Милорад Јовановски, декан на Градежен факултет во Скопје:
Факултетот продолжува со својата мисија
90 денари / БРОЈ 175 / ПЕТОК 27.01.2012 година VIII
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
ТАЈнИТе нА ФИнскАТА сАунА
кОлку сМе нАвИсТИнА свеснИ ЗА клИМАТскИТе пРОМенИ?
АнкеТАТА ЗА влАДАТА е кАкО АнкеТА ЗА ТРАнсплАнТАЦИЈА нА сРЦе
www.porta3.com.mk
Ј А
В У В
Ј А
! Е
У С Т Ш И О И Т Б А А П Р ПЛ 0 0 О Т С Е 8 и
р на
де
а т ла
п т е
Р П
на
пр
ш и д
ОТ РОМКИ“ Д О АЕР Р ВЕЛИ ЛИК ДА НОВ рАената џамија ќе се Н СА ШаЌ СО рации К Е А КУ КИидните гене „АЛ за С ПРчВувОаДза Марио Бота РИ БР ОД НТЕЈНЕИЈА Преку јазикот т, КО ЕДОН на просторо та К на ли т А ет н св метријатаи М ВО бие гео
го
м в ив а иот вр л р о латн овт Неп под з
КИТЕ БРИТАНСТИ ЌЕ АРХИТЕК РААТ СЕ ЕДУЦИНОВА СПОРЕД ЕЛНА Т ЗАДОЛЖИГРАМА ПРО
ина VII 21.10.2011 год
ШТВО ГРАДЕ ГРАДЕЖНИ Ж А АРХИ НИШТВО УР КТ ТЕ И РХ ТЕ А ЕКОЛ КТУРА А Ј ЈА ГИ ЛО О О О ГИЈА ТВ ЕК НИШ РА ДЕЖ ГРА ТЕКТУ И А Соработувајте АРХ ОГИЈ Л ЕКО
промотивна цена за студенти 800ДЕН.
на VII
за повеќе информации 11 годи
porta3@porta3.com.mk
.11.20 9 / ПЕТ ОК 04
а VII дин 1 го 201
жиро сметка: 300000001995035 Комерцијална банка АД Скопје
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
со Порта3 - претставете ги вашите проекти, размислувања, дизајни, иновации, интерни настани... Ве очекуваме!
168 / ПЕТОК
90 денари / БРОЈ
уплати на:
рам комунициката со публи
КИ
мир НИКОЛОВС проф. д-р Тихо
а
от Закон з
ВА!
02 3109 311
www.porta3.com.mk
„Л ЗАСОЛ ИНА“ ОД ПР НИШТЕ ИР КАТАС ОДНИ ТРОФ И
БРОЈ 175 ПЕТОК 27.01.2012
ГОДИНА VIII Редакција:
Насловна страница: ПАЛАТА НА УПРАВА,
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Универзитетскиот центар во Охрид. Ќе трае една седмица, а ќе биде наменета претежно за докторанти, магистранти и млади инженери од Македонија и од регионот. Градежниот факултет на високо ниво со децении ја извршува својата мисија, вели во интервјуто за нашето списание проф. д-р Милорад Јовановски, декан на Градежниот факултет при УКИМ, Скопје. Повод за овој разговор се тековните прилики на Градежниот факултет, плановите и измените што се однесуваат на развојот на оваа значајна образовна институција, докторските студии, усвојувањето на Еврокодовите, Комората на овластени архитекти и инженери... Катни трговски центри наместо јавни гаражи. Објектите наречени катни гаражи сè повеќе личат на деловни згради, па на некои од нив дури и не може да се забележи дека се простор за јавно паркирање. Воопшто не е спорно дека во нив има и простор за паркирање, но факт е дека под поимот катна гаража се кријат и други дејности.
ТРИБИНА 06
АНКЕТАТА ЗА ВЛАДАТА Е КАКО АНКЕТА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ
ОД РЕДАКЦИЈАТА
06
КЕЈ НА Р. ВАРДАР ВО СКОПЈЕ (порано зграда на ЦК СКМ, денес Влада на Република Македонија) - СКОПЈЕ, 1970 ГОД. Милорад Јовановски, декан на Градежен факултет во Скопје:
Факултетот продолжува со својата мисија
ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
90 денари / БРОЈ 175 / ПЕТОК 27.01.2012 година VIII
Што се случува со модернистичкото наследство на Скопје? Колку авторските права може да ги заштитат архитектонските дела и до каде може да се оди со нив? Каде е барокот во македонското културно наследство? Со какви процедури се одвива целиот проект „Скопје 2014“? Ова беа прашањата на кои главно се дискутираше на трибината што се одржа во МКЦ под наслов „Архитектурата како историја, историјата како архитектура", за која повод беа активностите за менување на фасадата на владината зграда. Од друга страна, одзивот за трибината беше очаен. На неа имаше помалку архитекти, отколку што се јавиле на конкурсот за фасадно уредување на објектот на владата. Еснафска беда. Она што е Messi моментално во европскиот фудбал тоа е професор Joost Walraven во областа на бетонот. Токму со него ја формираме Летната конструкторска школа 3Ѕ (Structural Summer School), вели иницијаторот за нејзино основање професорот Горан Марковски. Школата ќе се одржува секоја година во јуни, во
ТАЈНИТЕ НА ФИНСКАТА САУНА
КОЛКУ СМЕ НАВИСТИНА СВЕСНИ ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ?
АНКЕТАТА ЗА ВЛАДАТА Е КАКО АНКЕТА ЗА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА НА СРЦЕ
автор: АРХИТЕКТ ПЕТАР МУЛИЧКОВСКИ
18
ИНТЕРВЈУ 18
МИЛОРАД ЈОВАНОВСКИ, ДЕКАН НА ГРАДЕЖНИОТ ФАКУЛТЕТ: ФАКУЛТЕТОТ ПРОДОЛЖУВА СО СВОЈАТА МИСИЈА
МОДЕРНА 28
графички уредник: Дејан ДАВИТКОВ фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА, дипл.инж.арх. Сања ВЕЛИЧКОВСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх.
Печати: Европа92 - Кочани
АРХИТЕКТОНСКИ ЛИКОВНИ ПАТУВАЊА
АРХИТЕКТУРА 42
28
ТАЈНИТЕ НА ФИНСКАТА САУНА
50
SOPA - АПОКАЛИПТИЧНА ЗАКАНА ПО ИНТЕРНЕТОТ
Маркетинг: Биро Проект biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796 www.porta3.com.mk
ЕКСПЕРТ 52
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 1.500 ден.
АРЕНАТА ЗА КОШАРКА - ОД ВРЕМЕН ОБЈЕКТ ДО ТРАЈНО НАСЛЕДСТВО?
ЕКОЛОГИЈА 54
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар АНДОВСКИ Билјана САВИЌ Бојана ФИЛИПОВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (АНГЛИЈА) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Игор РИСТОВСКИ Кире КИПРОСКИ Весна КОСТОВСКА Михаил ТОКАРЕВ Никола НЕШКОСКИ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ Франческо ЧИТРО (ИТАЛИЈА)
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
КРЕАЦИИ 38
КОЛКУ СМЕ НАВИСТИНА СВЕСНИ...?
новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
ЛИНА БО БАРДИ - ХЕРОИНАТА НА БРАЗИЛСКИОТ МОДЕРНИЗАМ
ТЕХНОЛОГИИ 50
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ
жиро с-ка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
54
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година
рубрика
4
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
рубрика
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
5
инфо
Трибина „Архитектурата како историја, историјата како архитектура"
Анкетата за Владата е како анкета за трансплантација на срце Што се случува со модернистичкото наследство на Скопје? Колку авторските права може да ги заштитат архитектонските дела и до каде може да се оди со нив? Каде е барокот во македонското културно наследство? Со какви процедури се одвива целиот проект „Скопје 2014"? Ова беа прашањата на кои главно се дискутираше на трибината што се одржа во МКЦ, за која повод беа активностите за менување на фасадата на владината зграда
„
З
амислете на некој политичар да требаше да му се трансплантира срце, па да се најдеа четири срца и да се ставеа на интернет, за јавноста да избере кое од нив најмногу одговара“. Ова беше можеби најдуховитата забелешка истакната на трибината со наслов „Архитектурата како историја, историјата како архитектура“, во врска со идејата да се промени изгледот на зградата на Владата, уште повеќе за начинот на кој тоа се прави - преку анкета на интернет-страницата на Владата. Нејзиниот творец, професорката Јасмина Силјановска, имаше уште многу нешта да каже за овој проект, но и за сите нему слични, во и надвор од рамките на „Скопје 2014“. Подеднакво расположени за дебатирање беа и другите учесници, професорот Георги Константиновски, претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија Даница Павловска, независниот археолог Василка Димитровска, теоретичарот на уметноста Сузана Милевска и поранешниот министер за култура Ѓунер Исмаил, како и публиката, која дојде и покрај тоа што во истите моменти македонската ракометна репрезентација го играше натпреварот против Данска. Организатори на трибината беа повеќе организации и здруженија, меѓу кои и Асоцијацијата на архитекти, „Прва архибригада“ и „Плоштад слобода“. Но, проблем не е само објектот на Владата чиј изглед се менува, туку и на самиот објект каде што се одржуваше трибината - Младинскиот културен центар, се смени и изгледот на мостот „Гоце Делчев“ и
6
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
Катерина Спасовска-Трпковска на други модернистички зданија, но архитектите, според Ивана Драгшиќ, една од модераторките, не биле доволно гласни досега, како што се сега за овој објект. Затоа таа на почетокот упати прашање до Даница Павловска, дали клучната разлика овој пат е што авторот е сè уште жив. - Да, тоа е причината. Но, не сме биле многу тивки и претходно. Ние
сме релевантна професија што изнесува стручен став - одговори Павловска, додавајќи дека била направена и студија за модерната во Скопје, од која произлегол заклучок дека значајните објекти од таа епоха (вклучувајќи го и тој на Владата) треба да се стават под привремена заштита додека се спроведува процедура
Рушење - прашањето што сите го помислуваат, но ретко кој го поставува Авторското право беше меѓу клучните теми за кои се дискутираше, односно дали некој има право да му го менува објектот на Петар Муличковски. Но публиката ја откри и другата страна на паричката. Што ако утре се соочиме со повикувањето на авторското право и од Валентина Стевановска, и од Вангел Божиновски, па и од Никола Груевски лично како автор на целиот проект „Скопје 2014“. Што ако тие речат дека нивните објекти не може да ги менуваме, зашто немаме авторско право. Затоа модераторката Ивана Драгшиќ многу појасно го постави прашањето за тоа што би требало да им се случи на објектите од „Скопје 2014“ во иднина. - Што мислите околу нивното рушење, претопување и отстранување - отворено праша таа, со што предизвика реакции во целата сала. За професорот Константиновски рушењето би било добро, уште додека биле карабини, зашто ќе сме заштеделе пари. Но Силјановска сепак не се согласи со тоа. - Ако некој објект не е дивоградба, нема никаква основа да се сруши - рече таа. Сепак, Драгшиќ објасни дека како основа за такво нешто би можела да биде и функционалноста, односно нејзиното отсуство, како во примерот со Стариот театар, за кој не се знае како ќе општи, како ќе комуницира со околниот простор, во кој има фреквентен булевар и мост. - Немојте да апелирате на рушење! Така ќе бидете исти како другите. Вандализмот е вандализам - им порача професорката. реагираме, но на едно друго ниво. Сепак, се покажа дека тоа не било доволно добро за да се наметнеме. Но и системот не дозволува нашите реакции да влијаат, иако ние
за нивното трајно заштитување како културно наследство. Претседателката на ААМ, исто така, ги цитираше законските одредби според кои ако на едно
дело му е потребна преправка, таа работа прво му се нуди на неговиот автор, а во случајов архитектот Петар Муличковски е заобиколен, а истакна дека објектот може да се направи енергетски ефикасен (што е и официјалната причина за распишаниот оглас за фасада) и без воопшто да се менува неговиот изглед. За самата владина зграда рече дека е дело со врвни архитектонски квалитети и со препознатлива вредност, со извонредна фасада и кровна завршница. - Затоа ние велиме дека Илинденска без број всушност има бележен број. И ова што се случува е невиден вандализам. Случајно го знам редоследот на активностите. Се распиша тендер, а не конкурс и на Муличковски му рекле дека и тој има право да учествува. Потоа ги видовме петте предлози за фасада, кои ги избрала инкогнито комисија и за кои се консултира општата јавност, наместо стручната. Јас сум за вклучување на јавноста во одлучувањето, но не на овој начин, во оваа форма или за овој објект - потенцираше Павловска. Иако објектот, како што кажа модераторката Драгшиќ, дише во просторот околу него, со Вардар и со околината, не само што не е заштитен, како и се друго изградено по 1963 година, туку понекогаш е нарекуван „комунистички коцки“. Професорот Георги Константиновски се позанимава со тој термин. - На Интернет еднаш ми стигна коментар за студентскиот дом „Гоце Делчев“, чиј автор сум. Вели - „бев во таа твоја комунистичка зграда, грда е, но ништо не се слуша од надвор, па дури и да има музика на десет метри од неа“. Не само „комунистичка", често се употребува
инфо
и терминот „комуњарска", како посилен. А најинтересно е што јас тие идеи ги донесов од Америка. Имаше една група архитекти кои беа пратени на обука во САД и тие оттаму се вратија со свежи идеи во стилот на модерната. Ова е очигледен обид да се омаловажи целата таа архитектура, со која Скопје беше еден од најубавите градови на Балканот. Омаловажувањето е главно од незнаење, пред се кај младите генерации - смета Константиновски. Професорот не штедеше зборови ниту за новите објекти, нарекувајќи ги карикатури, затоа што се имитација на нешто, не се оригинални, нагласувајќи дека со нив Скопје ќе биде туристичка мека за исмејување. Професорката Јасмина Силјановска сметаше дека заштитата на целокупното модернистичко наследство е второстепено прашање во овој случај, односно дека е поважно да се занимаваме со авторското право и со фактот што тоа беше негирано во овие процеси, а беше и реплицирано дека не треба да се занемари фактот што се менуваат фасади и на објекти чии автори не се живи, па според тоа нивната одбрана е уште послаба, затоа што не се заштитени, а имаат потенцијал да бидат. Затоа се наметна прашањето каде е модерната во заштитата на културното наследство. Археологот Василка Димитровска вели дека побарала информација од Управата за заштита на културното наследство дали е
заштитен објектот на Владата, и рекле дека не е. Потоа побарала список на сите заштитени објекти, но добила одговор дека такво нешто постои, ама не е достапно за јавноста. - Еден објект може да се смета за културно наследство и ако е од историска важност, ако во него се одвивале значајни настани. Но важен е и стилот во уметноста, дали е тој временски тапациран - рече Димитровска, додавајќи дека најмногу ја погодило тоа што со изградбата на новите објекти се губат културни ресурси, археолошки богатства, зашто за ниеден постамент немало археолошко истражување дали има нешто на местото каде што тој треба да се гради. - Колку Македонија има врска со барок? Тоа бил стил на Западот, додека тука сме ја имале византиската архитектура. Тие западни стилови на овие простори само повремено се пробивале, но речиси никогаш не провејале - нагласи Димитровска. Барок или бабарок го нарече еден студент, се надоврза професорката Силјановска. - Нема потреба воопшто да дискутираме околу барокот. Замислете секој што доаѓал на власт да го менувал изгледот на се. Тогаш не би имале град, би биле табула раза. Сега се претставува едно време во кое ние не сме биле интензивно. Ова е архитектура на фасадизам. Се бара нова наметка, нова кошула. Но архитектурата не е зелка со кошули триста. Ова е „плејбој“ архитектура, имаме конкурс за насловна страна на
„Плејбој“. Замислете на некој политичар да треба да му се пресади срце, па да се стават четири срца за граѓаните со гласање на Интернет да го изберат најсоодветното - истакна Силјановска. Со тоа дека нема воопшто потреба да се дискутира за барокот се согласи и Сузана Милевска. - Затоа, наместо за естетиката, треба да зборуваме за етиката. Стилот за кој зборуваме не се нарекува „комуњарски“ или „комунистички“, туку социјалистички модернизам, и е прифатен како позитивен пример. Тој бил можеби единствена форма на критика на постмодернистичките ставови кои тврделе дека модерната исклучува се што било пред неа. Зошто треба да ги сочуваме сите објекти? За да не заборавиме да градиме, да имаме увид точно кога и како се градело, и да го надоградуваме тоа знаење - рече Милевска. Ѓунер Исмаил работел четири години во зградата на Владата и се присетува дека професорот Муличковски имал обичај да реагира дури и кога ќе се сменеле фотелјите во фоајеата, а камоли за посериозни интервенции. Злосторството кон таа зграда почна одамна, уште кога се поставија античките статуи пред неа. И со тоа беше радикално нарушен нејзиниот изглед, зашто и платото е дел од целото дело. Овие се конструктивни талибанци. Талибанците, ако нешто не им се допаѓа, го рушат со динамит. Овие рушат, ама со градење. Што рушат? Историскиот континуитет на нацијата. Ова
е сепак Асномска Македонија. Затоа и „Скопје 2014“ е политички проект - потенцираше Исмаил. Излагањата предизвикаа голем интерес кај публиката, па се чекаше на ред за збор или за прашање. Никола Гелевски, еден од присутните, рече дека со ваквите проекти токму нашата Влада го уништува нашиот национален идентитет. - Во целата втора половина на 20 век, додека многумина од страна се обидувале да докажат дека ние сме коминтерновска измислица, пред се од Бугарија, Грција или од Србија, тука се водела борба да се покаже дека Македонците се посебен народ со свој идентитет. Сега доаѓаат овие и наеднаш како да велат дека ние навистина сме комунистичка измислица, навистина немаме идентитет, па сега ќе ни дадат нов, антички, со Александар итн - нагласи Гелевски. Силјановска се надоврза дека копирањето туѓи стилови открива недостиг од капацитет да се создадат свои. Таа го проблематизираше и начинот на кој се врши целата реконструкција, односно процедурата. - Се распишува тендер, наместо конкурс, што е сосема поинаков вид на оглас. На тендерот се бара најповолен понудувач, а тука се учествува со готов производ, со готов проект кој се нуди и кој може да не биде избран и да пропадне, авторот да не добие никаков надомест. На конкурсите има позната комисија која ги оценува според критериуми - потенцираше Силјановска.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
7
инфо
Архитектонска академија на ААМ За објектот на „Илинденска“ бб
Трајна вредност која треба да се заштити и сочува
О
бјектот на Владата на Република Македонија на бул. „Илинден“ бб, чиј автор е професор Петар Муличковски, е селектиран на јавен југословенски конкурс, на кој учествуваа повеќе врвни архитекти од просторот на бивша Југославија. Конкурсната комисија составена од афирмирани југословенски архитекти, оценувајќи ги пристигнатите трудови, го издвои како најквалитетен трудот што понуди извонредна композиција од шест во основа еднакви волумени - коцки со различни височини, поставени на платформа. Извонредно обликувани со висечки алуминиумски фасади, со оргинална конструкција од армирано-бетонски јадра од кои конзолно се испуштени горните катови, обесени на моќна кровна челична конструкција. Посебно висока оценка објектот добива за извонредно обликуваните кровни завршетоци, кои од скопската тврдина Кале изгледаат импресивно со богато разиграните волумени кои изникнуваат од една рамна платформа. Проектот, под раководство на авторот проф. Петар Муличковски, е работен во ИСП „Бетон“, Скопје, со заложба да се изготви оргиналниот авторски проект, во
8
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
сите сегменти на објектот, вклучувајќи и странски специјалисти за конструкцијата, кои во сеизмички услови ја потврдуваат стабилноста на конструктивното решение. Со изградбата на објектот (Р.Г.О. Бетон) се потврдија идеите на авторот за создавање на дело со врвни архитектонски квалитети, кои го вброија во редот на врвни остварувања на современата македонска архитектура со трајни вредности. Објектот претставува белег, мемориска слика на градот Скопје со заштитен код. Врвно авторско дело со антологиска и препознатлива вредност. Оттаму произлегува и потребата објектот да се заштити со Закон во неговата изворна оргиналност како дело од национална вредност. Познавајќи ги докажаните квалитети на авторот, сметаме дека со неговите способности може да одговори на барањата на инвеститорот за отстранување на сите утврдени техничко-технолошки и експлоатоциони слабости на објектот. Сите интервенции кои би се направиле на објектот, особено во обликовниот сегмент, без авторовото учество, е грубо нарушување на интелектуалното авторско право, утврдено со Закон!
