ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
296 СЕПТЕМВРИ 2020
Горливи проблеми и урбани промашувања Семејна куќа во Скопје на улица „Дрезденска“ Тесна трка меѓу водните планови и климатските промени
ПОРТА
СОДРЖИНА
8
ИНФО 6
16
ЌЕ ПОЧНЕ ДА СЕ „КРОИ“ НОВИОТ ГУП ЗА СКОПЈЕ
РЕГИОНИ 7 СТАВ 10 ВО СЕНКА НА ДАМОКЛОВИОТ МЕЧ
СТАВ 13 ГОРЛИВИ ПРОБЛЕМИ И УРБАНИ ПРОМАШУВАЊА
ГРАДЕЖНИШТВО 16 ЦЕЛОСЕН РЕМОНТ НА 13 КИЛОМЕТРИ СООБРАЌАЈНИЦИ
20
АРХИТЕКТУРА 20 СЕМЕЈНА КУЌА ВО СКОПЈЕ НА УЛИЦА „ДРЕЗДЕНСКА“
АРХИТЕКТУРА 24 УНИКАТЕН И ЕДИНСТВЕН СПОРЕД НЕГОВАТА ХИБРИДНА НАМЕНА
АРХИТЕКТУРА 28 ПРВИТЕ НАВАЛЕНИ КУЛИ ВО СВЕТОТ
АРХИТЕКТУРА 32 ЗАБОРАВЕНО И ОТТРГНАТО ОД ЗАБОРАВОТ АРХИТЕКТОНСКО ДЕЛO – „БОМБА“
28
AРХИТЕКТУРА ОД ДРВО 36 ЕДНИ ОД НАЈВИСОКИТЕ И НАЈГОЛЕМИТЕ ДРВЕНИ ОБЈЕКТИ ВО СВЕТОТ
ЕКОЛОГИЈА 40 АПИКУЌИ – КОМОРИ ЗА ИНХАЛАТОРНА ТЕРАПИЈА
ЕКОЛОГИЈА 44 ТЕСНА ТРКА МЕЃУ ВОДНИТЕ ПЛАНОВИ И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ
НАЈЧУДНИ ГРАДБИ 48 НАЈНЕОБИЧНИОТ ГРАНИЧЕН ПРЕМИН НА СВЕТОТ
РЕПОРТАЖА 50 САД - ПРЕД ИЗБОРИ, НАВРАЌАЊЕ НА КОРЕНИТЕ
ХОРТИКУЛТУРА 54 ГРАДИНА КОЈА Е РЕЗУЛТАТ НА СТРАСТ И ЕНТУЗИЈАЗАМ НА ЕДЕН БРАЧЕН ПАР
УМЕТНОСТ 58 УМЕТНИК СО ВПЕЧАТЛИВА ИНДИВИДУАЛНОСТ
ПОРТА
25 јули 2014
44 54
ГОДИНА XII
БРОЈ 296 ПЕТОК 25.9.2020 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, И на почетокот на оваа есен Порта 3 нуди интересни и актуелни четива за секој читател. Кратките информации за активностите на локалните самоуправи содржински го отвораат и овој број. Почнува процесот за подготвување на новиот ГУП на Град Скопје, во Штип ќе се гради нова трибина на стадионот на ФК „Брегалница“. Општина Велес целосно ја уреди првата плажа покрај езерото „Младост“. Општина Демир Хисар комплетно ќе го реконструира стариот Задружен дом во нов мултифункционален Центар кој ќе понуди и сместување за туристите во селото Слоештица. Во рубриката градежништво може да се прочита за активностите на Град Скопје за реконструкција на неколку булевари и улици со кои ќе се направи целосен ремонт на 13 километри сообраќајници. Нашиот дописник од Англија го пренесува својот став околу прашањето за Универзална сала која е во сенка на Дамокловиот меч. За горливите проблеми и урбаните промашувања својот став го изнесува нашиот редовен соработник кој очекува владејачката гарнитура да може вистински да работи на обезбедување пристоен центар на главниот град без кич-иконографии, зголемување на зелените површини и паркови, спречување на деградацијата на историскиот континуитет на градот, спречување на обезличувањето на градот. Рубриката архитектура во овој број ја почнуваме со опис на семејната куќа на улица „Дрезденска“ во населбата Тафталиџе, Скопје на проектантското биро „Ателје Ајвар“ која е добитник на наградата BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS 2020 од Словенија во категоријата станбена архитектура. Во Штип почна да се гради новиот CITY MALL. Објектот ќе биде уникатен и единствен според неговата хибридна намена. Во овој број пренесуваме сторија за едно заборавено и оттргнато од заборавот меморијално архитектонско делo – „БОМБА“. Проектот е создаден и реализиран кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век и има своја предисторија. Интересна архитектура има комплексот Puerta de Europa во Мадрид каде се наоѓаат првите навалени кули во светот кои се високи 114 метри и имаат 26 ката.
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
Кај архитектура од дрво нашиот соработник пренесува повеќе информации за Арбора и Ориџин кои се дрвени објекти и кои се вбројуваат меѓу највисоките и најголемите во светот и се пример на посветеноста на Квебек за унапредување на употребата на дрвото во градежништвото. Во рубриката екологија следува текст за проблем со којшто се соочуваме, а кој дополнително ќе се зголемува. Постои тесна трка меѓу водните планови и климатските промени. Плановите за алтернативно водоснабдување сè уште се разработуваат и се менуваат, иако негативните климатски влијанија веќе чукаат на врата. За искористување на волшебните особини на пчелите постојат апикуќи кои се комори за инхалаторна терапија. Во светот се користи и се проучува новата инхалаторна апитерапија, а пациентите ја примаат оваа терапија во специјално изработени апикуќички - комори. Во рубриката хортикултура може да се прочита за Nong Nooch Tropical Botanical Garden на Тајланд. Градината, која е резултат на страст и ентузијазам на еден брачен пар, секој ден има 3.000 - 5.000 посетители од многу земји кои уживаат на ова прекрасно место. Во Грузија се наоѓа нејнеобичниот граничен премин на светот. Објектот се наоѓа непосредно до плажа и многумина сметаат дека станува збор за хотелски комплекс. Сарпи, граничниот премин на Грузија, всушност наместо бетонско класично сивило, наметнува друг имиџ за една граница и една држава. Нашиот соработник од Вашингтон овој пат ни пренесува репортажа од Маунт Вернон, куќата на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон која е една од најпознатите знаменитости од 18тиот век во Соединетите Американски Држави. Содржините од овој број ги затвораме со рубриката уметност каде може да се прочита за Георги Курасов кој е уметник со впечатлива индивидуалност. Тој слика со вештина која јасно се гледа во неговите дела. Длабочината на неговото познавање и разбирање на сликарството на сите периоди низ вековите, беспрекорното совршенство на неговата рака и острото око на неговите уметнички експерименти им даваат посебна тежина и убедливост. ОД РЕДАКЦИЈАТА
296
соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Бошко ВИДОЕСКИ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Горан МАРКОВСКИ Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Душанка ШУЛОВИЌ Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА Љупка ДУКОВСКА Натка ЌОСЕВА Филип ФИЛИПОСКИ графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ фоторепортер: Kиро ПОПОВ лектор: Дијана РИСТОВА Издавачки совет: Вања ДОНЧЕВА-РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. - претседател Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх. вон. проф. д-р Златко ЗАФИРОВСКИ дипл.град.инж. Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ дипл.шум.инж. Управител: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Aдреса на издавачот и редакцијата: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 7, 1000 Скопје Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk Печати: ул. Крижевска бр.52 П.Ф. 72, 2300 Кочани Маркетинг: biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
СЕПТЕМВРИ 2020
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 800 ден. за физички лица: 600 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485
Горливи проблеми и урбани промашувања Семејна куќа во Скопје на улица „Дрезденска“ Тесна трка меѓу водните планови и климатските промени
АВТОР ГЕОРГИ КУРАСОВ
Насловна страница „ТАНГО ЏЕЗ“ МАСЛО НА ПЛАТНО 104X79 СМ
главен и одговорен уредник: Сања РАЃЕНОВИЌ-ЈОВАНОВИЌ
Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Датум на печатење: 24.9.2020 Број на примероци: 800 Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
90 ДЕНАРИ
инфо
Ќе почне да се „крои“ новиот ГУП за Скопје
о потпишувањето на договор меѓу Град Скопје, Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за просторно планирање и официјално почнува процесот за подготвување на новиот Генерален урбанистички план на Град Скопје. “Бидејќи станува збор за еден сложен и сеопфатен процес новиот ГУП на Град Скопје 2022-2032 ќе биде изработен со финансиска поддршка на Министерството за транспорт и врски, а во неговата изработка директно ќе се вклучи Агенцијата за просторно планирање со поддршка од поширок круг на стручни лица од различни области, академската заедница, невладиниот сектор, како и од граѓаните како поединци директно или преку единиците на локалната самоуправа. Генералниот урбанистички план на Град Скопје е стратешки развоен план со општи елементи на просторниот развој во текот на период од една декада. Како таков се донесува во услови на творечки процес на планирање и со учество на сите субјекти и институции на територијата на опфатот“, вели скопскиот градоначалник Петре Шилегов. Планот ги дефинира основните наменски употреби на површините, ги претставува главните насоки на развојот и ја регулира примарната инфраструктура. Претходниот ГУП на Град Скопје беше усвоен во 2012 година и оттогаш до денес извршени се многу
С
6
ПОРТА
25 септември 2020
парцијални измени во просторот, што главно се однесуваа на измени на програмите и локациите за одредени содржини. “Како градоначалник лично се залагам за рационално, контролирано и функционално ширење на Скопје во насока на обезбедување на одржлив развој, визионерско планирање на сообраќајната инфраструктура, како основен елемент во просторната комуникација, соодветно планирање на комунална инфраструктура, посебно од аспект на инфраструктура за прифаќање со селектирање, рециклирање и депонирање на цврст и друг отпад, како и реконструкција на изградените простори и блокови во простори со повисок комунален и амбиентален стандард“, нагласува Шилегов. Тој додаде дека во неговата визија Скопје го гледа како зелен град со многу повеќе внимателно распоредени зелени површини, повеќе функционални јавни простори, сообраќај планиран на начин што ќе обезбеди урбана мобилност и комунална инфраструктура која ќе биде целосно во функција на обезбедување чиста и здрава животна средина. “Верувам дека Скопје ќе се развива и шири на начин што ќе го релаксира притисокот од претераната урбанизација на јужниот дел од градот, на сметка на рационалното користење на неискористените слободни површини во
северниот дел од градот. Во текот на изработката на новиот ГУП верувам дека ќе бидат разгледани можностите за отстранување на некои недостатоци кои стојат во актуелниот и во претходните ГУП-ови. Минатата година кога со министерството ја договаравме оваа соработка за пример ја земав планираната јужна обиколница на градот која според моето слободно уверување е спротивна на принципите за заштита на животната средина имајќи предвид дека за нејзината изградба е потребно уништување на добар дел од Водно. До 2022 година истекува важноста на постојниот ГУП. Сметам дека процесот на изработка на новиот ГУП ги вклучува сите засегнати страни на начин што ќе обезбеди гаранција дека се сериозно лимитирани можностите за пропусти при носењето на деталните урбанистички планови и другата планска документација од понизок ранг. Оттука убеден сум дека ќе се отворат можности со новиот ГУП да обезбедиме и услови да се продолжи со деталното планирање на градот на начин што сериозно ќе го унапредува квалитетот на живот на нашите сограѓани“, додава Шилегов. Договорот е потпишан од градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на Агенцијата за просторно планирање, Огнен Апостолски.
региони
Комплетно уредена првата плажа на езерото „Младост“
пштина Велес заврши со уредување на крајбрежниот појас на велешкото езеро „Младост“ на површина од пет илјади квадратни метри. Неорганизираното зеленило во појасот околу т. н. Прва плажа е целосно отстрането. Поставена е пристапна патека и плажа за пристап на лица со попреченост, а ќе се постави и ограда за безбедно да се стигне до брегот на Езерото. Патеката продолжува и до
О
соблекувалните и просторот за туширање. Од двете страни на патеката поставени се клупи. Донесен е и поставен сепариран песок на плажата, каде се поставени и десет чадори од трска. За децата оформено е катче со урбана опрема (лулашки, клацкалки и лизгалка). За урбано користење на плажата обезбедени се мобилни тоалети, поставени на новоизведениот паркинг простор кои се приспособении за користење од страна на
лицата со попреченост. Денивелацијата меѓу паркингот и плажата е совладана со бетонски скали со ракофати, а веднаш до нив се поставени две туш кабини и една соблекувална. За прибирање на водите од туш кабините изграден е попивателен бунар, а на тревнатите површини поставен е систем капка по капка кој ќе овозможи да има зелени тревнати површини во поголемиот дел од годината.
