Dodatna nastava po makedonski jazik za 6(sesto)

Page 1

Додатна настава по македонски јазик за 6(шесто) одделение Учебна 2011/2012 год. ООУ,,Единство“,Октиси Наставник:Роза Китрозоска

*Додатна настава Додатната активност се организира за ученици кои во текот на редовната настава постигнуваат натпросечни резултати и кои покажуваат поголем интерес за проширување на стекнатите знаења.Со додатната настава кај учениците се развиваат креативни способности,ги применуваат знаењата во секојдневниот живот и ги насочува логички да размислуваат.Часовите се одржуваат согласно нормативот и условите во училиштето.

Цели: 1.Проширување на стекнати знаења за содржините од јазик:

• • • • • • •

*историја на македонскиот јазик *фонетика *морфологија *синтакса *речник и стил *правопис да се оспособи да прави разлика меѓу македонскиот јазик во неговиот историски развој,црковнословенските варијанти и појавата на македонските дијалекти; да се оспособи да ги разликува видовите согласки(според начинот на образување) и слоговното р во писменото и усното изразување; да го применува правилото за зборовно акцентирање во македонскиот стандарден јазик во сложените зборови и броевите и правилата за отстапување од третосложното акцентирање; да ги разликува зборовите од именската група зборови(именки,придавки,заменки и броеви),нивните заеднички и одделни граматички категории; да ги разликува граматичките категории(вид,лице ,број и време) кај глаголите; да ги разликува основните(главните реченични членови) и второстепените членови на реченицата; да ги разликува зборовите со различно лексичко значење во усната и писмената комуникација;

2.Проширување на стекнати знаења за содржините од литература и лектира: • • • • • • •

да се оспособи за правење разлика и композициска анализа меѓу авторска и народна поезија(стих ,строфа,рима и видови рима); да ги класифицира лирските песни според мотивите; да прави разлика меѓу мит ,легенда и предание; да разликува фабула од содржина и формите на раскажување(1 лице и 3 лице сезнаечки раскажувач); да ги препознава карактеристиките на комедијата и трагедијата,современата драма и радио драмата; да се оспособи за доживување,вреднување на литературно дело; да се оспособи за анализа на литературно дело(лектира).


3. Примена на стекнати знаења во изразување и творење: • • • • •

• • • •

да ја согледа моќта на зборовите за културна комуникација; да презентира хронолошко и ретроспективно раскажување; да умее да просожи текст по даден почеток или да ,,измисли“ поинаков крај; да опишува детално; да прераскажува творба ,претстава(театарска или филмска),ТВ емисија; да трансформира директен исказ во индиректен и обратно; да ја знае основната цел на соопштението и веста; да умее да презентира соопштение и вест; да знае убаво да се изразува ,правилно да ги употребува правописните знаци.

4.Проширување на стекнати знаења за медиумска култура: • • • • • • •

Да прави разлика помеѓу филмовите според намената и содржината; да знае концизно да раскажува содржина на филм од кој било вид; да ги осознае техниките и развојниот период на цртаниот филм и куклената претстава; да ја осознае улогата на документарниот филм во културата на живеење; да се поттикне интересот за следење културно-забавни емисии; да умее да дискутира за вредностите ,намената и улогата на филмовите и емисиите; да ги препознава деловите на печатено дело.

Наставни форми и методи: индивидуална Разговор,илустративно-демонстративен метод,текст-метод,објаснување,самостојна работа.

Наставни средства: -Учебник; -речници,енциклопедии,правопис,граматики и сл.; -аудитивни и визуелни средства во зависност од потребата; -списанија; -Интернет,образовни софтвери; -други извори на знаења добиени од непосредната околина.

Оценување на постигањата на учениците: Учениците ќе се оценуваат со различни инструменти на оценување применети во редовната настава.(УПИ;ППИ;листи за проверка,самооценување...)

Предлог содржини септември Историја на македонскиот јазик -Македонски народни говори-истражување и изработка на ѕиден весник;


Октомври Поезија -Белези на авторска и народна поезија; -Видови лирски песни според мотивите; -Аудитивни и визуелни елементи во песните; Проект и изработено наставно средство по договор со учениците

Ноември Фонетика -Согласки(поделба,слоготворно и неслоготворно р); -Акцент(кај сложените зборови и броевите и отстапување) -Поврзување на содржините со содржините од претходното одделение -Творење: Лирска песна со рими и употреба на учени стилски фигури -Активно учество во уредувањето на веб-страната: www.rozemak.ucoz.com

Декември -Разговорот како вид комуникација-примена во реалниот живот -Како се пишуваат писмените работи; -Помош при изведувањето на дополнителната настава; -Проширување на знаењата околу читањето и обработката на лектирите.

Јануари Морфологија -Именска група зборови-категории; -Именки-категории; -Глаголи-категории;

Февруари-март Проза -Елементот фабула во прозен текст; -Хронолошко и ретроспективно раскажување; -Тема ,идеја; -Исказ на лик; -Наратор. Изработка на ѕиден весник или презентација со примена на ИКТ.


Март Медиумска култура -Видови филмови според намената и содржината; -Анимиран филм(цртан филм и стрип); -Документарен филм. Учество во часови со примена на еко-стандардите и снимање на видео часови

Април Синтакса -Структура на реченицата; -Лексичко значење на зборовите; Изразување и творење: -Опишување. Гледање на видео часови и дискусија по нив и предлози на нови активности со цел збогатување на наставата.

Мај Народна проза -Мит,легенда,предание. Работа со дигитална содржина на оваа тема. *Забелешка:Содржините може да се менуваат во зависност од проценките на наставникот и потребите на учениците ,како и од условите во училиштето. Кога се работи за додатаната настава мора да се напомене дека се работи за повисоки нивоа на знаења и стандарди.Наставникот континуирано ги следи учениците со цел во 8(осмо)одд.да се направи избор на ученик за Државниот натпревар по македонски јазик. Очекувани резултати: Учениците да ги прошират знаењата за содржините кои се обработуваат во текот на редовната настава ,самостојно да истражуваат,изработуваат проекти и активно вклучат во работата на веб-страната www.rozemak.ucoz.com


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.