ПОРТА Г РА ДЕ Ж Н И Ш Т ВО А РХИ Т Е К Т УР А Е КОЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
314 МАРТ 2022
Не можеме да се согласиме со распродавање на преостанатиот слободен простор Пет жени кои ја заслужиле, но не ја добиле Нобеловата награда за физика Да се соживееш со објектот, го почувствуваш амбиентот, ја следиш светлината
ПОРТА
СОДРЖИНА
12
15
ИНФО 6 ПРВА НАГРАДА НА МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ВО ЦРНА ГОРА ЗА ТИМ АРХИТЕКТИ ОД МАКЕДОНИЈА
ИНФО 8 ПОЧНУВА ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ЛИНДАНОТ ОД МАЛАТА ДЕПОНИЈА ВО ОХИС
РЕГИОНИ 10 СТАВ 12 КАКВИ КУЛТУРНИ ОБЈЕКТИ ГРАДИМЕ ДЕНЕС?
40
ГРАДЕЖНИШТВО 15 БЕЗ БИМ-ТЕХОЛОГИЈА КОМПАНИИТЕ НЕ СЕ КОНКУРЕНТНИ НА ПАЗАРОТ
ИНТЕРВЈУ 20 ВАСЕ АМАНИТО ПЕТРОВСКИ – АРХИТЕКТОНСКИ ФОТОГРАФ
АРХИТЕКТУРА 28 ТРИ ГЕНЕРАЦИИ ЖЕНИ АРХИТЕКТИ
УРБАНИЗАМ 32 НЕ МОЖЕМЕ ДА СЕ СОГЛАСИМЕ СО РАСПРОДАВАЊЕ НА ПРЕОСТАНАТИОТ СЛОБОДЕН ПРОСТОР
УРБАНИЗАМ 36
49
54
ТЕТОВЧАНИ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД ПАРК!
АРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 40 ШУМАРСКИОТ КОЛЕЏ ВО ОРЕГОН, ПОСТАВУВА СТАНДАРД ЗА УПОТРЕБА НА ДРВО ВО АРХИТЕКТУРАТА
ДИЗАЈН 44 ФУНКЦИОНАЛЕН СВЕТЛЕЧКИ ОБЈЕКТ КАКО УМЕТНИЧКА СКУЛПТУРА
ТЕХНОЛОГИИ 49 ПЕТ ЖЕНИ КОИ ЈА ЗАСЛУЖИЛЕ, НО НЕ ЈА ДОБИЛЕ НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА ФИЗИКА
ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ 52 АДИНГ ОБЕЗБЕДУВА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРЕКУ ФОТОВОЛТАИЧНИ ПАНЕЛИ
ЕКОЛОГИЈА 54 СВЕТОТ ТРОШИ НА СУБВЕНЦИИ КОИ ГИ ВЛОШУВААТ КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
ХОРТИКУЛТУРА 58 ЕДИНСТВЕНА ТРОПСКА БОТАНИЧКА ГРАДИНА НА СПИСОКОТ НА СВЕТСКО НАСЛЕДСТВО
ПОРТА
25 јули 2014
58
ГОДИНА XVII
БРОЈ 314 ПЕТОК 25.03.2022 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Нов месец и нов број на Порта 3. Секогаш интересните четива и овој пат се сместени во редовните рубрики градежништво, архитектура, екологија, став, урбанизам, хортикултура. Тим архитекти од Македонија имаат добиено прва награда на Меѓународниот конкурс за идејно архитектонско решение на зградата на Државната ревизорска институција на Црна Гора. Нивниот одговор на конкурсот е „Трепетлика“, името на новиот дом на државната институција за ревизија. Почнува чистењето на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС, а загадената земја со специјални контејнери ќе биде пренесена во Франција и во Холандија, каде што треба да се деконтаминира. Информациите за активностите на дел од локалните самоуправи се следни на страниците. Општините преферираат развој наместо пренагласена заштита на Југозападниот плански регион, во Велес се уредува кејот на десната страна на реката Вардар, а Делчево добива современа метеоролошка станица. Нашиот редовен соработник во рубриката став пишува за тоа какви културни објекти се градат денес. Македонската култура е девастирана во сите нејзини сегменти во последните дваесетина години. Културните институции во Македонија функционираат главно во постојни објекти изградени во времето на Југославија. Во рубриката градежништво може да се прочита за потребата од воведување комплетна дигитализација на компаниите. Без БИМ-технологија компаниите не се конкурентни на пазарот. Во овој број може да се прочита интервју со Васе Аманито Петровски, архитектонски фотограф кој вели дека преку фотографија можеме да научиме како некои работи треба или не треба во иднина да се проектираат, што таа архитектура значела во одредено
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Насловна страница АРХИСКОПЈЕ, СТАНБЕН БЛОК, 1977, АРХИТЕКТ ЉУБИЦА НИКОЉСКИ
време во историјата и зошто се појавила. Во рубриката архитектура има текст за архитект Станислава Оверхолт која припаѓа на семејство во кое има три генерации жени архитекти. Поширокото семејство со пет архитекти и три градежни инженери во три генерации од кои пет жени, може да се смета веројатно како реткост, особено со оглед на периодот во кој повеќето дипломирале и работеле. Шумарскиот колеџ во Орегон, поставува стандард за употреба на дрвото во архитектурата. Објекти за напредни производи од дрво, играат важна улога на поврзување на академското знаење со практичното знаење. Секогаш актуелната тема урбанизам застапена е и во овој број на Порта 3. Во последните денови актуелна е состојбата со деталните урбанистички планови во Општина Карпош. „Независни За Карпош - За Заштита На Карпош“ велат дека не можат да се согласат со распродавање на целиот преостанат слободен простор. Тетовчани веќе неколку недели се борат за тоа да добијат парк и велат дека јавниот интерес мора да се рехабилитира. Во рубриката технологии може да се прочита за пет жени кои ја заслужиле, но не ја добиле Нобеловата награда за физика. Светот троши на субвенции кои ги влошуваат климатските промени. Станува збор за штетни субвенции кои придонесуваат за исцрпување на природните ресурси, деградација на екосистемите, создавање неодржливи нивоа на производство и потрошувачка или влошување на глобалната нееднаквост. Овој број го затвораме со рубриката хортикултура каде има текст за Ботаничката градина Сингапур која е единствена тропска ботаничка градина на списокот на светско наследство.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
313
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ соработници: Ангел СИТНОВСКИ Ангела СТЕФАНОВСКА Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Јулија ВЕЛКОВСКА (САД) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Koсто ГРАОРКОСКИ Љупчо АТАНАСОВСКИ Натка ЌОСЕВА Невена ГЕОРГИЕВСКА Огнен АРСОВ (Словенија) графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Раде ЈАНКОВ, Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796
ФЕВРУАРИ 2022
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.000 ден. за физички лица: 800 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Патот што требаше да биде готов во 2021, стана приоритет во 2022 Сиромашните не можат да си дозволат сиромашни решенија! Сите треба да тргнеме од себе – ќе си ја турнеме ли сами заградената тераса?
ФОТО ВАСЕ АМАНИТО
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 24.03.2022 Број на примероци: 700 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
90 ДЕНАРИ
инфо
Прва награда на меѓународен конкурс во а Меѓународниот конкурс за идејно архитектонско решение на зградата на Државната ревизорска институција на Црна Гора, кој го распиша Министерството за екологија, просторно планирање и урбанизам на Црна Гора, првата награда припадна на тимот архитекти од Македонија: Александар Симјеноски, Христијан Ивановски и Викторија Богданова, кои учествувале со свој труд под шифра „TREM7654“. На конкурсот пристигнале вкупно 20 конкурсни трудови, а доделени се три награди и три откупа. Вкупната површина на зафатот на парцелата изнесува 1.960 квадратни метри. Од учесниците се очекувало во рамките на идејното решение, да дадат и предлог за уредување јавна површина – сквер.
Н
ТРЕПЕТЛИКА Првото прашање кое младиот тим архитекти си го поставиле е: Како да се замисли зграда која ќе биде огледало на ревизијата (преобмислување, пресогледување) како стремеж кон општествена исправност? Нивниот одговор е „Трепетлика“, името на новиот дом на државната институција за ревизија: Како што велат архитектите: „Нејзината 6
ПОРТА
25 март 2022
стаклена обвивка трепери на најблагата промена, однатре и однадвор, нејзината нежна строгост и конструктивна повторливост врамува динамични огледала, нејзината ревизорска аскетска внатрешност и рационална основа се сретнуваат со надворешната шума и со јавноста
токму на стаклена обвивка - огледало на транспарентноста помеѓу граѓаните и институциите“. Архитектонското решение на „Трепетлика“ ги гради своите три принципи – транспарентност, строгост, едноставност –
Црна Гора за тим архитекти од Македонија врз постојните вредности кои проектантите ги препознаваат во архитектонскиот јазик на градот Подгорица. Велат дека покриените променади и пластично истакнатите ритмични брисолеи на лицето на архитектонските зданија, ги прочитале на: Плоштадот на независноста, Централната банка, Музичкиот центар во поширокиот контекст, Академијата на науките и уметностите и Вила „Горица“ во поблиската околина на локацијата. Ги присвоиле и ги интегрирале во „Трепетлика“ со еден материјален пристап: преплетување на повторливоста на елегантните бели структури и транспарентноста на стаклените „oчипрозорци“ на зградата, чија поставеност овозможува: огледување на зелената околина, јужна ориентација кон амфитеатралниот пејзаж над реката Рибница и североисточно отворање и поглед кон зеленото возвишување Горица. Објектот е поставен на улицата со благо повлекување кое создава трапезоидна пијаца, врамена од конзолните стаклени испусти на катовите, тремот на влезот и дрворедот. Изборот на новозасадените дрвја трепетлика како дрво чии лисја треперат и на најблагото ветре, се должи и на нејзината вертикална издолженост и на белината на нејзиното стебло. Објектот „Трепетлика“ заликува на истоимените дрвја и комуницира со нив низ
просторни одлики: повторлива белина на вертикалните структурални елементи кои ги врамуваат стаклата, централна празнина која се отвора кон небото и трепетлив одраз на надворешниот и внатрешниот живот низ листовите и стаклата.
Објектот содржи две висечки вертикални градини, а петтата фасада создава кровна градина и светлосна празнина. Централната просторна тема во зградата е светлосната празнина која се издига низ сите катови. n
ПОРТА
инфо
Почнува отстранувањето на линданот од малата депонија во ОХИС очнува чистењето на линданот од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС, а загадената земја со специјални контејнери ќе биде пренесена во Франција и во Холандија, каде што треба да се деконтаминира. Со овој проект, Македонија направи крупни чекори во исполнувањето на обврските кон Стокхолмската конференција каде сме полноправна членка од нејзиното донесување во 2001 година. За реализација на овој проект воспоставена е соработка со меѓународната заедница на полето на управување со неразградливи, органски загадувачи. Расчистен е теренот, поставени се сите механизации, а поставен е и заштитен балон кој нема да дозволи разнесување на штетните честички. Линданот, со посебно поставена пруга ќе се носи до специјални контејнери, кои понатаму треба да ја однесат загадената почва до Франција и Холандија. За чистење на малата депонија воспоставена е соработка со Владата на Норвешка и со две агенции на Обединетите нации – Организацијата за индустриски развој УНИДО и Канцеларијата за проектни услуги, УНОПС. Делегацијата на ЕУ во Македонија издвои 2,5 милиони евра од ИПА 3 програмата, конкретно за комплетирање на процесот за ремедијација на малата депонија. „Главна цел на овие подготовки е максимална безбедност при отстранувањето на опасните хемикалии складирани повеќе десетици години во малата депонија во поранешниот индустриски комплекс ОХИС. На тој начин се овозможи реализација на проектот ‘Отстранување на техничките и економските бариери’ за започнување на решавањето на повеќегодишниот проблем со техничкиот отпад линдан и неговите изомери, депониран во кругот на фабриката“, потенцира премиерот Димитар Ковачевски Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини информира дека се преземени сите највисоки мерки според пропишаните стандарди за да се избегне какво било разнесување на опасниот материјал кој ќе се ископа од малата депонија и дека се преземени сите мерки за максимална заштита на средината. „Во Министерството за животна средина и просторно планирање, сме особено посветени на почитување на сите еколошки и безбедносни стандарди. Од тие причини, елиминацијата на сите жешки точки на територијата на нашата земја на еколошки безбеден и соодветен начин, е високо на листата на нашите приоритети. На ОХИС, како жешка точка број еден во земјата, гледаме како на историски проблем на чиешто решавање посветуваме многу внимание и енергија кој целосно ќе биде решен“, вели министерот Нуредини. Шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија Дејвид Гир, вели дека е задоволство што ЕУ дале свој придонес за чистење на малата депонија. „Рехабилитацијата на локацијата на ОХИС во рамките на проектот ‘ЕУ за чист воздух’ е уште еден практичен израз на нашата непоколеблива посветеност кон Европскиот зелен договор и на здравствените и социоекономските придобивки што ќе ги донесе и во Северна Македонија“, рече Гир.. n
П
8
ПОРТА
25 март 2022
ПОРТА
региони
Делчево добива современа метеоролошка станица правата за хидрометеоролошки работи во Делчево ќе ја постави првата автоматска метеоролошка станица (АМС) со намена за автоматска опсервација и пренесување на метеоролошките податоци. За реализацијата на овој проект, Договор за соработка потпишаа Општина Делчево и УХМР Скопје. Автоматската метеоролошка станица ќе биде поставена на соодветна локација во населбата Шумски расадник во Ново Делчево. Согласно со податоците од УХРМ, автоматската метеоролошка станица претставува набљудувачки систем составен од повеќе автономни уреди коишто вршат мерења, а податоците се читаат и добиваат од централната единица за аквизиција и се пренесуваат до корисникот. Автоматската метеоролошка станица се состои од хардверски и софтверски дел. Поголемиот дел од хардверскиот дел е сместен во специјална надворешна куќичка, а ги подразбира: сензорите кои го вршат мерењето, инсталирани и поврзани со централниот систем преку кабли, централен систем за прием и обработка на податоците од сензорите според соодветни алгоритми и во формат погоден за дисплеј, периферна опрема и уреди, како што се извори за постојано напојување електрична енергија, вградени уреди за автоматско мониторирање на статусот на виталните функции на станицата, уреди за пренос на податоци на далечина. Еден ваков мерен систем ги мери метеоролошките параметри како температура на воздух, релативна влажност на воздух, атмосферски притисок, правец и брзина на ветер, сончево зрачење, количина на врнежи. Овој мерен систем има можност за надградба за мерење. Мерењата се вршат според важечки прописи на Светската метеоролошка организација (СМО) и на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). n
У
Уредување на кејот од десната страна на Вардар П
осле 20 години велешани ќе добијат современ кеј на десната страна на реката Вардар. Од Општина Велес велат дека е финализиран договорот за реконструкција на кејот на десната страна на Вардар во вредност од над 25 милиони денари. „Со овој проект кој е во рамки на ИПА-програмата за прекугранична соработка со Република Грција, финансирана од ЕУ, решаваме децениски проблем, со што граѓаните на Општина Велес ќе добијат уште едно катче за рекреација и нова креативна можност за развој на туризмот“, вели градоначалникот Марко Колев. Исто така, уште еден нов проект со финансиска поддршка на ЕУ ќе се реализира во Велес. Тоа е отворање Европска куќа што ќе биде сместена во просториите на поранешното кино во синдикалната зграда, простор кој е предвидено целосно да се реконструира. Европската куќа ќе биде наменета за младите, за реализација на нивните инвентивни и креативни идеи. n 10
ПОРТА
25 март 2022
Општините преферираат развој наместо пренагласена заштита на Југозападниот плански регион радоначалниците од Југозападниот плански регион, денеска имаа средба со претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и на Агенцијата за просторно планирање, во пресрет на иницијативата за изработка и донесување нов Просторен план на Република Северна Македонија за развојниот период од 2020 до 2040 година. Притоа, заменик-министерската за животна средина и просторно планирање, Христина Оџаклиеска и директорката на Агенцијата за просторно планирање, Андријана Андреева, заедно со своите соработници ги запознаа присутните со временската рамка и методологијата за изработка на овој значаен стратешки документ, кој пред сè, ќе биде во хармонија со европскиот пристап во планирањето, како еден од неопходните чекори во приближувањето и подготовката за пристап кон Европската Унија. Градоначалниците истакнаа дека постојната законска регулатива го кочи развојот на регионот и тие не можат да излезат во пресрет на барањата на инвеститорите и на граѓаните. Низ дискусијата во која учествуваа градоначалниците и претставници од општините од Југозападниот плански регион заклучено е дека при изработката на новиот Просторен план на државата треба да бидат земени предвид развојните барања на општините, бидејќи без нив ќе нема економски развој, нови инвестиции, вработувања и подобрување на животниот стандард на
Г
населението. Се очекува, преку соработката со Швајцарската агенција за развој и соработка, и преку Програмата за регионален развој на Бирото за регионален развој, да бидат инвестирани околу 80 милиони денари за проекти со кои ќе се подобрува животот на
населението во Југозападниот плански регион, имплементирани преку Центарот за развој. На настанот присуствуваа градоначалниците од општините Охрид, Вевчани, Дебар, Дебрца, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Струга и Центар Жупа, како и претставници од невладиниот и бизнис-сектор. n
во Велес
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака; 25 март 2022
ПОРТА
11
став
Какви културни објекти градиме денес? Не е толку смешно колку што е жално, што проблемот кој прераснал во конфликт се решава на ваков начин, пред камери, а Асоцијацијата на архитекти е ставена во контекст на партиска злоупотреба. Се надевам дека решение ќе се најде со конструктивен дијалог на сите чинители и компетентни учесници во проблемот
Душанка ШУЛОВИЌ, дипл. инж. арх. окрај неминовниот позитивен технолошки развој кој ни се случи, за жал поминавме и период на целосна узурпација на градителското наследство, архитектура и култура. Македонската култура е девастирана во сите нејзини сегменти во последните дваесетина години. Културноисториското наследство, објектите и претставниците на културното творење се најбитните сегменти за градењето на имиџот на една држава и народ. Впрочем, со тој багаж се оди во заедницата на европските
П
12
ПОРТА
25 март 2022
народи. Оперските и театарските куќи се обично највпечатливите обележја во големите градови затоа што во рафинирана форма го претставуваат јавниот живот на градот и државата. Културните институции во Македонија функционираат главно во постојни објекти изградени во времето на Југославија. Какви културни објекти градиме денес? ПАРТИСКИ ПРЕПуКуВАЊА И НЕДОЛИЧНИ ОБВИНуВАЊА Пред скоро време бев вчудоневидена кога на последниот јавен дијалог пред ТВ-камери за објектот Универзална сала видов на кој начин се решаваат проблеми кои бараат
стручна и компетентна дискусија. На почетокот на реконструкцијата на Универзална сала му претходеше исцрпна анализа и дебата на сите релевантни институции, граѓанска демократска транспарентна дебата и проект дониран од архитектонското биро „Мегарон“ на архитектот Бујар Муча. Објектот е во фаза на градба, а градбата е во застој четири месеци после промената на градската власт. Реконструкција на ваков тип на објекти постари од 50 години е комплексна, уникатна и во текот на градбата неминовно доаѓа до ускладувања на решенијата, проверка и промена на одредени состојби.
