво, архитектура и екологија

Page 1

ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А

90 ДЕНАРИ

312 ЈАНУАРИ 2022

Интервју: Ранчо Христов добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ 2021 Интервју со добитниците на наградата „Порта 3“ 2021 Важно е пациентите да се чувствуваат опуштено и пријатно



ПОРТА


СОДРЖИНА

12

28

ИНФО 6 ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ЌЕ ГО ПОЧНЕ ПАСОШОТ ЗА СКОПЈЕ

РЕГИОНИ 10 ИНТЕРВЈУ 12 РАНЧО ХРИСТОВ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „АНДРЕЈА ДАМЈАНОВ“ 2021

ИНТЕРВЈУ 16 СЛОБОДАН ВЕЛЕВСКИ - НАГРАДА ЗА АРХИТЕКТУРА ПОРТА 3 2021

40

ИНТЕРВЈУ 20 ВЛАТКО ШЕШОВ – НАГРАДА ЗА ГРАДЕЖНИШТВО ПОРТА 3 2021

ИНТЕРВЈУ 24 ЦЕНТАР ЗА КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ – НАГРАДА ЗА ЕКОЛОГИЈА ПОРТА 3 2021

СТАВ 28 ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ПРАВНИ РАЗВРСКИ И БИРОКРАТСКИ ДЕЈСТВИЈА ДО ДЕНЕС НИШТО НЕ Е СТОРЕНО

СТАВ 32 КУПУВАЊЕ СТАН ВО СКОПЈЕ – ИНВЕСТИЦИЈА, СТАТУСЕН СИМБОЛ ИЛИ НЕШТО ДРУГО?

50

54

СТАВ 36 ПОМЕЃУ „БЛА, БЛА, БЛА“ И „ЛА, ЛА, ЛА“!

АРХИТЕКТУРА 40 МОЌНА ВИЗИЈА ЗА ПЛАСМАН НА СЦЕНСКАТА УМЕТНОСТ

EНТЕРИЕР 46 ВАЖНО Е ПАЦИЕНТИТЕ ДА СЕ ЧУВСТВУВААТ ОПУШТЕНО И ПРИЈАТНО

ЕКОЛОГИЈА 50 МОДА И ОТПАД - ВРСКА КОЈА ТРЕБА ДА СТАНЕ ОДРЖЛИВА

ХОРТИКУЛТУРА 54 ЕКСЦЕНТРИЧНА ГРАДИНА ВО КАМПУСОТ НА УНИВЕРЗИТЕТОТ СТЕНФОРД, КАЛИФОРНИЈА

РЕПОРТАЖА 58 МЕ ПОТСЕТИ НА ОНИЕ СЛИКИ НА ЅИД ВО НЕКОЈА ОД ЧАЈЏИЛНИЦИТЕ ВО СКОПСКАТА ЧАРШИЈА

ПОРТА

25 јули 2014

58


ГОДИНА XVII

БРОЈ 312 ПЕТОК 28.01.2022 Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, И оваа година ја почнуваме со интересни четива во сите области, а сè со цел да ги задоволиме апетитите на целата читачка публика. Содржински овој број го почнуваме со тоа дека архитект Ранчо Христов оваа година е добитник на наградата „Андреја Дамјанов“. Во интервју за Порта 3, Христов вели дека неговата кариера ја доживува како реализација на студентските мечти на еден архитект. Потоа следува информацијата дека Зелен хуман град ќе почне да го прави пасошот на Скопје, односно дека ќе собира податоци кои се неопходни за изработка на Генералниот урбанистички план. Информациите на дел од локалните самоуправи секако дека повторно се застапени. Во овој број ќе може да се прочитаат интервјуа со овогодинешните добитници на наградата „Порта 3“. Од разговорите со нив и од информациите за нивната работа ќе може да се види зошто токму тие се избрани да бидат добитници на наградите за 2021 година. Нашите редовни соработници во овој број ни ги пренесуваат нивните ставови за актуелни прашања. Досега партиите не покажаа дека се обединети околу вредностите на градот. А, во очекување на правни разврски и бирократски дејствија до денес ништо не е сторено. Да се надеваме дека годината ќе ја започнеме со јасни цели, планови за заздравување на градот, а во архитектонската равенка ќе ги вметнеме пејзажот, климатските промени и биодиверзитетот. Купување стан во Скопје – инвестиција, статусен симбол или нешто друго? Ова е нешто што му наштетува на рамномерниот развој и ѝ штети и на урбаната нормалност. Како никого да не го интересира што навистина се случува во светот. Состојбите со коишто секојдневно се соочуваме на сите нивоа веројатно придонесуваат кон појавата на коментарите за „бла, бла, бла“ или пак за „ла, ла, ла“ пристапите во рамките на јавниот живот. Оваа генерација е и последната која навистина може

ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Насловна страница ОФТАЛМОЛОШКИ ЛАСЕРСКИ ЦЕНТАР Д-Р РИСТОВСКИ – СКОПЈЕ

нешто да постигне за да се сменат состојбите на глобално ниво преку што ќе ја зачуваме не само нашата туку и иднината на следните генерации. Во рубриката архитектура има интересно четиво за Центарот „Кенеди“ за кој пишува нашиот дописник од Вашингтон. Центарот „Кенеди“ служи како „жив споменик“, во чест на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди, и тоа со музика и театар. Тоа е моќна визија за пласман на сценската уметност. Нашите пријатели од Биро проект ни пренесуваат ентериер за офталмолошки ласерски центар, место каде пациентите се чувствуваат опуштено и пријатно. Богатството на форми, пријатни тонови и материјали во овој ентериер не наговестуваат чувство дека сте на лекар. Архитектите токму тоа сакале да го постигнат. Во рубриката екологија може да се прочита за тоа дека и модната индустрија придонесува за климатските промени. Модата и отпадот е врска што мора да стане одржлива. Модната индустрија стана синоним за прекумерна потрошувачка, но и неконтролирано производство на отпад, загадување на животната средина и експлоатација на работниците. На северниот крај на кампусот на Универзитетот Стенфорд, Калифорнија се наоѓа ексцентрична градина. Градината на кактусите е мала ботаничка градина специјализирана за кактуси и сукуленти. Повеќе за оваа градина може да се прочита во рубриката хортикултура. Овој број содржински го затвораме со репортажа од селото Патишка Река кое во зима потсетува на слики закачени на ѕидовите на некоја од чајџилниците во Скопската чаршија. Секогаш кога ќе се погледнат овие слики се мисли дека станува збор за принтови од некои места во Швајцарија, а тие се всушност на десетина километри од главниот град. ОД РЕДАКЦИЈАТА 312 ЈАНУАРИ 2022

главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Ангела СТЕФАНОВСКА Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Koсто ГРАОРКОСКИ Љупчо АТАНАСОВСКИ Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА Огнен АРСОВ (Словенија) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796

Интервју: Ранчо Христов добитник на наградата „Андреја Дамјанов“ 2021 Интервју со добитниците на наградата „Порта 3“ 2021

ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485

Важно е пациентите да се чувствуваат опуштено и пријатно

ФОТО ВЛАДИМИР СЕКУЛОВСКИ

Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 27.01.2022 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.

90 ДЕНАРИ


инфо

Зелен хуман град ќе го почне пасошот за Скопје Се надеваме дека во Градот ќе донесеме ГУП кој нема да се расцепкува така лесно, да се надминува во параметрите и нема да служи само како еден дух од документ кој никој не го гледа и никој не го почитува твореност, партиципативност и транспарентност се оружјето кое е потребно за да се почне изработката на еден нов Генерален урбанистички план. Ова е генералниот заклучок кој произлезе од дводневната работилница „Нов ГУП: Планска програма за зелено и хумано Скопје“ во организација на

О

6

ПОРТА

28 јануари 2022

Зелен хуман град. Затвореноста во канцелариите и незнаењето кои се вистинските потреби на луѓето нема да доведат до никакви подобрувања. Напротив ќе имаме уште еден неупотреблив и неприменлив ГУП, велат експертите. Ана Петровска, активист од Зелен хуман град вели дека има неопходност и сериозна

потреба да се почне со работа на визијата на Скопје, да се вклучат сите засегнати страни, да не биде тоа еден апстрактен процес. „Треба навистина да излеземе на улица, да ги чуеме проблемите, да ги ставиме во некакви системи, бази на податоци, да исцрпиме знаење за да можеме од тие проблеми да ги видиме причините за нив бидејќи обично така се работи. Значи ако го знам коренот на проблемот тогаш ќе знам како да ја дефинирам целта, а ако добро ја дефинирам целта значи дека имам добра визија, добар индикатор. Ние доста грешевме, време е навистина да почнеме да го правиме она што се случува во сите нормални земји, да ги применуваме сите функции за човекот да се чувствува човек и да биде безбеден и среќен. Ние ќе почнеме со ситни чекори да го правиме ова и полека да влегуваме во институциите и да кажуваме дека не може веќе вака како досега“, нагласи Петровска. Драгана Велковска вели дека процесот што сега го почнуваат е вонинституционален, но очекува дека ќе биде преземен од надлежните и дека тие конечно ќе почнат да ги вклучуваат граѓаните и ќе почне еден вистински партиципативен процес во планирање на градот. „Зелен хуман град ќе го почне пасошот за Скопје, тоа ќе биде една алатка која ние ќе ја користиме за да може да презентираме на многу едноставен јазик, за секој човек да разбере дали живее во соседство кое ги исполнува сите стандарди


Работилница „нов ГУП: ПланСка ПРоГРама за зелено и хУмано СкоПје“ и услови за квалитетен живот или живее некаде каде има супстандардни услови. Имаме простор, енергија и знаење во Скопје за да го обезбедиме квалитетот на живот што на сите ни е неопходен. Со пасошот на Скопје ќе почнеме да го постигнуваме тоа, затоа што само со отворените податоци може да извршиме притисок врз институциите. Се надеваме дека во Градот ќе донесеме ГУП кој нема да се расцепкува така лесно, да се надминува во параметрите и нема да служи само како еден дух од документ кој никој не го гледа и никој не го почитува. Само праведен град може да биде град за сите луѓе кои живеат во него“, додаде Велковска. Аљоша Шопар, помошник-раководител на Секторот за планирање и уредување на Град Скопје и еден од задолжените за изработка на ГУП за Скопје 2022-2032 вели дека планската програма за Генералниот урбанистички план ја изработува Архитектонскиот факултет во Скопје и таа е поделена во три фази од кои првата е веќе завршена, а следуваат втората и третата. „Инаку првата фаза има наслов Студија за проблемите за справување и следење на реализација на ГУП од 2012 година, таа е веќе изработена и во неа се содржани проблемите за следење и справување на стариот, важечкиот ГУП и има еден дел внатре којшто се однесува на податоците и информациите потребни за изработка на ГУП, односно на потребната методологија за нивно собирање и структуирање. Таа студија е веќе изработена и предадена до Град Скопје, сега треба да следува фаза два“, објасни Шопар. Тој додаде дека за да може фазата два да продолжи потребни се одредени податоци што треба да бидат обезбедени од Агенцијата за планирање на просторот на Република Македонија како изработувач на планот, а тоа се пред сè податоците од оваа прва фаза на ГУП којашто се вика документациона основа и најмногу тука во однос на податоците се однесува на инвертеризацијата и на податоците што се надеваме дека во блиска иднина ќе ги добиеме од пописот што беше пред неколку месеци. Овие две суштински бази на податоци треба да му овозможат на Факултетот да влезе во втората фаза на изработка на планската програма, а тоа е Студија за можностите, потребите и идниот развој на градот Скопје. Начелно во таа студија треба да се појават квантитативни и квалитативни анализи за реализацијата на Генералниот план, оценки на состојбите во просторот, можностите и потребите од просторниот развој на градот, идниот развој на градот преку синтетизирање на проблемските барања и елементи за

стратешки развој, како и генерирањето на основните цели и стратегијата за идниот развој на градот. Кога втората фаза ќе заврши ќе дојде на ред онаа основната, главната која ќе се изработува врз основа на сите претходни студии, податоци и информации што ќе се добијат. До почетокот на летото се очекува да бидат завршени сите делови што се однесуваат на Планската програма. Потоа таа програма треба да помине неколку пропишани чекори, а еден од тие е ставањето на увид на Партиципативното тело за урбанизам на Град Скопје кое сè уште не е формирано, како и пред Комисијата за урбанизам на Град Скопје, за да на крајот биде одобрена од страна на

градоначалникот. Со одобрувањето на Планската програма почнува изработката на Генералниот урбанистички план. Се надеваме дека до крајот на годината ќе имаме НацртГУП кој ќе биде ставен на гласање пред советниците, објасни Шопар. На работилницата своите искуства од подготовката на Планската програма ја пренесоа архитекти и планери од Бугарија кои учествувале во подготовката на Визија за Софија. „Две-три години собиравме податоци, тие се важни за да се дадат насоки за понатамошен развој. Градот го поделивме на квартови и секој беше како едно маало. За секое вакво маало собиравме податоци

28 јануари 2022

ПОРТА

7


архитектура

за возрасната структура на населението, за нивните потреби, движењето од едно до друго место, бројот на возила и велосипеди кои ги поседуваат. Исто така, собиравме податоци и за тоа колку пешачки и велосипедски патеки има, колку детски и спортски игралишта, градинки, училишта, но и како секое маало е поврзано инфраструктурно со останатите“, ја објасни постапката Калојан Карамитов, планер. Затоа, додава тој, не е можно да се исполни визијата за градот ако не се собирааат

8

ПОРТА

28 јануари 2022

податоци. Од нив треба да тргнете за да добиете нешто добро. Собирањето податоци и анализи се неопходни за да се создаде град за луѓе, град по мерка на неговите жители, ги посоветува скопските планери и архитекти нивниот бугарски колега. Карамитов објасни дека поентата на овој вид планирање е дека колку одредена услуга е подалеку од една „градоустројствена единица“, како што тие ги нарекуваат маалата, толку повеќе

нејзините жители ќе бидат принудени да патуваат до друг дел од градот за да ја добијат. Тоа значи дека не само што квалитетот на животот ќе биде полош за луѓето во таа единица, туку патувајќи до други места тие ќе го зголемуваат сообраќајот и ќе создаваат поголемо оптоварување на јавните добра во други единици, па со тоа се намалува и општиот животен квалитет во градот. За досегашните ГУП-ови за Скопје говореше архитект Стефан Лазаревски во неговата презентација „Враќање на основите“. „Скопје има историја на планирање од 150 години. Она што сега е важно е да дефинираме јасна и специјализирана визија за иден развој на градот, а за тоа фундаментален предуслов е база на податоци“, нагласи Лазаревски. Од Зелен хуман град додаваат дека планирањето на Скопје мора да биде партиципативно и мора да ги одразува приоритетите на скопјани. Само така може да биде алатка за намалување и неутрализација на последиците од климатската криза, за намалување на загадувањето. Само рамномерно и праведно развиван град може да биде град за сите луѓе. n


ПОРТА


региони

Во Македонска Каменица се решава проблемот со уличното осветлување Општина Македонска Каменица почна со решавање на проблемот со уличното осветлување во централното градско подрачје. За таа цел како што информираа од Општината, со фирмата изведувач ќе бидат преземени потребните чекори за трајно решавање на овој проблем. „Укажано ни е дека проблемите со осветлувањето настанувале и ќе настануваат поради неколку децении старата, дотраена и честопати оштетувана електрична инсталација. Активностите за подобрување на состојбата ќе се одвиваат во соработка со фирмата ТМ ДОО од Штип која располага со современа опрема за дијагностика за трајно решавање на овој проблем“, истакнуваат од Општината. Оттаму напоменуваат дека во наредниот период ќе се мапираат локациите каде досега немало поставено светилки. „Веднаш ќе почнеме со мапирање на сите локации каде треба да се постават нови улични светилки, како и со изработка на проектна документација за поставување нова електрична инсталација“, додаваат од Општината. Општина Македонска Каменица во изминатиот период потпиша Договор за јавно-приватно партнерство по ЕСКО модел за јавно осветлување со ЕСКО компанијата Македонски Телеком АД – Скопје. Проектот е дел од Регионалната програма за енергетска ефикасност во Македонија, која ја поддржува енергетската ефикасност со фокус на јавниот сектор преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), за што е обезбедена финансиска поддршка од Инвестициската рамка на Европската Унија за Западен Балкан.

Завршена реконструкцијата на игралишта во две кумановски училишта Завршена е реконструкцијата на надворешното игралиште на основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“ од Куманово. Завршена е санација на асфалтната подлога, изградена е заштитна ограда за целиот терен. Поставени се трибини и наскоро и еластична тартан подлога. Игралиштето е опремено со соодветни реквизити. Училиштата веќе располагаат со една голема и помала училишна сала за изведување настава по физичко образование, но на оваа површина ќе тренираат и училишните екипи за ракомет, одбојка, кошарка, атлетика. Ова е едно од петте игралишта кои Општината ги изгради во Куманово и во руралните средини во изминатиов период и освен во училиштето, се изградија или во тек е изградбата на игралишта во Клечовце, Романовце и во Агино Село. 10

ПОРТА

28 јануари 2022


Донирана противпожарна опрема на ДППД „Дојран“ Амбасадата на Германија во нашата земја, на Доброволното противпожарно друштво од Дојран му донираше опрема со која пожарникарите ќе ја зголемат брзината на интервенциите и посебно ефикасноста во справувањето со пожари на отворен простор. Опремата што ја добија доброволните пожарникари од Дојран се состои од црево за гаснење пожар, пумпи за прскање, чевли, заштитни маски, осум радиостаници и други парчиња од неопходна пожарникарска опрема чија вредност изнесува четири илјади евра. Од Друштвото велат дека ова им било навистина неопходно за ефикасно завршување на доброволната противпожарна дејност на Друштвото кое брои 15 членови и кои секогаш се на висина на својата задача и брзо интервенираат на дојава за пожари на јавен простор, приватни имоти и урбани објекти на територијата на Општина Дојран, настојувајќи да спречат ширење на пожарите и нивно ефикасно гаснење.

