Porta3 167

Page 1

14. МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ НА ДГКМ

ИНФРАСТРУКТУРАТА ПОКАЗАТЕЛ ЗА ЗРЕЛОСТА, НО И ЗА ИНФЕРИОРНОСТА

90 денари / БРОЈ 167 / ПЕТОК 7.10.2011 година VII

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

Закон за градење и за струка а не само за администрација БРАНИСЛАВ РЕЏИЌ (ARCVS) АРХИТЕКТУРАТА СТАНА КОРПОРАТИВНА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН 2011 НОВ КУЛТУРЕН АСАМБЛАЖ



БРОЈ 167 ПЕТОК 7.10.2011

ГОДИНА VII Редакција:

ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, испитот на времето и дека се потребни многу измени во него. За жал, на овој настан немаше претставник од Министерството за транспорт и врски. Архитектурата стана корпоративна со наметливи елементи. Ова е констатацијата на Бранислав Реџиќ, мошне актуелен белградски архитект од студиото Arcvs, кој за нашето списание зборува за архитектурата во време на кризата, како транзицијата влијае на архитектурата, позицијата на српската архитектура во регионот и која улога ја има архитектурата во неговиот живот. Куршумли ан излезе како одлична локација за манифестацијата „Недела на дизајн 2011“, каде што минатата недела се случи интеракцијата помеѓу различните полиња на креативност, како што се индустриски дизајн, уметност, графички дизајн, медиум, мода и дизајнерски менаџмент. Ова „нулта“ издание на мултидисциплинарни креативни настани беше организирано во соработка со невладини организации во рамки на креативната платформа „Министерство за задоволство“.

ИНФО 06

14. МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ НА ДГКМ - ИНФРАСТРУКТУРАTA ПОКАЗАТЕЛ ЗА ЗРЕЛОСТА, НО И ЗА ИНФЕРИОРНОСТА НА ДРЖАВАТА

ОД РЕДАКЦИЈАТА

Насловна страница: МУЗЕЈ БОНЕФАНТЕН, МАСТРИХТ, ХОЛАНДИЈА 14. МЕЃУНАРОДЕН СИМПОЗИУМ НА ДГКМ

ИНФРАСТРУКТУРАТА ПОКАЗАТЕЛ ЗА ЗРЕЛОСТА, НО И ЗА ИНФЕРИОРНОСТА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

90 денари / БРОЈ 167 / ПЕТОК 7.10.2011 година VII

Во овој број на Порта3, нашето внимание го посветуваме на неколку настани кои се случија во Македонија. Така, Струга минатата недела беше домаќин на 14. Меѓународен симпозиум организиран од страна на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Мотото на конференцијата беше „Инфрастуктура“. Најголем дел од главните излагачи и поканети гости, своите предавања и идеи ги посветија токму на мотото на конференцијата. „Инфраструктура“ во однос на изградбата на автопати, мостови, тунели, железници, згради, стадиони... , на нивна санација, решенија од областа на инженерска сеизмологија, проектирање... На маргините на собирот на градежните конструктори во Струга, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и ДГКМ организираа тркалезна маса на тема „Како до подобар Закон за градење?“ Расправата го покажа единствениот став дека во Македонија е потребен Закон за градење, кој е направен и за струката, а не само за јавната администрација. Учесниците на тркалезната маса сметаат дека сегашниот закон со мноштвото измени и дополнувања, не го издржал

главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ

Закон за градење и за струка а не само за администрација ИНТЕРВЈУ СО БРАНИСЛАВ РЕЏИЌ (ARCVS) АРХИТЕКТУРАТА СТАНА КОРПОРАТИВНА КРЕАТИВНА НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН НОВ КУЛТУРЕН АСАМБЛАЖ

проект на: АЛДО РОСИ

ДИЗАЈН 22

Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претс. проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје

28 22 22

Телефон: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk

АРХИТЕКТУРА 28 ИНТЕРВЈУ СО БРАНИСЛАВ РЕЏИЌ, СТУДИО ARCVS: АРХИТЕКТУРАТА СТАНА КОРПОРАТИВНА СО НАМЕТЛИВИ ЕЛЕМЕНТИ.

МОДЕРНИ МУЗЕИ 32

AРХИТЕКТУРА ПОРАДИ УМЕТНОСТ (II)

ЕКСПЕРТ 48

КАКО ДО ПОДОБРО ОРГАНИЗИРАНИ РЕКОНСТРУКЦИИ НА ГРАДСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ?

ХОРТИКУЛТУРА 56 ИМЕЛИ - ПОЛУПАРАЗИТСКИ РАСТЕНИЈА

графички уредник: Гоце Цветаноски

лектор: Костадинка СОЛЕВА

ГРАДЕЖНИШТВО 14

НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН - НОВ КУЛТУРЕН АСЕМБЛАЖ

надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИ Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)

фоторепортер: Кире ПОПОВ

06

ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЊЕ ЗАКОН И ЗА СТРУКАТА А НЕ САМО ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Леонида Пенка БАША

Печати: Европа92 - Кочани

32 48

Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден. жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година




инфо

14. Меѓународен сиМпозиуМ на дГКМ -

инФрасТруКТура

Показател за зрелоста, но и за За развој на инфраструктурата треба, пред сè, да постои потреба од него. Ако е така, тогаш тоа треба да се постави како национален приритет. Второ, тој треба да се протурка. Трето, потребна е струка која сето тоа ќе го претвори во проекти, и на крај ќе се дадат финансии.

С

труга, малиот град на Охридското Езеро, минатата недела беше домаќин на 14. Меѓународен симпозиум организиран од страна на Друштвото на градежни конструктори на Македонија. Мотото на конференцијата беше „Инфрастуктура“. Најголем дел од главните излагачи, од поканетите гости од странство, кои дадоа посебен белег на симпозиумот, но и стотина други учесници, своите предавања и идеи ги посветија токму на мотото на конференцијата. „Инфраструктура“ во однос на изградбата на автопати, мостови, тунели, железници.., на нивна санација, проектирање... Се разбира, не изостанаа и презентациите на мноштво трудови од областа на градежното конструкторство, кое не е непосредно врзано со инфраструктурата, но сепак е дел од неа. Стана збор за градежни производи, нивна примена, за еколошки аспекти... „Инфраструктурата недвосмислено претставува основа, подлога за стопански и општествен развој. Поимот има широко значење. Онаа што е предмет на нашиот професионален интерес е т.н. „hard infrastructure", сочинета од сообраќајници (патишта, железнички пруги и сл.), аеродроми, пристаништа, мостови, тунели, водни и друг вид инсталации , брани, енергетски централи, далекуводи и сл., но и од болници, училишта, музеи, библиотеки, театри, стадиони, спортски сали, паркови... “, рече во своето поздравно обраќање, претседателот на Друштвото на градежни конструктори на Македонија, професорот на Градежниот факултет при УКИМ, Горан Марковски. Според него, постојната инфраструктура овозможува подобра, побрза, поедноставна и побезбедна комуникација на луѓе и добра, интензивен стопански развој, квалитетна општествена активност или општо - подобар живот. Изградбата, пак, на нова инфраструктура иницира развој, нови вработувања, обрт на капиталот и повторно - подобар живот. Таа поврзува и обединува. Места, градови, држави, континенти.

6

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Горан Марковски


инфо

инфериорноста на државата

Дел од присутните на симпозиумот

Цивилизации, култури, народи, семејства, пријатели, личности. Инфраструктурата е и показател за зрелоста на државата. За нејзиното минато, сегашност, иднина. За визионерството на владетелите, за свеста на народите. Показател на моќ, но и на инфериорност. Она што Марковски го кажа за инфраструктурата, практично го потврди главниот воведничар на симпозиумот, познатиот професор на Градежниот факултет во Загреб, Јуре Радиќ. Во инспиративното излагање за присутните, Радиќ ги пренесе хрватските искуства во развојот на инфраструктурните објекти, улогата на Институтот за градежништво на Хрватска, каде што е тој и директор, и за сето она што се нарекува и се препознава како инфраструктурен бум во последните две децении во Хрватска.

ХРВАТСКИ ИСКУСТВА Јуре Радиќ

Според Радиќ, за развој на инфраструктурата треба, пред сè, да постои потреба од него. Ако е така, тогаш тоа треба да се постави како национален приоритет. Второ, тој како проект треба да се протурка до крај. Трето, потребна е струка која сето тоа ќе го претвори во проекти, и на крај ќе се дадат пари. Кина денес за развој на инфраструктурата дава повеќе пари од Европа. И Хрватска уште за време на „Татковинската војна“, во 1992 година, формирала тим кој ќе работи на обновата. Целта била да нема враќање на старото, туку да се оди на ново. Во истата година, е донесен план за развој на хрватските автопати, железницата, енергетските мрежи и за разурнатите домови. План со кој е утврдено што ќе се работи. Истовремено, требало да се мисли и за враќањето во домовите на речиси еден милион раселени лица, за изградба на нови 200.000 станови, да се обнови разурнатото во војната. Истовремено, Радиќ жали што не е донесен план за обнова на индустријата. Тогаш Хрватска имала околу 100  7 октомври 2011 ПОРТА

3

7


награди и заслужни членови Во рамките на симпозиумот, ДГКМ додели две награди за најдобри остварувања во градежното конструкторство за 2010 година. Добитници станаа доцентот на Градежниот факултет Тони Арангеловски, за трудот „Однесување на армиранобетонски елементи од високојакосен бетон под дејство на променливи товари во текот на времето“ и Наде Михајлова и Васе Витанов од компанијата „Жикол“ од Струмица, за проектот со кој се решава сообраќајот низ плоштадот со подземни сообраќајници во Струмица. За заслужни членови на ДГКМ беа прогласени Борис Таневски, директор на Институтот за испитување на материјалите и развој на нови технологии од Скопје, Томе Тромбев, директор на „Метеорит“ од Битола и директорот на „Бетон“ од Скопје, Трајко Трпевски.

километри автопат, за денес да дојде до 1.400, а наскоро и до 1.500 километри. И така, во време на воена криза, во 1993 година се почнати големите работи. И сето тоа, во најголем дел финансирано со сопствени средства. Бил распишан тендер за концесии, но само две делници биле дадени, и тоа не како класична концесија, бидејќи државата на концесионерите морала да им гарантира соодветен проток на сообраќај на нив. Сè друго било платено од буџетот на државата или како што вели Радиќ, „од народот“. Имено, била донесена одлука една куна од цената на бензинот, (за споредба, денес еден литар чини околу девет куни), да оди директно во изградбата на автопатите, а не во буџетот. Главно работеле домашни компании. Нешто работела и американската компанија „Бехтел“ како и други, додека според Радиќ, подобро ќе беше сите работи да ги направеле домашните компании, иако изградбата на тој начин би траела две години подолго. Истовремено, професорот Радиќ на неколку пати во своето излагање, истакна дека при изградбата на автопатите била водена сметка тие да се вклопат во околината. „Мостовите да не бидат само градежни објекти туку и препознатливи симболи“. Плодовите од развојот на патната инфраструктура не се гледаат само во нивната изградба. Наплатата на автопатите е само една работа. Многу поважно е што сега со таквата инфраструктура се зголемува бројот на туристите што доаѓаат во Хрватска. Се развиваат услужни дејности. Поскапено е земјиштето долж автопатите. На нив се изградени 120 одмаралишта, има 72 бензински пумпи, 91 кафе-барови, 18 ресторани и осум хотели. Со завршувањето на проектите на автопатите не завршува реализацијата на развојот на 8

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Јост Валравен


Во рамките на симпозиумот се одржа и постер сесија. На неа беа презентирани постери од триесеттина трудови

Рудигер Хофер

инфраструктурата. Сега на ред е железницата, за што Радиќ вели дека ќе биде полесно, бидејќи им се достапни европските фондови. Сега се распишуваат тендери, а веќе има идеен проект за изградба на железница од Ботово на хрватскоунгарската граница, па сè до Риека. А потоа, според зборовите на професорот, се планира ширење на железницата кон југ. Исто така, големо внимание ќе се посвети на развојот на пловните патишта и изградба на канал Сава-Дунав. Тука е и изградбата на пристаништа во Дубровник, Задар и други приморски места. За новите терминали на загребскиот аеродром, тој вели дека е водено сметка тоа да не биде само структура, туку и структурална уметност. Зборувајќи за Хрватскиот институт за градежништво, Радиќ кажа дека имаат многу работа. Пред сè во проектирањето на

мостови. Многу од нив биле урнати за време на војната, но се градат и нови. Посебен предизвик е мостот на Пељешац, еден од петте што моментно се проектираат во Инстиутот. Сите тие треба да се изградат во следните години.

МОЖНОСТ ЗА НАШИТЕ ЕКСПЕРТИ Во трите дена на струшкиот симпозиум пред учесниците и присутните беа изложени мноштво трудови. Вниманието на присутните се потрудија да го привлечат д-р Марк Александер Аренс, со темата „Одржување на бетонски мостови – од реанализа до прогнозирање на експлоатациониот век“, како и интересната тема на проф. д-р Рудигер Хофер, насловена „За динамичните влијанија на покривните конструкции и трибини на модерните фудбалски стадиони“, што беше исклучителна добра можност за домашните проектанти да слушнат врвни современи искуства и да се запознаат со работи, кои најверојатно ќе се појават и кај нас во наредните години. Исто така, на крајот од првиот ден на симпозиумот, своја презентација одржа и Радомир Фолиќ од Факултетот за Технички науки при Универзитетот во Нови САД, на која се претстави со една компаративна анализа за неколку панелни станбени блокови во Софија, Скопје и Нови Сад, кои се изградени пред околу 50 години, и нивната актуелна сотојба. Присутните беа запознати и со најновите технологии за мониторинг на состојбите на мостовските конструкции, презентирани од претставници на фирмата „Дигитекс“. Интерес од областа на сеизмичкото инжинерство предизвикаа излагањата од страна на професорката од Градежен факултет при УКИМ во Скопје, Елена Думова-Јовановска за користењето на новите технологии за тестирање со амбиентални вибрации на различните карактеристики на конструкциите. На оваа тема свое излагање изложи и професорот Љубомир Ташков од  7 октомври 2011 ПОРТА

3

9


инфо ИЗИИС, кој зборуваше за динамични испитувања на основното училиште „Димитрије Туцовиќ“ во Краљево, оштетено при земјотресот во 2010 година, како и за новоизграден станбен објект во Бечиќи. Делот за стандардите беше отворен со излагањето на професорот Јост Валравен од Универзитетот за технички науки од Делфт, Холандија, кој зборуваше за финализацијата на FIB Model Code 2010. Со свое излагање се претстави и Соња Черепналковска од Институтот за стандардизација на Република Македонија, која зборуваше за хармонизација на националната со европската стандардизација и кои се бенефициите од примената на ваквите стандарди за производителите. На оваа тема се надоврза и професорот

Франческа Лупи

Јоанис Кутрас

Љупчо Димитриевски од Граджниот факултет при УКИМ, кој зборуваше за хармонизација на националната со европската стандардизација од областа на геотехниката. Внимание привлекоа и соседите од југот. Јоанис Кутрас и д-р Панајотис Панецос, кои го претставија проектот за автопатот „Егнатиа“, почнувајќи од проектирањето, изведбата, па сè до одржувањето и следењето на мостовите на тој автопат. Не остана должен и гостинот од Словенија Виктор Маркељ, од компанијата „Понтинг“ од Марибор и виш предавач на тамошниот Градежен факултет. Тој во својот тематски реферат зборуваше за проектирањето и изведбата на најновиот мост преку реката Сава во Белград, кој неодамна беше претставен во нашето списание. Секако не останаа должни и другите учесници на симпозиумот, од Македонија, Србија, Италија, Бугарија, Косово... Кога ја споменавме Италија, внимание привлече излагањето на Франческа Лупи од Фиренца, која ги претстави основните принципи и проектирањето на постројките за добивање енергија со технологија на соларен потисок. Интересна тема, бидејќи се работи за еден нов вид на добивање енергија од обновливи извори, каде што се користат ефектите на стаклена градина, на оџак и конвекцијата за да се добие електрична енергија. Нови методи кои некаде веќе се изведени, но сè уште се во развој, токму поради предизвиците за проектирање. n

10

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Виктор Маркељ


инфо Сеуште губите време во објаснување на Вашите клиенти за Вашата локација Контакт: Тел: +3892 / 6090 - 671 Моб: +38978 / 330 - 313 contact@directorium.mk Одсега Directorium.mk и на Вашиот Android Телефон

■ Истражување, испитување и атестирање на градежни материјали ■ Истражување и испитување од областа на геомеханиката, хидрогеологијата, геофизиката и инженерската геологија

Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459

ГРАДЕЖЕН ИНСТИТУТ “МАКЕДОНИЈА“ Tel.: + 389 02 30 66 816; + 389 02 30 66 833 Fax: + 389 02 30 66 828 e-mail: gim@gim.com.mk gim-skopje@t-home.mk www.gim.com.mk

skopje@rehau.com www.rehau.com.mk

■ Санација на материјали и конструкции ■ Испитување на конструкции ■ Проектирање, надзор, ревизии, инженеринг, заштита на човековата околина и др

3

07 октомври 2011 ПОРТА

7


скопје

опшТинаТа ЦенТар наспроТи ГраѓаниТе

Големиот ринг како судир на два концепта Прашањето што се наметнува е: ако центрите се вообичаено бучни, бизнис ориентирани и неповолни за удобен семеен живот, мора ли и нашиот да биде таков или можеме да размислиме да побараме поинакво решение, во кое двете идеи наместо да се исклучуваат, ќе се надополнуваат меѓусебно?