Илинденска без број, всушност има бележан број - белег, голем и вреден со мемориски код, со вредности кои одамна ги минуваат рамките на градот Скопје, Република Македонија и Балканот. Трајна вредност која треба да се заштитува и сочува! Посегањето по него и китењето со разноразни минати изветвени стилови, кои не припаѓаат на нашето време и поднебје е недозволив вандализам - насилство и уништување на објект со национален белег, докажани вредности и неодминлива иконографија на градот Скопје и Република Македонија. Во одбраната на националниот идентитет, преку заштита на името, јазикот, книжевноста, културата и уметноста, секако дека припаѓа и АРХИТЕКТУРАТА како неодминлив дел од културата на Република Македонија.
Архитектонска академија на ААМ Александар Смилевски, дипл.инж.арх. претседател Ова јавно обраќање е усвоено на редовна седница на Претседателството на АА на ААМ на ден 13.01.2012 година во Скопје
инфо
Асоцијација на архитектите на Македонија
Вредноста и авторските права на објектите од 20 век
Д
олговоековната историја на цивилизацијата покажува дека секоја архитектонска творба содржи повеќе вредносни компоненти, меѓу кои преовладуваат општествено - функционалната, техничко - економската и идејно - естетската. Врз оснва на нив може да се определи значењето и однoсот кон објектот, без разлика на неговата старост. Тргнувајќи од фактот што објектите создадени во 20 век, во времето на Модерната и по неа, веќе припаѓаат на историјата, соодветните меѓународни институции веќе иницираа и презедоа низа активности за нивна валоризација, ревалоризација, јавно и вреднување промоција. Таа акција пристигна и до Република Македонија, така што во 2007 година, врз основа на елаборати изработени од НУ Конзерваторски центар Скопје, Управата за заштита на спомениците на културата ги има донесено заштитно конзеравторските основи за културното наследство во централното градско подрачје. Со тие основи, целосно се опфатени сите објекти од периодот меѓу двете светски војни од десниот брег на реката Вардар, со посебен акцент на третманот на позначајните објекти од истиот период. Со наведениот акт се претставени сите влијателни параметри кои треба да се почитуваат во вид на архитектонски/планерски однос кон објектите што се регистрирани со ревалоризацијата и кон кои е утврден посебен режим на заштита. Со воспоставувањето на заштитата, секогаш се воспоставува и нов однос кон просторот што е предмет на кој било опфат во градот, а согласно позитивните прописи/акти/закони. Со нив, покрај заштитата на целата територија во гранците на опфатот, е предвиден и режим на заштита кон единечни објекти со соодветна
Општо познато е дека замената на дотраената „обвивка“ на објектот со нова енергетски поефикасна, како и интервенциите врз неговата техничка структура, можат да бидат направени без да влијаат врз неговите основни вредносни компоненти. На таков начин, тој и понатаму би останал препознатлива и многу значајна поента во дадениот простор, како и за времето на неговото создавање
категоризација, со соодветен режим на заштита одреден на начин определен со упатствата дадени во позитивните законски акти. Во заклучокот од основите е наведено: Со понатамошното рекогносцирање, ќе се продолжи на левиот брег на реката Вардар, на објекти настанати меѓу двете светски војни, а потоа ќе се пристапи кон рекогносцирање на објектите што претставуваат значајни примери на градската архитектура изградени по Втората светска војна до денес. За жал, од тие иницијативи не произлезе соодветна акција, така што низа вредни објекти од 20 век, изградени во централното градско подрачје на Скопје, досега не се опфатени со активности кои би требало да произлезат од Законот за заштита на културното наследство. Меѓу нив спаѓа и објектот во кој денес е сместена Владата на РМ. Познато е дека вредносните компоненти на овој објект веќе се потврдени на три нивоа: - Проектната идеја има добиено прва награда на општ сојузен анонимен конкурс; - Објектот има добиено „Борбина плакета за најдобра реализација во Република Македонија“ (1970 год.); - Авторот, арх. Петар Муличковски, има добиено републичка награда „11 Октомври“ за најдобро дело во 1970 година. Од изнесените факти би можеле да произлезат активности за заштита на автентичните вредности на објектот во две насоки, и тоа: 1. Наведените награди можат да послужат како основа за поведување постапка за воспоставување на заштита до донесување на актот за заштита, бидејќи согласно чл. 39, став 1 од Законот за заштита „Решение за привремена заштита се донесува за добрата за кои основано се претпоставува дека претставуваат културно наследство“. 2. Од друга страна, без какви било
претпоставки, може да се поведе постапка за заштита на авторското право, бидејќи во чл. 10 од Законот за заштита на авторските права од 2010, е определено дека каква било преработка на авторското дело, најпрво треба да му се понуди на авторот. Во секој случај, поради одбивање или недостапност на авторот, со преработката треба да се почитуваат моралните права. Општо познато е дека замената на дотраената „обвивка“ на објектот со нова енергетски
поефикасна, како и интервенциите врз неговата техничка структура, можат да бидат направени без да влијаат врз неговите основни вредносни компоненти. На таков начин, тој и понатаму би останал препознатлива и многу значајна поента во дадениот простор, како и за времето на неговото создавање. УПРАВЕН ОДБОР НА АСОЦИЈАЦИЈА НА АХИТЕКТИ НА МАКЕДОНИЈА претседател
Даница Павловска Циги
скопје
со иЗградбаТа на нови објекТи се продлабочува
катни трговски центри наместо јавни гаражи Објектите наречени катни гаражи сè повеќе личат на деловни згради, па на некои од нив дури и не може да се забележи дека се простор за јавно паркирање. Воопшто не е спорно дека во нив има и простор за паркирање, но факт е дека под поимот катна гаража се кријат и други дејности.
Н
ајмалку дваесет години паркирањето е едно од најгорливите прашања во градот, но решенијата што се наоѓаат за него не се секогаш најсоодветни. Се отворија неколку нови паркиралишта на Јавното претпријатие „Градски паркинг“, се воведе зонско паркирање, се изградија неколку катни гаражи, а сепак место за паркирање нема. Трендот за изградба на катни гаражи што го зафати градот изминативе неколку години продолжува и понатаму да ја тресе нашата метропола, но сите тие отвораат нови проблеми со паркирање, а не пак да го решат постоечкиот. И покрај објаснувањата од надлежните дека катните гаражи се градат исклучиво за решавање на проблемот со
10
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
Катерина СпаСовСКа-ТрпКовСКа паркирањето, сè поевидентно е дека тие се прават затоа што се одличен бизнис и можност за заработка. Објектите наречени катни гаражи сè повеќе личат на деловни згради, па на некои од нив дури и не може да се забележи дека се простор за јавно паркирање. Воопшто не е спорно дека во нив има и простор за паркирање, но факт е дека под поимот катна гаража се кријат и други дејности. Во последниве две години се изградени два објекта што на големо беа најавувани како катни гаражи, но ниту еден не функционира исклучиво за јавно паркирање на возилата. Првата е центарот „Зебра“, на сопственикот на маркетите „Тинекс“ и актуелен градоначалник на општината Центар, Владимир Тодоровиќ. Вториот е објектот на „Сити
плаза“, сместен кај „Рамстор“, веднаш до деловниот објект на НЛБ-групацијата. Изградбата на „Зебра“ во населбата Капиштец од прва катна гаража се пренамени во деловно-трговски центар. Потоа со неколку пренамени на локацијата од катна гаража во катна гаража со деловен центар, се дојде до денешната „Зебра“ - деловен центар со катна гаража. Во неа има 460 места за паркирање, но исто така и супермаркет, хотел, дуќани и кафулиња. Зградата до НЛБ Тутунска банка, кај ТЦ „Рамстор“, требаше да биде катна гаража со подземни и надземни паркиралишта. Предвидено беше во неа да се паркираат 550 возила, но по изградбата нивниот број се намали на 150 места, во подземниот паркинг. Горните катови сè уште не се употребуваат.
При купување или добивање на некое земјиште под закуп, инвеститорот треба да плати комуналии на градот и на општината каде што се наоѓа земјиштето. Комуналиите што инвеститорот ги плаќа за изградба на катна гаража се многу помали од оние што треба да ги даде за деловен или станбен објект. Кога инвеститорот ќе добие градежна дозвола за изградба на катна гаража, тој може да си направи пренамена во деловен објект, затоа што од деловниот простор ќе заработи многу повеќе отколку од паркиралиштата. Факт е дека новите објекти ќе го ублажат, но нема да го решат проблемот со паркирањето. Со седум нови катни гаражи во центарот на Скопје до крајот на 2013 година ќе се создадат 3.500 нови паркинг-места. Тие ниту
скопје
проблемоТ со паркирање во ценТароТ на градоТ оддалеку не се доволни за да ги задоволат потребите за паркирање, но доколку граѓаните редовно ги користат, можат значително да го намалат притисокот врз тротоарите, коловозите и зелените површини. Овие седум катни гаражи се во општествена сопственост, ќе чинат вкупно 35 милиони евра, а ќе ги градат општина Центар, Градот Скопје и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор. Поделбата на колачот за изградба и стопанисување на седумте катни гаражи заврши вака: две за Градот Скопје, и тоа оние на паркингот спроти „Беко“ и во близина на Цветен пазар; две за Општина Центар, кај Судска палата и кај поранешната зграда НИП „Нова Македонија“ и три за станбеното претпријатие, кај МЕПСО, кај зградата на ССМ и кај Музејот на холокаустот. Повеќето од катните гаражи што се градат, се наоѓаат во централното градско подрачје. За изградба на две катни гаражи општина Центар и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (ЈПССДП) потпишаа договори со НЛБ Тутунска банка за финансирање на овие објекти. Општина Центар зема кредит од 2,5 милиони евра за изградба на катна гаража кај Судска палата, а останатите 2,5 милиони евра ќе ги обезбеди од продажбата на деловниот
простор. Кај Судска палата ќе има 500 места за паркирање. Гаражата кај МЕПСО ќе биде автоматизирана и е најавена како една од најсовремените катни гаражи на Балканот. Вредна е речиси шест милиони евра, а главна карактеристика, освен автоматизираноста, е и фасадата во барок, поради потребата да се вклопи со останатите објекти од проектот „Скопје 2014“. Зафаќа површина од 8.229 квадрати и е со капацитет за 280 автомобили. Гаражата на паркингот спроти „Беко“ ќе може да прими 600 возила и 120 велосипеди, а онаа кај Цветен пазар е предвидена за 445 возила. Првата ќе има модерна стаклена фасада и ќе достигне висина од 23 метри. Ќе има седум ката и две нивоа под земја, а на приземјето и на првиот кат се предвидува простор за трговскоделовна намена. Изградбата на овој објект чини 1,4 милион евра, за што Градот зеде кредит. Втората „градска“ гаража кај Цветен пазар ќе има девет ката, а ќе чини 11 милиони евра, што Градот Скопје планира да ги обезбеди од буџетот. Катната гаража кај Работничкиот дом ќе биде изградена на простор од 23 илјади квадратни метри, од кои 20 илјади ќе бидат наменети за паркирање на 500 возила, а останатите 3.000 квадрати ќе бидат за бизнис центар на пет нивоа. Откако почнаа да се градат катните гаражи, односно ставањето
камен-темелници, актуелно стана и продавањето на деловниот простор во нив. На првото јавно наддавање за продажба на деловен простор во катната гаража на улицата Даме Груев, објект кој го гради градската власт на поранешниот паркинг на Лотарија на Македонија, се продадоа два блока од 470 квадратни метри и од 90 квадратни метри. Купувач на поголемиот блок е компанијата „Тинекс“, а на помалиот фирмата „Калдрма“. Согласно условите на јавниот повик, првото наддавање мораше да почне со минимум 50 евра, па така, двата објекта се продадени по цена од 2.050 евра по метар квадратен, без ДДВ, со оглед на тоа што почетната цена на јавното наддавање беше утврдена на 2.000 евра. Според веќе најавениот план на Градот, парите од продажбата на деловниот простор во двете градски катни гаражи ќе се користат наменски, за доизградба на објектите, за кои се потребни околу 20 милиони евра. Освен државни, ќе има и приватни катни гаражи. Корпорацијата „Макоил“ на четири локации ќе гради катни гаражи, но на сопственикот останува сам да си одлучи дали тие ќе бидат само за паркирање или, пак, ќе има и деловен простор како во државните објекти. Во врска со тоа што катните гаражи кои се изградија во последниот
период, но и кои се во изградба, со својата комбинирана намена освен нови паркинг-места создаваат и нови потреби од паркирање на одредени локации во градот, со што или не го решаваат или само делумно го решаваат проблемот со паркирање на тие места, градските власти велат дека сепак има драстично подобрување на состојбата. „Изградбата на новите катни гаражи, независно од тоа што делумно дел од нив се проектираат со деловен простор, претставува драстично подобрување на состојбата со таканаречениот стациониран сообраќај. Катните гаражи се сегмент од глобалните активности кои се преземаат на овој план и во комбинација со зонското паркирање, изградбата и проширувањето на постојните паркиралишта, како и со проширувањето на сообраќајниците и модернизацијата на јавниот превоз, во скоро време треба значително да ги подобрат условите за ефикасна сообраќајна комуникација, безбедност и поголема проточност на сообраќајот во централното градско подрачје“, образложуваат од градската управа. И додека се чека да се реализира ставот на градот, останува постојано да гледаме како се ставаат каментемелници на нови катни гаражи, како тие потоа прераснуваат во трговски центри кои имаат недостиг на паркинг-места и за нивните потрошувачи, а не пак да останат слободни за јавна намена.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
11
рубрика
12
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
рубрика
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
13
градежништво
Методологија за определување реален пресметковен модел
Слика за вистинската носивост на конструкцијата
Основна предност на тестовите со амбиентални вибрации во однос на тестовите со принудни вибрации е тоа што за нивно спроведување вообичаено се користи лесна и мобилна опрема и се извршуваат со мал број оператори
Елена ДУМОВА-ЈОВАНОСКА, Горан МАРКОВСКИ, Сергеј ЧУРИЛОВ, Ангел Марк СЕРЕЧИ, Тино МИХАЈЛОВИЌ и Сашо АТАНАСОВСКИ
П
ресметковните модели кои се користат при динамичка анализа на реалните објекти претставуваат идеализирани модели кои го претставуваат нивниот одговор од различни динамички товари, како на пример: земјотреси, силни ветрови, експлозии и слично. Тие може да се контролираат преку спроведување експериментални тестови на објектите во реален размер преку амбиентални и принудни вибрации (Ivanović et al. 2000). Со двата метода може да се идентификуваат основните динамички карактеристики на конструктивниот систем на објектот, односно природните фреквенции на осцилации, коефициентите на пригушување и тоновите форми. Тестовите со амбиентални вибрации го опишуваат однесувањето на конструкцијата во линеарното подрачје, затоа што амплитудите на вибрациите се мали. Исто така, овие тестови може да се искористат за опишување на линеарното однесување на оштетени конструкции и нивните компоненти, а може да се искористат и за развивање на конструктивни модели и алгоритми за анализа зависни од времето и амплитудата што се користат за набљудување на здравјето на конструкциите и во студиите за контрола на конструкциите. Основна предност на тестовите со амбиентални вибрации во однос на тестовите со принудни вибрации е тоа што за нивно спроведување
14
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
вообичаено се користи лесна и мобилна опрема и се извршуваат со мал број оператори. Најчест извор на амбиенталните вибрации се: ветер, микро треперења на почвата и различни локални периодични или случајни побуди (сообраќај или тешка механизација). При спроведување тестови со принудни осцилации на испитуваните објекти е потребно да се предизвикаат големи сили кои може да произведат корисни амплитуди на одговор. Овие сили се предизвикуваат со вибрациони уреди најчесто поставени на врвот на објектот. Тоа предизвикува позначајна побуда на формите на осцилации кои имаат поголеми амплитуди при повисоките нивоа на објектот. Во Македонија тестови со мерење на амбиенталните вибрации се спроведуваат повеќе од 30 години, најчесто на објекти со поголемо културно, историско, политичко и економско значење како што се: историски споменици,
за технички нормативи за изградба на објекти од високоградбата во сеизмички подрачја“ (ПИОВСП 1981) се групирани вон категорија или во прва категорија се испитувале само во исклучителни ситуации. Објектите групирани во останатите категории воопшто не се испитувале. Со денешниот развој на мерната опрема, спроведувањето мерења на амбиенталните вибрации и современите технологии за пренос и следење на податоците од извршените мерења се овозможува лесна и едноставна примена на овој метод и кај вообичаените објекти од високоградбата. Еден таков систем развиен од американската компанија Digitexx Data Systems Inc. е применет на постоечки објект во Македонија. Системот се состои од пренослив електронски уред за аквизиција на податоци (PDAQ), лаптоп компјутер и сензори за мерење на забрзувањата (акцелератори) поврзани со висококвалитетни кабли.
амбиенталните вибрации. Со предложената методологија се добива пресметковен модел на конструкцијата на објектот што наполно одговара на реалниот постоечки објект. Со реалниот пресметковен модел може да се спроведат различни линеарни и нелинеарни, динамички и сеизмички анализи и со исклучително голема прецизност може да се определи повредливоста на конструкцијата и евентуалната потреба од ретрофит, а со повремено или постојано набљудување може навреме да се открие појавата на штети.
РАЗГЛЕДУВАНИОТ ПРОБЛЕМ Зградата на основното училиште „Војдан Чернодрински“ во Скопје е избрана како карактеристичен пример за проучување и презентирање на развиената методологија од повеќе причини. Таа била изградена пред скопскиот земјотрес во 1963 година, претставува објект од
Сл. 1. Карактеристична основа на зградата брани, мостови и сл. Објектите од високоградбата поретко се испитувани со овие методи, односно објектите што според „Правилникот
Подолу детално е опишана методологијата за определување реален пресметковен модел на постоечки објект со мерење на
високоградбата категоризиран во прва категорија за која исклучително е важно да преживее иден земјотрес без посериозни
за постоечки конструкции со амбиентални вибрациски мерења оштетувања на конструктивниот систем, а со тоа да се заштитат животите на младите деца кои претстојуваат во неа. За спроведување динамичка анализа на постоечки објект со реален пресметковен модел потребно е да се располага со податоци за геометријата на објектот, материјалот од кој е изведена и распоредот на масата во основа и по височина на објектот. За таа цел, во Архивот на Македонија е пронајдена проектно-техничка документација за изградба на објектот. Иако нецелосна, со оваа документација е утврдено дека зградата е изградена во 1952 година. Таа е со правоаголна основа, габаритни димензии 53,58 x 10,18 m и се состои од приземје и два ката. Карактеристична основа на зградата е прикажана на слика 1.
се третира како бескрајно крута. За употребениот материјал не постојат целосни информации, освен оние дадени во проектната документација. Поради тоа што не беше можно земање пробни примероци и утврдување на карактеристиките на материјалот, единствено можно беше да се спроведат недеструктивни методи, односно со помош на амбиенталните вибрации да се утврди носивоста на конструкцијата. Затоа, на зградата се извршени серија мерења на нејзиниот одговор на амбиентални вибрации, а со овие резултатите е извршено ажурирање на пресметковниот модел.
Од достапната документација може да се утврди дека конструктивниот систем е изведен со ѕидарија од полни тули и малтер со непознати карактеристики, а на одредени места се изведени армиранобетонски столбови со марка на бетон МБ 16 и армирано-бетонски греди со марка МБ 22. Меѓукатната конструкција е ситноребреста, изведена од бетон со марка МБ 22. При проектирањето на конструкцијата е извршена само статичка анализа од вертикални гравитациони товари. Заради утврдување на фактичката состојба со геометријата се извршени детални мерења на лице место со кои се потврдени голем број проектни параметри, но се забележани и одредени пренамени на просториите. Со прегледот на документацијата и состојбата на самото место се констатира дека армиранобетонските столбови служат само за врамување на ѕидаријата, а меѓукатната конструкција има доволна крутост во својата рамнина и во анализите може да
основа на геометриските снимања, е развиен просторен пресметковен модел на конструкцијата со конечни елементи (КЕ), слика 2. Ѕидаријата и меѓукатната конструкција во зградата се моделирани со површински конечни елементи со 4 јазли, а армиранобетонските греди и столбови со линиски конечни елементи. Употребен е релативно голем број конечни елементи за да се добие правилна распределба на масите во моделот и за да може реално да се претстават отворите во носечките ѕидови. За формирање на моделот се употребени неколку претпоставки. Тој е круто вклештен во подлогата, за ѕидаријата е претпоставена константна тежина
МОДЕЛИРАЊЕ ИДЕНТИФИКАЦИЈА
Пред изведување на експерименталните тестови, а врз
градежништво
на единица волумен од 19,6 kN/ m3, Поасонов коефициент од 0,15 и модул на еластичност од 2800 MPa, додека за армирано- бетонските
тонова форма осцилациите се транслаторни во правец истокзапад. Првите три тонови форми се прикажани на сликата 3.