АРхИТЕКТуРА И КуЛТуРА Затоа не би требало да се сомневаме во одговорноста и компетентноста на сите стручњаци кои ставиле потписи на проектната документација, а за која градоначалничката тврди дека не гарантира безбедност на корисниците и граѓаните. Не е толку смешно колку што е жално, што проблемот кој прераснал во конфликт се решава на ваков начин, пред камери, а Асоцијацијата на архитекти е ставена во контекст на партиска злоупотреба. Се надевам дека решение ќе се најде со конструктивен дијалог на сите чинители и компетентни учесници во проблемот. Не би сакала да се замагли целата позитивна аура околу реконструкцијата на овој објект сo партиски препукувања и недолични обвинувања. Универзална сала му е насушно потребна на Скопје за музички концерти и за други манифестации, бидејќи сега сѐ се одвива во салата „Борис Трајковски“, која ниту е наменски погодна за тоа, ниту е функционална за таков тип манифестации. НАЈВПЕЧАТЛИВИТЕ КуЛТуРНИ ОБЕЛЕЖЈА За друг тип музички настани градот ги има објектот на Македонска опера и балет и зградата на Филхармонија. Зградата на МОБ е градена во осумдесеттите години, а зградата на Филхармонија е од пред неколку години и е единствениот вреден културен објект изграден во тоа време. И двата објекта локациски и наменски ги задоволуваат потребите на институциите кои во нив егзистираат, на ниво какво што е потребно и во функционална и во архитектонска смисла. Таквите објекти и по својата типологија како дом на комплексна уметничка форма, се највпечатливите културни обележја на градот. Но, морам да констатирам дека со објектите од „Скопје 2014-та“ се оградени и одвоени од реката и од речното корито и ставени во заднина што е своевиден хендикеп. На истиот потег покрај реката е објектот на Младинскиот културен центар граден во осумдесеттите години, но реновиран и во релативно добра состојба. Солидно ја обавува својата функција, но со својот скромен капацитет и содржини прашање е дали е доволен за милионски град. Живееме во ера на информатичко општество, нови технологии и нови потреби на младата популација од сите возрасти. Во светот се градат објекти со многузначна функционална намена, каде се брише границата меѓу содржините кои досега се сметаа за некомпатибилни. Затоа мислам дека треба да се размислува за објект кој ќе понуди нов тип на јавен културен простор за сите возрасти, со содржини што ги бара новото време со многузначни временски
пораки (простори за ток-шоу настани, презентации, дебатни културни настани, забавни делови со технологија за виртуелни игри и 3Д-презентации, простори за ученици кои дозволуваат употреба на различни електронски уреди и уште многу други содржини од забавен и од едукативен карактер). НЕМА ТЕАТАР КОЈ ГИ ЗАДОВОЛуВА СОВРЕМЕНИТЕ СТАНДАРДИ Театарската уметност во градот која имаше многу светли периоди во изминатите времиња, за жал стагнира или функционира
со половина здив. Градот Скопје нема театар кој ги задоволува современите стандарди. Старо-новиот театар изграден во склоп на проектот „Скопје 2014-та“ не е ни реплика, ни театар кој ги постигна функционалните стандарди кои се очекуваат од современа театарска сцена. Во техничка смисла има доста пропусти што создаваат проблеми, а во естетска смисла манифестира кич и невкус. Објектот на Драмски театар одамна е во распаѓање. Театарот Комедија функционира во руиниран објект за кој се прашувам дали е воопшто безбеден. Детскиот 25 март 2022
ПОРТА
13
театар исто така функционира во изнудено решение. Морам да спомнам дека не постојат ни помали сцени за алтернативни перформанси по населбите или периферните делови на градот кои може да функционираат и во адаптирани постојни објекти. КуЛТуРАТА Е ОСНОВАТА НА ИДЕНТИТЕТОТ НА НАРОДИТЕ Дури и со реновирана Универзалната сала градот Скопје има потреба од изградба на мултифункционална концертна сала со поголем капацитет. На таков значаен објект од културата му претходи стручна тимска анализа од најрелевантни институции од областа на урбанизмот и архитектурата. За финансиска конструкција и средства треба да се погрижат градската и државна власт. Но за тоа, покрај знаењето на стручната фела, потребна е и политичка волја и менаџерски способности. Јас допрев само дел од состојбите во еден
ПОРТА
сегмент од културата. Свесна сум за можностите на државата и за состојбите во градот обременет со многу неодложни проблеми за решавање, но ако зборуваме за културните потреби кои се од витално значење за граѓаните, но и за имиџот на државата, треба да ги обединиме силите и да бараме решенија. Културата е од витално значење исто толку колку и сѐ друго. Еве само еден пример. На светската изложба ЕКСПО 2020, која е платформа за прикажување на најновите светски иновации и најновите технички и технолошки достигнувања, Македонија требаше да се претстави со културата и традицијата на државата и со природните богатства и туристичкиот потенцијал. Република Северна Македонија во својот павилјон изложи традиционални етнички носии, препарирани автентични животни од нашата земја и летоци за туристички дестинации. Според посетителите кои известија од изложбата, прикажаното било далеку под
нивото на останатите земји и тешко веројатно дека побудило интерес кај пошироката светска публика. Не се работи за убавината на носиите, туку за начинот како сето тоа било спакувано и прикажано на оваа изложба. Но, колку и да имаме разбирање за финансиските и материјални (не)можности на нашата држава, сигурна сум дека не сме толку инфериорни во однос на она што можеме да му го понудиме на светот. Ние имаме многу вредни нешта кои можеме да ги понудиме, но таа приказна треба да умееме да ја раскажеме на начин кој соодветствува на денешното време, современата технологија, уметничките, културните и естетските мерила. А тоа го можат професионалци и ова е една од многуте причини зошто културата како сегмент треба да се негува и во неа треба да се вложува. Имајќи го сето ова предвид, ако ја погледнеме сликата на нашите клучни културни институции, станува јасно дека сме многу далеку од вистинско и планско вложување во културата и во објектите наменети за неа. Културата е основата на идентитетот на народите, па неминовно се наметнува прашањето каде одиме со ваквата негрижа, незнаење и девастација? Затоа апелирам културата, а со тоа и архитектурата, да престанат да бидат поле за партиски и профитерски препукувања во кое царуваат личните интереси. Наместо тоа да се обидеме да ги направиме поле за натпревар на дострели и постигнувања кои водат напред и во исто време го воздигнуваат богатството на културното и уметничко минато кое го поседуваме. Политичар кој не се вклопува во овој концепт, не го заслужува нашиот глас, ниту пак да управува со нашите пари. n
градежништво
ГРАДЕЖНО ИНфОРМАТИЧКО МОДЕЛИРАЊЕ
Без БИМ-техологија компаниите не се конкурентни на пазарот БИМ е дигитална технологија која не зависи од локацијата. Со БИМ обучена фирма може да дава услуги каде сака во светот, тоа е бенефитот
Катерина СПАСОВСКА - ТРПКОВСКА дна од најатрактивните и најбарани современи методологии е Градежното информатичко моделирање (Building information modeling – BIM). Денешните успешни архитекти, градежни инженери, но и целокупната работна сила вклучена во градежната индустрија мора да се стекне со дигитални вештини и техничко знаење што ги бараат и инвеститорите и енергетската политика на ЕУ за дигитализацијата на оваа
Е
индустрија и мерливите заштеди на енергија. Во Македонија речиси сите компании кои се занимаваат со проектирање тоа го прават во класичен CAD 2D/3D, а во суштина во тие проекти недостасуваат многу податоци кои подоцна се корисни за да се намали цената за изведба и одржување на објектот. БИМ Е ЕВОЛуЦИЈА Игор Панчевски експерт по градежништво и нови технологии дава објаснување дека БИМ не е софтвер, туку дека тоа е методологија, тоа е комплетно дигитален процес. “БИМ-от е
еволуција, тоа е револуционерен производ особено од 2010 година. Меѓутоа истиот потекнува некаде од 1984 година како идеја и замисла. Една од годините каде што се „прекршива“ и неговата употреба доаѓа до се поголемо значење е 2004 година кога се претставуваат, со помош на дигитализацијата, централни модели на кои што сите учесници во изградбата, во проектирањето на еден проект може да учествуваат заеднички и истовремено. Од тогаш па наваму почнува сериозниот развој на БИМ-от за веќе од 2016 година добар дел од земјите во Светот да 25 март 2022
ПОРТА
15
почнуваат да го ставаат во нивната регулатива како обврска на сите тие што сакаат да добијат градежна дозвола, да се јават на тендер, да направат изведба, мора својата проектна документација да ја изработат во БИМ“, вели Панчевски. Во Македонија градежништвото, како традиционален сектор, не ја направи трансформацијата. Но, ќе мора компаниите да разберат дека ако не се дигитализираат комплетно тие веќе нема да бидат конкурентни на пазарот, додава Панчевски. ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА ПОБАРуВАЧКА ЗА БИМ Според него кај нас тоа многу тешко се воведува. Тука уште се се става на хартија, на ЦД. Побарувачката за БИМ е се уште многу мала и сите активности што се прават „на мускули“ за оние што малку знаат. “Во нашата држава се соочуваме со предизвици како непостоење на побарувачка за БИМ, недостаток на вештини за имплементација на БИМ, непостоење на култура за истовремена соработка на сите фазисти при проектирање како архитектура, машинство, електрика. За сето ова свој продонес треба да дадат приватниот сектор, индустријата, компаниите за градежни материјали, коморите и професионалните асоцијации, како и државните институции. Треба да почнат да го промовираат БИМ во своите компании и да се обидат зеднички да
16
ПОРТА
25 март 2022
издејствуваат проекти од ваков тип со кој што ќе можат да им го пренесат своето знаење на фирми кои што немаат вакво искуство“, објаснува Панчевски. Сега за сега кај нас полека почнуваат да се будат малите компании, каде што менаџментот е пофлексибилен, каде што процесот на одлучување е многу побрз и тоа преструктуирање го прават менаџерите кој што биле, виделе некаде и сакаат да пронајдат нови пазари. И ако прашате зошто е потребна дигитализација? БИМ е дигитална технологија која не зависи од локацијата. Со БИМ обучена фирма може да дава услуги каде сака во светот, тоа е бенефитот. А, дигитализацијата на тие фирми не чини многу пари. Чинат софтверите, но и тука има такви што се отворени и може да ги користат архитектите и инженерите и да создаваат БИМ модели, да ја спроведат целата методологија и тоа да чини минимална инвестиција, нагласува Панчевски. Компаниите сакаат, но проблемот е што не знаат како да почнат. Затоа е добро што кај нас УНДП учествуваше уште од 2020 година, ангажираше консултанти од Шкотска, каде што на дел од нашите фирми овде го предадоа целото свое знаење и како да тргнат во дигитализација на своите процеси и како да оди префрлањето на БИМ. Затоа што БИМ не е само да го научите софтверот за правење, туку мора како фирма да се дигитализирате комплетно ако сакате да
овозможите комплетна услуга. Шведска уште во 2019 година е првата земја која што изведе проект од 200 милиони евра без ниту еден документ отпечатен. Се беше дигитално, комплетен процес. Тоа треба да е она кон што треба да цели градежништвото, додава Панчевски. СО БИМ ПРОЕКТ ДО ПОГОЛЕМИ ЗАШТЕДИ Проект изработен во БИМ, вели Панчевски, носи најголеми заштеди подоцна во изведбата и одржувањето на објектот. Доколку некој проект е изработен во БИМ и ако се јави некаков проблем при одржувањето многу едноставно се лоцира проблемот и точно се знае каде треба да се интервенира, а не да се прекопа целиот објект за дури тогаш да се решава проблемот. Со дигитален проект ја имате целата инсталација во објектот со само еден клик на компјутерот, а тоа значи помалку пари за поправка и се разбира пократко време.
За сите градежни и проектански компании во земјава, Панчевски дава совет да почнат своите инженери и архитекти да ги тренираат, да ги праќаат на курсеви да добиваат познавањља од делот на БИМ технологијата. Имаме можности, постојат специјализирани курсеви во Македонија од каде што може да се земат сертификати. Кога ова тело во една компанија ќе се обучи, тогаш се оди на следното ниво, на менаџментот, изведбата, одржувањето. Меѓутоа прво треба самите фирми да поичнат да стануваат свесни за можностите и придобивките, паралелно треба да се оди со подигање на јавната свест. Тој дава пример за тоа што се случува во Светот на полето на БИМ. Велика Британија е светски лидер во спроведувањето на БИМ, од 2016 година сите големи проекти се во БИМ Ниво 2. Во САД 72 отсто од градежните фирми користат БИМ. Во Франција над 500 илјади куќи се проектирани со БИМ во 2017 година. Норвешка, Данска, Финска и Шведска се глобалните лидери во усвојувањето и спроведувањето на БИВ за сите јавни објекти, додека во Германија со БИМ се сите инфраструктурни проекти до 2020 година. Своите ставови Панчевски ги изнесе на еднодневната медиа работилница организирана во рамките на проектот „Премостување на јазок кај вештините за создавање нови и подобри работни места“, поддржан од Британската Амбасада и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). На работилницата беа презентирани проектите интервенции на терен насочени кон три клучни индустрии (текстилна индустрија, градежништво и обновливи извори) и тоа преку дигитална трансформација на работните процеси и усвојување нови вештини и креирање нови работни места (future jobs).. n ПОРТА
комерцијален текст
Aрхитектите прашуваат, Винербергер одговара l
Денес во архитектурата постои тренд на објекти со прочистени и прави линии, а со тоа и со рамни покриви. Со други зборови, клиентите го бараат тоа. Како гледате на современото спротиставување на рамната во однос на косата линија при архитектонското обликување? Трендот на минимализмот со прави линии не нè одмина и свесни сме за
l
желбата на крајните инвеститори да имаат модерни објекти. Сепак, ние држиме до тоа дека практичноста и потребите на долг рок треба да застанат пред трендовите. Рамните покриви се атрактивни, но на нашето поднебје, каде температурата има распон од -33 до 46°С и има чести земјотреси, изградбата на таков покрив според сите прописи е многу поскапа, а
Клиентите денес имаат големи барања и во поглед на боите и големината на ќерамидите. Колку вашите производи одговараат на овие барања? Естетиката кај нас секогаш оди рака под рака со квалитетот. Колку што инвестираме во врвни технологии за производство, толку се посветуваме и на изгледот на производите. Знаеме дека луѓето сакаат да направат покрив кој ќе ја издвои нивната куќа во однос на околината и кој ќе биде одраз на нивниот вкус. Затоа, нашите ќерамиди се достапни во широка палета на бои и нијанси. Без разлика дали се природни, енгобирани или глазирани, тие даваат целосно природен изглед и класична елеганција на покривот. Дополнително, сите додатоци за системско решение на покрив, како капаци, снегобрани, разделници на било... ги имаме во истите нијанси и типови како и ќерамидите, за нивно природно претопување во целосниот изглед на покривот. Исто така, и во поглед на големината на ќерамидите, нашата понуда е приспособена на тековните барања на инвеститорите. Во портфолиото имаме ќерамиди со голем формат, како што се Сатурн, Континентал 9, Твист 9, Венера (со димензии околу 30х50 cm), а тука се и останатите, со помал, стандарден формат: Винеам, Македо, Медитеран плус. Нашата цел е да понудиме фукционални и креативни алтернативи за современите проектанти, да им овозможат поголема кастомизација при нивните решенија и да создадат простор за нивниот израз. 18
ПОРТА
25 март 2022
неговиот животен век е околу 10 години. Благите и стрмните покриви, пак, имаат животен век над 40 години. Тие се петтата фасада на објектот. Имаат можност за изразување на регионалниот архитектонски идентитет и бргу се ослободуваат од водата, што е главната функција на покривот. Плус, нивното санирање е многу поретко и поедноставно.
l
Имате ли производи кои се осмислени и создадени специјално за нашето поднебје, со сите негови географски, климатски и социјални специфики? Ова е прашање што често го добиваме. И одговорот е: да, ја имаме ќерамидата Винеам. При нејзиното создавање е размислувано да може да одговори на сите овие специфики. Винеам е ќерамида направена од македонска глина, од земја од ова поднебје, која е најпогодна за нашите краишта. Ќерамидата е со мазна структура, странично задебелување и изразено рамно вдлабнување. Со својот дизајн и функционалноста, Винеам (25,5 x 43,5 cm) е погодна за сите видови покриви. Бидејќи станува збор за ќерамида со поместување (со лизгачка
област од 30-37,5 cm), идеална е за санации на покриви. Оптимално се вклопува на постоечките летви, со што ќе заштеди и време и пари на вашите клиенти.