ПОРТА
региони
Нова трибина на стадионот на ФК „Брегалница“ о пресрет на јубилејот 100 години од формирањето на ФК „Брегалница“ се подготвува изградба на нова модерна трибина. Во соработка со ФФМ досега се реализирани неколку спортскофудбалски проекти, меѓу кои и стадионот со вештачка трева во Бело Брдо, потоа инсталирањето на тревна подлога на „градски“ со современа дренажа, како и инсталирањето на рефлекторите. Новата модерна трибина ќе биде со капацитет од 2300 седишта и се планира да биде завршена следната година токму за 100годишниот јубилеј на ФК „Брегалница“. Западната трибина на стадионот ќе се гради по проект-програмата „хет-трик“ на УЕФА, во соработка со ФФМ за која се даде зелено светло токму за тимот на Брегалница и за градот Штип. Нормално свој удел ќе има и Општина Штип како и спонзорот Кирил Гогов од познатиот бренд на синџирмаркети низ Македонија, „Кит-го“, околу комплетната реконструкција на градскиот стадион на кој во иднина би требало да се организираат натпревари од највисок ранг. Западната трибина, според проектот би била целосно покриена, и на неа ќе се инсталираат околу 2000 седишта, во нејзината содржина ќе има конференциска прес-сала, ВИП-ложа, новинарски кабини, кабини за ТВ-екипи, санитарни јазли, а ќе има посебен влез како и специјална просторија за лица со посебни потреби. Веќе се изградени гостински простории, со капацитет за преноќување и подолг престој, така што со реконструкција на западната трибина, градскиот стадион во Штип ќе ја добие својата модерна физиономија. Д.Р.
В
8
ПОРТА
25 септември 2020
Проект „Откривање на скриените атракции“ во Демир Хисар пштина Демир Хисар со поддршка од Европска Унија го реализира проектот „Откривање на скриените атракции“ во рамките на ИПА Прекуграничната програма меѓу Северна Македонија и Албанија. Заедно со Демир Хисар, општина Клос од Албанија и невладините организации Арт Поинт Гумно од село Слоештица и ФЛАГ од Тирана ќе развијат туристички патувања исполнети со локални искуства како планинарење, часови за готвење, офф роад авантури, изработка на домашни ракотворби, собирање на лековити билки и други автентични доживувања заедно со локалното население. Во рамките на проектот „Откривање на скриените атракции“ ќе се уредат и обележат и планинарските патеки во близина на селото Слоештица. Ќе биде уреден и видиковец и неколку места за одмор и рекреација околу селото. Вредноста на овие инфраструктурни зафати изнесува 150 илјади евра додека севкупната поддршка од ЕУ за партнерите од двете земји е 485 илјади евра. Во село Слоештица комплетно ќе се реконструира и стариот Задружен Дом во нов мултифункционален Центар кој ќе понуди и сместување за туристите. Со изградбата на новиот центар ќе биде уредена и Спомен соба на великанот на македнонскиот пишан збор, Петре М.Андреевски. Во Спомен собата ќе бидат изложени и дел од неговите лични предмети кои ги подари неговото семејство. Дополнително, во новиот мултифункционален Центар кој опфаќа површина од над 600 квадратни метри ќе биде отворена и продавница за локални производи: лековити билки, планински чаеви, печурки, шумски плодови, сувенири и ракотворби
О
автентични за демирхисарскиот крај. Исто така ќе биде адаптирана летна сцена на која ќе се одржуваат настани атрактивни за пошироката публика и домашните туристи.
Со реконструкцијата на стариот Задружен Дом, село Слоештица прераснува во микродестинација која може да пречека и анимира повеќе од 50 туристи во еден момент.
ПОРТА
став
УнивеРзална сала
Во сенка на Дамокловиот меч Каква е иднината на Универзалната сала веројатно е погрешното прашање. Можеби најсоодветното прашање е како дојдовме во ситуација да се дискутира за иднината на Универзалната сала?
д-р Владимир Б. Ладински, дипл. инж. арх. (специјално за Порта 3 од Англија) ниверзалната сала e тивкиот сопатник и сведок на животот во Скопје, но и еден од ретките зачувани репери коишто му дадоа своевиден континуитет на градот во изминатите 54 години. Можеби тоа е и „тајната“ на успехот на овој ненаметлив, но лесно препознатлив објект. Во последниве години сведоци сме на активности коишто во голема мерка ја доведуваат во прашање иднината на објектот кој едновремено е и симбол на хуманоста, пријателството и поддршката на меѓународната заедница во обновата на Скопје по земјотресот. Искуствата во урбанистичко-
У 10
ПОРТА
25 септември 2020
архитектонско-градежниот домен во земјата, и особено во главниот град, по независноста само додаваат дополнителен набој на веќе наелектризираната атмосфера во која се разгледува иднината на овој објект, а во услови кога сите знаеме дека најдобро е одлуките да се носат професионално, смирено, објективно и непристрасно, но пред сè базирано на факти. Што навистина знаеМе за УнивеРзална сала? Одговорот е многу малку! Пребарувањата по дигиталните медиуми нудат повеќе информации за успешно организираните минати настани во салата отколку за самиот објект. Ограничените информации укажуваат на повеќенаменска сала со капацитет од 1568 места изградена по
скопскиот земјотрес според проектот на архитектите, браќата Јарослав, Владимир и Љубомир Станков и нивната сестра К. СтанковаМутафова од Бугарија, отворена на почетокот од 1966 година. Објектот се смета како модифицирана копија на Софискиот национален циркус изграден со метална конструкција во 1962 година со внатрешен дијаметар од 43 метри, висина на куполата од 19 метри и капацитет од околу 2000 места, а којшто изгорел во пожар во 1983 година. Нема индикации за објавени стручни или научни трудови за Универзалната сала во Скопје како резултат на што се чини дека има многу малку пошироко достапни и расположливи информации за архитектонско-градежните карактеристики на самиот објект.
иДнината на УнивеРзална сала? Реконструкција со или без доградба, рушење, парк, новоградба на истата или на друга локација, како и референдум се дел од можните сценарија за иднината на Универзалната сала, а коишто накратко се разгледани за да се укаже на евентуалните предности и слабости за дел од предложените решенија. РеКонстРУКција со или без ДогРаДба Предностите на овој пристап се повеќе од очигледни. Градот ќе го сочува објектот кој е симбол на меѓународната солидарност и како таков тој ќе остане како за сегашните, така и за идните генерации. Објектот повторно ќе се стави во функција и овој дел на градот и културниот живот ќе заживее како и во минатото. Се разбира квалитетните реконструкции на објектите чинат материјални средства, но тие можат да го продолжат животот на објектот барем за неколку децении. Дополнително, веќе изградените објекти се сметаат за најодржливи заради вградената енергија при нивната првобитна изградба и намаленото негативно влијание на планетата во споредба со рушење и новоградаба. Како потенцијални слабости на ваквиот пристап би биле ограничувањата коишто произлегуваат од самиот објект, во смисла на ограничените можности за унапредување на објектот, како и за зголемување на капацитетот или услугите коишто објектот може да ги понуди, особено доколку истите зависат од обезбедување дополнителни простори коишто сега не постојат или не можат да се обезбедат. Реконструкција која го почитува оригиналниот карактер на објектот би можела да направи чуда за истиот дури и евентуално во комбинација со доградба која ги почитува воспоставените принципи за доградби, односно истите да се подредени на основниот објект и да не ја опфаќаат или нарушуваат главната фасада на објектот. РУШење Основната предност е дека ќе се овозможи изградба на нов објект Слабостите се губење на оригиналниот репер
кој му го дава континуитетот на градот, но веројатно и уште повеќе на симболот на меѓународната солидарност. Со ова Универзалната сала веројатно ќе се приклучи на Листата на изгубено наследство на Википедија и слични регистри на коишто се наоѓаат и значајни објекти низ светот како што се: Емпајр (Вембли) стадионот во Лондон; Империјал хотелот во Лондон, „Вториот“ Империјал хотел во Токио; Мезон ду Пупле/Волксхис во Брисел, Паулинекирше во Лајпциг, Пенсилванија железничката станица во Њујорк и многу други коишто ја дочекале оваа судбина не како резултат на природна или од човек предизвикана катастрофа туку како резултат на донесени одлуки врз основа на коишто трајно се изгубени овие примери на културно и градителско наследство. Исто така, градежниот шут од објектот ќе треба некаде трајно да се депонира со што дополнително ќе се зголеми загадувањето на човековата околина и ќе се наруши биолошката разноликост. ПаРК Предностите од евентуално уредување на парк на парцелата на срушената сала се базираат на зголемувањето на зелените површини во близина на централното градско подрачје, подобрување на микроклимата и загадувањето, а со тоа и облагородување на
локалитетот. Слабостите од ваквиот пристап во најголема мерка произлегуваат од минатото искуство дека зелените површини како такви во нашиот главен град не опстојуваат предолго и најчесто завршуваат со новоградби коишто го пополнуваат скоро секој слободен простор на парцелата. Исто така, евентуалната нерасчистена сопственост на земјиштето може да предизвика дополнителни компликации и да ги загрози посакуваните резултати. новогРаДба Придобивките се дека преку квалитетна градба на оваа локација може да се воспостави нов репер за идните генерации и да се одговори на еволуцијата на програмските и просторните барања за еден ваков објект. Дополнително, новоизградениот објект би требало да обезбеди барем неколку децении релативно безгрижна употреба на објектот. Слабостите се дека евентуалната изградба на нов објект на оваа локација, дури и со идентична или слична содржина ќе резултира во губење на оригиналниот репер кој му го дава континуитетот на градот и со своето присуство ја отсликува не само солидарноста на меѓународната заедица туку и возвратната почит и благодарност на граѓаните на Скопје. Иако нов објект значително може да го надмине нивото на
ПОРТА
енергетска ефикасност коешто може да се постигне преку реконструкција на постојниот објект, може да се претпостави дека кумулативниот ефект од рушењето на постоечкиот и изградбата на новиот објект веројатно ќе биде полош отколку опцијата за реконструкција на постојниот објект. Веројатно како дополнителен ризик и потенцијална слабост може да се посочи и присутната пракса до максимум да се изгради расположливата градежна парцела, а притоа да не се земе предвид потребата од слободна надворешна површина барем доволно голема за прифат на сите посетители, артисти и вработени лоцирана надвор од досегот на евентуалните урнатини и/или зоната за интервенции на противпожарната служба. РефеРенДУМ Предноста на референдумот е дека ќе даде можност граѓаните да го искажат своето мислење по ова прашање. Истовремено референдумот може да се појави и како слабост во зависност како истиот 12
ПОРТА
25 септември 2020
ќе се организира, на кое прашање се очекува граѓаните да одговорат, кои информации ќе бидат достапни и кој ќе биде квалитетот на истите за граѓаните да можат да ја базираат својата одлука врз основа на оформено мислење базирано на факти, на кое ниво ќе се постави минималната граница за валидност на резултатите, дали резултатите од референдумот ќе бидат обврзувачки или пак само информативни итн. Кое е вистинсКото ПРаШање? Каква е иднината на Универзалната сала веројатно е погрешното прашање. Можеби најсоодветното прашање е како дојдовме во ситуација да се дискутира за иднината на Универзалната сала. Со редовно тековно и капитално одржување секој објект може да трае со години, што е евидентно од мноштвото на објекти коишто траат со векови. Еве, и да се сруши Универзалната сала и да се изгради новиот објект со идентичен пристап кон објектот како досега само е прашање на време кога новиот објект ќе се соочи со истите
