ПОРТА Г РА Д Е Ж Н И Ш Т ВО А РХ И Т Е К Т УР А Е КО ЛО Г И Ј А
90 ДЕНАРИ
233 ЈУНИ 2015
Божидар Мијовски - градежник и визионер чие име стои на познати градби во светот Охридскиот рибарски чун - сведок на далечни времиња Богатото и уникатно наследство на Џорџо Армани на едно место
ПОРТА
градежништво
ɉɈɅɂȿɌɂɅȿɇɋɄɂ ɂ ɉɈɅɂɉɊɈɉɂɅȿɇɋɄɂ ȼɈȾɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ȽȺɋɈȼɈȾɇɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ .$ɇȺɅɂɁȺɐɂɋ.ɂ ɋɂɋɌȿɆɂ ɂɇɈȼȺɌɂȼɇȺ ɌȿɏɇɈɅɈȽɂȳȺ ɉɈ ɋɂɌȿ ɂɇɌȿɊɇȺɐɂɈɇȺɅɇɂ ɋɌȺɇȾȺɊȾɂ
Tel: 00 389 034 212 064 00 389 034 211 757 00 389 034 215 225 00 389 034 215 226 Fax: 00 389 034 211 964 e-mail: contact@konti-hidroplast.com.mk e-mail: hidropl@t-home.mk www.konti-hidroplast.com.mk Industriska bb 1480 Gevgelija MACEDONIA 4 ПОРТА 25 јули 2014
4
ПОРТА
ГОДИНА XI
БРОЈ 233 ПЕТОК 26.06.2015 Редакција:
ДРАГИ ЧИТАТЕЛИ, Името на ретко кој македонски градежник стои на познати градби во светот. Македонското градежништво во својот најголем замав, во втората половина на XX век, е преполно со имиња кои беа вистински величини на овие наши подрачја па и пошироко, секој во својата област. Но малкумина од нив, тоа свое знаење умееја да го докажат и надградат и на некои други подрачја, особено кај технолошко високоразвиените. Еден од тие, секако е доајенот на нашето градежништво, човекот со визионерски погледи, градежниот инженер Божидар Мијовски. Охриѓани со трепет во срцата ја дочекаа веста дека на 4 јуни повторно заплови реконструираниот стар рибарски чун по водите на Охридско Езеро, за постарите само далечно сеќавање, а за помладите само една раскажувана приказна од старите сограѓани и стари семејни фотографии. Чунот е еден од главните симболи на Охридското Езеро и неговото постоење се поврзува 300 години наназад, оставајќи силна трага во усните и пишаните преданија за рибарите и за доживувањата и прошетките низ езерското синило. Станува збор за враќање од заборав на едно културно наследство.
Веќе спомнавме дека малкумина од Македонија се докажале надвор од земјава. А токму во последните децении од ХХ век, македонскиот мајстор градеше во Европа и низ поранешниот Советски Сојуз и подоцна Руската Федерација. Од Олимпиското село во Минхен и железарницата во Кладно (Чехословачка), преку Алжир, Багдад до Астрахан, па назад до Варшава и полно објекти во руските градови. Тој создаваше, го почитуваа и повторно го повикуваа. Понекаде улиците се нарекуваат „Македонска“, а објектите „Македонски дом“. Сега сето тоа е на залез. Тајландскиот креативен дизајн центар е основан во 2004 година под власта на премиерот Таксин Шинаватра, за да ги поврзе и промовира интеракциите помеѓу областите креативност, занает, културна автентичност и бизнис претприемништво, како и создавање на квалитетни продукти и услуги. Во блиската иднина ТКДЦ ќе има значајна улога во реартикулацијата на урбаната култура и нагласување на значењето и односот кон просторот со историска вредност.
главен и одговорен уредник: Дејан БУЃЕВАЦ новинари: Катерина СПАСОВСКА-ТРПКОВСКА
Насловна страница: ПЕТРА, ЈОРДАН
ПОРТА ГРАДЕЖНИШТВО АРХИТЕКТУРА ЕКОЛОГИЈА
233 ЈУНИ 2015
Божидар Мијовски - градежник и визионер чие име стои на познати градби во светот Охридскиот рибарски чун - сведок на далечни времиња Богатото и уникатно наследство на Џорџо Армани на едно место
графички уредник: Гоце ЦВЕТАНОСКИ 90 ДЕНАРИ
фоторепортер: Кире ПОПОВ лектор: Костадинка СОЛЕВА
РИЗНИЦАТА KHAZNE AL FIRAUM
Издавачки совет: Љупчо АТАНАСОВСКИ, дипл.инж.арх. - претседател проф. д-р Мери ЦВЕТКОВСКА, дипл.град.инж. Вања ДОНЧЕВА РАЈАТОСКА, дипл.инж.арх. Александра ПЕТРОВСКА дипл.инж.арх.
ОД РЕДАКЦИЈАТА
ИНТЕРВЈУ 8 БОЖИДАР МИЈОВСКИ
ГРАДЕЖНИШТВО 16 ЗА ДА ИМА ЗАЛЕЗ, МОРА ДА ИМА ИЗГРЕВ
Издавач: „Биропрес“ ДОО Скопје Ул. Васил Ѓоргов број 21, влез 2, локал 9, 1000 Скопје
30
Тел: 3109 311; 3151 311; Факс: 3132 924 e-mail: porta3@porta3.com.mk www.porta3.com.mk
АРХИТЕКТУРА 24 БОГАТОТО И УНИКАТНО НАСЛЕДСТВО НА ЏОРЏО АРМАНИ НА ЕДНО МЕСТО
44
Печати:
КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО 44
Маркетинг:
СВЕДОК НА ДАЛЕЧНИ ВРЕМИЊА
biroproekt@biroproekt.com.mk marketing@porta3.com.mk Тел: 3243 790; 3243 797 Fax: 3243 796 Моб: 072 248 796
ЕНТЕРИЕР И ДИЗАЈН 48 ОТВОРАЊЕ НА ПРОСТОР ЗА ПЕРЦЕПЦИЈА
РЕПОРТАЖА 58 ПЕТРА - НАЈУБАВОТО МЕСТО НА СВЕТОТ
АРТ 69 „СТРИП-ХЕРОИ“ КАКО СЕРИОЗЕН ЛИКОВЕН ЖАНР
надворешни соработници: Ангел СИТНОВСКИ Александар ПЕТРОВ (ИТАЛИЈА) Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ Александра ШЕКУТКОВСКА Андреа ЈАМАКОСКА Билјана САВИЌ Владимир Б. ЛАДИНСКИ (В.Британија) Даниела МЛАДЕНОВСКА Драган РИСТОВ Драгица ФАРРЕН (В.Британија) Ѓорѓе ЈОКИЌ (СРБИЈА) Енис ХОЏА Ивана ГРУПЧЕ Ивона МИТЕВА Кате АНТЕВСКА Михаил ТОКАРЕВ Сандра ДОНЧЕВА ТЕОХАРОВА Сашо КУЗМАНОВСКИ Трајче СТОЈАНОВ Филип ФИЛИПОСКИ
52 42
54
ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: 900 ден. за физички лица: 700 ден. жиро сметка: 300000001995035 во Комерцијална банка АД Скопје ЕДБ: 4030004528485 Првиот број на списанието Порта3 излезе на 29.12.2004 година Редакцијата на Порта3, не се согласува со сите ставови објавени во списанието.
инфо
СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ГРАДЕЖНИ КОНСТРУКТОРИ НА МАКЕДОНИЈА (ДГКМ 2015)
Современи конструкции одржлив развој
Д
руштвото на градежни конструктори на Македонија, од 1 до 3 октомври годинава во Охрид ќе го одржи својот 16. Симпозиум на ДГКМ 2015. Симпозиумот ќе се фокусира на прашања од областа на градежното конструкторство, со посебен акцент на современите методи и техники за проектирање и изведба на градежните конструкции како предуслов за одржлив развој. Главна цел на симпозиумот е да обезбеди форум, каде домашните и странските учесници ќе можат да разменат знаења и идеи за најновите научни достигнувања и практики, поставувајќи насоки за идни истражувања и соработки во областа на градежништвото. На Симпозиумот се повикани да учествуваат сите градежни конструктори и студенти, како и истражувачи од сродни области. Темата на симпозиумот е „Современи конструкции - одржлив развој“. Освен главната, ќe има и повеќе од десетина теми, почнувајќи од „Теориски и експериментални анализи на конструкции“, „Климатски влијанија врз конструкции“, „Инфраструктурни објекти“ и други поврзани со градежништвото. Во рамките на Симпозиумот во соработка со Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија, Институтот за стандардизација на Република Македонија и Министерството за економија, ќе се одржат тркалезни маси на тема „Еврокодови и национални анекси“ и „Градежна регулатива - закони, правилници и стандарди“. Научниот одбор на Симпозиумот е составен од еминентни професори од земјава и од странство. Официјални јазици на Симпозиумот се македонскиот и англискиот. Трудовите на заинтересираните учесници треба да бидат подготвени почитувајќи ги следните правила: вкупниот број на страници не треба да надминува 10, со исклучок на воведните и повиканите соопштенија кои се ограничени на 14 страници. Независно од јазикот на кој ќе биде изложен трудот, резимето треба да биде двојазично. Трудовите треба да се испратат до организаторот во електронски формат (Microsoft Word и PDF) за да се овозможи нивно дооформување пред објавување во Зборникот на трудови. Учесниците треба да подготват и проширено резиме на трудот на две страници, само на англиски јазик. Детални упатства за подготовка на трудовите и проширените резимеа можат да се преземат од интернет-страницата на ДГКМ: http://mase.gf.ukim.edu.mk. Пријавувањето на соопштенијата почна во мај, а нивната конечна верзија и проширеното резиме треба да се изготви до 10 септември. Повеќе информации, заинтересираните учесници може да добијат и на следниве адреси: mase@gf.ukim.edu.mk и http://mase.gf.ukim.edu.mk n 6
ПОРТА
26 јуни 2015
Јавен конкурс за доделување на признание на ДГКМ за 2013 и 2014 година
П
ретседателството на Друштвото на градежните конструктори на Македонија, врз основа на одредбите на Статутот на ДГКМ и Правилникот за доделување на годишно признание за најдобро конструкторско остварување, распишува Јавен конкурс за доделување на признание на ДГКМ за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство во 2013 и 2014 година. Признанието за најдобро остварување во областа на градежното конструкторство се доделува на дела завршени во 2013, односно 2014 година, за секоја од следните три категории: - Теориско и/или експериментално истражување на конструкции; - Проектирање на носечки конструкции; - Градење на носечки конструкции. Поединостите околу Јавниот конкурс и подготовката на предлозите за доделување на највисокото признание на ДГКМ се регулирани со Правилникот на ДГКМ и Одлуката на Претседателството на ДГКМ. Комплетно подготвените предлози за доделување на Признанието за најдобри конструкторски остварувања во 2013 и 2014 година треба да бидат доставени најдоцна до 15 август 2015 година на адреса: Друштво на градежните конструктори на Македонија, Градежен факултет - Скопје, Партизански одреди 24, П.Фах 560, 1001 Скопје.
ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД КУРСЕВИТЕ ПО ЦРТАЊЕ И СЛИКАЊЕ ОД ОГУ „КОЧO РАЦИН“ СКОПЈЕ
За првпат доделени годишни стипендии
Н
инфо
посетители на возраст од 8 до 40 години. Принципот на изучување на уметничките техники во овие курсеви е со секој ученик да се работи индивидуално. Се започнува со јаглен и молив, а понатаму се претставуваат сите останати сликарски и цртачки техники за изразување. За првпат оваа учебна 2014/2015 година беа доделени едногодишни стипендии во декември, а во јуни доделени сертификати за завршени курсеви по цртање и сликање од ОГУ „Кочо Рацин“. Така, во месец декември 2014 година беа доделени две дипломи и една стипендија. Добитник на стипендија е Марија Кјурчиева, а добитници на диплома се Дуња Рашков и Дејан Зафировски. Селекцијата и доделувањето на стипендијата ја направи професорот Ангел Нацевски. Добитници на овие сертификати се Елена Шумковска, Катерина Јовановска, Ива Јованова, Наташа Арсова, Дуња Рашкова, Уна Цветковска, Петар Зафировски и Ивана Јанковиќ. n
а почетокот на месецов во кафе „Ли“ се одржа годишната изложба на учениците од курсевите по цртање и сликање организирани од Отворен граѓански универзитет „Кочo Рацин“ Скопје, од учебната 2014/2015 година. На изложбата беа изложени дела од 13 учесници, кои го исполнуваа условот за учество во оваа изложба - делото да е целосно авторска идеја изработена во техниката акрил на платно. Во зависност од возраста на ученикот беа и димензиите за совладување на форматот на платното. Оваа година часовите од курсевите цртање и сликање се одржуваа за
26 јуни 2015
ПОРТА
7
градежништво Македонското градежништво во својот најголем замав, во втората половина на XX век, е преполно со имиња кои беа вистински величини на овие наши подрачја па и пошироко, секој во својата област. Но малкумина од нив, тоа свое знаење умееја да го докажат и надградат и на некои други подрачја, особено кај технолошко високоразвиените. Еден од тие, секако е доајенот на нашето градежништво, градежниот инженер Божидар Мијовски.
8
ПОРТА
26 јуни 2015
ЖИВОТНАТА ПРИКАЗНА НА БОЖИДАР МИЈОВСКИ
Градежник
чие име стои на познати Катерина СПАСОВСКА ТРПКОВСКА Љупчо АТАНАСОВСКИ , дипл.инж.арх.