Гордо можеме да кажеме дека Винеам е еден од најбезбедните, најефикасните и најубавите покривни материјали на нашите простори и најсрдечно ја препорачуваме.
Wienerberger во моментот спроведува активна кампања со ваучери од 50 евра за секој нов покрив што ќе се гради до крајот на годината. Квалитетот на производите е константен. Привремена е само промотивната можност вашите клиенти да добијат ваучер од 50 евра за нивниот нов покрив. Настапете професионално и информирајте ги за можноста што трае до 31 април. Регистрациите за ваучер можат да се направат само дигитално, на www.wienerberger.mk или на линкот од кодот:
ПОРТА
интервју
Да
ВАСЕ АМАНИТО ПЕТРОВСКИ – АРхИТЕКТОНСКИ фОТОГРАф
се соживееш со објектот, го почувствуваш амбиентот, ја следиш светлината
Преку фотографија можеме да научиме како некои работи треба или не треба во иднина да се проектираат, што таа архитектура значела во одредено време во историјата и зошто се појавила. Треба да имаме предвид дека архитектонски објекти како што се градат, тие исто така може и да се менуваат, трансформираат или да ги снема засекогаш од различни причини и цели, а пак на нивно место да се појават нови. И тоа не е ништо ново, но за среќа фотографијата е таа која може да ги зачува засекогаш САњА РАѓенОВИЌ-ЈОВАнОВИЌ, дипл. инж. арх. асе Аманито (1981 г.) повеќе од 20 години работи во полето на визуелни уметности, а во последните 15 години главен домен му е фотографијата. Црпи инспирација од работите околу себе и постојано е во потрага по нови искуства и предизвици. Голем вљубеник во форми и структури, па оттаму архитектонската фотографија му е во главен фокус. Покрај фотографирање разни комерцијални авторски проекти на архитектонски бироа, се јавува како фотограф на неколку истражувачки архитектонски проекти и изложби како „Скопските вертикали“ во
В 20
ПОРТА
25 март 2022
Музејот на Град Скопје, „Модернистичка мапа на град Скопје“, „Загрозени видови“ во Природнонаучниот музеј во Скопје, „Иднината како проект: Доксијадис во Скопје“ во музејот Бенаки во Атина, фотографија во каталогот на „Toward a Concrete Utopia: Architecture in Yugoslavia” МоМА, и како и дел од книгата „Дванаесет македонски фотограф(к)и“ и др. Велите дека го користите секој момент да фотографирате и наоѓате инспирација во сè околу Вас. Во Вашето творештво преовладува архитектонска фотографија. Како се случи токму ова? n Никогаш не сум помислил дека еден ден ќе работам како архитектонски фотограф, уште како мал јас бев детето кое нешто прави со компјутери, а
експериментирајќи со камера се заразив со медиумот дигитална фотографија. По скоро 20 години работа во студио и константно надоградувајќи се, чувствував потреба дека мора да се посветам на едно, постпродукција и визуелни ефекти, нешто коешто го работев веќе професионално толку многу години или да започнам како самостоен архитектонски фотограф. За среќа веќе претходно имав воспоставени односи со неколку клиенти за кои работев, така што не требаше да почнам буквално од нула. Се чувствував дека ако не продолжам со фотографија, дека ќе ја загубам засекогаш и дека е вистинско време да си дадам шанса од една година како тест период. Како помина првата година работејќи со целото претходно
АрхиСкопје, Воена Болница, Архитект Јосип Осојник - 1965-71 искуство и знаење што го имав, повеќе од јасно ми беше дека ја донесов правата одлука за работењето самостојно и дека одлуката како, кога, колку и за кого ќе работам да ја донесувам сам и тоа како ми функционира. Како ги стекнувавте знаењето и вештините од областа на фотографијата? n Бидејќи цел живот работам со визуелна уметност тоа беше и причината поради која и почнав да студирам визуелна уметност, за жал никогаш не ги завршив студиите од премногу работа. Како дете на дигиталната технологија самоук, моите први почетоци започнаа со ZX Spectrum, па Commodore 64, за потоа да го добијам мојот прв персонален компијутер Pentium со Win95 на кој првиот софтвер кој го научив беше Photoshop 3.0v не CS3, туку 10-тина години порано Photoshop 3.0v. Никогаш нема да го заборавам денот кога пишував текстуален документ за еден мој пријател во Photoshop, нормално пријателот не заврши работа бидејќи не можел никој да му го отвори 32-битниот TIF-фајл што беше како припрема за печатење. Се сеќавам единствена модерна литература во тоа време беше магазинот BUG. Познавајќи го концептот на манипулација со слики за мене беше дополнителен предизвик да се впуштам во медиумот дигитална фотографија. Подоцна имав прилика да бидам дел од шестнеделна обука под водство на Стив Рајт, експерт за визуелни филмски ефекти
од Холивуд, од кого научив техники кои ги користам како подлога за мојата работа, а учењето никогаш не престана. Филмската и телевизиската индустрија е тимска работа, за да може да направите едно дело зависите од многу луѓе, за споредба фотографијата може да ја работите самостојно, сами одлучувате за секој елемент од почеток до крајниот резултат. Имате ли можеби некој идол? n Константно сум опседнат со гледање многу фотографии и следење архитектонски фотографи, но ако треба да одберам, тоа е [Ема Петер]([Ema Peter Photography](https://www.emapeter.com/)), фотографка по потекло од соседна
Бугарија која буквално се има изборено да започне како водителка на националната телевизија, па да стигне до една од топ 5-те архитектонски фотографи според [Architizer]([Architizer: Inspiration and Tools for Architects](https://architizer.com/)) во 2021. Во моментов признание за нејзината работа е фактот дека работи на проекти од калибарот на Кенго Кума, а нејзини фотографии се објавуваат во Architectural Digest, Objekt International, Dwell, Wired, New York Times и др. Ваши фотографии се дел од изложбите кои ги организира архитектонското трио Ивановска, Десков, Ивановски. Дали сте и самиот почитувач на модернизмот во
Изложба „Иднината како проект /Доксијадис во Скопје“ музеј Бенаки, Атина
ПОРТА
Објект за домување, Архитектонско студио БМА домашната архитектура? n Точно, покрај секојдневната архитектонска фотографија која ја работам за моите клиенти, проектите како „Скопските вертикали“ во Музејот на Град Скопје, „Загрозени видови“ во Природнонаучниот музеј, „Иднината како проект/Доксијадис во Скопје“ во музејот Бенаки во Атина, „Архитектурата на Југославија“ во музејот МоМА во Њујорк, „Жените архитекти во постземјотресната обнова на Скопје“ во Музеј на Македонија како и Модернистичката мапа на Скопје, ги работам со задоволство и предизвик поради многу причини кои се случуваат во архитектурата во Македонија, а воедно дали е возможно да не го почитувате модернизмот после толку време документирање на истиот? Кои модернистички објекти во Скопје Ви се најинспиративни за фотографирање, а кои најкомпликувани? n АрхиСкопје е мој личен проект кој го работам веќе некое време, покрај препознатливите бруталистички архитектонски објекти тука се и многуте скриени и не толку познати, а кои ни се во секојдневието. Најинспиративни објекти ми се оние кои се тешко достапни, обично заборавени и предизвик е да се извади материјал преку кој ќе се претстават. Најкомплицирани за документирање се објектите кои веќе за жал ги нема. За жал секој објект од модерната во Скопје носи бреме на невнимание и негрижа, но сите тие имаат вредности кои 22
ПОРТА
25 март 2022
и понатаму се читаат, а Вашето остро око ги „лови“. Колку и зошто е важно да ѝ се претстават на јавноста со сиот свој квалитет? n Искрено на почетокот не ни бев свесен во што се впуштам, идејата беше да направам само неколку фотографии од објекти во Скопје, но се роди АрхиСкопје како проект кој го продолжив само со една цел, а тоа е документирање на архитектонското наследство. Дополнителен мотив за работа беа сите позитивни реакции на сеќвања и спомени кои ги будев кај скопјани. За мене целта се постигна дополнително со сите проекти и изложби кои и тоа како се важни за афирмација и презентација. Архитектурата сама по себе секогаш е вредна за зачувување и презентација, без разлика на тоа за кој стил станува збор, бидејќи за среќа фотографијата не разпознава политика, вера, нација и сл. Преку фотографија можеме да научиме како некои работи треба или не треба во иднина да се проектираат, што таа архитектура значела во одредено време во историјата и зошто се појавила. Треба да имаме предвид дека архитектонски објекти како што се градат, исто така може и да се менуваат, трансформираат или да ги снема засекогаш од различни причини и цели, а пак на нивно место да се појават нови. И тоа не е ништо ново, но за среќа фотографијата е таа која може да ги зачува засекогаш. Дали објектите/ентериерите неретко
изгледаат подобро на фотографија отколку во живо? n Кога гледате една фотографија секогаш постојат два фактора, фотографијата сама по себе како израз на авторот од една страна и објектот како модел од друга, фотографот е тој кој одлучува како ќе биде прикажан еден објект. Секој проект започнува со анализа на објектот и околината во која се наоѓа, условите во кои треба или може да се фотографира, кои биле целите и предизвиците на проектантот, па потоа би застанал за момент во целиот процес и би се запрашал, што е важно, а што необично за проектот кое би сакал да го пренесам преку фотографијата. За мене две неверојатни фотографии од еден објект ја кажуваат приказната многу подобро од 20 просечни. Комплетен резултат е постигнат само кога и фотографот и нарачателот се задоволни од резултатот, а од друга страна невозможно е, а и нема потреба една фотографија да им се допаѓа на сите. Како ја оценувате состојбата со авторските права на фотографите и имате ли Вие лично проблеми? n Едноставно секој автор без разлика на медиумот во кој тој твори загарантирано му е правото врз неговото дело во истиот момент кога е создадено, од авторот зависи понатаму дали и како ќе се справува со авторските права. Справувањето со авторските права за мене е нормален процес и тоа не е ништо страшно или тешко. Иако сме сведоци на многубројни
АрхиСкопје, МАНУ, Архитект Борис Чипан - 1076 злоупотреби на материјални права кои во најголем број се од незнаење на законите отколку на тоа дека не се почитуваат, за среќа тој тренд пополека се намалува и со оглед на правните дејствија кои може да произлезат во заштита на авторите. Денес не можете да знаете дали некој ќе преземе фотографија која е јавно достапна, но дали некој ќе ја злоупотреби и причини материјална штета е причината поради која авторските права треба секој автор да си ги знае. На крајот на денот ако една фотографија е преземена, односно украдена, тоа само го докажува фактот дека таа фотографија има вредност, а авторот може да биде дополнително горд на тоа. Вашите клиенти не се само од Македонија. Каде сè Ве однесе Вашата работа? n Денес е сосема нормално да работите за клиент кој можеби и никогаш во животот нема да го запознаете лично. Кога почнав да работам како архитектонски фотограф идејата беше дека мојот производ ќе биде конкурентен и надвор од Македонија, без разлика во какви услови работиме и живееме, и не сакав мојата работа да ме ограничува со географска локација. Клиентите квалитетот го препознаваат и го бараат за изработка на архитектонска фотографија или за материјални права за користење готови фотографии. Уште една причина заради која ја сакам фотографијата е тоа дека апсолутно не знаете утре со кого ќе соработувате и каде
АрхиБерлин, Potsdamer Platz Masterplan, Heinz Hilmer & Christoph Sattler - 1993-2002
ПОРТА
Угостителски објект, Архитектонско студио БМА ќе ве однесе, сум имал многу непредвидливи и незгодни ситуации до широко отворени врати од ексклузивен ресорт на море до јама во рудник и сè помеѓу. Колку е важна опремата, техниката, а колку чувството за фотографија? n Денес секој во џеб има квалитетна камера со која може да се изработи доволно технички репрезентативна фотографија, но не се работи само за техничките карактеристики, за кои и фотографи многу често веќе не можат да направат разлика. За мене постои едно правило, а тоа е дека најдобрата
фотографска опрема е онаа која можам да си ја дозволам имајќи предвид дека што повеќе опрема, толку процесот станува покомплексен од аспект на финансии, одржување, транспорт и ракување со истата, а од друга страна со мојот метод на работа многу често се случува да видам исплашени лица кога ќе се истоварам пред објект. Покрај самата камера и статив, имам опрема прецизно организирана во куфери и торби полни со стативи, светла и помошни додатоци кои се неопходни кога се работи за архитектонска фотографија за да се обезбеди најдобар резултат и во најсложени услови за работа.
Објект за домување, Архитектонско студио Платформа ПОРТА
Деловен објект, Архитектонско студио КЛ Студио Архитектонскиот фотограф треба да ги разбира физичките закони, и со помош на светлина и сенка добива фотографија, а без исклучок на секое фотографирање се наоѓам во ситуација кога покрај мојата опрема, користам разни секојдневни предмети за контролирање на светлината на кои воопшто не им е намена изработка на фотографија, па оттаму е и предизвикот и забавата сè со цел да се добие точно замислената фотографија. Покрај одредени технички параметри кои треба секогаш да бидат запазени во една фотографија, во архитектонската фотографија треба да се запазат и архитектонските правила, а потоа надвор од тие правила е оставено на фотографот да го решава визуелниот дел. Ако едно нешто треба да изберам како најважно покрај сè останато, тоа би било времето како фактор, треба време за да се соживееш со објектот, да го почувствуваш амбиентот, да ја следиш светлината, и за сето тоа едноставно е потребно време за да се изработи квалитетна архитектонска фотографија. Што Ви е поголем предизвик, да фотографирате екстериери или ентериери? n Мојот пристапот кон фотографирање екстериер наспроти ентериер е сосема различен, па со самото тоа и во двете ситуации предизвикот е огромен. Кога работам ентериер најчесто ја имам комплетната контрола врз светлината и тоа максимално ме исполнува, бидејќи можам
од еден ист простор да направам разни амбиенти играјќи си само со светлината. Кај екстериерот сте оставени на милоста на временските услови и на околината како фактор кои мора внимателно да ги следите и искористите, во спротивно ќе се свртат против вас. Колку време поминувате во обработка на Вашите фотографии? n Обработката или постпродукцијата на фотографија е процес кој е составен дел од изработка на една фотографија, и како таков не треба да е ограничен со време туку со цел која треба да се постигне за да се добие крајниот посакуван резултат. Искусен фотограф однапред ја гледа фотографијата и одлучува што ќе сè направи за време на фотографирањето, а што во постпродукција. Точно е тоа дека многу работи може да се направат во постпродукција наместо за време на фотографирање, но само затоа што може не значи дека и треба да се направат. Секогаш кога разговараме за архитектонска фотографија мора да имаме предвид дека таа фотографија најчесто се користи во наредните 5, 10, 50, а можеби и многу повеќе години. Па така за споредба времето кое треба да се посвети за да се
Деловен објект, Архитектонско студио Delight Office Zagreb изработи фотографијата е незначително, а на крајот на краиштата откога ќе се изработи една фотографија апсолутно скоро никој не знае, а и не прашува низ каков сè процес и ситуации поминал фотографот за да ја изработи, единствено фотографот ги знае тајните за фотографиите. Може ли за крај да им дадете совет на почетниците кои имаат желба да се
Abeille Maison Glamping Resort Zlatni Rat, Хрватска
занимаваат со фотографија? n Најбрзиот и наједноставен начин да се научи фотографија е многу да набљудуваат и да фотографираат што може повеќе и тоа баш она што ги интересира и исполнува, воедно да не се плашат, напротив, многу да експериментираат, така точно ќе знаат многу брзо и лесно да се снајдат во различни ситуации за да го добијат баш она што го сакаат. n
ПОРТА
комерцијален текст
Најдоброто решение за нов дом Станбен кредит од Комерцијална банка со најповолни услови на пазарот Станбениот кредит на Комерцијална банка, добро познат по тоа што е со најниски каматни стапки на пазарот, доби уште повеќе поволности - достапен е со полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот.