егзистенцијални проблеми како и постојниот објект. Досега видените имагинативни визии на архитектите за евентуалниот објект кој што би ја заменил Универзалната сала се визуелно и обликовно атрактивни. Но овој вид на објекти се „купува“ само во продавница каде цените не се изложени во излогот затоа што тој што ќе влезе таму не прашува колку ќе чини да се купи објектот, а уште помалку колку ќе чини да се одржува. Оттука веројатно се поставува прашањето во колкава мерка евентуалното задолжување за изградаба на нов објект на оваа или на некоја друга локација во услови на пандемија ќе влијае врз кревката економија на земјата, како и во колкава мерка товарот на отплатата на долгот и живеењето со последиците по животната средина од рушењето на постојниот и изградбата на новиот објект ќе ги оптоварат идните генерации. Еве дури и да се одржи референдум за иднината на Универзалната сала каде се податоците врз основа на коишто ќе треба да се одлучи: детални архитектонско-градежни информации за објектот вклучително со валоризација на вредноста не само како објект туку и како градба со невообичаена конструкција и културно-градителски вредности; проценка на сегашната состојба на објектот со план за тековно и капитално одржување на иститот, вклучително со проценка на минимално потребните интервенции и инвестиции за објектот за да се стави повторно во функција; студија за посетители од којашто ќе се утврдат потребите на објектот и на градот; студија за капацитетот на објектот и на парцелата, особено со оглед дека просторните ограничувања можеби нема да дозволат задоволување на сите амбиции на оваа локација; студија за алтернативни намени на објектот; студии за влијанието од евентуалната изградба на нов објект врз локалниот сообраќај и врз животната средина; компаративна анализа на можните опции базирана не само на цената за изградбата на објектот туку базирана и врз трошоците за новиот објект за очекуваниот животен век на објектот и тоа со паралелни, парични и јагленородни пресметки; студија за долгорочната економска одржливост на објектот итн. Додека Универзална сала се наоѓа во сенката на Дамокловиот меч, а светот во прегратките на пандемијата да се надеваме дека разумот ќе преовлада и дека, ако ништо друго, барем потребните информации ќе станат достапни за одговорно и сериозно да се разгледа проблемот со желба да се дојде до не само најдоброто долгорочно туку и до најодржливото решение на овој проблем. n
ЧеКаат и ЧеКаат неоДложни РеШенија
став
Горливи проблеми и урбани промашувања очекувам владејачката гарнитура да може вистински да работи на обезбедување пристоен центар на главниот град без кич-иконографии, зголемување на зелените површини и паркови, спречување на деградацијата на историскиот континуитет на градот, спречување на обезличувањето на градот душанка ШУЛОВиЌ, дипл.инж.арх. ест на денот „СЕ РУШИ дивоградбата пред трговскиот центар Мавровка“. Требаше ли воопшто ова да биде вест? Додека цели три месеци јавноста демократски се занимаваше со овој проблем, некаде никнуваат нови дивоградби меѓу многуте веќе постоечки и меѓу повеќепати продолжуваниот Закон за постапување со бесправно изградени објекти, популарно наречен легализација на дивоградби. Следејќи го урбаниот хаос во градот неминовно се наметнува прашањето за стручноста и компетентноста на соодветните институции и сектори кои се занимаваат со архитектурата и урбанизмот во нашата држава. Сведоци сме на површно и инвеститорски ориентирано планирање во градот, кое видливо не разрешува, туку предизвикува проблеми и го загрозува правото на квалитетно живеење и квалитетна животна средина. Во центарот на градот извршен е атак на веќе созданениот амбиент кој со децении ги еманципирше луѓето за нивното културно наследство, ги навикнуваше на актуелен културен модел на постојните климатски услови и на архитектурата. Ако не се следи правилото на континуитет настанува неред и застој, градот се отуѓува од себе и немоќно
В
гледа на текот на времето. Изминатиот период беше обременет со теми од архитектурата и урбанизмот за кои се водеа расправи и дебати на ниво на струка, се искажаа компетентни и некомпетентни ставови и мислења, се дебатираше по социјалните мрежи и на јавни ТВ-трибини. Тоа треба да радува бидејќи логиката вели дека сите дебати треба да завршат со некакви решенија. Ми се редат пред очи сите отворени теми за кои
очекував исход: Расадник, локацијата Треска, рушењето на спомен-обележјето на Мајка Тереза, Старата скопска чаршија како значајно културно и архитектонско наследство, Универзална сала. И додека сите овие теми се отворени, без конкретни решенија, а галиите сѐ уште стојат заглибени во Вардар (една само што не ја срушиле велат од Градот), ме збуни градоначалникот на Скопје. На плоштадот никна „гробница“ на која е поставена
ПОРТА
плочата која е обележје на родната куќа на Мајка Тереза, а претходно веќе имаше плоча која беше суптилно вградена во самата улица. Нејасно е зошто и од каде потребата за ваква интервенција? Можеби треба да нè охрабри фактот што се направија некои чекори за решавање на дивоградбите со интервенциите во случаите на Мевљудин и Нефи, ама има уште многу такви и затоа нема простор за оптимизам. Сериозно ме загрижува фактот што Град Скопје којшто претендира да стане „Град на културата“ не се зафати со систематско и сериозно средување на центарот и на централното подрачје. За локацијата Расадник изработен е детален урбанистички план (ДУП) кој по многу основи беше спорен и за кој се искажаа компетентни стручни мислења. Деновиве повторно е ставен на јавен увид, при што процедурата за усвојување тече. Ако се пропушти шансата единствената слободна јавна површина да се претвори во парк, жителите на оваа населба можат да се простат од услови за здраво и хумано живеење. За локацијата Треска, за која е изработен ДУП кој исто така по многу основи е спорен и за која после многу стручни дебати Општина Центар требаше да распише конкурс за урбанистичко-архитектонско решение, нема на повидок знаци за решавање на проблемот. Откако претседателката на Советот на Општина Центар даде оставка заради разногласие и несогласување со Советот и со градоначалникот на Општина Центар, се чини дека Општината е заглавена во институционално-правни лавиринти кои проблемот го туркаат во заборав. А инвеститорите кои ја купиле локацијата под одредени услови од ДУП-от, чекаат да истрчаат со зградите „наполитанки“, спремни на сè за да го одбранат своето 14
ПОРТА
25 септември 2020
право да градат. Право кое никој не им го ни одзема, но тие мислат дека и однапред стекнале право на квадратни метри и безброј катови. Старата скопска чаршија и заштитата на културното и архитектонско наследство е приказна од голем формат која лебди ни на небо ни на земја. Радува изјавата на новата министерка за култура Ирена Стефоска дека приоритет ќе ѝ бидат проблемите од оваа сфера. Споменикот на Мајка Тереза во изградба, поставен на влезот на улицата „Орце Николов“ на плоштадот, е дивоградба и требаше ’безпоговорно‘ да се сруши. За оваа солуција се изјасни стручната фела, комисијата при Министерство за култура достави и елаборат, се изјаснија и граѓаните. Градоначалникот сѐ уште калкулира со парите кои се потребни за рушење и парите потребни да се догради. И додека се размислува во што да се пренамени сосема непотребниот објект под изговор дека за рушење проблем се финансиите, небаре пренамената е бесплатна, на плоштадот никнува новото спомен-обележје во вид на „гробница“. Не
можам да се начудам кој креативен ум го смисли ова со образложение да не се гази тревата. Ако тревата беше проблем, плочата можеше да си остане каде што е, а до неа да се направи дискретна патека. Рака на срце, ова со Мајка Тереза веќе ми буди непријатност во душата. Во центарот на градот на улица „Македонија“ веќе има спомен-куќа во нејзина чест (без оглед што архитектурата е контроверзна), има и скулптура од еминентниот скулптор Томе Серафимовски и сметам дека тоа е сосема доволно. Повеќе од тоа веќе води кон деградација не само на просторот, туку и на нејзината личност, која промовираше и живееше скромно во текот на целиот свој живот. Универзална сала стана синоним за прашањето „како до нова концертна сала?“ Дебатата за Универзална сала почна да зема чудни емотивно-политички правци, што во голема мерка ги предизвика градоначалникот Шилегов со објавување конкурс за парк и летна сцена. После сите дискусии, стручни дебати, јавни трибини и дебата од затворен тип на која беа поканети експертите од областа на културата и
неколку невладини организации, преовлада искристализирано мислење дека Универзална сала треба да се реставрира заедно со партерот во нејзината изворна форма и содржина и да служи за помали културни настани. Мислам дека тоа треба да се случи што побргу ако сакаме да не се сруши сама од себе. Не се потребни конкурси, референдуми, ниту трошења на непотребни средства и време. Потребно е да се изготви проектна програма и ангажира проектанско биро способно да го направи проектот. Со сите пари што досега беа дадени на конкурсни решенија ќе беше реконструирана досега. Но, да не се враќаме наназад. Пак сум збунета од изјавата на градоначалникот. После сите исцрпени демократски механизми тој вели дека сега се во оптек не една, туку три идеи за судбината на Универзална, а поважно било да се изгради нова концертна сала на нова локација која ќе биде триумф на македонската архитектура и репер на Скопје. Како архитект ме радува идејата за изградба на ваков објект. Градот има потреба од мултифункционална концертна сала со поголем капацитет. Но, ова е сосема друго прашање кое не треба да се спојува со проблемот на Универзална. Тој нов објект на нова локација ниту може да се поистоветува со Универзална, ниту да се именува по неа, ниту пак да се третира во истиот пакет на финансиски средства со неа. Според архитектонската наука и пракса на таков голем и значаен проект од културата би требало да му претходи стручна тимска анализа од најрелевантните институции, а локацијата треба да ја одредат стручните институции од областа на урбанизмот по детална анализа на просторните можности, потреби и услови диктирани од сите релевантни параметри на градското планирање. Градоначалникот нема ниту знаење, ниту компетенции да ја одредува локацијата. Особено сакам да потенцирам дека за ваков објект речиси е задолжително да се распише меѓународен конкурс. Тоа е и шанса Македонија да го
направи допирот со авангардните визии во архитектурата, а македонските архитекти да ги измерат своите способности во меѓународна конкуренција. Впрочем ако се осврнеме само во соседството ќе видиме дека таков тип на објекти добиваат авангардни решенија на меѓународни конкурси. Еди Рама за театар во центарот на Тирана го повика данскиот архитект Бјарк Ингелс и меѓународно афирмираната фирма Bjarke Ingels Group (BIG). Градот Бања Лука за својата мултифункционална концертна сала распиша меѓународен архитектонски конкурс, каде меѓу членовите на жирито беше и славниот Борис Подрека. На конкурсот учествуваа 110 труда од 38 држави, а првата награда ја доби архитектонскиот тим од Белград, во кој членува и еден Македонец. Сакам да го спомнам и можеби најпровокативниот објект на мултифункционален културен центар изграден во последните години во градот Гронинген во Холандија, за кој исто така беше распишан меѓународен конкурс, а наградата ја доби холандската група НЛ
Архитектс во конкуренција со студиото на Заха Хадид. Овој пат ги набројав отворените горливи прашања во централното јадро на Скопје, кои се важни за хуманото урбано живеење, за имиџот на градот, а чекаат и чекаат неодложни решенија. Неприфатлива ми е тезата дека нема доволно пари кога сме сведоци на редица непродуктивни трошења. Неприфатлива ми е и тезата дека механизмите за справување со имотноправни односи и законска регулатива се пречка за решавање на проблемите, затоа што сите тие механизми се менливи. Ако слоганот на последните избори беше „Можеме“, тогаш очекувам владејачката гарнитура да може вистински да работи на обезбедување пристоен центар на главниот град без кич-иконографии, зголемување на зелените површини и паркови, спречување на деградацијата на историскиот континуитет на градот, спречување на обезличувањето на градот. И да, би сакала да изградиме и нова концертна сала, за која властите ќе обезбедат финансиска конструкција, независно од парите потребни за Универзална и ќе ја сместат на локација според сеопфатна урбанистичка анализа и план за истата, а не од ракав извадена на неколку архитекти собрани на кафе, кои виделе празна локација и му дошепнале на градоначалникот. Дали навистина „можеме“ или секогаш ќе имаме поважни проблеми за решавање, за на крај да слегнеме со рамениците изговарајќи ја познатата македонска константа „Е па тоа е“. n
ПОРТА
15
градежништво
гРаД сКоПје ПоЧна со РеКонстРУКција на неКолКУ бУлеваРи и Улици
Целосен ремонт на 13 километри сообраќајници за реконструкција на сите овие булевари и улици градот ќе потроши вкупно 393,5 милиони денари или речиси 6,4 милиони евра
Ул. „Џон Кенеди“
катерина сПасОВска-ТРПкОВска андемијата од Ковид-19 сè уште трае, но животот барем засега полека се враќа во нормала. Речиси сите граѓани се враќаат на своите работни места, а дел од учениците повторно ќе седнат во училишните клупи. Новото нормално веќе е забележливо меѓу луѓето, но старите навики останаа, а со тоа и вечниот проблем што го има градот Скопје со сообраќајниот метеж. Пред почетокот на есента половина град
П 16
ПОРТА
25 септември 2020
е раскопан со реконструкција на улици. Речиси и да нема дел од градот каде во текот на целиот ден не се прави сообраќаен метеж затоа што дел од улиците и булеварите се затворени заради реконструкција. Во оваа офанзива ќе се направи ремонт на 13 километри сообраќајници. Градските власти за тоа апелираат граѓаните да имаат трпение додека траат градежните работи на сообраќајниците, за зимата да ја дочекаме со реконструирани улици во сите општини, а сега да користат алтернативни улици за движење.