Г
радењето и имањето добри идеи за полесна и поекономична изведба на објектите се основата во животната приказна на Божидар Мијовски, човекот на кој Македонија, Балканот и Европа му се
мал простор за остварување на своите визионерски способности, па преминал во Америка и во Азија. Животната приказна на овој човек, кој освојува со својот говор и кој секој соговорник го остава без коментар и со мисла дека навистина кога се сака нешто во животот може и да се оствари, започнува во декември 1934 година во Ресен. Оттаму своето образование го продолжува на Градежно-техничкото
Езеро Глобочица
градежништво
и визионер
градби во светот училиште во Скопје, а потоа почнува надградбата на знаењето надвор од Македонија со запишување на општа насока на Градежниот факултет во Загреб, а специјализирал во делот за конструкции. По дипломирањето работи во ИПЗ - Загреб на проектирање на мостови, а од таму кариерата ја продолжува во градежните претпријатија „Планум“ од Белград и „Маврово“ од Скопје. Финишот од образованието е во
1971 година со магистрирање на сеизмика на мостови. Но, ова е всушност почеток во остварувањето на своите цели во животот, а тоа се градењето и реализирањето на визионерските способности. Во 1972 година ја почнува постапката за основање на Градежниот институт на Македонија каде бил директор до 1987 година. Петнаесетте години поминати во ГИМ како генерален директор е време
Бев трпелив и знаев да ги покажам и искажам моите способности и идеи. Покажав дека секоја градба може да се направи поевтино од тоа што е испроектирано, но за тоа треба да си добро образован и практично поткован и сигурен во себе
Kровна конструкција на спортска сала Борис Трајковски
26 јуни 2015
ПОРТА
9
градежништво Земјотрес во Црна Гора во 1980
кога Институтот беше вистински балкански бренд во секој поглед, од научно-истражувачка работа, проектантска, па се до изведување на специфични проекти особено санации. ГИМ со своите преку 200 високостручни кадри, стана дел од речиси секоја градба во Македонија и пошироко. Во тој период учествува на проектите Србиновачки вијадукт, изведувањето на браните Глобочица и Глажња, и менаџирањето за ангажирање на македонската оператива по земјотресот во Црна Гора во 1980 година. „Во 1987 година донесов одлука дека треба да заминам од тука и без најдена работа се качив на авион и заминав за Америка. Таму, се разбира дека не ме чекаше работата ’на тацна‘. Секогаш се почнува од најслабо платената работа, но бев трпелив и знаев да ги покажам и искажам моите способности и идеи. Покажав дека секоја градба може да се направи поевтино од тоа што е испроектирано, но за тоа треба да си добро образован и практично поткован и сигурен во себе“, раскажува Мијовски за своите почетоци во освојувањето на градежниот бизнис во Америка. Од 1987 до 1990 година работи во фирмата „Луис Бергер Интернешнел“, а наредните десет години кариерата ја продолжува во „О и Г Индастрис“. Со овие фирми има работено на познати објекти како што се мостот Фаундер во Хартвуд, мостот Јелоу Мил, терминалот Кони во Њујорк, мостот на Чесапик Беј, кој е и меѓу најдолгите мостови во светот, како и на мостот на реката Харлем и мостот на булеварот Квинс. „Во 1996 година основав своја фирма за консултантски услуги „Матис Енџенеринг груп“ која навистина добро се снајде на пазарот, затоа што преку неа работев како консултант за проектирање на технологии за поевтино градење за „О и Г Индастрис“ и „Перини и Тудор Селиба“, вели Мијовски. Поголемите проекти од тој период кои ги споменува се мостот Фаундерс во Хартвуд, мостот Јелоу Мил, Бриџпорт, мостот Чесепик Беј, коридорот Аламенда во Калифорнија, како и браните во Америка, Севен Оук, Источна брана и Западна брана. Во оваа листа го набројува и покривањето на патот И 95 од Њујорк до Њухавен, како и санацијата на Косово по војната. „Сите овие се проекти на кои сум работел, а кои се навистина познати во светот. Успеав моето знаење и визионерските способности да им ги продадам на Aмериканците. Тоа се луѓе кои знаат да го ценат она што вреди, а кое на крајот им носи голем профит. Кога решив да си заминам од фирмата ’Luis Berger International‘, од сопственикот добив препорака која понатаму уште повеќе ми ги отвораше вратите, а во која пишуваше дека сум човек 10
ПОРТА
26 јуни 2015
High Bridge, Њујорк
кој секоја фирма треба да го има. Од тогаш почнаа да се нижат нови и нови проекти, а моето име стана препознатливо. Но, со текот на годините не престанав да работам. Секогаш се раѓаат нови идеи“, нескромно раскажува Мијовски. Во проекти од последните години со кои исто така се гордее, Мијовски ги набројува кинеската производствена машинерија и нејзиниот јужен проток, проектот за објектот на македонската
Seven Oaks Dam
Queens boulevard Bridge, Њујорк
амбасада во Вашингтон и покривот на спортската сала „Борис Трајковски“. Од 2005 година па наваму има направено и шест студии за градот Скопје, а кои се однесуваат на користење на подземниот простор во комерцијални цели, искористување на брдата Гази Баба, Зајчев рид и Калето со касарната „Илинден“, решавање на сообраќајниот хаос, изведувањето на Јужен булевар
под земја, решавање на нервните точки за паркирање во Центар, Клинички центар, Скопски саем и Аеродром. „Градот Скопје има многу локации кои стојат празни, а може да се искористат за комерцијални цели. За делот под Калето имам проекти со кои предвидувам тука да се направи место за паркирање, со бензински станици, ресторани, продавници. Во горниот дел може да се
Founders Bridge, Хартвуд
26 јуни 2015
ПОРТА
11
Chesapeake Bay Bridge, во сојузната држава Мериленд
направат делови за рекреација и голф терени. Овој град има големи потенцијали само треба да се најдат луѓе кои ќе ги ислушаат моите идеи и ќе сакаат да ги реализираат, а потоа вложеното секако дека ќе им се врати“, вели Мијовски. Враќајќи се од Америка во Македонија, додава тој, во Скопје ја носам мојата консултантска фирма „Матис Енџенеринг груп“ со целото нејзино знаење, искуство, иновации и нови технологии, и сакам ова наследство да го пренесам на македонското градежништво за да може полесно да се вклопи во светските текови. Ентузијазмот, свежината на мислите, желбата за потврдување на своите визии и пренесување на преголемото градежно искуство кон помладите со неверојатна енергија, сè уште просто бликаат кај осумдесетгодишниот бренд на македонското научно истражувачко и оперативно градежништво. Ќе успее ли да ги пренесе и кому, своето огромно искуство и знаење, и пред сè визионерски идеи?
12
ПОРТА
26 јуни 2015
ПОРТА
градежништво
Геотехнички теренски испитувања на почвата
Подготвил: Игор ЃОРЃЕСКИ, дипл.инж.геотех. (ГЕИНГ Кребс унд Кифер Интернешнл и др. ДОО, Скопје)
Г
еотехничките испитувања се процес со кој се собираат релевантни информации за теренот што е предмет за изведба на некој инженерски објект. Делот за геотехнички испитувања се однесува на дефинирање на конкретните геотехнички услови на самата локација за некој објект. Геотехничките услови, микролокациски најчесто како специфични имаат огромно влијание при изградба на објектите, со нив треба да се опфатат и да се дефинираат сите потребни параметри кои понатаму се од суштинско значење за контролните активности и имплементација на Проектните 14
ПОРТА
26 јуни 2015
решенија. Со испитувања од страна на стручна лабораторија за теренски испитувања се добиваат карактеристики на почвата т.е. се добиваат многу значајни параметри кои
понатаму служат за изработка на најсоодветни, техно-економски оправдани Проектни решенија и контрола во процесот на изведба. Со дефинирањето на геотехничките услови на теренот и изборот на правилната
интерпретација се добиваат основните и најбитни податоци за носиводеформабилните карактеристики на тлото. Според методологијата на изведба, специфичноста на геотехничките услови и Проектните барања, при изведбата освен основните ″in situ″ методи за идентификација и класификација на почви се вршат и специјални теренски (″in situ″) испитувања. Генерално, теренските испитувања по методи се однесуваат на: ● CPT (Опит на статичка пенетрација) ● SPT (Динамички стандарден пенетрационен тест) ● Метод на кружна плоча - Динамички и статички испитувања ● Определување на волуменска тежина Метод на калибриран песок и Метод на балон ● Теренски CBR-тест Целиот процес при извршување на геотехничките истражувања и испитувања треба да биде воден од важечките правилници и нормативи кои го
стандардизираат проектирањето и изведбата на геотехничките конструкции. Само добро опремена лабораторија за геомеханички истражувања и испитувања со едуциран, мотивиран и искусен персонал, може успешно да ги извршува задачите што ги бара современото геотехничко проектирање и квалитетна контрола во фаза на изведба. За теренски истражувања и испитувања, лабораторијата треба да биде опремена со модерна технологија и водена од добро обучени инженери и техничари. Нивната мобилност и ефикасност секогаш е особена поддршка на инженеринг активностите на терен. Поради специфичноста на работите и потребата од одлично познавање на оперативните активности, теренската лабораторија ја сочинуваат искусни кадри кои комплетно ги водат процесите во подготовка на геомеханички елаборати, контрола - прием на градежни јами, теренска контрола на носиводеформабилните карактеристики на тлото, геотехнички надзори, консалтинг проекти. Како потврда за квалитетот на
лабораториските испитувања е нивно спроведување во акредитирана лабораторија која ги исполнува барањата на ИСО 17025. Акредитирана лабораторија претставува основа за квалитетена стручна и истражувачка работа и како таква полесно може да се вклучи во домашните и странските образовноистражувачки проекти. Улогата на акредитираната лабораторија на пазарот е непристрасен, стручен и компетентен пристап кон утврдување на својствата на производот или предметот на испитување. Имплементирањето на стандардот ИСО 17025 е од големо значење за секоја лабораторија, со тоа го подига рејтингот, можноста за учество на меѓународни проекти, обезбедува доверливост со прифаќање и признавање во резултатите од приватни организации, државни и меѓународни институции, олеснување на соработката при хармонизација на стандардот со процедурите, светски препознатлива лабораторија на пазарот.
ПОРТА ПОРТА
градежништво
МАКЕДОНСКИОТ МАЈСТОР ГРАДИ НИЗ СВЕТОТ
За да има залез, мора да има изгрев Од Олимпиското село во Минхен и железарницата во Кладно (Чехословачка), преку Алжир, Багдад до Астрахан, па назад до Варшава. Создава, го почитуваат, повторно го повикуваат, македонскиот градител. Понекаде улиците се нарекуваат „Македонска“, а објектите „Македонски дом“. Болнички комплекс – Ханти Мансиск
Олимписко Сочи – денес
К
Радован РАЃЕНОВИЌ , архитект
атастрофа во Скопје, земјотрес, рушевини. Градот се обновува, помага цел свет, мајстори. Скромно гради и македонскиот мајстор. Наскоро скромноста станува минато, тој порасна. Почнува да шета низ светот, проектира, гради, од исток до запад, од југ до север. Гради низ Европа, Азија, Африка, во над триесет градови. Од Олимпиското село во Минхен и железарницата во Кладно (Чехословачка), преку Алжир, Багдад до Астрахан, па назад до Варшава. Создава, го почитуваат, повторно го повикуваат, македонскиот градител. Понекаде улиците се нарекуваат „Македонска“, а објектите „Македонски дом“. За да има залез, мора да има изгрев. Мајсторот помни. Во композицијата на
16
ПОРТА
26 јуни 2015
Олимписко Сочи пред 30 години се проектирани и изградени објектите на комплексот „Заполарје“, а потоа продолжи со аеродромот, хотелот „Радуга“ и станбеноделовни објекти. На брегот на Црното Море, во градот Дагомис и денес хотелскиот комплекс на „Интурист“ доминира со ѕвездички како на небо, со 2.500 места, објекти на плажа, сложени содржини, инфраструктура. Реализиран од ГП „Маврово“ со здружени градежници од Југославија. Градот Нижњи Новгород, на устието на реката Ока во Волга, води пошироки од нашите езера. Непрегледна рамнина, острови, манастири, мостови, пристаништа. Стар град од средниот век, кога луѓето изградиле Јармарка (саем), трговија помеѓу два континента. Комплекс во кој се комуницира по водни канали, мала Венеција. Проектираме ревитализација, осовременување и доградби.