Дел од игралиштата имаат и трибини, некои од нив се со специјална подлога особено оние кои се во близина на училиштата и кои ги користат спортските клубови. Сите игралишта ќе бидат опремени со соодветни реквизити. Според информациите на надлежните од Одделението за јавни набавки, за игралиштата од општинскиот буџет одвоени се 14.813.980 денари без вклучен данок на додадена вредност. На јавната набавка избрана е фирма од Скопје.

www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;

ПОРТА


интервју

Ранчо хРиСтов добитник на наГРадата „андРеја дамјанов“ 2021

Реализација на студентските мечти на еден архитект најголем кривец за нефукционирање и деградирање на инженерските услуги е самото министерство за транспорт и врски, кое законски ја формираше комората и ја внесе во законот за градење, но не создаде услови за нејзина функционирање Сања РАЃЕНОВИЌ – ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. обитник сте на повеќе награди и признанија за вашето творештво, но наградата за животно дело „андреја дамјанов“ е како круна на целиот ваш професионален ангажман. Што ви значи оваа награда? n Наградата ми значи многу бидејќи тоа е највисока награда која ја доделува Асоцијацијата на архитекти на Македонија ААМ и е доделена од професионална асоцијација и колеги професионалци за моето присуство и архитектонско творештво во изминатите 45 години. Со самото добивање на наградата и членството во Архитектонската академија на ААМ задоволството е поголемо бидејќи сум дел од групата реномирани македонски архитекти потврдени од самата струка. во период од 40 години творечка дејност сте се занимавале со повеќе сегменти, и со проектирање, и со изведба, сте биле и инвеститор. како ја доживувате вашата кариера? кој сегмет посебно ви значи? n Ја доживувам како потполна реализација на студентските мечти на еден иден архитект, а проектирањето сепак е најзначајно за секој архитект. Подоцна изведбата и инвеститорството се значајни етапи од мојот професионален живот на кои исто така сум горд. Преку 150 проекти и многу реализации, изградени повеке од 10.000 квадратни метри станбен простор и истовремено задоволни нарачатели и корисници е накратко резиме за мојата кариера. Сте работеле во големи проектантски бироа, подоцна и во помало, сопствено биро. која е разликата? n Разликата е огромна. Во големите проектантски бироа добивате работа бидејќи инвеститорот се одлучил својата инвестиција да ѝ ја довери на фирма. Како дел од фирмата вие работие на проектот. Додека во сопственото биро вие сте тој кој

Д

12

ПОРТА

28 јануари 2022

ја носи работата и инвеститорот вам ви верува, на вашето биро и вашите соработници. Имав среќа да во време кога архитект Раѓеновиќ го формираше новото проектантско биро Мавровопроект да бидам дел од тимот. Укажаната доверба и можноста да работам на повеќе проекти од кој дел се реализирани во Македонија, дел во Русија само придонесоа да го зголемам мојот проектантски опус и да се стекнам со искуство кое подоцна во работата на „Ателје Ајвар“ ми беше од голема корист. Во тоа време во проектантските бироа истовремено се работеа многу проекти од сите области и можноста да работите или следите различни проекти е огромно искуство кое за жал денес помладите архитекти го немаат. n Уште во студентските денови сте дел од неформалната група „ајвар – Подрум кај Симе“, заедно со ваши колеги и пријатели, која подоцна прераснува во првото приватно проектантско биро кај

нас. како се случи првото приватно проектантско биро? „Ателје Ајвар“ е резултат на долгогодишната заедничка работа од студентски денови, па потоа архитектонските конкурси и акумулираното поединечно искуство во проектантските бироа во Скопје. Со Гулевски, Радоњиќ и Смилевски го формираме „Ателје Ајвар“ и понудивме, тогаш нешто ново на пазарот, директен контакт инвеститор – архитект. Беа тоа тешки, но драги моменти, чии резултати и денес ги гледам и сум горд на нив. Влегувате во нешто ново кое го посакувате, самостојност, но се среќавате со многу работи кои не зависат од вас. Сега после толку години исто би постапил бидејќи самостојноста и изборот се гаранција за квалитетен проект. како ја оценувате ситуацијата во областа на проектирањето денес? n Проектирањето денес е во


Деловен комплекс АБ, Скопје катастрофална ситуација. Во време на транзиција и смалено поле на инвестирање денес главно се проектираат станбени објекти. На почетокот на мојата кариерата јас во „Мавровопроект“ имав можност да работам проекти од домување, индустрија, трговија, хотели, образование. Подоцна и во „Ателје Ајвар“ имавме таква можност, додека денес колегите проектанти ја немаат таа можност и сè се сведува главно на проекти за потребите на инвеститорите во станбената изградба. Многу ретко се работат проекти за индустриски објекти, хотели, администрации, спортски објекти. Тоа за жал е видливо и на последните неколку биеналиња на македонската архитектура и годинашните изложби. Големата награда за реализиран објект, за среќа годинава е од областа на социјалните објекти. Можеби ова е знак дека доаѓа ново подобро време за проектирање. Со децении се говори за сè пониската цена на проектантските услуги. комората оаи изготви и изгласа Предлог-тарифник за инженерски услуги уште пред повеќе од три години за кој е потребна согласност од надлежното министерство и сè уште ја нема. Сметате ли дека тарифникот треба да стане дел од законот за градење и дека покрај цената тој ќе придонесе и за подобар квалитет на проектите?

Хотел „Илинден“, Крушево n Секако. Како еден од учесниците на формирањето на Комората сметам дека тоа е правилно поставување и вреднување на

сите учесници во процесот на градење. Најголем кривец за нефукционирање и деградирање на инженерските услуги е

Бензиска пумпа „Јукос, Сибир“, Омск, Русија

ПОРТА


Трговски центар „Беверли Хилс“, Скопје самото Министерство за транспорт и врски, кое законски ја формираше Комората и ја внесе во Законот за градење, но не создаде услови за нејзина функционирање. Во тој период имавме голема подршка од Германската комора околу организацијата и формирањето на нашата Комората со пренесување на нивното искуство. Ние не успеавме ниту да ги пренесеме и „плавите таблици“, кои во време на СФРЈ функционираа и се почитуваа. Искуствата со реално вреднување на цената на инженерските услугите, но истовремено и контрагаранции кон инвеститорот со осигурување на проектот од евентуални штети поради лош проект или неусогласеност со законската регулатива во висина на вредноста на инвестицијата, а не договорената цена на проектот како заштита на инвеститорот. Поминаа 14 години од формирањето на Комората, а тарифникот сè уште не е законска обврска. Сте посетувале постдипломски студии на архитектонскиот факултет во белград од областа „Становање“, кај професорот мате

ПОРТА

бајлон. како ви изгледа денес станбената изградба во Скопје? n За жал лошо. Во периодот кога ги посетував постдипломските студии и кога почнав да работам станбена изградба, таа беше на многу повисоко ниво од денес. Јасната поставеност на сите учесници во изградбата и тогаш постоењето за Сизовите и ПУИГ на град Скопје, резултираа во изградба на цели комплекси како што се населбите Карпош, Аеродром, Автокоманда и други, кои и сега се на повисоко од она што се гради денес. Пред сè мислам со почитување на урбанистичките параметри беа создадени населби кои и денес се коректни и се пример за живеење во градски населби. Учесник сте на многу конкурси, и југословенски, и македонски. конкурсите денес се сè поретки, а стручната јавност и граѓаните сè повеќе ги бараат. но и кога ќе се објават се со мал број учесници (примерот со „треска“). Потребни ли ни се конкурси, потребен ли ни е конкурс за локацијата спроти „холидеј ин“?

n Конкурсите секако дека се потребни, тоа е демократско ниво на одлучување. Преку конкурсите се усогласуваат желбите на сите учесници во градбата и на инвеститорите и на корисниците од една страна и можностите на просторот и законската регулатива од друга страна. Конкурсите под услов да се распишат стручно, со почитување на добиените резултатите од истите и со вклучување на наградените учесници ќе дадат квалитет. Секако треба конкурс не само за локацијата спроти „Холидеј Ин“, туку и за многу други помалку атрактивни локации во Скопје. да се каже дека архитектурата значи само градење, е премногу елементарно, особено во денешните современи услови во кои урбанистичко-архитектонското планирање и проектирање се подига на многу повисоко ниво. мораме ли да промениме нешто во урбанистичкото планирање? n Урбанизмот е основа. Подигањето на повисоко ниво е можно само со користење на веќе потврдените резултати во светот и нивна доследна примена во живо, а не само на хартија. Потребна е промена во постапката на донесување на плановите и учество само на компетенти учесници, а не мислења на месни заедници. автор сте и член на проектантски тим на повеќе објекти. можете ли да издвоите некој објект кој вам најмногу ви значи? n Во периодот додека бев во „Мавровопроект“ би го издвоил Трговскиот центар во Капиштец. Проектот беше работен за трговската фирма „Центро Скопје“. „Маврово“ го реализираше, а граѓаните го нарекоа „Беверли Хилс“. Именувањето на Центарот од граѓаните со престижното име на гламурозниот американски град е потврда за мојот труд дека сум направил добар проект кој е високовреднуван од корисниците. Подоцна во „Ателје Ајвар“, бензинските пумпи за „ЈУКОС“, релизирани во сибирскиот град Омск. Ова беше комплетен инженеринг од проект до реализација во едни специфични услови во тој период во Русија и перестројката. велат дека често најдобрите проекти на архитектите за жал не доживеале реализација. ви се чини ли дека ова и вам ви се случило? n Да, тоа е случајот со мојот прв проект Крематорим - Градски гробишта Бутел Скопје, кој беше и моја дипломска работа и не доживеа реализација, а и денес после 45 години, кога го гледам проектот низ призма со 45-годишно искуство, не можам да најдам замерка и штета што градот нема реализирано ваков комунален проект. n


Амбасада на Швајцарија, ул.„Максим Горки“, Скопје

Крематориум, Бутел, Скопје

Ранчо христов е роден 1951 година во Скопје, каде завршил основно образование и гимназија „Орце Николов“. Во 1976 година дипломирал на Архитектонскиот факултет во класа на професор Љубен Најденов на тема, Крематориум градски гробишта Бутел, Скопје. За време на студиите се занимава со графички дизајн во склоп на групата „Дизајн Фарабо“. Од 1973 година со своите пријатели ја оформува неформална студентска група „АЈВАР“ - „Подрум кај Симе“, каде зедно работи и студира со Симон Узуновски - Симе, Миодраг Радоњиќ - Бато и Стеван Смилевски Кокан. По завршување на студиите студентската група прераснува во Конкурсна „Група АЈВАР“ со архитектите Ранчо Христов, Миодраг Радоњиќ - Бато, Стеван Смилевски Кокан, Мартин Гулевски, а со групата повремено работат и Крсте Џидров - Џиби, Влатко Коробар и Слободан Живковски. По дипломирањето работи во 1976 година се вработува во проектантското биро „Алумина Енергоинвест“ во Скопје, а од 1981 до 1991 година работи како проектант во „Мавровопроект“, Скопје. Од 1991 година е партнер во првото приватно архитектонско биро кај нас, „Ателје Ајвар“, каде со вработените и дел од Групата „Ајвар“, како надворешни членови на проектантскиот тим, соработува се до 2001 година. Од 1995 година е еден од основачите на „Компанија Х.Р.Р.М“, како инвеститорска и градежна фирма партнер на „Ателје Ајвар“. До пензионирањето во 2017 година со колегите работи на проектирање, инвестирање и изведба на голем број објекти. Во своето 40 годишно творештво, изработил повеќе од 150 проекти од кои 75 се реализирани, а учествувал и на 27 конкурси. Архитект Христов во своето обраќање се заблагодари за наградата, за која вели дека многу му значи, особено затоа што е доделена од колеги, како признанеие за неговата професионална кариера. Претседателот на ААМ, Мишко Ралев кој свечено му ја врачи наградата на лауреатот изјави дека архитект Ранчо Христов „со својата работа и дејност во областа на архитектурата и градителството, придонесе за пресврт во архитектонската пракаса од еден систем на монопол на големите општествени бироа од кои и самиот произлезе, во ново приватно претприемништво со поинакви проектантски стандарди во кои творечката слобода стана нов квалите, наспроти предходниот квантитет и резултираше со особена продукција на проекти, изведени градби и идејни конкурсни решенија, кои го одбележаа крајот на минатиот и почетокот на овој век“. 28 јануари 2022

ПОРТА

15


интервју

Слободан велевСки - наГРада за аРхитектУРа ПоРта 3 2021

Време е како професија да излеземе од ова наше „локално“ читање на архитектурата во ваквите општествени околности архитектурата е колатерална жртва на една сеопшта и беспоштедна рационализација на нештата, а архитектите во професијата се крајните губитници, бидејќи во овие околности лесно го забораваат сопствениот сон за живеење со архитектурата, туку едноставно само преживуваат од архитектурата Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ, дипл. инж. арх. едакцијата на Порта 3 со задоволство ја додели наградата на архитект кој неуморно се залага за вистински вредности во архитектурата и урбанизмот. но и на оној кој верува и во слободата во архитектурата. Со вакви уверувања секојдневно соработувате со оние најслободните – студентите. Успева ли Слободан да ја пренесе слободата, пораката за отворен ум и слобода како состојба на дух на идните архитекти? n Верувам дека е така, во спротивно би го губел своето и уште повеќе нивното време. Често ги потсетувам студентите дека годините на студирање и како животно доба и како образовна средина се неверојатно возбудливи и дека навистина не смеат да си дозволат да ги живеат без страст. Слободата е инхерентен дел од чувството да се биде слободоумен, а јас верувам дека архитектурата е навистина една од ретките дисциплини каде може да ја изразиме сета убавина на слободоумноста како креативен и алтруистички чин. Верувам дека архитектурата е место каде слободата, слободата на духот пред сè, може да се ужива на едно лично ниво на љубопитство и отвореност, па затоа и од студентите барам да негуваат критичка мисла, и постојано да ги преиспитуваат востановените „навики“ на обликување на просторот, на културните кодови, а со тоа и на општествените состојби. Меѓутоа исто така инсистирам на тоа дека трагање по нови одговори и експериментирањето со нив, не значи своеволие, не значи неодговорност, туку напротив, практикувањето на слободна мисла е огромна одговорност која бара големи и

Р

16

ПОРТА

28 јануари 2022

широки знаења кои треба да се надоградуваат во текот на целиот живот. Архитектурата е дисциплина која опфаќа и влијае и на социјалниот простор, и на политичкиот простор, и на културниот простор на едно општество. Каква архитектура имаме, какви градови градиме, како го третираме неизградениот простор внатре во градовите или во природниот пејзаж сето тоа е дел од сложувалката во која се огледува нашата зрелост како општествена заедница. Согласно нашето поведение, оваа заедница може да биде современа или примитивна, и навистина верувам дека тоа зависи од количеството знаење и страст кое секој поединечно е спремен да го вложи, сподели и одживее како состојба на лична еманципација што не е ништо друго туку слобода.

Отворање на изложба Freeingspace, Венециско биенале за архитектура, 2018 Автор на фотографија Ангелина Апсис


Презентација на студентски проекти Неприродни Екологии, Музеј на со времена уметност Скопје, 2017. Автор на фотографија Натали Мицевска Што се случува потоа, по дипломирањето, по средбата со состојбата во архитектонската пракса кај нас со духот на архитектите? n Студирањето архитектура е само одличен почеток на приказната да се живее со убавината и тежината на архитектурата како професија. Тоа е оној период на почетна возбуда која доаѓа со еден младешки сон и порив за создавање. Период кој воопшто не е лесен за студентите бидејќи учењето архитектура е интензивно искуство. Но за да продолжи овој сон да се живее, и да се доживее егзалтација - да се биде архитект, е вториот дел од животот на еден архитект, оној кој се открива по завршување на формалното образование. За жал страотен е судирот со реалноста, и тоа е така и во многу подобри средини за архитектите од оваа нашата... Главната фрустрација со која се соочува нашата пракса е токму неспремноста на општествените елити да ја препознаат улогата на архитектот. Во сета брканица на оваа наша реалност, каде секоја следна генерација живее биолошки подолго, а на субјективно ниво квалитативно полошо, сите почнаа да рационализираат и да оптимизираат во име на зголемување на личната корист и профит. Колку и да биде одговорно поведението на архитектите, природата на архитектурата ја прави оваа наша професија не секогаш најрационална и најоптимална, бидејќи нејзината добивка честопати не се гледа одма и сега. Во ваквите општествени околности архитектурата е колатерална жртва на една сеопшта и беспоштедна рационализација на нештата, а архитектите во професијата се крајните губитници бидејќи во овие околности лесно го забораваат сопствениот сон за живеење со архитектурата, туку едноставно само преживуваат од архитектурата. кај нас сè уште преовладува мислењето дека архитектурата значи „само згради“, што е поразително и голем дел од архитектите се однесуваат на овој начин. Што ни се случува?