К

онцептот на градски центар повторно дојде до израз деновиве, манифестирајќи се низ дилемата и широко распространетата дебата околу деталниот урбанистички план за Големиот ринг, јужен дел - исток. Накратко, станува збор за план со кој се предвидува изградба на две згради среде сегашното зеленило, како и бришење на Зеленото пазарче и негово претворање во парковска површина. Планот го опфаќа просторот од улицата Македонија кај хотелот Бристол сè до улицата 11 Октомври спроти Градската болница, како појас кој се протега меѓу сообраќајниците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин и Кочо Рацин. Значи, дел од строгиот центар на градот и на неговото непосредно опкружување. Каде дојде судирот? Очекувано, меѓу (барем декларативно) развојните цели на новиот урбанистички план и барањето на жителите на ова подрачје да добијат хумани услови за живот, да не им се уништува околината на домовите. Со едноставна обиколка на неколку европски, па и балкански метрополи, дури и со лаички поглед на тоа како стојат работите, лесно може да се сфати суштината на градскиот центар во градови со незанемарлива големина. Меѓу тие градови, секако, спаѓа и Скопје со околу половина милион жители само во градските општини, без да се смета поширокиот појас приградски населени места со посебни локални самоуправи. Што е тоа што е толку очигледно кај овие градски центри? Во нив ретко кој може да живее. Не само затоа што цената на станбениот квадрат во тие зони може да достигне сума која е толку висока, што просечното семејство никогаш не би можело да си замисли толку пари. Неретко оваа забелешка се однесува и на оние што би можеле да ги поднесат финансиските трошоци од живеењето во центарот, но не сакаат да ги трпат или не можат да ги издржат сите други потешкотии кои ги носи тоа. Таму предност е само неверојатно добрата локација, бидејќи речиси се му е на дофат на станарот, а сè друго оди на негативната страна - голем метеж, голема бучава, помалку можности за одмор и

12

ПОРТА

3

7 октомври 2011

рекреација по напорниот работен ден, помалку (или помали) паркови и зелени површини, поголема неизвесност околу наоѓањето паркинг простор за да се стигне во сопствениот дом (или во други случаи, незамисливо големи трошоци со кои би се финансирало непреченото паркирање) итн. Центарот, едноставно, е потребен за бизнис и во многу случаи бизнисот добил голема, ако не и апсолутна предност над зачувувањето на (колку-толку) пристојните услови за живот на локалните жители. Секој си прави своја мерка, ги става плусовите и минусите на двата таса од вагата и одлучува што да прави. Ако не сака да се откаже од поволностите на локацијата - останува. Ако сака поголема комоција ја користи можноста да добие добра сума пари за својот простор и го напушта, движејќи се кон периферијата. Токму во овој контекст се судрија концептите на граѓаните на месната заедница Роберт Гајдиќ и општинарите од Центар со нивниот детален урбанистички план. Прашањето што овде се наметна е: ако центрите се вообичаено бучни, бизнис ориентирани и неповолни за удобен семеен живот, мора ли и нашиот да биде таков или можеме да размислиме да побараме поинакво решение, во кое двете идеи наместо да се исклучуваат, ќе се надополнуваат меѓусебно? Првата дилема што овде се наметнува е дали нашето општество е доволно созреано (пред сè во економска и во социјална смисла) за пазарните принципи да функционираат како што се очекува? Не е сигурно дека пред налетот на бизнис логиката еден сопственик на стан во центарот ќе успее реално да го валоризира својот имот на начин што ќе му овозможи соодветна комоција на друга локација. Исто така, напуштањето на домот во нашата култура и традиција не е едноставна работа и речиси никогаш не е исклучиво бизнис мотивирана. Од друга страна, прашање е до која мерка жителството во центарот може да има предност над конципирањето на централниот дел на начин на кој ќе може да го користи целиот град, а во нашиот случај и целата држава, затоа што станува збор за главниот град.

Зеленото пазарче се предвидува да се пресели во затворен објект од другата страна на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, којшто сега е во изградба


Во паркот каде што се наоѓа скулптурата Риба, ќе се направат две десеткантици високи 29 метри за потребите на јавната администрација

Но, во овој случај, она што најмногу ја отежнува работата е што страните вклучени во конфликтот немаат доверба едни во други. Причини за тоа има многу. Решението според кое треба да има две згради спроти хотелот Бристол, катна гаража кај објектот на Аутомакедонија, како и парк и пешачка површина на местото на Зеленото пазарче е предлагано повеќе пати досега, се провлекува околу десет години, но не било усвоено поради реакциите на жителите. Сега повторно се стави на дневен ред и се изгласа, без оглед на протестите и на 1.400 собрани потписи против урбанистичкиот план. А како само се изгласа веќе им е познато на сите. На седница на Советот на општина Центар која траеше дури до пет часот наутро, историскиот момент кога планот беше усвоен, како да стануваше збор за прогласување вонредна седница. Решението е постигнато. Сега, во паркот каде што се наоѓа скулптурата Риба, ќе се направат две десеткантици високи 29 метри за потребите на јавната администрација, до Аутомакедонија ќе има катна гаража со висина од 21 метар, а Зеленото пазарче се предвидува да се пресели во затворен објект од другата страна на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, којшто сега е во изградба. Има и нови сообраќајници, како директна врска меѓу улиците М.Х.Јасмин и Даме Груев. Дел од зелените површини и детските игралишта во внатрешноста на блокот, пак, може да се пренаменат во паркиралишта. - Наместо живеењето да се хуманизира, се намалуваат зелените површини, се оптоварува центарот со објекти за услужна дејност, а не се води сметка за потребите на граѓаните - реагираше Трајко Димитров, еден од жителите на планскиот опфат. Неговиот сосед Рафаел Волчевски е категоричен дека просторот е наменет за домување, за пешачки патеки и за зелени површини, според планот на Кензо Танге, а сегашниот план е изведен под секакви стандарди, па ако тоа се случело во странска земја, планерот ќе ја загубел лиценцата.

На ова имаше што да одговори и градоначалникот на Центар, Владимир Тодоровиќ. Беше прецизен - градот мора да се развива. - Негодувања имаше кога се измени планот од левата страна на реката Вардар, па денеска истите тие го прифаќаат. Негодувања имало секогаш кога се менува одредена микролокација, затоа што луѓето не се навикнати на тоа. Тоа беше случај и при реконструкцијата и проширувањето на булеварот Илинден. Негодувања ќе има и понатаму полемизираше Тодоровиќ. И како да се најде соодветно решение за овој концептуален судир меѓу интересите на претставникот на граѓаните на Центар и интересите на дел од граѓаните засегнати поради тоа што ќе им се видоизмени непосредната животна околина? Очекувано (барем за нашето поднебје), тоа ќе се бара преку политиката. За опозициските партии дојде како на тацна тоа што граѓаните од центар имаат мака, згора на тоа собрале и 1.400 потписи за да си го решат проблемот, па веднаш им понудија безрезервна поддршка. Владејачката структура, пак, на тоа одговори повторувајќи го ставот на градоначалникот, дека Скопје мора да се развива без оглед на сè, а ја искористи и оваа шанса да префрли дека опозицијата се противи на сите развојни проекти. Соопштенијата почнаа да фрчат, наизменично, како реакција на реакцијата. Во меѓувреме, додека не почнале да татнат и багерите, уште еднаш можеме да се запрашаме кој е во право во оваа ситуација? Сите и никој, нормално. Ништо не нè обврзува да создадеме нехуман центар по примерот на другите градови, пред сè на западните, само треба да се запрашаме колкави ни се можностите и капацитетот да ги исполниме развојните цели без болната дехуманизација. А ако можностите се ограничени, следното прашање е колку време ќе можеме да чекаме, за колку можеме да ги одложиме развојните програми за да се подобрат условите и да се создаде можност за некаков компромис. Одговорите - ќе ги почекаме. Катерина Спасовска - Трпковска 7 октомври 2011 ПОРТА

3

13


градежништво

Н

а маргините на собирот на градежните конструктори во Струга, Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија и ДГКМ организираа тркалезна маса на тема „Како до подобар Закон за градење?“ Расправата го покажа единствениот став дека во Македонија е потребен Закон за градење кој е направен и за струката, а не само за јавната администрација. Учесниците во неа сметаат дека сегашниот закон со мноштвото измени и дополнувања, не го издржал испитот на времето и дека се потребни многу измени во

14

ПОРТА

3

7 октомври 2011

КаКо до подобра реГулаТива во ГрадежнишТвоТо?

Закон и за струката, а не само за администрацијата! него. За жал, на оваа тркалезна маса немаше претставник на Министерството за транспорт и врски, за да ги чуе мислењата на луѓето од струката, иако биле поканети. Според претседателот на Управниот одбор на Комората,

Страхиња Трпевски, ставањето на дневен ред на оваа тема произлегува од фактот што е поминато доволно време од донесувањето на новиот закон во 2009 година и измените во него. Комората лани стана член на Европскиот совет на инженерски

комори, па оттука во законот ќе мора да се вградат одредби кои ги наметнува членството во таа организација. Трпевски посебно го посочи образованието и степенот на образованието. Конкретно станува збор за членството во Комората. Според европските


- Во повеќе од две третини законот се занимава со правата и надлежностите на инспекцијата, министерството и глобите - Треба да се искористат позитивните искуства од досегашната примена на законот во практика и да се усогласи со европските стандарди кои треба да бидат вградени во интерес на побрзиот економски развој - Контрадикторности со Законот за енергетика одредби, член може да биде оној што има 300 поени стекнати во текот на образованието, односно да е магистар, а исто така да има три години работен стаж. На тој начин членот на Комората ќе може да се стекне со право да работи не само кај нас туку и во земјите членки на Европскиот инженерски совет. Гајур Кадриу, потпретседател на Комората, вели дека при донесувањето на последната верзија на законот биле поднесени дури 101 амандман, кои би го подобриле, но крајниот продукт не бил тоа што се очекувало. Кадриу настојува да се донесе нов закон кој ќе ги штити сите учесници во градењето. Тој треба да гарантира квалитет, безбедност и стабилност, и да обезбеди либерализација и конкурентност на пазарот.

За конкретните недостатоци на законот, за контрадикторните одредби, за неговата неусогласеност со други закони, зборуваа воведничарите Блашко Димитров од ЕЛЕМ, Тихомир Николовски од ФАКОМ и Иван Кокалановски, човек кој секојдневно се судира со проблематичните решенија од Законот во работењето во локалната самоуправа. Според Блашко Димитров, сегашниот и претходниот закон за градење претставуваа солидна основа за регулирање на проблематиката во градењето. Треба да се искористат позитивните искуства од досегашната примена на законот во практика и да се усогласи со европските стандарди кои треба да бидат вградени во интерес на

побрзиот економски развој. Тој проанализира три сегменти на законот за градење врз кои смета дека е неопходно да се посвети подетално внимание. Во прв ред промена на членот 43 од Законот за градење, потоа услогласување на Законот за градење со Законот за енергетика и некои аспекти поврзани со одговорноста за штета. Кај членот 43 од Законот проблемите настанаа со измените направени во делот што го дефинира нивото на изработка на проектната документација. Меѓу другото, од него исчезнаа некои фази, како што е идејниот, а и изведбениот проект. Мошне интересно беше укажувањето на Димитров за усогласувањето на Законот за градење со Законот за енергетика. Иако измените на двата закона се 


градежништво

Блашко Димитров

донесени во исто време, два дена разлика, тие не се меѓусебно усогласени. Конкретно, со Законот за енергетика е предвидено дека нови објекти за производство на електрична и топлинска енергија со инсталирана моќност од 10 мегавати може да се градат, ако за тоа е издадено овластување за изградба на нови објекти од Владата. Во Законот за енергетика се вели дека со барањето за овластување за изградба треба да се достават повеќе документи, меѓу кои се бара и доставување на идеен проект и економска анализа. Но, веднаш доаѓа до колизија со најновите измени на Законот за градење со кои идејниот проект е избришан. Колизијата се потврдува и со член од Законот за измени и дополнувања на Законот за градење, каде што како услов за поднесување на барање за одобрение на градење на градби за производство на електрична и топлинска енергија се бара и овластување за изградба на градби за производство на електрична и топлинска енергија од надлежен орган, а за да се добие тоа овласување, меѓу другите документи се потребни идеен проект и економска анализа. Пактично, рабитите се вртат во круг. 16

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Тихомир Николовски

Контрадикторности, според Димитров, постојат и со законите за облигациони односи и за осигурување. Некои законски решенија во Законот за градење не се соодветно регулирани, па дури се спротивни со споменатите два закона со што се ограничуваат одредени права на инвеститорите. Станува збор за давањето банкарска гаранција, која со Законот за градење и може, но и не мора да се даде! Од друга страна, оваа проблематика е детално дефинирана во Законот за облигациони односи и други прописи. Димитров смета дека не се доволно дефинирани и колективното осигурување што треба да го врши Комората и одговорноста за штета за овластените архитекти и инженери. Оттука, тој бара јасно разграничување дека Комората не врши колективно осигурување од одговорност за штета на своите членови, туку тие осигурувањето го вршат на свој трошок. Или, пак, ако врши осигурување да се каже за кој обем и за каква штета. За секој проект, објект или договор учесниците во градбата треба да имаат посебно осигурување од одговорност за штета. За Тихомир Николовски, Законот за градење не ги исполнува основните функции. Почнувајќи од тоа што не ги регулира односите меѓу сите учесници во процесот, нивните права, обврски и одговорности во сите фази, од зачетокот на идејата, до крајот на животниот век на градбите, па сè до воспоставување ред во согласност со европските правни и технички регулативи, стандарди за квалитет и „добрата практика“. Според него, Законот претежно се занимава со регулирање на формалните права и надлежности, пред сè на органите на јавната администрација. Во повеќе од две третини законот се занимава со правата и надлежностите на инспекцијата, министерството и глобите. Оттука заклучокот дека тој е правен за јавната администрација, а не за струката. Николовски смета дека Законот за градење од 2005 година во клучните технички уредби е подобар од актуелниот. И тој смета дека задолжително треба да се вратат идејниот и изведбениот


градежништво проект и да се дефинира кога се потребни физибилити студиите. Исто така, побара да се врати старата категоризација на објектите, но да се избришат апсурдите со пет лиценци, како и апсурдите со овластувањата што ги дава Комората на овластени архитекти и овластени инженери. И архитектот Иван Кокалановски вработен во општина Аеродром, искажа повеќе забелешки на Законот, од кои би ја издвоиле забелешката дека тој не е во целост усогласен со други закони и правилници кои се поврзани со управните постапки за издавање одобренија, сè до запишување во јавната книга на недвижности и кои ги користат во другите надлежни служби (Агенција за катастар на недвижности, Дирекција за заштита и спасување, Сектор за сообраќај при Град Скопје и Сообраќајна полиција).

Иван Кокалановски


градежништво

Радојка Дончева

Според него, треба строго законски да се регулира квалитетот на изградбата на објектите и материјалите применети при изграба. А исто така, да се подигне свеста на проектантите, ревидентите и надзорите при изработка на проектните документации и извештаите, бидејќи за непочитување на законските регулативи следат парични казни и одземање на овластувањата, односно лиценците. Бидејќи сè уште се предава документација во која не се почитуваат законските прописи и тие не се изработени

Никола Димитровски

18

согласно подзаконските акти. Во дискусиите по уводните излагања беа дадени повеќе конкретни предлози кои, според предлагачите, треба да бидат вградени во нов закон. За професорката од Градежниот факултет, Радојка Дончева, е потребно проширување на овластувањата за градежните инженери. Тие, покрај проектирањето патишта, железници, патни јазли, изработуваат и дел од сообраќајните решенија, но сега ним не им се дозволува ни да проектираат, ниту да ревидираат.

Таа нема против сообраќајните инженери да го прават тоа, но смета дека тоа треба да им се дозволи и на градежните инженери. И таа ја поддржа идејата во новиот закон да се вратат идејниот и изведбениот проект, а секако и предфизибилити студијата, затоа што никој, ниту Светска, ниту Европска банка не даваат пари ако нема предфизибилити и физибилити студија со генерален, односно идеен проект. Според Дончева, за секоја област веднаш треба да се разработат правилници за оформување на проектната

документација. Љубомир Минов побара во лиценците да се посочи потесната специјалност, бидејќи денес хидроинженери проектираат патишта, нискоградби и високоградби. Никола Димитровски се осврна на членот 2 од Законот за градење во кој се објаснети основните поими. Но, вели тој, таму го нема проектот. Тој се јавува дури во член 40 и понатаму, па оттука е потребно негово вградување и во членот 2 од Законот. Посочувајќи дека се прави проект за пругата од Кичево кон Албанија, тој го постави прашањето, кој основен проект ќе ја погоди трасата, без постоење на идеен или други проекти? Дали илегално ќе се прави идеен проект? Интересна беше дискусијата на Ристо Узунов, кој рече дека сите сакаат постоење на секакви проекти, но никој не кажува дека големи се прават еднаш на десет години. Според него, не е потребно воведување на секакви видови студии и проекти за каков било вид на градба. Ова е од причина што би ги бркале инвеститорите што доаѓаат со инвестиции за мали и средни капацитети. Акцентите и предлозите од расправата околу подобар закон за градење и евентуално нови предлози ќе бидат упатени во Комората, која за неколку дена ќе ги стави на својата веб страница, а паралелно ќе бидат упатени до Министерството за транспорт и врски. n


рубрика

3

07 октомври 2011 ПОРТА

43


Од основањето во 1997 год. па се до денес Торус инженеринг има изведено повеќе станбени, деловни, индустриски, спортско рекреативни објекти како и ентериери, реставрации и завршни работи. Торус инженеринг вработува одличен раководен кадар и тим од градежни работници кои на секој проект му пристапуваат со максимален ангажман, независно од големината и сложеноста на истиот. Во објектите што ги изведува Торус инженеринг се вградуваат квалитетни материјали кои ги задоволуваат највискоите стандарди за градба.