градежништво
Дагомис
Нашите проектанти реализираат сложен, суптилен проект кој се реализира во долг период. Создадена е афирмација, сериозна доверба. Се проектираат и градат и други објекти во
Нижњи Новгород кои се нарекуваат „Македонски дом“. Одиме на уште една голема река, овој пат во Украина, на Дњепар, во гардот Запорожје, кај Козаците. Транзиција нема. Сухој закон има, вотка тешко се наоѓа, да не се претерува. Ама се гради. Македонските мајстори веќе се со сериозен углед. Прво идејни проекти за три станбени реони, здравствен центар и хотел. Една година студии, проекти, понуда за градба. Преговарано, договорено 275 милиони долари, рокови за реализација три години. Македонските градежници се обединуваат – „Маврово“, 26 јуни 2015
ПОРТА
17
градежништво
„Инкомбанк“- Москва „Гранит“, „Бетон“ и ЕМО. Во Запорожје се создава мала македонска колонија. Украинците велат дека нашиот јазик им бил близок, лесно се разбираме. Градбите се реализираат на заемно задоволство. Има и свадби. Кафанско дружење колку сакаш, муабети, спорт, што е поздраво вотка или ракија, политика. Нормално, транзицијата пристигнува, ги „описменува“ и мајсторите и домаќините. Ги цитирам двете страни: - Што е транзиција – нов светски поредок, комета со жестока трага. - Треба ли да се срамиме од Југославија. - Не постојат експлоатирани класи, постојат експлоатирани народи и народи експлоататори. - Зошто парите не пристигнувале во Скопје, па да не ни се осамостои утре. Транзицијата шета, пари нема. Мајсторите изградија 1/3 од договореното и заминаа дома, понекој со русокоса убавица за рака. Некои останаа, децата ќе одат во школо. На реката Том, во Ново Кузњецк „Гранит“ гради железарница. Југозападен Сибир, се бетонира и на -30°С. И Јелцин фрли некоја лопата, македонска работа. Дружење, се разбираме, они малку македонски, ние руски. Договорена работа за 77 милиони долари. Се гради, ама „тајкунизацијата“ пристигна и во Сибир, нов светски поредок, патот на парите само Господ ги знае. Мајсторите си одат со 18
ПОРТА
26 јуни 2015
Тула
недовршени градби. Големиот брат се потсмевнува. Сепак, продолжуваат да градат и проектираат. Истиот мајстор и истите фирми во Москва, Тула, Доњецк, Талин. Само сега газдите се нови, наши луѓе, само живеат во Виена, Франкфурт, Милано, а ги има и на Крит. Во Тула „Маврово“ изгради банка со учебнорекреативен и здравствен центар. Мајсторите веќе знаат кој е Пушкин, ја посетуваат Јасна
полјана, гробот на Тостој и го рецитираат Рацин. Во Доњецк гради „Пелагонија“, а во Москва „Бетон“. Во Москва е проектиран и изграден станбено-деловен објект на „Булеварно каљцо“ и станбен објект на „Садовоје каљцо“, да се разубави центарот на градот и врати долгот кон руските архитекти кои го разубавуваа Скопје на почетокот на XX век. Во близина на Кремљ е реализиран објект на „Инкомбанк“ во барок. Мајсторот, кој веќе игра валцер и рокенрол, вели дека гради во „рокбар“. Затоа во Скопје она „рок“ го менува со видни имиња. Експирементот во Југославија успева. Го нема ни Советскиот Сојуз. А сè што беше наше стана нечие. Личниот интерес е најважен. Сега не градиме „под клуч“. Само проектираме, градиме по фази, во рамки на новиот светски поредок, односно со дефинираната лична сопственост полека влегуваме во XXI век. Јелцин го бомбардира Белиот дом (Врховниот совет - Парламент), ние го проектираме музејот во Ханти Мансиск, Сибир, поларен круг. Мајсторите градат низ Москва – доградба на Станбено-деловен објект - Москва
градежништво
Станбена зграда – Астрахан
Деловен објект – Лужники, Москва
аеродромот Внуково, трговски центар и станбено-деловен комплекс во Астрахан, банка со трговски центар во Оренбург. Меѓу столетијата, градежните фирми под новите „бизнисмени“ стануваат придружнички на џуџињата на Снежана или ги снемува. „Бизнисмените“ и „менаџерите“ од сработеното на мајсторите присвојуваат преку 20%. Барем да ги вложуваа дома, да ја одржат силата. Парите отидоа на Запад, на море, мајсторите без работа, полека ги снемува, транзиција во безличност. Наследеното го обесмисливме. Извезувавме креативност, технологија, организираност. Потчинети сме без оружје. Дали е странска инвестиција ако некој ти даде да му проектираш и градиш. Обврската од проект до изграден објект не се презема. Градежни фирми со над 10.000 вработени се ретки, исто и со 1.000 вработени. И проектанти од 400 се ретки, и со 40 вработени. Големиот брат нè охрабрува, продолжете. Со здружени напори се проектирани објекти во Москва и Лавов, Украина. Проектите ги реализираат руските или украинските фирми. Со чудни посредници, по некој од мајсторите со договори за работен саат се сретнуваат од Украина преку Сибир до Казахстан. Угледот постар од половина век е минато, мајсторите се реткост. И дома ни градат странци, мајсторот е само подизведувач, на проектите удираме печати. Сонцето зајде. Нашите „бизнисмени“ и „мецени“ заминаа на Флорида, Големиот брат се насмевнува, нè охрабрува да продолжиме. До каде и до кога? Деловен објект – Лавов
Банка и трговски центар - Оренбург
Станбена зграда – Лавов
ПОРТА
aрхитектура
МУЗЕЈ „ARMANI / SILOS“, МИЛАНО
Богатото и уникатно наследство на Џорџо Армани на едно место
Ивона МИТЕВА
П
о повод одбележувањето на 40. роденден на модната империја „Џорџо Армани“, во Милано свечено беше отворен музејот „Armani / Silos“ во кој е изложено богатото и уникатно наследство на еден од највлијателните луѓе во областа на модата, Џорџо Армани. Отворањето на музејот се поклопи со одржувањето на „Експо Милано 2015“, настан чиј специјален амбасадор е самиот Армани, а кој истовремено се надоврзува на овогодишната тема поврзана со храната како есенцијален елемент во човековиот живот. Во тој контекст Армани вели: „Одлучив музејот да го
20
ПОРТА
26 јуни 2015
aрхитектура
наречам „Силос“ бидејќи зградата била употребувана како силос за складирање храна, нешто што е секако многу важно за животот. За мене облеката е исто толку важна колку и храната“. Објектот, кој се наоѓа на улицата Via Bergognone 46 во Милано, е изграден во
1950 година и најпрво функционирал за работа на компанијата „Нестле“. Новиот минималистички изглед на објектот, што се надоврзува на веќе познатиот стил на модниот дизајнер, е дело на јапонскиот архитект Тадао Андо. Музејот зафаќа вкупна површина од 4.500 квадратни
метри, а моделиран е според основата на базилика, односно има отворен простор на четири ката по средината и по две нивоа во корабите на објектот. Геометризираните и правилни форми донесуваат доза на смиреност во прилично раскошниот објект.
ПОРТА
21
Проектот за реставрирање на објектот е рационален и истовремено изразува почит кон оригиналната архитектура. Целта на архитектот е да го задржи оргиналниот динамички облик на објектот што се одликува со едноставност и минимализам, со што се елиминира непотребното „китење“ со разновидни орнаменти и декорации. Единствениот декоративен елемент на фасадата се прозорските отвори по периметарот на музејот, со што фасадната бетонска структура добива поинаква дефиниција. Во ентериерот таванот е обоен црно, како контраст на сивиот бетонски под. Централно е поставено скалишното јадро коешто ги поврзува сите четири ката на објектот, истовремено овозможувајќи им на посетителите, движејќи се во просторот, да ја разгледуваат изложената колекција и монументалноста на музејот. Изложената колекција е составена од над 600 парчиња облека и 200 дизајни на модни додатоци распоредени според различните теми: дневна облека на приземјето, егзотични модели на првиот кат, колористични модели на вториот кат, додека третиот и четвртиот кат се посветени на темата светлина. Во состав на објектот се наоѓаат продавница за сувенири, кафетерија, работни станици и дигитална архива на скици, цртежи и материјали. 22
ПОРТА
26 јуни 2015
архитектура Идејата за создавање перманентно место каде што може да се изложи творештвото на Армани, првично е да се поттикне истражувачкиот дух и стимулирање на креативноста, и истовремено носење на уште поголема слава и престиж на италјанскиот град Милано, место каде што тој ја започнал својата кариера којашто довела до неговиот денешен статус - светска модна икона.
26 јуни 2015
ПОРТА
23
урбанизам
АГЛИ НА ПЕРЦЕПЦИЈА (9)
Безбедни објекти, безбеден град По катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година, асеизмичката градба и сеизмичката заштита зазедоа приоритетно место во техничката регулатива за проектирање и изградба на објекти проф. д-р МИРЧЕ КОКАЛЕВСКИ , дипл.инж.арх.
З
емјотрес е природна појава каде се врши ослободување на енергија во внатрешноста на земјата. Жариштето на потресот е местото во внатрешноста на земјата од каде на сите страни се шират еластични бранови. Епицентарот е проекција на жариштето на земјината површина. Аспектите на земјотресите ги третира сеизмологијата како наука која се занимава со истражување на земјотресите и сите негови последици. Сеизмичноста односно сеизмичката активност подразбира просторна дистрибуција на потресите во зависност од нивната јачина. Земјата не е еднакво сеизмички активна, и потресите се случуваат долж определени линии кои ги означуваат линиите на границите на тектонските плочи. Подрачјата во кои се случуваат почести потреси се сеизмички активни подрачја. Најактивни подрачја и најсилни земјотреси се случуваат во две подрачја, и тоа во Пацифичкиот појас (со 77% од светската сеизмичност) и во Медитеранско-азискиот појас (со 18 % од светската сеизмичност, кој се протега од Канарските Острови, преку Средоземно Море кон Хималаи и се насочува кон југ преку Суматра и Јава до Тихиот Океан). Се издвојуваат некои земјотреси со најголеми катастрофи (земја, година и жртви од земјотресот): Иран (856 г., 200.000 жртви); Иран (893 г., 150.000 жртви); Сирија (1138 г., 230.000 жртви); Турција (1268 г.,
24
Дејство на земјотрес
Епицентри на земјотреси во период од 1960 до 2000 година
60.000 жртви); Кина (1290 г., 100.000 жртви); Кина (1556 г., 830.000 жртви); Кавказ (1667 г., 80.000 жртви); Сицилија (1693 г., 60.000) жртви; Иран (1727 г., 77.000 жртви); Лисабон (1755 г., 70.000 жртви); Месина, Италија (1908 г., 90.000 жртви); Кина (1920 г., 200.000 жртви); Јапонија (1923 г., 140.000 жртви); Кина (1927 г., 200.000 жртви); Кина (1932 г.,
70.000 жртви); Пакистан (1935 г., 50.000 жртви); Туркменистан (1948 г., 110.000 жртви); Перу (1970 г., 66.000 жртви); Кина (1976 г., 255.000 жртви); Иран (1990 г., 50.000 жртви); Суматра (26.12.2004 г., 280.000 жртви); Јапонија (11.03.2011 г., 11.500 жртви). (Извор: Зец Александар, Факултет техничких наука, Нови Сад, 2011, стр. 19).
ПОРТА
26 јуни 2015
урбанизам
Земјотрес во Скопје, Црна Гора и во Сечуан, Кина Токио, асеизмички објекти
Балканскиот полуостров (во кој припаѓа и Македонија) има најкомлицирани тектонски особини во Европа. Сеимичката активност доведува до разорни земјотреси. Прва историска документација во врска со земјотресите на Балканот датира од 6 век пр.н.е. Во регионот просечно се случуваат 6,3 потреси секоја година. Во текот на минатиот век на Балканот се случиле над 80 разорни земјотреси. Сеизмичките појави – земјотресите се доминантни природни непогоди во Република Македонија, кои можат да имаат катастрофални последици врз човекот и природата. Присутни се низ вековите, на десет сеизмички жаришта. Земјотресите со умерени магнитуди (М до 6,0) можат да предизвикаат сериозни разурнувања, бидејќи традицинално градените објекти, особено во руралната средина, не можат да ги издржат овие потреси без значителни оштетувања. Пример за тоа е земјотресот во Гевгелија (1990 година) кој оштети 1.120 објекти и земјотресот во Битола (1994 година) кој
оштети 4.300 објекти. Од просторен аспект, подрачја изложени на најголеми сеизмички влијанија се подрачјата на Дебар, Скопје, Охрид, Берово, Кочани, Делчево, подрачјето меѓу Гевгелија и Демир Капија. Подрачја со изразито голема сеизмичка опасност се подрачјата на Валандово и Пехчево, во кои се случени најсилните земјотреси во Република Македонија со магнитуди 6,7 и 7,8. Се согледува дека најголемите градови, најголемиот број на населението, индустриските капацитети и најзначајните комункации, како што се коридорите север-југ и исток-запад, се лоцирани во зоните со најголема сеизмичност (интензитет од 8-10 степени на МСК-64). (ППРМ, 2004, стр. 105 и 106) . По катастрофалниот земјотрес во Скопје од 1963 година, асеизмичката градба и сеизмичката заштита зазедоа приоритетно место во техничката регулатива за проектирање и изградба на
објекти. Од аспект на заштита на просторот, животната средина, населението и создадените вредности, неопходно е потребна целосна ревизија на нормативните акти и дефинирање на современи критериуми за изградба во сеизмичките подрачја. (ППРМ, 2004, стр, 106) АСПЕКТИ НА БЕЗБЕДНИ ОБЈЕКТИ И БЕЗБЕДЕН ГРАД. БАЗНА ИЗОЛАЦИЈА. Во изминатите години, многу видови асеизмички конструктивни системи и технологии се развиле со единствена
Конвенционална и базно изолирана конструкција
26 јуни 2015
ПОРТА
25
урбанизам цел – да се ублажат ефектите од земјотресите. Еден можен концепт за безбедни објекти и безбеден град е сеизмичка изолација односно базна изолација, каде се инсталираат сет од елементи со кои се одвојува (се изолира) горната од долната (темелната) конструкција од неповолното дејство на земјотресите. Местоположбата на изолацискиот систем зависи од локациските и архитектонско функционалните решенија. Најчесто употребувана позиција на базната изолација е помеѓу темелната и горната конструкција на објектот. Објектот на основното училиште „Ј.Х.Песталоци“ во Скопје, чиј проектант е проф. архитект Алфред Рот од ЕТХ Цирих, е проектиран и изведен со принципот на базна изолација со примена на гумени изолатори, што е прв објект од тој тип во Македонија и пошироко, а е изведен после земјотресот во Скопје од 1963 година, како помош од Швајцарската конфедерација. Тоа беше голем практичен позитивен чекор на планот на безбедни објекти и безбеден град, и се очекуваше дека такви примери ќе има уште многу и дека тоа е само позитивен почеток, со оглед на тоа што Скопје треба да се развива како сигурен град, но, за жал, тој светол пример остана единствен. Штета. Секако, може да ја поправиме таа неповолна ситуација со поинтензивни применувања на објекти со базна изолација. ALSC систем како македонски придонес кон сигурен град од земјотреси Системот ALSC е резултат на истражување на тројца македонски иноватори кои придонесуваат за организирање посигурен град преку проектирање и градење на сигурни објекти, кои се заштитени од влијанијата на земјотресите. Истражувањето на тројцата автори - пронаоѓачи, дипл. инж. Антим Антимовски, проф. д-р Љубомир Ташков и д-р арх. Мирче Кокалевски, датира од 2000 година (што симболично се поврзува со визиите за 21 век). Следеше пријава на патент од 31.03.2000 год., а резултираше со Решение за патент бр. 09-2510/9 од 27.06.2002 год. од Министерството за економија, Биро за заштита на индустриска сопственост (патент бр. 900728). Се
ALSC систем во објект
26
ПОРТА
26 јуни 2015
Испитување на резервоар со ALSC систем, мерило 1/3, 2003 год
работи за КОНЦЕПТ на речиси крената конструкција (ALSC – Almost Lifted Structure Concept). За разлика од други конструкции каде е применет принципот на базна изолација (на пример на ОУ Песталоци во Скопје), кај системот АЛСЦ е применет и додатен систем на подигнување на конструкцијата со користење на притисок на течност која се поставува помеѓу темелната и главната конструкција, со што се унапредува системот на базна изолација. Главната конструкција е одвоена од потпорната конструкција со материјал со мало триење, кој на главната конструкција ѝ дозволува да се лизга кога е изложена на дејство на сила (земјотрес). Силата на лизгање е контолирана со помош на систем на подигнување на главната конструкција, кој
работи врз принципот на хидрауличен притисок, кој се движи во границите од 0,1 до 1,0 бар, во зависност од архитектонскиот габарит и тежината на конструкцијата. Системот ALSC е иновиран концепт на базна изолација кој досега не е применет ниту во Македонија, ниту во светот. Добитник е на сребрен медал на 50. Светска изложба за иновации, истражувања и нови технологии Брисел Еурека 2001. Следуваше процес на презентација на системот пред стручната јавност и за таа цел системот ALSC е презентиран на бројни научни конференции од областа на асеизмичкото проектирање и градење, во различни делови на светот во текот на неколку години, и добиена е потполна стручна и научна верификција, за што сведочат повеќе
урбанизам
Испитување на објект – црква со ALSC систем, мерило 1/3,5. 2008 год.