Изложба на студентски проекти Наративи, Архитектонски факултет Скопје, 2020 Автор на фотографија Мила Гавриловска

n Архитектурата е секако поврзана со создавање и оставање нови материјални „траги“, со создавање објекти, но сепак сето тоа потекнува од промислата и од идејата. Од таа причина гледањето на нашата професија само на овој начин како конечен продукт кој треба да се продаде и да оствари профит, е недозволиво поедноставување на нештата кое лошо влијае на квалитетот на самата архитектура. Всушност, таквото тесно гледање нè доведе до оваа состојба во која се наоѓаме. Погледнете на пример што се случува со нашата материјална продукција изминативе години... иако многу се гради, скоро невозможно е да се додели награда за изведено архитектонско дело бидејќи скоро и да нема објект кој јасно гради концепт, внесува новина во организацијата на просторот, го почитува постојниот контекст и конечно оди подалеку од само лепење скапи материјали или готови градежни системи! Од друга страна изминативе години сме сведоци на

извонредни изложби кои претставуваат цели истражувачки проекти, имаат моќен визуелен, амбициозен продукциски и квалитетен кураторски јазик, па претставуваат архитектура по себе! Изложбите што се прават кај нас се далеку поблиску до негување на „мислата“ отколку што тоа се „објектите“. Градовите денес, не само кај нас туку и секаде по светот се веќе претрупани со објекти и во наредните неколку децении архитектурата нема да се занимава толку со продукција на нови згради туку многу повеќе со повторно промислување на она што веќе го имаме како изградено ткиво. Немам сомнеж дека реконструкцијата на градовите може да биде креативно ремек-дело исто онолку колку што изминативе неколку векови беше нивната конструкција. И конечно, крајно време е како професија да излеземе од ова наше „локално“ читање на архитектурата само како изграден простор, само како „зграда“, бидејќи со таквото 28 јануари 2022

ПОРТА

17


Велес 2.0

Јавна презентација на архитектонско-урбанистичка студија ВЕЛЕС2.0, Аула на ОУ Блаже Конески Велес, 2020 гледање всушност не правиме ништо за оној простор помеѓу зградите кој е неизграден, а во кој најчесто „тече и се случува“ животот. Мислам дека веќе на сите им е јасно дека нема добар изграден простор без удобен, чист и безбеден слободен простор било тоа да е тревник, плоштад или улица. актуелните случувања со холидеј ин се еден од многуте примери кога се однесуваме како да не ни треба јавен простор, како да не знаеме што да правиме со него и кога го имаме. зошто е тоа така? n Факт е дека ние имаме само два ресурса од кои го градиме нашето богатство како општествен колектив. Првиот ресурс е земјата, а вториот е оној кој извира од нашата креативност. Јас не сум толку уплашен од недостаток на креативност во професијата бидејќи сметам дека имаме и доволно знаење и елан да дојдеме до добри решенија. Проблем е онаа трка за профит која ја споменав претходно во која нашето општество не се снаоѓа. Со години никако доволно да созрее за да го скроти тој порив. Секако профит треба да има, и секако треба да се гради, но колку е доволно? Е тука сме комплетно незрели и како архитектонска професија, и како политичари кои ги имаат спрегите нормативно да ги променат работите, но и како граѓани на едно лично ниво кои навистина го изгубија сетилото 18

ПОРТА

28 јануари 2022

дека не се сами и дека околу нив, околу нивната сопственост, има и други луѓе кои живеат. Холидеј Ин, градбите во Маврово, во Охрид, се само показна вежба дека ако нешто не промениме во нашето поведение, во одговорноста, во нашата култура на живеење, во нашите пориви за повеќе и повеќе, ќе биде многу полошо. Со своите колеги изработивте архитектонско-урбанистичка студија за западната рабна зона на велес 2020 – 2035, како планско-проектна визија. Студијата е приватна иницијатива на инвеститор кој бара експертското мислење, став за развој на одредена градска територија. човек да не поверува дека постојат кај нас и такви инвеститори. како дојде до оваа соработка? n Почетокот на соработката е, како и за многу работи во животот, резултат на случаен сплет на околности каде во право време ќе се запознаете со некого. По природата на нештата инвеститорите имаат проактивен однос за разлика од архитектите кои имаат доминантно респонзивен однос. Првите иницираат работи, а вториве реагираат и очекуваат дека нивната улога е само да дадат одговор за тоа како да се артикулира добиената задача, и на крај се лутат кога се третираат како обичен сервис за цртање згради. Во нашиот случај, инвеститорот не дојде со однапред зацртани очекувања што сака да

добие како резултат, туку дојде со првична идеја за развој на одреден мал градски дел каде веќе има започнато градежна активност, односно дојде отворен за заедничка дискусија со нас како архитекти и како автори. Сета соработка потоа беше еден прекрасен разговор и заемна почит помеѓу нас и инвеститорот, кон што понатаму се вклучи и локалната власт која покажа исклучителен ентузијазам за сработеното, но и почит кон инвеститорот и неговиот однос кон градот. Ова тројство на инвестициска иницијатива, поддршка на локална власт и чесно сработен проект од страна на авторите носи квалитет кога првите можат да го скротат поривот за профит и се подготвени да го отвораат прашањето колку е доволно, вторите знаат што им се обврските, а третите знаат како. Потребни се повеќе години за реализација на архитектонско-урбанистички проекти од ваков формат, оваа задача која речиси цела година се развиваше во проект, сè уште е активна и се надевам дека наскоро ќе продолжиме понатаму во нејзина реализација. Професорот константиновски велеше дека архитектот при процесот на проектирање е должен да го образува инвеститорот. дали се премногу опортунисти архитектите кај нас? n Сите ние имаме обврска цело време да учиме и да подучуваме. Така е во животот така е и во професијата. Јас учам секојдневно, учам од работата со студентите, во разговорите со колегите и пријателите, но исто така и го споделувам своето знаење со луѓето со кои имам контакт. Зарем треба знаењето да го чуваме љубоморно за нас!? Пренесувањето знаења е столб на нашата цивилизација! Па нема нешто подобро од тоа кога со некој ќе ви се надополнат знаењата. Учам и од комуникацијата со луѓето кои бараат совет од мене, но исто така како што вели проф. Константиновски не се воздржувам и да го споделам тоа што го знам секаде каде што сметам дека тоа ќе биде корисно. Работата е дека знаењето, особено соочувањето со знаење може некогаш да биде непријатно и да создаде проблем. Честопати полесно е да се биде комформист и да се „нацрта зграда“ отколку да влезете во разговор и дебата со тој што ја нарачува задачата, зошто така, во можен судир на убедувања и факти, ризикувате да го изгубите проектот. Знам дека изговори за сечие поведение лесно се наоѓаат, но јас сè уште се трудам, и засега успевам и по цена на изгубена работа професионално да не соработувам со некој со кој не можам да разговарам. најголем дел од урбанистичките планови само го пополнуваат просторот со површини за градење, а проектите ги пополнуваат квадратните метри. Природно е јавноста да очекува од архитектите да направат од Скопје град за сите. Прашањето, покрај можеме, сакаме и знаеме е и дали умееме да сонуваме


Изложба и студиско патување Неприродни Екологии, АНО Осло, 2018 Автор на фотографија Натали Мицевска или само репродуцираме? n Проблемот е што веќе со децении архитектите и архитектурата како професија постепено општествено се маргинализираат. Кај нас ниту академското, ниту стручното знаење и труд воопшто не се заштитуваат. Во моментов чинам дека имаме девет школи за архитектура во нашата држава. Девет! Не знам кој сè се занимава со создавање нови архитекти, ниту пак колкав ќе биде бројот на сите тие нови архитекти, но треба да бидеме коректни и да кажеме дека во толкав квантитет, квалитет сигурно нема. Чудно е дека при толку школи за архитектура ние со години немаме Министерство за урбанизам, а ова кое се занимава со урбанизмот веќе години наназад повеќе наликува на „кројачки салон“ во кој се „дотеруваат“ разни закони и правилници отколку што претставува институција која создава издржани стратегии и е на браникот на интересот на граѓаните. Асоцијацијата на архитекти - ААМ е здружение кое по формирањето на Комората на архитекти денес има протоколарен и репрезентативен карактер. За поздрав е напорот со кој се обидува да развие конструктивна дебата за многу теми поврзани со изградениот простор, но најчесто таа е игнорирана за сите поголеми и поважни проблеми од секој досегашен естаблишмент. И конечно, имаме Комора на овластени архитекти која чинам дека никако не може или не сака да си го најде своето место во професијата и да работи за она за што е создадена. Комората е премногу скапа играчка да се користи само како медиум за проследување мејл- комуникација за некој нов закон или советување за споредни теми во архитектурата. Кажете ми кога Комората организирала сериозна, а не само протоколарна дебата за какво било горливо прашање што ја тангира нашата професија, од „Скопје 2014“ до сите законски решенија кои предизвикаа бурни реакции во фелата како што беа законите за „легализација“ на пример, и притоа излегла со јасен став и се спротивставила на предлагачите на овие многу

штетни појави за професијата. Лично, ми пречи ваквата сервилност, ми пречи тоа што Комората не се наметнува како фактор при одлучувањето и навистина се надевам дека тоа наскоро ќе се промени. Па ние имаме Комора повеќе од една деценија, а немаме ниту правилник за минимална цена на чинење на авторство, а камоли за заштита на авторско право, нудење правна заштита и совети за архитектите за кои таа треба да се грижи. И сега да се вратиме на вториот дел од прашањето и да резимираме. Дали умееме да сонуваме? Секако, но во вакви околности на работа и системска негрижа јас сум убеден дека најголем дел од колегите архитекти може да си дозволат само кошмарни соништа. михајло митровиќ вели: „она што кај архитектурата е грдо и навредливо, еден ден, кога ќе дојдат подобри луѓе, ќе биде отстрането без никакви проблеми, преобликувано или изградено ново и убаво. кај урбанизмот такви поправки не се можни“. каде се подобрите луѓе, може ли архитектурата да се ослободи? n Дел од времето овие празнични денови го посветив да ја прочитам книгата „Градови за

една мала планета“ од Ричард Роџерс како израз на мој личен пиетет кон работата на овој голем архитект кој почина неодамна. Тој вели дека градовите се динамични организми со комплексност голема колку цело едно општество и како такви тие имаат сила постојано да се реконфигурираат. Нема сомнеж дека просторната одржливост на градовите е нераскинлива со квалитетот на живот кој опфаќа социјални, политички и економски реалности како и реалноста на природниот пејзаж, но факт е дека нивниот баланс е предизвик на кој мора континуирано да работиме. Човек мора да биде оптимист дека независно од состојбите во професијата која е нераскинлив дел од културната продукција на општеството работите секогаш може да се подобрат. Добар почеток за ова е кога општеството ќе престане да ја доживува архитектурата исклучиво како средство за комерцијален ефект, туку како основа врз која се гради нашиот живот во градовите, а архитектите нема да бидат нужен сервис, туку ресурс за една креативна и етичка промисла на нашата реалност. Добро е со ваквото гледање на нештата да започнеме веднаш. n

Изложба на студентски проекти Наративи, Архитектонски факултет Скопје, 2020 Автор на фотографија Мила Гавриловска ПОРТА


интервју

Во ИЗИИС се оформува млад научен тим поддржан од поискусните колеги Покрај општото незадоволство кое владее во нашата држава кон образовниот процес, магистерските и докторските студии во изииС се на високо ниво не само во општеството туку и во регионот и пошироко во европа ПОРТА 3 еќе неколку години сте директор на изииС, кои се придобивките и новините во работењето? n Неблагодарно е јас самиот да ги потенцирам придобивките од моето работење како директор на ИЗИИС. Сепак има резултати на кои сум особено задоволен и ќе останат да бидат сведоци за идните генерации. Меѓутоа веднаш да потенцирам дека тоа не се само мои лични заслуги туку за тоа е заслужен целиот колектив на ИЗИИС. За тоа беше потребно многу труд и работа за да се постигне пред сè една позитивна атмосфера каде што колегијалноста и професионалноста ќе биде на највисоко можно ниво. Можеби една од најпозитивните работи е секако вработување на 10 млади научни кадри кон крајот на 2020 година, со што се обезбеди кадровски потенцијал, толку потребно освежување за да се осигура континуитетот на Институтот. Исто така како позитивна новина беше донесувањето одлука за интерни научноистражувачки проекти, тоа се проекти финансирани од сопствени средства, во услови на пандемија и во услови кога државата воопшто не финансираше научноистражувачки програми. Се стремам и како директор и како професор, континуирано да вложуваме во опрема, во специјализации и усовршување на кадарот и на тој план исто така имаме постигнато забележителни резултати. Посебно би истакнал дека на конкурсот објавен од страна на Министерството за образование и наука за финансирање научноистражувачки проекти од посебен и јавен интерес за 2021 година (поддршка за развој на лабораториски ресурси) добивме грант во кој Институтот ќе учествува со околу 30 % сопствени средства. Во тек е реализацијата на овој проект, и слободно можам да кажам дека ИЗИИС ќе набави опрема на ниво на еден светски истражувачки центар. Сте претстојувале и работеле на повеќе светски универзитети во токио, во бохум, Германија, калифорнија, дејвис, Сад, Павиа, италија. каде е нашето образование во однос на овие центри?

В

20

ПОРТА

28 јануари 2022

n Сум имал среќа, да престојувам на повеќе универзитети и водечки центри во областа на земјотресното инженерство , како докторанд, како постдокторанд, како гостин професор. И во тој правец би рекол дека секоја од високоразвиените земји има свој систем на образование и наука со свои специфики и не е така лесно да се споредува нашето образование со нивното. Ако ме прашувате во доменот на земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија мое мислење (кое сепак може е и субјективно) е дека нашето образование сè уште држи чекор со овие светски центри. Тоа би рекол се должи пред сè на големата традиција на Институтот, акумулираното искуство и знаење од повеќе генерации на професори, континуираната работа и интензивната меѓународна соработка. Без да соработуваме, без да конкурираме на меѓународен план, може да мислиме дека сме најдобри, но во границите на нашата држава од Гевгелија до Табановце. Во ИЗИИС, за магистерските и докторските студии (втор и

трет циклус на студии) предавањата, материјалите, книгите секогаш биле на англиски јазик, се користат извори на знаења кои се меѓународно признати, наставниците и професорите имаат забележително меѓународно искуство. Овој образовен процес во ИЗИИС има продуцирано кадри кои се во овој момент водечки експерти во светски рамки. Сето ова го потенцирам бидејќи ова се аргументите кои ми даваат за право да кажам дека и покрај општото незадоволство кое владее во нашата држава кон образовниот процес, магистерските и докторските студии во ИЗИИС се на високо ниво не само во општеството туку и во регионот и пошироко во Европа. Секако дека има голем простор за подобрување, како организациски во поглед на примена на новите дигитални и информатички алатки, така и во обновување на студиските програми кои реално треба да бидат во согласност со потребите на индустријата и стопанството. Според мене наш успех во образованието ќе биде кога на магистерски или докторски


влатко ШеШов – наГРада за ГРадеЖниШтво ПоРта 3 2021 студии ќе се запишат поголем број на студенти од Германија, Италија, Англија, Швајцарија и други земји, а за тоа секако се потребни и други предуслови кои се надевам ќе бидат постигнати во блиска иднина. Пропишан е рок за приспособување од три години (до септември 2023 год.) за примена на еврокодовите кај нас со можна паралелна примена и на важечките стандарди. како тече овој процес? n Ова прашање e многу значајна тема на која треба да се пристапи со голема сериозност и внимание. Во изминатиот период премногу време се потроши на преводи, ревизии на преводи, експертски ревизии на ревизиите на преводите на еврокодовите, а многу малку се посвети на квалитетни обуки за нивна практична примена во нашата градежна пракса. Дека не е лесен преминот од постојните сè уште актуелни македонски прописи за проектирање кон новите еврокодови, покажуваат и искуствата од соседните земји (Грција, Бугарија, Хрватска Словенија...), кои исто така имаа трнлив пат на премин од националните кон европрописите. Сепак мора да признаеме тие се далеку пред нас. Започнавме иницијатива со претседателката на Комората на овластени архитекти и овластени инженери, м-р Кристинка Радевски д. и. а. за организиран и сериозен пристап во подготовка на обуки за практична примена на еврокодовите и се надевам дека во многу скоро време ќе имаме и нешто поконкретно. Институтот е активно вклучен уште од самиот почеток во овој процес на еврокодовите, го изработивме и делот од Националниот анекс во Еврокодот ЕС8, за сеизмички карти за различни повратни периоди. Во овој домен сметам дека имаме најрелевантни податоци кои се базираат на научни истражувања, значи не е оној принцип „... усвојување на сите препорачани вредности во националните анекси – default values...“, практика која се примени скоро кај сите други национални анекси и која може да има и контрапродуктивно влијание во самото проектирање на еврокодовите. Да резимирам, ни претстои уште многу работа, многу обуки, многу читање на еврокодовите и постепена примена во пракса, со многу ум и отворени очи, не само слепо пуштање компјутерски програми и земање здраво за готово на добиените резултати. А новата генерација на еврокодовите е скоро готова и ќе почне наскоро да се применува во европските земји. Покрај редовна ревизија на градежноконструктивните проекти од овластен инженер, непоходно е да се добие и мислење за проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата (миС1 и

Fulbright грант на UC Davis, КАлифорнија, САД миС2). зошто беше ова неопходно? Сметате ли дека ова придонесе за подбар квалитет на проектирањето? n Согласно чл. 4-а од Законот за градење, „... потребно е да се обезбеди позитивно мислење за проектираниот и изведениот степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата, од страна на субјект кој врши научноистражувачка дејност - научен институт специјализиран во областа на заштита на градби од сеизмички влијанија...“ Дополнителната контрола од страна на ИЗИИС (научен институт) која се спроведува согласно овој член апсолутно сметам дека го подобри квалитетот на проектите. Не треба многу мудрување, еве само да се споредат градежно-конструктивни проекти и соодветните ревизии, изработени пред и после донесување на овој член. Па и најголемите дежурни критичари на овој член ќе спуштат капа, тоа е факт. Примери за подобрување има десетици: проектантите станаа поодговорни, ревидентите посветуваат повеќе внимание на ревизијата, комплетирањето на техничката документација се подобри (само да се потсетиме, геомеханичките елаборати претходно се изработуваа во многу ретки случаи само за многу големи и значајни објекти), подобрена е контролата на проектите за надградби, доградби на постојни стари објекти. Знаете во досегашната примена на овој член од Законот за градење имаше многу коментари, дискусии, иницијативи пред Уставен суд, и тоа е добро, и треба да има, ние сме демократска земја, меѓутоа во ниту една стручна дискусија, од технички аспект, не беше оспорен фактот дека овој процес има позитивна улога во градежништвото во нашата држава.