елементи карактеристиките на материјалот се моделирани согласно проектираните марки. Меѓукатните конструкции се моделирани како апсолутно крути во својата рамнина. За да се утврдат динамичките карактеристики на конструкцијата е спроведена анализа со тонови форми. За нивно пресметување, освен сопствената тежина на конструктивните елементи, е земена предвид и масата од постојаниот товар пресметана согласно проектот. Пресметаните природни фреквенции и периоди за првите 6 тонови форми на почетниот пресметковен модел се дадени во табелата 1. Во првата тонова форма конструкцијата осцилира транслаторно во правец северјуг и мала ротација условена од различната крутост во делот околу училишните простории и скалите. Во втората тонова форма се забележани торзиони осцилации, додека во третата
ТЕСТОВИ И МЕТОД ЗА АНАЛИЗА
На 18 август 2011 година беа спроведени три серии експериментални снимања. Секоја серија содржи резултати од мерните сензори на еден кат, додека за сите серии беа поставени референтни сензори (Т1) на најгорниот кат кои не се поместуваа при снимањето. Пред секое снимање беше вршена калибрација на сензорите. Времетраењето на секое снимање изнесуваше 212 sec, а брзината на запишување беше дефинирана на 200 Hz.
Мерна опрема
За мерење на амбиенталните вибрации беше искористен мобилниот систем за аквизиција на податоци Digitexx PDAQ Premium со физички димензии 457 x 330 x 170 mm, слика 4. Системот е подготвен за аквизиција и анализа на податоци од далечина.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
15
градежништво Главните карактеристики се: 16 канали, 24 бита, локална и далечинска анализа на податоците во реално време, FFT, функции на трансфер, меѓукатно поместување врз основа на стандардите за сеизмичка сигурност на згради FEMA 351 и 274, хистерезисна петелка на меѓукатното поместување, пресметување забрзување, брзина и поместување. Овој систем претставува совршена опција за постојано набљудување на здравјето на конструкциите за период до 6 месеци. Главни карактеристики на сензорите што ги регистрираат забрзувањата се: едно или триаксијални микро електро-механички капацитативни сензори, со широк динамички домет +/-3g, одличен опсег и ултра низок шум, што ги прави идеални при набљудување на здравјето на конструкциите, слика 5.
Распоред на мерната опрема и снимање
Тестовите со амбиентални вибрации беа спроведени во девет точки на секој кат, со едноаксијални (U) и триаксијални (T) сензори. На сликата 6 шематски е претставен распоредот на сензорите на вториот кат, положбата на каблите и насоките во кои се снимаат податоците. Распоредот на сензорите на останатите катови е идентичен, а поради непристапност на кровот на овој кат не беа вршени мерења. Уредот за аквизиција на податоците се преместуваше од кат на кат при секое снимање. Сензорите беа поставени директно на подтерацо, а поради неможност да се постават на крута подлога во училниците, тие беа поставени на под од паркет (U2 и U7). При испитувањето во зградата немаше останати луѓе, освен операторите што мируваа при снимањето. Во зградата немаше вклучено активни уреди за греење и ладење, а водата од чешмите беше запрена. Снимањето се одвиваше од 10-14 часот, а надворешната температура се движеше помеѓу 26-330C. Вкупниот број на мерни точки каде што се регистрираат забрзувањата за трите серии изнесува 27. Сигналите претворени во дигитална форма беа запишани на тврд диск во
16
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
компјутерот за аквизиција на податоците во ASCII формат.
состои од приближна декомпозиција на мерениот одговор на конструкцијата во низа одговори на
добиени со методот FDD за да се идентификуваат спектрални функции на СЕСС во облик на
Методи за анализа на измерени податоци
независни системи со еден степен на слобода (СЕСС), по еден за секоја тонова форма. Декомпозицијата се врши со единечна вредност за декомпозиција (SVD) за секоја матрица на спектрална густина добиена од мерењата. Како резултат од декомпозицијата се добиваат низа единечни вредности и соодветните единечни вектори. Единечните вредности се проценети вредности за спектралната густина на компонентите од СЕСС, а единечните вектори се проценети вредности на тоновите форми. Понатамошното усовршување на методот FDD е методот EFDD, што во програмот ARTeMIS ги користи проценетите вредности за динамичките карактеристики
ѕвоно. Од овие функции методот ги проценува дополнителните динамички карактеристики како модалното пригушување. За параметарска идентификација на динамичките карактеристики се користат параметарски методи како методот за идентификација на стохастичкиот потпростор (SSI). Овој метод е урамнотежен метод за процена кој користи сирови податоци во временски домен со тоа што директно во податоците добиени од сензорите се подесува параметарски модел. Параметарските модели се карактеризираат со претпоставка дека математичкиот модел е формиран од низа параметри, а истиот е линеарен
За анализа на комплексната нестационарна природа на мерените побуди е потребно да се искористат техники за идентификација на динамичките карактеристики базирани само на излезните податоци како: методот за декомпозиција на фреквентниот домен (FDD), подобрениот метод за декомпозиција на фреквентниот домен (EFDD) и методите за идентификација на стохастичкиот потпростор (SSI) (El-Borgi et al. 2005). Овие методи успешно се применети на згради и мостови, а се имплементирани во програмот ARTeMIS (2011). Суштината на методот FDD се
градежништво временски инваријантен систем на диференцијални равенки. Со методот SSI се подесуваат параметрите со кои се менува начинот на кој моделот се подесува во податоците. Генерално, целта на методот е да се проценат низа параметри кои ќе го минимизираат отстапувањето помеѓу предвидениот одговор на системот на моделот и мерениот одговор на системот. Овој метод има голема предност пред методите што го користат фреквентниот домен заради тоа што модалната густина може да стане многу голема поради појава на блиски тонови форми со големо пригушување. Повеќе детали за теоријата на методите за анализа на измерените податоци се дадени во ARTeMIS (2011), El-Borgi (2005) и Bo Ibsen (2006).
Основниот концепт за ажурирање на моделот се состои во менување на одредени критични параметри во моделот со КЕ се додека пресметаните динамички карактеристики не одговараат на експерименталните резултати. На тој начин ажурираниот модел обезбедува подобра аналитичка претстава за динамичкиот одговор на конструкцијата и претставува калибрирана алатка
менување на параметрите. Предност на автоматскиот начин е што итеративно може да се менуваат вредности на повеќе параметри, а споредбата помеѓу фреквенциите се прави со контрола на релативната грешка меѓу пресметаните и измерените фреквенции, додека споредбата помеѓу пресметаните и измерените тонови форми се проценува со критеримуот MAC (Allemang and Brown 1982). За потребите на ова истражување е одбран мануелен
волуменска тежина во моделот со КЕ пред и по ажурирањето. Промената на типот на меѓукатна конструкција во моделот со КЕ од апсолутно крута во флексибилна, значително влијае на вредноста на природните фреквенции. Тие се разликуват од проценетите за 3-5% што од една страна е условено и од добрата проценка за почетните вредности на ѕидаријата. Со ажурирање на одбраните параметри моделот дополнително се приближува
за предвидување на сеизмичкиот одговор (Lord et al. 2004). Цел на ажурираниот модел е да се добие прифатлива корелација меѓу динамичките карактеристики добиени експериментално и нумерички. Оваа операција подразбира анализа на чувствителноста на матрицата на крутост на моделот во корелација со промената на вредностите на одредени однапред дефинирани параметри (Ventura 2005). За да се подобри корелацијата меѓу експерименталните и пресметаните резултати се врши корелациона анализа на одбрани параметри на одговор. Вообичаено, тоа се прави со итеративно менување на параметрите се додека корелационите коефициенти не го задоволат критериумот за конвергенција. Ажурирањето на моделот може да се изведе со мануелно или автоматско
начин за ажурирање на моделот. Ажурирањето на моделот најнапред е извршено со промена на апсолутно крутата меѓукатна конструкција во моделот со КЕ во флексибилна, со користење на реални вредности за материјалот. Поради недостаток на податоци за јакостните и механичките карактеристики на ѕидаријата, е одбрано да се менуваат параметарите за модул на еластичност и волуменска тежина. Извршени се неколку мануелни итеракции, а во табелата 3 се претставени вредностите на природните фреквенции за првите три тонови форми, пресметани со почетниот модел со КЕ, проценети со мерење на амбиентални вибрации и пресметани со ажурираниот модел со КЕ. Во табелата 4 се сумирани промените на вредностите за модулот на еластичност и
до утврдените вредности. Карактеристичните природни фреквенции и тонови форми за конструкцијата на зградата на основното училиште „Војдан Чернодрински“ се определени експериментално, со процена од мерењата на амбиенталните вибрации и аналитички со модели со конечни елементи. Врз основа на измерените вредности е ажуриран почетниот модел и е добиен реален пресметковен модел кој со своите динамички карактеристики наполно одговара на постоечкиот објект. На тој начин, ажурираниот модел е подготвен за понатамошни детални сеизмички или нелинеарни анализи. Врз основа на овој пример се прикажува методологија за ефективно определување пресметковен модел за конструкции од високоградбата користејќи резултати од анализа за модална идентификација.
АЖУРИРАЊЕ
РЕЗУЛТАТИ
На сликата 7 се прикажани средните вредности на нормализираните единечни вредности на матриците на спектрални густини за сите мерења со помош на методот EFDD (ANPSD), добиени со програмот ARTeMIS. Единечните вредности во овој приказ одговараат на идентификуваните фреквенции. На сликата 8 даден е стабилизациониот дијаграм добиен при анализа со методот Crystal Clear SSI®. Анализата со двeтe методи е извршена за идентификација на природните фреквенции со вредности од 0-20 Hz. Во табелата 2, се прикажани проценетите вредности за измерените природни фреквенции за првите три идентификувани тонови форми со користење на двете методи за анализа. Во оваа табела исто така се прикажани пресметаните природни фреквенции добиени со почетниот пресметковен модел. Mоже да се заклучи дека двете методи даваат приближно исти резултати за природните фреквенции земајќи ги предвид првите три тонови. Релативната грешка на проценетите фреквенции за двете методи во однос на пресметаните со почетниот модел се движат од 12-22%. Поголемо разидување од 90-115% се забележува за вредностите на пригушувањето што се должи на различниот пристап за проценка на пригушувањето.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
17
градежништво
Интервју со проф. д-р Милорад Јовановски,
Факултетот продолжува со својата мисија Повод за овој разговор со деканот на Градежниот факултет во Скопје, проф. д-р Милорад Јовановски, на почетокот на 2012 година, се тековните прилики на Градежниот факултет, плановите и измените што се однесуваат на развојот на оваа значајна образовна институција, докторските студии, регионалната соработка, усвојувањето на Еврокодовите, Комората на овластени архитекти и инженери... Дејан Буѓевац Професоре Јовановски, во последните 15 години беше очигледен намалениот интерес за запишување на Градежниот факултет. Од друга страна, на последниот упис се зголеми бројот на заинтересирани за студирање на факултетот. Според вас, на што се должи ова? Точно е дека во подолг период имаше значително намален интерес за студирање на Градежниот факултет. Генерално, оваа состојба важеше за поголем дел од техничките факултети. Имено, во периодот од последните петнаесетина години, на Градежен факултет се запишуваа од 90-150 студенти. Причините за тоа се од различен карактер. Оваа состојба започна со општите кризни состојби кои настанаа со распаѓањето на поранешна Југославија, губење на некои од традиционалните пазари во странство и слично. Во одреден период и во нашата земја недостасуваа капитални инвестиции. Ова само по себе наметна и проблеми кај нашите најголеми тогашни градежни компании, каде полека почна да се осипува кадарот, што се рефлектира и на интересот за студирање. Други причини може да се бараат и во општата тенденција за намалување на интересот за студирање на технички науки, не само кај нас туку и на ниво на Европска унија, отворањето на нови приватни факултети каде се сметаше дека полесно ќе се дојде до диплома 18
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
за високо образование и друго. После оваа фаза која траеше релативно долго, последните две години се почувствува значајно зголемување на интересот за студирање на факултетот. За илустрација, во последнава учебна 2011/2012 година, на Факултетот се запишаа на прва година вкупно 254 студенти, што е за околу 3 пати повеќе споредено со претходните четири години. Ова се должи на повеќе фактори. На пример, се отворија поголем број приватни фирми со дејност од областа на градежништвото, геодезијата и геотехниката, започна проектирање на голем број значајни инфраструктурни објекти, како и изведба на повеќе објекти. Кај поголемите градежни фирми, исто така, се почуствува недостаток на кадар поради јазот што се појави во минатите дваесетина години. Веројатно влијание има и фактот што со Законот за градба на некој начин се регулира дејноста преку издавањето на Лиценци и Овластувања за градежништво, потоа со Законот за легализација на дивоградбите се наметна потреба од геодетски мерења кај сите објекти и друго. Ова треба да не радува и нас како Факултет, но и државата. Треба да се води осмислена и избалансирана кадровска политика, со цел долгорочно да не се створи и хиперпродукција на кадар, иако во моментот скоро и да не постои
невработен градежен, геодетски или геотехнички инженер.
Колку поранешната состојба се одрази врз развојот на професорскиот кадар и наставата? Условите што владееја во градежништвото, како и сите други општи состојби, во минатиот период влијаеја и врз екипираноста на факултетот со професорски, соработнички и администативно технички кадар. Имено, бројот на вработени во минатите 15 години опадна од над 130 на околу 80 редовно вработени лица. Посебно негативно се одразија рестриктивните услови за примање на соработнички кадар во периодот 1998 - 2005 година, што имаше свој одраз врз навремено формирање на подмладок. Сепак, вработените на
Факултетот, соочувајќи се со голем број тековни проблеми, во ниеден момент не дозволија да опадне квалитетот на наставата, што без разлика на бројот на студенти и вработени се одржа на високо ниво.
Кажете ни нешто повеќе за новите лаборатории што ги добивте минатата година? Тука можеме да ја изразиме благодарноста кон Владата на Република Македонија која во рамките на проектот „Проект 2010 - Опремување на лаборатории за научно истражувачка и апликативна дејност“, на Градежниот факултет во прва фаза донира две лаборатории.Се работи за лабораториите за санитарна хидротехника и за геотехника Лабораторијата за санитарната
градежништво
декан на Градежниот факултет при УКИМ, Скопје хидротехника ќе се искористи за анализи на квалитетот и количината на површинските и подземните води, вршење мониторинг на потисните цевководи, пумпните станици, континуирани мерења на терен на протокот и квалитетот на отпадните води во канализационите системи и друго. Во склоп на опремата постојат и рачни мерачи со кои на брз и едноставен начин на самото место може да се анализираат матноста на водата, хемиската потрошувачка на кислород, биолошката потрошувачка на кислород, калориметриска анализа, pH на водата, кондуктивност на вода, мерење на кислородот во водата, анализа на растворен кислород во водата, анализа на суспендирани материи и др. Лабораторијата за геотехника служи за испитување на природните геолошки материјали во подлогата кај сите објекти (почвите и карпите во темелната основа кај брани, згради, сообраќајна инфраструктура, депонии, јаловишта), потоа за контрола на збиеноста на геотехничките конструкции од тип на насипи, земјани брани, тампон кај патишта, при подобрување на теренот и друго. Една од основните и суштински намени на лабораторијата се показните вежби за мерења и аквизиција на резултатите од мерењата наменети за студентите во додипломските и последипломските студии.
Лабораторијата е од особена важност и за научно-истражувачката дејност на Градежниот факултет во доменот на геотехничкото, сообраќајното, конструктивното и хидротехничкото инженерство. Двете нови, заедно со другите постојни лаборатории, на младите истражувачи ќе им овозможат солидни услови во нивните научни достигнувања од областа на градежништвото, а особено од областа на комуналната хидротехника и геотехниката.
Какви се перспективите за развој на Градежниот факултет од аспект на приспособување на студиските програми кон условите за изборност според Законот за високо образование? Согласно Законот за Високо образование, сите високошколски научни установи треба да извршат приспособувања на студиските програми со потенцирање на изборноста на предметите. Генерално, 40% од предметите треба да бидат право на избор на студентите, додека 60% би биле задолжителни. Се работи за многу комплексна материја, која се регулира согласно условите за студирање по Европскиот кредит трансфер систем. Градежниот факултет се труди да изнајде модел на студирање кој најповеќе би одговарал на студентите, условите во државата, кадровската состојба на факултетот и сите други
влијателни фактори, без при тоа да се наруши нивото на знаење и квалификации кои треба да ги стекнат студентите. Во моментов, при Градежниот факултет постојат студиски програми за градежништво со конструктивна, хидротехничка и насока за патишта и железници кои се реализираат по систем на студирање 4+1. Ова значи дека на прв цилкус на студии се студира четири години, а на втор циклус една година. Покрај тоа, постојат и студиски програми за геодезија и геотехника, каде се студира според системот 3+2. Според најновите анализи, како да се наметнува став дека Градежниот факултет сите студиски програми во иднина треба да ги реализира по модел на трогодишни студии за прв циклус. Притоа би се развиле повеќе можни модули. На втор циклус (поранешни постдипломски студии) би се студирало 2 години. Целта е да се стигне до образование кое овозможува собирање на т.н. 300 кредити по ЕКТС системот, што ќе биде и основа за добивање на овластувања за проектирање од Комората за овластени архитекти и овластени инженери. Комисиите и наставниот кадар на Факултетот сè уште интензивно работат на овој проблем, па се надеваме дека во наредните месеци ќе се изнајде оптималниот модел.
Во која фаза е реализацијата на третиот циклус на студии
Дел од опрема во лабораторија за санитарна хидротехника
- докторски студии? Од крајот на 2011 година, на ниво на Универзитет за прв пат се започна со реализација на т.н. трет циклус на студии или докторски студии. Всушност, согласно Законот за високо образование, ова е една од фазите на континуирано образование кое би се реализирало во рок од 3 години. На третиот циклус, дел од времето за студирање ќе се користи со слушање и полагање на испити, дел ќе биде за научноистражувачка работа, а крајот на студирањето треба да резултира со изработена докторска дисертација. Конкретно, на студиската програма за трет циклус за градежништво, во првиот уписен рок се запишаа четворица студенти. Временскиот период е прекраток за да може да се даде подецидно мислење за начинот на функционирање и релизација на студиите. Ако се знае дека секој почеток е тежок, јасно е дека времето ќе биде најдобриот судија за успешноста на студиите и квалитетот на изработените докторски дисертации, но на наставниот кадар на Универзитетот и Факултетот е да го даде својот максимум.
Што станува со критериумите за избор на ментори во третиот циклус? Критериумите за ментор се дефинирани со член 25 од Законот за изменување и дополнување на законот за високото образование (Службен весник на РМ, Бр.17). Суштината е дека во почетна фаза се бара од менторите да имаат најмалку три рецензирани научноистражувачки труда објавени во меѓународни научни списанија или меѓународни публикации во даденото научно поле во последните пет години. Овие критериуми во наредниот период ќе се подигнуваат, и се повеќе ќе се инсистира на трудови објавени во меѓународни списанија со импакт фактор. Стручниот совет за докторски студии на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ врши проверка на листата на потенцијални ментори, а менторите ги верифицира Одборот за акредитација како државно тело. Без навлегување во детали, јасно е дека критериумите за научно-истражувачка работа сè повеќе треба да се подигнуваат,
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
19
градежништво
Дел од опрема во лабораторија за геотехника но тоа мора да биде пропратено и со подигнување на издвојувањата од буџетот на државата за научноистражувачка работа. Ова е значајно, бидејќи за да се објави труд во списание со импакт фактор е потребно долготрајно истражување, а процедурата за објавување и рецензирање понекогаш трае и повеќе од една година.
Постои ли соработка со Градежните факултети од опкружувањето и пошироко? Факултетот има традиционално добра соработка со голем број Универзитети и Факултети од непосредното опкружување, Рурскиот Универзитет во Бохум во Германија, Универзитетот во Фиренца, Италија и други институции. Треба да се спомене дека Факултетот заедно со четири други Факултети од Полска, Австрија, Словачка и Хрватска традиционално се јавува како коорганизатор на Меѓународниот симпозиум WMHE (Water Management and Hydraulic Engineering), организира голем број работилници, презентации и други собири. Минатата и оваа година се направени и дополнителни напори за развивање на соработката со сродни факултети, при што 20
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
Факултетот потпишал голем број на договори за соработка на поле на наставата и научноистражувачката работа. Знаејќи го значењето на овој аспект, актуелната деканатска гарнитура воведе и посебно продеканско место за наука и меѓународна соработка, па се надеваме дека на ова поле ќе се постигнат уште подобри резултати.