РасКоПано оД бУтел До КаРПоШ Шест поголеми улици во неколку општини се зафатени со реконструкција. Се реконструира улицата „Никола Карев“, кај Железничка станица, втората делница од улицата „Лазар Личеноски“, улицата „Македонско-косовска бригада“ и „Џон Кенеди“ во Чаир, како и „Боца Иванова“ во Бутел и уште една делница од улицата „Благоја Стефковски“, во Гази Баба. И дел од булеварите се зафатени со реконструкција и со градежната сообраќајна офанзива која ја најавуваа властите. Па така реконструкција се прави
на булеварот „8 Септември“ каде ќе се градат и велосипедски патеки. За прв пат велосипедистите ќе може безбедно да го користат и булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда откако и тој ќе биде реконструиран и ќе се направат велосипедски патеки. Во Општина Аеродром се реконструира булеварот „Видое Смилевски-Бато“. за РеКонстРУКција Ќе се ПотРоШат 6,4 Милиони евРа За реконструкција на сите овие булевари и улици градот ќе потроши вкупно 393,5 милиони денари или речиси 6,4 милиони евра. Од овие средства 272,3 милиони денари или 4,4 милиони евра се за реконструкција на булеварите, а на улиците ќе се потрошат останатите 121,2 милиони денари или нешто помалку од два милиони евра. Кај булеварите најмногу пари ќе се потрошат за реконструкција на булеварот „Александар Македонски“. Реконструкцијата тука се одвива на потегот од крстосницата со улица „16-та Македонска бригада“ до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот. Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат три од вкупно четири фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов. Трите фази од реконструкцијата истовремено ги реализираат три различни градежни компании, а вкупната вредност на трите договори изнесува околу 202 милиони денари со вклучен ДДВ. Реконструкцијата ќе се искористи и за поставување или замена на подземните инфраструктурни инсталации, а исто така ќе се изврши и експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека. На потегот од булеварот „Илинден“ до улицата „Скупи“ ќе се реконструира булеварот „8 Септември“. Во текот на градежните работи ќе се изврши комплетна реконструкција на коловозот, обнова на тротоарите со замена на оштетените рабници и нивелација на постојните шахти и сливници, во двете насоки, во должина од 980 метри. Станува збор за релација која претставува главна артерија што ги поврзува населбите Карпош 2, 3 и 4 со Злокуќани, Бардовци, Момин Поток и другите населби во северниот дел од градот. Исто така ќе се изведе и нова велосипедска патека со што ќе се заврши таканаречениот Конектор
Ул. „Никола Карев“ Бул. „Александар Македонски“
Ул. „8 Септември“
ПОРТА
Ул. „Лазар Личеновски“ Ул. „Боца Иванова“
Ул. „Македонско косовска бригада“
ПОРТА
број 5 и ќе се поврзат населбите Карпош, Злокуќани и Бардовци со велосипедската патека на кејот на Вардар. Планирано е да се формира и нов дрворед од околу 100 дрвја, а ќе се уреди и средишна жардиниера. За реконструкција на булеварот „8 Септември“ ќе се вложат 43 милиони денари со вклучен ДДВ. На булеварот „Видое Смилевски-Бато“ предвидено е да се направи целосна реконструкција во двете насоки, да се заменат оштетените рабници и да се направи нивелација на постојните шахти и сливници во должина од 700 метри. Вредноста на овој проект е 27,3 милиони денари. Најмногу пари за реконструкција ќе се потрошат на улицата „Македонскокосовска бригада“ и тоа околу 56 милиони денари. На делницата од крстосницата со булеварот „Никола Карев“ (Пластичарска) до крстосницата со „Втора македонска бригада“ ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.700 метри, реконструкција на постојните тротоари, замена на оштетените рабници, нивелација на шахтите и сливниците, а ќе се постават и нова атмосферска и фекална канализација. Градските власти велат дека оваа фаза всушност е изведба на едниот крак од идниот булевар „Македонскокосовска бригада“. Во текот на наредната година се очекува да почне постапката на експропријација на земјиштето, со цел да се изведе и вториот крак и со тоа овој дел
ќе се поврзе со булеварите „Босна и Херцеговина“ и „Словенија“, а перспективно ќе имаме влез на тунелите под Кале. Реконструкцијата на коловозот на Џон Кенеди ќе се одвива на потегот од булеварот Македонско-косовска бригада до булеварот „Христијан ТодоровскиКарпош“. На оваа делница ќе бидат изградени и велосипедски патеки, а целата е во должина од 1.123 метри. Улицата „Лазар Личеноски“, се реконструира на потегот од СРЦ „Кале“ до крстосницата со булеварот „Никола Карев“, што претставува втора фаза од обновата на оваа значајна сообраќајница. На оваа делница ќе се изврши целосна реконструкција на коловозот во должина од 1.300 метри, реконструкција и проширување на постојните тротоари, како и замена на оштетените рабници. Градежни екипи работат и на реконструкција на улицата „Никола Карев“ на потегот од крстосницата со улицата „Трета македонска бригада“ до булеварот „Кузман Јосифовски- Питу“, на должина од 510 метри. Од Градот велат дека по изградбата на улицата „Есенинова“ која веќе е почната и со реконструкцијата на улицата „Никола Карев“ жителите на општините Центар, Аеродром, Кисела Вода и Гази Баба побрзо и полесно ќе стигнуваат до саканата дестинација. На тој начин, движењето од Кисела Вода до Гази Баба ќе биде скратено за нешто повеќе од 10 минути. Дополнително, на улицата „Никола Карев“ се предвидени и велосипедски патеки од двете страни, со што ќе се поврзат двете главни велосипедски рути на булеварот „Кузман Јосифовски-Питу“ и булеварот „Трета македонска бригада“, кои ги поврзуваат општините Центар и Аеродром. Улицата „Боца Иванова“, во општина Бутел, се реконструира во должина од 800 метри и тоа на потегот од кружниот тек до улицата „Лазар Трповски“. Втората фаза од реконструкцијата на улицата „Благоја Стефковски“ ќе го опфати потегот од свртувањето кон улицата „Перо Наков“ до Кино „Маџари“, во должина од околу 850 метри. По завршувањето на втората фаза планирано е да се почне со реализација и на третата фаза од реконструкцијата на оваа улица која е предвидено да биде на потегот од Кино „Маџари“ до пругата Скопје - Белград, со што главната улица која ги поврзува населбите Маџари и Ченто ќе биде целосно реконструирана. n
Бул. „Босна и Херцеговина“
се гради и ново, не се поправа само старото Освен реконструкција на постоечките, Град Скопје го гради и новиот булевар „Босна и Херцеговина“. Реализацијата на овој капитален проект се одвива во две фази. Првиот дел од новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ е на потегот од крстосницата на булеварот „Словенија“ и улицата „Македонско-косовска бригада“ до крстосницата со улиците „Бутелска“ и „Кемал Сејфула“. Булеварот ќе биде долг околу 1.400 метри и широк 40 метри и ќе има по три коловозни ленти во двата правца, пет метри зелен појас во средината, странично зеленило, како и пешачки и велосипедски патеки од двете страни. Втората фаза од изградбата на новопроектираниот булевар „Босна и Херцеговина“ е на потегот од крстосницата со булеварот „Христијан Тодоровски-Карпош“ до крстосницата со улиците „Ќемал Сејфула“ и „Бутелска“. Булеварот на овој потег ќе биде долг околу 500 метри, широк 40 метри, со шест коловозни ленти, две велосипедски и две пешачки патеки и централно и странично зеленило. Со изградбата на новиот булевар, граѓаните на Бутел, Чаир, Шуто Оризари и на Железара ќе имаат целосно булеварско решение со кое се спојуваат булеварот „Словенија“, „Босна и Херцеговина“ и „Христијан Тодоровски-Карпош“.
ПОРТА
aрхитектура
Семејна куќа во Скопје на семејната куќа на улица „Дрезденска“ во населбата тафталиџе, скопје на проектантското биро „ателје ајвар“ е добитник на наградата BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS 2020 од словенија во категоријата станбена архитектура
Проектантско биро: „ателје ајвар“ Автори: Миодраг Радоњиќ, д.и.а., Ранчо Христов д.и.а., ана Радоњиќ д.и.а., Дамјан Христов д.и.а. Инвеститор: Приватен Година на проектирање: 2017 Година на изведба: 2018-2019 Површина на локација: 367 м2 Вкупна бруто изградена површина: 445 м2 Водење на изведбата – Инженеринг: „Радоњиќ архитекти“ - Миодраг Радоњиќ , ана Радоњиќ 20
ПОРТА
25 септември 2020
ПОРТа 3 роектирањето на куќата во скопската населба Тафталиџе, која претставува современ семеен дом е започнато во 2017 година, согласно урбанистичките параметри, кои дозволуваат и поголема
П
нагРаДа BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS
улица „Дрезденска“
височина на објектот, но согласно програмските барања на клиентот куќата е на две нивоа, приземје и кат, со современ естетски израз. Објектот со влезот во паркинг просторот и влезот за домување, ориентиран е кон улицата „Дрезденска“. Од улицата преку предвидениот колски пристап се влегува на паркинг просторот на ниво +/- 0.00, каде на партер е предвидено
паркирање за две возила. Објектот е проектиран како семејна куќа со два стана кои претставуваат посебни функционални целини со заеднички подрумски простор и скалишно јадро. Во подрумот, на ниво -2.30, предвидени се подрумски остави, помошни, технички простории и простори за хоби активности. Од подрумот овозможена е
директна врска со приземјето преку скалишниот простор, кој ги поврзува сите нивоа од подрумот до катот. Секое ниво е третирано како посебен апартман. Приземјето е наменето за родителите, а катот е проектиран за нивните деца. Приземјето е организирано на две полунивоа, на ниво +0.54 сместени се заедничките прсотори, скалишниот простор, влезниот хол, тоалет, кујна 25 септември 2020
ПОРТА
21
со трпезарија и дневен престој. Педесетина сантиметри повисоко, на ниво +1.08, предвиден е интимниот дел, две детски спални соби, една бања и родителска спална соба со сопствен гардеробер и уште една бања наменета само за оваа соба. Приземјето е со директен пристап кон дворот кој ја опкрижува куќата. Катот на ново +3.81 е организиран на сличен начин како приземјето. Содржи влезен хол, кујна со трпезарија, дневен престој, одвоен интимен дел, ист како тој на приземјето со две детски соби, бања и родителска спална соба со соптвена бања и гардеробер. Разликата е во организацијата на дневниот дел која произлегува од идејата за пространа тераса која треба да го замени дворот кој го има приземниот апартман. Терасата е со југоисточна ориентација, дел е покриена, а дел отворена и озеленета и се протегаат одлични погледи кон планината Водно. Објектот и неговите содржини решени се соодветно сите стандарди и нормативи, со сите потребни придружни функции, со современи материјали и опрема и како такви овозможуваат висок стандард и современ начин на живеење. Конструктивниот систем се состои од армирано-бетонски скелетен систем од столбови комбиниран со армирано – бетонски платна и меѓукатна конструкција од армирано – бетонски плочи. Покривот е решен со армирано – бетонска рамна плоча преку која на дрвена подконструкција е поставен кров од поцинкуван лим. Целиот објект е термички изолиран,
ПОРТА
вклучувајќи ги темелите, сите нивоа и кровот, што придонесува за енергетско ефикасни услови. Архитектонското обликувања е постигнато главно со првостепена пластика, рамни фасадни површини со осмислена динамика на отворите и масите, која е надополнета со детали од челик во боја и дрвени елементи. Притоа добиена е
композиција со јасна и прецизна поделба на полните ѕидни маси, еркерите и вовлекувањата, кои се произлезени и се резултат на функцијата која ја следи формата. Особена сметка е водена за деталите и нивната соодветна апликација и примена во просторот. Целовитоста на обликувањето
постигната е со примена на висококвалитетни материјали за фасадна обработка, кои се соодветно колоритно обработени и укомпонирани. Куќата е добитник на наградата BIG SEE ARCHITECTURE AWARDS 2020 од словенија во категоријата станбена архитектура. n
ПОРТА
архитектура
stip city mall - ШтИп
Уникатен и единствен според неговата хибридна намена
Решението и концептот на објектот се разработувани долг временски период со идеја дека овој простор и содржините во него ќе бидат реперна точка и главна дестинација во Штипскиот Регион и пошироко Александар ВАСИЛЕВ, дипл. инж. арх. ЛОКАЦИЈА На најфреквентната и највпечатлива локација во град Штип (центарот на Источна Македонија) и на самиот влез во градот ќе се издигне објект со најразлични содржини, кој вооедно ќе ги задоволи потребите на граѓаните од поширокиот регион. Сместен е во зона за спорт и рекреација која долги години беше заборавена и напуштена, а со овој проект таа ќе заживее и ќе добие сосема нов современ и модерен изглед. Поставеноста 24
ПОРТА
25 септември 2020
stip city mall
и ориентацијата на објектот овозможуваат непрекинати визури кон самиот град и историската тврдина „Исар“. Самата
конфигурација на теренот која беше голем предизвик придонесе во формирањето на волумените и функционалноста на објектот.
Самите содржини кои ќе бидат присутни во објектот како: хотелски соби, хотелски ресторан, конференциски сали, трговски
ПОРТА
единици и најатрактивниот ROOF TOP, го прават објектот уникатен и единствен според неговата хибридна намена во регионот. Процесот за да се добие финалното решение беше долг и предизвикувачки, но во соработка со инвеститорот и неговите визии и идеи за овој простор, тимот на Студио Атриум-Штип составен од инженери: дипл. инж. арх. Павле Петрушев, дипл. инж. арх. Весна Василева, дипл. инж. арх. Александар Василев, дипл. инж. арх. Кристина Петрушева-Русеска, дипл. град. инж. Светомир Русески, м-р инж. арх. Сања Миташ- Иванова, м-р инж. арх. Љубица Мицевска и апсолвент на Архитектонскиот факултет Емилија Кљонкова, го изработија решението за овој хибриден објект кој ја вклучува основната класа на намена – хотелски комлекс и компатибилните класи на намена – големи трговски, комерцијални и деловни единици според урбанистички план. Како најатрактивна содржина во склоп на
ПОРТА
проектот е STIP CITY MALL. КОНЦЕпт Објектот е проектиран на 5 нивоа (подрум, приземје и три ката). Главниот влез на објектот е поставен централно, нагласен со осветлена настрешница и ориентиран кон пристапната улица. Во централниот дел се предвидени главните комуникации (ескалатори) и простран хол кој целосно е осветлен со природна светлина. Лево и десно од холот се развиваат содржините по нивоа. Во подземниот дел се проектирани паркингместа за посетителите на хотелот, а останатиот дел е предвиден за голем супермаркет. Приземјето ги содржи влезот во хотелот и лобито и големи трговски единици. На катот содржините се повторуваат, освен ресторанот за хотелот кој е сместен на западната страна. Вториот кат содржи хотелски двокреветни соби и апартмани, конференциски сали, канцеларии и деловни простории.
