Додатна настава по македонски јазик за 7(седмо)одделение Учебна 2011/2012 год. ООУ,,Единство“,Октиси Наставник:Роза Китрозоска
*Додатна настава Додатната активност се организира за ученици кои во текот на редовната настава постигнуваат натпросечни резултати и кои покажуваат поголем интерес за проширување на стекнатите знаења.Со додатната настава кај учениците се развиваат креативни способности,ги применуваат знаењата во секојдневниот живот и ги насочува логички да размислуваат.Часовите се одржуваат согласно нормативот и условите во училиштето.
Цели: 1.Проширување на стекнати знаења за содржините од јазик: *историја на македонскиот јазик *фонетика *морфологија *синтакса *речник и стил *правопис -да ги разликува основните карактеристики на македонскиот јазик во 19 век и неговиот развој; -да се поттикне правилно да ги употребува акцентските целости во македонскиот литературен јазик; -да ги разликува и правилно да ги употребува глаголските форми; -да се оспособува да ги разликува простите(временски,начински и нелични) и сложените глаголски форми; -да се оспособува правилно да ги употребува неменливите зборови(прилози ,предлози ,сврзници); -да ги разликува независносложените реченици во рамките на сложената реченица; -да ги разликува зборовите според нивното потекло(домашни и странски); -да се оспособува да го применува правописот на одделни форми(при употребата на:ј,љ,њ,в,ф,џ,ќ,ѓ и х);
2.Проширување на стекнати знаења за содржините од литература и лектира: -да се оспособува да ги разликува и објаснува социјалните песни и елегијата; -да се оспособува да ги разликува лирско-епските творби; -да ги препознава и применува стилските фигури:рефрен,градација,апострофа и хипербола; -да се оспособува со свои зборови да пренесе личен настан,мотив од прочитан роман; -да се запознае со литературно-научниот вид :дневник; -да ги познава основните белези на драмскиот текст; -да анализира и самостојно доживува лектирно дело.