Makedonski jazik za 6,standardi

Page 1

Македонски јазик 6(шесто)-стандарди

Програмско подрачје -ЈАЗИК Ниво на знаења и способности Стандард

Помнење - Знае за варијантите на старословенскиот јазик; - разликува текстови напишани на некој од народните македонски говори од уметничките Разбирање- Препознава специфики на македонската варијанта(ерови,носовки)

Применување -Покажува примери(зборови )со еровите и носовките за нивно преминување во о и е .

Анализа Синтеза Вреднување

Програмско подрачје -Фонетика Помнење - разликува слоговно и неслоговно р; -разликува вид на согласки според начинот на образување; -знае точно да ги акцентира зборовите.

Разбирање -Препознава која согласка, според начинот на образување, , ќе ја пишува на крајот од зборот; - дава примери за правилно акцентирање на сложените зборови и на броевите; -препознава отстапување од третосложното акцентирање..

Применување -Применува правила за акцентирање на сложените зборови и на броевите; -толкува исклучоци од правилата за третосложно акцентирање.

Анализа, Синтеза и Вреднување -Пребарува сложени и туѓи зворови одредувајќи го акцентот.


Програмско подрачје-Морфологија Помнење -Препознава зборови од именската група; -наведува граматички категории кај именките; -разликува граматички категории кај глаголите; -разликува видови придавки.

Разбирање - Поврзува граматички категории кај именската група зборови; -дава примери за граматичките категории кај именките и глаголите; - поврзува придавки во соодветна форма во составот на именската група.

Применување - Менува именки и видови множина(од обична во збирна и избројана); -прави трансформација на несвржени глаголи во свржени и обратно; -толкува поим време кај глаголите; -применува степенување на придавките.

Анализа, Синтеза и Вреднување - Поврзува исти глаголи во временската оска минатост сегашност и идност; - споредува бројни форми за лица.

.

Програмско подрачје :Синтакса Помнење -Разликува подмет и прирок како главни членови во реченицата; -лоцира предмет и атрибут во реченицата.

Разбирање -Објаснува глагол во функција на прирок; -дава примери со предмет во реченици; -поврзува именки со соодветни атрибути.

Применување -Толкува лични и нелични глаголски форми; -применува атрибути во творењето.

Анализа, Синтеза и Вреднување -Менува начински глаголски форми од еден во друг вид; -истражува значење на предмет и атрибут во реченица.


Речник и стил Помнење-разликува синоними,антоними,хомоними,пароними и неологизми. Разбирање –Објаснува синоними,антоними,хомоними,пароними и неологизми. Применување- Применува синоними,антоними,хомоними,пароними и неологизми во изразувањето.

Анализа, Синтеза и Вреднување - Споредува лексичко и граматичко значење на зборовите.

Програмско подрачје : Литература Помнење -Разликува видови лирски песни според мотивот; -цитира рими во песни; -именува стилски фигури во песни.

Разбирање -Дискутира за мотиви во лирски песни; - објаснува организација на стихови во строфи(двосложни, трисложни, катрени,моностих); -толкува стилски фигури.

Применување -користи знаења за лирски песни при творењето; -применува знаења за стилски фигури при изразувањето и творењето; -користи визуелни и аудитивни елементи.

Анализа, Синтеза и Вреднување -Анализира композиција на лирска песна; - пребарува примери со видови рими според местото на акцентот и примери со стилски фигури.


Програмско подрачје :Проза Помнење -разликува фабула од содржина; -именува раскажувач во прво и трето лице; -чита митови,легенди и преданија; -разликува комедија,трагедија ,современа драма.

Разбирање -Дискутира за тема и идеја во текст; - објаснува форма на раскажување(прво лице ,трето лице и сезнаечки раскажувач); -препознава мит ,легенда и предание; -прераскажува фабула и содржина на текст.

Применување -испробува да формулира тема и идеја; -применува форми на раскажување во прво и трето лице; -толкува елементи на мите,предание и легенда; -драматизира текст.

Анализа, Синтеза и Вреднување -Споредува видови драми; -прави ѕиден весник групирајќи творби од македонскиот фолклор.

Програмско подрачје :Изразување и творење Помнење -Дава пример за раскажување, прераскажување ,опишување и известување.

Разбирање -Прераскажува хронолошки и ретроспективно; -опишува лик,личност и пејзаж; -разликува соопштение ,вест директен и индиректен исказ.

Применување - Демонстрира стилски збогатено хронолошко и ретроспективно раскажување и прераскажување; -детално опишува лик,личност,предмет,природна појава; -прави трансформирање на директен исказ во индиректен и обратно; -толкува соопштение и вест.

Анализа, Синтеза и Вреднување -Анализира постапки на лик и личност; -подредува поинакво продолжение или крај на текст; -критикува; - дебатира за гледана претстава(филмска -театарска)или ТВ -емисија; -анкетира мислења за соодветно соопштение или вест.


Програмско подрачје :Медиумска култура Помнење - Разликува видови филмови(според намената и содржината; цртан и документарен филм

Разбирање -Прераскажува филмови ,забавни и ТВ- емисии; -Препознава делови на книгата.

Применување - Толкува филмови ,претстави , емисии(радио и ТВ); -толкува делови на книгата.

Анализа, Синтеза и Вреднување -Анализира содржина и ликови во филмовите; - дава критики за претстави и ТВ –емисии.


Turn static files into dynamic content formats.

Create a flipbook
Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.