од 20 референци на различни меѓународни научни конференции (Комо - Италија, Минхен Германија, Виена - Австрија, Ванкувер Канада, Софија - Бугарија, Истанбул - Турција, Лисабон - Португалија и многу конференции во Македонија). Беше потребен временски период за проверка на функционирање на системот ALSC на експериментални објекти кои се испитани на динамичната платформа на ИЗИИС во Скопје. Беа реализирани неколку лабораториски испитувања на објект и резервоар и се испитуваше реагирањето на системот во услови на дејство на различни земјотреси. При испитувањата се примени хармониска побуда во широк фреквентен дијапазон од 0,5 до 3.0 Hz (херци), како и симулација на најпознатите светски катастрофални земјотреси: El Centro, Kobe, Mexico, Northridge, Montenegro, Alma-Ata, Izmit и др. Сигурно и стабилно однесување ALSC системот покажа и при вертикални побуди во фреквентниот дијапазон од 0,5 до 30 Hz, како и при биаксијална симултана земјотресна побуда. Резултатите од испитувањата на моделите ја потврдија ефикасноста на функционирање на системот ALSC во функција на заштита на објектите од дејство на земјотреси. (Подетално за ALSC на website www.alsc-system.ws) Основната предност и оригиналност на системот се состои во обезбедување на контролирано намалување на силата на триење, односно контролирано редуциран пренос на енергијата од потпорната на главната конструкција на објектот, со што главната конструкција се доведува до
состојба блиска до лебдечка. Моментите на свиткување и силите на смолкнување во главната кнструкција, и како последица на тоа – релативните катни поместувања, во овој случај се речиси елиминирани. Техничкото решение овозможува избор на варијабилна сила на триење, која е контролирана од силата на кревањето, а таа пак од височината на
течниот столб во цевката. Системот е еднакво применлив за сите видови објекти со различна намена, архитектонско решение, големина, локација, теренски услови. Ако системот ALSC се применува со проектирање и вградување според соодветните технички решенија, заштитата и сигурноста на луѓето и материјалните добра ќе биде на високо ниво, што овозможува живеење во сигурни објекти и во сигурни градови во кој било дел на светот. Во текот на 15-годишната ангажираност на авторите за развивање на системот ALSC, изостана соодветна поддршка од релевентни субјекти кои можат директно да придонесат за практична примена на системот, кој директно влијае за заштита на човечки животи и материјални добра. Базично хуманата идеја на авторите е во функција на нагласување на сигурноста и заштитата од земјотреси, што е основа за организирање сигурен простор за егзистенција и висок квалитет на живеење. Поминати се сите претходни фази на развојот на системот и следи негова примена во практиката и изведување сигурни објекти и сигурни домови како елементарно право на граѓаните. Треба поголема ангажираност на фирмите што се занимаваат со градење на објекти, да го практикуваат начинот на примена на базна изолација со системот ALSC и како македонски бренд, освен во Македонија, да може да се применува на подрачја кои се сеизмички активни, како на пример во Кина, Иран, Турција, Непал, Чиле и други локалитети кои имаат земјотреси. Предизвикот е присутен, Македонија има можност за примена на солиден систем за сигурност на објектите и да го промовира во странство, како земја која дава придонес во развој на сигурни градови. n
Проект на куќа со ALSC систем
26 јуни 2015
ПОРТА
27
ПОРТА
рубрика
DVORNIK
Лична заштитна опрема од 1990 8 Mарт, бр. 2, 1000 Скопје Тел.: +389 2 3110 624 +389 2 3110 901 info@dvornik.com.mk Факс: +389 2 3110 546 www.dvornik.com.mk
38
ПОРТА
26 декември 2014
www.liting.mk Архитектонска подготовка и изведба Lexan* поликарбонатни плочи и системи; Акрилни плочи Plexy и производи од ПММА; +389 2 3114 360 Звучни и сигурносни бариери; Профили, гума и трака;
ПОРТА
архитектура
ТАЈЛАНДСКИ КРЕАТИВЕН ДИЗАЈН ЦЕНТАР
Реартикулација на УРБАНОТО ДИЗАЈН живеење Александра ШЕКУТКОВСКА, дипл.инж.арх. (специјално за Порта 3 од Тајланд)
У
ште еден ден, уште еден трговски центар“ – напиша на својот фејсбук профил мојата пријателка во Банкок, непосредно пред отворањето на новиот Емквартиер. Отворањето на нов комерцијален објект останува да биде епицентар на вниманието за тајландската публика. Месеци поминати во подготовки и масовно рекламирање, вип фотографирање на црвени ќилими, борба да се донесе нов бренд, нов вкус на храна во рестораните, да се промовира најнов дизајн на ентериер и ново искуство, се само дел од сценариото, заедно со контраиндикациите: интензивирани сообраќајни паузи и толпа на луѓе со желба да биде присутна и да го види она што е најново. Емквартиер се отвори во март оваа година на Пром Понг станицата со надземен воз, наспроти веќе постоечкиот трговски центар Емпориум. 2015 е (засега) дефинитивно година на Пром Понг станицата на Сукумвит линијата којашто заради комплексот составен од три комерцијални објекти истовремено е препознатлива и како кварт ЕМ. Сопствениците на трговскиот центар се огласија со официјално барање до властите да ја преименуваат станицата од Пром Понг во ЕМ (кратенката пред секое од имињата на поедничните објекти), меѓутоа засега барањето не е одобрено. Педесет милијарди тајландски бахти е вреден проектот составен од трговскиот центар Емпориум, Емквартиер и Емсфера, којшто е планиран да се отвори во 2016 година. Проектот со 600.000 метри квадратни ќе стане дом на 1.000 локални и интернационални дизајнерски продавници, што го заокружува исклучителниот напор на сопствениците да го сместат во групата на
„
30
ПОРТА
26 јуни 2015
Основан е како центар во 2004 година под власта на премиерот Тхаксин Шинауатра, за да ги поврзе и промовира интеракциите помеѓу областите креативност, занает, културна автентичност и бизнис претприемништво, како и создавање на квалитетни продукти и услуги
петте најдобри трговски центри во светот. Најстариот од нив, трговскиот центар Емпориум е популарен центар за забава, храна и образование. Објектот содржи дизајнерски продавници, кино комплекс, помали продавници за мода, книги и музика, супермаркет и значителен број на луксузни ресторани. Тој е првиот објект со синтетизирани променади за луксузен шопинг, исхрана и разнода, како и првиот објект во Банкок којшто овозможил директен пристап од надземниот воз во внатрешноста на објектот. Од друга страна, на петтиот кат
на Емпориум, со влез преку лобито на кино комплексот, се пристапува кон една поинаква институција - Тајландскиот креативен и дизајн центар (ТКДЦ). „Со цел да се одржи компетитивноста на глобалниот пазар, Тајланд не може да очекува да се споредува повеќе со другите земји, во најголема мера како резултат на ниската цена на работната сила. Тајланд треба да ја капитализира сопствената креативност и дизајнирање на продукти и услуги за да им одговори подобро на барањата на пазарот“ е дел од манифестот на организацијата. 26 јуни 2015
ПОРТА
31
архитектура Надминувајќи ја економската криза во 1997 година, прашањето за градење на нов економски систем кој ќе биде основан на образование и креативност, претставува клучен темел за создавање на ваков тип на институција, како и потребата за позиционирање на вредностите на Тајланд, како земја во рамките на интернационалната арена. Основан е како центар во 2004 година под власта на премиерот Тхаксин Шинауатра, за да ги поврзе и промовира интеракциите помеѓу областите креативност, занает, културна автентичност и бизнис претприемништво, како и создавање на квалитетни продукти и услуги. Логото на центарот го содржи традиционалниот таи десерт со кокосово млеко направено на пареа, завиткано како продукт во лист од лотос. Петнаесет илјади книги на тема дизајн, архива со филмови, видеа и мултимедијални проекти го позиционираа центарот како најголемата дизајн библиотека во Азија. Просторот за читање, кој е обвиткан со градската панорама, го прави истражувањето во ТКДЦ возбудливо и со задржана љубопитност. Дополнително, центарот располага со изложбена сала, простор за предавања, креативен изложбен простор за новата генерација на дизајнери за да ги прикаже своите дела без никаков надоместок, концепт продавница, изложбен простор на современи материјали и ресторан. Од 20 март до 31 мај центарот беше дом на поставката на Хенри Милер: Есенцијален Имс „Икони на дизајн сцената од 20 век“. Дел од императивите на центарот, имено е создавање на кохезија помеѓу поставување
32
ПОРТА
26 јуни 2015
на изложбени поставки кои ќе го доближат современиот и класичниот дизајн и популаризирање на локалната дизајнерска сцена. ТКДЦ располага со сопствена државна мрежа составена од 14 помали центри и уште еден поголем во историскиот град на север Чанг Маи. Процесот на создавање и поддржување на креативни претприемачи држи чекор со тенденциите на тајландската
дизајн сцена. Во последните години трендот на локалните дизајнери е да произведуваат локално и да се пласираат локално. Во текот на месецот постојано се популаризираат поп ап пазари со млади дизајнери, поп ап продавници, изложбени поставки на дизајнери во рамките на поголеми продавници и културни центри, промовирање на настани кои комбинираат локални дизајн продукти и облека, пијалаци, храна и забава.
архитектура
Спонтано најавените и поп ап пазарите со „скриени“ локации ги преплавуваат социјалните мрежи и го благословуваат локалниот дизајн како можност за индивидуален бизнис. Во 2016 година ТКДЦ ќе го промени седиштето. Од Емпориум во стариот арт деко објект на националната пошта, лоциран на кејот на реката Чао Праја. Центарот ќе изнајми 9.000 метри квадратни простор во
кој дополнително на постоечките содржини ќе бидат развиени простори за старт-апи, нови услуги како и фокус кон истражување на пазарот. Нопадол Уеракити, менаџерот за информатичка технологија и услуги на центарот, изјави дека се во интензивна подготовка на проектите за развој на целосниот контекст и посакуваните релации помеѓу активностите на објектот и контекстот. Заменик премиерот на Тајланд надополни дека соработката помеѓу Тајландската пошта и ТКДЦ ќе биде дел од потрагата на воената влада за создавање на дигитална економија (Банкок пост). Локацијата на центарот се очекува да ги премости и вреднува населбата со нејзиното историско наследство и дизајн креативноста. Реконструкцијата на стари и напуштени објекти на брегот на реката претставува потенцијален простор за борба со гентрификацијата којашто е во прогрес, заради рапидната урбанизација и
постоењето на бројни неурбанизирани локации од двете страни на реката. Бројни комерцијални објекти се градат секој месец заменувајќи ги традиционалните населби, храмови и напуштени складишта. Во 2013 година познатиот архитект Дуахгрит Бунанг го премести своето студио во напуштено складиште во Клонг Сан. The Jam Factory претставува мини комплекс со канцеларии, ресторан, продавница за мебел, кафе и продавница за книги. Во блиската иднина ТКДЦ ќе има значајна улога во реартикулацијата на урбаната култура и нагласување на значењето и односот кон просторот со историска вредност. Надлежните се надеваат дека активностите преку кои тој дејствува - дебати, изложби, истражување и развој на идеи, ќе бидат дел од зачувувањето на хетерогена култура и граѓанска дизајн активност, наспроти глобалната хомогеност на посетата и „живеењето“ во уште еден трговски центар. n
26 јуни 2015
ПОРТА
33
сообраќај
ГИГАНТИ НА СОВРЕМЕНАТА ЕРА
Совладување на просторот за повисоки цели и задоволства
И
Ненад ТОНИЌ, дипл.сооб.инж. нфраструктурата е демијург на модерниот сообраќај. И двонасочен спроводник низ кој, кон едната страна патува готов производ (познат како извршено патување, односно извршен транспорт), а кон другата, смеса од социјалнoстопански придобивки. Но, таа не е само лиферант, некој што го доставува производот, туку и некој што го оформува и одредува кога, каде и на каков начин тоа ќе се изврши. Одредувајќи се на тој начин и самата себе...
Патувачките почетоци беа исклучително бенигни. Потрага по храна и засолниште во непосредната околина. Потоа дојдоа миграциите на поголеми растојанија со исти мотиви, да се преживее и опстане. Денес се преживува во близина, а совладувањето на просторот на поголеми растојанија се прави за повисоки цели и задоволства. И сите економски и социјално оправдани. И поставени на „крилјата“ на современата технолошка култура. Брзата, комфорна и евтина човечка односно материјална дислокација е прерогатив на овој милениум. Кој упорно се „ослободува“ од физичките и техничките пречки и потешкотии, креирајќи градби кои импресионираат и во габаритна и во функционална и во финансиска смисла. Поединечни детали за две од можеби не и најпознатите, но, според финансиско-технолошките критеируми на современата ера, секако најсложените и најскапите, овој пат се пред вас.