Последниот кат на кој се сместени исто така хотелски соби, на источниот дел предвидува проодна кровна тераса со уникатни визури на градот, која на одреден дел ќе биде покриена. Овој простор, таканаречен ROOF TOP, ќе има забавна содржина. За да се овозможи добра функционалност на содржините во објектот, предвидена е сервисна рампа за дотур на роба до подземното ниво и рампа до паркинг-просторот. Дистрибуцијата на робата и намирниците ќе се спроведе со два сервисни лифтови. Предвидени се и две јадра со лифт и скали за посетители. Во однос на надворешното обликување искористени се најсовремени материјали и од самата фасада лесно се чита содржината во внатрешноста. Самиот објект комуницира со надворешноста преку големите стаклени отвори кои се предвидени по вертикалата на објектот на соодветни делови. Разиграноста и обликувањето на останатиот дел од фасадата е добиена со фасадни панели во различна текстура и боја кои ја потенцираат хоризонталата на објектот. Целиот простор е флуиден и се испреплетуваат содржините едни во други без прекинување. Решението и концептот на објектот е разработувано долг временски период со идеја дека овој простор и содржините во него ќе бидат реперна точка и главна дестинација во Штипскиот Регион и пошироко. n
ПОРТА
архитектура
Првите навалени кули во светот Кулите имаат височина од 114 метри и имаат 26 ката. Нивната изградба траела од 1989 до 1996 година. Puerta de Europa се вторите највисоки кули близначки во Шпанија, по Torres de Santa Cruz во Санта Круз де Тенерифе
Даниела МЛАДЕНОВСКА hilip Johnson, еден двајцата архитекти автори на овој проект своевремено рекол „мора да завршиме со правите агли, доколку не сакаме да умреме од досада“. Овие негови размислувања резултирале во реализација на првите кули на светот под наклон од 15 степени. Отворен во 1996 година, комплексот Puerta de Europa (Gate of Europe), во
P ПОРТА
PuErTa dE EuroPa во Мадрид
Мадрид е лоциран во северниот дел од градот. Проектиран од архитектите Philip Johnson и John Burgee, кои биле ангажирани од Kuwait Investment Office (KIO) во 1989 година за изградба на деловен објект за нивните потреби. Од таа причина, објектот е познат уште и под името KIO, иако набрзо по еден скандал сопственоста е променета, па името KIO е препуштено на заборавот. Останува само називот кој најдобро го дефинира симболична и географска порта на Европа. Денес претставува своевидна икона на
Мадрид и олицетворение на исклучителните достигнувања на модерната архитектура: проект кој бара внимателен инженеринг, вклучувајќи и специјално зајакната централна оска од бетон и челик, како и одреден број на лифтовски окна кои ќе опслужуваат различни катови во објектот. Станува збор за две кули означени како Puerta Europa I и II (кои се разликуваат по своите хелиодроми со црвена односно сина боја, и различните логоа) кои ја запоседнуваат Plaza Castilla. Еден од
претходните сопственици, Caja Madrid (Bank of Madrid), во 2009 година носи трет елемент како одбележје - метален цилиндер (обелиск) од 7,7 метри во чест на прославата на 300-годишнината на банката. Инспириран од Column of Infinity на модерниот уметник Constantin Brancusi, обелискот балансира со визуелниот момент на двете навалени кули и вертикалата. Од спротивната страна, се наоѓа драматичен гранитен споменик во чест на војводата Jose Calvo Sotelo, национален 25 септември 2020
ПОРТА
29
херој во Шпанија од 19-тиот век, како контраст на челикот и стаклото. На спротивната страна на навалувањето на кулите, поставен е бетонски „противтег“ со димензии 60 x 10 x 10 m, поврзан со врвот со кабел, со што се обезбедува неопходната отпорност кон гравитациските сили кои природно тежнеат да ги турнат кулите. Примарната мрежа, примарната решеткаста конструкција е конструктивен челик на периметарот на објектот, и зајакнато централно јадро кај главната вертикала со цел дополнително зајакнување на објектот. Секундарните вертикални и хоризонтални решеткасти конструкции имаат улога во зајакнување на примарната решеткаста конструкција и ја овозможуваат неопходната странична стабилност. Овие елементи се скриени во
ПОРТА
самата конструкција и се проектирани на таков начин што резултираат во чиста и јасна форма. Црната рефлектирачка обвивка на зградите идеално го спојува просторот помеѓу конструктивните елементи. Puerta de Europa се наоѓа во близина на Chamartin train station и Plaza Castilla, односно на место во Мадрид каде се вкрстуваат три главни патишта. Затоа, објектот претставува одличен прв впечаток за градот во кој се испреплетуваат историјата и модерното. Кулите имаат височина од 114 метри и имаат 26 ката. Нивната изградба траела од 1989 до 1996 година. Puerta de Europa се вторите највисоки кули близначки во Шпанија, по Torres de Santa Cruz во Санта Круз де Тенерифе. Кулите имале една од клучните улоги во филмот The Day of the Beast во 1995 година. Прикажани се и во една од епизодите на Mickey and the Roadster Racers. Во периодот од 1996 година до 2010, тие биле и највисоките навалени кули во светот, кога приматот им е одземен од страна на Veer Towers во Невада, Тексас, САД. Височината на овие кули е 137 метри. Денес, епитетот на највисоки навалени кули во светот го држат Altair - East Tower во Коломбо, Шри Ланка со височина од 209,1 метри. Во секој случај, овие кули направиле револуција во своето време, продолжуваат да се спротивставуваат на гравитацијата и без сомнение направиле огромно влијание врз инспирацијата за бројни вакви градби во децениите што следуваат. n
ПОРТА
архитектура
Eдно заборавено и оттргнато од заборавот меморијално архитектонско делo – „БОМБА“ инспирацијата за ова дело произлегува од истриски настан на почеток на втората светска војна и раскажувањето и сеќавањето на борците за зачетоците на револуционерниот антифашистички отпор во Македонија
ПОРТА
СудбиНа На авТорСКиТе дела Владимир ПОТА, дипл. инж. арх. удна и непредвидлива е судбина на авторските дела во областа на уметноста, вклучително и во архитектурата. Некои авторски дела со самото нивно појавување веднаш се прифатени од јавноста, а истовремено маргинализирани од стручниот оценувачки суд за нивната вредност и обратно.
Ч
Тоа е особено изразено кај градбите и спомениците, односно кај објектите, бидејќи тие се физички присутни во просторот и со самото тоа веднаш и први на удар на судот на јавноста и на струката. Архитектурата се прифаќа и позитивно се оценува од консументите, пред сè ако е искрена, чесна, функционална, служи на намената, а воедно и композициски и визуелно придонесува на сликата, тоа значи ја постигнала целта. Во таа смисла, и овој текст е авторски и се однесува на архитектонски авторски проект, создаден во периодот кога масовно се градеа меморијални споменици по повод револуцијата, Втората светска војна и во спомен и сеќавање на борците учесници во антифашистичката борба во СФРЈ. Проект кој е направен, онака како што јас како автор го чувствував тогаш и на ист начин го доживувам и денес, повеќе од околу четириесетина години подоцна. Проектот е создаден и реализиран кон крајот на седумдесеттите години на минатиот век и има своја предисторија. Станува збор за меморијално архитектонско спомен-обележје, стилизирана куќа која се наоѓаше на место на денешниот Кривичен суд во Скопје. Инспирацијата за ова дело произлегува од истриски настан на почеток на Втората светска војна и раскажувањето и сеќавањето на борците за зачетоците на револуционерниот антифашистички отпор во Македонија. Со нарачателите на проектот, претставниците на боречката организација, пред да отпочнам со работа на проектот, се состанав неколку пати за да слушнам за значајниот историски настан. Помеѓу другите долги разговори со нив, разбрав дека тие имале свое споменично обележје во вид на стилизирана бомба кое се наоѓало кај зградата на Комерцијална банка, но кое било отстрането и не знаеја ниту каде се наоѓа, ниту во каква состојба е. Ми кажаа дека автор на споменикот „Бомба“ е професорот Александар Никољски. Кај мене возбудата при творење уште повеќе порасна, веднаш побарав да го контактираат професорот и да му предложат истата да биде дел од архитектонската композиција на споменичното меморијално обележје, стилизираната куќа за која веќе ги правев првите идејни кроки скици. Така се случи нашата соработка, стапив во контакт со архитект Никољски. Ми беше чест да бидам рамо до рамо со мојот почитуван професор, иако бев во фаза за која веќе имав осмислено проектантски пристап, а споменикот на професорот ми се појави ненадејно. „Бомбата“ посебно ме инспирираше и ја инкорпорирав во
меморијалното обележје, поставувајќи ја на експонирано место, подигната на цилиндричен пиедестал. Како млад архитектект, полн со мотив, ми беше чест да пронаоѓам „место под сонцето“, покрај еминентни архитектонски величини, кои интензивно создаваа во тој период на архитектонско творење во земјава. Како што обично се случува во пракса, архитектите автори на проектот се и изготвувачи на проектната задача за и во име на нарачателот, во овој случај борците. Проектната задача, која сам си ја зададов, а силно инспириран од антифашистичкото движење, ме обврза да ја развијам мислата и сеќавањето на борците и да го „раскажам“ во материјализиран архитектонски проект надополнет со нова содржина, стилизирана бомба. Така проектот кој по обем и значење спаѓаше во категорија едноставен, мал проект, веќе не беше тоа, а јас како таков и понатаму го разбирав. Проект кој требаше да се зврши во строго одреден рок и повод, како што и инаку беше во тоа време. Императив беше да се потенцираат зачетоците на авангардната револуционерна дејност на антифашистичките борци од Скопје, мај - јуни 1941 година (пред 4 јули 1941 год.). Според нивното раскажување во населбата Крњево во подрумот на една куќа, донесена е одлука за формирање на Скопскиот партизански одред, кој понатаму е трагично разбиен на падините на Скопска Црна Гора. Бев млад, полн со енергија, видно возбуден од настанот и влезен во филмот на сеќавањата на борците и описот каде и каква била куќата во која се сретнале. Изработив стилизиран проект на остатоци на приземна, незабележлива градска куќа, со ѕидана ограда, порта и бунар во мал двор. На куќата ѝ беше потенциран влезот во подрумот без прозорци, токму онака како што ја опишаа борците. Куќа мала, неугледна, намерно нагласен влез во подрум без светлина, влез во неизвесност, во потрага за подбар свет. Куќата претставуваше стожер на желбата за антифашистички отпор, а бомбата на професорот како асоцијација на експлозија, лоцирана на експонирано место во дворот ја комплетираше стилизираната архитектонска композиција со што објектот доби значење на меморијалност. Поради изградба на „барокната“ зграда на денес Кривичниот суд, куќата е срушена, а споменикот „Бомба“ дислоциран, како што кај нас најчесто се случува, анонимно, „ќутенката“, како никогаш да не постоел како мемориски споменик за еден од најсветлите моменти во нашата историја, антифашистичката борба. Денес споменикот „Бомба“ на професор Никољски се наоѓа во зеленилото зад објектите на МАНУ, МКЦ, судовите, Институтот 25 септември 2020
ПОРТА
33
за национална историја, покрај зградата на Македонската телевизија. За жал документација за меморијалната куќа немам, фотографии исто така, но не успеав ниту да најдам. За ова меморијално обележје речиси и да не се знае дека постоело. Но, овој споменик не остана незабележан од Donald Niebyl, американец, биолог кој на изложба на фотографот Jan Kempenaers прв пат се запознал со спомениците посвететени на НОБ во поранешна Југославија и оттогаш е фасциниран од нив. Niebyl има своја страница на интернет www.spomenikdatabase.org, која голем дел е посветена на овие споменици. Споменикот на професор Александар Никољски исто така е дел од значајната збирка на сајтот, a со тоа, архитектонското Наше дело доби посебно значење во монументалните меморијални или слични споменици на територијата на СФРЈ. На некој начин содржината и целта на мојот авторски текст ја потврдува првата алинеја за чудната и непредвидлива судбина на авторските дела. Текстот го пишувам на инсистирање и мотивирање од уредникот на Порта 3. П.С. Во спротивно пласираната информација до јавноста би ја чувал за себе. Благодарен на Порта 3 во име на мојот почитуван професор и мое лично име. n ПОРТА
ПОРТА
aрхитектура од дрво
Едни од највисоките и најголемите дрвени објекти во светот
двете висококатници докажуваат дека Квебек има водечка улога за дрвни конструкции во светот Александар ЧЕрЕПНАЛКОСКи, Инженер по дрвна индустрија Арбора (Arbora) во Монтреал и Ориџин (Origine) во Квебек Сити се дрвени објекти кои се вбројуваат меѓу највисоките и најголемите во светот и се пример на посветеноста на Квебек за унапредување на употребата на дрвото во градежништвото. Во 2013 година, областа стана втора во Канада што дозволи висина од шест ката за објекти со дрвни конструктивни системи. Оттогаш, Квебек продолжува да води во развојот на големи проекти. Дизајнирано од архитектонското биро Lemay + CHA во соработка со ProvencherRoy, комплексот Арбора е најголемиот од ваков вид во светот, со три осумкатни згради кои се состојат од скоро 55.700 квадратни метри, вклучувајќи 273 станови, 30 градски куќи,130 единици за изнајмување и деловен простор на приземјето на една зграда. Фасадните и преградните ѕидови се од вкрстено слепени плочи (CrossLaminatedTimber), додека скелетната конструкција е изработена од лепени ламелирани носачи. Поголемиот дел од проектот кој има LEED Platinum стандард 36
ПОРТА
25 септември 2020
арбора и ориџиН
Х
25 септември 2020
ПОРТА
37
(Leadership in Energy and Environmental Design) беше завршен минатата година, а пак годинава се комплетираат некои завршни работи на третата зграда.