колегите градежни инженери често коментираат дека студенти им ги проверуваат проектите и дека изииС нема доволен капацитет да ги ревидира сите проекти во државава. Прават ли притисок „големите инвеститори“ на т.н. капитални проекти да се прогледа низ прсти? n Процесот на издавање мислења за проектиран и изведбен степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата, во ИЗИИС е комплетно „дигитализиран“ и е „web based friendly“. Од моментот на поднесување барање до моментот на добивање на мислењето сè се реализира преку интернет и електронска пошта. Ова решение е дизајнирано и развиено во ИЗИИС, не е набавен комерцијален софтвер или нарачан од некоја програмерска куќа. Инаку директно и индиректно во процесот на издавање мислења секојдневно учествуваат повеќе од 50-тина лица. Во однос на коментарите дека студенти ги проверуваат проектите (претпоставувам коментарите доаѓаат од професори кои се јавуваат како проектанти) треба да му претставува задоволство на секој, а особено токму на тие професори, бидејќи тоа се нивни поранешни студенти на кои сигурно во текот на студиите им обезбедиле одлична едукација и сега тие се спремни за сите предизвици. Инаку за ваша информација тоа не се студенти од прв циклус на студии, тоа се наши колеги кои се магистранди и докторанди, едни од најдобрите студенти, кои знаат и тоа како добро да ги контролираат проектите. Е сега ако во проект на некој професор или „искусен“ проектант констатираат недостаток, тука не треба да работи суетата, туку напротив треба да се има 28 јануари 2022

ПОРТА

21


Постземјотресна мисија - земјотес во Niigata 2004 професионален и колегијален однос сè со цел да се добие квалитетен и технички комплетиран проект. Сите барања за добивање мислења, за нас имаат исто значење, дали тоа се на големи или мали инвеститори за нас тоа е ирелевантно. Единствен критериум за нас е градежноконструктивниот проект да е изработен согласно техничките стандарди и правилници и секако да е комплетен. Не би рекол дека постојат притисоци, можеби има во многу мал обем, пред сè се работи за мала нетрпеливост и притисок да се изработи мислењето во пократок рок. Особено „притискаат“ инвеститорите кои не се запознати со самиот процес, бидејќи мислат дека ова е како вадење извод од некоја

државна институција (поднеси барање и за еден ден добиваш документ), не знаејќи дека се контролира секој елемент од проектот. Се појави ли „паралелен“ изииС, институт за земјотресно инженерство и климатски промени - изикП кој исто така издава мислења? валидни ли се нивните мислења за проектиран степен на механичка отпорност, стабилност и сеизмичка заштита на градбата? n Ха, ха, ха е ова стварно ме насмеа до солзи. Ова уште не сум го слушнал паралелен ИЗИИС ?! Добро ова ви е можеби мала провокација, од типот на „fake news”, па да ги слушнеме коментарите. Судејќи по буквите во краткиот назив донекаде можеби и има некоја сличност. Еве ако ја оставиме шегата на страна,

Со проф д-р Ikuo Towhata , prof d-r Kenji Ishihara - доајените на земјотресно геотехничко инженерство и со најблиските соработноци од ИЗИИС - ROME 2018 - 7ICEGE 22

ПОРТА

28 јануари 2022

за овој упад во членот 4-а од Законот за градење, има соодветни одлуки од Владата, од Министерството за транспорт и врски и секој писмен инженер проектант, инвеститор треба да си ги прочита и да си одлучи. Мое мислење е дека тоа беше еден очаен обид, преку матни игри и замајување со евтини трикчиња (како на пр. доведување во заблуда со слично име на правно лице, бомбастични изјави, поставување лица од естаблишментот во одбори, вработување постари пензионери) да се искористи еден краток моментум нешто да се ќари. Еве претходно ме прашавте за капацитетот на ИЗИИС, што е во ред и на место и со задоволство ви одговорив. Меѓутоа ве прашувам дали вие како медиум го поставивте истото прашање каков капацитет има ова правно лице кога се промовираше дека може да издава мислења согласно чл.4-а? Мислам дека и дистрибуиравте пропаганден материјал од ова правно лице во едно од вашите изданија, а знаевте ли барем со каков кадровски капацитет е тој правен субјект? Немојте да мислите дека само вие бевте доведени во заблуда, и многу други паднаа на таа финта или сакаа да паднат. Добро во Македонија сè уште важи правилото секое чудо за три дена... Е сега дали се валидни изработените мислења од ова правно лице, е големо прашање? Што треба во крајна линија да ги загрижува инвеститорите. За тоа си има одлуки од Влада, од министерства, Државен градежен инспекторат, единствено што знам е дека веќе има неколку предмети за издадени мислења од ова правно лице пред второстепена комисија во Министерството за транспорт и врски. каква е соработката на изииС со останатите центри во европа и од кои сè платформи за истражување е дел вашата институција? n Меѓународната соработка е еден од столбовите на работата на Институтот и дејност која во голема мера придонесе за реномето и угледот кој го има денес ИЗИИС. И покрај пандемијата во овој домен во последните неколку години бележиме извонредни резултати. Во фокусот на оваа соработка се меѓународните научноистражувачки проекти финансирани од Европската комисија, тука пред сè мислам на Хоризон 2020, Хоризон Европа, Темпус, Еразмус + и др. Впрочем ова се полињата на кои научните и универзитетски центри од цела Европа се натпреваруваат, конкурираат и соработуваат. Успехот на овие полиња, се релевантните аргументи за оценката на квалитетот и достигнувањето на некој универзитет. Научен центар ИЗИИС во последните неколку години учествуваше со свои предлог-проекти, но и во конзорциум со други институти и универзитети од Европа со заеднички предлози на поголем број на повици


Најголем инженерски сувенир - дел легендарниот Bay Bridge - Сан Франциско за финансирање од Европската комисија. Мора да потенцирам дека овие повици (конкурси) се исклучително конкурентни и стапката не успех не надминува од 10 % , а за некои повици дури таа е и помала. Ми претставува особено задоволство што во ИЗИИС се оформува млад научен тим поддржан од поискусните колеги, кој го препозна значењето на овие европски проекти и работи интензивно на подготовка на предлог-проекти, аплицирање, вмрежување во меѓународни институции и секако тоа носи резултати. Токму кога го водиме ова интервју, ИЗИИС во конзорциум со 12 други врвни научни институции од областа на земјотресното инженерство од Европа (координатор е The University School for Advanced Study IUSS Pavia, Италија) доби грант во рамките на програмата Horizon Eurоpe кој во наредните години секако ќе биде најзначаен проект од оваа област на европско тло. колкав е интересот на младите градежни инженери за дообразување во вашата научна институција? n Интересот на младите градежни инженери за втор и трет циклус на студии кои се организираат на студиските програми во ИЗИИС е во корелација со уписот на студентите од прв циклус на студии на сродни области (пред сè градежништво, геотехника, архитектура). Општо е познато дека областите поврзани со информатичката и телекомуникациската технологија во последните години се најинтересни за студирање на младите кадри. Во тој контекст и интересот на студентите за продолжување на студиите во областа на земјотресното инженерство не забележува некој пораст.

Магистерските и докторските студии на ИЗИИС се малку и специфични по тоа што се повеќе насочени кон истражувања отколку кон класично студирање. Сепак може да кажам дека и покрај помалиот квантитет во уписите, имаме одличен квалитет на студенти. Наставно-научниот кадар на ИЗИИС максимално се вложува да им обезбеди услови за студирање на студентите слични или исти

како и во европските центри. Правиме напори да ги обновуваме нашите лаборатории, да бидат достапни за истражувачка работа за магистратури, за докторати, студентите да имаат активно учество во европски научноистражувачки проекти, обезбедуваме стипендии за најдобрите кандидати, сè со цел младите кадри да ја гледаат својата иднина тука во сопствената држава. n

ПОРТА


интервју

центаР за климатСки ПРомени – наГРада за еколоГија ПоРта 3 2021

Грижата за животната средина за да обезбедиме подобар квалитет на воздухот потребно е проблемите да се анализираат и со нив да се управува интегрирано, но најважно од сè е да се делува истовремено во секторите: енергетика, индустрија, греење на домаќинства, урбанистичко планирање, сообраќај и транспорт и управување со отпад Даниела МЛАДЕНОВСКА ваа година, Наградата на Порта 3 од областа на екологијата му припадна на Здружението на граѓани „Центар за климатски промени“, а тоа е непосреден повод за подетален приказ на нивните активности, преку интервјуто со претседателката на Здружението м-р Бојана СтанојевскаПецуровска. Станува збор за организација која е формирана во 2008 година со главна цел заштита и унапредување на животната средина и борба со климатските промени. Состојбата со животната средина и сè поголемите предизвици поврзани со ефектите од климатските промени не само на глобално туку и на национално ниво беа едни од главните причини за формирање Центар за климатски промени чиј фокус е поддршка на индустријата со цел подобрување на еколошките и енергетски перформанси, подигнување на свеста за потребата од континуирани активности за намалување на негативните ефекти од климатските промени сè со цел намалување на CO2 емисиите и формирање еколошки одговорно општество. Нашата организација е основана од професионалци кои имаат големо познавање на климатските промени и проблемите со животната средина. Освен делувањето во насока на коректор и критичар на

О

24

ПОРТА

28 јануари 2022

националните и локалните политики, едукација на пошироката јавност и посебно на децата и младите, исклучително сме посветени и на фактот нашите вработени и нашите соработници да практикуваат одржливи навики во секојдневниот живот. Селекцијата на отпадот и покрај тоа што изостанува од праксата на поголемиот дел на граѓаните сепак нашите вработени ја практикуваат секојдневно, а селектираме отпад и во нашите канцеларии. За пристигнување на работното место вработените најчесто користат велосипед, или доаѓаат и си одат пеш, а кога тоа не е можно најчесто користат јавен превоз. Сметаме дека со овие практики поттикнуваме позитивни промени кај нашите пријатели и соработници, особено затоа што не само што ги советуваме за

примена на вакви практики туку имаат прилика и тие да ја видат користа од ваквите навики кои ги применуваме“, вели Станојевска-Пецуровска. „Долгогодишното искуство и континуираната работа ни овозможи одлична соработка со многубројни организации како што се универзитети, јавни институции, експерти и други невладини организации не само од Македонија туку и од регионот па и од цела Европа. Ваквата соработка ни овозможува размена на искуства, примена на добри пракси за ублажување и адаптација на климатските промени и подобрување на состојбата со животната средина, а истовремено и можност за подобрување на нашата работа и зајакнување на капацитетите на нашите вработени. Во


е наше секојдневие

моментот сме во фаза на проширување на нашиот тим, при што главно таргетираме млади луѓе од техничките факултети во Македонија. Наши долгогодишни соработници се главно професори од техничките факултети кои постојано ја следат нашата работа и ни помагаат во спроведувањето на активностите. Со ваквиот пристап, не само што ги адресираме проблемите, туку нудиме и подлабоки квантифицирани анализи со прецизни показатели на состојбите и соодветни алтернативи и решенија за нивно надминување. Во овој контекст сакам да посочам дека ние бевме еднa од првите организации во земјава која пред повеќе од една деценија работеше проект за подобрување на енергетската ефикасност во индустријата“, истакна Пецуровска.

климатските промени сè повеќе се посочуваат како најголема глобална закана на денешницата. колку во нашата средина луѓето ги препознаваат предизвиците поврзани со климатските промени, и како на тоа влијае вашиот ангажман? n Во однос на свеста за климатските промени и влијанието на промената на климата на национално ниво можеме да кажеме дека постои одреден прогрес во однос на перцепцијата на граѓаните особено споредено со периодот пред 2010 година кога луѓето не ги препознаваа последиците од климатските промени и едноставно не веруваа дека одредени настани се последица на зголемените просечни температури на глобално ниво. Во моментов може да се истакне дека перцепцијата на граѓаните е променета и веќе во голема мера се

препознаваат негативните влијанија од климатските промени, како и потребата од поголема грижа за животната средина. Фактот што сè поголем број граѓански организации одлучуваат да работат на оваа тема јасно зборува дека граѓаните сè повеќе се свесни и ја чувствуваат потребата од здружување со цел координирана акција за борба со климатските промени. Сепак недостигаат активности и континуирана работа коишто според нас се условени од правилната комуникација на предизвиците од климатските промени. Неопходно е соодветно и навремено информирање за причините и последиците од климатските промени со што ќе се овозможи соодветен одговор и превенција на населението, а особено на ранливите групи. За таа цел ние продолжуваме активно да комуницираме со сите засегнати страни, обезбедуваме насоки и совети за ублажување на климатските промени и адаптација, затоа што грижата за животната средина започнува од секој поединец. Медиумите имаат многу важна улога во едукација и подигање на свеста за овие проблеми, но генерално потребно е и новинарите да бидат поедуцирани и почесто да објавуваат истражувачки стории. Платформата 27 и изработката на извештајот во сенка за животната средина е своевидна новина и пресвртница кај нас. впрочем, овој проект беше и главната референца за добивањето на наградата нa Порта 3. како ја препознавте потребата од вакво делување? n На проектната идеја работевме уште од 2019 година, а долго време пред тоа имавме потреба да реализираме ваква активност но чувствувавме одредена неподготвеност за реализација. На успешната апликација во Цивика Мобилитас програмата ѝ претходеа неколку неуспешни апликации, но упорноста и напорниот труд во јуни 2020 ни го донесоа проектот: Граѓанска платформа за следење на преговорите со ЕУ за Поглавје 27, чија главна цел е да ги следи преговорите со ЕУ за Поглавјето 27 – животна средина и климатски промени, односно преку соработка на граѓанските организации активни во областа на животната средина да подготви и презентира „извештај во сенка“ (shadow report) за сегашната состојба, предизвици и идни приоритети во областа на животната средина и климатските промени. Слични активности веќе беа реализирани од граѓанскиот сектор од регионот па следејќи ги нашите колеги од Западен Балкан во 28 јануари 2022

ПОРТА

25


моментот кога државата го реализираше објаснувачкиот состанок за Поглавјето 27 – Животна средина и климатски промени во Брисел на кој Европската комисија даде објаснување за европската регулатива (директиви и регулативи) кои ќе бидат дел од ЕУ-преговорите, решивме да почнеме со мобилизација на финансии за реализација на идејата. Во суштина, ова е само почеток на нашата понатамошна работа на ова поле со која очекуваме да бидеме вистински партнер во водењето на преговорите за ова поглавје. Знаеме дека поглавјето за животна средина е едно од најскапите и најкомплексните за реализација па колку повеќе чинители се вклучат во процесот толку полесно ќе можеме да се усогласиме со барањата на ЕУ. Самиот факт дека трошоците поврзани со обврските кои произлегуваат од Поглавјето 27 се диспропорционално поголеми во однос на трошоците поврзани со другите поглавја, односно дека приближно 30 % од севкупното законодавство што треба да се транспонира е законодавството за животна средина за чија имплементација се потребни повеќе од 50 % од инвестициските трошоци за една земја кандидат јасно зборува за тоа дека потребни се многу напори, човечки ресурси, посветеност и финансии за имплементација на барањата од ЕУзаконодавството. Поглавјето 27 претставува значаен административен и лидерски предизвик за сите земји и затоа навремената подготовка за преговарање со ЕУ за ова поглавје е многу значајна. Во процесот на 26

ПОРТА

28 јануари 2022

подготовка е многу важно да се води континуиран дијалог со релевантните засегнати страни. За Поглавје 27, еден од најважните и значајни чинители се граѓанските организации (ГО) кои се активни во секторот животна средина и климатски промени. Се радувам што можам да кажам дека Министерството за животна средина ја препознава работата на граѓанскиот сектор и покажа спремност за соработка со нас на овој проект. Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина, а ние активно и успешно ќе го следиме усогласувањето на законодавството и неговата имплементација на локално и национално ниво. дали креаторите на политики кај нас и донесувачите на одлуки ги уважуваат соодветно сугестиите и барањата на невладините организации или пак се обидуваат само да запазат некоја формална страна? n Постои одредена неконзистентност во поглед на прифаќање на мислењето на граѓанскиот сектор, иако состојбата не може да се генерализира затоа што некои институции покажуваат поголем интерес за соработка, покажуваат интерес да го слушнат нашето мислење, но постојат и такви кои не ги прифаќаат нашите коментари и нè вклучуваат само затоа што имаат законска обврска да го прават тоа. Исто така во некои ситуации, иако во почетокот сме вклучени од страна на одредена институција во процесот на подготовка на одредени законски или

подзаконски решенија или стратешки документи, неретко се случува понатаму истата таа институција да го игнорира нашето мислење или коментар во одредено прашање. За жал ретки се институциите кои вистински сакаат да го слушнат нашето мислење и покажуваат интерес за соработка, и за жал ќе мора да се сложам со Вашата констатација во прашањето дека најчесто граѓанскиот сектор е вклучен само поради исполнување на законските прописи. Нашите капацитети ретко се користат и од страна на локалната самоуправа чии капацитети се далеку послаби во однос на спроведување на законодавството на локално ниво. Неспорно е дека нашите капацитети може да придонесат затоа што во граѓанскиот сектор постојат професионалции чии капацитети чекаат да бидат искористени не само во процесот на носење одлуки туку и за подобро спроведување на законодавството за животна средина, како и со конкретни проекти и решенија за заштита на животната средина, подобрување на енергетската ефикасност и сл. активни сте и на полето на популаризација на зелената економија и енергетската ефикасност во индустријата. кои се вашите најзначајни проекти, но и идни планови во овој сегмент? n Да, сметаме дека зелената економија треба да биде движечка сила во секое општество и секое претпријатие, односно секој кој остварува некаква активност


особено комерцијална потребно е да размислува „зелено“ односно одржливо. Во ова време кога конзумеризмот и брзиот раст се главна движечка сила на скоро секоја економија, особено е важно да се посветува внимание и да се промени начинот на водење бизнис, начинот на производство, начинот на живот, сè со цел да направиме подобро општество, односно да обезбедиме поквалитетен живот. Ние веќе реализиравме проект за зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за имплементација на концептот на зелената економија, во периодот септември 2019 – март 2020 година. Но, освен со граѓанските организации, работевме и со одреден број мали компании, на кои во склоп на проектот им изработивме зелени акциски планови, со препораки за заштеда на енергија, управување со отпадот и ефикасно користење на ресурсите. Реализиравме и проект за производство на енергија од отпад, бидејќи од особено значење за одржливиот развој е конечно да се перципира и отпадот како ресурс, со оглед дека тоа е веќе пракса во развиениот свет. Во текот на оваа година планираме поактивно да ѝ пристапиме на индустријата со цел да понудиме соработка во насока на намалување на емисиите на стакленички гасови, да понудиме решенија за декарбонизација, да ги разгледаме можностите за примена на концептот на циркуларна економија и можностите за заштеда на енергија. Индустрискиот сектор значајно придонесува не само во емисиите на CO2, туку и за другите загадувачки супстанции и токму затоа голем број од нашите активности и досега, а и во иднина ќе бидат насочени кон овој сектор. n загадувањето на воздухот е дежурна тема кај нас и незаобиколна особено во зимските месеци. како да се подобрат овие состојби? И оваа состојба за жал нема да се подобри во блиска иднина, затоа што загадувањето на воздухот не може да се реши брзо дури и доколку има на располагање доволно финансиски средства. Подобрувањето на квалитетот на воздухот, односно постигнувањето на граничните и целни вредности, условува долгорочна напорна работа на повеќе сектори. За да обезбедиме подобар квалитет на воздухот потребно е проблемите да се анализираат и со нив да се управува интегрирано, но најважно од сè е да се делува истовремено во секторите: енергетика, индустрија, греење на домаќинства, урбанистичко планирање, сообраќај и транспорт и управувањето со отпад. За да може да се имплементираат и интегрирано да се управува и следи состојбата со сите овие сектори од аспект