ПОРТА
Брзата, комфорна и евтина човечка односно материјална дислокација е прерогатив на овој милениум, кој упорно се „ослободува“ од физичките и техничките пречки и потешкотии, креирајќи градби кои импресионираат и во габаритна и во функционална и во финансиска смисла
сообраќај THE INTERSTATE – САД Стравотијата на патувањето при неповолни метеоролошки услови „извира“ во елементарна форма доколку патната инфраструктура се сведе на земјеномакадамски делници. Свесна за комуникациските потреби кои големината на сопствениот територијален посед ги наметнува, младата, амбициозна американска демократија почнала на стартот на ХХ век да бара начин да го исчаши од лежиште тој инфраструктурен рецидив. И да го типизира во форма на патна мрежа од национално значење која ќе ги соедини сите федерални единици и нивните главни градови. Во изворната идеја, во типичен прагматично-претприемачки манир, земени се предвид и феноменот на се поголемиот број приватни моторни возила, но и дистрибутивниот потенцијал на изворно поштенскиот сервис Rural Free Delivery. Удобноста и просперитетот на руралните и развојот на урбаните средини се за првпат комуникациски-концептуално срамнети Популарно позната како The Interstate, оваа гигантска мрежа од автопатски врски финално е официјализирана во 1956 година со т.н. Национален закон за меѓудржавни и одбранбени автопатишта. Со одредени модификации од типот отфрлени урбани делници замислените обем и структура
преку темелниот Federal Aid Road Act (т.н. BankheadShackleford закон) од 1916 година. Предвидените 75 милиони долари биле финансиската „центрифуга“ која требало да исфрли coast-to-coast структура од интерконектирани примарни автопатишта. Освен реализациски мораториум, Големата војна, 1914-1918 година, донела нови сознајни искуства. После кои гласот на воената елита имал малку поинаква тежина. Легислативниот наследник Federal Aid Highway Act од 1921 година (т.н. Phipps закон) придружен е со документ познат како Першингова мапа на повеќе од 32.000 километри автопатски рути
проценето неопходни за мобилноста на американската армија (Генерал John J. Pershing, главен командант на американските трупи во Европа 1917-1918 година). Маслинесто-зелената поддршка на проектниот бонитет е „забетонирана“ благодарение на фасцинацијата на воинотпретседател Dwight D. Eisenhower од комуникациските предности на окупираниот германски Reichsautobahn систем. Поддршка доволно силна да го спои неговото име со овој проект во форма на официјален и конечен назив. ПОРТА
сообраќај на The Interstate се реализирани дури 35 години подоцна. Дополнителните екстензии до 2013-та ја зголемиле веќе достигнатата должина на повеќе од 77.000 километри, кои „удомиле“ цела четвртина од националниот број на поминати километри. Екстензии „домашни“, но и оние „на гостински терен“, кои немаат копнена врска со матичното тло, но го „уживаат“ друштвото на американската морнарица и маринци. Како што се Аљаска, Хаваи и Порто Рико. Првично предвидениот реализациски буџет од 75 милиони долари во 2006 година ја надминал границата од 425.000.000.000 долари! Сенките на големите проекти се, по правило, и „одморишта“ за по некоја легенда. За секоја петта автопатска милја на пример, предвидена како полетно-слетна патека во услови на надворешна воена агресија. Која, пак, федералните власти упорно ја демантираат. Туркајќи ја во преден план евакуациската важност на автопатските линии во услови на елементарни непогоди по системот contraflow lane reversal сите коловозни ленти во една, евакуациска насока. Но тоа е друга приказна...
Највисока Најниска Најголема Најмала
Најмногу опслужени Најмногу рути Најмногу километри
Надморска висина 3.401m (Тунел„Eisenhower“, Rocky Mountains, Colorado) -31m (Тунел„Fort McHenry“, Inner Harbor, Baltimore) Должина 4.861m (I-90, Boston – Seattle) 19.75m (Emery – Greensboro, North Carolina) Федерални единици I-95 (Florida, Georgia, S. Carolina, N. Carolina, Virginia, DC, Maryland, Delaware, Pennsylvania, New Jersey, New York, Connecticut, Rhode Island, Massachusetts, New Hampshire, Maine) 29 (New York) 5.203,73km (Texas)
THE CROSSRAIL – ВЕЛИКА БРИТАНИЈА
36
ПОРТА
26 јуни 2015
Во алијансата од направи, кои светот и нашето поимање како да се снајдеме во него го ставија пред нови перспективи и дилеми, парната машина е меѓникот што ги „растури“ бариерите на просторот и времето. И кој ги постави темелите за современата антрополошка манија на „држење чекор“ со настаните, а на Британците им ја подари гордоста на домашните железници. Стабилна и амбициозна цели 230 години од моментот кога шкотскиот пронаоѓач William Murdoch го изработил својот прототип на парната локомотива. The Crossrail е епитом на таа гордост. И еден од најголемите европски инфраструктурни проекти. Големите концепти имаат долга инкубација. На пример од 1941-та и идејата на, сосема природно, железничарот George Dow за голема, дијаметрална тунелска врска помеѓу легендарните лондонски улици Liverpool и Paddington. Која набрзо е втемелена во развојните План за Лондонскиот регион (1943) и План за поширок Лондон (1944). Терминот The Crossrail е „чедо“ на здружените напори на Министерството за животна средина и Советот на поширокиот Лондон во стратешки манир да се согледаат транспортните потреби на империјалната метропола, особено нејзините југоисточни делови (1974). Појдовната LiverpoolPaddington идеја веќе е само сегмент од поширокиот контекст на нови, јубилејни
предлог-линии и нивните екстензии, како и две подземни железнички врски: тунелите Northern и Southern. Во намера да ги „прескокне“ забелешките за индикативната сличност со парискиот RER и хамбуршкиот S-Bahn, концептот прави обид инфраструктурно да „дофрли“ до аеродромот Heathrow. Признаената имагинативност на овој предлог, сепак губи „здив“ пред грубата проценка од околу 300.000.000 неопходни реализациски фунти. Во периодот 1989 – 2009 година, стратешките акти и надлежните институции оперирале со добро „одлежани“ концептуални „продукти“, кои ги издржале битките со времето, бирократијата и, во однос на националната железничка гордост, пробирливата јавност. Срамежливиот предлог од 1944-та е „израснат“ во нови Crossrail предлог-идеи за поврзување на постојните железнички линии: East-West, City, North-South, Thameslink и Chelsea-Hackney. Проценетата цена на изведба и набавка на потребните возила само за East-West
инфраструктурната опција изнесувала околу 885.000.000 стерлиншки парични единици. Еволутивниот пат The Crossrail добил стероидна инјекција во 2004-та, во форма на инфраструктурни екстензии вон фокусното градско подрачје. Предложените продолженијата на железничката шема EastWest до градовите Cambridge, Ipswich, Southend, Pitsea, Reading, Basingstoke и Northampton, не ја издржале пробата во кабинетот на градоначалникот на Лондон, со што е избегнато дополнителното финансиско оптоварување од проценети 13.000.000.000 фунти. Најголемата градежна „тезга“ The Crossrail, составена од традиција, потреба, политичка волја и финансиска моќ, отворена е на 15 мај 2009 година. Да ја „запечати“ оваа идеја стара во тој момент веќе 65 години. Која во основа се базира на пет подземни тунелски делници под центраното подрачје на Лондон, спојувајќи ги Големата западна со Големата источна Главна железничка линија. Со 65 нови 200-метарски композиции со капацитет од 1.500 патници и максимални оперативни брзини до 160km/h. The Crossrail, како идеален терен за британската минуциозност, затскриена понекогаш зад добро познатиот, фамозен традиционализам. Како што е сериозната дискусија во Домот на лордовите за потенцијалните заразни опасности од затруеното месо закопано на градежниот локалитет Smithfield во 1520 година! Па сè до јавниот отпор на љубителите на лондонскиот ноќен живот во однос на реализацијата на одделните инфраструктурни сегметни, кои би предизвикале затворање на повеќе историски музички објекти од клупски тип и непоправлива штета за реномето на британската музичка сцена. Сериозно и ситничаво, во вистински островски манир, впрочем како што и му доликува на овој железнички, инфраструктурен magnum opus ... n
www.fabrikakarpos.com.mk
ПОРТА
дрвна архитектура
Да се оживее детскиот сон
Семеен дом кој нуди големи отворени простории, удобни катчиња, прекрасни погледи, лирични облини и карактер кој го добива од дрвото што е употребено во конструкцијата
38
ПОРТА
26 јуни 2015
КУЌА СВЕТИЛНИК
дрвна архитектура
Александар ЧЕРЕПНАЛКОСКИ , инженер по дрвна индустрија
У
никатниот дизајн на оваа четирикатна семејна куќа го дефинираат изразените дрвени детали на кровната конструкција и, секако, светилникот што е истакнат како главен детаљ на предната фасада. Приватната резиденција е изградена на брег на езерото Finger во државата New York, САД, и овозможува директен излез на блискиот брег. Еден од најинтересните детали за оваа куќа е тоа што сите конструктивни елементи употребени во неа се изработени од срцевина на бор, изработени на начин како што граделе старите Американци. Архитектонското решение е изработено од архитектонското биро New Energy Works Design Group од Farmington, NY, кои се познати по своите рустични, но софистицирани дизајни. Освен супериорната конструктивна стабилност, дрвената конструкција овозможува многу флексибилност при проектирањето и придонесува во просторот со артистички израз слично на скулптура. Резиденцијата е проектирана врз основа на детски сон да се живее во светилник, а секако со посебен осврт на повеќегенерацискиот состав на семејството што ќе живее во неа. Семеен дом кој нуди големи отворени простории, удобни катчиња, прекрасни погледи, лирични облини и карактер кој го добива од дрвото што е употребено во конструкцијата, а која е отворена и се гледа во целиот објект. Главната рамка на конструкцијата на куќата инкорпорира две паралелни свиени носечки греди на кои се потпира кровната конструкција. Свиените греди исто така се бичени и ламелирани во иста насока. Во конструкцијата на светилникот се употребени 42 дрвени елементи, додека во целата куќа има точно 371 конструктивен елемент. Заоблениот светилник официјално е регистриран во Американсаката крајбрежна стража, а е инспириран од прадедото на сегашниот сопственик за кого легендата вели дека е првиот морепловец кој го обиколил светот сам во чамец. Од тогаш земјиштето е во наследство на неколку генерации и фактот што лежи на брегот на езерото, логично е да содржи и светилник. Четирикатниот светилник е изработен од дрвена конструкција, во која се употребени и свиени конструктивни елементи. Свиените елементи се изработени од едно парче дрво кое е бичено 26 јуни 2015
ПОРТА
39
дрвна архитектура
на потенки елементи и подоцна свиени и сушени во сушара. Ориентацијата на сечените елементи е внимателно запазена за кога ќе се слепат повторно, дрвените влакна да бидат во иста насока како пред бичењето. Заради конусоидната форма на светилникот, употребувани се комплексни решенија на конструктивните врски по целата висина. Во процесот на проектирање на светилникот, разгледувани се многу класични стилови на цилиндрични и конусни светилници. Сепак, конусната форма е избрана заради својата визуелна грациозност. Оваа форма, исто така го дополнува лиричниот дизајн на целата куќа и создава динамични волумени. Фасадата е решена со низок камен ѕид во долниот дел од куќата, а во горниот дел е поставена дрвена фасада од кедер. За ентериерот се користени повеќе дрвни видови,
ПОРТА
брест за подот во кујната, црн орев за кујната, костен за мебелот во делот од куќата за рекреација и забава, и бор за елементите во бањата. Четирите нивоа на куќата овозможуваат интересни можности за комуникација меѓу просториите. Кружната основа на приземјето претставува соба за релаксација која е лесно достапна од спалната и од дневната соба. На второто ниво се наоѓаат работни простории декорирани во морнарски стил. Следното ниво е отворен дел за дружење на семејството со пријателите и разни посетители. До највисокото ниво се пристапува со дрвена скала и оттаму се овозможуваат прекрасни погледи кон езерото и околната природа. Секоја соба во светилникот е округла и во неа е изработен специјален мебел за да може да се вклопи во кружните ѕидови. n
ПОРТА
спортски храмови
СТАДИОН „КРАСНОДАР“ - КРАСНОДАР, РУСИЈА Сашо КУЗМАНОВСКИ
Е
дно од најголемите изненадувања во рускиот фудбал во последната сезона е Краснодар. Тимот што оваа сезона е на чекор да обезбеди историски пласман во Лигата на шампионите, може дебитантската епизода во најсилниот светски клупски турнир да ја дочека на сосема нова арена. Во средината на 2013 година во Краснодар почна изградбата на новиот објект, кој, до крајот на оваа или на почетокот на следната година, треба да биде претставен како нов дом на ФК Краснодар. Во кампањата за организација на светското првенство во 2018 година и Краснодар влезе во групата стадиони со кои Русија претендираше да ја добие организацијата на настанот, па сега со најновите клупски успеси, градот е на пат да добие модерна фудбалска арена. Името на новиот стадион сè уште не е
Арена со седишта со инфрацрвено греење
дефинирано, а капацитетот треба да биде околу 33.000 места. Во зависност од потребите и комфорот на трибините, капацитетот ќе може да се зголеми и до 36.300 места, но тоа нема да биде случај со фудбалските натпревари под капата на УЕФА. Проектот за изградба на арената во Краснодар е во соработка со GMP Architekten од Берлин и руската компанија SPEECH Moscow. Новата арена ќе има 3.888 места во ВИП зоната и дополнителни 487 места во ВИП ложите. Според проектот, новата арена во овој руски град ќе биде една од најубавите и најфункционалните арени во овој дел на светот. Покривната конструкција е специјално дело на германската компанија GMP Architekten и ќе биде со инсталација на посебна структура која треба да ги опфати сите трибински места, што ќе му даде на самиот стадион состојба на целосна покриеност на трибинскиот простор. Седиштата на стадионот ќе бидат опремени со инфрацрвено греење за максимална удобност за време на ниските 42
ПОРТА
26 јуни 2015
спортски храмови
температури во голем дел од годината додека се игра руската Премиер лига. Над една од трибините е планирано поставување на гигантски екран со површина од 4.700 м2, а фудбалскиот терен за игра ќе биде 105 х 68 метри. Дренажата ќе биде изведена според најмодерната технологија, со дополнително греење, како и вештачко
осветлување на тревникот. Во близина на стадионот се гради нов парк, а паркинг просторот ќе биде под стадионот и ќе нуди можност за паркирање на близу 3.000 автомобили. Во состав на целиот капацитет ќе има и ноќни клубови, ресторани, фитнес центар, како и минитрговски центар каде продавници веќе
најавија најпознатите спортски брендови. Според проектот, стадионот треба да ги добие највисоките оценки на ФИФА и УЕФА и на него ќе можат да се организираат сите видови фудбалски натпревари. Комплетната инвестиција е на амбициозниот руски бизнисмен Сергеј Галитски, кој активно стои и зад ФК Краснодар. n
ПОРТА
културно наследство
ВРАЌАЊЕ НА СЕЌАВАЊАТА НА СТАРИОТ ОХРИДСКИ РИБАРСКИ ЧУН
Сведок на далечни времиња
Чунот е еден од главните симболи на Охридско Езеро и неговото постоење се поврзува 300 години наназад, оставајќи силна трага во усните и пишаните преданија за рибарите и за доживувањата и прошетките низ езерското синило
О
Ивана ГРУПЧЕ, дипл.инж.арх.