ПОРТА
Ориџин е станбен проект од 13 ката од Yvan Blouin Architecte, завршен во 2017 година - истата година како TallWood House во Brock Commons, правејќи ги овие проекти
највисоките дрвени конструкции во Северна Америка. Основа на објектот е еднокатен бетонски подиум врз кој се подигнува дрвената конструкција. Ориџин беше подигната во само четири месеци, во текот на зимата, додека зградата беше завршена за 16 месеци. Проектниот тим спроведе двегодишно истражување, вклучително и сеизмичко и целосно испитување за заштита од пожар, за да се обезбеди оптимално конструктивна стабилност и безбедност. Примарната конструкција е изработена од столбови и греди – скелетната конструкција од лепени ламелирани носачи, меѓукатни плочи од вкрстено лепени плочи (CLT), внатрешни и надворешни ѕидови. Според архитектот, користењето бетон ќе додаде четири до шест месеци за комплетирање на проектот. Високата зграда од 13 ката, исто така, не би било можно да се гради со потешки материјали поради лошиот квалитет и механиката на почвата, бидејќи локацијата е близу река. Генијалниот дизајн на Ориџин вклучува еколошки и енергетски мерки како бел покрив за да се намали дневното загревање на објектот, и ефикасно подно греење. Клучно за обете згради е вклучување на компанијата NordicStructures, која развива и продава производи од дрво и градежни системи произведени од нејзината сестринска компанија, ChantiersChibougamau. Повеќе од 50 години, Chantiers Chibougamau произведува дрвни производи во северен Квебек, сечејќи дрво
од канадската тајга по строги насоки за одржливо користење на шумските капацитети. NordicStructures фабриката во Чибугамау произведува, префабрикувани дрвени компоненти исечени на точни димензии, користејќи CNC-технологија за изработување отвори за врати и прозорци. Секој од овие објекти стана централно место во соседството, прикажувајќи го одржливиот развој и интелигентното проектирање. Заедно, тие го отворија патот за повисоки дрвни конструкции во Канада, придонесувајќи за нивен технички развој. Со континуиран развој и нови иновативни конструктивни системи може да се достигнат и повисоки згради од 13 ката со што се зајакнува репутацијата на Канада како лидер во одржливата архитектура. n
ПОРТА
екологија
Апикуќи – комори за инхалаторна терапија Коморите треба да се изработуваат во основен модул од 80 сантиметри и со мали димензии за да може внатре комотно да се сместат од две до пет сандачиња за пчели, две до пет столчиња и лежај за релаксација
Косто ГрАОрКОСКи, дипл. инж. арх. ислам дека пчелите, по човекот, се најсовршеното дело на природата. Тие живеат како совршено општество и се најпрецизните архитекти и градители. Кај нив владее лозинката: еден за сите, сите за еден. Тие меѓусебно си помагаат и секоја единка придонесува во кошницата сандакот онолку колку што може. Кај нив сè е совршено уредено и природно. Затоа во новиот милениум пчелите и нивните драгоцени природни производи сè повеќе го привлекуваат вниманието на научниците и на истражувачите. Сите тие се согласни дека пчелите - крилестите фармацевти, произведуваат еколошки производи, кои не може да ги произведат ниту хемичари, ниту технолози или
М 40
ПОРТА
25 септември 2020
иСКориСТување На волШебНиТе оСобиНи На пчелиТе фармацевти. Во еколошките живи лаборатории пчелите создаваат производи што поседуваат волшебни особини. Од овие причини денес во светот се користи и се проучува новата инхалаторна апитерапија. Пациентите ја примаат оваа терапија во специјално изработени апикуќички - комори. Апикомората се изработува како монтажен објект од природни материјали, поставен на бетонска темелна подлога. При градбата на апикуќичките најмногу се користи дрвен материјал, особено во внатрешноста на објектот. Дрвениот материјал може да биде незаштитен со природна патина или премачкан и заштитен со еколошки бои. Формите на апикуќичките може да бидат најразлични, во зависност од креацијата на изведувачот и желбата на сопственикот. Покривите се едноводни, двоводни и повеќеводни. Коморите треба да се изработуваат во основен модул од 80 сантиметри и со мали димензии за да може внатре комотно да се сместат од две до пет сандачиња за пчели, две до пет столчиња и лежај за релаксација. Потребно е апикуќичките да се лоцираат во чиста, незагадена еколошка средина, со доволно богата паша од разновидни цветови. Инхалаторната апитерапија била позната уште кај старите Египќани. Имено, пчеларите работејќи на пчеларникот при разни операции поврзани со отворање на кошниците вдишувале многу пријатен воздух во пречник од 200 метри на пчеларникот. Особено во пролетните и во летните месеци пчеларите се чувствувале многу пријатно и добро. Инхалаторната апитерапија всушност се состои од вдишување на воздухот. Вдишувањето е директно од сандаците на пчелите преку црево со соодветен инхалатор. Апикоморите всушност претставуваат мали лаборатории за производство на воздух богат со аеросоли, како мешавина од повеќе еколошко чисти и здрави елементи од пчелното семејство, кои се вдишуваат од страна на човекот. Овие здрави елементи потекнуваат од најразлични цветови, кои во зависност од потребите на консументот може дури и да се избираат со дресирање на пчелите да одат на паша на одреден цвет. Вдишувањето се врши од прополисот, нектарот, етеричните масла, медот, восокот, матичниот млеч, пергата, поленот и други лековити материи. Прополисот што го собира пчелата е најсилно антибактериско средство во природата. Пчелите вршат дезинфекција на воздухот и просторот во кој живеат со прополисот, кој го носат во кошниците. Така што секоја ќелија во која се полагаат млади јајца од матицата е „прополисана“.
Пчелите, co вентилирање или со едноставно движење на крилцата, предизвикуваат испарувања на овие материи, ги мешаат и ги распрскуваат од внатрешноста на кошницата во ситни аеросоли во воздухот, а преку инхалаторна опрема човекот ги вдишува. Вдишувањето на збогатениот воздух со аеросоли и волшебни
ароми од пчелните кошници придонесува за подобрување и за лекување на дишните патишта. Зуењето на пчелите во сандачињата има значаен ефект и на психофизичката состојба на човекот. Инхалаторната терапија влијае релаксирачки и ослободува од секојдневните стресови. Поради енормно загадениот воздух што го 25 септември 2020
ПОРТА
41
дишеме, зачестени се појавите на респираторни болести, алергии, астма, белодробни воспаленија, депресија, кардиоваскуларни тешкотии и слично. Решението за елиминирање или за намалување на овие проблеми многумина го пронашле преку вдишувањето воздух директно од кошниците полни со пчели. Особено оваа терапија помага при лекување на следните состојби: при заздравување и закрепнување од мозочен удар, кардиоваскуларни проблеми, мигрена, стрес, депресија, зголемување на капацитетот на белите дробови кај спортистите, бронхитис, лекување други респираторни и белодробни болести, зголемување на имунитетот, подобрување на работата на системот за варење и др. Вдишувањето на воздухот е сигурно во однос на опасноста од каснување на пчелите. Пчелите влегуваат во кошницата преку леталата од надворешната страна на апикуќичките, а од внатрешната страна на горната страна од сандачињата има заштитна мрежа преку која не е можно да излезат пчелите од сандачето и да се најдат во инхалаторот или во просторијата. Еднодневна терапија со вдишување апивоздух просечно се прави двапати по 20 25 минути со пауза од еден час, а следната се прави по 48 часа. Потребни се вкупно пет еднодневни терапии во рок од 10 дена за да се почувствуваат првите позитивни резултати од инхалаторната терапија. Пчеларите со апикоморите ја збогатуваат понудата за алтернативен апитуризам, кој сè повеќе има заинтересирани консументи во светот, особено за инхалаторната терапија. Оваа терапија се користи најмногу во Русија, Германија, Австрија, Бугарија, Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Исто така и во Македонија се изградени првите две апикомори, со надеж дека тој број ќе се зголемува, зашто нашето поднебје располага со идеални еколокации за пчеларство. n ПОРТА
ПОРТА
екологија
Тесна трка меѓу водните планови
Секната чешма во село Страцин
плановите за алтернативно водоснабдување сè уште се разработуваат и се менуваат, иако негативните климатски влијанија веќе чукаат на врата Катерина СПАСОВСКА-ТрПКОВСКА ешко им е на луѓето од градовите да го сфатат животот на селаните од Страцин, Кратовско. Дури и во оние градови каде што има повремени рестрикции во водоснабдувањето од неколку часа во текот на денот или ноќта. Луѓето од Страцин добиваат вода од локалниот водовод по еден час на секои два дена. Тогаш треба да наполнат доволно за да ги покријат потребите за следните два дена. „Повеќето луѓе имаат бунари, па го надоместуваат недостигот, барем за потребите во дворовите и за други технички потреби“, вели Павлина Величковска од Страцин.
Т
44
ПОРТА
25 септември 2020
Можеби во моментов на луѓето во урбаните центри во земјава им се чинат многу далечни овие проблеми, карактеристични пред сè за руралните средини. Но климатските промени се закануваат да им го доближат овој свет веќе за неколку децении. А за разлика од селаните, тие не ќе можат да си ископаат бунари за да си го покријат недостигот. Животот во урбани средини подразбира зависност од политиките за вода што ги водат локалните самоуправи и државните институции. Тие се должни, меѓу другото, да подготвуваат планови и за алтернативни извори на водоснабдување, бидејќи урбаните центри се соочени со притисок од две страни: нивното население постојано се зголемува, а изворите за вода се во опасност да се намалуваат или веќе имаат помала
издашност. Сè на сè – има повеќе луѓе, а помалку вода. Според информациите што ги добивме за Скопје како најбрзорастечки урбан центар во земјата и за Прилеп како еден од поголемите градови со загрозена иднина во водоснабдувањето, локалните самоуправи работат на изнаоѓање решенија за дополнително водоснабдување. Ова е случај и со други места низ државата. Но иако промените на климата чукаат на врата, активностите се главно на ниво на истражувања или на идеи, далеку од конкретизирани планови за да се обезбеди дополнително водоснабдување за да се заштити населението и подготвено да се пречекаат предизвиците. Надлежните власти се убедени дека сегашните извори им се
НеМање оСНовеН живоТеН реСурС – проблеМ Кој Се заКаНува во НаредНиТе децеНии
и климатските промени стабилни и дека мала е веројатноста да им требаат нови. загрижувачКи предвидувања Со појавата на климатските промени, станува сè потешко да се гарантира достапноста на водните ресурси во иднина и тој предизвик мора најитно да се разгледа и да се реши. Ова е еден од главните заклучоци во врска со водоснабдувањето наведен во третиот Национален извештај за климатски промени во земјава. Како што се наведува во официјалните државни документи, се очекува дека високите температури ќе предизвикаат промени во количините на вода што се добиваат од топењето на снегот и истекувањето од планините, кои се многу важен извор на вода, и ова ќе предизвика сериозен недостиг на вода. Се предвидува намалување на врнежите од 15 отсто до 2050 година, и драстично намалување на истекувањето во сите речни сливови, особено во Брегалничкиот и Струмичкиот Слив во Југоисточниот плански регион. „Генералната достапност на водата во Република Македонија се очекува да се намали за 18 % до 2100 година. До крајот на векот, просечното истекување во Вардар ќе се намали за 20 % во споредба до 2000 година. Нивото на подземните води во сливот на Вардар постојано ќе се намалува“, пишува во планот. Официјалните податоци покажуваат дека во целата земја има 4.414 извори на вода, од кои извираат 9.919 кубни метри вода годишно. Но од сите нив, само 58 извори имаат капацитет поголем од 100 литри во секунда, што обезбедува економска исплатливост за нивно вклучување во јавни водоснабдителни системи што ќе им служат на поголемите или помалите населени места. Инаку, околу 280 извори се користат како главни или како споредни за водоснабдување на поголеми населени места, а на околу 1.600 се направени селски чешми, кои исто така му служат на населението. Вкупно од изворите се добиваат околу 195 милиони кубни метри вода годишно. Прогнозите покажуваат дека ова количество ќе се намалува. Затоа се предлагаат низа мерки за да се осигура снабдувањето со вода на домаќинствата, како рециклирање на водата во општините, поправка на пукнатините, собирање на дождовницата за техничка употреба, користење уреди што трошат помалку вода, системи за двојна употреба (за пиење и
Пресушен дел на езерото Калиманци техничка) и друго. Засега овие активности се далеку од плановите на локалните власти. водаТа е иСТа, КориСНици иМа Сè повеќе Во отсуство на официјален попис, бројот на нови станбени единици во едно населено место се зема како една од приближните мерки за да се процени дали таму бројноста на населението расте, стагнира или се намалува. Па така, во Скопје за 15 години се изградиле вкупно 31.000 нови станови. Тоа го покажуваат податоците од Мак-стат базата на Државниот завод за статистика за скопските општини. Ако се претпостави дека во барем половина од нив се доселиле луѓе од други места, тоа значи дека за деценија и пол главниот град добил околу 60.000 нови жители и се зголемил за 10-15 проценти. Растот не бил воопшто линеарен, од 2005 до 2012 се граделе по 1.500 - 1.600 станови годишно, за од 2013 таа бројка да се зголеми на 2.700 - 2.800, а минатата година е постигнат рекорд од над 3.500 новоизградени станбени единици. На сите нив им треба вода. Освен просторот, главниот ограничувачки фактор за тоа колку жители може да има едно населено место е за колку од нив може да се обезбеди вода за пиење. Уште повеќе што градот забрзано расте. Од една страна тој е соочен со зголемен број корисници на водоснабдителниот систем, а од друга на
очекувана намалена издашност на главните извори за вода, Рашче 1 и Рашче 2, како и бунарското подрачје на Лепенец. Имало денови во последниве летни сезони кога сите овие извори биле вклучени истовремено, за да се обезбеди непречено водоснабдување на Скопје. Случајно или не, Град Скопје почнал со истражување нови извори за водоснабдување токму во 2013 година, кога се интензивирала и изградбата на нови станови. Три потенцијални извори се опфатени – Кадина Река, Патишка Река и изворот Врело на Матка. Веќе трае четвртата фаза на испитување каде што се мерат протоците на водата и се спроведуваат различни анализи физичко-хемиска, бактериолошка, паразитолошка, радиолошка, потоа анализи на тешки метали, металоиди, пестициди и токсини. Согласно регулативата, комплетните истражувања се прават четири пати во хидролошка година, а мониторингот се спроведува на месечно ниво. Три институции се вклучени во испитувањето – Институтот за јавно здравје, Управата за хидрометеоролошки работи, и секако претпријатието Водовод и канализација. Станува збор за стари идеи, некои потекнуваат уште од 1950-тите години, но дури сега почнале да се разгледуваат, и тоа сè уште се во фаза на истражување. „Неопходно е спроведување на повеќегодишни истражувања, за да се добијат 25 септември 2020
ПОРТА
45
веродостојни податоци што би биле основа за донесување одлука за користење на овие води и изработка на техничка документација“, ни изјавија од Град Скопје. Мерењата покажале дека издашноста на изворот Врело е колку две третини од издашноста на Рашче, што значи дека тој има огромен потенцијал да биде алтернатива за зголемените потреби за водоснабдување. Но градските власти засега немаат план да преземат ништо поконкретно околу реализирањето на потенцијалите за алтернативно водоснабдување и сметаат дека Рашче дава доволно вода. Како што велат оттаму, изворот се користи за водоснабдување безмалку 100 години и е под постојана стручна опсервација, а за сето тоа време неговата издашност била константна.
