Дополнителна настава за седмо одделение по македонски јазик Учебна: 2011/2012 год. Училиште : ,,Единство“,Октиси Предметен наставник :Роза Китрозоска Дополнителна настава е дел од воспитно-образовна работа, која училиштето ја организира за учениците на кои им е потребна ваква помош при совладување на содржините кои не можат да ги усвојат за време на редовната настава по македонски јазик.
Цели: -Повторување и усвојување на наставните содржини ,кои во текот на редовната настава,учениците не ги усвоиле или послабо ги владеат;
Цели на наставата по македонски јазик за 7(седмо): Ученикот/ученичката: -да ги разликува основните карактеристики на македонскиот јазик во 19 век и неговиот развој; -да се поттикне правилно да ги употребува акцентските целости во македонскиот литературен јазик; -да ги разликува и правилно да ги употребува глаголските форми; -да се оспособува да ги разликува простите(временски,начински и нелични) и сложените глаголски форми; -да се оспособува правилно да ги употребува неменливите зборови(прилози ,предлози ,сврзници); -да ги разликува независносложените реченици во рамките на сложената реченица; -да ги разликува зборовите според нивното потекло(домашни и странски); -да се оспособува да го применува правописот на одделни форми(при употребата на:ј,љ,њ,в,ф,џ,ќ,ѓ и х); -да се оспособува да ги разликува и објаснува социјалните песни и елегијата; -да се оспособува да ги разликува лирско-епските творби; -да ги препознава и применува стилските фигури:рефрен,градација,апострофа и хипербола; -да се оспособува со свои зборови да пренесе личен настан,мотив од прочитан роман; -да се запознае со литературно-научниот вид :дневник; -да ги познава основните белези на драмскиот текст; -да се оспособува да пишува различни форми(есеј,молба,жалба,записник,форми за автобиографија...);