Друштво за проектирање и изведување градежни и градежно занаетчиски работи ТОРУС ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ ул. Востаничка 51, Скопје Тел: 02/3110 847 02/3110 848 Факс: 02/3138 384 e-mail: torus.inzt@gmail.com torus.inz@t-home.mk 32

3

ПОРТА

07 октомври 2011

Зголемувањето на бројот на градежни работи кои ги изведува Торус инженеринг е проследено и со константен раст на бројот на ангажирани работници, на стручен кадар и секако, на градежна механизаија. Основни задачи во развојот на нашата фирма се постојано усовршување и напредок во сите фази на градба со примена на посовремени методи и опрема


Во подготовка е најновото пречистено џебно издание на Законот за градење! Закупете рекламен простор на ударни позиции по промотивни цени: -

Внатрешна корица Задна корица Внатрешна страница Лого на насловна корица

Законот за градење ќе биде доставен како додаток со Порта3, дистрибуиран до сите градежни фирми, проектантски бироа, јавни претпријатија, општини, како и во продажба за време на саемите - Технома и Саемот за градежништво 2012. Тел. за информации:

02/3243 790 и 02/3243 797


дизајн

НЕДЕЛА НА ДИЗАЈН 2011

КРЕАТИВНА ДИЗАЈН НЕДЕЛА „Недела на дизајн 2011“ беше излог на квалитетни остварувања на домашни и меѓународни имиња на оваа индустрија. Сместена во интимниот амбиент на Куршумли aн, и во организација на невладините организации „Јавна Соба“, „Полиплан“ и „Плакарт“ во рамки на креативната платформа „Министерство за задоволство“, оваа манифестација ја зголеми интеракцијата помеѓу различните полиња на креативност индустриски дизајн, уметност, графички дизајн, медиум, мода и дизајнерски менаџмент. 22

ПОРТА

3

7 октомври 2011


дизајн Недела на дизајн 2011

Презентација на „Приказната за Миксер“, Иван Лалиќ

Маса „14%“ и стол „Share a Chair“, Лазло Разноки

НОВ КУЛТУРЕН АСAМБЛАЖ

K

уршумли ан, како совршена локација за здружување на сите дисциплини на дизајнот, минатата недела обедини серија кретивни изложби, инсталации, разговори, перформанси, музика и работилници. „Недела на дизајн 2011“ беше излог на квалитетни остварувања на домашни и

меѓународни имиња на оваа индустрија. Ова „нулта“ издание на мултидисциплинарни креативни настани беше организирано во соработка со невладините организации „Јавна Соба“, „Полиплан“ и „Плакарт“ во рамки на креативната платформа „Министерство за задоволство“. Со агенда да обедини различни содржини, оваа дизајнерска

недела (28 септември - 2 октомври) ја зголеми интеракцијата помеѓу различните полиња на креативност, како што се индустриски дизајн, уметност, графички дизајн, медиум, мода и дизајнерски менаџмент. - Верувам дека посетата на „Недела на дизајн“ во Скопје имаше силен импакт кај секој посетител во поглед на подигање на идивидуалниот креативен

капацитет, констатира Александар Велиновски, директор на организацијата „Јавна Соба“ и организатор на фестивалот. Соработката помеѓу креативниот сектор и бизнис секторот кај нас е на почеток. „Недела на Дизајн“ ќе стимулира развој на врската помеѓу тие два клучни субјекта - појаснува Велиновски. Во интимниот амбиент на Куршумли ан, вечерната програма  7 октомври 2011 ПОРТА

3

23


дизајн

Моден дизајн, Маријана Крамариќ Стикс

ја дополнија музички настапи на македонски групи, диџеи и театарски групи, како Тони Китановски Трио, проектот Вирус, Самоил Радински, Зоки Бејбе, Ѓорѓи, Летечки Пекинезери, Оркестар ББ-кабаре, диџеј Бабура и мини фестивалот на АЛФА ТВ Garage Revival.

КРЕАТИВЕН ИЗЛОГ Препознатливата иновативност на холандскиот дизајн беше претставен во делата на дизајнерите Young and Dutch, кои беа гости на овој настан. Новините во продукт дизајнот, парчињата мебел, разни додатоци и модни детали, беа дел од прочистениот и симплифициран дизајнерски пристап на оваа група млади луѓе. Еко дизајнот на Јероен Ванд, преиспитувањето на веќе воспоставената функционалност на мебелот на Лазло Розноки, практичниот и забавен дизајн на Бас ван Леувен и Мирел Меис или наративноста на продуктите на Јени Постма, беа само дел од обединувањето на овие креативци. Троделната форма “Firelily“ на Лиан ван Генугтен, ви го доловува огинот, како негова примарна употребливост, а ретрофутуристичкиот изглед на часовникот “Delay“ ќе ве асоцира на неговата аналогична вредност. Масата “14%“ и столот “Share a Chair“ на дизајнерот Лазло Розноки поставуваат ново толкување на практичноста на предметите. „Преку концепт на преиспитување на воспоставеното, сакав да ги разгледам различните архетипови на мебел кој секојдневно го 24

ПОРТА

3

7 октомври 2011

користиме и да им дадам ново толкување“, појаснува Розноки за „Порта3“. Во таа смисла, хоризонталата на масата станува нагиб, а столот добива две целини. „Масата како таква има поинаква хиерархија на користење, а столот може да го користат еден или двајца, во зависност од можностите“, додава дизајнерот. Под името The Ghost Project, своите проекти ги изложија дизајнерите од Србија, чиј воведен наслов е своевидна критика на односот помеѓу дизајнерите и индустријата во регионот. Овој тим креативци, кои очекуваат во секој момент да бидат препознаени и забележани од дизајнерската индустрија, ги споделуваат своите идеи со дизајнери и произведувачи на различните културни платформи, меѓу кои и познатиот фестивал „Миксер“. На ова издание на дизајнерската недела како колекција „Нова едноставност“, беа изложени дизајнот на стол “+Minus“ на Драгана Петков, колекцијата на ламби “Linea“ на Јован Топаловиќ, закачалката “Twig“ на Тијана Трипковиќ и столот “Carsa“ на Марко Рујниќ. Како дел од соработката на „Недела на дизајнот“ со фестивалот „Миксер“ од Србија, беа повикани и учесниците Young Balkan Designers. Во рамките на меѓународен конкурс, жири предводено од дизајнерот Константин Грчиќ, издвои десет проекти кои ги карактеризираат инвентивност, рационални трошоци и еколошки производствен процес. Лулашката „Катапулт“ на Миљана Николиќ, која може да се смести во сечиј стан,

Лулашка „Катапулт“, Миљана Николиќ


дизајн

Фотелја „Q8“, Филимена Радоњанин

Колекција на радијатори, Марта Наумовска Грнарова

практичните „АБ системи“ на Петар Захаринов, ламбата “Lighthouse“ што прима и емитира енергија околу себе како симболична кула на Димитриос Стаматикис или маркерот за полици на Ранка Радовиќ, се спој на функционалност, креативност и експеримент. Масата „За 1 или 2“, плени по својата едноставна форма и материјал, но пред сè, со можноста за трансформација, која ни ја појаснуваат нејзините дизајнери Ивана Боровњак и Роберта Братовиќ: „Нејзината едноставна и логична форма е резултат од размислување за економичната употреба на мали простори – затоа може да функционира како помошен стол, наслонет на ѕид, или да стои независно во просторот“. Во секцијата Miscellaneous беа претставени повеќе индивидуални и групи на дизајнери, во ранг од студентски трудови и млади независни дизајнери до реномирани имиња во дизајн секторот. Во овој дел беа изложени мултифункционалните модели на модната дизајнерка Маријана Крамариќ Стикс и нејзиниот бренд ‘Citoyenne K.’. Преку видео запис, таа ја потенцира флексибилноста и начинот на трансформирање на

нејзиниот дизајн – повеќеслоен фустан со различна употреба или капут со две лица кој менува форма и боја со малку извртувања. Според дизајнерката, колекциите се изработени од висококвалитетни ткаенини, а главна инспирација за дизајнот се геометриски и архитектонски форми. Преку спој на функционалност и креативен дизајнерски пристап, македонската фирма „Завар“ и нејзиниот претставник Марта Наумовска - Грнарова, ги изложија своите колекции на радијатори изработени од инокс. За геометриската предодреденост на нивниот дизајн и спојот со практичниот дел на нивната изработка, Наумовска - Грнарова вели: „Идејата на производите што ја сочинуваат оваа линија е резултат на истражувањата на можностите на пазарите за кои тие се наменети. Главната порака на производот е дека тој ќе го стопли секој аспект од вашиот дом. Тие не се дизајнирани како дизајн сам по себе, туку функциналноста и се она што е видливо да е дел од грејното тело, се нивниот основен дизајнерски концепт. Луѓето што уредуваат оплеменет модерен простор и го почитуваат дизајнот како таков, го препознаваат и почитуваат нашиот пристап.“ Едноставната и променливата форма на фотелјата “Q8“ беше дел од излогот на дизајнерското студио Feydom. „Инспирација на дизајнот е потребата да го имаме и да уживаме во него, во нашиот дом од една страна, и начинот на живот на купувачите од друга. Оттука произлезе дизајнот на оваа удобна фотелја, која може да се користи за работа, а доколку се работи за мал простор да се направи кревет за спиење или повеќеседечки површини, а ако треба да се пресели тоа да биде лесно и едноставно“, изјави дизајнерката Филимена Радоњанин. Студиото „Како.КО“ од Србија станува препознатлив бренд, пред сè по својот индустриски дизајн, уредување на ентериери и дизајн на изложби. На „Недела на дизајн“, ова студио понуди серија производи, чиј главен белег е различната интерпретација. Геометрискиот дизајн на ламбата „Е“ со можност за репозиционирање, дизајнерките 7 октомври 2011 ПОРТА

3

25


дизајн

Дизајн колекција на „Како.КО“

Весна Пејовиќ и Јелена Милојевиќ, го опишаа како забавна и стимулативна за корисникот. „Дизајнирана како симплифицирана ‘светлечка линија‘, оваа ламба може да биде употребена во различни ситуации: како ламба за работна маса или како скулптурален светлечки објект. Склопен од единствено парче материјал, столот „Д “, по логиката на оригами преклопување може да добие двојна функција. Столовите се спој на традиционални материјали и иновативно користење. Идејата на колекцијата е можноста на редифинирање на културното наследство во современ дизајнерски предмет“, вели за „Порта3“ дизајнерката Весна Пејовиќ. „Иднината е сега“ е проект на двајца дизајнери. Јордан Тасевски, кој е претставен со дизајните на часовник, маса и ламба, изработени од ласерски исечено дрво и плексиглас како спој помеѓу архитектурата и дизајнот. Александра Шекутковска се претстави со почетокот на проектот „Морфогенеза за еволуцијата на формите“ изразен преку ласерски исечен накит. Проектот претставува симбол на растењето на нивното студио за современ дизајн “Laser Cut Design Laboratory“, кое работи на развој, истражување и експериментирање во концепти и техники на иднината, а во кои доминира јазикот на архитектурата, уметноста и модата. - „Иднината е сега“ е почеток на проект кој го 26

ПОРТА

3

7 октомври 2011

благословува калеидоскопот на контрасни слики и состојби кои сами по себе носат посебен дизајнерски пристап. Овој проект е замислен да ги надмине контрасните дизајнерски ентитети, односно да ги соочи и предизвика двата дизајнери и да создаде креативен флуид кој е сличен на оној на водењето љубов - појаснува дизајнерката Александра Шекутковска. Освен индивидуалните презентации на дизајнерите Бојан Илиевски, Дафина Џепароска и Алекандар Спасоски, свое групно претставување на изложбата имаа и студентите на графички и моден дизајн од Факултетот за дизајн и Мултимедија – ФОН Универзитет.

ОД ИДЕЈА ДО МЕНЏМЕНТ Како дел од соработката на „Недела на дизајн“ со бизнис секторот, беше одржана работилницата „Бренд менаџмент“ што ја предводеше Борут Земљич, директор на „Супербрандс“ (Адриатик регион). Преку успешни примери на меѓународни и регионални брендови демонстраторот ја потенцираше важноста на комуникацијата меѓу дизајнерите и бизнис секторот, создавањето на идентитет на брендот, како и следење или диктирање на трендови на пазарот. Промоцијата на “Creative Space Serbia“ ја одржа Милош Чурчин, како предводник на овој проект кој им овозможи на локалните дизајнери да ги претстават своите

Колекции на дизајнери од Србија - Ghost Project


дизајн

Laser Cut Design Laboratory Јордан Тасевски и Александра Шекутковска

продукти на Salone del Mobile во Милано. Преку презентација на фазите на нејзиниот развој, почнувајќи од конкурсните проекти на дизајнерите, па се до нивна промоција, Чурчин ја промовира оваа стратегија како успешно поврзување на креативната индустрија со дизајнот што резултира со иновативен пристап кон модерното живеење – извонредна комбинација на футуристички и традиционален балкански стил, применет на еколошки парчиња мебел што фасцинираат. Организаторот на фестивалот „Миксер“ Иван Лалиќ, ја презентира „Приказната за Миксер“, како премин од спонтан независен проект под индикативен наслов “Ghost project“ во многу поголема регионална платформа со мултидисциплинарен пристап. Фестивалот, што минатата година се одржа во Белград, сè уште повикува на размена на знаења и нови идеи помеѓу многу креативни дисциплини: дизајн, архитектура, визуелни и драмски уметности, технологија, екологија, медиум, музика, филм и друго.

РАЗГОВОРИ И РАБОТИЛНИЦИ Дебатата „Креативност во Македонија“ ги спои мислењата на креативните директори на македонските маркетинг агенции „Футура 2/2“ - Филип Унковски, „Идеја +“ - Ивица Спасовски и „Њу Момент“ - Душан Дракалски. По

кратка презентација на нивната работа, дебатата ги лоцира и дефинира влијанијата, под кои се развива креативноста во визуелната комуникација во Македонија. Нејзина цел беше да се препознае начинот на кој маркетингот ја третира оригиналноста или презентацијата на креативната идеја. Во рамки на презантациите, свое излагање остварија и повеќе занаетчиски техники (преку центарот за креативни индустрии МАТА); Марта Наумовска Грнарова, која го изложи процесот на дизајн и производство на радијаторите на компанијата „Завар“ и Јелена Матиќ, за развојот на регионалните дизајнерски платформи Ghost Project и Young Balkan Designers, како дел од фестивалот „Миксер“. „Недела на дизајн“ оствари и соработка со факултетите за индустриски дизајн и мода, како и вклучување на студентите во процесот на работа за конкретни клиенти и пазари. Од особен интерес во овој дел е предавањето/работилницата „Креативна стратегија“, водена од Академијата за дизајн од Ајндховен. Универзитетот ФОН, во рамките на настанот, ја претстави и својата завршна изложба која ја изработија студентите од Факултетот за дизајн и мултимедија. Работилницата за моден дизајн од овој универзитет, под водство на Александар Ношпал, креира сценска облека за музичката група „Вирус“, која настапи како дел од завршната церемонија на настанот.

МИНИСТЕРСТВО ЗА ЗАДОВОЛСТВО Во организација на манифестацијата „Недела на дизајн 2011“ беше и платформата „Министерство за задоволство“, која имаше за цел да го обедини меѓународниот кретивнен сектор. Освен во организација на овие дизајнерски денови, оваа платформа наскоро треба да добие и работен простор за прикажување на делата на младите и етаблираните уметници, дизајнери или архитекти, како и промоција на најновите и најинтересните новини, написи и дискусии за современата уметност и дизајн. Во текот на оваа недела, платформата беше отворена за бројните професионалци, да се приклучат и да ги изложат своите идеи. - Идејата на „Министерство за задоволство“ е да им се отвори простор за работа на оние што веќе се занимаваат со овие различни дисциплини и да укажеме на тоа дека границата помеѓу професионалното и непрофесионалното занимавање со уметност не мора да биде толку јасно дефинирана. Ова министерство ќе им служи на бројни професионалци кои можат да разменуваат и извезуваат квалитетен дизајн - вели Јасна Шоптрајанова, една од основачите на оваа организација. Платформата не е ограничена со секторот на уметност и дизајн, туку се разгранува и ги поврзува и бизнис секторот и образованието за креативни индустрии. n 7 октомври 2011 ПОРТА

3

27


aрхитектура

Архитектурата стана корпоративна со наметливи елементи

Бранислав Реџиќ, белградски архитект од студиото Arcvs,

зборува за архитектурата во време на кризата, како транзицијата влијае на архитектурата, позицијата на српската архитектура во регионот, на која се темели и архитектурата на неговото студио, и која улога ја има архитектурата во неговиот живот. Бранислав Реџиќ е роден во Тузла во 1960 година. Архитектонски факултет завршил во Белград. Студиото Arcvs е основано во 1990 година.

28

ПОРТА

3

7 октомври 2011


aрхитектура Кажете им на читателите на Порта3, на што моментално работи студиото Arcvs? n Работиме на зградата на обвинителството на улица Кнез Милош во Белград. Нашето решение ја доби првата награда на конкурсот. Во прашање е зграда во која ќе бидат сместени пет обвинителства, со цел да се поедностави комуникацијата помеѓу обвинителствата, а и комуникацијата помеѓу обвинителствата и граѓаните. Покрај ова, моментално работиме на проект за станбена зграда на улица Париска во Белград. Како да се организира архитектонско студио во време кога градежниот сектор трпи големи загуби благодарение на финансиската криза? n Arcvs е релативно големо студио. Претходните години кога обемот на работа беше поголем отколку денеска, нам ни беа потребни поголем број луѓе, но тоа го решававме со ангажирање на надворешни соработници. Денес гледаме дека прилично добро сме ја димензионирале екипата. Во прашање се 11 исти архитекти кои со години работат и успеваат да сработат сè што е потребно. Ние со години сме еден тим, се грижиме еден за друг, а со самото тоа успеваме, со спонтани напори и заедничка работа, да го надминеме она

што е потребно во опсегот помеѓу конкурсот и главниот проект.

прашање чуден период, не само овде туку и во светот.