Вашето мислење за потребата од ангажирање на странски проектни и консултански тимови во градежништвото, а поврзано со условите за добивање на финансиски средства од меѓународните институции? Ова прашање е едно од прашањата што заслужува најголемо внимание од стручната и научната јавност, но и од државните институции. Имено, со условите за добивање на кредити од која било меѓународна инстутуција или банка, вообичаено се налага најголем дел од експертите да бидат од странство. Во вакви случаи, често нашите стручњаци и експерти не се поставени во прв план, иако според товарот што го понесуваат во комбинираните тимови на домашни и странски експерти, поголем дел од работата се извршува од домашните експерти. Соработката
со странски експерти во секој случај е многу корисна, бидејќи се врши размена на искуства и се проверува нивото на знаење и вештините на нашите експерти, но треба да се бара начин за избалансирано, па и водечко учество на нашите експерти во консултантските тимови. Овој аспект може да се разреши само со координирана активност на сите надлежни инстутуции, во фази кога се планираат капиталните инвестиции, тендерските правила, процентот и начинот на вложување на државата во капиталните објекти и слично.
До каде сте со активностите околу изработката и усвојувањето на Еврокодовите и останатите стандарди поврзани со струката? Треба да се спомене дека процесот на усвојување на Еврокодовите беше многу макотрпен. Дури и на ниво на државите од Европската Унија нивното усогласување одеше многу тешко и беа потребни многу години за да се дојде до некоја прифатлива форма на Еврокодовите, а посебно беа комплексни прашањата на приопрема на Национални анекси за примена. На ова поле, кај нас активностите главно се под надлежност на Институтот за стандардизација, каде се
формирани одредени технички комитети за оваа намена. Владата има акционен план до кога би требало да се заврши со постапката на усвојување на Еврокодовите, припрема на Националните анекси и друга техничка регулатива. Факт е дека на ова поле имаше одредено задоцнување, така што се цени дека треба да се интензивираат сите активности поради роковите што се многу кратки. Во контекст на ова, треба да се истакне дека веќе се направени преводите на сите Еврокодови, некои од нив се усвоени во одредена форма, и сега е во тек фаза на нивно стручно редактирање. Во оваа активност во последно време импулс даде Министерството за транспорт и врски, кое заедно со Институтот за стандардизација и Комората, даде насоки да се вклучат сите ресурси кои ги има државата за да се заврши оваа активност во зацртаните рокови. Ова е значајно прашање, бидејќи усвојувањето на Еврокодовите е на несомнен државен интерес. На пример, покрај другото, ниту една наша градежна компанија во иднина не ќе може да учествува на ниеден тендер за изведба или проектирање во странство, доколку не се усвојат препораките и принципите на проектирање што се дефинирани во соодветните Еврокодови.
градежништво За крај, вие сте и претседател на одделението за геотехника при Комората на овластени архитекти и инженери. Каков е вашиот коментар за најновите случувања околу Комората и подготовките за редовното Собрание, кое досега требаше да биде одржано веќе неколку пати? Како и секоја институција, така и Комората на овластени инженери и овластени архитекти, помина еден период кој беше доста тежок. Се започна со воведувањето на Комората низ одредбите од Законот за градба од 2005 година, а претходно имаше еден долг период без надлежна институција која би ги покривала активностите за издавање на овластувања за проектирање, ревизија, надзор и изведба. Комората се соочи со голем број проблеми, посебно со немање на соодветен простор, недоволна кадровска екипираност и слично. Сепак, и во такви услови
некако се најде начин да се покрие долгогодишниот период на непостоење на вакво тело. Секако, ова беше проследено и со одредени слабости во нашата
како посебна инженерска област за која се издаваат посебни овластувања, но како член на Управниот одбор сметам дека има место за одредено незадоволство
Во текот на оваа година, приоритет ни е да ги усогласиме студиските програми, да избереме оптимален модел за студирање, континуирано да вложуваме во развој на научната мисла, потребната инфраструктура и опремата за истражување, да ги вршиме потребните реконструкции на факултетот и слично. Значајно е да се истакне дека се започнати и активности за издавање на меѓународно научно списание на англиски јазик, што досега недостасуваше кај нас. работа. Јас лично како претседател на одделението за геотехника во првиот состав сум задоволен, бидејќи геотехниката е препознаена
кај поширокото членство. Како и да е, случувањата што беа актуелни во последниот период, а кои се поврзани со припремата
на редовното собрание треба да бидат поука за сите нас. Имено, една ваква институција треба да биде светост за сите инженери, но лицата кои во кој било состав и во кое било време ќе ја имаат честа да бидат во управните тела на Комората, мора да ја чувстуваат и тежината на одговорноста што им ја дало членството. Ова значи дека е оправдано секогаш да има критики за нашата работа, а критиките треба да се сфатат добронамерно и да служат само како поттик за исправање на сите слабости во иднина. Лично, се надевам дека во наредниот период сите недоразбирања ќе се надминат, и дека во сите тела на Комората ќе бидат избрани најдостојните и најавторитетните инженери, и тоа на најдемократски начин. Само така, Комората може да го оправда своето постоење и работење, а инженерите ќе го добијат заслуженото прироритетно место и значење кое треба да го имаат во државата.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
21
ПАРКИНГ СИСТЕМИ „Woehr“ е еден од водечките производители на паркинг системи во Германија и светот. Повеќе од 50 години „Woehr“ е специјализиран во дизајнирање, производство и инсталирање на паркинг системи. „Woehr“ денес е компанија со најобемна палета на паркинг системи во целиот свет. Со над 370.000 инсталирани паркинг места, од кои 20.000 на Далечниот Исток, доволно зборува за сигурноста и безбедноста на системите Woehr. Креативноста и „know-how“ ја формираат основата на иновативни производи како Combilift, Parksafe и Levelparker, кои го прават „Woehr“ број еден на светскиот пазар. Квалитетот беше и останува за нас најголем приоритет. Денес, тоа значи дополнителни тестирања, контрола и сертификат во согласност со меѓународниот стандард DIN EN ISO 9001. Ние, исто така, имаме ефикасна служба за корисници со комплетна покриеност, обезбедуваме брз сервис и поволни трошоци за одржување. Во денешниот свет каде што населението и бројот на автомобили е во пораст, а просторот за живеење се лимитира и станува поскап, постои само едно логично решение на растечкиот недостиг од паркинг простор во нашите домови и на нашите работни места:
Ние создаваме компактен паркинг простор Производите на „Woehr“ на нашиот пазар се присутни преку овластениот застапник за Република Македонија, фирмата „Изградба“ од Скопје. Оваа фирма е лидер во оваа област и веќе неколку години ги промовира паркинг системите. „Изградба“ нуди компактен паркинг со механички и автоматски паркинг системи со многу варијанти за поединечни паркинг решенија. Механички систем на паркирање се овозможува преку моделите „Parklift“. Тие се употребуваат за двојно зголемување на капацитетот на еден гаражен простор, со паркирање на автомобили еден над друг. Постојат две варијанти и тоа: зависно и независно паркирање. „Paklift“ 401 и 411 се најзастапени системи за зависно паркирање. Овие системи функционираат на следниот начин: доколку сакаме да паркираме или земеме возило од горната платформа, потребно е прво да се отстрани возилото што се наоѓа на приземното ниво. Овој систем се употребува во веќе изградени паркинг простори или деловни објекти каде што паркирањето е замислено да функционира со помош на асистент или вработено лице кое ќе манипулира со возилата.
Модел 411
Модел 401 22
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
Независно паркирање се овозможува преку моделите „Parklift“ 440, 340 и други. Овие модели се најпродавани и најупотребувани. Предноста на овие системи е 100% зголемување на бројот на паркинг места, на едно возно ниво добиваме две паркинг нивоа што значи заштеда на пари и време, независно паркирање, ниски трошоци за одржување, високо ниво на оперативна и функционална безбедност. Тие се произведени и тестирани во Германија и поседуваат CE сертификат.
Модел 440
Модел 340
АВТОМАТСКИ ПАРКИНГ СИСТЕМИ Кај автоматските паркинг системи, возачот го остава возилото во трансфер зоната на паркинг системот. Автоматски паркинг значи дека автомобилот ќе биде автоматски паркиран, т.е. без помош или асистенција на возач. Предностите на автоматскиот паркинг се големи и тоа: - голем број на паркинг места на мал простор; - паркираните возила се безбедни; - не постои можност од вандализам или кражба; - многу брзо паркирање или испорака на возилата; - заштеда на простор бидејќи нема потреба од надвозни рампи, патеки и слично; - нема трошоци за осветлување и вентилација.
За повеќе информации можете да се обратите кај овластениот застапник на „Woehr“ за територијата на Р. Македонија, фирмата „Изградба“, ул. Никола Карев бр. 20, Скопје, тел. 02/2465-467.
www.woehr.de www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
23
градежништво
леТна консТрукТорска школа
Со врвни експерти до подобар квалитет
Она што е Messi моментално во европскиот фудбал тоа е професор Joost Walraven во областа на бетонот. Токму со него ја формираме Летната конструкторска школа 3Ѕ (Structural Summer School). Ваквите и слични проекти, а не трошењето енергија на меѓусебни кошкања, работите ги придвижуваат напред
,,
Д
невно примам по стотина електронски писма од цел свет. Едноставно немам можност да одговорам на сите“. Ова, на почетокот на нашата средба во Прага, каде во јуни минатата година се одржа меѓународниот fib Симпозиум, ми го кажа професорот Joost Walraven од престижниот технички универзитет Делфт во Холандија. Претпоставувам, сакаше учтиво да ме предупреди дека комуникацијата со него нема да оди лесно. А како поинаку, си помислив,
24
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
проф. д-р Горан марКовСКи, претседател на Друштвото на градежни конструктори на Македонија и би одела комуникација со човекот под чие раководство е изработен Еврокодот за бетонски конструкции ЕС2, со човекот одговорен за изработка на веќе усвоениот најнов Model Code 2010 (најважен документ во областа на бетонските конструкции во кој се содржани најновите научни достигнувања од оваа област и претставува основа за изработка на идни, нови кодови), ментор на десетина актуелни докторанти, автор на безброј научни дела, најбаран предавач од својата област буквално на сите континенти... Едноставно,
експерт од светска класа. Но, јас во Прага, иако на свој трошок, не отидов туристички. Впрочем, за мала и сиромашна земја како што е Македонија, земја во која инженерите имаат крајно ограничени можности за посета на стручно – научни собири во странство, секое наше учество на меѓународни настани треба и мора да резултира со остварување на многу повисоки цели отколку да служи само за лична еднократна промоција, регионално другарување или уште полошо, за шопинг пропратен со хедонистички
кафеански дружби. Обврската и одговорноста за поангажиран пристап станува серозно поголема кога станува збор за универзитетски професори кои истовремено се или претендираат да бидат на раководно место на некоја институција, стручна асоцијација, експертско тело и сл. од каде колегите градежни инженери со право очекуваат и поширок вид на поддршка. Затоа, на симпозиумот во Прага отидов и со намера да воспоставам контакти со неколку ,,светски“ имиња од областа на бетонот и бетонските конструкции (Walraven,
градежништво Bazant, Chiorino, Muttoni, Mancini, Colins…) и да се обидам дел од нив да убедам да дојдат во, за нив, малку атрактивната Македонија. Сметам дека тоа е најдобриот и најрационален начин македонските градежни конструктори да се запознаат со најновите трендови во нашата стручна област. Впрочем, тоа ни е и општествена задача, особено кон помладите колеги. Ова, верувам, веќе беше потврдено и со неодамна одржаните предавања за Structural Health Monitoring, за ЕС1 и ЕС2 од страна на професорите од Германија Niemann, Hoeffer и Mark, со предавањето за новите трендови во бетонските конструкции на професорот Muttoni од Швајцарија, како и со она за современите инфраструктурни достигнувања на професор Радиќ од Хрватска, сите во организација на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ) и одделението за градежништво при Комората на овластени архитекти и овластени инженери. Истовремено, треба да се направат обиди соработката со светските експерти да ја прошируваме и продлабочуваме и со други форми и содржини: нивно директно учество
во научно-истражувачки проекти, во докторските студии на нашите високообразовни институции, во комисиите за изработка на докторати, соработка на реални проекти, формирање на лоби групи за поддршка на нашата градежна оператива во странство и сл. Да ги отвориме мисловните граници зашто само така ќе можеме да се движиме напред. Се друго е илузија. Сеење магла. Лет во место. Мисијата во Прага се покажа како успешна. Професорот Walraven, на мое големо задоволство, како повикан предавач на 14. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори, дојде во Македонија. Веднаш после симпозиумот одржа тродневна експертска мисија за ЕС2. Прифати да биде член на уредувачкиот одбор на списанието кое ќе го издава Градежниот факултет, како и да учествува во работата на докторските комисии за асистентите на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции. И како врв на сè, со воодушевување ја поддржа идејата за заедничка реализација на новиот проект: Летна конструкторска школа 3Ѕ (Structural Summer School) на која тој би бил
раководител и главен предавач. Школата ќе се одржува секоја година во јуни, во Универзитетскиот центар во Охрид. Ќе трае една седмица, а ќе биде наменета претежно за докторанти, магистранти и млади инженери од Македонија и од регионот. Постои можност и за нејзино вклопување во режимот на докторските студии на Универзитетот и на оние организирани во рамките на програмата SEEFORM која веќе една деценија, под патронат на Германската влада, успешно функционира во регионов. Предавањата би биле пропратени со разработка на конкретни практични проблеми со помош на експерти од одредени софтверски куќи (DIANA, ATENA, SOFISTIK и др.). Покрај Друштвото на градежни конструктори на Македонија се очекува во овој проект да се вклучат и Министерството за образование, Универзитетот Св. Кирил и Методиј, Градежниот факултет, Амбасадата на Кралството Холандија и секако Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија - одделение за градежништво. Убеден сум дека ефектите ќе бидат бројни. Раководењето од експерт
како што е професорот Walraven на школата ќе и обезбеди меѓународна афирмација и популаризација што ќе резултира, како со привлекување на други познати предавачи така и со поширок спектар на учесници од регионот и пошироко. За македонските професори и асистенти ќе значи вистински предизвик да подготвуваат и одржуваат настава заедно со колегите - светски експерти, а за учесниците исклучителна можност за квалитетна надоградба на личното образование и знаење. И секако за Македонија и македонското градежно конструкторство можност за меѓународна промоција. Темата на првата школа ќе биде ,,Санација и зајакнување на постојни објекти“, а наредната, на која како предавач ќе учествува и Виктор Маркељ од Словенија (главен проектант на новиот грандиозен мост на реката Сава во Белград) ќе биде посветена на пешачките мостови. Поради сето ова, започнувањето со работа на Летната конструкторска школа 3Ѕ за мене претставува врвен професионален приоритет во Новата 2012 година.
Иницијатива на Ванчо Чифлиганец, сопственик на АДОРА Инженеринг
Спомен обележје на Водици во Охрид
П
роф. д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на градежната компанија АДОРА Инженеринг – Скопје, на градот на свети Климент сака да му подари траен спомен кој во иднина во центарот на градот, кај пристаништето, сите добронамерни минувачи ќе ги потсетува на празникот Водици и величенствениот чин на скокањето по светиот крст, што со посебен пиетет, традиција, посветеност и масовност се одбележува во Охрид. Чифлиганец заедно со здружението за целосна афирмација на МПЦ Богојавление, што годинава одбележува десетгодишен јубилеј од вклучувањето во организацијата на граѓанскиот дел од празнувањето, покренаа иницијатива за подигнување на спомен обележје на Водици во Охрид. По нејзиното доставување во општината, во координација со локалната власт и државата, почитувајќи ги сите законски процедури, норми и третманот на Охрид како заштитено национално и светско културно наследство, ќе се распише конкурс за избор на најдобро идејно решение за модерно уметничко видување на тематиката Богојавление, низ комплексна презентација на споменикот. Чифлиганец се надева дека спомен обележјето за Водици, како дар за Охрид, граѓаните и туристите, ќе биде подигнат до крајот на годинава.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
25
рубрика
26
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
рубрика
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
27
архитектура
ЛИНА БО БАРДИ ХЕРОИНАТА НА БРАЗИЛСКИОТ МОДЕРНИЗАМ
Александра Шекутковска, дипл.инж.арх.
(Специјално за Порта3 од Бразил)
За разлика од бразилските архитектонски легенди, како што се Лусио Коста и Оскар Нимаер, отелотворени и запишани во бесмртниот архитектонски град - Бразилија, архитектот Лина Бо Барди се дистанцирала од ваквиот проект. Таа верувала во потребата за конфронтирање и директно внесување во социјалната нееднаквост на Бразил, дека таа треба да биде отелотворена и фундаментално внесена во архитектонската практика. Нејзиниот мултипликативен, еклектичен и разиграно-инвентивен карактер ја одвојува нејзината работа од сè што се создавало во тој период.
А
рхитектурата на модернизмот отсекогаш имала комплексна врска со сопствените утопистички корени. Сигурно се сеќавате на позната реченица на Ле Корбизје од 1923 дека „Архитектурата може да ја одбегне револуцијата“. Обидот да се изгради поубав свет преку архитектурата е постојан, (ре) дефиниран од разни теории за тоа каков треба да биде светот. Интересен е случајот за ширењето и развитокот на архитектурата на модернизмот во Бразил. Во 30-тите и 40-тите години на минатиот век, бразилската модерна архитектура ја создавала сликата за националниот идентитет наспроти самата модерна. Во текот на 20 век, Бразил како земја изгледала фасцинирана од модернизмот. Луѓето од средната класа читале за модернизмот во списанија и весници, и потоа барале нивните домови да бидат дизајнирани во новиот, модернистички стил, нагласувајќи им на архитектите да користат исклучителни обрасци и фасади. Со други зборови, модернизмот во Бразил станува популарна архитектура. Кога размислуваме кои имиња 28
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
ни се познати од бразилскиот модернизам, се разбира дека први што ни доаѓаат на ум се имињата на Оскар Нимаер и Лусио Коста. Меѓутоа, покрај овие познати имиња, има едно име чијашто архитектонска практика, иако припаѓа во времето на модернизмот, најсензибилно го има опфатено духот на бразилската модерна преку сопствената архитектура. Се работи за женскиот претставник на бразилскиот модернизам, Лина Бо Барди. По моето враќање од Сао Паоло, од кое со најдлабоки импресии ја носам сликата на нејзиното дело Факултет за архитектура и урбанизам, се изненадив кога универзитетот ЕТХ во Цирих постави изложба посветена на истиот објект. Замислена како инсталација во просторот, концептот беше да се спореди она што е едниот факултет, а она што е другиот, односно она што едниот е, а другиот нема да биде. Овој контраст на слики, практики, објектите и начинот на работа на двата факултети, ми се чинеше доста интересен како два различни поларитети. Меѓутоа поставени еден покрај друг, уште повеќе се дефинираа самите себеси, а можеби и нивните (не) допирни точки. Слично на местото на Лина Бо Барди во рамките на
бразилскиот модернизам, и сето она што ја спојува/одвојува од него.
РАЗИГРАНА ИНВЕНТИВНОСТ
Лина Бо Барди (1914, Рим - 1992, Сао Паоло) претставува еден од најисклучителните архитекти на 20 век, која има оставено зад себе значително архитектонско наследство во светски рамки. Но, нејзината работа и живот никогаш не биле поопширно документирани. Во периодот на завршетокот на Втората светска војна како талентирана дизајнерка, архитект, професорка и писателка, била значително повлијателна од нејзините машки колеги. Завршетокот на војната ги еманципирало жените, меѓутоа нивната улога интерпретирајќи ги идеалите на модернизмот интелектуално, креативно и прагматично, сè уште останале во сенка. Во споредба со Лина Бо Барди, имињата на Лусио Коста и Оскар Нимаер се значително познати и покриени во историјата на модерната архитектура. Нивните имиња се отелотворени и запишани во бесмртниот архитектонски град Бразилија. Бразилија не само што ги носи идеалите на архитектонскиот модернизам во Бразил, туку и целосниот политички проект за Бразил како земја во развој да
стане земја која има прогресивна иднина. Како архитект Бо Барди, од ваквиот проект се дистанцирала. За разлика од претходниот идеал, таа верувала во потребата за конфронтирање и директно внесување во социјалната нееднаквост на Бразил, дека таа треба да биде отелотворена и фундаментално внесена во архитектонската практика. Нејзиниот мултипликативен, еклектичен и разиграно-инвентивен карактер ја одвојува нејзината работа од сè што се создавало во тој период. Нејзиниот пристап кон проектирањето е самодоволна активност на повеќе начини, со целосен сензибилитет за антрополошко спојување во културниот и социјалниот контекст на нејзината посвоена земја.