„Проектот за испитување на алтернативни извори за водоснабдување не е поттикнат од некакви постојни проблеми во водоснабдувањето или сознанија за губење на изворите, туку од пошироки согледувања на идните потреби за водоснабдување на сите населени места во регионот, за други потреби од вода, а најмногу од бројните активности на Град Скопје во сферата на климатските промени и ненадејните последици што истите ги создаваат“, додаваат од Градот. Нови идеи Со СеКои Нови луѓе За истиот период додека во Скопје се изградиле речиси 31.000 станови, во Прилеп биле изградени безмалку 1.100. Тоа не е показател за никаков раст на населението Чешмата на Итар Пејо во Прилеп
ПОРТА
Густа изграденост во Маџир Маало, Скопје или за дополнителен притисок врз системот за водоснабдување. Сепак, Прилеп е приклучен на еден од најнестабилните извори во земјава – Студенчица, од кој се снабдуваат и четири други помали општини. Рестрикциите за вода во летните периоди, а во поново време и во сушните зимски периоди, воопшто не се непознати за овој град. Затоа Прилеп десетина години бара алтернативни решенија за водоснабдувањето. Но на таа потрага ѝ недостасува конзистентност, бидејќи она што една управа на водоводното претпријатие го проценила како потенцијал, друга управа го отфрла. Пред десетина години е направена студија со која се разгледувани повеќе опции за да се обезбедат дополнителни количества вода – довод од акумулацијата Стрежево (од која се снабдува Битола), надградба на браната на вештачкото езеро кај Прилеп за двојно да се зголеми неговиот капацитет, користење на акумулациите Белица и Градешница во мариовскиот дел итн. Денешната управа, пак, смета дека тие планови не се изводливи. Директорот Емил Јанески вели дека подигнувањето на браната на Прилепско Езеро засега не може да се реализира бидејќи со него стопанисува државното акционерско друштво Водостопанство, па веќе не добивале дел од водата во водоснабдителниот систем ако има потреба. Според него, не е добро решение ниту да се повлече крак од битолско Стрежево. „Прилеп во моментов нема проблем со водоснабдувањето. Студенчица има издашност од 1.000 литри во секунда и задоволува за секое домаќинство. Сепак,
дефинитивно ќе треба да се бара ново решение, затоа што Студенчица е помината, веќе 30 години е во употреба“, вели Јанески. Едно од решенијата што сегашната управа ги разгледува е Чепигово, каде има резервоари со вода. За Чепигово има направено анализа, но нема конкретен проект. Пократкорочно решение се изворите со коишто Прилеп се снабдувал со вода до 1980-тите години. За два од четирите резервоари имаме поднесено апликација, завршено е, и се чека да почне реализацијата. Едниот е Леково, а другиот Пашовски Ливади. „Овие четири бунари се користеа сè додека не почна употребата на хидросистемот Студенчица. Оттогаш се оставени. Тоа е среднорочно решение. Водата бесплатно ни доаѓа и би ја собирале и би ја третирале како сирова во вода за пиење“, додава Јанески.
КаКо да Се чуе глаСоТ На граѓаНиТе Додека надлежните ги кројат плановите и политиките за вода, се чини дека граѓаните се целосно предадени во нивни раце и чекаат на нивните одлуки. Преку проектот „Граѓаните активен партнер во реформите на политиките за вода“, ЦЕД „Флорозон“ ги идентификуваше причините зошто е потребна поголема вклученост на граѓаните и на граѓанскиот сектор во барањето решенија за сите предизвици поврзани со управувањето со водите, вклучувајќи го и водоснабдувањето на домаќинствата и на стопанството. „Само преку континуиран притисок од јавноста, односно од граѓанскиот сектор, може да се влијае за реформите во секторот да се третираат како приоритетни прашања за решавање од страна на претставниците на власта и да се третираат на соодветен начин“, се вели во завршниот документ на проектот. Граѓанскиот сектор, како што се вели во
белата книга, претставува контролор на следењето и на примената на политиките за водите. Затоа тој, како претставник на јавноста, е задолжен за нејзино редовно информирање и застапување на нејзините интереси. Како причини поради кои може да се нотира недоволната активност на делување на граѓанскиот сектор во областа на водите се недоволната препознаеност на значењето на овој ресурс и на неговата важност, а тука се и комплексноста на областа поради вклученоста на голем број актери во реализирањето на обврските во областа на водите, како и недоволната информираност на граѓаните. За да се надмине оваа состојба се предлага зајакнување на улогата на претставниците на граѓанскиот сектор во советите за управување со речни сливови, регионално организирање по статистички региони, или комбинација од двете. n Изворот на Вардар во Вруток
ПОРТА
најчудни градби
Најнеобичниот граничен премин на светот објектот има две нивоа, приземје и кат, но во суштина самата кула има пет ката
Драган риСТОВ ожеби сте навикнале, да ги гледате малите стаклени куќарки, за пасошка контрола, на речиси секој граничен премин во светот. Нема голема разлика, кога се во прашање граничните и царинските терминали. Тие се без душа. Треба да укажуваат на сериозност, да ве потхрануваат со некаков страв, да знаете дека сте на граничен премин. Но, помеѓу Грузија и Турција, се наоѓа граничниот и царински терминал „Сарпи“, кој е далеку од стандардната слика. Изграден е во 2011 година, во рок од една година, на барање на Министерството за финансии на Грузија. Овој граничен премин на Црното Море е дизајниран од берлинскиот архитект Јирген Мајер. „Бев инспириран од можноста за преглед од зградата. Сакавме да ја отвориме границата како место за излегување и исполнување, поздравувачки знак за земја во динамична трансформација“, вели Мајер, кој
М
48
ПОРТА
25 септември 2020
во грузија сакал од објектот да направи своевиден туристички комплекс. Имајќи предвид, дека објектот се наоѓа непосредно до плажа, многумина сметаат дека станува збор за хотелски комплекс. Онака, како што се наближувате кон него, разбирате дека тоа е граничен премин, но сепак сè уште ја имате таа смиреност, бидејќи гледате нешто невообичаено за вакви објекти. Објектот официјално има две нивоа, приземје и кат, но во суштина самата кула има пет ката. Царинската контрола, се наоѓа во конзолна кула, која има несекојдневна форма и која во суштина ја содржи сета перспектива на објектот. Освен канцелариите, во овој дел има и кафетерија, сала за конференции и слично, што пружа несекојдневен поглед на Црно Море и на околината. Овој дел, не е само строго административен, туку напротив, за кафе е добредојден секој, кој сака да одмори и да фрли поглед на воденото огледало. Белата структура, има врежани кривини и тераса, што значи секој кат е еден вид на платформа
за гледање со тераса. Следниот пат, кога ќе свратите на некој граничен премин, ако сте го прочитале овој текст, сосема сме сигурно дека ќе се сетите
на Сарпи, граничниот премин на Грузија, кој наместо бетонско класично сивило, ви наметнува друг имиџ за една граница и една држава.
ПОРТА
репортажа
МауНТ верНоН
САД - пред избори,
навраќање на корените вашингтон го надгледувал секое реновирање, советувал околу дизајнот, изградбата и декорацијата. во меѓувреме избирал архитектонски карактеристики коишто го изразувале неговиот растечки статус како џентлмен од вирџинија и последователно како лидер на една нова нација
Јулија ВЕЛКОВСКА, (Специјално за Порта 3 од Вашингтон) одека во САД во моментов се води бурна предизборна претседателска кампања, решив да се навратам на историјата, да посетам барем дел од корените на оваа држава – куќата на првиот американски претседател, Џорџ Вашингтон (1732 – 1799). Локацијата воедно е задолжителна екскурзија, барем за деца од овдешните локални основни училишта. Вашингтон е единствениот претседател кој не живеел во Белата куќа, главно поради тоа што почнала да се гради во 1792, а била завршена и отворена во 1800-та година. Во голем дел тој живеел на имотот Маунт Вернон (Mount Vernon) во Сојузната Држава Вирџинија, именуван по познат британски морнарички офицер, адмирал Едвард Вернон.
Д
50
ПОРТА
25 септември 2020
популарНиоТ геНерал Во Владата на Вирџинија, Вашингтон бил избран кога имал 26 години, се оженил со вдовица и се доселил на плантажата. Учествувал во двата континентални конгреси, што подоцна довеле до изготвување на Декларацијатa за независност, во јули 1776 - прокламација дека 13-те американски колонии сега се независни сојузни држави и повеќе не се под британска контрола. Се формирала армија и Џорџ Вашингтон бил назначен за генерал. Револуционерната војна траела пет години, Британија е поразена, а Вашингтон е прогласен за херој. Но, заради дополнителни проблеми, колониите имале итна потреба од национален лидер. Во 1787-ма, нивни претставници се сретнале во Филадел-
фија, Пенсилванија и го креирале Уставот на САД. Кусо потоа, според одредбите, избран е претседател. Џорџ Вашингтон, кој бил популарен генерал, го освоил мнозинството од гласовите. Иако учествувал во планирањето за постојан главен град, неговиот втор мандат му завршил пред Федералната влада да се стационира во градот, којшто подоцна во негова чест, го добил името Вашингтон. Куќа Со 21 Соба Куќата на Маунт Вернон е една од најпознатите знаменитости од 18-тиот век во Соединетите Американски Држави. Првично била обична еднокатница во сопственост на таткото на Вашингтон која ја наследил постариот брат на Џорџ, Лоренс. По прераната смрт на Лоренс од туберкулоза,
Маунт Вернон му припаднал на Џорџ Вашингтон, каде тој живеел со својата сопруга Марта. Поради бракот со богатата Марта, Џорџ станал еден од најбогатите луѓе во Вирџинија. Се стекнал со третина од имотот (од 18.000 хектари) на имотот Кустис, на покојниот сопруг на Марта и добил околу 23.200 хектари земја за заслуги во војната. Вашингтон често купувал земја. До 1755 година ја дуплирал големината на Маунт Вернон на 6.500 хектари. Го зголемил и бројот на своите робови на преку 100. Џорџ почнал да инвестира во куќата во 1754 и во текот на следните 45 години прераснала во живеалиште со 21 соба, она што го гледаме денес. Вашингтон го надгледувал секое реновирање, советувал околу дизајнот, изградбата и декорацијата. Во меѓувреме избирал архитектонски карактеристики коишто го изразувале неговиот растечки статус како џентлмен од Вирџинија и последователно како лидер на една нова нација. По двата последователни мандата, повторно се вдомил во Маунт Вернон. Починал две години подоцна, на 14-ти декември, 1799. Во САД илјадници луѓе носеле црнина со месеци, а Вашингтон е закопан на својот имот во Маунт Вернон. Препознатливите историски елементи на куќата на Вашингтон прикажани се на безброј згради во САД, како станбени така и деловни. Еден период Маунт Вернон е најкопираната куќа и станала едно од препознатливите обележја на американската архитектура. МаСовНа поСеТеНоСТ На МауНТ верНоН Вашингтон од револуцијата излегол како централна фигура во американската свест. Човек со бескомпромисни принципи, бла25 септември 2020
ПОРТА
51
городен и непоколебливо достоинствен, Вашингтон имал улога на вистински херој и претседател на новата република. По неговата смрт ожалостената нација го воздигнала Вашингтон на речиси божествен статус. Апотеозата на Вашингтон му дала на кревкиот американски експеримент симбол на сила, а неговиот дух станал основа за идентитетот на нацијата. За да го искусат неговиот дух од прва рака Американците масовно го посетуваат Моунт Вернон. Саканата плантажа на Вашингтон, станала опиплив потсетник на таткото основач, материјализација на неговиот карактер и идеали. Со својата по-
52
ПОРТА
25 септември 2020
низност и величественост, зградите и градините им претставуваат на посетителите рефлексија на прагматичниот, но сепак софистициран ум на Вашингтон. аСоцијацијаТа На даМи Ен Памела Канингам важи за пионер во историското движење за зачувување на поседот, кога во 1853-та година ја формирала Асоцијацијата на дами на Маунт Вернон. За да се спаси имотот, одлучните жени во рок од две години успеале да соберат 200.000 долари и да го откупат. Асоцијацијата е првата организација за зачувување на историското минато и
најстаро женско патриотско здружение во САД. Асоцијацијата стои зад филозофијата на зачувување на објектот, на нејзините методи и технологија, сè до ден денес. КолоНијалеН доМ Истовремено, архитектонски тим, составен од историчари, специјалисти за зачувување на оригиналните елементи и столари, се грижи за реставрација на сите згради на Маунт Вернон, анализирајќи, архивирајќи и ревидирајќи податоци и докази, и со тоа правејќи темелен запис за идните генерации.