на аерозагадување потребно е да се подготви долгорочна (најмалку 10-годишна) стратегија чија имплементација ќе биде координирана од еден орган кој ќе го сочинуваат претставници од сите релевантни сектори. Таквата стратегија треба да биде пропратена со Акциски план за чија реализација ќе биде обезбеден соодветен буџет. Ние се трудиме проектите од оваа област да ги реализираме со мултидисциплинарен пристап, преку лоцирање на причините, влијанието и последиците, но и нудење соодветни решенија и препораки. Во тој контекст посебно ни е важно да ѝ ги презентираме на јавноста здравствените последици од загадувањето, па во изминатата година го реализиравме проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот регион (TRAP)“. Проектот се реазлизираше на територија на Македонија (Пелагониски и Југоисточен Регион) и на територија на Грција (Општина Солун и Општина Флорина), во соработка со нашиот грчки партнер. Стратешката цел на проектот TRAP е создавање на ICT-апликација за интегрирање мониторинг на квалитетот на воздухот со индикатор за здравјето на загадување на воздухот во прекуграничната област. Квалитетот на внатрешниот воздух во објектите и институциите е исто така важно прашање за кое не се зборува доволно. Со цел подигање на свеста на оваа тема, спроведовме проект за мониторинг на квалитетот на внатрешниот воздух во сите основни училишта во Општина Карпош, во текот на 2020 и 2021

година. Изработивме и Студија за влијанието на COVID-кризата врз загадувањето на воздухот во Скопје. Имено, мерките на ограничување на движењето доведоа до значајно намалување на сообраќајот, но сепак во одредени периоди тоа не се рефлектираше соодветно и во намалување на загадувањето на воздухот, и тоа во летниот период. Во изработката на ваквите студии и анализи имаме воспоставено одлична соработка со професори од техничките факултети, како и со Институтот за јавно здравје, но и со други релевантни институции и експерти. Сепак, мора да се истакне дека за да може да ја подобриме состојбата со аерозагадувањето потребно е да се направат сериозни реформи во повеќе сектори, а грижата за животната средина да биде приоритет на Владата. Потребна е силна политичка волја за да се адресираат проблемите и да се направат промени со цел подобрување на состојбата со квалитетот на воздухот. На крајот би сакала да ја изразам мојата благодарност до редакцијата на Порта 3, за тоа што ја препознаа нашата работа и ни укажаа чест со Наградата, но и за поддршката која ни ја даваат во сите изминати години со медиумското покривање на дел од нашите активности. Ние и натаму ќе останеме посветени на заштитата на животната средина, и се надеваме дека грижата за животната средина ќе биде секојдневие на што поголем број луѓе, а надлежните институции ќе ги извршуваат своите обврски доследно и професионално. n

28 јануари 2022

ПОРТА

27


став

Во очекување на правни разврски и бирократски дејствија до денес ништо не е сторено Се надевам дека годината ќе ја започнеме со јасни цели, планови за заздравување на градот, а во архитектонската равенка ќе ги вметнеме пејзажот, климатските промени и биодиверзитетот Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх. копје живее меѓу очајот, можностите и надежта. Тридеценискиот развој на градот остави видливи траги и деградација на просторот и животот во него. Талкаме ли по вистински

С 28

ПОРТА

28 јануари 2022

архитектонски и урбанистички решенија ? Има ли надеж градот пак да биде убав и здрав за живеење. Одамна сум талкач низ овој град кој многу го сакам. Во младоста талкав по Старата скопска чаршија, Калето и сите катчиња кои нешто значеа. Во текот на изминатата година талкав низ целиот град и сите населби кои го сменија својот лик и

автентичност, ги следев случувањата во централното јадро на градот и пошироко, анализирав, пишував, предупредував, сè со цел да придонесам да се разбуди свеста за тоа што на градот му се случува и што треба да се преземе. И сега кога годината завршува го сведувам билансот на случувањата и резултатите.


ПаРтиите не ПокаЖаа дека Се обединети околУ вРедноСтите на ГРадот СкоПје 2014 Централното јадро на градот го носи бремето на творбата „Скопје 2014“. Многу страници се испишани, стручно анализирано, формирана стручна комисија и работна група која дала свои видувања, констатации и предлози. Во очекување на правни разврски и бирократскопроцедурални дејствија до денес ништо не е сторено. Градскиот плоштад „Македонија“ со повеќедецениска историја за која се испишани многу страници и стручни констатации, стои со својата сценографија на хаотичност без ниедна интервенција за подобрување. Крајбрежниот појас на реката Вардар, особено во делот на централното јадро со пејзаж тажен и неинспиративен, стои со сите направени прекршочни дејствија. Нема позитивни промени ниту долж целото течение на реката каде многу крајбрежни зелени појаси се уништени или пренаменети. холидеј ин, РаСадник, тРеСка Трите актуелни локации, ХОЛИДЕЈ ИН, РАСАДНИК и локацијата на фабриката ТРЕСКА, цела година го окупираат вниманието на стручната јавност и на граѓанитe. Стручната фела од сите провиниенции експлицитно укажуваше на значението на тие локации за градот и животот во него. Покрај сè на локацијата Холидеј Ин се загради градилиштето и се најави почнување на градбата на една од трите висококатници. Зелен хуман град ги прави последните напори укажувајќи на погубноста на тие градби по животот во центарот на градот. Локацијата Расадник е во некое привидно мирување иако Општина Кисела Вода пристапи кон изработка на некаков коригиран ДУП кој е само шминка на претходниот. За уредување на локалитетот на просторот на

поранешната фабрика ТРЕСКА по многу дискусии и состаноци на Општина Центар и стручните асоцијации, се распиша јавен анонимен конкурс после кој е одбран труд кој нуди соодветни предуслови за понатамошна разработка. Големите очекувања не се сосема исполнети, а целокупната конкурсна процедура може да се смета за делумно успешна. Сепак ова е голем чекор напред за излегување од бирократскиот лавиринт во кој е заплеткано претходното решение. Нема никаква иницијатива за преземање мерки во делот на културно-историското

наследство. Скопското кале кое е во тажна состојба, Старата скопска чаршија каде се направија многу недозволиви интервенции, Контактната зелена заштитна зона околу Калето и МСУ каде никнуваат дивоградби, сè уште чекаат надлежните институции да преземат нешто. Во населбите Аеродром, Кисела Вода, Карпош, Чаир двојно е зголемен бројот на жители. Изградени се нови блоковски комплекси во кои не се решени основните придружни содржини. За обезличените станбени блокови од 50-60тите години со доградби и надградби и меѓублоковските простори запуштени и исполнети со супстанардни гаражи, нема никакви размислувања ниту иницијатива за некаква реурбанизација и ревитализација. Сообраќајниот хаос, ѓубрето, проблемот со загадувањето, дивеењето на новоградбите чекаат решение. „Се тРеСеШе ГоРата Се Роди ГлУвче“ Мора да констатирам дека билансот на постигнувањата е негативен. Партиите не покажаа дека се обединети околу вредностите на градот. Покрај жестокиот ангажман на невладините организации (Зелен хуман град и др.), Асоцијацијата на архитекти на Македонија и целата стручна фела за спас на тоа што може да се спаси, и подобри тоа што може да се подобри, се 28 јануари 2022

ПОРТА

29


чини дека крајот на годината го дочекавме со онаа народната „Се тресеше гората се роди глувче“. Се отстрани само споменикот на Ќосето. Ќе ја почнеме годината исправени пред прашањето: Има ли воопшто шанса да добиеме поквалитетен град?

30

ПОРТА

28 јануари 2022

По природа не сум песимист, но и свесна сум за разорното дејство и штетите од досегашните активности. Убедена сум дека какви било удари и интервенции не можат да ја уништат суштината на градското битие. Записите во градската матрица се сè уште видливи. Во државата недостасува

Институт за урбанизам или слична таква институција со истражувачки тимови и сериозен научен пристап за решавање на урбанистичките проблеми. Наука и сознанија постојат. Квантум на енергија кај граѓаните и свесност за јавниот простор, јавниот интерес на пошироката заедница, одговорна градска власт и стручна фела со кредибилитет и интегритет може да дадат резултати. Мојот град, нашиот град заслужува шанса. Низ него минувале воинствени и природни сили, цивилизациите што поминале оставиле материјални и духовни сведоштва. Денеска е таков какви што се неговите жители, со убави и грди нешта, но со единствена желба за поубав и похуман град. Затоа се надевам дека годината ќе ја започнеме со јасни цели, планови за заздравување на градот, а во архитектонската равенка ќе ги вметнеме пејзажот, климатските промени и биодиверзитетот. На сите мои читатели и сограѓани им ја испраќам мојата сонувана разгледница и желба: Скопје град со зеленило и живописни пејзажи, мирис на липи, чисти улици, убави населби, креативни катчиња, мемориски точки, насмеани и среќни луѓе... n


комерцијален текст

TERMOWOOD - новост на пазарот во Македонија овост на пазарот во Македонија е ТЕРМОМОДИФИЦИРАНО ДРВО, со трговски назив TERmOwOOD. Термообработката е сосема нов природен технолошки пристап на создавање на нов вид на дрво со изменети хемиско - механички својства на материјалот. При овој процес на обработка не се користат никакви хемиски средства. Целиот процес e природен и се изведува во средина со заситена водена пареа, без присуство на кислород, на висока температура од 170 до 212 целзиусови степени. Во вака создадените услови, се менуваат хемиските својства на дрвото и доаѓа до топење на полисахаридите и карамелизација на материјалот. На овој начин се прави заштита на дрвото од влијание на вода, влага, гнилеж и бактерии и добиваме долговечност на дрвото, стабилност на материјалот и материјал кој е лесен за обработка. При пожар дрвото е безбедно затоа што оддава мала количина на јаглероден диоксид. Исто така, дрвото е со подобрени карактеристики дури и до 70 отсто од обичното дрво, не подлежи на деформации и ги поседува својствата на тропските дрва (голема отпорност на влага, вода и гниење). Бојата му е од светло до темно кафеава, со пријатен изглед, зависно од температурата

Н

на која се обработува и понатамошната намена. На допир се добива чувство на мекост и топлина на префинет материјал. Производот е целосно безбеден по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво е стерилно и на него не може да опстојат бактерии, вируси или паразити кои се опасни по здравјето на луѓето. Термомодифицираното дрво-Termowood е алтернатива на тиковото и другите тропски дрва, но со пониска цена. Се употребува при/за изработка на: l внатрешно и надворешно уредување l мебел, маси,кујни и плотни за кујни

l Подови, паркет, плочки од дрво и патос l Ѕидни облоги за ентериер

l бања (ѕидни облоги, подни плочки,

мијалник и аксесоари)

l Сауни и парни бањи

l Фасада и облоги на фасада

l мебел за двор, балкони, површини околу

базени

l Патеки и пристаништа

диСаРт доо Гевгелија е единствена фирма која произведува термомодифицирано дрво во македонија

+389 70 363 877 disartltd@yahoo.com www.disart.mk facebook.com/disartmk

ПОРТА


став

Купување стан во Скопје – инвестиција, статусен симбол или нешто друго? колку повеќе еден производ е баран, толку расте потребата за негова продукција, а ретко кога може да добиете и квантитет и квалитет – најчесто тие два поима се спротивставени во економијата. и веројатно затоа во борбата да се изгради стан плус во Скопје, се занемарува неговиот квалитет, или барем оној најрелевантниот: неговата архитектура Бошко ВИДОЕСКИ, дипл. инж. арх. емата околу концентрацијата на население во Скопје е секогаш актуелна во Македонија, особено во последните 10 - 15 години. Градежната експанзија, замирањето на остатокот од државата поради иселувањето на голем процент од населението во трети земји, несреќното урбанистичко планирање и отсуството (или непокренувањето) на механизми за контрола се главните чинители за појавата на изразито нерамномерниот регионален развој присутен денес.

Т

УлоГата на миГРационите двиЖеЊа Миграционите движења се комплексни појави и процеси кои не може да бидат разгледувани и анализирани еднонасочно. Од неколкуте позастапени видови и типови во светот, во Македонија особено интересен за разгледување – не сметајќи го иселувањето во побогатите држави – е интензивното доселување од внатрешноста во главниот град. Ваквото доселување веќе 32

ПОРТА

28 јануари 2022


наШтетУва на РамномеРниот Развој и ѝ Штети и на УРбаната ноРмалноСт одамна ги надмина извесните „природни“ миграциони закономерности карактеристични за нормалните држави низ светот. Сериозното надминување на вообичаениот интензитет на доселување на населението во најголемиот град во државата (или во покраината/регионот доколку се работи за големите земји) се должи најмногу на безобразното неводење грижа на институциите за тоа да обезбедат рамномерен регионален развој и преку своите механизми да обезбедат работа и пристојна егзистенција на населението во поголемиот дел од внатрешноста и тоа пред сè за помладата популација. Инаку, светот познава примери кога дури и во развиени држави, значителен процент од популацијата е концентрирана во еден град, како што се примерите со Монтевидео, Тел Авив, Буенос Аирес, Атина, Виена итн. Сепак, разликата од Скопје до вакви или слични примери е тоа што во нивниот случај, концентрацијата најчесто е резултат на природни миграциони текови и/или природен прираст кои се јавувале низ значително подолга временска рамка, појави коишто не влијаеле на рапидно „осакатување“ на остатокот од државата. Дури може да се спомене и фактот дека остатокот од населението во ваквите држави е во доволен број со кој останатите градови може да останат во „самоодржлива“ кондиција, независни (или барем не во преголема мера зависни) од најголемиот град. Тоа е така бидејќи концентрациите на население во еден град – не сметајќи ги микродржавите или поедини исклучоци – се случуваат во и околу најзначајниот историски центар, кој низ годините прераснал во неколкумилионски мегаград, но сепак во државата останувале уште неколку милиони за да го „пополнат“ останатиот дел. Тоа не е случај со Македонија. Според неофицијалните пописни податоци од годинава, едвај и да ја надминуваме бројката од 1 830 000 жители, а за Скопје и околината се шпекулира со бројка од блиску 850 000 регистрирани жители. Чинам дека де факто бројката е поголема, бидејќи на огромен број на студенти и млади лица кои времено престојуваат во Скопје и веќе си ја гледаат иднината во главниот град, адресата сè уште им гласи на семејното огниште во местото од кое дошле да студираат или работат. Затоа стремежот за обезбедување егзистенција, особено преку работење во дејност за која одредена индивидуа е квалификувана, е главна водилка за масовното, но во крајна линија разбирливо доселување во Скопје. Реалноста е дека во внатрешноста

населението живее во места кои веќе се неодржливи сами по себе – градови во кои недостигаат не само какви било работни места, туку и огромен број на дејности и професии, што не било случај претходно. Најдобар пример за таквата нерамномерност, неодржливост и зависност од главниот град е здравството: практично цела држава се потпира на скопските здравствени центри кога станува збор за покомплексни операции, па и испитувања, снимања, посериозни дијагнози или други интервенции.

дРЖавата од една, ГРадеЖната маФија од дРУГа, боРбата за еГзиСтенција од тРета СтРана Ваквите поразителни тенденции по рамномерниот регионален развој, државата има(ше) механизми за да ги превенира. Но, отсуството на применлива државна стратегија, матната законска регулатива и нефункционалните или неупотребени контролни механизми создадоа плодна почва за поткопување на уставниот императив за рамномерен регионален развој. Поткопувањето секако дека го врши 28 јануари 2022

ПОРТА

33


и ги поминале првите години од детството. Ваквото размислување за иднината веројатно е поттикнато од стравот за тоа дека локалните средини можеби нема да можат во иднина да им овозможат на нивните деца плодна почва за работа како што моментално ним им е овозможено таму. Трагедијата е што тоа не е нималку песимистичко, и сигурно дека родителите ќе бидат горди на својата одлука што дошле навремено во Скопје, ако утре детето им посака да биде биохемичар или градежен инженер, а во своето мало место речиси сигурно би немало работа за него.