ФУЗИЈА
Факултетот за архитектура и урбанизам, кој е дел од Универзитетот во Сао Паоло, претставува еден од нејзините најзначајни проекти. Овој објект не е само архитектура, туку тој претставува и манифест за проектирање. Изразува став во секој детаљ од надворешноста до внатрешноста, додека моќта на архитектонскиот израз е читлива
архитектура
Фабриката СеСК
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
29
архитектура
Фабриката СЕСК, инсталации од авторот Олафур Елиасон
Фабриката СЕСК, Сао Паоло
Музејот за уметност во Сао Паоло 30
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
архитектура Факултетот за архитектура и урбанизам, Сао Паоло
од масивните бетонски конструкции до влезот, којшто претставува само дупка издлабена во објектот, до атриумите и двовисинските простори од кои повеќето не се ни заградени. Целата внатрешност претставува серија на приказни, кои се случуваат без очекување, огромни рампи кои водат од едно до друго ниво и пространи архитектонски студија, во кои на моменти се случува бетонска преграда во одредена форма и настанува некој нов простор. Објектот претставува воспевање на студентскиот и архитектонскиот активизам. Преполн со графити, пораки, принтови, изјави, предавањата се распрснуваат низ целиот објект со оглед на тоа што само малку од просториите се преградени. За разлика од целата логика на модернизмот што ја има тенденцијата на конечност, оваа архитектура зборува за (ре)дефинирање на конечноста, за можноста и неизвесноста за случување во архитектонскиот простор. Во двете англиски публикации посветени на Бо Барди, Де Оливиера (2006) ја опишува нејзината посветеност на не-хиерархичен, не-линеарен пристап кон просторот и времето, како патеки, места за транзиција, преклопувања на
размери, материјали и најдени предмети, фузија на растителен живот помеѓу изградената форма, цртањето на луѓе околу објектот како во сензуален танц, вклучувајќи го целосно сопственото тело и сите свои сетила. Таа ги облагодарува објектите со неочекувани откритија и изненадувања на нивото на детаљ заедно со трансцедентална симболичка димензија. Фабриката СЕСК претставува простор кој Бо Барди го има пренаменето како мултинаменски културен центар со театри, фискултурни сали, базени, ресторани, работилници и помали места за одмор. Во СЕСК таа ги има изработено мебелот, униформите, деталите, активностите и програмите на центарот. И ден-денес кога ќе го посетите ова место кое воодушевува заради испреплетувањето на три групи луѓе - деца, млади и луѓе од трето доба, останувате без зборови пред животот што оваа архитектура го создава иако во својата форма е целосно модернистичка дури и припадник на архиутектурата на брутализмот. Како што беше нагласено и на Венециското биенале за архитектура во 2010 година, кога беше изложен опус на животот и делата на Бо Барди, овој објект може да биде одговорот
на прашањето на ОМА павилјонот за Зачувување, којшто беше презентиран на истото биенале. Музејот за уметност во Сао Паоло (1957-1968) е огромен 70-метарски портик, кој ги држи централните галерии и го ослободува приземјето. Овој објект и јавен простор претставуваат порта низ која се случуваат разни видови на собири, додека галерискиот простор е на горното ниво. Ваквото празнење или врамување на просторот ја нагласува значајноста на комуникацијата, отвореноста и пристапноста за секој човек кој би сакал да биде дел од тоа место. Де Оливиера ја објаснува работата на Бо Барди како бриколаж, кој оди понатаму од архитектурата, и претставува континуирано измислување на идентитети, кое намерно се спротиставува на идеалите за апстракција, естетска чистина, технолошки позитивизам и прогрес во целост. Таа ја прегрнува идејата за времето како состојба која не може да биде разоткриена и рационалиризирана, иако ја почитува рационалистичката традиција. Таа среќно ги диверсифицира нејзините активности преку разни културни остварувања како новинарство, образование, кураторство и
активизам поврзувајќи се со многу културни и политички фигури од тоа време. Лина Бо Барди го продуцира обратното на обратното, во текот на нејзината кариера, обидувајќи се да ги премости разликите помеѓу нејзините размислувања и нејзината практика. Нејзините објекти проектирани во Бразил се хибридни структури со елементи на рационализам, традиционализам, популарна култура и вернакуларна архитектура. Лина Бо Барди работи со т.н. заднина од празнината, тишината и природата. Таа ја презема можноста од непредвидливи настани за да се постигне максимална архитектонска експресивност. Во нејзините објекти се искомбинирани новото и старото, популарното и наученото, интелектуалното и неписменото, сиромашното и богатото, возрасните и децата, минатото и иднината. Таа го вклучува перманентно заборавеното од цивилизацијата, и дава избалансирана симбиоза. Во период кога значителни институции и случувања почнуваат да се потсетуваат на Лина Бо Барди, можеби е време во сопствените архитектонски практики да се потсетиме на нејзниот исклучителен пристап кон архитектурата.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
31
рубрика
32
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
рубрика
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
33
архитектура
Највисока многукатница во Швајцарија
„Прима кула“ дискретен урбанизам на елегантна и јасна форма Комплексот „Прима кула“ е граден од 2008 до 2011 година. Вкупната инвестицијата за овој проект изнесува 380 милиони франци, а сопственик и инвеститор е швајцарската компанија „Свис прајм сајт АГ“ (Swiss Prime Site AG). Архитекти на овој комплекс се архитектонското дуо од Цирих, Анета Гигон и Мајк Гаер. Натка Ќосева, дипл.инж.арх.
Д
енес, низ целиот свет, архитектите и планерите се заинтересирани за ренесанса на многукатниците. После речиси еден век од појавата на првата многукатница во Чикаго (САД), овие градби денес стануваат повеќе од кога било препознатлив елемент во светското градежништво. Постојат неколку причини кога е во прашање актуелниот бум со многукатници во градежништвото. Една од нив е преку архитектурата на екстремно високи и експресивни форми, или во поново време преку еколошки концепт на многукатници, да се претстави моќната економијата или социјалниот статус на компанијата, инвеститорот или државата. Ова особено важи за административно-деловни згради, кои се концентрирани 34
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
во градските центри, или пак во деловни населби и пренаселени области, кои се последица од формирање на архитектонскоурбанистички целини. Сепак, треба да се внимава на нивната вертикална димензија и начинот на кој се вклопуваат во околината. Основно е многукатниците да не се прифаќаат само како алатка за зголемување на густината. Особено треба да се внимава на просторноста, односно колку простор е добиен со зголемување на висината на објектот, толку треба да има и слободен простор во партерот околу објектот. Така, со внимателено планирање, многукатниците можат да придонесат за одржлив урбанизам.
„ПРИМА КУЛА“
Многукатниците не се
карактеристични за силуетата на градот Цирих. Случајно само куполата на црквата „Гросминстер“ (Grossmünster) се издига над хоризонталната силуета на градот, понекој висок бел оџак или некаде групиран ансамбл од тенки станбени кули. Концентрација на многукатници, нешто како градски или бизнис центар, не постои во Цирих и тоа ќе остане така во корист на разумниот урбанизам. Ова не значи дека идејата за многукатниците во Цирих не е дебатирана и анализирана. Со усвоените урбанистички планови од 2001 година, мошне јасно е дефинирано во однос на тоа, каде и како може да се изградат многукатници. На пример, во Цирих запад, најактуелната област од градот, тенденција е да не се проектираат самостојни многукатници, туку истите да се
изградат во лабаво организиран ланец покрај реката Лимат или во внатрешноста на оваа област. Според истиот план, многукатниците во Цирих се планирани само во поранешните индустриски области - Цирих север и Цирих запад. Па така, токму овде, во Цирих запад, во септември минатата година, пуштена е во употреба највисоката многукатница во Цирих, и воопшто во Швајцарија - „Прима кула“ (Prime Tower). „Прима кула“ е висока 126 метри и има 36 ката. Нејзината корисна површина изнесува околу 40.000м2. Таа има деловна намена, и корисници на нејзиниот просторот се повеќе компании и банки. На претпоследниот кат има и конференциски центар, додека на најгорниот кат проектиран е ресторан и бар од јавен карактер, кој би требало
архитектура да биде пуштен во употреба во средината на оваа година. Оттаму ќе може да се види целиот град. „Прима кула “ е изградена на локација покрај железничка станица, како и до важна градска сообраќајница. Овие транспортни врски ја поврзуваат со центарот на градот, автопатот и аеродромот на Цирих. Градската сообраќајница е изведена над железничката станица, додека приземјето на „Прима кула“ е изведено на ниво на станицата. Со оваa диспозиција нејзината височина не може целосно да се доживее од пристапните сообраќајници. Основата на објектот, која е со невообичаена искршена шестоаголна форма, дополнително придонесува да не доминира
впечатокот за нејзината височина. Формата на основата и обликувањето на објектот по вертикала даваат впечаток дека пред себе гледате апстрактна стаклена скулпура, која ја менува бојата во зависност од силината на дневното светло. За ова придонесува, секако, нејзината фасада која е изведена со рефлектирачко стакло во сино-зелена боја. Структуралната стаклена фасада е составена од монтажни стаклени панели, кои се прицврстени на меѓукатните плочи на армиранобетонската конструкција. Стаклените панели имаат добра термичка и звучна изолација, со цел да не допре вревата од главната сообраќајница и железничката пруга
во работните простории. Објектот е комплетно климатизиран, но некои од стаклените панели се отвораат, со што е овозможена и природна вентилација на просториите. Вертикалната комуникација во објектот се одвива со осум лифта и двокраки скали, поставени во средиштето на објектот. Околу ова комуникациско јадро распоредени се работните простории. Сите простории во објектот имаат добри визури кон градот Цирих и околината, како на дланка. Секако, колку сте повисоко толку визурите стануваат пошироки и поинтересни.
ЕНТЕРИЕР
Ентериерот на дел од објектот е многу оригинално и едноставно дизајниран и опремен. Тој остава
впечаток на функционалност и елеганција. Неговите материјали се избрани во согласност со намената на просториите. Така, на пример, во влезниот хол во приземјето и комуникациското јадро со лифтови и скали на катовите доминираат материјали со висок сјај, како мермерни и гранитни плочи. Тие се искористени како облога на подовите и ѕидовите, додека сите врати се изведени од стакло и росфрај. Подовите на холовите и ходниците се обложени со дрво, додека во канцелариските простори се поставени потопли, текстилни подови. Секако, треба да се напомене дека ентериерот на објектот е опремен со мебел од швајцарски дизајнери, додека сите други декорации се
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
35
архитектура
36
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
архитектура од познати светски уметници. На пример, еден од лустерите во фоајето на 25-ти кат е дизајниран од познатиот дански уметник Олафур Елиасон, кој континуирано работи проекти поврзани со климатските промени. Овој елемент одлично се вклопува во „Прима кула“ не само од визуелен туку и од аспект на самиот контекст на градбата. „Прима кула“ е енергетски ефикасна многукатница сертифицирана со неколку еколошки лиценци (LEED Gold, Leadership in Energy and Environmental Design, Minergie®, greenproperty, the Credit Suisse AG seal of approval for sustainable real estate). Во просторот околу „Прима кула“ се изградени уште три објекти. Тоа се деловен стаклен блок со седум ката со нагласена хоризонтала, адаптиран постоечки индустриски објект со пет ката кој е дел од културно-индустриско наследство, и административен кубичен објект со седум ката, кој е комбинација стакло-ѕид. Сите четири објекти оформуваат една прекрасна урбанистичко-архитектонска
целина поврзана со заедничка пешачка и зелена површина. До нив, секако, е изведена и катна гаража за потребите на новоизградените и постојни објекти.
НЕНАМЕТЛИВОСТ
Четирите објекти на овој комплекс се градени од 2008 до 2011 година. Вкупната инвестицијата за нив изнесува 380 милиони франци. Сопственик и инвеститор е швајцарската компанија „Свис прајм сајт АГ“ (Swiss Prime Site AG). Архитекти на овој комплекс се архитектонското дуо од Цирих Анета Гигон и Мајк Гаер. Во моментов, благодарение на овој проект, тие стануваат најактуелни архитекти во Швајцарија, па и пошироко. Секако, позитивните критики кои ги има добиено овој проект, особено во Швајцарија, ќе придонесе да се разниша јавното мислење околу изградба на многукатници во Цирих. Веќе во близината на „Прима кула“ е испланирана изградба на неколку многукатници. За таа цел, на овој објект му е посветено големо медиумско
внимание, како и стручно внимание од страна на Здружението на архитекти на Цирих, Факултетот „ETХ“, Музејот за дизајн (кој направи изложба на тема многукатници во светот и во Швајцарија), како и многу други архитектонски фирми и институции. Новиот бран на мислење, кој се формира во Цирих, е многу поповолен кон многукатниците, секако доколку тие се стремат кон швајцарскиот „дискретен урбанизам“ кој промовира елегантна, ненаметлива и јасна форма. Впечатокот што го остава „Прима кула“ е токму таков. Таа зрачи со елеганција и едноставност што не ве остава рамнодушни, и кога се движите околу неа и кога се движите низ нејзиниот ентериер. За тоа придонесува нејзиното надворешно обликување, добро вклопување во околината, и секако функционално организиран внатрешен простор. Во годините што доаѓаат, сигурно е дека „Прима кула“ ќе го дефинира изгледот на градот (или барем дел од градот), и ќе стане нејзин заштитен знак.
ПАРКИНГ СИСТЕМИ адреса: ул. Никола Карев бр. 20, 1000 Скопје, п. фах: 356 тел./факс: +389 2 2465 467 e-mail: izgradba@gmail.com www.parkingsistemi.com.mk www.facebook.com/izgradba
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
37
архитектура
Архитекти и(ли) уметници
Архитектонски ликовни патувања Скиците и цртежите на уметниците и архитектите имаат некои сличности, но нивната намера е сосема различна. Кај архитектите цртежите се претходница на чинот на градењето, додека кај уметниците тие се често финален продукт. Како уметнички скици, цртежите на архитектите можат да функционираат креирајќи го јавното мислење или пак да промовираат теоретски аргументи. Во повеќето случаи уметничките цртежи на архитектите се нивно лично истражување. Ангел Ситновски, дипл.инж.арх.
Н
из долгата историја на градителството, архитектите отсекогаш ја користеле визуелната претстава во процесот на дизајнирањето на своите дела. Таквите претстави најчесто биле некаков доказ на градежен документ, цртеж на она што треба да се направи, цртежи на детали, различни форми на скици и слики замислени во умот! Долго време пред да започне изградбата на некој објект, архитектот ги скицира своите визии. Архитектите користат разни медиуми за да ги изразат своите визии. Преку визуелните артефакти, архитектите можат да ги трансформираат, претстават и развијат своите архитектонски концепти во пресрет на идната градба. Вистинските архитектонски цртежи не се обични илустрации, тие се чисто изразување на архитектонското размислување. Чинот на цртање на хартија или на некој друг материјал во себе ја вклучува линијата. Очите ја следат линијата и со тоа се предизвикува „движење“ на цртежот! Голем дел на ова „движење“ доаѓа од физичката акција на раката врз и со медиумот на изразување: хартија, молив, јаглен, туш, платно и боја, глина, компјутер и што уште не! Медиумот и не е толку важен во дефинирањето на цртежите и скиците бидејќи неговата функција е релативна и е во функција на процесот на проектирање. Многу архитекти користат јаглен или меки моливи, како и пера и туш за да ја нагласат линијата и да го направат цртежот
38
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
експресивен. Некои архитекти користат хартија за скицирање за побрзо претставување на својата идеја, за потоа да ја пренесат врз подобра хартија. Како презентација скиците и цртежите се замена за менталните впечатоци. Ова е многу важно за архитектонските цртежи кои се создадени со креативен напор, со имагинација за потоа да се гледаат и коментираат, да се менуваат и изведуваат. Цртежите можат да добијат различни физички форми, но нивната сличност лежи во тоа како и зошто тие се користат, какво знаење и умеење имаат архитектите што ги направиле, што произлегува од нивната врска на илустративноста со функцијата на објектот и негово што подобро прикажување во процесот на проектирањето. Архитектите често изработуваат скици кои се првичен концепт на објектот што се проектира. Со нив се открива или достигнува знаењето за конечниот проект придружувано со дискусии и договори, за на крај да се најдат соодветни алузии или асоцијации. Скицата се прави со медиум кој најдобро го изразува мисловниот или поетскиот концепт на архитектот што ја прави. Архитектот, исто така, користи скици и цртежи со кои забележува некои свои идеи кои подоцна може да ги користи. Овие системи на обележување можат да бидат умствени патувања придружени со помош на визуелни сеќавања или забелешки на емоции и мисли. Многу архитекти ги прават своите скици и цртежи за подобро да му ја објаснат својата идеја на нарачателот. Италијанскиот
архитект Карло Скарпа за своите цртежи вели: „Сакам да ги гледам работите, тоа е сè она на што јас навистина му верувам. Сакам да гледам и затоа јас цртам. Јас можам да ја видам мојата замисла само тогаш кога ќе ја нацртам“. Цртежот ја олеснува формата на визуелизација, правејќи особено умствени, концептуални импресии. Не може да се одрече дека цртежите многу зависат од спомените и имагинацијата на секој архитект, како и од искуството и индивидуалните карактеристики на неговите цртачки техники и умешности. Скицата на архитектот може да му овозможи откривање на нов концепт на самиот почеток од изработката на проектот, а правејќи цртежи и скици и во подоцнежните фази на проектирање можат да му го подобрат квалитетот на целиот проект. Понекогаш, на почетокот од процесот на проектирање, цртежите можат да бидат фрагментирани и нејасни, но со тоа започнува мисловниот процес на архитектот, а првичните скици го забрзуваат тој процес и му даваат поголема ментална стимулација. Скиците и цртежите на уметниците и архитектите имаат некои сличности, но нивната намера е сосема различна. Кај архитектите цртежите се претходница на чинот на градењето, додека кај уметниците тие се често финален продукт. Како уметнички скици, цртежите на архитектите можат да функционираат креирајќи го јавното мислење или пак да промовираат теоретски аргументи. Во повеќето случаи уметничките цртежи на архитектите се нивно лично истражување,
тие ги чуваат грижливо, за разлика од конвенционалните градежни цртежи кои често се уништуваат по завршувањето на изведбата на зградата. Обично, цртежите на архитектите се вреднуваат повеќе по нивните архитектонски квалитети одошто по нивната убавина! Повеќезначни и привремени, тие лесно пренесуваат емоции и суптилност на алузија и илузија. Изгледот на цртежот не е така важен како улогата што ја игра во процесот на проектирањето. Цртежите лесно се преобликуваат, се прават повеќе варијанти и со тоа тие играат главна улога во архитектонското размислување; со нив се формираат и деформираат архитектонските идеи! Цртежите се визуелна манифестација на карактери или гледиште кое им овозможува трансформација на физичките објекти или на концептот во друга димензија или медиум. Во архивите на многу музеи и архитектонски факултети ширум светот постојат многу скици и цртежи за кои не се знае кој архитект ги направил! Во ренесансата обично повеќето од цртежите ги правеле помошниците на главниот архитект, кои биле охрабрувани да ја копираат работата на „учителот“. Архитектонските цртежи, барем во денешно време, многу лесно можат да се копираат или имитираат, но архитектонските скици се единствени. Тие го покажуваат размислувањето на архитектот во даден момент и тешко можат да се копираат. Како суштина на размислување скиците се брзи, експресивни и уникатни, и тешко можат да се фалсификуваат.