о животот постојат многу значајни моменти кога треба да се направи вистински избор и да се донесе важна одлука. Животот не би бил забавен без овие моменти, а воопшто не би бил
В ПОРТА
лесен доколку при изборот немате партнер кој секогаш ви нуди најдобри решенија за вашите потреби. Комерцијална банка, традиционално најверниот партнер на граѓаните кога одлучуваат да си обезбедат нов дом, се
погрижи и оваа пролет да им понуди станбен кредит со уште поатрактивни услови. Сега желбата за сопствен простор и лична слобода е лесно остварлива. Доколку имате потреба од купување, изградба, доградба или
реконструкција на стан, куќа или деловен простор, купување градежно земјиште или недвижен имот во земјава или во странство, ова е кредитот за вас. Станбениот кредит на Комерцијална банка, добро познат по тоа што е со најниски каматни стапки на пазарот, доби уште повеќе поволности - достапен е со и без полиса за животно осигурување и до 30.04.2022 година е без надомест за одобрување и за процена на имот. Полисата за животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје дава уникатна можност за станбен кредит со каматни стапки од само 2,9%, фиксна во првите 10 години, и 3,7% променлива за останатиот период на отплата. Рокот за отплата на кредитот е до 30 години, со можност за грејс-период од 12 месеци. Водени од грижата на нашите клиенти да им обезбедиме не само можност за финансирање на нивната инвестиција во нов дом, туку и решение кое ќе одговара на нивните специфични потреби и кое ќе им овозможи преку полиса за животно осигурување да се растоварат од грижите за финансиската иднина на своето семејство, креиравме продукт кој претставува комплетно решение кога се купува стан, куќа или деловен простор во земјава или во странство. „Станбениот кредит на Комерцијална банка има неколку специфични моменти, во чија основа стојат токму грижата за финансиската добробит на корисниците и нашата цел да им овозможиме кредитни услови кои ќе се поклопат со нивните специфични можности и потреби. Најниските каматни стапки и полисата за животно осигурување го обезбедуваат токму тоа. Корисникот добива кредит со најповолни услови и и сигурност за него и за неговото семејство. Во неизвесни економски услови, со кои светот се соочува веќе трета година по ред, сигурноста и
поволните услови што ги нуди Комерцијална банка за корисниците на станбен кредит се повеќе од значајни. Тоа, пак, резултира со голема побарувачка за овој кредит“, објаснуваат од Комерцијална банка. Промотивните услови до 30.04.2022 година се одлична можност и за рефинансирање постоечки станбен кредит со цел истиот да се обезбеди со полиса за животно осигурување. Сите детали и информации за
станбениот кредит се достапни на веб-страницата kb.mk на Комерцијална банка, преку која може да поднесете и податоци за условите кои вам најмногу ви одговараат. Со тоа Банката ви овозможува за кратко време да добиете повратен одговор за вашата инвестиција во нов дом, која ви обезбедува не само слобода, туку и финансиска безгрижност за вас и за вашето семејство. ndfg
ПОРТА
архитектура
Три генерации жени архитекти Пошироко семејство со пет архитекти и три градежни инженери во три генерации од кои четири жени, може да се смета веројатно како реткост, особено со оглед на периодот во кој повеќето дипломирале и работеле
Арх. Јелица Газикаловиќ д-р Владимир Б. ЛАДИнСКИ, дипл. инж. арх. (Специјално за Порта 3 од Лондон)
о месецот во кој традиционално се одбележува меѓународниот празник на жената 8 Март, веројатно ретко кое семејство на Балканот, а и пошироко во светот, може да се пофали со три последователни генерации градители коишто покриваат период од околу 100 години во рамките на два века, а уште повеќе кога станува збор за три последователни генерации на жени градители, како што е случај со лозата Гановиќ-Газикаловиќ – ГазикаловиќЖупан – Жупан-Оверхолт. Архитект Станислава Оверхолт (моминско Жупан), родена во Скопје, дипломирала во 1983 година во Скопје, е трета генерација жена архитект во своето семејство, по мајка ѝ Нада Жупан (моминско Газикаловиќ, родена во Белград, дипломирала во 1952 година во Белград) и баба ѝ Јелица Газикаловиќ (моминско Гановиќ, родена во Шабац, дипломирала во 1925 година во Белград). Но, само со подетално гледање на работите може да се согледа вистинскиот придонес на ова пошироко семејство кон градителското наследство на просторите на Северна Македонија, СФРЈ и Кралството Југославија. Вашиот дедо Оверхолт, бил градежниот инженер Чедомир Газикаловиќ (роден во Скопје, дипломирал во 1922 година во Белград) градел на просторите на Кралството Југославија вклучително со територијата на денешна Северна Македонија, а каде и живеел во Велес во текот на 1930тите години. Неговите браќа, помладиот, архитектот Стеван Газикаловиќ (роден во Скопје, дипломирал во 1927 година во
В
28
ПОРТА
25 март 2022
Арх. Нада Жупан
Арх. Станислава Оверхолт
Белград) жиевеел и работел во Скопје, и постариот, градежниот инженер Драгољуб Газикаловиќ (роден во Скопје, дипломирал во 1920 година во Белград) исто така дале свој придонес кон градителското наследство на овие простори. Сестрите на Вашата мајка исто така биле инженери: Радмила Тољевиќ (дипломирала во 1958 година во Белград) била градежен инженер, додека Ружица Ристивојевиќ била рударски инженер. Се разбира, и татко ви Александар Жупан (роден во Струга, дипломирал во 1949 во Белград) е познат македонски архитект. Веројатно придонесот на Вашето пошироко семество може најдобро да се согледа преку фактот дека три претставници на
Арх. Нада Жупан со ќерката арх. Станислава Оверхолт
АРхИТЕКТ СТАНИСЛАВА ОВЕРхОЛТ семејството: братот на Вашиот дедо Стеван Газикаловиќ, Вашиот татко Александар Жупан и Вашата мајка Нада Жупан се влезени во првата книга на Градителите на Македонија од проф. Георги Константиновски. Пошироко семејство со пет архитекти и три градежни инженери во три генерации од кои четири жени може да се смета веројатно како реткост особено со оглед на периодот во којшто повеќето дипломирале и работеле. Сето ова е истовремено извор на голема гордост, но и веројатно исклучителен предизвик, за некого како Вас, архитект Оверхолт, којшто се обидел да ја продолжи семејната традиција. Дали може да ни кажете како се соочивте со овој предизвик, со оглед дека никогаш не е лесно да се достигнат или надминат успесите на претходните генерации? n И гордост и предизвик, точно. И тие беа присутни уште од првите училишни, а потоа и факултетски денови, всадени во моите гени. Меѓутоа, јас не бев фокусирана на нив, туку на она што беше пред мене, на задачите кои ми претстоеја и кои сукцесивно ги совладував. Ми беа истовремено и поттик и инспирација. Со оглед дека сте трета генерација жена архитект во Вашето семејство по Вашата мајка и по Вашата баба, архитект Оверхолт, дали може да ни кажете нешто повеќе за тоа во колкава мерка тие придонесоа за изборот на Вашата професија, како и да ни кажете нешто повеќе за нивното видување за придонесот кон професијата, особено од аспектот на жените архитекти? n Можам слободно да кажам дека и баба ми и мајка ми зрачеа со креативност, истрајност, и трудољубивост, едни од атрибутите кои се дел од нашата професија. Мојата нана, како што ја викавме баба ми, иако не била професионално активна, таа несебично им ја пренела љубовта кон архитектурата и кон техничките науки на своите три ќерки. И не само тоа, туку и уште една голема животна порака до нејзините ќерки: „Секоја жена треба да биде финансиски независна, без разлика на нејзиниот статус, дали е мажена или не.“ Тоа и беше, и сè уште е порака која се пренесува низ нашата фамилија. Ова, како поттик за сите жени, по повод месецот на жената. Се сеќавам на нејзините акварели и цртежи, малку необично за жените од „тоа време“. Тука, морам да истакнам, дека големо влијание имал и дедо ми, кој постојано користејќи ги географските карти, ја инспирирал мајка ми како ученичка да го засака предметот географија, за подоцна и таа да работи со нив како урбанист. Мајка ми беше основоположник, прва генерација жена урбанист на ниво на тогашна СРМ. Голема и одговорна работа, и предизвик кој подготвено го прифатила. Се сеќавам на нејзините урбанистички планови за општините, а се сеќавам и на нејзините зборови: „Секој знае да повлече сообраќајница, па како ќе испадне“. Нејзиното мото беше дека вештината во проектирањето урбани средини е да се проектира според современите потреби на градовите/општините, а притоа да се сочуваат постојните згради од рушење колку што е можно повеќе. Да се биде и креативен и економичен. Така својата љубов кон урбанизмот, знаењето и искуството прво им ги пренесе на своите помлади колеги, а подоцна и мене, за што сум и вечно благодарна. За разлика од Вашето пошироко семејство, архитект Оверхолт, се чини дека сте се решиле да ги надминете границите на овие балкански простори и сте се обиделе творечки да се искажете во рамките на пошироката меѓународна средина. Веднаш по дипломирањето на Архитектонскиот факултет во Скопје му се придруживте на сопругот во Шведска, за потоа да се вратите во неговата татковина Калифорнија, САД, и подоцна да го отворите и Вашето биро. Дали може да ни кажете нешто повеќе за Вашето
Куќа во Алтадена од 1911 година во занаетчиски стил на чија модернизација работи арх. Оверхолт сега
Екстериер на доградба на главна спалана соба и гардероба во Алтаедна (2019)
Екстериер од доградба на главна спална соба со бања и гардероба во Алтадена (2021) професионално искуство во овие подалечни земји, и тоа особено за односот кон жените во професијата, за разликите во професионалниот пристап воопшто, но и за разликите во однос на тоа како се гледа кон професијата од пошироката јавност? 25 март 2022
ПОРТА
29
Внатрешно уредување на дневна соба во куќа во Јужна Пасадена (2015)
n Шведска како социјалдемократска земја, беше, а верувам и дека и сè уште е наклонета кон поддржување, промовирање на жените и на нивното професионално присуство како и придонес во општеството. Благодарение на тој пристап, ја добив и мојата прва работа во познатата ФФНС компанија. Јас бев многу убаво прифатена од моите колеги, јазикот бргу го совладав, и бргу се вклопив во нивниот систем. Работевме на нови повеќекатни станбени згради, како и на реконструкција на стари постојни згради. Пристапот кон проектирањето е едноставен и е базиран на складот/рамнотежата меѓу природата и човекот, како и примена на современата технологија, каде климата ја диктира градежната сезона, која е релативно кратка. Природата како таква станува интегрален дел од секојдневниот живот, па така и заштитата на човековата средина, воопшто во нордиските земји е веќе Мodus Оperandi со децении. За тоа како Шведска ги поддржува жените, е фактот дека мајката добива година дена породилно отсуство, и прима 90 % од платата која ја примала дотогаш, а таткото е обврзан да земе шест месеци
Приоден ходник кон спална соба за клиент, жена уметник, Алтадена (2019) отсуство од работа и прима исто така 90 % од својата плата за тој период. Нивните работни места привремено се пополнуваат со нови работници итн. Таму ни се роди и синот, па и јас ги почувствував придобивките од тој систем. Доаѓањето во САД беше во стилот Hic Rhodos, Hic Salta! Покажи што знаеш! Разликите беа очигледни на многу нивоа во споредба со Шведска. Сепак јас се вработив месец дена по пристигнувањето во Сан Францсико, а мајка ми, која ни се придружи на ова патешествие, се грижеше за внукот. Тоа беше и првото искуство за тоа како системот работи, или не, зависно од приликите. Жените се секако присутни во полето на архитектурата, но се вообичаено помалку платени од нивните машки колеги, 15 % до 20 %. Бенефициите за жените се незначителни, па се често оставени сами да се снаоѓаат кога се работи за семејни потреби. Моето прво искуство беше во Генслер анд Асошиетс, каде што работевме и на приватниот и на меѓународниот аеродром на
Полица за гитари во Алтадена (2019)
Ентериер од гостинска куќа во Алтадена (2018) ПОРТА
Саудискиот принц Фахд. Познавањето на метричкиот систем и употребата на рапидографи беа секако корисни. Ова беше фантастично искуство, да се работи со најпознатите архитекти и дизајнери каде што парите не играат улога! Клиентот беше тој кој го диктираше стилот кој архитектите и дизајнерите го прифатија. Американската динамична економија налага постојани промени во проектирањето со цел да ги задоволи потребите за развој и ефикасност. Плејада од различни архитектонски стилови, викторијански, занаетчиски, медитерански, тудорски, нормандиски, модернистички, современи, распространети се по градовите, во зависност од тоа од каде дошле доселениците, а потоа истите се доградувале и се ширеле како претпочитан стил. Ова е доста карактеристично за станбената архитектура, и секако беше ново „откритие“ за мене, што се однесува до тоа каде нешто стилски „припаѓа“ или не, базирано на нашите дотогашни пуристички гледања. Општествените и административните згради кои главно потекнуваат од крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век, како што знаеме се во стилот на неокласицизмот, Чикашката школа, арт деко, модерната, а често се и еклектични, во последно време се мета на компаниите коишто се занимаваат со развој на недвижен имот. Тука не само професионалците, архитекти и дизајнери, туку и поширокото население учествува на јавни расправи, пишува петиции до надлежните органи, и често пати напорите да се сочува одредено архитектонско наследство имаат позитивни резултати. Ова исто така се однесува и за приватните куќи изградени од познатите архитекти со површини од 200 до 300 квадратни метри, кои се заменуваат со „macmansions“ кичести вили од 2.000 до 11.000 квадратни метри!!! На овој начин граѓаните го изразуваат своето незадоволство, право на јавен коментар, и придонесуваат во заштитата на културното наследство. Калифорнија, како 5-та економија во светот, се соочува со свои предизвици, високи трошоци на живеење, климатски промени, пожари, број на бездомници кој константно се зголемува, така што архитектите/градителите имаат значителна улога во решавањето на овие прашања. Сведоци сме на резултатите од пандемијата која ги натера сите да се размислат како и од каде ќе работат, дали ќе се вратат во градовите до кои патуваат со часови, или ќе работат од дома, ако е можно, што беше досега карактеристично главно за жените. Постои и хибрид варијанта, работење и од дома и од канцеларија, па така должностите кои традиционално ѝ припаѓаа на жената, сега ќе може да се споделат дома меѓу членовите на семејството. Голем акцент се ставан на „California Green Build“, на заштита на средината, па така инсталација на соларни панели, рециклирање градежни материјали, примена на локални производи, или примена на производи од рециклирани материјали, се водечки елементи во дизајнот. Како архитекти, наша должност не е само да проектираме, туку и да ги едуцираме клиентите кои се конечни корисници на нашите проекти. Архитект Оверхолт, како жена архитект, која имала исклучителна можност да работи во професијата и во Европа и во САД, а и подолго време раководи со свое сопствено биро можете ли да ги споделите видувањата за Вашето професионалнo искуство и да дадете одредени насоки за идните генерации жени архитекти и архитекти воопшто од Северна Македонија и пошироко? n Јас веќе 23 години работам во моето биро од дома, што ми овозможи истовремено и да се грижам за децата, а и да бидам професионално активна. Работам на приватни куќи, доградби, реновирање ентериери, кујни, бањи и мали комерцијални проекти. Активна сум и во локалните организации за заштита на историското