градежната мафија. Одамна не е тајна дека бизнисот со градежништво во Скопје е вносен бизнис, особено што колку сте „поголеми“ во бизнисот, толку експоненцијално ви растат и профитите, но и апетитите, бидејќи секоја нова наредна инвестиција е поголема од претходната и претставува поголема зграда, на поатрактивна локација – неретко и повеќе такви згради. Продукцијата на нови и нови станбени единици, е еден од предусловите за останувањето на довчерашните студенти во главниот град, паралелно со замирањето на местата од кои тие доаѓаат. И немаше тоа толку да биде надвор од светските практики, доколку тоа се случуваше во природни миграциони рамки. Во Македонија одамна е надминат природниот карактер на

34

ПОРТА

28 јануари 2022

миграцијата кон главниот град како средина на повеќе можности. Таа миграција веќе наголемо е прерасната во нужност, неопходност; добива карактеристики на борба за живот, борба за иднината, особено за младите луѓе кои доаѓаат од малите места во Македонија. Настрана од ова, уште понеприродна и попоразителна за рамномерниот развој на државата е една друга тенденција: доселувањето во Скопје на цели семејства од внатрешноста, и неретко веќе остварени професионалци во своите средини. Тие веројатно размислуваат во правец на тоа дека доселувањето на целото семејство во Скопје, автоматски ќе им создаде на нивните деца поголеми предуслови за кариерен успех во однос на местото во кое се родиле

кУПУваЊе (доПолнителен) Стан во СкоПје – инвеСтиција, СтатУСен Симбол или неШто дРУГо? Ова е во тесна релација и со еден друг тренд: купување по секоја цена стан во Скопје, на кој може да му се пристапи и со филозофска размисла: дали станува збор за „сигурна“ инвестиција, која преку издавањето на станот ќе ги врати парите, или е помодарство, статусен симбол, „поглед“ кон иднината, своевиден „поттик“ за идна транзиција кон животот во Скопје или? Неретко се случува и да се преклопат некои од причините. Немам намера да влезам во толкувања, од проста причина што од аспект на купувачот (речиси), сите причини, кои и да се, се оправдани и легитимни сами по себе. Особено што нели, во ера на капитализам, секому му е дозволено да прави со своите средства што сака. Веројатно повеќето причини важат и за самите жители на Скопје кога купуваат


дополнителен стан кој не им е потребен за живеење. Дали е инвестиција, статусен симбол или нешто друго, станува неважно во пазарна економија во која важна е побарувачката. А токму поради редот причини побарувачката на станови во Скопје достигна едно вулгарно плато кое само по себе, освен што му наштетува на рамномерниот развој, ѝ штети и на урбаната нормалност, која еден град треба да ја има: хумана, здрава средина со нормален квалитет и услови за живеење. Но, овој пат поентата ќе ја однесам во правец кон тоа какви станови „носи“ енормната побарувачка за нив, а не кон намалениот квалитет на живот во Скопје поради неприродниот раст на населението и несреќното урбанистичко планирање. дали еноРмната ПобаРУвачка на Станови влијае на нивниот квалитет? Да, во негативна смисла. Колку што повеќе еден производ е баран, толку расте потребата за негова продукција, а ретко кога може да добиете и квантитет и квалитет – најчесто тие два поима се спротивставени во економијата. И веројатно затоа во борбата да се изгради стан плус во Скопје, се занемарува неговиот квалитет, или барем оној најрелевантниот: неговата архитектура. За жал тој аспект најчесто е невидлив за еден лаик, кој забележува дека одреден стан е несреќно решен само кога ќе почне да живее во него. Од друга страна, продавачите на станови секогаш, без исклучок, пробуваат да ги убедат потенцијалните купувачи со тоа дека во станот се користени квалитетни плочки, првокласен паркет и санитарен прибор, фантастични прозорци итн. Сами по себе таквите аспекти се добредојдени, но никогаш не треба да се клучни во изборот на станот, а за жал веќе наголемо се. Купувачот ретко кога умее да препознае лошо решен стан, и најчесто е „уловен“ на брендот на санитариите, на пример. Затоа и стана нормално да се влегува во станот директно во кујната која претставува ѕид со елементи во рамките на дневниот престој, а „трпезаријата“ е некаде помеѓу; станот, и покрај тоа што има две спални

(најчесто едната 10, другата 8 квадратни метри) има само една ориентација и претерано издолжени соби во обидот да го дофатат светлото од фасадата – последица од лошиот урбанизам и претерано длабоките површини за градба; собите имаат површина која не ги задоволува соодветните минимални квадратури пропишани во законската регулатива; комуникацијата е ужасна и неретко седејќи на софата во дневната соба може ако пружите рака да го дофатите телевизорот, а и да ја видите веце-школката во бањата доколку единствената врата помеѓу е отворена. Ваквите несреќни решенија произлегуваат од мноштво фактори, а меѓу другите и од енормната побарувачка елаборирана погоре. Некој би ги одбранил ваквите несреќни решенија со тезите дека начинот на живот во денешно време е променет во однос на порано: животот станал побрз, на луѓето не им требало преголем простор за јадење; не била потребна голема кујна – денес има готови кори во продавница; ходниците биле непотребни, чинеле пари и го правеле станот „ладен“, а просторот залудно потрошен; добро било да се влегува во кујна за веднаш да се остават намирниците на работната маса; а секако, некој ќе рече и дека трендот бил таков, а западните земји одамна правеле слични станови. А нели, сè што доаѓа оттаму, мора да се копира тука, без разлика дали е лошо или добро. УлоГата на каПиталиСтичкиот СиСтем Сите овие аргументи имаат една врзна нишка: капиталистичкиот систем во кој далеку поважен е приватниот од јавниот интерес. Парадоксално, мојот приватен интерес како купувач на одреден стан е во подредена позиција на нечиј друг приватен интерес кој како „поголем“ од мене, инвестирал во зграда чиј проект „некако“ добил одобрение од сите инстанци и ми продал несреќно решен стан. И втор парадокс кој произлегува од првиот: мојот приватен интерес во тој случај е загрозен на

начин кој не би се случил во социјалистички систем, иако тој систем на пиедестал го става интересот на колективот, а не мојот како поединец. Тоа е така бидејќи во теорија, социјалистичките системи не познаваат таква поставеност на приватните интереси во кој помалите риби се изедени од поголемите риби (бидејќи над сите нив е јавниот интерес), а урбанистичкото планирање е строго сфатено онака како што, барем по дефиниција, сè уште е и овде: јавен интерес – како што на овие простори било сфатено и колективното домување, не само планирањето. Работа од јавен интерес треба да бидат објектите за колективно домување и денес, а институциите мора да ги заштитат идните купувачи преку проектантска примена на минимално пропишаните стандарди за домување. Во контекст на тоа, чинам дека во Југославија, па и во другите комунистички или социјалистички земји, се продуцирале далеку посреќни станбени решенија во однос на капиталистичките западни земји во истиот период. Гледајќи низ тој аспект, станбената политика на Југославија можеби нè има и разгалено, па со доаѓањето на капиталистичките западни ветрови и појавата на гореопишани „капиталистички“ станови – кои за волја на вистината не се ништо полоши од просечен стан во која било западна земја – се чувствуваме поразени споредувајќи ги со нив далеку поквалитетните решенија од времето на социјализмот. Впечатокот ми е дека критериумите за тоа што е добар стан ни се високи (барем во нашите професионални кругови), како резултат на одличната продукција во Југославија и наследената југословенска школа. За жал таквите критериуми по сè изгледа се недофатливи во нашево капиталистичко општество, а колку побрзо ќе ја прифатиме таа реалност, толку понебезболно за нас како архитекти. Не е лошо и таквата реалност навремено да им ја пренесуваме на студентите по архитектура и новите архитекти. Како пример за тоа како не треба да се проектира, секако.. n 28 јануари 2022

ПОРТА

35


став

Помеѓу „бла, бла, бла“ и „ла, ла, ла“! оваа генерација е и последната која навистина може нешто да постигне за да се сменат состојбите на глобално ниво преку што ќе ја зачуваме не само нашата туку и иднината на следните генерации

д-р Владимир Б. ЛАДИНСКИ, дипл. инж. арх. инатата 2021 година, веројатно со право може да се нарече annus horribilis (лоша година) како на глобално, така и на локално ниво, одбележана од пандемија, пожари, поплави, земјотреси, вулкани, суши и други природни и од човека предизвикани катастрофи. Во 2021 година исто така бевме сведоци и на само делумно успешната Конференција за климатските промени на Обединетите нации (СОР 26) одржана во Глазгов, Шкотска, по којашто веројатно е тешко да се предвиди во која мерка човештвото во иднината ќе успее да се заштити од дополнително влошување на состојбите како резултат на глобалните

М 36

ПОРТА

28 јануари 2022

климатски промени. Состојбите со коишто секојдневно се соочуваме на сите нивоа веројатно придонесуваат кон појавата на коментарите за „бла, бла, бла“ или пак за „ла, ла, ла“ пристапите во рамките на јавниот живот. Од една страна раководителите постојано како да се обидуваат да нè восхитат со тоа колку големи средства се издвоени или собрани за одредени проекти. Со оглед на доминантното економско раслојување низ светот, во најголемиот број случаи станува збор за навистина незамисливи бројки за обичниот граѓанин. Но прашање е во која мерка вкупната висина на инвестиција е вистинското мерило за успешноста на истата. На пример, колку и да се пофални определбите на властите да се зголеми просечната плата во една земја, тие може

лесно да бидат бесмислени доколку и со таа нова покачена просечна плата домаќинството не може да опстои. Од друга страна се чини наполно неверојатно колку бавно се менуваат работите суштински на подобро, како никого да не го интересира што навистина се случува во светот. Решавањето на со години наталожените проблеми во одредена област се чини како да се жешки предмети кој никој не сака да ги допре за да не се изгори. Оттука се добива впечаток дека сите напори се насочени на одржување на состојбите, да не се брануваат водите или пак проблемите само времено да се закрпат со по некоја леплива лента. Се разбира времето, климатските промени и природата, нема да чекаат за да дојде некоја друга далечна идна власт којашто


како никоГо да не Го интеРеСиРа Што навиСтина Се СлУчУва во Светот

можеби навистина суштински ќе се насочи кон решавање на наталожените проблеми како со магично стапче, а преку ноќ истите ќе се разрешат и дотогашните штети ќе се поправат. Сите знаеме дека ваквите работи се случуваат само во бајките, но не и во вистинскиот живот. Оттука веројатно треба да се поведеме според изјавите на организации за заштита на природата и човештвото коишто говорат за исклучителната положба на генерацијата која сега живее на планетата Земја. Ова генерација се смета за првата генерација во историјата на човештвото која е свесна за она што нè очекува во иднина доколку сите ние на глобално ниво не го промениме нашиот начин на живеење и ја заштитиме природата. Истовремено оваа генерација е и последната која навистина може нешто да постигне за да се сменат состојбите на глобално ниво преку што ќе ја зачуваме не само нашата туку и иднината на следните генерации. Оттука потребно е и соодветно ниво на свест и лидерство за да се придвижат работите во очекуваната насока. За жал се чини дека секоја година посакуваното членство во Европската Унија како да се оддалечува од Република Северна Македонија наместо да се приближува. Оттука е веројатно потребно да се соочиме со вистината дека ако ние самите не си ја направиме иднината подобра, дека тоа никој друг нема да го стори за нас. Веројатно околу ова една од најважните работи е и да се сменат одредени постојни односи кон работите, со оглед дека без вакви промени тешко е да се очекува дека работите ќе тргнат на подобро. Истражувачите на историјата на градежништвото укажуваат на наводната зачуденост во рамките на Австро-унгарската Империја кога ја преземале територијата на Босна и Херцеговина од Отоманската Империја. Ова особено се однесувало во

доменот на урбанистичката и градежната регулатува во рамките на градовите коишто тогаш потпаднале под нивна власт, како резултат на што побрзале да донесат нова регулатива за овие територии. Веројатно нивната вчудоневиденост била уште поголема кога утврдиле дека новата регулатива не е значително различна од претходната од перидот на Отоманската Империја. Се говори дека потоа тие утврдиле дека не бил проблемот со отоманската регулацијата туку со почитувањето на истата. Со оглед на претстојните капитални зафати и проекти како новиот Генерален урбанистички план на Скопје, новиот Клинички центар во Скопје и други, несомнено се поставува прашањето во која мерка имаме соодветна урбанистичка и градежна регулатива и во која мерка истата

навистина се спроведува. Претполагам дека секој поединец ќе има сопствено видување по однос на второто прашање базирано на нивното лично искуство. Се чини дека работите се многу посложени во однос на првото прашање. Веројатно може да се каже дека квалитетот на сите планови и проекти зависи од квалитетот за законите и прописите, со оглед дека секој план и проект треба да се усогласи со истите. На пример, при барањето за издавање урбанистичка согласност во Северна Англија локалните надлежни урбанистички служби за давање на истата може да побараат околу 33 различни документи и елаборати преку коишто ќе се поткрепи барањето и ќе се овозможи соодветно детално одлучување. Без да се поднесат бараните документи и елаборати службата

ПОРТА


воопшто не ни почнува со разгледување на предметот туку само накратко го информира подносителот дека пријавата не е валидна и дека нема да се валидизира додека не се достават потребните информации. Веројатно овој пристап најдобро може да се илустрира со неколку примери. На пример, доколку станува збор за нов станбен комплекс, вообичаено се бара да се поднесе изјава за понудата на економски достапно домување во рамките на комплексот. Имено општините вообичаено пропишуваат колкав процент од новоизградените станбени единици во рамките на комплексот треба да бидат наменети за лица со ниски примања. Како резултат на ова подносителот на барањето мора да поднесе образложение како е задоволен овој критериум доколку сака да добие урбанистичка согласност. Ова најчесто се реализира преку изградба на одреден број на станбени блокови наменети за лица со ниски примања во рамките на новиот комплекс. На овој начин се спроведуваат поуките од станбената изградба во повоениот период во коишто цели комплекси биле градени исклучиво за лица со ниски примања коишто потоа изразнале во жаришта на бројни социјални, здравствени и економски проблеми. Како други елаборати потребни во

38

ПОРТА

28 јануари 2022

рамките на барањето за урбанистичка согласност може да бидат Анализа на квалитетот на воздухот, Анализа на буката, Анализа на сончевото осветлување, дневното осветлување и микроклимата, Анализа на вентилацијата и издувните гасови од објектите, Археолошка анализа, Анализа на загадување на земјиштето, Анализа на ризикот од јагленокопите и за зачувување на минералните богатства, Анализа на ризикот од поплави и анализа на капацитетот на канализацијата, Елаборат за проектанскиот пристап и пристапноста на објектот, Елаборат за урбанистичкиот пристап, Елаборат за заштита на градителското наследство и други. Ако ги земеме предвид состојбите со коишто се соочуваме во Македонија веројатно како многу актуелни и поучни може да се сметаат оние поврзани со опкружувањето на објектот на парцелата, како што се на пример Еколошка студија и извештај за заштита, Анализа на хабитатот, Инвентар на постоечките дрвја на парцелата и нивното значење и Пејзажното уредување. Некои од основните правила и принципи се релативно едноставни. Сите дрвја во рамките на поединечни заштитени објекти од градителско наследство и сите дрвја во рамките на заштитени амбиентални средини

се заштитени со закон. Посебна урбанистичка согласност е потребна дури и една гранка да треба да се исече. Вакви дрвја може да бидат подложни на сечење само доколку стручно лице докаже дека дрвото е толку болно да претставува опасност или за другите дрвја или пак за пошироката јавност доколку постои опасност дрвото да се сруши. Во другите зони дрвјата може поединечно да бидат заштитени, а за оние што не се заштитени вообичаено се бара доколку се сечат истите задолжително да бидат заменети барем со онолку нови дрвја колку што биле исечени во рамките на парцелата. Еколошката студија и Анализата на хабитатот се изработуваат за да се утврди нивото на постојната флора и фауна на парцелата. Основното правило е дека урбанистичка согласност се дава само доколку по изградбата на новиот објект биолошката разноликост на парцелата е подобра или најмалку идентична на онаа пред изградбата на објектот. Дополнително расчитувањето на парцелите пред почетокот на градба на нов објект главно е ограничено само во периоди кога не се јавуваат принови во рамките на флората и фауната. Како резултат на ова ако некој сака да расчистува градежно земјиште во периодот од март до септември тоа може да се врши само доколку 24 часа пред започнување на расчитувањето еколог ги прегледал зоните на планирано расчистување и заклучил дека нема да се загрозат видовите во овие зони. На пример, доколку птица свие гнездо во рамките на објект во изградба, изградбата мора да се запре додека птиците со подмладокот не го напуштат гнездото. Нарушувањето на престојувалиштето на лилјаците е кривично дело. Како резултат на ова вообичаено треба да се направат барем три инспекции од еколог и тоа во периодите на активност и хибернација на лилјаците пред да се пристапи со градежните работи. На оние локации каде што ќе се утврди присуството на лилјаци првин треба да се изградат куќички за лилјаците на соседните дрвја или пак во рамките на постојни или нови градби на парцелата, за лилјаците да може да се преселат, пред да може да се


почне со градежните работи. Работењето во близина на водени површини вообичеано носи со себе за 8 метри широки заштитни зони забранети за градежни активности од двете страни на водената површина. Веројатно како особено добра е праксата дека урбанистичка согласност не се дава доколку не е поднесен план за управуавње со пејзажното уредување на парцелата, барем за една година од завршувањето на објектот. Преку ова урбанистичко барање градежната фирма е должна во рокот на зададениот период редовно да се грижи и да го одржува зеленилото на парцелата, како и да замени посадено дрво, џбун или трева доколку се осушат за да на крајот од пропишаниот период зеленилото на парцелата соодветно да е оформено по што лицето коешто управува со објектот ја презема улогата за заштита и одржување на зеленилото. Ваквите елаборати вообиачено бараат и Елаборат за проценка на отворените површини. Така на пример, доколку во рамките на еден објект не е можно да се обезбеди пропишаното ниво на отворени површини, тогаш нарачателот на објектот треба да ѝ плати придонес на општината за таа да ги зголеми слободните јавни површини за да се задоволи стандардот. Веројатно особено актуелно е во склопот на барањето за урбанистичка согласност да се достави и изјава за вклученост на заедницата. Ова најчесто се врши на тој начин да Урбанистичката служба го определува минималниот број на објекти во соседството на предвидениот објект и комплекс коишто треба да се консултираат пред да се поднесе барањето за урбанистичка согласност. Во случаи на помали објекти и комплекси ова се врши со лична достава на прашалници до идентификуваните соседи на кои им се дава можност да го искажат своето мислење по предлогот и истиот или да го поддржат или да не го поддржат. Кога станува збор за поголеми објекти и комплекси вообичаено се испраќа покана и се организира изложба на која се образложува проектот по што им се дава можност на заинтересираните лица

да го искажат својот став по истото. Откога мислењата на заедницата ќе се соберат и достават на урбанистичката служба таа потоа мора да спроведе дополнителна консултација на најблиските соседи на новопроектираниот објект по службена должност. Во принцип за помали објекти со една до две забелешки по незначителни забелешки по предложената урбанистичката служба може да одлучи врз основа на делегираните овластувања. Во сите други случаи одобрувањето мора да оди пред Општинскиот комитет за урбанизам којшто е јавен настан и за кој по претходна пријава може сите заинтересирани лица за и против предложеното, јавно да го искажат своето мислење во ограничен временски рок пред да се донесе одлука по барањето. Слични правила важат и во доменот на градежните прописи, каде што важечката верзија на основните Градежните прописи за Англија изнесува 1.266 страници, а којашто укажува на обидот прописите да се обработат во доволно ниво на детал, но истите најчесто се надоврзуваат и на дополнителни упатства прописи и стандарди. Дополнително кон овие основни Градежни прописи се надоврзуваат и оние за посебни видови на објекти како на пример за здравствени установи, образовни обејкти, социјални установи и други, од кои

дел по својот обем се и поголеми од основните градежни прописи. Оттука веројатно еден од начините на подобрување на состојбите во рамките на изградената средина во Макеоднија е и да се работи на подобрување на прописте во доменот на изградената средина, но при ова треба да се земе предвид дека земја од нашата големина ќе има ограничен капацитет во однос на тоа во колкава мерка може да изработи сопствени прописи за сите аспекти на урбанистичко планирање и архитектонско проектирање. Веројатно тука треба да се поучиме од примерите и на други помали земји коишто барем дел од своите прописи и стандарди ги базираат на оние од поразвиените земји. На пример, тешко е можно да се разбере во која мерка може да се развијат стратешки и капитални објекти само со примена на локалните градежни прописи или пак со користење на книгата Архитектонско проектирање од Нојферт која е вреден прирачник за проектирање, но не и правилник за проектирање. Да се надеваме дека оваа клучна генерација за иднината на Северна Македонија и планетата Земја ќе одговори на поставениот предизвик и ќе го даде најдоброто за да се зачува иднината на следните генерации. n

28 јануари 2022

ПОРТА

39


архитектура

Моќна визија за пласман на

сценската уметност „не смее да биде храм, раскошен, но безживотен. треба да биде место каде што ќе се работи и твори, преплавено со идеи и експерименти“, се зборовите на сопругата на починатиот претседател, Жаклин кенеди за намената на центарот

Јулија ВЕЛКОВСКА (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) ФОТО Кредит – iStock, Library of Congress, NASA

ога своевремено дојдов во Америка, благодарение на драга пријателка, го разгледував Вашингтон на долго и на широко. Кенеди центарот беше и сè уште е еден од објектите којшто не може да се одминат. Замисли дека некој успеал во тоа што предвидел, еден ден главниот град на САД да има објект посветен исклучително на сценската уметност, со насмевка ми кажа мојот „водич“. Оддалеку, пространата зграда обложена во бел мермер, гордо се огледуваше во водите на реката Потомак. Глетката ми остана во сеќавање, знаејќи дека еден ден ќе ја видам одблизу.