Како политичката и општествената транзиција во Србија влијае на архитектурата и работата? n Може да се каже дека влијанието е крајно необично. Од една страна, обемот на работа е очигледно намален. Од друга страна, од архитектурата се очекува далеку повеќе отколку во периодот пред транзицијата. Транзицијата ги намали финансиските можности на инвеститорите. Сепак, архитектурата како дисциплина, без оглед на локалните рамки, доживеа неочекувани промени. Архитектурата стана корпоративна со наметливи елементи. Од една страна имате средина која е лишена да се занимава со архитектура во нормални околности, а надворешно имате параметри кои се занимаваат со поинакви рамки на архитектурата. Не гледам дека архитектурата напреднала во овој период. Голем број европски архитекти кои работеа доста добро, со „преселбата“ во Азија почнаа да го губат контактот со дисциплината што ни беше блиска и разбирлива. Може да се каже дека е во

Во последно време студиото Arcvs забележа добри резултати на конкурсите што се организирани во Србија. Освоивте трета награда на конкурсот за Центар за промоција на науки во Белград, беше поделена првата награда на конкурсот за Бетон хала во Белград, и добивте прва награда на конкурсот за зграда на обвинителството во Белград. Како се одвива реализацијата на овие проекти? n Очекуваме изградбата на зградата на обвинителството да започне на пролет идната година. Во случајот Бетон хала, во тек е разгледување на објективните предлози од архитектонското студио Sou Fujimoto, кое како и ние ја доби првата награда на конкурсот, со нашите предлози. Потребно е прецизно да се дефинира финансиската конструкција, бидејќи луѓето што одлучуваат чие решение ќе се гради треба да ги имаат сите параметри кои им се потребни. Како ја гледате српската архитектура во контекст на регионот? n Архитектурата во Србија има тесна врска со приказната за транзицијата. Србија има ресурси кои можат да одго- 

Зградата на Еуропоинт во центарот на Подгорица

7 октомври 2011 ПОРТА

3

29


aрхитектура

Поврзување на пристаниште на Сава и паркот на Калемегдан

Проект „центар на вода“ како најдобро решение на меѓународниот конкурс за реконструкција на Бетон хала во Белград

ворат на сè она што е архитектурата денес. Во Србија постојат еден број екипи кои многу совесно и убаво работат, на начин кој не кокетира со трендовите и ги разбира реалните околности и потреби. Пазарот е многу намален, така што е тешко да се формираат повеќе професионалци бидејќи околностите тоа не го дозволуваат. Забележувам дека во Белград, за разлика од Загреб или Љубљана, многу малку млади тимови успеале да направат некои значајни резултати. Тоа е проблем на нашиот пазар, додека Загреб успеа, со чуден сплет на околности, да исфрли на пазарот неколку екипи кои добија шанса кога беа млади. Во Словенија се случуваа интересни работи, но таму постои еден корпус на стандардни тимови последниве години, и не гледам дека тука некој се „пробил“ и дека нешто битно се променило. Може да се каже дека Србија, во некоја генерациска смисла, е во една незавидна положба. Имате ли соработка со архитекти од Македонија? n За жал немавме можност да работиме конкурси ниту имавме клиенти од Македонија. Повремено ги следам случувањата во Македонија, но морам да признаам тоа е ретко. Верувам дека и Македонија ги има сличните проблеми како и Србија. Имам впечаток дека тешко комуницираме со медиумскиот простор кој е многу достапен, а сепак колку тоа Словенците и Хрватите 30

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Покривот на Бетон халата како простор за одмор, но кој може да биде искористен за музеј, куќа на градска филхармонија или деловен простор

го прават педантно и рефлексно толку нам ни е потребна силна енергија за да оствариме соработка. Можете ли да го дефинирате вашиот пристап кон архитектурата? n Ние од почеток се занимававме со јавен концепт, важно ни е зградата да „соработува“ со објективниот простор кој треба да настане. Зградата може да се дефинира со една реченица, а ако треба друга додатна реченица тогаш постои проблем. Генерално, многу е важно јасната смисла за зградата да се исчисти и зајакне, за да нема потреба човекот да ја посматра и толкува на друг начин. На архитектурата не и се потребни атрибути за да изгледа раскошно, линијата може да биде се што ѝ е потребно. Предноста на архитектурата и нејзината свежина, без разлика

кога се посматра, е во тоа што комуницира со реалните потреби на човекот. Архитектурата нема проблем како сликарството или музиката што мора да имаат оригиналност, таа веќе има материјал кој сам по себе е секојпат оригинален секојпат кога се работи, а тоа е голема среќа. Архитектурата со време стана релација на објектите и просторите и на тие повеќеслојни релации, за да објектот квалитетно преживее и стане дел од опкружувањето. Се трудиме да не се занимаваме со дизајнирање на нешто ново, туку битните работи внатре во објектот да го дизајнираат самиот објект. Колку е концептот на одржливост во архитектурата, како многу значајна тенденција во современата архитектура, присутен во вашата работа?

n Тоа е тенденција која полека доаѓа и овде. Ми се чини дека овој менталитет многу добро разбира што е тоа одржливост и многу е склон во низа напори да го уважи и тој факт. Инвеститорите често го нагласуваат значењето на одржливоста за идните проекти. Ние ја направивме зградата Еуропоинт во центарот на Подгорица, покрај коритото на реката Морача, која користи експлоатација на енергија од водотекот на Морача. Тоа е многу квалитетно проектирано, така што потрошувачката на енергија, а со самото тоа и трошоците се повеќекратно помали отколку во вообичаени околности. За две години, колку што е зградата завршена, инвестицијата е практично исплатена. Имате ли некој проект кој ви е посебно драг? n Искрено зборувајќи, некои преубави објекти од конкурси на кои сме победиле не се реализирани. Главно се реализирани крајно рационални објекти со јасни намери на инвеститорот. Архитектите секогаш веруваат дека можат да направат повеќе и подобро, и дека сето што е направено досега можело да биде и поинаку. Мене објектот Еуропоинт ми е посебно драг заради неверојатната едноставност во концептот, а многу е важно кога објектот што го гледате од година во година секогаш ви е драг. Објектот треба педесетина години да влева доверба, ако не оду-


aрхитектура Изгледот на новата зграда на обвинителството чија изградба се планира на улица Кнез Милош, недалеку од зградата на Министерството за внатрешни работи на Србија

шевување тогаш барем симпатија и кај архитектите и кај обичните минувачи. Имате ли некоја неостварена архитектонска желба? n Сакаме да работиме во Нови Сад. Имавме доста успеси во Србија и Црна Гора, иако имавме добри обиди во Нови Сад уште не сме реализирале ни еден објект. Секој објект има премногу слоеви, а многу малку зависи од архитектите. Архитектот не може сам, архитектот без инвеститорот не може ништо. А архитектот и инвеститорот без случајност на околностите не можат ништо. Значи, архитектот, инвеститорот и случајноста на околноСтанбен објект на ул. Качански 15 , Белград

стите се трите работи кои се многу битни. Дали архитектурата се живее 24 часа? n Јас бев извонреден цртач, мислев дека ќе живеам на поинаков начин и дека ќе бидам графичар. Дружам со луѓе кои имаат различни афинитети, а всушност архитектурата како дисциплина е многу општа работа. Јас не гледам разлика во занимавањето со архитектура или серизно занимавање со филм и книжевност. Ми се чини дека сè што се работи, мора да се работи силно со длабоко уверување дека тоа се работи како што треба. Верувам дека книжевноста е многу

важна работа, и музиката исто така. Во студио слушаме добра музика, луѓето што работат умеат да препорачаат книга затоа што сето тоа влијае на она што го работи човекот. Потребно е да се води сметка за тоа што се случува околу нас секој ден. Кој имаше најголемо влијание на вас како студент? n Мој пример беше Милош Бобиќ. Иако не беше директен наставен кадар, тој беше посебен човек на овие простори кој многу ѝ значеше на мојата генерација. Кога сфативте дека ќе бидете архитект? n Пораснав во семејство на лекари, таа работа е многу таговна. Јас не познавав ни еден архитект и ми изгледаше дека куќите се интересна работа. Мислев дека постои простор каде што сите информации ќе бидат пренесени без некој изразит критериум како на останатите факултети. Архитектурата изгледаше како добра врска помеѓу уметноста и техниката, што веројатно беше причина за големиот број луѓе. Сепак, главната причина е што човек со архитектура може да работи сешто. Може да црта, може да се занимава со филм и разни други работи. Ми се чинеше дека тоа што знам да користам перо и молив значи да бидам архитект. Архитектурата оставаше простор да донесеш уште одлуки. n м-р Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл.инж.арх. 7 октомври 2011 ПОРТА

3

31


современа музејска архитектура

Архитектура заради

O

д Њујорк и Билбао се селиме во Мастрихт, главниот град на најјужната холандска провинција Лимбург, која се протега и во Белгија и во Германија, на реката Мас. Во месец март 1995 година, на локалитетот „Керамик“ (поранешна фабрика за порцелан, а денес место кое ги поврзува историскиот дел од градот и новиот дел со административни објекти) е отворен новиот музеј Бонефантен.

Смирена неокласична убавина во ентериерот

КАТЕДРАЛАТА СО КРУНА ВО МАСТРИХТ Поранешната заграда на Музејот била сместена во историското јадро на градот, во рамките на трговски центар, поради што го добила епитетот „најдобро скриен музеј во Европа”. Владата на Лимбург и Управата на музејот решиле да не распишуваат конкурс за новиот проект, туку директно го назначиле италијанскиот архитект Алдо Роси за проектант. Во проектот учествувале и архитектите Умберто Барбиери (Амстердам) и Џовани да Поцо (Милано). Тие успеале да ги задоволат барањата на Музејот во однос на дневно осветлување, определена површина на ѕидови за изложување, шема на движење за публиката, како и примена на едноставни архитектонски форми. Објектот има форма на буквата Е, со трите крака ортогонално поставени кон реката Мас. Јасно читливата аксијала е поставена низ средниот крак, кој за-

32

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Аскетизам заради уметност Бонефантен, Холандија


современа музејска архитектура

Умет ност (II)

Централната купола најконтроверз ниот елемент

вршува со купола висока 28 метри. Централниот дел се состои од приземје и три ката, а страничните од приземје и два ката. Во куполната многуаголна сала со два реда мали прозорци, кои со сенките од дневната светлина по белите ѕидови создаваат етеричен простор, се организираат повремените изложби. Однадвор куполата е обложена со поцинкуван лим кој, зависно од естетиката на посматрачот, наликува на „бункер со ракета”, „неексплодирана бомба”, „цедалка за лимон” или „катедрала со круна”. Во Бонефантен сè е подредено на уметноста - ентериерите се аскетски едноставни. Фасада од црвена фасадна тула, црвени камени плочи и темносив камен за цоклето, фриз од поцинкуван лим по целиот објект, сето тоа претставува реминисценција на индустриското минато, давајќи му на објектот смирена неокласична убавина со едноставни волумени. Роси создал дело кое е „оригинално без да биде необично, освежувачки едноставно во

својата надворешност, но крајно комплексно во својата содржина и значење”.

РАФИНЕРИЈАТА ВО ПАРИЗ Centre National d’ Art et de Culture Georges Pompidou е еден од повеќето модерни музеи во Париз, основан од поранешниот претседател на Франција Жорж Помпиду (19691974), кој сакал да им ја донесе културата и уметноста на „оние од улица”. Истовремено, да му подари на Париз „културен центар што ќе биде и музеј и креативна работилница, со музика, кино, книги и центар за аудио-визуелни истражувања заедно.” Дизајниран во модерен и несекојдневен архитектонски стил од архитектите Ричард Роџерс, Ренцо Пиано и Џанфранко Франчини, центарот уште од отворањето е проследен со контроверзии. Овој музеј е добитник на наградата „Аугусто Пере“ за најрепрезентативно интернационално дело (1975-1978), што ја доделува Меѓународната унија на архитекти. Исто така, носител е на иронични епитети како  7 октомври 2011 ПОРТА

3

33


современа музејска архитектура Centre National d’ Art et de Culture Georges Pompidou

Структурната зона на источната фасада ги содржи сите механички сервиси, лифтови и ескалатори, како и сите инсталации. Истите се обележани со бои кои соодвествуваат на стандардите во индустриското кодирање: жолта за електрика, сина за вентилација, зелена за вода и црвена за лифтови и премини.

„уметнички хангар” или „нафтена рафинерија во центарот на градот” - вториот е најчест меѓу париските таксисти. Во овој контекст, Пиано своевремено даде изјава: „Сакав да ја срушам сликата за инхибирачка културна палата. Ова е сон за необично слободна релација меѓу уметноста и човекот, вклопена во ултраурбан контекст.” Изградбата на објектот била за34

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Фасадата е со 925 кружни флуоресцентни цевки. Интегрирани се во екстериерните акрилни паноа, кои служат како мембрана меѓу Галеријата и надворешниот простор, и со употреба на динамичен екран и медиумски ѕидови за проекција на слики со ниска резолуција на главната фасада.

вршена во 1976 година, а свечено бил отворен за јавноста на 2 февруари 1977 година. За овој гигантски проект, француската влада потрошила една седмина од вкупниот буџет: 993 милиони франци, од кои 476 милиони чинела само зградата од 70.000 м2. Заради неочекуваниот масовен интерес од 26.000 посетители дневно, а просторот бил предвиден за 5.000, во периодот 1997 - 1999 година цента-

рот морал да биде затворен за да се реновира и да се изврши доградба на 8.000 м2. Повторно е отворен на 1 јануари 2000 година - симболично совпаѓање со почетокот на новиот милениум. Од отворањето во 1977 година до ден-денес, низ него поминале 160 милиони посетители (6 милиони годишно), бројка која ги засенува Ајфеловата Кула, Версајската Палата, па дури и Лувр. Сместен во областа Бобуре

(Beaubourg), еден од најстарите делови на Париз, уште повеќе се дополнува контрасноста на делото со околината. Најкарактеристичен елемент на објектот е неговата „ексо скелетна” конструкција, односно изгледот на „зграда превртена од внатрешната страна”. Ова е употребено заради несекојдневниот дизајн на брутална архитектура и добивање големи непрекинати архитектонски целини


современа музејска архитектура

Традиционалните покриви на Грац како писта за Галеријата за современа и мултидисциплинарна уметност

о о т н а а .

Одисеја 2000: драматично патување низ ентериерот на Кунстхаус

во внатрешноста. Надземните делови се во облик на пространи ходници, до кои посетителите доаѓаат со уникатниот лифт на надворешноста од зградата. Лифтот сам по себе е едно од најпознатите дела што музејот ги поседува - во форма на џиновска стаклена цевка, дијагонално се искачува по надворешноста на објектот и завршува на покривот од каде што се простира панорамата на Париз.

ПРИЈАТЕЛСКИОТ ВОНЗЕМЈАНИН ОД ГРАЦ Ако сакате да прошетате низ улиците на Грац (Австрија) водени од старите аристократски куќи до реката Мур, на аголот меѓу Sudtiroler Plaz и Lendkai, спроти Старата Саат - Кула на Шлозберг, ќе ве изненади новата Галерија за современа и мултидисциплинарна уметност Die Kunsthaus Graz. Проектот „Spacelab” на британските архи-

текти Питер Кук и Колин Форнир победил на натпреварот во 2000 година за дизајн на новата современа галерија, што се совпаднало со прославата на градот избран за Културен главен град на Европа во 2003 година. Кунстхаус, новото архитектонско обележје на Грац, со блескавосина фасада и впечатлива двојно извиена геометрија, бил отворен во септември 2003 година. Сместен е во стариот дел на гра-

дот меѓу традиционални покриви од црвени керамиди, и е речиси налегнат врз најстарата зграда од челична конструкција во Европа Eisernes Haus. Овој „вселенски брод” не се „труди“ да се вклопи или да ја замаскира својата чудна форма, па сепак е топло прифатен од жителите на Грац како суптилна поврзаност на старото и новото. Тука се и 16 сини „ноздри”, проектирани нанадвор, кои внесуваат дневна светлина во галериите како дополнение на внатрешното осветлување што ги нагласува архитектонските концепти на повторливост и симетрија. Влегувањето и движењето низ Галеријата носи спектакуларност и илузија на патување низ вселената. Нема чисти ѕидови или плафони, само тврд оклоп кој се гледа и се чувствува и одвнатре и однадвор. Овде, за разлика од други слични згради со чудна надворешност, но кои се без интеракција меѓу интериерот и екстериерот, точно знаете во каква зграда се наоѓате. Осветлувањето е реминисценција на индустриски простор, а отвореноста и недостигот на интериерни делови го прават уште подраматично. Архитектите тука го споиле животинското присуство во архитектурата со футуристичката инспирација. n Ирена Т. Петровска 7 октомври 2011 ПОРТА

3

35


архитектура инфо

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

„Еколошкиот брич“ и натаму најгрд објект во Британија Strata Tower - eден од најеколошките објекти досега изградени, по повеќе од една година од комплетирањето на изградбата и пуштањето во употреба, сè уште го држи приматот на најгрда зграда изградена на британско тло. И покрај супериорноста во однос на еколошките технологии и вградените турбини за електричен погон, не е многу омилена, како меѓу жителите на метрополата така и меѓу критички настроените стручни списанија, кои и оваа година ја прогласија за најгрд објект. Прекарот на овој објект е „Брич“, заради неприродните острини во формата.

САД

Релаксирачки „Студентски

прашања“

Изградбата на новата административна зграда на Јосемити колеџот во САД е во завршна фаза. Проектот, дело на студиото Perkins+Will, ce oчекува да биде пуштен во употреба во ноември годинава. Во објектот се сместени службите за информации и услуги за студентите. Токму тоа е главната инспирација на објектот да му се даде дизајн кој сугерира пристапност, надополнет со релаксирачки тонови, материјали и комбинации кои компензираат со неизбежните формалности во неговата содржина.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Чисти станови во Манчестер

36

ПОРТА

3

Модерната архитектура се развива во специфични правци по кои одредени квартови на Манчестер стануваат препознатливи. Просечните станбени згради со комерцијална намена, најчесто градени од локални изведувачи и без потписи од звучни имиња во светот на архитектурата, во поново време се карактеризираат со чисти линии, елегантни форми, допадливи детали и хармонични игри на ахроматските нијанси. 7 октомври 2011


архитектура инфо

ШВЕДСКА

Пловни еколоки згради Oceanic Creations е шведска компанија, која развива нови градежни методи и материјали за изградба на пловни живеалишта. Нивниот прв проект е хотел во Канкун, Мексико, чиј надворешен изглед е инспириран од архитектурата на Маите. Најголемиот дел од проектите се со нагласено ниско ниво на штетни влијанија врз околината. Таканаречениот „Non-aging composit material“ од кој треба да бидат изградени, покрај тоа што е истраен и разградлив во одредени услови, тој е шест пати полесен и десет пати поиздржлив од челикот.

ИНДИЈА

Нов дом за старото светилиште Објектот е дел од светилишниот комплекс Omkar Sadhana Ashram, лоциран во периферијата на Ананд – млечната престолнина на Индија, на околу 450 километри од Мумбаи. Објектот претставува хармоничен дел на целината чија вкупна површина изесува над 20.000 квадратни метри. Покрај оваа зграда, комплексот содржи и сала за групна медитација, соби за монасите, ќелии за медитација, како и резиденцијален објект за гости со капацитет за 150 лица.