Компанијата The Home Construction Division of Sears, Roebuck and Company била избрана во 1930 година да постави репродукција на Маунт Вернон на изложбата Coloniale Internationale de Paris одржана во Париз и на прославата на 200-годишнината на Џорџ Вашингтон одржана во Бруклин. Овие случувања ја поттикнале компанијата и и отвориле можност да понуди Монт Вернон - инспирирана куќа како дел од нивната линија на каталошки куќи од 30-тите години. Наречен „Џеферсон“, моделот на куќата бил именуван по вториот татко основач, но двокатниот трем со квадратни столбови и бели ѕидови со зелени капаци на прозорците, бил дизајниран според изгледот на историскиот Маунт Вернин. Овој јужен колонијален дом претставувал симбол на успех, чинел 3000 долари, обезбедувал материјали и упатства за изградба за куќа со осум соби и две бањи. Преку 150 години Маунт Вернон не прифатил никакво владино финансирање. Опстојува од донации сè со цел да се сочува домот и наследството на, како што се нарекува, таткото на нацијата. n
ПОРТА
хортикултура
Градина која е резултат на страст
од 1980 година досега, бројот на посетители на градината е околу 20 милиони луѓе. Секој ден има 3.000 - 5.000 посетители од многу земји кои уживаат на ова прекрасно место
54
ПОРТА
25 септември 2020
NoNg NooCh TroPiCal BoTaNiCal gardEN На ТајлаНд
и ентузијазам на еден брачен пар
ПОрТА 3 ропската ботаничка градина Nong Nooch Tropical Botanical Garden (Suan Nong Nooch) е градина и туристичка атракција на површина од околу 200 хектари, сместена во провинцијата Чонбури на Тајланд на околу 20-тина километри од Патаја. Почнувајќи од 50-тите години на минатиот век, градината е резултат на страст и ентузијазам на еден брачен пар - Nong Nooch и претставува огромна колекција од илјадници различни тропски растенија. Денес во оваа ботаничка градина има
Т
20.000 тропски дрвја кои се собрани од 50 различни земји во светот. Најкарактеристична е збирката на повеќе од 670 видови орхидеи. За оние кои сакаат орхидеи, ова место е вистински рај, можност да се изгубат во прекрасни соништа. Градината е именувана по првите сопственици. Во 1954 година, брачниот пар Pisit и Nongnooch Tansacha купиле рид од 2,4 квадратни километри за садење овошни дрвја како манго, портокал, кокос и многу други локални плодови. По враќањето од патување во странство, Nongnooch биле импресионирани од убавините на градините низ целиот свет и одлучиле овошната градина да ја претворат во тропска градина
полна со цвеќиња и бонсаи. Почнувајќи од 1980 година, тропската градина Nong Nooch се отвора за посетителите. Градината целосно е изградена како туристичка зона со два ресторани, луксузен хотел со базен, бунгалови за изнајмување во тајландски стил, мала зоолошка градина, театар за уметнички перформанси и простор за изведби на 42 припитомени слонови. Од 1980 година досега, бројот на посетители на градината е околу 20 милиони луѓе. Секој ден има 3.000 - 5.000 посетители од многу земји кои уживаат на ова прекрасно место. Градината е сместена во прекрасната околина на долината, која трепери како 25 септември 2020
ПОРТА
55
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
шарена слика, а ова место станува едно од најпривлечните туристички атракции на Тајланд, како за домашните, така и за странските туристи. Со проектирање, со детално разработени содржини и со ентузијазмот на двојката Nong Nooch, бујната градина навистина се смета за ремек-дело на пејзажната архитектура. Во внатрешноста на градината е содржан цел свет на керамика, предмети и фигури од керамика во хармонична комбинација со природата. Во градината многубројните орхидеи, се измешани со други растенија и ретки цвеќиња. Nong Nooch Village Orchid Garden секогаш е покриена со зелена боја, носи ладен и свеж воздух и мошне е удобна за посетителите. Овде, секој вид дрво е засаден во своја посебна област, а за растенијата се грижат многу педантни градинари. Гледајќи одозгора, градината Nooch Village Orchid изгледа како мистериозен лавиринт, полн со различни форми и модели, создавајќи многу жива, природна слика. За време на процесот на градење, госпоѓа Nong Nooch секогаш собирала локални, автохтони цвеќиња и растенија од целиот свет за да ја заврши градината, со што таа станала една од најбогатите и најразновидните ботанички градини во светот со сорти растенија и цвеќиња од целиот свет, како на пример: Франција,
Холандија и други земји и разновидност на видови: орхидеи, палми, кокос, градина со пеперутки, градинарски дрвја, кактуси итн. Во Nong Nooch има и француската градина која со својот симетричен дизајн и совршено негувани грмушки е моделирана според градините на Версај. Интересно е и небесното шеталиште, подигната засенчена патека во должина од еден километар, која води низ Топијар градината (скулптури од зеленило направени со уметничко обликување), Тропската градина со палми, Ридот на пеперутки и градината Stonehenge. Покрај царство од растенија Nong Nooch има и Сала за културни настани, каде се одржуваат дневни претстави, спектакл на знаменитости и звуци на класичниот тајландски танц Muay Thai или древна изведба на тапан. Во градината Nong Nooch, може и да се весла со чамци низ езерцата, да се возат велосипеди или да се јава на слонови. Од 2001 година, управувањето со Nong Nooch е доделено на Kampon Tansacha Nongnooch, синот на Nongnooch. Кога се зборува за егзотика, Nong Nooch е ултимативен пример на егзотична ботаничка градина, која исто така претставува многу важен истражувачки центар посветен на специфични тропски палми. n
ПОРТА
уметност
георги КураСов
Уметник со впечатлива индивидуалност Тој слика со вештина која јасно се гледа во неговите дела. длабочината на неговото познавање и разбирање на сликарството на сите периоди низ вековите, беспрекорното совршенство на неговата рака и острото око, на неговите уметнички експерименти им даваат посебна тежина и убедливост Сања рАЃЕНОВиЌ-ЈОВАНОВиЌ, дипл. инж. арх.
еорги Курасов е роден во 1958 година во СССР, во тогашен Ленинград. Тој сè уште живее и твори во истиот град, денес Санкт Петербург, Русија, каде уште од детството цртал загледан низ прозорецот во руската зима. Детството го поминал во петроградскиот дел, на северната страна на градот, во мал стан со прозорци што гледале кон мало дворче. Се сеќава дека ги моделирал работите во пластелин и цртал седнат на широкиот парапет на дрвениот прозорец. На 13-годишна возраст мајка му го запишала во Уметничка школа при Академијата на уметности во Санкт Петербург. На разговорот при уписот, професорите љубезно им објасниле дека Курасов нема што да бара на Одделот за сликарство, бидејќи сметале дека немал чувство за боја, па така им предложиле да се запише на курс за вајарство. На извесен начин бил задоволен од предлогот, бидејќи сите слики кои професорите му ги покажале му се чинеле ужасно досадни, а Георги многу го интересирала формата. Во 1977 година се запишува на Уметничката академија во Санкт Петербург, отсек вајарство каде поминува
Г
58
ПОРТА
25 септември 2020
шест години во огромното ателје на зградата подигната од Катерина Велика, кон крајот на 18 век. Овие години биле години на неговото формирање и години кога создал долготрајни врски и пријатели со кои и денес интензивно се дружи. Тогаш ја запознал и својата сопруга Зина, која подоцна го зазема речиси целиот негов простор, физички во животот и творечки во неговите дела, таа е модел за неговите грациозни дами. Веднаш по дипломирањето
„Танц“ отишол на отслужување на воен рок, но бидејќи веќе бил дипломиран уметник, бил поставен за „дворски“ уметник на својот генерал. На неговата веб-страница има еден интересен податок: „Американците го гледаат Георги Курасов како руски уметник, Русите како американски уметник. Сликарите мислат дека тој е скулптор. Скулпторите се сигурни дека тој е сликар“. Ова е точно, бидејќи тој
преку своите слики изразува многу форми. Курасов е уметник на впечатлива индивидуалност која се гледа како во неговите модели, така и во неговиот стил на сликање. Откако еднаш ќе се запознаете со неговата уметност, нема потреба да бидете експерт или посебен познавач за да ги препознаете останатите негови дела. Ваква препознатливост отсекогаш била знак на неизмерна вештина, а тоа денес е уште повеќе, бидејќи во последните стотина години на бескрајно експериментирање и сите замисливи иновации во сферата на сликаната форма, понекогаш се чини дека сè е веќе испробано, исцрпено и потрошено. Во текот на последната деценија или две, историчарите на уметност велат дека се забележува обновување на интересот за слики кај колекционерите и кустосите, кој претходно бил намален. Велат дека имало долг период во уметноста во кој се негирал континуитетот и се презирала обуката и сликарската вештина, а тоа не може, а да не остави свој белег. Професионализмот и вештината, критериумите што некогаш беа толку јасни и дефинирани во ликовната уметност - денес се концепти кои станаа крајно нејасни. Веќе не постои јасна граници помеѓу тоа што е вистинска уметност, а што е тоа што се обидува да биде уметност. Современото сликарство е заразено со вирусот на аматеризам, па дури и талентирани уметници ретко покажуваат владеење со најосновните вештини кои ја формирале основата на уметноста на секој голем сликар низ вековите. Сликари сакаат да бидат многумнина, но малкумина поседуваат умеење,
техники и вештини, особено цртачки. Исклучоци од ова правило се исклучително малку. Сликарот Георги Курасов е несомнено еден таков исклучок. Тој слика со вештина која јасно се гледа во неговите дела. Длабочината на неговото познавање и разбирање на сликарството на сите периоди низ вековите, беспрекорното совршенство на неговата рака „Сонот“
„Љубов“ и острото око, на неговите уметнички експерименти им даваат посебна тежина и убедливост. Пронаоѓањето на свеж и независен пристап денес, изгледа речиси невозможно. Меѓутоа, Курасов го направил невозможното, за што можеби најдобро сведочи тешкотијата со која експертите се соочуваа за да го
„Стјуардеса“
ПОРТА
„Баланс“ „Астролог“
„Бизнис бранч“
ПОРТА
класифицираат неговиот стил, да го поистоветат со кој било познат сликарски тренд. Распонот на реминисценции од кои настануваат неговите дела е широк, опфаќајќи од византиски мозаици и раноренесансни слики до Густав Климт и Тамара де Лемпицка. Но вакви паралели се валидни само во поглед на поедини елементи во неговиот сликарски јазик, понатамошни сличности нема. Ако се испитува сложената геометриска структура на неговите композиции, се забележува дека таа потсетува на конструктивизам, па на кубизам, но повнимателното гледање веднаш открива дека има многу повеќе контрастни карактеристики од допирни точки. Делото на Курасов е завиткано во уметничка историска наметка што внесува необична интелигенција во суптилниот наратив на неговите слики. Тој претпазливо ги меша своите композиции со јасно изразени елементи од минатото. Внимателниот преглед на неговиот стил и ексцентричните компоненти го оставаат набљудувачот задоволен, бидејќи добил најдобро од хибридната сликарска енергија базирана на историјата на уметност, а потоа вешто апстрахирана во самонаметната рестриктивна геометриска мрежа во која ги става своите мотиви. Во сликите на Курасов врската со уметничката традиција не се манифестира едноставно во ропското следење на одредени
„Fra_Savonarola“ „Судење на вештерката“ модели или во стилизацијата на одредени историски форми. Таа врска е подлабока. Тоа е прашање на принцип. Самите теми на неговото сликарство се чини дека формираат демонстративен гест. Во најголем дел, уметникот ги црпи своите теми од арсеналот на старите мајстори, свртувајќи се кон Библијата и класичната митологија, сликајќи актови, фигури во ентериер, сцени од танцување, флертување, наздравување. И покрај традиционалната иконографија во делата на Курасов, предметите и телата се неочекувано современи. Без оглед на темата која ја обработува, кој експеримент ќе го привлече, централниот мотив на уметноста на Курасов, фокусот на неговиот интерес и неговите уметнички истражувања, останува човечката фигура. Композициите и ликовите на Курасов, хировито стилизирани и скршени, испреплетени во геометриска ткаенина, сепак секогаш ја задржуваат својата неверојатна анатомска вистина. Секоја фигура што ќе ја нацрта, се чини дека станува исклучително пластична, која непогрешливо се вметнува во просторот со голема леснотија и елеганција; колку и далеку уметникот да отишол во својата изразена деформација на пози и движења, гледачот никогаш не престанува да чувствува дека тие се апсолутно природни, да ја почувствуваат нивната живописна грациозност,
анимација, нивната сензуална привлечност. На неговите сликарски платна има нешто, речиси незабележително, високотехнолошки во логиката на неговата композиција, во јасноста, прецизноста и суровоста на неговите линии, во неговите блескави бои, во рамномерниот сјај на светлината, во минималистичките ентериери. Нешто што говори – независно од темата – за ритамот и естетиката на животот во модерните
мегалополиси со својот вртлог на незапирливо движење. Сепак неговиот главен мотив се жени, убави, дури и сензуални жени. Но има елеганција во жените кои тој ги слика. И ова е главната разлика помеѓу секси и сензуално. Начинот на кој слика е единствен и никој не може да каже дека е тоа движење или стил, но затоа е прекрасно, тоа се вистински слики за уживање. n
Георги Курасов
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА
ПОРТА