Ателје Олшински Антонио Сант Елиа
Хелмут Јан Крис Корнелиус-Бендин
Џо Понти
Фабио Бариалари
Хелмут Јан
Даниел Либескинд
Лудвиг Мис ван де Рое
Роб Криер
Левенте Гјулал
Огул Остунч
Петер Кук Скот Тули
Сол Стеинберг
Стенли Тигерман
Стивен Хол
Су Ванг
Сонографие
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
39
рубрика е Создаванма Животвите! Покри
www.zinco.de
070 216 945 info@zepekomak.com.mk
40
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
www.zepekomak.com.mk
рубрика
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
41
архитектура
Тајните на финската сауна Се претпоставува дека сауната е измислена во Финска, иако Финците не милуваат така да кажат. За нив не е толку важно кој ја измислил првата сауна, колку што е важно кој го довел нејзиниот дизајн до перфекција. Во Финска речиси сите станови и куќи имаат сауна во нив - податок со кој не можат да се пофалат останатите скандинавски земји Александар Черепналкоски, дипл.инж. по дрвна индустрија
42
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
архитектура
С
ауната е посебна, специјално изолирана просторија која се загрева на температура од 70-100 степени Целзиусови, преку загревање на камења. Како агрегат за загревање можат да се искористат дрвото, што е најпосакуванo, струјата или гасот. Се користи како просторија за релаксирање во топлиот воздух, а периодично се долева вода врз камењата за да се добие
топла пареа која ја стимулира циркулацијата и длабoко ја чисти кожата со отворање на порите. Традиционално, во финската сауна најчесто се користи и грст од брезови гранчиња за повремено благо удирање по грбот. Овој процес резултира со физичко и ментално опуштање и здравје, но оваа магична просторија е многу повеќе од тоа.
Кога сауната не е сауна?
Со самото тоа што некоја просторија
е изградена да изгледа како сауна не значи дека е права сауна. Простории каде загревањето се врши со инфрацрвени греалки не можат да се наречат сауни. Со оглед на тоа што живееме во свет со огромно електромагнетно зрачење, Финците се обидуваат да го намалат колку е можно повеќе електромагнетното зрачење, светлото и инфрацрвеното зрачење во суните. Одењето во сауна е еден вид бегство од динамичниот свет кој
нè опкружува и штетите што ни ги прави на нашето тело и ум. Седење во добро проектирана и добро изградена сауна создава прекрасно чувство на опуштеност и релаксирање. Дизајнот на сауните во Финска е доведен до перфекција, и со тоа престојот во нив е прекрасно доживување. Можеби затоа во статистиката од 2010 година се избројани 2.000.000 сауни во станбени објекти и куќи, а исто така има
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
43
архитектура
и многу јавни сауни. Со оглед на тоа што во Финска има 5,3 милиони жители, кажува многу за нивната култура и односот кон сауната.
Финска сауна
Финците сауната ја користат од неколку главни причини, како на пример загревање во суровата поларна зима, социјални активности, физичко, ментално и духовно исполнување и слично. Се претпоставува дека е измислена во Финска, иако Финците не милуваат така да кажат. За нив не е толку важно кој ја измислил првата сауна, колку што е важно кој го довел нејзиниот дизајн до перфекција. Во Финска скоро сите станови и куќи имаат сауна во нив, со што не можат да се пофалат останатите скандинавски земји. Затоа кога ќе се спомне името Финска, првата асоцијација е сауната. Голотијата е составен дел од одењето во сауна - традиционално во Финските сауни не се носи ништо на себе, освен пешкир понекогаш. Во јавните сауни има строга забрана да се влегува со костими за капење, бидејќи од високата температура испуштаат несакани хемикалии кои ги содржи водата во базенот, или слично. Финците културолошки се потполно растеретени од стереотипите што владеат во други земји во однос на голотијата. 44
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
Начинот на употребувањето на сауните во Финска е сосема спротивно на некои други европски земји. Во Европа, низ историјата, постоеле секаков вид на бањи, дури и некои кои наликувале на сауни, но поради неправилна употреба станале нехигиенски така што болестите брзо се ширеле во нив, затоа биле и забранувани со закон. Во Финска преживеала сауната бидејќи Финците се народ на шумите и природата, и никогаш не ја употребувале сауната на погрешен начин. Ова делумно се должи и на традицијата на Финците да имаат здрав став кон човековото телото и духот. Затоа и денденес тие се чувари на културата на одење во сауна. Бранот на популаризирање на модерната финска сауна во светот се јавува за време и по Олимписките игри во Хелсинки 1952 година.
Вентилација
Во сауната, покрај начинот на загравање, многу е важна вентилацијата на просторијата и промената на воздухот. Доколку сауната нема соодветна вентилација, нема поента таа воопшто да се користи. Печките на дрва константно влечат воздух од просторијата за согорување и го испуштаат преку оџакот, а тој се заменува со свеж воздух, којшто влегува од отворот оставен
под печката за брзо загревање на новиот воздух или кај станбените сауни од просторот оставен под влезната врата. Отворот за вентилација најчесто е со дијаметар од 15 сантиметри, и има капак за регулирање на провевот. Уште еден отвор се остава на ѕидовите во висина над очниот хоризонт за испуштање на стариот воздух. На овој начин, воздух богат со кислород константно циркулира во просторијата. За подобро зачувување на топлината во просторијата, отворот за испуштање на воздухот не треба да се позиционира најгоре на ѕидот блиску до таванот бидејќи топлиот воздух најмногу струи таму. Без разлика кој начин ќе биде употребен за вентилација на сауната, резултатот треба да биде свеж воздух за дишење со многу кислород. Само така сауната ќе претставува пријатно доживување. Воздухот природно има 21% кислород во него, ова треба да биде запазено и во сауната. Важно е, исто така, да се напомене дека сауната треба добро да се проветри пред секој циклус на загревање за користење.
Материјали кои се користат во сауна
Првиот и единствен избор на материјал коj се користи за градење на сауна е секако дрвото.
архитектура
Дрвото е единствениот материјал, кој при поставување во просторија загреана на многу висока температура може да се седне на него, визуелно изгледа смирувачки и во зависност од дрвниот вид, оддава пријатен и смирувачки мирис. Постојат одредени дрвни видови кои можат да се користат во сауни. Таква е смрчата што е прилично отпорна на висока влажност, но слабиот мирис кој го оддава не е за секого пријатен. За разлика од неа, препознатлив е пријатниот мирис на борот, што убаво се вклопува во сауната. Во јавни сауни, честопати се користи тополата заради нејзините анти-алергични својства, и не предизвикува проблеми кај луѓе со респираторни потешкотии. Во поново време, со развојот на новите материјали од дрво, во сауните се користат и термички обработено дрво, најчесто од иглолисните дрвни видови како смрча и бор. Термички обработеното дрво е многу поотпорно на висок процент на влажност, но со обработката ги губи некои од своите природни квалитети. На дрвните површини, традиционално не се употребуваат премачкувачи, но во поново време може да се забележат некои премачкувачи, кои се употребуваат на природна база, а задолжително е дрвото да се обработи со висок степен на фина обработка.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
45
наука
МИХАИЛ ТОКАРЕВ: 100 ГОДИНИ МОДЕРНА АРХИТЕКТУРА (125)
ШВАЈЦАРИЈА (1)
К. Мозер. Црквата Св. Антониус, Базел. Внатрешност
К. Мозер. Црквата Св. Антониус, Базел. Изглед
Учесниците на Првиот конгрес на CIAM, Ла Сараз Населбата Нојбил кај Цирих
46
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
КНИГА 2: ДОСТИГНУВАЊАТА НА ОДДЕЛНИТЕ ЗЕМЈИ РЕЗИМИРАНИ ИЗВАДОЦИ
Во текот на 20-тите и 30-тите години на ХХ век во швајцарската архитектура е присутен длабок јаз меѓу напредната теорија и градителската практика. Во неа се среќаваат културните вредности на големите соседи, од чии народи е составено швајцарското општество, при што нагласената социјална стабилност се рефлектира и врз умерениот однос кон новаторството во архитектурата. За да помогне во разјаснувањето на творечката мисла, познатиот теоретичар Зигфрид Гидион (1888-1968) почнува да објавува написи за поставките што се разработуваат во школата Баухаус. Веднаш потоа, Март Стам, Ел Лисицки и Ханс Шмид го формираат списанието АВС во кое решително ја пропагираат рационалната индустријализирана изградба. Тогаш, Карл Мозер (1860-1936) по 20 години работа во Германија се враќа во Цирих, од каде како професор врши влијание врз развојот на архитектурата. Неговото ослободување од еклектичните влијанија, а со модерна интерпретација на готската традиција е одбележано со црквата Св. Антониус во Базел (1926-1927), како прв нестопански објект целосно изграден од армиран бетон. И покрај тоа, конзервативната практика е потврдена со резултатите од конкурсот за Лигата на народите во Женева (1928), кога е одобрен проектот на Гијол, наместо напредната идеја на Ле Корбизје. Тоа претставува непосреден повод за формирање на Здружението CIAM (19281956), кое ги обединува најзначајните модерни архитекти од светот. Сепак, разочарани од конзервативната практика, талентираните архитекти ја напуштаат Швајцарија. Во идејната борба меѓу старото и новото, во текот на 30-тите години доаѓа до афирмација на функционализмот, приспособен на домашната култура, рационалноста и тесниот простор, а во рамките на демократската федерална структура. Тоа е потврдено на изложбата Веркбунд со станбената низа Нојбил во Цирих (1930-1932), а потоа и со подигањето
Ј. Дахинден. Црквата Св. Павле, Дилсдорф
на училишта со павилјони распоредени околу еден или повеќе дворови. Во периодот 1946 - 1967 година архитектурата продолжува да се развива врз претходните поставки: воздржаност, едноставност и економичност, но сепак некои креативни поединци стекнуваат меѓународна репутација. Така на пример, Јусус Дахинден (1925-) во 60-тите години упорно настојува да создаде свој архитектонски израз со многу стрмни кровови и пирамидални силуети на објектите. Тоа особено е видливо кај верските објекти, како што е црквата Св. Павле во Дилсдорф (1962), чиј олтар има триаголна основа со ленковидни прозорци во вид на крст. Од Цирих во 50-тите години потекнува идејата за терасеста изградба на ридски наклонет терен, што како рационално искористување на земјиштето го прифаќаат и другите градови. Особен успех постигнува групата Ателје 5 со населбата Хален кај Берн (1957-1961), чии објекти имаат прозорци свртени кон југ и тераси покриени со трева, така што таа се смета за предвесник на т.н. одржлива архитектура.
Ателје 5. Населбата Хален кајкај Берн
рубрика
Б
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
47
рубрика
Покрив кој трае со генерации. ТОНДАХ Македонија АД ИГМ Пролетер бр. 1 МК- 2310 Виница
29ти Ноември бр.60
е-маил: office@tondach.com.mk
Телефони: ++389 / (0)33 361 332 ++389 / (0)33 362 152 Факс: ++389 / (0)33 361 780 www.tondach.com.mk
ДООЕЛ ТАТЈАНА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА www.porta3.com.mk
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
liting@t-home.mk
070 387 535 070 385 585
Тел.: Тел.: 02 02 3122284 3122284 Орце Николов 93/8 alchimica.mk@gmail.com alchimica.mk@gmail.com www.alchimica.mk www.alchimica.mk
HY PERDESMO®
ТРАЈНО ЕЛАСТИЧНА ЛЕСНО ЗА ИЗВЕДБА ЕЛАСТИЧНА на - 40С УВ - СТАБИЛНА
Mob: 071 673 895 e-mail: beta_beko@yahoo.com
канцелариски материјал друштво за производство трговија и услуги
„ГВ“ ДООЕЛ
Друштво за инжинеринг и изведба на објекти -2
ќ“ лам.2, 1/1 Ковачеви Ул. „Саваре он 77, Скопје
15
, 2720-2 2720-214 Тел: 02 акс: 2720-216 Ф
48
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
Димитрије Чуповски 2, 1000 Скопје Република Македонија Телефон: 389 2/ 3111200, Факс: 389 2/ 3111701, 3112606 E-mail: pelagskp@pelagonija.com.mk , pelagskp@mol.com.mk
„INVESTORS GROUP FIELD“ - Винипег
Блу Бомберс ќе „грмат“ на нов стадион Сашо Кузмановски
В
о рамките на Универзитетот во Манитоба, Канада, од 20 мај 2010 година почна да се гради нов, атрактивен и модерен фудбалски стадион. Со оглед на популарноста на американскиот фудбал и во овој дел од Северна Америка, јасно е дека овој стадион ќе биде новиот центар на случувањата во овој популарен спорт. „Investors Group Field“ ќе биде новиот дом на Винипег Блу Бомберс, еден од најпопуларните спортски колективи во Канада. Новиот стадион ќе има капацитет од 33.422 места, од кои најголемиот дел (80%) ќе бидат под покрив. Во текот на зимскиот период, поради студените денови и прилично снежен период, дел од покривната конструкција ќе го опфаќа и крајниот дел на полето за игра, во кое дополнително ќе бидат вградени регулатори за топлината на тревата, што ќе спречува непријатно замрзнување на игралиштето. Покривот на стадионот во Винипег ќе биде брановиден, метален и ќе овозможува висока енергетска ефикасност. Во состав на стадионот ќе бидат изградени 52 апартмани (дел од нив ќе ги користи клубот Винипег Блу Бомберс, дел ќе бидат комерцијални), ресторан, музеј на славните, подземен паркинг, како и неколку други административни објекти. Вкупната цена за изградба на објектот ќе ја помине границата од 190 милиони долари, која беше одредена со поставувањето на камен-темелникот на стадионот. Темелите на „Investors Group Field“ се поставени 8 метри под земја, а трибинскиот простор ќе биде распореден на три нивоа, кои комплетно ќе го опкружуваат игралиштето. Интересно е да се напомене дека дури 20.000 места од оние 33.422, ќе бидат всушност под земја. Првичниот капацитет предвиден за фудбалски средби може да биде зголемен и до 40.000 за концертни настапи. Ваквиот пристап на изградба на стадионот ќе овозможи значително намалување на бучавата во околината, што не беше случај со досегашниот дом на
спортски храмови
ФАКТИ за „ИНВЕСТОРС ГРОУП ФИЕЛД“ - Винипег, Манитоба Седишта: 33.422 Период на изградба: 2010 - 2012 Цена на градба: 190 милиони долари Површина на градба: 20.200 м2 Дизајнер: Raymond S.C Wan Придружни објекти: ресторан, 52 апартмани, музеј, подземен паркинг...
Винипег Блу Бомберс, стадионот „Canad Inns“. Исто така, во редовите на трибинскиот простор ќе има поголема комоција за седење, проширена дури за 100% за разлика од трибините на стариот стадион. Полето за игра ќе биде 25 метри под највисоките редови во гледалиштето. Височината на стадионот ќе биде 30 метри, а ширината 110 метри. На стадионот ќе бидат монтирани и два големи ЛЕД монитори со висока резолуција. Пристапни рампи се градат не само на влезовите на стадионот, туку такви ќе има и до тоалетите во фоајето на трибините. За искачување до највисоките места ќе бидат поставени и 6 ескалатори. Иако е отворен, на стадионот ќе биде забрането пушењето. Првата фаза од изградбата на „Investors Group Field“ почна пролетта 2010 година, а заврши година подоцна. Минатата година на пролет стартуваше втората фаза, која опфати и уривање на постоечкиот стадион и изградба на еден дел од трибинскиот простор. Отворањето на новиот стадион се планира за оваа година. Засега не се знае кога ќе биде завршена третата фаза, која опфаќа комплетна илуминација на објектот и доизградба на инфраструктурата околу стадионот. Сепак, претпоставките велат (доколку се обезбедат сите услови и средства), целиот простор ќе биде уреден до летото 2013 година.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
49
технологии
SOPA апокалиптична закана по Интернетот
50
Stop Online Piracy Act или во превод Акт за стопирање на онлајн пиратеријата е предлог-закон поднесен на 26 октомври мината година од страна на републиканецот Ламар Смит, а поддржан од група на 12 претставници (во моментов 31) од двете најголеми партии во американскиот конгрес. Со законот се прошируваат досегашните правни инструменти во борбата против кршењето на авторските права, интелектуалната сопственост и фалсификувањето на роба. 3 ПОРТА
27 Јануари 2012
Трајче стојанов, дипл.инж.арх.
Д
обредојдовте во 2012 година. Пишман година - крај на светот. Или година - шанса за нов почеток. Ако работите во градежната индустрија, а веројатно работите, мирно сте вратени на работните обврски очекувајќи ги, помалку нестрпливо, владините проекти што ветуваат благосостојба. Сосема е извесно дека годинава најважни ИТ теми ќе ви бидат некои од следниве:
Легализација на софтвери, Нова Аутокад верзија, Нов Виндоус оперативен систем, Замена на постојниот ИКТ инвентар со нов, Купување на АјФон итн.
Но, надвор од нашето (условно земено) летаргично опкружување, западната хемисфера е во состојба на зголемен наплив на адреналин, што од радост, што од страв, што од гнев. Едноставно, премногу случувања. Случувања кои во секој случај (ќе)не тангираат и нас. Можеби најактуелен настан во месецов е гласањето за SOPA (Stop Online Piracy Act) во рамки на американскиот конгрес. Станува збор за еден контроверзен закон кој предизвика бура од реакции. Законот е еден од многуте обиди да и се стави крај на пиратеријата. Иако во американскиот законик веќе постојат низа акти кои ја регулираат оваа материја, пиратеријата никогаш
сериозно не била уништена. Дека пиратеријата, односно кршењето на авторските права е во фокусот на вниманието на американските политичари, покажува и фактот што неколку слични иницијативи веќе се влезени во процедура за донесување. PIPA (Protect IP Act) е сличен закон кој доби препорака од Правниот комитет на Американскиот конгрес, па се очекува негово донесување кон крајот на јануари 2012 година. Со него се предвидува поголема регулација на интернет сообраќајот. И покрај тоа што PIPA е доволно строг и ригиден, SOPA е каменот на сопнување. Закон кој по својата ригидност оди подалеку. Но, што е всушност SOPA? SOPA (Stop Online Piracy Act) или во превод Акт за стопирање на онлајн пиратеријата е предлог-закон поднесен на 26 октомври 2011 година од страна на републиканецот Ламар Смит, а поддржан од група на 12 претставници (во моментов 31) од двете најголеми партии во американскиот конгрес. Со законот се прошируваат досегашните правни инструменти во борбата против кршењето на авторските права, интелектуалната сопственост и фалсификувањето на роба. Она што е особено важно е што со одредбата 102 од SOPA и одредбата 3 од PIPA се дава надлежност на US Department of Justice (Министерството за правда на САД), како и на носителите на авторски права, да можат да побараат судски
наредби насочени против СТРАНСКИ веб страници кои ја овозможуваат пиратеријата, а на некој начин се поврзани со САД. Судските наредби можат да побараат: Американските Интернет провајдери, односно Хостинг компании да ги блокираат таквите вебсајтови и да ја прекинат соработката со нив, Американските компаниите за онлајн адвертајзинг (пр. Google AdSense), како и компаниите што овозможуваат онлајн плаќање (пр. PayPal) да ја прекинат соработката, Американските пребарувачи (Google, Bing, Yahoo...) да ги стопираат/модифицираат линковите до тие веб страници. Сепак, гореспомнатите одредби не важат за домените што завршуваат на .com, .net и .org бидејќи тие се „домашни“ (американски), односно се издаваат и се во надлежност на американските институции, па како такви се подложни на постојните слични, но еднакво строги закони. Како илустрација, примената на постојните закони кои ја третираат оваа материја во САД направи 150 веб страници да бидат запленети минатиот месец. Запленувањето како законска опција е воведена во 2010 година, и досега се запленети огромен број на домашни веб страници, кои со оглед на тоа што огромен процент од интернет сообраќајот во светот се одвива низ
технологии американските сервери, односно голем број на американски компании се вклучени во најразлични интернет операции, јасно е дека ваквите закони ќе имаат ефекти врз целокупните интернет активности во светот. Неповолните импликации ги препознаа и европските држави, кои во Европскиот парламент експресно донесоа резолуција, со која се осудува запленувањето на интернационални домени од страна на институциите во САД. Според резолуцијата, одредбите специфицирани во предложените закони ќе го загрози „интегритетот на глобалниот Интернет и слободата на комуникацијата“. Со тоа, Европскиот парламент застана на листата на противници на SOPA. Во интернационалните медиуми беше прикажан случајот со шпанската компанија „Пуерто 80“, чиј домен rojadirecta.org беше запленет од страна на американските власти, а истиот беше деклариран како легален од страна на шпанските судови. Многумина укажуваат на разликите помеѓу законите на различни држави. Тие разлики можат да бидат погубни доколку САД унилатерално ги спроведат предложените одредби.