К

40

ПОРТА

28 јануари 2022

Споредено со обелискот во чест на првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, или споменикот на Линколн, во стил на антички храм, Центарот Кенеди служи како „жив споменик“, во чест на убиениот американски претседател Џон Ф. Кенеди, и тоа со музика и театар. Дали само едно место може да обезбеди услови за оркестри, опери, театри? Решението од средината на 20 век изгледало едноставно - да се проектираат три театри со едно лоби што ќе ги спојува. Правоаголниот центар е поделен речиси рамномерно на третини, со Концертна сала, театарот Оперска куќа (Opera House) и Театарот Ајзенхауер, еден до друг. Пристапот - повеќе подиуми во една зграда наскоро бил копиран од секоја мултиплекс филмска куќа/компанија во трговските центри низ Америка.

Поради предизвиците со локацијата – бидејќи се наоѓа веднаш покрај реката Потомак и безбедноста на тлото, објектот е изграден со кесонски темели. Структурата слична на кабина, може да се постави како работна површина, а потоа да се наполни со бетон. Овојпат, за темелите е употребена челична рамка. Ваквиот вид на инженерство се користи години наназад при конструкција на мостови, како во случај на мостот Бруклин во Њујорк, на пример. Почетоци Првично, Кенеди центарот требало да биде Национален културен центар, којшто на САД во периодот на 50-тите години и тоа како им бил потребен. Претседателот Двајт Ајзенхауер потпишал Закон за еден ваков објект во 1958 година, со што за


кенеди центаР,ваШинГтон првпат во историјата американската влада се заложила да помогне во финансирање центар за ваква намена. Претседателот Кенеди потоа ги продолжил напорите за зголемување на бројот на доверители и продолжување на времето за собирање средства за изградба од приватни донации.

Но, судбината за 35-тиот американски претседател, имала свој тек. Врз него беше извршен атентат на 22 ноември 1963. Додека државата сè уште била во шок, во 1964 бил усвоен предлогот Националниот културен центар да се преименува во Кенеди центар, за, според претседателот Џонсон, „да се продолжи каузата на овој голем човек, но и културно да се збогати животот на Американците“. Сепак, се јавил „мал“ проблем, за да заживее овој објект, биле потребни околу 70 милиони долари. Следувал период на преговори, но и на донации од поединци и бизниси, како на средства, така и на бесценети уметнички дела од целиот свет. И покрај тоа, се чинело дека реализацијата била невозможна, сè до моментот кога Италија го ветила својот подарок - мермер од Карара, во вредност од преку еден милион долари. Со овој чин, во 1967 година изградбата на Кенеди центарот можела да почне.

објект Четири години подоцна, на 8 септември 1971, Кенеди центарот ги отворил вратите за љубопитната публика, со светската премиера на Леонард Бернштајн, „Миса“, настан што критиката го нарече - богат амалгам на театарска уметност. Зградата е висока 30 метри, долга 190 метри и широка 91 метар. Проектот е на архитектот Едвард Дурел Стоун во јасна правоаголна форма опколена со 66 тенки, позлатени столбови во висина на објектот. Изгледот е елегантен, стилот е модернистички или нов формализам, што претставува противтежа на доминантниот класицизам во вашингтонската архитектура. Од предната страна впечатлив е отворениот простор и патеките поплочени со мермер, опколени со дрвореди и украсени со

американски знамиња. На задната страна, каде е и терасата, редицата жални врби и фонтаните особено кога се осветлени, отмено се отсликуваат во стаклената врата којашто води кон Големото фоаје. Без оглед дали ќе влезете од страната на Салата на сојузните држави на САД (поставени се знамиња на 50 американски држави, по редоследот на влез во Унијата), или преку Салата на нациите (со знамиња на држави во светот со кои САД одржуваат дипломатски односи, меѓу кои е и Македонија), мора во одреден момент да се најдете во фоајето, долго колку и зградата (или колку две фудбалски игралишта едно до друго) кое се смета за најголема просторија во светот. Подот е обложен со богат црвен тепих. Она што паѓа во очи овде се 16-те рачно изработени кристални лустери Орефорс (Orrefors), подарок од Шведска. Долги се по речиси пет метри, со дијаметар од по два метра и секој тежи по еден тон. Раскошот се должи и на фактот што секој поединечно се состои од 65 шестоаголни парчиња со 12 двојни призми од оловен кристал и шест светла.

28 јануари 2022

ПОРТА

41


по големина и намена театри и сали, (меѓу 224 и 2.750 седишта), Центарот бил најголем културен комплекс од таков вид.

Веднаш потоа, е главната фокусна точка на овој простор - бронзената биста на претседателот Кенеди, од американскиот скулптор Роберт Беркс, инаку познат како вашингтонски Микеланџело. Тешка е 1,5 тон и толку деликатно изработена, што ако се анализира од под различни агли, можно е да се 42

ПОРТА

28 јануари 2022

забележат различни изрази на лицето или на карактерот на Кенеди - неговата младост, афинитет кон спортот, државнички дух, дури и ранливост. Двата снопа светлина над неа се поставени на начин кој нема да се прекршува со светлото што доаѓа од лустерите. Со шест беспрекорно акустични, различни

звУчна заШтита и акУСтика Акустиката е нешто по кое објектот се одликува. Врвниот акустички дизајн се должи на Кирил Харис, тогашен професор во Одделот за електроинженерство и Школата за архитектура при Универзитетот Колумбија. Имајќи ја предвид близината на Националниот аеродром Реган, постојаниот прелет на хеликоптери, околниот сообраќај и внатрешната бука, особено пред настапите, Харис, заедно со главниот архитект Стоун, се одлучиле за пристапот кутија во кутија, давајќи му на секој аудиториум дополнителна надворешна обвивка. Харис е заслужен за двојната ѕидна конструкција на објектот - секој од ѕидовите е направен од цврсти бетонски блокови со дебелина од 15,5 сантиметри, и помеѓу нив има воздушен простор од 5 сантиметри. Сличен пристап е употребен и во двојните стаклени ѕидови во Главното фоаје - меѓу внатрешното стакло од 1,5 сантиметри има воздушен простор од 10 сантиметри, а надворешното стакло е дебело речиси еден сантиметар. Со тоа, споменатата врева и буквално секој шум се непробивни во салите. Двајцата инженери се погрижиле и за изборот на најдобрите материјали за изработка и дизајн на ентериерот во театрите, како природното дрво во Концертната сала, ѕидови во комбинација на гипс и дрво, преклопувачки дрвени панели и слично. Подот е исто така дрвен, за, како што рекол, Харис, музиката буквално да се „почувствува и преку нозете“. Во случајот на Концертната сала, за одоколу е биран специјален тенок тепих од волна и најлон, како придушувач на звуците. Земен е предвид секој детал во просторијата, како обликот на плафонот и лустерите, за да ги задоволат акустичните критериуми. Кога квалитетот е во прашање, секако тука е и физичкото присуство на публиката и затоа пожелно е концертот или претставата да бидат комплетно распродадени. Тепихот во фоајето, овојпат за придушување на буката во лобито е подебел и волнен, затоа препораката е подебелите палта да се остават во гардероберот на влезот во зградата. Концертната сала воедно е дом на Националниот симфониски оркестар, тука се одржуваат популарни музички концерти и годишната награда Марк Твен за американски хумор. Салата е најголемиот сценски простор во Кенеди центарот, со 2.465 седишта. Оперската куќа (Opera House) e вториот по големина театар, дом е на Националната опера на Вашингтон, но тука гостуваат и балетски компании од целиот свет и мјузикли од Бродвеј. Највпечатлив, ако може да се нарече детал, e


кристалниот лустер од познатиот производител на стакло Лобмаер (Lobmeyr), подарок од Австрија. Како и лустерите во фоајето, и ова светло се користи како сигнализатор дека претставата штотуку ќе почне или продолжи. Конкретно, за оваа ѕвезда со околу 2.000 светилки карактеристични се неколку убави градации на бои, пред целосно да се угасне. Подиумот во салата може лесно да се пренамени за балетски настапи. Оваа сала е позната по исклучително важен настан за американската уметност и култура. Секој декември од 1978 година, наваму, овде се одржува Гала во чест на пет или шест најпродуктивни, најкреативни и докажани уметници коишто дале драгоцен придонес за развој на културата во земјата. иднина Кенеди центарот важи за своевидна училница, и тоа за сите возрасти. Посветен е на зголемување на можностите за учество и разбирање на уметноста. Понудените образовни програми станаа примери за градови низ целата земја. Сè се почнува од мали нозе. Стимулирајте го интересот на децата за уметност - е овдешната мантра. „Не смее да биде храм, раскошен, но безживотен. Треба да биде место каде што ќе се работи и твори, преплавено со идеи и експерименти“, се зборовите на сопругата на починатиот претседател, Жаклин Кенеди за намената на Центарот. Навистина вибрира, блика со живот и енергија. Однадвор, неизбежна е врвулица од луѓе (исклучок е периодов на пандемијата). Иако навидум изгледа хаотично, сите присутни, и изведувачите и посетителите, точно знаат зошто се тука, си го наоѓаат својот спокој и се инспирираат. Ист е случајот и внатре, каде најдобрите од Америка и од светот, доаѓаат да глумат, свират, танцуваат, пеат. Секако, тука се и илјадниците зад сцената, дизајнери, костимографи, техничари и друг персонал, составен дел во креирањето на таа театарска магија. Ова важи и за продолжетокот на Центарот, особено ако дозволуваат временските услови. Наречен е The Reach / Посегање. На 29 јануари 2013 година, Кенеди центарот ги објави плановите за проширување на објектот јужно од првобитната зграда. Со проектот на американскиот архитект Стивен Хол, се отворил поголем простор за генерални проби и дополнителни настани, но што е од особена важност, овозможува дополнителна инклузивност на публиката и нејзина динамична интеракција со изведувачите. Доказ за иновативниот дизајн се пешачкиот мост што води кон Потомак и велосипедската патека, но пред сè, трите флексибилни павилјони, сите со различна форма и модерен изглед. Сите пропуштаат многу природна

светлина, нудејќи прекрасен поглед на околината. Продолжетокот на Кенеди центарот беше отворен во 2019 година. визија За Кенеди е познато дека иако не бил уметник, бил поборник за пласман и еднаков третман на уметноста како дејност. „Ако уметноста сака да ги храни корените на нашата култура, општеството мора да го ослободи уметникот да ја следи својата замисла каде и таа да го однесе“, рекол тој во 1961. „Никогаш не смееме да заборавиме дека уметноста не е форма на пропаганда; таа е форма на вистината“. Според Кенеди, ако САД сакаат да продолжат да се развиваат и напредуваат, ќе мора да продолжат да ја негуваат својата култура и да ја зголемуваат почитта кон креативниот поединец. Кенеди на функцијата бил само 35 месеци,

но настрана политиката и неговите успеси или неуспеси, овој човек за пошироката јавност важи за визионерски лидер кој ја разбира вредноста да се поддржат плановите на другите, и можеби тоа е неговото најголемо достигнување. За Кенеди, збогатувањето и поддршката на уметноста било средство нацијата да стане и да биде најдобрата верзија на себе. Со поглед кон иднината, две години пред да биде убиен ќе рече: „Ѝ се радувам на Америка којашто нема да се плаши од благодатта и убавината“. Кенеди е и првиот американски претседател кој активно се интересирал за промоција на сценската уметност и оттука, Центарот е насочен кон мултимедијалноста. Центарот Кенеди е јавно-приватно претпријатие - зградата е во сопственост и одржувана од Федералната влада, но програмата, маркетингот и продажбата на билети се приватно организирани. n 28 јануари 2022

ПОРТА

43


ПОРТА


ПОРТА


eнтериер

Важно е пациентите да се чувствуваат опуштено и пријатно во офталмолошкиот центар преовладува белата боја на ѕидовите која оддава впечаток на чистота и грижа за хигиената, неопходни при работењето. оваа белина е надополнета, на делови и прекината, со топли тонови на дрвените материјали, а на моменти како секвенци се појавуваат поинтензивни бои

ПОРТА


оФталмолоШки лаСеРСки центаР д-Р РиСтовСки – СкоПје Биро ПРОЕКТ фото: Владимир СЕКУЛОВСКИ фталмологијата е гранка на медицината која се занимава со највредното и најчувствителното за човекот – очите. Поради специфичната и деликатна работа, офталмолошкиот ласерски центар Д-р Ристовски од Скопје посака да добие простор во кој неговите пациенти ќе се чувствуваат сигурно. Поради тоа го ангажираше нашиот тим архитекти, на кои им е доверена задачата да се добие нов и пријатен реновиран простор.

О

Во надеж да се намали анксиозноста, која се јавува речиси кај секој пациент при посета на лекар, нашиот тим испроектира ентериер каде луѓето ќе се чувствуваат опуштено и пријатно. Богатството на форми, пријатни тонови и материјали во овој ентериер не наговестуваат чувство дека сте на лекар. Архитектите токму тоа сакаа да го постигнат. Целта на реновирање на ординацијата беше да се добие поголем приемен дел, и да се добие простор кој ќе биде светол, топол, модерен, со целосна слобода кон осмислување на истиот. Приемниот дел каде престојува најго-

лем број пациенти истовремено, чекајќи го својот ред за преглед, оддишува со мошне пријатна атмосфера. Правоаголниот пулт со својата форма потсетува на опуштен простор. Пултот е изработен од иверка со дрвен дезен, во комбинација со фарбан медијапан во бела боја, ногалки од метални профили електростатски фарбани во црна боја кои во основата завршуваат со исполна од зеленило - поларен мов. Облогата на ѕидот зад пултот е изработена исто така од иверка во дрвен дезен кој е испресечен со дијагонални ленти исполнети со поларен мов.

ПОРТА


Парчињата мебел – столовите се со современ дизајн, различна боја и форма, внимателно одбрани, кои придонесуваат на впечатокот на непосредност и опуштање во една неформална урбана атмосфера која остава пријатен впечаток. Покрај приемен дел, има три ординации, помошни простории (остава и кујна) за непречено функционирање на процесот на работа, тоалет за вработените и пациентите и дел за оптика.

ПОРТА

Во офталмолошкиот центар преовладува белата боја на ѕидовите која оддава впечаток на чистота и грижа за хигиената, неопходни при работењето. Оваа белина е надополнета, на делови и прекината со топли тонови на дрвените материјали, а на моменти како секвенци се појавуваат поинтензивни бои, како зелената на поларниот мов или од некаде извира интензивна боја на парче мебел. Сè со цел да се избегне формалноста на белата, чувството на

строгост и дисциплина неопходни во медицината, за пациентите да добијат самодоверба и да се чувствуваат пријатно при својата посета на лекар. Подот во ординацијата е од порцелански плочки со камен дезен, со димензија 120/60 сантиметри, под кои е поставено подно греење со грејна фолија во деловите каде има најголема потреба од топлина. Ѕидовите во приемниот дел се со различна обработка, покрај белите ѕидови кои


преовладуваат, други ѕидови се со техника на натур бетон на едната страна и релјефна структура со вертикални потези завршно молерисани со бела акрилна боја, аплицирана на ѕидот кај препознатливото лого на ординацијата. Логото поставено централно спроти пултот е од брусен инокс со суптилно скриено лед осветлување со што се нагласени контурите. Тоалетите се едноставни и функционални со црни плочки со бела капиларна шара на кои се истакнува белата санитарна опрема, грижливо одбрана по својата форма и дизајн. Делот за оптика каде може да се одберат соодветни очила е максимално поедноставен, поставен по должина покрај бел ѕид, каде главниот фокус е на рамките кои се истакнуваат на белината на ѕидот. n

ПОРТА


екологија

Мода и отпад - врска која ефективната промена бара одвојување на модната индустрија од фосилните горива и обезбедување дека индустријата ќе се префрли на одговорно производство засновано на употреба на одржливи влакна и со префрлање на облека што има подолг животен век и поголема можност за рециклирање Катерина СПАСОВСКА - ТРПКОВСКА енес купуваме облека повеќе од кога било досега, ја носиме пократко и создаваме огромни купишта текстилен отпад, кој најчесто завршува на депонии или се гори, испуштајќи токсични материи и стакленички гасови. Секоја година се произведуваат неверојатни 100 милијарди парчиња облека, што е 14 парчиња облека за секој човек на планетата. Модната индустрија стана синоним за прекумерна потрошувачка, но и неконтролирано производство на отпад, загадување на животната средина и експлоатација на работниците. Проблемите на модната индустрија се многубројни, па можеби затоа на темата за нивното влијание врз климатските промени ретко се зборува во јавноста.