ЈАПОНИЈА

Хеликсатор - револуција во модерната архитектура и урбанизмот Развојот на производите на јапонската компанија „Хитачи“ е непречен. Најавата за идната употребливост на подвижни траки можеби звучи премногу оптимистички, но не е нереална. Всушност, таканаречената „хеликс технологија“, благодарение на рапидниот развој на компјутерската поддршка за проектирање производство и изведба, може да најде примена во огромна палета на објекти, но и во инфрастуктурни и транспортни проекти.

Леонида Пенка БАША 7 октомври 2011 ПОРТА

3

37


патепис

Кралот за кој се раскажани многу легенди живеел некогаш тука, во дворецот изграден на каменитиот рид над Варош, предградие на Прилеп. Локалитетот Маркови Кули, каде што се наоѓал дворецот на Крале Марко, денес е споменик на природата.

Тука некогаш живееше

Крале Марко

У

трата, особено оние сончевите, барем за мене, се најубави за посета на некој град. Стигнав едно утро кон крајот на август во Прилеп. Иако рано утро, градот беше веќе раздвижен! Продавачката на зеленчук мереше на кантар овошје и го ставаше во пластична кеса што во раката ја држеше една девојка. Минува една жена со побелена коса, облечена во црнина со растреперени усни и насолзени очи. Еден старец, кој за миг ми се стори познат, го врзуваше со ортома

38

ПОРТА

3

7 октомври 2011

магарето за блиската ограда и од него ги симнуваше кошевите преполни со тутун. Едно момче во црвен стар „стојадин“ свири некому преку улицата. Чиниш како сите луѓе да се познаваат меѓу себе, си довикуваат и се поздравуваат одејќи по улиците. Погледите за миг се вкрстуваат, се насмевнуваат и продолжуваат барајќи други погледи и други насмевки. Во ек е бербата на тутунот. Но, јас не дојдов тука за тутунот, дојдов во посета на дворецот на Крале Марко! Крале Марко, кралот за кој се раскажани многу легенди живеел некогаш тука, во дворецот изграден на

каменитиот рид над Варош, предградие на Прилеп. Локалитетот Маркови Кули, каде што се наоѓал дворецот на Крале Марко, денес е споменик на природата. Составен е од бројни карпести форми со необични облици. Разноликоста на геоморфолошките облици на Маркови Кули кои се создавани низ долгата геолошка историја на земјата, нивната бројност и разновидност на формите што се простираат на еден огромен простор од околу 37 квадратни километри, на подрачјето му даваат уникатна вредност. Заради своите карактеристики, овој впечатлив објект на природата е реткост во Европа и во светот, и е ставен на привремената листа на УНЕСКО на природни реткости. Тврдината на ридот, всушност го претставува некогашниот средновековен град на легендарниот владетел Крале Марко, синот на кралот Волкашин. Организирана е во три одбрамбени појаси во чии внатрешни делови постојат остатоци од многу градител-


ски објекти со различна намена. Тврдината е опкружена од сите страни со стрмни падини покриени со огромни гранитни карпи и некогаш била меѓу петте најголеми тврдини на Балканот. Некогашната населба се наоѓала на висина од 120 до 180 метри на ридот. Најстарите сведоштва за животот на овој локалитет датираат од периодот на неолитот, а во тврдината се откриени остатоци кои укажуваат на постоење на раноантичка населба, која во римскиот период се проширува кон југозапад. На локалитетот Маркови Кули посебно место заземаат остатоците на градбите од словенската култура. Ова е најголемата словенска населба од раниот среден век откриена на Балканскиот Полуостров. На северниот ѕид и денес постои дел од портата и стражарската куќа поставена помеѓу влезовите, додека на јужниот ѕид стојат добро сочуваните три кули. Ѕидините, со широчина од околу еден метар, потекнуваат од XIII до XIV век и добро се

зачувани. По смртта на Крале Марко во 1395 година, Турците го заземаат неговото кралство, а набрзо потоа тврдината и неговиот дворец ќе бидат сосема напуштени. Ќе живее само подградието, како селска христијанска населба наречена Варош. На неколку километри јужно од Варош се развила турската касаба Перлепе, која го претставува јадрото на денешниот град Прилеп. Крале Марко со жезолот и коњот Шарец, неговиот татко Волкашин и мајката Евросима, црната арапина и многу други одамна се влезени во легендите и песните на сите балкански народи. Во Прилеп сè уште постојат остатоците од неговиот дворец, тука е преубавата природа и необичните карпести форми. Заради легендите, заради природните реткости, заради љубезноста на прилепчаните, вреди да се посети градот. А градот го повторува своето истородно живеење, граѓаните продолжуваат да

го живеат својот секојдневен живот. Денот полека изминуваше, почнаа да се палат светилките по улиците и по куќите. Се слушаат гласови, еден женски глас извикува од некоја куќа уууф! За миг, осамен, се вратив со мислите во минатото, во една ваква слично доживеана

вечер, во една куќа далеку одовде. Ме обзема носталгија, во една ваква вечер бев многу среќен! Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.

7 октомври 2011 ПОРТА

3

39


aрхитектура

ПРИЗНАНИЈА / WORLD TRAVEL AWARD

В

о септември во Анталија,Турција, се доделени наградите World Travel Awards, попознати како туристички Оскар, каде што меѓу останатите категории е одбран и најдобриот хотел во Европа, а тоа е Hotel Dubrovnik Palace во Хрватска. Во сериозна конкуренција за титулата најдобар европски хотел, се натпреварувале луксузни хотели од Шпанија, Италија, Грција, Турција, Кипар, Франција, Монако и Ирска, а за најдобар беше прогласен хотелот од Дубровник познат уште и како Дијамант на Јадранот. Овој хотел е

најголем туристички проект во последните 30 години во Хрватска. Отворен е во 2004 година. Објектот е во вид на стилизирана форма на брод, па ако излезете на тераса и ја искористите својата имагинација, имате чувство дека сте капетан на голем брод, а под вас е океанскиот хоризонт. Сите 308 соби се опремени со најнова технологија, а посебно доживување се апартманите наменети за меден месец, во кои спаѓаат и интересни третмани, како на пример, масажа со топли камења. Хотелот е прогласуван три години по ред за најдобар хотел и спа ресорт

40

ПОРТА

3

7 октомври 2011

во Хрватска (2005, 2006 и 2007.), но овогодишната награда за најдобар европски хотел, е прво вакво признание, што претставува убава завршница по бројните номинации и награди кои ги имал во изминатите години. Директорот на хотелот Раде Малобабиќ е горд на добиената награда, која претставува „признание за квалитетот на хотелот и персоналот вработен во него“.

Секако, оваа блескава награда, Малобабиќ ја смета за најдобра можна препорака, нагласувајќи дека во хотелот во изминатите години е вложен многу труд за подобрување и зголемување на квалитетот на услугите, за да хотелот се истакне како регионален лидер на високо конкурентниот светски туристички пазар. Инаку, наградите World Travel

Awards се доделуваат од 1993 година за постигнувања во сите области од светскиот туристички сектор. Оваа година во гласањето учествувале 183.000 туристички експерти - туристички оператори, туристички водичи и патнички агенти од околу 160 земји во светот. Александра Петровска, дипл.инж.арх.

Хотел Дубровник Палас најдобар во Европа


Архитектурата и човековите права „Архитектура и човекови права“ е наслов на овогодишниот Светски ден на архитектурата, одбележан на 3 октомври од страна на Меѓународната унија на архитекти (UIA). Овој ден за светската архитектура секоја година се прославува секој први понеделник во месец октомври. Според организаторите, самата тема претставува рефлексија на актуелните состојби во архитектурата, и затоа покренува низа прашања од страна на стручната јавност ширум светот. Меѓу останатите, прашањата што се однесуваат на насловот „Архитектура и човекови права“ се следниве: Како архиЛуиз тектонската професија денес придонесува за еднаквост меѓу луѓеКокс то? Преку каков тип на акција, архитектот може на луѓето да им го олесни правото на пристап до вода, работа, засолниште, образование, култура но и до градот? Како архитектурата и урбанистичкото планирање можат да придонесат за доближување на универзалните права до сите граѓани? На кој начин, архитектурата и урбанистичкото планирање ја помагаат стратегијата за борба против исклученост и дискриминација?... Во тој контекст, австралиската архитектка Луиз Кокс, како претседател на UIA, упати порака до архитектите ширум светот: „Задржувањето на достоинството е од суштинско значење за градското здравје. Затоа не смееме да ги заборавиме луѓето, ниту нивните универзални права. Архитектите треба да работат на ова прашање како во заедницата и на локалните нивоа, така и на ниво на големи градски власти. Преку својата програма Акција без граници, Меѓународната унија на архитекти е фокусирана со своите акции кон овие прашања.“

aрхитектура

Денови на ОРИС по 11. пат Меѓународниот архитектонски симпозиум Денови на Орис, оваа година ќе се одржи на 22 и 23 октомври во концертната сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб. Во рамките на дводневниот симпозиум Денови на Орис ДО11, организаторите (тимот на списанието за архитектура и култура „Орис”) ќе им понудат на посетителите низа предавања и разговори на еминентни и светски провокативни архитекти во овој миг. Казујо Сеџима Како главни ѕвезди на овогодишниот настан, домаќините ги истакнуваат шпанскиот архитект Хосе Рафаел Монео и познатата Казујо Сеџима од Јапонија. Други гости на овогодишното издание се Златко Угљен од БиХ, K2S од Финска, Jarmung Vigsnaes Architects од Норвешка, Никола Башиќ од Хрватска, Енота од Словенија, Луиз Фернандез - Галијано од Шпанија и Александар Бродски од Русија. Овој настан, кој прерасна во еден од најпрестижните архитектонски манифестации во овој дел од Европа, прв пат се одржа во 2000 година, а напоредно со светските ѕвезди можност да ја презентираат сопствената работа имаат и организаторите.


ентериер

Миксот на мебел со различен стил, потекло и старост на едно место, отсекогаш било предизвик во уредувањето

ЕКЛЕКТИКА? Само за тие со изграден вкус

О

д 85м2 колку што изнесува вкупната квадратура на станот, на дневната зона и припаѓа повеќе од половината. Таа е уредена во духот на еклектицизмот, реализиран преку овој необичен микс на мебел со различен дизајн, потекло и старост. Воспоставен е силен контраст помеѓу одделните парчиња мебел. Добра одлука е подот, иако се работи за дабов паркет, да биде третиран во бел ефект. На тој начин, целиот амбиент е малку смирен. А со воведување на фурнирот од палисандер и орев, се постигнува поврзување на функционално и стилски расцепканите простории во целост. Егзотичните фурнири денес се омилен избор на консументите, а особено се погодни за нанесување на разни ефекти одозгора, во поглед на финална завршница. Целосното опремување на ентериерот

42

ПОРТА

3

7 октомври 2011

започнало со еден детаљ (типично за жените) од трпезариската маса, а потоа е изведен сегмент од кујната во истиот материјал - мат црно. Во целиот простор доминираат природните материјали, како дрвото, дрвените фурнири, кожата за мебелот, односно гарнитурата за седење

и трпезариските столови; стаклото, и волната за теписите. Дури и ролетните на прозорците се дрвени и избелени. Дневната ја краси модерниот дизајн и прочистените потези, изгледа голема и воздушеста и покрај силните контрасти, и поради тоа што не е пренатрупана со


мебел. Комодата за хајфај опрема е со нагласено хоризонтална линија која продолжува во долните елементи, што се смета за одличен избор со оглед на функцијата. Ниската маса со големи димензии (120/60см) го надополнува ефектот на линеарност и модерен дизајн во

аголот за конверзација. Софата е изведена во телешка црна напа, па на тој начин убаво го надополнува просторот. Тука се уште две фотелји од други гарнитури, без страв дали истите ќе прилегаат заедно или не, едноставно следејќи го сопственото чувство.

Спалната соба го отсликува карактерот на домаќините. Модерните ентериери не мора да изгледаат студено, покрај намалената декорација и примената на гамата на студени тонови. Со употребата на топли материјали како во случајот во овој стан, се затоплува атмосферата до степен посакуван од семејството. Сè она што претставувало најинтимна желба на домаќинката е реализирано во оваа спална и бања. А кујната ех... Љубовта за добра кујна живее тука. Овој модел е последната експресија на „Дизајн Фантазија“, филозофијата за постојаноста на кујнскиот мебел. Им ја предлагаме на оние што се способни да направат сопствен, рационален избор, и на оние што уживаат во сопствените кујни. Задача на една добра кујна е да биде

комплетно во хармонија со луѓето што ја користат, вклучувајќи ги и димензиите на мебелот. Работната површина и сите останати елементи треба да бидат позиционирани така што ќе ја олеснуваат работата, визуелното доживување и движењата во кујната, според коректната ергономија. Модерната завршница црно-бело во висок сјај ја прави оваа кујна особена. доц. д-р Елена НИКОЉСКИ ПАНЕВСКИ дипл.инж.арх. фото:Владимир СЕКУЛОВСКИ во соработка со:

7 октомври 2011 ПОРТА

3

43


наука

МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (118)

ИТАЛИЈА (7)

КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ - РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ

К. Скарпа. Музејот Гверини Стампалија, Венеција

П

ри проектирањето нови објекти, Карло Скарпа покажува сигурно чувство за размер и претпочитање на благородните материјали и рафинираната декорација. Сето тоа е придружено со прецизна изведба што создава нагласена експресија. На таков начин тој има создадено многубројни објекти меѓу кои: вилата Ѕопас во Конелјано (1948), изложбениот салон Оливети во Венеција (1957-1958), куќата Верити во Удине (1955-1961) и други. Овие настојувања на Карло Скарпа го достигнуваат максимумот со подигањето на гробиштата Брион кај Тревизо (1970-1972) во вид на една

префинета композиција од хетерогени, формално раскошни архитектонски делови, кои ја сублимираат свеченоста на најтажниот момент. Последното големо дело на Карло Скарпа е новиот објект на Народната банка на Верона (1973-1975-1980). Виторио Греготи (1927) покажува мајсторство на широк план, од регионални анализи и урбано планирање, па сè до градење на моќна експресионистичка архитектура во смисла на најдобрата рационалистичка традиција. Тој ја основал фирмата Здружени архитекти во Милано, преку која го отелотворува идеалот на италијанската архитектура за преплетување на теоријата и практиката. Како најпознат

објект на таа фирма се истакнува универзитетот Калабрија покрај Козенца (1973), чии расчленети структурални волумени преку мост се поврзани меѓу себе и со погорното ниво на теренот. Откако на Греготи му се приклучуваат и други значајни архитекти, фирмата го добива името Здружение Греготи. Тоа ја работи станбената зграда за Меѓународната изложба во Берлин (1982-1986) која, слично како универзитетот Калабрија, е обликувана со серија мостови над улици. Истражувачкиот центар ENEA во Рим (1985) се одликува со создадена тензија меѓу обвивката на објектите и нивниот ентериер. На модуларно поедноставената

К. Скарпа. Гробиштата Брион, кај Тревизо

В. Греготи и др. Универзитетот Калабрија, Козенца

В. Греготи и др. Истражувачкиот центар ENEA, Рим. Изглед

В. Греготи и др. Истражувачкиот центар ENEA, Рим. Внатрешност 44

3

ПОРТА

7 октомври 2011

надворешна обвивка, направена од сиви челични панели, ѝ е спротивставена комплексноста на внатрешните инсталации. Во ентериерот доминираат два широки холови поделени со стаклен ходник, а канцелариите се поврзани преку галерии. Во проектот за изложбата Берлин утре (1991), Греготи предлага солуција за внимателна урбана обнова во вид на еден практичен развој на реалистичкиот урбан дизајн од 30-тите години. Со тоа се воспоставува значајна основа за идното урбано планирање во Европа. Овој нов рационализам, што во Германија го поддржува и О.М. Унгерс, сè уште претставува најдобар одговор на сè поприсутниот урбан хаос.


урбанизам

рубрика

Б

3

07 октомври 2011 ПОРТА

45


рубрика

Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница

29ти Ноември бр.60

Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780

е-маил: office@tondach.com.mk

е Создаванма Животвите! Покри

ДООЕЛ ТАТЈАНА www.zinco.de

070 216 945 info@zepekomak.com.mk

www.zepekomak.com.mk

www.tondach.com.mk

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА

www.porta3.com.mk

DVORNIK

Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk

liting@t-home.mk

070 387 535 070 385 585

Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk

H Y PERDESM O®

ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА

Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com

канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги

„ГВ“ ДООЕЛ

Друштво за инжинеринг и изведба на објекти

1/1-2 виќ“ лам.2, Коваче Ул. „Саваре он 77, Скопје

, 2720-215 720-214 Тел: 02 2 кс: 2720-216 а Ф 46

3

ПОРТА

07 октомври 2011

Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk


спортски храмови

Спортски град во Истанбул

„ФЕНЕРБАХЧЕ УЛКЕР АРЕНА “, ИСТАНБУЛ

ФАКТИ ЗА ФЕНЕРБАХЧЕ УЛКЕР АРЕНА - Истанбул, Турција Седишта: 12.500 Површина на градба: 55.000 м2 Период на изградба: 2009 - 2011 Придружни објекти: хотел со 5 ѕвезди, ресторани, велнес-центар, шопинг центар, локали за брза храна, бистро-барови, киносала. Дизајн: Development Design Group, USA

У

ште едно модерно спортско здание се крева над Истанбул. До крајот на октомври или на почетокот на ноември, еден од најпопуларните турски спортски клубови, Фенербахче, ќе добие нова арена. Уште во септември 2008 година, кога и официјално беше објавено дека се реализирани сите неопходни предуслови Фенербахче да добие нова арена, беше сосема јасно дека овој, сега веќе т.н. „Улкер Сити“ ќе биде нешто посебно. На локација од 55.000 м2, за нешто повеќе од еден месец, ќе почне да живее еден вистински спортски град. Покрај големата мултифункционална арена со капацитет од 12.500 места, популарниот „Улкер Сити“, именуван според спонзорот

на Фенербахче, ќе има и две дополнителни мали сали за тренинг и натпревари, конгресен центар, олимписки базен, хотел... Првично, арената Фенербахче Улкер требаше да биде готова за финалето на светското првенство во кошарка 2010 година. Но поради тоа што се одолговлекоа работите околу стартот на градбата, грандиозниот објект го пропушти ланскиот собир на најдобрите кошаркарски селекции. Сега останува да ја дочека комплетната нова спортска сезона, не само во кошарка туку и во одбојка, пливање, кревање тегови, борење... Сите овие спортови ќе бидат под покривот на импресивниот објект, лоциран во местото Аташехир, со што досегашниот дом на спортските ко-

лективи под името Фенербахче, салата „Абди Пекчи“, ќе остане само историја за овој колектив. Улкер со свои средства долго време го одржува Фенербахче во врвот на европската кошарка, но инвестира и во одбојката и во останатите спортови. Затоа и се решија на ваков чекор, да изградат свој спортски град (центар). Како што и истакнаа проектантите, Development Design Group, оваа арена на навивачите на Фенербахче ќе им понуди нешто што досега не можеа да го имаат, а тоа е комплетна забава и интеракција на едно место. Новиот дизајн и мултифункционалноста на салата ќе овозможи цели семејства да поминат еден незаборавен ден во услугите што ги нуди и самата арена, но и придруж-

ните објекти. Хотел со пет ѕвезди, голем шопинг центар, фаст-фуд објекти, бистроа, неколку ресторани, па дури и киносала, се доволна мамка не само да се биде спортски интересент, туку слободното време да се искористи и на останати забавни нешта. Интересно, проектантите доаѓаат од Мериленд, САД, и тие своевремено го дизајнираа и веќе легендарниот „Стејплс Центар“ во Лос Анѓелес. Во состав на објектот ќе има и велнес центар, како и дополнителни административни зони. Се претпоставува дека отворањето на Фенербахче Улкер Сити ќе донесе околу 450 нови вработувања. Сашо КузмановСКи

47


eксперт

КАКо До ПоДоБРо оРгАНИЗИРАНИ РЕКоНСТРУКцИИ НА гРАДСКИТЕ СооБРАќАjНИцИ?