ИТ ГИГАНТИ
Суштината на проблемот со донесувањето на SOPA лежи во нејаснотиите во самиот текст на законот, како и во широкото толкување на дефиниции и одредби
во другите закони кои го третираат кршењето на авторските права. Накратко, SOPA е премногу строг кон прекршителите на овие права, па макар тие биле занемарливо мали/ небитни. На пример, теоретски, доколку на вашиот вебсајт има поставено слика која е предмет на авторски права кои не се запазени, носителот на тие права може да побара директно блокирање на вашиот сајт (се разбира доколку е хостиран или има домен под надлежност на американските институции), наместо да ви се изрече предупредување или известување. Кршењето на авторските права во голем дел од случаите може да биде случајно, ненамерно или направено од надворешни лица. Во секој случај, запленувањето на сајтот е драконска казна. Овие пропусти во SOPA можат лесно да бидат злоупотребени од трети лица, кои законот можат да го искористат за пресметка со конкуренцијата. Голем број на светски ИТ гиганти (како Google, Facebook, AOL, eBay, Yahoo, Mozilla, Twitter, Vimeo, LinkedIn, Wikipedia, Flickr, Consumer Electronic Association и други), веќе се пронајдоа во листата на коммпании кои прилично ќе страдаат од имплементацијата на ваквите закони, па започнаа агресивни кампањи против донесувањето на одредбите. Голем број на други компании меѓу кои и BSA (Business Software Aliance), организација која се бори против пиратеријата во
светски рамки, ја искажаа својата загриженост околу определени прашања кои ќе ги поднесе SOPA. „Крај за Интернетот“. „SOPA ќе не врати во еден век нананзад“. „Крај за електронската трговија“. „Збогум за слободата на говорот“. „Две третини од Интернетот ќе згасне“. „SOPA е неуставен“. Ова се се реакции на реномираните опоненти меѓу кои има и значајни правници, ИТ експерти и експерти од областа на човековите права.
ХОЛИВУД
Сепак, овие иницијативи имаат и свои поддржувачи. Пред сè, тоа се големите филмски студија, медиа компании, трговски здруженија. Така на пример, Стопанската комора на САД во писмо доставено до угледниот „The New York Times“, наведува дека престапничките вебсајтови загрозуваат 19 милиони американски работни места, и се одговорни за стотици милијарди долари штета. Конкретно, холивудските студија и издавачките куќи губат 135 милијарди долари секоја година, поради пиратеријата. MPAA (Motion Picture Association of America), односно филмската американска асоцијација, како и RIAA (Record Industry Association of America), односно издавачката американска асоцијација, заедно со Стопанската комора на Америка се најгласните поддржувачи и финансиери на оваа кампања. Познавачите на политичките
прилики во американскиот конгрес се убедени дека SOPA ќе се донесе поради силното лоби. Очигледно политичарите што ја поддржуваат иницијативата не гледаат апокалипса во нејзиното донесување. Напротив, примерот со ограничувањето/контролирањето на Интернетот во Кина и неколку други држави, според нив докажува дека Интернетот ќе опстои и во специфични услови и ќе си ја пронајде вистинската форма. Независните експерти на иницијативата гледаат како војна помеѓу Холивуд и Силиконската долина, односно Entertainment (забавната) и ИТ индустриите. Според Холивуд, ИТ индустријата без да води сметка за останатите индустрии, на извесен начин ја поттикнува пиратеријата овозможувајќи ефикасни и напредни канали на комуникација, без да воведе соодветно филтрирање на истите. Силиконската долина пак, од друга страна, смета дека Холивуд никогаш не се потрудил да биде во тек со времето и да си ги заштити своите права преку создавање на напредни технологии и бизнис модели. Историјата кажува дека филмските студија и во минатото биле во судир со ИТ индустријата, пред сè обидувајќи се да го блокираат развојот на видеорекордерите и слично. Како и да е губитници ќе има. Дали и ние ќе бидеме меѓу нив, ќе покаже времето. Многу бргу.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
51
експерт
ЛОНДОН 2012 - ОЛИМПИСКИ И ПАРАОЛИМПИСКИ ИГРИ
АРЕНАТА ЗА КОШАРКА ОД ВРЕМЕН ОБЈЕКТ ДО ТРАЈНО НАСЛЕДСТВО?
Станува збор за софистициран 115 метри долг шатор со едноставна правоаголна форма, ПВЦ покривка и со висина од 35 метри (исто колку и галеријата д-р Владимир Ладински, Б. Tate Modern во Лондон). Капацитетот е од 12.000 седишта во портокалова дипл.инж.арх. (Велика Британија) и црна боја, кои ги претставуваат боите на топката за кошарка. БРОЈКИ
За непречено одвивање на спортските активности се нарачани 610 пречки за атлетика, 600 топки за кошарка, 356 пара ракавици за бокс, 12 пара голови за ракомет, 1.000 пикник клупи во рамките на паркот, 362 тоалетни јазли, 4.000 канти за ѓубре, 273 времени помошни објекти, 7 кантини, како и изградба и опремување на шопинг центар од 9.000 м2...
С
о цел да се одбележат последните 200 дена до почетокот на овогодишните Олимписки и параолимписки игри: Лондон 2012 и значењето што се придава на овој настан во земјата, на девети јануари оваа година Владата на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска го одржа својот прв овогодишен состанок на Кабинетот во простории лоцирани
52
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
во рамките на Олимпискиот парк. Со овој специјален состанок на британскиот Кабинет истовремено е одбележано и примопредавањето на Олипискиот парк од Olympic Delivery Authority (ODA) на London Organising Committee of the Olympic and Paralympic Games (LOCOG). Со овој чин се смета дека клучните градежни работи се завршени и дека во текот на наредните 200 дена, комплексот треба да се подготви за да пречекаат над 15.000
атлетичари и 20.000 претставници на медиумите од околу 200 земји во светот. Основниот фокус ќе биде на опремувањето на девет објекти, во кои ќе се одржуваат натпреварите. Тоа значи во однос на спортската опрема и останатите реквизити неопходни за непречено одвивање на спортските активности на нив. Се работи за нарачки на 610 пречки за атлетика, 600 топки за кошарка, 356 пара ракавици за бокс, 12 пара голови за ракомет, поставување
на 1.000 пикник клупи во рамките на паркот, 362 тоалетни јазли, 4.000 канти за ѓубре, 273 времени помошни објекти, 7 кантини, како и изградба и опремување на шопинг центар од 9.000 м2... Ова ќе биде проследено од февруари, и со организирање на 11 пробни натпревари во рамките на Олимпискиот парк, во кои ќе учествуваат околу 4.000 атлетичари, а со цел да се извршат завршните подготовки и проби на објектите,
експерт организацијата и персоналот пред почетокот на игрите.
СТОПАНИСУВАЊЕ СО ОБЈЕКТИ
Во рамките на одбележувањето на 200-от ден до почетокот на Олимписките и параолимписките игри: Лондон 2012 било извршено и именување на дел од објектите, улиците и мостовите во состав на Олимпискиот парк, со што би требало да се олесни ориентацијата на посетителите во рамките на истиот. Како резултат на ова, стадионот за хокеј официјално ќе се нарекува Riverbank Arena (Крајбрежна арена), а стадионот за ракомет Copper Box (Бакарна кутија). Од аспект на британската Влада, од особено значење е фактот што на овој ден било потврдено, кој ќе биде сопственик и кој ќе стопаснисува со уште три олимписки објекти (центарот за водни спортови, повеќенаменската сала за ракомет и 115 метри високата кула за набљудување) по завршетокот на игрите, со што ќе се обезбедат 254 нови идни вработувања. Како резултат на сево ова, на 200 дена пред почетокот на овие олимписки и параолимписки игри веќе е обезбедена иднината на шест од осумте трајни спортски објекти во рамките на Олимпискиот парк, што се смета за големо постигнување. Во своето обраќање, британскиот премиер Дејвид Камерун истакнал дека „на почетокот на 2012 година, годината на Олимиските и параолимпсиките игри и на Дијамантниот јубилеј (60 години од крунисувањето на кралицата Елизабета Втора), ова бил одличен
момент Кабинетот да дојде заедно и да обезбедат апослутно сè што е можно за да се реализираат и да се презентираат сите големи остварувања, кои Обединетото Кралство може да ги понуди на остатокот на светот“.
ПОВЕЌЕКРАТНА НАМЕНА
Еден од објектите за кои со сигурност се знае дека нема да останат дел од градителското наследство на овие олимписки и параолимписки игри е олимписката Арена за кошарка (Basketball Arena) испроектирана од страна на студиото Sinclair Knight Merz во соработка со Wilkinson Eyre и KSS. Станува збор за времен објект, во кој ќе се одржат натпреварите во кошарка, кошарка за лица во количка, рагби за лица во количка, како и дел од натпреварите во ракомет. Изградбата на објектот отпочнала во октомври 2009 година, при што во март 2010 година започнала монтажата на 1.000 тони тешката челична носечка рамовска конструкција, за објектот да биде завршен во рок од 15 месеци и во рамките на договорениот буџет во јуни 2011 година, како четврти завршен олимпискит стадион за овие игри. Се смета дека овој објект е најголемиот досега изграден времен објект за кои било досега одржани олимписки или параолимписки игри во светот. Станува збор за софистициран 115 метри долг шатор со едноставна правоаголна форма, ПВЦ покривка и со висина од 35 метри (исто колку и галеријата Tate Modern во Лондон). Капацитетот е од 12.000
седишта во портокалова и црна боја, кои ги претставуваат боите на топката за кошарка. Објектот е испроектиран и изграден така што за време на олимписките игри може во рок од 22 часа да се пренамени од сала за кошарка во сала за ракомет, а потоа за време на параолимписките игри да може во рок од 12 часа да се пренамени од сала за кошарка за лица во количка во сала за рагби за лица со количка. За време на игрите, помошните простории на објектот ќе бидат споделени со уште две други арени за да бидат искористени на рационален начин расположивиот простор и ресурсите вклучително со просторите за медиуимите, за подготовка на храна, обезбедување, управување со отпадот, итн. По завршувањето на игрите објектот ќе биде демонтиран и се очекува барем две третини од материјалите и елементите на арената да можат да се релоцираат, искористат или рециклираат во рамките на Обединетото Кралство. Ваквиот пристап е базиран на опредлбата за трајни објекти да се градат само во оние случаи кога со сигурност може да се очекува дека ќе биде можно да се обебзеди нивната долгорочна иднина по завршетокот на игрите. Овој времен објект е покриен со 20.000 м2 голема обвивка / „платно“ од бел ПВЦ, која може да се рециклира. Обвивката е поставена врз 1.000 тони тешката лачна челична рамовска конструкција, при што лаковите се изведени во три варијанти за преку растегање на обвивката и преку различните форми на лакови да се обезбеди
најоптималното затегање на обвивката на објектот. Начинот на поставување на обвивката на фасадата на објектот овозможува создавање на текстура на фасадта. Оваа надворешна обвивка на објектот ќе послужи како „платно“ за иновативни светлосни ефекти во текот на игрите. Според главниот извршител на ODA, Dennis Hone, „завршувањето на изградбата на Арената за кошарка претставува уште еден впечатлив простор за време на игрите во Олимпискиот парк, а иновативната конструкција овозможува повторно да се употреби на друго место по 2012. Како четврти реализиран објект во Олимпискиот комплекс и еден од најбрзо изградените, Арената за кошарка е уште еден репер за ’Големите Градби’ во Олимпискиот парк, и е заслуга на компании од целото Обединето Кралство, вклучени во неговата реализација“. Според Министерот за спорт и олимписки игри, Hugh Robertson, „кошарката е еден од најатмосферските натпревари на игрите, и ова е отсликано во уметничкиот дизајн на арената. Брзината со која објектот е изграден, е заслуга на ODA и на архитектот чијшто проект значи дека објектот ќе може повторно да се употреби по игрите“. Арената за кошарка на Sinclair Knight Merz во соработка со Wilkinson Eyre и KSS е одличен пример за тоа како со иновативен дизајн и визија, и од времен објект со обвивка од ПВЦ може да се создаде меѓународно вреден архитектонски објект.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
53
екологија
Колку сме навистина свесни во поглед на климатските промени?
Според Светската здравствена организација, загаденоста на воздухот е причина за смрт на два милиона лица годишно во светот. Во Македонија, како резултат на загаденоста на воздухот, во 2011 година починале околу 300 лица, од кои 150 во Скопје. Никола Нешкоски, дипл.инж.на жив.средина/еко-менаџер
Д
али порано верувавте во климатски промени? Дали верувате сега? Полека, но сигурно ги чувствуваме последиците од несовесноста на индустриските постројки во Македонија, како и од одбивањето на граѓаните 54
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
почесто да користат каков било вид на (по)одржлив транспорт. Во последниве години Македонија силно ги чувствува последиците од оваа светска состојба, која во најголема мера е предизвикана од човековите активности. Македонија се соочува со суши и загадувања како никогаш досега. Сето ова е
предизвикано од глобалните, но и од активностите на локално ниво. Најчесто, климатските промени се предизвикани како резултат на разни активности, од кои како главни виновници се издвојуваат сообраќајот и индустријата. Според еден истражувачки проект поддржан од Данската асоцијација
(проект SCOOP) во Македонија, постојат 16 жешки точки од кои се испуштаат преку 20 милиони тони индустриски отпад. Огромни количини на отпад секојдневно се испуштаат во сите состојби, односно во вода, воздух, почва. Според СЗО (Светска здравствена организација), загаденоста на воздухот е причина
екологија за смрт на два милиона лица годишно во светот. Во Македонија, како резултат на загаденоста на воздухот, во 2011 година починале околу 300 лица, од кои 150 во Скопје. Според експертите, најситните честички се и најштетни по здравјето на луѓето, бидејќи можат да продрат најдлабоко во белите дробови. А токму нив ги гледаме секојдневно околу нас. Во форма на прашина, воздух со темноцрвена, кафеава или сива боја. За овие честички постои пропишана законска регулатива, според која концентрацијата не смее да надминува 50 микрограми на еден метар кубен воздух, дневно. Но, како што некои медиуми прикажаа, во месец ноември, концентрацијата на овој вид честички достигнала над 700 микрограми на метар кубен воздух. Коментарот го оставам на Вас читателите, обичните граѓани.
ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Друг ,,производ“ на неконтролираното загадување од постројките на нашата индустрија, претставува константното ослабување на нашето најсилно национално „оружје“ - земјоделството. Како резултат на испуштањето на штетни материи директно во воздухот или пак преку нивно испарување од загадената вода, се соочуваме со проблеми од типот на глобалното затоплување, односно во превод - суша, намалени приноси, недоволна количина на храна. Ситуацијата е навистина сериозна, а прогнозите за во иднина се негативни и мрачни. Доколку во Македонија оваа година не заврне доволно количество дожд, голема е веројатноста дека ќе треба да увезуваме разни земјоделски култури. Каков парадокс, увоз на пченица во земјоделска земја. Некои луѓе ќе кажат – невремето го уништи родот, некои пак како главен виновник ќе го посочат - човекот! Самите ние си ги предизвикуваме овие проблеми. Од претходно наведените примери лесно може да заклучиме дека нешто „смрди“ во државата наречена Македонија. Дали е тоа индустријата? Или пак можеби е тоа свеста на народот? Како и да е, доколку продолжиме со исто темпо надолу, ни останува само да се надеваме дека оваа година ќе ни донесе дожд... , и по некој метар кубен чист воздух!
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
55
екологија
Новите научни студии донесоа опсежни резултати
Разноликоста во екосистемите амортизер за климатските промени
Загубата на биодиверзитетот може да ја намали природната функција на екосистемите преку намалување на квалитетот на сервисите што тие ги обезбедуваат. Тука спаѓа обезбедувањето вода за пиење, храна и енергија, зафаќањето на јаглеродот и разградувањето на отпадот, кружењето на хранливите елементи и разнесувањето на семињата, нагласуваат истражувачите на биодиверзитетот.
З
ачувувањето на различниот растителен свет ќе биде клучно во справувањето со негативните ефекти од климатските промени и опустошувањето во сушните предели на планетата Земја, покажува најновата студија што на 13 јануари беше објавена во журналот Science. Наводите во студијата се базирани на примероци од екосистеми од секој континент, освен од Антарктикот. Документот за првпат потврдува дека колку што е побогат и поразновиден екосистемот,
56
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
толку повеќе еколошки функции извршува. Тоа се согледува и преку количеството зафатен јаглерод и преку здравјето на почвата. - Ова е најобемното истражување за поврзаноста меѓу функцијата и биодиверзитетот што некогаш било реализирано - ја пренесува магазинот ScienceDaily изјавата на професорот Дејвид Елдриџ, од UNSW School of Biological, Earth and Environmental Sciences, еден од авторите на студијата. Според студијата, екосистемите во сувите подрачја покриваат околу 40 отсто од земјината копнена површина, поддржуваат 40 проценти од луѓето што
живеат таму, и се особено ранливи пред промените во средината и опустошувањето. - Нашите наоди укажуваат на тоа дека богатството со растителни видови може да биде особено важно за одржување на функциите на екосистемот поврзани со кружењето на јаглеродот и на азотот, што пак го поддржува зафаќањето на јаглеродот и плодноста на почвите. Поради тоа што деградацијата на земјиштето често е проследена со намалување на плодноста на почвата, богатството на растителни видови може да ја поддржи отпорноста на екосистемот пред
Сашо Кузмановски
опустошувањето - вели Елдриџ. Како што наведува магазинот ScienceDaily, општо е прифатено дека загубата на биодиверзитетот може да ја намали природната функција на екосистемите преку намалувањето на квалитетот на сервисите што тие ги обезбедуваат. Тука спаѓа обезбедувањето вода за пиење, храна и енергија, зафаќањето на јаглеродот и разградувањето на отпадот, кружењето на хранливите елементи и разнесувањето на семињата. Екосистемите што обезбедуваат повеќебројни сервиси, како што се складирањето на јаглеродот, продуктивноста
екологија
и обезбедувањето резерви на хранливи материи, се опишуваат како мултифункционални. Во оваа студија, посочува магазинот, тим научници од 14 земји проценувале како диверзитетот на повеќегодишните растенија и одреден опсег од климатски и теренски варијабли се поврзани во рамките на мултифункционалноста на 224 екосистеми од сушни подрачја. Истражувачите истражувале мостри доволно големи за да ги содржат карактеристиките на главниот екосистем и опишале 14 функции поврзани со кружното движење и складирањето на
јаглеродот, азотот и на фосфорот. - Климатските промени ќе ја намалат способноста на екосистемите од сушните подрачја да извршуваат повеќекратни функции поврзани со кружното движење на горенаведените елементи. Климата што се менува најверојатно ќе го намали и разнообразието на растенија и ќе ги зголеми површините погодени со опустошување објаснува професорот Елдриџ.
Европската вегетација веќе покажува промени Деценијата 2000-2009 година е најтоплата досега измерена,
од почетоците на мерењето на температурата на воздухот во светот. Во врска со ова, магазинот ScienceDaily деновиве објави уште една студија со наслов „Одговор на планинската вегетација на климатските промени низ целиот континент“, спроведена од истражувачи од 13 земји, која покажува дека планинската вегетација на европскиот континент покажува јасни промени од климата што се менува. Според ScienceDaily, научниците истражувале 60 локации и 867 примероци од вегетација од 17 планински предели низ цела Европа во 2001 година, а потоа се вратиле
на истите локации во 2008 година. Преку споредба на примероците на вегетација најдени на посочените локации во 2001 и 2008 година истражувачите биле сведоци на јасна промена кај вегетацијата кон видови што преферираат повисоки температури. - Трансформацијата на растителните заедници за помалку од една деценија може да се смета за брз одговор на екосистемот кон климатските промени што се во тек, особено што резултатите од истражувањето се поклопуваат на целиот европски континент и не се однесуваат на изолирано подрачје - коментираат истражувачите.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
57
хортикултура
Практични совети за одгле Филип Филипоски, дипл.шум.инж.
Расадник
ОСВЕТЛУВАЊЕ
Една од најголемите дилеми во однос на одгледување собни растенија е изборот на местоположба на растението за негово непречено осветлување. Осветлувањето во нашите домови и канцеларии не е доволно за собните растенија. Затоа е најдобро растенијата секогаш да се поставуваат во близина на прозорците каде што светлината е најдостапна. Многумина како алтернатива користат сијалици за создавање на вештачка светлина. Доколку користите такви сијалици гледајте тие да бидат со сина боја, бидејќи таквите рефлектираат светлина најблиска до сончевата. Сепак, употребата на вештачка светлина не е најпрепорачлива бидејќи влијае врз квалитетот на растенијата, што се согледува понатаму во нивното одгледување. Како слабата така и премногу јаката светлина не е пожелна за одгледување собни растенија. Имено, препорачливо е да се избегнува директната изложеност на сонце за да не доведе до несакани последици по листовите на растението. Најдобро е растенијата (зависно од потребите на секој вид посебно) да бидат поставени на места индиректно изложени на сончева светлина, со што би се спречило какво било оштетување кое може да го предизвика директното сонце.