Д

Позитивни СиГнали ПоСле COP26 Позитивни сигнали доаѓаат од последната меѓународна конференција за климатски промени одржана оваа година во Глазгов (COP26), на која присуствуваа претставници на големи компании и познати модни куќи, како и невладини иницијативи кои се борат за регулирање на модната индустрија. На COP26, некои од најпознатите светски брендови како Стела Макартни и Бурбери ги 50

ПОРТА

28 јануари 2022


и модната индУСтРија ПРидонеСУва за климатките ПРомени

треба да стане одржлива за модните брендови да дејствуваат решително и да дадат каков било придонес во борбата против климатските промени. Сепак, една таква иницијатива неодамна пропадна кога, во 2019 година, Владата на Обединетото Кралство ги отфрли сите предлози за забрана на согорувањето или отстранувањето на непродадените залихи што може да се користат повторно или да се рециклираат. По COP26, нова надеж доаѓа од Европската комисија, која најави дека оваа година ќе објави сеопфатна стратегија на ЕУ за текстилни производи. Оваа стратегија претставува можност да се намали негативното влијание на светската мода. Ефективната промена бара одвојување на модната индустрија од фосилните горива и обезбедување дека индустријата ќе се префрли на одговорно производство засновано на употреба на одржливи влакна и со префрлање на облека што има подолг животен век и поголема можност за рециклирање. Доколку се донесе таков закон и ако владите ширум светот го следат нивниот пример, текстилниот сектор би можело да биде принуден да се сврти кон побавно производство што целосно би ги променило навиките на потрошувачите, што на крајот би имало позитивни ефекти врз климатските промени и врз животната средина.

претставија своите визии за поетичка и поодржлива модна индустрија. Модните компании се свесни за проблемот и за нивното влијание, што е првиот и најважен чекор во решавање на проблемот. Сè поголем е поттикот за различните иницијативи на модните компании да се занимаваат со решавање на негативните ефекти што нивниот синџир на производство го има врз животната средина. Меѓу првите конкретни чекори е потпишувањето на Повелбата на ОН за модната индустрија за климатски активности,

која беше потпишана од стотици компании меѓу кои и Гучи, Х&М и Зара. Повелбата поставува цели засновани на наука во согласност со Парискиот договор, но не постои обврска или законски мандат да се бара одговорност од брендовите. Во исто време, некои големи модни куќи сè уште ја немаат потпишано повелбата. одлУчУвачката УлоГа на законодавСтвото Многу водечки фигури во индустријата се согласуваат дека е потребно законодавство

ПолиеСтеРот како ПРв во низата ПРоблеми Влијанието на модната индустрија врз животната средина почнува од првата алка во синџирот на снабдување. Со цел да се произведе најевтиниот можен текстил, индустријата сè повеќе се потпира на синтетички влакна, пред сè на полиестер. Овој полимер, кој се користи и за производство на пластична амбалажа, главно се добива како нафтен производ и зазема речиси половина од уделот на влакна во текстилната индустрија. Доколку продолжи сегашниот тренд на користење синтетички влакна, се проценува дека за помалку од една деценија три четвртини од текстилот ќе се произведуваат од фосилни горива. Полиестерот наталожен во природата се распаѓа и создава честички кои не се биоразградливи и кои продолжуваат да циркулираат во природата, а може да се најдат дури и во живите организми. 28 јануари 2022

ПОРТА

51


Производството на памук не е помалку опасно за природата, бидејќи неговата преработка вклучува големи количини на отровни отпадни води, а со сегашното темпо на производство не би била сигурна поддршката за потребите на модната индустрија. Откако првичните суровини конечно ќе се претворат во текстилен материјал, со значителна потрошувачка на енергија, почнува нивниот транспорт, кој често вклучува вкрстено патување на различни континенти. Често се случува суровините да се транспортираат низ светот од фабриките кои склопуваат одредени делови до оние што го финализираат производот, а потоа уште еднаш до бутикот каде што ќе се продаваат. Доколку не стигне до клиентот во наведениот рок, артиклот го продолжува транспортниот синџир до нова дестинација. Повеќето алишта го завршуваат својот живот или на депонија или во инсинератор. Од вкупно 48 милиони тони произведена облека во 2015 година, крајната дестинација за повеќе од 70 отсто или 35 милиони тони облека била депонија или печка, при што 70 отсто од тоа биле депонирани, а останатите 30 отсто изгорени. Приближно по еден камион облека се фрла секоја секунда на депониите ширум светот. Поголемиот дел од овој отпад постепено ќе изгние во текот на стотици години, ослободувајќи микровлакна и токсични хемикалии во почвата и во подземните води и ослободувајќи метан во атмосферата. РециклиРаЊето не моЖе да Го РеШи ПРоблемот Се проценува дека модната индустрија учествува со околу 8 до 10 отсто од вкупните емисии на стакленички гасови и околу 20 отсто од отпадните води. Влијанието на модната индустрија врз животната средина е поголемо од воздушниот и поморскиот транспорт заедно, но регулативите кои би имале за цел да ги намалат негативните ефекти речиси и да не постојат. Со проектираниот тренд на раст на модната индустрија од над 20 проценти годишно, потребни се брзи решенија. Некои модни компании како H&m веќе се обидоа да го намалат влијанието врз животната средина со купување стара облека, но се покажа дека рециклирањето не може да го реши проблемот со брзата мода, ниту да го спречи експоненцијалниот раст на употребата на синтетички влакна. Во моментов, помалку од еден отсто од ПОРТА


старата облека се рециклира за да се произведе нова, 13 проценти се претвораат во други материјали, додека рециклираниот материјал полиестер главно доаѓа од пластични шишиња. Ова само ја отстранува пластиката од циклусот на рециклирање и ја носи на чекор од депонијата. Облеката што не се депонира оди на согорување. Бидејќи количината на облека која станува отпад постојано се зголемува, а нивниот откуп се намалува, во некои посиромашни рурални средини е забележано дека луѓето користат пакувања со облека како гориво за греење, што го носи процесот на согорување во населени места, што може да има дополнителни последици за жителите. Мора да се изнајдат ефикасни решенија за да се реорганизира модната индустрија и да се стави на производствен колосек кој би бил поодржлив и посоодветен за животната средина и за климатските промени. Од модните брендови се очекува да станат одговорни за она што се случува во нивните синџири на снабдување и да преземат целосна одговорност за она што се случува со нивната облека на крајот од тој синџир.

рециклирани материјали. Пример за бавна мода како вид на бизнис-примени е Patagojija, која со својата негативна маркетиншка кампања „Не ја купувај оваа јакна“ апелираше до своите клиенти двапати да размислат пред да купат и да се одлучат само за работи што ќе им траат. Компанијата постигна раст на приходите со тоа што продолжи да

произведува облека што трае. За време на црниот петок 2016 година тие собраа 10 милиони долари од продажбата, а целиот приход го донираа во борбата против климатските промени. Заедно со брендовите Deciem, Freitag и Allbirds последниве години редовно го бојкотираат овој ден, што поттикнува масовно купување.. n

Позитивни деловни ПРимеРи Некои компании самоиницијативно веќе ги направија првите чекори и го реформираа својот бизнис. Брендот за женска облека House of Baukjen, на пример, ја освои наградата на ОН за својот кружен бизнис-модел. Нивната модна куќа постигна јаглеродна неутралност во целиот синџир на снабдување, производствени процеси и логистика. Еден од методите за овој успех е што ги набавува своите материјали од етички добавувачи, избирајќи главно природни влакна кои се обновливи и

28 јануари 2022

ПОРТА

53


хортикултура

Ексцентрична градина во кампусот на

Почитувањето на градинарството и страста за историјата е она што првично привлекло толку многу волонтери за реставрација на градината и продолжува да биде движечка сила за нивните напори да ја одржат, а со тоа да ја одржат и историјата на Стенфорд ПОРTA 3 местена подалеку од останатите главни туристички атракции на Универзитетот Стенфорд, Калифорнија, САД, ексцентрична и чудна градина се наоѓа на северниот крај на кампусот. Опкружена со шума со дабови и евкалиптуси, нејзините густо заплеткани бодликави растенија и високите дрвја јука се истакнуваат пред минувачите, оставајќи многумина љубопитни какво е тоа место кое како директно да е дојдено од пустината Сонора на само неколку метри од Стенфорд мавзолејот. Градината на кактусите во Аризона, или официјално Arizona Garden, позната и како Cactus Garden е мала ботаничка градина специјализирана за кактуси и сукуленти. Сместена во кампусот на Универзитетот Стенфорд, Калифорнија, САД отворена е за јавноста секој ден без надомест. Градината за прв пат е засадена помеѓу 1880 и 1883 година за брачниот пар Леланд и Џејн Стенфорд. Леланд Стенфорд бил американски тајкун, индустријалец, политичар и основач на еден од најпознатите универзитети во светот. Arizona Garden е создадена според проект на пејзажниот архитект Рудолф Улрих, кој се специјализирал за

С 54

ПОРТА

28 јануари 2022


ArizOnA GArden

Универзитетот Стенфорд, Калифорнија

„аризонски градини“ (во случајот „Аризона“ не значи држава во САД, туку пред сè „сушна“ градина, што подразбира растенија на кои им треба малку вода). Улрих, Германец роден во Вајмар, емигрирал во САД, обучен во Европа како градинар, изградил успешна кариера проектирајќи и поставувајќи градини и терени за приватни и јавни клиенти ширум Соединетите Држави. Во Монтереј, Калифорнија, бизнисменот Чарлс Крокер го ангажирал Улрих во 1881 година како надзорник на пејзажот во хотелот Del monte, денес Поморска школа за постдипломски студии. Тој станал познат по својата „Аризонска градина“ од пустински растенија. Леланд Стенфорд на Улрих му задава задача да создаде слична градина на неговиот имот. Планот бил градината да биде во непосредна близина на идната вила на семејството Стенфорд и да биде дел од поголемите градини на имотот. Меѓутоа, по смртта на синот единц на Стенфордови во 1884 година, вилата никогаш не била изградена и имотот станал Универзитетот Стенфорд. Дури кога семејството Стенфорд ги пренасочило своите напори за изградба на универзитет во чест на нивниот покоен син, Cactus Garden станала витален дел од животот на кампусот, служејќи како училница за многу часови по уметност и ботаника. Во раните години на Универзитетот Arizona Garden била

омилено место на студентите, романтично и популарно за додворување на младите парови. Градината редовно се одржувала сè додека првите градинари кои биле ангажирани од семејството, Чунг Вах и Ах Вах, не се пензионирале во 1925 година и се вратиле во Кина. По Втората светска војна градината пропаднала и обновена е дури во доцните 1990-ти години. Со преку 1.600 квадратни метри зелена површина, четвороаголната симетрична градина инспирирана од американскиот Запад, била необична глетка дури и за стандардите на своето време, „златното време“, период обележан со богатство. Во својот најславен период, вклучувала илјадници сорти на кактуси и сукуленти кои ретко, ако не и никогаш, природно не растеле во областа. Имајќи ја на ум поранешната репутација како статусна градина инспирирана од викторијански стил, Кристи Смит, сегашната координаторка на градината, почнала да истражува и планира реставрација што ќе го врати некогашното чувството на стравопочит и љубопитност кон градината. Со поддршка од Друштвото за сукуленти од Сан Франциско, многу донатори и мноштво посветени волонтери, не само што се успеало 28 јануари 2022

ПОРТА

55


градината да се трансформира во првобитната состојба, туку е и проширена за да вклучи голем број ретка и необични флора, како што е Ceiba speciosa - свилено дрво, спирално алое и Аgave americana. Волонтерската реставраторска работа започнала во 1997 година и сè уште е во тек. И покрај децениското запоставување, некои од оригиналните растенија останале. Градината денес содржи приближно 500 кактуси и сукуленти, ледени растенија и други небични и ретки билки, вклучувајќи и десетина видови од 1880-тите години. Градината е широко поделена на два главни дела. Делот на источната страна е засаден со алое, жад и други сукуленти од Европа, Азија и Африка, а делот на западната страна е со кактуси кои потекнуваат од Америка. Историските растенија, кои сочинуваат околу 10 - 15 отсто од насадите, оставени се на нивните изворни места.

ПОРТА

„Се надевам дека градината ќе биде тука и по 100 години откако ќе заминеме и дека никој нема да рече дека паркинг ни треба повеќе отколку што ни треба оваа градина“, вели Кристи Смит и додава: „Тоа би биле нашите најлоши кошмари“. Почитувањето на градинарството и страста за историјата е она што првично привлекло толку многу волонтери за реставрација на градината и продолжува да биде движечка сила за нивните напори да ја одржат, а со тоа да ја одржат и историјата на Стенфорд. Црцорење, брборење, какафонија на птичји звуци и песни дочекуваат при првиот чекор на патеките кои се од набиена земја, обрабени со камења и обиколени со дабови и евкалиптуси, а мора да се напомене и дека кампусот Стенфорд е дом на преку 125 видови птици, од кои многу престојуваат токму во Arizona Garden. n


ПОРТА


репортажа

Ме потсети на оние слики на ѕид во некоја од чајџилниците во Скопската чаршија Потребно е три пати повеќе енергија кога се пешачи на снег. Само што излеговме над селото гледаме како сонцето почнува да изгрева, небото добива некоја портокалова нијанса, како на сликите на Питер бројгел

Кате АНТЕВСКА Фото: Александар ЧИПОВ На околу 35 километри од Скопје, во областа Торбешија, се наоѓа планинското село Патишка Река кое има има 579 жители. Селото е сместено на 1.243 метри надморска височина (неговата највисока точка) на планината Караџица. Тоа со кое плени ова село е убавата природа, а над селото високо се издигнуваат врвовите Остри Врв (2.263 м.) и Убава (2.346 м.). Низ селото поминува Патишка Река, река понорница, која извира собирајќи ги водите од гребенот Пепелјак на Караџица, давајќи му дополнителен сјај на ова село со својата пенливост и бучност во пролетните месеци, кога се топат 58

ПОРТА

28 јануари 2022

планинските снегови. Селото Патишка Река ѝ припаѓа на Општина Сопиште и дефинитивно е едно од најубавите и најживописни места во близина на главниот град на Македонија. За селото Патишка Река прв пат чув кога бев мала. Татко ми или дедо ми, не паметам, во еден неврзан разговор спомна дека има пријател, извесен Ибрахим, кој живеел во тоа село. Во детската глава, тоа ми прозвучи како да е последната точка на светот. Имало висока планина и мечки, ете само на тоа ми текнува. Лани, за прв пат по толку години повторно го слушнав името Патишка Река како почетна точка за искачување на врвовите Убава, Караџица и Остри Врв на планината

Караџица. Ама нема сега да зборувам за тој ден, туку за еден друг, зимски ден неколку денови пред да влеземе во 2022 година. Зимите почнаа да нè одминуваат, не е како порано кога се случуваше снегот да се задржи две недели во градовите или, за мене, во Матка. Доаѓам во Македонија, во зима, кога градовите се неподносливо загадени со една цел, да видам снег, во планина или во некое село, сеедно. За тоа не мора секогаш да се оди до Маврово или Попова Шапка. Може да се оди на еднодневна тура до селото Патишка Река, кое се наоѓа во правец на Марково Сушица на околу 35 километри од Скопје. Го видов еднаш ова село во доцно лето, пикнато во падините на Караџица, со река која минува низ него, поставено на повеќе од 1.200 метри


Селото ПатиШка Река, СнеГот и ловџиите надморска височина. Глетката на куќите наредени лево и десно од малата, а брза река и планината што се издига веднаш над него, ме потсети на оние слики закачени на ѕид во некоја од чајџилниците во Скопската чаршија. Како мала мислев дека сите тие принтови се пејзаж од некое швајцарско село, а тоа да ти било само десетици километри од мене. Нешто пред пет часот наутро, уште не е разденето, возиме во правец на Патишка Река. Сакаме да качиме некој врв на Карџица, секако ако е возможно. Слушнав дека можеби ден пред тоа група планинари пробале да се качат на Миленков Камен, па белким малку ќе биде разгазена трасата. Патиштата се празни, точно пред селото, по нас и пред нас има џипови со ловџиски кучиња во приколките. Искрено, помислата дека сите ќе тргнеме во ист правец, кој да ужива во снегот, кој да лови диви животни, ме вознемирува. Како и да е, стигнуваме во селото. Скопје го оставивме врнежливо и сиво, а овде е друг свет. Сè е покриено со снег. Но, темно е, селото спие, изгрејсонце ќе видиме малку погоре. Се паркираме веднаш до џамијата и се упатуваме нагоре. Имаме зимска опрема, чизми за зимски услови и високи гамашни во случај да има многу снег. И да, снег има многу, на места и над коленици, треба да се пробиваме, гледаме дека нема човечки траги, само од животни. Овој снег мора да е нов, штом не е разгазен и штом нозете лесно ни пропаѓаат. Тројца сме, еден ја води групата и го пробива снегот. Штом не се жали значи не му е многу мачно. Јас ги следам стапките. Потребно е три пати повеќе енергија кога се пешачи во снег. Само што излеговме над селото гледаме како сонцето почнува да изгрева, небото добива некоја портокалова нијанса, како во сликите на Питер Бројгел. Кога ќе ми текне таму имаше некои ловџии со кучиња, еве еден и пред нас. Почнуваме разговор. Сакаме да бидеме сигурни дека нема да одиме во правец на местото каде што ќе ловат. Ловџијата е љубезен и нè уверува дека сите ловџии се упатиле од другата страна на шумата, ние продолжуваме право. -Има доста диви свињи, ловам, па ги продавам, вели тој. Сигурно има и мечки, со среќа - не поздравува. Кога одам низ планиниве никогаш не мислам дека некое диво животно може да биде закана. Ако почнам да мислам на лошо, подобро никаде да не тргнувам. Освен нас и некоја лисица, друг не тргнал кон Остри Врв, кој се наоѓа на 2.263 метри надморска височина. Снегот е сè подлабок и подлабок, ама убаво е. Упорни сме, не се откажуваме, одиме до 11 часот, па до каде стигнеме – стигнеме. Потоа мора да се симнуваме, за да не нè стемни. Влегуваме во густа шума, прилично е долга. Потоа би требало да се 28 јануари 2022

ПОРТА

59


искачиме на рамница, до бачилата. До врвот има многу. Времето брзо минува. Дрвјата се натежнати од снегот, а возухот е остар. Вода полниме по пат, изворот ни е и место каде земаме здив. На почеток секогаш се жалам дека ми е тешко, ама потоа добивам енергија. Ми се чини ќе летнам. Планината, снегот,

60

ПОРТА

28 јануари 2022

чистината го бистрат умот, кој се бори со разни мисли. Одиме со саати, со многу кратки паузи. Јасно ни е дека врвот е невозможно да се качи и почнуваме да се симнуваме надолу. Мислиме како ќе седнеме на топло, во ресторанот во селото, и денот ќе го завршиме со топло турско кафе.. n


ПОРТА


ПОРТА


telekom.mk/business-tarifi

telekom.mk/magenta1-business

Попуст на претплатата

ПОРТА


ПОРТА


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.