Цртеж на Пасадена плејхаус од арх. Оверхолт (1998) наследство во Пасадена и Лос Анџелес. Нашата професија е „слоевита“, има полно гранки кои човек може да ги развие, благодарение на широките и солидни темели на кои се базира. Бидејќи архитектурата е динамична дисциплина, исто така треба да се остави место и време за континуирано образование за да се биде во чекор со технолошките иновации, производи, материјали. Инаку, најголемо задоволство е кога клиентот е задоволен со резултатот, па се чувствува дека е во ред да ве препорача на своите пријатели. Ова се однесува на сите нивоа без разлика на големината на проектот или на компанијата. На крај, како поздрав до сегашните и идните генерации архитекти, би сакала само да го потврдам она, што го спомнав на почетокот, дека љубовта кон професијата е таа која нè води напред. Јас ја стекнав преку моите родители, моите нана и дедо, за што сум им вечно благодарна. Градежната лоза продолжува преку синот кој е дипломиран градежен инженер од Универзитетот на Калифорнија во Сан Диего, додека ќерката која малку „застранила“ од традицијата е лекар специјалист анестезиолог. Мојата внука Силвија Жупан е графички дизајнер и работи во Скопје, па семејната традиција продожува. Секој има своја животна патека, нема шаблони, но на сите им посакувам да бидат истрајни и искрени кон себе и кон патот кој го избрале, а успехот нема да изостане. Срдечни поздрави! n
Семејството Оверхолт (од лево кон десно): арх. Станислава, синот инж. Александар, вереницата на синот, адвокат, Лорен Ирби, ќерката д-р. Астрид со миленичето Боди и сопругот, економист, Пол 25 март 2022
ПОРТА
31
урбанизам
Не можеме да се согласиме со распродавање на преостанатиот слободен простор Борбата и отпорот да се зачува јавниот простор не можеше да прекине, се фокусираш на еден проблем се појавуваат два нови, се надеваш дека со промени на власта ќе биде поинаку, нели маршираа со нас против згради, за паркови, но потоа гледаш дека ништо не се менува и повторно тоа е заради системот кој тие, едните или другите, 30 години го создавале и надградувале невена ГеОРГИеВСКА (Независни За Карпош - За Заштита На Карпош) ден од основните темелни вредности на кои почива Уставот на Република Северна Македонија е уредувањето и хуманизацијата на просторот и заштитата и унапредувањето на животната средина, но за жал последниве две децении реалноста е далеку од тоа. Живеењето во главниот град – кој некој сака да го нарекува метропола станува неподнослив, квалитетот на живот станува мисловна именка и со оглед на тоа што скоро ништо не се прави во поглед на подобрување на состојбата излегува дека полека нашите стандарди на нормално и хумано живеење се сè пониски и се навикнуваме да преживуваме меѓу бетонот. Знам дека со слични проблеми се соочуваат и наши сограѓани во Охрид, Битола, Тетово и во други градови, но ќе се задржам на тоа што се случува во Скопје зашто целиот мој живот и активизам се врзува за населбите од Скопје. Поточно за Карпош населбата каде живеам, каде почна мојот активизам и каде еве неколку месеци сум советник во Советот на Општината застапувајќи ги интересите на граѓаните на оваа општина. Сета онаа промена што му се случуваше на Скопје, ширењето на бетонот како вирус прво во населбите блиску до Центарот, потoа менувајќи дел по дел од она што значи наше најблиско опкружување беше доволен аларм да се вклучам со група жители од Карпош 4 во активности да спречиме носење Детален урбанистички план за нашата четврт кој поминал јавна анкета во екот на летните одмори. И тоа беше во
Е
32
ПОРТА
25 март 2022
суштината основниот проблем кој се случуваше постојано, промени во планови, доколку има законски пречки промени во закон, согласно закон објавен, но не суштински да се информира, туку колку да се испочитува процедурата и најчесто граѓаните стануваа свесни дека нешто ќе се гради кога ќе се појави градилиште пред нивните врати, а тогаш е веќе доцна. Освен тоа како се читаат ДУП-ови мораше да научиме и процедури за тоа како оди целиот процес, учевме како да реагираме, која институција за што е надлежна, почесто ненадлежна, учејќи од правни совети почнуваш да сфаќаш колку целиот систем е нефункционален кога треба да се одбрани јавниот интерес, но суперфункционален и ефикасен во полза на приватните инвестиции затоа што тие носат пари во општинската каса, притоа заборавајќи на
даноците кои постојаните жители со години ги уплаќаат во таа иста каса, и заборавајќи на сите проблеми и потреби што тие нови градби ги создаваат. Борбата и отпорот да се зачува јавниот простор не можеше да прекине, се фокусираш на еден проблем се појавуваат два нови, се надеваш дека со промени на власта ќе биде поинаку, нели маршираа со нас против згради, за паркови, но потоа гледаш дека ништо не се менува и повторно тоа е заради системот кој тие, едните или другите, 30 години го создавале и надградувале. Од тие причини на последните локални избори решивме да се вклучиме како група граѓани и тоа што го правевме со години да го продолжиме во самиот систем, да пробаме да направиме промени таму каде ќе имаме повеќе влијание. Иако не сме многу, само две
НЕЗАВИСНИ ЗА КАРПОШ - ЗА ЗАШТИТА НА КАРПОШ независни советнички, сепак со целото искуство што го имаме сметаме дека почнувајќи од поголема и суштинска транспарентност – седници кои ќе се одвиваат во живо ќе успееме со навремено алармирање на жителите во однос на тоа што се случува, посебно при носење и спремање урбанистички планови и сите други промени што влијаат на нивната околина. Целта е да бидеме нивниот глас да ги смениме работите и начинот на кој досега се работело. На почетокот на нашиот мандат на иницијатива на градоначалникот се остварија две работни средби на сите советници со планерите од повеќе планерски куќи кои работат детални урбанистички планови на територија на Карпош. На тие средби ни беа презентирани 38 ДУП-а кои се во одредени фази, некои во почетна само со планска програма, додека некои скоро готови, но не стигнале во фаза да се стават пред Совет. Средбите беа корисни и иако побаравме, но не ги добивме работните материјали, сепак успеавме да се информираме и да сфатиме дека во претстојниот период ќе бидеме соочени со носење многу ДУП-ови. ДуП ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ 3 09 Тоа и се случи, веднаш на почетокот на годинава, на четвртата седница беше ставен како предлог - ДУП за Градска четврт 3 09 (опфат меѓу булевар „Партизански одреди“, улица „Франклин Рузвелт“, булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и булевар „8 Септември“), Општина Карпош -Скопје кој беше претходно донесен во 2017 година. Укинат од страна на Уставен суд на 30.7.2020, но предлог-ДУП-от кој требаше да се гласа е потполно истиот со тој донесен во 2017 година, службите во Општината се повикуваат само на став 3 од член 23 - (З) Ако одлуката за донесување на урбанистичкиот план се укине врз основа на пропуст во постапката за донесување, донесувачот на планот може да го донесе истиот план со постапка што ќе се состои само од спроведување на делот од постапката за кој се однесува пропустот и истиот бил основ за укинувањето. Но го занемаруваат следниот став 4 од истиот закон кој вели: (4) Доколку при спроведувањето на постапката од ставот (3) од овој член произлезат и неопходни измени во планското решение, тогаш донесувачот на планот е должен да отпочне постапка за донесување нов урбанистички план по постапка од членот 21 од овој закон. Ако се земе предвид дека ДУП З 09 е работен според застарена планска документација 2014 - 2019, во него не се вцртани постојните објекти изградени во
меѓувреме. Работен е по стар правилник, а во меѓувреме е донесен нов правилник за урбанистичко планирање, не е применет и Законот за урбано зеленило донесен во 2018, а кој мора да се применува во постапките за ДУП-ови носени по Закон за урбанистичко планирање (член 13 став 3, член 18 став 4, член 24 и др) - според кој се предлага да се донесе со одлуката која треба да ја гласаме. Со ваков предлог се ставаме во апсурдна ситуација, затоа што се вади од контекс и се гледа изолириано само еден став од еден член од Законот за урбанистичко планирање, а сè друго се игнорира. На самата седница се подвлече оваа точка, дали нашите аргументи влијаеја или беше до немање технички можности да се презентира, останува да видиме понатаму како ќе се одвиваат работите, ние би сакале неговото носење да биде согласно законот и со обезбедено мислење на соодветни институции, доколку сметаат дека процедурата е во ред.
петтата седница, а беше донесен од втор обид кога таа седница не се одржа, како единствена точка на итна вонредна петта седница. Начинот на кој се иницираше носењето на овој план беше крајно сомнително и под притисок, и од тие причини ние не учествувавме во неговото носење, а нашиот став искажан и на комисија и претходно на косултативни средби - беше против. Сметаме дека ДУПовите првенствено треба да се носат поради содржини од интерес на жителите на Општината, бензинска пумпа во него – не е интерес на жителите затоа што ги има премногу, и затоа што е во подрачје на трета
ДуП ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ З 04 Понатака на ред беше ДУП за Градска четврт З 04, Блок 05, Општина Карпош, Скопје, поточно делот околу Спортскиот центар „Борис Трајковски“. Тој требаше да биде поставен како вонредна точка на 25 март 2022
ПОРТА
33
заштитна зона на Бунарскиот систем НерезиЛепенец од кој со вода се снабдува градот во период на летните месеци. Друга измена беше додавање сервисна улица за која веќе постоеше големо противење на социјалните мрежи. Сепак ДУП-от се изгласа спротивно на интересите на жителите, под притисок дека доколку не се изгласа Општината ќе се соочи со последици од можна добиена тужба заради изгубена добивка за неизградена бензинска пумпа. Така остана непријатно чувство дека ние како Совет (иако конкретно ние независните советнички не гласавме) донесовме ДУП во интерес на приватен капитал. Најпоразувачки во целиов случај е што освен усни кажувања не добивме ниту еден валиден документ или информација за постоење таков случај со подетални информации, иако цел месец баравме. Нејасно и сомнително беше како се прејудицираше пресудата каква ќе биде и посебно бевме револтирани што овозможија како советници да бидеме изложени на притисок и закани, дека доколку не гласаме т.е. „соработуваме“ ќе бидеме кривично гонети од страна на државен правобранител вклучен во конкретниот случај. Информација како се завршил случајот, повторно не е споделена, па моравме да ја побараме како советничко прашање. 34
ПОРТА
25 март 2022
ПЛАНСКИ ПЕРИОД 2018 – 2023 Во моментов на огласната табла на Општината и на веб-страницата има информации за неколку ДУП-ови: Детален урбанистички план за Градска четврт ЦС 15 – Криви Дол, Блок 8; Детален урбанистички план за Градска четврт Ј03, Блок 01, ДУП Ј03 Блок 02 и Ј03 Блок 04 и Предлог-детален урбанистички план за Градска четврт СЗ19, меѓу булевар „Партизански одреди“, улица „Ацо Шопов“, улица „Војвода Васил Чакаларов (Циборовски)“ и река Вардар, Општина Карпош, плански период 2018 – 2023 година. За последниот Јавната анкета се одржа на 11.3.2022, на која како советници бевме оневозможени да присуствуваме затоа што во истиот термин имавме закажано седница на Совет. Самиот предлог-ДУП кој се носи е и поради тоа што претходниот е укинат од страна на Уставен суд во 2018 година, но има и дополнителни промени во однос на укинатиот. Целта со која ние како активисти ги покренавме иницијативите за поништување на овој и на другите планови беше да се даде можност направените грешки да се поправат и тука не мислам само на пропустите во процедурата, туку на сите оние грешки со исцртани непотребни станбени згради, непредвидени паркови и други јавни површини. За среќа локалните
граѓани од Влае веќе добро се организирале и ги анализирале промените, информирајќи преку ФБ-групата „Борба за Влае“. Тука морам да ги демантирам обвинувања на градоначалникот Стевчо Јакимовски дека зад таа група стоиме ние, независната група на советнички, колку и да е тоа комплимент за нас, сепак не сакаме да се китиме со туѓи заслуги и активности. Среќни сме што се појавуваат групи од локални жители за спас на своето маало и сè повеќе жители се свесни кога и како треба да реагираат, ние ја поддржуваме нивната иницијатива зашто во целост се поклопува со нашите заложби. Некои промени кои тие ги наведуваат се следниве: Објектите на Кино Влае се преселуваат до зеленилото на булевар „Партизански одреди“, дел од новата парцела опфаќа и државно земјиште, дрвјата ќе се сечат за да се „исправи“ улицата „Есперанто“ меѓу училиштето и новите објекти кои ќе бидат згради, некои со еден или два ката, некои со четири ката, па сè до осумкатница. Едно игралиште кон кејот кое е од отворен тип предвидено е како затворен спортски центар, друго инклузивно игралиште со можност да стане црква. Празен државен простор спроти КАМ на граница со Хром предвиден за четирикатница. Сите зеленила меѓу Порта Влае и паркингот пред зградите
стануваат монтажни/катни паркиралишта. Буквално секоја можна површина се гледа како можност за екстра финансии, без да се предвиди колку финансиски трошоци сите тие нови жители навистина ќе предизвикаат, почнувајќи од инфраструктурни капацитети до квалитет на живеење. Секогаш аргументите се дека така е испланирано или во ГУП или во регулацискиот план, но зошто не се почекаат и податоците од Пописот, да видиме реално колку жители има во таа четврт? Да не ги занемаруваме и жителите од тие фамозни линиски центри кои според дефиницијата за линиски центри тие не влегуваат во вкупните параметри и затоа ни се случува пренатрупаност зашто реално тие жители ги користат ресурсите на таа четврт. Едни од нашите најсуштински барања што ги упатуваме до новата градска власт се тргање на текстуалниот дел од постојниот ГУП и бришење од новиот ГУП кој е во изработка. До кога ќе се планира без притоа да се води сметка за останатите ресурси кои под закана на претстојни климатски промени и тоа како се важни при планирање хуман и функционален простор. Скопје нема целосен стандардизиран систем за управување со отпад, иако има студии, иако имаме една депонија која нецелосно исполнува услови за да добие Аинтегрирана дозвола. Претоварни стандардизирани станици за отпад немаме, пречистителна станица за отпадни води – нема, се најавува нејзина изградба неколку години, дел колку што ми е мене познато е во застој поради судски спор, а и таа е со капацитет до 500 илјади жители, многу помалку од она што го има Скопје според последните познати податоци. Колку жители во моментов, реално има градот? Како може сè уште да планираме слободни станбени простори за нови жители, а притоа и да се задоволат стандардите за просек на м2 зеленило по жител или стандардите на Светската здравствена организација за паркови на 5 минути од местото на живеење, како услови за здрав и ментален развој. Според податоците кои ги имаме Карпош од 2010 до 2020 има пораст од само 653 жители, а во овој период издадени се дозволи за градење за 5.913 стана = 418.644 квадратни метри, од кои завршени се 5.610. Има станови како цел град да се пресели во Карпош и се продолжува и понатаму со градење. НЕМА ОВЛАСТЕН ГРАДЕЖЕН ИНСПЕКТОР Друга недозволива ситуација со која се соочува Општина Карпош е што од јули 2019 нема свој овластен градежен инспектор со лиценца. Во периодот од јули 2019 до крајот на октомври 2021, Општината дели со
Општина Аеродром еден инспектор за пола работно време. Од тој период досега Општината е веќе цели пет месеци без лиценциран градежен инспектор и градоначалникот планира така да остане до јуни годинава, кога вработен во Општината, градежен инспектор под менторство, ќе се стекне со услови да добие лиценца. Ваквата состојба во нашата општина е крајно неприфатлива, имајќи превид дека сме општина каде постојано се гради и каде има дивоградби. Решение има и бараме да се спроведе согласно законот, затоа баравме од градоначалникот Јакимовски итно да достави предлог до Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам за вршење на работите на инспекциски надзор во Општината, согласно Законот за градење, но тоа не е сторено, заради тоа побаравме од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да констатираат дека Општината нема овластен градежен инспектор со лиценца и да достават предлог до министерот за транспорт и врски Благој Бочварски за добивање овластување за вршење на работите од надлежност на овластен градежен инспектор во Општината, а министерот да им даде овластување.