ТЕМПЕРАТУРА И ВЛАЖНОСТ
Температурата и влажноста на воздухот во една просторија е многу тешко да се усогласат, пред сè поради различните потреби на растенијата. Доколку растенијата ги одгледуваме во стакленик, во домот или во канцеларија, температурата никогаш не смее да биде пониска од 18-20 оС, додека влажноста на воздухот не смее да е пониска од 30-50%. Исто така, треба 58
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
да се внимава да не ги оставаме растенијата на провев или во близина на извор на топлина. Провевот на многу тропски видови може сериозно да им наштети, додека пак ако растенијата се наоѓаат во близина на грејно тело, исто така може да доживеат оштетување, пред сè поради ниската влага на воздухот во тој дел од просторијата. Затоа е препорачливо повремено да се попрскува воздухот околу растенијата со вода. За таа цел, на пазарот може да се најдат најразлични пумпи кои го распрскуваат воздухот во многу ситни капки, кои пак претставуваат вистинско освежување за растенијата, особено во загушливи и топли простории.
ПОЛЕВАЊЕ
Поради фактот што растенијата потребните елементи во супстратот не може да ги користат во таква форма како што се наоѓаат во него, туку истите мора да бидат растворени, неопходно е редовно полевање. Најпрактично е полевањето да се врши поретко, но почесто. Најдобро е да се полева кога супстратот е засушен. Исто така, многу треба да се внимава со каква вода ќе се полева. Ладна или топла вода не смее во никој случај да се користи. Најсоодветна за полевање е отстојаната вода, затоа што таа има дневна топлина, а и целиот бигор кој го содржи водата ќе се наталожи на дното од шишето или садот, во кој се чува вода за полевање. Затоа при полевање со отстоена вода во шише, не го празнете шишето до самото дно.
ПРИХРАНУВАЊЕ
Елементите што им се потребни за правилен раст и развој, растенијата ги добиваат од почвата преку корењата. Сепак, тоа не значи дека
хортикултура
дување собни растенија Spathiphyllum sp.
Chlorophytum sp. Schefflera sp. , Hedera Helix , Davallia sp.
Dracena sp.
Calathea sp.
прихранувањето може да се врши само преку коренот. Како друг и доста практичен начин на прихрана на растенијата е фолијарното, односно прихранување преку листовите. Основни елементи кои се потребни за развој на собните растенија се: железо, азот, фосфор, калциум, магнезиум и други микроелементи. Без разлика во каква форма и концентрација ќе се користи ѓубрето за прихранување, најдобро е да се употребува минималната количина за секој вид посебно, зависно од неговите потреби. Растението никогаш не смее да се прихранува кога мирува или во услови на пресушен супстрат.
БОЛЕСТИ И ШТЕТНИЦИ
Најтешкиот момент при одгледување на собните растенија е борбата со болести и штетници. Обично главна мета на штетниците се оние растенија кои се болни и физиолошки ослабени растенија кои растеле во несоодветни услови. Затоа треба многу да се внимава да не се доведе растението во незавидна ситуација. Како една од превентивните мерки за борба против штетниците служи пресадувањето на растението. Тоа е особено погодно, пред сè поради тоа што стариот супстрат се заменува со нов плоден, но исто така и сите инсекти и ларви кои се развиле во меѓувреме ќе бидат правовремено отстранети. Пресадувањето на растенијата е најдобро да се врши секоја пролет кај помладите единки, а кај постарите на 2-3 години. Треба повремено да се проверуваат листовите кај широколисните видови, бидејќи тие се најчеста мета на голем број акари и лисни вошки. Третирањето со инсектициди треба да се врши само доколку тие се испробани и ефикасни.
Dracena masangeana
ХИГИЕНА
Многу важен момент при одгледување собни растенија е оджување на хигиената кај нив. Тука, пред сè, се мисли на отстранување на сувите делови од растението, кроењето на засушените гранчиња, бришењето на листовите и слично. Оштетените делови и засушените гранчиња од растенијата, најдобро е правовремено да се отстранат затоа што истите се потенцијална мета на голем број штетници. Бришењето на листовите, пак, е неопходно поради тоа што може да дојде до запушување на стомите на листовите, со што се нарушува правилното дишење на растенијата. За таа цел, може да се користи вода или некој друг препарат растворен во вода, со што истовремено би се извршило и фолијарно прихранување.
Сè ВО СВОЕ ВРЕМЕ
Ова е најважниот совет до кој треба да се придржувате. Всушност и самиот тој претставува комбинација од сите претходни. Па така, наводнувањето треба да се врши најобилно во текот на вегетацискиот период, а да се намали преку зимата. Прихранувањето треба да се врши само во период на интензивен раст. Хигиената е неопходна за да не дојде до заболување или напад од штетници. Штетниците се најактивни преку летото. Ако дојде до тоа, по соодветното третирање не треба да се очекуваат брзи резултати, бидејќи закрепнувањето на растението претставува долготраен циклус.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
59
културно наследство
Манастир Света Богородица Милостива, Велјуса
Велјуса - цариградски луксуз Обликуван со несекојдневни архитектонски форми, облагородени со раскошниот фасаден украс, манастирот израснува од периодот на настанувањето на новите градежни модели, како споменик на едно драматично време, м-р Ирена Теодора Петровска, за момент скротено во внатрешноста на манастирските ѕидови историчар на уметност
Н
а 7 километри западно од центарот на Струмица, во прегратките на планината Еленица, лежи живописно село, од дамнина сплотено со еден објект чиешто постоење го дефинира битисувањето на истото. Велјуса со векови го носи името на Света Богородица Милостива (Елеуса => Велјуса), манастир подигнат во спокојно парче зелен рај, каде единствениот ромор е тивката приказна што ја шепотат неговите масивни ѕидови.
Велјуса, западен влез
XI век - мистериозен период и застрашувачки во својата величенственост, исполнет со експресивна спиритуалност и богата уметничка креација на територијата на целата византиска империја. Пропаста на Самоиловото Царство во 1018 година и повторната промена на власта, појасно го трасираат развојот на нови градителски концепти. Новите ктитори, кои неретко припаѓале на највисоките кругови на византиската аристократија, запознаени со најзначајните и најпрестижните текови во византиската уметничка продукција, со себе го носат цариградскиот дух во провинциите. Еден од нив, духовник од Битинија, станува тивериополски епископ и во близина на неговото епископско седиште (Водоча), како што и самиот нагласил во Типикот, со свои средства го подигнал манастирот посветен на Света Богородица Елеуса. Неговото име е Мануил, а годината е 1080.
Велјуса, северна фасада
60
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
културно наследство Подигнувајќи градба со прекрасни облици и значителни ликовни вредности, дарувана со вредни уметнички дела и други скапоцености, монахот Мануил создал силно духовно средиште на струмичката област. Јадрото на црквата е изведено со четириконхален план. На јужната страна е бочната капела, со две конхи на исток и запад, додека на западната страна е поставен нартексот во форма на збиен впишан крст. Црквата е компонирана по принципот на парцијална симетрија, при што секој дел за себе (јадро, капела, нартекс), се пресликува одделно, за потоа трите дела да кохезираат во единствена целина. Резултатот е динамична структура, крунисана со три куполи кои симболично ги маркираат наведените делови. Иако со скромни димензии, планот на црквата во Велјуса оддава дело на искусен и вешт градител.
Велјуса, поглед од југоисток
Велјуса, пресек и план
Во целокупната структура на објектот зачудува појавата на големи ѕидни маси на спојот меѓу наосот и нартексот. Вообичаено тетраконхалните градби немаат нартекс, но во случаите кога тој подоцна се доградува, кај спојот на наосот со нартексот на север и југ се појавуваат неправилни аголни простории (капели), но тука е изведена независна бочна капела на јужната страна. Иако системот за создавање интеграција наместо агломерација, е еден од основните при поставувањето на бочните капели во средновизнатиската архитектура, Велјуса презентира обрасци што се помеѓу двата концепта. Јужната капела е одвоена од јадрото на црквата, но сепак се приспособува кон останатите делови на градбата.
Велјуса, јужна фасада, детаљ Според другите карактеристики на архитектурата, Велјуса цврсто стои во ареалот на цариградските концепти. Појавите на редовите ниши на два ката, посебно на источната фасада, ја следиме кај сите цариградски цркви од XI до XII век (Христос Пантепоптес, Ѓул Џамија, Килисе Џамија, Христос Хора). На делови од црквата е применета и цариградската градежна техника на вовлечен ред тули (verdeckter Schichttechnik), која комбинирана со декоративните мотиви на буквата „W“ во нишите и розетата на фасадата на нартексот, укажува на цариградско потекло на мајсторите. На јужната фасада на нартексот, централно е изведен мотив на стилизиран крст.
Велјуса - време минато, сегашно и идно
Специфична и ретка е применетата постапка за малтерисување на фасадите и нивно боење со шари, што ја отсликуваат применетата градежна техника. Ваквата ретка постапка веројатно настанала како резултат на желбите на ктиторот да изгради раскошна градба од една страна, и достапноста и примената на лош градежен материјал од друга страна. Доследноста во пренесувањето на градежната техника во сликана форма на фасадните површини, јасно ја отсликува таквата намера. Оваа практика нималку нема локален предзнак. Напротив, ја среќаваме уште од X век кај светогорските манастири, а подоцна и на Кипар, во Србија и Русија. Во Македонија најстариот и најрепрезентативен пример е токму црквата Света Богородица во Велјуса. Обликувана со несекојдневни архитектонски форми, облагородени со раскошниот фасаден украс, таа израснува од периодот на настанувањето на новите градежни модели, како споменик на едно драматично време, за момент скротено во внатрешноста на манастирските ѕидови.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
61
совети
СТАН ЗА ТРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО
Ние сме ваши редовни читатели на списанието, и уште поредовни посетители на вашиот сајт, во последно време. Инаку сме млад брачен пар со бебе и ни е потребна ваша стручна помош околу уредувањето на целиот простор во станот. Моментално станот е во изградба, преѕидани се тоалетот и бањата. Бањата ни се чини премногу мала. Дали подобро може да се искористи просторот? Станот има 74 м2 (две спални соби, кујна, бања, тоалет, дневен престој, лоџа, балкон и хол). Однапред благодариме. Елена и Веле, Скопје
пред
потоа
Ќ
е се обидам со едноставни совети да ви помогнам да ги решите прашањата што ве мачат. Сметам дека бањата може да се зголеми за сметка на кујната за 120х90 см. Во тој простор би се сместила полукада или туш кабина. Кујната во тој случај би имала висок затворен елемент во чело за фрижидер и мини шпајз. Останатите елементи се поредени еднолиниски и тоа: работна површина, садопер, работна површина и шпорет. Влезот во дневната соба е малку проширен, а ходникот е сосема доволен за сместување на затворен гардеробер со дел за кондури со фронт во бела боја со висок сјај. И кујната може да биде во ист стил, елегантна, во бела боја со што темниот тесен простор нема визуелно уште повеќе да се намали. Трпезаријата и дневната соба се заедно. Седечката гарнитура нека биде со складни димензии и нежни тонови ориентирана кон трпезаријата и касетираната витрина за книги и украси. Во аголот на трпезаријата, спроти балконската врата, има место за мала работна маса. Ваквиот распоред на мебелот овозможува непречена комуникација, излез на балконот, лоџата и влез во спалната соба. Билјана СТЕВКОВСКА-САВИЌ,
62
3
ПОРТА
дипл.инж.арх.
27 Јануари 2012
bsavic@porta3.com.mk
најчудни градби
Белгиска елеганција
за музејско доживување Драган риСТов
О
бидувајќи се да пронајдеме нешто невообичаено, чудно, а секако и понастрана од веќе застапените земји во оваа рубрика, патот не одведе во земјата на славниот детектив Херкул Поаро. И ако правиме споредба со јунакот на Агата Кристи, Белгијците навистина покажаа и дизајнерска умешност, бидејќи станува збор за нов објект кој беше отворен во мај 2011 година. Во рок од неполна година, музејот познат како МАС (Museum Aan De Stroom), што во превод значи „Музеј на пристаниште“, стана култно место на доковите на познатиот белгиски град Антверпен. Уште пред почетокот на работите, се барало зградата на новиот музеј да биде објект кој во исто време ќе заведува, но и ќе понуди пропорционални мерки. Значи, да нема излегување од конзерватизмот и да се нудат „револуционерни“ дизајни со кои објектот ќе привлекува внимание во стилот на циркуска атракција. Прифатен е дизајнот на холандскиот архитект Нојтелингс Ридјик. Тој, како што и самиот кажал, успеал да го
спои импресивното со заводливото и да направи одличен спој на „црвената“ кожа на музејот со стаклените уникатни шеми, а притоа да додаде и доза на шарм со приспивното светло. Објектот е висок 65 метри. Изграден е по принципот на паралелопипеди, поставени еден врз друг, при што се ротирани за 90 степени на секој кат за да можат во вантрешноста да формираат спирала. Уметничкото име на музејот е „складиште на историја“ кое се состои од 10 градежни паралелопипеди. Сите изложбени сали немаат природна светлост, но просторот за шетање има излез на стаклената фасада и се користи како улица за јавно разминување. Најимпресивен е деветиот кат. Тој води до кровот на зградата од каде се нуди одличен поглед на Антверпен и на пристаништето. Разиграна е и стаклената фасада која нема класичен облик на прозорски стакла. Тие се искршени, заоблени, со што се создава ефект на калеидоскоп, бидејќи понекогаш на две стакла може да се види една иста катедрала, а немаат ниту цврста мозаична
рамковна поврзаност. Уште една важна и чудна содржина на објектот е тоа што црвената фасада која е формирана од помали квадратни плочки, секоја содржи метална рака, која е всушност симболот на градот. Вакви слични украси се поставени и низ внатрешноста на објектот со што се доловува и приказната за Антверпен, како богат културен центар на Белгија. Објектот посебно доаѓа до израз ноќе, кога отсјајот на пригушеното светло одлично се вклопува во одразот на доковите како своевиден мини-светилник меѓу историската оставштина на Антверпен.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
63
Tweety ламба инспирирана од лик од истоимениот цртан филм. Составена е од едно парче метал и обоена жица дизајнирана од индустрискиот дизајнер Giorgio Bonaguro.
излог излог
64
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
IKER го презентира овој прогресивен мебел со функционални предности кој е дизајниран од страна на Tomek Rygalik.
Фотелја од Arik Levy за Desalto со хромирани ногари и внатрешна челична конструкција исполнета со полиуретан и обложена со текстил.
Необична идеја за вазна изведена од издлабени трупчиња дрво.
Сталак за весници и списанија во комбинација на кожа и метал од италијанската фирма EMMEI.
Оваа маса е дел од колекцијата Lapo Elkann за познатиот италијански бренд Meritalia. Направена е од комбинација на стакло и полиуретан.
подготви: Сандра ДОНЧЕВА Теохарова, дипл.инж.арх.
3
27 Јануари 2012 ПОРТА
65
јавни набавки СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 1/2012 ОБЈАВА БРОЈ 1/2011 ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА: - ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ КУЌИ, А1 – ДОМУВАЊЕ ВО СТАНБЕНИ ЗГРАДИ, А2 – ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, Г2 ВО ГРАДОТ ВИНИЦА, ОПШТИНА ВИНИЦА
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 2/2012
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 15-20999/2/2011 Назив на договорниот орган: Фонд за здравствено осигурување на Македонија, ул. “Македонија“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Реконструкција и санација на објекти. Контакт тел/факс: +389 02 3289-008, 02 3289-048, лице за контакт: Николче Крстевски. Јавно отворање на понудите на ден 08.03.2012 год. БРОЈ: 39/2011 Назив на договорниот орган: Државен универзитет “ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Штип, “Крсте Мисирков“ бб, 2000, Штип. ПРЕДМЕТ: Завршни работи – Ново Село. Контакт тел/факс: 032 550-021, лице за контакт: Виолета Шаклева. Јавно отворање на понудите на ден 31.01.2012 год.
БРОЈ: 181/2011 Назив на договорниот орган: Град Скопје, бул. “Илинденска“ бб, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Изработка на инвестиционо техничка документација на ниво на основен проект во сите фази за СУГС “Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров – со вклучена ревизија. Контакт тел/факс: 3297-222, 3297-292, лице за контакт: Марија Петрова Блажевска. Јавно отворање на понудите на ден 24.02.2012 год.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА Број на огласот за кој се однесува известувањето: 11/2011
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 3/2012 ПРАВИЛНИК ЗА ФОРМАТА И СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО ЗАРАДИ НЕИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ ОДНОСНО ЗАРАДИ НЕДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДБИВАЊЕ НА БАРАЊЕТО ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ДОЗВОЛА ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ОТПАДНИ БАТЕРИИ И АКУМУЛАТОРИ ОБЈАВА ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА БЕНЗИНСКА ПУМПНА СТАНИЦА И УСЛУЖЕН ЦЕНТАР (НА МАГИСТРАЛЕН
ПАТ М1 КО ПРЖДЕВО) ВО ОПШТИНА ДЕМИР КАПИЈА
БРОЈ: 03/2012 Назив на договорниот орган: ОБЈАВА БРОЈ 6 (30.12.2011) Општина Аеродром, ул. “Венјамин ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА ПРЕДМЕТ: РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА Избор на фирма со потребната ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ лиценца за изведувач Б, за ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И реконструкција на основни НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, училишта на територија на СТОВАРИШТА И СЕРВИСИ Општина Аеродром. (ОТКУПНО ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР) Контакт тел/факс: 02 2401И КОМПАТИБИЛНИ КЛАСИ НА 548, 02 2401-546, лице за НАМЕНИ – МАЛИ И КОМЕРЦИЈАЛНИ контакт: Борче Христов. ДЕЈНОСТИ, ГОЛЕМИ ТРГОВСКИ Јавно отворање на понудите ЕДИНИЦИ ВО ОПШТИНА ВАЛАНДОВО на ден 31.01.2012 год. ОБЈАВА БРОЈ 7 (30.12.2011) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА, СТОВАРИШТА И СЕРВИСИ (ОТКУПНО ДИСТРИБУТИВЕН ЦЕНТАР) ВО ОПШТИНА ЧЕШИНОВО – ОБЛЕШЕВО
ОГЛАСИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА БРОЈ: 01/2012 Назив на договорниот орган: Министерство за здравство, ул. “50 Дивизија“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Проектни услуги, изработка на основни проекти и проекти за реконструкција, архитектонско – урбанистички проекти и проектна документација за санација и зајакнување на објекти. Контакт тел/факс: 3112-500, 02 3113-014, лице за контакт: Ангелчо Трајановски. Јавно отворање на понудите на ден 27.02.2012 год.
Тел.+389 2 2460 458, Факс.+389 2 2460 459 66
3
ПОРТА
27 Јануари 2012
БРОЈ: 4/2012 Назив на договорниот орган: Општина Аеродром, ул. “Венјамин Мачуковски“ бр. 6, 1000, Скопје. ПРЕДМЕТ: Избор на фирма со потребната лиценца за изведувач Б, за реконструкција на детски градинки на територија на Општина Аеродром. Контакт тел/факс: 2401-548, 02 2401-546, лице за контакт: Светлана Лазевска. Јавно отворање на понудите на ден 01.02.2012 год.
СЛУЖБЕН ВЕСНИК БР. 4/2012 ОБЈАВА БРОЈ 8 (5.1.2012) ЗА ОТУЃУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ СОПСТВЕНОСТ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПО ПАТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ ЗА ИЗГРАДБА НА ЛЕСНА И НЕЗАГАДУВАЧКА ИНДУСТРИЈА (СТОПАНСКИ КОМПЛЕКС ЗА ОТКУП, СКЛАДИРАЊЕ, ПРЕРАБОТКА И ДИСТРИБУЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ) ВО ОПШТИНА РЕСЕН
skopje@rehau.com www.rehau.com.mk
Геце ГмбХ - Германија, ТП | ул. Пирински Проход, бр.61 | Вх.Б, ет.4, офис 5 | Софија, 1680 | www.geze.com
ГРАДЕЖНА ТЕХНОЛОГИЈА НА ИДНИНАТА
ГРАДЕЖНА ТЕХНОЛОГИЈА НА ИДНИНАТА GEZE е една од водечките фирми во светот, која разработува и произведува градежна технологија за автоматски и неавтоматски врати, системи за прозорци и безбедносни системи. GEZE, во својот технолошки центар за истражување и примена, непрекинато развива и создава иновации, кои се иднина за стандардите во градежната технологија.
Технологија за врати | Системи за автоматски врати | Системи за одвод на чад и топлина, и технологија за прозорци | Безбедносна техника | Системи за стакло
BEWEGUNG MIT SYSTEM