хриѓани со трепет во срцата ја дочекаа веста дека на 4 јуни повторно заплови реконструираниот стар рибарски чун по водите на Охридско Езеро, за постарите само далечно сеќавање а за помладите само една раскажувана приказна од старите сограѓани и стари семејни фотографии. Чунот е еден од главните симболи на Охридско Езеро и неговото постоење се поврзува 300 години наназад, оставајќи силна трага во усните и пишаните преданија за рибарите и за доживувањата и прошетките низ езерското синило. Како битен, нераздвоен симбол на Охрид и Охридско Езеро, Завод за заштита на спомениците и Музеј на Охрид, преку различни донации, решаваат да го возобноват сеќавањето на него со реконструкција на можеби последниот, за жал, уништен примерок од кого, во 2010 година, 44
ПОРТА
26 јуни 2015
-
-
-
-
т -
-
-
при пад на карпа во Лапидариумот при Музејот во Охрид, остануваат само остатоци и скршени сеќавања. Овој посебно значаен проект од областа на заштитата на културното наследство се води под името „Враќање на сеќавањата на стариот охридски чун“, под раководство на архитектот и овластен конзерватор Горан Патчев и неговиот тим стручни лица меѓу кои и Зоран Ѓоргиевски, конзерватор за дрво од НУ Завод и Музеј Штип, соработници и столари со кои успешно ја завршуваат задачата за реконструкција и конзервација на остатоците од стариот рибарски чун во Охрид. Предмет на истражувањата е дрвениот рибарски чун кој датира од првата половина на 20 век, со потекло од село Трпејца и димензии 508 x 191 x 128 см. После несреќниот случај на одрон на масивна карпa, во февруари 2010 година, врз изложениот примерок на рибарски чун во Лапидариумот во дворот на Куќата на Робевци, било спроведено 26 јуни 2015
ПОРТА
45
расчистување при што беа извлечени неговите остатоци со големи механички оштетувања, пукнатини, скршеници и големи деформации на одредени места предизвикани од климатските влијанија и нападите од инсекти. После направеното истражувањe, документирањe, историјат и валоризација на чунот, беа преземени одредени методи на конзервација со примена на различни хемиски препарати со метод на суво и мокро чистење на дрвото. Понатаму следат останатите техничкотехнолошки постапки кон враќање на комплетниот реконструиран лик на чунот, така што за заштита на дрвените елементи, остатоци од уништениот чун, предложен е метод на непосредна заштита со примена на репресивни мерки за заштита од инсекти, импрегнација на дрвените површини и консолидација со примена на хемиски средства. Она што е интересно за историјатот и валоризацијата на чунот, го добивме како податок од кустос-етнолог, Оливера Мишева која вели: „Риболовот и сообраќајот во Охридско Езеро постоеле откако постојат луѓето покрај езерото. Не е познато како изгледале првите пловни објекти. Но, според кажувањата пренесени од колено на колено и според истражувањата на познатиот биолог Синиша Станковиќ, чунот како основно пловно средство во Охрид се спомнува пред повеќе од 300 години. Освен за риболов, се користел и за кираџиство - пренесување жито, дрва, грозје, други стоки, пошта и патници на линиите: Охрид Поградец, Струга, Свети Наум, Лин, Пештани, Трпејца, но и за 46
ПОРТА
26 јуни 2015
рекреација – прошетки по езерото, за свадби, панаѓури и верски празници, особено на празникот Водици, кога крстот се фрлал од чун кој бил украсен со зеленило. Имало три вида чунови: големиот чун бил за транспорт и трговија, средниот за ловење риби, а малиот за шетање и разонода. Чунот по својата градба бил многу безбедно средство за пловење. Лесно го издржувал налетот на брановите, кои понекогаш биле и до два метри високи. Го изработувале од буково и чамово дрво. Чамот или борот (фоја) го набавувале од Мокра Планина во Албанија, а буката од локалните шуми. Мајстори кои се спомнуваат пред повеќе од 100 години биле: Кузија од Поградец, Арслан од Пештани и Леон Каневче од Охрид. Последни мајстори кои изработувале чунови во Охрид биле браќата столари Наум и Стефан Димзови. Чунот се изработувал рачно со помош на столарски алатки. Костурот на чунот се состоел од три основни делови: предница со закрилци од двете страни, душеме со две издлабени кори кои оделе по должината на чунот од двете страни и задница. Корите, а понекогаш и предницата биле од чам,
додека другите делови од бука. Димензиите на чунот биле различни зависно од неговата големина. Должината на чунот се движела од 4-6 или 7 метри, ширината од 1,40-1,60 метри, додека задницата била широка 1,501,60 метри. Задницата била висока околу 30 см, а предницата била повисока – околу 70 см. Душемето било од внатрешната страна прицврстено со три букови прагови на растојание од еден метар. На предната половина се поставувале седишта за веслачите и на задницата седиште за примачот или кормиларот. По горниот раб на левата страна од чунот имало отвори за г’жви од јаже за држење на веслата. Деловите биле поврзани – вглавени и со железни клинци зацврстени, а процепите исколчени со памук. Веслачи обично биле тројца на предницата свртени кон задницата и еден примач на задницата свртен кон предницата на чунот. Познати возачи биле Дијо Богдан, Ѓоре Масло, Лашко и други. За рекреација и уживање на чунот се ставал чардак со ограда висока околу 40 см, долг околу 2,5 метри и широк два метри. На него поставувале минсофи за седење покриени со килими. Тука седеле и свиреле познатите охридски чалгии. Пловејќи по мирните езерски води со звуците на песните од Садило и неговата тајфа, прошетките по Охридското Езеро биле вистинско уживање “. „Чунот не е во употреба повеќе децении и тоа од повеќе причини: висока цена за изработка, ограничување на сечењето на дрвото во овој регион, но и појавата на металните кајчиња кои се полесни за одржување, поевтини за изработка, а се движат со мали мотори на економично гориво. За жал, традицијата поврзана за охридскиот чун остана да се негува само во сеќавањата на постарите граѓани“, додава етнолог Мишева. Раковидителот на проектот, од идеја до обезбедување средства од донации и реализација, архитектот Горан Патчев ја истакна целта и огромното значење на овој проект: „Како што е и самиот наслов на проектот ’Враќање на сеќавањата на стариот охридски рибарски чун‘ - тој треба да придонесе за ширење на приказната за охридскиот чун, кој има длабоки корени во животот на мештаните од крајбрежјето на Охридското Езеро. Да се искористи колективната меморија додека сè уште постои и да се вратат сеќавањата на чунот што имал огромно социо-економско значење во поранешно време. Сега овој реконструиран чун е само еден дел од проектот што понатака треба да поттикне да заживеат занаетите, со изработка на комерцијални вистински пловни чунови, кои ќе бидат своевидна туристичка атракција и заедно со пропратни пропагандни средства за промоција и популаризација на културното наследство како што се макети, сувенири, разгледници, сликовници, плакати на тема Чун со кои ќе има и економски бенефит. За НУ Завод и Музеј Охрид, ’Чунот‘ претставува уште еден успех во зачувување на материјалното и духовното наследство како специфичен белег и сведоштво за историјата, културата и уметноста од овие простори“. Срдечно го поздравуваме реализирањето на овој проект, со надеж дека овој реконструиран чун ги обнови сеќавањата на многумина и дека уште долго ќе претставува горд експонатски примерок на неговите претци, поставен во Лапидариумот на Куќата на Робевци, нем сведок на едни далечни минати времиња, мамејќи погледи и од странските туристи како туристичка атрација на Охрид и Охридско Езеро. n
ПОРТА
ентериер и дизајн
Отворање на простор за перцепција
Ф
еноменологијата и прашањето на перцепција, нè обврзува да го доживуваме просторот одејќи низ него и нè издигнува на степен повеќе во однос на секојдневната невроза на функционалниот свет. Редизајниран е простор од 105 м² во кој работат осум архитекти. Задачата за проектот и желбата на архитектонското студио на себе ја презема Пако Радовановиќ. На испомош се изложени дела на Томо Шијак, Петар Хаџи Бошков, Васил Василев, Златко Глигоров, Сретко Јовановски, Слободан Живковски, Станко Павлевски, Нове Франговски, Микица Трукановиќ. Просторот е изведен од иверица, кородирачки лим и мермер. Сето тоа е во хармонија со специфичниот под. 48
ПОРТА
26 јуни 2015
„РАДО СТУДИО“, СКОПЈЕ
ентериер и дизајн
Домашен изведувач, домашни материјали – ретко дело Постојниот под беше од керамички плочки и цементна кошулка. Најпрво се направи проверка на стабилноста и јачината на подлогата. Потоа со брусење се исчисти површината и се отстрани глазурата од керамичките плочки, кои во овој случај беа стабилни и добро залепени. Следната постапка е нанесување на епоксиден прајмер Адингпокс 1П, чија цел е да обезбеди затворање на порозната подлога и да обезбеди добра врска со наредните епоксидни слоеви. На поголемиот дел од површините е изработен саморазливен декоративен под Адингпокс 2 Еко, кој се карактеризира со висока сјајност и отпорност на абење. Адингпокс 2 Еко е двокомпонентен производ, во кој по потреба се додава кварцно полнило во соодветен гранулометриски состав, кој како подготвен се нуди од произведувачот. Адингпокс 2 Еко се нуди во бои според стандардната РАЛ сјајна карта. Како Подот во „Радо студио“ е подлога беше дело на изведувачот, искористена бела фирмата „Баутек“, и боја која рамномерно беше користените материјали нанесена по од компанијата „Адинг“ дефинираната површина, за потоа, на свежо нанесената смола со Адингпокс 2 Еко во други бои и пигменти, да се изврши исцртување - прошарување. По соодветниот период за врзување на смолата, подот беше подготвен за употреба. Вториот тип на под во менаџерската канцеларија во сива боја со нанесени апликации е изработен со епоксиден глет, подготвен со Адингпокс 1 Еко и посебни полнила кои ја даваат бојата и завршниот изглед на подот. Овој тип на под има примена и како индустриски во услови на тешки хемиски и механички оптоварувања. Врз зацврснатиот епоксиден глет нанесени се апликации, техника за мурали со авто спрејови за потоа завршно да се излакира со Аднигпокс 1П Еко, премаз со висока отпорност на абење и голема атхезија за подлоги со затворена стаклеста структура.
ПОРТА
ентериер и дизајн ПАКО РАДОВАНОВИЌ ПРОЕКТАНТ И КОИЗВЕДУВАЧ:
Микс на ар(х)т, архитектура и уметност
Постои една доследност во работата на студиото „Радо инженеринг“, а тоа е дефинитивното определување за микс на ар(х)т, архитектура и уметност. Како што Џексон Полок се определува за акционо сликарство, така Пако во оваа задача и во негова чест има пристап на акционен дизајнер. Двата пристапи подразбираат дека во принцип на автоматизам бојата се распрскува, накапува, цеди или во облик на паста се нанесува на подот, така што како краен резултат се добиваат случајни токови и движења на бојата. На тој начин платното кај Полок или подот кај Пако станува акциона содржина, а сликата израз на динамичкиот процес. Се добива апстрактна слика со големина од 60 м² чии корени се во динамичниот процес на самоостварувањето. Разликата во финалниот процес е што конечниот резултат кај Полок е деструкција, а кај Пако е лоцирање на хармонијата и складноста.
ПОРТА
ентериер и дизајн
ПОРТА 26 декември 2014
ПОРТА
39
eкологија
М
Сашо КУЗМАНОВСКИ
инимум 500 килограми разновидни риби на хектар. Толку риба е потребно за да се обезбеди опстанокот на коралните гребени надвор од границите на заштитените подрачја, според рецептот за спас на деградираниот екосистем на коралните гребени што го предлагаат научниците од австралискиот Институт за морски науки, Друштвото за конзервација на дивиот свет (WCS), Универзитетот Џејмс Кук и други организации во студијата објавена во познатиот журнал Nature. Како што пренесува порталот EurekAlert!, научниците го процениле количеството риба што гравитира кон коралните гребени и клучните видови риби во повеќе од 800 гребени на 64 локации низ целиот свет, па според тие податоци го процениле временскиот период што е потребен за гребенот да закрепне во случаи кога уловот на риба е умерен и во случаи кога уловот на риба е претеран. Научниците коментираат дека враќањето на популациите риба во коралните гребени и функциите што тие ги вршат ќе ја зголемат отпорноста на гребенот кон големите закани, како што се климатските промени. Веќе е познато дека коралните гребени во светските мориња се во криза, загрозени од прекумерниот риболов, загадувањето и урбанизацијата на крајбрежните појаси, како и поради промените во климата. Според некои бројки, во криза се веќе 75 проценти од коралните гребени во светот, а повеќе од 20 проценти се целосно исчезнати како резултат на климатските промени и прекумерниот риболов, во последниве 30 години. Во исто време, само дваесетина проценти од коралните гребени се заштитени во рамки на морски 52
ПОРТА
26 јуни 2015
НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО ТОПЛИТЕ МОРИЊА
Рецепт за спас на коралните гребени: Само додајте риби
eкологија заштитени подрачја. - Успеавме да процениме колкав број риби би гравитирале кон одреден корален гребен ако нема риболов, како и колку време ќе им треба на новозаштитените подрачја да закрепнат. Ова е важно за да го увидиме влијанието на рибната индустрија врз гребените за да донесеме клучни решенија за иднината на ова богатство - ја пренесува EurekAlert! изјавата на М. Арон Мекнил, истражувач во австралискиот Институт за морски науки и еден од авторите на студијата. Како што понатаму пренесува EurekAlert!, експертите се согласуваат дека риболовот е главниот виновник за деградација на коралните гребени, поради што и менаџерите во рибната индустрија сè повеќе почнуваат да бараат решенија како да ги обноват овие гребени и да ја зголемат нивната издржливост. Ако локалната рибна индустрија знае колку риби треба да остави во коралните гребени за да се обезбеди одржливост на системот, таа ќе знае каде да ја постави границата во својата работа, велат експертите. Научниците во својата анализа вклучиле широк спектар корални гребени - од оние во кои се бележи прекумерен риболов, како на Карибите, до локации со многу ниска стапка на риболов и изобилство риба, кај Велигденските острови. Од анализата произлегле неколку заклучоци: корален гребен во кој не се лови риба „тежи“ 1.000 килограми рибна биомаса на хектар; знак за корален гребен со прекумерен риболов е рибна маса од само 100 килограми на хектар; утврдено е дека коралните гребени во кои има 500 килограми рибна биомаса на хектар ги одржуваат еколошките функции, иако во нив се одвива риболов; утврдено е дека 83 проценти од точно 832 гребени кои биле предмет на оваа анализа содржеле помалку од 500 килограми рибна биомаса; проценето е дека на еден корален гребен во кој се практикува умерен риболов му се потребни 35 години за да закрепне, а на оние гребени кои биле предмет на прекумерен риболов може да им бидат потребни и до 60 години за да се вратат во првобитната состојба, пишува понатаму EurekAlert!. - Забраната за употреба на одредена опрема за рибарење, како што се ситните мрежи и селекцијата на видовите риби што може да се ловат, може да им помогне на менаџерите во рибната индустрија активно да се вклучат во заштитата на коралните гребени на подрачјата што не може да се вклучат во заштитени зони коментираат авторите на оваа студија. Друштвото за конзервација на дивиот свет (WCS) на јутјуб каналот сподели и кратко видео поврзано со оваа тема што е достапно на линкот https://www.youtube.com/watch?v=fDzMzyWZxL 8&feature=youtu.be n 26 јуни 2015
ПОРТА
53
технологии
ПРАВИЛНА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ЗА МИРНО ЛЕТО
Зачувувањето на фајловите во повеќе фајл формати, на повеќе носечки медиуми (кои се чуваат соодветно), како и печатење во „тврда копија“ онаму каде тоа е возможно, е препорака на експертите за „мирен сон“
Фали ново – чувај старо Трајче СТОЈАНОВ, дипл.инж.арх.