Свесни сме и за финансиската ситуација во која се наоѓа во моментов Општината, но не можеме да се согласиме дека единствениот излез од таа ситуација е со распродавање на целиот преостанат слободен простор и градење, зашто тоа е само привремено купување време до следен мандат, а носи многу повеќе проблеми. Нашата цел е колку што можеме да го спречиме тоа. Градење и развој – да, но базирано на реалните потреби на жителите и можности на просторот и притоа планирано и проектирано на начин за пред сè хуман и квалитетен живот. Зазеленување на секој слободен простор, одржување на постоечкото зеленило со посебен акцент на старите развиени дрвја. Заштита на Водно посебно во делот на Карпош, зелениот коридор по течението на Серава и Лепенец до вливот на Вардар треба што побрзо од студија да стане реалност, кејот на Вардар да биде слободна рекреативна зона и проширување на Градскиот парк во што поголем дел на потегот покрај Вардар во делот на Карпош 3 и Карпош 4. Општина Карпош има огромен потенцијал и сите ние советници и жители треба да делуваме во насока да го зачуваме тоа што го имаме и да создадеме тоа што ни недостасува за пристоен и квалитен живот. n 25 март 2022
ПОРТА
35
урбанизам
Тетовчани не се откажуваат од парк! Генерално тетовчани се до толку апатични и песимисти, што сега им е чудно што ете можело да се собере „здрава“ и млада група на ентузијасти кои искрено му мислат добро на градот, кои самите иницирааат и волонтерски се ангажираат околу ваква благородна и рационална идеја Бошко ВИДОеСКИ, дипл. инж. арх. (Град е со „градски“ - Тетово сака парк!) инатиот месец, група на истакнати тетовчани поднесоа до Општината граѓански предлог со кој бараат градот да добие прв вистински градски парк, за кој беше објавено во минатиот број на Порта 3. За потсетување, накратко, се работи за граѓански предлог со кој се бара да се формира парк на делови од урбаните блокови 27, 29, 31 и 57. За деловите од УБ 27 и УБ 29 веќе постои таква (парковска) намена во Генералниот урбанистички план; иницијативата бара истото да биде направено и за деловите од блоковите 31 и 57 опфатени во предлогот, по што се бара јавен интернационален архитектонскоурбанистички конкурс на кој целата зона ќе биде третирана како инхерентно пешачко подрачје, од чие победничко решение би произлегле засебните детални урбанистички планови. Со тоа формално-правно би се завршиле планските процедури, и би можеле фазно да се реализираат потесни проектни документации работени врз резултатите од конкурсот, а согласно новите ДУП-ови. Поднесувањето на предлогот заедно со првите 60 своерачни потписи од граѓани се случи на 21 февруари по што веднаш беше организирана прес-конфренција и брифинг со новинарите со цел јавноста да биде информирана за поднесувањето. Истиот ден, паралелно со брифингот, ги „стартувавме“ и нашите страници на социјалните мрежи како можеби најсилна алатка во денешно време за промоција на одредена идеја. Набрзо потоа започнавме со низата однапред планирани активности со кои започнавме силна промоција на предлогот во јавноста, сè со цел тој да добие поширока поддршка од населението како форма на притисок до надлежните, особено до советниците во Советот на Општина Тетово, а секако и до градоначалникот, г-дин Биљал Касами.
М
36
ПОРТА
25 март 2022
На почетокот би го споменал нашето присуство и земање активно учество во една јавна дебата организирана од Општината со цел дискусија околу суспендиранот ДУП за урбаниот модул „а“ од УБ 57 – којшто е опфатен и во нашиот предлог – а тетовчани го препознаваат како територија на поранешниот индустриски гигант ШИК „Јелак“. Коинцидентално, дебатата се одржа само ден по поднесувањето на нашиот предлог – Општината ја имаше претходно закажано со цел дискусија за нов ДУП за локацијата, во надеж дека ќе донесе
подобар од претходно суспендираниот. Ја искористивме приликата да укажеме на нашите позиции дека не ни менува дали ДУП-от ќе предвиди 15, 12, или 10 згради – туку дека ние сме за парк на целото подрачје на некогашната фабрика, без ниту една зграда, особено имајќи предвид дека историски, зоната е индустриска во сите стари ГУП-ови. Индустриско-комерцијалната зона од последниот важечки ГУП за Тетово, кој за жал датира дури од 2003 г., е сменета во станбено-комерцијална со носење Измена и дополна во 2017 г., (на практично
ЈАВНИОТ ИНТЕРЕС МОРА ДА СЕ РЕхАБИЛИТИРА истечен и нерелевантен ГУП), без никакво планерско образложение зошто е тоа направено; без анализа дали на Тетово му е потребен таков нов станбен блок на локација со други просторни потенцијали; без претходно спроведена инвертаризација на постоечкиот станбен фонд во градот и податок колку постоечки станови немаат сопственици или се на продажба; без анализи за демографските движења, миграционите текови итн. Затоа како иницијатива цениме дека ова менување на намената во станбена е ништовно, и дека потребно ни е генерално зонирање со намена „Д“ за ова подрачје, исто како и за УБ 31 во нашиот предлог. Сето ова го укажавме од говорницата во Општината, пред градоначалникот, дел од советниците, новинарите и останатите присутни, по што бевме на некој начин обвинети дека го менуваме фокусот на дебатата: имено, целта на дебатата било да се унапреди суспендираниот ДУП, а не да се дискутира ГУП-от за ова подрачје. Застанавме цврсто на ставот дека лош ГУП не може да произведе добар ДУП и дека нашата борба за зачувување на уставниот императив за хумана животна средина не може да биде менување на фокусот на ваква дебата, по што демонстративно ја напуштивме салата, не сакајќи да ѝ даваме понатамошен легитимитет на дебатата со нашето присуство. Инаку, како дел од потесниот круг на иницијатори, отворено би кажал дека сме воодушевени од широката поддршка која нашиот предлог ја доби во градот, и сѐ уште ја добива. Во првите денови стартувавме и online петиција на светски популарниот сајт change.org, со цел да им се даде можност на сите оние кои го поддржуваат предлогот да застанат зад него со своето име и презиме. Иако ваквите електронски петиции немаат правно дејство кај нас, сепак цениме дека се одлична форма на притисок до советниците којашто не може така лесно да биде земена „здраво за готово“, особено доколку успееме да собереме неколку илјади такви потписи. Веќе ја поминуваме границата од 3.000 што за град со големина на Тетово е одлична бројка, имајќи предвид дека еден советник во Советот, „тежи“ околу 1.000 гласа. Прв настан во наша организација, а со цел подетална елаборација на предлогот и директна интеракција со јавноста, беше јавната трибина која ја одржавме на 24 февруари. На неа преку видеоконференциска врска се обратија и др Душица Трпчевска-Анѓелковиќ, просторен планер и урбанист од Агенцијата за планирање на просторот, родум од Тетово,
како и проф. д-р Дивна Пенчиќ од Архитектонскиот факултет при УКИМ во Скопје. Тие дадоа свое стручно видување на предлогот, генерално оценувајќи го како одличен и издржан, и како таков неопходно е да биде чуен од надлежните, особено во жалната констелација во којашто се наоѓа градот од аспект на планирањето. Како иницијатори, освен што самите го водевме и модериравме настанот, одговаравме на сите
дотогаш појавени прашања во јавноста, разјаснувавме одредени дилеми, и имавме активна интеракција со присутните. Главни дилеми кои проструија во јавноста беа начинот на реализација на предлогот и дали воопшто Општината може да си го дозволи од финансиски аспект, сопственичката структура за земјиштето, потоа дали ова е навистина последната локација со ваков извонреден просторен и урбанистички
ПОРТА
потенцијал за вистински парк во градот, а секако дека имаше и реторички прашања од типот на тоа кој тоа таму нас нѐ организирал за вакво нешто и каква е заднината на сето ова. Поразителни, но не и неочекувани се таквите сомнежи на поединци, особено лошонамерните манипулативни обиди за наша дискредитација, но тоа само зборува за тажниот факт дека генерално тетовчани се до толку апатични и песимисти, што сега им е чудно што ете можело да се собере „здрава“ и млада група на ентузијасти кои искрено му мислат добро на градот, кои самите иницирааат и волонтерски се ангажираат околу ваква благородна и рационална идеја, без да имаат каква било заднина на сето тоа, без да се инструирани (и/или финансирани) од каков било центар на моќ. Во морето на таква безнадежност и отсуство на критична маса за какви било промени на подобро во Тетово, не е чудно што се јавија и такви изолирани „дискредитатори“ и дефетисти. Сепак, нѐ радува што станува збор за исклучоци, и генерално оваа одлична идеја е масовно препознаена како таква, и е прифатена и поддржана во градот. Предлогот секојдневно добива поддршка на социјалните мрежи од мноштво на познати и признати индивидуи од градот од најразлични професии. Добиваме поддршка и од истакнати лица кои немаат тетовско потекло, но ја препознаа идејата и неопходноста широко да се поддржи. За да не испуштам никого од сите оние кои застануваат зад нас, нема да пишувам имиња, само би кажал дека се работи за уметници, спортисти, архитекти, филмски работници, лекари, музичари, професори итн. На социјалните мрежи сме присутни и со факти и занимливости кои ги пласираме во наш унифициран автентичен визуелен дизајн. Снимивме и објавивме и промотивно видео со дрон, за граѓаните да се „запознаат“ со локацијата и од таква птичја перспектива. Успеваме да се „избориме“ за наше присуство и на традиционалните медиуми. Како иницијатива имавме гостувања во утрински емисии на националните телевизии МТВ, Сител и Телма, како и на Македонското радио. Присутни сме и на локалните медиуми. Поддршката од новинарите ни е нужна за наша поголема видливост во јавноста која ни е неопходна доколку воопшто сакаме да се доближиме до помислата дека Општината размислува за некаква реализација барем на дел од нашиот предлог. Во таа насока е и поддршката која ни ја дава уредништвото на Порта 3, обезбедувајќи ни простор за промоција. На истата линија би споменал и дека треба да ПОРТА
излезе наш текст и во списанието Пресинг на Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Благодарност до сите споменати. Поддршка добивме и од 50-тина лекари и здравствени работници од Тетово кои застанаа зад отворено писмо до јавноста во кое се потенцира дека создавање вистински парк во градот ќе придонесе многукратно кон подигнување на квалитетот на живеење на граѓаните, овозможувајќи простор за здрава социјализација на младите, простор за рекреативни и спортски активности и многу повеќе чист воздух. Од другите поголеми настани, организиравме визуелна изложба на детски цртежи и фотографии на тема „Бетон или парк?“ под менторство на тетовчаните Славчо Максимовски – академски сликар, и Глигор Кондовски – фотограф. Децата силно го чувствуваат недостатокот на парк во градот, што беше видливо и преку нивните дела. Поддршка добиваме и од неформални групи како Не биди ѓубре, Го сакам Водно, платформата Види Вака кои изработија и одлична видеоприказна за иницијативата, потоа независните Шанса за Центар, а може да се смета дека прва политичка партија која отворено застана зад предлогот е ДОМ, преку дадената поддршка од страна на нејзиниот лидер и пратеничка во Собранието на РМ, г-ѓа Маја Морачанин. И тетовските планинарски клубови здружено дадоа поддршка на предлогот преку заедничко отворено писмо до јавноста, во кое истакнаа дека иницијативата „Тетово сака парк“ се бори за јавниот интерес на начин на кој во градот одамна не е направен, а најавија и поддршка во други форми. Предлогот беше поздравен и од ЖФК Љуботен. Очекуваме поддршката во наредниот период само да расте. Добредојдени се сите поединци, формални и неформални групи и организации да
застанат зад оваа иницијатива за парк. Таква сериозна широка поддршка ни е потребна како темел за наредната фаза од оваа кампања, во која планираме да ги конкретизираме нашите активности, најпрво со отворено писмо до советниците, барање за средби со нив, а потоа на ред за прозивање ќе дојде и градоначалникот на Тетово. За крај, би дополнил со интересна занимливост околу дизајнот на нашето лого. Главна тематика е споменикот „Победа“ од 1961 г., или во Тетово познат како Споменикот на жената борец, дело на првата вајарка во Македонија, тетовчанката Борка Аврамова. Споменикот и борбата која тој ја претставува ни служи како мотив и инспирација за нашата борба. На тој начин сакаме да ја симболизираме нашата истрајност и одлучност. На Тетово доста му беше дефетизам, дигање раменици и повлекување пред апетитите на приватниот капитал. Јавниот интерес мора да се рехабилитира. n
ПОРТА
архитектура од дрво
ИНОВАЦИИ ВО уПОТРЕБАТА НА ДРВО
Шумарскиот колеџ во Орегон, поставува стандард за употреба на дрво во архитектурата Објекти за напредни производи од дрво, но играат и важна улога на поврзување на академското знаење со практичното знаење, бидејќи се наменети за проучување и изградба на дрвени елементи и конструкции
Александар ЧеРеПнАЛКОСКИ, инженер по дрвна индустрија о Соединетите Американски Држави, градењето од дрво е најзастапено во северозападниот дел на Пацификот, огромен регион во чиј центар се наоѓа Шумарскиот колеџ на Државниот универзитет во Орегон (OSU) во Корвалис. Со оглед на тоа што регионот е клучен индустриски јазол во делот на дрвната индустрија, логично е два нови проекти - Научниот центар за шуми Џорџ В. Пиви и Лабораторијата за напредни дрвени производи „Ред“ Емерсон, да планираат објекти изградени од дрво. И двата објекта се проектирани од архитектите од бирото „Мајкл Грин Архитектура“ (MGA), и иако се разликуваат по големина и архитектонско
В 40
ПОРТА
25 март 2022
обликување, и двата го користат скоро секој дрвен производ што ни е даден под сонцето, а сето тоа поставувајќи висока граница за одржливи извори на материјали. Во согласност со визијата на Државниот универзитет во Орегон за создавање „динамична средина за учење, соработка и истражување за управување и одржување на работните шумски екосистеми во 21-виот век“, Мајкл Грин вклучил бројни оддели и групи на идни корисници во изработка на проектот, со цел да се создаде проект произлезен од размена на знаење. На 7.500 квадратни метри, Peavy Center е поголемиот од двата објекта и во него се сместени предавалните на колеџот, истражувачките лаборатории и мноштво административни простории. Втората зграда, Лабораторијата за напредни производи од дрво именувана по „Ред“ Емерсон, е помала, но ја игра важната улога на поврзување на академското знаење со практичното знаење, бидејќи е наменета за изградба на дрвени елементи и конструкции. Целта не е само да се изработат објектите, туку и да се тестираат научно, со прецизна цел да се добијат информации за употреба за технолошки иновации. Објектот „Ред“ Емерсон, со површина од повеќе од 150
квадратни метри, вклучува области за изградба и тестирање. Оваа зграда, иако поедноставна, исто така е направена речиси целосно од дрво, освен подот, кој морало да биде особено отпорен поради стресот на кој ќе биде подложен при користење. Конструктивното решение е релативно едноставно решено со употреба на два система. Едниот систем е класична дрвна конструктивна скелетна конструкција,
додека на другиот систем на местата каде што има поголем распон се користи комбинирана конструкција формирана од лепени дрвни носачи и бетонски греди. Подните плочи и ѕидовите се изработени со вкрстено ламинирано дрво (CLT) со што го зацврстуваат конструктивниот систем. Во овој објект за прв пат се употребил еден систем за подобрување на сеизмичките оптоварувања. Дизајнирани од фирмата
ПОРТА
„Еквилибриум консалтинг“ од Ванкувер и изработени од производителот од Орегон Д. Р Џонсон, ѕидовите за зацврстување на конструктивниот систем се таканаречени „лулачки“ ѕидови или подвижни.
42
ПОРТА
25 март 2022
Концептот првично бил развиен и применет на зграда од помал обем во Нов Зеланд и претставува директен одговор на обезбедување флексибилен дизајн, со оглед на високите сеизмички барања. Ѕидовите за
зацврстување од CLT се составени од независни делови поврзани вертикално со посебен систем за затегање. Ова им овозможува на ѕидовите да се движат и да се самоцентрираат за време на земјотрес, а исто така постои можност компонентите селективно да се заменуваат по потреба, доколку имаат оштетувања. Имено, „Ред“ Емерсон и поголемиот Џорџ В. Пиви, се изградени од дрвени производи кои потекнуваат изворно од Сојузната Држава Орегон. Уште повеќе, комплексот е означен како проект SMART-CLT, и како таков, во него се вградени стотици сензори кои ја следат содржината на влага, топлинските перформанси, конструктивните движења и други такви индикатори, со што се овозможува да се зголеми животниот век на комплексот. Со значителна поддршка на државната шумарска индустрија, Комплексот за шумски науки на OSU има воспоставено стандард за другите универзитети во регионот што треба да го следат, при што проектите за проширување на кампусот стануваат лаборатории за иновации во употребата на дрво во конструктивните системи и зачувување на животната средина. Ова е сигурно само почеток.
ПОРТА
дизајн
БЕЗВРЕМЕНСКИ ДИЗАЈНЕРСКИ КЛАСИЦИ
Функционален светлечки објект како уметничка скулптура Подни ламби кои се функционални уреди, а истовремено уметнички дела кои за прв пат биле произведени во втората половина на XX век, а денес се присутни на полиците на концептуални продавници ширум светот, како и на медиуми поврзани со внатрешно уредување и декор
Ангела СТефАнОВСКА , дипл. инж. арх. конични, безвременски, дизајнерски класици се само дел од термините кои ги поврзуваме со осветлувањето и светлечките објекти кои се дизајнирале и креирале во втората половина на XX век. Како одговор на големите општественосоцијални промени, последиците од војните и брзиот технолошки прогрес, дизајнот и уметноста во сите сфери од овој период се сметаат за едни од најреволуционерните изуми кои се сè уште многу актуелни и подлежат на голем број реплики и копии. Дизајнерите ги користат своите дотогашни познавања и вештини во областа, притоа имплементирајќи сосема нови естетски идеи, концепти и стилови кои имаат за цел формата, материјализацијата и функцијата да ги третираат на дотогаш нов и
И
44
ПОРТА
25 март 2022
непознат начин, фокусирајќи се на модернизмот како естетска интроспекција. Голем број на уметнички правци се создаваат во рамките на овој период како: Arts and Crafts, Art Nouveau, Futurism, De Stiji, Bauhaus, Dada, чии основачи и творци се едни од најголемите и најзначајните имиња во уметноста денес. Како рекордери на времето, дизајнерските движења и компании од XX век се вушност реакција на машинската ера на општеството од 1920-тите почнувајќи со производство на дизајнерски парчиња под влијание на пронајдокот на масовно произведени материјали. Имено, претставуваме дел од светлечките објекти, поточно подни ламби кои се функционални уреди, а истовремено уметнички дела кои за прв пат биле произведени во тој период, а денес се присутни на полиците на концептуални продавници ширум светот, како и на медиуми поврзани со внатрешно уредување и декор.