З

Кога се сака сè се може

атворени улици без соодветна најава и насоки за тоа како да стигнете до саканата дестинација, незаштитени ископи и зони на градежни работи, непостоење на информација дали и кога градежните работи ќе завршат, попречен или отежнат пристап за возилата на ургентните и комуналните служби, затворени улици по кои се движи автобусот што редовно го користите без информации за тоа дали оперира во текот на градежните работи и по која рута се движи, дополнителни сметки за возењето со такси со оглед на тоа што мора многу заобиколно да ве вози, па дури и да мора да излезете од таксито со стотици метри подалеку од крајната дестинација. Да не зборуваме за непостоење на обележани безбедни пешачки патеки во текот на градежните работи, за пешаци принудени да одат по нерамни површини и да скокаат преку отворени ископи, или за непостоење на пристапност за децата, родителите со колички, повозрасните, лицата со пречки во движењето или пак за лицата во колички. Фактот што треба да се реконструира градска сообраќајница во втората декада на 21 век, не мора да значи дека сиот градски живот треба да сопре додека не се завршат градежните работи. Веројатно добро ви е позната барем некоја комбинација од горната слика

Фактот што треба да се реконструира градска сообраќајница во втората декада на 21 век, не мора да значи дека сиот градски живот треба да сопре додека не се завршат градежните работи доколку патеката на вашиот секојдневен живот ќе се вкрсти со градежните работи на градската сообраќајна мрежа. Со оглед на постојаниот напредок на градежните технологии, организацијата и менаџирањето на градежните работи, информациските и комуникационите технологии, заштитата при работа, заштитата на здравјето, пристпаноста и усогласувањето на националната законска регулатива со европската, незамисливо е како сè уште може секојдневно да се соочуваме со вакви проблеми. Најжалосно во сето ова е што во најголемиот број случаи ваквите состојби не се резултат на ограничени технолошки можности, туку поверојатно се одраз на пропусти во планирањето и организацијата на градежните работи. Со добра подготовка и организација на градежните работи ваквите непријатни искуства значително можат да се намалат, за што говорат искуствата од другите европски средини. На пример, доколку сте проектант во Велика Британија и проектирате објект (без

Ул. Теодосиј Гологанов, Скопје 2011

48

ПОРТА

3

7 октомври 2011

оглед на тоа дали станува збор за објект од ниско или високоградба), одговорност на главниот проектант е не само да организира да се испроектира објектот во согласност со важечките градежни прописи, туку и во рамките на изготвувањето на инвестиоционо-техничката документација тој и проектантите на сите фази на објектот имаат законска обврска да ги идентификуваат ризиците на коишто ќе бидат изложени градежните работници, службените посетители на градилиштето, локалното население, минувачите, и тоа не само за периодот на градењето на објектот туку и во текот на неговата употреба, идното одржување, па се до деконструкцијата на објектот. Притоа проектантите не само што треба да ги идентификуваат ризиците, туку треба и да го проценат нивото на ризик вклучително со тоа каква е веројатноста вакво нешто да се случи. Обврска на проектантите е да го намалат нивото на ризик преку проектот, а во случаи кога тоа не е можно, да идентификуваат кои ризици се пренесуваат на градителот или пак на сопственикот/ко-

рисникот на објектот. Покрај ова, проектантите се должни да направат предлог-план за градилиштето, заштита на зоната на градежните работи, да ги идентификуваат сите подземни и надземни инсталации за кои имаат податоци по основ на пребарувања на подземниот и надземниот инфраструктурен катастар, или пак преку снимање на постојната состојба. Сево ова се одвива под контрола на Координаторот за менаџирање на проектирањето на изградбата (Construction Design Management Co-ordintor - CDM-C) според Прописите за менаџирање на проектирањето на изградбата (2007 Construction Design Management (CDM) Regulations) од 2007 година. Со овие прописи законска обрска е инвеститорот да вработи координатор за секој објект чија изградба ќе трае повеќе од 6 недели. Врз основа на вака добиените податоци изведувачот е должен да изготви Предизведбен план за здравје и безбедност (Pre Construction Health and Safety Plan) во кој за секој сегмент на идентификуван ризик ќе изготви Изјава за методолошки пристап (Method Statement) во која изведувачот ќе објасни како планира да ги изведе поединечните градежни активности и го контролира нивото на ризик за времетраењето на градежните работи. Овој документ треба да биде одобрен од координаторот и проектантите пред да може да се отпочне со изградбата на објектот. Должност на изведувачот е континуирано да го ажурира овој план за времетрањето на изградбата, а на крајот да ги достави потребните информации за изготвување на Планот за здравје и безбедност, кој останува кај инвеститорот за да може клучните информации за изградениот објект и преостанатите ризици да бидат достапни во иднина при одржување, реконструкција или пак деконструкција на објектот. Вообичаената практика е при реконструкција на градски сообраќајници, освен во исклучителни случаи, градежните работи да се извршуваат додека сообраќајницата останува отворена за користење, но со намален капацитет. На пример за сообраќајници со две ленти, би се асфалтирала едната, додека сообраќајот би се одвивал по другата лента. Во вакви случаи се инсталираат преносни семафори со кои се регулира сообраќајот преку наизменично кори-


eксперт

Центар на Лондон

стење на слободната лента. Доколку станува збор за сообраќајница со четири ленти, би се асфалтирале само две ленти, додека другите две би се користеле за непречено одвивање на сообраќајот во обете насоки, но со намален капацитет. Во случаи на сложени траси и намалена ширина на ленти се применува и пристапот на движење во конвој. На две спротивни страни од сообраќајната лента стојат две возила на службата за патишта или на градежната фирма која ги изведува работите. Тие се во постојан радио-контакт и се стационирани додека не се создаде колона возила кои чекаат, а потоа службеното возило ги предводи според дозволената траса. На овој начин не само што се контролира движењето на возилата по однос на тоа која колона се движи во кој правец туку и се контролира брзината на возилата со оглед на тоа што сите возила мора да го следат водечкото службено возило. Горенаведените напори за забавено, но непречено одвивање на сообраќајот најдобро се поддржани со добро информирање за претстојните градежни работи. Затоа и во медиумите и на самите делници зафатени со идните градежни работи се поставуваат табли во кои се наведува од кога и до кога ќе се

одвиваат градежните работи, а за времетраењето на градежните работи се поставуваат и табли со кои се посочуваат алтернативни рути до одредени клучни сообраќајници кои можат да важат за сите возила, или пак само за товарните возила за да се намали сообраќајниот метеж. Ова е проследено со поставување на знаци за времено ограничување на брзината на дадената сообраќајница, особено кога станува збор за оние побризте, како би се намалил ризикот од сообраќајќи и повреди. Во ваквите случаи се поставуваат и подвижни сензори за брзина кои активираат дигитални знаци за органичување на брзината преку кои ќе ве потсетат на временото ограничување на брзината, времените фотографски камери за контрола на брзината, или пак интелигентни дигитални камери за контрола на просечната брзина на движење. Последниве се инсталираат на почеток и на крајот на градежните работи, или пак и на неколку дополнителни места на трасата на градежните работи. При секое поминување се отчитува регистрацијата на возилото и времето на отчитување, при што компјутерски се пресметува брзината помеѓу секои две контролни точки за да се утврди дали дошло до нејзино прекршување. Се раз-

бира, за прекршувањето следи и парична казна и казнени поени во сообрќајната дозвола кои можат да доведат и до нејзино времено или трајно одземање. Кога станува збор за градежни работи на мостови или клучни делници на прометни сообраќјаници, се обезбедуваат и дежурни возила за помош на патиштата кои веднаш ќе го отстранат возилото што ќе се расипе на делницата врз која се работи. Се разбира, зоната на градилиштето се одделува од соседните зони најмалку со слободностоечки пластични конуси, со слободностоечки прегради во форма на буквта „п“, со пластични модуларни блокови бариери исполенти со вода или песок, или пак со бетонски модуларни блокови бариери. Затворените тротоари се обележуваат и се оградуваат, а времените пешачки патеки јасно се обележуваат и се оградуваат. Зоните на вкрстување на пешачките движења со зоните на ископи задолжително се оградуваат, а преку ископите се поставуваат времени „мостчиња“ од пластични или метални плочи. Движењето на возилата на тешката градежна механизација надвор од градилиштето задолжително се одвива со градежен работник кој оди пеш пред возилото за да може да го запре до-

колку пред него се појави пречка која управувачот на возилото не може да ја види. Обично се води сметка градежните работи на градските сообраќајници да се одвиваат во периоди на школските распусти со оглед на тоа што во овие периоди има забележително помал автомобилски сообраќај. Исто така, се води сметка градежните работи да се одвиваат во текот на викендите и во вечерните часови, кога интензитетот на сообраќајот е помал, при што во ноќните часови се одвиваат помалку бучните активности, како на пример обележувањето на улиците и слично. Како што може да се види од горенаведените примери, најголемиот број активности кои се спроведуваат во Велика Британија за време на градежните работи на градските сообраќајници не се базирани на недостапни и софистицирани технологии, туку главно на добро осмислени и доследно спроведени мерки за заштита на здравјето и безбедноста поткрепени со определбите за, иако забавено, но сепак, непречено одвивање на сообраќајот како клучен елемент на поддршка на стопанските активности во земјата. д-р владимир Б. Ладински, дипл.инж.арх. 7 октомври 2011 ПОРТА

3

49


еко инфо

ТоКИо

Јапонија гради офшор ветерна електрана во близина на Фукушима Јапонската влада планира да изгради офшор електрани во близина на Фукушима, со цел да ја намали зависноста од нуклеарната енергија. Ова е дел од политиката на владата за реконструкција на областа погодена од катастрофата со промовирање на обновливи извори. Проектот ќе чини 261 милион долари, а ќе бидат обезбедени од посебен фонд за финансирање на санирањето на последиците од нуклеарната катастрофа во северна Јапонија. Електраната ќе стартува со работа во 2015 година. (alternative-energy-news)

ВАшИНгТоН

Светската банка бара укинување на субвенциите за фосилни горива

МАТРИКУ

Прва комерцијална електрана на морски бранови Долгорочните прогнози зборуваат дека енергијата на морските бранови може да заземе значаен удел во производството на електрична енергија, меѓутоа техничките решенија се сè уште на почеток. Сепак, идиличното место во Баскија на атлантскиот брег може да се пофали со првата комерцијална електрана на морски бранови. Постројката со капацитет од 300kW неодамна е пуштена во погон, и засега снабдува со електрична енергија 600 луѓе. Елекраната не е видлива над површината на водата. Сопственикот на електраната, баскиската компанија EVE, планира изградба и на други постројки на атлантскиот брег. Според нивните сознанија, дури 10% од потребите за енергија на тоа подрачје може да се обезбедат на ваков начин. (energetika-net) 50

ПОРТА

3

7 октомври 2011

„Водечките светски економии треба да ги укинат субвенциите за фосилни горива, со што би се помогнало на земјите во развој да се приспособат на климатските промени“, порачува извештајот на Светка банка. Во извештајот се наведува дека е практично невозможно да се соберат 30 милијарди долари од средствата за јавно финансирање, колку што е потребно за помош на земјите во развој за спроведување на мерките. Од друга страна пак, субвенциите за фосилни горива се проценуваат на околу 50 милијарди долари, од кои 50% оди за нафтената индустрија, а 25% во секторите јаглен и гас. Затоа, почетна точка во обезбедување на средствата за земјите во развој, мора да биде укинувањето на овие субвенции. (UPI)


еко инфо оТАВА

геотермалните ресурси на Канада се огромни Канада може целосно да се ослободи од нафтата и гасот во не така далечна иднина благодарение на своите геотермални ресурси. Најновиот извештај вели дека геотермалните извори на земјата не само што можат да ги покријат потребите за енергија на целата земја, туку можат да обезбедат и електрична енергија за извоз. Геотермалната енергија има низа предности пред другите обновливи извори како на пример ветерот и сонцето, пред сè поради фактот што е распложива постојано 24/7. Како подрачја со најголем потенцијал, извештајот ги издвојува Британска Колумбија, Алберта, Јукон и Северните територии. (Green Optimistic)

БоН

Greenpeace - четири децении борба Веќе 40 години, Greenpeace со спектакуларни акции се бори против климатските промени, отровниот отпад и радиоактивноста. Се почнало во 1971 година, кога група малубројни активисти се упатила кон брегот на Алјаска за да ги спречи американските нуклеарни проби. Групата не успаела да стигне до својата цел, но станала позната во истиот момент. Останатото е историја. Со своите активности, оваа организација низ годините го навлече гневот на многу моќници. Ќе остане запаметен настанот од 1985 година кога Greenpeace беше цел на бомбашки напад од француската тајна служба. Организацијата тогаш беше во мисија за спречување на француските нуклеарни проби. (Deutsche Welle)

ВАшИНгТоН

Nord Stream ги заобиколува „проблемите” Украинската влада бара од Русија јасни одговори на прашањето дали гасоводот Nord Stream (Северен поток) што ги поврзува Русија и Германија преку Балтичкото Море, ќе вијае на руските испораки на гас преку Украина. Досега преку Украина минува 80% од рускиот гас за европскиот пазар, а се проценува дека со активирањето на Северен поток, ќе дојде до пренасочување на значителен дел од испораката за северна Европа. Украинската влада порача дека запирањето на работата на украинските гасоводи би претставувало висок ризик за Европа, па настојува што побрзо да дознае каква ќе биде субдината на украинската гасна траса. (UPI) подготви: Даниела мЛаДеновСКа 7 октомври 2011 ПОРТА

3

51


екологија

ПоЗНАТАТА МАНИФЕСТАцИЈА ЈА РАЗДВИЖИ ЕВРоПА

Од 16 до 22 септември годинава стотици европски градови учествуваа во десеттото издание на Европската недела на мобилност. Тие ги повикаа своите граѓани да учествуваат во низата понудени активности кои промовираат одржливо движење. Годинава, манифестацијата по повод ЕНМ се одвиваше под мотото „Алтернативна мобилност“, кое упатува на амбициозните цели што Европската Унија ги постави пред земјите членки, а се однесуваат на намалување на емисијата на стакленички гасови, зголемување на енергетската ефикасност и поголемо користење на обновливи извори на енергија.

АЛТЕРНАТИВНА МОБИЛНОСТ ЗА

С

о дефиле од пешаци и велосипедисти кое се движеше од фонтаната „Лотосов цвет“ во Градскиот парк, по улиците низ центарот на Скопје, до целта на плоштадот Македонија, на 22 септември беше одбележан Меѓународниот ден без автомобили, како завршница на еднонеделната манифестација позната како Европска недела на мобилност 2011. Годинава за првпат Скопје се приклучи кон оваа масовна европска манифестација, во која се вклучуваат повеќе од 2.000 градови на стариот континент, а има за цел да ги поттикне граѓаните да го користат јавниот транспорт, да возат велосипед или да пешачат и на таков начин да придонесат за поздрава животна средина. Во рамките на седумте дена од Европската недела на мобилност, градските власти во Скопје организираа голем

52

ПОРТА

3

7 октомври 2011

број активности за промоција на јавниот автобуски транспорт, за промоција на велосипедскиот превоз; се промовираа можностите за дневен туризам во околината на Скопје; на младите им се делеа совети за безбедност во сообраќајот и за придобивките од користењето алтернативни средства за превоз;

се дискутираше на различни теми од областа на заштитата на животната средина и здравиот начин на живот, а на Денот без автомобили центарот на градот беше затворен за сообраќај. На тој начин, градот Скопје се придружи на големото семејство европски градови, кои ја спроведуваат најмасовната манифе-

стација посветена на одржливото движење – Европската недела на мобилност. - Градот Скопје е подготвен за учество во ваква голема манифестација, и има со што да се претстави пред европската јавност. Тука, пред сè, мислам на позитивните промени во јавниот автобуски превоз, како што Минатата година португалскиот град Алмада ја доби наградата на Европската недела на мобилност


екологија

Скопје, 2011

ности кои промовираат одржлива мобилност. Годинава, манифестацијата по повод ЕНМ се одвиваше под мотото „Алтернативна мобилност“, кое упатува на амбициозните цели што Европската Унија ги постави пред земјите членки, а треба да се исполнат до 2020 година. Тие се однесуваат на намалување на емисијата на стакленички гасови, зголемување на енергетската ефикасност и поголемо користење на обновливи извори на енергија. - Цели десет години Европската недела на мобилност ги поддржува градовите да изградат подобра животна средина за нивните жители. Годинашното издание „Алтернативна мобилност“ нè охрабрува да ја разгледаме мобилноста на нов начин и да овозможиме да биде поефикасна во поглед на изворите што ги користиме и помалку да загадува. Чистиот јавен транспорт или користењето велосипед се само дел од алтернативите за приватните автомобили - коментира Јанез Поточник, еврокомесарот за животна средина. Повеќе од јасно е дека преголемата употреба на автомобилите го влошува квалитетот на животот во градовите. Бучавата, загадувањето на воздухот, согорувањето и нама-

мобилност 2011. Наградата се доделува на градовите што ќе бидат оценети дека организирале најиновативна кампања за алтернативна мобилност и дека спровеле трајни мерки. Минатата година португалскиот град Алмада ја понесе оваа престижна награда, а веднаш по него на листата се најдоа Мурсија (шпанија) и рига (Летонија).