Л
етните одмори се пред нас. Одлична можност да се здивне од работа-преку-глава и да се „наполнат батериите“. Кога сме кај батериите, да не заборавиме да ги наполниме бидејќи и ова лето фотоапаратите (и телефоните) ќе треба да генерираат милијарди фотографии (повеќето селфи од плажи, бикини, мускули итн.). Фотографиите се многу важни бидејќи ги овековечуваат моментите не дозволувајќи да потонат во заборав. Впрочем, многу лесно можеме да заклучиме дека повеќето луѓе сметаат дека токму губењето на фотоалбумите, односно фото архивите претставува најголема материјална загуба, при не-дај-боже трагедија или итна евакуација. Пред нешто повеќе од пола век наназад, „обичните“ Македонци поседувале по некоја фотографија, тапија, личен документ и слично. 54
ПОРТА
26 јуни 2015
Се на се, мал број на хартиени предмети кои лесно можеле да се сместат во мало ковчеже. Денес, „обичниот“ Македонец поседува куп од хартии со некаква вредност (документи) и уште тера бајти од различни електронски записи сместени на компјутер, телефон, надворешни дискови или на „облак“. Сето тоа благодарение на напредната и лесно достапна технологија. Истата технологија заговара се поголема употреба на дигиталните формати во секојдневието. Да се потсетиме: плаќаме со платежна картичка или електронски, се допишуваме преку електронска пошта, документи поднесуваме електронски, фотографираме со телефон, а фотографиите ги разгледуваме повторно преку телефон и сл. Судбината на папирусот се чини ќе ја стигне и хартијата, иако тешко веројатно дека ќе посведочиме за целосно нејзино исфрлање во употреба. Ова е доба на дигиталните фајлови. Поради многуте бенефити кои ги нудат дигиталните технологии, но и многубројните десктруктивни процеси (унишувањето на Будите од Бамијан изработени во карпа во Авганистан
од страна на Талибанците во 2001 година, уништувањето на античкиот Нимруд во Ирак од страна на Исламската држава, како и последните случувања во Палмира, Сирија), светот одамна врши забрзана дигитализација на културното и природното наследство. Сепак, мора да се имаат предвид и слабостите, односно заканите што произлегуваат од дигитализацијата и дигиталните формати. Последниве години многу експерти се обидуваат да ја предупредат јавноста за заканите. Така на пример, Винт Церф, директор во „Гугл“ познат уште и како еден од „татковците на Интернет“, во февруари годинава, говорејќи пред присутните на годишниот состанок на Американската асоцијација за ширење на науката во Сан Хозе, Калифорнија, предупреди дека сите фотографии и документи кои ги чуваме во компјутерите, можно е да бидат изгубени поради брзите промени во хардверот и
софтверот. Тој предупреди дека „брда“ од дигитален материјал – од блогови, твитови, слики и видеа, до официјални документи како што се судски одлуки и електронска пошта – може да бидат изгубени засекогаш бидејќи програмите потребни за нивно прегледување ќе бидат „мртви“. На тој начин, со тек на годините би имале акумулирано огромни архиви на документи без да знаеме кој формат се, што содржат, како да се отворат бидејќи технологиите во кои биле креирани, реално со тек на времето ќе исчезнат. Следејќи ги промените во изминатите две-три децении, Винт посочи дека е можно идните генерации да имаат малку или воопшто да немаат записи од 21 век, со што светот би навлегол во т.н. „дигитално Мрачно доба“. Од друга страна, волуменот на записи кои ги креираме на дневна основа е вчудовидувачки. Марк Витби, директор на Групата брендирани продукти на Seagate Technology, во интервју за TechRadar изјави дека нашите потреби за складирање на записи неконтролирано се зголемуваат. Марк појасни дека „вкупниот број на дигитални записи генерирани во 2013 година беше околу 3,5 зетабајти, односно 3500000000000000000000 бајти“. До 2020 година се предвидува дека ќе бидат генерирани околу 44 зетабајти на годишно ниво. Енормното генерирање на дигитални записи побарува и медиум за складирање, а тоа се хард дисковите и други
типови на компакт дискови без разлика дали складираме локално, во мрежа или преку Интернет. Сакале или не, правењето на backup, каталогизацијата и воопшто зачувувањето на податоците се соочува со големи предизвици било да станува збор за поединец, компанија или специјализирана институција. Во една статија на History News Network од 2006 година, со наслов „Fragile digital data in danger of fading past history's reach“ се опишани проблемите со кои се сретнуваат професионалците при дигитализацијата, а се во директна конотација со тезите на Винт Церф. Во неа се проценува дека само за три години, од 2006 до 2009 година, човештвото генерирало повеќе записи отколку во последните 1.000 години и скоро сите
од нив се дигитални. Најголемата библиотека/архива во светот, американската Конгресна библиотека имајќи ги предвид слабостите на дигиталните формати, од пред неколку години започна со креирање на нови електронски архиви со цел каталогизација и подолго зачувување на милијарди записи кои ги поседува. Сепак, и покрај напредната технологија, задачата е преголема и целта сè уште не може да се постигне. Сите напори одат во правец да се обезбеди сигурност на записите во наредните 100 години, иако историски гледано тоа е еден век и претставува исклучително краток временски период. Дополнителен проблем е ранливоста на дигиталните медиуми, односно нивниот краток животен век. Иронично, но се чини дека артефактите како глинените плочи со клинесто писмо стари околу 5.000 години се далеку посигурни од современите дигитални
ПОРТА
технологии медиуми, за кои истражувањата велат дека нивниот животен век е од 15 до 100 години во зависност од типот на медиумот, условите на чување итн. Да не ги спомнуваме и можните хардверски расипувања, вируси, магнетизација итн. Значи ли тоа дека треба да се откажеме од дигитализацијата и дигиталните формати? Секако не, но мора да бидеме целосно свесни за сите предности и недостатоци на технологијата. Од овој агол, сè додека не се изнајде некое подоверливо решение (долготраен медиум и безбеден отворен фајл формат), се чини дека е најдобро дигиталното
ПОРТА
архивирање да биде паралелно со архивирањето на „тврдите копии“. Но, да се вратиме во нашето професионално секојдневие – градежништвото. Голем број инфраструктурни проекти кои биле изградени во минатото или се градат во моментов, треба да имаат квалитетно зачувани податоци со цел нивно искористување во иднина доколку се јави потреба за реконструкција, рушење или надградба. Имањето на целосни и квалитетни податоци за проектите и објектите, значи заштеда на финансиски
средства, а во извесни случаи и зачувување на животите на корисниците. И покрај законските одредби за архивирање, морална обврска и одоговорност на секој архитект, инженер и инвеститор вклучен на проекти е да се осигура трајноста на техничката документација во идните децении. Ова е особено важно за мегапроектите од енергетиката, транспортот, рударството чие значење е круцијално за добросостојбата на населението. По сето погоре елаборирано, верувам дека има простор за подобрување на нашиот пристап кон дигиталните записи кои ги генерираме, без ралика дали се лични или професионални. Целењето кон „општо прифатените“ фајл формати е веројатно посигурна опција, бидејќи се поддржани од поголем број на апликации. За нас, најважни се форматите како pdf, dwg, doc, txt, jpeg, mpeg итн. Зачувувањето на фајловите во повеќе фајл формати, на повеќе носечки медиуми (кои се чуваат соодветно), како и печатење во „тврда копија“ онаму каде тоа е возможно, е препорака на експертите за „мирен сон“. Долго, топло и мирно лето. n
ПОРТА
репортажа
ПЕТРА, ЈОРДАН
Најубавото место на светот Кралската гробница Уранов гроб
За што подобро да ја цените мистериозната фасцинација на Петра,
треба да знаете како да ја слушате нејзината тишина...
58
ПОРТА
26 јуни 2015
репортажа
Патувањето низ Јордан, несомнено, е голем предизвик, започнувајќи од исконската река Јордан, легендарната пустина Вади Рум со доживувањата на Лоренс од Арабија, краткиот но егзотичен брег на Црвеното Море, бурното минато и сегашноста на Кралството, и како врв на доживувањето – Петра
Остатоци од гробница во Петра
Возење со кочија низ кањонот Сик
О
Александра ПЕТРОВСКА , дипл.инж.арх.