⦁ „Taccia ламба“ - Achille и Pier Giacomo Castiglioni Бренд: Flos Година: 1962 Кога зборуваме за класика чиј безвременски изглед е сè уште присутен во осветлувањето на поголемиот број актуелни, современи и луксузни ентериери, мислиме на Taccia подната ламба дизајнирана од Ахил и Пјер Џакомо Кастиљони, во далечната 1962 во градот Мерано, Италија за познатиот бренд Флос. Флос е италијански бренд кој потекнува од северниот дел на Италија, односно Бовезо и произведува светлечки објекти повеќе од пола век, создавајќи стилски новини кои секогаш одговараат на нивната функционалност, и кои не се само скапоцени елементи за мебел, туку се и вистински секојдневни предмети.
Браќата Кастиљони се познати по своите експериментални обиди и игри во областа на дизајнот, па така и инспирацијата за изгледот на Taccia доаѓа од идејата светилката да изгледа како да виси наопаку, а сепак да биде поставена на исправена површина. Постаментот на ламбата претставува задебелена декоративна основа од анодизиран и екструдиран алуминиум, кој исто така може да биде фарбан и црн. Светлината се емитува преку големиот дифузер од стакло со конкавен рефлектор. Благодарение на тој ротирачки механизам, насоката на светлината може лесно да се контролира и приспособува. Ламбата Tacia е достапна и се произведува во неколку големини и завршници. За едно интервју во 1970 Achille Castiglioni изјавува: Ние Taccia ја сметаме за мерцедес од светилките, симбол на успех, можеби и затоа што наликува на класичен столб. При нејзиното дизајнирање не мислевме на престиж, туку на површина која ќе остане ладна“. Браќата Castiglioni се смели пионери во својата област и наспроти Taccia, автори се и на многубројни познати светлечки и функционални објекти како: Arco ламба, Lampadina. Gibigiana, Mezzadro-столот кои остануваат да сведочат за нивната авангарда и предвременост. ⦁ Atollo ламба - Vico Magistretti Бренд: Oluce Година: 1979 Ламбата Atollo е дизјан кој ги урива сите
дотогашни стереотипи, создавајќи целосна револуција во дизајнот и она што дотогаш било замислено за тоа како треба да изгледа една подна ламба. Дизајнирана од италијанскиот дизајнер Vico Magistretti во 1970 година, а произведена од брендот Oluce. Денес, Атоло е вистински архетип на подните ламби, моќна „светлечка скулптура“ која зрачи со елеганција и јасна геометриска линија на формите хемисфера, конус и цилиндар при што се создава совршен баланс и симбиоза на форма и функција. Цилиндричната потпора и топчестиот горен дел, односно хемисферата, се поврзани со толку тенок елемент што кога светилката е вклучена, горното капаче изгледа речиси како да лебди во воздухот. Оригиналната ламба Atollo е произведувана и продавана во три различни
големини и три различни завршници: бела, црна и златна. Компанијата Oluce e oснована во 1945 година од Џузепе Остуни, и претставува една од најстарите италијански дизајнерски компании која произведува широк спектар на современо осветлување за домот и канцеларијата. Со повеќе од 70 години постоење, Oluce одигра голема улога за да се отвори патот за други брендови за осветлување, особено во однос на методите за концептуалното истражување и производство. Ова резултираше со ниво на меѓународно признание што ги привлече светски познатите дизајнери да придонесат за нивната колекција на светилки, вклучувајќи ги Џо и Џани Коломбо, Вико
25 март 2022
ПОРТА
45
Магистрети и други. „Едноставноста е најтешката работа во светот“ – филозофска изрека од дизајнерот Вико Магистрети, која всушност и најдобро го опишува неговиот пристап кон уметноста и работата. Вико е роден во Милано, Италија, каде и го завршува своето 46
ПОРТА
25 март 2022
образование на Факултетот за архитектура во Regio Politecnico во Милано во 1939 година. Автор е на некои безвременски парчиња мебел и осветлување меѓу кои се ламбите Eclisse, Dalù и Telegono за светскиот бреенд Artemide. Зад себе остава голем број на значајни меѓународни
изложби, почести, колаборации и награди, вклучувајќи ја и престижната награда Golden Compass за Eclisse ламбата. Во 1979 година, за ламбата Atollo на Вико му е доделена наградата Compasso d’Oro, најзначајнита и најпознатата награда во сферата на индустрискиот дизајн доделена за оригинално дело. ⦁ Flower pot VP3 ламба – Verner Panton Бренд: &Tradition Година: 1969 Flower pot ламбата е уште еден типичен пример од модерната со јасен и прочистен геометриски изглед кој оставил силен печат низ историјата. Уникатна и впечатлива по својата колоритност, серијата е дизајнирана од Verner Panton во 1969 година за данскиот бренд &Tradition. Она и по што е познат данскиот дизајнер и архитект Verner Panton e неговиот колоритен пристап и стил во дизјанот, како и пасија кон геометриските фигури и континуираниот интерес на игра со форми и бои. Дизајнот на мебел е во главниот фокус на неговото творештво, каде се вбројуваат едни од најлегендарните парчиња мебел - Cone Chair and the Panton Chair развивани со брендот Vitra. За неговата мултидисциплинарност зборуваат познати и наградувани светлечки објекти зад кои стои неговиот препознатлив
печат, како цела серија Flower pot, Panthella ламба, Pantop ламба, но и во дизајнот на текстил и ентериери, во кои ги спојува своите најдобри дизајнерски дела создавајќи една совршена симбиоза на неговиот различен и креативен опус. Серијата Flowerpot е синоним на движењето Flower Power од доцните 60-ти. Со стремеж кон поотворен, модерен менталитет има за цел да промовира мир и хармонија. Серијата е составена од неколку различни модели, вклучувајќи три висечки светлечки објекти и два типа на подна ламба - сите во широк спектар на бои.
ПОРТА
Телото на светлото се состои од три хемисфери кои се поврзани со тенок постамент изработени од лакиран метал, месинг или не’рѓосувачки челик. ⦁ COBRA Ламба - Elio Martinelli Година: 1968 Кога размислуваме за иднината и како таа би изгледала во дизајнот, подната ламба Cobra на италијанскиот дизајнер Elio Martineli, од 1968 година е одличен пример за истото. Со својата
ПОРТА
футуристична и авангардна силуета сè уште плени и речиси никогаш не оставила никој рамнодушен. Навидум едноставна, ламбата има комплексна концептуална заднина и концепт кој смело ја задржува врската помеѓу формата и функцијата. Ламбата е составена од два примарни дела, долниот дел или постаментот кој е поврзан со горниот дел преку централен спој кој овозможува ротација од 360 степени, што ја
рефлектира светлината онаму каде што е најпотребна. За ваквата промена на изгледот при ротирање, дизајнерот Elio се инспирира од природата, односно од анатомијата на змијата и нејзината поставеност при напад. Материјалот од кој е изработена ламбата е синтетичка смола, додека светлечкиот рефлектор е од лакиран метал. Оригиналното светло е креирано во три бои, црна, бела, а подоцна и во впечатлива јака црвена. n
технологии
ЖЕНИТЕ ВО НАуКАТА
Пет жени кои ја заслужиле, но не ја добиле Нобеловата награда за физика Ви прикажуваме пет исклучителни жени за кои постои уверување дека им била ускратена честа и привилегијата не само да се закитат со оваа престижна награда, туку некои од нив и воопшто да бидат номинирани
Даниела МЛАДенОВСКА о богатата историја долга 120 години, Нобеловата награда ја добиле скромен број жени – само 58, наспроти 885 мажи. Најбројни се жените лауреати на Нобеловата награда за мир, по што следуваат оние од областа на литературата. На дното на листата се физичарките со само четири Нобелови награди и интересно, само две жени се наградени во областа на економијата. Меѓу добитничките има и еден пар мајка и ќерка. Тоа се Марија Кири, единствената личност двоен добитник на наградата (физика во 1903 и хемија во 1911 година) и нејзината ќерка Ирена Жолио- Кири, која ја добива наградата за хемија во 1935 година. Самиот избор на наградените неретко е проследен со изненадувања и разочарувања, но и со одредени контроверзии. Сепак, ако нешто може да се извлече како генерален заклучок, тоа е неспорниот факт дека Нобеловиот комитет, кој всушност ја доделува наградата, често бил неправеден кон жените, и тоа особено е изразено во областа на физиката. Токму првата Нобелова награда која ја добива Марија Кири е од областа на физиката во 1903 година, за заедничките научни достигнувања со својот сопруг Пјер Кири. Но, и покрај неспорниот научен придонес, оваа жена ќе била изоставена да не била одлучноста и доблеста на професорот Кири, кој јасно му ставил до знаење на Нобеловиот комитет, дека брачниот пар е подеднакво заслужен за истражувањата на феноменот на радиоактивноста. Наредните три нобеловки од областа на физиката се доделени во интересни временски интервали – втората дури во 1963, а следните две неодамна, односно во 2018 и 2020 година. Но, ова е само врвот на ледениот брег. Истражувањата на голем број жени незаслужено останале под радарот, а на некои наградите им биле „узурпирани“ од нивните најблиски машки соработници.
В
Дали последните две награди во краток временски период, ќе придонесат за излез од затворениот круг кој ја храни родовата нееднаквост во историски поставениот нефер систем, останува да покаже времето. Во продолжение Ви прикажуваме пет исклучителни жени за кои постои уверување дека им била ускратена честа и привилегијата не само да се закитат со оваа престижна награда, туку некои од нив и воопшто да бидат номинирани. Дали навистина им била нанесена неправда, можете да процените сами од нивните биографии и достигнувања. Cecilia Payne (1900 - 1979) е родена во Велика Британија, но во 1931 добива американско државјанство и во САД останува до крајот на животот. Едноставно кажано, таа е жената која открила од што се направени ѕвездите. Денес е добропознато дека материјата се загрева, електроните преминуваат во повисоки енергетски нивоа, и со доволно енергија тие стануваат јонизирани. Знаеме дека ѕвездите имаат различни спектрални карактеристики и дека тоа зависи од нивната боја, што пак од друга страна е детерминирано од температурата на ѕвездите. Но, ништо од ова не било познато во 1925 година. Во својата брилијантна истражувачка мисија таа година, собирајќи и синтетизирајќи идеи и информации од многу различни области, Cecilia Payne ги става во заеднички контекст феномените на температурата, бојата и јонизацијата. На тој начин, таа успева да определи од што се направени одделните ѕвезди. Иако ги содржат истите елементи како и 25 март 2022
ПОРТА
49
како се однесуваат честичките кои се производ на радиоактивното распаѓање (трансформирање на нестабилните радиоактивни елементи од еден во друг), а се разбира единствен начин тоа да се провери биле експериментите. Познатиот Wu experiment, оваа жена го реализирала со набљудување на однесувањето на честичките при распаѓањето на Cobalt-60, во присуство на силно магнетно поле. Во 1957 година, Нобеловата награда е доделена токму за ова откритие, на двајца нејзини колеги – теоретски физичари кои ја иницирале идејата и предложиле изведување експерименти, а таа е неправедно изоставена. Како утешна награда, дури во 1978 ѝ е доделена Wolf Prize in Physics. Нејзините истражувања во областа на експерименталната физика, евоцираат чести споредби со Марија Кири, па ја нарекуваат „кинеската Марија Кири“, но и „кралица на нуклеарната физика“.
Земјата, таа открила дека ѕвездите имаат илјадници пати повеќе хелиум и милиони пати повеќе водород. Иако ова откритие е предмет на нејзината докторска теза (подоцна опишана како една од најбрилијантните докторски тези во областа на астрономијата, која кога било е изработена), само нејзиниот ментор Henry Norris Russell, бил номиниран за Нобеловата награда. Во 1956 година таа била првата жена избрана во звање редовен професор на Универзитетот Харвард, но подоцна и прва жена на Универзитетот Харвард која била шеф на оддел. Chien-Shiung Wu (1912 – 1997), исто така натурализирана Американка родена во Кина, има сериозен придонес во развојот на нуклеарната физика. Била дел од познатиот „Менхетн проект“, и учествувала во издвојувањето на изотопите ураниум 235 и ураниум 238. Во 50-тите години на минатиот век, физичарите тукушто почнувале да ги разбираат фундаменталните карактеристики на честичките. Едно од главните прашања во областа на нуклеарната физика било
50
ПОРТА
25 март 2022
Vera Rubin (1928 - 2016) е американски астроном со огромен придонес во истражувањето на ротацијата на галаксиите. Во соработка со Kent Ford, е заслужна за откривањето на темната материја на вселената. Имено, во доцните 1970-ти, Rubin и Ford од Карнеги Институтот во Вашингтон збунето гледале во отчитувањата на податоците од нивните набљудувања на галаксијата Андромеда. Се сомневале дека нешто е погрешно во нивниот експеримент. Нештата оддалечени на рабовите се движеле подеднакво брзо како и работите блиску до центарот, очигледно кршејќи ги Њутновите закони за движењето (Њутнови закони на динамиката). Иако објаснувањето за тоа чудно однесување Rubin го осознава дури две години подоцна, овие резултати го претставуваат првиот директен доказ за постоењето на темната материја. Научниците сега знаат дека темната материја сочинува околу 84 % од материјалот на универзумот. Тие невидливи честички се судираат низ целиот космос, и влијаат на тоа како ѕвездите се движат во галаксиите, и како сета таа материја во почетокот била собрана на едно место (Big Bang). За космосот, таа материја е како што е воздухот за луѓето: сеприсутен, неопходен, невидлив, но почувствуван. Откривањето на оваа чудна супстанција без сомнение заслужува Нобелова награда. Но, за Рубин, таа никогаш не пристигнала, иако таа долго време била „народен избор“ и често прогнозиран победник. Lise Meitner (1878 - 1968), е веројатно најголемиот трагичар во ова друштво. На оваа австриско -шведска физичарка (Австријка по раѓање, која под налетот на нацизмот е прифатена од Шведска, и таа е нејзина втора татковина), Порта 3 неодамна ѝ посвети посебен текст. Заслужна е за откривањето на нуклераната фисија и била дури 48 пати номинирана, но никогаш не ја добила оваа награда. Maitner долги години соработувала со Otto Hahn, кој бил награден со Нобе-
рите се високомагнетизирани ротирачки неутронски ѕвезди кои емитуваат снопови од електромагнетна радијација. Првите претпоставки за пулсарите датираат уште од 1933 година, но Нобеловата награда за ова откритие им е доделена во 1974 година на Martin Ryle и Anthony Hewish. Ниту еден од нив двајца не стои зад откривањето на првиот пулсар. Тоа е дело на тогашната студентка Jocelyn Bell, која го регистрирала интересниот сигнал како објект од особено значење. Многумина расправале дека таа сигурно требало да биде вклучена меѓу наградените. Самата таа била исклучително скромна и не била резигнирана поради оваа неправда. Своевремено рекла дека само во исклучителни случаи Нобеловата награда може да му се додели на некој кој сè уште е студент, и дека сосема е свесна за тоа. Такви исклучителни случаи имало десетина низ историјата на оваа награда, и се разбира сите биле мажи. Јасно е дека нејзиното откритие е револуционерно, а она што следувало е огромна грешка на Нобеловиот комитет. И за жал, не е единствената.