АЛМАДА НАГрАДЕНА ВО ЕВрОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ Во 2010 година дури 2.221 град од Европа се вклучија со свои активности во неделата што го носеше мотото „Патувај попаметно, живеј подобро“. Пресметано според популацијата, станува збор за околу 221 милион луѓе од 42 земји членки на Европската Унија кои земале учество во оваа масовна еколошка кампања. Успешната кампања на ЕНМ беше прифатена и од земји надвор од Европа, како Аргентина, Тајван, Бразил, Канада, Еквадор и Јапонија. Наградата на Европската недела на мобилност ќе се знае кон крајот на оваа или на почетокот на наредната година. Минатата година ова признание му беше доделено на

ПОЧИСТА ЖИВОТНА СРЕДИНА се набавените нови 149 автобуси, новата автобуска линија до Средно Водно, проектот за обновување на сите 290 автобуски стојалишта, воведените дотации за учениците, бесплатниот превоз за пензионерите, изградбата на велосипедски патеки од двете страни на кејот на реката Вардар и друго. Посебен придонес за заштита на животната средина има и жичницата до Милениумскиот крст. Ги повикавме граѓаните да го користат јавниот превоз и да го прифатат мотото „Во град без мојот автомобил“, со што ќе дадат личен придонес во заштитата на животната средина – изјави градоначалникот Коце Трајановски, кој ја поддржа оваа манифестација. Тој нагласи дека градот Скопје во изминатиов период интензивно работи на пробивање велосипедски патеки од двете страни на кејот на Вардар и нивно обележување по должината на главните сообраќајници.

- Користејќи го алтернативниот превоз истовремено се грижиме за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух, за своето здравје и постигнуваме економски бенефити - порача министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаким Адеми, по повод Меѓународниот ден без автомобили. Со менување на животните навики, додаде Адеми, стануваме дел од европското семејство и континуирано даваме придонес во борбата со климатските промени.

ДЕСЕТТА ГОДИшНИНА НА ЕВрОПСКАТА НЕДЕЛА НА МОБИЛНОСТ Од 16 до 22 септември годинава стотици европски градови учествуваа во десеттото издание на Европската недела на мобилност. Тие ги повикаа своите граѓани да учествуваат во низата понудени актив-

лениот јавен простор станаа вообичаени урбани проблеми. Тоа ја наметна потребата за користење алтернативни форми на транспорт кои ќе помогнат да се намалат емисиите на стакленички гасови, ќе има помало загадување, а ќе се трошат и помалку природни ресурси. Европската недела на мобилност ги охрабрува европските граѓани што живеат во урбаните области, да користат превоз со помала потрошувачка на јаглерод, да пешачат, да возат велосипед и да се возат во автобусите или трамваите од јавниот транспорт. На таков начин, коментираат од ЕНМ, тие ќе помогнат да се направи потребниот трансфер кон енергетски ефикасно општество и активно ќе придонесат за подобрување на животните услови. Како дел од ЕНМ, градовите учесници што ги исполнуваат критериумите можат да аплицираат за Наградата на Европската недела на

португалскиот град Алмада. Од независниот панел, составен од експерти за транспорт кои ги оценуваа градовите, објаснија дека градот направил најмногу за промоција на алтернативните транспортни средства и за да го истакне позитивниот ефект на тие средства врз јавното здравје и животната средина. Наградата беше претставена на церемонија во Брисел на 14 март годинава. Како што информираат од Организацијата, крајбрежниот град Алмада ја промовирал одржливата мобилност преку дузина трајни мерки. Градот значително ги подобрил пешачките зони и велосипедските патеки и изградил неколку паркинг места за велосипеди. На Денот без автомобили Алмада го прогласил стариот историски и комерцијален центар на градот за пешачка зона. Сашо Кузмановски 7 октомври 2011 ПОРТА

3

53


екологија

Палењето шуми како начин за з Општо познато е меѓу народот за палењето на боровите шуми на територијата на нашата земја, со цел остварување на профит од бербата на одредени видови печурки. На опожареното место, следната година доаѓа до развивање на печурки од видот Morchella esculenta, народски позната како„смрчка“.

О

слободувањето на јаглероден диоксид како резултат на уништувањето на шумите претставува втора по големина активност која придонесува кон глобалното затоплување, веднаш по согорувањето на фосилните горива при процесот за производство на електрична и топлинска енергија. Македонија не претставува исклучок на оваа појава, напротив, во нашата земја секое лето се соочуваме со палење на шумите - нашите „резервни“ бели дробови.

ПАЛМИНО МАСЛО Шумите претставуваат природен филтер, кој го абсорбира јаглеродниот диоксид со што драстично се намалува аерозагадувањето, една од најчестите причини за појавата на голем број од респираторните болести. Најчест начин на уништување на шумите претставува сечењето и палењето на истите. Оваа појава во троп54

ПОРТА

3

7 октомври 2011

ските земји најчесто се случува поради „создавање“ на чиста површина на земјиште, кое подоцна би се обработувало за лични потреби, на пример за создавање на плантажи на кои ќе се засадат маслодајни палми. Причината поради која во светот забрзано се уништуваат шуми, со цел на нивно место да се засадат палми за добивање на палмино масло е следнава: маслодајната палма може околу 30 години да дава род, и дава повеќе масло по хектар од кое било друго маслодајно растение. Исто така, палминото масло е едно од најраспространетите масла кои се користат во прехрамбената индустрија, но исто така ова масло може и да се меша со дизел гориво, при што се добива најзначајниот облик на гориво наречено биодизел. Сепак, експертите од целиот свет се согласуваат дека при создавањето на овој вид плантажи се ослободува поголемо количество јаглероден диоксид, отколку што ќе се заштеди преку употребата на биодизелот како гориво.

МАКЕДОНИЈА Ситуацијата во Македонија е малку поразлична, односно шумите најчесто се сечат за добивање на топлинска енергија, односно греење, и тоа поголем процент во руралните области, како и за размножување на одредени видови печурки. Зошто е ова интересно да се спомне? Општо познато е меѓу народот за палењето на боровите шуми на територијата на нашата земја, со цел остварување на профит од бербата на одредени видови печурки. На опожареното место, следната година доаѓа до развивање и растење на печурки од видот Morchella esculenta, народски позната како „смрчка“. Карактеристично за овој вид печурки е тоа што растат само на опожарени места. Затоа и доаѓа до неконтролирано палење на шумите од страна на македонските граѓани, заради остварување на голем профит поради високата цена на пазарот и големата побарувачка во странство. Оваа ситуација, пред сè, се должи на


екологија

а заработувачка

ниската економска моќ на граѓаните во Македонија, при што се бараат алтернативни начини за заработка. На ваква слика сме сведоци секоја година, а оваа година од страна на државата беше донесена забрана за движење низ шумите во Македонија, за сите правни и физички лица. Во светот е проценето дека од вкупно оштетените шуми, 54 % се оштетени со сечење и палење, 22 % се уништени заради садење на маслодајна репка, 19 % се уништени заради производство на разни дрвени производи, а 5 % се уништуваат заради развивање на сточарски фарми. Во светот секој ден се уништуваат шуми со површина петпати поголема од површината на нашата земја.

Најголем дел од уништените шуми се наоѓаат во Бразил и Индонезија. Поединечно, Бразил како држава е одговорна за уништување на 48% од вкупната количина на уништени шуми во светот. Во најголемата прашума во светот - Амазонија, годишно се уништуваат преку 10.000 квадратни километри, и како резултат на ова преку 20 % од амазонската прашума се веќе уништени. Да не дозволиме Македонија да изгуби голем дел од шумите. Да не дозволиме да ги изгубиме нашите резервни бели дробови бидејќи за создавање на нови треба многу години. никола нешкоски, дипл. инж. на жив. средина 7 октомври 2011 ПОРТА

3

55


хортикултура

ИМЕЛИ

Имелите се полупаразитски растенија бидејќи од растението - домаќин ги користат неорганските материи, а со помош на зелените ливчиња и сончевата светлина сами произведуваат органска материја потребна за нивниот раст и развиток

ПОЛУПАРАЗИТСКИ РАСТЕНИЈА ИМЕЛА (Viscum album) Имелата е зимзелен полупаразит. Претставува мала грмушка со заоблена форма, со спротивно распоредени елипсовидни ливчиња, цврсти (кожести) и со светлозелена боја. Гранчињата се зелени. Цветовите се мали, најчесто во пар, во пазувите на ливчињата што се наоѓаат при врвот. Цветањето се одвива напролет. Имелата има плодови во топчест облик. Тие се неугледни, ситни и лепливи, бели или со бледожолта нијанса. Созреваат наесен, а се распространуваат благодарение на птиците. Имено, оние плодови што нема да бидат изедени од птиците, паѓаат и се налепуваат на кората од стеблата. Со ʼртење на семето тие се вкоренуваат во дрвото на Смрекова имела (Arceuthobium oxycedri) паразитира на смрделика (Juniperus sabina) - habitus

56

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Во Република Македонија се утврдени три видови полупаразитски имели кои како домаќини ги користат широколисните и иглолисните растенија. Имелите ги паразитираат физиолошки ослабените стебла, односно претставуваат секундарна појава. Иако овие полупаразити почесто се среќаваат кај шумските дрвенести растенија и не ја загрозуваат урбаната дендрофлора, сепак може да се забележат како паразитираат на зелени површини, односно дворови на викендички и вили во периурбани средини, најчесто на дрвни видови соодветни на околната вегетација.

домаќинот (пуштаат т.н. хаустории). Оттаму ги црпат неорганските материи, а потоа со помош на хлорофилот во нивните ливчиња и сончевата светлина, создаваат органска храна која ја разнесуваат до сите клетки на имелата. Кај нас се најпознати вариететите што паразитираат на стеблата од иглолисните дрвја, особено на елата (Abies borisii regis), како и во крошните на белиот (Pinus sylvestris) и црниот бор (P. nigra).

СМРЕКОВА ИМЕЛА (Arceuthobium oxycedri) За оваа имела е карактеристично тоа што се разликуваат машки и женски единки, поточно се работи за дводо-

мен вид. Смрековата имела претставува мало зимзелено полупаразитско дрвенесто растение, со игловидни лушпести ливчиња и многу мали цветови и бобинки. Интересно е што со помош на хидростатскиот притисок кој го создаваат анатомските делови на имелата, лепливиот плод се исфрла за да може да се залепи на некое стебло, а потоа да ги вкорени хаусториите и да започне со својот раст и развој како нова индивидуа. Кај нас смрековата имела е најчеста на црвената смрека (Juniperus oxycedrus), а понекогаш се јавува и кај модрата смрека (J. communis) и многу ретко паразитира на смрделиката (J. sabina).

Смрекова имела (Arceuthobium oxycedri) паразитира на црвена смрека (Juniperus oxycedrus) - habitus


хортикултура

Дабова имела (Loranthus europaeus) на даб благун (Quercus pubescens) - habitus

ДАБОВА ИМЕЛА (Loranthus europaeus) За разлика од претходниот вид, дабовата имела е листопадна полупаразитска грмушка. Ливчињата се темнозелени, јајцевидни или со издолжена елипсовидна форма. Гранчињата се темносивкасти и кршливи. Цвета напролет, по пролистувањето, со мали бледозеленкасти до жолтеникави гроздести соцветија. Плодовите се ситни и издолжени во облик и боја на крушка, со леплива материја. Зрели се наесен или во зима. Се распространуваат слично како и претходно споменатата имела, со птици. Во Македонија, оваа имела се забележува најчесто врз дабовите (Quercus spp.) и костеновите стебла (Castanea sativa). текст и фото: м-р Бојан Сомовски, Катедра за ботаника и дендрологија УКИМ Шумарски факултет во Скопје

Имела (Viscum album ssp. abietis) паразитира на македонска ела (Abies borisii regis) - habitus

Дабова имела (Loranthus europaeus) на даб плоскач (Quercus frainetto) несозреан плод и ливчиња

7 октомври 2011 ПОРТА

3

57


сеќавање рубрика

Не грижете се. Софтверскиот пакет за пресметка на трошоци и следење на проекти во изведба (ПТСПИ) е вашето решение.

Крајниот рок за поднесување понуда истекува. Ви треба референтна листа на изработени проекти во последните 3 години?!?! Најпрофитабилен проект во изминатата година?!?! Најповолен подизведувач за соработка?!?! Немате контрола на вградените материјали на објекти?!?!

Немате брз одговор на овие прашања?!?!

Со купување на овој софтверски пакет ќе добиете помош при калкулација на цени, припремање на понуди, следење на објекти со изготвување на времени, завршни и ситуации за подизведувачи за вашите градежни проекти во изведба, градежни книги, референтна листа на изработени проекти, контрола на вградените материјали на објекти, како и други помошни анализи и прегледи. Единствен софтвер од ваков тип на пазарот. Побрзајте!!!! Нашата промотивна понуда трае со 31.04.2011 година. Ве очекуваме. Повеќе информации на http://www.elikosoft.com.mk/ptpp.html

Ул. Мајка Тереза бр. 11, 1000 Скопје, Тел: +389 2 3117 533, +389 2 3216 495, +389 2 3216 497, Факс: +389 2 3216 496, е-mail: elikosoft@t-home.mk www.elikosoft.com.mk 1

40

3

ПОРТА

07 октомври 2011


експерт

архитектура рубрика

3

07 октомври 2011 ПОРТА

41


арт инфо МОСКВА

Дадаизмот на Московско биенале

Центарот за дизајн ArtPlay во Москва е домаќин на изложбата „Дада Москва“. Изложбата е во рамките на Московското биенале на современа уметност, и е организирана од страна на „Кабаре Волтер“ од Цирих, местото каде дадаизмот како правец се изродил пред 95 години. Изложбата опфаќа дела на уметници, кустоси, критичари, истражувачи и изведувачи, создадени во период од скоро еден век, меѓу кои е и основачот на дадаизмот, Тристан Цара. Помеѓу делата на застапените уметници се и Казимир Маљевиќ, Владимир Мајаковски, Владимир Татлин, Ирина Кулик од Русија; Карлос Аморалес од Мексико; браќата Џеик и Динос Чепмен од Велика Британија; Керим Зајлер, Тоби Бекол, Бени Бишов, Стефан Бургер од Германија; Карл Михаел фон Хаусволф од Шведска и групата „ИРВИН“ од Словенија.

МИНХЕН

Германски портрет околу 1500 година

Во минхенската галерија „Хипо-Кунстхале“ од неодамна, па сè до 15 јануари 2012 година ќе бидат изложени 170 врвни уметнички дела на Албрех Дирер (1471-1528), Лука Кранах Постариот (1472-1553) и Ханс Холбајн Помладиот (1497/98-1543), како и ремек-дела од резбарија, нумизматика, цртеж, графика. Фокусот на изложбата е периодот околу 1500 година, односно кога на еден начин преку портретот почнала да се „разоткрива индивидуата“. За изложбата се позајмени слики од европските и американските колекции, кои ги илустрираат трите основни начела на изложбата: возвишеното и значајното кај Дирер, едноставното и упростеното кај Кранах и толкувањето на стварноста преку прикажување на просторот и телата кај Холбајн. Овие три модели кои меѓусебно се преплетуваат и ја изразуваат претставата за старото германско сликарство, на оваа изложба го нашле својот возвишен израз.

БЕЛГРАД

Во САНУ изложба на македонски сликари кои живеат во Србија

60

ПОРТА

3

Во големата галерија на САНУ е отворена изложба под наслов „Современи македонски ликовни уметници - белградска школа“, посветена на македонски уметници кои живеат и работат во Белград и Нови Сад. Се работи за уметници кои со своето творештво и кариера дале непосреден придонес на уметничкиот живот во Србија. На изложбата се претставени околу 80 дела на 30 автори кои припаѓаат на различни генерации: Лазар Личеноски, Никола Мартиноски, Младен Србиновиќ, Евгенија Демниевска, Весна Бајалска, Бора Иљоски, Славе Ајтоски, Киро Станковски, Владислав Коцаров, Јордан Гелевски, Зоран Димовски и други. Изложбата е отворена по повод 20 години на македонската државност и независност. 7 октомври 2011

ПОДГОТВИ: Дејан БУЃЕВАЦ


најчудни градби

ЕНДИ ВОРХОЛ како инспирација за уникатна колоритна фасада

О

пшт е заклучокот дека Холандија е расадник на успешни и секогаш нови архитекти. Следејќи ги великаните на холандското градежништво, во последно време оваа земја е горда на Вилем Јан Нојтинглес и Мишел Риедијк, кои се добро познати во Европа, а се пробиваат и на пазарот во САД. За ваквиот однос, делумно е заслужно нивното решение со дизајнот на Холандскиот институт за звук и визија во Хилверсум. Прекрасен објект во форма на обична коцка, но со една феноменална и разиграна стаклена фасада, која просто го одзема здивот. Самите велат дека инспирација им биле сликите на Енди Ворхол, кој одлично комбинирал силни и спротивставени тонови како што се сината и црвената. За холандската дизајнерска фела, ова е досега нивниот најдобар

производ. Објектот се наоѓа во овој град, кој е познат и како седиште на холандската телевизиска индустрија. Овој објект служи и како музеј, односно архива на телевизијата и бродкастинг индустријата. Во него се собрани над 700.000 часови на историски архивски видео материјал кој се надополнува се-

којдневно. Има форма на коцка од која половина е под земја. Суштинскиот дел на овој објект е во тоа што надворешниот изглед е неверојатна комбинација на фотографии со специјално панел стакло. Култни фотографии од холандската ТВ индустрија (на пример, министерот за правда на велосипед на дождлив ден)

се избрани како заднински елемент на панел стаклата, кои имаат особина да се прелеваат и да создаваат бои на виножито. На тој начин, гледано од различен агол, зградата во секој момент има различна нијанса на бои кои целата коцка ја прават шарена во три-четири доминантни бои Драган Ристов

61


излог Tрпезариска маса со засечени ногарки на кои има ласерски формирана шара од цветови. Оваа маса Drop e на италијанското студио Batoni

Столица со алуминиумска база на која има перница од полиуретанска пена тапацирана со ткаенина. Дизајнот е на Paolo Chiantini за фирмата Esedra

62

ПОРТА

3

7 октомври 2011


Столица со метална рамка машински исечена, додека внатрешните форми се рачно извиткани и заварени така што секоja столица претставува уникатно парче. Нејзиниот дизајнер е Fabrizio Batoni

ПОДГОТВИ:

Столица направена од полиуретан од фирмата FreeForm

Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА , дипл.инж.арх.