двај го дочекав денот во кој конечно во живо ќе го посетам едно од новите седум светски чуда – Петра. Јунскиот ден е вообичаено топол во оваа пустинска земја, но желбата за откривање на Петра ја потиснува температурата што се движи накај 40-иот степен. Одењето до Петра претставува патешествие низ кањонот Сик, долг 1,2 километри. Изборот е, да се пешачи таа дистанца или да се извози на камила, коњ или со кочија. Сепак, најдобро е да се пешачи за да се долови нестварната убавина на Сик. Огромни триста метри високи песочноцрвени, како и сино-бели карпи го формираат кањонот, кој на најтесниот премин е широк само два метри, а некаде достигнува широчина и до десет метри. Одушевувањето е присутно кај секој
посетител кој стапнал во Сик, а сè уште има време да се стигне до градот Петра и до Ризницата. Се чудиш како природата успеала да создаде ваква убавина и сите едногласно се согласуваме дека природата е најголемиот и најдобриот креатор на светот. Се чувствува возбуда и спокојство, на моменти прекинато од галоп на коњи или елегантно движење на камили. Остатоци од вдлабнати фигури на луѓе и животни се забележуваат скоро по целиот пат. Во карпите има остатоци од некогашен аквадукт кој носел вода во Петра од некој близок извор. Додека во мислите се враќаш векови наназад, обидувајќи се да си го замислиш овој простор во неговиот полн сјај, вниманието го привлекуваат неколку бедуини. Нив овде ги има многу. Живеат според свои правила и не се интегрирани во државата, но во Петра само тие имаат право да работат, според договор помеѓу нив и Кралството на Јордан. Токму заради тоа, во Петра ги има речиси на секој чекор, на различна возраст, обидувајќи 26 јуни 2015
ПОРТА
59
репортажа се на секого да му продадат по некој сувенир или разгледница. Нудат и возење на камили, на коњи или кочија, а оние најхрабрите се осмелуваат да понудат и по неколку десетици камили за убава туристка. Движејќи се низ кањонот, минатото ви одѕвонува во глава и си ги замислувате звуците на забрзаните трговци на ткаенини и зачини, кои од овој пустински град направиле трговско средиште. Крајот на Сик се ближи и се наѕира симболот на Петра – Ризницата или Khazne al Firaum. Глетката кога завршува кањонот и пред вас се исправува Ризницата е навистина тешко да се опише, зборовите не се толку моќни колку што е моќен погледот. Пред таков поглед се занемува и сакате времето да застане и овој момент да трае вечно. Некаде во глава одминува мисла дека стојам на место каде што некој стоел исто така, само пред повеќе од 2.000 години. Се чувствувам и моќно и безначајно, се менува чуден сплет на чувства, а дека е тешко да се најдат соодветни зборови за да се опише глетката, има констатирано секој што ја има посетено Ризницата. Таа е чудо вдлабено во карпа, висока е 40 метри, а над неа се извишува огромен карпест масив, достигнувајќи 146 метри височина. Градењето т.е. вдлабнувањето на Ризницата се изведувало од горе па надолу, при што како платформа се користеле природните платформи на карпата на која се стоело при длабењето. Изградбата започнала од 39 метри височина, а за длабење се користеле железни копачи. Отпаднатиот материјал што се добивал при длабењето го вградувале во други објекти во градот. Фасадата изобилува со детали од митолошки суштества, растенија, главата на Медуза, Амазонки, круната на божицата Изида. Се чита влијание од египетската, грчката и римската култура. Вистинската функција на овој објект не била откриена доста долго време. Конечно, во 2003 година, на шест метри под земја, во Ризницата биле откриени погребни комори и скелети на 11 мажи, како и куки за закачување на темјан, што довело до заклучок дека објектот претставува семејна гробница. Пронајдените предмети во Ризницата, како ковани пари, потекнуваат од I век од нашата ера. Петра е град кој се спомнува и во Библијата, под името Села, што преведено од хебрејски јазик значи Карпа. Арапите, пак, ја нарекуваат Долина на Мојсеј. Врвот на својата моќ Петра ја доживеала во IV век пр. н.е. во време кога со неа владееле Набатејците, кои биле одлични трговци и не случајно ја одбрале за свој дом, откако го напуштиле номадскиот начин на живот. Имено, Петра се наоѓала на крстосница помеѓу големи 60
ПОРТА
26 јуни 2015
Ризницата Khazne al Firaum Импровизирана тезга на Бедуин
репортажа
Гуштер Agama Sinaita
Остатоци од гробница во Сик
Крајот на Сик, почеток на Петра трговски патишта од Арабија до Месопотамија и сè до Средоземно Море и Сирија. Во најдобриот период, во Петра живееле околу 40.000 жители. Градот бил напуштен во XIII век, а европскиот свет ја запознал дури во 1812 година, кога ја открил швајцарскиот истражувач Јохан Лудвиг Буркхардт. Бедуините успешно ја чувале оваа тајна скоро 600 години... Ризницата е симболот по кој Петра е позната во светот и ставена на мапата на светски чуда, но градот содржи остатоци од
Амфитеатар уште многу фасцинантни објекти изрезбани во карпи. По одминување на Ризницата, од која воопшто не е лесно да се оттргне погледот, се зачекорува по главниот пат и веднаш погледот го пресретнува амфитеатар. Тој е издлабен во карпа, содржи 33 реда во кои можеле да се сместат околу 6.000 гледачи и е единствен во светот ваков зачуван театар. По векови и векови постоење, забележливо е оштетување на редовите предизвикано од големите дождови кои се сливале во него од планината во која тој лежи. Над театарот, зад последниот
ФОТО: АЛЕКСАНДРА ПЕТРОВСКА
ред, во карпата се направени правоаголни отвори кои најверојатно служеле како дел од сцената. Театарот е проширен во времето на Римјаните, додадени му се повеќе редови и била подобрена акустиката. Околу театарот, во карпите се наоѓаат гробови, па според опкружувањето јасно е дека освен трагедии и комедии, во театарот се изведувале и религиозни обреди и свечености, но за нив нема никакви пишани сознанија. Продолжуваме понатаму, патот нè води кон кралските гробници, а за да се дојде до 26 јуни 2015
ПОРТА
61
aрхитектура нив треба да се искачат повеќе скали, сосема разбирливо, зашто не се направени на ниво на пешачката зона. Првата гробница е Урановнот гроб, со монументален изглед и украсена фасада, а којзнае како изгледала кога била тукушто изградена. Четири столбови го носат споменикот, а меѓу нив има отвори во кои стоеле споменици. Внтарешноста на просториите е темна, а се отвора убав поглед кон столбовите што се наоѓаат во дворот. Боите се прелеваат – од розови до кремасти нијанси. Од записите пронајдени на ѕидовите на гробницата, се заклучува дека овој објект некогаш служел и како црква. Следуваат уште неколку впечатливи гробници, а Свилената гробница е најмала во споредба со останатите кралски гробници. Името го добила според спектарот на бои на фасадата, кои ѝ даваат отмен изглед. Патот нè води накај останатите гробници и прескокнувајќи по неколку скалички на жешкото сонце, од нигде никаде изникна импровизирана тезга за сувенири. Застанувам заради љубопитност, а пред мене се појавува девојче - типично бедуинче од околу 10 години. Одлучувам да ги разгледам сувенирите и да се информирам за цените, и најверојатно да купам некоја ситница затоа што немам срце само да ѝ завртам грб и да си отидам, како што, претпоставувам, прават повеќето од туристите кога ќе налетаат на оваа тезга. Спонтано, на англиски јазик ми прозборува и ми кажува дека се вика Ранија. Забележувам дека го носи името на јорданската кралица и ѝ кажувам дека е убава како кралицата, на што искрено се насмевнува. Потоа, заедно одбираме сувенири кои ќе ги купам и опишувајќи ми ја можноста на камената желка-сувенир да ја менува бојата кога ќе дојде во допир со вода, ми вели да си одберам еден магнет како подарок од неа. Овој ден, после сите прекрасни работи доживеани во Петра, Ранија ми го доисполни срцето и веднаш се поврзавме. Можеби не оди во училиште и продавајќи сувенири му помага на семејството да преживее, но не сите работи се учат на училиште. Има нешта кои ги носиш во себе, во срцето, без разлика на тоа кој си и од каде потекнуваш, дали си архитект од Југоисточна Европа или бедуинче од Јордан. Има уште интересни објекти за разгледување и стигнуваме до Палатната гробница. Изградена е според римските палати и се разликува од другите градби во Петра. Фасадата е составена од три дела, од кои првите два се издлабени во карпа, а третиот дел, кој е и највисок, е изграден од камен. Величенствена е, како и сè останато во Петра, и се оддалечувам за да можам од 62
ПОРТА
26 јуни 2015
Живописни бои и превоз со камили во кањонот Сик
Живописни бои на карпите во Петра подалеку да ја гледам целата градба. Се движам и одеднаш пред мене, на камен се појави Agama Sinaita. Тоа е флуоресцентно син гуштер и е еден од највпечатливите
жители на Петра. Застанав да го видам подобро и од поблиску, плашејќи се да не го избркам со моето присуство и без нагли движења да го фотографирам, најнесекојдневниот влекач кој сум го видела досега. Потоа дознав и дека сум имала голема среќа што воопшто сум го видела, бидејќи е доста срамежлив и плашлив и ретко се изложува на погледи на љубопитни туристи. Времето полека изминува, а Петра е тешко да се напушти. За утеха е тоа што и при заминување од Петра, уште еднаш ќе се фрли поглед со воздишка кон Ризницата и уште еднаш ќе се помине кањонот Сик, само овој пат во обратна насока. Постои една книга со наслов „Најубавото место на светот е тука“. Книгата нема никаква допирна точка со Петра, но откако ја прочитав се прашував кое место во светот јас би го опишала со тие зборови. Откако ја доживеав Петра, веќе знам – најубавото место на светот е Петра! И сосема случајно открив дека се согласив со Томас Едвард Лоренс (или попознат како Лоренс од Арабија), кој дошол до истиот заклучок во неговото пишано дело „Седум столбови на мудроста“. Да, најубавото место на светот е токму тука. n
ПОРТА
хортикултура
МОНГОЛСКИ ГРАДИНИ
Градини создадени од средновековни исламски и номадски влијанија
Филип ФИЛИПОСКИ, дипл.шум.инж.
М
онголските градини претставуваат карактеристични исламски градини. Стилот на овие градини е сличен на персиските градини. Основна карактеристика на овие градини е тоа што се градат во геометриски стил, со правоаголни форми во рамките на едно пространство. Водните елементи како базени и фонтани се задолжителен елемент во овие градини. Најчесто се поставени во средина за да го имаат фокусот. Овие градини се комбинација на повеќе влијанија низ времето, па така има елементи од средновековната исламска градина, но има и номадски влијанија. Така на пример, од средновековните исламски градини се преземени високите огради со кои градините се изолираат од остатокот од светот. Тие се формални, каде главен елемент е протечната
64
ПОРТА
26 јуни 2015
вода. Номадското влијание кај овие градини е пресликано преку примената на стилизирани настрешници и килими во градините. Палатите и статуите се изработени во грандиозни димензии со цел да се демонстрира богатството и моќта на сопственикот.
Постојат два типа на монголски градини од кои првиот вид претставува парк, кој е организиран околу монументална гробница (Таџ Махал), додека вториот вид е изоставена монументална структура (градината Нишат, градината Кашмир). Кај првиот тип гробницата
е подигната на најдалечниот крај од градината, целиот простор е заграден со масивни ѕидови, а влезот е преку монументална порта, најчесто поставена на јужната страна. Конкретно, кога била изградена градината во Таџ Махал, таа била целосно оплеменета со најразлични видови на
дрвја, палми и цвеќе. Таа била замислена како рајска градина каде во фокусот би се наоѓала фонтана која ја дели градината на четири дела. Вториот тип на монголската градина е дизајниран како место за одмор и релаксација на отворено. Градините се поделени на помали плоштади во правоаголна форма. На нив се подигнати фонтани, настрешници и киосци. Тоа што е карактеристично за овој вид на уредување е стремежот кон создавање нешто големо и сјајно со голем број на монументални детали. Овој градинарски стил е многу чест во Индија, Бангладеш и Пакистан, кои по својот печат се разликуваат од градините во Централна Азија.Од создавањето на Монголската империја (1526) изградбата на вакви градини претставувало презентирање на моќ на владетелите. Првиот монголски освојувач Бабур ги има изградено градините во Лахоре и Добур. Владетелот Џахангир ја создава градината Шалимар, која е позната по големата збирка на цвеќиња. Врвот на монголските градини е градината на Таџ Махал, изградена да го претстави рајот на земјата и односот помеѓу животот и смртта. n ПОРТА
најчудни градби
КИНА
Планински премини во облаци Драган РИСТОВ
З
а некои луѓе, кога ќе им се каже дека добиле зголемување на платата е настан за веселба и радост. Ама за градителите во Кина, тоа и не е баш момент за радост. Ова посебно важи за оние што живеат во облаците и ги градат опасните патишта или пешачките патеки на надморска височина од неколку илјади метри, на околните стрмни планини во провинцијата Хунан. За разлика од европските градежници кои работат според стотина стандарди, за овие кинески градители нема сигурносни јажиња, алки и друго. Ако се погледнат фотографиите на она што тие го прават, може да се каже дека ќе им позавидат и циркуските акробати, бидејќи се
66
ПОРТА
26 јуни 2015
гледа како балансираат со градежен материјал на грб, во раце или на рамо, а одат по стрмна патека од одвај неколку метри, понекогаш и на самиот раб, без никаква заштитна ограда или јаже. Се што ги дели од слободниот пад е добра концентрација и рамнотежа. Секако, оваа е само втората група работници, која поставува арматура и бетонира патеки. Пред нив оди претходница која има за цел да ги заглави металните конструкции во карпите на планината, и да конструира солидна основа за втората фаза, за колегите што цементираат. Оваа работа е уште поопасна бидејќи нема простор за импровизации ниту пак за поправка на грешките. Само еден чекор може да ве води во амбис. Оваа работа е карактеристична за областа Пингџинг каде има високи планини, а превоите на вака голема височина не се само патна рута, туку и еден вид на туристичка атракција. На
најчудни градби
ваков начин и во соседната област Џиангџи, на планината Шифу биле поставувани вакви премини, па дури и стаклени мостови помеѓу две планини, два врва или длабока јама. Конкретно, патеката на оваа планина се прави од 2011 година. Кога ќе биде завршена, таа ќе биде долга над 3,5 километри со што ќе биде и своевиден рекордер - најдолга патека на планина. Една од најинтересните конструкции во овој вид на градежништво е т.н. стаклен премин кој е направен во Пингџијанг во 2014 година и кој се наоѓа на височина од над еден километар. Со него се премостуваат два планински врва и тоа само со челични кабли или сајли кои се прицврстени во двата врва, на двете страни. Останатото е стаклена конструкција која се ниша и при најмал ветер. Според кажувањата, кога туристите поминуваат преку него, се случува ветерот да дувне и тие да останат заглавени со часови бидејќи нозете им се парализирани од страв! n 26 јуни 2015
ПОРТА
67
рубрика
ǯ
ПОРТА
26 декември 2014
ПОРТА
39
ИЗЛОЖБА ARTIST ROOMS НА РОЈ ЛИХТЕНШТАЈН ВО ШКОТСКА НАЦИОНАЛНА ГАЛЕРИЈА НА СОВРЕМЕНИ УМЕТНОСТИ ВО ЕДИНБУРГ
арт
„Стрип-херои“
како сериозен ликовен жанр подготви: Дејан БУЃЕВАЦ
Американскиот сликар, графичар и вајар Рој Лихтенштајн се вбројува во најпродуктивните уметници на 20 век – создал околу три илјади цртежи од кои повеќето ја сочинуваат студијата за слики, скулптури и печати во сито печат и керамика
Р
ој Лихтенштајн (1923-1997) е еден од најголемите американски уметници на 20 век. Истакнат претставник на поп-арт кој, потпирајќи се тематски и стилски на пародија, најдобро ја дефинирал темелната премиса на овој уметнички правец. Лихтенштајн се прославил со серијата слики на зголемени призори од стриповите и рекламните мотиви надополнети со неговите типични точки. Изложбата ARTIST ROOMS (Собите на уметникот) е дел од проектот REFLECTIONS (Рефлексии) и е изложена во Шкотската национална галерија на современа уметност во Единбург. Култните но и понови дела на славниот уметник се изложени во три соби. Изложбата ќе биде отворена до 10 јануари 2016 година, благодарение на фондацијата Рој Лихтенштајн. Американскиот сликар, графичар и вајар Рој Лихтенштајн се вбројува во најпродуктивните уметници на 20 век – создал околу три илјади цртежи од кои повеќето ја сочинуваат студијата за слики, скулптури и печати во сито печат и керамика. За разлика од повеќето негови колеги, тој почнал да се занимава со сликарскиот занает релативно доцна. Во моментот кога раскинува со традицијата на апстрактното сликарство (50-тите години од минатиот век) веќе имал четириесет години. Прескокнувајќи повеќе фази од уметничкото екпериментирање типично за развојот на сликарскиот вкус од тоа време, Лихтенштајн директно се впушта
ПОРТА
aрт
во апстрактниот експресионизам. За разлика од подоцнежните стереотипни ликовни прикази на стриптеми во фазата поп-арт, неговите рани дела се потпираат на цртачката работилница на Волт Дизни, и се пресудни за развојот на неговиот карактеристичен постерстил. Повеќето цртежи од тој период, од само за него познати причини, ги уништил. Инспириран од фигуративните женски портрети на Вилем де Кунинг, Лихтенштајн ги претвора стрипјунаците во „сериозен“ ликовен жанр. Тој беше сликар кој пронајде драстични методи за оддалечување од кубизмот и апстрактното сликарство со стилистички експерименти; пред сè со употреба на јаки црни контури и мотиви разложени на растери. Студената дистанцираност од анализата на естетска привлечност на потрошувачката стока, која се сфаќа исклучиво преку материјалната вредност „проценета“ од етикетата со цена, се потпира на традицијата на Алан Капров, Клас Олденбург и Џорџ Сигал, и се развива паралелно со ликовните вредности на поп-уметниците од американскиот Западен брег. Заштитниот знак на Лихтенштајн е користење „растер“ (никогаш не насликани со слободна рака, туку настанати со користење различни техники).
ПОРТА
ПОРТА
ɨɲɱɭɴɫɧɰɫ ɲɱɧɰɫ ɴɫɴɵɨɯɫ
ПОРТА