лова награда за хемија (многу награди од минатото во областа хемија, денес би се класифицирале во областа физика, и обратно) токму за откривањето на нуклеарната фисија. И покрај фактот што до тројца луѓе можат да делат Нобелова награда, сепак Hahn е единствениот кој ја добива во 1944 година. Се разбира ова било голем удар за Meitner, бидејќи таа е заслужна за целокупните истражувања во областа на фисијата. Нејзините научни достигнувања се уште позначајни ако се има предвид дека ѝ е нанесена огромна неправда кога во нацистичка Германија го губи своето место како предавач на Универзитетот, бидејќи е Еврејка. Ниту Hahn, ниту Heisenberg, не се потрудиле многу за да ѝ помогнат. Откако ја напушта Германија во 1938, таа ја продолжува кореспонденцијата со Hahn, насочувајќи го кон некои од критичните чекори во нуклеарната фисија. Тој никогаш не ја вклучил како коавтор во своите трудови и покрај нејзиниот несомнен огромен придонес. Иако големиот авторитет во физиката, научникот Niels Bohr ги номинирал двајцата - Meitner (прва) и Hahn (втор) за Нобелова награда, таа му е доделена само на Hahn. Кога Meitner починала, на нејзината надгробна плоча е напишана следната едноставна реченица: Lise Meitner - a physicist who never lost her humanity. (... - физичар кој никогаш не ја изгуби својата човечност). Jocelyn Bell-Burnell (1943) е единствениот жив сведок на овие неправди. Таа е заслужна за откривање на првиот пулсар. Пулса-
ПОСЛЕДНИТЕ ГОДИНИ ОхРАБРуВААТ И ВЕТуВААТ ПРОМЕНА НА КуРСОТ Факт е дека не постојат никакви докази кои укажуваат дека жените на каков било се начин инфериорни кога станува збор за науката и за научните откритија. Но, постојат неспорни докази за мизогинија, сексизам и институционални бариери, како и нивно често намерно или нанамерно изземање кога станува збор за доделување признанија за нивните достигнувања. Уште еден настан оди во прилог на оваа теза и ги потврдува сексизмот и мизогинијата. Во периодот пред да ја добие својата втора Нобелова награда во 1911 година, Марија Кири иако веќе било извесно дека нема вистинска конкуренција (бидејќи ги открила радиумот и полониумот), била „замолена“ од страна на Комитетот за доделување на Нобеловата награда да се откаже од наградата. Причината била апсурдна – вдовицата Кири била во врска со оженет колега. Се разбира, таа не ги послушала овие „совети“ и рекла дека нејзиниот приватен живот нема никаква врска со нејзините научни достигнувања, но и дека целата ситуација се прикажува во јавноста како невиден скандал само затоа што во прашање е жена. Се разбира, од денешна перспектива тешко е да се исправат овие грешки. Последните години охрабруваат и ветуваат промена на курсот. Но, гледајќи наназад во историјата со објективен суд и низ примерите на овие исклучителни физичарки, може да се види колку вредни, а сепак колку потценети биле достигнувањата на жените во науката. n 25 март 2022
ПОРТА
51
енергетска ефикасност
аДИНГ ќе обезбедува електрична енергија преку фотоволтаични панели о духот на своите заложби за зачувување на животната средина, намалување на јаглеродниот отпечаток и одржлив развој, компанијата АДИНГ наскоро самата ќе си обезбедува електрична енергија преку фотоволтаичните панели кои се инсталираат на нејзин објект во Скопје, а вишокот на енергија ќе се продава.
В
ПОРТА
На овој начин, компанијата ќе спречи годишна емисија на околу 360 тони CO2 да завршат во нашата атмосфера, под претпоставака дека ова производство заменува производство од термоцентрала која работи на јаглен. Дополнително, компанијата со ова дава сопствен придонес во намалувањето на енергетската криза, која е актуелен проблем периодов.
Фотоволтаичните соларни панели се инсталираат на дел од кровните површини на објектите на компанијата кои се со југоисточна ориентација, и се простираат на вкупна површина од 2000 квадратни метри. Фотоволтаичниот систем ќе биде составен од 480 фотоволтаични модули со вкупно инсталирана моќност од приближно 270 kWр. Вкупната произведена електрична енергија од фотоволтаичната централа се проценува да изнесува приближно 360 MWh на годишно ниво, што е еквивалент на досегашните годишни потреби за електрична енергија на компанијата. Ова е инвестиција која е во процес на реализација и изнесува приближно 13.000.000 денари. Изминативе години светот страда од негативните ефекти на климатските промени, кои влијаат на животниот стил на многу региони. Климатските промени од ден во ден стануваат се поочигледни и затоа се јавува потреба од декарбонизација, односно намалување на јаглеродниот отпечаток на многу сектори, а производството на електрична енергија се посочува како предводник на оваа транзиција. Се разбира, ваквата енергетската транзиција подразбира напуштање на фосилните горива и свртување кон обновливите извори на енергија. Енергијата од Сонцето е извонреден ресурс особено за нашето поднебје кое има голем број на сончеви денови во годината. Оваа енергија може да се ползува на различни начини – во вид на топлинска енергија преку соларни термални колектори, но и за директно генерирање на електрична енергија преку фотоволтаичните централи. Во последните години оваа технологија стана подостапна бидејќи значително се намалија цените на опремата, но и можноста за сопствено генерирање на енергија и испорака на вишоците на мрежа, го прави инвестирањето поатрактивно. n
ПОРТА
екологија
Светот троши на субвенции кои ги влошуваат климатските промени Штетни се оние субвенции кои придонесуваат за исцрпување на природните ресурси, деградација на екосистемите, создавање неодржливи нивоа на производство и потрошувачка или влошување на глобалната нееднаквост
Катерина СПАСОВСКА - ТРПКОВСКА ова студија што ја почнаа меѓународните организации The B team и Business for Nature проценува дека светот троши најмалку 1,8 трилиони долари годишно на субвенции кои поттикнуваат уништување на екосистемот, исчезнување на видовите и зголемување на просечната глобална температура. Со
Н
54
ПОРТА
25 март 2022
други зборови, јавните пари го финансираат нашето сопствено исчезнување. Ова е прва студија по децении што ги анализира штетните владини финансиски стимулации во клучните сектори. Штетни се оние субвенции кои придонесуваат за исцрпување на природните ресурси, деградација на екосистемите, создавање неодржливи нивоа на производство и потрошувачка или влошување на глобалната нееднаквост.
Еколошки штетни субвенции (EHS) се владини програми кои поттикнуваат неодржливо производство или потрошувачка и ѝ штетат на природата преку исцрпување на природните ресурси, деградирање на глобалните екосистеми и нарушување на здравјето. Овие субвенции постојат во различни форми, од плаќања во готовина до обезбедување кредити од страна на државата, ограничувања на обврските, посебни даночни олеснувања или регулаторни ослободувања или
ШТЕТНИ фИНАНСИСКИ СТИМуЛАЦИИ ВО КЛуЧНИТЕ СЕКТОРИ обезбедување стоки или услуги во јавна сопственост под пазарното. НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ЗА фОСИЛНИ ГОРИВА Најголем дел од парите, околу 640 милијарди долари, одат за штетни субвенции во индустријата за фосилни горива. Исто така, големи суми, околу 520 милијарди долари се наменети за финансирање неодржливи земјоделски активности, а 350 милијарди долари се потрошени за проекти кои придонесуваат за загадување на водите или исцрпување на изворите на вода за пиење. Ваквите финансиски стимулации, кои колективно сочинуваат околу два отсто од глобалниот БДП, работат директно против целите на Парискиот договор и нацртцелите за запирање на загубата на биолошката разновидност. Светскиот економски форум ги рангира неуспехот на климатските активности, екстремните временски услови и загубата на биолошката разновидност како трите најголеми закани со кои се соочува човештвото, делумно поттикнати од големиот обем на јавни пари што течат кон штетните индустрии и практики. Овие еколошки предизвици за возврат ги влошуваат социјалните нееднаквости бидејќи најранливите популации најчесто се најмногу погодени од природни катастрофи. ПОТРЕБНА Е СОРАБОТКА МЕЃу ЈАВНИОТ И ПРИВАТНИОТ СЕКТОР Авторите сметаат дека, со политичка определба и соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, можно е да се реформираат субвенциите, така што до 2030 година ќе ги елиминираат оние кои се неповолни за животната средина, а истовремено ќе се создадат можности за нови кои би биле поправедни, повеќе одржливи и попозитивни за природата. Кристиана Фигуерес, поранешен извршен секретар на Конвенцијата на ОН за климатски промени (UNFCCC) и член на The B team, ја нагласува важноста од пренасочување на штетните субвенции за да ги направат поеколошки. „Природата опаѓа со алармантна брзина и никогаш не сме живееле на планета со помал биодиверзитет. Во меѓувреме, најмалку 1,8 трилиони долари се трошат за уништување на природата и менување на нашата клима, што создава огромни ризици за секторите што добиваат субвенции. Во исто време, ние сè уште не ја исполнивме целта на Парискиот договор за финансирање на климата од 100 милијарди долари годишно. Штетните субвенции мора 25 март 2022
ПОРТА
55
да се пренасочат за заштита на климата и животната средина, а не за финансирање на нашето сопствено исчезнување“, додава таа. СПАС ЌЕ СЕ БАРА НА COP15 Првата следна можност за преземање чекори во вистинската насока ќе биде претставена во Кина, на новата Конференција за биолошка разновидност (COP15). Сегашниот нацрт-план на Глобалната рамка за биолошка разновидност (GBF), кој треба да биде усвоен, предвидува реформа на субвенциите, но The B team и Business for Nature посочуваат дека овој план треба дополнително да се зајакне за да ги одрази најновите истражувања и да ги обврзе светските влади да ги пренасочат своите субвенции. „Следната конференција на ОН за биолошка разновидност е нашата најдобра шанса да го смениме текот на загубата на природата. Амбициозниот план за штетни субвенции на претстојниот собир има потенцијал да ги ресетира правилата на нашите економски и финансиски системи и да ги поттикне компаниите да се стремат кон попозитивни еколошки исходи“, вели Ева Забеи, извршен директор на Business for Nature. РЕфОРМА НА ЕКОЛОШКИТЕ ШТЕТНИ СуБВЕНЦИИ Поголемата транспарентност и подлабокото разбирање на финансиските текови на субвенциите се предуслови за да се обезбеди ефективна и одговорна ПОРТА
реформа на еколошките штетни субвенции. За да се создаде поголема транспарентност, примарен фокус треба да биде обелоденувањето на сите субвенции, што пак ќе им овозможи на експертите прецизно да ги проценат еколошки штетните субвенции и да го мапираат нивниот тек. Потребен е јасен и универзален процес на мониторинг и за владите кои ги распределуваат субвенциите и за корисниците, особено за бизнисите кои ги добиваат. Таквото следење мора да се случи низ сите сектори и над политичките граници. Пренасочувањето на штетните субвенции може да доведе до многу природни позитивни исходи. На пример, може да ослободат значителни владини ресурси за поддршка на социјалните потреби, да се пренасочи капиталот кон еколошка обнова, вклучувајќи решенија засновани на природата и да се затвори финансискиот јаз во биолошката разновидност со намалување на деградацијата на животната средина и отклучување на финансиските средства потребни за нејзино ублажување. Елизабет Мрема, извршен секретар на Конвенција за биолошка разновидност вели дека овој извештај е особено важен. „Трансформацијата на субвенциите штетни за биолошката разновидност ќе биде одлучувачка оваа деценија за да ја свитка кривата на губење на биолошката разновидност. Силно верувам дека овој навремен извештај ќе помогне да се генерира потребниот политички момент и да се придонесе за глобалната рамка за биолошка разновидност“, додава таа. Извештајот нагласува како пренасочувањето, пренамената или елиминирањето на субвенциите би можело да предизвика важен придонес за отворење 711 милијарди долари потребни секоја година за запирање и враќање на загубата на природата до 2034 година, како и за трошоците за достигнување нетонула емисии. Мрема забележува дека вкупната вредност на еколошките штетни субвенции најверојатно ќе биде повисока од проценките објавени досега, поради недостаток на транспарентност и обелоденување на тековите на субвенциите меѓу владите и примателите.
Реформата на еколошките штетни субвенции ќе создаде различни можности за бизнисите, вклучително и поддршка на амбициите од Парискиот климатски договор. Реформата на субвенциите може да ги зајакне деловните и инвестициските можности, да создаде работни места, да ја смени загубата на природата и да помогне
да се обезбеди одржлива иднина за нашата планета. Компаниите кои гледаат напред разбираат дека треба да се подготват за реформа на субвенциите, а инвеститорите исто така почнуваат да ги препознаваат финансиските ризици од еколошките штетни субвенции. n
25 март 2022
ПОРТА
57
хортикултура
БОТАНИЧКА ГРАДИНА СИНГАПуР
Единствена тропска ботаничка градина на списокот на светско наследство Со повеќе од 150-годишна историја, на 82 хектари, градината зазема единствено и значајно место во историјата на Сингапур и регионот. Преку ботаничката и хортикултурната работа која и денес се извршува, продолжува да игра важна улога како водечки Тропски ботанички институт и симпатично место за сите Сингапурци
ПОРТА
ПОРТА 3 дејата за Национална градина во Сингапур започнала во 1822 година кога Сер Стемфорд Рафлс, основачот на модерниот Сингапур и страствен љубител на природата, ја развил првата „Ботаничка и експериментална градина“ во Fort Canning. Агрохортикултурното друштво ја основало градината на денешната локација, а дури во 1859 година ја извело во стилот на англиското пејзажно движење. Градината набрзо ѝ била предадена на Британската колонијална влада (во 1874 година) и плејада ботаничари се грижеле за неа и гледале како прераснала во важен Ботанички институт во следните децении. Денес, со Ботаничката градина Сингапур (малајски: Taman Botanik Singapura или Kebun Botani Singapura) управува Одборот за национални паркови, законски одбор на Владата на Сингапур. Во раните години, градината играла важна улога во поттикнувањето на земјоделскиот развој во Сингапур и регионот, преку собирање, одгледување, експериментирање и дистрибуција на потенцијално корисни растенија. Од 1928 година, градината го предводи одгледувањето на орхидеи и ја започнала својата програма за хибридизација на орхидеи, потпомогната со новите ин витро техники кои биле пионерски во нивните лаборатории. Денес, Сингапуршката ботаничка градина исто така игра клучна улога во програмата Гарден Сити на Сингапур, преку постојаното воведување растенија од градинарски и ботанички интерес. Ова е единствената ботаничка градина во светот која е отворена за јавноста секој ден од пет часот наутро до полноќ, во текот на целата година и тоа бесплатно, со исклучок на Националниот музеј на орхидеи. Денес љубителите на убавината и природата имаат на располагање стотици затскриени патеки меѓу вистинска тропска шума и уредени улички кои водат од езерце до езерце, своевидна „изложба на отворено“ - Ginger Garden и Palm Valley, Лебедово Езеро со своите грациозни жители. Лебедовото Езеро има и дрвен белведер. Во средината на езерото е поставена камена скулптура на лебеди, која ги поздравува гостите. Декорацијата на паркот вклучува и бронзени скулптури: знаци на младост и забава, швајцарска фонтана, која потсетува на форма на топка направена од црвен гранит.
И
ПОРТА
Прошетката може да се продолжи со посета на планината Бендстенд и да се посети Бонсаи градината. Винаријата во јапонски стил е позната по своите растенија и дрвја собрани од целиот свет, кои се мали копии на обични примероци. Знаењето за пустинската флора може да се прошири со шетање низ Градината со кактуси. Меѓу другото, треба да се посети и Ginger Garden, на чија територија растат околу 250 видови од ова мирисливо и корисно растение. Градината со ѓумбир прикажува
ПОРТА
неколку стотици видови ѓумбир и други растенија од сродни семејства. Со прошетка зад водопад, романтично ноќно осветлување и базен украсен со огромни амазонски водени лилјани, оваа градина е мошне популарна меѓу посетителите. Во склоп на градината има и Шума за учење, проектирана така што се интегрира со дождовната шума на шест хектари како би се формирало проширено шумско живеалиште. Шумата за учење има мрежа од патеки кои им овозможуваат на посетителите да истражуваат живеалишта
кои се движат од мочуриште до низинска прашума. Дождовната шума е најстара од градините и е една од само две дождовни шуми во голем град, другата ја има Рио де Жанеиро. Детската градина Јакоб Балас, наречена по сингапурскиот филантроп кој починал во 2004 година, е првата градина во Азија посветена на децата. Нејзината тема „Животот на Земјата зависи од растенијата“ има за цел да ги едуцира децата и да им ја всади љубовта кон природата. Градината е средина за учење на природата, каде што
децата можат да навлезат подлабоко во екологијата на растенијата и во нашата околина преку откривање и искуствено учење. Бисер на паркот и главна атракција на ингапуршката ботаничка градина е Националната градина на орхидеи. Сместена е на ридести три хектари, а орхидеите веќе долго време претставуваат симбол на државата и подлежат на заштита од Владата на Сингапур. Во централниот дел се наоѓа колекција од 1.000 видови и 2.000 хибриди орхидеи. Во самата градина има и други атракции, мали водопади, фонтани со забавна форма, салата Буркил, ВИП-градината на орхидеи и колонијален бунгалов од 1886 година, кој некогаш бил дом на управителот. Во него денес се изложени бројни хибриди именувани по славни личности кои ја посетиле градината. Орхидариумот е засолниште за ентузијастите за орхидеи со тропско опкружување. Со повеќе од 150-годишна историја, на 82 хектари, градината зазема единствено и значајно место во историјата на Сингапур и регионот. Преку ботаничката и хортикултурната работа која и денес се извршува, продолжува да игра важна улога како водечки Тропски ботанички институт и симпатично место за сите Сингапурци. Градината е впишана како светско наследство на УНЕСКО на 4 јули 2015 година, таа е првата и единствена тропска ботаничка градина на списокот на светско наследство. Исто така е прва во Азија и трета ботаничка градина запишана во светот по Orto botanico di Padova и Кралската ботаничка градина, Kew.. n
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
www.ading.rs