7 октомври 2011 ПОРТА

3

63


совети

ПОИНАКОВ ДОМ

З

адржувајќи ја постоечката просторна поделба во овој комфорен трособен стан, можете навистина хармонично да ги обедините современиот ентериер и изгледот на некое друго време. Убаво е мебелот и предметите да се во хармонија со просторот, но и да се води сметка за барањата на реалната егзистенција. Приодот кон спалните соби ја дели дневната соба на два дела. Разместете го мебелот така што ќе ја разделува собата за посебни активности – за гледање телевизија и дружење, и помирен дел за одмор и читање. Ѕидовите во светложолта боја украсете ги со лајсни. Во истата боја нека бидат и завесите. Тие ќе прават преубава кулиса за подвижниот мебел. При изборот на мебел можете

да го покажете својот истенчен стил и оригиналност. Изберете софа во стилот на триесеттите и ниска масичка од масивно дрво. Урамнотежената игра на светложолтата, кафеавата и кармин бојата, ќе направат основа за добро доживување на просторот. Во кујната и бањата остварете ја желбата за модерен комфор. Трпезаријата е во состав на кујната, одделена од дневната соба. Големата трпезариска маса е место за собирање на фамилијата за ручек. Дека трпезаријата е воедно и кујна, одвај се забележува, зашто едноставните елементи од кујната се наоѓаат во заднина. Многубројните ламби ќе ја зголемат топлата атмосфера. Билјана СТЕВКОВСКА САВИЌ , дипл.инж.арх. b.savic@porta3.com.mk

Живееме во стан од трикатна зграда изградена во почетокот на минатиот век. Станот го наследивме од нашите родители. При сите реновирања кои сме ги правеле не сме го менувале внатрешниот распоред ниту големината и изгледот на прозорците. Би сакале да го освежиме ентериерот и да добиеме еден поинаков дом – внатрешниот изглед да се надополнува со надворешниот, но да има и елементи на современ ентериер. Ве молиме за совет. Маријана Настева, Скопје

Pred Potoa

64

ПОРТА

3

7 октомври 2011


jaвни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 126/2011 ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТАНИЦА ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ТЕЧНИ ГОРИВА И ТЕЧЕН НАФТЕН ГАС, СО ПРОПРАТНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА САРАЈ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛА ХИДРОЦЕНТРАЛА СО РЕФ.БР.11 СО ПРОПРАТНИ ОБЈЕКТИ НА ВОДОТЕКОТ НА ТРЕСЕНОЧКА РЕКА, ОПШТИНА МАВРОВО И РОСТУШЕ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р201, М.В. КШАНСКО ПОЛЕ“, КО ПАВЛЕШЕНЦИ ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ МЕРА, КО ГРАДЕЦ, ОПШТИНА ВАЛАНДОВО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КО КОНЧЕ, ОПШТИНА КОНЧЕ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛА ХИДРОЕЛЕКТРАНА СО РЕФ.БР.179 “КРИВА РЕКА“, НА ВОДОТЕЦИТЕ НА КРИВА РЕКА И ТОРАНИЧКА РЕКА, КО КОСТУР, ОПШТИНА КРИВА ПАЛАНКА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ М1, М.В. СЛАНЕЦ, КО ПРЖДЕВО, ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС Г2, ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА ВО КО НЕГОТИНО ОПШТИНА НЕГОТИНО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС СО НАМЕНА Г-2 ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, НА КП БР. 122, М.В. СИРУЛСКА РЕКА, КО ВАПИЛА, ОПШТИНА ОХРИД

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ М1“, М.В. “ВЕНУЛЕ“, КО ГРНЧИШТЕ, ОПШТИНА ГРАДСКО

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА КО ГРАДЕЦ, ОПШТИНА ВИНИЦА

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА РЕГИОНАЛЕН ПАТ Р 526“, М.В. КОРИЈА, КО ЧАЛОШЕВО И КО ВЕЛЕС, ОПШТИНА ВЕЛЕС

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ЛОКАЛИТЕТ ШАТОРОВ КАМЕН, КО ПРИЛЕП, ОПШТИНА ПРИЛЕП

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ М5“, КО ВЕТЕРСКО, ОПШТИНА ВЕЛЕС

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ПКЛИШТЕ УРБАН БЛОК 1 – ВИКЕНД НАСЕЛБА, КО ПКЛИШТЕ, ОПШТИНА РАНКОВЦЕ

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ М1“, М.В. “ЧУКУР БАЛАР“, КО КАРАСЛАРИ, ОПШТИНА ВЕЛЕС

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ЛОКАЛИТЕТ БАБИН ДОЛ, КО КУМАНОВО, ОПШТИНА КУМАНОВО

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗГРАДБА НА РАДИОРЕЛЕЈНА МРЕЖА ЦДХ И ПДХ, ЗА ИНТЕРНА УПОТРЕБА НА ЕВН МАКЕДОНИЈА, ВО ОПШТИНА КРАТОВО

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ОДОБРУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА ТИРЗ СТРУГА, М.В. “МАТОРНИК“ КО МИСЛЕШЕВО – ОПШТИНА СТРУГА

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА БАЗНА СТАНИЦА ЗА МОБИЛНА ТЕЛЕФОНИЈА КМН 2077 КРАТОВО, КО ШЛЕГОВО, ОПШТИНА КРАТОВО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА СО ПРАТЕЧКИ ОБЈЕКТИ И СТАНИЦА ЗА ТНГ НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ ГОСТИВАР – ТЕТОВО, КО ПИРОК ОПШТИНА БОГОВИЊЕ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА РАДИО РЕЛЕЈНА СДХ И ПДХ МРЕЖА ЗА СОПСТВЕНИ ПОТРЕБИ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА КО ДРЕВЕНИК ОПШТИНА БИТОЛА ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА ДРЖАВНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА “БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ М5, М.В. ВЕРЕЧ И ЧУКА“, КО ВЕСЕЛЧАНИ И КО ТОПОЛЧАНИ, ОПШТИНА ПРИЛЕП ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗРАБОТКА НА ЛОКАЛНА УРБАНИСТИЧКА ПЛАНСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИЗГРАДБА НА МАЛА ХИДРОЕЛЕКТРАНА СО РЕФ. БР. 327 СО ПРОПРАТНИ ОБЈЕКТИ НА КРИВА РЕКА, М.В. СРЕДНО ВО КО ПЕХЧЕВО, ОПШТИНА ПЕХЧЕВО

ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ВОН НАСЕЛЕНО МЕСТО ЗА ЛОКАЛИТЕТОТ АРАМИСКА ЧЕШМА, ОПШТИНА КОЧАНИ ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, ЗА ИЗГРАДБА НА РАДИОРЕЛЕЈНА МРЕЖА ЦДХ И ПДХ, ЗА ИНТЕРНА УПОТРЕБА НА ЕВН МАКЕДОНИЈА,, ВО ОПШТИНА ТЕТОВО ОДЛУКА ЗА ДАВАЊЕ НА СОГЛАСНОСТ ЗА ТРАЈНА ПРЕНАМЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКО ВО ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ, СПОРЕД ЛУПД, ЗА ИЗГРАДБА НА ОБЈЕКТИ СО КЛАСА НА НАМЕНИ Г-3 И Г-4 СЕРВИСИ, МАГАЦИНИ И СТОВАРИШТА, ОПШТИНА БИТОЛА ОГЛАСИ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА Г2 ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА СО КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА НАМЕНА Г3, Г4, Д1 И Д2 ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за вон населено место Илинден за дел од стопански комплекс КО Илинден, Урбан блок 1, УБ2, УБ3, и УБ4 измена и дополна, усвоено со одлука 07-464 /3 од 13.03.2009 година на општина Илинден со намена за изградба на Г2 лесна и незагадувачка индустрија со компатибилни класи на намена Г3, Г4, Д1 и Д2, согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарска парцела, вкупна површина на градежната

парцела, катност, површина за градење, процент на изграденост, потребни паркинг места, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 17.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 27.10.2011 година, во 14,00 часот. ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА Г2 – ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Локална урбанистичка планска документација Криволак – Неготино со Решение бр. 10-123/5 од 16.04.2010 година со намена за изградба на Г2 лесна и незагадувачка индустрија согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, број на катастарската парцела, вкупна површина на градежната парцела, катност, површина за градење, процент на изграденост, потребни паркинг места, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 18.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 26.10.2011 година, во 12,00 часот. ОДЛУКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТ БОШАВА ЗА ПОВЕЌЕНАМЕНСКО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ВОДИТЕ ОДЛУКА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА МИНИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА “ТОПЛЕЦ“ КАКО ДЕЛ ОД ХИДРОСИСТЕМОТ “ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО“ ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 0008/2011 Назив на договорниот орган: ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, ул. “Водњанска“ бр. 17, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведба на градежни и градежно занатски работи на бункер за акцелератор и надзор над изведба на градежни и градежно занатски работи на бункер за акцелератор. Контакт тел/факс: 3111-232, 3111,430, лице за контакт: Маја Дерменџиев. Јавно отворање на понудите на ден 26.10.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 129/2011 ОДЛУКА ЗА ПРЕКИН НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РАЗВОЈ, ФИНАНСИРАЊЕ, УПРАВУВАЊЕ И ВРШЕЊЕ РАБОТИ НА ОСНОВАЧ НА ТЕХНОЛОШКО ИНДУСТРИСКА РАЗВОЈНА ЗОНА ВО ТЕТОВО

7 октомври 2011 ПОРТА

3

65


jaвни набавки ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ВИНАРИИ ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план за вон населено место КО Кавадарци општина Кавадарци со намена за изградба на винарии – Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) компатибилна класа на намена мах. 30%- Г4 – 20% и Б1 – 10% донесен со одлука бр. 07-5461/5 од 06.10.2010 година за ГП бр. 1,2,3 и 4 од табеларниот преглед и Урбанистички план за вон населено место КО Ресава општина Кавадарци со намена за изградба на винарии – Г2 (лесна и незагадувачка индустрија) компатибилна класа на намена мах. 30% - Б1, Б2, Д2, Г3, Г4 донесен со одлука бр. 07-5461/4 од 6.12.2010 година за ГП бр. 1.1, 1.2, 1.3, 1.4, 1.5, 1.6, 1.7 и 1.8) согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежните парцели, за катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, вкупна површина на градежната парцела, катност, површина за градење, процент на изграденост, потребни паркинг места, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 26.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 04.11.2011 година, во 12,00 часот. ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА А2 – ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ И Б2 – ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ ЕДИНИЦИ ВО ОПШТИНА СТРУМИЦА ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план на град Струмица, урбан блок 36 и дел од 37 донесен со одлука бр. 07-4603/1 од 29.7.2010 година на општина Струмица со намена за изградба на А2 семејно домување во станбени згради и Б2 – големи трговски единици согласно Табеларен преглед во кој се дадени податоци за градежната парцела, намена, број на катастарска парцела, максималната висина, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, процент на изграденост, коефициент на искористеност, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и депозит за учество на јавното наддавање. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 24.10.2011 година на адреса на Министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на ден 31.10.2011 година, во 11,00 часот. ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА А2- СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ ВО ОПШТИНА ПРОБИШТИП ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план,

66

ПОРТА

3

7 октомври 2011

Одлука за донесување на ДУП за УБ7.4 и 11.2 бр. 07-222/6 од 25.2.2010 година на општина Пробиштип наменето за изградба на А2 – Семејно домување во станбени згради и компатибилни намени на основната намена според ДУП во општина Пробиштип. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до: 21.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 29.10.2011 година, во 14,00 часот. ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 54/2011 Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев Јасмин“ бб., 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Продолжување со изградба на нова училишна зграда за потребите на ОУ “Кочо Рацин“ – ПУ Стар Дојран. Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118414, лице за контакт: Игор Николоски. Јавно отворање на понудите на ден 17.10.2011 год. БРОЈ: 03-01/2011 Назив на договорниот орган: АД Електрани на Македонија – Скопје, ул. “11 Октомври“ бр. 9, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Довршување на целосна реконструкција на регулационен објект на истек на река Црн Дрим. Контакт тел/факс: 046 785-420, 02 3111309, лице за контакт: Славко Милевски. Јавно отворање на понудите на ден 17.10.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 130/2011 ПРАВИЛНИК ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ЗОНИТЕ ЧУВСТВИТЕЛНИ НА ИСПУШТАЊЕТО НА УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ ОБЈАВА ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОЕКТ ЗА ИЗГРАДБА НА МИНИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА “РАТЕВО“ И МИНИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА “МАНАХИТА“ ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 11/2011 Назив на договорниот орган: ЈЗУ Општа болница Охрид, ул. “Сирма војвода“ бб, 6000, Охрид. ПРЕДМЕТ: Доградба на објектот во кој е сместен компјутеризираниот томограф. Контакт тел/факс: ++389 046 267-267, ++389 046 263-749, лице за контакт: Оливера Лазароска. Јавно отворање на понудите на ден 19.10.2011 год. БРОЈ: 02/2011 Назив на договорниот орган: Д.С.Д. Никола Карев – Охрид, ул. “Ванчо Николески“ бб, 6000, Охрид. ПРЕДМЕТ: Набавка за санација на санитарни јазли. Контакт тел/факс: 046 260-232, 046 230-

090, лице за контакт: Смиљана Максимоска. Јавно отворање на понудите на ден 06.10.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 131/2011 ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА Г2 ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, Г4 СЕРВИСИ И СТОВАРИШТА ВО ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Урбанистички план вон населено место “Клучка Стопански двор“ усвоен на Совет на општина Ѓорче Петров, со одлука број 07-42/4 од 22.01.2010 година со намена за изградба на Г2 Лесна и незагадувачка индустрија, Г4 Сервиси и Стоваришта, согласно Табеларен преглед. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 31.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 10.11.2011 година, во 11,00 часот. ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПА ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план за локалитет Ново Лисиче УЕ “А“ донесен со општ акт одлука бр. 07-136/4 од 27.11.2007 година на општина Аеродром со намена за изградба на инфраструктура – бензинска пумпа, согласно Табеларен преглед. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 26.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 04.11.2011 година, во 10,00 часот. ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА СЕМЕЈНО ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ МАЛИ КОМЕРЦИЈАЛНИ И ДЕЛОВНИ ОБЈЕКТИ ВО ОПШТИНА АЕРОДРОМ ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален урбанистички план за локалитет Индустриска зона УЕ “В“ донесен со општ акд одлука бр. 07-104/3 од 29.05.2008 година на општина Аеродром со намена за изградба на семејно домување во станбени згради мали комерцијални и деловни објекти, согласно Табеларен преглед. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 28.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на

09.11.2011 година, во 14,00 часот. ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 05/2011 Назив на договорниот орган: Општина Чучер – Сандево, с. Кучевиште, 1011, Скопје. ПРЕДМЕТ: Јавна набавка за реконструкција на старото училиште во с. Чучер. Контакт тел/факс: 02 2666-157, лице за контакт: Анита Тапанџиоска. Јавно отворање на понудите на ден 19.10.2011 год.

СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 132/2011 ОТВОРЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПРИСТАПУВАЊЕ КОН ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО ЗА ИЗГРАДБА НА МИНИ ХИДРОЕЛЕКТРИЧНА ЦЕНТРАЛА “ТОПЛЕЦ“ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ СО НАМЕНА ЗА ИЗГРАДБА НА СТОПАНСКИ ОБЈЕКТИ – Г2 ВО ОПШТИНА КАВАДАРЦИ ПРЕДМЕТ: Градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Детален Урбанистички план за село Карбинци донесен со одлука број 0701-348/1 од 06.09.2011 година за изградба на стопански објекти Г2 – согласно Табеларен преглед. Пријавите за учество на јавното наддавање можат да се достават до 31.10.2011 година на адреса на министерството за транспорт и врски: ул. “Црвена Скопска Општина“ бр. 4, во Скопје. Јавното наддавање ќе започне на 09.11.2011 година, во 11,00 часот. ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 02/2011 Назив на договорниот орган: Служба за општи и заеднички работи на Владата на Репбулика Македонија, ул. “Кузман Јосифовски Питу“ бр. 17, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изведување на градежни и градежно – занаетчиски работи за изградба на подземно паркиралиште на локалитетот Мал ринг во Скопје. Контакт тел/факс: 2465-225, лице за контакт: Соња Полизовска. Пријавите за учество да се достават најдоцна до 03.11.2011 година. БРОЈ: 57/2011 Назив на договорниот орган: Министерство за образование и наука, ул. “Мито Хаџи Василев – Јасмин“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Втора фаза на вршење на стручно – технички надзор за сите фази на инвестиционата градба на ново основно училиште во населено место Реонски центар, Општина Аеродром, Скопје. Контакт тел/факс: 02 3220-113, 02 3118414, лице за контакт: Игор Николоски. Јавно отворање на понудите на ден 26.10.2011 год.


рубрика



Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.